543

Page 23

К О М Е Н ТА Р

ОД ГОТОВОВЕРЕСИЈА! Америка ја шокираше Европа со својата не така едноставна одлука. Ги залади односите со една членка на НАТО и на ЕУ, држава која претставува исклучително важен географски и стратешки партнер по многу прашања. И тоа го направи само за да направи нешто за малата Македонија. Нашиот исклучително слаб дипломатски и амбасадорски потенцијал во највлијателните светски метрополи може сериозно да ја ослабне македонската позиција кај европските земји. Тие, пак, од ден на ден сè повеќе застануваат на грчка страна, игнорирајќи ја Бушовата одлука за признавање на нашето уставно име.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

мериканскиот претседател Џорџ Буш им соопштил на властите во Атина дека Вашингтон ќе ги прифати резултатите од грчко-македонските преговори околу името на Република Македонија. Кабинетот на грчкиот премиер го објави писмото на Буш, во кое тој тврди дека американската одлука за признавање на уставното име на Република Македонија е начин да се порази референдумот во Македонија "кој бил инспириран од национализам". "САД мораат да реагираат брзо и одлучно, со оглед на брзината на случувањата и високите влогови во врска со македонскиот референдум на 7 ноември", напишал Буш. Како да го толкуваме ова и како да го коментираме? Пред два-три броја на неделников пројавив одредена скептичност во однос на тогашните случувања, а песимизмот се појави како резултат на тоа што ние Македонците не сме навикнати да добиваме нешто што би било од наша полза. Ниту на сон никој од нас не можеше да поверува дека администрацијата на американската Влада еден ден ќе го подигне нашето достоинство, и тоа на начин на кој до неодамна само фантазиравме и го сметавме за неостварлива визија. Ете

А

и тоа се случи. Америка ја шокираше Европа со својата не така едноставна одлука. Ги залади односите со една членка на НАТО и на ЕУ, држава која претставува исклучително важен географски и стратешки партнер по многу прашања. И тоа го направи само за да направи нешто за малата Македонија. Се прашувавме зарем ова е можно. Грција почна да спроведува силна дипломатска мисија со цел да ги разубеди земјите - членки на Унијата да не преземаат ништо во насока на следење на чекорите на Бушовата администрација. Деновиве евидентно се забележува дека грчките лобисти мошне умешно и вешто успеваат да го направат тоа. Прашањето е каде се сега нашите лобисти? Дали ја трчаат трката која ја трчаат и Грците или сè им препуштија на авторитетите од САД, за тие во наше име да ја туркаат работата?

КОМПРОМИСНО БИЛАТЕРАЛНО РЕШЕНИЕ?! Арно ама и тие што нè признаа полека почнуваат да ретерираат во своите ставови и погледи. Доколку, пак, ние посериозно не ја оправдаме потребата од употребата на нашето уставно име во меѓународната комуникација, токму истите тие денес-утре можат да се сетат, та да ни речат: "Што беше, беше, помина!" Во овој момент, Република Македонија не смее да покаже ниту процент флексибилност во однос на ова прашање, односно никогаш повеќе не треба да си дозволи да влезе во стапицата на било какви преговори за своето име со било која светска институција. Всушност, постепено мора преговорите да замрат. Единственото нешто што сега можеме да си го дозволиме да се сведе под терминот "дипломатија за името", е тоа да се најде реално компромисно билатерално решение меѓу Скопје и Атина. Со тоа би се остварила дипломатската визија на македонските власти, односно дека единствената прифатлива формула за нас е нашето уставно име во меѓународните релации, а некаков соодветен компромис со Грција во билатералните односи. Допрва ќе се види колку тоа ќе биде изводливо? Но, како што тргнале работите, грчките лобисти можат да ни наметнат едно поинакво темпо на работите, а како последица на тоа нашата извојувана победа да биде дисквалификувана. Ако биде така, тие оправдано во целиот случај би се нарекувале морални победници. Колку тоа убаво би одѕвонувало во ушите на грчките политички и јавни личности! Како што тргнало, Македонија ќе направи од готово - вересија! Ја добивме погачата, ќе го изгубиме лебот, останавме со каменот. Нашиот исклучително слаб дипломатски и амбасадорски потенцијал во највлијателните светски метрополи може сериозно да ја ослабне македонската позиција кај европските земји. Тие, пак, од ден на ден сè повеќе застануваат на грчка страна, игнорирајќи ја Бушовата одлука за признавање на нашето уставно име. Интересен е и податокот кој овие денови кружи во атинските медиуми, а според кој Грција имала информации уште во мај годинава и знаела дека Америка ќе го признае нашето уставно име. На 20 мај всушност тоа и му било посочено на Караманлис, за време на појадокот со Џорџ Буш во Белата куќа. Зошто Грција го криела тоа, сè уште е нејасно. Но, сепак нови шпекулации индиректно наметнува и следново известување на станицата "Мега", според кое: "Двете страни често разговараа за тоа прашање. Американците повторуваа дека сакаат да го признаат уставното име на Република Македонија, а го објаснија и начинот на кој ќе го направат тоа", изјавил анонимен американски функционер. Потенцираме - "го објаснија начинот на кој ќе го направат тоа". Малку нејасно и контрадикторно. Значи, вашингтонската администрација добро му објаснила на грчкиот премиер "како ќе го направат тоа". Од друга страна, пак, сега зачудува фактот што Владата

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.