1141- Kapital magazin

Page 1

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЈА НАТЕРА ЕВРОПА ДА ПОБРЗА СО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА КАКО ЕУ СЕ ОСЛОБОДИ ОД РУСКИТЕ ФОСИЛНИ ГОРИВА СО СПЕКТАКУЛАРНА БРЗИНА?

COVER STORY

ТРИ БИТНИ ТРЕНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО 2023 ПРОДОЛЖЕНА СТАГНАЦИЈА, ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ДИГИТАЛНА „ЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА“

ВО ОВОЈ БРОЈ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИЗЛЕГУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЗОШТО НИКОЈ НЕ ГО КРШИ МРАЗОТ?

ИСТРАЖУВАЊЕ

ШТО САКААТ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОФЕСИИТЕ НА ИДНИНАТА БАРААТ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ ДЕНЕС

STARTUP

GOOGLE ПРЕЗЕМА ХРВАТСКА ИТ КОМПАНИЈА

business magazine БРОЈ 1141 l 28 февруари 2023 година 24 l цена 200 ден.

КАПИТАЛ... 1141 06

COVER STORY

Три битни трендови за

македонските компании

во 2023

Продолжена стагнација, прилагодување кон климатските промени и

дигиталната „железна завеса“

20

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ОСИГУРУВАЊЕ

Година на раст

2022 беше одлична за осигурителниот сектор, какви се прогнозите за понатаму? 14

ИСТРАЖУВАЊЕ Што сакаат младите

во Македонија Професиите на иднината бараат

вештини и знаење денес

ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗА IPO и котацијажелби, очекувања и реалност Зошто никој не го крши мразот?

COVER STORY

Три битни трендови за

македонските компании во 2023....06

Продолжена стагнација, прилагодување

кон климатските промени и дигиталната „железна завеса“

ИСТРАЖУВАЊЕ

Што сакаат младите во Македонија....14

Професиите на иднината бараат вештини и

знаење денес

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ОСИГУРУВАЊЕ

 Година на раст....................................................20

2022 беше одлична за осигурителниот

сектор, какви се прогнозите за понатаму?

26

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ОСИГУРУВАЊЕ

Раст на пазарот од 14% во 2022

Преку 300 илјади граѓани имаат животно

осигурување, вложиле 37 милиони евра 38

ЕДУКАЦИЈА Универзитетот Американ Колеџ Скопје вклучен во регионален проект поддржан од ЕУ Лидери на зелената економија

 Раст на пазарот од 14% во 2022...................................................................26

Преку 300 илјади граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗА IPO и котација - желби, очекувања

и реалност........................................................30

Зошто никој не го крши мразот?

ЕДУКАЦИЈА Универзитетот Американ Колеџ Скопје вклучен во регионален проект поддржан од ЕУ.....................36

Лидери на зелената економија

РЕГИОН Google презема хрватска ИТ компанија

Photomath со својата

апликација за учење математика го привлече вниманието на технолошкиот гигант

РЕГИОН Google презема хрватска

ИТ компанија..................................................38

Photomath со својата апликација за учење математика го привлече вниманието на технолошкиот гигант

ГЕОПОЛИТИКА

Војната во Украина ја натера

Европа да побрза со енергетската транзиција.......................................................42

Како ЕУ се ослободи од руските фосилни

горива со спектакуларна брзина?

ЛИДЕРИ

Рекоа за.............................................................48

Политичарите

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 3 Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 27.02.2023 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
30
36

365 ДЕНА

ајмалку 43 илјади загинати, 57 илјади ранети и 15 илјади исчезнати луѓе. Раселени околу 14 милиони, а најмалку 140 илјади уништени објекти. Проценетата штета досега околу 350 милијарди долари. Ова е само приближниот црн биланс на инвазијата што Русија ја почна во Украина

пред точно една година, на 24 февруари, како „специјална воена операција“.

За Русија цела година на бомбардирања, понижувачки

повлекувања и жестоки опсади.

За Украина 365 дена жесток отпор, изненадувачки контраофанзиви и неочекувани удари.

Сега, на годишнината од руската инвазија која уби десетици илјади и ги претвори градовите

во урнатини, двете страни се подготвуваат за потенцијално

уште покатастрофална фаза што претстои.

Русија неодамна ги интензивираше напорите

да го освои целото источно индустриско срце на Украина, Донбас. Киев и неговите западни сојузници, исто така, велат дека Москва би можела да се обиде да изврши поширок, поамбициозен

напад на друго место долж линијата на фронтот долга повеќе од 1.000 километри. Украина чека борбени тенкови и друго ново оружје што го вети Западот за да ги врати окупираните области. Она што никаде не е на повидок е договор.nnn

ВО ФОКУС KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 4
Н
TISSOTWATCHES.COM TISSOT CHEMIN DES TOURELLES AUTOMATIC POWERMATIC 80 MOVEMENT WITH UP TO 80 HOURS OF POWER RESERVE Скопје - плоштад Македонија, Citymall, Eastgate Mall | Битола - Широк Сокак www.bozinovski.com.mk

ПРОДОЛЖЕНА

СТАГНАЦИЈА, ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ДИГИТАЛНАТА

„ЖЕЛЕЗНА ЗАВЕСА“

Минатата, 2022

година, беше

обликувана од бројни

нарушувања кои

носат неизвесност

и оваа година.

Компаниите во

регионот на

Југоисточна

Европа, односно во

Македонија, мора

да обрнат посебно

внимание на три

трендови и соодветно

да реагираат за да

спречат евентуално

негативно влијание

врз бизнисот.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 6 COVER COVERSTORYSTORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 7 ТРИ БИТНИ ТРЕНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО 2023 ТРИ БИТНИ ТРЕНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО 2023

И во самата ЕУ со голема претпазливост пристапуваат кон проценките за европската економија годинава. Комесарот за економија Паоло Џентилони предупредува дека и покрај фактот што Европската унија влезе во 2023 година од посилна позиција отколку што се мислеше, „Европејците се во тежок период. Сè уште се очекува забавување на растот поради значителни неповолни околности, а влијанието на инфлацијата врз куповната моќ постепено ќе се намалува дури во наредните квартали.“

Во моментите кога се наврши точно една година од почетокот

на руската инвазија

на Украина, цената

на природниот гас

од холандскиот хаб TTF падна

под 50 евра за мегават час, што е

најниско ниво во последната година

и половина и за 80 отсто пониска

одошто ова време минатата

година. Како што коментираа

некои европски аналитичари, „климатските промени ја

спасија Европа“, алудирајќи

на невообичаено топлата зима

што предизвика складиштата за

гас да не се испразнат до дното

изминатиов период.

Сега кога војната во Украина

навлегува во втората година и

сосема е јасно дека нејзиниот крај

не се гледа ни на подолг рок, во игра се две основни сценарија за европската, а во исто време и македонската економија. Според првото, војната ескалира и се шири во други земји; последиците од тоа би биле нова рунда на силен раст на цените на енергијата и суровините, потребата од огромни државни инвестиции за одбранбени цели и организирање на животот и бизнисот во полувоени услови.

Според второто сценарио, ситуацијата во Украина се смирува, преостанатите скршени алки во синџирите на снабдување се крпат, а животот и бизнисот во Европа продолжуваат како и обично. Ова „како и обично“ сепак треба да се сфати условно затоа што Европа, како и Македонија, годинава не

влезе од позиција на чист старт, туку со оптоварено наследство од минатогодишните лоши показатели. Првото сценарио сè уште е длабоко закопано во фиоките на институциите кои треба да имаат одговор на него и сè уште е табу тема за јавноста, што не значи дека (некои) делови од него не се прелеваат во второто сценарио, кое би можеле да наречеме релативно оптимистичко, но со голема претпазливост. Зрак на оптимизам доаѓа од „Зимските прогнози“ објавени од Европската комисија минатата недела, во кои се наведува дека Европската унија во целина, како и Еврозоната, за влакно ја избегнале рецесијата што се очекуваше на крајот на минатата година. Поради ова, како и натамошниот пад на

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 8 COVER STORY

ТРИ БИТНИ ТРЕНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО 2023

цените на енергенсите, Комисијата

ги зголеми очекувањата во однос на

овогодишниот раст на економијата

на Унијата на 1,6 отсто, а на

еврозоната на 0,9 отсто (претходната

прогноза зборуваше за очекуван

раст од 0,3 отсто и кај двете групи на земји).

Зависноста од рускиот гас

е надмината, но...

Колку и да ни е драго што Европа

оваа зима успеа да управува со

снабдувањето со гас без Русија, не

можеме да претпоставуваме дека

повеќе нема да има неизвесност со

цените на енергетските производи

само затоа што во голема мера ја

ЕУ ја исклучи Русија од синџирот на снабдување со гас, коментираат аналитичарите деновиве.

Тоа е голем предизвик за преработувачката индустрија и

добавувачите на енергија во Европа.

Но и во самата Комисија со голема

претпазливост пристапуваат

кон проценките за европската

економија годинава. Комесарот

за економија Паоло Џентилони

предупредува дека и покрај фактот

што Европската унија влезе во 2023

година од посилна позиција отколку

што се мислеше, „Европејците се во

тежок период. Сè уште се очекува

забавување на растот поради значителни неповолни околности, а влијанието на инфлацијата врз куповната моќ постепено ќе се намалува дури во наредните квартали.“

Глобалната консултантска компанија Kearney во студијата наречена „Конвергенција на акутни и итни закани“ идентификуваше пет клучни трендови кои ја обликуваат глобалната перспектива:

продолжена стагнација, адаптација на климатските промени и стандардите за ESG (околина, општество, управување), дигитална железна завеса и т.н splinternet, ренесансата на нуклеарната енергија и подемот на deepfakes. Овде првите три тренда се многу важни за регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), па затоа е неопходна навремена и соодветна реакција на компаниите.

Минатата, 2022 година, беше обликувана од бројни нарушувања кои носат неизвесност и оваа година. Компаниите во регионот на Југоисточна Европа, односно во Македонија, мора да обрнат посебно внимание на три трендови и соодветно да реагираат за да спречат евентуално негативно влијание врз бизнисот. „Очекуваме дека бизнисот во регионот на Југоисточна Европа ќе се обликува со продолжен период на стагнација, зголемената важност на решенијата за прилагодување кон климатските промени и агендата на ESG, како и појавата на дигитална железна завеса поради промената на регулативата за заштита на податоците и приватноста. Компаниите кои навреме ги препознаваат ризиците и преземаат соодветни мерки ќе добијат предност во свет кој се карактеризира со хипер-трансформација“, истакнуваат од Kearney.

Ако германската економија кивне...

Економските последици од ковид пандемијата, континуираните нарушувања во синџирот на снабдување, зголемениот протекционизам и војната во

Заштитата на приватноста станува

сè поважна, бидејќи

околу 70 проценти

од земјите имаат

валидни закони

за приватност

на податоците.

Имајќи го предвид

континуираниот

раст на е-трговијата, домашните

и странските

компании ќе треба

да држат чекор

со променетите

прописи за

приватност на

податоците.

Законите за заштита

на податоците носат

многу предизвици

за малите и средни

компании кога

влегуваат на нов пазар, бидејќи

законската усогласеност бара многу финансиски

и нефинансиски ресурси.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 9
OFFICE@GREENMACHINES.COM WWW.GREENMACHINES.COM OFF WW OM M ЗА
ИНФОРМИРАЈTE СЕ
ЧИСТА ОПШТИНА И ОКОЛИНА

Можната рецесија во Германија е веројатно најважниот меѓу неповолните фактори за економиите на регионов, особено македонската, којашто е силно трговски поврзана со германската. Македонија лани остварила извоз вреден 3,7 милијарди евра во Германија, што е 45% од вкупниот извоз на земјава, додека оттаму увезла стоки вредни над една милијарда евра, или околу 8,3% од вкупниот увоз. Најголемиот дел од извозот во Германија е за потребите на нејзината автомобилска индустрија, и се остварува претежно од фабриките на странските инвеститори изградени во слободните економски зони во земјава.

Украина резултираа со висока

инфлација, затегнување на

монетарната политика и започна

период на низок раст и ниски

инвестиции.

Економијата на еврозоната покажа

голема издржливост и ќе продолжи

да расте скромно во 2023 година и

покрај падот на БДП. Енергетската

криза ќе остане клучна во

краткорочните планови и ќе

претставува закана за енергетски

интензивните потсектори кои

стануваат сè помалку конкурентни.

Се очекува инфлацијата да почне

да паѓа на годишна основа од

2024 година натаму, поттикната од

влијанието на мерките врз цените на енергијата и храната. Сепак, базичната инфлација веројатно ќе

се покаже поупорна.

По растот на БДП во 2022 година, еврозоната, влегува во период на стагнација што зависи од трендот на инфлација и недостигот на работна сила.

Можната рецесија во Германија е веројатно најважниот меѓу неповолните фактори за економиите на регионов, особено македонската, којашто е силно трговски поврзана со германската. Македонија лани остварила извоз вреден 3,7 милијарди евра во Германија, што е 45% од вкупниот извоз на земјава, додека оттаму увезла стоки вредни над една милијарда евра, или околу 8,3% од вкупниот увоз.

Наместо очекуваната стагнација

во однос на третиот квартал,

во последниот лански квартал германската економија забележа

пад од 0,2%, а според најновиот

извештај на германската централна

банка, од почетокот на 2023

нивната економија додатно

ослабела.

ESG се наметнува како

клучен фактор

Влијанијата на климатските

промени се повеќе се чувствуваат

ширум светот и потребата за создавање решенија за прилагодување на климатските промени расте. Иако се потребни значителни ангажмани од страна на владите и приватниот сектор, финансиските вложувања остануваат ниски, дури 90% од глобалните финансиски текови се насочени кон ублажување на климатските промени. Решенијата се клучни за југоисточниот регион на Европа, бидејќи се очекува Централна Европа и Балканот да доживеат најголем можен пораст на просечните температури. Според тоа, компаниите мора да посветуваат се’ поголемо внимание на програмите за животна средина, општество и управување (ESG) со цел да се ублажи зголемениот притисок од потрошувачите и поширокиот круг на засегнати страни.

„Програмата ЕСГ е сè пожешка тема, што го покажуваат

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 10 COVER STORY
INN
HOLIDAY

Решенијата за климатските промени се клучни за југоисточниот регион на Европа, бидејќи се очекува Централна Европа и Балканот да доживеат најголем можен пораст на просечните температури. Според тоа, компаниите мора да посветуваат сè поголемо внимание на програмите за животна средина, општество и управување (ESG) со цел да се ублажи зголемениот притисок од потрошувачите и поширокиот круг на засегнати страни.

трендовите во влезот на приватни капитални фондови во регионот на

ЈИЕ. Фондовите бараат компании

кои ги следат стандардите за ESG за

да постигнат премии кои се до 100%

повисоки во индустриите со ниски

емисии. На овој начин се отвораат

нови можности за компаниите.

Со интегрирање на ESG во секоја

инвестиција, компаниите можат

да станат поатрактивни за

инвеститорите и да ги намалат трошоците за финансирање.

Понатаму, ESG стандардите носат многу можности за иновации и диференцијација во борбата против стагнацијата“, велат во Kearney.

“Железната завеса“

сега е дигитална

Заштитата на приватноста

станува сè поважна, бидејќи

околу 70 проценти од земјите

имаат валидни закони за

приватност на податоците. Имајќи

го предвид континуираниот раст

на е-трговијата, домашните и

странските компании ќе треба

да држат чекор со променетите

прописи за приватност на

податоците. Законите за заштита на

податоците носат многу предизвици

за малите и средни компании кога

влегуваат на нов пазар, бидејќи

законската усогласеност бара многу финансиски и нефинансиски ресурси. Податоците стануваат фронт во геополитиката, додека онлајн динамиката ја придружува економската и геополитичката фрагментација во физичкиот свет. Растечкиот протекционизам ја поттикнува појавата на дигитална железна завеса. Интернетот станува „splinternet”

со фрагментирана архитектура, а трошоците за бизнисите кои зависат од државниот модел растат. На пример, Русија ги спроведува законите за локализација на податоците и ги казнува

компаниите како Google и Pinterest

бидејќи не можат да складираат

податоци за руските граѓани на

локални сервери.

Недостатокот на усогласување

на законодавството за

приватност на податоците го

потиснува слободниот проток

на прекугранични податоци и има економски последици.

Неусогласените закони ќе продолжат да создаваат

бариери за помалите компании и

пазарите во развој. За да останат конкурентни, компаниите во Македонија мора да ја подигнат

својата стратегија за податоци и управување со податоци на повисоко ниво.

Разлики меѓу просечните и најдобрите компании Иднината на глобалната економија во 2023 година се уште е неизвесна. Во вториот квартал се очекува намалување на инфлацијата.

Во меѓувреме, светот полека се прилагодува на последиците од конфликтот во Украина со забрзување на енергетската транзиција и враќање на нуклеарната енергија во центарот на вниманието. Информациите кои доаѓаат од дигиталниот простор стануваат несигурни поради порастот на deepfake-овите, што ја зголемува важноста на доброто управување со податоците. „За време на економскиот бум се создадоа големи разлики меѓу просечните и најдобрите компании. Оние компании кои успеаја да завладеат со ефикасноста стекнаа предност при консолидирањето на индустриите за време на стагнацијата и од неа излегуваат како победници“, заклучува студијата на Kearney. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 12 COVER STORY

ШТО САКААТ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

ПРОФЕСИИТЕ НА ИДНИНАТА БАРААТ ЗНАЕЊА И

ВЕШТИНИ ДЕНЕС

За младите луѓе, креирањето и пристапот до висококвалитетни работни места на кои ќе се почитува концептот на пристојна работа е од високо значење. Ваквите работни места ќе им овозможат да продолжат да ги развиваат своите вештини и искуство, како и понатамошно градење на успешна кариера и самостоен живот, се вели како заклучок и препорака од проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, спроведен од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во Македонија.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 14 ИСТРАЖУВАЊЕ

М

ладите сакаат квалитетни работни места кои нудат можности за развој

на вештини и

сакаат да бидат соодветно платени, се едни од главните заклучоци на истражувањето што го спроведе Институтот за добро управување

и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Македонија.

За младите луѓе, креирањето и пристапот до висококвалитетни

работни места на кои ќе се почитува концептот на пристојна работа е од високо значење.

Ваквите работни места ќе им

овозможат да продолжат да ги

развиваат своите вештини и

искуство, како и понатамошно

градење на успешна кариера и

самостоен живот, се вели како

заклучок и препорака од проектот

„Што сакаат младите – Професиите

на иднината бараат знаења и

вештини денес“, финансиран

од ЕУ, а потпомогнат и од

фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и три други партнерски организации од регионот.

„Сите млади луѓе треба да добијат шанса да бидат поддржани да го постигнат својот потенцијал во учењето, развојот и работата. Младите луѓе треба

да имаат пристап до различни опции за доквалификација, преквалификација како и обука преку кои ќе ги развијат своите вештини и ќе го изградат своето искуство, а менторски програми многу би им помогнале да ја изберат опцијата што е соодветна за нив во дадениот контекст.“ вели Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Кордалов објаснува дека целите кои ИДУЕП сакал да ги постигне преку имплементацијата

на проектните активности се однесувале на: подигнување

на јавна свест за проблемот

со младинска невработеност; утврдување на пречките кои постојат на пазарот на труд; олеснување на вклучување

на младите на пазарот на труд преку поголемо јавно говорење

и застапеност на темата за младинска (не)вработеност во јавноста; како и утврдување на клучни мерки преку заклучоци

и препораки за долгорочни ефекти и најдобри резултати при младинското вработување. Населението старее, а младите се иселуваат Што сакаат и што да очекуваат младите при планирањето на

Сè поголем број млади луѓе го ставаат флексибилното работно време меѓу своите приоритети при избор на работно место.

Според најавите од Министерството за труд и социјална

политика, ова прашање ќе биде адресирано со новиот Закон за работни односи со цел да се излезе во пресрет токму на ваквите потреби и да се овозможат придобивките и за работодавачите и за работниците.

своите кариери и идни професии во дадениот контекст?! Анализата на ИДУЕП истакнува дека стапката на невработени млади (во категоризацијата на ДЗС, тоа се лица на возраст од 15-24 години) во земјава во третиот квартал за 2022 година изнесува 19.587 или 17% од вкупниот број на невработени лица вбројани во активно население. Земено компаративно, стапката пак на слободни работни места, според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година е 2.07 %. Најголем број слободни работни места, односно 3 459, има во групата на занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Според последните достапни податоци на Евростат за Северна Македонија од 2020 година младинската невработеност (15-29 години) изнесува 29,6%. Од друга страна според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со ноември 2022 годинава, регистрирани се 9 324 невработени лица на возраст од 20 до 24 години, 10.354 на возраст од 25 до 29 години и 2 052 на возраст од 15-20 години, кумулативно, на возраст од 15 до 29 години евидентирани се вкупно 21 730 лица. Доколку одиме чекор понатаму, бројот на невработени на возраст од 15 до 34 години изнесува вкупно 32.451 лица,

бројка на активно население кое бара работа, а кое е во години погодни за преквалификација, доквалификација, отворање

на сопствени бизниси и други типови на поддршка од страна на државата (опфатени и со новиот оперативен план за вработување

за 2022 година, преку кој се обезбедени 1,8 милијарди денари за поддршка за вклучување на пазарот на трудот на околу 15 000 невработени лица) преку која потенцијално би се креирале дополнителни работни места, а би се намалила апсолутната невработеност.

Од друга страна пак пописните резултати укажуваат на многу јасен тренд на мигрирање на младите во изминатите 20 години.

Од 2002 до 2021 година, вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за 150 000 граѓани (2001 бројот на млади на

возраст 19-29 години бил 480.828 (24% од вкупното население),

додека 2021 година се 326.733 (18% од вкупниот број на населението).

Ваквиот тренд укажува на тоа

дека населението во земјава

старее. Загрижува и добро

познатиот тренд на заминување

на младите (brain drain), односно

според пописот од 2021 година, околу 100.000 граѓани, кои во 2002

година биле на возраст од 15 до 29

години, а денес би имале 29 до 35

години, не живеат во државата.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 15

Податок кој загрижува е што секој 4 млад човек во Македонија се соочува со сиромаштија, што директно укажува на потребата, младите луѓе кои веќе се вклучени во работни организации да бидат и соодветно, односно пристојно платени за нивниот труд.

Каква лекција извлековме од пандемијата?

Дел од клучните параметри

кои мора да се земат предвид

како индикатор на тоа како

размислуваат младите и каква е нивната перцепција и учество

во општествениот живот се

и социоекономските. За жал, сите последни кредибилни

истражувања за млади покажуваат

апатичност, незаинтересираност, а последните години и безнадежност

што е уште позагрижувачки.

Последното истражувањето

спроведено од Фондацијата за демократија на Вестминстер од

ноември 2021 година, а кое се

однесува на „Социо-политичко

учество на младите“ покажува

дека само 13% од младите сметаат

дека земјата се движи во правилна

насока, а 55% во погрешна. Според

истото истражување само 3 од 10

млади сметаат дека за 5 години

од денес државата ќе биде многу

или делумно подобро место за

живеење на

младите, а во случај да имаат

можност, речиси 6 од 10 млади

луѓе би се иселиле од државата. Ова зборува доволно со какви трендови и сериозни предизвици,

во делот на потребата од работна сила, би се соочиле како земја во следната деценија, од една страна при планирање на реформите

во образованието, со цел продуцирање на квалификувана работна сила, а од друга страна потребите на реалниот сектор и економскиот раст и развој на државата.

„Каква лекција извлековме

од пандемијата во однос на економските последици и функционирањето на реалниот сектор? Можеме слободно

да констатираме дека дел од професиите на иднината, ‘благодарение’ на пандемијата

преку ноќ станаа професии на сегашноста.

Пандемијата нè научи, поточно

не натера, да размислуваме

за вложувања во иновации базирани на технологии и вештини, да инвестираме во дигитална инфраструктура и дигитализација

но, и да антиципираме (да имаме план Б во) ваков тип на долгорочни

предизвици и кризи, кои во некои моменти значеа и крај за бизниси, особено во услужната дејност.

социоекономска регулација и организација и ги натера многу брзо да се прилагодат на условите сакале, биле спремни или не. Го стави образовниот систем и образовните процеси на тест, бизнисите на сериозни предизвици, институциите и државата на сериозен испит дали ќе одговорат на потребите на време и со соодветна поддршка. Денес имаме нов предизвик/криза која ја живееме, енергетска и економска во исто време, а професиите на иднината, според профилирањето, остануваат непроменети.”, вели Кордалов.

Што бараат младите?

Имајќи го предвид погоре кажаното, во ИДУЕП сметаат дека е потребно интензивирање на дијалогот меѓу приватниот сектор и коморите, образовните институции, младинските организации и државните институции за дизајнирање на ефикасни мерки и политики кои ќе можат да придонесат за креирање на поголем број на квалитетни работни места кои на младите ќе им понудат можности за избор согласно нивните квалификации. Клучните заклучоци и препораки од истражувањето се следниве:

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 16 ИСТРАЖУВАЊЕ
ги
на тест сите клучни чинители во делот на
Пандемијата
стави

 Младите треба да бидат соодветно платени Статистиката покажува дека младинската невработеност бавно

се намалува. Ако пред 10 години

52,3% од невработените во земјава

биле млади луѓе, денес 28,3% од невработените се млади. Во еден

дел причина за ова намалување

на бројот на невработени е иселувањето на младите (податок потврден и со последниот попис), но во дел и креирањето на новоотворени работни места во земјава како и можноста за

работа од тука за компании во

странство (outsourcing компании

и партнерства). Сепак податок кој

загрижува е што секој 4 млад човек

се соочува со сиромаштија, што директно укажува на потребата, младите луѓе кои веќе се вклучени

во работни организации да бидат

и соодветно, односно пристојно

платени за нивниот труд.

 Законот за работни односи

треба да ја регулира

работата од дома

Законот за работни односи кој во

моментов е во сила во Северна Македонија не ја уредува до крај можноста за работа од дома и работа од далечина, поточно има недоречености. Развојот на современите технологии, се поголемиот број млади кои се ангажирани во ИТ индустријата за компании во земјава или во странство и Ковид-пандемијата, покажаа дека постои сериозна потреба од законски измени кои ќе овозможат нови форми на вработување и нови можности за младите луѓе. Министерството за труд и социјална политика во моментов работи на нов Закон за работни односи кој треба да ги адресира овие прашања и со тоа да се усогласи со европските практики. Во моментов потенцијалот за работа од дистанца (работа од дома) во државава се проценува на околу 24% од вкупниот број на расположливи работните места.  Флексибилно работно времеможност која носи бенефити и за младите и за работодавачите Истражувањата на светско ниво

покажуваат дека флексибилното

работно време кое му дава можност на работникот да го

адаптира работниот ден на сопствените потреби во согласност и со потребите на работодавачот, овозможува бројни бенефити за двете страни како што се зголемена продуктивност, намалување на стресот и исцрпеноста (синдромот на burn-out), здрава рамнотежа помеѓу работата и животот, поголемо задоволство од работата, привлекување врвни таленти. Се’ поголем број млади луѓе го ставаат флексибилното работно време меѓу своите приоритети при избор на работно место. Според најавите од Министерството за труд и

социјална политика, ова прашање ќе биде адресирано со новиот

Закон за работни односи со цел

да се излезе во пресрет токму на ваквите потреби и да се овозможат придобивките и за работодавачите и за работниците.

 Фриленсери - можности за социјално и здравствено осигурување

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 17

Со зголемувањето на бројот

на студенти во формалното и

неформално ИТ образование, очекуван е пораст на бројот на

млади лица кои работат како

фриленсери. Овој тренд е веќе

застапен во земјите од соседството

особено во Србија која во 2022

година влезе во топ 10 земји во

светот според бројот на фриленсери

по глава на жител. Задржувањето

на младите луѓе кои работат како

фриленсери е особено голем

предизвик со оглед на тоа што

работата која ја работат можат да

ја извршуваат од било кое место во светот, односно онаму каде ќе имаат најповолни услови за работа.

u Мерки за самовработување и отворање сопствен бизнис Оперативниот план за вработување предвидува мерки кои треба да го поттикнат само-

вработувањето и отворањето сопствен бизнис за младите луѓе. Сепак, според податоците на младинските организации, само 18,3% корисници на мерки за отворање на сопствен бизнис се млади, а само 2,3% млади се самовработени. Ова покажува дека се потребни дополнителни стимулатори за младите луѓе да започнат свој бизнис и да се самовработат. u Млади во ИТ секторот - 0 проценти персонален данок Бројот на млади кои се одлучуваат за високо образование на електро-техничките факултети е значително зголемен во изминатите години. ФИНКИ е факултетот кој има најголем број студенти, ако се собере вкупниот број студенти од прва до четврта година. Таму студираат вкупно 4.145 студенти. Ако на оваа бројка се додадат

Задржувањето

на младите луѓе кои работат како фриленсери е особено голем предизвик со оглед на тоа што работата

која ја работат

можат да ја

извршуваат од било кое место во светот, односно онаму каде ќе имаат најповолни

услови за работа.

и лицата кои своите ИТ вештини ги стекнуваат во неформалното образование преку бројните академии и курсеви за ИТ секторот, ќе се дојде до бројка која претставува сериозен потенцијал и за која треба да се овозможат соодветни услови за работа и задржување во земјата. Владата на почетокот на 2022 година најави дека од 2023 година ќе воведе серија на стимулативни мерки за ИКТ секторот како ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата и пред се укинување на персоналниот данок за вработените во ИТ секторот кој во моментов изнесува 10 проценти. Сепак со новиот буџет за 2023 година не се предвидени ваков тип на стимулативни мерки. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 18 ИСТРАЖУВАЊЕ

Користетепаметно! го

времето

паметно.

Посветете го времето на

убави нешта, останатото

препуштете ни го нам.

Преземете ја мобилната

апликација Триглав

Пријава и пријавете штета

по каско осигурување

брзо, едноставно и

ефикасно.

Размислувај зелено, одбери
Триглав Пријава
С
è ќе биде во ред. triglav.mk Триглав Пријава

ЗОШТО НИКОЈ НЕ ГО КРШИ МРАЗОТ?

трансформација во акционерско друштво. Главните причини за ваквите состојби стандардно се стравот од разводнување на сопственоста и поделба на моќта на носењето на одлуки во компанијата, но и зголемените обврски на акционерските друштва, пред се’ барањата за поголема транспарентност и објавување на информации за работењето на компаниите.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 30 ИЗЛЕГУВАЊЕ
IPO И КОТАЦИЈА
ОЧЕКУВАЊА
НА БЕРЗА
- ЖЕЛБИ,
И РЕАЛНОСТ
Кај
кои се организирани како
или
некои случаи и отпор
македонските компании
ДОО
ДООЕЛ постои незаинтересираност, а во
кон евентуална

Автор:

ИЛЧО ЛАЗАРЕСКИ

Директор на Сектор за деловни операции

Македонска берза

Кон крајот на 2022

година, Македонска

берза одржа тркалезна

маса со наслов

„Излегување на берза

– Зошто никој не го крши мразот“,

во рамки на која, пред отворањето

на дискусија на наведената тема со внимателно одбраните учесници

на панелот, беше извршена презентација на резултатите

од анкетата за потенцијалот на македонскиот пазар на хартии од вредност (видувања на компаниите за трансформација во АД, IPO и берзанската котација), која за потребите на Берзата, ја спроведе агенцијата Стратум РиД.

Иако наведената анкета Берзата ја нарача, пред се’, за сопствени

потреби во насока на увид во моменталните состојби кај малите

и средни компании, сепак беше одлучено резултатите од истата

да и’ бидат презентирани на пошироката јавност, пред сè

од причина што се сметаше дека таквите збирни податоци покажуваат слика која може да

е од голема важност особено за експертите од областа на пазарот

на хартии од вредност и можат

да покажат интересни податоци и

показатели кои можат да им бидат

од значење на повеќе чинители на пазарот.

Издавањето на нови хартии од вредност, било како иницијална

јавна понуда или само јавна понуда (IPO или PO), а потоа и нивната котација на берза, е од големо значење за секој пазар на хартии од вредност. Ова пред се’ од причина што новите емисии, освен што се показател за развојот на одреден пазар, ја зголемуваат понудата на пазарот, даваат поширока лепеза на инструменти за инвестирање, го зајакнуваат моментот дека компаниите размислуваат за пазарот на капитал како еден од начините на финансирање (покрај сопствените

средства и кредитирањето),

овозможуваат дел од приватните компании да размислуваат капитално и информациски да се отворат за јавноста преку трансформација во акционерско друштво, но истовремено го зголемуваат и интересот на инвеститорите да ја гледаат берзата

како едно од местата за вложување итн. Од наведеното е видливо големото значење на издавањето на нови емисии на хартии од

вредност и зошто истото е постојана тема на пазарите на хартии од вредност, особено на малите берзи од регионот на Југоисточна Европа во изминатите децении, каде што состојбите во овој поглед се идентични како во Македонија, односно има малку или воопшто нема IPO-а.

Зошто успешните компании не сакаат да прибираат капитал преку берза?

Причините, секако, се покомплексни, но со оглед на регионалноста на состојбите истите пред се’ произлегуваат од историски околности и развиеноста на пазарите. Оттаму и покрај обидите на регионалните берзи на разни начини да придонесат до развојот на примарниот пазар на хартии од вредност, отсуствува интересот на компаниите, кои се’ уште ги преферираат другите начини на финансирање. Ова секако има врска и со системот на добро капитализирани класични банки, кои во секој момент се подготвени да ја финансираат секоја успешна компанија, а и недоволната развиеност на инвестициското банкарство кое би понудило побрзо и поевтино финансирање преку издавање на хартии од вредност. Секако, берзите постојано се трудат да бидат присутни и во секој момент да бидат подготвени да излезат во пресрет на компанија која би искажала интерес за емисија на хартии од вредност. Од тие причини, Македонска берза во изминатите години, меѓу другото, постојано работеше на подигањето на свеста за можностите кои ги нуди финансирањето преку издавање на хартии од вредност и создаваше предуслови за што поедноставно извршување на истите. При тоа, во различни периоди, беа реализирани повеќе проекти од кои би ги навеле следните:

u Согласно податоците од Централниот регистар беа избрани 100 најсилни компании според промет и остварена добивка за неколку години и со нив беа реализирани директни состаноци и беа одржани групни работилници на кои се објаснуваа можностите за финансирање преку издавање на хартии од вредност, трансформација во акционерско друштво и котација на берза, како и најдобрите практики на корпоративно управување кај семејните друштва.

u Беше спроведен посебен проект Берзански инкубатор

кој обезбедуваше целосно бесплатен стручен и финансиски консалтинг за трансформација на малите и средни компании во акционерски друштва, со целосно намалени трошоци од страна на сите институции на пазарот на хартии од вредност.

u Во посебен проект беа организирани специјални

работилници за консултантите кои работат во директен контакт

со малите и средни компании, со цел поблиско доближување на оваа проблематика и обид преку нив да се промовираат можностите кои ги нуди пазарот на хартии од вредност и да се допре до сопствениците и менаџментот на компаниите и од таа страна.

При тоа, со цел намалување на трошоците за IPO, во соработка со Комисијата за хартии од вредност во неколку наврати беше овозможено целосно укинување на надоместокот кој го наплаќаат институциите на пазарот на хартии од вредност за иницијални јавни понуди на хартии од вредност. Претходно, Македонска берза воведе посебен пазарен подсегмент „Котација на мали акционерски друштва“, каде што условите кои треба да ги исполни издавачот за котација на овој сегмент се далеку пониски за разлика од котацијата на другите подсегменти, а воедно и обврските за транспарентност беа прилагодени на капацитетите на друштвата. Воедно, Берзата е активно вклучена во проектот поврзан со crowdfunding платформата Funderbeam, која е платформа која е развиена во Естонија за финансирање на стартапи, но и на мали и средни претпријатија, односно подразбира нудење на прецизна структура со можности и за компаниите и за инвеститорите.

За жал, и покрај сите наведени активности изминатите години, не можеме да се пофалиме со успешно изведено IPO со кое некоја мала компанија би се трансформирала

во АД и би изразила желба за котација на нејзините хартии од вредност на Берзата.

Овој вовед беше неопходен за да се објаснат причините поради кои Берзата реши да ја направи наведената анкета за потенцијалот на македонскиот пазар на

хартии од вредност и за истата да ангажира стручна компанија за вакви активности. Идејата беше да се согледаат моменталните состојби, дали и што е сменето во однос на минатите години кога немаше ефекти од спроведените активности,

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 31

како и да се увидат причините за

тоа, но пред сè податоците да бидат

прибрани не од Берзата туку од

независна стручна компанија, за

да се добијат што повистински и

непристрасни одговори.

За што подобро извршување

на анкетата, беше избран

репрезентативен примерок од 100

мали и средни компании, соодветно

распределени од географски

аспект, број на вработени, големина

на капитал и правен облик.

Прашањата беа поделени во

неколку групи, при што може да се

каже дека добиените одговори беа

интересни и покажаа значителна

конзистентност во ставовите.

Сопствениците на малите

друштва не сакаат туѓ влез во

капиталот

На прашањето „Дали менаџментот

размислувал за трансформација

на компанијата во АД?“ над 74%

одговориле дека не размислувале,

додека околу 26% размислувале

за трансформација, додека на

прашањето „Дали знаете за

предности кои ги носи АД во однос на ДООЕЛ/ДОО?“, околу 58%

одговориле дека тоа е можноста за

полесно менување на сопственоста

во иднина, 42% дека носи можност

за нов и дополнителен пристап

до капитал, 34% дека овозможува

тековно пазарно вреднување

на компанијата во иднина итн.

Одговорите покажуваат дека

постои соодветно познавање на

предностите од трансформација во

АД, но во овој момент многу мал

дел од менаџерите размислуваат во

таа насока.

На прашањето „ Кои се причините

поради кои не се одлучиле за

трансформација во АД?“ , скоро

77% од испитаниците одговориле

дека немале потреба од тоа, околу

55% не сакаат да го менуваат

системот на управување, додека

36% не сакаат да дозволат

туѓо учество во капиталот на

компанијата. При тоа, само 13%

одговориле дека се запознаени

со предностите кои ги носи

трансформацијата, а 42% дека

се малку информирани. Овие

одговори се прилично конзистентни

со досегашните искуства кои

ги има Берзата, односно дека

сопствениците на малите друштва

не сакаат да дозволат туѓ влез

во капиталот и начинот на

управување и одлучување во

акционерско друштво го сметаат за

посложен.

На прашањето „Од каде се

информирате за финансиски

можности за компаниите?“, 46%

одговориле дека се информираат

преку консултанти, додека 43%

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 32
ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗА

преку искуства од блиски, пријатели

и роднини. Ова го потврдува искуството дека во Македонија

најголем дел од информациите се пренесуваат преку неформални

канали, со сите можности за половично и неточно информирање

на овој начин. На прашањето

„Дали сметате дека доколку би имале повеќе стручни информации, пристап до советување за можностите за финансирање на компаниите преку трансформација во АД би размислиле за трансформација“, над 2/3 од испитаниците одговориле дека не би се одлучиле, што ги потврдува

констатациите од претходно дека негативните ставови кон трансформацијата во акционерско друштво во овој момент кај сопствениците и менаџерите на компаниите се доминантни.

Понатаму, одговорите покажуваат дека 99% од друштвата немале извршено емисија на хартии од вредност, при што запознаени се со предностите кои ги нудат емисиите на хартии од вредност, како можноста за прибирање

на капитал, зголемување на ликвидноста, потенцијално зголемување на вредноста на друштвото итн. Но, на прашањето дали, познавајќи ги предностите

од новите емисии, менаџментот би се решил за таков начин на прибирање на капитал над 2/3 одговориле дека немаат такви размислувања и намери. На прашањето „Дали според вас има ризици од издавањето нови емисии хартии од вредност?“ дури 73% одговориле дека издавањето хартии од вредност има ризици, при што над половина сметаат дека најголем ризик е разводнувањето на сопственоста, а 28% посложениот систем на управување итн. Оттаму, 72% преферираат финансирање со сопствени средства, а 28% користење на банкарски кредити. Две третини сопственици не гледаат предност од котацијата за својата компанија

Во делот од прашањата кои се однесуваат на котација на берза, над 2/3 од испитаниците компаниите не се чувствуваат доволно информирани што е котација, при што најголем дел од нив информациите ги добиваат преку блиски, пријатели и роднини (33%) или од деловни соработници (29%). Над 55% не размислувале и не разговарале воопшто за евентуална котација на нивната

Македонска берза

останува на своите заложби и понатаму

да продолжи со

промовирање на

можностите кои ги

нуди пазарот на

хартии од вредност

и едукација на

сите учесници

од стопанството, учениците, студентите

и пошироката

јавност и, секако, да

е целосно подготвена

да биде на услуга

во моментот кога

првите компании

ќе одлучат да се

акционерско друштво

преку издавање на

хартии од вредност.

компанија, при што како основна причина за тоа ги наведуваат недостатоците од котацијата (64,5%). Над 63% како главна препрека за котацијата го сметаат тоа што во развојната фаза во која се наоѓаат не гледаат предност од котацијата за својата компанија, при што на прашањето дали на евентуална одлука за котација би влијаело доколку добијат стручна

помош во текот на целата постапка 52,6% одговориле дека и тогаш со сигурност не би се одлучиле, додека околу 32% дека веројатно не би се одлучиле. Значи, негативниот одговор останува кај околу 85% од испитаниците. Сепак, на прашањето дали би учествувале на информативна работилница на која би ги добиле сите потребни информации за котацијата на берза, 30,6% одговориле дека би учествувале, 34% дека не се сигурни, додека над 35% не би учествувале.

Во однос на начинот на информирање за можностите за финансирање на компаниите, доминираат интернет страниците и консултантите, агрегаторите на вести и пријателите/познаниците. Последното прашање кое беше поставено во анкетата беше околу имиџот на Македонска берза како

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 33
трансформираат во

институција на пазарот на хартии

од вредност, со цел да се види дали

и како малите и средни компании

ја перципираат Берзата и дали

тоа има удел во нивниот однос кон

издавањето на емисии на хартии од

вредност и котацијата. Сепак, без

разлика што дури 38% сметаат дека

се работи за државна институција,

Берзата има добар имиџ, со оглед

на тоа што најголемиот дел ја

перципираат како професионална,

сериозна и транспарентна

институција која им помага на

домашните компании, има добри

односи со другите институции во

државата и во странство, што

е секако значаен показател за

досегашното работење и показател

за продолжување во иднина.

Заклучоци

Од сето горенаведено може да

се извлечат повеќе квалитетни,

интересни и значајни заклучоци: u Спроведената анкета ги потврди констатациите од претходните години, дека кај македонските компании кои се организирани како ДОО или ДООЕЛ постои незаинтересираност, а во некои случаи и отпор кон евентуална трансформација во акционерско друштво.

u Главните причини за ваквите состојби стандардно се стравот од разводнување на сопственоста и поделба на моќта на носењето на одлуки во компанијата, но и зголемените обврски на акционерските друштва, пред се’ барањата за поголема транспарентност и објавување на информации за работењето на компаниите.

u За разлика од порано, менаџментот на компаниите има многу повеќе знаење за пазарот на хартии од вредност, можностите за финансирање преку издавање на емисии на хартии од вредност, трансформација во АД и котација, но анкетата покажува постоење на простор за понатамошна едукација во таа насока. u Главните канали на

информирање во нашето

општество традиционално остануваат директните контакти со блиски, роднини и пријатели и размена на искуства, при што стручните консултанти заземаат

позначаен дел од каналите преку

кои менаџментот се информира

за можностите за финансирање.

u Сепак и покрај наведеното

поголемо знаење на менаџментот, останува претходно констатираниот отпор кон трансформација во АД

и отворање кон јавноста. Ставот

е идентичен дури и во ситуација

кога би имале можност да имаат

целосно покриен консалтинг

и целосно покриени трошоци

во постапката на издавање на емисии на хартии од вредност и

трансформација во АД (нешто што беше констатирано и при проектот „Берзански инкубатор“ кога ниту една мала компанија не покажа интерес при целосно покриени консалтинг и трошоци).

За Берзата е многу важно што сите наведени констатации беа

изведени при вршење на целосно

независна и стручна анализа

на состојбите и можностите на

пазарот, извршени на примерок

од 100 компании, адекватно

структурирани од регионален

аспект и од аспект на број

на вработени. Воедно, овие

констатации покажуваат дека во

моментов македонскиот пазар на

хартии од вредност од овој аспект е во скоро идентична развојна

фаза како и останатите регионални пазари, при што се наметнува

заклучокот дека најверојатно и причините за овие состојби се исти, односно транзицијата на општествениот систем и силното класично банкарство сепак наметнува потреба од постепена еволуција на состојбите, при што неминовно во еден момент од развојот ќе се појават првите компании кои ќе го гледаат пазарот на хартии од вредност како можност за финансирање, покрај сопствените средства и банкарските кредити.

Сепак, Македонска берза останува на своите заложби и понатаму

да продолжи со промовирање

на можностите кои ги нуди пазарот на хартии од вредност и едукација на сите учесници од стопанството, учениците, студентите и пошироката јавност и, секако, да е целосно подготвена да биде на услуга во моментот кога првите компании ќе одлучат да се трансформираат во акционерско друштво преку издавање на хартии од вредност, со што ќе отпочне една нова фаза во развојот. nnn

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023
34 ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗА

УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ВКЛУЧЕН

ВО РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ ПОДДРЖАН ОД ЕУ

ЛИДЕРИ НА ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА

Целта на овој проект е да создаде универзитетска

средина која ќе стимулира развој на циркуларната

економија кај студентите на економските факултети во

регионот на Југоисточна Европа. Проектот исто така

стимулира градење и продлабочување на поврзаноста

меѓу академијата и индустријата и подобрување на

дигитализацијата на високообразовниот сектор.

акултетот за

Деловна Економија и

Организациони Науки

при Универзитетот

Американ Колеџ Скопје во

соработка со Економскиот

Факултет при Универзитетот во

Ријека, Хрватска, Факултетот

ДОБА од Марибор, Словенија и Факултетот за Бизнис и Менаџмент

од Универзитетот од Русе, Бугарија го имплементираат проектот

Лидери на Зелената Економија со финансиска поддршка на Еразмус+ програмата.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 36 ЕДУКАЦИЈА
Ф

Целта на овој проект е да создаде универзитетска средина која ќе стимулира развој на циркуларната економија кај студентите на економските факултети во регионот на Југоисточна Европа. Проектот исто така стимулира градење и продлабочување на поврзаноста меѓу академијата и индустријата и подобрување на дигитализацијата на високообразовниот сектор.

Преку проектните активности ќе

им се овозможи на студентите да развијат знаења, вештини и

компетенции за циркуларната

економија. Со тоа тие ќе

бидат подобро подготвени за нивните идни работни места и помагање на усвојување на концептите на циркуларната економија во компаниите со што

позитивно ќе влијаат на идниот економски раст на земјите како и трансформацијата кон зелена економија.

Кон остварување на Одржливите развојни цели на ООН и Зелената агенда на ЕУ

Проектот е насочен кон

утврдување и унапредување на

следните аспекти:

u Застапеноста на циркуларната економија во наставата на

универзитетско ниво, како и разбирање на искуствата и мислењата на студентите за темата; u Воспоставување врски и унапредување на соработката меѓу академијата и индустријата

во однос на циркуларната економија преку создавање на нови и збогатување на постоечките активности;

u Создавање Дигитaлен депозитар на знаења, алатки и активности за зелената економија кој ќе биде од отворен карактер и ќе може да се користи во иднина од страна на професорите и студентите; u Збогатување на знаењата и вештините на универзитетскиот кадар за циркуларната економија.

Преку проектните активности ќе се стимулира унапредување на наставата со нови интерактивни алатки како што се студии на случај, интерактивни предавања, видео материјали, квизови за зелена економија, како и интервјуа за споделување искуства на компании од доменот на циркуларната економија. Преку тоа ќе се поттикне развој на

вештини и знаења што се лесно применливи во практиката и ќе се подобри вработливоста на

студентите.

Проектот помага во

остварувањето на Одржливите Развојни Цели на Обединетите Нации, како и Зелената Агенда поставена од Европската

Унија. Исто така конзорциумот е формиран од Универзитети

од земји каде што новите методологии за настава и учење за циркуларната економијата

се во зачеток и има недостиг на наставни материјали од регионот. Регионалната перспектива ќе ја зајакне соработката меѓу вклучените земји од Балканот. Преку проектните активности сите чинители од различни земји ќе можат да учат за нивните екосистеми, но и да учат едни од други и за други, со што ќе се стимулира развојот на мултикултурните компетенции и меѓукултурна соработка.

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на проектот: https://sites.google.com/ view/leadersofthegreeneconomy/ home?pli=1.

GOOGLE ПРЕЗЕМА ХРВАТСКА ИТ КОМПАНИЈА

Photomath

СО СВОЈАТА АПЛИКАЦИЈА

ЗА УЧЕЊЕ МАТЕМАТИКА

ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО

НА ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ

Photomath е најпопуларната хрватска мобилна апликација

со речиси 300 милиони преземања, а особено е успешна на

американскиот пазар, што веројатно најмногу го разбуди

интересот на гигант како Google.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 38 РЕГИОН

Официјално, трансакцијата ќе се гледа како купување на американска компанија, бидејќи седиштето на Photomath, компанијата која ја развива истоимената апликација за решавање математички проблеми, е во САД, но основачот на компанијата, познатиот сериски стартап претприемач Дамир Сабол (на фотографијата) е од Хрватска, каде што се одвива најголемиот дел од развојот и вработува најголем број луѓе.

Американскиот Google е во процес на преземање на хрватската компанија Photomath, која развива истоимена апликација за решавање математички задачи. Сега под капата на Google, односно чадор-компанијата Alphabet, третата по големина технолошка компанија во светот по пазарна капитализација (по Apple и Microsoft), доаѓа хрватска компанија - Photomath. Официјално, трансакцијата ќе се гледа како купување на американска компанија, бидејќи седиштето на Photomath, компанијата која ја развива истоимената апликација за решавање математички проблеми, е во САД, но основачот на компанијата, познатиот сериски стартап претприемач Дамир Сабол е од Хрватска, каде што се одвива најголемиот дел од развојот и вработува најголем број луѓе.

Како што објави Ројтерс, антимонополските регулаторни органи на Европската унија одредиле датум за донесување одлука за купување на Photomath од Google. На 28 март европскиот регулатор ќе одлучи дали Alphabet, матичната компанија на Google, може да ја преземе хрватската компанија. Информацијата се наведува во поднесокот на Европската комисија, кој беше објавен деновиве. Во моментов се чека дали телото на Европската унија задолжено за конкурентност на пазарот, ќе го одобри договорот по прелиминарниот преглед.

Може да се случи и да отвори четиримесечна истрага доколку тврди дека има неправилности. “Можеме да потврдиме дека склучивме договор за купување на Photomath во мај 2022 година, што е предмет на регулаторна проверка“, изјави портпаролот на Google за Ројтерс.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 39

Апликацијата на Photomath користи камера на паметен телефон или научен калкулатор за да ги идентификува и објасни математичките проблеми. Компанијата оствари приход од 5,8 милиони евра во 2021 година, а досега фондовите за ризичен капитал или venture funds, Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic имаат инвестирано во Photomath.

Инвестирани се вкупно 29 милиони долари, од кои последната инвестиција од 23 милиони долари под водство на Menlo Ventures е реализирана пред две години.

Најпопуларна

хрватска апликација

Дамир Сабол, основач и извршен

директор на Photomath, ја потврди

веста за преземањето ексклузивно

за хрватскиот портал Лидер. Точно

е дека потпишаа договор со Google

за преземање на Photomath.

„Да, потпишавме договор

за преземање, под услов на

одобрение од регулаторните тела

на Европската унија, кој е во тек и

се уште не е завршен“, накратко

изјави Сабол.

Сепак, тој засега не можеше да

коментира повеќе од тоа, токму

затоа што договорот во моментов

е предмет на одобрување од

регулаторните органи.

Од Google велат дека

технологијата на Photomath ќе им

помогне да им обезбедат на своите

корисници подобро искуство

во учењето математика и во

градењето на понудата на Google за решавање на домашните

задачи за младите корисници.

Photomath е најпопуларната хрватска мобилна апликација со речиси 300 милиони преземања, а особено е успешна на американскиот пазар, што веројатно најмногу го разбуди интересот на гигант како Google. Инаку, апликацијата на Photomath користи камера на паметен телефон или научен калкулатор за да ги идентификува и објасни математичките проблеми.

Компанијата оствари приход од 5,8 милиони евра во 2021 година, а досега фондовите за ризичен капитал или venture funds, Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic имаат инвестирано во Photomath.

Инвестирани се вкупно 29 милиони долари, од кои последната

инвестиција од 23 милиони долари под водство на Menlo Ventures е реализирана пред две години. Самата апликација беше објавена во 2014 година од загрепската компанија Microblink, исто така во сопственост на Сабол. Од 2017 година, Photomath работи како посебна компанија.

Износот на аквизицијата сè уште не е познат, но ова би можело да биде една од најголемите аквизиции на некоја хрватска компанија досега. Добра вест за стартап сцената на целиот регион Јуре Микуж, менаџер на VC фондот South Central Ventures и веројатно најискусниот инвеститор во стартапи во регионот како што пишува Лидер медиа, вели дека „ова е одлична приказна за Дамир и неговиот тим, а исто така и за целиот стартап екосистем во Хрватска“.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 40 РЕГИОН

„Тоа покажува дека е можно да се

развијат решенија на овој простор

кои можат да бидат интересни за

најголемите играчи во светот и за

кои тие се подготвени да платат

високи суми за да дојдат до нив

без сопствен, органски развој. Не

ги знам деталите за трансакцијата,

но претпоставувам дека имаат

договор и околу тоа колку тимот на

Photomath отсега ќе биде вклучен

во развојот на други решенија во

Google“, вели Микуж.

И Жељко Периќ, искусен експерт

за спојувања и аквизиции и

сопственик на консултантската

компанија Caper, истакнува дека

Дамир Собол веќе докажал дека

е исклучителен претприемач и

одличен иноватор.

„ Photomath е извонреден деловен

потфат, па не сум многу изненаден

што се најде на радарот на компанија како Google. Хрватската

стартап сцена е квалитетна и ова

е само дополнителна потврда

и верувам силен поттик за сите

етаблирани играчи, но и оптимисти

сонувачи да веруваат во себе“, истакнува Периќ.

Фактот дека Photomath е со седиште

во САД секако ја олесни оваа трансакција, како и претходните

инвестициски рунди.

„Седиштето во САД решава неколку

ризици кои баш и ваквите купци и

не ги сакаат, па тоа секако помогна

во брзината на нивната одлука.

Но, мислам дека појавата на Photomath на разни конференции

и други настани низ светот имаше

многу поголемо влијание врз

инвестицијата отколку само

седиштето во САД“, смета Микуж. И Периќ пак вели дека седиштето во САД не било одлучувачко, но

секако помогнало да се намали перцепцијата за „егзотичност“ и негативните стереотипи, што понекогаш ги одвраќа американските инвеститори да инвестираат во компании од балканскиот регион. „Исто така, фактот што Photomath е регистрирана во САД секако, од перспектива на купувачот и неговите советници, ја олесни правната процедура и креирањето на договорна документација, која често може да биде доста напорна при прекуграничните трансакции“, вели Периќ.

Дека е така говори и фактот што повеќето од компаниите што во последно време ги презеде Google, односно Alphabet се со седиште во САД, а потоа следи Израел. А на кои компании под капата на Gloogle треба да им се придружи Photomath, ако се оди добро со регулаторните одобренија?

Една од најзначајните (и понови) аквизиции што ги направи Google е купувањето на Mandiant за 5,4 милијарди долари во февруари 2022 година. Mandiant е добро позната компанија која се занимава со кибербезбедност, а со купувањето на оваа компанија, Google продолжи да ги развива своите технологии и услуги во оваа област. Аквизиција која вреди да се спомене е купувањето на компанијата Nest за 3,2 милијарди долари во јануари 2014. Nest е компанија која се занимава со технологија за паметни домови, а Google со оваа аквизиција го прошири својот бизнис во секторот. Третата најголема аквизиција

беше купувањето на DoubleClick

од Google за 3,1 милијарди долари

во април 2007 година. DoubleClick

беше еден од најголемите системи

за онлајн рекламирање во тоа

време, а со оваа аквизиција Google

стана доминантен играч во областа

на онлајн рекламирањето.

Google го купи и Waze во 2005

година за 1,3 милијарди долари, YouTube за 1,6 милијарди долари, Fitbit во 2007 година за 2,10

милијарди долари и Looker во 2011

година за 2,60 милијарди долари.

Од сите аквизиции, 18 беа во

секторот за кибербезбедност, 13

во секторот на социјални медиуми и 12 во секторот AdTech. Google

продолжува да прави аквизиции, а некои од најновите аквизиции се MobiledgeX и Raxium. MobiledgeX, компанија која се

занимава со технологиите на т.н. edge computing, беше купена во април 2022 година. Оваа аквизиција му овозможи на Google пристап до напредни технологии кои користат компјутерски ресурси на работ на мрежата, подобрувајќи ја брзината и ефикасноста во обработката на податоците. Raxium, компанија за безбедност на податоци, беше купена во март 2022 година. Оваа аквизиција придонесе за понатамошен развој на технологиите за кибербезбедност на Google, кои ги штитат податоците на корисниците и го подобруваат квалитетот на услугите. Сите овие аквизиции покажуваат дека Google продолжува активно да инвестира во развојот на нови технологии и услуги, а во исто време го зајакнува својот бизнис. 

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 41 Печат за успех Контакт +389 43 212 560 office@brako.com.mk www.brako.com.mk
„Шопингот“ на Google

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЈА НАТЕРА ЕВРОПА

ДА ПОБРЗА СО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

КАКО ЕУ СЕ ОСЛОБОДИ ОД РУСКИТЕ ФОСИЛНИ ГОРИВА СО

СПЕКТАКУЛАРНА БРЗИНА?

Дури и најоптимистичките

прогнози на аналитичарите и

европските лидери на почетокот

на војната не предвидоа колку

брзо Европа може да се движи

во насока на енергетската

транзиција. Пред една година

Европа трошеше околу

милијарда долари дневно за да

плати гас, нафта и јаглен увезени

од Русија. Денес, плаќа само

мал дел од таа сума.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 42 ГЕОПОЛИТИКА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 43

Соларните инсталации во Европа во 2022 се зголемиле за рекордни 40 гигавати

ајзначајниот одговор на Европа на руската агресија во Украина не беше распоредувањето на воена опрема

и милијардите евра помош. Туку

беше невидената брзина на

енергетска транзиција при што за

една година континентот речиси ја

елиминираше својата зависност

од руските фосилни горива во

обид да го задуши клучниот извор

на финансирање на воената

машинерија на рускиот претседател

Владимир Путин, коментира

Блумберг (Bloomberg).

Дури и најоптимистичките прогнози

на аналитичарите и европските

лидери на почетокот на војната

не предвидоа колку брзо Европа

може да се движи во насока на

енергетската транзиција. Пред една

година Европа трошеше околу

милијарда долари дневно за да

плати гас, нафта и јаглен увезени од

Русија. Денес, плаќа само мал дел

од таа сума.

„Русија не’ уценуваше со закана

дека ќе го прекине снабдувањето со

енергија. Целосно се ослободивме

од зависноста од руските фосилни горива. Се одвиваше многу побрзо отколку што очекувавме“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно овој месец.

Климатските

промени

Ситуацијата можеше да се одвива и многу поинаку, но европската транзиција кон чиста енергија, која сериозно започна пред неколку години, одигра голема улога. Емисиите малку се намалија во 2022 година, а не отидоа нагоре, иако ЕУ даде приоритет на било каков извор на енергија што не е руски.

„Благодарение“ на климатските промени, топлото време ја намали побарувачката за греење, а фабриките кои загадуваат

мораа да ги затворат своите погони бидејќи не можеа да си

дозволат да ја платат енергијата потребна за работа. Она што го покажа изминатата година е дека е можно да се оди посилно и побрзо во инсталирањето соларни панели и батерии, намалување на потрошувачката

на енергија и трајно менување на традиционалните извори на фосилни горива. Соларните инсталации низ Европа се зголемија за рекордни 40 гигавати минатата година, што е зголемување од 35 отсто во споредба со 2021 година, а нешто помалку од најоптимистичкото сценарио на истражувачите на BloombergNEF. Овој скок првенствено беше поттикнат од потрошувачите кои гледаа на евтините соларни панели како начин да ги намалат сопствените сметки за енергија. Многу потрошувачи кои поставиле соларни панели на своите покриви додале и батерија. Поставувањето

на батерии порасна за рекордни 79 отсто минатата година во Европа, главно предводен од станбениот сектор, кој порасна за 95 отсто, покажуваат податоците на BNEF. Економијата на ЕУ порасна додека се ослободуваше

од рускиот гас Никаква експанзија на обновливите извори на енергија нема да биде доволна за да ги замени сосема руската нафта, гас и јаглен уште

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 44 ГЕОПОЛИТИКА
Н
„помогнаа“

некое време. Европа со години

поволно увезувала големи количини природен гас преку

руските гасоводи. Евтиниот гас долго време ги одржуваше ниските цени на енергијата и ги замени повеќе загадувачките централи на јаглен, но инвазијата го промени тоа преку

ноќ.

Додека руските авиони фрлаа

бомби над Украина во јули 2022

година, државниот Газпром го

прекина снабдувањето со гас

преку цевководи што минуваат под Балтичкото Море или преку

Белорусија и Украина. Првично, тоа беше направено под изговор одржувањето се искомпликувало

поради западните санкции. До

летото, испораките на цевководите

под Балтичкото Море станаа

нула откако серијата експлозии ги

направија неупотребливи.

До крајот на 2022 година, рускиот

гас испратен директно во Европа

преку гасоводи падна за 75 отсто во

споредба со претходната година, а

речиси два месеци во 2023 година

нема знаци за зголемување на

увозот.

Додека се ослободувала од

евтиниот руски гас, бруто

домашниот производ на ЕУ всушност пораснал за 3,5 проценти во 2022 година, нешто помалку од четирите проценти што се очекуваа пред избувнувањето на војната. Рецесијата се сметаше за неизбежна уште есента лани, но економистите на ЕУ сега очекуваат економијата на блокот да порасне за 0,9 отсто во 2023 година.

„Речиси една година откако Русија ја започна својата агресивна војна против Украина, економијата на ЕУ е на подобра основа отколку што се очекуваше наесен. Се чини дека инфлацијата го достигна својот врв и поволните движења на енергетските пазари навестуваат натамошни остри падови“, се наведува во најновиот економски извештај на Европската комисија.

Дел од рускиот гас беше заменет со зголемен проток на гасоводите од Алжир и Норвешка. Повеќето пристигнале со брод во форма на ЛНГ, или течен природен гас. Обезбедувањето на сиот тој гас значеше купување многу повеќе од САД и Катар, речиси двојно зголемувајќи го увозот на ЛНГ во

ЕУ во споредба со 2021 година. И иронично, Русија исто така служеше како се’ поважен извор на течен гас, дури и додека нејзиниот цевководен извоз во Европа се намалувал. Помогна тоа што климатските промени значеа поблага зима одошто вообичаено, намалувајќи ја побарувачката за греење. Високите

температури значат повеќе гас во складиштата за следната зима. Одредена побарувачка за гас е намалена со согорување на повеќе јаглен во електраните. Употребата на јаглен низ Европската унија се зголеми за седум отсто минатата година, бидејќи рускиот увоз падна во текот на годината и речиси целосно престана во октомври по стапувањето на санкциите.

Нафтата потешко се заменува Но, најголемиот придонес дојде во форма на намалена побарувачка и од индустријата и од домаќинствата. Како што цената на гасот вртоглаво порасна, некои индустрии, како што се производителите на ѓубрива, сметаа дека е неекономично да работат, додека други најдоа алтернативи за задоволување на нивните енергетски потреби.

Ова доведе до пад на употребата

од 18 проценти во текот на 2021

година, што е споредливо со падот

од 14 проценти забележан во 2020

година во споредба со претходната година. Слична беше приказната за греењето на станбените објекти, кое исто така падна за 15 отсто, според податоците собрани од BloombergNEF од земјите најголеми европски

потрошувачи на гас.

Увозот на нафта, исто така, забележа пад во 2022 година, но не толку колку јагленот или гасот. Вкупниот увоз од Русија падна за 300.000 барели дневно, со што

земјата остана најголем извозник на нафта во ЕУ, покажуваат

податоците на Меѓународната

агенција за енергија. Санкциите за увозот на сурова нафта кои се во сила од декември и за рафинираните производи како

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 45 RENEWABLE ENERGY Секогаш со најдобра понуда за снабдување или откуп на електрична енергија ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ www.res.mk +389 2 55 14 000 office@res.mk ECONOMICAL PRICES SAFE COOPERATION Поддршка на Вашиот бизнис

Најголемиот придонес

дојде во облик на намалување на побарувачката на гас

дизелот што беа воведени овој

месец значат дека увозот на руска

нафта конечно треба да престане

една година подоцна.

„Нафтата потешко се заменува.

Таму е најопасно да се чепка,

бидејќи ако имате 20 отсто

покачување на цената на нафтата, ризикувате глобална рецесија“,

вели Кристоф Рул, виш аналитичар

во Центарот за глобална енергетска

политика на Универзитетот

Колумбија и поранешен главен

економист во Бритиш Петрол.

Увозот од Русија беше заменет

со зголемени испораки од САД, Саудиска Арабија и Норвешка.

ЕУ, исто така, соработуваше со

земјите од Г7 и Австралија за да

наметне плафон на цената на

руската сурова нафта од 60 долари

за барел во декември, што треба

да овозможи руската нафта да тече

низ светот, но да го лиши Путин

од неочекувани добивки доколку

пазарната цена се зголеми.

и од индустријата и од домаќинствата Европа ја докажа

И тоа функционираше, на некој

начин. Индија брзо го зголеми

увозот на руска сурова нафта, која

се рафинира во дизел и бензин

во нејзините рафинерии и често

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28
ФЕВ. 2023 46 ГЕОПОЛИТИКА
својата конкурентност во зелената транзиција, и севкупно, електричната енергија од фосилни горива ќе се намали за дури 43 проценти во 2023 година во споредба со минатата година, според BloombergNEF.

се испраќа во Европа, каде што индискиот увоз на рафинирана

руска нафта не е на списокот со санкции.

Хидроенергијата потфрли

поради сушата

Една од најголемите пречки во

енергетската транзиција со која се

соочи ЕУ минатата година беше

најтешката суша во последните

500 години. Климатските промени

предизвикани од човекот ја

направија таа суша најмалку 20 пати поверојатна, според студијата објавена во октомври.

Влијанието врз енергетиката дојде преку намаленото производство

на хидроенергија, кое претходно

беше сигурен извор на обновлива

енергија.

Уште поголем проблем беше

Франција, која мораше да се

справи со својата застарена флота

нуклеарни реактори. Тој напор не

успеа во 2022 година, оставајќи

ја Европа без еден од најголемите

извори на енергија со ниска

содржина на јаглерод. Минатата

година Франција беше принудена

да увезува електрична енергија

од соседите, што доведе до уште поголема побарувачка за фосилни горива.

Француската нуклеарна флота постепено се враќа во употреба оваа зима, иако

производството останува и понатаму под историските просеци. Сепак, посилното нуклеарно

производство и поздравите нивоа на хидроакумулациите треба да помогнат да се намали побарувачката за гас и јаглен

за производство на електрична енергија во 2023 година.

Треба да се спомне и дека Белгија и Германија го продолжија животниот век на своите нуклеарни централи, што дополнително треба да ја намали побарувачката на гас.

Забрзано спроведување на

Зелениот договор на ЕУ

И покрај сите овие промени, емисиите на стакленички гасови во ЕУ треба да се намалат за помалку

од еден процент. Зголемените емисии од согорувањето на јаглен, кој произведува двојно

повеќе јаглерод диоксид по единица произведена енергија од гасот, се компензира со помала потрошувачка на гас. Севкупно, електричната енергија од фосилни горива ќе се намали за дури 43 проценти во 2023 година во споредба со минатата година, според BloombergNEF.

Забрзувањето на оддалечувањето

од фосилните горива е главно прашање за законодавците

на ЕУ, кои се толку уверени во исполнувањето на нивните цели за емисиите во 2030 година, што веќе отворија јавна консултација за целите од 2040 година на патот кон нулта емисија до 2050 година. Зелениот договор на ЕУ сега е цврсто вграден во регулативите на блокот, вклучувајќи чекори како забрана за продажба на автомобили со фосилни горива до 2035 година. Ова веќе почна да се покажува преку порастот на продажбата на електрични возила, која се очекува да постави нов рекорд во 2022 година. Енергетската транзиција за време на војната ѝ покажа на Европската унија што може да направи за да се обиде да го достигне лидерството на Кина во зелените технологии. Нејзините зелени потези ќе се

забрзаат како одговор на храбрите потези на САД по усвојувањето

на најголемиот закон за клима во историјата минатата година, кој „вбризгува“ стотици милијарди долари нови субвенции за чисти технологии. Тоа чувство на натпревар во зелената транзиција доведе многу европски законодавци сега да навестуваат повеќе субвенции за развој на зелени технологии низ целиот блок, како и поедноставни процеси за издавање дозволи и поповолни прекугранични регулативи.

„Во Европа гледаме дополнително забрзување на декарбонизацијата.

Русија ја губи енергетската битка“, изјави Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика. 

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 47 ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ БИО ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ ТРАНСФОРМАТОРИ +389 2 5514 000 info@feroinvest.mk www.feroinvest.mk ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ

ПОЛИТИЧАРИТЕ

ВоМексико

климатизерсе нарекуваполитичар

затоаштоправи многубучава,ане работибашкакошто треба.

Политичарите се единствените луѓевосветот коиштокреираат проблемиипотоа бараатмандатиза дагирешат.

ЛИДЕРСТВО KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023 48
РЕКОА ЗА...
ЛЕН ДАЈТОН британски писател ЧАРЛИ РИЗ американски колумнист

ЛИДЕРСТВО

И додека сме сведоци на пазарењата и дворските игри што се случуваат

периодов на домашната политичка сцена, да прочитаме неколку интересни размислувања околу политиката и политичарите од страна на познати светски политичари, писатели, интелектуалци...

Типче што се викаше

АдолфХитлерги

добиизборитево

Германијаво1932...и

50милионилуѓе

умреаподоцнакако

резултатнатоа.

Онаштонаучив

уштекакомале

дека политиката

евсушност,многу

битнаработа.

Политичароттреба

даеспособенда

кажештоќесе

случиутре,следната недела, следниот месец и следната година.Идаима способностпотоада објаснизоштотоане сеслучило.

британски премиер

Владатајабиваза

еднаработа.Знае

какодатигиискрши нозете, потоа да ти дадепатерициида тикаже,„Гледаш, данебевмениеод

владата, немаше сега да можеш да одиш.“

ХЕРИ БРАУН

американски писател и политичар

Магионичароти

политичаротимаат

една заедничка

работа:идвајцата

требадатиго

одвлечат вниманието

од она што

навистинагоправат.

БЕН ОКРИ

нигериски писател

КЛИНТ

холивудски актер и режисер

Тригрупиналуѓеги трошаттуѓитепари: децата,крадцитеи политичарите.На ситетригрупиим требанадзор.

Политичаритесе насекадеисти.Тие ветуваатдекаќе изградатмостови дуриикадешто немареки.

Јас,ти...ниеја поседуваме овааземја. Политичаритесе нашивработени. Икоганекојнеси јавршиработата, требадаго отпуштиме.

Најстрашната реченицаво англискиотјазике: Јассумодвладата итукасумда помогнам.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1141 28 ФЕВ. 2023
50
НИКИТА ХРУШЧОВ поранешен претседател н СССР
американски економист
политичар
БЕРНИ
САНДЕРС американски политичар
ДИК АРМИ
и
РОНАЛД
поранешен американски претседател
РЕГАН
ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ поранешен ИСТВУД

A WORLD OF ENCH AN T MEN T

Amidst the freshly fallen snow, a glistening OMEGA wonder is revealed. The De Ville Prestige in 18K Sedna™ Gold sits at the heart of our festive dreamscape, where iconic heritage and mechanical precision are seamlessly brought to life. Even in these frozen seconds of time, there is a forward momentum that celebrates OMEGA’s endless pursuit of excellence. This Co-Axial Master Chronometer watch, with its dark blue dial and Small Seconds display, is the perfect choice for a magical winter full of beauty and imagination.

om ega wat ches . co m
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.