Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 41

СПОРТ

на крај се повлеков. Со оглед дека потекнувам од техничко-мотористичко семејство, моторите секогаш ми биле во близина, па ги тестирав, а тоа го правам дури и сега: секоја година тестирам колку што ќе стигнам, околу 15 различни мотори: од продукциски до тркачки. Сега сум попаметен, но многу побавен, не тренирам многу, а за навистина брзо возење треба многу тренинг – и пари!

• Формула 1 сега е ваша главна преокупација. Дали може да се сублимира, колку трки, колку летови околу светот имате, и колку е полна вашата архива со фотографии? - Некој од тоа прави статистика, а јас едноставно живеам – од трка до трка, од сезона до сезона! Архивите не ми се многу средени, па тешко ми е да пресметам, колку од што имам: но сигурно досега сум насобрал над двесте патувања на трки, сум потрошил којзнае колку илјади филмови, но само од дигиталното време имам околу 30 дискови полни со сè и сешто: од Ф1 до мотори! Наједноставен показател за тоа е дека во последнитве седум години имав најмногу признанија од ФИА за својата работа: постојана медиумска пропусница, со која можам на секоја трка да влезам секаде: на патеката, во боксовите, на интервјуата, зад сцената. Од друга страна, големо признание добив и од Канон, пред 7 години ме прогласија за свој амбасадор, па од време навреме им помагам во обуката или во промотивните акции, но воедно ја тестирам и нивната најдобра опрема – приватно (мојата), а и службено, оптиката и апаратите!

• Дали имате некоја слика или извештај од некоја трка која некогаш ви пружила особено задоволство, дека сте имале светска ексклузива или екстра сторија? Имате ли омилена личност од светот на Ф1? - Како дете од 17 години направив феноменална слика на Кени Робертс сениор на неговата прва Мото ГП трка на Гробник (со Зенит Снајпер!) на која и денес и се чудам, или како единствен на светот ја проследив несреќата на Сена во Монако во 1988 година (таа слика потоа ја откупија „Ројтерс“ и „Франспрес“), ја забележав и прославата на првата титула на Шумахер за Ферари во Јапонија во 2000 година, но погледот на Аиртон Сена пред стартот на неговата последна трка во Имола, далечниот мај 1994 година, пред да загине... Од последните ја издвојувам првата титула на Фетел во Абу Даби, на 14 ноември 2010 година или последната победа на Кими во Австралија. А, колку приказни! Им нема крај! Инаку, имам симпатии кон повеќе возачи, кон секој на свој начин!

• Кои слики ги сметате за најемоционални: од прославите на некои титули, од дуелите на патеката или можеби сликите на возачите одблизу? - Секоја слика има своја приказна и свое место, а репортажата ја пишува приказната во поголема перспектива! Главни се сликите од гужвите и борбите на стартот, па секако дуелите на патеките, па и победничкиот пиедестал! Но најдобри, најслатки, најемотивни се токму оние каде што возачите се радуваат (или тагуваат!), прославуваат – инаку се гледаат само болидите и шлемовите, дури тука можеме да видиме и да ги снимиме нивните емоции, нивниот човечки лик, изразот на нивните очи, насмевката, жарот и радоста! • Формула 1 има нова дестинација секоја година. Колку тоа претставува предизвик за номадите како вас, да одите секаде, речиси на секоја трка? Дали треба да се откажете од нешто, за да го добиете тоа? - Имам среќа што следам трки кои се по моите критериуми или според финансиските можност, а најважни се трките на почетокот и на крајот на сезоната, како и класичните трки како Монако, Спа, Монца или Сузука. Ф1 во новите места е шанса да запознаеш нов свет, но ако си професионалец, тоа можеби и не е толку важно: важно е да има добра акција на патеката, да има добри стории во боксовите, да има добри интервјуа, да има борба на патеката, без оглед каде е: на стари или на нови дестинации!

• Како изгледа нормален работен ден во Ф1 прес центарот на некоја патека, далеку од сè? - Отстрана гледано е прекрасно, но во суштина тоа е сериозна работа, со постојан притисок во трка со термините, но додека трае акцијата, уживаш, а потоа треба сето

тоа да го обработиш, сликите, текстовите, сториите, и што побрзо да ги испратиш, а кај мене има и повеќе додатна уредничка работа, постојано се работи до доцна во ноќта, дури и до изутрина, но тоа е дел од животот и работата на Ф1 за сите нас! Единствено во Монако си дозволуваме по малку забава на приемите, на модните ревии, на забавите на брод...

• Може ли да се направи споредба на луѓето од Ф1 пред 20-30 години и на овие денес? Колку е сè исто, или всушност различно, од однесувањето на возачите, екипите, па сè до новинарите и фотографите, со појавата на Интернетот? - Ф1 направи огромен скок во иднината! Пред тоа беше само некоја средна приредба со луди возачи кои се вртеа во круг! Сега таа претставува мега спектакл, мега шоу со галактички размери, рамо до рамо со Олимпијадата или светското фудбалско првенство! Еден бум на интересите и препознатливоста доживеавме во времето на двобоите меѓу Менсел и Пике или од периодот на Сена против Прост! Но огромен напредок се случи во времето на успесите на Шуми, но и тоа е сега историја: денес на патеката имаме 4 светски прваци, и на секоја трка може да победи друг! Тоа е феноменално, атрактивно и возбудливо за сите! И возачите се сменија – некогаш беа достапни, речиси обични луѓе, а сега тешко се доаѓа до нив! Сè е „пи-ар“, дел од комуникациската стратегија на екипите, спонзорите, партнерите. Но има толку обожаватели кои би ги растргнале, иако од сето тоа намерно се прави систем на супер-ѕвезда – сепак, во игра се големи пари. Дури на крајот од карванот остана уште малку место за старата Ф1 романтика! Секако, сето тоа влијае и на работата на медиумите, сега е најтешко! Единствено што дигиталната револуција сосема го измени светот на

Љубовта на Велимир Јукич кон боречката вештина, карате, трае од неговата 13-та година

5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

41


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.