ПИСМО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА СОБРАНИЕТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Page 1

ПИСМО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА СОБРАНИЕТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

И покрај тешките кризи, Комората во 2021 година оствари завидни финансиски резултати, со што го постигна најдобриот финансиски резултат во последните 22 години. По тој повод, редно е да потсетиме што направивме претходно за во 2021 година да добиеме ваков резултат. 

Акција за вакцинација на компаниите – најуспешен конкретен проект на Комората во изминатиот период.

СКСМ е прва комора во регионот со сопствено дигитално решение за издавање документи за надворешно трговско работење, за што е наградена со признанието „Дигитален шампион“ во организација на Светската трговска организација (WTO), Меѓународната стопанска комора (ICC) и на Меѓународниот центар за трговија (ITC).

Реализиран проект за набавка на 20 машини и опрема за 4 компании – за првпат Комората конкретно ги помогна извозните компании.

Промотори сме за примена на системите САП и обезбедивме околу милион евра за поддршка на дигитализацијата за воведување на тие системи во компаниите.

Имаме најсофистициран систем за виртуелни видеоконференциски врски, на кои можат да се приклучат 500 лица истовремено.

Вклучување на 211 компании во дуалното образование во 2021 година, а оваа година очекуваме бројката да стигне до 500 компании.

Изработивме дигитален регистар на сертифицирани ментори и на верифицирани компании, чија основна функција е вмрежување на компаниите со стручните училишта и со учениците.

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 1


2

Профункционираа четирите совети: Советот за унапредување на високото образование и за стратешки истражувања, Советот за унапредување на тренингот и на обуката, Советот за унапредување на индустриското производство и на извозот и Советот за напредни технологии, со што привлековме дополнителни стотина бизнисмени, научни работници и меѓународни експерти.

Избравме 76 експерти вработени во нашите компании, кои ќе помогнат во конципирањето на законите.

Успеавме да го донесеме царинскиот тарифник со соединување на царинските стапки на ЕУ, со што директно им помогнавме на компаниите.

Законот за холдинг-друштва е пред усвојување.

Сето ова претходно кажано даде мотив пожестоко да настапиме во јавноста со свои ставови за клучните прашања, во најголем дел искажани преку моите колумни во печатените медиуми. Еве некои наслови од нив: 1. Комората ги има кај себе 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители и 10-те најуспешни бизнисмени. (6.2.2022) 2. Доделени грантови во вредност од 3,5 милиони евра за унапредување на стручното образование, проект поддржан од германската Влада и финансиран од Германската инвестициска банка (KFW), а во соработка со Коморскиот инвестициски форум. (31.1.2022) 3. Алармантно во бизнисот, најтешко во градежништвото. (28.3.2022) 4. Прв заеднички настап на компании од регионот во организација на КИФ и со целосно покривање на трошоците на меѓународните саеми во Тирана, Дубаи и во Мостар. 5. „Адора“, „Пекабеско“ и „Макпрогрес“ им ја кажаа вистината на балканските лидери – во периодот 2014 – 2020 година БДП на регионот пораснал само за 28 %, а БДП од глава на жител за 30,8 %, но во тие бројки на интеррегионална размена отпаѓаат само 16,7 %. Во нашата земја размената со регионот е само 10,2 % од вкупната размена. (8.11.2021)

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


3

Нормално е во комуникацијата со јавниот сектор да се упати и критика за некои нивни чекори кои се во спротивност со интересите на приватниот сектор. 1. Можно ли е стотина кандидати за градоначалници 3 недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена, т. е. никој да не го спомене зборот децентрализација, а да имаш 5 % од БДП, за разлика од просекот во ЕУ кој изнесува 15,6 %? (25.10.2021) 2. Не се знае кој кого „мафлосува“ – ЕУ нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство, кои исчезнаа во налетот на технолошкиот развој и во уништувањето на животната средина. (1.11.2021) 3. Во 30 години самостојна Македонија сме имале 20 министри за образование, 18 за економија и 13 за екологија, исто колку и за земјоделство. Сѐ на сѐ, просек од 18 до 22 месеци. На здравје празници! (3.1.2022) 4. Господине Петков, министер и претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија, бизнисот Ве поддржува. Направете комисија на иднината, наместо историска комисија и решете го проблемот. (17.1.2022) 5. Ако 90 % од интелектуалците во една држава велат дека работите ќе ги реши „Калето“, тоа е тежок пораз пред самиот себе затоа што однапред си решил да не се трудиш. (2.2.2022) 6. Укинување на парафискалните давачки и плаќање на доспеаните обврски спрема приватниот сектор очекуваме да бидат следниот чекор на Владата. (11.2.2022) 7. Господине премиере, проверете што е со Европската програма „Life“. Вкупната вредност на Програмата, која се однесува на создавањето зелена економија, е 2,3 милијарди евра за следните три години. (14.2.2022) 8. Колку заостануваме зад другите земји? Шесте земји на Западен Балкан имале 101 милијарда евра БДП со 18 милиони жители, Чешка сама имала 225 милијарди евра БДП со 10,7 милиони жители, а Португалија имала 214 милијарди евра БДП на 10,3 милиони жители. (8.3.2022) 9. Политичките елити се адресата на која треба да се бараат тие што ги создадоа проблемите на Балканот. (10.3.2022) 10. Заврши времето за дебати. Владата мора да дејствува енергично, а фискалната политика мора да се заснова на претпазливост и на штедење, за да се создаде поголем простор за интервенција од страна на понудата. (10.3.2022)

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


4

11. Кризата ќе покаже каков е капацитетот на македонската држава. Актуелниот миг е специфичен, сериозен и е шанса да го провериме својот капацитет. (21.3.2022) 12. Запрете го носењето закони по скратена постапка во овој чувствителен момент. (11.4.2022) 13. Ова не е време за стратегии, туку време за да преживееме. (12.4.2022) 14. Комета може и да не одмине, но струјата ќе нѐ дрма и во наредниот период (3.5.2022)ЗИТИВНИ кадровски примери кои влијаат на п ромена на н

Но да не биде дека само критикуваме, а дека не сме подготвени за промени, би сакал да ви посочам неколку позитивни кадровски примери кои влијаат врз промената на нашиот менталитет, а кои ги презедовме кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година. 1. Именувањето на м-р Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаења, кој на функцијата доаѓа по пет и пол години работа во Комората на различни позиции од сегментот образование, едукација и работа на проекти. Како претставник на младата генерација, Донев прави спој на економијата и на проектниот менаџмент и преку магистерските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии се посветува на примена на проектниот менаџмент во дигитализацијата на малите и средни претпријатија. (12.12.2021) 2. Тандем за напредок – има еден тандем во Стопанската комора на Северна Македонија кој остави длабоки траги во нејзиното функционирање, фокусиран на проблемите. Не го губи времето и треба да биде пример на кој треба да се огледат сите други. Андреа Серафимовски и м-р Нена Николовска е тандемот кој заслужува да биде потенциран, а особено гранката која ја послужуваат – градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали. (15.10.2021) 3. Како со „малата“ Тања (Штерјова) создаваме голем бизнис-пазар – во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6 дистрибутивни компании од регионот заедно ќе настапат на Саемот од КИФ. Од март оваа година Тања е генерален секретар на КИФ, асоцијација која се покажа како клучна за давање нов импулс во регионалната соработка, во време на најголемите предизвици со кои се соочиле бизнисмените во последниве децении. (29.11.2021) 4. Огромна шанса за докажување добива и најмладата членка на нашиот колектив, Валерија Крстева, која ни се придружи минатата година. Нејзиното именување за генерален секретар на Постојниот избран суд – Арбитража при

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


5

СКСМ е огромна одговорност за неа, но и предизвик. Со промена на раководството на Арбитражата и на правилниците за трошоците и за наградувањето на арбитрите, практично имаме почетна позиција каква што само може да се посака и убеден сум дека Валерија ќе знае да ја искористи. (26.4.2022) 5. Аргир во Љубљана. Врвно едуцирана тројка ќе го предводи Управниот одбор на Комората, а топ петорка – Комората. Анита Блажеска, Зоран Мартиноски и Борче Илиоски ќе бидат потпретседатели на Управниот одбор, а замениципретседатели на Комората – Клубот 100: Андреа Јосифовски, Илија Гечев, Кочо Анѓушев, Живко Мукаетов и Хари Костов. (27.12.2021) 6. Тим 40 – нова иновативна и креативна асоцијација во Комората – Тим 40 ќе работи на тоа да ги обедини младите претприемачи и преку новите трендови и практики, во условите во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, да внесе свежина и нови трендови на менаџирање и на дејствување, заради изнаоѓање решенија и заради следење успешни практики. (20.3.2022)

м-р Валерија Крстева родена 1994 година

м-р Михајло Донев роден 1993 година

м-р Нена Николовска родена 1992 година

м-р Ивана Крстевска родена 1987 година

П.С. Почитувани членови на највисокиот орган на Стопанската комора, сакам да ве информирам дека и во првите четири месеци на оваа година се остварени солидни финансиски резултати, што ни дава силен поттик да ги интензивираме своите активности во периодот од осум месеци до крајот на годината. Се гледаме на 14 јули на прославата на 100-тата годишнина на СКСМ. Бранко Азески, претседател на СКСМ

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.