810

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 810, Maрт 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

ЏЕС БЕЈЛИ:

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ

MONTHLY EDITION

Д О ГО В О Р О Т ОД ПРЖИНО О С ТА Н У В А Д О Б РА ОСНОВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ Н А К Р И З АТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА П О С Е ТАТА Н А КОМЕСАРОТ ХАН И Е В Р О П РАТ Е Н И Ц И Т Е

ИЗВЕДЕН МЈУЗИКЛОТ " ТА Ј Н О МОЈА"


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Јавен повик за Македонско национално помирување Со оглед на фактот дека политичката криза во Македонија продолжува секојдневно да се продлабочува, тензиите и поделбите во општеството добиваат драматични размери, заради што решението за нормализирање на состојбите и враќање на кредибилитетот на Државните институции во вакви околности станува речиси невозможно, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го реафирмира повикот за Македонско национално помирување. Македонската Алијанса изразува длабока загриженост за димензиите кои ги добива долготрајната политичка криза. Законодавната и извршната власт предолго се наоѓаат во состојба на уставно – правен вакуум,целосно обезглавени и без капацитет за остварување на своите изворни надлежности. За жал, заради одредени непромислени иницијативи и потези, маратонската криза пост изборно се измести и се префрли на еден крајно опасен терен како меѓуетничките односи. Реално, основен причинител на кризата никогаш не беше некаква меѓуетничка нетрпеливост, туку обвиненијата за наводна манипулација со претходните избори и скандалот со прислушувањето. Во политичкиот договор од „Пржино“, ниту една политичка партија не превзема обврска да прифаќа, усвојува и исполнува некаква Платформа на Албански партии, потпишана во Тирана, која со самото објавување кога цел Македонски народ прославуваше Божиќ се доживеа како провокација, мешање во внатрешните работи и свесен обид кризата да се префрли на етничко поле со катастрофални последици за иднината на Татковината. Сметаме дека е неопходно уште еднаш да го реафирмираме повикот за национално Македонско помирување заради заштита на интересите на Македонскиот народ. Поделбите и раздорот во Македонското национално ткиво заедно со крајно драматичната институционална криза, тоталната внатрешна нестабилност ја прават Татковината лесен плен. Пред кризата да ја помине точката од која нема враќање, најодговорните Македонски политички партии треба да го запрат сопственото самоуништување, конечно напуштајќи ги тесно партиските интереси за задржување или освојување на власта. Крајно време е лидерите на Македонските политички партии да преземат конкретни дејствија каде без лични калкулации ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Македонија и сите заедно да ги отфрлат сите понижувачки и радикални елементи од Тиранската Платформа бидејќи го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија, во спротивност се со Охридскиот Рамковен Договор и ги поништуваат досегашните придобивки од него. Да побараме од Албанските политички партии од Македонија да се повлечат од Платформата и да покажат дека средбата во Тирана не била смислено сценарио и провокација за нарушување на меѓуетничките односи. На домашната, но и на целата меѓународна јавност да и потврдиме дека ниту еден надворешен или внатрешен притисок нема да биде успешен, затоа што ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува Претседателот на Републиката, Ѓорѓе Иванов, лидерите на сите политички партии, совесно и одговорно да ги вршат своите функции и тоа само во една насока и за една цел – подобра и просперитетна Македонија! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


БЕЈЛИ: „Зборувавме за ова многу пати, не знам дали има Пржино еден, два, три... Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред

ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО ОСТАНУВА ДОБРА ОСНОВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

оговорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли кој присуствуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Зборувавме за ова многу пати, не знам дали има Пржино еден, два, три... Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред“, рече

Бејли запрашан од новинарите за сугестија за разрешување на кризата и дали „Пржино 3“ е опција. Тој посочи дека, сепак, одлуката за тоа е на политичките лидери во земјата. „Ние остануваме партнер и пријател на Македонија, сакаме да помогнеме процесот да се движи напред, но на крајот на денот се зависи од вас, од граѓаните, од вашите лидери, да профункционираат демократските институции. Има тензии во општеството, има поделби, и важно е институциите да ги приближуваат гра-

Д

03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

ѓаните заедно“, додаде Бејли. На новинарско прашање во врска со доделувањето на мандатот за формирање нова влада тој повтори дека очекуваат претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука. „Мислам дека неколку пати дадовме коментар во врска со одлуката на претседателот Иванов. Сметаме дека тоа не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита. Мислам дека е важно демократските институции да функционираат и во тоа се содржани решенијата“, додаде амбасадорот Бејли.


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Во врска со продолжување на конститутивната седница на Македонското Собрание, кандидатурата на Талат Џафери за нов Претседател на законодавниот дом, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следниот став:

ЗА ПРОДОЛЖ УВАЊЕ НА

К О Н С Т И Т У Т И В Н АТА СЕДНИЦА НА С О Б РА Н И Е ТО

М

акедонија се подлабоко тоне во кризата која ги држи граѓаните во масовна хипноза и безнадежност. Поделбата меѓу народот станува се подлабока и за заканува да дојде до точката од која нема назад. Стопанството трпи невидени последици, влогот за враќање во нормала секојдневно расте. Најодговорните Македонски политички партии остануваат глуви на сите апели за Македонско национално помирување. Ниту Албанскиот блок на политички партии нема чувство за своите постапки и барања. Едноставно, сите се заглавени во своите максималистички позиции, Македонскиот народ станува жртва, иднината на Татковината е во заложништво на дневната политика. Спиралата на кризата отиде дотаму што веќе никој не помни зошто беше потпишан политичкиот договор во „Пржино“. Наместо отстранување на сите сомнежи, расчистување на сите обвинувања за наводни изборни нерегуларности и евентуално фалсификување на волјата на гласачите, како и правна разврска на скандалот со прислушувањето, заради непромислените иницијативи и потези на Албанскиот политички фактор, кризата постизборно се измести на еден крајно опасен терен како меѓуетничките односи. Во „Пржино“, ниту еден лидер не превзема обврска да исполнува некаква Тиранска Платформа, која со самото објавување на Божиќ се доживеа како провокација со катастрофални последици за иднината на Татковината. Раздорот во Македонското национално ткиво заедно со внатрешната нестабилност ја прават Татковината лесен плен за старите радикални регионални апетити.

Македонските политички партии заслепени од своите нагони за освојување на власта по секоја цена, почнаа да ги жртвуваат националните интереси прифаќајки уцени кои воопшто не го одразуваат вистинскиот однос на политичките сили во Татковината. Македонската Алијанса, во името на целата Македонската Дијаспора, повторно ги повикува најодговорните Македонски политички партии да го запрат сопственото самоуништување, без лични калкулации да се стават во одбрана на суверенитетот и националниот интегритет на нашата заедничка Татковина. Никој не бара од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да почнат безрезервно да се сакаат, уште помалку да си даваат гаранции за обострана амнестија за секој евентуален криминал кој го сторил некој нивен претставник, туку конечно да застанат на страната на Македонскиот народ и да се усогласат барем за прашањата од највисок национален интерес. Прво, заедно да ги отфрлат сите 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

понижувачки и радикални елементи од Тиранската Платформа бидејќи го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија, спротивни се со вредностите предвидени во Охридскиот Рамковен Договор и ги поништуваат досегашните придобивки од него. Второ, заедно да побараат од Албанските политички партии од Македонија да се повлечат од Платформата и да покажат дека средбата во Тирана не била смислено сценарио и провокација за нарушување на меѓуетничките односи. Трето, да се усогласат дека никогаш нема да потклекнат пред било каков надворешен или внатрешен притисок, затоа што ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАНУ: „Претседателството на МАНУ повторно укажува дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства“, наведува МАНУ во дописот

ОДГОВОРНОСТА Е КАЈ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

П

ретседателството на МАНУ во пишано обраќање до јавноста изразува длабока загриженост за актуелната политичка состојба во земјата, за долгото опстојување на кризата, за продлабочувањето на меѓупартиските тензии во постизборниот период, кои, како што наведува, наместо кон смирување, водат кон понатамошно комплицирање на состојбите, кон продлабочување на поделбите меѓу граѓаните на Македонија и кои продуцираат страв и немир пред големата неизвесност - што ќе донесе утрешниот ден. „Претседателството на МАНУ повторно укажува дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства“, наведува МАНУ во дописот. Претседателството на Академијата оценува дека за расплетот на кризата неопходно е да престанат сите обиди за поттикнување омраза, непријателство, па дури и закани за пресметки врз национална, етничка или политичка основа и тие да се осудат од политичките партии, медиумите и од другите општествени субјекти, за да почне да се гради атмосфера на конструктивен, обединувачки и плодотворен

дијалог. Тоа посочува и дека дебатите за клучните реформски приоритети на земјата и комплексот на прашања од областа на меѓуетничките односи треба да се вратат и одвиваат во институциите на системот, а разрешувањето на прашањата кои ги тангираат меѓуетничките односи, кои, како што наведува, во екот на кризата дополнително се политизираат и заоструваат, да се одвива во смирена и демократска атмосфера, без условувања, низ конструктивен дијалог, толеранција, транспарентност и заемно почитување на сите политички чинители, во согласност со постојниот Устав на Република Македонија, законската регулатива и меѓународните норми и стандарди. „За содржината и уставната 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

заснованост на секое понудено законско решение во оваа сфера, МАНУ ќе се произнесе тогаш кога таквите решенија ќе бидат доставени на јавен увид и расправа. МАНУ очекува сите политички субјекти и државни институции да останат на рамништето на својата политичка и правна одговорност, воздржувајќи се од преземање какви било активности во правец на влошување на политичката криза, и својата декларирана определба, да им служат на народот, да ја изразат низ започнување неодложен меѓусебен отворен и јавен дијалог за стабилизација, демократски развој и забрзување на евроатлантските интеграции на Република Македонија“, пишува во обраќањето што по повод актуелните случувања го испрати Претседателството на МАНУ.


Во врска со провокацијата која пратеничката од партијата за правда, интеграција и единство, Месила Дода, ја упати од Дебар, јавно посочувајќи дека според неа Македонија е античко Албанско наследство, како покраина на „Илирида“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , Ј А У П АТ У В А С Л Е Д Н АТА

РЕАКЦИЈА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД АЛБАНСКАТА ПРАТЕНИЧКА ДОДА

М

акедонската Алијанса најостро ја осудува оваа нова провокација која доаѓа од пратеник во Албанскиот Парламент, претставник на партија која е дел од владејачката коалиција на Еди Рама. Ги повикуваме политичките лидери на Албанците во Македонија, веднаш и без калкулации, јавно да ја осудат и да се оградат од скандалозниот говор на пратеничката Месила Дода. Еве им прилика да покажат дека навистина нивните таканаречени програмски определби не се против унитарниот карактер на Република Македонија. Сега е моментот да се солидаризираат со Македонскиот народ и преку јавна критика на вакви провокации од политичари од Албанија, на дело докажат дека се подготвени да ја бранат Македонија како своја Татковина. Во спротивно, нивното молчење ќе се сфати како одобрување на вакви крајно опасни тези на една неодговорна политичарка која свесно и со умисла ризикува дополнително потпалување на и онака напнатата внатрешна состојба во

Македонија. Македонските политички партии не смеат да дозволат политичари од Албанија заради тесно партиски и лични цели да манипулираат со чувствата на нашите сограѓани Албанци. Треба веднаш да се побара од највисоките Албански Државни функционери, Претседателот Бујар Нишани, Премиерот Еди Рама, Претседателот на Собранието, Илир Мета, вклучително и од лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, да се оградат од провокацијата на пратеничката Дода, како потврда дека немаат намера да се мешаат во внатрешните прашања во Македонија, ниту да не злоупотребуваат во нивната кампања за претстојните избори. Сите Македонски политички лидери требаше веднаш единствено и целосно да ја отфрлат Платформата на Албанските партии која во суштина брутално го гази Охрид06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

скиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни придобивки од него. Само со таков пристап, со едно национално Македонско помирување, на целата меѓународна јавност ќе и покажеме дека знаеме како се бранат стратешките интереси на Татковината, во интерес на обезбедување на сигурна иднина и просперитет за генерациите Македонци кои доаѓаат. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните Македонски политички лидери да бидат на висината на задачата, да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде спротивна на националните интереси, ќе се смета за тешко велепредавство на Македонскиот народ!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, орѓија Џорџ Атанасоски


Според Габриел, „претседателот Иванов и покрај тоа што лидерот на опозицијата ги собрал потребните потписи за создавање ново парламентарно мнозинство одбил да го даде мандатот за нова влада. Тоа е спротивно на демократските принципи и европските вредности на кои што се обврза земјата. Претседателот Иванов треба повторно да размисли за оваа одлука и да ја исправи во интерес на граѓаните на неговата земја“, се вели во изјавата на Габриел кој е лидер на германските социјалдемократи

ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР З А Н А Д В О Р Е Ш Н И РА Б О Т И З И Г М А Р ГА Б Р И Е Л З А В Р Е М Е Н А П О С Е ТАТА Н А У К РА И Н А Д Е Н Е С К А Г И КО М Е Н Т И РА Ш Е СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЕРМАНИЈА ПОВИКУВА НА СМИРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Г

ерманскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел за време на посетата на Украина денеска ги коментираше состојбите во Македонија. „Влошувањето на внатрешната политичка ситуација во поранешната југословенска Република Македонија е многу вознемирувачко. Внатрешната политичка стагнација се заканува да ја врати земјата назад по патот кон Европската Унија, се вели во изјавата на Габриел што ја објави германското МНР. Според Габриел, „претседателот Иванов и покрај тоа што лидерот на опозицијата ги собрал потребните потписи за создавање ново парламентарно мнозинство одбил да го даде мандатот за нова влада. Тоа е спротивно на демократските принципи и европските вредности на кои што се обврза земјата. Претседателот Иванов треба повторно да размисли за оваа одлука и да ја исправи во интерес на граѓаните на неговата земја“, се вели во изјавата на Габриел кој е лидер на германските социјалдемократи. „Германија стои зад јасните пораки испратени вчера во Скопје од

Високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, до политичките фактори и претставниците на македонското граѓанско општество, порачува шефот на германската дипломатија. Габриел ги повикува сите политички фактори во Скопје да делуваат одговорно во актуелната вжештена внатрешна политичка клима, да имаат умерена реторика и да сторат се што можат за да 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

спречат конфликти меѓу граѓаните. Според него, Германија силно го поддржува приближувањето на земјата во ЕУ и жали за фактот што нерешеното прашање за името со години го загрозува прогресот на Македонија кон ЕУ. Ваквиот развој на настаните, според Габриел, придонесол за влошување на ситуацијата и затоа мора да има брзи чекори за решавање на ова прашање.


По повод посетата на Комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, кој заедно со Европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл, Кнут Фленкештајн, се обиде да ја олесни разрешницата на институционалната криза, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

П О П О В О Д П О С Е ТАТА Н А К О М Е С А Р О Т ЗА ПРОШИРУВАЊЕ И ДОБРОСОСЕДСКА ПОЛИТИКА ЈОХАНЕС ХАН, КОЈ ЗАЕДНО СО Е В Р О П РАТ Е Н И Ц И Т Е Е Д В А РД К У К А Н , И В О В А Ј ГЛ , К Н У Т Ф Л Е Н К Е Ш ТА Ј Н

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА КОМЕСАРОТ ХАН И ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ

М

акедонската Алијанса го поздравува засилениот интерес на Европската Унија за крајно драматичната кризна состојба во Македонија. Искрено веруваме дека Могерини, Хан и сите инволвирани се повеќе стануваат свесни дека неправедното и предолго оставање на Македонија во чекалната на ЕУ сега се враќа како бумеранг. Последиците од кризата на институциите во овој момент никој не може да ја превиди. Најодговорните политички партии се закопани во своите ровови, сите влечат потези водејќи се исклучиво од своите лични и тесно партиски интереси. Албанските политички партии јавно изразуваат загриженост кризата да не стане етничка, а не се откажуваат од Тиранската платформа. Македонските политички партии се колнат во Македонскиот народ, а ни на крај памет не им паѓа дека на Татковината како никогаш порано и е неопходно национално помирување. Народот е револтиран, масовно излегува на улиците и си го бара изборниот суверенитет назад. Како покровител на договорот од „Пржино“, очекувавме Комесарот Хан, во името на ЕУ да ја осуди Тиранската платформа, бидејќи основен причинител на кризата никогаш не беа некакви меѓуетнички тензии, туку обвиненијата за наводна манипулација со гласовите на граѓаните на претходните

избори и скандалот со прислушувањето. Истовремено, сметаме дека беше неопходно Претседателот Ѓорѓе Иванов да се однесува како добар домаќин и да се сретне со Хан и Европратениците, како што сме длабоко уверени дека високите претставници на ЕУ мораа да најдат време да се сретнат со претставници на иницијативата „За заедничка Македонија“. Вака се добива впечаток дека посетата на Европските претставници е неуспешна, сведена на веќе видена реторика, без реално охрабрување дека Македонија ќе престане да биде жртва на ирационалните политики, уцените и блокадите за Евроатланските интеграции. Македонската Алијанса вели ДОСТА Е! Уште еднаш ги повикуваме Претседателот на Републиката, Ѓорѓе Иванов, лидерите на сите политички партии, совесно и одговорно да ги вршат своите функции и тоа само во една насока 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

и за една цел – подобра и просперитетна Македонија. Пред кризата да ја помине точката од која нема враќање, во името на целата Македонска Дијаспора ги повикуваме најодговорните Македонски политички партии да престанат да се коцкаат со иднината на Татковината. Или без лични калкулации ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Македонија, ќе ја отфрлат Тиранската Платформа бидејќи го загрозува унитарниот карактер на Македонија и ги поништува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор, или народот ќе ги отфрли нив засекогаш. Или на домашната и меѓународната јавност ќе и покажат дека ниту една политичка партија, без разлика на притисоците и уцените, никогаш нема да прифати промена на Уставното име и идентитетот, или заслепени во намерите да ја задржат или освојат власта, директно или индиректно ќе сторат велепредавство кое Македонскиот народ жестоко ќе го казни! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА Во врска со интервјуто на бизнисменот Никос Ефтимијадис за Грчкиот весник „Катимерини“, каде тој во својство на личен пријател на медијаторот Метју Нимиц, изнесува одредени информации за спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ИНТЕРВЈУТО НА ГРЧКИОТ БИЗНИСМЕН НИКОС ЕФТИМИЈАДИС

И

нтервјуто на Грчкиот бизнисмен Никос Ефтимијадис, кој наводно уживал голема доверба кај Метју Нимиц, е директна потврда дека официјална Атина во континуитет се служи со сите недипломатски и недозволени средства да ја наметне својата негаторска и иредентистичка политика кон Македонија. Кај се видело и чуло во домот на Грчки бизнисмен да се среќаваат еден дипломат, специјален претставник на Генералниот Секретар на ООН , Грчкиот преговарач делегиран од нивното МНР и заедно во „релаксирана атмосфера“ да ја кројат судбината на Македонскиот народ? Сметаме дека е во најмала рака дипломатски коректно Метју Нимиц веднаш и без одалагање да даде објаснување или пак да демантира одредени скандалозни информации изнесени во интервјуто на Ефтимијадис. Особено за тврдењето на Грчкиот бизнисмен дека тој го убедил медијаторот за оправданоста на Грчкото барање за сложено име со географска одредница за севкупна употреба, и дека според неговото тврдење му требало уште малку убедување на Нимиц за да прифати дека не смее да постои Македонскиот јазик и нација. Македонската Алијанса го повикува Претседателот Ѓорѓе Иванов да побара став од Генералниот Секретар на ООН за ова скандалозно интервју на Грчкиот бизнисмен. Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг заради непочитувањето на Времената спогодба и ООН има обврска да соопшти дали Македонскиот народ повеќе од 2 децении е жртва на меѓународно толерирани и неказнети блокади, уцени и закани за промена на Уставното име и откажување на сопствениот идентитет, заради „моќта“ на убедување на некои Грчки бизнисмени? Ако евентуално важат такви принципи за кои говори Ефтимијадис, кои немаат никаква врска со меѓународните норми,

тогаш нека бидат убедени дека и Македонија има светски успешни бизнисмени кои се доволни моќни и подготвени на ист начин да го одбранат универзалното демократско право на Македонскиот народ да биде Македонец во Македонија. Научно докажан историски признат факт е дека Македонија постоела со сите обележја на Држава многу векови наназад и тоа целокупната меѓународна јавност многу добро го знае! Грчките националисти лобисти треба да одговорат на едно многу едноставно и логично прашање, ако Македонија навистина била Грчка, зошто нивната асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите Македонски топоними во присвоената Егејска Македонија? За жал, додека ние дома си ги вадиме очите затоа што најодговорните Македонски политичари не можат да се усогласат и да изградат консензус за 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

стратешките национални прашања, нашите соседи не чекаат и секојдневно преку грбот на Македонија подмолно работат на остварување на нивните големо национални идеи од минатиот век. Крајно време е лидерите на Македонските политички партии да преземат конкретни дејствија каде без калкулации ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Македонија. На домашната, но и на целата меѓународна јавност конечно да и се каже дека во нашата Татковина постои консензус и ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


DAMJAN GRUEV (1871-1905)

OD SMILEVO, BITOLA, OSNOVOPOLO@NIK NA MAKEDONSKATA REVOLUCIONERNA ORGANIZACIJA. KAKO PRETSEDATEL U^ESTVUVAL NA SMILEVSKIOT I NA RILSKIOT KONGRES. ORGANIZATOR I IDEOLOG NA ILINDENSKOTO VOSTANIE, NEGOVATA MISLA ZA SAMOSTOJNA MAKEDONIJA JA PRODOL@ILE BROJNI SLEDBENICI.


STIBERA


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


МИТРЕСКИ: „Платите се еден до најзначајните сегменти со оглед на фактот што нашите анализи покажаа дека скоро 60 проценти од вработените примаат до 20.000 денари, само 3,2 проценти примаат плата над 30.000 денари, додека над 40 проценти се со плата од 12.000 до 15.000 денари. Основната определба е да го отвориме процесот на зголемување на платите во Македонија“, изјави претседателот на ССМ Живко Митрески на денешната промоција на Предлог-протоколот за социјален напредок

ИМА ЕЛЕМЕНТИ ЗА РАСТ НА ПЛАТИТЕ, АНАЛИЗИ ЗА ДОГОВОРИТЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО

З

големување на минималната плата, а со тоа и зголемување на платите во Македонија, како и намалување на времетраењето на договорите за вработување на определено време од сегашните пет на две или три години, се дел од работите на кои ќе се фокусира Предлог-протоколот за социјален напредок изготвен од Сојузот на синдикати на Македонија. Со овој документ се предвидува и отворање на дебата и анализи за проширување на правилникот за бенифициран стаж особено за работниците во градежништвото, текстилната индустрија, сообраќајот, железниците, шумарството... „Платите се еден до најзначајните сегменти со оглед на фактот што нашите анализи покажаа дека скоро 60 проценти од вработените примаат до 20.000 денари, само 3,2 проценти примаат плата над 30.000 денари, додека над 40 проценти се со плата од 12.000 до 15.000 денари. Основната определба е да го отвориме процесот на зголемување на платите во Македонија“, изјави претседателот на ССМ Живко Митрески на денешната промоција на Предлог-протоколот за социјален напредок.

Тој очекува минималната плата да биде зголемена до 20 проценти што ќе биде предуслов за зголемување и на останатите плати во државата. “Веќе се отпочнати првите разговори со Организацијата на работодавачи и со Министерството за труд и претпоставувам дека за скоро време ќе дојдеме до реални барања за зголемување на минималната плата која ќе биде основа за зголемување на платите. Со оглед на првичните анализи што ги направиме, има елементи да дојде до зголемување на платите. Во моментот не можеме да кажеме 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 Март 2017

ништо конкретно, но очекуваме до 20 проценти да биде зголемена минималната плата за да дојде и до зголемување на другите плати“, истакна Митрески. Според ССМ, мора да се зајакне и сигурноста на работните места, односно договорите на определено време кои сега се склучуваат во траење до пет години, да бидат максимум од две до три години. Предлог-протоколот за социјален напредок е прифатен од Економско-социјалниот совет, а, како што најави Митрески, ќе биде доставен и до новата влада по нејзиното формирање.


МИЦКОСКИ: Нагласи дека минатата 2016 година АД ЕЛЕМ оствари добивка по оданочување од речиси 14 милиони евра или скоро двојно повеќе од претходната 2015 година и успеа целосно да го отплати заемот од 31 милиони евра од Светска банка што поранешното ЕСМ го зема за зајакнување на производните капацитети на компанијата

Електрани на Македонија нема да бара зголемување на цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи, а негативното салдо од работењето на почетокот на годинава предизвикано со увозот на струја заради екстремните студови ќе го надмине со извоз на струја кога ќе биде поскапа на берзите, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски на

АД

ЕЛЕМ НЕМА ДА БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

денешната прес-конференција. Нагласи дека минатата 2016 година АД ЕЛЕМ оствари добивка по оданочување од речиси 14 милиони евра или скоро двојно повеќе од претходната 2015 година и успеа целосно да го отплати заемот од 31 милиони евра од Светска банка што поранешното ЕСМ го зема за зајакнување на производните капацитети на компанијата. Поради високиот конзум кај 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

тарифните потрошувачи условен од екстремно ниските температури кои го зафатија Балканот и Македонија во јануари 10 проценти од вкупно потрошената електрична енергија е обезбедена од увоз. Во февруари, пак, целосните потреби од електрична енергија за потрошувачите на регулираниот дел од пазарот се задоволени преку домашните производствени капацитети во сопственост на ЕЛЕМ.


СО „АПОКАЛИПТИКУМ“ З А П О Ч Н А М А Н И Ф Е С ТА Ц И Ј АТА Драган Даутовски на концертот за отворањето на ДММ ќе настапи на традиционални инструменти, ќе свири на тамбура, на стаклена окарина (топчеста флејта) и стаклен кавал, специјално изработени за него. На удиралки ќе го придружува неговиот син Ратко Даутовски. На прес-конференцијата Даутовски рече дека ќе изведат само инструментални дела

"ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА"

С

о „Апокалиптикум“ – концерт на инструментална музика на Драган Даутовски, во Македонската опера и балет вечер ќе бидат отворени 40-тите Денови на македонска музика (ДММ). На манифестацијата, која ја организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), до 13 април ќе има уште десет концертни термини, како и работилници, презентации и предавања. Драган Даутовски на концертот за отворањето на ДММ ќе настапи на традиционални инструменти, ќе свири на тамбура, на стаклена окарина (топчеста флејта) и стаклен кавал, специјално изработени за него. На удиралки ќе го придружува неговиот син Ратко Даутовски. На пресконференцијата Даутовски рече дека ќе изведат само инструментални дела. Јубилејните Денови на македонска музика се одржуваат во јубилејна година и за СОКОМ – кој одбележува седум де-

цении постоење. Токму затоа програмата за Деновите била конципирана да содржи што повеќе македонски автори. Според селекторката Јана Андреевска, составувајќи ја програмата си поставиле задача да претстават што повеќе автори кои се или биле членови на СОКОМ. Така што, покрај различни жанрови, на годинашните ДММ ќе има и дела од различни генерации македонски композитори – од постарата генерација и основоположници како Гајдов, Прокопиев, Скаловски…, од втората генерација – Зографски, Прошев, Властимир Николовски…, како и млади автори. По концертот на Даутовски, концерт ќе одржи ансамблот „ К о н Те м п о р а “. . С л е д у в а ат концертот на Биг бендот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници концерт 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

на акузматична музика со танцов перформанс на ученици и студенти од „Илија Николовски-Луј“ и од ФМУ (3 април, МОБ), концерт на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ за 80-годишнината од раѓањето на композиторот Благој Цанев концерт на Камерниот мешан хор „Проарс, концерт на Гудачкиот квартет „Антарја“ од Полска. На 10 април во Музеј на Град Скопје концерт ќе има ансамблот „Нуове музике“ од Италија, на кој ќе настапи и македонскиот тенор Благој Нацоски. Два концерта, на 11ти и на 12 април во Музеј на Град Скопје, ќе одржи ансамблот „Хоризонте“ од Германија, а со концертот на Македонската филхармонија и американскиот виолончелист Гал Фаганел, на 13 април во Дом на АРМ ќе биде затворена јубилејната манифестација.


Роденденот на оваа национална установа се совпаѓа со Светскиот ден на театарот – 27 Март, кога во 2012 година беше изведена првата премиера „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски. Оттогаш до денес Театар Комедија имал над 450 изведби, а одиграните претстави на овој, главно, млад ансамбл, ги виделе повеќе од 150.000 посетители

С О П Р Е М И Е РАТА Н А „ С О Н Н А Л Е Т Н АТА Н О Ќ “ НА ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР ОДБЕЛЕЖА

ПЕТ ГОДИНИ ТЕАТАР КОМЕДИЈА

С

о премиерата на „Сон на летната ноќ“ на Вилијам Шекспир, Театар Комедија одбележа пет години постоење... Роденденот на оваа национална установа се совпаѓа со Светскиот ден на театарот – 27 Март, кога во 2012 година беше изведена првата премиера „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски. Оттогаш до денес Театар Комедија имал над 450 изведби, а одиграните претстави на овој, главно, млад ансамбл, ги виделе повеќе од 150.000 посетители. Директорката на Театар Комедија Јелена Жугиќ истакна дека за петте години постоење театарот се етаблирал на театарската сцена во Македонија. – Ако потврда за важноста на постоењето на еден театар е неговата посетеност, тогаш Театар Комедија е на

вистинскиот пат, рече Жугиќ, информирајќи дека „Сон на летната ноќ“, која е нивна 17та премиера од постоењето, е прва од четирите кои за оваа година се одобрени од Министерството за култура. Посочи дека со поставувањето на оваа комедија на Шекспир, театарот оваа година ќе се занимава со класичната комедија затоа што смета дека публиката на Театар Комедија веќе е подготвена да ја прими комедијата на малку поинаков начин. Режијата на „Сон на летната ноќ“ е авторски проект на Театар Комедија и во неа игра речиси целиот ансамбл на овој театар, кој има 15-ина 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

актери. Гостин во актерската екипа е и Ѓорѓи Јолевски од МНТ кој ќе го толкува ликот на Оберон – кралот на шумите и самовилите. – „Сон на летната ноќ“ е меѓу најиграните комедии на Шекспир. Не е лесно еден млад ансамбл да се зафати со еден толку голем и значаен автор како што е Шекспир. Но, сметам дека направивме многу интересна претстава. Мислам дека успеавме да го допреме сонот, она што е, всушност, животот на секој актер и секој човек кој воопшто се занимава со професија врзана за театарот, а тоа е сонот, рече директорката на Театар Комедија.


Н А С Ц Е Н АТА Н А М А К Е Д О Н С К АТА О П Е РА И Б А Л Е Т П Р Е М И Е Р Н О Б Е Ш Е На сцената на Македонската опера и балет премиерно беше изведен мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески. Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески кој низ својата изведба ги обедини различните народи и култури на Балканот. Музичкото творештво и хуманитарното наследство што го остави Тоше Проески беше вистински предизвик и одговорност за нас, велат учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во режија на Тони Михајловски

ИЗВЕДЕН МЈУЗИКЛОТ "ТАЈНО МОЈА"

Н

а сцената на Македонската опера и балет премиерно беше изведен мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески. Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески кој низ својата изведба ги обедини различните народи и култури на Балканот. Музичкото творештво и хуманитарното наследство што го остави Тоше Проески беше вистински предизвик и одговорност за нас, велат учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во режија на Тони Михајловски. Со својата музика тој ги обедини луѓето во љубовта и почитта кон музиката, со својата прерана смрт ги сплоти во тагата и болката. Во мјузиклот покрај Гиговска и Димовски кој ги играат главните ликови настапуваат и актерите Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Дејан Лилиќ и Арна Шијак. 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017


Филмот зборува за резултатите од долгогодишните напори на Програмата за развој на Обединетите нации и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро, кои се финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка

В

о Кинотека на Македонија се одржа светската премиера на документарниот филм „Езеро од јаболка“ во Скопје, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска... Филмот зборува за резултатите од долгогодишните напори на Програмата за развој на Обединетите нации и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро, кои се финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА С В Е Т С К АТА П Р Е М И Е РА Н А Д О К У М Е Н ТА Р Н И О Т Ф И Л М

"ЕЗЕРО ОД ЈАБОЛКА"

„После петнаесет години работа и петнаесет милиони долари инвестиција среќни сме што виталните функции на Преспанското Езеро се обновуваат, благодарение на промената на начинот на кој земјоделците ги одгледуваат своите култури, намалувањето на внесот на загадувачки материи од различни извори и подобрувањето на управувањето со ресурсите“, изјави Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администратор на Програмата за развој на Обединетите нации 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

(УНДП), Хелен Кларк во нејзиниот воведен говор. Последните истражувања покажуваат дека најголемиот дел на земјоделците во Преспа имаат усвоено модерни производни практики, како што се фертиригацијата, методи за контрола на употребата на пестициди и подобрување на карактеристиките на почвата со примена на органски ѓубрива. Како резултат на тоа значително е намалена употребата на пестициди, вештачки ѓубрива и вода за наводнување.


Авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели

И

здавачката куќа „Силсонс“ од Скопје во едицијата „Современа македонска проза“ го објави романот „Битолски триод“ од писателот Владимир Костов... Авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци,

И З Д А В АЧ К АТА К У Ќ А „СИЛСОНС“ ОД СКОПЈЕ ВО Е Д И Ц И Ј АТА „ С О В Р Е М Е Н А МАКЕДОНСКА ПРОЗА“ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ

"БИТОЛСКИ ТРИОД"

кои се бореа и гинеа за туѓи цели. Посебен акцент става на двегодишните бомбардирања на артирелијата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради, меѓу кои и ретки монументални градби на поз20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 810 / Март 2017

натиот Широк Сокак. Во рецензијата за книгата, писателот Раде Силјан наведува дека во „Битолски триод“ „се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ“.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.