Марија Темова „Првенче“

Page 1


Марија Темова

Првенче

Љубов кон поезијата Поезијо, Мајка си на сите вљубени срца Сестра си на сите разнежнени души! Мелем си на сите рани, Вино си над сите вина, Љубов си над сите љубови! Ти си најсилен антидепресив, Ти си желба за живот! Ги оживуваш заборавените спомени, Ги воскреснуваш дури и мртвите души! Ти си она она што им дава смисла, на инспирираните поети, на животните убавини, на скриените чувства! Без неа? Како некој би си ги залечил раните? Како некој со збор би можел да го искаже сето она што го гледа и чувствува?

2


Марија Темова

Првенче

Да не си ти, многумина би умреле, Ти си нешто за кое вреди да не умреш! Ти си стих од „Дениција“! Ти си шеќерот, во кафето-горко. Ти си цвет, кој расте во најубавите, најцутни градини. Ти си креатор на секоја контура од смеење направена на моево лице. Ти си сончев блесок од насмевката моја. Ти си градител на насмевки, среќа и топлина. Ти си мирис на растопено чоколадо, врз овошна торта.

3


Марија Темова

Првенче

Ти си најпрекрасно вино од оние, најстарите и чест е да те испијат! Ти си мирис од цвет на трендафил, вкус на јагода и ванила заедно. Ти си мирис на штотуку паднат дожд, ги оживуваш сите улици, ме оживеа и мене. Ти си топлина во зимата студена, кокиче и надеж во темнината. Ти си секој мој чекор, и секој мој подвиг. Без тебе? Како би преживеала?

4


Марија Темова

Првенче

Среќно детство Многупати сум го посакала, но за жал го немав. Многупати го сонував, но никогаш не го доживеав. Многупати го барав, и под дрво и под камен, но никогаш не го најдов. Многупати размислував за него, но се беше залудно, размислував и плачев, но и солзите не помогнаа. Многупати и мечтаев да го имам и јас но за жал никогаш не го добив. Многупати си велев: - Да, има надеж, можеби ќе се појави. Но, за жал никогаш не се појави. Го замислував како ли ќе изгледаше: Можеби убаво како бескрајна цветна градина, или слатко како црно чоколадо. 5


Марија Темова

Првенче

Можеби милно и силно како прегратките на мајка ми, или јако и цврсто како татко ми. Но за жал, никогаш не го почувствував СРЕЌНОТО ДЕТСТВО. Но, не, не жалам, зашто никогаш немаше да бидам она што сум денес.

6


Марија Темова

Првенче

Лошите луѓе Лошите луѓе полни злоба убедуваат дека злото е подобро од доброто но тоа е само во нивната глава. Убедуваат дека тие се над вас, обидувајќи да дојдат над вас. Убедуваат дека нивното е подобро од вашето, но ниту П од подобро нема, убедувајќи само сакаат да ве згазат. Убедуваат дека животот е тежок, но знај, животот е тежок само за оние што не вложуваат доволно во себе. Убедуваат дека се во право, и да, секако, не се! Со душата злобна не се стигнува подалеку од пропаст. Убедуваат дека трњето е подобро од булките, дека дождот е подобар од сонцето, 7


Марија Темова

Првенче

дека грмотевиците се добар знак, дека со лош збор се постигнува се, и да, и тоа не е така. Го воздигнуваат лошото криејќи се зад маските на среќен човек. Секој ден имаат различна маска и лажен „збор за утеха“. Кога имаш успех- тагуваат, а кога доживуваш неуспехплачат со тебе, а длабоко во себе се радуваат. И не ме прашувајте како дознав за сето ова, ниту пак како ги препознав, лошите луѓе оддалеку се препознаваат.

8


Марија Темова

Првенче

Без наслов Капка роса пред исчезнување, се заморува, чиниш. Сака да одмори, но не се откажува. Мисли, мисли и мисли... Зборови в глава ми наидуваат. Како капка роса на рака, ќе те чувам бел бисеру, од најубавата школка. Ќе те нанижам на најубав конец-конопец, и ќе те носам насекаде со мене. Ќе светиш од насмевката на таткото наш - на сите живи суштества, бидејќи најубав сјај имаш. 9


Марија Темова

Првенче

Ќе те носам на зракот кој најмногу топлина зрачи, а многумина го немаат. Ќе пливаш во најубавите мисли- водилки, на најубавото чувство на светот. Ех, чувствувам желба да сум јас -Ти бисеру! Но, невозможно е тоа ти си еден и единствен на светов.

10


Марија Темова

Првенче

Како да те опишам? Јунска ноќ! Ѕвездите ѕиркаат и се обидуваат да ја победат темнината на ноќта. А јас, седам и размислувам. Како да те опишам? Ти си мелодија од шепотот на брановите, 27-та песна од славејот. Евергрин, мирис на цветот и свежо искосената трева. Мирисот на дождот што ги мие улиците, Изгледот на булките крај шините ошамарени од брзината на возот. Ти си книга што сакам да ја прочитам, и сите книги што во еден здив сум ги прочитала. 11


Марија Темова

Првенче

Ти си сонце што ми го грее лицето рано наутро, и месечина што не е секогаш полна, но е единствена. Ливада полна цветови, душа полна чувства, звук од забрзана река и поток кој чиниш брза некаде. Ти си ти, еден и незаменлив, мој извор на среќа.

12


Марија Темова

Првенче

Како да ти објаснам? Дење-ноќе не спијам, само на тебе мислам. Се случува некогаш и да заспијам, но тогаш те сонувам. Се случува да станам од спиење, и веднаш на тебе да помислам. И наутро, кога станувам од спиење, го пијам утринското кафе и на тебе мислам. Се случува и патувајќи да се замислам, да мислам, мислам и мислам... и пак на тебе да мислам. Се случува и замислена, умислена, премислена и веќе уморна, пак на тебе да мислам.

13


Марија Темова

Првенче

Се случува нешто, не знам што, пак и пак на тебе мислам.

14


Марија Темова

Првенче

Мојата мајка Мојата мајка е најсилната и најубавата жена на светот. Жена-борец, посилна од било кое суштество. Нејзините прегратки се најтопли, а насмевката нејзина најмногу добрина зрачи. Таа е мојот идол, жена, мајка, сестра и пријателка во едно. На мојата мајка, не и доликува зборот жена. Таа е ХЕРОЈ.

15


Марија Темова

Првенче

Еден ден, а две слави Ден најубав! Поубав не постои! Верувам! Ден на љубовта. Ден на закројувањето. Ден, кој секого го прави среќен, ден, кога солзи се леат од вљубени очи. Се слави на сите страни од сите родни гранки. Прегратки, насмевки, цветови разни. Се споделува љубов! Лозарите со насмевки кројат родни прачки што плодови ќе дадат. Еден ден, а две слави, радости делат и двете! На свој начин секоја, а сепак во еден ден, поубав нема на овој свет.

16


Марија Темова

Првенче

Мојата земја Само за миг да можам да ви ги дадам моиве очи! Со нив да ја видите мојава земја... Веднаш би посакале да сте тука... Земја која топлина зрачи и ги стоплува сите срца. Нејзината убавина би ја излечила секоја душа, секој поток жубори и како да вика: -Еј, девојче убаво и мило, наведни се, натопи лика, внеси свежина и среќа во срцето твое!

17


Марија Темова

Првенче

А, пак полињата родни плодови вкусни даруваат. Вината во мојата земја се највкусни, секој би кажал, од одбрано грозје со љубов и од вешти раце се прават. Села наши богати се со жита кои сјаат како злато и топлат душа. Улиците се полни со топли лица, да ти е мерак да поминеш тука.

Детскиот џагор по улици се слуша, а тоа е најубаво да го почувствуваш и доживееш тука. Е па, кажете ми сега! Кој ли би сакал да замине од ваква убавина? Јас сакам да останам дома, со сето свое срце и душа поколение да основам тука.

18


Марија Темова

Првенче

Да живеат овде, во ова убаво место, како мене исто. Вреди да се остане во мојата земја! Тоа што таа го дарува го нема никаде во свет.

19


Марија Темова

Првенче

За авторот, Марија е ученичка во втора година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци. Овој поетски труд, како што всушност кажува и насловот, е нејзин прв обид да го објави својот внатрешен свет и да проговори на свој начин за своите чувства, доживувања и копнежи. Во нејзината поезија се испреплетуваат разни мотиви. Преку нив откриваме мултикултурна и космополитска личност, која, сепак, најмногу си го сака своето: својата земја, мајка, традиција и избраникот на своето срце. Секако, тоа не значи дека не ја почитува туѓата вредност, напротив... Преку искрената љубов кон сопствените вредности таа, всушност ги велича и вредностите на другите. Нејзините приоритети се универзални и единствени. Можеби токму затоа, нејзината поезија плени со својата убавина и сила. Таа ни пренесува моќна порака. Младата поетеса Марија се радува, но и тагува заради неостварени исчекувања, но не жали за тоа: ...зашто никогаш немаше да бидам она што сум денес...

Проф. Владко Тасев

20


Марија Темова

Првенче

21


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.