Klub Mobiliti (noemvri 2014)

Page 1

2.2014 од 15.11. до 15.1 МСКА Бесплатна ЗИ озило проверка на в ови за амсм член

НОЕМВРИ 2014 • Бр. 12

ЕЛЕКТРОНСКО членско списание

Саем за автомобили Париз 2014

Автомобилскиот крем на едно место Тест на зимски гуми за 2014

Ладно. Влажно. Нелизгаво? WRC - Рели Франција u Рели Шпанија

По вторпат светски шампион

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) д-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг Лектор: Момент Мал

со добри гуми и исправно возило спремни за патување! Минатиот месец помина во знакот на големата саемска манифестација, посветена на автомобилитие-Салонот за автомобили во Париз 2014. На оваа саемска манифестација, како и на претходните, во полн сјај беа претставени многу нови модели, помпезно најавувани за да привлечат колку што е можно повеќе внимание во медиумите. Многубројните анализи кои со години се прават потврдуваат дека зимските гуми се идеални за вашето возило во деновите што пристигнуваат. Тие значително ги зголемуваат сигурноста и безбедноста и нудат исклучителни предности. Токму затоа во овој број го објавуваме најновиот тест на зимските гуми 2014 година на австрискиот клуб ÖAMTC, во кој годинава се „натпреваруваа“ 28 видови во две димензии. Кој победи и зошто ќе откриете на стр. 22-25. Интересни настани имаше и на спортски план. Луис Хамилтон ја забележа деветтата победа во Светското првенство во Формула 1 оваа сезона со што веќе стави рака на титулата за 2014 година, а Себастијан Ожие победи на претпоследното рели во шампионатот Рели Шпанија и ја потврди круната од минатат година... Уште еднаш да ве потсетиме да не заборавите на својата обврска за поседување зимска опрема во возилото, кое треба да биде во исправна техничка состојба, подготвено да ги задоволи вашите потреби за безбедно патување. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во декември 2014 година, во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www. amsmklubmobiliti.mk

Тираж: 10.000 примероци

Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернетизданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


С ОД Р Ж ИН А

8

9

НОВОСТИ concours d'elegance club официјално присутен во македонија OPEL со офанзивен настап на македонскиот пазар

патувања 28 необичен микс на старото и новото познатите како членови на амсм 34 грижете се за вашето тело

12 лимузина со нагласена брзина

стил 36 СЕдумте женски модни гревови

АМСМ 14 зачленете пријател и изберете подарок!

hi-tech 40 лета, ама ниско

АВТО-МОТО 15 Автомобилскиот крем на едно место

СПОРТ 42 ХАМИЛТОН ја освои и русија

18 беснотилак во ексклузивен формат ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 22 ладно. влажно. нелизгаво?

8

45 маркез освои титула, на ред се рекордите 48 по вторпат светски шампион

18 22

28

45

42 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


новости ЦРНА ГОРА Помош на пат

Службата помош на пат на АМСЦГ ја покрива целата територија на државата. Алармниот центар работи 24 часа на ден. Телефонскиот број е 19807 Услугите на Службата помош на пат вклучуваат поправка на возило на самото место и / или влечење на возилото до најблискиот сервис.

Бар Беране Будва Цетиње Даниловград Котор Никшич Рожаје Тиват Улцињ

Адреса „Македонска“ бб „Беран село“ бб „Дубовица“ бб „Заграбље“ бб „Трг 9. децембар“ „Пелужица“ бб „Херцеговачки пут“ бб Омладнска“ бб „Бијела гора“ бб

телефон +382 30 312 056 +382 51 230 138 +382 33 451 029, 452 160 +382 41 233 869 +382 20 811 298 +382 32 325 012 +382 40 201 036 +382 51 272 987 +382 32 671 284 +382 30 412 268

Информативниот центар на АМСЦГ обезбедува бесплатни информации за Црна Гора, на сите членови на ФИА клубовите. Информативен центар Тел .: 382 20 234 999 24 часа на ден, во текот на годината ЦРНА ГОРА УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон. Казната изнесува од 60 до 150 евра. Дозволена е употребата на „HANDS FREE“. Франција дозволено ниво на Алкохол во крвта, тестови

законската граница Законски дозволено ниво на алкохол во крвта е 0,05%, освен за возачи на автобус и инструктори кои може да имаат не повеќе од 0,02% на алкохол во крвта. тест за алкохол Полицијата е овластена да изврши „случаен тест на здивот“. Тестот е задолжителен доколку при сообраќајната несреќа е предизвикана повреда. Ако тестот е позитивен, возачот мора да се подложи на контрола на тест на крвта. Ако вториот тестот е позитивен или ако возачот го одбие овој тест, полицијата веднаш може да ја одземе возачка дозвола. На крајот на 2014 година, во некои области на Франција, ќе се направи експеримент за замена на тест на крвта, со тест на плунка земен на патишта од страна на полицијата и испратен директно во лабораторија. Атина градски автобуски и тролејбуски сообраќај.

Патниците можат да купат месечена патна пропусница валидна за сите превозни средства, за 30 евра. Единечен билет е валиден за патување во текот на 70 минути и чини 1,20 евра.

6

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

Помош на пат во Црна Гора:


новости МАКЕДОНИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА ВО МАКЕДОНИЈА

Од 15 ноември 2014 годинa стапува во сила законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема на моторните возилата, кога учествуваат во сообраќајот на пат надвор од населено место. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година. Во зимска опрема за патничко моторно возило (со најголема дозволена маса која не надминува 3.500kg), спаѓаат: • Зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. • Пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала, или други соодветни помагала. • Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4х4) подразбира: • Зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. • Пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. Ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема. •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

7


новости

ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА

Concours d’Elegance Club официјално присутен во Македонија

О

д неодамна меѓународниот клуб за историски возила и организација на настани „Concours d’Elegance Foundation“ и официјално е присутен во Македонија како „Concours d’Elegance Club“. Клубот е формиран со цел да го покачи нивото на ова мошне интересно хоби во државата, и преку едно организирано дружење на сите љубители на историски возила да допринесе за зголемување на бројот и квалитетот на истите. Клубот во изминатиот период со организација на меѓународните настани „Concours d’Elegance“ и „Eastern European Classic Challenge“ успеа да изгради силни контакти со колекционери на историски возила од целиот свет. Во формирањето на клубот свој придонес дадоа ентузијасти сопственици на историски возила (олд тајмери и јангтајмери) каде што се вклучени автомобили, мотоцикли и автомобилски реплики на спортски историски возила кои се во завршена фаза и во фаза на реставрација. Дел од автомобилите имавме можност да ги

PEUGEOT

Новиот Peugeot BoxEr е подготвен да ги задоволи сите потреби на професионалците

Е

уроимпекс, Генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора, на саемот „Технома“ го претстави новиот Boxer пред Македонската јавност. Од импортерот посочија дека новиот Peugeot Boxer e возило наменето за професионалци кои бараат врвен квалитет, ефикасност и економичност. Располага со сосема нов и современ дизајн со значително изменет преден дел. Нов облик на фаровите, стандардни дневни светла и светла со LED технологија како опција. Предниот браник е испакнат повеќе отколку кај претходникот. Двете кружни вдлабнувања во долниот дел се наменети за светла за магла.

8

запознаеме на прес конференцијата. На веб страницата на клубот www.concoursdeelegance. com може да ги погледнете сите активноста на клубот во изминатите години и воедно да ги следите настаните на клубот кој допрва ќе бидат организирани. Членството во клубот е отворено за секој вистински вљубеник кој го сака ова хоби, и се грижи за зачувувањето на нашето а воедно и на светското културно техничко наследство, а клубот на секој таков вљубеник кој ќе биде член ќе му овозможи интересен годишен избор на настани во светот каде што организирано ќе се присуствува. • Новиот Boxer има значителни подобрувања во повеќе елементи и тоа: Каросеријата на новиот Boxer има дополнителни зајакнувања. Челичната структура е цврста и прави блок за да ги заштити патниците. Предните врати имаат интегрирано дополнителни зајакнувања. Нивото на бучавост во кабината е намалено, благодарение на новите носачи на амортизерите, кои дополнително допринесуваат за стабилност на возилото под оптоварување. Страничната лизгачка врата, како и другите врати на новиот Boxer, располагаат со нови, значително подобрени механизми. Во предниот дел на возило постојат програмирани зони за деформација кои балансираат (ја впиваат енергијата) во случај на удар. Предниот трап е конструиран за да во случај на фронтален удар префрли дел од енергијата под каросеријата. Во зависност од верзијата подот располага со 12 или 14 прстени за прицврстување на товарот за ваша поголем безбедност. А, товарниот простор е со рамни површини кои ви овозможуваат непречен товар и максимално да ги користите просторот. Кај Новиот Boxer активната и пасивната безбедност се на високо ниво, така што истиот е опремен со ESP уште во основното ниво на опременост. Познавајќи ги бизнис потребите инжињерите на компанијата, кај новиот Boxer на професионалците им нудат избор меѓу: 4-ри должини и 3 висини, 8 корисни волумени и тоа од 8 до 17m3 како и различни носивости кои се директно зависни од изборот на мотор и изведбата и можат да варираат од максимални 1.155 до 1.900кг. Воедно, ова возило ќе одговори на сите барања, овозможувајќи избор меѓу: затворен и застаклен фургон, фургон со 2 реда седишта, минибус за превоз на патници, сандучар со кабина или двојна кабина, шасија со кабина или двојна кабина.•

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


Новости

OPEL

MyOpel портал за сите сопственици на Opel

К

ако составен дел на ABC програмата, компанијата „Opel“ го започна и myOpel.mk порталот. MyOpel порталот ги носи сите предности на оригиналниот сервис на Opel на интернет. Целта на порталот е да се олесни закажувањето на сервиси, како за клиентите, така и за Opel дилерите. MyOpel порталот меѓу другото, нуди : On-line барање за сервисирање: закажување на сервис преку интернет; Локатор на дилер: избор на најблискиот дилери и/или услуга кои нудат се што Ви е потребно; Профил на вашиот Opel: ги содржи основните информации за автомобилот како и историја на сервисирање; Потсетник за сервисирање; Билтен со вести и понуди од Opel како и Персонализирани понуди за секој клиент, во кој се вклучени и многу атрактивни попусти со дополнителна опрема и сервис. Покрај

OPEL

Opel со офанзивен настап на македонскиот пазар

Н

а конференцијата наменета за претставници на медиумите беше претставен развојниот план на Opel, како на европско така и на локално ниво. Конференцијата ја отвори познатиот македонски водител Жарко Димитриоски и самиот сопственик на Opel автомобил и ги потсети сите присутни дека дури и во овие тешки пазарни опкружувања, Opel сака да го развива и шири својот спектар на производи во склад со модерните трендови. „До 2016 година Opel ќе претстави 23 нови модели и 13 нови генерации на мотори. Со оглед на тоа дека производот кој е наменет за купувачот е секогаш во нашиот фокус, Opel никогаш не ги намалува инвестициите во своето портфолио,“ нагласи генералниот директор на Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија, господин Драган Ненадовиќ. „Сакаме не само да ги задржиме нашите купувачи, туку и да привлечеме многу нови, а јас сум сигурен дека ќе успееме во тоа. Во прилог на ова говорат и нашите нови производи, а некои од нив веќе сте имале прилика да ги видите на неодамна завршениот саем за автомобили во Париз: Новата Corsa, ADAM S, Новиот турбодизел со зафатнина од 2.0 литри и Mokka со новиот 1.6 турбо дизел мотор.“ Сите овие новитети ќе стигнат наскоро на Македонскиот пазар, а меѓу нив посебно се истакнува: Новата Opel Corsa, со потполно нова внатрешност која оддава уште посилен впечаток на висок квалитет и пространост, вклучувајќи го и одлично поврзаниот инфо-забавен систем IntelliLink и ултра модерните системи за помош на возачот, и потполно новиот автомобил кој ќе го потполни Opel gama - KARL. Во компактно издание од 3,68 метри, KARL ќе поседува пет врати, до 5 седишта и ќе ги нуди најдобрите карактеристики на Opel на интелигентен и многу практичен начин и ќе биде новиот основен модел во портфолиото на компанијата.

сите услуги кои клиентите ги добиваат во сервисите на Opel, на порталот има некои фантастични опции кои ќе им помогнат Opel возачите уште повеќе да уживаат во својот автомобил. „Со внесување на бројот на шасија и изборот на саканиот дилер, ние може да дадеме персонализирани понуди и известувања за интересни Opel промоции во близина на местото на живеење,“ нагласи Коста Динковски, Opel менаџер за односи со клиенти. • „Земајќи во предвид дека до крајот на годината има помалку од три месеци решивме максимално да се приближиме на своите потенцијални купувачи и да им овозможиме да си дозволат врвен автомобил по најповолни цени до сега. Сигурен сум дека никогаш не сме имале подобра понуда и кога станува збор за квалитетот на производите и кога станува збор за цените. Во прилог на тоа зборува и фактот дека во септември во Македонија бевме убедливо прв бренд во патничката програма со 10,25 проценти пазарно учество.“ Она на што претставниците на Opel се особено горди е фактот дека Македонија е десетта земја во Европа во која е започната постпродажната ABC програма на Opel во собирање, управување конверзија и задржување на што поголем број на потенцијални клиенти во постпродажба. Суштината на проектот е да се сфати и цени вредноста на секој клиент во текот на животниот век на еден автомобил, а не само купувањето во моментот. Како што нагласи директорот на Opel, господин Драган Ненадовиќ, Opel во Македонија започна низа активности што се однесува до постпродажбата. Service 4+ сервисна програма наменета за возила постари од 4 години по навистина неверојатно поволни цени, потоа продолжена гаранција и помош на пат како и продолжување на сервисниот интервал на 30.000 km. •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


новости

Opel

Беснотилак во микро формат

С

портската верзија на најмалиот модел на Opel, Adam, го здогледа светлото на денот. Овој микро спортист наречен Adam S под хауба пакува машина од 150 КС. Станува збор за проверениот 1.4 литарец со турбо натполнење која турка со влечна сила од 220 Nm и го забрзува Adam S од место до 100 km/h за спринтерски 8,5 секунди, a максимумот оди преку 200 km/h. За да има подобар одзив, моторот добил шупливи брегасти вратила, подобрено вшмукување и издув и континуирано варијабилно управување со вентилите. Но, подобрувањата не застанале само на моторот. Комплетно е сменето подвозјето за да одговара на спортскиот крактер на Adam s. Инженерите поработиле и на управувањето кое сега е директно како во картинг. За сопирање се грижат дискови кои се оптимизирани во спортскиот одддел ОPC и нудат неверојатна моќ на сопирање. Новите сопирачки лесно го сопираат малиот Adam и што е најваќно прецизно се дозираат. Па така, во секое време возачот има чуваство дека со автомобилот може да прави што сака. Adam S на пазарот доаѓа во ноември. •

Mercedes

Во чест на 35 години G Класа

M

ercedes, подготви посебна доработка за својот ултимативен теренец G Класа кој со низа модернизирања на пазарот егзистира веќе 35 години. Новините се однесуваат само на најскапите модели кои се доработени во ателјето на фабричкот тјунер AMG. Впечатливо делуваат црните 18 инчни бандажи обоени во лак црна боја, кои совршено се совпаѓаат со испапчените браници над тркалата, браниците, куќиштата на ретровизорите и кровот. Кабината е олицетворение на луксуз. Може да се добие во две бои, а кожата и елементите од карбонфибер, секогаш се дел од неа. Воланот е дел од понудата на AMG, има рамно дно, четири пречки и убаво здебелен обрач. Неприкосновениот теренец ќе се нуди во две изведби

10

Sport и Chrome од кои првата ќе има спортска нота, додека втората ќе биде полна со елеганција. Под хауба ќе работат два мотори. Со 3.5 литарскиот V6 турбо дизел овој јубилеен Mercedes G350 стартува со цена од 101.031 евра, додека ултимативниот Mercedes G500 со бензинецот V8 почнува со цена од уште по солени 112.812 евра. •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Dacia

С

Duster стана пикап

вежи вести пристигнуваат од Бразил. На најпознатата плажа на светот поставен е пикап направен на основата на Duster. Секако, моделот кој во Европа е Dacia Duster, во Бразил е Renault Duster. Сепак, станува збор за исто превозно средство кое од скоро ќе се нуди и во пикап варијанта. Пикапот на Duster за сега е само концепт, но се очекува дека наскоро ќе заживее во серија. Концептот е наречен Oroch и е предвиден за активни и семејни луѓе. Всушност, скроен е така за да биде ултимативен сурферски превозник. Техниката е идентична со спортскиот теренец со погон на четири тркала. Бандажите од лесен метал заради својата големина од 18 инчи и интересн дизајн заслужуваат внимание, а „облечени“ се во гуми 225х60. Тука е системот за врзување на опрема, две широки шини на кровот и две камери за возење на назад. Комбинирајќи ги боите, дизајнерите се потрудиле да создадат вистински латински заводник. Меѓутоа отпочнувањето на сериско производство сѐ уште е под знак прашалник, иако позитивните коментари се очекува да вродат плод. •

Fiat

Купе, кросовер, или пикап?

Н

авистина тешко е да се одлучи во која група припаѓа ова пет метарско чудовиште на Fiat. Станува збор за концепт кој всушност е микс и не припаѓа ниту на една група. Концептот FCC4 e впечатливо парче автомобил кое во должина мери 5000 mm, широко е 1940, а високо е 1600 mm. Што се однесува до останатата техника, податоците се држат во тајна и така ќе остане се додека моделот не добие зелено светло за производство. Од друга страна,- нагласените арки над тркалата и тесната решетка на маската му даваат мускулест израз. Светлата се комплетно изработени во LED технологија и го дополнуваат лутиот израз на возилото. Специфична е и вратата од багажникот која се отвора асиметрично, а тесните странични стакла се виновни за да се добие ликот на купе со четири врати. Доколку почне да се произведува сериски концептот FCC4 ќе биде модел кого купувачите, или ќе го сакаат, или ќе го мразат. Воедно не е јасно дали моделот ќе стапне на тлото на Европа, или пак, во него ќе уживаат само поклониците на марката од американскиот континент. •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


новости

Bentley Mulsanne Speed

Лимузина со нагласена брзина

К

ласиката на луксузна лимузина овој пат ќе ја видиме во брзинско издание. Bentley со моделот Mulsanne Speed сака да им понуди на потенцијалните купувачи ултра брза лимузина без да закине на удобноста и луксузот. Автомобилот премиерно е прикажан во Париз, каде што беше присутна целата светска фела на четири тркала. Тие што сакаат да го купат ќе треба да издвојат 320.000 евра, а за возврат добиваат 6,75 литарски агрегат со осум цилиндри поставени во V кој е способен да извади 537 КС и да постигне неверојатни 1100 Nm. Максималната брзина ја надминува бројката од 300 км/ч, а кога е во игра забрзувањето тогаш стрелката почнувајќи од нула, застанува на бројката од 100 км/ч за време од 4,9 секунди. Емисијата на штетните гасови е намалена со технологијата позната како отстранувач на цилиндрите. Кога возењето е лежерно и нема потреба од голема брзина, возачот може да го преполови моторот и наместо V8 се претвора во V4, односно гасовите се намалуваат за цели 13 отсто во однос кога работи целиот агрегат. •

12

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


Новости

Renault Eolab concept

Автомобил на иднината

П

ознатиот француски производител на автомобили на домашен терен ќе го претстави концептот Eolab. Што всушност претставува Eolab? На прв поглед мами неговата тенка профил силуета. Производителот вели дека коефициентот на отпорот на воздух е еднаков на Сх 0,235, рекорд со кој отпорот на воздухот е намален за цели 30 % во однос на сегашното Clio. Го спомнавме „клиото“ затоа што концептот Eolab влегува во сегменот „б“, поточно, сега пишуваме за идниот наследник на сегашното Clio. Покрај одличната аеродинамика, Renault тргнал да ја намалува и тежината. Тежи 955 кг, а во споредба со „клиото“ е полесен за цели завидни, 400 килограми. Покрај употребата на најразновидни материјали од семејството на јаглеродот (композити), за намалување на тежината го употребил и магнезиумот од кој е изработен покривот на автомобилот. Неговата тежина изнесува 4,5 кг, а ако го направеле од високолегиран челик ќе тежел 10 кг. Како што нагласуваат челниците и конструкторите, Renault направи исклучително штедлив, практичен и економичен автомобил, со други зборови „еден литар автомобил“, односно за секои 100 изминати километри автомобилот да троши само 1 литар гориво.

Трицилиндричен бензински мотор со силина од 74 КС и електромотор кој развива 54 КС, се задолжени да го задвижуваат концептот. Според досега кажаното, концептот Eolab е токму тоа што му е потребно на светот во моментов – ниска потрошувачка на гориво и лесна конструкција. Средната цена на денешните хибридни автомобили се движи некаде околу 40.000 евра, а главниот на проектот Жан Пјер Фуке вели дека цената на Eolab ќе биде пониска од останатите хибриди и покрај тоа што е супериорен во однос на вградената технологија. •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

13


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

АМСМ поволности, акции, новитети... Бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови Како и секоја година така и оваа, во периодот од 15.11-15.12.2014 год. АМСМ Членство и АМСМ сервисот за автомобили заеднички ја организираат акцијата „Бесплатна зимска проверка на возило“, наменета само за АМСМ членови. Искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член, закажете навреме на АМСМ инфо линија 02/3181-181 и дочекајте ја и оваа зима подготвени. Повеќе за акцијата и за услугите вклучени во „Бесплатната зимска проверка на возило за АМСМ членови“ можете да прочитате на стр.50.•

Зачленете пријател и изберете подарок! Вашиот интерес за веќе познатата програма „Зачленете пријател и изберете подарок“ е само дополнителна мотивација за нас, контиуирано да ја збогатуваме програмата, овозможувајќи ви секогаш да добиете нешто поинакво. За оваа нова сезона која претстои предвидовме нови вредни подароци, кои искрено се надеваме дека ќе ви се допаднат и ќе ви бидат од корист. Сѐ што треба да направите е да го испечатите купонот, кој можете да го најдете во секој број на „АМСМ Клуб Мобилити“ и да ги зачленете вашите пријатели, а вие да си изберете подарок. Прочитајте повеќе за програмата на стр.24-25. •

На amsm.mk сите продажни места на АМСМ членските пакети на едно место Дека содржините на нашата веб страница, ви се корисни и ви заштедуваат време, сведочат и над 84.000 луѓе кои ја посетиле www.amsm.mk во изминатиот период. Отсега, покрај редовните содржини, на www.amsm.mk на едно место можете да ги најдете и сите продажни места на АМСМ членските пакети во Македонија. Пребарувачот по градови е направен за да ви го помогне побрзо и полесно да го најдете она што го барате, а покрај листа на продажните места, со контактни информации, достапна ви е и мапа на која прецизно можете да видите каде се наоѓа продажното место кое го барате. Ако сте од оние кои сакаат работите да ги завршуваат од дома, тогаш тука е и опцијата да го продолжите вашето АМСМ членство on-line. Полесно не може да биде, нели?! •

Кога е време за антифриз, изберете Wolf антифриз Дали би ризикувале оштетување на вашиот автомобил кој сигурно не чини малку, само заради несоодветен избор, или користење на неквалитетен антифриз?! Останува на вас да одлучите што ви е важно, а ние ви го препорачуваме „Wolf Longlife“ антифриз, како најдоброто од „Wolf Oil Corporation“, кои со децении искуство зад себе, денес претендираат да бидат водечки бренд во светот. Останува на вас да одлучите што ви е важно. •

14

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

Салон за автомобили Париз 2014

Автомобилскиот крем на едно место

Се затворија вратите на уште едно издание од големата саемска манифестација посветена на автомобилите. Беа изложени повеќе од 100 премиери, посетителите го урнаа ланскиот рекорд, а концептите и натаму ќе фаќаат прашина во музејските депоа.

Н

еодамна, на почетокот на октомври се одржа светски познатата манифестација „Mondial de l'Automobile“ на која беа претставени најновите достигнувања од областа на автомобилите и се што е во врска со нив, a нејзин град домаќин беше „градот на светлината“, Париз. Вратите на халите беа официјално отворени на 2 октомври, но само за новинарите, додека за посетителите беше резервиран периодот од 4 до 19 истиот месец. Една од четирите најпрестижни манифестации од овој вид во светот, не можеше да мине без милионска посетеност. Ако пред две години, во 2012, беа забележани 1,23 милиони посетители, оваа година е рекордна со 1.253.513 љубители на

Alfa Romeo 4C Spider

автомобилите кои влегле во халите да ги видат 270-те изложувачи од 21 земја и мноштвото светски премиери, за кои организаторот вели дека ги имало преку 100. Овој пат нема да почнеме со претставувањето според азбучниот ред, туку споед тоа каков одзив предизвикале премиерно претставените автомобили. Пред почетокот на големото шоу на четири тркала, познавачите најавуваа претставување на Lamborghini со пет врати. Точно дека Lamborghini најавуваше нов автомобил во концепт изведба, но од каде им беше тоа „со пет врати“ на тие што многу добро ги познаваат автомобилите, сѐ уште не е познато. Сепак познато е дека супер автомобилот е кла-

Audi Sportback Concept 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

сика од купе во некаква си ретро дизајн изведба со сличност на некогашните модели „мјура“ и „јалпа“. Теренските возила, заедно со нивните изедби наречени: сув, кросовери или како уште не – токму тие возила денес се се позанимливи за купувачите. Затоа Peugeot го претстави Quartz, кросовер со еден обичен 1,6 литарски мотор со 270 КС плус два електромотори секој со 114 КС, а тоа е еднакво на 500 КС. Неповторливиот дизајн беше главна причина за големиот интерес од страна на посетителите. Покрај него, Peugeot ја претстави и престижната спортска лимузина Exalt со која во блиска иднина може да влезе во високата класа. Renault со концептот EOLAB им се

Bentley GT V8S Convertible

15


АВТО-МОТО

BMW 2 Series Cabriolet1

придружи на „зелените“ во служба на планетата Земја. Оваа „еколошка лабораторија“ троши само еден (1) литар гориво на 100 километри, а е полесна дури за 400 кг од сегашниот Clio, нешто непојмливо и зачудувачки за денешните движења во автомобилската индустрија. Вистинско изненадување на саемот беше фолксвагеновиот модел XL Sport во концепт изведба – купе автомобил со дукатиев мотор во себе кој развива 200 КС и крајна брзина од 270 км/ч. Многу производители развија луксузни марки во своите дивизии кои подоцна се осамосталија. Тој пример го следи и Сitroen со луксузната изведба DS, а на саемот се појави со концептот Divine DS. Плановите на Сitroen се да створи луксузна марка која ќе биде рамо до рамо со автомобилите од премиум класата: Audi BMW Lexus, Mercedes, Volvo i останатите. Штандот на Хонда беше запоседнат од

Citroen Airflow4

посетителите поради концептот Civic Type-R, автомобил со врвни спортски особини: со 276 КС, со шестстепен обичен менувач и „+R“ копче преку кое се бираат и одобруваат перформансите. Производителот не нагласи кога моделот Civic Type-R ќе влезе во сериско производство. На почетокот каде говоревме дека кросоверите се во мода, Toyota побрза да го претстави токму својот мал кросовер CH-R со кој ќе им конкурира на Nissan Qashqai, KIA Soul и останатите. Ако Citroen допрва влегува во луксузната класа со DS, Nissan тоа го стори пред неколку децении со Infiniti и еве го сега во Париз со концептот Q80 Inspiration, класична лимузина која ја очекуваме да влезе во врвот, а таму да се дружи со: Audi A7, BMW 7, Mercedes S class, Lexus LS и тн. Легендарниот Mini добива уште една изведба, овој пат тоа е спајдер наречен Superleggera, претходно прикажан

Ferrari 458 Italia Spider1

на Concours d’Elegance манифестација одржана во Италија. Прашање е дали и оваа изведба, која предизвика голем интерес, ќе влезе во сериско производство. Еве уште еден производител кој влегува со некаков „кросовер“ меѓу концептите, а подоцна сигурно има намера истиот да го внесе во продажните салони. Тоа е Audi со TT Sportback, супер спортско возило но не со три туку со пет врати. Покрај концепите кои отсекогаш предизвикувале восхит пред сѐ со својот неповторлив дизајн, а потоа и со иновациите и високата технологија, на истите штандови просторот го делеле и со сериските автомобили. Овие вториве како по некое непишано правило секогаш биле во сенката на концептите. Ретко кога некој сериски автомобил предизвикал повеќе внимание од концептите. На парискиот саем од сериските се издвои еден долго очекуван автомобил, Mazda MX-5. Најпродаваниот отворен автомо-

Сериски модели: Alfa Romeo 4C Spider, Audi A6 facelift, Audi A7 facelift, Audi A7 TDI Competition, Audi TT Roadster, Aston Martin Rapide facelift, Aston Martin Vantage S Roadster, Aston Martin Vanquish Carbon, Bentley Mulsanne Speed, BMW Serije 2 Cabrio, BMW Serija 2 Coupe i Serija 2 Active Tourer (со нови мотори), BMW Serije 7 Individual Paris, BMW X6, Carlsson Mercedes C klase, Citroen DS3 / DS3 Cabrio (обновен), Dacia Dokker Stepway, Dacia Duster Air, Dacia Lodgy Stepway, Dacia Sandero Black Touch, DMC Mercedes G klase, Ferrari 458 Speciale A, Fiat 500X, Ford C-MAX и Grand C-MAX (обновен), Ford Edge SUV, Ford Focus ST (обновен), Ford Mondeo, Ford S-MAX, Honda Civic (обновен), Honda Civic Sport, Hyundai i20, Hyundai H350, Infiniti Q70 (обновен), Infiniti QX70 S Design, Jaguar XE, Kia Rio facelift, Kia Sorento, Kia Venga (обновен), Land Rover Discovery Sport, Land Rover Discovery (обновен), Lexus NX by Will.I.Am, Lotus Elise S Cup, Mazda2, Mazda MX-5, Mercedes-AMG GT, Mercedes-AMG GT Edition 1, Mercedes B klase (обновен), Mercedes C63 AMG, Mercedes C63 S AMG Edition 1, Mercedes CLS (обновен), Mercedes V klase 4Matic, Mercedes S65 AMG V12, McLaren 650S Spider MSO, Mini (пет врати), Nissan Pulsar, Opel 2.0L CDTI (мотор), Opel Adam S, Opel Corsa, Opel Mokka 1.6 CDTI, Peugeot 308 GT, Peugeot 208 GTi 30th, Peugeot 208 XY JBL Edition, Peugeot 508 i 508 RXH (обновен), Peugeot 2008 & 3008 Crossway, Porsche Cayenne (обновен), Range Rover Evoque SW1, Range Rover & Range Rover Sport (обновен), Range Rover Sport SVR, Renault Clio Initiale Paris, Renault Espace, Renault Megane RS Trophy 275, Seat Leon X-Perience, Skoda Fabia, Skoda Fabia Combi, Smart ForFour, Smart ForTwo, Suzuki Vitara, Suzuki Jimny 2015, Toyota Yaris (обновен), Volvo V40 Cross Country AWD, Volvo XC90, Volvo XC90 R-Design, VW Golf Alltrack, VW Passat B8, VW Passat GTE plug-in hybrid, VW Polo GTI (обновен) и VW Touareg (обновен) 3.0 TDI V6.

Jaguar XE

16

Jeep Renegade

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Jeep Grand Cherokee


АВТО-МОТО

Hyundai i20

бил во светот конечно беше претставен во Париз, а публиката остана без здив. Можеби токму маздиниот спајдер ги фрли во сенка сите концепти со својата популарност и мошне солидниот дизајн. Се очекува четвртата генерација на Mazda MX-5 да ги урне сите досегашни продажни резултати. Сега сите погледи се свртени кон алфиниот спајдер, бидејќи Alfa Romeo и Mazda заеднички го развива концептот на чија основа се правени двата спајдери. Најпосле и Jaguar одлучи да го претстави наследникот на веќе подзаборавениот Jaguar X-type, автомобил од премиум компактната класа каде копјата ги имат вперено еден наспроти друг Audi co A4, BMW co 3, Mercedes co C класата, Lexus co моделот IS, а сега со нов модел се придружува Jaguar XE. Треба да се наласи дека најмалата јагуарова лимузина користи шасија направена во својата „кујна“. Неколку децениското владеење на едно-

Honda Jazz Prototype

просторните возила сѐ уште не стивнува и натаму се занимливи за купувачите. Затоа Ford го претстави новиот S-MAX колку да си ја задржи, но и да си го подобри местото на светскиот пазар. На иста бранова должина е и неговиот долгогодишен „колега“ Renault кој го претстави новиот Espace, едно од најстарите и најпроверените еднопросторни возила на котинентов. Volvo направи потег наречен XC90 со кој им се доближи на големите и веќе од поодамна устоличените теренски возила од највисока категорија. И тој си барал место под сонцето во луксузната класа, а не онаа „конфекциската“. Многу популарниот, практичниот и рационалниот производ кој доаѓа од Чешка, се претставува себе си со новата Fabia во комби-лимузина и караван изведба. Без никакво двоумење слободно можеме да прогнозираме дека Skoda ќе направи добар продажен резутат со новата Fabia.

Infiniti Q80 InspirationConcept

Kia одлучи третата генерација од моделот Sorento премиерно да го прикаже во Париз. Секогаш солидниот Sorento сигурно веќе предизвикал голем интерес кај потенцијалните купувачи, а тоа и го заслужува ако се земат во предвид успесите на претходните две генерации. Кога некоја саемска манифестација за автомобили се одвива на еврпско тло, тогаш производителите од целиот свет се натпреваруваат меѓусебно не само со концептите, луксузните лимузини, сув и кросовер возилата, туку и со малите автомобили кои се главни за остварување профит. Затоа Париз беше одбран како плодна почва за Hyundai i20, Mazda2 и петтата генерација од легендарната Opel Corsa, еден од најпосакуваните мали автомобили на овој дел од планетава. Ако некоја од светските премиери не е спомната во текстов, сигурно ќе ја сретнете во списокот на концепти или сериски модели. • Жарко Атанасоски

Концепт возила: Audi TT Sportback, Citroen C1 Urban Ride, Citroen C4 Cactus Airflow 2L, DS 3 Ines De La Fressange, DS Divine, Honda Civic Type R, Honda CR-V, Honda HR-V, Honda Jazz, Infiniti Q80, Kia Optima T-Hybrid Diesel, Lamborghini Asterion, Mini Superleggera Roadster, Mitsubishi Outlander PHEV, Peugeot 208 Hybrid Air 2L, Peugeot Exalt, Peugeot Quartz, Renault EOLAB, Renault TraficRider, SsangYong XIV-Air & XIV Adventure и Toyota C-HR.

Land Rover Discovery Sport

Мazda-mx5

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Skoda Fabia

17


АВТО-МОТО

Претставуваме FERRARI F60AMERICA

Беснотилак во ексклузивен

Ексклузивно за разгалените американци Ferrari подготви нов модел кој го носи името F60America, колку да се знае за каде е, а ќе биде произведен во екстремно лимитирана серија.

В

о чест на прославата „60 години Ferrari во Северна Америка” одговорните од Маранело подготвија еден посебен модел кого го нарекоа Ferrari F60America. Покрај прославата за 6 децении успешна работа во Америка, со овој модел, Ferrari, сака да и се врати на традицијата од 1950-те и 1960-те години кога исклучиво произведуваше автомобили во лимитирани серии и автомобили по нарачки.

18

ПО СТАПКИТЕ НА БЕРЛИНАТА

Ferrari F60America e поставен на основата на купето F12Berlinetta. Шасијата е комбинација на 12 различни видови алуминиумски легури со што е постигната висока цврстина, а ниска тежина. Дизајнот е сменет во однос на F12Berlinetta, но толку суптилно што на прв поглед се чини дека станува збор за ист автомобил. F60America нема кров. За сигурноста на патниците се грижат два ролбари изведени во комбинација на кожа и карбон-фибер. Тие изгледаат елегантно бидејќи не се насадени вер11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

тикално во каросеријата, туку продолжуваат по целата должина на капакот на багажникот. Оние кои ќе сакаат да возат и на дожд постои тенка ткаенина за покривање, но таа функционира само до брзини од 120 km/h. Во кабината владее уникатно двобојно уредување со кое акцент се става на возачот. Неговиот дел е црвен и украсен со лакирани елементи кои и даваат посебен израз на кабината. Совозачката страна е црна, едноставна и елегантна. Седиштата како спортска када, се приказна за себе. Изработени од најфина кожа, во


АВТО-МОТО

или од механички компресор за да брилира.

формат

средина носат вметната лента на која е интерпретирано американското знаме.

КОМБИНАЦИЈА НА СТРАСТИ

Новиот модел на Ferrari комбинира две големи американски страсти: мотори V12 и возење со отворен кров. Првата страст ја задоволува прославениот модерен V12 кој од зафатнина од 6262 центиметри кубни истискува неверојатни 740 КС при 8500 врт/мин и максимален вртежен момент од 690 Nm остварливи при високи 6000 врт/мин. Моторот со агол меѓу цилиндрите од 65˚ работи без вибрации и работи мазно што е пресудно ако се знае дека максималниот број на вртежи до каде може да се врти се 8700 врт/мин. Воедно истискува 80% од вртежниот момент, или 552 Nm, при ниски

БРЗ КАКО МОЛЊА

2 5 0 0 врт/мин, што укажува на фактот дека кривата на вртежниот момент е релативно рамна во текот на целото работно подрачје. Затоа повлекувањето е масивно, безмалку идентично како кај турбо мотор. Убавината во овој бисер од мотор е тоа што тој дише природно. Атмосферскиот V12 на Ferrari дише со полни гради и не му е потребна помош од турбо полнач,

Вртежниот момент се испраќа кон задните тркала преку менувач поставен директно на задна оска по принцип трансакс. Така е добиен совршен тежински распоред врз оските: напред 46%, назад 54%. Менувачот со две спојки има тесно распоредени преносни односи кои одговараат на карактеристиките на моторот и му овозможуват да го катапултира F60America од место до 100 km/h за 3,1 сек. и од место до 200 km/h за 8,5 сек. Колкава е максималната брзина не се открива, но колку за потсетување кај F12Berlinetta таа достигнува до 340 km/h. Бесните перформанси бараат и добри сопирачки, затоа F60America носи карбон керамички дискови кои ја сопираат во миг. Нема сомневање дека F60America е совршенство меѓу автомобилите. Модел кого го посакуваат многумина, а ќе го поседуваат малкумина. Сите 10 примероци колку што ќе бидат произведени од оваа лимитирана серија се веќе капарисани, а кога ќе дојде ред да се плати сметката тогаш задоволниот сопственик ќе биде олеснета за 2,5 милиони долари. • Љубомир Анастасовски

Во чест на традицијата

Одлуката на Ferrari да создаде еден ваков специфичен модел произведен во лимитирана серија оддава почит на една голема традиција која ги врзува производителот од Маранело и американскиот пазар. Причината зошто само 10 примероци од F60America ќе бидат произведени се сокрива во историјата. Во 1967 година беа произведени само 10 примероци од моделот 275 GTS4 NART Spider. Овој модел е отворена верзија на познатиот 275 GTB4, за која, импортерот на Ferrari во САД, Луиџи Чинети, директно од големиот Енцо Ферари побарал да биде направена за неговите најдобри клиенти. 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

19


амсм

Зачленете прија

ЧЛЕНСТВО Почитувани АМСМ членови,

Верувајќи дека сте задоволни од услугите вклучени во АМСМ членските пакети и во надеж дека досега сме успеале да ги исполниме Вашите очекувања, Ве потсетуваме на програмата Зачлени пријател!, која овојпат е збогатена со нови и вредни подароци само за Вас. Зачленете некој од вашите пријатели и изберете си подарок:

Ако одлучите да зачлените 3 или повеќе ваши пријатели во текот на годината, тогаш имате можност да изберете: -подарок за секој зачленет пријател (3 или повеќе подароци во текот на годината) или -наместо подароци, можност Вашето членство да го продолжите бесплатно за 1 година. Зачленете ги вашите пријатели веднаш и изберете си подарок!

20

КАКО? 1.Исечете го купонот и уредно пополнете го со податоците за новиот член што го зачленувате (за нов член се смета секој што најмалку една година не е активен АМСМ член или никогаш досега не бил АМСМ член). 2.Пополнетиот купон донесете го во АМСМ Членство во СкопјеЦентар, или приложете го на шалтерите во Велес. Со зачленување на вашиот пријател и плаќање на полниот износ на годишната чланарина, веднаш изберете си подарок за себе.

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

3.Право на подарок имате само доколку сте активен АМСМ член. 4.Право на продолжување на бесплатно членство следната година имате само во случај доколку зачлените 3 или повеќе пријатели во текот на една година и се откажете од правото на подарок за секој нов донесен член. 5.Програмата „Зачленете пријател“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.


амсм

ател и изберете подарок! Членски пакет со кој го зачленувате вашиот пријател (новиот член):

АМСМ Light членство

Подарок за Вас:

USB полнач за во автомобил

Термос чаша АМСМ Classic членство

АМСМ Europe Premium членство

Гребалка за мраз за шофершајбна

Чадор за дожд Кулер торба

* Подароците кои следуваат зависат од типот на членскиот пакет со кој сте го зачлениле новиот член. 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

21


тестови и совети

Тест за зимски гуми за 2014

Ладно. Влажно. Нелизгаво? 28 ГУМИ ВО ДВЕ ДИМЕНЗИИ НА ТЕСТОТ ЗА ЗИМСКИ ГУМИ НА ÖAMTC; доследно добри резултати, но перформансите на влажно, сепак, сè уште ги издвојуваат подобрите од полошите работи.

В

о што се разликува една зимска гума? Се разбира, во нејзините перформанси на снежните улици, но само добрите резултати од тестирањата на ÖAMTC водат кон добри процени. Тоа се покажува при актуелниот тест на Клубот што беше спроведен заедно со европските партнери (меѓу другите, Друштвото за информирање на потрошувачи, АДАЦ и водечката германска Фондација за заштита на потрошувачите). Особено движењето по влажни патишта го одредува важниот дел од забелешката. Во ладните денови од годината патиштата се сè почесто влажни и покриени со снег. А сите тестирани гуми не се во можност да ја избегнат опасноста: кај четири модели слабоста при влажно време води кон забелешката *непрепорачливи*. На годинашниот тест

22

недостигаат неколку познати марки: од овие марки секој модел на зимска гума, кој оваа есен се појави како нов на пазарот, на почетокот на тестот не беше достапен.

Димензии 175/65 R 14

Во меѓувреме, типична големина за еден мал автомобил (на пример, „рено клио“, „фиат 500“ или „форд фиеста“): 4 модели на гуми се многу препорачливи и наедно покажуваат избалансирани перформанси. На врвот се искачуваат „continentaл“ со најдобра карактери-

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

стика при влажно време и многу мало абење. Со „dunlop “ е измерена најмала потрошувачка на гориво, „micheline“ се истакнуваат со најголема километража, „firestone“ со некои поединечни критериуми не можат да се вклучат во најдобрите марки, но се убедливи со универзално добра процена. Секогаш лесните недостатоци при влажно време го попречуваат добриот резултат во класата *препорачливи* гуми. Само „sava“ и „pirelli“ се слаби на сув пат, а „ГТ радијал“, пак, повеќе на влажен автопат отколку на суви улици. Два модела на гуми може да се класифицираат во *непрепорачливи*. Најдобрата оцена за суво време имаат „cooper“ и „toyo“, н о


тестови и совети

01 За време на тестирањето на гумите на програмата има неколку стотици промени на гумите 02 Таму каде што хокеј играчите и лизгачите на мраз ги изведуваат своите рунди, се изведуваат и обидите за возење на мраз 03 Највисоко чувствителните апарати за електроника и мерни апарати испорачуваат објективни резултати од мерењето 04 Триесет проценти од процената се добиваат од крајниот резултат на влажниот коловоз слаби се за снег и мора да се изземат поради овој перформанс за влажно време. Слабите карактеристики за влажност го одобруваат називот за *непрепорачливи*.

Димензии 195/65 R 15

Гумите со оваа големина одговараат за компактна класа автомобили, пред сè, како што се „голф“, „опел астра“ или „ауди А3“. Во процената се појавува слична слика како и кај помалите димензии; четири модели на гуми можат да се вклучат во групата *многу препорачливи*, а два модела повторно отпаѓаат. Четирите модели што се на врвот од процената покажуваат избалансирани перформанси, два вида гуми поставуваат посебни акценти. Така, „continental“ се многу убедливи на снег, во потрошувачката на гориво и во носивоста. Најдобрата оцена за влажен пат ја добиваат „bridgestone“.Дури и да не можат да покажат најдобри перформан-

си, сепак, „dunlop“ и „semperit“ немаат слабости и целат кон *многу препорачливи*. Во средина се сместуваат: „uniroyal“ (лесни недостатоци при сите улични околности), „yokohama“ (слаби недостатоци при влажно време), „micheline“ (најдобра оцена за снег, само средно оценети за влажни патишта), „hankook“ (слаби за снег и за влажни патишта), „pirelli“ (поради перформансите проценети за суви и за влажни патишта), „kumbo“ и „kleber“ (со слабости за влажни патишта). Марката „matador“ покажува јасни слабости на влажни патишта и важи за *условно препорачливи*. Слаби перформанси за влажни патишта покажуваат „infinity“ и „achilles“. За илустрација на разликите меѓу најдобрите и најслабите гуми: меѓу најкратките („michellin“) и најдолгите („infinity“) растојанието на сопирање од 80 км/ч на 20 км/ч на влажен асфалт е 12 метри. При лизгање „infinity“ зализ-

гуваат 25 км/ч порано од „continental“. Контролните системи за проверка на притисокот на гумите се задолжителни. Довербата е добра, но контролата е најдобра – од 1 ноември сите новокупени автомобили мора да бидат сериски опремени со контролни системи за проверка на притисокот на гумите. Тие го предупредуваат возачот кога една или повеќе гуми го губат притисокот. Има два различни прифатени системи. Прецизни и скапи: Мерење со сопствени сензори во гумите. За секој сет гуми е потребен сопствен сензор што е многу скап. Втората поповолна можност: разликата во притисокот меѓу одделни гуми се уочува со достапните АБС-сензори. Но резултатите не се толку точни како со директното мерење. • Превземено од � AMTC

Добро чување на гумите Од 1 ноември до 15 април повторно важи обврската за зимска опрема според условите на возење; според правилото, зимски гуми (при покриен коловоз со снег важи да се носат и синџири на летни гуми). Втората ставка за гуми е дека летните гуми се погодни за уредно складирање. Гумите треба прво темелно да се исчистат и да се избере место за чување, без директна изложеност на сонце. Фридрих Епел, експерт од ÖAMTC, препорачува гумите да се чуваат така што се поставуваат една врз друга на посебен уред за таа намена (погледнете ја фотографијата, тој уред чини 39,90 евра) или, пак, да се закачат на ѕид. И да се забележат дотогашните позиции на гумите на возилото, на пример, тоа може да се обележи на гумите со креда.

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

23


тестови и совети

Како да се зголеми безбедноста во сообраќајот Тест за брзо возење Тестот за брзо возење го поминаа сите три димензии од сите модели.

Учество на критериуми Сув терен 15% (стабилност на возење 40%, управување 40%, сопирање со АБС 20%), влажност 30% (сопирање со АБС 30%, создавање воден слој меѓу гумата и површината на патот (aqua planning) – надолжно/право 20%, попречно/кривина 10%, управување 30%, странично водење/ круг 10%), снег 20% (сопирање со АБС 60%, стартување 20%, возење 40%), мраз (сопирање со АБС 60%, странично водење 40%), звук 5% (надворешен звук 50%, внатрешен звук 50%), потрошувачка на гориво 10%, абење 10% Индекси на брзина Т: до 190 км/ч, Индекс на оптоварување Ја утврдува максималната способност за носивост на една гума според стандардизираните критериуми. 82; 475 кг, 86; 530 кг, 91; 615 кг

Тест на зимски гуми 2014: димензии 175/65 R14 T

Continenta ContiCrossContact Winter TS850

Dunlop SP Winter Response 2

Michelline Alpin A4

Firestone Winterhawk 3

Esa + Tecar Super Grip 7+

Fulda Kristal Montero 3

сув терен 15%

2,1

2,1

2,1

2,1

2,1

2,1

влажност 30%

1,9

2,1

2,5

2,4

2,6

2,7

снег 20%

2,2

2,0

2,2

2,3

2,4

2,0

мраз 10%

2,2

2,4

2,3

2,2

2,5

2,5

звук 5%

3,1

3,0

3,8

3,4

3,5

3,8

потрошувачка на гориво 10%

2,2

1,6

2,4

1,7

2,2

2,0

абење 10%

1,0

2,3

0,5

2,5

2,0

2,5

Вкупна оцена 100%

2,0

2,1

2,2

2,3

2,6

2,7

****

****

****

****

***

***

Критериуми на процена

Препорака на ÖAMTC * Гуми од прва серија; тестираните гуми се од предсерија. Резултатите се проверени пред објавувањето на тестот.

+ најдобри за влажен пат, многу добри при абење, добри за сув коловоз и снег

+ многу добри при потрошувачка на гориви, добри за сув коловоз, при влажен коловоз и снег

+ најмало абење, добри за на сув коловоз, при влажност и снег

+ многу добри при потрошувачка на гориво, добри за на сув коловоз, при влажност и снег

+ добри за сув коловоз и за на снег - слаби перформанси за влажен коловоз

+добри за сув коловоз и за н снег - слаба при влажност,

Тест на зимски гуми 2014: димензии 195/65 R15 Т

Continental ContiWinterContact TS850

Bridgestone Blizzak LM-80

Dunlop SP Winter Sport 4D

Semperit Speed ß Grip 2

Uniroyal MS Plus 77

Yokohama Wdrive V90

2,0

2,1

2,5

2,5

2,6

2,1

Критериуми на процена сув терен 15% влажност 30%

2,2

1,9

2,3

2,5

2,7

2,8

снег 20%

2,0

2,4

2,3

2,2

2,6

2,4

мраз 10%

2,2

2,4

2,5

2,3

2,7

2,4

звук 5%

3,5

3,0

3,5

3,3

4,2

3,6

потрошувачка на гориво 10%

1,6

2,1

1,7

2,1

2,2

1,8

абење 10%

1,5

2,5

2,5

2,5

2,5

2,5

Вкупна оцена 100% Препорака на ÖAMTC * Гуми од прва серија; тестираните гуми се од предсерија. Резултатите се проверени пред објавувањето на тестот.

24

2,1

2,2

2,4

2,4

2,7

2,8

****

****

****

****

***

***

+ најниска + најдобри при + многу добра потрошувачка, влажен коловоз, за потрошувачка најдобра оцена дори за сув коло- на гориво, добра снег, сув коловоз воз и снег на сув коловоз и и абење, добри при влажност и за влажен кона снег 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk ловоз

+ добри за сув колово, при влажен и снег

- лесни слабости за сув коловоз, при влажност , снег и мраз

+ многу добри при потрошувачка на горив добри за влаж коловоз и сне - мали слабос при влажност


тестови и совети ГРАНИЦИ НА ОЦЕНУВАЊЕ Препорака Сув, влажен коловоз, потрошувачка на гориво, абење

*****

****

***

**

*

0,6 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

положено со ограничување

не е положено

3,6 - 4,5

4,6 - 5,5

Брзина

положено

Вкупна оценка

0,6 - 1,5

1,6 - 2,5

2,6 - 3,5

ПРЕПОРАКА НА ÖAMTC: ***** - извонредни **** - многу препорачливи *** - препорачливи ** - условно препорачливи * - непрепорачливи

Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оцена што се пресметува од учеството на поединечни критериуми. Ако врз основа на оцените за критериумите сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење и брзо возење некој модел веќе не е „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена редоследот е според абецедата и тоа според називот на производителот.

Vredestein Snowtrack 3

Pireli Snowcontrol Serie 3 )winter 190

Sava Eskimo S3 +

Hankook Winter Rs (WA 442)

Toyo Snowprox S 943

Gr Radial Championpro Winter Pro

Cooper WM SA2 (Weather Master)

Star Performer SPTS (Winter AS)

2,1

2,8

2,9

2,4

1,9

2,6

1,9

2,9

2,7

2,2

2,9

3,0

3,0

3,3

4,9

4,9

2,3

2,1

2,0

2,8

2,4

3,3

3,7

3,0

2,4

2,4

2,6

2,6

2,5

3,1

3,5

3,3

4,2

4,0

3,8

4,0

3,5

3,8

3,8

3,9

1,9

2,3

1,8

2,0

1,9

2,4

2,4

2,3

2,0

2,5

2,5

2,0

2,5

2,3

2,5

2,0

2,7

2,8

2,9

3,0

3,0

3,3

4,9

4,9

***

***

***

***

***

***

*

в на

+ многу добри при потрошувачка на гориво, добри за сув коловоз и за на снег - лесни слабости за на влакно време

+ добри за влажно време и за на снег

+ Многу добри при потрошувачка на гориво - слаби за влажен коловоз и снег

+ најдобра оценка за влажен коловоз, многу добри при потрошувачка на гориво и добри на снег - слабости на влажност

- слаби при влажност, снег и мраз, слаби недостатоци на сув коловоз

a 05

Michelin Alpin 5

Hankook Winter i cept RS (W442)

Pirelli Snowcontroll Serie 3 (Winter 190)

Kumho Winter Craft WP51

Kleber Krisalp HP2

2,9

2,0

3,0

2,2

2,4

3

*

+ најдобра оценка за на сув коловоз - многу слаби за влажен коловоз, слаби за снег и мраз

- многу слаби за влажност, слаби недостатоци за сув коловоз, недостатоци за снег и мраз

Matador MP92 Sibir Snow

Infinity Winter Hero INF D 49

Achilles Winetr 101

2,4

3,7

3,4

2,3

3,0

2,6

3,4

3,5

3,7

5,5

5,5

2,0

3,0

2,2

2,7

2,7

2,5

2,0

2,7

2,2

2,5

2,2

2,4

2,5

2,8

2,3

2,7

3,8

3,8

3,7

3,3

4,3

3,5

3,7

3,5

2,1

2,1

1,9

2,2

1,8

2,3

2,1

2,4

2,5

2,0

2,5

3,0

1,5

2,5

3,0

2,5 5,5

2,9

3,0

3,0

3,4

3,5

3,7

5

***

***

***

***

***

**

*

*

+ многу добри при потрошувачка на гориво и добри за на снег - слаби за сув коловоз , слаби недостатоци при влажност

+ добри за сув коловоз - слабости при влажност и абење, слаби недостатоци за снег 11/2014

+ најдобра оценка за мраз - многу слаби при влажност, слаби за сув коловоз , недостатоци при абење

- многу слаби при влажност, слаби за сув коловоз, слаби недостатоци за снег и мраз

+ добра оценка за снег, добри за во, влажно време жен - мали слабости ег за сув коловоз сти

и

+ добри за сув коловоз - Недостатоци при влажност, лесно недостатоци при снег и мраз

+ најдобра оценка за на сув коловоз - слаби За влажно време и за на снег

+ најдобра + добри за сув оценказа абење, коловоз и снег многу добри при - слаби при потрошувачка на влажност, слаби гориво, добри за недостатоци при сув коловоз услови на мраз •- www.amsmklubmobiliti.mk недостатоци при влажност, слаби недостатоци за на снег

25


вие прашувате

• Имам членска Класик картичка и сакам да направам технички кај вас. Според личната карта сум од Кочани, а живеам во Скопје. Дали постои можност кај вас да направам технички, а тоа што е за во Кочани да го извршам во Кочани (да ги сменам табличките и печат од полицаецот и да ја префрлам колата на мое име)? Благодарам,Соња

АМСМ: Технички преглед можете да направите во Скопје. Доколку возилото е со скопски регистарски таблички претходниот сопственик треба да ги одјави регистарските таблички во МВР (македонска телевизија), а потоа во Кочани да направите уплата за јавните давачки и да земете нови регистарски таблички. • Јас сум долгогодишен член во АМСМ и имам едно прашање околу истекување на регистрацијата. Моментално сум надвор од државата, а на крајот од месецов ми истекува регистрацијата на возилото. Поточно, јас и мојата сопруга сме на гости во Црна Гора и кога требаше да се враќаме жена ми се разболе и бевме во болница. Докторите ни напишаа дека таа не може да патува (ги имаме документите од лекарскиот извештај), па моето прашање е како да се вратам во Македонија со истечена регистрација. Благодарам, Насер АМСМ: Треба да се обратите до најблиската полициска станица со сите лекарски документи за да ви издадат ЦОЛ таблички кои се со важност петнаесет дена, за да можете со возење да го донесете возилото во Македонија. • Дали со полномошно на кое е овластена адвокатката на мојот

сопруг можете да ми издадете полномошно за управување со моторно возило кое е во сопственост на мојот сопруг? Поздрав Данче АМСМ: Со полномошното кое го имате во прилог не може да се издаде овластување за управување на туѓо моторно возило во странство. Доколку возилото е на правно лице ќе биде потребно полномошно од фирмата, а доколку возилото е на физичко лице ќе биде потребно да биде присутен лично сопственикот на возилото. • Сакам да патувам во Бугарија и ми треба информација каде можам да купам вињети. Ви благодарам. АМСМ: Вињетите можат да се купат во канцелариите на централната и на регионалните агенции за националната патна инфраструктура, како и од специјализирани канцеларии на царинската агенција на граничните премини. Тие, исто така, се продаваат и од голем број на дистрибутери, вклучувајќи ги бензинските пумпи, поштите и синџирот продавници за храна - „Пикадили“. Вињетите, исто така, можат да се купат и на интернет на веб-сајтот www.vinetka.com. • Која е разликата во купување на осигурителната полиса преку брокерското друштво Мобилити брокер, а не директно од осигурителната компанија? Радица од Тетово АМСМ: Со купувањето на било кое осигурување преку осигурителното брокерско друштво „Мобилити брокер”, не купувате само осигурување ,туку бесплатно добивате консултант, посредник и застапник за сите

работи и прашања од областа на осигурувањето. „Мобилити брокер” Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби. Се разбира, услугите на брокерот се бесплатни, а Вие ја плаќате само цената на осигурителната полиса. • Ме интересира дали во АМСМ центарот за возила се извршува хомологација на комбајни и трактори? Јован, Битола АМСМ: Центарот за возила доби нови овластувања од Министерство за економија во рамките на работата на техничката служба. Имено од 3.01.2012 година во Центарот за возила се вршат услуги за единечно одобрување (хомологација) на трактори и тракторски приколки, додека хомологација на комбајни не се врши. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 26

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


амсм

Бараме АМСМ членови во различни категории Драги наши АМСМ членови, Се гордееме со фактот дека меѓу вас има и такви кои заради љубовта кон своето прво возило, уште пред децении за првпат станаа наши членови. Времињата се менуваа, АМСМ веќе одамна e бренд број еден, вашите први возила денес се олдтајмери, а голем дел од вас останаа АМСМ членови и низ сите години кои одминуваа. Токму Вие, најстарите АМСМ членови сте она што АМСМ го прави поинаков од сите други. Затоа создадовме програма наменета за вас кои АМСМ го познаваат уште од првиот ден и со нас растат и се развиваат цели 69 години. Ќе следуваат специјални изненадувања, па затоа Ве повикуваме задолжително да се пријавите во некоја од подолу наведените категории: • Највозрасен АМСМ член – АМСМ член (маж/жена) кој е активен возач и поседува валидно АМСМ членство, а кој е роден во дамнешните 30-ти, 40-ти или 50-ти години од минатиот век. За пријава потребно е да се приложи: - Копија од лична карта; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстара членска картичка – АМСМ член (маж/ жена) кој сè уште чува некоја од своите први и најстари АМСМ членски картички, а кој и во овој момент сè уште е активен АМСМ член. За пријава потребно е да се приложи: - Копија/оригинал од својата најстара АМСМ членска картичка; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстаро возило/мотоцикл – АМСМ член кој поседува сочувано старо возило или мотоцикл, кои денес со право може да се прогласат за олдтајмери; За пријава потребно е да се приложи: - Копија од сообраќајната на возилото/мотоциклот; - Копија од валидна АМСМ членска картичка. Пријавувањето ќе трае во текот на цела 2014 година, а истото можете да го направите на АМСМ инфо линија 02/3181-181, или во просториите на АМСМ Членство во АМСМ Скопје-Центар, со поднесување на сите потребни документи. За сите АМСМ членови кои ќе ги исполнат наведените услови, следуваат специјални изненадувања.

Ве очекуваме.

Со почит, Ваш АМСМ

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

27


ПАТУВАЊА

Луксембург

Необичен микс на Минијатурна држава опкружена од Белгија, Германија и Франција се наоѓа на врвот на најбогатите и најмали европски земји. Благодарејќи на својата географска положба, спојува различни култури и претставува микс на старото и новото.

Л

уксембург е една од најмалите држави во светот. Таа се наоѓа на површина од 2,6 илјади квадратни километри, и е една од најбогатите земји во Европската Унија. Со највисок бруто националниот доход и највисока заработувачка по глава на жител, Луксембург своето богатство и не го крие. Возилата „Ферари", „Астон Мартин" и новите модели на „Мерцедес" се честа глетка низ улиците, постарите куќи се беспрекорно одржувани, а новите

28

беспрекорно проектирани; улиците се поплочени, нема трага од ѓубре, а патишта рамни како стакло. Тајната на успехот кој го оствари оваа „минијатурна држава" во голема мера лежи во челичната индустрија, голем број на банки и во виното „Мосел“. Локални станари уште пред две и пол децении ги увидоа придобивките на безвизниот режим, кој им дозволи без голем напор да почнат да ги извезуваат своите производи и да споделуваат 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

искуства со колегите од Германија и Франција. Статистиката не е потребна за да се утврди дека со просечна плата која ја имаат жителите на Луксембург( од 1.300 до 6.000 па и до 18.000 евра) живеат на „висока нога“. Но,главниот впечаток, што само делумно има врска со парите, е атмосферата на мир која владее во државата, речиси досада, потполно непозната и нереална за секој кој доаѓа од Балканот.


ПАТУВАЊА

старото и новото

ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА

Луксембур секогаш бил во привилегирана позиција кога станувало збор за Европската интеграција. Уште од основањето на ЕУ во 1952 година неколку иституции биле лоцирани токму во ово град. Како роден град на еден од татковците на Европа, Роберт Шуман, Луксембург има привилегија да биде еден од престолнините на Европа, не само поради неговата географска поставеност во срцето на Европа, туку и поради

неговата повеќејазичност. Со повеќе од 150 различни националности, градот претставува вистинска економска, социјална и културна мешавина од раси и идеи. Главниот град на оваа мала држава, исто така, е наречен Луксембург. Во него живеат 80 илјади жители. Во моментов тој е финансиски центар и главно седиште на многу интeрнационални организации, тука вклучувајќи ја и Европската Унија. Исто така, е и еден од најбогатите 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

градови во светот и е развиен банкарски центар. Шармантен и многу уреден град кој може да го прошетате во еден ден. Целиот град изгледа како една голема изложба, а ако сте љубител на ренесансата, ќе уживате бидејќи Луксембург е полн со ренесансна архитектура.

АРХИТЕКТУРА

Луксембург се до 20от век била сиромашна земја. Нејзината архитектура се состоела од помали куќи и 29


„Mudam“, музеј на модерната уметност во кој се изложени дела на луксембуршки и интернационални уметници

„Големата палата“

рурални цркви кои датирале од 17-от век, кои сè уште постојат и сведочат за тоа време. Постоеле само неколку големи земјопоседници кои покажувале видливи амбиции за градење. Старата тврдина град Луксембург е една од ретките тврдини кои откриваат разновидност на стилови на воена архитектура, од времето на средниот век до првата половина на 19-от век. Врати кои датираат од 12-от и 13-от век, надворешни ѕидови од времето на Џон Слепиот, шпански кули, австриски кули и прусиски бараки се дел од трагите оставени низ времето. Plateau Bourbon е целосно изградена во архитектонски стил инспириран од градбите во Париз и Берлин околу 1900-та. Зградата со кула на левата страна денес е седиште на банката Banque et Caisse d'Epargne de l'Etat. Позната е по музејот на банката кој е ретроспектива на историјата на банката и банкарството во Луксембург воопшто. Grand Ducal Palace е официјалната резиденција на големиот војвода од Луксембург. Зградата со декорации во ренесансен стил е изградена во 16-от век.

30

„Casemates Bock“, комплекс на подземни тунели, т.е. казамати, изградени во 18. век, долги 17 км и длабоки 40 метри.

Cathedral to the Blessed Virgin е неверојатен пример за доцниот Готички стил кој открива различни компоненти и орнаменти инспирирани од ренесансниот стил. На почетокот била наречена црква на Jesuit, а во 1870 година Папата Пиус IX ја посветил оваа црква на Дева Марија. Adolphe Bridge или мостот Адолф кој, исто така, го нарекуваат нов мост, е подигнат помеѓу 1900 и 1903 година за време на владеењето на големиот војвода Адолф. Оваа градба била следена со многу интересирање од надвор, бидејќи мостот имал најголем камен свод дотогаш направен. Сводот на мостот е долг 85 метри и се простира на долината Петрусе и има висина од 42 метри, а целокупната дожина на мостот е 153 метри.

ПРОСПЕРИТЕТНА СРЕДИНА ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА

Во Луксембург музеите се јавуваат во церемонијален облик. Во Градскиот Историски Музеј се собрани повеќе од илјада години историја на овој град. Во Националниот Музеј на Историја и Уметност е лоциран еден од најубавите Римски мозаици северно од Алпите. Постојаните и при-

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

времените изложби на Националниот музеј на природна историја ги фасцинираат и возрасните и децата љубители на модерната уметност. Музејот на модерна уметност Grand-Duc Jean MUDAM е еден од најамбициозните архитектонски и културни проекти. Кинескоамериканскиот архитект Иеох Минг Пеи го осмислил и дизајнирал проектот и ја трансформирал тврдината Туген, која била стратешка воена локација и ја претворил во уметничка креација. Во близина на MUDAM е Филхармонијата, која е домаќин на многу престижни музички групи. Филхармонијата на Луксембург, изградена од Кристијан де Портзапарк, покрива широк спектар на музички интереси. Тука може да се слушнат класични ремекдела, да се откријат современи композитори, да се слуша класичен и европски џез и да се истражуваат музичките култури од целиот свет. Оркестарот на филхармонијата на Луксембург, исто така, се наоѓа во зградата на Филгхармонијата. Градскиот Гранд Театар е домаќин на опери, мјузикли, денс шоуа и тоа

што п


ПАТУВАЊА

представи кои се играат на француски, германски и англиски јазик. Луксембург преку целата сезона нуди голем број на најразлични концерти и фестивали, од „Printemps musical” – мјузикл, фестивалот „Summer in the City”, за индијанското лето „Live at Vauban” до „Winterlights” и „Schueberfouer”, еден од најголемите панаѓури во Европа кој привлекува пеку 2 милиони посетители секоја година.

УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО

Има многу прилики за славење во Луксембург, кои секогаш се поврзани со кулинарската уметност и ресторани кои нудат префинета кујна и одлична услуга. Зелените површини во Pétrusse Valley, јавните паркови и живописните брегови на регионот Алзете се идеални за релаксација, додека пешачката зона е вистински шопинг автопат со огромен избор на бутици и продавници. Пиење бело вино, претставува оми-

лен ритуал. Покрај уживањето во овој пијалок, секој турист со задоволство се препушта во кулинарските специјалитети на луксембуршките ресторани. Познати специјалитети се kachkeis -вареното сирење, чадено свинско месо во сос, ребра на скара и црн пудинг. Овој град е дефинитивно хуманизиран град. Трагите оставени од историјата се соединуваат со денешниот живот. Оваа значајна мешавина е еден од столбовите на идентитетот на овој град полн со историја. Стратешката позиција на Луксембург помеѓу Француското кралство и Германската империја, објаснува зошто овој град денес е еден од центрите на Европа. Со доаѓањето и одењето на европските сили градот растел и станувал се појак и повеличествен. Најдобрите градители на тврдини од цела Европа имаат оставено свои траги во овој град. Луксембург денес е еден од најбезбедните градови во светот. Не само во Европа, туку и во светот, овој град е рангиран на првото место во однос на чуството на личната сигурност. • Маргита Поповска

Катедралата на „Дева Марија“ „Notre Dame“, неоготичката катедрала градена во 17. век е препознатлива по своите остри високи кули

Мостот „Aдолф“ Луксембург ќе ви остане во сеќавање по многуте паркови и зелени површини

„Gёlle Fra“ - Фигура на жена излиена во злато, претставува симбол на слободата на што укажува венецот кој го држи во рака

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

31


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Малиот скапоцен камен“ Патрик Модијано

К

ога еден ден на метростаницата ќе види постара жена во жолта наметка, на младата девојка Тереза ќе ѝ се причини дека тоа е нејзината мајка што ја напуштила во детството. Тереза не може да ги потисне чувствата и почнува да ја следи жената. Истовремено ѝ се отвораат старите рани и чувства од детството, од времето кога мајка ѝ ја нарекувала „скапоцен камен“. Книгата „Малиот скапоцен камен“ претставува потрага по изгубениот идиличен свет на детството, на неисполнетите соништа, за топлината на домот и мајчинската љубов. Исполнет со емоции и со меланхолична атмосфера, овој роман е едно од најважните дела на современиот француски писател Патрик Модијано, добитник на Нобеловата награда за книжевност, вистинско ремек-дело. Стилски дотеран, „Малиот скапоцен камен“ е напната и возбудлива емоционална драма на една млада девојка во Париз, на почетокот на шеесеттите години.•

32

Музика „Claroscuro” Анат Коен

И

зраелската кларинетистка и саксофонистка Анат Коен ги освои срцата на публиката во целиот свет со својата виртуозност и импресивна сценска појава. Непосредно по објавувањето на новиот студиски албум „Claroscuro“, чие име доаѓа од шпанскиот збор за игра на светлината и сенката, врвната музичарка настапува речиси на сите познати џез-сцени. Албумот ја покажува способноста на Анат Коен да „плива“ во светот на музичките стилови, од креолските шансони на Њу Орлеанс и свинг- евергрините на Арти Шо до африканската музика и бразилската самба... • Маргита Поповска

Филм

„Трка за живот“ Режија: Рон Хауард

С

пектакуларна е к р а н и з а ц и ј а нa немилос р д н о т о соперништво меѓу Џејмс Хант и Ники Лауда. Сместен во секси и гламурозната златна доба на Формула 1, овој филм претставува неверојатна приказна за соперништвото меѓу англискиот плејбој Хунта и австрискиот перфекциониста Лауда. Филмот, освен на патеките, нè „носи“ и во приватниот живот на актерите и зад заткулисните случувања на трките. Го прикажува животот на двајца возачи што себеси се доведуваат до работ на физичката и психичката издржливост, во трка во која нема препреки до победата, а секоја грешка значи смрт. Филмот е динамичен, исполнет со адреналин и не ви дозволува да земете здив до самиот крај. Жанр: драма Улоги: Chris Hemsworth, Natalie Dormer, Olivia Wilde •

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите

Ќе патувам во Луксембург, каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка? Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во SyC! продажното место каде што ќе ја препознаете налепницата со Show your Card! логото на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст. Доколку планирате да го посетите Луксембург, еве неколку наши препораки, каде можете да добиете попуст и да заштедите многу повеќе отколку што чини Вашата АМСМ членска картичка:

RELAIS & CHATEAUX (Hotels and Restaurants) Најкомфорното хотелско сместување за луѓе со префинет вкус. Претстојувате 3 ноќи, а плаќате за 2.

LUXEMBOURG FINDEL AP Дозволете Hertz NeverLost® да биде вашиот водич. Бидете сигурни без разлика каде се наоѓате. 1.00 € намалување на дневно изнајмување

BEST WESTERN HOTELS EUROPE Бидете привилегирани во еден од најпочитуваните хотели во светот. До 20 % попуст за АМСМ членови

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

и попустот е Ваш!

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе! 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

33


познатите како членови на амсм

Ирина Митевска, инструктор и сопственик на „Powerhouse & Dance Studio"

Грижете се за вашето тело

Пилатесот е комбинација на вежби за телото и умот измислени од Џозеф Пилатес. Станува збор за најефикасна техника на вежби за зацврстување на статиката на телото, балансот и зајакнување на јадрото на телото. Методот Пилатес е најпрецизна техника која што можат да ја практикуваат сите без разлика на старосната граница па дури и бремените жени. • Која е разликата помеѓу пилатес, јога, зумба, аеробик? Митевска: Методот пилатес, претставува сигурна техника, строг режим на вежби, прецизни во движењата со строго определени правила и категорични забрани. Методот пилатес е осмислен од Јосеф ХАбертус Пилатес, а првото пилатес студио е отворено 1926год. во Њујорк. Пилатес е програма на вежби со бавен до среден интензитет и посочува работа со целото тело, а не само со одделни мускулни групи. Оваа програма става акцент на прецизноста на движењата кои се усогласени со дишењето. Па така, прецизноста, строго поставените правила и режим, усогласеноста на движењата со дишењето и категоричните забрани ја издвојуваат оваа техника од останатите. Иако во себе, во својата филозофија и програма на вежби содржи движења од јога, сепак се разликува. Ова е исклучително прецизен метод кој изо-

34

билува со правила на поставеност на телото при вежбањето... Методот пилатес е најефективен бидејќи, влијае на најдлабоките мускулни влакна кои го обликуваат телото и единствено со оваа техника се постигнува, цврста, вретенеста, издолжена мускулна градба. Тргнувајќи од овој факт , ќе кажам дека пилатес се разликува и е далеку попрецизен во однос на наведените техники во прашањето. • Пилатесот во светот се опишува како техника која поставува баланс помеѓу телото и духот. Ова звучи навистина тешко да се постигне, сметате ли дека успеавте да го реализирате овој баланс? Митевска: Секако. По одреден период од практиката на оваа техника се чувствува баланс помеѓу духот и телото. Со практикувањето на пилатес ја будиме телесната и менталната енергија која помага да се постигне психо-физичка рамнотежа. Пилатес ни обезбедува

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

чувство на смиреност, зајакната самодоверба, полесно менаџирање со стресот, ја подобрува концентрацијата и секако здравствената состојба. Со сигурност ќе кажам дека пилатес влијае и на подобрување на расположението, па, после еден час пилатес се чуствуваме, позадоволни и посреќни. Секогаш, напоменувам дека со пилатес се постигнува како физички така и ментален напредок. • Дали вашите ученички, излегуваат психички среќни по пилатесот? Митевска: Инструктор, значи сериозна работна позиција, со одредени работни принципи, изедначени со правилата oд педагогијата, социологијата, психологијата и комуникологијата. Со полн фонд на часови. Поставивме метод и искреиравме одличен софистициран инструмент кој обезбедува совршено, ново тело , чувство на смиреност и зајакната самодоверба. Тоа секако нашите ученици го препознаа и


познатите како членови на амсм

останаа со нас, верно не пратат. Особена благодарност и поздрав до нив. Инаку во „Powerhouse Pilates“ работат повеќе инструктори Ивана Каратукова, Кристина, Горовска, Јована Мицевска , Мартина Мицевска, Зорана Чабаркапа и Моника Спасова. • „Powerhouse Pilates by Irena Mitovska“ е прво специјализирано студио по пилатес чии почетоците започнуваат во Дом на Арм и веќе 10 години сте во овој бизнис? Митевска: Така е, почетоците на „Powerhouse Pilates“ се во Дом на АРМ. Тоа е нашиот корен каде се случи промоцијата на оваа техника, за која ретко кој знаеше во тоа време. И, поради љубовта кон оваа професија успеавме да стекнеме кредибилитет и истиот го уживаме сѐ до денес. Сега, имаме свои студија на неколку локации. Опстојуваме, работиме, креираме. „Powerhouse Pilates by Irina Mitevska“ постои 11 години. • Вие сте балерина и инструктор по пилатес....колку балетот ви помогна ? Митевска: Да, така е. По професија сум балерина. Но, во моментов сум целосно посветена на пилатес техниката. Балетот ми даде идеја, сигур-

ност и креација. Многу ми помогна во поставување на пилатес програмата. Непречено го осмислувам секој час, вежбите се проследени со лесни балетски движења секако и елементи од останатите техники. Затоа оваој метод на вежби е уникатен и ни го овозможува тоа, во него има движења и елементи од техниките на источната и западната култура. Па така, секој час е нов предизвик за нашите ученици. • Што сметате дека е најголема бенефиција од пилатесот? Митевска: Силата. Совршеното тело, одлична кондициска динамика, зајакната самодоверба и чувството на смиреност и сигурност. • Кои се бенефициите кои ги добиваат луѓето кои вежбаат пилатес? Митевска: Најголемиот бенефит е силата која си ја обезбедуваме, која ни помага, здраворазумно и лесно да се соочиме со сето она што не очекува и ни го носи модерното време на живеење. • Како едно од постарите пилатесстудија во Скопје, достапно за сите, што мислите дали го променивте мислењето на народот во поглед на грижата за себе, својот изглед и своето здравје? Митевска: Да, секако. Сметам дека помогнавме во поглед на грижата кон себе. Сега свеста на луѓето е на повисоко ниво. Познати се факторите кои директно влијаат на неквалитетниот начин на живеење.. Така, полека но, сигурно, стануваме нација која се рекреира и посветува внимание на својот изглед. Затоа и пилатес, односно вежбањето станува дел од секојдневието. • Колку калории се согоруваат по 60 минути Пилатес? Митевска: За времетраење на еден пилатес час, телото согорува околу 600 калории. Топењето на масните наслаги продолжува и по вежбањето, уште неколку часа.

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

• Каков совет ќе им дадете на оние кои не можат да најдат место за вежбање и пилатес во својот преполн распоред? Митевска: Оние кои имаат преполна агенда и за кои слободното време е сè повеќе луксуз им советувам куса прошетка со своите деца, да не користат лифт туку да одат пеш по скалите, возење велосипед и да им се придружат во играта на нивните деца. Или пак, доколку се во можност да посетуваат индивидуални часови за техниката за која ќе се определат, во најблиското студио. • Знаеме дека организирате пилатес часови во природа (Банско), на плажа (Грција) ... раскажете ни нешто повеќе за ваквите настани, колкава е заинтересираноста? Митевска: Да, така е. Секоја година организираме пилатес во природа во Банско и пилатес на грчките плажи. Особено ме радува тоа што за време на овие настани има одличен одзив, огромен интерес и од страна на девојките и од страна на спонзорите. Се развива пријателството и дружењето, рекреираме и уживаме во овие патувања. Ваквите настани секогаш се поткрепени од нашите добри пријатели-спонзори, кои ни овозможуваат безброј награди, па така организираме и доделување на наградите. Овој момент му дава посебно значење настанот. Се враќаме среќни, задоволни исполнети, расположени... Полни со елан за периодот кој ни следи. За ваквиот начин на дружење се зборува долго потоа. • Каде можат да ве најдат заинтересираните? Митевска: Интересот за пилатес постојано расте. Оттаму и идејата да отвориме повеќе студија низ Скопје.. Сите заинтересирани можат да не најдат во Дебаар маало ( зад пазарот „Буњаковец“), во Аеридром ( кај комплекс банките) и Кисела вода кај („Чешма“). Имаме и утрински и попладневни термини од 10 како и од 16,17,18,19,20,21 часот. • Која е вашата порака до сите учесници во сообраќајот? Митевска: Пораката која сакам да ја споделам со учесниците во сообраќајот е да бидат совесни, одговорни и внимателни. Да ги исполнуваат сите предуслови и да ги почитуваат правилата, знаците и секако да бидат предвидливи, за сè што може да се случи за време на едно патување. •Росана Јанков

35


стил

Стил и убавина

Седумте женски модни гревови Ништо не може да го расипе впечатокот со кој многумина се здобиле околу вас како, на пр., некои навидум неважни ситници. За вешто и ефектно да ги избегнете „гревовите” кои понекогаш можат да ве чинат многу во врска со убавиот изглед, внимателно проучете ја листата што следува…

Облека која не ви прилега

Можеби не сте свесни дека во претесна гардероба изгледате подебело одошто навистина сте, но истото важи и за прешироките парчиња облека со кои безуспешно (верувајте!) се обидувате да го прикриете вишокот килограми. Доколку нешто не ви прилега, немојте да го носите. Влегувањето во помало бројче сигурно ќе му годи на вашето его, но ќе изгледате смешно. Ако не можете да седнете во супертесни панталони, тогаш нема да се чувствувате удобно. Зар поентата на гардеробата не се состои во тоа да се чувствувате попријатно и поубаво? Затоа, облеката не ја избирајте според бројот испишан на етикетата. Од друга страна, пак, не фрлајте пари на гардероба поради која ќе изгледате бледо, старо, испрано… Дречливата зелена или розова боја што често ја гледате на модните ревии изгледа преубаво кога ја носи Катарина Ивановска, на пр., но вам можеби ќе ви стои очајно. Експериментирајте со боите, но во принцип почесто користете ја палетата што најубаво ви прилега, без оглед на тоа што го диктира модата. 36

И најважно, облекувајте се во согласност со возраста. Притоа не заборавајте дека тинејџерските години се зад вас. Но тоа не значи дека наоколу треба да шетате во старомодна гардероба, закопчани до грло. Дизајнерите денес креираат облека за секоја старосна доба.

Несоодветен мејкап

Бидејќи вашата гардероба се менува во текот на денот и се приспособува на она што моментално го правите, нема причина правилата да 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


стил

бидат поинакви за шминката. Доколку очите сѐ уште ги цртате во „Клеопатра” фазон, и тоа секојдневно, свртете ги страниците на модните магазини и видете што се случува во овој век. Ако пак на лицето нанесете „воени, маскирни” бои, бидете сигурни дека не само што ќе оставите лош впечаток, туку и секоја брчка ќе биде поизразена. Дневниот мејкап треба да биде лесен, на лицето да му даде природен изглед, да ги прикрие сите мани и да ги истакне убавите детали, притоа да изгледате како воопшто да не сте се нашминкале. Транспарентниот мејкап е идеален за спортски и слични

брустхалтерите, и линиите што ги оцртуваат гаќичките прилично се забележливи. Затоа купете танга, и не грижете се. Тие можат да бидат доста пријатни, особено ако се памучни.

Искршени нокти, излупен лак

Ноктите треба да бидат чисти и фино обликувани. А лакот е измислен за ноктите да изгледаат уште поубаво. Доколку го користите, секојпат мора да биде совршено налакиран. Затоа, или поправете ги грешките или отстранете го целосно. Ако е излупен, а патем има и јака боја, бидете сигурни дека ќе го привлечете вниманието, и ќе оставите впечаток на личност која доволно не се грижи за својот изглед. Доколку пак често се наоѓате во деловно опкружување, задолжително користете „конзервативни” бои, додека светликавите/неонските/фанки лаковите чувајте ги за викенд или за одмор. Изразито долги нокти не се препорачуваат на работа. Уредни треба да бидат и ноктите на нозете, секако.

Лоша фризура и иста таква боја на коса

активности. Појаки и потемни бои се дозволуваат навечер. Едновремено треба да знаете дека под неонска светилка и при задушено осветление нема да изгледате исто. Доколку не сте вешти во мејкапот, побарајте совет од професионален шминкер.

Видливи линии на долна облека

Иако некои филмки и телевизиски ѕвезди (на пр., Сара Џесика Паркер во „Сексот и градот”) наголемо ги покажуваат разголените грбови со видливте прерамки на брустхалтерите, таквата „привилегија” избегнувајте ја во секојдневниот живот. Градниците спаѓаат во категоријата долна облека, и таму треба да останат. Затоа, најдете брустхалтер што добро ви стои. Ако направите погрешен избор и завршите во нешто што е „премногу широко одзади” или „премногу лабаво напред”, тогаш побарајте помош од продавачките во дуќаните што продаваат долна облека. Како прерамките на

Косата е детаљ кој прв го привлекува погледот. Врз основа на нејзиниот изглед луѓето несвесно го проценуваат вашето образование, општествената положба, годините… Поради несоодветниот стил можете да изгледате десетина години постари, а возрасните жени со тинејџерски фризури оставаат впечаток на несериозност. Фризурата мора да биде во хармонија со стилот на облекување. Ако вашата коса не е негувана и фино истрижана, ни совршената гардероба нема да помогне да оставите убав впечаток. Новата боја, пак, освен што може да донесе фантастична промена во вашиот живот, може да донесе и „фантастична промена” во вашиот новчаник. Доколку немате доволно пари за редовно да ја одржувате бојата на косата, извлечете прамени.

влезете во менопауза итн.). Ако сакате засекогаш да го покриете, односно отстраните таквиот недостаток, ботоксот е идеално решение. Десетина години наназад ефективно се користи против прекумерно потење.

Неуредни, износени чевли

Чевлите го надополнуваат севкупниот изглед. Не заборавајте редовно да ја проверувате состојбата на потпетиците. Не излегувајте во чевли со расцветани потпетици и изабени „флекници”. Редовно чистете ги. Но уште поважно, инвестирајте во квалитетен чифт чевли. Не купувајте евтини чивли за потоа да не се прашувате зошто траат толку кратко. Високите потпетици се секси, но не се ни малку практични. Доколку не сте навикнати да ги носите, подобро облечети нешто друго. Изгледа по малку смешно додека се тетеравите за некако да ја одржите рамнотежата во нив. Можете да изгледате преубаво и во чевли со ниски потпетици и во чевли без потпетици. Грев е и кога сандалите се носат со хулахопки. Долку ви е ладно на нозете, обујте чевли. • Игор Ландсберг

Кругови под мишки

Доколку се соочувате со таков проблем, најпрвин купете дезодоранс кој одговара на вашето тело. Можеби ќе треба да испробате неколку додека го пронајдете најделотворниот или ќе ги менувате онака како што се менува вашата “хемија” (на пр., откако ќе се породите, кога ќе почнете да земате лекарства, штом

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

37


ИСТОРИЈА

Олдтајмери

Хоби на новиот век Има податоци дека околу 25.000 лица заработуваат и егзистираат од бизнисот со олдтајмери. Голем дел од нив се членови на клубови, во здруженија на олдтајмери, тргуваат со резервни делови или се сопственици на работилници за сервисирање возилата.

З

борот „олд тајмер” во буквална смисла на зборот значи стар човек кој ги цени вредностите и приликите на минатото. Автомобилите кои се постари повеќе од 35 години и кои се наоѓаат во оригинална фабричка состојба или пак кои по пат на комплетна реставрација се доведени во таква состојба популарно се нарекуваат олдтајмери. Бројот на љубителите и сопствениците на вакви возила е голем, пред сè

38

во земјите на Западна Европа, каде што постојат и специјализирани клубови во кои членуваат љубителите на олтајмерите. Во Европа постојат околу 700 музеи на олдтајмери кои во просек ги посетуваат преку 75 милиони љубители. Интересно е да се спомене дека само во Германија има преку 100 музеи. Покрај музеите постојат и специјални списанија, популарно наречени Класик Карс, во кои љубителите можат да се запознаат со автомобилот кој

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

е прикажан во списанието, неговата состојба, поминатите километри, како и почетната продажна цена која може да достигне и до неколку стотици илјади евра. Во овие списанија, на пример, постојат понуди како за „Трокраката ѕвезда”- Модел на Мрецедес произведен во 1939 година во само 5 примероци од кои еден бил испорачан на романскиот крал Карло. Неговата вредност била проценета на 2,5 милиони евра.


ИСТОРИЈА

За формирањето на цената големо влијание има првиот сопственик на автомобилот. Доколку станува збор за личности од политиката, светскиот џет сет цената е повисока. Автомобилите на светски државници, меѓу кои и некои диктатори постигнуваат астрономски цени како Мерецедесот на Јосип Броз Тито и Мрецедесот на претседателот на Романија Николај Чаушеску кои беа продадени со многу високи цени. Да не ги заборавиме и моделите на големите брендови со симболите на предниот и задниот дел на хаубата што достигнуваат астрономски цени. Меѓу нив сигурно се „Големата мачка” на Јагуар, „Црвенот коњче” на Ферари, „Синиот овал” на

Форд, „Лавот” на Пежо, „Молњата” на Опел.... Интересно е да се каже дека постојат и модели кои се изработени во неколку примероци. Цената е висока, а интересот за нив е многу голем. Исклучок се повоените олдтајмери на производителите од некогашна Источна Европа. Возила произведени во времето на „железната завеса” по теркот на социјализмот, како што се Волга од 1967 година, може да се набави за скромни 3.000 евра, или пак Вартбург кој датира од 1964 година за околу 2.000 евра. Истото важи и за Трабантот. Сопствениците на Трабанти сега во Германија формираат клубови сопственици на овие возила. Има податоци дека околу 25.000 лица добро заработуваат од биз-

нисот со олдтајмери. Голем број се членови на клубови, во здруженијата на олдтајмери, тргуваат со резервни делови или се сопственици на работилници за сервисирање на олтајмерите. Од сето ова произлегува дека во последно време занимавањето со олтајмерите претставува доходовен бизнис. Но не треба да се заборави дека секој сопстевеник на олдтајмер во просек за своето возило троши годишно 1.200 евра. Во светот постојат повеќе манифестации на кои се презентираат и се изложуваат олдтајмери. На некои од овие собири се продаваат и се купуваат олдтајмери, се сервисират и се реставрираат старите модели. Меѓу позначајни музеи во Германија, како што е Музејот Мајленверк, отворен прво во Берлин, а подоцна во Дизелдорф. Популарноста на олдтајмерите е резултат на љубовта кон возилата, како и носталгијата за времето во кое се произведени. Иако во помал обем интерес за олдтајмерите постои и на нашите простори. Следејќи ги светските тенденции и трендови и во Република Македонија има иницијативи за помасовно презентирање на олдтајмерите со изложби, претставување приватни колекции и слично. Во нашата држава постои и идеја за формирање на Музеј на стари возила. • Андријан Трипунов

Вартбург од 196 4 година

Волга од 1967 година 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

39


hi - t ech

AERO – X

Лета, ама ниско Не лета, но ни земјата не ја допира кога се движи. Всушност лета, ама ниско и може вертикално да се „движи“, односно да полетува и слетува.

Н

Човековиот род отсекогаш траал по едноставни и практични превозни средства. Денешново време полно со разновидни материјали и висока технологија, создава услови и овозможува полесно пронаоѓање на разни нешта, а меѓу нив и создавање возила од секаков вид. Возила за сувоземен сообраќај, возила за воден сообраќај односно пловила, возила за воздушен превоз или летала, а има и такви за комбиниран превоз, кои можат да се движат на секаква подлога и во воздух. Колку е возилото поразновидно во својата употребна вредност толку

40

повеќе ќе биде барано за купување. Можеби затоа фирмата „Аерофекс“ од Калифорнија се определила да развие специфично летало кое потсетува на ховеркраф, превозно средство кои лебди односно се движи над секаква површина на висина од неколку десетици сантиметри па се до неколку метри. Леталото развиено од калифорнискиот производител е наменето за превоз на двајца патници, нешто како мотоцикл и затоа понекогаш во текстовите, новинарите го нарекуваат ховербајк, а производителот го нарекува Aero-X.

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Ова навидум малку чудно возило – летало во должина е слично како автомобил од средната класа, 4,5 метри, а ширината и висината се слични како кај ултра спортските автомобили, 2,1 и 1,25 метри. Двосед е и неговите тркала се поставени во хоризонтала, не вертикала како кај мотоциклите. Во тие две тркала сместени се два фиксирани пропелери со по пет краци лопатки. Во централниот дел, таму каде што се наоѓа оската, поставен е посебен дел кој потсетува на некој вид зглоб. Тој дел или зглоб со вртење на управувачот се движат во сите правци и го


hi - t ech

Производителот вели дека ова е финалниот дизајн на ховербајкот Aero-X кој треба да влезе во производство во 2017 година

искосуваат пропелерот во саканата положба. Со тие искосувања практично ховербајкот се движи лево, десно напред и назад, поточно прави кружни движења. На леталото Aero-X не му е потребна полетно слетна писта или нешто слично. Полетува и слетува од мала површина, бидејќи е способно за вертикално полетување и слетување (VTOL - vertical takeoff and landing). Тоа е неговата најголема предност пред останатите возила, поточно летала. Сепак, истото го може и хеликоптерот, но тој е далеку поскап и за него треба посебна дозвола за летање, а за управување со

ховербајкот Aero-X потребни се само неколку часа тренинг преку викенд и тоа е тоа, веќе сте подготвени за прошетка со новопечената играчка. Колку за информација еден хеликоптер, двосед, изнесува 280.000 долари, а Aero-X чини 85.000 долари. И тоа е скапо за возило кое со едно полнење на резевоарот може да лета само час и половина со просечна брзина од 70 км/ч. Има еден мотор со три цилиндри и користи класично гориво, за разлика од хеликоптерите. Сувата маса на ховербајкот изнесува 356 кг, а може да понесе вкупно (или максимално) 140 кг. Предноста е во

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

тоа што на Aero-X не му е потребен асфалт за неговото „движење“ или некоја друга посебна површина. Многу лесно може да совладува непроодни терени, бидејќи лета над нив на висина од 3,7 метри, а токму тоа може да биде голем адут во армиските кругови. Војската е таа која најмногу ќе биде заинтересирани за Aero-X, но и спасувачките екипи, ранчерите за терање на добитокот низ непрегледните тревнати пространства и секако лица кои едноставно сакаат да имаат и вакво превозно средство во својата гаража. • Жарко Атанасоски 41


СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

Хамилтон ја освои и Русија

Во сенка на дебитирањето на Русија како домаќин на трка од Светското првенство во Формула 1, Луис Хамилтон ја забележа деветтата победа оваа сезона со што веќе стави една рака на титулата за 2014 година. Стартот на

зберг

ката на Ро

Старт - греш

А

ко метафората „ветената земја“ се однесувала на Соединетите американски држави во минатите два века за луѓето кои биле во потрага за работа и подобра иднина, пренесено во 21 век може да се однесува за Русија и за нејзината желба да се вклучи во организацијата на врвните спортски настани. Зимските олимписки игри во Сочи го започнаа трендот, кој продолжува со Формула 1, за по четири години оваа земја да биде домаќин и на Светското првенство во фудбал. Недостига уште организација на Летните олимписки игри за „покерот“ да биде комплетиран со најсилните четири аса на спортска сцена, како што доликува за една од најголемите земји во светот. Атмосферата околу Формула 1 не можеше да биде полоша за дебито на Големата награда на Русија, бидејќи карванот пристигна во Сочи веднаш по трката возена во Јапонија, која што беше обележана од несреќата на Жул Бјанки. Дополнително, поради тоа што по оваа трка болидите се селат на другиот крај од светот за трките во САД и Бразил, календарот предвидуваше пауза од три седмици, во кои се случи две мали екипи од вкупно единаесет кои се во светското првенство да прогласат стечај и руското гран при да биде последната трка во нивната куса, но бурна историја. 42

Трката сама по себе немаше впечатлив дел по кој би се памтела, со исклучок на стартот кој се покажа како клучен за расплетот до крајот. Пол позицијата беше во рацете на Луис Хамилтон, а Нико Розберг одлучи дека е најдобро за неговата стратегија да го нападне ривалот за титулата токму тогаш. Обидот беше рискантен и вклучуваше доцно сопирање за влез во првиот свиок, но токму тоа се покажа како „најслабата алка“ и оштетувањето на пневматиците во тој маневар го принуди Розберг рано да влезе во боксот и да се прости од директниот дуел со Хамилтон. На британскиот возач му преостана да ја менаџира својата трка до крајот сведувајќи ги ризиците на минимум, додека Розберг првенствено загуби многу позиции, но на крајот успеа да се избори со конкуренцијата и да стигне до втората позиција, неутрализирајќи ја грешката од стартот. На крајот од денот, предноста на Хамилтон порасна од 10 на 17 бода, но до крајот има уште три трки и три нови шанси за германскиот пилот да се врати на првата позиција. Покрај „еден-два“ победата на Мерцедес, екипата на „сребрените стрели“ се радуваше и на својата прва конструкторска титула во современата историја. - Очигледно Нико заврши одлична

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

Розберг


СПОРТ

работа за да се врати во трката по грешката на почетокот, но болидот беше одличен. Направивме добра работа како тим, за нас ова е историја и горд сум што сме дел од неа, јас, Нико и секој член на тимот. Да се освои конструкторската титула за Мерцедес Бенц е чудесно, ова е прекрасен ден,- порача Хамилтон од пиедесталот во Сочи, прашувајќи го водителот дали ќе добијат водка за да прослават. - Русија е едно од најубавите места за мене оваа сезона. Благодарен сум за поддршката што ја имавме и навистина очекувам да доаѓам тука уште многу пати. Не е далеку од моето место на живеење и ќе навраќам за одморите, бидете сигурни,- додаде победникот. Нико Розберг како дел од својата стратегија за враќање во трката мораше да помине 52 круга од трката со еден сет на гуми, што го потенцираше слабиот апетит на патеката за „јадење“ на гумите и малиот број на влегувања во боксовите како резултат на стратегиите кои беа зачнати на овој факт. Германецот ја презема целата одговорност за маневарот во првиот круг, отфрлајќи можност дека бил надвор од тркачката линија. - Дефинитивно беше можно, но јас згрешив, мошне едноставно, без објаснување. Сопирав премногу доцна и премногу силно,- изјави Розберг, а на новинарско прашање додаде дека ќе продолжат да се напреваруваат со Хамилтон. - Исто е во текот на целата година. До сега ситуацијата беше дека можеме да се бориме, па ќе продолжиме така. Ништо не се менува. Спротивно од ова, публиката очекува дека со обезбедувањето на конструкторската титула, борбата во поединечна конкуренција може да се разгори. Хамилтон има 291 поен, Розберг 274, а третопласираниот Рикиардо има заостанување од 92 бода зад водечкиот во ситуација кога до крајот на сезоната има за освојување уште рамно 100 (победата во трка носи 25 бода, но последната во Абу Даби ќе носи двоен износ на поени). Оттука, јасно е дека за Мерцедес е потешко да ја изгуби титулата, отколку да ја добие,

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

Колумна: „Своерачно“

Кога фенерите ќе згаснат

Розберг во друштво на рускиот председател Путин

бидејќи и во услови кога нивните болиди не би биле на патеката, Рикиардо тешко би освоил максимален износ на бодови. Во Русија, третото место му припадна на Валтери Ботас од Вилијамс, а мошне конкурентни беа Батон и Магнусен кои ги освоија четвртото и петтото место за Мекларен. Алонсо на новата патека во Сочи дебитираше со шесто место, додека Рикиардо беше седми, пред тимскиот колега Фетел кој по пласманот на пиедесталот во Јапонија сега успеа да се избори само за позиција која носи четири бода. Кими Раиконен и Серхио Перез ја заокужуваат листата на освојувачи на бодови во Русија, трка на која што имаше само две откажувања. Следната трка за Големата награда на САД се вози на 2 ноември, додека бразилското гран при е само една седмица потоа и може да донесе расплет во борбата за титулата. Запрашан од новинарите дали може да се повтори 2007 година, кога Хамилтон имаше 17 бода предност во однос на Раиконен, но на крајот си замина од Сао Паоло без титулата, возачот на Мерцедес одговори негативно. - Се сеќавам добро на 2007 година. Не се плашев ни тогаш, но претпоставувам дека бев помалку искусен. Сега сум сосема друг човек и со нетрпение ги очекувам следните трки! • Александар Табаковски

Прославата на тимот на Мерцедес

44

Двете екипи кои се менуваа на последните позиции во Формула 1, Кетерхем и Марусија, имаат загрозена иднина откако во некои нивни компании кои се инволвирани во процесот, беше отворена стечајна постапка. Овој момент може да донесе револуција во современиот имиџ на трките, бидејќи правилата предвидуваат активирање на трет болид по екипа.

Д

оговорот „Конкорд“ со кој се регулираат правата и обврските меѓу учесниците и организаторите во светското првенство на Формула 1 крие многу клаузули и ставки кои јавноста не ги знае, но стануваат познати откако извесна ситуација што е предвидена со него ќе стане реалност. Промоторот на трките, Берни Еклстоун, лично изјави дека тоа „отсекогаш било опција“ и сега смета дека е подобро да се има Ферари и Мерцедес со трет болид, отколку екипи со финансиски проблеми. Последнопласираните, популарно наречени „фенерџии“, ја имаат судбината да се борат за влез во елитното друштво каде што само најдобрите десет екипи добиваат пари од приходите заработени со продажбата на ТВ правата од трките. Ако во блиското минато се паметат ситуациите кога имаше повеќе од 26 болиди во трките, па мораа да се организираат предквалификации, во новата ера Формула 1 постојано се соочува со проблемот на пропаѓање на малите екипи. ФИА во неколку наврати преку претходниот претседател Макс Мозли спроведуваше акции за намалување на трошоците во спортот, особено во услови кога ширум светот владее лошата економска клима, но компромисот тешко се постигнува. На овој начин, на сцената ќе доминираат големите тимови кои имаат буџет да се натпреваруваат и да инвестираат во технологиите кои носат брзина, а со тоа и предност на патеката. Тоа е меч со две острици за сите, од една страна промотерот е условен од оние малку тимови што останале, а од друга страна екипите кои настапуваат повторно ќе се соочат со страшниот факт дека само еден може да биде прв и да ја освои славата, додека останатите ќе имаат само зголемени трошоци за водење трет болид. Дополнително, ќе се создаде нов правен поредок, во кој што екипите ќе освојуваат бодови само со двата најдобро пласирани болиди, со што се остава про-

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

стор и другите да „чепнат“ дел од колачот. Станува реалност дека некоја екипа нема да сака самата да го води третиот тим, туку ќе сака истиот да го отстапи на трето лице кое ќе има свој бизнис интерес, но во моментов правилата не дозволуваат продажба на интелектуалните права околу конструкциите на болидите, напротив инсистираат екипите сами да ги конструираат болидите. Како и во многу други случаи, последниот збор повторно ќе го има ФИА. Федерацијата е задолжена на светско ниво да управува со авто-мото спортот и сето ова е во нејзина надлежност. Највисокото тело на ФИА кое одлучува за прашањата од оваа бранша е Светскиот совет за моторспорт, кој традиционално заседава пред крајот на годината кога треба да се прогласат шампионите од завршената година. Тоа значи дека она што можеше неофицијално да се слушне дека договорот „Конкорд“ предвидува рок од 60 дена за воведување на трети болиди, со сигурност ќе биде испочитуван ако таква одлука биде донесена од ФИА во декември. Тоа ќе подразбира менување и на многу други правила и решенија, но не смее да се исклучи ниту опцијата дека ако се сака, тоа може да се избегне. Ред Бул покажа дека може да се има втор тим и да се оперира независно. Купци за постоечките екипи во стечај можат да се најдат, па макар биле и од редовите на актуелните учесници! Моето лично мислење е дека Ферари би имал далеку повеќе корист да ја поседува Марусија (под друго име) и да ангажира тим на инженери кои ќе работат за нив во Англија, отколку само да им продава мотори и да сака да заработи од тоа. Рецептот на Ред Бул за давање шанса на младите преку „Б“-тимот е реална шанса да се направи алтернатива во првенството која нема да го смени целиот поредок и да ја руиниса актуелната хиерархија. А тогаш, елитните екипи нема да имаат по два болида со шанса за трет и спонзори кои ќе треба да доплаќаат за рекламите на него, туку независни два болида отворени за нови спонзори кои можеби немаат шанса да си дозволат буџет за реклама преку првиот тим. • Своерачно, Александар Табаковски


СПОРТ

Светско првенство во мотоциклизам

Маркез освои титула, на ред се рекордите

Победата на Роси во Австралија

На една трка пред крајот во светското првенство, 21-годишниот Шпанец ја освои втората титула светски првак во најсилната класа, соборувајќи го рекордот во квалификациите на Кејси Стонер од 12 пол позиции и изедначувајќи го рекордот на Мик Дуан во број на победи за една сезона.

М

арк Маркез ја освои титулата во „кралската класа“ уште со пласманот на подиумот во Мотеги, Јапонија, но ја продолжи успешната серија во следните две трки од турнејата на Далечниот Исток. Прв од рекордите „падна“ оној на Кејси Стонер, кој најпрво беше изедначен во Австралија, а потоа и соборен во квалификациите за ГН Малезија, кога Маркез ја освои својата 13 пол позиција годинава. Валентино Роси победи на трката за Големата награда на Австралија стартувајќи од осмото место на патеката „Филип Ајленд“ и тоа во својот јубилеен 250. настап во „кралската класа“. Ако на почетокот на сезоната ја трпеа доминацијата на Маркез, возачите на Јамаха направија четири победи по ред во финишот, при што серијата ја започна Роси во Сан Марино, а ја продолжи Лоренцо во Арагон и Мотеги. За триумфот да биде увеличан, не само што Лоренцо го освои второто место, туку и Бредли Смит со сателитскиот тим на Јамаха стигна до третото место. Маркез ја поведе трката од пол позицијата и на почетокот не успеваше да се одвои од Лоренцо, но кога Роси го достигна тимскиот колега и се бореше со него за второто место менувајќи си ги позициите, Маркез успеа да направи предност од четири секунди. За негова несреќа, температурата опадна и неговиот избор на пневматици не го издржа ритамот, па тој падна на 10 круга пред крајот, исто како и многу други по него, вклучувајќи го и Кал Крачлоу со Дукати во последниот круг додека беше второпласиран. Вториот возач на Хонда, Дани Педроса, од почетокот се најде во мешаница од повеќе мотори и постојано беше околу десеттото место, кога беше удрен од Андреа Јаноне и

мораше да се повлече од трката бидејќи поради дефектот стана премногу бавен. Падот на Маркез се случи додека беше во водство, па следната трка во Малезија му помогна да го изедначи рекордот на Мик Дуан поставен пред 15 години во „кралската класа“ на светското првенство во мотоциклизам со 12 победи за една година. И овојпат за победата имаше сериозна конкуренција во Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, двајцата возачи на Јамаха беа покрај него во втората половина од трката, иако дуелот со Лоренцо започна уште на стартот кога двајцата Шпанци се допреа во првиот свиок. Роси стартуваше од шестото место, ја достигна водечката група и ги престигна, но имаше еден преширок влез во финишот на трката и тоа беше доволно 21-годишниот Маркез да го преземе лидерското место и да стигне до уште една голема победа во својата релативно куса кариера. Штефан Брадл го доби дуелот за четвртото место со Бредли Смит, додека Пол Еспаргаро направи голем подвиг со пласманот на шестото место откако на квалификациите во саботата при еден пад заработи скршеница на стапалото. - Среќен сум со трката. Најсилен противник беше времето, навистина беше жешко! Да, тешко беше на стартот бидејќи бев загрижен за животниот век на пневматиците до крајот, па не бев најдобар во првиот свиок и почнав да ги престигнувам другите за да се вратам посилен, па среќен сум што завршив со победа. Го изедначив рекордот на Дуан, со една трка I до крајот имам шанса да го соборам. Ако имав лош резултат тука, притисокот во Валенсија ќе беше поголем. Но, сега сум слободен во Валенсија и можам да возам за публиката и да уживам,- најави 21-годишниот Шпанец. Роси за второто место рече дека е резултат

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

на добриот сетинг за моторот што го пронашле утрото пред трката. - Среќен сум за ова второ место бидејќи е навистина важно. Имавме проблеми во текот на викендот и дури на загревањето утринава најдовме добар сетинг. Во ниеден момент не бевме силни на тренинзите, не можев да притискам 100%. Помина многу време од мојот последен подиум тука, мислам дека беше во 2010 година. Ја сакам оваа патека и одлично е да се вратиш на подиумот,- изјави „докторот“. Хорхе Лоренцо од своја страна се пожали дека не се чувствувал во најдобра физичка форма. - Ова беа тешки услови, целиот викенд беше тежок. Мислам дека ова беше најжешката трка што некогаш сме ја имале во Малезија. Не бев физички најподготвен бидејќи не тренирав напорно. Се чувствував силен физички и моторот имаше добра тракција, но мојот фитнес не беше најдобар бидејќи овие три седмици надвор од Европа немав тренирано. Првите свиоци беа навистина возбудлив дел од трката и бев храбар во првиот круг. Валентино беше силен овој викенд и не можев да останам со него.Тој заврши одлична работа, додека јас се мачев со тврдите гуми. Имавме мали проблеми и со резервоарот бидејќи држачот попушти, па се занесував при сопирање,- објасни вториот возач на Јамаха. Маркез веќе ја обезбеди титулата и со 337 бода е лидер на табелата во пресрет на последната трка во Валенсија, која ќе одлучува за второто место каде што Роси има 275 бода или 12 повеќе од Лоренцо. Дани Педроса со падот во Малезија остана на своите 230 бода со што ќе мора да се задоволи со четвртата позиција во генералниот пласман. Финалето на сезоната е за две седмици на патеката „Рикардо Тормо“. •Александар Табаковски

45


СПОРТ

Мотокрос слободен стил

Африканско му ја донесе на Ш

Крајот на уште една непредвидлива сезона во мотокрос слободен стил беше направен во голем стил пред претседателската палата во Јужна Африка.

Н

а одржувањето на првиот настан од Red Bull X-Fighters на африканска територија никој не можеше да го сопре 28-годишниот Џош Шихан, кој ја освои втората победа оваа сезона, а со неа и титулата за 2014 година. Австралискиот возач доминираше на натпреварувањето, победувајќи во секоја рунда со едногласни одлуки, за на крајот да ја освои титулата во најпрестижната серија во мотокрос слободен стил. Шпанецот Дани Торес заврши на одличното второ место во овој настан, додека Американецот Адам Џонс го освои

46

својот прв подиум во кариерата со пласманот на третото место. Шихан беше „забревтан“ и на претходните настани направи голем напредок во однос на својот ривал од Нов Зелан, Ливај Шервуд. По првите две победи на првите два настана од 2014 година, Шервуд беше водечки на табелата во текот на целата сезона. Но, на саботните квалификации тој го повреди зглобот, по што не можеше да оди подалеку од првата рунда во финалето. Тоа му овозможи лесна задача на Шихан, но тој даде се од себе, победувајќи го секој про-

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

тивник, вклучувајќи го и спектакуларниот Торес, изведувајќи фигури како двојно салто наназад. Кога бодовните салда беа средени на крајот, емотивниот Шихан го презема првото место, додека Шервуд падна на второто, со Торес на третото место. Секој од нив има освоено светска титула, што ја направи атмосферата посебна на јубилејната педесетта трка од ова натпреварување, пред распродадените трибини полни со 22 илјади возбудени навивачи од кои голем број прв пат се сретнаа со овој спорт.


СПОРТ

кото финале е титулата Шихан

Емотивниот Ши хан го пр првото место евзема

- Ова го посакував со години, па затоа е како остварување на сонот. Јас сум на врвот на светот,- изјави обземениот Шихан. На последната трка настапи и Томас Паже, францускиот возач кој имаше страотен пад од десетина метри височина на претпоследната трка во Минхен, а до тогаш беше единствениот конкурент на Шервуд. Шихад со победнички финиш во последните два настани ја однесе титулата благодарение на конзистентноста што ја имаше во текот на сезоната.

•Александар Табаковски

ТАБЕЛА РЕЗУЛТАТИ 1. Џош Шихан (Австралија) 2. Дани Торес (Шпанија) 3. Адам Џонс (САД) 4. Реми Бизуар (Франција) 5. Томас Паже (Франција)

Конечна табела

6. Клинтон Мур (Австралија)

1. Шихан

360 бода

7. Така Хигашино (Јапонија)

2. Шервуд

270 бода

8. Маикел Мелеро (Шпанија)

3. Торес

265 бодa

9. Давид Риналдо (Франција)

4. Паже

235 бода

10. Аластер Сејер (Боцвана)

5. Хагашино

180 бода

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

WRC – Рели Франција и Рели Шпанија

По вторпат Светски шампион

Себастијан Ожие победи на предпоследното рели во шампионатот, Рели Шпанија и ја потврди круната од минатата година. Сега двојниот Светски шампион во мир може да го дочека релито во Велика Британија.

Д

вете последни асфалтни релија од сезоната донесоа вистинска драма во завршницата од шампионатот. Драма во која како главен актер во расплетот се појави Ожие и по вторпат во својата кариера ја освои круната во Светскиот шампионат во рели – WRC. Ова е втора едно по друго возачка титула за Ожие која го става рамо до рамо 48

со легендите на релито како Маркус Гронхолм, Карлос Сајнц, Мики Биазон и Валтер Рерл. Единствено Томи Макинен и Јуха Канкунен имаат по 4 титули, а тука е и неверојатниот Себастијан Лоеб со недостижни 9 титули. Драмата почна на релито во Франција кога победата отиде во рацете на Јари-Мати Латвала, додека Ожие 11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

едвај успеа да се пласира на 13-та позиција. До сега тоа е најлошиот пласман што Ожие го имал во текот на својата кариера во рели. Така Латвала ги замрси конците и го загрози во генерален пласман неговиот тимски другар. Проблемите за Ожие почнаа уште на почеток на релито. По завршувањето на вториот брзински испит, совозачот Жулиен Инграсија


СПОРТ

ги промаши пресметките и тие пристигнаа прерано на контролниот пункт и добија казнено време. Потоа почнаа проблеми со автомобилот, за на крај Ожие да заврши со преку 8 минути зад победникот. Тоа што не успеа да го направи во Франција, Ожие го надокнади во Шпанија. Брилираше на шпанските патеки кои се микс од асфалт и ча-

кал. Всушност релито во Шпанија е единствено во шампионатот со мешана подлога. Својот напад го почна од самиот старт. Во еден ден на Латвала му побегна за 36,6 секунди и потоа само го одржуваше водството контролирајќи ја ситуацијата од врвот. Ожие не сакаше да ризикува на последниот телевизиски брзинец и му го препушти на Латвала. Допол11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

нителените 3 бода ниту од далеку не можеа да ја достигнат стекнатаат предност во генерален пласман од 31 бод со кои Ожие стана светски шампион. Со две титули во рака, Конструкторска и Возачка, тимот на VW и Ожие можат да се опуштат и мирно да го дочекаат крајот на сезоната и последното рели на Велика Британија. • Љубомир Анастасовски 49


членство

Од 15.11.2014 до 15.12.2014 година

ЧЛЕНСТВО

Бесплатна зимска проверка на возило за сите АМСМ членови

Кога е времето во прашање, никогаш не знаете што сè може да случи. Па така, оваа зима можеби ќе има снег, можеби дожд, а сакаме да веруваме дека најмногу од сè ќе има сонце. Но што и да се случува, вие и вашето возило, мора да сте подготвени за секоја ситуација. Па, нели предноста да се биде АМСМ член е токму во тоа?! Подгответе го возилото за зимски услови и искористете ја акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, која вклучува: • Проверка на антифриз - АМСМ препорачува Wolf антифриз • Проверка на масло и филтер за масло • Проверка на филтер за воздух, за клима уред и за гориво • Проверка на сопирачки и на глицерин • Проверка на осветлување и на акумулатор • Превентивен технички преглед (комплетна проверка на возна постројка) • Проверка на компјутерски грешки во возилото со помош на OBD (On-Board Diagnostics) – само во АМСМ-Центар Само во АМСМ сервисот во Скопје-Центар, во рамките на акцијата, дополнително добивате можност за: • Проверка на геометрија на возило-центрирање на преден и заден трап • Проверка на пневматици. Како АМСМ членови, во АМСМ сервисот за автомобили добивате и 50% попуст на работна рака за секоја поправка на дефект утврден за време на бесплатната зимска проверка на возило, но во дополнително закажан термин, по завршувањето на акцијата. Проверката можете да ја направите во: • АМСМ Скопје – Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран веднаш до Станицата за технички преглед • АМСМ Велес • АМД „Ѓорѓи Наумов “- Битола • АМД „Прилепец“ - Прилеп • АМД „Кичево“ - Кичево • АМД „Струга“ - Струга. Акцијата бесплатна зимска проверка може да ја искористите само со претходно закажување на АМСМ инфо-линијата 02/3181-181. • Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

50

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

11/2014 • www.amsmklubmobiliti.mk


Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 1


Содржина 2 АМСМ Партнер програма

12 ГЕВГЕЛИЈА

2 АМСМ Членство

13 БИТОЛА

2 АМСМ Попусти

13 КИЧЕВО

3 СКОПЈЕ

14 ШТИП

8 ОХРИД

14 велес

8 СТРУМИЦА

14 кавадарци

10 КУМАНОВО

15 струга

10 ПРИЛЕП

15 маврово

11 КРУШЕВО

16 Автомото друштва

11 ТЕТОВО

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ Партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери, која заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

амсм членство

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

Чувството да бидеш дел од семејството

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте.

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Услуги

рентакар

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ

РЕСТОРАНИ

Гостилница „Скара Бар” 10% попуст Ул. Варшавска бр.70 075 727110 facebook.com/Skarabar

Ланџ Ресторан Арабеска 15% попуст на сметката Ул. Никола Вапцаров бр.7 Ресторан „СКАЛА“ 10% попуст ул. „Наум Наумовски-Борче“ 88б (Градски парк) тел. 02/ 3127-095

Кафе слаткарница „ZOOM SERIE“ 10% попуст ул. „македонија“ бр.5 тел. 02/ 609 1 648

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666 www.deninok.com.mk

Етно ресторан „К’смет“ 10 % попуст Ул.50 Дивизија тел: 02 321 4514

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.com.mk

Пицерија „Фуфо Галија“ 15% попуст ул. Водњанска тел. 02/ 3112-486

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250

Ресторан „Мирко 919“ 5% попуст на свадби ул. „Гаврил Константиновиќ“ бр. 76 населба Лисиче - Аеродром тел. 02/ 2439-157

Бистро „Барбакан“ 10% попуст (не важи во петок после 16 ч.) Булевар 8-ми Септември тел. 02 307 5093

Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215

Шпански ресторан „АЗАФРАН“ 10% попуст ул. Ленинова 33-7A тел. 070/274 173, 02/32 21 907

Ресторан „Балканика“ 10% попуст Градски парк тел. 02/ 3073-713

Ресторан „REVISTA“ 15% попуст ТЦ Лептокарија тел. 02/30 777 59

Ресторан „Венето“ 10% попуст Сити Мол 2 спрат тел. 02/ 3086-660 Кубански ресторан „Casa Cubana“ 15% попуст до 21:00 часот Кеј 13 ноември 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/ 3211-484 YoGOOD - frozen yogurt 20% попуст Сити Мол 2 кат, (food corner)

O LA LA - pastry shop 15% попуст Кеј 13 ноември 8/1-1 , ГТЦ www.olala.mk КАФУЛИЊА Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425 Кафетерија Мое Кафе 20% попуст ТЦ Зебра тел. 078 394 958 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 3


СКОПЈЕ „Кафе ди Рома“ 20% попуст ул. „Македонија“ бб www.ilcaffediroma.com

„MY TIME“ watches and jewelry 10 % попуст Сити Мол, Рамстор и ГТЦ www.mytime.mk

Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје

„iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари Сити Мол, приземје 02 3096 985 www.istyle.mk продавница за накит

Кафе-бар „9“ 15 % попуст ТЦ Беверли Хилс

Слаткарница „New York“ 10 % попуст Ул.„Пиринска“ бр.45 локал 6 Тел. 072 757 474 Тел. 02 311 44 22

10 % и подарок за над 20 000 ден. Веро Центар

Салон за пневматици и фелни „Мултибренд“ 25% попуст Јужен булевар б.б. - Триангла тел. 02 3112 100 бутик Шевињон 15 % попуст ГТЦ (прв кат) , ТЦ Буњаковец (приземје), Сити Мол тел. 02 / 3 214 411

ХОТели Хотел „РАДИКА“ с.Леуново-Маврово 10% попуст на пансионски услуги Тел. 042 22 33 00 Тел. 075 325 306 info@radika.com.mk www.radika.com.mk

накит „Асос Дајмонд“ 10% попуст Сити Мол (прв кат) тел. 02 3052 955 бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија

ШОПинг Книжарница ПРОСВЕТНО ДЕЛО 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело „ОЛИМПИКО“ Гуми 25% попуст Бул. „8-ми септември“ бр.38 спроти Хубо Маркет тел. 02 3064-689 www.olimpiko.com.mk Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.technomarket.com.mk 4

Bohemia Jewlery ,Swarovski

накит и часовници „Oxette“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071 380 292 Сити Мол тел. 071 380 293 ТЦ Рамстор тел. 071 225 258 SIGNORI 5% попуст на одело ул. Васил Главинов 3/5 тел. 072 590 590 Оптика „BETA OPTIQUE“ 10% редовен попуст и 5% дополнителен попуст на производите кои се веќе на намалување Бул. „Св. Климент Охридски“ 63/2 тел. 02 3227 995 ул. „Максим Горки“ 21 тел. 02 3246 698


СКОПЈЕ Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 „НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk Бутик за кошули „Ла Камичерија“ 10% попуст, „Веро Центар“ Продавница за накит „BETA JEWELS“ Misaki 10% редовен попуст и 5% дополнителен попуст на производите кои се веќе на намалување ТЦ Рамстор тел. 02 3224 860 Продавница за детски колички и детски авто седишта

BABY BLU

10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.Јане Сандански бр.79а лок.10

Музеј на македонската борба-Скопје 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) Иљо Војвода ББ, п.ф.211 тел. 072422986, 02 3256667 Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075 426-220

Бутик Quiksilver/Roxy 15% попуст ГТЦ приземје „Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“) Рачна изработка на модни додатоци 20% попуст Рамстор приземје

„МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Pet shop „Pet supplies“ 10% попуст ул. „Рузвелтова“ бр.23, ул. „Eлисие Поповски“ бр.45, Автокоманда - спроти ветеринарна болница, ул.„Бихачка“ бр.8 www.petsupplies.mk САНМАРТИ - Салон Aqua Bau Market 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. Илинденска - 134 02 2037 070 www.sanmarti.com.mk Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628 Картинг центар ART 10% попуст бул. 8-ми септември бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/3061-202 Бутик „СОРБИНО“ 10% попуст, ГТЦ 2 кат Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974

ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk Туристичка агенција „Далас Унион“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 3222-981 www.dalasunion.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 5


СКОПЈЕ здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcentar.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk

Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070 398-829

Модно студио ФРАН 15% попуст на уникатна дизајнерска креација и 30% попуст на свечен make-up ул. Васил Главинов 3/5 тел. 070 630-306

Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562

Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст Њу Делхиска 4 лок.11 тел. 075 471-947

Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com Асеана Спа 10% попуст ул.Орце Николов бр.190 (ламела 4) тел. 02 3246-442

Центар за естетска дерматологија и козметикологија Ла Белеза 10 – 30 % попуст во зависност од услугата Бул.В.С.Бато бр.3 тел. 02/ 2 430 432 www.labellezza.mk Фитнес центар-Фитнес Револуција 10% попуст ул. Водњанска бр.60 тел. 070 390-656

природни козметички производи Hemel 10% попуст ТЦ Веро Центар

Стоматолошка ординација „M&S DENTAL“ 10% попуст ул. „Сава Ковачевиќ“ бр. 47ј 2/2 тел. 078 412 303

кина, фестивали, настани... Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk

6

Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75


СКОПЈЕ проектирање и дизајн Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk

наем на возило europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

„Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk

хемиско чистење и водено перење Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 7


ОХРИД РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

здравје и убавина ХОТели

Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357 Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk

Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ Рибен ресторан „Пиликатник“ 5% попуст тел. 034 331-926

Ресторан „Србаков“ 5% попуст ул. „Јанко Цветинов“ бр.31 Ресторан „МЕДИТЕРАН“ 10% попуст бул.„Климент Охридски“ бр.110 тел. 070 387-288 Ресторан „АРОМА“ 10% попуст ул. „Младинска“ бр. 40 тел. 078 222-123 Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 8

Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670 ХОТели Хотел „404“ 10% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.13 тел. 034 345-404 Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица 10% попуст ТЦ „Глобал“ тел. 070 259-123

КАФУЛИЊА Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

Завеси и теписи„ПРЕЗИДЕНТ“ 5% попуст 1. ул. „Јанко Цветинов“ бр.42 тел. 034/346-053 2. ул. „Васил Сурчев“ бр. 3 тел. 034/345-053 3. бул. „Климент Охриски“ бб тел. 034/343-053 www.prezidentdoo.com.mk

ШОПинг „З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

„Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б

Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211

Салон за чевли „Невадос“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ 1 кат

Бутик „Плаза“

10% попуст ТЦ „Глобал“

Бутик „Рекорд“

5% попуст ТЦ „Глобал“ 43/1

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234 Козметичко студио „ЗВЕЗДА“

5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 тел. 078 452-867

ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „Мега Принт“ - печатење и изработка на светлечки реклами 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бб тел. 034 340-988 www.megaprint.com.mk „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“

10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

Бутик „Стал“

10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Бутик „МагониЈа“

10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.40

Бутик „Фобо - Ивани“

10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

Салон за чевли „Помпа“

5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

здравје и убавина „Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

прилеп ХОТели

РЕСТОРАНИ Ресторан „Ескалибур“ 10% попуст ул. „Кузман Јосифоски“ бр.2 тел. 048 430-100 тел. 075 353-580 Ресторан „Лидер“

10

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk


ШОПинг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст Бижутерија „Колосеум Ексклузив“наспроти градскиот саат 10% попуст тел. 078 403 673

здравје и убавина Фризерско студио „Грејс“ 40% попуст кеј „1 Мај“ 53г тел. 048 426-427

„Роман“ - превоз во земјата и во странство 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово РЕСТОРАНИ Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111 Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554 ШОПинг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk ТП „Ацко КВ Транс“ 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661 „Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507

„Даре промет“ бои и лакови „ДАРАКОМ“ бои и лакови

„Авто Чајка“ 10% попуст на лимарофарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk 10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10 5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 „Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078 Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 11


гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267

5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34

ресторан Елени 5 % попуст Ул.радован Ковачевиќ бр.6 034 218 317

Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872

ШОПинг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156 Бутик за детска облека Елена Кидс 10% попуст Ул.7-ми ноември бр.12 Тел.034 611 568, 075 481 588 Дукан за електроматеријали и рзсвета Заре Комерц 5% попуст Ул.Маршал Тито 107 071 207 710, 034 212 939 Изработка на уникатен накит , откуп и поправка Голден Хит 10 % попуст Ул.Димитар Влахов бб 075 943 348 Бутик „КАН МОДЕЛС“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ - шеталиште

12

10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323 Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 Продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, канцелариск и школски материјал, производство на термални и адинг ролни ВАНТОНИ 2 % попуст на компјутерска опрема, 10 % попуст на канцелариски материјал Ул.Ристо Фаршини бр.20 тел. 034 215 665 Оптика Омега-В 10% попуст Ул.7ми ноември бр.2 034 550 229, 078 443 550 Ице 5% попуст Ул.Деко Ковачев бр.11 Тел.034 211 859 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН

Бутик за чевли „MODELS SHOES“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.155

Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591

Бутик за спортска опрема „MODELS SPORT“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156

ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци


БИТОЛА ШОПинг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

Бутик за долна облека „Велисиа“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047 237496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900 продавница за детски колички и детски авто седишта BABY BLU 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986

Продавница за сребро

SILVER MOON „Silver Moon“

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381 Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134 „Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225 090 ТВ ОРБИС 10 % попуст на рекламирање Браќа Џаферови бб, тел.047 203 307

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА AURA welness, spa & beauty centar 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202 231 „Анима Плус“

фитнес, пилатес и зумба 10 % попуст (во хотел Епинал)

кичево РЕСТОРАНИ - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

ШОПинг - Кичево 5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

КАФУЛИЊА - Кичево Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст

„Ваше Такси“

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 13


штип РЕСТОРАНИ - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

ШОПинг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес 10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

РЕСТОРАНИ и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 Студио „АРТ-Дигитал“

5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830

Бутик „ИН“

10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци РЕСТОРАНИ Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

ШОПинг „ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550 14

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930


струга ХОТели

РЕСТОРАНИ

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

ШОПинг

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 Парфимерија „Елит“

10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468

маврово ХОТел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМСМ Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.