Klub Mobiliti - Mart 2021

Page 1

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

ВОЗЕТЕ БЕЗГРИЖНО ОВАА ПРОЛЕТ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Гоце Велески РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

Во мартовското издание на АMСМ Клуб Мобилити ќе ви претставиме неколку интересни теми поврзани со случувањата од автомобилизмот, каде што се опфатени повеќе области од аспект на новините во оваа индустрија, но и совети за безбедноста во сообраќајот. Влеговме во најубавото годишно време, пролет. Сега е вистински момент да му посветите внимание и на вашето возило и да бидете сигурни дека безбедно се вклучувате во сообраќајот. Пневматиците се важен дел во возилото. Добро е познато дека дотраените пневматици значително ја загрозуваат вашата безбедност, но и на сите учесници во сообраќајот. Доколку имате потреба од нови пневматици, искористете го попустот од 30 % при набавката на сезонски пневматици од АМСМ сервисот за автомобили што го добивате ексклузивно како наши членови. За жал, моментната состојба со пандемијата со Ковид-19 во цел свет и натаму нѐ принудува да ги одложиме плановите за патувања. Токму затоа решивме за некое поубаво време да ви предложиме дестинација што задолжително треба да ја посетите – овој пат тоа е патување низ историјата преку дворците на Лоара. Погледнете ги фотографиите и прочитајте за овие дворски убавини. Следното издание на АМСМ Клуб Мобилити очекувајте го во април 2021 на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 7

ПРОДОЛЖЕНА ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИЗВЕДБА

9

ПОДГОТВЕНИОТ PEUGEOT 3008

14

ДОСТАПЕН НА НАШИОТ ПАЗАР АВТО-МОТО 14

„ПЕТСТОТКА“ ВО СЕМЕЈНО ПАКУВАЊЕ

18

МУЛТИ-ТАЛЕНТ МЕЃУ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ СПОРТИСТИ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

28

РЕДОВНИОТ СЕРВИС И МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА ПАТУВАЊЕ

30

30

ФРАНЦУСКА ГРАДИНА НА ДВОРЦИ СТИЛ

34

ХИГЕ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА НI-TECH

38

ПРОШЕТКИ НИЗ ВОДЕНИТЕ ПОВРШИНИ ИСТОРИЈА

40

90 ГОДИНИ ДИЗАЈН И АВТОМОБИЛИ СПОРТ

48

... РЕД БУЛ ИМАШЕ ПОДОБРИ ТЕСТИРАЊА ОД МЕРЦЕДЕС

53

СТАРТУВАА „СТРУЈАЏИИТЕ“, МЕРЦЕДЕС ИЗНЕНАДИ!

56

48

ДУКАТИ И ЈАМАХА СЕ ФАВОРИТИ ЗА СТАРТОТ ВО КАТАР

58

СНЕЖНА РЕЛИ ДРАМА НА ПОЛАРНИОТ КРУГ

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


OTA

БУГАРИЈА

СЛОВЕНИЈА

Највисока дозволена брзина: Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобили е 130 км на час (на означени места и 140 Км/ч). На останати патишта ограничувањето е 90 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.

Највисока дозволена брзина: Во населени места за сите возила има ограничување од 50 км на час. Надвор од населени места за автомобили, моторцикли,возила до 3,5 тони на автопат 130 км на час. На останати патишта 90-110 км на час. За автомобили со приколка до 7,5 тони-на автопат 80 км на час. На останати патишта 80 км на час. Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.

Употреба на мобилен телефон За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.

Употреба на мобилен телефон За време на возење во Словенија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 120 евра.

Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05% (казна 600-1.200 евра). За професионални возачи, нови возачи (до 2 години искуство) и лица до 21 година 0%

Поважни телефони: Полиција 166 или 112; Амбуланта 150 или 112; Пожарна 160 или 112; УАБ (помош на пат) +359 2 91 146 +359 2 980 3308. Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.

Поважни телефони: Полиција 113 / 112; Амбуланта 112; Пожарна 112; АМЗС (инфо центар) +386 1 530 53 00 АМЗС (аларм центар) +386 1 530 53 53.

ГРЦИЈА Највисока дозволена брзина: Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикли ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта. Употреба на мобилен телефон За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР. Дозволено количество на алкохол Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%. Поважни телефони: Полиција 100/112 Амбуланта ;166 во Атина/ 112; Пожарна 199/112; Специјален број на туристичка полиција 171; ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400 6

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

SKODA OCTAVIA PRO

ПРОДОЛЖЕНА ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИЗВЕДБА?

И

склучиво за кинескиот пазар Шкода ќе почне да произведува посебна изведба од моделот „октавија“ која е именувана како „октавија про“. Највпечатливата измена ќе биде должината на автомобилот, односно зголеменото меѓуоскино растојание за 44 мм во однос на четвртата генерација од спомнатиот модел, односно сега е 2.730 мм. И должината на автомобилот е променета, односно зголемена за 64 мм или вкупно 4.753 мм. Да, луксузот ќе биде присутен, а зошто да не кога тие од задните седишта сега имаат повеќе место за колената, поточно нозете и ред е таа удобност да се зачини со греење и вентилирање на седиштата, со поинакви материјали, со елементи позајмени од моделот „рс“ и ред други ситни нешта кои ги нема во обичната „октавија“. Моторот е еден и единствен, но можно е подоцна да биде вграден уште некој, но за почеток на продажбата Шкода го нуди 1,4 тси литарскиот со четири цилиндри во линија и турбо компресор. Силината од 150 коњи се пренесува на предните тркала преку седумстепен дсг менувач, додека максималниот вртежен момент изнесува точно 250 Нм. Интересна понуда од чешкиот производител на автомобили, но зошто таа изведба да биде наменета само за кинескиот пазар? Тоа „про“ е кратенка за продолжена или професионална изведба? •

PORSCHE TAYCAN CROSS TURISMO

„РЕЛИ“ ЛИМУЗИНА ОД ПОРШЕ

К

рос турисмо“, нешто како туристички патувања насекаде не само по асфалт. Можеби ќе ви звучи малку чудно и ќе ве изненади кога ќе прочитате дека такво нешто нуди Порше. Изненадувањето да биде уште поголемо, понудата е направена на основа од електричната лимузина „тајкан“. И сега имаме лимузина во вистинска смисла на зборот со облик на некој вид караван со спортски изглед, со максимален товарен простор од 1.200 литри, погон на сите тркала и подвозје кое со соодветни пнвматици ќе овозможи патувања надвор од асфалтот. И сега е јасно што Порше нуди во лимузината. Тоа што е и во „тајканот“ истото е и тука со тоа што добивате една „ситница“ повеќе, а тоа е погонот на четири тркала. Производителот нуди и тоа каква „ситница“ – мошне примамлива. Тие што умееа да ја искористат предноста на оваа лимузина ќе можат да напишат цели романи за нивните патувања, а останатите лимузини можат само да сонуваат. Сето ова е овозможено со електронски контролираната воздушна амортизација, но и со можноста возачот да одбере во кој режим ќе го вози автомобилот. Има три и на него е да одбере една, а таа употребливата за возење надвор

од асфалтот е именувана како „чакал (гравел)“, израз позајмен од рели натпреварите. Со одбирањето на режимот „лесен терен“ (лајт оф роуд тереин) автомобилот го подготвувате за возење по земјен пат, односно електрониката ја подигна каросеријата за 30 мм. Без разлика која изведба ќе ја купите, а ги има четири, сите ја имаат опцијата за подесување на подвозјето и сите имаат погон на четири тркала. Електричната лимузина наменета за теренски

излети и патувања со едно полнење на батеријата може да измине од 419 до 456 километри. Се зависи од тоа каква изведба ќе одберете. Не му е првпат на Порше да оди на рели. Што заборавивме да кажеме – за брзинските способности на рели лимузината? Порше не би бил тоа што е ако неговите забрзувања се бројат најчесто на една рака, а само понекогаш на две. Од 0 до 100 км/ч за 2,9 до најмногу 5,1 секунда. Цена, околу 96.000 евра за основниот модел. • 03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


НОВОСТИ

FERRARI SF90 STRADALE

ФЕРАРИ СЕ ВРАЌА ВО СЕРИЈАТА ЛЕМАН

Ч

удата сепак се случуваат и овој пат доаѓаат од надалеку познатата работилница сместена во Маранело, во близина на Модена. Ферари отсуствуваше од трките на издржливост речиси половина век, но откако стигна веста од ФИА дека водечката класа ЛМ1 ќе биде заменета со „серијата хиперкар“, Ферари за првпат по толку долго време одлучи да се врати на легендарната трка 24 часа Леман и да биде дел од трките на издржливост. Со нашето учество во новата класа „леман хиперкар“, Ферари уште еднаш ја потврдува својата спортска посветеност и решеност да биде протагонист на најголемите светски настани во автомобилизам“, нагласи Џон Елкан, претседателот на Ферари, но и еден од двајцата главни во Стелантис, компанија неодамна формирана од страна на ПСА и ФКА. Хипер купето со кое Ферари ќе настапува во шампионатот на издржливост, како и претставувањето на возачите ќе се случи некаде на крајов од годината, според гласините кои се шират – засега од Ферари нема официјална изјава.

Сепак можно е автомобилот да биде правен на основа од „сф 90 страдале“, хибриден модел кој во себе има V8 мотор и три електромотори. Двата погони заедно поседуваат 986 КС со кои автомобилот постигнува забрзување од 0

до 100 км/ч за 2,6 секунди и постигнува крајна брзина од 340 км/ч. Велат дека хипер автомобилот наменет за серијата Леман нема многу да се разликува од „сф 90“. •

силина од 302 КС, но имате изведба која производителот ја нуди само со погон на задните тркала. Во тој случај возилото располага со 215 КС. Возилото со заден погон со батерија од 72,6 kWh може да измине најмногу околу 474 километри, +/- 10 км. При полнењето на батеријата има можност за ултра брзо полнење, односно за

18 минути батеријата се полни до фантастични 80 отсто од нејзиниот максимален капацитет. Според дизајнерите внатрешноста е повеќе од добро искористена и во неа се вградени еко материјали. Дизајнот во патничкиот оддел се одликува со едноставни и чисти линии. Дигиталните табли односно екрани не изостануваат, тие денес се нераскинлив дел од било кој автомобил, така што нив ги има и во „јоник 5“. Според димензиите на возилото, производителот го сместува возилото помеѓу моделите „тусон“ и „санта фе“, а ќе биде конкурент на: „шевролет болт еув“, „нисан арија“, „фолксваген ид.4“ и останатите од класата. Според дизајнот како што вели производителот, „јоник 5“ е современиот роднина на моделот „пони“, првото возило кое излегло од фабричките хали на Хјундаи. Продажбата треба да започне кон крајот на годинава, но сè уште не се знае по која цена. Се шират гласини кои најчесто ја спомнуваат бројката 27.500 евра. •

HYUNDAI IONIQ 5

НОВА МАРКА И НОВ МОДЕЛ

Н

ајнапред големо браво за Хјундаи затоа што концептот воопшто не се разликува од серискиот „јоник 5“ кој за првпат беше прикажан на крајот од месецот. Тоа е голем плус затоа што дизајнот во моментов е речиси еден и единствен на планетава, а тоа е голем плус за производителот. Не е само дизајнот, туку има и еден друг чинител. Хјундаи го издвојува името Јоник како засебна марка која ќе произведува исклучиво електрични возила. „Јоник 5“, инаку возило за забава (сув), е првото по кое ќе следат лимузината „јоник 6“ и поголемиот сув „јоник 7“. Јоник е марката, а „5“, „6“ и „7“ тоа се моделите. Возилото е направено на посебно конструирана основа специјално за оваа електрично возило и е наречена „е – гмп“, (електрична глобално модуларна платформа). Користи две батерии, едната со капацитет од 58 kWh, а другата со 72,6 kWh. Ако возилото го нарачате со двете батерии тогаш добивате погон на сите тркала со вкупна

8

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

PEUGEOT

ПОДНОВЕНИОТ PEUGEOT 3008 ДОСТАПЕН И НА НАШИОТ ПАЗАР

година донесе и една сосема нова Нна овава марка чија главна дејност е производство автомобили. Новопечената марка доаѓа

од земјата на чоколадото, часовниците, од земјата каде умеат со парите и златото, а нејзиното име е Пикасо. Првиот модел именуван како „пс 01“, е малку повеќе од само друмски автомобил, а зошто е тоа така, следи образложение. Класика од купе, тежина од само 900 кг, односно за постигнување на таква тежина задолжително е да се употребат карбонските влакна заедно со нивните соединенија со видоизменети хемиски формули. Првичните извештаи откриваат многу малку за супер (хипер) автомобилот. Тоа е така затоа што производителот сè уште мудро ги крие деталите, ќе откриваат еден по еден детаљ, а ние новинарите ќе пишуваме за секој од нив. Класичен пример како нешто се рекламира во светски рамки, но за без пари. Велат погонската единица е V6 со двоен турбо компресор позајмена од некоја од тие поопасните италијански работилници. Околу 900 кг тежина и 600 КС, односно 1,5 коњски сили на еден килограм тежина. Ова е еднакво на болид во друмско пакување. Којзнае каква скулптура од чоколадо подготвуваат „швајцарските мајстори“ од Пикасо Аутомотив, но едно е сигурно, нема да биде полнето со бадеми, лешници, фстаци или нешто слично, туку со „олинс“ амортизери, „карбо брејк“ сопирачки систем, со менувачка кутија од „садев“ и со што уште нè. Производителот Пикасо Аутомотив со седиште во Лугано, крие многу крупни нешта, а за детали и да не зборуваме, за нив речиси ништо не се знае. Во вакви случаи треба да се биде на штрек и будно да се пратат збиднувањата таму каде чоколадото, парите, златото и часовниците се на прво место. Ова е втор пат автомобилската индустрија да го користи името Пикасо. Првиот пат како модел на Цитроен, а сега како марка. •

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


НОВОСТИ

HYUNDAI KONA N

СЕМЕЈСТВОТО „Н“ НУДИ СПОРТ И ЛУКСУЗ

T

oa „н“ кое стои покрај името на моделот го покажува спортскиот дух на автомобилот, мотор со малку повеќе коњски сили, но и најдобрата опрема во семејството која се добива без доплата. Не дека нема дополнителна опрема и за тие со „н“, туку сакаме да ја напомнеме богатата сериски вградената опрема. Зборуваме за „хјундаи кона“, автомобил кој сè уште не е официјално претставен, но од производителот стигнаа официјални фотографии за кои вели: „ова е новата „кона н“, но фотографииве ги водиме како тие што ја будат љубопитноста“. Овој пат фотографиите од новиот модел не се ни замаглени, а уште помалку затемнети на кои најчесто се препознава единствено силуетата. Објавените фотографии не кријат ништо. А што ако производителот подготвува некое ново дизајнерско решени кое ќе го обелодени за време на официјалното претставување. Ќе почекаме уште некој ден, а потоа на потег е Хјундаи и одговорните. Ако нештата се одвиваат како што е редот во семејството „н“, тогаш во „хјундаи кона н“ ќе биде вградуван 2,0 литарскиот мотор со четири цилиндри во линија и турбо компресор кој поседува солидни 280 КС и максимален вртежен момент од 392 Нм заедно со осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка. Овој мотор го има во моделот „и 30 н“. •

ЖЕНСКИ ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ

ПОНЕЖНИОТ И ПОУБАВИОТ ПОЛ ГО НАПРАВИ СВОЈОТ ИЗБОР ЗА 2021

О

рганизаторот на изборот за автомобил на годината за оваа година, не е од тие обичните избори, се разликува од сите други затоа што изборот го прави исклучиво понежниот и поубавиот пол. Претходно жирито објави список на девет победници, секој во својата категорија и од сите тие победници, според правилата, жирито избира автомобил на годината. Прогласувањето на победникот секогаш се случува на 8 март, светскиот Ден на жената. Редот на изборот е следниов. Од сите кандидати жирито најнапред прогласува по три најдобри во секоја класа, а потоа бира еден кој ќе биде носител на титулата во класата. Откако ќе бидат познати победниците по класите, жирито од тие

10

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

деветмина бира автомoбил на годината и му ја доделува титулата. Годинава тоа признание му припадна на комплетно новиот „ленд ровер дефендер“ кој не претрпел целосна реконструкција од 1983 година. Да ги спомнеме победниците по класи: „пежо 208“ е прогласен за градски автомобил на годината, „шкода октавија“ за фамилијарен, „лексус лц 500 кабриолет за луксузен, „ферари ф 8 спајдер“ за спортски, „пежо 2008“ за урбан сув, „киа соренто“ е прогласен за најдобар голем сув, „форд ф – 150 е прогласен за теренско возило (4х4 / пик ап) и „хонда е“ ја понесе титулата за електрично возило на годината. •


НОВОСТИ

DACIA

ЦЕЛОСНО НОВИОТ DACIA SANDERO STEPWAY ИМ СЕ НУДИ И НА МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ

К

ога станува збор за промовирањето на „паметно инвестирање“ и разумна форма на потрошувачка, брендот Dacia e предводник и усогласен со реалните очекувања на своите клиенти. Компанијата нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот. Dacia ја обнови својата понуда со нов градски автомобил што е олицетворение на успехот што го постигнува брендот. Тоа е целосно новиот Dacia Sandero Stepway, авантуристичка верзија на Sandero што претставува

разновиден авантурист во семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од целосно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК на новиот Sandero Stepway. Целосно новиот Sandero Stepway е веднаш препознатлив по уникатниот преден дел, хромираното лого на Stepway под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла.

65 % од целата продажба на моделот во Европа, со повеќе од 1,3 милиони продадени автомобили од претходната генерација. Зголеменото растојание од земјата го прави Sandero Stepway

Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана за да ја заштити оригиналната боја од секојдневните гребаници. Новиот Sandero

Stepway се карактеризира со основни дизајнерски елементи на кросоверите-зголемено растојание од земја од 174 mm (пораст од 41 mm во споредба со Sandero, пред сè, од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на кровот со испишано лого, специјално текстурирано и армирано дно на вратите. Стандардните верзии се опремени со 16-инчни flex фелни, чии прецизно дизајнирани облоги ги реплицираат оние на „вистинските“ алуминиумски тркала, како опција се достапни и ексклузивни фелни со дијамантски пресек од 16-инчи на верзијата Stepway, со цел да го подобри изгледот на кросоверот. Кровните држачи на Sandero Stepway визуелно се многу привлечни, но, исто така, се и приспособливи. Со користењето на клучот што е сместен во совозачката фиока, тие може лесно да се расклопат за само неколку секунди и да се претворат во држач за кровот со носивост од 80 килограми, што е исто како и стандардните кровни држачи. Овој софистициран и патентиран систем е пример за сè што Dacia застапува: паметни, практични, едноставни и безбедни системи. Навлаката во ентериерот е со логото Stepway, а панелите на вратите, како и инструменталната табла има портокалови шевови и вметнати декоративни детали. Моторизацијата е составена од 1.0-литарски бензинец што доаѓа во три верзии на моќност. Најслабата атмосферска изведба испорачува 67 КС, следува верзијата со 90 КС што добива дополнителна сила од турбополнач, а најмоќната варијанта произведува 100 КС и доаѓа единствено во комбинација со фабрички вграден уред на гас. •

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


НОВОСТИ

BMW M4

ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ЗА „ЧЕТВОРКАТА“

Р

аботите во автомобилската индустрија се испревртуваат. БМВ најави електричен погон за „четворката“, но не беше конкретен дали погонот ќе биде целосно електричен, хибриден, или, пак, со оној умерен (48 волтен) хибриден погон. При првичното претставување на „четворката“ во 2020 година, најавија дека купе изведбата ќе поседува мотор со над 500 КС. Ако е така, а така е,

тогаш БМВ го посочува громогласниот V8 мотор кој има способност да го понесе возилото до 100 км/ч тргнувајќи од место за 4,0 секунди. И сега се прашувате зошто на почетокот напишавме дека работите во автомобилската индустрија се изместуваат. Сега ќе објасниме. Киа најави спортски модел со силина доволна да предизвика забрзување од 0 до 100 км/ч за

само 3,5 секунди, но нагласува дека автомобилот нема да биде од рангот на „м“ серијата од БМВ. Нешто подготвуваат, но никој ништо не кажува што точно ќе претстави. Светската премиера на електричниот „бмв м 4“ ја очекуваме годинава во последните денови од јуни и почетокот на јули. •

KIA

ЕЛЕКТРИЧЕН СПОРТИСТ ВО НАЈАВА

Д

еновиве се дигна малку повеќе прашина кога Киа го обелодени својот план за наредните петнаесетина месеци во кои треба да лансира девет електромобили од кои еден ќе биде спортски. Токму тој, спортскиот, предизвика внимание кај светската јавност. Според првичните сознанија и како што велат официјалните соопштенија, автомобилот нема да биде ниту од класата „н“ во сопственост на „колегата“ Хјундаи, а уште помалку ќе биде конкурент на изведбите „м“ и „амг“. Не дека автомбилот нема да биде брз, но фабриката нема интерес од истиот да прави изведба наменета и за тркачките патеки. Киа ќе се задржи на класата „гран туризмо“, а конструкторите велат дека силината нема да му недостасува на спортскиот модел, туку ќе ја има на претек, а тоа се приметува од забрзувањето, од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди. Со овој модел Киа сака да има претставник во светот на спортските автомобили, не од типот на

12

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

врвните спортски автомобили, но затоа ќе биде дел од егзотиката. Најавата која стигна директно од првиот човек на компанијата, Хо-Сунг Сонг, не

содржеше датум кога „спортистот“ ќе истрча на асфалт. •


НОВОСТИ

FIAT

ПРИСТИГНА ОБНОВЕНИОТ FIAT TIPO И ЦЕЛОСНО НОВИОТ TIPO CROSS

Н

овото Tipo е целосно подновен и пристигнува како уште помодерен, подинамичен и елегантен. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Fiat, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. Tipo, меѓу другото, е прв автомобил на Fiat што го применува ваквото лого, по новиот Fiat 500. Предните фарови

се целосно редизајнирани, како и задните фарови со технологија „full-led“: од страните, на нискиот дел на автомобилот што целосно е редизајниран со вклучување на елементи во finishing ICE MATTE – засенчен хром – се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16” или 17” co дијамантирана обработка и нови дизајни. Однатре, амбиентот е целосно нов. Седиштата се обложени со штоф со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран на допир од 7” може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед што овозможува целосна контрола над возилото во текот

на возењето. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио UConnect 5 co екран на допир од 10,25”. Воланот е покомпактен и обликуван за да има подобра ергономија, а, исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран на допир од 7”. Посебно внимание ù е посветено на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, односно додадени се хромирани и црни инсерти. Новата гама е на располагање и во две нови нијанси на сина и портокалова боја. Новото Tipo може да биде опремено со дизел-мотор 1.6 Multijet, со моќност од 120 КС, 1.3 Multijet со 95 КС, или, пак, co новиот бензински мотор GSE 1.0 T3 со 100 КС и бензинскиот мотор 1.4 со моќност од 95 КС. Новата гама Tipo доаѓа со две нивоа на опременост: „Tipo“ и „City Life“, кои се на располагање со три варијанти на каросерија Hatchback, Sedan и Station Wagon, а новото Tipo Cross е достапно со едно ниво на опрема наречено „Cross“. •

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


AВТО-МОТО

Fiat 500X Urban 1.6 Mjet 120HP

„Петстотка“ во семејно пакување ВО СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ДИЗАЈН РЕТКИ СЕ МОДЕЛИТЕ ШТО ОСТАВИЛЕ ТАКОВ ПЕЧАТ КАКО МАЛИОТ FIAT 500. ИМЕНО, НИЗ ГОДИНИТЕ, ТОЈ СОЗДАДЕ ВИСТИНСКИ КУЛТ НА СЛЕДБЕНИЦИ И ОГРОМНА БАЗА НА ВЕРНИ ФАНОВИ. ЗНАЕЈЌИ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛОТ ШТО ГО ПОСЕДУВА, КОМПАНИЈАТА ЛАНСИРА ЦЕЛА ГАМА НА МОДЕЛИ ШТО ГО НОСАТ ЛЕГЕНДАРНИОТ ТРОЦИФРЕН БРОЈ, А КАКО ШТО НАЛАГА СИТУАЦИЈАТА МОДЕРНО ИНТЕРПРЕТИРАНИОТ ИЗГЛЕД ЈА ЦРПИ ИНСПИРАЦИЈАТА ОД РЕТРО СТИЛОТ.

З

наејќи дека обичниот модел 500 не може целосно да му ги исполни секојдневните потреби на просечното семејство, компанијата Fiat понуди алтернатива во облик на изведбата 500Х, чии пропорции и изглед го сместуваат директно во ултра популарниот сегмент на урбани кросовер автомобили. ЕМОЦИИ ШТО ТРААТ Дизајнерите што доаѓаат од Апенинскиот Полуостров отсекогаш важеле за

14

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

врвни мајстори кога станува збор за обликувањето на автомобили. Нивната умешност е евидентна штом ќе се погледне 500Х, уникатната способност да се соединат потребните состојки за создавање модерен кросовер проткаени со низа ретро детали прават одличен сплет што незадржливо го поврзува со култниот модел 500. На неколкудневно дружење ни беше отстапен моделот што во 2019 година доживеа благо дотерување на надворешноста, подобрување на внатрешноста, до-

полнување на моторната понуда и подигнување на пасивната и на активната безбедност на повисоко ниво. Всушност, промените на екстериерот се сведени на минимум и се однесуваат на дотераниот облик на предниот и на задниот браник, дневните LED-фарови и мигачи, како и начинот на кој се изведени задниот пар светлосни групи. Со овие мали доработки компанијата му додаде свежина на изгледот не менувајќи го драстично тоа по што е препознатлив 500Х. Тоа доаѓа како дополнително признание за дизајнерите,

што наедно значи дека нивната работа била успешно завршена уште кога овој модел дебитираше пред шест години. СОФИСТИЦИРАН РЕТРО СТИЛ Eнтериерот кај 500Х, исто така, доаѓа со измени што го прават пософистициран од претходно и му дозволуваат да се натпреварува со поновите конкуренти во класата. Пред возачот е сместен нов кластер на инструменти и управувач со нов дизајн што се чувствува многу удобно во рака. Технолошките моменти им припаѓаат

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБОДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

1.598 СМ3

МОЌНОСТ:

120 КС при 3.750 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

6-СТЕПЕН МАНУЕЛЕН

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 215/60 R16, ОДЗАДИ 215/60 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.320 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.264 X 1.796 X 1.603 ММ

на новите системи за помош на возачот при управување во секојдневниот сообраќај, како и најновиот седуминчен систем Uconnect чувствителен на допир, кој вклучува стандардно поврзување на паметни телефони од универзумот на Android или од екосистемот на iOS. Подобрувања на квалитетот се забележливи кај употребените материјали што се своевиден микс на мека компонента и цврсти пластични оплати. За внесување на дополнителен блесок на боја во ентериерот, предниот панел што се протега по хоризонтала пред возачот и совозачот е обоен во боја на каросеријата, што нас особено ни се допадна. Кабината нуди доволно простор за четиричлено семејство, што значи дека освен комфор на предните седишта има повеќе од доволно простор и на задната клупа каде што комотно може да се сместат две 16

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

лица. Габаритот на багажникот е на долната граница од класата и изнесува 350 литри и се проширува на 1.000 литри ако се преклопат задните седишта. ЕКОНОМИЧЕН И ЕЛАСТИЧЕН Тестираниот модел го движеше 1.6-литарски турбодизел агрегат со 120 КС што силата ја праќа на предните тркала. Секогаш подготвен да реагира на педалот за гас овој агрегат повлекува силно веќе од 1.750 врт/мин, од каде што се достапни и сите 320 Нм. Благодарејќи на прецизниот 6-брзински мануелен менувач совршено се комбинирани малата потрошувачка и удобноста што доаѓа до израз преку еластичноста на моторот. Максималната брзина на 500Х со оваа моторизација изнесува 186 километри на час, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае пристојни 10.7 секунди.

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

10,7 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.9 Л/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

186 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

19.550 €

За време на тестот, просечната потрошувачка изнесуваше прифатливи 6 литри на 100 км. Една од посебните карактеристики на 500X е што поседува независна суспензија напред и назад, а со 16-инчните леснометални тркала и пневматици со димензии 215/60 (стандард во пакетот Urban) се задолжени за квалитетот на возењето што може да се карактеризира како балансирано, но во најголем дел ориентирано кон удобната страна. Иако во ниеден елемент не е најдобар во класата, 500Х е подеднакво добар како и неговите конкуренти. Знаејќи дека купувачите најпозитивно и најемотивно реагираат на дизајнот, италијанската марка умешно го користи својот стил како предност во однос на другите. • Данчо Здравковски


ЗА НАС Семос е една од водечките Македонски ИТ компании во областите на проектирање, изработка, имплементација и одржување на комплексни информатички решенија со 35 годишна традиција. Преку Пре повеќегодишното искуство како и со внимателното осознавање на потребите на нашите клиенти се стекнавме со специфични знаења за деловното окружување и бизнис процесите со кои тие се соочуваат и тоа за возврат му овозможува на нашиот тим да испорачува врвни решенија за нивните потреби.

НАШИОТ ТИМ Нашиот мешовит тим од искусни IT и деловни експерти, остручени за мултифункционална, мултинационална и мултикултурна околина успеа да обезбеди највисоко ниво на производите и сервисите кои ги нудиме како според меѓународните стандарди така и согласно македонските законски регулативи.

НАШИТЕ РЕШЕНИЈА Софтверските и инфраструктурните решенија на Семос се одликуваат со ергономски дизајн, иновативност, извонредна функционалност, робусност, висока достапност и безбедност. Експертизата вградена во нашите решенија резултира со единствено искуство на задоволни клиенти, доверба и долгогодишни партнерства.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


АВТО-МОТО

Претставуваме PORSCHE TAYCAN CROSS TURISMO

МУЛТИ-ТАЛЕНТ МЕЃУ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ СПОРТИСТИ ПРЕКУ БЕСКОМПРОМИСНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА И НАДВОР ОД ПАТ, ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКАТА ШАСИЈА, АДАПТИБИЛНАТА ВОЗДУШНА СУСПЕНЗИЈА, ПОГОНОТ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА И ИНОВАТИВНИТЕ ПРАКТИЧНИ ДОСЕТКИ TAYCAN CROSS TURISMO ДОКАЖУВА ДЕКА ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ.

P

orsche ја најави иднината пред две години кога го претстави својот прв спортист на електричен погон Taycan, кој го вчудоневиди светот со својата појава и со перформансите, фрлајќи ракавица в лице на Tesla Motors. Иако на почеток земен со резерва се покажа дека спортското педигре на Porsche има солидна основа и Taycan го заслужи епитетот електричен спортист. Меѓутоа кај купето со четири врати се појави потреба од поголема практичност, па и способност за куси екскурзии надвор од асфалт. Воден од потребите на современиот купувач Porsche создадe мулти-талентирана варијанта на Taycan наречена Cross Turismo. Новакот профитира од постоечката високо-технолошка шасија со погон на четири тркала, на која и е додадена адаптибилна воздушна суспензија и систем што дополнително обезбедува врвна возна динамика надвор од пат. Секако тука се и иновативните практични решенија. ЧЕТИРИ ВАРИЈАНТИ И ПРЕКУ 600 КС ЗА МЕГДАН Наследената платформа од Taycan му доз-

18

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

волува на Cross Turismo да стави на располагање електричен систем со напон од 800 V, што е два пати повеќе од напонот кој вообичаено се користи кај електромобилите. Пакетот батерии составен од 33 модули секој со по 12 ќелии има капацитет од 93,4 kWh кои дозволуваат автономија од 388 до 456 km зависно од моќноста на двата електромотори, по еден на секоја оска, и оптоварувањето. Во игра се четири изведби: - Taycan 4 Cross Turismo со 380 КС кои со вклучен Launch-control растат на 476 КС доволно за спринт 0-100 km/h за 5,1 секунди и максимални 200 km/h со просечна потрошувачка од 28,1 kWh/100 km и автономија од 389-456 km. - Taycan 4S Cross Turismo со 490 КС кои со вклучен Launch-control растат на 571 КС

доволно за спринт 0-100 km/h за 4,1 секунди и максимални 240 km/h со просечна потрошувачка од 28,1 kWh/100 km и автономија од 388-452 km. - Taycan Turbo Cross Turismo со 625 КС кои со вклучен Launch-control растат на 680 КС доволно за спринт 0-100 km/h за 3,3 секунди и максимални 250 km/h со просечна потрошувачка од 28,7 kWh/100 km и автономија од 395-452 km. - Taycan Turbo S Cross Turismo со 625 КС кои со вклучен Launch-control растат на 761 КС доволно за спринт 0-100 km/h за 2,9 секунди и максимални 250 km/h со просечна потрошувачка од 29,4 kWh/100 km и автономија од 388-419 km. АДАПТИБИЛНА ВОЗДУШНА СУСПЕНЗИЈА Taycan Cross Turismo користи централно


АВТО-МОТО

управувана интегрирана контрола на шасијата која ги анализира и синхронизира сите системи во реално време и управува со воздушната суспензија со три-коморна технологија. Така во реално време суспензијата се прилагодува спрема условите на патот, а во програмата за возење на лесен терен го подигнува автомобилот за 30 mm. Тогаш Cross Turismo лесно се справува на земјени и калливи патеки, како и оние покриени со чакал. Програмата за на терен влијае врз низа системи наменети за подобрување на контролата како и врз преносот на задната оска со што се обезбедува максимална тракција кога е лизгаво. Со одбирање на оваа програма се менува и одзивот на педалот за гас и управувањето. Карактеристики кои се посебно создадени за возење на терен, во смисол на испораката на моќност и прецизноста при водење. Од друга страна, пак, воздушната суспензија ја подобрува аеродинамиката на пат при високи брзини кога го спушта автомобилот во две фази зависно од брзината. Така се намалува отпорот на воздух што е важно за заштеда на енергија. ПРАКТИЧНОСТА МУ Е ПОСИЛНА СТРАНА Како мулти-талент Taycan Cross Turismo нуди практичност која повеќе може да се сретне кај еден вистински SUV. Всушност тој е првиот електричен CUV-Cross Utility Vehicle. Продолжувањето на кровот кој завршува со петта врата ослободило многу повеќе место за глава на патниците на задната клупа, или 47 mm повеќе од Taycan. Варијабилниот багажник од основни 446 расте до максимални 1.212

литри. Плус тука се мрежата со која багажникот може да се подели, куките за кеси и еластичните јажиња за врзување. Така багажот останува фиксиран дури и кога се форсира низ свијоци. Уште една досетка е и ролетната на багажникот: извадена, цела се сокрива зад седиштата бидејќи на неа нема странични држачи. Тие се поставени во страниците и се преклопуваат, па така може да се користат и како дополнителни куки. Багажник има и под хаубата со волумен од 84 литри доволно за нужниот прибор. Во опција е и новоразвиена кутија за на кров која се поставува на постоечките шини, и е дизајнирана за високи брзини. Taycan Cross Turismo може да се порача со посебно скроен носач за велосипеди. Развиен само за него може да носи до три велосипеди, а притоа вратата од багажникот да се отвора дури и кога е натоварен. Спакуван легнува совршено на дното од багажникот. Активните ќе им се радуваат на двата нови велосипеди eBike Sport и eBike Cross кои Porsche ги лансира паралелно бидејќи совршено одговараат на имиџот на Taycan Cross Turismo. ДНК НА PORSCHE ЗРАЧИ ОД СЕКОЈ ПОРА Визуелниот настап на Taycan Cross Turismo во голема мера се потпира на концептот Mission E Cross Turismo кого Porsche го претстави во 2018 година. Впечатлива е силуетата на Corss Turismo дефинирана од спортската линија на кровот која благо паѓа кон назад, а дизајнерите на Porsche ја нарекуваат летечка линија. Жар на настапот на Cross Turismo му даваат дизај-

нерските елементи на теренец како пластичните рамки на арките кои преоѓаат во масивна пластична заштита на браниците напред и назад накитени со неизбежните дифузори. Како заштита од прскање на камчиња Cross Turismo има специјални закрилца на краевите од браниците и на краевите од праговите спрема арките од тркалата. Покрај практичната намена закрилцата дополнително ја нагласуваат агресивната нота на Taycan Cross Turismo. Внатре доминира арматура со едноставни контури и лебдечка централна конзола оплеменети со екрани осетливи на допир преку кои се управува со сите функции на автомобилот. Погледот на возачот паѓа врз закривен екран од 16,8 инчи кој е замена за инструментите. Сепак, приказот на мерачите евоцира на типичните тркалезни инструменти на Porsche, а хоризонталниот распоред потсетува на класичниот 911. На врвот од арматурата е поставен компас кој се врти и со аналоген приказ дава информации за правецот, висината и времето. Остатокот е олицетворение на луксуз со спортска нота која одговара на реномето на Porsche. Porsche не се сомнева во успехот на Cross Turismo. Мразот на електричната ера веќе го проби Taycan со преку 20.000 примероци испорачани во 2020 година. Колку за куриозитет, дури 70 проценти од сите модели на Porsche продадени во Норвешка минатата година отпаѓаат на Taycan. Затоа од продажбите на Cross Turismo кои стартуваат на лето со оглед на неговиот шик настап се очекува многу повеќе. • Љубомир Атанасовски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


АМСМ

Специјална понуда за приватно здравствено осигурување ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДНА ОД ПРИМАРНИТЕ ЗАДАЧИ НА СЕКОЈА СЕРИОЗНА КОМПАНИЈА. КОЛЕКТИВНОТО ДОБРОВОЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Е ПРИДОБИВКА ШТО ЈА ЗГОЛЕМУВА МОТИВАЦИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ, ОБЕЗБЕДУВА ВРВНА МЕДИЦИНСКА УСЛУГА И ПРИВИЛЕГИРАН ТРЕТМАН, БЕЗ ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ТРОШОЦИТЕ. НАМЕНЕТО Е ЗА РАБОТОДАВЦИ, КОМПАНИИ, СИНДИКАТИ, ОРГАНИЗАЦИИ, ИНСТИТУЦИИ И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ШТО САКААТ ДА ИМ ОБЕЗБЕДАТ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ (И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА) ПОВИСОКО НИВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ПОДОБАР И ПОБЕЗБЕДЕН ЖИВОТ.

М

обилити Брокер ви ги претставува најновите пакети за доброволно здравствено осигурување што носат голем број придобивки и за работодавците и за самите вработени. Предности за работодавците: • Даночно олеснување за доброволно здравствено осигурување • Ги зголемува лојалноста и посветеноста кон компанијата • Добар инструмент за мотивирање и наградување на вработените • Брза и ефикасна услуга, намалување на бројот на отсуства на вработените • Избор на пакет што може да се приспособи на специфичните потреби и буџети на секој работодавец. Предности за вработените: • Врвна медицинска услуга и привилегиран третман, без да се грижат за трошоците • Мрежа на еминентни приватни здравствени установи низ целата земја што исполнуваат високи стандарди на здравствена заштита • Можност за вклучување на членови на

20

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

семејството • Кол центар достапен 24 часа • Можност за лекување во странство Со приватното здравствено осигурување се покриваат трошоците за следниве услуги: • Болничко и вонболничко лекување • Специјалистички прегледи • Комплексна дијагностика и лабораториски испитувања • Лекови на розов рецепт • Лекување и дијагностика на малигни заболувања • Хируршки зафати (операции) Можност за дополнително договарање за: • Гинеколошки услуги и породување Опфатени се трошоци за породување, трошоци за болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност. • Стоматологија-Итни стоматолошки интервенции потребни за отстранување на акутна болка поради болест или оштетување на забот, но не и изработка на вештачки заби или навлаки. • Офталмологија-Офталмолошки услуги

што опфаќаат специјалистички преглед (контролен или медицински индициран) и наредни офталмолошки услуги во текот на осигурителната година најмногу до осигурената сума. • Кај колективното приватно здравствено осигурување како договарач на осигурувањето се јавува правното лице што врши уплата на премијата. Во зависност од договорот помеѓу работодавецот и вработените, премијата може целосно да ја покрива работодавецот, целосно вработениот или во договорено учество на работодавецот и вработените. Договорот за ваков тип осигурување се склучува на временски период од една година или на подолг период. • Осигурувањето е без франшиза (учество во штета) и започнува со месечна премија од 247 денари по вработен. Покажете дека се грижите за своите вработени и нивното здравје, склучете полиса за приватно здравствено осигурување што овозможува многубројни придобивки за сите. За повеќе информации закажете средба со нашиот продажен тим. • Благица Станојевиќ-Блажевски


03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


АМСМ

FIA Region I-Start-up предизвик

АМСМ КАКО ЕДИНСТВЕНА МОБИЛИТИ ЧЛЕНКА НА FIA ОД ЗЕМЈАВА, ГО ДОНЕСЕ FIA REGION I START-UP ПРЕДИЗВИКОТ ВО ЗЕМЈАВА, КОЈ ГО ПРОМОВИРАШЕ КАКО МОЖНОСТ ЗА ДОМАШНИТЕ СТАРТ-АП КОМПАНИИ. ЦЕЛТА НА ПРЕДИЗВИКОТ Е ГЕНЕРИРАЊЕ НА ИНОВАТИВНИ ИДЕИ ЗА МОБИЛИТИ КЛУБОВИТЕ, ЧЛЕНКИ НА FIA REGION I.

П

о успешното прво издание минатата година, оваа година FIA Region I повторно понуди можност старт-ап компаниите да се поврзат со мрежа од 103 мобилити клубови, овозможувајќи им на тој начин директен пристап до пазар од 36 милиони членови во Европа, Средниот Исток и Африка. Со цел соодветна промоција на FIA Region I Start-up предизвикот кај целната група на старт-ап компании, АМСМ потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Акцелератор УКИМ.

22

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПРЕДИЗВИК ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТАРТ-АП КОМПАНИИ Во текот на месец февруари, FIA Region I Startup предизвикот беше промовиран преку три панел дискусии одржани онлајн со директна поддршка на FIA Region I, a во соработка со Бизнис Акцелераторот УКИМ. На првата панел дискусија учествуваше г-гица Сара Камбиер, одговорна во FIA Region I за реализација на предизвикот, која обезбеди подетални информации во врска со предизвикот, предностите за апликантите и условите за аплицирање. На втората панел дискусија, своја презентација имаше Директорот на одделот за членство во FIA Region I, г-дин Габриел Симчич, кој обезбеди дополнителни информации за автомобилите и мобилноста како категории во кои старт-ап компаниите можат да аплицираат со иновативни идеи. Во врска со ова, тој изјави „Улогата на автомобилот се менува со електрификацијата, автономијата и конекцијата. Исто како што имаме паметни телефони, во иднина ќе имаме и паметни автомобили. Вредноста на автомобилот ќе биде поголема врз основа на информациите

кои ќе ги генерираат автомобилите отколку самиот физички објект. Произведувачите се свесни за ова, нивниот бизнис модел за иднината се однесува на сите услуги поврзани со поседувањето автомобил или имањето пристап до автомобил, што значи дека се менува и гледиштето околу сопственоста на автомобилот во целост (економија на споделување на автомобилот, лизинг...)“. • Маргита Поповска


АМСМ

• Кои документи се потребни за регистрација на службено патничко моторно возило и дали кај вас може со картичка да се платат административната такса и надоместокот за јавни патишта?

• Каде може да се извади АМСМ Членство во Гостивар? АМСМ: Во Гостивар немаме продажно место за АМСМ Членство, меѓутоа може да се извади онлајн преку нашата веб-страница www.amsm.mk

• Каде може да добијам информација за цената на регистрација на возило? АМСМ: Потребните информации може да ги добиете на инфо-линијата 02/ 3181-181

• Колку е цената на зелениот картон и до колку часот може да се извади? АМСМ: Цената на зелениот картон за патнички возила до 66 KW изнесува 3.690,00 денари за цела година, а за еден месец е 1.850,00 денари. За возила со над 66 KW за еден месец е 3.075 денари, а за една година 3.690,00 денари. Работното време на СТП Центар, каде што може да извадите зелен картон, е од 7 до 19 часот од понеделник до петок, во сабота од 8 до 15 часот, а во Контакт-центарот е 24/7.

АМСМ: За регистрација на службено возило потребни се следниве документи: - Полномоштво од компанијата за лицето што ќе доаѓа во името на фирмата да ја направи регистрацијата со лична карта (полномоштво се приложува без оглед дали ќе доаѓа лично управителот, или, пак, некој вработен); - Тековна состојба не постара од шест месеци; - Доколку вирманите се плаќаат електронски задолжителен е печат од банка на реализираните вирмани при заверка на сообраќајната дозвола на шалтерот на МВР. Aдминистративна такса и надоместокот за јавни патишта може да се платат со службената картичка на фирмата.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


АМСМ

ВРЕМЕ Е ЗА ЛЕТНИ ПНЕВМАТИЦИ Обврската за зимски пневматици и опрема во автомобилите завршува на 15 март, па време е да ја проверите состојбата во која се наоѓаат вашите летни пневматици. Притоа не заборавајте дека дотраените пневматици значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот. Во случај на потреба од нови пневматици, ве потсетуваме да го искористите попустот од 30 % при набавка на сезонски пневматици од АМСМ сервисот за автомобили што го добивате ексклузивно како наши членови. Направете го вистинскиот избор и заштедете! Повеќе информации на 02/3181-133.

ЗАСТАНЕТЕ ВО РЕДОТ ЗА ОБУКА ЗА КАТЕГОРИЈА А Ако нешто е сигурно, тоа е дека со првите сончеви денови се буди и интересот за обука за категорија А, па ве советуваме навреме да се пријавите и да ги подготвите потребните документи: - Лична карта (кандидатот мора да има 24 години) и - Лекарско уверение Обуката за категорија А вклучува: - Теоретска обука во времетраење од еден ден, доколку поседувате категорија Б или во времетраење од четири дена, доколку не поседувате категорија Б и - Практичната обука што вклучува 16 моточаса. Повеќе информации на 02/3181-240.

24

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ

СПЕЦИЈАЛНА СЕРВИСНА АКЦИЈА ЗА ЖЕНИ ЧЛЕНОВИ Во пресрет на новата пролетна сезона искористите ја сервисната акција наменета специјално за нашите жени членови и соодветно подгответе го возилото за патувањата што следуваат. Направете редовен сервис и дополнително добивате: - Бесплатна дијагностика на возилото - 50 % попуст на замена на зимски со летни пневматици и - Подарок! Акцијата трае од 1.3. 2021 до 31.3.2021 година, а можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) само со претходно закажување на АМСМ инфо-линија 02/3181-181.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


CLASSIC

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

26

EUROPE PREMIUM

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


TЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

РЕДОВНИОТ СЕРВИС И МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА КАКО ШТО ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ, ТАКА И РЕДОВНОТО СЕРВИСИРАЊЕ И ПРОВЕРКАТА НА МОТОРНОТО ВОЗИЛО СЕ ПОЛОВИНА БЕЗБЕДНОСТ. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗАТОА ШТО ТИЕ ГАРАНТИРААТ БЕСПРЕКОРНА РАБОТА И ДОЛГОВЕЧНОСТ НА ВОЗИЛОТО И, ПРЕД СÈ, ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ.

С

екоја направа треба да биде сервисирана, односно да се направат проверки со цел да се види дали сè уште е исправна за употреба. Сето тоа се препорачува само поради една и единствена причина, а тоа е безбедноста. На почетокот ќе ја споменеме воздухопловната индустрија во која проверките и сервисите за исправноста се исклучително строги. Откако ќе биде произведен некој дел, веднаш се врши проверка. Посебни лица прават тестови на тој дел. Зошто е така во оваа индустрија? Затоа што таму нема поправен испит. Кога новиот авион ќе излезе од производната хала, не оди во продажба, туку во него седнува пробен пилот што врши детална проверка. По неколкудневната проверка сопственикот го добива авионот. Потоа сите функции на авионот повторно ги проверува пилотот што ќе управува со него. Сите проверки се прават за да бидат откриени и отстранети недостатоците. Зошто? Заради поголема безбедност. Сето ова треба и мора да се применува и во секојдневјето со автомобилите. Често слушаме приказни дека „автомобилот е сè уште нов, нема потреба да оди на редовен сервис и проверка“. Ова се случува откако ќе помине гаранцијата.

28

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Додека автомобилот е во гарантен рок, сопственикот мора да го носи на редовен сервис затоа што гаранцијата нема да важи ако не се придр-

жува кон правилата на производителот. Поради оваа причина секој сопственик на нов автомобил ги почитува правилата, но штом ќе помине гаранцијата, тогаш дел од сопствениците се однесуваат неодговорно кон своите „другари“ на четири тркала. Редовниот сервис и проверката може само да бидат од голема полза. Не треба да се чека редовен сервис за да се провери дали автомобилот е


TЕСТОВИ И СОВЕТИ

исправен. Може да се направат и вонреден сервис и проверка. Барем тоа е едноставно. АМСМ ја има таа практика со децении. Закажете термин во АМСМ Сервис и автомобилот ќе биде целосно проверен,а дополнително ќе ве информираат доколку има потреба од дополнителна интервенција. Неразбирливо е автомобилот што го возите секојдневно да го оставите несервисиран и непроверен покрај денешната нова технологија. Проверката и сервисирањето се завршуваат за еден-два дена, а со тоа вие и другите учесници во сообраќајот добивате врвна безбедност. Секое влегување во автомобил носи одредено ниво на ризик, но тој ризик може да се сведе на минумум, да биде занемарливо мал. Безбедноста во сообраќајот е клучна за сите. Кога возите автомобил, тогаш ова мора да го имате постојано на ум. Правилно проверениот и сервисираниот автомобил игра клучна безбедносна улога во сообраќајот. Нејасно е зошто некои возачи не ги менуваат старите и истрошени пневматици, истрошените зглобови, лагери, рамена, амортизери... и покрај тоа што знаат за неисправноста на автомобилот,

но и натаму го возат без грижа на совеста. Автомобилот е тој што има тркала и тој вас ве вози, а не вие него. Ако го чувате, ќе ве чува и тој. Однесете го автомобилот на редовен, но и на вонреден сервис за да биде позабавно патувањето.

Придржувајте се кон строгите правила за редовно сервисирање и проверки за да бидете сигурни дека вашето моторно возило, автомобил, мотоцикл, автобус, никогаш нема да ве остави на пат. • Жарко Атанасоски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


ПАТУВАЊЕ

Долината на Лоара

ФРАНЦУСКА ГРАДИНА НА ДВОРЦИ СРЦЕ НА ФРАНЦИЈА, НЕЈЗИН ВИСТИНСКИ ДУХ И УКРАС, ЛУЛКА НА СЛАВАТА, СЕ ДВОРЦИТЕ НА ЛОАРА. НА БРЕГОВИТЕ НА РЕКАТА ЛОАРА ПОЧНА ПРИКАЗНАТА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ФРАНЦУСКОТО КРАЛСТВО. НЕЈЗИНИТЕ БРЕГОВИ СЕ СВЕДОЦИ НА ПРЕМРЕЖИЊАТА НА СИТЕ КРАЛСКИ ДИНАСТИИ НА ФРАНЦИЈА. ОВИЕ ЖИВОПИСНИ МЕСТА СЕ СВЕДОЦИ НА КРВАВИТЕ БИТКИ, НА ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ НА ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ, ГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ХЕНРИ ВТОРИ И ДИЈАНА ДЕ ПОАТЈЕ... СИГУРНИ ЧУВАРИ, НЕМИ СВЕДОЦИ НА ЈУНАШТВОТО, ГОЛЕМИНАТА, ПАДОТ, САМОЖРТВАТА И ПРЕДАВСТВОТО.

Ф

ранција е фасцинантна земја со контрасти, разновидни предели и богато културно наследство. Првите асоцијации со Франција се Париз - град на светлината, на шансоните, азурниот брег со прекрасните градови, шампањот, добрите вина и сирења, но и катедралите и дворците како од бајките, главно лоцирани во долината Лоара. Во долината Лоара има голем број раскошни дворци и палати што биле изградени меѓу XIII и XVI век како утврдувања или летни кралски резиденции. Поради нив долината Лоара има репутација на „кралска долина“. Долината Лоара е име на посебен дел од државата Франција што се протега од Орлан до Анжер. Таа ја дели Франција на северен дел со блага и влажна клима и јужна со сува, топла, медитеран-

30

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ска клима. Оваа прекрасна област не е позната само по архитектурата, историјата и уметноста туку и по локалните кулинарски специјалитети, а особено по вината. Од познатите лозја во овој регион се произведуваат некои од најквалитетните вина. Плодната област и олеснетиот транспорт преку реката го направија ова место многу пожелно тука да се населуваат богатите лордови, членовите на кралското семејство и други богатници. Тие оставиле во наследство голем број прекрасни дворци, а некои и денес блескаат во полн сјај. Има многу убави дворци (повеќе од 300 во целиот регион) и УНЕСКО не можеше да издвои еден или неколку за својата листа на Светско културно наследство, па ја вклучи цела област. Убавината

Дворецот Шамбор

на оваа област го докажува прекарот на долината Лоара - „Француска градина“. Секој дворец во Лоара има своја историја, на еден или друг начин, поврзана со жените. Ана од Бретања, Јованка Орлеанка, Катерина де Медичи, Маргарита од Навара и Ана од Австрија... Денес некои од овие дворци се хотели, други се приватна сопственост и служат како куќи или викенд-куќи, трети ù припаѓаат на државата и отворени се за туристи. Иако не се многу оддалечени едни од други, секој од нив е посебен затоа што се изградени во различни епохи и за различни намени. Некои од нив се ограбени и уништени во текот на Француската револуција, други за време на светските војни кога ги користела војската. Сепак, дворците се зачувани и со нивниот стил од бајките привлекуваат туристи од цел свет, најмногу затоа што даваат можност за „движење“ во XV, XVI, XVII век.


ПАТУВАЊЕ

ДВОРЕЦОТ ШЕНОНСО, НАЈУБАВ МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ Ако требаше да издвоиме некои од нереално убавите дворци, тогаш Шенон, вечниот храм на љубовта, сигурно е меѓу нив. Дворецот го изградил богат собирач на даноци за сопругата во 1520 година. Секој што го посетил добива впечаток дека тоа е еден од најромантичните дворци во светот. Можеби е така поради дизајнот што отсекогаш го одредувале дамите што живееле во него, меѓу нив Дијана де Поатје и Катерина де Медичи. Дворецот Шенонсо се наоѓа на малата река Шер што делумно тече речиси паралелно со Лоара. Шенонсо е посебен, многу убав и невообичаен затоа што целосно е изграден над реката. Во неговата околина има сè што треба да има дворец, голема шума, прекрасен лавиринт, градина, патеки за возење и прошетки. Оваа градба, која според многумина е најубав и најоригинален француски дворец, неофицијално е именувана како „дамски дворец“ затоа што

поубавиот пол ја обележал неговата „судбина“. Шенонсо е втор (веднаш по познатиот Версај) дворец според посетеноста на туристите (околу еден милион годишно) во Франција, чии жители го нарекуваат и „Бисер на долината на кралевите“. И не без причина. Французите имаат една изрека: „Љубовта патува низ долината Лоара од дворец до дворец, а тука (во Шенонсо) најмногу се задржала“. Историјата на Шанонсо почнува во 1515 година кога старата воденица од XI век на реката Шер, Тома Бојлер ја претворил во вистинско љубовно гнездо, мала симпатична палата над водата, како знак за љубовта кон сопругата Катарина. По неговата смрт, кон средината на XVI век, поради долг кон монархијата зградата му припаднала на монархот. Во него се вселила сопругата на Франсоа Први, кралицата Клод. Целото француско благородништво, но и поголемиот дел од кралските семејства на Западна Европа биле маѓепсани од неговиот шарм, па Шенонсо го добил епитетот „најмагичен и најубав француски дворец“.

Сегашниот изглед на дворецот го дизајнирал ренесансниот архитект Фибер Делорм. Дворецот Шенонсо ù го „должи“ својот изглед на Дијана де Поатје, а „виновник“ за изгледот на неговата галерија е познатата Катерина де Медичи. До почетокот на Првата светска војна дворецот имал повеќе сопственици и тие го менувале неговиот внатрешен изглед и испишувале свои приказни, но овој пат многу потажни и поморбидни. Како врв на сè, кралот Луј Четиринаесетти ги пренел сите скулптури во својот замок Версај. Семејството Мени, славно по производство на чоколада, го купило дворецот во 1913 година и оттогаш го поседува. Како и повеќето други дворци, тој е отворен за јавноста. Изграден поради љубов, замокот Шенонсо сè уште е мека за вљубените парови од целиот свет, кои доаѓаат во овој „вечен“ љубовен храм што ги поврзува двата брега на реката Шер. Дворецот располага со исклучителна ботаничка градина со дрвја и растенија од цел свет, огромен лавиринт со автентични растенија, импресивни алеи, градините на Дијана од XVI век што се обновени, импозантна сала за балови и галеријата на Катерина де Медичи, поранешните простории на кралевите Франсоа Први и Луј Четиринаесетти, но и дворски чувари, поранешните штали денес се ресторани или Музејот на восочни фигури со фигури на сите познати луѓе што престојувале во оваа палата, облечени во оригинална облека од секоја ера… И, се разбира, најпознатата Црна соба на несреќната Бела кралица. Ова е уникатен дворец во кој сè уште не е изгаснат огнот на старите времиња, буквално затоа што сè уште постојано гори во огромното огниште во кралската спална соба. ИМПОЗАНТНИОТ БЛОА Ова е дворец во францускиот град Блоа, кој има неколку различни згради што биле изградени во периодот од XIII до XVII век, така што неговата архитектура има различни стилови од неколку епохи: готска, ренесансна, класична… Една од најстарите простории на овој дворец датира од почетокот на XIII век и денес тоа е една од најголемите зачувани простории во готски стил. Се користела за разни големи состаноци и собири, но и како судница. Во XVI век Франсоа Први, под влијание на сопругата, која сакала да се пресели во дворецот, го реновирал и изградил и ново крило. Тука ја собрал една од најголемите библиотеки во тоа време што, по смртта на кралицата, била преместена во замокот Фонтенбло, а подоцна овие книги

Капела Св. Ибер

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


ПАТУВАЊЕ

биле основа за формирање на Националната библиотека на Франција. Дворецот е простран, а најголем впечаток остава погледот кон внатрешните делови на фасадите на дворецот, особено големите спирални скали изградени за време на Франсоа Први. Како и во другите дворци, ентериерот е опремен со мајсторски рачно изработен мебел, таписерии, слики и скулптури. Има и прекрасна голема сала во типичен готски стил. ШАРМАНТНИОТ АМБОАЗ Дворецот се наоѓа на брегот на реката Лоара, на рид, во центарот на ова шармантно место, а со кулите доминира во пејзажот. Во својата историја имал голема политичка важност бидејќи бил резиденција на кралевите Чарлс Осми и Франсоа Први. Оваа зграда отсекогаш ја посетувале значајни луѓе, академици, уметници, благородници. Дворецот Амбоаз е украсен со исклучителна колекција на ренесансен и готски мебел. Познат е по репрезентативната готска сала за прием на истакнати гости со исклучителен камин, со модерна кралска спална соба, прва ренесансна фасада во цела Франција и градина во италијански стил. Амбоаз се издвојува од другите прекрасни палати и дворци во долината Лоара по еден нејзин жител - познатиот Леонарадо да Винчи, кој како гостин на кралот живеел во негова близина од 1515 година до смртта во 1519 година (во неговиот двор се наоѓа капелата Свети Ибер, во која е погребан Леонардо Да Винчи во 1519 година). Се вели дека Леонардо, како личен пријател и човек од доверба на Франсоа Први, го советувал за многу лични и државни работи. Кралот исклучително го сакал и го ценел големиот Леонард и многу го почитувал неговото мислење. Како доказ за тоа Франсоа Први му ја подарил Клои Лус, прекрасна вила со градина, сместена на неколку стотици метри од дворецот. Леонардо се преселил во вилата во 1516 година и последните три години од животот ги поминал таму. ШАМБОР Ова е најголем замок во Лоара и еден од најпрепознатливите дворци во светот. Шамбор има архитектура карактеристична за француската ренесанса. Го градел кралот Франсоа Први во 16 век, а градбата траела дваесеттина години. Дворецот располага со 440 соби и со парк од 4.563 ха. Кралот го користел само кога одел на лов, а имал уште два дворца во кои живеел, Блоа и Амбоаз. Дворецот се состои од централна тврдина и 32

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Двојно спирални скалила - Шамбор

четири кули што го опкружуваат централниот дел. Иако добро утврден, дворецот не требало да заштитува од непријателот - дури и ровот и бедемот се декоративни. Особено интересен е убаво украсениот покрив што кралот сакал да личи колку што е можно повеќе на погледот кон Цариград. Неговиот покрив се состои од 11 различни кули и три оџаци, навидум распоредени без никаква симетрија, а крајниот резултат е сосема спротивен - линијата на покривот навистина изгледа како таму да му е место на секој дел. Оригиналниот дизајн на дворецот Шамбор го изработил Доменико да Кортона, но тој се менувал во текот на дваесетгодишната изградба (1519–1539).

Дворецот има шест огромни кули, 440 соби, 365 камини и 84 скали. На секој кат има четири правоаголни ходници. Една од најпознатите архитектонски карактеристики, дело на Да Винчи, се скалите во форма на двојна спирала каде што луѓето можат во исто време да се искачуваат и да се симнуваат без да се сретнат. Шамбор е опкружен и со паркови од 52,5 км, долги 31 км. ВИЛАНДРИ И МОНТРЕСОР Дворецот Виландри е последно дело на ренесансните уметници на бреговите на Лоара. Тука се наоѓа најпознатата градина во Франција. Поделена е на шест одделни градини и секоја


ПАТУВАЊЕ

Замок Шенонсо

е уредена според посебна тема. Најинтересна е кујнската градина, која е поделена на девет квадрати, а во секој е засаден шарен зеленчук. Овој необичен дворец ретко се споменува, но има посебен шарм. Дворецот Монтресор е сместен во живописното гратче Монтресор, кое се смета за едно од најубавите села во Франција. Изграден е над темелите на античкото утврдување на бреговите на реката Индра и опкружен е со калдрма и со стари

куќи. Зад ѕидините се крие голема колекција на ловечки трофеи и уметнички дела. Дворецот сè уште е во сопственост на грофовското семејство што имало пријателски врски со Наполеон. Во долината на реката Лоара има уште десетици дворци, секој убав на свој начин и навистина вреди да се посетат. Но, моментната состојба со пандемијата со Ковид-19 во цел свет нè принудува да ги одложиме своите планови за патувања. Токму затоа се погриживме за некое поубаво време да

ви ja предложиме Долината на Лоара што задолжително треба да ја посетите. Одмор на овие простори во пролет или наесен овозможува да се чувствувате кралски, да ги видите вистинските приказни на историјата што се случиле токму тука и да слушнете за важните историски личности што ги посетиле овие места. Погледнете ги фотографиите и прочитајте за овие дворски убавини. • Маргита Поповска

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| СТИЛ

Уметност на живеење

ХИГЕ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА Х

иге (hygge) се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па сè до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. Еве неколку идеи за хиге во текот на целата година. ЈАНУАРИ: ФИЛМСКА ВЕЧЕР Јануари е совршен за опуштање со пријателите и со семејството во некоја лежерна филмска вечер. Секој во друштвото нека донесе грицки за сите; изберете некоја стара филмска класика, нешто што сите веќе сте го гледале, па нема да пречи ако си разговарате додека трае филмот. Забавен додаток на филмската вечер е да измислите најкраток начин да ја раскажете приказната во конкретниот филм. Така, „Господар на прстените“ станува „Една група враќа накит девет часа“, „Форест Гамп“ станува „Девојка-зависничка од дроги со децении искористува едно момче со пречки во развојот“. ФЕВРУАРИ: ОДМОР СО СКИЈАЊЕ Доколку сте во можност, организирајте се со пријателите и со семејството во ова време од годината да одите на планина. Да, погледот од планините е воодушевувачки, брзото спуштање по падините крајно возбудливо, а воздухот е неверојатно чист - но, најдобар дел од патувањето со скијање е хиге. Магијата се случува кога со друштвото ќе се вратите во колибата, изморени од падините, валкани, со разбушавени коси, со грди волнени чорапи на нозете, а потоа сите во пријатна тишина се опуштате со кафе. Не заборавајте да спакувате и некое добро вино! Март: тематски месец Ако со семејството патувате некаде на летен одмор, ова би било начин како однапред да си доживеете малку хиге. Ако на летен одмор одите во Шпанија, во март истражувајте ја таа земја од далеку. Под „истражувајте“ се подразбира да гледате шпански филмови, да правите тапас, а ако имате деца, можеби

34

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЗА ДАНСКА ЧЕСТО СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е НАЈСРЕЌНАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ. А ТОА СЕ СВЕДУВА НА ЕДНА РАБОТА ХИГЕ.

една вечер да се занимавате така што ќе ставате ливчиња „стикери“ на столовите, на масата, врз чиниите на шпански, за да го поднаучите малку јазикот. Ако годинава не одите на одмор, можете да искористите тема од земја во која претходно сте патувале (ѕирнете ги фотоалбумите), или да си изберете дестинација за одмор од соништата. Ако не можете да одите во конкретната земја, донесете ја таа земја дома кај вас. АПРИЛ: ПЛАНИНАРЕЊЕ И ГОТВЕЊЕ НА ОТВОРЕНО Април може да биде прекрасен месец за пешачење со планинарење, на логорување, или на возење кану. Што се однесува до времето, може да биде малку свежичко - запомнете да си ги спакувате волнените чорапи (тие се дополнително хигелиге) - но, овој месец е поволен зашто тогаш има помалку комарци. Ако сте градски човек, природно е во првите часови минати во природа да почнете да паничите и да си мислите: Ама, што, по ѓаволите, ќе правиме овде без вај-фај? Но, кога ќе го надминете тоа чувство, пулсот ќе ви се смири и напнатоста ќе ви се намали. Шетањето низ природа е суштинско за хиге зашто содржи бавност, рустикалност и заедништво. Соберете гранки, направете оган, пригответе ја храната и набљудувајте ја додека полека се готви на отворен оган, а потоа, по вечерата, уживајте во чаша виски под ѕвездите, заедно со вашите пријатели. Ако излегувате во природа околу Велигден, не заборавајте да спакувате чоколадни јаца за децата. МАЈ: ВИКЕНД ВО КОЛИБА Во мај, денот се продолжува и тогаш е добро време да почнете да ја користите слободната природа. Можеби некој ваш пријател има колиба или можеби заедно евтино ќе најмите колиба; колку е порустикална, толку е похиге. Уште подобро ако има камин. Не заборавајте да спакувате друштвени игри за дождливите попладниња. Можеби некој викенд во мај ќе имате можност првпат таа година да правите скара. Што се однесува до летното хиге, ништо не е како кога стоите

околу скарата со пиво во рака. ЈУНИ: СОК ОД БОЗЕЛ И ЛЕТНА РАМНОДЕНИЦА Почетокот на јуни е совршено време за берење бозел за сируп или лимонада. Сокот од бозел секогаш мириса на лето, без разлика дали го пиете студен на топол, летен ден или, пак, топол, во зима. И не е само пиењето: кога правите сок од бозел, треба да ги оставите цветовите и лимоните да отстојат во сад 24 часа, па така целата куќа пријатно мириса на летно хиге. Само еден здив и веднаш се враќаме во летата од нашето детство. ЗА 2,5 ЛИТРИ ЛИМОНАДА ОД БОЗЕЛ 30 грстови бозел 3 големи лимони 1,5 литри вода 50 г лимонова киселина 1,5 кг шеќер 1. Грстовите ставете ги во голем длабок сад, по можност да собира пет литри течност. 2. Под млаз топла вода, добро измијте ги лимоните и исечкајте ги на тркалца, што потоа ќе ги додадете кон бозелот во садот. 3. Зовријте ја водата и додадете лимонова киселина и шеќер. 4. Истурете ја зовриената вода во садот во кој се наоѓаат бозелот и тркалцата лимон. 5. Покријте го садот со капак и оставете ја лимонадата да отстои три дена. 6. Процедете ја течноста и сипете ја во шишиња. Чувајте во ладилник. Вечерта спроти свети Јован Крстител се паѓа на 23 јуни и е вечер кога Данците ја прославуваат летната рамнодневица. Во Данска, сонцето во јуни заоѓа речиси во 23 часот, а ноќта никогаш не останува целосно без светлина. Додека сонцето заоѓа, има едно горчли-


СТИЛ |

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Јадењето погрешни видови печурки може да биде смртоносно и затоа најдете искусен берач на печурки што ќе го замолите да дојде со вас. Во многубројни локални заедници се организираат групни излети за берење печурки.

во-слатко сознание дека, почнувајќи од следниот ден, полека почнуваат да потонуваат кон темнината, бидејќи деновите ќе стануваат пократки. Ова е совршена вечер за пикник. Организирајте се со пријателите и со семејството и направте логорски оган. (Огновите обично се палат релативно доцна поради светлината, па доколку во меѓувреме треба да ги занимавате децата, ова е одлична вечер за трка со јајце на лажица в рака.) ЈУЛИ: ЛЕТЕН ПИКНИК Во јули, Данците навистина сакаат да излезат надвор и да уживаат во природата. Времето е топло, а вечерите се уште долги. Ова е совршено време од годината за пикник покрај море, на ливада или во парк. Изберете што сакате, но секако излезете од градот. Поканете го семејството, пријателите, соседите или вашите нови, штотуку доселени соседи. Вечерите каде што секој носи по нешто за сите да јадат обично се похигелиг, зашто се порамноправни. Нивната суштина е да се сподели храната, но и одговорностите и работните задачи. АВГУСТ: МЕТЕОРСКИ ДОЖД ПЕРСЕИДИ Понесети си ќебиња за ноќ под ѕвездите. Светлите ноќи во овој дел од годината можеби не се најдобро време за гледање во ѕвездите, но метеорскиот дожд Персеиди се јавува во средината од август и обично најјасно се гледа некаде од 11 до 13 август. Североисточно на небото побарајте го соѕвездието Персеј, на чијшто исток е Андромеда, а на север Касиопеја.

Ако имате деца, ова е одлична можност да понесете

ОКТОМВРИ: КОСТЕНИ Време за костени. Ако имате деца, земете ги во берба на костени и правете фигурички на животни од нив. За возрасните, купете костени што се јадат, со нож издлабете крст на шилестата страна и печете ги во рерна 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека лушпата не се отвори и додека внатрешноста не им омекне. Излупете ја тврдата надворешна лушпа и додадете малку путер и сол.

и книга со бајки од старогрчката митологија и да им читате додека чекаат да почне паѓањето ѕвезди. Жителите на јужната хемисфера можат да го гледаат метеорскиот дожд ЕТА Аквариди. Обично, врвот го достигнува од крајот на април до средината на мај.

Ако само сакате малку хиге време сами со себеси, земете неколку мандарини, печени костени и „Подвижна гозба“ од Хемингвеј (дејството на оваа книга се случува во Париз, во дваесеттите години на 20 век, кога Хемингвеј бил сиромашен писател).

СЕПТЕМВРИ: БЕРЕЊЕ ПЕЧУРКИ Печурките се јавуваат главно наесен, но можат да се најдат и од крајот на летото. Нема подобар вкус од храната што самите сте ја одгледале, уловиле или набрале - а, има и висок фактор хиге. Повикајте го семејството и пријателите на излет за берба в шума.

НОЕМВРИ: ГОТВАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ПРАВЕЊЕ СУПИ Зимата наближува. Време е да ги извадите старите рецепти и да пронајдете нови. Поканете ги на гости семејството и пријателите, па направете готварски натпревар во правење супи. Секој од гостите со себе носи состојки за по една порција супа. Еден по еден приготвувајте мали порции различни супи, доволно за да проба секој. На пример, можете да приготвите супа од тиква и од ѓумбир, што навистина добро оди со малку павлака. Ако како домаќин/ка сакате да приготвите нешто дополнително, испечете домашен леб. Миризбата на свежо печен леб дефинитивно е хиге. ДЕКЕМВРИ: ГЛОГ И КРОФНИЧКИ Декември е годишно време на хиге. Потрошувачката на свеќи и на слатки расте, а растат и килограмите на вагата. Ова е најубавото време за глог (варено вино рецептот можете да го најдете на интернет). Почнете особено порано: натопете го сувото грозје во порто и поканете ги на гости пријателите и семејството на ручек или вечера со глог и со крофнички (рецептот е, исто така, на интернет). • Игор Ландсберг

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


ГАСТРОНОМИЈА

МЕДИТЕРАНСКА САЛАТA Состојки

250 гр. домати 100 гр. моцарела 30 гр. маслинки 50 гр. свит чили Сончогледови семки Босилек Оцет Маслинов зејтин

Подготовка:

Медитеранската кујна е една од најздравите кујни во светот затоа што комбинира здрави намирници. Брзо и едноставно можете да направите здрава салата за помалку од 5 минути. Моцарелата исецкајте ја на помали парчиња и додадете ги во претходно исецканите маслинки и домат. Сето ова посипете го со сончогледови семките и босилек и на крај салатата прелијте ја со маслиново масло. ДОБАР АПЕТИТ! 36

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ХОЛАНДСКАТА КУЌА“ ЕН ПАЧЕТ

Н

а крајот од Втората светска војна, Сирил Конрој го послужува среќата кога со една мудра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал. Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини. Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана. •

„МАКЕДОНСКИ НОКТУРНА“ ЕМА ПОПИВОДА – ПИЈАНО

Н

ајновиот албум на пијанистката Ема Попивода со Ноктурна оп. 49 и оп. 52 на композиторот Димитрије Бужаровски содржи 12 композиции базирани на македонски народни теми. Композициите се напишани во стилот на Шопен и Лист, со примеси на џез и фолклорни елементи, кои се лесно прифатливи за слушање, најмногу поради фактот што во нив се проткајуваат темите на познатите македонски народни песни. Низ виртуозните пијано-композиции може да се слушнат: „Зајди, зајди“, „Дали паметиш Милице“, „Калеш Анѓо“, „Јовано Јованке“, „Море сокол пие“, „Сербез Донка“, „Дафино вино црвено“, „Не си го продавај Кољо чифликот“. Албумот е запис на овие прекрасни композиции по многубројните нивни концертни изведби во Македонија, но и во Њујорк, Токио, Лондон, Брисел, Будимпешта, Рим, Перуџа, Белград, Гдањск. Снимањето на композициите се одвиваше за време на карантинските денови во 2020 година. Задолжен за снимањето, микс и мастеринг на албумот беше Анѓел Ќосев и студио „Подрумот“, додека продуцент е Давор Попивода. Ова ЦД претставува вистинска разгледница на македонската музика, култура и уметност. Заинтересираните слушатели може да го најдат во Југотон или онлајн, на Bandcamp. •

„THE DIG“ (ИСКОПУВАЊЕТО)

T

he Dig е британска драма чија премиера се одржа на 15 јануари 2021 во САД, почитувајќи ги пандемиските протоколи, а на Netflix почна да се прикажува на 21 јануари. Критиките генерално се позитивни. Инспирирана од истоимениот роман на John Preston од 2007 год., кој говори за ископувањата на Sutton Hoo во 1939 година, „The Dig“ нè враќа во крајот на триесеттите години од минатиот век, кога богатата сопственичка на земјиштето, Edith Pretty, го ангажира археологот, инаку аматер, Basil Brown, за да ги испита насипите на нејзиниот имот во Англија. Додека ги ископуваат тамошните гробишта, тој и неговиот тим откриваат брод од мрачните години. Актерот Ralph Fiennes е номиниран за најдобар актер на овогодишните AARP Movies for Grownups Awards, додека Carey Mulligan влезе во конкуренција за британска/ирска актерка на годината на London Critics Circle Film Awards. • Жанр: драма Актери: : Carey Mulligan, Ralph Fiennes, Lily James, Johnny Flynn, Ben Chaplin, Ken Stott, Archie Barnes, Monica Dolan Режија: Simon Stone

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


|HI TECH

Технологија

ПРОШEТКИ НИЗ ВОДЕНИТЕ ПОВРШИНИ КОГА ГО НАБЉУДУВАТЕ ПОДВОДНИОТ ЖИВ СВЕТ, НИВНОТО ДВИЖЕЊЕ ВИ ИЗГЛЕДА ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО И ЕЛЕГАНТНО. ИМАТЕ ТАКОВ ВПЕЧАТОК ЗАТОА ШТО ТОА Е НИВНАТА ПРИРОДНА СРЕДИНА, А АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НЕА БАРЕМ И НА НЕКОЛКУ МИНУТИ, ТОГАШ „АКВАЏЕТ Х 2“ Е ТОКМУ ЗА ВАС.

В

елосипед, две тркала на рам, вилушки, седиште, управувач, сопирачки, калници, светла и уште некој дополнителен дел. Оваа направа му служи на светот повеќе од два века, односно влезена е во третиот век. Најобично, наједноставно и најисплатливо средство за сувоземен превоз. Што ќе кажете за можноста да возите велосипед и да совладувате водени растојанија? И такво чудо измислија. Има неколку изуми, но овој пат се чини дека направата е најсовршената што светот ја видел. Рам направен од авионски алуминиум („тиг“ заварување 6061 - т 6) за постигнување мала тежина, но голема цврстина, потоа управувач, седиште педали, одзади има пропелер, но и крила на задната и предната вилушка, ако воопшто може да се каже дека направава има класични вилушки како велосипедите. Малото крило на-

38

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

пред е со распон од 1,2 метри, додека задното е помасивно и има поголем распон, точно 2,0 метри. Крилата се статични, но затоа на предната вилушка има дополнителна „вилушка“ на која има мали крила поставени во V. Тие мали крила заедно со вилушката се вртат како што се врти управувачот. Сите крила и останати делови се направени од јаглеродни влакна, со исклучок на рамот, како што претходно нагласивме. Пловилото во облик на велосипед е развивано цели осум години од една новозеландска фирма, односно конструктор по име Гај Хауард Вилис. За време на развојот на „велосипедот“ за пловење, тесно соработувал со мајсторот на својот занает, еден од попознатите конструктори на сувоземни велосипеди Роланд Алонзо. За време на развојот направиле две пловила, поточно тоа e еден ист велосипед, но едниот е

обичен, а другиот со 400 W електромотор. Првиот тежи 14, а вториот малку над 20 кг. При понатамошниот развој на пловилото, констукторите одлучиле повеќе внимание да му посветат на тој со електромотор, бидејќи е далеку полесен за пловење, додека за другиот треба да се има


HI TECH |

добра физичка подготвеност. Пловилото во вид на велосипед е наречено „манта 5 хидрофајлер икс е 1“ и со него може да управува секој што умeе да вози класичен велосипед, Нема некоја посебна „филозофија“ при управувањето и пловењето. Хидровелосипедот во режим на пловење со најмала помош од страна на електромоторот, може да плови четири часа, но ако помошта од електромоторот е најголема тогаш пловилото ќе можете да го возите не повеќе од еден час и притоа да постигне крајна брзина од 19,3 км/ч што е прилично голема брзина за една ваква направа која плови.

Конструкторот во едно интервју има кажано дека хидровелосипедот може да постигне и максимални 22 км/ч. Конструкторите препорачуваат пловење кога водата е мирна затоа што направата не може да совладува бранови. Немирната водена површина го исфрла хидровелосипедот од рамнотежа и пловењето е оневозможено. Кога сме веќе кај употребата, треба да се спомне следниов податок, направата не може да ја користат лица со тежина под 70 кг и тие со поголема тежина од 100 кг. Доколку лицата имаат премала или преголема тежина, рамнотежата на пловилото

повторно се нарушува. Хидровелосипедот може да се нарача од веќе воспоставената продажна мрежа, но цената е малку повеќе од изненадувачка, „само“ 7.999 евра. Така пишува на европската страна: (eu.manta5.com). Играчкава ќе помине кај народот, занимлива е и сигурно многу е забавно да се биде на вода и да можеш да пловиш. Ако играчката може да помине, сигурно цената не поминува, дури и за поголем дел од државите на континентов.

• Жарко Атанасоски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| ИСТОРИЈА

Пининфарина

90 ГОДИНИ ДИЗАЈН И АВТОМОБИЛИ

К

олку е сето тоа малку чудно и на некој начин загадочно кога ќе се спомне дизајнот и неговата поврзаност со Италија. Секогаш, без исклучок, кога и да збориме за дизајн на некој производ со потекло од „чизмата“, за него велат, „Италијанците отсекогаш ги бидувало за дизајн“. Споменатата земја и нејзините општествено-политички и економски движења во средниот век биле нешто како основа за развој на уметноста што, пак, води корени уште пред и од времето на Римската Империја кога биле создавани монументални зданија. Сета таа умешност се пренесувала со векови, се негувала во периодот на хуманизмот и ренесансата, повеќе или помалку, но најважно е тоа што таа нишка никогаш не била прекината. За таквите движења најзаслужен бил и останал народот што со векови таа умешност на градење, обликување и цртање, ја негувал, пренесувајќи ја од колено на колено. Не дека другите нации немаат денес талентирани дизајнери, на пример, и кај нас во Македонија имаме дизајнери што добиле меѓународни признанија од највисок ранг, на пример, Валентин Ширилов, припадник на повозрасната генерација, а сега го имаме Славче Таневски. Но таму има нешто многу специфично, таму сè е посветено на дизајнот. Секој нов производ добивал посебен облик, кај нив сè што ќе излезе од работилница или од фабрика е речиси совршено, му посветуваат големо внимание на обликот. Така некако е создавана љубовта кон обликувањето

40

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

΄ ТЕКСТОТ И ГО ПОСВЕТУВАМЕ НА КОМПАНИЈА ШТО ВО ИЗМИНАТИОТ ВЕК ОСТАВИ И СÈ УШТЕ ОСТАВА СИЛЕН БЕЛЕГ ВО СВЕТОТ НА ОБЛИКУВАЊЕТО И ТВОРЕЊЕТО НА УБАВИ НЕШТА. ИМЕТО ПИНИНФАРИНА НАЈМНОГУ И НАЈЧЕСТО ГО СРЕТНУВАМЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА И СРЕЌА Е ШТО СМЕ СОВРЕМЕНИЦИ НА КОМПАНИЈА ШТО СОЗДАВА УБАВИНА.

и создавањето убави нешта во земјата на „аѕурите“. КОГА ДЕТСКИОТ СОН ЌЕ СЕ ОСТВАРИ

Една од највлијателните дизајнерски куќи во светот, компанијата Пининфарина, ја слави својата 90-годишнина од создавањето. Името кажува најмногу. Пред сè автомобили, а потоа и канцелариски мебел и рачни часовници, кујнски апарати, пловила, летала и што уште нè. Сепак, компанијата Пининфарина најчесто и оправдано ја знаат и ја спомену-

ваат како еден од најголемите создавачи на убави линии кај автомобилите. Сето тоа почнало во 1930 година кога Батиста Фарина одлучил да основа компанија за производство на шасии и автомобили. Прв контакт со автомобилите имал на 12-годишна возраст кога отишол да го посети постариот брат Џовани, кој работел во компанијата Алесио. Таму, како и во стотина други во Торино, се произведувале автомобили по нарачка. Такво било времето, купувачите на автомобили сами избирале каков автомобил сакаат да им се направи. Таму Батиста Фарина се „зара-


ИСТОРИЈА |

зил“ со автомобилскиот вирус. Кога се враќал дома со брат му, низ игра ги цртал автомобилите што ги видел во работилницата. Неговиот прекар Пинин потекнува од дијалектот од околината на Пиедмонтезе што, всушност, значи најмал, најмлад во семејството. Во 1910 година неговиот брат Џовани и Карло отвориле работилница иста како Алесио, но го зеле и Батиста, најзаразениот со автомобили, кој уште како дете посакувал да си направи автомобил за себе. Затоа неговите браќа го поставиле да биде одговорен за обликот на автомобилот и за рекламирањето на производите. Во текот на работата ја имал честа на само 17 години, меѓу другите, да се сретне и со Џовани Ањели, основачот на Фиат, и да разговара со него во врска со дизајнирањето на „фиат зеро“, а во 1920 година се сретнал и со Хенри Форд. Тогаш основачот на Форд му понудил работа, но Пинин ја одбил понудата и се вратил во родната Италија, со идеја и мисла да отвори своја компанија за правење каросерии и да прави автомобили по нарачка на веќе постојни шасии. Покрај работата, тој за себе направил автомобил со кој успешно учествувал на трки. Така во 1921 година убедливо победил на трката Аоста – Гран Сан Бернардо оставајќи ги зад себе многу поискусните возачи што имале посебни автомобили, правени во работилници каде што исклучително се подготвувале возила за трки. Тогаш поставил рекорд на патеката што успеал да се одржи 11 години пред да биде соборен. Во времето додека се занимавал и со трките, се сретнал со повеќемина што во тоа време биле искусни и познати тркачи, меѓу кои и Винченцо Ланча, Вагнер, Наѕаро, Кањо и многу други. Искуството стекнато во работилницата на брат му и развојот на неговите тркачки автомобили сакал да го преточи во своја компанија и во 1930 година ја формирал „Сосиета Анонима Каросерија Пинин Фари-

на“, лоцирана во Торино. Главната поддршка при отворањето на компанијата пристигнала од Винченцо Ланча и неговата богата роднина, тетка му. Преработувал шасии, главно, од автомобилите Ланча на неговиот пријател Винченцо, но и Алфа Ромео, Изота Фрасчини и Фиат. Во тоа време бил познат по навидум конзервативниот дизајн и правите хоризонтални линии, но и по напуштањето на старата школа за дизајн. Талентот веднаш испливал на површина кога учествувал на манифестацијата „Конкорсо д Елеганца Вила де Есте“ во 1931 година. Тогаш ја изложил својата творба „ланча диламбда спајдер“ што не останала незабележана и токму затоа била купена од тогашната кралица на Романија. Од 30-тите години од минатиот век треба да се споменат „хиспано суиза купе“ и „фиат 518 ардита“ создадени и потпишани од Пинин. Напуштањето на застарената школа за дизајн се забележува по тоа што почнал да ја комбинира аеродинамиката со современите, за тоа време, прави линии – „алфа ромео 6 ц пескара купе аеродинамико“, „ланча астура кабриолет типо бока“ и „ланча априлиа аеродинамика“. Пининфарина првпат ја вовел аеродинамиката не само како одлика на тркачките автомобили за постигнување поголема брзина, туку како секојдневен и нераскинлив дел од туристичките автомобили. Веднаш по војната се случило нешто интересно што не смееме да го пропуштиме. Место на настанот бил Салонот за автомобили во Париз. Батиста подготвил два автомобила и заедно со синот Серџо тргнал за Париз каде што сакал да ги изложи. Не му било дозволено да учествува на изложбата затоа што доаѓал од земја што во војната била една од силите на Оската, Тројниот пакт. Вознемирен од постапката на организаторот на манифестацијата, Батиста ги изложил автомобилите надвор од кругот на саемот, на најблискиот

простор каде што посетителите ги паркирале своите автомобили. Случајните минувачи и намерниците се воодушевиле од убавината на двата автомобила, „алфа ромео спорт 2500“ и „ланча априлиа кабриолет“. На тој мал „штанд“ под ведро небо секогаш имало по околу педесетина посетители. Малку подоцна, во 1947 година, на сцена стапил неговиот дизајн „циситалија 202 купе“. Маската, односно решетката, зад која стои радијаторот, не била поставена вертикално, туку хоризонтално. Тој „потег“ го позајмил од тркачките автомобили, поточно од болидите од Формула 1. Автомобилот бил претставен на изложбата „Конкорсо д Елеганца Вила де Есте“ и веднаш предизвикал воодушевување кај присутните. Организаторот токму нему му ја доделил првата награда, а во 1951 година Музејот на современа уметност во Њујорк го прогласил автомобилот на Б. Фарина за еден од осумте најуспешно дизајнирани авомобили во тоа време и го изложил во музејот како дел од постојаната поставка. Големината на компанијата Пининфарина веќе се наѕирала, почнала да произведува автомобили од познати марки: Алфа Ромео, Фиат, Ланча, Масерати, но и странски нарачатели како Неш со моделот „амбасадор“, потоа „спортскиот автомобил „неш – хејли“, БМК и Пежо. ВЕЧНИОТ ПРИДРУЖНИК ФЕРАРИ

Иако дизајнерските остварувања на компанијата се присутни во различни, да ги наречеме, производи, сепак името Пининфарина најчесто го поврзуваат со Ферари. Некаде во долниот дел меѓу вратата и задното тркало стои потписот на Пининфарина на секој авто-

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| ИСТОРИЈА

мобил со име Ферари. Соработката меѓу овие две компании почнала во 1951 година, но ретко некој верувал во нејзината долговечност. Тука има еден непобитен фактор, а тоа е, како што велат, упорноста и тврдоглавоста на двајцата сопственици. Кога требало да се сретнат првпат, ни едниот ни другиот прифатил да биде гостин посетител во нечија канцеларија. Затоа Енцо Ферари (подоцна со титула Комендаторе) и Батиста Фарина се сретнале некаде на половина пат од делницата Торино-Маранело, во ресторан во малото место Тортона. Двајцата големи мајстори на своите занаети се договориле да соработуваат и затоа денес ги имаме едни од најубавите автомобили воопшто направени на планетава - повеќе од шест децении соработка и околу 200 модели Ферари со потпис Пининфарина. Основачот на денес светски познатата компанија официјално го сменил своето презиме од Фарина во Пининфарина, така што прекарот станал дел од неговото презиме, односно името на компанијата (Пинин Фарина) сега станало и негово презиме. Тоа се случува во 1961 и таа година мајсторот над мајсторите Батиста Пининфарина му го отстапил водечкото место во компанијата на својот син

42

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Серџо. Всушност Серџо Фарина бил „виновен“ за соработката со Ферари. Еве како се случило тоа. Претходно кажавме за склучувањето на договорот за соработка, Ферари технологија и автомобили, а Пининфарина дизајн. Ферари како Ферари и во тоа време бил марка, најпознат по своите тркачки автомобили и по победите каде и да се појавел. Младиот Фарина, кој на совет од татко му станал дизајнер, а не машински инженер, како и секој млад човек бил привлечен од автомобилите и од болидите на Ферари. Во тоа време Енцо Ферари им ги продавал веќе употребените, возените болиди на други тимови, но не само ним туку и на поединци што сакале да се тркаат или едноставно да ги возат и да ги имаат во својот двор. Биле правени и туристички автомобили, но во многу мал број, речиси незначителен. Енцо Ферари морал да ги продаде своите извозени болиди за да го овозможи постоењето на тркачкиот тим што му бил поважен од сè, само не од семејството. Токму поради тоа самофинансирање почнал да произведува и „обични“ автомобили, туристички, но со сите нешта што го карактеризираат едно спортско купе. Серџо Фарина, во еден разговор со татко му, предложил да

се сретнат со Енцо и да видат дали може да дојде до соработка. Откако завршил состанокот и ја договориле соработката, Енцо му нагласил на Батиста дека сака сета работа меѓу фирмите да се одвива исклучително преку Серџо и тој да биде одговорен за севкупната соработка. Така и се случило, сите работи за двете компании ги организирал Серџо Фарина. Сега сигурно се прашувате зошто Енцо настојувал Серџо да биде главен за сè а не основачот Батиста. Двајцата биле тврдокорни во своите принципи и тврдоглави по карактер, но затоа Серџо Фарина бил чиста спротивност од нив. Работата ја работел со жар и со срце. Таквиот начин на работа и преговарање лесно бил откриван од спротивната страна. Темелен во искажувањето на своите идеи, отворен за соработка, зрачел со оптимизам. На Енцо токму тоа му се допаднало и затоа од таткото Батиста побарал синот Серџо да биде „мост“ меѓу двете компании. Исто така, Серџо Фарина е „виновен“ и за концепцијата централно сместен мотор во туристичките автомобили на Енцо. Кога се појавил моделот „мјура“ на кој е запишано името Ламборџини, неговиот громогласен V12 мотор бил централно сместен. Серџо му предложил на Енцо да почне моторот да го сместува зад седиштата. На ова Енцо одговорил дека купувачите нема воопшто лесно да се справат со такви автомобили затоа што тешко се управуваат и дека тоа ќе биде премногу опасно за нив. Автомобил со централно сместен мотор и погон на задна оска барал посебни возачки способности. Едно е мотор сместен напред, а сосема друго е мотор поставен веднаш зад седиштата (централно поставен мотор). Некако ја „испеглале“ работата


ИСТОРИЈА |

и Енцо дозволил да се прави такво купе, но со името од неговиот син Дино. Ферариевата класика од V12 мотор била изоставена, а на нејзино место бил вграден наполу помалиот V6 мотор. Така новопечениот концепт „дино 206 с“ бил подготвен за светската премиера во 1965 година на Салонот за автомобили во Париз. Компанијата Пининфарина успешно ја завршила работата, а една година подоцна во Торино бил прикажан серискиот модел. Оттогаш Ферари почнал да ги поставува моторите пред задната оска, односно централ-

но во своите сериски автомобили, туристичките. Пос ледниот автомобил дизајниран од основачот Батиста е „1600 дуето“ направен за Алфа Ромео. Лично го претставил во март 1966 година во Женева. По околу еден месец подоцна, во април, основачот ја оставил зад себе својата работа, својот труд и делата што сведочат за неговата генијалност. Оттогаш сета организација во компанијата ја воделе Серџо Пининфарина и неговиот зет за сестра Ренцо Карли. Под негово водство компанијата продолжила да работи со забрзано темпо, а производството на автомобили од 500 примероци на годишно ниво пораснало на фантастични 50.000. Кога светот гледал на воздушниот тунел како на нешто многу далечно и неостварливо, токму Пининфарина го изградила сопствениот во 1972 година, еден од неколкуте во светот. Колку за информација, далеку поголеми и побогати компа-

нии немале свој аеротунел. Иако компанијата била најпозната по дизајнот и по производството на автомобили, малкумина знаат дека Пининфарина уште во 1963 година ги конструирал прототипите „сигма“ во кои биле вградени дотогаш најдобрите активни и пасивни безбедносни системи за кои светот ќе зборува и ќе ги вградува доцнејќи со децении. Исто така, компанијата се залагала за производство на поштедливи погонски единици што наедно ќе бидат поефикасни при согорувањето на смесата гориво – воздух за да се намали загадувањето на животната средина. Големите превирања во светот на парите и економијата доведоа до помали и поголеми потреси во автомобилската индустрија, односно се случи големата светска автомобилска криза во која настрадаа многу производители и државите беа принудени да помагаат за да го ублажат падот. И Пининфарина не остана имун на светските случувања, работите се изменија и денес компанијата е во сопственост на финансиски моќниот индиски производител на моторни возила Тата. По неколкугодишно консолидирање на работата, Тата одлучи да вложи дополнителни финансии и Пининфарина да почне со производство на автомобили, да создаде посебна марка. Сакаат името Пининфарина да не стои само како потписник на дизајнот, туку да биде марка и тоа луксузна, префинета, несекојдневна, марка што секогаш ќе биде пред другите во секој поглед. Од Пининфарина се согласија на овој чекор и забрзано почнаа работат на договорот. Минатата година во март Пининфарина по кој знае кој пат ја пишува автомобилската историја, на 90. од своето постоење компанијата првпат изложи автомобил со сопствено име „пининфарина батиста“, автомобил посветен на основачот Батиста Пининфарина. Купето заедно со дизајнот е приказна за себе, чист раскош со многу чувство за елеганција и смирени линии. Кога зборуваме за погонскиот дел, тој е целосно електрифициран и води потекло од компанијата Римац, односно е дело на хрватскиот конструктор на автомобили Мате Римац, сопственик на најбрзите електрични автомобили во светот. Не е ни чудо што Пининфарина го избра токму Римац за соработка и зајмување на врвниот погонски состав. По повод 90-годишнината од постоењето на компанијата им посакуваме плодна работа и многу автомобили за да може светот да ужива во убавините на дизајнот создаден од Пининфарина.

• Жарко Атанасоски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


АВТО-МОТО

Женско рели 2021

Втора Осмомартовска средба на жени-возачи АВТОМОБИЛИСТИЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА АФМ В, ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ И ГОЛЕМ БРОЈ СПОНЗОРИ, НА 7 МАРТ, НА ПАРКИНГОТ ПРЕД СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПЈЕ И НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ ВТОРПАТ, ТРАДИЦИОНАЛНО, ГО ОРГАНИЗИРАШЕ ОСМОМАРТОВСКОТО ЖЕНСКО РЕЛИ 2021. УЧЕСТВУВАА 21 НАТПРЕВАРУВАЧКА, ОДНОСНО 42 СО СОВОЗАЧКИТЕ.

Т

ие се натпреваруваа во четири класи на возила К-1 до 1.200 кубици, К-2 до 1.600 кубици, К-3 до 2.000 и К-4 над 2.000 кубици, во два дела: првиот во градско возење и вториот на гимкана патека за вешто возење на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“. Организаторите и добрите познавачи на автомобилизмот оценија дека учесничките покажаа дека се внимателни и вешти возачи, особено на гимканата патека со препреки - чунови. Имаше и учеснички со богато автомобилистичко рели искуство, кои со своите акробации, посебно во вториот дел од релито, ја воодушевија публиката со прикажаните авторели вештини, на кои им завидуваа и мажите возачи. ПОДГОТОВКИ ЗА ТРКАТА Во една од салите на СЦ „Борис Трајковски“ се собраа сите учеснички каде што ги добија инструкциите за маршрутите и препораките од тимот на АФМ. Првата етапа на возење со зададено максимално време и задолжително поминување на контролни точки низ улиците на Скопје на учесничките во релито им ги објасни Владимир Карчицки.

44

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

- Маршрутата почнува од паркингот на СРЦ „Борис Трајковски“ и секоја минута стартува по едно возило, според стартниот број. Се вози по ул. „Илинденска“ кон Зоолошка градина и се влегува на паркингот каде што има контролна точка. Застанувате за да се одбележи вашата контролна точка, потоа продолжувате на улицата кон Влада и десно кон центарот на градот. Одите по ул. „Даме Груев“ покрај Градски ѕид и излегувате десно на Музеј на Град Скопје кон „Рамстор“, па лево кон Цветен пазар, застанувате на паркингот за автобуси и продолжувате право по улицата и на крајот вртите десно кон „Александар Палас“, ги информира Карчицки. Тој наведе дека рутата е максимум 45 минути, неопходно е да се почитуваат сообраќајните прописи, а може да стигнат на целта и пред предвидениот термин. Втората етапа од релито беше брзински испит во вешто возење за што на паркингот на СРЦ „Борис Трајковски“ беше поставена гимкана патека, по која се возеше според мапа, сè со цел да се помине за најкратко време. Претставниците на АФМ им посакаа среќно и безбедно возење на сите учеснички во релито.

ЖЕЛБИ И ОЧЕКУВАЊА И ОЧЕКУВАЊА НА УЧЕСНИЧКИТЕ ВО РЕЛИТО Леа Матевска од Скопје, 28 години, првпат учествува на Осмомартовското рели и се натпреваруваше во класата К3 до 2.000 кубици. За „АМСМ Мобилити“ изјави дека со својата совозачка и пријателка Мартина Велјановска учествувале во разни автоавантури. - Многу патуваме и сакаме да видиме како ќе успееме во ова рели. Имам трема и чувствувам голема возбуда бидејќи првпат учествувам на релито, но очекувам да биде интересно, рече Леа. Нејзината совозачка, 27-годишната Мартина Велјановска од Скопје, исто така, првпат учествува на ова рели. Рече дека вози од 18 години и на релито се пријавила поради динамичниот дух и енергија. Ленче Попчева од Скопје има 62 години, член е на AK G-Force, се натпреваруваше во класата К4 над 2.000 кубици со „Lent Rover“, со совозачката Татјана Поповска. Вели дека вози од 18 години, а на оваа рели учествувала и лани. - И порано се одржуваше женско рели и учествував. По десетина години пауза лани повторно учествував. Првите женски рели на кои учествував беа во 80-тите години. Тогаш се одржуваа по градските улици во Скопје, а патека со препреки - чунови имаше на плоштадот, се потсетува Ленче. Лани добила пехар за освоено трето место, а пред десетина години освоила пехар за трето и второ место. Се потсетува дека започнала да вози и да се трка со „тико“ направено со ролбари и во тоа време се натпреварувала во АК „Herc“.


- Преку ова рели и ние жените докажуваме дека сме одлични возачи и дека знаеме и умееме вешто да возиме и дека сме рамноправни со мажите возачи, потенцира Ленче. Лани во март сè уште не била прогласена епидемија на Ковид-19 и затоа на релиото имало повеќе учеснички од Скопје, па и шест-седум учеснички од АК од Приштина, Косово. Очекува идната година да заврши пандемијата и да има повеќе учеснички, па и од странство, со што релито би било поинтересно. На прашањето на „АМСМ Клуб Мобилити“ дали освен на Осмомартовско рели има и други женски авто рели трки во земјава, таа одговара: - За жал, нема, но се залагам и се обидувам да направиме рели во природа, авто и преку натпреварите да се дружиме. Македонија има прекрасни предели и би било преубаво да ги видиме, но засега во тоа нè спречува пандемијата. Со ова рели ја продолжуваме традицијата на женското авторели. Поговорката дека крушата паѓа под круша ја потврдува и нејзината 37-годишна ќерка Стефанија Атанасовска, која тргнала по примерот на мајката. Таа првпат се натпреварува на релито во класата К4 над 2.000 кубици како член на AK G-Force, со совозачката Александра Ќурчиевска. - Првпат се натпреварувам на Осмомартовското рели. Ја продолжувам традицијата на мајка ми со која овој пат се натпреварувам. Возам од 16 години, официјално од 18, добро се снаоѓам во сообраќајот и досега немам ниеден прекршок. Возбудена сум пред релото и едвај чекам да почне, изјави Стефанија. Александра Ќурчиевска ù е другарка од детството, а на релито ù е совозач. Вели дека

другарката е одличен возач и со неа се чувствува сигурна, а ќе ù ги кажува насоките на возење и очекува да победат со одличните вештини на Стефанија. Божана Игнова од Велес, 71 година, е највозрасна учесничка. Вели дека вози 50 години, а првпат учествува на Осмомартовското женско рели. Во 80-тите години учествувала на женски рели во Титов Врбас и во други градови во поранешна Југославија, а освоила и награди и признанија. - Дојдов на ова рели за да се дружиме и да потврдиме дека ние жените сме вешти и добри возачи, вели Божана-Жана. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски го прогласи за отворено Осмомартовското женско рели и на сите учеснички им посака успешно возење. ПРЕД СТАРТОТ НА РЕЛИТО Сања Васиќ има 34 години и се натпреваруваше во класа К2 до 1.600 кубици со совозачката Тамара Блажевска со својот VW Golf 1,4. Вели дека вози од 21 година и дека е активен возач и буквално не излегува од своето возило. Вели дека го избрала бројот 13 бидејќи ù е среќен број. - Првпат учествувам и се надевам ќе се снајдам на релито. Минатата година не успеав да се пријавам и затоа решив оваа година да дојдам затоа што едноставно сакам да возам, потенцира Сања. Марклена Димитровска возеше во класата К3 со сестра ù Ирена Тасевска, со својот VW Golf 1,9. - Возам од 1998 година, а првпат сум на ова женско рели. Се пријавувам на секое женско рели и факт е дека на сите трки сум прва. Сум се натпреварувала и на машки трки и на шампионатот. Трките се хоби и на маж ми

и на син ми. Важно да се учествува и да се спортува, потенцира Марклена. Павле Доневски, претседател АФМ, беше на стартот и со зеленото знаменце на секоја учесничка ù означи старт на трката, а за регуларноста на стартот се грижеа и Ранко Станојковски, претседател за спорт на АФМ, и Кристина Станојковска, заменик-претседател на АФМ. Тие оценуваа и дали првиот и вториот дел поминаа регуларно. Учесниците имаа голема поддршка од публиката, која се придржуваше до сите протоколи за заштита од Ковид-19, за што одлично се погрижи организаторот. ОРГАНИЗАТОРОТ НА РЕЛИТО ОЧЕКУВА ПОВЕЌЕ УЧЕСНИЧКИ ОД ЗЕМЈАВА И ОД СТРАНСТВО Кристина Станојковска, заменик-претседател на АФМ, за „АМСМ Клуб Мобилити“ изјави дека релито успешно поминало, а учесничките и овој пат потврдиле дека жените се успешни и вешти возачи. Се надева дека пандемија ќе заврши и идната година ќе има повеќе учеснички и од земјава и од странство и релито ќе биде меѓународно. Наедно најавува можност вакви женски авторели да се одржат и во други македонски градови. Рајко Станојковски, претседател за спорт при АФМ, вели дека целта на ова рели е да 03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


АВТОМОТО

се вклучат повеќе жени во автомобилизмот и автоспортот и преку него да ги покажат своите возачки способности и вештини. - Иако е натпреварувачко, ова рели е ревијално и се надеваме дека преку него ќе се појават и жени тркачи што ќе можат да се носат со мажите тркачи и ќе може да учествуваат на трките што ги организира Автомобилистичката федерација на Македонија, најави Станојковски. Според неговото мислење, жените се добри возачи и се многу повнимателни, покажуваат постабилно возење и од мажите возачи. Релито заврши со доделување на пехарите на најдобрите три пласирани во сите класи, како и со други подароци од многубројните спонзори. НАЈДОБРИТЕ ПО КЛАСИ Во класа К1 до 1.200 кубици прво место освои тимот Даниела Утевска од Скопје и совозачката Марија Дуковска Павловска од AKK Fico 600. Второпласирани беа Сандра Кизова и Нина Коцаре од Скопје. Третопласирани беа Мирјана Анастасова и Сања Србиновска од Automotive Group. Во класа К2 до 1.600 кубици, најбројна со 10 возила и 20 натпреварувачки, прво место освоија Сузана Димитрова од Скопје и совозачката Јелана Илиќ, со VW Golf 1,6. За „АМСМ Клуб Мобилити“ Димитрова изјави

дека е пресреќна и дека редовно учествува на голем број рели и женски трки и добива награди. Публиката беше посебно воодушевена од

нејзините вештини при возењето на патеката со препреки каде што освои најдобро време. Второто место во оваа класа освоија Христина Николовска од Скопје и совозачката Емилија Николовска. Трети во оваа класа беа Даниела Тренчевска од Скопје и совозачката

Јасминка Алексовска. Во класата К3 до 2.000 кубици првопласирани беа Марклена Димитровска од Скопје од AK Fico 600 и совозачката Ирена Тасевска. Второпласирани беа Леа Матевска од Скопје и совозачката Мартина Велјановска. Третопласирани беа Катерина Стојковска од Скопје и Сара Стојковска. Во највисоката класа К4 над 2.000 кубици првопласирани беа Стефанија Атанасовска од Скопје од AK G-Force и совозачката Александра Ќурчиевска. Второпласирани беа Славјанка Станојковска од Скопје од AK Performance и совозачката Снежана Цвет-

ковска. Третопласирани беа Ленче Попчева од Скопје од AK G-Force и совозачката Татјана Поповска. Стефанија Атанасовска, која првпат се натпреварува, ги остави зад себе и поискусните, меѓу кои и третопласираната Ленче Попчева, мајка ù која има богато искуство. - Релито беше одлично организирано и задоволство ми е што со Александра бевме дел од него. Се надевам дека ќе продолжам и понатаму да учествувам и ќе ми стане традиција. Наедно сакам да ги охрабрам сите жени да не се плашат и да станат возачи и да учествуваат во сообраќајот бидејќи ние сме силни, внимателни, решителни и вешти и можеме да бидеме одлични возачи, можеме да се снајдеме во секоја ситуација, им порача Стефанија на сите жени. • Антоанела Димитриевска

46

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ЌЕ БИДЕ ГУСТО: РЕД БУЛ ИМАШЕ ПОДОБРИ ТЕСТИРАЊА ОД МЕРЦЕДЕС ИАКО ЗИМСКИТЕ ТЕСТИРАЊА ЧЕСТО СЕ ЗЕМААТ ЗА РЕПЕР ВО РАСПОРЕДОТ НА СИЛИТЕ, МНОГУ ПАТИ СЕ ПОКАЖАЛО ДЕКА ТИМОВИТЕ НЕ СЕКОГАШ ГИ ИМААТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ОНИЕ ВЕРЗИИ СО КОИ ШТО ПОДОЦНА ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ, ПОРАДИ ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАВАТ СЕНЗАЦИИ.

В

о овој случај, она што го истакнува Ред Бул како солиден тим на тестовите, беше потврдено и од самата екипа, а воедно и Мерцедес имаше медиумски изјави дека навистина тие ја немале нивната брзина. Но, да почнеме од почеток: поради откажувањата на трката во Мелбурн, тестирањата во Бахреин од 12 до 14 март дојдоа мошне доцна. Од една страна, тоа им конвенираше на сите бидејќи можеа без брзање да се подготват за тестот, но од друга страна тоа би значело и дека ако сега се зафатат со работа за корекција на грешките, ќе одмине поголем дел од сезоната. Мерцедес беше меѓу првите кои го заврши болидот, го претстави на јавноста, но истовремено техничкиот директор Џејмс

48

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Елисон соопшти дека вистинскиот заден дел на болидот ќе го открие на тестирањата. Се очекува дека сите тимови ќе загубат околу 10% од придобивките на аеродинамиката поради ревидираните правила за подот на болидоте во 2021 година. – Таа секција е најпогодена од новите правила. Тие се обидоа да ни одземат перформанси од болидот, а сега таму има едно чудо аеродинамички детали кои не сме подготвени да ги покажеме на светот. Не бидејќи тие не се таму, туку затоа што ние не сакаме нашите конкуренти да ги видат. Не сакаме да почнат да тестираат слични работи во нивните воздушни тунели. Тоа ни носи неколку дополнителни седмици,- рече Елисон при промоцијата. Откако тестирањата завршија, од кампот на „сребрените стрели“ се слушнаа различни коментари, но фактите укажуваат дека

тие минаа многу помала километража од вообичаено, бидејќи воедно се соочија со дефекти. И двајцата возачи пријавија дека и покрај новите аеродинамички решенија, задниот дел на болидот не е доволно стабилен. - Нашиот болид имаше полоша управливост од оној на Ред Бул кој се чинеше стабилен, особено во последниот сектор од патеката. Мислам дека тоа е фер коментар, нешто што можеше да се види и однадвор, а се рефлектираше и на времињата,- изјави Џејмс Воулес, инженер кој е задолжен за стратегијата во Мерцедес. Тој посочи дека имаат кумулирани податоци од тестирањата и соодветно на тоа ќе пробаат да разберат што точно го предизвикало тоа. Меѓу другото, присуството на песок на патеката и силните ветришта, имале свое влијание.


СПОРТ |

- Задните (погонските) пневматици покажуваат тендеција релативно лесно да се прегреат на оваа патека, по што почнува пролизгување и губење на контактот со подлогата. Кога ветерот е зад болидот, тоа е зафркнато бидејќи се губи воздушниот потисок. Но, нашите ривали не страдаа на идентичен начин како и ние, па мораме да ги разбереме слабостите на задниот дел од нашиот болид,- вели Ендрју Шовлин, инженер во Мерцедес кој е надлежен за операции на патеката. Истиот инженер во друга изјава појасни дека имале напредок со предвидливоста на болидот при полн резервоар, но дека ќе мора да поработат на тоа прашање. Луис Хамилтон од своја страна коментираше дека ривалите „изгледаат добри“ и дека очекува поинакви битки со нивните возачи. - Ред Бул ќе биде поинакво „животно“, мислам дека имаат навистина силна возачка двојка и навистина добар болид. Откако видовме дека победија на последната трка во Абу Даби, можеме да претпоставиме дека тие од стартот ќе се обидат да бидат на врвот. Очекувам да имаме долга и величенствена битка со нив во текот на годината,- коментираше актуелниот светски првак. - Јас не трошам време во грижи, тоа ве одвлекува од наоѓање на решението. Дури мислам и дека е подобро кога не оди како подмачкано на тестирањата, за да се случи обратното во трка. Ова е перфектно време за нас да ги идентификуваме проблемите и да ги надминеме. Ние сме шампионски тим, мора да ги наведнеме главите и да покажеме дека можеме да се фокусираме на работата. Но, импресивно е она што го покажуваат другите. Ред Бул е особено силен, но исто така и Мекларен и Рено (Алпин). Возбуден сум, тоа значи повеќе возбуда! Наспроти ова, Валтери Ботас беше пореалистичен во своите објаснувања, иако на вториот од трите дена имаше најдобро време со најмеките гуми. - Беше поветровито отколку кога ги возиме трките подоцна во текот на годината. Но, сепак еден од најголемите проблеми ни е задниот дел. Мошне е нестабилен и не простува. Заедно со новите пневматици кои се сензитивни на пролизгување, прави да не биде лесно. Се обидуваме да го смириме болидот и на тој начин да добиеме во перформанси,- објасни Финецот.

Од друга страна, не смее да се занемари фактот дека Ред Бул и Макс Ферстапен го поставија најбрзото време на тестирањето со смесата које е втора најмека (Ц4), за разлика од најблиските конкуренти како Цунода, Раиконен и Саинц, кои беа на најмеката смеса (Ц5). Последното време што Ферстапен го постави на 14 март беше 1:28.960 и далеку по една секунда од оние на возачите на Мерцедес. Тоа доведе до изјави од Ферстапен дека ова биле неговите најдобри тестирања откако е во екипата на Ред Бул, а со таквата констатација од своја страна се сложи и „сивата еминенција“ од тимот, Д-р Хелмут Марко. - Ова секако беше најдобар тест откако Ред Бул започна да постои. Сè си работеше од самиот почеток. Знаеме дека Мерцедес е фаворит и претпоставувам дека тие возеа со многу повеќе гориво отколку што имавме ние. Фактот што тие не користат количини на гориво како останатите покажува дека имаат голема самодоверба. Затоа претпоставуваме дека имаат уште нешто „во ракавот“. Тие се фаворити, а ние сме први предизвикувачи, јас така гледам на ситуацијата. Потоа ќе следи голема борба за останатите позиции. Очекувам Мекларен да се издвои, но не и да биде на исто ниво со нас и Мерцедес,- рече Марко за телевизис-

ката станица „РТЛ“. Оние кои би можеле да се наречат „неутрални“ или во случајов возачи од други екипи, силно веруваат дека Мерцедес има капацитет да се корегира и да не дозволи Ред Бул да ја освои титулата во доминантен стил. Така, четирикратниот светски првак Себастијан Фетел е еден од возачите кој не се стеснуваше да го прогнозира распоредот на силите меѓу екипите и возачите по првиот и единствениот претсезонски тест. – Би било фер да се рече дека и Мерцедес немаше чудесна километража како што имаа минатите години. Но, од друга страна, очекувам да бидат во ред за првата трка. Ред Бул го прави тоа што треба да го прави, ги предизвикува. Очекувам дека ќе биде дуел на Ред Бул и Мерцедес,- рече Фетел, кој направи трансфер од Ферари во Астон Мартин. Слично како Фетел размислува и возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој лани на една трка го замени Хамилтон додека беше отсутен поради Ковид-19. – Не ги следев дечките од врвот, но ги прашав како им оди. Тие се Мерцедес, ќе бидат добри. Сигурен сум во тоа,- додаде Расел. Првата трка се вози за Големата награда на Бахреин на 28 март.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Серхио Перез има поекстремен стил на возење од Фетел! Техничкиот директор на Астон Мартин, Ендрју Грин, изнесе неочекуван податок во јавноста, укажувајќи дека нивинот претходен возач Серхио Перез имал поекстремен стил на возење од четирикрарниот светски првак Себастијан Фетел. Германецот оваа зима му се приклучи на Астон Мартин, откако помина неколку неуспешни сезони во Ферари. – Фетел има свој личен возачки стил, но тој не е нешто поразличен од она што сум го видел кај другите возачи. Би рекол дека не е екстремен како оној на возачот што го заменува. Перез имаше мошне екстремен возачки стил кој беше тешко да се среди на сите патеки. Ќе блеснеше на извесни патеки, но не и на други. Мислам дека стилот на Себ е далеку помалку екстремен, а ние имаме алатки и капацитети за да го наштелуваме болидот за да му одговара,- изјави Грин. Тој дополни дека веќе почнале да работат на тоа бидејќи целиот претходен месец го користеле тимскиот симулатор, како и дека Фетел бил задоволен од насоките што ги заземале.

Фетел објасни: Астон Мартин сака да биде блиску до Мерцедес! Британскиот „Аутоспорт“ пренесе коментар на Фетел за болидите кои се приспособени на новите правила, при што укажува дека возачите ќе имаат проблеми со подуправливост. – Мислам дека целиот заден дел е малку „лизнат од рака“. Ако ги погледнете болидите кои ги возев додека бев во Ред Бул, или на почеток кога преминав во Ферари, секогаш задниот дел бил помалку нервозен, и тоа е во ред. Мислам дека оваа промена не ме прави поранлив од другите, но не сакам кога болидот покажува знаци на подуправливост. Со преуправливоста човек може да направи разни нешта, додека во овој случај „рацете ти се врзани“. Преферирам кога болидот е полабав, тоа навистина помага за да го ротираш. Ако е премногу лабав, тогаш е бавен, а тоа никој не го сака. Но, целата таа филозофија е интересна. Звучи поинаку. Се надевам дека ќе ми оди во прилог, ќе видиме. Оптимизмот на Фетел е присутен и во другите изјави, каде што вели дека Астон Мартин може да стане тим што ќе се бори за титулата во следните три до пет години, потпирајќи се на партнерството со Мерцедес, кој е основата на таа верба, и кој би им дозволил да го победат доколку „завршат подобра работа од нив“. – Ако сме блиску, навистина блиску до Мерцедес, тоа е големо постигнување,- најави Фетел. 50

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Мекларен има уникатно техничко решение за дифузерот Согласно правилата за 2021 година, дифузерот кој се наоѓа на задниот дел од болидот има смалени димензии, при што неговата висина е снижена за 50 милиметри. Според виденото на тестирањата во Бахреин, англискиот тим има уникатно решение со кое го продолжил централното поле на подот од болидот, кое не е ограничено со правилата. На тој начин, перките се поставени повисоки и се подлабоки. - Тоа е нормална дизајнерска идеја и изненаден сум дека можеби сме единствените кои го имаат тоа. Тоа е само едно нешто

од повеќето кои се променети во таа област. Постојат правила за таканаречена континуирана површина од двете страни на централната линија. Најдобро тоа се гледа со софтвер во три димензии, без него тешко би се докажало. Секој од тие делови од алуминиум или јаглерод е своевиден генератор на вител, но сите заедно се под едно правило за континуирана површина. И тоа е тоа,- вели Џејмс Ки, технички директор на Мекларен, во одбрана на концептот. Според него, благодарение на компјутерскиот софтвер за флуидна динамика, ваквите решенија можат да бидат виртуелно тестирани за една седмица откако ќе се добие некоја идеја, или откако ќе бидат забележани на друг болид. Доколку го сфатат и решат да го аплицираат на својот болид ќе треба дизајнерски да го прилагодат, а потоа и да го тестираат во воздушен тунел, што е, исто така, можно во период од две до три седмици. Натамошната изработка на деловите од специфичните материјали може да одземе од три до пет седмици, но според него, откако инженерите си ја завршиле својата работа, тоа прашање е затворено. - Верувам дека кога ќе дојдеме во Бахреин за првата трка, во период по две седмици, веќе нема да се зборува за нас и за нашето техничко решение. Кредитот за него им припаѓа на момците од аеродинамичкиот оддел кои работеа на задниот дел и сфатија дека новите правила им даваат таква можност. • Александар Табаковски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ФОРМУЛА 1 ОД 2009 ГОДИНА СТАРТУВАА ПРАВИЛАТА ВО КОИ БЕШЕ ДОЗВОЛЕН ЕЛЕКТРО-МОТОР КАКО ДОПОЛНИТЕЛЕН ИЗВОР НА ПЕРФОРМАНСИ, А СО ТЕКОТ НА ГОДИНИТЕ ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ОБНОВЛИВАТА ЕНЕРГИЈА СТАНА ПРИОРИТЕТ.

З

апочнувајќи од 2021 година натпреварувањето познато како Формула Е го доби од ФИА статусот на светско првенство, а во пресрет на новата сезона на Формула 1 беа донесени правила за користење на горива кои не се од фосилно потекло, како и план до 2030 година ова најеминентно спортско натпреварување да биде неутрално по прашање на загадување на човечката околина. Овие два примера не се воопшто „паднати од небо“: Формула Е ја вози својата седма сезона, додека Формула 1 уште во 2009 година за првпат воведе елек-

52

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

тро-мотор, тогаш само како дополнителен извор на перформанси, но со текот на годините искористувањето на обновливата енергија се претвори во приоритет. Имајќи го предвид ваквиот временски опсег, време е да се запрашаме што се случува во Македонија? Но, иако одговорот е едноставен, воедно и поразителен дека ништо не е сменето со децении, сепак ферски е да се прашаме и дали можеби има промени и во другите земји (не мора само соседните). И тука ќе го најдеме истиот одговор: пониските категории на авто-спорт сè уште не се под влијание од светските трендови. Истовремено, треба да се погледне ситуацијата и кај мотоциклистите: во 2019 година за првпат започна класата Мото Е, иако со многу проблеми и одложувања. Во 2021 година, бевме сведоци дека легендата на ФМХ, швајцарскиот возач на мотокрос слободен стил, Мат Ребо, за првпат направи акробации со комплетно електрична машина во скијачкиот центар Лаакс, во источниот дел на неговата татковина. Во јуни 2021 година, најавен е стартот на електричните возила со ТЦР спецификација.

Со ваквиот поглед на нештата, претходно опишаната поразителна ситуација со електрификација на спортот во Македонија е за нијанса ублажена, но утехата не може да биде целосна. Отсуството на стратегија по едно вака битно прашање за човечката околина е забележливо на повеќе нивоа, вклучувајќи ги и патничките возила. Сигурен сум дека во декадава што сега започнува и кај нас ќе има голем напредок на оваа тема, но посакувам што поскоро да дојдеме во ситуација да се радуваме на сопствен придонес кон зачувување на планетата. А по прашање на трките – лично сметам дека е добро да се почне со она што е најбрзо изводливо – па макар тоа биле и тротинетите. Сигурен сум дека тоа може да биде добро искористено во промовирање на сообраќајната култура, како и за почитување на безбедносните кодекси (кацига, заштитна облека). Спортот е пред сè полигон за испитување на нештата во „тежок“ работен режим и со пробување на различни решенија се доаѓа до нивно унапредување, кое ултимативно води до спасување на човечки животи во сообраќајот. •


СПОРТ |

Светско првенство во Формула E

СТАРТУВАА „СТРУЈАЏИИТЕ“, МЕРЦЕДЕС ИЗНЕНАДИ!

НОВАТА СЕЗОНА НА ФОРМУЛА Е ДОЈДЕ НЕШТО ПОДОЦНА ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНИТЕ СЕЗОНИ, НО СЕПАК СЕ ОДРЖА СО ДВЕ ТРКИ ВО ЕДЕН ВИКЕНД ВОЗЕНИ ВО ДИРИЈА, САУДИСКА АРАБИЈА.

И

ако имаше многу логистички проблеми околу патувањата, особено на оние кои се жители на Велика Британија, поради појавата на новиот тип на Ковид-19, првиот гран при викенд од Светското првенство во Формула Е сепак се случи и донесе двајца различни победници. Но, деталната приказна е нешто поинаква: уште на првите тренинзи во новата сезона голема снаодливост покажаа од лани неупадливиот тим на Мерцедес, па така Холанѓанецот Ник Де Вријс ги изненади сите правејќи разлика поголема од половина секунда во однос на другите девет од првата десетка, кои, пак, беа во интервал на задоцнување од 6 до 9 десетинки! Неговото почетно време од 1:08.693 во втората тренинг сесија беше подобрено и изнесуваше 1:08.583, а во тие услови најмногу успеа да се доближи тимскиот колега Стофел Вандорн, кој беше нецели две десетинки побавен, по што следеа уште тројца ривали во интервалот од следните две десетинки. Во официјалните квалификации Ник Де Вријс и Мерцедес ја потврдија својата доминација и во последната фаза кога за стартните позиции се борат само најдобрите шест, извозе ново фантастично време из

возено со 1:08.157. Само двајца пилоти успеаја да одржат растојание во истата секунда: Германецот Паскал Верлајн со Порше и неговиот сонародник Рене Раст од Ауди. По ваквото шоу мошне очекувано дојде и победата во трката која беше прва што е возена во ноќни услови во Формула Е. Триумфот на возачот на Мерцедес беше извојуван со перфектен старт и одбранета при двата периоди на аплицирање на возилото за безбедност, под голем притисок за можно трошење на енергетските ресурси поради таквиот стил. На крајот, Де Вријс успеа да владее со ситуацијата и тоа му донесе вкупно 29 бода (заедно со оние за пол позиција). Трката имаше два прекина, еднаш поради сударот на Сем Бирд со Александар Лин, и уште еднаш поради излетувањето на Максимилијан Гунтер.

- Ние сме тука да победиме и тоа е нашата цел, она кон што стремиме. Од таа перспектива, ова не е изненадување. Но, свесни сме за проблемите и колку е тежок овој шампионат. На некој начин, изненадени сме што имавме волку силен ден, од почеток до крај. Трката беше тешка за да ја мапираме потрошувачката, не знаевме која брзина ќе ни треба. Тоа имаше влијание врз дистрибуцијата на енергијата во тие 45 минути, но имавме добра комуникација и се справивме со двете излегувања на возилото за безбедност. Во овој момент сум задоволен со болидот, можеби не ни беше најјасно што правиме со потрошувачката, но на крајот направивме промени и останавме сталожени,- рече Де Вријс по трката. Едоардо Мортара и Мич Еванс се најдоа на подиумот откако во трка успеаја да ги

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

престигнат Германците Верлајн и Раст. Возачот на Ауди, Рене Раст, го имаше најбрзиот круг во трката со време 1:09.655, што му донесе еден дополнителен бод. Она што најмногу изненади, беше фактот дека актуелните бранители на тронот, екипата Течита и возачите Антонио Феликс да Коста и Жан Ерик Верње, беа сосема незабележителни. Втората трка се возеше следниот ден и на големо изненадување „преку ноќ“ извонредно конкурентни на тренинг сесијата станаа возачите на екипата Вирџин, Робин Фријнс и Ник Касиди, кои го освоија првото и третото место, додека победникот Де Врис беше втор со задоцнување поголемо од една десетинка. Овој пат првата десетка на возачи беше изедначена во половина секунда, но на крајот од сесијата следеше драма. Едоардо Мортара кој имаше шесто време, по истекот на официјалното време од тренингот, на патот кон боксот реши да направи пробен старт, но тој потоа се удри во оградата на свиокот број 18, поради што организаторите на двајцата возачи на Вирџин, како и на двајцата возачи на Мерцедес (кои го снабдуваат Вирџин), не им дозволи да учествуваат во квалификациите. Мортара беше префрлен во болница, но бил во свесна состојба, и бил способен да зборува и да ги мрда рацете и нозете според извештаите на акредитираните медиуми. Возачот на Ауди, Даниел Абт, ја искористи можноста да потсети дека и самиот имал сличен судир во Мексико и побара од ФИА 54

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

да реагира и да спречи секаква можност болидите да можат да забрзуваат сами од себе, без желба на возачот. Подоцна, Вирџин објави дека нивната истрага покажала дека откажале сопирачките, иако Мортара ги притиснал, а дека станува збор за софтверска грешка! Во квалификациите Робин Фријнс го искористи отсуството на Де Вријс и го симна времето на пол позицијата на 1:07.810, а потоа колегите од првата десетка беа повторно набиени во интервал на задоцнување од 5 до 8 десетинки. Во борбата на шестемина најбрзи, Робин Фријнс ја освои супер-пол позицијата при што убедливо издоминира со време 1:07.882, а зад него се најде Бразилецот Серхио Камара во болидот на Пенске, кој задоцни нецели три десетинки. Во првата шесторка беа уште Сем Бирд, Оливие Турвеј, Том Бломквист и Нико Мулер. Ваквиот распоред продуцираше интересна трка, во којашто на крајот победата ја однесе Сем Бирд со болидот на Јагуар, откако на стартот го престигна Камара, по што успеа да одржи чекор со водечкиот во првата половина од трката. Потоа почнаа предизвикувањата и излегувањата не едниот возач пред другиот, за во 21 круг Фријнс да објави преку тимското радио дека мора да штеди енергија, по што неговите перформанси опаднаа и Бирд се најде на првото место. За да биде приказната уште поинтересна се погрижи актуелниот шампион Антонио Феликс Да Коста, кој стартуваше како десетти,

но по четириесет минути во трка изби на третото место со задоцнување од 6,9 секунди зад победникот. На финишот му кумуваше уште еден инцидент, при што овој пат Александар Лин и Мич Еванс се судрија во 23 круг (Лин прелета над болидот на Јагуар), по што трката беше стопирана и бодовите беа доделени согласно дадените позиции во моментот на прекин. Александар Лин беше транспортиран во болница, но неговата состојба не беше критична во ниеден момент. - Навистина е задоволство да се тркаш против некој како Робин, кој е светска класа, но во исто време е фер и дава доволно простор за да можеме да се тркаме. Мислам дека обајцата возевме итро, не загубивме време еден со друг. Не се гребнавме, не се допревме, ова беше навистина фина, добра трка,- изјави Бирд. ФИА дозволи во трката да стартуваат и возачите на Мерцедес и на Вирџин, откако беше објавено дека проблемот со сопирачките е надминат. Со фантастичен камбек Ник Де Вријс, кој иако стартуваше меѓу последните стигна до деветтото место што му носи три бода, но освои и дополнителен поен за најбзиот круг во трката кој изнесуваше 1:08.811. Со тоа на конечната табела Де Вријс е прв со 32 бода, додека Бирд има 25, а Фријнс 22. Сепак, дел од добро познатите фаворити се веднаш зад нив и остануваат во трка за победничките позиции: Мортара со 18, како и Да Коста и Еванс кои имаат по 15 бода. По трката, откако стана јасно дека почето-


СПОРТ |

кот најподготвени го дочекаа во екипите на Мерцедес, Порше и Ауди, од страна на тимот БМВ Андрети беше посочено дека имале проблеми со брзината во еден круг и не можеле да ја подобрат конкурентноста во клучните моменти. - Видливо е дека не сме брзи во еден круг, тоа е нешто што мораме да го разбереме. Квалификациите се клуч за сите тркачки серии, особено кога се тркате низ градски улици. Јасно е дека тоа е мошне важно и дека треба да се фокусираме на тоа. Имаме подобра брзина во трка, можеби не сме најсилни, но секако сме конкурентни,- рече возачот Максимилијан Гунтер. Најавено е дека сезоната ќе продолжи на 10 април со трката во вечниот град Рим, по што

треба да уследи една од ретките трки што ќе се возат на класичен автодром, за големата награда на Валенсија закажана за 24 април на патеката „Рикардо Тормо“, којашто е дом и на мотоциклистичкото гран при во овој град. Сепак, поради потребата за следење на пандемијата со ковид 19, светскиот совет за мотоспорт на ФИА дополнително ќе одлучува за изгледот на календарот поради

потребата да се согледаат проблеми при патувањата во различни земји и рестрикциите кои се на сила. Од страна на организаторите е објавено дека Холандија поднела кандидатура за организација на трка, која е поддржана од повеќе министри во владата на оваа земја кои упатиле писмо до менаџментот на Формула Е, но не е специфицирано дали тоа се однесува на оваа сезона или на идните.

ВОЗАЧИТЕ БАРААТ ПРОМЕНИ ВО ПРАВИЛАТА Квалификацискиот формат на Формула Е бара од возачите оние кои се првопласирани на табелата (првите шестмина) да излезат како први на патеката. Ова правило е загатнато со желбата за креирање интересни трки, но во недостаток на други правила со кои би се регулирале квалификациите, возачите од првата шесторка знаат да го „злоупотребат“ и да чекаат сесијата да измине, па да остават малку време за нивните ривали да ги искористат предностите. Тоа е особено видливо во ситуации кога има променливи временски услови, па никој не излегува на патеката, а официјалното време тече. Тоа не оди во прилог ниту на телевизиските преноси, па затоа потоа е воведена таканаречената „супер-пол позиција“ односно втора квалификациска сесија на шестмината најбрзи во првата. Во Саудиска Арабија, Мич Еванс го нападна возачот на Нисан, Оливие Роланд дека во квалификациите за втората трка бил намерно бавен, што возачот на Ауди, Рене Раст, не можел да стигне да излезе на патеката во дозволеното време. Во своја одбрана, Роланд даде контра предлог. - Понекогаш е премногу екстремно. Сфаќам дека сакаат да направат интересни трки, но од возачки аспект е поинаку. Доколку квалификациите почнуваат веднаш по вториот тренинг, би било полесно и патеката би била во добра состојба за првата шесторка,- смета Роланд. Тимскиот шеф на Јагуар, Џејмс Баркли, изјави дека ривалите не секогаш играат чесно, и посочи пример од трката во Маракеш пред 12 месеци, кога тие не можеле да го испратат Мич Еванс на патеката. - Тоа беше професионален фаул во суштина! Задржувањето на возачите е нешто што мора да биде санкционирано. Потребно е да има фер и спортски односи. Да се контролира брзината до момент кога твојот ривал не е во можност да излезе од бокс, за мене е надвор од дозволеното,- вели Баркли. Претходно, оваа тркачка серија наместо квалификации имаше лотарија и извлекување на стартните позиции, а новиот систем стапи на сила пред две години, во сезоната 2018/2019. Слични барања за промени има и по прашањето на користењето на пневматиците, при што досега во една трка беа дозволени по два комплета гуми (четири предни и четири задни), а од 2021 година тоа се сведува на еден и пол комплет (три предни и три задни), освен кога се возат по две трки и тогаш останува формулата 4+4. Во план е од 2023 година да се употребува формула со по еден сет гуми за една цела трка. Победникот Сем Бирд, кој во првата трка имаше незгода, изјави дека со планираните правила, тркањето ќе биде невозможно. Поддршка му изрази и Жан Ерик Верње од ривалскиот тим Течита. - Навистина не знам зошто го имаме тоа правило. Навистина се случува да имаме малер и да ни се дупне гуме уште на загревање. Правилото е така напишано и испаѓа дека е малку лотарија,- рече Французинот. • Александар Табаковски

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

ДУКАТИ И ЈАМАХА СЕ ФАВОРИТИ

ЗА СТАРТОТ ВО КАТАР

СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО МОТОЦИКЛИЗАМ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ДВЕ ТРКИ ШТО ЌЕ СЕ ВОЗАТ ВО КАТАР НА 28 МАРТ И 4 АПРИЛ, НОВИТЕТ КОЈ БЕШЕ ВОВЕДЕН ОТКАКО СТАНА ЈАСНО ДЕКА И ОВАА СЕЗОНА ОВОЈ КАРВАН ЌЕ ЈА ЗАОБИКОЛИ САД И АРГЕНТИНА КОИ БЕА ТРАДИЦИОНАЛНИ СТАНИЦИ, НО ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ОТСУСТВУВААТ И ОД ОВОГОДИНЕШНИОТ КАЛЕНДАР.

И

ако имаше прекини поради влошени временски околности (песочни бури), претсезонското тестирање на мотоциклистите во Катар даде првична слика за распоредот на силите во новата сезона. Поради стабилноста на правилата и во овој случај спортистите мораа да се задоволат со еден директен претсезонски тест, но не смее да се заборави дека имаа шанса да испитуваат одредени новитети и веднаш по крајот на сезоната во Валенсија. Бидејќи тест програмата беше различна за секој возач, а временските околности отежнуваа да се испроба возење во квалификациски режим со полно оптоварување, фаворитите беа повеќе сконцентрирани на самите себе. Низ нивните изјави може да се разбере кој како настапил во оваа тест сесија и што мисли за актуелниот распоред на силите. Во кампот на новопечените шампиони, Сузуки, генерално преовладуваше незадоволство од неможноста да се извршат сите посакани тестирања, пред сè обвинувајќи ги за тоа силните ветришта. - Се чувствувам подготвен, но само околу 70%, бидејќи планиравме повеќе да работиме на некои измени во електрониката кои би ни помогнале во тркачки викенд. Но, еден ден за тоа не ни беше доволен. Јас сум подготвен, но колку што гледам, Дукати е

56

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

навистина брз, а оваа патека добро и одговара на Јамаха. Би требало да ни одговара и нам, но мислам дека не сме на исто ниво со некои од нивните возачи,- рече светскиот шампион за 2020 година, Жоан Мир. Тој откри дека во Сузуки подготвуваат нова шасија, но најверојатно на првите две трки ќе одат со ланската, додека новата ќе дебитира кога ќе почувствуваат дека е доволно тестирана и дека ги имаат потребните знаења за да ја штелуваат за трка. Притоа, Мир ја нагласи важноста на компјутерските симулации, за потоа во фабриката да можат да се сконцентрираат на новиот погонски агрегат за 2022 година. Наспроти ова, во Дукати имаат комплетно нова возачка постава откако се разделија од Андреа Довициозо, па новите возачи покажуваат желба да се етаблираат во оваа фабричка екипа, која досега само со Кејси Стонер успеа да стигне до шампионска титула. Џек Милер го имаше најбрзото време на тестирањата кое изнесуваше 1:53.183 и важи за неофицијален рекорд на патеката. Дополнително, возачот од Австралија беше еден од ретките кои не се пожали на технички проблеми или попреченост од друг вид за да ја одработи целата предвидена програма, вклучувајќи и симулација на цела трка, при што имаше конзистентни

времиња по еден круг кои беа нешто повеќе од една секунда побавни (околу 1:54.500). - Уживам во улогата на фаворит. Никогаш порано не ми се случило во кариерата, па сега можам да речам дека е фантастично чувство. Најбитно е да се остане приземјен, да се продолжи со работа сè до постигнување на целта. Крајот на сезоната е далеку во ноември и ќе има многу време после Катар. Можат да се случат многу нешта и најважно е да ни се случи нешто лошо и да можеме да се фокусираме само на тоа како да бидеме подобри од трка во трка,- изјави Милер. Сепак, вреди да се спомене дека за време на тестирањата Милер го пофали и Пол Еспаргаро, кој направи трансфер од КТМ во Хонда и имаше конкурентни времиња, со што му оставил впечаток на својот ривал „бидејќи не секој успевал да се снајде со тој мотор“. Статистиката на патеката Лосаил, исто така, е во корист на Дукати кој таму победи во последните две посети. Милер ја забележа првата победа на дождот во Холандија 2016 година, па сега ќе се обиде да ја збогати својата биографија со неколку победи каде што ќе може да извади максимум од новиот мотор. Оптимисти се и во Јамаха, каде што Маверик Вињалес и Фабио Куартараро ќе ги бранат боите на фабричкиот тим, додека


СПОРТ |

„докторот“ Роси оваа сезона ќе биде дел од сателитскиот тим Петронас Јамаха. - На овие тестирања се сконцентриравме да бараме штелувања за таму каде што нема доволно добар контакт со подлогата, но тука тој е одличен. Тешко е да се рече дека сме подготвени за спротивното, бидејќи времињата се супер брзи. Моторот дава одлично чувство и долготрајноста на пневматиците, како и нивното однесување на крајот од животниот век е мошне значајно, а засега сето тоа е добро. Сигурен сум дека ќе биде поразлично во тркачки услови, но мора да останеме позитивни бидејќи сметаме дека моторот е подготвен,- изјави Вињалес. И неговиот тимски колега е оптимист бидејќи низ пример објаснува дека дури и кога не се чувствува најдобро, времињата по круг се респектабилни. - Се обидов да испробам неколку работи што не ми се допаѓаа, но брзината секогаш беше добра. Дури и кога пробувавме нешто што не беше добро со различни гуми, пак бевме во граница на 1:54. Можеби не сум целосно среќен, но сè подобро се чувствувам на новата шасија што ни ја дадоа за 2021 година.

Очекувам на различни патеки да имаме поинакво чувство, можеби веќе на третата трка во Португалија каде што патеката нуди добар контакт со гумите. Но, тука е поинаку и треба да не се биде премногу оптимист пред трката,- вели Куартараро. Од новата шасија е задоволен и деветкратниот првак Валентино Роси, кој на почетокот се жалеше на балансот на тежината, но потоа успеа да стигне до резултат под 1:54, што е осум десетинки разлика од она на Милер и го позиционира на 11 место од сите возачи. - Добро е што во Јамаха работеле преку зимата и тука донесоа некои нови и добри работи, како новата шасија и некои аеродинамички надградби. Сметам дека работат итро, а тоа е многу важно. Второ нешто што е важно е добрата атмосфера во тимот, а сето тоа ме прави многу среќен. Роси рече дека надградбите сами по себе не се подобри, туку сега работат на подобар начин, но во трка има и многу други фактори кои влегуваат во игра, па затоа мора да се сочека со оцените. Она што е главна предност на новата шасија во однос на 2020 година е во способноста полесно да се справи

со вртењето во свиоците. Настрана од перформансите, главни вести од Катар беа оние поврзани за здравствената состојба на браќата Маркез. Постариот Марк ја пропушти целата мината сезона поради обновената повреда и потребата од повторна операција, додека Алекс се повреди за време на тестирањата во Катар, пријавувајќи фрактура на десното стопало, по што му беше забрането да продолжи да тестира. И кај обајцата главниот проблем е дека не се знае кога точно ќе се вратат во седиштето, иако Марк го одработе првиот тест на патеката Портимао во Португалија. Можеби возачот ја таргетира таа трка како возможна за негов камбек (18 април), па точно еден месец порано имаше самостоен тест таму. Сепак, Хонда најави дека тој ќе се појави во Катар, каде што ќе ја прими вакцината за Ковид-19 заедно со останатите членови на тимот. И двете трки во Катар ќе се возат традиционално под рефлектори, во 19 часот по средноевропско време, додека локланото време ќе биде еден час подоцна. • Александар Табаковски

Довициозо подготовува изненадување со Априлија? Андреа Довициозо се раздели од Дукати, најавувајќи дека ќе има една сезона за одмор, иако остави простор дека можеби би прифатил повик од Хонда доколку Маркез не е подготвен за враќање во седиштето. Откако стана јасно дека Хонда нема да смета на него, тој ги сврте своите амбиции кон единствената опција за да ја реактивира својата кариера - односно кон италијанскиот конструктор Априлија. Таа понуда беше актуелна уште пред да се повлече од Дукати а, исто така, имаше и можност да прифати едногодишен договор како тест возач на Јамаха, но и таа опција не му гарантираше место во тркачкиот тим за 2022 година. Првите информации велат дека преговорите со Априлија рестартирале во насока на тоа да започне како тест возач, но наводно 15-кратниот победник на трки во Мото ГП за време на февруарските тестирања брзо сфатил дека тој мотор има одличен напредок во однос на лани. - Бев пријатно изненаден од интересот на Априлија и договоривме триденевен тест во Херез во текот на април, јас веднаш прифатив бидејќи сакам да возам Мото ГП мотоцикл и да останам во форма. Ќе поработам со инженерите и ќе им ги дадам моите наоѓања. Сакам да се заблагодарам на Априлија за оваа можност,- скромно најави Довициозо. Фабриката го потврди тестот, но побрза да го „стиши“ сензационалистичкиот призвук на веста, навестувајќи дека сè уште нема договор за трка.

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

WRC–Арктичко Рели на Финска

СНЕЖНА РЕЛИ-ДРАМА НА ПОЛАРНИОТ КРУГ ДОМИНАТНА ПОБЕДА НА ОТ ТАНАК НА АРКТИЧКОТО РЕЛИ НА ФИНСКА ПО КОЈА СЕ ВРАЌА ВО ИГРАТА ЗА ТИТУЛА, ДОДЕКА КАЛЕ РОВАНПЕРА СТАНА НАЈМЛАДИОТ ЛИДЕР МЕЃУ ВОЗАЧИТЕ ВО 49 ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ.

Т

радиционалното рели на Шведска кое важеше за единствениот снежен настан во Светскиот шампионат годинава изостана од календарот. Делумно заради турбуленциите предизвикани од пандемијата Ковид-19, а делумно заради отсуството на снег во последните години во пределите каде се вози релито. Затоа за годинава беше одлучено да се оди уште подалеку на Север кон Поларниот круг. Секако најдобри услови за одржување на рели во овој регион има Финска. Пределите во близина на градот Рованиеми сместен на само 6 км од Поларниот круг се совршени за ваков настан. Рованиеми кој е главен град на Лапонија, најсеверната провинција на Финска, а важи и за официјален дом на Дедо Мраз, се покажа како извонреден домаќин на првото Арктичко рели на Финска. Релито одушеви со мазните смрзнати патеки заградени со насипи снег, кои парадоксално дозволуваат брзини од преку 200 km/h. Овие вртоглави бројки се остваруваат благодарение на гумите со крампони кои од годинава за WRC ги испорачува Pirelli. Единственото кое му недостасуваше на

58

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ова рели беше публиката. Веруваме дека фановите ќе го направеа целиот настан уште повозбудлив. Но, ете! Факт е дека Светскиот шампионат никогаш до сега во својата 49 годишна историја не отишол толку на Север за да организира рели. Но, времињата се менуваат. Пред почетокот на ова ледено рели сите очи беа свртени кон младиот Кале Рованпера кој ги брани боите на тимот на Toyota. Многумина посакуваа со своите 20 години Кале да стане најмладиот возач во историјата кој победил на рели од Светскиот шампионат. Желбите на рели-фановите ширум светот не беа без основа. Mинатата сезона на релито на Шведска Рованпера зад волан на Yaris WRC покажа дека е исклучително брз на снег. Згора, тој зад себе има извозено повеќе километри на снег од сите возачи заедно кои стартуваа на Арктичкото рели. Покрај фактот што има големо искуство на снег тој ги познава овие патеки како својот џеб бидејќи минатата година на нив го освои националното рели. За жал, Рованпера не го освои Арктичкото рели на Финска. Му недостасуваа 17,5 се-

кунди за да го надвози победникот От Танак. Меѓутоа, сепак, влезе во историјата на Светскиот шампионат како најмладиот возач кој станал лидер меѓу возачите и успеа да го победи Танак на последниот телевизиски брзинец. Сепак Естонецот доминираше на релито. Од старт, до финиш. Ниту еден од ривалите не успеа вистински да


СПОРТ |

го предизвика на снежните патеки. Единствено можеби Рованпера. Но, неговите напори не беа доволни за да се престигне залетаниот Танак. Атакот на победа Танак го најави со одличните резултати на тестирањето пред почеток на релито. Не препуштајќи ништо на случај стартот на релито како да беше продолжение на тестот. Танак поведе од првиот брзинец и почна да создава предност која подоцна беше навистина тешко да се достигне. Неговиот напад делуваше како одмазда кон боговите на релито кои на отворањето на сезоната во Монте Карло не му дозволија да се најде на заслужената позиција. Второто место на крајот од првиот ден од релито му припадна на тимскиот другар на Танак, Крег Брин кој одлично се снајде на снежните патеки. Рованпера ,пак, на страна од очекувањата, не можеше подобро од третото место. Нувил заврши четврти, а Еванс петти. Победникот од Монте Карло и актуелниот шампион Себастијан Ожие стартувајќи прв се најде затекнат од количеството снег што мораше да го мете. Немаше доволно тракција, и заостануваше. Заврши дури деветти. Естонецот и во текот на вториот ден продолжи со исто темпо. Од првите шест брзинци на релито победи на пет. Само

четвртиот му припадна на Елфин Еванс бидејќи Танак закачи во снежниот брег и загуби време. Остатокот од денот можеше да си дозволи да ја контролира ситуацијата од врвот. После шест брзинци имаше предност од 25 секунди пред второпласираниот Рованпера. А, до крајот од вториот ден остануваа уште два испити од кои последниот се возеше во темница. Тука Танак беше претпазлив но, сепак, едвај да загуби секунда во однос на Рованпера до крајот на денот. Брин не успеа да ја задржи позицијата. Имаше повеќе средби со снежните брегови во текот на денот и падна на четвртото место препуштајќи му го третото на својот тимски другар Нувил. Петти беше Еванс. Дури четири екипажи на Hyundai со i20 Coupe WRC се најдоа меѓу првите шестмина. Шести беше дебитантот Оливер Солберг, син на шампионот од 2003 година Петер Солберг. Тој со своите 19 години покажа дека е одличен познавач на снежните патеки. Ожие беше трагичар на денот. Не најде соодветен одговор за снегот, а на последниот брзинец во мракот се заби во снежен брег на само 200 метри пред целта. Остана заглавен цели 20 минути кои означија крај на релито за шампионот. Не остана многу што да се прави на последните два брзинци кои ја сочинуваа

рутата на последниот натпреварувачки ден. Танак продолжи да ја контролира ситуацијата без да влегува во непотребен ризик. Загуби уште 7 секунди во однос на Рованпера и го освои релито. Младиот Финец заврши втор, но со победата на ТВ брзинецот која му донесе дополнителни 5 бода стана лидер на шампионатот. Нувил го задржа третото место пополнувајќи го подиумот за Hyundai. Брин и Еванс, исто така, ги задржаа позициите, додека Такамото Катсута со Yaris WRC го мина Солберг и заврши шести. Танак призна дека за овој настан имал прецизна тактиката која ја исполнил до перфекција. На рели на кое никој нема искуство со супербрзите Арктички патеки знаел дека само ако создаде голема предност на почеток и потоа ја контролира ситуацијата од врвот може да успее. Нема двојби дека тактиката функционираше како швајцарски часовник. Ниту Рованпера кој важеше за фаворит пред почетокот на релито и познавач на снежните патеки не успеа да му се доближи на Танак. Младиот Финец не беше задоволен бидејќи не можеше да го предизвика Танак. Призна дека не успеал да најде баланс со автомобилот, и дека секогаш е тешко да се форсира кога автомобилот е склон кон подуправување. После измените на сетапот Рованпера се чувствувал посамоуверено, но не доволно за да вози на лимит. Според него постојано биле близу до лимитот, но никако повеќе од тоа. Само 12 бодови ги делат најдобрите петмина возачи во шампионатот. Лидер е Рованпера со 39, а зад него Нувил со 35 бода. Следат Ожие и Еванс со по 31 бод, и Танак со 27 бода. Меѓу производителите сè уште води Toyota со 88, додека второпласираниот Hyundai има 77 бодови. Секако со само две одвозени релија многу е рано да се прават било какви предвидувања. Следно е релито на Хрватска кое се одржува за првпат во историјата на Светскиот шампионат. Се вози на асфалт, а стартот е на 22-ри април. • Љубомир Атанасовски 03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА! Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во над 250 АМСМ Партнер продажни места! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка

10% попуст Цвеќарница „ГРАЦИЈА“

„Те сакам“, „Извини“ , „Ти благодарам“-цвеќето е начин да се кажат многу нешта и сè уште е најдобриот подарок за секоја прилика. Притоа, потрудете се изборот на цвеќето секогаш да биде симболичен. Не заборавајте и покажете ја вашата членска картичка за да добиете 10% попуст и да заштедите. Локација: ТЦ „Беверли Хилс“- Скопје

10% попуст Студио „ФИГУРЕЛА“

За отстранување на вишокот килограми кои сите ги имаме благодарение на зимата и на Ковид 19 изолацијата, препорачуваме стручна и професионална помош која гарантира убава фигура и добро здравје. Покажете ја вашата членска картичка и искористете го попустот од 10% во студио „ФИГУРЕЛА“. Локација: ул.„Орце Николов“ бр.68-Скопје

10% попуст Накит и часовници „OXÈTTE“

Безвременско парче накит или елагантен часовник се вистински избор на подарок за секоја дама, по секој повод. А како наши членови секогаш можете да си го дозволите најдоброто, бидејќи само со покажување на вашата членска картичка во „Oxètte“ добивате 10% попуст и веднаш заштедувате. Локација: City Mall, ГТЦ и ТЦ „Рамстор“ – Скопје

20% попуст Ресторан „LA TERAZZA“

Не ви треба повод за семеен ручек, во пријатна атмосфера и со мени по кое секогаш повторно ќе се вратите. Попустот од 20% кој го добивате како наши членови е само причина плус да го посетите италијанскиот ресторан „LA TERAZZA“ и да си дозволите уживање за сите сетила. Локација: Плоштад „Македонија“ - Скопје АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

60

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62

03.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


Покажете ја Вашата картичка

% > > > > > > > > > > > > >>> Внимателно избрани партнери

Попусти за членови


FRESH EXPRES” FRAN” ” ” OTTICA ITALIANA”

2

02.2020


LATERRAZZA

LATERRAZZA

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

АМСМ Услуги Станица за технички преглед 10% попуст на технички преглед www.amsmstp.mk

ПОМОШ НА ПАТ

АМСМ Услуги Служба за помош и информации на пат 20% попуст на сервисни услуги и 5%-10% попуст на резервни делови www.amsmspi.mk

ПРОДАВНИЦА ЗА ГАЛАНТЕРИЈА

20% попуст во АМСМ продавница за галантерија само за АМСМ членови www.amsmspi.mk

02.2020

3


Watches and jewelry „MY TIME“

4

02.2020


МОМЕНТ МАЛ

02.2020

5


6

02.2020


02.2020

7


8

02.2020


02.2020

9


02.2020


02.2020


%

02.2020

10


2008

02.2020


15%

02.2020


02.2020


02.2020


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.