Agrobiznis 2015

Page 11

www.kapital.mk

Капитал број 806 09.04.2015

специјален прилог сепак тоа се мали количини во однос на големата побарувачка на европските пазари. Едно решение е зголемување на извозните количини, а како втора можност за премостување на овој проблем е здружување на земјоделците, производите и со тоа заеднички да се настапи на големите пазари. Во нашата работа како проблем ни се наметнува и недостатокот на работна сила, односно кадар што има знаење, соодветно едуциран, обучен и подготвен да се посвети на обработка на земјата и земјоделското производство. XX Станавте познати по тоа што практично ја вративте крушата во овоштарниците во земјава. Кои беа причините што буквално снема круши во Македонија, па понудата долго време беше сведена на скапи увозни круши? Производството на круши во Македонија, во последнава декада е намалено како резултат на болеста Erwinia Amylovora. За оваа болест на крушите нема лек, а болеста се појави уште во деведесеттите кога уништи поголем дел од насадите со круша. Друга причина е тоа што по појавата на болеста и по уништување на голем број насади, имаше масовно напуштање на ова производство, а токму во овој период се случи неверојатен развој на технологија за огледување на круши. Развојот на технологијата, знаењето и експертизата не само што ние како земја го пропуштивме, туку и денес ни недостасува за ефективно и продуктивно производство на круши. Ние влеговме во одгледувањето круши затоа што оценивме дека е време во Македонија да се врати масовно ова производство. XX Каква е сега перспективата на оваа овошка? Колкави количини засега може да обезбедите и дали е тоа доволно за домашната побарувачка? Дали извезувате дел од крушите? Постои пазар, постои побарувачка, крушата е едно од овошјата типични за ова поднебје, па оттука и потребата да ја имаме на пазарот. Ние се екипиравме и обучивме за современите трендови, за таа цел посетувавме саеми, се консултиравме со експерти, имплементиравме докажани искуства и знаење, нашите вработени ги испраќавме на обуки. Насадите ни се релативно млади, вкупно 33 хектари од кои 8 се засадени ланската година, па поради тоа родот што го очекуваме за оваа години е 250-300 тони круша. Но, со оглед на површината која ја имаме засадено со круша нашите очекувања во полн род 2016-2018 да имаме околу 800 тони производство на круша. XX Какви се вашите планови за идно проширување на производството, т.е. дали планирате и други т.н. благородни овошки да засадите, со оглед дека во Македонија доминираат јаболката? Засега производството на Жито е насочено кон производство на вишна, праска,

37

„Жито“ од Велес, компанијата која што направи силен продор на домашниот пазар во секторот малопродажба, активна е и во уште еден сектор – примарното земјоделско производство. Најзастапени се овошните култури, и како што вели првиот човек на овој сектор во „Жито“, Жарко Ѓошевски, особено се горди што практично ја вратија во живот речиси замрената круша, за која што имаат амбициозни планови. слива, трпезно и винско грозје. Во однос на проширување на производниот асортиман, засега целото внимание ни е свртено кон постојните видови овошја и зголемување на приносите од нив. Но, воопшто, во земјоделството владее едно правило, доколку се следат најновите технологии, знаења и се вложува во производството, се постигнува поголем квалитет, поголем принос. Овоштарството не е исклучок од ова правило и е поисплатливо колку повеќе се вложува во неговото производство. Со примената на современи производни технологии и практични знаење, не само што се стимулира квалитетот и квантитетот на производството туку се намалуваат и трошоците а тука се и субвенциите од државата. Точно е дека сме земја каде што доминираат јаболката, тоа овошје некако стана наш заштитен знак и воспоставивме традиција на производство и пласман. XX Други домашни компании на пазарот веќе понудија смрзнато свежо овошје од домашно производство, дали вие размислувате во таа насока? Или уште повеќе, за производи со поголема додадена вредност, односно преработки од овошје? Секако дека на нашиот пазар се пренесуваат трендовите од европските земји, замрзнување и сушење на овошјето, со цел да биде достапно во текот на целата година, се насоки кон каде се развива овоштарството. Жито се уште нема свој пласман во ова поле, но размислуваме и работиме во таа насока. Нашите планови се уште оваа година да изградиме објект во кој што ќе се врши складирање, замрзнување на овошјето, сушење на овошјето и комори во кои ќе се овозможи долготрајно чување и одржување на овошјето. Тоа ќе биде нашиот прв конкретен чекор кон проширување на производството. Планот ни е да се развиваме, а сите возможни варијации и опции на понуда на овошје се разгледуваат и се возможна реалност. XX Дали сте размислувале за почнување со органско производство, со оглед дека побарувачката за вакво овошје континуирано расте, особено на пазарите во поразвиените економии? Влегувањето во органско производство подразбира исполнување на една голема листа барања од аспект на квалитетот

на земјата, со историја на насади и што се користело од препарати претходно, дотокот на вода, контрола на истата вода, распространетост на таа земја, односно да биде оддалечена минимум 5 км од регионален пат и ред други спецификации, кои што не знам како земја колку сме подготвени да ги исполниме. Побарувачката секако расте, не само на европските пазари, туку свеста за органски производи расте и кај нашите граѓани. Но, мој, наш став е дека треба сериозно да се пристапи кон ова производство и затоа би кажал дека во оваа фаза да, размислуваме но се додека не ги исполниме сите услови и барања, нема да започнеме со производство. XX Државата одвои многу пари за субвенции во земјоделието последниве години, но какви се ефектите на терен? Дали се зголемува производството на овошје и зеленчук? Ако не, кои се причините за тоа според вас? Резултати од заложбите и програмата на државната помош или субвенции има. Никогаш како до сега не било субвенционирано земјоделство, а со тоа расте и интересот кај земјоделците за враќање кон оваа гранка. Иако резултатите се уште не се во толкава мера видливи, сепак како што веќе кажав, во земјоделството потребно е вложување од аспект на препарати, труд и енергија. Земјоделството е благородна работа која што секогаш дава резултати, земјата секогаш ви враќа со плод, само треба да се вложите себеси. XX Кои се вашите предлози за тоа што треба да се направи за Македонија многу повеќе да го искористи својот потенцијал за производство на свежо овошје и зеленчук? Што најмногу недостасува според вас за да се постигне тоа? Македонија е земја која што има потенцијал, можности и ресурси. Според поднебјето овааземја е предодредена да раѓа и дарува, затоа е добро што се направи стратегија за стимулирање и субвенционирање на земјоделството. Она што македонските производители треба да го направат со цел да ги зголемат производните капацитети е, да вложуваат во механизација, препарати, во презентации, саемски промоции, сето тоа е начин за зголемување на земјоделските капацитети и потенцијали до максимум. nnn

замрзнување, сушење и преработка на овошје“


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.