1147- kapital

Page 1

ФЕРОИНВЕСТ СО ДВА КОИНВЕСТИТОРИ ИЗГРАДИ БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА ОД ОТПАДОТ ОД ФАРМИТЕ ЌЕ СЕ ДОБИВА СТРУЈА, ТОПЛИНА И ОРГАНСКО ЃУБРЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВО ОВОЈ БРОЈ СПЕЦИЈАЛНИ

ШТО НАУЧИВМЕ ОД ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФОРТОНМКА?

ВО МАКЕДОНИЈА

business magazine БРОЈ 1147 l 31 мај 2023 петок година 24 l цена 200 ден.
COVER
СЕКТОР
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЗА 20% ПОГОЛЕМИ УПЛАТИ ЗА НЕЖИВОТНИ ОСИГУРУВАЊА
ПРОЕКТИТЕ НЕ ЗАПИРААТ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА RETAIL ПАРКОВИТЕ, А
ESG
СТАНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО
STORY ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ

КАПИТАЛ... 1147 06

COVER STORY

Продолжува растот на

осигурителниот сектор

во Македонија

Во првиот квартал за 20% поголеми уплати за

14

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Банките и

дигитализацијата

До каде се македонските банки: процесот е започнат и нема назад 24

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ Недвижности Фортонмкa ја организираше првата

Конференција за комерцијални недвижности во Македонија

ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА Фероинвест

со два

коинвеститори

изгради биогасна електрана

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

неживотни осигурувања 38

БАЛКАН

Наивност, лакомост, финансиска

неписменост

или сето тоа заедно Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15

милиони евра

COVER STORY....................................................06

Продолжува растот на

осигурителниот сектор во Македонија

Во првиот квартал за 20% поголеми уплати

за неживотни осигурувања

SPECIAL EDITION..................................................14

БАНКИТЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА

 До каде се македонските банки:

процесот е започнат и нема назад

 Што е иднината на банкарството?..22

Дигиталната трансформација не е само

модел за успех, туку и модел за опстанок

ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА

Фероинвест со два коинвеститори

изгради биогасна електрана...............24

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

40

ЕВРОПА Зелена дигитализација

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

SPECIAL EDITION НЕДВИЖНОСТИ

 Фортонмкa ја организираше првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија...........................................28

 Што научивме од првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија?....30 Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

 Бизнисмени градежници порачуваат...................................................36

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

44

СВЕТ Промени на глобалниот пазар

Кина стана најголем

извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

БАЛКАН

Наивност, лакомост, финансиска неписменост или сето тоа заедно...38

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра ЕВРОПА Зелена дигитализација............................40

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

СВЕТ Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија....44

МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО Капацитети на водачот.............................48

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 30.05.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
28

ИЗБЕГНАТА ЛИ Е

„МАЈКАТА НА СИТЕ КРИЗИ“?

Aмериканскиот претседател Џо Бајден

во неделата потврди дека постигнал

договор со републиканскиот спикер

на Претставничкиот дом Кевин

Мекарти (на фотосот) за зголемување

на лимитот за задолжување од 31,4

трилиони долари (тоа се 34 илјади

милијарди долари) до 1 јануари 2025

година и оти Конгресот сега може

да гласа за тоа. Компромисниот

предлог-закон кој го изготвија Бајден

и Меккарти и кој американскиот

претседател го нарече „конечно

решение“ има 99 страници. Договорот

за јавниот долг, кој ја спречува

владата да прогласи банкрот за

првпат во американската историја, доаѓа по неколкунеделни преговори

меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом.

Зошто е ова битно? Затоа што во

случај на банкрот, вработените во сите државни институции на САД нема да примаат плата, нема да се исплаќаат пензиите, доверителите нема да си ги вратат побарувањата, берзите би паднале, а САД би биле погодени од голема рецесија. „Мајката на сите кризи“, како што ја нарекуваат економистите, би се прелеала во глобалната светска економија. Договорот меѓу Бајден и Мекарти беше објавен без никакво славење, што само отсликува колку тешки беа разговорите и дека договорот допрва треба да се протурка низ Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинство и Сенатот, каде што демократите го задржаа простото мнозинство по минатогодишните парцијални избори. nnn

ВО ФОКУС KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 4

Elegance is an attitude

LONGINES DOLCEVITA
Jennifer Lawrence
KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 6 COVER COVERSTORYSTORY

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА

ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР

ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПРВИОТ

КВАРТАЛ ЗА 20% ПОГОЛЕМИ

УПЛАТИ ЗА

НЕЖИВОТНИ

ОСИГУРУВАЊА

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солиден раст има и кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 7

Најпопуларна односно најбрзо растечка класа и во првите три квартали годинава е приватното (дополнително)

здравствено осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година.

Вложувањата

во неживотни осигурувањa во Македонија достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за

првите три месеци годинава.

Граѓани, фирми и институции во

овој период вложија за речиси 20

отсто повеќе односно 7,9 милиони евра повеќе од истиот период во 2022 година. Во првото тромесечје

годинава се склучени над 369.000

договори за осигурување што е за 20 отсто повеќе од истиот период

лани, покажуваат официјалните

податоци кои до Агенцијата за

супервизија на осигурување (АСО)

ги доставија сите 11 компании за

неживотно осигурување.

Од податоците кои се јавно

достапни на вебсајтот на

АСО, евидентно е дека растат

вложувањата во сите поголеми

доброволни класи осигурување, а

расте и вредноста на полисите за

задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.

Да потсетиме, минатата, 2022 година, беше рекордна од аспект на вложување во осигурување и

од аспект на исплати на осигурени штети, односно најдобрата година во корпоративната историја на осигурувањето во Македонија.

Вкупната вредност на исплатените штети од сите осигурителни компании надмина 83 милиони евра и тоа е за 10% подобар резултат од претходната 2021 година.

Во АСО коментираа дека и покрај значителниот пораст на исплатените износи на надомест на штети кон осигурениците, осигурителните компании се ликвидни, солвентни и имаат подобрување на општата

профитабилност. Според нив, тоа е потврда дека осигурителниот

пазар расте и се развива во насока на подобрување на квалитетот

на осигурителните услуги за сите граѓани на општеството.

Приватното здравствено

осигурување и понатаму најбрзо расте

Најпопуларна односно најбрзо растечка класа и во првите три квартали годинава е приватното (дополнително) здравствено

осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Во приватно здравствено осигурување граѓаните за своите семејства и компании за своите вработени вложиле 367,5 милиони денари (6 милиони евра). Интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година. Претседателот на Советот на експерти на АСО, д-р Крсте Шајноски неодамна за Капитал изјави дека приватното здравствено осигурување доживеа интензивен раст откако започна ковид кризата, а продолжува да расте и успешно да го подобрува своето место во палетата осигурителни производи. „Неговото место во палетата осигурителни производи ќе го илустрирам со следниве факти: во 2022 година е трет најпродаван осигурителен производ во кој се вложени над 11 милиони евра што е за 68 отсто повеќе од 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 8 COVER STORY

ПРОДОЛЖУВА

година. Приватно здравствено

осигурување во 2022 година

имаат над 93.000 граѓани и

нивниот број е зголемен за 43

отсто во однос на 2021 година.“, рече Шајноски.

Тој нагласува и дека индиректно

приватното здравствено

осигурување му помага и на

јавното здравство со тоа што го

превзема, а со тоа и намалува

товарот и притисокот врз јавното

здравство како материјалнотехнички така и финансиски.

Најголемата доброволна класа

– осигурувањето имот исто така бележи раст за 10,5 отсто.

Вкупните вложувања на граѓани и

правни лица за осигурување имот

достигнале 612 милиони денари (10 мил.евра).Склучени се речиси

38.500 договори за осигурување

имот и нивниот број е за 6 отсто

поголем од истиот период лани.

Солиден раст и кај каското

Од другите доброволни класи

вредно е да истакне дека има

солиден раст на продажбата на

полиси кај каско осигурувањето возила. Вкупната продажба

на каско полиси достигна 272 милиони денари (4,4 мил.евра)

и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.

Во првите три месеци годинава граѓаните патувале во странство значајно повеќе од истиот период лани. Продажбата на патничко осигурување во овој период пораснала за 45 отсто во споредба со лани и изнесува 44 милиони денари (713.000 евра). Биле продадени 64.000 полиси за патничко осигурување што е за 44 отсто повеќе од првиот квартал лани.

Најголемо учество во вкупната продажба на неживотни осигурување и годинава има осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон. Осигурениците вложиле 1,18 милијарди денари (19,2 мил. евра) за три месеци и тоа е 13 отсто повеќе од истиот период во 2022 година.

50%

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 9
РАСТОТ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА
ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА за 36 месеци во денари до www.unibank.mk • до 3,1 % за 12 месеци во денари • до 3,6 % за 24 месеци во денари
Штедете флексибилно!
3,9 %
за дополнително здравствено осигурување 6 милиони евра вложени во приватно здравствено
раст на осигурувањето на имот 26% пораст кај каско осигурувањата БРОЈКИ ЗА ПРВ КВАРТАЛ 2023
повеќе договори
10,5%

ЕНЕРГИЈА

Најголемата

доброволна

класа –

осигурувањето

имот исто така

бележи раст

за 10,5 отсто.

Вкупните

вложувања

на граѓани

и

правни лица за

осигурување

имот достигнале 612 милиони

денари (10 мил.евра).

Граѓаните сè почесто се жалат кај регулаторот

Исто така, годинава продолжува да расте и бројот на претставки

кои до АСО ги поднесуваат

незадоволни осигуреници, па во АСО сметаат дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на агенцијата во заштитата на правата на осигурениците. АСО во првите три месеци годинава примила 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто во споредба со првиот квартал 2022 година.

Од поднесените претставки 5 биле без основ за разгледување, а подносителите во 6 случаи ги повлекле своите поплаки. Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници. Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е задолжителна со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување. Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на обесштетувањето и се решени негативно.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 10 COVER STORY
ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА
ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ БИО
ТРАНСФОРМАТОРИ + 3 8 9 2 5 5 1 4 0 0 0 +389 2 5514 000 i n f o @ f e r o i n v e s t . m k info@feroinvest.mk w w w . f e r o i n v e s t . m k www.feroinvest.mk П Р О Е К Т И Р А Њ E , И З В Е Д Б А , ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА, У П Р А В У В А Њ Е И О Д Р Ж У В А Њ Е УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ 2 0 Г О Д И Н И 20 ГОДИНИ
ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ
Повеќе информации за покритијата на triglav.mk. Сè ќе биде во ред. triglav.mk
дом. Мој дом. Одбери го твојот SAFE, SMART, COMFORT или RELAX пакет. Триглав Мој дом.
Осигурување на

Најмногу поплаки

поради основата по која

се исплаќаат штети

Во овој период е намален бројот

на поплаки за решавање штети

врз основа на пополнет европски

извештај. Во првите три месеци

се добиени 13 претставки за

решавање штети и тоа е за 32 отсто

помалку од истиот период лани.

За осигурување имот се поднесени

9 претставки, а по 8 се однесуваат

на приватно здравствено

осигурување и на осигурување од незгода.

Исто како и претходната година, во

однос на причината поради која се жалат осигуреници, најбројни во

овој период се претставките кои се

однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33 такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година. Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат

штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто

помалку во однос на истиот период лани.

За висината на надоместокот на

штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 19

Од другите доброволни

класи вредно е да истакне дека има солиден раст на продажбата

на полиси кај каско

осигурувањето возила. Вкупната продажба

на

каско полиси достигна 272 милиони денари (4,4 мил.евра) и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.

осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена отштета.

Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за отштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разгледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка. 

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 МАЈ 2023 12 COVER STORY Печат за успех +389 43 212 560 office@brako.com.mk www.brako.com.mk 20 ГОДИНИ

ОД ОТПАДОТ ОД ФАРМИТЕ ЌЕ

СЕ ДОБИВА СТРУЈА, ТОПЛИНА И ОРГАНСКО ЃУБРЕ ЗА

ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Електраната во с. Сарамзалино е со моќност од 2 MW (мегавати), се градеше две години и чини 12 милиони евра. Годишно ќе произведува 16.640 MWh електрична енергија која може да ги задоволи потребите на 15 илјади луѓе, ќе произведува топлинската енергија која ќе може да загрева плантажи на 6 хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво, објасни Кочо Анѓушев, сопственикот на Фероинвест.

олдингот Фероинвест/ Централинвест

во сопственост

на Кочо Анѓушев

изгради биогасна

електрана, како дел

од својата групација на електрани

од обновливи извори. Сега во

своја сопственост има мали

хидроелектрани, фотоволтаични

електрани и биогасна електрана.

При посетата на новинарска екипа

на новата електрана, Анѓушев истакна дека овој вид на капацитет е најстабилен производител на

чиста и еколошка електрична енергија, бидејќи нејзиното производство не зависи од ветер, сонце или вода туку целосно може да се контролира.

„Ова е покажување на дело на тоа што јас постојано и го зборувам -дека на Македонија и е потребна диверзификација на инвестициите во обновливи извори. Ние тоа го правиме и со овој пример уште еднаш упатувам апел – паметно

и со план да се инвестира во обновливи извори, а државата стратегиски да ја води енергетската

транзиција и да не се прави концентрација само на еден извор”, рече Анѓушев. Коинвеститори со Анѓушев во биогасната електрана во с. Сарамзалино во општина Лозово, светиниколско, се најголемата фарма за одгледување свињи во Македонија, АГРИА, на Перо Колевски и фирмата за амбалажа од Охрид, АСП-ПАК на Петар и Спасе Спасески. Најдобар пример за

циркуларна економија Според Колевски, на овој начин

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 24
ИЗГРАДИ БИОГАСНА
ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА ФЕРОИНВЕСТ СО ДВА КОИНВЕСТИТОРИ
ЕЛЕКТРАНА
Х

трајно и системски се решава прашањето со екологијата и

одложувањето на отпадот од

фармите, а во иднина планираат

како биогориво да се користи и

отпадот од кланиците. Се работи

за околу 30 илјади тони суви

отпади на годишно ниво и околу 15

илјади тони течни отпади. Кога би

го немало овој капацитет тој отпад

би завршил практично секаде – во

природата, во воздух, во Вардар, во другите реки…Биоелектраната практично го апсорбира целиот органски отпад – од житарици, силажа, отпад од свињарски и краварски фарми, отпад од млекарска индустрија, сурутка по правење млеко, расипано млеко, отпад од винарии, комиње, отпад од преработка на градинарски

производи, на пример кога се прави ајвар, лушпите, семките… Биогасната електрана, како

што наведе Спасе Спасески, го решава проблемот и со увозот на

вештачки земјоделски ѓубрива, бидејќи како нуспродукт биогасната електрана дава домашно органско ѓубриво кое останува на крајот на технолошкиот процес по производството на електрична енергија. „Биогасната електрана е најголемиот чистач на органски отпад во општеството. Сè што е органско и може да се распадне, е гориво во биогасната електрана, а нус производ од нејзината работа е електрична енергија, чист хумус и течност за третирање на полињата со хранливи материи. Биогасната електрана практично е најдобриот пример за циркуларна економија, она што го слушаме како дефиниција во општеството“, додаде Анѓушев. Електраната во с. Сарамзалино е со моќност од 2 MW (мегавати), се градеше две години и чини 12 милиони евра. Станува збор за биогасна електрана од последна

генерација со најмодерна инсталирана технологија. Годишно ќе произведува 16.640 MWh

електрична енергија која може да ги задоволи потребите на 15 илјади луѓе, ќе произведува топлинската

енергија која ќе може да загрева плантажи на 6 хектари земјоделско земјиште и ќе произведува 40.000 тони природно земјоделско ѓубриво. Покрај посетата на биогасната

електрана во светиниколско, новинарите можеа да видат како работи и компанијата БРАКО во Велес, исто така во сопственост

на Анѓушев, каде со најсовремени

машини, стручно инженерско

знаење од македонски инженери

и роботизирано производство во

четири фабрики се произведуваат електрични, хидрогенски и дизел возила за чистење, тешки метални конструкции, жичани производи и медицинска опрема, и 95% од производеното се продава надвор од Македонија. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 25

С

копје на 10 мај беше

центарот каде на едно

место се собраа голем

број на професионалци

за недвижности од

земјава и странство со цел да ги

разменат своите знаења, искуства

и успешни приказни од областа на

индустријата за недвижности.

Причина за овој собир беше првата

Конференција за недвижности во

земјава, на која златен спонзор

беше „Гранд Скопје“.

Конференцијата создаде одлична

можност за вмрежување и

разговор на актуелни теми кои

ја засегаат индустријата за

недвижности, како најновите

трендови, перспективи и

предизвици со кои таа се соочува, а едни од клучните говорници беа токму претставниците на „Гранд Скопје“.

Станбено – деловниот комплекс

„Гранд Скопје“ со своите

карактеристики поседува

потенцијал комплетно да ја

редефинира урбаната слика

на центарот на градот. Целиот

комплекс е идеално поврзан со

околината, а близината на самиот

кеј на реката Вардар, и целата таа

динамична и урбана средина која

го опкружува, овозможува целосна функционалност и достапност на

најразлични содржини. “, истакна Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на „Гранд Скопје“ при својата презентација.

Антиќ во текот на претставувањето на „Гранд Скопје“ се фокусираше на најважните придобивки кои овој комплекс ќе ги обезбеди за неговите жители и посетители, акцентирајќи ја изградбата на урбан парк со големина колку Плоштад Македонија во склоп на комплексот.

„Во рамки на комплексот предвиден е парк кој ќе содржи разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори облагородени со современа фонтана и урбана смарт опрема. Но, она што е можеби и најважно е поголемата слика од само станбено- деловен објект. Комплексот ‘Гранд Скопје’ неспорно ќе донесе огромна придобивка и за нашиот град, бидејќи неговата реализација ќе создаде одлична атмосфера за

економски развој, нови можности за вработување, а ќе се отвори дополнителна врата за развој на туризмот и културата“, заклучи

Антиќ пред присутните.

Во рамки на конференцијата се одржаа и неколку панел дискусии на кои учество земаа претставници на „Гранд Скопје“ и ја пренесоа својата експертиза од полето на резиденцијално домување. Спонзорството на оваа конференција ја покажува посветеноста на „Гранд Скопје“ за потребата за едукација, развој и унапредување на пазарот на недвижности. Првата конференција за недвижности во земјава беше организирана од страна на Фортонмка, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield – најголемата светска компанија за советување за недвижности. nnn

НОВОТО ОБЕЛЕЖЈЕ НА ГРАДОТ КОМПЛЕКСОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“ ПРЕТСТАВЕН
ПРЕД ЛОКАЛНИ И МЕЃУНАРОДНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ЗА НЕДВИЖНОСТИ

ЗЕЛЕНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

ЕУ ЌЕ ИМ ДАВА

ЕНЕРГЕТСКИ

СЕРТИФИКАТИ И НА

Европската унија најави дека до 2025 година ќе ги сертифицира центрите за

податоци, коишто се инаку огромни потрошувачи на енергија, според енергетската

ефикасност, слично како што е означена енергетската класа на фрижидер, шпорет

или машина за перење. Тие мора да станат јаглеродно неутрални до 2030 година.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 40 ЕВРОПА
ПОДАТОЧНИТЕ ЦЕНТРИ

До 2025 година, центрите за

податоци ќе носат ознака за енергетска класа како апарати за домаќинство.

Европската унија ќе ги сертифицира овие огромни потрошувачи на електрична енергија според енергетската ефикасност, исто како што е означена енергетската класа на фрижидер или машина за перење, со цел да се намали нивното негативно влијание врз животната средина.

Имено, со постојаното зголемување

на количината на податоци

за обработка и складирање, потрошувачката на енергија во центрите за податоци станува сè поголем предизвик за одржливост. До 2030 година се предвидува центрите за податоци да покриваат

3,2 отсто од побарувачката на електрична енергија во ЕУ. Инаку, на глобално ниво се проценува

дека дигиталните технологии денес трошат меѓу пет и девет

проценти од вкупната количина на електрична енергија. Оваа

Како што сè повеќе и повеќе податоци се складираат

во облак, центрите за податоци стануваат критична

точка на пресекот на зелената и дигиталната

транзиција, а дискусијата за нив станува понеопходна

како што летата во ЕУ стануваат сè пожешки и суви.

Што ќе се случи во иднина ако веќе сега центрите

екстремните летни горештини?!

потрошувачка се очекува да се зголеми со примена на вештачката интелигенција (AI), Интернет на нештата (IoT) и блокчејн технологијата, што ќе предизвика зголемување на емисиите на стакленички гасови доколку не се преземат соодветни мерки. Иновативен, зелен и безбеден облак Европската комисија спроведе студија за енергетски ефикасни технологии за складирање и обработка на податоци во облак (cloud computing), како и за политики за еколошки прифатлив „пазар на облаци“, којашто се занимава со прашањето за зголемување на потрошувачката на енергија поради проширувањето на овие услуги. Беше одлучено дека центрите за податоци мора да станат енергетски поефикасни и да користат повеќе обновливи извори на енергија и да станат јаглеродно неутрални до 2030 година. Оваа уредба усвоена во јули 2021 година, исто така поставува рамка за одржливи инвестиции во центрите за податоци и ќе го поддржи воведувањето на иновативен, зелен и безбеден облак. Со позеленување на работата во облак и на електронските комуникациски услуги и мрежи,

треба да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Но, пред таа уредба, првиот чекор во енергетското зауздување на центрите за податоци беше Кодексот на однесување за енергетска ефикасност на центрите за податоци (CoC) од 2008 година. Станува збор за доброволна иницијатива чија цел беше да ги информира и охрабри сопствениците на центрите за податоци за потребата од намалување на потрошувачката на енергија и да препорача најдобри практики и цели за енергетска ефикасност. Но, сега Европската унија нема избор: во нејзиниот

зелен план, центрите за податоци исто така мора да станат зелени. Затоа, вистинското прашање е каква ќе биде иднината на центрите за податоци кои нема да можат да ја спроведат зелената транзиција, односно нема да добијат сертификат?

Холандското

„не“

Иако Зеволде, град во близина на Амстердам, го одобри планот на Meta, поранешен Facebook, да изгради најголем центар за податоци во таа земја од којшто Facebook, Instagram и Whatsapp би ги опслужувале корисниците низ Европа, ништо од тоа. Гневните

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 41
за податоци тешко работат поради

активисти ги попречија плановите

на Meta со тоа што покажаа дека

среде голема енергетска криза,

климатските свесни граѓани

не гледаат благонаклоно на

технолошката инфраструктура која

црпи големо количество енергија од

електричната мрежа, но и вода.

Центрите за податоци кои

опслужуваат апликации што ги

користат милиони Европејци се

гладни за енергија и вода, кои ќе

им требаат сè повеќе и повеќе

во иднина. Според проценките, потрошувачката на електрична

енергија на центрите за податоци

ќе се зголеми до 2030 година за 18,5

отсто во однос на 2018 година, а

Европската комисија при носењето

на регулативата за сертификација

на центрите за податоци се

водеше од фактот дека владите

не треба да бидат во ситуација

кога треба да избираат помеѓу

центрите за податоци од една

страна и обезбедување доволно

количество електрична енергија

за стопанството и населението од

друга страна.

Но, тоа нема да биде едноставно.

Аналитичарите на Gartner

предвидоа дека 50 отсто од

податоците генерирани во

компаниите ќе бидат обработувани

надвор од традиционалниот центар

за податоци или облак до 2025

година, а неодамнешното глобално

истражување покажа дека 78 отсто

од носителите на ИТ одлуки сметаат

дека приоритет е преместувањето

на ИТ инфраструктурата во

дигиталната сфера.

Екстремните

отежнуваат

на Meta, поранешен Facebook, да изгради најголем центар за податоци во таа земја од којшто Facebook, Instagram и Whatsapp би ги опслужувале корисниците низ Европа, ништо од тоа. Гневните активисти ги попречија плановите на Meta со тоа што покажаа дека среде голема енергетска криза, климатските свесни граѓани не гледаат благонаклоно на технолошката инфраструктура која црпи големо количество енергија од електричната мрежа, но и вода.

лета го

проблемот

Како што сè повеќе и повеќе

податоци се складираат во облак,

центрите за податоци стануваат

критична точка на пресекот на

зелената и дигиталната транзиција,

а дискусијата за нив станува

понеопходна како што летата во ЕУ

стануваат сè пожешки и суви.

Што ќе се случи во иднина ако веќе

сега центрите за податоци тешко работат поради екстремните летни горештини?! Минатото лето, поради многу високите температури во Обединетото Кралство, престанаа да работат две единици за ладење во центарот за податоци на Oracle. Слични проблеми имаше и Google, а две водечки лондонски болници имаа проблеми со своите ИТ системи, поради што термините за

операции и прегледи беа одложени за неколку недели. Многу високите температури и недостигот на електрична енергија ја доведуваат во прашање и безбедноста на центрите за податоци, бидејќи секој степен над стандардот за кој е дизајниран центарот за податоци може да значи губење од 10 до 15 отсто од капацитетот.

Во обид да ги спасат податоците,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 42 ЕВРОПА
Иако Зеволде, град во близина на Амстердам, го одобри планот

вработените во центрите за

податоци во Обединетото Кралство

летово ги полеваа крововите на

единиците за ладење, иако беа

на сила мерките за штедење на

водата во некои делови на Европа.

Струјата и водата се два меѓусебно

поврзани ресурси, особено

кога станува збор за ладењето.

Поголемиот дел од енергијата во

центрите за податоци се користи

за напојување на серверите, но

огромните капацитети исто така

генерираат топлина и треба да се

ладат.

Ова бара или енергија кога се

користи традиционално воздушно

ладење или вода кога серверите

се ладат со испарување на вода, што е енергетски поефикасно. Но, изградбата на ветерници и соларни

паркови во корист на центрите за податоци, наместо на локалните жители, не е секогаш популарна кај граѓаните и поттикнува активизам како оној во Зеволде. Сето ова ја натера Европската комисија да

побара од корисниците посебно обелоденување на индиректните емисии на стакленички гасови кои произлегуваат од купувањето на услуги на центарот за податоци и на крајот нивно сертифицирање. Најдобри практики Аналитичарите сметаат дека најавата на Европската унија за сертификација на центрите за податоци според енергетската ефикасност до 2025 година е важна и позитивна иницијатива која ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на јаглерод диоксид во Европа.

Рационализацијата на потрошувачката на енергија е секојдневна грижа на сите кои се трудат што поефикасно да управуваат со еден центар за податоци. Инаку, ваквите центри веќе се едни од најголемите потрошувачи на енергија во светот, а нивната потрошувачка

и емисиите ќе продолжат да

се зголемуваат во наредните

години, особено со напредокот

на вештачката интелигенција.

Затоа е исклучително важно

да се преземат чекори кои би овозможиле намалување на нивната потрошувачка на енергија

и емисиите на стакленички гасови. Дополнително, сертификацијата

за енергетска ефикасност ќе ги

поттикне центрите за податоци да ги применуваат најдобрите практики во енергетската ефикасност, вклучувајќи примена на напредни технологии за

ладење и термичко управување, оптимизација на користењето на просторот и опремата, употребата

на обновливи извори на енергија и многу други мерки. Исто така, оваа иницијатива ќе ги диверзифицира

квалитетните и одговорно

управуваните центри за податоци од оние што некои провајдери ги чуваат во несоодветни простории на деловни објекти и домови. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 43

КИНА СТАНА НАЈГОЛЕМ

ИЗВОЗНИК НА ВОЗИЛА,

ПРЕСТИГНУВАЈЌИ ЈА ЈАПОНИЈА

Кинескиот извоз е поттикнат од побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија. Потсетуваме дека минатата година Кина ја престигна Германија и со тоа стана втор најголем извозник на автомобили во светот. Според кинеската Генерална царинска управа, Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со Германија која извезла 2,6 милиони возила.

ина стана најголемиот

светски извозник на

автомобили откако ја

престигна Јапонија во

првиот квартал од оваа

година. Официјалните податоци

објавени деновивер покажаа дека

Кина извезла 1,07

милиони возила

во периодот, што е за 58 отсто повеќе

од првиот квартал од 2022 година.

Истовремено, Јапонија извезла

954.185 возила, што е за шест отсто

повеќе од претходната година.

Кинескиот извоз е поттикнат од побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија.

Потсетуваме дека минатата година Кина ја престигна Германија и со тоа стана втор најголем извозник на автомобили во светот. Според кинеската Генерална царинска управа, Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со Германија која извезла 2,6 милиони возила, објави Би-Би-Си. Оддалечувањето од фосилните

горива придонесе за подемот на кинеската моторна индустрија. Извозот на нови енергетски возила (NEV), вклучително и електричните автомобили, се зголеми за повеќе од 90 отсто во првиот квартал во

споредба со претходната година. Филијалата на Tesla во Кина, SAIC (сопственик на брендовите MG и BYD), поддржана од искусниот американски инвеститор Ворен Бафет, е меѓу најголемите кинески извозници на NEV. Производителот на електрични автомобили на Илон Маск има голем производствен капацитет во Шангај кој извезува во региони вклучувајќи ги Јапонија и Европа.

Санкциите кон Русија добивка за Кина „Гигафабриката“ на Тесла моментално е способна да

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 44 СВЕТ ПРОМЕНИ
ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР
НА
К

Минатата

година, кинеските

производители на автомобили, вклучувајќи

ги Geely, Chery

и Great Wall, забележаа

скок на нивниот пазарен удел во Русија, откако ривалите, вклучувајќи

ги Volkswagen

и Toyota, ја напуштија земјата по инвазијата на Украина.

произведува 1,25 милиони возила годишно, а компанијата планира

дополнително да го зголеми

капацитетот. Минатиот месец

започна со производство на

спортски теренски возила Model Y

за извоз во Канада.

Кина, исто така, забележа

зголемување на извозот во Русија

од почетокот на војната во Украина, бидејќи западните земји воведоа

трговски санкции кон Москва.

Минатата година, кинеските

производители на автомобили, вклучувајќи ги Geely, Chery и Great Wall, забележаа скок на нивниот пазарен удел во Русија, откако ривалите, вклучувајќи ги Volkswagen и Toyota, ја напуштија земјата по инвазијата на Украина. Препознавајќи го потенцијалот на електричните возила пред 15 години, Кина инвестираше

огромни ресурси во изградбата на конкурентен екосистем за

електрични возила. Како резултат

на тоа, Кина е водечка во

глобалниот пејзаж на електрични

возила, продавајќи двојно повеќе

електрични модели во 2022 година

од Европа и САД заедно.

Европските производители со

потенцијален загубен профит

од 7 милијарди евра

Кина, исто така, има конкурентна

предност во речиси сите аспекти

на синџирот на вредност на ЕВ,

бидејќи тие учествуваат со повеќе

од 80 отсто од продажбата на ЕВ на

домашниот кинески пазар.

Поради големиот залет на кинеските

електрични автомобили, европските производители би можеле колективно да загубат повеќе од

Препознавајќи го потенцијалот на електричните возила пред 15 години, Кина инвестираше огромни ресурси во изградбата на конкурентен екосистем за електрични возила. Како резултат на тоа, Кина е водечка во глобалниот пејзаж на електрични возила, продавајќи двојно повеќе електрични модели во 2022 година од Европа и САД заедно. BYD е брендот што продава најмногу електрични возила во светот, надминувајќи ја американската Tesla.

седум милијарди евра годишен нето профит до 2030 година.

Доколку кинеските производители

ги зголемат уделите на домашниот

пазар на 75 отсто до 2030 година, вкупната продажба на европските производители на автомобили во Кина би паднала за дополнителни

39 отсто, при што локалното производство ќе падне за 4,4 милиони единици на 2,7 милиони до 2030 година – пишува во извештајот на осигурителната компанија Alianz со наслов „Кинескиот предизвик за европската автомобилска индустрија“. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 46 СВЕТ

ВО ЛИКОТ НА ТРАНСАКЦИСКИ ИЛИ ТРАНСФОРМАЦИСКИ ЛИДЕР?

Трансформациско лидерство, се заснова на потребата за смисла и создава

институционална цел за разлика од најчестиот стереотип на трансакциско

лидерство, кое се дави во секојдневната оперативна џунгла без да крене глава, односно ум, од нивото на работната маса.

ога зборуваме за

лидери, асоцијацијата

нè упатува на три

поими: визија, стратегија

и политика за таленти

(talent policy) или читај: човечки

ресурси. Ако го преведеме на

живописниот јазик на поморците: визијата е пристаништето до кое

треба да се плови, стратегијата

е зацртаниот курс, а политиката

за таленти е изборот на екипажот

и односите со нив со цел да

пристигнеме и да се вкотвиме

до саканото пристаниште без

поголеми оштетувања на бродот.

За случајно да не го доживееме во директна или индиректна смисла

синдромот на „бунт на екипажот на бродот Баунти“ или феноменот на т.н. quiet quitting, односно извршување работни задачи на

пасивен начин, само со кимање на главата и површен однос кон сè. Не знаеш што е полошо. Кога зборуваме за фундаменталната разлика помеѓу лидерите и менаџерите, важи старата поговорка дека менаџерите го спроведуваат она што лидерите го замислуваат. Можеби е премногу едноставно, но затоа е разбирливо за сите.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1147 31 MAJ 2023 48 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО КАПАЦИТЕТИ
НА ВОДАЧОТ
СЕ ПРЕПОЗНАВАТЕ ЛИ СЕБЕСИ
К
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.