809

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 809, Февруари 2017

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

Б РА Ќ АТА АТА Н АСО С К И Б Е А Д Е Л ОД Д О Н АТО Р И Т Е К О И П О М О Г Н А А В О Г РА Д Е Њ Е Н А Ц Р К В АТА С В . Д И М И Т Р И Ј А СО Л У Н С К И В О Ј У Ж Н А Ф Л О Р И Д А В О С А Д

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

З А Е В Г И Д О С ТА В И Д О И В А Н О В П О Т П И С И Т Е З А М А Н Д АТ

РЕАКЦИЈА ЗА Е В Р О П С К АТА Р Е З О Л У Ц И Ј А СО К О Ј А С Е П Р И З Н А В А БУ ГА Р С К О МАЛЦИНСТВО ВО АЛБАНИЈА ПРОЧКА ВО ПРИЛЕП


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Писмена реакција за изјавите на Американскиот Конгресмен Дана Рорабакер Во врска со ставот на Американскиот Конгресмен Дана Рорабакер, кој во интервју за „Визион плус“ од Тирана изјави дека Македонија не е Држава и треба да се подели, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Македонската Алијанса е изненадена од скандалозниот став на Конгресменот Дана Рорабакер. Неговото долго политичко искуство, од пишувач на говори во времето на Претседателот Роналд Реган, до неговиот моментален ангажман во Комитетот за надворешни работи како Претседавач со подкомитетот за Европа во рамки на Конгресот на САД, ни дава за право да веруваме дека Рорабакер е свесен и ја знае тежината и личната одговорност за ставот кој го искажал. Тој не е било кој, особено што ја претставува САД, една од 5-те постојани членки на Советот за безбедност при ООН, која патем ја има признаено Република Македонија под Уставното име и со која има потпишано специјален билатерален стратешко безбедносен договор. Зарем Рорабакер навистина верува дека САД по грешка ја имаат изградено една од најголемите Амбасади во регионот во Македонија, која според него не е Држава? Дали ставот на Рорабакер дека Македонија треба да се подели е всушност индиректна потврда дека овој Американски Конгресмен ќе ја поддржи иницијативата за одржување на референдум за отцепување на неговата Калифорнија од САД? Или, по туѓ грб и 100 стапа не болат, па Рорабакер смета дека за Албански медиум може да ја дели и парчи Македонија во зависност од нечии дневно политички интереси? Македонската Алијанса во рамките на своите активности со Македонската Дијаспора ќе ги покрене сите контакти во Конгресот, Сенатот и Стејт Департментот, вклучително и Групата за Македонија во Американскиот Конгрес, каде ќе побараме оградување од скандалозниот став на Конгресменот Рорабакер. Соединетите Американски Држави се најважниот стратешки сојузник на Македонија и Македонскиот народ и затоа сме убедени дека Стејт Департментот во најкус можен рок ќе ги реафирмира своите позиции кон Република Македонија. Уште еднаш ги повикуваме лидерите на најодговорните Македонски политички партии во Татковината да се освестат. Татковината се наоѓа во многу чувствителен период. Соседите ги користат сите дозволени и недозволени средства за да инвестираат во дестабилизација на Македонија и будење на духовите од минатото, преку што гледаат шанса за остварување на нивните големо националистички интереси. Без разлика на нивниот антагонизам, Македонските политички партии за националните прашања од суштинска важност за иднината на Македонија и Македонскиот народ, мора веднаш да се усогласат и да изградат консензус. Ние на домашната и меѓународната јавност мора јасно и недвосмислено да и соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. Нема да дозволиме соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија. Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија!

\or|ija - Xorx Atanasoski


ЛИДЕРОТ НА СДСМ Заев на претсадателот Иванов во вилата „Водно“ му достави потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците. Тој пред средбата со претседателот на државата во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта

ЗАЕВ ГИ ДОСТАВИ ДО ИВАНОВ ПОТПИСИТЕ ЗА МАНДАТ

Л

идерот на СДСМ Зоран Заев денеска му го достави на претседателот Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада. Заев на претсадателот Иванов во вилата „Водно“ му достави потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците. Тој пред средбата со претседателот на државата во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта. „Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да

отпочнеме преговори за создавање и формирање на нова влада на граѓаните на Република Македонија. Истовремено имам прилика до сите граѓани и до институциите во државата да им порачам дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија“, рече Заев. На средбата кај претседателот 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

Иванов присуствуваа и потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски. Од кабинетот на Иванов претходно информираа дека по доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува претседателот да донесе одлука во наредните денови.


ХАН: Во Скопје, како што кажа Хан, е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и неговата јасна порака е оти земјата има постигнато многу, дека изборите само по себе не се крај на процесот - тие се важен и неопходен дел, но дека следен чекор е формирање влада што е можно поскоро бидејќи има многу и економски и безбедносни предизвици

В

ажно е новата влада да се формира на солидна, широка основа и да ја следи европската перспектива. Нема да даваме совети на која било партија како понатаму да продолжи со своите активности, но сите треба да бидат свесни за сопствената одговорност, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржа во македонското МНР. Во Скопје, како што кажа Хан, е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и неговата јасна порака е оти земјата има постигнато многу, дека изборите само по себе не се крај на процесот - тие се важен и неопходен дел, но дека следен чекор е формирање влада што е можно поскоро бидејќи има многу и економски и безбедносни предизвици. „Нема да даваме совети на која било партија како понатаму да продолжи со своите активности, но сите треба да бидат свесни за сопствената одговорност. Сега се работи за интересите на држвата и на граѓаните. Мнозинство граѓани се обединети околу европската перспективи. Колку што порано се формира влада толку ќе биде подобро, мислам дека нема време за губење“, рече еврокомесарот. Појаснувајќи го на новинарско прашање својот став за формирање влада со широка и солидна основа, Хан рече дека тој на попладневните средби со лидерите на партиите кои освоија мандати во Собранието

ВАЖНО Е НОВАТА ВЛАДА ДА СЕ ФОРМИРА НА СОЛИДНА И ШИРОКА ОСНОВА

нема да им дава никакви предлози, но рече дека колку што е постабилно мнозинството во Парламентот токолку е подобро. Според него, важно е доколку Македонија треба да се фокусира на европската иднина, да се работи за демократско мнозинство. Повтори дека одлуката за формирање влада е во рацете на политичарите и оти тие треба да бидат свесни дека на ЕУ и требаат соговорници кои се залагаат за европската перспектива. Министерот за надворешни работи Никола Поповски во врска со внатрешните прашања во земјата, истакна дека одлуките за тоа 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

што ќе се случува по изборите треба да ги донесат оние што биле избрани од граѓаните. „Одлуките за тоа што ќе правиме, како ќе правиме после изборите имаат мандат да ги носат само оние кои се избрани од граѓаните. Добра работа е тоа што сите што се избрани во македонскиот Парламент се залагаат за интеграција во ЕУ, но сметам дека мора да го почитуваме тоа правило, дека суверено право на македонските граѓани е да имаат можност да ги носат одлуките и да не дозволиме ова правило да не се поремети ниту во иднина“, рече шефот на македонската дипломатија.


ОМД Го повикуваат претседателот Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за конгресменот

БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНГРЕСМЕНОТ РОРАБАКЕР

О

бединетата македонска дијаспора смета дека со крајно неодговорниот напад против Република Македонија и повикот за нејзина поделба конгресменот Дана Рорабакер, републикански претставник од Калифорнија, уште еднаш се посрамотил сам себе, неговите гласачи и партија и го повикува претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат од функцијата претседател на Поткомитет во Конгресот. Го повикуваат претседателот Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а американците со македонско потекло да ги контакњњњ.тв-сонцењњњ.идитираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за конгресменот. „Членовите на Конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од страна на одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација – држава“, се вели во реакцијата од ОМД. Оттаму сметаат дека повикот на постојниот претседател на Подкомитетот за Европа, Евро-

азија и потенцијални закани за поделба на верен сојузник на САД е истовремено смешен и крајно опасен. „Македонија работи напорно да ги преброди долготрајните дестабилизирачки ефекти од насилната агресија во 2001 година од страна на терористи од албанска национална припадност. Напредокот кон стабилност во регионот е секогаш заснован на меѓународна гаранција за непроменливост на државните граници. Со ваквата директна изјава на високо позициониран претставник од Републиканската партија за уништување на Македонија истовремено сериозно се поткопува политиката на САД во Ју05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

гоисточна Европа и позициите на претседателот Доналд Трамп“, велат од ОМД. Додаваат дека новиот претседател бил избран врз основа на ветувањето за нова ера врз принципот заснован на намалено ниво на интервенција, заедно со борбата против радикалниот исламски тероризам и почитување на националните суверенитети. “Наместо тоа, Рорабакер се залага за остварување на замислите на терористите од 2001 година и значаен сојузник на САД во регионот ќе биде распарчен. Оваа позиција не е само длабоко неетичка туку и драматично спротивна на националните интереси на САД“, посочуваат од ОМД.


Македонската Алијанса е разочарана што Европскиот Парламент ја прифати иницијативата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, кои се познати по својот негаторски однос кон Македонија и со своите залагања свесно се обидуваат да ги влошат билатералните односи

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , Ј А У П АТ У В А С Л Е Д Н АТА

РЕАКЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА СО КОЈА СЕ ПРИЗНАВА БУГАРСКО МАЛЦИНСТВО ВО АЛБАНИЈА

В

о врска со Резолуцијата на Европскиот Парламент со која се бара од Албанија да ги заштити правата на своето Бугарско малцинство, директно посочувајќи региони во кои живеат Македонци, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Македонската Алијанса е разочарана што Европскиот Парламент ја прифати иницијативата на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, кои се познати по својот негаторски однос кон Македонија и со своите залагања свесно се обидуваат да ги влошат билатералните односи. Да се тврди и да се прифати дека во регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора живеат Бугари е исто како Европскиот Парламент да увидел дека на планетата Марс има Бугарска колонија! За жал, Европскиот Парламент донесе срамна и неправедна Резолуција која го легализира и оправдува двојниот морал. Каде видоа Бугарско малцинство во Албанија, а во исто време се слепи и глуви за постоењето на Македонци во Бугарија? Зошто во Бугарија во 21 век, ОМО Илинден – Пирин не смее да се регистрира како политичка партија? Негаторската и асимилаторската политика на Бугарија со која не го признава постоењето на Македонци не е, и не може да биде Европска вредност. Затоа, не треба воопшто да зачудува фактот што веќе во кон-

тинуитет опаѓа интересот и поддршката кај Македонците за членство во Европската Унија. Од една страна не тапкаат по рамо, а од друга страна прогледуваат низ прсти за сите неправди кои ни ги прават соседите, особено Грција која со децении дрско и безобразно бара промена на името Македонија и откажување од Македонскиот национален идентитет. Конкретната Резолуција е уште еден дипломатски пораз како резултат на долготрајната наша внатрешна политичка криза која некој перфидно ја користи да ни задава удари кои треба дополнително да не ослабнат. Сепак, без разлика на срамот на Европскиот Парламент, нашите браќа и сестри од Преспа, Голо Брдо, Гора, како и во цела Албанија никогаш нема да станат Бугари. Навистина не знаеме што уште треба да се случи за да најодговорните политички лидери на Македонскиот народ се свестат и разберат дека не се поголеми од Македонија! Колку и да е голем нивниот антагонизам, за стратешките национални интереси на Македонија и Македонскиот народ мораат да најдат сила да изградат консензус, 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

кој во овие чувствителни моменти за Татковината е повеќе од неопходен! Македонската Алијанса ги повикува Македонските политички партии заеднички и неодложно да изградиме заеднички национален став кој недвосмислено ќе покаже дека, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија. На Европските институции, но најмногу на соседите да им потенцираме дека Македонија нема да се откаже од своите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од Републиката. Ние секогаш ќе ја поддржуваме и заеднички ќе ја водиме демократската битка за остварување на нивните права и зачувување на Македонскиот национален идентитет како фундаментален предуслов за силна и обединета Македонија. На домашната, но и на целата меѓународна јавност, да и покажеме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.


„Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во Европскиот парламент, дека во Албанија има Бугари, зашто тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане“, стои во реакцијата на „Илинден“. Македонско друштво „Илинден’“, стои понатаму во реакцијата, ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата

МД „ИЛИНДЕН“:

ВО АЛБАНИЈА НИТУ ИМАЛО, НИТУ ИМА БУГАРИ

М

акедонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во Европскиот парламент за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија. „Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во Европскиот парламент, дека во Албанија има Бугари, зашто тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане“, стои во реакцијата на „Илинден“. Македонско друштво„Илинден’“, стои понатаму во реакцијата, ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата. „Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во Албанија, кои се приндени на тоа поради екстремната сиромаштија и безизлесната ситуација во која се наоѓаат, се обидува вештачки да создава Бугари во Албанија, а коисвесна е дека ги нема“, посочува друштвото. 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017


Нема повеќе никакви дилеми дека постои разлика меѓу ставовите на Павлопулос, Ципрас и Коsиас. Сите клучни играчи во надворешната политика на официјална Атина имаат ист негаторски, понижувачки и провокативен став за Македонското прашање. Ова уште една директна потврда дека таканаречените мерки за градење доверба се едно големо ништо!

В О В Р С К А С О С ТА В О Т Н А Г Р Ч К И О Т П Р Е М И Е Р, А Л Е К С И С Ц И П Р А С , К О Ј В О РА М К И Н А О Ф И Ц И Ј А Л Н АТА П О С Е ТА Н А СРБИЈА, ЈА ОБВИНИ МАКЕДОНИЈА ЗА Н Е П Р И Ј АТ Е Л С Т В О И Н А Ц И О Н А Л И З А М

РЕАКЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА, ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

В

о врска со ставот на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, кој во рамки на официјалната посета на Србија, ја обвини Македонија за непријателство и национализам, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Нема повеќе никакви дилеми дека постои разлика меѓу ставовите на Павлопулос, Ципрас и Коsиас. Сите клучни играчи во надворешната политика на официјална Атина имаат ист негаторски, понижувачки и провокативен став за Македонското прашање. Ова уште една директна потврда дека таканаречените мерки за градење доверба се едно големо ништо! Бидејќи Ципрас тврди дека Грција покажала трпение за решавање на спорот за името, а за возврат од Македонија добила непријателство и национализам, би било логично раководството на ЕУ и НАТО да му ги постават следните прашања: Што е според него Грчкото барање за промена на Уставното име и откажување од Македонскиот национален идентитет? Дали асимилаторската политика и промената на сите Македонски топоними од Егејска Македонија после Букурешкиот договор од 1913 се разликува од денешните иредентистички тврдења на Павлопулос дека Македонија е Грчка? Чие непријателство е Грчкото вето за прием на Македонија во НАТО во Букурешт во 2008? За какво трпение зборува Ципрас кога официјална Атина не ја почитува ниту пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, а во Белград за други прашања се повикува на токму на меѓународното право?

Аман, што е многу, многу е! Вакво лицемерие и двоен морал е премногу дури и за Грчките политичари кои секогаш кога им паѓа рејтингот вежбаат средновековен национализам на Македонското прашање. За жал, ставот на Ципрас е доказ дека иредентизмот, непризнавањето на историската вистина и непријателскиот став кон Македонија и Македонскиот народ е официјална Грчка политика, која треба да се отфрли како недостојна за една земја членка на ЕУ и НАТО! Затоа нека не се чуди Грција што добива дипломатски шлаканици како онаа од Малта која го призна Уставното име на Република Македонија. Земајќи предвид дека Татковината се наоѓа во крајно чувствителен период во кој како што се продлабочува внатрешната политичка криза така соседите се повеќе се обидуваат да ја злоупотребат за наметнување на нивните националистички агенди, Македонската Алијанса упатува уште јавен повик до Македонските политички партии, кои без разлика на нивниот анимозитет неодложно мора да изградат 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

консензус за прашањата од национален интерес и веднаш да го сторат следното: Прво, на домашната, но и на целата меѓународна јавност, јасно и недвосмислено да и соопштат дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет. Второ, одлучни и единствени мора да ја осудиме националистичката, иредентистичка и негаторска политика на политичките претставници на Грција. Еднострано да ги замрзнеме сите разговори за таканаречените мерки за градење доверба, се додека официјална Атина не се извини за скандалозните провокации. Нема никаква логика да се создава привид со некакви мерки за добро соседство, бидејќи е повеќе од јасно дека кај Грчката страна не постои искрена волја за создавање доверба. Трето, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија. Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија! Нема и не може да се прави компромис на штета на стратешките интереси на Македонскиот народ!


ТОНЕР: Тонер потврди дека насоките за амбасадарот Џес Бејли и неговиот тим се да "работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД", додавајќи дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија

ЦЕЛТА НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕВРО АТЛАНТСКОТО СЕМЕЈСТВО

А

мериканската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино. Ова меѓу другото го изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, во одговорот на прашањето на Гласот на Америка на македонски, по шпекулациите во некои медиуми дека амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД. Тонер потврди дека насоките за амбасадарот Џес Бејли и неговиот тим се да "работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД", додавајќи дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија. Вршителот на должност портпарол во американскиот Стејт департмент нагласи дека САД како пријатели на Маке-

донија силно ги поттикнуваат сите страни да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на Македо09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

tvнија. "Ние сакаме да видиме силна Македонија, на патот кон станување членка на евроатлантското семејство“, додаде Тонер.


MAKEDONSKI PROSVETITELI KOI VO SREDINATA NA IX VEK TRGNALE OD SOLUN ZA DA GO [IRAT MAKEDONSKOTO CRKOVNO PISMO - KIRILICATA. NIVNOTO DELO GO PRODOL@ILE SV. KLIMENT I SV. NAUM VO OHRID NA PRVIOT UNIVERZITET VO EVROPA, KAKO KONTINUITET NA DREVNITE ARISTOTELOVI [KOLI VO MAKEDONIJA.

KIRIL I METODIJ ( 826-869) (820-885)


LIHNIDOS


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


Според извештајот, заедно со Полска, која се очекува да има исто така раст на БДП од 3,2 проценти, Македонија годинава ќе се најде на високото шесто место во Европа според економскиот раст. Она што е најважно за македонската држава е што ЕК прогнозира дека невработеноста ќе паѓа правопропорционално со зголемување на вработеноста, па од 24,4 проценти невработени во 2016, годинава тој процент се очекува да падне на 23,2 проценти, а во 2018 година на 22 проценти

ЗИМСКА ЕКОНОМСКА ПРОГНОЗА НА ЕУ:

МАКЕДОНИЈА ДОГОДИНА СО ВТОР НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ЕВРОПА

Р

епублика Македонија годинава се очекува да има раст на Брутодомашниот производ од 3,2 проценти, додека догодина раст од 3,6 отсто“, прогнозира Европската комисија. Според извештајот, заедно со Полска, која се очекува да има исто така раст на БДП од 3,2 проценти, Македонија годинава ќе се најде на високото шесто место во Европа според економскиот раст. Она што е најважно за македонската држава е што ЕК прогнозира дека невработеноста ќе паѓа правопропорционално со зголемување на вработеноста, па од 24,4 проценти невработени во 2016, годинава тој процент се очекува да падне на 23,2 проценти, а во 2018 година на 22 проценти. Во однос на Република Македонија, во зимската прогноза на ЕУ се наведува дека „пошироко базираното

обновување на економијата е изложено на ризик од политичката криза“. Па, така, Еврокомисијата наведува дека очекуваното брзо стабилизирање на политичката ситуација во земјата во периодот по изборите во декември 2016 година, сега е поставено за економијата да се опорави од забавување на растот забележан минатата година. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 Февруари 2017

„Врз основа на цврсти основи, прогнозата укажува на сè поголем придонес на домашната побарувачка за економскиот раст, довербата на инвеститорите се враќа, а има и мал позитивен прилог од надворешниот сектор среде постепеното затегнување на цената во животната средина и понатамошно подобрување на вработувањето“, наведува ЕК за Македонија.


ПЕШЕВСКИ: На Самитот во Виена, кој претходеше на Самитот во Париз, членките на Западен Балкан усвоија два клучни документа во полето на енергетиката, насловени како „Повелба за одржливост“ и „Патоказ за електрична енергија“, чија реализација ќе придонесе до поефикасен и поефективен регионален енергетски пазар, подобро енергетско поврзување и побрз раст и развој на земјите од Западен Балкан

ЕНЕРГЕТСКИТЕ РЕФОРМИ КЛУЧНИ ЗА РАЗВОЈ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Р

еформите во енергетскиот сектор се еден од клучните фактори за економски раст и развој на земјата и на регионот. Ова меѓу другото го истакан вицепремиерот за еконмски прашања Владимир Пешевски на состанокот на министри за енергетика на земјите од Западен Балкан, што се оддржа во Скопје. На овој состанок, кој се одвива по Самитот за Западен Балкан во Париз, а пред наредниот Самит во Трст, во присуство на Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување на Европската Унија се дискутираше за прогресот во енергетските реформи во Земјите од Западен Балкан, како и за очекуваните постигнувања до наредниот Самит. На Самитот во Виена, кој претходеше на Самитот во Париз, членките на Западен Балкан усвоија два клучни документа во полето на енергетиката, насловени како „Повелба за одржливост“ и „Патоказ за електрична енергија“, чија реализација ќе придонесе до поефикасен и поефективен регионален енергетски пазар, подобро енергетско поврзување и побрз раст и развој на

земјите од Западен Балкан. „Имплементацијата на таканаречените „меки мерки“ кои произлегуваат од „Патоказот за електрична енергија“, од страна на земјите од Западен Балкан ќе го забрзаат креирањето на регионалниот пазар за електрична енергија, со цел да се остранат постоечките законски и регулаторни бариери и да се унапредат институционалните капацитети неопходни за функционирањето на овој пазар во согласност со Договорот за Енергетска заедница и релевантните ЕУ прописи“, истакан Пешевски. Според него искористувањето на потенцијалите за електрична енергија од хидро извори ќе има 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

голема улога во постигнување на поставените заеднички цели на земјите од регионот. „Оваа конференција е шанса да го презентираме успехот на нашето регионално партнерство и ќе осигура дека сме во добра насока во исполнување на целите кои ги имаме пред нас до Самитот во Трст оваа година“, додаде Пешевски. На состанокот учествуваа Еврокомесарот Јоханес Хан, министрите задолжени за секторот енергетика од Западен Балкан, Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач, како и претставници од меѓународни финаниски институции.


Н А 1 2 Д Е К Е М В Р И С Е О С В Е Т И Ц Р К В АТА С В . Д И М

Македонските иселеници Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и Јосиф Атанасоски, беа дел од донаторите кои помогнаа во градењето на црквата со донација од над 200 илјади американски долари

БРАЌАТА АТА ДОНАТОРИТ ГРАДЕЊЕ НА Ц СОЛУНСКИ ВО Ј

Н

а 12 декември се освети црквата св. Димтрија Солунски во јужна Флорида, на West Palm beach САД. Македонските иселеници Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и Јосиф Атанасоски, беа дел од донаторите кои помогнаа во градењето на црквата со донација од над 200 илјади американски долари. По 26 години чекање, Македонците од овој дел на САД добија Црква. Со светиот чин на осветување чиноначалствуваше митрополитот Методиј со неколкумина свештиници. На настанаот присуствуваа над 200 иселеници од Македонија, како и други жители од регионот. Бизнисмените Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и Јосиф Атанасоски се познат хуманисти и донатори не само во САД, туку и во Македонија. Тие се донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија, Мала Преспа и други места. Исто така, тие се донатори и поддржувачи и на голем број културни, спортски фолклорни и национални активности кај Македонците во Светот.

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017


И Т И Т Р И Ј А С О Л У Н С К И В О Ј У Ж Н А Ф Л О Р И Д А , Н А W E S T PA L M B E A C H С А Д

НАСОСКИ БЕА ДЕЛ ОД Е КОИ ПОМОГНАА ВО РКВАТА СВ. ДИМИТРИЈА УЖНА ФЛОРИДА ВО САД

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017


Ekologija Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови. Во текот на ноември, декември и јануари било најзагадено. Според мерењата на мерните станици на Министерството за животно средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош

З А ГА Д Е Н В О З Д У Х С О В И С О К И КО Н Ц Е Н Т РА Ц И И Н А П М 10 ЧЕСТИЧКИ

МИНАТАТА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ ИМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ МЕЃУ 145 И 177 ДЕНОВИ

Ж

ителите на Скопје во текот на минатата година дишеле загаден воздух со високи концентрации на ПМ10 честичките меѓу 145 и 177 денови. Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови. Во текот на ноември, де-

кември и јануари било најзагадено. Според мерењата на мерните станици на Министерството за животно средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош. Во декември загадувањето било големо кај Ректоратот 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

29 денови, Лисиче 28, Гази Баба 27 и во Центар и Карпош 26. Во јануари, исто така, загадување имало 28 денови во Лисиче, 27 во Центар и Гази Баба, 26 кај Ректорат и 25 во Карпош. Загадување на воздухот има и во текот на првиот месец од годинава. Надминувања се регистрирани во над 20 денови од јануари.


– Денеска на карневалот „Прочка дефилираат преку 1.000 маскирани од Прилеп, земјава и гости од Италија, Бугарија, Албанија и од Србија. На карневалот има мнолгу креативни маски и ова е своевиден спектакл. „Прочка“ е туристички бренд не само на Прилеп туку и на Македонија нека е за многу години и нека ни простат сите ако сме им згрешиле, рече Ристески

П

овеќе од илјада маскирани од земјава и странство дефилираа во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“ и на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на меѓународниот карневал „Прочка 2017“...Дефилето на плоштадот го отвори препознатливата прилепска маска „Мечкари“. Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески карневалот прерасна во бренд на Прилеп и Македонија. – Денеска на карневалот „Прочка дефилираат преку 1.000 маскирани од Прилеп, земјава и гости од Италија, Бугарија, Албанија и од Србија. На карневалот има мнолгу креативни маски и

Д Е Ф И Л Е Т О Н А П Л О Ш ТА Д О Т Г О О Т В О Р И П Р Е П О З Н АТЛ И В АТА ПРИЛЕПСКА МАСКА „МЕЧКАРИ“

ПРОЧКА ВО ПРИЛЕП

ова е своевиден спектакл. „Прочка“ е туристички бренд не само на Прилеп туку и на Македонија нека е за многу години и нека ни простат сите ако сме им згрешиле, рече Ристески. За Ванчо Ѓеоргиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ е многу битно и што прв пат се одржа Меѓународна конференција на етнолозите од Србија, Бугарија и од Македонија за карневалските традиции на Балканот, а за прв пат дојдоа организирано и туристи од Бугарија. – Прилепскиот карневал „Прочка“ прераснува од европски и во светски. Многу е 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

важно што етнолозите од Балканот вчера дебатираа на првата научна конференција за карневалските традиции и маскирањето на Балканот со што ќе остане и пишан документ, а веќе на овој карнев ни пристигнаа организирано и туристи од Бугарија, прв пат со што ефектот се развива и карневалскиот туризам, рече Георгиев. Низ булеварот „Гоце Делчев“ дефилираа, а на плоштадот „Методија Анднов Ченто“ се претставија маските од земјава и од странство. Здружението „Прочкари“ претстави и оригинална маска насловена „Астерикс и Обелиск от Прилеп“.


В О П Р О С Т О Р И И Т Е Н А Ц Е Н ТА Р О Т З А Е М И Г РА Н Т И В О Р Е Г И О Н О Т Р О ГД А Е Л  П Р Е Д Г РА Д И Е Н А С И Д Н Е Ј  В О Книгата „Македонија-не П Р Е П О Л Н Е Т А Т А П Р О С Т О Р И Ј А С Е те забораваме“ во П Р О М О В И РА Н А Ј Н О В О ТО Д Е Л О Н А издание на литературното П О Е Т О Т И П И С А Т Е Л И В А Н Т Р П О С К И друштво „Григор Прличев“ се состои од збирка на журналистички написи издавани од овој плодоносен автор кој за последните 35 години истити ги објавувал во македонскиот печат во Австралија и Македонија

"МАКЕДОНИЈА-НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ"

В

о просториите на Центарот за емигранти во регионот Рогдаел (предградие на Сиднеј) во преполнетата просторија се промовира најновото дело на поетот и писател Иван Трпоски. Книгата „Македонија-не те забораваме“ во издание на литературното друштво „Григор Прличев“ се состои од збирка на журналистички написи издавани од овој плодоносен автор кој за последните 35 години истити ги објавувал во македонскиот печат во Австралија и Македонија. Книгата минатата година беше промовирана во Скопје од Фиданка Танаскова и Марјан Велевски, а во Охрид од Милчо Јованоски. Книгата ја промовира м-р Душан Ристевски кој даде опсежна анализа на ова дело кое како трезор е од огромно значење за македонската заедница во Сиднеј во кое се објавени 200 написи за посебни историски збиднувања во заедницата, настани, акции, интервјуа, културни средби како и за поединци кои оставиле траен белег во заедницата. Иван со ова дело покажа дека покрај со поезијата, за која повеќе пати бил наградуван, писателот треба да биде и хроничар – историчар на времето во кое твори и живее, а воедно да ја промовира македонската култура и нашиот свет-македонски јазик.

За авторот и неговото дело зборуваше Валентина Апостоловска која исто прочита и две песни поезија, застапени во истата книга. Таа забележа дека Иван е најобјавуваниот автор во дијаспората со досега издадени 18 наслови. Покрај поезија има објавено патописни, автобиографски и општествено-историски дела. Како општественик и хуманист Иван повеќе пати добивал награди од австралиските институции, а минатата година доби и медал за заслуга за Македонија од претседателот 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Исто така и авторот Трпоски изнесе благодарност за сите оние кои помогнаа во издавањето на книгата, посебно на Нада Трпоска, Биљана Трпоска-Јошеска, Душан Ристевски, Александар Донски, Фиданка Танаскова, Марјан Велевски, Милчо Јованоски и Биљана Костова. После промоцијата, покрај фотографските сесии со авторот Трпоски, се служеше богата македонска традиционална закуска припремена од вредните раце на Нада Трпоска.


В О К У Л Т У Р Н И О Т Ц Е Н ТА Р „ П 6 0 “ В О АМС ТЕ ЛВЕН, ХОЛАНДИЈА, БЕШЕ ОТВОРЕНА Преку сликите, Ризов директно и безкрупулозно ја поставува асиметричноста и хаосот како културолошки феномен на опсервација. Тоа е очигледно не само во композицијата на сликата, туку и во креирањето нестандардни форми од: рамки или слика во слика со тридимензионални елементи

И З Л ОЖ БА Н А М А К Е Д О Н С К И ОТ СЛИКАР ЃО КО Р И З О В В

о културниот центар „П60“ во Амстелвен, Холандија, беше отворена изложбата на македонскиот сликар Ѓоко Ризов. На изложбата се презентирани 12 дела од неговата работа, направени во техника масло на платно, а истата беше посетена од бројни љубители на уметноста од Холандија и предизвика голем интерес кај тамошната публика. Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Холандија, неговата екселенција Игор Попов, кој за Ризов истакна дека е особено талентиран македонски сликар, кој инспирацијата ја црпи од секојдневието, луѓето и сите нешта кои секојденевно не опкружуваат, видени од поинаква перспектива. Преку сликите, Ризов директно и безкрупулозно ја поставува асиметричноста и хаосот како културолошки феномен на опсервација. Тоа е очигледно не само во композицијата на сликата, туку и во креирањето нестандардни форми од: рамки или слика во слика со тридимензионални елементи. Сето тоа го означува стремежот за бегство од конвенционалноста,

суровата реалност, стереотипноста, како отпор кон придржување на традиционалните форми на создавање уметност, а наместо тоа тој создава нови светови во кои токму таа реалност е поинакво и поубаво место за живеење. Особено интересен циклус кај Ризов е еко-тридемензионалната слика, која ја создава како спој на колажни техники од: масло на плат21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 809 / Февруари 2017

но и елементи од природата. Ваквата слики доминираат во просторот, со импресивниот спој на камења, дрва, стакло, метал, со силни пастелни бои кои ја дополнуваат изразноста на чувството. Вчерашната изложба беше посетена и од бројни претставници од јавниот и културен живот на Амстелвен и истата ќе биде отворена до први април, 2017.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.