Klub Mobiliti (April 2015)

Page 1

АПРИЛ 2015 • Бр. 14

ЕЛЕКТРОНСКО членско списание

Volkswagen Passat 2.0 TDI DSG Highline

Пример за комплетен автомобил Медицината и автомобилизмот

Алергијата е опасен совозач Формула 1

Ренесанса на Ферари за поинтересно првенство 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ! АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Кире Томовски Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) д-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

Влегуваме во најубавото годишно време, кое носи можности за излети, средби, желба што повеќе да се престојува надвор. Но, за некого пролетта е вистинско задоволство, а за некои измачување затоа што дишењето им е отежнато, кашлаат, киваат, очите им солзат...а сè тоа предизвикано од цветниот прав. Навистина голем проблем особено ако сте возач, а не сакате да се откажете од возењето. Затоа, навреме консултирајте се со вашиот лекар, објаснете му ја состојбата и ќе можете безбедно да се вклучите во сообраќајот. Деновиве, се ближат најубавите велигденски празници, плановите за патување се тука, па нашите улици и патишта ќе бидат преполни со автомобили, велосипеди, пешаци, мотоцикли... За жал, булеварите и пешачките премини како да се претвораат во полигони за тестирање. Бидете внимателни пешаци, но уште повнимателни возачи. Живото на другиот е подеднакво вреден, како и вашиот. Рубриките и во овој број на „Клуб Мобилити“ се преполни со содржини интересни за секого, особено за љубителите на автомото спортот. Се сумираат првите резултати од саемската манифестација во Женева, се избра Автомобил на годината за 2015 годин прав пример за комплетен автомобил, Роси и Јамаха ја отворија сезоната со победа, напредокот што го постигна Ферари е топ-тема што ветува жешки дуели во претстојните трки во Формула 1 и што уште нѐ. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во мај 2015 година, во печатена верзија на вашата домашна адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

Лектор: Момент Мал

Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Тираж: 10.000 примероци Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернетизданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


С ОД Р Ж ИН А

7 8

НОВОСТИ од модна писта до џунгла новата opel corsa стигна во македонија

АМСМ 12 ИНФОРМИРАНОСТА, ФАКТОР ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ АВТО-МОТО ПРИМЕР ЗА КОМПЛЕТЕН АВТОМОБИЛ 14 18 СРЕДНАТА КЛАСА ГО ДОБИ СВОЈОТ ЉУБИМЕЦ 20 ЛУКСУЗ, БРЗИНА, СКАПОТИЈА ..., НО НЕ ЗА СЕКОГО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 24 АЛЕРГИЈАТА Е ОПАСЕН СОВОЗАЧ патувања 32 ЕДИНСТВЕНО ПАТУВАЧКО ИСКУСТВО

ИСТОРИЈА 35 ЛЕГЕНДА НАРЕЧЕНА СПАЧЕК ПОЗНАТИТЕ КАКО ЧЛЕНОВИ НА АМСМ 36 ПУБЛИКАТА Е ЕДНА ГОЛЕМА ЛУПА... СТИЛ 38 ПРОЛЕТ И ВО ДОМОТ HI-TECH 40 ЗВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ (И УЛИЦИ) СПОРТ 42 РОСИ И ЈАМАХА ЈА ОТВОРИЈА СЕЗОНАТА СО ПОБЕДА 45 РЕНЕСАНА НА ФЕРАРИ ЗА ПОИНТЕРЕСНО ПРВЕНСТВО 46 МЛАДИОТ МАКС, ВООРУЖЕН И ОПАСЕН 48 ПОБЕДА ВО МЕКСИКО ЗА ХЕТ ТРИК

14 20 7 32

48

42 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


новости ЦЕНА НА ГОРИВО ЕВРОПА

Држава

БЕНЗИН БМБ-95

Албанија

174,00 ALL (1,24 EUR)

Австрија

1,18 EUR

1,55EUR

1,26 EUR

Бугарија

2,19 BGN (1,12 EUR)

2,57 BGN (1,31 EUR)

2,30 BGN (1,18 EUR)

Белгија

1,48 EUR

1,55 EUR

1,26 EUR

БИХ

2,00 BAM (1,02 EUR)

2,15 BAM (1,10 EUR)

2,05 BAM (1,05 EUR)

Чешка

31,16 CZK (1,13 EUR)

31,23 CZK (1,14 EUR)

Данска

10,99 DKK (1,47 EUR)

9,45 DKK (1,27 EUR)

Естонија

1,14 EUR

1,18 EUR

1,16 EUR

Финска

1,48 EUR

1,55 EUR

1,38 EUR

Франција

1,40 EUR

1,45 EUR

1,39 EUR

Грција

1,58 EUR

1,30 EUR

Германија

1,39 EUR

1,18 EUR

Италија

1,65 EUR

Ирска

1,36 EUR

Косово

1,05 EUR

1,10 EUR

1,05 EUR

Латвија

1,10 EUR

1,15 EUR

1,08 EUR

1,51 CHF (1,44EUR)

1,57 CHF (1,50 EUR)

1,58 CHF (1,51EUR)

Литванија

173,00 ALL (1,23 EUR)

1,72 EUR

1,52 EUR 1,29 EUR

1,16 EUR

1,11 EUR

Македонија

67,50 MKD (1,10 EUR)

69,50 MKD (1,13 EUR)

53,50 MKD (0,90 EUR)

Норвешка

14,54 NOK (1,68 EUR)

14,99 NOK (1,73 EUR)

13,50 NOK (1,56 EUR)

4,59 PLN (1,12EUR)

4,82 PLN (1,18 EUR)

4,66 PLN (1,14 EUR)

1,41 EUR

1,48 EUR

1,23 EUR

Полска Португалија

Романија

5,52 RON (1,25 EUR)

5,56 RON (1,26 EUR)

Русија

35,63 RUB (0,57 EUR)

34,60 RUB (0,56 EUR)

Србија

136,90 RSD (1,13 EUR)

146,90 RSD (1,21 EUR)

145,90 RSD (1,20 EUR)

Словенија

1,32 EUR

1,36 EUR

1,22 EUR

Словачка

1,27 EUR

1,17 EUR

Унгарија

365,40 HUF (1,22 EUR)

365,20 HUF (1,22 EUR)

Турција

4,39 TRY (1,55 EUR)

3,75 TRY (1,33 EUR)

Хрватска

9,67 HRK (1,26 EUR)

10,36 HRK (1,35 EUR)

8,99 HRK (1,18 EUR)

Црна Гора

1,20 EUR

1,23 EUR

1,08 EUR

Шпанија

1,25 EUR

1,38 EUR

1,17 EUR

Шведска

13,54 SEK (1,45 EUR)

14,04 SEK (1,51 EUR)

13,40 SEK (1,44 EUR)

Швајцарија

1,50 CHF (1,43 EUR)

1,56 CHF (1,49 EUR)

1,57 CHF (1,50 EUR)

Холандија

1,68 EUR

1,74 EUR

1,36 EUR

Цените на горивото се од 30.03.2015 година

6

ДИЗЕЛ

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

Лихтеннштајн

БЕНЗИН БМБ-98


новости

Land Rover

Од модна писта, до џунгла

И

ако после 67 години производство тврдокорниот теренец на Land Rover, Defender полека се збогува од овој свет, идеите за негово уредување на стивнуваат. Така, британскиот дизајнер Сер Пол Смит во соработка со матичната куќа го создал овој уникат со каросерија обоена во 27 бои, а секоја од нив одбрана посебно. Причините за секоја боја се различни и влечат инспирација од секаде, од природата во Велика Британија до армиските бои со кои бил накитен Defender низ децениите. Боењето е рачно и е дело на мајсторите од одделот за специјални намени на Land Rover. Подеднакво внимание e посветено и на внатрешноста која е преслечена со рачно боена кожа и материјали кои дизајнерот специјално ги има создадено за американска-

Nissan

Штедлив моќник

N

issan ja претстави најмоќната верзија на својот нов модел од сегментот на компактни автомобили Pulsar. Под хаубата на моќниот Pulsar,

та компанија за тапацирање Maharam. Целта на овој проект е да се приклучи кон прославата која ќе трае цела година, а се организира во чест на заминувањето на Defender во пензија. Легендата меѓу теренците ќе биде заменет со сосема нов модел кон средината на следната година. • пулсира 1.6 литарскиот DIG-T турбо бензинец со директно впрскување. Моторот е познат од Nissan Juke, а вртежниот момент го испраќа на предните тркала исклучиво преку шестстепен рачен менувач. Турбото испорачува 190 КС и 240 Nm кои се и повеќе од доволни за вртоглави перформанси каков што е спринтот од место до 100 km/h за 7,7 секунди. Интересно е што при тоа моторот не е растрошен. Всушност тој е вистински штедливец кој во просек минува со 4,75 l/100. Бројка која делува безмалку фантастично. Она што е важно без оглед во кое работно подрачје се наоѓа е способноста силно да повлече уште на ниски 2000 врт/ мин. Поставувањето на моќниот мотор условило и одредени модификации на шасијата и каросеријата која е дополнително зацрстена како поцврсти пружини и амортизери и бандажите од лесен метал со дијаметар од 18 инчи. •

Opel

Вистински уличен тркач

С

портското одделение на Opel, Opel Performance Center, ја претстави до сега најмоќната сериска Corsa која под хауба пакува ергела од 207 галопирачки грла. Моќната коњица е продукт на новиот турбо бензинец од 1.6 литри кој генерира и вртежен момент од 245 Nm. Влечната сила му стои на располагање на возачот меѓу 1900 и 5800 врт/мин, а со функцијта Оverboost која се користи во ситуации како при престигнување се генерираат дополнителни 35 Nm. Преносот на силина кон предните тркала се случува преку шестстепен рачен менувач кој овозможува спринтот до 100 km/h да биде смален на 6,9 секунди, максималната брзина подигната на 230 km/h, а потрошувачката е во рамки на просечните 7,5 l\100 km. Потпирањето му е доверено на специјалистот Koni кој го снижува тежиштето за 10 mm.

Како опција се нуди самоблокирачкиот диференцијал, а сериски се добиваат сопирачки под кои се потпишува Brembo. Тврдата шасија и серискиот ESP со неколку режими на работа ја претвораат Corsa OPC во вистински уличен тркач.•

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

7


Новости

OPEL

„Новата Opel Corsa стигна во Македонија

Н

но достапниот инфозабавен систем IntelliLink се состои од 7-инчен екран во боја, чувствителен на допир, кој е поставен на централната конзола, помеѓу возачот и совозачот. Целосно новата урбана и шик Corsa може да се добие по цена од 10.300 евра и уште од стартот доаѓа со богата сериска опрема. •

овата петта генерација на Opel Corsа на крајот од февруари ја имаше својата македонска промоција во крајно необичен амбиент. Имено, истата се одржа на најгорниот кат од катната гаража „Македонска Фаланга“. Corsa во новата инкарнација ја продолжува приказната на успехот долга 32 години и сега доаѓа уште попривлечна со впечатлив изглед и елементи карактеристични за стилот на овој бренд и иновативните безбедносни системи за помош на возачот и заштита на патниците. Главната атракција под хаубата на Corsa е новиот трицилиндарски бензински турбо мотор со директно вбризгување Opel 1.0 ECOTEC изработен целосно од алуминиум, тој е достапен во две конфигурации: со 90 КС или 115 КС. И двете верзии се изведени според стандардот Евро 6. Верзијата со 90 КС просечно троши само 4,3 л/100 км и емисија на штетни издувни гасови од само 100 г/км. Понудата на мотори за Corsa ja проширува целосно изменетиот, рафиниран и усогласен со стандардот Еуро 6, 1,3-литарскиот CDTI мотор во верзии од 75 КС и 95 КС. Најштедливата дизел верзија на моделот Corsa, со 95 КС ја спушта емисијата на штетни издувни гасови на 85 г/км, а потрошувачката на горивото ја сведе на просек од 3,2 л/100 км. Високо-квалитетната кабина на Corsа, исто така, е елегантна, модерна, a дизајнерите ѝ овозможија ново ниво инспирирано до префинетост. Кокпитот е организиран долж хоризонтални линии, кои ја зголемуваат пространоста, а поставен е околу впечатливата конзола и таблата со инструменти. Дополнител-

8

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Bloodhound

Суперсоник на тркала болидот. При максималната брзина тркалата на SSC ќе се вртат со 10200 врт/мин, или 170 вртежи во секунд и ако тогаш под тркалото дојде и најмало камче исфрлено тоа сигурно ќе ја пробие каросеријата. Затоа се користи новиот композит. Болидот Bloodhound SSC прво ќе се обиде да го собори постоечкиот рекорд од 763 mph, или 1227 km/h. Потоа на ред е следниот чекор каде ќе се ловат 800 mph, или 1287 km/h. На крај ова чудо од машина ќе се обиде да ја пробие границата од 1000 mph, или преку 1609 km/h. •

П

роектот Bloodhound SSC е во завршна фаза на развој и се подготвува за соборување на брзински рекорд на земја. Прототипот користи ракетен погон кој ќе му овозможи до допре до, до сега невидени брзини за возила кои се тркалаат на тврда подлога. Трупот на оваа ракета со тркала е изработен од специјален композитен материјал кој содржи милиони мали стаклени влакна. Тие обезбедуваат цврстина на паналите со кои се покриени главните елементи на

telekomunikacii

internet

telefonija

neotel.mk

|

iznajmeni linii

hostirawe

• www.amsmklubmobiliti.mk (02)04/2015 55 11 155 | (02) 55 11 188

9


амсм Повеќе информации на АМСМ инфо линија

02/ 3181-181

АМСМ поволности, акции, новитети... Попуст за матуранти за обука за „Б“ категорија Ако сте родител на матурант/ка, тогаш веројатно знаете дека е дојдено времето децата да го превземат воланот во свои раце. На вас останува да им го обезбедите најдоброто и да се погрижите нивното возење да биде сигурно и безбедно. Добрата вест е што притоа можете и да заштедите! Еве што треба да направите: • Изберете современо и климатизирано возило од типот Volkswagen Polo, Toyota Yaris, Mazda 2, Suzuki Alto, Hyundai i10 или Hyundai i30; • Изберете професионален инструктор, со педагошки, но и пријателски пристап; • Пријавете го своето дете во периодот од 15.4-15.5.2015 година; • Искористете го попустот до 2.000ден за матуранти. Подобро од ова не можете да изберете! Повеќе информации на www.avtoskolamobility.mk или на 02/3181-240 и 02/3181-241 •

Сè за детски седишта во автомобил на едно место Соодветно да ги заштитите вашите деца во сообраќајот и да им овозможите максимална сообраќајна безбедност е нешто што задолжително треба да го направите. Но, понекогаш заради недоволно знаење и најдобронамерните напори се залудни. Имено, детските седишта во случај на сообраќајна незгода ја намалуваат смртноста и повредите кај децата во 71% од случаите. Но, од друга страна дури 75% од родителите детските седишта за автомобил погрешно ги поставуваат или погрешно ги користат! За да ви помогнеме да ги заштите вашите деца во сообраќајот, направивме „Прирачник за секој родител: Детски седишта за автомобил“ во кој ќе најдете сè што треба да знаете за правилен избор, соодветната инсталација и користење на детското седиште во автомобил. Прирачникот е достапен on-line на amsm.mk.•

10

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

ПРИРАЧНИК ЗА СЕКОЈ РОДИТЕЛ Детски седишта за автомобил Декември, 2014


амсм

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


амсм

АМСМ трибина

Информираноста, фактор за поголема безбедност во сообраќајот АМСМ, во рамките на „Месец на жената“ традиционално, по трет пат одржа своја трибина посветена на зголемување на свеста кај жените за поголема безбедност во сообраќајот.

Д

одека минатите години, трибината се однесуваше на жените-возачи и безбедноста на децата во сообраќајот, оваа година истата беше посветена на информираноста, како фактор за поголема безбедност во сообраќајот. На трибината, која се одржа на 18.3.2015 година учествуваа сите релевантни институции, како претставници на Министерството за внатрешни работи на Р.М (Катерина Стојкова, главен инспектор во СВР Скопје), одделението за

12

анализа и прогноза на време при УХМР (Ивана Петровиќ, синоптичар), претставник од АМСМ Контакт Центарот (Катерина Јанева, раководител на Контакт центар), задолжен за информирање на граѓаните за состојбата на патиштата во Р.Македонија, како и новинарките Силвана Жежова и Ели Танаскова и естрадната уметничка Вера Милошевска од групата „Љубојна“. „ Да се биде соодветно информиран за состојбата на патиштата, за временските услови, за евен04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

туалните ограничувања и навремено да се планира патувањето е само уште една обврска која очигледно им припаѓа многу повеќе на жените отколку на мажите. Ако кон ова се додаде и обврската за едукација на сопственото дете за превенција и безбедност во сообраќајот, не е тешко да се заклучи дека жените имаат пресудна улога за безбедноста на семејството во сообраќајот“, беше генералниот заклучок на присутните на трибината. • Росана Јанков


амсм

м-р Ирена Миновска-Пехливанова од АМСМ, ја отвори трибината

Гости -учеснички на трибината

Силвана Жежова, новинар

Ивона Петровиќ, УХМР

Катерина Јанева, АМСМ Контакт центар

Ели Танасковска, МТВ

Анжелика Мисајловска, АМСМ

Вера Милошевска, Љубојна

13

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Катерина Стојкова, МВР

Росана Јанков, АМСМ


АВТО-МОТО

Volkswagen Passat 2.0 TDI DSG Highline

Пример за комплетен автомобил Новата осма по ред инкарнација на моделот Passat останува цврста на ставот дека е подобра константна еволуција отколку потполна револуција со претставувањето на секоја нова генерација. Слободно може да се каже дека Passat е плод кој поседува подеднакво елегантен и спортски изглед како и комфор кој може да се споредува со вистинските лимузини од повисоката класа. Целиот концепт звучи како добитна комбинација која нема да ги остави рамнодушни ниту традиционалните критичари на германското поимање за комплетен автомобил.

Различен но сепак свој

Надворешноста на 8-та генерација на Passat плени со својот изглед, едноставно неможе да поминете а да останете неприметени. Предниот дел е нагласен кај завршетокот на поклопецот од моторот и делот над предната светлосна група каде што по целата должина поминува хромирана пречка која оддава впечаток на припадност кон повисока класа. Кога возилото ќе се погледне одстрана поради подолгото меѓуоскино растојание за 79 мм од 14

генерацијата која ја земенува изгледа доста поголемо иако севкупната должина е намалена за 2 мм а во висина има изгубено цели 14 мм. На задниот дел е приметна линија на купе форма која преку паѓачкиот дел на багажниот простор се претвора во мал речиси неприметен спојлер. Во состав на повисокото ниво на опременост со кое беше опремен тестниот примерок дополнително се истакнуваше на градските улици со своите светлосни групи изведени во ЛЕД технологија, леснометалните

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

17 инчни фелни и бројните хромирани елементи на каросеријата кои одлично ги истакнуваат контурите на новиот Passat. Севкупно гледано Passat е сосема различен од својот предходник во дизајнерска гледна точка. Но, неговите конструктори не експериментирале со изгледот туку го имаат задржано правецот кој секогаш тежнее кон онаа поконзервативна група што повеќе го цени вонвременскиот дизајн отколку слепото следење на трендовите.


АВТО-МОТО

Во кабината е користен германскиот принцип за раководење со функциите кој е крајно едноставен и не треба дополнително време за привикнување.

Закана за премум моделите

Ентериерот е во целост ориентиран кон удобноста, тоа не значи дека нема присуство на детаљи кои може да го окарактеризираат како спортски. На предните седишта комфорот е на завидно ниво, изобилството на простор не е изоставено ниту на задната клупа која е една од поудобните во класата и во исто време може да прими три возрасни лица. Возачката позиција едноставно се пронаоѓа и веднаш штом удобно

ќе се сместите пред вас се појавуваат главните елементи од кокпитот. Распоредот на командите е логички направен, доминираат командите на примарните функции. Целокупниот впечаток е дека работата на возачот е крајно поедноставена, централната конзола не е како кај некои од конкурентските модели, пренатрупана со прекинувачи кои на момент може да го збунат возачот, туку користен е германскиот принцип за раководење со функциите кој е крајно едноставен и не треба дополни-

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

телно време на привикнување. Покрај командите на централната конзола се наоѓаат и одреден дел од позначајните функциите, електро-рачната кочница, прекинувачот за активирање на стартстоп системот како и прекинувачот за помош при тргнување на нагорнина. Багажниот простор би требал да ги задоволи потребите и на оние кои имаат желба да понесат повеќе работи со себе кога се на патување, неговите 586 литри се во врвот на класата што е доволна причина да не размислувате што 15


ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

АВТО-МОТО

сѐ треба да земете со себе во случај на подолг годишен одмор. Целиот амбиент, начинот на кој е дизајниран и материјалите кои се употребени во изработката на кабината укажуваат дека сепак ова не е обичен претставник на возилата од оваа класа туку дека неговото место е позиционирано повисоко во премиум сегментот жестоко заканувајќи им се на претставниците од големата германска тројка.

Менувач кој разгалува

Понудата на дизелските агрегати започнува со 1.6 литарскиот мотор кој испорачува 120 КС и се искачува до 240 КС колку што испумпува најаката 2.0 TDI дизел изведба. Во нашиот случај Passat беше опремен со 2 литарскиот дизел агрегат чија максимална моќ изнесува 150 КС. Токму таа верзија според наше мислење е оптимална моторизација за овој модел. Од прва можеби нема да звучи уверливо дека мотор со моќ од 150 КС придвижува возило чија што тежина изнесува 1.500 кг, но сепак Passat опремен со овој агрегат не е наменет за постигнување брзински рекорди туку за удобно крстосување и економично патување, а доколку затреба знае да ја покаже и својата агресивна страна, доказ за тоа се забрзувањето од 0 до 100 км/ч кое изнесува 8.7 секунди и максималната брзина од 218 км/ч. а за цело време просечната потрошувачка да не ја преминува границата од 8 литри. Во

целата ситуација голема улога игра и вртежен момент, кој во случајов изнесува 340 Нм како и намалената тежина на возилото во просек по 85 кг помалку од предходникот. Автоматскиот менувач со двојна спојка (DSG) е еден од специјалитетите кој е вграден во тестираниот примерок. Станува збор за последната генерација на DSG менувачи од серијата кој поседува 6 брзини, а ја обединува динамиката и економичноста на мануелниот менувач и комфор на автоматскиот, комбинирајќи го најдоброто од двата света. Благодарејќи на двете спојки кои во секој момент имаат подготвено за возачот по еден повисок или понизок степен промените на брзините се одвиваат моментално како на филмска лента. Возните карактеристики се точно онакви какви и што се очекуваат од Passat, суспензијата тежнее кон комфор но може да покаже и спортски аспирации, што на повеќето возачи ќе им се допадне бидејќи соодејствува со карактерот на автомобилот. Поради своите габарити, пред се должината, карактеристична за моделите од овој сегмент градските гужви не се најидеалното место за Passat, затоа може да кажеме дека негова природна средина се брзите и широки автопатишта каде што квалитетот и комфорот во патувањето доаѓаат во полн израз. • Данчо Здравковски

Предните светлосни групи во тестираниот примерок се изведени во ЛЕД-технологија.

Во Highline пакетот Passat сериски доаѓа со алуминиумски фелни од 17 инчи.

Мотор:

Четирицилиндричен, турбодизелски

Зафатнина:

1968 см3

Моќност:

150 КС При 3.500-4.000 врт/ мин.

Менувач:

6 Степен автоматски со двојна спојка,DSG

Погон:

На предните тркала

Потпирање:

Напред: McPherson Назад: Двојни попречни водилки

Сопирачки:

Напред: Вентилирачки дискови Назад: Дискови

Гуми:

215/50 R17

Маса на возилото:

1501 кг

Димензии: Д/Ш/В:

4767х1832х1461 мм

Забрзување од 0 до 100 км/ч:

8.7 секунди

Максимална брзина:

218 км/ч

Потрошувачка просек:

4.4 лит/100 км

Цена на модел:

38.435 evra

Дизелашот 2.0 TDI поседува 150 КС, забрзува до 100 км/ч за 8.7 сек. и го носи до максимални 218 км/ч, просечната потрошувачка е во границата од 8 лит/100 км.

DSG менувачот поседува 6 брзини а ја обединува динамиката и економичноста на мануелниот менувач и комфор на автоматската трансмисија. Кај новата генерација кабинскиот простор е збогатен со аналоген часовник

16

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

На задниот дел е приметна линија на купе форма која преку паѓачкиот дел на багажниот простор се претвора во мал речиси неприметен спојлер.


04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

17


АВТО-МОТО

Автомобил на годината во Европа за 2015-та

Средната класа го доби својот љубимец

Моделот Passat е вистинска реткост меѓу автомобилите од неговата класа. Отсекогаш бил меѓу најпродаваните и најпочитуваните, но дури сега му е доделено признанието Автомобил на годината.

Н

овинарските денови во Женева не беа искористени само за прикажување на најновите светски достигнувања во автомобилската индустрија, туку и за официјалното прогласување на годинашниов носител на титулата Автомобил на годината. Фолксвагеновиот модел Passat, собра најмногу бодови од 58 членото жири и ја однесе титулата во своите витрини. Моделот Passat во своето четиридецениско постоење, за првпат го добива ова признание. По се изгледа на жирито му здосади

од компактни автомобили и годинава одлучи да ја нагласи удобноста и елеганцијата на средната класа. Инаку, најмногу признанија понеле компактните автомобили (ниската класа), а најмалку лимузините - 41 година постоење и дури сега го добива ова вредно признание. Првопласираниот освои 340 бода, второто место, ако може така да се каже, му припадна на Citroеn C4 Cactus со 248 бода, а во продолжение следи остатокот од седуммината величествени: Mercedes C-class Volkswagen Passat

18

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

(221 бод), Ford Mondeo (203), Nissan Qashqai (160), BMW 2-series Active Tourer (154) и Renault Twingo (124). Континенталниот избор за Автомобил на годината се одржува секоја година во организација на седум водечки списанија за автомобили: италијански „Ауто“, британскиот „Аутокар“, шпанскиот „Аутописта“, холандскиот „Аутовизија“, францускиот „Ле Аутомобиле“, германски „Штерн“ и шведскиот „Ви Билегаре“. Жирито е составено од 58 члена од 22 европски земји. Секој од


АВТО-МОТО

Citroën C4 Cactus

BMW 2 series active tourer

Volkswagen Passat

Mercedes C klasa Renault Twingo

жирито има на располагање 25 бода кои може да ги подели како што сака, а најмногу може да одвои 10 за било кој од седумте автомобили влезени во потесниот избор. Претседателот на жирито, Хакан Матсон, постојано ја нагласува транспарентноста на членовите, односно на гласањето и според тоа, ова жири се разликува од многу други. Веднаш по прогласувањето на носителот на титулата, гласањето се истакнува на нивната официјална веб страна. • Жарко Атанасоски Nissan Qashqai

Ford Mondeo

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

19


АВТО-МОТО

Салон за автомобили Женева 2015 Hyundai Tuscon

Ssangyong Tivoli

Lamborghini Aventador SV

Seat 20V20

Zenvo ST1

Porsche 911 GT3 RS1

Skoda Superb

Луксуз, брзина, скапотија... но не за секого Светлата се изгаснати, завесите спуштени, прашината која толку многу беше дигната сега веќе је нема, само организаторот сè уште работи, сумирајќи ги првите резултати и впечатоците од манифестацијата. Bentley EXP 10 Speed 6 concept

20

Cadillac CTS V

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Ferrari 488 GTB


АВТО-МОТО KIA-sportspace

М

ожеби ќе ви звучи неверојатно ако напишеме дека обичните автомобили беа целосно запоставени, односно се изгубија во гужвата наречена луксуз на четири тркала. Секогаш, без исклучок, обичните автомобили го водеа орото, но веќе не е така. Потенцијалните купувачи го губат интересот за секојдневието и се повеќе бараат нешто специфично, поразлично, бараат свеж дизајн. Производителите срамежливо одговорија на барањето од купувачите – не понудија нешто невидено досега, но сепак внесоа каква таква свежина, најмногу со брзината и спортските купе автомобили. Mercedes GLE 450 AMG Coupe, Mercedes SL Special Edition Mille Miglia 417, Infiniti Q60 koncept, Mercedes-Benz G500 4x4, Lotus Evora 400, Honda NSX... Претходно спомнатите автомобили зрачат со луксуз, брзина и скапотија, значи не се за сечиј џеб, а не се ни карактеризираат со некој посебен дизајн. Има некои движења во насока на убавината и несекојдневните форми и дизајни, но сето тоа е некако срамежливо. Еве да го земеме за пример нисановиот концепт Sway – комбилимузина од ниската класа со неверојатно успешен и свеж дизајн,

Ford GT

Koenigsegg Regera

пред сѐ оригинален. Нешто се случи на саемот во Женева и веднаш почнаа да „вртат приказни“ за влез во сериско производство. Ако Nissan Sway concept влезе во производните хали и притоа го зачува дизајнот од концептот, тогаш слободно можеме да им симнеме капа на господата конструктори и дизајнери. Сега останува да видиме каква „манџа“ ќе зготви Nissan. Се фативме за дизајнот и сега го туркаме него како да е единственото нешто за кое имаме да пишуваме. Господа читатели, човековото око и осет се навикнати да ги забележуваат убавите црти, линии и да се восхитуваат на прекрасните предели во природата. Затоа пишуваме за дизајнот и толку многу место му посветуваме. Поизводителите треба да подразмислат малку повеќе за дизајнот, бидејќи покрај другите чинители, тој е клучен за зголемување на продажбата. Единствениот проблем кај производителите е следниов – кога концептите одат во сериско производство, нивниот дизајн полека но сигурно се напушта, се додаваат некои стари веќе видени дизајнерски решенија. Едноставно кажано или напишано, дизајнот на концептите нарочно се уништуваат, а зошто дизајнерите и конструкторите имаат таква нави-

HONDA-NSX

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Lexus LF-C2 Concept

ка, тоа наскоро ќе го дознаеме. Допадливите дизајнерски решенија најчесто ги сретнуваме кај спортските купе автомобили: Ferrari 488, Aston Martin Vulcan, Ferrari F12 Berlinetta Lusso by Touring, McLaren 675LT, а никако не смееме да ги запоставиме концептите, како на пример, Quant NanoFlowcell F koncept или Ferrari Sergio by Pininfarina автомобил направен во чест на големиот мајстор на дизајнот Серџо Пининфарина и во чест на 85 годишнината од постоење на „работилницата“. Оваа двобојна ендемика ќе биде произведена во само шест примероци и секој од нив ќе биде обоен во различна комбинација. Дали забележувате? Опишуваме модел што ќе биде произведен во шест примероци – затоа што нема око кое не се „залепи“ за него на изложбата во Женева. Да не ја заборавиме супер луксузната лимузина Italedesign Giugiaro GEA и на неа сличните. Сѐ на сѐ, Женева донесе каква таква убавина благодарение на неколкуте навистина успешни креации кои претходно ги спомнавме, пардон, дел од нив спомнавме, а останатите ги оставаме вие да си кажете што ви се допаѓа, а што не. Во продолжение на „текстов“ следат поубавите нешта – фотографиите. • Жарко Атанасоски

VW Sport Coupe Concept GTE2

21


АВТО-МОТО

Претставуваме FORD FOCUS RS

Сериска Дрифт Машина Третата генерација на Ford Focus RS носи погон на четири тркала со иновативна технологија која го претвора во најбрзиот и најспособниот совладувач на свијоци меѓу сериски произведуваните компакти.

Л

егендарната ознака RS на Ford повеќе од четири децении е поим за вонсериски перформанси кои произлегуваат од сериски модели. Новата генерација на Focus RS e 30-от модел Ford што ја носи ознаката RS која датира од далечната 1968 година. Приказната ја започна Ford 15M RS, а денес 47 години подоцна ја продолжува Focus RS, кој како пионер на светската автомобилска сцена го воведува иновативниот погон на четири тркала на Ford заедно со бесно моќниот 2.3 литарски четирицилиндарец опремен со технологијата EcoBoost. Што го претвора Ford Focus RS во сериозна машина способна да ги маѓепса дури и најдобрите возачи на планетата? Одговорот се крие во три елементи: - Одличен мотор за кого во Ford велат дека продуцира преку 320 КС, гласините велат околу 350 КС. - Иновативен погон на четири тркала со можност за распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала до 100% на секое тркало. - Кен Блок, светската ѕвезда во Рели Крос и Гимкана, кој несебично го сподели своето искуство со инженерите на Ford во создвање на овој извонреден продукт. 22

МОЌНА ЕРГЕЛА ОД ПРЕКУ 320 ПОНИЈА

Под хауба на Focus RS бревта четирицилиндарец од 2.3 литри со глава на мотор од зајакната алуминиумска легура способна да издржи повисоки температури и подобрено ладење. Моќноста доаѓа од турбо полнач со две големи, лесни турбини сместени во едно тело. Тие реагираат на мал проток на издувни гасови, а пумпаат поголемо количество воздух во цилиндрите. Оваа карактеристика дополнително се подобрува со голем интерклуер 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

кој ја смалува температурата на вшмуканиот воздух за погусто полнење на цилиндрите и поголема експлозија. Така инженерите на Ford успеале место проектираните 320 КС од моторот да извлечат дури 350 КС. Но, тука приказната не завршува. Со фино поддесување на системите обезбедиле извонреден одзив при ниски вртежи, моќно повлекување во среден опсег и глад за вртежи која застанува на високи 6800 врт/мин. Оваа моќна ергела дише низ високоперформансен спортски издув


АВТО-МОТО

со голем дијаметар на цевката кој воедно произведува звучна кулиса која наежува и мами да се притиска педалот за гас. Сето ова врз подлогата го пренесуваат четирите тркала преку шестстепен мануелен менувач со краток од и прецизност која дозволува ултра брзо менување.

ВОЗЕЊЕ КАКО ПО ШИНИ

За овој сегмент е задолжен иновативниот погон на четири тркала, кој со помош на динамичка распределба на вртежниот момент меѓу оските и тркалата на задната оска, ја поставува способноста за совладување свијоци на ниво непознато до сега во оваа класа. Основа на системот се две електронски контролирани спојки високо поставени на задните полувратила. Преку нив се контролира и распределбата на вртежниот момент меѓу предната и задната оска и распредел

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

бата на вртежниот момент меѓу левото и десното задно тркало. Паметната електроника постојано бдее над системот (100 пати во една секунда) и го прилагодува спрема моменталната ситуација. Така максимум до 70% од вртежниот момент може да се префрли на задната оска, додека распределбата меѓу задните тркала оди до 100% на тркалото со подобра тракција. Во свијок поголем дел од вртежниот момент се пренесува на надворешното задно тркало кое буквално го турка автомобилот во свијок и на тој начин ја подобрува стабилноста и виртуелно го елиминира ефектот на подуправување. Со помош на оваа технологија инженерите на Ford успеале да комбинираат високо ниво на тракција со до сега не видена агилност и брзина во свијок која минува напречно забрзување од 1G.

СПОРЕД УПАТСТВОТО НА КЕН БЛОК

Светската ѕвезда од Рели Крос и Гимкана, Кен Блок, кој се прослави со своите неверојатни видеа плод на неговата возачка вештина, не себично го даде својот придонес при создавањето на Focus RS. Неговото искуство му помогна на развојниот тим не само да создаде брз и агилен автомобил, туку да создаде автомобил кој подеднакво ќе биде забавен за возење. Вистинска дрифт машина која ќе се произведува сериски. Кон забавата се приклучува и извонредниот дизајн кој никого не го остава рамнодушен, а посебно не оние љубители на автомобили кои имаат малку поголем процент на октани во крвта. Focus RS е автомобил наменет за ентузијасти. Љубители на автомобили кои уживаат додека се зад волан и секако можат да си го дозволат ова ретко убаво задоволство. • Љубомир Анастасовски

23


тестови и совети

Медицината и автомобилизмот

Алергијата е опасен совозач Антихистаминиците од постарата генерација се најчесто препорачувани лекови кои помагаат при појавата на алергии предизвикани од цветен прав, но воедно тие можат и да манифестираат и одредени нус појави, кои се исклучително неповолни за возачите, кај кои во текот на возењето, поради нивно дејство, може да се појави поспаност, бавност, намалена способност за запазување.

З

а многумина пролетта е вистинско задоволство кога во топлите денови може да се ужива во природата. Но, за многумина ова годишно време е вистинско измачување затоа што дишењето им станува отежнато, кашлаат, киваат, им течат солзи, а сé тоа е предизвикано од цветниот прав. Се проценува дека околу 15-30 отсто од населението во светот страда од некаква форма на алергија и оваа болест се повеќе се јавува кај младата популација во развиените земји и кај населението во урбаните средини. Алергијата претставува прекумерен одговор на нашиот одбранбен иму24

нолошки систем на инаку нештетни супстанци од животната средина. Од штетните супстанци организмот се штити со специфични одбранбени механизми, а еден од нив се состои во опколување на антигените со антитела и нивно неутрализирање. При првиот контакт на антигените, кој се нарекува и алерген, со антителата не настанува алергиска реакција, туку само сензибилизација т.е. создавање на специфични антитела на соодветниот алерген. При повторниот контакт на антителата со алергенот се развива алергија. Антителата циркулираат преку крвотокот и така доаѓаат до различ04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

ни ткива, каде ги активираат клетките наречени мастоцити, кои тогаш ослободуваат хистамин. Хистаминот е една од супстанците кои предизвикуваат воспалителна реакција на ткивото, што се манифестира како црвенило, јадеж, исцедок од носот, солзење, отежнато дишење. Интензитетот на овие појави зависи од одговорот на имунолошкиот систен на алерген. Други симптоми се егзема, уртикарија, лупење на кожата, кашлање, непрекинато кивање, како и потешки компликации во вид на астма или анафилактичен шок. Кај лицата кои не се алергични, одбранбениот систем ги запомнил алергените како нештетни


тестови и совети

супстанци, па затоа и не презема ништо при контактот со нив. Кај алергичните лица имунолошкиот систем бурно реагира како да се работи за инфекција, па така настануваат симптомите на алергија. Модерната медицина сé уште не може да предвиди како ќе се развива алергијата, така што нејзиниот интензитет во текот на животот може да биде променлив. Алергиските болести можат да се поделат на оние кои го зафаќаат системот за дишење, алергиски конјуктивит, кожни алергии, алергиски реакции на храна, на лекови и на убод од инсекти. Алергиските реакции

на системот за дишење можат да бидат сезонски кои обично се јавуваат во период од годината кога започнува поленацијата на некои од стеблата, или да се јавуваат во текот на цела година. Понекогаш е навистина тешко да се разликуваат симптомите на сезонската алергија од обичната настинка или вирозата. Алергијата предизвикува кивање, затнатост, течење на носот, јадеж во пределот на очите и на ушите, болки во грлото. Всушност, на настинка упатуваат симптомите, како зголемена температура и кашлање, меѓутоа по кратко време тие спонтано исчезнуваат, за разлика од симптомите на алергија кои траат значително подолго и најчесто се смируваат откако ќе се употребат соодветни лекови. Имено, алергијата може да биде предизвикана и од домашен прав, од пердуви, сонце, разни метали како сребро и никел (накит), синтетика, прав (најлош е правот од патиштата), животински влакна... Со оглед на тоа дека алергијата не може да се излекува, лекувањето се темели на одбегнување на алергени и земање лекови за ублажување на симптомите. Најчесто тоа се антихистаминици, кортикостероиди, а може да се примени и лекување со хипосензибилизација (имунотерапија) т.е. вбризгување на растечки концентрации на алергени под кожата еднаш до два пати седмично во текот на 3-5 години. На лицата кои страдаат од алергија им се препорачува: -Да ја следат биопрогнозата -Во периодот на висока концентрација на цветен прав да избегнуваат престој на отворено и напорни физички активности, затоа што тогаш засилено се дише па поголемо количество од цветниот прав навлегува во дишните патишта. -На село и во природа концентрацијата на цветен прав е повисока наутро, а во градот навечер. -На оние кои се алергични на цветен прав им се препорачува да шетаат откако ќе престане дождот и тогаш да ги проветрат просториите. -Облеката не треба да се суши на отворено. -Косата треба да се мие пред спиење. -Во спалната соба не треба да се остава облеката со која сте биле надвор. -Потребно е да се користат очила наме-

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

сто контактни леки или очила за сонце кога се престојува на отворено -Препорачливо е на годишен одмор да се оди кога дома е сезона на цветниот прав и да се избере место со помалку алергени, на пример, острови, брегови или високи планини. • Маргита Поповска

ЗА АЛЕРГИЧНИ ВОЗАЧИ

• Возењето кога се има алергија од цветен прав може да претставува голем проблем поради кивањето, постојаното течење на секрет од носот, јадежот, солзењето на очите, дури и отежнатото дишење. Доколку можете препорачливо е да се возите на совозачкото место, а во случај, пак, ако морате да возите задолжително затворете ги прозорците. • Доколку системот за вентилација во вашиот автомобил нема филтер за цветен прав, секако треба да го поставите. Возачите особено се предупредуваат да бидат внимателни кога употребуваат антихистаминици, лекови кои најчесто се препишуваат за оваа алергија. Имено, поради нивното влијание врз мозокот тие манифестираат нус појави кои се особено непожелни кај возачите: поспаност, бавност, намалена способност за запазување. На некој начин тие лекови делуваат на мозокот како алкохол, што е докажано. • Доколку сте алергични на цветен прав, а не сакате или не можете да се откажете од возењето ви се препорачува навреме да ја почнете терапијата. Својот доктор треба да го предупредите дека сте возач, за тоа да го има предвид при препишувањето антихистаминици, а доколку во аптека сами купите некој лек потребно е фармацевтот да предупредете на тоа. Задолжително прочитајте го упатството во лекот и запознајте се со нус појавите. Никогаш не е премногу ако сте внимателни. Предупредување за индекс на алергија

25


вие прашувате

• Би сакал да ве прашам колку чини целата постапка за атестирање на возило со дополнително вграден плински уред. Дали целата процедура се врши кај вас? Благодарам, Христијан

АМСМ: Постапката за одобрување на преправено возило со дополнително вграден уред за погон на возилото на течен нафтен гас (ТНГ) се состои од неколку чакори, кои може да се спроведат во службите во АМСМ. Откако ќе се изврши вградување на уредот за ТНГ во возилото во станицата за технички преглед се пристапува со возилото за да се констатира преправката, се оформува записник со кој од страна на службите од МВР добивате упатница за одобрување на преправката во овластена техничка служба. Со така добиената упатница во техничката служба на АМСМ – Центар за возила се извршува преглед на возилото и се издава документ – Потврда за сообразност. Последниот чекор е промена на сообраќајната дозвола со впишување на соодветната промена во неа. Цената на чинење на одобрувањето на преправката е 3.000,00 денари, додека останатите трошоци во станицата за технички преглед и промената на сообраќајната се околу 900,00 денари. Во тек е акцијата за доделување на гратис Класик членство на сите корисници – физички лица, кои за преправките на своите возила услуга ќе побараат во АМСМ – Центар за возила. • Ме интересира дали може да се извади зелен картон кај вас за време на неработните денови, во викенд, или само од понеделник до петок? Доколку може која документација е потребна? Благодарам, Миодраг

АМСМ: Дежурната служба на АМСМ (бул. М. Теодосиј Гологанов бр.51) за меѓународни документи работи 24 часа, секој ден од годината и Зелен картон ќе можете да извадите и во деновите од викендот. Потребно е со себе да ја понесете сообраќајната дозвола и полисата за автоодговорност, а во зависност од возилото цената е 3.690 денари (доколку возилото е под 66КW) или 5.536 денари (доколку возилото е над 66КW). Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил infocentar@amsm. com.mk, или во информативниот центарот на АМСМ на следниот телефон +389(0)2 155 55, а исто така можете да ја посетите и нашата веб страна www. amsmspi.mk • Ве молам да ми кажете дали кај вас можам да добијам информација за многу стара регистарска табличка. Имено, возилото било регистрирано во Скопје пред повеке од 20 години ( возиото е олдтајмер ). Ја имам табличката, но ми требаат податоци за сопственикот. Доколку немате таква база на податоци ве молам да ме упатите каде би можела да добијам ваква инфо рмација. Благодарам, Сузана АМСМ: За возило олдтајмер информација ќе добиете во Министерство за внатрешни работи, во Македонска Телевизија, во Одделот за сообраќај. • Ве молам за информација, дали може возило да се регистрира пред истекот на регистрацијата, 15 до 20 дена? Поздрав, Виолета

АМСМ: Законски возилото може да се регистрира триесет дена пред истекот на важноста на регистрацијата. • Дали може да се регистрира возило купено во странство со потврда од царинска пошта за вратени регистерски таблички? Поздрав, Златко

АМСМ: Одјавата на регистерски таблички за возило купено од странство т.е. со странски регистарски таблички според незванично известување од МВР не се врши повеќе во царинска пошта. Регистерските таблички треба да се одјават во странство,таму каде што е регистрирано возилото, а при регистрација ќе треба да приложите поништена и одјавена собраќајна дозвола и доказ дека се одјавени и вратени регистерските таблички. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 26

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


амсм

Бараме АМСМ членови во различни категории Драги наши АМСМ членови, Се гордееме со фактот дека меѓу вас има и такви кои заради љубовта кон своето прво возило, уште пред децении за првпат станаа наши членови. Времињата се менуваа, АМСМ веќе одамна e бренд број еден, вашите први возила денес се олдтајмери, а голем дел од вас останаа АМСМ членови и низ сите години кои одминуваа. Токму Вие, најстарите АМСМ членови сте она што АМСМ го прави поинаков од сите други. Затоа создадовме програма наменета за вас кои АМСМ го познаваат уште од првиот ден и со нас растат и се развиваат цели 69 години. Ќе следуваат специјални изненадувања, па затоа Ве повикуваме задолжително да се пријавите во некоја од подолу наведените категории: • Највозрасен АМСМ член – АМСМ член (маж/жена) кој е активен возач и поседува валидно АМСМ членство, а кој е роден во дамнешните 30-ти, 40-ти или 50-ти години од минатиот век. За пријава потребно е да се приложи: - Копија од лична карта; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстара членска картичка – АМСМ член (маж/ жена) кој сè уште чува некоја од своите први и најстари АМСМ членски картички, а кој и во овој момент сè уште е активен АМСМ член. За пријава потребно е да се приложи: - Копија/оригинал од својата најстара АМСМ членска картичка; - Копија од валидна АМСМ членска картичка; • АМСМ член со најстаро возило/мотоцикл – АМСМ член кој поседува сочувано старо возило или мотоцикл, кои денес со право може да се прогласат за олдтајмери; За пријава потребно е да се приложи: - Копија од сообраќајната на возилото/мотоциклот; - Копија од валидна АМСМ членска картичка. Пријавувањето ќе трае и во текот на 2015 година, а истото можете да го направите на АМСМ инфо линија 02/3181-181 или во просториите на АМСМ Членство во АМСМ Скопје-Центар, со поднесување на сите потребни документи. За сите АМСМ членови кои ќе ги исполнат наведените услови, следуваат специјални изненадувања.

Ве очекуваме.

Со почит, Ваш АМСМ

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

27


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Папата Јована“ Дона Вулфолк Крос

П

а п а т а Јована е роман кој мора да го прочита секоја жена. Вистинска приказна за најчуваната тајна во Ватикан. Ова е книга за една жена која од најраното детство се бори против фанатизмот на сопственото семејство, предрасудите ма околината и суровоста на општествените закони. Во време кога раѓањето на женско дете е срам и загуба, таа се остварува себе си, за на крај да стане и папа устоличен во Рим. А за сето време, во нејзините најскриени соништа силно ја живее својата природа на жена, и една забранетата љубов која конечно се остварува во сета нејзина полнота, но во најнезгодно време. Јована живее во почетокот на средниот век, најмрачното време во историјата на човештвото, за кое малку се знае и пишува. Но, низ времето се менува само декорот, а човечката природа останува иста. И некои работи, како што се љубовта, жед за знаење, интриги, амбиција, омраза, соништа, се безвременски. Токму затоа, повеќето од луѓето може да се идентификуваат со хероите на оваа стара вистинита приказна. " • 28

Музика

Филм

,,Добредојдовте во Мали’’ Амаду и Мариам

Ч

леновите на ова возбудливо дуо од Мали делат трогателна животна приказна, а нивната љубовна приказна започнува со нивното среќавање во хор за слепи. Светот на овие двајца изведувачи и пејачи се протега од прашливите улици на Бамако (главниот град), каде започнуваат со кариерата, сѐ до извиканиот фестивал во Гластонбери, Англија; од безвременските традиции на Мали до нивниот најпродаван албум, оној кој сакаме да им го претставиме и на нашите пријатели. Овој пар е еден од најуспешните во музичката сфера кој се појавил во Африка во последниов век. Нивни други најпознати албуми како ,,Недела во Бамако’’ (Dimanche à Bamako), ,,Години во Мали’’ (Années maléniennes), ја направија оваа музичка двојка светска атракција. Сево ова е постигнато поради фактот што тие никогаш се немаат откажано од нивните корени. Нивната незаборавна мешавина на поп мелодии и заразен ритам, преку меката гитара на Амаду и пеењето на двајцата како да потекнуваат од срцето на Африка. Проверете дали и вам ќе ви делуваат исто толку заразно! • Маргита Поповска

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

„Крвавиот дијаманат“ Едвард Звик

П

риказната е сместенаво средината на хаотичниот период на граѓанска војна во Сиера Леоне. Главните ликови се јужноафрикански платеник и воен опортунист, Дени Арчер, и еден обичен рибер од племето Менде, чиј мал син станува припадник на локалната пара војска, постојано под дејство на дрога, се учи да убива во нивните кампови. Од друга страна, целата приказна ја разоткрива крвавата страна на ископувањето дијамнати во Африка и нивната висока цена во центрите низ светот. Во целата оваа бркотница се појавува и една новинарка, која ќе им биде од голема помош на двајцата. Тројцата ќе се најдат во потрага на бесценетиот розов дијамант... Доколку сѐ уште не сте го изгледале овој филм, тогаш е крајно време да го сторите тоа. Вистината за дијамантскиот бизнис и цената што се плаќа поради него е уште еден одличен аспект на филмот, за кој се верува дека оној што го купува дијамантот и живее во средено и подредено општество нема никакви сознанија. Гледајте! Жанр: акција Улоги: Леонардо Ди Каприо, Џимон Хонсу, Џенифер Конели•


SHOW YOUR CARD!

Искористете ги SyC! попустите

Ќе патувам во Романија ... каде можам да заштедам со мојата АМСМ членска картичка?

Со програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во SyC! продажното место каде што ќе ја препознаете налепницата со Show your Card! логото на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст.

HARD ROCK CAFE

Повеќе од 40 години Hard Rock Café го одржува духот на музиката.Уникатно уживање во храна , музика и неповторлив амбиент. За членовите на SyC! програмата до 10 % попуст

До 20 % попуст за членовите на SyC! програмата

BEST WESTERN HOTELS EUROPE

Хотелите можете да ги сретнете буквално насекаде низ Европа , Азија и САД.Најкомотното сместување и незаборавна услуга

секаде каде што ќе го забележите логото Show your Card!

Покажете ја Вашата АМСМ членска картичка

и попустот е Ваш!

АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

Сите попусти може да ги пребарате на www.amsm.mk во делот на Show your Card!-пребарување на попусти низ Европа. АМСМ членовите секогаш добиваат повеќе!

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

29


амсм

Зачленете прија

ЧЛЕНСТВО Почитувани АМСМ членови,

Верувајќи дека сте задоволни од услугите вклучени во АМСМ членските пакети и во надеж дека досега сме успеале да ги исполниме Вашите очекувања, Ве потсетуваме на програмата Зачлени пријател!, која овојпат е збогатена со нови и вредни подароци само за Вас. Зачленете некој од вашите пријатели и изберете си подарок:

Ако одлучите да зачлените 3 или повеќе ваши пријатели во текот на годината, тогаш имате можност да изберете: -подарок за секој зачленет пријател (3 или повеќе подароци во текот на годината) или -наместо подароци, можност Вашето членство да го продолжите бесплатно за 1 година. Зачленете ги вашите пријатели веднаш и изберете си подарок!

30

КАКО? 1.Исечете го купонот и уредно пополнете го со податоците за новиот член што го зачленувате (за нов член се смета секој што најмалку една година не е активен АМСМ член или никогаш досега не бил АМСМ член). 2.Пополнетиот купон донесете го во АМСМ Членство во СкопјеЦентар, или приложете го на шалтерите во Велес. Со зачленување на вашиот пријател и плаќање на полниот износ на годишната чланарина, веднаш изберете си подарок за себе.

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

3.Право на подарок имате само доколку сте активен АМСМ член. 4.Право на продолжување на бесплатно членство следната година имате само во случај доколку зачлените 3 или повеќе пријатели во текот на една година и се откажете од правото на подарок за секој нов донесен член. 5.Програмата „Зачленете пријател“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.


амсм

ател и изберете подарок! Членски пакет со кој го зачленувате вашиот пријател (новиот член):

АМСМ Light членство

Подарок за Вас:

USB полнач за во автомобил

Термос чаша АМСМ Classic членство

АМСМ Europe Premium членство

Гребалка за мраз за шофершајбна

Чадор за дожд Кулер торба

* Подароците кои следуваат зависат од типот на членскиот пакет со кој сте го зачлениле новиот член. 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

31


ПАТУВАЊА

Романија

Единствено патувачко искуство Можеби најдобар начин да се доживее историјата на Романија е преку замоците кои се како од сказните. Многу од нив, како и некои тврдини, се карактеризираат со уникатни архитектонски решенија и стил кој ги оцртува локалните традиции и обичаи.

Р

оманија нуди широка палета на туристички дестинации и единствени патувачки искуства во Европа, преку колосалните Карпати, романтичната делта на Дунав, брегот на Црното Море, замоци како од сказните, архитектурата на Букурешт, средновековните градови во Трансилванија, живописаните цркви со невообичаената надворешност, селскиот живот во Марамуреш и уште многу. Таа е најголема балканска држава, која ја делеше истата судбина, повеќе или помалку, со останатите земји од овој дел на светот. Но, ќе се задржиме на нејзините природни, 32

историски и културни уникатности. Можеби најдобар начин да се доживее историјата на Романија е преку замоците кои се како од сказните. Многу од нив, како и некои тврдини, се карактеризираат со уникатни архитектонски решенија и стил кој ги оцртува локалните традиции и обичаи. Замоците градени од XIV до XVIII век се силни и солидно градени, а тврдините подигнати во доцниот XIX век се впечатливи и луксузни. Еден од најубавите замоци кој задолжително треба да се посети при патувањето во Романија е замокот 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

„Пелес“, подигнат во XIX век од кралот Карол I и претставува израз на врвен спој од елегантен дизајн и историска знаменитост. Неговите 160 соби се украсени со кристални лустери од муранско стакло, прозорците се од германско стакло, ѕидовите со кожа од Кордоба, итн. Речиси призалепен до замокот „Пелес“, се наоѓа Пелисор замокот (или малиот „Пелес“), подигнат како летна резиденција од кралот Фердинанд, наследникот на Карол I. Наводно, кралот Фердинанд сметал дека „Пелес“ е премногу голем, па наредил изградба на помал замок во art-nouveau


ПАТУВАЊА

стил. Седумдестте соби на “Пелисор“ ,исто така ,се богато декорирани со виенски мебел и стакло од Тифани. Замокот на Бран или Дракуловиот замок бил изграден во 1377 година, за заштита на местото Брасов кое е во непосредна близина. Собите и кулите на овој замок го опкружуваат внатрешен двор, а некои од собите се поврзани со подземни тунели кои водат во дворот. Во 1920 година, населението од Брасов й го подарило замокот на романската кралица Марија, и тој набрзо станал нејзино омилено место за престојување. Овој замок има богата

колекција на странски мебел и уметнички предмети од XIV - XIX век, но исто така, ќе може да уживате и во погледот на живописното селце Бран, кое се гледа од високите кули на замокот. Најголемиот замок во Трансилванија е готскиот „Корвинести“ замок, изграден во ве XIV век, на местото на поранешен римски логор, прво како тврдина, а во втората половина на векот претставувал резиденција на трансилванскиот владетел Јанцу Хунедоара. Сепак, романското културно наследство најмоќно може да се доживее во средновековните градови во 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Трансилванија, Брасов, Сибиу и Сигхисоара, сведоштва за развојот на саксонската цивилизација. Тука се откриваат мали куќи во тесни калдрмави улички и скалила од камен. Во малите продавничиња може да се најдат старини и рачно изработени производи.

Малиот Париз

Главниот град Букурешт нуди сосема поинаква градска атмосфера, по обновата во доцниот XIX век од страна на француски и во француски дух обучени архитекти. Од тука доаѓа епитот кој овој град го носи 33


Парламентот во Букурешт

„Малиот Париз“, што најсилно се согледува во најпознатиот булевар „Кишелов“, кој ја има својата триумфална порта, изградена во 1922 година. Во Букурешт треба секако да се видат и Палатата на Парламентот, подигната од контроверзниот Николај Чаушеску, кој лично ја надгледувал работата на 400 архитекти и 20.000 работници, кои употребувале исклучително романски материјали, како мермер, црешово и оревово дрво, кристални лустери, рачно работена таписерија и др. Доколку сте презаситени од ентериерот на втората по големина градба во светот (по Пентагон кој го држи првото место), прошетката во еден од парковите на Букурешт може да ви дојде добро. На северниот дел од градот е „Херастрау“ паркот, најголем од сите паркови во градот, додека најстариот е во центарот и се вика „Кисмигиу“. Една од знаменитостите на Букурешт е и „Атенеумот“, завршен во 1888 година, финансиран од најголемата сенародна донаторска акција во Романија, откако првичните сопстве-

Црквата „Воронет“

ници останале без средства. Благодарение на акустичноста оваа градба е дом на романската филхармонија, во чии звуци можете да ги уживате меѓу убаво на сликаните ѕидови во фреско техника. Еден ден може да резервирате за посета на Кралската палата подигната во неокласичен стил, меѓу 1927 и 1937 година. Тоа бил дом на кралската фамилија сé до 1947 година, кога кралот Михаил й ја предал власта на про-нацистичката влада. Денес, тука е сместен Романскиот национален музеј. Од непроценлива важност не само за романската уметничка историја, туку и за светското културно наследство се црквите во Буковина од XV и XVI век, чии надворешни ѕидови целосно се насликани, така што сликаријата се спротивставува на атмосферските влијанија веќе пет века. Тоа е причина заради која осум од овие цркви се под заштита на УНЕСКО, меѓу кои најпозната е „Воронет“ црквата. Изградена е во 1488 година од Стефан Големиот, во Европа позната како “Источната Сикстинска капела“ пора-

Триумфалната капија

34

ди фреско-сликарството збогатено со карактеристично сина боја, денес позната како „Воронет сина боја“. Марамуреш е многу стар регион во најсеверниот дел на Романија, место каде традицијата и природната убавина им се спротивставиле на предизвиците на времето. Меѓу планини, реки и минерални извори, во прекрасен пејзаж покриен во шума, ќе пронајдете дрвени цркви, чија архитектура зачудува поради синтезата на ортодоксните традиции и готскиот стил на изградба. Карактеристичната архитектура со високи вертикални остри линии му остава силен впечаток на набљудувачот, но и сликите на дрво и стакло, дрвените столбови и резбани во дрво влезови на цркви во Марамуреш, сведочат за креативноста и умешноста на народот, што секако е повод за овие цркви да се под заштита на Обединетите нации. Во сплетот на разновидни природни, историски и уметнички карактеристики на оваа земја, секој од нас може да го пронајде она што му е потребно на неговото патување. • Маргита Поповска

„Aтенеум“

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


ИСТОРИЈА

Citroen 2 CV

Легенда наречена СПАЧЕК

Автомобилот со својот необичен, речиси авангарден дизајн, не само што брзо ги стекна симпатиите туку и стана еден од најбараните автомобили во времето на неговото производство. Претставуваше израз на неконвекционалност, слобода на волја, слобода на дух, а тоа и покрај недостатокот на одредени перформанси, го издигна на степен на култно возило.

C

ITROEN 2CV или попознат како „Спачек” неповторлив пред се поради својот автентичен изглед , претставува еден од најпопуларните автомобили на сите времиња, а со тоа и најуспешен тип на Цитроен воопшто, кој со право може да го носи епитетот „легендарен”. Тимот од проектанти, поттикнат од Андре Ситроен, основачот и првиот човек на истоимената компанија, имал идеја да создаде едноставен автомобил наменет за секого, со товар од 50 кгр и максимална брзина од 50 км/час. Прототипот имал боксер мотор од мотоцикл со запремнина од 375 кубика, 8 коњски сили, со трибрзински менувач и потрошувачка од околу 5 л /100 км. Моторот бил стартуван рачно, со помош на курбла, а добил шифриран назив „4 тркала под чадор”, поради заштита од тогашната воена и индустриска шпиунажа. Непосредно пред почетокот на втората светска војна, во 1939 биле произведени 250 прототипа на CITROEN 2CV, кои французите, од страв да не паднат во рацете на германците ги уништиле речиси сите, оставајки само 3 прототипа чии делови биле сокриени низ цела Франција, за да би послужиле како подлога за продолжување на проектот во некое идно и помирно време. После втората светска војна, во 1945 година, тимот повторно се состана, за конечно во 1948 година спачекот да го здогледа своето светло и го доживее својот сјај на парискиот салон за автомобили. Првиот автомобил CITROEN 2CV беше опремен со воздушно-ладен мотор од 375 см3, и симболични 9 коњски сили, кои му овозможуваа максимална брзина од 60 км/час, со просечна потрошувачка од околу 5л/100 км. Финалните верзии на спачекот кои беа произведувани цели 40 години имаа 602 см3 и 33

коњски сили. Спачекот го означи времето на „хипиците”, децата на цвеќето и вљубените млади брачни парови, а статусот на култ го задржа до денес. Во текот на неговото 40 годишно производство се модифицираа доста негови варијанти, како на пример: малку познатата но специјална серија “2 CV bizu“ od 1959 година, потоа популарната “Сахара 4 X 4” верзија од 1960 година од која се произведени само 694 примероци. Карактеристично за оваа верзија е тоа што поседуваше 2 мотора, од кои едниот беше напред, а другиот позади, сместен во просторот за багаж. Ова возило учествуваше на доста пустински рели низ светот. Серијата “2CV export” беше популарна за европскиот пазар, а некои модели се возеа и сѐ уште се возат на патиштата низ нашата држава. Карактеристично за Спачекот беше тоа 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

што имаше мобилен платнен кров, мека и удобна вожња, а најбитно од сѐ мала потрошувачка и традиционална француска удобност, вистинско „популарно” возило, возило наменето за секого. Последниот модел на CITROEN 2 CV е произведен во Португалија, во 1990 година. Тоа беше последен од вкупно 3.872.583 примероци на Спачек, а воедно и последен од околу 8.000 модели на последната верзија на Спачек, моделот CHARLESTON - специјално лимитирана серија на Спачек со црно-црвена-бордо комбинација, со здебелени браници која беше испорачувана на тогашните купувачи. Со оваа серија, ова возило замина во легендите. Но дали легендата ке продолжи да живее, зависи од плановите на Ситроен, кој сѐ уште расмислува за неговата реинкарнација, која моментално се сведува само на идеи поставени на хартија. • Андријан Трипунов 35


познатите како членови на амсм

Ели Танасковска, новинар и водител во МТВ

Публиката е една голема лупа и таа наградува и казнува

Ели Танасковска, новинар и водител во МТВ. Модератор на значајни манифестации, конгреси, семинари, трибини, работилници. Заштитно лице на фестивалот „Фолк Фест Валандово“. Текстописец, поет, м-р по културолошки науки, сопруга, мајка на две прекрасни ќерки, професионалец кој заслужува внимание. • Која е Ели Танасковска? Танасковска: Новинар и водител во МТВ. Модератор на значајни манифестации, конгреси, семинари, трибини, работилници. Заштитно лице на фестивалот „Фолк Фест Валандово“. Текстописец, поет, м-р по културолошки науки, сопруга, мајка на две прекрасни керки Симона и Леона. Човек што го сака спортот, музиката, танцот, другарувањата, патувањата и откривање на егзотични дестинации. Обожавам животни и постојано сум опкружена со нив. Имам и домашно милениче Ласа Апсо, кој е исто како член на семејството. Одговорна, чувствителна, прецизна, динамична, темелна со истражувачки дух и пред сѐ ...човек кој умее да сака и да ја споделува љубовта. • Важите за голем професионалец и квалитетна водителка. На што се должи таа ваша професионалност? Танасковска: На многу фактори. Многу е важно домашното воспитување и насоките кои родителите ги даваат на децата.

36

Јас имав прекрасно детство , родители кои ме учеа да сакам , да почитувам, искрено и безусловно да љубам. Да работам чесно и одговорно. Во радио детската драма од мали нозе научив што е работна дисциплина, почитување и континуирано истражување. Од спортот научив како е да бидеш индивидуалец и сам да се бориш за успехот, да имаш самоконтрола и челична дисциплина. Како се делат работите, одговорноста и успехот кога си во тим. Од постарите колеги учев дека новинарството е тешка и одговорна работа. Затоа мора да бидеш најдобар. Да не се задоволуваш со просечноста. Посветеноста не е само пат до целта туку внимание до најститните детали. Сигурноста не доаѓа случајно , таа се гради преку искуството и знаењето. Стекнатата доверба е темел за иднина, а брзината е мерка за ефективност. Како што гледате патот до успехот не е скок од место, ами напорно качување со многу препреки.

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

• Вие сте една од ретките водителки кои знаат повеќе јазици англиски, албански...Колку вложувањето во себе, еден ден се исплати? Танасковска: Целиот свој живот вложувам во својата надградба. Зборувам англиски, грчки, се служам со чешки, албански. Тоа е вистинско богатсво во градењето комуникации. Не ти треба посредник, преведувач. Така од прва рака дознаваш се. Имам сертификати за лидерство, менаџмент, справување со криза, медијаторство, известување во кризни ситуации. Кон сите овие надградби темелно и со срце сум приоѓала. Едноставно тоа сум јас, тоа е во мене. Еве и сега , доколку слушнам некоја новост, тема, личност , ситуација...било што, не оставам тоа така да мине. Веднаш истражувам, барам извор, корен на се! Јас верувам во јазикот на аргументите и фактите и кога за нешто дискутирам сакам да имам сигурни докази, факти.


познатите како членови на амсм

• Препознатливо ТВ лице сте повеќе од 20 години. Кое е најнеобичното искуство што ви се случило на сцена? Танасковска: Јавниот настап и сцената се многу сериозни работи. Тука нема и не смее да има импровизација. Публиката е една голема лупа и таа наградува и казнува. До сега не сум ги изневерила. Умеам да ја оценам реакцијата, знам кога и како реагираат. Среќна сум кога чувствувам дека мојот збор допира до нивните срца, кога ме наградуваат со аплауз. Во текот на снимањата сме имале и ризични моменти со возила, со непогоди. Ми се случило да му се слоши на соговорник и онака целиот пребледен пред колапс да го освежам со сок и убав збор, да не забележи никој во програма во живо. Се случи еднаш да ми се заглави ногата меѓу сценографија и да доживеам силен пад, но тоа освен нас неколкумина ...друг и да не го забележа. За потребите на една манифестација седнав да возам и камион со приколка МАН, долг 17 метри. Успешно се снајдов низ улиците на Ница. Се случи во пренос од 4 часа, „Сан Ремо “ во живо комплетно да ги сменат гостите и сценариото. Ме спаси темелната подготовка предходно и не бев воопшто исплашена ниту затекната. Вистинскиот новинар доколку е темелен и подготвен умее да се справи со секој предизвик и непредвидена состојаба. • Од која ваша ТВ емисија сте најзадоволна? Танасковска: Секоја има своја убавина и спомени: Култна емисија беше „Добро утро, добар ден“ Бевме силна екипа и правевме одлична програма. Репортажите беа мој предизвик за патеписни есеи, нокната програма за научни и филозовски теми. Утринската програма ...ех, едно преубаво време на млади новинари, патувања, дружби, тимска работа. • Јас ве паметам од тоа време како уредник на утринската емисија „Утринско огледало“, потоа „Добро утро Македонијо“... Лично на своја кожа почуствував колкав визонер сте, колку ги поддржувате, ги мотивирате младите, несебична сте за да ги научите. Од оваа дистанца како се чувствувате кога знаете дека токму вие многу сте им помогнале на младите луѓе да успеат и да се изградат себе си? Танасковска: И јас се сеќавам на две близначки кои имаа душа, потенцијал и убавина. Росана беше едната од нив. Отворена за соработка, совети. Поразлична

од сите останати. Темелна и допадлива. Едноставно личност која се сака од прва. Во право си! Работата со млади ме инспирира. Имам истенчен сенс да препознам потенцијал. И сакам да дадам шанса на младите. Некако да не мораат да одат по долг и трнлив пат. И тие ме сакаат. Има некој флуид , накоја енергија за успех и резултати. Открив многу млади новинари , на кои со љубов и многу посветеност има предадов вештини и денес сум многу срекна кога ке видам дека се успешни и реализирани млади луѓе. Нема поголема сатисфакција од сознанието дека сте дел од нечија успечна приказна! • Што е тоа што ве истакна и задржа на медиумскиот простор толку години? Танасковска: Професионалноста, одговорноста, одмереноста, ненаметливоста. Она што ме прави поразлична од другите е дарбата за убаво срочен збор. Поинаква мисла, реченица, текст. Односот кон публиката. Почитувањето кон секоја генерација, кон колегите. • Како ја негувате убавината и женственоста на вашите години? Танасковска: Ништо посебно. Здрав живот, без алкохол и цигари. Спортување, пливање. Избегнување на стресни ситуации. Редовно одам на козметичар, фризер. Некој можеби и ќе рече дека тоа не може секој да го дозволи. Јас го тврдам спротивното. Кај мојата козметичарка Вероника запознав една повозрасна г-ѓа од околна приградска населба. Вели, ситните пари што се расфрлаат низ домот, што ги оставаат внучињата , ги собира и тоа и е честење на душата за еден козметички третман. • Имате две ќерки, Симона и Леона. Симона е доста амбициозна и ја наследи мама. Таа живее и работи во Торонто, Канада, а Леона неодама освои прво место во танц. Какво е чувството кога како толку убава, професионална мајка која има „тешка” професија која бара многу вложување, отсуство од дома, успеала да одговори на работата, домот, семејството? Танасковска: Домот одсекогаш ми бил на прво место. Моите деца пред сѐ. Ништо не сум ставила пред нив. Уживав во секоја минута од нивното растење. И секогаш бев до нив и покрај нив. Кај нас нема тајни. Сѐ се зборува отворено, оти за сѐ има решение. Симона наследи многу од мене. Новинарските води, презентерството, пеењето. Таа е среќна во

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Канада. Амбициозна е. Сака да докаже дека и луѓето од малите земји се големи интелекти. Тешко е да успееш во една таква средина каде си анонимус. Нема таму ни име ни презиме. Само каталот во вештините и знаењето. Среќна сум за секој нејзин успех. Леона е приказна за себе. Од мала прво научи да танцува , па да зборува , па да оди. Неверојатна е таа љубов кон танцот. Може да биде болна, но нема изостанок на ниту една проба. Домот ни е полн со први места и гранд при награди. Таа ја чувствува музиката, живее со неа и затоа Ребис и значи премногу. Ете како и јас и моите ќерки сме лојални на своите матични куќи. •Возач сте долги години. Која е вашата порака до сите учесници во сообраќајот? Танасковска: Пред неколку денови АМСМ направи мошне интересна трибина. И во текот на цела година преку веб сајтот и вакви средби успева да ја подигне сообраќајната култура и ја подига свеста кај сите. Во сообраќајот многу е тесна границата дали ќе станеш жртва или ќе придонесеш друг да биде жртва. Затоа додека возите не размислувајте на ништо друго. Нема мобилни, нема загледување, замислување во проблем. Една секунда невнимание може да е кобна. Да се следат правилата , знаците, да се прилагоди брзината и да се фокусира концентрацијата на возење. Никој нема да може да го врати времето ако се згреши. На сите возачи од срце им посакувам спокојно седење позади воланот и среќно пристигнување до посакуваната дестинација. •Росана Јанков

37


стил

Ентериер

Пролет и во домот Прва асоцијација е, секако, цвеќето, но не само природно, режено или во саксија, туку и кристално, на ламба, лустер, како дезен, на фотеља и слично. Рецесијата не смее никому да му биде пречка да внесе и во домот малку пролет. Боите на цвеќето ќе го „стоплат”домот и ќе придонесат за подобро расположение. Не требаат многу пари, доволна е идејата и, се разбира, желбата да смените нешто. Понекогаш е неопходен само еден нов детаљ и ентериерот ќе изгледа поинаку. Ви нудиме неколку идеи, на вас оставаме да изберете, а повеќето од нив можете да ги направите и сами.

Расцветена ламба (лустер) од кристали Холанѓанецот кој долго време живее и работи во Англија, Торд Боонтје, пред неколку години за „Сваровски” дизајнираше ламби, лустери, инспирирани од пролетта и ноќта. И денес се хит, барем кога уредувањето на домот е во прашање. Се продаваат секаде, а дизајнерот со светски глас покажа дека кристалите можат да бидат во исто време и меки, органски, романтични. Густо наредени, тие се доста ефектни. Рефлексијата на светлината од ЛЕД-от дава посебна магија, и тера на сонување. Ги има во различни димензии: големи (165×145×90 см), мали (53×54×15 см) и средни (86,4×86,4×50 см). Доколку имате ламба (лустер) без многу додатоци, можете да ја украсите и сами. Притоа, не мора да употребувате Сваровски кристали. Убаво изгледаат и стаклени перли со АБ ефект, наизменично распоредени, како цветчиња и ливчиња на гранки од жица. Но претходно не заборавајте да ја изолирате.

Стари чинии со нов дизајн Фасцинацијата од антикварните (стари, старински, половни, употребувани) чи-

38

нии, на кои дизајнерите од американското студио „Beat Up Creations“ им даваат модерна „нота”, расте со немерлива брзина, па, така, ѕидовите во многу домови ширум светот веќе се украсени со нив. Идејата е навистина оригинална. На чиниите што ги купуваат од антикварници сликаат портрети, ликови од поп културата, а користат и други техники како, на пример, колажи и слично. Освен портретот на војвотката Киклоп, голем е интересот и кон чиниите со ликовите на животни на кои им се дадени човечки карактеристики. Цените се движат од четириесетина долари нагоре. Доколку имате некаква визија можете и вие, сами да ги направите и да ги закачите на дел од ѕидот, над софата. Рабовите нека бидат цветни, а во средината залепете нечии портрети, па и ваши, зошто да не!? Одозгора налакирајте ги.

Неонка во традиционален мебел Елементот од групата благородни гасови, неон, кој се користи за осветлување во светлосни цевки и за светлосни реклами, британецот Lee Broom во 2007 година го искористи за да ги осветли неколкуте парчиња традиционален мебел, и да ги „осовремени”. Изработката опфаќа три фази. Секое парче е

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

направено од махагон, рачно резбано, лакирано со бел или црн лак, на кое му е додадена неонка. Не мора да платите авторско право за да го изработите по нарачка. Четириножна комода со пет фиоки, во бела боја, одоздола со неонско осветление може да направи секој професионален столар. Освен што ќе ве чини поевтино, димензиите ќе бидат онолкави колку што ви одговараат. Навечер изгаснете ги другите светилки, „запалете” ја комодата и уживајте. Во пролетта, во мирисот на убаво аранжираните букети цвеќиња на масата и, секако, во животот.

Фиренца на маса Кога Селети на излозите од своите дуќани ги стави чиниите и чашите склопени во неколкуте фирентински обележја како што се камбанаријата, крстилницата, палатата Боргесе, на владата, војводската, Сињора, фонтаната и така натаму, се чекаше ред за да се купи барем едно од нив. Дизајнер на модул програмата е Алесандро Замбели, садовите се изработени од доломитски порцелан и стаклен прав, во црно-бела комбинација. Можат да се користат и како декор и како вази за цвеќе и, се разбира, како прибор


стил

за јадење. На пример, камбанаријата има шест чинии и капак, крстилницата е, всушност, сет за појадок и содржи шест чаши, сад за колачиња, крем, за шеќер, подавалник и капак, палатата Боргесе се употребува за послужување десерт, има шест чиничиња, а покривот, свртен наопаку, е сад за овошје… Убава идеја за керамичарите, можеби вдахнати од Скопје.

И фотељата нека биде цветна Така ќе ја заокружите „приказната” за пролетното уредување на домот. Патем, ќе внесете и убавина, доста свежина, разиграност. Можете ли да замислите какво е чувството додека седите на фотељата обложена со мебел-штоф во цветен дезен, ја гледате омилената ТВ серија, или го читате магазинот што со нетрпение го чекате да ви го достават на домашна адре-

са и пиете кафе!? Не мора зашто веќе ви е на дофат. Нема потреба ни да купувате нова, само однесете ја старата на тапетар, изберете ги шарите кои најмногу ви се допаѓаат и… За кратко време ќе имате иста како Vanity Fair, „заштитната” фотеља на италијанската марка „Полтрона Фрау“. Само нека бидат цветни, да ù „парираат” на пролетта, со бела основа. А во удобноста не треба да се сомневате воопшто. Доколку сте уморни, потпрете се на облегалката, затворете ги очите и, слушајте го Вивалди, неговата „Спринг”. • Игор Ландсберг

Велигден во бело Иако црвената боја е симбол на саможртвата на Христос, на неговите маки, овој Велигден „бојадисајте” го бело. Од чаршафите до зајаците, јајцата… Само гранките во вазите нека бидат во боите на пролетта, зелена и розова. Идеите на “Pottery Barn” можете да ги искористите за домот да го декорирате баш така, во бело. Дури и украсите направете ги сами, со ФИМО. Ангажирајте ги и децата, ќе биде повесело. Така се слави Воскресението Христово.

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

39


hi-tech

Ѕвездени патеки (и улици)

Ѕвездени патеки (и улици)

Еве како изгледа да се вози навечер на пат со поставени светлосни линии

Светот има прилика да влезе во друга димензија на безбедност во сообраќајот. Тоа го „гарантираат“ светлосните линии. Останува да видиме дали и кога светот ќе ја искористи приликата.

П

рвите улици и патишта се „појавуваат“ речиси во исто време со автомобилите. Според некоја груба проценка тоа се случува некаде во 1800-та, а можеби и подоцна . Да, зборуваме за појава на улици и патишта наменети за автомобилите, а не за улиците градени во периодите со илјадници години пред нашата ера. Мораше и ова да биде спомнато, да не остане нешто недоречено. Може да се случи некој да ни префрли дека и старите народи граделе улици, 40

за веднаш потоа да стаса и „Зарем ја заборавивте Виа Егнација, тој пат минувал и низ Македонија“. Кога работите се разјаснети сега можеме да се посветиме на светликавите линии на патиштата. Од тоа време кога човештвото почна да ја развива автомобилската индустрија, напоредно биле развивани и патиштата. Првите „пространства“ наменети за автомобилите, имале земјана подлога, потоа биле додавани најразлични дробени

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

камени материјали да се добие на цврстина. Широки, тесни, градски или селски, патиштата ја добиле и бетонската и асфалтната подлога. Нивното модернизирање се состоело главно од исцртување, осветлување и додавање на уште некој знак крај патот да се известат возачите. И тоа е тоа, толку од осовременување на патиштата. Денешните најсовремени патишта немаат во себе ништо спектакуларно, на пример во споредба со оние од пред 50 години. Можеби се разликуваат со


hi-tech

„Ѕвездените патеки“ одблизу

по некоја светилка повеќе и по некоја банкина. Тоа е се. Патиштата, свесно или несвесно, биле запоставени од високата технологија и развојот, но затоа автомобилите од деценија во деценија, добиваа на развој, на технологија, на квалитет, добиваа на безбедност. Сведоци сме на сето ова што го пишуваме. Голем дел од вас знае какви беа автомобилите пред 30 години и какви се сега. Разликите се огромни, а причина за тоа е развојот на автомобилската индустрија. И додека таа и денес забрзано се развива, „патната индустрија“ каска во место. Минаа два века, а планетава замја сѐ уште „се вози“ на старите добри навики и асфалти и што е најчудно, не и текнува да внесе нешто ново. Сепак некој се досетил да направи нешто во тој правец и замислете не е тоа некоја си институција или светска позната лабораторија, не е некоја научна установа или група од докторски титули на кои има текнало да сторат нешто со патиштата и улиците. Кому му текнало, односно кој се досетил на направи нешто едноставно и воедно револуционерно? Дан Росгард – тоа е името на човекот кој стои зад проектот наречен „умни патишта“, Холанѓанец, студирал на институтот за уметност во Арнхем, потоа на академијата за ликовна уметност во Еншеде и на институтот Берлаг во Ротердам. Уметничка душа, а воедно иноватор. Пред да почнеме да го пишуваме проектот, ќе го нагласиме следново. Дан Росгард е човек кој на светот му подарил побезбеден сообраќај. Е сега, останува да видиме дали и колку светот ќе ги прифати неговите брилијантни идеи. Што направил 35 годишниот Холанѓанец? Ги осветлил патиштата, улиците, велосипедските патеки и шеталиштата, а за тоа осветливање не е потребна електрична енергија. Линии, направил линии кои преку ден ја впиваат во себе дневната светлина, а навечер ја испуштаат. Линиите се широки колку еден прст и се наоѓаат на страните од патот, а можно е да се постават и на среднина. Од фотографиите многу јасно се гледа супериорноста на Росгардовиот пронајдок. Веќе нема потреба од осветлување на

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

автопатиштата. Со тоа се избегнуваат дополнителните парични средства потребни за класичното осветлување. Самоосветлувањето на патиштата се забележува на далечина од неколку ститици метри, што е повеќе од задоволително. Возите, а на 500 метри пред вас го гледате патот благодарение на Росгардовите светлосни линии – како да возите по авионска писта. Со овој изум, безбедноста во сообраќајот е искачена на друго ниво. На некои делови од патни правци во Холандија присутни се светлечките линии. Се вршат припреми и се сумираат резултатите, експериментална фаза, да се види во стварност дали и колку е сето тоа добро и супериорно. Пронаоѓачот ги сместил тие „линии“ и во велосипедските и во пешачките патеки, само што не се линии туку личат на расфрлани светликави камчиња. Погледнете ги фотографиите, некои од патеките во Ајнтховен ги имаат тие светликави камчиња. Замислете вакви патеки во планините - ќе можете навечер да „патувате“ по звездените патеки. • Жарко Атанасоски

Кога температурите се движат некаде околу нулата, „умниот пат“ ги покажува снегулките – мраз на патот.

Неповторлива глетка и доживување е да се вози по ѕвездените патеки

41


СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

Роси и Јамаха ја отворија сезоната со победа

По две години тотална доминација на Марк Маркез и Хонда, првата трка од новата сезона донесе дуел на Јамаха и Дукати во борба за првите четири позиции.

42

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ

А

ко италијанските тифози минатите години беа сведоци на доминацијата на нивните ривали, тогаш можат да бидат презадоволни од стартот на новите сезони во Формула 1 и Мото ГП, бидејќи конечно нивните идоли почнаа да победуваат. Ферари го најави својот камбек со успесите во Формула 1, додека Валентино Роси во тесна борба со возачите на неговиот поранешен тим Дукати, се избори за победа на отворањето на новата сезона во Катар. Возачот на Јамаха победи со само две десетинки предност во однос на Андреа Довициозо од Дукати, додека Андреа Јаноне на третото место беше две секунди зад нив, поради што „докторот“ изјави дека

ова била најдобрата битка што ја имал во кариерата. Тој стартуваше од осмата позиција, а во средината од трката се впушти во борба со водечкото трио, во кое покрај возачите на Дукати беше и неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо, а до втората позиција стигна на 3 круга пред крајот. Финишот потсети на трилерот од Барселона пред неколку години, кога неколку пати се менуваше во водството со Лоренцо, а овој пат таа улога ја имаше Довициозо, но деветкратниот шампион повторно излезе како победник. Наспроти славјето за комплетниот италијански подиум, тројцата Шпанци кои беа доминантни минативе три сезони се најдоа од четвртото до шестото место: Лоренцо, Мар-

Победнички подиум, Катар

Валентино Роси

кез, Педроса. - Ова беше мојата најдобра битка во кариерата. Последниве три сезони имав солидни трки и стигнував до подиумот, но да се направи камбек со победа е нешто поинакво. Среќен сум бидејќи имавме многу проблеми за време на тренинзите и на тестирањата, но работевме напорно и во текот на сите 22 круга бев силен. Пред сѐ мораш да имаш среќа, но работата со тимот за време на викендот направи разлика во мојата брзина во трката,- рече Роси, кому ова му е 83. победа во најсиланата класа, а вкупно 109 во кариерата. - Не можам да кажам дека сум среќен, иако сум нешто повеќе од една десетинка зад Валентино. Бевме блиску и ја посакувавме победата. Но мораме да бидеме и реални, со нашиот мотор немаме поминато многу километри, па да се биде на чекор од победникот е сепак специјален момент за нас. Ова е посебен резултат за Дукати и за мене, по се низ што минавме овие две години, ова доаѓа како награда за работата што сме ја одработиле до оваа точка,- рече од своја страна Андреа Довициозо. Од своја страна Лоренцо изјави дека се надевал на победа, но проблемите со визирот на кацигата му ја намалиле видливоста за речиси 50%, поради што морал да олабави со темпото. На проблеми се пожали и Дани Педроса, кој поради болки (грчеви) во подлактиците се борел со управливоста на мотоциклот. Следната трка од Мото ГП шампионатот е закажана на 12 април во Остин, Тексас. • Александар Табаковски Тимот на Ducati

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

43


СПОРТ

Формула 1 во 2015

Ренесанса на Ферари за поинтересно првенство

Отворањето на сезоната во Формула 1 донесе очекувано силни перформанси од ланските шампиони, Луис Хамилтон и Мерцедес, но напредокот што го постигна Ферари е топ-тема што ветува жешки дуели во претстојните трки. Победничкиот подиум , Малезија 2015

М

екларен и Ферари ќе го имаат главниот збор во светското првенство на Формула 1 за 2015 година, гласи заклучокот што се наметнува по првите две трки од новата сезона. Зимските тестирања донекаде дадоа најава за таков расплет, бидејќи перформансите покажани тогаш сепак се блиски до она што го гледаме на патеките. Мерцедес демонстрираше сигурен од уште на првата трка во Мелбурн со освојување на пол позиција и поставување најбрз круг во трката од страна на победникот Луис Хамилтон. Розберг

44

го следеше во чекор, но третото место на Фетел, далеку пред другите ривали беше првата потврда за ренесансата на Ферари, додека кавгата што изби меѓу досегашните партнери Ред Бул (од една страна) и Рено (од друга страна), само го потврди таквиот распоред на силите. Доминацијата на Хамилтон во Мелбурн навистина не остави простор за сомнеж во квалитетите на Мерцедес, ниту да се напише нешто друго за неговиот успех, освен дека беше јасно видлив со секое излегување на болидот на патеката, па конечниот исход со „еден-два“

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

на сребрените стрели беше логичен расплет. Наспроти ова, победата на Ферари доаѓа по пауза од две години: последен пат италијанскиот тим се радувал на првото место на Алонсо во Шпанија 2013 година, а сега со Себастијан Фетел како нов лидер на ергелата од Маранело, славеше на трката за Големата награда на Малезија возена на патеката Сепанг. Брзината во трка на црвените болиди исто како и во Австралија се покажа дека е значителен фактор, кој надополнет со подобра стратегија во малезиската трка, беше пресу-


СПОРТ

Луис Хамилтон, Мелбурн 2015

ден момент за победата на Фетел, кој имаше две застанувања во боксот, додека возачите на Мерцедес имаа покомфорна стратегија со три пит стопа, која беше делумно нарушена со едно излегување на возилото за безбедност. Истовремено, може да се забележи дека на жешките патеки како оваа Мерцедес потврди дека има проблем со засилена деградација на гумите, со што покажа дека е ранлив, а Ферари имаше доволно среќа тоа да го искористи. - Веројатно бевме побрзи од нив во трката, но видовте дека Мерце-

дес иако е побрз од некои болиди за секунда ипол, не може лесно да ги престигне кога ќе се најде заглавен зад нив. Значи ако си една или две десетинки побрз, колку што ние веројатно бевме, тоа е супер-тешко да се претвори во престигнувачки маневар. Мерцедес би можел да ја смени стратегијата и да не победи со едниот болид. Возилото за безбедност ни донесе шанса да излеземе пред нив на безболен начин,анализираше по трката техничкиот директор на Ферари, Џејмс Елисон. За Фетел, кој стартуваше од второто место, ова е прва победа со

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Ферари по трансферот оваа зима, воедно прва по бразилското гран при во 2013 година кога ја освои четвртата титула. - Ова е остварување на мојот сон. Едноставно останав без зборови. Михаел е мојот херој од детството и навистина не можам да поверувам дека сега и јас стојам на ова место претставувајќи го Ферари. Ова е нешто специјално, - изјави возбудениот Фетел при интервјуто на подиумот. - Имам извозено само две трки, но горд сум на ова денеска. Ги победивме чесно, па поради тоа сум поемотивен. Ова е одлично постигнување и имаме одличен болид. Денов е специјален и ќе остане запомнет, ќе биде дел од мене. Му благодарам на тимот, „грацие Италија“. Сакам да прославиме вечерва и добро да се „натопиме“,додаде Германецот. Скај Спорт ја издвои реченица „чесно ги победивме“ за да потенцира дека поранешниот тимски колега на Фетел, Даниел Рикиардо, кој лани во три наврати славеше кога Мерцедес се соочуваше со проблеми, де факто е негиран од четирикратниот првак како „недостоен“. Хамилтон и Розберг го комплетираа малезискиот подиум, додека Кими Раиконен ја докажа добрата форма на Ферари, напредувајќи од единаесеттото до четвртото место, иако при еден контакт со Фелипе Наср заработи дефект на задната лева гума. Во последните кругови од трката, Ботас се избори за петтата позиција пред тимскиот колега Фелипе Маса, додека Макс Фершатепен со пласманот на седмото место стана најмладиот освојувач на бодови во шестдецениската Ф1историја. Добриот резултат за Торо Росо беше надополнет со пласманот на вториот возач, Карлос Саинц, на осмото место, по што следуваа двајцата возачи на првата екипа Ред Бул, Квијат и Рикиардо. Следната трка се вози за Големата награда на Кина на 12 април. • Александар Табаковски

45


СПОРТ

Колумна: „Своерачно“ СЕ РАСТУРА ЛИ БРАКОТ НА РЕНО И РЕД БУЛ? Доминатната „еден-два“ победа на Мерцедес во Австралија предизвика ново негодување кај Ред Бул, екипата која што четири години претходно владееше со најбрзите болиди на светот. - Ќе ја разгледаме ситуацијата на лето, како и секоја година, ќе се осврнеме на трошоците и приходите. Ако сме тотално незадоволни, ќе размислуваме за напуштање на Формула 1. Опасноста е таа, можеби Матешиц (сопственикот на Ред Бул) ќе ја загуби страста за Ф1,- рекол Д-р Хелмут Марко, советникот за моторспорт во компанијата за енергетски пијалоци. - Овие мотори се погрешна солуција за Формула 1. Тоа ќе го изјавев и доколку Рено победуваше. Надвладеани сме од една инженерска формула. И ние сакаме намалување на трошоците, но не се случуваат на ваков начин. Дизајнер како Адријан Њуи е кастриран со ваквата формула за моторите. Овие правила ќе го уништат спортот,- додал Австриецот. Француската фабрика остро реагираше по најавите на Ред Бул за повлекување од Формула 1, како и критиките упатени кон нив од страна на австрискиот тим. Официјалниот одговор го даде Сирил Абитебо, оперативен директор на Рено Спорт, кој реши да реагира откако Кристијан Хорнер оцени дека „моторот бил невозлив“, а Адријан Њуи додаде дека „не се гледа светлото на крајот од тунелот“. - Произведуваме мотори за Формула 1 веќе 37 години и знаеме што треба да направиме,- изјавил Абитебо за францускиот весник „Л`Екип“. - Може да се вратиме многу брзо, како што и се оддалечивме. Сепак, борба со Мерцедес од типот „тркало до тркало“ нема да се случи веднаш. Ние победувавме заедно со Ред Бул, а денеска не сме комфорни заедно. Сѐ до сега, ги следевме и ги слушавме. Веројатно сега сфаќаме дека постојат различни универзуми меѓу шасијата и моторот, а секој треба да си ја заврши работата. Купувањето на Торо Росо и натаму претставува можност. Можеби тоа е одговор на прашањето дали сакаме поголем ангажман во Формула 1 или не. Но, пред да почнеме да размислуваме за развој на шасија, ќе мора да бидеме сигурни дека сме ги корегирале проблемите со шасијата. Тоа е приоритет и мора да реагираме,- рекол францускиот инженер. Имавме развојни решенија во последен момент, кои го прескокнаа нашиот стандарден процес на валидација, особено на симулаторот во лабораторијата. Тие промени направија проблем во Мелбурн. Тоа е она на што ќе се фокусираме по враќањето во фабриката, а пред заминувањето за Сепанг. Бевме агресивни бидејќи Ред Бул не поведе во беспоштедна трка во развој на болидот. Мора да се запрашаме себе како да продолжиме со нив, а притоа да не ги заборавиме нашите традиционални методи.

46

Изедначи, па владеј!? Доколку се издвои само еден дел од погонскиот систем на Мерцедес и истиот се забрани, тоа не е гаранција дека крајниот ефект ќе биде постигнат.

П

рвата трка во Австралија не го донесе очекуваното приближување на некои екипи до водечките, поради што се слушнаа повици за интервенции во правилата и обезбедување изедначеност на сите тимови. Ваквите повици беа најгласни од страна на Ред Бул, кој поседува два тима во Формула 1, а масло на огнот додаде промоторот на првенството, Берни Еклстоун, кој се согласи со ваквите барања и рече дека постои можност тоа да се стори. Тој се повика на договорот со кој екипите и организаторите го регулираат учеството, правата и обврските, истакнувајќи дека претходниот претседател на ФИА, Макс Мозли, вовел клаузула со која федерацијата смее да реагира во случај кога еден тим ќе продуцира некое решение што ќе го направи недостижен, а другите екипи за развој на истото би требало да потрошат многу пари и време за да го достигнат. Пример за вакво делување имаше во 2009 година, кога беа воведени двојните издувни дифузери од страна на Браун ГП, со што Џенсон Батон ја освои титулата во сезоната против далеку помоќната конкуренција, иако екипата претходно (како Хонда Ф1 беше на дното на табелата) и во пресрет на новата сезона беше продадена на Рос Браун за да продолжи да се натпреварува. Со тоа, Берни меѓу редови го нападна концептот на новиот претседател, Жан Тод, кој во својот прв мандат ги донесе новите правила за воведување на турбо моторите, во пакет со воведувањето на двојно поголеми извори на обновлива енергија (ЕРС), за комплетирање на „зелениот имиџ“ на спортот, при што драстично се намалува потрошувачката на гориво и емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата. Нема некое посебно нешто, конкретен изум, кој ФИА би можела да го забрани, за да воведе таква изедначеност, за каква што зборуваат Ред Бул и Еклстоун. Доколку се издвои само еден дел од погонскиот систем на Мерцедес и истиот се забрани, тоа не е гаранција дека крајниот ефект ќе биде постигнат. Дополнително, кавгата меѓу Ред Бул и Рено исфрли на површина нови елементи во приказната каде можеби се крие фрустрацијата за лошите резултати. Рено 04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

на обвинувањата возврати со „муабет“ за купување сопствен тим, дека постоеле неверодостојни информации од страна на Адријан Њуи за шасијата по што тие натаму постапиле во процедурата на подготовката на моторот, како и дека поради инсистирањата на Ред Бул за што побрзо решение на некои појави во софтверот за моторот, биле направени промени кои не биле доволно тестирани, по што се појавиле проблеми. Сето ова дополнително отсликува дека не се исцрпени сите можности за решавање на кризата во рамките на сопствениот тим, за да може да се повикува на некаква промена на правилата. Ред Бул и Торо Росо сега се единствените тимови кои ги користат моторите на Рено, додека постојат три други екипи (освен фабричката) кои користат мотори на Мерцедес, но само една од нив постигнува подобри резултати од „бунтовниците“. Капак на се е добриот резултат на Ферари воАвстралијаиМалезија,доближувањето до Мерцедес и борбата за првите места без никаква друга интервенција. Возобновената екипа Марусија, која не настапи во Австралија, во Малезија првпат излезе на патеката со свој болид и мотор од Ферари, и комплетираше дистанца од цела трка, иако со три круга задоцнување зад лидерите. Спротивно од ова, Ред Бул и Рено веќе загубија еден мотор, а имаат ограничена употреба на пет агрегати за трки во една сезона. Повикот за изедначување колку што е добар за спортот како можност за поинтересни трки, толку е лош од аспект на негирањенановитетехнолошкирешенија кои би можеле да најдат примена во современата автомобилска индустрија. Во случајов, согласно претходно изнесените примери, моето мислење е дека не треба да има реакција од страна на ФИА во овој момент. Рено во повеќе наврати докажал дека е фабрика која што знае да произведе шампионски мотори, па притисокот кој го прави Ред Бул врз нив во моментов, резултира со автогол. За тоа, не можат да бараат помош од другите, туку треба да ги преиспитаат своите интерни решенија. • Своерачно, Александар Табаковски


СПОРТ

Максимилијан Ферштапен

Младиот Макс, вооружен и опасен Откако на првата трка во Австралија, Макс Ферштапен стана најмладиот возач што стартувал во Светското првенство на Формула 1 со 17 години и 166 дена, тој ја надгради својата биографија станувајќи и најмладиот возач кој некогаш освоил поени, пласирајќи се на седмото место во Малезија.

Т

рендовите се менуваат во сите сфери од животот, па и при изборот на возачите во Формула 1. Ако на почетоците од светското првенство доминирале искусните возачи кои имале над 50 години, тогаш шест децении подоцна во елитата на авто-мото спортот влегуваат пилоти кои се уште не ја завршиле својата тинејџерска фаза. Во неколку наврати, промотор на ваквите потези беше Ред Бул, кој преку својот втор тим им даде шанса на Себастијан Фетел, Хаиме Алгуерсуари, а сега и на Максимилијан Ферштапен. Во моментот кога веста беше објавена, тој сѐ уште имаше 16 години, но дебитираше на 17 години и 166 дена. По трката во Малезија, веќе е сопственик и на нов рекорд, како најмлад возач кој освоил поени во светското првенство на Формула 1, со 17 години и 180 дена.

Како и повеќето современи возачи, неговите почетоци се од најраното детство, па во официјалните биографски податоци е наведено дека првпат седнал зад волан во картинг на четири годишна возраст. Тоа се чини дека е логичен чекор за некој кој е син на поранешен Ф1 пилот (дури и тимски колега на Шумахер во Бенетон при освојувањето на првата титула), како и мајка со искуство во картинг трките, при што зад името на Софи Кумпен стојат и две титули во белгиското картинг првенство, но и победа на трката Трофео Маргути во Италија, каде што возеле пилоти како Јарно Трули и Џанкарло Физикела, кои подоцна направиле респектабилни кариери во Формула 1. Младиот Макс освоил се што може со картингот на 15 годишна возраст, вклучувајќи и една титула светски првак, по што од 2013 година се одлучува да тестира со Формула Рено 2.0 (во октомври), а на следниот тест (во декември, на патеката Херез) обезбеден од Јозеф Кауфман Рејсинг, возел побрзи времиња од некои поискусни возачи во Формула Рено. Слично поминал и на тестот одржан во Валенсија, блескајќи пред поискусните колеги, па во 2014 се одлучил да вози во Европската Формула 3. На крајот од сезоната бил третопласиран, но имал 10 победи (повеќе од шампионот), што на Ред Бул му бил доволен сигнал дека во рацете има „неизбрусен дијамант“. Именувањето на Фершатепн во Формула 1 не помина без никакви реакции, напротив ФИА донесе правилник за тоа како можат младите возачи во иднина да станат Ф1 пилоти, со што неговиот брз трансфер во елитното друштво нема да може да се повтори, барем не во блиска иднина и на сличен начин. Меѓу другите одлуки, возачите ќе треба да имаат 18 години, регуларна возачка дозвола, како и две годишно искуство во пониските категории на формули.

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

Макс Ферштапен со инжењер од екипата Toro Rosso

Макс Фештапен и Карлос Саинц, тимски колеги во Toro Rosso

Сепак, со своите досегашни настапи Ферштапен покажа дека критериумите на ФИА се навистина строги и дека тој засега добро се снаоѓа во новото првенство. Интересно е што Белгијците и Холанѓаните почнаа медиумски спор за тоа чиј возач треба да биде младиот Ферштапен, бидејќи тој по разводот на неговите родители живее во Белгија и има тамошна лична карта и пасош. Од друга страна, за неговата кариера најмногу се грижи татко му и други Холанѓани, како што беше Ф3 тимот со кој возеше, што доведе до тоа тој да изјави дека се чувствува повеќе како Холанѓанец кога трките се во прашање. Ако некогаш „бесниот Макс“ беше прекарот увезен од филмската индустрија со цел да се подигне имиџот на некој возач, сега ситуацијата е обратна: „Младиот Макс“ веќе звучи доволно страшно за неговите ривали. „Вооружен“ со болид што е способен да освои поени, тој е опасен не само за своите врсници, туку и за возачи како оние од сеноирскиот тим на Ред Бул, Рикиардо и Квијат, кои во Малезија финишираа зад него. • Александар Табаковски

47


СПОРТ

Рели Мексико

Победа во Мексико за хет трик Себастијан Ожие е незапирлив. Три победи, од три релија на почетокот на сезоната. Учинок од 100% кој после само три настани му овозможува да се одлепи од второпласираниот со предност од 34 бода.

Н

е постои друг термин освен тотална доминација на Себастијан Ожие и на тимот на Volkswagen во Светскиот шампионат во рели. Доминацијата продолжува трета година по ред, а резултира со три победи од три релија на почетокот од сезоната. Се чини дека не постои сила што ќе го сопре Ожие во походот по својата трета титула едно по друго. Иако е рано да се коментира исходот на сезоната, сепак, ако по утрото де-

48

нот се познава тогаш нема да биде изненадување ако Ожие се закити со трета круна. Релито во Мексико мина под целосна доминација на Французинот зад волан на Германска машина. Ожие поведе од првиот брзински испит. Постави темпо кое другите ниту одблиску не можеа да го следат. Обидите на Јари-Мати Латвала, тимскиот другар на Oжие, Крис Мик со Citroen DS3 и Тиери Нувил со Hyundai i20, да фатат чекор со шам-

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

пионот останаа безуспешни. Латвала и Мик заради проблеми на крајот останаа надвор од првата десетка, додека Нувил успеа да се довлечка до осмото место. Нивните проблеми ги искористија Мадс Остберг и Андреас Микелсен и завршија на второто, односно третото место соодветно. Оваа возачка двојка од Норвешка водеше жестока битка за второ место. На моменти се чинеше дека Микелсен ќе ја извојува оваа мини борба и ќе застане рамо


СПОРТ

до рамо со својот тимски другар Ожие. Сепак тоа не се случи. Микелсен ја пропушти приликата да создаде поголема предност кога Остберг се сврте и загуби драгоцени секунди. Но, брзо се прибра, се врати на брзинецот и успеа да крајот на релито да го победи својот сонародник за втората позиција. Вистинско изненадување на релито во Мексико беше Британецот Елфин Еванс зад волан на Ford Fiesta од тимот на M-Sport. Еванс, иако млад,

трпеливо ја градеше позицијата низ целото рели за на крајот да заврши на четвртата позиција. Во колку успехот на Еванс e радост за тимот на M-Sport, излетувањето на От Танак од Естонија е трагедија со среќен крај, барем што се однесува до Танак и неговиот совозач Раиго Молдер. Тие излетаа на првиот брзинец и слетаа во езеро крај патот. Среќа реагираа навреме и излегоа од автомобилот додека тој тонеше во езерото. Секако после

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

10 часа минати во вода возилото на Tанак не можеше да го продолжи релито. По три релија водечки во шампионатот: Себастијан Ожие на второ место со голема разлика од 34 бода. Него го следи тимскиот другар Андреас Микелсен, додека третото место му припаѓа на Тиери Нувил. Следното рели се вози кон крајот на Април нз непредвидливите патеки на Аргентина. • Љубо мир Анастасовски

49


членство

ЧЛЕНСТВО Со само еден допир до безгрижни патувања

АМСМ мобилна апликација

Во подготовката за патување, може да се случи да заборавите било што, но сигурно никогаш досега не ви се случило да го заборавите својот паметен мобилен телефон. Некој ќе рече дека сме станале зависни, но сакале ние да признаеме или не, без него сме по малку „изгубени“. Дали има застој на патот кон Скопје-Охрид, колку се чека на граничен премин „Богородица“, што да направите ако ви се случи дефект на пат во Македонија или Европа... Токму такви информации, на само еден допир ќе најдете во бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за Android и iPhone базирани мобилни телефони.

Состојба на патишта Со опцијата „Состојба на патишта“, имате можност брзо, лесно и едноставно да се информирате за состојбата на локалните и регионални патни правци, како и за состојбата на граничните премини во Р.Македонија. На овој начин можете навремено да го планирате своето патување, избегнувајќи го ризикот, заради неинформираност да патувате преку затворени или непроодни патни правци или да се најдете во километарски колони на граница.

Помош на пат Постојат дефекти на пат кои можат да се случат без разлика дали возилото со кое патувате е ново или постаро. Секогаш можете да се обидете сами да ја замените дупнатата гума или да се обидете „со туркање“да го стартувате возилото кое изгаснало од којзнае какви причини. Но, можете ваквите проблеми да ги решите и многу полесно, побрзо и поедноставно. Со опцијата „Помош на пат“, имате можност каде и да се наоѓате, со само еден допир да пријавите дефект на пат. Доколку можете точно да го идентификувате настанатиот дефект избирате некоја од понудените опции (сообраќајна незгода, механички проблем, празен акумулатор итн.) или избирате „Останато“ ако не сте сигурни за каков дефект станува збор. Потоа останува само да изберете дали сакате дефектот да го пријавите преку СМС порака, за што претходно мора да ги имате внесено податоците за вашето возило, или преку телефонски повик. Во секој случај, АМСМ Службата за помош на пат, ве лоцира и преку повратен телефонски повик ве информира за времето на пристигање на службата на местото на кое се наоѓате. Притоа, не заборавајте дека за АМСМ членови услугите „Помош на пат“ и „Шлепување се бесплатни“. Симнете ја АМСМ мобилната апликација, која е бесплатна и можете да ја најдете на Google Play и App Store и патувајте БЕЗГРИЖНО! • Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk

50

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

04/2015 • www.amsmklubmobiliti.mk


%

%

%

Тел.: +389 (0)2 3181-181 Факс: +389 (0)2 3181-119 ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 Пош. фах 180, 1000 Скопје, Р. Македонија www.amsm.mk

Специјална првомајска понуда за Грција за АМСМ членови!

Од 1.850 ден. за 2 ноќевања во студио и од 2.990 ден. за 2 ноќевања со појадок во хотел Инфо на 02/3181-108

Заштедете со АМСМ ПАРТНЕР попустите! АМСМ Партнер - Попуст за членови!

1


Содржина 2 АМСМ Партнер програма

12 ГЕВГЕЛИЈА

2 АМСМ Членство

13 БИТОЛА

2 АМСМ Попусти

13 КИЧЕВО

3 СКОПЈЕ

14 ШТИП

8 ОХРИД

14 велес

8 СТРУМИЦА

14 кавадарци

10 КУМАНОВО

15 струга

10 ПРИЛЕП

15 маврово

11 КРУШЕВО

15 РАДОВИШ

11 ТЕТОВО

16 Автомото друштва

амсм партнер ЗАШТЕДИ со АМСМ членската картичка каде и да си! АМСМ Партнер програмата во рамките на АМСМ членството Ви нуди низа попусти и поволности низ цела Македонија. Покажете ја АМСМ членската картичка и попустот е ВАШ. Треба само да го препознаете логото на АМСМ Партнер програмата на влезот на објектот за да знаете дека тука ќе добиете попусти или поволности кои АМСМ ги обезбедува за своите членови. АМСМ Партнер програмата Ви овозможува: • Попусти во ресторани • Попусти во кафулиња • Попусти во продавници • Попусти во спа-центри • Попусти во кина и во театри ...и безброј други поволности низ Македонија! Сите бенефиции во рамките на АМСМ Партнер програмата можете да ги погледнете на www.amsm.mk, како и во АМСМ мобилната апликација за iPhone и за Android базирани телефони. За поедноставно решение, Ви ја подготвивме оваа брошура со сите АМСМ партнери, која заедно со Вашата АМСМ членска картичка, не заборавајте да ја понесете каде и да одите.

амсм членство

Classic

Europe premium

Light

бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода

Чувството да бидеш дел од семејството

бесплатно шлепување при дефект

бесплатна помош на пат

извлекување

покривање на патни трошоци

Долгогодишното постоење и искуство ни овозможи да подготвиме различни категории членски пакети чии услуги и попусти се приспособени кон Вашите желби и потреби. Да сте дел од нашето семејство значи многу повеќе од Ваша безбедност, тоа значи да му овозможите на целото Ваше семејство сигурност во секој поглед, каде и да сте.

бесплатни сервисни акции: летна и зимска проверка на возилото

травел инфо-сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство

Show your Card! попусти во Македонија, Европа, САД и во Канада

AМСМ членските пакети: Classic, Europe premium и Light Ви ги нудат следните услуги:

АМСМ Партнер попусти во Македонија

членско списание „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса

попусти во системот на АМСМ

можност за кампинг-картичка CCI за попуст во над 1.100 кампа во цела Европа

Услуги

рентакар

Newsletter

Услуги во Европа бесплатна интервенција при дефект

бесплатен пренос при сообраќајна незгода

покривање на патни трошоци или рентакар

хотелско сместување

амсм Попусти АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk 2

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги www.amsmspi.mk


СКОПЈЕ

РЕСТОРАНИ

YoGOOD - frozen yogurt 20% попуст Сити Мол 2 кат, (food corner)

Ресторан „СКАЛА“ 10% попуст ул. „Наум Наумовски-Борче“ 88б (Градски парк) тел. 02/ 3127-095

Гостилница „Скара Бар” 10% попуст Ул. Варшавска бр.70 075 727110 facebook.com/Skarabar

Ресторан „ДЕН И НОЌ“ 10% попуст ул. „Скупи“ бр. 1 тел. 02/ 3096 096, 3095 666 www.deninok.com.mk

Кафе слаткарница „ZOOM SERIE“ 10% попуст ул. „македонија“ бр.5 тел. 02/ 609 1 648

Коноба „Frutti di mare“ 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр. 5 тел. 02/ 313 21 45 www.fruttidimare.com.mk

Етно ресторан „К’смет“ 10 % попуст Ул.50 Дивизија тел: 02 321 4514

Клуб ресторан „Ragusa“ 10% попуст ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 2a Центар (поранешно YUCAN) 02/3212-919 www.ragusa.com.mk

Пицерија „Фуфо Галија“ 15% попуст ул. Водњанска тел. 02/ 3112-486

Ресторан „Мирко 919“ 5% попуст на свадби ул. „Гаврил Константиновиќ“ бр. 76 населба Лисиче - Аеродром тел. 02/ 2439-157

ресторан „Томче Софка“ 10% попуст Градски Парк (Ј.Х.Џинот 14) тел. 02/ 3117-250

Ресторан „Скопски Мерак“ 10% попуст Дебарца 51 (Дебар маало) тел. 02/ 3212-215

Бистро „Барбакан“ 10% попуст (не важи во петок после 16 ч.) Булевар 8-ми Септември тел. 02 307 5093

Ресторан „Венето“ 10% попуст Сити Мол 2 спрат тел. 02/ 3086-660

Шпански ресторан „АЗАФРАН“ 10% попуст ул. Ленинова 33-7A тел. 070/274 173, 02/32 21 907

Кубански ресторан „Casa Cubana“ 15% попуст до 21:00 часот Кеј 13 ноември Ресторан „REVISTA“ 15% попуст ТЦ Лептокарија тел. 02/30 777 59 10% попуст ул. „Раде Кончар“ бр.3 Дебар маало тел. 02/ 3211-484

O LA LA - pastry shop 15% попуст Кеј 13 ноември 8/1-1 , ГТЦ www.olala.mk КАФУЛИЊА Кафе-ресторан „ТРЕНД“ 10% попуст плоштад „Македонија“ тел. 02/ 3132-425 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 3


СКОПЈЕ „Кафе ди Рома“ 20% попуст ул. „Македонија“ бб www.ilcaffediroma.com

„MY TIME“ watches and jewelry 10 % попуст Сити Мол, Рамстор и ГТЦ www.mytime.mk

Кафе-бар „СТОБИ“ 15% попуст до 22 часот ГТЦ приземје

„iSTYLE“ Apple Premium Reseller 5 % на компјутери, 10 % на акцесоари Сити Мол, приземје 02 3096 985 www.istyle.mk

Кафе-бар „9“ 15 % попуст ТЦ Беверли Хилс

продавница за накит

Слаткарница „New York“ 10 % попуст Ул.„Пиринска“ бр.45 локал 6 Тел. 072 757 474 Тел. 02 311 44 22

Салон за пневматици и фелни „Мотоцентар“ 25% попуст на гуми и 20% попуст на сервисни услуги Бул.Србија бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница) www.motocentar.mk

ХОТели Хотел „РАДИКА“ с.Леуново-Маврово 10% попуст на пансионски услуги Тел. 042 22 33 00 Тел. 075 325 306 info@radika.com.mk www.radika.com.mk

ШОПинг Книжарница ПРОСВЕТНО ДЕЛО 10% попуст во сите книжари на Просветно Дело

Салон за пневматици „STOP & gO“ ул. „Скупи“ бб 20% попуст тел. 02/ 3097-202 www.stop-go.com.mk „Техномаркет“ 5% попуст

Скопје: Бутел, Ѓорче Петров, Градски плоштад, Аеродром, Градски стадион, Кончар и Годел www.technomarket.com.mk

МАКЏИНС ДООЕЛ 20% попуст mail: mak.jeans@hotmail.com

4

Bohemia Jewlery ,Swarovski

10 % и подарок за над 20 000 ден. Веро Центар

бутик Шевињон 15 % попуст ГТЦ (прв кат) , ТЦ Буњаковец (приземје), Сити Мол тел. 02 / 3 214 411 бутик за спортска опрема „Делта Спорт - Nike“ 10% попуст Сити Мол 2 кат, ТЦ Рамстор 1 кат, плоштад Македонија накит и часовници „Oxette“ 10% попуст ГТЦ 1 кат тел. 071 380 292 Сити Мол тел. 071 380 293 ТЦ Рамстор тел. 071 225 258 SIGNORI 5% попуст на одело ул. Васил Главинов 3/5 тел. 072 590 590 Оптика „BETA OPTIQUE“ 10% редовен попуст и 5% дополнителен попуст на производите кои се веќе на намалување Бул. „Св. Климент Охридски“ 63/2 тел. 02 3227 995 ул. „Максим Горки“ 21 тел. 02 3246 698


СКОПЈЕ Бутик „PIERRE CARDIN“ 10% попуст, ГТЦ приземје тел. 02/ 3135-464 „НОВУС“ 10% попуст на сите услуги Напомена - попустот се однесува на услугите, не и на производите ул. „Првомајска“ бб тел. 02 2700-070 www.novus.com.mk Бутик за кошули „Ла Камичерија“ 10% попуст, „Веро Центар“ Продавница за накит „BETA JEWELS“ Misaki 10% редовен попуст и 5% дополнителен попуст на производите кои се веќе на намалување ТЦ Рамстор тел. 02 3224 860 Продавница за детски колички и детски авто седишта

BABY BLU

10 % на авто седишта Сити Мол 2 кат бул.Јане Сандански бр.79а лок.10

Фотостудио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“ 20% попуст ул. „Димитрија Чуповски“ 31-2/2 тел. 02 3227-080 Отика Италиана 20 % попуст и бесплатна проверка на диоптрија Веро Центар тел. 02 3 163-163

Pet shop „Pet supplies“ 10% попуст ул. „Рузвелтова“ бр.23, Автокоманда - спроти ветеринарна болница www.petsupplies.mk САНМАРТИ - Салон Aqua Bau Market 10% попуст ул. „Пролетерска“ - 54 А ул. Илинденска - 134 02 2037 070 www.sanmarti.com.mk Тесори ди маре -ТЦ Рамстор (приземје) козметичкии тоалетни препарати и сувенири • 10% на Casyopea и Verona • 5% на La Soy Тел: 070-468-163, 075-416-628

Музеј на македонската борба-Скопје 50% попуст (се однесува само за индивидуални посети) Иљо Војвода ББ, п.ф.211 тел. 072422986, 02 3256667

Картинг центар ART 10% попуст бул. 8-ми септември бб (во рамки на СЦ „Борис Трајковски“) тeл. 02/3061-202

Клучар „Баже“ 10% попуст ул. „Јордан Мијалков“ бр. 6 тел. 075 426-220

Бутик „СОРБИНО“ 10% попуст, ГТЦ 2 кат

Бутик Quiksilver/Roxy 15% попуст ГТЦ приземје „Авто Мобил“ 10% попуст, тел. 02 2658 632 Бутел (позади бензинската пумпа на Макпетрол) Аеродром (во рамки на ф-ка „Раде Кончар“) Рачна изработка на модни додатоци 20% попуст Рамстор приземје „МОМЕНТ МАЛ“ 20% попуст Училиште за странски ул. „Михаил Чаков“ бр. 7А-1-3 јазици, превод, лектура тел. 02 5201086 Авто перална „КОПЛА ДВ“ 20% попуст / со секое миење на возило бесплатен паркинг 2 часа ул. Огњен Прица бр.1/4 Јужен булевар спроти Монтенегро и Магнус тел. 078/366-656

Бутик „Бубу“ - ТЦ Беверли Хилс 10% попуст Тел: 02/ 3211-974 Јазичен образовен центар„АПОЛО“ 10% попуст Тел: 078 449 677 www.apolo.mk ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ Туристичка агенција „Оскар Травел“ 5 - 7 % на аранжмани, Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски www.oskartravel.com.mk Туристичка агенција „Далас Унион“ 3 - 7 % на аранжмани, 10 евра на авио билети ул. „Дебарца“бр.29 1000 Скопје, тел. 02/ 3222-981 www.dalasunion.com.mk АМСМ Партнер - Попуст за членови! 5


СКОПЈЕ здравје и убавина ПЗУ Универзитетски стоматолошки центар, проф д-р Бојо Андрески Ул. М.Х.Јасмин бб 10 % попуст на стоматолошки секундарни услуги www.eurmdentalcentar.mk Студио „ФИГУРЕЛА“ 10% попуст ул. „Орце Николов“ бр. 68 тел. 02 6090-610 www.studiofigurella.mk

Салон за естетика „БЕЛИСИМА“ 10% - 30% попуст Бул. „Јане Сандански“ бр.15-1/3 тел. 070 398-829

Модно студио ФРАН 15% попуст на уникатна дизајнерска креација и 30% попуст на свечен make-up ул. Васил Главинов 3/5 тел. 070 630-306

Центар за масажа „ФИЗИОМЕД“ 10% попуст ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11/2-8 тел. 070 588 562

Хало СПА центар 20% попуст Влае позади Тинекс тел. 02 6133 087 / 071 27 27 99 www.halomedika.com.mk стоматолошка ординација ПЗУ Дента Нова 20% попуст ул. Дебарца бр.51 тел. 075 471-947

Центар за слабеење,фризерски и козметички услуги Силуети 10% попуст Салон Скопје Центар Ул.Васил Главинов 7б тел. 02 3 13 13 13 Салон Скопје - Сити Мол II кат тел. 078/334 304 www.silhouette.com.mk Поликлиника за очни болести „Офталмос“ 50% попуст на основниот офталмолошки преглед ул. „8 Ударна бригада“ бр. 20 тел. 02 3 222 533 www.ophthalmos.com Асеана Спа 10% попуст ул.Орце Николов бр.190 (ламела 4) тел. 02 3246-442

Центар за естетска дерматологија и козметикологија Ла Белеза 10 – 30 % попуст во зависност од услугата Бул.В.С.Бато бр.3 тел. 02/ 2 430 432 www.labellezza.mk Фитнес центар-Фитнес Револуција 10% попуст ул. Водњанска бр.60 тел. 070 390-656

природни козметички производи Hemel 10% попуст ТЦ Веро Центар

Стоматолошка ординација „M&S DENTAL“ 10% попуст ул. „Сава Ковачевиќ“ бр. 47ј 2/2 тел. 078 412 303

кина, фестивали, настани... Студио за масажа„ДАВОР“ 20% попуст ул. „Народен Фронт“ бр.5/2 локал 8 тел. 02 3177 461 / 070 550 577 www.davormasaza.com.mk

6

Креативен центар Мали Креативци 15% попуст Ул. Миле Поп Јорданов бр.50А Тел. 02/ 308 46 75


СКОПЈЕ проектирање и дизајн Изработка на мебел по мерка „Фајн Дизајн“ Скопје 10% попуст и бесплатно идејно решение тел. 070 230-124 e-mail: info@fd.mk www.fd.mk

наем на возило europcar 15% попуст за наем на возило каде било во светот Скопје: хотел „Алек. Палас“, аеродром „Алек. Велики“ и Охрид: хотел „Метропол“, Аеродром „Св. Апостол Павле“ и Тетово

тел. 02/ 3091-141 www.europcar.com.mk ЕТ ХОУМ - салон за внатрешно уредување на домот 5% попуст Ул. Скупи бр. 12, Скопје (Злокуќани) Тел: 02/ 3088-055

Резервација на наведените тел. броеви или веб-страницата. Во графата promotional/ contract, АМСМ-членовите задолжително го внесуваат кодот 421918881

„Студио Хабитат“-Проектантско студио за проектирање енергетски ефикасни објекти 10% попуст ул. Скоевска 3-2/13 (Дебар маало) тел. 070-229-691 www.studiohabitat.com.mk

хемиско чистење и водено перење Хемиско „Fresh express“ 10% попуст „Веро“ Тафталиџе и „Веро Центар“ тел. 02 3069-656

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 7


ОХРИД РЕСТОРАНИ Ресторан „Св. СОФИЈА“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бр.88 тел. 046 267-403 www.restoransvetasofija.com.mk

Пицерија „НЕМО“ 10% попуст ул. „Цар Самоил“ бб. тел. 046 253-355 www.pizzanemo.com

здравје и убавина ХОТели

Козметичко студио „ТРЕНДИ“ 10% попуст бул. „Туристичка“ 52-ц/2 тел. 070 604-357 Хотел „АЛЕКСАНДРИЈА“ 10% попуст ул. „Коста Абраш“ бб тел. 046 258-860, 258-861 www.hotelaleksandrija.com.mk

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст Ул. “7 ми Ноември” 286, Охрид Тел: 046 250 348 www.technomarket.com.mk

Хотел „Пела“ 10% попуст за сместување населба „Св.Стефан“ бб тел. 046 230-420 тел. 046 230-421 www.hotelpela.com.mk

Хотел „тино“ 10% попуст кеј „Маршал Тито“ бр.55 тел. 046 261-665, 230-450 www.hoteltino.com.mk

струмица РЕСТОРАНИ Слаткарница „Карамела“ 10% попуст тел. 078 307-670

Ресторан „Србаков“ 5% попуст ул. „Јанко Цветинов“ бр.31 Ресторан „МЕДИТЕРАН“ 10% попуст бул.„Климент Охридски“ бр.110 тел. 070 387-288 Ресторан „АРОМА“ 10% попуст ул. „Младинска“ бр. 40 тел. 078 222-123 Пица ресторан „БОНИТА“ 10 % попуст ул. „Благоја Мучето“ бр. 54 тел. 034 327 122 8

ХОТели Хотел „404“ 10% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.13 тел. 034 345-404 Мотел-ресторан „ПОДГОРСКИ АН“ 10% за сместување, 5% за угостителските услуги с. Колешино тел. 034/351-100


струмица 10% попуст ТЦ „Глобал“ тел. 070 259-123

КАФУЛИЊА Кафе-бар „19“ 5% попуст ул. „Благоја Мучето“ бр.24

Изработка на завеси и прекривки „ЕЛИЗАБЕТ“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ бр. 20 тел. 034 320 434

Кафе-бар „Маф-Маф“ 5% попуст ул. „Ј.Ј. Свештарот“ бр.20

Завеси и теписи„ПРЕЗИДЕНТ“ 5% попуст 1. ул. „Јанко Цветинов“ бр.42 тел. 034/346-053 2. ул. „Васил Сурчев“ бр. 3 тел. 034/345-053 3. бул. „Климент Охриски“ бб тел. 034/343-053 www.prezidentdoo.com.mk

ШОПинг „З.Г.Визија“ - преводи и подготовка на документи 10% попуст ул. „Ленинова“ бр.14 Струмица и Радовиш

„Мани сервис“ 5% попуст за сервис на клима-уреди за автомобили ул. „Климент Охридски“ бр. 105 тел. 034 344 655 / 075 432 474

„Нет-Линк“ - интернетуслуги и сервисирање на компјутери 5% попуст ул. „Маршал Тито“ 103 Б Бутик „Импреса“ 10% попуст ТЦ „Глобал“

„Инфо Мобил“ автоделови 10% попуст Ул. „Ѓорѓи Трајков“ бр. 28 А тел. 034 520 244 / 075 406 308 www.infomobil.com.mk ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризер „БЛОНД“ 5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 034/ 320-085 / 070 893-234

Бутик „Имиџ-М“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ Козметичко студио „ЗВЕЗДА“ „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Климент Охридски“ бр. 53 тел. 034 320-211

Салон за чевли „Невадос“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ 1 кат

Бутик „Плаза“ 10% попуст ТЦ „Глобал“ Бутик „Рекорд“ 5% попуст ТЦ „Глобал“ 43/1

5% попуст ул. „Јосиф Ј. Свештарот“ бр.26 тел. 078 452-867

ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Салон за железарија и санитарија „ЏИДАЛО“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.51 тел. 034/348 440 „Мега Принт“ - печатење и изработка на светлечки реклами 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бб тел. 034 340-988 www.megaprint.com.mk „КРИСТАЛ“ - стакларска работилница 5% попуст Зона Север бб тел. 075 214-433 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 9


куманово хотели и РЕСТОРАНИ

Бутик „Стал“ 10%-15% попуст ул. „Кирил и Методиј“ 1А

Хотел-ресторан „ХАРМОНИЈА“ 10% попуст Долно Којнаре ул. „1“ бр.93 тел. 070 211-860

Бутик „Фобо - Ивани“ 10% попуст ул. „Илинденска“ бр.72 тел. 070 313-505

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ТЦ „Сума“ ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 031 438 031

Салон за чевли „Помпа“ 5% попуст ул. „Народна револуција“ бр.51

Бутик за деца „Мартас“ 5% попуст ул. „Октомвриска револуција“ бр. 47 тел. 031 430-405

„БИАНА“ 5% попуст ул. „Доне Божинов“ бр. 18

здравје и убавина „Психомодус ЛМ“ психолошки советувања 15% попуст ул. „Фетка Наскова“ 11/1

прилеп ХОТели

РЕСТОРАНИ Ресторан „Ескалибур“ 10% попуст ул. „Кузман Јосифоски“ бр.2 тел. 048 430-100 тел. 075 353-580 Ресторан „Лидер“

10

10% попуст ул. „Браќа Ламески“ бр.30 тел. 048 411-444

Хотел „Кристал Палас“ 10% попуст ул. „Ленин“ бр.184 тел. 048 418-000 факс: 048 400-060 www.kp.mk Хотел „Салида“ 10% за сместување и 5% попуст за угостителските услуги „Иво Лола Рибар“ бб тел. 048 400-333 факс: 048 400-444 www.hotelsalida.com.mk


ШОПинг

„Техномаркет“ 5% попуст ул. „Кузман Јосифовски“ 1/1 тел. 048 402-300

Бутик „Колосеум Ексклузив“ - Стара чаршија 10% попуст Бижутерија „Колосеум Ексклузив“наспроти градскиот саат 10% попуст тел. 078 403 673

здравје и убавина Фризерско студио „Грејс“ 40% попуст кеј „1 Мај“ 53г тел. 048 426-427

„Роман“ - превоз во земјата и во странство 10% попуст тел. 070 259-499, 075 259-499, тел. 048 430-001 www.roman.com.mk

крушево ХОТел - Крушево Хотел „Монтана Палас“ 10% попуст ул. „Питу Гули“ бб тел. 048 477-121 факс: 048 477-680 www.montanapalas.com.mk

тетово РЕСТОРАНИ Ресторан „Тетоец“ 10% попуст Ајдучко Маало тел. 044 613-111 Ресторан „Бела Миа“ 10% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр. 108 тел. 044 331-332, 070 224-554 ШОПинг „ГИМЕКС“ - компјутери и сервис 5% попуст на производите 10% попуст на услугите „Веро“ Тетово ул. „133“ бр. 7 www.gimex.com.mk ТП „Ацко КВ Транс“ 10% попуст за превоз на патници ул. „Вера Циривири“ бр.14 тел. 070 555-121, 072 246-661 „Авто перална“ попуст 100 денари за перење возила Авто сервис „Тимур“ 5%-10% попуст ул. „Косовска“ бр.14 тел. 070 422-116, 070 465-668 „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр. 21 тел. 044 340-507

„ДАРАКОМ“ бои и лакови

„Авто Чајка“ 10% попуст на лимаро-фарбарски услуги и хемиско чистење ул. „Маршал Тито“ бб www.avtocajka.com.mk „Даре промет“ бои и лакови 10% попуст на производите на JUB и HELIOS ул.„120“ бр.10 5% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр. 112 ул. „Маршал Тито“ бр. 136/3 Оптика „Јовановски“ 15% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.218 „Лејди стар“ бутик за женска, детска и машка долна облека 5% попуст ул. „Јане Сандански“ бр.41 тел. 075 228-078 Цвеќарница „Мими“ 10%-20% попуст ул. „Благоја Тоска“ бр.43 тел. 078 447-708 Бутик „Џудо“ 7% попуст ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ бр. 6 тел. 044 336-760 Бутик за чевли „Маркетинг Микс“ (Џудо) 7% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.75 тел. 044 336-760 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 11


гевгелија ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Мотел „Вардар“ 10% попуст ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-267 ресторан Елени 5 % попуст Ул.радован Ковачевиќ бр.6 034 218 317 ШОПинг „Д.Н.К.В. Комерц“ - автоделови 5% попуст ул. „Радован Ковачевиќ“ бр.27 ул. „Маршал Тито“ бр. 131 тел. 034 212-445 www.dnkv.mk „ЏИВИ“ - бела техника, мебел, греење и климатизација 3% попуст за плаќање во готово и бесплатна достава ул. „Железничка“ б.б. тел. 034 214-299 www.jivi.mk Обука за а, б, ц и е категорија 10% попуст ул. „Љубљанска“ бр.13 тел. 034/215-512 070/528-170 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156 Бутик за детска облека Елена Кидс 10% попуст Ул.7-ми ноември бр.12 Тел.034 611 568, 075 481 588 ЈОСИФ КОМЕРЦ 5% попуст Ул. Маршал Тито бр.128 Тел.034 213-869 E-mail: josifkomerc@yahoo.com Дукан за електроматеријали и рзсвета Заре Комерц 5% попуст Ул.Маршал Тито 107 071 207 710, 034 212 939 Изработка на уникатен накит , откуп и поправка Голден Хит 10 % попуст Ул.Димитар Влахов бб 075 943 348 Бутик „КАН МОДЕЛС“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ - шеталиште Бутик за чевли „MODELS SHOES“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.155 Бутик за спортска опрема „MODELS SPORT“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.156 12

5% попуст ул. „Гевгелиски партизански одреди“ бр.34 Интер комерц – Железарија 5% попуст ул. 7-ми Ноември тел. 034-213-872 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 034/214-323 Фотостудио „СПЕКТАР КМ“ 10% попуст ул. „7 Ноември“бр. 45 тел. 034/213-996 070 433-702 Продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, канцелариск и школски материјал, производство на термални и адинг ролни ВАНТОНИ 2 % попуст на компјутерска опрема, 10 % попуст на канцелариски материјал Ул.Ристо Фаршини бр.20 тел. 034 215 665 Оптика Омега-В 10% попуст Ул.7ми ноември бр.2 034 550 229, 078 443 550 Авто сервис ФОРС ПЛУС 10% попуст на делови 20% попуст на услуга Ул.Борис Кидрич бб тел: 034 211-866 070-218-367 www.forsplus.mk Ице 5% попуст Ул.Деко Ковачев бр.11 Тел.034 211 859 ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Стоматолошка ординација „ДЕНТИЦИЈА“ 10% попуст ул. „Ѓорѓи Велков“ бр.6 тел. 034/215-319, 075 500-502 ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН Плочки „ИНТЕР КОРНИ“ 7% попуст ул. „7 Ноември“ бб тел. 034/213-591, 216-591 ПВЦ столарија „НИКИ“ 10% попуст ул. „Страшо Пинџур“ бр.5 тел. 034/222-560 „Маршал Тито“- Богданци Железарија „РИ-НА КОМ“ 7% попуст ул. „Момински пат“ бр.41 тел. 034/217-666


БИТОЛА ШОПинг - Битола

ХОТЕЛИ и РЕСТОРАНИ Ресторан-пицерија „Корзо“ 10% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.95 тел. 047 241-888 www.restaurantkorzo.com Пицерија „Тото“ 10% попуст ул. „27 Март“ бр.6 тел. 047 226-767 Ресторан „Елен 2“

10% попуст ул. „Владимир Назор“ бб Хотел-ресторан „КАПРИ“ 10% попуст нас. Довлеџик тел. 047/256-500

Пица-ресторан „КУС-КУС“

Бутик за долна облека „Велисиа“

Бутик „БИНЈАПИ МОДА“

5% попуст Продавница „ВИЦКО“ Комплекс Безистен тел. 047 235 496

10% попуст ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2А тел. 047 222-603

5% попуст Продавница „БОХЕМИА“ ул. „Ј. Јосифовски“ бб тел.047 237496

Ресторан „ФОНТАНА БЕ-НИ“ 5% попуст с. Бистрица тел. 047/268-599

10% попуст Бутик „ВЕЛВЕТ“ ул. „Маршал Тито“ бр. 40 тел. 047 241 900 продавница за детски колички и детски авто седишта BABY BLU 10 % на авто седишта ул. „Столарска“ бб

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА Фризерско студио „МАРИЈА-БЕЛА“ 10% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб, зграда Обител - мезанин тел. 076 964-340, 075 312-986

Продавница за сребро

SILVER MOON „Silver Moon“

Фризерско студио „ДИВАЈН “ 10% попуст ул. „Борис Буџовски“ бр.20 тел. 047/221-381 Аптека „ХИГИЈА ФАРМ “ 5% попуст на козметика и витамини (ОТЦ програма) и 10% попуст за производи од галенската лабораторија на „Хигија фарм“ ул. „Скопска“ бр.17 тел. 047/202-208

Клуч сервис „Тошеви“ ул. „П.П.Његош“ бр.133 10% попуст за автомобилски клучарски услуги тел. 047 237-181, 070 237-181 www.tosevi.com.mk 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.134 „Техномаркет“ 5% попуст Нова Битола ул. „Васко Каранѓелевски“ бб, сутерен тел. 047 220-131 10% попуст ул. „Ордан Николов“ бр. 53

10 % попуст ул. „Широк сокак“ (до хотел Епинал) 075/225 090 ТВ ОРБИС 10 % попуст на рекламирање Браќа Џаферови бб, тел.047 203 307

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА AURA welness, spa & beauty centar 10 % попуст (во хотел Епинал) 047/ 202 231 „Анима Плус“

фитнес, пилатес и зумба 10 % попуст (во хотел Епинал)

кичево РЕСТОРАНИ - Кичево Ресторан „Стара Куќа 2008“

ШОПинг - Кичево 5% попуст Магистрален пат бб (АМД Кичево)

КАФУЛИЊА - Кичево Кафе-бар „Флерт клуб“ 10% попуст

„Ваше Такси“

„Спикомп“ Компјутерка опрема, карго експрес и фискални апарати

5% попуст ул. „4 Јули“ бб тел. 15 555 5% попуст ул. „Борис Кидрич“ бб тел. 045 222-699 АМСМ Партнер - Попуст за членови! 13


штип РЕСТОРАНИ - Штип Ресторан „Стара Штипска Куќа“

десерт од куќата ул. „Вељко Влаховиќ“ бб населба Пребек

ШОПинг - Штип „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бб тел. 032 397-793

велес 10% попуст ул. „Петре Прличко“ бб Тел. 043 233-350

Такси-сервис „ДС Луна“ 10% во земјава и во странство како и месечни билети ул. „Благој Ѓорев“ 159 тел. 043/231-333, 078/212-620

„Аквариус Кафе“ 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070 375-204

Бутик „Ова Она“ - маички со апликации по желба 10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 078 334-480

РЕСТОРАНИ и кафулиња Гостилница „Инѓилизов“

ШОПинг „Техномаркет“ 5% попуст ул. „Маршал Тито“ бр.65 тел. 043 212-408 Студио „АРТ-Дигитал“

5% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 070/ 216-830, 078/ 216-830

Бутик „ИН“

10% попуст ул. „Благој Ѓорев“ бб тел. 071/ 363-666

Бутик „Wall Street“ 15% попуст тел. 078/231-884 здравје и убавина „ПЗУ Зографски“ - спец. ординација за дијагностика и третман на болести на уво, нос и грло 10% за сите основни и специјалистички прегледи ул. „Владимир Назор“ бр.41 тел. 070/375-001, 043/222-511

кавадарци РЕСТОРАНИ Ресторан „ЛС Квартум“

10% попуст спортска сала „Јасмин“ тел. 043 415-755

ШОПинг „ХИТ ШУС - р“ бутик за чевли 5% попуст ул. „Шишка“ бб тел. 043 418-550 14

Автоделови „Жиле“ 5%-10% попуст на производи за автоделови ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 070 218-930


струга ХОТели

РЕСТОРАНИ

Хотел „Бисер“ - с.Калишта 10% попуст тел. 046 785-700, 046 780-010 www.hotelbiser.com.mk

Ресторан „Св. Никола“ 5% попуст ул. „Гоце Делчев“ бр.88 тел. 070 362-720 Ресторан „Авон“ 10% попуст ул. „ЈНА“ бб тел. 046 786-440

ШОПинг

Пицерија „АНГЕЛА“ 10% попуст ул. „Димитар Влахов“ бр.2 (на кејот на реката Црн Дрим) тел. 046/786-242

Хотел „МОНТЕНЕГРО“ 10% попуст (за сместување по лице) тел. 046 780-330 www.hotelmontenegro.mk

„Техномаркет“ 5% попуст, ул. „Плитишта“ бб тел. 046 784-140 Парфимерија „Елит“

10% попуст ул. „Пролетерски бригади“ бр.3 и ТЦ „Цома-мол“, тел. 046 780-015

Ресторан „АНТИКА“ 10% попуст кеј „Борис Кидрич“ бр. 34 тел. 046/783-468

маврово ХОТел - Маврово Хотел „АЛПИНА“ 10% попуст тел. 042 388-024 www.hotelalpinamavrovo.com www.nehartravel.com.mk

РАДОВИШ ХОТел - Радовиш Хотел Бел Камен планина Плачковица, Радовиш тел: 032/522-933 ; 076/247-670 10% попуст на хотелско сместување info@hotelbelkamen.com.mk www.hotelbelkamen.com.mk

ШОПинг Салон за бела техника ХОРТИКУЛТУРА - РАДОВИШ 3-5% попуст тел: 032/630-609 hortikultura_radovish@yahoo.com

АМСМ Партнер - Попуст за членови! 15


АВТОМОТО ДРУШТВА

АВТОМОТО ДРУШТВА

АМД „Брегалница“ - Берово ул. „Маршал Тито“ бр. 4 тел. 033 471-987

АМД „Лопен“ - Кочани ул. „29 Ноември“ бр. 109 тел. 033 273-992

АМСМ Велес ул. „Моша Пијаде“ бб тел. 043 212-233 АМД „Виница“ - Виница ул. „Илинденска“ бб тел. 033 362-987 АМД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола ул. „Арон Ароести“ бб, Стрелиште тел. 047 203-220 АМД „Гостивар“ - Гостивар ул. „Илинденска“ бб тел. 042/210-196; 042/210-197 АМД „Дичо Панов“ - Гевгелија ул. „Вардарски рид“ бб тел. 034 213-987 АМД „Железник“ - Демир Хисар ул. „Битолска“ бб тел. 047 276 015

16

АМД „Охрид“ - Охрид ул. „Лазо Трповски“ бб тел. 046 269-046 АМД „Прилепец“ - Прилеп ул. „Моша Пијаде“ бр.230 тел. 048 422-224 АМД „Пробиштип“ - Пробиштип ул. „Миро Барага“ бр. 1 тел. 032 484-008 АМД „Страшо Пинџур“ - Кавадарци ул. „29 Ноември“ бр. 36 тел. 043 410-938 АМД „Стрела“ - Струмица ул. „Ленинова“ бр. 94 тел. 034 321-088 АМД „Струга“ - Струга ул. „Пролетерски бригади“ бр. 68 тел. 046 782-046 АМД „Тетово“ - Тетово ул. „Видео Смилевски Бато“ бб тел. 044 335-987

АМД „Киро Бурназ“ - Куманово ул. „Трета македонска ударна бригада“ бб тел. 031 433-163

АМД „Треска“ - Македонски Брод ул. „7 Септември“ бр.4 тел. 045 275-151

АМД „Кичево“ - Кичево Магистрален пат бб тел. 045 266-363

АМД „Штип“ - Штип ул. „Сутјеска“ бб тел. 032 391-987


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.