AUTO FOCUS 53

Page 1

Број 53 • ЈАнуари 2012

МОДЕЛИ ВО

2012

АР ТИ Е ИТ

СИТЕ НОВИ

ЛЕНДВ КА НО НА

година на компактите

Меѓу најважните новитети: Volkswagen Golf класата А на Mercedes Audi А3

КРСТОСУВАЧОТ МЕЃУ РОДСТЕРИТЕ

MERCEDES SL Тоа што класата Ѕ е за лимузините SL е за родстерите - Врв

ТЕСТОВИ

ЈАнуари 2012 90 ДЕНАРИ

AUDI Q3

BMW 6

Третата димензија на теренците на Audi

GRAN COUPE

најубавото купе со четири врати Лимузина за младите

ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА Германците ги откриваат

Најдобрите и Најлошите автомобили

MERCEDES B 180 CDI Алатка за секојдневно користење

TOYOTA YARIS

Колку добар избор е користен FORD MONDEO СОВЕТИ

TUV

Многу простор, чувствителна техника

АВТОМОБИЛ НА МЕСЕЦОТ

GREEN POWER

SKODA FABIA

Кога автогасот ќе се комбинира со лизинг, тој сам си ги отплаќа ратите



СОДРЖИНА Број 53 • Јануари 2012 НОВИТЕТИ

6

СИТЕ НОВИ МОДЕЛИ ВО 2012

+

КАЛЕНДАР НА НОВИТЕТИ

14

FIAT PANDA

Ова ќе биде година на компактите. Доаѓаат Golf, класата А на Mercedes и Audi А3 Повеќе од 100 нови модели се најавени во следните 12 месеци

Пронајдок на рамниште со пицата и гордост на националната индустрија, тоа е Panda

16

БАЛКАНСКА ПРЕМИЕРА НА OPEL ASTRA GTC Гала вечер во Белград за дваесетгодишнината на Opel Astra и премиера на купето

18

BMW 6 GRAN COUPE Најубавиот автомобил на BMW што го имаат видено генерации ентузијасти

78

MERCEDES SL Тоа што класата Ѕ е меѓу лимузините, SL е меѓу луксузните родстери. Врв!

14

Panda се појави пред три децении како евтин превоз, а од 2003 година не е симната од првото место на најпродавани модели во класата

16

Богата програма за дваесетте години на Astra: Модна ревија, галерија на фотографии и регионална премиера на ѕвездата на Opel, новата генерација на GTC

36

Буквата Б означува второкласни производи и услуги. Дури и Холивуд снима филмови од продукција Б. Во Штутгарт, класата Б значи само предност

ТЕСТ И ТЕХНИКА

36

ТЕСТ MERCEDES B 180 CDI Единствениот производ кај кого што класата Б значи само предност

44

ТЕСТ TOYOTA YARIS 1.0 Конкуренцијата се разгорува кога стартува нова генерација на малечката Toyota

50

ТЕСТ AUDI Q3 2.0 TDI Quattro Најмалиот модел ја додава третата димензија во семејството Q на Audi

TEMИ

20

СТАТИСТИКА НА TUV Резултатите од истражувањето на TUV се очекуваат со нетрпение секоја година

56

АВТОМОБИЛ НА МЕСЕЦОТ SKODA FABIA GREEN POWER Кога автогасот ќе се комбинира со лизинг, тој сам си ги отплаќа ратите

74

НАЈПРОДАВАНИ 10 АВТОМОБИЛИ ВО СВЕТОТ Најпродаван во Европа е Golf, но приматот во светски рамки го преземаат други играчи

СЕРВИС

58

Совети • ТЕСТ НА БАГАЖНИЦИ ЗА ПОКРИВ Некои производи имаат проблем дури и со зимата. Еден пукна од студ

59

ПОМОШ ПРИ ПРОТЕКУВАЊЕ ОД СИСТЕМОТ ЗА ЛАДЕЊЕ Современата хемија прави посетата на сервис да биде непотребна

60

КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА • FORD MONDEO Раскошни димензии и многу простор, но и чувствителна техника

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

ТЕСТ • Honda Integra Најдоброто од два различни света се соединува во Integra

МОТОСПОРТ

76

НАЈАВА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ Претстои возбудлива сезона, со 13 трки, нови правила и моќни фабрички тимови

ДРУГИ СОДРЖИНИ 28 30 32 34

ЦРНО БЕЛО БРОЈКИ МОБИЛНОСТ 2014 НА СИТЕ СТРАНИ

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 64 64 66 82

ПИСМА ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

50 18 14 60 36

AUDI Q3 2.0 TDI Quattro BMW 6 GRAN COUPE FIAT PANDA FORD MONDEO MERCEDES B 180 CDI

78 16 56 44

MERCEDES SL OPEL ASTRA GTC SKODA FABIA GREEN POWER TOYOTA YARIS 1.0


Тема на бројот нови модели во 2012

Повеќе од 100 нови модели ќе се појават во следните 12 месеци. Повеќето од нив се автомобили кои што се достапни за главнината од купувачите

cите нови Cadillac ATS Луксузната лимузина од средната класа и од благородна марка, од летово ќе им конкурира на Аudi A4, класата С на Mercedes и серијата 3 на BMW

Fiat L0

Н

овитетите во компактната и градската класа ќе стават најсилен печат врз наредните 12 автомобилски месеци. Половината дузина нови или освежени модели ќе предизвикаат силно разгорување на конкурентската битка. Секако, новитети нема да недостигаат и во другите класи. Купувачите ги гледаат малечките автомобили сé повеќе како приви-

6 01/2012

Следната сензација на Fiat, но не од Торино, туку од српскиот Крагуевац. Модеот изгледа како ван од Fiat 500, а во основата е Grande Punto и долг е 4,1 метри. Италијанчето ќе конкурира на Opel Meriva и Ford B-Max легија при возење во град, отколку како нужност и единствен избор што преостанува за ограничениот и од сите страни нападнат домашен буџет. Во Volkswagen го препознаа развојот на пазарот и реагираа соодветно со малечкиот Up, во дел и поради тоа што веќе Polo е далеку од можностите на дел од купувачите. Откако верзијата со три врати го одбележа стартот на моделот

лани, сега следуваат дериватите во најавеното големо семејство на најмалечкото народно возило. Чешката марка на Volkswagen ќе го нуди малечкото како Skoda Citigo, додека Шпанците ќе го крстат нивното моделче Seat Mii. На лето ќе биде претставена и изведбата со пет врати. Конкурентите не смеат да си дозволат долго да мируваат. Opel веќе кон крајот на годината ќе го понуди моделот базиран врз техниката на

Corsa, но помал и поевтин. Цената во ЕУ би требало да е пониска од 10.000 евра и тоа би требало да е сензација. Нашите импортери кој знае како успеваат и класата погоре сé уште да ја нудат под десетката. Најважниот новитет во класата на градските автомобили е Peugeot 208, кој стартува со продажба веќе во април. Французинот со култната бројка се скуси и подослабна во новата генерација, но и покрај тоа


Mini Roadster Chevrolet Malibu

Натурализираните Германци ја дополнуваат понудата со родстерот кој што беше најавен како студија уште во 2009 година. Најмоќниот мотор има 211 КС

Ќе биде интересно кога ќе ја дознаеме цената, затоа што Malibu не е ништо друго освен Opel Insignia, а ќе биде поевтин затоа што е Chevrolet

BMW 6 Gran Coupe Некој ќе забележи дека купето со четири врати доцни премногу зад Mercedes CLS, но сеедно. Gran Coupe е најубавиот модел од Минхен што го имаат видено генерации возачи. Повеќе на страница 18

Volkswagen Golf VII Седмата генерација на европскиот бестселер доаѓа со комплетно нова платформа. Таа остава простор за алтернативен погон и значително го поевтинува производството. Нови дизелски мотори

итети во 2012 Меѓу најголемите новитети што ги очекуваме во текот на 2012 година се седмата генерација на Golf, класата А на Mercedes и компактот на Audi. Оттука е јасно дека ова ќе биде година на компактите. Но, има уште многу други новости

Audi A3/ Audi A3 Sportback Компактниот Audi е прв модел врз новата платформа на Volkswagen. Прво стартува продажбата на изведбата со три врати, а кон крајот на годината следи и семејната изведба Предвидувања за продажбата • Експертите предвидуваат продажбата на автомобили во Европа во 2012 година да се намали за околу пет проценти, односно да се продадат околу 700 000 возила помалку. Според тоа, оваа година ќе биде најлоша за автомобилската индустрија по 18 години. Кинескиот пазар повеќе не може да го покрие во целост минусот во продажбата во Европа. За 2012 година се предвидува кинескиот пазар да порасне за само четири проценти. Повеќе се очекува од продажбата на возила на европските марки во САД. Според тоа, на глобално ниво, бројките од продажбата ќе бидат слични како во минатата година. Продажбата продолжува да расте во Бразил, со 3,5 милиони автомобили годишно, но ако се земе во предвид дека во цел свет годишно се продаваат околу 63 милиони возила, порастот на тој пазар нема да се одрази премногу врз глобалната ситуација. Новите пазари како Иран, Казахстан, Малезија, Виетнам и други ќе го ослободат полниот потенцијал дури откако ќе се стабилизира политичката ситуација и ќе се постигне економски напредок. нуди повеќе простор. Главното е сепак штедливоста. Благодарение на намалувањето на тежината за 173 килограми, на подобрената аеродинамика, новите мотори ќе бидат пример за економичност. И тука конкуренцијата не остава простор за ширење. Дури, прв напаѓа земјакот Renault Clio, за кого што се најавува динамичен дизајн и штедливи мотори. Премиерата е наесен, на салонот во Париз. Малата, но растечка

група купувачи, која што е подготвена за автомобил од оваа класа да плати колку за добар компакт, на-

Интелигентно споделување на техниката меѓу повеќе модели дозволува развој на напредна техника, но и пониска цена на развојот. Тоа е трендот

пролет ќе биде услужена со Audi A1 Sportback со пет врати. Ако значењето се мери според

бројките од продажбата, тогаш во 2012 година не постои автомобил што ќе биде поважен од седмата генерација на Golf. Секако, компактот на Volkswagen ги постигнува бројките поради квалитетите кои што ги нудел досега. Последната смена на генерациите од 2008 година повеќе беше темелен фејслифт, но затоа, седмата генерација која што ќе ја очекуваме во салоните кон крајот на годината ќе биде комплетно нов

автомобил. Порастот во должината и во меѓуоскиното растојание ќе биде незначителен, додека каросеријата ќе добие уште постегнати линии и уште посветнати очи. Големи новитети се најавуваат под хаубата, со нова генерација мотори. Од следната година, во понудата на Golf за прв пат ќе бидат вклучени верзии со хибриден и електричен погон. Веќе се зборува за цените. И покрај поголемите квалитети на во- 01/2012 7


НОВИТЕТИ Fiat Panda

Пронајдок што е на рамниште со пицата и гордост на националната индустрија, тоа е Panda за Fiat и за Италијанците. Оттука воопшто не изненадува тоа што секоја нова генерација ја стресува браншата

М

алечкиот автомобил се појави пред повеќе од три децении како евтино решение за личен превоз, а од 2003 година не е симнат од првото место на најпродавани модели во класата. Сега доаѓа новиот модел, од новата фабрика во Неапол, сосема случајно градот на првата пица. Претходникот се произведуваше во Полска, без проблеми и со одличен квалитет, така што во тој поглед немаше потреба за менување на локацијата. Причината што шефот Маркијоне се реши за нова фабрика од 800 милиони евра на Југот на Италија е симболиката. Помиљано д’Арко е симбол за обврската на Fiat кон земјата која што направи светски производител од него. Претходникот веќе беше доволно заоблен во споредба со кутиестата Panda од првата генерација, а одземањето на рабовите кај новакот продолжи дотаму што дизајнерите го

14 01/2012

користат зборот сквиркл, како комбинација од англиските зборови за квадрат и круг. Panda повторно изгледа убаво, но полесно се губи во уличната слика, повеќе не е толку впечатлива. Ниту малечките коли не се поштедени од раст. Должината се зголеми за 11, ширината за 5 и висината за 1 санти-

Практична коцка

Претходникот нудеше многу просторна кабина мерено според големината на каросеријата. Новакот има 15 mm повеќе простор за колена назад

метар. Користа од растот се сведува на 15-те милиметри во просторот за нозе на задната клупа. Зафатнината од 225 литри е пристојна за класата. Со доплата за лизгачка клупа, багажникот варира до 260 литри. Проблемот со задната полица е решен: Таа се подига заедно со капакот и не може да се заборави

исправена, покривајќи го задното стакло. Длабинско местење на воланот не се нуди и натаму. Затоа, приспособливоста на кабината е врвна. Со доплата се собира совозачкото седиште, за превоз на многу долги предмети. Максималната големина е 870 литри. Кај повисоките нивоа, поголемиот дел од арматурната табла и од вратите е во контраст со црната пластика и прошаран е со натпис Panda, додека прекинувачите за климата и радиото лежат на црна и сјајна површина. Други обележја на кокпитот се дебелиот волан и високата рачка на менувачот, како и паркирната сопирачка која што е изведена како потпирач за рака. За новата Panda се предвидени три мотори. Основниот мотор е познатиот 1,2-литарски четирицилиндарец со 69 КС. Над него е рангиран Twinair-Turbo. Името звучи ветувачки, но бројките би можеле да ги зашеметат неупатените. Моторот работи со два цилиндра и


Прифати Затоа што Италијанците се шампиони за малечки автомобили

Откажи Затоа што со актуелните попусти за истите пари се добива семејна лимузина од Fiat

Побарај друго Kia Picanto, Volkswagen Up, Toyota Aygo, Citroen C1, Peugeot 107

Извадоци од ценовникот на дополнителна опрема за Италија за Fiat Panda Twinair Turbo со ниво на опрема Easy Пакет Стил (алу бандажи од 15 инчи и магленки) 500, пакет Флекс (соборување на совозачко седиште, поделена задна клупа, кит за комфор, кутија за багаж) 500, пакет Техно (систем Blue & Me и команди за радио на воланот) 500, клима уред 850, автоматски клима уред 1250, електрика на ретровизори 150, затемнети задни светла 150, магленки 200, поделена задна клупа 175, соборување на совозачко седиште 150, панорамски покрив 1000, алу бандажи 15 инчи 500, паркинг сензори 300, лакирани ретровизори 75, лакирани рачки на врати 50, Blue&Me 300

Основните црти не се променија. Остана препознатливиот трет прозорец

Двоцилиндарецот е краен пример на трендот на смалување на моторите. Целта е ниска поторшувачка и чист издув

Технички податоци Fiat Panda 0.9 Twinair Turbo Мотор 2 цилиндра, пречник и од 80,5 х 86 mm, зафатнина 875 cm3, компресија 10:1, моќност 85 КС при 5500/min, вртежен момент 145 Nm при 1900/min (77,5 КС и 100 Nm при 2000/min при притиснато копче Eco) Погон и пренос На предни тркала, петстепен мануелен менувач, хидраулична спојка Подвозје напред мекферсон, назад торзиска оска, управување со запчеста летва, електрично серво, круг на вртење 9,3 m, диск сопирачки напред 257 х 22, барабан сопирачки назад 203 mm, гуми 175/65 R14 Димензии и тежини Д х Ш х В 3653 х 1643 х 1551 mm, меѓуоскино растојание 2300 mm, трага на тркала напред/назад 1409/1407 mm, багажник 225260/870 L, празно возило 975 kg, резервоар 37 L Перформанси Крајна брзина 177 km/h, 0-100 km/h за 11,2 секунди Потрошувачка град/пат/просек 5,0/3,8/4,2 L/100 km (4,8/3,7.4,1 L/100 km во режим Eco)

има зафатнина од само 0,9 литри, но и покрај тоа постигнува моќност од 85 КС. Технологијата во главата на моторот е единствена. Место класично брегасто вратило, новиот двоцилиндарец на Fiat користи електрохидраулика за управување со работата на вентилите. На тој начин се постигнува многу поголема контрола врз работата на моторот и приспособување според условите на возење, што значи поголема ефикасност во работата и помала потрошувачка на гориво. Покрај петстепениот мануелен менувач, купувачите ќе можат во иднина да го изберат автоматизираниот менувач Drivelogic. Турбо моторот одушевува и со вртежниот момент од 145 њутнметри на типично дизелско ниво меѓу 1.900 и 3.000 вртежи. Италијанците тврдат дека просечната потрошувачка изнесува 4,2 литри, но може да се биде сосема среќен и со вредност поголема за два литра. Уште поголема штедливост

може да се очекува од 1,3-литарскиот дизел, но и цената на моделот е соодветно повисока. За дополнување на понудата се планира варијанта на Twinair без турбонатполнење и со 65 КС, која што исто така ќе троши во просек 4,2 литри гориво. Но, вредноста на вртежниот момент од 88 њутнметри не може да ја обезбеди комоцијата на возењето со турбонатполнење и 145 њутнметри.

Богатата понуда на дополнителна понуда беше својствена и за претходникот. Интересен факт: Повеќето купувачи ги избираа најскапите нивот на опрема

Цените и нивото на опременост на нашиот пазар уште не се објавени. Според италијанскиот ценовник, најевтината верзија на Panda чини 10.200 евра, со 1,2-литарски мотор со 69 КС и со ниво на опрема Pop, кое што вклучува АВЅ и воздушни перници за возач и совозач, воздушни завеси, електрика

на предни прозорци, централна брава, подготовка за радио и серво управување Dualdrive. Со второто ниво на опрема Easy се добиваат уште далечинска команда за бравата, светло во багажникот, задни потпирачи за глава и радио со 6 звучници, за доплата од 750 евра над нивото Pop. Моторот 1.2 може да се комбинира и со највисокото ниво Lounge, каде што за цена од 12.200 евра се добиваат уште клима уред, магленки, висинско местење на возачко седиште и неколку поситни ставки. Најевтиниот модел со дизел чини 12.400 евра во нивото Pop, додека за револуционерниот Twinair Turbo треба да се плати најмалку 12.450 евра, за модел со ниво Easy. Системот стартстоп се добива во серија кај овие мотори. Според досегашните искуства, македонските цени ќе бидат под италијанските, со минимални отстапки во нивото на опрема. �

01/2012 15


Тема Јубилејот на Astra одбележан со гала свеченост во Белград

Р

егионалното претставништво на компанијата Опел ја прослави 20-годишнината на моделот Астра во Миксер хаус во Белград, во присуство на познати личности од јавниот живот, новинари и почесни гости од регионот, но пред сé вљубеници во марката. Како изненадување за присутните беше претставена новата ѕвезда на Опел, компактното купе Астра ГТЦ. На почетокот на прославата се обратија водителската ѕвезда од телевизијата Пинк, Александра Јефтановиќ, и генералниот директор на марката Опел за регионот, Иван Кекиќ, кој што ги потсети гостите на дводеценискиот успех на Астра. Популарниот модел ги влече корените од познатиот Кадет, кој што беше едно од најпопуларните возила во Европа уште во првата половина на минатиот век и се продаде во повеќе од 10 милиони примероци. „Од самиот почеток, сите модели на Опел Астра ги карактеризираат врвен дизајн, штедливи и моќни мотори, врвна безбедност и грижливо изведен ентериер. Со цел роденденот на Астра да се прослави на поинаков начин, во оваа година го заживеавме ОПЕЛ ГО ИЗБРА БЕЛГРАД ЗА РЕГИОНАЛНА ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ЅВЕЗДА, КУПЕТО АСТРА ГТЦ. ИНТЕРЕСОТ ЗА МОДЕЛОТ Е ТОЛКАВ ШТО СЕ ПОМЕСТИ СТАРТОТ НА ВАНОТ ЗАФИРА

натпреварот Пре-А-Опел и Фот Опел, за младите талентирани победници да добијат можност за покажување на нивнит талент, како и да им обезбедиме поддршка во раните фази од развојот на нивните кариери“, изјави генералниот директор Иван Кекиќ. Гостите можеа да го погледнат изборот на најубавите фотографии кои што пристигнаа за натпреварот Фот Опел. Заеднички мотив за фотографиите беше некој од моделите со знакот на молњата. Жирито го избра победникот едногласно и му ја додели наградата на Милош Миљаниќ од Белград, на чија што фотографија се наоѓа Астра Г Бертоне Турбо. Уметницата Јелена Блечиќ го врачи професионалниот фотоапарат како награда за победникот. На одушевување на присутните, најинтересните креации на натпреварот Пре–А-Опел беа прикажани на модна ревија. Основна задача на натпреварот беше креирање забавна, атрактивна и модерна маица која што на најдобар начин ги прикажува врвните својствана Астра ГТЦ. Маиците ги носеа познатите српски манекенки. Жирито реши да го додели третото место на Владимир Јосиповиќ, второто на Јелена Цвејиќ, а победничкото

16 01/2012

Богата програма за дваесетте години од првата Астра: Модна ревија, галерија на фотографии и регионална премиера на купе ѕвездата на Опел, новата генерација на Астра ГТЦ Цени и опрема на новата Астра ГТЦ во Србија Опел Астра ГТЦ 1.4 Енџој (100 КС, 5-степен менувач) Опел Астра ГТЦ 1.4 Турбо Енџој (140 КС, 6-степен менувач) Опел Астра ГТЦ 1.4 Турбо Спорт (140 КС, 6-степен менувач) Опел Астра ГТЦ 1.6 Турбо Спорт (180 КС, 6-степен менувач) Опел Астра ГТЦ 1.7 ЦДТИ Енџој (110 КС, 6-степен менувач)

15999 евра 17417 евра 18771 евра 19537 евра 19012 евра

Обем на опрема во ниво Енџој Клима уред, радио со команди на волан, темпомат, 8 воздушни перници, електрика и греење на ретровизори, контрола на стабилност, електрика на предни прозорци, централна брава со далечинска команда Обем на опрема во ниво Спорт Ниво Енџој, дополнително магленки, патен компјутер, детален дисплеј, автоматика за клима уредот, алу бандажи од 18 инчи, кожа на волан

Невидена гала вечер за двете децении на

Опел Астра


Маркетинг менаџерката на Опел, Ирена Гвозденовиќ, еден од идејните творци на натпреварите, во друштво со тркачките легенди Андреј Кулунџиќ и Павле Комненовиќ

Слика горе: Победничката фотографија на натпреварот Фот-Опел за која што авторот Милош Миљаниќ од Белград доби награда професионана фото камера. Модниот натпревар Пре-А-Опел измами уште повеќе аплаузи од публиката, главно поради манекенките кои што им ја дадоа вистинската форма на маичките со мотиви од Опел

Натпревар за роденденот на Астра „Специјално за роденденот на Астра ги организиравме натпреварите Пре-А-Опел и ФотОпел“ Иван Кекиќ, регионален директор на Опел

место на Емина Ќориќ, студент на моден дизајн во Белград. Во моментот на прогласувањето на првото место, на изненадување на присутните, се создаде завеса од чад и покрај прекрасната манекенка Агнета Азировиќ се најде новата Астра ГТЦ. На тоа следеа овации и аплауз од публиката, која што беше одушевена од моделот. Никола Калабиќ, директор на маркетинг и на продажба на Опел ги запозна гостите со карактеристиките на

автомобилот, нагласувајќи дека „ГТЦ не е само Астра со две врати помалку. Некои делови на ГТЦ се поразлични од оние во другите модели на Астра. Со остриот дизајн и со врвни перформанси, новата Астра ГТЦ ја претставува визијата на Опел на најемотивен германски производител на возила. Таа внесува емоции во марката Опел и во целото семејство на Астра.“ Во текот на вечерта, организаторот на манифестацијата имаше оригинална идеја, овозможувајќи им

на вработените и на партнерите на Опел, на пријателите и на љубителите на марката сами да ги пуштаат хитовите кои што ги потсеќаат на новата Астра ГТЦ, при што се слушна најширок можен дијапазон на музички правци, од Били Ајдол до Дејвид Гета. Наскоро се очекува купе верзијата на Астра да пристигне на македонскиот пазар. За првите впечатоци од возењето на Астра ГТЦ во Мајорка пишувавме во декемврискиот број на магазинот. �

01/2012 17


Новитети Gran Coupe oд сериjaта 6 на BMW

Изложбен

салон на

BMW

Благородните марки постојано си разменуваат удари. Баварците го имаа X3, марката од ѕвездата возврати со CLS. Купето со четири врати на BMW задоцни, но не изгуби. Тоа е најубавиот автомобил на BMW што го имаат видено генерации ентузијасти

К

упето со четири врати врз база на класата Е на Mercedes беше вистинско изненадување за конкуренцијата. Во оваа година и BMW влегува во сегментот на поубавите лимузини со четири врати со Gran Coupe. Премиерата на третиот член во семејството 6, покрај купето и кабриолетот е најавена за салонот во Женева во март. Првиот модел со четири врати од серијата 6 има пропорции на класична убавица. Со каросерија што не е висока ниту 1,4 метар, но затоа е распослана на 1,9 метар во ширина, со навидум бескрајно долга хауба и

со кус опаш, Gran Coupe изгледа како да е залепен за патот. Кабината нуди изненадувачки многу простор. BMW нагласува дека се работи за возило со конфигурација на седишта 4+1, затоа што средното седиште во задната клупа не е претворено во држач за чаши како во обичните купеа. Покрај тоа, меѓоскиното растојание е подолго за 113 милиметри од купето со две врати од серијата, со што го оправдува името Gran Coupe, кое што од друга страна звучи како да е украдено од Maserati. За кражба не може да стане збор. Купето на Италијанците се нареку-

Купето со четири врати е меѓу најубавите автомобили што го носел знакот на BMW, рамноправен со BMW 507 или BMW E9. Секоја година доцнење зад CLS се простува

18 01/2012

ва Gran Turismo, а кабриолетот го носи името Gran Cabrio. Проблем ќе се јави кога Maserati ќе реши да направи купе со четири врати. Но, не мора. Многумина сметаат дека Maserati практично ја измисли купе лимузината со Quattroporte. Доколку Италијанците решат да направат помал модел, тогаш тој може да се нарекува само Quattroportino. Значи, Gran Coupe останува на BMW. Како што е вообичаено во малиот, но фин сегмент, покрај четирите врати, следната практична карактеристика на Gran Coupe е соборливата задна клупа. По одделното соборување на двата делови од зад-

ната клупа, багажникот од 460 литри расте до најмногу 1.265 литри. Тоа не е особено голем багажник кога ќе се земе во предвид должината на возилото од преку пет метри. Порастот во должина оди во корист првенствено на просторната понуда на задната клупа, додека големината на багажникот останува иста како кај купето со две врати. Понудата на мотори е идентична со кабриолетот и со купето. Во најслабата верзија 640i работи шестцилиндарец од три литри со турбонатполнење и 320 КС, за кого што BMW пријавува просечна потрошувачка од 7,7 литри. Над неа е

Во внатрешноста се почитуваат уште пофини стандарди отколку во лимузините од вишата класа. И седиштата имаат различна форма. Кој планира 80 000 евра за GC, ќе издвои уште половина од тоа за дополнителна опрема


Прифати Кој ја препознава историјата на BMW во овие форми, не одолева на GC

Откажи Затоа што истата техника во основа ја има веќе во серијата 5

Побарај друго Mercedes CLS, Audi A7 Sportback, Porsche Panamera, Jaguar XJ

Кризата го одложи стартот во 2007 и го донесе 5 GT

рангиран 650i со осумцилиндарец во V, исто така со турбонатполнење, но со 450 КС и со просек од 8,6 литри гориво на сто километри. За купувачите кои што внимаваат и на трошоците во возење е наменет 640d, со шестцилиндарец од три литри со 313 коњски сили. Според BMW, тој троши само 5,5 литри дизел. За преносот на силата до задната оска секогаш се грижи осумстепен автоматик, кој што е комбиниран со старт стоп. Осумцилиндарецот во серијата 6 за прв пат може да се комбинира и со погон на сите тркала xDrive. Кој смета дека BMW во овој поглед го надитрила конкурен-

Лут израз во предните светла и трето стоп светло како лента под покривот

тот Mercedes, се лаже. CLS веќе долго се нуди со погонот на сите тркала 4Matic. Како што е ред во луксузната класа, опремата ги задоволува и најпрефинетите желби. Во серискиот пакет спаѓаат приспособлива амортизација, ксенонски светла, кожа на седиштата, автоматска клима, темпомат со самостојно сопирање. Со доплата, Gran Coupe може да се претвори и во авион, тука како да не постојат ограничувања. Се нуди проекциски дисплеј за брзината и за други информации кои што мораат постојано да се држат на око, систем за ноќно гледање и седишта со вен-

Ништо не се жртвува во комфорот на задната клупа. Може само да се добие повеќе

тилација. Цените во Германија стартуваат од околу 80.000 евра. Главен конкурент на новиот BMW секако е купе лимузината CLS. Таа го основаше сегментот на купеа со четири врати во 2004 година. Во втората генерација, елегантниот Mercedes се добива дури и со четирицилиндарски дизел за 60.000 евра. Од 2010 година за свое парче од колачот се бори и Audi со купе лимузината A7 Sportback. Со цена од 55.500 евра на македонскиот пазар, Audi ја има најдостапната понуда во овој сегмент. Во финото друштво се придружува и Porsche Panamera, како најексклузивна понуда. �

Баварците го имаа подготвено нивното купе со четири врати во форма на BMW CS уште во 2007 година, кога го прикажаа како концепт близок до сериско производство и предизвикаа одушевување на публиката. Минхен дури потврди дека ќе почне сериското производство на моделот, но планот беше повлечен поради надоаѓањето на светската криза. Место купето со четири врати од високата класа, во 2009 година се појави моделот 5 GT, како спој на комби, спортски теренец и купе. За среќа работите се враќаат на место, во вистинската форма.

Практичност покрај изгледот: Багажникот има 460 литри, задната клупа се соборува

01/2012 19


Тест Mercedes B 180 CDI

Класа

Б

Со буквата Б обично се означуваат второкласните производи и услуги. Дури и Холивуд снима филмови од продукција Б. Штутгарт, сепак, има модел од класата Б. Компактот на Mercedes веројатно е единствениот производ кај кого што класата Б значи само предност

Фото: Марко Маркоски 36 01/2012


ТЕСТ-ОЦЕНИ  Добро  Просечно  Лошо ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

10,9 190

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

Ни се допаѓа • Динамична и забавна за возење • Примерна штедливост • Радар за предупредување за судир во стандардниот пакет

Не ни пречи Ограничувањето и условувањето на комбинациите од опрема се однесуваат главно на напредните безбедносни ставки: Со стандардниот пакет смее да се биде и повеќе од задоволен

Автомобилот се погоди, купувачите не. За претходникот се решаваа најмногу пензионерите. Нов курс: Млади купувачи, кои што успехот го прикажуваат преку возило од скапа марка

не ни се допаѓа • Скапа дополнителна опрема и врзани ставки • Банални пропусти во ергономијата • Задната клупа е прениска за возрасни патници

1475/2030

ВО ГРАД  Приспособливата амортизација, како дел од опционалниот спортски пакет, меко ги придушува нерамнините во градскиот асфалт; погонската спрега ја обезбедува потребната еластичност за градски услови; релативно мал круг на вртење; одличен старт стоп. НА ПАТ  Директното управување, исто така дел од спортскиот пакет, учествува во голема мера во новата динамика на моделот; прецизно управување и добра повратна информација; агилни и безбедни возни својства; рамномерно ослободување на моќноста на моторот. НА автоПАТ  Со различното назабување на управувачката летва се добива и одлично држење правец на автопат; рекордно нискиот отпор на воздух дополнително придонесува за лесно одржување на темпото, но и за ниско ниво на бучност од струењето на воздухот; долг пренос. перформанси  Моторот континуирано ја ослободува моќноста и лесно влегува во највисоки вртежи, иако одличната еластичност ја исклучува потребата од нив.

комфор

Оцена

Звук Во град/ На пат/ На автопат

/ / 

ПОДВОЗЈЕ Куси/ Долги нерамнини

/ 

Во град/На пат

/ 

Двете балансирачки вратила обезбедуваат врвна култивираност; отсуствува остриот звук на дизелите; подвозјето е повеќе ориентирано кон динамика.

технички податоци

Дизајн со порака. Изгледот на класата В оддава врвен технолошки напредок, или поинаку, се препознава дека ова е модел од последната генерација

К

ога тројката германски благородници прави автомобил што треба да се смести во рамките на Golf, тоа не смеат да бидат обични автомобили кои што само ќе чинат повеќе. Мора да се обезбеди дополнителна вредност. Audi го измисли премиум сегментот во компакт класата, односно прв ги внесе квалитетите од поголемите лимузини на марката во оваа големина, BMW го има задниот погон во серијата 1, но што има класата В на Mercedes? Релативно многу.

Првата класа В имаше карактер на ван, голем багажник и просторна кабина, сендвич под и пријатна прегледност поради високото седење. Новата класа, пак, нема ништо од тоа. Сендвич под се применува само во делот под задната клупа, и тоа само заради обезбедување простор за идните верзии со погон на струја или на водород. Дури и градбата на ван е напуштена. Овој Mercedes повеќе е комбилимузина, отколку ван, не само поради тоа што покривот се спушти за пет

Мотор Зафатнина Силина Вртежен момент Погон Пренос Управување Круг на вртење Гуми Сопирачки нап./наз. ABS/ESP Водење на тркалата нап. Водење на тркалата наз.

4 цил., т.дизел, 4 вент. 1796 cm3 109КС/3200-4600 min-1 250Nm/1400-2800 min-1 На предни тркала шестстепен, мануелен ел. мех. сервоуправување 11,0 195/65 R15 диск, диск •/•

мекферсон мултилинк оска

сантиметри и седењето е девет сантиметри подолу, туку и поради тоа што за приспособливоста на кабината, како главна функционална карактеристика на вановите, мора прво да се доплати. Задната клупа ќе лизга 14 сантиметри во должина и совозачкото седиште ќе се соборува дури откако на списокот на дополнителна опрема ќе се прецрта ставката Easy Vario Plus вредна 944 евра. Но, претходно ќе треба да се плати уште 225 евра, за висинско местење на совозачкото седиште

01/2012 37


Skoda Fabia Green Power

Избор на автомобил НА месецот

П

онудата во класата на градски возила на македонскиот пазар бележи досега невидена раздвиженост. Буквално не постои марка која што не им нуди дополнителни поволности на купувачите. Инвентивноста на увозниците и дилерите досега од попусти во висина на стапката на ДДВ до понуди кои што вклучуваат гратис пакет на опрема заедно со паричен попуст. Во секој случај, актуелните акциски и кампањски попусти не се замачкување очи. Нашиот избор на Skoda Fabia Green Power за автомобил на месецот се темели во голем дел врз комплетноста на понудата, но подеднакво и врз нејзината актуелност. Тоа ја прави понудата единствена. Увозникот Порше Македонија го нуди популарниот модел со 1,2-литарски мотор со моќност од 60 коњски сили по цена од 9.250 евра, вклучувајќи плински уред и ниво на опрема Classic Plus. Тоа значи дека купувачот како дополнителна вредност добива побогата опременост на автомобилот, но и плински уред за намалување на трошоците во возење. Единственото алтернативно гориво кое што е достапно и веќе е традиционално прифатено на македонски-

Возењето Skoda Fabia со погон на автогас чини 269,71 денари за 100 километри. Тоа е исто како автомобилот да троши 3,48 литри бензин на сто километри место 5,7 литри

Автогасо Автогас ги отплаќа ратите

Секој возач знае дека возењето на автогас е најевтино. Но, кога еколошкиот гас ќе се комбинира со финансирање на возилото, предноста на автогасот се пренесува повторно

Секој месец, Fabia со погон на автогас заштедува по 23,32 евра. На тој начин Fabia самата си отплаќа дел од ратата преку намалените трошоци за возење. Автогасот заштедува 23,32 евра, возачот додава уште 125,72 евра за ратата од 149,04 евра

от пазар постигнува дополнителна предност во услови кога загаденоста на воздухот со цврсти честички во повеќето наши градови бележи критични вредности. Во поглед на заштитата на воздухот од емисија на цврсти честички со големина до 10 микрометри, односно ПМ10, на пазарот не постои гориво што е поеколошко и повеќе ја зачувува животната средина од автогасот, односно од течниот нафтен гас. За споредба, возило со дизелски мотор чија што емисија ја задоволува застарената, но кај нас најзастапена норма Euro 3, испушта до 0,05 грами ПМ10 на километар, додека емисијата на опасните честички при согорување на автогасот е под границата на мерливост. Автогасот е супериорен во еколошката погодност и во поглед на азотните оксиди. Едно возило со дизелски мотор испушта азотни оксиди колку дваесет возила со по-

56 01/2012

Фабричката гаранција од 2 години продолжува да важи со вградувањето на уредот за автогас гон на автогас. За среќа, на возачите кои се решаваат да го користат еколошкиот гас им преостанува многу повеќе отколку чиста совест, на која што актуелната регулатива воопшто не ѝ придава значење, преку бенефиции при купувањето или барем при регистрирањето на возилото. Најголемата привлечност на автогасот остануваат намалените трошоци во возење. Едноставна пресметка ја докажува исплатливоста

на преоѓањето на погон со автогас. Кога пресметката е уште и чесна, дополнително расте довербата во понудувачот. Во кампањата за Skoda Fabia Green Power се комуницира податокот дека трошокот за гориво за сто километри пат изнесува 270 денари. Просечната потрошувачка од 5,7 литри на Fabia 1.2 HTP е наголемена за десет проценти, соодветно на вообичаениот пораст при преоѓање на погон со автогас. Со потрошувач-

ка од 6,27 литри на сто километри и цена од 43 денари за еден литар од еколошкиот гас се доаѓа до 270-те денари од кампањата. Доколку возачот минува 10.000 километри за една година, со возењето на автогас место на бензин, ќе заштеди вкупно 17.214 денари во трошоците за гориво, односно 280 евра. Според тоа, дополнителните 400 евра за плинскиот уред, кои што се веќе пресметани во цената од 9.250


()

технички податоци Skoda Fabia Green Power 1.2 THP

сот

Мотор EU 5, 3 цилиндри, 2 вентила по цилиндар, ohc, синџир, работна зафатнина 1198 cm3, моќност 60 КС при 5200/min, вртежен момент 108 Nm при 3000/min Димензии и тежини Должина х Ширина х Висина 4000 х 1642 х 1498 mm, меѓуоскино растојание 2451 mm, круг на вртење 10,0 m, внатрешна ширина напред/ назад 1380/1384 mm, простор за колена назад 621 – 864 mm, висина на простор за глава напред/назад 989/994 mm, празно возило 1090 kg, дозволена тежина 1545 kg, резервоар 45 L, приколка со сопирачки 900 kg, багажник 315/1180 L Перформанси Крајна брзина 155 km/h, 0-100 km/h за 16,5 s Потрошувачка (град/пат/просек) 7,5/4,7/5,7 L/100 km

Споредба на трошоци за гориво за 100 километри пат за Skoda Fabia Green Power Со автогас Со бензин 269,61 денари 441,75 денари (за просечна потрошувачка (за просечна потрошувачка од 5,7 L/100 km + 10%, од 5,7 L/100 km) одн. 6,27 L/100 km) Цена на литар автогас Цена на литар Ултра 95+ 43 денари 77,50 денари Заштеда со автогас 172,14 денари на 100 километри пат

Примери на финансирање на модели со автоплин* Цена на возило

Модел Fabia 1.2 HTP Fabia 1.2 HTP - со металик лак Fabia 1.2 70 КС Fabia 1.2 70 КС со металик лак Skoda Roomster 1.2 Skoda Roomster 1.2 со металик лак

9250 9600 9550 9800 11250 11600

Висина на месечна рата при отплата на 72 рати и учество од 10 % 149,04 154,68 153,87 157,90 181,26 186,90

* Понуда за финансиски лизинг од Порше Лизинг. По нарачка, систем за автогас се вградува во сите бензински модели на Skoda

На секои сто километри пат се заштедуваат 172,14 денари. При 10 000 километри годишно се заштедуваат 17.214 денари, односно речиси 300 евра. За една година се враќаат 70 проценти од цената на уредот за автогас

Уредот за автогас е од познатата марка Landi Renzo

Податоци за финансиски лизинг од Порше Лизинг за Skoda Fabia Green Power

Ниво на опрема Classic Plus за Skoda Fabia Green Power Полуавтоматски клима уред Климатик, систем против блокирање на тркалата при сопирање, воздушна перница за возач и за совозач, подготовка за радио со 4 звучници и антена, лакирани браници, централна брава со далечинска команда, електрика за предни прозорци и за ретровизори, дневни светла, затемнети стакла, електрохидраулично сервоуправување, местење на волан по висина и длабина, челични бандажи со гуми 165/70 R14, пакет за пушачи * со здебелени букви е означена опремата што се добива бесплатно, во вкупна вредност од 1585 евра

евра за Fabia Green Power, се враќаат по 15.000 километри, односно за 18 месеци. Но, пресметките не завршуваат тука. Понудата на Fabia Green Power се квалификува како комплетна поради финансирањето кое што стои како дополнителен избор за купувачот. Компанијата Порше Лизинг ја комплетира понудата со можност за отплата на возилото во период од 72 месеци, односно шест години, со

учество од 10 проценти. Месечната рата за Fabia во овој случај изнесува 149,04 евра. Пред испораката на возилото е потребно да се платат десетте проценти учество од 925 евра и да се намири трошокот за обработка на договорот во висина од 46,25 евра. Вообичаено при користење на финансиски лизинг е склучувањето договор за потполно каско осигурување со франшиза до 200 евра. Единствените трошоци кои што преостану-

ваат се техничкиот преглед и регистрацијата на возилото, нотарската заверка на договорот и надоместот за упис во регистар во висина од 890 денари. Но, како автогасот ги отплаќа ратите? Преку возењето. Кога намалувањето на трошоците за возење ќе се пренесе врз висината на месечната рата, за претпоставениот годишен турнус од 10.000 километри се добива месечна заштеда од 23,32 евра. Тоа

Вредност на возилото . . . . . . . . . . . . . . 9.250,00 евра Учество 10% . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 925,00 евра Месечна рата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 149,04 евра Плаќање пред испорака

Учество . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 925,00 евра Трошок за обработка на договор . . . . . . 46,25 евра Вкупно за прво плаќање . . . . . . . . . . . . 971,25 евра

се парите со кои што автомобилот си учествува во отплаќањето на ратата. На крајот на периодот на лизинг, автомобилот ќе си поврати 1.679,04 евра преку намалените трошоци за гориво, односно повеќе од 11 рати од отплатата на возилото. На тој начин, бенефитот на автогасот се провлекува буквално во секое подрачје, од заштита на животната средина до компензација на каматите. Супер е овој автогас. �

01/2012 57


ТЕМА Најпродавани автомобили на глобално ниво

М

илионските бројки се оние што најмногу й се допаѓаат на Toyota. Со повеќе од еден милион примероци од Corolla продадени на сите страни на земјината топка во минатата година, Јапонците заслужија да здивнат, особено по напорната и неизвесна година, покрај цунами и во услови на слабеење на домашниот пазар. Одличната продажба на Corolla во глобални рамки й го обезбеди на Toyota првото место на светската скала на производители на автомобили. Сосема е јасно дека Corolla е и најпродаваниот автомобил во светот во минатите дванаесет месеци. Впрочем, ништо не се промени, затоа што и за дванаесетте месеци пред тоа, моделот од компакт класата го имаше првото место. Се чини како највисокото место да е резервирано за Corolla. Но, се наѕираат промени. Веднаш зад моделот на Toyota е Hyundai Elantra, која што на некои пазари се продава како Avante. Корејците го држат второто место со 1,01 милион продадени примероци од Elantra, што е само 100 000 возила помалку од Corolla. Никој не е изненаден од тоа што првите две места во светот им припаѓаат на Јапонците и на Корејците. Изненадувањето повеќе е во малата предност на Toyota пред Hyundai. Најголемото ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР Е МЕЃУ НАЈМАЛИТЕ РЕГИОНАЛНИ ПАЗАРИ НА БРАНШАТА, НО Е ДАЛЕКУ НАЈПРЕФИНЕТИОТ. ТУКА СЕ РОДИ АВТОМОБИЛОТ. СВЕТОТ ИМА УШТЕ ПОГОЛЕМИ ПАЗАРИ, КАДЕ ШТО СЕ ЦЕНАТ ДРУГИ ВРЕДНОСТИ. ИЗДРЖЛИВОСТА, СЕПАК, Е НАЈВАЖНА ВРЕДНОСТ

изненадување, сепак, следува на третата позиција на најпродавани автомобили во минатата година. Со 943.000 продадени примероци, таа му припаѓа на автомобил чија што марка и модел се апсолутно непознати за поголемиот дел од светот. Се работи за ванот WuLing Sunshine, произведуван во погон кој што е коинвестиција на General Motors во Кина. Овој ван се снаоѓа на каква и да било задача. Кинезите го користат како такси во најголемите од големите градови, како пикап и работни возило за занаетчии, па дури и како доставно возило. Голем напредок постигна и Ford. Марката со модрата слива во логото излезе како победник од економската криза, што меѓу другото е заслуга на шефот Форд Малели, кој што уште во зачетокот на кризата ги стави сите карти на глобалниот пазар и ја постави стратегија-

74 01 /2011

Возачите во Македонија купуваат најмногу Golf, за истиот модел на Volkswagen се решаваат и најголемиот дел од европските возачи. Приматот во светски рамки го преземаат други играчи. Ова се најпродаваните десет автомобили во светот во минатата година

НА ТОА СЕ ВОЗИ СВ

10

Volkswagen Golf

9

Chevrolet Cruze

На претпоследното место е Chevrolet Cruze со 691 000 продадени примероци. Соперникот на Golf и Jetta го искористува неговото присуство на сите пазари во светот. Во споредба со 2010 година, продажбата на Cruze се зголеми речиси за двојно во минатата година

Последното место во светот му припаѓа на најдобриот во Европа. Во минатата година производителот од Волфсбург продал 648 000 примероци, што во глобални рамки е доволно само за десеттото место. Вечниот бестселер од Волфбург, заедно со Passat и Jetta, ја сочинува тројката со која што Volkswagen ќе ја симнува Toyota од местото на најголем производител на автомобили во светот. та - еден Ford за цел свет. Моделот на Focus кого што денес го возиме во Европа е речиси идентичен со моделот за американскиот пазар, а во меѓувреме таму почна да се продава и малечката Fiesta, што беше речиси незамисливо до пред само две или три години. Обата модела

на Ford се наоѓаат меѓу најпродаваните десет автомобили во светот. Исто толку автомобили има и Volkswagen. На производителот од Волфсбург, сепак, му претстои уште многу работа додека го реализира планот да го освои врвот на автомобилскиот свет. �

8

Toyota Camry

Осмото место му припаѓа на автомобил кој уште одамна се откажа од европскиот пазар, но тоа очигледно не му претставуваше пречка за глобалниот успех. Toyota Camry се продаде во 726 000 примероци. Големата лимузина од средната класа е само во бледо сеќавање во Европа, но во САД тоа е автомобилот што веќе со години наназад е најпродаван


1 2

ВЕТОТ

7 6

Toyota Corolla Ниту природните катастрофи ниту ослабнатиот автомобилски пазар во Јапонија не успеаја да ја разнишаат положбата на најголемиот автомобил на светот, барем кога се работи за бројките од продажбата. Toyota Corolla го држи првото место со 1,02 милион примероци. Во оваа бројка влегува и продажбата на Auris во Европа.

Hyundai Elantra

Одвај сто илјади примероци ја делат Hyundai Elantra од титулата на најпродаван автомобил во светот во минатата година. Лимузината и комбито на корејската марка се продале во 1,01 милион примероци.

Volkswagen Jetta Уште еден модел на Volkswagen на списокот на десетте најпродавани возила во светот, и тоа, пред европскиот примус Golf. Лимузинската изведба на компактот од Волфсбург, познатата Jetta, се продала во 745 000 примероци. Главната заслуга за големата бројка на Jetta ја имаат пазарите во САД и во Латинска Америка.

Ford Fiesta

Во минатата година во светот се продале 781 147 примероци од Ford Fiesta. Toа е резултатот од стратегијата – еден Ford за цел свет. Малечкиот брат на Focus за прв пат се најде во салоните на американската мајка Ford.

5 4

Kia Rio На ова место веќе почнува да се намирисува милионот. Со 815 337 примероци, петти по продажба во светот е Kia Rio. Последната генерација на моделот, која што се наоѓа на сликата, има само малечок удел во ова достигнување. Само во Иран се продале речиси половина милион примероци од Rio, но од моделот од претходната генерација.

Ford Focus

Вистината вели дека Focus е вечно трет во продажбата на семејни компакти на европска почва, но тоа воопшто не го засега Ford. Со 919 000 продадени примероци, Focus е далеку пред Golf во глобални рамки и ја користи стратегијата на Ford, еден ист модел да продава секаде во светот, место да се произведуваат четири различни модели за сите страни на светот.

3

WuLing Sunshine

Тој е херојот, тоа е најголемото изненадување во продажбата за минатата година, WuLing Sunshine. Ванот кого што го произведува кинескиот партнер на General Motors се продал во 934 000 примероци. Кинезите го користат ванот за сите намени, тој служи добро и како големо такси и како доставно возило.

01/2011 75


Мотоспорт Светски шампионат во рели

Форд Абу Даби Ворлд Рели Тим

П

о тригодишна пауза, шампионатот во рели повторно стартува со Монте. Марката Мини има особена причина да се радува на оваа вест, затоа што култот на марката се темели токму врз нејзините успеси на Монте во 1960-те години, а минатата година таа се врати и на тркачките патеки за рели. Оттука, шампионатот се преселува на нордискиот снег. Меѓу највозбудливите настани во новата сезона се вбројува и релито во Финска, во почетокот на август. Потоа продолжува спектакуларното рели во Германија. Бркотницата по виноградите околу Трир ќе биде идниот домашен терен за марката Фолксваген, која што од 2013 година ќе вози цела сезона. По 13 трки, сезоната ќе заврши на 11-ти ноември во Шпанија. Во јубилејната година се воведува-

• Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Долга традиција на Форд во рели и страст за мотоспортот • Финците во тимот ја продолжуваат спортската традиција • Форд ја пренесува страста и во сериските автомобили

Мико Хирвонен • Националност Финска • Датум на раѓање 31 јули 1980 • Совозач Јармо Лехтинен

Јари Мати Латвала

Мајката на сите рели трки се враќа на сцената. Новата сезона во рели стартува на 17-ти јануари во Монте Карло. Љубителите на релито можат да очекуваат возбудлива сезона

• Националност Финска • Датум на раѓање 3 април 1985 • Совозач Мика Антила

Бразил Ворлд Рели Тим

• Автомобил Мини Ворлд Рели Кар • Прв тим од Бразил во светскиот шампионат • Се планира настап со втор возач од 2013 • Тимот го користи ВРЦ за популаризирање на релито во Бразил

Даниел Оливеира • Националност Бразил • Датум на раѓање 12 јули 1985 • Совозач Карлос Магалес

Ван Меркстејн Моторспорт

• Автомобил Ситроен ДС3 ВРЦ • Еден од ретките тимови на татко и син во ВРЦ • Тимот возеше на 24 часа Леман и на релито Дакар

Петер ван Меркстејн Јуниор

• Националност Холандија • Датум на раѓање 1 септември 1982 • Совозач Еди Шевалије

Петер Солберг Ворлд Рели Тим

ат нови правила со цел на пилотите да им се даде шанса самите да влијаат врз нивната стартна позиција на трките по макадам. Последниот круг во пробните возења ќе се оценува на квалификациите и најбрзиот возач сам ќе го избира стартното место за првиот ден. Потоа истото право на избор им следува и на послабо пласираните возачи. Во следните денови ќе се стартува по обратен редослед. На тој начин се спречува можноста за манипулација со бавно возење.

76 01 /2011

• Автомобил Ситроен ДС3 ВРЦ • Реална изведба на приказната на Давид против Голијат • Солберг во исто време ќе вози и ќе лови спонзори • Менаџерот Кен Рис е голем вљубеник во спортот

Петер Солберг • Националност Норвешка • Датум на раѓање 18 ноември 1974 • Совозач Крис Патерсон

Релито се врати Најдобрите возачи се бореа на секој начин да го избегнат стартувањето од првата позиција и да ја избегнат улогата на чистачи на патеката. Осумте титули не му се доволни: Себастијан Лоеб очекува 2012 да биде уште една година на Суперсеб.

Но, Французинот кој што ги освои сите шампионски титули од 2004 до 2011 година, нема да има толку лесна задача во новата сезона. Мико Хирвонен долго време ја држеше неизвесноста околу шампионот. Иако во 2012 тој ќе вози за Ситроен, односно

ќе биде колега по марка со Лоеб, Финецот е еден од најсериозните фаворити за шампионската титула. Во 2011, Лоеб за прв пат претрпе пораз на релито во Германија. По осум победи во континуитет, друг Себастијан се качи највисоко на по-


а

р

а

Ситроен Тотал Ворлд Рели Тим

Распоред

Мини Ворлд Рели Тим

Монте Карло 17 – 22 јануари

Шведска

9 – 12 февруари

• Автомобил Ситроен ДС3 ВРЦ • Себастијан Лоеб е еден од најголемите возачи во рели на сите времиња • Тимот ги собори сите можни рекорди во релито • Себастијан Огиер е голема возачка надеж

Себастијан Лоеб • Националност Франција • Датум на раѓање 26 февруари 1974 • Совозач Даниел Елена

• Автомобил Мини Ворлд Рели Кар • Третиот авто производител внесува свежина во ВРЦ • Мини има изградено големо име на рели патеките • Возачите Сордо и Мике се способни за висок пласман

Дани Сордо • Националност Шпанија • Датум на раѓање 2 мај 1983 • Совозач Карлос Дел Барио

Себастијан Огиер

Крис Мике

• Националност Франција • Датум на раѓање 17 декември 1983 • Совозач Хулијен Инграсија

• Националност Северна Ирска • Датум на раѓање 2 јули 1979 • Совозач Пол Негл

ФЕРМ Пауер Тулс Ворлд Рели Тим

Мексико

8 – 11 март

Португал

29 март – 1 април

Аргентина

27 - 29 април

Грција

АЈС 1 Рејсинг

25 – 27 мај

Нов Зеланд 22 – 24 јуни

Финска

Денис Кујперс • Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Прв тим од Холандија што е регистриран во • Националност Холандија • Датум на раѓање ВРЦ

• Автомобил Ситроен ДС3 ВРЦ • Раиконен успешно ја продолжува кариерата во мотоспортот • Менаџерот Беноа Ногие е почитуван лик во светот на мотоспортот

Монстер Ворлд Рели Тим

Манкис Форд Ворлд Рели Тим

23 ноември 1985 • Совозач Фредерик Миклоте

Кими Раиконен • Националност Финска • Датум на раѓање 17 октомври 1979 • Совозач Кај Линдстром

2 – 5 август

Германија

24 – 26 август

Велика Британија 13 – 16 септември

Франција

4 – 7 октомври

Италија

18 – 21 октомври

• Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Снимките од возачките вратоломии на Кен Блок се сензација на интернет • Единствен возач од САД и голем љубител на тркачката серија

Кен Блок • Националност САД • Датум на раѓање 21 ноември 1967 • Совозач Алекс Гелсомино

Тим Абу Даби

Федерико Вилагра • Националност Аргентина • Датум на раѓање 1 мај 1969 • Совозач Хорхе Перез Компан

Шпанија

8 – 11 ноември

М-Спорт Стобарт Форд Рели Тим

• Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Абу Даби е голем подржувач на ВРЦ • Калид Ал Касими е еден од најхрабрите возачи • Посредство во пронаоѓање нови таленти на Средниот Исток

Калид Ал Касими • Националност ОАЕ, Абу Даби • Датум на раѓање 18 февруари 1976 • Совозач Мајкл Ор

во Монте диумот во Германија, Себастијан Огиер. Тој беше третопласиран во претходната сезона и постигна пет победи, исто колку Лоеб, но го напушти Ситроен и премина во Фолксваген, да ја подготви марката за влез во светското рели.

• Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Тие ја внесуваат Јужна Америка во мапата на ВРЦ • Манкис прават вкусен сладолед во Аргентина

• Автомобил Форд Фиеста РС ВРЦ • Тим со делумна фабричка поддршка и со потврден рекорд • Остберг и Вилсон се големи таленти во релито • Тимот му обезбеди пробив на асот Јари-Мати Латвала

Со напнатост се очекува стартот на Мини. На шесте трки во пробната сезона 2011, Дани Сордо освои место на подиумот во Германија и во Франција. Со еланот од победата на последното светско рели во Велика Британија и четвртото место во гене-

Хенинг Солберг

Мадс Остберг

• Националност Норвешка • Датум на раѓање 9 јануари 1973 • Совозач Илка Минор

• Националност Норвешка • Датум на раѓање 11 октомври 1987 • Совозач Јонас Андерсон

Метју Вилсон • Националност Велика Британија • Датум на раѓање 29 јануари 1987 • Совозач Скот Мартин

рален пласман, Јари Мати Латвала ќе напаѓа во новата сезона. Тој добива голема поддршка од Петер Солберг. Шампионот од 2003 е нов колега на Латвала во тимот на Форд. Ѕвездата на рели атракциите Кен Блок во 2012 повторно стартува во

шампионатот. Со неговите дрифтови со милионска гледаност тој е жива легенда на интернет и планира да вози на неговите омилени релија во Мексико, Нов Зеланд и Германија, а веројатно ќе вози за првпат и во Финска. �

01/2011 77


Импресија Mercedes SL

Автомобилите како SL се појавуваат ретко, многу поретко од другите. Во просек, еден на десет години. И покрај тоа, SL отсекогаш бил симбол на технолошкиот напредок. Тој вози далеку напред, тој ја предводи браншата

Така изгледа светот на луксузот на Mercedes. Во овој родстер нема компромис, се' што е потребно за најпрефинето чувство во возење и во стоење се сервира без прашање

С

о комплетно новиот SL, марката со сребрената ѕвезда ја продолжува традицијата долга 60 години. Во целиот тој период, SL е синоним за спорт, стил, за комфор, но и за револуционерни иновации. Овој SL е целосно изработен од алуминиум и полесен е до 140 килограми од претходникот. Тоа му обезбедува на скапоцениот родстер уште поголема спортска нота во возењето, а во исто време и повеќе комфор. Целиот пакет оди заедно со неограничена практичност во секојдневи-

78 01 /2011

ето. Ова е најмногу автомобил што може да се добие за парите. Новиот родстер буквално го почитува значењето на познатата кратенка. SL за супер и лесно. Лесната градба беше белег и на основоположникот на легендата, на SL oд 1952 година, со лесна цевна рамка. Mercedes е прва марка со каросерија целосно изработена од алуминиум во големосериското производство. Има и уште полесни материјали, на пример капакот зад резервоарот е изработен од магнезиум. Единствено во предните

Алуминиумот ја олесни каросеријата на родстерот за 110 килограми. Тоа е исто како од совозачкото седиште да станал сопатник од тешка категорија. Со помалку тежина се постигнува поголема динамика и помала потрошувачка, односно расте уживањето и се намалува загадувањето на животната средина

столбови се вградени цевки од челик со висока цврстина, заради врвна безбедност.

Покрај тоа што е полесна, каросеријата е покрута, побезбедна и нуди основа за поголем комфор од челичната градба на претходникот. Тоа е постигнато само со интелигентен инженеринг. Во зависност од оптоварувањето, конструктивните делови се изработувани како одливци во кокили или се леени под притисок во вакуумска средина, или пак, користени се алуминиумски лимови со различни дебелини. Иако новиот SL е покомфорен од претходникот и има повеќе безбедносна


Не е проблем тоа што новиот SL нема да и' се допадне на одреден дел од публиката. За најголемиот дел од публиката, тој е недостапен. Автомобил од рангот на SL мора да се разликува во масата. Феноменот: Како што ќе минува времето, повеќето ќе откриваат дека SL е најубавиот автомобил“

или ништо Кога се раѓаше светот на автомобилот, неговиот татко Готлиб Дајмлер го постави принципот на марката: Најдоброто или ништо. Тоа што класата Ѕ е меѓу лимузините, SL е меѓу луксузните родстери. Врв!

Како што автоматиката се приближува до совршенство во работата, така и рачката на менувачот се смалува, постепено исчезнува. 7G-Tronic Plus е најмногу што може да понуди денешницата

техника, со што би требало да се изгуби дел од предноста на алуминиумот, вагата покажува изненадувачки бројки. Новиот SL 500 со своите 1.785 килограми е 125 kg полесен од претходникот, додека SL 350 со 1.685 kg е полесен за дури 140 килограми. Тоа се должи на другите мери за намалување на тежината. Основа за спортскиот карактер на родстерот, покрај алу каросеријата, е подвозјето. Заради оптимирање на тежината, но и заради намалување на небалансираните маси, неколку делови од

подвозјето исто така се изработени од алуминиум. Купувачите добиваат две опции: Серискиот SL вози со полуактивни амортизери, а со доплата се добива активната амортизација ABC. Двете варијанти се комбинираат со ново електромеханичко директно управување, со прогресивна карактеристика и со пренос кој што се менува со аголот на вртење на воланот. Предностите на новото управување се подобро држење правец на автопат, поголема агилност во свијоците, а на крајот и полесно паркирање.

Новиот осумцилиндарец во SL 500 располага со 4,7 литри и постигнува 435 КС, што значи дека иако е помал за 0,8 литар од претходникот, моќноста му е зголемена за 12 проценти. Потрошувачката се намали до 22 проценти. Импресивен е порастот на вртежниот момент: 700 место 530 њутнметри. Кај V6 во SL 350 не е променета зафатнината, но моќноста порасна на 306 КС и вртежниот момент на 370 њутнметри. Потрошувачката од 6,8 литри е за 30 проценти пониска. Обата модела имаат систем старт-стоп и

возат со обновениот автоматски менувач 7G-Tronic Plus, оптимиран за економичност и комфор. За темпераментот на помоќниот модел и за ефектот од олеснувањето говори времето за спринт: SL 500 постигнува темпо 100 за 5,9 секунди и со тоа е за осум десетинки побрз од актуелниот SL 500. Порастот во должина од 5 сантиметри и во ширина од околу 6 сантиметри дозволи просторноста во кабината да ги надмине вообичаените рамки во сегментот. Во широкоград манир, Mercedes

01/2011 79



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.