1148- Kapital magazin

Page 1

ДОМАШНИТЕ БИЗНИСИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОГОЛЕМА ЕВРОПСКА ПОДДРШКА ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА ОТВОРИ СВОЈ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

ЕКОНОМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА

ШТО ВЕЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ИДНИНАТА НА КРИПТОТО

CHATGPT ГИ ПРЕДВИДУВА

8-ТЕ НАЈЗНАЧАЈНИ РАБОТИ ВО СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

COVER STORY

КАКО РАБОТАТ МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ГОДИНАВА

РАСТОТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ ГИ ЖИВНА АКЦИСКИТЕ ФОНДОВИ, ПАРИЧНИТЕ ВО МИНУС

КОИ СЕ

НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ

ЊУЈОРК

МУ ГО ЗЕДЕ ПРИМАТОТ НА ХОНГ КОНГ

ГЛОБАЛНО, ВО ЕВРОПА ЖЕНЕВА ВОДИ

business magazine БРОЈ 1148 l 16 јуни 2023 петок година 24 l цена 200 ден.

КАПИТАЛ... 1148 06

COVER STORY

Како работеа

македонските инвестициски фондови

во првиот квартал

Растот на светските берзи ги живна акциските фондови, паричните во минус

14

ЕКОНОМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА Истражување за светските движења во трговијата

Вештачката интелигенција ќе им помогне на пазарите да станат поотпорни на шокови

20

ЕКОНОМИЈА

Парафискалните давачки ја намалуваат

конкурентноста на фирмите Особено се загрозени микро и

малите компании

ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Македонските претприемачи

и иноватори ќе добијат

поголема европска поддршка Европскиот институт за

иновации и технологија отвори свој центар во земјава

COVER STORY

Како работеа македонските

инвестициски фондови во

првиот квартал...................................................06

Растот на светските берзи ги живна акциските фондови, паричните во минус

ЕКОНОМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА

Истражување за светските

движења во трговијата.................................14

Вештачката интелигенција ќе им помогне на

пазарите да станат поотпорни на шокови

ЕКОНОМИЈА

Парафискалните давачки ја намалуваат конкурентноста на фирмите.....................20

Особено се загрозени микро и малите компании

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ Големите трговски ланци во Европа тријат раце

Им се смешка досега невидена заработка

КОО...........................................................................24

Проект „ЗА Младите!“ на СОС Детско село Партнерство со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите во социјален ризик ИНОВАЦИИ Македонските претприемачи и иноватори ќе добијат поголема европска поддршка.....................................28 Европскиот институт за иновации и технологија отвори свој центар во земјава КОМПАНИИ И ПАЗАРИ Големите трговски ланци во Европа тријат раце.......................................36

Им се смешка досега невидена заработка

24 КОО Проект „ЗА Младите!“

на СОС Детско село Партнерство со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите во социјален ризик

38

ЕВРОПА И СВЕТ Кои се најскапите градови за доселеници Њујорк му го зеде приматот на Хонг Конг глобално, во Европа Женева води

ЕВРОПА И СВЕТ

Кои се најскапите градови

за доселеници.....................................................38

Њујорк му го зеде приматот на Хонг Конг

глобално, во Европа Женева води

КРИПТО СВЕТ

Што вели вештачката интелигенција

за иднината на криптото............................42

ChatGPT ги предвидува 8-те најзначајни

работи во следните 10 години

КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Книгата на Стивен Кави и тоа

како актуелна и денес..................................46

Кратко резиме на „Седум навики на високо

ефективните луѓе“

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 15.06.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
28
36

ХЕЈТЕРИ

МОЖЕ ДА ОДМОРИТЕ, НОВАК Е GOAT!

ашиот народ вели: три пати мери, еднаш сечи. Од кај и да фатиме

да мериме и сечеме во тенисот, исходот е тој – српскиот тенисер

Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите

времиња (The Greatest of All Time).

Наметната приказна дека само

освоените гренд слемови се битни,

која досега одеше во прилог на

неговите хејтери и нивните пулени

Федерер и Надал, сега им се удри

од глава на истите. Новак долго

време имаше најмалку вакви

титули од „големата тројка“, но сега

по освојувањето на Ролан Гарос во

неделата, го престигна и Надал, со 23 освоени пехари на најбитните

светски турнири во тенис. И што

правиме сега, Бен Ротенберг

и Пирс Морган? (веројатно

најголемите критичари, читај:

хејтери на Ѓоковиќ) Каков ли сега

тениски и нетениски „аргумент“ ќе

дадете за да се девалвира успехот

на Ноле? Ништо, ќе си гледате

набрзо Вимблдон и ќе се надевате

дека Новак нема да испише нови

златни страници од својата тениска

идила. nnn

ВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 4
ФОКУС
Н

Elegance is an attitude

LONGINES DOLCEVITA
Jennifer Lawrence
KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 6 COVER
COVERSTORYSTORY

КАКО РАБОТЕА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ

КАКО РАБОТЕА МАКЕДОНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ РАСТОТ НА

СВЕТСКИТЕ

БЕРЗИ ГИ

ЖИВНА

Нето вредноста

на сите

домашни

инвестициски

фондови во

првиот квартал

од 2023

пораснала

за речиси 7%

во однос на

последните три

месеци од лани, на без малку 192

милиони евра.

На годишно

ниво тој

пораст е 2,35%.

Предничат

акциските

фондови со

квартален

пораст од 11%

АКЦИСКИТЕ ФОНДОВИ, ПАРИЧНИТЕ ВО

и годишен

пораст од 19%

на вредноста

на нивните

портфолија

на акции на

светските берзи

во коишто

вложиле.

МИНУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 7

Во првиот квартал од 2023 година во Македонија работеле вкупно 5 друштва за управување со инвестициски

фондови кои управуваат со 22

отворени инвестициски фондови.

Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, бројот на друштва за управување со инвестициски

фондови остана ист, додека пак

бројот на отворени инвестициски

фондови со кои тие управуваат

се зголеми за двa отворени

инвестициски фондови. Имено, во

овој прв квартал од годината, по

претходно добиено одобрение од

страна на Комисијата за хартии

од вредност (КХВ), ДУОЗИФ

Иново Статус АД Скопје започна

да управува со нов отворен

инвестициски фонд Иново Статус

Солар кој е акциски фонд со

инвестициска тема чиста енергија

– обновливи извори и кој е

наменет за институционални и за

индивидуални инвеститори кои

ќе бидат изложени на умерено до

високо ниво на ризик.

Нето вредноста на средствата на

инвестициските фондови со кои

управуваа друштвата на крајот

на првиот квартал од 2023 година изнесува 11,787.89 милиони денари

(околу 192 милиони евра), што

во однос на нето вредноста на крајот од претходниот квартал

која изнесувала 11,047.05 милиони денари претставува зголемување за 6.71%. Споредбено со првиот квартал од 2022 година кога нето вредноста на средствата

на инвестициските фондови

изнесувала 11,517.43 милиони

денари исто така се забележува зголемување од 2.35%, покажува анализата на КХВ.

Во првиот квартал од 2023 година зголемувањето на вкупната нето вредност на средствата под управување на инвестициските

фондови во однос на последниот

квартал од 2022 година изнесува 740.83 милиони денари (≈ 12.01

милиони евра). Како што може

да се забележи на сликата

погоре, само во месец март 2023

година има месечно намалување

на вкупната нето вредност на

средствата на инвестициските

фондови за 1.17%, додека во јануари

и февруари има позитивна промена

на вкупната нето вредност, и тоа:

во месец јануари вкупната нето

вредност се зголемила за 5.03%, а во месец февруари за 2.80%.

Извор: Комисија за хартии од вредност

Споредено со крајот на првиот квартал во 2022 година, на крајот на првиот квартал во 2023 година имаме годишно зголемување од 270.45 милиони денари (≈ 4.38 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови. Речиси сите друштва имаат пораст на вредноста на фондовите

Гледано од аспект на поединечните друштва за управување со инвестициски фондови, квартален пораст на нето вредноста на фондовите со кои управуваат е забележан кај друштвата ДУОЗИФ Вега Фондови АД Скопје (40.42%), ДУОЗИФ Генерали Инвестментс АД Скопје (12.09%), ДУОЗИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје (11.93%)

и ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје (10.10%). Само кај ДУОЗИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје се забележува квартален пад од 1.05% на нето вредноста на фондовите со кои управува.

На годишно ниво, споредбено со првиот квартал во 2022 година, забележан е пораст на нето вредноста на фондовите со кои управуваат ДУОЗИФ Вега Фондови АД Скопје (896.65%), ДУОЗИФ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 8 COVER STORY

КАКО РАБОТЕА МАКЕДОНСКИТЕ

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ВО ПРВИОТ

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје (22.64%), ДУОЗИФ Иново Статус АД

Скопје (10.80%) и ДУОЗИФ Генерали

инвестментс АД Скопје (2.04%).

Само кај друштвото ДУОЗИФ КБ

Публикум инвест АД Скопје се

забележува годишен пад од 14.62%

на нето вредноста на фондовите со

кои управува.

Во анализата на КХВ е претставено

процентуалното учество на

секое од друштвата, односно на

отворените инвестициски фондови

со кои тие управуваат, во вкупната

вредност на сите отворени

инвестициски фондови во првиот

квартал од 2023 година со состојба

на последниот ден од секој месец од кварталот, како и процентуалното учество на крајот на првиот и четвртиот квартал од 2022 година. Притоа, може да се забележи

дека друштвата во текот на првиот квартал од 2023 година, со

минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето

вредност на сите отворени фондови

На крајот од првиот квартал од

2023 година, со најголем процент од нето вредноста на отворените инвестициски фондови продолжува да управува ДУОЗИФ КБ Публикум инвест АД Скопје, и покрај тоа што на годишно ниво неговото учество во вкупната нето вредност на сите фондови има тенденција на намалување. Имено, на крајот на првиот квартал од 2022 година неговото учество изнесувало 48.25%, за да на крајот од првиот квартал во 2023 тоа учество се намалува и изнесува 40.26%. На годишно ниво, ДУОЗИФ ВФП Фонд Менаџмент го зголемило своето учество, односно на крајот од првиот квартал од 2022 година учеството изнесува 32.20%, за да на крајот од првиот квартал од 2023 година тоа учество се зголеми на 38.59%. ДУОЗИФ Вега Фондови, кои почнаа да управуваат со инвестициски фондови во првиот квартал на 2022 година, имаат учество од 1.81% во вкупната нето вредност на крајот од првиот квартал од 2023 година. Најмало

учество во вкупната нето вредноста на сите фондови на крајот од

првиот квартал на 2023 година

продолжува да има друштвото

ДУОЗИФ Иново Статус АД Скопје (0.60%).

Лош почеток на годината за кеш фондовите

Анализирано по индивидуални инвестициски фондови, најголем квартален пораст имаат отворените фондови со кои управува ДУОЗИФ

Вега Фондови АД Скопје, и тоа: Вега Технологија (82.46%), Вега Свет (46.81%), Вега Кеш (38.24%) и Вега Финансии (33.07%). Врз основа на фактот што овие отворени фондови започнаа со работа на почетокот

на вториот квартал на 2022 година, тие имаат и најголем процент на

промена на нето вредноста на

годишно ниво кој се движи во

распон од 1,385.82% до 858.57%, по

што следуваат Генерали Америка

со пораст од 199.89% и Генерали

Брик од 103.29%.

Единствено фондовите ВФП Кеш

Депозит и КБ Публикум – Паричен

денари до

9 %

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 9
КВАРТАЛ
ФИКСНА
СТАПКА за
месеци во
www.unibank.mk • до 3,1 % за 12 месеци во денари • до 3,6 % за 24 месеци во денари 3,
Штедете флексибилно!
КАМАТНА
36

имаат негативна квартална

промена на својата нето вредност

од 14.66% и 5.34% соодветно, додека

пак најголема годишна негативна

промена на својата нето вредност

има фондот КБ Публикум – Паричен (21.81%), по што следат КБ Публикум – Балансиран (13.15%), ВФП Кеш

Депозит (12.51%) и КБ Публикум –

МБИ10 (9.48%). Поради фактот што отворените фондови Граве Флекс Бонд Евро и Иново Статус Солар започнаа со работа во овој квартал

од 2023 година, нивната квартална

и годишна разлика во графиконот

подолу е 100%.

И во првиот квартал од 2023

година, акциските отворени

фондови ја задржуваат

доминантната позиција, при

што се забележува позитивна

промена на нето вредноста на овие

акциски фондови на квартално и

на годишно ниво од 7.47% и 13.83%

соодветно.

Се зголемува и учеството на

акциските отворени фондови во

вкупната нето вредност на сите

фондови, при што на крајот од

првиот квартал на 2022 година

тоа учество изнесува 47.62% од

вкупната нето вредност, на крајот

од 2022 година тој изнесува 52.58%,

за да на крајот од првиот квартал

на 2023 година тој достигне 52.96%.

Во првиот квартал од 2023

година, кај отворените парични

фондови забележан е квартален

пад на нивната нето вредност на

средствата од 0.21% и годишен

пад од 14.36%, додека пак кај отворените обврзнички фондови

квартален раст на нивната нето вредност на средствата од 68.51% и годишен раст од 66.16%.

Финансии, здравство и ИТ најпривлечни сектори

Споредбено со првиот квартал од 2022 година, забележителна

е тенденција на годишно намалување на учеството на отворените парични фондови во вкупната нето вредност на сите фондови, при што пред година дена на крај од првиот квартал на 2022 година тоа учество изнесува 48.30% од вкупната нето вредност, на крајот на 2022 година изнесува 43.22%, за да на крајот од првиот квартал од 2023 година падне на 40.42%. Кај отворените обврзнички фондови е забележана тенденција

на годишно зголемување на

учеството во вкупната нето

вредност на сите фондови, при што

пред година дена на крај од првиот

квартал на 2022 година тоа учество

изнесува 4.08% од вкупната нето вредност, на крајот на 2022 година изнесува 4.19%, за да на крајот

од првиот квартал од 2023 година

порасне на 6.62%

Имајќи ги предвид флуктуациите на светските пазари на капитал, каде се инвестирани најголемиот дел од средствата на акциските фондови, КХВ дава преглед на вредноста на портфолијата на акциските фондови

Се зголемува учеството на акциските отворени фондови во вкупната

нето вредност на сите фондови, при што

на крајот од првиот квартал на 2022 година тоа учество изнесува 47.62% од вкупната

нето вредност, на крајот од 2022 година тој изнесува 52.58%, за да на крајот од првиот квартал на 2023 година тој достигне 52.96%. Во првиот квартал од 2023 година, кај отворените парични фондови забележан е квартален пад на нивната нето вредност на средствата од 0.21% и годишен пад од 14.36%, додека пак кај отворените обврзнички фондови квартален раст на нивната нето вредност на средствата од 68.51% и годишен раст од 66.16%.

во првиот квартал од 2023 година, со состојба на крајот од секој месец, како и преглед на вредноста на крајот од првиот и четвртиот квартал од 2022 година.

На квартално ниво, акциските фондови имаат зголемување на вредноста на портфолијата за 11,07%, додека на годишно ниво за 18,95%, што се должи на растот на европскитe, американските и азиските берзи од почетокот на годинава.

Набљудувано по структура на дејности, највисоко учество на вложени средства на крајот на првиот квартал од 2023 година е забележано во три клучни сектори: финансиски услуги (18.44%), здравство (16.57%) и информатичка технологија (13.98%). Средствата вложени во овие три сектори на крајот од првиот квартал од 2023 година изнесува вкупно 2,680.26 милиони денари, што преставува зголемување за 16.82% од истиот период во 2022 година кога средствата вложени во овие три сектори изнесуваа 2,294.42 милиони денари. За споредба, највисоко учество на вложени средства на крајот на четвртиот квартал од 2022 година повторно е забележано во истите сектори, и тоа: финансиски услуги (19,40%), здравство (17,31%) и информатичка технологија (11,96%), како и на крајот од првиот квартал од 2022 година: финансиски услуги (20,63%),

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 10 COVER STORY

здравство (15,98%) и информатичка технологија (13,28%).

Ако ги гледаме промените на вложувања по структура на дејност може да се забележи дека најголем

годишен пораст на вложувања

има во секторот Комуникациски

технологии, и тоа од 52.90%, по што

следат секторите Дискрециона (не-есенцијална) потрошувачка (31.89%) и Индустрија (29.91%),

додека пак најголем годишен пад е забележан кај секторот Комунални услуги (utilities) (32.14%).

На квартално ниво, најголем пораст на вложувањата има во секторот Информатичка технологија (29.91%), по што следат секторите Дискрециона (не-есенцијална)

потрошувачка (27.57%) и

Комуникациски технологии (21.96%).

Квартален пад е забележан само

кај секторите Комунални услуги (Utilities) (32.14%) и Недвижности (5.81%).

Повеќе од половина од

парите вложени на домашен

пазар

Од аспект на географската

структура на вложувањата

на инвестициските фондови,

во континуитет доминираат

вложувањата во Македонија, кои на крајот на извештајниот

период изнесуваат 6,578.16

милиони денари, што претставува

учество од 55.12%. Споредбено со крајот на првиот квартал од 2022 година, вложувањето во земјава се намалило за 10.76% (793.27 милиони денари). Во земјите кои припаѓаат на територија на Европа, инвестициските фондови на крајот од истиот период вложиле 26.55% од вкупно собраните средства (3,168.75 милиони денари). Помал дел од вложувањата се насочени кон САД (14%), односно 1,670.43 милиони денари, додека средствата вложени во останатите региони имаат незначително учество во вложувањата на инвестициските фондови од географски аспект. Релативно ниската променливост на географската структура на вложувањата претставува директна рефлексија на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат пласирани само во македонски банки.

Во текот на првиот квартал од 2022 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно

5.111,96 милиони денари, а се

одлеани 4.839,06 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика

од 272,90 милиони денари, односно

≈ 4,44 милиони евра. Добрата

нето разлика помеѓу приливите и

одливите на средствата во месец јануари и март е доволна да го

Од аспект на географската

структура на вложувањата на инвестициските фондови, во континуитет доминираат вложувањата во Македонија, кои на крајот на извештајниот период изнесуваат 6,578.16 милиони денари, што претставува учество од 55.12%. Релативно ниската променливост на географската структура на вложувањата претставува директна рефлексија на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат пласирани само во македонски банки.

неутрализира малиот негативен нето прилив.

Во текот на првиот квартал од 2023 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 3,483.86 милиони денари, а се одлеани 3.135,41 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 348.45 милиони денари, односно ≈ 5.65 милиони евра. Позитивните нето разлики на приливите и одливите во месец јануари и февруари се доволни да го неутрализираат негативен нето прилив од месец март и да креираат позитивен нето прилив на квартално ниво. За споредба, во четвртиот квартал од 2022 година имаше исто така позитивна нето разлика од 246,42 милиони денари, односно ≈ 4 милиони евра. Најголем процент од приливите во првиот квартал се од домашните финансиски институции кои не се банки (43.22%), по што следуваат приливите од домашните нефинансиски правни лица (24.95%) и домашните банки (18.66%). Приливите од странските физички лица изнесуваат 0.06% од вкупно приливите во овој квартал. Исто и во четвртиот квартал од 2022 година, најголем процент од приливите (37.53%) биле од домашните финансиски институции кои не се банки. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 12 COVER STORY

ИСТРАЖУВАЊЕ

ИМ

ПООТПОРНИ НА ШОКОВИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 14 ЕКОНОМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА
ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ
ПОМОГНЕ НА ПАЗАРИТЕ ДА СТАНАТ
СВЕТСКИТЕ ДВИЖЕЊА
ЗА
ВО ТРГОВИЈАТА

Она што го гледаме на

глобалниот

пазар,

а исто така и на Балканот, е обид на менаџерите и директорите на

малопродажба

да ги решаваат проблемите на

традиционален

начин, со одреден успех, а уште повеќе од нив ја пропуштаат

можноста да ги прифатат

решенијата дадени

од вештачката

интелигенција

кои ветуваат дека ќе ја подобрат

еластичноста

и ќе обезбедат

долгорочна структурна

предност.

Истражувањето на Boston Consulting Group објаснува

како вештачката интелигенција

и напредните

аналитички

технологии можат

да им помогнат

на трговците да

ги решат нивните главни грижи, веднаш да го

стимулираат

растот и да станат поотпорни.

е е изненадувачки дека комплексноста

на синџирите

на снабдување

и постојаната

нестабилност

остануваат главна грижа за

менаџерите на мало и директорите

на малопродажните синџири ширум

светот. Трошоците на синџирите

на снабдување остануваат над

нивоата пред пандемијата. Во

исто време, глобалната динамика

продолжува радикално да се

менува - зголемените трговски

тензии и економскиот национализам

се забрзаа за време на пандемијата

и се предвидува дека ќе продолжат, а настаните како што се војната во Украина и блокадата на Суецкиот канал во 2021 година ја покажуваат меѓусебната поврзаност и ранливост на синџирите на снабдување.

За да се разбере моменталната клима, Boston Consulting Group (BCG) и Светскиот конгрес за малопродажба анкетираа повеќе од 550 директори за малопродажба ширум светот во 12 сектори. Во анализата на ова истражување, BCG откри дека извршните директори на водечките трговски синџири покажуваат одреден оптимизам за економскиот

развој, но исто така ги споделуваат

истите главни грижи како што се зголемувањето на цените на суровините, падот на трошоците на мало и нестабилноста на синџирот

на снабдување.

„Она што го гледаме на глобалниот пазар, а исто така и на Балканот, е обид на менаџерите и директорите на малопродажба да ги решаваат овие проблеми на традиционален

начин, со одреден успех, а уште повеќе од нив ја пропуштаат можноста да ги прифатат решенијата дадени од вештачката интелигенција кои ветуваат дека ќе ја подобрат еластичноста и ќе обезбедат долгорочна структурна предност. Овој извештај објаснува како вештачката интелигенција и напредните аналитички технологии можат да им помогнат на трговците да ги решат нивните главни грижи, веднаш да го стимулираат растот и да станат поотпорни“, се вели во извештајот на BCG.

Примери во регионот

Што се однесува до ситуацијата во регионот, вештачката интелигенција полека почнува да се користи на поедини пазари, но пред се’ за следење на историските податоци за клиентите и прилагодување на промотивните акции и цени. Способностите за интерфејс за интеракција со клиентите и

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 15 Н

За да се разбере моменталната клима, Boston Consulting Group (BCG) и Светскиот конгрес за малопродажба анкетираа повеќе од 550 директори за малопродажба ширум светот во 12 сектори. Во анализата на ова истражување, BCG откри дека извршните директори на водечките трговски синџири покажуваат одреден оптимизам за економскиот развој, но исто така ги споделуваат истите главни грижи како што се зголемувањето на цените на суровините, падот на трошоците на мало и нестабилноста на синџирот на снабдување.

персонализирана услуга сè уште не се активно користени. Интересно е што може да се

монетизира и користењето на

вештачката интелигенција за

големи бази на податоци како што

се податоците од вредносната

програма, така што оние кои ќе

успеат посилно да навлезат во тој

сегмент ќе можат да ја користат

вештачката интелигенција како

дополнителен извор на приходи.

На регионалниот пазар, на

пример во Хрватска, една од најголемите вакви бази на

податоци за потрошувачите и

нивните навики е во сопственост

на малопродажниот сегмент на Фортенова со помош на Multiplus, Pika и Superkartice. Правилното

управување со вештачката интелигенција и големите бази на

податоци и генерирањето додадена

вредност со нивна помош ќе биде конкурентна предност на пазарот, велат аналитичарите на BCG.

Како може да помогне

вештачката интелигенција

Трошоците во малопродажбата, мерени со индексот на цените на производителите (PPI), се многу

повисоки во 2023 година отколку

што беа пред пандемијата и

пораснаа побрзо од зголемувањето

на трошоците пренесени на

потрошувачите, додека маржите

за трговците на мало се намалија

во просек на глобално ниво.

Како одговор на повисоките

цени на стоките, менаџерите

за малопродажба се држат до основите работи. Околу 55 отсто од испитаниците рекле дека нивните организации ги зголемуваат

цените за крајните клиенти, а 52 отсто повторно преговараат со

добавувачите.

Но, ова се краткорочни, привремени решенија кои во некои случаи можат да му наштетат на брендот.

Затоа, вештачката интелигенција

им овозможува на организациите

да земат предвид широк опсег на променливи во реално време - од цените на блиските конкуренти до трендовите на социјалните медиуми

- додека, исто така, холистички ја проценуваат меѓузависноста

на различните производи.

Со користење на вештачка

интелигенција за да се развијат способности за одредување цени, лидерите во малопродажбата

можат да ги приспособат цените за да бидат специфични за поединечни клиенти, продавници или канали, истовремено оптимизирајќи го

севкупниот профит.

Вештачката интелигенција може

да создаде стратегија за цени од следната генерација на неколку

начини:

• Цени засновани на географски области и дигитални канали, динамични промени на цените и персонализирани понуди.

• Машинското учење може да овозможи подобро разбирање

на ценовната еластичност на побарувачката и создавање на

прогнози за цените.

• Вештачката интелигенција

симулира и оптимизира различни позиции на цени, промотивни планови, попусти и стратегии за персонализација.

• Ја следи релевантната конкуренција (на пример, блиските конкурентни компании)

и алтернативните извори на податоци (на пример, социјалните медиуми) во реално време, така што трговците можат брзо да одговорат на потезите на конкурентите и сигналите за побарувачката. Градење паметни и долготрајни конкурентски предности Економистите во повеќето региони во светот очекуваат забавување на растот на потрошувачката во 2023 година, иако во различен степен. Во Северна Америка, стапката на раст се очекува да забави од 3,2 отсто во 2022 година на само 0,5 отсто во 2023 година. Во Европа, економистите предвидуваат дека потрошувачката ќе се намали за 0,2 отсто во 2023 година. И со оглед на неодамнешното повторно отворање по пандемијата, побарувачката во Азија ќе се одржи подобро, бидејќи потрошувачката се намалува од 4,6 проценти на 3,9 проценти во 2023 година. Многу генерални менаџери и директори за малопродажба тестираат повеќе пристапи за да се справат со послабата побарувачка. Најчеста опција што

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 16 ЕКОНОМИЈА
И ТЕХНОЛОГИЈА

ја разгледуваат е инвестирање во програми за лојалност (45 проценти), проследено со

оптимизирање на понудите на производи (44 проценти),

проследено со промоции и цени (40 проценти) и инвестирање во

дигитално корисничко искуство (40 проценти). Сепак, трговците на

мало ја занемаруваат вештачката интелигенција, која е моќен начин

да се задоволат растечките

очекувања на клиентите за

персонализирано искуство и да се

надмине трендот на опаѓање на

потрошувачката на потрошувачите.

Од BCG нагласуваат дека

потрошувачите со високо

персонализирано искуство

покажале двојно поголема тенденција да ставаат артикли во

нивните корпи отколку клиентите без персонализирано искуство.

Вештачката интелигенција може

да им помогне на трговците

на мало да изградат паметни

и долготрајни конкурентски

предности со привлекување на вниманието на клиентите и на крајот подобрување на лојалноста на клиентите. Клиентите кои имаат високо персонализирани искуства во малопродажбата дале за 20 проценти повеќе резултати како промотери, пресметани со метрика што покажува колку клиенти се подготвени да препорачаат услуга или производ на своите пријатели и семејството, отколку клиентите кои имале ниско ниво на персонализација.

Нестабилноста на синџирите на снабдување останува Не е изненадувачки, сложеноста на синџирот на снабдување и тековната нестабилност остануваат главни грижи за директорите и директорите на малопродажбата. Речиси половина од учесниците во истражувањето кои ја навеле сложеноста на синџирот на снабдување како нивна главна грижа се обидуваат да ги подобрат своите алатки за управување

со залихи. Сепак, менаџерите и директорите на малопродажба

ја сметаат можноста за инкорпорирање на вештачка интелигенција во овие решенија релативно неискористена.

Со имплементирање на способности за предвидување

на вештачката интелигенција во реално време долж целиот синџир на снабдување, менаџерите и директорите на мало би можеле подобро да ги разберат и решат проблемите предизвикани од нестабилноста низ синџирот

од производител до клиент.

Способностите за вештачка интелигенција во прогнозирањето

вклучуваат тековни и прогнозирани

нивоа на залихи, геополитички нарушувања, локални конкуренти, трендови на социјалните медиуми, сообраќај на веб-страници и

локални временски прогнози.

Во комбинација со способноста за симулирање и оптимизирање на различни сценарија,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 17

согледувањата овозможени со

вештачка интелигенција може да

им помогнат на трговците на мало

попрецизно да се подготват за

долгорочните потреби, со оглед на

краткорочната нестабилност на

понудата и побарувачката.

Големите промени почнуваат со

мали чекори

Вештачката интелигенција има

огромен потенцијал не само да ги

реши проблемите на тековните

трошоци, потрошувачката и синџирот

на снабдување на трговците на

мало, туку и да испорача стратешка

и финансиска вредност долж целиот

малопродажен синџир. Иако овие

придобивки се примамливи, изгледите

за воведување на вештачка

интелигенција во бизнисот може

да бидат застрашувачки. Според

тоа, извештајот на BCG насловен

„Вештачката интелигенција го отвора

патот на трговците кон отпорноста“

покажува како деловниот пристап кон

вештачката интелигенција составен

од мали чекори кои започнуваат со

решавање на денешните проблеми и

постигнување брзи поместувања кон

подобри, на крајот создава одржлива

предност.

Вештачката интелигенција е

моќен начин да се задоволат

растечките очекувања на

клиентите за персонализирано

искуство, што може да помогне

да се надминат трендовите на

опаѓање на трошењето и да се

зголеми продажбата. И во блиска

и во далечна иднина, неизвесноста

ќе преовладува низ целиот свет.

Но, BCG верува дека вештачката

интелигенција е клучен елемент што малопродажбата треба да ја зајакне својата отпорност, истовремено создавајќи одржливи структурни

предности, се вели во анализата. 

Интересно е што може да се монетизира и користењето на вештачката интелигенција за големи бази на податоци како што се податоците од вредносната програма, така што оние кои ќе успеат посилно да навлезат во тој сегмент ќе можат да ја користат вештачката интелигенција како дополнителен извор на приходи. На регионалниот пазар, на пример во Хрватска, една од најголемите вакви бази на податоци за потрошувачите и нивните навики е во сопственост на малопродажниот сегмент на Фортенова со помош на Multiplus, Pika и Superkartice. Правилното управување со вештачката интелигенција и големите бази на податоци и генерирањето додадена вредност со нивна помош ќе биде конкурентна предност на пазарот, велат аналитичарите на BCG.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 18 ЕКОНОМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЧИСТА ОПШТИНА И ОКОЛИНА OFFICE@GREENMACHINES.COM WWW.GREENMACHINES.COM МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД ЕФИКАСНИ, ЕКОНОМИЧНИ
ВОЗИЛА ЗА ГРАДСКА ХИГИЕНА
И ЕКОЛОШКИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 20 ЕКОНОМИЈА ПАРАФИСКАЛНИТЕ ДАВАЧКИ ЈА НАМАЛУВААТ КОНКУРЕНТНОСТА НА ФИРМИТЕ За три години бројот на парафискални давачки во земјава се зголемил за 18,5% за правните лица и за 25,7% за правни и физички лица, покажа истражувањето што го спроведе економскиот институт Finance Think што беше презентирано деновиве во Скопје. ОСОБЕНО
ЗАГРОЗЕНИ МИКРО И МАЛИТЕ КОМПАНИИ
СЕ

арафискалните

давачки и натаму

претставуваат

товар за бизнис –секторот, особено

кај микро и малите претпријатија, што влијае и

на нивната конкурентност.

Тоа ја наметнува и потребата

од нивно рационализирање, воспоставување на државен регистар на такси и парафискални

давачки, определување на нивната цена, приспособување

на износот во зависност од големината односно потенцијалот

на компанијата, итн.

За три години бројот на

парафискални давачки во земјава

се зголемил за 18,5% за правните

лица и за 25,7% за правни и физички

лица, покажа истражувањето

што го спроведе економскиот

институт Finance Think што беше

презентирано деновиве во Скопје.

Така, во 2022 година од Министерството за информатичко општество и администрација биле регистрирани вкупно 250 парафискални давачки за правните лица како и 323 за правни и физички лица, што значи дека во однос на 2019 година бројот на неданочни плаќања и парафискални давачки бил зголемен за 39 за правните лица, а за физичките и за правните лица за повеќе од 66. Истражувањето покажа дека 95 отсто од неданочните плаќања и парафискални давачки се меѓу 50 денари и 61.700 денари, иако има и такви кои што во просек изнесуваа и над 200 илјади денари (кај Агенцијата за цивилен воздушен сообраќај), па се до над 591 илјада денари кај Министерството за финансии.

Непредвидливоста е исто така голем проблем Овие податоци, меѓу другото беа и повод за неодамнешниот економски форум под наслов „Парафискални давачки: мало делче од сложувалката на конкурентноста“ во организација на Институтот за економски политики и развој „Finance Think“, на којшто во фокусот беше темата дали парафискалните давачки се кочница за конкурентноста. Според учесниците на форумот, пред цената е времетраењето потребно да се дојде до некоја услуга, поради што како еден од приоритетите беше посочена дигитализацијата што ќе овозможи и зголемена транспарентност. Исто така, како една од главните слабости беше посочен и недостигот од

размена на податоците меѓу институциите, односно потребата од нивна централизација, со цел администрирањето да биде што поефикасно. „Парафискалните давачки сè

уште се умерено голем товар за компаниите и бизнис секторот иако микро и малите компании овој товар го чувствуваат многу повеќе во споредба со големите компании“, истакна Благица Петрески, главен економист во „Finance Think“.

Таа посочи дека административниот товар на поднесоци, корекции, комуникации со институциите е значајно поголем товар во споредба со финансискиот. Иако резултатите на истражувањето покажаа дека зголемувањето на парафискалните давачки кон институциите на централно ниво е забавено, сепак земајќи предвид дека крајната цел е оптимизација на овие давачки, треба детално да се испита дали станува збор за нови давачки или истите дополнително биле верифицирани.

Петрески вели дека на локално ниво бројот на парафискални

давачки е умерен и се движи од осум до 15 иако генерално административниот товар е поголем во однос на финансискиот товар, слично и на централно ниво. Меѓутоа, една од работите која што се посочува е непредвидливоста на бројот на новите воведени парафискални давачки.

„Она што треба да следи е

процесот на оптимизација која

што е во рана фаза и истата треба

да опфати неколку форми: освен

кратење на парафискалните

давачки како најпопуларна форма

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 21
П

На неодамнешниот економски форум под наслов „Парафискални давачки: мало делче од сложувалката на конкурентноста“ во организација на Институтот за економски политики и развој „Finance Think“, во фокусот беше темата дали парафискалните давачки се кочница за конкурентноста.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 22
ЕКОНОМИЈА

постојат и други форми каде што

може да се зголеми контра услугата

која што ќе ја добијат компаниите

за она што тие плаќаат, но исто

така може да имаме спојување на

парафискалните давачки или да

се зголеми наменското трошење

на средства, како што е на

пример за еколошките дозволи, па

намената на средствата платени за

еколошките дозволи на пример или

градежни дозволи да биде за таа

цел – за уредување на градежното земјиште или за подобрување на екологијата“, вели Петрески. Парафискалните давачки, пак, кон единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) се умерени, покажува истражувањето и се движат во просек од осум до 15 парафискални давачки. Главно, тука се комуналните такси, градежните дозволи и, поретко, некои сертификати за образование.

Во однос на различните аспекти на оптовареност, кај парафискалните давачки кон локалната власт финансискиот товар е релативно помал во споредба со неизвесноста и времето потребно за усогласување.

На локално ниво, во 18 општини се идентификувани 408 неданочни давачки, но само 199 се класификувани како

парафискални давачки врз основа на дефинираните критериуми.

Најголем број парафискални

давачки (83%), кои вклучуваат комунални такси, образовни

такси и надомест за уредување

градежно земјиште, се пропишани со закон и со одлука на Советот на Општината, донесена врз основа на закон. Само еден процент од парафискалните давачки се пропишани со внатрешен акт –одлука на Советот на Општината, додека 16 проценти се пропишани само врз основа на закон, на пример, административните такси, туристичката такса и

еколошката дозвола (надомест

што го плаќаат лицата што ракуваат со инсталациите со интегрирана еколошка Б -дозвола на Општината, т.е. Град Скопје).

Што да се направи?

Кои се препораките на Finance

Think? За парафискалните

давачки на централно ниво експертите предлагаат нивно рационализирање како краткорочен приоритет преку: намалување на бројот, внимателност и оправданост

при воведување нови давачки, спојување на давачките со иста цел и целосно напуштање на практиката на двојна наплата за иста услуга.

Потоа, воспоставување државен регистар на такси и парафискални давачки. Министерството за информатичко општество и администрација треба да го надгради каталогот на услуги во државен регистар на неданочни плаќања и парафискални давачки. Но, и покрај ограниченото покривање на каталогот, сè уште недостигаат дел од информациите за цените на јавните услуги. Исто така, потребно е определување на цената на парафискалните давачки, при што утврдувањето на цената на услугите мора да се преоцени врз основа на транспарентна методологија и објективни показатели; Дигитализација на администрирањето на поднесоците и комуникацијата меѓу подносителот и институцијата, како форма на оптимизација; „Непропорционално високите давачки – особено тие што се однесуваат на условите за влез во одреден сектор или пазарен сегмент – се особено штетни за микро, малите и средните претпријатиоја. Високите такси за влез ги обесхрабруваат новите стопанственици од секторот на ММСП и придонесуваат за поволна регулативна средина за олигополските структури во одредени сектори.“, велат од Finance Think. Препораки за парафискалните давачки на локално ниво се: Оптимизација и рационализација на парафискалните давачки, преку следниве форми: Дигитализација на поднесоците, комуникацијата

Парафискалните давачки

сè уште

се умерено голем

товар за компаниите

и бизнис секторот

иако микро и малите

компании овој товар

го чувствуваат многу

повеќе во споредба

со големите

компании, истакна

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ,

главен економист во

„Finance Think“.

и на администрирањето на поднесокот; Намалување на цената на: фирмарината при основање филијала / продавница на истиот обврзник; градежна дозвола; надомест за користење на просторот пред деловниот простор, со можност за привремено ослободување од плаќање за користење угостителски тераси во пасивен туристички период; Приспособување на цената според големината / потенцијалот на компанијата (на пример, надоместот за фирмарина) или според локацијата (на пример, надоместот за уредување на градежното земјиште и надоместот за користење на просторот пред деловниот простор); o Наменското користење на приходите по основа на ПФД е форма за постигнување оптимум, која е соодветна и преферирана за комунална такса за користење улици што се плаќа со регистрација на возилата (18 проценти), но и кај надоместот за уредување градежно земјиште (15 проценти) ; Базата на податоци и идентификацијата на парафискални давачки да се надгради со податоци за сите општини во Република Северна Македонија; Парафискалните давачки што се делат меѓу локалната и централната власт (на пример, дозволите за игри на среќа, дозволите и лиценците за изградба на електроцентрали од обновливи извори на енергија) да бидат рамномерно распоредени, а Општината на чијашто територија е активноста на правниот субјект nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 23

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Од 2022

година

СОС Детско

село во соработка

со бизнис

секторот

започна нов

проект за

поддршка

на младите

без

родителска

грижа и оние кои се во социјален

ризик,

проект кој е

активен на

меѓународно

ниво веќе 8 години и

делува во

повеќе од 47 земји, со

вклучени

над 14.000

млади.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 24 КОРПОРАТИВНА
ПРОЕКТ „ЗА МЛАДИТЕ!“ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО
ПАРТНЕРСТВО
СЕКТОРОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА
НА МЛАДИТЕ
СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
СО БИЗНИС
ВРАБОТЛИВОСТА
ВО

ргнувајќи од статистиката дека невработеноста кај младите помеѓу 15 и 29 години изнесува 40,3%, и

дека 20,3% во земјата живеат под линијата на сиромаштија може да заклучиме дека за голем број

млади осамостојувањето претставува сериозен предизвик.

Ако ова го пренесеме на младите без родителска грижа, кои многу рано се соочуваат со ситуацијата

кога треба да се грижат сами за себе, ова претставува уште поголем предизвик. На овие млади луѓе

им треба дополнителна поддршка во процесот на стекнување финансиска независност. Секако дека ултимативната цел е наоѓање пристојна работа како основен предуслов, но за да се постигне таа цел потребни се повеќе процеси кои ќе овозможат младите да ја напуштат грижата со сигурност во следните чекори во нивниот животен развој.

Во овој контекст, од 2022 година СОС Детско село започна нов проект за поддршка на младите без родителска

грижа и оние кои се во социјален ризик, проект кој е активен на меѓународно ниво веќе 8 години и делува во

повеќе од 47 земји, со вклучени над 14.000 млади.

„Она што е одлика на проектот ‘ЗА младите!’ е уникатниот пристап - соработката со бизнис секторот за зајакнување на вработливоста на младите луѓе од социјален ризик и нивно вклучување во светот на работата преку волонтерски активности на вработените од компаниите партнери на СОС Детско село на начин што

компаниите овозможуваат услови за учество на своите вработени во оваа програма со цел споделување на нивните ресурси и знаење со младите.“, објаснува Силвија Брајовиќ од СОС Детско село.

Целна група се млади од 16

до 23 години кои изгубиле

или се во ризик да изгубат

родителска грижа, при што

процесот се одвива на начин

што СОС Детско село прави проценка на развојните

потреби на младите и ги

поврзува со компаниите

што можат да овозможат

соодветни активности за нивно подобрување преку различни начини – обуки, практиканство и менторство.

„Она што е важно во целиот овој процес е

што покрај развојните придобивки за младите, вработените од компаниите партнери имаат можност да делуваат на поле каде најдобро ќе се

искористат нивните знаења и вештини, а истовремено ќе знаат дека помагаат на една ранлива категорија млади. Истовремено

компаниите, покрај нивната основна дејност, имаат можност

да направат импакт во заедницата и да поддржат повеќе цели за одржливиот развој на локалната заедница.“, додава Брајовиќ.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 25
Т

Искуства и резултати

Во продолжение ги

пренесуваме изјавите од

компаниите/вработените

кои земаа учество во

овој проект со цел да

споделиме изворни

искуства и резултати.

Нептун како стратешки

партнер на СОС Детско

село се вклучи во проектот

“ЗА младите!” водени

од желбата на нивните

вработени да се вклучат

и да го пренесат своето

знаење кон младите

луѓе кои се во социјален

ризик и им се потребни

вештини за вработување.

Волонтери вработени

од различни сектори се

вклучија во проектот

преку обуки и менторства

и помогнаа младите да

добијат подобра иднина.

Темите со кои што се

запознаа младите беа поврзани

со вежби за личен развој, разрешување на конфликти, техники за продажба, кариерно

советување, административно

работење, графички дизајн.

„Навистина е задоволство да се

споделат искуства со младите, а уште поголемо е задоволството

кога гледаме дека сме успеале

да направиме барем мала

позитивна промена кај нив. И

оваа година продолжуваме

со активности и со вклученост

на поголем број на вработени-

волонтери кои ќе одржуваат

обуки на различни теми, кои се од интерес ЗА МЛАДИТЕ” – споделија

одговорните за проектот од

СИЛВИЈА БРАЈОВИЌ

СОС Детско село

Она што е одлика на проектот

‘ЗА младите!’ е уникатниот

пристап - соработката со

бизнис секторот за зајакнување

на вработливоста на младите

луѓе од социјален ризик и

нивно вклучување во светот на

работата преку волонтерски

активности на вработените

од компаниите партнери на

СОС Детско село на начин што

компаниите овозможуваат

услови за учество на своите

вработени во оваа програма

со цел споделување на нивните

ресурси и знаење со младите.

компанијата.

„Бидејќи секој млад човек заслужува образование, вработување и успешна иднина, Комерцијална банка се вклучи во проектот ‘ЗА младите!’ на СОС Детско село за да им помогне на овие младинци да се вклучат во деловниот свет. Со огромно задоволство и силен ентузијазам вработените во Комерцијална банка им пренесоа знаење, вештини, информации и корисни совети на 30 младинци, со

цел тие да го започнат своето полнолетство со потребното

ниво на финансиско знаење, самодоверба и независност. Нашата мисија беше да ги подготвиме да ги направат

првите чекори за успешно вработување – да направат соодветно CV, да се подготват за интервју за вработување, да се запознаат со основите на успешното управување со личните финансии, да се информираат за различните сектори што функционираат во Банката и да веруваат дека секогаш постојат компании и тимови каде што ќе може да се пронајдат и да бидат добредојдени“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Координативното тело за општествена одговорност и член на Управниот одбор на Комерцијална банка. ДХЛ како стратешки партнер на ‘ЗA Младите!’ на глобално

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148
ЈУНИ 2023
16
26
КОРПОРАТИВНА
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ниво се вклучи во проектот преку локалната компанија на ДХЛ во Македонија.

“Едукацијата и животните вештини

се главни фактори за младите

во социјален ризик да дојдат до вработување. Токму глобалната

програма на ДХЛ за едукација на

млади GoTeach работи директно

со СОС Детско село и проектот

“ЗA Младите!”, за подобрување

на вештините за вработливост.

Заедно ќе делуваме кон

остварување на една цел – секое

дете во социјален ризик да ги добие

потребните вештини за самостоен

живот , изјави генералниот

директор на ДХЛ Македонија, г-дин Радослав Нановиќ.

Леорон Фондација како дел од Леорон Групацијата нуди еднакви

можности за сите студенти од ранливите категории со цел да се намалат препреките произлезени

од социјалната состојба на младите луѓе за тие да можат да го остварат својот сон.

“Проектот на СОС Детско село “ЗА Младите!” преставува идеална платформа за остварување на целите на нашата фондација при што нашата поддршка се реализираше преку директно стипендирање на 5 млади луѓе во социјален ризик во текот на една академска година. Остануваме отворени за понатамошна соработка во реализација на определбата - секој млад човек да има шанса за посигурна иднина”, фондацијата.

„Им благодариме на компаниите кои го препознаваат овој уникатен начин на поддршка на младите и земаат учество во овој проект преку различни активности, а воедно преку претходно споменатите позитивни примери

да го инспирираме и поттикнеме остатокот од бизнис заедницата да се приклучи кон проектот ‘ЗА Младите!’ и заеднички да креираме подобри услови за младите луѓе во Македонија.“, велат од СОС Детско село. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 27

28

ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ И ИНОВАТОРИ

ЌЕ ДОБИЈАТ ПОГОЛЕМА ЕВРОПСКА ПОДДРШКА

ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА ОТВОРИ

СВОЈ

ЦЕНТАР ВО ЗЕМЈАВА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023

Европскиот институт

за иновации и технологија (ЕИТ) го

објави почетокот на

првиот заеднички

центар во Северна

Македонија, кој ќе ги

подигне регионалните

иновации на повисоко

ниво и ќе им обезбеди

на локалните претприемачи,

иноватори и

стартапи поддршка

за иновации.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 29

ЕИТ го назначи Александар Стамболиев за национален секретар кој ќе ги води операциите на новиот центар во Скопје. Тој има повеќе од 20 години искуство во областа на стартапите и технологиите, а моментално е извршен директор на Бизнис акцелераторот УКИМ, посветен да им помага на технолошките стартапи да се прошират на глобално ниво.

вропскиот институт за

иновации и технологија

(ЕИТ) ќе ги поттикне

иновациите во Западен

Балкан со отворање

на првиот заеднички

регионален центар во Северна

Македонија. Со поврзување

на регионалните иноватори

и партнери со најголемиот

иновациски екосистем во Европа,

новиот центар за регионални

иновации на ЕИТ - прв од ваков

вид, ќе ја зајакне соработката меѓу водечките деловни, образовни

и истражувачки организации, истовремено зголемувајќи ја

конкурентноста на регионот и

одржливиот економски раст.

Новиот центар е дел од програмата Регионална иновациска шема

на EИТ, која е дизајнирана да се справи со постојаниот иновациски јаз во Европа.

Новиот центар беше промовиран

во вторникот, 13 јуни, во Центарот за трансфер на технологија и

иновации - ИНОФЕИТ во Скопје.

„Со оглед на неговата експертиза и присуство низ Европа, Европскиот институт за иновации и технологија е уникатно позициониран да нè поддржи во зголемувањето на нашите иновациски капацитети и во создавањето на посилни синергии меѓу регионалните партнери. Со

нетрпение очекувам да видам нови револуционерни технологии и нови можности за претприемачите во Северна Македонија“, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, по повод отворањето на Регионалниот центар на ЕИТ. Претседателот на Управниот одбор на ЕИТ, Нектариос Тавернаракис додава дека „се среќни што го отвораат првиот заеднички центар на ЕИТ во Северна Македонија“. „Поради потенцијалот на таленти во регионот и економските предности, особено во `паметното` земјоделство и информациските и комуникациските технологии,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 30 ИНОВАЦИИ
Е
И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Се очекува дека во наредниот период ЕИТ ќе го забрза и зголеми бројот на иновации преку своите активности, со што ќе обезбеди поголема додадена вредност, конкурентност и профитабилност за компаниите во Македонија. Соработката меѓу деловните субјекти, образовните институции, истражувачките институти и организациите мора да се зајакне за да се постигнат овие цели.

Западен Балкан е важен регион

за заедницата на ЕИТ. Наша

цел е да го зголемиме пристапот

до можностите на ЕИТ преку

новиот центар и да го зајакнеме

иновацискиот капацитет на

Северна Македонија. Очекуваме

многу успешни приказни да се родат овде и да се прошират кон европскиот пазар“, вели Тавернаракис.

Огромна мрежа на компании, универзитети, градови, региони...

Новоотворениот центар во Северна Македонија ќе ги претставува сите Заедници на знаење и иновации

на ЕИТ и ќе се фокусира на

привлекување и ангажирање

на што повеќе македонски

учесници во активностите на

ЕИТ. Центарот ќе им обезбеди на

иноваторите централизиран извор

на информации за сите услуги

и можности кои се обезбедени

од целата заедница на ЕИТ.

Дополнително, тој ќе го предводи

ангажирањето на заедницата на

ЕИТ со властите, обезбедувајќи

поддршка за политиките и

експертиза според потребите.

На отворањето на Центарот

во Скопје, Мартон Херцег, раководител на секторот за иновациски екосистем при ЕИТ, објасни дека Европскиот институт обединува огромна мрежа од околу 2.000 компании, 1.000 високообразовни и истражувачки институции и 300 градови, региони и невладини организации, и тоа преку обучување нови генерации претприемачи, развивање иновативни производи и услуги и зајакнување на стартапи и компании со брз раст. Според презентираните податоци, во Северна Македонија во текот на 2021-2022 година, инвестирани се 800.000 евра во рамките на ЕИТ грант, креирани и поддржани се 5 инвестиции и повеќе од 1.300 учесници се ангажирани во едукативни активности и обуки. Бенс Хуба, директор на Регионалната шема на иновации на ЕИТ урбана мобилност појасни дека „Заедницата на ЕИТ би сакала да понуди најдобри шанси за сите европски таленти да придонесат за европските иновации, независно од кој екосистем доаѓаат. Ако

талентите доаѓаат од иновативен екосистем кој нуди помалку можности, треба да им понудиме уште поголема поддршка за да се осигуриме дека може да успеат“. Според заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Џулијан Васало, најновиот извештај на Европската комисија за земјата забележал добро ниво на подготовка во областа. Земјата се смета за иноватор во развој со перформанси од 45,6% од просекот на ЕУ, а преку Хоризонт Европа, најголемата ЕУ програма за истражување и иновации, се финансирани 14 проекти во вредност од 2,8 милиони евра во 2022 година. Сепак, вкупните инвестиции во истражување и иновации остануваат ниски - само 0.38% од БДП, посочува Васало. Шанса за поголема конкурентност на македонските компании Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски се осврна на Стратегијата за паметна специјализација на Северна

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 32 ИНОВАЦИИ
И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Македонија, која е во фаза на финализирање и треба да обезбеди модерен пристап кон економскиот развој, особено во „паметното“

земјоделство и преработката

на храна со висока додадена вредност, секторот на информатички

и комуникациски технологии, индустријата 4.0 и одржливите материјали и „паметни“ згради.

„Подготвени сме да го ставиме

на располагање целиот наш капацитет за имплементација на оваа стратегија и да придонесеме не само со нашите научни и истражувачки потенцијали, туку и

во поширок општествен контекст. Во таа насока, веќе направивме

сериозни чекори за развој на

студиски програми и истражувачка инфраструктура кои би придонеле

за развој на националните

капацитети во спроведувањето на стратегијата“, кажа Јанкуловски.

Бидејќи државата има за цел да го

зголеми економскиот раст, важно

е да се развие конкурентноста

во нејзиниот приватен сектор

преку знаење и иновации, а

паметната специјализација треба

да создаде квалификувана работна

сила способна за иновации и генерирање повисоки приходи и економска вредност, рече Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. „Се надеваме дека во наредниот период, ЕИТ ќе го забрза и зголеми бројот на иновации преку своите активности, со што ќе обезбеди поголема додадена вредност, конкурентност и профитабилност за компаниите во Македонија. Очекуваме соработката меѓу деловните субјекти, образовните институции, истражувачките институти и организациите да се зајакне за да се постигнат овие цели. Очекуваме брзо

ШТО Е ЕВРОПСКИ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА (ЕИТ)? Е

20

+389 43 212 560

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 33
Печат за успех
office@brako.com.mk www.brako.com.mk ГОДИНИ
ИТ ја зајакнува способноста на Европа за иновации преку засилување на решенија за итни глобални предизвици и со негување на претприемачкиот талент за создавање одржлив раст и квалификувани работни места во Европа. ЕИТ е тело на ЕУ и составен дел на Хоризонт Европа, Рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации. Институтот поддржува динамични паневропски партнерства, Заедници на знаење и иновации на ЕИТ, меѓу водечките компании, истражувачки лаборатории и универзитети. Заедно со нивните водечки партнери, заедницата на ЕИТ нуди широк спектар на иновативни и претприемачки активности низ Европа: курсеви за претприемачко образование, услуги за создавање и забрзување на бизниси и истражувачки проекти водени од иновациите.

прилагодување на неопходните законодавни регулативи на новонастанатите глобални услови“,

изјави Симов.

ЕИТ го назначи Александар

Стамболиев за национален

секретар кој ќе ги води операциите

на новиот центар во Скопје. Тој

има повеќе од 20 години искуство

во областа на стартапите и

технологиите, а моментално е

извршен директор на Бизнис

акцелераторот УКИМ, посветен

да им помага на технолошките

стартапи да се прошират на

глобално ниво.

Центарот во Северна Македонија

е првиот од регионални центри

што се планирани да се отворат

во следните три години - во Кипар, Малта, Црна Гора и Украина, за да

се обезбеди зајакнато присуство на

ЕИТ низ цела Европа.

Што е регионална иновациска шема на ЕИТ (EIT RIS)?

Регионалната иновациска шема

на ЕИТ (ЕИТ РИШ) беше воведена

во 2014 година за да се зајакнат иновациските перформанси на земјите со умерени или скромни оценки за иновации, како што е дефинирано во Европската табела за иновации. РИШ е управувана од ЕИТ и имплементирана преку Заедниците на знаење и иновации (ЗЗИ) на ЕИТ. Од своето основање, таа успешно доведе до значително проширување на активностите на заедницата на ЕИТ во повеќе земји и региони низ Европа, придонесувајќи за паневропско

ширење на можностите и мрежите на заедницата на ЕИТ. Повеќе информации: https://eit.europa.eu/ our-activities/eit-regional-innovationscheme.

Заедницата на ЕИТ

во Западен Балкан

Заедницата на ЕИТ има активна улога во Западен Балкан од 2018

година со својата наградувана

програма ЕИТ Џампстартер.

Програмата помогна да се опфатат

над 90 иноватори од Западен Балкан и го олесни создавањето на пет стартапи. Оваа година, заедницата на ЕИТ започна уште една прилагодена програма, InfraBooster, модуларна обука за претставници на научни организации од Западен Балкан и од соседството. Нуди градење капацитети и поддршка при дизајнирање услуги засновани на инфраструктура кои би можеле да се понудат за компаниите. Програмата е координирана од EIT Food, тесно соработувајќи со EIT Climate KIC, EIT Health, EIT Digital, EIT InnoEnergy, EIT Manufacturing и EIT Urban Mobility. ЕИТ нуди моќни иновативни решенија за глобалните предизвици Деветте заедници за знаење и иновации на ЕИТ работат на забрзување на транзицијата кон економија со нула јаглерод (EIT Climate-KIC); донесуваат иновации во европските културни и креативни сектори и индустрии (EIT Culture & Creativity); ја поттикнуваат дигиталната трансформација на Европа (EIT Digital); ја водат глобалната револуција во иновациите и производството на храна (EIT Food); им даваат на граѓаните на ЕУ поголеми можности да водат здрав живот (EIT Health); постигнуваат одржлива енергетска иднина за Европа (EIT InnoEnergy); ја зајакнуваат конкурентноста на европската производствена индустрија (EIT Manufacturing); ги развиваат суровините во голема сила за Европа (EIT RawMaterials); и ги решаваат предизвиците за мобилност на нашите градови (EIT Urban Mobility).

ЕИТ факти • Најголема иновациска мрежа

во Европа: 3.200+ партнери од врвни деловни, истражувачки и образовни организации низ Европа во над 60 иновативни центри низ Европа

• Остварување на иновациите:

поттикнати повеќе од 5.600 новоформирани и компании со брз раст, создадени повеќе од 1.670 нови производи и услуги кои собраа повеќе од 6 милијарди евра надворешен капитал. Повеќе од 4.600 студенти дипломирале на магистерски и докторски програми означени со ЕИТ и над 10.000 учествувале на претприемачки обуки на заедницата на ЕИТ.



KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 34
ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ БИО ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ ТРАНСФОРМАТОРИ + 3 8 9 2 5 5 1 4 0 0 0 +389 2 5514 000 i n f o @ f e r o i n v e s t . m k info@feroinvest.mk w w w . f e r o i n v e s t . m k www.feroinvest.mk П Р О Е К Т И Р А Њ E , И З В Е Д Б А , ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА, У П Р А В У В А Њ Е И О Д Р Ж У В А Њ Е УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 2 0 Г О Д И Н И 20 ГОДИНИ
ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

КОИ СЕ НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ

ЊУЈОРК МУ ГО ЗЕДЕ

ПРИМАТОТ НА

ХОНГ КОНГ ГЛОБАЛНО, ВО ЕВРОПА ЖЕНЕВА

ВОДИ

Секоја година ECA International објавува список на најскапите 207 градови

во 120 земји за доселеници, вклучувајќи ги во своето истражување трошоците

за стоки и услуги и изнајмување станови во областите на градот кои обично се населени со странци.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 38 ЕВРОПА И СВЕТ

Одлуката за преселба

во странство

никогаш не е

лесна, а заедно со постојаното прилагодување

кон новата средина и култура, живеењето во нова земја, надвор од сопствената татковина, во

повеќето случаи вклучува и

зголемени трошоци за живот.

Секоја година ECA International

објавува список на најскапите 207

градови во 120 земји за доселеници, вклучувајќи ги во своето

истражување трошоците за стоки

и услуги и изнајмување станови во областите на градот кои обично се населени со доселеници.

Оваа година, поради инфлацијата

и зголемените трошоци за сместување, Њујорк го надмина Хонг Конг и го зазеде првото место меѓу најскапите градови во светот за доселеници, додека Сингапур скокна од минатогодишното 13-то место на петтото место поради огромниот пораст на трошоците за изнајмување станови, иако другите азиски градови паднаа на пониски места оваа година поради

Локација Држава Рангирање

Рангирање 2022

пониската инфлација. Лондон ја задржа четвртата позиција на најскапа локација во светот за доселеници, според ЕСА, додека од останатите градови во В. Британија, Бирмингем (115-то), Кардиф (118-то) и Белфаст (123то) отпаднаа од листата на 100 најскапи градови во светот, со тоа што Бирмингем падна за 16 места, само едно место над рускиот Санкт Петербург.

Од ЕСА велат дека кризата со трошоците за живот во В. Британија продолжува, со тоа што инфлацијата примарно е придвижена од цените на храната, комуналиите и домувањето. Но, и покрај сите овие предизвици, британските градови освен Лондон бележат пад на ова глобално рангирање. Главно тоа се должи на слабеењето на фунтата, којашто ја направи Британија поевтина за луѓето што доаѓаат од други земји. ЕСА International веќе 50 години ги истражува трошоците за живот глобално. Годишно прави по два извештаи што им помагаат на компаниите да ги проценат трошоците на живот низ целиот

свет, пред да направат план колку плата и други издатоци треба да предвидат за вработените што менуваат локација. Истражувањата споредуваат

кошничка на производи и услуги што обично ги користат доселениците на преку 500 локации низ светот, како што се кафе, шеќер, или јајца. Податоците за сместување исто така се земаат предвид, споредувајќи ги трошоците за кирии на преку 430 локации глобално.

Според најновиот извештај, цените на храната глобално се пораснати за 15% во просек. Поскапувања има кај повеќето производи, но особено се изразени кај кечапот (+45%), маслото за јадење (+80%) и јајцата (+36%).

Измешани трендови

во европските градови Повеќе од половина (54%) од европските градови се поместија нагоре во рангирањето на трошоците за живот, поттикнати од високите стапки на инфлација. Во првата петорка доминира Швајцарија, а Женева ја задржа

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 39
2023
Женева Швајцарија 1 1 Лондон В. Британија 2 2 Цирих Швајцарија 3 3 Берн Швајцарија 4 4 Копенхаген Данска 5 5 Москва Русија 6 18 Осло Норвешка 7 6 Луксембург СитиЛуксембург 8 10 Даблин Ирска 9 13 Амстердам Холандија 1014 Ставангер Норвешка 11 7 Виена Австрија 1212 Париз Франција 1311 Хаг Холандија 1415 Стокхолм Шведска 15 9 Минхен Германија 1616 Рејкјавик Исланд 17 8 Хелсинки Финска 1817 Берлин Германија 1922 Франкфурт Германија 2019 Локација Држава Рангирање 2023 Рангирање 2022 Њујорк САД 1 2 Хонг Конг Хонг Конг 2 1 Женева Швајцарија 3 3 Лондон В. Британија 4 4 Сингапур Сингапур 5 13 Цирих Швајцарија 6 7 Сан Франциско САД 7 11 Тел Авив Израел 8 6 Сеул Јужна Кореа 9 10 Токио Јапонија 10 5 Берн Швајцарија 1116 Дубаи ОАЕ 1223 Шангај Кина 13 8 Гуангжу Кина 14 9 Лос Анџелес САД 1521 Шенжен Кина 1612 Пекинг Кина 1714 НАЈСКАПИ 20 ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ ВО ЕВРОПА НАЈСКАПИ 20 ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ Извор:ECAInternational

својата позиција како најскап град за иселениците, а потоа следат Лондон, Цирих, Берн и Копенхаген.

Цирих во Швајцарија, се искачи за едно место на глобално ниво, станувајќи шести најскап град во светот.

Додека во Норвешка, пак, и Осло и Ставангер паднаа за

девет, односно 14 места, на 28 и 40 позиција. Слично во Шведска, Стокхолм и Гетеборг паднаа за 10

и девет места и се рангирани на

46-то и 86-то место како најскапи

градови во светот.

Во рамките на Еврозоната, речиси две третини од локациите (61%)

се искачија во рангирањето, вклучувајќи го и Даблин кој се

искачи за шест места на 38-

та позиција поради високата инфлација. Франција е еден од исклучоците бидејќи сите истражувани француски градови забележаа маргинално пониска инфлација од многу други градови кои го користат еврото. „Овие случувања низ Европа ја истакнуваат динамиката што влијае на трошоците за живот во различни

региони“, велат од ЕСА International. „На нашето рангирање на трошоците за живот влијаат два фактори: цените и девизниот курс. Дури и кога цените растат брзо како што се во поголемиот дел од Европа, градот може да стане релативно поевтин за посетителите ако валутата е послаба. Ова е случај за норвешките и шведските градови, каде стапките на инфлација го достигнаа врвот на околу 10%, но нивното рангирање опадна во просек за 10 места поради слабеењето на нивните соодветни валути“.

Влијанието на руската

инвазија на Украина врз

трошоците за живот Тековната руска инвазија на Украина продолжува да влијае

на трошоците за живот во самите завојувани земји, поширокиот

регион и ширум светот. И покрај

санкциите од Западот, руската рубља закрепна во изминатата

година, со што Москва се искачи

за 37 места и стана 25-та најскапа локација во светот.

Трошоците за сместување

на локациите каде што многу украински бегалци избегаа од војната се зголемија, што ги направи овие градови поскапи за сите, вклучително и иселениците. Полските градови забележаа најголеми промени, со колосални покачувања на висината на кириите меѓу 25% и 50%, што доведе до искачување на Краков за 23 места на глобалното рангирање на 178-то место, а Варшава за 11 места на 158-то место. Истото сценарио се случи и за Русите кои бегаат во градови како Дубаи, Ереван, Никозија и Тбилиси, за да избегнат можна мобилизација како резултат на војната. Кириите во Дубаи, ОАЕ, поскапеа за речиси една третина (30%), со што градот се искачи на 12-тото место на глобалното рангирање, додека кириите исто така се зголемија за повеќе од 20% во Тбилиси, Грузија - бидејќи понудата не можеше да се зголеми за да одговори на зголемената побарувачка од руските доселеници. Грузискиот

град се искачи за 65 места на 102-то место на рангирањето

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 40 ЕВРОПА И СВЕТ

Женева

град во Европа и трет најскап

град во светот за доселеници.

Локација Држава Рангирање

Рангирање 2022

благодарение на посилната валута што исто така придонесе градот да стане поскап за посетителите.

Истанбул со најголем скок

поради огромната инфлација

Истанбул има најголем скок

на овогодишното рангирање, напредувајќи за 95 места на 108-то место поради многу фактори. Во

градот има влијание од војната

во Украина, но главната причина

за зголемувањето на цените за

над 80% е економската политика

на неодамна реизбраниот

претседател Ердоган. Кириите

исто така се поскапени делумно

поради зголемената побарувачка

од раселените турски државјани по земјотресот во февруари. Во Северна Америка, рангирањето на сите градови во САД се помести нагоре оваа година, пред се’ стимулирано од јачината на американскиот долар. Њујорк го престигна Хонг Конг како најскапа локација во светот за иселениците, откако доживеа повисоки стапки на инфлација и зголемување на цените на изнајмување станови

во споредба со другите градови во САД. Во меѓувреме, во Канада, Ванкувер сè уште е најскапиот град во земјата, искачувајќи се за три места на 30-тото место во светот. Најголем скок во регионот имаше Мексико Сити, кој се искачи за 50 места во топ 100 на 92-то место на најскапи во светот. Силата на пезосот и високата инфлација го направија градот значително поскап за иселениците. Во Јужна Америка, финансиските тешкотии во Аргентина доведоа до сериозни економски проблеми. Буенос Аирес се искачи осум места и стана 29-та најскапа локација во светот. Скокот во рангирањето на Буенос Аирес се должи на зголемената стапка на инфлација од над 100% во периодот на истражувањето. Комплексноста на повеќекратните девизни курсеви, преценетиот пезос и растечкиот црн пазар, сето тоа ја одразува неизвесноста и кревкоста на аргентинската економија, влијаејќи на различни аспекти од секојдневниот живот.

Токио не е повеќе во топ 5 најскапи градови

Во Азија, падот на Хонг Конг во рангирањето беше усогласен со речиси сите главни локации во регионот. Сингапур, Сеул и Јангон беа меѓу исклучоците, при што Сингапур се искачи во првите пет најскапи градови во светот, од 13-та позиција во 2022 година. За разлика од минатата година, кинеските градови паднаа дополнително надолу во рангирањето поради послабиот кинески јуан во однос на другите валути и пониската стапка на инфлација во споредба со другите земји. Шангај и Гуангжу остануваат најскапите градови во Кина, но испаднаа од глобалните топ 10, рангирани како 13-ти и 14-ти најскапи градови во светот за иселеници. Во Јапонија, сите градови паднаа на последното рангирање бидејќи јапонскиот јен ослаби. Токио, кој постојано беше меѓу првите пет на глобално ниво во последните години, падна за пет места на 10-тото глобално ниво. 

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 41
2023
Женева Швајцарија 1 1 Лондон В. Британија 2 2 Цирих Швајцарија 3 3 Берн Швајцарија 4 4 Копенхаген Данска 5 5 Москва Русија 6 18 Осло Норвешка 7 6 Луксембург СитиЛуксембург 8 10 Даблин Ирска 9 13 Амстердам Холандија 1014 Ставангер Норвешка 11 7 Виена Австрија 1212 Париз Франција 1311 Хаг Холандија 1415 Стокхолм Шведска 15 9 Минхен Германија 1616 Рејкјавик Исланд 17 8 Хелсинки Финска 1817 Берлин Германија 1922 Франкфурт Германија 2019 Локација Држава Рангирање 2023 Рангирање 2022 Њујорк САД 1 2 Хонг Конг Хонг Конг 2 1 Женева Швајцарија 3 3 Лондон В. Британија 4 4 Сингапур Сингапур 5 13 Цирих Швајцарија 6 7 Сан Франциско САД 7 11 Тел Авив Израел 8 6 Сеул Јужна Кореа 9 10 Токио Јапонија 10 5 Берн Швајцарија 1116 Дубаи ОАЕ 1223 Шангај Кина 13 8 Гуангжу Кина 14 9 Лос Анџелес САД 1521 Шенжен Кина 1612 Пекинг Кина 1714 НАЈСКАПИ 20 ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ ВО ЕВРОПА НАЈСКАПИ 20 ГРАДОВИ ЗА ДОСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ Извор:ECAInternational
останува најскап

ШТО

CHATGPT ГИ ПРЕДВИДУВА

НАЈЗНАЧАЈНИ РАБОТИ ВО СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

Од децентрализирани финансии (DeFi) до мејнстрим прифаќање, да видиме што одговори популарниот ChatGPT на прашањето “што ќе се случува во крипто индустријата следнава деценија?“

ако сè започна со

биткоин во 2009

година, индустријата за

криптовалути постепено

беше создадена пред

отприлика десет години. Иако

сигурно има повеќе работи што се

случиле во таа временска рамка

и кои вреди да се споменат, исто

така вреди да се замислува и

шпекулира за тоа што би можело

да се случи во следните десет

години.

Одговорите, како и за милион други

работи, ги има популарниот четбот

ChatGPT базиран на вештачка

интелигенција, којшто пружи некои

уверливи сценарија за тоа што

би можело да се случи во крипто светот следнава деценија.

1. Поголемо мејнстрим прифаќање Прво, ChatGPT претстави „поголемо мејнстрим прифаќање“.

Тој предвидува дека биткоин и

алткоините ќе станат значаен дел

од глобалната финансиска мрежа и ќе се користат за трансакции.

Секако дека видовме развој на

тој фронт во последните неколку

години. Двата гиганти во оваа област, Visa и Mastercard, потпишаа повеќе партнерства со крипто

и блокчејн компании за да им

овозможат на нивните милиони

трговци да прифаќаат плаќања

со криптовалути преку кредитни и

дебитни картички.

И

покрај минатогодишните застои во индустријата, шефот на крипто одделот на Visa неодамна ги удвои позитивните ставови на неговата компанија за ова прашање бидејќи верува дека одредени дигитални средства „имаат потенцијал да играат важна улога во екосистемот за плаќања“.

Од друга страна, Mastercard неодамна воведе специфична

програма чија цел е да им помогне на банките да започнат платформи за тргување со криптовалути.

2. Напредни регулаторни рамки Како што ќе се зголемува

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 42 КРИПТО СВЕТ
8-ТЕ
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
ВЕЛИ ВЕШТАЧКАТА
ЗА ИДНИНАТА НА КРИПТОТО И
Повеќе информации за покритијата на triglav.mk. Сè ќе биде во ред. triglav.mk
дом. Мој дом. Одбери го твојот SAFE, SMART, COMFORT или RELAX пакет. Триглав Мој дом.
Осигурување на

прифаќањето, четботот предвидува

дека глобалните регулатори ќе

сакаат подобро да го следат

развојот на индустријата. Тоа е

жешка тема во последните неколку

години, особено по големите

„неуспеси“ минатата година

како колапсот на terra, FTX и

последователните банкротства.

САД беа во преден план, иако

не во многу позитивно светло. И

покрај тоа што се дом на некои

од најголемите крипто компании, локалните регулатори не успеаја да

воспостават соодветни правила.

Во исто време, Комисијата за

хартии од вредност на САД

покрена постапка против неколку

компании, тврдејќи дека тие нудат

нерегистрирани хартии од вредност

без детали и јасност за тоа кои

дигитални средства се навистина

хартии од вредност. Регулаторот е

вклучен и во правни битки против

неколку крипто гиганти, вклучувајќи

ги и Ripple и Grayscale.

Спротивно на тоа, Сингапур, Хонг

Конг, како и Европската унија

преземаат конкретни чекори кон

регулирање на индустријата. ЕУ

неодамна ја одобри сеопфатната

законска рамка MiCA, која се

очекува да стапи на сила во 2024

година за стејблкоини и 2025 година

за размена и други учесници во

индустријата.

3. Зголемени институционални

инвестиции

Институционалните инвеститори

се присутни во крипто просторот

веќе неколку години. Од една страна, голем број истакнати инвеститори, како што се Бен Милер, Стен Дракенмилер и Пол

Тудор Џонс, ја изразија својата

поддршка за биткоин, критикувајќи

ги другите опции за инвестирање и

монетарната политика на ФЕД.

Од друга страна,

институционалните инвестициски

играчи, како осигурителната компанија MassMutual, One River

Asset Manager, па дури и BlackRock

(најголемиот фонд за менаџирање

на средства во светот), инвестираа

во крипто секторот.

Тоа дури ги наведе некогаш

сомничавите банки како JPMorgan да предвидат дека другите

институции би можеле да го следат

примерот во одреден момент.

Сепак, сето тоа се промени

минатата година по падот што

започна со terra и продолжи со FTX.

ChatGPT, сепак, верува дека има

добри шанси плимата повторно да

се сврти, особено ако претходните

две предвидувања се остварат.

4. и 5. Интеракција на финансиски

услуги и усвојување на блокчејн

Овие две предвидувања се

многу слични со оглед на нивната природа и сличност со првата ставка на оваа листа. ChatGPT

тврди дека покрај употребата

на кредитни и дебитни картички, криптовалутите, како и блокчејн технологијата, можат успешно да се интегрираат во други делови на финансискиот систем. Ова вклучува подмирување на големи трансакции во поголем обем на блокчејн мрежи, но исто така вклучува и полиси за осигурување и зделки за недвижности со помош на оваа технологија.

Сепак, финансиите се само една област која би можела да започне се’ повеќе и повеќе да го прифаќа блокчејнот, според четботот за вештачка интелигенција. ChatGPT верува дека технологијата може да се користи во неколку други области, како што се управувањето со синџирот на снабдување, здравствената заштита, па дури и владините услуги.

6. Одржливост Управувањето со животната средина, социјалното и корпоративното управување (ESG) беше клучен збор изминативе неколку години, кога неколку глобални агенции објавуваа чести извештаи дека ископувањето биткоин е лошо за животната средина. Неколку инвеститори, вклучително и Тесла на Илон Маск, ја отфрлија опцијата за плаќање со биткоин и извршија притисок врз копачите на биткоин да престанат

да користат фосилни горива и да

се свртат кон поодржливи и зелени

извори на енергија.

Ова е, исто така, една од причините зошто ethereum ја заврши својата транзиција кон т.н. proof-of-stake

минатата година, што му овозможи на вториот по големина блокчејн да се префрли од енергетски интензивниот proof-of-work на

позелен PoS.

ChatGPT смета дека одржливоста ќе игра голема улога во индустријата во следната деценија, бидејќи грижата за животната средина продолжува да растае. Четботот предвидува дека криптовалутите

кои користат зелена енергија ќе бидат повеќе префериран избор за ESG (и други) инвеститори.

7. Проширување на DeFi Децентрализираните финансии (DeFi) се сметаат за спротивност

на општиот финансиски систем под кој функционира светот денес, кој е целосно централизиран. Ова значи дека трета страна е секогаш вклучена во сите наши трансакции, понуди итн.

Иако DeFi постојат со години, нивната популарност експлодира во 2020 година. Сепак, ова масовно и брзо усвојување, исто така, откри некои од проблемите на индустријата, како што се недостатокот на приспособливост, постоењето на очигледни измами, лажни проекти, како и безбедносни прашања.

Сепак, ChatGPT верува дека DeFi ќе ги надживеат своите проблеми, ќе го подобрат корисничкото искуство и ќе станат витален дел од финансиската индустрија.

8. Нови технолошки иновации Последно, но не и најмалку важно, четботот спомена иновации во технолошкиот сектор. На крајот на краиштата, блокчејнот на биткоин, како и многу други проекти кои се појавија во претходните 15 години, се иновации сами по себе. Досега видовме дека блокчејн овозможува развој на бројни и различни протоколи со различни намени, како што се DeFi, NFT, oracles-и, итн. Во следните десет години би можеле да се појават идеи за кои сè уште не сме ни сонувале. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148
2023
16 ЈУНИ
44 КРИПТО СВЕТ
grandskopje.mk 070 233 055 & 070 355 351 Паркингот спроти Холидеј Ин
KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 46 КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ КНИГАТА НА СТИВЕН КАВИ И ТОА КАКО АКТУЕЛНА И ДЕНЕС КРАТКО РЕЗИМЕ НА „СЕДУМ НАВИКИ НА ВИСОКО ЕФЕКТИВНИТЕ ЛУЃЕ“

Седумте навики во оваа

книга ќе ви помогнат да

преминете од состојба

на зависност, прво кон

независност, а потоа кон

меѓусебна зависност. Иако

општеството и повеќето

книги за самопомош на

пазарот сметаат дека

независноста е највисокото

достигнување, Кави тврди

дека меѓузависноста е

она што дава најдобри

резултати.

Стивен Кави во текот на своите 25 години работа со успешни

поединци во светот на бизнисот, на универзитетите и во сферата на меѓучовечките односи открил дека оние најуспешните често ги мачи чувство на празнотија. Обидувајќи се да открие зошто, проучил повеќе книги за самопомош, самоусовршување и популарна психологија напишани во изминатите 200 години. Така, забележал дека постои јасен историски контраст помеѓу два видови успех. Пред Првата светска војна, успехот се припишува на етиката на карактерот. Тоа вклучувало особини како што се скромност, верност, интегритет, храброст и праведност. Меѓутоа, по војната дошло до промена на она што Кави го нарекува „етика на личноста“. Овде, успехот се гледал како функција на личноста, угледот, однесувањето и способноста. Но, тоа биле само плитки, брзински успеси, кои ги превиделе подлабоките принципи на животот.

Кави верува дека карактерот, а не личноста, е она што треба да се негува за да се постигне одржлив успех. Она што сме зборува многу

повеќе од она што го кажуваме или правиме. „Етиката на карактерот“

се заснова на збир на принципи.

Кави тврди дека овие принципи се очигледни и опстојувале во повеќето религиозни, социјални и етички системи. Тие имаат универзална примена. Кога се вреднуваат вистинските принципи, реалноста се прикажува онаква каква што навистина е. Ова е основата на неговата најпродавана книга, „Седум навики на високо ефективните луѓе (The 7 Habits of Highly Effective People)“.

Кои се тие седум навики на високо ефективните луѓе?

Седумте навики на Кави се состојат од основните принципи на карактерот врз кои почива среќата и успехот. Книгата „Седум навики на високо ефективните луѓе“ претставува пристап кон личниот и интерперсоналниот успех заснован на одредени принципи. Наместо да се фокусира на промена на начинот на кој го манифестираме нашето однесување и ставови, книгата има за цел да го промени нашето внатрешно јас, карактер и мотивации.

Седумте навики во оваа книга ќе ви помогнат да преминете од состојба на зависност, прво кон независност, а потоа кон меѓусебна зависност. Иако општеството и повеќето книги

за самопомош на пазарот сметаат дека независноста е највисокото достигнување, Кави тврди дека меѓузависноста е она што дава најдобри резултати. Меѓузависноста е позрел и понапреден концепт. Таа го става

во втор план сознанието дека човекот е независно суштество и истакнува дека со работа со други може да се постигнат подобри резултати отколку кога се работи сам. За да го достигнете ова ниво на меѓузависност, мора да ги развиете сите седум навики претставени во книгата. Ова се следните седум

навики:

1. Бидете проактивни;

2. Кога почнувате нешто, имајте ја целта на ум;

3. Поставувајте приоритети;

4. Размислувајте на начин кој им користи и на двете страни;

5. Прво обидете се да разберете, па дури потоа да им го објасните на другите вашето гледиште за ситуацијата;

6. Научете да ги здружувате силите;

7. Наострете ја пилата.

Ова резиме од „7-те навики на многу успешните луѓе“ ќе ги претстави секоја од овие навики и ќе покаже како можете да ги спроведете во пракса за да постигнете успех на кое било поле. Прва

бидетенавика:проактивни

Првата и најосновна навика на успешна личност е да биде проактивна. Ова значи не само дека треба да преземете иницијатива, туку и да преземете одговорност за вашиот живот. Затоа, не обвинувајте ги надворешните влијанија како што се околностите за вашето однесување, нека тоа биде дел од свесното одлучување врз основа на вашите сопствени вредности. Ако реактивните луѓе се водени од чувствата, проактивните луѓе се водени од вредностите.

Иако надворешните влијанија можат да предизвикаат болка, тоа не мора да го скрши вашиот карактер. Она што е најважно е како ќе реагирате на вакви настани. Проактивните поединци се фокусираат на она што можат да го променат, додека реактивните луѓе се фокусираат на оние области од животот врз кои немаат контрола. Така, тие собираат негативна енергија бидејќи се сметаат себеси за жртви на надворешни влијанија. Ова за возврат ги овластува овие влијанија постојано да управуваат со нив. Проактивноста најјасно се рефлектира во вашата способност да се држите до она што сте го

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 47

48 КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Првата и најосновна навика на успешна личност е да биде проактивна. Ова значи не само дека треба да преземете иницијатива, туку и да преземете одговорност за вашиот живот. Затоа, не обвинувајте ги надворешните влијанија како што се околностите

за вашето однесување, нека тоа биде дел од свесното одлучување врз основа на вашите сопствени вредности. Ако реактивните луѓе се водени од чувствата, проактивните луѓе се водени од вредностите.

посветиле на себе и на другите. Ова вклучува посветеност на

само-подобрување, со што се

постигнува личен развој. Ако си

поставите помали цели, а потоа се држите до нив, со текот на времето ќе го зголемите вашиот личен интегритет, што ќе ја зголеми

вашата способност да преземете

одговорност за сопствениот живот.

Кави предлага да ја тестирате

проактивноста во период од 30

дена, при што си поставувате низа

мали обврски и ги исполнувате.

Набљудувајте како тоа влијае на

вашиот став за себе.

Втора навика:

Кога ќе почнете, имајте цел на ум

За подобро да ја разберете оваа

навика, Кави ви предлага да

си го замислите својот сопствен

погреб. Треба да размислите

за тоа по што би сакале вашите

најблиски да ве паметат, за што

би сакале да ги земат предвид

вашите достигнувања и како сте

влијаеле на нивните животи. Овој

мисловен експеримент ви помага

да идентификувате некои од вашите

основни вредности кои треба да го

поткрепат вашето однесување.

Соодветно на тоа, секој ваш ден треба да придонесе за реализација на визијата на вашиот живот во целина. Ако знаете што ви е важно, можете да го посветите животот на она што ви е најважно. Втората навика вклучува откривање на старите верувања кои нè

попречуваат од она што ни е најважно и создавање нови кои се усогласуваат со нашите најдлабоки вредности. Тоа значи дека доколку се појават предизвици, можеме

да ги надминеме проактивно и со интегритет, бидејќи се водиме од јасни вредности.

Според Кави, најефективниот

начин да се започне со цел е да се формулира сопствената изјава

за мисијата. Треба да го вклучи

следново:

• што сакате да бидете (карактер);

• што сакате да правите (придонес и достигнувања);

• вредности на кои се базираат

и двете погоре горенаведените ставки.

Со текот на времето, вашата мисија ќе стане ваш личен устав. Ќе стане

она на што се заснова секоја ваша животна одлука. Ставајќи ги принципите во центарот на нашите

животи, поставуваме цврсти темели за понатамошен развој. Ова е слично на филозофијата претставена од Реј Далио во неговата книга „Принципи“. Бидејќи принципите не зависат од надворешни влијанија - тие не можат да се разнишаат. Тие ни даваат поддршка во тешки времиња. Кога вашиот живот се заснова на принципи, можете да стекнете појасен, пообјективен поглед на светот.

Трета навика:

поставете приоритети На почетокот на ова поглавје, Кави бара да одговорите на следниве прашања:

1. Што би можеле да правите на редовна основа - но во моментов не го правите - што може да го подобри вашиот личен живот?

2. Слично на тоа, што би можеле да направите за да го подобрите вашиот деловен живот или кариера?

Ако првата навика е поттик да разберете дека вие самите сте одговорни за вашиот живот, а втората навика се заснова на вашата способност да ги визуелизирате и откривате

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023

сопствените основни вредности, тогаш третата навика подразбира примена на првите две. Се фокусира на практикување

ефективно управување со себеси преку слободна волја. Кога си

ги поставуваме горенаведените

прашања, стануваме свесни

дека имаме моќ значително да

го промениме нашиот живот во

сегашноста.

Затоа, слободната волја

значи дека имаме способност

да носиме свои одлуки и да

дејствуваме по нив. Колку често

ја користиме нашата слободна

волја ќе зависи од нашиот

личен интегритет. Вашиот

интегритет се идентификува со

тоа колку се цените себеси и

колку ги почитувате сопствените

обврски. Третата навика се

занимава со давање приоритет

на овие обврски и ставање на

најважните работи на прво место.

Тоа вклучува развивање на

способноста да се каже „не“ на

работи што не се во согласност

со нашите водечки принципи. За ефикасно

управување со времето

според третата навика, нашите постапки:

1. мора да се засноваат на принципи;

2. тие мора да бидат свесно

насочени, што значи дека ни даваат можност да си го

организираме животот во согласност со сопствените основни вредности;

3. да ја дефинираат нашата основна мисија, која ги вклучува

нашите вредности и долгорочни цели;

4. даваат рамнотежа на нашиот живот;

5. се организираат на неделна основа, со дневни промени по потреба.

Нишката што ги поврзува овие пет точки е фокусот на подобрување на меѓучовечките односи и резултати, а не на максимизирање на

искористувањето на времето.

Ова се согласува со она што

го кажа Тим Ферис во книгата

„The Four Hour Work Week“

(Четиричасовна работна недела)

- дека управувањето со времето е

исклучително погрешен концепт.

дека сите договори или решенија се заемно корисни и дека сите страни се задоволни од исходот. За да го развиеме овој ментален став, мораме да го гледаме животот како соработка, а не како конкуренција. Следствено, сè што не резултира со позитивен исход за сите е спротивно на тенденцијата кон меѓузависност, што е најефективната состојба во која можеме да функционираме. Затоа, за да го прифатите овој ментален став, мора да развиете навика за меѓучовечко лидерство.

Ова вклучува зајакнување на секоја од следниве особини при интеракција со другите:

• самосвест;

• имагинација;

• совест;

• слободна волја.

„Седум навики

на високо

ефективните

луѓе (The 7 Habits of Highly Effective People)“

американскиот автор, бизнисмен и

едукатор Стивен

Кови ја издаде

во 1989 година

и оттогаш е

продадена

во преку 40 милиони

примероци ширум светот.

природно е дека ќе сакате да комуницирате и да ги слушате другите без да се чувствувате изманипулирани. Следствено, преку вашиот карактер пренесувате и комуницирате каков тип на личност сте. На тој начин луѓето со текот на времето инстинктивно ќе ви веруваат и ќе ви се отворат. Иако повеќето луѓе слушаат со намера да одговорат, вешт слушател ќе слуша со намера да разбере. Ова е познато како вештина на емпатично слушање. Откако ќе ја разберете ситуацијата, следниот чекор е да ја објасните вашата гледна точка. За ова е потребна храброст. Со примена на она што сте го научиле за емпатичното слушање, можете да ги презентирате вашите идеи според парадигмите и проблемите на слушателот. Ова ќе го зголеми кредибилитетот на вашите идеи бидејќи ќе го зборувате истиот јазик како вашата публика.

Четврта

размислувајтенавика:на

начин кој

им користи на двете страни

Кави тврди дека не се работи за техника, туку за филозофија на човечка интеракција каде што двете страни профитираат („win/ win“). Тоа е гледна точка која бара взаемна корист за сите. Тоа значи

Петта навика: прво обидете се да разберете, па дури потоа објаснете им го вашето гледиште за ситуацијата на другите Ако сакате да ги подобрите вашите меѓучовечки односи, Кави верува дека мора да се потрудите да ја разберете ситуацијата пред да се обидете да им го објасните вашето гледиште на другите. Способноста да комуницирате јасно е од клучно значење за вашата севкупна ефективност бидејќи тоа е најважната вештина што можете да ја развиете. Иако поминуваме години учејќи да читаме, пишуваме и зборуваме, Кави вели дека малку внимание се посветува на развивањето на вештините за слушање. Ако вашите принципи се силни,

Шеста навика: здружете ги силите Кога силите ќе се спојат, односно кога има максимална синергија, тогаш се појавува желба за постигнување заемно корисни договори со емпатична комуникација. Ова е суштината на принципиелно лидерство. Синергијата ги обединува луѓето и црпи огромна моќ од нив, бидејќи се заснова на идејата дека целината вреди повеќе од збирот на нејзините поединечни делови. Вистинскиот предизвик е да се применат принципите на синергично креативно здружување

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023 49

50 КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ

и психолошките разлики во групата луѓе, што ќе создаде нови парадигми на размислување меѓу членовите на групата. Тука креативноста го достигнува својот врв. Синергијата претставува ефикасност во форма на заемно зависна реалност. Тоа вклучува тимска работа, градење тим и обединување со други човечки суштества.

Седма навика: „Наострете ја пилата“ Оваа седма навика е за подобрување на самите себе преку четирите димензии на обновување.

на своите социјални интеракции.

Кави тврди дека таквите случаи на синергија во меѓучовечката групна соработка често се занемаруваат, но треба да бидат дел од вашиот секојдневен живот.

Во својата основа, синергијата

е креативен процес кој бара ранливост, отвореност и комуникација. Тоа значи дека треба да се направи рамнотежа помеѓу менталните, емоционалните

1. Физичка димензија: вежбање, исхрана и управување со стресот. Тоа значи грижа за вашето тело, правилна исхрана, доволно сон и редовна физичка активност.

2. Социјална/емоционална

димензија: посветеност, емпатија, синергија и внатрешна сигурност. Тоа ви дава чувство на сигурност и цел.

3. Духовна димензија: разјаснување на вредностите и посветеноста, проучување и медитација. Со фокусирање на оваа област од животот, се приближувате до својата срж и вашиот внатрешен систем на вредности.

RENEWABLE ENERGY ECONOMICAL PRICES SAFE COOPERATION

ЛИДЕР ВО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

4. Ментална димензија: читање, визуелизација, планирање и пишување. Оној кој постојано се едуцира, ги проширува своите хоризонти. Ова е неопходно за ефикасност.

над

300 КОМПАНИИ, ИНСТИТУЦИИ И ЈАВНИ ПРЕТРИЈАТИЈА

НАД 450 GWH

ГОДИШНО СНАБДУВАЊЕ

КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ ЗА ПРОДАЖБА

office@res.mkwww.res.mk

„Наострување на пилата“ значи да се работи на сите четири мотивации редовно и доследно. Тоа е најважната инвестиција што можете да ја направите во животот, бидејќи вие сте инструментот на вашиот настап. Важно е да ја развиете секоја од горенаведените области на избалансиран начин, бидејќи ако инвестирате премногу во една област значи дека ја запоставувате другата област. Меѓутоа, позитивниот ефект од острењето на вашата пила во една област е тоа што има позитивен ефект и во друга област, бидејќи тие се меѓусебно поврзани. На пример, со фокусирање на вашето физичко здравје, вашето ментално здравје неочекувано ќе се подобри. На овој начин се создава нагорна траекторија на раст и промена која ни помага да станеме се повеќе самосвесни. Движењето по нагорна патека значи дека треба да учиме, да се посветуваме и да работиме понапорно додека се движиме кон врвот, постепено станувајќи сè поефикасни. 

KAPITAL.MK I БРОЈ 1148 16 ЈУНИ 2023
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.