813

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 813, Јуни 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА, ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ИМАШЕ ПРИЛИКА ДА ОСТВАРИ КУСА, НО МНОГУ ПРОДУКТИВНА СРЕДБА СО НОВО ИЗБРАНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛБАНИЈА, ИЛИР МЕТА

СИТЕ ОДГОВОРНИ АКТЕРИ ДА СЕ СКОНЦЕНТРИРААТ НА ЗАДАЧИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ТЕКСТОТ ВО ГРЧКИ "РИЈАЛ ЊУЗ"

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА СМЕТА ДЕКА ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА КОНЕЧНО ТРЕБА ДА ГО ОЗНАЧИ ПРВИОТ ЧЕКОР ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДОЛГОТРАЈНАТА ВНАТРЕШНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Соопштение за изборот на нова Влада на Република Македонија По повод изборот на нова Влада на Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса смета дека изборот на нова Влада конечно треба да го означи првиот чекор за излез од долготрајната внатрешна политичка криза. На ново избраните функционери им го честитаме изборот и им пожелуваме да ги обавуваат своите должности исклучиво во интерес на Татковината. Македонската Дијаспора будно ќе ги следи процесите, добрите одлуки ќе ги подржува, на сите евентуално погрешни чекори ќе се спротиставува и остро ќе ги критикува. Впрочем, тоа е наша демократска должност во интерес на Македонските генерации кои доаѓаат, и која гордо и достоинствено ја обавуваме повеќе од 26 години. Земајќи предвид дека во пресрет на изборот на нова Влада оркестрирано се зголемуваа очекувањата дека доаѓа времето за решение на повеќе деценискиот наметнат спор за името од нашиот јужен сосед, а од вчера се огласи и Коsиас кој најавува средба со Димитров, сметаме дека е неопходно веднаш да предупредиме на неколку работи. Новото парламентарно мнозинство има поддршка и доверба од 62 пратеници за да избере нова Влада на Република Македонија, кадровскиот избор да го изврши врз сопствени проценки за најефикасно спроведување на нивните ветувања и политики, но како и никоја друга Влада претходно, нема ниту право ниту легитимитет да ветува или да влегува во некакви аранжмани за промена на Уставното име. Македонија и Македонскиот национален идентитет му припаѓа на Македонскиот народ кој дава или зема мандат на политичарите во зависност од тоа дали тие работат во нивен интерес или не! Ние силно веруваме дека стратешки колосек за нашата заедничка Татковина е членството во ЕУ и НАТО Алијансата, но не по секоја цена. Очекувањата за експресно обезбедување на полноправно членство во НАТО може да биде втемелено само врз основа на гаранции од нашите меѓународни сојузници дека ќе обезбедат спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со која официјална Атина е осудена за бесправна блокада на Македонија. Сите други очекувања за некакво брзо решение кое ќе значи промена на Уставното име и откажување од Македонскиот национален идентитет, е туѓ есап без крчма! Ниту оваа, ниту било која идна Влада не може и не смее да се согласи да направи велепредавство на сопствениот народ! Преговори за името не може и нема да има! Македонската Алијанса останува посветена на Татковината и интересите за обезбедување на сигурна иднина за народот и врз тие принципи доследно, чесно и бескомпромисно ќе продолжи да се бори за зачувување на Македонски национален идентитет и Уставното име.

Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА Македонската партија на изборите настапи во коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција, чиј поранешен лидер е новоизбраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат на Македонската партија беше генералниот секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, Васил Стерјовски, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица во Корча

Е

днствената партија на Македониците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на парламентарните избори одржани на 25 јуни не успеа да обезбеди пратенички мандат во новиот состав на албанскиот Парламент. Македонската партија на изборите настапи во коалиција со Социјалистичкото движење

И СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕМА ДА ИМААТ ПРАТЕНИК ВО ПАРЛАМЕНТОТ

за интеграција, чиј поранешен лидер е новоизбраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат на Македонската партија беше генералниот секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, Васил Стерјовски, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица во Корча. „ За жал Македонците и овој 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

пат ја прокоцкаа шансата да имаат свој претстаник во Парламентот. Во изборната едница Корча се избраат 11 пратеници. Од 100 отсто пребројани гласови шест пратеници има освоено Социјалистиката партија, четири Демократската и само еден ЛСИ. И овојпат Македонците се поделија, па на место да гласаат за Македонец, тие гласаа за албанските партии“, изјави Стерјовски.


По повод вчерашната посета на Општина Пустец, неформалната средба со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, состанокот со Градоначалникот Едмонд Темелко, кандидатот за пратеник Васил Стерјовски и Министерот за земјоделие Едмонд Панарити, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И С П Е Ц И К А М П А Њ АТА Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА НОМИНАЦИ Н А Л И С ТАТА Н А Д В И Ж Е Њ Е Т О З А С О Ц ПЕТ ТО МЕСТО И ИМА РЕАЛНА ШАНС С ТА Н Е П Р В И О Т М А К Е Д О Н Е Ц К О Ј Ќ Е

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А ЃО Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Д А О С Т В А Р И К УС УС А С Р Е Д Б А СО Н О В О НА АЛБА

М

акедонската Алијанса ја оценува како исклучително успешна посетата на Општината Пустец. Претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски специјално допатува од САД за да се вклучи во кампањата на Македонската Алијанса за Европска интеграција, да даде целосна поддршка на номинацијата на Васил Стерјовски за пратеник, кој на листата на Движењето за социјалистичка интеграција е на високото петто место и има реална шанса на претстојните парламентарни избори, да стане првиот Македонец кој ќе не претставува во Албанскиот Парламент. Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да оствари куса, но многу продуктивна средба со ново избраниот Претседател на Албанија, Илир Мета, на која беше договорена идна интензивна соработка на повисоко билатерално ниво, во интерес на остварување на демократските права на Македонците во Албанија. Во својот говор на собирот на граѓани за промоција на Васил Стерјовски, Претседателот Атанасоски, го изрази своето задоволство што МАЕИ одлучи да коалицира со Движењето за социјалистичка интеграција, партија од каде доаѓа ново избраниот Претседател на Албанија, Илир Мета, кој во изминатиот период покажа дека ги почитува Маке04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017


Ј А Л Н О Д О П АТ У В А ОД С А Д З А Д А С Е В К Л У Ч И В О Л И Ј А Н С А З А Е В Р О П С К А И Н Т Е Г РА Ц И Ј А , Д А Д А Д Е И Ј АТА Н А В А С И Л С Т Е РЈ О В С К И З А П РАТ Е Н И К , К О Ј Ц И Ј А Л И С Т И Ч К А И Н Т Е Г РА Ц И Ј А Е Н А В И СО КО ТО А Н А П Р Е Т С Т О Ј Н И Т Е П А Р Л А М Е Н ТА Р Н И И З Б О Р И , Д А Н Е П Р Е Т С ТА В У В А В О А Л Б А Н С К И О Т П А Р Л А М Е Н Т

А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Н АСО С К И И М А Ш Е П Р И Л И К А А , Н О М Н О Г У П Р ОД У К Т И В Н А И З Б РА Н И О Т П Р Е ТС Е Д АТ Е Л Н И Ј А , И Л И Р М Е ТА

донците и ги вреднува барањата за исполнување на основните демократски права и слободи, признавајќи дека во Албанија живеат и работат повеќе од 120 илјади Македонци. Македонците во Албанија не се и не можат да бидат „мало семејство“, бидејќи не живеат само во Пустец. Нас не има во Голо Брдо, Тирана, Корча, Гора, Мала Преспа и сите останати места во Албанија. Не случајно Албанската Влада ја смени територијалната организација и ги укина другите посебни општини како Голо Брдо и Гора каде е доминантно Македонското население, со што ги спречи нашите браќа и сестри да си изберат свои Градоначалници. Македонската Алијанса ги повикува најодговорните Македонски

политички партии, новото парламентарно мнозинство, новата Влада, да отидат во Пустец и да помогнат на нашите браќа и сестри Македонци. Тоа е нивна должност, бидејќи Татковината мора да се грижи за сите Македонци во светот подеднакво. Сите имаме обврска да помогнеме да се избере Васил Стерјовски за наш претставник во Албанскиот Парламент. Тоа да биде прв чекор кон поголема факторизација и зголемено политичко влијание на Македонците во Албанија. Албанските политички фактори од Македонија да побараат Албанија да го признае нашето Уставно име. Да побараат Македонците во Албанија да ги уживаат истите права како Албанското малцинство во Македонија. Да покажат дека не ги ин05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

тересираат само фотељите во Македонското Собрание и Влада, туку дека знаат да се борат за интересите на нашата заедничка Татковина. Македонската Алијанса е тука и ќе биде секаде каде Македонците се борат за своите права, се борат да го заштитат Македонскиот национален идентитет и вековно име. Продолжуваме достоинствено да ги претставуваме нашите браќа и сестри Македонци на секаде во светот! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ХАН: После сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да видам една нова динамика на настани насочени кон подобрување на животот на сите граѓани во земјата. Мојата порака денес до сите е да се сконцентрираме на задачите што претстојат. Сите одговорни актери, а тука ги вклучувам и опозицијата и судството и другите институции треба да работат на создавање модерно општество кое добро ќе функционира за добро на сите граѓани без оглед на нивната припадност

СИТЕ ОДГОВОРНИ АКТЕРИ ДА СЕ СКОНЦЕНТРИРААТ НА ЗАДАЧИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ

О

ва го порача еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по присуството на тематска владина седница посветена на итните реформски приоритети за евроинтеграциите. Еврокомесарот Хан ги пофали позитивните чекори на Владата со посетите во Бугарија и Грција бидејќи, нагласи, од суштинска важност е да се воспостават добри односи со соседите. Премиерот Заев истакна дека Владата отвора ново поглавје во однос на реформите за евроинтеграциите, а присуството на Хан на седницата на Владата претставува силен сигнал дека евроинтеграцијата не е повеќе сон, туку реалност. Тој посочи дека целта е земјата од Европската комисија до крајот на годината да добие позитивна оценка и чиста безусловена препорака за почеток на пристапните преговори. За таа цел денеска пред Хан бил презентиран и Акциски план – патоказ што треба да се финализира до 1 јули со реформи во клучни области како што е владеење на правото, независни регулаторни тела, слободни медиуми, а кои што произлегуваат од Договорот од Пржино, Извештајот на Прибе, Рамковниот договор и извештаите на ЕК за напредокот на Македонија. - Дефиниравме краткорочни, среднорочни и долгорочни цели со кои имаме намера на есен Европската комисија да ја отстрани условената препорака за почеток на предпристапните преговори, а во текот на следната година земјите членки на Унијата да ги фокусираме на дискусија за утврдување датум за почеток на предпристапни преговори на ЕУ со Македонија. Остварувањето на реформските приоритети за ЕУ ќе значи и отворање на

вратите на НАТО, рече Заев. Тој нагласи дека Владата реформскиот процес ќе го води инклузивно и ја повика парламентарната опозиција да се вклучи во предвидените реформи. - Како Влада покажавме зрелост. Очекуваме одговорност од сите затоа што целта ни е заедничка – позитивни промени и членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Ако дејствуваме заеднички сите во државата успехот ќе биде заеднички. Тоа ќе биде успех на РМ и на сите нејзини граѓани. Тоа е врвен приоритет на Владата. Ве уверувам дека Македонија е на вистинскиот пат, на европскиот пат, рече Заев кој најави дека една од клучните реформи е во областа на правосудството, а акцискиот план откако ќе биде дефиниран ќе и биде презентиран на јавноста. На новинарско прашање во однос на спорот со Грција за името, кој е еден од условите за почеток на преговрите со ЕУ и прием во НАТО, премиерот Заев изрази уверување дека постои решение за се, дека ќе ни биде потребна помошта и поддршката од соседите, но оти работите во голем дел зависат од нас самите и постигнувањето консензус во државата. - Секако дека верувам дека постои решение да се одблокираат процесите, а притоа интензивно да се фокусираме да изнајдеме решение и на ваков се06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

риозен проблем. Амбиентот мора да биде создаден и во двете земји за решавање на проблемите. Јас ги разбирам нашите јужни соседи пријатели на Република Македонија коишто не им е лесно во поглед на ова прашање, но не е лесно ни кај нас во Република Македонија да изнајдеме брзо решение на овој проблем. Во тоа име, искрено ја барам поддршката и помошта од граѓаните на Република Македонија, од власта, опозицијата, од Владата, од Парламентот од сите за конечно Македонија да го направи исчекорот, а тоа е исчекорот којшто го чекаме од 2005 година во поглед на интеграциите во ЕУ или во поглед на НАТО од 2008 година заради тоа што за Македонија алтернатива нема освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО, рече Заев. Еврокомесарот Хан, нагласи дека во контекст на ЕК и ЕУ ова е прашање на кое што треба да работат двете земји. Како Комисија, додаде, имаат интерес да дојдеме до фаза во која што ќе може да дадат позитивна препорака, но ова, вели, е тесно поврзано со напредокот што ќе се постигне во спроведувањето на итните реформски приоритети, а Брисел во исполнувањето на нашата заедничка цел ќе помогне преку тимот на Прибе и посетите од Директоратот за проширување. Во однос на Законот за јазиците, тој посочи дека претходната Влада веќе направила две унапредувања, очекува да биде донесен со консензус во Парламемнтот. - За нас јазикот е алатка да се разбереме и немаме никакви предрасуди. Ја повикувам и сегашната опозиција која најави позитивен однос кон граѓаните од албанско етничко потекло да бидат навистина на висината на таа најава и конечно сите да донесеме заедничка одлука и по ова прашање, истакна Заев.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со изјавата на новиот шеф на дипломатијата Никола Димитров за „Фајненшал Тајмс“ каде тој наводно рекол дека Македонија ја разгледува можноста да го смени името со цел да влезе во НАТО, наслов кој потоа беше сменет во „Македонија размислува за членство во НАТО под привремената референца“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ДИМИТРОВ ЗА ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС

М

акедонската Алијанса упатува остар протест за скандалозната изјава на новиот Министер за надворешни работи Никола Димитров. Дури и да е предимензиониран насловот од кој отпосле ретерираше реномираниот „Фајненшал Тајмс“, прашање е зошто и како е објавена таква изјава, бидејќи штетата е веќе направена и ниту еден демант не може да ја поправи. Новата Влада договори парламентарно мнозинство кое овозможи нивни кадри да станат Државни функционери, да спроведуваат нивни програмски цели за да го подобрат животот на граѓаните, ама во ниту еден случај не добија мандат да евентуално се раздаваат со најсветото Македонско име и идентитет. Зарем Никола Димитров не ја слушна дипломатската шлаканица која во пресрет на посетата на Атина, ни ја испрати Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коsиас, кој јасно и недвосмислено од Кожани порача дека ниту еден меѓународен притисок нема да ја поколеба официјална Атина да отстапи од ставот - прво решение за името па после ЕУ и НАТО? После серијата болни отстапки, прифаќањето срамна референца БЈРМ, менување на Устав и знаме, потпишана Времена Спогодба, уште колку треба како народ да се понижиме? Кога конечно ќе се освестиме дека демонстрирањето попустливост и конструктивност од наша страна нема да ја одоброволи Атина да попушти од својот ирационален и средновековен национализам и иредентизам? Напротив, нивните ставови се порадикални!

Подолг период предупредуваме дека долготрајната политичка криза ќе биде злоупотребена на Македонија да и се зададе силен удар, да се направи обид да се оспори Македонскиот национален идентитет од внатре, и да се создадат предуслови да се стави на маса евентуално решение за името по Грчки терк. Нашата заедничка Татковина веќе 26-та година издржува серија провокации, закани и уцени од речиси сите политички структури кои се менуваат на власт кај нашиот јужен сосед. Генерации млади Македонци со децении страдаат затоа што нивната земја неправедно се држи во чекалната на ЕУ и НАТО Алијансата. Целосно се согласуваме со тезите дека со членството на Македонија во НАТО Алијансата, ќе се релаксираат внатрешните состојби и ќе се инвестира во обезбедување долгорочна стабилност во регионот. Но, тоа не значи дека ние бараме нешто некој да ни подари. Нашите меѓународни сојузници треба конечно да обезбедат официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, затоа што во 2008 во Букурешт Грција одлучи противправно да ги прекрши меѓународно преземените обврски и со вето го блокираше нашиот влез во НАТО Алијансата. Ова е период на огромен тест за сите Македонски политичари. Македонскиот народ ќе следи дали им се помили и подраги Државните фотељи и привилегии од Македонското име и идентитетот. Дали за функции, лични интереси и привилегии се подготвени да ја продадат Татковината. Нашиот народ е мудар и умен и секоја грешка знае жестоко да ја казни! Најодговорните Македонски политички фактори, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ мора да препознаат и да се свестат дека на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку цврст консензус за прашањата од национален интерес. Или ќе се усогласат за Македонските црвени линии и јасно ќе стават до знаење дека ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет или ќе си ја поделат одговорноста и ќе заминат на буништето на политичката историја како велепредавници. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


К А Н Ц Е Л А Р И Ј АТА Н А Е В Р О П С К АТА УНИЈА ВО СКОПЈЕ СООПШТИ „Во согласност со последните најави на еврокомесарот Хан дека тој ќе испрати експерти за владеење на правото повторно во Скопје да направат проверка на препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за веќе посочените прашања од областа на владеењето на правото, првата мисија на овој тим, чиј лидер е Рајнхард Прибе, беше на 27 јуни“, се наведува во соопштението. Прибе се сретна со претставници на власта, опозицијата и правосудството

ЕКСПЕРТСКИОТ ТИМ НА ПРИБЕ ОД 17 ДО 21 ЈУЛИ ПОВТОРНО ВО МАКЕДОНИЈА

Е

кспертски тим предводен од Рајнхард Прибе од 17 до 21 јули повторно ќе престојува во Република Македонија како продолжение на средбите што ги имаше деновиве во Скопје“, соопшти Канцеларијата на Европската унија во Скопје. „Во согласност со последните најави на еврокомесарот Хан дека тој ќе испрати експерти за владеење на правото повторно во Скопје да направат проверка на препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за веќе посочените прашања од областа на владеењето на правото, првата мисија на овој тим, чиј лидер е Рајнхард Прибе, беше на 27 јуни“, се наведува во соопштението. Прибе се сретна со претставници на власта, опозицијата и правосудството. „По ова ќе следува работна посета на целиот тим финансиран од TAIEX од 17 до 21 јули“, соопшти ЕУ. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека Прибе ќе им ја соопшти својата идеја на владините претставници откако неговиот експертски тим во текот на јули ќе направи анализа за она што досега е реализирано. „Ние се договоривме пред крајот на мисијата да можеме да се состанеме со него, за лично од него да слушнеме што е неговата идеја“, рече вицепремиерот. Според Османи, експертот ан-

гажиран од ЕУ станал синоним за реформите во државата и одлична е идејата тој да помогне бидејќи има одреден континуитет и доаѓа со истите експерти. Тимот на Прибе, треба да направи пресек и анализа бидејќи, како што кажа Османи, сега има нов политички контекст и прашања што се веќе посочени. Тоа ќе обезбеди дополнителен континуитет, изјави вицепремиерот за европски прашања, кој изутринава заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше работен појадок со експертот на ЕУ Прибе.

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

На оваа средба, како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, Прибе ја реафирмирал подготвеноста експертскиот тим да и помогне на Македонија за надминување на посочените недостатоци во неколку важни области кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела. Тој ја нагласил неопходноста од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во земјата за спроведување на препораките од Извештајот и Итните реформски приоритети.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со прилогот во Грчкиот неделник „Ријал Њуз“ кој објави дека предлогот на официјална Атина за решение за спорот ќе биде Вардарска Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ТЕКСТОТ ВО ГРЧКИ " РИЈАЛ ЊУЗ" ЊУЗ "

С

тана пракса политиките на Атинската Влада прво да се тестираат преку нивните медиуми пред да станат официјални. Затоа сметаме дека треба веднаш да се произнесеме за пробните балони на Никос Коsиас за евентуално решение на спорот за името. Ако Атинските политички радикали сметаат дека Вардарска Македонија е име кое ќе ги исклучи, според нив, „иредентистичките“ барања на Македонската страна, тогаш од старт сакаме да ги расчистиме сите нивни заблуди. Прво, Македонија ниту некогаш промовирала, ниту застапувала некаков иредентизам. Тоа не е наше обележје, карактеристика или нарав за политичко однесување. Напротив, ние со децении сме жртви на иредентизмот на Атинските политички елити, кои со уцени, закани и блокади ја спречуваат Евроатлантската интеграција на Македонија. Впрочем, нека си направат анализа на изјавите на Павлопулос, Каменос, Левентис и Коsиас, само во изминативе 12 месеци и самите ќе си одговорат кој промовира средновековен национализам и иредентизам. Второ, ние немаме намера да ги задоволуваме суетите на официјална Атина која наводно бара гаранции дека Македонија после влезот во ЕУ и НАТО нема да има некакви претензии кон Егејскиот дел. Ние направивме многу болни, срамни и понижувачки отстапки со менување на Устав, знаме и потпишување на Времената спогодба во 1995 година, со што ги дадовме сите можни меѓународни гаранции. Придавки од типот „Северна“, “Вардарска“, „Горна“ никогаш нема да прифатиме. Единствено можно решение е при-

фаќање на реалноста, а тоа е дека ние сме биле, сме и ќе останеме Република Македонија. Нашите барања за признавање на Македонците и националниот идентитет, посебност, јазик и култура, од Грција, не се иредентизам туку универзално демократско право. Истовремено, јасно сме ставиле до знаење дека не бараме ексклузивитет на нашето реферирање на Античките корени и историја, бидејќи за нас тоа е светска цивилизациска придобивка. Трето, Македонскиот народ не бара ништо на подарок, туку само спроведување на истите аршини кои важат за сите меѓународно признати држави, членки на ООН. За почеток, доволно е нашите меѓународни сојузници конечно да обезбедат официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, затоа што во 2008 во Букурешт, одлучи противправно да ги прекрши меѓународно преземените обврски и со вето го блокираше нашиот влез 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

во НАТО Алијансата. Со членството на Македонија во НАТО Алијансата, ќе се релаксираат внатрешните состојби и ќе се инвестира во обезбедување долгорочна стабилност во регионот. Нема никаква дилема дека актуелизирањето на спорот за името е предвесник за период кој ќе биде огромен тест за сите Македонски политичари. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека ниту претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ, ниту сегашната на СДСМ има мандат да влегува во некави дилови и екскурзии за евентуални проекти за раздавање на светото Македонско име и идентитет. На нашата надворешна политика не и е потребна сервилност и попустливост, туку цврстина и консензус за стратешките национални прашања. Македонскиот народ од целиот свет ќе следи дали на нашите политичари им се помили и подраги Државните фотељи и привилегии од Македонското име и идентитетот. Или најодговорните фактори ќе се усогласат за Македонските црвени линии и јасно ќе стават до знаење дека ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет, или ќе си ја поделат одговорноста и ќе заминат на буништето на политичката историја како велепредавници. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со протестот на Златна Зора во Солун, средбата во Атина на Румен Радев и Прокопис Павлопулос, интервјуто на Министерската за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за нивната национална телевизија БТВ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса уште еднаш повикува на внатрешно Македонско национално единство за прашањата од витален интерес. Најодговорните Македонски политички партии во Татковината, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во овој чувствителен период за нашата заедничка Држава мора да најдат заеднички јазик и конечно да изградат национален консензус за одбрана на Уставното име и Македонскиот национален идентитет. Во името на Македонската Дијаспора, ги повикуваме сите активни општествени чинители, а особено медиумите, да се воздржуваат од креирање пристрасни вести, кои заради задоволување на една или друга страна, ни ја замаглуваат реалноста. Не е нормално еден медиум во Македонија да објави дека Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за БТВ изјавила дека Бугарија го признава Македонскиот јазик, а друг медиум за истото интервју да објави дека Захариева изјавила нешто сосема обратно, дека ги смета Светите браќа Кирил и Методиј за Бугари. Што е вистина и зошто си правиме самите на себе штета? Македонскиот народ не заборава и знае дека само пред еден месец истата Захариева по повод празникот Свети Кирил и Методиј, остро се спротистави на историскиот факт дека дека Кирил и Методиј се Македонци, кои на Словенските народи им ја овозможија азбуката и писменоста и

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА РЕГИОНАЛНОТО АКТУЕЛИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ благодарение токму на нив милиони луѓе се служат со кирилицата, изразувајќи благодарност за нивниот лик и дело, славејќи го 24 мај. Министерката за надворешни работи на Бугарија и тогаш скандалозно и провокативно тврдеше дека Кирил и Методиј се Бугари и не можат да бидат ништо друго. Додека некој во Македонија со денови ја оценува посетата на Владата на Зоран Заев на Бугарија за историска и ја слави, веднаш по неа, во Атина, Претседателот на Бугарија Румен Радев, заедно со неговиот колега Прокопис Павлопулос, побрзаа да ни порачаат дека ако сакаме во ЕУ и НАТО треба заемно да ја почитуваме историјата и да градиме добрососедски односи. Вчера во Солун на протест после 4 години забрана повторно се активираа Грчките ултра радикали од „Златна зора“ кои заедно со нивните пратеници Сотирија Влаху и Јанис Лагос скандираа „Македонија е Грчка“ јавно предупредувајќи го Министерот за надворешни работи Никос Коsиас да не го распродава името Македонија. Ние одамна предупредуваме дека внатрешната политичка криза не беше случајност и дека постои сериозна опасност нашите внатрешни слабости да бидат злоупотребени за уште поголем притисок да се откажеме од најсветото Уставно име и Македонски национален идентитет. Затоа, воопшто не е случајно што Македонија се повеќе е високо на агендата во регионот и пошироко, и повторно станува цел на одредени структури кои трпеливо ја чекаат својата шанса. Македонската Алијанса секогаш ќе се залага за добрососедски односи, но врз принципиелни основи кои ќе значат взаемно почитување и признавање на 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

историските факти. Затоа, договорот за добрососедски односи со Бугарија, далеку пред евентуално да се потпише, заедно со сите детали мора да биде предмет на широка дебата. Таков договор ќе има смисла само ако јасно и недвосмислено ги признава од страна на Бугарија неспорните историски факти, постоењето на Македонскиот јазик и народ, постоењето на Македонци на нивна територија и почитување на пресудите на Европскиот Суд за човекови права што ќе резултира со итно овозможување на регистрацијата на ОМО Илинден – Пирин. Секаква друга „конструктивност“ од Македонска страна, тргнувајќи со некакви авто деструктивни тези дека со историјата треба да се бават историчарите и затоа треба да попуштиме и да се согласиме со некаква формулација „официјален јазик определен во Уставот на Република Македонија“ која ќе биде вметната во Договорот со Бугарија, ќе си пукаме самите во нога и ќе и пружиме шанса на официјална Атина да ни го зададе последниот удар со решение на спорот за името по нивни терк. Уште еднаш повикуваме на разум и внимателност во потезите. На Татковината сега не и треба еуфорија туку национално единство. Оние кои евентуално заради лични и партиски интереси ќе покажат дека функциите им се поважни од иднината на Македонија, да бидат сигурни дека секој обид за велепредавство ќе биде препознаен и жестоко казнет од Македонскиот народ. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

ARISTOTEL UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

STARTER UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


ТЕВДОВСКИ: Со 1,5 милион евра буџетски средства месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12.000 денари. Како што соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, поддршката ќе почне од септември кога се очекува и стартот на исплатата на минималната плата од 12.000 денари со што до крајот на годинава би биле потрошени шест милиони евра државни пари

ОД СЕПТЕМВРИ, СО ДРЖАВНА ПОДДРШКА, МИНИМАЛНАТА ПЛАТА 12.000 ДЕНАРИ

О

ва е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно. „Средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот. Во Македонија апсолутно има простор за подигнување на минималната плата ако се гледа структурата на БДП, учеството на платите и профитите, но, за да бидеме сигурни дека луѓето ќе бидат безбедни, дизајнираме мерки за поддршка на работодавачите. Клучно е да се исплаќа минималната плата во целост и да нема отпуштања“, истакна Тевдовски на прес-конференција, додавајќи дека се размислува, контролите да ги врши УЈП. Поддршката ќе биде по исплатена бруто плата за луѓето да добијат повисока плата и истовремено фондовите да се полнат, да ги добиваат придонесите за пензиско и здравствено осигурување. „Планираме да има рангирање, во првата група да бидат работниците со плата до 10.000 денари,

во втората работниците со плата меѓу 10.000 – 10.500, третата 10.500 – 11.000 и четвртата 11.000 до 11.500 денари. Исто така и поддршката да биде скалеста, од 2.000 за првата група, 1.500 за втората,...., објасни Тевдовски. За работодавачите, владиниот предлог е прифатлив, но не смее да се дозволи евентуално создавање услови за т.н. урамниловка. „Зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто не е голем 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 Јуни 2017

товар за бизнисот, но, мора да се разговара за да не се предизвика урамниловка која негативно би се одразила врз добрите работници. Ако добриот работник остварува 12.000 денари, а зема иста плата со оној што остварил 10.000 денари, ќе се создаде урамниловка која ќе ја намали продуктивноста на компаниите, а тоа никој од нас не го посакува“, оцени претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров.


ТЕВДОВСКИ: „Јавниот долг е значително пораснат и мора да се преземат активности за тоа да се реши. Нашето настојување е да обезбедиме што пониска цена на задолжување, односно што помала каматна стапка што би ја плаќале граѓаните“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски

Т

ој нагласи дека Министерството останува отворено и јавно кажува дека задолжувања ќе има, но пред се на домашниот пазар каде каматните стапки се пониски. Парарелно, рече, се следат и состојбите на надворешниот пазар, за евенту-

НАСТОЈУВАМЕ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ШТО ПОНИСКА ЦЕНА НА ЗАДОЛЖУВАЊЕ

ално да се издаде и еврообврзница под најповони услови, за наредната, 2018 година. „Нашиот план е да одиме со домашно задолжување, но постојано ги следиме состојбите и не ја исклучуваме можноста да одиме на надворешниот пазар ако мислиме дека во тој момент 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

би се платило најниска цена. Сега размислуваме како би се покривала 2018 година, но јавноста треба да биде сигурна дека со нашиот план и овие услови на домашниот пазар, ќе можеме без проблеми да ја покриеме годинава“, истакна министерот.


М У З Е Ј О Т „ Т Е РА К О ТА “  В И Н И Ц А Музејот „Теракота“Виница во мај почна со реализација на проектот „Расчистување и доистражување на објектот цистерна“ на археолошкиот локалитет Виничко кале. Група археолози и студенти кои работат на овој проект открија мермерна скулптура која спoред првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете

"

И

нтересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба, најверојатно се работи за Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Не успеавме да ги најдеме телото и главата од скулптурата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе

БОЖИЦАТА АФРОДИТА СО ЕРОС ВО ВИНИЦА

биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на музејот „Теракота“. Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“. Конзервација и покривање на цистерната, посочи таа, би 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општина Виница. Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за годинава.


Ч Е Т К А Р Н А С ТА П И Н А Македонскиот џез/соул/фанк музичар Владимир Четкар настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд

"ХУА ХИН ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ"

М

акедонскиот џез/ соул/фанк музичар Владимир Четкар настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд „Хуа Хин Џез Фестивал“ кој се одржа на 24 и 25 јуни во монденскиот тајландски

туристички центар Хуа Хин. Четкар се претстави со авторска музика придружен од тајландскиот бенд Фанкшн како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

Пред концертот Четкар имаше серија телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд и беше најавуван како една од главните ѕвезди на овогодинешното издание на фестивалот во Тајланд.


Р Е М Е К - Д Е Л АТА Н А К У Л Т Н И Т Е

Музиката на единствените „Пинк Флојд“, во оркестрација на Џијан Емин одекнa во Градскиот парк во Скопје. Публиката ги слушнa ремек-делата на култните „Пинк Флојд“, на отворено на веќе традиционалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“

С

о оркестарот на Македонската филхармонија диригираше Џијан Емин, а главен вокал и гитара беше Ади Имери. Бендот е составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, елек-

"ПИНК ФЛОЈД" СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

тричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, придружни во22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017

кали. За време на концертот, на големи платна сликаа уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо, а посетителите добија бесплатен примерок од книгата „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.


Со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, почна годинешново СКОПСКО ЛЕТО, меѓународната културна манифестација, што традиционалано почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката

С О Н А С ТА П О Т Н А О М Е Р Ф А Р У К ТЕКБИЛЕК САД/Т УРЦИЈА И НЕГОВИОТ А Н С А М Б Л В О М А К Е Д О Н С К А О П Е РА И Б А Л Е Т, П О Ч Н А Г О Д И Н Е Ш Н О В О

СКОПСКО ЛЕТО 2017

О

творањето на Скопско лето 2017 го означија уште два културени настани, односно се одржа концертот „ЛЕТНИ НОТИ“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ на улица Македонија, а на истата улица беше поставена и инсталацијата „THINK FREEDOM – МИСЛИ СЛОБОДА“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина. Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешново СКОПСКО ЛЕТО ќе понуди 40 пријатни летни вечери исполнети со уметност од околу 900 учесници во 52 програмски термини, исполнети со концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери, содржини презентирани од домашни и изведувачи од 16 држави во светот.

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 813 / Јуни 2017



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.