Бизнис ИНФО, број 254

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 254

www.mchamber.mk

11.02.2016

Презентирани новите ус луги на Агенцијата за катас тар на недвижнос ти

СО КЛИК ДО ИМОТНИТЕ ЛИСТОВИ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА БАРА ПОСЕБЕН ДАНОЧЕН РЕЖИМ ЗА ХОЛДИНГ-ДРУШТВАТА Сит уацијата во мелничкопекарската индус трија е крајно алармантна

ПОТРЕБНИ ИТНИ МЕРКИ ДА СЕ ЗАШТИТАТ ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

� Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ

ДИРЕКТЕН ПРИСТАП НА КОРИСНИЦИТЕ ОД СВОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА ИЛИ ОД ДОМА

Во Стопанската комора на Македонија презентирани новите услуги на Агенцијата за катастар на недвижности

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности и Комората на извршители на Република Македонија, на 8.02.2016 година организираше презентација на новите услуги и производи на Катастарот пред претставници од банкарскиот сектор и од компаниите-членки на Комората. - Новите услуги и производи на Катастарот нудат можност за брз и ефикасен пристап до податоците од Катастарот и истите можат да најдат практична примена во работењето на приватните компании, - истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, господин Славче Трпески. Агенцијата ќе продолжи со креирање на нови услуги и во иднина, согласно потребите на бизнис-заедницата, граѓаните, нотари, извршители, проценители и сите институции кои по службена должност доставуваат или бараат податоци кои ги води Катастарот.

- Електронскиот шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности овозможува директен пристап на професионалниот корисник од својата канцеларија до имотните листови од Катастарот на недвижности, во електронски формат за увид или во форма на јавна исправа.


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

МОЖНОСТИ Новина која ја воведува Катастарот за своите професионални клиенти, а особено оние кои имаат запишано хипотека или залог на одреден имот или пак имаат запишано товари или ограничувања на конкретен имотен лист, е можноста да се претплати на сервисот наречен „watch dog” кој овозможува следење на сите поднесени барања и промени на имотниот лист кој е од интерес на нашиот клиент, – наведе во својата презентација Светлана Димитриевска, помошник-раководител на сектор во Агенцијата. Со оваа услуга во голема мера ќе се зголеми правната сигурност на доверителите, бидејќи во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот кој е ставен како залог за доверените средства.

Дарко Црвенковски од Агенцијата за катастар на недвижности го презентираше Регистарот на цени и закупнини. Регистарот на цени и закупнини претставува една голема база на податоци во која се содржани голем број корисни информации за недвижностите кои се предмет на промет или закуп. Главни податоци кои се содржани во овој регистар се цената на купопродажбата, односно закупот на недвижноста, и други податоци за недвижноста како што се нејзината микро и макро-локација, пристапноста до инфраструктура. Исто така, Регистарот на цени овозможува следење на трендот и движењето на цените на недвижностите за кои јавноста ќе биде известувана преку квартални извештаи подготвувани и објавувани од страна на АКН. Со воспоставувањето на Регистарот на цени и закупнини значително се зголемува транспарентноста на пазарот на недвижнини, бидејќи сега сите трансакции се јавно достапни за сите заинтересирани страни. - Дистрибутивниот гео-портал на АКН (OSSP One Stop Shop Portal) има цел да ги олесни и да ги подобри пристапот и користењето на податоците од Катастарот на недвижности,


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ геодетските податоци, картографските податоци и податоците од Регистарот на просторни единици за целата територија на Р. Македонија, - наведе Гоце Груевски, државен советник за

ИТ во Агенцијата. Целта на овој гео-портал е да ја подобри достапноста на овие податоци и пред се` да го скрати времето на доставување на податоци до корисниците на услугите, што ги нуди овој портал и сето тоа преку интернет пристап (online). Услугите што се нудат на овој портал ќе бидат достапни 24/7/365, што значи дека секој правен субјект или граѓанин ќе има пристап до податоците и информациите во секое време и од секое место преку интернет. До денес онлајн преку интернет граѓаните и правните лица презеле 554 имотни листови и други податоци. Катастарот и во иднина ќе продолжи со одржување на презентации на производите пред бизнис-секторот со цел подобро запознавање на компаниите со новите системи, како и со поволностите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности. По завршувањето на презентацијата, се одржа редовната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија, на која за новите електронски услуги на Агенцијата за катастар на недвижности се обрати директорот на Агенцијата, господин Славче Трпески, како и господин Зоран Петрески, претседателот на Комората на извршители на Република Македонија и д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, кои се осврнаа на придобивките за бизнис-секторот од електронските услуги на Катастарот, како брз и ефикасен начин на кој компаниите можат да ги прибават потребните податоци и документи, зголемување на правната сигурност, формирање на реална пазарна цена на недвижностите, намалување на времетраењето на извршните постапки и др. Љупка Илиевска-Самарџиска


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

ТРИБИНА

Постојната законска регулатива обезбедува доволна основа за функционирање на холдингкомпании во земјава, но потребно е да се доуредат одредени прашања

БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА БАРА ПОСЕБЕН ДАНОЧЕН РЕЖИМ ЗА ХОЛДИНГ-ДРУШТВАТА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Здружението на правници на Република Македонија, организираше тркалезна маса на тема: ХОЛДИНГОТ КАКО ФОРМА НА ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ - Законското нормирање на холдингот како потреба и предизвик во Република Македонија. На тркалезната маса учество земаа претставници на надлежните државни органи чија дејност е непосредно поврзана со наведената проблематика - од Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Народната банка на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје, Централниот регистар на Република Македонија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, од научната и стручната јавност, како и претставници на бизнис-заедницата.


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНА Присутните на тркалезната маса дискутираа околу можните придобивки и недостатоци од функционирањето на класичниот холдинг во Република Македонија,

како и можностите да се изнајдат заемно прифатливи решенија за воочените проблеми од функционирањето на поврзаните друштва во практиката од аспект на нивниот статус и даночен третман согласно постојната регулатива. Истакнато беше дека растот и унапредувањето на работењето на деловните субјекти ја поставува како нужност потребата од поврзување на трговските друштва и овозможување за таквите посебни трговски ентитети да биде уреден посебен режим на функционирање, а особено посебен даночен третман на овие субјекти, кој ќе биде приспособен на специфичностите на нивното работење. Од дискусијата произлегоа заклучоците дека постојната законска регулатива која се однесува на прашањата за поврзани друштва обезбедува доволна основа за функционирање на холдинг-компании во македонскиот правен систем, како и дека потребно е да се доуредат прашањата коишто се однесуваат на даночниот третман на поврзаните субјекти, на што треба да претходи спроведување на cost/benefit анализа во однос на целите на даночната политика наспроти можните придобивки од уредувањето на посебен даночен режим за поврзаните друштва. Од страна на претставниците на бизнис-заедницата посочена беше потребата да се уреди посебен даночен режим за холдинг-друштвата, при што уредувањето на овој


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

ТРИБИНА режим се предлага за своја почетна основа да ги има следните критериуми: • дивидендите кои фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата треба да бидат ослободени од оданочување; • приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка да биде ослободен од оданочување; • трансферите на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, во рамки на холдингот (на пример, од владејачкото друштво на фирмата-ќерка и обратно), да бидат третирани како признати расходи за даночни цели; • да се создаде законска можност за даночна консолидација на овие субјекти доколку помеѓу владејачкото друштво и зависните друштва постои непосредна или посредна контрола над најмалку 75% од акциите или уделите, и сите поврзани друштва да се резиденти на Република Македонија; • да се создаде законска можност да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка која е 100% основана од холдингкомпанијата да се евидентира и да се објави во годишната сметка на холдинг-компанијата во истата година; • повторно да се уреди можноста трговските друштва кои се поврзани во холдингкомпанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс. Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе продолжи да презема активности кои се однесуваат на прашањата за законското нормирање на поврзувањето на деловните субјекти и нивниот даночен третман, во насока на постигнување на подобри деловни резултати. М-р Татјана Штерјова


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО

ПОТРЕБНИ ИТНИ МЕРКИ ДА СЕ ЗАШТИТАТ ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Ситуацијата во мелничкопекарската индустрија е крајно алармантна

Ситуацијата во мелничко-пекарската индустрија е крајно алармантна. Потребно е итно да се преземат одредени мерки со цел да се изнајде решение и да се спречи напливот на евтино увозно брашно кое се увезува по цена на чинење на домашната пченица која мелничарите ја купуваа во жетва од една страна, како и да се предложат на ресорното Министерство мерки кои подолгорочно би имале ефект во мелничарството.

Мелничарите воедно алармираат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да можат да откупуваат оваа година, со што директно ќе бидат погодени и домашните производители на жито, како и дека голем дел од вработените ќе бидат отпуштени.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

ПРЕДУПРЕДУВАЊА Во меѓувреме одредени мерки, пред се` од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беа преземени се` со цел да се намалат трошоците на домашните компании и да се зголеми нивната конкурентност на домашниот пазар. Ова беше истакнато на седницата на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, на која заедно со примарните производители, се водеше расправа за актуелните состојби во оваа гранка (10.02.2016 година). Согласно Законот за рурален развој и Правилникот за испитување на квалитет на пченица и брашно, компаниите се должни да обезбедат анализа од акредитирана лабораторија пред брашното да биде пуштено на пазарот. Во 2014 година се акредитираше „Кадино Индустри Груп“ за испитување на брашно, додека минатата, 2015 година, „Мак Млин“ -Чешиново за испитување квалитет на брашно и пченица.

На состанокот претставникот на домашните производители на лебно жито истакна дека мелничката индустрија без домашните компании не би постоела и затоа тие ги поддржуваат нивните барања. Денес во Република Македонија опстанаа само уште пченицата, оризот и тутунот и мора да се изнајдат итни решенија со цел да не се изгуби и оваа култура, како репата и сончогледот. По обемната расправа беше одлучено: 1. Итно преземање мерки со цел да се заштити мелничката индустрија со што индиректно ќе се заштитат и домашните земјоделци. 2. Да се спроведува донесениот Правилник за квалитет на брашното при увоз,


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО односно да не се пушта увозно брашно во промет се` додека АХВ не даде дозвола по добивање на анализите за квалитет од акредитирана лабораторија.

3. Да се изнајде начин за дополнително субвенционирање на домашните земјоделци или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач по класи на квалитет. Со тоа нашата пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а исто така и мелниците конкурентно брашно. Со тоа би се стопирал увозот на брашно, односно би се зголемил извозот. Истото што на некој поразличен начин го прави и Србија. 4. Да се субвенционираат домашните мелничари во висина од 2,5 денари по килограм откупена пченица (разлика во цена помеѓу откупената домашна пченица и цената на увезената пченица). 5. Да се побара итна средба со претседателот на Владата на РМ со цел да се изнајде трајно решение за домашните мелничари, но и производители на пченица. На прес - конференција пред преставници на медиумите, Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија и Ефтим Шаклев, претседател на Федерацијата на фармери ги соопштија донесените заклучоци и одговараа на бројни прашања на новинарите. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

УСОГЛАСУВАЊА

Групација на водостопански претпријатија

ИНТЕНЗИВНИ КОНТАКТИ СО ДРЖАВНИТЕ ИНСИТУЦИИ ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ВОДНИТЕ УСЛУГИ

Имплементација на Законот за утврдување на цени на водните услуги кој е веќе објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2016, беше тема на денешната седница на Групацијата на водостопанските претпријатија во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија. На состанокот, освен членките на Групацијата, учествуваа и Јадранка Иванова од Министерството за животна средина и просторно планирање и Андријана Нелкова Чучук од Регулаторната комисија за енергетика, која веќе доби законски надлежности во иднина да ја регулира цената на водните услуги која се дистрибуира до крајните корисници. Водостопанските претпријатија побараа објаснување во која форма и за кој дел од нивните надлежности тие ќе имаат обврска согласно Законот за утврдување на цените на водните услуги, на што добија одговор дека оние водостопански претпријатија кои


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

13

УСОГЛАСУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО доставуваат вода за пиење до комуналните водоводни претпријатија по тој основ ќе имаат и обврска согласно овој закон. Истовремено, под Законот за утврдување на цени на водните услуги, водостопанските претпријатија ќе имаат обврска и согласно трошокот што го пресметуваат за искористување на каналите на водостопанските претпријатија за отпадните води кои ги експлоатираат водоводните претпријатија. Јадранка Иванова ги објасни и причините за носење на Законот потенцирајќи дека со новиот начин на пресметка на цената на водата ќе се обезбеди поголема издржливост на системите, намалување на загубите на вода и можност за нови и поголеми инвестиции во осовременување на водоводните и канализационите системи во општините ширум земјата. Андријана Нелкова Чучук од Регулаторната комисија за енергетика ја презентираше рамката согласно која ќе се креира предлог-цената. При тоа, таа напомена дека во следниот период ќе бидат реализирани низа контакти и работни состаноци со цел изработка на подзаконските акти, правилници и други законски норми како би можело да профункционира системот на пресметка на цената на водата. Регулаторната комисија за енергетика, како што посочија претставниците од ова независно регулаторно тело, веќе има позитивно искуство од соработката со енергетските претпријатија, при што изразија подготвеност истото да го применат и во случајот со регулирање на цената на водните услуги. Претставниците на водостопанските претпријатија на состанокот забележаа што од самиот почеток на креирање на Законот не се вклучени со свои сугестии, бидејќи оние водостопански претпријатија кои даваат сурова вода за пиење на водоводните претпријатија имаат образложенија на кој начин ја формирале на цената, истовремено укажуваат дека досега делот за амортизација речиси и да не го вметнуваат во пресметката, бидејќи нема економска исплатливост цената, со што на долг рок се доведува под знак прашање издржливоста на системите. На крајот од состанокот беше заклучено дека Групацијата на водостопанските претпријатија при Стопанската комора на Македонија, ќе ја продолжи соработката со регулаторот и со Министерството за животна средина, во насока на расчистување на дилемите, креирање на подзаконските акти, а доколку има потреба, ќе бидат поднесени и предлог-измени и дополнувања на веќе донесениот Закон за утврдување на цени на водните услуги. Инаку, Законот кој во форма на Предлог излезе во април 2015 година и беше предмет на анализа и дебата на Групацијата за водовод во рамките на Комората во текот на минатата година, за што беа дадени и неколку забелешки. Дел од нив беа усвоени, особено во делот на намалување на надоместокот за Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи првично беше предложено да зафаќа до 0,4% од вкупниот


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

УСОГЛАСУВАЊА приход, со што сега се сведе на најмногу 0,1%. Друга забелешка на Групацијата, која беше прифатена, е во комуналните претпријатија кои опстојуваат со повеќе комунални дејности како вкупен приход да се третира само приходот на водоводната единица. Законот е донесен во јануари годинава со примена од септември 2016 година.

Имено, периодот од 1 ноември 2016 година до 31 декември 2017 година ќе биде период во кој водоводните претпријатија ќе треба да започнат постапка за утврдување на тарифата за вода и тарифните планови, по што од 1 јануари 2018 година во општините со над 10.000 еквивалент жители ќе се применува тарифата за водни услуги, а со оние под 10.000 еквивалент жители, обврската започнува со примена од 1 јануари 2019 година. Даниела Михајловска Василевска


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

15

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

СРЕДБИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦИТЕ НА ДВЕТЕ ДРЖАВИ

Македонско-чешки бизнис - форум

На 10 февруари 2016 година, во рамките на посетата на министерот за надворешни работи на Република Чешка, Лубомир Заоралек, на Република Македонија, се одржаа средби на високо дипломатско ниво, со Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов и Никола Поповски, министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во рамките на посетата се одржа и Македонско-чешки бизнис-форум. Форумот го отворија министерот за надворешни работи на Република Чешка, Лубомир Заоралек и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски. Двајцата министри оценија дека политичката соработка помеѓу двете земји е


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

СОРАБОТКА одлична, а притоа нагласија дека економската соработка може да се унапредува. Енергетиката и туризмот ги посочија како главни гранки во кои може да се унапреди и продлабочи економската соработка помеѓу двете земји. - Во делот на инвестициите има голем потенцијал, токму затоа во рамките на посетата организиравме и Бизнис-форум за поврзување на нашите бизнис-заедници. Енергетиката и туризмот се секторите во кои можеме многу повеќе да направиме. Значајно за тоа е и повторното воспоставување на авионската линија Скопје-Прага, истакна Поповски. Покрај обраќањата на министрите, кратко излагање пред компаниите имаа и заменик-министерор за економија Христијан Делев, претставник од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, како и Илија Мазанек, предводник на бизнис-делегацијата и претседател на Меѓународниот сектор при Стопанската комора на Република Чешка. Стопанската комора на Македонија беше предводник на дел од бизнисделегацијата на македонски компании која броеше повеќе од 30 македонски и 12 чешки компании. На средбите, главен акцент беше ставен на продлабочување на досегашните и воспоставување нови бизнис-релации за поттикнување на економиите на двете земји, како и подобрување на резултатите во поглед на билатералната размена што во последните години беше во опаѓање. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Чешка во периодот јануари - октомври 2015 година достигна вредност од 86,7 милиони САД $, што претставува пад од 18,59 % во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 24,5 милиони САД $ или намалување од 14,60%, додека увозното салдо изнесува 62,2 милиона САД $, што е намалување од 20,07% споредено со истиот период од 2014 година. Во овој период од 2015 година, Република Чешка е 25-ти трговски партнер на Република Македонија.

Сања Николова


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

17

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО ИТ-КОМПАНИИ ОД СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ

Здружение на информатичкокомуникациските технологии

На 10 февруари 2016 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија, одржа состанок со претставник на ИКТ Бизнис Регионот на Гетеборг, Шведска, организација која ги претставува повеќе мали и средни ИКТ-компании од Регионот. Во својата презентација,

господинот Ерик-Вилхелм Граф Бем (Erik-Wilhelm Graef Behm) ги претстави можностите и интересот за контакти и соработка на ИКТ-компаниите од Регионот на Гетеборг со компаниите од информатичко-комуникацискиот сектор од Република Македонија.


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

19

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА Претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии Благој Христов ја искажа заинтересираноста на членките да остварат поблиски контакти со ИТ-компаниите од скандинавските земји. Македонските ИТ-компании ги претставија своите капацитети, предности и можности да учествуваат на конкурентскиот пазар на ИКТ-проекти, договори и вештини. Членките на Здружението имаат широка дејност, како дизајнирање, изработка, поставување и инсталација на апликативен софтвер, дизајн на бази на податоци, инсталирање и одржување на комјутерски мрежи и продажба на стандардна и специјализирана комјутерска опрема и потрошни материјали.

Македонските ИТ-компании својата предност ја гледаат во искуството со повеќе програмски јазици, референцата дека работеле на развој на апликации за Windows, Android или IOS, одличното познавање на англискиот јазик, понуда на ниски трошоци, истата времеска зона со скадинавските земји, добрите авионски врски и територијалната близина. На состанокот беше договорено да продолжат контактите и да се подготват соодветни информации за компаниите за реално претставување во странство, учество на меѓународни ИКТ-настани, конференции и директни средби, во организација на Здружението на ИКТ и компаниите од ИКТ-секторот од Гетеборг, Шведска. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Посета на Конфекцијата „ХАТРА“ од Прилеп

НАСКОРО ВО НОВИ ПРОСТОРИИ И СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ РАБОТНИЦИ

Продолжи активноста на работни посети во компаниите од страна на Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот, Марјан Ристески. На 8.02.2016 година беше посетена Конфекцијата „ХАТРА“ од Прилеп, која е во сопственост на господин Благоја Конески, член на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Моментално оваа фирма вработува 35 работници претежно од женска популација. Конфекцијата „ХАТРА“ произведуваше претежно детска конфекција која беше наменета по „ЛОН“-системот за странските пазари, но во меѓувреме се одлучија да произведуваат свои брендови под името „TILLA“ кои се наменети претежно за домашниот пазар, како и за извоз. Производите на Конфекцијата „ХАТРА“ се пласираат во Република Македонија во преку 150 специјализирани продавници-бутици за детска конфекција. За време на работната посета беше извршена обиколка на производните погони и гостите беа запознаени со идните активности на компанијата, која најави проширување на производните капацитети во нов деловен простор од 750 м2 и зголемување бројот на работници. Домаќините беа запознаени со работата и услугите што ги дава Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Прилеп. Конфекцијата „ХАТРА“ е општествено одговорна компанија, која учествува на сите донаторски конференции и донира средства за хуманитарни потреби, посебно за деца без родители и за инфраструктурни објекти во општината. Ристо Најдоски


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

ЗАШТЕДИ ОД 2,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Филтер-станицата при Јавното претпријатие „Исар“ од Штип ќе добие соларни панели

Филтер-станицата при Јавното претпријатие „Исар“ од Штип ќе добие соларни панели со што ќе троши сопствена струја и ќе заштеди 2,5 милиони денари месечно. Штипското комунално претпријатие„Исар”ќе штеди електрична енергија со поставување на сончеви панели во Филтер-станицата, која е и најголемиот потрошувач на струја за производство и дистрибуција на водата до домаќинствата. Директорот на ЈП „Исар”, Ангел Бојаџиев, истакна дека проектот е доставен до Советот на Општина Штип и се бара од советниците одобрение за поставување на сончевите панели за производство на електрична енергија за потребите на Филтерстаницата. - Веднаш по добивањето на одлуката од Советот на Општина Штип почнуваме со тендерската постапка за поставување на панелите, кои се вредни некаде околу еден милион евра. Целата постапка се очекува да заврши некаде за околу три месеци, за отпочнување на инсталирање на овие панели. Значи, ова е трет покрупен проект на ЈП „Исар”. Другите два проектa се поставување на нови водомери за домаќинствата и покривање на Градскиот пазар, - вели Бојаџиев. Тој истакна дека проектот - инсталирање на сончеви панели на Филтер-станицата е економски исплатлив, бидејќи во моментов ЈП„Исар”на„ЕВН“ за потрошена електрична енергија им плаќа месечна фактура од 2,5 милиони денари. Со поставувањето на сончевите панели штипското комунално претпријатие ќе ги заштеди овие пари за електрична енергија. - Според пресметките на претпријатието, неплаќањето на сметки кон „ЕВН“ ќе ја покрие инвестицијата за панелите за околу 25 месеци. Сите средства потоа, наместо за струја, „Исар“ ќе ги реинвестира во подобрување на условите за живот на граѓаните. Инаку, штипски „Исар“ веќе ја адаптираше и Филтер-станицата за прифаќање на површински води, со што истата е опремена комплетно и Штип го реши проблемот со вода за следните 50-70 години. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БАНКАРСТВО

НЛБ Тутунска банка со промотивна кампања

КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ МASTERCARD БЕЗ ЧЛЕНАРИНА

НЛБ Тутунска банка во периодот од 8 февруари до 8 март годинава спроведува промотивна кампања за НЛБ MasterCard® Contactless и НЛБ MasterCard® кредитните картички. Во рамките на промотивниот период, сите кои ќе аплицираат за НЛБ MasterCard, картичката ќе ја добијат без членарина за првата година. Сите корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период на кое било продажно место ќе добијат уште една година без членарина, информираат од банката. Исто така, во рамките на кампањата се организирани посебни зимски поволности при плаќањето со НЛБ MasterCard® Contactless картичките. За секој купен билет со НЛБ MasterCard® Contactless дебитната картичка во ски-центрите Маврово, Попова Шапка, Пелистер, Крушево и жичницата Милениумски крст – Водно, следува уште еден билет гратис. Промоцијата се однесува за сите купени билети секоја сабота за време на промотивниот период од 8 февруари до 8 март годинава. Паралелно со промотивната кампања за НЛБ MasterCard картичките, банката спроведува и кампања за нов Промотивен виолетов потрошувачки кредит со каматна стапка од само 6% фиксна за првата година и 8,5% променлива за остатокот од периодот. Промотивниот виолетов потрошувачки кредит e на износ до 900.000 денари, рок на отплата до 120 месеци и се однесува за приматели на плата во НЛБ Тутунска банка. Понудата за овој кредит трае до 8 март годинава. (НЛБ Тутунска банка)


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

23

ПОДВЛЕЧЕНО БАНКАРСТВО

ВОВЕДЕНА МОДЕРНА И ИНТУИТИВНА ПЛАТФОРМА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Охридска банка, Сосиете Женерал

Охридска банка, Сосиете Женерал воведе нова платформа за електронско банкарство со модерен и интуитивен интерфејс, кој овозможува едноставни и збогатени функционалности во зајакната безбедносна околина. Новата платформа на клиентите ќе им овозможи поедноставен и понапреден начин за управување со нивните банкарски сметки, како и уникатни карактеристики што ќе им помогнат во планирање и организирање на нивните финансии. Новиот модул „Виртуелен финансиски советник“ ќе им овозможи на клиентите детална евиденција во водењето на нивните финансии, мониторирање на трошоците и планирање на финансиите преку поставување цели за трошење и штедење. На овој начин, клиентите ќе можат да прават анализа на потрошувачката и да го планираат својот буџет. Земајќи го предвид фактот дека очекувањата на клиентите постојано еволуираат, Охридска банка Сосиете Женерал лансираше нова платформа со иновативно корисничко искуство и збогатени функционалности коишто вклучуваат: • флексибилен распоред на податоците, што може да се персонализира; • едноставност; • брзо вчитување на потребните информации; • интуитивно преминување од една на друга функционалност; • графички приказ на состојбата и на направените трансакции. Новата платформа за електронско банкарство е достапна на истата интернетадреса како и претходната. На страницата за најавување на електронско банкарство, клиентите може да го видат и корисничкото упатство коешто ги потенцира клучните карактеристики и навигациски елементи за брзо ориентирање на новите корисници и обезбедува непречена транзиција за постојните корисници на електронско банкарство. Следејќи ја дигиталната трансформација на групацијата Сосиете Женерал, Охридска банка лансира серија на клиентски ориентирани иницијативи со цел поефективно да ги задоволи потребите на клиентите. Крајната цел е креирање безбедно и едноставно клиентско искуство. За подетални информации во врска со новата платформа за електронско банкарство, клиентите можат да ги посетат експозитурите на Банката и веб-страницата www.ohridskabanka.mk. (Охридска банка, Сосиете Женерал)


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БАНКАРСТВО

Охридска банка, Сосиете Женерал со донација

БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ „11 ОКТОМВРИ“ ОД СКОПЈЕ

Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје денеска доби донација ботаничка градина од Охридска банка, Сосиете Женерал. За растенијата во новоизградената ботаничка градина во рамките на Домот ќе се грижат 64 деца кои ќе имаат можност да учат и да истражуваат. Градината е со површина од 40 м2, а нејзината изградба започна во декември 2015 година. Ботаничката градина во Домот е прва од ваков тип и претставува вистинска зелена оаза сред градскиот асфалт. Средствата наменети за новогодишни подароци за корпоративни клиенти, годинава, Банката ги пренамени во хумана цел и во координација со раководните лица на Домот и согледувајќи ги потребите на институцијата, Охридска банка, СосиетеЖженерал одлучи да ја поддржи изградбата на стаклена градина. - Нашите деца сега ќе имаат можност да се запознаваат со градинарството и хортикултурата, а воедно и со биологијата. Ќе научат како од семе се создава здрава храна што потоа тие самите ќе ја конзумираат. Оваа хуманост нека биде поттик и за другите организации да бидат општествено одговорни и да помагаат за подобар раст и развој на овие дечиња, изјави Ристенка Атанасова, директор на Домот за деца без родители ЈУДД „11 Октомври“. Директорката на Секторот за корпоративно и инвестициско банкарство на Охридска банка, Сосиете Женерал, Нина Неданоска изрази уверување дека овој простор со своите содржини ќе придонесе кон подигнување на нивото на интерес кај децата за природните науки и ќе ја поттикне нивната љубопитност и желбата за истражување. Проектот, додаде Неданоска, има социјална и образовна нишка во еден исклучително значаен период од развојот на децата. Со оваа донација, Охридска банка, Сосиете Женерал ја потврди својата солидарност кон најранливите групи во општеството и посветеноста кон општествено одговорните практики кои, меѓу другото, се препознатлив белег на нејзиниот корпоративен идентитет. (Охридска банка, Сосиете Женерал)


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

25

ПОДВЛЕЧЕНО БАНКАРСТВО

ПЛАСМАН НА 10 МИЛИОНИ ЕВРА ПРЕКУ ЕИФ INNOVFIN

ПроКредит Банка ќе овозможи полесен пристап до кредити за иновативни инвестиции

ПроКредит Банка ќе пласира 10 милиони евра на малите и средни претпријатија во Македонија како резултат на соработката со ЕИФ. Станува збор за кредити кои ќе бидат достапни за иновативни претпријатија кои сакаат да инвестираат во нови машини, опрема, проширување на производството или услугите, со кои ќе ја подобрат конкурентноста и ефикасноста во работењето или ќе отворат нови пазарни можности. Компаниите може да ги користат кредитите за инвестиции и во фиксни и во обртни средства. Најголемата предност е во делот на обезбедувањето на кредитот. Компаниите кои имаат значајни идеи за развој и планираат поголеми иновативни инвестиции сега ќе имаат пристап до кредити за кои е потребно многу помало обезбедување. - Како единствена специјализирана банка за мали и средни претпријатија сакаме да ги поддржиме претприемачите кои имаат одржива и иновативна идеја. Знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис-делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Ние сме клучен партнер на бизнисите во ваквите инвестиции. Очекуваме овие средства да бидат значајна поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират на странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи, - изјави Стевче Кузмановски, директор на Бизнис сектор од ПроКредит Банка. ПроКредит е единствена банка во Македонија која ќе ги пласира овие средства за иновативните мали и средни бизниси. ЕИФ го потпиша овој договор со ПроКредит Групацијата со седиште во Германија бидејќи станува збор за специјализирана банка за работа со мали и средни претпријатија. Покрај Македонија кредитирањето ќе се реализира преку ПроКредит банките и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Романија и Србија согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ. ПроКредит банките како резултат на нивната специјализираност за работа со претпријатија и меѓународно распространетата мрежа, покрај поволните услови за кредитирање нудат и целосна поддршка на бизнисите во доменот на регионалното ширење на бизнисот и меѓународниот платен промет. Со ваквата поддршка на домашните мали и средни бизниси и стимулот за долгорочни инвестиции во иновации и модерна технологија, ПроКредит значајно придонесува за развојот на локалната економија.(ПроКредит Банка)


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Кинезите доаѓаат?

И ДОБРО Е ШТО Е ТАКА!

*Се чудат и стручњаците и лаиците: инвеститори од Кина за милијарди евра купуваат европски фирми. Кај некои тоа предизвикува страв. Но, што има лошо во тоа? Ништо, смета Хенрик Беме. Пораката е јасна: кинескиот државен концерн „ХемКина“ е подготвен да плати 43 милијарди евра за швајцарскиот хемиски концерн„Сингента“, специјализиран за производство

на растително семе и средства за заштита на растенија. Ако тоа навистина се случи, тоа ќе биде најголема кинеска инвестиција во некоја европска земја. Тое е речиси двојно повеќе од износот на сите кинески инвестиции во Европа во минатата година (22 милијарди евра). И минатата година„ХемКина“ беше еден од најактивните актери: во италијанскиот производител на гуми „Пирели“ инвестираше 7 милијарди евра, а во германската фирма за производство на машини „Краус-Мафај“ речиси една милијарда. Некои притоа ги облева ладна пот, бидејќи во тоа гледаат распродажба на Западот. Но тоа е чиста глупост.


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ

Кинеските фирми само ги работат своите домашни задачи. Тие го спроведуваат она што го смислила Комунистичката партија. А во Кина Партијата е се’ уште во право. Од една страна, Кинезите сакаат да се ослободат од имиџот на светски работилници, кои со ефтини производи го преплавуваат светскиот пазар- иако Ајфоните на Епл „made in China“ се се’ само не ефтини. Кинезите по секоја цена мораат да ја реформираат својата економија. Тие сакаат и мораат да продрат во областа на високата технологија и затоа и во Европа целно бараат високо технолошки фирми- на пример, оние кои се водечки во областа на вмрежената индустрија, т.н. индустрија 4.0. Поради тоа е разбирливо тоа што соодветни партнери бараат и во Германија. Никој не треба да се плаши Кога пред три недели беше направена зделката меѓу Кинезите и„Краус-Мафај“, се случија неверојатни работи: и менаџментот и работниците сложно го поздравија новиот сопственик. Воодушевен беше дури и синдикатот. Не е ни чудо. „ХемКина“ вети дека ќе ги задржи сите фабрики, сите работници, и најави оти ќе бидат отворени и нови работни места. Навистина, иднината ќе покаже колку вредат овие ветувања. Во Франција, имено, во моментов може да се види како работите можат да тргнат и поинаку. Наместо отворање на ветените нови работни места, американскиот гигант “Џенерал Електрик“ масовно отпушта луѓе од фирмата „Алстом“ која ја презеде. Но тоа го споменуваме само попатно, бидејќи германските средни претпријатија, кои досега ги презедоа кинески сопственици, засега имаат претежно добри искуства. Поголемиот број од нив тоа го гледаат и како можност за полесно освојување на кинескиот пазар, кој иако во моментов преживува предиод на слабост, и натаму останува еден од најпривлечните во светот.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Производителот на автомобили Дајмлер АГ од Штутгарт оствари рекорден деловен резултат во 2015 година

ЅВЕЗДАТА НА МЕРЦЕДЕС СО ПОЛН СЈАЈ

*Прогнозите и за годинава се оптимистички, оти во концернот очекуваат раст на побарувачката на возила на глобално ниво. Производителот на Мерцедес, германскиот автомобилски концерн Дајмлер, соопшти дека 2015. година ја завршил со нов рекорд: брутодобивката (без одбивање на камати и данок) скокнала на 13,8 милијарди евра, односно 36 проценти повеќе отколку во 2014. година. Вкупниот промет достигнал 149,5 милијарди, што претставува подобрување за 15 проценти во однос на годината пред тоа. Дитер Цече, шеф на концернот, оцени: „2015. беше добра година за Дајмлер. Но, од сопстено искуство знаеме: тешко е да се дојде на врвот, а уште потешко е таму да се остане“. Претпријатието очекува дека и годинава ќе има лесен пораст на глобалната побарувачка на автомобили и сака натпросечно да профитира од тоа. Таквите планови ги базира врз убедувањето дека нуди темелно модернизирана и атрактивна палета на модели, што треба да помогне уште да се подобри позицијата на важните пазари и натамошно да расте пласманот на возила. За годинава концернот смета на натамошен пораст на прометот и добивката. Речиси три милиони возила со „ѕвездата“ на Мерцедес Дајмлер ја реализира претходната најава за значителен пораст на пласманот во 2015: продадени се 2,9 милиона автомобили, со што за 12 проценти го надмина нивото од годината пред тоа. За порастот првенствено придонесе продажбата на патнички автомобили „Мерцедес“, а во минимална мера и волуминозните автомобили. Порастот од само еден процент кај товарните возила испадна помал од првобитните очекувања, што се должи на слабите пазари во Латинска Америка и Индонезија.


четврток, 17 декември 2015, Бр. 248

БИЗНИС ИНФО

29

СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Лани потфрли и остана значително под нивото од 2014. година продажбата на автобуси, кај која на почетокот на годината уште се сметаше на благ пораст. И тука во Дајмлер причините ги гледаат во слабоста на пазарот во Латинска Америка. Премии за вработените Управниот и Надзорниот одбор ќе му предложат на Главното собрание на акционерите, што ќе се одржи на 6. април, исплата на дивиденди во износ од 3,25 евра по акција. Лани дивидендата изнесуваше 2,45 евра. Благодарение на високата

побарувачка на возила, за еден процент порасна и бројката на вработени во споредба со крајот на 2014. година: на последниот ден од 2015. година Дајмлер имал 284 015 вработени, од кои околу 170 000 во погоните во Германија. Во годишниот биланс на концернот е напоменато дека Дајмлер перманентно работи на тоа да остане атрактивен како работодавач. Во тоа спаѓа и учеството на вработените во успехот на секое од неговите деловни друштва. За деловната 2015. година, во април годинава концернот, во зависнот од деловните резултати на секое од друштвата, ќе им исплати премии на вработените во износ до 5650 евра. И тоа е рекорд, оти досега највисоката премија, исплатена минатата година, изнесуваше 4350 евра по вработен.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ 15 февруари 2016 година, 10:00 – 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

„НАЈВАЖНИ НОВИНИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ, ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ ОСНОВА НА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ПРОЛОНГИРАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЕЈКТИ“

Измените во Законот за катастар на недвижности, Законот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост и Законот за постапување по бесправно изградените објекти, донесени во текот на 2014 и 2015 година имаат влијание врз постапките поврзани со недвижностите вбројувајќи ги и инфраструктурните објекти. Имено, станува збор за воведување на повеќе новини, од кои во во рамките на Законот за катастар на недвижности како позначајни се издвојуваат: Воведувањето на можност приватизацијата на градежно неизградено земјиште за кое не е поведена постапка за приватизација пред Управата за имотноправни работи, да се реализира во Агенцијата за катастар на недвижности; Постапка за усогласување на фактичката состојба на катастарската парцела со состојбата запишана во катастарот на недвижностите (исправање на гранична линија); Премер на недвижностите по службена должност за примателите на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски бруто примања во постапката на утврдување правен статус на бесправно изградени објекти; Усогласување со Законот за правосуден испит во делот на полагањето за добивањето овластување за овластен геодет и други. Од измените во Законот за приватизација на градежно земиште ќе се елаборираат: - Постапката за промена на корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности; - Пролонгирање на роковите за бришење на корисничкото право по службена должност и други. Од измените во Законот за постапување по бесправно изградени објекти како позначајни ќе бидат изложени: - Овозможувањето на спроведувањето на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен појас на државен и локален пат и железничка пруга; - Промена на барател за утврдување на правен статус на бесправен објект; - Пролонгирање на рокот за легализација и други.

Наведените законски измени влијаат и на постапките кои правните и физичките лица во најголем дел ги реазлизирааат и пред Министерството за транспорт и врски, Управата за имотно-правни работи и единиците на локалната самоуправа. Семинарот има за цел претставниците од стопанските субјекти од областа на енергетиката, телекомуникациите, сообраќајната инфраструктура, комуналните дејности, единиците на локалната самоуправа и други заинтересирани страни кои ќе го посетат семинарот да се запознаат со најновите законски измени, како и со постапките преку кои истите може да се реализираат, во функција на запишување на недвижностите со кои тие располагаат. ПРОГРАМА 1.Воведно излагање на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности господин Славчо Трпески; 2.Најважни новини со измените на Законот за катастар на недвижности во 2014 и 2015 година; 3.Приватизација на градежно неизградено земјиште пред Агенцијата за катастар на недвижности врз основа на измените на Законот за приватизација; 4.Пролонгирање на роковите за легализација на безправно изградени обејкти и нивното влијание врз постапката на приватизација пред Агенцијата за катастар на недвижности; 5.Дискусија. Презентерите се претставници од Агенцијата за катастар на недвижности: Неша Петрушевска, државен советник за правни работи и Соња Димова, државен советник за геодетски работи. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 E-адреса: anita@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ *На 16.02.2016 година од 10.0013.30 часот во х. Милениум, Битола *На 17.02.2016 година од 10.0013.30 часот во Регионалната комора со седиште во Прилеп

Семинар “ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ЗНАЧЕЊЕТО ЗА ЗАШТИТА НА БИЗНИСОТ“

Учесниците на семинарот ќе се запознаат основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите како и кој се може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци ќе биде презентирана на самиот семинар како и кои се правата на осигурениците. Предавачи на семинарите:

1. Магдалена Блажевска, експерт за развој, оцена и превземање на ризици со посебен акцент на делот на земјоделско осигурување, претставник на Здружението на осигурување 2. Митко Теохаров, експерт за неживотно осигурување, претставник на Здружението на осигурување Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Лица за контакт:

БИТОЛА М-р Никола Димковски Телефон: 047 225 088 Мобилен: 070 997 084 Е-адреса: regiobt@mchamber.mk ПРИЛЕП Ристо Најдоски Тел: ++ 389 48 415536 Факс:++ 389 48 415536 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiopr@mchamber.mk


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар “ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ЗНАЧЕЊЕТО ЗА ЗАШТИТА НА БИЗНИСОТ“ Учесниците на семинарот ќе се запознаат основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите како и кој се може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци ќе биде презентирана на самиот семинар како и кои се правата на осигурениците.

На 17.02.2016 година, од 10.00- 13.30 часот, во салата за состаноци при компанијата „Албатрос“, ул „Железничка“ бб, во Штип

на Здружението на осигурување. 2. Г-ѓа Катерина Мијалова, експерт за неживотно осигурување со посебен акцент на делот на осигурување од незгода, претставник на Здружението на осигурување. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Лице за контакт: Моника Стоичева Предавачи на семинарот: Телефон: 032 300 282 1. Г-ѓа Елена Петровска, експерт за развој, Мобилен: 078 984 983 оцена и превземање на ризици, претставник Е-адреса: monika@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.02.2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Семинар : СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ „ДАНОК НА ДОБИВКА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА РАСХОДИТЕ НАСТАНАТИ ВО ДЕЛОВНАТА 2015 ГОДИНА – ПОВРЗАНИ ИЛИ НЕ СО ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ НА СУБЈЕКТОТ“

Програма: - Водење на сметководството и финансиското работење согласно законската регулатива од даночната сфера за 2015 година и Меѓународниот сметководствени стандарди; - Финансиски резултат за 2015 - та година и негово оданочување со Законот за данокот на добивка – Даночен биланс за оданочување на добивката (,,ДБ”) или Даночен биланс врз основа на вкупен приход (,, ДБ – ВП”); - Распоред на оданочениот финансиски резултат за 2015 година – добивка и покривање на загуба; - Исплата на дивиденда од годишната и акумулирана добивка; - Последици од неисплатена одобрена дивиденда; - Даночни и други нови прописи во 2016 година. Предавач: - Д-р Снежана Каракашева Ангеловска, раководител во Секторот за финансиски работи на АД ЕЛЕМ – Скопје, со долго годишно работно искуство во областа на сметководството, финансискиот и даночниот менаџмент. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 февруари 2016 година (петок) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Семинар „КОНСТРУИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И ИЗРАБOТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА СО КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРСКИОТ СИСТЕМ ЗА ИНЖЕНЕРСКО ПРОЕКТИРАЊЕ SOLIDWORKS“

ПРОГРАМА 1. Запознавање со SolidWorks: - Работа во скица; - Геометриски ограничувања; - Параметарски мери. 2. Моделирање на машински делови: - Моделирање со истегнување, ротирање, поместување и прекривање; - Поставување на помошни рамнини и оски, моделирање на ребра. 3. Изработка на работилнички цртеж 4. Моделирање на склопови: - Составување на склоп; - Работа во склоп; - Анализа на склоп (проверка на задир, волуменска состојба); - Анимирање на склоп; - Вметнување на стандардни елементи во склоп.

5. Изработка на склопен и монтажен цртеж. 6. Моделирање на делови од лим и изработка на кројна шема.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Предавач на обуката доц. д-р Иле Мирчески од Институтот за машински конструкции, механизациони машини и возила при Машинскиот факултет во Скопје. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Конструирање со помош на компјутер“, автор Иле Мирчески; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА ПРИ ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ВРСКА СО ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНO ЗЕМЈИШТE“ ПРОГРАМА Јавен интерес: - Дефинирање на јавниот интерес согласно Законот за експропријација; - Потполна експропријација; - Непотполна експропријација; - Право на службеност согласно Законот за експропријација;

Excellent Постапка за експропријација: - Предлог за експропријација; - Предлог по иницијативата за експропријација;

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Решение за експропријација: - Надомест за потполна експропријација; - Надомест за право на службеност; - Спогодба за надоместокот; - Упис во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. Отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште во сопственост на РМ со непосредна спогодба наменето за изградба на објекти од јавен интерес: - Начин на поднесување на барање; - Потребна документација прилог на барањето; - Договор за давање под долготраен закуп градежно земјиште сопственост на Република Македонија; Утврдување право на службеност согласно Законот за градежно земјиште: - Поведување на постапката; - Докази во прилог на барањето; - Решение за утврдување право на службеност; - Клаузула за поништување на решението.

25 февруари 2016 година 9:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Предавач: - Адвокат Мери Младеновска-Ѓорѓиевска.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 февруари 2016 година, 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Обука „БИЗНИС-ЛОГИСТИКА – УПРАВУВАЊЕ СО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ“

ПРОГРАМА Управување со синџирот на снабдување: •Поим синџир на снабдување; •Димензија на логистиката – микро и макро димензија на логистиката; •Моделирање на логистичкиот систем; •Логистичка стратегија – планирање на синџирот на снабдување, планирање на испораката, планирање на системот на транспорт, распоредување и ротирање на возилата и складиштето; •Правила за остварување на стратегијата; •Проектирани логистички мрежи; •Управување со побарувачката; •Задоволување на купувачите; •Управување со набавките. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„HORECA 2016“ И „WEDDING SHOW“ ВО ТИРАНА

Од 3 до 6 март 2016 година во Република Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Тирана Експо Центар“ ве покануваат и оваа година да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на најголемиот центар за развој на саеми во земјата - „Тирана Експо Центар“. Оваа година се очекува на Саемот да има повеќе од 140 компании во својство на излагачи, од коишто повеќе од 40% ќе бидат од земјите од регионот и пошироко. Во изминатите години „HoReCa“ стана апсолутен лидер за компаниите од оваа бранша во земјата и во регионот. „HoReCa“ претставува ексклузивен настан каде што на едно место можат да се сретнат сите компании и крајни потрошувачи на услугите во секторот на угостителството и хотелиерството, при што се создаваат услови за креирање нови и иновативни услуги креирани според желбите и потребите на потрошувачите. Годинава, покрај останатите бројни изненадувања, во рамките на Саемот „HoReCa“ ќе се одржи и првото издание на Саемот „Wedding Show“ посветен исклучиво на свадбени свечености. Организирајќи ги овие две манифестации во ист период и на иста локација ќе се создаде синергија помеѓу заедничките сектори, претворајќи го целиот настан во една од најважните дестинации за средба на илијадници професионалци во дадените сектори од регионот и пошироко. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 март 2016 година во Лондон, Велика Британија

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА „ECOBUILD“

*Меѓународни деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ - EEН - http://www.b2match.eu/ecobuild2016 Стопанската комора на Македонија во организација на ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, новини и трансфер на технологии во енергетиката, како и рециклажата. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Исто така, ќе може да се доставуваат предлози и да се реализираат можности за вмрежувања на организации и фирми со цел создавање конзорциуми во рамките на ЕУ-Програмата „Хоризонт 2020“ во области за градење на енергетски ефикасни објекти со нови технологии и идеи на градба. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 9 март 2016 година, во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ecobuild2016/registration до 3 март 2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“

Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизнис-средби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија. „ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот„ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl. За време на одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 17 април 2016 година Меѓународен саем за градежни машини, машини за градежни материјали, рударски машини, градежни возила и алати во СР Германија

„БАУМА 2016“ ВО МИНХЕН

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Германската стопанска комора во Македонија. Овој стручен саем се одржува еднаш на 3 години. Сите подбранши, сите лидери на пазарите, сите важни иновации и најактуелни информации можете да ги најдете на едно место. Водечкиот светски саем „БАУМА“ е водечка платформа во глобални рамки за експерти од оваа индустрија. Тука се сретнуваат клучните играчи на меѓународно ниво. На оваа манифестација во 2013 година беа надминати сите очекувања и досегашни резултати: - 575.000м2 изложбена површина; - 3.421 изложувач од 57 земји во светот; - 535.0 65 посетители од преку 200 земји во светот; - 125.850 стручни посетители од областа на рударството; - 1.475 новинари и претставници на разни медиуми. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)

Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија

БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери

конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА свињи, живина, риба, коњи, зајаци, чинчили, овци, кучиња и мачки. Секој производ содржи протеини, минерали, витамини и други суплементи и премиси според намената и спецификата на животните. Валидност до 15.4.2016 година. Реномирана компанија од Полска, производител на медицински инструменти и опрема, кои се користат во кардиологија, радиологија, хирургија, урологија, гинекологија, дијализа, бара компанија за дистрибуција за територијата на Р. Македонија. Валидност до 15.4.2016 година. Компанија од Полска која произвдува сложена, мешавина од храна и концентрати за сите видови животни, а особено за зајаци, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 18.4.2016 година. Компанија од Р. Словенија, поизводител на сточна храна со витаминско-микроминерални додатоци потребна за исхрана и добра здравствена состојба на животните, бара компанија од Р. Македонија за соработка. Компанија од Литванија бара фирми од Р. Валидност до 15.4.2016 година. Македонија за пласман на своите производи. Нуди агрохемикалии, за заштита на растенијата, Компанија Р. Словенија која произведува видот и количината на ѓубрива и нивната мелничко-пекарски производи, тестенини, бара употреба, избор на семе и техники за заштита на соработка со македонски компании за пласман посевите. на своите производи. Валидност до 15.4.2016 година. Валидност до 15.4.2016 година. Компанија од Литванија, специјализирана за производство на храна и исхрана на животни според специјални рецептури изработени од експерти во согласност со физиологијата на животните во различни фази на нивниот раст бара дистрибутери на храна за: преживари,

Словенечка компанија производител на производи од мелничко-пекарската индустрија заинтересирана за пласман на своите производи преку компании од Р. Македонија. Валидност до 29.02.2016 година.


четврток, 11 февруари 2016, Бр. 254

БИЗНИС ИНФО

51

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Од Шпанија – Андалузија, регион кој е најголем производител на маслиново масло во светот, компанија која е производител на висококвалитетно ладно цедено маслиново масло е заинтересирана за соработка со компании од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 22.4.2016 година.

пласман на своите производи. Валидност до 22.4.2016 година.

Реномирана компанија од Велика Британија, производител на разни видови прецизни и квалитетни ножеви и сечила наменети за пакувачката, печатарската, прехранбената индустрија, како и во процесите на рециклирање, бара компании од Р. Македонија за соработка и Компанија од Шпанија со долга традиција, пласман на своите производи. производител на различни видови маслиново Валидност до 22.4.2016 година. масло со висок квалитет, бара компанија од Р. Македонија за пласман на своите производи. Контакт: Ванчо Спасески Валидност до 22.4.2016 година. Дирекција за регионални Компанија од Велика Британија, производител на квалитетни млечни производи, сирења, путер, масла, млеко, павлака, јогурт и сокови, бара компанија за соработка од Р. Македонија за

www.mchamber.mk

комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.