In medias res број 5 март 2016

Page 1


ИМПРЕСУМ Весник на учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавач: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци За издавачот: м-р Благој Димитров, директор на училиштето Главен и одговорен уредник: Проф. Влатко Тасев Редакција: Учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавачки совет: м-р Благој Димитров, Влатко Тасев, Благородна Цветаноска, Лилјана Георгиева, Коле Станоев Дизајн и графичко техничка обработка: Влатко Тасев Печати: „Еко колор компани“ Кавадарци Адреса: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Ул. “Шишка“ 23 Кавадарци Тел: 043 412 180 Факс. 043 412 910 E-mail: zsuckavadarci@t-home.mk inmediasres.sozsu@gmail.com

KОН ОВОЈ БРОЈ По подолг временски период повторно се објавува весникот на учениците на СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци. Нашето гласило IN MEDIAS RES продолжува со своето опстојување. Новото, петто издание на весникот е инспирирано од еден голем јубилеј за нашето училиште IN MEDIAS RES 60 години постоење. Затоа овој број ќе има монографски Содржина: карактер и ќе вклучи настани и промени што се случиле во 1. Насловна претходните десет години од постоењето на нашето 2. Импресум училиште. 3. Интервју со директорот, м-р Благој Димитров 4. Спомен биста на патронот 5. Проекти, Соработка... Словенија(ние кај нив) 6. Проекти, Соработка... Словенија(тие кај нас) 7. Соработка... СОУ „Дрита“ Кичево 8. Проекти, Рурално претприемништво - Ирска 9. Натпревари, Бугарија, Србија... 10. Образовно Рандеву, Тракторски натпревари 11. Дегустација на вино 12. Еколошка секција 13. Драмска секција 14. Карневал, Тиквешки гроздобер 15. Активности 16. Спортски активности, Спортска гимназија 17. Екскурзии 18. Дипломи, пофалници, трофеи 19. Мојата приказна Плодната земја во Тиквешката котлина и високите шуми во 20. Постер околината на Кавадарци ја прават позицијата на училиштето идеална и незаменлива.

Досегашните периодични изданија на училишниот весник и монографијата на училиштето.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

2

60 години постоење


Интервју со м-р Благој Димитров, директор на училиштето

Директор: - Моето долгогодишно искуство во просвета и претходно искуство како директор на образовна установа, беа мој мотив и предизвик за да ја прифатам оваа раководна функција. Со доаѓањето на оваа раководна позиција се судрив со многу проблеми од различен тип, кои бараат многу труд и посветено време, но моето искуство ми помогна да можам да се справувам со целата ситуација. In medias res: Што според Вас, значи добро училиште? Директор: – Според мене добро училиште би претставувало уредна, чиста, и топла просторија во која учениците би се чувствувале како дома и среќни би доаѓале на училиште. Исто така едно добро училиште треба да има и добар кадар. Јас сум задоволен од напредокот на ова училиште, но секогаш може подобро. Секој би сакал неговото училиште да биде најдобро и треба сите да се трудиме тоа да стане реалност. In medias res: Дали сте задоволни од учениците во училиштето? Директор: – Да, многу сум задоволен од најголем дел од нив, но има една мала група на ученици од кои не сум задоволен, од нивниот однос кон општествените правила и материјални вредности. Несфатливо е за мене да се прават работи кои се недолични за млади културни луѓе. Овие ученици можат да се научат на добро однесување само преку позитивните примери кои им ги даваат останатите ученици. In medias res: Каква е соработката со родителите и со Локалната самоуправа на Кавадарци?! Директор: Соработката со родителите е добра на сите нивоа. Сигурно дека се јавуваат одвреме навреме забелешки од страна на родителите, но секогаш настојуваме да изнајдеме правилно решение на секој проблем и колку е можно да излеземе во пресрет на родителите. Соработката со Локалната заедница и Локалната власт се одвива секојдневно и непречено во позитивна насока и со големи желби за подршка на училиштето и создавање на здрави услови за развој на учениците. In medias res: Која е Вашата порака до Вашите вработени, до Вашите ученици ? Директор: Пораката до моите вработени е дека не треба да заборавиме дека училиштето постои заради учениците, а не заради нас. A вие, почитувани ученици, одбравте училиште со традиција кое сигурно ќе одговори на вашите барања и потреби. За време на своето долгогодишно постоење ЗШУ има постигнато завидни резултати, како на воспитно-образовно поле така и во други области на општествениот живот Покрај стручното надградување од областа на науката, вие овде ќе добиете значајни сознанија за животот и ќе стекнете неопходни животни вештини. Вашиот избор за нас значи голема одговорност и обврска да се грижиме за вас и за вашите потреби како млади луѓе во најубавиот период од животот. Наша цел е да ви овозможиме пријатен престој во училиштето и да ви помогнеме да ги совладате тајните на струките кои ќе ги изучувате. Се надевам дека во текот на школувањето ќе ја оствариме нашата задача која ни е поставена од општеството да помогнеме во изградбата на вашата личност.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

3

60 години постоење

in medias res ......................број 5

In medias res: Која беше вашата причина да бидете директор и колку сте задоволни од својата досегашна работа?


in medias res ......................број 5

Спомен биста на патронот

Нашето училиште - лулка на шумарството, земјоделството и заштитник на екологијата, доби едно значајно обележје - ликот на нашиот патрон, големиот македонски револуционер Ѓорче Петров. Спомен - бистата е дело на Кирил Мукаетов, вајар и хуманист кој несебично го вложи својот уметнички труд и го вгради во темелите на ова училиште. Со ова свое дело, кое великодушно му го подарува на училиштето тој му даде белег на своето време и зад себе ќе остави неизбришлива трага. Откривањето на овој споменик е знак на незаборав и ќе остане вечно во историјата.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

4

60 години постоење


Проекти, соработка - Словенија (ние кај нив)

in medias res ......................број 5

Во рамките на проектот „Искористување на биомасата за затоплување “ (Леонардо да Винчи) во периодот од 18.11 до 02.12.2013 година се реализира посета на Ново Место - Република Словенијa и обука за производство на биомаса, на ученици од втора до четврта година на образование. Партнер училиште на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци беше училиштето во Севно, Ново место, „Center biotehnike in turizma – Grm“ . На оваа обука учествуваа 21 ученик. Водачи (придружба) на групата беа Божанка Миновад и р е к т о р , Го р а н З и м о с к и професор по стручни предмети и практична настава и Ѓоко Тодоров - професор по информатика. Гру п ат а т р г н а н а 17.11.2013 година (недела) во 18 часот. Се патуваше со туристички автобус. Пристигнувањето во Грм беше околу 9 часот. Учениците се сместија во ученичкиот дом. Групата ја пречека координаторот на про ектот од словенското училиште, г-ѓа Матеја Прус.Таа ги запозна учениците со куќниот ред во Домот и правилата на однесување. Веќе следниот ден, учениците отпочнаа со планираните активности кои се одне суваат на обукат а и практичната работа .

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

5

60 години постоење


in medias res ......................број 5

Проекти, соработка... Словенија (тие кај нас) Во периодот од 15 до 28 Февруари 2015 година, во рамките на програмата „Леонардо да Винчи“ во Кавадарци престојуваа ученици од училиштето „Center biotehnike in turizma – Grm“ Novo Mesto од Словенија. Партнер и домаќин училиште, им беше СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци. Групата од Словенија ја сочинуваа 9 ученици и една професорка (Јана Горшин). Учениците имаа за цел да ја запознаат наставно-научната шума Михајлово, начинот на заштита на шумата и искористувањето на дрвната маса во зимски услови, како и да го запознаат процесот на производство на вино во нашиот крај.

Учениците имаа за цел да ја запознаат наставно-научната шума Михајлово, начинот на заштита на шумата и искористувањето на дрвната маса во зимски услови, како и да го запознаат процесот на производство на вино во нашиот крај. Првите 3 дена гостите од Словенија беа сместени во одмаралиштето во Михајлово, а ги користеа и просториите на шумската куќа на СОЗШУ „Ѓорче Петров“. Беа воодушевени од убавините на Михајлово. Учеа, работеа и уживаа во зимската идила. Во рамките на културното запознавање на Македонија ги посетија: Струмичкиот карневал, Крушево, знаменитостите на Охрид и Св. Наум, Битола, музеите во Скопје, планината Водно, археолошката населба Стоби... Учениците од Словенија дојдоа со скромни познавања за Македонија, но си заминаа воодушевени, преполни со импресии. Беа изненадени од убавините на нашата земја и од гостопримливите луѓе. За сеќавањата да бидат вечни, се потрудија и учениците - домаќини со кои се дружеа во Михајлово.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

6

60 години постоење


Проекти, соработка - СОУ „Дрита Кичево

in medias res ......................број 5

Нашето училиште од неодамна ги поврза своите активности со училиштето „Дрита“ од Кичево. Тие се наши партнери во мисијата за унапредување на меѓусебните односи меѓу различните етнички заедници. Со нив градиме мостови и отвараме патишта за разбирање и соработка. Целта е зближување на младите меѓу себе кои во иднина ќе бидат сплотени околу своите интереси и интересите на земјата. Преку заеднички активности учиме нешто ново, ги прекршуваме стереотипите и предрасудите, ја намалуваме дискриминацијата во нашите училишта и не само во нив туку и во целата земја. Младите од различни етникуми и од различни делови на Република Македонија треба отворено и без никакви предрасуди да разговараат за разликите меѓу нив и преку забава и дружење да с е обидуваат да ги надминат предизвиците кои постојат помеѓу нив. Тие треба да размислуваат и едногласно да се сложат дека треба да почнат да ги чувствуваат придобивките од можноста да живеат во земја која што е богат а со различности и дека како таква треба да ја прифатат и заеднички да чекорат напред. Се надеваме дека учениците и наставниците од нашите училишта ќе продолжат да иницираат и спроведуваат вакви активности и ќе бидат пример и за учениците и за возрасните – за тоа како се соработува и се постигнува заедништво помеѓу сите граѓани, без оглед на припадноста.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

7

60 години постоење


in medias res ......................број 5

Проект, Рурално претприемништво во Ирска

Што е рурално претприемништво? Одговорот на ова прашање група ученици од СОЗШУ го побараа дури во далечната Ирска. Тоа е земја со развиена економија и со изградени ставови во врска со многу цивилизaциски достигнувања. Меѓу другото таму е многу развиено руралното претприемништво и Ирска претставува пример како тоа да се развива и унапредува. Учениците кои беа на студиски престој во оваа преубава земја научија дека претприемништвото во рурален контекст ги опфаќа претприемачките вештини кои се потребни да го подобрат квалитетот на животот на поединците, семејствата и руралните заедници и да одржат здрава економија и животна средина. Тие сознаа дека треба да се стекне способност да се создаде и да се изгради нешто од практично ништо. Руралните претприемачи треба да се подготвени да останат во руралните средини и да придонесат за креирање на подобра благосостојба на локално ниво. Да се надеваме дека своите стекнати знаењаи искуства ќе ги применат и овде, во нашата Македонија.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

8

Dublin, here we come!

60 години постоење


Натпревари, Бугарија, Србија...

Нашето училиште учествуваше на два меѓунарoдни натпревари од областа на шумарството, пејзажната архитектура и дрвната индустрија во Краљево, Република Србија, 2009 и 2011 година. На овие меѓународни натпревари учествуваа наши ученици кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: сечење на трупци, расклопување на моторна пила, аранжирање на цвеќе и обработка на дрвото и тапацирање. Натпреварите имаа теоретски и практичен дел. Во натпреварот учествуваа сродни училишта од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Австрија. Учеството беше искористено за обновувањето на пријателските и професионалните врски што до неодамна постоеле меѓу ЗШУ и оваа најстара шумарска школа во Србија, меѓусебно запознавање и стекнување на нови пријателства, искуства, знаења и соработка на професионално ниво.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

9

60 години постоење

in medias res ......................број 5

На 26 и 27 март 2014 година нашето у ч и л и ш т е у ч е с т ву в а ш е н а м е ѓ у н а р од е н натпревар „Млад секач“ кој се организираше во шумарско-дрвопреработувачко училиште „Сава Младенов“ од град Тетевен, Република Бугарија, п о п ов од 1 0 5 год и н и од п о с то е њ е то н а училиштето. Натпреварот се состоеше од неколку дисциплини за вешто ракување со моторна пила. Во дисциплината соборување на стебло, учениците од СОЗШУ го освоија првото место, а екипно беа четврто пласирани.


in medias res ......................број 5

Образовно рандеву - МАССУМ, Тракторски натпревари Веќе 10 години с е одржуваат н ат п р е в а р и м е ѓ у с р е д н и т е с т р у ч н и у ч и л и ш т а од М а кед о н и ј а во п ов е ќ е дисциплини. Учениците од СОЗШУ редовно, секоја година учествуваат во натпреварите и достигнуваат високи резултати. Тоа е резултат на посветена работа и амбициозна креативност. Такви се нашите ученици, секогаш спремни за нови победи. Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Слаѓана

Мартин

Филип

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци беше домаќин на 41-от државен тракторски натпревар за ученици од средните земјоделски, ветеринарни и шумарски училишта во Македонија. Натпреварот претставува средношколска манифестација која ја организира Невладиното здружение за заштита на интересите на училиштата од земјоделска, шумарска и ветеринарна струка „Тера фитон анимал“ Скопје. Училиштето освен што се докажа за одличен организатор успеа да понесе и најголем дел од наградите, односно заслужено да се пласира како најуспешно училиште. Значајни резултати се постигнаа и на натпреварите во Струмица 2013 година.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

10

60 години постоење


Дегустација на вино

in medias res ......................број 5

С е ко ј а год и н а н а 1 4 ф е в руа р и православните христијани го прославуваат св. Трифун. Се верува дека св. Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека св. Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се буди природата и љубовта меѓу луѓето.

Во нашето училиште веќе неколку години се прославува традиционалниот празник на младо вино во многу земји ширум светот - Новото Божоле. Македонија се придружува во празнувањето на овој убав настан, кој има за цел претставување на француската традиција на виното пред домашната публика. Божоле Нуво е младо вино кое се произведува во француската област БОЖОЛЕ од црната сорта грозје – гаме и се пушта во продажба веднаш по ферментирањето. Се празнува од 1937 година, а прославата започнува точно на полноќ секој трет четврток во Ноември, прво во Франција, а потоа и низ цел свет. Преку дегустација на МЛАДИ ВИНА на денот на Beaujolais Nouveaux и на МИРНИ ВИНА на денот на лозарите св. Трифун, произведени од наши ученици и наставници, и ние се вклучуваме во светските настани и на свој начин му даваме свое автентично обележје.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

11

60 години постоење


in medias res ......................број 5

Еколошка секција - Ден на дрвото, цветни аранжмани Оваа благородна акција, уште од самиот нејзин зачеток беше прифатена и подржана и од средношколците од СОЗШУ. Тие заедно со иницијативата „Денот на дрвото“, континуирано засадуваа дрвца во училишните дворови и ја озеленуваа својата средина. Според организаторите на акцијата, ваквото наменско и планирано засадување има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштата, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите.

Водени од идejата дека екологијата е наша иднина во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци активно работи еколошката секција ,,Еко-дизајн” под менторство на проф. Роза Тефова. Во изминатото полугодие учениците, членови на оваа секција, имајќи ја природата во рака реализираа сопствени креативни идеи. Користејќи ја формата и текстурата на природните материјали, суви листови, семе, плодови и кора од дрво тие изработија мозаик, дизајнираа украсни предмети, а меѓу другото изработија и ,,Еко-елка”. Тука текстурата и формата на природните материјали се применува како естетска вредност. Со изработката на украсните предмети тие ја покажаа својата креативност, чувството за дизајн и своите творечки вештини. Преку својата еколошка свест учениците прават спој помеѓу урбаниот живот, уметноста и природата.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

12

60 години постоење


Драмска секција

Патронат на училиштето, ден на шегата, карневал во рамките на Тиквешки гроздобер, поетски читања, учество на литературни конкурси и натпревари, ден на л о з а р и т е с в . Тр и фу н , д е н н а мајчиниот јазик и многу други настани се неизбежно поврзани со овие млади ентузијасти. Тие го претставуваат своето училиште, но и својот град и држава, во зависност каде се. Секогаш весели и расположени за активно дружење и конструктивно поминато време, овие млади луѓе се наша гордост. Тие шират позитивна енергија околу себе и го прават светот поубаво место за живот.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

13

60 години постоење

in medias res ......................број 5

Секој поважен настан во нашето училиште е украсен и осмислен од страна на вредните членови на драмско - рецитаторската секција. Тие се како зачин, во се се мешаат, но само заради разубавување на настанот и придавање важност на поводот. Разните манифестации во училиштето и надвор од него се духовна храна за неуморната актерска екипа. Секогаш, независно дали е со некој повод или онака без причина, тие се трудат да дадат се најдобро од себе. На таков начин го остваруваат својот творечки порив и оставаат трага во времето..


in medias res ......................број 5

Карневал, Тиквешки гроздобер

Повеќе илјади граѓани на Општина Кавадарци и гости од Македонија и надвор од неа секоја година во септември на улиците во центарот на градот, а пред се на Градскиот плоштад, ја следат централната ма н и ф е с т а ц и ј а н а Тиквешки гроздобер, Винскиот карневал. Тоа е меѓународен карневал на кој учествуваат групи од цела Европа, а неретко и од лулката на карневалот Бразил. Нашето училиште редовно, уште од 2000 година, кога повторно почна да се одржува овој вински фестивал, учествува како носечки и најповикан субјект за ширење на винската култура. Со ка р н е в а л с к и поставки кои се п о в р з а н и с о лозарството и винарството СОЗШУ зазема значајна улога во организацијата и реа лизацијат а на Т и к в е ш к и о т гроздобер.

l a v i t s fe e n i v h s e v k i T СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

14

60 години постоење


Активности

Активности на тема „Превенција од дрога“

Од проектот „Македонија без отпад“ рециклирање на стара хартија

Од натпреварот во изработка на куќички за птици организиран од еколошкото друштво „Еко живот“ Кавадарци

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

Од општинскиот натпревар по прва помош во категорија подмладок и младина

15

60 години постоење

in medias res ......................број 5

Од теренската настава на шумарско - дрвопреработувачката струка


in medias res ......................број 5

Спорт, спортска гимназија

Спортот во сите негови видови, но пред се како можност за дружење и пријателски натпревар е многу присутен и применуван во нашето училиште. Во новата спортска сала, која што е изградена пред неколку години и која е современо и богато опремена, може да се спортува во најдобри можни услови. Салата е изградена на површина од 650 квадратни метри, според европски стандарди, има најмодерна спортска опрема и е оспособена да се користи за кошарка, одбојка и други видови спортови. Со стартот на новата учебна година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци започна да функционира кошаркарска паралелка од националната спортска академија. Паралелката ќе работи во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ бидејќи таму има најсоодветни просторни услови и нова спортска сала.

По повод 7 април - меѓународниот ден на здравјето, во организација на отсекот за превенција и полициска станица Кавадарци, а во соработка со спортските клубови од Кавадарци и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ реализираше час по физичка култура на град Кавадарци под мото „Спорт ДА, Дрога - НЕ“со јасна порака до сите млади луѓе да одберат спорт и здравје наместо лошите пороци.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

16

60 години постоење


Екскурзии

in medias res ......................број 5

Екскурзиите се начин на кој човекот учи нови работи и запознава нови простори. Поинаква култура, различни навики, не с екојдневни природни и човечки дела и многу други различности се нештата кои не привлекуваат и во нас будат неизгаслива жед за патувања. Секоја година во СОЗШУ се изведува ученичка екскурзија до некои пожелни места за п ату в а њ е , с е р а з б и р а п о и з бо р н а учениците. Досега се изведени многу успешни патувања во значајни места од туристичката понуда, а се трудиме оваа убава традиција да продолжи и понатаму во годините што следуваат. Прага, Виена, Рим, Венеција, Барцелона, Истанбул... Младите личности што се школуваа во нашето училиште имаа можност да ги посетат овие светски дестинации и да се збогатат со нови сознанија и искуства.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

17

60 години постоење


in medias res ......................број 5

Дипломи, пофалници трофеи...

Во текот на своето 60 годишно постоење учениците и наставниците од ЗШУ учествувале во безбројни проекти, натпревари, обуки, конкурси и разни други активности кои имале единствена цел и намена - спонтано, континуирано и квалитетно вградување на позитивни вредности во личноста на ученикот. Многу дипломи, пехари, благодарници, награди и плакети се во сопственост на ова престижно училиште. Во ова јубилејно издание на In medias res му посакуваме на ЗШУ успешна иднина и долго опстојување во својата благородна дејност.

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

18

60 години постоење


Мојата приказна

Ангела Јованова IV година, Демир Капија

Јас дојдов во ова училиште со надеж дека ќе биде многу подобро од претходното. Во ова училиште сите се многу добри, професорите ни помагаат за што и да било и гледаат да направат се за нас. Школските другарчиња се исто така многу добри и фини. Сите си помагаме едни со други кога ни е најтешко. На часовите ни е многу интересно благодарение на нашите професори, кои часот ни го прават интересен, не само со настава туку и со совети и шеги. Емилија Наумовска I година, Крушево

СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци

19

60 години постоење

in medias res ......................број 5

По завршувањето на основното училиште сите ние треба да се определиме во животот што ќе продолжиме да учиме. Дали ќе ја послушаме нашата интуиција или ќе го прифатиме она што околностите ни го наметнуваат зависи од нас самите. Јас одбрав, ја послушав мојата интуиција и се запишав средно образование во Скопје,профил мебел и ентериер. Поради некои причини јас се судрив со мојата одлука и сакав да се вратам назад. Тогаш слушнав за СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци. Кога ја кажав мојата одлука имаше и негативни и позитивни коментари, како и за секоја одлука во животот. Но јас никогаш не сум се откажала од моите одлуки поради мислењата на другите луѓе. Сепак сфатив дека нема да се изградам како личност со туѓите мислења туку со моите одлуки. Се запишав, првите денови ми беше тешко тешко, додека се навикнам, нови луѓе, нови професори, се беше ново. А јас тргнав сама, спротивно од тоа што сите ми збореа. Со текот на времето јас се запознав, се спријателив со моите соученици и се беше добро. Јас се гордеев со мојата одлука и тоа што продолжив да го изучувам профилот што го сакав. Односот кои професорите го имаа спрема нас учениците ме воодушеви, секогаш се достапни за да ни помогнат, да ни покажат и ако нешто сме згрешиле да не исправат. Не исполнуваат со обврски и задачи и секогаш имаме нови активности. Јас сум пресреќна што не дозволив предрасудите кои што ги имаа луѓето кон училиштето да ме спречат во остварувањето на мојата одлука. Научив дека секогаш во животот треба да бидеш тоа што си, никогаш да не се фокусираме да ги воодушевиме луѓето, само да имаме желба да го надоградуваме нашиот потенцијал и се ќе се одвива така како што треба. А токму за ова надоградување ми помогнаа професорите овде, во училиштето. Јас мислам дека од ова училиште ќе излезам храбра за да се соочам со предизвиците кои што ме чекаат во животот.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.