Page 1

ЃОРГЕ ИВАНОВ www.ivanov.mk

Отчет за сработеното на Претседателот на Република Македонија во периодот 2009www.ivanov.mk - 2014 година

1


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

СОДРЖИНА I.

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА6

1.

МАКЕДОНИЈА: ОДГОВОРНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

2.

МАКЕДОНИЈА: ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ДРЖАВИ И

7

НАЦИИ9 3.

МАКЕДОНИЈА: ПОЧИТУВАН СОСЕД И СОЈУЗНИК

11

4.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА12

5.

ОДГОВОРНА ДИПЛОМАТИЈА13

6.

ЕДИНСТВО СО ИСЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА14

II.

МАКЕДОНИЈА: БЕЗБЕДНА И СИГУРНА15

III. МАКЕДОНИЈА: ЕКОНОМСКИ СИЛНА И РАЗВИЕНА18 IV. МАКЕДОНИЈА: ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ20

2

V.

СЕКОГАШ СО НАРОДОТ23

1.

ЗА УЛОГАТА НА ТРАДИЦИЈАТА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ

24

2.

МАКЕДОНИЈА ДОМ ЗА СИТЕ

25


VI. ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА, ИНОВАЦИИ27 VII. КУЛТУРАТА - ДУХОВНО ОГЛЕДАЛО НА ИДЕНТИТЕТОТ30 VIII. ОДГОВОРЕН ОДНОС КОН ПРИРОДАТА32 IX. НАШИОТ ТИМ СЕ ВИКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА34 X.

ЈУБИЛЕИ И ГОДИШНИНИ36

XI. ОДЛИКУВАЊА И ПРИЗНАНИЈА40 XII. ПРОЕКТИ И ИНИЦИЈАТИВИ44 1.

НАРОДНИ КАНЦЕЛАРИИ

45

2.

ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ

46

3.

НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК

46

4. ПРЕТПРИЕМАШТВО

47

5.

48

ДУХОВНИ ДИЈАЛОЗИ

XIII. ПРИЗНАНИЈА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ49

3 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Почитувани граѓани, Чест ми е што пет години бев Претседател на сите граѓани на Република Македонија. Горд сум што одговорно ја претставував Македонија во светот како независна и суверена држава со свој идентитет, историја и достоинство. Упорно работев на остварување на нашите праведни цели и стратегиски определби. Како држава, честопати се соочувавме со двојните стандарди кои ни се наметнуваат на нашиот европски и евроатлантски пат, со предизвикот да се движиме по необележан пат, каде за нас не секогаш важеле правилата и принципите на меѓународното право. И во такви услови не ја губев од пред вид визијата за европска и евроатлантска Македонија. Само како Македонија и како Македонци сме придобивка за Европа и за светот. Само како Македонија и како Македонци, Европа е придобивка за нас. Каде и да одев, со кого и да се среќавав, и на најзначајните глобални форуми и на неформалните средби, го запознавав светот со вистината и со аргументите за Македонија. Отвореноста кон сите беше мој врвен принцип во надворешната политика. Со проактивна дипломатија ги негував и ги зацврстував постојните и создавав нови пријателства и партнерства за нашата татковина. Во текот на целиот мандат мојата идеја-водилка беше: „Каква Македонија градиме, таква ќе ја имаме“. Се водев од принципот дека треба да веруваме во себе и да не се колебаме. Да ја градиме Македонија во височина, со највисоки европски вредности, критериуми и стандарди. Ја вложив целата моја енергија тоа се остварува. Мандатот го посветив на отворањето нови хоризонти за Република Македонија, за македонската економија, образование, наука, култура, уметност, спорт... За мене нема поблагородна цел од тоа сите да се вложиме во создавање иднина за младите и младите да ги подготвиме за иднината. Напорно работев на тоа да им овозможиме сами да си ја создаваат иднината во која ќе живеет како успешни и среќни луѓе.

4


Како Претседател на Република Македонија имав редовна и конструктивна соработка со Собранието, со Владата, со сите ресори на извршната, законодавната и судската власт. Иако неколкупати свикував лидерски средби за надминување на внатрешнополитичките прашања, сепак, постојано инсистирав политичкиот дијалог да се води онаму каде што му е местото – во институциите на државата. Претседателот на Република Македонија е глас на сите граѓани на Република Македонија, на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите останати без разлика дали се христијани, муслимани, евреи или атеисти. Да се биде Претседател на Република Македонија значи да си секогаш на страната на заедништвото, демократијата, единството и патриотизмот. Верувам дека успеав да дадам свој белег на оваа институција во текот на мојот мандат. Им благодарам на сите кои веруваа во мене, кои ми ја дадоа својата доверба. Им благодарам на сите кои помогнаа поуспешно да ја извршувам оваа одговорна функција. Заедно направивме многу, Македонија да напредува и да стане почитувана држава во Европа и во светот. Ова е мојот отчет. Ве поканувам да го прочитате. д-р Ѓорге Иванов

5 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

I. НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

6


Најголемите успеси на македонската дипломатија за време на мојот мандат, во кои се вложив и со кои го подигнавме достоинството и кредибилитетот на македонската дипломатија се: • Извоивме голема правна и морална победа со пресудата на Меѓународниот суд, кој го потврди кредибилитетот на нашите политики. • Добивме пет позитивни извештаи од Европската комисија за напредокот на Македонија, кои се потврда за реформскиот курс. • Имаме пет препораки за почеток на преговорите за членство во Европската унија. • Обезбедивме визна либерализација за нашите граѓани. • Успешно претседававме со Советот на Европа и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. • Станавме членка на Советот за човекови права на Обединетите нации. • Со сите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ги продлабочувавме старите и градевме нови односи, додадовме нова содржина и квалитет во соработката. • Ги унапредивме односите со соседите, создадовме нови пријателства за Македонија во Европа и во светот. Го зголемивме бројот на признавања и на воспоставени дипломатски односи. • На Самитот на НАТО во Чикаго е потврден заклучокот од Букурешт дека Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО. • Водевме успешна економска дипломатија, со која ја внесовме Македонија во гасоводот „Јужен тек“, обезбедивме нови странски инвестиции, се отворивме кон нови пазари и создадовме нови можности за македонската економија. • Со успешна културна дипломатија, ја потврдивме и зацврстивме улогата на Македонија во Алијансата на цивилизациите. • Правото на глас на нашите иселеници почна да се остварува. • Со потпишаните меѓудржавни договори, нашите иселеници од Австралија и Канада можат да го остваруваат своето право на пензија во својата татковина Македонија. • Го зголемивме бројот на дипломатско-конзуларни претставништва. 7 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Средба со претседателот на САД, Барак Обама, мај 2011година, Варшава

Средба со претседателот на НР Кина, Си Џинпинг, октомври 2013 година, Пекинг

1. МАКЕДОНИЈА: ОДГОВОРНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА Ѓорге Иванов (2009 година): Република Македонија мора да води одговорна надворешна политика со која ќе се искористат предностите на глобализацијата, а притоа ќе се зачува македонскиот културен и духовен идентитет. Од првиот ден на мојата должност, ја промовирав политиката на отвореност кон сите како врвен принцип во надворешната политика на Република Македонија. На сите мои посети и средби отворав нови хоризонти за македонската надворешна политика и македонската економија. Отворав пат за нови пазари и создавав нови економски можности за македонските производители. Во таа функција беа и посетите на Казахстан, Азербејџан, Катар, Кина... Со сите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги продлабочувавме старите и градевме нови односи. Постојано ги унапредувавме односите со нашиот стратешки партнер и пријател, Соединетите Американски Држави. Во континуитет имав средби со високи претставници и можности за размени на мислења со претседателот Обама. Среќавајќи се со влијателни личности на американската надворешнополитичка сцена, со сенатори, конгресмени и аналитичари, лобирав за Македонија. Сето тоа зборува за обемот на пријателските и партнерските односи. Трите мои посети на Руската Федерација и средбите со руското раководство беа плодоносни. Успеавме да ја вклучиме Република Македонија во гасоводот „Јужен тек“, за, од енергетски изолирана да станеме енергетски поврзана држава. Со изградбата на кракот на гасоводот, освен што ќе се реши гасификацијата на нашата земја, воедно ќе се врати „клирингшкиот долг“ на Русија кон Македонија во висина од 60 милиони долари.

8

Ги издигнавме македонско-кинеските односи на највисоко ниво во нашата историја. Се сретнав со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг. Како држава, први ја искористивме иницијативата на Народна Република Кина за потесна соработка на економски план со земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Први склучивме договор благодарение на кој Македонија доби


Одбележување на 65-годишнината од победата над фашизмот, мај 2010 година, Москва

Средба со претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, јуни 2010, Санкт Петерсбург

поволни кредити за развивање на патната инфраструктура. Веќе се градат патот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Традиционално добрите односи со Обединетото кралство ги потврдив со средбата со нејзиното кралско Височество, Елизабета II, за време на присуството на Летните олимписки игри во Лондон во јули 2012, каде ги бодрев македонските олимпијци. На средбата со претседателот на Француската Република Франсоа Оланд ги реафирмиравме традиционално добрите одниси. На меѓународните форуми ја афирмирав Република Македонија, нејзините вредности и достигнувања. Во срцето на Обединетите нации потсетував дека владеењето на правото и човековите права се основни принципи, и дека со нив не може да се прави компромис. Од говорницата на која во минатото се случувало да нè попречуваат да го користиме нашето уставно име, апелирав да почне да се почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Светот да ни се обраќа од аспект на иднината – како Република Македонија! На Минхенската безбедносна конференција во два наврати зборував за спорот за разликата околу името и нашите државни позиции. На Глобалните форуми на Алијансата на цивилизациите ја промовирав Република Македонија како земја од која целиот свет може да учи за соживотот, почитувањето и прифаќањето на верската и на културната различност. Ја потврдивме и ја зацврстивме улогата на Македонија во Алијансата на цивилизациите. Меѓународниот углед на Република Македонија постојано расте. Во текот на мандатот, претставувајќи ја Република Македонија на меѓународната политичка сцена имав преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Повеќе од 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. За време на мандатот имав повеќе од 100 средби со други странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Претставувајќи ја Република Македонија на меѓународната политичка сцена, досега остварив повеќе од 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија. www.ivanov.mk

9


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Средба со претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, септември 2010 година, Брисел

Средба на лидерите од Брдо процесот, јули 2013 година, Брдо кај Крањ, Република Словенија

2. МАКЕДОНИЈА: ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО НА ДРЖАВИ И НАЦИИ Ѓорге Иванов (2009 година): Сега е време за натамошно засилување на евроинтеграцискиот процес на Македонија. Конечната проценка за успешноста на тој грандиозен потфат не може да биде позитивна доколку во заедницата на демократски и економски просперитетни држави не бидат целосно интегрирани земјите од нашиот регион. Само еден ден по стапувањето на должноста го посетив Брисел. Со тоа од самиот почеток ја нагласив посветеноста кон европската и кон евроатлантската интеграција на Република Македонија, онаму каде што природно припаѓаме. Мојата визија за европската интеграција на Македонија се темели на визијата за Европа како мировен проект. На многубројните средби со европските лидери што следеа во текот на мандатот, останав посветен на нашата европска политика. Како претседател на европска држава, постојано ги потсетував нашите европски партнери дека Европската унија без Македонија е како незаокружен проект. Европската политика беше пропратена со европски реформи кои целосно ги поддржував. Тоа даде резултати. Ја добивме визната либерализација за нашите граѓани. Ги исполнивме критериумите за почеток на преговори на членство. Целиот мој мандат е проследен со позитивни извештаи од Европската комисија за напредокот на Македонија. Пет години по ред добиваме препораки за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Како и од првите моменти на нашата независност, и во текот на мојот мандат се соочувавме и со непринципиелната блокада на европската и евроатлантската иднина на Република Македонија од страна на нашиот јужен сосед. Тоа претставува и неуспех на политиката за проширување на Европската унија. Без разлика, не сме обесхрабрени, бидејќи сите реформи се прават пред се за доброто на граѓаните. Од моите европски соговорници постојано барам и очекувам кон Република Македонија да се применуваат европски критериуми и стандарди за членство. Силно верувам дека доколку паралелното движење на процесот за решавање на билатералното прашање и процесот на пристапни преговори за членство во Европската унија се примени и во нашиот случај, сите ќе имаат полза. И Унијата, но и Република Македонија, Република Грција и целиот регион.

10

Бројни европски држави ги разбраа и прифатија македонските аргументи и правилно го разбраа човековото право на самоидентификација и правото на човеково достоинство. Освен од традиционалните поддржувачи исклучителна поддршка добивавме од земјите-членки на Вишеград: Полска, Унгарија, Чешката Република и Словачка. Со највисоки признанија им се заблагодарив на највисоките државни претставници на некои од овие земји. Ги зацврстивме билатералните односи со бројни влијателни европски држави и ги обновивме контактите со балтичките држави.


Регионален самит со претседателите на Албанија, Црна Гора и Косово, јули 2011, Охрид, Република Македонија

Самитот на шефови на држави и влади при Процесот за соработка во Југоисточна Европа, јуни 2012, Белград, Република Србија

Ја продлабочивме соработката со нашите влијателни поддржувачи од Меѓународната паневропска унија, кои останаа доследни на визијата за обединет европски континент. Во текот на целиот мандат, мојата идеја – водилка е: „Каква Македонија градиме, таква ќе ја имаме“. Треба да работиме, а не да чекаме некој друг да ни ги сработи обврските. Да ги достигнуваме европските вредности, стандарди и критериуми. Да продолжиме да ја градиме Европа во Македонија не поради Брисел, туку поради нас самите, поради нашите граѓани, нашите потомци, нашата иднина. 3. МАКЕДОНИЈА: ПОЧИТУВАН СОСЕД И СОЈУЗНИК Ѓорге Иванов (2009 година): Нужно е да опстоиме на патот на регионалната соработка заснована на рамноправни основи, при што ослободени од старата историска диоптрија, нашите соседи ги разбираме како пријатели и партнери со кои делиме исти вредности и заедничка цел. На Македонија и е важен позитивен амбиент за успешна билатерална и мултилатерална соработка со земјите од непосредното и поширокото соседство. Отсекогаш верував дека отворените прашања се решаваат само преку дијалог. Личната комуникација ја враќа довербата меѓу страните и е незаменлива во политиката и дипломатијата. Затоа, во текот на мандатот имав многубројни средби со моите колеги од регионот: - 21 средба со претседател на Република Албанија; - 6 средби со претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина; - 9 средби со претседател на Република Бугарија; - 12 средби со претседател на Република Косово; - 3 средби со претседателот на Романија; - 7 средби со претседател на Република Словенија; - 17 средби со претседател на Република Србија; - 6 средби со претседателот на Република Турција; - 14 средби со претседател на Република Хрватска; - 17 средби со претседателот на Црна Гора. Со еден исклучок. Во сиот мандат, само еднаш се сретнав со грчкиот претседател, и тоа на моја иницијатива. Македонија е отворена. Сигурен сум дека ќе дојде ден кога македонски и грчки претседател рамноправно ќе седат на иста маса и ќе зборуваат за заедничката иднина на нашите две земји и нашите општества. Со некои од соседите, во одредени периоди, односите беа со различен интензитет. Притоа, секогаш укажував дека како претседатели, ние даваме пример за граѓаните на нашите држави. Но, како претседатели, ние треба да ги следиме односите меѓу општествата. Секогаш истакнував дека македонското општество нема никаков проблем со ниедно соседно општество. 11 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Средба со амбасадорот Метју Нимиц, септември 2010 година

Обраќање на 67. Генерално собрание на Обединетите нации, септември, 2012 година, Њујорк

Ги започнавме регионалните претседателски самити со Албанија, Црна Гора и Косово. Заедно го отворавме патот за соработка меѓу владите на нашите земји на полето на интеграциите, економијата, искористување на развојните фондови на Европската унија, културата, туризмот, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка, заштитата на животната средина, борбата против организираниот криминал. Посветеноста кон регионот ја демонстрираме со дела. Направивме сè за успешно претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа. За жал, старите балкански предрасуди повторно заживеаја во пресрет на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот. Државниот интерес и достоинството на Македонија ме обврзаа да го откажам Самитот. Не дозволив преку грбот на Македонија да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија. Верувам дека правилно постапив водејќи се од националните и државни интереси на Република Македонија. Во практика го применував ставот дека дијалогот е незаменлив, особено за добрососедските односи, кои се двонасочна улица. Како соседи, ние мора да си помагаме, а не да си попречуваме. Блокадите и попречувањата се на штета и на тие што блокираат, а најголема жртва е целиот наш регион. Целосно сме отворени кон сите наши соседи. И натаму ќе настојуваме да ги развиваме добрососедските односи. Неприфатливи се обвинувањата од кој било за наводен иредентизам и национализам кој доаѓа од Македонија. Како убеден балканофил, каде и да одев, се залагав за европската иднина на Македонија и на Балканот: „Последната деценија на 20 век беше време на изолација и поделба. Првата деценија на 21 век беше време на исцелување на раните. Втората деценија мора да биде деценија која ќе го донесе регионот на своето вистинско место во Европа. Повеќе од кога било, нам сега ни е потребна Европската унија како мировен проект.“ Говор на конгресот „90 години од Паневропа“, Виена, 16 ноември 2012 година. 4. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА. „Името и идентитетот се дел од нас и ние сме дел од нив. Името и идентитетот се како река што тече со векови... Да се откажеме од идентитетот е како да се бара да ја исушиме реката чија вода ја пиеме, чии плодови ги јадеме, река од која живееме и ние, како што живееле и нашите предци пред нас, како што треба да живеат и нашите потомци по нас.“ Пелинце, 2 август 2013 Најмногу енергија и време посветив на предизвикот со кој Македонија се соочува уште од првите денови на својата независност - наметнатото прашање за разликите околу името. Постојано истакнував дека на Република Македонија ѝ е потребно решение, но само во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. 12


Средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, септември 2010 година

Обраќање пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа, јуни 2010 година, Стразбур

За нас прифатливо решение е само она решение што нема да го промени македонскиот идентитет. Тоа е неменување на Уставот. Тоа е решение кое нема да го повреди нашиот национален, културен и јазичен идентитет. Блокадите, уцените и притисоците со кои се соочуваме се аргументи на голата сила. Вистината може да се брани само со силата на аргументот. Затоа на сите мои средби, и во земјава и во странство, упорно се борам со силата на аргументот, укажувајќи на вистината за Македонија, коригирајќи ги погрешните перцепции што меѓународната заедница ги имала во однос на прашањето за името. Притоа, ги користев двата најсилни аргумента: Првиот е пресудата на Меѓународниот суд на правдата – еден од најголемите македонски дипломатски успеси кој ја потврди кредибилноста и конструктивноста на Република Македонија. Второ, на многубројните средби успеав да ги убедам странските претставници дека прашањето за името и идентитетот е прашање за човекови права и правото на човечко достоинство. Човековите права се базични принципи и со нив не може да се прави компромис. Во мислите сè уште ми се зборовите на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, за време на неговата посета на Република Македонија. Во таа пригода тој истакна дека никогаш не треба да правиме компромис кога станува збор за универзално прифатените принципи, како човековите права. Идентитетот и јазикот, чувството на припадност се нераздвоен дел од човековата личност, од слободата на изразување, од човековите права. Затоа на Мечкин Камен во 2012 година изјавив дека, од името на македонските граѓани, нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат нашите идентитетски одредници. Јас како претседател на Република Македонија инсистирам да ни се обраќаат со почит, во согласност со меѓународното право и со универзално прифатените принципи. Принципи за кои никогаш не се прави компромис. Правната сила на пресудата е поголема од правилата на меѓународната организација како што е консензусот, бидејќи меѓународните односи се темелат на меѓународното право. Јужниот сосед се крие зад солидарноста и консензусот за да избегне да ги испочитува пресудата, Времената спогодба, меѓународното право. Притоа, ги вовлекува и другите. Но, и таквото однесување е кршење на меѓународното право. По пресудата, дури и условувањето на членство со решение за името не е ништо друго, туку кршење на меѓународното право. Пресудата е и рамка во која е утврдено какво ќе биде однесувањето на двете страни во согласност со обврските од Времената спогодба. Со пресудата сите грчки аргументи против Македонија се отфрлени. www.ivanov.mk

13


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Затоа, денес имаме далеку посилна позиција на Македонија во процесот. Во Советот на Европа, на 60-годишнината од донесувањето на Европската конвенција за човекови права потврдив дека „нема сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци“. (Совет на Европа). Но, јас и понатаму ќе продолжам со моите иницијативи, со инсистирањето на дијалог за наоѓање заемно прифатливо решение согласно рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. 5. ОДГОВОРНА ДИПЛОМАТИЈА За да ги оствари своите државни интереси во 21 век, на Македонија ѝ е потребна дипломатија од 21 век. Денес, дипломатијата треба да биде динамична, ангажирана и проактивна. Денес, македонскиот дипломат треба да има познавања и од областа на економијата, енергетиката, правото, културата, новите технологии, животната средина и многу други области. Заврши времето на лажни величини во македонската дипломатија. Секоја држава во функција на дипломатијата ги става своите потенцијали: енергетски ресурси, економска или воена моќ. Во таа смисла е и познатата мисла на Ханс Моргентау дека „моќта на една земја не зависи само од вештината на нејзината дипломатија и од силата на нејзините вооружени сили, туку и од привлечноста за другите земји на нејзината политичка филозофија, политички институции и политики“. Република Македонија го има токму тоа. Каде и да одев, ги промовирав македонските вредности по кои не препознаваат во светот: моделот на интеграција без асимилација, сесловенските апостоли, светители и просветители Кирил и Методиј, втемелувачот на правото – Јустинијан, мајката на 20 век – Мајка Тереза Охрид како лулка на писменоста и на христијанството, Кемал Ататурк, творецот на модерна Турција, кој потекнува од нашата земја. Успеавме да ја прошириме мрежата на дипломатско-конзуларни претставништва. Од 2009 до сега, отворени се 5 нови амбасади на Република Македонија во Јапонија, Индија, Норвешка, Естонија и Косово. Наскоро треба да започнат со работа и амбасадите во Казахстан, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

Работна средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии на Република Македонија во странство, декември 2013 година, Скопје

14


6 ЕДИНСТВО СО ИСЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА Македонија не ги заборава своите иселеници. Правото на глас на нашите иселеници почна да се остварува. Со потпишаните меѓудржавни договори нашите иселеници од Австралија и Канада можат да го остваруваат своето право на пензија во својата татковина Македонија. Во надворешната политика, се поголема е поддршката од македонските заедници во светот. Никогаш не ги заборавав македонските заедници, не само во соседството, туку и пошироко. Каде и да одев, се среќавав со нив. Ги поддржав проектите на Министерството за надворешни работи „Ја сакам Македонија“ и „Учи Македонски online” насочени кон подигнување на квалитетот на изучување на македонскиот јазик, традиција и култура за припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората. Со отворањето на културни катчиња и доделувањето стипендии за Македонците од соседните држави, дополнително ќе се подобри состојбата со македонските заедници. Го поддржав и создавањето унифицирана база на податоци за македонската експертска дијаспора и проектотот „Е-дијаспора“ што овозможува услуги и инфорации за дијаспората на Република Македонија. По многу години, донесов одлука да одликувам многумина заслужни, а заборавени поединци и организации од дијаспората, кои придонеле за Македонија, од името на граѓаните симболично им се заблагодарив со државни признанија. Дополнително, нашите интелектуалци, уметници и научници постојано го потсетуваат светот дека не сме мал народ, туку народ со голем дух и благородни идеи, а македонската дијаспора го прави македонскиот граѓанин пријател и сосед со секого, а светот поблизок до Македонија. Имав голема чест и задоволство да ги поддржам двата Глобални инвестициски самита организирани од Македонија2025 кои отворија ново поглавје на соработка со нашата дијаспора. Беше импресивно да се видат собрани на едно место голем број на бизнис лидери од целиот свет кои дискутираа за трговија, инвестиции, економски раст и развој, бизнис идеи.

Свечено откривање на три улици во чест на македонската заедница, општина Маркам, април 2013 година, Канада

15 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

II. МАКЕДОНИЈА: БЕЗБЕДНА И СИГУРНА

16


Ѓорге Иванов (2009 година): Блокадата која го спречи нашето членство во НАТО не нè поколеба во вербата, во оправданоста на македонските геополитички, стратешки, надворешно-политички и национални интереси. Како претседател на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, врз основа на моите уставни и законски надлежности и обврски, мојот врвен приоритет беше да го следам развојот на одбраната и безбедноста. Во мандатот ги дефиниравме стратегиските насоки и планови за развојот и за функционирањето на системот за одбрана. Субјектите на системот за национална безбедност дејствуваа единствено и координирано во преземањето на мерките и активностите за заштита на највисоките цели и интереси. Имав добра соработка и редовни контакти со членовите на Советот за безбедност. Агенцијата за разузнавање редовно ме брифираше за безбедносните прашања. Како резултат на тоа, за првпат во мандатот на еден претседател на Република Македонија немаше потреба да се свика Советот за безбедност. Тоа јасно зборува дека системот за национална безбедност функционира. Армијата на Република Македонија е виталниот столб на одбраната. За време на изминатиот период од пет години со особено внимание ги следев состојбите во Армијата, во сите нејзини функционални области, низ кои се согледува нејзината борбена подготвеност. Горд сум на Армијата која се покажа како достоен наследник на востаниците и борците од двата Илиндена. Армија чии припадници се одликуваат со посветеност и професионализам, со патриотизам и лојалност, независно од етничката или верската припадност. На сите вежбовни активности на АРМ се покажува врвна обученост, извежбаност, но и потврдена интероперабилност со НАТО-Алијансата. Низ овие вежби, а особено низ оцените од учеството во меѓународните мисии, предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации, АРМ е оценувана со највисоки оцени, а нашите мировници одликувани со бројни одличја. Ги следев активностите поврзани со испраќање на контигнетите на АРМ за мисијата ИСАФ во Авганистан. На сите мои средби низ светот, светските лидери и воените команданти истакнуваат дека македонските мировници рамноправно ги споделуваат одговорностите и ризиците со нашите партнери и сојузници. Во тоа и лично се уверив кога во Кабул ги посетив македонските мировници кои се дел од мисијата ИСАФ во Авганистан и во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

17 Со припадниците на македонската армија во мисијата ИСАФ, ноември 2010 година, Кабул, Авагнистан

www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

На самитот на НАТО Алијансата, мај, 2012 година Чикаго

На Самитот на НАТО во Чикаго можев слободно да кажам дека посветеноста на Република Македонија не е само декларативна, туку и реална. Како активен учесник во ИСАФ, Македонија ги споделува одговорностите, обврските и ризиците. Македонија истовремено очекува да ги споделува и правата и придобивките кои доаѓаат со членството. Македонија и покрај придонесот и покрај целосно исполнетите услови уште од 2008 година, е блокирана на патот кон членство во НАТО од услов кој нема никаква врска со критериумите за членство. Алијансата во Чикаго пропушти да ја поправи грешката направена во Букурешт. Сепак, истакнав дека „за нас, прашањето никогаш не било дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку кога. И, што поскоро, тоа подобро. Подобро за Македонија, за регионот на Југоисточна Европа и, се разбира, за НАТО и за глобалната безбедност“. На 18 август, денот на Армијата на Република Македонија, како Врховен командант им се обраќав на старешините и војниците. Не пропуштав можност и да се дружам со војниците и да поразговарам со нив, прво ним да им ја честитам Новата година. Тоа секогаш ми било важно. Тие се одлични војници, тие се татковци и мајки, синови, браќа, сестри – секој со своја животна приказна. Се уверив дека македонскиот војник поседува висок морал, дека во армиската средина се негува патриотизмот на најдобар начин, а на меѓународен план, Армијата се етаблира како рамноправен партнер, кој ужива голем углед. Ги согледав проблемите со кои реално е соочена Армијата и кои треба да се решаваат.

18

Со припадниците на македонската армија во мисијата АЛТЕА, октомври 2012 година, Бутмир кај Сараево, БиХ

Посета на припадниците на АРМ во армискиот објект на Солунска глава, октомври 2013 година


Исклучително многу го поддржувам донесувањето на Законот за дополнување на законот за служба во АРМ, со кој професионалните војници по завршување на својата служба ќе бидат прераспоредени во државните служби, согласно нивните квалификации и потребите на институциите и ќе земаат плата додека не ги исполнат условите за пензија. Го поддржав и проектот „АРМ мој вистински дом“ со кој се создава можност за решавање на станбеното прашање на припадницита на Армијата. Редовното следење на АРМ од страна на претседателот на државата е важно не само за Армијата, туку и за претседателот. Тоа е најдобриот начин да се согледаат одблиску состојбите во АРМ, нејзината борбена подготвеност и обученост. Според она што беше покажано и во практика демонстрирано, високите оцени од меѓународната заедница (пред сè НАТО и ЕУ), како и огромната доверба од граѓаните која АРМ ја ужива, се сосема заслужени. АРМ претставува гаранција за сувереноста и за територијалниот интегритет на Република Македонија. И во иднина мора да и се посветува сето внимание, особено на нејзиното опремување и модернизацијата. Како врховен командант, се гордеам со фактот што АРМ само во изминативе години, според истражувањата на јавното мислење, се наоѓа на врвот, кога е во прашање довербата на граѓаните на Република Македонија.

Средба со Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, септември 2012 година, Брисел

Со питомците на воената академија „Генерал Михајло 19 Апостолски“, по одржаното предавање на академијата, www.ivanov.mk април 2011 година


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

III. МАКЕДОНИЈА: ЕКОНОМСКИ СИЛНА И РАЗВИЕНА

20


Економскиот раст и развој беше високо на мојата агенда. Ги следев економските текови и ја пратев моменталната економска ситуација во земјата. Бев во тек со предизвиците со кои се соочуваат нашите компании во време на светската економска криза. Глобалната економска и финансиска криза што го зафати светот во 2008 година и европската должничка криза што следеше не ја одминаа Република Македонија. Свесен дека секоја помош на македонските компании ќе им биде повеќе од добредојдена, решив голем дел од моите активности да ги посветам на заштита на интересите на македонските компании и на долгорочните економски интереси на Република Македонија. На секоја своја посета на странска држава бев придружуван од членови на бизнис-заедницата, од компании со компаративни предности, силно верувајќи дека на тој начин македонскиот бизнис ќе се отвори кон големите европски и светски пазари. Во секоја странска држава каде што бев придружуван од бизнисмени, на моја иницијатива се организираа бизнис форуми како можност за македонските компании да се презентираат и да остварат деловна соработка со странски компании. Каде и да одев, ги отворав вратите за македонската економија кон новите и растечки евроазиски и глобални пазари. Македонија допрва ќе ги почувствува благодатите од соработката со овие значајни економски центри. Водевме успешна економска дипломатија, која ја внесе Македонија во гасоводот „Јужен тек“. На сите поединечни средби и на регионалните самити разговарав и за унапредување на инфраструктурната поврзаност. Македонија отворено зборува за иднината на регионот. Зборува за поврзувањето, за помирувањето, за отворените прашања на нашиот регион. Зборува за заедничката инфраструктура, за енергетската иднина, за екологијата, за заедничките стратегиски цели. Интересите на Балканот се комплементарни со интересите на Македонија. Издејствувавме највисоко на агендата на регионот да биде поврзувањето на Јадранско-јонската магистрала со Коридорот 8 и Коридорот 10. Македонија си го исполнува делот од таа визија. Отпочна градењето на железничката пруга Куманово-Бељаковце. Отпочна изградбата на делницата Демир-Капија – Смоквица, и во блиска иднина, Македонија ќе биде со целосно изградени Коридори 8 и 10. И во услови на глобална економска и финансиска криза, Македонија бележеше економски успеси. Според најрелевантниот глобален индекс Doing Business, Македонија се наоѓа на високото 25. место од 189 земји според условите за водење бизнис. Македонија е 7 најповолна дестинација во светот за започнување бизнис. Во овие години, Македонија беше прогласена за 3 најдобар реформатор во светот и за најдобар реформатор во Југоисточна Европа. Тоа е битката и трката во глобалниот свет. Успешноста на политиката во развиениот демократски свет денес се мери со бројот на отворени работни места и со видливите економски резултати. Резултати какви што Македонија покажува. Само со стабилни компании нашата држава ќе биде економски силна. Бизнис-заедницата во Република Македонија е значајна алка во синџирот што придонесува кон намалување на невработеноста, отворање нови бизниси, зголемување на извозот. Бизнис-заедницата придонесува за реален економски раст и развој на државата. Само со добра комуникација државата може да биде реален партнер на бизнисот. Постојано се среќавав со гувернерот на Народната банка на Република Македонија, министерот за економија и министерот за финансии. Редовно остварував средби со Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, делегации од најразлични бизнис-здруженија, средби со бизнисмени од југозападниот регион на Република Македонија, менаџери на големи компании, претприемачи, сопственици на мали и средни бизниси. Невработеноста може да се намали само со зголемен економски развој и на локално ниво. Затоа, кога и да ги посетував општините во Република Македонија секогаш се среќавав и со локалните бизнис-заедници и ги охрабрував локалните власти да формираат локални економско-социјални совети во општината, кои можат да станат клучни за економскиот развој и решавање на невработеноста. Секогаш со мене имаше амбасадори на странски земји во Република Македонија, за и самите да се уверат во индустриските капацитети и економските потенцијали со кои можат да се пофалат општините. Градоначалниците ја користеа можноста да им ги презентираат своите индустриски развојни зони и големите инфраструктурни проекти за кои можат да добијат странска помош, остваруваа контакти и притоа добиваа можност со свои проекти да аплицираат за добивање поддршка. Со ваквата политика и помагав на секоја општина да ги отвори своите порти за странски инвестиции. На овој начин значаен дел од општините реализираа голем број крупни проекти. www.ivanov.mk

21


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

IV. МАКЕДОНИЈА: ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ

22


Единството во различностите е моја визима која ја проткаив низ сите свои активности и настапи. Ја реафирмирав особеноста и посебноста за македонскиот модел како модел на интеграција без асимилација што ги застапувам веќе 20 години, од моите денови како професор по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. „Македонскиот модел подразбира интеграција без асимилација. Интеграција со почитување на постоечките културни, етнички, јазични, религиски и други различности... Нашиот устав, Рамковниот договор, и длабоките вековни традиции на соживот, толеранција, разбирање и меѓусебно помагање, се гарантите на овој модел.“ Годишно обраќање во Собранието на Република Македонија, Скопје, 14 декември 2010. Концептот на европски мир, Pax Europea е комплементарен со моделот на македонскиот микрокосмос на различности. На предавањата кои ги одржав по повод изборот за почесен доктор на науки и почесен професор на неколку универзитети, за да се опише мојата главна научна и политичка преокупација, имено: мирот, соживотот и демократијата. Говорев за Милет системот, за иднината на мегалополисите, за балканскиот мир како основа за европски мир. На моите средби со највисоките преставници на Европската унија не пропуштав да ги повикам да се навратат на изворната идеја на Унијата. Да го ценат македонскиот идентитет и сите идентитети на македонските граѓани еднакво колку и својот идентитет. Да ги потсетам дека Македонија е пример за единство на различностите, во кои секој може да е различен, но мора да е еднаков во правата и обврските. Само по тој принцип смее од многуте да стане едно, од многуте различни граѓани една држава. На теми поврзани со македонскиот модел на соживот и почит кон другиот, говорев на моите бројни предавања на врвни универзитети и институти во светот, како на пример Кралскиот институт „Егмонт“ во Белгија, на Универзитетот „Харвард“ во САД, на Универзитеот „МекМастер“ во Канада, на Универзитетот во Аризона и во секоја можна формална и неформална пригода да одржам предавање и дискусија со секој заинтересиран на оваа тема. За овие прашања разговарав на верските конференции во Охрид и во Скопје, на Претседателската конференција на претседателот Шимон Перез во Израел, во Турција, во Катар, во Кина. Со безброј соговорници на неколку континенти. Со нашите иселеници од сите етнички заедници со кои редовно се среќавав при моите официјални посети. Насекаде истакнував дека не е доволно да се има толеранција кон другиот, туку е потребно другиот да се почитува и прифати. Целиот професионален и политички пат го одев носејќи ја во себе идејата дека граѓаните на Република Македонија можат да живеат како едно и да бидат сплотени, без разлика на вера, етничка или политичка припадност, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи, атеисти. Во многу наврати истакнував дека со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор достигнавме ниво на поголемо разбирање и заемно почитување. Изградивме и модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира. Но, потребно е да се придржуваме до основните принципи на Рамковниот договор и одвивање на политичкиот процес во таа рамка. Во моето последно годишно обраќање во Собранието на Република Македонија истакнав дека институциите и процедурите произлезени од него треба да ја исполнуваат својата функција. Ако претходната деценија беше деценија на права, оваа, втора деценија на Охридскиот рамковен договор е деценија на права, но и заемни обврски за сите нас. Преку средбите со политичките преставници на различните заедници во Република Македонија настојував во рамките на своите надлежности, да овозможам дијалог за решавање на предизвиците на денешницата на полето на соживотот во нашето општество. Настојував сите одлуки да се носат во институциите предвидени за тоа. Се среќавав редовно со сите верски лидери, но и со верниците, сеедно дали се работеше за христијани, муслимани или Евреи. Одев во нивните храмови. Ги примав на своето работно место. Не пропуштав да ги посетам на нивните значајни празници. Се водев од мислата која ја напишав во Изборната програма во 2009 година дека „сите нè обврзува вербата во праведниот Бог кој сака мир помеѓу неговите поданици“. 23 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

На традиционалната ифтарска вечера по повод рамазанските пости во придружба на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, 2010 година, Дебар

На вечерната служба по повод еврејскиот празник Ханука каде ми беше укажана честа да ја запалам првата свеќа на ханукијата, декември 2011 година во синагогата „Бет Јаков“

Секогаш ги ценев моментите поминати со луѓе од академската заедница кога можевме да разговараме за Македонија како единство во различностите. За Денот на албанската азбука разговарав со академиците од етничко албанско потекло, ја посетив катедрата за албански јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, посетив студенти кои учат на албански јазик. Дискусиите и со студентите Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци ми ја исполнуваа работната агенда. За мена правото на самоидентификација на секоја индивидуа, светоста и неповредливоста на идентитетот на секој човек, почитта кон неговиот јазик и традиција е највисока вредност. Како што постојано истакнував на средбите со политички преставници и невладини организации во земјава и во странство, како и во моето скорешно годишно обраќање во Собранието на Република Македонија, еманципацијата и целосното вклучување на Ромите во македонскиот политички, економски, социјален и културен живот е трајна определба на Македонија. Ја потенцирав улогата на младите, не само во иднината, туку и во сегашноста, во секоја можна прилика. Дали е тоа нивната улога на лидери, во образованието, во спортот, во меѓуетничките односи. Низ моите средби и предавања со студентите од сите јавни универзитети во Република Македонија ја истакнував нивната клучна улога во македонскиот соживот. Го слушав нивното мислење и ги нудев моите совети и поддршка. И кога имаше инциденти, секогаш предвид имав дека младите треба да ја изградат подобрата иднина на оваа земја, својата иднина преку повисоки стандарди во секое поле на кое се ангажирани. „Кога станува збор за државните интереси, за стратешките цели и определби, постои само една партија во која нема поделба на лидери и членови, на стари и млади, на леви и десни. Таа партија се вика Македонија и ние мора да се обединиме околу неа.“ Годишно обраќање во Собранието на Република Македонија, 15 декември 2011 година.

24

Со лидерите на сите верски заедници во Република Македонија , мај 2009 година, Скопје


V. СЕКОГАШ СО НАРОДОТ

25 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Традиционално честитање и дарување на зетот и невестата на манифестацијата „Галичка свадба“, јули 2013 година, Галичник

На традиционално закројување на винова лоза по повод празникот „Свети Трифун“, февруари 2010 година, Неготино

Уште во мојата изборна кампања ветив дека секогаш ќе бидам меѓу народот. Со изминати илјадници километри на територијата на нашата држава посетив општини, градови и села, но и населени места кои никогаш не биле посетени од претседател на држава. Како претседател се грижам за секое катче на татковината подеднакво. При секоја посета се информирав за актуелната состојба во општината, за реализираните проекти, за оние кои се во фаза на реализација и кои треба допрва да се реализираат, предизвиците со кои се соочува локалната власт и локалните бизниси. Редовните средби со граѓаните беа дел од мојата секојдневна агенда. Кабинетот беше отворен за многу луѓе. Примив преку 5000 граѓани. Ги слушав и се обидов да им помогнам, во рамките на моите надлежности. Во мојот мандат ги посетив скоро сите населени места во Република Македонија. Независно дали се работи за град или за село, културен настан или манифестација на општината, сакав секогаш да бидам со моите сограѓани. Да бидеш прифатен од сопствениот народ како еден за сите, за мене претставува чест и привилегија. 1. ЗА УЛОГАТА НА ТРАДИЦИЈАТА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ Верувам во традицијата. Република Македонија е пример каде вредностите и традицијата се почитуваат и практикуваат, вткаени во секојдневието на македонските граѓани. Затоа со граѓаните ги споделував празниците и прославите, чествувањето и настаните. На Бадник, денот кога сите се во своите домови, јас решив заедно со моето семејство, нашиот дом да го отвориме за многу луѓе, особено за најмладите. Во изминативе години во утринските часови вратите беа отворени за коледарите, дојдоа децата од СОС Детското село, Златните славејчиња, најмладите играорци. Бадниковата вечера ја поделивме со атлетите од Специјалната олимпијада. Потекнувам од традиционално македонско семејство и затоа како православен христијанин за најголемите христијански празници Божиќ и Велигден, заедно со семејството и народот сум присутен на светите литургии во македонските храмови.

26

На Водици, бев во Струга, Велес, Валандово, Дојран, Гевгелија. За Св.Трифун со лозарите во Кавадарци, Демир Капија, Росоман, Неготино, Валандово, Струмичко. За Богородица во манастирите на Матка, Охрид, Кичево, Калишта, Тескавец, Лешочки, Лесновски, Осоговски. За Петровден, како што е редот, на Галичка свадба – местото каде традицијата, македонскиот бит и непокор се задржани до ден денешен. Слика која ги воодушевува бројните поканети, но и случајни гости, кои се враќаат повторно и повторно да ги впијат


Со членовите на Специјалната олимпијада кои учествуваа на Летните олимписки игри во Полска, октомври 2010 година, Скопје

Крводарителска акција по повод роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески, јануари 2010 година, Скопје

сите моменти на македонскиот дух. Бев на литургиите, но и во моментите на тихување во манастирите. Жална беше сликата на Бигорски во пламен, но и величенствено убава кога никнаа новите конаци полни со живот. Го посетив и Трескавец, иако сликата од пожарот е страорна. Ме радува возобновувањето на конаците, изградбата на патот и сè помногубројните туристи кои доаѓаат да ја видат мариовската убавина. Се среќавав и присуствував на службите со католичките и со евангелско-протестантските христијани. Одев и во џамии и на ифтари со нашите сограѓани муслимани. Одев и на ханука, ги чествував празниците со нашите сонародници Eвреи. Богатството на традицијата, фолклорот и живата култура треба да се промовираат и да се одржуваат не само како историја, туку и како дел од секојдневието и светогледот на македонските граѓани. Тоа им го кажувам и на моите странски колеги и државници кои доаѓаат во посета на нашата земја, на амбасадорите, но и на сите добронамерници. 2. МАКЕДОНИЈА ДОМ ЗА СИТЕ Постојано ги поддржував здруженијата на граѓани и автентичните иницијативи со благородни мисии. Мисии за солидарност кон лицата со посебни потреби, децата со аутизам, лицата што живеат со ХИВ/ СИДА, социјално ранливите категории. Се сретнав со Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Соработував и со поединечните здруженија што опфаќаат посебни одредени категории. Ги примив „Полио плус“, и помогнав да се организира и ликовна изложба на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност. Ги посетив и учениците од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“-Скопје. Учествував во одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на активното дејствување на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“. Ги примив и остварив средба со претставниците на Сојузот на глуви и наглуви на Македонија по повод 65 годишнината од формирањето на Сојузот. Заедно со моето семејство поддржувачи сме на манифестацијата „Различни, а еднакви“ со цел подигање на јавната свест за поддршка на лицата со посебни потреби. Атлетите од Специјалната олимпијада ја имаат мојата безрезервна поткрепа. Ги поддржав законските решенија со кои се даваат нови права за лицата со инвалидитет, како што се мерките за вработување на лица со инвалидност со различен вид и степен на неопределено работно време, правата на додаток за лица со мобилност, слепило, потполно глувите лица, правото на паричен надоместок за самохрани родители кои што имаат деца со пречки во развојот. Заедно со мојата сопруга Маја им посветуваме големо внимание на на децата со аутизам. На нејзина www.ivanov.mk

27


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

иницијатива, во 2011 година започна одбележување на 2 Април - Светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот. Со тоа почна кампањата за подигање на јавната свест за проблемот којшто не претставува само јавно ментален здравствен, туку и општествен проблем. Дадов поддршка за лицата со ХИВ/СИДА, а за првпат напишав и колумна со апел за помош на овие лица по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Во 2011 во текот на кампањата за борба против СИДА, ги примив и лицата што живеат со ХИВ. Во 2012 и 2013 учествував на нивните донаторски гала-концерти. За да се продолжи животот – бев прв потписник на кампањата за иницијатива „Можам и сакам да подарам живот“. Оваа кампања беше насочена кон подигање на јавната свест за важноста на донирањето органи, ткива и клетки за трансплатација. На крајот на овој мандат ме радува фактот што кампањата вроди со плод, а првата кадаверична трансплатација изродена од оваа иницијатива е успешно реализирана. Како редовен крводарител, дарував крв повеќе од триесетина пати. Уште од првата година од мандатот дадов пример за младите. Затоа, по повод роденденот на нашиот прерано починат Тоше Проески, се приклучив кон крводарителската акција во Републичкиот завод за трансфузиологија. По повод Светскиот ден на крводарителството бев покровител и на крводарителската акција „Секој крводарител е херој.“ Црвениот крст на Република Македонија ми го врачи своето највисоко признание „Златен знак на Црвениот крст на Република Македонија“. Грижата за старите лица е обврска на секое организирано општество, вклучително и македонското. Старите лица се вградија во темелите на македонската држава и не задолжија сите нас. Затоа ја поддржав Националната стратегија за стари лица во Република Македонија која правилно и прецизно ги лоцира проблемите со кои се соочуваат постарите генерации и предвидува хумана и солидарна политика. Постарите генерации имаат право на здравствена заштита. Тие не смеат да останат без здравствена заштита. Обврската за постепено зголемување на пензиите, која доследно се спроведува и покрај тешката економска криза, исто така придонесе за одржување на животниот стандард на старосните и инвалидските пензионери. Особено се важни реформите во здравството и неговата модернизација, имајќи предвид дека и состојбата во здравството директно се одразува на квалитетот на животот и на достоинството на постарите граѓани. Посетив повеќе домови за стари лица и пензионерски домови, имав можност директно да ги слушнам проблемите и потребите на старите лица. Навистина им е потребна помош. Затоа секогаш тврдам дека државата не смее да застане во спроведување на мерките кои го прават животот на постарите лица полесен. Ги поддржав проектите на Владата, како што се проектот „Народни кујни“ со кој се излегува во пресрет на потребите на старите и немоќните лица кои се наоѓаат во тешка социјална положба, проектот за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток но и акцијата „Се грижиме за топол дом“. Грижата на државата за социјално ранливите категории никогаш не смее да застане, особено за децата без родители. Затоа, како претседател ја посетив населбата „Јурија“ во општината Ѓорче Петров, каде што имав можност да се сретнам со млади брачни парови кои по напуштањето на домот за деца без родители имаат основано семејства и имаат добиено социјални станови од државата. Ги поддржав сите проекти што ги спроведува надлежното министерство како што е Програмата Д10 преку која само за една година се вработени 83 лица кои имале ваков статус до својата 18 година во државните институции, а се зголеми и финансиската поддршка за децата кои го продолжуваат своето учење односно се запишуваат на факултет, постдипломски, магистарски, па дури и докторски студии во висина од 24 илјади денари месечно. Со реализацијата проектите за изградба на нови домови кои ќе ги згрижуваат децата кои немаат родителска грижа покажуваме дека сме солидарно и човечно општество.

28

Верувам дека државата ќе изнајде начини за изградба на уште повеќе социјални станови и на тој начин ќе помогне на оние ранливи категории во нашето општество, со заеднички сили да придонесеме ранливите категории да не се чувствуваат отфрлени и на маргините на една држава.


VI. ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА, ИНОВАЦИИ

29 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Предавање на универзитетот на Харвард на тема македонските интеграции и македонскиот модел на инклузивност во општеството, октомври 2012 година, САД

Активно ги промовирам македонската наука и образование. Во соработка со високообразовните институции и со МАНУ имавме значајни научноистражувачки проекти со домашни и странски партнери. Чест ми беше што при моите официјални посети во странство бев покануван да држам предавања на реномирани универзитети со што се отвораше патот за соработка меѓу високообразвоните институции. Со мој ангажман беа потпишани договори за соработка со Истанбулскиот универзитет и Универзитетот „МекМастер“ од Канада со мој ангажман. Ги посетив и поттикнав да продолжат со успешната работа македонските студенти на Универзитетот „Харвард“ кои ги запознав за време на моето предавање таму. Се сретнав со македонски студенти и на Универзитетот во Аризона. Се среќавав со македонистите низ светот и го поддржував работењето на македонските лекторати во странство. Редовно говорев на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Силно се ангажирав околу основањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија кој веќе отпочна со работа. Изучувањето на кинескиот јазик, цивилизација, култура и традиција значајно ќе ги зајканат нашите економски, политички и култоролошки врски и соработка. Посебно внимание посветив и на признанијата кои како претседател на Република Македонија ги доделив на заслужните домашни високообразовни институции и на најуспешните студенти. Во соработка со Министерството за образование и наука и Сити колеџот во Солун врачив 80 стипендии “Борис Трајковски” за Програмата за бизнис-администрација–МБА. Ја продолжив и традицијата на доделување на признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери во Република Македонија. Востановив признание „Најдобар млад научник“. Бев на најголемите универзитети во Македонија и најдобрите студенти од универзитите доаѓаа кај мене. Тие најотворено разговараа со мене и ги кажуваа нивните амбиции, успеси и предизвици. Од овие средби дознавав за предизвиците со кои се соочуваат. За потребата да се прилагоди и унапреди не само наставната програма, туку и начинот, моделот на пренесувањето на знаењето. Нивните ставови, очекувања и предлози за унапредување на македонскиот високообразовен систем лично им ги пренесов на ректорите на универзитетите во Република Македонија. Во повеќе наврати истакнував дека наместо компаниите да инвестираат дополнителни средства во дообука на веќе дипломираните кадри, тие треба тоа знаење и практично да го стекнат за време на студиите. Додека имаат нови идеи, додека сакаат да експериментираат. Затоа ги охрабрував сите универзитети да започнат со формирање на технолошки паркови. Да создаваат бизнис-инкубатори, каде студентите ќе можат практично да го применат знаењето додека го стекнуваат. Така ќе бидат подготвени не само за локалниот, туку и за глобалниот пазар. 30


Свечено отворање на институтот „Конфуциј” во соработка со Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина, септември 2013 година , Скопје

Доделување на традиционалните стипендии „Борис Трајковски“, ноември 2012 година, Скопје

Младите научници и иноваторите, сите млади кои имаат отворен ум, секогаш можеа да сметаат на мене. Во таа насока посебно ме израдува и го поздравувам основањето на Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија во кој еден од финансиерите ќе биде и Светска банка. Иноваторите и иновацијата поседуваат капацитет преку технолошкиот развој да бидат моќен двигател на националната економија. Затоа во текот на целиот мандат посебно внимание посветив на соработка со здруженијата на пронајдувачи, со поединци, иноватори како и со млади луѓе и студенти кои зачекоруваат во водите на иноваторството. Со Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија–СПАТУМ разговаравме за идната соработка, за истражувачките и политиките за иновации во Република Македонија, за можностите за поддршка на иноваторите во процесот на профитабилна експлоатација на пронајдоците. Остварував и средби со поединци кои работат со креативни и иновативни решенија како што се наставниците – учесници на Европскиот форум за иновативни наставници во Москва и Светскиот форум за иновативни наставници во Вашингтон. Тие ја претставуваа Македонија на Европскиот форум за иновативни наставници во Москва во 2011 година, каде меѓу 300 наставници со 86 проекти од 44 држави, нивниот проект освои Гран-при награда во категоријата Educator’s Choice. Истиот проект на Глобалниот форум на Мајкрософт во Вашингтон, натпреварувајќи се со 115 проекти од 70 земји од светот, го освои второто место во категоријата „Избор од наставниците“ (Educator’s Choice). Бев покровител на 65-годишниот јубилеј на Сојузот на здруженија на техничка култура на Република Македонија - НАРОДНА ТЕХНИКА. Поддржувајќи го иноваторството, посетив манифестации каде се презентираа најновите пронајдоци на македонските компании од металургијата, електрониката, градежништвото и други области, како „МАКИНОВА“ и „ЕКОНОВА“, кои се одржуваат во рамките на најголемата и најреномираната саемска манифестација „ТЕХНОМА“. Бев покровител на 49. Државен натпревар на млади техничари и природници од Република Македонија, во организација на Народна техника на Македонија. Младите секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Ресурсите на Кабинетот на Претседателот ги ставив во функција на граѓаните. Така, и Народната канцеларија ја ставив на располагање на граѓаните - иноватори и здруженијата на иноватори во насока на промовирање на нивната работа и постигнувања. Во целиот период на мојот мандатот, со свои претставници во надлежни републички тела земав активно учество во креирањето политики.

31 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

VII. КУЛТУРАТА ДУХОВНО ОГЛЕДАЛО НА ИДЕНТИТЕТОТ

32


Низ културата се изразува духовноста и креативноста и се канализира уметничкиот порив, но се отсликува и наследството на нашиот народ. Го продолжив традиционалното покровителство на еден од најзначајните светски културни фестивали – Охридско лето. Фестивал на кој гостувале светски признати уметници. Токму на Мориконе му доделив и Медал за заслуги за Македонија за исклучителните резултати во музичкото творештво и афирмација на Република Македонија во светот. Покровител сум и на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ кој претставува најстар филмски фестивал посветен на кинематографијата со што е препознатлив во светот. Токму во последните изданија на овој фестивал дојдоа светски познатите имиња. Редовно се среќавав со поетите-учесници на Струшките вечери на поезијата. Како љубител на македонското музичко творештво, со задоволство бев покровител и на „Деновите на македонска музика“. Ја сакам и нашата традиционална музика. Чест гостин сум и на фестивалите на народната музика. Традиционален покровител сум и на најпознатиот Детски музички фестивал „Златно славејче“. Фестивал низ кои поминаа многу денешни уметници. За афирмација на македонската музичка уметност, на Скопскиот џез-фестивал му доделив и Повелба за Македонија. Би го споменал и џез-настанот за поддршката на единственото џез-радио во нашата земја – Џез ФМ, на кој присуствуваа и студенти од катедрата за џез-музика на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Покровител сум и на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија со што се вреднува архитектурата како врвен спој на уметноста и занаетот, естетското и корисното. Настојувам да бидам присутен на разни културно-уметнички манифестации, театарски претстави и концерти, изложби и филмски проекции, промоции на книги. Сè поголемата посетеност на Музејот на македонската борба говори за фактот дека сè повеќе луѓе дознаваат за македонската историја. Во овој 5-годишен мандат доделив десетина медали, ордени и повелби на индивидуални уметници и институции од областа на културата со што сакав да ја искажам мојата почит кон македонската култура и уметност вреднувајќи ги високите дострели на уметниците.

34. издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” – врачување на наградата Златната камера 300 за животно дело на врвниот шпански кинематографер, Хозе Луис Алкаин, септември 2013

На свеченото отворање на новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје, со авторот на претставата „Вечната куќа“ и режисерот Дејан Пројковски, декември 2013 година

www.ivanov.mk

33


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

VIII. ОДГОВОРЕН ОДНОС КОН ПРИРОДАТА

34


Македонија, како и целиот регион, честопати е изложена на земјотреси, пожари, поплави и суши. Но, можеме да им помогнеме на општествата да бидат подготвени и да се справат со овие непогоди. Можеме да ги засилиме нашите институции за ефективна и ефикасна превенција, одговор и ублажување на последиците. Мораме да бидеме подготвени за идните ризици. Во прашање е нормалното одвивање на животот. Ако сакаме да обезбедиме траен, одржлив економски раст и развој треба да градиме култура на организирано општество кое знае да се справува. Нема ништо поважно од тоа да го сочуваш она што со труд и маки си го создал. На Самитот за климатските промени во Копенхаген Република Македонија се приклучи кон поддршката на Европската унија во нејзините напори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 20 проценти до 2020 година и нејзината заложба за намалување на емисиите на глобално ниво. На 3. Глобална платформа за намалување на ризици од катастрофи во Женева, повикав на координиран пристап за намалување на ризиците од катастрофи, за адаптација кон климатските промени и за одржлив развој, преку интегрирани политики и усогласени практични чекори. За време на македонското претседавање со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи, повикав на спроведување на тројното „О“: одговорни поединци, одговорни општества и одговорни влади. Морам да истакнам. Имаме знаење и експертиза за справување со катастрофи кои се признати во целиот свет. Во разговорите со генералниот директор на УНЕСКО побарав и добив поддршка за Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС. ИЗИИС беше прогласен за прва институција на УНЕСКО во Македонија и стана единствен институт на УНЕСКО во светот што работи на полето на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од големи земјотреси. Како покровител на меѓународната конференција „50 години од скопскиот земјотрес – 50 години европско земјотресно инженерство“, повикав на функционално партнерство меѓу државата и науката, меѓу носителите на одлуки и експертите, а со цел креирање мудри, применливи и одржливи политики. Проектот „Ден на дрвото“ е проект за нашата иднина. Масовната поддршка од сите, вклучително и моја, доволно зборува за важноста на помшумувањето на Република Македонија. По повод Светскиот ден на водите ги поддржав акциите за чистење на езерата во Матка и Дојран. Денес речиси сите земји во светот се соочуваат со два големи енергетски проблема, недостаток на енергија и загадување на околината. Сериозни напори вложив во промовирањето на геотермалната енергија во Македонија. Затоа, го актуелизирав ова прашање и под лично покровителство во март 2011 година во Кочани се одржа конференција за геотермалните води „Геотермалната енергија во Република Македонија - кочанска депресија“. На конференцијата со свои научни трудови учествуваат професори - научни работници од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од кои подоцна се испечати трудот „Геотермална енергија во Македонија - Кочанска депресија“ која има за цел да ги промовира геотермалните потенцијали на Македонија и можностите за инвестирање во искористувањето на геотермалните води.

Со учесниците во нуркачката акција за чистење на Дојранското Eзеро по повод Светскиот ден на водите, март 2013 година

Обраќање на Конференцијата за климатски промени, декември 2009 година, Копенхаген

www.ivanov.mk

35


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

IX. НАШИОТ ТИМ СЕ ВИКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

36


Изминативе пет години се случија најголемите спортски успеси во независна Македонија. Нашите спортисти обединети во државната репрезентација донесоа успеси што нè обединија сите. Македонија го доби најпосакуваниот спортски подарок за 20-годишнината од независноста. Тоа е успехот на македонските кошаркари, а потоа следуваше и успехот на нашите ракометари. Со медали ги одликував најуспешните, секогаш се трудев спортистите да го добијат потребното внимание од државата. Тоа го правев за да ги мотивирам сите. Со нашите спортисти бев и кога победуваа и кога не победуваа. Заедно со илјадници сограѓани ги бодрев на трибините и на спортските терени, ги храбрев и во земјата и во странство. Преку успесите на нашите кошаркари, нашите ракометари, сите ние имавме можност да ја почувствуваме сплотувачката моќ на спортот. И верувам сите ќе се согласиме дека спортистите се шампиони на добрата волја, позитивните општествени иницијативи и надежта, и токму тие карактеристики сакаме да им ги пренесеме на нашите деца. Има цврсти аргументи дека спортот, како ретко која друга општествена активност, има моќ да привлече, мобилизира и инспирира поединци и заедници. Спортот ни помага да ги промовираме идеите за мир, толеранција, правда, ненасилство и солидарност. Секоја година вложувам напори за да се одржи меѓународниот Охридски пливачки маратон. Во 2011 година бев покровител на проектот „Спортот како фактор на толеранцијата, заедништвото и почитувањето“ во кој се вклучија илјадници ученици: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Проектот вклучуваше спортски активности во општините во кои се реализираше, но и посета на храмови, културно-историски знаменитости а со цел меѓусебно запознавање на рзличностите. Децата од општините Прилеп, Шуто Оризари, Врапчиште, Центар, Тетово и Старо Нагоричане пратија силна порака што беше меѓународно препознаена. Проектот беше награден со специјално признание доделено од страна на принцот Алберт II од Монако на Меѓународниот форум „Мир и спорт“ во Сочи, Русија. Следуваше и проектот „Спортски бонтон“. Бев активно вклучен во проектот преку кој најмладите од различни општини спортуваа и се дружеа, без разлика на нивната етничка припадност. Овој проект започна во 2013 година и се реализираше во следните општини: Кавадарци, Росоман, Дебар, Теарце, Валандово, Центар Жупа, Аеродром. Овој проект имаше за цел преку спортски бонтон да се воспостави кодекс на однесување и позитивно промовирање на заеднички идеи кај најмладите.

Со учесниците во спортско културната манифестација „Спортот како фактор на толеранцијата, заедништвото и почитувањето“, мај 2012 година

Прием на членовите на машката ракометна репрезентација на Македонија пред настапот Светско првенство во Шпанија, јануари 2013 година

Доделување на традиционалниот ловоров венец на победникот во женска конкуренција на 25. Меѓународен охридски пливачки маратон, август 2011 година

www.ivanov.mk

37


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

X. ЈУБИЛЕИ И ГОДИШНИНИ 38


Со огромна чест и гордост активно ги одбележував државните празници, кои се од особенo значење за државноста на Република Македонија. Имав обраќања на повеќе од шеесетина свечени настани, академии, манифестации, прослави и чествувања. На централната свеченост и воената парада по повод 20 години од независноста на Република Македонија, десетици илјади македонски граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ за да заеднички го прославиме овој голем ден. • НЕЗАВИСНОСТА Е НАШИОТ НАЈГОЛЕМ ТРИУМФ! „Веќе 20 години живееме во демократска земја со повеќепартиски систем. Но, кога станува збор за националните интереси, за стратешките цели, постои само една партија во која нема поделба на лидери и членови, која не познава делби и тесни интереси. Таа партија се вика МАКЕДОНИЈА! Време е да се обединиме околу единствената заедничка партија – Македонија. Да ги препознаеме нејзините интереси, цели и приоритети, и секој поединечно да се вклучи во нивно остварување. Време е конечно да ги искорениме перцепциите дека сме мали, обесправени и негирани. Ние сме историска и современа реалност. Имаме своја држава, имаме права и иднина.“ Обраќање по повод 8 Септември – „Дваесет години државност – дваесет години независна Македонија“, 8 септември 2011 година На свечената прослава по повод 20-годишнината од Денот на независноста, со особена гордост и достоинство ја положив Декларацијата на независноста на Република Македонија во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“. Во оваа пригода реков: „Никогаш во историјата не се случило назадна политика да нечиј идентитет не може да го победи оној кој го чува и промовира своето и го споделува со другите“.

Свечена церемонија по повод „Дваесет години државност дваесет години независна Македонија“, 8 септември 2011 год.

Положување на декларацијата на независноста на Република Македонија во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ по повод 20 годишнината од Денот на независноста, септември 2011 година

www.ivanov.mk

39


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Одбележување на Државниот празник Илинден, Пелинце, 2 август 2013 година

Обраќање на Свечената академија по повод Денот на независноста, 8 септември 2013 година

• ДА ЈА ГРАДИМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИСОЧИНИ – СО НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ, КРИТЕРИУМИ И ПРИНЦИПИ! „Ве повикувам, уште денес да го смениме минатото на нашите деца, за тие утре да имаат подобра иднина. Да бидеме активни граѓани. Во сè што правиме да се водиме од принципите на самоодговорност, самопомош и солидарност. Само така ќе ја стекнеме самодовербата и почитта од другите.“ Обраќање на Свечената академија по повод Денот на независноста, 8 септември 2013 година Одбележувањето на 2 Август – Илинден, како еден од најголемите државни и истовремено верски празници, има посебно значење за Република Македонија и за македонскиот народ. • КАКВА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗГРАДИМЕ, ТАКВА ЌЕ ЈА ИМАМЕ! „Иако нè поделија, иако нè раселија, јазикот остана основната и најсилната жива врска што нè врзува и обединува. Тука, во Република Македонија, и насекаде во светот каде што живеат Македонци. Тука, во херојско Крушево и насекаде каде се зборува, твори и пее на македонски јазик. Затоа, никој нема право да разговара, а не пак да преговара за преименување на нашиот македонски јазик.“ Обраќање по повод одбележувањето на Државниот празник Илинден, Крушево, Мечкин Камен, 2 август 2012 година • ДА СЕ ПРИФАТИ ДРУГИОТ, ДА СЕ НЕГУВА РАЗЛИЧНОСТА „Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми..., Почитувани христијани, муслимани, Евреи... Почитувани сограѓани, Да се биде Македонец и граѓанин на Република Македонија значи да се почитува и да се прифаќа културата, верата и обичаите на другиот. Да се негува различноста што сите нас нè прави побогати, обединети и единствени. Република Македонија ни припаѓа на сите нам, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Ние, пак, си припаѓаме едни на други, како што ѝ припаѓаме на нашата заедничка и единствена татковина Македонија.“ Одбележување на Државниот празник Илинден, Пелинце, 2 август 2013 година 40


• ДА СЕ ПРЕСТИГНУВАМЕ ВО ДОБРИНА! „Севкупното дело на св. Климент нè упатува кон врвните етички вредности и принципи. Да имаме личен и професионален интегритет. Да бидеме одговорни, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност. Наша одговорност е да го чуваме и унапредуваме правото за кое пред многу века се изборија сесловенските светители и просветители и кое го зацврсти св. Климент Охридски – правото на народот да зборува, пишува и чита на сопствениот јазик“ Обраќање на Свечената академија по повод 8 Декември - празникот Св. Климент Охридски, 7 декември 2012 година „Само единствени и обединети околу стратешките цели ќе истраеме на нашиот пат. Пат кој води до целта која ги обединува граѓаните на Република Македонија, независно од нивната верска, етничка или политичка припадност. Само заедно ќе успееме да ја оствариме нашата историска мисија. Просперитетна, посреќна, побогата и посплотена европска Македонија“ Обраќање на Свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2010 година „Цврсто сме решени да истраеме на нашиот праведен пат. Пат што пожртвувано го пробија великаните на нашата историја – илинденците и учесниците во големата Народноослободителна и антифашистичка борба на Македонија“ Покровител на Свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, 10 октомври 2013 година „За денешни услови, несфатливо е на просторот од каде е земена основата за сите словенски јазици, да не се дозволува употребата на јазиците кои произлегуваат од таа основа. Да не се дозволува да се учат како мајчини јазици“ Покровителство и обраќање на Свечената академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 22 мај 2013 година „Создавањето заедничка иднина е возможно само со почитување и со разбирање на различностите. Затоа сме горди на етничкиот и на јазичниот диверзитет. Затоа славејќи го Денот на албанската азбука заеднички го прославуваме и сплотувањето и зближувањето на двете култури кои опстојувале заедно со векови.“ Честитка по повод одбележувањето на 22 Ноември - Денот на Албанската азбука „Трагедијата на холокаустот е дотолку поголема за Македонија поради заемната посветеност и пријателството меѓу Македонците и Евреите, меѓу Република Македонија и Државата Израел. Пријателство кое се темели врз силно препознавање, разбирање и заемна поддршка“ Комеморијална академија во сеќавање на холокаустот на Евреите од Македонија, 9 март 2011 година

41 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

XI. ОДЛИКУВАЊА И ПРИЗНАНИЈА 42


Преку одликувањата, како претседател на сите граѓани, порачувам: Република Македонија не ги заборава своите херои. И малите и големите, и починатите и живите, и тие што се родени на оваа почва и тие што се од други земји. Признанијата ги доделив на македонски граѓани за своите заслуги за придонесот во создавањето на независна македонска држава, за остварувања во културата и општествениот живот, за покажаната храброст и самопрегор при воени мисии и спасувачки операции, за спортски успеси и научни достигнувања, но и на странски државјани кои со своите дела ја задолжиле Република Македонија и со тоа придонеле кон нејзина афирмација во светот. Доделив ордени, медали и повелби на значајни македонски државни и културни институции за резултатите постигнати во својата долгогодишна дејност со што дале непроценлив придонес за Република Македонија. Со постхумното доделување на ордени и медали на личности од македонската историја сакав да ја исправам неправдата со која овие македонски дејци беа намерно бришени или премолчени од тогашната историја. Постхумно им доделив медали на припадниците на македонските безбедносни сили со што им се оддаде должната почит на оние што ги дадоа своите животи бранејќи ја татковината во воениот конфликт од 2001, но и на оние што ги загубија животите во рамките на мировните мисии како припадници на македонската армија. Ја доделувам и наградата Национален уметник востановена со Законот за национален уметник како највисоко признание од областа на културата, на уметници кои дале врвен придонес во градењето и во унапредувањето на културата и уметноста во Република Македонија. Сето ова го правев за да пратам силна порака до македонската јавност дека сè што е постигнато во културата, спортот, општествениот живот е вреднувано и забележано од државата.

Одликувани Методија Андонов-Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ посмртно, Никола Кљусев, прв Претседател на Владата на РМ посмртно Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на РМ д-р Роман Херцог, поранешен претседател на СР Германија Уфе Елеман Јенсен, поранешен МНР на Данска д-р Жељу Желев, поранешен претседател на Бугарија Џон Битов, од Канада Бронислав Коморовски, претседател на Република Полска Виктор Орбан, премиер на Унгарија Н.В. Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, Емир на Државата Катар Национална установа “Фестивал Охридско лето”-Охрид Државен архив на Р.Македонија НУ “Манифестација струшки вечери на поезијата” НУ Турски Театар – Скопје Правен факултет”Јустинијан Први”, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Мировен Корпус од САД

Орден Орден на Република Македонија Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден “8- Септември” Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија 43 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Одликувани Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово посмртно Круме Кепески, автор на првата македонска граматика посмртно, Тоше Проески Есма Реџепова-Теодосиевска Симон Трпчески, пијанист посмртно Лиана Думитреску, од Романија Н.В. Ото Фон Хабсбург Евгениј Суханов, Русија 2.механизиран пешадиски баталјон од 1. механизирана пешадиска бригада на здружената оперативна команда на Армијата на Република Македонија Ренџерскиот баталјон од полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија Полкот за специјални операции на АРМ Митре Арсовски, прв началник на ГШ на АРМ Националната гарда на Вермонт, САД Воената академија на Република Турција Енио Мориконе, композитор и диригент од Република Италија Кијоши Мизуно, почесен генерален конзул на РМ во Јапонија Елена Верижникова, Русија Ангел Митревски, иселеник од РМ во Хрватска Илона Захариева, иселеник од РМ во Италија Павле Велков, иселеник од РМ во Швајцарија Владимир Ралев, иселеник од РМ во Швајцарија Мајк Зафировски, иселеник од РМ во САД Борис Ничов, иселеник од РМ во САД Коста Гас Стенвик, иселеник од РМ во Канада Ферид Мурад, иселеник од РМ во САД Зоран Ќосески, иселеник од РМ во Австралија Зоран Бечваровски, иселеник од РМ во Австралија Виолета Јовановска, иселеник од РМ во Австралија Диана Стерјовска, иселеник од РМ во Австралија Јованка Смилевска, иселеник од РМ во Австралија Даниел Димевски, претседател на македонската кошаркарска федерација членовите на Македонската кошаркарска репрезентација -кошаркарите: Перо Антиќ, Владо Илиевски, Предраг Самарxиски, Марко Симоновски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Тодор Гечевски, Лестер Меккалеб и

44

Орден Орден за заслуги за Македонија Орден за заслуги за Македонија Орден Орден Орден Орден Орден Орден

за заслуги за Македонија за заслуги за Македонија за заслуги за Македонија за заслуги за Македонија за заслуги за Македонија за заслуги за Македонија

Орден за воени заслуги Орден за воени заслуги Орден за воени заслуги Орден за воени заслуги Орден за воени заслуги Орден за воени заслуги Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија Медал за заслуги за Македонија

Медал за заслуги за Македонија


Одликувани стручниот тим: Врбица Стефанов, Марин Докузовски, Марјан Лазовски, Марјан Србиноски, Благоја Кечовски, Никола Николовски, Ненад Попоски, Михајло Маноилов, Илчо Мерxановски, Зоран Крстевски и Дејан Лекиќ членовите на Македонската ракометна репрезентација -ракометарите: Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Стевче Алушовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Аце Јоновски, Бранислав Ангеловски, Владимир Темелков, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Борко Ристовски, Никола Маркоски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петре Ангелов, Филип Лазаров и стручниот тим: Звонко Шундовски, Андон Бошковски, Михајло Ивановски, Небојша Настов, Роберт Велчевски, Влатко Илиески, Михајло Михајловски, Марјан Начевски Драган Начевски, Никола Панчевски, Никола Љушев, Ива Чадиковска, Стефанчо Коруновски Припадници на АРМ: - потполковник Орце Јордев, -мајор Драганчо Војнески, - мајор Димче Велков, - постар водник Стојче Стоилов, - постар водник Зоран Ристов и - водник Зоран Трајков Сами Нуредини Посмртно, загинати припадници на АРМ- 2001 год.(вкупно 46) Посмртно, припадници на АЛТЕА (вкупно 11) Посмртно, загинати припадници на МВР- 2001 год.(вкупно 32)

Орден

Медал за заслуги за Македонија

Медал за заслуги за Македонија

Медал за заслуги за Македонија

Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст Медал за храброст

Доделени признанија – Повелби на Република Македонија на: 1. Владислав Барчиковски 2. Златно славејче 3. Скопски џез фестивал 4. Друштво на писатели 5. Македонски ПЕН центар 6. Македонски организации од дијаспората: • Асоцијација на македонски друштва „ФОРУМ“- Швајцарија • Македонско добротворно друштво „МАКЕДОНИЈА“-Швајцарија • Македонско културно друштво „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ- КРАЊ“-Словенија • Национален совет на Македонско национално малцинство во Република Србија • „Обединети Македонци од Канада“ • Македонски меѓународен комитет за човекови права -Канада • „Обединета Македонска дијаспора“-САД • Австралиско-македонски комитет за човекови права -Австралија • Македонско просветно училиште за Нов Јужен Велс –Австралија 7. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје - со Одлука бр.07-167/1 од 18.11.2013 год. 45 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

XII. ПРОЕКТИ И ИНИЦИЈАТИВИ 46


1. НАРОДНИ КАНЦЕЛАРИИ Народните канцеларии се место каде граѓаните можат да ги изложат своите иницијативи, предлози и сугестии од јавен карактер. Преку народните канцеларии граѓаните имаат можност да се запознаат со моите активности и да даваат своја оценка и мислење за истите. Отворени се вкупно три народни канцеларии. Првата беше отворена во Скопје на 30 април 2010 година. Втората народна канцеларија е отворена во Тетово на 20 февруари 2011 година, додека третата во Битола на 22 април 2012 година. Во согласност со Уставот и со Законот за постапување по претставки и предлози, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија функционира одделение кое ги разгледува претставките и предлозите доставени од граѓани, а кои се поврзани со заштита и остварување на нивни права и интереси, потоа јавните интереси утврдени со закон, како и заради поведување други иницијативи од јавен интерес. Заклучно со 2013 година, до мојот кабинет се пристигнати над 1.500 претставки и предлози, вклучително и преку Народните канцеларии. Досегашното функционирање на народните канцеларии недвосмислено покажа дека граѓаните сакаат активно, преку своите идеи, да придонесат во општествените процеси и текови во Република Македонија. Преглед на дел од настаните организирани во Народните канцеларии: • 16 јуни 2011 година – Крводарителска акција, организирана од Алумни асоцијацијата на Иванов школата за млади лидери (ИСЛАА) и волонтерите од Народната канцеларија; • 9 ноември 2012 година – Изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници; • 15 ноември 2012 година – Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата; • 5 декември 2012 година – Одбележување на Меѓународниот ден на волонтерството; • 13 декември 2012 година – Предавање одржано од најдобриот млад научник за 2011 година, Трифче Сандев, пред студентите од техничките науки; • 27 февруари 2013 година – Онлајн натпревар по математика под покровителство на Претседателот на Република Македонија; • 6 март 2013 година - Претседателот Иванов ги посети најдобрите математичари - учесници на светски онлајн натпревар; • 11 април 2013 година - Предавање за наноматеријали и нанотехнологии во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија; • 21 мај 2013 година - Ораторска вечер на тема: „Науката и младите во Република Македонија“; • 23 мај 2013 година - изложба на наградени експонати изработени од студентите на насоката индустриски дизајн на Машинскиот факултет (Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје); • 11 јули 2013 година - Инфо ден за иновативни мали и средни претпријатија и претприемачи, насловен „Бизнис-ангели за иновативни МСП и претприемачи 2013“, во организација на ЕУ-Проект центар за знаење и иновации – ЕМКИЦЕ; • 23 декември 2013 година – Предавање на д-р Катерина Бачева, најдобар млад научник за 2012 година, на тема „Дистрибуција на тешки метали во примероци од животната средина во околината на рудникот Алшар“. 47 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

2. ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ Школата за млади лидери е проект што за првпат го иницирав во мојата изборна програма. Преку Школата се обидов да ја остварам својата визија да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и да ги усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерските способности. На четирите обуки, што се организираа од 2010 до 2013 година во Охрид, учествуваа над 150 млади луѓе од Македонија и од странство, со различен академски и професионален фокус. Сите имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Пред четирите генерации учесници на Школата за млади лидери свои предавања одржаа над 100 еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, државници, политичари, парламентарци од европски земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис-групации. Водечката идеја на Школата е да ги поттикне позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција, и културната и религиска диверзификација. Иако првично замислена како школа за едукација на лидери во политиката, Школата за млади лидери прерасна во темелна обука што ги учи учесниците и на деловни вештини, односи со јавност, управување со фондови, аплицирање и менаџирање на европски проекти. Реализацијата на Школата во целост беше финансирана преку донации од приватниот сектор, кој, мора да истакнам, ги препозна долгорочните придобивки од одржувањето на Школата и несебично ја поддржа. Велат „..општеството е како брод и во секое време треба да постојат луѓе кои ќе бидат подготвени да го преземат кормилото...“. За идните кормилари да бидат подготвени да го преземат кормилото мора постојано да се инвестира во нивниот развој и наобразба. Дека се работи за жив проект најдобар доказ е формирањето на асоцијација на Алумнуси на Школата за лидери – ИСЛАА, организација што во себе ги обединува четирите генерации на Школата. Овие Алумнуси во јули 2012 година во Охрид се сретнаа и дискутираа и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, за време на неговата посета на Македонија. 3. НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК Во секој поглед ја поддржувам науката, затоа го отпочнав проектот „Најдобар млад научник“. Преку овој проект се воспостави традиција за избор на најдобар млад научник научник за секоја тековна година. Проектот ги опфаќа сите млади луѓе до 30 години кои се занимаваат со наука и научни истражувања, и кои во досегашната научна работа имаат постигнато исклучителен научен резултат. Носители на признанието „Најдобар млад научник“ Досега, имав чест и можност признанието да им го доделам на четворица истакнати млади македонски научници.

48

Свечено доделување на признанието „Најдобар млад научник“ за 2012 година на Катерина Бачева, ноември 2013 г. Скопје

Свечено затворање на третата по ред Школа за млади лидери, август 2012 година, Охрид


За 2010 година, м-р Никола Златанов м-р Никола Златанов, неговите сегашни истражувачки интереси припаѓаат во генералното поле на безжичните телекомуникации. За 2011 година, д-р Трифче Сандев д-р Трифче Сандев, поле на интерес и истражување се природно-математичките науки, поконкретно физиката и математичката физика. За 2012 година, д-р Катерина Бачева д-р Катерина Бачева, научноистражувачката работа на д-р Бачева, е фокусирана на областа на аналитичка хемија и хемија на животната средина. За 2013 година, м-р Петар Стојанов м-р Петар Стојанов се занимава со биоинформатичка анализа на податоци од генетските нарушувања кај карциномите. 4. ПРЕТПРИЕМАШТВО Вложувањето во развојот на претприемаштвото и на претприемачката култура кај младите е многу важно за Република Македонија. Малите и средни претпријатија се од витално значење за успешноста на економијата на една земја. Ако прифатиме дека претприемаштвото е процес на идентификување на можностите и искористување на корисните идеи во практката, тогаш сме обврзани за тоа да ги учиме нашите млади од најрана возраст. Водејќи се од оваа премиса во текот на целиот мандат правев напори да се донесат на исто место: креаторите на политики и одлуки (претставници на Влада и државни органи), науката (универзитети, истражувачки и развојни центри, start-up центри и инкубатори) и луѓе од практиката (претприемачи, мали и средни претпријатија), за да дискутираат на темите кои се од клучна важност за подобрување на конкурентноста на нашата економија. Во 2011 година прифатив покровителство на 4. Меѓународна конференција за претприемаштво, иновации и регионален развој во Охрид, на која учествуваа луѓе од науката и практиката, но присуствуваше и претседателот на Европската академија за науки и уметност. Важно е подигањето на свеста кај учениците и студентите за значењето на претприемаштвото во рамките на економијата, и самовработувањето како битна компонента во економскиот развој. Ја врачив и првата награда од Националниот натпревар за најдобри бизнис-планови изработени од ученици од средните училишта на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица за бизнис-планот насловен „Алум Македонија“, во натпревар во кој земаа учество повеќе од 30 училишта со вкупно 34 бизнис-планови. Бев покровител на конференцијата „Претприемаштвото во образовниот систем во Република Македонија“ која се одржа во 2011 година во рамки на прославата на Европската недела на мали и средни претпријатија. Како претседател се обратив и на свеченото отворање на „Глобалната недела на претприемаштвото“ во организација на Претприемачкиот сервис за млади – ПСМ фондација и Агенцијата за поддршка на претприемаштвото на Република Македонија - АППРМ. Во ноември 2011 година лично ја посетив ПСМ фондацијата за претприемаштво и инкубаторот што работи во нејзини рамки и ги поттикнав младите претприемачи кои ги презентираа своите бизнис-идеи поддржани од инкубаторот. Теориските знаења што студентите ги стекнуваат на универзитетите треба да бидат применливи. Научните сознанија треба да бидат искористени и во бизнисот. Затоа прифатив да бидам покровител на Меѓународната научна конференција посветена на „Предизвиците на науката во економија базирана на знаење – состојби и перспективи“ во организација на Економскиот институт при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во мај 2012. 49 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

5. ДУХОВНИ ДИЈАЛОЗИ Во изминатите пет години ги поставив темелите на Духовните дијалози – иницијатива која има за цел да придонесе кон зајакнување и кон унапредување на односите меѓу верските заедници, истакнувајќи ја важноста и потребата од постојана комуникација и соработка меѓу верските заедници и нивните лидери. Веднаш по преземањето на функцијата, уште на првиот работен ден, се сретнав со лидерите на петте верски заедници во државата – Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница. Со моите соговорници се согласивме дека во општеството треба да се води искрен граѓански дијалог околу сите прашања, при што сите учесници во дијалогот треба да го имаат предвид достоинството на носителите на различните мислења. Јас сум посветен православен христијански верник, но со длабока почит кон верскиот плурализам во државата. Негувајќи ги семејните традиции, моето семејство и јас без исклучок присуствуваме на свечените литургии и одбележувања по повод големите христијански празници: Божиќ, Велигден, Св. Климент, Богојавление – Водици, Успение на Пресвета Богородица и сите празнични денови кои го слават мирот и почитувањето, разбирањето и заедништвото, дарувањето и помагањето. Овие празници се прилика кога упатувам порака до сите граѓани да ги почитуваат и практикуваат човекови вредности, да го прифатат другиот – од себе различниот, да ги потврдат заедничките заложби за негување на верските различности и религиозните посебности како врвна вредност на нашето општество и целиот цивилизиран свет, да ја негуваат љубовта кон своите сограѓани и кон татковината, вложувајќи во поубава и посветла заедничка иднина. Чест ми е што сум првиот претседател на Република Македонија кој присуствуваше на традиционалните заеднички вечери – ифтар за време на светиот муслимански месец Рамазан да присуствува на традиционалните, заедно со претставниците на Исламската верска заедница. Со овој мој искрен гест, сметам дека покажав дека длабоко почитување на верниците од муслиманска вероисповед и праќам порака за соживот, верска и етничка толеранција. На одбележувањето на 150-годишнината од Кукушката унија, присуствував на Света божествена литургија во Катедралната црква „Успение на Света Богородица“ во Струмица, а со која чиноначалствуваше загрепскиот кардинал Јосип Бузаниќ, во својство на личен пратеник на папата Бенедикт XVI. На литургијата присуствуваа и претставници на католичките цркви од Италија, Хрватска, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Во мај 2011 година присуствував на церемонијата на беатификација на папата Јован Павле II, што се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, во присуство на голем број угледни политички и општествени личности од целиот свет, верски челници од други конфесии и околу милион верници. Остварив средба со папата Бенедикт XVI. Заедно заклучивме дека Република Македонија и Светиот престол негуваат односи исполнети со заемно разбирање и поддршка, како и дека споделуваат исти надворешно-политички ориентации и залагања на меѓународен план, афирмирајќи ги врвните морални вредности. Република Македонија има многуетничко, многурелигиско и многујазично општество каде дијалогот, почитувањето и прифаќањето на различноста се вековна традиција. Предводејќи ја државната делегација на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“, присуствував на молебен на гробот на свети Кирил во Рим. Во март 2013 година ја претставував Република Македонија на церемонијата на инаугурација на папата Франциск што се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Имав можност, заедно со припадниците на Еврејската заедница на Македонија, да присуствувам на вечерната служба за Ханука во синагогата Бет Јаков во Скопје. На прославата ми беше укажана честа да ја запалам првата свеќа на ханукијата. Во март 2011 година, своето длабоко почитување кон еврејскиот народ и неговите страдања, го одбележав и со обраќањето на централниот Комеморијален собир во сеќавање на трагедијата на 7148-те Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Дел од иницијативата Духовни дијалози е и поддршката и покровителството на меѓурелигиски форуми и конференции, кои имаат за цел да го зајакнат меѓуконфесионалниот дијалог, размената и соработката во регионални и глобални рамки. Во сите овие пригоди ја промовирам својата цврста заложба, регионалните и глобалните собири и иницијативи да почнат да продуцираат конкретни акции и проекти, кои ќе придонесат кон напорите да се пресретнат предизвиците со кои се соочува денешната цивилизација.

50

Аудиенција кај папата Бенедикт XVI по повод Денот на Св. Кирил и Методиј, мај 2011 година, Ватикан

Обраќање на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, мај 2013 година


XIII.ПРИЗНАНИЈА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ 51 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

ПОЧЕСЕН ПРОФЕСОР

Диплома за Почесен професор на Московскиот универзитет „Ломоносов“ 10 февруари 2014 година, Москва, Руска Федерација

Сертификат за почесен професор на „Југозападниот универзитет за финансии и економија» во Ченгду, Народна Република Кина 23 октомври 2013 година, Ченгду, Народна Република Кина

52


ПОЧЕСНИ ДОКТОРАТИ

Почесен доктор на науки на Универзитетот „Истанбул» во Истанбул, Република Турција 23 март 2011 година, Истанбул, Република Турција

Почесен доктор на науки на „ТОББ Универзитетот за економија и технологија» во Анкара, Република Турција 9 октомври 2009 година, Анкара, Република Турција

53 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

Почесен доктор на науки на Христијанскиот универзитет „Димитрие Кантемир“ во Букурешт, Романија 6 октомври 2011 година, Букурешт, Романија

ЧЛЕНСТВА ВО АКАДЕМИИ

Сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите 16 декември 2013 година, Скопје, Република Македонија

Почесен протектор на „Европската академија на науките и уметностите“ во Салцбург, Република Австрија 3 март 2012 година, Салцбург, Република Австрија

54


ОДЛИКУВАЊА

Одликување со највисокиот Орден на Малтешкиот ред на „Св. Лазарус“ од Ерусалим 9 септември 2011 година, Скопје, Република Македонија

Одликување со Почесен крст од Европското винско витештво од Ајзенштат 10 јуни 2013 година, Скопје, Република Македонија

Одликување со Орденот на свети Ѓорги од Куќата на Хабсбург-Лотринген 11 декември 2013 година, Скопје, Република Македонија

55 www.ivanov.mk


ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2009 - 2014 ГОДИНА

www.ivanov.mk

56

Отчет на претседателот Ѓорге Иванов 2009-2014  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you