Klub Mobiliti (maj 2013)

Page 30

патувања

Њујорк

Главниот град на светот Има неколку култни градови во светот – Лондон, Париз, Сингапур, Токио, Сао Паоло, но еден од нив се доживува глобално како главниот град на светот, а тоа е Њујорк. Њујорк е градот што никогаш не спие, градот на светската берза, градот на уметниците во подем и оние најдокажаните; тоа е градот каде кутлурната иднина се живее сега и градот со спектакуларен ноќен живот. Њујорк е градот кој прв бил здогледуван од сите тие Европјеци во потрага по подобро утре.. тоа е градот на битовата генерација, на хипиците, на Ворхол и панкерите, но истовремено е градот на модата, високата култура, бродвејските мјузикли, едни од најдобро опремените музеи во светот! Во Њујорк секој може да биде што сака, кога сака. Никој никому не му пречи, ама пречи ако не се однесувата како фамозните њујорчани...

Њ

ујорк е сместен на најголемите светски природни пристаништа и се состои од 5 урбани делови, а секој од нив е посебна општина во државата со истото име. Тие пет реони се следниве: Бронкс, Бруклин, Менхетен, Квинс и островот Сатен. Овие 5 дела биле обединети во единствен град во 1898 год. Според пописот на населението во 2012 год., во овој белосветски град живеат скоро 8,5 милиони жители. Ова го прави овој град најгусто населена метрополитенска област во САД. Тој е и најразноврсниот град во светот по однос на јазиците кои се зборуваат во него, а одредени се 800 различни јазици! Предноста што се чини дека Њујорк ја има во однос на повеќето градови, е фактот и чувството што истиот го предизвикува, дека се работи, во суштина, за светот во мало. Луѓе од сите страни, ќошиња, краеви и капитали, се собрале баш таму, некако во обидот да си ја скројат сопствената иднина на

30

5/2013 • www.amsmklubmobiliti.mk

место кое е секогаш шик, понапред од останатите, модерно, но и космополитско во с’ржта, ги прифаќа сите, секој е секој и секој е свој; место кое ги преминува границите на обичен град, место во кое сите можат да се препознаат, во кое сите ќе најдат свое ќоше, свој дом. Тој обединува банкари и опасни адвокати, пензионирани рок ѕвезди, и ѕвезди во подем и Кинези, Јапонци, Азијати од секакво потекло, потоа има Италијанци (а овие се особено горди на нивното ,,таљанско-њујоршко’’ потекло), па има Европјани од сите земји, да не заборавиме да ги спомнеме и Афроамериканците, Индијанците, Индијците, Евреите и Палестинците и сите останати кои не ни паѓаат на ум во моментов. Има некој посебен шмек што сите овие ,,дојденци’’ делат исти нешта под тоа небо – фалафелот во 4 изутрина е еднакво вкусен за сите нив и не се бунат на редот што треба да го чекаат. Тоа заедништво е и причината поради која уметници и секаков тип креативни луѓе токму од овој град прават дом. Зависна, полузависна, независна, улична, елитна, снобовска и каква сè не сцена ќе ги пречека сите оние кои имаат да кажат нешто на поинаов начин. Разновсрноста и разноликоста се принцип на постоење, високата мода е сооче-


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.