АМСМ Клуб Мобилити - Октомври 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ОКТОМВРИ 2023 БР. 69 www.amsmklubmobiliti.mk Сан Марино АВТЕНТИЧНОСТ ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД, НА КОЈА НЕ МОЖАТ... 70 години „корвета“ ХАРИЗМА ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ Претставуваме HENNESSEY VENOM F5 REVOLUTION ROADSTER ОТРОВ ВО БЕСНО ПАКУВАЊЕ
2 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

Сиљан Аврамовски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ:

4030991238264

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ! Разговорите, заморот, „фрлањето“ поглед во внатрешноста на автомобилот или на околината покрај патот и уште многу други мали работи можат да ви го одвлечат вниманието, да ве направат незаинтересиран, дури и отсутен додека возите. Доколку на ова го додадеме и честото ѕиркање во мобилниот телефон, особено ако навигацијата е главна тема за време на патувањето, тогаш состојбата може да ескалира. Ако стигнете до „дното“ на концентрацијата, наеднаш ќе ве разбуди некоја невообичаена критична ситуација, а тогаш веќе може да биде доцна. Ова се состојби во кои со сигурност нема да може да се наречете сигурен возач. Расеаното возење може да доведе до фатални несреќи, но повеќето од нив би можеле да се избегнат. Задолжително ќе обрнете внимание на сите надворешни фактори кои можат да ви го попречат патувањето, ќе ги елиминарете и тогаш со сигурност безбедно ќе стигнете до вашата дестинација. Но, што станува ако по извозени километри сфатите дека вашиот совозач во возилото не е вистинскиот избор за друштво, Него можеби лесно нема да можете да го елиминарате и игнорирате. Затоа заради вашата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, внимавајте кого земате за совозач, особено ако планирате подолго патување. Најдобро е да разговарате со вашиот сопатник пред да тргнете и да му објасните што очекувате од него за време на патувањето. На вашиот совозачот мора да му биде јасно дека за време на возењето има една задача - да биде добар сопатник.

Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во ноември 2023 во електронска верзија, на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА

главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133 © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД

ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

ВОНРЕДНА И

ВЕРИФИКАЦИЈА НА ТАКСАМЕТРИ

АМСМ Скопје -Чаир

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ ЗА МОНТАЖА НА: • ТАКСАМЕТРИ • РАДИОСТАНИЦИ • РЕКЛАМНИ ТАБЛИ

072/376-559

www.amsm.mk

ПЕРИОДИЧНА

ДИЗАЈН ЗА „КАРАВАНОТ“ ОД

„НОВ“ ВЕТАР ВО СЕМЕЈСТВОТО

НЕПРОЦЕНЛИВО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

КОЕ ГО НУДАТ МОДЕЛИТЕ НА ПОРШЕ

ОТРОВ ВО БЕСНО ПАКУВАЊЕ

ЕДНОСТАВЕН, ПРАКТИЧЕН, А И МОДЕРЕН

ФОТОКАМЕРИТЕ, НЕКОГАШ И ДЕНЕС

ЛАДНИОТ ПРЕОД ОД ГОДИНАТА СО СЕБЕ НОСИ..

АВТЕНТИЧНОСТ ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД, НА КОЈА НЕ МОЖАТ ДА И ОДОЛЕАТ НИ ПРЕБИРЛИВИТЕ

ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ

СИЛВЕРСТОУН ЗА ШОУ, БАНАЈА ЗА ТИТУЛА

ЗА ФЕРСТАПЕН РЕКОРД, ЗА ХАМИЛТОН САМО НАДЕЖ

5 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО
СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 7 8 44 46 10 14 42 40 30 32 34 32 34 46 9 14 42 44 НОВ
МИНИ
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
ХАРИЗМА

ЗИМСКА ОПРЕМА

ДРЖАВА

ЗИМСКА ОПРЕМА Албанија

Бугарија

Грција

СР Македонија

Возилата мора да бидат опремени со синџири за снег помеѓу 1 ноември и 30 април. Законот не предвидува употреба на зимски гуми.

Во Бугарија, зимската опрема не е определена со датум, но е задолжителна за време на зимските услови за возење (врнежи од снег, натапкан снег, голомразица). Во овој случај, зимските гуми се задолжителни само за возила регистрирани во Бугарија. Како и да е, препорачуваме вашето возило да е опремено со соодветна зимска опрема во зима.

Зимската опрема не е задолжителна. Сепак, препорачуваме да имате соодветна зимска опрема на вашето возило во зима.

Во СР Македонија, зимската опрема е задолжителна од 15 ноември до 15 март.

Зимска опрема за моторно возило до 3,5 tт(со исклучок на погон на сите тркала):

• 4 зимски гуми со мин. 4 мм профил или,

• 4 летни гуми со мин. 4мм профил + снежни синџири во додатоци.

Зимска опрема за возила со погон на сите тркала :

• 4 зимски гуми со мин. 6 mm профил или,

• 4 летни гуми со мин. 6мм профил + снежни синџири во додатоци

Зимска опрема на возила над 3,5 т:

• зимски гуми со мин. 6 mm профил на сите тркала или,

• летни гуми со мин. 6 mm профил + снежни синџири во додатоци,

• лопата за снег

Србија

Во Србија, од 1 ноември до 1 април, зимската опрема е задолжителна во случај на снежни и ледени патишта. За патнички возила, ова значи зимски или летни гуми со мин. длабочина на профилот од 4 мм. Во овој период е задолжително да имате и снежни синџири во опремата на возилото, кои мора да се инсталира кога е патот покриен со снег и според соодветни сообраќајни знаци.

Лопата е ,исто така, потребна за камиони и автобуси.

Казната за возење без соодветна зимска опрема е 3.000 УСД.

Во зимски услови на возење, кога патот е снежен или леден, зимската опрема е задолжителна. За зимски

Косово

Словенија

возила, четири зимски гуми или снежните синџири на погонската оска се сметаат за зимска опрема.

Синџирите за снег на погонската оска се задолжителни за камиони и автобуси.

Зимска опрема за возила до вкупна тежина од 3,5 т:

• 4 зимски гуми (М + С) со минимум длабочина на профилот од 3 мм, или

• 4 летни гуми со мин. 3мм длабочина профил + снежни синџири во додатоци.

Возила со погон на сите четири тркала мора да имаат најмалку една погонска оска во случај на

континуирано возење на снег .

Условите за употреба на синџири за снег се исполнети кога на коловозот има толку многу снег што гумата не доаѓа во допир со површината на коловозот додека возите (гумата останува снежна).

Сите 4 гуми мора да бидат исти по големина, тип и конструкција; на истата оска, гумите мора да бидат со ист производител, профил, класа на брзина и капацитет на оптоварување. Класата за брзина на зимската гума мора да одговара на брзина поголема од максималната брзина на возилото одредена од производителот на возилото и запишана на сертификат за одобрување на тип на возило (одобрение). Ако максималната

брзина на возилото е наведена над брзината што одговара на симболот за категорија за зимска брзина на гумите, предупредувачката етикета што го означува наведениот максимален капацитет за брзина на зимата во гумите мора да биде ставена на возилото во видлива позиција.

Зимска опрема на возила со вкупна маса поголема од 3,5 тони:

• 2 зимски гуми (M + S) на погонски тркала со мин. длабочина на профилот 3 мм + лопата, или

• 4 летни гуми со мин. длабочина на профилот од 3 мм + снежни синџири во додатоци + лопата. Возачот кој нема соодветна зимска опрема ќе биде казнет со парична казна од 40 евра во согласност со Законот за безбедност на патиштата. Меѓутоа, ако сообраќајот е оневозможен поради прекршок, казната е 500 евра (член 29 од ЗПРЦП).

6 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА

MINI COUNTRYMAN

НОВ ДИЗАЈН ЗА „КАРАВАНОТ“ ОД МИНИ

Генерално

обликот на „мини кантримен“ не е многу сменет. Дизајнерите го обликувале новиот „кантримен“ во границите на некое обновување, популарно наречено редизајн. Заоблените линии сега се скротени, а најголемата

измена се предните светла кои отсега натаму ќе имаат по некој агол, веќе не се во облик на круг. Внатрешноста, исто така, претрпела измени, но сето тоа е само шминкање, затоа што „минито“ мора да ги задржи основните белези, односно да ја чува традицијата.

Најзанимливи се погонските единици. Покрај електричниот погон, ќе бидат присутни и бензинските, но и дизел моторите. Производителот нуди две погонски изведби, едната само со погон на предните тркала и една со погон на сите тркала која ја носи ознаката „ол 4“. Електричните мотори располагаат со силина од 204 и 313 КС. Првиот мотор постигнува 100 км/ч за 8,6, додека таа со 313 КС ја постигнува истата брзина тргнувајќи од место за убедливи 5,6 сек. Секако дека зголемените димензии, 4.433 мм должина, 1.843 мм ширина и 1.656 мм висина, даваат поголема удобност во кабината и секако одделот за товар кој располага со најмалку 460 литри, а најмногу 1.450 со спуштена задна клупа. „Мини караван“ како што популарно е нарекуван од јавноста, ќе има и своја изведба именувана како „џон купер вркс“ која располага со силина од солидни 313 КС. За и околу деталите на новиот „кантримен“, цена и испорака, прашајте го увозникот. •

годинашната изложба ИАА која се одржа во Минхен под отворено небо, БМВ меѓу другите возила претстави еден мошне привлечен концепт наречен „вижн ное класе“ или нешто како „видување на (во) новата класа“. Со имево на концептот производителот како да сака да каже „со ова видување во иднината ви ја претставуваме новата класа“, поточно како ќе изгледа дизајнерската иднина налимузините од оваа куќа. Веќе добро познатите отвори наречени бубрези сè уште се присутни, но сега се во некој развлечен облик, од едниот до другиот крај на маската. Тоа развлекување многу потсетува на „з осумката“ и секако на тој стариот кабриолет „507“ од 1956 год. - Дизајнот на предниот дел (маската) потекнува од моделот „507“ (1956 - 1959), додека задниот (и предниот) е позајмен од моделот „з 8“. Со едно дополнување дека „з осумката“ потекнува од моделот „507“. Тука Пежо не реагирал во врска со името. Зарем не се негови сите трицифрени броеви со нула во средината? Порше настрадал употребувајќи го бројот 901, но не и БМВ со 507.

Концепт лимузината никогаш нема да мине во сериско производство, туку ќе послужи како основа за дизајнот на идните автомобили. Колку што може да се види од фотографиите, обликот е малку истенчен, односно поелегантен од досегашните модели, односно елеганцијата е вратена, а заедно со неа е внесен и клинестиот облик. Сосема новите батерии кои имаат поголема енергетска густина за цели 20 отсто од досегашните, гарантираат 25 отсто поголема ефикасност, 30 отсто побрзо полнење и сето тоа ќе придонесе за изминување 30 отсто повеќе километри. Затоа производителот вели дека овој концепт ќе послужи како основа за развој и голем напредок кај електричните возила. Покрај батериите, БМВ најавува и поштедливи електромотори.

Иднината на автомобилската индустрија е тесно поврзана со зачувување на животната средина, односно помало или загадување еднакво на 0 (нула). Затоа најголемиот дел од материјалите потребни за правење на концептот се добиени со преработка на отпадни материјали. Тоа значи дека БМВ произведува автомобили и воедно ја чисти планетата Земја. Сега е во мода да се размислива „зелено“. •

7 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
BMW VISION NEUE KLASSE
На
НОВОТО ВИДУВАЊЕ НА БМВ ВО ИДНИНАТА
НОВОСТИ |

RENAULT SCÉNIC E-TEACH

„СЕНИК“ ВО НОВ КОСТИМ

Некогаш

изведбата „сеник“ беше еднопросторно возило со потекло од моделот „меган“. Е да, ама некогаш, а денес работите се испревртеа и од еднопросторно возило, сеникот го претворија во „сув“ или како што обожуваат да го наречат кросовер, а може да биде и ситикрузер или кроскрузер или олтереинкрузер. Сите имиња му „стојат“ затоа што „рено сеник“ е возило за секаква прилика.

При создавањето на новиот сеник, Рено „одел“ кон тоа да ја подобри удобноста вклучувајќи го тука и поголемиот и подобро организираниот простор сè со цел патниците да имаат чувство како да се дома и над сè конструкторите воделе грижа и за безбедноста како најбитен чинител во автомобилите. Од ова носиме заклучок дека „сеникот“ е семејно ориентирано возило, но не треба да значи дека само ним им е посветено, иако одделот за товар има зафатнина од 545 л. додека со спуштена задна клупа просторот се зголемува до крајно употребливи и огромни 1.670 л. Дизајнот е современ и по малку агресивен што е знак за привлекување и на најмладата популација возачи, но и за тие што почитуваат

удобност и безбедност при патувањето.

Бидејќи сега е време на екологијата, светот „тежнее“ кон зачувување на животната средина, така што и „рено сеник“ е влезен во таа „шема“ со неговите 25 отсто рециклирани материјали, а дури 90 отсто од него вклучувајќи ја и батеријата можат да бидат повторно употребени со претходна обработка и доработка. Таа „линија на зеленило“ не завршува туку продолжува со погонската единица која е електрична. Во моментов сеникот ќе се нуди со два електромотори, едниот со силина од 170 КС а поснажната изведба располага со 218 КС. Првата може да измине 418 км со едно полнење, додека втората 610 км затоа што има поголема батерија 87 kWh. Се надеваме и на изведба со погон на сите тркала за задоволување на епитетот (и прекарот) олтереинкрузер. И како што веќе знаете новиот „сеник“ е електричен и неговото матично име е „рено сеник е теч“ и е правен на платформата наречена „смф - ев“ која ја наоѓаме и во „меган е - тек“ и во „нисан арија“. Производството ќе се одвива во матичната земја, а продажбата ќе започне во првата половина од наредната година, додека целосниот ценовник е најавен кон крајот на годинава. •

од Фолксфаген (Порше Холдинг) ја претставуваа „ид седумката“ велеа „пасатот“ престануваме да го произведуваме. Така беше, но се предомислија и на крајот од месец август најавија нов „пасат“, деветта генерација кој ќе се нуди само во караван изведба, односно „варијант“ како што ја нарекуваа. Новиот „пасат варијант“ должински е поголем за 144 мм од претходниот (осма генерација), односно неговата должина сега изнесува 4.917 мм, висок е 1.482 мм (повисок за 7,0 мм) со меѓуоскино растојание од 2.841 мм, односно подолго е за цели 50 мм. Пет метри долг караван, како да е брод, а не автомобил. А дизајнот, тој е многу сличен со дизајнот од моделот „ид 7“, како да е рестилизација. Да не е „финтата“ електричната лимузина ќе ја наречеме „ид 7“, а караванот со класичните мотори ќе го носи старото име „пасат“. Не, не е така, „ид 7“ веќе има караван изведба.

Ќе има бензински, но и дизел мотори, со назнака дека некои од нив ќе имаат и

умерена хибридна технологија. Зарем дизелите не се најозлогласени мотори, највиновни за загадувањето на воздухот? Некои работи остануваат неразјаснети, но времето ќе ги исфрли на површина и ќе дознаеме што всушност се случува во овие мигови. Производството ќе се одвива во погоните во Братислава, Словачка, а купувачите ќе можат да си одберат примерок на почетокот од наредната година. Пет децении стариот „пасат“ досега е продаден во 34 милиони примероци низ целиот свет. За некои пазари како што е јужноамериканскиот е познат под името „сантана“. Воедно да спомнеме дека моделот „пасат“ е најпродаваниот Фолксваген, a зад него се и популарните „буба“ и „голф“.

Светската премиера е закажана за 4 септември на денот одреден за новинарите, а саемската манифестација ИАА 2023 ќе биде отворена на 5 септември и тоа среде Минхен под отворено небо и ќе трае до 8-ми истиот месец. Од каде доаѓа името „пасат“? Од ветровите именувани како пасати кои дуваат во тропскиот појас некаде околу 30 степен северно и јужно од екваторот. •

8 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
Кога
VW PASSAT VARIANT „НОВ“ ВЕТАР ВО СЕМЕЈСТВОТО

JLR НАЈАВУВА ПЕТГОДИШНА ГАРАНЦИЈА ЗА СИТЕ НОВИ МОДЕЛИ

НА RANGE ROVER, DEFENER И DISCOVERY

СО ПОЧЕТОКОТ НА СЕПТЕМВРИ ГАРАНЦИЈАТА ЗА БРЕНДОВИТЕ RANGE ROVER, DEFENDER И DISCOVERY СЕ ПРОДОЛЖУВА ОД ТРИ НА ПЕТ ГОДИНИ ИЛИ ИЗМИНАТИ 150.000 КИЛОМЕТРИ, СПОРЕД УСЛОВОТ ШТО ПРВ ЌЕ СЕ ИСПОЛНИ. ОПФАТЕНИ СЕ СИТЕ МОДЕЛИ НА RANGE ROVER, DEFENDER И DISCOVERY, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ДЕЛУМНИТЕ ХИБРИДИ И ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ХИБРИДИ.

Новата гаранција се однесува на сите модели низ Европа и ја продолжува постоечката тригодишна гаранција за да обезбеди заштита до период од пет години или изминати 150.000 километри – според условот што прв ќе се исполни. Со тоа клиентите ќе бидат сеопфатно заштитени со гаранцијата и ќе продолжат да ги уживаат придобивките од сервисните услуги со највисок квалитет како никогаш досега. Покрај тоа, клиентите на Range Rover, Defender и Discovery ќе уживаат и во поврзаноста со InControl Remote за период од пет години или изминати 150.000 километри, што нуди поголема погодност и организира помош во итен случај – во склад со искуствата со модерен луксузен бренд што JLR има намера да ги обезбеди. Тригодишните гаранции се стандард во автомобилската индустрија, така што воведувањето на петгодишна гаранција покажува дека Range Rover, Defender и Discovery нудат многу повеќе за своите клиенти. Сите модели од секој од брендовите, од 1 септември 2023 година, ќе бидат покриени со новата петгодишна гаранција, вклучувајќи делумни хибриди и плаг-ин електрични хибриди. Новите гаранции значат дека клиентите во куќата на JLR ќе го уживаат истото ниво на заштита, бидејќи и моделите на Jaguar имаат петгодишна гаранција од 1 јули 2022 година. Продолжувањето на постоечката гаранција има за цел да го подобри искуството на клиентите и сопствениците со овозможување сервисни услуги за време на гарантниот период, а во исто време да создаде услови како за физичките така и за правните лица транспарентно да ги пресметаат оперативните и трошоците за одржување за подолг период. Новата петгодишна гаранција ќе го подобри искуството на сопствениците и влева надеж дека ќе има позитивно влијание врз преостанатата вредност на моделите на Range Rover, Defender и Discovery. Ова, ќе обезбеди придобивки при рекламирање на користените возила. На долги патеки, поголемите преостанати вредности ќе ги намалат трошоците за поседување преку поттикнување подобри услови за лизинг

и финансирање. Продолжениот пристап за поврзување со InControl Remote, исто така, ќе биде достапен од 1 септември за сите новорегистрирани модели. Тоа им овозможува на корисниците да имаат едноставна и интуитивна интеракција со своите возила, дури и на големо растојание. Апликацијата за паметен телефон може да се користи за проверка на преостанатото гориво и степенот на енергетско полнење, како и да се види дали вратите и прозорците се затворени или отворени. InControl Remote ја оптимизира и програмата помош на пат и во случај на потреба автоматски испраќа итен повик. Новата петгодишна гаранција на JLR ќе се применува на сите пазари во Европа од 1 септември, издигнувајќи го квалитетот на услугите на целиот континент. •

9 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ГАРАНТИРАН ЛУКСУЗ
НОВОСТИ |

Porsche Road Tour 2023

НЕПРОЦЕНЛИВО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО КОЕ ГО НУДАТ МОДЕЛИТЕ НА ПОРШЕ

СОСТАВЕН ОД ЧЕТИРИ ВОЗБУДЛИВИ ДЕНОВИ, ОВОГОДИШНИОТ PORSCHE ROAD TOUR Е ЛУКСУЗНО АВТОМОБИЛСКО ПАТУВАЊЕ КОЕ ЈА ПРИКАЖУВА МОЌТА, ЕЛЕГАНЦИЈАТА И ПРЕЦИЗНОСТА НА ВОЗИЛАТА НА PORSCHE ПОСЕТУВАЈЌИ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ НА ДРЖАВАТА. УЧЕСНИЦИТЕ СЕ ВПУШТИЈА ВО ИЗВОНРЕДНА АВАНТУРА, ВОЗЕЈЌИ НИЗ ЖИВОПИСНИТЕ ПЕЈЗАЖИ, СОЗДАВАЈЌИ НОВИ ВРСКИ ПРЕПУШТАЈЌИ СЕ НА НЕСПОРЕДЛИВОТО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО КОЕ ГО НУДАТ МОДЕЛИТЕ НА PORSCHE.

10 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

овогодишниот Driving Experience домаќините подготвија 10 различни примероци од својата „ергела“ преку кои најсоодветно се претставува спортскиот дух и луксузниот карактер на марката Porsche, која патем оваа година прославува 75 години од своето постоење. Утрото започнува во Porsche Центарот во Скопје каде не дочекуваат домаќините и сертифицираните инструктори од компанијата со долгогодишно искуство во моторспортот. Нивната примарна задача е целиот настан да тече максимално безбедно, а воедно да се доживее оној „Porsche“ момент што остава неизбришлива трага кај секој вљубеник во автомобилите.

Стартуваме во колана која во оваа прилика предвидува возење на западниот дел од нашата земја каде што крајна дестинација е Маврово. Со цел да се искусат сите модели правиме ротации во возилата од групата, 5 од нив се во еден правец и уште толку на враќање кон Скопје.

Караванот од овогодишните протагонисти е составен од два 718 модели, едниот е Cayman во Style Edition пакет со впечатлива Ruby Neo боја кој е задвижуван од основниот два-литарски агрегат со моќност од 300 КС што му овозможуваат да повлече до 100 км/ч за 4,9 секунди и да достигне максимални 275 км/ч. Вториот член на семејството 718 е кабриолет изведбата Boxster GTS која има централно сместен 4.0 литарски шестцилиндричен атмосферски боксер агрегат со округли 400 КС. Во оваа конфигурација 100 км/ч се достигнуваат за само 4 секунди, а максималната брзина се искачува на 290 км/ч. Сепак, она што го прави препознатлив е резонантниот звук кој доаѓа во комбинација со високите вртежи, а кога сето тоа ќе се дополни со спуштен кров, едноставно прави да се чувствувате посебно. Со тешко срце може да кажеме дека ова е најверојатно последен пат како имаме прилика да ги возиме овие две изведби со мотори на внатрешно согорување, бидејќи веќе за следната година е најавено дека моделите со ознака 718 ќе бидат заменети со новоразвиени, електрично погонувани изведби. Во тимот „911“ боите ги бранеа кабриолет изведбата со основниот агрегат што располага со „само“ 385 КС чии перформанси за основна моторизација не се воопшто за потценување. Моќноста доаѓа од 3.0 литарски турбо-боксер агрегат што овозможува забрзување до 100 км/ч за 4,4 секунди и крајна брзина од 290 км/ч. Следи уникатната Targa изведбата која е опремена со идентична моторизација што во случајов нуди моќ од 450 КС, во поглед на забрзувањето до 100 км/ч потребни се само 3.8 секунди, а крајната брзина ја надминува границата од 300 км/ч. Тука погонот наместо само на задната осовина е на сите четири тркала што влева дополнително сигурност кога условите на патот не се нај идеални.

11 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk На
АВТО-МОТО |

Последен од триото 911 е во најмоќното издание со значка Turbo S, која со своите карактеристики едноставно ги поместува сите граници. Имено, 3,6 литарскиот турбо мотор испорачува 650 КС кои силата ја пренесуваат преку автоматски PDK менувач на сите 4 тркала. Перформансите се еднакво импресивни, за забрзување до 100 км/ч се потребни само 2,7 секунди, додека стрелката на брзиномерот патува до максимални 330 км/ч. Зад управувачот на овој „ѕвер“ потребна е и максимална концентрација, сè се случува со молскавично темпо, автомобил кој при секоја средба докажува дека е создаден да ги поместува границите, приредувајќи „адреналински шок“ што едноставно ве остава без коментар.

На електричната страна на располагање ни беа ставени Taycan Turbo и Taycan 4S Cross Turismo, модели кои марката Porsche ја носат на следно ниво. Со својата електрична коњица од 680 КС моделот Taycan Turbo стигнува до 100 км/ч за 3,2 секунди и достигнува крајна брзина од 260 км/ч. Перформансите се на многу високо ниво, а нема да згрешиме ако кажеме дека делуваат многу поуверливо во реалност. Батеријата овозможува полнење со брзина од 270 kW, а опсегот што го испорачува се движи помеѓу 380 км и 450 км со 100% полна батерија. Со својот повишен клиренс и караванска форма Taycan 4S Cross Turismo претставува вистински семеен транспортер кој овозможува излети и вон асфалтната подлога. Капацитетот на батеријата дозволува радиус на движење помеѓу 360 км и 440 км. Двата електромотори располагаат со моќ од 530 КС кои го носат автомобилот до 100 км/ч за 4 секунди и крајна брзина од 250 км/ч.

УШТЕ ЕДНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Точно на половина од турата ни беше приредено едно изненадување. По паузата за ручек на паркингот

пред објектот не пречека новото издание на моделот Cayenne. Домаќините одржаа кратка презентација со која се означи и официјалната комерцијализација на нашиот пазар, каде што на почетокот ќе

биде понуден во хибридна верзија, додека остатокот

од изведбите ќе бидат достапни во блиска иднина.

Најмалиот SUV во гамата на производителот пристигна во изведбата Macan S кој важи за еден од најзабавните примероци за возење во класата. Неговите перформанси ги обезбедува 2.9 литарскиот V6 агрегат кој располага со 380 КС што му овозможуваат забрзување до 100 км/ч за 4.8 секунди и максимални 260 км/ч. Како и изведбите на моделот 718, од наредната година и Macan ќе биде целосно електрифициран, со тоа што верзиите кои поседуваат мотори со внатрешно согорување ќе останат во понудата уште најмалку 2 години. Последен од групата беше моделот Panamera GTS Sport Turismo, вистинска перјаница од „олд скул“ ков. Задвижуван од 4 литарски V8 агрегат кој продуцира 480 КС му овозможува на преку 2 тона тешкиот автомобил да стигне до „стотка“ за 3,9 секунди и да го однесе до скоро 300 км/ч во секое време. Раскошните димензии и комфорот што го нуди кабинскиот простор го прави да биде идеален патен крстосувач на кои долгите автопатски делници му се природна средина. Полни со впечатоци и покачен адреналин пристигнавме пред салонот на Porsche центарот во Скопје каде со тешко срце се збогувавме со автомобилите кои ни го исполнија денот со сеќавања кои тешко се бришат. Дoвидување до следниот Road Tour! • Данчо Здравковски

12 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО

Претставуваме HENNESSEY VENOM F5 REVOLUTION ROADSTER

ОТРОВ ВО БЕСНО ПАКУВАЊЕ

СПОСОБЕН ДА СЕ КАТАПУЛТИРА

ДО 300 KM/H ЗА ПОМАЛКУ ОД

10 СЕКУНДИ И ДО 400 KM/H

ЗА ПОМАЛКУ ОД 20 СЕКУНДИ, ОТРОВНИОТ ПРОЕКТИЛ

ОД ТЕКСАС Е НА ПРАГ ДА СТАНЕ НАЈБРЗИОТ СЕРИСКИ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ.

Hennessey, тјунерско ателје и автомобилска мануфактура од другата страна на Големата Бара претставува фино избрусен дијамант сместен на врвот од круната на американската автомобилска индустрија. Приказната за Hennessey започнува во 1991 година, а доказ за нејзината успешност е отворањето на приватно училиште за тјунинг каде новите сили го стекнуваат занаетот учејќи директно од вработените во компанијата, односно луѓе кои секојдневно се занимаваат со оваа проблематика.

Нивните доработки на американските „Muscle Cars”, но и на големите пикапи и теренци пленат со моќност и ексклузивност овозможувајќи им на сопствениците да се издвојуваат од толпата. Подигнувањето на моќноста најчесто оди до 1.000 КС. Највпечатливи се доработките на Ford Mustang кои „прштат“ од агресивен стајлинг и масивна моќ. Но, тјунерите од Тексас не бегаат ниту од мускулите на Dodge Challenger и Chevrolet Camaro, a во игра е и Corvette Stingray. Оние, пак, што сакаат да „бришкаат“ преку отворените прерии на Дивиот Запад можат да добијат тјуниран пикап како Ford Raptor, или Dodge Ram TRX, дури и во изведби 6х6. Во игра се и теренците Ford Bronco, Jeep Grand Cherokee, Dodge Durango, Chevrolet Tahoe. Во Hennessey не бегаат ниту од лимузините на Cadillac. Посебно омилен им е лутиот CTS-V навиен на 1.000 КС. Сепак, гордоста која произлегува од долгогодишните заложби на Hennessey на поле на тјунингот е ултимативниот Venom F5.

ИМЕ КОЕ СЕ ПРОВЛЕКУВА ЧЕТВРТИНА ВЕК Називот Venom е врзан за Hennessey повеќе од 25 години и прерасна во мит кого октанските зависници го поврзуваат со соборување и поставување на брзински рекорди. Првпат името се појави во 1996 година на доработката на легендарниот Dodge Viper. Наречен Hennessey Venom 650R во тоа време беше меѓу најбрзите на светот со максимални 346 km/h.

Во 2010 година Hennessey го претставува Venom GT поставен на шасија на Lotus Exige со битурбо V8 навиен на 1.244 КС. Благодарение на малата тежина од само 1.244 kg Venom GT поставува светски брзински рекорд со 435,31 km/h.

Оттука се раѓа идејата на Hennessey за модел под исто име поставен на шасија од сопствена конструкција, со мотор конструиран дома и секако сопствен дизајн. Така во 2017 година Hennessey го најавува отровниот беснотилак Venom F5. Изграден околу монокок од карбонфибер предвиден и за отворена варијанта со помошни рамки од алуминиумска легура кои ги носат механичките компоненти и каросерија целосно изработена од карбон-фибер. Стартот на производството на купето и родстерот тргнува во март 2022 година. Годинава се појави и тркачката изведба Venom F5 Revolution, а пред неколку дена и нејзината отворена верзија Venom F5 Revolution Roadster.

14 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

ФУРИЈА ОД МОТОР

Venom F5 е проектиран да ја мине границата од 300 mph или 483 km/h. Оттука доаѓа и симболичната ознака F5 која се однесува на разорно торнадо од класата F5 кое има ветрови со брзина меѓу 261 и 318 mph. За да ја мине оваа брзинска граница користи фурија од мотор, буквално наречен „Fury” од своите инженери. Сместен

централно во шасијата навиен е на неверојатни 1.817 КС и без потреба

од измени ги турка и тркачот Venom F5 Revolution и отворениот Venom F5 Revolution Roadster. Овој V8 од 6.6 литри е изграден околу блок од челик со ковани клипови и клипни лостови. Коленесто вратило е добиено од полно парче челик обработено на CNC машина. Главите

се од алуминиумска легура, вшмукувачките вентили од титаниум, а издувните од легурата Инокнел. Два турбо полначи туркат воздух преку интеркулер со водено ладење остварувајќи ги бесните 1.817 КС при 8.000 min-1 и вртежниот момент од 1.617 Nm при 5.000 min-1, а максималниот број на вртежи е ограничен на 8.500 min-1. Сето ова турка само 1.385 kg, доволно за луда забава под отворено небо која ја нуди Venom F5 Revolution Roadster.

ВРТОГЛАВИ ПЕРФОРМАНСИ

Според системот за следење на брзина V-MAX преку кого се мерени податоците за забрзување и крајна брзина, од Hennesey тврдат дека нивниот проектил на четири тркала е способен од место до 300 km/h

да се катапултира за помалку од 10 секунди. И тука не застанува беснотилаков. За да улови 400 km/h му се потребни помалку од 20 секунди. Максималната брзина е предвидена да оди далеку преку 483 km/h, но сè уште не е потврдена со официјален запис. Секако сето ова без електрика и помошни хибридни системи. Само чисти октани.

СПРЕМЕН И ЗА НА ПИСТА Venom F5 Revolution Roadster за разлика од обичниот Venom F5 во себе носи гени на тркач, дел сокриени и дел јасно видливи. Подвозјето со поагресивна геометрија на тркалата како кај вистински тркач влегува меѓу сокриените гени. Од тркачите е земена и можноста за рачно прилагодување на амортизерите зависно од условите на патеката, секако со опцијата за возење на пат. Вградена е и дигитална тркачка телеметрија која нуди следење на податоците во реално време внатре во кабина, а возачот може да ја архивира и во компјутер за попрецизна анализа подоцна.

Видливите гени вклучуваат голем сплитер кој стрчи исплазен под носот на Venom и го ограничува протокот на воздух под автомобилот. Во комбинација со рамниот стомак и продолжениот дифузор одзади овозможува масивен вентуриев ефект кој буквално го лепи родстерот за пат. Малите перки од страна дополнително го притискаат носот кон подлогата за подобро водење низ свијок. Масивното задно крило ја подобрува стабилноста генерирајќи вкупен негативен потисок од преку 360 kg при 300 km/h и преку 635 kg при 400 km/h. Инката, пак, која стрчи над кабината носи ладен воздух кон моторниот простор за дополнително ладење на врелата енергана.

ЧУВАЊЕ НА ЕКСКЛУЗИВНОСТА

За да ја сочува ексклузивноста на својот отровен родстер Hennessey предвидува ограничена серија од само 12 примероци. Интересно, веднаш по претставувањето, секој од дванаесетте Venom F5 Revolution Roadster го најде својот сопственик кој е подготвен да чека и до две години за да се сретне со својата нова играчка. Првиот од серијата е изработен во гол карбон-фибер и прекриен со лак полиран до перфекција за да ја истакне структурата на карбонот. Стилизиран е со впечатливи жолти линии кои се повторуваат и во кабината во која се седи во тркачки кади со волан инспириран од Формула 1. Уредувањето е минималистичко за да не се одвлекува вниманието на возачот, но не се бега од исполнување на желбите на клиентите. Како ќе личат останатите единаесет примероци зависи токму од желбите на клиентите, а секако од желбите ќе зависи и цената која почнува од 3 милиони американски долари. • Љубомир Анастасовски

15 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

АВТОМОБИЛОТ ВЕЌЕ НЕ Е ВО СРЕДИШТЕ НА ВНИМАНИЕТО. ДЕНЕС СЕ НУДАТ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА ОД НАЈРАЗЛИЧЕН ТИП.

ВЕЛОСИПЕДИТЕ, ТРОТИНЕТИТЕ

И ДРУГИТЕ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА СТАПИЈА НА СЦЕНА. НЕКОГАШ САЕМИТЕ БЕА РЕЗЕРВИРАНИ

САМО ЗА ОНИЕ СО ЧЕТИРИ

ТРКАЛА, НО ДЕНЕС Е СОСЕМА ПОИНАКУ.

Големите

саемски хали, рефлекторите, светските премиери со помпезни најави како да стануваат минато затоа што веќе автомобилот не е превозно средство со примат. Денес овие манифестации прикажуваат мобилност насочена кон екологијата. На пример, бројот на изложени велосипеди достигнува и стотици само на еден штанд. Свое место заземаат и тротинетите, разни лични превозни средства, на пример, ролерки и... Секако, тука се и голем број автомобили, но, за жал, многу марки отсуствуваат. Годинава таков беше Минхен, но овој пат и саемот беше во служба на изложбата - малку отворен и малку затворен дел. Берлин и Франкфурт веќе се заборавени. Втора година една од светските најголеми изложби на автомобили се организира во Минхен. Пред три-четири години организаторот најави селење на манифестацијата од град во град, но засега Минхен вторпат е домаќин. Сепак, изложените автомобили предизвикаа најголем интерес кај минувачите и посетителите. Не изостанаа домашните марки, како: Ауди, БМВ, Мерцедес, Порше, Фолксваген, Смарт. Тие се договорија со организаторот дека никогаш нема да отсуствуваат, а годинава им се придружи и Опел кој сега е во групацијата Стелантис. Од толку многу марки во групацијата, тамошните одговорни одлучија само Опел да го пратат да изложува. Беше и Римац заедно со болидот во кожа на туристичко купе наречено „невера“, потоа Рено, но и луксузната американска марка Луцид.

16 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
МОБИЛНОСТ
ЗАВРТЕНА КОН ТЕХНОЛОГИЈАТА
Салон за возила Минхен 2023
|
АВТО-МОТО

Кога е во прашање кинеската автомобилска индустрија работите не се многу јасни. Кинескиот доаѓа и сигурно ќе ги има - БЈД, Липмотор, Донгфенг и МГ. БЈД е најпродавана марка на кинескиот пазар, го надмина (претрка) Фолксваген и сега доаѓа на континентов со дури шест модели. Офанзивата ја потврдува Липмотор кому му копаа дупка и ширеа дезинформации дека го снемува од автомобилската карта. Работава излезе „ние за волкот, а тој на врата во Минхен“. А МГ? Откако светот ја отпиша оваа марка, кинеска компанија ја откупи и сега марката повторно е во игра. И Винфаст од Виетнам беше на списокот, но го откажа присуството само неколку дена пред отворањето на манифестацијата.

Каква е сегашната состојба во светот на автомобилската индустрија? Додека светот беше зафатен со Пебл Бич во Калифорнија и сличните луксузни собири, Кинезите претставија речиси 10 нови модели од тие за секојдневна употреба. Не велиме дека кинеската автомобилска индустрија се ориентирала кон туристички автомобили, а остатокот од светот кон луксузни, туку едноставно најстарите автомобилски куќи, односно дел од нив го промовираа луксузот до крајни граници. Според статистиката, во овие кризни времиња, почнувајќи од првата автомобилска криза на крајот од минатиот век до денешен ден луксузните автомобили бележат зголемена продажба како никогаш досега, често и над 300, 500 и повеќе отсто. Најново од таа луксузна гарда е планот на Лотус од сегашните 1.500 примероци во блиска иднина бројката на произведени примероци да биде 150.000 на годишно ниво. Затоа не е ни чудно што токму луксузните марки претставуваат модели што претходно ни на сон не ги произведувале. Еден Јагуар почна да произведува каравани, а Масерати и Порше, вклучително и Јагуар имаат дизел-мотори во некои модели за да заштедат гориво. Годинашнава саемска манифестација во Минхен беше повод за протести од голем број граѓани загрижени за опстанокот на животната средина - електричните автомобили користат литиумски батерии, а литиумот е премногу отровен и лесно запалив.

• Жарко Атанасоски

17 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

Саем за возила Детроит 2023

ДЕТРОИТ МОТОР ШОУ

СЕ ВРАТИ ВО СВОЈОТ КОЛОСЕК

ПОЛЕКА, НО СИГУРНО ИЗЛОЖБАТА НА ВОЗИЛА СЕ ВРАЌА НА ВИСТИНСКАТА ПАТЕКА. И ПОКРАЈ ТОА ШТО МНОГУ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОФИЦИЈАЛНО НЕ ПРИСУСТВУВАА, СЕПАК ДОМАШНИТЕ ПРОДАВАЧИ НА АВТОМОБИЛИ МУ ИЗЛЕГОА ВО ПРЕСРЕТ НА САЕМОТ И ДОЈДОА ВО ИЗЛОЖБЕНИТЕ ПРОСТОРИ. СЕГА ГЛАВНИТЕ НА ИЗЛОЖБАТА ПОВЕЌЕ ВНИМАНИЕ ПОСВЕТИЈА

НА МНОГУ ЗАНИМЛИВИ СОДРЖИНИ, ОТКОЛКУ САМО НА СТЕРИЛНОТО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ.

досега сме биле сведоци на необични случки и тоа во светски размери. Работите кои до вчера беа вообичаени и домаќински средени, денес сето тоа не важи - најверојатно многу нешта во светов се изместени. Никогаш досега не се случило две од петте светски најголеми автомобилски изложби да се одржуваат во ист месец. ИАА 2023 во Минхен од 5 до 10 септември и НАИАС во Детроит од 13 до 24 во септември. Каде побрзо да стасаат изложувачите, дали на континентов, или да одат на изложбата преку „големата вода“. Според сегашниве тектонски изместувања во светот, нема да биде чудно ако во блиска иднина сите најголеми пет изложби да се одржат во еден месец.

Неучеството на саемските манифестации како да стана навика. Ова е списокот на тие кои беа официјално присутни со директни претставници од компаниите: Бјуик, Доџ, Кадилак, Крајслер, Фиат, ГМЦ, Џип, Киа, Лексус, Линколн, Рам, Тојота, Тесла, Фолксваген и Шевролет. Има и такви кои официјално не беа дојдени, но сепак своите возила ги изложија во Детроит - Алфа Ромео, Астон Мартин, Ауди, Бентли, БМВ, Хонда, Хјундаи, Инфинити, Јагуар, Ламборџини, Ленд Ровер, Масерати, Мекларен, Мерцедес - Бенц, Мини, Полстар, Порше, Ролс Ројс, Волво. За овие марки одговорни беа увозниците, тие си покрија сè, иако зад нив не стоеја производителите. Беа сложни, се договорија и со заеднички сили ги изложија секој своите автомобили. Ова е убав потег на продавачите, манифестацијата имаше повеќе изложувачи и сето тоа изгледаше пораскошно и побогато, а посетителите можеа целосно да се препуштат на убавините на четири тркала. Покрај класичните автомобили беа присутни два производители на тие со крила кои можат да полетаат. Аир 1 и Алеф Аеронаутикс, овие производители ги претставија своите летала на четири тркала во одделот за луксуз и егзотика.

18 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Многупати
| АВТО-МОТО

Сега светските премиери како да добиваат друга величина, не се веќе во духот на помпезно најавување, туку ги претставуваат на поинаков начин. Производителите свртеа друг лист, сакаат на посетителите да им дадат прилика да седнат во возилата и да ги возат, односно им приредуваат тестирање со цел заинтересираните да ги почувствуваат можностите на најновите направи на тркала. Не беше само тестирањето на возилата, тие што сакаат можеа да научат нешто повеќе за безбедното возење. Тоа беше спроведено со големо залагање од Генерал Моторс и неговите врвни познавачи на безбедното возење. Тоа значи дека изложбата на моторни возила спроведе и образовен дел. Еден од нив беше посветен на приридата и нејзините 900 убавини кои треба идните поколенија да ги заштитат. Сето тоа беше убаво спакувано и проткаено со забава за најмладите од 2 до 7 години - на располагање им беа еден голем куп играчки, но и да возат мали автомобили и да ги учат основните правила во сообраќајот.

Потоа, за студентите од Универзитетот Вејн од отсекот за Социологија беше организиран еден вид анкета и истражување во насока на прибирање најразновидни податоци од социолошки карактер, како на пример старосна структура на посетителите, што најмногу ги интересира, а што најмалку, во каква боја да биде нивниот автомобил, каков автомобил посакуваат и слично. Овие податоци ќе се користат за најразлични други испитувања. Најдобрите студенти за нивната работа беа наградени со три награди по 500 долари. И за возрасните посетители имаше наградна игра врз основа на купените влезници. Тројца најсреќни добија „форд бронко раптор, „џип гранд вагонер“ и „шевролет корвета к 8“. Овој потег на одговорните ме потсетува на убавите времиња кога кај нас секоја година имаше изложба на автомобили на Скопскиот саем кога посетителите добиваа вредни награди. Денес, за жал, не постои автомобилска изложба, а уште помалку саемот како здание, бидејќи е срушен. • Жарко Атанасоски

19 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО | Лексус рз Бјуик инвиста Линколн наутилус Кадилак ескалејд ај ку Тојота такома

Добрата здравствена заштита е ваше право, бидејќи вашето здравје е секогаш најважно.

Добра вест е што за ваква врвна здравствена заштита повеќе не мора да чекате, туку

сега можете сами да ја обезбедите за себе.

Дополнителното здравствено осигурување е достапно за сите, со месечен надомест кој

нема да ги оптовари вашите примања.

Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци:

- Здравствена заштита во приватни клиники

- Избор на лекар и на клиника

- Користење на здравствени услуги без упат од матичен лекар

- Договарање на термин кој вам ви одговара

- Специјалистички прегледи

- Лекови на розев рецепт

- Хируршки зафати (операции)

- Дијагностички анализи и лабораторски испитувања

- Дијагностика и лекување на малигни заболувања

Дополнително, а во зависност од вашите потреби, во приватното здравствено осигурување може да се вклучат и гинеколошки, стоматолошки и офталмолошки услуги. Приватното здравствено осигурување важи на територијата на нашата земја и во странство, а може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно.

Повеќе информации на 02/3181-405

СРЕДБА

НА ПРЕВОЗНИЦИ

На 28 септември, во Скопје, во организација на асоцијацијата „МАКАМ–ТРАНС“, беше одржана традиционалната средба на превозници.

На средбата, како VIP членка на асоцијацијата, учествуваше и АМСМ Центар за возила, промовирајќи ги сопствените услуги наменети за транспортни компании, како:

- Технички преглед и осигурување на товарни возила

- Издавање на ЕКМТ-ЦЕМТ сертификати

- Издавање на АДР сертификати

- Калибрација на аналогни и дигитални тахографи

- Обука за професионални возачи и управители

- Обука за АДР возачи и советници

Повеќе информации на 02/3181-405

20 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ ЗАСЛУЖУВАТЕ НАЈДОБРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ
ОКТОМВРИСКИ ПРОМОЦИИ
ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНА

И АКТИВНОСТИ!

Најдобрата инвестиција е онаа кога инвестирате во самите себе, а оваа во обука за Ц категорија е убедливо инвестиција која брзо се враќа.

Авто Школа Мобилити Плус ви овозможува квалитетна обука за Ц категорија која се изведува на камион Мерцедес Атего.

Пријавете се и искористете ја можноста за плаќање на рати без камата:

- Со Дајнерс картичка - 12 рати

- Со платежните картички на Комерцијална Банка - 6 рати - Со платежните картички на Стопанска Банка - 6 рати или - Со платежните картички на НЛБ Банка - 4 рати

Повеќе информации и пријавување: 02/3181-240 и 072/228-195

СКОПЈЕ

Минатата година со цел зголемување на безбедноста на велосипедистите, поставивме неколку ВЕЛО сервисни станици на различни локации во Скопје, а оваа година продолживме и поставивме уште една во рамките на „East Gate Mall“.

Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, шрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипед.

Ве потсетуваме на локациите на вело сервисните станици и ве охрабруваме да ги искористите за проверка на вашиот велосипед:

- Пред АМСМ – општина Центар

- Пред SKOPJE CITY MALL – општина Карпош, ул.„Манапо“

- Во „FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј – општина Центар

- Пред хотел „РУСИЈА“ – општина Аеродром и

- Пред „EAST GATE MALL“ – општина Гази Баба Повеќе информации на 02/3181-405

21 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ | ПРОМОЦИИ
ОБУКА ЗА Ц КАТЕГОРИЈАИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ
ПОСТАВЕНА УШТЕ ЕДНА ВЕЛО СЕРВИСНА СТАНИЦА ВО

ПЕТ ЅВЕЗДИ ЗА КИНЕСКИТЕ

ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ

АВТОМОБИЛИ, НО С È ШТО СЈАЕ

НЕ Е САМО ЕЛЕКТРИЧНО

GREEN NCAP ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ

ЗА ДВА НОВИ КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ

АВТОМОБИЛИ, ЕДЕН ОД BYD И

ДРУГ ОД ORA, КОИ НЕОДАМНА БЕА

ПРЕТСТАВЕНИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР.

ОВИЕ ДВЕ ВОЗИЛА ГИ ПОСТИГНУВААТ

НАЈВИСОКИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА GREEN NCAP ВО ОЦЕНУВАЊЕТО.

Green NCAP, исто така, објавува нови резултати за возилата со дизел и бензински погонски агрегати произведени од етаблираните европски производители Mercedes-Benz, Audi, Škoda и Dacia - покажувајќи дека напредокот е сè уште можен и може да се испорача во потрадиционалната технологија на мотори. Последен во ова издание е Ford Ranger Raptor, пик-ап камион кој често се користи како семејно „корисно“ возило.

Најновото издание претставува автомобили од различни класи и типови на погон - од мали семејни автомобили, преку извршни лимузини, до пик-ап возила; и од чисто електрични, преку хибридни, до големи бензински и дизел погонски единици. Сите тестирани автомобили ја поминаа најсеопфатната европска серија на лабораториски и патни тестирања засновани на еколошки перформанси. Резултатите – мерењата кои вклучуваат регулирани и нерегулирани параметри – се сумирани преку три важни индекси: чист воздух, енергетска ефикасност и ослободување на стакленички гасови. За лесна споредба помеѓу возилата, оценките се движат од 0 до 10, колку поголема, толку е подобар резултат.

„Некои од тестираните возила јасно ги демонстрираат достигнувањата на индустријата во потрагата по почисти и помалку штетни автомобили за климата, дури и ако сè уште се напојувани со конвенционални

мотори. Со такви резултати, претстојната регулатива за Евро 7 не треба да биде голем предизвик за производителите на најдобрите изведувачи на денешницата. И високите резултати на кинеските новодојденци

со пет ѕвезди покажуваат дека се подготвени да се натпреваруваат за удел на пазарот.“ - изјави д-р Александар Дамјанов, технички менаџер на Green NCAP. Кинескиот BYD беше топ продавач во светот на електрични и plug-in хибридни возила минатата година, но е сè уште релативно непознат бренд во Европа денес. Ова веројатно брзо ќе се промени бидејќи BYD во моментов носи низа конкурентни електрични модели на пазарот, вклучувајќи го и минатогодишниот ATTO 3, компактен SUV (спортско корисно возило) со максимална моќност од 150 kW и капацитет на батеријата од 60 kWh. Во тестовите на Green NCAP, се истакна ниската потрошувачка на енергија на автомобилот во студени временски услови. Ова се должи на неговиот добро дизајниран систем за греење, кој користи топлинска пумпа и низа различни извори на отпадна топлина за да го обезбеди вистинското ниво на удобност во кабината. Излезната ефикасност од мрежа до батерија на возилото од 87%, од друга страна, е просечна и можеби би била поголема со оптимизиран полнач и однесување на полнење/празнење на батериите. Генерално, BYD ATTO 3 останува одличен избор на електричен автомобил, постигнувајќи просечен резултат од 97% и 5 зелени ѕвезди. Кинескиот производител Great Wall Motors, не помалку амбициозен, го произведува ORA Funky Cat, кој даде сличен робустен резултат на Green NCAP тестовите. ORA Funky Cat е компактно семејно возило со целосно електричен погон, максимална моќност од 126 kW и капацитет на батеријата од 63 kWh. За разлика од ATTO 3, неговиот излез од мрежа до батерија е импресивни 93,2%, бројка што претходно не била забележана во Green NCAP тестирањето. Ова му овозможува на автомобилот да ги намали вредностите на вкупната потрошувачка и оттука, со просечен резултат од 97%, ORA Funky Cat удобно постигнува и 5 зелени ѕвезди.

22 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Green NCAP
| АМСМ

Но, на пазарот има повеќе иновации за еколошките перформанси отколку само електрификацијата со батерии. Green NCAP го тестираше Mercedes-Benz E300d 4MATIC, кој доаѓа опремен со дволитарски дизел мотор. Овој автомобил, со оглед на неговата тежина и големина, навистина ја користи ефикасноста на неговиот дизел погон, кој е поддржан од 48 V благ хибриден систем, но високите емисии на стакленички гасови не се доволни за резултат подобар од 1,9 од 10 во овој дел од оценувањето. Сепак, најголемото достигнување на инженерите на Мерцедес е видливо во Индексот на чист воздух: со резултат 9,3 од 10, во дизел-класата станува автомобилот со согорување со најмалку загадување што Green NCAP го тестирал досега. Автомобилот заработува просечен резултат од 50% и 3 зелени ѕвезди.

Audi A6 50 TDI quattro е целосна извршна лимузина и е тестирана со трилитарски турбо дизел мотор, обезбедувајќи максимална моќност од 210 kW. Користејќи фосилни горива, има ограничен потенцијал за минимизирање на емисиите на стакленички гасови. Сепак, неговиот дизел погон е поефикасен од неговиот бензински колега. Неговата висока маса од два тона, исто така, го отежнува одржувањето на потрошувачката и емисијата на CO2 ниски. Перформансите на автомобилот во Индексот за чист воздух се импресивни, демонстрирајќи невообичаено ниски емисии на честички и одлична контрола на другите загадувачи во целина. За жал, неговите емисии значително се зголемуваат над праговите за бруто надминување на Green NCAP во автопатски услови. Севкупно, 50 TDI quattro постигнува просечен резултат од 37% и 2 зелени ѕвезди. Škoda Kamiq е компактен SUV со еднолитарски турбо бензински мотор. Поради севкупните добри резултати, автомобилот се квалификува за дополнително тестирање на робусноста под попредизвикувачки услови. Индексот на енергетска ефикасност од 5,2 е сосема заслужен, но дополнителната електрична поддршка може дополнително да ги подобри бројките за потрошувачка и соодветните емисии на CO2. Kamiq добива 3,8 од максималните 10 во Индексот на стакленички гасови. Севкупно, Škoda ги завршува тестовите на Green NCAP со просечен резултат од 53% и лесно собира 3 зелени ѕвезди.

Моделот од 2023 година на Dacia Jogger Hybrid е опремен со 1,6 литарски атмосферски бензинец, електричен влечен мотор и автоматски менувач. Ова е повеќенаменско возило насочено кон купувачите кои бараат секојдневен комфор, функционалност и простор по прифатлива цена. Хибридниот погонски агрегат на Jogger изгледа особено посакуван избор и навистина дава достојни вредности на потрошувачката на гориво - бројката од 4,6 l/100 km е вообичаена за комбинирано патување во реалниот свет. Автомобилот постигнува нешто над просекот во Индексот за чист воздух, каде што резултатите би можеле да се подобрат со подобра контрола на честичките и CO и поцврсти перформанси при студени временски услови. Добар вкупен изведувач, Џогер добива просечен резултат од 51% и собира 3 зелени ѕвезди. Ford Ranger Raptor е пик-ап камион со трилитарски твин-турбо V6 бензински мотор. Тој е одобрен како комерцијално возило и затоа не треба да ги исполнува истите строги законски барања како обичен патнички автомобил. Пик-ап камионите не се ни приближно вообичаени во Европа како што се во САД и Австралија, но тие остануваат популарен избор како семејно „корисно“ возило за лојален сегмент на пазарот. Поради високата потрошувачка и емисиите на CO2, тој не добива поени во индексите за енергетска ефикасност и стакленички гасови. Неговите перформанси во Индексот за чист воздух се просечни, оставајќи простор за подобрување на емисиите на честички и излезот на амонијак (NH3), но, особено, на емисиите на CO при услови на голема побарувачка на енергија. Овие резултати го прикажуваат автомобилот со Индекс на чист воздух од 3,5 од 10. Raptor завршува со просечен резултат од 11% и добива само 1 зелена ѕвезда.

• Мирко Гигов

23 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ATTO 3
BYD
ORA Funky Cat Mercedes-Benz E300d 4MATIC Škoda Kamiq
АМСМ |
Dacia Jogger Hybrid

АМСМ НА СКОПСКИ

ВО ИМЕ И СЕЌАВАЊЕ

АЛЕКСАНДАР

ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД АМСМ Е ДЕЛ ОД СКОПСКИОТ НИЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО АМСМ, ОВОЈ МАРАТОН ТРАДИЦИОНАЛНО МУ ГО ПОСВЕТУВАМЕ СТРАСТЕН ВЉУБЕНИК ВО ПЛАНИНАРСКИОТ СПОРТ КАКО ШТО САМО ВИСТИНСКИОТ ЛИДЕР МОЖЕ ДА ИНСПИРИРА, ТАКА СКОПСКИОТ МАРАТОН ВО НЕГОВО ИМЕ И СЕЌАВАЊЕ. СВОИ УЧЕСНИЦИ ИМАВМЕ

24 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ

МАРАТОН 2023

НА

МИНОВСКИ

СКОПСКИОТ МАРАТОН. И ТОЧНО ПЕТ ГОДИНИ БЕЗ НЕГО. ПОСВЕТУВАМЕ НА НАШИОТ ТРАГИЧНО ЗАГИНАТ МЛАД КОЛЕГА АЛЕКСАНДАР, СПОРТ И РЕДОВЕН УЧЕСНИК НА МАРАТОНОТ. ТАКА И ОВАА ГОДИНА ТИМ ОД 90 ВРАБОТЕНИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ИМАВМЕ И НА ТРКАТА НА ПЕТ КИЛОМЕТРИ, НО И НА ОНАА НА 21 КИЛОМЕТАР.

25 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ | СКОПСКИ
АЛЕКСАНДАР
СЕЌАВАЊЕ

АМСМ И ФИА РЕГИОН I

ЗА НАМАЛЕНА

ВЕРОЈАТНОСТА ВОЗАЧИТЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА КОРИСТЕЈЌИ ГО СВОЈОТ ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗАТ Е ЗА ЧЕТИРИПАТИ ПОГОЛЕМА. КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА НА ФИА РЕГИОН I, КОЈА ЛОКАЛНО СЕ РЕАЛИЗИРА СО ПОДДРШКА НА АМСМ, КАКО ЕДИНСТВЕНА МОБИЛИТИ ЧЛЕНКА НА ФИА ОД ЗЕМЈАВА, ПОВИКУВА ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ДОДЕКА СЕ ВОЗИ.

за ризиците што ги преземаат кога ги користат телефони додека се во сообраќај“, рече Лоријана Крид, генерален директор на ФИА Регион I. Кампањата на ФИА Регион I ќе биде спроведена во 30 земји низ Европа, Блискиот Исток и Африка и преведена е на 24 јазици. Кампањата за безбедност на патиштата на ФИА Регион I е поддржана од Програмата за грантови за безбедност на патиштата на ФИА.

Факт е дека не можеме да живееме без нашиот паметен телефон, но зошто би го ризикувале живот поради него?

Многу возачи го користат својот мобилен телефон за навигација, но важно е ова да се направи пред да се тргне. Нотификациите од паметните телефони, исто така, може да предизвикаат невнимание. Со вклучување на режимот „не вознемирувај“ пред возење може да се намали бројот на известувања на паметните телефони.

Расеаното возење може да доведе до фатални несреќи, но повеќето од нив би можеле да се избегнат. АМСМ и ФИА Регион I ги повикуваат возачите да почекаат безбедно да пристигнат до дестинацијата за да го користат својот паметен телефон, да пратат пораки, да му се јават некому или да ја проверат својата е-пошта.

„Невниманието поради мобилните телефони е често во многу ситуации, дури и кога не станува збор за возење. Пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот, исто така, треба да бидат свесни

Дополнително, АМСМ со поддршка на ФИА и ФИА Грант Програмa приспособи алатка за намалување на навиката за користење мобилен телефон додека се вози.

26 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
КАМПАЊА
БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРИСТЕЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ

ЗА ФИА РЕГИОН

Меѓународната федерација за автомобили (ФИА), основана

во 1904 година, ги обединува водечките национални

автомобилски организации од 146 земји во светот и

таа е раководно тело за светскиот автомобилски спорт.

Канцеларијата на ФИА Регион I, со седиште во Брисел, е тело

на потрошувачи што опфаќа 100 клуба за мобилност што

претставуваат над 36 милиони члена од цела Европа, Блискиот

Исток и Африка. АМСМ е единствена мобилити членка на ФИА

од нашата земја.

Пристапот е базиран врз истражување и дизајниран е за да ви помогне засекогаш да прекинете со навиката. Повеќе (за Drive in The Moment).

• Благица Станојевиќ Блажевски

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ИНВЕСТИЦИЈА ШТО
СЕ ВРАЌА! Обука за Ц категорија | 02/3181-240 072/228-195 www.avtoskolamobiliti.mk АМСМ |
БРЗО

• Сакам да поднесам барање за

Меѓународна возачка дозвола, но

националната возачка е со моето

моминско презиме, а личните

документи се со новото презиме.

Што треба да доставам за Меѓународна

возачка дозвола во овој случај.

Поздрав, Благица

АМСМ: Доколку Вашата национална возачка

дозвола е со моминско презиме, а личните документи се со новото презиме, Вие во тој случај

би имале проблем кога ќе излезете надвор од Македонија. Со самото прифаќање на новото презиме потребно е да ги промените сите лични документи вклучувајќи ја и националната

возачка дозвола за да немате правен проблем.

• Ме интересира каде можам да купам ценовник за регистрација на патнички

возила кој би ги опфаќал сите битни податоци при регистрација (еко

нормативи, такси и сл.).

Поздрав, Славе

АМСМ: Ценовникот на едно правно лице е деловна тајна и не е дозволено да се дава на увид. Можеме само да ви пресметаме цена

за одредено возило за кое се интересирате по

поединечни ставки за да имате претстава што плаќате при една регистрација. •

• Ве молам да ме известите за извоз на возило од СР Македонија, дали издавате сè уште ЦОЛ Таблички. Благодарам, Горан

АМСМ: ЦОЛ табличките се издаваат во министерството за внатрешни работи што се наоѓа во македонска телевизија отсек - моторни возила.

• Што означува кратеницата ЕМБГ. Поздрав, Ана

АМСМ: ЕМБГ кратеницата означува ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ НА ГРАЃАНИНОТ.

28 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ
29 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Безбедност во сообраќајот

СИТЕН ДОЖД, МАГЛИВИ ДЕНОВИ, ОБЛАЦИ, АСФАЛТ ПРЕКРИЕН СО НАЈРАЗНОВИДНА ПРАВ ШТО ИЗМЕШАНА СО ВОДАТА СОЗДАВА ЛИЗГАВА ПОДЛОГА, А КОГА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ПОД НУЛАТА, СЕ ФОРМИРА И СЛОЈ ОД МРАЗ. ЗАТОА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ.

Иако на почетокот на есента времето сè уште е пријатно, со јасни утра и топли дeнови, сепак би било добро уште отсега да се мисли на студените и магливи утра со здодевниот ситен дожд што дополнително ќе ја намали видливоста, односно ќе го дополни сивилото. Денот станува сè пократок, така што нема да штети ако направите неколку проверки на вашиот автомобил, со цел да го подготвите возилото за зимскиот период. Покрај генералното чистење, бојата и каросеријата на автомобилот може да ги заштитите со некое средство од надворешните влијанија. Магливите утра, намалениот ден и ситниот дожд придонесуваат за намалена видливост. Повторно напоменуваме, приспособете ја брзината според условите на патот. Исто така, еден од факторите за настанување на сообраќајни незгоди е влажниот асфалт. Влагата измешана со најразновидниот ситен материјал на асфалтот создава тенок „филм“ што го зголемува пролизгувањето. Советиве особено важат за новите возачи, кои сè уште немаат стекнато навика за совесно возење. Влажен коловоз најчесто има на планинските патишта, но и на мостовите каде што најдолго се задржува влагата. Воопшто не е пријатно одеднаш да наидете на влажен асфалт, а уште полошо е ако возите со голема брзина. Влажниот коловоз предизвикува пролизгување на возилото затоа што пневматиците губат контакт со асфалтот.

Покрај овие, да ги наречеме замки на патот, има уште една што е најопасна, а тоа е мразот. Во доцна есен температурата ќе се намалува, а на некои места ќе биде и под нула. Обично на Пресека, Ѓавато, Плетвар или на друг планински превој настанува мраз што е многу опасен за возењето. Во есен е потребно многу поголемо вни-

30 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ
ЛАДНИОТ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА СО
СЕБЕ НОСИ...
Магла

мание при управувањето со моторни возила, имајќи предвид дека студениот период од годината е посебно непријатен за возење. Таквите надворешни услови бараат врвна посветеност при возењето и секако поголема дисциплина. Нема идеален пневматик што ќе ве извади од несаканите состојби на асфалтот, затоа што таму владеат законите на физиката, а вие најмалку можете да влијаете врз нив ако возите

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
брзо. • Жарко Атанасоски Возите некаде на Пресека, Ѓавато, Плетвар или на сосема друго место, се чувствувате сигурно и се' е под контрола, но на излезот од свиокот ве пречекува влажен асфалт или мраз. Внимателно на лизгав коловоз Не се споредувајте со овие автомобили. Тие се исклучиво се наменети за натпреварување, за брзо возење - друга димензија, а возачите умеат да управуваат со најмалку 450 - 500 кс, но не и вие иако вашите автомобили поседуваат исто толку силина и истите не се подготвени за трки.

И ПОКРАЈ ТОА ШТО СЕ СМЕТА ЗА ОСОБЕНО ВАЖЕН МОДЕН ДОДАТОК И ВО ЛЕТО, НАЕСЕН Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, ОСОБЕНО АКО ГО ПРЕФЕРИРАТЕ И БРИТАНСКИОТ НАЧИН, СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ, ИНСПИРИРАН ОД ТАМОШНИТЕ ПРОДАВАЧИ НА ЛЕБ, ИГРАЧИ НА ГОЛФ, ВОЗАЧИ НА ТАКСИ... НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО НЕГОВАТА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА ИМАШЕ СЕРИЈАЛОТ „PEAKY BLINDERS“, НЕСОМНЕНО.

Инеговата

едноставност, практичност во голема мера придонесе за качкетот да се фаворизира толку многу, особено кога се работи за приврзаниците не само на последната, т.е. актуелна мода, туку и на класиката бидејќи рaмната, сплескана капа во исто време се смета и за старинска, традиционална..., која датира уште од 14 век. Освен што се носи во текот на летото, направена од инаков материјал, како на пример од лен и памук, во светли бои, обично со сино и со бело, наесен е голем хит, незаобиколен аксесоар - моден додаток во темна, загасната боја (вклучително и бежова, крем), изработен од различни ткаенини, меѓу нив и волна (твид) и кожа и сомот. Во минатото, качкетот бил заштитен знак, симбол на таксистите, машиновозачите, бродарите, голферите, лебарите, спасувачите на плажа..., оттаму и другите имиња, називи на рaмната, сплескана капа која често се врзува и со филмот „The Great Gatsby“, покрај серијалот „Peaky Blinders“ што со неговото појавување во 2013-та се издигна високо, ставајќи го на пиедестал. Како било, денес качкетот е најприсутен во модните колекции за есен-зима, но сепак го има и во (про) летните. На угодноста влијае и астарот, заради чувството на топлина кое го предизвикува, ствара.

НЕКОГАШЕН СИМБОЛ НА НЕБЛАГОРОДНОСТА, ВО КОНТЕКСТ НА СТАТУСОТ Дизајнот, естетското обликување исто така влијае на неговата практичност. Лесно свитлив е, за да се носи в џеб. Ја нема формалноста на шеширот, но сепак не изостанува ни малку од елеганцијата, без оглед на лежерноста со која се одликува. Естетиката во денешно време сепак е приоритетна, за разлика од заштитната функција, намена. Порано, во согласност со некогашната мода, трендовите поврзани со неа, брадата и мустаќите се подразбирале кога во прашање било носењето качкет, на некој неопределен, непознат начин. Тенденциите се целисходни, како и промените. А, мотоциклите се само дел од нив, и едните и другите.

Нецели седум века, од 1571-ва, кога англискиот парламент ги донел законите за однесување - ад акта, меѓу кои се вбројувал и кодексот на облекување, качкетот има посебна функција во гардеробата, целокупната облека на мажите, како своевиден знак на препознавање, врзан со професијата, но и стилот. Имено, збирката на правилата го задолжувале секое возрасно лице од

32 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
Качкет
ЕДНОСТАВЕН, ПРАКТИЧЕН, А И МОДЕРЕН

машки пол и дете над шест години да го носи во неделите и за време на празниците, со цел да се стимулира потрошувачката на волна и трговијата воопшто, и внатрешна и надворешна. Во спротивно, им се изрекувала парична казна, и тоа на дневно ниво. Изземени биле само благородниците и високообразованите.

И покрај нивното укинување во 1597-ма, качкетот се носел и натаму. Како симбол на неблагородноста, во контекст на статусот, едновремено бил и антипод на тудорскиот шешир - условниот

знак за академските граѓани.

Во 19 век и почетокот на 20-тиот, кога се носеле различни покривала, капи..., со цел да се укаже на изразитата мажественост, односно машкост - нема дилема, Обединетото Кралство предничело во изборот на качкет. Имотните селани во Англија се препознавале меѓусебно по рaмната, сплескана капа. Во 1920-тите станала задолжителна за учениците, како дел од униформата, истовремено со модерните, современи мажи кои ја вбројувале меѓу омилените. Претходно качкетот стигнал до југот на Италија, некаде во доцните 1800-ти години. Се верува дека го донела британската војска. Благодарејќи на Мустафа Кемал Ататурк, од 1925-та во Турција се носел место фесот.

Еквивалентен со капата за бејзбол, качкетот наголемо се носи и во Соединетите Американски Држави. Всушност, неговата распространетост е поширока. Убаво им прилега и на јоркширските гулабари, но и на поседниците кои неколкупати во текот на денот ги обиколуваат имотите. Го фаворизираа и скинхедсите и хипхоперите, буквално сите, вклучувајќи го и Дел бој и Семјуел Л. Џексон. Иако се носи и налето, со маица и фармерки/бермуди, се чини дека убавината на качкетот во есенските и зимските месеци доаѓа најмногу до израз. Неутралните бои, како на пример темносината и темносивата, се непогрешни во изборот за комбинирање со црни панталони, сива блуза и тегет јакна. Освен за на работа, комбинацијата е совршена и за на прошетка. Сепак, твидот важи како неприкосновен авторитет, кога во прашање се ткаенините за комбинирање со рaмната, сплескана капа. Неретко и кожата и сомотот е идеален за него - и за дружба и за на излет.

ИДЕАЛЕН ЗА ДРУЖБА, ЗА НА ИЗЛЕТ, ПРОШЕТКА, НО И ЗА НА РАБОТА Поврзаноста меѓу качкетот и поп-културата во Британија се огледа и во ненаметливото влијание на работничката класа во Јоркширската околија врз модните правци, трендови кои се условени меѓу другото и од лежерноста, практичноста на облеката што ја преферираат. Оттаму и нејзиното прифаќање од вишиот слој на општеството. Гај Ричи, Дејвид Бекам, Најџел Менсел, Ричард Блеквуд и Чарлс Трети се само некои од ВИП личностите што ја прифатија без двоумење, а и нивниот придонес во популаризацијата на качкетот навистина е голем. И подиумите на кои настапуваат врвните музичари (на пример, Брајан Џонсон - вокалистот на групата „AC/DC“)

помагаат да ужива големи симпатии кај поширокиот круг луѓе, вклучително и жените, претежно младите. Па дури и лондонските таксисти. Своевидно, качкетот е симбол на Обединетото Кралство. Ширум светот се пренел и благодарејќи на спортистите, во голема мера. Посебно голферите. А, неговата приказна ги вдахнува и модните креатори за тенденциите што ги создаваат.

Модните куќи во своите колекции за есен-зима не го заобиколуваат, секако - во зависност од стилот („Armani“, „Hackett“„, Ralph Lauren“ не го ни тргаат од продажба), но постојат и специјализирани продавници (работилници) за качкети, меѓу кои се вбројуваат и најстарата, од 1676-та - „Lock & Co. Hatters“, „Bailey Hats“ (нејзините рaмни, сплескани капи ги носеле Гари Купер и Кери Грант), „Borsalino“ (качкетите на италијанската марка од 1857-ма се забележливи во филмовите „Бони и Клајд“, „Казабланка“ и „Индијана Џонс“, каде што ги носат Ворен Бити, Хемфри Богарт и Харисон Форд), „Christys’ Hats“ (отворена во 1773-та, нејзините рaмни, сплескани капи ги носел и Џорџ Трети), „Garrison Tailors“ (изработувачот на качкетите за серијалот „Peaky Blinders“), „Gumble and Gunn“ (чии рaмни, сплескани капи се прават од мерино-волна), „Kangol“ (хипхоперите й се постојани купувачи).

• Игор Ландсберг

33 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

| ПАТУВАЊЕ

Сан Марино

АВТЕНТИЧНОСТ

ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД, НА КОЈА

И ПОКРАЈ ТОА ШТО НЕЈЗИНАТА

ПОВРШИНА Е МАЛА, САМО

61,2 КМ², НАЈСТАРАТА ДРЖАВА

(ПОСТОЕЧКА) ВО СВЕТОТ, КОЈА

СЕ НАОЃА НА АПЕНИНСКИОТ

ПОЛУОСТРОВ, ОД СИТЕ СТРАНИ

ОПКРУЖЕНА СО ИТАЛИЈАНСКА

ТЕРИТОРИЈА, ИЗОБИЛУВА

СО МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА И

ДУХОВНИ БЛАГА ЧИЈА ПОСЕТА

СИГУРНО ЌЕ ОСТАНЕ ВО ВАШИТЕ

СЕЌАВАЊА УШТЕ ДОЛГО ПО

НЕА. ИСТОИМЕНАТА МЕТРОПОЛА ГО КОМПЛЕТИРА ВПЕЧАТОКОТ, БЛАГОДАРЕЈЌИ НА АВТЕНТИЧНОСТА ПРЕД С È , ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД.

Патувањата

во Римини што ги организираат македонските тур-оператори се добра можност да ја посетите и најстарата држава (постоечка) на светот, за која се врзуваат многубројни приказни, вдахнати од блиското и далечното минато, чија вистинитост, автентичност е причина и за нејзината голема посетеност, над 3 милиони екскурзијанти годишно. Секако дека можете да отидете и во сопствена режија, со авион. Близината на градовите во Италија, кои често ги посетуваат и Македонците, благодарејќи на поволните цени за билетите, нивните аеродроми, како и железничката инфраструктура, едноставноста да се стигне дотаму, Сан Марино го прави лесно достапен и за туристите од Македонија. Неговиот шарм сигурно ќе ве освои, привлечноста му е императивна. Прво затоа што местоположбата му е атрактивна, иако не излегува на море, се наоѓа меѓу италијанската регија Марке, брдата на Емилија-Ромања и Јадранот. Второ, широкиот поглед на воденото пространство не само што предизвикува силен впечаток туку и ја распламтува желбата за мечтаење, вклучително и легендите кои претежно се врзани со дамнината, кога всушност е основана и државата, во 301-ва.

34 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
НЕ МОЖАТ ДА
И ОДОЛЕАТ НИ ПРЕБИРЛИВИТЕ

Имајќи го предвид фактот дека е најстара (постоечка) во светот, УНЕСКО пред 15 години ја попиша како светско културно наследство. Има и републиканска форма на управување, на чело со двајца регенти кои ги бираат 60-те претставници во законодавното собрание (парламентот) на секои 6 месеци. Едниот ја игра улогата на претседател, а другиот е премиер. Пратениците се избираат на секои 5 години. Државниот орган, т.е. конгресот брои 10 членови. Сан Марино всушност е поделено на 9 општини (буквално замоци).

Секоја ја раководи совет, 560 години.

Неколкуте замоци, кули од каде што се шири видикот, погледот на околината и Јадранското Море навистина се примамливи, толку што никому не му пречат височините на кои се наоѓаат, за да стигне до нив. Средновековјето може да се почувствува и за време на прошетката по уличките на неговиот главен град чија атмосфера ќе ве врати во минатото за да ве потсети на епохалноста, нејзините дела, вредности. Исто така и модерноста му е битна карактеристика, преку атракциите буквално за секого, за сечиј вкус, заедно со шопингот во трговските куќи, центри. Секако дека и културните настани ги има на претек.

ОД ЗАСОЛНИШТЕ НА КАМЕНОРЕЗЕЦ ДО МЕТРОПОЛА

Во текот на 1.722-годишното постоење, благодарејќи на основачот - каменорезецот Маринус, наголемо се раскажува приказната за него. Поради христијанската вера бил прогонет, а своето засолниште го нашол во планината Титано каде што изградил и капела. Оттаму всушност започнало проширувањето на метрополата, градот-држава чии регенти за првпат биле избрани во 1243-та. 220 години подоцна, со папски декрет, градовите Монтеџардино, Серавале и Фјорентино й се приклучиле, влегле во нејзиниот состав, а наскоро и Фаетано. Папството го прогласило Сан Марино за независно во 1631-ва, без оглед на неговата конституционалност, уредена во 1599-та. И покрај тоа што кардиналот Алберони ја зазел територијата на метрополата, благодарејќи на граѓанската непослушност и апелите, молбите до Ватикан, папата й ја вратил независноста која се почитувала и за време на Наполеоновите освојувачки походи, но и во текот на Втората светска војна. Кризата во 1957-ма, кога нетрпеливиот однос меѓу двете најголеми партии во државата ја достигнала кулминацијата, резултирала со аферата Роверета. Кон Советот на Европа се приклучи во 1988ма. Иако не е членка на Унијата, еврото е платежно средство. За даночен рај важеше до 2002-ра, кога го потпиша договорот со цел да се избрише од т.н. сива листа. Потписник беше и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Сан Марино има околу 33.500 жители чија старост е доста длабока, достигнува до 85 години кај мажи, 89 кај жени. Разговорен јазик секако е италијанскиот. Поштенските марки, монетите се особено важен извор на приходи за граѓаните, се разбира - поради големиот интерес на колекционерите. И туризмот, неизбежно.

ТРИТЕ КУЛИ, СИМБОЛ НА СЛОБОДАТА Кон жичарницата и видиковецот на Контрада дел Пјанело ќе ве упати секој жител на Сан Марино, заради глетката. Превозното средство со кабини е бесплатно за деца, сите што се пониски од 120 см. Висината на која се искачува е 166 м, горе сте за 2 минути. Панорамата навистина е прекрасна, погледот досегнува до ривиерата, морето. Пред неа всушност е видиковецот, поширокото рамно место каде што се наоѓа споменикот на Бартоломео Боргес и неколкуте бинокли, за комплетен впечаток. Меѓу атракциите кои не треба да ги заобиколите се вбројува и Кава деи Балестриери во непосредна близина на жичарницата. Денес каменоломот е познат како збиралиште на самострелците, за спортување. Употребата на рачното ладно оружје во најстарата држава (постоечка) на светот е традиционална, повеќевековна.

35 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ПАТУВАЊЕ |
Трите кули, симбол на слободата Кава деи Балестриери
Патеката
на маѓепсниците

Се разбира, минатото на Сан Марино најубаво ќе го доживеете во т.н. историски центар, просторот на којшто се трите кули, видливи од патот за планината Титано, музеите (12 државни, 6 приватни)... И првата (Гваита) и втората (Честа) кула е отворена за јавноста, но не и Монтале (третата). Меѓусебно се поврзани со патеката на маѓепсниците, а нејзиното име ги евоцира спомените за младите жени со натприродна моќ, кои танцувале покрај огновите. И другите монументи со нивната величественост, длабоки по содржината - Пјаца дела Либерта, црквите Сан Квирино, Санта Кјара, Порта ди Сан Франческо, Пјеве - Базилика дел Санто ќе ве привлечат, сосема сигурно. Исто како и музеите чија тематика е приспособена за сите возрасти, љубители на филателијата, уметноста, нумизматиката, етнологијата, археологијата..., препарираните животни (па дури и растенија), оружјата, восочните фигури... На пример, во Националниот музеј од втората половина на 19 век, сместен во Палацо Пергами Белуци, се изложени 5.000 дела. Збирката од уметнички слики во Галеријата на контемпорарната уметност ја достигнува бројката од 1.000, а своевиден музеј е и Палацо Публико, срцето на политичкиот живот во Сан Марино, каде што церемонијално се инаугурираат регентите на секои 6 месеци, од 1 април до 1 октомври. Се наоѓа на Пјанело (Пјаца дела Либерта), во зградата на некогашниот Домус Комунис Магна, изградена во периодот меѓу 1380-та и 1392-ра, реставрирана неколкупати.

НЕЗАОБИКОЛНА ШОПИНГ ДЕСТИНАЦИЈА ПОРАДИ НИСКИТЕ ЦЕНИ, МАЛИТЕ ДАНОЦИ... Доколку се одлучите за патување со деца, воопшто нема да згрешите. Сан Марино е рај за нив. До врвот можете да стигнете или со жичарница или со вовче кое поминува низ тунели. Парковите изобилуваат со дрвја на кои можат и да се качуваат. Музејот на вампирите, акрепите сигурно ќе им предизвика возбуда, не обеспокојувајќи ги. Фестивалот на комиката во лето е идеален за размена на стрипови, па и видеоигри, споделување на искуството со нив. Сепак, надалеку прочуениот авантуристички парк, најголем во Европа, нема конкуренција, убедливо е и најпосетен, околу 30.000 деца годишно. Се работи за многу голема шума каде што дрвјата се поврзани со висечки мостови, 30 на број. Поделбата на игрите, активностите заради забава во секој случај е инспирирана од авантурите на Робин Худ. Безбедноста е на највисоко ниво, како и адреналинот. Сан Марино важи меѓу другото и за незаобиколна шопинг дестинација. Моловите воглавно се наоѓаат на патот до/од Римини, а останатите дуќани во центарот на стариот град. Поради малите даноци, цените се пониски од Италија. Во 1995-та државата ја воведе т.н. ознака за потекло и типичност (Маркио ди Ориџине е Типичита), за да го заштити домашното производство. Традиционалната рачна изработка може да се види на лице место во повеќето мали занаетчиски работилници, продавници за керамика, производи од ретки минерали, железо, дрво..., тантела, везови... Картичките за попусти се даваат и во хотелите, на своите гости. Рецепционерите ќе ви ги препорачаат и кафе-рестораните каде што се приготвуваат најубавите деликатеси, специјалитетите на нивната кујна. Забележливо е влијанието на италијанската, кое со текот на времето избледувало. „Пјадината“ се послужува и натаму. Разликата е во густината на тестото, полнето со разни билки, сирења… Комбинацијата на рукола, „стракино“ и шунка е неодолива. Но и палентата е дел од трпезата, и супите (со „бомболоти“) и тестенините („строцапрети“), вклучително и десертите, како на пример обланда-тортите Титано и Тре Монти, чии филови содржат какао, кафе, лешници, чоколада..., и „бустренгото“ и „веретата“ и „пањотата“, залеани со вино (Албана, Бјанкале, Москато и Санџовезе) или пак ликер (од тартуф, тревки..., Тилус и Дука ди Гуелфо), за потполно уживање. • Игор Ландсберг

36 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk |
ПАТУВАЊЕ
Палацо Публико Националниот музеј Авантуристичкиот парк
37 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

ФАЛАФЕЛ

Подготовка:

Во овој број ќе зборуваме малку за арапската кујна и за едно од најпопуларните јадења на светот! Се работи за популарниот Фалафел. Тоа се зеленчукови ќофтиња на база од мелен Наут. рецепт КОЈ скоро на сите им е познат и секој си го моделира според свој вкус.

Мојот фалафел е составен од мелен киснет наут (можете да го употребите и оној од конзерва), измелен на класична мелница за јаткасти плодови (не во блендер). Во истата мелница измелете и морков, кромид и малку лук. Како зачин додадете ситно исечкан магдонос, посолете и формирајте ќофтиња не поголеми од 40гр. Овој специјалитет се пржи во длабоко масло. Најчесто се сервира со павлака измешана со медитерански зачини и лимон. Уживајте!

38 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА

„КЕРИ СОТО СЕ ВРАТИ“

ТЕЈЛОР ЏЕНКИНС РЕЈД

читаj, гледаj, слушаj...

„GOLDA“ (ГОЛДА)

„OUR SONGS“ ANASTACIA

Осмиот

Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот

Кери

кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да

се врати и со помош на нејзиниот татко да

го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што

на медиумите никогаш не им се допаѓала

„Борбената секира“. И покрај тоа што нејзи-

ното тело не се движи како порано. Па дури

и ако тоа значи да си ја проголта гордоста

и да тренира со човекот кому еднаш му го

отвори срцето: Боу Хантли. •

студиски албум на популарната американска музичарка Анастасија излезе по петгодишна пауза, откако во 2017та го издаде „Еволуција“, а неговата промоција се одржа минатиот месец, на 22-ри. „Our Songs“ го најави на 8 ноември 2022-ра, во рамките на својата турнеја, истакнувајќи ја неговата специфичност - дека се работи за обработка на германски рок-песни, во соработка со издавачката куќа Edel од Германија. Секако, преводот е адаптиран за слушателите од англиското говорно подрачје. Всушност, албумот е комбинација на поп и рок-химните кои со децении се слушале на радиостаниците, со цел да ги збере класиците од различни периоди на едно место, нивните жанрови, претставувајќи ја германската музика на пошироката јавност, меѓународна. „Our Songs“ ги вклучува и верзиите на „Born to Live“ од „Unheilig“, „Forever Young“ од „Alphaville“ и „Still Loving You“ од „Scorpions“, кому му претходеа сингловите Best Days (28 април), Supergirl (14 јули) и Now or Never (25 август). Останатите шест песни се Beautiful, Monsoon, Cello, Just You (дует со Peter Maffay), Symphony и An Angel. •

Светската премиера на „Golda“, снимена во англо-американска копродукција, се одржа на 20 февруари, во рамките на седумдесет и третото Берлинале. Филмот го режираше Израелецот Guy Nattiv, по текст на Nicholas Martin. Стоминутната драма е своевидна биографија на израелската премиерка Голда Меир, особено во текот на Јомкипурската војна, 1973-та. Додека одговара на прашањата од комисијата (Аgranat), Хенри Кисинџер й укажува дека САД не сакаат да го поддржат Израел во моментите кога нафтената криза кулминира, притискајќи ја да се откаже од Синајскиот Полуостров со кој израелската држава завладеала по шестдневната битка во 1967-ма. И египетскиот претседател Анвар ел Садат е подготвен да воспостави дипломатски односи со Израел, доколку го исполни американското очекување - да го врати Синајскиот Полуостров. • Жанр: биографска драма

Актери: Helen Mirren, Camille Cottin, Liev Schreiber, Lior Ashkenazi, Dvir Benedek Режија: Guy Nattiv

39 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Технологија

НЕ ГИ СПОРЕДУВАМЕ

НЕКОГАШНИТЕ И ДЕНЕШНИТЕ ФОТОКАМЕРИ, ТУКУ ЈА КРИТИКУВАМЕ НАЈНОВАТА ТЕХНОЛОГИЈА ИЛИ

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ШТО СИ ПОИГРУВААТ СО КУПУВАЧИТЕ. И, УШТЕ НЕШТО, ЗОШТО Е ТОЛКУ СКАПА ИЛИ НЕКОЈ НАМЕРНО ЈА ПРАВИ ТАКВА?

потрага по нешто посовршено. Текстов е наменет на брзината со која напредуваат фотографските апарати поради брзиот развој и пристапноста на високата технологија.

Овој

пат рубриката за висока технологија ќе им ја посветиме на фотографските камери чии перформанси се унапредуваат од генерација во генерација. Порано фотоапаратот беше скапа играчка што не можеше секој да си ја дозволи, а денес 80 отсто од светското население поседува фотокамера. Па, секој мобилен телефон има камера со која може да се слика и да се прават подвижни слики, филмуван (видео) материјал.

Некогаш фотокамерите од типот смена 8 и практика беа најзастапени поради цената, како и познатиот кодак со камера што за неколку секунди вадеше готови фотографии. Но како било во минатото? Имало кутија наречена обскура со отвор низ кој влегувала светлината од објектот кон кој била насочена. Таа светлина паѓала врз плоча со хемикалии и со нивното осветлување тие ја правеле сликата од снимениот објект. Овие фотографии не биле трајни, така што светот бил во

Буквално до вчера фотографите носеа мали лаборатории во кои ги развиваа филмовите и потоа ги доставуваа, на пример, до новинските куќи. Потоа со друга технологија фотографиите ги скенираа на направата скенер и од фотографија на хартија добиваа фотографија во дигитален облик. Предизвикот беше како веднаш да се направи дигитална фотографија и како „дигитализирана“ да се прати каде било преку интернет. Првите чекори кон дигитална фотографија ги направи Сони со камерата „мавика“ (кратенка од „магнетик видеокамера“). Кога ова име ќе се споменеше во јавноста пред 35-40 години, тука почнуваше и завршуваше приказната, затоа што „сони мавика“ беше закон за сите дотогашни фото и видеокамери. Тоа беше камера без филмови, со дискови што се менуваа. Беше достапен само филмуван материјал, а потоа од него се вадеа фотографии. Во 1990 година на сцена стапи гигантот Кодак со својата камера „дцс 100“. Куќиште без филм, но со способност да произведе дигитализирана фотографија што веднаш може да биде објавена без претходно скенирање и поправка.

Ако Сониевата „мавика“ беше скапа, тогаш „кодак дцс 100“ беше неверојатно скапа камера и можеа да ја поседуваат само големи новински редакции. Тоа е период пред и по дигиталната фотографија. Оттогаш светот ја гледа оваа уметност (фото) во некоја друга димензија. Црно-белата фотографија е период кога фотографите во лабораторија ги развиваа сликите, а така беше и со фотографиите во боја. Денес црно-белата фотографија се враќа и тоа со употреба на старите добри филмови и камерите што собираа прав на полиците. Благодарение на неколку фабрики низ светот што повторно произведуваа црно-бели филмови, фотографите имаат можност да се вратат на волшепството на варијации од бела до црна заедно со сите нијанси меѓу нив, како и темните комори во кои развивањето филмови и создавањето фотографии е друга димензија.

40 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| HI TECH
ФОТОКАМЕРИТЕ, НЕКОГАШ И ДЕНЕС

Настапи период кога фотографските апарати почнаа да снимаат и подвижни слики. Тоа го прави фотокамерата, па се добива и фотографии и видео. Некои камери подобро снимаат видео, а други прават подобри фотографии, но ниеден производител не направи фотоапарат што е подеднакво подготвен и за правење фотографија и за снимање подвижни слики како денешнава технологија со толку дигитализирана електроника и микрочипови да не може да направи фотоапарат што ќе врши две работи подеднакво супериорно? Некои камери се исклучително добри за портрети, други за пејзажи, трети за фотографирање на животинското царство, четврти се најдобри за улични фотографии, некои постигнале најдобри резултати во студио итн.

До пред неколку години камерите именувани како „дслр“ беа единствени, но се појави друга технологија што не користи огледало во апаратот. Таквите камери без огледало не можат да ги користат објективите од камерите „дслр“. Сега напредната технологија иницира купување и нов фотоапарат и нови објективи. Камерите без огледало во некои делови се поспособни од камерите „дслр“, но се далеку од тоа да се супериорно надмоќни. Треба да споменеме дека „дслр“ се поиздржливи при користењето, а леќите за камерите без огледало се поскапи отколку за апаратите „дслр“.

Со напредокот на високата технологија производителите добиваат можност да заработат многу. • Жарко Атанасоски

HI TECH |

70 години „корвета“

ХАРИЗМА ШТО

НЕ МОЖЕ

ДА СЕ ОПИШЕ

САМО НЕКОЛКУ АВТОМОБИЛИ ИМААТ ЧЕСТ ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА НА ЧЕТИРИТЕ

ТРКАЛА. СЕКОЈДНЕВНО ГИ СПОМЕНУВАМЕ БИДЕЈЌИ

СТАНАА ЕДЕН ВИД КУЛТ НЕ

САМО КАЈ ГОЛЕМИТЕ ЉУБИТЕЛИ

НА ОВИЕ „ИГРАЧКИ“ ТУКУ

И КАЈ ДРУГИТЕ ЖИТЕЛИ НА ПЛАНЕТАВА.

Ако погледнеме наназад во времето, веднаш ќе забележиме дека овие автомобили имаат необичен и поинаков дизајн од другите. Ќе споменеме неколку, „цитроен дс“, наречена „цитроен ајкула“, „фиат панда“, првата генерација и таа по неа со обновениот облик, „цитроен цв2“, односно „спачек“, „фолксваген буба“ итн. Иако овие автомобили постигнале светска слава, сепак се на далечното второ место затоа што веќе не се произведуваат. Денес постојат автомобили што биле и се некои и нешто и во минатото и сега. Тие модели се присутни на светската сцена повеќе од половина век, на пример „шевролет корвета“ и „порше 911“ и слични. Со посебен и необичен дизајн се произведуваат долго време и во себе носат некоја харизма што не може да се опише. Токму неописливото ги води тие модели кон врвот. Многу автомобили тргнале по овој пат, но некаде на средина го прекинале производството, потоа направиле голема пауза и повторно се појавиле сомногу сличен дизајн и со малку поголеми димензии. Таков

е примерот со „чинквеченто“, со „минито“, но не и со „рено петката“. Тој многу популарен модел на континентов со децении успешно го одржуваше својот препознатлив облик, но Рено го згасна многу почитуваниот модел, а потоа го замени со моделот „клио“, чекор што се покажа како катастрофално лош за марката. Сличен, но не ист потег направи и Фиат со првата генерација од моделот „панда“. Го оставија името, но сосема го сменија дизајнот. Од легендарната „панда“ остана само името, а денес дизајнот нема никаква врска со оригиналниот на мајстор Џорџето Џуџаро. Слични се судбините и минатото и на бубата и на четворката на Рено. Шавролет и сличните го негуваат моделот и од генерација во генерација го надградуваат обликот, но не го менуваат. Тоа важи и за легендарниот „911“, само што овој проблем со сопственоста на дизајнот.

МОДЕЛ КОЈ ПРИВЛЕКУВА И ОСВОЈУВА Некаде на почетокот на 50-тите години од минатиот век во таборот на Шевролет се подготвувале за нешто што личи на купе и на кабриолет.

42 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
„Корвета“ 1953

Кога еден од главните првпат го видел купето од Јагуар наречено „икс к 140“, бил восхитен. Восхитеноста со „јагуар икс к 140“ довела до правење на сосема нов модел. Биле предвидени две седишта, снажен мотор сместен напред, погон назад и сè тоа за скромен износ. Планот

почнал да се остварува и во 1953 година моделот првпат бил претставен пред светската јавност на Салонот за автомобили во Лос Анџелес како концепт. Малиот и многу привлечен автомобил бил наречен „корвета“, по малите брзи воени пловила со исто име. На почетокот рачно биле произведени 300 примероци, но како минувале годините, така купето и изведениот кабриолет достигнале бројки мерени со четири нули. Публиката го дочекала новиот автомобил со воодушевување, само што мал дел од неа можел да го купи. Шевролет направил автомобил за уживање, а не за секојдневни потреби, па моделот бил сместен во таборот наречен луксуз. И покрај тоа што „корветата“ е строго наменета за уживање, сепак продажната цена била и сè уште е два-три пати помала отколку на автомобилите од иста класа од континентов. Каде ќе се најде Ламборџини, Ферари или Масерати за 62.000 долари? Да за 200.000. Или можеби „911“ за таа цена? Сигурно не, ќе треба да се одвои двојно повеќе. Не е само „корветата“ со пониска цена, туку и „форд мустанг“, „доџ чарџер“, но и „шевролет камаро“ (основен модел за 21.000, а најскапиот за 67.840 долари). Така работат од другата страна од „големата бара“.

Најодговорен за создавањето на „корвета“ е Харли Ерл, кој бил воодушевен oд „јагуар икс к 140“, но и од двоседите на МГ. Планот го започнал речиси на своја рака и го нарекол „проект опел“. Со овој проект биле запознати само неколку негови најблиски соработници, но сепак не знаеле сè. Целата работа Ерл љубоморно ја криел и работел во своето мало студио. Откако планот за спортското купе бил при крај, Ерл се соочил со слатка мака. Во ГМ имало повеќе марки на автомобили, но најмногу имал контакти со Едвард Кол, главниот во Шевролет. Tој го слушал планот на Ерл за новиот автомобил и веднаш се согласил за соработка. Потоа следувала изложбата Моторама во Њујорк каде што бил прикажан луксузниот двосед.

Првата генерација наречена „к 1“ се произведувала од 1953 до 1962 година, втората „к 2“ од 1963 до 1967 година, третата „к 3“ од 1968 до 1982 година, четвртата „к 4“ од 1984 до 1996 година, петтата „к 5“ од 1997 до 2004 година, шестата „к 6“ од 2005 до 2013 година, седмата „к 7“ од 2014 до 2019 година и сегашнава, најновата, осмата „к 8“ започна со производство во 2020 година. Најнапред производството се одвивало во фабриката во Флинт, Мичиген, потоа од 1954 до 1981 година во Сент Луис во Мисури, а од 1981 година во Боулинг Грин, Кентаки. „Шевролет корвета“ како спортско купе е многу омилен кај љубителите на автомобилите, но најпопуларен и најмногу се на северноамериканскиот пазар. Надвор од таа територија продажните резултати се потпросечни и слаби, а интересот за американските спортски купе автомобили на континентов е многу скромен. Спортското педигре почнува со појавата на првата генерација „к 1“ што веднаш отиде на 24 часа Леман. Приватниот тим на Бриџ Канингам подготвил три корвети, едната со стартен број 3 пристигнала на целта како осмопласирана, а на големо изненадување победила во својата класа, „гт“. Можеби оваа победа оставила длабоки траги кај конструкторите и затоа и ден-денес „корветите“ најчесто ги гледаме во трките на издржливост.

Тркачк изведба која се покажала како многу успешна, именувана е како „к 5 р“. Како основа ја користи петтата генерација од сериската „корвета“ и конструирана е од работилницата Прат и Милер заедно со спортскиот оддел на ГМ. Веднаш по претставувањето оваа тркачка изведба победила на 24 часа Леман, 24 часа Дајтона, 12 часа Себринг, но и во американската Леман серија. Овој успешен модел и денес

43 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА |
Харли Ерл, 1951 год. покрај концептот „ле сабре“

може да се види на тркачките патеки низ светот, иако веќе има свој наследник, изведбата „к 6 р“.

„К 6 р“ најчесто ја гледаме во класата „гт2“ во шампионатите на издржливост. Исто како и претходната, така и оваа изведба има многу трофеи на престижни патеки. Во 2011 година „корветата к 6 р“ со стартен број 73 прва пристигнала на целта во класата гте про. На домашна територија во трките од АЛМС (американска леман серија) секогаш е при врвот. Во класата ГТЕ Ам во 2012 година победила на четири од 10 трки и има двојна круна, во класата на возачи и класата на конструктори. И во 2013 година тимот на Корвета Рејсинг постигнал ист успех, но овој пат со пет победи од 10 трки.

Традицијата со учеството на трките на издржливост продолжува до денес и би било вистинско чудо ако тоа се смени во редовите на Шев-

ролет. Оваа марка со популарната „корвета“ редовно е присутна на трките како Индијанополис, Дајтона, Леман, Спа итн.

Покрај „корветата“, конструкторите добиле задача да создадат нешто дотогаш невидено од дизајнерска гледна точка. Кабриолетот веќе бил присутен, но не и купе изведбата. Проектот го водел Бил Мичел, а Лари Шинода е тој што го обликувал купето претставено во 1963 година. Тогаш е воведено името „стингреј“ во еден сериски автомобил, но претходно во 1959 година концептот „корвета стингреј“ е првиот со тој „прекар“. Тогаш биле произведени 21.513 „корвети стингреј“ од кои 10.594 во купе изведба, а другите се кабриолети. Само неколку генерации од моделот „корвета“ го носи името „стингреј“, а ова се генерациите што го немале името „стингреј“, првата со ознака „к 1“, четвртата „к 4“, петтата „к 5“, шестата „к 6“. Најновата, односно осмата „к 8“ претставена во 2020 година ја носи ознаката „стингреј“.

Малку е чудно што Ферари, Ламборџини, Масерати, Мекларен и другите немаат модел што се произведува со децении наназад. Ако сакате да возите нова „корвета стингреј“ од оваа година, ќе треба да издвоите само 62.000 долари, цена што може само да ја сонуваат спортските купе автомобили од континентов.

44 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
• Жарко Атанасоски „Корвета“ 1959 „Корвета“ 1981 „Корвета“ 1994 „Корвета 70 аниверзари едишн “ 2023 „Корвета зр 1“ 1989
45 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Светско првенство во Формулa 1

САИНЦ ЈА

ПРЕКИНА НИЗАТА, ФЕРСТЕПЕН

ЗАПОЧНА НОВА

СО ПОБЕДАТА ВО СИНГАПУР, ВОЗАЧОТ НА ФЕРАРИ СТАВИ ТОЧКА НА РЕКОРДНАТА НИЗА ОД ПОБЕДИ ШТО ЈА НАПРАВИЈА ВОЗАЧИТЕ НА РЕД БУЛ, КОЈА БРОЕШЕ 15 ГРАН-ПРИ ПОБЕДИ.

низата на Ред Бул, последните 10 победи беа на име на Макс Ферстапен. Расплетот во Сингапур значеше дека на последните 26 трки ова е само втор пат победничкиот возач да не биде од тимот на „црвените бикови“. Во Бразил 2022 славеше Џорџ Расел, а претходно во сезоната Ферари имаше четири победи (три за Леклер и една за Саинц). Проблемите на Ферари беа видливи и минатата година, па резултираа и со повлекување на Матија Биното како тимски шеф, односно со доаѓање на Фредерик Васер, но проблемите со болидот останаа. На квалификациите во Сингапур, делуваше како болидите да ги замениле местата: Ферари функционираше беспрекорно, додека Ред Бул се мачеше со управливоста.

- Кога немаш идеален сет ап, гумите ги чувствуваш дека се лоши, а ништо не функционира како што треба,- рече Кристијан Хорнер, тимски шеф на Ред Бул, адресирајќи ги проблемите околу штелувањето на болидот за градските булевари на Синагпур.

Шарл Леклер ја потврди добрата форма на Ферари позиционирајќи се на помалку од една десеттинка зад Саинц, но Џорџ Расел со болидот на Мерцедес се вмеша меѓу нив двајцата и внесе возбуда во трката.

- Чувствував дека ја имам контролата во трката. Да бидам искрен, секогаш си под притисок, но имав простор да можам да погледнам зад себе, но имав и брз болид. Кога си под притисок, правиш различни грешки, но чувствував дека ја имам контролата.

Добро се справивме со ситуацијата и на крајот ја освоивме победата. Знаев дека ќе имаме долга делница со тврдите гуми и дека мора да го задржам Џорџ зад мене. Морав да го натерам да забави, за да нема опција да изненади со медиум пневматици или при возило за безбедност. Тоа ни успеа до перфекција,- објасни Саинц. Триумфот во Сингапур беше второ вакво искуство во кариерата на Карлос Саинц, кој своето првенче го прослави минатата година на британското гран-при. Оваа сезона, Саинц немаше ниту еден финиш на подиумот, се до неодамнешната трка во Монца.

Ова е четврта победа за Ферари на трките во Сингапур, додека за Ландо Норис му го донесе на Мекларен првиот подиум трофеј од Сингапур по пауза од 11 години.

Во пресрет на Големата награда на Јапонија, статистичарите објавија дека пред оваа трка Ферстапен никогаш претходно не водел на патеката Сузука при суви временски околности, а овој пат метеоролозите точно предвидоа дека нема да има дожд.

Сепак, прекинот на успешната низа на Ред Бул, донел голема мотивација за холандскиот возач. Ова го откри Кристијан Хорнер по трката, кога на прес конференцијата за медиумите им раскажа на акредитираните новинари дека ги знаел намерите за „реванш“ уште од самиот почеток на гран при викендот во Сузука.

- Спортувавме заедно со Макс во средата и тој уште тогаш ми кажа дека сака да победи во трката со предност од 20 секунди пред второпласираниот. А реално, тој дојде на 7 десеттинки од секундата да ја оствари таа цел. Уште од неговиот прв круг на слободните тренинзи се виде дека е 1,8 секунди побрз од останатите иако имаше тврди гуми, а тие беа на медиум или меки. Тоа беше исклучително достигнување. Неговиот последен круг во квалификациите мора да биде запишан во историјата како еден од најдобрите на сите времиња.

46 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Во
| СПОРТ

А потоа успеа пол позицијата да ја претвори во победа иако немаше идеален старт, но сепак беше во можност да го задржи водството, а потоа да направи предност и да ја контролира трката, - раскажа Хорнер.

Според самиот пилот, клучен бил стартот на трката, кога од двете страни беше нападнат од возачите на Мекларен, кои во квалификациите

беа најбрзи од останатите.

- Се разбира, беше тесно на стартот низ првите два свиоци, но потоа мојот болид беше мошне добар за возење. Во ретровизорот видов дека Оскар ми се доближува од десната страна, додека Ландо надоаѓаше од левата страна и се обидов да им го затворам приодот. Додека го правев тоа со Оскар, Ландо ми се приближи и јас веќе немав каде да одам. Се обидов да продолжам право и за среќа ништо не се случи. Бевме навистина близу, но такви се трките, така е на стартот. Имавме дуел низ првиот и вториот свиок, но ми се чини дека имав малку среќа и имав подобар контакт со асфалтот во вториот, бидејќи бев на нормалната линија за разлика од нив што се обидуваа од надворешна страна. - вели во својата изјава победникот Ферстапен.

Алудирајќи на трката од 1990 година, кога на стартот се судрија првите двајца возачи во Сузука (Аиртон Сена и Ален Прост), Ландо Норис по квалификациите изјави дека за него како третопласиран реприза на таквиот настан би било најсоодветно сценарио.

- Мене ми изгледаше дека сум во перфектна позиција да го повторам славниот инцидент на Сена и Прост. Навистина бев во буквално совршена ситуација за тоа. Забележав дека имам добар старт и бев возбуден со педалот за гас во моментите после стартот, но знаев дека не сум доволно блиску до Макс. Можев да го видам Ландо како доаѓа од спротивната страна и прифаќањето на третото место во поредокот беше најбезбедната опција за мене во тој момент,- рече дебитантот Пјастри.

Најбрзиот круг во трката го имаше Ферстапен и тоа со време кое што беше цела секунда побрзо од кој било друг возач.

Со победата во Јапонија тимот Ред Бул ја осигура шеста конструкторска титула, но втора во низа. За Макс Ферстапен победата во Јапонија воедно значи дека по тринаесетти пат едноподруго успеал пол позицијата да ја конвертира во победа, со што го собори досегашниот рекорд во сопственост на Михаел Шумахер.

Со 35 последователни финиши во низа, Холанѓанецот се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Хамилтон, кој има 48 финиши во трки.

Ландо Норис во Сингапур го забележа третиот пласман на подиумот оваа сезона, а со трофејот освоен во Јапонија, го изедначи својот најдобар досегашен резултат, 4 подиуми во 2021 година. За него ова е десетти финиш на подиумот во кариерата, а само уште четири возачи освоиле толку пласмани меѓу првите три, без притоа да стигнат до победата: Ник Хајдфелд, Штефан Јохансон, Крис Амон и Роман Грожан. Оскар Пјастри го освои својот прв подиум финиш на оваа трка во Сузука, а четворица возачи во минатото, исто така, својот прв подиум го славеле на ова патека: Мика Хакинен, Роберто Морено, Агури Сузуки и Камуи Кобајаши. Пјастри е првиот возач по Ленс Строл во 2017 што се искачил на подиумот во својата дебитантска сезона.

Со новите бодови, Ферстапен дојде до точно 400 поена, додека Перез има 223 поени. Луис Хамилтон го презема третото место во генералниот пласман со 190, пред Алонсо со 174 и Саинц со 150. Кај конструкторите, Ред Бул има 623, но битката за позициите од второ до четврто место е отворена: Мерцедес има 305 поени, Ферари е трет со 285, додека Астон Мартин падна на четврто место со само 221 поен и ќе мора да се чува од Мекларен на петтата позиција кој има 172 поена. До крајот на сезоната има уште шест трки, но поради големата предност, Макс Ферстапен би можел уште на првата (во Катар) да ја потврди третата шампионска титула. • Александар

47 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Табаковски СПОРТ | Подиум Сузука 2023 Макс Ферстепен - Сузука 2023
48 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВИ ЗИМСКИ
ЗА ВАША ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ! ПОМОШ НА ПАТ www.amsm.mk 02/3181-133 VOYAGER FULDA SAVA ЗИМСКИ ГУМИ ОД ПОГОРЕНАВЕДЕНИТЕ БРЕНДОВИ СЕ ДОСТАПНИ НА ВАШЕ БАРАЊЕ ВО АМСМ СЕРВИСОТ ЗА АВТОМОБИЛИ, ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ.
ГУМИ

К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

СЕКОЈ ПО СВОЈОТ ПАТ

НЕ МОЖАМ ДА ПРОГНОЗИРАМ ДАЛИ И ГЛЕДАЧИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАДОВОЛНИ ОД ВАКВИОТ РАСПЛЕТ НА НАСТАНИТЕ, НО ИМАМ ВПЕЧАТОК ДЕКА ОРГАНИЗАТОРИТЕ СЕ ПОСРЕЌНИ КОГА ИМААТ ВАКА РАЗГРАНИЧЕНА СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ШТО НИВНИТЕ ИНТЕРЕСИ НЕ СЕ ПРЕПЛЕТУВААТ.

Вообичаена

пракса е календарот на светското првенство во Формула 1 да биде лиферуван во некаква првична верзија за време на летната пауза, што остава период од 3 до 4 месеци за евентуални корекции. По правило, финалната верзија на календарот се усвојува во декември за време на годишното собрание на ФИА, кога заседава и Светскиот совет за моторспорт, односно највисокото тело на федерацијата која ги разрешува сите дилеми од врвна инстанца. Имајќи го сето ова предвид, доаѓа како мало изненадување септемвриската одлука на Мото ГП да објави календар во кој за првпат се вброени 22 трки, но дури 11 од нив се во исти викенди со оние од Формула 1. Зачудувањето се базира на претходно видената пракса овие две серии да не си пречат една на друга, односно да не ја делат истата публика, за која што се верува дека е ентузијастичка по прашање на двата спорта.

Какви заклучоци би можеле да се извадат од новата одлука на мотоциклистичките промотори?

Неминовно е дека потписниците на оваа одлукa обезбедиле добри аргументи за ваквите прашања. Мото ГП веројатно после долги години „стоење во сенка“ имаат сознание дека нивната публика нема да биде повлијаена, а со таквата самодоверба и навестува дека во иднина нема да прави егзибиции со својот календар, за да им угоди на интересите на челниците од Ф1. Можеби ваквата прогноза звучи премногу грубо и нетактички, но убеден сум дека постојат логички објаснувања, кои всушност ја релативизираат можната тензија. Вистинските љубители на трките со сигурност ги сакаат и двете серии, но во денешно време либерализираниот телекомуникациски пазар е мошне поразличен од ситуацијата што ја имавме пред некои 15-20 години. Тоа значи дека во минатото националните телевизии на одредени земји ги пренесуваа трките за своите гледачи, а сега истите се достапни преку различни интернет стримови, при што и самите организатори имаат свои платформи каде што трките можат да се следат низ ексклузивен, специјализиран канал, како во живо, така и одложно. Со ова промоторите на двете првенства не го потпираат својот бизнис модел само преку продажба на терестеријалните ТВ-права, па не мора да зависат од волјата на телевизиите дали ќе инвестираат средства да ги купат двете серии, односно како нивните гледачи ќе го доживуваат тој конфликт. Со други зборови , поделбата оди глобално, а

еволуцијата на платените кабелски канали, каде што воедно има и многу реприза, дополнително го олеснуваат целиот процес. Втора многу важна стратешка нишка е фактот дека иако двете серии се глобално популарни, сепак во последно време покажуваат различни интереси за ширење на својот бизнис. Формула 1 е „настрвена“ кон американскиот пазар, па откако беше воведена трката во Тексас од лани во календарот е вклучен и Мајами, а од 2024 година таму ќе биде и Лас Вегас. Се става акцент на градски трки, но во исто време се освојува и нова територија на Блискиот Исток. Во 2004 година за првпат се возеше трка во Бахреин, а 20 години подоцна во Ф1 календарот се уште и Саудиска Арабија, Катар и Абу Даби. Спротивно од ова, Мото ГП има 4 трки на територијата на Шпанија и една во Португалија, надополнето со уште толку трки низ поголемите европски земји, од кои 2 во Италија. Паралелно со ова, блокот од трки на Далечниот Исток, исто така, е проширен со воведувањето на настаните во Тајланд и Индонезија.

Трет фактор е тоа што има сè помалку заеднички автодроми кои што се користат од двете серии. Во предложените 22 трки за идната година вкупно 6 биле домаќини на Формула 1, а 5 од нив ќе ги имаат и двата настани во 2024: Каталуња, Шпилберг, Силверстоун, Тексас и Катар. На овој начин уште еднаш се забележува дека двете серии се обидуваат да не ги оптоваруваат своите локални партнери и овозможуваат диверзитет на настаните во земјите каде што тие се одржуваат, а уште поинтересно е дека и новата серија-Формула Е користи сосема трети локации за да ја промовира својата „зелена филозофија“.

Имајќи го сето ова предвид станува јасно дека до оваа ситуација се дошло со постепено развивање на идејата за „независност“, бидејќи за да се дојде до тука, реално потребно е многу време. Не можам да прогнозирам дали и гледачите ќе бидат задоволни од ваквиот расплет на настаните, но имам впечаток дека организаторите се посреќни кога имаат вака разграничена ситуација во која што нивните интереси не се преплетуваат. Реално, една тркачка сезона кај двете серии започнува кон средината на март и завршува кон средината на ноември, што значи дека настаните се поместени во некои 35 викенди, па неминовно е во одреден момент да „бегаат“ едни од други, но бизнис концептот досега ги тераше да „не влегуваат“ во војна и можеби да соработуваат. Сега, секој ќе оди по својот пат... •

49 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

Светско првенство во

Мото ГП

БЕЦЕКИ И МАРТИН

НАЈАВИЈА

ДРАМАТИЧЕН

ФИНИШ

МАРКО БЕЦЕКИ УСПЕА ДА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА НА ПРВАТА ТРКА ШТО МОТО ГП ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ВО ИНДИЈА, А ДОПОЛНИТЕЛНО ПОРАДИ

ПАДОТ НА ГЛАВНИОТ РИВАЛ БАЊАЈА, СИТУАЦИЈАТА НА ВРВОТ ОД ТАБЕЛАТА Е БЛИСКУ ДО ИЗЕДНАЧЕНА.

Настрана

од последниот успех на Бецеки, Хорхе Мартин на последните трки (Барселона, Сан Марино и Индија) е возачот со најмногу освоени бодови – рамно 90. Освен во спринт трката на патеката Каталуња, на останатите пет настани (на секој гран при викенд се возат спринт трка во сабота и гран при трка во недела) тој беше на подиумот, од што три пати на првата позиција (два пати во Сан Марино, плус спринт трката во Индија).

За споредба, Бањаја на овие три трки нема ниту една победа, иако има четири пласмани на пиедесталот.

На последното гран при во Индија, Бањаја имаше пад во неделната трка, па Бецеки и Мартин со освојување на првите две позиции му се доближија во генералниот пласман.

- Возев ризично и го барав лимитот. Ризикот се состоеше во тоа што имав тврда предна гума. Сè уште не знаеме зошто на другите мотори од Дукати повеќе им одговараше медиум предна гума, но кај мене тоа не беше случај. Имав проблеми и многу пати ми блокираше. Во оваа ситуација имав проблеми кога ги притискав сопирачките, а настрана од тоа беше добро. Чувствував дека сум подобар отколку со медиум и бев на лимитот, но кога си во таква ситуација предолго време, можат да се случат разни нешта. Но тоа беше единствената можност што ја имав за да се борам против ривалите. Бецеки денеска беше непобедлив, но бевме тука некаде со Хорхе и кога успеав да го

престигнам, не успеав да го подобрам својот ритам. Кога задната гума малку пролизга при сопирање во свиокот број 5, ме измести напред и ја загубив контролата. Тоа е нешто што може да се случи. Се разбира дека не сум среќен и мислам дека ова не треба да ми се случува бидејќи се борам за титулата. Ова е грешка што во овој момент не можам да си ја дозволам. Наша најсилна страна беше сопирањето, а во овој момент тоа беше слаба точка бидејќи не можев да го сопрам моторот без задниот дел да се занесе и искрено не разбираме зошто тоа се случува. Се надевам дека мојот тим ќе направи сè што треба пред трката во Јапонија,- рече Франческо „Пеко“ Бањаја за својот пад во Индија.

Говорејќи за тоа како го пронашол вистинскиот рецепт за победа во инаугуративното мотоциклистичко гран при во Индија, Марко Бецеки посочи дека најмногу се усовршил анализирајќи ги своите грешки направени на петочните тренинзи, кога повеќе пати имал проблеми да ја најде идеалната линија низ првиот свиок.

- Се фокусирав на сопирачките бидејќи оваа патека беше тешка за нив. Беше тешко да се сопре моторот, предниот дел едноставно блокираше. Морав да се фокусирам на тоа бидејќи во нормални околности Пеко и Хорхе прават разлика во тој дел од трката на речиси секоја патека. На петочните тренинзи имав повеќе грешки каде што или продолжував прешироко или излетував, настојувајќи да го барам лимитот. Откако успеав да го најдам, бев во состојба да одам чекор понатаму и да бидам многу брз. Веќе во саботата имав неверојатно чувство и видов дека тоа прави убава разлика во однос на останатите, но Хорхе беше импресивен. Не беше лесно, но кога ќе победиш секогаш е убаво, особено со предност од неколку секунди, па не можам да се пожалам,- изјави победникот Бецеки.

50 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ Победник Бецеки - Индија 2023

Од своја страна, Хорхе Мартин ги откажа обврските кон медиумите по трката наведувајќи дека последните осум круга од трката ги возел дехидриран, што беше пренесено во соопштението кое го дистрибуираше неговиот тим Прамак Дукати.

- Мора да ми верувате кога велам дека дадов 100% од себе. Бев дехидриран со осум круга до крајот, па навистина ми беше тешко да ја завршам трката. И покрај тоа успеав да одржам добар ритам, но во последниот круг направив грешка. Отидов прешироко и ме престигнаа. Но, успеав да возвратам и навистина сум среќен за ова второ место. Успеав да надополнам важна разлика во поените од генералниот пласман и мислам дека треба да продолжиме на овој начин, со истиот менталитет како кога дојдовме тука: обидувајќи се да победиме, да бидеме најбрзи на сите сесии, бидејќи само така се намалува разликата, - се вели во соопштението на тимот, за кој ова беше јубилеен 50-ти пиедестал во Мото ГП. Користејќи го малерот на Бањаја, на подиумот во Индија се појави и едно познато, но подзаборавено лице. Шампионот од 2021 година, Фабио Квартараро стигна до шестото место во саботната спринт трка, но во неделното гран при беше трет, што е втор негов таков резултат оваа година. Возачот на Јамаха успеа да му се доближи на Хорхе Мартин во последната етапа од трката, а кога Шпанецот поради проблеми со топлината и дехидрираност отиде прешироко во свиокот број 4, Квартараро за момент го презеде второто место, но на крај сепак заврши зад Мартин.

-Да бидам искрен, кога ме престигна меѓу свиоците 5 и 6, увидов дека контактот со подлогата што го имав од левата страна на асфалтот беше послаб и не можев да направам ништо. И сопирачките, исто така, не ми беа најдобри и не можев да имам најдобра контрола. Завршив на трето место, но јасно ни е каде точно губиме многу време на оваа патека: во забрзувањето, крајната брзина, како и контактот со подлогата. Мора да работиме напорно за да можеме да им парираме на овие момци. Беше фрустрирачки тоа што Мартин потоа успеа да ме

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

КАЛЕНДАР ЗА 2024 ГОДИНА

Редоследот на трките за идната сезона сега е официјално

соопштен и повторно го има катарското гран при како прво во сезоната. Оваа патека, која што беше домаќин на првата

трка под рефлектори, беше во фаза на изведување надградби за да може да биде домаќин на Формула 1 кон крајот на оваа година. Иако Мото ГП ќе се вози таму во ноември 2023, стартот на сезоната повторно ќе биде на оваа локација на 10ти март. Останатиот дел од календарот е со иста конструкција

како за оваа година, со тоа што откажаната Голема награда на Казахстан сега е позиционирана за 16-ти јуни, а по паузата во 2022, Арагон продолжува да биде домаќин на четвртата

трка во Шпанија по оние во Херез, Барселона и Валенсија. Со

вкупно 22 трки сезоната е предвидена да заврши на 17-ти

ноември, а притоа да има 11 трки кои се поклопуваат во ист викенд со Формула 1.

10.03.2024 ГН Катар, Лосаил

24.03.2024 ГН Португалија, Алгарве

07.04.2024 ГН Аргентина, Рио Хондо

14.04.2024 ГН Америка, Тексас

28.04.2024 ГН Шпанија, Херез

12.05.2024 ГН Франција, Ле Ман

26.05.2024 ГН Каталонија, Барселона

02.06.2024 ГН Италија, Муџело

16.06.2024 ГН Казахстан, Сокол

30.06.2024 ГН Холандија, Асен

07.07.2024 ГН Германија, Заксенринг

04.08.2024 ГН В. Британија, Силверстоун

18.08.2024 ГН Австрија, Шпилберг

01.09.2024 ГН Арагон, Арагон

08.09.2024 ГН Сан Марино, Мизано

22.09.2024 ГН Индија, Буд

29.09.2024 ГН Индинезија, Мандалика

06.09.2024 ГН Јапонија, Мотеги

20.10.2024 ГН Австралија, Филип Ајленд

27.10.2024 ГН Тајланд, Бурирам

03.11.2024 ГН Малезија, Сепанг

17.11.2024 ГН Валенсија, Рикардо Тормо

престигне, но иако се трудев тој имаше подобар контакт со подлогата. Генерално ова беше добар викенд за нас особено во квалификациите. Се надевам дека ќе имаме уште вакви оваа сезона, но мора да бидеме итри и кога ќе имаме вакви мали шанси да направиме резултат, тогаш да ги искористиме,- објасни Французинот од тимот на Јамаха.

Квартараро сепак е премногу далеку од борбата за титулата каде што Бањаја води со 292 поени, Мартин има 279 поени, а Бецеки е зад него со 248 поени.

До крајот на сезоната има седум трки, од кои четири во октомври (Јапонија, Индонезија, Австралија и Тајланд), додека во ноември се возат последните три (Малезија, Катар, Валенсија). • Александар Табаковски

51 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
Мото
Бањаја
пред Макрез и Биндер - Инидја 2023
ГП - старт Индија 2023

Европско првенство на ридски патеки

ИЏЕ

ЈА ОСИГУРИ

И ТРЕТАТА

ТИТУЛА

МАКЕДОНСКИОТ ВОЗАЧ МИНАТАТА СЕЗОНА ИМ СЕ ВРАТИ НА ТРКИТЕ НА РИДСКИ ПАТЕКИ, А ВЕЌЕ ОВАА УСПЕА ПОВТОРНО ДА ГО ОСВОИ ШАМПИОНСКИОТ НАСЛОВ

Откако во два наврати ја освои европската шампионската титула на ридски патеки во 2014 и 2015 година, Игор Стефановски – Иџе се префрли во трките на кружни патеки. Додека во Европскиот туринг куп имаше неколку победи и дојде на чекор до титулата во 2017 година, по трансформацијата на натпреварувањето во ТЦР Европа не успеа да се наметне. Сепак, и покрај проблемите со автомобилот се впушти во авантура настапувајќи на трките од ТЦР Италија, каде што повторно им се врати на победите на одделни автодроми. Од 2022 година повторно се определи за трките на ридски патеки и со истото возило со кое ја започна авантурата во 2018 година (Хјундаи и-30 ТЦР) се врати во европското првенство. Поради промена во начинот на категоризација тука се соочи со нови предизвици, па откако првата сезона мина во „барање“ на идеалните можности, реализацијата дојде во 2023 година. Во календарот беа вброени 10 трки (Франција, Австрија, Шпанија, Португалија, Чешка, Италија, Полска, Швајцарија, Словенија и Хрватска. - Имам 8 рекорди на 10 патеки на кои што возевме оваа година, но само седум победи. Ми „избега“ онаа во Полска, каде што имав едно послабо возење, па и покрај рекордот во првата трка, на крајот бев втор. Тоа ме освести да не се опуштам и до крајот го исполнив зацртаното. Најнеочекувана ми беше победата во Шпанија, бидејќи лани таму се удрив и го оштетив возилото. Дури и кога ми кажаа дека имам три секунди разлика, сфатив дека сум бил „над сопствениот лимит“. Единствена олеснителна околност беше што оваа година немавме трка на дожд, тоа знае да биде премногу опасно,- изјави Стефановски за „АМСМ Клуб Мобилити“.

Некои трки се возат собирајќи ги времињата од две, а некои од три трки, па концентрацијата за време на целиот викенд е повеќе од нужна: се вози на тесни, планински и свиокливи патишта каде што возачот е препуштен сам на себе, а потребно е да има доверба во возилото додека

„лета на слепо“ низ серпентините. Овој тип на трки најчесто е споредуван со спринтерските спектакли на 100 метри бидејќи е потребен „максимален притисок од старт до цел“, со тоа што овде тој „спринт“ трае неколку километри. Ридско-брзинските трки се дисциплина со голема традиција и една ваква трка потсетува на една делница од рели натпреварите, кои исто така, имаат различни предизвици во поглед на теренот, потреба на храбри, вешти и концентрирани возачи, што добро упатената публика знае да го цени.

- Кога човек гледа отстрана, делува дека освојувањето титули е лесно, но јас точно знам колку беше тешко. Секоја титула на свој начин е посебна и мене ми значи што по 10 години повторно се вратив на ридските трките и успеав да освојам нова титула. Овој успех ми значи многу бидејќи со децениското искуство веќе поинаку ги вреднувам нештата. Во државно првенство е тешко да земеш три титули, а не па на европско првенство,додава популарниот „Иџе“ кој со армијата навивачи прослави уште во Бузет, Хрватска.

Вообичаено, ФИА ги доделува овие признанија на крајот од годината, а македонскиот возач во овој момент не е подготвен да зборува за плановите за иднината, кои рака на срце во најголема мерка зависат од поддршката што ќе ја има, со цел да подготви возило кое ќе биде конкурентно и за трките во иднина. • Жарко Атанасоски

52 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

WRC – Рели Грција

РОВАНПЕРА

ИСТРАЈА ПОД ГНЕВОТ НА

БОГОВИТЕ

ГОДИНАШНОТО РЕЛИ НА ГРЦИЈА ЌЕ ОСТАНЕ

ЗАПАМЕТЕНО КАКО ЕДЕН ОД НАЈБРУТАЛНИТЕ НАСТАНИ ВО СКОРЕШНАТА ИСТОРИЈА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ. МЕЃУТОА И ВО ОЛКУ ТЕШКИ УСЛОВИ КАЛЕ РОВАНПЕРА ИСТРАЈА И ДОЈДЕ НА ЧЕКОР ПОБЛИЗУ ДО ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА.

| СПОРТ

Познато по

неподносливите горештини, грубата подлога и задушувачката прашина Акрополис рели на Грција покажа дека е сериозен противник на кого треба да му се пристапи со должен респект. Озлогласено заради способноста да фрли во очај, ова рели кое што љубителите на мотоспортот милуваат да го наречат „Рели на Боговите” и годинава покажа дека незалудно го носи реномето за еден од најтешките настани во шампионатот. Боговите како да сакаа намерно, токму на јубилејот, да го истурат својот гнев врз екипажите од Светскиот шампионатот и многумина место на цел завршија некаде крај пат.

Годинава Акрополис рели на Грција слави два големи јубилеји: 50 години од влегувањето во календарот на Светскиот шампионат, во 1973 година. Беше шести по ред настан токму во таа прва година кога почна да се одржува Светскиот шампионат во рели и 70-ти по ред настан откако почнало да се одржува ова рели во далечната 1951 година независно од Светскиот шампионат. Испуштени се само три години: 1974 заради светската нафтена криза, 2019 заради реорганизација на целиот настан и 2020 заради пандемијата од Ковид-19.

Интересно само десет големи возачки имиња во историјата на ова рели успеале да победат повеќе од еднаш. Најмногу победи има однесено легендата Колин Мекре, дури пет. Најуспешниот релист на сите времиња Себастијан Лоеб има три победи, а во ова престижно друштво влегува и минатогодишниот шампион младиот Кале Рованпера кој брои две победи. Од нив втората ја освои токму годинава, иако за волја на вистината најмалку ја очекуваше. Како лидер во шампионатот Кале мора да стартува прв што претставува хендикеп на ова рели. Но, истрајноста на шампионот се покажа вредна на ова рели. После низата откажувања на ривалите кои беа пред него тој стигна до нова победа, значајна после откажувањето во Финска, и со неа е чекор поблизу до одбрана на титулата. Релито на боговите имаше уште едно изненадување како за екипажите, така и за публиката. Организаторите одлучија специјалниот брзински испит со кој се отвора релито во четврток навечер, да го преселат од Олимпискиот стадион во Атина на прекрасното шеталиште крај морскиот брег доближувајќи го релито до публиката. Приредувајќи вистински спектакл рели монструмите ги одушевија фановите кои беа собрани во значително поголем број од што дозволува стадионот. Во една ваква еуфорична атмосфера Рованпера беше човекот кој го поведе релито. Иако ова шоу на асфалтот од улиците на Атина ниту од далеку не може да прикаже реално што ги очекува екипажите на грубите патеки низ грчките планини. А, ги очекуваше брутален петок кога стартува вистинскиот натпреварувачки дел од релито. Пет исцрпувачки брзински испити без можност за сервис беа горко освестување за екипажите. Лизгавиот чакал веднаш му покажа на Рованпера дека неговата стартна позиција не му е наклонета. Нувил беше човекот кој поведе од првиот испит на денот тесно следен од Ожие. Иако вториот и најгруб испит од релито го доби Рованпера сепак неговата сила беше дотука. Рано стана јасно дека копјата ќе се кршат меѓу Нувил и Ожие. Возачот на Hyundai кој ја предводеше минатогодишната 1-2-3 победа за тимот држеше одлично темпо и успеа да го поведе релито навестувајќи уште еден голем успех за Корејците. Нувил ги надмина и проблемите со задниот диференцијал на последниот испит од денот и го заврши на водечката позиција. Ожие беше зад него заостанувајќи 2,8 сек.. Иако на последниот испит за момент имаше подобро време од Нувил сепак мораше да се задоволи со второто место. Рованпера успеа да држи чекор со водечката двојка и денот го заврши на трето место заостанувајќи зад Ожие 25,5 сек.. Тој успеа да го задржи

55 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

зад себе тимскиот другар Еванс кој мораше да се задоволи со четвртата

позиција. Петти заврши Есапека Лапи кој покрај проблемите успеа да го

доведе својот автомобил до сервисот на Hyundai. Најголеми трагичари

беа екипажите на M-Sport Ford. Заради проблеми со моторот се откажаа

и Пјер-Луи Лубет, и Џордан Сердеридис, додека Танак пријави слични

проблеми и го заврши денот деветти.

Никој на стартот во мирното саботно утро не очекуваше дека боговите

на релито одлучиле токму тој ден да го истурат својот гнев врз водечките екипажи. Лутата борба за секунди, од утрото подоцна, се претвори во борба за преживување. Големи возбудувања приреди првиот испит од денот. Ожие го доби Нувил за повеќе од десет секунди и го поведе релито, но веќе на следниот испит згреши повторно препуштајќи му ја лидерската позиција на Белгиецот. Меѓутоа Нувил ниту од далеку не можеше да претпостави што го чека два испити подоцна. Токму на десеттиот испит од релито удри во дупка и го уништи потпирањето на предното десно тркало. Без можност да ја закрпи штетата беше принуден да се откаже. Водството го презеде Ожие, но не за долго. И тој два испити подоцна, поточно на последниот испит од денот, удри во камен корнејќи го задното лево тркало по што мораше да се откаже. Така лидерската позиција прејде во рацете на Рованпера кој дотогаш беше пласиран на трето место. Второто место го освои Сордо кој успеа да го престигне Еванс откако Велшанецот имаше проблеми со хибридниот систем. Еванс заврши трет. Четвртото место го наследи Танак откако Есапека Лапи остана без погон на задните тркала, а Катсута мораше да застане два пати да менува тркало.

WRC2 – МИКЕЛСЕН СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

Достигнувајќи го невозможното Андреас Микелсен извојуваше голема победа на релито на Грција. Се чини дека успеа да се избори со гневот што боговите го истурија врз него и го достигна, можеби за него, најголемиот успех во кариерата. Претрпе оштетување на гумите во три наврати во текот на првиот ден од релито и падна на дванаесеттата позиција. Затоа направи неверојатен подвиг во тек на вториот ден и успеа да се искачи на водечката позиција во својата класа. Меѓутоа

во недела наутро следеше разочарување откако по преглед на временските контроли му беа одземени 12 секунди. Така

со три испити до крај се врати зад Гас Гринсмит. Но, Норвежанецот не попушти. На првиот испит од денот ја намали разликата на 1,1 сек., а веќе на претпоследниот водеше со 7,7 сек. пред Гринсмит. Продолжи да форсира и на последниот испит од релито и на крај го победи со разлика од 10,3 секунди. Доволно за чекор поблизу до титулата.

Три брзински испити од последниот ден го делеа Рованпера од втората победа на релито на боговите. Бидејќи веќе имаше предност од повеќе од 2 минути пред Сордо и Еванс светскиот шампион немаше потреба да ризикува и можеше мирно да го доведе својот Yaris GR до целта. Токму тоа и го стори. Воедно победи и на последниот специјален испит освојувајќи ги дополнителните 5 бодови. И додека Рованпера мирно ја следеше ситуацијата од врвот Еванс беше човекот во полн налет. Сметаше дека може да ја стопи предноста од 5 секунди на Сордо. Возеше во полн налет на првиот испит од денот и изби пред Шпанецот со предност од 4 сек. Веќе на следниот испит Сордо му врати со победа, но украде само 1,3 сек.. Еванс беше за влакно побрз и на последниот испит од релито што беше доволно да се закити со второто место. Сордо остана трет. Танак ја задржа четвртата позиција, Лапи петата, а Катсута шестата. Остатокот од поредокот го пополнија екипажите од категоријата WRC2. Победата во Грција му помогна на Рованпера да ги подобри шансите во трката за одбрана на титулата. Со три рели настани до крајот на сезоната неговата предност од 33 бода пред Еванс се чини достаточна, но факт е дека во релито никогаш не може да се предвиди исходот па затоа оставаме на времето да покаже. Сега Рованпера бележи 200 бода на своето конто. Еванс има 167 бодови, а третопласираниот Нувил 134 бодови. Првите две места и помогнаа на Toyota после ова рели да ја зголеми предноста во однос на Hyundai на 91 бод. Јапонскиот тим има вкупно 430 бодови, а Корејците 339 бодови. Тимот на M-Sport Ford е далеку назад со 220 бодови. • Љубомир Анастасовски

56 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

КРАЈОТ НА ВТОРОТО ИКС-ПРИ НА САРДИНИЈА ЈА РАЗГОРУВА БОРБАТА ЗА ПРЕВЛАСТ ВО ШАМПИОНАТОТ. СО ТЕСНА БОДОВНА РАЗЛИКА МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ТИМОВИ И СО ДВЕ ТРКИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА НЕИЗВЕСНОСТА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА СТАНУВА С È ПОГОЛЕМА.

Пропаднаа

плановите за одржување на четвртата рунда, односно седмата и осмата трка од годинешниот шампионат на Extreme E во Амазон. Идејата да се подигне свесноста за уништувањето на најголемата дождовна шума на планетата пропадна. Најголемиот производител на кислород и заробувач на јаглероден диоксид, односно така наречените бели дробови на планетата Земја за жал ќе продолжат да исчезнуваат. Затоа раководството на шампионатот, благодарение на плодна соработка со институциите на Сардинија и успешното водење на програмите кои стартуваа за заштита на регионите погодени од разурнувачките шумски пожари, одлучи по втор пат годинава да се врати на медитеранскиот остров. Новата иницијатива која ја покрена Extreme E на втората посета на Сардинија е обновување на засадите со маслинки и враќање на населението во заедниците кои беа директно погодени од пожарите во 2021 година.

57 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
EXTREME E – Исланд Икс-при на Сардинија
НЕИЗВЕСНОСТ
СПОРТ |
ПРЕД ФИНАЛЕ

Воедно Extreme E ја продлабочи соработката со фондацијата Medsea за проширување на програмата за засадување на морската трева низ целото крајбрежје на Сардинија. Заради покачување на температурите на водата во морето, морската трева полека исчезнува, а се смета за најголем заробувач на јаглерод диоксид на светот, и најголем производител на кислород. И покрај тоа што покрива минорни 0,2% од морското дно, морската трева заробува 10% од јаглеродниот диоксид кој се наоѓа во океаните. А може да зароби 30% повеќе јаглероден диоксид од атмосферата од тропска дождовна шума со иста површина.

За да се задржи интересот за трките од Extreme E по враќањето на Сардинија одбрана е сосема нова арена на која ќе се одвива лутата битка меѓу екипажите во шампионатот. За одржување на четвртата рунда одбрана е најјужната точка на Сардинија, малиот полуостров Капо Теулада на кого се наоѓа истоимената историска воена база и центар за обука од Втората светска војна. Полигонот нуди сосема поинаква подлога во споредба со претходната рунда. Тлото е тврдо, наместа каменесто и испукано заради екстремните горештини кои --годинава го погодија Медитеранот. Многубројните грмушки, пак, претставуваат природна препрека за екипажите посебно во тесните делници каде престигнувањето е тешко.

За разлика од претходната рунда на Сардинија каде победата и во двете трки ја освои тимот Rosberg X Racing, сега победите меѓу себе ги поделија тимот на Acciona Sainz и на X44 Vida Carbon. Со победата на првата

трка од оваа рунда, односно седмата трка во сезоната тимот на Acciona Sainz е лидер во шампионатот. Квалификациите од оваа седма трка од годинешниот шампионат минаа во знакот на тимот Aciona Sainz XE – ASXE. Тие победија и во првата, и во втората квалификациска сесија, и освојувајќи најмногу бодови важеа за фаворити пред стартот на големото финале. Во првата рунда од првата квалификациска сесија голема борба се водеше меѓу тимовите на ASXE и на Carl Cox Motosport. Тимо Шнајдер од Carl Cox поведе веднаш

по стартот тесно следен од Матијас Екстром од ASXE. Во текот на тркатa тие дури и се судрија во еден наврат и не попуштија. Меѓутоа битката беше разрешена по менувањето на возачитe.Тимот на ASXE подобро ја одигра оваа ролја и Лаила Санц прва мина низ целта. Тимот на Carl Cox мораше да се задоволи со второто место, а трет беше тимот на No.99 GMC HUMMER. Втората рунда од оваа сесија ја освои тимот на ABT Cupra.

После изедначениот старт во првиот свијок залетаниот Тими Хансен од Andretti Altawkilat се суди со Јохан Кристоферсон од RXR. Оваа згодна прилика ја забележа Фрејзер МекКонел од Vida Carbon. Тој во првиот свијок малку подзапре и се протна од внатрешната страна поведувајќи ја трката. Но, радоста не траеше долго. По замената Кристина Гутиерез имаше технички проблем со возилото и не заврши. Пoбедата отиде во рацете на ABT Cupra и на Себастијан Лоеб кој им се врати на трките од Exterme E. Второто место му припадна на тимот на Veloce Racing, a третото на тимот на RXR. Тимот ASXE повторно беше најдобар во првата рунда од втората квалификациска сесија: Тие лесно ги победија тимовите на Veloce Racing и на X44 Vida Carbon и се пласираа директно во големото финале. Во втората рунда од оваа квалификациска сесија победата ја извојуваше RXR, додека ABT Cupra беа втори. Остатотокот од тимовите или се сретнаа со технички проблеми, или беа казнети.

Големото финале го освои тимот на ASXE возејќи релативно без проблеми во една драматична завршница која ја приредија останатите тимови. Екипажот на ASXE рано ја поведе трката после храбро претекнување на Екстром. Одржувајќи ја предноста далеку пред останатите Екстром и Лајла Санц лесно го доведоа својот ODYSSEY 21 до целта. Тесно зад нив пристигна тимот ABT Cupra кој благодарение на Лоеб повторно се враќа во трката за титула. Третото место го освои тимот Veloce Racing, но набрзо по пристигнувањето на целта беа казнети заради кршење на правилата. Тимовите на RXR, и на Carl Cox имаа технички проблеми со возилата и не ја завршија трката. Трката за искупување стартуваше драматично. Секој од петте тима одлучи да го активира хибридниот погон кој обезбедува дополнителна моќност за превласт во одредени ситуации. Во тој метеж што се случи веднаш по стартот најдебелиот крај ги изеде Тамара Молинаро од тимот на Neom McLaren. Нејзиното електрично баги се преврте неколкупати и застана без сила да продолжи. Молинаро имаше едно пукнато ребро и повеќе трауми по телото. После трагедијата што го погоди тимот на Neom McLaren трката мина во знакот на Andertti Altawkilat. Второто место му припадна на тимот на JBXE, а третото на No.99 GMC Hummer.

58 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Осмата трка ја разгоре борбата и воедно ја покажа убавината на натпреварите во Extreme E каде неизвесноста останува до самиот крај. Во оваа трка иако важеа за фаворити тимовите на ASXE и на ABT Cupra не го повторија успехот. Затоа тимот X44 Vida Carbon се избори за втора победа во сезоната. Двете квалификациски сесии мина во знакот на тимот на Abt Cupra предводен од Себастијан Лоеб кој успеа да застане на врот пред влез во Големото финале. Тие победија во првата рунда од првата сесија после голема борба со тимовите на Corl Cox и на X44. Лоеб успеа да создаде предност пред замената на возачите која Клара Андерсон знаеше да ја искористи и да го доведе возилото до целта како победник. Зад неа пристигна возилото на тимот JBXE. Возилото на тимот на Х44 едвај доползи до целта заради технички проблем, додека возилата на Veloсe Racing и на Carl Cox не завршија. Втората сесија мина во знак на тимот на ASXE следен тесно до RXR и од No.99 GMC HUMMER. Помалку од една секунда ги делеше трите тима по минување на целната линија, Но, тимот на ASXE заради откажување во втората рунда од втората квалификациска сесија не влезе во големото финале, а истото му се случи и на тимот на Neom McLaren. Во оваа сесија победи тимот на No.99 GMC HUMMER пред JBXE и Veloce Racing.

Големото финале го освои тимот на X44 кој успеа да ги надвози тимовите на RXR и на ABT Cupra во една од најголемите борби во сезоната. Веднаш по стартот Фрејзер МекКонел успеа да ја поведе трката успевајќи да ги престигне RXR и ABT Cupra од надворешна страна во првиот свијок. Ова престигнување се покажа како одличен потег бидејќи оттука па до крај тимот на -Х44 не го испушти водството. Дури и по замената на возачите Кристина Гутиерез остана во водство до победа. Меѓутоа не беше се така едноставно. Тесно следени од RXR и ABT Cupra не можеa да се опуштат ниту за миг. Иако во првиот дел од трката ABT Cupra со Лоеб зад волан успеа да избие пред RXR со Јохан Кристоферсон, Швеѓанецот во вториот круг по грешка на Лоеб успеа да се врати на второто место кое го задржаа до крај. Така тимот на ABT Cupra мораше да се задоволи со третата позиција. Тимот на No.99 GMC HUMMER беше четврти, додека тимот на JBXE не ја заврши трката. Трката за искупување мина во знак на тимот на Veloce Racing, додека на тимот на ASXE се чинеше како ништо да не му оди од рака. После лошиот старт паднаа на четвртото место и останаа тука до крај. Екипажот на Veloce Racing имаше релативно мирна трка. Поведе од старт и лесно стигна до победа. Голема борба се водеше меѓу тимовите на Carl Cox и на Andretti. После неколку менувања на позициите тимот на Andretti Altawkilat беше тој што успеа да заврши на втор. Тимот на Carl Cox мораше да се задоволи со трета позиција. Тимот на Neom McLaren не успеа да ги надмине техничките проблеми од квалификациската сесија и воопшто не стартуваше.

Оваа четврта рунда од шампионатот ја разгорува борбата за титула пред влезот во финалето кое се одржува во Чиле. После осум трки лидер во шампионатот е тимот на Aciona Sainz XE кој има освоено 139 бода. Тесно зад нив со освоени 136 бодови е тимот на Rosber X Racing. Третото место му припаѓа на тимот на Veloce Racing со 118 бодови. Иако тимовите на No.99 GMC HUMMER со 99 бодови и на X44 Voda Carbon со 87 бодови прилично заостануваат, со оглед на неизвесноста која знае да се случи во трка прашањето за шампионската титула во Extreme E останува отворено до финишот на последната трка од сезоната. Последната рунда од сезоната, Бакарното Икс-при на Чиле е закажано за 2 и 3 декември. Ова Икс-при за првпат се возеше лани и беше претпоследен настан од сезоната. • Александар Табаковски

59 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ

ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА

СО НАЈБЛИСКИТЕ

Доколку во семејството имате повеќе возачи, тогаш искористете ја опцијата за семејно членство и заштедете. Додадете ги најблиските како корисници на вашата

членска картичка и споделете ги услугите за помош на пат и шлепување во случај на дефект.

ШТО ДОБИВАТЕ СО СЕМЕЈНОТО ЧЛЕНСТВО?

• Безгрижно патување на секој член од семејство.

• Заштедувате - наместо членска картичка за секој возач во семејството, сега имате можност за една членска картичка со повеќе корисници.

• Максимално ги искористувате бројот на интервенции за помош на пат и шлепување - во членскиот пакет се вклучени повеќе интервенции, па веројатноста дека ќе ги искористите е поголема со додавање на членови од вашето семејство како корисници.

• Сите членови на семејството штедат - на своите најблиски им овозможувате пристап до попусти во повеќе од 250 внимателно избрани АМСМ Партнер продажни места во земјава и во над 25.000 продавници и туристички атракции кои се дел од Show your Card! програмата само во Европа.

Семејна членска картичка можете да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во тек на траење на вашата АМСМ членска картичка.

Дополнителна Classic семејна членска картичка чини 390,00ден, а дополнителна семејна Europe Premium членска картичка чини 690,00ден.

Повеќе информации 02/3181-108.

60 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ
61 10.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 www.amsm.mk ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ! СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ. СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181 www.amsm.mk Пат увајте БЕЗГРИЖНО! |
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.