811

Page 1

А

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 811, Април 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО С О Б РА Н И Е Т О НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУ ТО Н А Е Д И РА М А З А П О Л И Т И К О МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОС Т ЗА С Р Е Д Б АТА Ц И П РА С  Т У С К

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ТА Л АТ Џ А Ф Е Р И И З Б РА Н З А П Р Е ТС Е Д АТ Е Л Н А С О Б РА Н И Е ТО - Д Е М О Н С Т РА Н Т И Т Е В Л Е ГО А В О С О Б РА Н И С К АТА З Г РА Д А


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА После вчерашните инциденти и насилство во Собранието на Република Македонија, каде беа повредени и пратеници, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса со длабоко жалење констатира дека се случи она на што со месеци предупредувавме а никој одговорен и разумен политичар не го посакуваше. Со вчерашните многу сериозни инциденти политичката криза ескалираше во тотален хаос и целосно неприфатливо насилство, што уште повеќе ја загрозува иднината на нашата Татковина. Нашиот став е многу јасен и прецизен. Одговорноста за овој немил развој на настаните е непопустливоста, тврдите и максималистичките барања на најодговорните политички фактори. Потписниците на политичкиот договор од „Пржино“ заедно со останатите парламентарни партии останаа глуви на нашите апели да прифатат и разберат дека ја имаат најголемата одговорност за причините, но во исто време и за излезот од маратонската политичка криза. Нивното инаетење и водење на дневна политика мотивирана од лични и теснопартиски интереси за освојување на власта ја внесе Македонија во уште подлабока и подраматична криза. Албанските политички фактори во Македонија го јавнаа бранот на иредентизам кој ги разбуди старите духови и големо национални идеи кои повторно го зовриваат Балканот. Уцените и радикалните барања содржани во Тиранската платформа поставени како услов без кој нема Влада се доживува од мнозинството Македонци како обид од внатре да се оспори и загрози Македонскиот национален идентитет по Грчки терк, што е вовед во загрозување на унитарниот карактер на нашата заедничка Татковина. Најодговорните Македонски политички партии заслепени од меѓусебната омраза, заглавени во своите дневни безумни обвинувања за криминал и национални предавства, без чувство од неопходноста да изгради консензус за најважните национални прашања, внесоаа зла крв и го поделија народот. Нашите меѓународните пријатели го изгубија трпението бидејќи и во 26-тата година од независноста се уште не покажуваме капацитет самите да ги надминеме сопствените слабости и да обезбедиме стабилна иднина за нашата земја. Ако навистина сакаме да станеме полноправна членка на ЕУ и НАТО, во пресрет на посетата на Брајан Хојт Ји, треба да покажеме дека знаеме да препознаеме што се очекува од нас и да докажеме дека заслужено сме признаени од САД под Уставното име и дека има доволно оправдани причини зошто сме потпишале специјален стратешко безбедносен билатерален договор со најмоќната Држава во светот. Во овие многу тешки моменти за Македонија народот целосно ќе застане зад принципи кои ќе значат излез од кризата, враќање на стратешкиот колосек и обезбедување сигурна иднина, а ќе бидат прифатени од сите политички фактори. Така ќе се намали негативната енергија бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, само така сите ќе работат за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност! После вчерашните инциденти во кои за влакно беа избегнати и човечки жртви, каде се потврди целосна криза и немоќ на Државните институции, Македонската Алијанса повикува на разум и мирен излез од кризата во следните чекори: Прво, Албанските политички партии да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои непотребно ги разгоруваат меѓуетничките односи. Второ, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со писмени гаранции да докажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на механизми кои ќе го оневозможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на партиската или етничка припадност. Трето, сите парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот колосек за Евроатлански интеграции. Конечно, на Македонија како никогаш претходно и е потребен сеопфатен општествен консензус дека сите заедно, без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото, Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


Сè започна кога пратениците од парламентарното мнозинство во тензична атмосфера го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието, по што демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието

Н

ад 100 лица беа повредени меѓу коии пратениции, новинари, полициски службеници и граѓани во насилството во Собранието по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. Сè започна кога пратениците од парламентарното мнозинство во тензична атмосфера го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието, по што демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието. Додека пратениците од парламентарното мнозинство гласаа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Ова е пуч“. Тие ја окупираа говорницата, па изборот на претседател се изведуваше на среде сала. Пратеници му честита на Џафери за изборот за претседател, по што тој положува заклетва. Откако демонстрантите ја дознаа веста насилно влегоа во собраниската зграда. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пратениците Радмила Шеќеринска и неколку други од СДСМ, пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села беа крвнички тепани од демонстрантите. Во салата во која беа тие упадна поголема група луѓе со фантомки кои почнаа да кршат и да тепаат. Новинарите и снимателите беа избркани од просторијата, а доколку некој се обидуваше да снима му беа одземани и кршени микрофоните и

Д ОД Е К А П РАТ Е Н И Ц И Т Е ОД П А Р Л А М Е Н ТА Р Н О Т О М Н О З И Н С Т В О ГЛ АС А А , П РАТ Е Н И Ц И Т Е ОД В М Р О  ДПМНЕ ИЗВИКУВАА „ОВА Е ПУЧ“ Т И Е Ј А О К У П И РА А Г О В О Р Н И Ц АТА , П А И З Б О Р О Т Н А П Р Е ТС Е Д АТ Е Л С Е ИЗВЕДУВАШЕ НА СРЕДЕ САЛА

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТОДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГОА ВО СОБРАНИСКАТА ЗГРАДА

камерите. Пред полноќ полицијата со шок бомби ги истера демонстрантите, а од Собранието ги евакуираше пратенициите и останатите вработени. Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, во кусо обраќање, ги повика лидерите на политичките партии лидерска кај него, со цел да се смират тензиите. „Никој друг од надвор нема да ни ги реши проблемите, ако самите не си ги решиме“, рече Иванов. По настаните во Собрание реагираа и амбасадорите. „Не е време на насилство, ова се вознемирувачи вести“, рече амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, како најстар амбасадор во земјава во името на ЕУ и САД во своето обраќање по настаните во 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

Собранието. „Ова е време за дијалог, не за насилство. Апелираме до сите страни да се воздржат од потпалувачки реторика и активности кои може да ги разгорат работите, исто така апелираме дека полицијата има одговорност за воведување на редот“, рече тој. Насилството во Собранието го осудија и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и европскиот комерсар за проширување Јоханес Хан. Во заедничко соопштение, Могерини и Хан порачаа дека е неопходно смирување и воздржаност и побараа Министерството за внатрешни работи и полицијата да ја осигураат безбедноста на Парламентот и пратениците.


Европратениците уште еднаш го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја почитува волјата на мнозинството и да го даде мандатот за формирање влада, а Парламентот на почне да работи според нормална процедура. Во дискусијата, ситуацијата во Македонија беше оценета како „многу сериозна“, а политичката криза како „се подлабока“, со заедничка оценка дека тоа „ја загрозува европската перспектива“ на земјата

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА П Е Т Т И А П Р И Л В О С Т РА З БУ Р Н А П Л Е Н А Р Н А С Е С И Ј А ГО РА З ГЛ Е Д А И З В Е Ш ТА Ј О Т З А Н А П Р Е Д О К О Т Н А МАКЕДОНИЈА ВО 2016 ГОДИНА

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Е

вропскиот парламент на петти април во Стразбур на пленарна сесија го разгледа извештајот за напредокот на Македонија во 2016 година, подготвен од известувачот Иво Вајгл. Европратениците уште еднаш го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја почитува волјата на мнозинството и да го даде мандатот за формирање влада, а Парламентот на почне да работи според нормална процедура. Во дискусијата, ситуацијата во Македонија беше оценета како „многу сериозна“, а политичката криза како „се подлабока“, со заедничка оценка дека тоа „ја загрозува европската перспектива“ на земјата. Според преставникот на малтешкото претседателство, Јан Борг кој настапи во име на Советот на ЕУ, „Македонија страда од поларизација и култура на поделби“, а системски мани се регистрираат во судскиот систем, човековите права и борбата против корупцијата. Борг потсети дека и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск при последната посета на Скопје побара државништво и единство во земјата. Изразувајќи поддршка за работата на СЈО, тој рече дека новата влада мора да работи на реформи во земјата преку реализирање на договорот од Пржино и препораките од извештајот на Прибе. „Очекуваме прв приоритет на владата да бидат реформите во корист на земјата и граѓаните и враќање на земјата на европскиот пат“, рече Борг. Невен Мимица, еврокомесар за меѓународна соработка и развој, ги по-

вика политичките фактори да ги почитуваат резултатите од изборите, претседателот Ѓорге Иванов да дозволи да се формира владата, а политичките партии да престанат да долеваат оган на меѓуетничките односи. Известувачот Иво Вајгл рече дека Собранието не може да работи и да се формира нова влада поради системски опструкции и однесувањето на шефот на државата. Вајгл притоа им се обрати и на соседите кои се мешаат во внатрешните работи на Македонија во време кога состојбата во неа е толку проблематична и комплицирана. „Не треба да ја правите ситуацијата уште потешка со мешање во внатрешните работи. Македонија се соочува со големи предизвици на патот кон ЕУ. Сепак, лично очекувам дека ќе дојде крајот на кризата, дека владата ќе се формира и дека ќе се обнови нормалното функционирање на Парламентот“, порача Вајгл додавајќи дека никој не треба да се чувствува потоа како губитник во националниот проект. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

Кнут Фленкештајн порача дека е лошо да се држи цела земја заложник затоа што не се оствариле очекувањата на една партија за останување на власт. „Поголемиот дел од земјата мисли дека демократијата функционира само ако победат“, забележа тој, додавајќи дека тоа очигледно го мисли и мнозинството од тие што деновиве излегуваат на улиците. Тонино Пицула од групата на социјалистите оцени дека земјата е доведена во ситуација без преседан, а Парламентот е толку блокиран што не може да донесе ниту одлука за распишување локални избори. Според него, изборите не дале апсолутен туку релативен победник кој, пак, не успеал да формира влада. Гласањето за резолуцијата изработена од Иво Вајгл и која ја доби поддршката од европратениците, Советот и Комисијата на ЕУ во едночасовната дебатата, предвидено е да се гласа на првата сесија на Европскиот парламент во мај.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со разгорувањето на состојбите на Балканот како резултат на националистичките изјави на Албанскиот Премиер Еди Рама, кој беше подржан и од Косовскиот Премиер Хашим Тачи, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА РАЗГОРУВАЊЕТО НА СТРАСТИТЕ НА БАЛКАНОТ

М

акедонската Алијанса ги поздравува официјалните ставови на САД и ЕУ кои го осудија иредентизмот на Премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Хашим Тачи, оценувајќи ги како целосно неприфатливи и крајно опасни за стабилноста и иднината на регионот. Сметаме дека е добро што идниот Претседател на Србија, Александар Вучиќ, и покрај провокациите за некакво обединување на Албанија и Косово, на кои им се приклучи и Градоначалникот на Српската Општина Бујановац, Јонуз Муслиу, реагираше одговорно и со ладна глава ја префрли топката кај меѓународната заедница, јавно предупредувајќи дека ваквите провокации ги смета за повик за војна. Актуелното свесно разгорување на состојбите на Балканот е уште една потврда дека Тиранската платформа не е ни малку наивна и претставува кукавичко јајце кое треба од внатре да го загрози Македонскиот национален идентитет и да овозможи да се зададе последниот удар за промена на името на Македонија по Грчки терк. Тиранската платформа беше промовирана на Божиќ под по-

кровителство на Еди Рама за да овие радикални и неразумни барања на подолг рок ја дестабилизираат Македонија како вовед во разгорување на страстите на целиот Балкан, преку повторно заживување на старите духови за „Илирида“. Албанските политички фактори во Македонија ќе може да бараат да бидат конститутивен народ тогаш кога Еди Рама на 400 илјади Македонци по потекло во Албанија ќе им овозможи да ги уживаат истите права. Албанските политички фактори во Македонија наместо да не држат во заложништво со испорачување на уцени за формирање на Влада, треба да се заложат Владата на Еди Рама да ја признае Македонија под Уставно име. Албанските политички фактори во Македонија не може да создаваат лажна историја со 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

иницијатива Македонија и Србија неосновано да признаат не постоечки геноцид врз Албанскиот народ. Македонската Алијанса уште еднаш оценува дека Тиранската платформата брутално го гази Охридскиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни придобивки од него. Сметаме дека најефикасен демант за радикалните барања на Албанските фактори е неодложно спроведување на попис кој некој упорно го избегнува плашејќи се од резултатот и вистината. Во името на Македонската Дијаспора ги повикуваме Албанските политички фактори во Македонија да се повлечат од сите радикални барања и уцени содржани во Тиранската Платформа и да престанат заради тесно партиски и лични цели да манипулираат со чувствата на нашите сограѓани Албанци. Ние искрено остануваме на нашите заложби за соживот и сакаме заеднички да ја градиме иднината на Македонија, на принципиелни основи, со меѓусебна искрена почит и разбирање. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ПОПОСКИ: „Не мислам дека решението за тоа дали ќе има избори и кога тие ќе се случат треба да го носи некој надвор од Република Македонија. Тоа е решение што треба да го донесеме во Република Македонија и единствениот начин на кој можеме да се договориме околу тоа е низ демократските институции. Со други зборови, Собранието на Република Македонија одлучува, граѓаните на Република Македонија имаат право да дадат мандат за таква одлука“, порача министерот Попоски од Брисел

ЗА ИЗБОРИ РЕШАВААТ СОБРАНИЕТО И ГРАЃАНИТЕ, А НЕ НЕКОЈ ОДНАДВОР

В

ицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел имаше средви со повеќе европратеници и учествуваше на конференцијата во Европскиот парламент посветена на жртвите од Холокаустот. Од центарот на Европската унија, шефот на македонската дипломатија испрати и порака во однос на некои странски притисоци за тоа дали и кога треба да има нови парламентарни избори со цел излез од политичката криза во Македонија. „Не мислам дека решението за тоа дали ќе има избори и кога тие ќе се случат треба да го носи некој надвор од Република Македонија. Тоа е решение што треба да го донесеме во Република Македонија и единствениот начин на кој можеме да се договориме околу тоа е низ демократските институции. Со други зборови, Собранието на Република Македонија одлучува, граѓаните на Република Македонија имаат право да дадат мандат за таква одлука“, порача министерот Попоски од Брисел.

Во Законодавниот дом на Европската унија, шефот на македонската дипломатија се сретна со европратениците Дубравка Шуица (потпретседател на Комитетот за надворешни работи на ЕП), Кнут Флекештајн, Маријана Петир, Едвард Кукан и многу други пратеници во Европарламентот. Според него, во делот на тоа што се очекува како помош од Европскиот парламент, неговата порака до нив била едноставна. „Првата точка е да се помогне во враќање на европската перспектива за Република Македонија која во изминатите години, покрај многубројните препораки, како да исчезна од хоризонтот и на 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

некој начин помогна да се наметне агендата на борба со една политичка кризна ситуација. Решението и за изборите и за надминување на кризата, мора да биде низ македонските институции и во рамките на еден демократски процес“, рече Попоски. Пораката, пак, од Европарламентот била дека се очекува да се даде поддршка за една повидлива иднина во делот на започнување на процесот на преговори со Република Македонија. Според Никола Попоски, тоа е нешто што долго време е препорачано, но не е реализирано и истото е извор на голем дел фрустрации за македонското население.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со интервјуто на Албанскиот Премиер Еди Рама за „Политико“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЕДИ РАМА ЗА ПОЛИТИКО

С

о секој нов јавен настап Еди Рама продолжува, со скандалозни и провокативни ставови, да инвестира во подолготрајна дестабилизација на целиот регион. Освен што упорно се меша во внатрешните прашања на Македонија, провоцирајќи дека Албанците се конститутивен народ, дека според него Македонија е веќе бинационална Држава, сега почна да се заканува и со промена на граници. Дали е свесен актуелниот Албански Премиер каква значење има неговата изјава дека ако перспективите за влез на земјите од регионот во ЕУ продолжат да бледнеат, тогаш не е исклучено обединувањето на Косово и Албанија? Дали е ова повик до Албанците од Македонија кои по плановите на Рама треба да станат дел од новиот евентуален сојуз меѓу Албанија и Косово, само затоа што официјална Атина ги блокира нашите Евроатлански интеграции? Држењето на опцијата за редефинирање на границите на Балканот е неодговорно потпалување на националистичките и радикални структури кои сонуваат за „Илирида“ и има за цел на еден крајно опасен начин да си подигрува со чувствата на Албанците кои се малцинство во Србија, Грција и Македонија. Како е можно Еди Рама да тврди дека Тиранската платформа е мит кој бил создаден од политички

причини? Платформата не е измислица туку реалност и според Албанските лидери во Македонија, услов без кој не се може при формирање на Влада. Албанскиот Премиер не е политички наивец кој не е свесен за последиците од собирањето на речиси сите Албански фактори од Македонија во Тирана на Божиќ за да објават Платформа, која во својата основа мотивира етнички поделби и служи за премостување на долготрајната политичка криза во Македонија на меѓуетнички план. Македонската Алијанса ја повикува ЕУ да ги осуди ставовите на Албанскиот Премиер кој директно и отворено го оспорува Македонскиот национален идентитет и отвора можност за остварување на Грчкото сценарио за завршен удар за обезличување на Маке07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

донскиот народ и Држава. Во овој исклучително турбулентен период за Македонија, најодговорните Македонски политички партии мораат да разберат дека немаат друг избор освен да се издигнат над суетите и тесно партиските интереси и конечно сите на дело да покажеме дека знаеме да се обединиме за иднината на нашата заедничка Татковина. Првиот фундаментален чекор е единствено и целосно отфрлање на Тиранската платформа која во суштина го поништува Охридскиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни придобивки од него. Второ, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ мора неодложно да се усогласат и да соопштат дека никој нема по ниту една цена или притисоци да прифати да разговара и преговара за промена на Уставното име и Македонскиот национален идентитет Трето, на Македонија и е итно неопходен попис кој ќе даде најдобар одговор за радикалните барања во Тиранската платформа. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните Македонски политички лидери да бидат на висината на задачата, да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во наредниот период. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со интервјуто на Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, кој за телевизијата која известува на Албански јазик „Арт Канал“ изјавил дека душата на Дебарчани е во Тирана, верувајќи дека нивниот сон ќе се оствари, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАР РУЖДИ ЉАТА

М

јава на Градоначалникот на Пустец дека крвта и душата на нашите браќа и сестри Македонци од Албанија е во Скопје и веруваме дека нашиот сон ќе се оствари? Како би реагирал Еди Рама на ваква изјава? Уште еднаш ги повикуваме Албанските политички фактори во Македонија да ги повлечат радикалните и неразумни барања содржани во Тиранската платформа, кои ја премостија политичката криза на меѓуетнички план. Политичкиот договор во „Пржино“ не беше склучен за да се испорачуваат етнички услови за формирање Влада, туку за да се расчистат сите обвинувања за фалсификување на изборната волја на претходните избори и правно да се разреши скандалот со прислушувањето. Македонскиот народ никогаш нема да дозволи оспорување на Македонскиот

акедонската Алијанса ја осудува неодговорната изјава на Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, која се вклопува во трендот на скандалозни и провокативни изјави кои имаат за цел да предизвикуваат меѓуетнички тензии. Ги повикуваме Албанските политички партии да ги осудат ваквите изјави и да повикаат на воздржаност и внимателност во настапите на политичарите од нивните редови. Јасно е дека серијата настапи на Албанскиот Премиер, Еди Рама, од мешањето во внатрешните работи на Македонија до заканите за промена на границите на Балканот, се директен повод и ги стимулираат ваквите изјави, кои за жал се дел од реториката на националистичките и радикални структури кои сонуваат за „Илирида“. Како би се доживеала из-

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

национален идентитет од внатре, што е предуслов за реализирање на завршниот удар за обезличување на Македонскиот народ и Држава по Грчки терк. Во овој исклучително турбулентен период за Македонија, најодговорните Македонски политички партии мораат да разберат дека немаат друг избор освен да се издигнат над суетите и тесно партиските интереси и конечно сите на дело да покажеме дека знаеме да се обединиме за иднината на нашата заедничка Татковина. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со средбата на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас и Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, во Атина, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СРЕДБАТА ЦИПРАСТУСК

М

акедонската Алијанса со внимание ги следеше сите информации за тет-а-тет средбата меѓу Ципрас и Туск, особено што Претседателот на Европскиот Совет ја посети Атина, после Македонија. За жал, од изјавата на Ципрас не е тешко да се заклучи дека официјална Атина не ја напушта својата политика на лажен морал и двојни аршини. Грчкиот Премиер, во стилот на сите негови колеги, во присуство на високиот претставник на ЕУ, ја искористи приликата да мудрува дека Европските перспективи на Западниот Балкан, според него, зависеле од напуштање на национализмот, почитување на принципите на добрососедските односи и почитување на човековите права. Дали Ципрас мислеше на самиот себе и на политиките кои веќе 2 децении ги промовираат и спроведуваат сите нивни владејачки гарнитури? Официјална Атина повикува на почитување принципи а не ја почитува пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, кој го осуди нашиот јужен сосед за непочитување на Времената Спогодба потпишана под покровителство на ООН. Дали Ципрас на Туск му даде образложение за провокациите кон Македонија кои Грчкиот Претседател Павлопулос, веќе цела година, ги упатува на сите

негови јавни настапи во Воден, Солун, Сер, Костур, места кои сведочат за огромната историска неправда која му е направена на Македонскиот народ со Букурешкиот Договор? Му објасни ли за изјавите и заканите на Коsиас, Каменос и Левентис? Тоа ли е инвестиција во добрососедските односи? Срамно е било кој претставник на Грчката политичка елита да бара од друг да се дистанцира до национализам во услови кога официјална Атина е извор и промотор на средновековен национализам, иредентизам и целосно непочитување на универзалното демократско право на самоопределување на Македонија и Македонскиот народ. Блокадите, уцените, заканите, непризнавањето на историската вистина од страна на официјална Атина, Европската Унија треба да го отфрли 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

како недостојни за една нејзина земја членка. И ЕУ и НАТО треба да престанат да ја толерираат негаторската Грчка политика и да и дозволат на Македонија достоинствено да ги продолжи своите Евроатлански интеграции, во интерес на стабилноста на целиот регион. Без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


PRV PRETSEDATEL NA NARODNOTO SOBRANIE NA MAKEDONIJA, U^ESNIK NA AVNOJ I NA ASNOM, POZNAT BOREC ME\U DVETE SVETSKI VOJNI ZA PRAVATA NA MAKEDONIJA I NA MAKEDONSKIOT NAROD.

METODIJA ANDONOV - ^ENTO (1902-1957)


STOBI


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


ММФ И СВЕТСКА БАНКА: „Видувањата на ММФ и Светската банка се дека македонската економија ќе продолжи да расте и според нив, растот ќе изнесува околу три проценти. Тоа се должи на добрите фундаменти на македонската економија, но сепак тоа е помалку отколку што може македонската економија да расте, а причината е неповолното домашно политичко опкружуивање“, истакна гувернерот Богов.

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СТАБИЛНА И ПОКРАЈ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

М

акедонската економија е стабилна и покрај сите предизвици на политичката криза, оценуваат Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. На Пролетните средби во Вашингтон, на кои учествува и македонската делегација предводена од министерот за финансии Кирил Миноски, е посочено дека македонската економија годинава ќе оствари раст од околу 3 проценти. „Констатација на сите релевантни финансиски институции е дека и покрај долготрајната политичка криза, сепак економијата испорачува позитивни резултати. 2016 година ја завршивме со раст на БДП, наплатата на приходите е на задоволително високо ниво и тоа продолжува и во првата половина од 2017 година, буџетскиот дефицит се движи во рамки на Мастришките критериуми така што од тој аспект општата констатација е дека речиси сите макроекономски фундаменти на економската политика во Република Македонија се здрави и оти и покрај сите околности, Македонија дава позитивни резултати“, изјави министерот Миноски. Според гувернерот на Народната банка Димитар Богов, предвидувањата на ММФ и на Светска банка за македонската економија се должат на добро поставените основи на економијата. „Видувањата на ММФ и Светската банка се дека македонската економија ќе продолжи да расте и според нив, растот ќе изнесува околу три

проценти. Тоа се должи на добрите фундаменти на македонската економија, но сепак тоа е помалку отколку што може македонската економија да расте, а причината е неповолното домашно политичко опкружуивање“, истакна гувернерот Богов. На средбите што македонската делегација ги имала со високи претставници на ММФ било оценето дека инфраструктурните проекти се позитивни за развојот на македонската економија. Коридорот 10, како што најави министерот Миноски, ќе биде комплетиран во јуни годинава, а се разговара со Европската банка за обнова и развој и за финансирање на делниците од Коридорот 8, односно автопатската делница од Кичево до Гостивар, како и за желензичкото по14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 Април 2017

врзување од Крива Паланка со граничниот премин Деве Баир. Светска банка и Европската банка за обнова и развој поддржуваат проекти во Македонија во вредност од милијарда ипол евра, од кои најголем дел во инфраструктурата. На средбите се разговарало и за проектите што се имплементираат со Развојната банка на Советот на Европа во делот на здравството и образованието како што се проектите за изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. Македонската делегација на Пролетниот состанок во Вашингтон со претставници на ММФ и на Светска банка разговарала и за поддршка на приватниот сектор во Македонија, особено на малите и средните претпријатија.


БОГОВ: “Сега кога одбележуваме 25 години од монетарната самостојност можеме да кажеме дека сме искусиле различни ситуации и сме се справиле со неколку шокови внатрешни, како и надворешни. Научивме многу, како од другите, така и од самите нас и постигнавме многу цели. Конечно сфативме дека треба да работиме и понапорно за подобри успеси во иднина“, потенцира Богов

ОДРЖАВМЕ ЦЕНОВНА СТАБИЛНОСТ, СТАБИЛЕН КУРС И ЗДРАВ БАНКАРСКИ СИСТЕМ

В

о последните 20 години успеавме да одржиме ценовна стабилност, со инфлација во просек од 2 проценти, стабилен девизен курс и здрав банкарски систем кој преживеа многу стрес тестови во реално време. Ова го истакна гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, обраќајќи се на конференцијата што НБРМ ја организира по повод 25-години монетарна самостојност. “Сега кога одбележуваме 25 години од монетарната самостојност можеме да кажеме дека сме искусиле различни ситуации и сме се справиле со неколку шокови внатрешни, како и надворешни. Научивме многу, како од другите, така и од самите нас и постигнавме многу цели. Конечно сфативме дека треба да работиме и понапорно за подобри успеси во иднина“, потенцира Богов. Тој порача дека креаторите на политиките треба посмело да ги имплементирааат реформите, фокусирајќи се на флексибилен

пазар на труд, поголема продуктивност, посилна конкуренција и иновации. Тоа, рече, е целта не само за земјите во развој, туку и на развиените економии. „Алармот е вклучен и за фискалната политика која во многу земји стана прекомотна со политиката на ниски каматни стапки. Потребно е затегање на фискалните услови што ќе овозможи фискална консолидација“, рече Богов. Шестата меѓународна истражувачка конференција на НБРМ која традиционално се органи15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

зира по повод одбележување на годишнината од монетарното осамостојување на РМ е насловена „Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара ’новата нормала’“. Годинава новина е тоа што конференцијата се организира во рамки на заедничкиот настан со Лондонската школа за економија и нивната конференција „Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа“.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упатува честитка до поглаварот на македонската православна црква – Охридска Архиепископја, архиепископ Охридски Македонски г.г Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и до сите православни верници во Република Македонија:

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН

В

о пресрет на еден од најголемите христијански празници Воскресение Христово – Велигден, во свое име и во име на Македонска Алијанса, сакам да Ви упатам искрена честитка со желби за мир и спокој, здравје и благосостојба! Сплотеноста и топлината при Велигденските празници нека ни бидат водилка и нека се пресликаат и во другите сегменти од општествениот живот, нека не научат да бидеме правични и силни во соочувањето со сите предизвици и само така ќе ги надминеме истите! Само така успешно ќе го негуваме единството, духовното и националното! Само така ќе ја чуваме Татковината! Нека ни е за многу години празникот! Христос Воскресе! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017


З А КО Н ОД А ЗАКОНОД АВС ВС ТВО Селмани, исто така, посочи дека бројот на нападите врз новинарите минатата година е зголемен и ги повика институциите да ги казнат насилниците. Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, изрази загриженост поради антимедиумската реторика на македонските политичари и посочи дека тие имаат јасна одговорност за неодамнешните напади врз новинари во Македонија

С

обранието на Здружението на новинари на Македонија се изјасни против законска регулација на интернет порталите и медиумските содржини бидејќи повеќе закони значи помала слобода за медиумите, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конференција со Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез. „Негативните појави во медиумите како говорот на омраза не се резултат на немање закони, туку поради одбивањето на институциите да ги применат истите. ЗНМ ја одбива идејата за регулација на медиумските содржини и секој професионален новинар треба да одбие државата да ја оценува неговата работа како новинар. Новинарската етика се решава со саморегулаторни механизми“, изјави Селмани. Селмани, исто така, посочи дека бројот на нападите врз новинарите минатата година е зголемен и ги повика институциите да ги казнат насилниците. Генералниот секретар на Ев-

СО Б РА Н И Е ТО Н А З Д Р У Ж Е Н И Е ТО НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗЈАСНИ ПРОТИВ

ЗНМ И ЕФЈ ПРОТИВ ЗАКОНСКА РЕГУЛАЦИЈА НА ПОРТАЛИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ СОДРЖИНИ

ропската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, изрази загриженост поради анти-медиумската реторика на македонските политичари и посочи дека тие имаат јасна одговорност за неодамнешните напади врз новинари во Македонија. „Ги следиме сите случаи на притворени новинари во Ев17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

ропа и Македонија, за жал, е една од петте земји каде има вакви случаи. Тоа се Турција, Азербејџан, Црна Гора, Русија и Македонија“, изјави Гутиерез. Во однос на ризикот од ново регулирање на медиумската содржина, Гутиерез, рече дека таа во Македонија е веќе законски регулирана.


А В С Т РА Л И ЈА Во најновата престава „Неочекувана забава“ настапува Татјана Нешковска која на сцена за прв пат настапи минатата година во комедијата „Баба се мажи“. Татјана го привлече вниманието на гледачите со карактерот на Лидија и за истата улога минатата година ја доби наградата Александар Македонски за глума за најдобар дебитант. За да ја запознаеме публиката малку повеќе со Татјана, поведовме разговор

СЕМЕЈСТВО А ПОТО

Повеќе години сте водител на Радио програмата „ Тавче Гравче“ во Волонгонг. Како се вроди љубовта во радиото? Нешковска: Уште како мало дете имав желба да бидам на радио, но посебно сакав да бидам ТВ водителка, и често ги имитирав тв водителките од телевизијата. Исто така многу бев заљубена во македонските традиционални песни и фолклор. Кога дојдов во Австралија и кога ми се даде можност да земам учество во програмата „Тавче Гравче“ мислам дека ми се исполни тој сон да се дружам со македонската песна и оро, и преку етерот да се дружам со врвни уметници кои доаѓаат како гости на програмата како и да се дружам во заедницата за време концертите. Ми прави големо задоволство кога слушателите ќе ми се јават и го искажат задоволството што ме слушаат, а програмата се слуша не само во Австралија туку се слуша во Македонија и Европа. Со нетрпение очекувам да дојде недела и да се дружам со слушателите и ми прави задоволство што го негуваме македонскиот јазик и култура. Радиото е дел од мојот живот.

Како се вроди љубовта во Театарот? Каков беше вашиот почеток? 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 Април 2017

Нешковска: Кога ја видов драмата „Куферот“ во изведба на АМТС бев воодушевена од професиона-


ТО ВО ПРВ ПЛАН А ГЛУМЕЊЕТО да го „освојам“ ликот на Лидија, а и тој да ме освои мене. Жири комисијата сигурно го виде тоа. Но што е најважно уживав да го играм тој лик и уживав да бидам на сцена и да се дружам со целиот тим на оваа драма. Во „Неочекувана забава“ ја играте улогота на Зуклинда. Како ја сфаќате оваа улога и во што се состои? Нешковска: Во оваа драма режисерот Стефо Нанцу ми ја довери улогата на Зуклинда, заболекарка. Многу е кратка но е доста интересна и верувам дека ќе им се допадне на гледачите, поготово што се крие тајност и неочекувана разврска на настаните кои сите нас не прават убаво да размислуваме за нашите секојдневни постапки. Значи ќе бидам заболекарка. Кои се вашите планови во блиска иднина?

лизмот и темата што се обработуваше. Ми се врати од детството таа вродена желба да бидам на сцена и да играм различни карактери. Им пријдов на актерите и на авторот Душан Ристевски, со кои направив интервју за радио програмата и се понудив да глумам. Сите беа позитивни и ме прифатија. Ми понудија да земам учество во „Баба се мажи“, но како тие што не веруваа во мене така и јас самата не си верував дека така успешно ќе ја одиграм улогата, онака како авторот Душан и режисерот Васко го бараа тоа од мене. Значи со тоа и започна мојата „глумачка кариера“ ако можам така да ја наречам.

Мојот сон се оствари, настапив на сцена прв пат и тоа ми врежа љубов сцената да ја сакам уште повеќе. Како што рековте прв пат на сцена настапивте минатата година и ја добивте наградата Александар Македонски за улогата на Лидија, како се чувствувавте по добивањето на ова престижна награда? Нешковска: Се чувствувам прекрасно и никогаш не верував дека ќе бидам наградена, а конкуренцијата беше голема. Мислам дека се дадов од себе не со глумењето туку и со изгледот и костимографијата, сакав целосно 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 Април 2017

Нешковска: Моите најважни планови во животот ми се да си ги одгледам, воспитувам и да им го покажам правиот пат на моите синови Тајсон и Томас. Моите сонови и желби се споредни но секако слободното време сакам да продолжам да го посветувам на радио програмата „Тавче Гравче“ и да продолжам да глумам за АМТС, во зависност какви улоги ќе ми понудат. Се надевам дека ќе имам доволно елан и ќе бидам во можност и понатаму да глумам, да ги негувам македонската изворна песна, јазик и култура. Душан Ристевски


НА СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

- Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера, рече Ангеловски

Ф

илмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно беше прикажан во рамките на Скопскиот филмски фестивал. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари. Режисерот и сценарист Ангеловски потенцира дека направил сценарио или приказна за љубовта, но гледано од хумористичен аспект. - Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера, рече Ангеловски. Информира дека снимале на повеќе локации низ Македонија, во Скопје и во Маврово. Филмот е снимен во продукција на Авард Филм и Видео и копродуцентите - Квазар Филм и КТ Филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, музиката е на Венко Серафимов.

"АХ, ЉУБОВМОЈА"

Годинава се очекуваат премиери на уште пет македонски филмови: „Годината на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Жртва“ на Марија Џиџева, „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов. Пред неколку дена почна снимањето на играниот 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и продуцентската куќа „Дрим фактори“, а ќе почнаат со снимање филмовите „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Ако утре го нема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои се вика Петрунија“ на Теона Митевска и „Цар Самуил“ на Антонио Митриќески.


Н А С ТА Н О Т Н Е Б Е Ш Е С А М О О Б И Ч Е Н К О Н Ц Е Р Т, Т У К У Н Е С Е К О Ј Д Н Е В Н О М Е ГА Ш О У По повод 30-годишна музичка кариера Наум Петрески, одржа јубилеен концерт на 22-ри Април во Метрополис Арена

ТРИТЕ ДЕЦЕНИИ КАРИЕРА НА "ГРЛОТО НЕНАПЕАНО" П о повод 30-годишна музичка кариера Наум Петрески, одржајубилеен концерт на 22-ри Април во Метрополис Арена. Настанот не беше само обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу, на кое освен промоцијата на новите хитовски рефрени од цд албумот на Петрески, „Грло Ненапеано“, беа отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а имаше многу забава и интересни содржини, додека во исто време и на славеникот му оддадоа признание и многу пријатели од естра-

дата, пејачи, актери… Во оваа пригода се одржа само еден ексклузивен концерт, поточно незаборавен музичко-сценски хепенинг со живата легенда и еден од нај21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

квалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен. Организатор на концерот е продиценската кука Авард.


На програмата од денеска до 28 април ќе се најдат повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“. Филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал, а на свеченото отворање како што е најавено, пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа

С

о филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ на режисерот Бојан Вулетиќ денеска почнува јубилејното 20. издание на Скопски филмски фестивал. На програмата од денеска до 28 април ќе се најдат повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“. Филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ годинава беше дел од

С О Ф И Л М О Т „ Р Е К В И Е М З А Г О С П О ЃА Ј .“ Н А Р Е Ж И С Е Р О Т Б О Ј А Н В У Л Е Т И Ќ ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 20. ИЗДАНИЕ НА

"СКОПСКИ" ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал, а на свеченото отворање како што е најавено, пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа. На фестивалот ќе се одржи Ретроспектива на Стенли Кјубрик, на која ќе бидат прикажани пет негови филмови, а на 23 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

април извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик, Јан Харлан ќе одржи предавање. На 27 април во кино Фросина, ќе се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ, мултимедијален уметник од Сараево. Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е македонскиот ликовен уметник Ване Костуранов. Филмовите се распоредени во осум програми.


Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс

Т

еатарот за деца и младинци премиерно ја изведе бајката од Шарл Перо „Мачорот во чизми“ во режија на Игор Ивковиќ и драматизација на Горјан Милошевски. Играат осум актери од театарот, а ангажиран е и познат магионичар. Режисерот Ивковиќ рече дека се стремеле да направат херојска, урбана и динамична комедија во која има магија, илузија, бои и музика и дека покрај децата во неа ќе уживаат и родителите. Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги

Т Е АТА Р О Т З А Д Е Ц А И М Л А Д И Н Ц И П Р Е М И Е Р Н О Ј А И З В Е Д Е Б А Ј К АТА ОД ШАРЛ ПЕРО

"МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ"

спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. Со помош на неговиот помошник, Кенгурот Џексон, кој игра, оди и пее како поп-иконата Мајкл Џексон, прават пакосен план со цел да си ги врати чизмите. Мачорот Макс останува да живее со Каспер, најмладиот син на воденичарот. Макс му ветува дека ќе го ожени за принцезата Сесилија во знак на благодарност што од целиот имот на татко му тој го избрал него. Ѕверот Ужвекс дознава за нивната цел и тој со Џексон ја граба 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 811 / Април 2017

принцезата Сесилија со цел да го намами Макс да дојде во неговата пештера со чизмите за да може да си ги задржи за себе. Низ бројни комични ситуации, Макс, херојски го надмудрува злобниот Ужвекс и со помош на магионичарски трикови и илузии ја спасува принцезата Сесилија. Ова е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста. Претставата е своевидно магионичарско илуминативно шоу во кое, како ретко каде, магионичарските трикови се во функција на создавање уште едно добро дело.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.