Бизнис ИНФО, број 401

Page 1

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

345 Број 401

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 28.6.2019

Креирање нови економски перспективи КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

СИГУРЕН И СТАБИЛЕН ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР ПРЕКУ СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА Измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност кои се веќе во најголем дел усогласени со надлежното Министерство за економија да бидат донесени во најбрз можен рок за да се воспостави ред во туристичката дејност, порачуваат од бизнис секторот. Во меѓувреме треба да се доработи само уште делот на регулирање на гарантирањето на работата на туристичките агенции, дали ќе се примени банкарска гаранција или осигурителна полиса. Воведувањето ред и менување и дополнување на дел од членовите во Законот е од големо значење бидејќи дејноста има континуиран раст и позитивен тренд, како во бројот на туристи, така и во девизниот прилив. Предложените измени на иницијатива на туристичките агенции - членки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, но и од другите стопански комори во земјата, кои се прифатени од ресорното министерство предвидуваат разграничување на туроператори (организатори на патувањата) и туристичките агенции (продавачи на аранжмани), потоа релиценцирање, односно обновување на лиценцата на секои две до три години, со цел да се контролира дали агенциите ги исполнуваат условите за патување. Измените предвидуваат кој се` може да организира туристички аранжман и патување надвор од земјата, одделување на работата на туристичките агенции од автобуските превозници, дефинирање на општите услови на патување со подзаконски акт, информираше на прес-конференцијата Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Сирачевски изрази задоволство што најголем дел од предлозите од туристичката фела се прифатени и вградени во Законот. Останува да се допрецизира дали ќе се оди со опцијата банкарска гаранција или осигурување на аранжманот. -Банкарската гаранција е многу важна за да може да ги заштитиме патниците во случај доколку се случи нешто, тие да се вратат безбедно назад. Некои од предлагачите предлагаат да се осигури аранжманот и во тој случај ако се случи нешто, сите одговорности ги презема осигурителната компанија. Во овој момент не знаеме што ќе се избере, но во секој случај ова е позитивна работа за сите патници кои патуваат надвор да бидат безбедни, - истакна заменик-претседателот на Здружението, Славе Сирачески. -Паралелно со измените на Законот за туристичката дејност, бизнис секторот ќе бара регулирање и на организирањето на екскурзиите во основните и средните училишта согласно Законот за туризам, - посочи Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Во првите четири месеци од годинава статистиката евидентира 232.530 туристи. Вкупниот број на туристи е зголемен за 2,4 отсто, но овој процент е помал во однос на истиот период лани. Бројот на странски туристи е пораснат само за еден процент, а бројот на домашни туристи за 5,4 проценти. Кај странските туристи доминираат оние од земјите со кои нашата држава има традиционално соработка во делот на туризмот како што се Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Германија, Словенија, Хрватска и азиските земји. Од Здружението на угостителството и туризмот алармираат и на активно вклучување на бизнис секторот во креирањето на нова стратегија за туризам, која ќе треба да се изработи за периодот од 2021 година натаму. Не помалку важно прашање е и моделот за субвенционирање на странски туристи, за кој туристичкиот сектор има доставено и официјално барање за промена, бидејќи искуството на терен покажува дека ефектите од него се максимално искористени и дека треба да се работи на надминување на слабостите. А тоа е дека треба да се направи разграничување во доделувањето субвенции според категоризација на објектите за сместување. Уште еднаш на прес-конференцијата беше споменато дека е од особено значење да се разгледа барањето за формирање Совет за туризам на ниво на државата, имајќи предвид дека повеќе државни институции покрај Министерството за економија имаат надлежност во делови од законското регулирање на туризмот. Даниела Михајловска Василевска


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

5

Коморски инвестициски форум (КИФ)

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА ВО ЦЕФТА-РЕГИОНОТ

Денес, претставниците на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) потпишаа Меморандум за соработка за подобрување на трговијата во рамките на ЦЕФТА, кој треба да овозможи отстранување на бариери во трговијата, усогласувањето на придружната документација при прекуграничното движење на стоки во регионот, како и меѓусебно признавање на ветеринарни и фитосанитарни сертификати. Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на Управниот одборот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ ЗБ6) Марко Чадеж, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ и Томислав Кнежевиќ од Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ). Марко Чадеж, претседател на Управниот одборот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Србија, изјави дека коморите од регионот, како глас на економијата, се обидуваат да работат заедно со властите, со цел изнаоѓање заеднички системски решенија, а воведувањето на меѓусебно признаени овластени економски оператори (ОЕО) за трговијата во регионот, чиешто формирање е во тек, ќе им овозможи на компаниите да ја поминат фазата


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

Коморски инвестициски форум (КИФ)

на регистрација во една земја, која се базира на обезбедување транспарентност во бизнисот, шпедицијата, увозот и извозот на стоки и тој статус како таков да им се признае во целиот регион. PKS„Се` е подготвено за меѓусебно усогласување и признавање на сите документи, не само за меѓусебно признавање на статусот на овластен економски оператор, туку и меѓусебно признавање на документи, особено ветеринарни сертификати и фитосанитарни сертификати во областа на земјоделието. Ова се секојдневните проблеми со кои се соочуваат бизнисмените во нивниот редовен бизнис. На нас ни останува да обезбедиме меѓусебно признавање на целосната документација, за да може кога камионот ќе влезе на Хоргош, во Драч да го истовари на брод без претходни застои“, - истакна Чадеж. Тој додаде дека компаниите коишто еднаш ќе се регистрираат преку овој систем, нема да имаат проблеми на граничниот премин, бидејќи целата документација ќе биде меѓународно призната, што е предуслов за функционирање на заеднички и единствен пазар. Генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Сафет Герџелиу, додаде дека со потпишувањето на Меморандумот започнува нова ера на соработка во регионот. „Целта на овој договор е да се зајакне дијалогот и партнерството во регионот и приватниот сектор да има можност да биде дел од одлуките и договорите на регионално ниво“, изјави Герџелиу и нагласи дека основната цел е да се отстранат бариерите за да може позитивно да влијаат врз економскиот развој и подобрување на имиџот на регионот. „Само таков регион, може да биде привлечен за инвеститорите и само на тој начин проблемите ќе можат да се решат“ – истакна Герџелиу. Тој додаде дека во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), повеќе од 350.000 компании се членки на националните комори. Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, истакна дека на 1 јули стапува на сила одлуката за целосна кумулација и враќање на увозни давачки на


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

7

Коморски инвестициски форум (КИФ)

увозот од трети земји во рамките на ПЕМ (PEM) Конвенцијата, како и тоа дека за економијата во регионот носи корист од околу 100 милиони евра. „Во моментот се работи на заедничко признавање на овластените економски оператори ОЕО“, рече Ѓикиќ, додавајќи дека во споредба со европските земји, каде што има околу 17.000 ОЕО, во регионот има 20, со исклучок на Молдавија и дека целта на Меморандумот е да се поттикне економијата да започне да функционира на начин како што е регулирано во ЕУ и да го зајакне капацитетот за пристапување кон Унијата. Томислав Кнежевиќ додаде дека ГИЗ има одлична соработка со Секретаријатот на ЦЕФТА уште од 2012 година, како и дека во изминатите шест години се имплементирани голем број активности кои се во насока на зголемување на трговијата на територијата на Југоисточна Европа, но и за намалување на бариерите кои се присутни во трговијата. „Со оглед дека сите ние имаме заеднички цели, а тоа е интеграција на регионот во ЕУ и подобрување на трговијата, решивме да ги поддржиме идните активности и сето тоа да го подигнеме на повисоко ниво. Еден од тие чекори е формалното потпишување на Меморандумот“, - изјави Кнежевиќ. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ПРЕЗЕНТАЦИИ

СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија пред членките на Здружението од дејноста отпад и пред претставници на локалната самоуправа, градоначаланици, одделенија за комунален отпад и инфраструктура го претстави проектот „Паметни градови – технологија за комуналните претпријатија во интерес на граѓаните“. Презентацијата беше реализирана од страна на Милан Змеко и Лудовит Кудела, од компанијата „ОМС“ од Р. Словачка. Програмата на паметни градови нуди инфраструктура која е отворена за сегашните и идните потреби на градовите. Концептот комбинира повеќе компоненти: • осветлување - економично, константно, одржливо; • контролен систем - можност за следење на сообраќајот, регулирање за светлосна сигнализација, улични камери, метео станици, паркиралишта; • можност за надградба на софтверска мрежа (на пример, за комунален отпад по локации, канти и контејнери); • поврзаност со wi-fi мрежа.

контрола на


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕЗЕНТАЦИИ

Со концептот на паметни градови, како што презентираа претставниците на компанијата „ОМС“, може да се надгради инфраструктурата на локално ниво без дополнителни трошоци, според потребите и во интерес на граѓаните и на локалната самоуправа за обезбедување подобри услови за функционирање на општините и пониски трошоци за комунални услуги за жителите на секоја поединечна општина. Компанијата „ОМС“ е една од водечките компании за осветлување во Европа. Основана е во 1995 година. Има над 600 вработени, а 98% од своето производство го пласира во повеќе од 120 земји ширум светот. Презентацијата на Проектот беше реализирана во соработка и со компанијата „Еко клуб“ - членка на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија и активен субјект во комуналните инфраструктурни активности. На презентацијата присуствуваше и Владе Стојановски, почесен конзул на Република Словачка во нашата земја, кој ги поздрави присутните и изрази задоволство од можноста за продлабочување на соработката меѓу комании од двете земји, во насока на имплементирање на софистицирана опрема која има повеќекратно значење и влијание. Даниела Михајловска Василевска


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ЗДРУЖЕНИЈА И ФОРМИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ

ФОРМИРАНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО КОМОРАТА

Главни приоритети ќе бидат унапредување на работењето на финансиските организации и развој на финансискиот пазар во земјата. Иницијативата за формирање Здружение на финансиски организации е поттикната од се` поголемата интегрираност и комплементарност на домашниот финансиски систем и од растечката појава на финансиските друштва што пак е резултат на обезбедување софистицирани услуги во согласност со потребите на граѓаните и приватниот сектор. Како што напомена претседателот на новоформираното Здружение, Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, една од главните цели ќе биде идентификување на предизвиците кои се однесуваат на целиот финансиски сектор со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И ФОРМИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ Ова Здружение е единствен облик на здружување коешто ги обединува сите чинители во финансискиот сектор, почнувајќи од банкарските организации, осигурителните друштва, друштвата за управување со пензиски фондови, небанкарските финансиски друштва, лизинг компаниите и штедилниците поттикнувајќи ги на заеднички ангажман и долгорочна соработка преку олеснување на реализирањето на интерсекторски форми на соработка помеѓу разните видови финансиски институции. Финансискиот сектор во Македонија е многу важен за целокупната економија и оттука сметаме дека преку Здружението на финансиски организации, кое ќе функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија, ќе можеме да дадеме многу поголем придонес за развој на регулативата и на многу подобар начин ќе можат да се артикулираат интересите и барањата на финансискиот сектор, – потенцираше Војновиќ. Предвидените активности и Програмата за работа Здружението ќе ги спроведува преку своите органи, при што на конститутивната седница одржана на 27.6.2019 година беше избран Управен одбор составен од компании од различни финансиски дејности. Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на членките, во рамките на Здружението се формираа следните групации: - Групација на осигурителни друштва; - Групација на друштва за финансиски лизинг и - Групација на небанкарски финансиски друштва. На седниците на овие групации ќе се разгледуваат сите прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на сите тековни прашања и проблеми во дејноста, ќе се разгледуваат предлози на закони и други прописи и ќе се покренуваат иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на соодветните закони и прописи, ќе се работи на унапредување на бизнис климата во земјата и на унапредување на меѓународната соработка. На крајот на настанот, проф. д-р Владимир Филиповски, од Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, одржа предавање на тема: „Предизвиците за финансискиот сектор и перспективите за негов развој“. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

РЕГИОНАЛНА КОМОРА

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Регионалната комора со седиште во Штип потпиша Меморандум за соработка со Општина Свети Николе, кој предвидува размена на информации од заеднички интерес, учество во изработка на апликации и соработка во проекти, решавање на клучни прашања од значење за бизнис секторот, поголема иницијативност и организираност, со еден нов модерен пристап и значителен придонес на Општината во унапредувањето на бизнисот на локално ниво. Градоначалникот на Општина Свети Николе, м-р Сашо Велковски и претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов, заеднички констатираа дека во наредниот период ќе се работи поактивно на зајакнување на односите со сите целни групи и здруженија во општината и во регионот, со единствена цел за подобрување на условите за живот за граѓаните и заедно со Регионалната комора со седиште во Штип - решавање на отворени прашања


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА КОМОРА од локално и регионално ниво, со директно вклучување на претставници на Комората во активностите, особено во делот на Локалниот економски развој. Во рамките на седницата на Регионалната комора со седиште во Штип беше реализирана и презентација на моделот на Факторингот. Пред присутните се обрати Ловре Ристевски, директор на Проектот на УСАИД за факторинг, кој посочи дека преку овој инструмент се има за цел да им се помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски продукти. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите. Експертот за Факторинг, Димитар Ангелкоски, ги запозна присутните со значењето на факторингот, начинот на кој тој функционира и кои се придобивките од истиот. Ангелкоски истакна дека Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира опсег на активности преку три компоненти: подигање на свеста и значењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности, имплементација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација за малите и средни претпријатија. Пред присутните стопанственици и присутни лица презентација имаше и Дарко Стефановски од Македонската банка за поддршка и развој, во делот на осигурувањето. Притоа, тој истакна дека факторингот е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш. Моника Стоичева


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)

Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊ м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија Со цел приклучување на регионот кон Европската унија, во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет, за европска иднина, на што треба да се гледа како на последна шанса за заеднички економски напредок на регионот, но и како единствен пат кон одржлив раст и развој на секоја од шесте земји од регионот, беше креиран Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Во рамките на КИФ е креирана и посебна агенда за регионална соработка, којашто е резултат од заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни при што се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво. Креирање нови економски перспективи - КИФ НА САМИТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ПОЗНАЊВо насока на приклучување на регионот на Западен Балкан кон Европската унија и креирање заеднички политики за раст и развој, под мотото: „Да растеме заедно“, на 4 јули 2019 година во Познањ, Р. Полска ќе се одржи овогодишниот Самит на Западен Балкан. Главен фокус на Самитот е полесна интеграција на регионот на Западен Балкан со земјите од Европската унија, преку креирање синергија меѓу светот на политиката со граѓанските општества и бизнис круговите, што е всушност и основната цел на КИФ. Процесот на


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

15

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) пристапување на земјите од регионот на Западен Балкан кон ЕУ треба да биде процес на инклузивно проширување, кое треба да обезбеди овие држави да ги согледаат придобивките од европската интеграција уште пред формалното зачленување. За таа цел, учеството на овогодишниот Самит е од особено значење за земјите - членки на КИФ.

Во рамките на Самитот предвидено е да се реализираат многубројни настани, панелдискусии, бизнис форуми и билатерални средби со претставници од владиниот и невладиниот сектор и бизнис заедниците од 16 земји-учеснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Полска, Словенија, Италија и Велика Британија. Овој настан претставува прв чекор за идна соработка меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и Полска пред се`, но и продлабочување на соработката, проширување и развој на компаниите, со бизнис секторот од останатите земји-учеснички, членки на Европската унија. На овогодишниот Бизнис форум главен акцент ќе се стави на дигиталниот и ИТ-секторот, прехранбениот и земјоделскиот сектор и енергетиката, но поради големината на настанот, добредојдени се компании и од сите останати сектори. Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават бесплатно на „online“ платформата за билатерални средби, на следниот линк: http://www3.paiz.gov.pl/Western_Balkans_Summit/.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ

ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ (II дел) Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Постапката која е пропишана во Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности („Службен весник на Република Македонија“, број 47/06, 86/08, 51/2011, 28/14 и 153/15) овозможува одредени даночни поттикнувања за донаторите и спонзорите на спортски правни лица, во насока на ослободување од товарот за плаќање данок на донираните/спонзорираните средства. Покрај овие даночни поттикнувања, со цел поголема мотивација на фирмите да донираат средства за поддршка на спортот во Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“, број 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и 98/19) и во Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“, број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18, - член 10-а и член 30-а), предвидено е ново решение од кое се очекува позначајна и директна поддршка на спортските правни лица. Имено, овој нов систем предвидува на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти, а кои се уплатени на посебна наменска сметка, да му се намали пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства најмногу до 50% од пресметаниот данок. Всушност, станува збор за ослободување од плаќање данок на добивка во висина на износот на средствата кои се донирани на спортски субјекти: национални спортски федерации, спортски клубови, други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, како и активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови кои таквиот статус го стекнале според услови и критериуми пропишани во Законот за спортот. За остварување на ова право најнапред Агенцијата за млади и спорт, врз основа на одредени критериуми согласно Законот за спортот утврдува и на веб-страницата објавува официјални листи на спортските клубови и други спортски субјекти, како и на активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови, со износи на ваучер кој треба да им биде доделен. Агенцијата издава ваучер на пропишан образец, во кој покрај износот на ваучерот се наведени и датумот на издавање и неговата важност. Спортските субјекти и индивидуалните спортисти на кои им е издаден ваучер треба да најдат донатори на средства за поддршка на нивното функционирање. Донаторот - правно лице обврзник на данок на добивка за да го искористи правото на намалување на пресметаниот данок на добивка


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

17

ДАНОЦИ И ЦАРИНИ до Управата за јавни приходи доставува барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти. Управата за јавни приходи во рок од 15 дена го потврдува барањето (ако ваучерот на спортскиот субјект не е искористен) или го одбива барањето (ако ваучерот е веќе искористен). Даночниот обврзник (донаторот) потоа ги донира средствата и во рок од 15 дена по потврденото барање до Управата за јавни приходи доставува известување за извршена донација, со што всушност го остварува правото за намалување на пресметаниот данок на добивка. Користењето на правото за намалување на пресметаниот данок на добивка го исклучува правото на даночно поттикнување кај данокот на добивка согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Средствата кои се донирани на спортските субјекти подлежат на контрола за наменското користење најмалку еднаш годишно од страна на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот. Спортските субјекти кои се приматели на средства по основ на донација истите не смеат да ги вратат во правниот субјект кој ги донирал средствата или во субјект кој е капитално или управувачки поврзан или е во сопственост или управуван од лица во роднинска врска на истиот. Доколку на даночниот обврзник или на лице поврзано со него, му бидат вратени финансиски средства од страна на спортските субјекти на кои истите им биле донирани, директно или преку набавка на стоки и услуги, обврзникот го должи данокот кој би го платил доколку не го користел ослободувањето. Даночниот обврзник кој го користи даночното ослободување може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт. Во Законот за данокот на добивка е утврдено дека износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување изнесува 6 милиони евра годишно, што значи дека овој износ во форма на намалени приходи по основ на данокот на добивка е директна поддршка од буџетот за македонскиот спорт. Листата на спортски клубови и износи на ваучери за 2019 година е објавена, а дополнително се очекува Агенцијата за млади и спорт да ја објави листата со износи на ваучери за активните спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови. Од објавената Листа на спортски клубови може да се утврди дека најголема поддршка е предвидена за екипните олимписки спортови, следат индивидуалните олимписки спортови, понатаму федерациите од неолимписките спортови и новоформираните федерации. Со ваучери во најголеми износи се поддржани ракометните клубови (на врвот на листата се РК „Вардар“ со 14.325.768,00 денари, РК „Металург“ со 12.624.240,00 денари и РК „Еурофарм Работнички“ со 11.800.920,00 денари, по што следат останатите клубови), потоа кошаркарските клубови (КК „МЗТ Скопје Аеродром“ со 9.972.040,00 денари, КК „Работнички“ со 7.489.520,00 денари и останатите), фудбалските клубови (ФК „Работнички“ 6.705.900,00 денари, ФК „Вардар“ 6.407.860,00 денари, ФК „Шкендија“ 6.348.252,00 денари и останатите), одбојкарските клубови итн. Македонскиот спорт заслужува поддршка и согласно актуелното понудено решение фирмите треба да се доволно мотивирани за негова активна поддршка.


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ОБРАЗОВАНИЕ

ОГРАНИЧЕН ДО УМЕРЕН НАПРЕДОК ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КАКО ГЛЕДА НА НАС ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Јуни е месец што го означува крајот на учебната година, доделување свидетелства, полуматури, матури. Месец на дилеми и уписи во средно образование. Оваа година, јуни е и месец во кој се` уште е актуелен Извештајот на ЕК за напредокот на нашата земја и нејзино приближување до европското семејство. Тоа ме поттикна да фрлам поглед наназад за да видам колку сме напреднале. Ако невработеноста во 2010 година, поради економската криза, била многу висока и изнесувала 32%, во 2015 година се намалила на 28%. Во 2018 година стапката на невработеност паднала 20,7%, но и тоа не е доволно ако сакаме да станеме земја со ниска невработеност. А невработеноста и економијата секогаш се поврзуваат со квалитетот на образованието. Доколку ги разгледаме извештаите на ЕК за напредокот на нашата земја во областа на образованието, ќе воочиме дека во 2010 година сме имале ограничен напредок во областа на образованието со забелешка дека сме започнале реформски процес, но тој не се одвива со определена динамика. Посебно забелешки се ставени на слабата поддршка за обука на наставниците, нивниот професионален развој, процесот на ефикасно оценување и опфатот на деца во предучилишното образование. Овие забелешки се провлекуваат и до ден денес. Image result for under eu magnifying glassСледната, 2011 година, постигнат е умерен напредок во областа на образованието, а ист ваков напредок ќе имаме и во 2012 и во 2013 година, иако земјата го подобри своето дејствување во однос на Заедничките референтни вредности за образование и обука 2020, особено во областите како што се предвремено напуштање на образованието и стекнување на високо образование . Како позитивен е потенциран напредокот постигнат во однос на зголемената стапка на ученици кои завршиле средно образование. Во 2013 година, нотирано е дека БДП достигнал раст од 3,9%, споредено со претходната година, додека вкупната невработеност изнесувала 28,8% од работната сила. Во споредба со претходната 2012 година се намалила за 2,4 процентни поени. За младите на возраст од 15 до 24 години, стапката на невработеност достигнала 51,7%, која се намалила од 54,9 % во споредба со претходната година. Во областа на образованието како позитивно е нотирано донесувањето на Стратегија за стручно образование и обука за 20132020 година, преземените активности во областа на образованието на возрасните преку новите програми за обука и развивањето на Националната рамка на квалификации. Во 2014 година постигнат е одреден напредок во областа на образованието и тоа во умерено напредната фаза. Стапката на рано напуштање на училиштето постепено почнала да опаѓа, а стапката


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

19

ОБРАЗОВАНИЕ на завршување на високо образование се зголемила. Дизајнирани се нови програми за тригодишно стручно образование и обука врз основа на анализа за потребите на пазарот на трудот . Но сепак, ЕК забележува дека нивото на образование на работната сила не е соодветно на потребите на економијата. Поради тоа, продуктивноста на трудот останува мала на околу 18,4% од просекот на ЕУ, посебно во производството, додека економијата претежно е фокусирана на земјоделството (19% од вкупната вработеност) и трговијата. Во 2015 година образованието повторно е во умерено напредната фаза. Се зголемува процентот на деца на возраст од три до шест години во образованието на 34%, но и понатаму останува под просекот на целите на ЕУ (95% до 2020 година). За да се обезбеди поголема флексибилност на образованието за да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор е воведена Националната рамка на квалификации. Во 2016 година нотирано е дека реалниот БДП се зголемил за 3,7%, додека стапката на невработеност малку се намалила на 24,5%. Образованието и понатаму останува во умерено напредната фаза. Стапките на запишување се подобрени: 18% за предучилишна возраст, 91% за основно образование и 73% за средно образование . Но сепак, забелешката на ЕК се однесува на недостатоците кои се јавуваат во стручното и во високото образование и ги попречуваат учениците/ студентите да се стекнат со вештини потребни за работа во технолошки интензивни сектори. Како позитивен напредок е нотирано дека земјата успешно го презентираше својот Извештај за поврзување на Националната рамка на квалификации со Европска рамка на квалификации пред Советодавна група за Европската рамка на квалификации, во Брисел, како и усвојувањето на Концептот за неформално образование и информално учење, вклучувајќи и одредби за валидација на претходното знаење. Во 2018 година ЕК нотирала умерен напредок во областа на образованието. Усвоена е Стратегијата за образование 2018-2025 година, со Акциски план и Националната рамка за квалификации е поврзана со Европската рамка за квалификации. ЕК воочила дека квалитетот на образованието и понатаму е предизвик на сите нивоа, но образованието е под ризик од корупција и политичко влијание. Според оценката на ОЕЦД за проценка на меѓународните оценувања на учениците (ПИСА) од 2015 година, земјата е рангирана на четвртото место од дното на листата од над 70 земји, што ни укажува дека треба да воведеме нов пристап во образованието на читање со разбирање, критичко размислување и решавање проблемски задачи со примена на стекнатото знаење. Практичната обука кај работодавач треба да се подигне на повисоко ниво, како и вклученоста на работодавачите во образованието и обуката. И во 2019 година земјата повторно има умерен напредок во областа на образованието . Позитивно се гледа на пилотирањето на реформираните стручни наставни програми и во подобрувањето на квалитетот на практичната обука. Но сепак, се забележува дека образовниот систем останува ранлив на политичкото влијание и корупцијата и се препорачува понатамошно вложување во обуки и професионален развој на наставниците во стручното образование и обука, воведување на пофлексибилен, модуларен наставен план за стручно образование и обука со директно вклучување на работодавачите во образованието и обуката, како и ефикасност на трошењето на средствата во образованието. И така, напредокот во областа на образованието се движи од ограничен до умерено напредната фаза, низа години. Тоа треба да не` загрижи, но не и да не` обесхрабри. Всушност, треба да не` поттикне за еден сериозен пристап кон образованието, затоа што без квалитетно образование нема конкурентна економија.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

„Банкарството е неопходно, ама не и банките“, изјави своевремено Бил Гејтс. Изјавата е дадена во минатото, во контекст на очекувањата дека кога технолошките компании ќе бидат во можност да го даваат јадрото на банкарски услуги, тогаш потребата од банки какви што порано ги знаевме нема веќе да постои. Помина доста време од неговата изјава, банките, засега, сепак преживеаја. Но, посочената изјава на Бил Гејтс е добар индикатор за трендовите и длабоките промени што се случуваат во финансискиот сектор. Денес гледаме дека дигиталната технологија, смарт телефоните, се користат сé повеќе за финансиски услуги. Во некои делови од светот, делови од Африка, на пример, каде што можеби нема услови за класични банки, мобилните телефони се и единствениот начин за добивање одредени финансиски услуги, плаќања, пренос на пари, и сл. Да ги споменам и најновите технолошки достигнувања, „блокчеин“-технологијата која прави децентрализација на информациите и има потенцијал всушност да ги истисне институционалните финансиски посредници. Финансискиот сектор се промени! Не можеме повеќе да зборуваме за „чисти“ бизнис линии како што тоа беше порано. Во секторот се прави сé поголемо функционално интегрирање и испреплетување на активностите и замаглување или рушење на досегашните ѕидови помеѓу нив. Сега има нешто што се вика банкоосигурување, се појавуваат нови видови на институции што порано не постоеле, се врши институционална диверзификација во рамки на финансискиот сектор. Новите технологии си го прават своето. Овие трендови на испреплетување на бизнис линиите во финансискиот сектор беа


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

21

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР движечката сила зад одлуката на Собранието на Стопанската комора на Македонија за формирање Здружение за финансиски организации. И, на крајов од јуни, оваа идеја се материјализираше во пракса, Здружението за финансиски организации формално се конституираше. Со тоа, речиси 50 членки на Стопанската комора на Македонија од финансискиот сектор, осигурителни друштва, банки (коишто имаат и посебна асоцијација надвор од Комората, но се членки и на Комората), финансиски друштва, лизинг друштва, друштва за управување со пензиски фондови, итн. официјално си го етаблираа просторот за заедничко работење. Беа донесени Правилата за функционирање на Здружението, Програмата за работа до крајот на годината, беше дефинирана структурата на Здружението, со одлуки за формирање посебни групации за поодделни видови финансиски организации. Членките едногласно го изгласаа составот на Управниот одбор на Здружението, обезбедувајќи притоа во него да бидат застапени сите видови финансиски институции - членки на Здружението. Следи интензивна интеракција и разновидни активности на Здружението. Некој ќе рече - па кому му е ова важно, освен на членките на Комората? Јас би рекол важно е, затоа што примерот со Здружението за финансиски организации во рамки на Стопанската комора на Македонија покажува дека можат да се здружат, да комуницираат и наоѓаат заеднички решенија и ентитети кои во одредени сегменти меѓусебно си конкурираат, но разбираат дека взаемната континуирана комуникација, заедничките напори за што подобра регулатива, дури и кога не се истомисленици, им носи корист на сите ним поединечно и колективно. Ќе има различни мислења, но ќе се разговара и никој од тоа не се плаши. Ќе имаат обединет настап во јавноста и можност моќно да ги канализираат и комуницираат со јавноста своите интереси. Ќе се зацврсти прудентноста, активностите што следат дополнително ќе влијаат во насока на зголемување на репутацијата, сигурноста, стабилноста и довербата во финансискиот сектор на земјава. Од тоа ќе имаат полза клиентите на финансиските институции, самите институции, опкружувањето во кое делуваат, целиот финансиски сектор и пошироко. Класична вин-вин ситуација, во која сите просперираат. Ова е пример на разумност во пракса. Зошто ова не би можело да се направи и во други делови на општеството во кое живееме?


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Несомнен е придонесот на Стопанската комора на Македонија во вкупниот економски живот и во профилирањето на економскиот амбиент во државата. Таа била, е и ќе биде место каде се обединуваат и застапуваат интересите на стопанствениците, каде се презентираат и соочуваат нивните согледувања и проекти и каде се предлагаат и се изнаоѓаат решенија на прашањата и проблемите кои се неизбежни во деловното работење. Стопанската комора истовремено е активен партнер на Владата, со цел подобрување и развој на условите за стопанисување и конкурентноста на македонското стопанство, како еден од предусловите за стабилност на општеството. Ставовите и предлозите на бизнис-заедницата се базираат на нови идеи и иницијативи, можности и афирмирање на веќе докажаните и ефикасни решенија. Оваа значајна улога на Комората и нејзиното место во економскиот систем на државата се потпира врз нејзината стручност, оперативност, креативност и аргументираност за сите прашања од интерес на стопанството. Застапувајќи ги заедничките интереси на членовите, Комората придонесува за подобрување на ефикасноста на работата и работењето на членовите и нивната организираност. Комората ги застапува интересите на своите компании-членки пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика, а подготвува и иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството. Ова, во суштина значи дека Комората не е само пасивен партнер на државната власт, чекајќи да биде консултирана за прописите што се од значење за стопанството, туку таа има проактивна улога, предлагајќи иницијативи за донесување или менување на прописите , со цел да се отстранат определени правни празнини или недоречености, кои создаваат проблем во практичната имплементација на регулативата, или пак да се уредат одредени прашања кои се од значење за подобрување на деловното работење. Во таа насока, би ги споменала Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за законско нормирање на холдингот , како форма за поврзување на компаниите за подобри деловни резултати


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

23

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР (која се` уште не е прифатена, но се очекува да биде предмет на уредување при следните измени на Законот за трговски друштва, најавени за 2020 година); Иницијативата за воспоставување даночен календар, како временска рамка за измени во даночната регулатива која Комората ќе ја поднесе по заокружување на процесот на реконструкција на Владата; Систематизираните предлози за проблемите и прашањата од областа на градежништвото, кои опфаќаат неколку клучни закони како што се Законот за градење, Законот за градежни производи, Законот за просторно и урбанистичко планирање, подзаконската регулатива околу стандардите и нормативите за градење, на кои интензивно се работи во моментов со надлежните министерства; Предлозите во врска со Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи , како веќе завршен проект со позитивно искуство и прифатен голем број предлози од компаниите од оваа индустрија; Иницијативата за уредување на даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и многу други иницијативи и предлози, чија реализација би довела до подобрување во деловното работење на компаниите-членки. Вообичаено процесот на консултации околу предложените иницијативи со надлежните министерства, како овластени предлагачи на законите, се спроведува подолг период, често пати трае и неколку години, но целта е таквиот процес да се заврши со успех и да се создаде трајна и квалитетна регулатива, а со тоа да се зајакне правната сигурност и да се создаде предвидливо бизнис опкружување. Ова е од причина што честото менување на прописите, поради неприменливи законски решенија, доведува до проблеми во имплементацијата на прописите, а со тоа и одолговлекување во спроведувањето на она што е нормирано, што негативно влијае врз перцепцијата на потенцијалните инвеститори и претприемачите, кои очекуваат стабилност, предвидливост и квалитетна регулатива, која нема да биде подложна на чести промени. Секако, не може да се очекува дека секоја иницијатива на бизнис-заедницата би била усвоена во целост и покрај фактот што се настојува предлозите да бидат добро образложени и поткрепени со компаративни анализи, но сепак, јасно е дека покрај интересите на бизнис-заедницата, постојат и други причини поради кои одредени иницијативи остануваат нереализирани или се пролонгираат, а тоа најчесто се случува поради финансиските импликации кои би настанале со прифаќањето на определени предлози, бавноста на администрацијата, потребата од усогласување со други прописи кои повлекуваат и нивни измени, противречните интереси на различни засегнати страни (често и на два различни стопански сектора) и слично. Но, исто така, факт е дека улогата на Стопанската комора на Македонија, како бизнис-асоцијација е да биде активен партнер во создавањето квалитетна и применлива правна регулатива, а тоа не може да се реализира без истрајност во визиите и упорност во барањата и иницијативите!


24

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

25

НОВИ ПРОПИСИ 25.06.2019 ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ СТВАРНИ ПРАВА Со предложениот текст се врши измени и дополнувања во делот на уредувањето на сопственоста на странците врз движни и врз недвижни ствари во РСМ.При тоа, се уредува дека странски физички лица државјани на држави членки на ... 25.06.2019 Донесени подзаконски акти на Законот за практиканство, објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 127 од 21 јуни 2019 година I. Врз основа на член 16 од Законот за практикантство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за труд и социјална политика, донесеПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕВИДЕНЦИ ... 28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се врши прецизирање на одредбите за тоа кој субјект не може да стане корисник на финансиска поддршка, односно се прецизира дека корисници не мож ... 28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина се врши понатамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ, во делот на презицирање н ...

28.06.2019 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ („Службен весник на РСМ“ бр. 124 од 18 јуни 2019) Со овој закон се врши допрецизирање и дополнување на ослободувањата без право на одбивка на претходен данок во делот на образовните услуги притоа вклучувајќи ги и услугите кои се вршат кон високо образовните установи со ... 28.06.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТЕХНИЧКИТЕ И ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ („Службен весник на РСМ“ бр. 128 од 24 јуни 2019) Во Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на РМ“ број 161/2015), се допрецизира дека основното ниво на техничките и организ ... 28.06.2019 „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ бр. 129/2019, I. Врз основа на член 4 став 1 од Одлуката за начинот и постапката при распределба на стоки во рамките на тарифни квоти („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/07, 168/08, 26/10, 6/11, 122/11, 5/12, 53/12, 53/13 и 31/15), Министерството за економија ги објави листите на стоки за второ полугодие од 2019 година, за кои ќе се користи принципот на распределба „прв дојден, прв корисник” (first come, first served) и тоа: I. Врз основа на член 4 став 1 од Одлуката за начинот и постапката при распределба на стоки во рамките на тарифни квоти („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/07, 168/08, 26/10, 6/11, 122/11, 5/12, 53/12, 53/1 ...


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 4 јули 2019 година (четврток) 09:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – ACCOUNT MANAGEMENT, ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING

Современиот бизнис е резултат на интензивниот техничко-технолошки развој каков што историјата не памети. Истиот бара нови профили на сите нивоа на извршување. Продажниот процес заедно со неговиот комплементарен придружник - преговарањето не се исклучоци. И тие бараат брзо приспособување кон сите промени со цел да се опстане во сè поизразената конкурентска борба. На современиот успешен продажен агент му се потребни модерен пристап, алатки и техники за да остане со тој епитет – успешен. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 4 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – ACCOUNT MANAGEMENT, ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING“. Предавач: Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и регионалниот пазар. „Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

29

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.7.2019 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ И АНАЛИЗА И ПРЕГЛЕД НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ОД АСПЕКТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ И КОРИСТЕЊЕТО ОДМОРИ

Стопанската комора на Македонија, на 11 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „Новиот закон за практикантство низ призмата на правата и обврските на практикантот и работодавачот и анализа и преглед на законот за работните односи од аспект на работното време и користењето одмори“. Примарна цел на семинарот е да се запознаат посетителите со сите актуелни одредби кои ги предвидува новиот Закон за практикантство („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), а особено како точно е регулирана практикантската работа, колку таа може да трае и како се врши нејзина евиденција, како и каков надоместок треба да се предвиди за практикантите. Особено внимание ќе се посвети на важноста од составување добар договор во насока на максимална заштита на засегнатите страни. Ќе се направи осврт и на прекршочните одредби од законот поради подобро разбирање на обврските на работодавачите. Дополнително, ќе се анализира и Законот за работни односи од аспект на неговите одредби за работното време, во кои ситуации може да дојде до прекувремена работа и до дополнително работење. Уште повеќе, ќе се понуди преглед на правилата за користење годишен одмор. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата и воедно, ќе се направи обид за практично расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12.7.2018 година (петок) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО

Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Пресметка на плата, надоместоци на плата и трошоци поврзани со работењето, порамнување и задржување на исплаќање на плата и боледување, паузи и одмори како основи за отсуство од работа“ во насока на стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од плаќањето на работата како еден од фундаментите на работните односи. Особено ќе се анализира: кои се најновите параметри за пресметка на плата, што се надоместоци и трошоци поврзани со работењето, како се постапува во ситуации на постоење услови за порамнување и задржување на исплаќање на плата, кои се спецификите на отсуствата од работа по основ на боледување и користење годишен одмор, како и која е правилната имплементација на законските одредби за користење паузи и одмори. На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.7.2019 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА

Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА. SMED (SINGLE MINUTE EXCHANGE OF DIES) МЕТОДОЛОГИЈА – ПРОМЕНА НА АЛАТКИТЕ ЗА ЕДНА МИНУТА е една од LEAN методите која драстично го намалува времето кое е потребно да се заврши промена на алатот како дел од машината. Во пракса под терминот „замена на алатот“ не се подразбира само замена на алатот како дел од машината, туку севкупното време кое ќе се потроши од моментот на завршување на производот А на една машина и отпочнувањето на производство на друг производ Б на истата машина. Ова време кое ќе се се потроши терминолошки се нарекува Changeover-Време на промена, во кое спаѓаат и сите подесувања на машината за производство на производот Б. Суштината од примената на SMED методологијата е да го намалиме драстично времето за промена на алатот како дел од машината. Во пракса се покажало дека ако процесот за замена на алатот од машината не е детално анализиран, постои можност за замена на истиот да се смали времето на замена и до 80%. Постојат екстремни примери каде замената на алатот на големи преси која траела еден ден (и за тоа време пресата била нефункционална), се смалило на 30 минити. Секој чекор за замена на алатот детално се анализира како би се видело дали може да биде елиминиран, временски преместен и да се работи на истиот додека и машината работи), воедно да биде поедноставен и автоматизиран. Творец на SMED-методологијата е Шингео Шинго, кој воедно е творец на TPS- Toyota Production System кој успеал со првата примена на SMED-методологија, замената на алат како дел од пресата во Тојота да го смали од 4 часа на 3 минути.

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


32

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи и огради Потекло на понудата: Грција Валидност на понудата: 07.08.2019 TSIRONIS WOODEN TOYS & LOGISTICS Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 ДОО КТ Украина 1999

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 05.08.2019 Арјес Украина ДДО 2013 Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

33


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 28 јуни 2019, Бр. 401

T

15

34

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.