812

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 812, Maj 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА

MONTHLY EDITION

ЧЕСТИТКИ ОД САД И ЕУ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВАТА ВЛАДА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА РЕАКЦИИТЕ НА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА И БОЖИДАР ДИМИТРОВ СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА БРАЈАН ХОЈТ ЈИ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Соопштение за јавност за доделувањето на мандатот од Претседателот Ѓорге Иванов По повод вчерашната одлука на Претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев, како предводник и кандидат за Премиер на новото декларирано мнозинство, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со вчерашна одлука непосредно и лично, пред целиот Македонски народ го презема својот дел од одговорноста за исполнување на сите Уставни претпоставки за доделување на мандатот, во согласност со неговите изворни надлежности и принципите на парламентарната демократија. Оценуваме дека Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во својство на кандидат за Премиер на новото парламентарно мнозинство, со својот личен потпис на гаранцијата дека нема да прифаќа уцени и туѓи платформи за формирање на новата Влада, декларирањето на цврста определба дека ќе го штити Уставот и унитарниот карактер на Македонија, исто така си презема многу сериозна обврска и одговорност во овие чувствителни моменти за нашата заедничка Татковина, доследно да ја почитува волјата на Македонскиот народ. Истовремено, со ова се испраќа порака дека најодговорните и највлијателни Албанските политички фактори во Македонија, ја прифатиле реалноста, ги послушале нашите апели и се откажале од таканаречената „Тиранска платформа“, враќајки се на придобивките и принципите утврдени со Охридскиот Рамковен Договор. Веруваме дека новото парламентарно мнозинство е свесно за предизвиците кои претстојат. Од сега па натаму, секоја евентуална „пишман-аџија“ потег, чекор или политичка одлука, ќе предизвика уште поголема криза со непредвидливи последици. Македонската Алијанса, во името на Македонската Дијаспора а водејќи се од заедничкиот интерес за долгорочна стабилност и сигурна иднина на Татковината, го повикува новото декларирано мнозинство да издаде уште една писмена гаранција дека ниту еден нивен претставник нема да преговара, ниту да прифаќа промена на најсветото, Македонското име и идентитетот на Македонскиот народ. Ние како народ и Држава треба да продолжиме да инсистираме да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, што секако ќе ни овозможи брз влез во НАТО Алијансата, што ќе го врати оптимизмот и ќе го стабилизира целиот регион. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


„Од мое лично име и од име на целиот Кабинет сакам на сите граѓани на Република Македонија да им ја честитам новата реформска Влада, којашто има голема задача да го врати животот во Македонија”

С

обранието на Република Македонија пред полноќ со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“ ја избра новата Влада. Владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев ќе има 25 министри. Премиерот Заев во првата изјава по неговиот избор изрази убедување дека партиите ќе соработуваат во интерес на сите граѓани, а новата Влада има потреба од поддршка од опозицијата. „Од мое лично име и од име на целиот Кабинет сакам на сите граѓани на Република Македонија да им ја честитам новата реформска Влада, којашто има голема задача да го врати животот во Македонија. Имавме два дена плодна дебата, но можам

СО Б РА Н И Е ТО Н А Р Е П У Б Л И К А МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОЛНОЌ С О 6 2 Г Л А С А „ З А “, 4 4 „ПРОТИВ“ И ПЕТ „ВОЗДРЖАНИ“

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА

да кажам дека целата дебата беше со позитивни конструкции. Убеден сум дека сите заедно ќе соработуваме за она што е интерес на сите граѓани и на нашата земја. Новото владејачко мнозинство и новата Влада има потреба од поддршка од опозицијата затоа што следуваат сериозни процеси на реформи што треба да го унапредат севкупниот квалитет на животот на сите граѓани“, истакна Заев. „Следува реформа на Парламентот, на тајните служби во државата, на медиумскиот простор, на државните институции... Македонија има потреба од сплотеност и единство и заедничко делување во еден брз реформски процес што ќе испорача добар 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

квалитет“, рече премиерот Заев. За разговорите со Грција за уставното име и надворешната политика, новиот премиер рече дека ќе води политики на зближување, а не на оддалечување. „Сите политики во делот на надворешната политка треба да испраќаат пораки на пријателство и на барање поддршка и помош од нашите соседи. Две земји од нашите соседи се членки на ЕУ и НАТО и тоа како можат да и помогнат на Македонија. Со позитивни исчекори јас верувам дека во функција на интересот на целиот овој регион, можеме да најдеме решение на горливите проблеми со конечна цел Македонија најбрзо да биде членка на ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев.


„Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, како и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана во моментов и од почеток да работат заеднички на доставување на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат“, се вели во соопштението на високата европска двојка

В И С О К АТА П Р Е Т С ТА В Н И Ч К А З А НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА П О Л И Т И К А Н А Е В Р О П С К АТА УНИЈА, ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ И ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ЈОХАНЕС ХАН, ВО ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ ГО П О З Д РА В И Ј А И З Б О Р О Т Н А Н О В АТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА

ЧЕСТИТКИ ОД САД И ЕУ ЗА ИЗБОРОТ НА НОВАТА ВЛАДА

В

исоката претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во заедничко соопштение го поздравија изборот на новата македонска Влада. Во исто време, Могерини и Хан порачаа дека очекуваат Владата на премиерот Зоран Заев и опозицијата, да изготват заедничка програма за реформска агенда која ќе биде од корист за Република Македонија. „Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, како и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана во моментов и од почеток да работат заеднички на доставување на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат“, се вели во соопштението на високата ев-

ропска двојка. Американскиот Стејт Департмент во соопштението пишува дека Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во нејзината работа кон исполнување на Евро-Атланските аспирации со имплементирање на итните реформи, засилување на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и одговорноста на Владата. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со интервјуто на медијаторот Метју Нимиц, кој за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“ изјавил дека очекува после изборот на новата Влада во Македонија да започнат сериозни разговори за решавање на спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА МЕТЈУ НИМИЦ ЗА ГРЧКИОТ НЕДЕЛНИК " РИЈАЛ ЊУЗ" ЊУЗ "

М

акедонската Алијанса веќе долг период јавно предупредува дека постои сериозна опасност долготрајната политичка криза да биде злоупотребена за задавање на последниот удар кон обезличување на нашата Татковина. Сметаме дека таканаречената „Тиранска платформа“ е многу опасен проект кој треба од внатре да го нападне и оспори нашиот Македонски национален идентитет како вовед во евентуалното решавање на спорот за името по Грчки терк. Последното интервју на Метју Нимиц упатува на заклучокот дека Македонија е во крајно чувствителна фаза за својата иднина. Воопшто не е случајно што смислено се зголемуваат очекувањата а со тоа и притисокот на новата Влада во најава дека е потребно брзо решение за името за да се остварат нашите Евроатлански аспирации. За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии, заради теснопартиските интереси да се задржи или освои власта, не успеаа да изградат консензус за стратешките национални прашања, заради што Татковината може да влезе во уште подлабока криза. Македонската Алијанса смета дека во изминативе 26 години од

независноста, Македонија покажа огромна конструктивност и сериозност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со официјална Атина. Направивме огромни отстапки, а Грчките политички елити во ниту еден момент не пропуштаат да соопштат дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името упорно спроведувајќи ја својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од нас невозможното. Македонија и Македонскиот народ не бараат подароци, туку остварување на универзалното демократско право на самоопределување кое и припаѓа на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

стане полноправен член на НАТО Алијансата и со тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено што најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО. Нова Влада која во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина мора уште од сега да знае дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор од границите има цврсто и непоколебливо изграден став дека разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот. Новата Влада треба да бидат целосно свесна за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Македонскиот народ нема намера да прифаќа нови понижувања кои ќе го загрозат вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ИВАНОВ Иванов ја оцени средбата со Путин како пријателска, конструктивна и содржајна. Рече дека станало збор за состојбата во Македонија и во регионот, за економската соработка, за црквата. - Политичката криза што ја имавме во последните 2,5 години доведе до зас тој во функционирањето на заедничката меѓувладина комисија со Русија која, се надевам, сега со формирањето на новата влада ќе може да профункционира и да ги продолжи позитивните трендови во економската соработка, изјави Иванов по средбата

М

акедонија има јасни стратешки определби и опстојува на нив, несакајќи да наштети никому, води политика на отвореност, негува добронамерни односи на пријателство, соработка и меѓусебна почит. Ова му го соопшти македонскиот претседател Ѓорге Иванов на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на денешната средба во Москва. Иванов ја оцени средбата со Путин како пријателска, конструктивна и содржајна. Рече дека станало збор за состојбата во Македонија и во регионот, за економската соработка, за црквата. - Политичката криза што ја имавме во последните 2,5 години доведе до застој во функционирањето на заедничката меѓувладина комисија со Русија која, се надевам, сега со формирањето на новата влада ќе може да профункционира и да ги продолжи позитивните трендови во економската соработка, изјави Иванов по средбата. И Путин, како што нагласи, ја спомнал економската соработка која меѓу Македонија и Русија е интензивна, достига околу 200 милиони долари, но тоа се уште не е доволно за потенцијалот што постои кај нас за да можеме да извезуваме, а исто така и од руската страна. - Политичката криза многу проекти, многу активности има блокирано и затоа, се надевам дека новата влада со формирање повторна меѓувладина комисија за економска соработка ќе ги

ПУТИН: ДА ПРОДОЛЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА МАКЕДОНСКО - РУСКИТЕ ОДНОСИ

поттикне тие почнати проекти бидејќи имаме во сферата на енергетиката, имаме извоз на земјоделски производи, има интерес на руски инвеститори да инвестираат во нашите економски зони, рече Иванов. Економијата, додаде, е глобална и на тој план, бизнисмени присутни на сите меридијани се заинтересирани и за Македонија. - Македонија нуди навистина поволни услови за водење бизнис, имаме поволна клима и храна која е добредојдена на нивните пазари, така што имаме голем потенцијал, но се зависи од тоа како ние внатре ќе си ги средиме состојбите за да може тоа што постоело да се надградува и да се развива, истакна шефот на државата. Рускиот претседател се интересирал за ситуацијата во Македонија и на Балканот, бидејќи, целиот регион поминува низ турбулентен период и сакал, истакна Иванов, лично да се информира за одредени состојби. - Разговаравме и за состојбите во целиот наш регион, на Блискиот Исток, на Балканот. Русија секој пат е земја која е постојана членка на Советот за безбедност и од тој аспект ги следи сите настани особено безбедните прашања и интересот беше да се чујат согледувањата од страна на Македонија за сите тие актуелни прашања кои постојат во нашиот регион, посочи Иванов. Одговорајќи на новинарски прашања, напомена дека Македонија не 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

сака нејзините стратешки определби да бидат на штета на односите со Русија. - Русија е голема земја и Македонија како мала земја мора со сите големи сили да има однос на искрено пријателство бидејќи таа е и членка на Советот за безбедност. Со сите членки на Советот за безбедност Македонија секогаш имала и мора да има односи на пријателство и на почитување. Нашата политика на отвореност кон сите добронамерни продолжува и настојуваме со сите големи земји да имаме односи на пријателство, соработка и на меѓусебна почит, подвлече Иванов. Според него, секоја земја си има свои интереси и поаѓа од нив, така и големите земји си имаат свои интереси и, иако ги следат состојбите и во регионите и во светот, секојпат поаѓаат од нив. Потсети дека повод за посетата на Москва е големото признание кое му беше лично врачено од патријархот Кирил, а кое, рече, е признание за сите негови и заложби на Македонија за поттикнување, чување и негување на христијанските вредности. - Разговорите што ги водевме со патријархот се во функција на улогата што ја има Руската црква околу промовирањето на христијанството во период кога сите христијани во светот се изложени и на напади и на големи преселби, особено на Блискиот Исток и Северна Африка. Следиме што се случува со христијанскиот свет, рече Иванов.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со реакциите на Министерската за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева и контроверзниот историчар Божидар Димитров, за констатацијата на Претседателот на Русија, Владимир Путин, дека писменоста во Русија стигна од Македонија од сесловенските просветители Кирил и Методиј, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА РЕАКЦИИТЕ НА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА И БОЖИДАР ДИМИТРОВ

В

о врска со реакциите на Министерската за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева и контроверзниот историчар Божидар Димитров, за констатацијата на Претседателот на Русија, Владимир Путин, дека писменоста во Русија стигна од Македонија од сесловенските просветители Кирил и Методиј, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Јалова е полемиката во Бугарската политичка јавност за епохалната улога на светите браќа Кирил и Методиј, чија благородна мисија е цивилизациска придобивка за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни обележја. Претседателот на Русија, Владимир Путин, го констатираше општо познатиот историски факт дека Кирил и Методиј се Македонци кои на Словенските народи им ја овозможија азбуката и писменоста. Благодарение на нив милиони луѓе се служат со кирилицата и изразуваат благодарност за нивниот лик и дело славејќи го 24 мај. Она што загрижува е што една огромна придобивка за Европската

култура, повторно се искористува од Бугарската политика за да се фалсификува историјата и да се оспорува Македонскиот национален идентитет. Зарем Божидар Димитров смета дека во Русија нема историчари кои работат со факти? Ниту Скопје и Охрид некогаш биле Бугарски градови, ниту светите браќа Кирил и Методиј биле Бугари, ниту пак Македонците и Бугарите се ист народ. Горка вистина е дека со Букурешкиот Договор од 1913 година е 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017

направена историска неправда заради која Пиринска Македонија е одземена од Бугарија. Затоа, воопшто не е случајна негаторската политика која се спроведува од Бугарските власти кои тврдат дека во Бугарија не постојат Македонци, не се регистрира ОМО Илинден Пирин, спротивно на сите пресуди на Европскиот Суд за човекови права. Сметаме дека најмалку што му е потребно на Балканот сега е пропагирање на национализам кој ги разбранува старите духови и големо национални идеи. Македонската Алијанса секогаш ќе се залага за добри соседски односи, но врз принципиелни основи кои ќе значат взаемно почитување и признавање на историските факти. Никогаш нема да дозволиме некој да го оспорува Македонскиот национален идентитет! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А По повод одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН, чиј 62-ри Конгрес годинава се одржа во Клуж, Романија, каде по втор пат беше усвоена Резолуција за правата на Македонците во Албанија, поднесена од Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса ја поздравува потврдата на ФУЕН, која ја усвои по втор пат Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија, која ја предложи Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, кое е рамноправен член на оваа Унија од 2015 година. Фактот што оваа година на Конгресот за потврда на Резолуцијата, која прв пат беше изгласана лани на Конгресот на ФУЕН во Вроцлав, Полска, гласале сите 300 делегати, претставници на 50 асоцијации на повеќе од 30 малцинства од исто толку земји во Европа, се дава уште поголема тежина и значење на одлуката на ФУЕН која демонстрира упорност во остварувањето на барањата на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија. Од името на Македонска Алијанса на Претседателот на Македонското Друштво

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПО ПОВОД РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИЛИНДЕН  ТИРАНА КОЈА ЈА ИЗГЛАСА ФУЕН „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, како и на сите наши браќа и сестри од Албанија им упатуваме искрени честитики. ФУЕН како многу сериозен меѓународен форум, со оваа своја одлука дава целосен легитимитет на напорите на Македонците во Албанија да ги уживаат универзалните основни човекови права. Сите шест точки од резолуцијата, кои се барања до Албанските Државни институции - за ратификација на повелбата за регионални и малцински јазици на Совет на Европа, за признавање на Македонското малцинство, за еднаков третман на Македонците од Голо Брдо и Гора со оние од Мала Преспа, изучување на Македонски јазик, како и преиспитување на административната поделба од 2015, се барања за чие остварување заедно се бориме во континуитет. Македонската Алијанса ги повикува Албанските политички фактори од Македонија да ја поздрават оваа Резолуција на ФУЕН и во пресрет на парламентарните избори во Албанија да побараат од тамошните политички лидери да се обврзат дека идната Албанска Влада ќе ги исполни барањата утврдени во Резолуцијата и со тоа да се направи уште еден чекор напред во обезбеду08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

вање на фундаменталните човекови и демократски права за Македонците од Албанија. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да потенцираме дека како политичка партија ќе продолжиме да ја поддржуваме демократската борба на нашите браќа и сестри од регионот. Усвојувањето на резолуцијата на „Илинден“ од страна на ФУЕН треба да биде дополнителен мотив за нашите браќа и сестри кои живеат во Албанија да ја продолжат својата политичка и демократска битка за основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик. Остварувањето на овие права е предуслов за силна и економски просперитетна Татковина! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со дводневната посета на Македонија од страна на Заменик помошникот на Државниот Секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА БРАЈАН ХОЈТ ЈИ

М

акедонската Алијанса смета дека од посетата на Брајан Хојт Ји може да се извлечат најмалку три суштински пораки. Прво, Република Македонија останува на радарот на нашиот најголем стратешки сојузник САД, кој нема никаква намера да го смени досегашниот генерален курс на политики и мерки кои се во согласност со Специјалниот стратешко безбедносен билатерален договор од 2008 година, кој меѓу другото ја гарантира и нашата внатрешна стабилност. Второ, нема никаква дилема дека САД очекува брза разрешница на маратонската политичка криза, која неминовно мора да биде во духот на нашата стратешка определба да станеме членка на НАТО и ЕУ. Трето, одговорноста за причините, но во исто време и за излезот од политичката криза која трае веќе 3та година лежи кај најодговорните политички партии, кои во 26-та година од нашата независност мора конечно да покажат капацитет за самостојно надминување на сопствените слабости во функција на обезбедување на стабилна иднина за нашата заедничка Татковина. Ние остануваме на нашиот став дека решението на кризата е во напуштањето на тврдите позиции на најодговорните политички партии кои имаат обврска да се вратат чекор назад како потврда дека не се заслепени од личните и тесно партиските интереси за освојување на власта по секоја цена. Почитувањето на Уставот на Република Македонија е услов без кој не може

да се изнајде излез од кризата, конституирањето на законодавната власт мора да биде спроведена во легална постапка која никој нема да ја доведува во прашање. Силно веруваме дека во овие чувствителни моменти Македонскиот народ знае да препознае кога некој се бори за принципи, чие прифаќање од најодговорните политички фактори и нивно доследно исполнување, ќе значи враќање на стабилноста и нормализирање на состојбите. Во таа насока, Албанските политички партии треба веднаш да се повлечат од Тиранската платформа и да покажат дека имаат разбирање за негативните последици од провокативните и радикални барања кои шират иредентизам и непотребно ги разгоруваат меѓуетничките односи. Наместо безумно да се обвинуваат меѓу себе за криминал, национални предавства и да продолжуваат да го делат народот, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да покажат дека услов за излез од кризата не е обезбедувањето на механизми кои ќе го оне09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

возможат Судот во чесна, транспарентна и праведна постапка да ги расчисти сите обвинувања за наводен криминал на функционери во извршната и локалната власт, без разлика на партиската или етничка припадност, вклучително и амнестија за инволвираните во инцидентите во Собранието. Парламентарни партии да утврдат временски рок за спроведување на суштинските реформи, вклучително и реализирање на попис, како директна потврда дека Македонија останува на стратешкиот колосек за Евроатлански интеграции. Сите политички партии да гарантираат дека нема да исполнуваат вештачки креирани политички проекти, кои се смислени со намера од внатре да го оспорат Македонски национален идентитет по Грчки терк. Заедно да се обврземе дека без разлика на политичка, верска или етничка припадност, доследно ќе го браниме најсветото, Македонскиот национален идентитет и Уставно име, како наше универзално демократско право на самоопределување. Прифаќањето на овие принципи ќе ги намали поделбите бидејќи воопшто нема да биде важно кој ќе биде власт или опозиција или кој каква функција ќе извршува. Конечно, политичките партии навистина ќе работат за Македонија и сопствените граѓани без разлика на нивната етничка припадност! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со последното интервју на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас, кој за Грчкиот неделник „Ријал Њуз“ изјавил дека Грција нема да потклекне на притисоци за прифаќање на решение на спорот за името кое нема да биде во согласност со нивните црвени линии, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

М

акедонската Алијанса со особено внимание ги следи сите изјави на официјална Атина кои се однесуваат на Македонија. Нашиот заклучок е дека Грчкиот шеф на дипломатијата ја продолжува „топло - ладно“ тактиката во билатералниот и од нивна страна наметнат спор за името. Еднаш во своите изјави наводно го поддржува унитарниот карактер на Македонија а истовремено ја нарекува Македонија – Држава дар од боговите во која според него кумот и го згрешил името. Друг пат, како ова свое последно интервју, Коsиас ќе потенцира дека Грција не се меша во внатрешните прашања, но нема да пропушти да повтори дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името. Ваквиот пристап на Грчките власти е нивен обид да си изградат алиби пред очекуваниот притисок од нашите меѓународни пријатели за нивната неправедна политика кон Македонија која е несвојствена за една земја членка на ЕУ и НАТО. Ние не бараме лажна конструктивност од официјална Атина, ниту ги прифаќаме „данајските дарови“ на Никос Коsиас. Нам не ни требаат преговори и усвојување на мерки за

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА НИКОС КОSИАС ЗА ГРЧКИОТ НЕДЕЛНИК " РИЈАЛ ЊУЗ" ЊУЗ " градење доверба кога Грчката Влада упорно ја спроведува својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од Македонија невозможното. Македонија и Македонскиот народ бараат да им се допушти остварувањето на универзалното демократско право на самоопределување кое и следува на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата. Македонската Алијанса смета дека во овој чувствителен период за нашата заедничка Татковина, најодговорните политички партии мора да се обврзат дека во своето понатамошно делување заеднички ќе работат на остварување на принципи кои ќе обезбедат сигурна иднина за нашата земја. Разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот. Разговорите за таканаречените 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Мај 2017

мерки за градење доверба Македонија треба да ги замрзне, се додека официјална Атина не прифати дека постои Македонски народ кој меѓу другото живее и во Егејскиот дел. Не може Коsиас да се жали за правата на Грците во Албанија, а во исто време да се прави и слеп и глув за постоењето на Македонското малцинство во Грција. Никој нема право да го оспорува Македонскиот национален идентитет. Најодговорните Македонски политички лидери треба да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде мотивирана од личен и тесно партиски интерес, а која ќе го загрози вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет, ќе предизвика жестока реакција од Македонскиот народ.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

F I L I P II MAKEDONSKI

EPIZODA

MAKEDONIJA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

F I L I P II MAKEDONSKI

EPIZODA

TEBA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


НБРМ: Народната банка во априлската проекција прогнозира раст од 2,5 проценти на македонската економија за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година, информира денеска на прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов. Ова, посочи, е надолна корекција во однос на октомвриските проекции, кога за 2017 беше предвиден раст од 3,5 проценти, а за 2018 од 3,7 проценти

ГОДИНАВА РАСТ ОД 2,5 ПРОЦЕНТИ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

И

звозот и личната потрошувачка и годинава ќе бидат главни фактори на растот. Кај инвестициите повторно се очекува благо намалување, а следната година да преминат во позитивна зона. - Извозот ќе биде поттикнат од новите капацитети, како и од закрепнувањето на традиционалната индустрија повлечен од подобрувањето на цените на металите и побарувачката и закрепнувањето особено на европската економија. Личната потрошувачка ќе го задржи умерениот раст и годинава, при позитивни движења на пазарот на труд и кредитна поддршка од банките, рече Богов. НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со октомври и проектира таа годинава да изнесува 1,3 проценти, а два процента догодина. Прогнозира натамошно подобрување на трговскиот дефицит, што би довело и до стеснување на дефицитот на тековната сметка, односно тој да се движи на нивото во претходните седум години, од околу два процента од БДП. Се очекува понизок дефицит на салдото на стоки и услуги, благ раст на секундарниот доход, како и проширување на дефицитот кај примарниот доход. - Ќе продолжат нето приливите од странски директни инвестиции и долгорочното задолжување на јавниот сектор. Показателите за адекватноста на девизните резерви ќе се задржат во сигурната зона, рече Богов. Има благи надолни корекции кај депозитите кои ќе имаат пораст од 4,2 проценти, што се должи на политичката криза, додека кај кредитите е предвиден раст од 5,6 проценти. Бан-

карскиот систем, според НБРМ, е и натаму стабилен, ликвиден и високо капитализиран. Како што појасни Богов, клучни претпоставки на априлските проекции се задржување на здравите фундаменти на домашната економија и продолжените негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите, како и претпоставката за постепено разрешување на кризата во текот на годинава, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти до крајот на годината. - Во вакви услови очекуваме економијата да покаже потенцијал за умерен економски раст, стабилни цени, умерен дефицит во тековната сметка и солиден депозитен и кредитен раст во текот на 2017 и 2018 година, потенцираше 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 Мај 2017

Богов. Неповолните ризици во овој циклус проекции, укажа, се поизразени споредено со октомври. Тие се главно поврзани со политичката криза која што продолжи и на почетокот на годинава спротивно на октомвриските очекувања за нејзино разрешување, како и со надворешното опкружување поврзано со неизвесноста од последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ... - Во наредниот период можно е да видиме постепено намалување на политичката нестабилност, но тоа се уште е доста неизвесно. Претходните две години имавме политичка Влада, но немавме политичка стабилност, а нам ни треба политичка стабилност и намалување на неизвесноста, истакна гувернерот Богов, одговарајќи на новинарски прашања.


Комисијата за заштита на конкуренцијата им изрече глоба од 5,8 милиони евра на Скопска и од 2,7 милиони евра на Прилепска пиварница зашто ги ограничувале дистрибутерите во одредувањето на продажната цена. Како што соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата, одлуките за паричните казни на двете компании се донесени вчера, на седница на Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата

К О М И С И Ј АТА З А З А Ш Т И ТА Н А К О Н К У Р Е Н Ц И Ј АТА И М И З Р Е Ч Е

ГЛОБИ ОД 5,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СКОПСКА И 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

П

ивара Скопје АД, од 17 декември 2012 година склучувала договори за продажба и дистрибуција на нејзините производи со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена, односно му наметнувала по која цена да ги продава производите на крајните купувачи. Прилепска пиварница АД Прилеп, пак, од 13 ноември 2010 година склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење, но и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена. „Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава производите на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата. Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори меѓу производителот и дистрибутерот) и имаат за цел нарушување на конкуренцијата согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори, стои во соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

По повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, претседателот на Македонската Алијанса, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упаќа следната честитка:

ПИСМЕНА ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

озволете ми во свое име и во име на Македонската Алијанса искрено да ви го честитам денот посветен на св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само во својата родна грутка Македонија, туку и за сите словенски народи. Браќата Кирил и Методиј ги поставија темелите на едно од најсветите обележја на нашата Татковина – јазикот, а наша обврска и доживотна задача е тоа да го почитуваме, вреднуваме, промовираме и уште повеќе да го унапредуваме. Јазикот е најголемото богатство на секоја земја и за ова мораме да бидеме свесни и да не прифаќаме никаков компромис доколку некогаш јазикот е ставен под знак прашалник. Македонскиот народ треба секојдневно да се вложува и да го негува македонскиот јазик, кој покрај својата историска и културолошка вредност, служи и како основна алатка за меѓучовечка комуникација и разбирање, а во време кога се соочуваме со секакви предизвици тоа ни е и повеќе од потребно.

Д

Нека ни е среќен празникот Св. Кирил и Методиј! За многу години! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан, почетокот на рамазанските пости

П

очитувани сограѓани дозволете ми од мое лично име и од името на Македонска Алијанса да ви го честитам празникот Рамазан и да ви посакам овој избран месец да го поминете во среќа, здравје, мир и фамилијарна хармонија. Нека господ ги слушне Вашите желби и молитви. Овој празик е од големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност, па затоа со оваа честитка сакам да Ви посакам мир во душата и денови исполнети со благодети и фамилијарна топлина. Нека овој голем празник не потсети на љубовта која ја носиме во себе кон Севишниот и дека со негување на добрите мисли и дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и општество.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ ДО ПОГЛАВАРОТ НА ИСЛАМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КАКО И ДО СИТЕ ВЕРНИЦИ ОД ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕД

Честит и вековите нека ви е празникот! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017


М А К Е Д О Н С К АТА Ф И Л Х А Р М О Н И Ј А В О Н О В О Р У В О

Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичкосценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Концертот беше под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбараните диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија

Н

овиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди, беше со ексклузивен концерт на Филхармонијата, на кој како солист настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески. Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичкосценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Концертот беше под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбараните диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија. Беа изведени дела од Трајко Прокопиев – суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“, Сергеј Прокофјев – концерт за клавир и оркестар бр. 3 во C-dur, оп. 26 и од Петар Илич Чајковски – симфонија бр. 5 во e-moll оп. 64. Ашкенази истакна дека е импресиониран од концертната сала која, како што рече, има добра акустика. Трпчески, пак, посочи дека е почестен што е поканет да настапи на отворањето на новата концертна сала и што ќе има можност повторно да соработува

НОВИОТ ОБЈЕКТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО МОДЕРЕН ИЗГЛЕД И АРХИТЕКТОНСКИ И АКУСТИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ со маестро Ашкенази. Новиот објект на Македонската филхармонија се протега на површина од 12.400 метри квадратни. Располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта. Големата сала располага со најсовремени сценско технолошки системи што објектот го позиционираат во врвот на објектите од овој тип. Материјалите кои се употребени во големата сала и 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017

архитектонската пластика овозможуваат врвна акустика. Во составот на големата сала е содржано и студио со режија, опремено со комплетна, современа аудио и видео техника која ќе се користи за продукција и снимање на музичките настани. Во објектот се обезбедени сите предуслови за подготовка на програмата на институцијата, изградени се посебни простории за вежбање на солистите и индивидуалните групи, како и придружни и административни простории, сите функционално поврзани на три нивоа.


В О Г РА Д С К АТА Б И Б Л И О Т Е К А В О П И РЛ Е П П Р О М О В И РА Н А Е К Н И ГАТА Пред прилепчани и некогашни жители на Мариово, книгата ја промовираше Слободан Беличанец, кој нагласи дека авторото многу истражувал за да создаде досега најобемен пишан документ за Мариово Мариовците

"МАРИОВО НИЗ ВЕКОВИТЕ" В

о градската библиотека во Пирлеп промовирана е книгата „Мариово низ вековите“ од Милан Ристески, фолклорист и истражувач, поранешен директор на Прилепскиот архив... Пред прилепчани и некогашни жители на Мариово, книгата ја промовираше Слободан Беличанец, кој нагласи дека авторото многу истражувал за да создаде досега најобемен пишан документ за Мариово Мариовците. – Ова е хроника и како таква досега е најобемен пишан документ за Мариово и Мариовците. Хрониката е вид меѓу историските факти и романот. Книгата е во три дела и во нив се опишуваат настаните, востанијата, буните, преданијата и легендите за настанокот на Мариово низ вековите до двете светски војни. Авторот Ристески,

фолклорист и истражувач, со години работел, истражувајќи ги домашните и странски архиви, многу време помина на теренот во Мариово меѓу некогашните жители за да ги забележи и нивните сеќавања. Пред нас имаме сеопфатно, бунтовно Мариoво, со многу револуцонерна дејност и заслужно за многу пресврти во македонската историја. За жал денес е рет23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017

ко населена област, но е се уште нецелосно истражено и има своја специфична историја, традиција, култура и културни богатства, рече Беличански. Книгата е во издание на Градската библиотека, а редактор е синот на авторот Драган Миланов Ристески кој вели дека Мариово низ децениите е раселено поради лоши владини мерки.


ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ИЛИЈА“ КАЈ МЕЛНИЦА, М А Р И О В О , П О 3 3 . П АТ С Е ОД Р Ж А А

Се собраа сегашните и некогашните жители на Мариово и со песна, оро и презентирање на традиционалните мариовски носии и јадења, се потсетија на некогашните времиња. Манифестацијата е во организација на Здружението „Мариовско мегленски средби“ од Прилеп, под покровителство на општина Прилеп и на Министерството за култура. На манифестацијата настапија КУД од Прилеп, Битола, Новаци, Крушево, Кавадарци, како и ансамблот на Стевче Стојкоски од Скопје

В

о манастирот „Свети Илија“ кај Мелница, Мариово, по 33. пат се одржаа „Мариовско-мегленските културни средби“. Се собраа сегашните и некогашните жители на Мариово и со песна, оро и презентирање на традиционалните мариовски носии и јадења, се потсетија на некогашните времиња. Манифестацијата е во организација на Здружението „Мариовско мег-

"МАРИОВСКОМЕГЛЕНСКИТЕ КУЛТУРНИ СРЕДБИ"

ленски средби“ од Прилеп, под покровителство на општина Прилеп и на Министерството за култура. На манифестацијата настапија КУД од Прилеп, Битола, Новаци, Крушево, Кавадарци, како и ансамблот на Стевче Стојкоски од Скопје. Програмата, со хумор и сатира од мариовскиот крај, ја надополнија актерите од Прилепскиот театар, а писатели од Друштвото на писателите на Ма24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017

кедонија, кои на претходно објавен конкурс од страна на Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“ беа наградени, прочитаа своја поезија. Во духот на традицијата на Мариовскомегленските културни средби беше поставена и изложба на народни носии и рачни изработки, карактеристични за овој мариовско крај кои ги презентираше Здружението на жени „Мајка традиција“.


– Овој диск за мене има големо значење бидејќи е сниман непосредно пред раѓањето на моите близнаци Стефан и Андреј на кои ова ЦД и им е посветено: два концерта за двајца браќа. Многу му се радувам и на ова издание, бидејќи Третиот концерт на Прокофјев ми буди убави спомени искографската куќа „Оникс Класикс“ го издаде новото оркестарско издание на нашиот пијанист Симон Трпчески, чија концертна промоција се случи во Ливерпул. – На ЦД-то се поместени дела од Сергеј Прокофјев: два концерта – број 1 и број 3, како и Увертирата на еврејски теми, изведени заедно со познатата и наградувана екипа во која се и диригентот Василиј Петренко и Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Овие концерти и новото издание на македонскиот пијанист со проверените соработници беа претставени со пригоден текст „Тимот од соништата се враќа“. – Овој диск за мене има големо значење бидејќи е сниман непосредно пред раѓањето на моите близнаци Стефан и Андреј на кои ова ЦД и им е посветено: два концерта за двајца браќа. Многу му се радувам и на ова издание, бидејќи Третиот концерт на Прокофјев ми буди убави спомени. Го свирев во финалето на натпреварот во Лондон и сега по толку години го снимив за на носач на звук, вели во пишаната изјава Трпчески. По промотивните ЦД концерти во Ливерпул, летниот оркестарскиот распоред го води нашиот пијанист во Соединетите американски држави, каде ќе биде солист на престижниот Чикашки симфонискиот оркестар. Трпчески ќе има настапи и со Оркестарот на Лил на Фестивалот на Радио Франс во Монпелје, додека следната изведба на проектот „Македонисимо“ со музика од Македонија е најавена за 6 јули во Љубљана.

Д

Д И С К О Г РА Ф С К АТА КУЌА „ОНИКС КЛАСИКС“ ИЗДАДЕ

НОВО ОРКЕСТАРСКО ИЗДАНИЕ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017


- Во претставата настапуваат актерите Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања. Во комедијата доминира еден безвременски текст, разбирлив на сите јазици и во секоја држава и затоа и во Торонто постои голем интерес за овој проект

А

АКТЕРИ ОД НУ НАРОДЕН Т Е АТА Р  Б И Т О Л А В О M E A D O W VA L E T H E AT R E ВО ТОРОНТО, КАНАДА ЈА И З В Е Д О А П Р Е Т С ТА В АТА „ Б Е З П А Н И К А “. . .

ктери од НУ Народен театар-Битола во Meadowvale theatre во Торонто, Канада ја изведоа претставата „Без паника“... Комедијата „Без паника“ работена според текстот на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски, во 2014 година беше прогласена за„претстава на годината“, а во Торонто беше одиграна по 75 пат. - Во претставата настапуваат актерите Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања. Во комедијата доминира еден безвременски текст, разбирлив на сите јазици и во секоја Во претставата корисдржава и затоа и во тена е музика од повеќе Торонто постои голем изведувачи, преводот е интерес за овој проект. на Оливера Павловиќ,

НАРОДЕН ТЕАТАРБИТОЛА ВО КАНАДА

26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 812 / Maj 2017

драматург Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.