815

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE

Година XX, Број 185, Август 2017

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА БАРАЊЕТО НА АВСТРАЛИСКАТА ЛАБУРИСТИЧКА ПАРТИЈА

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ХРИСТИЈАНСКИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

ПОДДРШКА ЗА ЕВРО-АТЛАНСКИТЕ АСПИРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА СРПСКОТО МНР

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО НАЈАВЕНАТА ПОСЕТА НА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ГРЦИЈА, НИКОС КОЅИАС


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Соопштение за јавност за барањето на Австралиската Лабуристичка партија Почитувани, Во врска со партискиот заклучок на Австралиската Лабуристичка партија во Западна Австралија, кој го иницираше пратеничката Џесика Стојковски, а со кој се бара Владата да ја признае Македонија под Уставното име, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следното: Македонската Алијанса е длабоко убедена дека највисока патриотска должност за секоја Влада, без разлика од која Македонска партија е предводена, е секојдневно да работи на зголемување на нашите сојузници кои ќе застанат во одбрана на нашето основно демократско право да бидеме Македонци од нашата Татковина. Постојано укажуваме дека е праведно и логично и Владата на Австралија да го следи примерот на Соединетите Американски Држави, кои одамна го признаа Уставното име на нашата Татковина. Без разлика на големата и влијателна Грчка дијаспора во САД, нашите стратешки сојузници и пријатели, како постојани членки на Советот за безбедност при ООН, уште во 2005 одлучија да го подржат Македонскиот народ. Ја поздравуваме иницијативата на Западно Австралиските Лабуристи и изразуваме благодарност до пратеничката Џесика Стојковски која иницираше барањето за признавање на Македонија под Уставното име да стане дел од нивната тригодишна партиска платформа. Во рамки на Австралиската политичка јавност барањата за признавање на Уставното име се активни благодарение на Македонската Дијаспора која неуморно и посветено лобира за остварување на стратешките интереси на Татковината. Пред една година се оствари средба во Сиднеј, на претставниците на Македонската заедница со Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, на иницијатива на големиот пријател на Македонија, пратеникот Дејвид Колман, кој во неколку наврати во Австралискиот Парламент го покренува прашањето за признавање на Уставното име на нашата Татковина. Исто така, во јули 2015, токму при посетата на Македонија, Потпретседателот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Фредерик Џон Наил, изрази поддршка за признавање на нашето Уставното име и ги потврди заложбите за брз прием на Македонија во НАТО Алијансата. Претходно, пратениците на Федералниот Парламентна Австралија, Стивен Џонс, Лук Симпкинс и Алана Мектиернан покренаа иницијатива за признавање на Уставното име на Македонија. За време на посетата на Македонија од страна на Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, пред еден месец, Македонската Алијанса ја адресираше неопходноста Министерот за надворешни работи Никола Димитров да инсистира дека сега е вистинскиот момент Австралија да го признае нашето Уставно име. Сепак, со жалење ќе нотираме дека сите овие иницијативи на неуморната Македонска Дијаспора ќе бидат залудни ако продолжи сервилната политика на Македонија кон официјална Атина. Додека сите ние кои живееме надвор од границите на Републиката се бориме за Уставното име кога Премиерот Зоран Заев од регионалната средба во Драч испраќа пораки дека очекува до декември нови предлози за името, не е ништо друго туку саботажа на националните интереси. Тоа се случува во пресрет на посетата на Никос Коsиас на Македонија кој освен што не сака да слета на аеродромот Александар Македонски од веќе познатите причини, со недели претходно итро ја подгреваше атмосферата со наводниот скандал на Македонскиот Конзул во Торонто, чија игра „конструктивно“ ја прифати Никола Димитров. Кога Алексис Ципрас или Никос Коsиас се извиниле или оградиле од скандалозните провокации на Прокопис Павлопулос, за да Никола Димитров послушно се огради од тоа што Македонскиот Конзул во Торонто учествувал на редовен годишен настан кој го организираат Македонските иселеници? Нели е срамно да се најавува и дисциплинска постапка за Конзулот за да се задоволат хировите на Грчките иреденти? Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува Владата на Република Македонија да биде внимателна со потезите кои ги влече во надворешната политика и односите со соседите. Никој во Македонија нема мандат да влегува во ризици и да го загрозува Македонскиот национален идентитет. Било каков Договор кој евентуално ќе биде на штета на Македонскиот народ и ќе ја доведува во прашање иднината на нашата заедничка Татковина нема да помине. На Македонија и Македонскиот народ, кој во овој период е цел на повеќе националистички и иредентистички канонади, со кои се оспорува нашата посебност, јазик, историја, култура, неопходни се конкретни акции, чекори и иницијативи, кои ќе потврдат дека Македонија предолго и неправедно се држи надвор од Евроатланските организации. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

e edna!!!

Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ЗАЕВ-БЕЈЛИ: Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со амбасадорот на САД Џес Бејли, на која биле потврдени пораките пренесени на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба одржан на почетокот на месецов во Подгорица, со кои се зацврстуваат евро-атланските перспективи на земјава

ПОДДРШКА ЗА ЕВРОАТЛАНСКИТЕ АСПИРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

Н

а средбата, како што информираат од владиниот кабинет, биле реафирмирани пораките од билатералната средба на премиерот Заев со потпретседателот на САД Мајк Пенс, дека Република Македонија може да смета на поддршката на САД за членство во Северноатланската алијанса. Премиерот Заев и амбасадорот Бејли дискутирале и за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија и, како што се вели во соопштението, оцениле дека истиот претставува основа за проширување и унапредување на постојната соработка на земјите од регионот, како и тоа дека овој договор ги зајакнува напорите на Македонија за побрза интеграција во Европската Унија. На средбата, исто така, било разговарано и за реформските активностите на новата Влада во првите месеци од формирањето. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со одлуката на Владата да го усвои Законот за употреба на јазиците, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса во името на целата Македонска Дијаспора изразува разочарување од постапките на новата Влада. За жал, Премиерот Зоран Заев во неполни 100 дена погази се што јавно вети. Скандалозниот Закон за јазици е последниот чин кој потврдува дека "Тиранска платформа" е жива и останува услов без чие исполнување оваа Влада нема да има мнозинство. Наводните гаранции кои му беа доставени на Претседателот на Републиката биле "гола вода". Кај се видело и чуло ваков Закон да се дебатира и изгласа во Собрание за само 3 дена? Се уште не добивме одговор од кога и како овој Закон стана неопходна реформа за нашите Евроатлански интеграции за да влезе во процедура под Европското знаме? Зошто брзање? Нели Владеачкото мнозинство не убедува дека е во интерес на сите граѓани? Ако е навистина така, зошто тогаш не се дебатира во нормална процедура во која сите граѓани ќе бидат убедени дека се прави нешто добро за нив? Да бидеме на чисто! Владејачкото мнозинство знае дека мора на брзање да го тера Законот за јазици бидејќи тој е толку штетен што брутално ги гази Македонските национални интереси. Законот е противуставен бидејќи многу јасно е наведено во Уставот дека јазикот што го говорат најмалку 20 проценти од граѓаните, е службен јазик само во Општините каде што тие живеат во мнозинство или значителен број.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ И оваа Влада бега од пописот како ѓавол од темјан бидејќи Албанските политички фактори не смеат да бидат разголени со демаскирање на вештачки креираните проценти на население кое се декларира како Албанско во Македонија. Законот за јазици повторно укажува дека Македонскиот политички фактор во Владата е уценет и седнат во скут. Новото Владино мнозинство стои на стаклени нозе, чим Премиерот е приморан пред локалните избори, да ризикува да изгуби Македонски гласови, по секоја цена да ги задоволи хировите на неговите Албански коалициони партнери со вакво срамно Законско решение. Уште повеќе јасно е дека СДСМ и на локалните избори ќе смета на значителен, ако не и поголем број на Албански гласови споредено со парламентарните, затоа што ќе го продава овој Закон како нивна заслуга која ги алиментира интересите на Албанците. Премиере Заев, до кога Македонскиот народ ќе страда заради фотељите, функциите и привилегиите на Македонските политичари? Зошто голата власт е послатка и поважна од интересите на сопствениот народ? Зарем не Ви е јасно каков грев ќе направите? Колку Македонски синови кои го положиле животот за Македонските идеали ќе ги помножите со нула? Зошто одработувате агенда која го разјадува Македонскиот национален идентитет? Со Договорот со Бугарија и со Законот за јазици, Вие дозволувате од внатре да биде оспорено она за 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

што сме се бореле со векови? Ова не поминува, бидејќи токму ова го чекаше Грција! Оваа Влада има мнозинство да става свои кадри на функции за да спроведуваат политики за вистинско добро за граѓаните, а нема мандат да ја раскрчмува Македонштината и душата на народот. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека Македонската Алијанса нема ништо против нашите сограѓани Албанци, но во оваа држава некои работи мора да станат јасни! Македонскиот и Албанскиот јазик во Република Македонија никогаш не може да бидат на исто рамниште! Не може на униформите и на парите да има Албански ознаки и јазична транскрипција, а Албанските фактори во Македонија да не се ни осмелуваат да побараат од Владата на Еди Рама да го признае Уставното има на нашата заедничка Татковина? Доста од двојни аршини! Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува сите најодговорни политички фактори да се разбудат и да го преземат својот дел од одговорноста. Доколку овој Закон за употреба на јазиците помине во Македонското Собрание сите политички чинители во Собранието ќе си ја понесат целата одговорност. Народот ќе си дојде по своето! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Во врска со најавената посета на Грчкиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО НАЈАВЕНАТА ПОСЕТА НА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ГРЦИЈА, НИКОС КОЅИАС

М

акедонската Алијанса веќе долг период јавно предупредува дека постои сериозна опасност нашите внатрешни слабости и национално неединство да бидат злоупотребени за задавање на последниот удар кон обезличување на нашата Татковина.Сметаме дека Договорот со Бугарија и Законот за јазици се многу опасни проекти кои треба од внатре да го нападнат и оспори нашиот Македонски национален идентитет како вовед во евентуалното решавање на спорот за името по Грчки терк. Во тој контекст последно најавената посета на Никос Коsиас упатува на заклучокот дека Македонија е во крајно чувствителна фаза за својата иднина. Воопшто не е случајно што смислено се зголемуваат очекувањата а со тоа и притисокот на Владата на Зоран Заев дека е потребно брзо решение за името за да се остварат нашите Евроатлански аспирации. За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии, заради теснопартиските интереси да се задржи или освои власта, не успеаа да изградат консензус за стратешките национални прашања, заради што Татковината може да влезе во уште подлабока криза. Македонската Алијанса смета дека во изминативе години од независноста, Македонија покажа огромна

конструктивност и сериозност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со официјална Атина. Направивме огромни отстапки, а Грчките политички елити во ниту еден момент не пропуштаат да соопштат дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името упорно спроведувајќи јасвојата стратегија со уцени и притисок да го бараат од насневозможното. Македонија и Македонскиот народ не бараат подароци, туку остварување на универзалното демократско право на самоопределување кое и припаѓа на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата и со 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено што најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО. Новото владејачко мнозинство кое во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина мора да му се стави до знаење дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор од границите има цврсто и непоколебливо изграден став дека разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот. Актуелната Влада треба да бидат целосно свесна за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Македонскиот народ нема намера да прифаќа нови понижувања кои ќе го загрозат вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ЗАЕВ, БОРИСОВ Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка оговорот, во согласност со Уставот на Република Македонија, е потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Република Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој од страна на премиерите беше оценет како историски момент, отвора перспективи за двете земји за интензивна и цврста соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави, како и силна поддршка на Бугарија за евроатлантските аспирации Македонија. Премиерот Заев изјави дека потпишувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија претставува силна порака до Европската Унија и до НАТО дека земјите од Балканот градат мост на соработка со цел перспективна иднина за своите граѓани. „Затворивме прашање со кое го трасиравме патот на пријателството и добрососедството. Договорот е во заемен интерес за политичка стабилност во регионот. Договорот покажува дека минатото може да биде темел на идната соработка. Договорот го отвора патот за соработка и развој на двете држави и е модел за соработка во регионот и пошироко. Владата на РМ се определи за политика на решавање, а не за политика на создавање проблеми. Затоа, Договорот е порака до ЕУ и до НАТО дека земјите во регионот имаат раководства кои се однесуваат европски, а нивните земји заслужуваат европска

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Д

перспектива. Бугарија со ова станува сојузник на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“, нагласи македонскиот премиер Зоран Заев, по официјалното потпишување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. „Договорот можеше и да не се потпише, со години не беше потпишан, но се потпиша и е од исклучително значење. Не знам дали е првпат, но меѓу две држави без модератори и посредници стигнавме до тоа дека дружбата и добрососедството е најважно од сè. Тоа ќе нè направи силни, независни и значајни. Не залудно рекле, ако гледаш назад, ќе се сопнеш и ќе паднеш. Затоа решивме да гледаме напред. Убеден сум дека за десет години резултатите ќе бидат видливи“, изјави Борисов. Бугарскиот премиер оцени дека од особена важност е и потпишувањето на двата меморандума за соработка што денеска ги потпишаа ресорните 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

министри за транспорт, односно енергетика и економија, а кои се однесуваат на железничкото поврзување меѓу двете земји, односно на Коридорот 8 и за соработка во областа на гасот која ќе овозможи Македонија да купува гас од Европската Унија, а Бугарија да го транспортира. Потпишувањето на Договорот веднаш позитивно го оценија високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. „Овој договор ја покажува одлучноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Тој е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зацврстува ЕУперспективата на поранешната југословенска Република Македонија во интерес на нејзините граѓани“, стои во заедничката изјава на Хан и Могерини.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со интервјуто на Бугарскиот Министер за одбрана Красимир Каракачанов кој за нивен медиум во Скопје провокативно изјави дека Илинден е Бугарски празник, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја упати следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА НА ПРОВОКАЦИЈАТА НА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ

М

акедонската Алијанса најостро ја осудува провокацијата на Красимир Каракачанов кој среде Скопје, триумфалистички ја повтори својата позната идентентистичка и националистичка реторика. Не издржа ни еден ден, а Бугарската Влада веќе го прекрши Договорот за Добрососедство. Красимир Каракачанов не е од вчера и како актуелен Министер за одбрана во Владата на Бојко Борисов точно знае какви последици ќе предизвика неговата провокација. Гоце Делчев и Даме Груев ќе станат Бугари тогаш кога Красимир Каракачанов ќе докаже дека на Марс има Бугарска колонија. Ниту "Илинден" е Бугарски празник, ниту ние имаме заедничка историја со нив. Македонија и Македонскиот народ, особено за време на Втората светска војна, беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ. Бараме од Владата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска веднаш да ја осудат провокацијата на Красимир Каракачанов и да побараат од Бугарскиот Премиер Бојко Борисов веднаш да се огради од ваквиот став на неговиот Министер за одбрана. Министерот за надворешни работи Никола Димитров да го прогласи за "персона нон грата" и да му забрани влез во Македонија. Ако Грчките погранични власти можеа мене, со Американски пасош, да ми забранат влез, само заради тоа што сум Македонец, Владата може да ги заштити своите национални интереси и веднаш да му забрани влез на еден Каракачанов кој во Македонија, каде беше примен со сите Државни почести, се обиде да не понижи како народ.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска да се заблагодари и веднаш во знак на протест да ја испрати назад во Софија сета воена помош што ја доби Македонија за справување со пожарите. Се додека Красимир Каракачанов е Министер за одбрана на Бугарија не прифаќаме никаква понатамошна соработка. Македонслата Алијанса ја повикува ЕУ и НАТО Алијансата да реагираат на оваа провокација на Министер на нивна земја членка, бидејќи со вакви потези се рушат сите принципи и вредносни стандарди на кои почиваат овие сојузи. Дрскиот однос на Красимир Каракачанов е доказ дека бевме во право дека Бугарските власти немаат искрен пристап во обидот да се затворат отворените прашања што ги оптеретуваат нашите билатерални односи со децении. Во спротивно, со Договорот експлицитно ќе го признеа Македонскиот национален идентитет и ќе прифатеа обврски да ги спроведат пресудите на Европскиот Суд за човекови права и да го регистрираат ОМО Илинден-Пирин. Со ваков Договор Македонија попушта несразмерно многу и прифаќа одредби 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

со кои си пука директно во нога нанесувајќи огромна штета на своите меѓународни позиции. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека евентуалната ратификација на ваков Договор ќе и даде дополнително погонско гориво на официјална Атина да ни го зададе последниот удар, со аргументација дека ние самите сме се откажале од нашиот национален Македонски идентитет. Затоа, доколку Договорот за добрососедски односи со Бугарија, во ваква форма на сила се ратификува во Собранието, Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине Договорот, повикувајќи се на членот 13, точка 3. Македонскиот народ со своето отсуство на Мечкин Камен на прославата на Илинден покажа дека нема да дозволи ниту пак да прости велепредавство, без разлика дали се прави со сторување или лажно противење. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со одлуката на Владата да го именува Зирап Асани, на предлог на ДУИ, за нов Вршител на должноста Директор на Државниот Завод за Статистика, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИМЕНУВАЊЕТО НА НОВ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Ш

то згреши претходното кадровско решение на СДСМ кој беше Директор на Државниот Завод на Статистика само 40-тина дена, сметано од 27 јуни кога беше именуван од новата Влада на Зоран Заев? Нели едно од стожерните ветувања на СДСМ беше брзо и законско спроведување на пописот? Од каде сега во коалиционите кадровски комбинаторики оваа исклучително важна позицијата, прв пат од независноста на Македонија, оди во рацете на Албанскиот политички фактор? Зошто Зоран Заев, токму после усвојувањето на скандалозниот нов Закон за употреба на јазиците од страна Владата, симптоматично се откажува од раководењето на Државниот Завод за Статистика и му го препушта на ДУИ кој беше категорично против законско спроведување на пописот во 2011? Дали е на повидок нов обид за спроведување на фалсификуван попис? Дали за да ја зачува Владината коалиција, фотељите и функциите СДСМ направи уште еден трул договор со ДУИ на штета на Македонските национални интереси? Во Татковината не е спроведен попис цели 15 години исклучиво заради политички причини и полтронско однесување на најодговорните Македонски политички фактори, кои за жал секогаш ги избираат привилегиите и плодовите на власта наместо долгорочните интереси на нашата заедничка Држава. Ние еднаш мора да се преброиме и тоа

не со политичка формула туку по меѓународни стандарди за една вообичаена статистичка операција. Не во термини кога им одговора на Албанските политички фактори кои со сила сакаат да ја довлечкаат Албанската Дијаспора и лажно да претстават дека живее во Македонија. Македонската Алијанса најостро се спротиставува на одлуката на Владата на Зоран Заев управувањето со Државниот Завод за Статистика да му го препушти на ДУИ. Али Ахмети после скандалозните обиди за фалсификат на пописот во 2011 нема никаков кредибилитет да предлага кадровски решенија за оваа исклучително важна Државна институција. Во името на Македонската Дијаспора бараме Претседател на Државната Пописна Комисија која ќе го спроведува следниот 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

попис да биде наш претставник, кој ќе биде лице со углед, кредибилитет, чесен и способен да постапува исклучиво по слово на Закон, а не врз основа на политички диктат. Македонската Алијанса бара Владата на Зоран Заев и Али Ахмети веднаш да го повлечат скандалозниот Закон за употреба на Албанскиот јазик. Нема што Венецијанската Комисија да дава конечно мислење за двојазични униформи во АРМ и двојазични банкноти. Секој студент по право од прва година знае дека овие одредби се во целосна спротивност со Уставот. Ниту во Охридскиот Рамковен Договор постои одредба која дефинира дека во Општините и Градот Скопје каде Албанците формално се водат дека се над 20 проценти треба да има двојазични Државни ознаки на полицијата, пожарникарите и здравствените работници. Доста е политички пазари со кои се раскрчмува Македонскиот национален идентитет. Прво нека се спроведе реален законски попис па откако ќе се види реалноста тогаш ќе може да се разговара за вистински и принципиелен граѓански концепт на Македонското општество. Македонскиот народ не може со лажни проценти и понатаму да биде уценет во сопствената Држава! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со интервјуто на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за интернет порталот „пост.мк“ каде изјави дека треба да се овозможи и Албанскиот јазик да биде во официјална употреба во надворешната политика на Македонија, како и денешната изјава на Вицепремиерот Бујар Османи кој посочи дека сега треба да се искористи позитивната клима и да се реши спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

М

акедонската Алијанса го повикува шефот на Српската дипломатија, Ивица Дачиќ, да не прикрива зад СПЦ. Македонија не може да се прави и понатаму слепа и глува на она што се случува. После скандалозната одлука, надлежните Македонски институции треба веднаш да побараат јасен и прецизен став дали блокирањето на прославата во „Прохор Пчински“ е политичка одлука координирана на фамозната трилатералната средба во Солун. Не може Србија кога и одговора во Македонија на Зебрњак кај Куманово да слави 100 годишнина од Кумановската битка, кога со пари на Македонските граѓани беа уредени спомен костурницата на паднатите Српски војници и сувенирницата во 2012, ние да сме им добри соседи и братски народ, а сега кога Македонска делегација треба да го посети манастирот „Прохор Пчински“ на денот на еден од најголемите Македонски празници „Илинден“, Владата на Србија да се затскрива зад СПЦ и отворените прашања

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВИТЕ НА АЛИ АХМЕТИ И БУЈАР ОСМАНИ со МПЦ. Ние тогаш предупредивме дека Владата на Република Македонија не може да остане рамнодушна на трилатералната средба која се одржа во Солун, каде за жал претставник од нашата Татковина не беше поканет, каде истите актери од времето на Букурешкиот Договор, заклучија дека за нив е прифатлива само стабилна Македонија со решен спор за името со Грција, доколку Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ и НАТО. Премиерот Зоран Заев кој јавно тврди дека ги затворил сите отворени прашања со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, има обврска соодветно да реагира и да обезбеди присуство на Македонска делегација во манастирот „Прохор Пчински“ на 2-ри Август. Колку повеќе демонстрираме конструктивност толку повеќе ни се зголемуваат проблемите. Затоа, на Македонија и е доста од двоен морал и лажни пријатели. На Македонија не и врши работа претерана конструктивност 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

и виткање на кичмата. Од досегашната историја, јасно е дека сите наши отстапки биле залудни затоа што Македонија е се уште во чекалната на ЕУ и НАТО Алијансата. Сега е време за сеопфатен и цврст национален консенсус за стратешките национални интереси. Македонските политички фактори, особено ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, треба да се освестат и да престанат да бидат заробеници на нивните дневно – политички интереси. Македонија не може да биде жртва на безосетноста на актуелните Македонски политички фактори кои заслепени од борбата за моќ, влијание и власт, забораваат што е нивна обврска и должност. МАКЕДОНСКА AЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со официјалното соопштение на Грчкото Министерство за надворешни работи со кое го осуди учеството на Генералниот Конзул на Македонија во Торонто, Канада, Јовица Палашевски на настан организиран од Македонската Дијаспора, директно обвинувајќи дека со неговото обраќање е прекршена Времената Спогодба, бидејќи позади говорницата на која се обратил биле поставени географска карта во етничките граници на Македонија и знаме со сонцето на Кутлеш, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

В

ладата на Република Македонија, а особено Никола Димитров не треба да го одмолчат ова скандалозно соопштение на Грчкото МНР, кое има за цел повторно да злоупотреби редовен годишен настан на Македонската заедница во Торонто, за да се обиде да ја претстави официјална Атина жртва и наводна цел на некаков Македонски иредентизам. Наместо во Министерството да ја истражуваат евентуалната одговорност на Конзулот во Торонто за да ги задоволат ниските страсти на Грчките националисти, треба јасно и недвосмислено да се отфрлат сите обвинувања како несериозни. Ако им недостасуваат аргументи, ова е нашиот придонес: Прво, во Торонто ние Македонците ја славиме нашата Македонска историја, херои и симболи. Ниту нешто туѓо сакаме, ниту присвојуваме! Затоа е смешно да не обвинуваат нас за иредентизам! Второ, од кога за официјална Атина стана важна Времената Спогодба? Зошто двојни аршини? За да се повикува на овој меѓународен договор, официјална Атина, како осудена земја, прво треба да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и да не се противи Македонија да стане членка на НАТО Алијансата, што ќе обезбеди долгорочна стабилност во регионот, што е и во нивен интерес. Трето, за Грчкиот иредентизам кон Македонија е доволен еден пример.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ГРЧКОТО МНР Не треба да се нотираат изјавите и постапките на Каменос и Коsиас. Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос во серија и со умисла го провоцира Македонскиот народ и директно работи на влошување на добрососедските односи избирајќи намерно од Егејска Македонија, од Воден, Солун, Костур, Сер кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор, да тврди дека Македонија не постои. Нотирањето на овие 3 аргументи е доволно за да се разобличи евтиниот трик на Коsијас да наметне знак на равенство со тоа што Македонија ќе ја обвинаи дека наводно ја прекршува Времената Спогодба. Само постои огромна разлика! За Грција постои пресуда Меѓународниот Суд во Хаг, а за Македонија редовни хистерични напади од нивните Грчките политичари. Сепак, ова скандалозно соопштение на Грчкото МНР во комбинација со најавите дека Никос Коsиас наводно ќе ја откажел најавената посета на Македонија, ја потврдува горката вистина дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот. Токму затоа Македонската Алијанса оцени дека „конструктивноста“ на Премиерот Зоран Заев, кој во своето прво интервју на јавниот сервис, изјави дека новата Влада 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми, е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров може уште сто пати да изјавува дека нашето реферирање на античките корени на Македонскиот народ било провокација за нашиот јужен сосед и одело на штета на Македонија, но тоа ништо не менува! Најодговорните политички фактори, треба конечно да сфатат дека на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку консензус за прашањата од национален интерес. Додека не се охрабриме и конечно прекршиме сите во Татковината и одлучно не соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички и меѓуетнички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Македонија никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет, ќе продолжат да не понижуваат злоупотребувајќи ја нашата внатрешна разединетост. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со одлуката на Министерството за надворешни работи на Република Србија да го повлече целиот персонал од нивната Амбасада во Република Македонија и сериозните обвинувања на нивниот Министер Ивица Дачиќ за наводни офанзивни разузнавачки активности во кои е замешан странски фактор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

П

оминаа 48 часа од дипломатската бомба која врз Македонија ја фрли целиот политички естаблишмент на Србија, а јавноста се уште не доби никакви аргументи и докази кои би ги поткрепиле многу сериозните обвинувања на Српските власти. Единствено, Ивица Дачиќ во неговиот познат стил дава храна на медиумите и се разбира вообичаено официјална Атина се вклучува во приказната изразувајќи наводна загриженост за затегнатите односи на релација Скопје – Белград. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров се обидува да шири смиреност и како да се надева дека оваа бура ќе заврши по онаа народната „секое чудо за три дена“. Македонската Алијанса смета дека Претседателот и Владата на Република Македонија треба јасно да стават до знаење дека нема да дозволат никој да не вовлекува во туѓи билатерални спорови, како што нема да дозволиме да бидеме злоупотребени за туѓи цели. Татковината избра уште пред 25 години дека нашиот стратешки колосек е полноправното членство во ЕУ и НАТО. Македонскиот народ е убеден дека тоа е вистинскиот пат за нашата сигурна иднина и затоа од тоа застранување нема и не може да има. Македонија од секогаш инвестирала во добри соседски односи, особено со Србија и Српскиот народ. Ние имаме разбирање за ставот на нивната Влада за некаква неутралност кон НАТО, како што сме исто така целосно свесни за нивната чувствителност за прашањето за Косово. Но,

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА СРПСКОТО МНР дали оваа Српска Влада се однесува кон Македонија со соодветниот реципроцитет и дипломатска принципиелност? Истиот Ивица Дачиќ на 12 јули, ден пред одржувањето на фамозната трилатерална средба во Солун, каде не беше поканета Македонија, изрази каење што Србија ја признала Македонија под Уставното име. И покрај нашиот јавен повик, Ѓорѓе Иванов и Зоран Заев овој скандал го премолчија, а Никола Димитров благо реагираше на твитер. Во пресрет на „Илинден“ Владата на Србија повторно не дозволи наша делегација да го посети манастирот во „Прохор Пчински“ префрлувајќи ја топката во СПЦ. И тогаш Македонската Алијанса побара од Македонските власти да реагираат. Не може Србија кога и одговора во Македонија на Зебрњак кај Куманово да слави 100 годишнина од Кумановската битка, кога со пари на Македонските граѓани беа уредени спомен костурницата на паднатите Српски војници и сувенирницата во 2012, ние да сме им добри соседи и братски народ, а коа ние ја славиме нашата историја да тераат инает. Владата на Република Македонија мора да биде внимателна во надворешната политика кон сите соседи. Ние не може и не смее да играме ниту за Бугарија, ниту за Албанија, ниту за Косово, ниту за Србија, ние треба да играме само за нас и за остварување на нашите стратешки национални интереси! Затоа, ако случајно некој во Владата е „кабает“ тогаш нека си понесе 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

одговорност или нека образложи зошто евентуално презел одредени безбедносни чекори. Во спротивно, ние не можеме да затвораме очи на она што е очигледно. Претседателот Ѓорѓе Иванов и Премиерот Зоран Заев мораат од своите колеги Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ веднаш да побараат јасен и прецизен став дали Србија ја менува својата политика кон Македонија. Дали некој се обидува да ја злоупотреби Македонија? Македонските граѓани и јавност не може да живее во грч или да шпекулираат што е вистинската причина за нервозата во Белград, што само непотребно внесува зла крв меѓу двата соседски словенски народа. Конечно, бидејќи стратешки интерес на нашите меѓународни сојузници е стабилизацијата на регионот, тогаш треба да се освестат и експресно да обезбедат спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија веднаш ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со приемот на кадетската женска ракометна репрезентација на Грција од Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос, кој го подржа нивното повлекување од натпреварот на Европското првенство со репрезентацијата на Македонија, затоа што на дресовите пишува Македонија, упатувајќи честитки дека со тој потег ја одбраниле нивната Татковина и спорт, притоа повторно обвинувајќи ја Македонија за иредентизам и фалсификување на историјата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Д

одека Владата на Република Македонија и Никола Димитров се уште се мислат како да одреагираат на скандалозното соопштение на Грчкото МНР од минатата недела а да не случајно го налутат Никос Коsиас па евентуално ја откаже посетата на Македонија на крајот на август, Прокопис Павлопулос не запира и смислено продолжува со своите скандалозни провокации. Ако Грчкото МНР се обиде повторно да злоупотреби редовен годишен настан на Македонската заедница во Торонто, за да се обиде да ја претстави официјална Атина за жртва и да ја обвини Македонија за прекршување на Времената Спогодба, тогаш како Македонското МНР да го толкува приемот кој го организираше Павлопулос за нивните ракометарки кои непотребно ја замешаа политиката во спортот? За исмевање на таканаречените мерки за градење доверба? Што не се изнаслушавме како навреди, закани и понижувања на Македонскиот народ од Каменос, Коsиас и Павлопулос? Лидер на Грчкиот иредентизам е Прокопис Павлопулос кој во серија и со умисла го провоцира Македон-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА ПАВЛОПУЛОС скиот народ и директно работи на влошување на добрососедските односи избирајќи намерно од Егејска Македонија, од Воден, Солун, Костур, Сер кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор, да тврди дека Македонија не постои. Срамно е веќе Павлопулос да повторува една иста теза за наводен Македонски иредентизам и да не обвинува нас за наводно фалсификување на нашата историја, кога од 1913 заради нивната асимилаторска политика се променети сите Македонски топоними во Егејска Македонија што е најчист историски факт за постоењето на Македонија и Македонскиот народ. Изјавите и провокациите на Павлопулос треба да се стават во Грчките учебници како школски пример за тероризирање на соседски народ. Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува новата Влада во Татковината да не води сервилна политика кон соседите. Токму во пресрет на посетата на Коsиас ние како Држава треба да ги разобличиме Грчките евтини трикови. Македонија не шири иредентизам и не ја прекршува Времената Спогодба. За Грција постои пресуда Меѓународниот Суд во Хаг, а за Македонија редовни хистерични напади од нивните Грчките политичари. Минатонеделното скандалозно соопштение на Грчкото МНР во комбинација со најавите дека Коsиас наводно ќе ја откажел најавената посета на Македонија, последната провокација на Павлопулос ја потврдува суровата реалност дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот. Тоа треба да ни влезе во глава еднаш засекогаш! Не случајно оценивме и предупредивме дека „конструктивноста“ на новата Влада која во своите први медиумски настапи смислено најави дека нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми, е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров може уште сто пати да изјавува дека нашето реферирање на античките корени на Македонскиот народ било провокација за нашиот јужен сосед и одело на штета на Македонија, но тоа ништо нема да смени! Се додека сите заедно во Татковината не се охрабриме и одлучно не соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички и меѓуетнички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Македонија никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет, соседите, а особено Атина, ќе ги користат сите прилики ќе продолжат да не понижуваат злоупотребувајќи ги нашите внатрешни поделби. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

TERMOPOLI UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

ISOKRAT UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


АНЃУШЕВ: Идејата за економско обединување на Балканот е добра, оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев "

ИДЕЈАТА ЗА ЕКОНОМСКО ОБЕДИНУВАЊЕ НА БАЛКАНОТ ДОБРА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА МОЖЕ ДА ОСТВАРИ БЕНЕФИT

Т

оа е идеја како ние да ги спречиме административните бариери за соработка меѓу државите. Притоа треба сите да ги разгледаме сопствените гледишта во таквата соработка и мислам дека преку еден конструктивен разговор со сите наши соседи и со целокупниот регион македонската економија може да оствари бенефит од таквата мерка. Само треба да бидеме внимателни и да ги следиме случувањата и во истите активно да се вклучиме и да партиципираме. Онака Македонија изолирана, издвоена како што била досега апсолутно немала можност да влијае на ништо. Македонија интегрирана и во добри односи со соседите има можност да влијае на се и да си ги штити своите интереси“, рече Анѓушев. Прашан дали стопанствениците ќе ја почитуваат новата владина мерка за зголемување на минималната плата и дали таа ќе влијае за да се намали недостатокот од квалификувана работна сила во источниот регион во земјава, Анѓушев одговори дека тој како вицепремиер, но и целокупната Влада ќе се залага за зголемување на животниот стандард на граѓаните. „Мислам дека сте сведоци на сите наши настапи каде што апелираме на сите стопанственици на претпријатијата во РМ да имаат малку позитивен пристап кон покачувањето на платите на вработените, па во таа смисла е и мерката за минимална плата, а идејата е континуирано да расте. Секако тоа се малку средства за да може убаво да се живее, меѓутоа

тоа се секако повеќе средства од тоа што досега се земало. Она што можам да ви го кажам е дека покрај со оваа мерка за минимална плата покачувањето на платите во РМ ќе биде стимулирано и со пакетот мерки за индустријата што ќе бидат објавени во септември, па ќе видите дека практично целокупната државна помош која што ќе биде 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 Август 2017

давана кон индустријата и стопанството за подигнување на неговата конкурентност ќе биде поврзана со висината на платите на вработените. Сметаме дека со тие мерки ќе отвориме една позитивна дополнителна спирала за покачување на платата, а со самото тоа и за подигнување на стандардот на граѓаните на РМ“, рече Анѓушев.


Република Македонија нема да ги искористи 119,7 милиони евра од европскиот инструмент ИПА 1, а новата Влада прави напори до крајот на годината да се искористат 30 милиони евра, бидејќи доколку не се реализираат проектите ќе треба да се финансираат со буџетските средства за 2018 година

МАКЕДОНИЈА НЕ ИСКОРИСТИ 1 1 9 , 7 М И И О Н И Е В РА ОД И П А

СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ДА НЕ СЕ ИЗГУБАТ УШТЕ 30

О

ва беше соопштено од страна на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за финансии Драган Тевдовски. Извештајот, како што посочија, ќе претставува главна основа врз која ќе се изгради нов мастер план за реформа на ИПА системот, но и за севкупните реформи во насока на зголемување на капацитеитте на државните администрација за поголемо искористување на средствата од ИПА и поголемо приспособување со ЕУ стандардите. „Од вкупно 614 милиони евра ставени на располагање на Македонија со ИПА 1 од 2007 до 2013 година склучени се договори за искористување на 437 милиони евра или преку 70 проценти. Меѓутоа Република Македонија ќе изгуби 150 милиони евра или околу 25 проценти од средствата кои биле ставени на располагање на РМ и истите ќе бидат вратени на ЕУ“, рече Османи. Тој додаде дека средствата во износ од околу 30 милиони евра распределени во ризични проекти се средства кои треба да се искористат до крајот на декември оваа година, а со нив треба да се финансира изградбата на граничниот премин Белановце-Станчич, пречистителната станица во Прилеп, реконструкцијата на пругата Битола-Кременица, како и систем за интероперабилност во МВР и МНР. „Овие проекти ги ставаме во ургентни приоритети што ги адресирав-

ме со новиот мастер план на кој треба да се стави посебен фокус од Владата и администрацијата. На дел од проектите веќе се работи. За граничниот премин Белановце-Станичич постоеја правни проблеми кои се надминати со потпишан протокол и од денеска се преземаат конкретни чекори. Истото се однесува и на другите проекти како тој во Прилеп, рече Османи и додаде дека токму затоа со планот се предвидуваат мерки за да се подобри апсорпцискиот капацитет за искористување на средствата. Според него, позитивно е искористувањето на 437 милиони евра од европските фондови кои приоднеле за подобрување и унапредување на стандардите на Македонија, а меѓу 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 Август 2017

проектите кои биле поддржани со овие средства се реконструкцијата на 10 железнички станици, подобрувањето на капацитетите на бројни инситуции како МВР, Заводот за статистика, Царината, УЈП... Министерот за финансии Тевдовски потенцира дека од ИПА 1 се склучени договори за вкупно 304,2 милиони евра. Не се искористени 119,7 милиони евра. Најнизок процент на искористеност на средствата има кај ИПАРД програмата од 33,3 проценти. Според него, Владата прави напори за посилно ангажирање на сите капацитети во функција на поголема апсорпција на средствата и подобрување на пристапот на земјата кон нивно користење.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица ВО текот на вчерашниот ден упати честитка до поглаварот на македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ Охридски Македонски г. г Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија:

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ХРИСТИЈАНСКИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Почитувани, озволете ми лично, во свое име, како и во име на Македонската Алијанса да ви го честитам големиот и значаен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Се верува дека Голема Богородица е заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството, како и голем чувар на здравјето. Затоа, ви посакувам овој празник и Пресвета Богородица да донесе топлина и бериќет во вашите домови, да ги чуваат вашите ближни и да ве благослови со многу здравје.

Д

Нека ни е за многу години празникот! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017


О КО Л У Д В Е С Т Е И Г РАО Р Ц И ОД СЕДУМ ДРЖАВИ УЧЕСТВУВАА НА Фестивалската програма ја отвори КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, а на отворената сцена на централниот градски плоштад настапија и ансамблите „Актавис“ од Дупница, Република Бугарија, „Комањички“ од Свидник, Словачка, „Севдах“ од Врање, Србија, како и ансамбли од Турција, Северен Кипар и Лугож, Романија

О

колу двесте играорци од седум држави учествуваа на дефилето низ главната улица во Крива Паланка, означувајќи го почетокот на годинашниот Интернационален фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Фестивалската програма ја отвори КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, а на отворената сцена на централниот градски плош-

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

тад настапија и ансамблите „Актавис“ од Дупница, Република Бугарија, „Комањички“ од Свидник, Словачка, „Севдах“ од Врање, Србија, како и ансамбли од Турција, Северен Кипар и Лугож, Романија. Фестивалот е можност да ги запознаат различните култури на разните етноси од Европа и 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

Азија, од Балканот и поширокиот регион, прилика Паланчани да уживаат во звуците на народните песни, игри, ора и танци од различни култури. Фестивалот се организира тринаесетта година по ред од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Центарот за култура во Крива Паланка.


Наградата „Мостови на Струга“ што се доделува заедно со УНЕСКО, на младиот хрватски поет Горан Чолакхоџиќ му ја врачи директорот на манифестацијата Мите Стефоски. Церемонијата на свеченото затворање на фестивалот продолжи со традиционалното поетско читање „Мостови“ на кое настапија дваесетина поети од странство

С О В РАЧ У В А Њ Е Н А Н А Г Р А Д И Т Е „ З Л А Т Е Н В Е Н Е Ц “, „ Б РА Ќ А М И Л А Д И Н О В Ц И “ И „ М О С Т О В И Н А С Т Р У Г А “, Б Е Ш Е С П У Ш Т Е Н А З А В Е С АТА Н А

56-ТЕ СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

С

о врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, беше спуштена завесата на 56-те Струшки вечери на поезијата. Наградата „Браќа Миладиновци“ на истакнатиот поет Михаил Ренџов за неговата книга „Јас. Елегии“ му ја врачи Кристина Николовска претставник на жири-комисијата која одлучуваше за најдобрите поетски збирки. Инаку, Ренџов е двократен добитник на најпрестижното национално признание за поетско творештво кое му беше доделено и во 1982 година за книгата „Нерези“. Наградата „Мостови на Струга“ што се доделува заедно со УНЕСКО, на младиот хрватски поет Горан Чолакхоџиќ му ја врачи директорот на

манифестацијата Мите Стефоски. Церемонијата на свеченото затворање на фестивалот продолжи со традиционалното поетско читање „Мостови“ на кое настапија дваесетина поети од странство. На полноќ во хотелот Дрим на поетот Јосип Коцев му беше врачена наградата „Енхалон“ за најдобра песна од 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

млад автор од Македонија прочитана на фестивалот. На платото пред црквата Св. Андреја на Матка се одржи традиционалното поетско матине, а поетите учесници на 56-те Струшки вечери на поезијата читаа свои стихови на плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост во Скопје.


С В Е Ч Е Н О Б Е Ш Е З АТ В О Р Е Н А Д В А Н А Е С Е Т ТАТА П О Р Е Д Колонијата традиционално беше затворена со презентација за пошироката јавност на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје, како и со свечен коктел на кој присуствуваа сите учесници на годинешнава ликовна колонија

МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СКОПЈЕ 2017“

С

вечено беше затворена дванаесеттата по ред Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2017“, која се одржуваше од 21 до 30 август во хотелот „Солун”, во организација на Музејот на град Скопје и хотел „Солун“, а под покровителство на Град Скопје. Колонијата традиционално беше затворена со презентација за пошироката јавност на делата на уметниците изработени за време на престојот во Скопје, како и со свечен коктел на кој присуствуваа сите учесници на годинешнава ликовна колонија. В.Д. директорот на Музејот на Град Скопје, Томислав Микулчиќ им се заблагодари на уметниците за нивното учество во оваа колонија,

како и до вработените на Градот Скопје, Музејот на Град Скопје и Хотелот Солун за нивниот ангажман организацијата на оваа манифестација. Оваа година на своите ликовни дела потпис ставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини – Лиза Волфел од Германија, Хилал Бал25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

чи од Турција, Камал Абухалавех од Јордан, Мирослав Живковиќ од Србија и Адел Мустафа Елсеиди од Египет, како и Мирослава Микица Трујкановиќ, Христина Зафировска, Марија Марковска, Бурим Укиќ и Часлав Марковиќ од Македонија. Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2017“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


П О 4  Т И П АТ

Збирката „Метрички карван“ во која традиционално се застапени гевгелиски и поети од други градови излезе и по 4ти пат, овојпат компилирајќи по 12 поети од градотдомаќин и Битола

ЗБИРКА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“

З

бирката „Метрички карван“ во која традиционално се застапени гевгелиски и поети од други градови излезе и по 4-ти пат, овојпат компилирајќи по 12 поети од градот-домаќин и Битола. Помеѓу гевгелиските поети во овогодинешното издание на збирката се издвоени: Стефан Марковски, Јосип Коцев, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева, Петар Јанчев, Васил Тоциновски, Катерина Гогова, Стефчо Стефанов, Томе Таушанов, Лилјана Пецова-Илиеска, Кирил Кангов и Жаклина Атанасова, додека пак, помеѓу битолските: Радован П. Цветковски, Даниела Андоновска Трајковска, Панде Манојлов, Милица Димитријовска-Радевска, Кире

Неделковски, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска – Велјановска, Михајло Свидерски, 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

Мирјана Стојановска, Јордан Плевнеш, Никола Илијовски и Биљана Димко.


ЛИКОВНА КОЛОНИЈА На неа учествуваа 65 автори од цела Европа и Азија. Во рамки на манифестацијата прво беше отворена самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, еден од учесниците во колонијата

Л

иковна колонија „Михајлово-Кавадарци 2017”, годинава посветена на прерано починатиот кавадаречки уметник Ристо Соколов-Сокол беше отворена во Кавадарци по 23 –ти пат. На неа учествуваа 65 автори од цела Европа и Азија. Во рамки на ма-

„МИХАЈЛОВОКАВАДАРЦИ 2017”

нифестацијата прво беше отворена самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, еден од учесниците во колонијата. На присутните им се обрати актерот Диме Коцевски, кој рече дека станува збор за соврмена македонска уметница со една несекојдневна из27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 815 / Август 2017

ложба, ликовен педагог и вљубеник во научната фантастика. Изразувајќи го своето задоволство од културното претставување на општината, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов им посака на уметниците инспирација, дружење и убави уметнички дела.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.