814

Page 1

Macedonian Sun

WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION

MONTHLY EDITION

S NCE

Година XX, Број 814, Јули 2017

WEB ИЗДАНИЕ

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА, ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ПО ПОВОД 2РИ АВГУСТ  ИЛИНДЕН


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Обраќање по повод 2-ри Август – Илинден Почитувани, По повод прославување на 114 години од Илинденското Востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот „Прохор Пчински“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, со писмено обраќање упатува честитка до граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци ширум Светот: Драги браќа и сестри, Без разлика на сериозните предизвици со кои се соочуваме веќе подолг период, историските дилеми и лажното толкување на фактите кои ни се наметнува со притисоци и закани за нашата иднина, ние како горд и достоинствен Македонски народ никогаш не смееме да заборавиме дека „Илинден“ е еден од нашите најголеми Македонски празник, Денот на Републиката, Светиот датум на Првото заседание на АСНОМ, Денот по кој отсекогаш се одредувала Македонската историја, и тоа, на времето пред двата Илиндена, кога Македонија била под ропство, и на времето после двата Илиндена, кога Македонскиот народ храбро и одважно го дигна својот глас и ја извојува долгоочекуваната слобода. Затоа, со голема гордост сакам да Ви го честитам 2-ри Август, „Илинден“ и од името на целата Македонска Дијаспора да Ви порачам да продолжиме да бидеме горди на нашето минато и исправено да чекориме по патот кој нашите претци ни го трасираа и се бореа за да живееме достоинствен живот во нашата Татковина како демократска, независна и унитарна Држава. Знам дека многумина од Вас деновиве чувствуваат горчина и пелин во душите. Многумина ми пишуваа и се јавуваа да побараат од мене помош, некој да стави крај на сите обиди за наше понижување како народ. Македонија низ историја поминала безброј премрежја, разни окупаторски сили се обидувале да не угнетат, да не присвојат, асимилираат за да исчезне нашиот Македонски идентитет, јазична и културна посебност. Политиката на одредени елити кај соседите никогаш до крај не била искрена кон нас. Сакаат да не месат како тесто и да не моделираат по нивни терк. За жал, не ретко, во овие свои намери, си наоѓаат соработници и меѓу нашите општествено политички фактори. Но Македонија и Македонскиот народ, никогаш не потклекна. Колку ударите се посилни, ние Македонците уште пожестоко опстојуваме и со го браниме своето. Можат уште 100 патти да не’ ни дозволуваат да одиме во „Прохор Пчински“, но никогаш не можат да ни го одземат АСНОМ. Ниту еден Договор за добрососедство не може да ја смени реалноста. Македонија и Македонскиот народ за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ. Бадијала заедничко славење, бадијала тврдење дека имаме заедничка историја, бадијала издавање на Бугарски пасоши во Пустец, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора во Албанија, Македонскиот народ никогаш нема да биде жртва на политички одлуки! Кој што сака нека потпишува, Македонија никогаш нема да се откаже од своите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од границите на Републиката. Ниту ние, ниту генерациите кои доаѓаат, не можат да ја избришат историската неправда која ни беше направена со Букурешкиот Договор. Сакаме добрососедски односи, но на принципилена основа, без уцени и барања чие исполнување оди на наша штета. Сите обиди за велепредавство на Македонските национални интереси од актуелните Македонски политички фактори ќе бидат пресретнати од Македонскиот народ! Ние никогаш нема да се согласиме да попуштиме под уцените на официјална Атина и да се откажеме од сопствениот Македонски идентитет и светото вековно име Македонија! Сакаме да станеме полноправен член на ЕУ и НАТО Алијансата но врз основа на принципите на меѓународното право и правда. Македонски народе, Ние мора да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, во изградбата на една модерна и просперитетна држава која никогаш нема да ги заборави својата култура и традиција. На оние кои се обидуваат да ни наметнат историја со други корени да им порачаме дека Македонија е вечна и исконска земја, да се биде Македонец е нешто свето и тоа никогаш нема да можете да ни го земете. Наша заедничка патриотска должност е да се избориме за силна, стабилна, просперитетна и обединета Македонија! Тоа е наследството од нашите претци и нашиот влог за генерациите Македонци кои доаѓаат. Како што Македонците беа обединети за време на Илинденското востание, денес нашата патриотска должност повторно не повикува да бидеме сложни и решителни за одбрана на нашата Македонска историја и нашата сигурна иднина во која нема да влеземе обезличени, откажани од нашиот Македонски идентитет и променето свето име Македонија! Нека ни е честит 2-ри Август! Нека ни е вечна Татковината!

Makedonija МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

e edna!!!

Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ПЛАН 3-6-9: Премиерот Зоран Заев денеска го објави Планот 3-6-9, кој како што рече е првиот чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции, после големиот долгогодишен застој на државата. Овој план, што Владата го усвоила на вчерашната седница е првиот чекор на итните реформски приоритети, а името План 3 – 6 – 9 ги означува наредните временски точки на придвижувањето напред

ДА СЕ ТРГНЕ УСЛОВЕНАТА ПРЕПОРАКА, РЕЗУЛТАТИ И ПРЕГОВОРИ

З

а три месеци, како што појасни Заев, треба да се заокружат првите реформи, односно до одржувањето на локалните избори да се обезбеди аргументација за Европската Комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапните преговори. За 6 месеци би бил заокружен вториот реформски круг, што подразбира до Советот на ЕУ во декември 2017 Македонија да покаже сериозни резултати во повеќе области што ќе ја зацврстат перцепцијата како сериозна земја кандидатка на Европската Унија. За 9 месеци би се имплементирал третиот круг реформи, за до следниот Извештај на ЕК за Македонија да се насочат земјите членки на Унијата кон дискусија за утврдување датум за претпристапни преговори на Европската унија со Република Македонија. На денешната прес конференција Заев најави: демократски Парламент, реформи во судството, во медиумите, во

јавната администрација и безбедносните служби, борба против организираниот криминал и корупцијата, услови за фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации и кохабитација со претседателот на државата. -Владата ќе продолжи да соработува со граѓанското општество како рамноправен партнер и коректор на нејзините 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

одлуки, со целосно право да учествува во градење на политиките, да сугерира и да критикува. Имаме намера, дијалогот на Владата со граѓанското општество да биде континуиран, транспарентен и целосно инклузивен. Ќе овозможиме опозицијата да се вклучи во спроведувањето, надзорот и консултациите околу мерките во Планот, како и сите други поединци, групи, партии, организации, рече Заев.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со новата провокација на Претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос, кој на средбата со студентите од Грчкиот Американскиот институт, повторно ја обвини Македонија за иредентизам, територијални тенденции, фалсификување на историјата и користење на неисториско име, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

С

ега е уште појасно зошто медијаторот Метју Нимиц од Македонија не се упати во Грција. Ако првата изјава на Прокопис Павлопулос по средбата со Никола Димитров во Атина, промената на Владата кај нас, и конструктивната атмосфера што се обидува да ја наметне новиот Премиер Зоран Заев во односите со нашиот јужен сосед, е со истата скандалозна и националистичка реторика, тогаш бадијала се покренуваат очекувањата дека официјална Атина ќе ја смени реториката и досегашната политика кон Македонското прашање. За жал, нова провокација на Павлопулос ја потврдува горката вистина дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот. Токму затоа, Македонската Алијанса оцени дека „конструктивноста“ на Премиерот Зоран Заев, кој во своето интервју на јавниот сервис, изјави дека новата Влада нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми, е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Новата Влада во Македонија може уште сто пати да

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС изјавува дека нашето реферирање на античките корени на Македонскиот народ, било провокација за нашиот јужен сосед и одело на штета на Македонија, но тоа ништо не менува. Крајно време е да престане праксата наши Македонски политичари да чувствуваат вина или јавно да демонстрираат каење, мислејќи дека така ќе ја одоброволат Атина. Тоа е веќе пробано и очигледно е дека не функционира! Ние не бараме ништо на подарок. Нашите меѓународни сојузници треба конечно да обезбедат официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Македонија така веднаш ќе стане членка на НАТО Алијансата, што ќе ги релаксира внатрешните состојби и ќе обезбеди стабилност во регионот. Веќе втора година Прокопис Павлопулос во серија и со умисла го провоцира Македонскиот народ. Тој намерно избира, од Егејска Македонија, од Воден, Солун, Костур, Сер кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор, да изјавува и да не обвинува дека ние како Држава шириме иредентизам и ја фалсификуваме историјата. Македонската Алијанса бара од но04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

вата Влада да ја осуди новата провокација на Грчкиот Претседател оценувајќи ја штетна за добрососедските односи. Македонскиот шеф на дипломатијата треба јавно да го праша Прокопис Павлопулос, ако тој навистина верува во тезата дека нашето свето име Македонија нема врска со нашата историја, тогаш зошто нивната асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите Македонски топоними во присвоената Егејска Македонија? Најодговорните политички фактори, треба конечно да сфатат дека на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку консензус за прашањата од национален интерес. Треба да знае дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со вчерашната средба во Брисел меѓу Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsиас и медијаторот на ООН за спорот за името, Метју Нимиц, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СРЕДБАТА КОSИАС  НИМИЦ ВО БРИСЕЛ

Г

рчките власти продолжуваат со својата политика на две лица. Едното за внатрешна, другото за надворешна употреба. Сепак, и двете страни на нивната политика има заеднички именител, како Македонскиот народ да биде притиснат да се откаже од името и идентитетот по нивни - Грчки терк. Кога се дома, сите највисоки Грчки претставници се закануваат на Македонија и се тркаат меѓу себе кој е порадикален, кога се надвор, не обвинуваат за иредентизам и фалсификување на историјата, паралелно продавајќи ја нивната лажна конструктивност со алиби мерките за градење доверба. Вчерашната Бриселска средба, како и претходната трилатерала во Солун, имаше една цел, да се повторат тврдите, црвени линии на Грчките власти по прашањето на името, за кои постои национален консензус кај нашиот јужен сосед. Се разбира, наивно е да се премолчи суровата вистина дека и соседна Бугарија и Србија даваат поддршка на ставот на официјална Атина. Клучното прашање во овој тежок период за Македонија е што правиме ние внатре и како се однесуваат најодговорните политички фактори во нашата Татковина? Зарем се уште не ни е јасно дека Македонија е нападната од сите страни? Долготрајната политичка криза создаде предуслови соседите да ги испорачаат своите услови или уцени. Од „Тиранска платформа“ од чие исполнување зависи векот на новата Влада, преку Договор за добрососедство со Бугарија склучен по секоја цена, набрзина и тајно, шизофрени ставови на Србија и каење што не признале под Уставно име, до тезите на Грција дека меѓународната заедница многу не има разгалено. А ние внатре, како хипнотизирани продолжуваме да си ги вадиме очите, притоа заборавајќи што е основна должност на секој избран претставник на народот. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат да се обвинуваат меѓу себе, кој колку трошел, колку изел, колку вработил или отпуштил, кој колку украл и зграбил од народот, небаре самите се ревизори, обвинители или судии. Притоа, целосно се глуви на

сите апели, како најодговорни политички фактори, да изградат консензус за националните прашања. Македонската Алијанса ги повикува ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да прифатат итни измени во законодавството со кои освен казните за евентуално сторен криминал и корупција при обавување на Државна функција, ќе се воведе доживотна забрана за занимавање со политика за сите оние за кои ќе има правосилна судска пресуда. Така, меѓусебните обвинувања од забава за народ ќе станат исклучива надлежност на правосудните органи кои низ транспарентна, неселективна и праведна постапка ќе ги расчистат сите сомневања. Конечно, кој крадел ќе си одговора, без разлика каква функција обавувал. Македонија не може да биде заложник на нечија опсесија да се врати или подолго да се задржи на власт. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ треба веднаш храбро и без комлекси заеднички да ги осудат сите провокации на соседите и нивните обиди за мешање во внатрешните работи на Македонија. Истовремено, веднаш да се донесе одлука за замрзнување на разговорите за таканаречените мерки за доверба со Грција се додека Премиерот Алексис Ципрас не се огради и извини за провокациите на Павлопулос, Каменос и Коsиас кои во секоја прилика ја напаѓаат Македонија по сите основи. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да се усогласат дека нема што понатаму да се исполнува како услов, се додека нашите меѓународни сојузници не обезбедат спроведување на 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и брз влез на Македонија во НАТО Алијансата согласно Времената Спогодба, која Грција ја прекрши со ветото во Букурешт во 2008 и за тоа е осудена со правосилна пресуда на меѓународен Суд. Ако се бара од нас да ги почитуваме меѓународните стандарди, тогаш е логично, без понатамошно одлагање Македонија да добие потврда дека меѓународната заедница нема и понатаму да им прогледува низ прсти на Грчките закани, блокади и нерационални позиции кои брутално ги газат базичните принципи и норми на кои почиваат ЕУ и НАТО, а со тоа прави дрска злоупотреба на правата кои произлегуваат од членството во овие сојузи. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ треба неодложно да ги расчистат сите дилеми со кои се соочува нашиот народ во Татковината и надвор од нејзините граници. Веднаш да ги надминат личните и тесно партиски интереси и да изградат национален консензус кој ќе значи дека дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, без разлика кој е на власт, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од Македонскиот национален идентитет и свето име. Ако ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не можат ова да му го испорачаат на сопствениот народ тогаш нека си заминат од политичката сцена и да им остават простор на оние на кои им се поважни сигурната иднина и стратешките интереси на Македонскиот народ и Држава од фотељите и гола власт.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ЗАЕВ: - Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува јавниот обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен пред годишниот одмор на Собранието затоа што во друг случај, како што кажа, тоа би било банално. - Мислам дека процедурите се јасни. Верувам во ефикасноста на Парламентот заради тоа што во донесувањето на одлуките ќе ја придвижи Македонија побрзо по своите аспирации. Дел од тие аспирации се конечно враќање на независното правосудство, како една од најзначајните реформи кои граѓаните на Македонија и Република Македонија воопшто ги имаат воспоставено како цели, рече Заев, кој денеска присуствуваше на отворениот ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 2017“ на Криволак

ОЧЕКУВАМ ЗВРЛЕВСКИ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН ПРЕД ОДМОРОТ НА СОБРАНИЕТО

И

зрази надеж дека грешки ќе има се помалку, поради тоа што, како што кажа, на сите држави им треба независно правосудство кое ќе одлучува исклучиво по Устав, по закон и по сопствено убедување на судиите и никако поинаку. Одговарајќи на новинарско прашање за влегувањето на граѓанскиот активист Богдан Илиевски Бетмен во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека тоа само уште еднаш ја потврдило тезата која што тие ја кажувале за настаните во Собранието на 27 април. - Навистина е добро осмислена организација со добра мотивација и со конечна цел како што тогаш го дефиниравме - одземање животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи. Можам повторно да се вратам на таа теза која ја кажав. Нека биде поука на сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној којшто нема срам тоа да го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите одлуки, нагласи Заев. Во однос на Избирачкиот список, рече дека Република Македонија и надлежните министерства и Државната изборна комисија (ДИК) треба да продолжат со прочистувањето на Избирачкиот список се додека не се воведе

новиот модел на e-voting, електронско гласање со отисок од прсти. - ДИК и Министерството за внатрешни работи, користејќи ги искуствата од претходните избори, како и практичните искуства кои што се добиени од терен, имаат доволно елементи и алатки за прочистување на Избирачкиот список. Таа тенденција, Република Македонија ќе ја продолжи се додека не го воведеме новиот модел на e-voting, електронско гласање со фингерпринт, односно со отисок од прсти, рече Заев. До тогаш, како што рече, дефинитивно она што го видовме, а што се 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

констатира како слабост на Избирачкиот список, како што се илјадниците граѓани кои ја напуштиле државата и ги определивме под ѕвездичка, но и оние кои навистина беа дуплирани во самите избирачки списоци, треба да се средат. - Веќе се согледани од практичните искуства некои решенија, за кои на најтранспарентен начин очекувам од МВР и од ДИК навремено да ги објават. Граѓаните мора да му веруваат целосно на Избирачкиот список за да можеме да кажеме дека имаме регуларни и кредибилни избори, истакна Заев


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: По повод инаугурацијата на новиот Претседател на Република Албанија, Илир Мета, кој вчера во Тирана, во Парламентот, пред Претседателот на Уставниот Суд положи свечена заклетва и официјално ја презема функцијата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упати следната честитка:

"

ЧЕСТИТКА ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЛБАНИЈА ИЛИР МЕТА

Д

озволете од мое лично име, од името на партијата Македонска Алијанса, чиј Претседател сум, да Ви го честитам официјалното преземање на функцијата Претседател на Република Албанија. Ја користам оваа прилика уште еднаш да Ви изразам благодарност за Вашите активности за време на предизборната кампања за парламентарните избори во Албанија. Со присуството на Македонскиот собир во Пустец ја потврдивте Вашата поддршка за Македонската заедница во Албанија. Навистина ми беше чест да се сретнам со Вас, бидејќи сте политичар кој ја уважува реалноста и значењето на Македонците кои живеат и работат во Пустец, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и на целата територија на Албанија. Вашето ветување дека во Претседателскиот Кабинет ќе има претставник на Македонската заедница е гест кој исклучително го цениме, бидејќи со Вашиот политички легитимитет несомнено давате значаен придонес во демократската борба за поголема политичка факторизација на нашите браќа и сестри Македонци во Албанија. Постои нераскинлива врска меѓу Република Македонија и Република Албанија, а тоа се Македонците кои живеат во Албанија и Албанците кои живеат во Македонија, што за нас како активни политичари претставува одговорност и мотив за зацврстување на нашите односи. Македонската Алијанса континуирано ќе се залага за поттикнување на ентузијазам и оптимизам за проширување на можностите за соработка помеѓу двете земји се со цел успешно остварување на заедничките интереси.

Во таа насока, ја користам приликата да Ви упатам отворена покана да бидете мој личен гостин во Македонија, во мојот роден Прилеп, каде уште еднаш заедно ќе покажеме како се градат мостови за унапредување на билатералните односи меѓу нашите 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

соседни земји. Убеден сум дека ќе бидеме позитивен пример за тоа како се придонесува за развој и долгорочна стабилност на целиот регион“ Со почит, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со новата иницијатива на Групата на пријатели на Македонија во Конгресот на САД за посета на нашата земја од страна на Државниот Секретар на САД, Рекс Тилерсон, како зајакнување на стратешкото партнерство, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРУПАТА НА ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КОНГРЕСОТ НА САД

М

акедонската Алијанса изразува благодарност до Американските Конгресмени кои се потпишаа на писмото упатено до Рекс Тилерсон, со кое бараат посета на Македонија, која би се реализирала после 14 години откако Македонија последен пат е посетена од Државен Секретар на САД. Иницијативата е нова потврда на значајната улога на Македонската Дијаспора која не мирува и постојано лобира на сите полиња покажувајќи ги своите нераскинливи врски со своите браќа и сестри од Татковината. Лани Конгресмените Алекс Муни, Ренди Вебер од редот на Републиканците и Тед Лу од Демократите донесоа одлука да се приклучат на Групата на пријатели на Македонија, а земајќи предвид дека на оваа актуелна иницијатива се потпишани 32 Конгресмени, 14 Републиканци и 18 Демократи, јасно е дека се поголема група на Американски политичари се залагаат за исполнување на стратешките интереси на нашата Татковина. Фактот што во Групата на пријатели на Македонија членуваат Конгресмени и од Републиканската и од Демократската партија, уште еднаш се докажува дека САД е најголемиот, најважниот и стратешки најсилниот сојузник на Република Македонија. Македонската Алијанса смета дека е од исклучително значење Државниот Секретар на САД,

Рекс Тилерсон, да ја посети Македонија како зацврстување на стратешкото парнерство и како одговор на сите обиди на засилено Руско влијание на Балканот. Во тој контекст не смееме да заборавиме дека во 2015 година 16 Конгресмени, од тогашниот Државниот Секретар на САД, Џон Кери, побараа тогашната администрација да се заложи за брз прием на Македонија во НАТО Алијансата. Земајќи предвид дека Македонија повеќе од 2 години е во сериозни внатрешни проблеми, цел на надворешни влијанија, мешање на соседите и повторно на маса се става и загрозува нашиот Македонски национален идентитет и Уставно име, Македонската Алијанса е силно уверена дека сега како никогаш порано, е неопходно, нашиот најголем сојузник на САД да 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

обезбеди брзо членство на нашата Татковина во НАТО Алијансата. Освен посетата на Македонија, Државниот Секретар на САД, Рекс Тилерсон, треба да го искористи својот авторитет конечно да се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд на правдата во Хаг и Македонија да стане полноправен член на Алијансата согласно Времената Спогодба, која Грција ја прекрши на Самитот во Букурешт. Тоа е уште еден влог во долгорочната стабилизација на целиот регион, а за нашата држава и народ мотив плус за продолжување на општествениот курс за унапредување на демократските вредности и остварување на вековните стремежи за обединета и силна Татковина. Македонската Алијанса изразува благодарност до администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп, која во сиот изминат период на внатрешни предизвици за Македонија и Македонскиот народ вложуваат сериозни напори за зачувување на стратешките определби за наше полноправно членство во НАТО Алијансата и Европската Унија. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со одлуката на Српската Православна Црква и Патријархот Иринеј да не дозволи делегација на Македонија да го посети манастирот „Прохор Пчински“ по повод еден од најголемите Македонски празници „Илинден“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА НА СПЦ ДА НЕ ДОЗВОЛИ ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕН ВО ПРОХОР ПЧИНСКИ

М

акедонската Алијанса го повикува шефот на Српската дипломатија, Ивица Дачиќ, да не прикрива зад СПЦ. Македонија не може да се прави и понатаму слепа и глува на она што се случува. После скандалозната одлука, надлежните Македонски институции треба веднаш да побараат јасен и прецизен став дали блокирањето на прославата во „Прохор Пчински“ е политичка одлука координирана на фамозната трилатералната средба во Солун. Не може Србија кога и одговора во Македонија на Зебрњак кај Куманово да слави 100 годишнина од Кумановската битка, кога со пари на Македонските граѓани беа уредени спомен костурницата на паднатите Српски војници и сувенирницата во 2012, ние да сме им добри соседи и братски народ, а сега кога Македонска делегација треба да го посети манастирот „Прохор Пчински“ на денот на еден од најголемите Македонски празници „Илинден“, Владата на Србија да се затскрива зад СПЦ и отворените прашања со МПЦ. Ние тогаш предупредивме дека Владата на Република Македонија не може да остане рамнодушна на трилатералната средба која се одржа во Солун, каде за жал претставник од нашата Татковина не беше поканет, каде истите актери од времето на Букурешкиот Договор, заклучија дека за нив е прифатлива само стабилна Македонија со решен спор за името со Грција, доколку Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ и НАТО. Премиерот Зоран Заев кој јавно тврди дека ги затворил сите отворени прашања со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, има обврска соодветно да реагира и

да обезбеди присуство на Македонска делегација во манастирот „Прохор Пчински“ на 2-ри Август. Колку повеќе демонстрираме конструктивност толку повеќе ни се зголемуваат проблемите. Затоа, на Македонија и е доста од двоен морал и лажни пријатели. На Македонија не и врши работа претерана конструктивност и виткање на кичмата. Од досегашната историја, јасно е дека сите наши отстапки биле залудни затоа што Македонија е се уште во чекалната на ЕУ и НАТО Алијансата. Сега е време за сеопфатен и цврст национален консенсус за стратешките национални инте09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

реси. Македонските политички фактори, особено ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, треба да се освестат и да престанат да бидат заробеници на нивните дневно – политички интереси. Македонија не може да биде жртва на безосетноста на актуелните Македонски политички фактори кои заслепени од борбата за моќ, влијание и власт, забораваат што е нивна обврска и должност. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со интервјуто на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој потврди дека Договорот за добрососедски односи е финализиран и дека дебатата за неговата содржина ќе се одвива после неговото потпишување, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Прво, фактот што интервјуто на Никола Димитров следеше веднаш после интервјуто на неговата Бугарска колешка Екатерина Захариева треба да ни стане јасно дека се работи за смислено сценарио за синхронизирано дејствување и туркање на работите со политички мускули. Второ, шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера на јавна сцена го демантираше својот шеф во Владата Зоран Заев, кој пред два дена тврдеше дека Договорот за добрососедски односи е во “нацрт – фаза“ и дека може да претрпи измени и подобрувања. Дали вчерашниот настап на Димитров е со амин на Заев и епизода во политичката игра на „добар и лош полицаец“, на Македонската јавност ќе мора да и одговори лично Премиерот? Трето, со својот настап Димитров потврди дека во овој формат Договорот не содржи експлицитни и прецизни одредби за заштита на Македонскиот национален идентитет. Неговите неуверливи и дипломатски одговори дека постигнатиот Договор не го загрозува националниот интерес на Македонија, укажува на тоа дека Бугарската Влада не го сменила ставот кон Македонскиот народ. Четврто, алибито на Димитров дека Договорот не може да се дебатира пред да се потпише е крунски доказ дека Владата го крие, затоа што Договорот е лош за Македонија и затоа сака да го протурка на мала врата и набрзина, ризикувајќи да ја стави

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА НИКОЛА ДИМИТРОВ Татковината во незавидна ситуација. Петто, новата Влада на Заев и Димитров, доколку го прекрши своето ветување и потпише Договорот без претходна широка дебата на стручната и политичка јавност, свесно и со умисла ја презема целата одговорност за сите негативни последици за Македонија и нејзиниот меѓународен углед, што ќе настанат до неговата евентуална ратификација во Собранието. Македонската Алијанса единствено се согласува со општата теза на Димитров дека Државен интерес на Македонија е да има пријател во соседна Бугарија. Но, клучното прашање е по која цена? Да се откажеме од своите браќа и сестри Македонци кои живеат во таму? Да прифатиме искривување на историските факти во полза на Бугарија? Да не бараме Бугарија недвосмислено да го признае нашиот Македонски национален идентитет? Да прифатиме уцени и условувања? Дали, по истиот принцип, ако прифатиме се што ни бара Грција, и таа ќе стане наш најголем пријател? А што ќе остане од нашата заедничка Татковина ако потклекнеме и ги прифатиме сите непринципиелни уцени, услови и барања? Ќе постои ли тогаш Македонски народ, јазик или ќе станеме народ кој говори јазик согласно нашиот Устав – неодредени, безимени и целосно обезличени? Каква е таа Држава и каков е тој народ без своја историја и идентитет? Македонската Алијанса уште еднаш 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

предупредува дека Договорот за добрососедски односи со Бугарија е дел од поширок и штетен план за Македонија и Македонскиот народ. Вака набрзина усогласен текст е замка, во која ако влетаме, широко ја отвораме можноста за официјална Атина да ни го зададе последниот удар, промена на името и откажувањето на Македонскиот национален идентитет. Зголемените очекувања и широкиот оптимизам дека нешто радикално ќе се подобри и реши со потпишувањето на овој Договор со Бугарија, дека Македонија е ставена на брза лента, паѓаат во вода кога Помошникот Генерален Секретар на НАТО, Таџан Илден, среде Македонија порачува дека без решение на спорот за името нема влез во Алијансата. Новата Влада договори парламентарно мнозинство кое овозможи нивни кадри да станат Државни функционери, да спроведуваат нивни програмски цели за да го подобрат животот на граѓаните, ама во ниту еден случај не добија мандат евентуално да се раздаваат со најсветото Македонско име и идентитет. Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство, без разлика дали ќе се направи со сторување или лажно противење. Доста е од политички игри и манипуации! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со интервјуто на Министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, која за Бугарска телевизија изјави дека Договорот за добрососедство е финализиран и нема намера да води нови преговори, и дека за прашањето за признавање на Македонците кои живеат таму треба ние да одлучиме дали ќе сме продолжиле да бидеме изолирани уште 11 години од светот и соседите, правејќи се многу големи, или сме сакале Европска перпектива и развој, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Н

ајновиот медиумски настап на Екатерина Захариева ги бетонира позициите на Бугарската Влада. Според нив, Договорот за добрососедски односи кои се разгледувал на затворена седница на Комисијата за надворешни работи во Собранието, не е „нацрт – фаза“ која може да се подобрува, како што тврди Премиерот Зоран Заев, туку финална верзија од типот „земи или остави“. Нови преговори нема како што нема ниту некакви подобрувања на текстот! Тврдењето дека Договорот ќе бил потпишан на празникот „Илинден“ со формулација заснована на Декларацијата од 1999 година, како Македонски јазик според Уставот на Република Македонија и Бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија, не е никаква гаранција ниту обврзувачка одредба со која Бугарија презема обврска да не го оспорува Македонскиот национален идентитет. Особено што, Захариева тврди дека во Договорот ќе биле вградени механизми за следење на неговата примена, заедно со експертска Комисија од историчари и општествени работници кои ќе работеле на подобрување на училишните програми врз база на легитимни историски извори. Ова неминовно упатува на тоа дека потпишувањето и ратификувањето на ваков текст на Договор не значи затворање на сите билатерални отворени прашања што не оптеретуваат со децении туку Бугарија си задржува одредени механизми со кои може да ја уценува Македонија на Евроатланскиот пат и понатаму. Катастрофално и штетно за нашите национални интереси! Клучното прашање е зошто ако Бугарија има искрени намери и го признава Македонскиот народ и јазик не сака да ги спроведе пресудите на Европскиот Суд за човекови права и не признае дека таму живеат Македонци? Зарем Македонци живеат само во постоечките граници на

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА Република Македонија каде важи нашиот Устав? Како тоа Бугарија има право преку Европратениците Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев во Европскиот парламент да тврди дека во регионите на Голо Брдо и Гора во Албанија, каде живеат Македонци, постои Бугарско малцинство само по основ на Бугарски пасоши и со Резолуција да бара малцински права, а ние не смееме да се грижиме за нашите браќа и сестри од Пиринскиот регион? Кога веќе Захариева тврди дека Бугарија не преговара со партии туку со Владата на Зоран Заев, Македонската Алијанса ја прашува во чија коалиција е партијата на Красимир Каракачанов, и чиј Министер за одбрана е тој? Бидејќи токму тој нејзин колега кој седи со неа во истата Влада, со децении јавно се залага и прокламира дека Македонски народ не постои, дека ние сме Бугари, кои не говорат Македонски јазик, туку некаков Бугарски дијалект, и со тоа директно работи на влошување на добрососедските односи. Го смени својот досегашен став Красимир Каракачанов како дел од Владината Бугарска коалиција или ќе продолжи со својот национализам и понатаму? Дали неговиот Европратеник Ангел Џамбаски ќе ја повлече иницијативата во Европскиот Парламент за оспорување на нашето историско реферирање на античките корени, за што сме сигурни дека е во координација со политиката на официјална Атина за да им се наштети на Европските перпективи на Македонија? Сметаме дека најскандалозна е тезата на Захариева дека за прашањето за признавање на Македонци кои живеат таму, ние самите сме требале да одлучиме дали ќе сме продолжиле да бидеме изолирани уште 11 години од светот и соседите, правејќи се многу големи, или сме сакале Европска перпектива и развој. Македонската Алијанса ваквата скандалозна изјава ја толкува како директна 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

уцена и закана од Бугарска страна. Ова нема никаква врска со добрососедски пристап. Ова значи дека Договорот треба да се преименува во Договор за прифаќање на хировите и условите на Бугарската Влада. Во Договорот, Македонија не може да прифати сомнителни одредби за Македонскиот национален идентитет, како што не смее да се откаже од своите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од границите на Републиката и не може да превземе обврска за менување на историските факти. Македонија и Македонскиот народ за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се, и никогаш не биле ист народ. После интервјуто на Захариева, нема никакви дилеми дека Договорот за добрососедски односи, без разлика на зголемените очекувања и широкиот оптимизам дека нешто радикално ќе подобри и реши, всушност претставува замка за Македонија и Македонскиот народ, во која ако влетаме, самите ќе си пукаме во нога, бидејќи широко ја отвораме можноста за официјална Атина да ни го зададе последниот удар, промена на името и откажувањето на Македонскиот национален идентитет. Тоа Македонскиот народ никогаш нема да го дозволи! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со контроверзната содржина на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, Претседателот на Македонската Алијанса, г-динот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следниот став:

М

акедонската Алијанса изразува загриженост заради контроверзната содржина на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и сметаме дека потпишувањето, како и евентуалната ратификација со моменталната содржина негативно би се одразило врз Македонските национални интереси, но и на унапредување на долгорочните односи помеѓу Македонија и Бугарија. Македонската Алијанса ги поддржува сите иницијативи за унапредување и градење на добрососедски односи, но тоа мора да биде на принципиелна основа. Бугарија е наш важен сосед кој прв ја призна Македонија под Уставното име, ја подржува унитарноста на земјата и дава поддршка на нашите Евроатлански интеграции, но сепак имаме отворени прашања кои ги оптоваруваат нашите билатерални односи со децении. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека секоја евентуална согласност за некои спорни одредби од таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, со кои ќе се оспорува посебноста на нашата Македонска култура, јазик и идентитет, ќе значи дека самите се откажуваме од нашиот национален идентитет. Ниту еден политичар или партија не може да прифаќа и да

СООПШТЕНИЕ ЗА СПОРНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ветува остварување на нешто што не е, и не може да биде прифатливо за Македонскиот народ. Секој кој ќе тргне контра на ова основно демократско начело, се обиде да стори велепредавство, ќе мора да сноси одговорност за своите неразумни постапки. Членот 11 од договорот е спротивен на Членот 49 од Уставот на Република Македонија со што се отвора можност овој договор подоцна да биде изваден пред Уставниот суд и поништен по потпишувањето, создавајќи меѓународен скандал. Во овој член нашата Татковина е условена да не се меша во внатрешните работи на Бугарија, но истиот услов не е поставен и за Бугарија. Во овој случај, Македонија отстапува од борбата за културните и човековите права на Македонското малцинство во Бугарија, што е крајно неприфатливо. Договорот мора да предвидува обврска за Бугарските власти да ги испочитуваат меѓународните норми, особено пресудите на Европскиот суд за човекови права кои ги третираат Македонците кои живеат таму. Ние не можеме да бараме од нашите меѓународни сојузници да ја спроведат пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг за противправното Грчко вето во Букурешт, ако самите, во други случаи се откажуваме од меѓународната правда за фундаменталните демократски права на Македонскиот народ. Во Договорот, Македонија не може да превземе обврска за менување на историските факти. Македонија и Македонскиот народ за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ. Уште по поразително е тоа што во времето на премиерот Ѓорѓи Димитров уште во далечната 1948 година се признаваше Македонскиот народ а сега истиот е вешто изоставен од договорот. Како е тоа можно? Зарем Македонскиот народ во Бугарија исчезна? Дополнително друго прашање е третирањето од страна на Република Бугарија на зборот Македонец како географски а не како национален поим. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека секоја евентуална согласност за некои спорни одредби од таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, со кои ќе се оспорува посебноста на нашата Македонска култура, јазик и идентитет, ќе значи дека самите се откажуваме од нашиот национален идентитет, што ќе ја отвори можноста за официјална Атина да ни го зададе последниот удар. Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство, без разлика дали ќе се направи со сторување или лажно противење. Доста е од политички игри и манипуации!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

ALEKSANDAR UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

DELFI UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


ТЕВДОВСКИ: Буџетски институции, јавни претпријатија, општини,фондови имаат неплатени обврски во висина од 363 милиони евра, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски. Долговите на државните институциии се заклучно со 31.5. 2017 година.

СКРИЕНИТЕ НЕПЛАТЕНИ ОБВРСКИ НА ДРЖАВАТА 363 МИЛИОНИ ЕВРА

К

ај буџетските корисници најголемиот износ на неплатени обврски е во финансирањето дејности од областа на културата во износ од 2,4 милијарди денари, главно направени за изградба на салата на Филхармонијата, Драмскиот театар, објектот Мајка Тереза и Театарот Велес. Неплатените обврски на јавните здравствени установи изнесуваат 3,2 милијарди денари, а најголеми се во Институтот за трансфузиона медицина, Општа болница 8 Септември Скопје и Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски Скопје. Шест милијарди денари се неплатените обврски на јавните претпријатија, најголеми должници се МЖ Транспорт, АД Мепсо и Македонија пат. Општините имаат неплатени обврски од 4,6 милијарди денари при што најголеми неплатени обврски имаат Охрид, Тетово и Карпош. “Ова е сериозна операција во насока на обезбедување транспарентност и отчетност и оти никој досега не обезбедил и не ги покажал јасно. Локалните претпријатија основани од општините имаат неплатени обврски

од 2,5 милијарди денари, а највисоки обврски имаат во Куманово, Охрид и во градот Скопје. Неплатените обврски во висина од 363 милиони евра не се дел од јавниот долг на државата. Тевдовски изјави дека ова биле обврски таложени подолг временски период. Во моментов со Светската банка се работело на проект за справување со овие обврски и развивање на механизми за нивно 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 Јули 2017

спречување во иднина. Тевдовски најави дека иако здравствените установи должат 52 милиони евра, со ребалансот на Буџетот дадени се пари за да болниците и амбулантите не останат без струја и вода и да можат да работат. Објавените податоци се врз основа на информации што МФ ги побарало и добило од буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини.


МАНЧЕВСКИ: Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНАТА ТАКСА

О

дговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Сојузот на стопански комори, министерот Манчевски рече дека со ребалансот на Буџетот скратени се голем број непродуктивни трошоци, а најголеми кратења има кај Кабинетот на премиерот каде целосно се откажани сите пропаганди и кампањи. – Ова беа ставките од кои најмногу се кратеше за да се обезбедат средства за сите главни мерки и ветувања што ги дадовме пред граѓаните. Обезбедени се пари за укинување на радиодифузната такса и финансиски средства за воведување голем број други мерки од нашата Програма, нагласи министерот Манчески. Според него, обезбедено е финансирањето за сите главни ветувања што ги дале пред граѓаните до крајот на годината. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 Јули 2017


ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО 54 Г О Д И Н И О Д К АТА С Т Р О Ф А Л Н И О Т ЗЕМЈОТРЕС Педесет и четири години по катастрофалниот земјотрес, денеска на 26 јули 2017 година сме тука во Музејот на Град Скопје да се потсетиме на жртвите, на активизмот на преживеаните и на штетите од моќта на природата, но и на хуманоста, на модернизацијата и на новиот почеток. Скопје го добива епитетот град на солидарноста и забрзано се развива во модерна урбана средина

"СКОПЈЕ АРХИТРАНСФОРМА АРХИБЕЛЕЗИ И CONCRETE МEMORIES"

И

зложба „Скопје архиТРАНСформа Архибелези и Concrete мemories“ фотографии на Матијас Шуман од Дрезден, Германија беше отворена во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 54 години од катастрофалниот земјотрес. На отворањето на изложбата присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Педесет и четири години по катастрофалниот земјотрес, денеска на 26 јули 2017 година сме тука во Музејот на Град Скопје да се потсетиме на жртвите, на активизмот на преживеаните и на штетите од моќта на природата, но и на хуманоста, на модернизацијата и на новиот почеток. Скопје го добива епитетот град на солидарноста и забрзано се развива во модерна урбана средина. Пет деценискиот сон на скопјани да се возобноват Театарот и официрскиот дом се оставари пред неколку години со помош на претходната Влада. Во МНТ веќе се играат претстави, а зградата на офицерскиот

дом е во изградба - рече Трајановски. Посочи дека се изградиле и многу други институции по должина на Кејот на реката Вардар, музеи, спомен обележја. Изложбата навидум само прикажува градби кои ќе рехабилитираат во колективната меморија слики од Скопје од изминати десетлетија, сеќавања завиткани со превезот на љубовта спрема овој град, која ја негуваат генерациите скопјани што го изживеале тој свој младешки живот. Изложбатата којашто е составена од фото22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

графската серија Concrete memories беше направена преку програмата за културна размена по повод 50 години од збратимувањето на градот Скопје и градот Дрезден, Германија. Користејќи фотографии од типични модернистички згради, впечатливи детали, интериери и простори како основа за фотографски рекомбинации, овие колажи сакаат да ги запаметат културните, естетичките и историските вредности на тоа модернистичко архитектонско наследство.


Фестивалот „Илинденски денови“ во своето долгогодишно континуирано постоење се дефинира како светски реномирана сцена каде што се реставрираат и презентираат народните ора, песни, обичаи, инструменти и носии

О

ва го истакна пратеникот Васко Ковачевски, кој во име на покровителот, Собранието на Република Македонија во Битола го прогласи за отворен Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Фестивалот, стана своевиден мост кој ги поврзува многувековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурната разновидност, а со својата

ПОД ПОКРОВИТЕЛОТСТВО НА СО Б РА Н И Е ТО Н А Р Е П У Б Л И К А МАКЕДОНИЈА ВО БИТОЛА

ФЕСТИВАЛ "ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ"

интернационализација и универзални вредности стана место за поврзување на вљубениците во народната култура во целиот свет. - Фестивалот „Илинденски денови“ е местото каде што се негува и продолжува традицијата, место каде што се дружат народните уметници, место каде што почнуваат нови пријателства, место од каде што секоја година

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

преку музика и игра се испраќа порака за културен натпревар, мир и соработка, нагласи Ковачевски. Годинава на фестивалот учествуваат над 1.000 членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од државата и странство кои на четирите фестивалски вечери ќе ја претстават својата традиционална музика и игра.


ЗАВРШИЈА ГОДИНАШНИТЕ

Завршија годинашните ископувања на Стибера кај прилепското село Чепигово каде се истражуваше просторот до храмот на божицата Тихе, заштитничка на градот. Се откри објект во кој најверојатно се одвивале обредни процесии, кои им претходеле на главните дејства во самиот храм.

В

о централниот дел на објектот имало платформа оформена од мермерни подни плочи и оградни блокови - парапети со бунар со култна намена, со иста длабочина од три метри како и бунарот во храмот. Средствата со кои се располагаше овозможија само делумно откривање на градбата, така што истражувањата во иднина ќе ја потврдат нашата претпоставка за нејзината намена. Поврзана со оваа градба е и работилницата за изработка на теракотни прет-

ИСКОПУВАЊА НА СТИБЕРА КАЈ ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО ЧЕПИГОВО

стави на божества, откриена претходните години, што значи дека и таа била во служба на храмот - вели археологот Душко Темелкоски, раководител на истражувањата. Покрај храмот, придружниот објект и работилницата, од римскиот царски период на градот Стибера, откриени се уште и комплексот на гимназионот позициониран под нив и еден жртвеник од отворен тип во подножјето на соседното возвишување Бакарно Гумно, веднаш до селото Чепигово. Стибера е фор24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

мирана за време на владеењето на македонските кралеви. Од пишани антички извори се дознава дека за време на Втората македонско-римска војна, римските легии доаѓаат во градот да се снабдат со житарки, додека за време на третата војна, последниот македонски крал Персеј токму во Стибера го стационирал својот воен штаб и оттука тргнал во поход против соседните Пенести во градот Ускана, денешно Кичево, а кои биле сојузници на Римјаните.


СО КОНЦЕРТ

Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музика за преку 20 театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка

С

о концерт на групата „Фолтин“во Сули ан заврши овогодинешното Скопско лето. Фолтин е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има седум самостојни албуми, музи-

СО ГРУПАТА „ФОЛТИН“ ЗАВРШИ СКОПСКО ЛЕТО

ка за преку 20 театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 814 / Јули 2017

Музиката на Фолтин обично се опишува како духовита, страсна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на ткн. „спонтан есперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.