543

Page 1


poMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo


МАКЕДОНСКАТА САГА

B

ерата, односно вербата е основен елемент на христијанството. Новиот Завет е преполн со референци за силата на верата. Во Евангелието според Матеј, Исус на неверниците им рекол дека ако имаат "барем зрнце вера", ќе имаат моќ да поместуваат планини, и дека со верата ништо не е невозможно. Во Евангелието според Марко, тој на верниците им рекол дека "сите работи се можни за оној кој верува". Во библиските текстови, верата е "супстанција на посакуваните работи, доказ на она што се гледа". Поинаку кажано, верата е активен израз на подготвеноста да се верува. А Македонците веруваат дека конечно правдата е на страната на праведните и дека еве на виделина излегува нашето библиско потекло, кое многумина сакаат да го негираат, скријат и заташкаат. По признавањето на нашето уставно име од страна на САД и ќе може да му се стави точка на спорот за името со јужниот сосед. Во последно време Грците се извадени од такт, а капак на сè беше и филмот на режисерот Оливер Стоун, "Александар". Неколку грчки адвокати дури најавија тужба за холивудското студио и за режисерот, незадоволни од прикажувањето на историскиот лик на македонскиот војсководец. Грците забораваат дека Александар Македонски бил македонски крал, а доколку било поинаку би се викал Александар - Гркот! Грција енергично и остро напаѓа. Разговорите за спорот околу името меѓу Скопје и Атина под покровителство на Обединетите нации, ќе продолжат на почетокот на идниот месец. Набљудувачите сметаат дека по одлуката на САД да ја признаат Македонија со уставно име, конфронтирачкиот тон меѓу заинтересираните страни се намалил и дека проблемот повторно застанува пред Обединетите нации. Атинскиот весник "Вима" пишува за обновување на разговорите меѓу Атина и Скопје, за спорот со името и брзо изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Во весникот, кој се повикува на извори од Светската организација, се вели дека во следните неколку недели, најдоцна пред Божиќ, специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, ќе ги покани на разговори постојаниот претставник на Грција во ОН, Адамандиос Василакис, и македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров. Инаку, за писмото на Џорџ Буш до грчкиот премиер Костас Караманлис, во кое тој најавува дека за нив е прифатливо секое име кое ќе го договорат двете земји, амбасадорот Димитров вели: "Писмото на претседателот Буш е во функција на објаснување на причините за признавањето на уставното име на Република Македонија". Покрај нашата дипломатска стратегија за спорот со името неопходно е уште многу да се направи на економски план, бидејќи колабираме со оглед на анализите и статистиките кои вообичаено се прават на крајот од тековната година. Она што Владата на почетокот на годинава го зацрта, беше раст на бруто-домашниот производ од 4 проценти, потоа ревидиран на 2,6 отсто, инфлација од 0,2 отсто и стабилен курс на денарот. Последната проекција за индустриското производство е пораст од –1 до 0 проценти. Фактичката слика, пак, за изминативе десет месеци од годината се: пад на БДП од 3,2 отсто за првиот и 0,2 проценти за вториот квартал, дефлација од 0,2 отсто и пад на индустриското производство од 16, 9 отсто заклучно со октомври во однос на просекот од минатата година. На овие лоши показатели, се надоврзува и катастрофалниот трговски дефицит на наша страна во висина од 850 милиони долари што до крајот на годината сигурно ќе надмине една милијарда. Според податоците кои ги објави Заводот за статистика, ланската година сме ја завршиле со реална стапка на раст од 3,4 отсто. Според податоците на Заводот, вообичаено ги објавува при крајот на тековната, а се однесуваат за претходната година, бруто-домашниот производ за 2003 година изнесува 253, 4 милијарди денари. Со најновите податоци, статистиката ги надминува првичните проекции за растот за 2003 година, за 0,4 процентни поени. Веднаш по таквата завршена година, во мај годинава беа објавени податоците за првиот квартал кога беше регистриран невиден пад досега од – 3,6 отсто. За ваквата состојба економските експерти коментираа дека ова се случува само во вонредна ситуација или во услови на војна, а тоа не беше ниту едното ниту другото. Познавачите на состојбите го лоцираат проблемот во сè поголемата оддалеченост на Буџетот и БДП. Практично, Буџетот од година во година се зголемува, а БДП сè повеќе се намалува. Со оглед на тоа што кај нас работат неколку индустриски капацитети, во случај еден да застане, статистиката ќе евидентира огромен пад на индустријата, која е со 25 проценти учество во БДП. Според последните ревидирани податоци, годинава треба да ја завршиме со раст од 2,6 отсто. Последните случувања на политичката сцена го доведоа во прашање и склучувањето нов аранжман со ММФ. Преговорите за новиот реформски аранжман требаше да финишираат на почетокот на идната година, а да биде одобрен некаде во април. Сега најверојатно и тој процес ќе се одложи најмалку за неколку месеци. По сите лоши вести од економијата нема ниту место за да се спомне за недојдените странски инвестиции, нереализирани нови вработувања, стратегија за сиромаштијата... На крај да запишеме, за да не заборавиме, дека најголемото чудо од сите е моќта на едноставната верба, и дека и нам конечно ќе ни тргне на подобро!

Од основачот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


MAKEDONSKO SONCE АЛИЈА ДАУТОСКИ, БИЗНИСМЕН

МАКЕДОН ШВАЈЦА


ИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ РИЈА НА БАЛКАНОТ Алија Даутоски е роден во март 1950 година во селото Лажани, Прилепско, во старата Општина Долнени. Таму завршил основно образование, а средно училиште во Скопје во "Боро Петрушевски". Во 1973 година, од економски причини, одлучил да замине во странство, во Германија. На почетокот бил вработен во една фирма за производство на машини за пекарници. Откако променил неколку работни места, се вработил во "Мерцедес". Во текот на работата добил понуда од околу 60.000 германски марки за да го отстапи работното место. Во 1994 година решил да почне сопствен бизнис и да отвори своја фирма. Господинот Даутоски негува голема љубов кон родната грутка и често доаѓа во Република Македонија.

Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Господине Даутоски, веќе долго време живеете и работите во странство. Кога и зошто се одлучивте да ја напуштите Република Македонија? ДАУТОСКИ: Потекнувам од селото Лажани, Прилепско. Во родното место завршив основно образование, а во Скопје учев во средното училиште "Боро Петрушевски". Потекнувам од една чесна, но малку сиромашна фамилија. Ние сме четворица браќа и две сестри. Така, во 1973 година се одлучив да заминам во странство, во Германија. Од 5.7.1973 година и официјално сум вработен во Германија. На почетокот работев во една фирма за производство на машини за пекарници. Потоа ја напуштив таа фирма и почнав да работам во една друга, во Хамбург, како возач. Возев луксузен автомобил. Таму останав пет години. Потоа се здружив со еден Германец и заедно отворивме бензинска пумпа, односно тој беше шеф, а јас му бев десна рака, работев како негов помошник. Меѓу нас дојде до одредено недоразбирање и се разделивме. Потоа се вработив во "Мерцедес". Сфатив дека ако и малку ти работи мозокот, тогаш е подобро да работиш за себе отколку за друг. А тоа најдобро го почувствував кога работев на бензинската пумпа со Германецот. Во периодот кога работев во "Мерцедес" добив околу 60.000 германски марки за да го отстапам работното место. И тогаш добив идеја да почнам сопствен бизнис. Значи, од 1994 година сосема се осамостоив, а во 1991 година ја отворив и туристичката агенција.

9 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


M

еа инервју АЛИЈА ДАУТОСКИ, БИЗНИСМЕН со што ќе се занимаваш. Во областа на експорт-импорт или овде кај нас увоз-извоз, не можеш да им конкурираш на Турците. Тие го преплавија цел свет. Мојот погребен институт многу добро е организиран, нашиот превоз е најбрз, одиме преку Швајцарија, а секој ден има авион за Скопје. Кои се поволностите кои државата Германија им ги дава на приватните сопственици, на луѓето бизнисмени? ДАУТОСКИ: Државата е добра за сите оние кои ги подмируваат давачките кон неа. Но, сепак точноста е маркантна карактеристика за Германците. Она што ќе ти го ветат, тоа што ќе ти кажат, тоа што ќе се договориш, тие тоа и го реализираат. Сакаш ова да го работиш, нема проблем, ако пропаднеш тоа е последица од твоето работење. Таму не те спречуваат во ништо. Во Германија немам никакви проблеми. Проблеми имам само со конкуренцијата, која може да биде и нелојална. Тие ќе преземат некоја обврска, ќе чекаат ден-два додека не обезбедат авионски превоз до Скопје, а не знаат дека од аеродромот Петровец до одредиштето ќе треба да се плати такси за транспортот. Ако треба да се изврши пренос до Бутел или до било кое друго место, потребна ви е погребна кола. Мојот институт во целост ги реализира сите овие услуги. За сè ова, како и за многу други работи, на пример, луѓето од дијаспората ќе можат да се информираат еве и преку Вашиот неделник.

Во Германија имате сопствена фирма. Можете ли да ни кажете со што конкретно се занимавате? ДАУТОСКИ: Откако почнаа војните на просторите на поранешна Југославија, еден човек од Тетово ми се обрати посочувајќи ми дека имаат големи маки со сè она што се однесува на погребните услуги, односно дека никој не сака да ги прави тие работи и да оди за Македонија, за Косово. На почетокот не сакав да го прифатам неговиот предлог. Но, во текот на 1998-1999 година во својата дејност го вклучив и погребниот институт, со кој сум единствен ваков македонски институт во цела Европа. Со оваа моја дејност ја опфаќам Австрија, Швајцарија, Белгија, Холандија, Луксембург, Германија. Инаку, поседувам осум погребни коли, ги покривам просторите на поранешна Југославија. Во Македонија имам две погребни коли, а исто така и во Германија, Косово и во Србија. Кога ме прашуваат што работам јас им велам: "работам и со живи и со умрени". Имам туристичка агенција и погребен институт. Какви се условите за успешен бизнис во оваа европска држава? Со какви поволности, односно проблеми се соочивте на почетокот и во текот на натамошното работење? ДАУТОСКИ: За да отворите фирма во Германија нема да се соочите со некои посебни проблеми. За да добиеш решение за нејзино отворање се потребни само од 10 минути до половина час. Битно е да имаш обезбедено простории, да имаш луѓе со кои ќе работиш и одредено

Планирате ли да го проширите бизнисот и кои Ви се плановите? Дали тие ќе бидат поврзани со или лоцирани овде во државава? Можни ли се некакви инвестиции? ДАУТОСКИ: Искрено кажано јас веќе ја имам проширено работата. Му честитам на господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски што ете вложи во "Липа", што го купи "Жито-Прилеп". Јас исто така во Македонија имам регистрирано фирма. Грешката е во тоа што кај нас некои се прават посилни од Европа. Кога во Германија ја регистрирам фирмата, не ме прашуваат дали имам или немам автобус, колку е тој стар. Во Република Македонија сè е покомплицирано. Бараш нешто, за тоа и ќе платиш, но потоа со тоа можеш да си ја тепаш главата. Покрај работењето во областа на експорт-импортот, сепак најмногу сум ориентиран на погребниот институт. Сега имам свои автобуси, од кои еден е регистриран во Македонија на име на пријателска фирма и еден регистриран автобус во Германија. Ја одржувам линијата Карслуе-Штутгарт-Охрид. Ми остануваат да ги покријам Македонски Брод-Прилеп-Битола. Во моментов сум ангажиран на внесувањето на една концесија, затоа што во Хајбург има многу наши кои потекнуваат од Источна Македонија. Во нашата држава имам 10 хектари земја и сакав некако да ја активирам, односно да организирам некакво производство. Но, многу сум несигурен во сегашнава власт. Едноставно немам доверба. Наместо тие да ти помогнат да го развиеш бизнисот, можат да ти направат многу компликации. Факт е дека во Македонија е комплицирано да водиш бизнис. Слушнав дека тука се бара да имаш најмалку 2-3 автобуси, да ги исполнуваш условите кои важат во Европа, фирмата да работи повеќе години и др. Мојата македонска фирма е регистрирана за трговија, транспорт и услуги.

10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


Вам како на бизнисмен добро Ви се познати економските и деловните параметри. Аналогно на тоа , што е успешно, а што е неуспешно стопанство. Како ќе ја коментирате реалната состојба на македонското стопанство? ДАУТОСКИ: Сè она што може да се извезува од Македонија, е квалитетно и добро, но нема извоз затоа што недостасува добра организација. Ниту еден од министрите во Владата не умее да обезбеди услови за економски просперитет. Секој министер за економија, финансии, или земјоделие неопходно треба да ги обезбеди потребните услови за бизнис. Во Македонија е најголемо производството на тутун. Производителите на тутунот веќе толку се измамени, така што е очигледно дека нивната мака и вложениот труд не се исплатуваат. Е, тоа го нема во ниту една држава. Ако во Македонија нема способен човек кој може да направи извоз, да го обезбеди своето, а не за некој одреден личен интерес нешто да увезува затоа што некој друг ќе му даде денар повеќе, јас сум првиот кој ќе се нафати да го откупи македонскиот тутун. Јас многу добро знам што значи откуп на тутун. Исто така, кај нас има квалитетен пипер и богат род. Но, повторно немаме обезбедено пласман. На пример, ние во Германија јадеме пипер од оранжерии, холандски или турски. Всушност, целиот проблем е во тоа што немаме организација и стратегија. Живеете во држава која е членка на НАТО и на ЕУ. Какви се Вашите размислувања за нашите аспирации

за приклучување кон НАТО-алијансата и Европската унија? ДАУТОСКИ: Земјата во којашто сега живеам е многу пријателски настроена кон Македонија. Таа ја почитува мојата татковина, но и нас како Македонци. Мене лично не ми пречи кој сè живее во една држава, од каква националност е, каква религија има и слично. И ние сме повеќенационална држава. Овде за секого има лепче. Можеби ќе немам леб и месо, но секогаш ќе имам леб и пиперче. Ако кај народот се врати довербата, ако Македонија биде како пред војната, тогаш Македонија може да биде Швајцарија на Балканот. Со сè она што таа го произведува може добро да живее доколку и го извезе на друга држава. Како што стојат сега работите, државата нема решение како ќе егзистира земјоделецот или граѓанинот. Не можеме да бидеме држава кога го распродадовме сè она што беше вредно. Кажете ми која држава ги продава своите витални објекти, како што се Рафинеријата, Поштата и трговијата со мермерот. Грците не нè признаваат, а ние им дадовме можност да се богатат и да нè притискаат уште повеќе. Тоа се три гранки кои многу придонесуваат за обртот на парите, можностите за нови вработувања итн. Во Италија најдов фирма која работи со мермер, а доколку македонскиот мермер се пласира таму тоа би значело можност да се оствари значителен профит. Германецот знае од едно да направи пет, додека ние сме ограничени, ги немаме нивните способности. Социјалата, финансиите и економијата во Македонија се наоѓаат во мошне незавидна положба. Македонскиот пасош како да не може да се користи, ограничен е. Но, политичките партии во државава не се согласуваат. Велат дека им пречат знаците за пасошот. Мислам дека за секого има знак, ако треба можеме да ставаме и орел, и мајмунче, и житарица и слично. Најважно е нашиот пасош да биде валиден за сите држави. Особено ми е драго што барем САД ја призна Македонија, иако ваквата одлука воопшто не й се допадна на Грција.

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју АЛИЈА ДАУТОСКИ, БИЗНИСМЕН

Што мислите, што може да се смени со тоа што САД нè призна под уставното име? ДАУТОСКИ: Доколку во македонската демократија нема национализам и доколку се надминат сите негативни страсти, ние можеме да бидеме силна и стабилна држава. Тоа што го кажаа Америка, Германија, Бундестагот е добро. Македонија запре во развојот, во реформските процеси. Штом некој "кинисал", се сменил некој друг, па повторно од почеток. Многу работи се нелогични. Тогаш кога можеше да се внесуваат возила од странство, значителни износи завршија во Автомото сојузот од Германија. Се прашувам зошто таму кај нас немаше способен човек да направи нешто ние како држава да ги земеме тие пари. Всушност, кого и што заштитуваме, ќе погледнеш по улиците и гледаш дека сè уште се возат "фичовци". Зошто да не се даде можност да се земе автомобил стар 10 години, кој е добро одржан? Сега државата не дава таква можност и ограничува со староста на автомобилот. Зошто? Зошто мене ме ограничуваат? Која фирма во Македонија има еден автобус? Ние сè уште немаме доверба во банките за таму да ги оставаме парите.

Кога доаѓам во Македонија сакам луѓето кои ги посетувам да имаат насмеани лица, а не тие да се тажни и оптоварени со проблеми. Не се мешам во политиката, затоа што таа е катастрофа. Луѓето во политиката само се караат и меѓусебно се препукуваат пред јавноста, а утре повторно заедно пијат кафе, додека обичниот граѓанин и натаму страда. Животот во туѓина сепак не е како во родната грутка. Какви се Вашите контакти со сонародниците, приватни и бизнис? Дали некако сте организирани, на кој начин комуницирате и се дружите?

Сигурно се чувствувате горд што државата во којашто подолг период опстојувате приватно и деловно, неодамна ја призна државава под нејзиното уставно име. Какви се Вашите искуства во однос на степенот на демократијата во Германија и во Македонија? ДАУТОСКИ: Во Германија власта не се интересира за она што граѓаните го прават во своите домови. Но, кога ќе излезеш надвор тогаш мораш да ги почитуваш законите на државата. Таму никого не го интересира дали цела ноќ си ја минал некаде седејќи со некого, туку е битно навреме да дојдеш на работа, да го изработиш тоа што треба така како што треба, а сè друго е лична работа. Сите имаат еднакви права. Само кај нас може да живее оној кој има пријатели. Ако немаш пријател, никој не те познава, не можеш да завршиш никаква работа. Дури ти треба и пријател за да извадиш обичен извод на родени. Сè додека тоа не се отстрани, од оваа држава ништо не бидува. Кои се Вашите впечатоци за актуелната политичка состојба во државава? ДАУТОСКИ: Никакви. Ние немаме ама никаква власт. Многу работи не се јасни. Државата дава социјална помош, а не знам од каде тоа. На пример, зошто да работам за 200 евра, кога можам да земам социјална помош. Проблемот со невработеноста може да се реши само со строга забрана за продавање на државниот имот. Како може успешно да работи новиот сопственик од странство кој купил некоја наша фирма, а таа неуспешно работела со оној кој ја изградил и со години работел во неа. Вашите корени се од Република Македонија. Колку често ја посетувате татковината? ДАУТОСКИ: Доаѓам многу често, годишно околу дваесет до триесет пати.

ДАУТОСКИ: Осум години јас бев претседател на Надзорен одбор на "Македонија" во Штутгарт, каде што имаше околу 22-25 клуба. Нашиот клуб беше најпосетен. По моето заминување од него, заминаа и други членови. Некому му пречеше зошто на раководните места да биде човек од Централна, Западна, или Источна Македонија, едноставно сите си имаа свои интереси. Како пример го посочив Штутгарт, но речиси секаде е така. Крвта ни е иста, без оглед како се викаме или како изгледаме. Каква иднина й посакувате на Република Македонија? ДАУТОСКИ: Јас би сакал Македонија да ја видам како членка на Европската унија. Би било убаво кога би можело со македонскиот пасош да се оди секаде. Сега ние да не правиме авлии, рампи, да нема граници, да одиш таму каде што сакаш. Македонија без граници. Ете, тоа го посакувам.

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


ОГЛЕДАЛО

НВО МАКЕДОНИЈА Станислав ПЕТКОВСКИ

O

ваа недела мојата татковина е со Влада во оставка. Или, што би се рекло, без Влада. Вака без Влада, всушност и личи на она што впрочем долги години е евидентно, државата за некого е МАЈКА, а за некого е МАЌЕА. Ова е особено видливо кога не се знае кој ја води, токму поради непостоењето на експлицитен лидер. Имплицитни, имаме и тоа десетици, и тоа многу способни. Организационо, никој не знае каде одиме во ГОДИНАТА НА ЕКОНОМСКИОТ "БУМ", еден куп невработени се радуваа за името на државата, признаено од САД. Потоа, бројот на невработените се поклопуваше со бројот на оние КОИ НЕ СЕДЕА ДОМА. Другите СЕДЕА ДОМА, за да не се поклопат со бројот на невработените. Гостите од Европа невкусно го "злоупотребуваа" нашето гостопримство и ни делеа совети и стравови. Сообраќајната полиција "бескомпромисно" ни ги проверува документите во центарот на Скопје и нè потсетува дека "не бадијала" плаќаме данок и дека е "редно" строгоста и принципиелноста на ваквите органи да се гледа таму каде што треба да се види - во средиштето на метрополата. Со други зборови и логично е сè да почнува од Центарот т.е. се почнува од главата, а потоа натаму. . . Но, некако многу сме пасивни во оваа активност и имаме перманентно почнување и само почнување и почнување само од Центарот, а никако да се "разлее" средувањето по перифериите. Ваква "бескомпромисност" има и во

некои питоми делови на државава, наспроти она кај другите, каде што се вози без таблички, или со регистарски таблички од друга држава, а без никаква ознака на државата. Одредени делови од нашата невладина организација (во моментов) Македонија, се бунат дека државата ги заборавила кога се работи за градење на училишта, болници, амбуланти, факултети, но за другите "заборавања" кои овозможуваат брза и лесна заработувачка - АКО, "НЕКА" НĖ ЗАБОРАВААТ, ТАКА Е ПОДОБРО. Од друга страна, кога шетав низ неколку гратчиња од источниот дел на нашата НВО Македонија, видов невработени, апатични луѓе, запустени инфраструктурни објекти, напуштени фабрики, фасади од куќи кои последен пат се реновирани во времето кога Тито беше болен. Видов луѓе кои не можат да најдат ништо убаво во сегашноста, а иднината им изгледа или застрашувачка, или непозната, зборуваат само за МИНАТОТО. Во овие гратчиња царува МИНАТОТО, како "опојно средство", кое уште повеќе делува на имобилизацијата и како главен катализатор во проектот "Австралија, земја далечна...", проектот " И Манитоба не е лоша..." и проектот "Пааа, Нов Зеланд и не е така далеку....". Овие луѓе дури и престанале да се бунат, а по принципот на актуелната организација на државата КОЈ НЕ СЕ БУНИ значи... НЕ ПОСТОИ (како проблем), тоа значи и дека нема тешкотии. Во разните структури на оваа НВО држава, се вадат "НОВИ" историски факти, се градат нови споменици, се прекројуваат и

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

кројат граници и разграничувања, се номинираат потенцијални лидери кои можат да се изјаснат дека во некој град има само "умоболни". Или, јавно да се промовира манир дека НЕУСПЕХОТ е УСПЕХ, и да се примаат честитки за тоа. Кога помал број луѓе организираат НВО, тоа значи дека имаат намера тимски и организирано да го насочат својот мотив, интерес и енергија кон остварувањето придобивки од поширок интерес за општествената заедница. Во етаблираниот систем тие придонесуваат кон артикулацијата на поединечните гласови и барања, при што овозможуваат колективно сублимирање на поединецот. Растежот на ваквите НВО уште повеќе ја профилираат и ја градат општествената заедница. Но, кога еден макро систем, сè повеќе се "сведува на остварување на поединечни интереси и мотиви", кога тој поширок систем во однос на поголемиот систем (Европа) се однесува и делува неорганизирано, и буди насмевки на благонаклонетост, или сожалување, сам себе се деградира од МАКРО СИСТЕМ до НВО. Кога својата веќе етаблирана организираност и изграденост ја деградира на ниво како да е потребно дури сега да ја гради и да ја формира, самиот тој систем себеси се формира како НВО во развој. Така, да ја парафразирам изјавата на месецот , "дека во одреден ден на неделата ако некој умрел, нема да знаел дека Македонија е правна држава". А јас би завршил, случајно СИТЕ НИЕ ДА НЕ УМРЕМЕ, А ТОА ДА НЕ ГО ДОЗНАЕМЕ.


ПОЛИТИКА

ИЗВРШНАТА ВЛАСТ ЌЕ СЕ СОСТАВУВА

СЕ БАРА ДИРИГЕНТ БЕ Новиот владин кабинет ќе се соочи со големи проблеми, прво спроведување на локалните избори кои се одложија поради референдумското изјаснување. Тие ќе бидат тест за довербата на коалицијата и нејзината способност да се справи со меѓуетничките проблеми, кои ги засенија слабите економски резултати. Второ, Прашалникот од кој зависи иднината на нашата држава и основните евроатлантски насоки. Следен клучен проблем за идната македонска Влада ќе претставува актуелизирањето на прашањето на Косово и неговиот статус. Пишуваат: Жаклина МИТЕВСКА Кокан СТОЈЧЕВ

П

о констатирањето на оставката на премиерот Хари Костов од страна на Собранието на Република Македонија, почнаа да течат уставните и законските рокови за избор на нова Влада. Член 93 од Уставот на РМ предвидува: оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. Таа останува на должност сè до изборот на нова Влада. Претседателот на државата во рок од 10 дена треба да определи мандатар за состав на новата Влада. По добивањето на мандатот, "новиот диригент" треба во рок од 20 дена до Собранието да ги достави имињата за состав на новата Влада и програмата по којашто таа ќе работи. Владиниот кабинет го избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Новата Влада ќе се соочи со големи проблеми, прво спроведување на локалните избори, кои се одложија поради референдумското изјаснување. Тие ќе бидат тест за довербата на коалицијата и нејзината способност да се справи со меѓуетничките проблеми, кои ги засенија

слабите економски резултати. Второ, Прашалникот од кој зависи иднината на нашата држава и основните евроатлантски насоки. Следен клучен проблем за идната македонска Влада ќе претставува актуелизирањето на прашањето на Косово и неговиот статус. Претседателот Бранко Црвенковски го очекуваше потегот на Костов, иако според него премиерот требало да ги решава проблемите, а не да бега од нив. Досега, повеќе пати, Хари Костов го најавуваше своето заминување од функцијата прв човек на Владата, но во последен момент се "пишманеше". Меѓутоа, овој пат и покрај обидите тој да се предомисли, сепак банкарот си замина. Црвенковски му е лут на Костов што избра погрешен момент за овој чекор, веднаш по неуспешниот референдум и признавањето на Македонија од страна на САД под уставното име, успеси кои власта си ги припиша себеси, а не можеше да поужива во нив. Во политичките кругови се коментира дека претседателот не може да си прости што направил погрешна проценка во врска со изборот на Костов за негов наследник

СЕКОЈ НА СВОЈА СТРАНА - ХАРИ И БРАНКО

во премиерската фотелја. Решението беше изнудено, поради трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски, а Црвенковски се кандидираше за шеф на државата, по што лидерската функција на СДСМ беше испразнета. Во меѓувреме, Костов неколку пати се спротивставуваше на политичките обиди да стане член на СДСМ, што секако придонесе за негово брзо паѓање и никакво влијание во функционирањето на Владата. Ќе треба многу време за консолидирање на владините партнери, кои ќе треба да го обноват својот углед пред домашната и меѓународната јавност. По првичниот шок сега се работи на два фронта, прво да се манифестира единство во партијата со џентлменски договор еден да биде лидер на тимот, второ да се покаже коалициона подготвеност при составувањето на новата Влада да се поправат грешките, но до мерка до која нема да се признае дека ра-

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ботите биле толку лоши како што ги претставува Костов.

ПОРАКИ Пораката која претседателот Бранко Црвенковски од Албанија му ја испрати на Хари Костов е дека има разбирање за неговата лична одлука, но според Црвен-

"НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАМ, ОДАМ ДО КРАЈ", ТИТО ПЕТКОВСКИ


ПО ИЗБОРОТ НА ЛИДЕР НА СДСМ

З "ПИШМАН ТАБИЕТ" ковски: "Проблемите треба да се решаваат, не да се одложуваат и функцијата мора да се врши во целосен капацитет, користејќи ги сите механизми, кои произлегуваат од Уставот и од законите. Тие механизми се моќно и силно оружје ако ги држите во свои раце, ако ги испуштите се вртат против вас и против Владата во целина. Многу од деловите на образложението на господинот Костов, според мене, требаше да бидат дополнителен мотив тој да продолжи уште посилно да ја врши таа функција, а не да поднесе оставка". Наспроти тврдењето на Костов дека извршувањето

има право да носи закони". Во интервјуто за "Радио Слободна Европа", ова го изјави претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, додавајќи дека најверојатно до

ка што тие политички теми со кои бевме оптоварени се зад нас, а со тоа ни се отвора простор повеќе да работиме на економски план", додаде Љупчо Јордановски.

ВО ТРКАТА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ ИМЕТО НА ВЛАДО БУЧКОВСКИ НАЈМНОГУ СЕ ПОСОЧУВАШЕ

"КОРУПЦИЈАТА МУ Е ЛИЧНО ВИДУВАЊЕ НА ХАРИ КОСТОВ", АГРОН БУЏАКУ

на функцијата премиер е невозможно со корумпиран партнер во Владата, окупиран со непотизам, Црвенковски тврди дека политичка или криза меѓу коалиционите партнери во Владата нема. "Во секој случај многу пократко отколку што се уставните рокови Македонија ќе има нова Влада", вели претседателот на државава. "Очекувам роковите за избор на нова Влада да бидат скратени, затоа што Влада во оставка не е исто што и Влада со легитимитет, иако и таа

крајот на декември ќе добиеме нова Влада. Според спикерот, во меѓувреме не може да дојде до политичка криза, бидејќи "само еден дел од трите власти е во регрупирање, а Собранието си функционира во рамките на своите уставни надлежности". "Од обврските од Рамковниот договор се останати уште неколку закони, но и правичната застапеност на заедниците, како континуиран процес", вели Јордановски. Тој потенцира дека почувствителни се законите за употреба на јазиците и за симболите, со што "дефинитивно ќе биде затворено прашањето за имплементација на Уставот". "Не верувам дека овие закони ќе дојдат во собраниска процедура пред локалните избори, затоа што сега нè чекаат избор на нова Влада и изборите", посочи Јордановски. "Рамковниот договор по референдумот дефинитивно се затвора, та-

ОБВИНЕНИЈА Министерот за транспорт и врски во Владата во оставка, Агрон Буџаку, рече: "Набрзо јавноста ќе може да ги осознае вистинските причини за оставката на Хари Костов од премиерската функција, а неговото образложение за несоработка со коалиционите министри и за постоење корупција во власта е паушално, лично видување на Костов". Буџаку оценува дека постапката на Костов не била в ред. "Тие обвиненија не држат, но мислам дека набрзо јавноста и новинарите ќе можат да објаснат и да ги анализираат вистинските причини за оставката", вели Агрон Буџаку. Тој беше еден од оние непослушни министри, кои Костов непосредно ги лоцираше во својата оставка, без да ги спомнува имињата на носителите на државните

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

функции. За својата одговорност како министер, за што беше и прозван од премиерот, вели дека сака работите да се расчистат до крај, со што би се потврдило дали навистина имало корупција и непотизам во неговиот случај. "Не треба толку да се ангажираме и да трошиме енергија во изјавата на еден премиер, кој на крајот на краиштата не е член на партијата во коалиција ниту, пак, претставува нешто аргументирано кое би требало ние да го објаснуваме", вели Буџаку. СДСМ и ДУИ постигнаа начелна согласност околу горчливото прашање за правичната застапеност на Албанците во државната управа, која беше камен на сопнување и една од причините поради која се прелеа чашата на Хари Костов и тој поднесе оставка. На средбата во Владата на која присуствувале највисоките функционери од двете партии, било

"ВЛАДА ВО ОСТАВКА НЕ Е ИСТО ШТО И ВЛАДА СО ЛЕГИТИМИТЕТ", ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ


ПОЛИТИКА договорено, по изборот на новата Влада, веднаш да се премине на прецизно договарање за динамиката на вработување на Албанците во следната година. Некои медиуми велат дека на средбата не било отворено прашањето за состав на нова Влада и евентуалното именување на нови министри. За ова ќе се разговара на наредната средба, која треба да се одржи идната недела кога ќе присуствува и третиот коалиционен партнер ЛДП. Сепак, двете страни го опипувале пулсот дали да се задржи сегашната поделба на ресорите или да се направи евентуална ротација, со што би се оправдала реконструкцијата на одредени министри, кои важеа за проблематични во минатиот владин состав. Претставниците на СДСМ барале од ДУИ итно да истапат во јавноста и да ги негираат информациите кои велат дека нивниот лидер Ахмети ургирал кај претседателот Црвенковски око-

ИЗВРШНАТА ВЛАСТ ЌЕ СЕ СОСТАВУВА ПО ИЗБОРОТ НА ЛИДЕР НА СДСМ лу изборот на новиот премиер. Социјалдемократите побарале од својот албански партнер да биде дециден дека не се меша во внатрешните работи на партијата.

КАНДИДАТИ СДСМ треба да избере нов лидер (до објавувањето на овој број, Конгресот на СДСМ не беше одржан), кој најверојатно ќе биде идниот мандатар на новата Влада. Владо Бучковски, Тито Петковски и Радмила Шекеринска се тројцата кандидати, кои на Конгресот ќе се борат за лидерската позиција во СДСМ. Ваквата одлука ја потврди Централниот одбор, на кој од трката за лидер се откажа Јани Макрадули, што на некој начин беше изненадување, затоа што претходно прифати. "Нова разединетост не ни треба и затоа одлучив да се повлечам, за да можеме помирно, некако и поненапнато да го пречекаме Конгресот ",

КОЈ ВО КОЈА ФОТЕЛЈА ЌЕ СЕДНЕ?

изјави Јани Макрадули. Сепак, Макрадули отворено ја поддржа Шекеринска во лидерската битка, препорачувајќи му на членството, во завиткана форма, да ја поддржи кандидатурата на вицепремиерката. Од претседателската трка се откажа и Никола Поповски, иако беше меѓу фаворитите за лидер, со оправдување за јавноста дека со неговото повлекување

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

полесна ќе биде процедурата со помал број кандидати. Во трката за лидер на СДСМ името на Владо Бучковски беше најмногу посочувано. За вицепремиерката Радмила Шекеринска се изјасниле 58 општински организации. Потоа следува Тито Петковски со 54. Противникот на Бучковски, пратеникот Тито Петковски изјави: "Нема да се откажам. Одам до крај".


ПОЛИТИКА

ДИПЛОМАТСКА ОФА

`

`

Грција нема да дозволи прием на FYROM во НАТО и во ЕУ под нејзиното уставно име. Тоа на македонскиот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски, му го соопштил Александрос Маљас, раководител на Бирото за контакти со БЈРМ, на неодамнешната средба во Министерството за надворешни работи во Атина. Пишува: Рената МАТЕСКА

во државите на ЕУ и во оние држави каде што се седиштата на клучни меѓународни организации, треба комплетно да се оспособат за аргументирање на ставовите, кои се однесуваат на приемот и статусот на Македонија во ООН.

Г

рција на голема врата ја најави и ја почна својата "грандиозна" офанзива против користењето на името Република Македонија, особено по признавањето на нашето уставно име од страна на САД, кое предизвика "бура" кај јужниот сосед. Без многу заобиколување, Александрос Маљас, раководител на Бирото за контакти со БЈРМ, на неодамнешната средба со македонскиот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски, му соопштил дека Грција нема да дозволи прием на FYROM во НАТО и во ЕУ под нејзиното уставно име. Грчкиот претставник потенцирал дека решавањето на спорот околу името ќе биде многу значајно за нормализирање на односите меѓу Атина и Скопје. Амбасадорот Ханџиски го информирал Маљас дека македонската Влада има волја за продолжување на двостраните разговори за името под покровителство на ОН. Во засилувањето на офанзивата на Грција против користењето на името Република Македонија се вклучил и архиепископот на Атина и на цела Грција, Христодулос, кој испратил писмо до премиерите на земјите од Европската унија и до поглаварите на христијанските цркви во Европа, во кое го објаснил ставот на Атина во врска со прашањето за името Македонија. Грчката Влада упати и протестна нота до Албанија, поради најавите на албанскиот претседател Алфред Моисиу дека Тирана ќе ја следи одлуката на САД и ќе ја признае Македонија под неј-

ИНИЦИЈАТИВА

Д-Р ИГОР ЈАНЕВ

зиното уставно име. Битката за спорот со името не запира сега и тука, останува да се види македонската страна и дали ние имаме добри играчи за ваквата агресивна грчка дипломатска стратегија. Нашите експерти советуваат дека треба да се тргне во акција за воспоставување на уставното име, за што треба да се мобилизира и значително професионално да се засили целиот релевантен кадровски потенцијал кај соодветните државни органи. Нашите дипломатски претставништва, особено

"Дипломатската иницијатива која ја презема Грција кон членките на Европската унија во врска со прашањето за уставното име на Македонија во ОН, а како резултат на признавањето од САД, ќе покрене нов бран притисоци за разрешување на проблемот со името во ООН. Грција, како што можеше да се очекува, ќе прави максимални напори за другите држави во меѓународната заедница да не ја признаат Македонија под нејзиното уставно име и ќе го зајакне притисокот во ООН, па и кон САД, за изнаоѓање решение кое ќе подразбира промена на уставното име. Правото на суверен избор на името од страна на една држава исклучува обврски на таа држава за преговори со друга држава. Сепак, останува фактот на изразена политичка волја од страна на САД за признавање на уставното име на Македонија, фактот на

Анализирајќи ги актуелните грчко-американски односи и влијанието на грчката емиграција во САД, а во контекст на последното заладување на односите поради Македонија, атинскиот весник "Вима" пишува дека односите се исти како и пред 19 години, кога во Грција постоеше нагласен "антиамериканизам", а во администрацијата на Роналд Реган, "антиелинизам". Игнорирањето кон грчката емиграција од страна на надворешно политичката администрација има корени уште од времето на Хенри Кисинџер и Џејмс Бејкер. Веројатно, таа иста администрација, сфаќајќи дека грчкото лоби е немоќно, сега ги расчистува проблемите без колебања, изјавил доброупатен извор од Вашингтон.

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

самото признавање и правнополитичките последици на тој факт. Грчката страна добро го сфатила значењето на тие факти и нејзината политичка акција на меѓународната арена е сосема разбирлива", констатира д-р Игор Јанев, поранешен специјален советник на МНР (за државно име), член на Њујоршката академија на науките, член на Академскиот совет за системот на Обединетите нации (ОН) и член на Американското друштво за меѓународно право. Сепак, ние не треба да реагираме со скрстени раце на грчката остра офанзива. "Од страна на македонската Влада - вели тој - треба да се покрене широка дипломатска акција со која ќе се објасни дека изборот на името е суверено и инхерентно право на секоја држава и дека негирањето на ова право, што е сторено во спомнатите резолуции на ОН и на Советот за безбедност, значи негирање на правото, преку нелимитиран нелегален процес, воопшто да се има име. Ова произлегува од тоа дека името, како правен идентитет на меѓународноправен субјект, како што е државата, е есенцијален дел од нејзиниот субјективитет и оттаму не може да биде предмет на одземање, наметнување и/или преговарање. Од друга страна, името како такво не имплицира правни последици (на пример, право на нечии територии) и понатаму треба да се има предвид и дека со амандманите воведени во својот Устав, Македонија експлицитно се оградува од такви интерпретации. Ова се базични аргументи кои му ја одземаат правната сила на грчкиот аргумент дека името Македонија имплицира 'територијални претензии'. Името на една држава по себе не имплицира или влијае на територијалните права и обврски на таа држава, како и на другите држави. Овој аргумент се однесува и кон другите права и обврски на државите (културни, историски и слично)".


НЗИВА СО МАЛ ВЛОГ

СКОТО ШИКАНИРАЊЕ ? СТРАТЕГИЈА Според д-р Игор Јанев, македонската стратегија за воспоставување на уставното име во ОН не треба да се темели на популарната 'двојна формула', предложена од страна на Кризната група. "Оваа политичка формула коментира Јанев - нема никаква основа во меѓународното право. Ако една држава има суверено и природно основно право да има име (jus cogens), а со тоа и право суверено да си го бира (т.е. да го одредува својот правен идентитет, како битен елемент на својот меѓународен субјективитет и државност), тогаш предметот за преговарање за меѓународно и внатрешно (само за Грција) име, е очигледно целосно безмислен. Покрај правно, оваа формула е и политички бесмислена, бидејќи ја игнорира основната идеја на грчкото противење за меѓународна употреба на уставното име на Македонија: не само Грција да ја нарекува Македонија како што сака, туку да спречи меѓународната заедница да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Според тоа, сосема е јасно дека Грција никогаш не би ја прифатила 'двојната формула' како основа за преговорите околу името. Инсистирањето на македонската страна на 'двојната формула' како основа за преговорите се гледа од страна (како и од Грција), како наивен метод за опструкција на преговорите. Генерално, доколку Македонија е решена да си го зачува своето уставно име, било која 'политичка формула' не може да претставува основа за преговорите со Грција во ООН: опструкцијата, во повеќе или во помалку очи гле ден вид, мора да остане (всушност како и досега) ос нов ното средство на македонската стратегија. Тоа, пак, е спротивно со резолуциите на ОН од 1993 година, поврзани со приемот на Македонија во ОН, каде што од преговарачите се бара да дојдат до 'брзо реше-

ХАВИЕР СОЛАНА И БЛАГОЈ ХАНЏИСКИ

ние на спорот'. Отсуството на санкции кон преговарачите за неисполнување на овој дел од резолуциите може да се интерпретира како 'молчеливо признание' на светската заедница дека изборот на името е суверено право на секоја држава, што делува како охрабрување на македонската страна за нејзината позиција и тактика во преговорите (т.е. практично за нивна опструкција). Но, овој пристап кон проблемот на името на Македонија во ОН, кој се базира на принципот 'laisser-passer' и на надежот дека со време сè повеќе држави ќе ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име, ја држи Македонија во нерамноправен статус во ОН, перманентно го навредува нејзиниот дигнитет, а признавањето на уставното име во билатерални релации го прави инструмент на политички калкулации (како што посведочи и неодамнешното признавање на уставното име од страна на САД). Ова последното е најопасниот елемент во политичкиот пристап за разрешување на проблемот на нашето уставно име: во одреден момент други политички приоритети можат да бидат сфатени (или третирани од политичката елита), како поважни од името (на пример, влегување во ЕУ) и да доведат

до откажување од уставното име. Затоа, правниот пристап за решавање на проблемот на името се чини најсоодветен". Според овој експерт, постојното меѓународно право й дава на Македонија најчисти и најсилни аргументи и средства за враќање на нејзиното уставно име во ОН.

СТАТУС Одолговлекувањето на решавањето на проблемот со името, практикувано од сите досегашни влади, не е во интерес на Македонија. Како што е познато, референцата БЈРМ дефинира еден нерамноправен правен статус на Македонија во ООН, особено во областа на нејзиното претставување. Тој статус, според познавачите на состојбите, е во спротивност со Повелбата на ОН и со други меѓународноправни акти. Одолговлекување на решавањето на ова прашање има реперкусии и на нашите односи со ЕУ. Сè додека не се реши овој проблем, велат експертите, по сè изгледа дека Грција нема да изврши ратификација на Спогодбата за асоцијација и стабилизација. Обврската за преговори со Грција околу името е во спомнатите резолуции на ОН, но токму тој нивен дел за нашите експерти е правно нелегален.

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

Според тоа, потребно е да се работи на корекција на нелегалноста на тој акт; наместо да се решаваат последиците, треба да се искорени нивната причина. Со други зборови, прашањето на уставното име на Македонија во ОН треба да се решава со правни средства во рамките на ОН, каде проблемот е и настанат, тврдат експертите. За нив, клучот за решавање на проблемот е да се донесе нова резолуција на Генералното собрание, со која се отстрануваат дополнителните услови наметнати на Македонија во соодветните резолуции при нејзиниот прием во членство на ОН. Македонија сама или со група други држави - членки, доколку процени дека исходот на гласањето ќе биде позитивен, може да иницира предлагање на ваква резолуција во Генералното собрание. "Решението на проблемот на името на РМ во ОН преку барање советодавно мислење од Меѓународниот суд за правда е најпожелен пат за Македонија, бидејќи ги инволвира само принципите и нормите на меѓународното право, авторитетот на Судот кој еднаш се произнел по ова прашање и ги избегнува игрите на политичките интереси каде што македонскиот влог е релативно мал. Само во тој пристап кон проблемот сувереното право за избор на името ја има својата полна 'тежина', а грчките барања за интервенција во туѓо име остануваат без основа. Само на таков пристап се обезбедува политички неутрално решение на проблемот и им овозможува на меѓународните интеграции, чија членка е и Грција, да спроведуваат заедничка политика кон Македонија (вклучувајќи го и признавањето на нејзиното уставно име), повикувајќи се на политичката волја на светската заедница (изразена во ОН). Се разбира, Грција има суверено право да ја нарекува Македонија по своја желба", дециден е д-р Игор Јанев.


ПОЛИТИКА

БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦ ИЈАТА

МИН ИСТЕ РСКИ ТЕ Г "Ние бараме прво да се оцени одговорноста на Владата, како колегијален орган, како колективен орган и одговорноста на индивидуалниот орган во спроведувањето на она, што е како заклучок на Владата, а е спротивно, покрај другото, и на Законот за јавни набавки. Меѓутоа, спротивно е и на Законот за спречување на корупцијата, каде што носителите треба да постапуваат професионално, законито, чесно", изјави претседателот на Антикорупциската комисија Јован Трпеноски.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Б

орбата со корупцијата во државните органи и во јавните институции во Република Македонија е проформа, која добро им е позната и на домашната и на меѓународната јавност. Оваа констатација беше потврдена и во оставката на премиерот Хари Костов од кого што опозиционата партија ВМРОДПМНЕ побара да ги открие картите, односно имињата на инволвираните политичари од власта во процесот кој е детектиран, како најголем и најтежок проблем за економскиот развој на земјава. Тој постојано создава нови компликации, со што ја усложнува положбата на нашата држава, која не ужива некој добар углед во борбата против корупцијата. Со овој факт се соочува и Државната комисија за спречување на корупцијата, која не може да мрдне од место, бидејќи сите нејзини активности се сведуваат на "нула". Имено, в кош завршуваат сите нејзини констатации за узурпација од страна на државните функционери и на носителите на јавни функции, бидејќи надлежните министерства се немоќни да ја спроведат правдата. Затоа борбата со корупцијата го губи здивот.

АРГУМЕНТИ Неодамна, поради незаконски дејствија, министрите за култура и за економија завршија во црниот тефтер на Државната комисија за спречување на коруп-

цијата. Според неа, јавните набавки за Меморијалниот центар "АСНОМ" во селото Пелинце Кумановско биле незаконски. Комисијата утврдила дека министерот и Владата го прекршиле Законот за јавни набавки и Законот за спречување на корупција, бидејќи набавките се правеле без тендер, а биле склучувани со непосредни спогодби. Цената на изработката на проектот, неговата ревизија, стручниот надзор, мозаикот, бунарите и пумпните станици на Меморијалниот центар чинеле 350.000 евра. На градежната фирма "Бетон" државата треба да й исплати околу 2.000.000 евра, досега од нив се исплатени околу 145.000 евра, а остатокот ќе биде на товар на идните буџети на државава. "Ние бараме прво да се оцени одговорноста на Владата, како колегијален орган, како колективен орган и одговорноста на индивидуалниот орган во спроведувањето на она, што е како заклучок на Владата, а е спро-

тивно, покрај другото, и на Законот за јавни набавки. Меѓутоа, спротивно е и на Законот за спречување на корупцијата, каде што носителите треба да постапуваат професионално, законито, чесно", изјави претседателот на Антикорупциската комисија Јован Трпеноски. Набавките без тендер можат да се вршат само во крајна итност, а се предизвикани од настани кои не можеле да се предвидат, но прославата по повод 60-годишнината од АСНОМ не е настан кој не можел да се предвиди. Министерот за култура тврдеше дека Владата и тој лично не се информирани за заклучоците на Антикорупциската комисија, но изјави: "Ако итноста на тој објект, заради можноста 60 - годишнината да се прослави на тоа место, каде што и беше, значи да се изгради меморијален објект кај кој ќе може да се направи народната прослава, налагаше дека тоа нема да се реализира доволно брзо по пат на конкурс, по пат на сите други показатели, така што се почитуваше Одлуката на Владата. Сметам дека неа не треба да ја коментирам. Сигурно ќе им одговориме на сите институции, имаме чиста совест за сè што е направено". Антикорупциската комисија во своето "писулче" го образложи и "гревот на министерот за економија", кој според неа, ги прекршил законите и за тоа побара негова одговорност.

Министерството за култура ги демантираше наводите на Антикорупциската комисија дека постапките за изградба на Меморијалниот центар "АСНОМ" на Пелинце, се противзаконски и противуставни. Во врска со наводите дека изградбата е вршена незаконски, бидејќи во Законот не постои "итност на роковите" освен за непредвидливи настани, а АСНОМ бил планиран настан, Министерството тврди дека постапките се вршени поради итност наложена од Владата и непредвидлив начин на одбележување. "Клучниот аргумент на Комисијата е неоснован, затоа што иако е точно дека одбележувањето на 60-годишниот јубилеј е однапред планиран настан, не можеше да се предвиди начинот на негово одбележување", се наведува во соопштението на Министерството за култура. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ЈОВАН ТРПЕНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

Комисијата оцени дека овој министер, со одлуката за отворање на "пломбираните" дуќани и со продолжувањето на работното време на кафеаните, ги пречекорил неговите службени овластувања, го повредил начелото на законитоста, а постапил спротивно на Законот за антикорупција, во кој се вели дека владин функционер е должен во вршењето на својата функција да постапува без дискриминација или повластување на било кого. "Не може, генерално, да се носи одлука, туку мора во постапка и тој поединечен акт, што значи министерот постапил спротивно на законот и со тоа го прекршил законот", изјави Трпеноски. Комисијата ќе поведе постапка за утврдување на фактичката состојба, по што ќе се знае за каква одговорност станува збор, во која е вмешан и овој министер. Во коментарот за ова прашање министерот за економија изјави дека тоа е работа на Комисијата, а нема ништо против нејзината одлука и ќе й ги достави сите документи кои таа ќе му ги побара. Комисијата го разгледуваше овој случај откако САД го призна уставното име на Република Македонија, причината поради која министерот се одлучи да ги отвори затворените дуќани. Експертите оценуваат дека со тоа се создава нелојална конкуренција и правна конфузија на пазарот. Министерот тврдеше дека со оваа негова одлука била


ОСТАНУВА САМО НА ЗБОРОВИ

Р Е ШК И "НЕ" СЕ ГРЕВ запозната Владата и недоразбирање постоело само за 8 дуќани. По интервенција на Владата, пазарната инспекција повторно ги затвори спорните дуќани. Антикорупциската комисија го повика Собранието да побара одговорност од владините функционери, кои постапиле спротивно на Законот.

СЛАЃАНА ТАСЕВА, ЧЛЕН НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

ОДЛУКИ Членот на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, даде дипломатски коментар во врска со најновите случувања на релација власт - Комисија, односно не ги лоцираше куршлусите од слабото фајде од борбата против корупцијата. "Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи во рамките на своите надлежности, во изминативе две години има донесено поголем број одлуки, со кои се поднесени иницијативи за поведување кривична или друг вид постапка против избрани или именувани функционери и други носители на јавни функции, или лица кои управуваат со јавни претпри-

јатија. Во вашето прашање правилно упатувате на тоа дека Комисијата со своите одлуки иницира надлежните државни органи да поведат постапки кои се во согласност со законските надлежности. Најголем дел од надлежните државни органи постапувале по иницијативите на Државната комисија, при што се поведени конкретни постапки за промена на веќе донесените одлуки, разрешување на функционери или кривични постапки, но може да се каже дека сè уште не е доволна севкупната ефикасност. Основниот проблем сè уште се лоцира во силното влијание на политиката, кое освен во Собранието и во Владата на РМ, значително се чувствува и во државните органи, кои треба да постапуваат професионално, со целосно почитување на Уставот и на законите", истакнува Тасева. Дали нешто мора брзо да се промени во законската регулатива, бидејќи нема резултати од заклучоците на Комисијата? "Измените на Законот за спречување на корупцијата се усвоени во јули 2004 година. Во најголем дел тие се резултат на согледувањата на членовите на Комисијата и на едногодишниот период од имплементацијата на Законот. Со овие измени Државната комисија го доби статусот на независен државен орган, односно стана посебно правно лице, надвор од сите структури на власта. Ова дополнително ќе ја зајакне независноста на Државната комисија, а со зголемување на бројот на вработените во Секретаријатот - вели Тасева - ќе се зголеми и ефикасноста во работењето. Се планира наредната година да се зајакне бројот на вработените, кои ќе работат на постапките за контрола на имотната состојба, судирот на интереси и јавните набавки. Навистина се големи надлежностите кои ги има Државната комисија, така што не е побарано нивно зголемување. Она што членовите на Државната комисија постојано го потенцираат е дека Комисијата не навлегува во надлежностите на другите државни органи, но затоа бара, по поднесување на иницијативите, да биде известена

за постапувањата и за донесените конечни одлуки", објаснува Слаѓана Тасева. Но, дали може да се очекува некоја промена во комуникацијата со државните органи и подобрување во интензитетот на борбата против корупцијата? "Да - одговара Тасева - затоа што наша законска обврска е

владини службеници", изјави партискиот портпарол Александар Бичиклиски, потсетувајќи го Прчевски зошто е поставен на таа функција. Портпаролот Бичиклиски побара одговор од Прчевски, дали продавањето атрактивно земјиште, во строгиот центар на Скопје, по багателни цени, зад

ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБВИНУВА ДРЖАВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПРЧЕВСКИ, БИДЕЈЌИ НЕ ЈА ИЗВРШУВА СВОЈАТА ФУНКЦИЈА.

меѓусебно да соработуваме. Само со меѓусебна соработка можеме да ја постигнеме целта и да добиеме висок степен на владеење на правото, како предуслов за развој на економијата и демократијата".

ПОТСЕТУВАЊЕ Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, повторно во континуитет, го обвини јавниот обвинител Александар Прчевски дека својата функција ја третира партиски и дека ја извршува крајно непрофесионално, а кон македонските граѓани се однесува игнорантски и лицемерно. "Иако многу пати досега јавно го повикавме и му презентиравме докази за корумпираност на Владата во оставка, Прчевски јавно не се огласи ниту, пак, поведе истрага за корумпираност и непотизам кај одредени министри и

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

кое стои министерот за транспорт и врски, или укинувањето на мандатните казни за одредени трговски објекти и 24часовното работење на сите угостителски објекти, што го дозволи министерот за економија, не претставуваат предмети на корупција и пречекорување на службените овластувања. ВМРОДПМНЕ се сомнева во капацитетот и во намерите на Владата во оставка, особено откако е обелоденето нејзиното корумпирано и криминално однесување. "Со самото образложение на премиерот во оставка Хари Костов, тој се промовираше во сведок на корупцијата во Владата, а со неповедувањето истрага од страна на Јавното обвинителство, државата ќе докаже колку овој пат корупцијата е длабоко навлезена во сите пори на општеството", потенцира Бичиклиски.


СУДСТВО

КАНТАРОТ МЕРИ ПОД

МАКЕДОНСКАТА ЈУСТИЦИЈА В Хашките истражители го распрашуваа Љубе Бошкоски за случајот Љуботен. Неговиот бранител, познатиот хрватски адвокат Звонимир Ходак, изјави дека поранешниот министер за внатрешни работи, во 2001 година, во акцијата во Љуботен, само ги следел наредбите од повисоките структури. Големата сала на Основниот суд Скопје II во Скопје станува претесна за да ги прими сите заинтересирани кои го следат судскиот процес против обвинетите во случајот "Раштански лозја".

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Ј

авноста со големо внимание ги следи настаните поврзани со "совесното водење" на случаите "Раштански лозја" и "Љуботен". Еден на друг тие им се надоврзуваат како "јамка околу вратот" на Македонците, бидејќи според досегашните судски и истражни дејствија нема осомничени или обвинети од друга етничка заедница. Зошто? Можеби поради природата на случаите, но и заради големата политичка запршка, која постојано ги притиска судските органи и не им овозможува нормално да си ја извршуваат својата законска функција, а тоа е вината "да ја измерат на кантар" или врз основа на фактите да донесат ослободувачка пресуда. Станува збор за два различни, но комплементарни настани, кои се поврзани со дејствијата во 2001 година и оние од 2002 година, во кои наводно биле вмешани поранешни високи државни функционери и раководители на Република Македонија. Сепак, според сегашните мерила "стапот го јадат" само Маке-

донците, кои застанаа во одбрана на земјава. Колку од нив, во име на борбата против тероризмот ги закрвавеле рацете, ќе каже македонската Јустиција, која се наоѓа пред голем правен и судски предизвик? Имено, доколку таа им подлегне на политичките притисоци, тогаш влијанието врз пресудата ќе биде големо, а тоа никогаш нема да биде симнато од вратот како вечна црна дамка во македонското судство. Истовремено, додека се води битка во Скопје, во Пула, во сенка на домашните судски парадигми, се води и друга војна, која не ги затемнува ѕвездите на обвинетите за случајот "Раштански лозја". Во овој истарски град, во затвор, за истиот случај окапува поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој побегна во Хрватска, бидејќи наводно почувствувал дека ќе бидат загрозени неговите права во Македонија. Додека очекува хрватското судство да се изјасни за покренување на судски процес или одбивање на неговата инволвираност во случајот "Раштански лозја", хашките истражители ќе го испрашуваат за воената акција во село Љуботен, која беше изведена во 2001 година.

ЉУБЕ БОШКОСКИ СЕ СООЧИ СО ХАШКИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ПУЛА, ВО ХРВАТСКА

ХАШКИ ИС ТРА ЖИТЕ ЛИ Хашките истражители го распрашуваа Љубе Бошкоски за случајот "Љуботен". Неговиот бранител, познатиот хрватски адвокат, Звонимир Ходак, изјави дека поранешниот министер за внатрешни работи, во 2001 година, во акцијата во Љуботен, само ги следел наредбите од повисоките структури. "Од нив, по факс добив рамковни прашања, но според хашкото правило 43 не смеам прашањата да ги изнесам во јавност. Можам само да му ги покажам на обвинетиот, а тоа и ќе го сторам. Ќе дојдам во Пула и заедно ќе ги прегледаме прашањата, но рамковните. Надвор од таа рамка, исто така, можат да бидат поставени прашања, но приближно знаеме за што се работи и што ќе нè прашаат", изјави Звонимир Ходак. "Случајот 'Љуботен', номенклатурата на македонската Влада, кој бил надреден во тој момент, кој ги издавал наред-

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

бите итн. Мислам дека господинот Бошкоски има добри аргументи за нив, да им објасни зошто тој учествувал таму. Пред сè, затоа што добил наредба од претседателот на државата. А како второ, сите фишеци, кои се најдени на лице место, од убиените, се од воен карактер, а не од полициски", изјави Ходак. Деновиве, истражителите од Хаг речиси два часа го распрашувале Љубчо Георгиевски за случајот "Љу ботен". Средбата на Георгиевски со претставниците на Хашкиот трибунал требаше да се одржи пред две недели. Но, тогаш таа беше откажана, бидејќи Љубчо бил болен од грип. Меѓународниот суд за воени злосторства води предистражна постапка против поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. За прв пат, тој лице в лице се сретна со хашките истражители за да даде изјава за случајот "Љуботен". Георгиевски се задржал околу два часа, а на хашките истражители им дал исказ во улога на сведок. По-


ПРИТИСОК НА "СИЛАТА"

О ПРЕГРАТКА НА ПОЛИТИКАТА ранешниот премиер Љубчо Георгиевски бил задоволен од разговорот со истражителите. Овој Меѓународен суд за воени злосторства во Хаг води предистражна постапка за случајот "Љуботен" и за ова го сомничи и ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој наводно дозволил масакр врз цивили, откако кај Љуботенски бачила, од мината која ја поставиле терористите на тогашната ОНА, загинаа осум војници на АРМ. До сега, во затворот "Скопје" во населбата Шуто Оризари за случајот "Љуботен" беа сослушани обвинетите во случајот "Раштански лозја", поранешниот

генерал на "Лавовите" Горан Стојков и Бобан Утковски. Тие одбија да дадат изјави во врска со овој случај, бидејќи при распитот не присуствувале нивните бранители. Адвокатите на обвинетите тврдеа дека немале поим оти нивните клиенти ќе бидат

распрашувани за овој случај и не биле известени од хашката канцеларија.

СВЕДОЦИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО Големата сала на Основниот суд Скопје II во Скопје станува претесна за да ги прими сите заинтересирани, кои го следат судскиот процес против обвинетите во случајот "Раштански лозја". Во улога на сведоци се појавија: Нико Митревски, Љубомир Марковиќ, Камбер Камбери, а Стое Пандиловски и Зоран Кофиловски ќе бидат испрашани на 2 декември. Нико Митревски (36), тогаш вработен како преведувач во Секторот за оперативна техника при МВР, остана на изјавата која ја дал пред истражниот судија. Во сегашното сведочење тој рече дека кон крајот на февруари или почетокот на март 2002 година, по завршувањето на работното време и по добиената наредба од Зоран Кофиловски, Митко Кикереков и уште едно лице, чие презиме не го знае, но знае дека се вика Мирко, требало од Одделението да се изнесе опрема, која се состоела од акумулатор, стримлајт батериска ламба, две радиоврски и една "моторола". Опремата била натоварена во возило "мицубиши", со зелена боја и со лизгачка врата, а во него влегле тој, Јулијана Младеновска и Зоран Кофиловски. Во автомобил "голф", со бела боја, биле Камбер Камбери и Љубомир Марковиќ. На сведокот не му било кажано каде требало да одат, но кога пристигнале пред населбата Драчево свртеле десно и се упатиле кон Марков манастир. Кога дошле во близина на манастирот, извесно време чекале во возилата паркирани покрај патот, а по дваесетина минути со автомобил "пежо партнер" дошол и сега

обвинетиот Митко Кикереков. По кусо време тие влегле во една од викендичките, за која што разбрал дека е сопственост на сведокот Зоран Кофиловски. Набрзо потоа ја истовариле опремата, а Митко Кикереков изнел некаков куфер од своето возило. Откако малку се одмориле, почнале да читаат некаков текст, напишан на албански јазик. Текстот им го поделила Јулијана, која извадила и неколку компакт-дискови. Со оглед на тоа што тој не го зборува албанскиот дијалект од овие простори, добил сосема кратки реплики, од само неколку зборови. Токму

по патот Јулијана му се јавила некому по телефон, а кратко време по разговорот го напуштила возилото. Наредниот ден, а со оглед на тоа што водел уредна евиденција за сè што работел, Митревски не знаел што да заведе, па решил за тоа да се консултира со Митко Кикереков. На прашањето што да запише во делот од завршените работни обврски, му било одговорено: снимање на документирана програма! Инаку, сведокот е на мислење дека Митко Кикереков бил вработен во МВР и дека и тој бил негов претпоставен. Исто така, тој појасни дека Кикереков зборува три

Адвокатот Александар Тортевски предложил, како доказ, во судницата да се обезбеди кривичниот предмет кој се води во Пакистан, а по нападот на македонскиот почесен конзулат во таа земја. Исто така, Тортевски побарал и распит на госпоѓата Хелен Бриџ. За вториот предлог тој добил согласност и од застапниците на обвинението, но за "пакистанскиот предмет", заменикот-обвинител, Љупчо Шврговски, рекол дека се противи, бидејќи постои официјално известување од Интерпол дека шесттемина убиени Пакистанци и Индиецот не се личности по кои се трага и дека не се поврзани со некоја терористичка група.

поради овој проблем подолгите делови од текстот им биле поделени на Камбери и на Марковиќ. На прашањето на Судскиот совет во што се состоел текстот кој требало да се прочита, сведокот Митревски истакна дека се спомнувале зборовите ќебиња и амбасада, односно дека некоја уфрлена терористичка група ќе нападнела некоја амбасада. Следувало снимање и преснимувања на читаниот текст, а тоа траело речиси два часа, односно сè додека Кикереков не констатирал дека работата е добро завршена. Потоа ја спакувале опремата и се вратиле во Скопје. Митревски рече дека

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

јазици: албански, грчки и англиски, како и тоа дека бил познат по прекарот Магија. Одбраната на обвинетите му поставувала прашања на сведокот кои, главно, се однесувале на периодот пред почнувањето на кривичната истрага, односно каде бил и што правел во периодот додека траеле предистражните дејствија. Така, на пример, сведокот Нико Митревски го негирал познанството со актуелниот директор Бранко Бојчевски, а рекол и дека работел како преведувач и на прислушување. Но, во својата практика не се занимавал со преведување текстови, туку само со аудиозаписи кои биле снимани.


ПОЛИТИКА

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА МАКЕДО

ТОПЛО-ЛАДНА ПОРАКА Република Македонија и Република Албанија имаат заеднички интерес за координиран настап за обезбедување поддршка од релевантни меѓународни фактори за вклучување на Коридорот 8 во листата на приоритети на европската инфраструктурна мрежа, како и реализирање на проектот за изградба на трансбалканскиот нафтовод АМБО, проект од регионално значење. Досега двете земји имаат потпишано 34 билатерални договори и други документи, кои ја регулираат соработката во повеќе области од заемен интерес.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

А

к т у е л н и те односи меѓу Републик а Македонија и Република Албанија се карактеризираат со континуитет на политички дијалог, пријателство и соработка во повеќе области од заемен интерес, за што зборува и големиот број реализирани средби на високо ниво. Двете земји имаат блиски ставови по клучни меѓународни прашања, што придонесува за конструктивна политичка соработка на регионален и на мултилатерален план. Република Македонија и Република Албанија имаат идентични стратегиски определби за полноправно членство во Европската унија и во НАТО - алијансата. Заедно со Република Хрватска тие се членки на Јадранската повелба за достигнување на стандардите за членство во Северно-атлантската алијанса. Неодамнешната средба

во Подградец меѓу двајцата претседатели Бранко Црвенковски и Алфред Моисиу е продолжение на традицијата - соработката и добрососедските односи меѓу двете држави да се развиваат со отворен дијалог, што е и трајна определба на РМ.

ИНТЕРЕСИ По средбата во Подградец, претседателот Моисиу изјави дека со својот македонски колега разговарале за многу прашања за кои постои заеднички интерес тие да се решат. На претседателот Црвенковски му го честита неуспешниот референдум, иако нагласи дека можеби претставува парадокс таквата честитка. "Неуспешниот референдум е доказ за зрелоста на македонските политичари и на граѓаните. Доказ е во која насока треба да оди Македонија. Со тоа Македонија докажа дека сите граѓани се рамноправни и дека не прави разлика меѓу нив", потенцира Моисиу. Претседателот Бранко Црвенковски го коригираше својот колега и истакна: "Ги прифатив честитките за референдумското изјаснување со една мала корекција, не

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ И АЛФРЕД МОИСИУ ВО ПОДГРАДЕЦ

затоа што референдумот не беше успешен, туку тој беше многу успешен според начинот на кој се спроведе, мирно, демократски, со регуларно изјаснување, без инциденти. Самото референдумско изјаснување беше потврда за тоа што мнозинството граѓани се определија да й дадат поддршка на една политика, која се спроведуваше минатиот период и која ќе продолжи во наредниот. Моисиу ми упати честитки по повод признавањето на уставното име на Македонија од страна на САД, за што му се заблагодарив и се надевам дека тоа ќе биде охрабрување за Албанија и таа да го направи тој чекор во наредниот период", истакна Црвенковски. "Наша заедничка цел - додава Моисиу - е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, сигурно дека таа интеграција има свои услови, главниот услов е мирниот соживот, меѓу граѓаните и меѓу различните етнички заедници меѓу двете

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

земји. Тие ќе продолжат и во иднина. Разговаравме и за Коридорот 8, за тоа што можеме и што ќе направиме за него. На меѓународните средби секогаш укажувам дека Коридорот 8 не претставува обична патна инфраструктура, туку тој е од големо политичко значење. Исто така, разговаравме и за други регионални проблеми, кои нè загрижуваат, за прашањето на Косово, при што и двајцата се согласуваме дека овој проблем треба да се реши".

СОРАБОТКА Според Моисиу, соработката со Македонија бележи позитивен развој во сите области, на политички, економски, дури и на одбранбен план. Иако тој нагласи дека на економски план треба да се работи уште многу за да се зголеми нивото на развој. Во услови на пазарна економија, како што потенцира Моисиу, ова не се прави


НСКО - АЛБАНСКИТЕ СРЕДБИ

ОД ЗАПАДНИОТ СОСЕД само со информирање, ниту со нечија желба, туку едноставно со подготвеност. "Ние високо ја цениме стабилноста на Македонија, таа е значајна и за Албанија, а не би погрешил ако кажам и за целиот регион", вели Моисиу. Претседателот Црвенковски истакна дека со својот колега се договориле во наредниот период во одредено време да се организираат вакви средби и тие да станат практика. "Тие средби ќе треба да ги искористиме за да направиме преглед на севкупните активности за меѓусебната соработка. Тоа го направивме и денес, а оценката е дека односите меѓу двете наши земји навистина се на високо ниво. Радува тоа што нашите односи напредуваат во сите области и во сите сектори. Се разбира, тие сè уште се далеку од она што го посакуваме и мислам дека во наредниот период ќе треба главно внимание да се стави токму на тој проблем, во оние чувствителни сектори и области, во коишто соработката беше назамислива во минатото, министерствата за одбрана, армиите, за внатрешни работи, агенциите за разузнавање и за контраразузнавање. Во овој период таа е на високо ниво на заемна доверба. Денес нашите две земји имаат заеднички интереси, а исто така, тие имаат и заеднички определби кон иднината, кон евроатлантските интеграции. На овој план сме подготвени за целосна меѓусебна соработка. Македонија, Албанија, Хрватска и САД се потписнички на Јадранската повелба и од тоа произлегуваат конкретни активности", изјави Црвенковски. "Реализацијата на охридскиот Рамковен договор вели македонскиот претседател - оди според предвидената динамика за овој период и таа ќе биде целосно

ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ПОВАЖНА ОД МАКЕДОНЦИТЕ! "Денес со претседателот Црвенковски ние имавме многу убава средба, за чудо и времето беше многу убаво, што покажува дека и тоа е на наша страна и дека сите проблеми ќе се решат така како што треба и како што наложуваат меѓународните конвенции", изјави албанскиот претседател Алфред Моисиу во Подградец, на средбата со својот македонски колега Бранко Црвенковски, одговарајќи на прашањето кога во Албанија ќе се спроведе попис со графа за националностите (Македонците) и кога ќе се признаат Македонците во Голо Брдо. Исто така, Моисиу потенцира дека на билатерално ниво Албанија й се обраќа на Македонија под нејзиното уставно име и веројатно ќе биде една од првите земји по САД, која и ќе го официјализира тоа. Неколку дена по оваа изјава, албанските медиуми повикувајќи се на владина одлука јавија дека Албанија ќе продолжи да ја нарекува Македонија со акронимот Бивша Југословенска Република.

и навреме завршена. Ние сега се наоѓаме во последната сериозна фаза од Рамковниот договор, тоа е процесот на децентрализација и наскоро, по одржувањето на локалните избори, ќе се изврши трансфер на надлежностите од централната на локалната власт. Потоа останува уште еден проблем, кој по својата природа бара повеќе време, а тоа е процесот на постигнување на правична застапеност во јавната адми25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

нистрација. Со тоа Рамковниот договор ќе биде завршена работа, по што како најважен приоритет ќе ни остане интегрирањето во ЕУ и во НАТО". Претседателот на Албанија Алфред Моисиу истакна: "Рамковниот договор има одлучувачко значење за стабилноста на Македонија и со преземените чекори се покажува решеноста за тоа, но не само на претседателот Црвенковски, туку на севкупната политика на Македонија, а и исто така, и зрелоста на македонскиот народ. Тука не ги вклучувам екстремистите. Народите сакаат да живеат во мир, пријателство и да имаат безбеден живот. Сите на Балканот разбраа дека најдоброто решение за него не е оружјето, туку дијалогот". ПретседателитеБранкоЦрвенковски и Алфред Моисиу ќе учествуваат на јубилејната 50. сесија на Генералното собрание на АТА (Асоцијација на Атлантскиот договор), која ќе се одржи од 3 до 5 декември, 2004 година, во Рим. На покана на албанскиот колега Моисиу, шефот на македонската држава ќе учествува и на Самитот, на тема: "Елаборација на етничкиот и религиозниот дијалог- круцијален фактор за стабилност и развој на регионот", кој ќе се одржи на 9 и 10 декември годинава во Тирана.


ÀÍÀËÈÇÀ

Ili rabotete kako lu|e ili umrete!

FR^KOVCI

EVROPA, MAKEDONIJA I VELI^AWETO NA FA[IZMOT POME†U ALBANCITE Една од основните вредности (иако е негативна, односно определена како сеќавање и забрана за обнова), на европското обединување и цивилизациска дистинктивност е однос кон сопственото ЗЛО, имено фашизмот и холокаустот. По Аушвиц веќе ништо не е исто. Паралелно со атенската демократија, просветителството, стои практиката на холокаустот и Аушвиц - како одредишта на истата европска цивилизација. Но, големината на таа цивилизација е во силата што на ова свое зло може да му погледне в очи, да не го заборави, да се сеќава за да не го повтори. Меморијата и за злото е конститувен елемент на либералната свест за слободата и демократијата. Ова заедно со уште една вредност повлечена од христијанството - простувањето. Простување можеби, но заборавање никогаш. Имањето меморија и способноста од неа да се извлече морален суд и да се разграничи доброто од злото е конститутивно за секоја демократска и либерална свест. Обратно, потребата да се превреднува на спектакуларен начин историјата и да се одрече можноста од морален суд воопшто, да се "конфискува меморијата" и да се преуреди, е потреба на секој тоталитаризам. Фашистите, комунистите, етно-националистите - сите се бавеле со таква контрола врз минатото (според ОРВЕЛОВАТА ЗАБЕЛЕШКА: КОЈ ИМА КОНТРОЛА ВРЗ МИНАТОТО ИМА ВРЗ СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА), СО РЕДИЗАЈН НА СОПСТВЕНАТА СЛИКА И ДАВАЊЕ НА ХЕРОЈСКА ПРОГНОЗА ЗА РАЗВОЈ НА СВОЈАТА НАЦИЈА ИЛИ СВОЈОТ "ФАШИЗАМ".

Токму поради сите тие и такви искуства во Европа се засилува забраната за возобнова на фашистичката и нацистичка идеологија и организации. Во некои земји на Европа тоа се прави експлицитно, во некои странично, но на ниво на Европска унија и Совет на Европа тие забрани се поставени во контекстот на борба против расизмот, антисемитизмот, ксенофобијата и дискриминацијата, генерално. Во последниве години, поради чудната појава на антисемитизмот во нови и обнова на старите форми се обнови силна кампања на борба против него во новите услови. ЕКРИ, Европската комисија за борба против расната дискриминација донесе и посебна препорака (бр. 8) за борба против нивните форми на

антисемитизам. Дел од препораките се однесуваат на обнова на т.н. пресудливи забрани, имено на забраните за возобнова на старите фашистички организации и идеологии, а дел се однесува на справување со новите форми на неофашистички идеологии и практики. ПОСЕБНА ПРЕСУДЛИВА НОРМА, ИМЕНО ЗАБРАНА ЗА КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ВОДИ СУДСКИ СПОР, Е Т.Н. НЕПРИФАТЛИВОСТ НА НЕГИРАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ ИЛИ ОБИД ЗА НЕГОВО РАЗБЛАЖУВАЊЕ ДО ПОТПОЛНО НЕГИРАЊЕ. Со еден збор, борбата против фашизмот како организации и идеологија е јасна европска вредност, која има и актуелни засилувања. Фашистичките идеологии, неофашис26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

тичките организации и субкултура посебно избувнува во транзициските земји. Жаришта има во оние земји и народи кај кои постоеле такви организации како сателити на фашистичките центри од Втората светска војна и пред тоа. Ние во Македонија мислевме дека тоа ќе нèодмине, но не е така. Дел од Албанците од Македонија први паднаа на таа тема. ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕ НА ИСКЛУЧИТЕЛНО СЛАБА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА СПОСОБНА ЗА ДЕМОКРАТСКО ВОДСТВО И ПОРАДИ НЕДОРАСНАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ФЕЛА ДА СЕ СООЧИ СО ЕТНО-НАЦИОНАЛИЗМОТ НА СВОЈОТ НАРОД, АЛБАНЦИТЕ БИДУВААТ НА СРАМЕН НАЧИН ПОВЕДЕНИ ВО ДУПКАТА НА ОБНОВАТА НА ПРОТОФАШИСТИЧКИТЕ ОРГА-


НИЗАЦИИ ОД СОПСТВЕНОТО ФАШИСТИЧКО МИНАТО. Почнуваат да се прават споменици и формално да се бара регистрација на јасни фашистички организации од Втората светска војна. Политичарите на македонските Албанци, од таа непријатна и антицивилизациска помама, се вадат со изјави дека се тоа приватни иницијативи и прослави??? Што е најлошо овие иницијативи доаѓаат не од маргинални политички групи туку од нивното "цивилно општество" од grass root движењата?! Дебата за таков вид на "приватни иницијативи" во културно поделено општество, какво е македонското е тешко можна на начин на културни крос - пресекувања. Имено, Македонците за Албанците и об-

ратно. Такви дијалози веднаш се хендикепираат дека едните не можат да кажат ништо за другите "бидејќи не ја разбирале нивната култура"??? НО, ПРАШАЊЕТО Е ШТО ИМА ТУКА ОД КУЛТУРА ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕ НА СПЕЦИФИЧЕН НАЧИН? И УШТЕ ПООСТРО, ЕВРОПСКАТА КУЛТУРА ПОСТАВУВА НЕКОИ ВЕРТИКАЛНИ МОРАЛНИ СУДОВИ, КОИ ДЕНЕС СЕ ЦИВИЛИЗАЦИСКО ДОБРО ОД ЈУС КОГЕНС ТИП. Или од вид на меѓународно задолжително право, независно од културата на посебната група. Таква една вертикала е забраната за обнова на фашистичките организации и идеологија. Што значи дека во оваа точка Албанците од Македонија немаат проблем со своите сограѓани Македонците туку со Европљаните

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

и европските вредности, па дури по тоа и со Македонците. Мошне е тажна позицијата на македонскиот дел од коалицијата на власт. СДСМ е толку многу блокиран дури и за вакви антицивилизациски иницијативи, да каже нешто, што е тоа скандал од невидени размери во македонската понова политика. Ним им е ставена една огромна ЦУЦЛА (на власт) во уста и не можат да бекнат, само "колутаат" со очите и намигнуваат. ОПРАВДАНИТЕ ИЗЈАВИ НА РАЗНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУЦИИ И ПОЕДИНЦИ СЕ "БЛОКИРААТ" СО ЕТИКЕТИТЕ ЗА НАЦИОНАЛИЗАМ ИЛИ ПРЕДРАСУДИ. СКАНДАЛОТ НА ОБНОВАТА НА ФАШИСТИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА АЛБАНЦИТЕ ПРОДОЛЖУВА НЕПРЕЧЕНО. Нормално најголеми трагичари се како и секогаш албанските интелектуалци или оние кои така се нарекуваат. Неспособни да се спротивстават на овој најгруб облик на својот етно-национализам бидуваат негови индиректни соучесници или измислувачи на оправдувања или олеснителни околности за овој изблик на "својот" фашизам. Тажно е како го испомешале поимот на национално помирување со обновата на фашистичките организации. ПОИМОТ НА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ МЕЃУ АЛБАНЦИТЕ, КАКО И ПОМЕЃУ СЕКОЈ ДРУГ НАРОД Е БАЗИРАН ВРЗ ЈАСНА МЕМОРИЈА ШТО Е ШТО И ЈАСЕН МОРАЛЕН СУД. ТОА ПОАЃА ОД ВРЕДНОСТА НА ПРОСТУВАЊЕТО И ОДИ ПОНАТАКА КОН ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ, ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА. Тој однос е, што би рекле правниците "ex nunc", или почнува од простувањето и оди во иднина. Тој не несочен кон превреднување и релативизирање на историјата и злосторствата на фашизмот и холокаустот. Ова што се обидуваат да го прават дел од Албанците во Македонија е нешто сосема друго: тоа е обид за рехабилитација на фашизмот во димензијата на Албанците и нивната улога во неговото ЗЛО. Тоа зло во Македонија, меѓу другото е депортацијата на близу 50.000 Евреи од Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија во логорите на смртта. Балистите и нивните организации беа дел од аранжманот кој го овозможи ова ЗЛО. Тоа никој никогаш нема да може да го превреднува. Многу е чудна и неразбирлива улогата, поточно неулогата и неактивноста на меѓународната заедница присутна во Македонија по ова прашање. За него не смее да се тактизира и чека ниту момент. ЕУ ИМА ПОСЕБНО ОДГОВОРНА УЛОГА И ИМПЕРАТИВ ДА ИНТЕРВЕНИРА ВО СЛУЧАИ НА ОБНОВА НА ФАШИСТИЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СЕКАДЕ НА ЕВРОПСКО ТЛО. МОШНЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА НИВНИОТ СТАВ КОЈ НЕ ГО СЛУШАМЕ, А ГО ОЧЕКУВАМЕ.


К О М Е Н ТА Р

ОД ГОТОВОВЕРЕСИЈА! Америка ја шокираше Европа со својата не така едноставна одлука. Ги залади односите со една членка на НАТО и на ЕУ, држава која претставува исклучително важен географски и стратешки партнер по многу прашања. И тоа го направи само за да направи нешто за малата Македонија. Нашиот исклучително слаб дипломатски и амбасадорски потенцијал во највлијателните светски метрополи може сериозно да ја ослабне македонската позиција кај европските земји. Тие, пак, од ден на ден сè повеќе застануваат на грчка страна, игнорирајќи ја Бушовата одлука за признавање на нашето уставно име.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

мериканскиот претседател Џорџ Буш им соопштил на властите во Атина дека Вашингтон ќе ги прифати резултатите од грчко-македонските преговори околу името на Република Македонија. Кабинетот на грчкиот премиер го објави писмото на Буш, во кое тој тврди дека американската одлука за признавање на уставното име на Република Македонија е начин да се порази референдумот во Македонија "кој бил инспириран од национализам". "САД мораат да реагираат брзо и одлучно, со оглед на брзината на случувањата и високите влогови во врска со македонскиот референдум на 7 ноември", напишал Буш. Како да го толкуваме ова и како да го коментираме? Пред два-три броја на неделников пројавив одредена скептичност во однос на тогашните случувања, а песимизмот се појави како резултат на тоа што ние Македонците не сме навикнати да добиваме нешто што би било од наша полза. Ниту на сон никој од нас не можеше да поверува дека администрацијата на американската Влада еден ден ќе го подигне нашето достоинство, и тоа на начин на кој до неодамна само фантазиравме и го сметавме за неостварлива визија. Ете

А

и тоа се случи. Америка ја шокираше Европа со својата не така едноставна одлука. Ги залади односите со една членка на НАТО и на ЕУ, држава која претставува исклучително важен географски и стратешки партнер по многу прашања. И тоа го направи само за да направи нешто за малата Македонија. Се прашувавме зарем ова е можно. Грција почна да спроведува силна дипломатска мисија со цел да ги разубеди земјите - членки на Унијата да не преземаат ништо во насока на следење на чекорите на Бушовата администрација. Деновиве евидентно се забележува дека грчките лобисти мошне умешно и вешто успеваат да го направат тоа. Прашањето е каде се сега нашите лобисти? Дали ја трчаат трката која ја трчаат и Грците или сè им препуштија на авторитетите од САД, за тие во наше име да ја туркаат работата?

КОМПРОМИСНО БИЛАТЕРАЛНО РЕШЕНИЕ?! Арно ама и тие што нè признаа полека почнуваат да ретерираат во своите ставови и погледи. Доколку, пак, ние посериозно не ја оправдаме потребата од употребата на нашето уставно име во меѓународната комуникација, токму истите тие денес-утре можат да се сетат, та да ни речат: "Што беше, беше, помина!" Во овој момент, Република Македонија не смее да покаже ниту процент флексибилност во однос на ова прашање, односно никогаш повеќе не треба да си дозволи да влезе во стапицата на било какви преговори за своето име со било која светска институција. Всушност, постепено мора преговорите да замрат. Единственото нешто што сега можеме да си го дозволиме да се сведе под терминот "дипломатија за името", е тоа да се најде реално компромисно билатерално решение меѓу Скопје и Атина. Со тоа би се остварила дипломатската визија на македонските власти, односно дека единствената прифатлива формула за нас е нашето уставно име во меѓународните релации, а некаков соодветен компромис со Грција во билатералните односи. Допрва ќе се види колку тоа ќе биде изводливо? Но, како што тргнале работите, грчките лобисти можат да ни наметнат едно поинакво темпо на работите, а како последица на тоа нашата извојувана победа да биде дисквалификувана. Ако биде така, тие оправдано во целиот случај би се нарекувале морални победници. Колку тоа убаво би одѕвонувало во ушите на грчките политички и јавни личности! Како што тргнало, Македонија ќе направи од готово - вересија! Ја добивме погачата, ќе го изгубиме лебот, останавме со каменот. Нашиот исклучително слаб дипломатски и амбасадорски потенцијал во највлијателните светски метрополи може сериозно да ја ослабне македонската позиција кај европските земји. Тие, пак, од ден на ден сè повеќе застануваат на грчка страна, игнорирајќи ја Бушовата одлука за признавање на нашето уставно име. Интересен е и податокот кој овие денови кружи во атинските медиуми, а според кој Грција имала информации уште во мај годинава и знаела дека Америка ќе го признае нашето уставно име. На 20 мај всушност тоа и му било посочено на Караманлис, за време на појадокот со Џорџ Буш во Белата куќа. Зошто Грција го криела тоа, сè уште е нејасно. Но, сепак нови шпекулации индиректно наметнува и следново известување на станицата "Мега", според кое: "Двете страни често разговараа за тоа прашање. Американците повторуваа дека сакаат да го признаат уставното име на Република Македонија, а го објаснија и начинот на кој ќе го направат тоа", изјавил анонимен американски функционер. Потенцираме - "го објаснија начинот на кој ќе го направат тоа". Малку нејасно и контрадикторно. Значи, вашингтонската администрација добро му објаснила на грчкиот премиер "како ќе го направат тоа". Од друга страна, пак, сега зачудува фактот што Владата

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


на Караманлис е толку мирна за ова прашање. Таа упорно се дистанцира од протести, не сака да влегува во истите игри кои ги правеа опозицијата и ултрадесничарските партии во Грција. Најверојатно вака се однесува затоа што добила некакви сигнали, кои во блиска или подалечна иднина, ќе им донесат корист и позитивни резултати. Инаку, треба да се потенцира дека писмото на Буш упатено до Караманлис немало таква содржина. "Наша единствена цел е јакнење на стабилноста во Македонија и нејзиното соседство во клучен момент. Ќе го прифатиме секое решение, кое ќе биде резултат од преговорите под покровителство на ОН", напишал Буш. Значи, издејствуваното име од ООН потенцијално може да ја преиначи "трајната" одлука, како што всушност рекоа одредени претставници на американскиот Стејт департмент веднаш по признавањето. Оттука, Република Македонија итно треба да ги прекине дипломатските контакти со било која организација, која настојува да влијае на промената на нашето име. Единствено држат тезите дека се можни разговори и наоѓање компромисно решение само за грчкиот однос кон нас, односно кога станува збор за билатералната дипломатија. Сепак, охрабруваат тоновите кои пристигнуваат како поправка на размислувањата опишани во писмото на Буш, дека неговата администрација нема никаква намера да го промени својот став околу името, односно дека нема да го коригираат она што веќе го решиле.

проблемот кој нè мачи тринаесет години. Аматерскиот и непоткован кадар, кој се испраќа на дипломатски мисии ширум европските и светските метрополи, создава негативна атмосфера за решавање на наметнатите проблеми. Искусниот и докажаниот кадар одамна е изолиран од случувањата околу македонската позиција во светот. Тие се ставени во кошот на неподобни личности, кои не се вклопуваат во секојдневните стандардни шеми на репрезентативните политички имиња. Кон нив се однесуваат како кон опасни за дипломатите од кариера, бидејќи овие ќе бидат експресно брзо откриени во бројните афери направени на меѓународно ниво. Можеби токму затоа толку слабо котираме на интернационалната сфера за прашањата, кои се од витално национално значење. Како и да е, работите ќе мора да се променат. Неизбежно. Имаме добро познати имиња за амбасадори во европските метрополи, Ханџиски, Спасов и други. Искуството треба да се преточи во практика. Да го обременат, да го искористат така како што се претставуваат дека ги бидува. Македонската држава не смее да избере друг пат освен офанзивната дипломатија. Таа не треба да чека некој друг да й ги тера сопствените интерни и екстерни работи. Нејзината посветеност на ова поле, колку и да беше плодна и ентузијастичка, сепак беше недоволна за да се остварат подобри резултати. Слабата дипломатска постава ни ги затвори вратите на многу места. Сега ќе ги плаќаме фактурите за промашувањата на сите ВТОРО досегашни владеПОЛУВРЕМЕ јачки гарнитури. Проблемот лежи и ЗА ИМЕ ТО во фактот што во континуитет се Трката за нашеправи лош избор то успешно етабна дипломатски лирање во меѓунакадри, кои би нè родната заедница претставувале во под уставното име светот, борејќи се ја продолжи шеза националната фот на државата, "СИЛНО СВЕТНА ДЕН, АМА ЗА КОГО?" кауза на македонБранко Црвенковскиот народ и на сиски, кој на средбата СЕПАК, ОХРАБРУВААТ ТОНОВИТЕ КОИ ПРИСТИГНУВААТ КАКО ПОте граѓани на Репубсо албанскиот претПРАВКА НА РАЗМИСЛУВАЊАТА ОПИШАНИ ВО ПИСМОТО НА БУШ, лика Македонија. седател Моисиу во ДЕКА НЕГОВАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НЕМА НИКАКВА НАМЕРА ДА ГО Битката за името коПодградец издејстПРОМЕНИ СВОЈОТ СТАВ ОКОЛУ НАШЕТО ИМЕ, ОДНОСНО ДЕКА НЕМА ја повторно на голевува и за Албанија ма врата ја наметна да бидеме РепубДА ГО КОРИГИРААТ ОНА ШТО ВЕЌЕ ГО РЕШИЛЕ. МАКЕДОНСКАТА ДРЖАвашингтонската адлика Македонија. ВА НЕ СМЕЕ ДА ИЗБЕРЕ ДРУГ ПАТ ОСВЕН ОФАНЗИВНА ДИПЛОМАТИЈА. министрација ги отМакедонија е ситна ТАА НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКА НЕКОЈ ДРУГ ДА Й ГИ ТЕРА НЕЈЗИНИТЕ СОПвори дилемите колриба во споредба СТВЕНИ ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ РАБОТИ. ку ние како држава, со Грција. На своја како власт сме спострана Македонија собни да го одбраја нема моќта. Таа ја има само вистината, но народот вели "каде што има сила не ниме своето. Колку сме цврсти и непоколебливи во ставот да барај правда". Како и да е, работите се комплицираат. Веќе не истраеме, да издржиме. Досега не потклекнавме иако имаше се така едноставни. Тие можат да се видоизменат, доколку на- многу можности тоа да го направиме. Како што вели прошата власт и дипломатија не почнат со жестока кампања кај фесорот Фрчкоски: "Американците нè спасија од самите себе, бидејќи имавме министри кои своевремено беа решени да европските сојузници. Деновиве, Митрева и нејзината свита се концентрираа на попуштат под притисоците на Грција и да се согласат со внатрепартиските прилики за избор на нов шеф на соци- промена на уставното име". Македонија треба да се ослободи од таквите компромисни борци за името, доколку сè уште ги јалдемократите. Акцентот се стави таму, наместо сите активности да се насочат кон тоа Македонија да го добие и има. Матната вода од минатото ги однесе. Доколку сè уште второто полувреме за името. Не треба да се занесуваат дека активно работат така и по американското признавање на сè е завршено, дека поддршката од Вашингтон решила сè. На нашето уставно име, тогаш еден ден Американците можат да Македонија и недостасува професионална дипломатија. Тоа е ни речат: "Што беше, беше, помина!" 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


ДВОЈНА ЛУПА

МЕЃУНАРОДНИ ТЕРОР

СКОПЈЕ-ЦЕНТАР НА "МУ На територијата на поранешна Југославија, во 1990 година, имало околу 350 членови и симпатизери на милитарната тајна организација "Муслимански браќа". Поголемиот дел од нив и официјално биле регистрирани како студенти на универзитетите во Загреб, Скопје, Сараево, Љубљана и во Белград. Нивната шпионска и терористичка дејност се одвивала во две насоки: кон Сирија и Израел и кон Југославија.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

С

è до избувнувањето на војните на поранешните југословенски простори, на територијата на СФРЈ постоеле многу тајни канали за префрлување на арапските екстремисти од Азија во Европа и обратно. Зад таа работа стоеле и високите политички кругови на југословенската власт, дури и самата Служба за државна безбедност предводена од Здравко Мустац. Како главен центар за криење на овие терористички групи бил одреден Загреб, додека Скопје било седиште на организацијата "Муслимански браќа". Југославија, како лидер на неврзаните земји и ослободителните движења во светот, потајно ја поддржувала илегалната антиколонијалистичка и антиимперијалистичка борба на Третиот свет. Оваа политичка одлука, на воен и на полициски план, на дело ја

спроведувале КОС, ЈНА и Службата за државна безбедност. Тие ја помагале активноста на екстремистите од неврзаниот свет. Помошта се состоела во обука, вооружување, финансирање и политичко покровителство на тие организации.

во хотелот "Турист", соба број 117. Кога групата атентатори била уапсена во Минхен, за да ги извлечат од затвор Фади Ел Катар и Омар Барки, членовите на "Црн септември" го киднапирале авионот кој сообраќал на релација Бејрут - Франкфурт и побарале размената на грабнатите патници со уапсените терористи да се изврши во Загреб. Со оваа акција раководел Златко Узелац, министер на хрватската полиција, заедно со генералот Ѓока Јовановиќ, командант на Петтата армиска област.

СИНОТ НА НАСЕР СВЕТСКИ ЕКСТРЕМИСТ Пролетта 1982 година, по серијата атентати над израелските претставници во Каиро, лидерот на тамошната фракција "Муслимански браќа", Ха-

ОД ЗАГРЕБ, КАПЕТАНОТ МАХМУД ЗАЕДНО СО РИЗА АБАСИ, КАНАЗ ГОЛАМ И СОРАЈ АНСАРИ, НА 14 ОКТОМВРИ 1972 ГОДИНА ОРГАНИЗИРАЛ КИДНАПИРАЊЕ НА ГЕРМАНСКИОТ АВИОН, КОЈ СООБРАЌАЛ НА ЛИНИЈАТА ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА - БЕРЛИН. ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА АВИОНОТ, НАМЕСТО ВО ЗАГРЕБ ТОЈ СЛЕТАЛ ВО МОГАДИП, КАДЕ ШТО ГЕРМАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ГИ ЛИКВИДИРАЛЕ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ГРУПАТА "ПАЛЕСТИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПРАВДА".

ОЛИМПИСКИОТ АТЕНТАТ ВО МИНХЕН Не е многу познато дека пред масакрот кој го извршија палестинските командоси над израелските спортисти во Олимпиското село во Минхен, во 1972 година, водачот на терористичката група "Црн септември", Абу Даиб, тргнал во акција во Германија токму од Југославија. Во СФРЈ тој влегол со сириски пасош на име Фарук Заинаџ. Дошол од Либан и слетал на загрепскиот аеродром Плесо. Абу Даиб минал два дена во главниот град на Хрватска, а во Љубљана останал само една ноќ. Отседнал

сан Насер, илегално се префрлил во Југославија. Во таа прилика, синот на поранешниот египетски претседател Гамал Абдел Насер употребил југословенски пасош. Од Каиро директно заминал за Загреб од каде, пак, бил префрлен во Мошќевиќка Драга. Две недели Хасан Насер останал во Загреб, а, потоа преку Дубровник и Рим, исто така, со југословенски пасош одлетал за Дамаск. Израел, Египет и Интерпол побарале официјално објаснување од југословенските власти за испорачување на овој екстремист, но Министерството за полиција одговорило дека синот на Насер не е во Југославија.

30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ШИРЕЊЕТО НА "БРАЌАТА" НИЗ РЕПУБЛИКИТЕ На територијата на поранешна Југославија, во 1990 година, имало околу 350 членови и симпатизери на милитарната тајна организација "Муслимански браќа". Поголемиот дел од нив и официјално биле регистрирани како студенти на универзитетите во Загреб, Скопје, Сараево, Љубљана и во Белград. Нивната шпионска и терористичка дејност се одвивала во две насоки: кон Сирија и Израел и кон Југославија. На почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, "Муслимански браќа" повеќе пати се обиделе да извршат атентат врз Махмуд Рифах, сириски конзул, и врз Исам Давар, сириски шпион во Белград. Во контраударот, во октомври 1981 година, Сиријците во Белград го ликвидирале Махмуд Надех, еден од водачите на оваа организација. На антијугословенски план, "Муслимански браќа" активно соработувале со исламските фундаменталисти во Сараево, а особено со групата на Алија Изетбеговиќ. Врската со Службата за државна безбедност ја одржувал Абдул Матри Сермини, кој работел за сириската тајна полиција. По акцијата на југословенската служба во 1983 година, кога оваа група била уапсена и осудена, групата "Муслимански браќа" се преселила од Загреб во Сараево. Инаку, Јорданци го сочинувале раководството на таа организација. Таа била раслоена во неколку фракции, од кои највлијателни биле: "Салах Џедид", "Фронт на опозицијата", "Ал Џарах" и "Насеристи". Највлијателните луѓе во Загреб дури добиле и државјанство и работа. На пример, очниот лекар Камал Бира Халил, педијатарот Хамдан Бен Мохамед и докторот Усама Абду Мухамед, успеале да ги добијат овие благодети. Загрепската централа на "Муслимански браќа" директно влијаела


ИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ

СЛИМАНСКИ" БРАЌА на формирањето огранок во Љубљана и во Приштина. Сепак, Службата за државна безбедност неколку пати успеала да открие голем број припадници на оваа екстремна група и да ја документира нивната активност во спрега со домашните непријатели, кои дејствувале на позициите на исламскиот фундаментализам и панисламизам. Само во периодот од 1983 до 1989 година им било откажано гостопримство на повеќе од 30 афроазиски државјани, кои биле активни во рамките на оваа верскотерористичка организација.

СКОПСКАТА ФИЛИЈАЛА НА "БРАЌАТА" Кога на почетокот на деведесеттите години почнаа првите југословенски немири, повеќето од членовите на "Муслимански браќа" ги напуштиле Сараево, Љубљана и Загреб и се преселиле во Скопје. Тука добиле задача да ги подготват исламските фундаменталисти за пропагандни и терористички акции. Во 1991 година, за шеф на оваа организација, не само за Југославија, туку и за цела Источна Европа, бил назначен Палестинецот Абу Енес, со потекло од Јордан. Тој бил студент на петта година на Медицинскиот факултет во Скопје. Пред отцепувањето на Македонија од југословенската заедница, во Скопје се наоѓале околу 150 членови на "Муслимански браќа", главно, Јорданци. Покрај Абу Енес, во раководството биле и Јасин Муса Кутс,

студент по градежништво, Јакуп Абдул Хамис, студент по медицина и Менсур Макдад, студент по технологија, а воедно и таен агент на јорданската служба. Нивна задача било да го вклучат муслиманското население од Македонија, Косово и од Санџак во југословенската граѓанска војна. Интересно е тоа дека Службата за државна безбедност, особено службите на Македонија и на Хрватска, не презеле никакви чекори и мерки за апсење на овие меѓународни исламски елементи, бидејќи очигледно нивната активност водела кон уништување на југословенската држава.

ди никаква документација. При прва прилика, новопримените членови се упатуваат во Јордан, Саудиска Арабија или во Ирак на воена обука. Оттаму се враќаат по пет или шест години. И во 1993 година обуката за разузнавачи, извидувачи и диверзанти се спроведувала во Турција, во логорите Али Абад, Банде Амир и Урла. Според тврдењата на ЦИА, во текот на

Тој бил и творец на центарот за обука на Муџахедините и босанските екстремисти во Фојница. Уживал голема доверба кај босанската Влада во Сараево, а некои нејзини членови биле негови соработници. Во 1992 година неговите соборци ја извршиле првата диверзија со нападот врз касарната на ЈНА во Мостар. Втор инструктор бил Амер Катебат ал Муџахедин

1996 година, во 11 терористички логори се обучувале вкупно 5.000 странски екстремисти. Работата на овие центри била под директен надзор на иранската разузнавачка служба ВЕВАК, а главен координатор бил Али Реза Бајат, специјалист за Балканот, кој подоцна станал началник на иранската воена разузнавачка служба МОИС.

од Египет, кој ја предводел бригадата АМЕР во составот на босанската армија. Во прво време неговиот штаб бил во Травник, а потоа во Зеница. Како што тврди Јозеф Бодански, сите тие луѓе биле на листата на меѓународни потерници како шпиони и терористи. Еден од нив, по налог на ЦИА е протеран од територијата на Хрватска.

КАКО ДО ПРИСТАПНИЦА? За некој да биде примен во членството на организацијата "Муслимански браќа", потенцијалниот кандидат требало да ги исполнува следниве услови: да биде муслиман - сунит; да се однесува согласно исламските прописи; да се афирмира како добар познавач на исламот, Куранот и Хадисот; редовно да оди во џамија и да ги извршува верските обреди; во средината во којашто живее да важи за добар верник муслиман и слично. Потоа кандидатот треба да замине на студии во некој поголем универзитетски центар (Сараево, Белград, Скопје или Приштина), каде ќе биде примен од страна на раководителот на групата, при што ќе му се соопшти дека веќе станал член на организацијата. За самиот чин на приемот не се во-

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


ПОЛИТИКА

"ДОСИЕ Х"  ИЗВЕШТАЈОТ

МИНУТА ДО ДВАНАЕСЕТ ЗА ИЗРАБ "...По конфликтот на Косово, во Албанија - се наведува во Извештајот на Меѓународната кризна група - заинтересираноста за етничките Албанци надвор од границите на оваа земја почна да се зголемува".

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

К

ога науката настапува агресивно и од позиција на сила во докажувањето на одредени историски факти значи дека недостасуваат аргументи. А, кога политичарите ги бранат таквите квази-научни ставови, фундирани врз сомнителни идеолошки платформи, сочувствуваат во зло стор ството против човештвото. Најновата историја на мојата држава Република Македонија тоа го покажува како на билборд. Во некои полузатемнети кабинети и исто такви умови се плете мрежата на политичките случувања на Балканот. Со оглед на некомпетентноста на креаторите се создаде еден политички Франкештајн за Балканот, на планот на меѓународните односи. И, овој монструм, повеќето членки на меѓународната заедница го прифаќаат како партнер во уредувањето на цивилизациските односи меѓу припадниците на многубројните етнички заедници. Една од креатурите на партнерството секако е Меѓународната кризна група, која имајќи ги предвид желбите и ангажирањата на својот спонзор во предизборната кампања на САД, отворено лобираше за Албанците на Кери. По победата на Џорџ Буш, за која своевиден придонес дадоа и православните христијански граѓани на САД, по потекло од Балканот, меѓу кои значајна беше поддршката на Македонците кои живеат таму, премолчувањата на злосторствата извршени од страна на албанските Муџахедини на "

Косово, југот од Србија и во Македонија ќе излезат на светлина. Првиот сигнал за прекинувањето на антимакедонската кампања од "хуманитарците" беше признавањето на уставното име на Република Македонија. И, дали тоа е крајот на заканите од албанските неофашисти, кои арогантно настапуваат на политичката сцена од разединетата Европа. Нивните фашистички корени ги ставаат под знакот еднакво со антифашистичките. Нивното учество во армадата на злото им прави чест и гордост. Тоа безумие на просторите од Македонија мора за секогаш да престане", смета проф. Иван Бабановски.

БОРБА "...По конфликтот на Косово, во Албанија - се наведува во Извештајот на Меѓународната кризна група - заинтересираноста за етничките Албанци надвор од границите на оваа земја почна да се зголемува. Генерално, албанските политичари водеа борба за поблиски политички, економски и културни врски меѓу етничките Албанци во регионот, но никогаш не собраа храброст да поведат борба за менување на албанските граници. Главната борба на албанските лидери повеќе беше насочена кон тоа да се обезбеди непрекинување на врските меѓу етничките Албанци како целина отколку кон прецртување на границите, односно реопределување на албанските територии... Само Партијата за национално обединување, сега како дел од Албанската национална фронтална унија во-

дена од Идает Беќири, поддржуваше таква цел, а поддршката од страна на албанската популација секогаш беше минимална. Албанската посветеност на регионалната стабилност и нејзиното противење на милитантите, поддржувачи на пан-албанизмот, беа демонстрирани во неколкуте минати месеци преку силниот отпор против оваа група и Албанската национална армија со којашто таа соработуваше. Иако албанските политичари генерално избегнуваа да остават впечаток дека всушност се борат за обединување, сепак постоеја исклучоци. На пример, албанската Академија на науките во 1998 година расправаше на темата "Платформа за солуција на албанското национално прашање", за тоа дека правилната аспирација на сите Албанци е обединување на сите етничко - албански територии во единствена национална држава. Оваа Академија напредуваше по падот на комунизмот, употребувајќи го национализмот во таа цел. Оваа "платформа" таа ја прогласи за минато, но документот остана и до денденес како завеса на сомневањето...". Додека албанските националисти и иредентисти на сите простори од субверзивната пропаганда во фалсификувањето на историјата ја вклучија и албанската Академија на науките во Тирана, дел од нашите почитувани академици остана настрана од невиденото злосторство, кое се прави против македонската национална историја, против македонската држава, против македонскиот јазик и православната христијанска вероисповест во Македонија.

ТРКА "За време на парламентарната трка во 2001 година во Албанија, кога Армен Има-

32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ми, претседател на Партијата за демократска алијанса, кој воедно беше и владин коалиционен партнер, заедно со некои од најсофистицираните интелектуалци во Албанија јавно изнесе дека обединувањето на Косово и Албанија е една од партиските цели. Фатос Нано кој стана премиер на Албанија по трет пат во јули 2002 година, повикуваше на поблиска политичко-економска соработка меѓу Албанците, кои живеат на Балканот, но инсистираше дека ова не би требало да предизвикува желба за поместување или било каква промена на границите. Поранешниот албански претседател Сали Бериша, кој е лидер на опозиционата Демократска партија, првиот пат кога беше избран за претседател во март 1992 година, во однос на оваа тема изјави дека една од неговите главни цели е албанското обединување. На крајот на таа година Бериша комплетно го промени своето мислење, јавно изјавувајќи дека концептот за Голема Албанија не се смета како сериозна тема во високите албански политички кругови. Ова ги предизвика критиките кои му ги упати еден истакнат косовски академик Реџеп Ќосја, кој во едно отворено писмо јавно изјави дека Албанија никогаш со одобрување не ги прифаќаше нејзините постоечки граници, туку напротив секогаш се обидуваше да ја потсети интернационалната јавност за нивната неправедноста и за поделбата на албанскиот народ на две половини. Ваквата размена на јавни дописки беше зачестена во деведесеттите години на минатиот век меѓу истакнати албански политичари и академци во Албанија и на Косово. Албанската Влада, исто така, се залагаше да создаде форум на албански политички партии од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора. Во 1999


ЗА "ПАН АЛБАНИЗМОТ..."

ОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА година Фатос Нано, тогаш надвор од работните задолженија, почна да работи на создавањето политичка агенда меѓу Тирана, Приштина и Тетово заедно со Хашим Тачи, поранешниот лидер на Косовската ослободителна армија, кој во тој момент беше глава на Демократската партија на Косово. Исто така, на својата листа Нано го стави и Арбен Џафери, лидерот на македонската Албанска демократска партија. Тројцата се залагаа да развијат пан-национална стратегија, која би ги интегрирала сите Албанци, како што Нано објасни: 'Ова движење нема да биде за поддршка на Голема Албанија, но ќе им служи на големите европски Албанци'. Нано планираше уште еден митинг на албанските партии во март 2004 година. Во овој период беа забележани бројни неформални митинзи од страна на Нано меѓу албанските политички лидери од различни делови од Балканот, како оној во Подградец во февруари 2003 година, во кој учествуваа косовскиот новинар Ветон Сурои и македонските албански политички лидери Али Ахмети и Арбен Џафери. Според еден новински извештај, тие ја реафирмираа кооперацијата на сите Албанци во процесот на европска интеграција и се договорија за меѓусебно зајакнување на албанските политички партии, како и меѓу другите албански партии од соседните држави за зајакнување на демократските институции. МКГ открива дека некои од присутните на овој митинг, сакале да отворат консензус за можностите кои би се отвориле во случај ако не успее Охридскиот договор..., цитирано од Извештајот на Меѓународната кризна група. "Сите меѓународни мониторинзи имаат налог, со закана дека ќе им бидат скратени не така малите финансиски средства, да ја прет-

ХУМАНИТАРНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИЧКАТА УЧК

ставуваат Тирана како умерен и конструктивен фактор во вкупните воено-криминални и деструктивни однесувања на Космет, на југот на Србија, во Црна Гора, во Македонија, но и пошироко на Балканот. Истиот став и односи важат и за 'сојузниците' УЧК, ОНА, ОВПМБ, АНА и нивните политички атрибути. Тоа што албанската Влада заткулисно шурува со исламските фундаменталисти и Муџахедините на Осама бин Ладен, не е препорачливо да се спомнува.

Дали сега на наивните македонски политичари, не полицајци, им е јасно кој и зошто ја нападна и ја напаѓа Република Македонија? Кој и зошто ги создал НДП, ДПА, ДУИ, ПДП, и идните инстант и портабл етноалбански мафијашки партии и на просторите на Република Македонија и тоа само како филијали, експозитури, клонови и шалтери на тајните служби на Република Албанија и протекторатот Големо Косово, со административен и политичко-криминален центар во Приштина

33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

и во Тетово", се прашува проф. Бабановски. "...Прашањето за поддршката од страна на албанската држава за етничко-албанските милитанти, кои вршеа операции на Косово, Македонија и Јужна Србија - се наведува во цитираниот Извештај стана една од интернационалните грижи... Најангажирани беа помалите групи во албанската војска и службите за разузнавање, кои ги симпатизираа операциите во Прешево и во Македонија... Додека мнозинството составено од косовски Албанци моментно не го поддржува создавањето политички диктирана албанска држава, малцинството му останува многу посветено на овој идеал. Сепак, мал број радикални групи на Косово и во Македонија отворено се борат за национално обединување...". "Ако ова ни го соопштуваат авторите на Извештајот, тогаш мораме да им препорачаме на компетентните структури во Македонија дека е минута до дванаесет да се изгради и да се усвои долгорочна стратегија за одбрана на националниот и државниот интегритет и тоа во два аспекта: одбрана на националната посебност и самобитноста, одбрана на националните симболи и белези, заштита и зачувување на духовниот капацитет на македонските граѓани, од македонско потекло, без разлика каде битисуваат во земјата или во дијаспората, и продолжување на културниот идентитет на македонските цивилизациски вредности, како основен аспект и зацврстување, чување и развивање на територијалниот интегритет и државниот суверенитет на новата членка на универзалната светска заедница ООН и тоа под нејзиното полно уставно име Република Македонија. И сè тоа без никакви отстапки, калкулации и спогодувања", заклучува проф. Бабановски.


ИНТЕРВЈУ

ЕКОНОМИЈА

ЉУПЧО АНДРЕСКИ, ДИРЕКТОР

ГИ СЛЕДИМЕ СВЕТС Квалитетот е битен за компаниите кои имаат вложено многу во својата дејност и планираат долго време да се задржат на пазарот. За да се постигне квалитетот кој го имаат нашите производи, тргнавме од тоа дека нам ни се потребни квалитетни суровини. Суровините за нашите производи во најголем дел се од Германија. Тие се еколошки и не ја загадуваат работната и животната средина.

За каква палета на производи под заштитното име АНДРОС ФАРМ станува збор?

Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

Господине Андрески, почнавте бизнис со козметички и хигиенски препарати. Што беше клучната причина поради која се одлучивте за овој бизнис? Дали претходно го анализиравте пазарот и интересот за ваквите производи? АНДРЕСКИ: За да почне човек во животот да твори, пред сè, треба да има визија. Секој во себе носи нешто што го тера да оди напред, да твори, да се усовршува и да го достигне нивото на кое ќе се докаже себеси како вреден и успешен. Години наназад моја визија беше да направам нешто со што ќе се заокружи целото мое работно искуство во комбинација со општествено - економските прилики во кои живеам. Приватниот бизнис го почнав во 1993 година, кога заедно со мојот брат го основавме ДОО АНДРОС. Нашата фирма почна да стопанисува како друштво кое се занимава со трговија на прехранбени и хемиски производи, а покрај другото бевме и дистрибутери на производите на "Невена Лесковац". Значи, тоа е како некое непишано правило, бизнисот прво се почнува со трговија, пред сè, затоа што ризикот во трговијата е значително помал, како и тоа што во неа не се потребни многу средства за да се почне со работа. Сите тие години бевме присутни на пазарот во Македонија, како и во соседните држави, каде што изградивме добри деловни, а пред сè, пријателски односи со многу коминтенти. Кога мислев дека до-

гледаме своите предности, каде квалитетот на нашите производи е еднаков на оној од познатите брендови, само со значително пониски цени, кои се прилагодени на куповната моќ на нашите потрошувачи, од една страна, а од друга страна, пак, се надеваме дека при купувањето нашиот потрошувач ќе им дава предност на домашните производи.

волно сме присутни во трговијата, во фирмата сериозно размислувавме да почнеме со производство. Дилемата беше ШТО? За да се одлучиме посетивме многу саеми во Минхен, Нинберг, Пловдив, Солун, Нови Сад, од каде доаѓавме со по некоја идеја и така во 2000 година почнавме со производство на чепкалки за уши, кои на пазарот се познати под брендот SOFTLY, за што ја купивме најсофистицираната опрема, која има капацитет од 1.200 чепкалки во минута. Во целост го освоивме пазарот во Македонија, а имаме извоз во Србија и Црна Гора, на Косово и во Албанија. Тука амбициите не застанаа, така што во 2003 година го основавме друштвото АНДРОС ФАРМ, кое почна со производство на куќна хемија и козметика. Нашите испитувања на пазарот ни покажаа дека тоа се дефицитарни производи. Но, напротив, тука конкуренцијата е немилосрдна, пред сè, со производи од увоз, во што и ги 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

АНДРЕСКИ: Производите од АНДРОС ФАРМ можеме да ги поделиме во две групи. Во првата група спаѓаат производи за одржување хигиена во животните и во работните простории, кои на пазарот се познати под брендот АВАКС, во кои спаѓаат средствата за миење садови, средствата за чистење стакло, за санитарија, за рерни и скари, за теписи, абразивно средство и течно абразивно средство, како и политура за мебел. Во втората група спаѓаат производите за лична хигиена и козметика. Тоа се повеќе видови течни сапуни, шампони како и детски шампони, гелови за туширање, сол за капење, заштитни кремови за раце и универзални кремови, гелови за коса, колонски води, лабело за усни, ацетон. Сите овие производи веќе се застапени на пазарот во повеќе видови пакувања, како и во повеќе мирисни ноти. Дали Вашите производи се атестирани и произведени според правилата и стандардите за квалитет? Сметате ли дека добриот квалитет е битен елемент за привлекување на потрошувачот? АНДРЕСКИ: Ќе почнам со вториот дел од прашањето, мислам дека не само што квалитетот е битен туку дека е и најбитен елемент за привлекување на потрошувачите. Квалитетот е битен за компании кои многу имаат вложено во својата дејност и планираат долго време да се задржат на пазарот. Квалитетот е наша трајна


НА АНДРОС ФАРМ ДОО

КИ ПОЗНАТИТЕ МАРКИ определба и на тоа поле во фирмата му се посветува големо внимание. За да се постигне квалитетот кој го имаат нашите производи, тргнавме од тоа дека нам ни се потребни квалитетни суровини. Суровините за нашите производи во најголем дел се од Германија. Тие се еколошки и не ја загадуваат работната и животната средина. Мислам дека со употребата на овие суровини нашите производи добиваат квалитет кој е сосема блиску или еднаков на марките од светски познатите производители. Секој наш производ, без исклучок, пред да биде пуштен на пазарот се носи во Републичкиот завод за здравствена заштита, каде што се врши хемиско и

ги бараат царинските служби на земјата-увозник. Колку го користите маркетингот, пред сè, едукативниот и како тој влијае врз Вашата работа? АНДРЕСКИ: Сеедно дали маркетингот ќе биде во електронските или во печатените медиуми, тоа како и едукативниот маркетинг, се од исклучителна важност за успешен настап на пазарот, а особено за производите од оваа бранша. Да бидам искрен, повеќе внимание и време му посветивме на утврдувањето на широк асортиман на производи, така што маркетингот

поблиску ќе се запознаат со нашите производи. Поголем дел од производите ќе бидат пакувани во мали гратис пакувања, кои ќе бидат достапни за потрошувачите, за да се уверат во квалитетот на нашите производи. Колку луѓе досега се ангажирани во Вашата фирма и дали планирате да го проширите бизнисот? АНДРЕСКИ: Моментно во друштвата АНДРОС и АНДРОС ФАРМ се ангажирани 30 вработени и очекуваме тој број постојано да се зголемува со освојувањето нови производи и нови пазари. Дали ги следите светските трендови на полето на козметичките и хигиенските производи? Каква новина можеме да очекуваме од палетата на АНДРОС ФАРМ?

бактериолошко испитување и секој од тие производи мора да одговара на правилниците за квалитет. По добивањето на сертификатот дека производот одговара, тој може да се најде на пазарот. Повеќе од 30 отсто од нашите производи се продаваат на странските пазари, а тие не можат да се извезуваат ако се нема сертификат за квалитет и уверение за исправност, затоа што овие документи

го имавме маргинализирано, што според мене е неоправдано. За таа цел од неодамна ангажиравме маркетинг агенција, каде што заеднички ќе работиме во промовирањето на нашите производи во рамките на буџетот кој ни е наменет за таа цел. Важно место ќе му дадеме и на едукативниот маркетинг, при што ќе се организираат промоции во поголемите маркети каде што потрошувачите 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

АНДРЕСКИ: Во секое време во нашата лабораторија се испитува квалитетот на суровините и на готовите производи. При тоа ги следиме и светски познатите марки. Во постојан контакт сме со фирми од Западна Европа од каде што и ги набавуваме суровините и во соработка со нив работиме на подобрувањето на квалитетот на постоечките и освојувањето нови производи. Пред сè, тука мислам на производи од козметиката, а најново на производите од декоративната козметика. Во секој случај, можеме да очекуваме дека палетата на производи од АНДРОС ФАРМ во блиска иднина ќе биде многу голема.


126-ГОДИШНИНА ОД КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Македонците од Пиринска Македонија на 21 ноември во Кресна - Република Бугарија, ја одбележаа 126 - годишнината од Кресненското востание. На свеченоста која по тој повод се одржа во Домот на културата во Кресна, присуствуваа членови на организацијата ОМО Илинден од Бугарија, членови на Сојузот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, чие седиште се наоѓа во државава, како и видни историчари од Македонија и од Бугарија. Членовите на ОМО Илинден положија венец пред споменикот на востаничкиот водач Димитар Поп Георгиев, а делегацијата која присуствуваше на свеченото одбележување на овој јубилеј, клекна пред споменикот и со едноминутно молчење им оддаде почит на борците, кои ги дадоа своите животи за ослободување на Македонија од турското ропство.

ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА НОВ ЕКОНОМСКИ КВАЛИТЕТ Македонскиот претседател Бранко Црвенковски е покровител на вториот состанок на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа кој се одржа во Цавтат, Република Хрватска, на кој учествуваа шефови на држави и влади на земјите од регионот, како и претставници на релевантни институции, водечки компании, банки и деловни асоцијации. На Форумот беа презентирани прелиминарните резултати од Регионалниот извештај за конкурентност на земјите од Југоисточна Европа. Идејата за овој Форум произлегла од потребата за поддршка на менаџирањето на водечките компании, интензивирање на соработката која ќе го забрза и олесни процесот на интеграција во Европската унија и продлабочување на комуникациите во насока на создавање нов економски квалитет.

САНИТЕТСКА ОБУКА ЗА МИСИИ ВО СТРАНСТВО Во Центарот за санитетска обука во Воената болница во Скопје почна вториот дел од заедничката обука на здружениот медицински тим на земјите-членки на Јадранската повелба, како дел од подготовките за негово упатување во мировната мисија ИСАФ во Авганистан, во текот на наредната година. "Целта на оваа обука е луѓето кои ќе заминат во мисија да бидат професионално обучени за да можат да се снајдат во условите во кои ќе се затекнат во земјата каде ќе престојуваат", рече командантот на Воената болница во Скопје полковник Петре Утковски, додавајќи дека петдневната обука има цел и да го хомогенизира тимот. Тој потенцираше дека во здружениот медицинскиот тим Македонија ќе учествува со еден лекар, двајца медицински техничари и еден болничар.

РЕФОРМИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ За поуспешно спроведување на втората фаза од тендерот за издавање дозволи за основање друштва и одобренија за управување со пензиски фондови, Советот за имплементација на реформата на пензискиот систем ги разгледа и предложените надоместоци, кои Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Агенцијата за супервизија на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и Народната банка на Република Македонија ќе ги наплатуваат од уплатениот пензиски придонес на членовите од вториот столб на пензискиот систем. Просечниот надомест за овие три институции во првите десет години од реформата ќе изнесува 3,16 отсто, а во 2005 година 2,8 проценти. Според Советот, вака пресметаните надоместоци ќе обезбедат ефикасен и ниско трошковен втор столб на македонскиот пензиски систем.

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО УСТАВНИОТ СУД Народниот правобранител на Република Македонија Бранко Наумовски е предложен од Републичкиот судски совет за судија во Уставниот суд. За кандидатурата на Наумовски, македонското Собрание ќе се изјасни на седницата закажана за 6 декември, на која пратениците ќе ги разгледуваат и кандидатурите за избор на други судии во државава. Бранко Наумовски ја извршува функцијата Народен правобранител од 1997 година.

36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


ГЛАС НА ЈАВНОСТА

ПИСМА

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ ШТО ЗБОРУВАМ!

В

о неделната богослужба, на собраните селани во црквата, попот Никола им одржа и наравоучение како да живеат во согласност со Божјите закони. Покрај Десетте божји заповеди, особено се задржа на празничниот пост, како прочистување на телото пред причеста. Во понеделникот, таман почнал постот, Славко и Миле отишле кај попот за да договорат четириесетдневен помен за нивната баба. Го нашле попот како руча, брадата и мустаците му светкале од печеното јагнешко. Збунето го прашале зошто јаде масно, а на тоа тој им одговорил како што е запишано во народното умотворие: - Не гледајте што правам, слушајте што зборувам! Веројатно така би одговорил и Солана, во шпанска варијанта на таа максима, затоа што меѓу католичките фратри и православните попови разликата е само во мантијата. Претседателот Бранко Црвенковски не најде сили како вистински државник, од типот на Де Гол, Брант, Хавел... да се сретне со граѓаните кои му го доверија мандатот, туку отиде во Брисел кај Солана и Шефер на "баци рака". Поддршката која ја доби од нив, која медиумите кај нас ја пренесоа без став и коментар, Жерновски ја преточи во императив. Колку е страшно и опасно кога млад и фин господин ќе се добере до власта. Особено ако има висока става, тогаш лесно ќе одлепи од реалноста, со што мислата дека го фатил

Господ за брада му станува блиска, но само во неговата илузија. На Солана и на Шефер не им е тешко да бидат некритички разбрани од државници, од ковот како што се овие нашиве македонски. Со нив можат да договорат дури и решенија, што се во спротивност со желбите и со стремежите на најголемиот број граѓани на Македонија. Со македонските политичари (и претходните не беа ништо поарни), западните цивилни и воени моќници се однесуваат како Американците со Нориега во Никарагва, Белгијанците со Мобуту Сесе Секо во Конго... како со претседатели на бананадржави, иако во Македонија, особено во Европа, не растат банани. Само со такви банана-државници европските и светските бирократи можат да се однесуваат како попот со стадото верници. Таа дволичност, таа хипокризија не е непозната за светската политичка олигархија. Тие политички олигарси сакаат светот околу нив да го уредат според нивните замисли, иако во нивните устави, статути, декларации, резолуции и слично, имаат запишано дека богатството е неприкосновената волја на граѓанинот, потоа во различноста, а не во униформираноста.

Кога станува збор за Балканот и за збунетоста на неговите жители од потезите на светските моќници, треба да се има на ум стратешкиот интерес на западната економија за бесплатен и сигурен транспорт на нафта и земен гас од Источниот Балкан. Ако некој не знае што значи тој термин, ги упатувам на книгата "Новата шаховска табла" од Збигњев Бжежински. Таму има одговори на многу прашања кои нас нè интересираат. За да го реализираат тој план, тие моќници, дали е во прашање Клинтон, Буш, Кери..., преку Солана и Шефер ќе инсистираат да се остварат сите барања на нивните верни сојузници - Албанците. Само тие на Балканот ја разбраа стратегијата на тој економски неоимперијализам. Се "залепија" на Америка како птиците што ги чистат слоновите од бубачки и крлежи, па заедно со нив уриваат сè пред себе. Кога ние другите би имале критична маса умствен капацитет, феноменот светска крстосница би го искористиле како, на пример, Јапонците или Швајцарците. Вака, како што се одвиваат овие неповолни процеси, се ставаме во состојба на мравки кои се нашле на патеката на слоновите. Милан Аџиевски, Скопје

Рубриките ФОРУМ и ПИСМА ја отсликуваат нашата отвореност кон јавноста. Овде автентично објавуваме и текстови кои не се во согласност со нашата уредувачка политика.

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


KULTURA TИХОМИР КОНДЕВ, С ТРАС ТВЕН КОЛЕКЦИОНЕР НА ДЕ ЛА

ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА УМЕТНОСТА Ова што го правам може да се рече дека е хоби, меѓутоа чувствувам некоја неопходност, поврзаност, без ова мислам дека немам живеачка. За мене најдобра терапија е да се дружам со убавите слики и да уживам, вели Тихомир Кондев. Следен проект му е меѓународниот ликовен караван, кој ќе се реализира од 2005 до 2010 година, а во него ќе учествуваат 17 автори од Скопје, Белград, Париз, Москва и Њујорк. Пишува: Милева ЛАЗОВА

Т

ихомир Кондев, човек кој долги години се "храни" со собирање уметнички дела од познати автори, овој пат е "виновен" што на македонската публика й овозможи да ужива во делата на седуммина македонски уметници, кои живеат и творат во САД и во Канада. Благодарение на Кондев, јавноста имаше можност да ја види изложбата во МАНУ, кој за себе вели дека по образование е дипломат и новинар, но веќе 50 години по определување е колекционер на ликовни дела. Патот кој македонското сликарство го има изминато сè до денес најдобро го илустрира колекцијата на Тихомир Кондев, колекционер и љубител на ликовните уметности, кој секогаш знаел да го почувствува тоа што е највозбудливо, најкарактеристично и најдобро во остварувањата на македонските ликовни уметници. За изложбата господинот Кондев одлучил да ги избере токму овие автори, бидејќи често е во Америка каде што на македонските уметници им организира изложби и добро е запознат со нивната работа.

ОПСЕСИЈА "Љубовта кон ликовната уметност и дружењето со познати уметници - вели Кондев беа инспирација за моето хоби. Веќе 50 години како ги купувам делата, но сè до 1971 година никому не му открив дека имам голема колекција. Имам околу 400 дела, од кои педесеттина се од познати македонски автори. Кога се определив да колекционирам решив да собирам дела од надреалисти, но ми стана јасно дека никогаш ќе немам пари за да ги откупувам. Во тоа време се дружев со Кондовски, со Петар Хаџибошков, па така тие ми беа поттик да се одлучам да откупувам македонски дела. Имав пари за нашите автори, но немав за светските. Дел од сликите се наоѓаат овде во Скопје, а дел се во Белград. Но, сепак сфатив дека мојата колекција е вредна и тогаш дојдов на мисла јавно да ја прикажам. Уште во 1996 година му понудив на тогашниот министер за култура Слободан Унковски да организирам една изложба. Ми се одобри простор, но сè остана само на тоа". Во последниве три-четири

години господинот Кондев организирал изложби, како на млади автори така и на веќе признати уметници, не само во Белград, туку секаде. Во Америка има направено околу 7 изложби, 4 изложби на македонски сликари во Белград, минатата година во МАНУ во Скопје беше организирана изложба на македонски уметници кои живеат во Белград и во Нови Сад и други. Господинот Кондев во Белград веќе има изложено дела изработени во акварел, улје и цртежи на водечките македонски сликари, како што се, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиновски...

ОРГАНИЗАТОР За веќе отворената изложба во МАНУ на седуммината уметници - Горазд Попоски, Роберт Дандаров, Димитар Манев, Глигор Стефанов, Мијо Манчевски, Славчо Соколов-

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ски и Синиша Неделкоски, тој вели: "Јас сакав сите академски сликари, кои ги контактирам во Америка и кои по мое мислење се одлични уметници, да бидат дел од оваа изложба. Имаше уште два - тројца уметници на кои не им одговараа термините за изложбата и изборот се заокружи на овие седум". Изборот на сликите и скулптурите кои беа изложени, Кондев го направил заедно со уметниците. "Уметниците си работат во своите ателјеа на темата за 2005 година 'Звуци на урбаниот пејзаж' и во март и април следната година ќе треба да го направам изборот", додава Кондев. Во текот на следните четири години ќе се менува темата на ликовниот караван. Кондев планира делата од тој караван да ги изложи прво во Скопје, а потоа во престижните галерии во Белград, Москва, Париз и Њујорк.


УМЕТНИЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА

ЗБИР НА ФРАГМЕНТИ О Повеќе од два милениума Македонија има историски сликарски традиции, со што се докажува дека македонските сликари имаат значително голем придонес во светот.

Пишува: Милева ЛАЗОВА

ните дела имаат универзален карактер. Повеќе од два милениума Македонија има историски сликарски традиции и затоа нè изненадува фактот за големиот придонес на големите сликари од оваа земја во светот, во тековите на византиската, поствизантиската и барокната уметност, како и во XX век, од импресионизмот до денес. Во основното јадро на сликите ги распознаваме колорите на нивната прва татковина". Гледајќи ги и проучувајќи ги нивните дела можат да се почувствуваат универзалниот карактер и пораките кои многу добро се вклопуваат во естетиката и уметничките трендови во светот.

С

едуммина уметници, Димитар Манев, Глигор Стефанов, Мијо Манчевски, Роберт Дандаров, Славчо Соколовски, Горазд Попоски и Синиша Неделкоски, Македонци кои живеат и творат во Соединетите Американски Држави и во Канада, во соработка со колекционерот на ликовни дела, Тихомир Кондев, со свои дела се претставија во Македонската академија на науките и уметностите. Секој од овие автори остава печат на своите дела, по што тие и се препознаваат, но истовремено се израснати и како одлични културни творци и амбасадори на македонската уметност и култура во светот. Со студиите тие почнале во Скопје, Белград и во други центри на поранешна Југославија, како и во Франција и во САД, а исто така, завршиле и постдипломски студии во значајни странски универзитети. Овие автори сега прв пат изложуваат заедно и во оваа ретка прилика публиката има можност на едно место да види квалитетен избор на нивното творештво, уметници кои се родени во Македонија, меѓутоа својот успех го достигнуваат надвор од неа. По повод нивното презентирање претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Цветан Грозданов, истакна: "Во време кога ликовната уметност не е национална или регионална, нив-

некоја класична опсервација, туку преку еден питом свет (крави, телиња), кој се заложил во неговото сеќавање. Глигор Стефанов во своето творење користи исклучително природни ма-

теријали (слама, кал, трева, лисја, памук, гранки, дрво), но неговите понови дела сега се насочени кон разнообразното градење на структурата на гнездата, каде што јајцето за момент станува центар на целиот универзум, евиденција на една вселенска ситуација.

Штипјанецот Димитар Манев за своето творештво ќе каже: "Во сликарството сè е досега измислено... Јас само гледам и сликам спонтано... Имам интуиција и на свој начин реагирам. Сè што имам да кажам, јас го кажувам преку моите слики. Во нив е целата моја филозофија и моите погледи на животот и на денешниот свет". И како што вели академик Андреевски, тој во своите дела не го крие восхитот од Кандински и Пикасо, како и од кубизмот кога низ колоритни "импровизации" на геометриски полиња ни открива еден свој препознатлив пејзаж. Но, тој пејзаж не ни го предава низ 40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


ЗА МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА

Д РАЗЛИЧНО ПОТЕКЛО На оваа изложба Мијо Манчевски не дава своја размисла, така што посетителите ги остава сами да толкуваат гледајќи ги неговите скулптури. Тој се претставува во циклусот бронзени скулптури, за кои ликовниот критичар Волт Свелис истакнал дека "се мали по пропорции, но масивни по својата чувствителност". Во нив пластично се рефлектира неговата поврзаност со Марковите кули, со Прилеп и со Мариово од каде што водат потекло и неговите корени. Во оваа прилика Славчо Соколовски се презентира со слики, со дел од своето творештво каде што како ликовен предизвик тој, главно, го користи

сликарството, што е парадокс, е речиси непостоечко. Јазикот како алат не ни овозможува да обелодениме ништо конкретно околу него. Се работи за интеррелации, простор со боја, креирање на волумен и боја, светло во релација со простор, меморија и простор.... Поминувајќи низ едно самоизгубување во процесот на креирањето, низ еден неред, тотален хаос како последица од сопствената креација, неочекувани резултати се појавуваат, кои не можат да се добијат на никаков друг начин".

енформелот или "сликарство со материјата". Всушност, тоа се наслојки на боја, дрво, олово, грубо платно, малтер. Ставот на Роберт Дандаров е дека "насетено сознание околу конечната слика е речиси невозможно", а со ова тој мисли на интеррелацијата - простор, боја, светлина. Тој вели: "Со моите слики јас секогаш се обидувам да пристапам во едно трансмутативно искуство, проследено со еден раст и опаѓање, и илуминација што произлегува од процесот на сликањето. Нашето сознание околу

Скулпторот Горазд Попоски презентира две скулптури во мермер, преку кои тој прави една реставрација на историјата, ги доближува или, пак, ги мери минатото и сегашноста, но без да ги запостави нивните сложени и драматични содржини. "Низ мермерот, формите ги претставувам во чиста визуелна манифестација каде што стиловите се менуваат еден со друг, во збир на електрични спојки меѓу фигурацијата и апстракцијата, наративноста и гестот, збир на фрагменти од различно потекло. Мирот и движењата осцилираат во една формална тензија каде што намерата ми е да ги одделувам од минатото и да ги 41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

претставувам во една немирна сегашност".

Седмиот автор од групата уметници, Синиша Неделкоски, за своите проекти вели дека, меѓу другото, продолжуваат да го истражуваат континуитетот и дисконтинуитетот меѓу овие понови уметнички форми или, пак, повеќе традиционални, прикажувајќи ги релациите меѓу технологијата и емоциите, реалноста и сонот, рационалноста и магичноста. Деведесет отсто од пристигнатите дела прв пат се изложени пред македонската јавност, а ќе бидат поставени до петти декември. Изложбата е продажна, а Кондев е врската за купување слики.


KULTURA ТВОРЕЧКИОТ ЖИВОТ Н

ТРАГАЧ ПО БО НАШЕТО МУЗИ Ѓорѓи Димчевски, дел од својот творечки живот й го посветил токму на обработката на прекрасните македонски народни песни за разнородни хорски ансамбли и пејачки групи. На авторот Димчевски му било овозможено да создава разни ора затоа што уште како дете секогаш "другарувал" со одреден инструмент прим, мандолина, тамбура, зурла и клавир, но за тоа придонела и работата во првото нижо училиште, како и соработката со повеќе наши солисти на народни песни и со музички групи.

Пишува: Милева ЛАЗОВА

В

о организација на Дирекцијата за култура и уметност и Ансамблот за народи игри и песни "Орце Николов", во Домот на АРМ беа промовирани кни-

гите "Ајде да пееме заедно" и "Македонски ора" од Ѓорѓи Димчевски. Збирката "Македонски ора" е четврта книга по ред на авторот Димчевски, а претходно ги издал "Вие се оро македонско" во 1983 година, "Седенка се збира" во 1986 година и веќе спомнатата "Ајде да пееме заедно - 65 обработки за хорови и еднородни пејачки групи".

ПОСВЕТЕНОСТ Додека Македонија беше во мракот на петвековното ропство, единствено македонската народна песна и оро ги изразувале чувството, битието и ја буделе националната свест, така што тие останале длабоко врежани во македонскиот народ. Подоцна, дури во XX век, македонскиот ансамбл "Танец" и македонските културноуметнички друштва "Орце Николов", "Владо Тасевски", "Кочо Рацин", "Мирче Ацев" и други, преку македонските песни и ора, кои имаа и имаат мелодиозност, богата

и уникатна ритмичка структура и разновидна тематика, го афирмираа македонскиот народ и Македонија во повеќе земји во светот. Меѓутоа, најзаслужен за негувањето на македонската фолклорна традиција е господинот Ѓорѓи Димчевски. Со исклучителна жар, ентузијазам и голема љубов, тој работи на издигнувањето, афирмацијата и популаризацијата на музичките вредности на македонскиот фолклор. Тој ја подготвил збирката на хармонизирани и обработени македонски народни песни "Седенка се збира", а исто така, има постигнато голем успех и со

42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

збирката "Вие се оро македонско", која претставува анталогиски избор на еден дел од ороводните бисери на македонската фолклорна традиција, запишана во оригинални верзии. Него го помнат како уметнички раководител на оркестарот при ансамблот за народни песни и игри "Танец", каде се појавува и како автор на музички целини во сценско-кореографските постановки и како автор на обработки на голем број песни. Тој дава голем придонес и за трајно звучно регистрирање на повеќе од 50 лонг-плеј и 30 сингл плочи. Господинот Димчевски ги формира познатите пејачки


А ЃОРЃИ ДИМЧЕВСКИ

ГАТСТВОТО НА ЧКО ПОДНЕБЈЕ

групи октет "Македонија", секстет "Лира" и женската пејачка група "Сирма".

РИЗНИЦА Доказ и вистина за тоа дека животот на Димчевски е исполнет и посветен на македонскиот фолклор е неговата најнова збирка на обработки и авторски хорски партитури "Ајде да пееме заедно - 65 обработки за хорови и еднородни пејачки групи". На

практичен начин збирката ги презентира народните песни за многубројни хорови и еднородни пејачки групи, пишувани со големо познавање на хорската уметност. Во неа се опфатени народни песни кои, главно, потекнуваат од староградската музичка вокална традиција и неколку авторизирани песни од овој автор. И во втората збирка, "Македонски ора", се собрани 52 ора, со богата мелоритмика и разбирлива едноставна мелодија. Неуморниот трагач по убавините на нашето музичко поднебје, признатиот и познат Ѓорѓи Димчевски повторно го свртува вниманието кон себе и кон неговиот неуморен музички дух, така што покрај бројните снимени вокали и инструментални дела, тој уште еднаш ни овозможува задоволство со тоа што кон богатата ризница

на македонското музичко творештво може да се додаде и овој негов опус. Како што спом навме, "Маке донски ора" е негова четврта книга. Меѓутоа, тој вели: "Тоа требаше да биде моја прва збирка, според тоа кога е пишувана, но со појавата на одредени обиди за преправања и менувања на музиката во играорните кореографии, поточно земањето, да не кажам крадењето на најубавите мелодии од три-четири композиции, па создавањето ново дело, како и некои други причини, ме натераа да ја напишам збирката 'Вие се оро македонско', со цел да го спречам плагијаторството и мешањето во музиката за играорните кореографии". Но, оваа збирка содржи само еден дел од творештвото на Ѓорѓи Димчевски и во неа се поместени ора со различна ритмичка и мелодиска содржина. Особено внимание заслужуваат ората

43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

со неправилна ритмичка структура, како и ората со комбиниран ритам. Исто така, мотивиран од ромската музика, авторот Димчевски успешно обработил три ромски песни во ора.


ÎÁÐÀÇÎÂÀÍÈÅ ОУ "ДИМИТАР МИЛАДИНОВ" С

ПЕТДЕЦЕНИСКИ КОПН Во далечниот септември 1954 година било формирано Основното училиште "Иво Лола - Рибар" во Скопје. Во исклучително тешки услови, но со голем ентузијазам почнало долгото патешествие на бројните генерации. Година за паметење е 1961. Наставата почнала да се изведува во нова образовна установа. Д-р Иван Рибар бил иницијатор за новото име на училиштето "Браќа Рибар". Продолжиле да се нижат иновации со стремеж за што посолидни резултати, како во воспитнообразовниот процес така и во воннаставните активности.

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

П

овеќе кратно се горде_ еме со името и со делото на Димитар Миладинов. Нашето училиште отсекогаш се стремело да биде на врвот, од него произлегоа кадри кои денес се истакнати личности во сите сфери на општественото живеење. Број-

Душанка Бојановска, Ружа Тозија, Зорка Масин, Марија Тасева, Добре Димовски и Славјанка Димоска се првите луѓе на училиштето низ годините кои поминуваат. Во 1994 година, негувајќи ги традицијата и минатото, училиштето за свој патрон го назначило името на една од најмаркантните фигури во нашата историја, Димитар Миладинов. Денес, 50 години подоцна, училиштето е олицетворение на успех и професионализам. Потврда за неговото успешно чекорење е годинашната награда "13 Ноември", за посебни достигнувања во образованието.

ните награди и признанија, вклучувајќи ги наградите 'Климент Охридски' и '13 Ноември', зборуваат за еден значаен континуитет, кој е олицетворение на професионалното чекорење кое трае веќе 50 години. Она што се постигнувало во минатото денес е поттик за нови успеси. Тоа е најсоодветен показател за нашата определеност и посветеност во функционирањето, безмалку исполнување на заветот на нашиот патрон. Тоа е големината на нашето училиште", вели актуелната директорка

на ОУ "Димитар Миладинов", госпоѓата Нада Молеровиќ. Педесет години успешно чекорење. Пет децении мост на она што значи растеж, живот, секојдневен копнеж за подобро утре. Патешествие кое се одликува со професионализам, истрајност и успех. Доколу наѕирнеме во историската ризница на оваа образовна институција, ќе нè изненадат бројните признанија, награди, спомени. "Особено сме горди на нашата богата училишна историја. Минатото кое го поседуваме е плодно и маркантно, но ќе го нагласам пе44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

риодот кога ова училиште беше едно од водечките во поранешна Југославија. Тогаш меѓуучилишната соработка беше на завидно ниво, и на многубројните средби тоа беше домаќин. Другарување, спортски активности, размена на знаења, незаборавни средби, логорувања, сè се тоа спомени кои денес со посебен пиетет ги негуваме", вели Молеровиќ. Овие врски се прекинале со распаѓањето на Југославија. Еден од подрагите спомени на училиштето е соработката со Франција и писмото од Жак Ширак, упатено


О НАГРАДАТА "13 НОЕМВРИ"

ЕЖ ЗА ПОДОБРО УТРЕ

како благодарност. Тука е и меѓународната соработка со гордиот Албион, древната Англија. Сите овие спомени се негуваат во колективната меморија на генерациите, кои го вградиле својот дух во ова училиште. Благодарение на директорката Молеровиќ, имаше можност да се обноват дел од овие заборавени далечни спомени. За своите заложби Молеровиќ ќе истакне: "Мојата идеја беше следнава: да се обноват таквите пријателства и соработки. На еден деловен семинар се сретнав со драг колега, по вокација историчар, кој случајно бил директор на поранешното 'Браќа Рибар', денешно 'Крал Петар Први' од Белград. Предложивме средба за возобновување и воспоставување соработка меѓу двете училиште. И таа се реализираше со заедничко гостување. Случајност или не, минатото повторно нè поврза". ОУ "Димитар Миладинов" се одликува со стручен, искусен и докажан наставен кадар, подготвен да одговори на предизвиците на совре-

меното образование. Првата дама, заедно со креативниот тим, несомнено успеа да оформи училиште со реноме, углед и традиција. Во состав на училиштето функционираат бројни културни, едукативни и спортски активности. Особено треба да се истакнат: училишниот весник "Поттик", училишниот хор и оркестар, спортската секција во која функционира женскиот фудбалски тим, наставата по француски јазик која бележи одлични резултати итн. Од бројните проекти посебно место заземаат: "Училиштата и музеите", "Европа од улица до улица", "Ние народот... проект граѓани", "Од традициите на минатото" итн. Соработката со родителите е исклучително важен елемент за успешно работење и во тој контекст функционира и Советот на родители. Бројните активности кои произлегуваат од ова училиште најчесто се во корелација со другите училишта од земјава и од странство. Притоа би ја спомнале соработката со Основното училиште "Фјодор Михајлович Достоевски" од

Москва, Русија. Потоа следува соработката со училиштата од Словенија, Белгија, Бугарија, Србија и Црна Гора итн. За осовременувања на наставно-образовниот процес директорката Молеровиќ е со следново гледиште: "Професионален кадар во корелација со современите текови во образовниот систем, тоа е наша одлика која се обидуваме што повеќе да ја усовршиме. Да се почитуваат критериумите, кои се мерило за успешна работа. Иако патот кој го чекориме е тежок, лично се надевам дека новата национална стратегија за образование ќе вроди со успех". Она со што особено се гордеат и директорката и училишниот кадар е годинашната награда "13 Ноември". "За нас оваа награда и признание значи само едно: Браво, за тоа што го работите! Јас се надевам дека идниот јубилеј ќе го дочекаме со уште многу признанија и почести. Оваа награда е потврда за успешниот меѓународен ка-

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

рактер на нашето училиште. '13 Ноември' е признание за континуирано достигнување на наставните и воннаставните активности. Таа зборува за докажан квалитет и безмалку е поттик за натамошната успешна работа", вели Молеровиќ. Основното училиште "Димитар Миладинов" продолжува да чекори по веќе успешната и докажана траекторија, која носи само успеси и признанија. За идните проекти Молеровиќ вели: "Предизвици има многу. Како што потенцирав, да се обноват старите пријателства со нова светлина. Да се памети минатото, заедно со убавите спомени, кои се проткаени низ ова училиште. Моја визија е да го продолжиме успешниот пат, кој го почнале моите претходници. Една од главните цели е реконструкција и надградба на училиштето, осовременување, подобри услови за сите нас. Верувам дека со добра волја и со искрени заложби тоа набрзо и ќе се случи".


MAKEDONSKA KAUZA

УРОШ ПРВИ БИЛ ПОТОМО Српскиот жупан Урош Први бил потомок од осмото колено на цар Самуил! И унгарските кралеви Геза Втори, Иштван Четврти и Бела Трети биле потомци на цар Самуил! Пишува: Александар ДОНСКИ

П

родолжуваме со потомството на Петрислав. Тој ја носел титулата жупан и починал околу 1082 година. Имал син по име Коцопар (кој бил потомок на цар Самуил од шестото колено). Се знае дека Коцопар имал најмалку три сина (директни потомци на цар Самуил од седмото колено). Нивните имиња се: Марко (жупан на Дукља) Вукан (крал на Рашка) Син со непознато име (татко на Урош Први)

ПОТОМСТВО Тука треба да се даде едно објаснување. Можеби некој добар познавач на историјата ќе забележи дека како деца на Коцопар се познати само имињата на Марко и на Вукан. Тоа е точно, но исто

ГЕЗА ВТОРИ (1130-1162), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ДЕСЕТТОТО КОЛЕНО

така е познато и дека според средновековните извори Марко и Вукан се спомнати како чичковци на Урош Први. Поради тоа, српските и другите историчари оправдано сметаат дека Марко и Вукан имале и трет брат, кој бил татко на Урош Први. Тоа е сосема логично. Штом Марко и Вукан му биле чичковци на Урош Први, јасно е дека тие имале уште еден брат, кој бил татко на Урош Први. Како илустрација за тоа дека овој податок го признава српската историографија ќе наведеме извадок од книгата "Историја на српскиот народ" од познатиот предвоен српски историчар Владимир Чоровиќ. Во поглавјето "Зетска држава", опишувајќи ја војната меѓу Византија и Рашка од времето на жупанот Вукан, Чоровиќ пишува дека за да склучи мир со Византија, Вукан му дал на византискиот цар дваесет луѓе како заложници, заедно со двата свои внука од брат. Тоа се случило за време на нивната средба во Љипљан. Во врска со ова Чоровиќ пишува: "Кога (византискиот цар, з.м.) пристигна во Љипљан, Вукан му ги испрати своите пратеници повторно нудејќи му мир и заложници. Царот, зафатен со династичките борби во Цариград и загрижен заради лошите вести од Дунав, се согласи. Овој пат Вукан отишол лично кај царот со својата свита од роднини и жупани, како вистински владетел. Во таа

прилика му ги предал на царот бараните дваесет заложници и своите два внука од брат Урош и Стефан Вукан". (Владимир Чоровиќ: "Историја српског народа", Арс Либри, Београд, 1997) Во изворите од кои користевме податоци за ова истражување е наведено и тврдењето на историчарот Џон Фајн, кој исто така потсетува на историските податоци според кои Марко и Вукан имале и трет брат таткото на Урош Први (John V. A. Fine "The Early Medieval Balkans"). Оваа вистина ја пренесува и познатиот чешки генеолог Мирослав Марек во своите истражувања објавени на Интернет na http://genealogy.euweb.cz/

БЕЛА ТРЕТИ (1148-1196), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ЕДИНАЕСЕТТОТО КОЛЕНО

Деса - жупан на Дукља, Требиње и Захумље пред 1151 година, а потоа и жупан на Србија. Починал околу 1166 година. Јелена - за неа пишува во продолжението. Марија - во 1132 година се омажила за принцот Конрад од Моравија. Починала во 1190 година. Ќерка со непознато име Овие деца биле директни потомци од деветтото колено на царот Самуил. ИШТВАН ЧЕТВРТИ (1133-1165), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ДЕСЕТТОТО КОЛЕНО

index.html (наслов Balkan states/ Serbia). Значи, според една нитка од своите многубројни крвни предци, Урош Први бил директен потомок од осмото колено на царот Самуил. Се родил околу 1080 година, а починал околу 1146 година. Се оженил со византиската принцеза Ана и со неа ги добил децата: Урош Втори Првослав жупан на Србија од 1146 до 1150 година и од 1151 до 1162 година, кога и починал.

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

УНГАРСКИТЕ КРАЛЕВИ Продолжуваме да го следиме потомството на Јелена. Таа се родила околу 1109 година, а починала некаде по 1146 година. На 28.4.1127 година се омажила за кралот Бела Втори од Унгарија. Во бракот им се родиле шест деца. Сите тие биле директни потомци од десеттото колено на царот Самуил. Нивните имиња се: Геза Втори - за него пишува во продолжението. Ладислас Втори или Ласло Втори - се родил во 1131 година. Во периодот од 1162 до 1163 година бил крал на


КНА ЦАР САМУИЛ Унгарија. Бил оженет за Јудита, ќерка на Болеслав Трети од Полска. Починал во 1163 година. Иштван Четврти - се родил околу 1133, а починал во 1165 година. Извесно време бил крал на Унгарија. Во 1156 година се оженил за Марија Комнена. Шифија - била калуѓерка. Елизабета - се родила околу 1128 година. Била мажена за Мешко Трети од Полска. Илмос - починал млад. Некои од овие деца оставиле свое потомство, а ние продолжуваме да го следиме потомството на Геза Втори. Тој се родил во Толна во 1130 година. Бил крал на Унгарија од 1141 до 1162 година. Во

1146 година се оженил со Ефросина од Киев. Починал во 1162 година. Во бракот со Ефросина им се родиле осум деца. Сите тие биле директни потомци од единаесеттото колено на царот Самуил. Нивните имиња се: Иштван - крал на Унгарија од 1162 до 1172 година. Се родил во 1147 година. Се женел два пати. Првиот пат за ќерката на Јарослав од Халиц, а вториот пат со Агнеза од Австрија (околу 1154 - 1182). Бела Трети - за него пишува во продолжението. Геза - се родил околу 1150, а починал пред 1210 година. Бил оженет за некоја византиска принцеза.

Арпад - починал млад. Елизабета - се родила во 1144 или 1145 година. Била мажена за Фридрих од Бохемија (околу 1142 - 1189). Починала околу 1190 година. Одола - била мажена за Светоплук од Бохемија. Илона - се родила околу 1158, а починала во 1199 година. Била мажена за некој војвода. Маргит - се родила во 1162 година. Два пати се мажела. Продолжуваме да го следиме потомството на Бела Трети. Тој бил крал на Унгарија од 1172 до 1196 година. Ја имал и титулата крал на Хрватска и Далмација. Се

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

родил околу 1148 година. Се женел четири пати. Првиот пат се оженил за Марија од Византија (1152 - 1182), која била ќерка на византискиот император Мануел Први Комнен. Вториот пат се оженил во 1172 година со Ана (ќерка на некој принц од Антиохија). Третиот пат се оженил со Теодора Комнена, а четвртиот брак му бил со Маргарита од Франција (ќерка на кралот Луј Осми). Бела Трети починал во 1196 година. Од четирите жени оставил потомство само од бракот со Ана (со која бил оженет четиринаесет години). Тие имале седум деца (директни потомци од дванаесеттото колено на царот Самуил). (продолжува)


п

P R I K A Z N I

SPOMENICI

Z A

G R A D O T

НОВИ НОЌНИ СКОПС

Со заострувањето на законската процедура околу работењето на ноќните локали и кафулињата, во последно време во Скопје особено стана фреквентен зборот - кабаре. Зошто кабаре? Се појавија и многу огласи во весниците во кои државата бара да "се пријават" ноќните локали и барови, всушност се пропишуваат условите под кои тие можат да работат и до подоцнежните ноќни часови. Така, бројни локали во градов се "прекрстија" во "кабаре - клуб". Речиси на секој агол никнаа такви "кабаре - клубови". Но, дали тоа навистина се "кабаре - клубови" и дали во нив се изведува таква програма? И да не зборуваме за последниот скандал кој се случи со отворањето, а потоа и со брзото затворање на некои локали. Последниве децении, не само кај нас туку и во светот, поимот "кабаре" доживува најразлични трансформации. Денешното кабаре, познато уште од втората половина на деветнаесеттиот век, во својата програма вклучува точки и изведби кои се оддалечуваат од првите кабаретски концепти и замисли. Сега, најразлична шоу-програма може да се нарече кабаре, потоа тука се вбројуваат хумористично - сатиричните скечеви, или едноставно тоа е настапот на само еден артист, кој ја забавува публиката во "кабаретски стил". Се разбира, сè тоа има одредени блискости, но и значителни разлики со кабарето.

К

ако што зборува историјата на театарот, особено на драмскиот театар, кабарето доаѓа од францускиот збор "кабарет" и од арапскиот збор "хамарат" што значи гостилница, меана во која се изведуваат и артистички точки. За татковина на модерното кабаре се смета Париз, во чиишто кафеани прв пат почнале да се прикажуваат импровизирани претстави, преполни со хумор и со сатира, кои жигосувале многу актуелни појави на своето време. Во тие кафеани се собирале писателите, музичарите, сликарите, артистите. За прво такво кабаре се

смета кабарето познато под името "Црна мачка", кое било изведено во една кафеана во Париз, во 1881 година, чиј сопственик бил Р. Сали. Претставата, односно таквата кабаретска изведба ја водел конферансие, кој гласно ги најавувал и ги извикувал имињата на изведувачите и авторите. Тој настојувал да се наметне пријатна и забавна атмосфера, која ги воодушевувала гостите. Се смета дека Берлин, Виена, Будимпешта, Москва, Санкт Петербург и други биле градовите во чиишто локали се отворале кабареа по урнекот на Париз. Стручњаците сметаат дека денес кабарето

е посебен вид "театар" со специфичен репертоар и главно сатиричен карактер. Скопје, како град со културна традиција, има долга историја со "импровизираните претстави" изведувани во кафеани, кои биле еден вид зачеток на театарот, но и на модерното кабаре. Во средниот век се изведувале претставите наречени "караѓоз", а подоцна и музичко-сценски изведби во бројните кафе-шантани, каков што бил кафе-шантанот на Богос во деветнаесеттиот век. Ваквиот вид претстави подоцна се развил во два правца: едните во театарски претстави и во класични театарски изведби, а другите во музичко-танцувачки и забавни

48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

настапи по ноќните локали и барови. Еден од првите ноќни барови кој се спомнува во Скопје пред Втората светска војна е познатиот бар "Аполо". Тој се наоѓал во центарот на градот, кај денешната зграда на ресторанот "Метропол" или поранешна "На-Ма". Освен овој ноќен бар, имало и кино "Аполо" со голема летна ки-


Danilo KOCEVSKI

КИ ШЕМИ СО К АБАРЕ фир Хаџиманов, исто така, изведен во Драмскиот театар. Пред тоа е поставен мјузиклот "Бумеранг" на Томе Арсовски, а што се однесува поконкретно до кабареата, едно од "последните" е изведено во МКЦ на 12 и 13 ноември 2002 година, под наслов "Кабаре Скопје" а во режија на Љупчо Тозија и во продукција на Скопско лето. Кај нас мјузиклот зеде посебен замав со последното остварување на режисерката Виолета Џолева, а "Чија си" годинава се претстави на Охридско лето и во Универзалната сала, според познатата претстава на Сашко но-тераса. Имало повеќе кафеани во кои се изведувале музика и забавна програма, како на пример, "Кафе Беледија", "Ада - кафе", "Зрински", "Англетер", "Маргер" и др. По војната, иако "срамежливо", сепак биле отворени ноќни клубови и барови со "полесна" забавна и музичка програма. Според кажувањата, ноќен бар било и поранешното кино "Бамби" (денес кино "Манаки"), а еден од најпознатите ноќни клубови и барови во Скопје кон крајот на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век бил ноќниот клуб во сутеренот на "Гранд хотел", денешен "Холидеј ин". Модерните танци и музичко-забавната програма биле проследени со стриптиз настапи. Веќе повеќе од една деценија Скопје е преплавено со разни ноќни музички забави (дури и со машки стриптиз), а во денешно време особено се актуелни многубројните ориентални танци, веројатно поради традицијата на поднебјето, но и под влијание на јужноамериканските популарни телевизиски серии. Сепак, сè тоа е многу далеку од вистинското кабаре. Вистински кабаретски точки, главно, се изведувале во Драмскиот театар. Ваквите

изведби биле малубројни, иако барани и сакани од публиката. Покрај авторите на текстовите и артистите, секако дека за нив е најзаслужен и режисерот Коле Ангеловски, кој секогаш покажувал голем сенс за ваквите изведби и за ваквиот сатиричен театар. Близок до кабарето е и мјузиклот, а особено треба да се одбележи мјузиклот на За-

49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

Насев и истоимениот мега хит на Славе Димитров. Денес, во поновите шеми, Скопје е преплавено со ноќни клубови наречени "кабареа". Да се надеваме дека барем во еден свој дел тие навистина ќе бидат кабареа со посакуваните кабаретски точки. За да можеме со задоволство да извикаме, како што тоа го направи артистката Лајза Минели во едно од најпознатите светски филмски кабареа на дваесетиот век: "Животот е кабаре... И јас го сакам тоа кабаре...".


P R I K A Z N I O D M A K E D O N I J A МАНАСТИРОТ "СВЕТА ПЕТКА",

NA PETKOVDEN ZA Z На овој христијански празник сè е поразлично и поубаво од другите денови, иако и тогаш многумина доаѓаат во спокојството на манастирот "Света Петка". На овој христијански празник доминира задоволството кај посетителите, кои во оваа прилика имаат можност да се сретнат со сите оние пријатели и роднини со кои одамна не се виделе, заедно да заиграат во македонското оро, да запеат песна која ќе им ја стопли душата, да му се помолат на Господ за здравје, успех и бериќет. Жителите на селото Ињево и навистина се такви: вредни и трудољубиви. Всушност, на некој начин ова населено место е "прилепено" до Радовиш. Со заеднички сили и меѓусебен договор жителите од овие две места успеаја да ги изградат сите витални инфраструктурни објекти, кои овозможуваат нивни заеднички напредок што од друга страна создава и подобри услови за живот. Пишуваат: Ванчо ХАЏИ-СТОЈАНОВ Томе ПОСТОЛОВ

У

бавиот сончев ден, об виткан со есенско жолто златно руво, како што всушност и доликува, беше причина повеќе илјадници луѓе денот Петковден, како празник, да го поминат во дворот на манастирот "Света Петка". Овој манастир се наоѓа на три километри од Радовиш, во непосредна близина на се-

сите возрасти и во исклучително голем број, така што на моменти тие дури и не можеа да се разминат.

вени на многубројните гости да им поделат од празничната храна. По традиција, мештаните

МАНАСТИРСКА ХРАНА ЗА ЗДРАВЈЕ

од селото Ињево поставуваат свечен ручек за гостите кои тој ден дошле заедно со нив да го прослават големиот празник. Меѓутоа, секој присутен сака да проба од манастирската манџа, како што велат тие најмногу заради здравје. На празникот Петковден сè е поразлично и поубаво од другите денови, иако и тогаш многумина доаѓаат во спокојството на манастирот "Света Петка". На овој хри-

лото Ињево, во една мала долина, чија местоположба сè повеќе ги привлекува луѓето да го посетуваат и во другите денови, а не само на патрониот празник на "Света Петка". Радоста, восхитот и среќата со кои беа обземени присутните на прославата, не ги напушти во текот на целиот ден. Имаше посетители од

Од утрото па сè до вечерта постојано се слушаа песни од вредните и неуморни свирачи, песнопојците запеаја, а играорците ги развија ората. Веселбата беше прекината само накратко, тогаш кога готвачите објавија дека ручекот е подготвен и дека од десетте казани поставени во манастирскиот двор на "Света Петка", помошниците се подгот50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


СЕЛО ИЊЕВО - РАДОВИШКО

DRAVJE OD GOSPOD ботеле доколку на нивите би имало осветлување. Жителите на селото Ињево и навистина се такви: вредни и трудољубиви. Можеби токму затоа Ињево одамна е голема урбана населба, а според својот изглед таа најмалку потсетува на селска населба. Всушност, на некој начин ова населено место е "прилепено" до Радовиш. Со заеднички сили и меѓусебен договор жителите од овие две места успеаја да ги изградат сите витални инфра-

стијански празник доминира задоволството кај посетителите, кои во оваа прилика имаат можност да се сретнат со сите оние пријатели и роднини со кои одамна не се виделе, заедно да заиграат во македонското оро, да запеат песна која ќе им ја стопли душата, да му се помолат на Господ за здравје, успех и бериќет. По традиција, во манастирот луѓето оставаат дарови, за здравје, кои потоа некој друг присутен ќе ги купи, исто така, за здравје.

И ПРОСЛАВУВААТ И РАБОТАТ Како и на секој верски празник, така и на Петковден, луѓето ги оставаат сите работи, за овие денови да му ги посветат на Бога, на своите роднини и пријатели. Инаку, мештаните ињевци себе си се сметаат за големи луѓе кои сакаат да прославуваат, но исто така и за уште многу вредни работници. Не случајно за нив духовито се вели дека тие и ноќе би ра-

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

структурни објекти, кои овозможуваат нивни заеднички напредок што од друга страна создава и подобри услови за живот. Кај нив постои заеднички договор на секој план, и кога се работи и кога се слави. Традиционално, во ист дух помина и овој христијански празник Петковден, тоа ќе остане практика и во иднина и за сите други празници кои ги прославуваат останатите манастири кои се наоѓаат во околината на ова село.


SVETA GORA

MONA[TVOTO POSTOI ZA OPS Се смета дека првите монаси кои ги поставиле темелите на монашкиот живот се Петар Атонски, кој на Света Гора дошол во 840 година, околу 860 година таму престојувал и Ефтимије Помладиот, кој бил првиот втемелувач на лаврата, а на крај во 872 година дошол неговиот ученик Јован Колов, основач на манастирот во Јерисос. денство Христово), "Свети Павле" (Св. Павле), "Ставроникита" (Ставроникетас - Св. Никола), "Ксенофон" (Ксенос - Св. Ѓорѓи), "Свети Григорије" (Грегориу - Св. Никола), "Есфигмен" (Симено Христово Воскресение), "Свети Пантелејмон - Русик" (Св. Пантелејмон ) и "Кастамонит" (Касиноменико - Св. Стефан). Од овие манастири само три се словенски: "Хиландар" (српски), "Св. Пантелејмон" (руски) и "Зограф" (бугарски). Повеќе од илјада години Света Гора претставува најзначаен центар на монашката духовност и на христијанското учење во целиот православен исток. Се смета дека почетоците на монаштвото датираат одамна, уште од IV век. Од овој ран период не се зачувани споменици, ниту историски сведоштва, празнина која е покриена со многу легенди и преданија.

ТЕМЕЛИТЕ НА МОНАШКИОТ ЖИВОТ ПОГЛЕД КОН КЕЛИИТЕ НА МАНАСТИРОТ "КСИРОПОТАМ"

Пишува: Александра ВАСИЛЕВСКА

С

вета Гора или Атонски Полуостров се наоѓа во Јужна Македонија, најисточно од трите мали полуострови на Халкидики. Долг е околу 45 км, а широк 5-10 км. Планината Атос е дел од полуостровот кој се протега меѓу заливот Стримон (античко име на реката Струма) и истоимената река на север и заливот Сингус со градот Сингус на југ. Грците ја нарекуваат Атонас, Французите (или западните христијани) Монте Санто. Лемнос се издигнува источно од неа. Солун е на запад, а Филиполи и многу други градови се на север. На Света Гора исклучително е забрането доаѓањето на жените. На калуѓерите, единствените жители во оваа област, не им е дозволено да комуницираат со жени. Тоа е нивното основно правило. Секаде на Света Гора како гроздови се расфрлани 20 манастири, скитови (несамостојни манастири) и помали монашки келии. Покрај шестотините келии и дванаесетте скитови, на морскиот брег или во негова близина се наоѓаат големите манастири: "Голема Лавра" (Атанасие Атонски - Св. Атанас), "Ватопед" (Богородично благовештение), "Иврион" ( Иверион - Богородично успение), "Хиландар" ( Хилијадар - Богородично воведение), "Свети Дионисије" (Дионисијад - Св. Јован Крстител), "Кутлумуш" (Котломусес - Христово преображение), "Ксиропотам" ( Ксеропотаме - на сите четириесет маченици), "Пантократор" (Преображение), "Зограф" (Св. Ѓорѓи), "Дохијар" (Дохариос - Архангел Михаил), "Каракал" (Каракала - Св. Петар и Св. Павле), "Филотеј" (Благовец), "Симонопетра" (Симопетра - Рож-

Значаен историски податок за овој период оставил царот Лав VI, во неговата повелба од 893 година, која гласи: "Древното средиште на таканаречените старци". Всушност, оваа повелба наведува кон три извори. Прво, на ова место имало монашки живот и многу децении пред 893 година. Второ, ваквиот начин на живот се поврзува со старците и зависи од нив, а трето, овие монаси-старци го формирале т.н. посебно советувалиште, чии корени се многу стари. Поинтензивниот монашки живот на Света Гора почнал меѓу IX и Х век. Првото официјално сведоштво за организиран светогорски живот е податокот кој го дава историчарот Генесиј во 843 година, кога по повод иконопочитувањето бил повикан во Синодот во Цариград, на кој присуствувале и некои монаси од планините Олимп, Атос, Идис и Кимина, со цел да го проповедаат христијанството. Се смета дека првите монаси кои ги поставиле темелите на монашкиот живот се Петар Атонски, кој на Света Гора дошол во 840 година, околу 860 година таму престојувал и Ефтимије Помладиот, кој бил првиот втемелувач на лаврата, а на крај во 872 година дошол неговиот ученик Јован Колов, основач на манастирот во Јерисос. Овие тројца се оддале на различен аскетски живот: првиот - пустински, вториот - пештерски, а третиот - скитски. За Х век е карактеристично тоа што во источното Средоземие доминирале гусарите, кои тргувале со разни богатства и робови. Во тој период Византија се соочила со големата поморска битка (949 г.), која катастрофално се одразила на нејзиниот развој. Со цел да го уништи сараценското гусарско гнездо, во 960 година била испратена поморска флота на чело со големиот војсководец Никифор Фока, која по повеќе неуспешни обиди, сепак успеала да ја заземе престолнината Крит. Важно е да се напомне дека покрај Никифор Фока бил и Атанасије Атонски, кој се смета за основач на организираниот монашки живот во Х век, а и голем реформатор. По големата битка, Никифор изразил желба, а дал и ветување дека заедно со Атанасије ќе му се оддадат на монашкиот живот, но потоа му се изгубила секаква трага. Подоц-

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


TANOK NA HRISTIJANSTVOTO СВЕТА ГОРА - Империја без круна, држава без армија, земја без жени, богатство без пари, мудрост без книги, кујна без месо, молитва која никогаш не завршува, врска со вечноста која вечно трае, Ода за вечната верба, смрт без оплакување. Николај Велимирович, Епископот

градбата се одвивала под заштита на царот, сè до неговата смрт кога и се случиле големи нередија на Света Гора. Проблемите ги решил новиот цар Јован Цимијски, кој на Света Гора го испратил игуменот на еден од манастирите од Цариград, со цел да го уреди новиот типик - првиот светогорски статут. Всушност, типикот претставувал и основачки документ на Монашката заедница на Света Гора. Познат бил како "ТРАГОС" (ЈАРЕЦ), затоа што се претпоставува дека бил напишан на парчиња јарешка кожа за да може да опстане долг период. "Трагосот" претставува и најстар византиски пишан документ. Тој бил потпишан од

на неговата војска го пронашла и до однела кај веќе замонашениот Атанасије Атонски во пустите келии на Света Гора. Тогаш Никифор Фока го обновил своето ветување и од Атанасије побарал да изѕида манастир за нив. Атанасије почнал со градењето на денешниот манастир "Голема Лавра", но се случиле повеќе настани, меѓу кои и прогласувањето на Никифор Фока за цар, што било една од причините да се прекине со изградбата на светото место. Подоцнежното царево ветување дека парично ќе ја помогне доградбата на манастирот, Атанасије не го оставило рамнодушен. Тој продолжил со градбата сè додека тоа не почнало да им пречи на испосниците, за кои ова претставувало нарушување на пустинскиот начин на живот. И покрај тоа,

ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

царот и со тоа во организациона смисла се дал акцент на угледот и на доживотната должност на протот. Од друга страна, била нагласена и важноста на сите дотогашни манастири, и како таков документ во текот на наредните векови привлекувал важни византиски великодостојници, кои го прифатиле и продолжиле со ваквиот начин на живот.

МАНАСТИРСКОТО БОГАТСТВО

КАТОЛИКОНОТ И ГЛАВНАТА ЦРКВА НА МАНАСТИРОТ "ХИЛАНДАР"

Во наредните векови монаштвото брзо се развивало, според веќе утврдените монашки правила, што се забележува преку основањето нови манастири. Се претпоставува дека во XI век на Света Гора имало околу 180 манастири, со по 80 членови. Кон средината на векот нивниот број се зголемил на 800, а кон крајот изнесувал дури 7.000. Во подоцнежниот период постепено се зголемувало богат-

53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


SVETA GORA

ството на светогорските манастири и се поставувале темелите на нивната економска моќ. За време на владеењето на Алексеј I Комнин (1081-1118) се воспоставила строга моралност, која постојано се потврдувала со заострувањето на прописите за внесување на евнуси и голобради момчиња, со што би се избегнала секаква можност на Света Гора да влезе жена. Таму не се случило ништо значајно сè до распаѓањето на византиската држава, но периодот по четвртата крстоносна војна во 1204 година оставил страшни последици за цела Света Гора. На овој Полуостров се смениле многу господари, а бројни племиња, како Норманите, Франците, Каталонците, го опустошиле. Кон средината на XIV век настанало најголемото културно достигнување и обновување на манастирите. Во овој период се појавиле и нови теолошки и духовни движења, особено исихастичкото движење. Освен тоа, ова е периодот кога Света Гора го добила конечниот број манастири - 20, и оттогаш не е дозволено тој да се менува. Нов теолошки и духовен напредок имало за време на владеењето на династијата Палеолог, кога сите нејзини цареви биле исклучително дарежливи кон светогорските манастири. Периодот меѓу XIV и XV век е многу важен затоа што тогаш се вовела и се зацврстила духовната и канонската важност на Вселенската патријаршија, на која Света Гора й била потчинета, за сметка на слабеењето на политичкото влијание на царот. На тој начин таа добила и духовно лице, со што станала дел од Вселенската традиција и учествувала во најголемите духовни движења на православната црква. Но и покрај ваквите заложби, нејзините духовни и самоуправни достигнувања биле втемелени во единството, својствено за неа. Светогорските монаси прв пат се сретнале со турските племиња уште во времето на Византија, но нивните први судири се во периодот меѓу XIII и XIV век, при што платените турски војски опустошиле голем број од манастирите.

ПРОПАЃАЊЕ НА НЕКОИ МАНАСТИРИ Едно од најголемите пустошења се случило во текот на XIV век, за време на воспоставувањето на српската власт на Света Гора, кога Турците длабоко навлегле на Полуостровот и опустошиле голем број утврдени места. Настрадале дури и келиите.

МАНАСТИРОТ "ГРИГОРИЈАТ"

Тогаш голем број монаси, особено исихасти, веќе не го наоѓале духовниот мир и ја напуштиле Света Гора. Исто така, Турците ги заробувале монасите заради откуп или продажба, што било и една од причините за пропаѓањето на некои манастири. Со битката на Марица во 1371 година се означил крајот на српската власт на Света Гора, а монашкиот Полуостров му бил вратен на Византиското царство, но за кратко време. Со поставувањето турски вазал Византија се обврзала да плаќа даноци, со што почнале најголемите проблеми во манастирите, иако тие биле поштедени од ограбувања. Историчарите ја избрале 1387 година за временска локација кога Света Гора дефинитивно потпаднала под османлиска власт. Нема многу податоци за турското управување со монашкиот Полуостров. Сигурно е тоа дека во овој период Света Гора ја задржала независноста и немало важни промени во внатрешниот начин на функционирање. Битката кај Анкара предизвикала големи проблеми во Османлиската империја, така што Света Гора повторно й била вратена на Византија, а царот Манојло II им забранил на светогорците да имаат било какви контакти со Османлиите, со што сакал да ја избегне можноста манастирите да потпаднат под турска власт. Во текот на 1412 година принцот Муса го опседнал Солун и ја опустошил неговата околина, а подоцна тоа го направил и Мехмед I. Од овој период постои и една легенда која кажува дека тогаш кога војската на Мехмед I тргнала да ја освои Света Гора, заболела од чума. Сфаќајќи го тоа како божја казна тој се вратил назад и ги надоместил штетите што ги направил. Османлиите повторно тргнале во нови походи за време на Мурат II (1421-1444). Единствениот извор кој сведочи за конечниот пад на Света Гора под османлиска власт е веста од една кратка хроника, зачувана во манастирот "Ватопед". Мурат II й ја оставил самостојноста, а на манастирите им дозволил да ги задржат своите метоси. Борбата против Турците и кризата во Османлиското царство поттикнале исклучително тешки последици врз манастирската економија. Пред сè, власта била принудена да спроведе темелни реформи во имотите на манастирите. Но, најголемите удари светогорците ги доживеале со воведувањето големи даноци. Нема прецизни податоци за тоа колку биле високи даноците, но и покрај сè манастирите успевале да најдат нови заштитници. Факт е дека во овој период повеќето манастири го доживеале својот најголем просперитет и влијание.

МАНАСТИРОТ "СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН" 54 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


MAKEDONSKA KAUZA 85 ГОДИНИ ОД НЕЈСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР

НАСТАН ЗА КОЈ НЕМА ПРЕСЕДАН ВО ИСТОРИЈАТА Мировниот договор од 27 ноември 1919 година, бил потпишан во Неји на Сена, во близина на Париз, меѓу Бугарија и победничките сили во Првата светска војна. Меѓу другото, со Нејскиот договор се предвидувало отстапување на Струмичкиот регион на Кралството на СХС и "доброволна" размена на населението меѓу Бугарија и Грција. Како резултат на ова "доброволно" иселување, околу 86.000 Македонци биле присилно протерани во Бугарија и, главно, населени во Пиринскиот дел на Македонија.

Пишува: Анита ДИМОВА

С

игурно се сеќавате дека пред извесен период некои учени луѓе анонимно ја спомнаа идејата за размена на население меѓу Македонија и Албанија, како би се решило прашањето со етничките малцинства на овие простори за еден подолг период. Луѓето кои ладнокрвно го предложија ова, сигурно многу добро ја познаваат историјата на Балканот и поаѓаат од досегашното искуство на македонскиот народ, за кое и непристрасните набљудувачи велат дека е горчливо и трагично. Еден таков настан без преседан во историјата се случил на Париските мировни договори, кои биле потпишани од 1919 до 1920 година со поразените земји во Првата светска војна (Германија, Австрија, Бугарија и Турција). Всушност, со нив е потврдена политичката поделба на Македонија. ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА И ГРЦИЗАЦИЈА

Мировниот договор од 27 ноември 1919 година бил потпишан во Неји на Сена, во близина на Париз, меѓу Бугарија и победничките сили во Пр-

вата светска војна. Меѓу другото, со Нејскиот договор се предвидувало отстапување на Струмичкиот регион на Кралството на СХС и "доброволна" размена на населението меѓу Бугарија и Грција. Како резултат на ова "доброволно" иселување, околу 86.000 Македонци биле присилно протерани во Бугарија и, главно, населени во Пиринскиот дел на Македонија. Со тоа почнал процесот на демакедонизација и грцизација на македонскиот етничко-историски простор во Егејскиот дел на Македонија. За време на склучувањето на мировните договори во Париз, по барање и на настојување на Грција, истовремено со Нејскиот договор за мир, меѓу Грција и Бугарија била потпишана Конвенција за заемна и "доброволна" емиграција. Според член 4, секое лице повозрасно од 18 години "има право на доброволно иселување" во рок од две години, откако ќе се утврди Мешовита комисија, со поддавање декларација пред неа или пред нејзините претставници. За лицата под утврдената старосна граница одговарале родителите или старателите. Со член 5 се регулира опцијата на поданство. "Доброволните" иселеници го

губат поданството на земјата од моментот на нејзиното напуштање и добиваат поданство на земјата каде што заминуваат. На лицата "доброволни" иселеници (член 6) им се дозволува слободно пренесување на подвижниот имот од секаков вид, без да бидат обложени од каков и да било вносен и износен данок. Ликвидирањето на недвижните имоти (член 7), селски или градски, ќе се врши преку Мешовитата комисија. Во кратки црти ова се суштинските делови од Конвенцијата, која многу трагично се одразила врз судбината на македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија. БРУТАЛНО ПРОТЕРУВАЊЕ

Иако кон Конвенцијата бил додаден зборот "доброволно", сепак по начинот на исполнувањето, таа била конвенција за принудно и насилно иселување. Преку неа, и двете држави различно ги постигнале проследуваните це-

55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004

ли. Грција се здобила со "законско" право на најбрутален начин од Егејскиот дел на Македонија да протера нови илјадници Македонци. Всушност, тоа й овозможило да се ослободи од "нелојалното" македонско население и со колонизацијата на Грците од Бугарија, да ги прошири своите политички, етнографски и географски граници. За остварување на своите цели, Грција дури и го прогласила македонскиот народ за бугарско малцинство, што во Бугарија било толкувано како голема политичка победа. Од друга страна, пак, знаејќи дека во јужниот дел на Македонија не постои бугарско малцинство по потекло и национално чувство, Бугарија побрзала да ја потпише Конвенцијата, бидејќи со тоа й се овозможувало и натаму да шпекулира со македонското прашање. Да може "основано" да претендира на области коишто сега и "етнички" й принадлежат, а во меѓународните односи да се претставува како заштитник на "бугарските" малцинства во деловите на Македонија припоени кон Грција и Кралството Југославија. А Грците од Бугарија, како и Македонците од Егејскиот дел на Македонија не сакале "доброволно" да ги напуштат своите имоти и да се иселат. Но, политиката на терор, физичко уништување и денационализација, која ја спроведувале грчките шовинисти и империјалисти имала една и единствена цел, насилна промена на етничкиот карактер на Егејскиот дел на Македонија. Всушност, тоа докажува дека и Париските мировни договори имале империјалистички карактер и биле една од основните причини за Втората светска војна.


АВТО ИНФО

НА ПРОЛЕТ НОВ BMW 3

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА МОДЕЛОТ SERIE 3 ВО 2005 ГОДИНА

Сите модели од serie 3 се опремени со мануелен менувач со 6 степени, а како опција може да се избере и шестстепениот автоматски систем за трансмисија. Ова овозможува подинамично возење на BMW serie 3, како и поголема крајна брзина, при што потрошувачката на гориво е намалена.

Пишува: Петар ТАГАСИ

Н

еодамна, баварскиот производител на автомобили BMW ги објави првите информации за новата генерација на нивниот модел serie 3. Според најавите, светската премиера е закажана за првата половина на 2005 година, односно на Саемот за автомобили во Женева. Во понудата кај популарната "тројка" ќе се најдат два бензински и еден дизелски агрегат. Сите нив ги карактеризира поголема моќност, помирно работење и зголемена економичност. Најмоќниот мотор во моделот 330i располага со јачина од 258 КС и максимален вртежен момент, кој изнесува 300 Nm. Вториот бензински агрегат се базира на досегашниот модел BMW 318i и

има зафатнина од 2 литра. За истакнување е моделот 320d во кој има дизелски мотор, карактеристичен со исклучителна динамичност. Овој агрегат располага со Common rail технологија од втората генерација и издувен турбополнач со варијабилна геометрија на турбините. Неговата јачина изнесува максимални 163 КС и вртежен момент од 340 Nm при 2000 врт./мин. 56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


COLT СО ТРИ ВРАТИ По појавата на новиот Colt на пазарот, Mitsubishi ја проширува понудата на овој автомобил со две нови изведби CZ3 и CZT, двете се со три врати. Станува збор за спортски возила со високи перформанси, во коишто ќе се најде серија нови мотори произведени во Европа (CZ3) и агрегат со турбо полнење и 150 КС (CZT). Colt CZ3 својата официјална промоција ќе ја има на Саемот за автомобили во Женева следната година. Во понудата ќе се најдат три бен-

СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО ЖЕНЕВА ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА COLT CZ3

зински агрегати со зафатнини од 1,1 (75 КС), 1,3 (95 КС) и 1,5 литри (109 КС) со MIVEC

технологија (Mitsubishi Innovative Valve-timing Electronic Control System), како и два дизелски мотора со зафатнина од 1,5 литри и 68 КС, односно 95 КС. Colt CZT е базиран на CZ3 и нуди 1,5 литарски 16V DOHC агрегат со турбо полнење, чијашто јачина е 150 КС (210 Nm). Овој автомобил е наменет за оние коишто сакаат возење со високи перформанси, а ова го потврдува податокот дека од 0 до 100 km/h тој забрзува само за 8 секунди. Максималната брзина изнесува 210 km/h.

ФЛЕШ ВЕСТИ ВОЗАЧИТЕ НА SAAB 95 НАЈБЕЗБЕДНИ Според истражувањето на Институтот HLDI (Highway Loss Data Institute), возачите на моделите Saab 9-5 Sedan и 9-5 Wagon, влегуваат во категоријата на најбезбедните. До ваков резултат е дојдено врз основа на истражувањата за автомобилите произведени во периодот од 2001 до 2003 година и барањата за отштета по настанати сообраќајни несреќи. PRIUS АВТОМОБИЛ НА ЕВРОПА ЗА 2005

MERCEDES ТЕСТИРА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА НОЌНО ВОЗЕЊЕ Германскиот производител на автомобили MercedesBenz тестира нов систем, кој би требало да го олесни ноќното возење. Тој функционира со помош на инфрацрвени зраци и би требало да биде вклучен во стандардната опрема на возилата од S - класата. Ако тестирањата поминат без проблеми, тогаш новиот систем ќе биде презентиран идната година на Саемот за автомобили во Франкфурт. Тестирањето се прави на специјално возило со име F-500. Инфрацрвените зраци го осветлуваат патот пред автомо-

билот, при што сликата се прикажува на мониторот сместен во неговата кабина. Посебните светла не им ја попречуваат видливоста на другите учесници во сообраќајот. Според

инженерите, на овој начин ќе се овозможи видливост на оддалеченост од околу 150 метри пред автомобилот, што е слично со возење со вклучени "долги" светла.

Меѓународна жири комисија, составена од 58 членови, го прогласи Toyota Prius за автомобил на 2005 година. Церемонијата беше одржана во Лондон, а покрај Prius во конкуренција беа и Citroen C4, Ford Focus, Opel/Vauxhall Astra, Renault Modus и BMW serie 1. STOP & START И КАЈ C1 Citroen со новиот градски автомобил C1 ќе ја понуди својата Stop & Start иновативна технологија, но со цел крајната цена да биде што помала, а таа нема да биде на листата на сериска опрема. Својата премиера овој систем ја доживеа кај Citroen C3, а има функција на стопирање на работата на моторот при сите пократки застанувања, какви што во градски услови има безброј.

MERCEDES - BENZ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕСНО НОЌНО ВОЗЕЊЕ 57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


HI - TECH Пишува: Петар ТАГАСИ

DELL AXIM X30 Софистицираниот тенок дизајн го прави Dell Axim X30 одличен за оние луѓе кои постојано се во движење, а имаат потреба од некои услуги што ги нуди еден PC. Во него се вметнати неопходните опции, кои овозможуваат поврзаност, продуктивност и забава. За да се одржат на максимум пер-

CANON POWER SHOT А95: ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ЕДНОСТАВНОСТ ВО ФОТОГРАФИРАЊЕТО

формансите е задолжена најновата генерација на Intel XSxale процесорите со 624MHz и WMMX технологија. Како опција може да се избере и Bluetooth за воспоставување на безжична конекција. Овој Pocket PC е опремен со Microsoft Windows Mobile 2003 SE оперативен систем, како и апликациите Word и Exel. Располага со 3,5’’ TFT дисплеј, 64 MB SDRAM и 64 MB Intel StrataFlash ROM. Вградениот микрофон и звучник овозможуваат лесно креирање аудио записи, а капацитетот може да биде дополнително зголемен со вметнување мемориска картичка.

Оние корисници кои прв пат се среќаваат со дигитален апарат за фотографирање, кај Canon Power Shot А95 сигурно ќе ја респектираат неговата едноставност, која ќе им овозможи лесна употреба. За подобрите познавачи се наменети многубројните опции, кои ово змо жу ваат совршена обработка на фотографијата, како и фотографирање на 14 различни начини. Резолуцијата од 5,0 мегапиксели овозможува висок квалитет на обработка, доволен за печатење во А3 формат, а за тоа е најзаслужен DIGIC процесорот на Canon, кој за кратко време создава исклучителна фотографија.

INTEL СО НОВ ПРОЦЕСОР Без многу врева, Intel ја зголеми брзината на неговиот Pentium 4 процесор. Според очекувањата, овој производител на компјутерска опрема на пазарот го промовираше новиот процесор со 3,8 GHz, но карактеристично е што сè тоа помина без голема помпа, односно овој настан беше проследен единствено со куса информација на Интернет-страницата на компанијата. Новиот 3,8 Ghz Pentium 4 570 го надмина претходникот за 200 MHz (3,6 GHz Pentium 4 560) и на почетокот ќе биде испорачуван само во конфигурациите на појаките компјутерски компании. Така, Compaq X на Hewlett Packard ќе биде меѓу првите персонални компјутери, во коишто ќе биде вграден овој најнов Intel-ов чип.

Canon Power Shot А95 располага со квалитетна леќа и прецизен 3x оптички зум. Широкиот отвор овозможува фотографирање со висок квалитет и во услови кога недостасува светлина. Лесно прегледување на фотографиите овозможува 1,8’’ LCD дисплеј, кој може да се сврти во повеќе насоки, што овозможува фотографирање од повеќе позиции. Покрај фотографии, Canon Power Shot А95 може да снима и VGA видеоклипови со звук.

58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


MAKEDONSKO S NCE

EP - I - CENTAR ЌОР - ЗБОР ХАРИ КОСТОВ

ЌОР - ЗБОР БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

ШТО БЕЉА МИ НАПРАВИ ОНА ВЛАВЧЕ, СИ ГО ИЗГУБИВ СОНОТ...

АКО ИМАШ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА ВО КУЌАТА, НЕМА НИШТО ОД ДОМАЌИНСТВОТО

ЛЕЛЕЕЕЕЕ...ЛЕЦ  БОМБИЦИ

ВИЦОТЕКА

Тактичар - човек кој повлекувајќи се може убедливо да викне: Урааа!!! Секој понекогаш доцни, но најчесто правдата. Не е добро кога процесот на мислење се завршува со пресуда. Дојде до материјализмот: зема мито. Да живее слободата! Но, со кого?

ОВА ЌЕ Е ПОЧЕТОК НА СОЗДАВАЊЕ ОРИГИНАЛНА МАКЕДОНСКА ИНДУСТРИЈА ЗА ЧЕШЛИ

Сопругата на еден успешен бизнисмен по извршените интервенции кај еден од познатите стилисти во градот, по негова сугестија (за новиот изглед да биде комплетен), се упатува во една продавница за домашни миленичиња. - Леле, колку убави мачиња, совршено ќе ми одговараат. - Тоа се сијамски мачки, госпоѓо гордо й одговорил продавачот. - Ќе ги земам, ама ме интересира како само успевате да ги раздвоите?!

ЦРТА МИРО

МАКЕДОН

БРАНКА и МИРО 60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


Подготвила: Милева ЛАЗОВА

LEŒA Подготовка: Леќата се вари во 2 литра вода. Кога ќе зоврие се додаваат исчистениот и ситно исечениот морков, кромид, лук и дафинов лист. Сè тоа се вари за да омекне. Потоа се додава црн пипер, се пасира со додавање течност за чорбата да биде густа. Се служи со тенко сечени парчиња пржена сува сланина.

Потребно: - 250 гр леќа; - еден морков; - главица кромид; - дафинов лист; - 2 чешниња лук; - сол; - црн пипер; - парче сува сланина.

SVINSKO SO PIVO Подготовка: Исечениот кромид се пржи во масло со малку вода, се додава месото, се посолува, се става црн пипер и се налева со пиво. Се динста околу час и половина на тивок оган. Откако месото ќе се свари, оладено се сече на шницли, кои се преливаат со сокот во кој се варело.

Потребно: - 1 кг свинско месо; - 2 главици кромид; - 50 гр масло; - половина литар пиво; - сол; - црн пипер.

POLNETI PALA^INKI Подготовка: Потребно: - ¼ кг брашно; - 4 јајца; - сол; - ½ л млеко; - масло; - црн пипер; - црвен пипер; - кари; - ¼ шунка; - главица кромид; - магдонос; - пире од домати; - 100 гр сирење.

Брашното, трите јајца, солта и 2/3 од млекото се матат. Од оваа смеса се пржат тенки палачинки. Остатокот од млекото се меша со повеќе црн пипер, јајце, црвен пипер и кари. Секоја палачинка се става во овој сос и повторно набрзина се пропржува за малку да се вцрви. Шунката се сечка ситно, се додаваат испржениот кромид, ситно сечениот магдонос и пирето од домати. Овој фил се посолува и се додава црн пипер. Палачинките се филуваат и секоја се витка како ролат. Се редат во огноотпорна чинија и врз нив се ставаат парчиња сирење. Потоа се потпекуваат во рерна за да се стопи сирењето.

PITA OD TIKVA Потребно: - 500 гр тенки кори; - 1 кг исчистена тиква; - 5 лажици стопен путер; - 3 јајца; - 6 лажици шеќер; - 2 кесички ванилин шеќер; - 100 гр масло; - шеќер во прав.

Подготовка: Исчистената тиква се ренда крупно и заедно со стопениот путер се динста додека не испари целата течност. Кога ќе се олади се додаваат жолчките една по една, шеќерот, ванилиниот шеќер и снегот од белки. Сè тоа постојано се меша. Во подмачкана тепсија се ставаат две-три кори, се попрскува со масло, повторно фил и сè така додека има кори и фил. Питата се пече на температура од 200 степени додека се вцрви. Готовата пита се сече на коцки и се посипува со шеќер во прав.

61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 543 / 26.11.2004


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.