Бизнис ИНФО, број 400

Page 1

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

345 Број 400

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 21.6.2019

БИЗНИСОТ БАРА БРЗИНА, ПОЛИТИКАТА СТАБИЛНОСТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ОГЛАСЕНИ ПРВИТЕ 35 MW ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 200 MW ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ

На 4 јули 2019 година, во Познањ, Р. Полска, ќе се одржи овогодинешниот Самит на Западен Балкан. Во рамките на Самитот ќе се реализираат многубројни настани, панел-дискусии, бизнис форуми и билатерални средби со претставници од владиниот и невладиниот сектор и бизнис заедниците од 16 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Полска, Словенија, Италија и Велика Британија. -Главна цел на Самитот е полесна интеграција на регионот на Западен Балкан со земјите од Европската унија, преку креирање синергија меѓу светот на политиката со граѓанските општества и бизнис круговите, - истакна господин Кристоф Прзилуцки, шеф на Канцеларијата на Полската агенција за инвестиции и трговија во Софија, на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија. Координаторот на овогодинешниот Самит и консултант во Агенцијата за инвестиции и трговија, Камил Хишка, додаде дека овој настан претставува прв чекор за идна соработка меѓу Северна Македонија и Полска за понатамошно проширување и развој на компаниите,


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА но и продлабочување на соработката меѓу бизнис секторот од сите 16 земји – учеснички, што всушност е отсликано и во мотото на Самитот: „Да растеме заедно“. На овогодинешниот Бизнис форум главен акцент ќе се стави на дигиталниот и ИТсекторот, прехранбениот и земјоделскиот сектор и енергетиката, но поради големината на настанот, добредојдени се компании и од сите останати сектори. Компаниите своето учество можат да го пријават бесплатно на „on-line“ платформата за билатерални средби, на следниот линк: http://www3.paiz.gov.pl/Western_Balkans_Summit/. -Во насока на реализација на идејата „Да растеме заедно“, покрај иницијативата за поврзување на бизнис секторот, во рамките на Самитот формално ќе биде означено и конституирањето на Бизнис платформата помеѓу Коморскиот инвестициски Форум (КИФ) и институциите на Европската унија, што ќе служи како основа за дискусија меѓу бизнис заедницата од регионот на Западен Балкан и европската администрација. Имајќи предвид дека согласно Заклучоците од минатогодишниот Самит за Западен Балкан во Софија, процесот на пристапување на земјите од регионот на Западен Балкан кон ЕУ треба да биде процес на инклузивно проширување, кое треба да обезбеди овие држави да ги согледаат придобивките од европската интеграција уште пред формалното зачленување, Коморскиот инвестициски форум ја покрена иницијативата за конституирање на Бизнис платформата КИФ-ЕУ. Оваа платформа ќе ги соедини на едно место бизнис секторот од регионот на Западен Балкан и одлучувачите / креаторите на политиките на ЕУ, со цел да се обезбеди простор за дискусија за проблемите и можностите со коишто се соочуваат во секојдневното работење. Во Платформата ќе членуваат бизнис-лидери од секоја од државите од Западен Балкан и претставници од органите и телата на Европската унија, но и претставници на бизнис заедницата од ЕУ и од меѓународните финансиски институции, - истакна д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори и национален координатор на КИФ при Стопанската комора на Македонија. Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Полска во периодот јануари-март 2019 година изнесува 79 милиони САД долари, што претставува зголемување од 14,7% во однос на истиот период од претходната 2018 година. Извозот од 13,5 милиони САД долари, бележи намалување за 10,91%, а увозот од 65,4 милиони САД долари е зголемен за 21,9%. Како резултат на поголемиот раст на увозот наспроти извозот споредено со 3 месеци од 2018 година, има значително зголемување на трговскиот дефицит од 35,03%, кој во трите месеци од 2019 година изнесува 51,8 милиони САД долари. Во овој период на 2019 година, Република Полска е 14-ти трговски партнер на Република Северна Македонија. м-р Сања Николова


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

5

Проект „ТРАИНЕЕ“

ОБУКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ

Во Стопанската комора на Македонија започна реализација на пилот-обуките за проектирање и инсталирање сончеви термални колекторски и фотоволтаични системи, организирани преку Проектот „ТРАИНЕЕ“ (17 јуни 2019 година). Целта на обуките е континуирано подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука, преквалификации и препознавање на претходно стекнато знаење и вештини. Програмите за обука се развиени во контекст на барањата на ревидираната европска Директива за промовирање на користењето на енергија од обновливи извори Directive 2018/2001/EU. -Обуките се реализираат со цел да се подигнат капацитетите на сите стручни лица кои се потребни во процесот на инсталирање обновливи извори на енергија во објекти, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник при Стопанската комора на Македонија и координатор на Проектот. Аризанковска накратко ги претстави активностите кои се реализираат во рамките на Проектот и напомена дека преку Проектот ќе се организираат 35 сесии за препознавање каде ќе сe вклучат околу 200 компании и 10 образовни институции. За зголемување на


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС СРЕДБИ видливоста ќе се направи листа на сертифицирани обуки и јавно достапен регистар на 10 провајдери на обуки, 240 сертифицирани тренери, 80 сертифицирани инженери и околу 1500 техничари и работници. За промовирање на овие активности ќе се организираат две меѓународни работилници и една меѓународна конференција. Д-р Христина Спасевска, претседател на Центарот за менаџирање на знаење и вештини, ја истакна улогата на Центарот за знаење и вештини и посочи дека сертифицираните обуки во рамките на Центарот ќе се развијат за сите занимања во градежниот сектор, како и за сите нивоа на квалификации, од работници до инженери, за 10 занимања, кои би требало да ги надградат своите знаења за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, особено до делот на искористување на сончевата енергија. Д-р Спасевска додаде дека методологијата за препознавање на знаењата и вештините, како во претходните проекти, која беше спроведена на 1100 работници од градежниот сектор, ќе се развие и за инженерите и архитектите. Македонија е земја лидер во регионот со спроведување на методологијата за препознавање на знаења и вештини, а нашите искуства се цитирани и на европско ниво. Пред присутните се обрати и д-р Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, кој ја истакна улогата на фотоволтаичните системи во пресрет на енергетските потреби. Содржината на Програмата за обука вклучува детален преглед на актуелните познавања во областа која е предмет со конкретната обука, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, основи на проектирањето, правилното инсталирање и одржување


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

7

БИЗНИС СРЕДБИ на сончеви колекторски и фотоволтаични системи, елементи од теоретски основи на процесите, карактеристики на компонентите и на системите и нивно димензионирање, како и еколошките аспекти, а обезбедува и соодветно запознавање со европските стандарди, техниките за мерење на енергетските заштеди, како и постапки за заштита при работа. Програмата според која ќе се реализираат обуките е организирана во два модула: - Модул 1: Проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски системи, на две нивоа - за работници (инсталатери) и инженери (проектанти) и - Модул 2: Проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи, на две нивоа - за работници (инсталатери) и инженери (проектанти) . На првото воведно предавање присуствуваа над 70-тина лица - инсталатери (електричари, механичари, градежни техничари) и проектанти (електроинженери, машински инженери и градежни инженери) и беа запознаени со Програмата и модулите кои ќе бидат опфатени со обуките. Циклусот обуки за проектирање и инсталирање на сончеви термални колекторски и фотоволтаични системи ќе се спроведат во периодот од 17 јуни до 2 јули 2019 година. Вкупното траење на обуките е 80 часови настава, организирани така што 30% од часовите се наменети за теоретска настава, 60% од часовите се организирани како практична и теренска настава и 10% за евалуација на знаењето, што ќе резултира со стекнување сертификат со важност во рамките на Проектот. м-р Ивана Крстевска


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРЕЗЕНТИРАНИ МАСТЕР СТУДИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВИНЧЕСТЕР, ОД ICBS БИЗНИС КОЛЕЏОТ ОД ГРЦИЈА

Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на британската акредитирана Програма за мастер студии за бизнис на Универзитетот во Винчестер, Велика Британија, од страна на ICBS Бизнис Колеџ, (Солун-Атина-Лариса). Претставниците на Бизнис колеџот ICBS (Солун-Атина-Лариса), истакнаа дека овој колеџ е еден од најстарите и најпрестижните образовни институции во Грција, со над 40-годишно постоење. - Ние сме еден од најстарите колеџи во Грција, кои работат во Солун, Атина и Лариса. ICBS Бизнис Колеџот (Солун-Атина-Лариса) (www.icbs.gr) ексклузивно соработува со Државниот британски универзитет Винчестер (www.winchester.ac.uk) и нуди можности за студирање на англиски јазик (диплома и магистерски студии) на Универзитетот за бизнис студии ICBS Бизнис Колеџот во три града во Грција (Солун, Атина и Лариса). Неговата филозофија се базира на пет столба и тоа на образование според европски и меѓународни стандарди, студиски програми приспособени на потребите на глобалниот пазар, истакнати професори со квалитетно академско образование и професионално искуство, развој на претприемачкиот дух и мотивирани студенти.


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕЗЕНТАЦИИ Пред 30-тина заинтересирани учесници и претставници од Македонија, претставниците на Бизнис колеџот ICBS направија детална презентација на акредитираната Програма за мастер студии на Универзитетот во Винчестер, Велика Британија, што се спроведува во Солун, Грција. Тие истакнаа дека ICBS Бизнис колеџот нуди високо квалификуван академски кадар, и тоа кадар за развој на личности кои ќе бидат подготвени да ги исполнат предизвиците на сегашноста и иднината. - Особено го потенцираме изучувањето на меѓународните постдипломски студии по бизнис администрација (МБА), како најбаран степен на знаење и бизнис диплома, кој го нудиме во Солун и со тоа имате заштеда од 50% од надоместоците што ќе треба да ги платите ако студирате во Британија, a се добива двоен ефект: заштеда на време и трошоци за сместување и патување до Велика Британија и добивање диплома од престижниот Британски универзитет. Исто така, претставниците на Бизнис колеџот ICBS, упатија апел до компаниите да им дозволат на своите вработени да студираат на постдипломските - мастер студии за бизнис во Солун по британска програма со многу поволни услови, со надоместоци и специјални стипендии, како и бесплатно сместување за академската година 2019-2020 година. Целни групи за студирање може да бидат: * извршни директори на меѓународни компании; * менаџери за човечки ресурси; * компании кои планираат да имаат меѓународен бизнис и * дипломирани лица од различни секотри кои сакаат да имаат дополнително магистритура во бизнис. Пред учесниците, свое обраќање имаше и H.E. Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција во Скопје, кој ги поздрави присутните и ги истакна убавините на Солун, како една од најблиските дестинации за студирање во Грција. По завршувањето на презентацијата се отвори дискусија со присутните околу условите и начинот на плаќање на заинтересираните за студирање на Бизнис колеџот ICBS во Грција. м-р Ирена Мојсовска


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ФОРУМ

СЛОВАЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ГО НУДАТ СВОЕТО ИСКУСТВО И СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Бизнис форум и билатерални средби меѓу македонски и словачки компании, се одржаа во Стопанската комора на Македонија, организирани во соработка со Комората за индустрија и трговија на Словачка, Регионална комора со седиште во Трнава. Соработката со Словачка е на ниско ниво. Земјата е 28-ми трговски партнер на Република Северна Македонија. Во таа насока, неопходно е продлабочување на бизнис поврзувањето, имајќи предвид дека расположивите потенцијали и можности се многу поголеми од досега реализираното, вклучувајќи ги секторите на индустријата на отпад, металургија, трговија, метална, хемиска, прехранбена индустрија, текстил, енергетика, систем на стандардизација, сектори од кои доаѓаат компаниите кои се во состав на словачката бизнис делегација денес, потенцираше д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори во Стопанската комора на Македонија. Согласно структурата на досегашната соработка во извозот и увозот, размената најмногу се заснова на производи од металната и електро индустријата, текстилната


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

11

БИЗНИС ФОРУМ индустрија и земјоделско-прехранбената индустрија. Трендот на раст во заемната соработка продолжува и оваа година. Во првите три месеци забележано е зголемување на трговската размена помеѓу двете земји од 11,4% споредено со првиот квартал од 2018 година. Историски, двете земји имаат добри пријателски односи. Словачка е голем поддржувач за влез на Северна Македонија во ЕУ. Доказ за добрите билатерални односи е и отворањето Амбасада на Словачката Република во Р. Северна Македонија, -посочи Лукас Паризек, државен секретар на Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словачка. - Со денешниот Бизнис форум стопанските комори од двете земји го отворија овој прв историски состанок помеѓу деловните субјекти од двете страни и морам да кажам дека ова е одлична почетна точка, бидејќи иако ние имаме одлични политички билатерални односи, сепак мора да ги интензивираме и трговските билатерални односи, односно да ја зголемиме трговијата, вели Патизек. Петер Ковар од Комората за трговија и индустрија на Словачка, Регионална комора во Трнава, пред присутните ги презентираше потенцијалите за соработка согласно капацитетот на Регионалната комора која ја преставува. Словачките бизнисмени кои што се денеска тука сакаат да се претстават и со задоволство да започнат деловна соработка со македонските партнери на долг рок, вели Ковар. Словачка како земја е интегрирана во сите меѓународни организации во рамките на Европската унија ЕУ и е лидер во производството на автомобили по глава на жител. Изминатиот период и „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ се приклучија кон веќе постојните производители на автомобили во Словачка,„Пежо“,„Цитроен“,„Фоксваген“ и„Киа моторс“. Овој сектор учествува со 44% во вкупниот извоз на Словачка. Во автомобилскиот сектор директно се вработени околу 100.000 луѓе, а индиректно 200.000 илјади. Речиси 80% од добавувачите во автомобилскиот сектор се наоѓаат во Трновскиот регион, а истиот е на второ место во создавањето на БДП или веднаш после Братиславскиот регион. На средбата беше констатирано дека зајакнатата меѓусебна комуникација со поврзувањето на заедничките бизнис-интереси на македонските и словачките компании ќе придонесе во размената на квалитетни бизнис-информации и реализација на плодни заеднички проекти во иднина. Во тој контекст, потребни се сé почести средби и дијалози и други заеднички манифестации кои би го забрзале веќе воспоставеното темпо на развој, како на економски, така и на секој друг домен од билатерален карактер. Денешните бизнис средби претставуваат почетна основа за воспоставување нови партнерства помеѓу компаниите од нашите две земји. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

СОРАБОТКА

БИЗНИСОТ БАРА БРЗИНА, ПОЛИТИКАТА СТАБИЛНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората, остварија средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. На почетокот на средбата, прва од ваков вид, новоизбраниот претседател Пендаровски беше запознаен со приоритетите кои ги има поставено најстарата и најбројна бизнис асоцијација во насока на креирање соодветен бизнис амбиент за креирање економски раст и развој, а беше упатена и препорака со неколку поенти до претседателот, не случајно, бидејќи економските состојби во државата во голема мера се детерминирани од многу параметри, за кои токму претседателот на државата има директни надлежности и овластувања. Клучните пораки кои претседателот на Комората во име на бизнис секторот му ги испорача на првиот човек на државата беа: * да се работи на зајакнување на меѓусебното информирање и заедничко иницирање активности во интерес на успешни економски чекори; * претседателите на државите од регионот на Западен Балкан да дадат приоритет меѓу другото и на економското регионално поврзување во ситуација кога на тоа акцентира и самата Европска унија; * во следниот период реално да бидат отсликувани состојбите во државата кои директно влијаат на економскиот раст и развој;


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА * да се интензивира соработката со амбасадите; * да се работи на воспоставување авионски линии во рамките на регионот за олеснување на движењето и брзо конектирање. Д-р Елена Милевска Штрбевска, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања, ги испорача клучните поенти. - Претседателот на државата да развие и да поддржи нов пофункционален концепт на економска дипломатија, како инструмент за остварување на економските цели на државата насочени кон зголемување на извозот, учество во работата на меѓународните организации и привлекување странски инвестиции. - Да се обезбеди доследно почитување на принципот владеење на правото, како клучна цел на сите носители на државната власт. - Да се гради нов концепт за општествена одговорност, како модел за создавање заеднички вредности и спроведување активности кои на дело ќе го покажат неговото општествено одговорно работење и ќе бидат видливи и од интерес за државата во целина. - Претседателот на државата да се врати во активниот политички живот, рамо до рамо со другите носители на државната власт, делувајќи исклучиво во рамките на своите надлежности и не нарушувајќи го притоа принципот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. - Бизнис-заедницата конечно да биде заштитена, преку можноста претседателот на државата да стави вето на закон кој е спротивен на интересите на бизнисот, со што ќе даде јасен сигнал дека навистина се грижи за економскиот напредок во државата. - Претседателот на државата да се вклучи во доделување одликувања и признанија и на


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

СОРАБОТКА успешни стопанственици, компании или бизнис-асоцијации кои во голема мера придонеле за афирмирање на државата преку своите активности. - Во Кабинетот на претседателот да биде поставен посебен советник за економски прашања, со соодветна стручност и професионалност. Претседателот на државата, Стево Пендаровски, пред да се отвори дискусија и дебата со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората, се заблагодари на денеска организираната средба. Тој најави активна комуникација со бизнис секторот, вклучување во работните комисии во рамките на неговиот Кабинет, активно делување на регионален и на меѓународен план. Претседателот Пендаровски остави простор и за размена на идеи, искуства, како и тековна комуникација при реализирање меѓународни средби во насока на акцентирање на економските прашања со соодветни држави. Потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората посочија повеќе суштински пораки до претседателот. Беше акцентирана важноста од НАТО-членството и влијанието на членството врз буџетот на државата, но и можностите и перспективите за домашната економија од членство во НАТО-алијансата. Беше побарано да се поддржи концептот на бизнис дипломатија и активно вклучување на компаниите како презентери на бизнис климата во државата на настани и посети кои се реализираат преку Кабинетот на претседателот на државата. На Пендаровски му беше посочено дека треба да се негува концептот на соработка со Народната банка како институција каде претседателот има високи ингеренции при номинирање гувернер на НБРМ. Бизнис секторот фокусот го стави и на прашања кои се од значење за бизнисот, а не се под директна ингеренција на претседателот, како неефикасната и спора администрација која претставува голем товар за економијата во целост, немањето јасно изграден став на државата по концептот за инвестирање во рударството и сл. Како заокружување на средбата, претседателот на Комората, Азески, го информираше првиот човек на државата и за улогата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), институција во која членуваат 6-те комори од Западен Балкан, со директна поддршка на Берлинскиот процес. Беа посочени двата столба на кои КИФ веќе активно работи - првиот за формирање регионални тела за арбитража, кредитно биро и либерализација на царинските постапки и вториот за заеднички пакет услуги за саемско претставување, дуално образование и дигитализација. По двочасовната активна дискусија, претседателот Азески, во знак на благодарност му подари лого на Комората на претседател на Република Северна Македонија, за соработката со бизнис секторот за постигнување повисоки економски цели. Даниела Михајловска Василевска


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

15

ПОСЕТИ


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

РЕГИОНАЛНА КОМОРА

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, во Штип, се одржа информативна сесија на тема: „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори“. Целта на настанот беше презентирање на Законот за финансиска дисциплина, како и идентификување на предизвици со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, а потоа дефинирање на конкретни предлози и решенија за подобрување на Законот и нивно проследување до надлежна институција. Со конкретните предлози се цели кон подобрување на условите за работа на компаниите. Предавач на овој информативен настан беше Сашо Раденковиќ, експерт, кој го презентираше Законот и отвори дискусија за подобрување на законското решение. -Причините за донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина произлегуваат од потребата за натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ во делот на прецизирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот, како и во делот на надоместокот за доцнење при исполнување на парични обврски,- истакна Раденковиќ. . Согласно Законот за финансиска дисциплина, надзорот над спроведувањето на одредбите кај економските оператори од приватниот сектор го врши Управата за јавни приходи. Од причина што Управата за јавни приходи е ангажирана да врши


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

17

СОРАБОТКА неданочни надлежности, со што и е отежнато вршењето на основната функција – наплата на даноците, се предлага надзорот од Управата за јавни приходи да се пренесе на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија. Основните цели на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина се: - допрезицирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот; - намалување на надоместокот за доцнење при исполнување на паричната обврска од 3.000 денари на 2.400 денари; - надзорот од Управата за јавни приходи се пренесува на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија; -бришење на постапката за жалби до Државниот управен инспекторат за ненавремено постапување од страна на органите надлежни за надзор и -бришење на обврската за органот кој врши надзор да врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврден сторен прекршок по прв пат. Исто така, постапката за жалба до Државниот управен инспекторат за ненавремено постапување од страна на органите надлежни за надзор се брише од причина што истата е веќе уредена во Законот за општата управна постапка. Истовремено се брише и обврската за органот кој го врши надзорот да врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврдено дека е сторен прекршок по прв пат. На инфо-сесијата присуствуваа над 30 учесници, претставници на компании од повеќе сектори, односно од текстилната индустрија, градежништвото, консалтингуслуги, едукација и од државни институции. Од учесниците на неколку наврати беше побарано активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците поставуваа прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата. Информативниот настан беше организиран во рамки на Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ во кој партнери се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“. м-р Ивана Крстевска


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

КИФ и „Financial Times“ во Лондон го промовираат Западен Балкан како единствена дестинација за инвестиции м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Многупати претходно зборувавме за различностите и географските граници на секоја од земјите од Западен Балкан, но сепак и покрај сите тие различности, постои еден заеднички интерес. Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови за поврзување меѓу земјите, а меѓу државите од Западен Балкан постојат многу заеднички економски интереси коишто бизнис секторот може најбрзо да ги валоризира во подобри економски перформанси во секоја од државите и да доведе до подобар животен стандард. За постигнување значајни резултати за јакнење на економиите на шесте земји од Западен Балкан и што поскоро приближување кон пазарите на Европската унија, Коморскиот инвестициски форум (КИФ) активно работи на спојување на целиот регион и креирање единствена регионална економска област (РЕО). Токму во насока на промоција на регионот на Западен Балкан како единствена регионална економска област и дестинација за инвестиции, денес, на 18 јуни 2019 година, во Лондон, Велика Британија, КИФ во соработка со „Financial Times“ го организираат овогодишниот Форум на Западен Балкан, со наслов: „Можности за инвестирање во брзорастечкиот регион“. Регионот на Западен Балкан се соочува со зголемен раст и внатрешни инвестиции, а според Светската банка, стапката на економски раст на регионот достигна 3,8% во 2018 година и се предвидува да ја надмине онаа на ЕУ во просек од 3,7% за периодот 2019-2020 година.


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

19

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) Потенцијалот постои во различни сектори, како ИТ-секторот, финансии и услуги, земјоделство, автомобилски делови и туризам. Инвеститорите велат дека се привлечени од земјите што го сочинуваат регионот - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија - поради макроекономската стабилност карактеризирана со ниска инфлација, низок буџетски дефицит и стабилен јавен долг. Економиите во регионот го подобруваат деловното опкружување и нудат релативно ниски трошоци за работна сила и комунални услуги, во комбинација со поволен даночен режим. Но и покрај позитивните оценки, сепак остануваат предизвиците со натамошни реформи потребни за забрзување на администрацијата, подобрување на трговските текови, намалување на бирократијата и развивање на вештините на работната сила. КИФ и „Financial Times“ во Лондон го промовираат Западен Балкан како единствена дестинација за инвестиции „Financial Times“ и Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан 6 го организираат Форумот на земјите од Западен Балкан, кој во времетраење од еден ден, преку презентации, дискусии и дијалози со високи претставници на владите од регионот, ќе ги презентираат можностите за инвестирање во регионот. Гостите ќе имаат можност да ги слушаат и да се поврзат со политичките лидери и креатори на политиките, бизнис-лидерите кои инвестираат во регионот, како и консултантите, економистите и функционерите од меѓународните финансиски институции. На денешниот настан свое обраќање ќе имаат и премиерот Зоран Заев, заменикпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама , претставници од Светската банка и др. Покрај претставниците на политичкиот сектор, на настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат и претседателите и претставници од шесте комори на Западен Балкан со претставниците од бизнис-секторот од секоја од шесте земји. Повеќе информации во врска условите и поволностите за инвестирање, во регионот на ЗБ6, како единствена дестинација за инвестирање, можете да најдете на КИФ „онлајн“ инвестициската платформа– Регионална инвестициска платформа (www.investinsee. com). На платформата можат да се обезбедат и одговори на конкретните прашања на бизнис-заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ

ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ (I дел) Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Спорт е секоја физичка активност или вештина на човекот, која се изведува под јавно прифатени правила за натпреварување со јасно утврдена цел - постигнување најдобар резултат. Тој значајно влијае врз психофизичкиот развој и претставува универзално средство за разбирање и соработка меѓу луѓето. Заради можностите кои ги нуди спортот: потреба за фер игра и творечка експресија, но и афирмацијата, доминацијата, групната идентификација и колективната комуникација, спортот е исклучително значајна општествена активност. Спортот е значаен и од економски аспект. Тој е еден вид „индустрија“ која вработува, но уште поважно, тој влијае на вкупната продуктивност и на економскиот раст, на промоцијата на државите и на туризмот воопшто. Сите се радуваме на спортските успеси на нашите репрезентативци, на клубовите и на индивидуалните спортисти. Но, за остварувањето врвни резултати во секој спорт потребни се финансиски средства. Можеме ли да им помогнеме и како правните лица да го поддржат македонскиот спорт? Законодавството во нашата држава предвидува даночни поттикнувања во случај на донации и спонзорства во спортот, а притоа релевантни и за донаторите и за спонзорите се две различни постапки. Првата постапка е согласно Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности („Службен весник на Република Македонија“, број 47/06, 86/08, 51/2011, 28/14 и 153/15), а втората која претставува и новина во нашиот систем произлегува од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“, бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и 98/19). Со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности спортот е дефиниран како јавна дејност. Донацијата дадена за цели од јавен интерес (во конкретниов случај спортот) е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот, а пак спонзорство е доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. Давател на донација и спонзорство може да биде домашно и странско физичко и правно лице, а примател на донација може да биде домашно правно лице. Согласно Законот за спорт, спортот е дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско - рекреативните активности на граѓаните, а ја вршат


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

21

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот (трговец поединец и трговско друштво регистрирано за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт) и истите можат да се јават како приматели на донација или спонзорство. На правното лице кое е давател на донација, а кое е даночен обврзник на данокот на добивка износот на дадената донација во тековната година му се признава како расход во висина до 5% од вкупниот приход, а пак на даночниот обврзник на данокот на добивка кој спонзорирал средства на правно лице износот на даденото спонзорство во тековната година му се признава како расход во висина до 3% од вкупниот приход. Со цел реализација на донацијата/спонзорство и овозможување искористување на даночните поволности најнапред давателот и примателот на донацијата/спонзорството склучуваат меѓусебен договор во писмена форма. Давателот на донација/спонзорство поднесува барање до Министерството за правда за потврдување на јавниот интерес на предвидената донација/ спонзорство. Министерството за правда во согласност со надлежниот орган во чија надлежност е утврдувањето на јавниот интерес, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, издава решение со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата/спонзорството. Примателот на донацијата станува сопственик на донацијата и ја користи исклучиво за намената определена во договорот за донација и за намената за која е отворена посебна трансакциска сметка, односно за целта на дознаката во платниот налог со кој се донира, во случај на жирални давања. На барање на давателот на донацијата по претходна реализација на предметот на донацијата примателот му издава писмена „Потврда за донација”, со цел истата на давателот да му послужи како доказ пред Управата за јавни приходи за остварување на даночните поттикнувања. Давателот и примателот на донација/спонзорство се должни, најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнувањето на Договорот за донација/спонзорство, до Управата за јавни приходи да достават Извештај за дадената и примена донација/спонзорство, на пропишаните обрасци (Образец „УЈП-ИДС/ДВ“ и Образец „УЈП-ИДС/ПР“). За остварување на даночното поттикнување правното лице - давател на донацијата кон Даночниот биланс доставува копија од Договорот за донација, копија од Решението донесено од Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата, писмена Потврда за примена донација, како и доказ за уплатата на средствата. Согласно член 9 од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“, број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18) како непризнаени расходи за даночни цели ќе се сметаат трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината и трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината. Значи, согласно овој Закон трошоците за донации/спонзорства до пропишаниот износ се признати за даночни цели. Исто така, во Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности предвидени се и даночни поттикнувања кај данокот на додадена вредност, како и кај даноците на имот. Ако донацијата е во предмети и материјални добра истата е ослободена од данокот на наследство и подарок кога давателот му го пренесува правото на плодоуживање и користење на примателот и дополнително е ослободена од данок на имот во наредните пет години, по годината во која е дадена донацијата.


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

ОБРАЗОВАНИЕ

Националната рамка на квалификации и дуалното образование Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија Изминатиов период бевме фокусирани на потребата од воведување дуален систем на образование во нашата земја и стекнување релевантни квалификации според потребите на бизнис заедницата. Тоа поттикна неколку прашања: 1. Што значи релевантни квалификации? 2. Каде се систематизирани овие квалификации? 3. Колку сме информирани за Националната рамка на квалификации? И следно прашање кое се наметнува е зошто, токму сега, се споменува Националната рамка на квалификации, односно која е нејзината врската со дуалниот систем на образование? За да одговориме на прашањата треба да бидеме информирани дека Националната рамка на квалификации која е воведена во 2013 година, претставува национален стандард за воспоставување системот на квалификации стекнати во нашата земја. Таа ги систематизира квалификациите во осум нивоа и дава прегледност и споредливост на истите. Нејзината употреба придонесува за намалување на јазот помеѓу вештините што ги стекнале учениците и оние што ги бараат компаниите. Тоа значи, креирање на квалификации потребни на бизнис секторот за обезбедување квалификуван кадар што ја отсликува нивната релевантност, а истовремено, испорака на квалификациите преку системот на дуалното образование, стекнување знаења во училиште и практични вештини и компетенции на работно место во компанија. Тоа се одговорите на прашањата, а посебно за врската помеѓу Националната рамка на квалификации и дуалниот систем на образование. Но, тоа е само една од нејзините придобивки за дуалниот систем на образование. Затоа, тука се фокусирам на четири главни придобивки од Националната рамка на квалификации во воведувањето на дуалниот систем на образование: 1. Воспоставување рамнотежа помеѓу потребите на пазарот на работна сила и понудата на квалификации од страна на образованието и обуката - Образованието мора да има визија за


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

23

ОБРАЗОВАНИЕ предвидување на идните вештини и компетенции кои ќе се бараат на пазарот на труд и да креира квалификации кои ќе одговараат на потребите на бизнис заедницата. Потребите на бизнис заедницата се изразени преку резултатите од учењето (знаењето, вештините и компетенциите), а со читање на резултатите од учењето работодавачот добива сознание за компетенциите што ги поседува носителот на квалификацијата. 2. Визија за реформи и модернизација на системот за образование и обука - Неусогласеноста на потребите на пазарот на работна сила и понудата на квалификации од страна на образованието несомнено ја наложи потребата да се изнајдат соодветни решенија за обезбедување динамична економска иднина и поголема флексибилност на образованието. Тоа поттикна да воспостави нов процес за постигнување релевантни резултати од учење кој се реализира преку модуларизација на образовните програми во стручното образование и стандардизирање на она што треба да се стекне како знаење, вештини и компетенции преку воведување Стандард на занимање и Стандард на квалификација . Стандардот на занимање го претставува јазикот на којшто зборува бизнис заедницата и ги опишува функционалните задачи на занимањето и компетенциите потребни за извршување на занимањето, додека Стандардот на квалификација е јазикот на образованието, со кој се опишува како да се стекнат знаењата, вештините и компетенциите потребни да се извршуваат функциите и работните задачи на занимањето. Практични вештини се стекнуваат преку реализација на практична обука кај работодавач/компанија и претставува можност бизнис секторот да обезбеди квалитетен кадар, кој веднаш ќе се вклучи во работниот процес. Тоа го претставува дуалниот систем на образование. 3. Заедничка платформа на соработка и комуникација на образовните институции и бизнис секторот - Пред воспоставувањето на Националната рамка на квалификации единствени креатори на образовните политики беа Владата и образовните институции. Денес, преку дизајнирањето на нови квалификации и модернизирањето на постојните, значајна е улогата на бизнис секторот во стандардите на занимања и стандардите на квалификации за да ги искаже своите потреби за недостаток на човечки капацитет и квалификувана работна сила. Во овој процес, бизнис секторот фокусот го става на тоа што треба да знаат и за што треба бидат оспособени лицата по стекнување на квалификацијата, а не што треба да учат. Тоа ја зголеми важноста на секторските комисии за квалификации за да ги идентификуваат потребите за сите видови квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството и потребата од дуален систем на образование. 4. Единствен систем за осигурување квалитет и доверба во квалификацијата што ја поседува поединецот – Креирањето на квалификациите заедно со бизнис секторот и стекнувањето квалификации преку дуалниот систем на образование значи дека се осигурува квалитет во целиот процес и ја поттикнува довербата во квалификацијата што ја поседува поединецот. За крај, сакам да потенцирам дека и нашата земја исто како и економски развиените земји Австрија, Германија, Швајцарија или Англија (каде функционира дуалното образование) има развиена и моќна Национална рамка на квалификации. Но она на што треба да работиме во следниот период е поголема флексибилност на образованието и воспоставување силен систем на дуално образование. Во спротивно, функцијата на Националната рамка на квалификации би била беспредметна.


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ? М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања Во претходниот текст посочивме што од она што се случува во македонската економија и начинот на кој се водат економските политики е добро и треба да продолжи. Истовремено, рековме дека и покрај моментните добри статистички податоци за остварувањата на македонската економија, нејзината состојба и перспективи се далеку од розови. Има работи што се случуваат, практично во континуитет, подолг период, со години, да не речам децении, кои не се добри и треба да запрат, еднаш засекогаш. Прво , не е добро тоа што во нашето општество економијата, прашањата што живот значат, не се врвен приоритет. Фокусот на јавноста, на дневна основа, несразмерно повеќе се насочува кон надворешно-политички теми. Тоа мора да запре и економијата конечно мора јасно и недвосмислено да биде ставена на пиедесталот на интересот на сите чинители во земјава (власт, опозиција) во поглед на политиките. Суштински, не формално! На пример, во моментов, како земја, не ја контролираме динамиката на стратешките надворешнополитички случувања. И влезот во НАТО и преговорите со ЕУ (датум итн.) имаат своја автономна траекторија и временска рамка. Затоа, секој ден што ќе го поминеме во дискусија за некое надворешно-политичко прашање зошто утре, а не денес, во основа е залудно изгубен ден за македонската економија, енергија што можела да биде искористена за решавање на некој од проблемите со кои таа се судира. Потребна ни е целосна општествена преориентација кон економијата и економските теми. Второ , не е добра неизвесноста во економскиот амбиент. Мора да запре носењето на ад-хок одлуки што влегуваат во сила веднаш и создаваат финансиски последици за економските субјекти. Тука не игра улога дали некоја одлука се базира на ветувањата од партиските изборни програми (владини, опозициски, сеедно). Таквите ветувања се валидни само доколку своевремено биле тестирани ефектите од нивната евентуална примена во иднина и тоа што се дел од некоја програма не ги прави сами по себе применливи. Доколку не е соодветно тестирана нивната издржаност, тогаш шансите се дека тие ќе резултираат со популизам. Популизмот е како канцер за економијата, ако го има во економските политики тогаш континуирано и систематски ја подјадува и слабее економијата на земјата и ја прави неодржлива на долг


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

25

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР рок. Во овој контекст, неизвесноста во економскиот амбиент на земјата може да се намали со мерки што на систематски начин ќе превенираат некакви ад-хок потези . Една таква системска мерка, предложена годинава од Стопанската комора на Македонија е воведувањето на т.н. даночен календар, временска рамка што дефинира до кога во тековната година може да се носат измени на прописите што креираат финансиски последици за фирмите, од кога тие мерки би можеле да почнат да важат и колку време не би можеле повторно да се менуваат. Трето , мора да се напушти исклучивоста во дизајнирањето на економските политики. Тоа мора да биде широк, инклузивен процес кој во себе на принципиелна основа ќе вклучува релевантни фактори, без оглед дали за одредена работа го делат ставот или не се истомисленици. Само така, низ интензивен дијалог, со целосен взаемен респект, широка дебата, подготвеност да се слушнат и пофалби и критики, може да се создава здрава основа и механизми за градење широк општествен консензус за суштински важните економски прашања, што имаат долгорочни импликации за здравјето на економијата и животниот стандард на сегашните и, подеднакво важно, идните генерации! Четврто , мора да се нурне подлабоко во проблемите на македонската економија за да се дијагностицираат вистинските предизвици. Нашава земја е приказна за две економии, едната се фирмите што се странски директни инвестиции и работат во зоните, а другата се останатите, домашните фирми. Кога се гледаат збирните статистички податоци се добива впечаток дека перформансите не се лоши, но податоците всушност ги упросечуваат остварувањата, оние добрите на странските фирми од зоните со оние помалку добрите на (повеќето) домашни. Петто , а можеше комотно да биде и прво, мора да запре односот, што го гледаме веќе многу години, на властите кон образованието. Имаме долга традиција на постојано менување на надлежните министри, а отсуствува и конзистентен пристап што треба суштински, на сите нивоа, да го промени образовниот процес во земјава. Не е срамота ако сме рангирани како четврти најлоши на PISA - рангирањето за функционалната писменост на 15-годишниците, срамота е ако не преземеме ништо и на наредното рангирање за три години не бидеме барем малку погоре. Прашањето за квалитетот на образованието е сериозна ЕКОНОМСКА тема и мора да добие врвен приоритет. Ако не се променат работите околу образованието тогаш преземаме голем, огромен ризик за долгорочниот опстанок на македонската економија. Да, прашањето на образованието е прашање на опстанок на македонската економија! Шесто , мора да се направат храбри реформи кај администрацијата. Таа е ‘рбетниот столб за која било реформа. Ако една земја нема едуцирана, способна, професионална, соодветно платена и меритократски избрана администрација, тогаш реформите остануваат на хартија, нема кој да ги имплементира. Патем, администрацијата не е пуст остров, сама за себе, таа е сервис за граѓаните и бизнис секторот. За да биде тоа така, потребни се реформи во таа област и тие се тешки и болни. Но, алтернатива нема! Ако сето ова се направи ќе биде подобро за сите. Ќе биде подобро за бизнис секторот, тој повеќе ќе инвестира и ќе отвора нови работни места. Економијата ќе ја поставиме на здрава и стабилна основа и ќе се движиме напред. Со поголема брзина.


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИСЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Задолжителната консултација на бизнис-заедницата при донесувањето на законите е едно од најзначајните прашања кое Стопанската комора на Македонија го повторува, со цел да не се случуваат какви било „заобиколувања“. Ова е од причина што во многубројните анкети што ги спроведува Стопанската комора на Македонија за сопствени потреби при анализа на ефектите од примената на одредени закони и подзаконската регулатива, многу честа е забелешката на компаниите дека во постапката за донесување на одредена регулатива, на бизнис-заедницата не и` е оставена каква било можност да ги изнесе своите ставови и гледишта по предложените акти, ниту активно да се вклучи во процесот на нормативно уредување на определени прашања. Процесот на проценка на влијанието на регулативата, вклучувањето на засегнатите страни во процесот на консултации, а особено воспоставувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се значајни чекори во насока на развој на квалитетна регулатива и истите придонесуваат за подобрување на можностите за активно вклучување на бизнис-заедницата во процесот на креирање политики. Гледано наназад, Стопанската комора на Македонија, со првото писмо упатено до ОЕЦД во 2004 година, се заложи за воспоставување дијалог со Владата во сферата на регулаторното владеење преку измена на Деловникот за работа на Владата, но и на Деловникот за работа на органите и телата на Собранието. Следејќи ја препораката на ОЕЦД, Владата, во јуни 2006 година донесе Заклучок дека коморите задолжително треба да се консултираат во процесот на донесување на регулативата, а во 2008 година препораката се преточи во конкретни владини акти. Имено, со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 29/2008) и Методологијата за проценка на влијанието на регулативата („Службен весник на РМ“, бр. 37/2008), во Република Македонија се воведува јавност во процесот на проценка на влијанието на регулативата преку задолжителни консултации. Ова е резултат на препораките на ОЕЦД во рамките на Извештајот за регулаторното владеење во РМ за 2004 година, а и на процесот на апроксимацијата на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Согласно наведената регулатива, од 1 јануари 2009 година почнаа да се спроведуваат задолжителни консултации и со бизнис заедницата, како засегната страна, во процесот на донесувањето регулативата. Основната идеја на ваквите консултации се состои во можноста преку техниките на учество на засегнатите страни во процесот на донесување на закони да се прават електронски консултации (информирање,


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

27

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР прибирање мислења и сугестии), како и фокусирани трибини, јавни расправи и работилници). Сите информации релевантни за процесот за донесување закони, како и самите закони во различни фази требаше да бидат достапни преку Единствениот електронски регистар на прописи: ener.gov.mk. Оваа веб-страница се очекуваше дека ќе овозможи транспарентност на регулаторните процеси со екстерна контрола, односно можност засегнатите страни непосредно да остварат влијание врз креирањето на правниот амбиент. Во случајот, бизнис заедницата преку своите асоцијации, комори или индивидуално, de lege имаат можност непосредно да го проценуваат влијанието на регулативата (ПВР). Придобивките од воведување на процесот на ПВР е овозможување комплетност и длабочина на анализата за реалните влијанија на регулативата и транспарентност и консултации како интерно, меѓу министерствата, така и екстерно, со останатите засегнати страни. Преку меѓуминистерските консултации, согласно Методологијата, се очекуваше дека ќе се спречи потенцијалната можност за удвојување на активностите или дури спротивставени активности. Наспроти позитивните искуства, она што многу повеќе треба да се нагласи е и фактот што во праксата процесот на консултации не се применува редовно и секогаш, туку само во одредени случаи, без притоа да се има некое посебно образложение зошто е тоа така. Во 2015 година, Собранието донесе 541 закон, од кои, според податоците од Канцеларијата на УСАИД во Македонија, 57 отсто се донесени „преку ноќ“, без јавни консултации. Иако тоа беше во насока на подобрување на регулативата, сепак, се покажа како голем предизвик за бизнисите, за нивните напори да се приспособат кон направените промени. Законите се добри на хартија, но во практиката создаваат проблеми. Впрочем, КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДУПКИ ВО ЗАКОНИТЕ! Особено ако се донесуваат во скратена или итна постапка, без или со минимални консултации со засегнатите страни. Со оглед на многубројните укажувања на субјектите кои се јавуваат како засегнати страни во процесот на консултации, како што се стопанските комори и граѓанските асоцијации, случаите на донесување закони по скратена постапка не се толку чести, како што тоа беше случај изминатите години, но сепак ги има и кога за тоа нема реална потреба. Залагањата на бизнис-секторот се состојат токму во намалувањето на случаите на донесување закони по итна постапка, со цел да имаат можност да дадат свој активен придонес во дефинирањето на законските решенија, уште во првите фази на нивната подготовка, од причина што само на таков начин може да се избегнат ризиците да се создаде регулатива која нема да биде применлива во праксата. Следејќи ги искуствата во процесот на консултации на бизнис-секторот при донесувањето или менувањето на прописите, може да се заклучи дека е се ` поголема свесноста за потребата да се консултираат сите оние на кои одреден пропис се однесува или треба да се применува, од причина што неприменлива регулатива е полошо и од немање регулатива. Повеќе од јасно е дека вклучувањето на засегнатите страни, меѓу кои и Комората како глас на бизнис заедницата, во процесот на проценка на влијанието на регулативата може да обезбеди дополнителни информации потребни за дефинирање на новите регулативи. Анализите кои се прават во самиот процес претставуваат дополнување на постојните и тековно користени анализи, со што се придонесува за пореално искажување на влијанието на креираните политики и се врши надградба. Но, дали процесот на консултации со бизнис заедницата експлицитно се спроведува во практиката, ќе прочитате во наредните коментари на оваа тема.


28

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

29

НОВИ ПРОПИСИ 18.06.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ СТВАРНИ ПРАВА Според известувањето на Министерството за правда, со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права се создава основа за либерализација на прометот на недвижности и постигнува ... 17.06.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И НАЧИНОТ НА ЖИГОСУВАЊЕ, ВИДОТ НА ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ЖИГОСУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА, ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ИСЕЧЕНО ДРВО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРАТНИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИСПРАТНИЦИТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАДЕНИ ИСПРАТНИЦИ Подзаконски акт на Законот за шумите, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 117 од 10 јуни 2019 годинаВрз основа на член 69 став (13) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” бр. 64/09, 24/11 ... 17.06.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА ВЕГЕТАТИВНО РАЗМНОЖУВАЊЕ НА ВИНОВАТА ЛОЗА Подзаконски акт на Законот за семенски и саден материјал на земјоделски растенија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 117 од 10 јуни 2019 годинаВрз основа на член 6 став 2, член 8 став 11 и 12, член 15 став 2, ... 19.06.2019 УПАТСТВО ЗА ВРШЕЊЕ ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ КАЈ БАНКИТЕ, ШТЕДИЛНИЦИТЕ, ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ И ОВЛАСТЕНИТЕ МЕНУВАЧИ „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ бр. 122 од 17 јуни 2019 годинаI. Врз основа на член 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/ ... 19.06.2019 НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПЕРИОД ОД 2019-2021 ГОДИНА Националната програма за железничка инфраструктура има за цел да ги претстави идните планови на Владата на Република Северна Македонија за развој и подобрување на состојбата и условите на железничката инфраструктура во Р ...


30

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

31


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.06.2019 година 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА И ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Овој семинар пред се, има за цел да ги појасни и доближи пропишаните законски измени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Службен весник на РСМ, бр. 98 од 2019 година кој влегува во сила на 29 Мај 2019 година и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Службен весник на РСМ, бр. 120 од 2018 година, а согласно член 182 став 2 кој влегува на сила од 1 Јуни 2019 година. На еднодневниот семинар, учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за пропишаните законски измени кои имаат за цел појаснување на одредбите на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, во делот на издавањето фискална сметка, временско ограничување на издавањето на сторно сметка кај угостителите, кај вршителите на промет на храна и пијалоци и обложувалниците како и описот на плаќањето- со платежна картичка или во готово. Учесниците ќе добијат и подлабоко разбирање за начинот и контролата од страна на УЈП во делот на двата Закони. Предавач: Мери Каровска, Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Информиран Корисник.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

33

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25 јуни 2019 година 10:00 -16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

НОВИНИ ВО ПРЕКРШОЧНАТА ПОСТАПКА НИЗ ПРИЗМА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

Имајќи предвид дека на 17 мај 2019 година стапи на сила новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19), Стопанската комора на Македонија, на 25 јуни 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „Новини во прекршочната постапка низ призма на новиот Закон за прекршоците (Сл.весник на РСМ бр.96/19 од 15.5.2019 година)“. Семинарот е наменет за сите приватни компании кои во текот на своето работење може да сторат прекршок од било каков вид, а особено за оние компании кои се учесници во царинските постапки (во својство на увозници / извозници / застапницишпедитери / превозници и др.). Целта на овој семинар е компаниите да се запознаат со целите, новините и очекуваните ефекти од новиот Закон за прекршоците, правата и обврските кои ги имаат сторителите на прекршок во прекршочната постапка, а пред се дејствијата кои истите треба да ги преземат во моментот на сторување на прекршок како и во натамошниот тек на постапката, а воедно да се запознаат со погодностите кои за сторителите на прекршок ги нуди новиот Закон за прекршоците споредбено со стариот закон, со крајна цел компаниите што поуспешно да ги заштитат своите права и интереси во прекршочната постапка

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.06.2019 - 26.06.2019 Тренинг обука

Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат

РАЗВИВАЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ЗНАЕЊА ПОТРЕБНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА СИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА

Цел на обуката: • Разбирање на барањата GDPR и основните принципи на приватност; • Разбирање на улогите, обврските и одговорностите DPO – data protection officer; • Разбирање на концептот, пристапот, методите и техниките неопходни за имплементација на законската рамка за заштита на податоци. За кого е наменет семинарот? За сите работни организации, без разлика на нивната дејност и големина, за сите вработени кои обработуваат и чуваат лични податоци, како и сите останати кои се вклучени во процесите на заштита на лични податоци и информатичка безбедност, како и поединци кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења во принципите на приватност и да изградат кариера во областа на заштита на лични податоци. ПРОГРАМА o Секција 01: General Data Protection Regulation (GDPR); o Секција 02: Core consideration for the GDPR (Основи на GDPR); o Секција 03: Roles, obligations, and processing activities (Улоги, одговорности и овластувања); o Секција 04: Data protection policy (Политика за заштита на податоци); o Секција 05: Risk assessment and Privacy Impact Assessment /PIA (Процена на ризикот и процена на приватноста на податоците) o Секција 06: Documentation management and communication plan (Управување со документацијата и план за комуникација): o Секција 07: Data protection controls and technology (Технологија и контрола на заштита на лични податоци); o Секција 08: Incident reporting and management (Управување со инциденти и извештаи); o Секција 09: Consent and subject access requests and transfer of data (Барања за прифаќање, пристап и пренос на податоци); o Секција 10: Monitoring, measurement, analysis, and evaluation (Мониторинг, мерење, анализа и евалуација од примената на GDPR); o Секција 11: Corrective actions and continual improvement (Корективна акција и постојано подобрување); o Секција 12: Competency, evaluation and closing the training (Компетенции, евалуација и затварање на обуката)..

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

БИЗНИС ИНФО

35

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.06.2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА – ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Во модерното деловно опкружување, улогата на деловните асистенти е се поголема. Како расте комплексноста на активностите на една компанија, тие преземаат се повеќе и поголеми одговорности. На семинарот ќе се обработат сегментите како зголемување на самодовербата, техники за ефективна деловна комуникација и услуга кај извршните асистенти, методи кои ќе помогнат како да се завршат повеќе работи за пократко време, техники за зајакнување на комуникациските вештини кај деловните асистенти и што е најважно - станување незаменлив деловен асистент. Програмата на семинарот ќе придонесе во унапредувањето на вештините на овие клучни човечки ресурси, ќе се идентификуваат клучните области во кои треба да се работи на едукација за унапредување на потребните вештини и клучни карактеристики кои треба да ги поседува еден “современ” деловен асистент во услови на динамичниот развој на компаниите. Семинарот ќе ви помогне: - Да научите да завршите повеќе активности за пократко време; - Да научите да ја контролирате Вашата работа и да не дозволите таа Вас да Ве контролира; - Да ја потенцирате важноста на деловниот асистент и неговото место во компанијата; - Да станете незаменлив деловен асистент; - Да научите да ги унапредете Вашите деловни вештини кои се неопходни за успех и напредок во кариерата; - Да се стекнете со практични решенија за ефикасно управување со времето и приоритетите; - Да размените искуства со други деловни административни професионалци; - Да се стекнете со ефективна деловна комуникација која е 100% употреблива во пракса.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

37


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 21 јуни 2019, Бр. 400

T

15

38

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.