Klub Mobiliti (Oktomvri 2016)

Page 1

ОКТОМВРИ 2016 • Бр. 23

електронско членско списание

Volvo V40 D2 R-Design

Ненаметлив скандинавец Европски куп за туринг автомобили

Европа под тркалата на Иџе! Светско првенство во Формула 1

Розберг на чекор од остварување на сонот

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Бошко Ников (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дукоски (член) Јован Теговски (член) Иван Алексиев (член) Миле Атанасов (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг Лектор: Момент Мал

И ДЕЦАТА ЗАСЛУЖУВААТ БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ! На возраст кога ќе станат независни како пешаци, возачи на ролери, моепди, велосипеди... без придружба од возрасните, децата претставуваат најранливи учесници во сообраќајот. Колку и да се грижиме за нашите деца секојдневно грижејќи се што ќе јадат, облечат, каде ќе ги носиме на зимски или летен распуст и во кое училиште ќе се запишат, се чини дека грижата за нивното образование во областа на безбедност во сообраќајот е занемарена, особено во урбаните средини. Безброј пати сме ја слушнале познатата фраза на родителите кои ја упатуваат на своите деца - Внимавај на улица! Но што значи тоа навистина и како детето да се однесува како учесник во сообраќајот, но во исто време сообраќајот да не го гледа како непријател од кој треба да се плаши? И кога е вистинското време за едукација? Стекнувањето на знаење и формирање на правилни ставови за безбедноста во сообраќајот во претшколската возраст претставува квалитетен основ за понатамошна надградба на деца и возрасни во оваа област. На овој начин се подобрува однесувањето на учесниците во сообраќајот, а со тоа и се намалува бројот на смртни случаи и повреди во сообраќајните незгоди. Праксата покажува и позитивно влијание на децата на однесувањето на родителите во сообраќајот во смисла на правилно превезување во возилата, употреба на детските седишта, правилно преминување на улиците и сл. Едукацијата на децата во областа на безбедност во сообраќајот е континуиран процес. Сите институции и организации потребно е да посветат особено внимание и грижа, но и свој допринос со што ќе влијаат во намалување и елиминирање на ризиците и опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на децата во сообраќајот. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во ноември 2016 година, во електронска верзија, на вашата мејл адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

Тираж: 10.000 примероци

Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


СО ДОБРА ОБУКА ДО ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ

ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

· Обука на професионални возачи · Обука на возачи и советници за превоз на опасни материи · Обука на управители на транспортни компании

4

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

3181-153, 2631-181


С ОД Р Ж ИН А НОВОСТИ 8 ДЕСЕТТО ИЗДАНИЕ на најпродаваниот модел 9 ПРВ „СУВ“ За чешкиот производител 13 Отворен е ексклузивниот салон на Porsche во Скопје авто-мото 16 ненаметлив скандинавец амсм 19 изберете го најдоброто за вашето дете авто-мото 22 50-та роденденска забава 24 НАЈБРЗИОТ СЕДАН ВО СВЕТОТ 30 караванот НА porsche повторно во скопје ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 36 зимска подготовка на возилата

патување 40 земја од бајките и соништата СТИЛ 44 „Шамбала“ - Творечка креација што ги „заведе“ познатите ИСТОРИЈА 46 Возило за сите времиња HI-TECH 48 Најбрзите умни телефони СПОРТ 50 Европа под тркалата на Иџе! 52 розберг на чекор од остварување на сонот 56 Ожие е враќа на сцена

ПОЗНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ 38 НАЈДОБРО ГО РАБОТАМ ТОА ШТО ГО ЧУВСТВУВАМ

22 9 16 36 50

40 52

56 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


СЕГА Е ЛЕСНО, ДОБИВАТЕ СÉ НА ЕДНО МЕСТО!

Технички преглед и регистрација на возило Осигурителни полиси Зелен картон Меѓународна возачка дозвола Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување АМСМ членство

6

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ

ДРЖАВА

Дозволено ниво на алкохол

Прва помош

ПП апарат

Рефлектирачки елек

АВСТРИЈА

0,049 %

да

не

да

АЛБАНИЈА

0,01 %

да

не

не

БЕЛГИЈА

0,05 %

да

не

да

БиХ

0,03 %

да

не

не

БУГАРИЈА

0,05 %

да

да

да

ГЕРМАНИЈА

0,05 %

да

не

не

ГРЦИЈА

0,05 %

да

да

не, се препорачува

ДАНСКА

0,05 %

не

не

не, се препорачува

ИТАЛИЈА

0,05 %

не

не

да

НОРВЕШКА

0,02 %

не

не

не за странци

ПОЛСКА

0,02 %

не

не

да

РОМАНИЈА

0%

да

да

да

СЛОВЕНИЈА

0,05 %

не

не

да

СЛОВАЧКА

0%

да

не

да

СРБИЈА

0,03 %

да

не

да

ТУРЦИЈА

0,05 %

да

да

не

УНГАРИЈА

0%

да

не

да

ФРАНЦИЈА

0,05 %

не

не

да

ХОЛАНДИЈА

0,05 %

не

не

не

ХРВАТСКА

0,05 %

да

не

да

ЦРНА ГОРА

0,03 %

да

не

да

ЧЕШКА

0%

да

не

да

ШВАЈЦАРИЈА

0,05 %

не

не

не

ШВЕДСКА

0,02 %

не

не.

не

ШПАНИЈА

0,05 %

не

не

да

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

За патнички возила

7


Новости

Hyundai i10

ли. Мoделот i10 чијшто претходен модел беше премиерно претставен во 2013 година, сега оди на заслужен одмор. Гамата од мотори брои две единици, првата трицилиндрична со зафатнина од 1,0 литри со 66 КС, а другата четири цилиндри со 1,2 л работна зафатнина и 87 КС. Силината од моторите се пренесува на предните тркала преку петстепен обичен или четиристепен автоматски менувач. Новиот Hyundai i10 влегува во изложбено продажните места на средина од месец ноември.•

Нова облека за најмалиот

Н

ајмалиот член во семејството Hyundai стаса за обновување. Како по некое непишано правило, автомобилската индустрија која доаѓа од Далечниот Исток пoбрзо ги обновува и менува моделите отколку останатите во светот. Таа навика си остана до денешен ден, но се повеќе ја прифаќаат и останатите производите-

Honda Civic

Ј

Десетто издание на најпродаваниот модел

апонската автомобилска индустрија во последниве две и пол децении прави голем чекор во освојувањето на европскиот пазар. Покрај другите и Хонда се повеќе притиска со своите модели на континентов, како на пример со својот надалеку познат и најдобро продаван модел Civic. Неговото десетто издание беше премиерно претставено во Париз на 29 септември. Интересно е да се каже дека ова ќе биде светска премиера на европската комбилимузина, но и на

лумузината која ќе се произведува во градот Генбзе во Турција, додека комбилимузината и натаму се произведува во Свиндон, Англија. Honda, но и некои други производители, имаат обичај за одделни големи пазари, да претстават еден модел, а за друг регион да лансираат не сосема ист модел, како што е сега случајот со моделот Civic за американскиот пазар и овој што допрва треба да биде претставен во Париз. До затворање на октомвриското издание на АМСМ Клуб Мобилити, Honda објави само една официјална фотографија – задниот агол заедно со светлосната групација. •

8

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Škoda Kodiaq

Прв „сув“ за чешкиот производител

Е

TSI со 125 и 150 КС и 2,0 TSI со 180 КС). Нивната силина се пренесува само на предната, но и на двете оски преку шестстепен обичен и шестстепен и седумстепен DSG автоматски менувач. Една од понудите мора да се издвои, а се работи за уред со кој се одбира темпото на возење, а според тоа подвозјето се укрутува, или е подготвено за совладување терени надвор од асфалтот (Dynamic Chassis Control). Од електронските ситници нема што нема, еве ќе наброиме некои од нив: пакетот Simply Clever, ŠKODA Connect, Driving Mode Select, Adaptive Cruise Control (ACC), Traffic Jam Assist, Lane Assist, Crew Protect Assist, Multi-Collision Brake, City Emergency Brake, Predictive Pedestrian Protection заедно со Front Assist, Travel Assist во комбинација со Traffic Sign Recognition, Trailer Assist, Area View system, ESC, ABS, ASR и ACC, Dynamic Chassis Control итн...•

ве ја и Шкода со возило за забава (СУВ) и тоа со „скромна“ големина, само 4,7 метри. Токму таа димензија, должината, овозможува превоз на седум патници, но располага и со најголем товарен простор, 2.065 литри. Голем оддел за патниците и воедно за багажот, тоа резултира со способност да се понесат дури 2,5 тони. Во Škoda Kodiaq се вградуваат пет погонски единици, две дизал (2,0 TDI со 150 и 190 КС) и три бензински (1,4

Land Rover Discovery

Со нов Discovery во Париз

И

ако на патот до Париз нема никакви стрмни, негостољубиви и непроодни предели, сепак Land Rover одлучи да тргне со петтата генерација од моделот Discovery кому токму таму во Градот на светлината му подгот-

вуваат светска саемска премиера. Меѓутоа Land Rover првично ќе го прикаже новото возило на ден пред отворањето на манифестацијата за новинарите, 28 септември, односно приредува премиера пред саемската премиера. Типичното градско теренско возило, ќе бие битка со тие од премиум класата, клуб во кој има многу членови со иста големина и особини и секој од нив бара поголемо место под сонцето, а тоа носи поголема продажба и секако профит. •

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


Новости

MOTO НАСТАН

Првиот џентлмен мото настан со хуманитарен карактер

О

ваа година, на 25-ти септември, Скопје за првпат беше дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“, кое е единствено од овој тип и се одржува на иста дата со иста причина во повеќе од 500 градови во светот. За поддршка на каузата, која е собирање средства и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, повеќе од 60 мотоциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба продефилираа низ централните скопски улици. Главен акцент на настанот беше префинетиот вкус во модата и уникатност на

мотоциклите, со што се навративме наназад во ерата кога естетиката и деталите биле многу повеќе присутни и ценети од денес. Оваа година беа регистрирани 50.000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави и како што споменавме Скопје е еден од тие градови. Со повеќе од 67 учесници и собрани донации од околу 800$, настанот во Скопје е еден од најдобрите организации во регионов. Партнер на настанот е глобалната „Мовембер Фондација“, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите. Фондацијата, од 2003 година до денес, брои милиони членови, собрани се повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1.000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите , како и превенција од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите социјално ќе се поврзани и ќе се чувствуваат слободно да зборуваат за овие болести, со што глобално би се зголемила свеста, како и превенцијата на истите. •

Peugeot 5008

Нова петилјадарка

П

рвата генерација од Peugeot 5008 заслужено оди во пензија, затоа што издржа цели седум години од своето постоење, од 2009 година до есенва 2016. Новата генерација располага со 4,64 метри должина, има најголем товарен простор, 780, а со соборени седишта се ослободуваат дури 1.060 литри простор. Не е само до зголемувањето на димензиите туку и до целосна-

та искористеност и употребливост на просторот во кабината за патниците. Според конструкторите во новиот модел царува ергономијата. Погонските агрегати, двата бензински 1,2 со 130 КС, 1,6 со 165 КС и четирите дизел 1.6 BlueHDi со 100 и 120 КС 2,0 BlueHDi 150 и 180 КС, се првите кои ќе се вградуваат, а подоцна можни се варијанти за некои посебни пазари. Peugeot 5008 е правен на модуларната платформа епм2, ќе се произведува во Рен, Франција, а продажбата е закажана за следната година на пролет. •

10

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

OPEL

Opel ја претстави гамата на комерцијални возила

В

о организација на канцеларијата на Opel од Белград задолжена за нашиот регион, а во соработка со домашните дилери, во Скопје, се одржа презентација на комерцијалните возила на марката кои се нудат на македонскиот пазар. На презентацијата беа претставени моделите Corsa Van, Combo, Vivaro и Movano. Гамата сочинета од четири модели нуди за секого по нешто, а за оние најпребирливите или со поспецифични барања постои можност за надградби направени по нивни инструкции и потреби. Најмалиот член, Corsa Van е наменет за урбаните средини со капацитет од речиси 1м3 и носивост до максимални 496 кг. Основната верзија со бензински агрегат може да се добие за 8.366 евра (без ДДВ). Следен во

хиерархијата е моделот Combo кој се нуди во повеќе каросериски облици, како класично панел возило, со две различни должини и со две различни висини, или пак, како Н1 комбинирано возило за превоз на 4 патници и простор за товар. Максималниот корисен волумен кој го нуди Combo изнесува 5.4 м3 или носивост до 1 тон. Ја издвојуваме верзијата Combo Cargo со дизел агрегат од 1.3 литри и 90 КС која е достапна од 12.208 евра (без ДДВ). Моделот Vivaro е водечкиот модел во класата и доаѓа во верзии со 2 меѓуоскини должини и 3 опции за висина. Најмалата верзија со кратко меѓуоскино растојание и најниската опција за висина на кровот и носивост до 2,9 тони, погонувана од 1.6 литарски дизел агрегат со 95 КС, ви стои на располагање од 16.626 евра (без ДДВ). Најголемиот модел од гамата e Movano кој што има опција да биде изведен во 4 различни должини на шасијата и 3 можни опции за висина на каросеријата. Можностите за комбинирање се бесконечни. Погонот може да биде на предната или на задната оска, а како опција се нуди и конверзија за погон на сите тркала. Опремен со 2.3 литарскиот дизел агрегат и 110 КС верзијата со втората по големина должина и втората по големина висина чии товарен капацитет изнесува 3.5 тони се нуди за 20.161 евра (без ДДВ). На презентацијата беше истакнато и дека сите возила се со 4 годишна гаранција и исклучително долги сервисни интервали со што на стопанствениците кои ги користат им се овозможува помалку грижа околу одржувањето и поголема искористивост на истите. •

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


Новости

Bell & Ross Aero GT

Не знаеш дали е автомобил или авион

Е

дна од најмладите компании за производство на луксузни рачни часовници е „Bell & Ross“ формирана во 1992 година од швајцарско - француско дуо, дизајнерот Бруно Беламич и стопанственикот Карлос А. Росиљо. Нивните часовници всушност ги претставуваат авионските инструменти – дизајнот на часовниците многу потсетува на таблата со инструменти во авионите. Затоа нивните конструкторско дизајнерски принципи се: оптимална отпорност на морски длабочини, швајцарска прецизност, посебни функции на часовникот за посебни употреби и јасно воочливи детали на часовникот. Последниов принцип задолжително се бара од секој инструмент во авионската кабина – со еден фрлен поглед да се види буквално сè, односно пилотот да има крајна прегледност од сите агли. Годинава во март на саемската манифестација Базелворлд, компанијата ги изненади посетителите кога на нивниот штанд беше изложено нешто сосема поинакво од часовниците – ултра автомобил. Исто како и часовни-

12

ците, така и автомобилот потсетуваше на авионите, посебно воените, каде брзината и способностите за маневрирање се од суштинско значење, како за пилотот, така и за борбените особини на авионот. Концепот наречен Bell & Ross Aero GT со својот облик навистина потсетува на авионите од рангот на најлутите ловци. Ултра автомобилот има и ултра висина, само 1090 мм, долг е точно 4696, а широк 2072 мм. Неговиот централно сместен V8 мотор чии цилиндри располагаат со работна зафатнина од 4,2 литри, развива 600 КС благодарение на двојниот турбо компресор. Погонската единица има способност да го понесе автомобилот од место до 100 км/ч за 2,9 секунди и да постигне крајни 315 км/ч. Сето тоа е поставено на 20 инчни тркала со пневматици 245/3 напред и 305/30 назад на кои се поставени керамички диск сопирачки. Телото на автомобилот е изработено исто како авионите, од јаглеродни влакна и алуминиумски легури. Засега сето ова е во концепт изведба, што значи дека автомобилот не е сè уште среден за друмска употреба. Сепак една нова, млада компанија која изработува исклучиво рачни часовници посветени на аеронаутиката, не може да си дозволи да направи ултра современ купе автомобил со перформанси слични како кај, на пример, Кенигсег, но не исклучена можноста Bell и Ross да собере екипа и да отпочне сериозно да работи на автомобилот да го доведе во состојба да се движи секојдневно на асфалтот. Ова го спомнуваме затоа што претходно истата фирма имала заеднички проект со британската фирма за преработка на мотоцикли Shaw Speed, а од заедничкиот проект произлегол „кастм“ мотоциклот B-Rocket. Може да изникне соработка со некоја компанија и автомобилот Bell & Ross Aero GT да стане реалност. Не знаеш дали е автомобил или авион. Наликува и на едното и на другото чудо – дизајнот ја нагласува блискоста со аеронаутиката, а тркалата и немањето крила потсетуваат дека сепак е автомобил. Bell & Ross Aero GT не само однадвор туку и внатре потсетува на авионите, седиштата сигурносните ремени и посебно таблата со инструментите кои многу потсетуваат на авионските инструменти. И не само тоа, туку на автомобилот има поставени и „пито цевка“ инструмент кој ја мери брзината на авионот.•

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


Новости

Mercedes-Benz Vision Van Concept

К

Современа достава со дронови

ако и на кој начин се конструираат најновите возила во време на технологија која брзо напредува и воедно уште побрзо застарува затоа што поновото чудо веднаш стасува? За возилото во концепт изведба Mercedes-Benz Vision Van станува збор за ултра современо возило за превоз на материјални добра со најсовремена технологија. Неговиот товарен простор е опремен со најсовремена автоматика со која се

бираат пратките, а потоа истите се испорачуваат со летала монтирани на покривот. Не спомнавме дека ова е возило за испорака на пратки од најразличен вид. Тие летала денешниов свет ги нарекува дронови, е токму со тие дронови возачот ги испорачува пратките. Постои компјутерска комуникација помеѓу возачот и товарниот оддел заедно со леталата (дроновите). Тоа е современиот карго ван. Така Mercedes-Benz го замислува карго возилото на иднината. •

PORSCHE

Отворен е ексклузивниот салон на Porsche во Скопје

П

орше Македонија“ со гламурозна свеченост го отвори новиот продажен салон во Скопје каде што ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche. Компанијата, покрај салоните за брендовите: Audi, Volkswagen Skoda и Seat, ја прошири својата листа со салон за супер спортските автомобили на Porsche. Луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија, се едни од главните карактеристики на новиот продажен салон на Porsche кој со гламурозна свеченост го означи почетокот на своето работење. Porsche е повеќе од супер бренд, маркантно име кое се поврзува со традиција во создавање на најдобри светски спортски автомобили, моќни спортски мотори, софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката, но пред сè, Porsche е дефиниција за перфекција и престиж, фантастичен дизајн, раскошни перформанси и бескрајно уживање во возењето. Пред гостите од земјава и од странство, Порше Македонија ги отвори вратите на новиот Порше Центар Скопје, во кој ќе бидат изложени и ќе се продаваат најновите модели на брендот Porsche. Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите. Генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, обраќајќи им се

на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од „Порше Холдинг Салцбург“ и „Порше АГ Штудгарт“. - Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом...“ - истакна господинот Муцунски. Порше Македонија повеќе една деценија е присутна на македонскиот пазар. Во изминатите години компанијата постави нови стандарди во автомобискиот бизнис, при што го потврди и го задржа статусот на лидер во продажбата на нови возила со најголем удел на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата изгради препознатлив бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.•

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

13


Новости

Mercedes-AMG GT C Roadster

Топлес на крајот од летото

Ш

тудгартската трикрака ѕведа отсекогаш си ја негувала традицијата, а токму таа ја одржала низ десетлетијата и станала препознатлива насекаде во светот. Една од традициите е дизајнирање роудстери, мали автомобили со две седишта, лута погонска машина и без покрив. На автомобилската манифестација во Париз која ќе се

MERCEDES BENZ GLC COUPé

Македонeцот Славче Таневски го дизајнираше новиот Mercedes-Benz GLC Coupé и го претстави своето дело во Македонија

И

мпортерот „Мак Аутостар“ ни приреди несекојдневна можност со претставувањето на новиот модел GLC Coupe во Скопје која се одржа 3 дена пред почетокот на официјалната светска продажба, а целата промоција ја зачини со присуството на дизајнерот Славчо Таневски одговорен за неговиот изглед. Тоа е модел кој ги обединува типичните стилски елементи на купе и SUV возило, со исклучително спортски и динамичен карактер. Впечатливите детали на предниот дел на возилото се доминатни, почнувајќи од „дијамантска предна решетка“ со централно поставена ѕвезда, куси предни и задни испусти од тркалата и SUV детали. Страничниот поглед на возилото го истакнува купе дизајнот, преку типичните надворешни контури и помалиот стаклен простор. Следејќи ја дизајн филозофијата на надворешноста, внатрешноста на возилото содржи типични купе елементи, кои во основа го истакнуваат модерниот луксуз. Континуирани линии, долга, едноделна конзола ја прави внатрешноста елегантна и пространа. Со должина од 4,73 метри и висина од 1,6 метри и должината на меѓуоскиното растојание од 2,87 метри, новото GLC Coupe е за околу 8 см подолго и 4 см пониско од стандардната верзија ан GLC, кои во основа ја имаат истата архитектура. Новиот GLC Coupé е достапен во осум верзии. На почеток на располагање ќе бидат дизелските верзии со 4-цилиндрични мотори GLC 220 d и GLC 14

одржува во моментот додека вие го читате текстов, Mercedes премиерно го претставува елитниот модел AMG GT C Roadster, отворен двосед со 4,0 литарски V8 мотор со двоен турбо компресор способен да извади 450 КС, а некои велат и над 500 КС. Тоа официјално ќе го дознаеме на 29 септември за време на светската премиера. Со оглед на тоа дека цената на купе изведбата е 140.000 евра, за роудстерот ќе треба да издвоите дополнителни 25 до 30.000 евра. Топлес на крајот од летото, но тоа не важи за Калифорнија, Флорида и во моментов за Австралија. •

250 d 4MATIC coupé со моќност од 125 kW (170 КС) до 150 kW (204 КС) како и 4-цилиндричниот бензински мотор GLC 250 4MATIC coupé со моќност од 155 kW (211 КС). Со GLC 350 e 4MATIC Coupé, Mercedes-Benz нуди plug-in хибрид модел кој има голема моќност, но мала потрошувачка на гориво и ниска емисија на штетни материи, кој развива крајна брзина на движење од 235 км/час и моќност од 235 kW (320 КС). Автономијата на движење како електрично возило изнесува 30 км. За љубителите на уште подинамично возење, достапен е моделот Mercedes-AMG GLC 43 4MATIC Coupé, со V6 biturbo мотор кој ослободува моќност од 270 kW (367 КС), а забрзувањето до 100 км/час изнесува помалку од 5 секунди. Сите мотори се споени на 9-степениот автоматски менувач кои придонесуваат за лесно, супериорно возење и спортска агилност. Единствено во овој сегмент, новото GLC Coupé може дополнително да биде опремено и со воздушна суспензија со повеќе комори - AIR BODY CONTROL, систем кој во однос на вообичаеното воздушно потпирање, овозможува постојано прилагодување на амортизацијата. При избор на програмата за возење, Sport+ , се добива чувство дека возењето е како во спортски автомобил, со висок степен на динамичност, крута амортизација и пониска за 15 мм. Дополнителен клучен параметар за спортските карактеристики кај новиот GLC Coupé во споредба со стандардната верзија на GLC SUV е повратниот систем за директно управување кој нуди уште поголемо директно управување. •

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

MERCEDES BENZ

Новиот Mercedes-Benz C-Class Cabrio во Македонија

C

-Class Cabriolet, последниот новитет од Штудгарт однеодамна пристигна и во Македонија. C-Class е модел кој за првпат ќе се произведува во кабриолет верзија, а дизајнот на возилото на уникатен начин го отсликува модерниот луксуз како главна стратегија за изгледот на моделите на Mercedes-Benz. Новиот C-Class Cabriolet ја следи однапред одбраната дизајн филозофијата за чисти, сензуални форми на изгледот, што му дава својствен карактер на секој модел. Надворешната дизајн линија наликува на купе верзијата, со експресивен преден дел т.н. „дијамантска“ предна решетка, LED светла со високи перформанси кои се дел од стандардната опрема,

долг преден дел, кој се однесува на капакот на моторот на возилото, мек покрив кој хармонично се спојува со задниот дел и завршува со рамните LED задни светла. Багажникот е со капацитет од 360 литри (285 литри, кога покривот е отворен). Автоматскиот мек покрив е достапен во црна боја како основна верзија ( 4 дополнителни колорити). Кај овие меки покриви значително е намалена бучавоста од ветерот и околината, дури и при поголеми брзини на возење, воедно истиот може да биде отворен или затворен за помалку од 20 секунди при брзини на движење на возилото до 50 км/час. Внатрешноста на возилото е со модерен дизајн типичен за кабриолет возила, со разни детали кои вклучуваат последни иновации и материјали со исклучително висок квалитет. Исто така, на располагање се и спортски обликувани седишта, со истакнати странични делови, а го вклучуваат и опцискиот AIRSCARF систем за внес на топол воздух при движење со отворен покрив. На располагање е AMG дизајн линија која уште повеќе го истакнува спортскиот динамизам на кабриолетот. C-Class Cabriolet е достапен со 6-бензински агрегати и тоа со зафатнина од 1.6 литри кој се вградува во C180 верзијата со 156 КС, се до 6-цилиндричен мотор со зафатнина од 3 литри, кој се испорачува во AMG C43 4MATIC и располага со 367 КС. Дизел моторите се 4-цилиндрични со моќност од 170 КС кој се вградува во верзијата C 220 d, потоа со моќност од 204 КС достапен во верзијата C 250 d, истите се опремени со SCR технологија, односно селективен катализатор за намалување на штетните емисии. Новиот 9-степен автоматски менувач – 9G-TRONIC е достапен во сите варијанти на мотори.•

VOLVO S90

Автомобилскиот луксуз пристигна и во Македонија

Н

ајновиот седан Volvo S90, со својата елеганција и префинет изглед ја доживеа македонската премиера во салонот на „Ми-Да Моторс“ во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, кои се стандардни одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90 која гордо го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно со класичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна. Моделот S90 на Volvo е новиот премиум предводник со 4 врати и 5 седишта. Изграден е на новата, напредна модуларна производна платформа на Volvo, Scalable Product Architecture (SPA), која ги поткрепува сите нови Volvo автомобили од 60. и 90. сериите. Од Ми-Да Моторс велат дека „ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со „океј“, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“. Благодарение на новата технологија „Volvo’s connectivity“ сите нови возила веќе се поврзани. Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир кој ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самиот автомобил. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до плеада функции и карактеристики. Новиот S90 е придвужувано од новите Drive-E мотори кои се состојат од бензинска, дизел и плаг-ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач. Електрич-

ните мотори овозможуваат автономија до 45 км на електричен режим, додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 КС. Додадена е и функционалност за автоматско управување наречена „Run Off Road Mitigation“, која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола. „City Safety“ технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судaр за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно. Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен „IntelliSafe“, опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство на Volvo на полето за автономно возење. S90-ката нуди полу-автономно возење со „Pilot Assist“, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час и претставува уште еден чекор кон визијата на Volvo, според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvo до 2020 година. •

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

15


АВТО-МОТО

Volvo V40 D2 R-Design

Ненаметлив скандинав Во сегментот на премиум компакти доминираат германските марки, но доколку сметате дека не сте тип што сака да поседува автомобил кој е произведен по германски рецепт тогаш логично изборот паѓа на скандинавската школа која во своето портфолио го има Volvo V40.

Различен и карактеристичен изглед

Во време кога повеќето автомоблиски производители не можат или не сакаат да изнајдат дизајнерско решение со кое ќе го диференцираат изгледот на своите возила шведската компанија храбро го истакнува токму тој дел. Имено, иако не е најновиот модел во гамата, V40 со својот надворешен изглед не наликува на ниту еден автомобил од гамата иако имплементира голем дел од препознатливиот дизајнерски јазик на компанијата. Постарите сигурно се сеќаваат на моделите на Volvo за кои беше карактеристичен дизајнот на кој најчесто се употребуваа прави и остри линии, а автомобилите изгледаа како големи правоаголници на тркала. Тоа е минатото и тоа поглавје е одамна завршено. Volvo V40 поседува костум кој повеќе наликува на спортско „кежуал“ палто а не на свечено „токсидо“. Долгиот преден дел кој има слегувачка линија на својот почеток делува превентивно во случај на несреќа и ги штити пешаците со воздушна перница која е 16

прва од овој вид имплементирана во автомобилската индустрија. Линијата на прозорците која пополека се искачува како што се доближува кон задниот дел ја дополнува целината на предниот дел и на профилот му додава спортска нота која завршува со имплементираниот кровен спојлер. Задниот дел е најкарактеристичен и претставува единствено место каде што се кршат копјата кога се говори за изгледот. Неговиот дизајн можеби нема секому да му се допадне, но со сигурност поседува карактер и речиси е невозможно да остане незабележан каде и да се појави.

Спортска и удобна внатрешност

Внатрешноста на автомобилот е изведена по примерот на модерниот скандинавски правец на дизајнирање. Со самото седнување зад управувачот инстанто ве обвива простор со висококвалитетни материјали и одлична завршна обработка. Примарните мерни инструменти се обликувани во комбинација на аналоген приказ и дигитални мерачи кои може да

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

прикажат повеќе информации во зависност од желбите и потребите на возачот. Врвот на централната конзола е резервиран за екранот на кој се прикажани секундарните известувања од аудио уредот или системот за климатизација. Просторот на предните седишта е максимален, додека задната клупа иако е предвидена за три лица со нејзината конфигурација овозможува удобно сместување на само 2 патници. Простор за складирање на ситници како во предниот така и во задниот дел од кабината има сосема доволно. Багажниот простор поседува капацитет од 335 литри што не е најдобро во сегментот но е сосема доволен за просечно семејство. Со поделивата задна клупа во сооднос 60:40 истиот може да се зголеми доколку имате потреба за пренос на поголеми или покабасти предмети.

Комбинација помеѓу комфор и динамика

Двигателот задолжен за задвижување на тестираниот модел е погонуван од дизел гориво со зафатнина од 2 литри


АВТО-МОТО

вец

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

17


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Мотор:

Четирицилиндричен Турбодизел

Зафатнина:

1969 см3

Моќност:

120 КС При 3.750 врт/мин.

Менувач:

6 Степен Мануелен

Погон:

На предните тркала

Потпирање:

Напред: McPherson Назад: Независно потпирање

Сопирачки:

Напред: Вентилирачки дискови Назад: Дискови

Гуми:

Напред: 225/45 R17 Позади: 225/45 R17

Маса на возилото:

1.546 кг

Димензии: Д/Ш/В:

4.369 х 1.857 х 1439 мм

Забрзување од 0 до 100 км/ч:

10.5 секунди

Максимална брзина: 190 км/ч

кој испорачува 120 КС. Иако верзијата D2 во хиерархијата не е најмоќниот избор неговиот карактер се вклопува одлично во целата слика. Одличниот 6 брзински мануелен менувач го движи автомоблиот мазно и без никакви потешкотии. Просечната потрошувачка за време на тестот се движеше за околу 1,5 литри повеќе од фабрички декларираната, што во реални услови го става рамо до рамо со конкуренцијата. Volvo V40 поседува одличен сооднос помеѓу возната динамика и удобноста иако лежи на 17 инчни тркала со гуми кои поседуваат низок профил. Самата изведба на шасијата лесно се справува со 120 коњски сили и дава на знаење дека може да се носи и со значително појаки агрегати. Како што кажавме на почетокот Volvo V40 најчесто е избор на лица кои не сакаат да се истакнуваат премногу во околината, туку целат кон возило кое поседува уникатен имиџ, несекојдневно високо ниво на безбедност и секако премиум квалитет. • Данчо Здравковски

18

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Просечна потрошувачка:

3.6 лит/100 км

Цена на тестираниот модел:

33.534 евра


АМСМ Едукативни работилници на тема: „Правилен избор, инсталација и користење на детски седишта за автомобил“

Изберете го најдоброто за вашето дете

Детските седишта во случај на сообраќајна незгода ја намалуваат смртноста и повредите кај децата во 71% од случаите. Но, од друга страна дури 75% од родителите детските седишта за автомобил погрешно ги поставуваат или погрешно ги користат.

А

МСМ како единствена членка на ФИА (Меѓународната автомобилистичка федерација) од Р.Македонија има пристап до ФИА Фондацијата и ФИА грант програмите за поголема безбедност на патиштата. Како резултат на ова, а во конкуренција на проекти од повеќе авто-мото клубови, проектот на АМСМ „Секое дете во детско седиште за автомобил“ беше еден од избраните мали проекти за ко-финансирање од страна на ФИА. Проектот „Секое дете во детско седиште за автомобил“ кој треба да се реализира во период од септември до декември 2016 година, вклучува едукативни работилници на тема „Правилен избор, инсталација и користење на детски седишта за автомобил“ кои се наменети за родители на деца до петгодишна годишна возраст. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија, едукативните работилници во предвидениот период ќе се реализираат во 18 јавни детски градинки на територијата на град Скопје. Преку меморандуми за соработка и директно вклучување во реализацијата, проектот, покрај Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија, наиде на активна поддршка и од други ре-

левантни институции како Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија и Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата. Активностите предвидени со проектот „Секое дете во детско седиште за автомобил“ се насочени кон зголемување на свеста на родителите на децата до петгодишна возраст за користење на детски седишта во автомобил, правилен избор и поставување на истите со цел поголема безбедност на децата во сообраќајот и намалување на децата-жртви во сообраќајни незгоди. Имено, со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 2015 година, во член 164 предвидено е дете помало од пет години при превезување во патнички автомобил на задно седиште, да биде поставено во посебно детско седиште кое за седиштето од возилото ќе биде прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Со истиот член предвидено е превезувањето на дете до две години да биде на предното седиште во автомобилот, во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење и прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување, но под услов возилото да нема

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Покрај АМСМ во проектот зема учество и Министерството за внатрешни работи на РМ и РСБСП.

заштитно воздушно перниче или воздушното заштитно перниче да биде исклучено. Употребата на детски седишта за автомобил е регулирана со закон во речиси сите поразвиени земји во светот. Од соседните и балкански земји, во Србија и Бугарија детското седиште е задолжително за деца до 3 години, во Албанија до 4 години, во Грција до 11 години, во Хрватска до 5 години, а во Словенија е задолжително за деца со висина до 1,5м. Во западноевропските земји регулативата за користење на детско седиште во автомобил е уште порестриктивна. Старосната граница на децата, кога станува збор за детски седишта во автомобил, е различна во секоја земја, но задолжителна е усогласеноста на регулативата со стандардот ECE 44 од 2003 год. Но, регулирањето на употребата на детски седишта во автомобил, само по себе не гарантира заштита на децата во сообраќајот, затоа што да се поседува детско седиште за автомобил не е доволно. Потребно е знаење и информираност на родителите да се избере соодветно детско седиште, истото правилно да се постави и на крајот и правилно да се користи, за родителите да бидат сигурни дека го направиле најдоброто за да го заштитат своето дете во сообрајот. • Росана Јанков

19


амсм

1-ва Меѓународна Конференција со наслов : „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за дејствување“

Безбедноста на сообраќајот на патиштата е врвен приоритет и постојана и заедничка цел на сите надлежни институции, на сите инволвирани субјекти. Само со заедничко залагање и интензивирање на сите активности на локално, национално и регионално ниво и на меѓународен план може да се постигне целта до 2020 година бројот на загинати и повредени лица во земјите на Југоисточна Европа да се сведе на ниво на просекот на ЕУ, а тоа е 4,9 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители.

На Конференцијата присуствуваа, претседателот на ETSC Антонио Авеносо , претседателот на PRI, Бенацер Булеажул, претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, заменик на претседателот на Владата на РМ и претседател на Координативното тело за безбедност на сообараќајот на патиштата, Владимир Пешевски, дополнителниот заменик-министер во МВР Оливер Андонов и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов

Г

одишно во светот на патиштата гинат над 1.200.000 луѓе. Меѓу 20 и 50 милиони имаат полесна или потешка повреда, а 90 проценти од сообраќајните несреќи се случуваат во неразвиени земји. Во Македонија за 10 проценти е зголемен бројот на загинати во сообраќајни незгоди во првите осум месеци од 2016 година споредено со лани во државата. Главни причини за сообраќајните незгоди не само во земјава туку и во светот е брзото возење, непочитувањето на патната сигнализација, неупотребата на безбедносни појаси, возење под дејство на алкохол. Ова беше истакнато на првата меѓународна конференција за управување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 20

во Југоисточна Европа која се реализира во насока да се намали бројката на жртви во сообраќајот. Согласно тоа, а во насока на остварување на целите предвидени со Декадата за безбедност на патниот сообраќај и размена на најдобри практики и искуства, РСБСП ја организира 1-та Меѓународна Конференција со наслов: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за дејствување“, која се одржа од 29.09.2016 до 1.10.2016 гоидна во хотелот на Александар Палас. На Конференцијата присуствуваа претставници од сите надлежни институции од земјите од регионот, претставници од науката, професори, ана10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

литичари, експерти, претставници од релевантни меѓународни организации и здруженија сè со цел размена на ставови, мислења и сугестии за ефикасно управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа. Конференцијата ја отвори Иванов кој во своето обраќање истакна дека секој учесник во сообраќајот има право да биде безбеден и да се движи безбедно, но и честопати забораваме дека тоа право подразбира и лична одговорност на секој учесник во сообраќајот, односно зависи од триаголникот на правото, одговорноста и почитувањето. -Ниту нови патишта, ниту нови закони, ниту повисоки казни, нема да ја намалат смртноста на патиштата ако не работиме на развивање на сообраќајната


амсм

култура. Култура и етика што ќе се градат и пренесуваат преку семејствата, училиштата, автошколите, сè додека не прерасне во општоприфатена навика. За да го постигнеме сево ова неопходен ни е холистички пристап и затварање на кругот на одговорноста за тоа кој, кога и за што е одговорен, истакна Иванов кој потенцираше дека оваа Конференција за безбедност во сообраќајот ќе го израмни патот за да стигнеме до целта, а целта не е само да се постигне европскиот просек. Целта е да не се плашиме кога нашите деца одат на училиште, кога нашите млади се враќаат од забави, кога нашите блиски патуваат. Целта е нашите возачи да не бидат закана за сопствениот и за животите на другите луѓе. Целта е да престане да се лее човечка крв по нашите балкански патишта, додаде Иванов. Претседателот на РСБСП, м-р Стаменковски, пак, во своето излагање, посочи дека потребата од регионална дискусија за регионални иницијативи и потреба од изнаоѓање на унфицирано решение е главната причина поради која РСБСП ја организира Конференцијата - Оваа Конференција претставува одлична можност заеднички да продолжиме

да го градиме системот за управување со безбедност на сообраќајот на патиштата во Југоисточна Европа. Загубените човечки животи, бројните семејни трагедии и човечките судбини кои секојдневно се испишуваат на патиштата во земјите од регионот и пошироко, се поразителен факт кој треба да нè загрижува сите. Затоа, очекувам на Конференцијата, сите поединечно да ги изнесат своите погледи и ставови, за тоа, што е направено и што треба да се направи во наредниот период, од аспект на секоја одделна институција и организација и од аспект на секоја земја поединечно, а во поглед на политичките, безбедносните, правните, организационите, техничките, научните, социолошките и другите елементи кои влијаат врз безбедноста на сообраќајот на патиштата, истакна Стаменковски. Со свое обраќање на присутните гости им се обратија и претседателите на меѓународните организации за безбедност во сообраќајот, Антонио Авеносо (ETSC) и Бенацер Булеажул (PRI). Откако се усогласија ставовите меѓу земјите, истите беа преточени во „Декларација за интензивно дејствување и засилена соработка за помалку повредени и загинати на па-

Конференција ја отвори претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов

г.Мирко Гигов, претставник од АМСМ, дискутираше на тема „Вовед во iRAP“

тиштата во Југоисточна Европа“ која беше усвоена на Конференцијата. •Редакција „АМСМ Клуб МОБИЛИТИ“

Skoda Citigo

ИЗБЕРИ ИНСТРУКТОР И ВОЗИЛО ПО ТВОЈА МЕРКА! 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

21 www.avtoskolamobiliti.mk


АВТО-МОТО

Lamborghini Miura

50-та роденденска забава Годинава се навршуваат 50 години од премиерата на легендарниот ламборџиниев модел Miura, купе автомобил кој со појавувањето го смени светот на тркала и го насочи во сосема нов правец.

В

о малото место Санта Агата Болоњезе одред од конструктори и механичари вредно работеле заедно со Феручо Ламборџини, сопственикот и основачот на „Лаборџини автомобили“. Потесниот круг од одредот, покрај главниот, биле и Џан Паоло Далара, Паоло Станцани и Боб Волис. Откако ќе завршеле со дневните обврски во работилницата, тројцата конструктори започнувале да работат на нешто многу занимливо, а работеле, како што вели нашиот народ, од „кејф“. Во доцните попладневни и вечерни часови во работилницата се ковал план за конструирање на нов модел, но без знаење на Феручо Ламборџини. Триото тивко работело на својот сон, а заедно со нив бил и Марчело Гандини, дизајнер кој ги дал основните линии на прототипот наречен „п400“, подоцна преименуван во Miura. Тоа се случувало во 1965 година. Четворицата „илегалци“ настојувале да направат автомобил со кој може да се излезе и на тркачка па22

тека, но и секојдневно да се вози, да не биде прескап, но и да не отстапува од компаниската филозофија за правење гран туризмо автомобили. Дружината си велела, ако не излезе ништо од прототипот, барем ќе послужи како рекламен производ со кој ќе се велича името на компанијата. Талентираниот Марчело Гандини го дал последниот „удар“ и автомобилот бил подготвен за претставување. Средиштето на настанот бил Салонот за автомобили во Торино каде прототипот Р400 заблескал, а посетителите останале со подзинати усти, а неочекувно имало и нарачки. Главниот бил изненаден од успехот на „квартетот илегалци“ и веднаш заедно направиле план за производство на чудото со надолжно поставениот V12 мотор веднаш зад седиштата. Подготовките за наредната година започнале веднаш по торинската манифестација со тоа што Бертоне бил повикан да ја развие Гандиниевата замисла и да го обликува купето. Драма се случувало во 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Женева во 1966 година и од таа „збрка“ на чувства, емоции, чудење, восхит, но и завист, произлегол серискиот автомобил наречен Miura по името на надалеку познатото стадо бикови строго одбирани за борба во арена со тореадорите. Тогаш во новосоздадениот заштитен знак ќе биде ставен и разлутениот бик. Пошироката светска јавност ќе дознае за Lamborghini Miura P400 од филмот „Италијанска работа“ со Мајкл Кејн во главна улога. Филмот започнува токму со неколку секунди прикажување на италијанските алпи, за веднаш потоа да биде во прв план поставена „миурата“ како се движи по кривулестиот планински пат. Во тоа време, светот доби друга димензија во редот на купе автомобилите, Марчело Гандини стана познат по своите стилистички способности, а Lamborghini се вивна во височините каде воздухот е најредок и тешко се опстанува ако не се работи како што треба. Штом


АВТО-МОТО

бер“, за отворањето и затворањето на 24 вентили одговорни се двете брегасти и на крај силината произлезена од него се пренесува на задната оска преку петстепен обичен менувач. Моделот Miura P400 тежи 112 кг, додека останатите две изведби, Р400Ѕ и Р400ЅV, тежат 1298 кг. Димензиите на „миурата“ се следниве, должина 4360 мм, ширина 1760 мм (1780 мм Р400ЅV) и висина само 1060 мм. Сказалката од брзинометарот застанува на бројката 276, а од 0 до 100 км/ч потребни се 7,0 секунди, моделот Р400Ѕ забрзува за 6,7 сек., додека забрзувањето за моделот Р400ЅV е под 6,7 секунди. Интересно е да се спомне годината 2006 кога Lamborghini го претстави концептот Miura и одеднаш светската јавност почна да шпекулира дека италијанската работилница ќе го возобнови производството на надалеку познатиот модел. Сепак тоа не се оствари, но и тогашниот прв човек на Lamborghini Стефан Винкелман беше многу јасен со изјавата дека со концептот се слави историјата и нема да има повторно внесување на претходно спомнатиот модел во производство. И покрај тоа што јавноста шпе-

кулирала, сепак Винкелман си останал на зборот, концепт моделот Miura и по 10 години од премиерата во Лос Ангелес не мина во производство. Откако купе автомобилот Lamborghini Miura се појави во 1966 година, оттогаш па наваму нештата за спортските купе автомобили добија друга димензија, односно со појавувањето го смени светот на тркала и го насочи во сосема нов правец. Се прашувате зошто? Затоа што Lamborghini Miura во тоа време беше најбрзиот автомобил на планетава и токму тој модел се смета за првото ултра спортско купе. Денешни наследници на Lamborghini Miura се сите купе автомобили со запрепастувачки брзински способности. • Љубомир Анастасовски Од филмот „Италијанска работа“

Најбрзиот во семејството, P400SV (SuperVeloce) со 385 КС.

работилницата успеала да се одржи до денешен ден, менувајќи го сопственикот неколку пати, тоа значи дека тамошните, кога повеќе кога помалку, но сепак си ја вршеле работата како што треба. P400, а зошто токму таа кратенка„P“(П) за posteriore (позади), а 400 за четирилитарскиот мотор, поточно 3,9 литарски. Првата серија од моделот Miura со ознака Р400 се произведувала од 1966 до 1969 година. Моторот со зафатина од 3929 сс распоредени во 12 цилиндри под агол од 60 степени, располага со 350 КС при 7000 врт/мин. Следната генерација ја носи ознаката Р400Ѕ, а моторот е навиткан на 370 КС при 7700 врт/мин. Се произведувала од 1968 до 1971 година. Третата и најснажна изведба се произведувала од 1971 до 1973 година. Нејзиниот мотор поседува 385 КС кои ги развива при 7700 врт/мин. 12 цилиндричниот V мотор се снабдува со гориво преку четири карбуратори од марката „ве10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

23


АВТО-МОТО

Претставуваме ALFA ROMEO GIULIA QUADRIFOGLIO

Најбрзиот седан на светот

Создадена под мотото „Механика на Емоции” новата Giulia не само што го возобновува сеќавањето на најславниот спортски седан на Alfa Romeo, туку станува легенда на почетокот од својот животен век.

Д

а се победи „Зелениот пекол” со време од 7 мин. и 32 сек., како што тркачите го нарекуваат северниот круг на патеката Нирбургринг која брои 73 свијоци распоредени низ сериозна должина од 21 километар, е подвиг достоен за почит. Да се победи времето на најсилните конкуренти како што е на пример Porsche Panamera Turbo или на суперспортските модели како Lamborghini Gallardo Superleggera и на Lexus LF-A и тоа за 6 секунди е подвиг кој Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ја претвора во жива легенда. Еден технолошки напреден модел со уникатни технички решенија кои одат во насока на одржување на традицијата на Alfa Romeo која се протега низ историја подолга од еден век. 24

ТЕХНОЛОШКИ ФИЛИГРАН

Постигнувањето на врвни резултати е плод на напредни технички решенија кои во Alfa Romeo се на ниво на еден технолошки филигран претставен низ повеќе елементи. Совршена тежинска распределба од 50/50 и одличен сооднос на моќност и тежина од помалку од 3 kg/1 КС, добиени со користење на ултра лесни материјали како карбон-фибер, алуминиум и композитна пластика. Мултилинк задна погонска оска со систем за распределба на вртежниот момент меѓу тркалата Torque Vectoring преку кого се постигнува одлична стабилност и високо ниво на тракција. Уникатно решение на предната полулебдечка оска со

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

двојни напречни водилки кои без оглед на оптоварувањето го задржуваат аголот на тркалата за максимален контакт со подлогата и високи странични забрзувања во свијок. Како последица се добива супер прецизно водење кое во спрега со најдиректното управување на пазарот го претвораат возењето на Giulia во единствено чувство на возбуда.

БИЕЊЕ НА СПОРТСКОТО СРЦЕ

Високата технологија вткаена под прекрасно извајаното тело на Giulia е само поддршка за татнежот и биењето на спортското срце. Создадено од инженерите на Ferrari ова срце пумпа масивна коњица од 510 КС кои ја претвораат Giulia


АВТО-МОТО врвна уметничка креација на четири тркала. Препознатливиот триаголен штит свртен надолу кого го краси логото на Alfa Romeo надополнет со масивните отвори во предниот браник и тенките косо извлечени светла се персонификација за величенствените мачки кои демнат спремни на скок во кој го зграпчуваат својот плен. Токму тоа е вистинскиот израз на Giulia Quadrifoglio на чија убавина не може да одолее ниту најстрогиот критичар. • Љубо Анастасовски

Quadrifoglio во најмоќниот сериски модел во историјата на Alfa Romeo. Оваа технолошки напредна енергана од 2.9 литри распоредени низ 6 цилиндри во V-облик целосно е излеана од алуминиум за да ја намали вкупната тежина на автомобилот и за помалку да притиска врз предната оска. Со помош на два трубо полначи навиена е да истискува 510 КС при 6500 min-1 и 600 Nm кои стојат на располагање на возачот веќе од ниски 2500 min-1. Тие се испраќаат кон задната оска преку шестстепен рачен менувач или осумстепен автоматик преку кого се постигнуваат уште подобри меѓу забрзувања. Крајниот резултат е катапултирање од место до 100 km/h за 3,9 секунди и максимални 307 km/h и секако способноста да се сврти Нирбургринг за 1 секунда побрзо од една Pagani Zonda F.

ВИСОКА ИТАЛИЈАНСКА МОДА

Alfa Romeo Giulia e израз на врвна италијанска автомобилска мода која тежнее кон совршен баланс меѓу стил, брзина и препознатливото визуелно наследство на миланската марка. Пропорциите на Giulia која личи како дело на вајар доаѓаат од конструкцијата со големо меѓуоскино растојание од 2820 mm на 4639 mm должина и кусите превиси заради идеалната тежинска распределба. Долгата хауба, назад повлечената кабина која како да седи врз задната оска, мускулестите задни крила и големата ширина од 2024 mm визуелно го нагласуваат местото од каде силата се ослободува. Облините ја нагласуваат убавината на природното, едноставното и елегантното и ги сокриваат комплексните елементи кои како стилски детали ја дополнуваат сликата за ова

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

25


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ И КЛИЕНТИ ЧЛЕНСТВО

Попуст на гориво на бензинските пумпи на BM OIL

Уште една привилегија за вас, наши АМСМ членови. Отсега покажувајќи ја вашата валидна АМСМ членска картичка на бензинските пумпи на BM OIL, добивате лојалти картичка на која ќе ви се евидентира попуст од 1,5 денари по литар гориво. Со секое дополнување на гориво, на картичката ви се собираат средствата од одобрениот попуст, кои може да ги искористите за гориво или други производи од лојалти програмата на бензинската станица. Бензинските пумпи на BM OIL можете да ги најдете на следните локации: • Во • На • Во • Во

Прилеп, веднаш до новата автобуска станица, излезот на Прилеп, с.Тополчани на патот Прилеп – Битола и с.Кривогаштани на патот кон Крушево.

Попустот важи само за физички лица, кои поседуваат Classic, Europe Premium или Light членство. •

ЧЛЕНСТВО

АМСМ Партнер попусти за вљубениците во спортот

Посакајте му добредојде на новото АМСМ Партнер продажно место „BIKESTOP“. TREK, Bontrager, Schwalbe, FOX, XLO, Camelbak, Polar… Познатите светски брендови од светот на велосипедизмот можете да ги најдете во специјализираната продавница за велосипеди и велосипедска опрема „BIKESTOP“, каде отсега како наши АМСМ членови добивате 10% попуст на целиот асортиман. Ако велосипедизмот сепак не е ваш омилен спорт, тогаш за подобрување на секојдневните физички перформанси, кардиоваскуларниот и респираторниот систем, ви го препорачуваме фитнес студиото „ФИТНЕС РЕВОЛУЦИЈА“, во кое како АМСМ членови добивате 10% попуст на месечната претплата. АМСМ Партнер попустите можете да ги користете неограничен број пати, а сѐ што треба да направите е да ја покажете вашата валидна АМСМ членска картичка. Останете активни и заштедете со АМСМ Партнер попустите.•

26

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

И СЕКОГАШ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ЧЛЕНСТВО

Колку повеќе услуги користите, толку повредни подароци и поволности добивате

Домаќинско осигурување,

ДА БИДЕ БЕЗБЕДНО СÉ ШТО ВИ Е ВАЖНО!

*Вклучени основни ризици (пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, излевање на вода од инсталации, провална кражба и разбојништво) *Дополнителни ризици (земјотрес, поплава и порој, кршење стакла на прозори и врати, одговорност) *Полиси достапни од сите осигурителни компании

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

02/3181-406

www.mobilitybroker.com.mk

27

Си ги познаваме нашите клиенти, а уште подобро нашите АМСМ членови. Знаеме дека сме вашиот прв избор за сѐ поврзано со вашето возило. Затоа на вас, кои користите повеќе наши услуги, ви подаруваме вредни подароци. Побарајте го вашиот подарок следниот пат кога: • Ќе направите технички преглед и • Ќе извадите полиса за автоодговорност преку Мобилити Брокер. Притоа не заборавајте да го продолжите вашето АМСМ членство и да искористете попуст од 10% на техничкиот преглед на вашето возило. Подароците и дополнителните поволности не можете да ги искористите само ако: • користите можност за плаќање на рати, или • сте ослободени од обврската за плаќање на технички преглед на возилото. Акцијата важи во АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. •


АВТО-МОТО

Претставуваме LAMBORGHINI CENTENARIO ROADSTER

Совршенство на автомобилска техника Италијанската икона меѓу суперспортските автомобили на совршен начин ја прославува 100 годишнината од раѓањето на својот основач Феручо Ламборџини и во негова чест на светот му го подарува ова совршенство на автомобилска техника.

С

оздавањето на модел како Lamborghini Centenario Roadster се случува кога на дизајнерите и на инженерите ќе им дадете одврзани раце и слобода своите идеи и креации да ги претворат во готов производ. Ништо помалку, ниту ништо повеќе не заслужува легендарниот основач на италијанската автомобилска икона Феручо Ламборџини кој имаше храброст да му најде забелешки на еден Енцо Ферари и во пркос да направи автомобил подобар од неговиот. Тоа беше легендарната Lamborghini Miura која во 1966 година го имаше истиот ефект врз светската автомобилска сцена како што тоа денес го има футуристичкиот болид Lamborghini Centenario Roadster. 28

ФОРМАТА ЈА СЛЕДИ ФУНКЦИЈАТА

Визионерскиот пристап на основачот Lamborghini го следел во целост при создавање на Centenario. Секој детал е насочен кон подобрување на аеродинамиката и потисокот врз подлогата. Остро отсечените отвори помагаат протокот на воздух да биде насочен каде што е најпотребно. Целта е низок коефициент на отпор, оддалечување на вртложните струења од каросеријата, посебно околу тркалата, страниците и задникот, и постигнување голем потисок врз предната и задната оска за подобро управување и тракција при високи брзини. Воедно тука е потребата да се одвлече врелиот воздух од сопирачките и од под хаубата 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

каде бревта биковски моќениот V12. Затоа муцката личи на челуст од ајкула спремна да го распарчи својот плен, страничните отвори на шкрги, а профилираниот задник со големо крило потсетува на опашката на овој морски предатор. Дури и бандажите од 20”/21” со форма на вентилатор имаат функција да го одведуваат врелиот воздух од карбон-керамичките сопирачки и помагаат Centenario да сопира од 100 – 0 km/h во само 31 метар.

ЧИСТА МОЌ

Компонентата со која Centenario Roadster станува комплетен моќник е биковски силниот мотор. Задржувајќи ја традицијата на


АВТО-МОТО

околу монокок со голема торзиска цврстина заради отсуството на кровот. Останатите елементи од каросеријата се прикачени на него, а целиот автомобил делува како да е излеан во едно парче. Користењето на лесни материјали ја смалило тежината до 1570 kg со што е добиен сооднос на тежина и моќност од 2,04 kg/1 КС. Но, ова е само дел од технолшки напредната шасија. Погонот е на четири тркала исто како и управувањето. Овој сегмент во Lamborghini го довеле до совршенство. Управувањето на четири тркала ја подобрува агилноста при мали брзини. Тогаш задните тркала се свртуваат спротивно од предните што посебно е погодно во град каде се намалува кругот на свртување. При високи брзини задните тркала се свртуваат во иста насока со предните. Дејствие кое виртуелно го зголемува меѓуоскиното растојание, ја подобрува стабилноста и одзивот на командите од воланот претворајќи го управувањето со Centenario како со картинг.

ЕКСКЛУЗИВА ОД 20 ПРИМЕРОЦИ

За да го задржи ексклузивитетот на овој славенички модел Lamborghini ќе произведе лимитирана серија од 20 примероци секој со нето цена од 2 милиони евра. Дополнително ќе бидат произведени уште 20 примероци од затворената верзија Centenario Coupe со цена од 1,75 милиони евра. За да одговори на барањата на своите клиенти Lamborghini нуди програма за персонализација која не остава не остварена желба. Секако сето тоа чини дополнително. И доколку некој сака да побрза и да го нарача нека не се мачи. Kолекционерите буквално ја разграбија колекцијата Lamborghini Centenario. •Љубо Анастасовски Lamborghini оваа јадро на моќ од своите 12 цилиндри во V-распоред кои со воздух се хранат природно, истискува 770 КС доволни за ултра бесни перформанси. Масивниот мотор изненадува и со способноста да се врти. Затоа инженерите ја подигнале границата до високи 8600 min1. Во една ваква спрега катапултирањето од 0 до 100 km/h се случува во само 2,9 секунди. Ловот на дисциплината 0 – 300 km/h завршува за околу 23,5 секунди, а забрзувањето не запира ниту кога ќе се надминат 350 km/h.

ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНА ШАСИЈА

Centenario Roadster е целосно изработен од карбон-фибер. Родстерот е создаден 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

29


СПОРТ

Porsche Road Tour - Central & Eastern Europe 2016

Караванот на Porsche поворно во Скопје Ден по отварањето на новиот Porsche салон во Скопје бевме поканети на веќе традиционалното дружење со високоперформансните модели кои ни доаѓаат од Зуфенхаусен.

З

а разлика од минатата година, кога возилата беа помалку или повеќе познати, оваа година домаќините се погрижија на располагање да ни стават и автомобил кој е еден од најголемите новитети на компанијата за оваа година. Покрај потполно новиот, 718 Boxster S, на листата се најдоа и моделите: 911 Carrera S Cabrio, 911 Turbo S, Panamera E-Hybrid и Cayenne Turbo Ѕ.

ќе се вградуваат само 4 цилиндрични агрегати. Со најмал капацитет на моторот и најмала моќност можеби на прва не звучи толку привлечно, но во пракса ги разбива сите предрасуди. Временските услови беа погодни па логично првото нешто беше спуштањето на платнениот кров. Отворената кабина покрај уживањето во пријатното време ни овозможи потполно аудио задоволство. А за сите скептици кои мислат дека новиот агрегат не може да го замени звукот на 6 цилиндрична моторна единица ќе кажеме дека турбо агрегатот звучи доста дрско и гласно, посебно кога е

Porsche 718 Boxster Ѕ Отсега само со четири цилиндри

избран спортскиот режим на работа. Кабриолетот 718 Boxster Ѕ е придвижуван од новиот 2.5 литарски турбо мотор кој располага со моќ од 350 КС. Агрегатот е поставен централно, веднаш зад седиштата а пред задната осовина, со што е добиен идеален баланс и распределба на тежината кои се, пак, основните предуслови за одличната управливост. Перформансите на Boxster Ѕ, кој е на почетокот од скалата на компанијата се повеќе од секојдневни. Од место на мирување до 100 км/ч стигнува за точно 4.4 секунди а максималната брзина е 285 км/ч. Покрај промената на двигателите и еволуцијата во дизајнот, производителот се потрудил комплетно да го обнови и кабинскиот простор кој се повеќе наликува како оној кај моделите 911 Carrera.

Porsche 911 Carrera S Cabrio – Автомобилски евергрин

Автомобилот врз кој денес е изграден целиот бренд, моделот 911 Carrera во својата последна инкарнација традиционалниот шест цилиндричен атмосферски боксер моторот го замени за агрегат кој има помал капацитет но зголемена моќност, благодарение на семоќното турбо. Неговата зафатнина отсега изнесува изнесува 3 литри и во конкретниов случај може да истисне 420 КС. Силата се пренесува на заднте тркала преку 7 степената автоматска трансмисија со двојна спојка која работи со извонредна брзина и прецизност. На самиот поче-

Бидејќи е најнов примерок од сите во групата, на самиот почетокот се одлучивме да седнаме токму зад управувачот на моделот 718 Boxster S. За разлика од својот претходник отсега во серијата 718 каде што спаѓаат Boxster и Cayman

Условите овозможија моделите 911 и 718 да ги возиме со спуштен покрив

30

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Под задниот поклопец на секоја 911 отсега чука само турбо срце


СПОРТ

ток возиме низ град во режим Normal, автомобилот е максимално тивок, комфорен и лесен за управување. Но, штом започнавме да го оставаме градот зад нас преку копчето сместено на управувачот го одбираме Sport модусот, Carrera S Cabrio го менува својот начин на работа, моторот реагира поагилно, звукот ја исполнува отворената кабина, а суспензијата станува потврда. Со исклучувањето кон автопатот повторно го употребивме копчето со кое може да го промениме карактерот, префрламе во Sport+ со што автомобилот е подготвен на сите можни начини да го даде својот максимум. Јас и мојот сопатник стигнавме до 100 км/ч за само 4.1 секунди, а забрзувањето до 160 км/ч изнесуваше 8.6 секунди. 911 Carrera S поседува одличната избалансираност, врвна суспензија, директен управувач и брз менувач, круцијални елементи кои овозможуваат несекојдневна управливост, кога автомобилот се вози по патишта со многу свиоци, или, пак, удобно се крстари по автопат со спуштен покрив.

Porsche 911 Carrera Turbo S – Вулканска моќ

Најмоќната сериска „девестоединаеска“ која некогаш е произведена од оваа пролет доби мало затегање на борите и

неизбежна инекција за подобрување на моторот и зголемување на перформансите. Моделот со ознака 911 Turbo S секогаш во историјата бил најмоќниот и најбрзиот од сите „девестоединаески“. Надворешниот изглед на автомобилот јасно нагласува дека станува збор за едиција која се издвојува од своите браќа. Страничниот профил ги открива големите карбон - керамички дискови на сите тркала задолжени да овозможат молскавично запирање во секој момомент. Проширувањата на задниот дел од каросеријата и дополнителните отвори за вентилација се знак дека под задниот поклопец е сместена сериозно моќна моторизација. Шест цилиндричниот боксер моторот е традиционално сместен во задниот дел, неговата зафатнина изнесува 3.8 литри и за разлика од претходно, двата турбо полначи помагаат да се испорача за 20 КС поголема моќност која сега изнесува 580 КС. Максималниот вртежен момент е 700 Нм, а во Sport Plus режимот на работа се искачува до 750 Нм. Погон е на сите тркала, а за преносот се грижи PDK седум степената автоматска трансмисија со двојна спојка која ги менува степените на пренос побрзо од било кој професионален тркач на планетата. Режимите на работа на подвозјето, управувачот

и агрегатот се поделени во три сегменти. Првиот е Normal кој е најпогоден за секојдневна употреба, овозможувајќи му на автомобилот што е можно поудобно управување. Со префрлањето во режимот Sport, автомобилот ги покажува натпреварувачките амбиции, менувачот овозможува одбраниот степен на пренос да се задржи во повисоки вртежи додека, пак, моторот ја ослободува силата поагилно. Најагресивниот, Sport Plus режим го претвара Turbo S во вистински монструм. Токму во овој режим на работа одлучивме да го испробаме Launch Control системот. Неговата агресивност и прецизност не однесе до 100 км/ч за само 2.9 секунди што е подобро за 2 стотинки од претходно. Не испуштајќи го педалот за забрзување продолживме понатаму и за период од само 9.9 секунди ние веќе возевме со брзина од 200 км/ч. Специјалност на 911 Turbo S се меѓузабрзувањата што го докажува со фактот дека од 80 км/ч до 120 км/ч се стигнува за неверојатни 1.8 секунди. Ваква автомобилска ѕверка секогаш бара од возачот да ја управува максимално концентрирано и пред сè одговорно, бидејќи секоја реакција на десната нога резултира со молскавична реакција. • Данчо Здравковски

Ентериерот на новиот 718 црпи инспирација од оној кај Carrera Моделот Panamera E-Hybrid наскоро ја очекува својата замена

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

31


вие прашувате

• Ме интересира која е цената за издавање на меѓународна возачка дозвола и колку време се чека за нејзино издавање од моментот на аплицирање. Со почит, Гордана

АМСМ: Меѓународната возачка дозвола се издава само врз основа на национална возачка дозвола. Вие имате право на меѓународна возачка дозвола освен ако немате некои забрани на националната. Потребни документи за истата се: 2 (две) фотографии (45 мм x 35 мм), документ за идентификација (лична карта или пасош) и националната возачка дозвола. Важноста е 3 (три) години, но ако важноста на националната возачка дозвола е помала од 3 години, со ист датум ќе биде и важноста на меѓународната возачка дозвола. Цена за истата 950,00 денари, а плаќањето е во готово или со картичка. Дозволата се издава веднаш, за неколку минути. • Сакам да ве прашам за постапката за одјавување на моторно возило кое е продадено во друг град. Возилото е регистрирано во Охрид. Дали може новиот сопственик да појде во Охрид и да го одјави возилото со купопродажниот договор и сообраќајната книшка? Јас сум стариот сопственик на возилото, но дури следната година ќе се вратам во Македонија. Поздрав, Христо

АМСМ: Одјава на моторно возило мора да изврши лично сопственикот на истото со приложена лична карта, сообраќајна дозвола и Договор за купопродажба, или со дадено полномошно на одредено лице кое мора да ја има и Вашата лична карта, сообраќајната дозвола и Догово-

рот за купопродажба. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот e-mail contact@amsmstp. mk или во контакт центарот на АМСМ на следниот телефон +389 (0)2 3 181 181, исто така, можете да ја посетите нашата web страна www.amsmstp.mk • Ќе ве замолам да ми дадете информации во врска со цената за зелениот картон (месечен и годишен). Поздрав, Славица

АМСМ: Зелена карта се издава за два временски периоди и тоа годишна и месечна. Годишна зелена карта важи од денот на издавање до датумот на регистрација на возилото и чини: - За возила со моќност на моторот до 66 KW изнесува 3.690,00 денар; - За возила со моќност на моторот над 66KW изнесува 5.536,00 денари; Месечна зелена карта е со важност од 1 месец од денот на издавање и изнесува: - За возила со моќност на моторот до 66 KW изнесува 1.850,00 денари; - За возила со моќност на моторот над 66KW изнесува 3.075,00 денари; • Пред една недела купив комбе и имам неколку прашања околу постапката и цените за промена на регистарски таблички. Постапката ми е јасна со одјавување на сообраќајна и постоечките таблички и пријавување на новите со поднесување на барање. Ме интересира колку чини оваа промена на регистарските таблички? Возилото е регистрирано до

ноември. Дали треба да направам ново осигурување? Благодарам , Ели АМСМ: За промена на регистерски таблички и нова сообраќајна дозвола, ќе треба да платите вкупно 2.100,00 денари. Бидејки возилото е регистрирано до ноември, ќе треба само да направите промена на осигуреникот на полисата за авто одговорност, во компанијата од каде е издадена полисата. • Дали со завршено осмо одделение можам да полагам возачки испит, или е потребно да имам завршено средно образовение. Ви благодарам, Aлександар

АМСМ: За полагање на возачкиот испит потребно е минимум основно образование. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 32

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

Музика

,,Water for Your Soul“ „Насмевка Joss Stone со цимет“ Катерина Серафимовска

С

едмата книга на писателката Катерина Серафимовска (1972 г.) „Насмевка со цимет“, е современ роман, инспириран од трагањето по смислата на животот, воедно и емотивната потрага по личната среќа... Виртуозна љубовна приказна, сместена во Градот на светлината и напишана „во прво лице“, во којашто најизменично се надополнуваат сведоштвата на главните ликови. Нивните приказни се цврсто испреплетени и нè водат низ длабоките интимни премрежија, емотивните преиспитувања и необичните судбински заплети. Во вртлогот на настаните е љубовниот триаголник меѓу еден зрел француски режисер, неговата петнаесет години помлада сопруга, македонска актерка во подем и нејзиниот поранешен сопруг, привлечен сликар од Њујорк. Меѓу главните актери на романот се одвива интензивен емотивен дијалог, прикажан низ чудесното преплетување на нивните релации и спомените од минатото, но воедно и на комплицираните нитки на „мрежата“ на животот, во којашто тие се фатени во сегашноста... Нивната лична борба e најпосле да ги победат демоните на тагата и на осаменоста, на некој начин, да се победат самите себеси, со цел да ја пронајдат „тајната формула“ на Joie de Vivre (Радоста на живеењето) и на Љубовта, како водечки Raison d’être (Причина за постоење). •

К

антавторката со нежен глас Џос Стоун која се прослави во 2004 година со хитот „Ме имаше“ („You had Me“) е најмладата британска пејачка на врвот на британската топ-листа за албуми. Во 2007 доби Греми за најдобра аренби изведба во дуо или во група за песната „Семејна работа“ („Family Affair“), која ја испеа со Џон Леџенд и Ван Хант. Во почетокот на кариерата, како талентирана тинејџерка ги пее песните на Арета Френклин (светската критика ја нарекува „Арета Френклин на новиот милениум“), но нејзиниот репертоар прилично се трансформира со текот на годините, па така се впуштала и во R & B и реге. Нејзиниот најнов албум, седми по ред, „Water for Your Soul“ (Вода за душата) стана најдобриот реге албум за 2015 година, според списанието Билборд (Billboard), а во моментов, таа го промовира на светска турнеја. Во нејзиниот неприкосновен и нежен глас, ќе уживаме на овогодинешниот „Скопски џез фестивал“. • • Маргита Поповска

Филм

„Бебето на Бриџит Џонс“ Шерон Мегвајер

П

о разидувањето со Марк Дарси (Фирт), планот на Бриџит( З е л в е г е р ) „среќни до крајот на животот“ не оди како што треба. Повторно сама во четириесеттите, одлучува да се фокусира на својата работа како топ продуцент на вести и да се опкружи со стари и нови пријатели. Конечно, Бриџит држи сè под контрола. Што може да тргне наопаку? Тогаш во нејзиниот љубовен живот ќе дојде до пресврт и ќе го запознае маркантниот Американец Џек (Демпси), додворувач кој е сосема поинаков од г. Дарси. Во неочекуваниот пресврт, таа ќе остане бремена, но постои еден проблем... Може само 50 насто да биде сигурна кој е татко на бебето. Ситуацијата е повеќе од комплицирана, но тоа е она на што сме се навикнале кога станува збор Бриџит. Урнебесна комедија која едноставно не смеете да ја пропуштите. Жанр: Комедија Улоги: Рене Зелвегер, Колин Фирт, Патрик Демпси... Режија: Шерон Мегвајер •

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

33


амсм

Зачленете прија

ЧЛЕНСТВО Почитувани АМСМ членови,

Верувајќи дека сте задоволни од услугите вклучени во АМСМ членските пакети и со надеж дека досега сме успеале да ги исполниме Вашите очекувања, ви ја претставуваме програмата „Зачлени пријател“. Преку програмата имате можност да ги зачлените вашите пријатели и притоа да изберете еден од понудените подароци.

34

КАКО?

УСЛОВИ

1. Исечете го купонот и уредно пополнете го со податоците за новиот член што го зачленувате (за нов член се смета секој што најмалку една година не е активен АМСМ член или никогаш до сега не бил АМСМ член). 2. Пополнетиот купон донесете го во АМСМ Скопје – Центар, во секторот „Членство“. 3. За секој зачленет пријател, изберете еден од бесплатните подароци.

1. Право на подарок имате само доколку сте активен АМСМ член. 2. Доколку зачлените 3 или повеќе пријатели и притоа не подигнете подарок, добивате можност за бесплатно продолжување на вашето АМСМ членство. 3. Програмата „Зачлени пријател“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

ател и изберете подарок! ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК: Сет игри

УСБ полнач за во автомобил

Гребалка за мраз за шофершајбна

Навлака за волан

Перниче за патување

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

35


тестови и совети

Зимски совети

Зимска подготовка на возилата Секому му годи малку внимание. И автомобилите бараат внимание, да се провери нешто, да се исчисти или дотури нешто итн. Бидете фер со вашите миленици на четири тркала, затоа што тие знаат да вратат многу повеќе.

С

ега е вистинско време за проверка на вашето возило пред да дојдат зимските денови. Временските услови ви одат во прилог и се речиси идеални за да потрошите неколку часови околу одржувањето на автомобилот. Треба да се извршат некои проверки со цел да биде подготвен за возење во зимски услови. Доколку сега на есен не се извршат проверките и подготовките, можно е возилото да ви откаже послушност во даден момент, а за последиците да не расправаме. Пневматиците се првото нешто што треба да биде проверено. Да се провери длабочината на шарата и да се провери дали притисокот во нив е постојан. Ако пневматиците се дотрајани, извозени, имаат плитки шари, односно ако се со постар датум на производство, тогаш стасале да бидат заменети со нови. Батеријата, кај нас популарно наречена акумулатор е второто кое не смее да мине без проверка. Задолжително да дотурите дестилирана вода ако нивото на течноста во батеријата е под минимумот. Ова не важи за сувите батерии чии ќелии се наполнети со желе. Затоа проверете ја батеријата и нејзината моќност да не дојдете во ситуација да го туркате возилото во 36

услови на снег до колена, односно кога надвор е зима. Витален дел без кој не може ниту едно возило е неговиот радијатор. Преку него возилото се лади и не дава да прегрее моторот. Во летните месеци најчесто дотураме вода, но никако обична туку строго дестилирана. Бигорот присутен во обичната вода може многу лесно да затне дел од ситните канали во радијаторот и ладењето да стане неефикасно. Ако сте ја претерале со обична вода, најдобро е течноста за ладење да биде сосема заменета. Занемарувањето на ова мало внимание за вашиот автомобил значи голема штета по вашиот џеб. Ако дојде до мрзнење на течноста може да пукне некое црево од системот за ладење, радијаторот или блокот на моторот. Зошто тоа да ви се случи кога проблемот се решава многу едноставно брзо и лесно. Само заменете ја старата дотрајана течност со нова и тоа е сè, сте завршиле голема работа со малку пари и еден час време. Некој ќе каже дека заштитата на бојата е само од естетски причини, но ние не би се сложиле со ова мислење. 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


тестови и совети

Секој сопственик на автомобил се горде со избраната боја и неретко сретнуваме некои од нив како грижливо посветуваат внимание со пасти за полирање. Секоја чест за совесните сопственици. Полирањет со соодветни средства е исто што и употребата на сапунот. На тој начин бојата се заштитува, но и металот под бојата, така што корозијата многу тешко ќе може да проработи. Есенската заштита на бојата со паста за полирање е од суштинско значење за автомобилот кога тој ќе оди на продажба. Убаво одржуваните автомобили веднаш се препознаваат и нивната цена е повисока отколку на тие неодржуваните од исто годиште. За ветробранските стакла и нивната чистота не ни треба да спомнуваме. Тие во секое време треба да бидат беспрекорно чисти и постојано да правите проверки на садот со течноста за нивно миење. Ако имате ставено обична вода, тогаш сте згрешиле – може да дојде до запушување на бризгалките со бигор, а да не дојде до такво нешто ќе употребувате дестилирана вода, односно некоја посебна течност за миење на стаклата. Постои опасност водата во зима да замрзне и да дојде до пукање на некое каналче, цевче, или, пак, на садот. За студениот период од годината најдобро е да ста-

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

вите некоја посебна течност која не ги губи својствата и не мрзне на ниски температури. Подгответе ги синџирите, испраксирајте се да ги ставате, ставете парче подебела ткаенина или некој картон, да имате што да подметнете под тркалото кога ќе заглавите во снег. Добро е да имате и мала лопатка, но и вреќичка со песок. Верувајте дека и тие ќе ви бидат од голема помош при заглавување. Генералното чистење ќе го освежи вашето возило и ќе биде попријатно за возење. Фрлете од возилото се што ви е непотребно, исперете ги простирките и другите работи кои можете да ги извадите, а со останатото снаоѓајте се или сами или во некој сервис каде вршат темелно чистење на внатрешноста. Ако случајно ви текне да го миете моторот, тогаш направете го тоа со влажен сунгер и сува крпа, но никако со црево или било каква друга прскалка. Проверката и подготовката на возилото за возење во зимски услови не бара којзнае колку време, но ако не можете самите да го сторите тоа, тогаш однесете го во сервис и таму ќе се погрижат за сè. Ви посакуваме добар пат и секогаш да стасате таму каде сте наумиле. • Жарко Атанасоски

37


познатите како членови на амсм

Влатко Лозаноски - Лозано

Најдобро го работам тоа што го чувствувам Секогаш добро скоцкан, човек кој внимава на својот изглед и на храната која ја конзумира. Важи за голем љубител на фудбал и на добра музика. Неодамна на својата фан страница на Фејсбук, поп-пејачот Влатко Лозаноски објави видео на кое во студио ја пее и свири хитовската „Жена како ти“, а преку истото воедно најави дека подготвува нова песна. Видеото за брзо време заработи стотици лајкови, прегледи и ласкави коментари за прекрасната изведбa.

38

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


познатите како членови на амсм

• Вашиот прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу „Мак Ѕвезди“ во септември 2007 година, оттука ли започнува вашата кариера? Лозано: Во Октомври 2007 година беше периодот кога јавноста првпат ме запозна, додека моето прво професионално појавување со моја песна е во мај 2008 година со мојата прва песна „Врати ме“, на радискиот фестивал „Ѕвездена Ноќ“ во Охрид, каде и ја освоив првата „Гран при“ награда. После тоа се редеа многу песни, видео записи, фестивали како и награди како во Македонија, така и надвор од неа... • Со кој мучики тим ја започнавте кариерата? Лозано: Tимот кој што работам е сè уште истиот, се до ден денес. Мојот продуцент е Лазар Цветкоски, додека како текстописци се Магдалена Цветкоска, Милан Миланов и мојата сестра Марија Лозаноска. Досега се реализирани над 30 авторски песни, два албума веќе се промовирани, а при крај сме и со мојот трет студиски албум. Покрај овие автори имам соработувано и со Дарко Димитров, Хари Котлатоски, Миодраг Врчаковски, Браќата Тавитјан... • Во октомври 2008, со вашиот трет сингл „Времето да застане“ ја добивте наградата од жирито на фести-

валот „Макфест”. Ваше мислење за овој фестивал и дали ви се предизвик фестивалите? Лозано: Макфест е и бил поим за фестивал во Македонија, но и надвор од неа. Настапувале многу големи имиња, се промовирале големи хитови. Фестивалот е традиција која се надевам долго ќе остане. На почетокот фестивалите ми беа голем предизвик, како и за секој што почнува со музичка кариера. Во периодот од 2008 до 2013 година учествував на над 15 фестивали и на сите се вратив со високи признанија. Во моментов концентрирани сме само на работење на нови синглови, заедно со нив и музички видео записи, концерти низ Македонија и надвор од неа. • Во декември 2012 година, Македонската Радио Телевизија најави дека Лозано, заедно со Eсма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот за песна на Евровизија во Малме со песната „Пред да се раздени“. Евровизија за вас од оваа дистанца? Лозано: Евровизија е одличен фестивал за запознавање на артистот пред европската јавност. Многу земји работат и живеат за овој фестивал, со тоа и многу вложуваат со цел да бидат во првите топ 10 или 5 земји, или да се изборат да бидат домаќин. Настрана од тоа, други држави, пак, одат со друго размислување, дека е добро само да се учествува, се тоа да биде паушално, без да се анализираат потенцијалните последици и на крајот артистити се тие кои што се на секаков тапет. Сепак Евровизија е едно од искустават кои мислам дека се памтат за цел живот. • Позади вас имате два албуми... Колку сте задоволен од својата ангажираност во музиката како уметник? Лозано: Првиот албум е именуван „Лозано“ и има 12 песни. Промовиран беше во јануари 2010 година, додека вториот албум „Преку Седум Мориња“ промовиран е во јуни 2012 година со 11 нумери. Седум пати дел од овие нумери биле хитови на година, како „Сонце не ме грее“, „Блиску до мене“, „Кога мене ќе ме немаш“, „Нема ден нема ноќ“, како и нумери кои ќе треба да бидат мојот нов албум „Мандарина“, „Како тебе нема друга“, „Пред да се раздени“. Песната „Сонце не ме грее“ е ставена во најдобрите 20 забавни мелодии од независноста на

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Македонија па досега. • За вас Лозано прва асоациација ми се хитови. Предмалку ги споменавте.... зад себе имате многу хитови....Но она што е карактеристично за вас е дека последниве две лета за време на летниот период вадите летен хит, кој ја одбележува годината. Последнава песна „Бомбона“ е мој личен фаворит, но и „Жена како ти“ е нешто што остава печат во вашата кариера но и во македонската музика. Коментари за ова? Лозано: Гледаме секое лето да бидеме активни со позитивни песни, од 2011 година па се досега тоа ни успева. Баш ми е мило што ете баш и „Жена како ти“ и„ Бонбона“ си го најдоа своето место во оваа категорија. • Вие со онлајн промоција ја лансиравте својата песна „Мандаринa“, зошто се одлучивте на ваков тип на промоција? Лозано: Ова беше дел од мојата стратегија за промоција во јавноста. „Мандарина“ е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Имав многу позитивни реакциите од фановите, затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање, како и во видео записот кој се снимаше во Охрид и во Струга. Видео записот за „Мандарина“ е потпишана од „Горила продукција“. Како режисер на спотот е Огнен Шапкароски. Како локации за оваа љубовна приказна беа избрани локациите Вила „Модерна“ во Охрид и плажата „Версус“ во Струга. Музиката и аранжманот за песната е на Лазар Цветкоски, текстот е дело на Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса. • Неодамна на вашата фан страница на Фејсук објавивте видео на кое во студио ја пеете и свирите хитовската „Жена како ти“, а преку истото воедно најави дека подготвува нова песна. Видеото за брзо време заработи стотици лајкови, прегледи и ласкави коментари за прекрасната изведба. Вие за ова што ќе додате? Лозано: Го правам тоа што го чуствувам. • Вашата порака до сите учесници во сообраќајот? Лозано: Почитувајте ги правилата, вашиот живот нема цена. •Росана Јанков

39


ПАТУВАЊА

АВСТРИЈА

Земја од бајките и соништа

Доколку посакувате да направите чекор наназад во времето и да го почувствувате лежерниот начин на живот, тогаш Виена е вистинското место за вас, a Доколку сакате да се најдете во центарот или да бидете дел од некоја бајка, среде природните убавини и старите градби кои пленат и ги полнат сите сетила, тогаш преубавата Австрија ви е на располагање...

А

встрија е во срцето на европскиот континент. На север се граничи со Германија и Чешка, на исток со Словачка и Унгарија, со Словенија и Италија на југ и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Државата е парламентарна демократија составена од девет држави, меѓу кои се наоѓа и административната територија на Виена. Таа е една од шесте европски држави со концепт на „постојана неутралност“ што се гарантира со Уставот на државата. Најголем дел од територијата на Австрија е планинска. Претежно се простира на Алпите и на дел од Карпатите. Ако погледате некој туристички водич за оваа земја, речиси сигурно ќе прочитате дека наједноставен начин како да се открие и запознае Австрија е пеш, поради нејзината природа која нуди прекрасни 40

пејзажи од кои запира здивот, планинските врвови, бескрајните шуми, кристално чистите езера... И притоа не грижете се, пешачките патеки се добро обележани низ целата земја. Австрија изобилува со туристички атракции од секаков вид... Една од нив е Инсбурк, за кого пишувавме во еден од минатите броеви, како едно од петте најдобри места за скијање во светот. Сепак градот и неговата околина се прекрасни и во другите периоди од годината, па овој рај на Земјата може да се посети кога ќе посакате. Еве една информација која го дополнува сето ова. Во Инсбург се наоѓа и седиштето на кристалниот свет на Сваровски. Каква коинциденција! Прекрасна околина и град од кој го почнуваат својот пат низ светот уникатните парчиња накит на оваа прочуена модна куќа. При посетата на Инсбурк не би требало да се пропуштат ни Кралската 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

палата, Кралската гробница, како и катедралата Св. Јаков. Интересно доживување може да ви донесе и посетата на Грац. Станува збор за град опколен од планини кој претставува уште едно место од бајките во Австрија. Целиот град изобилува со историски споменици. Тука можете да ги посетите палатата Ландхаус, катедралата која потекнува од доцниот готски стил, а се наоѓа на градскиот плоштад. Во Грац може да видите и еден од најекстравагантните примероци на современата архитектура во која е сместен Музејот на модерната уметност. Уште едно волшебно австриско место е гратчето Брегенз кое се наоѓа на тромеѓата меѓу Австрија, Германија и Швајцарија. Се протега на брегот на езерото Констанца, третото најголемо езеро во Централна Европа. Градот е познат по тоа што постојано нуди


ПАТУВАЊА

ата

различна културна програма, како и цела плејада активности на отворено. Можете да присуствувате на светски познатиот оперски фестивал, кој се одржува секои две години, на концертите што ги изведува Виенскиот симфониски оркестар. Тоа се случува на огромната сцена која како да лебди на работ врз езерото. Можете и да пешачите низ околните ридови, да се спуштате по велосипедските патеки низ преубавите планински пејзажи или да играте тенис, да се пробате со параглајдерството или да се обидете времето да го поминете со некој од водените спортови. Градот кој има потекло од пред два милениума може да се пофали со големото средновековно културно наследство. Еден од најпознатите и најпосетуваните градови во Австрија, секако, е Салцбург. Градот е под заштита на УНЕСКО, како родно

место на Волфганг Амадеус Моцарт. Преплавен е со цркви, замоци и палати. Неговиот препознатлив знак е најдобро зачуваната средновековна тврдина во Европа од која има фантастичен поглед на градот. Салцбург е познат по тоа што секоја година е домаќин на Салцбуршкиот фестивал, еден од најквалитетните од тој тип, на кој се изведуваат најновите продукции од светот на театарот, операта и концертите со класична музика. Неверојатните 4.000 настани во годината го прават Салцбург еден од најважните и највлијателните градови на културата во Европа. Би било добро да најдете време да ја посетите и родната куќа на Моцарт која се наоѓа на најфреквентната улица во градот, којашто е идеално место за шопинг и прошетка низ тесните улички и високите, но тесни куќи со романтични дворови. 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Градот-синоним на австриската убавина и култура на живеење, секако, е Виена. Тоа е главниот град на Австрија, со 1,7 милиони жители и на второ место во светот по квалитетот на живот. Од 2001 година градскиот центар е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Од 1867 година Виена е главен град на тогашната Австро-Унгарска Империја со што ја превзема главната улога на политички и на културен план во тој дел од Европа. Како последица на ваквите настани, Виена е единствениот главен град во светот каде што сè уште се одржува традицијата на баловите од деветнаесеттиот век! Секоја година се организираат најмалку два бала со повеќе од девет оркестри кои ја дополнуваат атмосферата и амбиентот. Најпознатиот бал се одржува во надалеку познатата Виенска оперска куќа. 41


ПАТУВАЊА

Главниот град на Австрија блеска со својата архитектура, но и со восхитувачката арт-деко архитектура. Виена е вистинското место за посета на културни настани коишто во текот на годината се одржуваат буквално секојдневно. Имате убава можност да ги посетите и многуте кралски палати, кафе-куќите, пријатните традиционални вински таверни кои пленат со својот посебен, романтичен шарм. Градот изобилува со барокни зданија изградени за време на владеењето на императорот Франц Јосиф и неговата сопруга Марија Терезија. Палатата Шонбрун, летната резиденција на кралското семејство, е една од најпопуларните туристички дестинации во градот, која привлекува со своите внимателно сочувани градини, Куќата на палмите и зоолошката градина. Кралската палата Хофбург, која била дом на Хабсбуршката династија цели шест

века, претставува импресивен врв на австриското културно наследство. Во прекрасната палата Белведере, денес дом на Австриската национална галерија, се сместени богатства како што е најголемата колекција на слики од Климт, Кокошка, Шиле. Заштитен знак на Виена, секако, се и готската катедрала Св. Стефан, огромното панорамско тркало на Пратер (најстариот лунапарк во Европа) и обновената Шпанска школа за јавање која се грижи за исклучително ценетата раса на коњи липицанери. Посетата во Виена е многу повеќе од посета на музеи и галерии со меѓународна репутација, меѓу другите, музејот Леополд, Музејот на модерна уметност, Архитектонскиот центар. Светската слава Виена им ја должи и на најпознатите композитори во Европа, Штраус, Моцарт, Бетовен и Хајдн, кои живееле и работеле во неа. Градот е познат и по Виенскиот филхармониски оркестар, кој е еден од најдобрите во светот, ансамблот на Оперската куќа и светскипознатиот Детски хор кој постои веќе три века! Во Виена нема да пропуштите да го пробате познатиот специјалитет „виенската шницла“, којашто можете да ја вкусите во секој ресторан со австриска кујна. Кога станува збор за традиционалната австриска кујна, треба да се има предвид дека таа е под влијание на унгарската, чешката, од делот на Бохемија, еврејската, како и балканската, што ја прави исклучително разнообразна. Типичен пример за традиционално јадење е „tafelspitz“, многу кревко варено говедско месо кое вообичаено се служи со пире подготвено рачно со виљушка, потоа пржено, полиено со типичен сос од јаболко и крем, што се служи со лепчиња намачкани со мајонез. Виена е позната и по своите десерти и торти и со прочуената и неповторлива „захер торта“. Типичен и омилен пијалак на жителите на Виена е виенското кафе! Доколку посакувате да направите чекор наназад во времето и да го почувствувате лежерниот начин на живот, тогаш Виена е вистинскотоместозавас. А, доколкусакате да се најдете во центарот или да бидете дел од некоја бајка, среде природните убавини и старите градби кои воодушевуваат и ги полнат сите сетила, тогаш преубавата Австрија ви е на располагање... •Редакција „АМСМ Клуб МОБИЛИТИ“

42

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Катедрајата „Св. Јакоб“

Палатата „Шонбрундин“во Виена

Луна паркот „Пратер“ во Виена

Музеј на модерна уметност во Грац

Тврдината „Хокен“ во Салзбург


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите

Ќе патувам во Австрија, каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка? СО ПРОГРАМАТА SHOW YOUR CARD! КАКО АМСМ ЧЛЕНОВИ ШТЕДИТЕ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА, НО И ВО ВАШАТА ДРЖАВА. ШТО ЗНАЧИ ТОА? ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ПОКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ВО ПРОДАЖНОТО МЕСТО SYC! КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ НАЛЕПНИЦАТА СО ЛОГОТО SHOW YOUR CARD! НА САМИОТ ВЛЕЗ, ВИЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД 10% ДО 50% ПОПУСТ. Ајзенштат

Schloss Esterhazy - 10% попуст на влезница. Со АМСМ членската картичка добивате попуст на две влезници за Esterhazy замокот. Замокот Esterházy во Ајзенштат (на околу 40км од Виена) е еден од најубавите барокни замоци во Австрија кој ви овозможува да ѕирнете во животот на некогашниот австоунгарски гроф Естерхази. Денес овој замок со својот живописен изглед е во центарот на културните и социјални случувања. Покажете ја вашата АМСМ членска картичка за да го добиете попустот. Повеќе информации за замокот на: www.esterhazy.at

Виена

Vienna International Center – 40% попуст на организирани тури со водич. Со АМСМ членската картичка добивате попуст на две влезници. Виена е едно од четирите седишта на Обединетите Нации. The Vienna

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

International Center или познат како „UNO City“е основан во 1979 година. Повеќе од 4.000 луѓе работат за меѓународните организации со седиште во Виена. Во овој центар се лоцирани: Обединети нации – седиште Виена, Меѓународната агенција за атомска енергија, Канцеларија на ОН за дрога и криминал, ОН организација за индустриски развој и др. Покажете ја вашата АМСМ членска картичка за да го добиете попустот. Повеќе информации за центарот на: www.unis.unvienna.org

Intersport rent a bike- 10% попуст за изнајмување на велосипед во сите локации во Австрија. Можете да уживате во убавините на Австрија со велосипед. Резервирајте онлајн за дадените градови на: www. intersportrent.at Intersport ви нуди и 10% попуст на опрема за скијање и сноуборд. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ваш!

АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

Линц

Linz Card Discount- 5 евра попуст на тридневна Линц карта. 3 евра попуст на еднодневна Линц карта. Со помош на Линц картата која можете да ја купите на плоштадот имате бесплатен јавен превоз, како и бесплатни влезници во повеќе музеи во Линц. Сè што треба да направите е да ја покажете вашата АМСМ членска картичка. За повеќе информации посетете ја веб страницата: www. linz.at

и попустот е Ваш!

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


стил

Накит

Скапоцениот накит што ги спојува древните култури на Истокот со модерниот дизајн, рачна (совршена) изработка на мајсторите од данската јувелирница во сопственост на браќата Медс и Микл Корнерап, е омилен меѓу членовите на кралските семејства, политичарите, пејачите, глумците... цената е различна, од неколку илјади евра до милион, па дури и повеќе.

С

едиштето на „Шамбала“ се наоѓа во Копенхаген, на една од тамошните улици, која важи за престижна кога е шопингот во прашање, каде што се изложени уникатните примероци на гривни, ѓердани, прстени.., кои не само што го свртуваат вниманието на случајните минувачи, туку и намерниците од различни краеви на светот доаѓаат специјално да си нарачаат за себе или некој близок, иако се продаваат и во најпознатите стоковни куќи од типот на „Барнис“, „Колет“, „Монтењ маркет“, „Хародс“, во триесетина земји. Без оглед на скромниот маркетинг што се должи на ненаметливоста на браќата Корнерап, уредниците на магазините како „Вог“, „Ел“, „Харперс базар“, на пример, самоволно ги ставаат во модните едиторијали и рубриките кои ги покриваат важните случувања, објавувајќи фотографии на славни личности што се нивни муштерии. Освен прстените, ѓерданите.., и гривните „шамбала“ се доста барани. Всушност, интересот за нив е најголем. Секоја белезица ја карактеризира уникатност и во дизајнот и во изборот на скапоцените камења, кои се исклучително ретки. Необработените дијаманти (бели и црни), рубини, сафири, смарагди ги обликуваат по желба на лицата што нарачуваат, 44

вклучувајќи го и жадот. Нивното комбинирање, исто така, е важно, за да соодветствува на сензибилитетот, бидејќи целта на изработката се состои во пронаоѓање душевен мир, што е и филозофијата на „Шамбала“. Поради квалитетот, совршената рачна изработка, оригиналноста, индивидуалноста, цените на гривните се различни, од неколку илјади евра до милион, па дури и повеќе. Забележлив е спојот на древните култури на Истокот, филозофското учење на

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Сидарта Гаутама, наречен Буда просветен, јогата која ги опфаќа самоконтролата и медитацијата, заради соединување на човекот со природата, и модерниот дизајн, што води кон спокој, мир и тишина во животот (душевниот), кој дава сила. Приказната е толку содржајна што може да послужи како инспирација за оние кои не се задоволуваат со медиокритет, „дежа ви“, вообичаеност, туку сакаат нешто ново, сосем поинакво, макар и коренот (изворот) на вдахновението да е во минатото, традицијата, обичаите, културата (севкупноста на духовните и материјалните вредноси на човештвото), во согласност со нивниот креативен, творечки дух. Браќата Медс и Микл Корнерап велат дека публицитетот е меч со две острици. Затоа се држат настрана. Во јавноста излегуваат само кога треба да ги соопштат новините.


стил

Молитвење со бројници како извор на вдахновение Отсекогаш се воодушевувале на духовната симболизација, во секој поглед, дури и морален (па и уметнички), што е потврда за нивниот спиритуален живот. Ги инспирирал начинот на молитвење во која и да е религија, каде што се употребуваат бројници, неколку векови наназад. Имено, првата белезица „шамбала“ ја дизајнирале многу едноставно, гледајќи ја поставеноста на каменчињата на една круна. Денес нивната изработка е заштитена, сосе дизајнот. Користат макраме вид на преплет со врзување на разни видови јазли, во комбинација на злато, дијаманти.., било како перли, било како плочки. Не одат во детали за да не им ја олеснат работата на оние кои се обидуваат да ги копираат, бидејќи е познато дека гривните „шамбала“ се, всушност, најчесто копирани парчиња накит. Од една страна, тоа го сфаќаат како комплимент. Од друга страна, пак, ги обзема желба да се надградуваат, постојано. Изнаоѓаат нови начини на преплетување, камења што ги има само во мало количество, чија вредност е непроценлива, смислуваат поинакви дизајни, со уште поголема инвенција, за да ги задоволат желбите на своите муштерии, земајќи ги предвид и нивните вкусови. Велат дека копиите не им се никаква закана, поради материјалите кои ги употребуваат, квалитетната (совршена) рачна изработка и слично. Законски мерки превземаат во случај кога се злоупотребува името на брендот. Имале такво искуство, пред точно петнаесет години, кога Џеј

Зи нарачал белезица што ќе се разликува од сите други шамбала-гривни. На златните перли, плочките, ги изгравирале неговите иницијали, хороскопскиот знак и логото на фирмата, во стилот на раперот. Толку се поврзал со неа, духовно, што не ја вадел од рака. Денес има неколку, и е нивен редовен муштерија. Популарноста која им ја донесе има светски глас. Нарачуваат и членовите на кралските семејства и политичарите и пејачите и глумците... дури и модните креатори од рангот на Валентино Гаравани, Дајан вон Фурстенберг, Карл Лагерфелд. „Шамбала“ работи добро и поради разбирањето меѓу двајцата браќа. Кога нема слога, нема напредок, нема резултати. Медс е креативен, а Микл извршен директор. Првиот, освен со творечки дух, се карактеризира и со импулсивност, додека вториот е многу внимателен, претпазлив. Тоа ги држи во рамнотежа, иако некогаш не се согласуваат за одредени работи, но постигнуваат компромис, и тоа не само за материјалите, дизајнот, на пример, туку и во поглед на цените. Имајќи го предвид фактот што секоја белезица е уникатна, наменета за поединец, како одделна личност, индивидуа, цените не се фиксни. Почетната е три илјади евра, но може да достигне и до милион, па дури и повеќе. Независно од местото каде што се нарачува, изработката е во Копенхаген, а нејзината вредност (цена) се одредува според квалитетот на скапоцените камења, раритетот, но влијаат и други фактори, како на пример, желбата на муштеријата. • Игор Ландсберг

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Необработените дијаманти (бели и црни), рубини, сафири, смарагди ги обликуваат по желба на лицата што нарачуваат, вклучувајќи го и жадот. Нивното комбинирање, исто така, е важно за да соодветствува на сензибилитетот, бидејќи целта на изработката се состои во пронаоѓање душевен мир, што е и филозофијата на „Шамбала“. Браќата Медс и Микл Корнерап ги инспирирал начинот на молитвење во која и да е религија, каде што се употребуваат бројници, неколку векови наназад. Имено, првата белезица „шамбала“ ја дизајнирале многу едноставно, гледајќи ја поставеноста на каменчињата на една круна. Имајќи го предвид фактот што секоја белезица е уникатна, наменета за поединец, како одделна личност, индивидуа, цените не се фиксни. Почетната е три илјади евра, но може да достигне и до милион, па дури и повеќе.

45


h i - tech

Умни телефони

Најбрзите умни телефони

ne

m

e-s

hen rap

o ph art

g

Нема двоумење околу тоа која е најомилената играчка на големите деца. На прво место неприкосновено владеат автомобилите, а на второ мобилните телефони, поточно смартфоните.

О

ткако се појавија целуларните телефони, попознати како мобилни, светот не стивнува да трча по нив. Производителите се презадоволни од продажните резултати и со право тријат раце и се смешкаат. Оттогаш минаа години, а потоа на сцена стапија таканаречените умни телефони, „смартфони“. Кога посериозно ќе се позабавиме со овој вид телефони, ќе дојдеме до заклучок дека тие најмалку се телефони, а најмногу мали компјутери и фотографски апарати. Производителите на леќи побрзаа да склучат договори со производителите на смартфони со цел да си ја рекламираат фирмата, а телефоните со тоа да добијат на тежина. Надалеку познатите „цајсови“ леќи (сочива) се вградуваат во една марка од смартфоните и сопствениците гордо нагласуваат дека објективот на нивниот смартфон е направен од страна на реномираната фирма Цајс. Ист е случајот и со сочивата од Лајка, потоа Никор во сопственост на Никон итн. Како главен адут при купување смартфон, продавачите веднаш „се фаќаат“ за тоа колку мегапиксели има предна-

та, а колку задната камера, како тоа да е најважната работа на телефонот. Ако прашате добар познавач на фотографските апарати, тој ќе ви каже дека квалитетот на фотографијата најмногу зависи од големината на леќата, а не од мегапикселите. Всушност така велат и ова мислење го делат искусните фотографи. Втора работа на која се потпираат трговците, а купувачите видно заинтересирано ги следат, е брзината на телефонот, односно колку брзо ги обработува податоците - колку брзо ги прелистува интернет страниците и кои игри можат да се играат на него. Работава дојде до тоа да се има брз телефон и да се фати глупоста на векот – покемонот. Нема некој производител на смартфони кој не развива нови модели во голема тајност. Откако претходно ќе добие информации од неговите аналитичари и статистичари, дизајнерите ги засукуваат ракавите и прават прототипови кои после се тестираат и кога ќе дојде вистинскиот момент го лансираат пред светската јавност. Трката е во тоа што сите сакаат да произведат: најбрз, најтенок и да

биде дизајнерски најубаво обликуван. Секој купувач на смартфон се прашува кој телефон е најбрз. Везден се спомнуваат рам меморијата и процесорот како клучни делови од кои директно зависи брзината на обработката на податоците. Денес најбрзите смартфони имаат процесори со по осум јадра (октакор), а тоа е гаранција дека нивниот телефон е побрз во однос на тие што имаат „квадкор“ или „дуалкор“ процесори и секој смартфон што носи епитет „брз“, мора најмалку да има 3 гб рам меморија, а процесорот да не е подолу од 2,0 гигахерци. Познатите марки на овие видови телефони добија силна конкуренција и тоа најмногу од Исток, Тајван и Кина. Телефоните од марките: Kingzone, Meizu, Elepfone, YotaPhone, Ulefone, Leagoo, UMI, Xiomi, Oukitel и останатите, со страотна брзина им се приближуваат на добропознатите марки (извиканите), а во некои сегменти веќе се и подобри, така што не мора вашиот телефон да биде име за да биде најбрз. Буквално до вчера најбрз телефон на планетава беше произведен од кинеската компанија Xiomi. Не ги потценувајте останатите

Archos Diamond S Discovery LG G5

iPhone 7 concept

46

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Samsun Galaxy A8


Meizu M2 Note

h i - tech

Ele

ph o

ne

P8

00

0

HTC One M10

компании затоа што токму тие денес царуваат во телефонијата. Во продолжение од текстов следат куси технички податоци на некои од најбрзите телефони тестирани во првата половина од годинава.

Xiaomi Mi 6 располага со 4K Ultra HD екран, 23 мегапиксели задна и од 7 до 10 мп предна камера со аутофокус и стабилизатор на леќета. Поседува 4 гб рам меморија и со 5г безжичен интернет. Процесорот е осумјадрен Qualcomm Snapdragon 820 со 2,5 GHz, а батеријата располага со капацотет од 2450 mAh. HTC One M10, исто така, е „ѕвер“ од

смартфон и само што не е лансиран. Тајванскиот производител не сака да биде зад конкуренцијата, односно сака да биде пред сите и да ја носи титулата „најбрз во светот“. Добрите познавачи очекуваат моделот One M10 да биде набрз меѓу најбрзите и потенок од претходникот One M9. Овој производител е познат по квалитетот, дизајнот и врвни оперативни особини на неговите телефони. Процесорот на HTC One M10 има 3,1 GHz и осум јадра. Дури 27 мп задна и 10 мп предна камера, 4 гб рам меморија, 4K Ultra HD екран, батерија со 3400 mAh, тело целосно изработено од метал и ќе биде отпорен на прашина и вода.

LG G5 е еден од телефоните кој ќе ја превземе доминацијата на извиканите марки. Се очекува овој телефон да има октакор процесор, 5г технологија, 4K Ultra HD екран, камера со 23 мп задна и 5 мп предна, батерија со дури 4000 mAh. Производителот гарантира супериорни видео снимки, зголемена брзина на севкупната работа и кристално чиста слика. Телефоните iPhone не се најбрзите, но затоа важат за едни од најдобрите. Можеби некои со право велат дека тие се

врвот во смартфонијата. Со денешната технологија сè е можно и да бидеш најдобар и најквалитетен, но веќе утре тој примат го има некој друг. Моделот 7 кој допрва треба да се појави на пазарот, треба да поседува двојно подобри оперативни способности од речиси скоропретставените „6“ и „6 плус’ж“. Велат дека ќе располага со квадкор процесор (чудно што не е октакор), задна 20 м камера и предна со 2 мп. Иако бројките се помали отколку кај конкуренцијата, сепак iPhone 7 ќе има во себе нешто посебно, а тоа е можноста преку вградениот прожектор да се гледаат на пример презентации или филмови на некоја рамна површина, во вашата канцеларија, дома или на било кое друго прикладно место. Тука се вмешува и Microsoft со моделот Lumia 940. Беа заедно со надалеку познатата Nokia, но сега секој оди сам да развива и прави смартфони. Телефонот допрва треба да биде претставен, но првично познати се неколку податоци – Процесор со осум јадра, 3 гб рам, 20 мп задна и 5 мп предна камера, 5,7 инчен екран со резолуција од 1440 х 2560 пиксели.

Elephone P7000 (Elephone Pioneer) е еден од тие кои бараат место под сонцето на најбрзите на планетава. Иако не непознат за пошироката јавност, сепак неговите особини се за почит - 1.7GHz 64-bit процесор, 3 гб рам, 360 степени ротациона идентификација на отисок од прст.

метал поседува индентификација на отисок од прст, има октакор MediaTek MTK6752 1,7 GHz процесор и камери со 16 и 8 мп. Малку послаб од горенаведените е Archos Diamond S (Archos S Diamond), но, исто така, брз. За неговите добри способности гаранција се: 1,3 GHz 64-bit октакор процесор (MediaTek MT6753T Cortex-A53) и рам меморијата со 2 гб, со 16 мп задна и 8мп предна камера. Еве уште една од многуте кинески компании производители на смартфони, ZTE, марка која се пробива пред сè со долготрајноста на производите. Моделот Blade S6 (ZTE S6 Blade) поседува 64 битен октакор процесор со брзина која изразена во GHz изнесува 1.7 + 1, Hi-Fi аудио систем. Рам меморијата располага со оперативни 2 гб (LPDDR3) итн. Кој е најбрзиот смартфон? Денес можеби е вашиот, но утре којзнае кој. Од ден на ден се појавуваат се побрзи и побрзи телефони, а во блиска иднина ќе се појави графенскиот смартфон кому нема да му требаат тие трослојни екрански стакла бидејќи целиот телефон ќе можете да го виткате да го удирате од земја, а притоа да нема ниту една гребнатинка, ќе биде за 100-тина пати (и повеќе) побрз од денешните и ќе се прават во најразлични форми и големини, во зависност од вашите потреби. • Жарко Атанасоски

И Ulefone има што да покаже. Неговиот модел Be Touch 2 (UleFone Be Touch II) има целосно метално куќиште, 1.7GHz октакор процесор, 3 гб рам и преден скенер на отисок од прст.

Ecoo Aurora E04 изработен од лесен 47

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Ecoo Aurora E04


ИСТОРИЈА

Историски развој на AUDI

Возило за сите времиња

Историјата на марката Ауди е прилично комплицирана и доста богата, проследена со многу успеси и падови низ стогодишното постоење на оваа реномирана марка на авомобили.

С

è започна во 1899-та година кога Аугуст Хорц, во Келн основа фирма во која започна да го конструира првиот автомобил кој беше комплетиран во 1901 година. Во 1921-та година фабриката „AG“ го претстави новиот Audi 14/50 Typ K кој беше прв автомобил во Германија со управувач поставен на левата страна. Веднаш потоа започнува производството на високо литражни мотори, но за жал, во 1929-та година, поради Големата светска економска криза опаѓа продажбата на големо литражните модели, па така, во 1931 година се направи мал автомобил со преден погон, со кој требаше да се надмине кризата. На 29 јуни 1932 година, по иницијатива на Саксонската државна банка, која својот ангажман во Саксонската авто индустрија го сметаше за ризичен, дојде до фузирање (спојување) на 4 марки односно фабрики во една: „AUDIWERKE“, „HORCH“, „WERKE“ и „ZSCHOPAUER MOTOREN WERKE/DKW“ и така е создадена нова фирма под името „AUTO UNION AG“. Оттаму произлегува и знакот на 4-те прстени кои се симбол на заедAudi_Typ_E_(1923)

48

ништвото. Во 1940-та година е произведен и последниот предвоен модел, по што следи трансформација на фабриката за потребите на воената индустрија. По завршувањето на Втората светска војна доаѓа до конфискација на имотот на Ауто Унион АГ, кој се наоѓаше во зоната на Советската власт, така што фабриката беше демонтирана, машините пренесени во Советскиот Сојуз, како воена репарација. Меѓутоа група на раководители на Ауто Унион во 1949 година повторно ја етаблираат фирмата „Ауто Унион ГМБХ“, која ја продолжува традицијата на 4-те прстена. Во 1958 година, фабриката „ДАИМЛЕРБЕНЗ“ ги презеде поголемиот број на акции, а подоцна стана доминантен сопственик на „Ауто Унион ГМБХ“, кога фирмата стана ќерка на фабриката во Штутгарт. Од 1964 година претставува дел на VW Концернот, каде што комплетно во 1966 година е превземена сопственичката структура на Ауто Унион од страна на VW . Во 1971 година се прави рекламен слоган „ Vorsprung durch Technik vorspung durch Audi_typ_SS

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

technik“(што во превод значи: напредок низ техниката). Во согласност со мотото на овој слоган се појави и првиот автомобил Ауди 80 прва генерација Б1, кој беше со преден погон и четири-цилиндричен мотор. М о т о т о од слоганот „ Vorsprung durch Technik vorspung durch technik“ продолжи и понатаму, па, така следеа 5 цилиндричните мотори во 1976-та година, потоа во 1979та година турбо полначот, во 1980-та година погонот на 4 тркала-Quattro, а во 1989-та година-TDI. Во 1985 година доаѓа до преименување на Акционерското друштво „AUDI NSU AUTO UNION AG“ во „AUDI AG“, кога и седиштето на фирмата е вратено во Инголштат. Следат низа успеси како што се: 1983-Audi 200 (typ 44), 1986-Audi B3, 1988-Audi V8, 1994-Audi A8 (каросерија изработена од алуминиум) и уште многу други модели кои се произведуваат до ден денес. На традицијата и афирмацијата на оваа марка се работеше долго и пожртвувано, а резултатите не изостанаа. Напредокот низ техниката продолжува. • Андријан Трипунов


СПОРТ

Мото ГП

Старт Арагон 2016

Маркез ја прекина шпанската низа на Роси Валентино Роси има само две победи во тековната сезона на Мото ГП, но и двете се остварени на патеките во Шпанија, Херез и Барселона, но во моментите кога се одлучува шампионската титула Марк Маркез не дозволи уште едно изненадување, па уверливо ја однесе победата во Арагон.

А

рагон беше прекрасна шанса за Роси, особено што Маркез немаше победа четири трки во низа, но младиот Шпанец го започна целиот викенд пред својата публика со фантастичен набој и на моменти беше на работ од драма, но излезе како победник со среќен крај. Маркез јасно стави до знаење дека го има потребниот ритам уште на тренинзите, а потоа на квалификациите во Арагон само го потврди тоа и без никаков проблем и конкуренција стигна до пол позицијата. Лидерот во генералниот пласман извозе идеален круг и беше побрз од ривалите во сите четири сектори, а времето од 1:41:117 беше дури за повеќе од

половина секунди подобро од она на неговите најблиски ривали. Маверик Вињалес и Хорхе Лоренцо ја потврдија доминацијата на шпанските возачи комплетирајќи го првиот ред, додека фаворитите од сенка (Довициозо, Крачлоу и Роси) го окупираа вториот ред. За Маркез, ова беше 64-та пол позиција во кариерата, со која го израмни рекордот кој го постави Хорхе Лоренцо пред две недели во Сан Марино. Возачот на Хонда ги доби почетните дуели со Лоренцо и Вињалес, но кога се чинеше дека ќе се одлепи, следуваше грешка во еден од свиоците при кој за влакно избегна пад со кој ќе ги разочараше најголем дел од фановите во Шпанија. Маркез со многу среќа успеа да остане на моторот, па иако во тој момент ситуацијата изгледаше многу потешка за него, бидејќи беше престигнат и се најде 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

на петтото место, почна од почеток и стигна до нов триумф. Најпрвин лесно ги мина Довициозо и Лоренцо, додека во меѓувреме Роси напредуваше и стигна до првата позиција минувајќи го Вињалес. Неверојатниот ритам кој константно го одржуваше Маркез на крајот го донесе неминовното, односно престигнување на директниот ривал за екстаза во публиката. Роси на крајот го загуби и второто место од тимскиот колега Хорхе Лоренцо поради изборот со мека предна гума која и тоа како попушти во последните кругови, а тоа секако дополнително му донесе среќа на денешниот победник кој со триумфот во Арагон значително ја зголеми предноста во генералниот пласман. Маркез има 248 бода, односно 52 повеќе од Роси во генералниот поредок, што е еквивалент на две комплетни трки (победа носи 25 бода). До крајот на сезоната има уште четири трки: Јапонија, Австралија, Малезија и Валенсија, но се чини дека младиот Шпанец веќе ја капариса титулата „во нормални околности“. • Александар Табаковски 49


СПОРТ

Европски куп за туринг автомобили

Европа под тркалата на Иџе! Во 12 трки од таканареченото европско првенство на кружни патеки, 10 победи однесоа двајцата главни протагонисти во борбата за титулата, а во два наврати шампионски поитенцијал покажаа други возачи: Мануел Фернандес од Португалија и Игор Стефановски од Македонија!

М

акедонскиот пилот Игор Стефановски – Иџе триумфираше на првата од двете трки во Имола, со што се спушта завесата во ЕТСС напреварувањето на кружни патеки. Секој викенд возачите настапуваат во две трки, а ова беше последниот за 2016 година. Стефановски на квалификациите го избори четвртото место, но на стартот веднаш се избори за втората позиција, а потоа во директен дуел со кандидатот за шампионската титула покажа дека неправедно бил запоставен со стариот автомобил кој го имаше во екипата „Лема Рејсинг“. Неговата победа одекна силно во македонски, но и балкански рамки, 50

бидејќи се испишуваат нови страници од историјата. За жал, најдобриот македонски пилот немаше среќа во втората трка и не успеа да ја заврши истата откако имаше инцидент во првите кругови. Популарниот Иџе имаше контакт со Клаудио Труфер по што заврши во една од заштитните огради на Имола, а со тоа му беше скратена можноста, но и желбата да оствари втор голем резултат едноподруго на историската италијанска патека. Клаудио Труфер стартуваше како втор, но падна до шестото место откако беше заобиколен од другите возачи, а во третиот круг на свиокот Тоса и Иџе тргна да го помине, во што успеа при возењето 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

на нагорнината. Сепак, кога дојдоа на следниот свиок обајцата се најдоа во заштитниот појас, по што беше аплицирано возило за безбедност. – Го поминав со цела должина на автомобилот и излегов пред него. Сепак, тој не дозволи да го завршам маневрот и ме удри одзади толку силно што сè уште чувствувам болки по телото. Кога излегов од автомобилот и се упатив кон него за да поразговарам, тој од срам остана внатре се додека не дојде багерот да го одвлечка. Тогаш излезе и истрча без да се извини,- изјави Иџе кој се бореше со измешаните емоции, сладострастието за првата победа и огорченоста за уништената втора шанса.


СПОРТ

Инаку, на втората трка во Имола победи Петр Фулин, но Швајцарецот Рихард кој беше пропуштен од тимскиот колега на второто место, ќе биде прогласен како нов победник во ЕТСС шампионатот, иако обајцата стигнаа до 109 бода со по пет победи сезонава, но Рихард има повеќе пласмани на второ место .

РЕКОА ЗА ИЏЕ: ТОЈ Е НАПРАВЕН ОД МАТЕРИЈАЛ ЗА ПОБЕДНИК Реакциите за победата на Стефановски дојдоа од повеќе страни, но засега освен комплиментите, недостасува валоризација на неговите успеси со тоа што ќе му се создадат услови за настап и следната година. Суровиот свет на авто мото спортот бара возачите сами да ја наоѓаат спонзорската поддршка која им е неопходна за да можат да продолжат со настапите. – Игор покажа за што е способен со конкурентен автомобил. Имавме добра и чиста борба за првото место во првата трка, веројатно ќе ги имаме и во иднина,изјави шампионот Крис Рихард на прес конференцијата за акредитираните нови-

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

нари во Имола. – Ја разбирам вашата желба да го истакнете неговиот успех, тој навистина беше брз денеска, но не смеете да заборавите дека ние како водечки во првенството имаме обврска да монтираме казнена тежина во возилото. Можеби тие килограми денеска ми одземаа половина секунда по круг,- гласи изјавата на нерасположениот Петр Фулин. – Ова ни е првпат како соработувавме и од старт добро се разбиравме. Игор е навистина добар, нема збор за тоа. Сепак, рано е да се говори за 2017 година, може сешто да се случи,- енигматичен беше Микица Весниќ, раководител на тимот „Леин Рејсинг“. – Се освен подиум во првата трка ќе беше разочарување. Сега конечно се виде дека тој е материјал за победник и со овие резултати им ја затна устата на сите кои го критикуваа. „Леин рејсинг“ му овозможи квалитетен автомобил, но потребно му е време за да се соедини и усклади со него. Кога би добил вистински автомобил идната година би можел да ја освои титулата. Ова е историски резултат за Македонија кој значи повеќе отколку сите други спортови заедно. До ваков резултат доаѓаат само големи шампиони, тој нема ни автодром за да тренира! Јас го напуштив „Лема Рејсинг“ бидејќи не му овозможија конкурентен автомобил на Иџе, но верувам дека тој научи многу од оваа сезона и е подготвен да ја нападне титулата во 2017 година,- изјави за „Дерби“ Мирослав Растовиќ, инженер кој работеше на автомобилот на Иџе во претходниот тим, „Лема Рејсинг“. Стефановски засега планира да остане во истото натпреварување за 2017 година, каде што потенцијално би се борел за титулата, а тоа би му ги отворило вратите за нови предизвици во светот на трките. • Александар Табаковски

51


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

Розберг на чекор од остварување на сонот Со расплетот на трките во Малезија и Јапонија, Нико Розберг стекна предност од 33 поени во однос на тимскиот колега Луис Хамилтон, кој му е единствен противкандидат за освојување на светската шампионска титула. Со евентуален кикс на Хамилтон на следната трка во САД, како и пласман на Розберг на второ место – титулата може да биде негова на три трки пред крајот на првенството.

М

ерцедес ја осигура третата конструкторска титула во низа со триумфот на Розберг на трката за Големата награда на Јапонија, надополнето со третото место на Хамилтон. Германската фабрика се наметна како доминантна сила по менувањето на правилата за моторите и воведувањето на турбо-агрегатите во 2014 година. Од страна на возачите, дуелот за круната оваа година започна со четири победи на Розберг, но Хамилтон успеа да направи вистински заплет и да ја неутрализира целата негова предност во средишницата на сезоната. Сепак, откако возачите се вратија од летната пауза, Розберг пет трки по ред е пред Хамилтон, при што има четири победи, а на претходната трка во Малезија беше трет, но Британецот не ја заврши истата поради експлозија на моторот. - Целиот овој викенд беше прекрасен, од самиот старт, а покрај тоа беше мошне посебен, преубаво е да се победи овде, на оваа легендарна патека. Им честитам на сите, на моите колеги во тимот, за освојувањето на третата титула во првенството за конструктори. Дефинитивно го заслуживме, вложивме неверојатни напори сите овие години, па сега е време и добро да се потрудиме да го прославиме ова,- изјави Розберг кој сега има „цела 52

трка“ предност во однос на Хамилтон. Луис Хамилтон во Јапонија повторно имаше проблеми на стартот и падна на осмото место, по што мораше трпеливо да ја гради својата позиција и да се бори за место на пиедесталот. На четири трки до крајот во кои на располагање се 100 поени за освојување, Хамилтон заостанува со пласманот на трето место, но по трката во Јапонија сега наместо 23 бода, заостанува 33 поени зад Розберг. - Среќен сум што успеав да се вратам во оваа трка и да освојам поени. Имав пролизгување на гумите на стартот, но не сум сигурен зошто, ќе морам да разговарам со инженерите за тоа. Загубив многу позиции и морав да се изборам за да се вратам на подиумот,објасни Англичанецот. Макс Ферстапен се најде на второто место, веќе втора трка по ред, откако претходно во Малезија Ред Бул имаше „еден-два“ победа по откажувањето на Хамилтон. Овој пат тој мораше да се брани од Англичанецот во финишот на трката, особено откако тој имаше посвежи пневматици на крајот и му се „залепи“ на два круга пред целта, маневрирајќи како да ќе изведе напад во шиканата. Ферстапен затвори на идентичен начин како што тоа го правеше во два наврати претходно кога се бореше со Кими, најпрвин блокирајќи ја тркачката 10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

линија во лево, а потоа затворајќи ја и десната внатрешна страна. Иако првенствено беше осуден за своето блокирање, Ферстапен е среќен со фактот дека успеал да ги раздели возачите на Мерцедес, а овој пласман го качи на петтото место на табелата, над Себастијан Фетел од Ферари. - Имаше мешаница на патеката, но за среќа ги зачувавме гумите за последната делница. Мислам дека генерално имавме одлична стратегија, а да се тркаш против болидите на Мерцедес секогаш е нешто позитивно. Кога на крајот ќе завршиш втор, потребно е да му се заблагодариш на тимот за тоа. Се разбира дека Луис притискаше и имавме момент кај шиканата, но јас сум среќен со мојот пласман. Мерцедес прво вложи протест на однесувањето на Ферстапен, па стјуардите издадоа и службен документ дека истиот ќе биде разгледан на следната трка во САД, но подоцна германскиот тим го повлече. Хамилтон преку социјалната мрежа „Твитер“ порача дека не им треба таква жалба, бидејќи тие се шампиони и потребно е да прославуваат. Првенството продолжува во САД на 23 октомври, а потоа следат трките во Мексико, Бразил и Абу Даби. •Александар Табаковски


СПОРТ Ферари доби понижување

лекција

за

По оставката на техничкиот директор Џејмс Елисон на средината од сезоната, Ферари продолжи да тоне без да одржува чекор со своите ривали. Тимскиот шеф Маурицио Аривабене изјави дека неговиот тим добил „лекција по понижување“, откако на стартот беше најсилен ривал на Мерцедес и се бореше за победа во Австралија, но ја загуби таа позиција и без победа во 2016 година се наоѓа на третото место. - Сето ова има ефект, во смисла дека ова беше лекција за понижување од извесна точка на гледање. Од друга страна, научивме да гледаме само напред, а притоа да внимаваме и на сопствениот грб. Мислам дека оваа лекција е разбрана од сите, но сепак се случија некои непредвидливи фактори кои ги компромитираа нештата. Тој најави дека секој член на тимот ќе треба да си ја заслужи платата без оглед на која позиција работи и колку изнесува, вклучувајќи го и четирикратниот првак Фетел.

Розберг на подиум - Јапонија 2016

Прослава на конструктори - Мерцедес

Колумна: „Своерачно“

Величенствениот Иџе и 40 благословени навивачи Оваа колумна е (повторно) е посветена на возачот кој успеа да ја постави Македонија на глобалната автомобилистичка мапа и да им покаже заби на ривалите кои го сметаа за заталкан во елитните трки на кружни патеки.

А

ко моделот на сопствен тим функционираше во европското првенство на ридски патеки, најголемиот проблем оваа година за Игор Стефановски се покажа дека е автомобилот кој му го обезбедуваше словенечкиот тим „Лема рејсинг“. Македонскиот пилот кој две години по ред имаше сезони од соништата (гледано според резултатите на крајот од годината) всушност се финансираше самиот себе и со автомобилот подготвен за ридските трки ја обиколуваше Европа и нејзините врвови со една единствена цел, да ја демонстрира брзината со која располага. Оваа година сите проблеми кои можеа да му се случат со промената на системот – му се случија согласно народната поговорка „кога врне – истура“. Тим без конкретно искуство во даденото европско првенство на кружни патеки, автомобил од „Сеат“ без поддршка со соодветни резервни делови, како и платени делови за надградба во „Сеат Спорт“ кои не беа испорачани на стартот од сезоната. Дополнително, половина од инженерскиот тим ја напушти екипата среде сезоната. Како сето тоа да беше малку па се случи и инцидент во кој ионака компромитираниот автомобил беше речиси уништен, па Стефановски мораше и да паузира една трка. Што е многу – многу е, особено кога во сета таа мешаница каде и да се свртите, не можете да видите некој што може да ве разбере и да ви помогне. Сам во суровиот свет на авто-мото спортот каде што сте добар колку што е добар и вашиот последен пласман. Сета македонска логистика која беше инволвирана и претходните сезони, но и за остварување на сонот на кружните патеки, одеднаш не можеше да направи ништо за да му помогне на пилотот кој се најде во незавидна позиција. Оттука, идејата да се оди за Имола, на последната трка од првенството, со автобус кому му требаат речиси 24 часа да стигне до финалната дестинација, делуваше повеќе како истрел во празно, отколку како покана за сведоштво кое можеби ќе се пренесува со генерации. Јас лично ја прифатив поканата на Иџе само колку да бидам со него и во овој наврат, бидејќи посетив една негова трка претходно, а една морав да откажам поради поклопување со други обврски. Навистина, имав и резервен план, верувајќи дека ова ќе биде уште еден викенд

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

со многу осцилации и уште толку отворени прашања „зошто“ и „како“. Арно ама ... На само еден ден пред поаѓањето за Имола дознав за менувањето на тимот и дека последниот настап за оваа сезона ќе биде со српската екипа „Леин рејсинг“. Разликата беше јасно видлива од првиот момент: тие имаат автомобил подготвен со спецификација за 2016 година со кој Младен Лалушиќ еднаш се искачи на подиумот во Братислава. Одеднаш, мамурниот автобус ми се виде како крилест пегаз, а шансата да бидам присутен на трка во која Иџе ќе има моќно оружје стана историска. Ние 40 навивачи во Имола, каде што по слободна проценка имаше двојно повеќе редари и уште толку новинари од сите други земји. Сè друго е веќе историја. Иџе ја грабна оваа шанса со две раце и покажа голема зрелост во однесувањето на патеката, иако таму двајца пилоти во директен дуел го решаваа прашањето за титулата. Квалификации на четврто место, во иста десетинка до шампионот, плус на патеката го помина со престигнувачки маневар и го остави второпласираниот речиси десетина секунди зад себе. Веќе 25 години се движам во новинарските води и до сега немав шанса да ја слушнам македонската химна за наш претставник на ниту една трка. Иџе го исполни својот сон, но го исполни и мојот и на останатите Македонци присутни во Имола. Ваквите нешта се оние драгоцени приказни кои со насолзени очи им се раскажуваат на потомците кога се евоцираат спомени кои оставиле печат на твојот живот. Секој може да извлече каква сака поука: па дури и српскиот тим кој му асистираше на Стефановски во оваа прилика, нивниот досегашен возач, словенечкиот тим кој испушти шанса да создаде историја со Иџе, па дури и секој македонски политичар и спортски функционер кој нема придонесено со ништо, иако работи во својата бранша, а сепак ја дели радоста која успеа да ја приреди еден македонски возач во своја комплетна режија. Режија за Оскар. Грандиозна! • Своерачно, Александар Табаковски

53


СПОРТ

Интервју со Карлос Саинц јуниор

Возачите мора да бидат малку себични Со Гери и Дејвид Бребем започна ерата на „славни потомци“ во Формула 1, чии татковци се прославиле токму во овие трки, а тоа кулминираше со титулите на Дејмон Хил и Жак Вилнев. Додека сме во очекување на евентуалниот таков успех на Нико Розберг, својата кариера ја започна синот на рели шампионот Карлос Саинц, кој го носи истото име и презиме со додавка – јуниор. 54

И

ако се родил откако неговиот татко ги освоил двете светски титули како шампион во највисоката категорија на рели трките, Карлос Саинц јуниор израснал во сенката на славниот татко, но има респектабилни резултати зад своето име во младинските категории. Титула во картинг (К3) за 2008 година но не во Европа, туку шампион на Азија и Пацификот, и потоа освојување на Јуниор Монако Картинг Куп во 2009 година, дополнето со вице-шампионска титула во Европа. Од 2010 година со неполни 16 години започнува со пониските категории на формули (повторно од Азија, со Формула БМВ Пацифик), но префрлувањето во Формула Рено му ја носи првата титула во 2011 година во пониската категорија (зафатнина на моторот од 2,0 литри), по што во 2014 година доаѓа и титулата во повисоката категорија (зафатнина на моторот

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

од 3,5 литри). Од 2015 година почнува неговата кампања во Формула 1, каде што освои бодови во првиот настап и продолжува да импресионира со сериозниот пристап за оправдување на довербата од страна на Ред Бул. АМСМ: Имаше многу критики за промените на асфалтот, за новите рабници на патеката тука во Австрија, се случија неколку излетувања, дали и ти сметаш дека тие се опасни? • Добра работа е што тие се наоѓаат на излез од свиоците. Мислам дека не се опасни во ситуација кога имаш избор да ја подигнеш ногата од педалот. Ќе треба да се обрне поголемо внимание, но во суштина тие се опасни колку и заштитна зона од песок. Имаш избор дали да ја намалиш брзината или ќе возиш преку нив со полна сила, ризикувајќи да излеташ. Инаку патеката е мошне мазна, речиси како да возиш симулатор, а тоа ми се допаѓа. АМСМ: Дали оваа патека сè уште важи како една каде што моторот игра најголема улога? • Да, за наша жалост во овој момент тоа е така. Се надеваме дека тоа можеме да го надоместиме со добрите перформанси во брзите свиоци, кои ги има четири на оваа патека, додека на правците нема да бидеме во најдобра форма. Сè уште го немаме потребното ниво на потисната воздушна сила кое што го посакуваме. Ферари ни овозможи да ги завршуваме скоро сите трки за разлика од лани, иако моторот е според минатогодишна спецификација, но сепак се бориме со екипи како Форс Индија која го има на располагање најдобриот мотор во моментов. АМСМ: Постојат шпекулации дека техничкиот директор на Торо Рос, Џејмс Кеј, би можел да замине од тимот, дали тоа ве загрижува? • Се разбира дека сум загрижен од таквите шпекулации. Тој е клучен човек во нашиот тим, многу перформанси на нашиот болид се должат на него, по неговото доаѓање во Торо Росо. Тој е добар лик, му носи стабилност на тимот, зборува разумно и претставува една од најдобрите страни на оваа екипа. АМСМ: Колку често ја посетуваш фабриката и разговараш со инженерите таму? • Два до три пати годишно, тоа секогаш се убави искуства. Луѓето таму навистина го ценат тоа, сакаат да се ракуваат, да се поздрават, бидејќи напорно работат цела година да го подобрат болидот. АМСМ: Би можел ли да ни откриеш како


СПОРТ

момент од својата досегашна кариера?

• Исклучително ми е драго дека вед-

се случи ангажманот во Торо Росо? • Д-р Хелмут Марко ми се јави на телефон и ми кажа дека има добра вест за мене. Накусо ми кажа дека има место во екипата и дека подоцна ќе ми ги јави деталите. Во прв момент се прашував дали е тоа можно? Како да здогледав светло на крајот од тунелот, имајќи предвид што сè ми се случуваше тие денови. Прво имам место, а потоа немам, па повторно имам. Не знаев што да мислам. Кога бев малечок, го гледав Фернандо на телевизија како ги освојува шампионските титули, тогаш не ни сонував дека еден ден ќе возам во негово друштво. Потоа со Кими и Себастијан. Тоа ми изгледаше како нешто нестварно! Дури подоцна станав свесен што сум успеал да постигнам. АМСМ: : Почнавте заедно со Ферстапен, па постојано ве споредуваат како да сте најголеми ривали... • Макс е добар возач, мошне брз и талентиран, па со самото тоа и голем ривал. Некои го третираат како „чудо од дете“, но такво нешто во рамки на тимот не постои. И тој е возач како и мене, еден од тимските колеги кои сум ги имал. Во некои сегменти од работата соработуваме бидејќи тоа е во интерес на тимот, па околу тоа нема проблеми. Сепак, тој имаше помалку технички проблеми од мене, па постигна и подобри резултати во првата сезона. Некој има повеќе, а некој помалку среќа. И тимот не беше среќен поради моите откажувања, но тука најмалку имаше моја вина. Кога сте почетник важно е да ги завршувате трките и да стекнувате искуство. АМСМ: Можете ли да издвоите посебен

наш, во првиот настап во Мелбурн успеав да стигнам до поени. Имав и други добри трки, но секако најдрага ми е онаа пред домашната публика во Барселона. Тоа е посебен настан за секој возач, а ако се постигне и добар резултат, тогаш тоа задоволство е огромно. Мене ми појде од рака да го освојам петтото место во квалификациите, па дополнително ме мотивираше, иако на крајот завршив на деветто место. АМСМ: Постои ли некоја рутинска процедура која ја почитувате пред секоја трка? • Правам вежби за истегнување, се загревам некои 15 минути пред да влезам во болидот. Тоа ми помага да се ослободам од стресот и да ја задржам концентрацијата. Во моторхоумот секогаш го чувам знамето на Шпанија, исто како и дома, покрај постерите од Надал, Алонсо, Контадор и други. АМСМ: Што е пресудно за успех на еден млад возач во Формула 1? • Најважно е да е брз и решителен, но мора да биде и малку себичен и во одредени моменти да мисли само на себе. Потребно е да се вложи многу труд, бидејќи тоа носи 90% од успехот. Другите 10% се чиста среќа. Потоа, важно е да не се повторуваат грешките и брзо да се учи. Талент? Тоа е неопходно, но тоа е нешто со што се раѓате и веднаш се гледа дали сте за овој спорт или не! АМСМ: Колку ви помага вашиот татко со совети? • Во смисла на водење на кариерата и односите со луѓето, навистина многу. Во техничкиот дел каде што се деталите од Формула 1, мошне малку. Ние сме два различни света, рели е сосема поинаква дисциплина од автомобилскиот спорт, наспроти модерната Формула 1. Во таа смисла се сомневам дека Кеке Розберг и Жос Ферстапен можат да им

дадат совет на своите синови. Денес Формула 1 е многу поразлична од она што била некогаш, па и искусните возачи сега мораат да учат нови нешта. Јас, како и другите помлади возачи немаме особен проблем, бидејќи за нас се е ново и мораме да учиме од почеток! АМСМ: Дали сте размислувале подоцна во кариерата да возите рели? • Можеби! Сум пробал и ми се допадна, а дома во Мадрид имаме неколку рели возила. Кога имам време би можел да ги испробам. Забавно е, но мојот фокус сега е на Формула 1. Ги сакам трките на кружни патеки, особено патеките каде што нема бавни свиоци. АМСМ: Дали се уште живееш со семејството во Мадрид? • - Не, напротив, живеам во Лондон, се чувствувам комфорно и среќно таму. Мислам дека тоа е интернационален град, има и многу Шпанци, особено во квартот каде што и јас живеам, веднаш до стадионот на Челзи. Има каде да се излегува, има убави места за вечера. • Александар Табаковски

Соработникот на „АМСМ Клуб МОБИЛИТИ“ во разговор со Карлос Саинц - Јуниор

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

55


СПОРТ

Ожие се враќа на сцена После победата на двата специјалистички настани Монте Карло и шведска на почетокот од сезоната Светскиот шампион Себастијан Ожие се враќа на сцена со победа на специфичното рели на Германија.

56

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

С

е чини дека специфичните релија се специјалност на Ожие. Французинот кој изминатите две години буквално беше недопирлив на рели патеките ширум светот, годинава се сретнува со вистинска конкуренција. Паузата за него траеше долго. Иако на почетокот на сезоната, после двете едно по друго победи на релијата во Монте Карло и во Шведска се чинеше дека Ожие повторно ќе биде недопирлив и сезоната ќе има здо-

девен акцент, нештата се сменија. На изминатите шест релија, односно пред првото асфалтно рели во Германија, дури пет возачи се сменија на врвот од пиедесталот. Крис Меке забележа дури две победи изедначувајќи се со Ожие. Но, во Германија шампионот дојде до здив. Возеше прецизно, без поголеми грешки и стигна до победа. Ожие е голем фан на асфалтот. Актуелниот стартен систем кој ги десеткува водечките возачи кога се вози на чакал,

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

на асфалт не прави разлика. Тука дојде до израз возачкото умеење на актуелниот шампион. Ожие го превзеде водството од својот тимски другар Андреас Микелсен во текот на вториот ден. Возеше брилијантно на патеките полни со замки кои водат низ армиската тенковска база Баумхолдер и до крајот на релито успеа да создаде предност од 20,3 секунди пред второпласираниот. Најголемата битка на релито во Германија се одвиваше меѓу Дани

57


СПОРТ

Сордо, Тиери Нувил и Андреас Микелсен се до последниот телевизиски брзинец. Борбата беше за втората позиција, а ја доби Сордо со предност од маргинална 0,1 секунда пред тимскиот другар Нувил. Микелсен тука загуби најмногу и заврши 4 секунди зад Нувил. Сордо во последниот брзинец влезе со предност, но Нувил беше поуспешен и го доби. Сепак, Шпанецот беше доволно брз за да не загуби многу време и да ја добие конечната битка. Микел-

58

сен беше најголемиот трагичар во Германија. Иако возеше добро проблемите со сопирачките го спречија да застане веднаш до својот тимски другар и дополнително да му се доближи во шампионатот за возачи. Ожие сè уште има убедливо водство во генерален пласман. Неговите 169 бода делуваат недостижно. До него е Микелсен со 110 бода, додека третото место го делат Хајден Падон и Тиери Нувил со по 94 бода.

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

Долго очекуваното Рели Кина беше откажано заради големото невреме и огромните поплави кои го зафатија регионот каде што требаше да се одржи релито. И покрај големите напори и добрата волја на организаторите да ги подготват патеките после природната непогода, сепак официјалните лица на FIA одлучија дека е небезбедно да се дозволи старт на релито. Кина ќе ја чека својата прилика в година. •Љубомир Анастасовски


10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

59


членство

ЧЛЕНСТВО

АМСМ Програма за лојалност

Ја цениме и наградуваме лојалноста на нашите АМСМ членови

Ако 24/7 сме посветени на нашите АМСМ членови и на исполнување на нивните барања, потреби и очекувања, тогаш слободно можеме да кажеме дека сите добро ги познаваме. Знаеме кој каков автомобил вози, кој на кое АМСМ продажно место користел попуст, кој, каде и со кого останал дефект...

Така, знаеме дека имаме и такви АМСМ членови, кои иако никогаш не искористиле привилегии од своето АМСМ членство, сепак и понатаму остануваат наши членови. Тоа се оние најлојалните АМСМ членови, за кои чувството на сигурност на пат, нема цена и кои веројатно засекогаш ќе останат наши членови. Токму за таквите АМСМ членови, ја создадовме АМСМ Програмата за лојалност, која подразбира: • Доколку 2 (две) последователни години не сте искористиле привилегија од својот членски пакет, поврзана со услугата помош на пат и пренос на вашето возило, при следното зачленување добивате специјален АМСМ подарок. • Доколку 4 (четири) последователни години сте наш АМСМ член, при следното зачленување до-

бивате сребрена АМСМ Classic или Europe Premium членска картичка, која вклучува дополнителна услуга „Помош на пат“ во Македонија. Ви благодариме на лојалноста и довербата. •

Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

60

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk


10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

61


Покажете ја својата АМСМ членска картичка и ЗАШТЕДЕТЕ 1,5 ДЕН/ЛИТАР ПРИ ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОРИВО!

*Попустот можете да го искористите на сите бензински пумпи на BM OIL (Прилеп, с.Тополчани и с.Кривогаштани) со покажување на валидна АМСМ членска картичка со што добивате лојалти картичка за евидентирање на заштедата.

62

10/2016 • www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


!

Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk

!

%

т с

за и в о н е л ч о п у п

%

Заштедете со АМСМ ПАРТНЕР попустите!

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

1


Содржина 2 АМСМ Партнер програма

12 ГЕВГЕЛИЈА

2 АМСМ Членство

13 БИТОЛА

2 АМСМ Попусти

13 КИЧЕВО

3 СКОПЈЕ

14 ШТИП

8 ОХРИД

14 велес

8 СТРУМИЦА

14 кавадарци

10 КУМАНОВО

15 струга

10 ВИНИЦА

15 маврово

10 ПРИЛЕП

15 РАДОВИШ

11 КРУШЕВО

16 Автомото друштва

11 ТЕТОВО

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ Партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери, која заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

амсм членство Чувството да бидеш дел од семејството

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Услуги

рентакар

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте.

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Newsletter

AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ

Р ЕС ТО РА Н И

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250 www.tomcesofka.mk

Ресторан„БАЛКАНИКА РУСТИКАНА“ 20% попуст Бул. „8-ми септември“ бр. 24 тел. 02/ 30 73 713, 075/444 109

Бистро „Барбакан“ 10% попуст Булевар 8-ми Септември тел. 02 307 5093

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666

„ПЕКИНГ ГАРДЕН“ 10% попуст НЕВР ИНАФ ДОО Скопје, ул. Максим Горки бр.3 www.pekinggarden.mk

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.mk

Ресторан „REVISTA“ 15% попуст ТЦ Лептокарија тел. 02/30 777 59 www.revista.mk

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/ 3211-484 Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215 www.skopskimerak.mk Ресторан „LaTerrazza“ 20% попуст Плоштад Македонија тел. 02/ 3113-380

Кубански ресторан „Casa Cubana“ 15% попуст до 21:00 часот Кеј 13 ноември К АФУЛ И Њ А Кафе-бар „РАДИО БАР“ 10% попуст ул. „Пиринска“ бр.52 Дебар маало кај кружен тек тел. 071/ 489-288 Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425 www.caffetrend.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

3


СКОПЈЕ Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје Кафе-бар „9“ 15 % попуст ТЦ Беверли Хилс ХОТ ели Хотел „РАДИКА“ с.Леуново-Маврово 10% попуст на пансионски услуги Тел. 042 22 33 00 Тел. 075 325 306 info@radika.com.mk www.radika.com.mk

Ш О П инг Книжарница ПРОСВЕТНО ДЕЛО 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело www.prosvetnodelo.com.mk Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.tehnomarket.com.mk

G-M&M дооел ул.Благоја Стефковски бр.7 15% попуст тел: + 389 2 3109 760 mail: gmmsk@mt.net.mk www.gmm.com.mk Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст adidas shop – ГТЦ, кат I, ул. Кеј 13-ти Ноември лок. 322-1, тел: 02/32 32 646 Sport M – ГТЦ, кат I, ул. Кеј 13-ти Ноември лок. 322-2, тел: 02/32 13 490 Sport M – ТЦ Рамстор, кат I, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, Скопје тел: 02/32 21 990 www.sport-m.com.mk 4

Спортска опрема и обувки „URBAN X STORE“ 10 % попуст Urban X Store - Skopje City Mall, кат I, ул. Љубљанска бр.4 лок.218 тел: 02/30 78 545 Urban X Store - ГТЦ, кат I, ул. Кеј 13-ти Ноември лок.5 ДЕ84 тел: 02/ 32 01 211

„MY TIME“ watches and jewelry 10 % попуст Сити Мол, Рамстор и ГТЦ www.mytime.mk „iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари Сити Мол, приземје 02 3096 985 www.istyle.eu/mk Салон за пневматици и фелни „Мотоцентар“ лојалти картичка 3% лојалти поени за подарок Бул.Србија бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница) www.motocentar.com.mk бутик Шевињон 15 % попуст ГТЦ (прв кат) , ТЦ Буњаковец (приземје), Сити Мол тел. 02 / 3 214 411 бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија накит и часовници „Oxette“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071 380 292 Сити Мол тел. 071 380 293 ТЦ Рамстор тел. 071 225 258 SIGNORI 5% попуст на одело ул. Васил Главинов 3/5 тел. 072 590 590

МАКЏИНС ДООЕЛ 20% попуст mail: mak.jeans@hotmail.com www.makjeans.com.mk


СКОПЈЕ ПЕТ ЦЕНТАР „ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО“ 7% попуст ул. „9. Мај“ бр. 24/26 лок.2 тел. 070 242 097

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 www.profotozdravko.mk

„НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk

Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Продавница за детски колички и детски авто седишта

BABY BLU

10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.Јане Сандански бр.79а лок.10

Музеј на македонската борба-Скопје 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) Иљо Војвода ББ, п.ф.211 тел. 072422986, 02 3256667 www.mmb.org.mk Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075 426-220

„Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“) www.amortizeri.com.mk „МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086 Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 www.nenicompany.com.mk Продавница за велосипеди и велосипедска опрема „BIKESTOP“ 10% попуст ул. Орце Николов бр.101 локал 6 тел. 070/765-289 www.bikestop.com.mk

САНМАРТИ - Салон Aqua Bau Market 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. Илинденска - 134 02 2037 070 www.sanmarti.com.mk Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628

www.tesoridimare.mk

Картинг центар ART 10% попуст бул. 8-ми септември бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/3061-202 www.artkartingcentar.mk Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974 Јазичен образовен центар„АПОЛО“ 10% попуст Тел: 078 449 677 www.apolo.mk Внатрешно уредување на дом и канцеларија „KARES“ ул. Дичо Панов 3/А 5% попуст Тел: 078 254 617 www.kares.mk ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk Туристичка агенција „Далас Унион“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 3222-981 www.dalasunion.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови!

5


СКОПЈЕ здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcenter.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk

Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070 398-829

Модно студио ФРАН 15% попуст на уникатна дизајнерска креација и 30% попуст на свечен make-up ул. Васил Главинов 3/5 тел. 070 630-306 www.fran.mk

Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562

Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст ул. Дебарца бр.51 тел. 075 471-947 Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk 6

Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk

Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com.mk

Асеана Спа 10% попуст ул.Орце Николов бр.190 (ламела 4) тел. 02 3246-442 www.aseana.mk

Фитнес центар-Фитнес Револуција 10% попуст ул. Водњанска бр.60 тел. 070 390-656

природни козметички производи Hemel 10% попуст ТЦ Веро Центар www.hemel.mk

Стоматолошка ординација „M&S DENTAL“ 10% попуст ул. „Сава Ковачевиќ“ бр. 47ј 2/2 тел. 078 412 303

Продавница за здрава храна „GREEN ROOM“ 10% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр. 3 лок. 3 тел. 071 395 885


СКОПЈЕ проектирање и дизајн Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055 „Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk кина , фестивали, настани... Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75

наем на возило europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот

Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

хемиско чистење и водено перење Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

7


ОХРИД РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

здравје и убавина ХОТ ели

Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357 Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

Ш О П инг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Св. Климент Охридски тел: 046/250 270 Sport M 2– ул. Св. Климент Охридски, тел: 046/230 174 www.sport-m.com.mk

Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ

ХОТ ели Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670

8

Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица К АФУЛ И Њ А Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

Ш О П инг „З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш

„Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст adidas shop – ул. Маршал Тито бр.44, тел: 034/320 451 Sport M – ул. Ленинова бр. 44-36/1, ТЦ Глобал тел: 034/374 787 www.sport-m.com.mk

Спортска опрема и обувки „URBAN X STORE“ 10 % попуст ул. Ленинова бр. 44-36/1, ТЦ Глобал, Струмица тел: 034/340 578

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234

П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ

Бутик „Стал“ 10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“ 10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

Бутик „Фобо - Ивани“ 10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

Ш О П инг „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

Салон за чевли „Помпа“ 5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

здравје и убавина „Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

ВИНИЦА Ш О П инг

проектирање и дизајн

„САНИ - КАР“

Авто делови „САНИ - КАР“ 5% попуст ул. „Браќа Миладинови“ бр. 45 тел. 076 951-250, 071 913-913

„ЈУРОП-92“

Авто делови „ЈУРОП-92“ 5% попуст ул. „Илинденска“ бб тел. 070 213-144, тел. 033 364-120

Проектирање, дизајн и производство на мебел „ПАМИ-ТРЕЈД“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 11 тел. 070 318-923, 078 318-923 Санитарија „Оска - Пром“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.3 тел. 033 363 841

прилеп ХОТ ели

Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „Лидер“

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk

10


Ш О П инг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст

Бижутерија „Колосеум Ексклузив“здравје и убавина наспроти градскиот саат 10% попуст Фризерско студио „Грејс“ тел. 078 403 673 40% попуст „Роман“ - превоз во земјата кеј „1 Мај“ 53г и во странство тел. 048 426-427 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТ ел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111 Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554 Ш О П инг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk ТП „Ацко КВ Транс“ 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661 „Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

„Авто Чајка“ 10% попуст на лимаро-фарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk „Даре промет“ бои и лакови 10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10 5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 „Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078 Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

11


гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267 ресторан Елени 5 % попуст Ул.радован Ковачевиќ бр.6 034 218 317 Ш О П инг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 Бутик за детска облека Елена Кидс 10% попуст Ул.7-ми ноември бр.12 Тел.034 611 568, 075 481 588 ЈОСИФ КОМЕРЦ 5% попуст Ул. Маршал Тито бр.128 Тел.034 213-869 E-mail: josifkomerc@yahoo.com Дукан за електроматеријали и рзсвета Заре Комерц 5% попуст Ул.Маршал Тито 107 071 207 710, 034 212 939 Изработка на уникатен накит , откуп и поправка Голден Хит 10 % попуст Ул.Димитар Влахов бб 075 943 348 5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34 Бутик „МАГНОЛИА“ 10% попуст Ул.Самоилова бр.29 Тел. 077-812-360 Продажба на опрема и храна за миленици „Happy pets“ 10% попуст Ул.„Таља Бикова“ бр.7 Тел. 078 849 534 12

Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323 Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 Продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, канцелариск и школски материјал, производство на термални и адинг ролни ВАНТОНИ 2 % попуст на компјутерска опрема, 10 % попуст на канцелариски материјал Ул.Ристо Фаршини бр.20 тел. 034 215 665 Оптика Омега-В 10% попуст Ул.7ми ноември бр.2 034 550 229, 078 443 550 Авто сервис ФОРС ПЛУС 10% попуст на делови 20% попуст на услуга Ул.Борис Кидрич бб тел: 034 211-866 070-218-367 www.forsplus.mk Ице 5% попуст Ул.Деко Ковачев бр.11 Тел.034 211 859 З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 П Р О Е К Т И РА Њ Е И Д И З А Ј Н Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591 ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци Железарија „РИ-НА КОМ“ 7% попуст ул. „Момински пат“ бр.41 тел. 034/217-666


БИТОЛА Ш О П инг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

Бутик за долна облека „Велисиа“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900 продавница за детски колички и детски авто седишта BABY BLU 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Продавница за сребро

„Silver Moon“

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381 Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496 5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047 237496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599

Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134 „Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53

SILVER MOON

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225 090 ТВ ОРБИС 10 % попуст на рекламирање Браќа Џаферови бб, тел.047 203 307

З Д РА В Ј Е И У Б А В И Н А AURA welness, spa & beauty centar 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202 231 „Анима Плус“

фитнес, пилатес и зумба 10 % попуст (во хотел Епинал)

кичево Р ЕС ТО РА Н И - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

Ш О П инг - Кичево 5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

К АФУЛ И Њ А - Кичево Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст

„Ваше Такси“

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови!

13


штип Р ЕС ТО РА Н И - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

Ш О П инг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

Р ЕС ТО РА Н И и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884

Ш О П инг

Студио „АРТ-Дигитал“ Бутик „ИН“

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666 Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Благој Ѓорев бр. 67а, тел: 043/225 201 ул. Благој Ѓорев бб, тел: 043/242 656 www.sport-m.com.mk

Автоперална „Тавеко“ 15% попуст нас.Речани тел. 070/216-809 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци Р ЕС ТО РА Н И Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930

„ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Илинденска бр.60, тел: 043/365 838 www.sport-m.com.mk

Ш О П инг

14


струга

Р ЕС ТО РА Н И

Ш О П инг Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440 Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 Парфимерија „Елит“

10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015

Ресторан „КУТМИЧЕВИЦА“

10% попуст Вевчани Република Македонија тел. 046 798 626, 071 273 087 e-mail: kutmicevica@yahoo.com „РАНДЕМ“ 10% попуст на опрема за видео надзор и 10% попуст на опрема за обезбедување ул. „Мирче Ацев“ бр.5а

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468 ХОТ ели

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Спортска опрема и обувки „SPORT M“ 10% попуст ул. Маршал Тито бр.1, тел: 046/791 532 www.sport-m.com.mk ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерски салон „САРА СТАЈЛ“ 10% попуст

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

ул. „Македонска“ бр.12 тел. 078 336 567, 046 788 125

маврово ХОТ ел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

РАДОВИШ ХОТ ел - Радовиш Хотел Бел Камен планина Плачковица, Радовиш тел: 032/522-933 ; 076/247-670 10% попуст на хотелско сместување info@hotelbelkamen.com.mk www.hotelbelkamen.com.mk

Ш О П инг Салон за бела техника ХОРТИКУЛТУРА - РАДОВИШ 3-5% попуст тел: 032/630-609 hortikultura_radovish@yahoo.com

АМСМ Партнер - Попуст за членови!

15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМСМ Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.