Nedviznosti

Page 1

special edition

НЕДВИЖНОСТИ

ШТО НАУЧИВМЕ ОД

ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ

НЕДВИЖНОСТИ

ВО МАКЕДОНИЈА, ОРГАНИЗИРАНА ОД ФОРТОНМКА?

Проектите не запираат

Доаѓа време на retail парковите

Канцелариски

простор: чекор

понапред

ESG станува

задолжително

БИЗНИСМЕНИ ГРАДЕЖНИЦИ ПОРАЧУВААТ:

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго

освен во недвижнини

издание на 31 мај, 2023 business magazine

СТРЕМЕЖ

ЗА МЕНУВАЊЕ НА

ПАЗАРОТ КОН ПОДОБРО

Конференцијата e организирана со цел поттикнување на бизнис можности и соработка, а опфати различни прашања и предизвици поврзани со сите аспекти поврзани со инвестициите во комерцијален недвижен имот, како сектор кој постојано еволуира последните години.

отелот Дабл Три Хилтон во Скопје беше место каде

што на 10 мај годинава беа собрани практично

сите што нешто значат во светот

на недвижностите во Македонија,

но имаше гости и од регионот

и пошироко. Во организација

на Фортонмка се случи првата

Конференција за комерцијални недвижности во земјава, можност локални и меѓународни професионалци и експерти од секторот да се сретнат и да разменат знаења и искуства.

Конференцијата се организира со цел поттикнување на бизнис можности и соработка, а опфати различни прашања и предизвици поврзани со сите аспекти поврзани

со инвестициите во комерцијален недвижен имот, како сектор кој постојано еволуира последните години. Преку своето присуство, професионалци од сите сегменти на комерцијалните недвижности, финансиски експерти, инвеститори од државата и од Централна и Југоисточна Европа имаа можност да разговараат и споделат мислење на актуелни теми.

28
Х
ФОРТОНМКA ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

 специјален прилог

НЕДВИЖНОСТИ

31 мај 2023 | KAPITAL.MK | број 1147

КАТАРИНА НИКОЛОВ, главен извршен директор на Фортонмка ја отвори Конференцијата и порача дека

ова е нивниот компаниски придонес кон менување на пазарот на недвижности кон подобро.

Коорганизатор на Конференцијата е агенцијата Кликер Маркетинг, а ексклузивен медиумски партнер Капитал.

Конференцијата ја отвори со поздравен говор извршната директорка на Фортонмка, Катарина Николов, којашто рече дека оваа конференција е нивни придонес кон целиот сектор на комерцијални недвижности, со цел пазарот да оди само по нагорна линија.

„Важно е нашиот тим да е постојано во тек со случувањата во регионот, па и пошироко, како секогаш би ја гледале ‘големата слика’ на нештата. Присутни сме на конференции за недвижности

од каде што носиме идеи, или ги добиваме релевантните информации во врска со актуелни теми во недвижностите. Но, нашето најголемо знаење и експертиза, доаѓа од 12 години посветена работа на македонскиот пазар. Така, и оваа конференција значи голема посветеност, насочен ангажман од наша страна. “, истакна Николов.

Додадена вредност Првата Конференција за комерцијални недвижности беше поделена на шест панели, секој со интересна и значајна тема за дискусија, почнувајќи од можностите и перспективи за инвестирање во недвижности на пазарите во развој; финансирањето на проекти; развој на логистички паркови; иднината на канцеларискиот простор; концептот на ЕSG во комерцијалните недвижности; и на крајот, можеби темата најинтересна за пошироката јавност, резиденцијалните недвижности. Организаторот Фортонмка е македонска советодавна компанија која на домашниот пазар за недвижности работи веќе 12 години. Фортонмка успешно посредува во сите сегменти на комерцијалните недвижности: физибилити студии и истражувања на пазарот, исплатливост на вложување во проекти, пристап до финансирање, управување со проекти, изнајмување на малопродажен (retail) простор, изнајмување на канцелариски простор, магацини, индустриски објекти и земјишта. На годишно ниво Фортонмка

ОЛГА ДЕРВЕНЏИ, менаџер за бизнис развој во Фортонмка, беше и учесник на панелот „Инвестиции на пазари во развој“.

обезбедува советодавни услуги за развој на повеќе од 500.000 м2 недвижен имот во вкупна вредност од над 50 милиони евра.

„Фортонмка е дел од проекти со најразличен формат. Додадената

вредност е во познавањето како се одвива процесот, како се создава квалитетен имот, како од една мала идеја, создаваме проект кој потоа може да има пазарна вредност од, на пример, 30 милиони евра. Го предвидуваме и максимизираме повратот на инвестицијата, а истовремено имплементираме долгорочни стратегии за одржливи имоти. Нашиот пазар не е ниту мал, ниту за потценување. Со таа цел ја иницираме и организираме оваа прва конференција, каде што сите домашни и меѓународни професионалци од областа за прв пат се на едно место. Се радуваме што создадовме можност да бидеме гласни во споделување на поривот да го мапираме македонскиот пазар во светските трендови. Ова е нашиот придонес кон менување на пазарот кон подобро“, изјави Катарина Николов, главен извршен директор на Фортонмка. 

29

ШТО НАУЧИВМЕ ОД ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА

КОМЕРЦИЈАЛНИ

НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА?

ПРОЕКТИТЕ НЕ ЗАПИРААТ, ДОАЃА ВРЕМЕ

НА RETAIL

ПАРКОВИТЕ, А ESG СТАНУВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Првата конференција за

комерцијални недвижности во Македонија беше извонредна

можност која несомнено обезбеди вредна платформа за професионалците

да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на

предизвиците во индустријата.

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на најновите трендови и предизвици.

На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и

присутните имаа можност да осознаат различни перспективи и да

слушнат различни искуства.

С

копје пред дваесетина

дена беше сведок на

перфектно организиран

настан посветен на

пазарот за недвижности.

Иницирана и организирана

од Фортонмка, на 10 мај се

одржа првата Конференција за

недвижности, во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје.

Организаторите од Фортонмка, како

домаќин на првата конференција од ваков вид во Македонија, покажаа посветеност за промовирање на растот и развојот на секторот за комерцијални недвижности во земјата.

Настанот беше извонредна можност која несомнено

обезбеди вредна платформа за професионалците да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на предизвиците во индустријата.

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на

најновите трендови и предизвици.

На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и присутните имаа можност да

осознаат различни перспективи и

да слушнат различни искуства.

Инвестиции на пазари

во развој

На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари

во развој“, се дискутираше за

атрактивноста на инвестиции на ваков вид на пазари, не само поради поголемиот приход и поврат на инвестицијата, туку и поради недостатокот на инвеститори, едноставно овие пазари уште не се на “радарот”.

Имајќи го ова предвид, инвеститорите треба да ги искористат предностите на овие специфични пазари пред трансакциите да станат прескапи. Еден од учесниците на оваа дискусија беше директорот на Технолошките и индустриски

развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

„Презентиравме еден нов модел кој го воведовме на работењето

во слободните економски зони, кој овозможува домашните компании градежни но и финансискиот сектор и осигурителните компании да

земат дел од колачот од странски инвестиции кои влегуваат во земјава. Минатата година успеавме да заокружиме проекти преку 60 милиони евра, и дополнително работиме на уште три проекти кои ќе овозможат домашниот градежен сектор да влезат во еден инвестициски циклус да земат 100 милиони евра“, изјави Деспотовски. Покрај Јован Деспотовски, на првата панел дискусија учествуваа и Сергеј Којнов (управувачки партнер, Intellyway Services), Маја Останек (Директор, Фонд за недвижности Alfi), Стела Дами

(партнер и раководител, Colliers International), и Олга Дервенџи (менаџер за бизнис развој, ФОРТОНМКА).

Финансирање на проекти На втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, се разговараше за улогата на финансиските институции како неминовен чинител за успешна реализација на инвестициите од страна на компаниите. Учесниците, финансиските институции и инвеститорите беа категорични дека и покрај економската несигурност, побарувачката за финансирање на проекти во комерцијален недвижен имот не е намалена. Се потенцираше дека довербата меѓу страните е неопходна, додека пак експертското знаење за оценка за исплатливоста на вложувањата е суштина при одлучувањето за финансирање на проектите.

Од банките рекоа дека остануваат посветени на тоа на потенцијалните корисници на нивните кредити да им помогнат во поквалитетно креирање на бизнис планови, со што би се избегнале евентуалните проблеми предизвикани од менување на економските услови, пазарни шокови, инфлација, итн. Заклучокот беше дека не се чувствува некакво забележително намалување на побарувачката

за кредити, како од страна на самите градежни компании,

32

n специјален прилог

НЕДВИЖНОСТИ

31 мај 2023 | KAPITAL.MK | број 1147

но и од крајните корисници на станбениот и деловниот простор, иако во наредниот период може да се очекува извесно забавување

поради кризата.

Панелистите истакнаа и дека концептот на општествена одговорност, односно

одржливост или ESG, станува сè повеќе незаобиколен дел на инвестициските проекти во секторот недвижности. Или како што кажа еден од учесниците, компанија која не води сметка за аспектите на одржливост, сè потешко или воопшто нема да биде квалификувана за да добие финансирање од банките, ниту пак осигурителни и други услуги на пазарот.

На овој панел учествуваа

Александар Тодоров (директор, филијала за корпоративни клиенти, ПроКредит Банка), Игор Стојнев (консултант, Жикол Груп), Марија Томеска (претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување), Елмедин Адеми (извршен директор, Еуровиа Груп), Џан Мемед (директор на Дирекцијата за корпоративен маркетинг и проектно финансирање, Халкбанк АД Скопје).

Потреба за развивање

на логистички паркови На панел дискусијата „Потреба за развивање на логистички паркови”, се елаборираше што ја движи потребата за развој на логистички

капацитети: е -трговијата, потребата стоката да биде блиску до крајниот корисник, како и релокацијата на лесната индустрија во регионот. Целосната слика за потребата од логистички капацитети беше претставена од страна на говорници кои се позиционирани на различни делови на “supply chain“, поточно од инвеститори до корисници во нашата држава, но и во државите на Југоисточна Европа.

На оваа панел дискусија говорници беа Влатко Ѓуричек (генерален директор за Србија, БЕСИКО), Влатко Безоски (директор за продажба и маркетинг, Quehenberger Logistics Macedonia), Дејан Јакимовски (извршен директор, Дени Интернационал - Скопје), Јири Суремка (генерален управувачки партнер, complexRE), и Игор Трпковски (генерален директор, Sport Vision).

33

Што е следно за канцеларискиот простор?

На четвртата панел дискусија

„Што е следно за канцеларискиот

простор?“, разновидна група

експерти разговараше за клучните

двигатели при креирање на идни

стратегии за работната средина.

Канцеларискиот простор ќе треба

да даде бенефиции на работниците

што не можат да ги најдат на друго место. По Ковид пандемијата, во која се актуелизираше

хибридниот модел на работење, компаниите се враќаат на

основниот принцип на работа

со физичко присуство во канцелариите.

Учесници на овој панел беа Иван Мирковски (извршен директор, Smart Living Group), Миа Зечевиќ (сопственик и директор, Novaston), Илија Господинов (претседател на

УО, МАСИТ) и Катарина Николов (извршен директор, Фортонмка)

Оставаме белег.

Што значи ESG?

На панел дискусијата „Оставаме

белег. Што значи ЕСГ (ESG)?” се дискутираше околу важноста за еден од најголемите трендови во доменот на инвестициите – ЕСГ (ESG), кој има цел да ги поттикне компаниите да ги базираат инвестициите врз основа на влијанието на компанијата врз животната средина, социјална одговорност и транспарентно раководење кое се потпира на највисоките етички норми и стандарди при водење бизнис. Преку практични примери согледавме дека нашите компании ја уважуваат и започнуваат имплементацијата на ЕСГ (ESG)

со цел да бидат во тек со светските трендови.

Учесници на оваа панел

дискусија беа Димитар Ристовски (корпоративен секретар, Алкалоид), Наташија Ли (директор, ESG Pro и Ивица Јевтиќ (управувачки партнер, Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ, Скопје).

Last, but not least: станбен простор

На последната панел дискусија за пазарот на станбен простор, во фокусот беа предизвиците и влијанието кои ги создаваат

економските кризи, трендовите на домување, како и иднината на пазар со станбен простор. Експертски мислења од стана на панелистите за понудата и побарувачката која покрај

зголемувањето на цените и затегнувањето на монетарната политика остана стабилна.

Пазарот со станбен простор

НАД 400 GWH

останува во фокусот на локалните инвеститори но за сериозен развој на истиот, најголемиот предизвик е неносењето на ДУП-ови или нереализирање на истите од страна на општините. Учесници на овој последен конференциски панел беа Мартин Пановски (архитект на проектот ГРАНД Скопје и косопственик Радиус Архитекти), Александар Стефанов (член на управен одбор Фабрика Карпош АД), Велимир Петровски (директор за продажба, КНАУФ), Фатмир Етеми (сопственик, генерален директор, ЗСФ КОМ), Александар Ивановски (сопственик, генерален директор Порта Инженеринг Груп), и Сашо Цветковски (раководител на оддел за станбен простор, Фортонмка). Дискусиите им овозможија на присутните да истражуваат на различни теми поврзани со комерцијалните недвижности, како што се стратегиите за инвестирање, динамиката на пазарот, регулаторниот развој, одржливоста, стандардизација, технолошкиот напредок и новите трендови. Првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија беше организирана со поддршка од спонзорите: платинум спонзор беше ФОРТОНМКА, златен спонзор ГРАНД Скопје, сребрени спонзори на настанот беа Адвокатското друштво ТОШИЌ и ЈЕВТИЌ; ЕУРОЛИНК осигурување; Ф-ка КАРПОШ Скопје; KNAUF; POINT RETAIL PARK; GIPS IMOBILIA; Архитектонско студио SUPER BLOCK, BAHAS HARMONY BARDOVCI VILLAGE, HALKBANK АД Скопје; EUROVIA GROUP, како и TV 21. 

34
RENEWABLE ENERGY www.res.mk +389 2 55 14 000 office@res.mk ECONOMICAL PRICES SAFE COOPERATION над 300 КОМПАНИИ, ИНСТИТУЦИИ И ЈАВНИ ПРЕТРИЈАТИЈА ЛИДЕР ВО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 1 ГОДИНА RES
ГОДИШНО СНАБДУВАЊЕ

Големата побарувачка тие ја

објаснуваат со традиционалната

навика на македонските граѓани

да ја чуваат вредноста на своите

пари купувајќи недвижнини.

БИЗНИСМЕНИ ГРАДЕЖНИЦИ

СТАНОВИТЕ НЕМА

ДА ПОЕВТИНАТ, ПОБАРУВАЧКАТА НЕ СТИВНУВА, МАКЕДОНЕЦОТ НЕ

тановите во Скопје,

како најатрактивна

локација, но и во другите

македонски градови

нема да поевтинат, или

евентуално може да има само

мала корекција на цената, велат македонските бизнисмени што

градат станбени згради.

„Побарувачката за станови не

се намалува, иако цените отидоа нагоре последниве година и половина. Ние продадовме 500 станови во комплексот Порта Супериум, уште толку да ги имавме ќе ги продадевме“, рече

сопственикот на Порта Инженеринг Груп, Александар Ивановски, на неодамнешната Конференција за комерцијални недвижности во Скопје. Големата побарувачка тој ја објаснува со традиционалната

навика на македонските граѓани да

36
ВО ДРУГО
ИНВЕСТИРА
ОСВЕН ВО НЕДВИЖНИНИ
ПОРАЧУВААТ
С

прилог

Сопственици на некои од најголемите компании што градат станови во Скопје, архитекти и консултанти развија интересна дискусија на последниот, но можеби најатрактивен панел на Конференцијата за комерцијални недвижности во организација на Фортонмка.

период, не е забележано попуштање на побарувачката за станови.

„Некои анализи ни покажуваат

ја чуваат вредноста на своите пари купувајќи недвижнини.

„Ако имаме предвид што се

случува во светот во последно време, инфлација, економска

несигурност, итн., нашиот народ не гледа друг избор кај да ги пласира парите со коишто располага.

Македонецот не знае за друго, знае две работи – или во банка или во недвижнини. Бидејќи каматните стапки за депозити во банките сега се пониски од стапката на инфлација, единствено гледа дека на долг рок може да ја зголеми вредноста на своите пари само преку купување станови. Затоа е толкава побарувачката. А, ако имаш притисок од побарувачката

и цената ќе расте. Плус, додадете

го и големото поскапување не сите градежни материјали во последно време, сето тоа придонесе цената да оди нагоре.“, рече Ивановски.

За 20-тина години квадратот

поскапел само стотина евра, сега фаќаме чекор со регионот

Сашо Цветковски од Фортонмка, консултантската компанија за недвижнини што ја организираше Конференцијата, рече дека и покрај зголемувањето на цените на становите за околу 20% изминатиов

дека веројатно, поради затегнувањето на монетарната политика може на среден рок да се очекува благо намалување на побарувачката, но не ништо драстично“, рече тој. Ивановски од Порта Инженеринг се надоврза околу цената на становите со свое видување. „Најголемото покачување на цените на становите се случи во 2000 година кога се смени марката во евро. Тогаш квадратот во Скопје беше 950 марки, па наеднаш стана 950 евра. Во 2018 година кога ја градевме Порта Аеродром, квадратот го продававме по 1.050 евра. Значи за 18 години, пораст на цената од само стотина евра. А знаете ли колку поскапи квадратот во Белград, Софија, Загреб, за тоа време?!“

Политиката исто така влијае врз цените на становите Фатмир Етеми, сопственик на ЗСФ КОМ, компанија што има градено на повеќе локации низ Скопје, смета дека цените на становите се оптоварени и со други фактори кои немаат врска со пазарот. „Овде се случуваат работи кои ги нема никаде во светот. Постапки за градежни одобренија се развлекуваат со години, не се носат ДУП-ови, па имавме едно време сосема погрешна политика на

носење мораториуми на градба во општините. Па имаме ситуации каде што ДУП е на сила, а луѓето не добиваат одобрение за градба. Не може со политика да прекинуваш еден процес, пазарот бара станови.“, рече Етеми.

Тој ја истакна и, како што ја нарече, вештачката хистерија што се создаде во јавноста кон градежниците, што доведе до поништување на многу ДУП-ови, па пролонгирање со години. „И знаете кој го плаќа цехот на крај? Граѓаните. Ако се одолжи постапката, трошоците растат, становите поскапуваат. Апелирам да се освестат донесувачите на одлуки, да престанат да мразат успешни луѓе. Градежништвото мобилизира многу други гранки во економијата. Ние остануваме тука со нашиот капитал, не го носиме надвор, продолжуваме да инвестираме во својата земја, вработуваме луѓе, индиректно храниме уште многу вработени поврзани со оваа дејност. “ Инаку, на панелот посветен на станбениот простор учествуваа и Мартин Пановски (Архитект на проектот ГРАНД Скопје и косопственик РАДИУС АРХИТЕКТИ), Александар Стефанов (Член на управен одбор ФАБРИКА КАРПОШ АД) и Велимир Петровски (Директор за продажба, КНАУФ). nnn

n специјален
НЕДВИЖНОСТИ 31 мај 2023 | KAPITAL.MK | број 1147 37
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.