Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 42

СПОРТ

фотографијата: многу работи се полесни, подобри и побрзи, но обемот на работата се зголеми двојно, колку што сме на терен, толку сме потоа по цели ноќи на лаптопот и ги обработуваме фотографиите!

• По четири трки во 2013 година, што ви кажува инстинктот: дали ќе гледаме интересна сезона, или само ќе го чекаме Ред Бул да погреши? - Сигурно е дека и оваа година Фетел ќе биде прв фаворит, но изненади обновениот Мерцедес со Хамилтон и Розберг, нивните успеси ќе ја зачинат приказната. Тука некаде секогаш е и Алонсо, но изненадување на сезоната е напредокот на Лотус, иако Кими е посилен и позрел од кога и да е, а брз е од многу порано! Се надеваме дека ќе биде тесно, а сигурно и возбудливо и напнато!

• Што работи Вељко Јукич кога не е на патеката? Има ли други големи љубови? - Се држам за Формула 1 колку што можам, не се давам! Од моторите (освен од тестовите) се откажав, но каратето (како и Ф1) ме следи од мојата 13-та година, па до денес: тука ги поминав сите стадиуми и улоги од мало дете, до млад натпреварувач, тренер, организатор, па до учител и промотор.

42

Порано бев многу слаб и килав, по 10 години работа тоа го пребродив, но ми беше тешко тогаш да влезам во прва лига. Тоа го надоместив со истрајност, упорност, љубов: со младите сум бил на многу натпревари, секогаш кога требаше помагав во својата или во другата екипа! Тука научив многу за борбените техники, па и за човечкиот карактер, развој, техниката на спортската подготовка или зен медитацијата. На крај се свртев кон традиционалното јапонско карате. Најважно ми е дел од моето знаење да им пренесам на младите, но и да побегнам од овој луд свет и да се скријам во кимоното, каде што тишината на вежбањето ја прекинува само по некој воинствен извик: Киаи!

• Со толку километри зад себе, веројатно долга е и листата на пријатели од Македонија? - Ги поздравувам сите љубители на мотори, Ф1 и секако, на каратето! Поздравете ми ги и моите стари другари Мирче Опеловски и Назим Куртовиќ, ќе се сетат на детето со фотоапаратот од КК Кршко! Не заборавајте го и Хаџо Синанчевиќ и Јован Ивчев, мојот другар од WTKO. “ „Осссс!“

•Александар Табаковски

5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.