804

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

МАКЕДОНИЈА Н А П РА В И И ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО ЗА ДА Б И Д Е Д Е Л О Д Н АТО

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION

MONTHLY EDITION

П А РЛ А М Е Н ТА Р Н И ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 804, Септември 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

Ч Е С Т И Т К А ОД М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А П О П О В ОД 25  ГОД И Ш Н И Н АТА ОД Н Е З А В И С Н О С ТА Н А Р. М А К Е Д О Н И Ј А

МАЈКА ТЕРЕЗА П Р О ГЛ А С Е Н А З А СВЕТИЦА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Честитка од Македонската Алијанса по повод 25-годишнината од независноста на Р. Македонија Македонската Алијанса упати честитка по повод 25-годишнината од независноста на Р. Македонија. Почитувани, Во името на целата Македонска Дијаспора, како и во својство на Претседател на Македонската Алијанса, на целиот Македонски народ ја честитам 25-годишнината од независноста на нашата Татковина. Во овој четврт век од остварувањето на вековниот стремеж на Македонскиот народ и прогласувањето независност, поминавме многу сериозни предизвици и премрежја. Но покажавме дека знаеме и умееме да се бориме за заветот кои ни го оставија претходните генерации Македонци. За жал, нашата мисија се уште не е завршена. Се уште на испит се става нашето единство и издржливост во одбрана на најсветото Македонското име и идентитет. Дел од детските болести ги прележавме, но се уште ја докажуваме демократската зрелост и капацитетот на Државните институции да се справуваат со политичките кризи кои се уште се дел од нашето секојдневие. Многу од Нашите браќа и сестри, и во 21 век, не можат да ги уживаат своите основни демократски права, да бидат Македонци, кои говорат Македонски јазик, без разлика каде живеат во моментот. Во оваа прилика ги повикувам Македонците кои живеат Егејскиот дел, како и оние во Пустец, Голо Брдо, Гора, Врбник, Елбасан, Поградец, Мала Преспа, Корча, Тирана и сите останати региони, да не се обесхрабруваат и да продолжат да покажуваат дека сме сериозни и до крај ќе опстоиме во нашата борба за демократските права. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот за Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува, бидејќи тоа е најдобриот пат за градење на силна, економски просперитетна Татковина. Затоа, искрено посакувам овој свет празник да не обединува и да биде паметник за неопходноста сите заедно да се вложуваме во остварувањето на стратешките приоритети на Македонија. Ние мора да продолжиме да се бориме за подобра иднина за Македонија и Македонскиот народ. Јас сум убеден дека Македонија ќе победи и ќе продолжи да чекори по досегашниот пат на просперитет и сигурна иднина! Нека е вечен празникот, Македонија вечна, Бог да ја чува Татковината ! Секогаш Ваш,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ОМД Имаме уште многу работа и борба пред себе. Да се грижиме и да се бориме за опстојување и просперитет. Македонскиот народ единствено сложен може успешно да се соочи со сите премрежја што му претстојат. Не смееме да си дозволиме поделба по верска и политичка основа, се вели во соопштението од ОМД. Изминативе неколку години, сметаат од оттаму сериозно е нарушен вековниот идеал

ПОВИКУВА НА ЕДИНСТВО НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

О

бединетата македонска дијаспора, денеска по повод 25 годишнината од македонската независност повика на единство во земјата. Наша должност кон претходните генерации и кон тие што ги жртвуваа животите за независна Македонија и наша обврска кон идните генерации е да не отстапуваме од вековниот идеал. Имаме уште многу работа и борба пред себе. Да се грижиме и да се бориме за опстојување и просперитет. Македонскиот народ единствено сложен може успешно да се соочи со сите премрежја што му претстојат. Не смееме да си дозволиме поделба по верска и политичка основа, се вели во соопштението од ОМД. Изминативе неколку години, сметаат од оттаму сериозно е нарушен вековниот идеал. Какви идни генерации создаваме, како ќе ги учиме нашите синови и ќерки да ги одржат тие идеали ако меѓусебно не се почитуваме и се мразиме? Што ќе научат нашите деца од нас ако се делиме на вакви и такви, како едните ќе ги сакаат другите?, се потенцира во соопштението од Обеди-

нетата македонска дијаспора. Од ОМД повикуваат на единство и на постојана поддршка за иднината на Република Македонија, и, како што посочуваат, и на Македонците кои живеат во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово. Ова е празник на сите Македонци без оглед на нивната етничка и верска припадност или моментално место на живеење. Македонија и Македонците продолжуваат да бидат симбол на слобода на Балканот. ОМД со длабока почит и благодарност на овој ден се поклонува пред сите генерации од поблиското и подалечно минато, на сите дејци и борци кои ги дадоа 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

животите за вековниот идеал за самостојна република, како и на сите борци кои ги жртвуваа животите бранејќи ја независна Македонија во овие 25 години постоење. И покрај сите националистички и асимилаторски политики на соседнитe држави, младата македонска држава има светла иднина пред себе. Република Македонија денес е докажан и признат меѓународен субјект, потенцираат од ОМД. Да се огледаме, додаваат оттаму, на оние кои жртвувале толку многу за спокојна и просперитетна Македонија и следејќи го нивниот пример, обединети да ја продолжеме борбата.


Според договореното, парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Таа ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок

П Р Е Д В Р Е М Е Н И П А Р Л А М Е Н ТА Р Н И ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА, ОДЛУЧИЈА ЛИДЕРИТЕ НА ВМРОДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, ПО НЕКОЛКУЧАСОВНИ ПРЕГОВОРИ ВО К Л У Б О Т Н А П РАТ Е Н И Ц И Т Е

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

П

редвремени парламентарни избори на 11 декември 2016 година, одлучија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, по неколкучасовни преговори во Клубот на пратениците. Според договореното, парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Таа ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок. Љуљзим Хазими, дописник на вториот програмски сервис на МТВ од Гостивар, е договорено да биде петтиот член на ад- хок комисија за следење на медиумското претставување. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по лидерската изрази задоволство што конечно се договорени избори. Зоран Заев, истакна дека од овој ден режимот на Никола Груевски заминува во историјата и Македонија зачекорува кон подобра иднина.

Али Ахмети рече дека ова е голем ден за Македонија. Според него на крај сите парламентарни партии постигнаа договор дека се исполнети сите услови за организирање на фер, демократски и слободни избори. Мендух Тачи порача дека поважно ќе биде ако партиите што ќе ја сочинуваат владата од задутре да дадат голем придонес тоа да се случи и на терен. Американскиот амбасадор Џес Бејли, кој беше посредник во постигнувањето на пржинскиот договор порача дека САД и ЕУ се горди што им помогнале на лидерите во процесот и оти веруваат дека ова е важен чекор во решавање на политичката криза во земјата и ќе направат сè што можат да се осигураат дека изборите се креди04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

билни за граѓаните слободно да гласаат. Еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан во заедничко соопштение го поздравуваат договорот на четирите политички партии, оценувајќи дека донеле „повеќе важни одлуки“ за имплементирање на договорот од Пржино, меѓу нив и закажувањето на изборите за 11 декември. „Ги повикуваме сите политички партии стриктно да ја почитуваат кредибилноста на изборниот процес, да им дозволат на граѓаните слободен избор, а по изборите, да формираат влада која ќе се зафати со суштински реформи и ќе работи во интерес на сите граѓани“, се наведува во соопштението.


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А : Продолжува „пишман аџија“ политиката на нашиот јужен сосед по Македонското прашање. Стана непишано правило откако ќе повлечат одредени потези за унапредување на билатералните односи, веднаш потоа, под притисок на Грчките радикални структури, да се повлечат. Само пред една недела, Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Охрид, во интервју јавно го призна постоењето на Македонскиот идентитет, за потоа пред Грчките медиуми да се извинува за својот потег и самиот себе да се демантира

ГРЧКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАСОШИ ЌЕ БЕШЕ ВИСТИНСКИ ЧЕКОР

В

о врска со наводната промена на Грчката политика кон Македонските пасоши, информација што беше објавена на Грчкиот портал „Њу пост“, во која се тврди дека нивните министерства за надворешни и внатрешни работи решиле да ги признаат пасошите на Република Македонија, за што беше прикажан и факсимил од документ изготвен на 22 август, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Продолжува „пишман аџија“ политиката на нашиот јужен сосед по Македонското прашање. Стана непишано правило откако ќе повлечат одредени потези за унапредување на билатералните односи, веднаш потоа, под притисок на Грчките радикални структури, да се повлечат. Само пред една недела, Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Охрид, во интервју јавно го призна постоењето на Македонскиот идентитет, за потоа пред Грчките медиуми да се извинува за својот потег и самиот себе да се демантира. Ќе беше вистински чекор напред, во пресрет на 25 годишнината од независноста на Татковината, официјална Атина да се охрабреше конечно да ги признае Македонските пасоши. Тоа ќе беше конкретна мерка за градење на доверба меѓу двете соседни земји. Вака останува впечатокот дека Грчките политички елити немаат намера да ја напуштат својата иредентистичка политика.

Во 2013 година, јас со валиден Американски пасош, од страна на Грчките власти бев вратен од граничниот премин „Меџитлија“, со образложение дека сум бил опасен за Грчката Држава, само затоа што сум роден Македонец кој се бори за правата на Македонците во Егејскиот дел. Бројни се скандалите и провокациите на Грчките погранични служби со забранување на влез на Македонски новинари и уметници со истото образложение. Искрено жалам што морам да констатирам дека сите приказни дека е потребно време за да реално се подигне нивото на меѓусебна доверба, каде ваквите провокации ќе бидат минато е нереално. Можеби навистина постојат Грчки политичари со висока демократска свест за универзалното право на самоопределување на Македонскиот народ. Македонската Алијанса го поздравува нивното признание за посебноста и уникатноста на Македонскиот национален идентитет. Сепак периодичната искреност на Јанис Бутарис, ставовите на функционерите на „Сириза“, Јанис Музалас и Макис Балаурас, кои јавно потврдија дека Македонија е 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

реалност, како и признанието на долгогодишниот поборник за правата на Македонците во Грција, Јоргос Пападакис, дека официјална Атина води иредентистичка политика кон Македонија, се уште не можат да бидат охрабрување за Грчките политички елити да ја променат политиката кон Македонија, конечно прифаќајќи дека Македонскиот народ никогаш нема да се согласи на промена на името и идентитетот. Затоа уште еднаш потенцирам дека Македонија треба да биде многу претпазлива околу предлозите за таканаречените мерки за градење доверба кои ги предлага Грција. Стојам на ставот дека тие се само алиби за нивната повеќе децениска националистичка политика на блокади и уцени, кои треба да послужат како амортизер на притисоците кои официјална Атина ги има од нашите стратешки партнери за промена на својата неодговорна и ирационална политика кон Македонија. Македонија мора да го продолжи својот долг и макотрпен пат на зголемување на бројот на држави кои стануваат свесни дека ние сме жртви на една земја членка на ЕУ како Грција, која ги ужива привилегиите, а нема одговорност за бруталното газење на сите принципи на кои почива Европското семејство. Пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, како и нашата борба во ООН е потврда дека неправдата која се прави кон Македонскиот народ и Држава станува општоприфатен факт.


Г Е Р М А Н С К И О Т М Н Р Ш ТА Ј Н М А Е Р Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо и на тој начин да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот за приближување до ЕУ

М

инистерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, ФранкВалтер Штајнмаер го поздрави договорот на македонските партии за утврдување на 11 декември како термин за предвремени парламентарни избори. Консензусот е во согласност со договорот од Пржино од јуни 2015 година. Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до

ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ ЗА ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ

изборите да се спроведе веродостојно и брзо и на тој начин да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот за приближување до ЕУ. Притоа останува важно, Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демо06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

кратските институции на земјата, вели Штајнмаер во пишаната изјава што објави денеска Амбасадата на СР Германија во Скопје. Тој им се заблагодари на еврокомесарот Јоханес Хан и неговиот тим, како и на специјалниот пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл, кои, како што наведува, со своето посредништво значително придонесоа за успехот на партиските разговори.


Македонската Алијанса во името на целата Македонска Дијаспора изразува разочарување што повторно во предизборни цели на дневен ред се ставаат чувствителни меѓуетнички теми, како воведување на двојазичност на територијата на целата Татковина

В

о врска со неодговорното актуелизирање на наводната потреба за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, од страна на првенците на СДСМ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Македонската Алијанса во името на целата Македонска Дијаспора изразува разочарување што повторно во предизборни цели на дневен ред се ставаат чувствителни меѓуетнички теми, како воведување на двојазичност на територијата на целата Татковина. Внимателно следејќи ги изјавите на речиси целото опозициско раководство, се уверивме дека нивниот став за двојазичноста не е погрешно спинувана теза туку свесно смислена стратегија за привлекување на Албанските гласови. Без да навлегуваме во нивните предизборни калкулации, со овој став на опозицијата не може да се согласиме, и затоа апелираме да ги преиспита своите определби, бидејќи со ваков пристап неизбежен е впечатокот дека се ставаат на коцка Македонските национални интереси. Кампањата и изборите ќе помине, но штетата на долг рок ќе се рефлектира врз сите граѓани. Ние немаме ништо против нашите сограѓани Албанци, но сметаме дека е огромна штета за националните интереси да се тврди дека

ВО ВРСКА СО НЕОДГОВОРНОТО А К Т У Е Л И З И РА Њ Е Н А Н А В О Д Н АТА ПОТРЕБА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА Д В О Ј А З И Ч Н О С Т Н А Ц Е Л АТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ОД С Т РА Н А Н А П Р В Е Н Ц И Т Е Н А С Д С М

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА РАЗОЧАРАНА ОД АКТУЕЛИЗИРАЊЕТО НА ДВОЈАЗИЧНОСТА ВО ДРЖАВАВА

не е ништо спорно, на пример, за Македонците во Прилеп да се официјализира Албанскиот јазик. Соживотот и меѓуетничката толеранција не може да се сведува на безгранично попуштање на Македонскиот народ. Не може Македонскиот и Албанскиот јазик да бидат изедначени, кога во Уставот е јасно дефинирано дека јазикот што го говорат најмалку 20 проценти од граѓаните, е службен јазик само во Општините каде што тие живеат во мнозинство или значителен број. Колку за илустрација нашите браќа и сестри Македонци во Албанија, во 21 век, се уште водат демократска битка за основните човекови права и слободи, за основање на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик. Ние не смееме да забораваме дека Македонците во Албанија се маргинализирани, нивните права активно да учествуваат во општествено-политичкиот живот, се ограничени и постои тенденција за нивно дополнително ограничување. Доказ за тоа е новата територијална организација и уредување на Општините во Албанија, заради која Македонците останаа со само со Општината Пустец, во која живее доминантно Македонско население, бидејќи не беше прифатено нашето барање трите Општини од подрачјето на Голо Брдо и трите од регионот на Гора да не се припојуваат кон доминантно Албански Општини, туку да се формираат самостојни Општини Голо Брдо и Гора. Македонија е пример за начинот на кој ги има уредено правата на помалите етнички заедници и секој кој го тврди обратното работи на директна штета на Македонските национални интереси.


ПОПОСКИ: Во континуитет во нашите средби работиме на градење на мерките на доверба. Постои значително поместување во делот на оние цели кои ги имаме зацртано и мислам дека имаме постигнато некое ниво на разбирање дека услови во кои постои едно прашање кое е многу сериозен проблем и во кое имаме сериозно разидување и различни ставови, најдобро е да се концентрираме на сите останати теми кои не поврзуваат и за кои и Македонија и Грција имаат заеднички стратегиски интереси и заеднички гледаат кон иднината. Во овој дух течат разговорите и мислам дека во овој дух сепак ќе продолжат бидејќи ова не е период во којшто ние можеме да го решиме долгогодишното најтешко прашање во нашите билатерални односи, но дефинитивно е период во кој може да ја зацврстиме перцепцијата на две земји кои имаат нормална соработка и кои во регионот сакаат да креираат позитивна клима, изјави Попоски за Македонската Телевизија од Њујорк

ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА ПОДОБРЕНИ, НО РЕШЕНИЕТО ЗА СПОРОТ Е УШТЕ ДАЛЕКУ

П

отпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, по средбата со грчкиот колега Никос Коѕиас на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, изјави дека решението за разликата околу уставното име се уште е далеку, но дека односите меѓу двете земји се подобрени. Во континуитет во нашите средби работиме на градење на мерките на доверба. Постои значително поместување во делот на оние цели кои ги имаме зацртано и мислам дека имаме постигнато некое ниво на разбирање дека услови во кои постои едно прашање кое е многу сериозен проблем и во кое имаме сериозно разидување и различни ставови, најдобро е да се концентрираме на сите останати теми кои не поврзуваат и за кои и Македонија и Грција имаат заеднички стратегиски интереси и заеднички гледаат кон иднината. Во овој дух течат разговорите и мислам дека во овој дух сепак ќе продолжат бидејќи ова не е период во којшто ние можеме да го решиме долгогодишното најтешко прашање во нашите билатерални односи, но дефинитивно е период во кој може да ја зацврстиме перцепцијата на

две земји кои имаат нормална соработка и кои во регионот сакаат да креираат позитивна клима, изјави Попоски за Македонската Телевизија од Њујорк. Тој додаде дека ја изразил својата загриженост на претставничката на Европската Унија Федерика Могерини и на еврокомесарот Јоханес Хан за размислувањата да се воведат парични такси и претходно 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

пријавување за патување низ ЕУ за државјани на земји кои имаат безвизен патен режим. Според Попоски, евентуалното вакво решение би било негативен чекор и би ги уназадило правата на слободно движење низ Унијата. Могерини и Хан одговориле дека ваквата мерка не е договорена, и дури и да биде, не би била воведена наскоро.


МИЛЕР: „Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите

М

акедонија има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО“, истакна конгресменката Кендис С Милер од Мичиген вчера во Претставничкиот дом во американскиот Конгрес во говорот што го одржа за македонската заедница во САД во чест на 25-годишнината од независноста на Македонија. „Од 2001 година наваму, Македонија е еден од најверните сојузници на Соединетите Американски Држави во војната против теророт. Македонија беше четврта држава во светот по бројот на испратени трупи по глава на жител во Авганистан. Македонски трупи исто така чуваа американски трупи во Босна и на Косово. За држава од нешто повеќе од два милиони жители, Македонија има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО. Па така, Ве повикувам да ми се придружите мене и на 56-те мои колеги со кои ја спонзори-

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ И ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО ЗА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАТО

раме Резолуцијата 56 во Претставничкиот дом за прием на Македонија во НАТО што поскоро“, рече Милер која е член на Групата пријателство меѓу САД и Македонија во Конгресот. Со поддршка од САД, според Милер, Македонија стана пример за стабилност во регион познат по етнички поделби и тензија. „Би сакала исто така да ја 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

искористам оваа прилика да ги повикам македонските лидери да продолжат со зацврстувањето на државните институции, како и со реформите во демократијата и владеењето на правото, посебно по најавените избори на 11 декември 2016, кои ќе бидат вистински тест за демократијата во Македонија“, додаде конгресменката Милер.


CAR NA GOLEMA MAKEDONSKA IMPERIJA VO KOJA E IZGRADENA JUSTINIJANA PRIMA, TVRDINI, ARHIEPISKOPII I "SVETA SOFIJA" VO CARIGRAD. OD TAOR (SKOPJE) NA SITE STRANI NA SVETOT JA PRO[IRIL IMPERIJATA I OSTAVIL ZAKONI KOI SE U[TE SE OSNOVA ZA PRAVEN POREDOK.

JUSTINIJAN PRVI (VLADEEL OD 527 DO 565 GODINA)



PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


„Растот на економската активност ќе биде придвижен од извозот, кој се предвидува да забележи реален раст од 6 отсто. Увозот е предвидено да забележи раст од 4,7 проценти, со што нетоизвозот би имал благ позитивен придонес кон економскиот раст“, рече Миноски. Стапката на инфлација ќе остане на ниво од 1 отсто, а се очекува вработеноста да се зголеми за 1,8 проценти. Просечната бруто плата во земјата треба да забележи раст од 1,8 отсто

ВК УПНИТЕ ПРИХОДИ СЕ П Л А Н И РА АТ Н А Н И В О ОД 1 8 7 , 6 М И Л И Ј А РД И Д Е Н А Р И , Ш ТО Е ЗА 7,6 ОТСТО ПОВЕЌЕ ВО ОДНОС НА 2016 ГОДИНА

ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА, ВРЕДЕН 3,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

В

ладата на вчерашната седница го донесе Предлог Буџетот за 2017 година. Вкупните приходи се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, додека расходи се планирани за 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава. Според министерот за финансии Кирил Миноски, буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари. „Растот на економската активност ќе биде придвижен од извозот, кој се предвидува да забележи реален раст од 6 отсто. Увозот е предвидено да забележи раст од 4,7 проценти, со што нето-извозот би имал благ позитивен придонес кон економскиот раст“, рече Миноски. Стапката на инфлација ќе остане на ниво од 1 отсто, а се очекува вработеноста да се зголеми за 1,8 проценти. Просечната бруто плата во земјата треба да забележи раст

од 1,8 отсто. Во рамки на тековните расходи се планирани 26,77 милијарди денари за плати. Социјалните трансфери се проектирани на 92,7 милијарди денари, при што се опфатени и ефектите од политиката за поддршка на пензионерите и корисниците на социјална помош. Во рамки на буџетските средства наменети за капитални 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 Септември 2016

расходи, додаде Миноски, предвидени се инвестициски вложувања во изградба на автопатот на Коридор 10 и железничката, енергетската и комунална инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.


СДСМ: „Нагласуваме дека владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори. Оваа влада не смее да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра“, соопшти СДСМ, доодавајќи дека партијата нема да дозволи исплатата на сите тековни трошоци, плати, пензии, субвенциии, социјални трансфери, на ниеден начин да биде загрозена

О

позициската партија СДСМ најави дека Буџетот за 2017 година што го одобрија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на

ЌЕ НАПРАВИМЕ ТЕМЕЛНА РЕВИЗИЈА НА БУЏЕТОТ ЗА 2017

граѓаните на Република Македонија. „Нагласуваме дека владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори. Оваа влада не смее 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра“, соопшти СДСМ, доодавајќи дека партијата нема да дозволи исплатата на сите тековни трошоци, плати, пензии, субвенциии, социјални трансфери, на ниеден начин да биде загрозена.


Посебно место на свеченоста освен делегацијата од Македонија, имаа и од Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. „По честите молитви за божествена помош и по долго советување со многу од нашите браќа епископи, ја прогласуваме и дефинираме Блажената Тереза од Калкута да биде светец и ја запишуваме меѓу светите, барајќи таа да биде почитувана од страна на целата црква“, рече Папата

ВО ПРИСУСТВО НА ОКОЛУ 100 ИЛЈАДИ ВЕРНИЦИ

МАЈКА ТЕРЕЗА ПРОГЛАСЕНА ЗА СВЕТИЦА

В

о присуство на околу 100 илјади верници и гости од целиот свет Папата Франциско денеска ја прогласи Мајка Тереза за светица. На мисата која се одржа на плоштадот Св. Петар во Рим, присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Посебно место на свеченоста освен делегацијата од Македонија, имаа и од Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. „По честите молитви за божествена помош и по долго советување со многу од нашите браќа епископи, ја прогласуваме и дефинираме Блажената Тереза од Калкута да биде светец и ја запишуваме меѓу светите, барајќи таа да биде почитувана од страна на целата црква“, рече Папата. Во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и Министерството за култура вечер во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено ќе се отвори изложбата на фотографии и текстови поврзани со

животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“, на која ќе присуствува и претседателот Иванов. Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.


Sindikat

ССНМ:

“Точно e дека многу светски медиуми имаат упатства за новинарите и вработените за нивното учество на социјалните медиуми, но станува збор за упатства, а не клаузули на договор за вработување кои по автоматизам значат дека нивното непочитување може да резултира со отказ. Воедно за „доброволноста“ на потпишувањето на ваквите договори доволно говори фактот што работодавачот во ситуација на непотпишан договор може да го отпушти работникот без какви и да е последици“, појаснува ССНМ

С

амостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро протестира против Компанијата што ги издава и печати Утрински весник, Дневник и Вест, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи, ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи, т.е Фејсбук, Твитер и други. “Точно e дека многу светски медиуми имаат упатства за новинарите и вработените за нивното учество на социјалните медиуми, но станува збор за упатства, а не клаузули на договор за вработување кои по автоматизам значат дека нивното непочитување може да резултира со отказ. Воедно за „доброволноста“ на потпишувањето на ваквите договори доволно говори фактот што работодавачот во ситуација на непотпишан договор може да го отпушти работникот без какви и да е последици“, појаснува ССНМ. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за

МПМ ГИ КРШИ УСТАВНИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА НОВИНАРИТЕ ова ќе ја извести и меѓународната јавност, а кон компанијата МПМ најавува дека ќе ги преземе сите мерки што им стојат на распо17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

лагање за да ги поништат „ваквите уценувачки, дискриминаторски и понижувачки договори за работа за новинарите“.


- Почетокот на новата сезона е на 6 октомври во Домот на АРМ.Концертот носи наслов „Животот на херојот“, а таа вечер ќе биде изведено и истоименото грандиозно, мошне интересно, но и многу комплексно дело на Рихард Штраус. И овој пат, диригентската палка му ја доделивме на маестралниот Емил Табаков од Бугарија рече директорката Маја Чанаќевиќ

С В Е Т С К АТА В И О Л И Н И С Т И Ч К А ЅВЕЗДА МИДОРИ ОД ЈАПОНИЈА Н А С В Е Ч Е Н О ТО О Т В О РА Њ Е Н А

НОВА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА 2016/2017 НА MАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

С

ветската виолинистичка ѕвезда Мидори од Јапонија, која живее во САД, и која критиката и публиката ја сметаат за една од највиртуозните уметници на новата генерација класични уметници ќе го изведе атрактивниот Концерт за виолина и оркестар од оскаровецот Ерих Корнголд, на свеченото отворање на новата концертна сезона 2016/ 2017 на Mакедонската филхармонија - Почетокот на новата сезона е на 6 октомври во Домот на АРМ. Концертот носи наслов „Животот на херојот“, а таа вечер ќе биде изведено и истоименото грандиозно, мошне интересно, но и многу комплексно дело на Рихард Штраус. И овој пат, диригентската палка му ја доделивме на маестралниот Емил Табаков од Бугарија - рече директорката Маја Чанаќевиќ. Годинава стартува и нов дизајн - теглата во која што се ставени нотни знаци. Таа е

новиот симбол кој ја претставува музиката како подеднакво слатко уживање и задоволство, како што претставува едно слатко парче чоколадо или торта. Љубителите на музиката ќе имаат можност до крајот на годината да проследат интересни музички настани, настапи на врвни солисти и диригенти, да бидат сведоци на премиерни дела. За најмладата музичка публика ќе бидат изведени редовните симфониски концерти за деца кои ќе донесат интересни звучни мигови, но ќе се воведат и нови проекти за најмладите, 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

музички работилници и мултимедијални концерти со кои ќе се прошири оваа дејност на нашата институција. Првиот симфониски концерт за деца носи наслов „Суперхерои“ и ќе биде одржан на 15 октомври во Домот на АРМ, на кој ќе се изведат композиции од познати филмски остварувања како „Спајдермен“ „Супермен“, Хари Потер“, „Џејмс Бонд“, „Пиратите од Карибите“ итн. Македонската филхармонија во новата 2017 година ќе се пресели во својот нов дом кој долго време го очекуваше.


Согласно програмата за Свечената академија која е во организација на градоначалникот и Советот на општина Кавадарци и Музеј галеријата Кавадарци, за животот и делото на Никола Бадев зборуваа Илија Неделков - Ограјски, а свои настапи имаа и културно уметничкото друштво „Никола Бадев“ од Кавадарци, пеачката група при КУД „Лоза“ при здружението на пензионери од Кавадарци, Радица Костадинова, Перо Пењушков, Блаже Богев, КУД „Васил Хаџи Манов“, Сузана Бадева Рафајловска и оркестарот составен од професори и наставници при Музичкото училиште “Лазо Мицев-Рале“

ПО ПОВОД 4 0 ГО Д И Ш Н И Н АТА О Д С М Р Т ТА

ЗА БАРДОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПЕСНА НИКОЛА БАДЕВ

П

о повод 40 годишнината од смртта на бардот на македонската народна песна Никола Бадев, во Домот на културата „Иван Мазов Климе“се оддржа Свечена академија посветена на Бадев. Согласно програмата за Свечената академија која е во организација на градоначалникот и Советот на општина Кавадарци и Музеј галеријата Кавадарци, за животот и делото на Никола Бадев зборуваа Илија Неделков - Ограјски, а свои настапи имаа и културно уметничкото друштво „Никола Бадев“ од Кавадарци, пеачката група при КУД„Лоза“ при здружението на пензионери од Кавадарци, Радица Костадинова, Манов“, Сузана Бадева наставници при Музичкото Перо Пењушков, Блаже Рафајловска и оркестарот училиште “Лазо МицевБогев, КУД „Васил Хаџи составен од професори и Рале“. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016


Претставата зборува за еден човек кој се бори со своето минато, гревови и фантазии. Во еден момент од животот добива шанса наречена Соларис, при што го доживува најстрашниот кошмар и има можност да се изгуби повторно. Тој преминува во алтернативно постоење, паралелна реалност, во која се соочува со различни значења во неговата психа: Реја, девојче, неговата свест, Соларис и нешто што не може да се именува

П О У С П Е Ш Н АТА П Р Е М И Е РА В О М Е Т Р О П О Л АТА Н А К У Л Т У РАТА ВИЕНА

"СОЛАРИС" ВО МНТ

П

о успешната премиера на претставата „Соларис“ во метрополата на културата Виена, во режија и драматизација на светски познатиот Андриј Жолдак, на сцената на МНТ се одигра македонската премиера. Претставата зборува за еден човек кој се бори со своето минато, гревови и фантазии. Во еден момент од животот добива шанса наречена Соларис, при што го доживува најстрашниот кошмар и има можност да се изгуби повторно. Тој преминува во алтернативно постоење, паралелна реалност, во која се соочува со различни значења во неговата психа: Реја, девојче, неговата свест, Соларис и нешто што не може да се именува. Верзијата на претставата „Соларис“ на Андриј Жолдак е визуелен театар, медитација на темата за човечката осуда и спасение. Таа е одење по јаже, на кое на едниот крај е реалноста, а на другиот фантазијата. Јажето – клопчето на Аријадна во лавиринтот – е составено од сеќавања за љубовта и загубата. Оваа претстава е оригинална и базирана на еден концепт кој во голема мера се разликува од оној на Лем или на Тарковски. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016


О Б Е М Н АТА М О Н О Г РА Ф И Ј А Монографијата е заокружено дело за животот и делото на нашите просветители и аргументирано научно сведоштво за нивните достигнувања. Станува збор за обемен истражувачки труд во кој се презентирани кирилометодиевската традиција и континуитетот на цивилизацијата и културата

„СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, РАМНОАПОСТОЛИ И СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

О

бемната монографија „Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители“ од Илија Велев, беше промовирана во универзитетот што го носи нивното име. Монографијата е заокружено дело за животот и делото на нашите просветители и аргументирано научно сведоштво за нивните достигнувања. Станува збор за обемен истражувачки труд во кој се презентирани кирилометодиевската традиција и континуитетот на цивилизацијата и културата. Монографијата се објавува во годината кога се одбележуваат 1.100 години од смртта на свети Климент Охридски, нивниот ученик и продолжувач на кирилометодиевската традиција. Во книгата систематизирано се

опфатени нивниот животопис, како и нивниот творечки пат и идејна мисла. Но во продолжение да слушнеме по што се е значајно ова македоснко дело од промоторот и авторот на Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

просветители“.Авторот Илија Велев рече дека станува збор за синтетизирано дело во кое се трасира патот на словенската култура и процесите што влијаеле да се препознаваме со словенската култура и традиција.


ЛИКОВНОПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС

Силвана Силва родена во Македонија но живее далеку од неа во Данска-Копенхаген.. Нејзиниот дар, сликањето е начин да продре зад границите на невозможното, подлабоко во времето и просторот

"МАКЕДОНСКИ ВОЗНЕС"‘

Л

иковно-поетски перформанс Македонски вознес‘‘ се случи во една убава атмосфера на Галијата, Ликовна изложба на сликарката Силвана Силва и Поетски перформанс - мал дел од творештвото на поетесата Виолета Сековска. Силвана Силва родена во Македонија но живее далеку од неа во ДанскаКопенхаген.. Нејзиниот дар, сликањето е начин да продре зад границите на невозможното, подлабоко во времето и просторот. Токму уметноста тоа и го овозможува, ги насочува своите сетила и чувства кон највисоки цели, стремејки се да се нурне во нови длабочини на небото на вселената. Таа слика на масло и акрил, не одбира еден

стил и тука да се задржи, умешно плови низ реалистични, силуетни и апстрактни стилови. Преку уметничкиот дух, ги пренесува чувствата на слика, а таа сликата (вечноста) допира до оној кој сака да е допрен од божевното. За неа зборот уметност е збор што дава бесконечни прашања и многу од22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 804 / Септември 2016

говори но и многу неискажани скриени зборови и чувства. Суштината на целиот процес на уметничките дела е вештината и доживувањата со што се создава резултат на она што го мотивира уметникот за да создаде но тоа не завршува тука. За крај е како ке биде разбран јазикот на уметникот.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.