Klub Mobiliti (Noemvri 2015)

Page 1

2.2015 од 15.11. до 15.1 МСКА Бесплатна ЗИ озило проверка на в ови за амсм член

НОЕмври 2015 • Бр. 18

електронско членско списание

Dacia Dokker Stepway 1.5 dCi 90

Мултифункционален семеен авантурист Тест на зимски гуми

Факторот на влажност е услов за безбеден сообраќај Светско првенство во Формула 1

Шампионите одат на викенд

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) д-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг Лектор: Момент Мал Тираж: 10.000 примероци

ВНИМАТЕЛНО ПРИ ИЗБОР НА ГУМИ! На праг е зимската сезона и ќе се менуваат условите на патиштата. Влажните и лизгава коловози ќе станат наше секојдневие, а возењето по нив, особено ако возилото не е подготвено може да биде непријатно, а понекогаш и опасно. Од 15 ноември стапува во сила обврската за поседување зимска опрема и возачите треба да се погрижат за пневматиците на своето возило, што ќе им биде дополнителен предуслов за безбедно и сигурно возење. Летните гуми ќе мора да се заменат со зимски. На прв поглед сите гуми се некако многу слични, но, сепак, меѓу нив има големи разлики: особено внимавајте за кои ќе се одлучите, односно дали тоа што ќе го изберете ќе одговара за вашето возило. Кога купувате гуми секогаш сте пред тешка задача, бидејќи не можете веднаш да го утврдиме нивниот квалитет, кои им се слабите својства и сл. Дури и ознаката за влажна подлога, единствениот критериум што го дефинира нивниот квалитет, не може многу да каже. Резултатите од тестот на зимски гуми што го направи австрискиот клуб ÖAMTC, при што се тестираа 35 гуми во две димензии, јасно покажаа дека случајниот избор на зимски гуми никако не е добра опција. Изненадуваат крајните резултати дека само пет од нив се оценети како добри и нивната употреба е препорачлива, четири добија слаб рејтинг и не може да се препорача нивната употреба, за една гума била дадена несоодветна процена, 25 од нив се оценети како задоволителни и нивната употреба е препорачлива. Затоа препорака до сите возачи: внимавајте при изборот на пневматици и информирајте се за сите нивни карактеристики и својства. Потрагата за гума со максимално висока оцена и понатаму трае. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2015 година, во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернетизданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


С ОД Р Ж ИН А

НОВОСТИ златна годишнина за „транзит“ порше македонија ја претстави новата генерација на CADDY и t6 13 враќање на популарниот tipo

ИСТОРИЈА 34 две децении на проектот „застава 103“

АВТО-МОТО 16 враќање во иднината за легендарниот „М“ 18 мултифункционален семеен авантурист

HI-TECH 38 камелеон на електричен погон

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 20 факторот на влажност е услов за безбеден сообраќај

40 паже подклеклна на притисокот на мур

познатите како членови на амсм 28 тренди и во стил, секогаш на поубавата страна на животот

48 совршен подарок од светскиот шампион

8 9

стил 36 добијте сÈ што ќе посакате без ниеден збор

СПОРТ 42 јас ги правам нештата поинаку 44 шампионите одат на викенд

патување 30 иднината се живее во сегашноста

8 16

22

30 44

40 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


новости Велика Британија Забрана за пушење во автомобил во кој има деца Од 1-ви октомври 2015 година, во Велика Британија е забрането пушење во автомобил во кој има деца. Ова се однесува и на возачот и на совозачот.

Франција Нови правила за возењето во Франција во врска употреба на слушалки Како прекршок за секој возач (вклучувајќи и велосипедисти) ќе се смета употребата на слушалки при возењето.

ПАТАРИНА (тунели)

Возила до 2м височина и вкупна маса до 3.5t Class 2: Возила од 2 до 3м височина и вкупна маса до 3.5t Class 3: Возила со 2 оски и повисоки од 3м или со вкупна маса над 3.5t

6.60 EUR 13.50 EUR 22.10 EUR

Class 4: Возила или комбинација на возила со 3 оски или повеќе повисоки од 3м, или со вкупна маса над 3.5t Class 5:

36.30 EUR 4.00 EUR

моторцикли

Maurice Lemaire

Class 1: возила со височина до 2m и со вкупна тежина до 3.5t со или без приколка

8.00 EUR

Class 2: возила со височина помеѓу 2m и 3m , со вкупна тежина до 3.5t

17.20 EUR

Class 3: возила со 2 оски и височина над 3m, или со вкупна тежина над 3.5t

38.60 EUR

Class 4: возила или комбинација на возила со 3 оски и повеќе, со височина поголема од 3м, или со вкупна тежина над 3.5t

64.70 EUR

Class 5: моторцикли

6

5.60 EUR

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

Class 1:


новости

Франција Envalira Tunnel (Andorra)

Class 1: возила со височина до 2m и со вкупна тежина до 3.5t (до 3 оски – вклучувајќи и приколка)

6.60 EUR

Class 2: возила со височина помеѓу 2m и 3m , со вкупна тежина до 3.5t (2 оски и повеќе)

11.60 EUR

Class 3: возила со 2 оски и височина над 3m , или со вкупна тежина над 3.5t (2 оски)

13.20 EUR

Class 4: возила со 2 оски и височина над 3m , или со вкупна тежина над 3.5t (2 оски и повеќе)

16.50 EUR

Class 5: моторцикли

3.90 EUR

МАКЕДОНИЈА Од 15 ноември задолжителна зимска опрема Согласно новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Притоа, според Правилникот за задолжителна опрема: 1. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од , или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала. 2. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со погон на сите тркала (4x4) претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm, или летни пневматици со минимална длабочина од 4mm, доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон. 3. Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg претставува: - Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6mm, или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. - Автобусите и товарните возила кои неможат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат. Според Правилникот, зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така, според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

7


Новости

Nissan Open 2015

Хуманитарен тениски турнир Nissan Open 2015

В

о тенискиот клуб „АБЦ“ се одржа официјалното затворање на традиционалниот хуманитарен тениски турнир NISSAN Open 2015 и прогласувањето на најдобрите во сите категории. Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на медицинска опрема во износ од 112.500 денари за дечињата од одделот на пулмологија при клиниката за детски болести Скопје. Во форма на чек беа врачени од страна на г. Кирил Калеников - Генерален менаџер на „Аутомотив Груп“(екслузивен застапник на возилата Renault, Nissan и Dacia) на директорката на клиниката за детски болести – д.р Аспазија Софијанова која изрази голема благодарност што оваа компанија пет години по ред го користи своето место во корпоративното опкружување за хумани цели и излегува во пресрет на медицинските центри како Клиника-

50 godini FORD TRANSIT

Златна годишнина за „транзит“

8

та за детски болести. Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на Nissan и во иднина, со цел и понатаму да се придонесува за подобрување на здравјето, соодветно лекување и квалитетен живот на најмалите, како и грижа за здравствениот систем и животната средина. •

П

ред 50 години за првпат се појавува фордовиот модел „транзит“, повеќенаменско комби возило кое го паметат повеќе генерации и комбе кое постои до денешен ден. Златната годишнина на легендарниот модел „транзит“ е уште еден од многуте успеси на Ford, почнувајќи од „модел т“. Популарниот „транзит“ е роден во Англија во производните хали во местото Ленгли. Откако дизајнерите и конструкторите ги понудиле првите цртежи, проектот веднаш бил прифатен, а од тимот бил наречен како „Project Redcap“. Наскоро се било подготвено да се почне со произодството и на деветти август 1965 година излегува првото возило со име „транзит“ (transit) кое подоцна со годините ќе стане единица мерка за тоа како се прави и како треба да изгледа едно повеќенаменско возило, почнувајќи од патничко, преку товарно и сѐ така до комбинирана изведба. Истрајноста и квалитетот на Ford Transit бил докажуван и на надалеку познатата тркачка патека Монца, каде главна улога имаат болидите од формула еден. За да се покаже пред светот колку вреди и што може Ford Transit со новиот дизел мотор, две возила цела недела вртеле кругови на претходно спомнатата патека со брзини достојни за почит во категоријата. При овој тест на издржливост во 1972 година, Ford Transit срушил три дотогашни рекорди на издржливост, изминувајќи повеќе од 16.000 km со просечна брзина од 118,5 км/ч. Од таа дамнешна 1965 година во минатиот век, до денешен ден се продадени скоро 8.000.000 возила, бројка од која на сите производители им се врти во глава. Ford Transit е пример како треба да се гради довербата, квалитетот и традицијата.

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Porsche Македонија

Porsche Македонија ја претстави новата генерација на Caddy и Т6

П

опрецизен дизајн, повеќе простор, намалена потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се само дел од перформансите кои се заеднички за двата нови модели на брендот Volkswagen комерцијални возила. Новите Caddy 4 и Transporter T6 кои се окарактеризирани како моќни, безбедни и дизајнерски унапредени возила, беа промовирани во салонот Volkswagen на Порше Македонија. Денес на бизнисот, полн со предизвици, потребни му се партнери од доверба. Tокму такви партнери, македонските компании, можат да најдат во Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6, економични и целосно прилагодливи на потребите на бизнисот. Volkswagen Caddy сега е поголем, попрактичен и помоќен за сите комерцијални клиенти. Новото Caddy 4 има поголема употребна вред-

ност и атрактивна цена. И двете возила ги задоволуваат строгите ЕУ 6 стандарди, а на клиентите ќе им се допадне големата флексибилност на новите Caddy 4 и Transporter T6. Caddy 4 може брзо да се преобрази од возило со седум седишта до товарно возило со две седишта. Новото Caddy нуди транспортни решенија за секоја ситуација во животот. Бројните иновативни решенија го прават Caddy идеално возило за трговските компании и за компаниите од услужниот сектор. Новиот T6 се истакнува со прецизниот надворешен изглед, додека, пак, ентериерот е изработен според највисоките стандарди, но притоа следејќи ги правилата на практичност. Вградени се голем број на прегради за складирање во кои има место за сè – од мобилен телефон до таблет, чаша за кафе, документи итн. На располагање се и повеќе нови системи за помош на возачот, неколку меѓуоскини должини и неколку различни изведби на висина со што се овозможува за комплетно индивидуално креирање на соодветен модел според намената и потребите на клиентот •

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


Новости

Ferrari

Во чест на „Тур де Франс“

Д

енес велосипедска трка, во минатото автомобилска трка на издржливост, „Тур де Франс“ е легенда меѓу трките на која во 1950-те и 1960-те доминираа моделите на Ferrari. Токму во чест на Тур де Франс, Ferrari на пазарот испраќа лимитирана серија од 799 примероци на својот најнов модел F12tdf (Tour de France). Моќта доаѓа од доработениот 6.3 литарски V12 кој испорачува 780 КС и 705 Nm. Тие се пренесуваат преку преработен менувач F1 DCT кој има покуси времиња на менување за вредни 30%. Дополнително каросеријата е олеснета со користење на карбонфибер и тежи 110 kg помалку. Управувањето е на сите четири тркала со што значително се подобрува минувањето низ свијоци. Набиен со технологија F12tdf од место до 100 km/h спринтува за 2,9 сек., до 200 km/h за 7,9 сек., а максимумот му е на 340 km/h. Застрашувачките перформанси заслужуват и соодветни сопирачки кои се способни од 100 до 0 km/h да сопрат за 30,5 метри, а од 200 до 0 за 121 метри. Податоци од кои треба да се замисли и оригиналот F12 Berlinetta. •

Rezvani

Ѕвер од новиот континент

М

алку познатата американска компанија Rezvani Motors која може да се пофали со рачна изработка на автомобилите го најавува најмоќниот модел во својата скромна понуда. Серијата Beast или Ѕвер ja сочинува еден модел во две изведби купе и кабриолет, а наскоро се очекува и негова екстремна варијанта означена како Beast X. Моделот е изграден од панели на карбон-фибер поставени врз монокок шасијата на Ariel Atom. Има специфичен агресивен дизајн кој никого не остава рамнодушен. Централно поставен стои 2.4 литарски бензинец на Honda кој со помош на турбо натполнење остварува 300 КС во кабриолетот и 500 КС во купето. За новиот Beast X моќноста му е подигната на 700 КС со помош на два турбо полначи на Garett. Какви ќе бидат перформансите на Rezvani Beast X сѐ уште не се знае, но ако 750 kg тешките кабриолет и купе успеваат од место да уловат 96 km/h за 3,5 односно 2,7 секунди што останува да се случи со екстремниот Beast X кој пакува 700 коњски сили. •

10

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Mazda

Ванкелот повторно врти во Хирошима

И

ако после девет години производство, од 2003 до 2012 година, Mazda го повлече RX-8 од пазарот без соодветен наследник, работата врз развој на ротацискиот мотор Ванкел не сопре. Меѓу причините поради кои RX-8 порано си замина од сцената е и неможноста да достигне некои еколошки норми. И кога светот подзаборави на ротацискиот мотор, Mazda повторно го најавува на голема сцена. Новоразвиениот Ванкел ќе ја носи кодната ознака SKYACTIV-R и за сега е поставен под хауба на купето RX-Vison, кое како концепт е најава за новиот сериски спортист на Mazda. Тоа би требало да се појави на пазарот за околу две години. Ќе биде создадено според новата филозофија на Mazda, SKYACTIV и ќе го носи препознатливиот дизајнерски стил Kodo. RX-Vison е долг 4389 mm, широк 1925 mm и висок само 1160 mm. Првичната идеја за хибридна варијанта е напуштена во корист на турбо натполнење кое ќе му донесе околу 300 КС. Менувачот ќе биде рачен или автомат со две спојки. Сериското производство е најавено за 2017 година. •

telekomunikacii

internet

telefonija

neotel.mk

|

iznajmeni linii

hostirawe

• www.amsmklubmobiliti.mk (02)11/2015 55 11 155 | (02) 55 11 188

11


Новости

Mini Convertible

МИНИ без покрив

К

ако е створена автомобилската класика со име „мини“? Вратете се наназад пет децении и разгледајте ги времињата оттогаш до денешен ден, а најдобро ќе биде лекција да ви одржи некој што го поседувал автомобилот во тоа време. Животниот век на првиот „мини“ е помеѓу 1959 - 2000 година. Тој облик и таа страст кон малиот автомобил наменет пред сѐ за широките народни маси, стана единица мерка за класика, за нешто посебно и оригинално. Подоцна, производителот БМВ го купува и го обновува моделот. Малку беше несвојствено со драстичното зголемување на димензиите, но и тоа помина и сега сите го препознаваат дизајнот на Алек Исигонис преку новиот стар дизајн. Минатиот месец бевме на „пат“ кон претставување на новиот отворен модел – мини кој ја доби новата популарно наречената „конвертибл“ изведба, наменета за сончевите и топли краишта на планетава. На премиерата беа прикажани три изведби, MINI Cooper Convertible, MINI Cooper D Convertible и MINI Cooper S Convertible, односно најбрзите и најопремените во своето јато. Во детали ќе пишуваме во следниот број, во новогодишното издание.•

Bentley EXP 10 Speed 6 concept

Златен медал за новиот концепт

К

ога концептот EXP 10 Speed 6 се појави за прв пат пред светската јавност, предизвика позитивни коментари. Во тие денови Женева беше градот во кој најмногу се зборуваше за новиот дизајн на Bentley и неговиот нов модел во концепт изведба, како што изјави главниот дизајнер Сангјуп Ли, додавајќи дека тоа е дизајн што иако е нов, сепак ја отсликува бентлиевата препознатлива линија и класичниот британски изглед. Токму овој дизајн на новиот концепт Bentley EXP 10 Speed 6 минатиот месец доби највисоко признание за дизајн во категријата за транспорт, златно, а е доделена од Германскиот дизајнерски совет. Инаку, овој дизајнерски натпревар е еден од најценетите во светот и не воопшто чудно што во жирито се наоѓаат најголемите имиња кои го задолжиле човештвото со своите креации. Дилемите се веќе минато и сѐ е поизвесно дека во иднина автомобилите со името Bentley, ќе ја носат новата, но сепак препознатлива линија која во себе сепак ја има строгата спортска класика негувана еден век. •

12

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

FIAT Tipo

Враќање на популарниот Tipo

К

ога фиатовиот концепт се појави премиерно годинава во мај на Салонот за автомобили во Истанбул, го носеше името „Aegea“. Тогаш се шушкаше дека моделот „линеа“ добива наследник. Сепак, веќе добро познатото име на некогаш успешниот модел „типо“, повторно е во игра. Есенва Fiat обелодени дека проектот „егеа“ всушност е „типо“ во сериско издание (модел). Не само производителот туку и името кажува дека тоа е автомобил од сегментот „ц“, во кој припаѓа и Tipo, еден од највредните и најупотребливите модели во семејството Fiat. Класичната лимузина ги има следниве димензии: 4,5 метри должина, 1,78 м ширина и 1,48 висина, со меѓуоскино растојание од 2,64 м и со зафатнина на товарниот простор од 510 литри. Автомобилот ќе го задвижуваат четири агрегати, два бензински и два дизел MultiJet од втората генерација, со распон на силината од 95 до 120 КС. Силината од моторите се пренесува на предната оска преку обичен и автоматски менувач, во зависност од моторот. Како и сите денешни автомобили и FIAT Tipo ги има сите електронски „играчки“, од типот на екран со функција на допир, паркинг камери со сателитска навигација, говорно повикување на телефонски број и бирање музика итн.

Новото Tipo ќе се произведува во најголемиот истражувачко производствен центар кој се наоѓа во Бурса, Турција. Само за „домашниот“ пазар автомобилот ќе носи име Aegea, а за останатиот свет ќе важи името Tipo. Продажбата ќе започне следната година на пролет. •

Detroit Electric SP:01

Најбрзиот двосед на планетава

Е

лектромобилите земаат замав во последно време, а тоа, секако, е добро за мајката Земја. Најновиот електромобил што е произведен на планевата е Detroit Electric SP:01, двосед со извонредни особини. Како што наведува производителот Detroit Electric, моделот SP:01 е најлесниот и најбрзиот двосед во светот. Продажната мрежа веќе е зацртана од крајниот север, Исланд и Норвешка, потоа на исток, Азербејџан, Јужна Кореја, Кина и Хонг Конг, а на југот, ЈАР. Во екот на продажбата ќе се отвораат нови продажни места ширум светот. Detroit Electric SP:01 развива крајна брзина од 248 км/ч, изненадувачки голема за така мал автомобил. Сепак неговите 285 КС кажуваат нешто сосема поинаку надополнето со молскавичното забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,9 секунди. Цената на автомобилот ќе биде објавена по божиќните и новогодишните празници. На фотографијата е прикажан првиот примерок како ја напушта производната хала на 29 октомври, во Левингтон, Англија. •

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

13


АВТО-МОТО

ПРЕТСТАВУВАМЕ BMW M2

Враќање во иднината за легендарниот „М”

Екстровертен стајлинг поткрепен со моќен шестцилиндричен бензинец, погон на задни тркала за изразена агилност и подвозје изработено од лесна алуминиумска легура се состојки за максимално возачко уживање.

С

помнувањето на буквата М во контекст на баварскиот филигран BMW буди возбуда во секој автомобилски ентузијаст. Инженерите од M одделот на BMW веќе 40 години создаваат модели по кои погледи се вртат и срца треперат. Историјата започна со BMW 2002 Turbo

кој беше првиот модел што во еден пакет ја спакува филозофијата на BMW да се испорачува одлична возна динамика со извонредна агилност и оптимална контрола. Оваа филозофија на градба започната со 2002 Turbo ја наследи првата генерација на М3 која, и ден денес, важи за модел кој до максимум ја исполнува девизата -задоволство при возење. Развојот на генерациите модели малку ги поместија смерниците кои тргнаа во друга насока, но раководството на BMW на време ја согледа оваа појава и затоа на пазарот ја испрати најновата креација на одделот M, која ќе се продава под ознака BMW M2 Coupe.

ВИСТИНСКА ЕКСПЛОЗИЈА ОД МОЌНОСТ

Смената на генерациите донесе и промена во означувањето на моделите на BMW. Така досегашниот директен наследник

14

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

на оригиналниот М3, моделот 1 Series M Coupe, денес се претвори во M2 Coupe. Раководството во Минхен гордо гледа на својата најнова спортска креација која претставува последен збор кога е во прашање задоволството при возење. За да се постигне наведеното инженерите комплетно го доработиле прославениот 3.0 литарски твин-турбо бензинец кој сега е способен да испорача галопирачка коњица од 370 КС при 6500 врт/мин и масивен вртежен момент од 465 Nm кои стојат на располагање меѓу 1400 и 5560 врт/мин. Кратки удари на влечна сила, дело на функцијата оverboost, го подигнуваат вртежнот момент на 500 Nm расположиви меѓу 1450 и 4750 врт/мин во моменти кога е потребно нагло повлекување. Згора на тоа моторот е способен да се врти до 7000 врт/мин кога електрониката го прекинува дотокот на гориво и го чува од


АВТО-МОТО

тешкото десно стапало на сопственикот. Сето ова е доволно за M2 Coupe да може да спринтува од место до 100 km/h за 4,5 секунди кога моќноста кон задните тркала се пренесува преку шестстепениот мануелен менувач. Доколку сопственикот се одлучи за опционалниот седумстепен роботизиран менувач со две спојки М DCT тогаш времето потребно да се улови темпо од 100 km/h се скусува на 4,3 секунди. Со него доаѓа и системот Launch Control кој при брз старт буквално го катапултира М2 Coupe без капка губење на моќноста преку пролизгување на тркалата. Притоа потрошувачката се движи во рамки од 8,5 l/100 km со мануелен менувач и 7,9 l/100 km со M DCT. Карактеристично за BMW е ограничувањето на максималната брзина од 250 km/h која со пакетот M Driver`s Package добива дополнителни 20 km/h.

СОПИРАЧКИ И УПРАВУВАЊЕ СОЗДАДЕНИ ВО ТРКА

Високоперформансните сопирачки се плод на развојните инженери од тркачкиот оддел. Сопирачките дискови се составени од две компоненти за да се редуцира тежината. Главчината на дисковите е од алуминиум со дополнителни отвори за ладење, додека вентилираните и бушени дискови се од сиво лиено железо. Вака изработените дискови се исклучително отпорни на прегревање и гарантираат исклучителна сопирачка сила во сите услови на возење. Во М2 Coupe предните дискови од 380 mm ги зафаќаат четириклипни фиксни сопирачки клешти, а задните од 370 mm двоклипни фиксни сопирачки клешти. Помошта кај управувањето е електрична со електронска контрола и дозволува креирање на два модуси Comfort и Sport зависно од афинитетите на возачот и употребата на автомобилот. Така е постигнато директно управување со прецизни повратни информации без оглед на ситуацијата, па дури и кога се вози на лимит. Воедно интегрираната функција сервотроник овозможува контрола на нивото на асистенција зависно од брзината на автомобилот.

ВИЗУЕЛНА ЕКСПРЕСИЈА НА ПРИТАЕНА МОЌ

ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА НА ПОДВОЗЈЕ

Основата за врвна возна динамика се цврстата конструкција на каросеријата и малата тежина на конструкцијата на подвозјето. Дополнително важна е крутоста на спојот меѓу елементите на подвозјето и каросеријата. Инженерите на одделот М при конструкција на подвозјето обилно користеле легура на алуминиум. Затоа кај М2 Coupe само попречните водилки, носачите на тркалата и носечките рамки на оските тежат 5 килограми помалку отколку кога би биле направени од челик. Кинематиката на оските со повеќе водили е конструирана така да обезбеди што помали поместувања на тркалата дури и при големи напрегање со што се обезбедува максимално ниво на тракција од кое не би се посрамотил ниту еден чистокрвен тркачки автомобил.

Карактеристичниот мускулест лик на М2 Coupe, олицетворение на дизајнерскиот стил на одделот М развиен под девизата визуелна експресија на притаена моќ прави автомобилот да личи дека „бришка“ 200 km/h дури и кога стои. Агресивниот преден браник со огромни отвори на довод на воздух, набабрените странични криља и задниот браник со интегриран дифузир од кого штрчат четири топа јасно даваат на знаење дека автомобилот е способен да испорача врвни перформанси. Бандажите од лесен метал од 19 инчи обуени во гуми Michelin Pilot Super Sport со димензии 245/35 напред и 265/35 одзади го надополнуваат карактерот на оваа бомба на четири тркала. Со сета содржина набиена во себе, а скроена според филозофијата на градба на одделот М, BMW M2 Coupe не само што е директен наследник на 1 Series M Coupe, тој е и потомок на првиот М – автомобил, оригиналниот Е30 М3, но и на 2002 Turbo, модел кој предизвика вистинска сензација пред повеќе од 4 децении. • Љубомир Анастасовски 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

15


АВТО-МОТО

Dacia Dokker Stepway 1.5 dСi 90

Мултифункционален семеен авантурист Името Stepway го означува рецептот за успех на Dacia. Под овој назив се претставуваат псевдоавантуристичките варијанти на стандардните модели од гамата. Во време кога во мода се кросовери, џипови и разноразни вкрстувања на класи, нормалните и помалку авантуристички модели бараат начин како да и се допаднат на публиката. За таа цел романската компанија одлучи на моделот Dokker да му додели Stepway одело.

Д

околку сте сопственик на мал бизнис, а воедно имате семејство и притоа вашиот буџет не дозволува да поседувате два автомобили, изборот за идеалено возило кое може да ги покрие сите сегменти на севкупно функционирање на семејството и работата, се сведува на некoлку опции од која една е Dacia Dokker Stepway.

Семеен авантурист

Името Stepway го означува рецептот за успех на Dacia. Под овој назив се преставуваат псевдо-авантуристичките 16

варијанти на стандардните модели од гамата. Во време кога во мода се кросовери, џипови и разноразни вкрстувања на класи, нормалните и помалку авантуристички модели бараат начин како да и се допаднат на публиката. За таа цел романската компанија одлучи и на моделот Dokker да му додели Stepway одело. Визуелната разликата на стандардниот модел е забележлива на прв поглед. Самото возило е повисоко за 20 мм, на предниот браник е додаден пластичен дел кој асоцира на метална плоча за заштита на моторот, над тркалата се поставени обраби

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

од црна пластика кои се протегаат по целиот долен дел на автомобилот, а на задниот браник во долниот дел, исто така, има поставено пластичен додаток кој ја дополнува протеренската ориентација на возилото. Надворешните промени се одлично имплементирани во севкупниот изглед и на Dokker му го даваат се повеќе посакуваниот изглед на теренец иако моделот во ниту една изведба не може да се добие со погон на сите тркала. Самиот пакет Stepway подразбира и повисоко ниво на опременост со што секој модел доаѓа стандардно опремен со тркала из-


АВТО-МОТО

ведени од алуминумска легура, светла за магла, кровни носачи, клизни задни врати од двете страни...

Две во едно

Кабинскиот простор на моделот Dokker е изведен по проверен рецепт, голем дел од инструментите и прекинувачите се позајмени од постоечките модели од гамата на Dacia, што во суштина не претставува проблем бидејќи истите потекнуваат од некои модели на Renault. На предните седишта се седи повишено, а простор има во сите правци. Ин-

формациите до возачот доаѓаат преку инструментална табла изведена во комбинација од аналогни и дигитални мерачи. Материјалите кои се употребени во изработката на внатрешноста се од тврда пластика која и по долгогодишно користење нема да покаже знаци на истрошеност. Дека станува збор за нестандардна верзија се забележува и по преслеките на седиштата кој се изработени од посебен материјал и имаат втиснато лого Stepway. Dokker Stepway останува првенствено посветен на моноволуменската практичност. Лизгачките врати 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

овозможуваат исклучително широк пристап до задните седишта каде што удобно може да се сместат 3 возрасни лица. Но, доколку ова возило е единствено во семејството, а се користи и како работно возило тогаш на сила стапува неговиот најмоќен атрибут, багажниот простор. Волуменот на истиот со сите седишта на своја стандардна позиција изнесува масивни 800 литри. Тоа не е сѐ што може, задната клупа овозможува да се соборува по принципот 60:40 и кога таа е целосно легната се добива рамна товарна површина која има волумен од огромни 17


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

3.000 литри од возило кое е исклучително компактно за својата класа и има должина од неполни 4.4 метри.

ЕКОНОМИЧНОСТА Е ПРИОРИТЕТ

Dokker во верзијата Stepway може да се добие единствено со двата најмоќни мотори: 90 КС 1.5 dCi дизел и бензинската изведба 1.2 TCe со 115 КС. Во тестираниот примерок беше вграден дизелскиот агрегат со комон-реил технологија од полиците на Renault кој освен во франциските модели може да се сретне во неколку различни изведби кај возилата на Nissan и Dacia. Со 90 КС колку што ги испорачува се наметнува како одличен избор за секој возач кој од возилото бара економичност, но не на штета на перформансите. Можеби од прва ќе помислите дека агрегатот е мал за возило

18

со габарити на Dokker и тежина од скоро 1.250 кг но, малиот четирицилиндерец одлично си ја врши работата. Самото возило е замислено да биде мултифункционално и повеќенаменско со што само се дополнува карактерот и избалансираноста на моторот. Мануелниот менувач е со 5 степени на пренос кои се прецизно пресметани. Грижата за околината и намалувањето на потрошувачка се прикажани преку системите старт-стоп (го гаси моторот при застанување на семафор) и копчето „еко“ преку кое се овозможува поекономична работа на агрегатот. Перформансите кај овој тип возила се секогаш во втор план, стрелката на брзиномерот застанува на максималните 160 км/ч додека забрзувањето од место на мирување до 100 км/ч трае речиси 14 секунди. Сепак во реални услови на користење овие податоци не влијаат

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Мотор:

Четирцилиндричен, турбодизел

Зафатнина:

1461 см3

Моќност:

90 КС При 3.750 врт/мин.

Менувач:

5 степен мануелен

Погон:

На предните тркала

Потпирање:

Напред: McPherson Назад: Торзиона оска

Сопирачки:

Напред: Вентилирачки дискови Назад: барабани

Гуми:

Напред: 195/55 R16, Позади 195/55 R16

Маса на возилото:

1200 кг

Димензии: Д/Ш/В:

4363х1751х1814 мм

Забрзување од 0 до 100 км/ч:

13.3 секунди

Максимална брзина:

163 км/ч

Потрошувачка град/автопат:

4.2 лит/100 км

Цена на тестираниот модел:

15.500 евра

претерано на возните својства, а како награда на покажувачот за просечна потрошувачка ќе прочитате дека за секои 100 изминати километри ви биле потребни помалку од 6 литри дизел гориво. • Данчо Здравковски


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

Есенски активности за поголема безбедност во сообраќајот ЧЛЕНСТВО

Бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови

Без да вложувате многу труд и време во истражување што сѐ треба да направите за соодветна подготовка на вашето возило за зима, искористете ја првилегијата да се биде АМСМ член и во периодот од 15.11 до 15.12.2015 година направете бесплатна зимска проверка на возилото, која вклучува: • Проверка на антифриз • Проверка на масло и филтер за масло • Проверка на сопирачки и на глицерин • Проверка на осветлување и на акумулатор • Превентивен технички преглед (проверка на амортизери, предница и на возна постројка) • Проверка на компјутерски грешки во возилото со помош на OBD (On-Board Diagnostics) – само во АМСМ-Центар Во рамките на акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, дополнително добивате можност за проверка на геометрија на возило-центрирање на преден и заден трап по специјална цена за АМСМ членови (само во АМСМ сервисот во Скопје-Центар) Проверката можете да ја направите на следниве локации: • АМСМ Скопје – Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран

веднаш до Станицата за технички преглед и • АМСМ Велес.

Закажете бесплатна зимска проверка на АМСМ инфо линија 02/3181-181 и патувајте БЕЗГРИЖНО! Повеќе информации на www.amsm.mk.•

Платете помалку за обука за „Б“ категорија Изборот на „Авто Школа Мобилити“ за обука за „Б“ категорија е рационална и економски оправдана одлука. Еве зошто: • Избирате од повеќето современи возила од марката Volkswagen Polo, Toyota Yaris, Mazda 2, Suzuki Alto, Hyundai i10 или Skoda City Go • Добивате искусен, посветен и професионален инструктор • Добивате квалитетна обука за „Б“ категорија, која од вас ќе направи совесен и безбеден возач • Заштедувате 3.000ден

Искористете го попустот во висина од 3.000 денари и пријавете се за обука за „Б“ категорија најдоцна до 30.11.2015 година. Повеќе информации на www.avtoskolamobiliti.mk или на 02/3181-240 или 02/3181-241. •

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

19


тестови и совети

Тест за зимски гуми за 2015 ÖAMTC

Факторот на влажност е услов за безбеден сообраќај Дали е навистина добра една зимска гума, за тоа одлучува нејзиното однесување на влажност.Започна да важи обврската за зимски гуми. При снег, мраз или голомразица, мора од 1 ноември да се вози со зимски гуми.

Н

ајдобра препорака за купување на зимски гуми e ÖAMTC – тестот за зимски гуми. Заедно со европскиот партнер, клубот тестираше две најпродавани димензии; многу помали возила како Fiat Panda, Toyota Yaris или VW Polo се опремени со тесни 165 –ка гуми и 205 –ка димензија која одговара за широк опсег на компактна средна класа автомобили како на пример Alfa и др. Како што се покажа на тестот од минатата година - најголемиот предизвик за една зимска гума е нејзиното однесување на влажен коловоз. Карактеристиките на гумата се преплетуваат комплексно едни со други, објаснува експертот Фридрих Епел. Зафатот на снегот се подобрува со промена на составот на гумата, кој има негативно влијание на моќноста на брзината, или на кочењето на влажниот коловоз. Тестирани се 35 модели на гуми. Резулатите даваат широк спектар од 25 „препорачливи“ гуми. Пет модела се во групата на „многу препорачливи“, еден модел е во групата „условно препорачлив“ и четири модела мораат да бидат ставени во „непрепорачливи“. Причина за тоа? Кај сите е однесувањето на влажен коловоз.

A4 (највисоки перформанси при тестот) и Dunlop Winter Response 2 ( најдобри перформанси на снег и мраз како и најмала потрошувачка на гориво). „Непрепорачливи “се моделите на Aeolus, Linglong и Mentor (производството на Mentor M200 беше во меѓувреме поставено од производителот). „Црвената“ област се наоѓа кај сите три модела при нивното однесување на влажен коловоз. На најбрзите гуми им требаат 13 метри подолго од 80 на 20 km/h да го достигнат најдобриот модел на гуми во оваа дисциплина (Continental ContiWinterContact TS850).

Димензии 205/55 R16 H

За разлика од помалите димензии, кај кои карактеристиките на мраз за најдобра поставеност се затскрива-

ат, Continental ContiWinterContact TS850 можат со најшироките димензии да се сместат на врвот од ова поле. Continental можат да заблескаат со највисока оценка за на влажен коловоз , на снег и во продажбата, анализира Епел. Само Yokohama W.drive V905 достигнуваат, исто така, најдобра оценка како „многу препорачливи“. Пред сѐ тие покажуваа и најдобри перформанси на сув коловоз. Во широкиот спектар на „препорачливи“, како една добра причина е влажниот коловоз, зошто доаѓа до едно такво вреднување; дванаесет од шеснаесет гуми во оваа категорија на оценување се претставуваат на влажни слабости. Само моделите на Goodyear, Michelin и Semperit ( соодветни слабости на сув коловоз) како и Bridgestone

Димензии 165/70 R14 T

Три премиум – производители можат да ве убедат во сите подрачја. „многу препорачливи“ се Goodyear UltraGrip 9 ( најдобри перформанси на влажен коловоз), Michelin Alpin 20

Без тест на зимските гуми на влажен коловоз, истите не можат да се рангираат

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


тестови и совети

Во тестот на зимските гуми учествуваа 35 модели на зимски гуми

(слабости на мраз) можат да ве убедат на влажен коловоз. Само на крајот од табелата може да се класифицираат; Avon Ice Touring ST; „непрепорачливи“ - „овие гуми би морало да се вреднуваат врз основа на карактеристиките на влажност“, анализираат експертите за гуми на ÖAMTC. Според добавувачите последниот модел е достапен.

ЕТИКЕТА – ФАКТОР. Во продавни-

ца за гуми, сите гуми мора да бидат означени со етикета. Таа треба да

содржи информации за отпор на триење, однесување при кочење на влажен коловоз и бучавост. Класификацијата за кочење при влажен коловоз, сепак, не оди со резултатите од ÖAMTC. Од тестираните модели на 205-ки, само моделите на Michelin и Avon се класифицирани со добро „В“, сите други 17 гуми со „C“. Заедно со Michelin e Conti TS850 („C“-гума) со тестот на ÖAMTC оценети како најдобри гуми за влажен коловоз, додека, пак, „В“ гумите на Avon во оваа дисциплина 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

се на дното. Покрај овие отстапки, ознаката покажува само три области, додека ÖAMTC тестот за зимски гуми ги опфаќа поединечните тестирања и со тоа дава објективен и сеопфатен извор на информации за купување на гуми. Впрочем, обврската за зимски гуми важи до 15 април – до тогаш, ви прпорачуваме добро возење при сите услови на коловозите! • Превземено од �AMTC 21


тестови и совети Тест на брзо возење Тестот на брзо возење го поминаа сите три димензии од сите модели. Удел на критериуми Сув терен 15% (стабилност на возење 40%, управување 40%, сопирање со АБС 20%), влажност 30% (сопирање со АБС 30%, создавање на воден слој помеѓу гумата и површината на патот (aqua planning) – надолжно/право 20%, попречно/кривина 10%, управување 30%, странично водење/круг 10%), снег 20% (сопирање со АБС 60%, стартување 20%, возење 40%), мраз (сопирање со АБС 60%, странично водење 40%), звук 5% (надворешен звук 50%, внатрешен звук 50%), потрошувачка на гориво 10%, абење 10% Индекси на брзина Т: до 190 км/ч, Индекс на оптоварување Ја утврдува максималната способност за носивост на една гума според стандардизираните критериуми. 82; 475 кг,86; 530 кг, 91; 615кг

Тест на зимски гуми 2015: димензии 165/70 R14 T

Goodyear UltraGrip 9

Michelin Alpin A4

Dunlop Winter Response 2

Fulda Montero 3

Bridgestone Blizzak LM001

Continental ContiWinter Contact TS850

сув терен 15%

2,5

2,0

2,4

2,2

2,1

2,0

влажност 30%

1,8

2,5

2,5

2,6

2,7

1,9

снег 20%

2,2

2,1

1,9

2,0

1,9

1,9

мраз 10%

2,5

2,5

2,3

2,5

2,7

2,7

звук 5%

2,9

3,4

2,9

3,1

3,4

3,1

потрошувачка на гориво 10%

1,9

2,2

1,6

2,0

2,0

1,9

абење 10%

2,0

0,5

2,5

2,0

1,5

1,5

Вкупна оцена 100%

2,2

2,2

2,3

2,6

2,7

2,7

****

****

****

***

***

***

+ најдобри за влажен коловоз, добри за сув коловоз и снег и добри за потрошувачка

+ најдобра оценка за сув коловоз и при абење, добри за влажен коловоз и снег

+ најдобра оценка за на снег, најмала потрошувачка, добри за сув коловоз и при влажност

+ добри за сув коловоз и за на снег - лесни слабости за влажност

+ најдобра оценка за снег, многу добри при абење и сув коловоз - лесни слабости за влажност и снег

+ најдобра оценка за сув коловоз и снег, многу добри за влажност, потрошувачка и абење - лесни слабости за на мрас

Критериуми на процена

Препорака на ÖAMTC * Гуми од прва серија; тестираните гуми се од предсерија. Резултатите се проверени пред објавувањето на тестот.

+ су -л за сн

Тест на зимски гуми 2015: димензии 205/55 R16 H

Continental Winter Contact TS850

Yokohama W.drive V905

Goodyear UltraGrip 9

Nokian WRD 3

Bridgestone Blizzak LM001

Falken Eurowinter HS449

Vredestein Snowtrac 5

Fireston Winte hawk 3

Критериуми на процена сув терен 15%

1,9

1,7

2,7

2,1

2,1

2,1

2,2

2,2

влажност 30%

2,0

2,5

2,1

2,9

2,4

2,7

2,9

3,1

снег 20%

1,9

2,5

1,9

1,9

2,0

2,6

2,0

2,6

мраз 10%

2,5

2,5

2,5

2,5

3,0

2,4

2,0

2,8

звук 5%

2,9

3,3

2,5

2,9

3,2

3,1

2,7

3,1

потрошувачка на гориво 10%

1,8

2,1

1,6

2,2

2,0

2,6

1,8

1,8

абење 10%

1,5

2,5

2,5

2,5

2,0

3,0

3,0

2,0

Вкупна оцена 100%

2,0

2,4

2,7

2,9

3,0

3,0

3,0

3,1

Препорака на ÖAMTC * Гуми од прва серија; тестираните гуми се од предсерија. Резултатите се проверени пред објавувањето на тестот.

22

****

****

****

****

***

***

***

+ најдобри за влажен коловоз, за снег и абење, мн добри за сув колввоз и потрошвачка

+ најдобри за сув коловоз, добри за влажност и снег

+ најдобра оценка за снег, најмала потрошувачка, добри за влажност - лесни слабости за сув коловоз

+ најдобра оценка за на снег, добри за на сув коловоз - лесни слабости за влажен коловоз

+ добри за сув коловоз и за на снег и влажност - слаби за на мраз

+добри за сув коловоз - слаба при влажност, снег, абење и потрошувачка

+ многу добри при потрошувачка на гориво, добри за сув коловоз -лесни слабости за снег, влажност и абење

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

***

+ многу добри при потрошув ка, добри сув колов - слаби за влажност, лесни сла бости за н снег и мра


тестови и совети ГРАНИЦИ НА ОЦЕНУВАЊЕ *****

****

***

**

*

0,6 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

положено со ограничување

не е положено

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

Препорака Сув, влажен коловоз, потрошувачка на гориво, абење Брзина

положено

Вкупна оценка

0,6 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

ПРЕПОРАКА НА ÖAMTC: ***** - извонредни **** - многу препорачливи *** - препорачливи ** - условно препорачливи * - непрепорачливи

Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира на вкупната оцена што се пресметува од уделите на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оцени за критериумите сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење и брзо возење не е веќе „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена, редоследот е според абецедата и тоа според називот на производителот

Falken Eurowinter HS449

Uniroyal MS plus 77

Pirelli Winter Snowcontrol S3

Semperit Mastergrip 2

Barum Polaris 3

Firestone Winterhawk 3

Matador MP54 Sibir Snow

Aeolus Snowace AW02

Linglong Green Max Winter HP

Mentor M200

2,1

2,8

3,0

2,5

2,3

2,2

2,6

3,5

3,3

2,7

2,7

2,5

2,3

2,7

3,1

3,5

3,6

5,5

5,5

5,5

2,7

2,1

2,7

2,1

2,5

2,3

2,5

2,3

3,0

3,5

2,3

2,9

2,3

3,0

2,7

2,8

2,7

2,8

2,5

3,0

2,9

3,0

3,4

2,7

3,2

3,3

3,3

3,7

3,3

4,5

2,1

2,2

2,3

2,2

2,3

1,8

2,3

1,9

1,9

2,1

2,5

2,0

2,5

2,5

2,0

0,5

2,0

2,0

2,0

0,5

2,7

2,9

3,0

3,0

3,1

3,5

3,6

5,5

5,5

5,5

***

***

***

***

***

***

**

*

*

*

добрзи за на ув коловоз лесни слабости а влажност и нег

+ добри за влажност и снег - мали недостатоци на сув коловоз и

+ добри за влажност - недостатоци на сув коловоз, помали слабости на снег

+ добри на суви коловози - недостатоци на влажност, послаби недостатоци на мраз

+најдобра оценка при абење, добри за потрошувачка и добри за на снег - слаби на влажна подлога, лесни недостатоци за на мраз

+добри на снег - слаби за влажен коловоз, лесни недостатоци за сув коловоз и мраз

- многу слаби за влажност, слаби недостатоци за сув коловоз, недостатоци за снег и мраз

+многу добри при потрошувачка - многу слаби за влажен коловоз, слаби за сув коловоз и снег

+најдобра оценка при абење - мн слаби на влажен коловоз, слабости за на снег и марз, лесни слабости за на сув коловоз

ne er k

и вачи за воз а т, ана аз

Fulda Kristall Control HP

Barum Polaris 3

BF Goodrich g-Force Winter

+ добри на снег и сув коловоз - недостатоци на мраз, лесни недостатоци при влажност

Michelin Alpin 5

Sava eskimo hp

Semperit SpeedGrip 2

Kumho Viking Kleber Wintercraft SnowTech 1 Krisalp HP2 WP51

Toyo Snowprox S953

Avon Ice Touring ST

2,5

3,2

2,3

3,2

2,5

3,2

3,0

3,3

2,5

2,4

1,9

3,1

2,9

3,2

2,0

3,2

2,4

3,3

2,9

3,4

3,5

4,8

2.4

1,9

2,5

1,9

2,3

1,9

2,2

2,0

2,5

2,9

3,2

2,8

2,5

2,5

2,2

2,8

2,3

2,5

2,0

2,8

3,3

3,3

3,7

2,7

3,5

3,7

3,5

2,9

3,0

3,7

3,7

4,0

3,8

1,9

1,9

1,7

2,4

2,0

2,4

2,3

2,1

2,1

1,8

2,4

2,0

2,5

1,5

2,5

2,0

2,5

2,5

2,5

1,5

2,5

2,5

3,1

3,2

3,2

3,2

3,2

3,2

3,3

3,3

3,4

3,5

4,8

***

***

***

***

***

***

***

***

***

***

*

+ многу добри при потрошувачка, добри за сув коловоз И снег - слаби за влажност, лесни слабости за на мраз

+ најдобра оценка за снег, добри за потрошувачка - недостатоци за на сув коовоз,мали недостатоци на влажна подлога

+ најдобра оценка при абење,многу добри при потрошувачка, добри за на сув коловоз и снег - недостатоци на влажна подлога

+ најдобра оценка за влажност и снег - слаби за на суви коловози

+ добри на суви коловози и снег - недостатоци на влажност, послаби недостатоци на мраз

+ најдобри на снег, добри на влажен коловози - слаби на сув коловоз

+ добри на снег - слаби суви коловози и при влажност

+ добри на снег - недостатоци на сув коловоз, лесни недостатоци при влажност

+ најдобра оценка при абење, добри на сув коловоз и снег на суви коловози - слаби при влажност, помали недостатоци на мраз

+ мн добри при абење, добри на сув коловоз - слаби на влажен коловоз и мраз, лесни слабости за на снег

+ мн добри за сув коловоз - Мн слаби за влажен коловоз, слаби за снег и мраз

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

23


вие прашувате

• Дали може во исто време да бидам сопственик на Класик членство и на Европа Премиум членство. Ме инетерсира бидејќи сакам да патувам во странство, па ми го препорачаа Европа Премиум членството. Доколку може дали ќе треба да го поништам Класик членството или постапката е друга? Поздрав,Снежана

АМСМ: Бидејќе веќе сте корисник на АМСМ Класик членскиот пакет и планирате да патувате и од таа причина имате потреба од АМСМ Европа Премиум членскиот пакет, имате можност да ги поседувате и двата членски пакета. Во овој случај имате два активни членски пакети и можете да ги искористите услугите кои ги нудат и двата АМСМ членски пакети. • Ве молам да ми одговрите дали постои можност да извадам таблички за моето возило на кое ќе го пишува моето име и надимак? Благодарам, Дарко АМСМ: За жал, во Република Македонија не постои законска можност за издавање на регистарски таблички на кои ќе стои име или некој друг текст. Изгледот, димензиите, како и составот на регистарската табличка е предвиден во правилникот за регистарски таблички и никакви дополнителни промени не се дозволени. Постои заинтересираност за ваков вид на таблички, но процентуално ваквиот број е многу мал. За сите други прашања во врска со технички прегледи на возила, регистрација на возила како и за сите други дејности што ги врши АМСМ Ви стоиме на располагање.

• Дали новите возчки дозволи важат исто како меѓународни дозволи за патување во странство? Поздрав, Андреј

АМСМ: АМСМ: Новата возачка дозвола е само замена на старата возачка дозвола изработена согласно новите европски стандарди. Новиот изглед не и дава карактер на меѓународна возачка дозвола. Новата возачка дозвола се користи во границите на Р. Македонија, а за патување во странство потребно е да се поседува меѓународна возачка дозвола која чини 845 денари (да понесете со вас 2 фотографии 45мм х 35 мм и националната, македонска возачка дозвола). Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот e-mail contact@amsmstp. mk или во контакт центарот на АМСМ на следниот телефон +389 (0)2 3 181 181, а исто така, можете да ја посетите нашата web страна www.amsm.com.mk • Ме интересира кои документи ми се потребнио за да извадам одобрение за уоправување со туѓо моторно возило(возилото е на татко ми), и колку е неговата важност? Исто така, ме интересира колкава е неговата важност и колку е цената на документот? Поздрав, Менсур

АМСМ: Потребни документи за вадење на одобрение за управување со туѓо моторно возило(ОТВ) се следните: 1. Важечка лична карта на сопственикот на возилото, /може и патна исправа(пасош)/, 2.Важечка патна исправа(пасош) на

корисникот на возилото, 3. Сообраќајна дозвола за возилото. Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија се издава само на возила регистрирани во Република Македонија на основ на важечка сообраќајна дозвола, а неговата важност е 1 (една) година, со тоа што тој рок може да биде и пократок, доколку тоа го бара сопственикот на возилото и важи за неограничен број на патувања надвор од границите на РМ. Рокот на важност на ОТВ не се сврзува за датумот на важење на регистрацијата на возилото, но истот се сврзува за датумот на важење на патната исправа.Цената на Одобрението за управување со туѓо моторно возило надвор од Република Македонија изнесува 485,00 денари. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 24

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите

Ќе патувам низ Европа... каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка?

Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја, но и во нашата држава. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во продажното место SyC! каде што ќе ја препознаете налепницата со логото Show your Card! на самиот влез, Вие ќе добиете од 10% до 50% попуст.

Достапна каде било во Европа, САД и во Канада, програмата Show your Card! или накратко SyC! ви нуди ексклузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и заштеди во познати светски синџир-хотели, рентакар агенции, туристички атракции и во повеќе од 25.000 продавници само во Европа. Сè што е потребно за да ги користите попустите Show your Card! е да покажете членска картичка со логото SyC!. ВИЕНА Madame Tussauds Повеќе од 150 години музејот Мадам Тисо во Виена изложува восочни фигури на познати личности од областа на спортот, филм, политика итн. SyC! членовите добиваат 20 % попуст на билетите.

City Airport Train За само 16 минути од центарот на Виена до виенскиот аеродром и обратно. City Airport Train работи од 05:36 am до 23:36 pm. До City Airport Terminal лесно можете да стигнете со метро, автобус или такси. SyC! членовите добиваат 1 евро попуст на билетите. АМСТЕРДАМ HARD ROCK CAFE Повеќе од 40 години Hard Rock Café го одржува духот на музиката. Уникатно уживање во храна , музика и неповторлив амбиент. Привилегираните членови на АМСМ добиваат 10 % попуст на храна и безалкохолни пијалоци. HOLLAND INTERNATIONAL CRUISES Амстердам има повеќе од 160 канали и 1000 мостови.

Прекрасни градби и пејсажи насекаде. Доживејте го Амстердрам како што заслужува, тура по вода низ градот со Holland International. 20 % попуст по лице на "100 Highlights Cruise", едночасовна тура.

АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

и попустот е Ваш!

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

25


амсм

Зачленете прија

ЧЛЕНСТВО Почитувани АМСМ членови,

Верувајќи дека сте задоволни од услугите вклучени во АМСМ членските пакети и со надеж дека досега сме успеале да ги исполниме Вашите очекувања, ви ја претставуваме програмата „Зачлени пријател“, која овојпат е збогатена со нови и вредни подароци. Преку програмата имате можност да ги зачлените вашите пријатели и притоа да изберете еден од понудените подароци, или да изберете купон за попуст за наведените „Black&Decker“ производи.

26

КАКО?

УСЛОВИ

1. Исечете го купонот и уредно пополнете го со податоците за новиот член што го зачленувате (за нов член се смета секој што најмалку една година не е активен АМСМ член или никогаш до сега не бил АМСМ член). 2. Пополнетиот купон донесете го во АМСМ Скопје – Центар, во секторот „Членство“. 3. За секој зачленет пријател, изберете еден од бесплатните подароци или наместо подарок, подигнете ваучер за попуст за 30% на понудените „Black&Decker“ производи.

1. Право на подарок или на ваучер за попуст имате само доколку сте активен АМСМ член. 2. Доколку зачлените 3 или повеќе пријатели и притоа не подигнете подарок или купон за попуст, добивате можност за бесплатно продолжување на вашето АМСМ членство. 3. Програмата „Зачлени пријател“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

ател и изберете подарок! ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК:

или

ВАУЧЕР ЗА ПОПУСТ: 7.999 ден. 5.599 ден.

УСБ полнач за во автомобил

Чистач на пaреа 1600W

3.799 ден. 2.659 ден.

Аку. правосмукалка 7.2V

Капа Заштитна фолија за сонце

3.599 ден. 2.519 ден.

Сет аку. одвртувач 3,6V со прибор и куфер

Лежалка за плажа

Чадор за дожд

2.999ден. 2.099 ден.

Сет автоправосмукалка 12V со додатоци

Кулер торба

6.499 ден. 4.549 ден. Перач под висок притисок 110 бара.

1.999 ден. 1.399 ден. Парна пегла 2000W

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

27


познатите како членови на амсм

Интервју со Елена Стефановска – водител

Тренди и во стил, секогаш е на поубавата страна на животот

Љубовта со телевизијата се роди на мои 12 години, уште тогаш почнав да работам детски емисии, паралелно имав и радиски ангажмани со радио детски емисии. Професионален и сериозен пристап кон телевизиското новинарство, на националните телевизии имам од 2003 година. Убаво ми е во телевизијата, ја сакам, живеам со неa, вели Елена Стефановска.

• Елена Стефановска е дипломиран новинар на државниот универзитет. Од кога датира желбата за новинарството и кои се почетоците во вашата кариера? Стефановска: Посакував ама не мислев дека ќе ми се случи телевизијата и новинарството во мојот живот. Како дете мислев дека ќе станам пејачка, настапував на детски фестивали, пеев низ маалото, а микрофонот и водителството ми беа пропратни работи. Љубовта со телевизијата се роди

28

на мои 12 години, уште тогаш почнав да работам детски емисии, паралелно имав и радиски ангажмани со радио детски емисии. Професионален и сериозен пристап кон телевизиското новинарство, на националните телевизии имам од 2003 година. Убаво ми е во телевизијата, ја сакам, живеам со неа. За неа велат дека е медиум во кој тешко се влегува, но уште потешко се излегува. • Она по кое сите Ве препознаваме е емисијата “Живот со стил” која се еми-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

тува на 24 Вести, која внесе свежина во македонскиот медиумски етер...Преку вашата емисија сите ние се запознавиме со јавните личности и дознаваме многу повеќе за нив од една страна, но од друга страна нивните животни приказни ни се пример за амбиција и истрајност во нештата...Од каде идејата и како започна сѐ? Стефановска: „Живот со стил“ е мој втор авторски проект и ја има својата петта сезо-


познатите како членови на амсм

на. Првенчето „Вива магазин“ ми донесе доверба кај публиката во однос на совети за здравје и убавина, интервјуа со познати личности во Македонија. Меѓутоа, после 3 години, некако се заситив од „Вива магазин“ и имав потреба од нешто посериозно, нешто што го нема во понудите на програмската тв шема, нешто што ќе го задржи вниманието на гледачот. По мала психолошка пауза од неполна година, се роди идејата за „Живот со стил“ со главна цел да ја подигнеме свеста за живеењето, и да ги потсетиме луѓето дека е навистина важно да бидат насмеани и среќни. Да ја пронајдеме убавата страна на животот, а познатите своите ставови, размислувања и погледи кон светот да ги споделат со публиката. Јас искрено се трудам да ги следам новитетите кои го збогатуваат нашиот секојдневен живот и да го пренесам на публиката во Македонија. Се трудам секоја емисија да има различна приказна, добра содржина. Ме радува што „Живот со стил“ и во својата петта сезона има постојана публика. • За многу кратко време се издвоивте од останатаите со својот имиџ и работење на себе...Колку инвестирањето во себе и тоа што го сакате помага да се качувате по нагорните скалила во животот? Стефановска: Многу е важна филозофијата на живеењето. Секој точно мора да знае кој е, што сака да прави и како да успее во животот. Честопати ќе кажам дека: „Човекот е сам на овој свет, сѐ дури побрзо го разбере тоа, толку полесно за него“. Но, во секој случај во животот некогаш по сопствена желба, а друг пат и заради интерес, или можеби затоа што морате, треба да побарате помош од друг, да соработувате, да се дружите, да сакате...Ако верувате во тоа дека основата на среќата

е да се има нешто да се работи, некого да сакаш и на нешто да се надеваш, со вербата во себе, упорност, реална проценка на сопствените можности и поставување пред себе на реални остварливи цели - ќе успееш. Кинезите имаат една умна поговорка: „Најважно е во животот да ја одредите целта, а начини да стигнете до неа има повеќе“. И јас ете во животот секогаш наоѓам начини да ги реализирам сопствените цели. Да, јас сум Елена Стефановска и знам дека го можам тоа. Ви благодарам на Вашите комплименти. • Како и кои се ликови од јавниот живот минаа во вашата емисија? Стефановска: Актерот Раде Шербеџија, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, виртуозот на гитара Влатко Стефановски, хрватската пејачка Јелена Розга, Игор Џамбазов, Венко Андоновски, Северина Вучковиќ, Тамара Тодевска, Нивес Целзијус, Оливер Млакар, Сеад Кочан („Трансмет“), Аделина Тахири, Жарко Луковски („Телеком“), Јани Макрадули, Марјана Станојковска, Оливера Трајковска, Николина Пишек, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Викторија Лоба, Тијана Дапчевиќ, Ванчо Чифлиганец, Лила Филиповска, Гаро Тавитјан, Бубо Каров, Трифун Костовски, Владимир Тодоровиќ („Тинекс“) и многу други. • Изборот го правите сама или имате тим со кој работите? Стефановска: Генерално сама одлучувам во изборот, секако, доколку не сум сигурна се консултирам со мојот тим од продукцијата Мунлајт. • Соработувате со Мила Кадриу-наша дизајнерка која мене лично многу ми се допаѓа со едноставност и ненаметливост...Неодамна носевте нејзина креација на модната недела....Ги сакате ли нашите креатори и колку тие може да ви помогнат, но и преку вас да ги наметнат модните трендови? Стефановска: Имам одлична соработка со нашата дизајнерка Мила Кадриу. Соработувам подолго време и мислам дека нашите дизајнери се број еден во моментов. Нѐ случајно кога ја носев креацијата на Мила Кадриу на Моден Викенд Скопје на мојот Фејсбук профил напишав: „Мислам дека домашните дизајнери се број 1 и немам што да барам понатаму“. Пријатно сум изненадена од нејзината работа, ми помага многу во мојот стил на облекување . Најважно од сѐ е што знам да ги носам тие креации, и тука

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

сме комплетни. Ме прави посебна и убава. •Активна сте во јавниот живот, на случувањето во градов...Колку сето тоа ви помага во работата? Стефановска: Секое мое излегување и дружење ми помага во она што го работам. Жалам што понекогаш не можам да бидам присутна на некој настан од причина што сум зафатена со некоја друга обврска, а е поврзана со емисијата. И постојано си велам: Денот да траеше малку подолго, барем 28 часа... По природа сум многу љубопитна, друштвена, комуникативна и сакам кога разменувам енергија со други луѓе • Често патувате и надвор од земјава, приватно или тоа се службени патувања, на кои реализирате многу интересни интервјуа и преку вашата емисија сакате да ја запознаете публиката и со балканските јавни личности? Стефановска: Еднаш месечно излегувам од државата, ако не се службени патувањата, си ги реализирам приватно. Тоа е мојот издувен вентил кој ми дава инспирација за понатамошна работа. Сакам кога ќе направам некое ексклузивно интервју со некоја јавна личност од Балканот и притоа ја збогатам програмата на емисијата „Живот со стил“. Приватното патување е времето посветено само за себе. • Возач сте...кој е вашиот коментар за нашата сообраќајна култура? Стефановска: Уживам во возењето и повеќе сакам да возам отколку да ме возат, меѓутоа во добри услови на пат, со култура во возењето која за жал ќе мора да се подобри на повисоко ниво. Апел до сите возачи прво нека ги видат моќните пораки од децата до сите учесници во сообраќајот затоа што секое дете заслужува да му се радува на животот. Сведоци сме на голема некултура во сообраќајот и се надевам и молам сите пораки да допрат до сите учесници во сообраќајот за да на крајот бидеме живи, здрави и среќни. • Дали сте АМСМ член и дали знаете дека за вашиот автомобил и вашата безбедност може да се грижат професионалци? Стефановска: Јас сум ваш долгогодишен член и еве ја користам оваа прилика да го изразам моето задоволство од услугите што ми ги нудите и мислам дека како дама до сега сигурно сум била и привилегирана од вашите професионални тимови. •Росана Јанков 29


ПАТУВАЊА

Јапонија, земјата со „вау ефект“

Иднината се живее во сегашноста Доколу барате поинаква возбуда, целосно различна култура, неверојатно вкусна храна подготвена на уметнички начин и многу други нешта посетете јаземјата на изгрејсонцето.

З

емјата на „Сони“, „Тошиба“ и на „Мицубиши“ е светлосни години пред остатокот од светот. Тоа е земја на изгрејсонцето каде што се почитува моментот кога на пролет цветаат овошните дрва. Земјата на најбрзиот технолошки напредок е традиционална во својата основа. Тоа е земја на гејшите, во која луѓето се молат во малите повлечени храмови меѓу огромните облакодери. Јапонија е земја каде што иднината се живее во сегашноста, каде што најинтересна забава за уморните работници во администрацијата, егзекутивци, креативци, научници и други се сакето и караокето, во приватните сепареа во баровите во кои неонските светла се мешаат во сите можни насо¬ки и правци. Името Јапонија означува земја каде што се раѓа сонцето. Таа се протега на архипелаг што го сочинуваат 6.852 поголеми и помали острови. Најпознати, и најголеми се четири: Хјоншу, Хокаидо, Кјушу и Шикоку. Повеќето острови се производ на вулкански ерупции. И највисокиот врв во Јапонија, планина¬та Фиџи, е вулкан. Во Јапонија живеат 128 милиони луѓе, а главниот град Токио, заедно со приградските населби, е најголемиот урбан простор во светот со над 30 милиони жители. Околу 80 отсто од земјата е под шуми и не е погодна за обработување ниту, пак, да се адаптира како простор за живеење. Тоа се должи на климатски¬те промени, мекото земјиште, како и обилните дождови. Територијата на Јапонија сè уште има активни вулкани, а

30

тектонските плочи во околните мориња редовно предизвикуваат земјотреси. Јапонската историја се карактеризира со долги периоди на изолираност, што се должи на делечината и фактот дека е островска земја, без големи контакти и влијанија од копното. Во 1947 година беше усвоен актуелниот устав кога Јапонија стана уставна монархија, задржувајќи ги монархот и парламентот што го избираат граѓаните. Околу 80 проценти од жителите се будисти или шинтоисти (домородно верување што се базира на контактот со природата и сите нејзини елементи обдарени со дух). Но, религијата тежнее да биде синкретична, комбинација од неколкуте верувања што се поклопуваат. Дали некој е будист и шинтоист, најмногу зависи од локалната заедница и храмовите во делот во кој некој живее. Секогаш се внимава во Јапонија. За да не ги навредите вашите домаќини секогаш соблечете ги чевлите кога влегувате во нечиј дом или во соба со сламен под. Благото поклонување изразува почит и тоа се практикува откако ќе се купи нешто во продавница, или ако се запознавате со некого. Јапонија е една од најразвиените земји во светот. Таа е една од најпознатите кога станува збор за научни истражувања, особено во областа на технологијата, машинската индустрија и био¬медицинските истражувања. Според степенот на

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


ПАТУВАЊА

развојот на роботиката, Јапонија е на врвот. Јапонците произведуваат повеќе од половина роботи на планетава. Економијата на Јапонија не заостанува ниту во областа на вселенското инженерство, автомобилизмот, градежништвото...

ТОКИО

Животот во Токио се одвива со фантастична брзина, со енергија што се граничи со манија и со опсесија за откривање нови работи, кои многу брзо не се употребуваат. Модата почнува да бледнее во момент кога некој ги симнува алиштата од закачалката во продавница, а тоа се случува и со мобилните телефони што го имаат најлудиот, најоткачениот и најкичастиот дизајн во светот! Младите сè уште ја почитуваат шинто религијата и редовно оставаат врзани марамчиња да се веат на ветрот, за исполнување

некоја желба и среќа во домот. Сè уште постојат јавни бањи каде што бабите ги носат внуките, исто како што и тие биле носени од нивните баби. И покрај тоа што Токио е непресушен извор на јапонската поп-култура, тој е седиште и на јапонската кралска фамилија, која ужива огромна почит од нацијата. Токио е град што е парадигма за јапонскиот антиконформизам, но и место каде што индивидуалноста е поврзана со една застарена форма на идентитет од затворен тип. Дури и најпопуларниот производ на попкултурата, стриповите манга, се на-следство од традиционалното сликање сцени на дрвени плочи. Во основа, функционирањето на јапонското општество сè уште се одвива врз темелите на милениумската традиција. Токио можеби изгледа сиво и монотоно, но во него се кријат големи изненадувања. Може да видите многу нови хотели, масовни

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

станбени блокови и ултрамодерни бизнис-центри што го комплетираат хоризонтот на градот. Не е исклучено, од друга страна, на врвот од некој облакодер преполн со канцеларии да се крие уметничка галерија со импресивна колекција дела. Мали храмови се кријат под сенката на некоја железничка пруга. Не е чудно ако се види бонсаи градина на балконите од врвот на деловните згради. Токио има одличен систем на јавен транспорт што секогаш е беспрекорно чист и точен во секунда. Дел од железницата е државна, а дел приватна. Очигледен е фетишот кон редот и дисциплината. Трпението и самоконтролата се учат од раѓање. Секој се грижи за сопствениот простор, дома и на работа. Тишината на возовите во метрото во шпицот е чудна, зошто луѓето се движат со невидена ефикасност без да се судрат, а сликата од заспани бизнисмени на станиците е вообичаена. Во преполните метроа каде што луѓето

31


ПАТУВАЊА Храмот Меџи Џингу

Квартот Гинза

се наредени буквално како сардини, Јапонците изгледаат смирено. Надвор од деловните кругови или туристичките квартови, англискиот јазик не се зборува многу. Сè е напишано на јапонски и на прв поглед, туристот може да остане збунет. Но, пријателските и гостопримливи лица на локалното население ја надминуваат јазичната бариера. Токио е рај за купувачите и за компулсивните трошаџии. Трговските центри сериозно го сфаќаат бизнисот и прават сè за уште повеќе да го поттикнат трошењето: од специјално уредување на катовите и продавниците, до пимпување на стоката во стилот на брендот. Јапонската храна е позната во светот. Нејзината разновидност, свежина и квалитет, а да не спомнуваме и специфичен вкус, ја прават единствена. Токио е вистинското место каде што може да се проба сè од јапонската кујна: суши, како закуска, темпура (морска храна со зеленчук пржени во путер), соба (тенка тестенина што се служи како супа или со пикантен сос), удон (супа од подебела тестенина што најчесто се служи со ракчиња, тофу и сос од соја), до комплицирани рецепти со секакви видови месо, риба, јагули... Токио вистински оживува навечер. Секој може да го најде она што го бара. Тука се малите локални ресторани 32

во кои вкусот на храната триумфира над амбиентот, луксузни ресторани, ноќни клубови и дискотеки каде што музичката мешавина достигнува нови екстреми непознати за Европа, меѓу другото, и омилените јапонски - караоке барови. Вечерните часови може да ги искористите за посета на традиционален јапонски театар кабуки, или на вечера во друштво на гејша, на некој бродвејски мјузикл, претстава, концерт на некоја глобална ѕвезда.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОСЕТИ ВО ТОКИО?

Националната градина шинџику е меѓу најатрактивните туристички места во градот. Се протега на 60 хек- тари и во неа има над 2.000 црешови дрва. Овој простор некогаш бил дел од имотот на моќниот водач на кланот Натоки. Кога во 1868 година, почнала да опаѓа моќта на шогуните и да се обновува моќта на императорот, градината станала дел од неговиот имот. Градината има повеќе делови, како што се англиската градина, стаклените бавчи со тропски растенија, француската формална градина, како и традиционална јапонска градина. Секоја пролет, кога се слави цветањето на црешовите дрва, градината е вистински спектакл, тогаш ливчињата го исполнуваат воздухот со розов снег. Храмот Меиџи Џингу е светилиште што ѝ е посветено на религијата 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Шинто. Луѓето се собираат тука за да ги одбележат значајните моменти од животот. Бебињата и штотуку венчаните парови тука добиваат благослов. Храмот е изграден во 1920 година во име на императорот Меиџи (кој ја претворил Јапонија од средновековна во модерна земја), на денот на неговото прогласување за божество. Во рамките на градината се наоѓа и музеј на царското богатство, каде што може да се видат облеката на императорот, разни скапоцени предмети за лична употреба, како и дел од официјалното богатство. Ридот Ропонги е најголемиот урбанистички проект во Јапонија. Комплексот од станбени згради, трговски центри, театри, канцелариски згради, хотели и културни институции се протега на површина од 11 хектари. Тука е сместен и хотелот „Гранд Хајат Токио“ со своите 390 соби, како и телевизиската станица Асахи. Покрај сите овие содржини, тука се наоѓаат и бутиците на Версаче, Луи Витон, Армани... Националниот музеј на модерната уметност е еден од многуте во градот, место каде што се изложени делата од јапонските уметници од XX век, но и од европските современици. Храмот Сенгакуџи е еден од најпознатите храмови во Токио, бидејќи тука се сместени гробовите на хероите на кои им се оддава почит за нивната лојалност, ефикасност,


Ридот „Ропонги“

Гејши

ПАТУВАЊА

Храмот „Сенгакуџи“

едноумие, безмилосност, како и за нивното колективно однесување. Тие живееле и умреле според самурајскиот кодекс, а тие вредности и денес се учат и се практикуваат во Јапонија. Станува збор за кодекс на честа. Кога првиот од самураите, Асано, неправедно бил принуден на самоубиство, 48 негови следбеници (ронини - самураи или ученици), се заколнале дека ќе го одмаздат. Тие го нападнале замокот на виновникот, а инспекторот Кира го обезглавиле и неговата глава ја однеле на гробот на Асано во Сенгакуџи. Според кодексот, и тие требало да си го одземат животот со самоубиство, што се смета за највисока чест. Денес, голем број верници доаѓаат на нивните гробови за да запалат миризливи стапчиња и да им се пренесат молитвите кон предците. Покрај храмот има интересен музеј во кој се сместени околопите, воената опрема, копјата и облеката на самураите. Источната градина на царската палата некогаш била дел од личната градина на императорот. Таа е опкружена со високи ѕидови и се наоѓа во срцето на градот. Многумина ја користат како совршено место за релаксација од стресниот начин на живот во градот. Има големи водни површини населени со риби и водни птици, корморани, при што тие формираат сопствен еко-систем во центарот на еден од најнаселените градови во светот Квартот Гинза e место каде што цената на недвижниот имот е највисока на планетава, а продавниците и клубовите само ја дополнуваат скапотијата. Источниот свет ја споредува главната улица на квартот со њујоршката „Петта aвенија“. Заштитен знак наквартот е стоковната куќа ,,Вако’’ на која се наоѓа познатата саат-кула што

потекнува од XIX век. Кјото е дом на гејшите. Таму сè уште постојат приватни училишта во кои девојките десетина години се подготвуваат за тој специфичен начин на живот. Најблискиот превод на терминот гејша е уметнички изведувач или понекогаш актерка и проститутка. Од XVII век гејшите не се поврзуваат со девојките со сомнителен морал, туку со дамите за придружба. Тие се дел од кабуки театарот, народен театар, со порелаксирана форма и содржина. Гејшата треба да биде образована, да свири на инструмент, да познава традиционални танци и да биде пријатна и шармантна за оној што го придружува За оние љубопитните, Јапонија е земја полна со предизвици. Нејзината богата историја, но и модерниот начин на живеење не го оставаат рамнодушен ниту еден турист. Доколку барате поинаква возбуда, целосно различна култура, неверојатно вкусна храна подготвена на уметнички начин, јазик што воопшто не го разбирате, тогаш, пробајте ја Јапонија која сигурно ќе ве изненади! • редакција „АМСМ Клуб Мобилити“

Националната градина

Национален музеј на модерна уметност

Источна градина на царска палата

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

33


ИСТОРИЈА

Југо Флорида (1988 – 2008)

Две децении на проектот „Застава“ 103

Подгреани од успехот на моделот Југо , кој во средината на деветтата деценија на минатиот век се извезуваше во САД, под строги технички стандарди за тој пазар, преку заедничката фирма„Југо Америка“, во „Застава“ се одлучија да создадат нов модел, кој беше наречен Југо Флорида.

В

о 1987 година под шифрирано име Застава 103 е конструиран нов модел на национален ав¬томобил од повисока класа. Подоцна автомобилот го доби името Југо Флорида. Новиот автомобил ѝ беше прикажан на јавноста кон крајот на 1987 година. Задолжен за дизајнот на автомобилот беше италијанскиот дизајнер Гиуигаро, а техничките решенија и агрегатот беа позајмени од „Fiat“. Во времето кога беше претставен Југо Флорида предизвика интерес како кај домашната, така и кај странската јавност. За тоа време беше автомобил што можеше да биде конкурентен на пазарот со атрактивноста и комфорот што можеше да го понуди. Со појавувањето на Југо Флорида во „Застава“ ги триеја рацете, изјавувајќи дека и тие можат да се пофалат со конкурентен производ на пазарот. Сериското производство стартуваше наредната година. Првиот Југо Флорида од производните ленти излезе на 2 октомври 1988 година. На почеток во автомобилот се вградуваше бензински мотор од 1,4 см³, позајмен од моделот Fiat Tipo. Подоцна се вградуваа и бензински мотори од 1,3 см³ и 1,6 см³. Со сериското производство на Југо Флорида и со добрата маркетиншка офанзива од „Застава“, се успеа толку да се зголеми побарувачката што почнаа да се под34

готвуваат листи на чекање. Но, тоа траеше кратко. Со распаѓањето на некогашна Југославија и со воениот конфликт „Застава“ го стави во втор план производството на автомобилот, насочувајќи ги своите капацитети на производство за потребите на војската. Токму поради овие причини Југо Флорида почна да губи од квалитетот на изработката и возните својства. Фабриката за автомобили од Крагуевац во тој период автомобилите ги произведуваше со многуте кооперанти од просторите на поранешна Југославија. Со новите услови тие ја прекинаа соработката и престанаа со производство и со испораката на делови за овој модел. Менаџерскиот тим на „Застава“ беше принуден деловите што недостасуваа да ги заменуват од сопственото производство, при што не можеше да го задржи потребниот квалитет на поранешните кооперанти, кои беа специјализирани за изработка на одделни компоненти. Купувачите почнаа да негодуваат за многуте недостатоци, се жалеа на крцкање на пластиката при ниски вртежи на моторот, потоа на лошо затворање на вратите, како и на зголемена потрошувачка на гориво. Малку подоцна, врз база на основниот модел, беше направен и модел 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Пик ап кој го доби името Флорида поли. Врз таа основа беа развиени санитетски и комунални возила. Моделот на Југо Флорида на почетокот се извезуваше како новина на некои пазари, но стануваше збор за многу мали количини. Од 1988 година кога почна производството па сè до 2008 година кога во ноември беше произведен и последниот Југо Флорида, беа произведени 29.950 автомобили. Во 2005 година „Застава“ направи обид за благ „facelift“, кој требаше да го подобри квалитетот. Почна со вградување поквалитетни пластични детали во внатрешноста и надворешноста, агрегати позајмени од Peugeot, како бензински, така и дизел мотори со HDI технологија и слично. Сите напори да се врати на пазарот дефинитивно не успеаја. • Андријан Трипунов


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Секој умира сам“ Ханс Фалада

И

з в о н редниот светски успех на романот „Секој умира сам“ од Ханс Фалада трае веќе шеесет години. Целата приказна е врз основа на вистинска приказна за брачниот пар Квангел, „мали" обични луѓе кои се спротивставија на нацистичкиот режим во Германија. Ова познато ремек-дело неодамна го доживеа своето интегрирано, нецензурирано издание во Германија. Во времето на нацистичка Германија, Фалада нè запознава со неверојатната сага на еден работнички пар кој ќе се спротивстави на режимот кога нивниот единствен син е убиен на фронт. Вооружени само со болка, сами против огромната моќ на Рајхот, тие започнуваат едноставна, тајна кампања поради која збеснатиот Гестапо им е зад потпетици... Повеќе од еден возбудлив трилер, повеќе од тажна љубовна приказна, повеќе од врвна литература - ова е всушност длабока, потресна приказната на двајца луѓе кои се бореа против неправдата, но еден за друг. Одлична книга, можеби најдобра за Германците кои се споротивставиле на нацизмот. •

Музика

,,Чирибу Чириба“ Психомодо Поп

Н

јановиот албум на хрватската група Психомодо Поп „Чирибу Чириба“,претставува носталгичен спој на рокенрол од шеесеттите, седумдесеттите години што воопшто не претставува нивен хендикеп. Впрочем и музичката историја на групата покажува дека тие се држат до проверениот рецепт. Неуморниот Давор Гобец и неговата екипа не се откажуваат од класичниот рокенрол. Песните „Супстанца“, „Она лудо пати“, и „Бејби“ имаат потенцијал за освојување на топ листите. Она што е најинтересно на албумот „Чириба Чирибу“ е песната „Киша“, која е всушност Психомодо поп верзија на песната „ Rain“ од Битлси. • Маргита Поповска

Филм

„Паклена кујна “ John Wels

Г

о т в а ч Адам Џонс (Бредли Купер) имаше сè и изгубил сè. Рок ѕвезда со две Мишелин ѕвезди, лоши навики и углед на поранешно „невозможно дете“ на п а р и с к а т а угостителска сцена секој пат нештата ги правел на поинаков начин. Единственото нешто за кое водел сметка е возбудата на создавањето експлозија на вкусови. Но, за да ја добие сопствена кујна, но и третата ѕвезда која ја доделува Мишелин, а која постојано му бега, тој ќе мора да ги придобие на неговата страна најдобрите од нив, вклучувајќи ја и убавата Хелена. Жанр: Комедија, Драма Улоги: Alicia Vikander, Bradley Cooper, Lily James •

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

35


стил

Говорот на телото

Добијте сè што ќе посакате без ниеден збор Говорот на телото е во тесна врска со умот и начинот на кој функционира. Може да нè издаде дури и кога најмалку очекуваме. Во исто време можеме да добиеме сè што ќе посакаме, да ја оствариме својата цел, без да зборнеме.

Е

лизабет Кунке на времето беше актерка. Сега е експертка, специјалистка за говорот на телото и сопственичка на „Кунке комјуникејшн“. Долгогодишното искуство, работата ѝ овозможија да дојде до сознанија што подоцна ги претвори во совети за остварување на целта без да се каже збор. Вели дека и говорот на телото се учи, впрочем како и сè друго. Уште само да знаеме правилно да го користиме и ефектот ќе биде видлив. Затоа е важен за секого. „Без оглед на големите турканици во банките, за плаќање на сметките, па дури и кога нè тера баксуз во некои денови, од проблемите на работа до кавгата со полицаецот поради непрописната брзина, говорот на телото може да ни помогне работите

36

да ги истераме докрај, во своја полза“, пишува Елизабет во една од книгите што ги објавува континуирано. Кунке работи и со жени и со мажи. „Жените сметаат дека се немоќни, дека немаат никакво влијание. Повеќето седат со скрстени нозе. Затоа изгледаат помали, за разлика од мажите, кои седат со раширени нозе и заземаат двојно поголем простор, речиси две седишта. Исто така, жените на интервју за работа ги покриваат градите со книга, папка, што е облик на самозаштита. Тоа не им се случува на мажите“, вели таа.

Ракувајте се цврсто, но не претерано

Кунке се осврнува и на деталите, зборува за дланките (рацете), за очи11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

те, за ставот (држењето) на телото. Ракувањето, на пример, кога се запознавате со некого, може да ве открие, да каже многу за вас, но и за личноста со која воспоставувате познанство. „Зад млитав (слаб) стисок на рацете се крие повлечена жена. Генерално мажите цврсто стегаат со рацете. Оние што претеруваат со јачината се, всушност, несигурни луѓе, кои сакаат да го прикријат немањето доверба во себеси, во сопствените можности и способности. Затоа ракувајте се цврсто, но не претерано. Стисокот ќе го контролирате така што својата лева дланка ќе ја положите на раката на соговорникот. Притоа ќе оставите впечаток на наклоност“, вели Елизабет. Според нејзините совети, раширете ги рацете кога ќе


стил

сретнете некого, бидејќи личноста отспротива ќе добие впечаток дека сте самосвесни, непоколебливи во своите ставови, за разлика од луѓето чии раце се во скрстена положба, кои испраќаат порака на одбранбен, па дури и на одбивен став. „Затоа, доколку сакате да наговорите некого за нешто, а тој седи со скрстени раце, дајте му некој ситен предмет, да се занимава со него. Така побргу и полесно ќе го убедите да ја прифати понудата, на пример. Во друштво на луѓе со кои штотуку сте се запознале, не скрстувајте ги рацете. Држете ги опуштено, покрај телото. На забава, ако почувствувате несигурност, земете пијалак, а чашата фатете ја со двете раце, напред. На тој начин ќе поставите суптилна бариера“, објаснува Кунке. Таа им помогнала на многу луѓе, жени, деца, кои имале проблеми со вербалната комуникација, недостиг на самодоверба итн., да се служат со телото, а неговиот говор да го искористат максимално.

Одржувајте контакт со очите

Очите се огледало на душата. Можеби звучи како застарено клише, но - тоа е факт. Голем број невербални пораки што ги испраќаме со очите се надвор од нашата контрола, па така, луѓето што го познаваат говорот на телото не можеме да ги измамиме, бидејќи знаат што мислиме кога зборуваме. На пример, доколку муабетот нè интересира, очите ќе ни бидат ширум отворени. Постојат и трикови за работите да ги контролираме. „Воспоставете контакт со очите на личноста што ви значи, вклучувајќи го и нејзиното мислење, и одржувајте го. Тоа значи дека шеесет- седумдесет проценти од времето што го минувате со неа треба да ја гледате во очи, директно. Така ќе се чувствува пожелно. Истата тактика ја користат политичарите за да го придобијат народот. Но, ако избегнувате да ја погледнете директно во очи, и тоа намерно, може да ја испла-

шите и да се чувствува непожелно во ваше друштво“, раскажува Елизабет. Затоа внимавајте на однесувањето. Чувствата, ставовите ги откриваме на поинаков начин, преку ставот, држењето на телото. Моќните луѓе, што сакаат да ги држат работите под контрола, стојат исправено, со малку расчекорени нозе. Високите луѓе веднаш го привлекуваат вниманието, поради висината. Автоматски, без да се размислува, кон нив се чувствува почит, додека ниските луѓе мораат да остават впечаток на „висина“. „Голем број политичари се доста ниски, но нивните движења, како тигри, стиснатите дланки (во тупаници) и усни, им помагаат успешно да ја покажат својата моќ. Жените, пак, често знаат да застанат со скрстени нозе, како ножици, мислејќи дека се ноншалантни. За жал, таквиот став испраќа различни пораки, во негативен контекст - мрзеливост, несигурност, потчинетост и сл.

• Игор Ландсберг

Воспоставете контакт со очите на личноста што ви значи, вклучувајќи го и нејзиното мислење, и одржувајте го. Тоа значи дека шеесетседумдесет проценти од времето што го минувате со неа треба да ја гледате во очи, директно. Така ќе се чувствува пожелно. Истата тактика ја користат политичарите за да го придобијат народот. Зад млитав (слаб) стисок на рацете се крие повлечена жена. Генерално мажите цврсто стегаат со рацете. Оние што претеруваат со јачината се, всушност, несигурни луѓе, кои сакаат да го прикријат немањето доверба во себеси, во сопствените можности и способности. Затоа ракувајте се цврсто, но не претерано. 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

37


hi-tech

EO 2 smart connecting car II

Камелеон на електричен погон Господа, живееме ли во време кога електричните возила сосема ќе ги истиснат другите кои користат фосилни горива за задвижување на своите мотори ?

С

ведоци сме на времето кое ќе биде одбележано и запишано во човековата историја како период во кој загадувачите го отстапиле местото на „зелените“ превозни средства. Работата со таканаречените еколошки возила, не тргнува разорно со големи чекори, туку срамежливо и со многу ситни движења. Зошто е тоа така, не знаеме, но вистинскиот одговор го знаат поединците кои од прва рака се вмешани во конструирањето како на класичните, така и на електричните возила. Германија надалеку е позната по својата автомобилска индустрија и својствено на тоа, таа е една од водечките во светот кога се во

38

прашање возила кои користат електрична енергија за задвижување на агрегатите. Сепак тоа не значи дека земјите чија автомобилска индустрија е во почетниот развој, немаат развиено возила на електричен погон. Се „фативме“ за Германија, бидејќи текстов говори за роботизираниот истражувачки центар (Robotics Innovation Center - RIC), а тој е дел од DFKI GmbH (German Research Center for Artificial Intelligence). Најнапред да разјасниме кој е и што е DFKI, а потоа „одиме“ на нивниот производ, повеќенаменско возило наречено „ЕО2 смарт конектинг кар“. Deutsche Forschungszentrum für Künstliche Intelligenz (DFKI) прет-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

ставува центар за развој на вештачка интелигенција. Тие „фраери“ развиваат интелигентни роботи, направи кои умеат да се снаоѓаат и работат самостојно. DFKI има седишта во Кајзерслаутерн, Сарбикен, Бремен, Оснабрик, со центар во Берлин, водечки германски институт за развој и програмирање, а на меѓународно поле, DFKI е препознатлив како „Centers of Excellence", односно тоа е неговото второ име. „ЕО2 смарт конектинг кар“ е електрично возило кое е управувано од најсовремен програмски систем. Покрај ова возилото има способност за видоизменување – да се намали до должина од 1,81 метри, а потоа да се врати во нормала


hi-tech

со 2,58 метри. На пример, возилото пристигнува до местото за паркирање, а просторот е мал и тесен. Во тој случај меѓуоскиното растојание од возилото се намалува и истовремено едната страна од кабината се издигнува нагоре. Во тој случај возилото се намалува за цели 77 сантиметри и паркирањето се одвива дијагонално или странично во зависност од тоа како просторот налага, односно како размислува возилото со својот системски програм (софтвер). Ова не е единствената можност на возилото. Повеќе исти такви возила можат да патуваат споени како воз и ако некое од нив оди во друг правец, тука се прекинува врската, возилото се

исклучува од композицијата оди во саканата насока, а останатите повторно се спојуваат, формираат композиција и си продолжуваат со патувањето. Страшна работа, човек „уплав“ ќе добие да види нешто вакво на автопат. За такви маневри на паркинг и на улица, автопат, потребно е мал милион софистицирани „играчки“ со чија помош возилото безбедно ќе се движи. ЕО2 ги има на претек, почнувајќи од двете камери напред и назад кои покриваат површина од повеќе степени – дури и слепите агли ги гледаат, не се проблем за нив. Двоседот во себе има четири погонски електромотори, на секое

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

тркало по еден и со едно полнење на батериите изминува од 50 до 70 километри, притоа движејќи се со брзина од 60 – 65 км/ч. Сепак за возило со должина од 2,6 метри, 750 килограми се премногу. Материјалите од кои е направено возилото ЕО2 се претешки и затоа движењето е ограничено на скоро 70 км во најдобар случај. Секако дека за големата маса на возилото допринесуваат и батериите кои се најтешки, но засега толкави се можностите(?), ќе видиме што ќе се случува понатаму. Камелеонот ја менува бојата, а ЕО2 ја менува својата форма, должината, се движи речиси во сите правци и згора на тоа има „ум“. • Жарко Атанасоски 39


СПОРТ

Мотокрос слободен стил

Паже потклекна под притисокот на Мур Австралијанецот Клинтон Мур беше круниСан за победник во светската серија Red Bull X-Fighters за сезоната во 2015 година, на последното натпреварување одржано во Абу Даби. Тој победи во финалето со што ја заврши сензационалната сезона во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил со три победи, една повеќе од најголемиот ривал Французинот Томас Паже.

40

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

К

линтон Мур се вивна меѓу бесмртните со победата во светската серија Red Bull X-Fighters за 2015 година, остварена преку драматичниот триумф во финалето на сезоната. Австралијанецот ги сочува нервите во натпреварот на кој победникот добиваше сѐ, спротивставувајќи му се на Томас Паже, светскиот шампион од 2013 и победувајќи го Французинот во нивната блиска битка во четвртфиналето на техничката патека, поставена на познатото крајбрежје Корниш, покрај тиркизните води на Арапскиот залив во Абу Даби. Обајцата влегоа во финалето со изедначен број поени, па елиминацијата на Французинот значеше дека Мур автоматски ја освои титулата светски првак, но Австралијанецот покажа дека е гладен за победа. Во полуфиналето го порази Маикел Мелеро од


СПОРТ

ТАБЕЛА ВОЗАЧИ

Шпанија, а во финалето го „покори“ и сонародникот Роб Аделберг. Мур имаше феноменален избор на егзибиции кои му донесоа скокови до 15 метри во висина и 30 метри во далечина, вклучувајќи ги тука „Волт“ и првиот „Банди“ со спуштање без раце. Џош Шихан го комплетираше австралиското трио на подиумот со освојување на третото место. - Чувствувам дека напорната работа и решителноста конечно се исплатеа,- рече Мур. - Ова отсекогаш беше мојот сон, а тој сон сега ми се оствари. Со оваа победа под сјајните светла на Абу Даби на топлата вечер, Мур ја заврши сезоната со 380 поени и победи на три станици, вклучувајќи ги тука и триумфите во Мексико Сити и Атина. Паже, кој го однесе спортот до нови височини со неговите иновации, беше прв во Мадрид и Преторија, па заврши како втор во генералниот пласман со

305 поени откако го зазеде осмото место во Абу Даби, додека Аделберг се искачи на третото место од поредокот, изведувајќи нов скок „Кордова трансфер флип“, кој отсега е дел на неговиот арсенал. Паже мораше да се бори по двете паѓања во квалификациите и излезе на врвот во првата рунда со безгрешен скок кој беше дочекан со извици на воодушевување од публиката и го заслужи правото да се бори против Мур во четврт финалето. Во дуелот со идниот шампион Паже падна изведувајќи ја фигурата „Alley Oop“, со што се распрсна неговиот сон да стане само втор возач кој двапати го освоил светското првенство. - Многу добро ми одеше во првата рунда, но имаше голем притисок и сè друго, не знам, пак ја направив таа грешка, изгледа требаше да пробам некој нов трик,- рече Паже, кој вели дека не можел добро да се подготви за Абу Даби заради една по-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

1. Клинтон Мур

Австралија

2. Томас Паже

Франција

3. Роб Аделберг

Австралија

4. Џош Шихан

Австралија

5. Ливај Шервуд

Нов Зеланд

вреда при тренинг која го мачи веќе две недели. Иако Паже ја загуби титулата на последниот настан од сезоната, што му се случува вторпат по 2012 година, Мур имаше пофални зборови за својот ривал - „Том е легенда во овој спорт, тој е најголемиот иноватор и секогаш нè поттикнува да преминуваме нови граници. Не успеа само зашто немаше среќа“ Ланскиот шампион Џош Шихан со освојување на третото место дојде до четвртата позиција во генералниот пласман, додека Роб Аделберг покажа дека е име од кое треба многу да се очекува во иднина. Неговото второ место на последната трка му ја донесе третата позиција севкупно. Првакот од 2012 година, Ливај Шервуд, поради повреда не настапи во Абу Даби, па на крајот падна од трето на петто место во конечната табела. •Александар Табаковски

41


СПОРТ

Луис Хамилтон, трикратен светски првак

Јас ги правам нештата поинаку Ако во 2014 година постоеше мистерија и неизвесност во борбата за титулата, оваа сезона Луис Хамилтон се погрижи од стартот да ја има водечката улога и да биде најсериозен кандидат за шампионскиот наслов.

О

ткако успеа да стигне до недостижна предност со победата во Тексас, Хамилтон ја освои третата титула светски првак во Формула 1 на три трки пред крајот на сезоната. Официјалниот сајт на првенството пренесе интервју со него пред трката во Мексико, од кое издвојуваме само некои одговори. • Во Мексико Нико ја освои четвртата пол позиција во низа, претходно ти имаше своја. Дали нешто се смени? ХАМИЛТОН: Не, навистина не! Тој добро ги одработи квалификациите и тоа е тоа. На крај од денот, не се грижам многу за пол позицијата. Благодарен сум за оние што ги имам освоено, но трките се она што навистина ми значи. Кога ќе ја завршиш кариерата се бројат титулите и победите, а не пол позициите. • Што мислите за можностите за престигнување во Мексико? Некои ваши колеги го потенцираа свиокот број 13?

42

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

ХАМИЛТОН: Тоа е нагаѓање. Сигурен сум дека во средишницата од патеката нема да може да се престигне, таму болидите се следат еден со друг и има многу мала воздушна потисна сила. Но, зависно од условите, може да има повеќе грешки, а тоа ќе предизвика повеќе престигнувања. Во обратен случај, тешко е дека некој ќе остави „отворена врата“.

• Сега имате ист број на титули како Аиртон Сена. Што ви значи тоа? ХАМИЛТОН: Едвај се сеќавам кога го гледав за првпат, мислам дека имав четири или пет години. Сега, едвај се сеќавам што се случило минатата седмица. Веројатно е така кога си во центарот на акцијата. Се раз-

бира дека го гледав, се што правеше, анализирав како се поставува кон работите, а најфасцинантен ми беше неговиот возачки стил, начинот на кој што возеше. Му се восхитував за тоа, но јас сум Луис и јас ги правам нештата поинаку. •Александар Табаковски

• Колку е поинаку да се вози на оваа надморска височина од преку 2.000 метри? Колку е различно чувство што го дава болидот? ХАМИЛТОН: Реално, болидот е ист, но има помала потисна сила од воздухот. Отприлика како во Монца, но за нијанса помалку. Има пролизгувања по малку, но иако сѐ уште чувството е типично за Ф1 болид, контактот со подлогата не е спектакуларен. • Што е следно во вашата агенда по освојувањето на третата титула? ХАМИЛТОН: Освојувањето на трите титули е прекрасно. Чудно е што сега откако се случи, доаѓам тука повторно со истата глад како порано: сакам да победам. Се разбира дека ќе поставам нови цели за идната сезона, има многу работи надвор од болидот што сакам да ги направам. Почекајте и ќе видите.

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

Шампионите одат на викенд Откако Мерцедес ја осигура конструкторската титула, Луис Хамилтон една трка подоцна стави точка и на дуелот во возачка конкуренција, кој беше меѓу него и тимскиот колега Розберг и тоа на три трки пред крајот на сезоната.

Н

апнатата атмосфера тешко ќе го одржи својот притисок, барем во моторхоумот на Мерцедес, откако двете титули се во нивен посед со убедливи перформанси на патеката. Иако во рамките на тимот ќе има уште „повлечи-потегни“ ситуации поради некои ситуации видени на асфалтот, меѓу кои и судирот на Хамилтон и Розберг на стартот во Тексас, повеќе од јасно е дека фокусот се префрла на следната сезона. Трката во Остин заврши со победа на Хамилтон, но Розберг изјави дека судирот на почетокот не ја решил трката, туку неговата грешка на девет круга пред

44

крајот, кога имаше преширок влез во свиокот. - Првиот свиок е чиста работа. Ако на средина од него јас сум напред, тогаш ми припаѓа дел од патеката. Тој ме избутка од патот со удар. Имаше контакт и беше мошне силен на воланот, бидејќи ударот беше со тркалата. Тоа е премногу и треба да се разговара,- рече Розберг по трката во Остин, која ќе биде запаметена и по тоа дека поради невремето беа одложени квалификациите, кои се возеа во недела претпладне. Луис Хамилтон за третата титула објасни дека му значи многу, но освен што потен-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

цираше дека е тимска работа и се обиде да му даде комплимент и на Розберг дека возел одлично, потенцираше дека за него како десетти човек во историјата што стигнал до три титули, сонот е исполнет. - Можеби за Фетел е поинаку, бидејќи е од иста земја како и Шумахер, но за мене секогаш трите титули на Аиртон Сена биле инспирација, иако не сме од иста држава. Не знам што е следно, немам на кој друг да се угледам, па ќе почнам ... Се чувствувам како да ја имам штафетата, па ќе продолжам да ја носам додека можам, ќе видиме каде ќе ме


СПОРТ

одведе тоа,- изјави Хамилтон. Нико Розберг славеше на следната трка во Мексико, победувајќи од пол позицијата, но во насока на коментар за светската круна, рече само дека повеќе тагувал во 2014 година, отколку сега. - Тогаш бев спречен од механички дефект, а сега знам дека имав моја грешка што треба да ја поправам,- прокоментира Германецот. Надвор од борбата за подиумот, во медиумите најголем одек имаа дуелите на Раиконен и Ботас. Тие првпат се судрија во Сочи, кога Кими го истурка во од третото место во заштитниот појас, а овој

пат улогите беа спротивни, па Ботас се најде на подиумот во Мексико. Според „Скај спортс“ на прес конференцијата со својата екипа Раиконен со „дрвја и камења“ го нападнал сонародникот Ботас, тврдејќи дека со такво возење нема долго да остане во Формула 1. Сепак, официјалниот сајт на првенството пренесува за нијанса помека верзија на случката. – Секогаш има два различни начина за гледање на нештата и секој може да има свој став, но да бидам искрен, не очекував поинаков расплет. Ова се трки и можам да кажам дека очекував вакво

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

нешто да се случи по она од Русија. Дали го сторил намерно? Не знам, можете да одлучите сами, но нема да смени ништо во овој момент, ниту пак, ќе го смени мојот однос во иднина. Стјуардите на трката во Мексико го разгледуваа и овој инцидент, но одлучија дека нема потреба од казна. Со таквиот расплет, Ботас го задржа третото место на пиедесталот и со вкупно 126 бода изби на четвртата позиција во генералниот пласман, само три повеќе од Кими. – Не мораше да заврши така. Јас бев од внатрешна страна на свиокот и одеднаш се судривме, јас немав место каде 45


СПОРТ Старт на трката во Мексико 2015

Колумна: „Своерачно“

Роси и Маркез, обични луѓе и шампиони да одам. Имавме контакт претходно во Русија и несреќно е што повторно ние двајца сме во ова. Се натпреварувавме меѓу нас, очигледно е дека јас нема да се повлечам и дека се борам за позиција. Го проценував ризикот и мислам дека имаше пристојна можност да поминам. Но, ова се трки и овој пат заврши вака,- рече Ботас, кој го обвинува Раиконен дека и овој пат е виновен за судирот бидејќи не оставил простор за него иако возеле еден покрај друг. До крајот на сезоната остануваат уште трките во Бразил и Абу Даби, на кои ќе бидат решени помалку битните позиции, но во заднина се очекуваат и многу вести околу иднината на Формула 1. За шампионите тоа ќе биде како викенд прошетка, додека другите ќе бараат решение и за некои битни ситуации, како што е случајот со Рено и превземањето на екипата Лотус, наспроти Ред Бул кој е во потрага по нови мотори, па сега преговара и со Хонда. •Александар Табаковски ТАБЕЛА ВОЗАЧИ 1. Луис Хамилтон

345 бода

2. Нико Розберг

272 бода

3. Себастијан Фетел

251 бод

4. Валтери Ботас

126 бода

5. Кими Раиконен

123 бода

Розберг на подиум на трката во Мексико 2015 ТАБЕЛА КОНСТРУКТОРИ

46

1. Мерцедес

617 бода

2. Ферари

374 бода

3. Вилијамс

243 бод

4. Ред Бул

172 бода

5. Форс Индија

112 бода

Дуелот на Валентино Роси за десеттата титула светски шампион во Мото ГП се претвори во кошмар, откако на претпоследната трка ги загуби нервите и предизвика инцидент кој го раздрма светот.

В

алентино Роси со нога го оттурна Марк Маркез кој се навали врз него и неговиот мотор, борејќи се за третата позиција во трката за Големата награда на Малезија. Сензорите од моторот на Хонда покажаа дека Роси всушност со својот рефлекс ја погодил рачката од предната сопирачка на Маркез, што предизвика пад. Овој дуел беше најавен од Роси, кој на прес конференцијата пред трката го посочи Маркез, изјавувајќи дека Шпанецот ќе се бори против него, а со цел да му помогне на сонародникот Хорхе Лоренцо. Мотивите за таквото нешто Роси ги дознал од блиски луѓе на Маркез, при што дури и го именуваше менаџерот Емилио Алзамора, при што наведе дека Маркез го сметал него за виновен што годинава има слаби резултати. Роси и Маркез се судрија два пати претходно, во Аргентина и во Холандија, каде што Маркес го извлече подебелиот крај, но тоа не беа единствените падови на возачот на Хонда. Сепак, Маркез очигледно си го цени своето мислење, па и покрај јавното обелоденување од Роси, на патеката се однесуваше според неговите очекувања. Со невидена леснотија дозволи да биде престигнат од Лоренцо, а кога дојде Роси, му се закачи како „крлеж“ и го предизвикуваше на тесни дуели во свиоците на патеката Сепанг. Иако немаше ништо неспортско во самото возење, таквиот акт изнуди реакција: оттурнување и сензации во медиумите. Лавината започна. Милионите фанови на Роси ги нападнаа стјуардите на трката кои го казнија Италијанецот со старт од последното место на трката во Валенсија, упатувајќи преку социјалните мрежи жестоки критики за „шпанската завера“, без да бираат зборови и цел за своите напади. Доволно е да се каже дека промотерската куќа на Мото ГП (Дорна), има седиште во Барселона и е раководена од Кармело Езпелета, човекот кој воведе четири трки во Шпанија кои се бодуваат за светската титула. Реагираше и претседателот на ФИМ, Вито Иполито (Венецуела) укажувајќи дека ваквите поделби се отровни за спортот. 11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Повиците за разумен пристап не наидоа на голема прифатеност, напротив, лудилото продолжи со жалба на Роси против ФИМ на Спортскиот Арбитражен суд во Лозана, а италијански новинари упаднаа на имотот на Маркез каде што дошло до „фаќање за врат“ и викање полиција. Иако потегот на Роси заслужува осуда, Маркез кој го инспирираше за тоа се најде на поголема „ветрометина“. Легендарниот Џакомо Агостини кој сѐ уште е единствениот возач што има повеќе победи од Роси, се обиде да го спушти нивото и да го образложи инцидентот како на двајца луѓе кои се пречкале во сообраќајот и ги спуштиле прозорците од возилата за да си довикуваат. Капак на сѐ, судот во Лозана ја одби жалбата на Роси бидејќи нема услови за укинување на казната, ниту за нејзино намалување, бидејќи стјуардите постапиле како што е предвидено со правилата. До тука е се јасно и чесно. Марк Маркз во пресрет на последната трка во Валенсија каде што титулата ќе се решава меѓу Роси и Лоренцо (при што Италијанецот има девет поени предност), изјави дека ја имал најтешката седмица во својот живот. Јас би додал, а притоа помина неказнет бидејќи успеа да го добие тоа што го сакаше, успешно одигрувајќи ја улогата на жртва која требаше да послужи за казна на Роси. Дали тоа што остана без поени во Малезија е доволна казна? Бодовите ионака не му значат ништо кога е во дуел за третата позиција со тимскиот колега. Дали неговиот прекршок е докажан? Не, бидејќи немаше ни истрага. Хонда и ФИМ одржаа вонредни средби со возачите и укажаа дека треба да се почитуваат вредностите на спортот (ФИМ) и никој да не мисли дека тие го оневозможуваат Роси во дуелот (Хонда). Мое лично мислење е дека истрага сепак треба да има. Ако Маркез мине од сето ова без процедура во која ќе се испита неговата вина, утре неговиот пример може да го следат многумина други кога ќе сакаат да „влијаат“ во борбата за титулата на некои сосема трети. До кога ќе чекаме небото да ја донесе правдата? • Своерачно, Александар Табаковски


11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

WRC – Рели Шпанија

Совршен подарок од светскот шампион Третиот возач во рели тимот на Volkswagen ја освои својата прва победа во Светскиот шампионат во рели благодарение на сударот на светскиот шампион Oжие со браникот на патот.

С

олзи радосници ја исполнија кабината на рели верзијата на VW Polo со која третиот возач на тимот Андреас Микелсен стигна до својата прва победа во Светскиот шампионат во рели. Победата иако стигна како подарок од актуелниот шампион и тимски другар Ожие, таа сепак е награда за трудот и потрагата по перфекција на дваесет и шест годишниот норвежанец. Со оваа победа Микелсен го забетонира третото место во генерален пласман на едно рели пред крајот на сезоната. Драмата во Шпанија како да е

48

повторување на збиднувањата од вториот настан во сезоната и единственото зимско рели, релито на Шведска, но со обратен исход. Имено, во Шведска борбата ја доби Ожие откако Микелсен доживеа незгода пред крај на релито. Во Шпанија местата се сменија во корист на Микелсен. Асфалтните патеки на каталонското рели му годеа на светскиот шампион. Ожие го поведе релито од самиот старт и полека ја зголемуваше предноста сѐ до крај на вториот ден. Добрите педесетина секунди значеа дека на последни-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

от ден од релито Ожие ќе може да го олесни темпото и да ја контролира ситуацијата од врв. Меѓутоа додека тој возеше напред безгрижно, вистинска битка се водеше за втора позиција меѓу Микелсен и ЈариМати Латвала. Конечно, Микелсен со своето перфектно возење мина низ целта на последниот брзинец со предност од 3,1 секунди и почна да крои план за последното рели од сезонта, релито на Велика Британија за освојување на третото место во генерален пласман. Неговите планови ги расипа еден


СПОРТ

новинар кој му соопшти дека Ожие доживеал несреќа и дека тој е победник на релито. Со победата во Шпанија, Микелсен го освои и третото место во генерален пласман на едно рели пред крај на сезоната. Ожие во Шпанија ја предизвика среќата. На 4 километри од целта на последниот брзинец удри во металната ограда крај патот и тука заврши неговата потера по она што можеше да биде осма победа во сезоната. Тој ја прифати вината за несреќата велејќи дека целиот настан се случил затоа што сакал да

се забавува на последниот брзинец. Контролирањето на позицијата од напред му се видело здодевно, одлучил да се предизвика самиот себе си, ги погрешил белешките и епилогот е јасен. Ожие по несреќата наведе дека ги сменил белешките забележувајќи дека од озлогласениот свијок може да се излезе со поголема брзина, но не прибележал дека мора да се влезе со помала брзина. Второто место му припадна на вториот возач на VW, Јари-Мати Латва-

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

ла, додека последното скалило од подиумот го пополни Дани Сорда, зад волан на Hyundai i20 WRC. Во генерален пласман возачите на VW освојуваат хет-трик и тоа на едно рели пред крај на сезоната. Релито во Британија кое се вози како последно во сезоната се очекува да биде место каде возачката тројка на VW ќе има можнсот да покаже што знае за да ја зврши сезоната на висока нога.

• Љубомир Анастасовски

49


членство

ЧЛЕНСТВО

On-line членските пакети со промотивна цена Без дополнителен ангажман, без губење време и од удобноста на сопствениот дом, денес е лесно да се продолжи АМСМ членството. Покрај овие придобивки, сигурно најголемата е дека АМСМ членските пакети on-line ви се достапни по пониска и промотивна цена! Користејќи ја опцијата за on-line продолжување на вашето АМСМ членство имате можност да заштедите 100,00 денари на АМСМ Classic, 270,00 денари на АМСМ Europe Premium членството итн. Сите АМСМ членски пакети се достапни 24/7 on-line, а сѐ што вие треба да направите е со само неколку клика на вашиот компјутер да го обновите своето АМСМ членство. Еве како: 1. Отворете ја веб страницата www.amsm.mk. 2. Кликнете на делот Стани АМСМ член веднаш!, кој се наоѓа на десната страна за да пристапите до делот за on-line зачленување. 3. Кликнете на делот Регистрирај се, кој се наоѓа во горниот десен агол и внесете ги сите потребни податоци, а потоа кликнете на Продолжи за да продолжите со on-line зачленување. 4. Сега кога се регистриравте, кликнете Купи на оној членски пакет кој одговара на вашите потреби и пополнете ги сите потребни податоци, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на возилото кое го поседувате. Потоа кликнете на Продолжи за да продолжите со on-line зачленување. 5. Се отвара делот за Потврда на податоците, каде уште еднаш имате можност да ги проверите типот на членскиот пакет кој сте го избрале и податоците кои сте ги внеле. Ако некој од податоците кои сте ги внеле е погрешен или ако сакате да го промените типот на членскиот пакет, кликнете Назад. Доколку е сѐ во ред и сакате да продолжите, изберете го Начинот на достава на вашата АМСМ членска картичка и штиклирајте за Согласност со Условите за користење и за согласност вашите лични податоци да се користат за промотивни цели доколку сакате да ве информираме за сите промотивни акции и попусти во системот на АМСМ. За да продолжите понатаму кликнете на Плаќање. 6. Внесете ги потребните податоци за плаќање и кликнете Продолжи, а потоа проверите ги уште еднаш износот и типот на АМСМ членскиот пакет и доколку е сѐ во ред кликнете Продолжи. 7. Почекајте трансакцијата да се процесира и да се појави Потврда за наплатата. 8. Известување дека on-line зачленувањето е успешно, заедно со членскиот буклет во кој детално се опишани сите членски услуги, како и други важни информации добивате на вашата е-адреса која сте ја внеле во текот на зачленувањето. Освен преку веб страницата на АМСМ, on-line зачленувањето е достапно и како дел од бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за паметни телефони. Патувајте БЕЗГРИЖНО! • Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

50

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

11/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk

Заштедете со АМСМ ПАРТНЕР попустите!

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

1


Содржина 2 АМСМ Партнер програма

12 ГЕВГЕЛИЈА

2 АМСМ Членство

13 БИТОЛА

2 АМСМ Попусти

13 КИЧЕВО

3 СКОПЈЕ

14 ШТИП

8 ОХРИД

14 велес

8 СТРУМИЦА

14 кавадарци

10 КУМАНОВО

15 струга

10 ПРИЛЕП

15 маврово

11 КРУШЕВО

15 РАДОВИШ

11 ТЕТОВО

16 Автомото друштва

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ Партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери, која заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

амсм членство

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

Чувството да бидеш дел од семејството

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте.

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Услуги

рентакар

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ

Р ЕС ТО РА Н И

YoGOOD - frozen yogurt 20% попуст Сити Мол 2 кат, (food corner)

Ресторан „СКАЛА“ 10% попуст ул. „Наум Наумовски-Борче“ 88б (Градски парк) тел. 02/ 3127-095

Гостилница „Скара Бар” 10% попуст Ул. Варшавска бр.70 075 727110 facebook.com/Skarabar

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666 www.deninok.com.mk

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.com.mk

Бистро „Барбакан“ 10% попуст (не важи во петок после 16 ч.) Булевар 8-ми Септември тел. 02 307 5093

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk

Шпански ресторан „АЗАФРАН“ 10% попуст ул. Ленинова 33-7A тел. 070/274 173, 02/32 21 907

Ресторан „Мирко 919“ 5% попуст на свадби ул. „Гаврил Константиновиќ“ бр. 76 населба Лисиче - Аеродром тел. 02/ 2439-157

O LA LA - pastry shop 15% попуст Кеј 13 ноември 8/1-1 , ГТЦ www.olala.mk

Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215

10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/ 3211-484

Ресторан „Венето“ 10% попуст Сити Мол 2 спрат тел. 02/ 3086-660

„ПЕКИНГ ГАРДЕН“ 10% попуст НЕВР ИНАФ ДОО Скопје, ул. Максим Горки бр.3

Ресторан „LaTerrazza“ 10% попуст Плоштад Македонија тел. 02/ 3113-380

Ресторан „REVISTA“ 15% попуст ТЦ Лептокарија тел. 02/30 777 59 К АФУЛ И Њ А

Кубански ресторан „Casa Cubana“ 15% попуст до 21:00 часот Кеј 13 ноември

Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

3


СКОПЈЕ „Кафе ди Рома“ 20% попуст ул. „Македонија“ бб www.ilcaffediroma.com

„MY TIME“ watches and jewelry 10 % попуст Сити Мол, Рамстор и ГТЦ www.mytime.mk

Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје

„iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари Сити Мол, приземје 02 3096 985 www.istyle.mk

Кафе-бар „9“ 15 % попуст ТЦ Беверли Хилс

продавница за накит

Bohemia Jewlery ,Swarovski Слаткарница „New York“ 10 % попуст Ул.„Пиринска“ бр.45 локал 6 Тел. 072 757 474 Тел. 02 311 44 22 ХОТ ели Хотел „РАДИКА“ с.Леуново-Маврово 10% попуст на пансионски услуги Тел. 042 22 33 00 Тел. 075 325 306 info@radika.com.mk www.radika.com.mk

Ш О П инг Книжарница ПРОСВЕТНО ДЕЛО 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело

Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.technomarket.com.mk

G-M&M дооел ул.Благоја Стефковски бр.7 15% попуст тел: + 389 2 3109 760 mail: gmmsk@mt.net.mk www.gmm.com.mk

4

10 % и подарок за над 20 000 ден. Веро Центар

Салон за пневматици и фелни „Мотоцентар“ 25% попуст на гуми и 20% попуст на сервисни услуги Бул.Србија бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница) www.motocentar.mk бутик Шевињон 15 % попуст ГТЦ (прв кат) , ТЦ Буњаковец (приземје), Сити Мол тел. 02 / 3 214 411

бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија накит и часовници „Oxette“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071 380 292 Сити Мол тел. 071 380 293 ТЦ Рамстор тел. 071 225 258

SIGNORI 5% попуст на одело ул. Васил Главинов 3/5 тел. 072 590 590

МАКЏИНС ДООЕЛ 20% попуст mail: mak.jeans@hotmail.com


СКОПЈЕ Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 „НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk Бутик за кошули „Ла Камичерија“ 10% попуст, „Веро Центар“ Продавница за детски колички и детски авто седишта

BABY BLU

10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.Јане Сандански бр.79а лок.10

Музеј на македонската борба-Скопје 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) Иљо Војвода ББ, п.ф.211 тел. 072422986, 02 3256667 Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075 426-220

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

САНМАРТИ - Салон Aqua Bau Market 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. Илинденска - 134 02 2037 070 www.sanmarti.com.mk Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628 Картинг центар ART 10% попуст бул. 8-ми септември бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/3061-202 Бутик „СОРБИНО“ 10% попуст, ГТЦ 2 кат

Бутик Quiksilver/Roxy 15% попуст ГТЦ приземје

Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974

„Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“)

Јазичен образовен центар„АПОЛО“ 10% попуст Тел: 078 449 677 www.apolo.mk

Рачна изработка на модни додатоци 20% попуст Рамстор приземје „МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086 Авто перална „КОПЛА ДВ“ 20% попуст / со секое миење на возило бесплатен паркинг 2 часа ул. Огњен Прица бр.1/4 Јужен булевар спроти Монтенегро и Магнус тел. 078/366-656

ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk Туристичка агенција „Далас Унион“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 3222-981 www.dalasunion.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови!

5


СКОПЈЕ здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcentar.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk

Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070 398-829

Модно студио ФРАН 15% попуст на уникатна дизајнерска креација и 30% попуст на свечен make-up ул. Васил Главинов 3/5 тел. 070 630-306

Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562

Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст ул. Дебарца бр.51 тел. 075 471-947

Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com Асеана Спа 10% попуст ул.Орце Николов бр.190 (ламела 4) тел. 02 3246-442 Центар за естетска дерматологија и козметикологија Ла Белеза 10 – 30 % попуст во зависност од услугата Бул.В.С.Бато бр.3 тел. 02/ 2 430 432 www.labellezza.mk Фитнес центар-Фитнес Револуција 10% попуст ул. Водњанска бр.60 тел. 070 390-656

природни козметички производи Hemel 10% попуст ТЦ Веро Центар

Стоматолошка ординација „M&S DENTAL“ 10% попуст ул. „Сава Ковачевиќ“ бр. 47ј 2/2 тел. 078 412 303

кина , фестивали, настани... Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk 6

Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75


СКОПЈЕ проектирање и дизајн

наем на возило

Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk

europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот

ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk

„Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk

хемиско чистење и водено перење Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

7


ОХРИД РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

здравје и убавина ХОТ ели

Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357 Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

Ш О П инг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk

Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670

Ресторан „Србаков“ 5% попуст ул. „Јанко Цветинов“ бр.31 Ресторан „МЕДИТЕРАН“ 10% попуст бул.„Климент Охридски“ бр.110 тел. 070 387-288 Ресторан „АРОМА“ 10% попуст ул. „Младинска“ бр. 40 тел. 078 222-123 Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 8

ХОТ ели Хотел „404“ 10% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.13 тел. 034 345-404 Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица 10% попуст ТЦ „Глобал“ тел. 070 259-123

К АФУЛ И Њ А Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

Завеси и теписи„ПРЕЗИДЕНТ“ 5% попуст 1. ул. „Јанко Цветинов“ бр.42 тел. 034/346-053 2. ул. „Васил Сурчев“ бр. 3 тел. 034/345-053 3. бул. „Климент Охриски“ бб тел. 034/343-053 www.prezidentdoo.com.mk

Ш О П инг „З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

„Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234

Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211

Салон за чевли „Невадос“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ 1 кат

Бутик „Плаза“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ Бутик „Рекорд“ 5% попуст ТЦ „Глобал“ 43/1

Козметичко студио „ЗВЕЗДА“

5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 тел. 078 452-867

П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „Мега Принт“ - печатење и изработка на светлечки реклами 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бб тел. 034 340-988 www.megaprint.com.mk „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ

Бутик „Стал“ 10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“ 10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

Бутик „Фобо - Ивани“ 10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

Ш О П инг „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

Салон за чевли „Помпа“ 5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

здравје и убавина „Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

прилеп ХОТ ели

Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „Ескалибур“ 10% попуст ул. „Кузман Јосифоски“ бр.2 тел. 048 430-100 тел. 075 353-580 Ресторан „Лидер“

10

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk


Ш О П инг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст

Бижутерија „Колосеум Ексклузив“здравје и убавина наспроти градскиот саат 10% попуст Фризерско студио „Грејс“ тел. 078 403 673 40% попуст „Роман“ - превоз во земјата кеј „1 Мај“ 53г и во странство тел. 048 426-427 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТ ел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111 Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554 Ш О П инг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk ТП „Ацко КВ Транс“ 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661 „Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

„Авто Чајка“ 10% попуст на лимаро-фарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk „Даре промет“ бои и лакови 10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10 5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 „Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078 Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

11


гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267 ресторан Елени 5 % попуст Ул.радован Ковачевиќ бр.6 034 218 317

Ш О П инг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 Бутик за детска облека Елена Кидс 10% попуст Ул.7-ми ноември бр.12 Тел.034 611 568, 075 481 588

Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323 Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 Продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, канцелариск и школски материјал, производство на термални и адинг ролни ВАНТОНИ 2 % попуст на компјутерска опрема, 10 % попуст на канцелариски материјал Ул.Ристо Фаршини бр.20 тел. 034 215 665 Оптика Омега-В 10% попуст Ул.7ми ноември бр.2 034 550 229, 078 443 550 Авто сервис ФОРС ПЛУС 10% попуст на делови 20% попуст на услуга Ул.Борис Кидрич бб тел: 034 211-866 070-218-367 www.forsplus.mk Ице 5% попуст Ул.Деко Ковачев бр.11 Тел.034 211 859 З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А

ЈОСИФ КОМЕРЦ 5% попуст Ул. Маршал Тито бр.128 Тел.034 213-869 E-mail: josifkomerc@yahoo.com Дукан за електроматеријали и рзсвета Заре Комерц 5% попуст Ул.Маршал Тито 107 071 207 710, 034 212 939 Изработка на уникатен накит , откуп и поправка Голден Хит 10 % попуст Ул.Димитар Влахов бб 075 943 348 5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34 12

Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591 ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци Железарија „РИ-НА КОМ“ 7% попуст ул. „Момински пат“ бр.41 тел. 034/217-666


БИТОЛА Ш О П инг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

Бутик за долна облека „Велисиа“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900 продавница за детски колички и детски авто седишта BABY BLU 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Продавница за сребро

„Silver Moon“

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381 Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496 5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047 237496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599

Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134 „Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53

SILVER MOON

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225 090 ТВ ОРБИС 10 % попуст на рекламирање Браќа Џаферови бб, тел.047 203 307

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А AURA welness, spa & beauty centar 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202 231 „Анима Плус“

фитнес, пилатес и зумба 10 % попуст (во хотел Епинал)

кичево Р ЕС ТО РА Н И - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

Ш О П инг - Кичево 5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

К АФУЛ И Њ А - Кичево Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст

„Ваше Такси“

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

13


штип Р ЕС ТО РА Н И - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

Ш О П инг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес 10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

Р ЕС ТО РА Н И и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

Ш О П инг „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 Студио „АРТ-Дигитал“ Бутик „ИН“

5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666 Автоперална „Тавеко“ 15% попуст нас.Речани тел. 070/216-809

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

Ш О П инг „ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550 14

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930


струга

Р ЕС ТО РА Н И

Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

Парфимерија „Елит“

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242 Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468 ХОТ ели

Ш О П инг

Ресторан „КУТМИЧЕВИЦА“

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015 10% попуст Вевчани Република Македонија тел. 046 798 626, 071 273 087 e-mail: kutmicevica@yahoo.com

„РАНДЕМ“ 10% попуст на опрема за видео надзор и 10% попуст на опрема за обезбедување ул. „Мирче Ацев“ бр.5а ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерски салон „САРА СТАЈЛ“ 10% попуст

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

ул. „Македонска“ бр.12 тел. 078 336 567, 046 788 125

маврово ХОТ ел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

РАДОВИШ ХОТ ел - Радовиш Хотел Бел Камен планина Плачковица, Радовиш тел: 032/522-933 ; 076/247-670 10% попуст на хотелско сместување info@hotelbelkamen.com.mk www.hotelbelkamen.com.mk

Ш О П инг Салон за бела техника ХОРТИКУЛТУРА - РАДОВИШ 3-5% попуст тел: 032/630-609 hortikultura_radovish@yahoo.com

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМСМ Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.