796

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 796, Јануари 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

" Х Р И С ТО С С Е ЈА В И! И!""  " Н А В И С Т И Н А С Е ЈА В И! И!""

MONTHLY EDITION

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: С Р Е Д Б АТА ГРУЕВСКИ-БАЈДЕН Е ОД ВИСОКО З Н АЧ А Њ Е

СДСМ НА ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ НЕ УЧЕСТВУВА-ВМРО-ДПМНЕ: ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА СО ПОВИК ЗА БРЗО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Како реакција на новото продолжение на неизвесноста за конечно исполнување на политичкиот Протокол од Пржино, што ја доведува во прашање брзата разрешница на политичката криза, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го упатува следниот повик: Загрозувањето на имплементацијата на политичкиот протокол од Пржино ја става на сериозен испит иднината на Македонија и Македонскиот народ. Граѓаните, бизнис заедницата, Македонската Дијаспора предолго се во агонија, затоа што наместо брз излез од кризата, неизвесноста дополнително се продлабочува. Кредибилитетот на Државните институции одамна е доведен во прашање, затоа што наместо доследно почитување на претходно договорените закони донесени во Собранието, Државата се повеќе се раководи од Клубот на пратениците, во зависност од дневно политичките потреби на некоја од четирите политички партии. Ова е недозволиво! Нашите меѓународни сојузници се загрижени за нашето неодговорно однесување. Не се пропушта прилика јавно да не предупредат за можните последици од евентуалното конечно пропаѓање на политичкиот протокол од Пржино. Ако четирите најзначајни политички партии не умеат да се договорат и да го одржат зборот за еден датум за избори, тогаш како да очекуваме дека се способни да изградат консензус и стратешки да се изборат за Македонските национални интереси. Македонија, Македонскиот народ и заедничката иднина не смеат да бидат и понатаму заложници на политичката криза. Најодговорните политички партии треба да разберат дека не се поголеми од Татковината! Ние нема понатаму да толерираме да се става на коцка Татковината, за чија иднина генерации Македонци го положија својот живот! Ја користам приликата, од името на Македонските иселеници, уште еднаш да упатам апел до сите инволвирани политички чинители со охрабрување за да вистински се посветат на исполнување на политичкиот договор, кој самите го потпишаа, дефинирајќи го како излезно решение за длабоката политичка криза во која беше втурната Татковината. Сите политички партии во Татковината треба да бидат на висината на задачата, да се однесуваат одговорно, да имаат чувство за состојбата со која се наоѓаме и да престанат да се обидуваат од целата ситуација да извлекуваат дневно политички поени. Кога веќе четирите политички партии, под покровителство на САД и ЕУ, седнаа на преговарачка маса, се потпишаа на политичкиот протокол од Пржино, повеќе од јасно е дека нема друг пат, освен да се спроведат јавно превземените обврски. Треба да се организираат предвремени парламентарни избори кои конечно ќе ги расчистат сите обвинувања за наводни нерегуларности, чиј резултат нема да биде оспоруван од никого, за да партиите конечно се посветат на стратешките приоритети на Македонија и Македонскиот народ. За жал, не можам да избегнам од впечатокот дека најзначајните политички фактори во Татковината редовно паѓаат на испитот на политичка зрелост и наместо како суверена и самостојна Држава самите да си ги решаваме проблемите, покажуваме дека имаме недостаток на базичен капацитет за решавање на кризи. Ние не можеме да се издигнеме над тесно политичките интереси дури и тогаш кога сите мора да бидеме свесни дека е во прашање иднината на Македонија. Самите се ставаме во ситуација да бидеме изложени на сериозен притисок и ангажман од нашите меѓународни сојузници, кои пак покажуваат дека се упорни во својата намера да ни помогнат Македонија да продолжи по стратешкиот колосек.

\or|ija - Xorx Atanasoski


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: „Во вакви турбулентни околности за целиот регион, од исклучително значење е да се демонстрира цврста определба за опстојување на Татковината на стратешкиот колосек, кој недвосмислено упатува на трајно сојузништво со нашиот најголем подржувач – САД”, истакна Атанасоски

СРЕДБАТА ГРУЕВСКИ-БАЈДЕН Е ОД ВИСОКО ЗНАЧАЊЕ

П

о повод средбата на Претседателот на Македонската Влада, Никола Груевски со Американскиот потпретседател Џо Бајден, која беше остварена во Белата Куќа во Вашингтон, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, изјави дека средбата помеѓу Груевски и Бајден е од високо значење за зацврстување на историски важните билатерални односи помеѓу Македонија и САД. „Во вакви турбулентни околности за целиот регион, од исклучително значење е да се демонстрира цврста определба за опстојување на Татковината на стратешкиот колосек, кој недвосмислено упатува на трајно сојузништво со нашиот најголем поддржувач – САД”, истакна Атанасоски. Македонската Алијанса исто така ги поздравува заложбите за реализација на политичкиот протокол од Пржино, кои сите инволвирани страни го дефинираа како излез од долготрајната политичка криза, која ќе се оконча со предвремени парламентарни избори, со кои ќе се отстранат сите сомнежи за наводни изборни нерегуларности и чиј резултат ќе мора да биде прифатен од сите клучни фактори. „Фактот што на средбата се реафирмираа заедничките определби за постојано продлабочување на меѓусебните односи, интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ на фер и принципиелни основи, уште еднаш ја потврдија кристалната поддршка на Американската администрација за нашата Татковина”, се наведува во соопштението од Македонска Алијанса. Според него, неспорен е фактот дека нашиот најголем стратешки сојузник САД во последниот период врши притисок врз официјална Атина

да покаже поголема флексибилност во наметнатиот и неправеден спор кој го има во врска со нашето Уставно име. „Затоа, воопшто не се случајни серијата скандалозни провокации кои доаѓаа од високи претставници на Грчката политика кои се комбинираат со некаква лажна конструктивност и активен пристап со кој официјална Атина сака да создаде алиби за своите иредентистички политики на закани, уцени и блокади за Евроатланските интеграции на Татковината. Со ваквиот пристап Американската администрација јасно и недвосмислено покажува дека високо го респектира универзалното демократско право на самоопределување на Македонија и Македонскиот народ, и покрај негодувањата и несогласувањата на Грчката дијаспора, која е многу влијателна во САД”, се наведува во соопштението испратено од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


„Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер на Македонија”, истакна премиерот Груевски по синоќешната средба во Вашингтон со американскиот потпретседател Џозев Бајден. Според Груевски САД ќе продолжат со поддршката за интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија. На средбата исто така се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји

ГРУЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО ЏО БАЈДЕН:

ИМАВМЕ ОДЛИЧНА И ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА

С

оединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер на Македонија”, истакна премиерот Груевски по синоќешната средба во Вашингтон со американскиот потпретседател Џозев Бајден. Според Груевски САД ќе продолжат со поддршката за интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија. На средбата исто така се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји. „Потпретседателот Џо Бајден денеска оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Потпретседателот и премиерот се согласија околу важноста за континуираната имплементација на Договорот од Пржино и од преземањето на дејствија кои се потребни за да се обезбедат веродостојни избори. Потпретседателот на САД ја истакна континуираната поддршка на САД за евроатланската интеграција на Македонија”, стои во соопштението на Белата куќа. Претходно Груевски оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за

усвојување на американските закони. Конгресменот Пити и премиерот Груевски разменија мислења за 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

бегалската криза и потребата Македонија да стане полноправна членка на НАТО за поголема регионална стабилност и безбедност.


„На состанокот со европратениците укажано е и на недоволната соработка на Судот со ова Јавно обвинителство. Појаснуваме дека ваквото укажување е резултат на новата пракса која Судот сака да ја наметне во случаите кога се барани предмети на увид од страна на ова Јавно обвинителство

СПЕЦИЈАЛНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО:

СУДОТ НЕ СОРАБОТУВА, ПОТРЕБНА Е ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

П

отребна е измена на Законот за заштита на сведоци во делот на определување на надлежност на специјалното Јавно обвинителство, воедно потребна е поголема соработка на Судот со ова Јавно обвинителство се дел од заклучоците кои и ги укажале тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан во разговорот со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, соопштија од нејзиниот кабинет. „На состанокот со европратениците укажано е и на недоволната соработка на Судот со ова Јавно обвинителство. Појаснуваме дека ваквото укажување е резултат на новата пракса која Судот сака да ја наметне во случаите кога се барани предмети на увид од страна на ова Јавно обвинителство. Во конкретниот случај, не станува збор само за предметот „Пуч”, кој е во фаза на главна расправа, туку од Судот на увид побарани се и архивирани предмети (како на пример предметот познат во јавноста како „Изборна кампања”, предметот за убиството на Мартин Нешковски, како и други предмети од интерес на ова Јавно обвинителство). Притоа согласно досегашната пракса на Судот, на барање на јавните обвинителства вакви предмети биле доставувани на увид, што

е видливо и во еден од предметите во кој беше извршен увид. Сепак на барањето на ова Јавно обвинителство одговорено е дека е потребно увидот во списите на предметите да биде извршен во Судот, што од наша страна и беше направено. Изразуваме убедување дека во иднина Судот ќе пристапи кон соработка со ова Јавно обвинителство, бидејќи во законските одредби пропишана е обврска за соработка на сите органи и лица со јавното обвинителство, кога се работи за откривање на кривични дела и обезбедување на докази”, додаваат од Специјалното јавно обвинителство. Во врска со материјалите од 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

прислушуваните разговори од Специјалното обвинителство велат дека тоа обвинителство по овој случај постапува согласно законските прописи и околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. „Во овој момент не сме во можност да соопштиме повеќе податоци за примените материјали, но ја уверуваме јавноста дека ќе биде информирана за сите детали поврзани за примените материјали во моментот кога нема да постојат законски пречки за такво постапување”, стои во соопштението од Специјалното обвинителство.


ХАН: Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”. „Тоа ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди

"

ПАРТИИТЕ ДА СЕ ДРЖАТ ДО ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО

Г

и повикувам политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино”, порача денеска еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија. Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”. „Тоа ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди. Направив се за да го обезбедам потребното набљудување, на пример ОДИХР ќе испорача 24 долготрајни набљудувачи. Како за пример, во Турција тие имаа 30 такви набљудувачи и за една мала земја во споредба со Турција да има 24 е многу, како и 300 на изборниот ден. Мојата поента е дека е важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји-членки да почнат преговори”, истакна Хан. Еврокомесарот додаде дека „не секогаш партиите се држеле до датумот кога има одреден краен рок што е договорен, но на крајот се е имплементирано”.

„Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули”, порача Хан. Еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека е загрижен за малиот прогрес во однос на усвојувањето на итните реформски приоритети од извештајот на Рајнхард Прибе и порача дека „има многу елементи и поенти во извеш06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

тајот на Прибе што може да бидат исполнети до изборите”. „Тука се соочуваме со одложувања и ги повикувам сите партии да останат посветени, бидејќи тоа е дел од потребниот реформски процес и што порано тоа го направат, толку подобро и толку земјата ќе биде подготвена на европската перспектива и на евроатлантската перспектива. Значи, во рацете на одговорните лица и да се грижат за земјата и за луѓето”, додаде Јоханес Хан.


БЕЗ ОПОЗИЦИЈА Собранието на Република Македонија доцна синоќа ја избра преодната Влада со 72 гласа „за” и девет „воздржани”. Опозициските пратеници како и свајцата министри предложени од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски кои повторно беа предложени, а не положија заклетва

С

обранието на Република Македонија доцна синоќа ја избра преодната Влада со 72 гласа „за” и девет „воздржани”. Опозициските пратеници како и свајцата министри предложени од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски кои повторно беа предложени, а не положија заклетва. не присуствуваа на чинот. Новоизбраниот мандатар Емил Димитриевски, во обраќањето пред пратениците рече дека ќе го продолжи процесот на организација на парламентарни избори и сите институции ќе се залагаат тие да бидат фер и слободни. На предлог на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата и на ДУИ народните избраници претходно изгласаа распуштање на Собранието кое ќе важи од 24 февруари. Во Собранието беше констатирана и оставката на премиерот Никола Груевски, кој на 14 јануари ја депонираше до Собранието. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески во процедурално обраќање нагласи дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки спосок, и на такви избори нема да учествува. По констатирањето на оставката на Груевски, пратениците од пратеничката група на СДСМ ја напуштија седницата.

ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА -СО МАНДАТ ЗА ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


БЕЈЛИ: „Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес

СИТЕ ПАРТИИ И ОРГАНИЗАЦИИ ДА УЧЕСТВУВААТ

НА ИЗБОРИТЕ

А

мериканскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ги повика сите партии и организации да учествуваат на изборите. Бејли се наведува дека спроведувањето на договорот од Пржино е клучно за македонските евроинтеграции, кои САД ги поддржуваат. Тој смета дека оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес, исто како и кредибилните избори. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела”, се наведува писмената изјава на амбасадорот Бејли. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


ЗАЕВ: Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, синоќа донесе одлука двајцата министри и тројцата заменици министри да останата во Владата до 24 февруари, а истото важи и за пратениците во Собранието

СДСМ НА ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ НЕ УЧЕСТВУВА-ВМРОДПМНЕ: ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА

ентралниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, синоќа донесе одлука двајцата министри и тројцата заменици министри да останата во Владата до 24 февруари, а истото важи и за пратениците во Собранието. Според лидерот на партијата, Зоран Заев, СДСМ ќе даде шанса до пред распуштањето на Парламентот да се корегираат одлуките за датумот на изборите за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите. „Доколку остане одлуката што ја изгласаа ВМРОДПМНЕ и ДУИ за избори на 24 април, тогаш СДСМ ќе ги повлече министрите и нема да учествува на изборите”, изјави Заев. Заев додаде дека опозицијата останува на се што е предвидено во договорот од Пржино, останува во Владата и Парламентот целосно, за да не дадат никаква причина на ВМРОДПМНЕ да каже дека тие се оние кои го прекршиле договорот. Владечката партија ВМРО ДПМНЕ, очекува СДСМ како партија која го води Минис-

терството за внатрешни работи и има одлучувачко влијание во ДИК, да го даде својот придонес во организирањето на фер и демократски избори. „Република Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и агонијата која е создадена изминатиот период. Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги

Ц

09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

имаат личните интереси на нивните раководства. Фер и демократски избори ќе има и тоа не е прашање кое СДСМ треба да го загрижува. Тоа што СДСМ треба да го загрижува е отпорот кој се создаде во државата против нивната деструктивна политика, базирана на фабрики за афери, сплетки, интриги, шпиунски филмови и манипулации”, стои во рекацијата на ВМРО ДПМНЕ.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

ДА СЕ ЗАПАЗАТ КАРАКТЕРНИТЕ ОСОБЕНОСТИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД


БЛАЖЕНО УПОКОЕНИОТ АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. МИХАИЛ "Желбите и настојувањата за возобновување на Охридската архиепископија тесно се поврзуваат со борбата за национална афирмација на македонскиот народ", констатирал блажено упокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил, кој во книгата "Нашето свето православие" се осврнал на неколку клучни прашања од историјата на МПЦ во XX век. По Илинденското востание големите сили настојувале да ги смират страстите на македонскиот народ со ветување на разни реформи, а една од најважните

Македонските студенти собрани околу нивниот весник "Македонски глас" во Петроград - Русија, во 1913 година барале независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепи скопија - како национална црква на слободниот и независниот македонски народ.

требало да биде и обновувањето на Охридската архиепископија - како самостојна, автокефална Македонска православна црква. Всушност, се продолжувал заветот на Крсте Мисирков, на Димитрија Чуповски и на други македонски интелектуалци и борци за национални права на македонскиот народ, кои на возобновувањето на Охридската архиепископија му давале централно место. За таа света цел, македонските студенти собрани околу нивниот весник "Македонски глас" во Петроград, Русија, во 1913 година, барале независност за својата татковина Македонија и обновување на Охридската архиепископија - како национална црква на слободниот и независниот македонски народ. Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија имале негативни последици врз Македонската православна црква. Со поделбата на нашата земја, на етничка Македонија, по Балканската војна, меѓу Бугарија, Грција и Србија, на македонскиот народ му биле наметнати други црковни јурисдикции,

"Прво, да се обнови Охридската архиепископија, како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква. Второ, да има свои народни епископи и народно свештенство за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна Црква. Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Светиклиментова Охридска архиепископија", се потсетувал во својата книга "Нашето свето православие", блажено упокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил. кои потекнуваат од соседните народи. Ваквата состојба се задржала сè до ослободувањето на Македонија и до формирањето на македонската држава.

РАЗДЕЛЕНИ ОД СТРАНА НА СОСЕДИТЕ По формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, на 1 декември 1918 година била создадена единствена православна црква. Освен Српската, Карловачката и Црногорската митрополија, како и православните цркви во Босна и Херцеговина, во состав на


Српската православна црква биле вклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои таа й ги платила на Цариградската патријаршија. Според тоа, мнозинското население, македонскиот народ, немало своја црковна власт, туку добило одлука од страна на Патријаршискиот синод, донесена на 19 март 1920 година, која гласи: "Канонскиот ред и обичај и работите на црковната управа да се уредуваат и да се доведуваат во согласност со политичките промени кои се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и да се распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ". Другите македонски епархии биле разделени, едни биле под грчка, а други под бугарска црковна власт, при што и националната припадност на владиците била истоветна, само Грци, односно Бугари, а и владиците во македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, биле само Срби. Тие и нивните најблиски соработници заборавале дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, односно уште побезмилосно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и асимилација на македонскиот народ. Овие владици станале платени слуги на великогрчката, на великобугарската и на великосрпската мегаломанска политика во македонската земја, која се спроведувало и кон македонскиот народ. "Владејачките режими ги ангажирале православните цркви да им служат во

Освен Српската, Карловачката и Црногорската митрополија, како и православните цркви во Босна и Херцеговина, во состав на Српската православна црква биле вклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои таа й ги платила на Цариградската патријаршија. Според тоа, мнозинското население - македонскиот народ немало своја црковна власт, туку добило одлука од страна на Патријаршискиот синод на СПЦ, донесена на 19 март 1920 година, која гласи: "Канонскиот ред и обичај и работите на црковната управа да се уредуваат и да се доведуваат во согласност со политичките промени кои се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и да се распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ".

ЗАВРШНА СЕДНИЦА НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, 3 ОКТОМВРИ 1958 ГОДИНА остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели среде Македонците. Тие организирале разни културнопросветни и национално-патриотски друштва во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители се ангажирале во однародувањето и во асимилирањето на македонскиот народ", истакнало Неговото Блаженство Г.Г. Михаил во книгата, со што нè потсетува на денешните непроменети ставови на СПЦ. "И денес, кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја народна автокефална Македонска православна црква и сака да ги остварува заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата братска рака за измирување во името на Господа Исуса Христа и Неговата Света Црква, тие, наместо да се засрамат, да се посипат со пепел и да побараат опростување од народот, на кој многу му погрешиле, тие се трудат со сите свои сили и измислуваат безброј причини да не ја признаат автокефалната Македонска православна црква, која е верна наследничка на древната православна самостојна црква Охридската архиепископија, која многу ги задолжила сите цркви. Ваквиот став на соседните православни цркви не само што не е православен и христијански, туку не е воопшто човечен", оценил Г.Г. Михаил.

СВЕШТЕНИЧКИ ГРУПИ Македонија зеде активно учество во народноослободителната војна против окупаторот и неговите слуги, со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се добие национална слобода, државно и црковно осамостојување. Во врска со регулирањето на македонското црковно прашање, првиот официјален акт бил донесен на 15 септември 1943 година, од тогаш формираното Верско поверенство при Главниот штаб на Македонија. Оваа одлука всушност претставува почеток за реализирање на вековната идеја на македонскиот народ за

возобновување на Охридската архиепископија. Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената територија, во селото Издеглавје - Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир, на кој биле донесени решенија од првостепено значење за натамошната иднина на црковното управување во Македонија. Тогаш свештенството одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да било туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија, а со црковно-верскиот живот на слободниот македонски народ да раководи Македонска православна црква. Вакви иницијативи биле покренати од страна на неколку групи свештеници, кои во тогаш сè уште неослободените делови на Македонија, настојувале да бидат зачувани македонските црковни скапоцености и подготвувајќи се за создавање своја слободна татковина да се организира православна црква на македонскиот народ, на чело со владици и свештеници домородци. Една ваква свештеничка група многу активно работела во уште неослободеното Скопје и се подготвувала за големите црковни настани во слободна Македонија. Подоцна, во селото Горно Врановци Велешко, уште за време на народноослободителната борба, бил формиран Иницијативен одбор за организирање на Македонска православна црква. По ослободувањето на земјата, во него биле кооптирани уште неколку свештеници. Тој проширен Иницијативен одбор го презел црковното раководење и правел усилени подготовки за одржување на Првиот македонски црковно-народен собир. Еден од членовите на Иницијативниот одбор ги посетил сите градови во Македонија, и наместо некогашните архијерејски намесништва, во тие црковни центри биле избрани нови духовни одбори, составени од тројца свештеници и тројца мирјани. Ним им биле дадени упатства да се подготвуваат за Првиот македонски црковно-народен собир.


Другите македонски епархии биле разделени, едни биле под грчка, а други под бугарска црковна власт, при што и националната припадност на владиците била истоветна, само Грци, односно Бугари, како и владиците во македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, биле само Срби. Тие и нивните најблиски соработници не само што заборавале дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, туку уште побезмилосно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и на асимилација на македонскиот народ.

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР За да ги реализира своите копнежи за обновување на древната Охридска архиепископија и за создавање своја автокефална народна Македонска православна црква, Иницијативниот одбор го

свикал Првиот македонски црковно-народен собир, кој се одржал на 4 и 5 март 1945 година во Скопје. На овој Собир зеле учество повеќе од 300 делегати-свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Собирот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија. "Прво да се обнови Охридската архиепископија, како Македонска православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква; Второ, да има свои народни епископи и народно свештенство, за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна Црква; Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата Охридски архиепископ, а Православната македонска црква да се нарекува Светиклиментова Охридска архиепископија", се потсетил во својата книга Г.Г. Михаил. Понатаму, во собирската резолуција се говори за тоа дека охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во

ФРЕСКИ ВО ОЛТАРНАТА АПСИДА ВО ХРАМОТ "СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТОС-СВЕТИ КЛИМЕНТ" ВО ОХРИД, ЗОГРАФИ МИХАИЛ И ЕВТИХИЈ, 1925 ГОДИНА

Охрид и устоличен на престолот на охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот. Имајќи ги предвид црковните канони, за возобновување на Охридската архиепископија, Црковно-народниот собир избрал нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, при што нему му биле дадени ингеренциите за привремена управна и законодавна власт. Во септември истата година, Српската православна црква на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, пројавувајаќи и понатаму право на црковна јурисдикција на територијата на Македонија. Таа и натаму од православниот македонски народ барала целосно починување, односно почитување на состојбите меѓу двете светски војни. По добивањето на одлуката на Светиот синод на Српската православна црква, Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква свикал широка свештеничка конференција за да го запознае македонското свештенство со негативниот став на СПЦ, против светата желба на македонскиот народ да има своја автокефална црква, за кое има историско и канонско право. Оваа конференција, на која зеле учество повеќе од двесте свештеници, била одржана во Скопје, на 9 и 10 мај 1946 година. Откако свештенството било запознато со негативниот став на Српската православна црква кон еднодушната одлука на сите православни христијани, донесена преку нивните ополномоштени делегати на Првиот македонски црковно-народен собир, по богата аргументирана и продлабочена дискусија, во атмосфера на остро негодување, македонското свештенство ја донело резолуција во која се истакнува дека Црквата во Македонија мора да има свои народни архијереји, народно свештенство, и самостојност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања. Во оваа резолуција македонските православни свештеници не отстапиле од основните барања на верниците - Македонската православна црква да го зачува својот народносен и Светиклиментовски белег. Конечното решавање на ова прашање се провлекувало сè до 1958 година.

(продолжува)


СВЕТСКА БАНКА: „Со оглед на изборниот циклус во Република Македонија, проектот ќе стапи на сила и исплатата ќе започне откако претстојните парламентарни избори ќе бидат завршени, стои во официјалното соопштение на Светска банка

НОВИОТ КРЕДИТ ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

С

ветската банка одобри кредит од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги во Република Македонија, но кредитот нема да може да се користи се до завршување на најавените парламентарни избори. „Со оглед на изборниот циклус во Република Македонија, проектот ќе стапи на сила и исплатата ќе започне откако претстојните парламентарни избори ќе бидат завршени, стои во официјалното соопштение на Светска банка. Овие пари ќе може да се користат и за инфраструктурни инвестиции, како што се водовод, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност во општинските згради. Од 80 општини, 57 ќе учествуваат во користењето

на овие средства. Претходно и германската банка КФВ кредидот од 39 милиони евра за топлификација на Битола го услови 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 Јануари 2016

со директна исплата на изведувачот на работите, и тоа само откако ќе бидат завршени работите и со силен меѓународен надзор.


Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања

П Р Е К У Г РА Н ТО В И З А С А М О В РА Б О Т У В А Њ Е

ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ОКОЛУ 1.000 РАБОТНИ МЕСТА

С

ите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања. „Досега преку мерката се основани над 7.700 компании. За годинава се планира основање и создавање нови 920 компании или отворање на 1.000 нови вработувања. Околу 30 проценти од грантовите се планирани за бизнис идеи на млади лица до 29 години, односно околу 300 мали компании да основаат овие лица. Тоа значи дека 64 милиони денари се наменети за поддршка на младите невработени лица кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат”,

истакна на денешната пресконференција дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски информира дека над 73 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

проценти од малити бизниси кои се на ваков начин финансирани до 2014 година се активни. Над 85 проценти од учесниците кои формирале фирма, како што рече, иако некои од нив затвориле фирма, се вработени на друго работно место.


Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити

„БОГ СЕ ЈАВИ!“  „НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!“

ПРАВОСЛАВНИТЕ

ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ БОГОЈАВЛЕНИЕ

- ВОДИЦИ

П

равославните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици кој се празнува со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови. Централната манифестација во Скопје се оддржа напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го спушти крстот во Вардар. „Преубаво чувство. Нека е за многу години овој празник. Овој крст нека донесе многу

здравје и среќа”, изјави дваесет и шест годишниот Даниел Дончевски, од скопската населба Маџари кој успеа да го фати крстот во водите на реката Вардар. Тој годинава по четврт пат го фаќа крстот, а во водите на Вардар скока веќе осум пати. Нај масовно, празникот и ова година беше одбележан во Охрид, каде спуштањето на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро го проследија илјадници граѓани. Дваесети и шестгодишниот Петар Рупески од охридската населба Варош беше најсреќ16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

ниот меѓу стотината верници кои скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Тимотеј. „Ова ми е трет пат како го фаќам крстот. Оваа година е многу ладно, но сепак денот се погоди. Чувството е како прв пат да го фаќам крстот”, рече Рупески. Оваа година за разлика од минатите, организацијата на настанот ја презедоа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија на Македонската православна црква.


ФИЛИП СТОЈАНОСКИ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ПРИЛЕП

Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици. Меѓу учестиците на возраст од 11 до 35 беа и петт девојки. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст. „Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство”, изјави Стојаноски. ваесет и тригодишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот при хотелот „Сонце ГА” во Прилеп. Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици. Меѓу учестиците на возраст од 11 до 35 беа и петт девојки. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст. „Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство”, изјави Стојаноски. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во име на локалната самоуправа на најсреќниот прилепчанец му даде златен крст и други подароци. „Традицијата е длабоко вкоренета во опстојувањето на нашиот народ, во неговата вера и овој голем празник и годинава го славиме достојно, особено што имаше и огромен број учесници”, рече Ристески. Во хотелот „Сонце ГА” денеска исто така беше промовира книгата „Света Петка” од прилепчанката Наде Караџоска, која низ фотографии и текст го следи градењето на црквата „Света Петка” во прилепската населба Точила низ сите седум години, колку што траеше изградбата.

Д

17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


СПОМЕНДОМОТ НА МАЈКА Т Е Р Е З А П Р О М О В И РА Ш Е П Р О Е К Т 20-минутна видеопрезентација за животот и мисијата на хуманистката и нобеловка од Скопје раскажана на знаковен јазик, наменета за лица со оштетен слух и говор. Авторка на проектот е Цветанка Вучковска, кустос-водич во Спомендомот на Мајка Тереза која на презентацијата рече дека идејата била на сите посетители на музејот да им ја претстават животната приказна на Мајка Тереза.

"ТИШИНАТА РАСКАЖУВА ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА"

С

помен-домот на Мајка Тереза промовираше проект „Тишината раскажува за Мајка Тереза” – 20минутна видеопрезентација за животот и мисијата на хуманистката и нобеловка од Скопје раскажана на знаковен јазик, наменета за лица со оштетен слух и говор. Авторка на проектот е Цветанка Вучковска, кустос-водич во Спомен-домот на Мајка Тереза која на презентацијата рече дека идејата била на сите посетители на музејот да им ја претстават животната приказна на Мајка Тереза. Посочи дека лесно комуницираат со посетители од целиот свет, освен со лицата со оштетен слух со кои, како што рече, имале бариера во ко муникацијата.Министерката за култура Елизабета КанческаМилевска истакна дека промоцијата на овој проект токму во Спомен-домот на Мајка Тереза е значајна бидејќи, како што рече, преку неа на симболичен начин, во духот на мисијата и заложбите на Мајка Тереза, покажуваме грижа за лицата со посебни потреби кои се рамноправни чинители во нашето општество. 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


Перса Стојановска од Здружението „Копачка” информира дека 2016 година целосно ќе биде посветена на зачувувањето и негувањето на нематеријалното културно наследство на Пијанец, пред сe на фолкорното добро, орото Копачка и неговата одржливост на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО

С О П Р О Е К Т О Т „ К О П АЧ К А 2016” ДЕЛЧЕВСКИТЕ И Г РАО Р Ц И

"КОПАЧКА 2016" НА ПОВЕЌЕ ФЕСТИВАЛИ И МАНИФЕСТАЦИИ

С

о проектот „Копачка 2016” делчевските играорци ќе учествуват на повеќе фестивали и манифестации поврзани со изворниот фолкор, во државата и во соседна Бугарија, ќе се изработува рекламен материјал со сертификатот за орото „Копачка” од УНЕСКО, а ќе се издаде и каталог. Перса Стојановска од Здружението „Копачка” информира дека 2016 година целосно ќе биде посветена на зачувувањето и негувањето на нематеријалното културно наследство на Пијанец, пред сe на фолклорното добро, орото Копачка и неговата одржливост на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО. – Преку проектите „Издавање на монографијата „Копачката, чекор по чекор

до УНЕСКО” од Димитар Узунски “ и Документарниот филм за „Копачката во УНЕСКО” ќе оставиме траен белег за опстојувањето на Копачката низ годините с до нејзиното највисоко можно остварување- впишувањето во УНЕСКО. Преку филмот ќе го истражиме јавното мислење за Копачката од најрелеватните институциивклучени во процесот на впишувањето во УНЕСКО, до најобичните негувачи на ова живо оро, истакна Стојановска. Еден од проектите прет19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

ставува вистински предизвик. Станува збор за промоција на Копачката на Деновите на македонската култура во Србија и Словенија. Се предвидува да одржиат концерти и презентации за „Процесот на впишувањето на орото во УНЕСКО” во градовите Белград, Копер, Крањ и Јагодина, со што ќе ја доближат перцепцијата за нашето светско културно наследство, орото Копачка, но и другиот пијанечки изворен фолкор, кај нашите иселеници и тамошни жители.


Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во овој театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуодрама, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис

С

о силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој во театарот „Достоевски” во Санкт Петербург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ” од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски, соопштија од Битолскиот театар. Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во овој театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис. Претставата „Последната ноќ”, која претставува семејна психолошка драма, беше проследена и од голем број актери и членови на еден од најетаблираните театри во Русија, театарот „Вера Комерсажевскаја”, а меѓу присутните беше и рускиот режисер Александар Баргман кој годинава ќе режира претстава на сцената на Битолскиот театар.

СО СИЛЕН АПЛАУЗ И ОВАЦИИ Б Е Ш Е П О З Д РА В Е Н Н А С ТА П О Т Н А Н А Р О Д Н И О Т Т Е АТА Р О Д БИТОЛА

"ПОСЛЕДНАТА НОЌ" НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


П О П О В Е Ќ Е К РАТ Н И Т Е О Б Ј А В И , М Е Ѓ У К О И Н А Ј Н О В АТА Н А Р У С К И Ј А З И К , КАКО И ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ИЗДАНИЕ Угледното книгоиздателството „Ал Араби” од Каиро, претставувано од неговиот директор Шериф Бакр, потпиша договор со нашиот автор за публикување на неговиот награден роман „Дваесет и првиот” на арапски јазик

РОМАНОТ "ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ" НА АРАПСКИ ЈАЗИК

П

о повеќекратните објави, меѓу кои најновата на руски јазик, како и интернационалното издание на романот „Дваесет и првиот” на англиски јазик на годинашниот солунски Саем на книгата, писателот Томислав Османли потпиша договор со египетската изравачка куќа „Ал Араби” за објава на наградуваниот роман на арапски јазик. Угледното книгоиздателството „Ал Араби” од Каиро, претставувано од неговиот директор Шериф Бакр, потпиша договор со нашиот автор за публикување на неговиот награден роман „Дваесет и првиот” на арапски јазик. Романот, во првичен тираж од 1.000 примероци, би требало да се појави од печат најдоцна до средината на 2017 година, иако публикувањето на македонскиот роман се очекува да се реализира и во покус рок. Покрај печатеното издание, нашиот автор на египетскиот издавач му овозможи публикување на романот „Дваесет и првиот” и во вид на електронска книга. Издавачката куќа „Ал дистрибуцијата на арапскиот роман на најширокиот, Араби” ќе се погрижи за превод на македонскиот светски книжевен простор. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016


„Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација ојран ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година, одлучи Министерството за култура по разгледувањето на пристигнатите пет пријави на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година”. „Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го афирмираат домашното творештво и домашните автори, проекти кои подразбираат соработка со врвни уметници и кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност”, се вели во соопштението од Министерството за култура. Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, „Град на културата 2016 година”. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, традиционална музика и фестивалска промоција на игри, ликовни колонии, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од

Д О Ј РА Н Г И И С П О Л Н У В А УС Л О В И Т Е ДА БИДЕ ПРЕСТОЛНИНА НА К У Л Т У РАТА З А 2 0 1 6 Г О Д И Н А

Д

ДОЈРАН, ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2016

сите структури. „Прогласувањето на Дојран за Град на културата за 2016 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто”, велат од Министерството за култура. Титулата „Град на културата” се доделува 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 796 / Јануари 2016

по 13-ти пат, а минатата година носител беше општина Велес. Манифестацијата се организира заради дисперзија и развивање на културата, а културните содржини што ги финансира Министерството за култура да станат достапни за сите граѓани на Република Македонија.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.