Auto Focus 52

Page 1

вистинско купе по цена на компакт

Број 52 • декември 2011

OPEL ASTRA GTC Прво возење

САЛОН ВО ТОКИО

Тоа што не ги уништи ги направи посилни

ЈАПОНСКИ КОЛИ ГО ТРЕСАТ СВЕТОТ дЕКЕМВРИ 2011 90 ДЕНАРИ

ТЕСТОВИ

PEUGEOT 208

Двојката е најсилната бројка на Peugeot

AUDI A6 во класата KIA RIO Golf на малечките

Привилегија на возењето

избор на 260 000 читатели

ЗЛАТЕН ВОЛАН ЗА НАЈДОБРИТЕ

американскиот крстосувач

CHRYSLER 300C СЕ ВРАТИ КАКО

LANCIA THEMA

Тркала како лавовска шепа и коли од бамбус

СЕ` Е МОЖНО НА САЛОНОТ ВО ЕСЕН



СОДРЖИНА Број 52 • декември 2011

НОВИТЕТИ

14

PEUGEOT 208

16

Lancia Thema

18

Hyundai i30

20

САЛОН ВО ТОКИО

Повеќе простор во покуса каросерија, намалена тежина, пониска потрошувачка

Thema нуди неприкосновен италијански стил кој ја одвојува од американскиот брат

Уникатен дизајн поткрепен со солидна механика, богата опрема и добра изработка

Јапонците ги заборавија сите катастрофи. Особено радува враќањето на спортските икони

74

Салон во Есен

54

Audi не` запознава со различните лица на Кина, со модерното и традиционалното и со одржливоста на вистинските вредности без оглед на брзиот економски раст

57

Производителите постојано измислуваат нови продукти кои што треба да ги заменат синџирите за снег. Но, тестот покажува јасно, синџирите најцврсто се држат на снегот

78

Во 1960-те години единствено моделската серија Rekord можеше да му се приближи со продажбата на Volkswagen Beetle

Тркала како шепи на дива мачка, каросерии од бамбус гранчиња, колички од забавни паркови

ТЕСТ И ТЕХНИКА

6

Opel Astra GTC Самостоен дизајн и подвозје од кое што конкуренцијата има причина да стравува

42

ТЕСТ Audi A6 2.0 TDI

48

TECT Kia Rio 1.2

Преку оваа класа доаѓаат најголемите новини во возилата, тука се чувствува развојот

Новите модели на Kia се чекаат со нетрпение. Rio им конкурира на компактите

TEMИ

10

Награди Златен волан за 2011 година

26

Зимата е проблем за електромобилите

54

Со Audi Q3 долж Кина

78

ИСТОРИЈА • 45 години на Opel Rekord C

Титулата од Ауто Билд е еден од најценетите трофеи со меѓународно признание

Погонот на струја е чувствителен на студ. Досегот паѓа од 138 на 65 километри

Спојот меѓу модерното и традиционалното најубаво се чувствува во Кина

На Rekord му одеа големите бројки. Изгледот и издржливата техника беа основа на успехот

СЕРВИС

57

Тест на синџири за снег и алтернативни производи

57

Совети • Проверка на моторот преку маслото

58

Совети • Грижа за акумулаторот

Новитети има постојано, но синџирите уште долго време нема да бидат надминати

Исто како на лекар, една капка е доволна за проверка на состојбата на моторот

Со неколку трикови, акумулаторот нема да откаже ниту на најголем студ

59

Одржување на возилото со Wurth Високотемпературните талози во моторот денес се отстрануваат мошне лесно

60

Користени возила • Mazda 6 Mazda 6 не го следи високото ниво на квалитет на претходната генерација

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

ТЕСТ MOTO GUZZI NORGE 1200 GT 8V Италијанската патна машина се спротивставува на BMW R 1200 RT

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 42 18 48 16

Audi A6 2.0 TDI Hyundai i30 Kia Rio 1.2 Lancia Thema

60 6 78 14

Mazda 6 Opel Astra GTC Opel Rekord C PEUGEOT 208

64 64 66 82

ПИСМА ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

ДРУГИ СОДРЖИНИ 28 30 32 34

ЦРНО БЕЛО ВЕСТИ ВО БРОЈКИ МОБИЛНОСТ 2014 НА СИТЕ СТРАНИ


Возевме Opel Astra GTC

искушение на

На презентацијата на Astra GTC во Мајорка се појави и лутата изведба OPC. Засега таа е само уникат, но налето ќе биде во салоните со 280 КС и темпо 250

Ни се допаѓа • Спортска динамика со иновативната предна оска • Технолошкото ниво е на врвот на класата • Каросеријата нуди практичност за секојдневието

Не ни пречи Актуелната понуда од мотори запира на 180 КС: Напролет следува OPC со 100 КС повеќе, а потоа и нова генерација мотори која се` уште се држи во тајност

Не ни се допаѓа • Мачно посегнување по безбедносниот ремен • Комплицирано ракување поради преоптовар еноста на средишната конзола со прекинувачи • Слаба прегледност на опашот

К

ога Opel ќе реши да одзеде две каросериски врати, автомобилистите празнуваат. Кога и да се случувало тоа во историјата на марката со молњата, излегувал автомобил со култна вредност. Calibra, Tigra, Manta, па дури и Rekord Coupe, се само неколку од многуте. Вистина, речиси не постои семејно возило на

6 12/2011

Opel од кое што не било изведено купе или барем неговата механика не била искористена за модел со две врати помалку. Тоа што ќе се одзеде од секојдневната практичност, се надоместува со друг квалитет, кој што не е мерлив во килограми или сантиметри, но затоа може да се доживее како стил, елеганција, спортски

карактер. Opel умее со купеата. Но, од толку многу купеа во историјата, денес марката остана само на едно. Пазарот повеќе се ориентира кон каросерии кои што нудат повеќе метал за парите. Само метал или облагороден метал? Тој што препознава, во Astra GTC ќе го види второто. Купето толку се разликува од семејната

комбилимузина, за која што ниту оддалеку не може да се каже дека е поддизајнирана, што би можело да се води како независен модел, без некој да се посомнева дека внатре сепак работи примерната Astra. Дури и ретровизорите, рачките на вратите, па и антената на покривот се разликуваат. Дизајнерите користеле мошне


Auto Focus на презентацијата на Opel Astra GTC во Мајорка, Шпанија

Чекањето се исплатеше. По неполни две години од стартот на комбилимузината се појавува Astra GTC, со самостоен дизајн и со подвозје од кое што конкуренцијата има причина да стравува

12/2011 7


ТЕМА Добитници на наградата Златен волан за 2011

Победници во одделните категории Титулата „Златен волан“ е најважното одликување што можат да го посакаат автомобилските марки во Европа. Во изборот на автомобил на годината на групацијата магазини „Ауто Билд“ и на неделникот „Билд ам Зонтаг“ решаваат гласовите на преку 40 милиони читатели во Европа и на 42 члена на стручното жири

Компакт класа

Мали возила

Vokswagen Up

726 бодови

BMW серија 1

769 бодови

• Toyota Yaris. . . . . . . . . . . . . . . . . . . 706 бодови • Ria Rio. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 703 бодови Други модели во конкуренција

• Mercedes класа В . . . . . . . . . . . . . 749 бодови • VW Beetle . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 739 бодови Други модели во конкуренција

Hyundai ix20 • Lancia Y

Citroen DS4 • Ford Focus

Средна и виша класа

Кабриолети

Audi A6

850 бодови

Mercedes SLK

Златен

801 бодови

•Mercedes класа С Coupe . . . . . . . . 805 бодови •Opel Ampera . . . . . . . . . . . . . . . . . . 723 бодови Други модели во конкуренција

• BMW серија 6 . . . . . . . . . . . . . . . . 798 бодови • Mercedes класа Е Cabrio . . . . . . . 789 бодови Други модели во конкуренција

Kia Optima • Peugeot 508

Chevrolet Camaro • VW Golf Cabrio

Спортски возила

Лесни теренци

Победници според читателите

Марки со најголем број на титули Златен Волан

Porsche 911

28,40% од гласовите

Mercedes M

31,00% од гласовите

• Mercedes SLS AMG Roadster . . . . . . . 27,10% • Lamborghini Aventador . . . . . . . . . . . . 11,80% Други модели во конкуренција

• Range Rover Evoque . . . . . . . . . . . . . . . 26,90% • Audi Q3 . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22,60% Други модели во конкуренција

Aston Martin irage • Chevrolet Corvette C7 • Ferrari FF • Ferrari 458 Spider • McLaren MP4-12C

Jeep Compass • Jeep Grand Cherokee • Mazda CX-5 • Saab 9-4X

10 12/2011

Audi..................21x Mercedes.........21x VW ..................19x BMW ...............17x Opel .................14x Renault ..............9x Peugeot .............8x Ford ...................7x Porsche . ............5x Citroеn . .............4x Mitsubishi .........4x Skoda ................4x

С

екоја година целата автомобилска бранша во татковината на автомобилизмот се собира да ги избере најдобрите. На свеченото доделување на наградите во седиштето на издавачката куќа Аксел Шпрингер во Берлин присуствуваа 300 гости од стопанството, политиката и медиумите, и секако, врвните менаџери од автомобилската индустрија. Најтиражниот германски неделник Билд ам Зонтаг и европската група на магазини Ауто Билд ги одликуваше седумте најзначајни новитети за 2011 година со наградата Златен Волан. Наградата која што издавачот Аксел Шпрингер ја заживеа во 1976 година прерасна во трофеј со меѓународно признание. Награ-


Само за победниците (од лево на десно): Матијас Милер (Porsche), Жан Марк Гал (PSA Peugeot Citroen), Руперт Штадлер (Audi), Дитер Цече (Daimler), Улрих Хакенберг (Volkswagen), Норберт Рајтхофер (BMW), Томас Вебер (Daimler)

латен волан за најдобрите дите се доделуваат во осум класи. Титулата Зелен Волан му припадна на дизелскиот хибрид на групацијата PSA Peugeot Citroen, додека на шефот на Ford, Алан Мулали, во оваа година му беше доделена наградата Почесен златен волан Одлуката за добитниците на Златниот Волан ја носи жири од 42 експерти, меѓу кои се главните уредници на магазините од групацијата Ауто Билд, техничари, познати личности, како Борис Бекер, Витали Кличко и Катарина Вит, како и големите имиња од мотоспортот, Јута Клајншмит,

Со 260 000 гласови од читателите, титулата Златен Волан што ја доделуваат германските неделници Билд ам Зонтаг и Ауто Билд е еден од најценетите трофеи со меѓународно признание Почесен волан за Алан Мулали, претседател на управен одбор на компанијата Ford Валтер Рерл и Ралф Шумахер. Тестирањето на дваесетте финалисти траеше три дена на патеката за тестирање на Fiat и Pirelli во Балоко, Италија. Претходно, финалистите ги избраа читателите на неделникот Билд ам Зонтаг и на магазините од групацијата Ауто Билд. Европската читателска публика решаваше за победникот во класите на спортските автомобили и на лесните теренци. Импресивна е бројката од повеќе од 260.000 читатели кои што

дадоа глас за својот фаворит. Читателите решаваат и за добитникот на наградата за екологија Златен Волан, гласајќи за пет фаворити од вкупно 16 возила. Главниот победник го избира меѓународно жири во кое што учествуваат експерти од политиката, еколошките асоцијации, автомобилската индустрија и автоклубовите. � На следната страница прочитајте за начинот на гласање на 42-членото жири

12/2011 11


НОВИТЕТИ PEUGEOT 208

Peugeot докажува дека најголемите промени во моментов се случуваат токму кај малечките возила

Покус за 7 cm од Peugeot 207 Полесен до 173 kg

Дизелот со 3,4 L/100 km

Р

Чекор по чекор дојде време да се додаде уште една бројка. Во вообичаен манир, новакот носи ознака 208. Изненадувањата се внатре: Повеќе простор во покуса каросерија, намалена тежина, пониска потрошувачка

етко ќе се најде таков што ќе оспори дека двојката на Peugeot е крал на малечките автомобили. Сé што се појавило досега со двојка пред нулата, постигнало успех. Легендарниот 206 го наследи суперлегендарниот 205, а пазарот и на обајцата не им дозволуваше да заминат во пензија. Купувачите никогаш не се заморија од нив. Дури, покрај актуелниот модел сé уште се продава претходникот, како 206+. Но, малечките автомобили веќе одамна престанаа да бидат малечки. Напролет доаѓа новиот 208. Тој ја прекинува рутината при смената на генерациите и ќе биде покус и полесен од претходникот. Новиот француски автомобил е скусен за седум сантиметри во должина и еден во висина. И покрај тоа, внатре има повеќе простор. На задната клупа се добиваат пет сантиметри повеќе простор за колената. Дури и

14 12/2011

багажникот порасна, тој сега нуди 15 литри повеќе. Најдрастичната промена се случи во тежината на возилото. Во зависност од изведбата, новиот 208 е полесен од претходникот и до 173 килограми. Во просек, последниот модел на Peugeot е полесен за 110 килограми од својот претходник.

Спортски акцент

кај изведбата со 3 врати. Први стартуваат изведбите со три и пет врати, потоа следуваат комбито SW и купе-кабриолетот CC

Во најлесната изведба, тој тежи 975 килограми, заедно со возачот. Под хаубата работат штедливи трицилиндарски мотори со зафатнина од еден и 1,2 литар, со пониска потрошувачка и почиста емисија, секако користејќи ја технологијата VTi од поголемите бензинци, во чиј

што развој учествуваше и баварскиот мајстор за мотори BMW. Според Французите, најмалиот мотор ќе троши 4,3 литри бензин. Четири од најавените пет верзии на дизелски мотори ќе располагаат со втората генерација на системот старт-стоп на Peugeot и ќе постигнуваат емисија на


Еден од главните новитети е ергономијата на работното место: Помал волан, кренати инструменти

Дизајнот на Peugeot 208 е еволуција на линијата која што ја воведе знаменосецот 508

СО2 под 100 грами. Со помош на овој систем кого што Peugeot и Citroen го развија под името e-HDi, најштедливиот модел ќе троши 3,4 литри дизел. Промените во внатрешноста се направени со истата смелост како во техниката на возилото. Воланот е со

Со регенерацијата, како мото за новиот модел, Peugeot укажува на тоа дека се појавува нова генерација, која што ги дефинира од ново силните страни на претходните генерации

помал пречник и целата арматурна табла е поставена погоре, вклучувајќи ги големите тркалезни инструменти и средишниот монитор кој што работи на допир. Во изгледот на каросеријата никој нема да се посомнева дали се работи за новиот или за претходниот модел. Дизајнот создава впечаток за цврстина и квалитетен состав, додека

стилот непогрешливо укажува дека се работи за помал брат на знаменосецот 508. Задните светла со изглед како бумеранг може да се гледаат и како порака. Тие ја симболизираат вербата на луѓето во Peugeot дека ќе се вратат купувачите што заминаа кај другите марки и ќе се освојат нови купувачи. Уште отсега се насетува дека 208 ќе биде новиот 205. Стилот отскокнува во едноличната слика во класата, моторите се донесени на последното технолошко скалило, внатрешноста нуди единствено чувство. Тоа го очекуваме кај новите автомобили, радикални промени место козметички зафати. Купувачите умеат да препознаат кога ја добиваат истата содржина во сменето пакување. Кај Peugeot 208 пакувањето само ги следи соодветно и ги прикажува промените кои што се случија под ламаринената обвивка. �

„Кога ги тестиравме првите прототипи сите се одушевивме од едноставноста и функционалноста на ракувањето„ Марион Давид,

продукт менаџер на Peugeot 208

Комплетно ново чувство зад воланот Како краен производ на развојниот проект А9, новиот 208 го прикажува новиот стил на Peugeot, по пример од знаменосецот 508, во исто време воведувајќи револуција на работното место на возачот, со високо поставените инструменти и со дисплејот на допир кој што е веднаш на дофат за возачот 12/2011 15


Новитети Lancia Thema

Име кое патува на крилја од славно минато ја носи Lancia во блескава иднина

Thema е влезот на Lancia во нова ера каде судбината ја дели со Chrysler, но нуди неприкосновен италијански стил кој ја одвојува од американскиот брат

С

лавното име Thema се врати во говорот на Lancia. Знаменосецот на марката или италијанскиот Mercedes се произведуваше од 1984 до 1994 година. Наследникот Kappa не ја достигна славата на Thema и заедно со купето и комбито не улови ниту една третина од продажбите на претходникот. Можеби затоа што во гамата недостасуваа модели како лутата Thema 8.32 која носеше рачно изработен ентериер во кожа и дрво и се перчеше со трилитарскиот V8 од Ferrari 308 легнат под хауба. Погонот напред, спринтот од нула до 100 km/h за 6,8 сек. и максимални 240 km/h беа остварувања за почит кон крајот на 1980-те. Со овие сеќавања Lancia влегува во нова ера каде ја дели иднината со Chrysler. Прво чедо од овој брак е новата Lancia Thema која ком-

16 12/2011

плетно се потпира на Chrysler 300. Благородноста ја одвојува Thema од американскиот брат. Без оглед на нивото на опрема, буквално целата внатрешност е обложена со кожа. Новата генерација го напушта спортскиот карактер и сака да биде луксузен седан подготвен

Јахта

Голема, вкусно скроена и фино обработена Thema наликува на луксузна јахта

за глобален настап. Должината од преку 5 метри и класичната погонска спрега со мотор напред и погон назад ги оправдуваат желбите на Италијаните. Lancia Thema е поставена на платформата на Chrysler, LX која потекнува од времето на алијан-

сата со Daimler. Затоа носи мултилинк задна оска со пет водилки и диференцијал од класата Е на Mercedes (W210) и мултилинк предна оска од класата S (W220). Со модернизирање на шасијата, со хидраулични лежишта на водиликите и амортизерите и со нова ге-


Lancia го одврзува кесето � Основното ниво Gold покрај вообичаените елементи нуди 8,4 инчен екран осетлив на допир, аудио од 276 вати, Bluetooth, отворање и стартување

без клуч, темпомат, автоматски двозонски клима уред со регулација и на задни седишта, електрични предни седишта со греење, далечинско отворање на стакла, компас, 18 инчни бандажи, кожен ентериер, биксенон светла, комплетна безбедносна електроника. Platinum e дополнет со навигација, вентилирани предни седишта и греени задни седишта, греени и ладени држачи за чаши, греен волан, меморија на седишта, ретровизори и радио, кожен ентериер со перфорирана кожа. Executivе има двобоен ентериер, бандажи од 20 инчи, аудио со појачало од 506 вати. Дополнително се нуди аудио Harman Kardon, метален и специјален лак и панорамски кров. Застапникот Automobile SK оди со истото ниво на опременост.

Технички податоци

Блескавата коцкеста муцка украсена со масивна маска и многу хром треба да потестува на оригиналот. Во браникот се сокрива окото од радарот

ометрија на тркалата инженерите добиле рафинирано подвозје со подобри динамички карактеристики, попрецизно управување и високо ниво на комфор. Композитните панели во подот, изолираниот ветробран, ламинираните странични стакла и вратите со тројно запти-

Клиентот на прво место

Мотор Зафатнина [cm3] Силина [КС /min] Вртежен момент [Nm /min] Менувач Погон Крајна брзина [km/h] 0-100 km/h [s] Потрошувачка просек Димензии д/ш/в [mm] Меѓуоскино растојание [mm] Багажник [L] Цена во Италија во евра

3.0 Mjet II Gold

3.0 Mjet II Executive

3.6 Pentastar Platinum

Турбо дизел, V6 2987 190 КС при 4000/min 440 Nm при 1600/min 5 степен автоматски

Турбо дизел, V6 2987 239 КС при 4000/min 550 Nm при 1800/min 5 степен автоматски назад 230 7,8 7,2 5066/1902/1488 3052 462 50900

Бензин, V6 3604 286 КС при 6350/min 340 Nm при 4650/min 8 степен автоматски

вање резултираат во екстремно тивка кабина. Под хаубата работат мотори V6. Бензинецот со 286 КС е од Chrysler и комбиниран е со осумстепен автоматик, додека дизелот потекнува од италијанскиот VM Motori и се нуди со 190 КС и 239 КС, секогаш во

220 9,7 7,1

41400

комбинација со издржливиот петстепен автоматик од Mercedes. Кон издржливата техника се приклучуваат 70 активни и пасивни безбедносни елементи. Нивното набројување би одзело многу простор, но вреди да се знае дека тие бдеат над автомобилот и овоз-

�Кога станува збор за Thema, Lancia не се ограничува само на автомобилот. Грижата за клиентот е на прво место. Затоа е создаден системот „Top Care Thema” кој преку директен контакт со клиентот нуди поддршка и корисни совети. Креиран е и системот „Ypsilon Tender to Thema” превземен од светот на наутиката. Ако секоја јахта има свој „tender”, мал чамец за превоз до копно и онаму каде јахтата неможе да дојде, тогаш зошто и Thema да нема „tender” како Ypsilon. Беџот на Lancia расфрлан на секаде треба да го сврти вниманието од потеклото

240 7,7 9,4

46900

можуваат критичните ситуации да се совладуваат како песна. Со комбинирање на водечките стандарди во сегментот, луксузот, комфорот, безбедноста и опременоста, новата Thema ги нуди сите драгоцени елементи кои отсекогаш ја правеле Lancia посебна. �

LANCIA THEMA 8.32 1986-1988

Ознаката 8.32 на ултимативната Lancia Thema доаѓа од 8 цилиндри и 32 вентили. Моторот е од Ferrari 308 смирен од 255 на 215 коњски сили, а ентериерот од дрво и кожа е дело на експертите за мебел Poltrona Frau

12/2011 17


САЛОНИ Токио Мотор Шоу 2011 ВИСТИНСКАТА ГЛЕТКА НА ТОКИО Салонот се одржува во саемскиот комплекс Tokyo Kokusai Tenjijo, популарно наречен Tokio Big Sight. Највпечатлив белег е 58-метарската конференциска кула, која што изгледа како четири превртени пирамиди

Фукушима била во Не е изненадување тоа што Јапонците веќе ги заборавија сите катастрофи што им се случија. По препородот, нивните возила освојуваат со шарм. Особено радува враќањето на спортските икони

Н

ишто не успеа да ги собори Јапонците. Прво земјотрес, потоа реакторот во Фукушима, а на крајот уште поплава во Тајланд, каде што повеќето марки имаат дополнителните капацитети. Годината 2011 не беше добра ниту за Јапонија, ниту за нејзината автомобилска индустрија. Но, на салонот во Токио не се забележува ништо од тоа. Браншата го прославува брзото закрепнување од карастрофите и се ориентира кон своите спортски автомобили, кои што светот некогаш ги обожуваше. Погонот на струја и без тоа веќе со години е одомаќен на островите. Со покажување на исклучителна свест за животната средина не се гради имиџ на голема марка на автомобили. Тоа е недоволно, недостигаат моќ, брзина, престиж. Toyota го знае тоа. Светскиот џин долги години се гордееше на тоа што прави разумни, штедливи и достапни автомобили. Но, тоа не е Toyota каква што ја познаваме. Колку што Corolla и Yaris стојат зад името на големата јапонска марка, толку повеќе зад неа стојат имињата како Cеlica, Supra или MR2. Тука се емоциите, овие автомобили освојуваа со шарм и со харизма. За спортските автомобили на Toyota повеќе нема да зборуваме само во минато време. Новиот GT 86 им го враќа спортското уживање на љубителите на марката. Штандот на малечкиот

20 12/2011

Audi A1 Светска премиера за верзијата со пет врати од најмалиот Audi. Наспроти традицијата, овој Sportback не додава во должина, туку останува ист како верзијата со три врати BMW Active Hybrid 5 Хибридниот погон во серијата 5 нуди импресивна системска моќност од 340 КС, со трилитарски бензинец со 306 КС и електормотор со 55 КС. Лимузината може да вози и само на струја до 60 km/h. Потрошувачката е 6,4 литри. Особеност на погонот е можноста моторот да се исклучи од спрега и лимузината да се пушти да се движи под инерција до брзини од 160 km/h

спортски автомобил е еден од најпосетените на салонот, исто како и на сестринскиот модел Subaru BRZ. Името на вториов воопшто не ветува нешто што автомобилот не е во состојба да го обезбеди. Двете купеа со распоред на седишта 2+2 и со погон на задната оска, возат со 200 КС кои што моторот буквално ги боксува. Спортското чувство зад воланот го нудат и другите производители. Со студијата EV-Ster, марката Honda го

подготвува идниот спортски автомобил со погон на струја. За Nissan вози суперспортскиот GT-R, со мотор чија што моќност се качи на 550 коњски сили. Благородната марка на Toyota успеа да извлече уште еден степен перформанси од својот Lexus LF-A, а во исто време му обезбеди подинамичен настап на новиот модел од вишата средна класа GS. Целта е да се освојат купувачите на серијата 5 на BMW и на Audi A6.


 Toyota GR-MN Sports Hybrid Малечкиот модел е развиен во соработка со Gazoo Racing, партнерот за трки на Toyota, и посветен е на тест возачот Хирому Нарусе, кој загина во незгода. Основата е од MR-2, со шестцилиндарец од 3,5 литри и електромотор одзади. Системската силина е 300 КС

 Daihatsu FC Sho Case

Коцката е единствена инспирација за дизајнерите на овој концепт. Возилото е долго 3,4 и високо 1,9 метар, а тркалата се донесени до раб, заради максимална искористеност на просторот. За шоу, внатре е вграден огромен монитор. Четирите седишта се сокриваат во подот, каде што е погонот на водород. Класични врати не постојат Lexus GS  Со јасна ориентација кон динамични возни својства, лимузината од вишата средна класа им конкурира на Audi A6 и на серијата 5 на BMW

 Daihatsu Pico Многу простор не му е потребен на Pico, кој е долг само 2,4 метри. Двете седишта се едно зад друго, а преку широките врати што се отвараат нагоре се пристапува лесно во возилото со ширина од еден метар. На лентата со светлечки диоди околу целото возило сите можат да ја видат брзината на електромобилот

 Daihatsu P-X Специјалистот за минимобили го подготвува наследникот на Copen. Деловите од каросеријата се заменуваат лесно и од истото возило може да се направат четири изведби: Родстер, кросовер, пикап или спидстер. Двоцилиндарецот од 0,66 литар постигнува 100 КС со турбонатполнење

Повеќе емоции навираат и кај автомобилите што го сочинуват главниот бизнис на марките, кај возилата од најпродаваните класи. Барем во блиска иднина ќе биде така, доколку се суди според студијата Mazda Takeri. Лимузината од средната класа во идната година ќе се појави на пазарот како наследник на Mazda6 и речиси нема да се разликува од студијата од Токио. Дизајнот е мошне впечатлив, особено во агресивниот нос со

 Kanto Auto Works FS Hybrid Concept

Посестринската фирма на Toyota, практично непозната за нас, изработува мали и соодветно скапи серии од модели, како на пример Century V12, знаменосецот на Toyota. На салонот беше изложен хибридниот модел FS Hybrid Concept, за богатите со свест за животната средина

налутени светла и доминантна маска. Соодветно на изгледот се подготвуваат и нови мотори со моќност до 200 коњски сили. Преголема динамика во изгледот може да претставува пречка во некои класи на автомобили. Mitsubishi Mirage, како наследник на Colt, развиен е како автомобил за глобалниот пазар и соодветно на тоа настапува со умерен дизајн кој што треба да им се допадне на сите. Новиот модел на

Mitsubishi ќе има задача да ја подобри продажбата на глобално ниво, затоа што пазарот во Јапонија закрепна релативно брзо. По силните падови во текот на пролетта, продажбата во октомври повторно покажа пораст за една четвртина во споредба со минатата година. Вкупно се регистрирале 320.000 нови автомобили. Продукцијата во матичните фабрики почна да се качува постепено, но поплавите во Тајланд предизвикаа нов удар, затоа  12/2011 21


Интервју Горан Гроздоски, генерален менаџер на Мотоцентар

„Зимска гума Дебатата околу потребата од зимски гуми во нашите климатски услови е актуелна пред секоја зимска сезона. Во разговорот, г-н Гроздоски открива дека зимската гума доаѓа во предност веќе кога температурата ќе падне под 7 оС, без разлика дали паднало снег или не

не е гума само за снег

36 12/2011


О

колу автомобилите сите сакаат да бидат експерти. Секој застапува различна теза, но на крајот остануваат предрасуди кои што е тешко да се надминат и по неколку децении. Компетентно мислење околу зимските гуми побаравме од г-н Горан Гроздоски, генерален менаџер на Мотоцентар. Факт што ќе ги израдува возачите кои што веќе со години користат зимски гуми, заради безбедност, но подеднакво и заради правилна информираност, е тоа што во последните години постојано се зголемува продажбата на зимски пневматици во Македонија. Тоа се должи првенствено на свеста на возачите за предностите на гумите за возење во зимски услови. Неколку предрасуди на возачите, сепак, остануваат. Auto Focus Возењето со зимски гуми е повеќе заради превенција или предностите од тоа се чувствуваат и во секојдневието? Г-н Горан Гроздоски Во принцип, луѓето имаат грешна претстава за зимските гуми и ги купуваат пред сé зара-

ди законските прописи. Малкумина се запознаени со предностите. Зимска гума не е гума за снег. Тоа е гума за користење во зимски услови, што значи, и на суво и на влажно, и на снег и на мраз, меѓутоа пред сé во услови кога температурата ќе падне под 7 оС. Зимската гума се разликува во составот и во конструкцијата од летната гума. Треба да се разграничи: Не мора да има снег за да се монтираат зимски гуми. Во сите услови кога температурата е под 7 oC, зимската гума е во предност во поглед на патот на сопирање, управливоста, комфорот и уште многу друго. Многумина сметаат дека зимските гуми се дополнителен трошок. Точно е тоа? Повторно ќе кажам дека кај луѓето владее предрасуда, поради недоволна информираност, токму во поглед на тоа прашање, при што се размислува со логиката „ако сега имам летни гуми,

зошто да правам дополнителен трошок и да купувам зимски гуми“. Тоа е погрешна логика, затоа што поради различниот состав и конструкција, при ниски температури зимската гума има пониска потрошувачка во однос на летната и помалку се троши. Летната гума се скрутува и станува поронлива, со што се забрзува процесот на трошење, односно се губат оптималните својства кога температурата е 7 оС. Кога летните гуми се возат во зима, трошењето е абнормално брзо во споредба со зимските гуми. Затоа, доколку купците се одлучат за сет зимски гуми за зима и сет летни гуми за лето, во целиот период на експлоатација на гумите ќе имаат пониски трошоци. Колкав процент од возачите користат зимски гуми и како се движи продажбата? Процентот е тешко да се дознае, затоа што Царината не ги двои зимските и летните пневматици. Но, според статистиката што ја добиваме од Еуропол, во која што се вклучени само европските производители, во послед-

„Имаме сертификат за врвен квалитет кој што гарантира дека нудиме исто ниво на услуги како сите сертифицирани сервиси на Michelin во целиот свет“

ните години соодносот во продажбата на летните и зимските гуми изнесува 50:50 проценти, со блага тенденција на пораст за зимските гуми. Во наредниот период, како што луѓето ќе стануваат сé повеќе информирани за предностите на зимските гуми, сметам дека тој процент ќе се зголемува во корист на зимските гуми. Со увозот на користени автомобили, возниот парк се зголеми драстично. Колку тоа влијаеше врз продажбата на гуми? Постои зголемување на продажбата на пневматици, меѓутоа не би рекол дека тоа е само поради зголемувањето на бројот на возила. Да не заборавиме

дека многу од увезените гуми се користени. Голем број на сопственици на користени возила, особено од пониските категории, купуваат користени гуми. Би рекол дека сé поголем удел има свеста на потрошувачот. Постојано расте бројот на возачи кои што се одлучуваат да стават зимски гуми, а до пред извесен период не се решавале на таков чекор. Тоа се два фактора кои што влијаат врз динамиката на продажбата. Порастот на возниот парк исто така носи зголемување, но мора да се земе во предвид дека во ценовната категорија на возила до 5 000 евра е мал бројот на возачи кои што се решаваат за нови гуми. Се бараат алтернативни варијанти, користени гуми или летни гуми што ќе се возат во сите сезони. Какви зимски гуми избираат возачите, најевтини колку да се помине зимата или квалитетни? За жал, сé уште има недоволно информирани купци, кои што ги бараат целосезонските пневматици, а кои што на многу тестови, меѓу другото и во вашиот магазин, се покажаа како мно-

е тренд кој што се надевам дека ќе продолжи да расте и во наредните години. Кога е вистинското време за ставање зимски гуми? Со цел да се избегнат чекањата во периодот околу 15-ти ноември, кога почнува важноста на законската обврска, корисно е гумите да се сменат, кога температурата, без оглед на датумот, ќе падне под 7 оС. Но, тоа не е апсолутна категорија. Не претставува проблем зимската гума да се користи и кога температурата е 12 или 13 степени. Потребно е единствено да се следат временските услови. Доколку времето залади во октомври и температурата падне на 12-13 oC, зимските гуми може да се монтираат без каков било проблем или компромис во перформансите, место да се чека 15-ти ноември, кога се создаваат најголемите турканици. Од следната година на гумите ќе има етикета за енергетска ефикасност. Каква е користа од тоа? Со оглед на тоа што нашата фирма Мотоцентар е фокусирана пред сé кон продажба на премиум брендови,

Мотоцентар има мошне впечатлив настап на пазарот и име кое што го ценат клиентите. Какви услуги им нудите на возачите? Мотоцентар е една од првите фирми во Македонија, ако не и првата, која што ја овозможи услугата хотел за гуми. Оваа услуга e особено корисна во Скопје, каде што повеќето од жителите живеат во згради и каде што не постојат услови за правилно складирање на гумите. Ние веќе петта година им ја нудиме оваа услуга на нашите клиенти и сметам дека тоа претставува дополнителна предност. Меѓу останатите бенефити кои што им ги нудиме на нашите клиенти, секако, спаѓа врвната услуга во сите наши сервиси, што го потврдува самиот факт дека сите тие се сертифицирани од страна на Michelin. Третата поволност за нашите клеинти е тоа што нудиме гуми буквално за секој џеб. Имаме гуми од премиум сегментот, имаме гуми и од поевтиниот сегмент, така што буквално на секој купец му гарантираме дека ќе добие доволно за парите кои што ги инвестира. Исто така работиме на зголемување на нашата малопродажна мрежа, со тоа што би биле и поблиску до нашите купувачи. Се разбира, во сите сервиси имаме стручен кадар, кој што во секое време може да даде совет околу тоа која е најсоодветна гума за одредени услови на експолоатација и за одреден тип на возила. Покрај се, сметам дека и советот е мошне важен фактор, кој што сме спремни во секое време да го понудиме.

гу лош компромис. Нивните перформанси не задоволуваат ниту за летно време, ниту за зимно време. Место да биде ситуација вин-вин, добивате гума која што не е ниту летна ниту зимска. Повеќето луѓе сметаат дека целосезонската гума е и летна и зимска, за на крај да сфатат дека купиле гума чии што основни критериуми не задоволуваат ниту лете ниту зиме. Среќа е што сé повеќе расте бројот на читатели или на корисници на интернет, особено од помладата генерација, кои што ги следат тестовите, се интересираат и се свесни за придобивките од користењето на етаблираните брендови и се решаваат да купат гуми од тие брендови. Тоа

односно поквалитетни брендови, тоа ќе ни претставува дополнителен аргумент во настојувањето да им укажеме на нашите клиенти на предностите од користењето на поквалитетни гуми. Сето тоа ни оди во прилог како објективен критериум при одлучувањето на купците за одреден бренд, место за друг бренд со понизок квалитет. Од друга страна, тоа ќе му помогне на купувачот, врз база на објективни критериуми да реши во која гума и во кој бренд треба да ги инвестира парите, затоа што тој бренд нуди одредени погодности, на пример во поглед на бучноста, потрошувачката на гориво или издржливоста, односно километражата. �

12/2011 37


Тест Audi A6 2.0 TDI

ТЕСТ-ОЦЕНИ  Добро  Просечно  Лошо ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

8,7 228

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

Силината на дизајнерскиот израз на Audi не е во контурите на каросериската ламарина, туку во деталите. Тие импресионираат со прецизност и технолошка надмоќ

1650/2155

ВО ГРАД  Одлично изведената погонска спрега и стегнатото подвозје се основа на чувството дека се вози многу полесен автомобил; благодарение на алуминиумот, резонансите во каросеријата се на минимум; слаба прегледност наназад – сензорите чинат 872 евра. НА ПАТ  Покрај олеснетата каросерија, за новото чувство во возење придонесува и поместеното тежиште на моторот – зад предната оска; врвна управливост и аголност, и покрај предниот погон; менувачот е само на праг од совршенство во прецизност. НА автоПАТ  Лимузината докажува безгрешно дека ова е нејзината природна средина – по неколку часови возење, ниту возачот ниту патниците не чувствуваат замор; при темпо 120 се јавува шум покрај предното странично стакло кој потоа се надгласува од другите звуци. перформанси  Иако дволитарскиот дизел е најслабиот мотор во понудата, степенот на моторизација е повеќе од доволен; натпросечна еластичност.

комфор

Оцена

Звук Во град/ На пат/ На автопат

/ / 

Куси/ Долги нерамнини

/ 

Во град/На пат

/ 

Звукот од моторот е исклучително тивок, култивираноста е задоволителна; комфорот на подвозјето е на врвот на класата.

технички податоци Мотор Зафатнина Силина Вртежен момент Погон Пренос Управување Круг на вртење Гуми Сопирачки нап./наз. ABS/ESP Водење на тркалата нап. Водење на тркалата наз.

4 цил., т.дизел, 4 вент. 1968 cm3 177КС/4200 min-1 380Nm/1750 min-1 На предни тркала шестстепен, мануелен ел. мех. сервоуправување 11,9 225/60 R16 диск, диск •/•

мултилинк оска мултилинк оска

Предноста на А6 не е во коњските сили, во сантиметрите или во копчињата. Тука не останува неодговорено прашањето зошто светот смета дека овој автомобил се издвојува од другите што имаат иста големина или моќ

42 12/2011

Фото: Марко Маркоски


Б

аварците добро ги владеат автомобилите. Дури и одлично. Мора луѓево да поседуваат некоја волшебна формула, инаку би било невозможно да се сфати тоа што жонглерите со четирите прстени на Audi го постигнале со нивниот крстосувач со големина шест. Дизелскиот мотор на примерокот на овој тест има зафатнина од два литри, сосема вообичаена за класата, но и таа е доволна да се обезбеди моќноста за која што претходникот од 2004 година мораше да се потпира на услугите на шестцилиндарец од 2,7

литри. Од друга страна, А6 со дизелот од 177 коњски сили, според тврдењата на производителот троши исто колку две класи помалиот А3, со 140 коњски сили и менувач S tronic. Тоа ја нарушува воспоставената рамнотежа во перцепцијата на влијанијата на најразличните фактори во овој наш свет на четири тркала. Помалото станало посилно и поголемото станало поштедливо. Инженериве се поигруваат. Иако лимузината мери речиси пет метри меѓу браниците и го манифестира тоа преку изобилството во просторната пону-

да, таа е до 80 килограми полесна од претходничката, која што се продаваше во истата категорија на метража, а како следна придобивка, во возењето се стекнува впечаток како под воланот да е претходно спомнатиот компакт A3. Така се постигнува напредокот во овие денови. Со помалку да добиеш повеќе. Помал мотор за истата моќност, пониска тежина на возилото без откажувања во комфорот или во безбедноста. Крајната цел е потрошувачката на гориво да се намали и емисијата да се дочисти, без разлика

што купувачите на возила од оваа класа, според некои овдешни гледишта, не би требало премногу да трпат од трошоците за гориво, а уште помалку да се секираат за тоа што оставаат зад себе тони СО2 на патот до викендичката на планина. Генерацијата ентузијасти која што учела да ги цени автомобилите според изгледот, не ќе биде во состојба да проникне во изобилството иновации што крстосувачот од Инголштат ги крие оздола. Шестката на Audi изгледа како сите други пред неа. Таа не се идентификува веднаш како

Преку оваа класа доаѓаат најголемите новини. Тука почнува развојот. Кај А6, развојот почнува наназад. Полесно и помало, за поштедливо и за подобро. Има уште многу да се слушне за овој Audi

Ни се допаѓа • Огромен напредок во возните квалитети • Врвна штедливост • Совршен компромис на динамика и комфор

Не ни пречи Погонот quattro не се нуди за 2.0 TDI: Возните својства веќе се над патиштата

не ни се допаѓа • Се доплаќа за ситни ставки од опремата • При темпо 120 се слуша струење околу горниот раб на страничните стакла

12/2011 43


Тест Kia Rio 1.2 EX

Рио Браво! Ни се допаѓа • Зрела погонска механика • Комфор во возење и просторна кабина • Противвредност и евтина експлоатација

Новите модели на Корејците се очекуваат со нетрпение. Изненадувањето повеќе не е во дизајнот, туку во квалитетите во секојдневието. Rio созреа толку што им конкурира на компактите

Не ни пречи Големиот пад во вртежи при префрлување од втор во трет степен во динамично возење: Еластичниот мотор нема потреба од високи вртежи

не ни се допаѓа • Отсуствува повратна информација во управувањето • Недостига последниот грам хармонија во амортизацијата • НЕМА МОЖНОСТ ОДДЕЛНО ДА СЕ НАРАЧУВААТ СТАВКИ ОД ОПРЕМАТА

Фото: Марко Маркоски 48 12/2011


ТЕСТ-ОЦЕНИ  Добро  Просечно  Лошо ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

13,1 168

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1104/1560

ВО ГРАД  Со солиден вртежен момент во првата третина од работното подрачје, возењето е течно и пријатно, без потреба од постојано префрлување во понизок степен заради забрзување; релативно голем круг на вртење; слаба прегледност наназад; подвозјето е стегнато. НА ПАТ  Со зголемувањето на брзината на возење почнува да се чувствува отсуството на повратна информација во управувањето; широко дефинирано подрачје на стабилност и мала чувствителност на грешки на возачот; будна и сигурна работа на системот ЕЅР. НА автоПАТ  Моторот толку лесно го врти петтиот степен што човек посакува да префрли уште еден степен повисоко, но ценовната категорија не го дозволува тоа: моторот 1,4 вози со 6 степени; Просторната понуда, амортизацијата и тивката кабина дозволуваат подолги патувања. перформанси  Еластичност подобра од конкуренцијата; над 4000 вртежи се ослободува полниот потенцијал на моторот; нормален краен степен на пренос.

Мајсторијата на Петер Шрејер е за почит: Неверојатно е колку во задните светла се препознава сродноста со Sportage. Уште со дизајнот, Rio се издвојува во класата

комфор

Оцена

Звук Во град/ На пат/ На автопат

/ / 

Куси/ Долги нерамнини

/ 

Во град/На пат

/ 

Тивок звук на моторот со спортски тон и добра изолација на кабината; амортизацијата покажува нехармоничност на куси нерамнини.

технички податоци

Тоа што Cee'd го постигна во класата на Golf пред пет години, сега Rio го повторува во класата подолу. Овој автомобил не сака да биде само играч, целта му да биде најдобриот играч во класата што расте

Н

ово име се вмешува во борбата за престолот на малечките возила. Притоа, Kia Rio воопшто и не е ново име, туку е нова позицијата на која што се најде моделот на Корејците. Во секоја класа се издвојуваат модели кои што ги поставуваат реперите за другите и тие се првиот избор на купувачите. Кај малечките возила, трката обично се води меѓу Polo, Corsa, Punto. Но, работите се менуваат. Исто како што Kia Cee'd во декември 2006 година предиз-

вика мешаница кај компактите и исто како што Picanto пред неколку месеци сосема ненајавено се издвои со квалитети на премиум возило кај најмалечките, така сега и Rio сака да ѝ обезбеди на својата марка една од најпрестижните водечки позиции на пазарот. Во претходните две генерации, моделот со звучното име не беше особено заинтересиран за европскиот пазар, и соодветно на тоа, го забележуваа главно купувачите на кои што цената и противвредноста им се единствени критери-

Мотор Зафатнина Силина Вртежен момент Погон Пренос Управување Круг на вртење Гуми Сопирачки нап./наз. ABS/ESP Водење на тркалата нап. Водење на тркалата наз.

4 цил., бензин, 4 вент. 1248 cm3 85КС/6000 min-1 121Nm/4000 min-1 На предни тркала петстепен, мануелен ел. сервоуправување 10,5 185/65 R15 диск, диск •/•

мекферсон полукрута оска

уми при изборот. Kia веќе долго време не се задоволува со наједноставниот начин за позиционирање на автомобилите на пазарот, a Rio беше последниот модел што остана за префрлување во новата политика на марката. Тоа што сега му се случува на конкурентот на Polo e истото што претходно го доживеаја Sportage и Sorento, или Soul и Venga. Кај големите теренци, бранители на честа на Kia, не би требало да претставува проблем да се направи добар автомобил. Купувачот може да

12/2011 49


Фоторепортажа Со Audi Q3 долж Кина

Низ призма на четирите Сообраќајниот метеж е редовна појава во метрополите. Светлечките диоди го разоткриваат Audi Q3

Audi Q3 како мост меѓу авангардната уметност во областа 798 во Пекинг и индустрискиот капацитет

Архитектот на комунистичка Кина, Маоцетунг поздравува од својот пиедестал во центарот на градот Фужоу

Крстосниците и патиштата во повеќе нивоа се вистински предизвик за системот за навигација

54 12/2011

Простор во Кина недостасува. Се мора да оди во висина. Дури и товарот


круга

Audi не` запознава со различните лица на Кина, со модерното и традиционалното и со одржливоста на вистинските вредности без оглед на брзиот економски раст Демонстрациите на Кунг-фу се вистинска уметност која ја нагласува совршената контрола на телото Еден од учесниците на караванот на тежок начин дозна дека не е умно да се предизвикуваат мајсторите на Кунг-фу

С

Типично рибарско пристаниште. Бродчињата се средство за работа, но и пловен дом

појот меѓу модерното и традиционалното најубаво се чувствува во Кина. Најстарата држава на светот ги задржа вистинските вредности низ милениумите и денес прераснува во светски економски џин. Контрастот меѓу супермодерните метрополиси и традиционалните рурални заедници е непојмлив на Западот. Таму каде што завршува селото и земјоделците го одвојуваат оризот од арпата на машини со рачен погон, почнуваат предградијата на индустриските центри. Метрополисите како Пекинг и Шангај

Продажните резултати на Audi на пазарот во Кина вртоглаво растат и го претвораат во премиум производител број еден, со годишна продажба од 300.000 нови автомобили. Турата води од Пекинг и Шангај, преку индустриските центри Шенжен и Гуангжоу, живописната природа на рурална Кина, карстниот планински потег на Гуилин со карактеристичните шилести ридови, за да заврши во Хонгконг. На ова патешествие, 20 чичка нови Audi Q3 минаа 5.700 километри од Пекинг до Хонконг. Напорен пат поделен во четири главни етапи

Една од градините во Храмот на Конфучие. Тука владее спокојство за разлика од пренаселените населби

Храм за традиционална медицина. Во приземјето се подготвуваат медикаменти, а над нив се ординациите на докторите

Хонгконг ноќе. Една од најимпресивните панорами на облакодери во светот

Сонцето тешко се пробива низ смогот во индустриските зони покрај реката Јангце

се вбројуваат меѓу најмодерните градови во светот, со облакодери кои го распоруваат небото обвиено во смог. Културно богатата и фасцинантно комплексна Кина ни ја долови Audi преку патешествието Audi Q3 Trans China Tour. Производителот од Инголштад смета дека претставувањето на Кина низ призма на четирите круга е од огромно значење за марката.

од кои секоја е составена од четири делници. На вкупно 16-те делници, 160 учесници уживаа зад воланот на Audi Q3. Патешествието стартуваше од уметничкиот кварт 798 во центарот на Пекинг, од каде што петкратниот победник на Леман и фабрички возач на Audi, Емануеле Пиро, го испрати карванот на пат. Првата група 12/2011 55


Тест на синџири за снег Проверка на моторот преку маслото

За прв пат директна споредба на синџири на снег со алтернативни производи

Една капка кажува сe` Исто како што на лекар се дава капка крв заради проверка на здравјето, капка масло е доволна да се провери и состојбата на моторот во нашите автомобили. Една австриска компанија понуди едноставен начин за откривање на состојбата на моторот. Со помош на само една капка од маслото во моторот, која што се капнува на лист со специјална облога, на еден начин се фрла поглед директно во моторот. На овој начин сопствениците можат да откријат дали постојат дефекти во моторот на нивниот автомобил и какви оштетувања се предизвикани. Целата постапка на тестирање на примерокот од моторно масло е признаена од организацијата TUV. Една капка моторно масло содржи безброј информации за здравствената состојба на моторот. Врз листот за тестирање што се добива од компанијата се капнува една капка масло од мотор загреан на работна температура. Доколку моторното масло се

Совети

Обичниот синџир е

непобедлив впие во листот за време од две до четири минути, може да се биде спокоен дека сé е во ред со моторот и со маслото во него. Наспроти тоа, доколку за впивање на капката масло се потребни до седум минути, тоа е знак дека моторното масло е истрошено и се препорачува негова замена. На истиот начин се проверува и присуството на вода или гориво во моторното масло. Доколку постојат дефекти во моторот или веќе се предизвикани оштетувања од нив, при преголемо присуство на вода во маслото, во дијагностичката слика се формираат запци по десет до 15 минути. Светол раб околу раширената капка масло на листот за тестирање покажува дека во моторното масло има премногу гориво. Техничарите на австриската компанија препорачуваат резултатот од тестот да се остави да созрее преку ноќ. Потоа, со помош на сликите за споредба во испорачаниот формулар, брзо и едноставно се поставува дијагноза за моторот. На овој начин се добива претстава за состојбата на моторот без потреба од лабораториски испитувања. Со навременото откривање на евентуалните дефекти во моторот и со нивно отстранување може да се спречат скапи оштетувања на моторот и да се заштедат пари. Постапката на компанијата се користи во неколку земји при брза дијагостика на моторот.

Производителите постојано измислуваат нови продукти кои што треба да ги заменат синџирите за снег. Но, тестот покажува јасно. Обичните синџири уште долго време нема да бидат надминати

П

роизводителите постојано измислуваат нови продукти кои што треба да ги заменат синџирите за снег. Но, тестот покажува јасно. Обичните синџири уште долго време нема да бидат надминати На тестот на ланци за снег на клубот ADAC, експертите ги споредуваа докажаните подобрувачи на тракцијата на снег со иновативните производи кои што ги нуди индустријата на прибор за автомобили, меѓу кои се најдоа веќе прифатените Auto-Socks, буквално чорапи за автомобили, а се тестираше и спреј за кого што производителот тврди дека овозможува поаѓање со возило заглавено во снег. Резултатите од тестирањето не се толку охрабрувачки. Ниту еден од тестираните производи не ја доби највисоката оцена на клубот. Покрај тоа, обичните и докажани синџири за снег уште долго време нема да бидат тргнати од тронот. Напротив, сите седум синџири од челик беа

оценети со многу добро. На долната граница за добивање на оваа оцена за прв пат се најде и производ од текстил, Michelin Easy Grip II. Тестираниот спреј не е алтернатива во која што возачот може да верува во зимски услови на возење. Спрејот не успеа да постигне ниту доволна оцена. Победник на тестот е синџирот Pewag Servo, и тоа главно поради исклучителната издржливост и отпорност на абење. Покрај тоа, синџирите се монтираат лесно, а затегнувањето по неколку метри не е потребно кај овој производ. Истата оцена ја доби и синџирот Walmec Klack & Go New и тој го дели првото место со производот на фирмата Pewag. Синџирот со

ситни алки постигнува добри вредности на секаква површина. Производот на специјалистот Thule, со ознака CS-10, се отстранува од тркалото без проблеми дури и по ноќ на температури под нулата. Интересен производ е RudMatic Hybrid, кој што е комбиниран од челични алки и текстилни спојки. Резултатите за тракцијата на замрзната подлога се добри, исто како и отпорноста на абење. Системите за брза монтажа Rud Centrax (2,1) и новиот Thule K-Summit исто така се вбројуваат во класата на синџири за снег на тестот. Тие се ненадминливи во поглед на едноставната монтажа и демонтажа, впрочем тоа е нивната 

Синџирите не се замена за зимски гуми

Звучи изненадувачки, но комбинацијата од синџири за снег на летни гуми постигнува полоша тракција од добри зимски гуми без синџир. Дури и текстилните облоги за тркала поставени на летни гуми имаат подобра тракција од синџирите.

12/2011 57


Совети Тест на синџири за снег ГРИЖА ЗА АКУМУЛАТОРОТ Ова треба да се знае Кај некои возила, просторот меѓу тркалото и поткрилото е толку тесен, што може да се користат само синџири со ситни алки. Во одредени случаи, производителот нуди синџири за снег што одговараат за возилото. Прочитајте повечќе за тоа во упатството за ракување со возилото. За возила со заден погон се препорачуваат т.н. синџири со челичен прстен или со лакови. Прстенот најчесто се навлекува преку тркалото и потоа се затвора долу. Кај возила со преден погон може да се користат сите системи, затоа што тука постои можност за завртување на тркалата. Системите за брза монтажа се поставуваат најлесно. Притоа мора да се постави соодветен адаптер врз главата на тркалото. Недостатокот е во тоа што синџирите налегнуваат само врз газечката површина и се држат само на надворешната страна. Поради тоа, синџирите се изместуваат настрана при возење во свијоци и не се толку стабилни како обичните синџири за снег, кои што се држат од обете страни. Кај повеќето синџири постои можност за приспособување на синџирот за повеќе димензии на гума, така што истите синџири можат да се користат и за идниот автомобил. Затоа, инвестицијата во добри синџири е добра инвестиција. По крајот на сезоната, синиџирите мора да се исплакнат со чиста вода и да се спакуваат на суво. Доколку се остави солта, синџирите целосно кородираат за кусо време. Текстилните облоги не кородираат, но треба да се исчистат и исушат, заради спречување на лоша миризба.

Оцена на ADAC

++

++

1,8

+

Walmec Klack & Go New

Синџир за снег

+

+

+

+

1,8

+

Thule CS-10

Синџир за снег

+

+

+

+

2,0

+

Rud Matic Hybrid

Синџир за снег

+

+

+

++

2,0

+

Rud Centrax

Синџир за снег

+

+

2,1

+

Alpin Mountain 9 mm

Синџир за снег

Pewag Snox Pro

Синџир за снег

+

+

Michelin Easy Grip

Помош за тракција

+

+

Autosock

Помош за тракција

Rud Matic Soft Spike

Помош за тракција

Абење

+

Мраз

+

Снег

Синџир за снег

Ракување

Pewag Servo

Учество во оцената во %

40

35

10

15

2,4

+

2,4

+

2,4

+

+

2,7

О

+

3,0

О

+

Thule K-Summit Синџир за снег

+

Snow Grip

++

Oцени:

58 12/2011

снег и на мраз, тие заостануваат зад другите синџири за снег. Нов производ нуди и Michelin. Вредностите на Easy Grip за тракцијата на снег се сензационални. Но, проблемот е во тоа што над брзина од 40 километри на час, производот изработен од пластично јаже има проблеми со прицврстувањето на тркалото. Покрај тоа, монтажата не е едноставна. Easy Grip не го помина и тестот за отпорност на абење, но на крајот сепак доби оцена многу добро. Спрејот за гуми Snow Grip не функционира. По неколку метри, слојот што ја подобрува тракцијата целосно се струже од гумата. На тој начин е можно да се појде со заглавеното возило, но каква е смислата возењето да продолжи со автомобил што не е подготвен, а уште помалку е безбеден за возење во зима. �

Вкупна оцена

Тест на синџири за снег

цел. Но, во поглед на својствата на

Спреј за гума 0,6 – 1,5 одлично

-

1,6 – 2,5 многу добро

+

++

-

+

-

3,0

О

-

-

4,6

-

2,6 – 3,5 добро

3,6 – 4,5 доволно

Готов за старт во секое време Акумулаторот и студот не се поднесуваат. Ниските температури ја ставаат техниката на возилото на тешка проба. Силните потрошувачи, како грејачот на задното стакло, го празнат акумулаторот. За тоа да се спречи, сега треба да се провери во каква состојба е чувачот на струја и соодветно да се реагира, односно тој да се наполни или по потреба да се замени со нов. Со неколку совети на ум, акумулаторот може да поживее подолго. По студен старт треба да се остави доволно време за обновување на силите. Се препорачува силните потрошувачи, како климата или грејачите во седиштата, да се исклучат при стартот. За заштита од ползечки струи и за оптимална испорака на струја, се препорачува двата полови да се премачкаат со тенок слој специјална маст или со вазелин. Течноста во акумулаторот треба да е над шесте плочи. Најголемото оптоварување се кусите возења. Истата мака ја имаат моторот и издувот. Поради кусото време, кондензираната вода не може да испари. Така расте опасноста од корозија, односно продупчување на издувот.

Забелешки Ракување, пакување, монтажа и демонтажа, тракција на снег, мраз, абење сопирање на снег Упатство, пакување, монтажа и демонтажа, својства на снег со и без АSR, мраз

Монтажа и демонтажа, пакување, својства на снег, мраз Сопирање со АВЅ, тракција на снег Упатство, пакување, својства на снег, абење не е за заден погон, сопирање на снег и мраз Монтажа и демонтажа, пакување, упатство, сопирање на снег, тракција на мраз, абење тракција на снег, сопирање на мраз, нестабилно прицврстување Пакување, упатство, тракција на снег, мраз, абење, противвредност Монтажа и демонтажа, сопирање и тракција на снег Пакување, монтажа и демонтажа, тракција на снег, мраз кога ќе се заглави стегачот системот мора да се оштети, стегачот се скина на тестот, сопирање на снег Пакување, упатство, монтажа и демонтажа, тракција и сопирање на снег тракција на снег, мраз, излегува од тркало кај возила со заден погон, трајност Упатство, монтажа и демонтажа - ако не е замрзнато - сопирање на снег мраз, тракција на снег, издржливост Упатство, монтажа и демонтажа Мраз, тракција на снег, издржливост Пакување, мраз, тракција Упатство, потреба од алат, клинот се откачи на тестот и синџирот беше неупотреблив, снег Простор, самостојна демонтажа Без мерливо дејство на мраз и снег

4,6 – 5,5 недоволно

Како да стартувате со кабли?

Кога акумулаторот ќе се испразни до крај, единствена помош е старт со акумулатор од друго возило или со специјални уреди за стартување. Но, потребно е да се внимава, затоа што постои опасност од оштетување на електрониката или празнење на акумулаторот. Ова е постапката:

1. Спојувајте само акумулатори со ист напон (12 волти). Возилата не смее да се допираат и мора да е изгаснат моторот. Кабелот за стартување треба да е според нормата ISO 6722 или според DIN 72553. 2. Со црвениот кабел спојте го плусот на испразнетиот акумулатор со плусот на полниот акумулатор. Потоа, со црниот кабел спојте го минусот на полниот акумулатор со минусот на празниот акумулатор, или уште подобро, со метален дел од блокот на моторот, односно каросеријата на возилото со празен акумулатор. 3. Стартувајте го моторот на возилото за помош, потоа стартувајте го автомобилот во дефект и пуштете некој силен потрошувач на струја, како вентилаторот. На тој начин се поштедува електрониката. 4. Откачете ги каблите по спротивен редослед – минусот од масата, потоа плусот од плусот. 5. За акумулаторот повторно да се наполни, потребно е подолго возење, подобро е надвор од град. 6. Во секој случај внимавајте на препораките на производителот на возилото, кои што се наведени во прирачникот за ракување.


Совети КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА

Името поголемо од MAZDA 6 (2002-2008)

Предности и недостатоци на моделот - Добра завршна изработка - Богата опрема - Голем багажник - Пријатна амортизација - Ергономски предни седишта - Добри перформанси (за модел Mazda 6 2.0 CD) - Ниска потрошувачка - Висока доверливост - Куси потпирачи за глава - Слабо греење

заслугите

Ова треба да го знаетe за Mazda 6 КАРОСЕРИЈА Завршна изработка: Чепот на резервоарот не се отклучува со централната брава. За пристап до резервното тркало мора да се вади целиот багаж. Фабрички се испорачува со тесно резервно тркало. Прегледност: При дождливо време е намалена видливоста во ретровизорите, затоа што страничните стакла се валкаат лесно. Дисплејот се огледува во ветробранот, особено ноќе. Багажник: Слабо осветлување. Нема прегради за ситни предмети.

КАБИНА Ракување: Недостига контролна светилка за вклучени соборени светла. Електриката на прозорците работи само при даден контакт. Копчињата во средишната конзола се поставени ниско и распоредени се нелогично, поради што го одвлекуваат вниманието од возењето. Нема доволно прегради.

Како наследник на успешниот модел 626, Mazda 6 се нуди во вообичаените три каросериски изведби, односно лимузина со четири врати, комбилимузина со пет врати и класично комби. Моделот привлекува симпатии со изгледот, исто како и со поголемиот број на убави отколку лоши страни.

Препорака За жал, Mazda 6 не успева да го следи во целост високото ниво на квалитет кое што го постави моделот од претходната генерација. Во регистарот на дефекти најмногу се издвојуваат проблемите со акумулаторот, како своевиден феномен кој што ја погодува целата гама од модели на Mazda. Во другите подрачја, Mazda 6 е автомобил во кого што може да се има доверба.

60 12/2011

КОМФОР Задна клупа: Високите патници немаат доволно потпора за бутовите. Климатизација: Греењето во предниот дел од кабината е доволно, но трае долго додека воздухот се загрее на пријатни 22 о С. Назад греењето е преслабо и по подолго време воздухот е загреан доволно. Распределбата на воздухот горе/долу се мести во груби степени.


ОЦЕНА НА DEKRA Моделот на Mazda од средната класа е мошне солиден во поглед на техничките недостатоци и се вбројува меѓу десетте најдобри во неговата класа. Натпросечен е бројот на поплаки за висинското местење на светлосниот сноп и за насоченоста на светлата. Во сите други подрачја сопственикот може да ужива во солидноста на возилото.

Моторот и погонската спрега не предизвикуваат главоболки. Проблемот со издржливоста на акумулаторите во Mazda се покажува како слаба точка и кај моделот од средната класа

ИНДЕКС НА ДЕФЕКТИ НА DEKRA Го покажува резулатот на моделот во споредба со просекот од сите модели во класата.

--

-

о

+

++

Мошне слабо

Слабо

Просечно

Добро

Одлично

Вообичаени мани • Недостатоци во светлата • Поголемо абење на сопирачките, нерамномерно дејство на сопирачките Што вели статистиката за Mazda 6 Тип на возило: GG/GY, GG1 0-50 000 km Просек во класа

50-100 000 km

Mazda 6

Просек во класа

100-150 000 km

Mazda 6

Просек во класа

Mazda 6

Според процент на дефекти1) Без значајни дефекти

89,8 %

90,2 %

75,6 %

76,4 %

61,7 %

62,8 %

Со мали дефекти

7,1 %

6,7 %

15,3 %

14,4 %

22,8 %

22,5 %

Со значајни дефекти

3,2 %

3,1 %

9,1 %

9,2 %

15,4 %

14,7 %

Подвозје, управување

2,2 %

1,2 %

8,0 %

3,4 %

14,4 %

7,7 %

Мотор, екологија

1,5 %

0,3 %

4,8 %

1,4 %

10,0 %

3,0 %

Каросерија, кабина

0,7 %

0,7 %

1,5 %

1,3 %

2,7 %

2,6 %

Сопирачки

2,5 %

2,4 %

9,1 %

8,9 %

17,7 %

13,9 %

Електрика, електроника, светла

4,3 %

4,8 %

11,0 %

16,9 %

21,3 %

33,3 %

Според група1)

БЕЗБЕДНОСТ Бравите за безбедносниот ремен на задната клупа висат на клупата и тоа го отежнува поставувањето на ремените.

ВОЗНИ СВОЈСТВА Без забелешки

ПОТРОШУВАЧКА Без забелешки ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ Редовно одржување е пропишано на 20.000 километри, односно еднаш годишно. За луѓе што не минуваат толкава годишна километража, периодот за редовно одржување е прекус.

Покажува колкав процент од проверените возила од овој модел не покажале дефекти, имале мали дефекти или имале значајни дефекти. За споредба, во левата колона на секоја класа на километража е наведен просекот од возилата во класата.

1)

Црвената боја означува вредност полоша од просекот во класата на возилото.

Технички податоци за Mazda 2.0 CD Мотор и погон Вид на мотор/цилиндри........................... дизел/4 Норма на издувни гасови............................ Euro4 Зафатнина...............................................1998 cm3 Моќност........................ 121 КС при 3500 врт./min Вртежен момент......... 320 Nm при 2000 врт./min Погон и пренос......... Напред, 6-степен мануелен менувач Подвозје и гуми Големина на гуми...............................205/55R16V Сопирачки напред/назад.....................Диск/Диск Круг на вртење лево/десно........... 11,65/12,05 m Перформанси Крајна брзина......................................... 194 km/h

1.435 mm

МОТОР/ПОГОН Без забелешки

4.690 mm

0-100 km/h.....................................................10,6 s 60-100 km/h во 3. степен................................6,5 s Потрошувачка во L/100 km Просек................................................................6,1 Град....................................................................7,6 Пат......................................................................5,1 Автопат...............................................................6,4

Димензии и тежини Должина/ширина/висина....4690/1780/1435 mm Багажник........................................................495 L Празно возило/носивост................... 1485/495 kg Товар на покрив...........................................100 kg Приколка со сопирачки..............................1600 kg Резервоар / Досег..........................64 L / 1070 km

12/2011 61


САЛОНИ ЕСЕН МОТОР ШОУ 2011

С

алонот во Есен има нешто што ниту еден друг салон не може да го понуди. Додека светските салони во Детроит, Париз или Женева неприкосновено им припаѓаат на големите производители на автомобили, во германскиот град на реката Рур подеднакво моќен настап имаат фирмите од сите можни сфери на светот на четири тркала. Тјунинг, мотоспорт, сериски автомобили и олдтајмери, тука сé е под ист покрив. Таквата формула досега се покажала можне ефикасна, затоа што салонот во Есен со повеќе од 300.000 посетители во оваа година е втор по големина салон на територијата на Германија по франкфуртскиот IAA. Пред оваа многубројна публика не пропуштаат да се претстават производителите на сериски автомобили, кои во Есен мораат да се борат да го привлечат вниманието на публиката покрај малите гаражни работилници за тјунинг или покрај штандовите на производителите на прибор. По традиција, производителите на гуми и големите имиња во светот на тјунингот го користат салонот да ги покажат последните достигнувања. Особеност на Есен Мотор Шоу се малите штандови, или поточно тезги, на кои што можат да се Со мотото на новиот модел РеГенерација, Peugeot укажува на тоа дека се појавува нова генерација, која што ги дефинира од ново силните страни на претходните генерации

купат моделчиња на автомобили, книги, технички прибор и сé што може, но и не мора да се поврзе со светот на четири тркала. Посетителите си заминуваат дома со амортизери, издувни лонци, засилувачи, па дури и со божиќни подароци. На другите собири на автомобилската бранша ниту оддалеку не се продаваат толку производи како во Есен. Зборот шоу доби вистинско значење во оваа година. Цела саемска хала е претворена во арена за мотоспорт, каде што мајсторите на дрифтот вртат кругови по патеката и зад себе оставаат густ чад од изгорени гуми. Кој сака да ја почувствува возбудата на овие возења на сопствена кожа може да се пријави и да седне на совозачкото седиште во шарените болиди. Оригинален е натпреварот што го организира калифорниската ѕвезда на тјунингот Еди Пол. Пријаве-

74 12 /2011

Внимавај полиција! Ким (лево) и Јохана (десно) се во акција со количка на струја од 1953 година, преправена во полициски автомобил. Моторот од 500 cm3 е од Kawasaki. Најоткачената работа во целата идеја е тоа што возилото има добиено дозвола да вози по американските улици

Саем за уживањ Овој спортски автомобил е дело на студентите на Espace Sbarro. Каросеријата е изработена од фиберглас и нуди место за тројца патници, со возачко седиште во средина. Турбо моторот од 1,8 литар е од Audi

ните учесници на овој натпревар имаат задача да направат најдобар тјунинг на возило користејќи ги хромираните делови кои што ги обезбедува организаторот на салонот. Единствено е потребно учесниците да го понесат со себе алатот од својата гаража.

Специјалната изложба под наслов „100 години рели Монте Карло“ му оддава чест на јубилејот на легендарната трка, која што познавачите ја ценат како мајка на денешните рели шампионати. На мотоспортот му е посветена и изложбата „Светот на ДТМ“, каде

што се изложени тркачките возила од следната сезона и можат да се поздрават актуелните тркачи во оваа популарна серија на натпревари со туристички возила. Се одбележуваше и стотиот роденден на тркачот над сите тркачи, Хуан Мануел Фанџо, кој почина


ње

Од 26-ти ноември до 4-ти декември, Есен Мотор Шоу ги зоврива салонските хали. Повеќе од 500 изложувачи во 18-те преполни хали ја претставуваат својата понуда од прибор за тјунирање, спортски автомобили и олдтајмери. Со преку 300 000 посетители, Есен Мотор Шоу е втор по големина салон за автомобили во Германија, веднаш по IAA во Франкфурт

Во Есен се` е поинаку. Тука тркалата изгледаат како шепи на дива мачка, каросериите се изработуваат од бамбусови гранчиња, а на улица се пуштаат колички од забавни паркови

Возбудата на мотоспотрот е присутна стопроцентно во халите на Есен Мотор Шоу. Без разлика дали се четири или две тркала, публиката ги поздравува најатрактивните возења со громогласен аплауз

12/2011 75


ИСТОРИЈА Јубулеј • 45 години на Opel Rekord С

Името на овој автомобил нема второ значење. На Opel Rekord му одеа големите бројки, со милионската продажба. Впечатливиот изглед и издржливата техника беа основа на успехот

Т

ој беше колевката на автомобилите од средната класа. Во 1960-те години единствено моделската серија Rekord можеше да му се приближи со продажбата на Volkswagen Beetle. Рекордите почнаа да паѓаат во серија дури со претставувањето на Rekord C во 1966. За пет години, Opel продаде 1,3 милион автомобили од третата генерација на моделот од средната класа. Со него, марката од Риселсхајм за прв пат успеа да продаде повеќе од еден милион возила од една единствена

78 12 /2011

Opel ја измисли средната класа. Тоа беше најважниот сегмент за производителите во 1960-те години

моделска серија. За успехот најмногу придонесоа впечатливите линии на каросеријата во стил на шише од црниот американски пијалак, по пример на мускулестите тркачи од другата страна на океанот, исто како и безбројните специјални изведби и серии во ограничен број на примероци. Рекламното одделение во овој автомобил гледаше Rekord за цела Европа и еден Rekord за сите купувачи. Но, издржливиот и евтин автомобил од средната класа отиде многу подалеку отколку што предвидуваа експертите од марке-

тингот. Под марката Ranger на General Motors и под знакот на Chevrolet, автомобилот продолжи да соборува рекорди во Јужна Африка и во Јужна Америка до 1990-те години. Купувачите со повисоки барања беа послужени во 1967 година со моделот Commodore, како луксузна изведба на Rekord. Со големите и моќни шестцилиндарци кои што му обезбедуваа брзина и до 200 километри на час и со украси од хром до каде што допира погледот, тој успешно го пополни просторот меѓу Rekord и престижниот Kapitan, но напаѓаше и на

благородните лимузини Mercedes 250 и NSU Ro 80. Во годините на големиот напредок на економијата се живееше убаво. Автомобилите од средната класа во средината на 1960-те години ги полнеа највредно касите на повеќето производители. Сите марки сакаа да зграпчат колку е можно поголемо парче од исклучително исплатливиот пазарен сегмент, кој што во почетокот Opel мораше да го дели единствено со Borgward. За марката со молња да ја задржи високата застапеност во сегментот, Rekord се развиваше


со стратегија да одговара за сите купувачи и потреби. Со широка понуда од модели и со претставителни линии на каросеријата, кои што потсеќаа на патен крстосувач во смалено издание, по пример на Chevrolet Chevelle, рекордерскиот Opel се одбрануваше од нападите од Ford. Моделите 17M и 20M на марката од Келн прераснаа во најлути соперници на Rekord, и тоа главно со нивните помоќни и попрестижни шестцилиндарци. Стратегијата на Ford вроди со успех, но времето не беше погодено. Во тие години почнува-

Commodore e името наоблагородената изведба на Rekord

ше првата рецесија. Риселсхајм одговори на мудриот потег на Ford со нова генерација на мотори со четири цилиндри, кои што беа лансирани во Rekord B во 1965 година. Моделот што буквално беше втурнат на пазарот се произведуваше само една година. Четирицилиндарците го постигнаа посакуваниот успех дури со појавувањето на комплетно новиот Rekord C. Покрај

нив се нудеше и престижен шестцилиндарец. Најмалиот во семејството од мотори cih, со име според страничното поставување на брегастото вратило во главата на моторот, беше 1,5-литарски четирицилиндарец со моќност од 58 КС. Поголемата верзија на моторот располагаше со зафатнина од 1,7 литар и се нудеше во обична верзија со 60 КС и верзија 1.7

S со зголемена компресија и 75 коњски сили. Следен во понудата беше 1,9-литарецот, исто така со додаток Ѕ и со 90 КС, додека големиот шестцилиндарец ја црпеше моќта од 95 КС од зафатнина од 2,2 литри. Крал на спринтот во средната класа беше Rekord Sprint. Купувачите на возила од оваа класа ги сакаа изведбите со моќен мотор. Со двоен карбуратор

12/2011 79


против досада Книга за дизајн од Паоло Туминели

Н

три милиметри е

а познавачите им е доволно само да ги слушнат имињата на култните автомобили за да се одушеват, без разлика што можеби никогаш не ги виделе во живо, не ги допреле, не слушнале како звучат. Убавината се дефинира тешко, никој не успеал да постави правила за оценување на убавината. Кој знае, можеби повеќето од автомобилите што љубителите сонуваат еден ден да ги впишат во нивна сопственост се грди. Паоло Туминели е професор за дизајнерски концепти на факултетот за дизајн во Келн и автор е на книгата „Car Design Europe. Myths, Brands, People", во издание на познатата издавачка куќа taNeues. Книгата е прв дел од историјата на

голема разлика Авторот Паоло Туминели е професор на Факултетот за културологија во Келн. Ова е негова четврта книга во издание на taNeues

Car Design Europe, Myths, Brands, People од Паоло Туминели Издавач: tеNeues Publishing Group Тврд повез, 392 страници, 300 колор и црно бели фотографии • Јазик: Англиски, германски, француски • Димензии: 19,4 х 24 cm • Цена: 49,90 евра

Нашите миленици на четири тркала се дел од културата уште од 1930-те години. Професорот Туминели пишува за трендовите во развојот, за ѕвездите на дизајнот, за биснисмените, за возачите. Ова е вредно четиво за секој љубител на светот на четири тркала Fiat 130 Maremma Pininfarina, 1974

естетиката на автомобилите, како тема на која што ѝ се посветува професорот во неговото последно дело. Еминентниот естет цени дека историјата на автомобилите почнува во средината на триесеттите години од минатиот век, кога возилата престануваат да бидат обичен технички уред и прераснуваат во дизајнерски објект. Според Туминели, тогаш автомобилите добиваат сопствена форма, стануваат повеќе од превозно средство. Затоа, првото поглавје во книгата не му се посветува на моторизираното возило на Карл Бенц, туку на спортските автомобили со аеро-

Mercedes-Benz 190 SL, 1955

динамична каросерија. Следи брза тура низ светот на европските производители на автомобили. Книгата е поделена на одредени фази од развојот на дизајнот, кои што професорот ги нарекува Џет Сет, Радикал, Козметикс и Брандорама. Во почетокот, тоа предизвикува забуни, но откако читателот ќе свикне на специјалниот речник, може да продолжи со уживање. Во книгата на повеќе места се среќаваат тези кои што поларизираат. На пример, професорот цени дека модерниот европски автомобил е фашистички производ. Туминели, сепак, тука не искажува политички аспирации, туку само

BMW 2002 Turbo, 1973

ја гледа автомобилската и инфраструктурната политика во Германија и во Италија непосредно во периодот пред војната и последиците од таа политика врз подоцнежниот развој на автомобилската индустрија. Авторот повеќе се концентрира на развојот на дизајнот. Тој пишува за развојот на креативниот стил низ вековите и кај одделните марки, за раѓањето и замирањето на трендовите, за повторно појавување на истите во комбинација каква што дотогаш не постоела, со наведување на бројни примери кои што се разбирливи и за лаик. Некои модели имаат поинтерес-

отсега на 10-ти во месецот

следниот број излегува на 10 јануари 2012 82 12 /2011

ни приказни од другите, а токму нив вешто ги раскажува Туминели. Особено импресионира анегдотата за маестрото на дизајнот Батиста Пинин Фарина. Тој ги замолил неговите помошници да симнат по три милиметри од страните на опашот на некој прототип на Ferrari. Луѓето решиле веднаш да го лакираат возилото, очекувајќи дека шефот нема да забележи ништо кога автомобилот ќе блесне пред него. Фарина го погледнал лакираниот Ferrari и си заминал. Неколку минути подоцна тој го повикал главниот мајстор кај себе, објаснувајќи му: „Се извинувам, погрешно проценив, сепак ќе мораме да одземеме уште три милиметри.“ Напролет се очекува да излезе од печат вториот дел од оваа историја на дизајнот, кој што ќе им биде посветен на американските автомобили. �



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.