Прославата на Новото божоле е традиционален празник на младо вино во многу земји ширум светот. Македонија се придружува во празнувањето на овој убав настан, кој има за цел претставување на француската традиција на виното пред домашната публика.
Божоле нуво е младо вино кое се произведува во француската област БОЖОЛЕ од црната сорта грозје – гаме и се пушта во продажба веднаш по ферментирањето. Се празнува од 1937 година , а прославата започнува точно на полноќ секој трет четврток во Ноември, прво во Франција, а потоа и низ цел свет.
Преку дегустација на МЛАДИ ВИНА произведени од наши ученици и ние се вклучуваме во светските настани и на свој начин му даваме свое автентично обележје...