Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 9

амсм

ПРОЛЕТНИ СОСТАНОЦИ НА ФИА РЕГИЈА I

Интернационална клубска конференција 2013 Во период од 13 до 17 мај 2013 година, во Виена, Австрија, во организација на Австрискиот клуб домаќин, ОеАМТЦ, се одржаа пролетните состаноци на ФИА Регија I, која регија ја сочинуваат вкупно 108 клуба членки од европските и африканските земји како и Блискиот и Средниот Исток. На Конференцијата присуствуваа 69 клубови од 56 земји на регијата со 287 делегати. АМСМ присуствуваше со своја делегација предводена од Претседателот на Собранието на АМСМ, Проф. Д-р. Спасе Јовковски. Координативен Форум за клубовите нА Централна и Источна Европа Покрај редовните извештаи за клубските активности, нај-битен „елемент“ на овој состанок на КОФО беше изборот за претседател и потпретседатели бидејќи мандатот од четири години на досегашното раководтсво измина. Претседателот Јовковски ја повлече својата кандидатура за повторен реизбор за Претседател при што номиниран за Претседател на КОФО остана само Претседателот на АМЗС - Словенија, Данијел Старман, кој едногласно ги доби гласовите на сите присутни и беше избран за Претседател на КОФО во период од следните четири години. •

Според Интерниот Правилник на КОФО досегашниот Претседател, Спасе Јовковски е избран за почесен Претседател на КОФО.

ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ФИА РЕГИЈА I Најважна точка на Пленарната Седница беше изборот на Претседател на ФИА Регија I, затоа што досегашниот Претседател Вернер Краус ја напушти функцијата по два последоватални мандати од четири години. Кандидати за номинација на Претседател на ФИА Регија I беа: - Карлос Барбоса, Претседател на АЦП – Португалија - Тиери Вилемарк , Извршен Управител на ТЦБ – Белгија,

Клубската Интернационална Конференција ја посети и во работата на поедини состаноци учествуваше и Претседателот на ФИА, г-дин Жан Тод

Од присутните 69 клубови заедно со добиените полномоштва за глас, право на гласање имаа 80 гласа вкупно, од кои Тиери Вилемарк освои 59 гласа наспроти 19 за Карлос Барбоса додека два гласа беа неважечки. Нов Претседател на ФИА Регија I за мандат од четири години е избран Тиери Вилемарк. •

МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ИНОВАТИВНОСТ НА ФИА РЕГИЈА I АМСМ со проектот „е-испити“ го освои третото место за иновативност на меѓународниот конкурс за иновативност 2013 год. во организација на ФИА, кој е отворен за учество на сите клубови членки на ФИА Регија I. Наградата која беше доделена на пленарната седница на FIA, која се одржа од 14-17 мај во Виена, ја прими претседателот на АМСМ проф. д-р Спасе Јовковски, а презентација на проектот пред присутните одржа стратегискиот менаџер на АМСМ м-р Ирена Миновска. На меѓународниот конкурс за иновативност ФИА Регија I 2013 год, второто место му припадна на проектот на авто-мото клубот од Јужна Африка, а првото место на проектот на автомото клубот од Италија. •

Презентацијата на проектот ја одржа м-р Ирена Миновска

5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.