Надица Коцева „Месечев сјај“

Page 1

Надица Коцева

Надица Коцева

1

Месечев сјај

Месечев сјај


Надица Коцева

Месечев сјај

Месечев сјај

Месечев сјај пролет дојде знај. Љубовен мирис се шири, а срцето никако да се смири. Ќе се појавиш ли се прашувам те сакам ти кажувам. Веќе долго оваа љубов чека на нас, и се шири во срцата на сите вас.

2


Надица Коцева

Месечев сјај

Прва љубов

Првата љубов никако да згасне нејзиниот трн постојано расне . Ме боли мојава рана, но за љубовта никако да најдам мана. Оваа љубов нема да згасне затоа што таа во мене постојано расне.

3


Надица Коцева

Месечев сјај

Слика

Чувам една твоја слика на неа само твојата насмевка блика. Кога ќе ги погледнам тие очи мојата душа се кочи. Кога те гледам не знам што да сторам затоа само глупости зборам.

4


Надица Коцева

Месечев сјај

Зошто

Зошто мораше да биде вака кога срцето толку те сака. Зошто животот не е песна, а љубовта е на нас бесна. Барем еднаш сакам да излажеше од твојата уста можеби иднината немаше да биде вака пуста.

5


Надица Коцева

Месечев сјај

Живот

Иднина пуста проклета уста. Живот што не е лесен сакан човек што на тебе е бесен. Човек во мака што никогаш не престана да те сака. Милион лаги срцеви даги. Лузни за крај невиден рај. Тоа ти е живот ти го зема здивот.

6


Надица Коцева

Месечев сјај

Како да ти кажев

Знам дека те лажев, но знај дека ќе ти кажев. Како да ти кажев кога ме праша: Зошто те барам? Иако во тој миг и со себе почнав да се карам, сакав својата љубов искрено да ти ја дарам.

7


Надица Коцева

Месечев сјај

Грешки Бев млада за твоите грешки, но ги издржав и сите твои зборови тешки. Крај е, не можеш веќе да ме вратиш и немој затоа да патиш. Пушти ме конечно да дишам заради тебе од животот се лишам.

8


Надица Коцева

Месечев сјај

Проклет живот

Без тебе животот не ми е вреден тој за мене е само беден. Пробај ти да ја излечиш мојава рана јас досега не најдов мана. Кажи ми како да станам како повторно за живот да се фанам. Без тебе во бездна паѓам нема да можам повторно да се раѓам.

9


Надица Коцева

Месечев сјај

Ти

Ти ме убиваш, а не си свесен Иако знам зошто си бесен. Ти си мојот век, но за тебе нема лек. Ти си моја болка која знае да биде многу горка.

10


Надица Коцева

Месечев сјај

Никогаш

Се плашам од вистината, но сакам со тебе да ја видам иднината. Не знам како тоа да ти го кажам , но нема повеке да те лажам. За тебе секогаш ќе бидам лажна и никогаш важна.

11


Надица Коцева

Месечев сјај

Сказна

Твоите зборови ми го подаруваат светот. Така рекол поетот... Само на ветрот му кажав дека чекам да се вратиш. Тој ми рече: Малечка, ти патиш! Биди принцот од мојата сказна за да не остане вака празна.

12


Надица Коцева

Месечев сјај

За мене: Јас сум Надица Коцева. Родена сум во Охрид во 2004 год. како прво дете на моите родители. Мојот живот никогаш не бил лесен, но јас се навикнав да се борам. Родена сум како здраво и прекрасно бебе, но веќе во првата година од мојот живот започнува мојата борба со нешто што на никој не му е познато. Единствена подршка и среќа се мојот помал брат, моето семејство и мојот миленик, а воедно и единствен пријател. Уште во мојата прва година од непознати причини почнуваат болките во дланките и се се случува по високата температура која што сум ја имала. Но тоа сепак не било толку страшно. Одев редовно во градинка и таа болка не можеше да ја запре мојата среќа. Редовно посетував настава и бев одличен ученик, не се разликував ни најмалку од другите. Сакав игра, смеа, забава и се што сакаа и другите деца на таа возраст. Успешно ги завршував сите одделенија скала по скала. Во тие скали на животот честопати се дружев со книгите каде што честопати си пишував и по некоја песна. Во тоа море од песни добивав и по некоја награда или пофалница. Но сега благодарна сум му на моето исполнето срце и на сите оние кои беа дел од него и го исполнуваа. На лажните пријатели можам да им кажам благодарам, затоа што од мене направија поинаква личност која денес е храбра и знае да се бори самата за себе. Понекогаш долго седам на прозорецот и размислувам дека во мојот живот најмногу сум ги избирала погрешните личности, а потоа си велев, па тоа и не е толку важно. Еден ден вистината ќе излезе на виделина и ќе им докажам на сите кои сакале да ме повредат. Не, не паднав и тогаш кога животот ми удираше врели шамари, па нема да паднам поради лошите зборови, злобата, нечовечноста на луѓето со кои понекогаш сум опкружена. Благодарение на животот и на таквите луѓе уште повеќе и поцврсто ги изградив своите цели. А денес тие веќе се остваруваат; станав успешен млад поет, а со лесни чекори полека го завршувам и своето образование каде што денес сум, втора година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, во здравствена струка, фармацевтски техничар. Кога сум тажна си велам тагата подели ја за побрзо да ми помине, но и среќата да ја поделам за да има повеќе насмеани лица околу мене. Најважно е да бидеме сите среќни со она што ни го дава животот и да не ја тргаме насмевката од своето лице. Па нели е прекрасно? Секогаш станувам наутро и со насмевка извикувам, јас успеав и ќе успевам во моите цели. Надица Коцева

13


Надица Коцева

Месечев сјај

За авторот: Надица е ученичка во втора година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, идна фармацевтка, која ја сака својата идна струка првенствено заради хуманоста. Таа сака да им помогне на луѓето, да им ги ублажи телесните болки и да ги направи среќни. Но, нејзината животна мисија не е само тоа. Од нејзината кревка душа излегуваат магични зраци кои се лек за други напатени души. Љубовта е лек и таа го дава на сите на кои им е потребен, безусловно и безмерно. Ветерот е пријател на поетот. Само тој има моќ да ја слушне поетовата душа и да ја утеши. Тој може да биде принц од сказната и да ја исполни празнината.

Професор Владко Тасев

14


Надица Коцева

15

Месечев сјај


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.