Auto Focus 46

Page 1

NTO KIA PICвA а

Тој ја одреду

Број 46 • јуни 2011

играта

PORSCHE CAYMAN R

Побрз и од Porsche 911

салон на тјунинг на боденско езеро

ТУКА СЕ ГЛЕДА КАКО БРАНШАТА ВРТИ

4,5 МИЛИЈАРДИ ГОДИШНО

Kвалитет и комфор на сметка на оригиналноста

Hamachi - The Best

Заслужено

најдобар

средба на две генерации

MERCEDES C 220 CDI

Престолот му годи на кралот на средната класа

јуни 2011 90 ДЕНАРИ

тестови CITROEN C4

Aвтомобилите се различни

renault 4 plein air и renault wind

уживањето е исто



СОДРЖИНА Број 46 • јуни 2011 НОВИТЕТИ

16

PORSCHE CAYMAN R Долго време шефовите не дозволуваа Cayman да биде побрз од иконата 911. Се` досега

22

ПРВИ ДЕТАЛИ • OPEL ZAFIRA TOURER, LADA GRANTA, FERRARI SUPERAMERICA 45 За производителите не останува време за одмор, новитетите се појавуваат во брзо темпо

ТЕСТ И ТЕХНИКА

6

ВОЗЕВМЕ KIA PICANTO Малечкото на Kia порасна. Не се нуди само дизајн, туку и вредна внатрешна содржина

32

ТЕСТ CITROEN C4 1.6 VTi Може ли Citroen да биде добар доколку се откаже од иновативноста и оригиналноста?

38

TECT MERCEDES C 220 CDI Средната класа на Mercedes ужива на врвот на продажните статистики. Тоа се гледа

44

58

Клубот ADAC ги тестираше различните системи кои што при опасност од судир автоматски активираат сопирање со полна сила. Не е изненадување тоа што Volvo е најдобар

48

Половина век од автомобилската историја може да се искуси во живо на патот од Бреша до Рим. Дополнителна атракција е тоа што сопстениците не ги штедат скапоцените олдтајмери

50

Не сме единствените што повеќе не можеме да си го препознаеме сопствениот град. Во Њујорк отсега ќе возат жолти комбиња од Nissan

ВОЗЕВМЕ CHEVROLET AVEO Новиот Aveo не можеше да биде поразличен од Cruze или Spark. И тој го сака врвот на класата

58

ТЕСТ СИСТЕМИ ЗА САМОСТОЈНО СОПИРАЊЕ Петте ѕвездички се недоволни за Швеѓаните. Нивниот систем за спречување судир брилјира

TEMA

12

САЛОНИ • СОБИР НА ТЈУНЕРИ НА БОДЕНСКО ЕЗЕРО Посетителите се враќаат секоја година покрај Фридрихсхафен да го празнуваат светот на тјунингот

48

РЕЛИ НА ОЛДТАЈМЕРИ • MILLE MIGLIA Ова е сепак Италија. Тука олдтајмерите не се дојдени да парадираат на улица, туку да се тркаат

50

НОВИ ТАКСИ ВОЗИЛА ВО ЊУЈОРК Место долга лимузина, по традиција бојадисана во жолто, отсега ќе вози јапонско комби

52

РЕКОРД ВО ШТЕДЛИВО ВОЗЕЊЕ Австриецот Г.Платнер успеа повторно: Со Skoda Fabia Ecomotive постигна 2,2 литри на 100 km

54

54 ПРОЕКТ BRUTUS Музејот реши: Штета е монструозниот мотор да остане експонат, затоа го вгради во кола

78

78 СРЕДБА НА RENAULT 4 PLEIN AIR И RENAULT WIND Двата автомобила ги делат четири децении, но едно имаат заедничко: Уживањето

СЕРВИС

56

56 ТЕСТ НА БРИШАЧИ Осум бришачи со рамна метличка се најдоа на тест. Тука важи правилото: Поскапо е подобро

57

ЦЕНИ НА ПАТАРИНА ВО ЕВРОПА Преглед на земјите во кои што се наплатува користењето на патот со вињета или патарина

НА ДВЕ ТРКАЛА

60

МОТОЦИКЛИ • Hamachi - The Best Најмоќен до сега, а се одликува со одлична крајна брзина

МОТОСПОРТ

72

ФОРМУЛА 1 • ГОЛЕМА НАГРАДА НА МОНАКО Прва победа на Фетел на уличната трка во кралството, пред Алонсо и Батон

ДРУГИ СОДРЖИНИ 20 АВТОМОБИЛИ 2014 30 ЦРНО БЕЛО 62 ПИСМА

62 64 82

ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 16 6 32 38 44

PORSCHE CAYMAN R KIA PICANTO CITROEN C4 MERCEDES C 220 CDI CHEVROLET AVEO

50 52 54 78 78

Nissan NV200 Skoda Fabia Ecomotive Brutus RENAULT 4 Plein Air RENAULT Wind


Возевме KIA PICANTO

С

Auto Focus на презентацијата на Kia Picanto во Истанбул, Турција

С

ценографијата е вообичаената. Ексклузивен хотел во Бешикташ, во истанбулската населба што директно ги впива интерконтинентално измешаните мириси на Босфор, ентузијастички ноти во говорите на челниците од корејската компанија, огромни панели на кои што херојот на вечерта се прикажува во нају-

6 06/2011

бавото можно светло. Разликата е единствено во тоа што одушевеноста на говорниците тука не изгледа ниту грам претерано. Сé што се кажува на бината, се гледа и во автомобилот, во тој малечок голем херој на вечерта, кој што упорно пркоси со своето име – Picanto. Кога се зборува за динамичен изглед на каросеријата, Picanto

вешто ги покажува испапчените крила, страничниот раб затегнат цврсто како тетива и светлата во кои што жмиркаат светлечки диоди. Малечката Kia ја задржува самоувереноста дури и кога се зборува за најчувствителното поглавје во оваа класа на автомобили, за штедливоста. Неговите мотори работат со технологија CVVT, односно со променлива

фаза на двете брегасти вратила во главата, а тежината на целото возило е пониска до десет килограми, иако каросеријата се издолжи за 6 сантиметри и опремата почитува повисоки стандарди отколку претходникот. Но, комплетната слика за автомобилот се добива единствено кога моторот ќе се пушти да ги заврти тркалата. Истанбулскиот


Најмалечката Kia порасна, се разубаве и ужива во изобилство од опрема. Најважното, секако, е тоа што Picanto го усоврши и штедењето. Во тоа му помага технологија што е реткост во класата

латко луто Ни се допаѓа • ДИЗАЈНОТ НА ПЕТЕР ШРЕЈЕР • НАПРЕДОКОТ ВО СЕКОЕ ПОДРАЧЈЕ • НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА НА МОТОРИТЕ

асфалт е докажана патека за тестирање на секој автомобил што поголемиот дел од својот животен век ќе го мине меѓу семафори и улици што се вкрстуваат под прав агол. Тој што ќе убеди во своите квалитети во динамичниот сообраќај во Истанбул, ќе убеди и на секое друго место. Еднолитарскиот мотор со 69 коњски сили во тест возилото

не сокрива дека работи со еден цилиндар помалку од повеќето возила околу него. Звукот при нагло забрзување е препознатлив, исто како што е препознатливо и типичното однесување на трицилиндарците при возење во градска средина. Трицилиндарецот не е избран за да заштеди производителот, туку возачот. Неговата предност е во тоа што

постигнува повисок вртежен момент при ниски вртежи, во споредба со четирицилиндарец со иста зафатнина. Дополнително се пониски и внатрешните отпори во моторот. Како резултат од тоа, возачот го следи темпото на градот со релативно ниски вртежи и со соодветно мало напрегање на моторот, во корист на паричникот. 

Не ни пречи Малиот багажник: Тоа е судбината на оваа класа, ретко кој нуди повеќе

Не ни се допаѓа • Старт-стоп е достапен само со најскапото ниво на опрема • Недостига посилна младешка нота, кокпитот има стил како за лимузина 06/2011 7


Салони ТЈУНЕРИТЕ ПОКРАЈ БОДЕНСКОТО ЕЗЕРО

Шопинг за

Н

ајважниот настан на сцената на автомобилскиот тјунинг во Европа приреди пријатни изненадувања за публиката. Со сеопфатен карактер на собиралиште на тјунинг браншата која што бележи подем на глобално ниво, салонот за тјунинг во Бодензе во Германија покажа ново лице. Додека во

12 06/2011

првите два дена од манифестацијата во преден план беа 235-те изложувачи како претставници на индустријата, интересот на публиката за време на викендот се префрли на сцената на најдобрите специјалисти за тјунинг во Европа. Почетокот на сезоната на салони и собири за тјунирани возила го прославија 87.000 посетители во

Фридрихсхафен. „Како што се убедивме во саботата и во неделата, моќта на привлекување на салонот за тјунирани возила во Бодензе не попушта“, искажува пофалби првиот човек на германското здружение на автомобилски тјунери Харалд Шмитке. „Во крајни црти, ова беше одлична манифестација за тјунинг и за

прибор“. Во деветтата година на овој празник на коњските сили, за облагородувањето на сопствениот автомобил и натаму владее растечки интерес. Повеќе од половината од посетителите се интересираат за оптичко разубавување на нивните возила и посветуваат особено внимание на дополнителното спортско дотерување на возило-


автомобилска „Тјунингот на возила е важен економски и стопански фактор. Повеќе од една третина од анкетираните претпријатија во минатата година имале нови вработувања“, открива првиот човек на германското здружение на автомобилски тјунери. Според студијата на здружението, 19 проценти од сопствениците на возила во Германија се интересираат за тјунинг и за прибор, што претставува бројка од 7,6 милиони потенцијални купувачи. Во 2010 година, браншата забележала промет од 4,5 милијарди евра.

Велман, директор на салонот во Фридрихсхафен. Збогатената забавна програма со можност за пробно возење на автомобилите, трката во картинг против најдобрите времиња на двократниот шампион во DTM, Тимо Шнајдер, како и оригиналните идеи на клупската сцена ја одушевија публиката на салонот за тјунинг во Бодензе.

Во последниот ден од одржувањето на салонот во Бодензе, за Мис на тјунинг беше избрана Менди Ланге. Со солзи радоснички 23-годишната Германка уживаше во силниот сјај од фотографските блицови. „Се` уште не можам да поверувам во ова што се случи“, изјави новопрогласената кралица на убавината при крунисувањето. Во период од една година таа ќе ја претставува меѓународната сцена на тјунинг и ќе биде лице на ексклузивниот календар со мис на тјунинг за 2012 година. Идиличните плажи и импозантните градски кулиси на Хрватска ќе бидат кулиса на првиот самостоен календар на Менди. Страсната јавачка се радува што

ќе го замени нејзиниот стар Audi со новото службено возило Skoda Fabia RS. „Автомобилот е гром! Одвај чекам да го испробам зелениот тркач“. Новата мисица ќе добие и бесплатна пица во следните два месеци од www.pizza.de. Во четирите денови од салонот, 23-годишната продавачка на спортска опрема се истакна пред 18-те финалистки, од вкупно 500 девојки пријавени на изборот за мис. Таа го одушеви жирито со вечерната гардероба, во бикини, но и во интервјуто. Второто и третото место ги освоија Адријана Попа од Минхен и Лилија Кутлина од австрискиот Хербранц.

Промет од 4,5 милијарди евра од тјунинг во 2010

то. Во фокусот на возачите што се заинтересирани за тјунирање на нивните возила често пати се наоѓа и зголемување на моќноста на моторот. „Иако немавме празничен ден, сцената на тјунингот во голема маса се упати кон салонот и доаѓаше во десетилјаден број за време на викендот“, објаснува Клаус

Менди е новата Мис на тјунинг

денското Езеро: Празник на тјунинг покрај Бо 0 тјунирани 235 изложувачи, повеќе од 100 и метри возила, 152 клубови и 95 илјад јголемиот и квадратни за шетање. Ова е на во Европа најважен настан за тјунинг

Подеднакво привлечни магнети за публиката беа и изборот на Мис на тјунинг, шоуто на патеката за дрифт во организација на производителот на гуми Falken, а секако и ноќните забави. „Со интерактивното соединување на забавата и на новитетите на салонот, на браншата за тјунинг и прибор, на клубовите и на посетителите им нудиме

платформа која што обезбедува непречено уживање во фасцинацијата на автомобилите со посебен печат“, директорот на салонот Дирк Крајденвајс го објаснува успехот на најважниот салон за тјунинг во Европа. На повеќе од 90 проценти од посетителите им се допадна впечатливото присуство на Citroen и

06/2011 13


новитети Porsche Cayman R

Mоќен, лесен, бескомпромисен Cayman R е радикална машина која ги поместува границите и им се допаѓа на сите кои одбиваат комфор и се фокусираат на задоволување на основните потреби кога возачот ги држи конците во свои раце

Традицијата на создавање тркачи е крунисана со препознатливото лого кое ги краси сите екстремни модели на Porsche. Спортистот носи боја на редок минерал која го нагласува радикалниот пристап на градба

16 06/2011


И

злези од рамките. Направи нешто спротивно од врежаните мислења и норми. Направи чекор кон напред кога ќе се сфати дека најдоброто не е доволно добро и дека единствениот начин е само вашиот и никако поинаку. Тоа го можат само посебните. А каков ќе биде ефектот врз останатите? Кому му е грижа. Барем така велат инженерите во Porsche кога со несокриени емоции и младешки занес говорат за

Cayman R. Најрадикалната изведба на Cayman чиј централно поставен мотор-боксер кон задните тркала испраќа 330 понија полни енергија. Cayman R е најмоќниот, најлесниот, најбескомпромисниот меѓу браќата. За него минимализмот е уште еден начин на поместување на границите. Да се скрои радикална тркачка машина од постоечки тркач е предизвик дури и за инженерите на Porsche. Начинот на пристап помага многу. Место да додаваат тие одземаат за да се постигне подобар

Технички податоци

Мотор Централно поставен боксер, 6 цилиндри, 4 вентили на цилиндер • Зафатнина 3436 cm3 • Силина 330 КС/7400 min-1 • Вртежен момент 370 Nm/4750 min-1 • Погон назад преку 6 степен мануелен менувач и самоблокирачки диференцијал • Максимална брзина 282 km/h • Забрзување 0 - 100 km/h - 5,0 сек. • Потрошувачка град/отворено/ просек - 14,2/7,1/9,7 l/100 km • Димензии д/ш/в 4347/1801/1306 mm • Меѓуоскино растојание 2415 mm • Тежина 1295 kg • Носивост 350 kg • Багажник 410 l • Сопирачки нап./наз вентилиран и бушен диск • Резервоар 54 l • Гуми 235/35 ZR19 напред и 265/35 ZR19 назад

сооднос на тежина и моќност. Затоа радиото кое тежи 3 килограми го нема. Клима уредот со 12 килограми е за нежни, а држачите за чаши се бескорисни на патека. Тркачките кади исто така заштедуваат 12 килограми, вратите од алуминиум 15 килограми, најлесните бандажи на Porsche од 19 инчи штедат 5 килограми, а другите лесни компоненти уште 3 килограми. Вкупната тежина е смалена за 55 килограми во однос на Cayman S, а моќноста е подигна-

Боја како редок минерал Cayman R се испорачува стандардно со перидот метален лак. Перидот е еден од ретките минерали кои во природата се појавуваат само во една боја, маслинесто зелена. Нијансите на минералот можат да варираат од жолто зелена, преку маслинесто зелена, до кафено зелена зависно од количеството на железо во кристалната структура. За највредна се смета темно маслинестата зелена нијанса каква што е и основната боја на Cayman R. Јасно е дека изборот на бојата не е случаен. 06/2011 17


Тест Citroen C4 1.6 VTi SEDUCTION

Оригин Ни се допаѓа • Убедлив комфор во возење • Комплетно ниво на опрема во Seduction • Огромен напредок во квалитетот

Не ни пречи Отсуството на шести степен во менувачот: 1,6-литарецот се уште е меѓу најштедливите во конкуренција

Не ни се допаѓа • Напредните безбедносни ставки се достапни само со врвното ниво • Слаба еластичност при повисоко темпо • Неусовршено ракување со менијата

32 06/2011


нално

храбар

но en да биде довол o tr Ci а н ел д о м Може ли а, како од оригиналност е аж тк о се ку л ко и добар до прави истото што го С4 ? та ка ар м а ство заштитен знак н цели кон совршен конкурентите, но

ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

10,8 193

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1280/1765

 ВО ГРАД Мерите за намалување на тежината произведоа лесна управливост во град; тивка и мека поддршка од амортизацијата и мотор што е способен умерените забрзувања во град да ги совлада од најниски вртежи; добра странична и задна прегледност на каросеријата.

 НА ПАТ Високите динамички резерви на подвозјето го простуваат влегувањето во брз свијок во повисок степен, нема појава на претерано подуправување; врвен комфор на амортизацијата; просечна повратна информација од подлогата.

 НА автоПАТ Моќноста на моторот дозволува шести степен на пренос, но ценовното позиционирање на 1,6-литарецот го спречува тоа; над темпо 130 станува поприсутен звукот на моторот; просечната еластичност условува префрлување во понизок степен при престигнување.

 перформанси

Иако моторот е оптимиран за штедење, VTi дозволува и динамичен карактер во возењето; просечна оцена само поради послабата еластичност при повисоко темпо.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Комфорот на амортизацијата и пријатното чувство во возењето се најсилните адути на С4; моторот е тивок, за поголем акустичен комфор може да се избере моторот THP.

технички податоци

Место во оригиналост и екстраванганција од која што е мала користа, Citroen се преориентира на конкретни работи: Комфор, завршна изработка, пријатен престој

Мотор

4 цил., бензин, 4 вентили

Зафатнина

1598 cm3

Силина

120КС/6000 min-1

Вртежен момент

160Nm/4250 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

5 степени, мануелен

Управување

Ел. серво

Круг на вртење

11,2 m

Гуми

225/45 R17

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

торзиска оска

мекферсон

06/2011 33


Тест Mercedes C 220 CDI AVANTGARDE

Како чевли Штутгарт полека пушта традицијата да се повлече во заднина. Овој Mercedes изгледа динамично, се вози динамично, но длабоко во корените се` уште е Mercedes. Никогаш досега класата С не била подобра

С

екој има таков чифт чевли дома. Тие се погодени совршено, никаде не притискаат и може цел ден да се остане во нив. Слично чувство се добива кај класата С на Mercedes. Таа се покажува совршена за секоја пригода, не е ниту премногу голема, ниту премногу мала, доволно е претставителна, но и доволно е опуштена за седнувањето зад воланот да не биде условено со почитување на манирите кои што се обврзувачки кај големите лимузини на марката со сребрена ѕвезда. Оттука е сосема разбирливо тоа што лимузината од средната класа

Гордоста на Mercedes: Моторот од 2,1 литри со 170 КС и 400 њутнметри нема проблеми со моќта. Во верзијата со 204 КС, тој е доволно добар и за класата Ѕ

38 06/2011

неколку години е најпродаван модел на Mercedes и најпродаван премиум модел во сегментот. Секој знае како изгледа класата С: Напред е задолжителната хромирана маска, со неа одат светла со децентно развлечена форма, назад следи вообичаената лимузинска завршница. Ништо спектакуларно. Тоа се знаците на препознавање на марката, тоа се белезите што се менуваат крајно внимателно со годините. И потоа доаѓа фејслифтот. Одненадеж светлата почнуваат да гледаат агресивно, линиите во браникот се преориентираат кон динамика, а ЛЕД светилките наредени во линија


ТЕСТ-ОЦЕНИ

по мера

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

8,4 232

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1600/2115

 ВО ГРАД Легендарното поместување на носот на возилото, својствено за марката, е само оптичка потврда за малиот круг на вртење – иако е долга лимузина, по тесни улици се снаоѓа како компакт; релаксирано возење во град, мека амортизација при градско темпо.

 НА ПАТ

Ни се допаѓа • Новата свежина што класата С ја добива четири години по премиерата • Способноста на погонот да штеди • Подобрената динамика од алуминиумот во каросеријата

Не ни пречи Долгиот список со дополнителна опрема: Mercedes мора да нуди повеќе

Не ни се допаѓа • Акустичната култивираност на моторот • Потскокнувањето при префрлување во повисок степен • Се` уште има ситни пропусти во завршната изработка

Со спортското подвозје, како дел од пакетот AMG во тест возилото, динамиката на возење е блиску до врвот во класата; како опција се нудат пакет за возна динамика и директно управување; остар звук при нагло забрзување; значително подобрена управливост.

 НА автоПАТ Со 400 њутнметри на коленастото вратило, возачот е ослободен од секаква потреба за префрлување во понизок степен при престигнување или забрзување; исклучително долг шести степен на пренос, во корист на штедливоста и на комфорот.

 перформанси

Кај 2,2-литарецот, се` се сведува на вртежниот момент: Одлична еластичност, забрзување од најниски вртежи, рамномерно влечење во целото работно подрачје.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Приспособливата амортизација е тајната на меката реакција на градските дупки; акустичниот комфор во кабината се нарушува само при нагло забрзување.

технички податоци Мотор

4 цил., т.дизел, 4 вентили

Зафатнина

2143 cm3

Силина

170КС/3000 min-1

Вртежен момент

400Nm/1400 min-1

Погон

на задни тркала

Пренос

6 степени, мануелен

Управување

Хидр. серво

Круг на вртење

10,8 m

Гуми

225/45 R17

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/•

Водење на тркалата наз.

мултилинк

мекферсон

06/2011 39


ВОЗЕВМЕ CHEVROLET AVEO

П

ред да биде лансиран успешниот Cruze, најпродаван модел на Chevrolet на глобално ниво беше Aveo. Продажбата на новиот Aveo почнува во ова лето, со цел да се прошири успехот на марката во острата конкуренција во класата на малечките автомобили. Тој се нуди како комбилимузина со пет врати и како лимузина, со комфорно и динамично подвозје, како и со спортски и софистициран изглед, просторна кабина и штедливи мотори. Новиот Aveo се чувстува на свој

Ни се допаѓа • ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ СТИЛ НА МАРКАТА • ВПЕЧАТЛИВИОТ И НАПРЕДЕН ДИЗАЈН • БОГАТАТА СЕРИСКА ОПРЕМЕНОСТ

Не ни пречи ОТСУСТВОТО НА НАЈНАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА: ИНОВАЦИЈАТА ЧИНИ ПАРИ, CHEVROLET ПОВЕЌЕ Е НАСОЧЕН ДА ПОНУДИ ПРОТИВВРЕДНОСТ

Не ни се допаѓа • СЛАБА ЕЛАСТИЧНОСТ НА ОСНОВНИОТ МОТОР ОД 1,2 ЛИТАР • СТРОГО СКРОЕНИТЕ ПАКЕТИ НА ОПРЕМА, БЕЗ МОЖНОСТ ЗА ДОПЛАТА САМО ЗА ОДДЕЛНИ СТАВКИ

44 06/2011

терен при секојдневно возење до работа и при излети за време на викендот, ги привлекува младите и оние што се чувствуваат млади, како и возачите што препознаваат добар стил. Секако, дизајнот на Aveo го следи правецот што го поставија претходно претставените модели во годината на одбележувањето на еден век на марката Chevrolet. Последната генерација на Aveo е комплетно нов модел, како во поглед на дизајнот на каросеријата и на кабината, така и во поглед на

подвозјето и каросериската структура, но и во новите штедливи мотори. Новакот е развиен да го направи секојдневното возење на мал автомобил динамично и пријатно доживување, надополнувајќи практичност и противвредност. Со цел да постигнат агилни возни својства, инженерите развија ново подвозје за Aveo, кое што е меѓу најцврстите во сегментот. Со спортски изглед што го зборува глобалниот дизајнерски јазик на Chevrolet, новиот Aveo ги привлекува младите. Тоа се однесува многу

повеќе на комбилимузината, со агресивни, флуидни линии на каросериајта. Верзијата со четири врати оддава впечаток за позрело возило, од повисока класа. Таа е наменета пред се за младите семејства. „Во повеќе региони во Европа, главно во делови од Јужна и Источна Европа, малите лимузини имаат важна улога во семејствата каде што има само еден автомобил“, тврди шефот Вејн Бренон, објаснувајќи го значењето на лимузинската верзија. Одличната повратна инфор-

Го има


мација што ја добива возачот е надополнета со контрола на стабилност и со електрично сервоуправување монтирано на управувачкиот столб, достапно на моделите опремени со 1,2-литарски бензинец и 1,3-литарски дизел. Софистицираното серво поседува компензатор за истрошеност, како гаранција дека управувањето ќе остане прецизно при стареењето на возилото. Основата на безбедноста на Aveo доаѓа од интегралната рамка во каросериската структура. Во случај

на судир, покривот може да носи оптоварување 4,2 пати поголемо од тежината на возилото. Во пакетот за европскиот пазар следуваат шест воздушни перници и АВЅ со асистенција при нагло сопирање. Возењето е тивко, релаксирано. Напредните мерки за потиснување на звукот во одредени случаи постигнуваат 10 до 40 проценти поголем изолациски ефект отколку претходно користените материјали и техники. Новиот надворешен стил на Aveo внесува свежина и спортска нота во

сегментот. Големата дводелна маска и впечатливото лого непогрешливо го идентификуваат возилото како Chevrolet. Клучен елемент во изгледот се големите светла во стил на мотоцикл, со светлосни елементи сместени во две цевки, со црна основа и со хромирани рпстени. Исто како кај Spark, рачките во задните врати се сокриени во прозорците, создавајќи изглед на купе. Задните светла немаат панели врз ќелиите и создаваат хармонична целина со предните светла. Како

контраст, задните светла кај лимузинската изведба се изведени со двојни ќелии, внесувајќи стил во аеродинамичната каросерија. Во споредба со комбилимузината, која што е долга 4,04 метри, изведбата со четири врати додава уште 36 сантиметри. Вниманието посветено и на најситните детали произведува впечаток за квалитет каков што обично се доживува во возилата од повисоките класи. При исто ниво на сериска опременост не постои разлика во поглед на дизајнот или стилот

тоа во себе Не можеше да се очекува ништо послабо од модел кој што ќе се бори да биде најдобар во класата. Новиот Аveo изгледа совршено, вози пристојно, ја има фамозната противвредност на Chevrolet

AutoFocus на презентацијата на Chevrolet Aveo во Цирих, Швајцарија

Технички податоци Chevrolet Aveo

Мотор

Моќност [kW(KC)/min)

Врт. момент [Nm/min]

0-100 km/h [s]

Крајна брзина Потрошувачка [km/h] [L/100 km]

1.2L 70

51 (70) @ 5600 rpm

115 Nm @ 4000 rpm

14,3

162

5,9

1.2L 86

63 (86) @ 5600 rpm

115 Nm @ 4000 rpm

13,6

183

5,1

1.4L

74 (100) @ 6000 rpm

130 Nm @ 4000 rpm

12,2 (13,1)

177 (175)

5,9 (6,8)

1.6L

85 (115) @ 6000 rpm

155 Nm @ 4000 rpm

11,3 (11,7)

189 (186)

6,6 (7,2)

(вредности во заграда за автоматски менувач)

06/2011 45


Тема Mille Miglia

К

ласичната рута на Mille Miglia, легендарната трка од илјада милји низ Италија, секогаш е истата. Се поаѓа од Бреша, се вози до Рим и повторно назад до Бреша. Откако беше вратена во живот во 1977 година, Mille Miglia е замислена како трка во рамномерно возење и ориентирање за олдтајмери. Но, во Италија, како земја вљубеничка во автомобилите, каде што и ученичињата во селата покрај кои што минува трката се ослободени од настава кога се приближува конвојот од благороден метал и покрај улиците почнуваат да се собираат чесни сестри, дограмаџии, домаќинки и полицајци, возачите на олдтајмери како да чувствуваат предизвик да притиснат посилно врз гасот. Уште пред да излезат од Бреша, пилотите почнуваат да ги игнорираат семафорите и се што ги интересира натаму е времето на штоперицата. Брзиномерот станува непотребен.

48 06/2011

а н ќ о н во Учесниците имаат голем идол, Стирлинг Мос. Во 1955 година, тој ја мина патеката за сензационални 10 часови, 7 минути и 48 секунди и со тоа го постави вечниот рекорд. Просечната брзина од 157,62 km/h остана ненадмината се до официјалниот крај на трката во 1957 година. Иако најмладите автомобили на трката се произведени во 1957 година и повеќето од нив се исклучително ретки и бесценети, тие не се штедат. Тука најчесто се вози под полна гас. Додека болидите се паркираат пред музејот Миле Миља по парадирањето по улиците во предградието на Бреша, може да се ужива во полниот сјај на овие скапоцени парчиња од автомобилската историја, наредени густо едно покрај друго. Тука се гледа разновидноста на возниот парк. На една страна се филигранските и нежни модели од предвоениот период, како Bugatti Type 37, Fiat 509 или La Salle 303, а од спротивнста

страна се мускулестите тркачи од времето по војната, како Mercedes 300 SL, Porsche 356 и Maserati 150Ѕ. Во просторот меѓу двете групи се елегантните спортисти, како Ferrari 250 GT, Lancia Aurelia или Ford Thnderbird, но и луксузни крстосувачи од типот на Mercedes 710 SS. На крајот, тука се и типовите на автомобили кои што никој не очекува да ги види на трка: Бубата на Volkswagen, Mercedes 180 D, Citroen 2CV, DKW Monza или Citroen DS. Наоколу е растрчано се што автомобилската индустрија понудила во последните 75 години. Голем број спортски возила и олдтајмери меѓу Лондон, Стокхолм и Бриндизи се пристигнати во тој викенд само колку да бидат присутни во кругот на Mille Miglia. Поради тоа, околната сцена е подеднакво атрактивна колку и самата трка. Не постои друго место каде што можат да се видат десетина Mercedes SLR Stilrling Mos на


а к т е ш о а пр едно место, како и исто толку TVR и DeTomaso, или пак, преку 200 модели на Ferrari, од кои голем дел се долетани од Кина, Јужна Африка, Русија или Австралија, како предводница на Mille Miglia. Додека љубителите прават неколку редови околу изгланцаните автомобили, кај возачите почнува да се развива тркачката треска. Многумина ја прелистуваат патната книга, прават пресметки и однапред се подготвуваат за специјалните проби, фаќаат забелешки или го програмираат отпосле додадениот патен компјутер. Потоа следува моментот во кој што стартуваат моторите и конвојот се упатува кон Стариот град. Комесарите на трката ги лепат официјалните налепници на ветробраните, се минува преку куса платформа и почнува ноќната предигра до Болоња. За учесниците тука почнува да се остварува сонот, за кого што платиле котизација од 6.000 евра. Нервозата и напнатоста не се забележуваат кај сите возачи. Најсмирено е кај професионалците со коњските сили, кои што на крајот на нивната актив-

Бјака Џордано Моци и Стефанија ливата буд воз на те ици едн поб се година. трка Mille Miglia во оваа битка еше вод јка Водечката тро рута до крајот на историската Бизод Бреша до Рим и назад. дно зае а, тов Ман од от нисмен што го со неговата сопруга која , ги попридружува на секоја трка Aston беди ривалите со неговиот ина. год 3 193 од s Man Le Martin а какв трка рна ула Во спектак ивешто со години немаме дож ликата ано на овој асфалт, пуб јниот кра аше чек го ост нат со нап ви дра поз ја да јот кра исход, за на јцата победата на Моци, пред два ари, членови од семејството Фер и лисе Ска ите инц ент Арг и како e 37 и Кларамунт, со Bugatti Typ трката Alfa Romeo 6C 1500 GS. Од Џулијаво оваа година испадна тите и но Кане, еден од фавори ата ишн год ато мин победник на други. трка, како и на уште десет њето Со тоа се потврди верува да ва успе а дек от нец лија на Ита lia Mig e Mill на еда постигне поб . Изсамо во непарните години тигна ненадувачки пласман пос Етан Ров р ича ком т скио британ e Mill а прв та ова нег кинсон, во се одрMiglia, кој без проблеми за цело жуваше меѓу првите сто та. трка на време

0 лавуваат трката од 100 Италијанците ја прос ик азн пр н ве жа др м како милји од Бреша до Ри а напорна Механичарите ги чек трката на тек иот цел во а работ

ци Победа за Џордано Мо и Стефанија Брака

т да се видат на трМногу познати лица можа н е едно од нив ине Хак ка Ми ката. легендата

Противниците не се штедат: Mille е Miglia не е клацкањ со расклатени олдтајмери, туку е вистинска трка, иако секој од 400те автомобили учесници не е понов од 1958

на кариера добиваат нови ангажмани од разни производители за манифестации со олдтајмери како оваа. Ветеранот во формула 1 Мика Хакинен е редовен гостин, исто како и Јохен Мас или Клаус Лудвиг. Во оваа година присуствува еден возач чие што име до денешен ден побудува стравопочит, и тоа, не само во неговата земја: Хуан Мануел Фанџо. Не, тука не станува збор за аргентинскиот херој со полна гас, кој што во оваа година би го прославувал својот стоти роденден, туку за внукот на петкратниот шампион во формула 1, кој што исто така вози трки. На Mille Miglia тој пилотира со Mercedes 300 SLR заедно со Мика Хакинен. Нормално е тоа што за младиот Фанџо „не постои поубава и поважна трка“. �

ери Најпознатата трка со олдтајм во светот секоја година ги тспривлекува највредните пре иставници на автомобилската што торија. Во трите дена, и тие аат нув ста ост урн не биле, со сиг от изм бил омо авт во ици бен вљу 06/2011 49


Тема Ново такси во Њујорк

Големо јаболко

во жолто такси Од 2013, па во наредн ите десет модел на години, N issan такси пре возот во Њ ќе го држи монопол овој от во ујорк. Гло со големи ма на вози со об како Ford Transit в зното возило о ични четир ицилиндар почетокот ќе ски бензи нци

М

илионскиот град на реката Хадсон ќе добие нов заштитен знак. Не се работи за уште еден во илјадницата облакодери ниту пак за импозантен мост. Станува збор за новото официјално такси на градот Њујорк. Многубројните Yellow Cabs ја сочинуваат уличната слика во градот и поради тоа во минатите неколку години за производителите на автомобили не постоеше друг конкурс што же биде поатрактивен од оној на Комисијата за такси и лимузини на градот Њујорк. Во потрагата по идното такси, кое што секојдневно превезува по 600.000 патници, комисијата постави строги правила, а за избраниот автомобил следуваше и привлечна награда. Победникот на конкурсот добива монопол за таксито во Њујорк во следните десет години. На конкурсот се пријавија неколку од најголемите производители на автомобили, но и низа од нови претпријатија, кои што главно сакаа да поентираат со релативно невообичаени концепти на возила. Едно од нив е Unicab. Но, градоначалникот Мајкл Блумберг и комисијата за такси ја одбија оваа футуристичка варијанта, исто како и предложениот модел од Ford, па и едно такси развиено од фирма од Турција, и се решија за мошне едноставно конструирано возило, за Nissan NV200. Се работи за лесно доставно возило на Nissan, со големина слична на VW Transporter

50 06/2011

Другите кандидати за конкурсот за такси Премногу радикално? На цртежот е дизајнот на такси возилото Unicab. Возилото со футуристички изглед долго време беше фаворит на комисијата за такси во Њујорк, но на крајот ја изгуби трката. Мудри идеи: Голема фиока одзади за куфери и багаж, рампа за инвалидска количка, лизгачки врати отстрана и соларни ќелии на покривот. Unicab прикажа одлични идеи за автомобилот кој што секојдневно ќе превезува бројни патници од А до Б, на безбеден и удобен начин

или Ford Transit, со присутност на сите континенти на глобусот. Во следните десет години, 13.000 примероци од овој автомобил ќе кружат неуморно по улиците на градот. За ангажманот во Менхетн, Квинс, Бруклин и Бронкс, возилото што чини околу 20.000 евра и се произведува во фабриката на Nissan во Квернавака, Мексико, ќе претрпи повеќе измени. Покрај преградниот ѕид за возачот, во

Шанса да биде избран во најпопуларниот пазар за такси возила на светот имаше и европскиот ван Ford Transit Connect. Производителот понуди три погонски варијанти за таксито на иднината: Погон на струја, на природен гас и на пропан.

таксито се вградуваат три седишта со облоги отпорни на дамки, приклучок со напон од 12 волти и USB, како и посебна климатизација во просторот за патници. Покрај тоа, патниците ќе можат да уживаат и во погледот низ големиот стаклен покрив. Првичната идеја за чист погон на возилото не се реализираше. Градоначалникот Блумберг првично имаше намера до 2012 година целосно да го префрли такси

превозот во градот на хибриден погон и на тој начин да заштеди до 80 милиони литри бензин. Сепак, под хаубата на идното такси на почетокот ќе работи најобичен бензински мотор. Во секој случај, со зафатнината од два литри и со четирите цилиндри, тој е неспоредливо поскромен и поштедлив од сите досегашни Yellow Cabs. Алтернативниот погон полека ќе се воведува во возилата. Со шест примероци од NV 200 со погон на


Познатото такси Checker веќе одамна е заминато во историјата, а сега и неговиот наследник доживува иста судбина. Такси возачите и патниците во Њујорк ќе доживеат културен шок. Градските татковци го избраа комбето од Nissan за наследник на Crown Victoria

Возило за работа: Кога каросеријата не е бојадисана во препознатливата жолта боја за таксито во Њујорк, Nissan NV200 е обично доставно возило

Турската компанија Karsan долго време беше фаворит во натпреварот за таксито на иднината по улиците на Њујорк. Компанијата планираше да изгради фабрика во Бруклин, специјализирана за производство на модерниот ван

струја и со поставување на соодветна мрежа од станици за полнење на возилото со струја ќе се проверува дали Yellow Cabs во иднина ќе можат да ја извршуваат својата работа во градот со чистиот погон на струја. Изборот на јапонски автомобил за жолтиот знак на препознавање на Њујорк беше болна шлаканица за американските производители, и тоа не само поради дополнителниот продажен волумен од 13.000

возила кој што ќе додаде убава сума на контото, туку пред сé поради имиџот. Ваквиот развој на збиднувањата не е изненадување и вината за тоа во најголема мера е до самите производители. Ford Crown Victoria, кој што на улиците на Мехнетен е доминантен како бел Mercedes по скопските сокаци, долги години ја губеше продажбата, за на крај целосно да биде повлечен од продажната понуда. Како замена Американците ја

Ford Crown Victoria на улиците на Њујорк. Место оваа лимузина, уличната слика во иднина ќе ја одредува моделот на Nissan. Изборот на јапонската марка е шлаканица за автомобилската индустрија во САД

пуштија во трка верзијата со хибриден погон на теренското возило Escape, заради исполнување на построгите барања за заштита на животната средина на такси комисијата, но тоа придонесе во исто време да се рашират и други возила од јапонско производство во флотата од такси возила на територијата меѓу реките Хадсон и Ист. Во секој случај, Ford се впушти во натпреварот за таксито на иднината и понуди соодветно опре-

мена верзија на европскиот Transit Connect, со погон на гас. Но, обидот заврши безуспешно. Причината за тоа што Yellow Cab прерасна во икона по повеќе од сто години од првиот превоз со такси во Њујорк, исто како црното такси во Лондон, лежи во строгите барања на институциите. Моделот на возилото никогаш не беше стриктно наведен, но официјалните барања секогаш го ограничуваа можниот избор на возила. �

06/2011 51


Тема Проект Брутус На шефот му беше жал да го стави моторот во музеј. Така, дванаесетцилиндарецот од 46 литри од 1930-те години се најде во тркачки автомобил стар цел еден век. Чувството во возење е како во бомбардер во слободен пад

a n t e L топовско ѓул И

ако шефот на музеите за автомобили и техника во Зинсхајм располага со повеќе од доволен број играчки, никоја не му предизвикала толкаво задоволство како тркачката цигара црна како чад. Има објаснување за тоа. Поточно, постојат дури 46 објаснувања. Точно толку литри брои работната зафатнина на дванаесетцилиндарецот, кој што во музејската работилница беше ставен под бескрајно долга хауба. Овој центар на моќ, долг речиси два метри, кој што штрчи од каросеријата исто колку што градите на

54 06/2011

Памела Андерсон штрчат од нејзиното бикини, потекнува од Баварија и во триесетите години бил користен првенствено за вградување во авиони ловци. Messerschmitt, Heinkel и хидроавионите на Dornier ја користеле оваа челична карпа, која што при старт обезбедува 750 КС, а во лет 500 КС. Притоа бројачот на вртежи не мора да заврти ниту преку 1.500 вртежи. Само при напад моторот може краткотрајно да отиде до две илјади вртежи. „Моторот потекнува од авион користен во шпанската граѓанска војна“, објаснува Манфред Финк од ра-

ботилницата на музејот: „По повеќе од 50 години, тој беше откриен на отпад од еден коленционер, па така се најде во арсеналот на музејот за автомобили и техника.“ Пред да го постават на сталак во халата, техничарите сакаа само да се уверат дали дванаесетцилиндарецот сé уште функционира. Откако беше успешно вратен во живот по неколку долги зими, спектаклот беше толку импозантен што шефот на музејот за миг го промени првичниот план. „Беше премногу жално моторот да заврши како експонат, тој мораше да се врати на работа, и тоа најдобро

во автомобил.“ Ваквата идеја има долга традиција кај зависниците од брзини. Млазните мотори и ракетните погони и денес се користат за соборување рекорди на Соленото езеро во Јута. Брзинските рекорди во 1920те и 1930-те години се постигнуваа со тркачки автомобили задвижувани од авионски мотор. Верно на оваа традиција, тимот од музејот зеде шасија од American La France од 1908 година, со дрвени тркала и со погон со синџир, го прицврсти моторот над предната оска, а одзади додаде резервоар што


Брутус изгледа како да е излезен директно од пеколот Колку се лесни нормалните предизвици за Брутус покажува овој податок: Темпото 100, овој болид со дванаесетцилиндарец од 46 литри го вози со само 800 вртежи на коленастото вратило

Спојот на монструозниот мотор прекален во воените битки во воздухот и автомобилот стар речиси цел еден век си обезбеди сигурно место во автомобилската историја. Возилото нема често да ги напушта просториите на музејот, затоа што е премногу диво за совладување

уле

собира неколку стотици литри, како противтег. Над оваа основа беше изградена дрвена рамка, а врз неа беше изработена каросерија од алуминиумски лим во форма на торпедо. Така се создаде оваа пеколна машина. „Не беше толку едноставно“, кажува механичарот Финк, фрлајќи поглед кон десетината ладилници и стартери закачени на монструмскиот мотор. По цели осум години, возилото конечно беше подготвено за првото возење. Тој што ќе добие можност да го види овој автомобил во акција, добива непогрешлива претстава за

стравотилакот што тимот на Лејер до доживеал при првото стартување на дванаесетцилиндарецот. Тој работи толку гласно што се чини како директно некој пред вас да ги отворил портите на пеколот. Ѕидовите се тресат, буквално! Притоа, целиот простор околу потонува во црна магла, очите ги гризаат сулфур и согорено масло, а асфалтот околу возилото почнува да се топи. Оттука не е чудо тоа што механичарите си ги потпекувале своите пладневни колбаси на издувната цевка коај што е дебела колку рака. По оваа сцена, на сите

им станува јасно зошто Херман Лајер го избра името Брутус за оваа машина. „Секој што при ова пеколно јавање нема да внимава ѓаволски, ќе биде казнет на истиот начин како што Брут на времето го убил својот господар.“ Тука лежи и објаснувањето за тоа што ниту Лајер нити некој од неговите механичари досега не се провозеле со возилото на отворено. Кога беснеат 750 КС при одвај 1500 вртежи на моторот и преку филигранските синџири се пренесуваат неверојатни 10.000 њутнметри до задната оска, чувството е како да се

јава топовско ѓуле. Затоа е потребно крајно внимание, особено покрај фактот што во просторот за нозе се заменети позициите на гасот и на спојката. Еден погрешен чекор може да значи крај. Никој нема покажано храброст да го потера овој нисколетачки болид побрзо од 120 километри на час. Сепак, постои еден. Пред извесно време, некој англиски благородник успеал да постигне темпо 200 на патеката на тестирање. Но, потоа снемало сила. Возачот бил тој што се изморил, не автомобилот. Брутус не останува толку лесно без здив. �

06/2011 55


Тема Тест на системи за спречување судир

С

истемите што самостојно активираат целосно запирање на автомобилот при неизбежен судир во запрено или бавно возило претставуваат голем чекор напред во унапредувањето на безбедноста, но возачите не треба секогаш да очекуваат дека електрониката ќе го спречи судирот, односно ќе ги намали последиците од истиот. Клубот ADAC за прв пат тестираше системи од шест производители, во разлилни сценарија на опасност и забележа значителни разлики во начинот на кој што овие системи реагираат во незгода.

Способноста на системот за спречување судир се оценува според интензитетот на активирање на сопирачките. Некои системи не сопираат доволно силно

58 06/2011

20%

20%

20%

2,2

2,4

0,8

2,0

Малус: Чувствителност

Предупредувачка каскада

20%

1,7

Бонус: Предупредување за растојание

Налетување во запрено возило

20%

Бонус: Силина на сопирање

Налетување во штотуку запрено возило

1,5

Налетување во објект што сопира рамномерно

++

Марка и модел Volvo V60 D5 AWD Geartronic

ва оптоварувањето на телото на патниците при судирот, односно опасноста од нивна повреда. Подеднакво убедува и системот за предупредување на шведскиот производител на автомобили: Преку гласен предупредувачки звук и преку светло од светлечките диоди кое што се проектира врз вртробранското стакло, на возачите јасно им се укажува на

Налетување во побавно возило

Крајна оцена

Во своите квалитети најмногу убеди системот за самостојно запирање на Volvo, кој што реагира исклучително надежно при налетување во пречка. Добри резултати покажаа и системите на Mercedes, Audi и VW. Наспроти тоа, BMW и Infiniti добија само доволна оцена. Техничарите и експертите на најголемиот автомбоилски клуб во Европа изразуваат пофалби за тоа што системите за самостојно запирање се достапни веќе во возилата од средната класа. Клубот само еднаш ја даде највисоката оцена „особено се препорачува“. Системот за самос-

тојно запирање на возилото при опасност од неизбежен судир во спортскиот теренец Volvo V60 ја редуцира брзината на возење, а со тоа и интензитетот на кинетичката енергија на судирот во друго возило што е запрено на патот, во случај кога возачот не реагира правилно и навремено. Како резулат од таквата реакција, системот значително го намалу-

Оцена на ADAC

Швеѓаните докажаа дека го предводат развојот на безбедноста на возилата. Нивниот систем за спречување судир и за намалување на последиците од него функционира најдобро. Но, другите не заостануваат премногу

-0,3

0,1

0,1

Mercedes CLS 350 CGI

+

1,7

1,8

1,6

2,1

2,9

2,0

-0,3

0,1

0

Audi A7 3.0 TFSI

+

2,0

1,9

1,2

2,9

4,6

1,0

-0,3

0

0

VW Passat Variant 2.0 TFSI DSG

+

2,1

1,7

2,4

2,5

3,7

1,5

-0,3

0

0

BMW 530d Automatic

O

2,8

2,5

2,5

2,6

3,8

2,5

-0,1

0

0,1

Infiniti M37S Premium

O

3,0

2,9

2,6

2,6

2,2

4,5

-0,1

0,1

0,2


Победник на тестот Volvo V60 D5 AWD Geartronic Шведскиот теренец одушевуве првенствено со одличното функционирање на системот City-Safety, кој што може целосно да го спречи судирот во возило во мирување до 40 километри на час. При повисока брзина и налетување во возило во возење, системот по малку заостанува зад конкурентите. Во споредба со нив, намалувањето на брзината при опасност од судир е со послаб интензитет. Предупредувањето е мошне ефикасно, благодарение на светлото од светлечките диоди кое што се рефлектира во

запирањето Пред автоматското активирање на сопирачките следуваат визуелно и звучно предупредување на возачот опасноста од судир. Ефективно намалување на брзината пред судирот на автомобилот со друг автомобил или пречка на патот беше забележано и кај Mercedes CLS и Audi. Често пати, овој момент решава колку ќе биде големо оптоварувањето на телата на патниците во возилото при судирот. За разлика од Audi, системот на Mercedes не

реагира со запирање само на возила што возат побавно напред, туку и на возила што се запрени на патот, но ниту тој не може да постигне целосно избегнување на судирот. Затоа пак, Audi поентира со најдобрата работа на системот, почнувајќи од првото оптичко и акустично предупредување до автоматското активирање на системот за сопирање.

Volkswagen не ја редуцира брзината во судирот толку интензивно како Mercedes или Audi, но со автоматското запирање се избегнува целосно ударот во друго возило доколку брзината на возење е пониска од 30 километри на час. Слабата крајна оцена на серијата 5 на BMW и на последнопласираниот Infiniti резултираат од тоа што нивните системи само не-

ветробранот и личи како светло за сопирање на возило напред. Дополнително предупредување, како потскокнување на педалот за сопирање или делумно сопирање, дополнително ги ја зголемило ефикасноста. Функцијата на целно запирање функцонира одлично. При опасност од судир, доколку возачот преслабо ја притиска сопирачката, силата на сопирање се зголемува до степен со кој што може да се избегне судирот. Мошне корисна дополнителна функција е предупредувањето кое што се појавува во ветробранот при пречекорување на минималното безбедносно растојание. На тој начин, возачот се предупредува уште пред критичната ситуација.

значително ја намалуваат брзината на возилото со автоматското активирање на сопирачките пред судирот. Покрај тоа, предупредувањето од судир во Infiniti е премногу тивко и незабележливо. Како иновација, Јапонците нудат активна педала за гас, која што при возење на премало растојание од возилото напред го предупредуваат возачот со противпритисок во педалот. Клубот бара овие системи за намалување на последиците од судир, но и за целосно спречување на судирот при пониски брзини на возење, колку е можно побрзо да влезат во сериската опременост на возилата, исто како системот против блокирање на тркалата при силно сопирање, а во последно време и системот за контрола на стабилноста ЕЅР. Во секој случај, основен предуслов за безбедното возење останува вниманието на возачот. Тој што го почитува нормалното растојание од возилото пред него и се однесува дефанзивно, вози најбезбедно. �

06/2011 59


Мотоспорт Формула 1 • ГОЛЕМА НАГРАДА НА МОНАКО 2011

К

ако што е познато, агендата за Големата Награда за Монако е малце поразлична од другите трки на кои сме навикнати да ги гледаме. Наместо во петок, тренинг сесиите се оддржуваат во четврток, за возачите за време на наредниот ден да имаат можност да го прошетаат ова мало кнеженство меѓу кои се неизбежни екслузивните казина. Саботата и неделата остануваат по класичниот распоред како на останатите трки од Ф1 календарот. Знаеме дека трката во Монако се оддржува од самиот почеток на Ф1 шампионатот, и со право можам да потврдам дека оваа патека е вистински тест за концентрацијата и издржливоста на возачите. Едноставно Монако нема милост кон оние возачи кој за дел од секундата ќе ја изгубат концентрацијата или ќе направат касно запирање на болидот. Воедно доколку би ја погледнале

историјата на оваа патека, тогаш веднаш би знаеле за што прво ќе кажам. Оваа патека засекогаш ќе остане во сеќавањата на неговите навивачи и општо навивачите за овој спорт. Далеку е „орвеловата“ 1984-та година, кога Ф1 светот беше оставен без здив од еден Бразилец во некомпетентен болид, на крајно дождливата патека кој од тринаесеттото место место во квалификациите успеа да го стави на ултимативниот тест тогашниот вице- шампион Ален Прост. Тој ден, Монако го промовираше идниот трикратен шампион, според многу Ф1 фанови и експерти, најдобриот возач кој некогаш овој спорт го видел - Аиртон Сена. Тој до ден денес го држи рекордот на оваа патека со најмногу победи, поминувајќи тогашниот петкратен победник на оваа трка, „Др.Монако“ односно Грахам Хил. Условно кажано „викендот“ во Монако започна со веста дека Ферари

го смени Алдо Коста, техничкиот директор на Ферари, а на негово место го назначи Пет Фрај. Очигледно дека поради слабите резултати на Ферари, а високите очекувања за оваа сезона, дојде до промени во структурата со цел повторно Ферари да се врати на побединчките патеки. Веста иако одекна како бум во прес центарот, никој до тимот на Ферари не даваше дополнителна информација околу конкретните причини за промената. Промена дојде и до користењето на задното крило во Монако. ФИА се реши да го забрани користењето на задното крило во тунелот во Монако. Со цел да спречи возачите да ризикуваат, Чарли Вајтинг – одговорниот за трките во ФИА им излезе во пресрет. ФИА одлучи дека наместо во тунелот, подвижното задно крило ќе може да биде користено на старт на целната рамнина каде што ќе се наоѓа и зоната во трката и на сите други места на пате-

ката за време на тренинг сесиите и квалификациите, но комплетно го забрани користењето во тунелот. Од лице место увидов дека премногу е ризично користењето на системот бидејќи кога беше отворена патеката за сообраќај беше забележав дека и повремените дождови и сообраќајот придонеле асвалтот да биде „зачинет“ со многу нечистотии, а со тоа и крајно небезбеден за болидите кои низ тунелот поминуваат со 290 километри на час. Ако се земе фактот дека патеката во Монако бара огромен контакт со подлогата тогаш јасно е дека користењето на системот во тунелот ќе биде од многу голем ризик. Новитет на оваа трка беа користењето на најмеката компонента на гумите на Пирели, односно супер меката компонента која ги дава најдобрите перформанси и нуди одличен контакт со подлогата на сметка на големата деградација и кратката издржливост. Ова

Специјално од Монте Карло пишува: Димитар Вандовски

прва патуваше до Монако Известувачот на Ауто Фокусод Тојота Авто Центар ката дрш под на ие рен благода

72 06/2011


значеше дека во Монако ќе гледаме сосема различни стратегии на тимовите со повеќе од 2 влегувања во боксот, наместо досегашното едно влегување како што ни беше познато со гумите на Бриџстоун. Ако го земе во предвид и асфалтот кој не е наменет за класична Ф1 патека, стратегијата со пневматиците и тоа како играше голема улога во калкулациите на тимовите за трката во недела. Ако го земеме фактот дека најмеката на компонента на гуми е дури за една секунда побрза од втората гума по мекост од арсеналот на Пирели, тоа значеше за сите нас дека можно е да имаме и нов рекорд на патеката. Првите два тренинга низ улиците на Монте Карло, поминаа во знакот на Ферари и Ред Бул. На првиот тренинг, Фетел беше тој кој прв ги покажа забите на својот Ред Бул, најавувајќи дека оваа трка ќе биде само прошетка во паркот за неговата екипа. Но нешто се наговестува-

тивно понуди адреналинска трка, Големата Награда на Монако дефини ците на Монте Карло од 1992 година која потсети на бркотницата по ули зационална завршница и пресврт со Менсел и Сена, но овој пат без сен у би напишал дека Фетел продолво финишот. Лесно би било доколк селона. Напротив, мило ми е што жи онаму од каде што застана во Бар те трки оваа сезона и секако во ова бев сведок на една од највозбдливи епретспостави каква трка ќе биде вид кенежство. Никој не ни можеше да да се заблагодариме на актерите кои на во Монако, а секако за тоа треба сност до последните секунди приредија вистинско шоу со неизве ше во воздухот од страна на тимот на Ферари. Фернандо Алонсо го заврши првиот тренинг на само 130 стотинки позади светскиот шампион. Веднаш започна да циркулира оптимизмот кај популарните „Тифози“ и останатите поддржувачи на шампионот од 2005-та и 2006та дека Ферари полека се враќа во играта за светскиот шампионат. Втората тренинг сесија ја донесе радоста на навивачите. Фернандо Алонсо се најде на првото место оставајќи го далеку Фетел на петтото

место, а раздвоен од второпласираниот Луис Хамилтон и возачот на Мерцедес ГП, Нико Розберг. Фернандо најави добар резултат за Ферари, бидејќи оваа патека успешно ги крие аеродинамичките слабости кој ги поседува болидот на Ферари, и спорите свиоци на патеката и тоа како му одговараа на тимот од Маранело давајќи му надеж дека овој викенд можеби ќе бидат на највисокото место на подиумот. Петокот можеби беше слободен ден за возачите. Дел од нив го ис-

користија за одмор, некои да ги исполнат обврските према своите спонзори, но секако одмор немаше за механичарите кои имаа шанса да ги поправат и најмалите грешки утврдени од четврточните тренинг сесии. Во петок беше донесена и одлуката околу спорот помеѓу дватта тима во Ф1 кое го користат името на Лотус. Судот донесе одлука и во дватта случаи името може да биде користено, така што и дватта тима (Лотус ГП и Тим Лотус) остануваат со истите имиња.

да е б о п а к с крал

на фетел

06/2011 73


a [

ИМПРЕСИЈА СРЕДБА НА RENAULT 4 PLEIN AIR И RENAULT WIND

работени Renault 4 се из легендарниот е ги чуваат грижливо на а дб ве из Од отворената примероци. Сопственицит и неколку стотин

Уживањето во возењето со спуштен покрив не е вчерашен спорт, ниту пак е достапно само за богатите. Пред четириесет години се појави отворената изведба на Renault 4. Време е за соочување со современикот Wind

Н

а пристаништето се најдоа два претставника од егзотичната автомобилска сорта. Специјалната изведба на Renault 4 Plein Air од 1969 година и чичка новиот Renault Wind го привлекуваат вниманието на минувачите, небаре се бесценети суперспортски автомобили. Двете отворени француски возила се вистинска реткост во уличната слика и со нивниот особен статус им гарантираат крајна ексклузивност на нивните сопственици. Длабокото деколте на Plein Air, во целосно отсуство на врати и покрив, плени како келнерка на Октоберфест во

78 06/2011

Минхен, додека новиот Wind прикажува целосен контраст со гардеробата што досега сé до вратот и открива само детали. Без разлика, никој од овие два автомобила не ги остава набљудувачите ладнокрвни. Двете кандидатки за тестирање на кабриолетите, Соња и Хелена, ја прифаќаат задачата со крајна неутралност, за резултатите да бидат колку е можно пообјективни. Соња веднаш му се предава на носталгичниот шарм на Plein Air и се сместува комотно на предната клупа. Така се седеше во тоа време, на клупа место на одделни седишта за возачот и совозачот. Затоа пак, тука има из-

обилство од простор. По потреба, на клупата можат да се сместат и тројца љубители на возењето под отворено небо. Тоа што недостига е странично држење на седиштата. Филигранскиот волан со дебелината од најмногу 15 милиметри изгледа кршливо, но и покрај тоа мора да трпи големи сили, затоа што сервоуправувањето е музика од иднината. Во комбинација со погон на предните тркала, тоа не е решение што му ја олеснува работата на возачот. Друга е приказната на Wind. Со лежиште за дланките дизајнирано според најдобрите стандарди на ергономијата, со оптимална дебелина

на поставата и на крајот обложен со благородна кожа, неспоредливо помалиот волан легнува совршено во рака. Покрај тоа, воланот се врти лесно и со два прста. Контурираните единечни седишта нудат солидно странично држење, а дланката паѓа автоматски врз рачката на петстепениот менувач, до која што се посегнува лесно. Крајниот впечаток е значително поспортски и уште во мирување укажува на високата возна динамика на купе родстерот. Соња и Хелена внимаваат и на комфорот. Отсуството на електрика за подигнување на прозорците кај Plein Air, кој што брои повеќе од


e t i r e m r a а н у в е Ранд

четири децении, сé уште може лесно да се преболи. Прозорци и врати се непознати кај овој автомобил. Затоа, пак, висококвалитетното озвучување со доживување на звукот кое што е мошне блиску до реалноста, ќе им недостига на љубителите на олдтајмери, исто како клима уредот. Минималистот на платформа од Renault 4 се откажува од овие детали што се подразбираат во опременоста на денешните возила. Барањето станица на едноставното радио се врши со вртење на потенциометрите. Најголемата предност на Wind е во неговиот карактер на автомобил за

целата година. Доволно е само едно вртење од рачниот зглоб, за бравата на покривот да се отклучи или заклучи. Потоа е потребно само уште да се притисне едно копче и цврстиот покрив од пластика исчезнува за дванаесет секунди во убаво дизајнираниот капак. Истото време е потребно за покривот да се извади од под капакот. „Неверојатно, добиваш два автомобила по цена на еден“, се сложуваат двете девојки во улога на тест возачки. Без разлика дали ненадејно заврнува пороен дожд среде лето или почнува да се чувствува свежината на квечерината, за трансформацијата од отворен во

затворен двосед е сосема доволно времето додека се чека зеленото светло. Наспроти тоа, подигнвуањето на заштитата од временските влијанија кај Renault 4 Plein Air бара добро потење. Прво е потребно да се ослободат тешките притискачки копчиња на прекривката за покривот. Потоа следува раширување на механизмот на покривот по принцип на чадор. За на крајот да се затегнат двата каиша околу рамката на ветробранското стакло, потребни се и сила и умешност. Преку овој нестабилен фундамент се поставува покривот изработен од платно за

едра, заедно со задно стакло изработена од обична пластика. Откако сето тоа ќе се заврши, брзо станува јасно: Renault 4 Plein Air е наменет претежно за пеколно жешки сончеви денови, главно на Азурната обала или во долината Ардеш. Овој покрив што одвај заслужува така да се нарече, е совршен како заштита од сонце, но не штити ниту од подолг дожд, ниту пак од силни ветришта. Кога времето е убаво, Plein Air ги покажува своите најубави страни. Стартувањето се одвива беспрекорно: Саухот се повлекува за околу една третина, клучот се завртува еднаш во контакт бравата и малиот

06/2011 79



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.