Auto Focus No. 47

Page 1

N LANCIA YPSILO 00

Поевтин од Mini и Fiat

5

Број 47 • јули 2011

Со чифт врати повеќе

Со дизел од 2,1 литри и 204 КС троши 6,0 L/100 km

Z ML MERCEDES-BEцN илиндри Луксуз во четири

тестови

TATA NANO

проз Kомпактот од Kелн

Cigarette Racing 46’

ГЛИСЕР СО ГЕНИ НА AMG И СО 2700 КС

105 КС • БЕНЗИН

105 КС • ДИЗЕЛ

SEAT LEON 1.6 TDI COPA

јули 2011 90 ДЕНАРИ

ПРО

FORD FOCбоUреS

SEAT LEON 1.2 TSI COPA

ТИ В

Kако вози најевтината кола на светот?

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ МАМАТ

Реалната потрошувачка двапати повисока од фабричката

СПОРЕДБА НА ЦЕНИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА

Одморот може да чини многу повеќе, ако споредните трошоци се скапи



СОДРЖИНА Број 47 • јули 2011 НОВИТЕТИ

6

Mercedes-Benz ML Теренецот е поголем и полуксузен од кога било, но вози и со четири цилиндри

10

Lancia Ypsilon Тоа што сега го научија Mini и Fiat 500, марката Lancia го умее уште од 1985 година

14

Jeep Grand Cherokee Новакот е најдобриот Jeep досега, но без дизел немаше шанси. Сега се случи и тоа

ТЕСТ И ТЕХНИКА

32

СООЧУВАЊЕ • Seat Leon 1.2 TSI Copa против Leon 1.6 TDI Copa Два нови мотора со 105 КС во Leon - едниот дизел, другиот бензин

38

ТЕСТ • Ford Focus Новата генерација не е најбрзата и најспортската. Место тоа, комфор и технологија

44

TECT • Mitsubishi ASX И марката со дијамантите владее одлично со вкрстувањето на теренец со компакт

58

TECT • Tata Nano

14

Новиот партнер е Fiat, a теренецот се` уште носи траги од претходниот брак со Daimler. Под ламарината на Grand Cherokee работи техника од класата М на Mercedes – и италијански дизел

44

Кросоверот на Mitsubishi дава школско објаснување за големата популарност на спојот на компактна комбилимузина и теренец. Потрошувачката од осум литри бензин е за пример

78

Светот на автомобилите отсекогаш бил инспирација за уметниците. Во музејот Тингуели во швајцарскиот Базел може да се погледне необичната изложба на тема автомобил

Индијците го направија најевтиниот автомобил на светот. И тој вози, како сите други

TEMA

18

Импресија • Глисер Cigarette Racing 46’ AMG Кога ќе се спојат две марки што живеат од брзината и моќта се раѓа глисер со 2700 КС

50

Лажно прикажување на потрошувачката Како производителите на автомобили ја пресметуваат потрошувачката на гориво?

60

Топ 10 песни според Chevrolet Инженерите за звук ги избраа најдобрите песни за тестирање на аудио системот

78

Автомобилска изложба во Швајцарија Изложбата во музејот Тингуели ја открива врската меѓу техниката и фантазијата

СОВЕТИ

57

Подготовка за патување на одмор Внимателно при товарањето на возилото. При претовареност откажува и ЕЅР

58

Споредба на цени во 60 европски летувалишта Одморот може да чини многу повеќе, ако споредните трошоци се скапи

НА ДВЕ ТРКАЛА

62

ТЕСТ • LF250-B V-Twin Одличен мотор за одлични пари

МОТОСПОРТ

74

Формула 1 • Трка за Големата награда на Европа, Валенсија Дури и на домашен терен, Алонзо е немоќен против шампионот Фетел

ДРУГИ СОДРЖИНИ 20 АВТОМОБИЛИ 2014 30 ЦРНО БЕЛО 64 ПИСМА

64 66 82

ИМПРЕСУМ ЦЕНОВНИК ПРОТИВ ДОСАДА

44 32 32 54

Mitsubishi ASX 1.6 Seat Leon 1.2 TSI Copa Seat Leon 1.6 TDI Copa Tata Nano

АВТОМОБИЛИ ВО ОВОЈ БРОЈ 38 14 10 6

Ford Focus 2.0 TDI Jeep Grand Cherokee Lancia Ypsilon Mercedes-Benz ML


Новитети MERCEDES-BENZ ML

К

ај другите типови на возила може да биде интересно новиот модел да се понуди во полесно или во покусо издание од претходникот. Но, тука не смее. Новата класа М на Mercedes не е ниту полесна, ниту покуса. Внатрешноста на теренецот е поголема и полуксузно опремена. Отстапка е направена кај моторите. Новитетот е во тоа што големиот теренец од Штутгарт отсега ќе се нуди и со четирицилиндарски дизел. На прв поглед речиси не може да

се препознае дека се работи за класата М. Предниот дел на возилото личи на благородното купе CL, додека опашот на возилото потсеќа на комбито од класата Е, со големи и хоризонтално поставени светла. За разлика од претходно, крилата повеќе не се толку силно изразени. Место тоа, страниците на каросеријата добија повпечатлива контура со дополнителниот лак под рачките на вратите. Додека претходникот се идентификуваше јасно како теренско возило со транспортни квалитети, симболи-

ката на новакот се промени. Новиот рецепт е помалку мачо стил на теренец, а повеќе стил на луксузен кросовер од патничка лимузина и спортски теренец. Швабите ќе освојуваат нови пазари со новите, помали мотори. Исто како класата Ѕ, така и новата класа М за прв пат ќе биде достапна во верзија со четирицилиндарски мотор. Пазарот сé уште нема одговорено колку купувачите се подготвени да го прифатат конфликтот меѓу губитокот на цилиндрите и губитокот на имиџот

на возилото. Но, постојат пазари на кои што оданочувањето на возилата се раководи според работната зафатнина на моторот и соодветно на тоа купувачите преферираат помали мотори. Поради големата маса на возилото, купувачите што сакаат во возењето да бидат свесни за моќта на нивниот миленик на четири тркала ќе бидат посреќни со моделската верзија ML 350 Bluetec, задвижувана од шестцилиндарски турбодизел со 258 КС и вртежен момент од 620 њутнметри. Добра

Диносаурусите не изумреа, само се трансформираа. Новата класа М е поголема и пораскошна од кога било досега. За секој случај, големиот теренец ќе стои на располагање и во верзија со четири цилиндри

Иако остава добар впечаток во оваа пустелија и снабдена е со последните технологии за пробивање по теренот, новата класа М ќе ја гледаме најчесто како се гордее по градските улици

6 07/2011


вест е намалувањето на потрошувачката на гориво за сензационални 25 проценти во споредба со претходниот модел ML 350 CDI со 231 КС. И покрај крајната брзина од 224 километри на час и забрзувањето од место до темпо 100 за 7,4 секунди, ML 350 Bluetec ќе биде сосема задоволен и со 6,8 литри гориво. Четирицилиндарскиот дизел со зафатнина од 2,2 литри, кој што во моментов ја нуди својата услуга во неколку модели од палетата на Mercedes, во ML 250 Bluetec по-

стигнува моќност од 204 КС и максимален вртежен момент од 500 њутнметри. Неговата потрошувачка според фабриката изнесува точно шест литри на сто километри, а крајната брзина што ја постигнува возилото со овој мотор е 210 километри на час. Ако стандардниот резервоар од 70 литри се замени со поголемата верзија од 93 литри, со едно полнење може да се минат и 1.500 километри. Во блиска иднина, моделот ќе биде достапен и во хибридна верзија, која што за разлика од прет-

ходникот ќе биде достапна и на европскиот пазар. Сите бензински и дизелски мотори се комбинирани со последната генерација на автоматскиот менувач на Mercedes. Седумстепениот менувач со функција старт-стоп е оптимиран за минимална потрошувачка со многубројни зафати во електрониката и во механиката. Дополнителен придонес за ниската потрошувачка има и малиот отпор на воздух со коефициент 0,32. Драстично намалување на тежината на возилото не се случи. Место тоа, новиот те-

ренец тежи исто колку и претходникот. Во напорите за минимизирање на потрошувачката на гориво, инженерите на Mercedes не заборавија дека класата М е првенствено теренско возило. Но, теренските способности се достапни само ако се доплати за нив. Моделите со шест и со осумцилиндарски мотори можат да се доопремат со пакет за терен, кој што вклучува пневматска амортизација, теренска редукција и шест различни програми за возење. Преку централниот би-

Премногу штета да се валка

07/2011 7


Новитети Lancia Ypsilon

zn

ија Итал вра во е Цени ....... 12.400 вра е .

е . .600 ........ ........ .... 13 . . . . . . . евра . . . . . . 0 . 4.70 1.2... ........ 1 .. r . r . i e . . v a . l Si ....... Twin ........ r 0.9 ltijet Silve u M r 1.3 Silve

К

олку човек и да ја обожува Lancia, свесен за нејзината историска релевантност, во минатава година беше тешко да се остане имун на случувањата околу италијанската марка. Chrysler Voyager преку ноќ се претвори во италијански семеен транспортер со лого на Lancia, лимузината Chrysler 300 C се продава на европскиот пазар како нова Lancia Thema, додека

10 07/2011

Chrysler 200 се трансформираше во Lancia Flavia. Во процесот на соединување на Fiat и Chrysler не остана многу од идентитетот на благородната марка од Италија. Од друга страна, тука е сé уште Delta, стилски цврста и самоуверено различна од конфекциската понуда во класата, баш Lancia. Од летово, во гамата на стопроцентни модели на Lancia се придружува и новиот Ypsilon.

Новиот модел е важен за марката од два аспекти. Од една страна, градскиот автомобил ќе се вдоми во еден од најголемите сегменти на европскиот пазар, но од друга страна, италијанските корени на Ypsilon се важен контрапункт во однос на реетикетираните увозни модели од САД. Дополнителен аспект е компетентноста на Италијанците: Зарем од марка од концернот Fiat смее да се очекува

друго освен да направи уште еден автомобил кој што ќе предизвика завист кај конкурентските производители и еуфорија кај купувачите? За основата на моделот се користи усовршена верзија на платформата што ја користат Fiat Panda и Fiat 500, исто како и Ford Ka. Додека Fiat ги послужува широките народни маси со своите модели, Lancia цели кон


c e s o n e m a n т о и к еч л Ма Прифати

тро, а ногу ре ncia м е р п е Mini , во La та дека ногу стерилен натива за е м с ј о К е прем се а алтер Audi A1 е најде вредн сигурност не л о ќ о г с n а o ј , која секо Ypsil лување среќава зад с и м з а р

Затоа што изгледа привлечно и има чифт врати повеќе од конкурентите

Откажи

Затоа што внатрешноста како во голема лимузина е претерано оптимистичка

Побарај друго Во другите луксузни модели во класата, како Alfa Mito, Mini, CITROEN Citroën DS3 или Fiat 500

Благородните минимобили се во тренд. Тоа што сега го научија Mini, Citroen DS и Fiat 500, марката Lancia го умее уште од 1985 година. Со три генерации зад себе, моделот Ypsilon треба да е најдобриот? купувачите што заработуваат повеќе и трошат повеќе. Можеби во нашиве пазарни услови, каде што бугарските лимузини се преферираат пред Polo & Со, сé уште звучи збунувачки, но луксузот на четири тркала воопшто не мора да зависи од големината на автомобилот. Затоа пак, тој зависи од паричникот. Цените за Ypsilon на италијанскиот пазар, каде што продаж-

бата стартуваше на 12-ти април, почнуваат од 12.400 евра. За автомобил што познавачите го вбројуваат во драгоцените камења во класата, тоа е сосема пристојна понуда. Благородниот карактер на градското автомобилче се открива по големата хромирана маска и по големите светла што изгледаат како кристали, додека генетската поврзаност со попрестижната Delta се препознава

во елегантните линии во опашот на возилото, во кои што се сместени светла црвени како рубини. Рамниот преод меѓу хаубата и крилата ја истакнува уште повеќе заобленоста на носот на Ypsilon. Убавини за окото има и отстрана, во страничните рабови кои што изгледаат како да се изведени од врвен мајстор на својот занает, како и во рачките сокриени во рамките на задните врати, со што

страничната силуета личи како купе. Четвртата генерација на моделот прв пат добива чифт врати за задната клупа. Но, не е злато сé што сјае – дури и кога тоа е името на средното ниво на опрема во Ypsilon, покрај сребреното и платинестото ниво. Екстраваганцијата и луксузот кои што отсекогаш претставувале белег во кабината на малечкото и скапоцено автомобилче на Lancia, 07/2011 11


Новитети Jeep Grand Cherokee

Сите експерти беа едногласни. Новиот Grand Cherokee е најдобриот Jeep во модерната историја на марката. Но, без дизелски мотор му пропаѓаат сите шанси. Сега во понудата е додаден дизел по мера

Прифати Затоа што дизелскиот мотор ја спушта потрошувачката на прифатливо ниво

Откажи Затоа што автоматиката има само пет степени и моторот не располага со старт-стоп

Побарај друго Во изведбите со дизелски мотор на Mercedes ML и Volkswagen Touareg или во хибридот Lexus RX 450h

Мотор Турбодизел, 6 цилиндри во V под 60 степени, 4 вентили по цилиндар, зафатнина 2987 cm3, компресија 16,5:1, моќност 241 (190) KC при 4000/min, вртежен момент 550 (440) Nm при 2800/min Погон и пренос Постојан погон на сите тркала, со блокада на средишен диференцијал и електронска блокада на заден диференцијал, автоматски менувач со 5 степени Подвозје Напред независно со триаголна водилка, стабилизатор; назад мултилинк, стабилизатор; управување со запчеста летва, 3,6 вртежи меѓу крајните положби; сопирачки вентилиран диск 350 х 22 mm напред, вентилиран диск 330 х 22 mm назад, гуми 265/60R 18, бандажи 18х8 Димензии и тежини Должина 4822 mm, ширина 1943 mm, висина 1781 mm (1764 со пневматска амортизација), меѓуоскино растојание 2915 mm, круг на вртење 11,6 m, багажник 782/1554 литри, празно возило 2347 kg, дозволена тежина 2949 kg, тежина на приколка 3500 kg Теренска способност Растојание од подлога 218 mm (205 со пневм. аморт), агол на пристап 26 степени, агол на рампа 19 степени, 24 степени (соодветно 34,3; 23,1 и 27,3 степени со Quadra Lift во програма OffRoad2 Перформанси Крајна брзина 202 (191), забрзување 0-100 km/h за 8,2 (10,2) s Потрошувачка град/ пат/просек 10,3/7,2/8,3 L/100 km

14 07/2011

Технички податоци

П

роцентуалното учество на дизелските мотори кај големите теренци потсеќа на изборни резултати во некој бивш комунистички режим. Без разлика дали се работи за Volkswagen Touareg, за класата М на Mercedes или за BMW X5, дизелот учествува во продажбата во Европа со преку 90 проценти. Без мотор што самостојно си го пали горивото, кај теренците од вишата класа не можат да се постигнат задоволителни бројки во продажбата. Иако Американците во својата татковина и натаму не се откажуваат од ненаситните осумцилиндарски бензинци и цврсто се колнат во легендарниот мотор Hemi, новиот Grand Cherokee, откако доживеа пролетна премиера во Женева, сега е достапен и во верзија со дизелски мотор. Шестцилиндарецот со класичен распоред во V располага со работна зафатнина од три литри. Купувачите имаат избор меѓу две варијанти на моторот, со различна моќност. Послабиот ослободува 190 коњски сили и вртежен момент од 440 њутнметри, доде-

ка помоќната изведба нуди 241 коњска сила и 550 њутнметри. Доколку се реши за втората изведба, купувачот добива автомо-

Впечатокот во кокпитот повеќе нема ништо заедничко со евтината пластика во претходните генерации на знаменосецот на култната марка. Конечно може да се ужива во благороден амбиент од лак и кожа, во поголема просторна понуда и во изобилство од сосвремени системи за асистенција. Сега и Jeep Grand Cherokee научи автоматски да го надгледува мртви-

Новиот сопственик Fiat ја почитува традицијата на мајката на сите теренски возила. Големата правoаголна маска со вертикални пречки е знак на препознавање на моделите на Jeep бил со ударна сила на боксерски шампион во тешка категорија и смиреност на свештено лице. Небаре тежината на возилото од 2,5 тони се распрснува во воздух уште при самото поаѓање, моќниот турбодизел го катапултира возилото за 8,2 секунди до темпо 100, додека крајната брзина е веднаш над ознаката за 200 километри на час. Тоа е повеќе од доволно за динамично и во исто време релаксирано совладување долги релации.

от агол, располага и со систем за предупредување, кој што вклучува аларм при опасност од судир, како и со радарски темпомат кој автоматски го одржува растојанието од побавниот автомобил што вози напред. Покрај тоа, за секое посегање со намера да се наместат седиштата или да се отвори или затвори задниот капак е подготвена помош од електриката. Автомобилот е преполн и во преносна смисла. Во зависност од 


Теренската редукција и електронски управуваната блокада на задниот диференцијал, како и помошните системи за спуштање по надолнина и поаѓање по нагорнина, гарантираат врвни теренски својства

крстосувачот


ИМПРЕСИЈА Глисер по пример на SLS AMG Cigarette Racing 46’ AMG Boat

З

амислете ја следнава сцена. Мирно и спокојно утро е во пристаништето во Касис. Од спротивната страна штотуку стартува една регата, а рибарите во кафулето го пијат веќе второто кафе лате. Одненадеж спокојот го прекинува силен рикот и од хоризонтот се појавува сребрен тркачки глисер. Тој ги сече брановите со леснотија, а експертите препознаваат во него нешто особено. Овој брз глисер е од легендарното бродоградилиште Cigarette во Мајами. Колку повеќе се приближува глисерот, толку стануваат појасни трите букви на трупот на бродот кој што е донесен на Азурната обала специјално од Флорида. Овие букви обично ги гледаме на асфалтот: AMG.

18 07/2011

Партнерството со сопствениот тјунер на Mercedes е причината што трите букви се најдоа на глисерот. Поради тоа што двете претпријатија сакаат да направат нивните производи да бидат побрзи од конкуренцијата, но и поради тоа што шефот на Cigarette, Скип Брејвер, толку беше одушевен од новиот SLS AMG што стапи во контакт со брзата марка на Mercedes и на инженерите и дизајнерите во Афалтербах им ја претстави специјалната варијанта на неговите тркачки глисери. Металната ајкула долга 14 метри е бојадисана во истиот лак со изглед на алуминиум како швабскиот автомобил со крилести врати. Инструментите се исти како во тркачкиот автомобил, а зад кормилото се гле-

Технички податоци

Перка место спојлер

Мотор Број на цилиндри. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8 Број на вентили по цилиндар. . . . . . . . . . . . . . . . 5 Работна зафатнина. . . . . . . . . . . . . . . . . 9,0 литри Моќност. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1350 КС Максимален број на вртежи . . . . . . . . . 6500/min

да исто толку гол карбон како и зад воланот на автомобилот, па дури и белите кожени седишта се инспирирани од суперспортскиот модел на Mercedes. Брејвер ќе уживаше уште повеќе доколку го посадеше осумцилиндарецот од 6,2 литри од SLS одзади, но со 571 КС тој ќе беше преслаб. „Ќе излезевме од финансиската рамка доколку решевме овој агрегат да го направиме брз по вода“, открива Брејвер. Поради тоа проектот остана на двата стандардни, но уште поимпозантни мотори. Глисерот на Cigarette тежок околу шест тони добива погон од два осумцилиндарски агрегати од американскиот производител Mercury. Само еден агрегат е голем колку градски автомобил, има работна зафатнина

Перформанси Крајна брзина. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 210 km/h Димензии и тежини Должина. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13,93 m Ширина. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2,44 m Висина. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2,01 m Резервоар. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1151 L

од девет литри и ослободува 1.350 коњски сили. Тоа е најсилното што од другата страна на океанот може да се купи како вистински тркачки глисер со пристоен квалитет. Кога двете рачки за забрзување ќе се притиснат нанапред, со 2.700те коњски сили на глисерот се чини како морето да зоврива. Глисерот го крева долгиот нос од водата, а тоа што следува не може да се спореди ниту со старт на Џамбо. Небаре се јава ракета, глисерот лизга по брановите и одвреме навреме удира толку силно што новаците стравуваат дека трупот од фиберглас ќе се преполови. Тука станува јасно зошто пред седнувањето во глисерот сите добиваат појас за спасување и зошто седиштата се толку дебели.


Мотор со врвна технологија Моторот со 1350 КС произведен во Mercury Racing има двојно турбонатполнење, четири брегасти вратила и четири вентили по цилиндар и претставува технолошки најнапреден бродски мотор со високи перформанси. Во споедба со другите мотори со високи перформанси, Mercury Racing QC4v има трипати подолги интервали на сервисирање, благодарение на многубројните технички иновации на производителот.

а. rette е во вод a ig C а н т о р е , глис MG е на улица вете марки се A Д S . а SL б s р e е d в e о c д r e о а сам Тоа што M вода качи со голем тр ти га а со 2700 КС за о б л е а з тр т с е а н н е е м р а б е н Тој е адоа ср најдоа и созд

Ако скиперот даде полна гас, SLS нема шанси. Но, брзото купе е подобро во крајната брзина. Додека најбрзиот модел на AMG може да забрзува до 317 километри на час, брзиот глисер постигнува околу 210 километри на час. Услов за тоа е морето да биде мазно како огледало. За такви брзински ексцеси е потребно искусно око и остар поглед. Тој што сака да го притисне гасот до крај, мора да ја чита водата како што тркачот го чита асфалтот. Во спротивно, првиот бран може да биде и последен. Секако, основниот предуслов е да се има дебел паричник, затоа што глисерите од овој тип се исто толку бесмислени колку екстремните тркачи на AMG. Тука се

работи првенствено за уживање и за имиџ. Седумдесет и петте вработени во фирмата Cigarette во Мајами произведуваат околу 50 глисери во годината. Нејзините клиенти сакаат да бидат најбрзи и веќе ги имаат набавено сите други брзи играчки, најчесто вклучувајќи го и SLS. Оттука е веќе јасно дека клиентите се главно естрадни ѕвезди и врвни спортисти, па дури и Џорџ Буш Сениор се трка со брановите во глисер на Cigarette. Фирмата не ги открива имињата на другите клиенти. Дискрецијата е едно од основните работни начела на фирмата. Тоа потекнува од времето кога Cigarette беше вплеткан во матни бизниси. Кога шампионот во трките со брзи глисери Доналд Аронов ја

основаше фирмата во 1970-те години, покрај полицијата, меѓу клиентите се вбројуваа и нарко куририте. Не случајно Мајами е главниот пазар за кокаинот од Колумбија. Постојат сомнежи дека поради овие врски, шефот Аронов загина во пукотница во 1987 година. Оттогаш Cigarette има темен имиџ, кого што Брејвер дури и го култивира. „Тоа што е Harley Davidson на земја, тоа сме ние на вода – лошото момче.“ Кој сака да купи глисер од оваа фирма, мора да посегне длабоко во џебот. Основниот модел на тркачот во стил на AMG чини еден милион долари, а за тие пари не се добива повеќе од труп и два мотора. Само агрегатите со цена на парче од 400.000 долари се поскапи од

две парчиња Mercedes SLS со полна опрема. Кожа, карбон, елегантна церада, уред за ноќно гледање во кокпитот или камера за рибарење ја одвојуваат цената. Тоа не им пречи премногу на клиентите. Некои плаќаат и по 100.000 долари само за аудио систем. Поради тоа, скапоцениот глисер и купето со крилести врати се поблиски отколку што изгледа. Тие се најбрзите и најценетите возила во својата сорта. Со двете може релаксирано да се појде на ручок во Сен Тропе. Предноста на Cigarette е во тоа што за привлекување на вниманието не мора да се соборуваат брзински рекорди. Доволно е чамецот да се закотви на пристаништето. �

07/2011 19


Соочување Seat Leon 1.2 TSI Copa против 1.6 TDI Copa

Купувачот треба само да реши дали повеќе сака бензин или дизел. Модерен мотор со примерна потрошувачка добива и во двата случаи, исто како и пакет опрема Copa

Предност на пакет Copa наспроти одделно нарачување ставки 1)

Автоматски двозонски клима уред Climatronic

500

Комбиниран приклучок USB/AUX

140

Темпомат

300

Висинско местење на совозачко седиште, во лумбален дел и ентериер со текстил Copa

160 Вкупно 1100

Пакет Copa 950 (гратис) 1)

К

аква мајсторија решил сега да ни демонстрира Seat? По тесниот пат се бркаат две наполно идентични возила, очигледно Leon, на момент едниот го провлекува носот понапред, другиот надоместува веднаш потоа. Со сигурност се исклучува секаква можност дека станува збор за фатаморгана. Тука е за десетина степени постудено отколку долу на зоврениот градски асфалт. Двете возила се високо на 1.500 метри, каде што останува доволно слободен простор за шпанскиот компакт да покаже сé што умее. Лавот на Seat умее повеќе, многу повеќе, приближно исто колку Cupra R, како што тој се нарекува во

32 07/2011

неговото најбескомпромисно издание. Спортските гени се препознаваат во однесувањето на овие два примерока од Leon, бојадисани во бело, со светкави бандажи и со некои оддалеку неразбирливи кодови испишани по страниците. Тој не се менува, Leon е мајсторот на динамиката во својата класа, со добро стегнато подвозје, со исклучително веродостоен пренос на информациите од тркалата до дланките на возачот стегнати на воланот и со сопирачки што се дозираат прецизно како кај тркачки болид. Leon е изборот на купувачите што повеќе сакаат да го почувствуваат возилото пред да го купат, место да решаваат на интернет, споредувајќи

Цени во евра

ја големината на багажникот или висината на просторот меѓу задната клупа и таванот. Ова не е математика, тука се работи за чувства. Не е мајсторијата да се состави каросерија што ќе нуди најголем багажник или ќе биде најдолга во класата, туку е мајсторија да се внесе душа во возилото, за возачот при секое седнување да биде свесен дека тоа е неговиот миленик на четири тркала, кого што го вози заради задоволство, а не само заради потреба. Но, друг е поводот за здружување на двата идентични примерока на Leon. Тие се брзи, иако не и најбрзи претставници на својата моделска гама. Кога ознаката отстрана ќе стане читлива, се воочува дека кај

Пакетот Copa, кој што во актуелниот ценовник чини 950 евра, увозникот Ка-Дис го нуди бесплатно

обата пишува 105 КС. Разликите се само во вредностите на потрошувачката на гориво. Во двата случаи под предната хауба работи мотор со 105 КС, но едниот согорува бензин, додека другиот самостојно си го пали горивото. Малкумина можат да претпостават дека бензинскиот модел користи мотор со зафатнина од само 1,2 литар за впрегнување на сите коњски сили со кои што располага. За последен пат, моделите од оваа класа имаа мотори со таков формат во 1980-те години, кога компактите сé уште ја немаа пречекорено границата од четири метри и беа далеку под еден тон. Постои причина за тоа што инже-


Компактот на Шпанците поседува и повеќе од доволно аргументи да си обезбеди купувачи. Но, никогаш не е доволно: Два нови мотори и гратис опрема од 1000 евра

Шампионите

на Seat

нерите решиле да развијат од корен нов четирицилиндарец со толку мала зафатнина. Постои и име за тоа, Downsizing. Принципот се состои во намалување на работната зафатнина и во компензирање на кусокот преку турбонатполнење. Тоа е последниот чекор на техниката за намалување на потрошувачката за гориво и на емисијата на СО2, по воведувањето на директното вшприцување на горивото, намалувањето на внатрешните отпори во моторот или воведувањето на шестиот степен на пренос. Најдоброто кај оваа техника е тоа што воопшто не се чувствува кусокот во работната зафатнина. Напротив, дополнителните њутнметри

што ги обезбедува турбината го прават возењето многу порелаксирано. Во споредба со пензионираниот мотор од 1,6-литар со 102 КС, неговиот наследник брилјира во сите дисциплини. Спринтот до темпо 100 кај 1.2 TSI трае 0,8 секунди покусо, крајната брзина е повисока за 3 километри на час, па дури и во меѓузабрзувањето останува предноста, со 0,7 секунди покусо време од 80 до 120 km/h во највисокиот степен. Специјалитетот следува дури на крај. При дополнување на резервоарот, 1.2 TSI бара да биде награден со 1,5 литар гориво помалку отколку стариот 1,6-литарец. Покрај тоа, благодарение на шестиот степен во менувачот и подготве-

носта на турбината да послужи солидна доза њутнметри веднаш над 1.500 вртежи, новакот располага со значително поголем потенцијал за штедење. Принципот на намалување на работната зафатнина во интерес на поголема штедливост важи и за 1,6-литарскиот TDI со 105 КС. Дизелите ја црпеа моќта од 1,6 литар во времето на Golf III. Но, технологијата оттогаш напредуваше рапидно. Како член на новата генерација дизели, 1,6-литарецот користи вшприцување со заеднички вод, односно common-rail, кој што наспроти стариот принцип со пумпа-вентил постигнува поголема култивираност во работата и далеку порамномерно

ослободување на силата. Стариот TDI со текот на времето стана груб, гласен, со тесно искористливо подрачје за забрзување. Оттаму, смирената работа и континуираното повлекување во речиси целото работно подрачје се доволни аргументи за преоѓање на новиот мотор. Максималната вредност на вртежниот момент на 1,6-литарецот е идентична со 1.9 TDI, но споредбата на дијаграмите ја потврдува поголемата префинетост на новакот. Заштедата се постигнува и тука: Новиот 1.6 TDI троши во просек 0,7 литри гориво помалку од стариот 1.9 TDI. Во директна споредба на бензинецот со дизелот, дополнително олес-

07/2011 33


Тест Ford Focus 2.0 TDCi Titanium

Фокусирање на Место да ни го понуди најбрзиот и најспортскиот Focus на сите времиња, Ford ни сервира машина преполна со нова технологија, која што треба возењето да го направи уживање. Но, Focus успева во тоа и со своите веќе докажани вредности

Ни се допаѓа • Смело внесување промени во секое подрачје од дизајнот • Мала бучност во кабината Врвна управливост во класата

Не ни пречи Неопходноста од учење на точните гласовни команди: Без тоа може да биде мошне забавно

Не ни се допаѓа • Пристапот и просторното чувство назад се ограничени поради покривот како купе • Управувањето реагира своеволно во средишната положба на брз правец

38 07/2011


К

ој уште би се зачудил доколку утре прочита тест на автомобил во магазин за компјутери, ете токму во нашиот Click на пример? За самостојното отклучување на вратите додека сопственикот на возилото се приближува со клучот в џеб треба да му искажеме благодарност на компјутерот во возилото. Еден компјутер? Еден од милион! Во случајот на новиот Ford Focus, еден од милион и еден компутер. Во нивото на опрема Titanium, кое што уште со името сугерира дека се работи за врвот во сериското опремување на компактот од Келн, се добива можност неколку функции на возилото да се контролираат преку гласот.

Дури и климата реагира на гласовните наредби на возачот. Но, како и секогаш, електрониката е постојано подложна на усовршување, на апдејт. Додека самоуверено му издавате гласовна команда на Focus да го поднамали дувањето на клима уредот, убедени дека командата не може да звучи различно од тоа што сте го заклучиле со сопствената логика, автомобилот реагира со активирање на програмата за одмрзнување на ветробранот. Не останува друго освен човек да се изнасмее. Ако тоа е замислата, погодокот е стопроцентен. Можеби е само вирус? Не, туку мора да бидете подготвени дека вистинските команди секогаш ќе се разли- 

ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

8,9 207

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1421/2050

 ВО ГРАД Беспоштедната тврдост на амортизацијата од претходните генерации е минато, Focus реагира за нијанса помеко на несовршеностите во асфалтот; секако, на грубите дупки реагира беспомошно; тивка и мека работа на моторот, правилно степенуван пренос.

 НА ПАТ Како што патот наметнува зголемување на темпото, така станува јасно дека се работи за модел што во претходните генерации се профилираше како динамичар во класата; омекнувањето на амортизацијата не одзеде од врвната управливост.

 НА автоПАТ На долгите патувања особено се цени тивката кулиса во кабината: долготрајното изложување на непријатен звук исто така предизвикува замор, но не и тука; вообичаено степенуван преносен однос во шестиот степен, задоволителен карактер на крстосувач.

 перформанси

Карактерот на ослободување на моќноста влева чувство на надмоќ при забрзување од место или меѓузабрзување, како резултат од врт. момент.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Тивката работа на моторот и пречистувањето на звуците од работата на подвозјето повеќе придонесуваат за комфорот, отколку подвозјето.

технички податоци Мотор

4 цил., дизел, 4 вентили

Зафатнина

1997 cm3

Силина

140КС/3750 min-1

Вртежен момент

320Nm/1750 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

6 степени, мануелен

Управување

Ел. серво

Круг на вртење

11,0 m

Гуми

205/55 R16

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/-

Водење на тркалата наз.

мултилинк

мекферсон

07/2011 39


Тест Mitsubishi ASX 1.6 2WD Intense+

Е

дноставно е да се купи компакт. Понудата е богата и не може многу да се погреши при изборот, затоа што сите производители во основата го нудат истото, со незначителни отстапки. Во тој случај, човек мора да биде подготвен да забележува возила исти или слични како него-

вото зад секој агол. Иако на многумина тоа не им пречи, постојат купувачи кои што едноставно сакаат да отстапуваат од масата, да бидат единствени. Тоа сé уште не значи дека изборот мора да се пренасочува кон друга класа. Возилото може и натаму да биде компакт, но такво што

ќе носи примеси од некоја друга сорта на возила, на пример од теренците. Тоа што се покажа како исклучителен успех на Nissan со продажбата на кросоверот Qashqai, сега сака да го повтори и Mitsubishi со својот ASX. Нема причина да не успее. Исто како Nissan, ниту тој нема класично скроен компакт, со

Ни се допаѓа • Потрошувачка како класичен компакт • Добро просторно чувство • Висока функционалност на каросеријата

Не ни пречи Обични материјали во кокпитот, но примерна изработка

Не ни се допаѓа • Отсуствува свежина во внатрешноста • Слаба повратна информација во управувањето

по куса постапка 44 07/2011


ТЕСТ-ОЦЕНИ

 Добро  Просечно  Лошо

ВО ВОЗЕЊЕ

Вредности

Перформанси 0-100 km/h [s] Крајна брзина [km/h]

11,4 183

Тежина Празно возило/Дозволено [kg]

1345/1870

 ВО ГРАД Со исклучок на пријатното седење на високо и добрата прегледност врз сообраќајот, чувството во возење не се разликува од компактна комбилимузина: Тежината е идентична со Lancer, каросеријата е покуса за две педи; Старт-стоп работи брзо; менувачот има груби одови.

Ги поседува главните таленти на компактите и на теренците: Доволно е штедлив и подвижен во секојдневието, доволно е способен за семејни излети во природа

 НА ПАТ

Поради релативно меката амортизација, каросеријата покажува изразено странично навалување во свијоци и со тоа ASX е поблиску до теренец отколку до компакт; просечна повратна информација во управувањето; безбедни возни својства.

 НА автоПАТ Поради отсуството на шести степен на пренос, возењето со темпо 120 е придружено со зголемена бучност од моторот; фреквенцијата на звукот не иритира при подолго возење; комфорна амортизација на квалитетна подлога

 перформанси

Со технологијата Mivec, моторот покажува спортски карактер во последната третина; натпросечни перформанси, пристојна еластичност.

комфор

Оцена

Звук Во град На пат

На автопат

Звук Куси нерамнини Долги нерамнини

Во град/На пат

/ 

Во целина, комфорно дотерување на подвозјето и мала бучност во кабината при умерено темпо; звуци на тропање на куси набори во асфалтот од сопирање.

технички податоци

на е спротивстави с i sh bi su it M , а ai. Пото жа дека владее Прв беше Qashq ка о д и n sa is N а совер н нец и компакт. успешниот кро ре те а н о ет њ ања бро со вкрстува олку изненадув подеднакво до Дури, има и нек

Мотор

4 цил., бензин, 4 вентили

Зафатнина

1590 cm3

Силина

117КС/6000 min-1

Вртежен момент

154Nm/4000 min-1

Погон

на предни тркала

Пренос

5 степени, мануелен

Управување

Ел. серво, прогресивно

Круг на вртење

10,6 m

Гуми

215/65 R16

Сопирачки нап./наз.

вент. диск, диск

ABS/ESP Водење на тркалата нап.

•/-

Водење на тркалата наз.

мултилинк

мекферсон

07/2011 45


Тема Лажно прикажување на потрошувачката

П

росечна потрошувачка 5,9 литри на сто километри. Тоа е вредноста на потрошувачката која што Volkswagen ја наведува за Polo GTI. Толку гориво треба да потроши малечкиот тркач со мотор од 180 КС. Вредноста соодветствува на нормата ЕСЕ, односно на нормата на Економската комисија на Европа. Тоа значи дека станува збор за мерна постапка која што е пропишана и стандардизирана од ЕУ. Предноста на постапката е во тоа што се добиваат споредливи вредности за секој тип на возило, но таа има и еден голем недостаток: Вредностите се далеку од реалноста. Во тоа можеме да се увериме

Овие резултати не ги загрижуваат само сопствениците, туку ги откриваат пропустите во европската норма за потрошувачката. Но, како се добиваат овие вредности од фантазијата? Прописите се наведени во директивата 93/116/ЕУ од декември 1993. Таму се наведува дека потрошувачката според ЕСЕ се одредува со тестот NEDC. За разлика од САД каде што потрошувачката се пресметува во реални услови, мерењата во Европа се вршат во лабораторија. За време на тестовите возилото мора да има резервоар наполнет 90 проценти, најмалку 3.000 поминати километри и актуелна контролна електроника на мото-

при секое полнење гориво. Секој пат во резервоарот влеваме значително повеќе гориво од количината која што е пресметана според нормата на ЕСЕ. Експертите ја потврдуваат разликата меѓу теоријата и практиката. Неодамна колегите од магазинот „auto motor und sport“ ги проверија во практика официјално наведените вредности на потрошувачката кај неколку возила. Спомнатиот Polo GTI согоре 11,7 литри на сто километри, што е 98,3 проценти над декларираната вредност. Но, веднаш се тука и Alfa Romeo Mito 1.4 TB 16V Multiair со отстапување од 96,7 проценти и Seat Ibiza SC TSI DSG со 95,3 проценти.

рот. Пред стартот, возилото мора да стои шест часови, за моторното масло и средството за ладење да се приспособат на температурата во лабораторијата, која што треба да биде меѓу 20 и 30 степени Целзиусови. Притисокот и влажноста на воздухот исто така се пропишани. Кога ќе се исполнат овие предуслови стартува нормираниот возен циклус, кого што најчесто го вршат тест возачи на таканаречена пробна рампа со валци. Процедурата трае точно 20 минути, при што хаубата стои отворена и вентилаторите го ладат моторот. Програмата за возење ја одредува компјутерот. Се симулираат чети-

ЛЕВИОТ

Не постои реклама без да биде спомната потрошувачката. Вредностите изгледаат привлечно, уште да беа и веродостојни. Како се пресметува потрошувачката и колку смееме да им веруваме на вредностите?

Fiat Panda Моделската изведба 1.2 8V со мотор со 69 КС, според нормата ECE троши 4,9 литри, додека во реалниот Екотест на клубот ADAC поминува 100 километри со 5,79 литри гориво

50 07/2011

Во реалниот тест на клубот ADAC, потрошувачката е за 20% над декларираната

Ford Fiesta Во верзијата 1.25 со мотор со 80 КС, автомобилот троши 5,6 литри според нормата ECE, додека практичната вредност во еко-тестот на ADAC е 5,98 литри. Резултатот отстапува минимално од вредноста на производителот


ИОТ РАКАВ

Audi A8 Моделот од вишата класа, како A8 4.2 FSI quattro Tiptronic со 370 КС треба да троши 9,5 литри, но ADAC доби вредност од 10,49 литри

Citroеn Berlingo Типот HDI 110 FAP со дизел со 110 КС, во просек треба да троши 5,8 литри, а според ADAC се 6,93 литри

VW Golf Моделот 2.0 TDI со менувач со двојна спојка и 140 КС троши 5,3 литри според ECE, а во еко-тестот на ADAC беа измерени 5,92 литри на 100 километри

VW Passat Како 2.0 BlueTDI со 140 КС, лимузината од средната класа троши 5,2 литри на 100 километри. На тестирањето, ADAC доби 5,56 литри

07/2011 51


Тест Tata Nano Причина за тоа се неколкуте поскапувања на возилото наспроти најавените 1500 евра,

А

втомобил за неполни 1.500 евра – со таа најава индискиот индустриски магнат Ратан Тата ја алармираше браншата во 2008 година. На оваа цена не можеа да се спротивстават дури и автомобилските гиганти како VW, General Motors или Toyota. Поради тоа се крена голема врева околу малечкото возило. Но, како и многу пати досега, првичната еуфорија спласна брзо.

Автомобилот се продава во Индија веќе две години, но по двете поскапувања тој сега чини околу 2.000 евра. Место да предизвика револуција во светот, Tata Nano вози на помошната лента на автопатот. По големата навала во првите месеци, кога купопродажните договори се потпишуваа со извлекување среќки, со текот на времето интересот опаѓаше сé повеќе. Дното беше постигнато во минатиот

ноември, кога само 500 од вкупно 1,2 милијарди Индијци купија Nano. За тоа постоеја и постојат повеќе причини. Поради тоа што фабриката мораше да се пресели кусо пред стартот на производството, монтажата одвај се раздвижуваше. Потоа, при почетокот на продажбата изгореа неколку примероци и внесоа недоверба кај купувачите. Покрај тоа, очигледно е дека поголемиот број Индијци

повеќе сакаат да возат скутер или рикша, отколку што се надеваше Tata. Но, не е сé изгубено. Во последно време, продажбата повторно бележи раст. Во мај се продадоа 6.500 примероци од Nano, со што вкупната продажба од почетокот на годината достигна повеќе од 16.000 примероци. Бизнисот е само едната страна на медалот. Другата страна е техниката, а таа отсекогаш импонирала. Тој што првпат ќе се најде

жуваат од планот ИНДИЈЦИТЕ не се отка ечкото и во да го продаваат мал ги од магазинот Европа. Нашите коле бично ни го Indian Motoring несе тиниот Nano отстапија тестот на ев

И најевтиниот автомобил на светот 54 07/2011


проблемите со производството и испораката, но и слабиот интерес на домашниот пазар

зад воланот на Nano, на почетокот доживува изненадување. За толку малку пари, автомобилчето нуди неверојатно многу, барем на прв поглед е така. Просторното чувство е мошне пристојно. Иако каросеријата изгледа како да е составена во домашната гаража и не поседува ниту една карактеристична линија, во внатрешноста на возилото долго само 3,1 метри и високо 1,5 метар е многу просторно. Четво-

рица патници имаат повеќе простор пред колената и над главата отколку во Volkswagen Polo. Но, затоа, се клечи на седишта кои што се тенки и неудобни и не нудат никаква можност за дотерување. Покрај тоа, амбиентот е сиромашен како соба во евтин хотел. Пластиката е евтина, место касета пред совозачот има два кратера во пластиката, а кокпитот е позициониран средишно. Но, за разлика од некои евтини кинески автомо-

били, тука ништо не се тресе и не тропа, па дури и не мириса на лакови и на разредувачи. За погонот се грижи двоцилиндарски мотор со зафатнина од 624 сантиметри кубни и моќност од 35 коњски сили, вграден одзади. Nano тежи само 600 килограми, но и покрај тоа е потребно многу трпение да се постигне целта. Поаѓањето сé уште некако успева, затоа што првиот степен има екстремно кус преносен однос, но

преодот до следниот степен на расклатениот менувач е преголем. До темпо 100 се потребни 21 секунда, дури и кога малечкиот мотор се тера до ограничувачот на вртежите. На лентите за престигнување на светските автопатишта е потребно човек да има челични нерви. Истото важи и за престигнувањето, доколку има што да се престигне. Поради тесните и малечки гуми, брзината на Nano е ограничена електронски на 105

Најевтиниот автомобил на светот нуди и неколку изненадувања: На минимална должина, Nano нуди повеќе простор за патници отколку VW Polo. Безбедноста е друга приказна

от вози 07/2011 55


Тема Споредба на цени во 60 европски летувалишта

У

ште старите нé имаат учено на тоа. Малото задоволство е скапо задоволство. Тоа важи особено на летниот одмор. Споредните трошоци и малите удобства можат повеќе или помалку да ја оптоварат касата за летен одмор, зависно од земјата во која што се престојува. Тоа го докажа и споредбата на споредните трошоци од клубот ADAC во неколку европски земји. Крема за сончање на брегот на Источното море се нуди за 4,79 евра, додека во Сан Жан де Мон на брегот на Атлантикот чини 24,88 евра. Големи разлики постојат и во цената на изнајмување на лежалка за плажа. Во хрватскиот Умаг задоволството чини 2,07 евра, а во италијанскиот Чезенати-

ко за тоа е потребни до 20 евра. Автомобилскиот клуб ги споредуваше цените во 50 популарни летувалишта во десет европски држави. Прво најдоброто: Најевтина земја за летен одмор е Бугарија. Потрошувачката кошничка на ADAC со 34 производи и услуги за четиричлено семејство тука чинеше 131 евро. За истите производи во Данска, во најскапата земја во испитувањето, семејството треба да плати 206 евра. Веднаш по Данска, втора најскапа земја е Холандија, со 189 евра. Вкупно 21 летувалиште во одделното оценување се оценети како скапи или мошне скапи. Девет места се движат во просекот, оцената евтино е дадена само еднаш, додека оцената мошне

Малите задоволства чинат Споредни трошоци на летен одмор

БУГАРИЈА Свети Контантин Златни Песоци Албена Обзор Сончев Брег

ГЕРМАНИЈА Фемарн Боркум Тимендорф Цингст Лангеог

ТУРЦИЈА Дача Белек Сиде Бодрум Кемер

ИТАЛИЈА Каорле Империа Католика Аласио Чезенатико

ШПАНИЈА Пуерто де ла Круз (Тенерифе) Ел Аренал (Мајорка) Аликанте Моро Хабле (Фуертевентура) Пенискола

ФРАНЦИЈА Сикс Форс ле Плаж Ла Гро ду Роа Бискарос Сен Жан де Мон Калви (Корзика)

ГРЦИЈА Фалираки (Родос) Дасија (Крф) Агиос Николаос (Крит) Кос (Кос) Калитеа (Касандра)

ХОЛАНДИЈА Влисинген Зандворт Ренесе Домбург Берген ан Зе

ХРВАТСКА Омиш Башка (Крк) Умаг Лопар (Раб) Бол (Брач)

ДАНСКА Вејерс Ромо Хвиде Санде Хене Фано

Оцени: ++ многу евтино

58 07/2011

+ евтино о просечно - скапо -- многу скапо

Оцена

Шопинг и дополнителни трошоци

Здравје и нега на тело

Информации и забава

Храна и пиење

Краен пласман

Оцена

Шопинг и дополнителни трошоци

Здравје и нега на тело

Информации и забава

Храна и пиење

Краен пласман

Споредба на 60 летувалишта во Европа


Споредни трошоци на летен одмор

Евтино или скапо Толку плаќаат туристите во европските летувалишта*

Капучино Сончев Брег (БГ)

Опрема за нуркање Ромо (ДК)

Влисинген (НЛ)

Лежалка за плажа Умаг (ХР)

Чезенатико (И)

Крема за сончање Цингст (Д)

Пиво Златни Песоци (БГ)

т скапо

Лопар (ХР)

Сен Жан де Мон (Ф)

Влечки Хвиде Санде (ДК)

Ренесе (НЛ)

Фемарн (Д)

* цени во евра

Летниот одмор може да се претвори во уживање што чини многу повеќе од очекуваното, ако споредните трошоци и малите задоволства се скапи. Овие трошоци се најниски во Бугарија

Споредни трошоци на летен одмор

евтино ја добија девет летни дестинации и со тоа го задоволуваат вкусот на повеќето туристи. Најскапо место за одмор е островот Фано во Данска. Клубот тука плати 217 евра за полна потрошувачка кошничка. За истите производи и услуги, во најевти-

Евтини и скапи земји за летен одмор Податоци во проценти

ното одморалиште во Датча на турскиот Егеј беше потребно да се платат само 121 евро. Клубот го изврши истражувањето на цените во јули и август 2010 во Бугарија, Данска, Германија, Франција, Грција, Италија, Хрватска, Холандија,

Шпанија и Турција. Цените за 34-те производи во потрошувачката кошничка, во четирите категории, храна и пијалок, информации и забава, здравје и нега на тело, како и шопинг и дополнителни производи, се добиени од по три различни продавници. �

Споредни трошоци на летен одмор

Толку чини летниот одмор во Европа Цена на потрошувачка кошница* во евра

Бугарија Турција Шпанија Грција

Хрватска Германија Италија Франција Холандија Данска

Бугарија Турција Шпанија Грција Хрватска Германија Италија Франција Холандија Данска

Просек на тестот* 100%

Состојба: Мај 2011

*Се индексира цената на потрошувачката кошница

* 34 избрани производи


TEMA Најдобрите 10 песни според Chevrolet

ез разлика дали се работи за здодевно секојдневно возење до работното место, за излет до омиленото место во природа или за патување за баба и дедо да видат колку пораснале внуците, постои само еден совршен сопатник за секое возење. Музиката! Зарем постои човек што не ја пушта својата омилена песна на најгласно да го одбележи крајот на работната недела, што не проплакал на срцепарачка балада по болно раскинување или весело пеел со другарите на патот до плажа? Познатиот американски диџеј Лери Луџак има кажано: „Кога купуваш користен автомобил, притискај ги копчињата на радиото. Ако сите станици се рокенрол, голема е шансата менувачот да е расипан.“ Претпоставувајќи ја вечно моќната комбинација од празен пат и песна омилена за сите времиња, не е изненадување тоа што производителите на автомобили мошне сериозно ја сфаќаат акустиката во возилата. Мет Кирш работи како главен аудио инженер за производителот

Најдобрите 10 песни на Chevrolet Најдобрите 10 песни според Мет претставуваат совршен избор во поглед на научниот пристап во дизајнирањето на звукот во возилото. Но, и покрај тоа, песните се одлични и за уживање и тестирање на звукот во сопственото возило. Во продолжение е списокот на десетте песни на Мет, со совети на што треба да се внимава за добивање најдобар квалитет на звукот на репродукцијата во возилото: Packt Like Sardines in a Crushd Tin Box Radiohead Слушај го ударот на басот и прстенот од челичните тапани Bird on a Wire Johnny Cash Слушај колку е јасен карактеристичниот глас на Џони и како неговата гитара звучи природно и без каква било колорација Don't Know Why Norah Jones Слушај колку гласот на Нора звучи природно и центрирано

Кога возењ

Diamonds and Rust Joan Baez Слушај ги моќните вокали и инструментите кои што звучат како да се распоредени по целата бина

Hotel California Тhe Eagles Слушај ја јаснотијата и динамичкиот распон во воведното гитарско соло, како и моќниот ритам на тапаните Boom Boom Pow The Black Eyed Peas Слушај ги моќните и прецизни бас ритми, дури и на најгласно Rock that Body Тhe Black Eyed Peas Слушај ги јасните, интелитентни стихови над моќниот и постојан бас ритам Hide and Seek Imogen Heap Слушај го амбиентот во песната, изграден врз отворени и динамични вокали He Mele No Lilo Mark Keali'i Ho'omalu; Lilo and Stitch Слушај го амбиентот и распоредот на бина со раздвоеноста на детскиот хор од моќниот бас

60 07/2011

Водечките инженери за аудио на Chevrolet даваат совети за песните за тестирање на квалитетот на репродукцијата на звук во возилата

No One Alicia Keys Слушај колку е јасен вокалот на Алиша и колку е просторен звукот во заднината


њето е како песна на автомобили Chevrolet, за марката која што се спомнува во повеќе од 600 песни. Во основа, работата на Мет е да ја смести динамичната музичка бина која што функционира со сите видови на музички жанрови во простор кој што не е поголем од просечна студиска кабина за снимање. „Покрај тоа што претставува дополнителна капка уживање во возењето, музиката е докажан начин да се оттргне стресот од возењето“, кажува Мет. Постојат студии кои што докажуваат дека слушањето музика во возењето ги изострува сетилата, го одржува возачот буден,

па дури се намалува и заморот. „Поради тоа е особено важно да бидеме во можност да создадеме средина која што совршено ги репродуцира инструментите и вокалите што ги слушаме, без разлика дали тие доаѓаат од МП3 плеер или од радиото, додека во исто време свеста ги регистрира звуците што ги произведуваат автомобилите, како и важните работи кои што се случуваат надвор од возилото, а возачот мора да биде свесен за нив.“ Мет го минува поголемиот дел од работниот ден во внимателно слушање на илјадници и илјадници песни на радијата, ЦД и МП3 плее-

рите што се вградуваат во моделите од гамата на Chevrolet. Дури и на најзакоравените аудиофили ќе им биде сосема доволно да пуштат една песна на најгласно. Но, тоа е основа на програмата за тестирање, како своевидна гаранција дека тоа што се пушта во автомобилот навистина е музика за ушите. „Во нашата работа мораме да бидеме сигурни дека системот за забава може да ги издржи најмоќните акорди, пејачите со широк вокален регистар, како и инструментални песни со длабок, затресувачки бас“, кажува инженерот. Времињата се менуваат во технологијата на репродуцирање на музи-

ката. Додека на продажбата на ЦД се уште отпаѓаат околу три четвртини од продажбата на музика во САД, голем и растечки е уделот на музиката која што се симнува од интернет. На глобално ниво, оваа музика постигнува удел од 31 процент, односно 11 проценти во Европа. Поради тоа, дополнителен предизвик за тимот на Мет е да обезбеди дигиталните сигнали да имаат ист квалитет на звук како другите формати, кога корисникот ќе го приклучи својот плеер. „Тоа воопшто не е едноставна работа. Минуваме многу време во работа на дотерување на системите за озвучување во поглед на амбиенталноста и јаснотијата на звукот, за седењето во автомобил како Chevrolet Cruze да звучи како да седиш во прв ред во концертна хала. Тестирањето на аудио системот додека го избирате идниот автомобил може да биде клучен фактор за долгорочното задоволство, исто како проверката на возните својства на автомобилот“, открива Мет. Овој аспект е потпрепен од професионално жири за аудио на Асоцијацијата за конкурентност во мобилната електроника MECA, кое што даде високи оцени за акустичните квалитети на аудио системот во Cruze. „Аудиофилите веруваат дека оценувањето на перформансите на звукот бара критичко слушање, исто како и соодветно мерење,“ кажува Стив Стерн, претседател на асоцијацијата. „Само човечкото уво може да процени колку е природен и веродостоен звукот.“ Но, што е тоа што го одредува квалитетот на музиката? Греши тој што мисли дека уметноста во музиката е во гласноста? Според Кирш, целта не е да се постигне колку е можно поголема бучава, туку се ценат само јаснотијата и дефиницијата. „Многумина веруваат дека најдобрите аудио системи мора да бидат најгласни, но тоа што го одредува квалитетот е динамичкиот квалитет во целото слушно подрачје и впечатливите вокални карактеристики, без разлика дали слушате џез или Р&Б. Во многуте години минати во слушање на сите видови на музички типови и стилови, имаме неколку песни кои што секогаш ги пуштаме со цел да ја оцениме вистинската акустика на возилото. За нас тоа е еден вид на Најголемите хитови, од технички и од аудиториумски аспект. Секако, тука е фактот што се работи за навистина фантастични песни!“�

07/2011 61


Тема Уметничка изложба за зависници од коњски сили

Т

ука се судираат различните светови. Предимензионирана свеќичка за палење претставува фалусен симбол, а на него е припиена гола пинап девојка. Поп-арт уметникот Мел Рамос го прикажа во прекумерни димензии овој потрошен дел на автомобилите голем десетина сантиметри и го доведе во директна врска со сексуалната потенција. Неговото дело наречено Kar Kween е типичен производ на

машките фантазии за автомобилите. Неколку чекори понатаму следува сивата реалност, прикажана преку трезвена глетка на уништени автомобили по претрпен тежок судир. Швајцарскиот полициски фотограф Арнолд Одермат ги улови сцените во 1960-те години со неговата камера, со цел да ги документира фактите. Потребни беа цели три децении да се открие уметничката вредност

во неговите фотографии. Без разлика што постојат големи разлики меѓу овие уметнички дела, сите тие се однесуваат на истиот предмет, на автомобилот. Не постои друг предмет што предизвика толку промени во општеството како автомобилот. Изложбата „Фетиш автомобил“ во Базел ги прикажува тие промени. Во музејот Тингуели, до 9-ти октомври можат да се погледнат 160 експонати од реномирани уметници. Ку-

Bo

Сцените од трките беа инспирација за големите уметници: Франсоа од 1967 година, насликано од Швајцарецот Франц Герш

Дигитализирана верзија од Хорст Бауман на фотографијата од Џим Кларк на трката за Големата награда на Англија во 1963 година

78 07/2011


Не постои друг предмет што го одредува модерното живеење како автомобилот. Тој постојано ги инспирира и уметниците да прават нови дела. Необичната изложба во музејот Тингуели во Базел ја открива врската меѓу техниката и фантазијата

ozam значи постојам раторот Роланд Вецел ги соедини во широк круг експонатите од неколку епохи. Таму има простор за поп-арт, исто како и за футуризмот или за уметничката фотографија. Карактерот на фетиш секој пат игра доминантна ролја, но и трансформацијата во начинотна гледање на автомобилот не останува сокриена.

Почетокот на 20-от век се карактеризира со речиси детска одушевеност од техниката и од вербата во големиот напредок. Каросериите и моторите развија сопствена естетика, а луѓето се насладуваа во фантазиите за урбаната иднина. Во 1913 година италијанските футуристи се обидоа преку нивните слики да го прикажат волшебство-

то на брзината и да ја уловат светлиниата на светкавиот хром. Американските уметници ѝ се посветија на темата со уште поголем интензитет. Тоа воопшто не треба да зачудува, затоа што автомобилот на тие простори претставува дел од животниот ентузијазам како на никое друго место на светот. Таму бунтовничката

младина се среќава на ноќни крстосувања на булеварите, додека осамените паркиралишта служат како прибежиште за вљубените. Драјв-ин рестораните се пронајдени во САД, исто како и авто-кината и патиштата со пет или шест ленти. Цели генерации Американци се неразделно поврзани со автомобилот. Воените ветерани го донесоа

Автомобил низ призмата на футуристите. Како да се наслика брзината? Вака изгледа претставата на Џакомо Бала од 1913 година

Автомобилот како машина за смрт: За правилно да се воочат жртвите во „Оптичкиот судир“, ситопечат од Енди Ворхол од 1962 година, потребно е да се стават 3Д очила

07/2011 79


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.