АМСМ Клуб Мобилити - Март 2024

Page 1

Висока

МИСИЈА

НАРЕЧЕНА „МЕСЕЧИНА“

Претставуваме BRABUS ROCKET 1000 "1 OF 25" БОТРОП НА МАПАТА НА КЛУБОТ „ИЛЈАДА”

Светско првенство во Формулa 1 РЕЗУЛТАТИТЕ

НЕПРОМЕНЕТИ, ТУРБУЛЕНЦИИТЕ НА МАКСИМУМ

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | МАРТ 2024 БР. 71 www.amsmklubmobiliti.mk технологија

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание

ИЗДАВАЧ:

АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

Сиљан Аврамовски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски Андријан Трипунов

Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ:

10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ:

4030991238264

ISSN 1857-6133

ВО МАРТ НАЈМНОГУ СЕ ПОДАРУВА Во светот март е обележан како месец на женската историја, односно 8 Март глобално се одбележува со одржување маршови за правата на жените, актуализирање на борбата за еднаквост и ревидирање на женската историја чие пишување не застанува тука. Во март најмногу се подарува, најмногу се патува, март е месец резервиран за најекстравагантната автомобилска манифестација што се одржува во светот, Саемот за автомобили во Женева, за Изборот на автомобил во светот кој го избира само понежниот пол итн. Мартовските денови им се посветени на полемизирањето за вечната тема што веројатно се разгледува уште од појавата на автомобилите и сообраќајот за тоа дали мажите се подобри возачи од жените. Безброј статистики со бројки што укажуваат дека секогаш вистината за фактичката состојба е на страната на внимателноста, дисциплината и разумноста наспроти несовесноста во секој поглед.

Овој трет месец во година има посебно значење и за нас токму тогаш, пред една деценија, првпат го објавивме електронското издание на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“ (март, април, јуни, јули/август, октомври и ноември). Од година во година, на зголемен број на страници (62), со најнови и корисни информации за сите учесници во сообраќајот, се обидуваме до допреме до секого и да ги задоволиме разновидните интереси на нашите членови читатели не само од областа на сообраќајот и безбедноста, туку од автомото спортот, од светот на модата, гастрономијата... Објавуваме патувачки приказни, искуства од системот на АМСМ на нашите АМСМ членови, објавувавме АМСМ акции, попусти, подаруваме...

Нашата редакција и во наредниот период ќе вложува максимални напори за збогатување на содржините во електронското списание, во неговата надградба, со цел да ги следиме современите чекори во светот на ваквиот вид медиум.

Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во април 2024 во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Почитувани
ВОВЕД
4 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk ЦЕНТАР
КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ 02/2631-181 AМСМ СКОПЈЕ (ЧАИР) AМСМ ВЕЛЕС АМСМ КИЧЕВО
ЗА ВОЗИЛА

Н ОВОСТИ

НОВАТА ТОYOTA C-HR ПРИСТИГНА ВО ДРЖАВАТА

ГЛАСАЊЕТО ЗАПОЧНА

МИСИЈА НАРЕЧЕНА „МЕСЕЧИНА“

АВТО-МОТО

СВЕТЛА ИДНИНА ЗА ЧЕШКАТА МАРКА

ПОДОБРО ОД НАЈДОБРОТО

НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН

ВО КОМБИНАЦИЈА НА ЦРН ФУСТАН, ОТМЕНОСТА Е ЗАГАРАНТИРАНА

КАКО НА ФИЛМ СО НАЈДОБРИ СЦЕНОГРАФСКИ РЕШЕНИЈА

ТОРТА СО 35 РОДЕНДЕНСКИ СВЕЌИЧКИ

ТРОЕН ПОДИУМ

ЗА PORSCHE

ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА ВО ЗНАКОТ НА HYNDAI

5 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH
СПОРТ 7 8 48 56 10 18 42 40 26 32 34 32 34 59 8 22 40 42
ИСТОРИЈА

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕВРОПА

ДРЖАВА ВИЗА ЗЕЛЕН КАРТОН

АЛБАНИЈА

НЕ - Oд 06.04.2012 со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош.

АВСТРИЈА

ДА

ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО ВОЗИЛО

ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

МЕЃЕНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

НЕ - Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволимеѓународната возачка дозвола не е потребна.

НЕ ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

НЕ

БЕЛГИЈА

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

БУГАРИЈА

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

НЕ

НЕ

НЕ

ДА - се обезбедува во Британската амбасада во Скопје. Амбасада на Велика Британија Салвадор Аљенде 73

1000 Skopje telephone: +389 2 3299 299 fax: +389 2 3179 726 e-mail:britishembassyskopje@fco.gov.uk

ГЕРМАНИЈА

ГРЦИЈА

ДАНСКА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

НЕ - Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволимеѓународната возачка дозвола не е потребна.

ДА

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

ДА

6 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА
НЕ
НЕ
ДА
НЕ
ДА

ДРЖАВА

ЕСТОНИЈА

ИТАЛИЈА

ЛЕТОНИЈА

ЛИТВАНИЈА

ЛУКСЕМБУРГ

НОРВЕШКА

ПОЛСКА

РОМАНИЈА

СЛОВАЧКА

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕВРОПА

ВИЗА ЗЕЛЕН КАРТОН

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

НЕ

ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО ВОЗИЛО

ДА

МЕЃЕНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост)

ДА

НЕ

ДА (ако возилото не е во лична сопственост ДА

НЕ ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА

ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ДА ДА (ако возилото не е во лична сопственост) ДА

ОТА |

ТОЈОТА АВТОЦЕНТАР НОВАТА

TOYOTA C-HR ПРИСТИГНА ВО ДРЖАВАТА

Втората генерација на кросоверот на Toyota, моделот C-HR, пристигна на македонскиот пазар. Со својот впечатлив дизајн, кросоверот за првпат ќе се нуди и со plug-in хибриден погон. Кога сме веќе кај погонските единици, треба да се истакне дека C-HR пристигнува со хибридните погони од петтата генерација на јапонскиот производител. Понудата на македонскиот пазар започнува со 1,8-литарскиот хибриден систем кој испорачува 140 КС, а по него следува помоќниот 2,0-литарски хибрид со можност за погон на предните или сите четири тркала со 197 КС. На врвот е токму споменатата plug-in хибридна опција со 223 КС, благодарение на кои до „стотка“ забрзува за 7,3 секунди, а на струја може да помине до 60 километри. Дизајнот на новиот C-HR делува мошне препознатливо, а причина за тоа е што станува збор за продукциска верзија на C-HR Prologue, која првпат беше прикажана кон крајот на 2022 година, а стилските елементи на предниот дел се користени и кај новиот Prius, како и кај целосно електричниот bZ4X. Работите се, исто така, во ентериерот и сега делуваат пософистицирано. Кај повисоките нивоа на опременост се истакнуваат двојните екрани од 12,3 инчи, а основната верзија добива со дисплеј од 8,0 инчи. Toyota нуди и многу технологија, вклучително и дигитален клуч, пакет напредни безбедносни системи со возење без раце во сообраќаен метеж и целосно автоматска функција за паркирање на далечина управувана од паметен телефон, за која Toyota вели дека е единствена во класата.

ЕAUTO

Компанијата

eAuto го отвори првиот продажен салон за автомобилите на Tesla во нашата држава, со што оваа марка сега станува уште подостапна на нашиот пазар. Салонот се наоѓа во рамките на спортскиот аеродром Стенковец, а компанијата eAuto најави дека работи и на поставување на комплетна инфраструктурна мрежа на брзи полначи на најмалку 15 точки во СРМакедонија, со што ќе се придонесе кон подобро прифаќање на електромобилноста на ова поднебје.

Во салонот на eAuto беа изложени Model Y и редизајнираната Tesla Model 3, заедно со уште некои постари модели, а од компанијата најавуваат дека ќе бидат достапни сите автомобили на брендот. Според информациите од компанијата, Tesla Model 3 во верзијата со стандарден опсег на движење на нашиот пазар ќе има цена од 55.000 евра, а Model Y ќе почнува од 56.000 евра. •

ДВЕ СПЕЦИЈАЛНИ ВЕРЗИИ Тојота Автоцентар, официјалниот импортер на Toyota во Македонија, на презентацијата покажа и две специјални изведби на новиот C-HR, а станува збор за GR Sport Premiere Edition и High Premiere Edition. GR Sport се одликува со спортска предна решетка, 20-инчни тркала и GR ознаки. Достапна е и Precious Silver боја во комбинација со црн покрив како контраст. Во ентериерот се истакнуваат Liquid Black деталите, спортските седишта GR Sport, JBL премиум аудио уред, а пред возачот се наоѓа и софистициран head-up екран. High Premiere Edition се одликува со двобојниот Sulphur екстериер, перфорирани кожни седишта, панорамски покрив и head-up екран. Втората генерација на C-HR на македонскиот пазар ќе има почетна цена од 33.990 евра за 1,8-литарскиот хибрид, додека на спротивниот крај од скалилото се наоѓа GR Sport Premiere Edition со цена од 56.690 евра за plug-in хибридната опција. •

8 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
АВТОМОБИЛИТЕ НА TESLA ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА

ДАМИТЕ ИЗБИРААТ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2024 ГЛАСАЊЕТО ЗАПОЧНА

ПОНЕЖНИОТ ПОЛ ИМА СОПСТВЕН ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА И ТОА НА СВЕТСКО НИВО. НE БЕА ДОВОЛНО ВКЛУЧЕНИ ВО ОСТАНАТИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ИЗБОР И ЗАТОА ВО 2009 ГОД. ТРГНУВААТ САМИ ДА ПРАВАТ СВОЈ ИЗБОР. АВТОМОБИЛОТ СЕ ПОЈАВУВА ПРЕД МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК И СЕГА СИ ГО ПОСТАВУВАМЕ ПРАШАЊЕТО, ЗОШТО ДАМИТЕ НЕ СОЗДАДОА СВОЈ ИЗБОР МНОГУ ПОРАНО, ЗОШТО ЧЕКАЛЕ ТОЛКУ МНОГУ ГОДИНИ, ДЕСЕТЛЕТИЈА?

Уште

од неговото прво појавување, автомобилот предизвикал голем интерес. Тогаш за него велеле дека е необично превозно средство кое не користи коњска или друг вид запрега, а денес велат е практичен дел од секојдневието, но и луксузен. И сега бидејќи некаде светот е, но не секаде, поделен на машки и женски, така денес имаме еден куп избори за автомобил на годината, но застапеноста на понежниот пол во организацијата и во жирито е занемарливо мал, а машкиот глас одлучуваше речиси за сè. Од таа причина дамите решаваат да направат свој избор, надвор од машкиот свет. Сето тоа започнало во 2009 год. кога новозеландската новинарка Сенди Махр решила да основа жири за избор на автомобил на годината на

светско ниво. Од неа почнува приказната и трае до денешен ден. Денес претседател на жирито е Марта Гарсија, а основачката Сенди Махр е почесен претседател. Оттогаш дамите 13 пати одбирале автомобил на годината во светот, а годинава тоа ќе се случи по 14 пат. Жирито брои 75 новинарки од целиот свет, поточно од 52 држави од пет континенти. Најмногу земји учеснички има од европскиот, а најмалку од африканскиот континент, само три држави, од Египет, Мароко и ЈАР. Мора да нагласиме дека овој собир на новинарки од целиот свет е еден и единствен и со единствена задача да изберат Автомобил на годината во светот.

За еден автомобил да се кандидира мора да биде нов, а не обновен (редизајниран) и пуштен во продажба на најмалку два континенти, на пример за годинава автомобилите мораа да бидат пуштени во продажба во било кој ден од периодот 1 јануари до 31 декември. Годинава беа кандидирани 63 автомобили поделени во пет категории: Семеен автомобил на годината (должина до 4,6 м), Голем автомобил на годината (подолг од 4,6 м), СУВ возило на годината , Пик- ап возило 4 х 4 на годината и Ексклузивен автомобил на годината. Во првоспомнатата категорија дамите за финалист го избраа „волво е икс 30“, во втората финалист е „бмв серија 5“, во третата „Киа ев 9“, во четвртата „фолксваген амарок “ и во петтата е изгласан „ астон мартин дб 12“.

Овие модели се веќе победници во категориите, но сега претстои гласање во завршниот круг во кој еден од овие пет ќе биде победник, а прогласувањето на победникот е закажано за 8 март, Денот на жената. Уште нешто е вредно за спомнување, а е во врска со дамите и автомобилите. Некаде на почетокот од минатиот век на северноамериканскиот континент преовладувале електричните автомобили, а не тие со мотори со внатрешно согорување. Да да, добро прочитавте, електрични автомобили. Во тоа време автомобилите со мотори со внатрешно согорување биле наречени смрдливи. Тој прекар им бил даден од дамите и кога ќе ги прашале каков автомобил сакате да возите секогаш велеле, „некој од тие што не смрдат“. Сепак дамите учествувале во изборот на автомобилите и неретко нивната желба воедно била и наредба. Штета што чекале толку долго, околу еден век, за да отпочнат со избор за автомобил на годината во светот. Се „гледаме“ на 8 март кога ќе биде прогласен победникот. Минатата година Женски автомобил на годината во светот беше „киа ниро“. •

9 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
„Волво е икс 30“ „Фолксваген амарок“ „Aстон Mартин дб 12“ „БМВ серија 5“ „Киа ев 9“

Тест: Škoda Enyaq Coupé Sportline 85

СВЕТЛА ИДНИНА ЗА ЧЕШКАТА МАРКА

МОДЕЛОТ ENYAQ COUPÉ ДЕЛИ МНОГУ СО КЛАСИЧНИОТ SUV ENYAQ, НО СЕГА С È Е СПАКУВАНО ВО ПОСПОРТСКИ И ПОЕЛЕГАНТЕН ПАКЕТ. ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИОТ SUV Е ЗАДОЛЖЕН ДА ГО НАПРАВИ ЧЕКОРОТ НАПРЕД ВО ТРАНЗИЦИЈАТА КОЈА СЕ БАЗИРА НА ОСНОВА ШТО СЕ ПОТПИРА НА СПОСОБНА ЕЛЕКТРИЧНА МОТОРИЗАЦИЈА И ОДЛИЧНАТА БАТЕРИСКА ТЕХНОЛОГИЈА, ТУКА СЕ НАДОВРЗУВА И ОСТРИОТ ДИЗАЈН НА „КУПЕ“ ИЗВЕДБАТА, ВИСОКОТО НИВО НА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА И КВАЛИТЕТОТ НА УПОТРЕБЕНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ.

10 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

моделот Enyaq Coupé брендот Škoda отвори ново поглавје во својата иднина. Ќе речете, SUV, електричен па уште и „купе“, зарем тоа не звучи сосема неправилно? Но, присетете се само како реагиравме во минатото кога BMW прв започна со производство на ваков тип возило и лавината која ја предизвика со неговото појавување! Сега речиси сите автомобилски компании во својата понуда имаат модели со своја интерпретација на темата. Изгледа дека нема смисла, но поради некоја причина публиката ги преферира, а што е најважно од сè, овие варијанти се барани и одлично се продаваат.

СТИЛ ВО ПРАКТИЧНО ПАКУВАЊЕ За надворешноста на Enyaq Coupé мора да се истакне дека возилото е изведено со извонреден стилски облик, спортско елегантните пропорции се претопуваат во целокупната естетика,. „Купе“ изведбата е еден од постилски креираните автомобили со кои сме се сретнале во последниов период, а ова мислење го потврдија и голем број минувачи кои љубопитно нè распрашуваа за него. Контрастните црни елементи поставени на белата основа кај „нашиот“ примерок го дополнуваат доживувањето, а осветлената стилизирана решетка на ладилникот (Crystal Face) го подига за ниво погоре, особено навечер. Ова јасно ја покажува траекторијата што Skoda ја трасира како бренд кој создава автомобили што поседуваат вистински модерен пристап и силно присуство на асфалтот. Бидејќи го спомнавме обликот, веднаш се наметнува и прашањето за практичноста? Таа страна вели дека багажниот дел е помал за 15 литри, додека просторот за главата на патниците во задниот ред е незначително ограничен, (исклучиво за екстра високите патници) за разлика од стандардниот Enyaq, но не е проблематично во ниту еден од двата случаи. Севкупно, она што Skoda го прави во поглед на дизајнот во последно време е полн погодок. Острите линии, самоуверниот став и цврстиот пристап можете да ги препознаете низ целата надворешност на Enyaq Coupé.

МИНИМАЛИСТИЧКО НО ТОПЛО ОПКРУЖУВАЊЕ „Шкодите“ се познати по просторот и практичноста, а ниту Enyaq Coupé не е исклучок. Внатрешноста делува пространо и комфорно, она што е особено важно е дека нуди одлично искуство во кабината. Квалитетот на сите употребени материјали е исклучително добар со многу панели кои се меки на допир и минимална примена на тврда пластика. Се делува целосно минималистички, но сепак некако успева да создаде пријатно и топло опкружување. Кабината носи дизајнерски карактеристики што го прават малку поостар и поагресивен од некои негови конкуренти. Пред возачот е поставен мал 5,3 инчен екран на кој се проектираат примарните информации, а во пакет кај тесттираниот примерок е вграден и„хедап“ дисплеј кој со помош на виртуелна реалност помага во управувањето и снаоѓањето во просторот. На средината од централниот гребен високо е поставен екранот на допир од 13 инчи кој контролира речиси сè во автомобилот, работи исклучително брзо и интуитивно што претходно не беше особина на некои возила од групацијата. Радува фактот што не се заборавени „шорткатите“ во физичка форма кои ве носат директно до однапред дефинирани функции. Дополнително, поврзувањето со двата доминантни оперативни системи на мобилните телефони се одвива по безжичен пат, во исто време додека вашиот телефон се полни безжично со моќност од 15W. Панорамскиот покрив создава чувство на отворен простор со многу светлина што продира во кабината, момент кој ја прави атмосферата поудобна, а најдобриот поглед е резервиран за патниците одзади. Enyaq Coupé, како и многу електрични возила во групацијата на VW се базира на платформата MEB. Ова електро-посветена платформа им овозможува на дизајнерите да градат од нула, создавајќи повеќе можности за простор и практичност. Затоа, Enyaq има многу дарежливи габарити за патниците на задната клупа и во транспортниот дел. Со 570 литри во основната конфигурација багажникот исполнува повеќе од што треба за семејство со 4 члена, практичниот дел следи кога ќе се соборат задните седишта по што се добиваат енормни 1.700 литри транспортен дел.

11 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО | Со

СЕРИОЗНА ЕЛЕКТРИЧНА МОТОРИЗАЦИЈА СО ОДЛИЧНА БАТЕРИСКА ПОДДРШКА Во тесттираниот примерот под ознаката 85 за производство на сила е задолжен електричен двигател чија моќност изнесува 210 kW (285 КС) и создава влечна сила еднаква на 565 Нм-наведените вредности се достапни веќе од 0 врт/мин. Во овој облик забрзувањето од место до 100 км/ч се одвива за 6,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч. Во случајов менувачот ја испраќа енергијата кон задната осовина, по избор се нуди и во форма со погон на сите тркала. Наше мислење е дека погонот само на задните тркала ќе ги задоволи секојдневните потреби во повеќе од 95% купувачи. Прашувате зошто? Погонската група составена од електричниот мотор и автоматскиот менувач со една брзина, поставени на задната оска функционира одлично, првенствено затоа што ја ослободува предната оска од должност да го придвижува возилото и наместо тоа треба единствено да се грижи за контрола на правецот. Бенефитот се забележува во кругот на вртење кој е само 10,2 метри, што е подобар дури и од првиот EV на марката, малиот градски автомобил Citigo. Резултат на оваа опција е извонредното маневрирање за својата големина низ густиот градски сообраќај, бидејќи масата на овој модел е помала, значи и дека потрошувачка ќе биде пониска. За батерискиот пакетот од 82 kWh (достапни 77 kWh) производителот декларира радиус

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО

МОТОР: ЕЛЕКТРИЧЕН

БАТЕРИЈА: БРУТО:82 KWH, ДОСТАПНИ:77 KWH

МОЌНОСТ: Максимална моќ: 210kW/285С

МЕНУВАЧ: ДИРЕКТЕН МЕНУВАЧ ПОГОН: НА ЗАДНИТЕ ТРКАЛА

ПОТПИРАЊЕ НА ТРКАЛА: НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД:MULTILINK

СОПИРАЧКИ: НАПРЕД:ВЕНТИЛИРАЧКИДИСКОВИ НАЗАД: БАРАБАНИ

ГУМИ: НАПРЕД: 235/45R21, НАЗАД: 255/40R21

МАСА НА ВОЗИЛОТО: 2.145КГ.

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.653/1.879/1.621ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 6.7СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 18,7KWH/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 180КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 66.300 ЕВРА

на движење од 565 километри со едно полнење, се разбира доколку сето тоа се одвива во идеални услови, по одреден начин и брзини на движење во сообраќајот. Нашето искуство вели дека во зима, кога и ни беше отстапено возилото просечно трошевме 18.1 kWh, во предвид треба да се земе дека во истиот период температурата на воздухот се движеше од -2 до 6 степени. Во овој период од годината 400 километри не се никаков проблем, со порастот на просечните температури очекувајте и опсегот на движење кој во мешана употреба (град и отворен пат) да се зголеми помеѓу 15% и 20%. Начинот на дополнување на електро ќелиите е изведен по принципот на AC 11 kW полнач кој може да ја наполни батеријата од 0-100% за 7:30 минути или на брз DC полнач од 135 kW преку кој енергијата од 5 до 80% ја складира за 28 минути. Возењето со Enyaq Coupé поставен на 21 инчни тркала и нископрофилни пневматици на прва одава впечаток дека удобноста е ставена во втор план. Сепак, овде се вмешува шасијата која успева да ги испегла несовршеностите на патот со импресивна смиреност. Во чешката компанија не се потпираат на успехот од минатото. Напротив, брзо се адаптираат на новите услови во автомобилскиот свет и силно притискаат во зацртаниот правец. Доказот доаѓа во облик на моделот Enyaq Coupé кој покрај моќниот визуелен впечаток е надополнет со издржани перформанси, леснотијата во секојдневната употреба, и удобност која е на завидно ниво. • Данчо Здравковски

12 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
НИЕДНА ДАМА ДА НЕ БИДЕ НА ПАТ САМА!
02/3181-108 www.amsm.mk
до 31.03.2024
Акциjата трае
год.

Претставуваме Bentley Batur

ПОСЛЕДНИОТ МОХИКАНЕЦ

BENTLEY ГО ИСПРАЌА ВО ИСТОРИЈА ПРОСЛАВЕНИОТ W12 ПРЕКУ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НЕГОВАТА НАЈМОЌНА ИЗВЕДБА НАВИЕНА НА 750 КС И 1.000 NM И СМЕСТЕНА ПОД ХАУБА НА УЛТРАМОДЕРНОТО КУПЕ BATUR ЧИЈА ОГРАНИЧЕНА СЕРИЈА Е ВЕЌЕ РАСПРОДАДЕНА.

| АВТО-МОТО

П рославениот мотор W12 на Bentley заминува во историја. Како последен изданок од својот вид крајот на производството ќе го доживее во април годинава со продукција од преку 105.000 рачно изработени примероци во период од 20 години. Одлуката оваа моќна енергана надалеку прочуена по својата издржливост да замине во историјата доаѓа од стратегијата на Bentley кон одржлива иднина, односно кон погонските спреги на електрична енергија добиена од обновливи извори со емисија на CO2 од 0 g/km. Стратегијата наречена Bentley100 веќе го започна своето патешествие преку хибридните изведби на моделите Bentаyga и Flying Spur за кои побарувањата од клиентите се повисоки од очекуваното. Но сепак, без оглед на прифаќањето на иднината масивниот W12 останува да биде впечатливо парче висока технологија кое во изминатите две декади ја движеше легендарната британска марка. За простувањето од W12 да биде уште позначајно Bentley одлучи дополнително да го дотера за да ослободува титански 750 КС и 1.000 Nm и да го пикне под хауба на ултрамодерното купе Batur.

ПРЕДВОДНИК НА ДИЗАЈНЕРСКА РЕВОЛУЦИЈА Batur е олицетворение на убавина. Именуван според природното кратерско езеро на еден остров на Бали маѓепсува со убавината, и е предводник на дизајнерската револуција на Bentley. Иако е последниот Мохиканец за ерата на моќниот W12 која завршува со него, во исто време почнува и новиот дизајнерски јазик кој ќе се одрази на идните електрични модели на Bentley. Поточно, на цела фамилија од електрични автомобили, од која првиот модел се очекува во 2025 година. Долгата хауба која отсекогаш била знак на престиж завршува во широко развлечена маска и тесни светла како очи на мачка. Широкиот задник, пак, визуелно ја префрла масата на автомобилот кон назад давајќи впечаток како да седи на задна оска. Спојот на елеганција која се претопува во мускулесто тело е успешен обид да се спојат минатото и иднината. Batur е грациозен, но во исто време е и набиен со мускули. Буквално делува како мачка спремна на скок да зграпчи плен. Зрачи со моќност и личи како да бришка „триста” дури и кога стои.

НАЈМОЌНИОТ BENTLEY НА СИТЕ ВРЕМИЊА Со 750 КС и 1.000 Nm извлечени од масивниот 6.0 W12 Batur се качува на трон како најмоќниот сериски модел на Bentley на сите времиња. Оваа последна и ултимативна изведба на овој титан од мотор го испорачува максималниот вртежен момент во распон од 1.750 до 5.000 min-1, а максималната моќност на 5.500 min-1. Во основа, моторот W12 е составен од два блока на познатиот мотор на VW, VR6, споени под агол од 72 степени. За да се извлече олкава моќ инженерите на Bentley и на неговиот оддел за ексклузивни проекти Mulliner, кој се смета за најстариот производител на каросерии на светот, имале доста работа околу неговата последна надоградба. Низ еволуцијата во последните 20 години овој W12 добил 37% поголема моќност, 54% повисок вртежен момент и 25% пониска емисија на издувни гасови. Сето ова е постигнато со: оптимизација на системите за управување, подобрување на подмачкувањето и ладењето, поставување на поефикасни турбо полначи, пософистицирано вбризгување на горивото и систем за деактивирање на цилиндрите.

15 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

Последно: поставени се нови значително поефикасни турбо полначи, поставен е поголем вшмукувачки тракт кој вшмукува 33% повеќе воздух (1.050 kg на час) при максимална моќност. Зголемен е капацитетот на двата интеркулери, по еден за секој турбо полнач, кои извлекуваат 35% повеќе топлина од воздухот пред да биде вшмукан во цилиндрите. А поладен воздух значи поголема густина, поголемо полнење и поголема моќност.

ПЕРФОРМАНСИТЕ ПОД ТАЈНОСТ Bentley сè уште ги држи техничките податоци за Bаtur во тајност. Но, ако се знае дека досега најмоќниот Continental GT Speed со 659 КС тежок 2,5 тони вози со максимални 335 km/h и спринтува до 100 km/h за 3,6 секунди, тогаш може да се заклучи дека полесниот Batur ќе биде уште побесен. Беснотилакот во целост ја користи напредната шасија на GT Speed за која веќе станало збор во овие редови. Шасијата користи динамичка контрола на воздушно потпирање со три комори и адаптибилни амортизери врзани со активен систем на стабилизатори со моќни електромотори. Тие се активираат во

0,3 секунди и делуваат како против тег на силите кои се јавуваат во свијок спречувајќи го навалувањето на каросеријата. Дополнување на управливоста е управувањето на четири тркала кое при мали брзини ги свртува задните тркала спротивно од предните значително зголемувајќи го чувството на пргавост. При високи брзини задните тркала се вртат во линија со предните за поголема стабилност. Масивната тракција ја обезбедува електронски самозаклучувачки диференцијал вграден во задната оска комбиниран со погон на четири тркала со варијабилна и векторска распределба на вртежниот момент.

Од GT Speed се земени на заем и сопирачките. Овој најголем сопирачки апарат на светот некогаш вграден во сериски автомобил се состои од вентилирачки дискови од карбон-силикон-карбид од 440 mm напред кои ги зафаќаат 10 клипни сопирачки шепи, и 410 mm назад со 4 клипни шепи. Овие дискови создаваат малку прашина и го чуваат ликот на уникатните бандажи од 22 инчи.

ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА

Batur не е само најава за идниот дизајнерски стил на Bentley, туку визија како ќе бидат создавани идните модели на марката со користење на материјали и техники кои се пријателски настроени кон нашата планета. Иновативните технологии се испреплетени со луксузни материјали за да се создадат елементи и детали кои досега не биле видени на ниту еден модел на Bentley.

Затоа дизајнерите на Mulliner одговорни за оваа уметничката креација го зеле космосот како инспирација при креирање на уникатните комбинации од бои и материјали. Користени се нови композити со извонредни карактеристики слични на карбон-фибер, но добиени од лен. Од овој обновлив извор на т.н. ленено супервлакно се добиваат неверојатно лесни, а во исто време неизмерно силни панели кои во Batur се користени и за каросеријата и за цврстите елементи во кабината. Теписите кои повеќе наликуваат на килими се добиени од рециклирани влакна, а кожата е добиена од посебни добавувачи кои при процесот на штавење користат помалку вода и ниска емисија на СО2. Цело богатство од иновативни завршни детали стои на располагање на клиентите кои по сопствена желба ќе го креираат својот скапо платен Batur. Од 18-каратно злато, преку титаниум, различен финиш на фурнир и специфични комбинации на текстил и кожа. Според дизајнерите на Mulliner единствениот лимит на понудата е имагинацијата на клиентите. За да демонстрираат до каде се границите на можностите и воедно да ја поттикнат инспирацијата кај клиентите понудени се неколку космички теми на Batur: Nebula, Supernova, Hyperspace и Dark Matter. Наведовме дека сите 18 примероци колку што се планирани за ова парче уметничко ремек-дело на четири тркала веќе имаат свој сопственик кој морал да ја пикне раката в џеб до длабочина од 1,65 милиони фунти. И тоа е почетокот. Сите дополнителни желби, дополнително и ќе се наплатуваат. • Љубомир Атанасовски

16 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО

АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО ЕВРОПА 2024 РЕНО

ПОВТОРНО СЕ ЗАКИТИ СО НАГРАДА

КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ТАКА И ОВАА, 59 (58) НОВИНАРИ ОД 22 ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ ПО 61. ПАТ БИРАА НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ. ОД 28 КАНДИДАТИ ВО ЗАВРШНИОТ КРУГ ВЛЕГОА СЕДУМ АВТОМОБИЛИ. СЕТО ТОА СЕ СЛУЧИ НА КРАЈОТ ОД МИНАТАТА ГОДИНА, НО СЕ ЧЕКАШЕ ОТВОРАЊЕТО НА САЛОНОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ЖЕНЕВА И 26 ФЕВРУАРИ ЗА ПОБЕДНИКОТ ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН. Оваа

година, по седми пат, Рено се закити со престижната европска титула Неговиот модел „сеник е - тек“ беше прогласен за Автомобил на годината за 2024. Според жирито кое годинава броеше 59 (58) членови од 22 држави од континентов, „рено сеник е - тек“ освои 329 гласови. БМВ со моделот „5“ му дишеше во врат на „рено сеник“, но освои 21 глас помалку, односно вкупно 308.

Тука треба да нагласиме дека „бмв 5“ од 19 новинари доби највисоки оценки. Сепак за него само второто место, а третото со освоени 197 гласови (бодови)

му припадна на Пежо за моделот „3008“ со три највисоки оценки. „Киа ев 9“ собра 190 бодови доволно само за четвртото место, петти е „волво икс 30“ со 168 бодови, „бјд сил“ е шести со 131 бод и седмото место ù припадна на Тојота со моделот „ц - хр“. Тоа е редоследот на седуммината кои влегоа во финалниот избор, кога останатите, вкупно 21 на број, мораа буквално да се вратат дома.

Годинашниов избор за автомобил на годината собра 28 кандидати. Од тие 28 автомобили, жирито одбра седум финалисти кои потоа се собраа во Женева, поточно на една од најпрестижните светски манифестации Салонот за автомобили и таму на 26 февруари беше прогласен победникот.

Овој своевиден настан се одржува од 1964 год. и тогаш е организирана од неколку списанија кои обработуваат теми за автомобилите. Сегашните организатори на овој избор се следниве списанија: Аутомобил Ривју (Швајцарија), Аутописта (Шпанија), Аутовизија (Холандија), Аутокар (О. Кралство), Ле Аутомобил Магазин (Франција), Штерн (Германија), Ви Билагаре (Шведска) и Ауто (Италија). Како што може да се примети, сите списанија потекнуваат од државите производители на автомобили и токму од тие земји има најмногу новинари во жирито, но со исклучок на Швајцарија земја која е фабрика за масовно производство. •

17 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

Претставуваме AUDI RS 6 AVANT GT

ПОДОБРО ОД НАЈДОБРОТО

УЛТИМАТИВНИОТ RS 6 AVANT ДОАЃА ВО ОГРАНИЧЕНА СЕРИЈА НАПОЛНЕТА СО ЕКСКЛУЗИВЕН ЕНТЕРИЕР, ВНИМАТЕЛНО ИЗБРАНИ ДЕТАЛИ, НАКОСТРЕШЕН НАСТАП И ФИНО ИЗБРУСЕНА ТЕХНИКА ПРЕКУ КОЈА СЕ КРОТАТ РАЗБЕСНЕТИТЕ

630 КОЊСКИ СИЛИ.

Audi најде совршен начин како да одговори на прашањето: што да се направи, и како да се унапреди еден модел од видот на RS 6 Avant кој го достигнал врвот на својот развој? Секако, се знае дека станува збор за актуелната генерација на една опасна ѕверка дотерана како фино избрусен дијамант од самото појавување пред околу 5 години. Тогаш пакуваше 600 КС под хауба и со своите 2.150 килограми ловеше „стотка” за 3,6 секунди, и во отворената верзија „бришкаше“ 305 km/h. За да не остане на ова скромно дереџе во 2022 година Audi одлучи да му ја дополни ознаката со зборот Performance. Но, дополната беше далеку од само еден збор. Го подновија 4.0 литарскиот битурбо на 630 КС, ловот на „стотката” го симнаа на 3,4 секунди, а максимумот си остана, демек бил доволен. И така дотеран RS 6 Avant Performance гордо ја носеше круната уште две години и стигна до крајот на својот животен циклус. Факт е дека подновата во оваа индустрија е многу важна и не трпи колебања. Сепак, Audi мораше да најде соодветен начин како гордо да го испрати својот дијамант меѓу практичните беснотилаци во мирување. Така се раѓа приказната за ултимативниот RS 6 Avant GT кој треба да е подобар од веќе најдоброто што на оваа тема може да го понуди производителот од Некарсулм.

ЕМ ВПЕЧАТЛИВ, ЕМ НЕОБИЧЕН Храбра е одлуката RS 6 Avant GT визуелно да се потпре на концептот од 2020 година RS 6 GTO. Шарено, необично, но во исто време впечатливо парче на четири тркала инспирирано од легендарниот тркач Audi 90 Quattro IMSA GTO од 1989 година. Концептот RS 6 GTO е подвиг на 12 чираци кои во тоа време учат занает во повеќе сфери: конструкција на каросерија и механика, боење и дизајн. Нивниот необичен одговор на предизвикот за создавање концепт донел толку позитивни критики на кои одговорните во Audi не можеле да се оглушат. Така проектот RS 6 Avant GT излегува на виделина. Прво што паѓа во очи е храбриот избор на налепници кои го одвојуваат од едноличноста, а тука е и монолитната предна маска со вертикални острици и интегриран сплитер обоени во сјајно црно. Широко развлечената маска и отсуството на кровни шини, првпат во историјата на RS 6 Avant, го прават да личи дека лежи значително пониско од браќата. Впечатливата хауба, исто така, е целосно редизајнирана и изработена од карбон-фибер. Од јаглеродни влакна се и предните крила со шкрги за одвод на врелиот воздух генериран од сопирачките. Тие ги вдомуваат огромните тркала од 22 инчи и ја дополнуваат агресивноста на фамилијарниот тркач.

18 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

Страниците се дефинирани од силно нагласените завеси, а рамниот кров завршува во спојлер дефиниран во воздушен тунел со отвори низ кои струи воздухот и генерира негативен потисок. Масивниот дифузор кој, исто така, е во функција создава визуелен ефект на спуштен и раширен став кој влева доверба. Воедно ја дополнува вкупната слика на спуштена рамна спортска силуета.

Покрај претставениот бел примерок украсен со налепници во црна, сива и црвена боја Audi го нуди RS 6 Avant GT и во црн и сив лак со налепници во црни и сиви тонови. Секако, кој не сака може и да се откаже од налепниците. Во колку се избере бел лак тркалата задолжително се бели, а мат црни кога RS 6 Avant GT е лакиран црно или сиво. Црниот ентериер е акцентиран со шевови и детали во црвена и бакарна боја. Појасите се во темноцрвена боја и совршено одговараат со шестаголните шевови на седечката површина од спортските седишта налик на тркачки кади. А, доказ за ограничената серија е серискиот број поставен на централната конзола.

19 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

ПЕРФОРМАНСИ ЗА ПОЧИТ

Не е само ликот кој го одвојува RS 6 Avant GT од RS 6 Avant Performance, го одвојуваат и перформансите. Иако под хауба бревтаат истите 630

КС при 6.000 min-1 и влечат 850 Nm кои стојат на располагање меѓу 2.300 и 4.500 min-1, GT кој е полесен за 90 kg го спушта прагот на ловот на „стотката” на 3,3 секунди. До 200 km/h катапултира за 11,5 секунди, а максимумот останува на 305 km/h. Но, тука не застанува приказната за какви сè беснотии е подготвен GT. Најновата верзија на централниот заклучувачки диференцијал ја распределува моќноста на моторот кон предната и задната оска во сооднос 40:60. Префрлањето на поголемиот дел од моќноста кон задната оска го редуцира подуправувањето, ја подобрува возната динамика и обезбедува попрецизно водење низ свијоци. При пролизгување диференцијалот дозволува префрлање на вртежниот момент кон предната оска до 70% и кон задната до 85%. На задната оска носи спортски диференцијал посебно сетиран за него. Така GT профитира од прецизната, спортска и неутрална возна динамика.

Контактот на гумите со подлогата го обезбедува целосно подесива суспензија која за првпат се вградува во еден RS 6 Avant. Покрај можноста за местење на висината преку навои на пружините кај GT се мести и работата на амортизерите за што потребно е да се извадат тркалата исто како кај тркачките автомобили. Потребниот сет алати и инструкции за местење според личните афинитети на возачот се дел од опремата на автомобилот. Стабилизаторите се поцврсти од оние на RS 6 Avant Performance, напред за 30%, а назад дури за 80% со што значително се намалува навалувањето во свијоци. Лежи на гуми 285/30 R22 Continental Sport Contact 7 кои нудат подобра тракција и на суво, и на мокро па севкупно се добива впечаток дека GT вози како по шини. Овие гуми дополнително го скусуваат растојанието при сопирање. Така GT во однос на RS 6 Avant Performance, со истите керамички сопирачки дискови од 440 mm напред и 370 mm назад, од 100 km/h до 0 сопира два метра покусо.

РАЧНО ДОТЕРУВАЊЕ За разлика од RS 6 Avant Performance кој целосно се склопува на производствена линија во фабриката во Некарсулм, RS 6 Avant GT се финишира рачно во погонот на Audi во Болингер Хофе специјализиран за мали серии каде се склопуваат Audi R8 и Audi e-tron GT. Откако шасијата, моторот со погонската спрега и лакирањето ќе бидат завршени на лентата во Некарсулм GT заминува во овој флексибилен погон каде седум искусни техничари рачно ги местат деловите од карбон-фибер: хаубата, крилата, праговите, браниците и спојлерот на кров. Секако тука се поставува и суспензијата со фабрички сетирани параметри, а кој преферира поинаку подоцна може да си поигрува со сетапот до бесконечност.

За да се задржи ексклузивата на оваа специјална серија ќе бидат произведени само 660 примероци од RS 6 Avant GT наменети за цел свет. Од нив само 60 ќе бидат со волан од десна страна. Цената е околу 210.000 европски банкноти. • Љубомир Атанасовски

20 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО
СЕКОГАШ НАЈДОБАР ИЗБОР

КОНСУЛТИРАЈТЕ НÉ ЗА ИЗБОР НА ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ЌЕ ГО ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ЗА ВАС.

ПРИТОА, КАКО КОРИСНИЦИ НА ПОЛИСА ПРЕКУ МОБИЛИТИ БРОКЕР ДОБИВАТЕ И БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ШТЕТЕН НАСТАН.

*УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО. ПОЛИСИ ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ:

21 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
02/3181-405 | 02/3181-402
www.mobilitybroker.com.mk
НА ОСИГУРУВАЊЕ!

Претставуваме BRABUS ROCKET 1000 "1 OF 25"

БОТРОП НА МАПАТА НА КЛУБОТ „ИЛЈАДА”

ЕТЕ, ВАКА СЕ ВОЗИ! ДОЛЖИНА 5 МЕТРИ, ТЕЖИНА 2,4 ТОНИ, 1.000 КОЊСКИ СИЛИ, 1.620 ЊУТН МЕТРИ, ЛОВ НА 100 KM/H 2,6 СЕКУНДИ, НА 200 KM/H 9,7 СЕКУНДИ, НА 300 KM/H 23,9 СЕКУНДИ, МАКСИМУМ ОГРАНИЧЕН НА 316 KM/H.

| АВТО-МОТО

се влезе во малото избрано друштво наречено клуб „Илјада”

каде членуваат автомобили со моќност од 1.000 КС и повеќе не е мала работа. Трпеливо и умешно создавајќи ракети на четири тркала од 1977 година престижното тјунерско ателје Brabus од малото, но веќе на далеку прочуено германско гратче Ботроп се дрзна да влезе и во клубот „Илјада”. Изминатите години Brabus полека го подигаше прагот на максималната моќност на своите беснотии, а последна беше класата Rocket со моќност до 900 КС. По нејзиното претставување беше прашање на време кога моќноста на Rocket ќе ја улови границата „Илјада”. И ете, тоа се случи. Точно две години по претставувањето на чудовишниот Brabus Rocket 900 “One Of Ten” својата муцка на виделина ја појавува уште позастрашувачкиот Brabus Rocket 1000 "1 OF 25" поставен на основата на купето со четири врати од Штудгарт, Mercedes-AMG GT 63 S E Performance, кое вози со хибриден погон.

РЕВОЛУЦИЈА ВО БОТРОП За првпат во 47 годишната историја на градење автомобилска ексклузива Brabus во својата понуда вклучува хибриден погон. Тоа е еднакво на револуција. Се поставува прашање дали таа ќе заврши како излет со само еден примерок? Или, пак, Rocket 1000 "1 OF 25" е вовед во нешто уште почудовишно со многу повеќе од сегашните 1.000 КС? Зошто умот врти натаму? Затоа што на биковски моќниот 4.5 литарски битурбо кој за во Rocket 900 “One Of Ten” е навиен на 900 КС му е намалена моќноста на 796 КС. Инженерите се одлучиле на овој потег за во спрега со електричниот мотор од 204 КС да добијат „округло“ 1.000 „коњи”. Можеби, размислуваме хипотетички, следниот чекор во Barbus е некој си Rocket 1100 “One Of Ten”. И тоа многу лесно може да се случи бидејќи основата е тука.

РЕМЕК ДЕЛО ПОД ХАУБА Под хауба Rocket 1000 го пакува сериозно навиениот V8 чие потекло води од Mercedes-AMG. Во однос на серискиот „осмак” зголемена е зафатнината за малку, и сменето е сè што било потребно за да се извлече олку моќ. Со проширување на дијаметарот на цилиндрите на 84 mm и продолжување на одот на клипот, поточно на коленестото вратило на 100 mm зафатнината пораснала од 4.0 на 4.5 литри. Коленестото вратило е изработено на CNC машина од полно парче метал и термички е обработено. Истиот процес е користен и за клипните лостови, додека самите клипови се изработени со процес на ковање. Вака обработени кованите клипови се значително полесни и ги намалуваат инерциските сили, така моторот полесно лови вртежи. Целосно е доработено снабдувањето со гориво со пумпи кои работат под висок притисок, ремапирана е и управувачката електроника, а турбо полначите се приказна за себе. Имаат голема компресорска комора со дијаметар од 52 mm, посебно конструирано јадро со посилни аксијални тркалачки лежишта и создаваат притисок од 1.4 бари. Цевките во издувниот вод имаат дијаметар од 76 mm како и целиот издувен систем кој, пак, е направен од не`рѓосувачки челик со отворен проток и активни клапни. Преку нив возачот ја менува нотата која оди од тивко кога се прибира дома, до сонорно крешендо кога се ослободува целосниот потенцијал.

Иако моторот можеби повеќе е придушен, сепак сè уште бесни со 796 КС при 5.900 min-1 и 1250 Nm при 2.900 min-1. Вртежниот момент е електронски ограничен на 1.050 Nm за да не страда погонот на четири тркала 4MATIC+, спортскиот диференцијал со ограничено пролизгување на задната оска, и менувачот со девет степени SPEEDSHIFT MCT9 со можност за рачно менување на степените.

23 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Да
АВТО-МОТО |

КОГА ЕЛЕКТРИКАТА ПОМАГА Бидејќи е хибрид приказната за моќноста не застанува на моторот со внатрешно согорување. Задната оска носи електричен мотор кој се напојува од литиум-јонска батерија со капацитет од 6,1 kWh, а моќноста од 204 КС и 320 Nm ја испраќа кон погонот на четири тркала преку двостепен автоматски менувач. Благодарение на него комбинираната моќност ги достигнува монструозните 1.000 КС и ослободува вртежен момент од 1.820 Nm кои се електронски ограничени на 1.620 Nm. Монструозната моќ ослободува и монструозни перформанси. Овој колос долг преку 5 m и со тежина од 2.380 kg се катапултира од место до 100 km/h за 2,6 секунди, до 200 km/h за 9,7 секунди и до 300 km/h за 23,9 секунди. Максимумот е ограничен на 316 km/h за да се сочуваат гумите заради големата тежина.

ЕМ СПОРТСКИ, ЕМ КОМФОРЕН Идејата зад Rocket 1000 не е да биде само чистокрвен спортист, туку и комфорен транспортер на долги рути, и корисен во град. Затоа независното воздушно потпирање наречено SportXtra е модификувано според строгите критериуми на Brabus. Дозволува меко пеглање на нерамнините кога се наоѓа во модусот Comfort, додека во модусот Sport го спушта автомобилот за дополнителни

20 mm и го доближува до тркачите нижејќи одлични времиња на патека. Иако, дури и тогаш, Rocket 1000 не е брутално тврд. Дел од тајната на доброто водење се крие и во лесните бандажи и во керамичките сопирачки кои ја намалуваат онаа тежина на автомобилот врз која потпирањето нема контрола. Бандажите се добиени со посебна технологија на ковање и обработка на CNC машина. Нивниот впечатлив дизајн наречен Brabus Monoblock

P Platinum Edition е дополнително украсен со аеродинамични дискови од гол лакиран карбон-фибер. Тие ги сокриваат огромните вентилирани бушени карбон-керамички дискови со димензии

420х39 mm напред и 380х32 mm назад. Гумите се на Continental, SportContact 7, со димензии: напред 275/35 ZR 21 поставени на бандажи 10.5Јх21 и назад 335/25 ZR 22 поставени на бандажи 12Јх22.

СТРАВ ШТО ВЛЕВА СТРАВ Нема двојби дека Rocket 1000 влева страв. Замислете како е кога во ретровизор ќе ја погледнете агресивната муцка и широките страници. Личи како да ќе не проголта се до моментот кога ќе не „шишне”. Тогаш за миг се фрла поглед на уште поширокиот задник од каде штрчат дебелите издувни цевки порабени со карбонфибер. Широките страници се потребни за да се вдомат енормните тркала со широки гуми. Тие ставаат дополнителни 78 mm во однос на серискиот модел развлекувајќи ја ширината на 2.068 mm. Изработени се од карбон-фибер исто како и предниот, и задниот браник.

Огромните отвори во предниот браник водат воздух директно во турбо полначите и во сопирачките, а сплитерот кој завршува со вертикални стабилизатори го спречува подигнувањето на предната оска при високи брзини. Интегрираниот спојлер и масивниот дифузор го стабилизираат задникот. Но, во Brabus сметале дека е подобро да се постави и широко задно крило за уште поголем „downforce”. Мотото на Brabus, совршенство во секој детаљ, не се однесува само на техниката туку и на внатрешноста која ја создаваат врвни мајстори на занаетот. Спремни се да ги исполнат желбите на клиентот кој на крај ужива во благороднички скроен и изработен ентериер. Како потврда за врвната изработка, на потпирачите на седиштата се поставува заштитниот знак BARBUS MASTERPIECE или ремек дело. Уживањето во оваа ексклузива која судејќи според името, Brabus Rocket 1000 "1 OF 25" ќе биде изработена во само 25 примероци си има и соодветна цена. Таа почнува од 450.000 евра нето. Без давачки и желби. Секако сè што ќе посакаат идните сопственици во Brabus ќе им исполнат и соодветно ќе им наплатат. • Љубомир Атанасовски

24 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО
25 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk

Безбедност во сообраќај

НЕГОВОТО
ВЕЛИЧЕСТВО ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН

НЕКОЈ ГО ИЗМИСЛИЛ ЗА ДА ВОСПОСТАВИ РЕД И ДА ЈА ЗГОЛЕМИ БЕЗБЕДНОСТА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ. ЗА ЖАЛ, МНОГУ ВОЗАЧИ НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ПЕШАЧКИОТ, НЕ ЈА НАМАЛУВААТ БРЗИНАТА НА ВОЗИЛОТО И НЕ ИМ ДАВААТ ПРЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ. ТИЕ ВОЗАЧИ СЕ ГЛАВНИ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА СООБРАЌАЈНИ ТРАГЕДИИ.

Појавувањето

на автомобилите, на моторните возила, предизвикало многу проблеми бидејќи сопствениците возеле без некаков ред. Возеле по патиштата по кои се движеле и запрежните коли, но без правила за однесување во тогашниот „сообраќај“. Безредието морало да биде отстрането, а за тоа се погрижил Вилијам П. Ено во 1909 год. Тој е творецот на „Правила на патот“, првиот правилник за однесување во сообраќајот. Њујорк е прв град во кој биле воспоставени сообраќајни правила, потоа биле прифатени во Лондон и Париз, а малку подоцна во целиот свет. Оттогаш тие правила се надградуваат и важат за цел свет. Може да се каже дека дури 90 отсто од правилата се исти, а само 10 отсто имаат некои минимални измени и се разликуваат од држава до држава. Правилата мора да бидат почитувани за да бидат отстранети безредието и недисциплината. Патниот сообраќај е збир од многу детали што мора да бидат усогласени. Поради несовесноста и недисциплината на дел од учесниците во сообраќајот има катастрофални последици со човечки жртви.

Пред воведување на пешачкиот премин пешаците секаде ги минувале улиците. Првиот пешачки премин со познатата „зебра“ е исцртан на 31 октомври 1951 година во Лондон на улицата „Слоут Хај Стрит“. Во 30-тите години од минатиот век на британските патишта пешачките премини биле обележани со столбови високи 3,2 м обоени црно-бело, а на врвот имало жолта светлосна топка. Вакви столбови со жолти светлечки топки и денес има на британските улици, дури и во Хонгконг, Малта и Сингапур, секако покрај „зебрата“, со цел подобро да се воочување на пешачкиот премин и пешаците.

Пешачката „зебра“ мора да биде почитувана од возачите, но и од пешаците. Тоа значи дека пешаците мора да ја минуваат улицата на „зебрата“, а автомобилите мора да ја намалат брзината или да застанат пред пешачкиот ако некое лице ја минува улицата. Сепак, дел од учесниците во сообраќајот не го почитуваат пешачкиот премин , како пешаците, така и возачите. Исто така, не се почитува и црвениот семафор. Во градските центри каде што метежот е најголем, на раскрсниците се поминува на црвено, а пешачките премини се полни со пешаци. Во тие мигови возачите стануваат потенцијални убијци. Очигледно за сите што не ги почитуваат правилата на пешачкиот премин потребни се ригорозни мерки и казни. • Жарко Атанасоски

26 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Овој пат лично придонесете за поголема независност на жените и подарете (си) АМСМ членска картичка.

Искористете го попустот од 30% на Classic и Europe Premium членската картичка, и подарете (си) независност во случај на било каков дефект со 24/7 помош на пат и шлепување било во земјава или и во странство.

Притоа, заштедувате:

• 500ден за Classic членска картичка, која наместо по цена од 1.690ден ја добивате за

1.190ден или

• 1.070ден за Europe Premium членска картичка, која наместо по цена од 3.590ден ја добивате за 2.520ден.

Акцијата важи само за дами, во периодот од 1-31.3.2024 година, а можете да ја искористите во АМСМ Скопје, Велес, Кичево и во сите авто-мото друштва низ Македонија.

Попустот за дами можете да го искористите и при зачленување или подарување на АМСМ членска картичка онлајн, каде со клик на копчето КУПИ или ПОДАРИ во еден од чекорите во процесот на купување, во полето ВНЕСЕТЕ КУПОН КОД ЗА ПОПУСТ, потребно е да го внесете ПРОМО КОДОТ: mart2024 за да го искористите попустот.

02/3181-108

www.amsm.mk

НОВИ И ПОДОБРИ СЕРВИСНИ УСЛУГИ

30% ПОПУСТ ЗА ДАМИ НА ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

Да ви овозможиме голем избор на сервисни услуги со највисок квалитет е наша стратегиска цел. Токму затоа континуирано инвестираме во нова опрема и машини за извршување на нови сервисни услуги.

Отсега во АМСМ сервисот за возила во Скопје-Центар, можете да направите:

• Чистење на парно инсталацијата во возилото, кое се извршува со специјална машина со двојна насока на циркулација и максимална температура од 50˚.

Чистење на парно инсталацијата има важна улога во одржувањето на перформансите на системот за ладење на возилото. Радијаторот е одговорен за исфрлање на топлината од моторот, спречувајќи го да се прегрее и да предизвика сериозни оштетувања. Со прочистување на парно инсталацијата на возилото ќе спречите затнување и корозија, а со тоа и поголеми и скапи дефекти, ќе го продолжите животниот век и перформансите на моторот, ќе обезбедите ефективно и финансиски исплатливо одржување.

• Проверка на системот за ладење и дополнување со фреон R-134A/ R-1234YF, која се извршува со најсовремена машина со двостепена вакуумска пумпа и работен притисок од 22 бари.

Основно и најважно при проверка на системот за ладење е полнењето и дополнувањето на фреон во возилото, и идентификување на евентуално истекување и негова при поправка. Системот за ладење во возилото е од затворен систем, што значи секое губење на фреон, значи и истекување. Заради големите температурни разлики во нашиот регион, од -15 до 40 степени целзиусови, препорачливо е да извршите дополнување на системот со фреон во период од 3-4 години кај постари возила. Доколку имате потреба од дополнување на фреон под оваа временска рамка, тогаш веројатно е дека имате истекување на фреонот.

Повеќе информации на 02/3181-133

28 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ ПРОЛЕТНАТА СЕЗОНА

ВРЕМЕ Е ЗА ЛЕТНИ ГУМИ

Обврската за зимски пневматици и опрема во автомобилите завршува на 15 март, па време е да ја проверите состојбата во која се наоѓаат вашите летни пневматици. Притоа не заборавајте дека дотраените гуми значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот.

Искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член и со купување на 4 нови пневматици од АМСМ сервисот за автомобили, ексклузивно добивате пакет услуги бесплатно

Повеќе информации на 02/3181-133

Со цел поголема безбедност на велосипедистите, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, од клучно значење е безбедна велосипедската инфраструктура.

Проектот „Побезбедни велосипедски патеки за побезбедни велосипедисти“, кој АМСМ ќе го реализира во месец март се однесува на имплементација на CycleRAP методологијата која овозможува објективна проценка на безбедноста на велосипедските патеки согласно меѓународни стандарди. Методологијата користи информации за физичките карактеристики на инфраструктурата, брзината и бројот на учесници во сообраќајот за да го пресмета степенот на ризик за различни типови на несреќа: велосипедист со пешак, велосипедист со возило, велосипедист со велосипедист и велосипедист со објект на велосипедска патека.

ПОБЕЗБЕДНИ

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Проектот вклучува снимање на велосипедските патеки и анализа на повеќе од 40 атрибути, како пристап, ширина на лента, раскрсници, интеракција со сообраќај и сл. Врз основа на ова, се прави рангирање со ѕвезди на секоја велосипедска патека од аспект на безбедноста – од една ѕвезда до пет ѕвезди за најбезбедна патека за велосипедисти.

Со цел соодветна имплементација на CycleRAP методологијата, АМСМ потпиша договор за соработка со шпанската компанија FACTUAL, која е воедно и советодавен член на CycleRAP.

Со проектот е предвидена проценка на целокупната инфраструктура на велосипедските патеки на територијата на Скопскиот плански регоион, со должина од 130км.

По завршување на проектот, ќе биде изготвен Извештај, кој покрај анализата и рангирањето на безбедноста велосипедските патеки со ѕвезди, ќе содржи и препораки за подобрување на безбедноста на велосипедските патеки со помалку од 5 ѕвезди, кој ќе биде доставен до сите заинтересирани страни и надлежни институции.

Проектот се реализира во партнерство со неформалната заедница на велосипедисти „НаТочак“ и со поддршка на РСБСП.

Проектот е ко-финансиран од ФИА Грант програмата за поголема безбедност на патиштата и ФИА Фондацијата, до кои АМСМ има пристап како единствена мобилити членка на ФИА од нашата земја.

29 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ АМСМ |

• Ме интересира дали цената на членските картички се наплаќаат на месечно ниво или еднократно и колку е цената?

АМСМ: Цената на сите АМСМ членски картички е годишна, бидејќи картичките важат една година од датумот на издавање.

- АМСМ Classic членската картичка која вклучува бесплатна помош на пат во случај на дефект и бесплатно шлепување на целата територија на нашата земја, чини 1.690ден годишно

- АМСМ Europe Premium членската картичка, која покрај бесплатна помош на пат и шлепување во земјава, вклучува вакви услуги и каде било во Европа, чини 3.590ден годишно

- АМСМ Light членската картичка наменета за млади возачи на возраст од 18-24 години, која вклучува бесплатна помош на пат и шлепување на градско подрачје, чини 690ден годишно.

АМСМ членска картичка можете да купите онлајн на следниот линк https://amsm.mk/ chlenski-kartichki/, а истата ќе ви биде испорачана бесплатно по пошта на ваша адреса.

• Кажете ми дали со меѓународна возачка дозвола можам да возам во Германија бидејќи таму работам? Таму престојот ми е овозможен со виза и наскоро ми поминуваат 6 месеци слободно возење. Дали да извадам меѓународна возачка дозвола со која ќе можам да управувам со моето возило.

Благодарам, Еко

АМСМ: Најпрво треба да се информирате во германското МВР за понатамошните постапки во врска со вашата возачка дозвола (бидејќи сте со виза и имате одреден престој).

После шестиот месец, според нашата законска регулатива, треба да се јавите во германското МВР, за да ви издадат нивна возачка дозвола, а ќе ја депонирате македонската возачка дозвола, доколку немате евентуални забрани за истата.

• Имам гостин од странство, па би сакал да му го дадам моето возило на користење. Гостинот би сакал да оди патува низ државата со моето возило. Каква е процедурата за полномошно? Благодарам, Мариета

АМСМ: Во врска со автомобилот што сакате да го дадете на користење на странски државјанин ќе мора да се обратите до МВР отсек моторни возила. АМСМ издава полномошно само за користење моторно возило надвор од границите на нашата држава за државјани на СРМ и возила регистрирани во СРМ. Според законот, меѓународната возачка дозвола се издава само врз основа на национална возачка дозвола во државата каде престојува.

30 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ

БАШ Е УТКА

СО ДУПНАТА ГУМА

ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА!

ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ.

02/3181-108

31 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
www.amsm.mk

Женски вечерни аксесоари

ВО КОМБИНАЦИЈА НА ЦРН ФУСТАН, ОТМЕНОСТА Е

ЗАГАРАНТИРАНА

КОГА ВО ПРАШАЊЕ СЕ ВЕЧЕРНИТЕ ИЗЛЕГУВАЊА, ВКЛУЧИТЕЛНО И СВЕЧЕНАТА ОБЛЕКА ЗА ЖЕНИТЕ, СЕ ЧИНИ ДЕКА ИЗБОРОТ НА ЦРНИОТ ФУСТАН СО ПРИДАВКАТА „МАЛ“ Е НЕПОГРЕШЕН, ИАКО НЕ И ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, БЕЗ ИСКЛУЧОК - ВАРИЈАНТИТЕ СЕ РАЗЛИЧНИ, ВО ГОЛЕМ БРОЈ. И ПОКРАЈ ТОА ШТО ВАЖИ ЗА КЛАСИКА, ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ИМААТ МОДНИТЕ ДОДАТОЦИ КОИ ЗБОРУВААТ НАГОЛЕМО И ЗА СТИЛОТ, НЕИЗОСТАВНО.

Стилистиката

го вбројува меѓу парчињата облека што секоја жена мора да го има во својот шкаф, орман. Се работи за црниот фустан чии варијанти едноставно не се добројуваат. Независно дали е „мал“, свилен, тантелен..., па и комбинација на споменатите, нема дилема - тој е идеален за вечерните излегувања, свечените прилики во кои елеганцијата, односно префинетоста, отменоста не само што е пожелна туку и се подразбира. Како своевиден дрес-код.

Без оглед на неговата едноставност, секако дека во голема мера ја открива, т.е. покажува и смислата за убавото, на еден или на друг начин - преку аксесоарите, нивниот избор. Сам по себе, минимализмот изискува модни додатоци, за комплетен впечаток. Познатите креатори на пример, во зависност од стилот кој го преферираат, односно фаворизираат, нудат и соодветни аксесоари. Впечатливоста им е императивна, барем во повеќето случаи. Всушност, и накитот и чантата и чевлите важат за есенцијални модни додатоци што го „обојуваат“ платното или подлогата за уметничката слика (црниот фустан), независно од нивниот колорит, па дури и да е само во боја на

јаглен, саѓи. Контрастите секогаш се добредојдени - розовите нијанси на пример. Во комбинација на златните тонови, зошто да не. Па дури и без нив. Останатите аксесоари - ременот (појас, колан, каиш) и ешарпата (долг шал), вклучително и украсите за на глава - венче, капа, шнола..., можат и да изостанат, но и не мора. Доколку се дел од избраната комбинација, треба да се внимава со цел да се избегне пренатрупаност, кич.

КОНТРАСТИРАЈЌИ, СО ДРУГА БОЈА - ТЕМАТСКИ Монотонијата на еднобојниот фустан, особено ако е црн, секако дека ќе ја разбиете со друга боја, исто како и тематски. Понекогаш ви треба само една силна внатрешна инспирација за тоа и сигурно ќе предизвикате внимание, оставајќи добар, силен впечаток. Исто така и оригиналноста, уникатноста игра важна улога. Без разлика дали ќе одите на гала-вечера, прием..., советите на креаторите, стилистите благодарејќи на нивните мудроштини, трикови ќе ви се најдат во безизлезните ситуации, навидум. Следејќи ги, место за грешка нема да има. Внимателно избраниот накит е особено важен за дополнување на визуелниот ефект, држејќи се до правилата. Од самото деколте зависи должината на ѓерданот. Ако е високо, ставете кратка ниска од бисери, скапоцени камења... И обратно. Доколку изрезот е низок,

32 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ

ѓерданот нека биде подолг, максимум 80 см. Нема да погрешите и ако се одлучите за впечатлив, со крупни, големи камења, украси. Долгите обетки делуваат гламурозно, а истовремено ќе ви го издолжат (визуелно) и вратот и лицето, свртувајќи го вниманието на нив. Тие најубаво се спаруваат со горедолу иста гривна (белезица), но и со малку инаква. За пренатрупаноста да ја избегнете, мора да постои заемен однос меѓу накитот и фустанот. Доколку едниот има повеќе украси, другиот нека се карактеризира со минимализам. Не комбинирајте различни материјали, а фокусот, пак, не го ставајте и на накитот и на чантата и на чевлите, за да не дојде до дискрепанција. За есенцијалноста на обувките не треба да се полемизира, тие се сублимен дел од гардеробата за секоја прилика. Чевлите со високи потпетици ќе ве издолжат, секако - илузорно. Притоа не ја жртвувајте удобноста за сметка на изгледот. Нема да згрешите и ако се решите за ниски потпетици. Златно правило е висината на потпетиците да биде обратнопропорционална со должината на фустанот. Исклучоците знаат и да изненадат, во добра смисла. Не се препорачува металик боја, нека се црни со розови детали на пример. Нијансите би требало да соодветствуваат на другите, во целина. Битно прашање всушност е и рамнотежата, мора да ја има во сè. Класиката е незаобиколна кога се работи за настани со формални содржини.

Обувките и чантата се дополнуваат меѓусебно. Изборот секако

е прашање на вкус, но и спарувањето има големо значење.

Дисбалансот е можен само во релаксирана атмосфера, мислејќи на боите. Мора да биде мала, колку што е потребно да ги збере личните документи, карминот, мобилниот... Се држи в рака, под мишка или на рамо. Деталите се важни, пожелно е да кореспондираат со истите на другите модни додатоци, вклучително и фустанот. Ако изобилува со апликации, украси..., ташната нека биде поедноставна. И никогаш не ја претрупувајте со излишни работи, за да не се изобличи.

КОГА СОФИСТИЦИРАНОСТА ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ СВОЈОТ ЗЕНИТ... Ременот (појас, колан, каиш) и ешарпата (долг шал), вклучувајќи ги украсите за на глава - венче, капа, шнола..., играат споредна улога во целокупната облека за вечерните излегувања, свечените прилики (гала-вечери, концерти, претстави). Заедно со гореспоменатите би биле премногу. Сепак, доколку се одлучите за нив, редуцирајте ги останатите, но не сите - исклучок е венчето на пример. Место него, ставите капа или пак шнола, изборот е ваш. За истакнување на струкот, ако фустанот е широк, обично се става ремен, иако не се занемарува ни појасот чии апликации (везени) можат да го збогатат фустанот ако е минималистички, без украси. Како и да било, внимавајте на неговата ширина. Тесниот делува ненаметливо, а широкиот е подраматичен. Ускладете го со накитот и чевлите, макар и да се во металик боја. Благодарејќи на ешарпата, софистицираноста ќе го достигне својот зенит. Долгиот шал околу вратот ќе го стопли метафорично и црниот фустан. Во исто време ќе се одликува со уште поголема елеганција и покрај тоа што неговата отменост, префинетост е јасна, разбирлива сама по себе. Ткаенината од која е изработен (кашмир, свила) во голема мера влијае врз воспримањето на луксузот. Нема сомневање, поради нејзината мекост и леснина, свилата асоцира на нешто разиграно. Пријатен за сетилата е и кашмирот, идеален за ладно време. Обете се носат на различни начини: заврзани, наметнати..., постигнувајќи кохезија, поврзаност и со фустанот и со другите аксесоари. Вечерни, се разбира. • Игор Ландсберг

33 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

Единбург

КАКО НА ФИЛМ

СО НАЈДОБРИ СЦЕНОГРАФСКИ

РЕШЕНИЈА

ГЛАВНИОТ ГРАД НА ШКОТСКА, ЕДНА ОД СОСТАВНИТЕ ДРЖАВИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, СИГУРНО ЌЕ ВЕ ПЛЕНИ СО СВОЈАТА МИСТИЧНОСТ НА ИСТ НАЧИН КАКО ШТО ЈА ВООДУШЕВИ ЏОАН К. РОУЛИНГ И ВО ИСТО ВРЕМЕ ЈА ИНСПИРИРА ДА ГИ НАПИШЕ КНИГИТЕ ЗА ХАРИ ПОТЕР. ЗДИВОТ НА СРЕДНОВЕКОВЈЕТО СЕ ЧУВСТВУВА БУКВАЛНО СЕКАДЕ, И ПО КАЛДРМАТА И ВО ЗАМОКОТ НА ВОЗВИШЕНИЕТО ВО СТАРИОТ ДЕЛ, ЗА РАЗЛИКА ОД НОВИОТ КАДЕ ШТО РИТАМОТ Е ЗАБРЗАНТИПИЧНО МЕТРОПОЛСКИ.

Нема сомневање, престојот во шкотската метропола ќе го држите во сеќавањето уште долго по него, претворајќи ги впечатоците во незаборавни спомени. Градот е совршен за туристите чија склоност кон авантурите всушност е пресудна за да го посетат. Не случајно Единбург е познат и како родно место на Хари Потер, младиот волшебник за кој се говори дека е најголемиот феномен по „Битлси“, што го карактеризира нескротлив темперамент и авантуристички дух. Без оглед на фиктивноста, Џоан К. Роулинг била во голема мера инспирирана од тамошната реалност, во смисла на единбуршкиот надворешен изглед, кој дефинитивно делува нестварно. Можеби по малку и мрачно, и буквално и метафорично, во неговото преносно значење. Но, само на прв поглед - бегло, затоа што средните векови по дифолт важат како такви, исполнети со мрак. Кафеаната во која британската писателка ја започнала серијата романи секогаш е полна со гости, нејзини обожаватели. Седела во задниот дел на „The Elephant House“, со поглед на замокот чиј амбиент ги вдахнале и сценографите во нејзината екранизација.

ПРОШЕТКА НИЗ ГРАДОТ НА ДВЕ ТРКАЛА Доколку не сте испланирале ништо за оваа пролет, каде би отпатувале, воопшто не се двоумете - шкотската метропола нека биде ваша крајна дестинација. Во неврзаните разговори со нејзините жители ќе ви кажат дека напролет е најубава, иако секој период од годината има своја драж. Сончевата светлина ја отвора, боите се инакви, вклучително и расположението. Со задоволство ќе ви

34 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ

препорачаат да изнајмите велосипед, на две тркала да прошетате низ градот, алудирајќи на возбудливоста, доживувањето итн. Опсегот на велосипедските патеки во Единбург е импресивен заради неговата широчина. Возењето близу каналот, покрај него и посетата на градската четврт Портобело каде што е плажата, оддалечена само 5 километри од центарот (ни толку), идеално место за да си дадете и малку оддив, се проследени со убави видици. Згора на сè, во пролет започнува и сезоната на маратоните, атлетските дисциплини како трчање на 42.195 м, не заобиколувајќи ги единбуршките знаменитости. Стартуваат и фестивалите чиј број е импозантен, музиката секако е во преден план, исто така и настапите во живо, за сечиј вкус, меѓу нив и децата. Годинава смотрата на науката ќе трае од 30 март до 14 април, додека Интернационалниот детски фестивал ќе се отвори на 25 мај, ќе трае до 2 јуни. Меѓу причините за напролет да ја посетите шкотската метропола се вбројува и цутењето на црешите. Има неколку места на кои глетката е впечатлива, заедно со гужвите на пазарите чии земјоделски производи не само што се органски туку и делуваат инспиративно кај посетителите за да зготват нешто, дегустирајќи го надалеку прочуеното виски на улица, во баровите каде што детално ќе ви се опише и самото правење, со ферментација на жито. Како и да било, искуството нема цена бидејќи во голема мера се сведува на традиција. Доколку се одлучите за туристички водич, маршрутата оставете му ја нему. Во спротивно, планот за движење направете го претходно, за да не губите време на помалку суштествени работи. Секој град е приказна за себе, но вашите интереси нека ја диктираат

обиколката. Секогаш ќе има нешто што нема да успеете да го видите. Можеби следниот пат. Сепак, бедекерите ќе ви ги препорачаат културните, историските знаменитости, вклучително и атракциите по кои е и најпознат. Секако дека истото важи за Единбург. На чело на Шкотска е од 15 век, а модернизмот стапил на сцена во 18 век. Новиот дел на градот им пркоси на средновековните обележја што доминираат во стариот.

Како негов симбол се смета главниот, замокот на возвишението бидејќи постојат и други, помали. Се нарекува и единбуршки, поради неговата доминација. Бил и кралски дворец и воен затвор, служел и за одбрана. Во минатото често го напаѓале и морските разбојници, т.е. пиратите. Историјата е раскажана во брошура и аудиозапис на 12 јазици, која напати е грозоморна. Во исто време

35 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
Музејот на писателите

и фасцинантна. Поради големата посетеност има статус на своевиден трејд-марк од причина што влезницата се наплатува - обичната чини од 15,50 до 19,50 £ за возрасни, цените за пензионерите и децата меѓу 7 и 15 години се намалени. Помалите не плаќаат ништо. Капелата на светителката Маргерит, холот и саатот застанат на еден, заедно со топот надвор, побудуваат силни емоции, а и огромен интерес. Таму се и круните и збирките оружја и каменот на судбината. Направете мала пауза во гостилницата Redcoat или пак во собите за чај на кралицата Ана. Вниманието ќе ви го свртат и останатите: замокот Lauriston, сведокот на стилот, начинот на живеење во почетокот на 20 век, сосе шумата, јапонската градина...; романтичниот Craigmillar каде што се засолнила кралицата Мери во 1566-та; куќата на плоштадот Шарлот, дизајнирана од архитектот Роберт Адам со грузиски белези; една од најстарите градби во Единбург, со фасцинантни, рачно сликани тавани од 1620-та; зградата која некогаш била и и затвор и наплатна рампа и судска палата. Без исклучок на Сент Џајлс, катедралата во која беше положен ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора. Ќе се восхитите од нејзините витражи, капелата и приказната за шкотското витештво. Стара е 900 години, за разлика од седумвековната капела Рослин чии камени обработки се со чудна симболика, но сепак делуваат инспиративно врз уметниците, писателите како Ден Браун за „Кодот на Да Винчи“, книгата од 2003-та, каде што се снимаше и самиот филм.

ВИСКИ СО „ХАГЕС“ И ГАЈДАЏИИ Следствено, уметничката сцена во шкотската метропола како дел од културата е богата и заради таквите (богати) колекции слики, ремек-дела и на современиците и на старите мајстори, како на пример Тицијан, Рембрант, Констабл..., собрани во десетината галерии од кои 3 се национални. Речиси сите работат до 17:00. Повеќето имаат свои кафетерии. А единбуршките музеи, пак, ќе ви раскажат за минатото, историјата на градот, неговите жители. Во светот на познатиот Волтер Скот ќе се нурнете и благодарејќи на установата посветена на писателите, сместена во зданието кое во 2022-ра јa одбележа 400-годишнината од неговата изградба. За да го опипате пулсот на градот преку жителите, нивните страсти, па и карактеристики, посетете ги пазарите на кои се нудат земјоделски, месни, млечни производи, вклучувајќи ги и морските риби, плодови со висок квалитет во изобилство. Продавачите кои во голем број се и производители ќе ви ја всадат навиката за готвење, доколку ја немате, ќе ви откријат понекоја тајна, колку да ве заинтригираат. Неретко се разменуваат и рецепти за специјалитетите на шкотската кујна. Зависно од маркетите, ќе наидете и на домашни ракотворби. Секогаш се полни, а во пролет некако оживуваат. 10 на број, пазарите се присутни во сите бедекери што никако не смеете да ги заобиколите. Ниту продавниците на калдрмисаните улици, во новите квартови. Луксузните брендови се дел од понудата која е приспособена на побарувачката. Доминира стилот на Британците, со шкотска примеса - тартанот може да се види буквално секаде.

Ако не сакате да се заморувате со него (шопингот), прошетајте низ кралската ботаничка градина, оддалечена само дваесетина минути пешачење од центарот. На површина од 70 хектари се засадени дури 100.000 растенија, многу од нив и џиновски. Зоолошката градина со 1.000 животни (коали, фламинга, шимпанза...) е привлечна за децата, исто како и детскиот музеј и занданата каде што ќе се соочат (лице в лице) со членовите на канибалското семејство, злогласните разбојници. Секако, барајќи авантури, можете да слезете и во подземните простории на кралицата Мери, наменети и за живеење, работа меѓу 17 и 19 век. Исто така и околината е атрактивна - колонадата, ридиштето на кое се качуваат младите за да уживаат во глетката, особено навечер кога Единбург е осветлен како во него да се снима филм.

Престојот во шведската метропола секако дека треба да ја искористите за некоја тура врзана за алкохолниот пијалак што се прави со ферментација на жито. Се служи насекаде, па дури и во дуќаните. Се продава во големи количества. Без оглед на категоријата, угостителските објекти ќе ви препорачаат и „хагес“, за вискито да ви легне. Солениот пудинг се прави со срце на овца, дробови (црни, бели), зачини, кромид и овес. Како додаток се ставаат компири, репа. Гајдаџиите секогаш се добредојдени, традиционално облечени. За подобро расположение. • Игор Ландсберг

36 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
Националната галерија на Шкотска
Катедралата Сент Џајлс Кралската ботаничка градина „Хагес“ и виски
37 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Состојки и сос:

• 20 гр. Кромид

• 80 гр. Свежи печурки

• 120 гр. Carnaroli ориз

РИЖОТО ФУНГИ

• 30 мл. Бело вино или Просеко

• 75 гр. Пармезан

• 30 гр. Путер

• 20 гр. Паста од црн тартуф

Подготовка:

Најпрвин кромидот се сечка ситно и се пропржува во тава на малку маслиново масло. Откако ќе добие стаклест изглед се додава оризот и печурките и се пропржуваат заедно. Се додава бело вино (или Просеко), убаво се промешува додека алкохолот да испари и се додава, кутлача по кутлача, бујон. При

крај се додаваат путерот и пармезанот и интензивно се меша, постапката се повторува додека не добиете густа кашеста смеса. Пред крај се додава тартуфа (крем од црн тартуф) и се соединува. Густината на крај ја подесувате со пармезанот. Бидете внимателни, секое рижото се згуснува со ладење.

38 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ГАСТРОНОМИЈА

„ПЕТМИНУТНА ТЕРАПИЈА“ САРА КРОЗБИ

Оваакнига е твојот џебен терапевт.

„Петминутна терапија“ лесно и едноставно помага во процесот да се биде најдобра верзија од себеси. Кој сум јас? Што воопшто значи таа страшна фраза „Само биди свој“? Што значи да се биде „автентичен“? Во „Петминутна терапија“, психотерапевтката Сара Крозби ќе ти помогне да ги најдеш одговорите на овие прашања со помош на психолошки истражувања, вежби и насоки што можеш да ги примениш во твојот живот, чекор по чекор.

Вклучувајќи ги поглавјата приврзаност, граници, разговор со себеси, тригери, кородителство и др., оваа книга ќе ти помогне да ги најдеш долгопосакуваната среќа, самодоверба и смиреност во себе и во твоите односи со другите луѓе.

Без разлика дали моментално имаш чувство дека добро се познаваш себеси или се чувствуваш малку изгубено во животот, можеш да ја искористиш оваа книга за да размислуваш, да го продлабочиш твоето разбирање за одредени делови од твоето искуство, со надеж дека ќе почнеш да ги препознаваш и промениш старите навики, а, исто така, и да создадеш нови начини на егзистирање. •

читаj, гледаj, слушаj...

„ETERNAL SUNSHINE“ ARIANA GRANDE

Поповод 8 Март - Денот на жената, познатата уметничка го промовира новиот студиски албум, седми по ред - „Eternal Sunshine“, во соработка со Republic Records. Како продуцент се потпишува Max Martin, заедно со пејачката и Ilya Salmanzadeh. Синглот „Yes, And?“, претставен во јануари (12ти), веднаш се искачи на врвот на Billboard Hot 100, означувајќи го како нејзин 8-ми сингл број еден во САД. Откако го промовираше „Positions“ во 2020-та, односно 19 месеци по него, Аријана Гранде изјави дека нема да снима ништо додека не го заврши „Wicked“, дводелниот мјузикл чија премиера е најавена за ноември. Сепак, лани во месец октомври на инстаграм се демантира себеси, најавувајќи го „Eternal Sunshine“ и соработката со шведскиот продуцент кој е и автор на музички дела. Објавата на заедничката фотографија, снимена во њујоршкото Jungle City Studios, беше потврда дека се работи наголемо. Подоцна информира дека снимањето започнало во септември, откога ја известиле за прекинот во работата на „Wicked“ поради штрајк. Албумот се состои од 13 песни. „Intro (End of the World)“ и насловната ги претстави во јавноста на 27 јануари, додека „Bye“, „Supernatural“ и „We Can’t Be Friends (Wait for Youl Love)“ на 7 февруари. Останатите 7 ги држеше во тајност до крај. •

„FERRARI“ (ФЕРАРИ)

Премиерата на филмот се одржа во Венеција, на минатогодишниот 80-ти филмски фестивал, додека во киносалите се прикажува од крајот на 2023-та, прво во Америка. Жанровски, се работи за драма (биографска, спортска), заснована врз „Enzo Ferrari: The Man, the Cars, the Races, the Machine“ (Енцо Ферари: Човекот, автомобилите, трките, машинеријата), книгата на Brock Yates од 1991-ва. Инаку, филмот говори за деловните и приватните борби на Италијанецот кој во 1939-та ги поставил темелите на луксузниот автомобилски бренд, фокусирајќи се на подготовките за 24. издание на Mille Miglia што се одржа во1957-ма, летото. Добро е познато, натпреварувачите од Scuderia Ferrari - Pierro Taruffi, Wolfgang von Trips и Olivier Gendebien ги освоија првите три места. Критичарите го оценија филмот како одличен. Исто е мислењето и на National Board of Review кој го вброи меѓу 10-те најдобри за 2023 година. Жанр: биографски, спортски филм - драма Актери: Adam Driver, Penélope Cruz, Shailene Woodley, Sarah Gadon, Gabriel Leone, Jack O’Connell, Patrick Dempsey Режија: Michael Mann •

39 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk

Висока технологија ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ НА МЕСЕЧИНАТА СЛЕТУВА ЗЕМЈИН САТЕЛИТ. ТОА НЕ Е НИШТО НОВО, НО НЕКОИ АГЕНЦИИ ЗА ТОА ОТСТАПИЈА ГОЛЕМ ПРОСТОР ВО МЕДИУМИТЕ. ПОВТОРНОТО СЛЕТУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА, НО ОД ПОИНАКОВ АГОЛ.

МИСИЈА НАРЕЧЕНА „МЕСЕЧИНА“

Откако

постои човештвото, постои и желбата за летање. Човекот сакал да биде како птиците, да лета. Позната е легендата

за летот на Икар. Потоа на 17 декември 1903 година браќата Рајт полетаа со сопствен авион од Кити Хок. Во приказната за првиот лет се споменува и Густав Вајтхед, кој на 18 август 1901 година во Бриџпорт, Конектикат, летал со својата направа околу 2,5 км, а вториот пат на 17 јануари 1902 год летал дури 10 км во Лонг Ајленд Саунд. Потоа се спомнува и Клемент Адер, кој во 1890 година со своето летало (потешкo од воздухот) прелетал 50 м. Најмногу од сите прелетал Хенри Гифард во 1852 година, неверојатни 27 км со летало на парен погон. Исто така, се споменува името на бразилскиот конструктор на летала и пилот Алберто Сантос-Думонт, тамошната документација вели дека тој е првиот човек што успеал да полета со авион.

По почетните чекори во летањето дојдоа двокрилците, потоа побрзите еднокрилци, а по нив млазните авиони за време на Втората светска војна. Пробивањето на звучниот ѕид од Чарлс (Чак) Јегер со авионот „икс 1“ е веднаш по војната и токму во тие години човештвото тргна кон вселената со леталото „спутник 1“ - 4 октомври 1957 година, а потоа на 12 април во 1961 година и првиот човек, Јуриј Гагарин, беше пратен во вселената со леталото „восток 1“. Потоа на ред доаѓа 16 јуни 1963 година, Валентина Терешкова стана прва жена космонаут. Лансирана е во вселената со Восток 6 и таму орбитира околу Земјата над 70 часа. Првиот сателит („луна 9“) слетува на Месечината во 1966 година. По три години подоцна,

21 јули 1969 година, американската технологија успева да слета на Месечината со тројца космонаути, а Нил Армстронг е првиот човек што стапнал на неа. Тоа е чиста „војна“ помеѓу руската и американската наука и технологија за вселенски престиж, а им се придружија над 30 држави.

Шест тима космонаути беа на Месечината, почнувајќи со Аполо 11. Сателитот Одисеј направен од Интуитив Машинс (и НАСА) минатиот месец слета на Месечината. Светов е обземен од туристичка треска. И обични луѓе почнаа да одат во вселената на прошетка. Второ, сакаат Месечината да ја претворат во отскочна штица за понатамошни вселенски истражувања. Потоа со економската „логика“ сакаат да ја претворат Месечината во голем рудник. Со децении планираат да направат бази на Месечината, а потоа да вршат најразлични испитувања од типот одгледување храна, набљудување на тимовите од луѓе како живеат таму и како секојдневно се снаоѓаат во поинакви услови. Сегашниов свет прво мисли на заработувачката, нема да бидеме далеку од вистината ако кажеме дека освојувањето на Месечината и планетата Марс се прави за да се стекнат со економска моќ и престиж. На пример, конструирањето чипови во вселенскиот простор придонесува за значително подобар квалитет, но ќе произведуваат и вакцини бидејќи таму некаде во вакуум просторот сè е стерилно. Се чека технологијата да оди напред и да поевтини производството, за да биде заработувачката што поголема. На пример, на Месечината има минерали од кои може да се про -

40 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| HI TECH

изведува накит. Дури и производителите на автомобили имаат програми за развој на вселенската технологија. Џенерал Моторс со децении соработува со НАСА, а Хонда во овој миг развива технологии за освојување на Месечината, но и вселената. Хондиниот робот Асимо со децении го развиваат и со секоја генерација е сè посовршен, да не зборуваме за производите на компаниите како Бостон Роботикс и другите. Слични или исти намери имаат:

Тојота, Киа, Хјундаи, но и некои кинески производители на автомобили, иако тие се најмлади во однос на другите што имаат едновековна традиција во индустријата на четири тркала. Брзиот напредок на технологијата им овозможува на речиси создадените компании да бидат рамо до рамо со најпознатите во светот, но и да

АВТО

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ОБУКА ЗА „ А “ КАТЕГОРИЈА.

Плаќајте на рати.

HI TECH |
| 02/3181-240 072/228-195 www.avtoskolamobiliti.mk
ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС
ПОЧУСТВУВАЈТЕ ЈА СЛОБОДАТА!
ТОРТА СО 35 РОДЕНДЕНСКИ СВЕЌИЧКИ

ПОМИНАА ТРИ И ПОЛ ДЕЦЕНИИ ОД НЕГОВАТА ПРВА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА И ДЕНЕС ВО СВЕТОТ ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ПРЕМИУМ КЛАСАТА. ТОА Е ЛЕКСУС, ПРОИЗВОДИТЕЛ ШТО ЗА МНОГУ КРАТКО ВРЕМЕ УСПЕА ДА СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ.

детално го разгледате производството на автомобили во Јапонија, посебно во децениите од втората половина на минатиот век, ќе забележите дека нивниот фокус е насочен главно кон северноамериканскиот пазар, потоа кон азискиот и австралискиот, а европскиот не бил многу интересен за нив . Зошто на северно американскиот пазар? Затоа што тој пазар финансиски е најстабилен и троши најмногу пари на нови автомобили. Јапонската индустрија со децении бележи огромни продажни резултати насекаде низ светот. На северноамериканскиот пазар јапонската автомобилска индустрија се судри со конкуренција за која немаше одговор - луксузните автомобили од тамошните производители, особено од европските, на пример „кадилак“, „бмв“, „мерцедес“, „ауди“, „волво“, „сааб“. Нивните автомобили беа подеднакво квалитетни како

тие од премиум класата, но им недостасуваше луксуз. И тука почнува приказната за луксузната јапонска дивизија. Најмоќните Тојота, Хонда и Нисан, во една деценија исфрлија свои луксузни марки од премиум класата. Нисан со Инфинити беше прв во 1985 година, Хонда втора со Акаура во 1986 г. и Тојота во 1989 год. Планот на Тојота за создавање премиум марка почна во 1983 год. под водство на Еиџи Тојода, заменикот на Соичиро Тојода. Компанијата Тојота и тогаш и сега е најмоќна на планетава, произведува и продава најмногу моторни возила. Во 80-тите години од минатиот век овој производител располагал со најмногу пари - над две милијарди долари. Тојота тргнала во најголема тајност да прави луксузна марка - автомобили од премиум класата.

42 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
Ако
Lexus Првиот кабриолет „лексус сц 430“ - 1999 Еиџи Тојота, основачот на Лексус

Планот имал кодирано име „Проект Ф 1“ (Ф 1 - флегшип уан). Практично Тојота тргнала од нула да прави сосема нова марка и тоа од висока класа. Како појдовна точка послужиле „тојота супра“ и „тојота марк II“. Двата модела имале мотор со шест цилиндри во линија и пренос на задните тркала. Потоа ја разгледале рачно направената лимузина „сенчари“ со V8 мотор и детално ја набљудувале популарната лимузина „краун“. И од тие модели конструкторите тргнале да направат луксузна лимузина. Моделот „сенчари“ е рачно направена лимузина со конзервативен дизајн, наменета исклучително за домашниот пазар. Дури по обновувањето на обликот во 1982 година Тојота почнала да ги извезува и „сенчари“ и „краун“. Следувале многу часови тестирања на основата, доработување, тимовите работеле на новата марка автомобил не знаејќи дека тоа ќе биде нешто сосема поинакво. Во пролетта 1985 година тие што работеле на проектот „ф 1“ биле поделени во две групи. Едната имала задача да направи план, односно да одреди кои купувачи ќе бидат заинтересирани за купување јапонски луксузен автомобил од премиум класата. Втората група имала задача да работи на основата, шасијата и нејзино урамнотежување со менувачот, погонската единица, но и со школката. Сето тоа добро да се тестира, потоа во детали и точно да се забележат сите испитувања и дури тогаш да следува нивно составување.

ПРВИОТ ПРОТОТИП БИЛ ПОДГОТВЕН ЗА ТЕСТИРАЊЕ ВО ЈУНИ 1985 ГОДИНА На конструкторите им биле потребни околу две години за да дојдат до стадиум на прототип. Автомобилот бил именуван „лс 400“. По претставувањето на прототипот во фабриката, двата тима започнале со ригорозни тестирања и отстранување на недостатоците што се појавувале при возењето и испитувањата. Во тие месеци американските и германските улици и патишта станале дом на прототипот „лс 400“. Цели две години прототипите биле тестирани секој ден. Во тие тестирања дизајнерите заедно со Еиџи Тојода го утврдиле крајниот облик. Тоа се случило во мај 1987 година. Откако го сториле тоа, тимовите и натаму ја тестирале лимузината „лс 400“, а новосоздадениот тим, третиот, ги правел подготовките за сериско производство. Веќе се гледал крајот на подготовките и конечно во јануари 1989 година лимузина „лс 400“ официјално излегла од фабриката и се упатила кон северниот дел од САД на светска премиера. Тогаш секоја година во јануари започнувал еден од четирите (петте) најголеми саемски манифестации, Салонот за автомобили во Детроит. Веднаш по премиерата во Детроит, „лексус лс 400“ е изложен и на Салонот за автомобили во Лос Анџелес. Истовремено при претставувањето на марката Лексус и на знаменосецот, моделот „лс 400“, претставен е уште еден модел, помалата лимузина позната под името „ес 250“. Една марка со само два модела тргнува да води битка со познатите Ауди, БМВ, Мерцедес, СААБ и Волво, но и со Акура и Инфинити.

Веднаш по светската премиера Лексус влегува во продажните салони истата година во септември. Енормно големиот успех уште во првата година од продажбата многу ги изненадил учесници во проектот. Иако Лексус во семејството сè уште немал најмала лимузина што ќе биде директен противник во компактната премиум класа („тројката“ од БМВ, „а четворката“ од Ауди, „ц класата“ од Мерцедес, „с 60“ од Волво итн), сепак во мај во 1991 година го претставува своето прво спортско возило „купе сц 400“.

Мошне интересен е распоредот како Лексус ја обликува својата гама од модели. Има две лимузини и едно купе и одеднаш претставува „сув“ возило во октомври 1997 година. Практично, „рл“ е првото возило на Лексус за забава („сув“). Од овој „сув“ Лексус развива возило од ист та-

ков вид („сув“), но со теренски способности. Ова возило „л икс“ првпат е претставено во октомври 1997 год. Само по една година Лексус ја проширува гамата од сув возила со теренски способности - моделот „р икс“ во октомври 1998 г.

Упорноста на Тојота доведува до уште еден успех во ноември 1999 год. Лексус продава милион возила во САД. На прагот на новиот милениум Лексус го зголемува семејството со најмалата лимузина „ис“ што во иднина е директен соперник на, „ауди а 4“, „бмв 3“, „мерцедес ц класа“,

„волво с 60“ итн. Моделот „ис“ првпат се појави под името „тојота алтеца“ во октомври 1998 година и тоа само за јапонскиот пазар, „лексус ис 200“ наменет за европскиот пазар се појави во 1999 година, во 2000 година е премиерата за северноамериканскиот како „ис 300“, односно со поголема погонска единица.

Лексусовата машинерија не застанува и во март 2001 година го претставува купе кабриолетот „сц 430“, директен конкурент на легендарниот „мерцедс сл“. Ќе биде запаметена 2005 година по претставувањето три

пред светот го

хибриден модел „р икс 400 х“, а по него следуваат новите генерации од моделите „гс“ и „ис“. Полека, но сигурно настапуваат хибридите, на пример, лимузината „гс 450 х“ во 2006 година, а една година подоцна лансиран е хибридот од лимузина „лс 600 хл“, прва во светот со хибриден погон и V8 бензински мотор.

43 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА |
Првото купе на Лексус, моделот „сц 400“, 1991 „Лексус р икс“, сув возило од 1998 Помалата лимузина „ес“, 1989 модели. Тогаш Лексус покажа првиот

Во 2022 година моделот „ис“ дојде до бројката „500“, односно некогашниот „ис 200 - 300“ доби уште полуксузна и поснажна изведба. Потоа следува моделот „л икс“, „н икс“, а по него „р икс“, „рз“, „лм“, „ес“, а најнов е „г икс“ моделска 2025 година.

Почна со два модела во 1989 година, а денес има повеќе од 15, како и подмодели. Тојота создала луксузна марка Лексус, но при градењето на името и на сè друго, челниците сакале нивниот производ да биде подостапен од другите во класата. Сите велат дека Лексус нуди возење многу поинакво од другите автомобили - друга димензија, а неговата доверливост и врвен квалитет станаа негов заштитен знак.

Седиштето на главнината се наоѓа во Нагоја, Јапонија, а двата оперативни центра се наоѓаат во околината на белгискиот главен град и во малото американско место Плано во Тексас.

Заштитниот знак, посебното „л“, е изработуван од тојотиниот дизајнерски тим од 1986 до 1989 година, но паралелно амблемот го создавала и компанијата Хантер / Коробкин. При разгледувањата на двата амблема (заштитни знаци), челниците сепак го избрале од Хантер / Корабкин во 1989 година. • Жарко Атанасоски

„Лексус рц ф“, 2020 „Лексус л икс“, 2023 ИСТОРИЈА
АВТО-СПОРТОТ

КАКО ПРЕДВЕСНИК НА СООБРАЌАЈНАТА ИДНИНА

ЛЕСНИТЕ ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА МИНАЛЕ НИЗ МНОГУ ТРАНСФОРМАЦИИ ОД СВОЕТО ПОЈАВУВАЊЕ ДО ДЕНЕС, НО ВО ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД ДО 2050 ГОДИНА СЕ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДНА НИВНА МЕТАМОРФОЗА, ПРИ ШТО ЗА ЦЕЛАТА АВТО-ИНДУСТРИЈА ТОА ЌЕ ПРЕТСТАВУВА СЛОЖЕН ПРОЦЕС, ПРОПРАТЕН СО ЗАКОНСКИ РЕГУЛАТИВИ, НО И РЕВОЛУЦИОНЕРНИ И ДОСЕГА НЕПОЗНАТИ ТЕХНОЛОШКИ ДОСТИГНУВАЊА.

Климатските промени се случуваат пред нашите очи, а човечката популација е исправена пред предизвикот за зачувување на животната средина, во прва инстанца преку елиминирање на негативните појави. Сообраќајот е крвоток на едно општество, па иднината во таа смисла е започната со прецизна дијагноза, а ќе продолжи како дел од една глобална стратегија за еколошки прифатлива мобилност.

Девственото лице на природата е нагрдено во однос на пред-индустриската ера, затоа што на крајот од 18 век тогаш унапредените изуми како парната машина и парната локомотива биле причина за појава на првата индустриска револуција, додека втората индустриска револуција доведе до широка примена на машините во фабриките еден век подоцна. Преку согорување на разни ресурси била создадена потребната енергија, но во исто време тоа може да се смета и за момент кога многукратно почнала да се зголемува и емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата.

Денешните научници го земаат јаглерод диоксидот како основа за објаснување на „ефектот на стаклена градина“, но и како репер за споредување со другите „стакленички гасови“ како метанот и диазот оксид.

Учеството на друмскиот сообраќај се проценува на 16% од вкупната емисија на стакленички гасови, според анализата на OICA. Оттука, една од целите на оваа „специјална мисија“ ќе биде и создавање алтернативи за автомобилската индустрија. Моторите со внатрешно согорување се посочени како најголеми загадувачи, бидејќи користат фосилни горива, со чија употреба се создаваат гасовите кои и штетат на човековата околина. Со Парискиот договор, кој е усвоен во декември 2015 година, конституирана е стратегијата со која во 2100 година ќе се дојде до извесни резултати. Овој договор е легално обврзувачки и е потпишан од 196 земји во светот. Во 2022 година се смета дека просечната температура била покачена за 1,15 степени на светско ниво, но во оптимистичкото сценарио по достигнувањето на пораст од 1,8 степени Целзиусови во 2050 година, во 2100 година ќе се постигне тоа да биде намалено на 1,5 степени на светско ниво.

45 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

Процесот на декарбонизација бара сериозни зафати и лимитирање на идните штетни емисии на гасови од лесните патнички возила, кои според една публикација на организацијата „Green Peace“ во 2019 година во 99 отсто користеле мотор со внатрешно согорување. Возилата со електричен погон имале само 0,5 отсто удел од пазарот, но таа бројка е во континуиран пораст. Анализите на „Блумберг“ велат дека ако во 2019 година имало вкупно 2,2 милиони возила (збир од оние кои се целосно електрични и хибриди), во 2023 година таа бројка се движи околу 13,8 милиони, а за 2024 година се предвидува продажба на 16,7 милиони возила. Во извештајот на „S&P Global“ цитирани се бројките од 25% учество во пазарната продажба за 2025 година, односно 68% за 2030 година.

Според Државниот завод за статистика емисијата на стакленички гасови во Македонија флуктурирала од 11.687 кило-тони во 2003 година до 12.863 кило-тони во 2011 година. Истата организација укажува дека учеството на патничките моторни возила кои имале старост до 10 години од осамостојувањето на државата па наваму е во опаѓање (1990 = 24,5% наспроти 2012 = 15,2%). Истовремено, бројот на возила чија старост е над 10 години е во континуиран пораст (1990 = 60,1% наспроти 2012 = 73,2%). Сето тоа резултира со зголемување на просечната старост на патничките возила од 15,4 години во 2004 година на 19,5 години во 2021 и 2022 година. Европската унија подготви закон за да се забрани продажба на нови возила со мотор за внатрешно согорување од 2035 година. Датумот беше утврден бидејќи како просечна старост на едно возило се смета период од 15 години, а целта на законодавците е до 2050 година да се добие состојба „нето нула“, поточно баланс меѓу емитуваните стакленички гасови и оние што се „заштедени“ со употребата на новите решенија. Притоа, за да се дојде до „нула емисија“ на јаглерод диоксид во 2050 година потребно е најмалку 45 отсто намалување на емисиите веќе во 2030 година (СО2) или -55% стакленички гасови. Глобално, се посакува до 2050 година 88% од вкупната енергијата да доаѓа од обновливи извори, плус 8% од нуклеарна енергија, а само 2% да останат базирани на фосилните резерви.

Во вака јасно дефинираната стратегија се случи своевиден заплет: во 2023 година беше усвоен амандман со кој моторите со внатрешно согорување ќе останат „во живот“ кај лесните патнички возила, но само доколку користат синтетички горива кои што се неутрални по прашање на емисијата на јаглерод диоксид.

Формула 1 веќе направи извесни чекори во насока на подобрување на имиџот на спортот, бидејќи тркачките конструкции го подигаат адреналинот кај еден дел од публиката, но наспроти беа оние кои во спортот гледаа само безмилосно загадување. Во 2009 година за првпат се имплементираше хибридна технологија насловена како„ KERS“ (Kinetic Energy Recovery System), преку која топлината ослободена низ сопирачките беше користена за полнење на електро-мотор, за потоа повторно да се користи во погонот. Од 2014 година, беше намалена зафатнината на моторите од 2.000 на 1.600 сантиметри кубни, при што новите конструкции имаа турбо-полначи и подобрени и проширени системи за складирање и користење на обновливата енергија.

По три мандати на поранешниот претседател Жан Тод, во декември 2021 година раководењето со ФИА го презема Мохамед Бен Сулајем, а една од неговиоте први одлуки беше онаа дека фосилните горива немаат иднина во авто спортот. Од 2026 година сите екипи што ќе се натпреваруваат во најелитното светско првенство, ќе користат исклучиво синтетички горива.

– Синтетичките горива не се разликуваат од горивата добиени од сурова нафта, гледано по својот состав или карактеристики. Нивната разлика е во потеклото. Класичните горива се јаглеводороди (јаглерод + водород), кои се дестилираат како деривати на суровата нафта. Синтетичките горива се добиваат од други суровини. Така, во зависност од дефиницијата или авторот, за синтетички горива како ресурс се користи јаглен (преку синтетички гас) и во реакција со водород се создаваат јаглеводородни (јаглерод + водород) течни горива. Други „полиберални“ автори, како суровина во процесите на создавање на синтетички горива дефинираат и природен гас, биомаса, мешан комунален отпад. Пошироките дефиниции, дозволуваат да се употребуваат сите наведени суровини, а излезното гориво од процесот може да биде: гасно, течно или „чисто“ цврсто гориво,– вели Проф. Д-р Даме Димитровски од Машинскиот факултет во Скопје.

46 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Според него, ќе треба да се води сметка за тоа колку едно синтетичко гориво е еколошко или зелено, притоа земајќи предвид повеќе параметри: колку и какви ресурси се употребени за да се добие синтетичкото гориво и колку емисии на отпадни гасови се емитувани во животната средина за производство на 1 MJ (или Мега Џул) енергија од синтетичко гориво. Така, во „зеленоста“ на горивото ќе предничат постројки што за производство користат отпад, биомаса или биогас, а како енергенс во процесот на создавање на горивото користат обновлива енергија со мал јаглероден отпечаток.

Но, професорот Димитровски предупредува дека во зависност од моторот во кој ќе се согорува синтетичкото гориво, може да се очекува дека измерената издувна емисија на возилото да биде идентична со онаа на класичното гориво. Поради тоа, тој очекува расплет со продолжувањето на „работниот век“ на моторите со внатрешно согорување.

– Иднината на моторите со внатрешно согорување во транспортот е извесна и светла. Моторите се употребуваат за најразлични намени и во различни сектори. Сепак, моторите доминираат како погонска машина во транспортот: бродски, патен, товарен и патнички, во сите сегменти. Студиите за применети технологии во патничките возила, кои опфаќаат проекции за до 2050 година, предвидуваат дека и во 2050 моторите со внатрешно согорување ќе доминираат во автомобилскиот пазар. Секако, зависно од тоа дали продажбата на возила ќе биде по пазарен метод или ќе биде регулирана со дополнителна легислатива за форсирање на некои видови „позелени“ технологии, застапеноста на новите технологии во уделот на возила во 2050 се менува. Сепак, дотогаш, на нашите улици ќе можеме да видиме возила на бензини, на гасни горива (метан, водород), хибридни возила со два погонски системи, батериски електрични возила и се очекува да има пазарна изведба на возила со горивни ќелии, а кај потешките возила покрај другите технологии сè уште ќе се вози дизел моторот, подобрен и

усовршен. Согласно веќе видените трендови од Формула 1, неговите очекувања се дека иднината ќе доведе моторите во возилата да имаат намалена зафатнина, но и дополнителна контрала и управување со процесот на согорување. Дополнително се очекува и оптимизирање на системите за намалување на штетноста на издувната емисија, како и искористување на „отпадната топлина“ за создавање дополнителна енергија. Но, не треба да се заборави дека и во други спортски натпреварувања се тестираат други технолошки решенија што имаат примена и во автомобилската индустрија. Покрај Формула 1 која се одржува веќе 75 години, последново десетлетие востановена е и Формула Е, каде што се натпреваруваат болиди кои исклучиво имаат погон на електрична енергија. Од 2022 година се во оптек болиди од таканаречена „генерација 3“, додека на крајот од 2026 година ќе биде воведена и „генерација 4“. Станува јасно дека обликувањето на иднината зависи од нашите чекори и дека авто-спортот е одлична платформа за нивно тестирање и развој. Апелот за подигнувањето на свесноста на граѓаните дека секој мора да направи сопствен придонес во поглед на намалување на емисиите на стакленички гасови, веројатно најлесно може да се претвори од зборови во дела токму преку автомобилите и секојдневието во сообраќајот. Исполнувањето на зацртаните цели од Парискиот договор се за општо добро, а истите претставуваат правна обврска на секоја земја, а со тоа и на нејзините жители. Борбата за зачувување на животната средина и ставањето на климатските промени под контрола ќе го одбележи 21 век и нема да остане индустрија која нема да биде повлијаена. Спортот и трките се во истата агенда. • Александар Табаковски

47 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

WEC – 1.812 km на Катар

ТРОЕН ПОДИУМ

ЗА PORSCHE

ПОБЕДАТА НА PORSCHE Е ПРВА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ВО WEC ПОСЛЕ ПАУЗА ОД 7 ГОДИНИ. ПОСЛЕДЕН ПАТ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ОД ЦУФЕНХАУЗЕН ИЗВОЈУВА ПОБЕДА СО PORSCHE 919

HYBRID НА ПАТЕКАТА ЛОУН СТАР ЛЕ МАН ВО ОСТИН, ТЕКСАС ВО 2017 ГОДИНА.

Возбудлив

старт на она што се очекува да биде исклучително интересна сезона во Светскиот шампионат на трки на издржливост на FIA, или FIA World Endurance Championship – WEC. Воведниот настан на патеката Лосаил во Катар следен од три слободни тренинзи, две квалификациски сесии и безмалку 10 часовната трка беа место за плакнење очи на љубителите на мотоспортот. Со вкупно 37 возила на патека, 19 од класата Hypercar и 18 од класата LMGT3 мотодромот во Катар беше глетка од која запира здив. Ниту еден друг шампионат на планетата не вдомува олкаво шаренило коњски сили на едно место. Згора, кога ќе се собере дека ова шаренило го создаваат најславните производители на автомобили на светот, не останува место за двојби дека не очекува еден исклучително интересен период во светот на трките на издржливост. Според големината на ривалството годинешниот шампионат можеби може да се спореди со трката 24 часа Ле Ман од далечната 1999 година кога земаа учество најголем број на производители и возила во историјата. Можеби оние тврдокорни зависници од мотоспорт се сеќаваат на овој голем настан кој се споменува кога се сака да се објасни колкава била големината на спортот. Е сега, за разлика од пред 25 години, тоа ќе се случува во текот на цела сезона.

Свесни за новонастанатата ситуација во шампионатот минатогодишниот шампион Toyota Gazoo Racing со резерви ја коментира можноста за одбрана на титулата. Според најтрофејниот возач во тимот Себастиен Буеми, со четири титули зад себе и петата на нишан, одбраната на титулата ќе биде потешка од било кога бидејќи во игра се 19 автомобили од класата Hypercar плус уште една трка во календарот. Предизвикот е значително поголем, како и можноста за судари и оштетувања на возилата ако се земе предвид метежот на патека од 37 возила.

Воведните два дена на патеката Лосаил беа искористени за фино дотерување на параметрите на возилата. Се местеше сетапот и се тактизираше со одмерување на силите. Подготовките за квалификации и за претстојната 10 часовна трка долга 1.812 километри беа во полн ек. Нетрпеливост лебдеше во воздухот и со нетрпение се очекуваше стартот на трката, а воедно и стартот на сезоната. Три слободни тренинзи претходеа на квалификациската сесија која во WEC е одвоена за двете класи. Посебно се квалификуваат возилата од Hypercar, a посебно од LMGT3 за да се избегне метежот на патека кога се форсира за најдобро време. Квалификациите не завршуваат со една сесија. Токму заради метежот има уште една сесија наречена Hyperpole. Оваа сесија ги одвојува најбрзите десет возила во секоја од класите за да им овозможи на празна патека да се изборат за уште подобра стартна позиција. Полпозицијата ја освои автомобилот број 5 Porsche 963 на Porsche Penske со Мет Кемпбел зад волан. Австралиецот на квалификациите оствари време од 1:39.154, а на сесијата Hyperpole со време од 1:39.347 дури беше малку послаб. Сепак и во двата наврати беше подобар од Ник де Врис зад волан на број 7 Toyota GR010 на Toyota Gazoo Racing кој на квалификациите постигна време од 1:39.567, а на сесијата Hyperpole беше побрз со време од 1:39.511. Од вториот ред стартуваа број 7 Porsche 963 на тимот Hertz Jota и број 50 Ferrari 499P на тимот Ferrari AF Corse. А од третиот ред број 6 Porsche 963 на Porsche Penske и број 93 Peugeot 9X8 на Peugeot TotalEnergies. Во класата LMGT3 најдобрата стартна позиција му припадна на број 81 Corvette Z06 R на тимот TF Sport бидејќи имаше најдобро време во сесијата Hyperpolе од 1:54.372. До нив се нареди број 92 Porsche GT3 R на тимот Manthey Purerxcing со време од 1:55.179. За споредба на квалификациите најдобро време од 1:55.619 имаше број 27 Aston Martin Vantage AMR на тимот Heart of Racing.

48 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Стартот на трката беше обележан од голема мешаница во првиот свијок. Никој не очекуваше дека исходот на трката ќе биде предодреден токму на отворањето. Постојаниот ветар нанесува ситен пустински песок врз патеката и наместа ја прави лизгава. Оваа појава иако позната им правеше проблем на возачите и на квалификациите, а се чини дека токму тоа се случи во првиот свијок по стартот. Повеќе автомобили лизнуваа влегувајќи широко во свијокот. Меѓу нив беше и број 7 Toyota GR010 која стартуваше од првиот ред, но веднаш падна во втор план. Судар меѓу број 2 Cadillac и број 93 Peugeot 9Х8. Cadillac претрпува оштетување додека Peugeot останува назад. Мешаницата ја искористи број 50 Ferrari 499P и изби на чело иако неговото водство траеше кратко. Автомобилите на Porsche Penske број 5 и број 6 го престигнаа и ја поведоа трката. Кон средина на првиот час број 93 Peugeot 9X8 со Нико Мулер зад волан напредува брзо. Го престигнува полсетерот број 5 Porsche за второ место, а потоа после еден итар потег на крајот од стартно-целната рамнина го престигнува и број 6 Porsche со Лоренс Вантур зад волан и избива на чело. Вантур не се откажува. Се обидува да возврати и постојано напаѓа, меѓутоа Мулер одлучно ја брани водечката позиција. Во 95 минута од трката Мулер заглавува во метеж од возила до класата LMGT3 кои ги престигнува за цел круг. Вантур користи прилика и се протнува на водечката позиција. Од овој момент број 6 Porsche 963 не го испушта водството до самиот крај. Мудрото менаџирање на предвидените застанувања во питстоп им овозможија на Вантур, Андре Лотерер и Кевин Естре да стигнат до голема победа на стартот од сезоната. Не попушти ниту број 93 Peugeot 9X8 со Мулер, Микел Јенсен и Жан-Ерик Верни. Во поголемиот дел од трката Мет Кемпбел, Фредерик Маковјецки и Мајкл Кристенсен се бореа со мистериозни вибрации на нивниот полсетер број 5 Porsche 963. Го изгубија дури и третото место од

49 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

број 7 Porsche на Hertz Jota со Калум Илот, Норман Нато и Вил Стивенс и во текот на целата трка не успеваа да ги загрозат водечките. Поголеми пресврти и возбудувања во текот на трката немаше се до завршницата. На 15 минути пред крајот на трката водечкиот број 6 Porsche на Porsche Penske со Кевин Естре зад волан имаше контакт со едно од возилата од LMGT3 оштетувајќи ја левата страна. Естре не свесен за настанот беше изненаден кога го повикаа во бокс. Исплашен дека се работи за дефект, подоцна призна дека му паднал камен од срце кога техничарите набрзина ја закрпиле пукнатината во панелот лепејќи нова налепница со стартен број.

Но, работите не беа толку едноставни за број 93 Peugeot 9X8. На два круга пред крај автомобилот застана. Без оглед на обидите на Верни да го стартува, моторот остана нем. Верни продолжи само на електричен погон и едвај мина низ целта празнејќи ја батеријата. Од второ падна на седмо место. Меѓутоа заради кршење на техничките правила, односно не можност на автомобилот да стигне до затворениот паркинг по крајот на трката број 93 Peugeot беше дисквалификуван.

Второто место го наследи број 7 Porsche на Hertz Jota, а третото број 5 Porsche на Porsche Penske. Четврти заврши број 2 Cadillac V-Series.R на Cadillac Racing, петти број 83 Ferrari 499P на AF Corse, а шести актуелниот шампион број 7 Toyota GR010 на Toyota Gazoo Racing. Екипажот на Toyota во текот на целата трка се мачеше да одржи чекор со водечките, а тимот не најде решение за да ги подобри перформансите на нивниот автомобил. Најдобар од новодојдените производители Alpine, BMW, Isotta Fraschini и Lamborghini беше тимот на Alpine кој го освои деветтото место. BMW заврши дванаесетти, Lamborghini петнаесетти, а Isotta Fraschini издржа 5 часа во трка по што мораше да се откаже заради механички проблеми.

Porsche освои тројна победа на отворањето на сезоната во Катар. Успех кој ретко се забележува во трките на издржливост и е најава за намерите на марката во годинешниот шампионат. Оваа победа е прва за Porsche во WEC после пауза од 7 години. Последен пат победи со Porsche 919 Hybrid тогаш во класата LMP1 на патеката Лоун Стар Ле Ман во Остин, Тексас во 2017 година.

Porsche влезе во историјата и со првата победа во новата класа LMGT3 со 911 GT3 R. Победата во Катар ја однесе број 92 Porsche 911 GT3 R на тимот од Литванија Manthey Purerxcing со возачка постава Александар Малихин, Џоел Штурм и Клаус Бахлер. Тие беа во тесна битка во поголемиот дел од трката со број 27 Aston Martin Vantage AMR на тимот Heart of Racing со Ијан Џејмс, Алекс Рибера и Даниел Манчинели зад волан. Сепак, Литванците, во една напната завршница победија со минорна предност од 4,8 секунди. Третото место му припадна на уште еден Aston Martin, број 777 на тимот D`Station Racing со возачка постава Марко Соренсен, Клемент Матео и Ерван Бастард. Тие за влакно г о победија четвртопласираниот број 46 BMW M4 на тимот WRT со легендарниот мотоциклист Валентино Роси зад волан и неговите тимски другари Ахмад Ал Харти и Максим Мартин. Бројот на автомобилот 46 не е одбран случајно. Тоа е бројот што Роси го носеше на своите мотоцикли кои го однесоа до седум шампионски титули. Следната трка нè носи на тлото на Европа. Се вози на 21 април на легендарната италијанска патека Имола во времетраење од 6 часа. • Љубомир Анастасовски

50 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

К олумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ПРИВАТНОСТ

ИЛИ ПОЛИТИКА

МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР КОЈ СЕ ОДВОИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОКОЛУ НАВОДНОТО (СÈ УШТЕ НЕДОКАЖАНО) ДЕЛО НА КРИСТИЈАН ХОРНЕР, ПОКАЖА ДЕКА ЗА ПРИВАТНОСТ РЕЧИСИ И ДА НЕМА МЕСТО ВО ЕДЕН ВРВЕН СПОРТ, КОЈ ШТО Е ЕКСПОНИРАН ВО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ.

Поентата

на оваа колумна не е да се оценува на чија страна е правдата, туку колку нештата излегуваат од контрола кога за една афера ќе почне да се пишува без поседување на факти и без слушање на двете страни. Додека не биде јавно објавена и анализирани

од експертската фела, никој нема да знае каква била содржината на разговорот преку апликација за пренесување пораки и дали таа е со тежина за да предизвика правно дејство?

Во досегашниот тек на оваа „сапуница“, која што не толку одамна ќе завршеше во таблоидите и никој немаше да се потруди да ја дознае вистината, стекнав впечаток дека „чистиот образ“ им е побитен на другите институции отколку на самите инволвирани. Имено, освен Ф1 тимот, своја независна истрага најави и компанијата Ред Бул со седиште во Австрија. Низ медиумите можеа да се прочитаат и пораки од видни личности кои бараа ваквата истрага да заврши пред стартот на сезоната, дури повикувајќи го менаџментот на промоторската компанија да постави краен рок. Делата како „мобинг“ (психичко насилство) и „булинг“ (најчесто сфатен како врсничко насилство, но пошироко се заснова на исмевање или изнудување) секако се спротивни на секоја етичка норма, но со еволуцијата во сегментот на човечките права и заштитата на жените во заедницата, како и нивна рамноправност, се менуваат и правните дефиниции.

Хорнер од самиот старт демантираше дека постои дело, но изјави дека ќе молчи во корист на заштита на истрагата од надворешни влијанија. Но не молчеа неговите колеги, тимските шефови од ривалските екипи, кои бараа јавна разрешница на случајот. Тука политичкиот момент добива на тежина, бидејќи проблематизирањето на случајот во медиумите станува проблем и за повисоките инстанци, кои исто така мора да покажат дека не подржуваат никаква форма на насилство.

Пред некои 15 години, кога изби аферата со намерното излетување на Нелсињо Пике во Сингапур (таканаречена афера „Крешгејт“), казни заработеа одговорните лица во тимот (Бриаторе и Сајмондс) додека возачите минаа неказнето. Сепак, историјата покажува дека Алонсо и ден денес вози во Формула 1, а Нелсињо Пике никогаш повеќе не доби ангажман од ниеден тим, иако беше „свиркачот“ што го откри скандалот. Хорнер е на чело на Ред Бул од 2005 година и е креатор на многу успеси на тимот, па како пожртвуван вработен веројатно е високо ценет во рамки на компанијата. Со тоа не сакам да кажам дека треба да му се прогледа низ прсти, но каква и да било оптужба против него ќе наиде на сериозна анализа и мора да биде навистина основана за неговата „ѕвездена биографија“ да ја добие првата дамка. Од друга страна, во правото позната е праксата дека кога за едно дело се изрекува некоја пресуда, таа остава трага во законодавството и станува дел од судската пракса. Аналогно на последново, не сум сигурен дека вистината ќе биде изнесена на виделина, но очекувам дека овој случај ќе биде пример и ќе послужи за дефинирање на некои норми, како во спортот, така и во законодавството.

Падот на Хорнер би можел да значи и распад на менаџмент структурата на Ред Бул, имајќи предвид дека и Д-р Хелмут Марко е пред пензионирање, а слична е ситуацијата и со Адријан Њуи. Ако се има предвид дека во овие 20 години од своето појавување во Формула 1, токму Ред Бул е најуспешниот тим со бројот на освоени титули и победи, сите до еден (заедно со возачите) се потписници на тие успеси. Распадот (еден ден) е неминовен, но пронаоѓањето соодветни замени може да биде долг процес кој ќе ги исфрли од игра за победите. На крајот од денот, само тие и се паметат. •

51 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk

Светско првенство во Формулa 1

РЕЗУЛТАТИТЕ

НЕПРОМЕНЕТИ, ТУРБУЛЕНЦИИТЕ НА МАКСИМУМ

СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ФОРМУЛА 1 НЕ ДОНЕСЕ НИШТО НОВО ОД АСПЕКТ НА РАСПОРЕДОТ НА СИЛИТЕ КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ДОМИНАЦИЈАТА НА ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ, НО ЗАТОА ВО ПОЗАДИНА „БАБОТАТ“ ПОВЕЌЕ КУЛОАРСКИ СЕНЗАЦИИ.

Стартот

на новата сезона во Формула 1 не ветува големи возбудувања за неутралните фанови на авто спортот, бидејќи Макс Ферстапен уште еднаш демонстрираше страшна доминација и покажа дека и по зимската пауза не постои конкурент што може да го предизвика на дуел за победа во трките.

Иако имаше забелешки за стабилноста на болидот за време на тренинзите, Макс и Ред Бул го пронајдоа вистински рецепт за триумф и стартуваа со победа на Големата награда на Бахреин. На тоа претходеше освојување на првото место во квалификациите со време 1:29.179, но всушност најбитниот факт е дека за Макс ова е 33. пол позиција во кариерата со што се израмни со Џим Кларк и Ален Прост. Доминацијата на Ред Бул беше потврдена и со перформансите кои ги прикажа Чеко Перез. Мексиканецот стартуваше како петти и брзо падна на шестото место, но откако успеа да се консолидира, почна лесно да ги минува ривалите и на крајот рутински заврши како втор. Ферстапен беше далеку пред него со повеќе од 20 секунди предност, а денеска за место на подиумот се избори Карлос Саинц, кој ја доби битката со својот тимски колега Шарл Леклер, иако тој стартуваше како втор. Расел, Норис и Хамилтон се погрижија за британски поредок од петтото до седмото место, додека меѓу првите десет се најдоа уште Пјастри, Алонсо и Строл.

Надвор од трката јавноста беше фокусирана на две вести: истрагата против тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, како и трансферот на Хамилтон во Ферари за 2025 година.

Додека за првиот случај во игра се многу шпкулации, втората вест прерасна во првокласна сензација за само неколку часа. Иако на почетокот од годината Ферари соопшти дека го продолжил договорот на Шарл Леклер, се очекуваше наскоро да биде потврдено дали Карлос Саинц ќе остане негов тимски колега. Наместо тоа, шпанските медиуми добиле информација која наводно потекнувала од таткото на возачот на Ферари, дека неговиот син ќе бара друг ангажман бидејќи Ферари преговара со Хамилтон.

Под притисок на спортските медиуми од Шпанија, Ферари и Хамилтон одлучиле набрзина да го официјализираат трансферот и тоа го објаснува фактот што имаше многумина зачудени и во Англија и во Италија. Италијанскиот дневен весник „Коријере дела спорт“ наведува дека и Шарл Леклер бил разочаран од ваквиот расплет. Наводно, возачот на Монако има повеќегодишен договор со Ферари и првичниот план бил тој да биде лидер на проектот, нешто што сигурно ќе се промени по доаѓањето на големиот шампион од Британија.

52 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

ТАТКОТО НА МАКС МУ ПОРАЧА НА ХОРНЕР ДА СИ ЗАМИНЕ ОД РЕД БУЛ

Предводникот на Ред Бул беше под интерна истрага за непристојно однесување кон женски член на тимот, но на крајот не беше санкциониран, а викендов доби поддршка и од сопругата, поп-пејачката Гери Халивел, која пристигна во Бахреин за да биде во друштво на Хорнер.

Дека случајот нема брзо да биде заборавен говори и изјавата на таткото на Макс, Јос Ферстапен кој побарал разделба на Ред Бул и актуелниот тимски шеф.

– Постојано ќе има тензија додека тој е на функцијата. Тимот се става во опасност да се „распадне“, вака не смее да продолжи, бидејќи еден ден ситуацијата ќе експлодира. Хорнер изигрува жртва, иако тој го направи проблемот, – изјавил Ферстапен сениор за „Дејли Меил“ кој ја објави сторијата, но екипата демантираше и тврдеше дека во тимот постои единство.

Бидејќи спорните пораки на Хорнер се појавија во медиуми, Ферстапен беше посочен како можен извор на истите, но тој одрече дека сторил такво дело.

– Леклер е шокиран и разочаран од одлуката на Ферари, бидејќи не знаеше ништо од тоа што се случи. Од прв и недопирлив возач, сега може да биде само втор возач во тимот, – пишува „Кориере дело Спорт“.

Леклер својот најдобар резултат во Ферари го имаше во 2022ра година кога заврши втор во генералниот пласман, додека Ферари не знае за титула во Формула 1 од 2007-ма година кога последен пат со црвениот болид шампион стана Кими Раиконен.

Од друга страна, Шпанецот Саинц иако му ја донесе единствената победа на Ферари во 2023 година, допрва ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.

- Се чувствувам добро, ова беа интензивни две недели за мене и моето семејство, како и за сите во Маранело. Јас сум фокусиран на тоа што следи, на сезоната која претстои, а која е многу важна за Ферари. Знам како да се носам со притисокот и со стресот, невозможно е да немате стрес пред една трка како член на Ферари. Оваа година е најважна за мене во кариерата, особено кога влегувате во истата како возач на Ферари, – изјавил Саинц. Луис Хамилтон беше спонзориран од Мерцедес уште во младинските денови и преку таа конекција стигна до деби во Мекларен, а потоа и трансфер во фабричкиот тим на Мерцедес како заменик за Шумахер.

- Имав неверојатни 11 години со овој тим и многу сум горд на она што го постигнавме заедно. Мерцедес е дел од мојот живот уште од мојата 13. година. Тоа е место каде што пораснав, така што донесувањето одлука да заминам беше една од најтешките одлуки што некогаш сум морал да ги донесам. Ама ова е вистинско време да го направам овој чекор и возбуден сум што преземам нов предизвик. Засекогаш ќе бидам благодарен за неверојатната поддршка на моето семејство Мерцедес, особено на Тото за неговото пријателство и лидерство и сакам заедно да завршиме на високо ниво. Јас сум 100 проценти посветен да го испорачам најдоброто што можам оваа сезона и да ја направам мојата последна година со Сребрените стрели, една за паметење, - порача Хамилтон кој ја активираше клаузулата во договорот која му овозможи да си замине по 2024 година. И додека карванот на Формула 1 се сели во Саудиска Арабија, аферата со Кристијан Хорнер сè уште нема разрешница, а веќе е на повидок нова при што се шпекулира со името на претседателот на ФИА, кој наводно правел притисоци врз стјуардите за извесни тркачки одлуки. До крајот на март Формула 1 ќе ја посети и Австралија, по што следат априлските трки во Јапонија и Кина, додека европскиот дел на сезоната почнува на 19 мај со трката во Имола, односно Големата награда на Емилија Ромања. • Александар Табаковски

53 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

EXTREME E – Пустинско Икс-При на Саудиска

ШАМПИОНИТЕ

ВО ПОЛН ЗАЛЕТ

ТИМОТ НА НИКО РОЗБЕРГ, ROSBERG XTREME RACING СО ВОЗАЧКАТА ПОСТАВА МИКАЕЛА-АЛИН КОТУЛИНСКИ И ЈОХАН КРИСТОФЕРСОН, ПРЕКУ ПОБЕДА НА ПРВАТА ТРКА ГОДИНАВА ЗАСТАНА НА ВРВ ОД ШАМПИОНАТОТ НАЈАВУВАЈЌИ УШТЕ ЕДНА ДОМИНАНТНА СЕЗОНА.

Стартуваше

четвртата сезона од Extreme E, најзелениот шампионат од светот на мотоспортот. Стартот на сезоната, веќе може да се каже традиционално, е врзан за пустинското Икс-При на Саудиска Арабија кое годинава се возеше во околина на Џеда, град по заштита на UNESCO познат по портата на Мека. Со излез на Црвено море, Џеда е место кое изобилува со корални гребени кои полека исчезнуваат и прави напори за нивно сочувување. Коралните гребени се витална алка во екосистемот на Црвено море и затоа е нужно тие да се одржат. Покрај грижата да се сочуваат почнува проект за нивно проширување преку засадување. Идејата е проектот преку Extreme E треба да добие светска промоција со цел да се привлечат организации кои ќе го помогнат, а воедно ќе го прошират на останатите делови од планетата.

Коралните гребени се суштински столб врз кого се потпира биодиверзитетот во океаните. Едно од четири морски суштества живее околу коралните гребени. Коралните гребени заземаат помалку од еден процент од дното на океаните, а вдомуваат повеќе од

25 проценти од живиот свет во нив. Ако се направи аналогија со човештвото тоа би значело дека коралните гребени во Светското море се дом на повеќе од една милијарда луѓе. Воедно тие ги штитат бреговите на ниските острови од разорната моќ на брановите. Досега планетата загубила околу половина од коралните гребени, а со сегашниот прогрес би се загубиле меѓу 75 и 90 проценти.

Затоа учесниците во Extreme E пред стартот на првиот натпреварувачки викенд од сезоната имаа прилика со нуркање да ги посетат местата каде веќе се засадуваат корали и лично да се запознаат со процесот промовирајќи го пред светот. Оваа водена научна авантура беше совршен вовед во авантурата која ги очекуваше нив и нивните електрични монструми Odyssey 21 на пустинскиот песок. Многу премрежија пред самиот старт на сезоната која наместо минатогодишните десет тима годинава брои осум. Тимот на ABT Cupra лани најави повлекување со цел да се фрли на развој на автомобилот за новонајавениот шампионат Extreme H кој ќе стартува во 2025 година со возила на водород. Меѓутоа во последен момент одлучија да се повлечат и тимовите Carl Cox Motosport, No. 99 GMC Hummer EV Chip Ganassi Racing и X44 Vida Carbon Racing. Тимот на Veloce Racing добива нов спонзор, нови бои и ново име: E.On Veloce Racing. Тимот на славниот диџеј Carl Cox Motosport и тимот на Сер Луис Хамилтон X44 Vida Carbon Racing, исто така, се спремаат за Extreme H.

54 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
Арабија
| СПОРТ

ДВА СОСЕМ НОВИ ТИМОВИ

Sun Minimeal доаѓа од Швајцарија како проект на тамошниот гигант за производство на храна Sun AG. Шеф на тимот воедно и возач е Тимо Шнајдер кој лани возеше за Carl Cox Motosport, a со него возачкото место ќе го дели 22. годишната Швеѓанка Клара Андерсон.

Legacy Motor Club доаѓа од САД како проект на Џими Џонсон легенда во серијата NASCAR со седум освоени титули. Возачката постава ја сочинуваат уште една легенда од светот на трките во мотокрос и во реликрос Тревис Пастрана, а негов партнер е младата ѕвезда во подем 19 годишната Греј Лидбетер која зад себе веќе има титула во Шампионатот во оф-роуд на САД. Воедно таа е и најмладиот, и единствената жена шампион во историјата на овој шампионат.

RXR НА ВРВОТ ВО ПРВАТА ТРКА Без оглед на помалиот број тимови останува минатогодишниот формат на натпреварување каде во индивидуалните сесии наместо пет сега се борат четири екипажи. Минатогодишните шампиони тимот RXR веднаш покажаа дека имаат намера да доминираат и годинава. Освоија се што имаше да се освои во првата рунда. Победија и во првата, и во втората квалификациска сесија, и на крај ја однесоа победата и во Големото финале.

Уште на квалификациите Микаела-Алин Котулински и Јохан Кристоферсон покажаа завидна возачка умешност и се пласираа во Големото финале. Заедно со нив во финалната трка влегоа и тимовите на E.On Veloce и Acciona Sainz кои минатата година беа дел од најдобрата тројка во шампионатот. Четвртиот тим во Големото финале беше Neom McLaren кој годинава вози со нова возачка постава. Здружените сили на новите тимски другари Кристина Гутиерез и Матијас Екстром покажаа постојаност на својот дебитантски настап. Беа втори и во двете квалификациски сесии и така стигнаа до финалето. Големото финале на првата трка во Џеда беше совршен вовед за тоа што не очекува понатаму во сезоната. Во трка која изобилуваше со жестока борба и често менување на водството Котулински и Кристоферсон за влакно беа побрзи од Гутиерез и Екстром. Тимот на Neom излезе во преден план веднаш по стартот. Иако Кристоферсон имаше совршен старт, Екстром успеа да го престигне пред првиот свијок и поведе. Подоцна во трката Кристоферсон искористи мало невнимание преземајќи го водството од Екстром. Ја задржа малата предност до задолжителната смена на возачите и ù овозможи на Котулински да продолжи на врвот. Гутиерез се обидуваше на секој можен начин да ја престигне и да победи на својот прв настап за тимот на Neom. Дури накратко успеа да прејде во водство туркајќи се со Котулински. Но, актуелниот шампион врати со иста мера и по цена на оштетување на возилото од туркање го задржа водството минувајќи прва низ целта. Гутиерез мораше да се задоволи со второто место. Трет заврши тимот на E.On Veloce.

Моли Тејлор ги одбиваше нападите на Фрејзер Мекконел од тимот на Acciona Sainz сè додека Јамајчанецот од преголема желба за успех не го преврте својот Odyssey 21.

Трката за искупување имаше помалку пресвртници. Тимот на Andretti Altawkilat со Кејти Мунингс и Тими Хансен покажа силни перформанси и не дозволи изненадување. Сепак, во оваа трка изненадување имаше. Тревис Пастрана од новиот тим Legacy Motor приреди вистинско шоу кога успеа од последен на старт да стигне до втората позиција предавајќи и ја по замената на Греј Лидбетер која ја задржа докрај. Трет заврши тимот на Џенсон Батон JBXE, а новиот тим Sun Minimeal не заврши.

ФИНАЛЕ ВО ЗНАК НА ACCIONA SAINZ

Тимот на RXR не попушти ниту во втората трка на арабиската пустина. Повторно беше најдобар на двете квалификациски сесии и се пласираше на врвот за во Големото финале. Зад него се пласираше тимот на Andretti кој претходно ја доби Трката за искупување, а трет беше тимот на Карлос Сајнц Acciona. Во Големото финале повторно се најде тимот на E.On Veloce со надеж дека во оваа трка ќе има поголем успех.

После дебаклот во првата трка Мекконел знаеше дека судбината на тимот е во негови раце. Стартуваше совршено и ја поведе трката создавајќи мала, но значајна предност која тимот не ја испушти докрај. По замената Лајла Санц иако беше под голем притисок од Кејти Мунингс не попушти. Ја бранеше водечката позиција експертски и му ја донесе првата голема победа на тимот годинава. Мунингс и нејзиниот тим Andretti мораа да се задоволат со второто место. Зад нив во жесток дуел за третото место се бореа Котулински од RXR и Тејлор од E.On Veloce. Меѓутоа Тејлор се покажа поумешна и ја доби Швеѓанката. По замената дуелот продолжи меѓу Кевин Хансен и Кристоферсон. Но, на крај Хансен беше поуспешниот возач и на E.On Veloce повторно му го донесе третото место. Тимот на RXR после победата во првата трка сега мораше да се задоволи со последното четврто место. Сепак, освои доволно бодови за превласт во шампионатот.

Трката за искупување овој пат ја доби тимот на Neom McLaren, иако стартот заедно со водството во текот на целата трка му припадна на новиот тим Legacy Motor. Американците покажаа одлична возачко умеење иако за првпат се среќаваат со ваков тип возило. Сепак, во завршницата на трката преовлада искуството на тимот на Neom кој успеа да избие на врв и да ја однесе победата. Тимот на Sun Minimeal овој пат ја заврши трката. Беа трети за разлика од JBXE кои не финишираа. После првиот настан од сезоната тимот на RXR со 41 освоени бодови е водечки во шампионатот. На второ место е тимот на Acciona Sainz со 39 бодови, додека трет е тимот на E.On Veloce со 33 освоени бодови. Следниот настан кој треба да се случи е закажан дури за средина на летото 13 и 14 јули, а местото каде ќе се одржи сè уште стои под знак прашалник. • Љубомир Анастасовски

55 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

WRC – Рели Монте Карло и Рели Шведска

ПОЧЕТОК

НА СЕЗОНАТА

ВО ЗНАКОТ

НА HYUNDAI

СО ДВЕ ПОБЕДИ ОД ДВЕ РЕЛИЈА

HYUNDAI ЗАБЕЛЕЖА СОВРШЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ. ПРЕДВОДЕН ОД ТИЕРИ НУВИЛ И ЕСАПЕКА ЛАПИ, КОРЕЈСКИОТ ТИМ ПОКАЖА ДЕКА Е НА ДОБАР ПАТ ДА БИДЕ ГЛАВЕН ИГРАЧ ГОДИНАВА.

Традиционално

двата специјални настани релито на Монте Карло и релито на Шведска кумуваа на отворањето на сезоната во Светскиот шампионат во рели. Нивната непредвидливост која бара брзо прилагодување од возачите и строго казнува и најмала грешка за некого беше мајка, а за некого маќеа. Сепак, од овие два настани најмногу извлече тимот на Hyundai и неговите возачи Тиер Нувил и Есапека Лапи кои се закитија со по една победа. Нувил по втор пат во кариерата го освои моќниот Монте, а Лапи по втор пат во кариерата во Шведска стигна до победа. Секако за тимот на Toyota многу значи отсуството на двократниот шампион Кале Рованпера кој годинава вози скратена програма. Патем во игра влезе новиот систем на бодување кој треба да придонесе за поголема изедначеност на силите на терен.

РЕЛИ НА МОНТЕ КАРЛО Со нетрпение чекајќи го стартот на сезоната со ниет годинава конечно да стигне до титула, вицешампионот Елфин Еванс стартуваше стравично на отворањето на релито на Монте Карло. Буквално леташе низ

двата брзински испити кои го отворија релито во четврток навечер и го доби Тиери Нувил со 15,1 секунди. Дури и на рекордерот со девет победи на ова рели Себастијан Ожие не му беше јасно од каде доаѓа брзината на Еванс. Ожие го заврши првиот ден трет со 21,6 секунди заостанување. От Танак кој се врати во тимот на Hyundai имаше проблеми со мапирањето на педалот за гас. Според негови зборови кога кревал нога од педалот за гас системот сам додавал. Едноставно не можел да му верува на автомобилот.

Велшанецот продолжи со својот напад и во петок. Следеше првиот цел ден од непредвидливиот Монте. Иако се сретна со проблеми заради наместа мраз на асфалтот посебно на утринските испити, во текот на денот условите се подобрија и Еванс остана на врвот. Сега во врат му дишеше неговиот тимски другар Ожие кому му се брза да стигне до десеттата победа на ова рели. Ожие ја намали разликата на 4,5 секунди, а патем го мина и Нувил кој падна на третата позиција откако се изврти на четвртиот испит. Најголемиот напредок Ожие го направи на последниот испит од денот под крилја на ноќта и кога наместа асфалтот повторно замрзна. Очигледно беше дека Ожие знае многу подобро од Еванс да ги прочита овие незгодни точки и затоа успеа да го надвози својот тимски другар. Танак прејде од една беља на друга. Откако техничарите го решија проблемот со педалот за гас, рано утро налета на парче мраз и излета од пат. Среќа собраните гледачи го истуркаа назад и тој продолжи. Сепак загуби време. На исто место излетаа и Такамото Катсута и Грегоар Мунстер кој и годинава ги брани боите на M-Sport Ford.

Според новиот систем на бодување за кого стана збор во воведот на сезоната сабота е пресудниот ден од кого зависи успехот на релито, секако во колку се стигне до целта. Ова сознание како да го разбуди Нувил кој очигледно беше станат на десна нога. Блесна на утрински-

56 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

от предизвик од три брзински испити и ги фрли во сенка возачите на Toyota. Еванс кој пријави проблеми со хибридниот систем на неговиот Yaris падна на втората позиција, а Ожие следствено остана трет откако одлучи да биде внимателен на непредвидливиот асфалт. Нувил продолжи со нападот и во попладневниот круг од три испити. Беше недостижен дури и за деветкратниот победник на ова рели. Ожие кому релито на Монте Карло се смета за домашен настан едноставно не успеа да допре до Нувил. Секако го престигна Еванс и заврши втор на крај на денот, со надеж за голема битка со Белгиецот на последниот ден од релито. Воедно победата на петтиот испит од денот го изедначи Ожие со четвртото место на легендарниот Јуха Канкунен на листата на возачи со најмногу добиени брзински испити во историјата на Светскиот шампионат во рели. Еванс заврши трет. Иако проблемот со хибридниот систем беше решен тој не можеше да најде одговор за брзината на неговите конкуренти. Според новиот систем на бодување на крај од овој ден Нувил освои 18, Ожие 15, а Еванс 13 бодови.

Круг од три брзински испити ги очекуваа возачите во недела, последниот ден од релито. Нувил на кого победата на ова рели му беше на дофат не попушти. Го продолжи нападот од претходниот ден, ги доби сите три испити и освои максимални 30 бодови, плус 7 за победа во недела и 5 за победа на последниот испит Wolf Power. Посебно блесна на последниот, иконата меѓу брзинските испити Кол де Турини. Ова беше голема победа за Белгиецот кој по втор пат слави на ова рели. Првпат блесна во 2020 година кога, исто така, ги победи Ожие и Еванс. Годинешниот успех се чини како повторување на успехот од пред четири години. Ожие призна дека не можел да го следи ритамот на Нувил изјавувајќи дека му симнува капа на Белгиецот. Еванс остана трет, од далеку следен од От Танак, Ејдриен Формо од M-Sport Ford, Андреас Микелсен од Hyundai и Такамото Катсута секако од Toyota.

РЕЛИ НА ШВЕДСКА Паузирајќи од релито на Монте Карло, Кале Рованпера за првпат годинава тргна во акција. Релито на Шведска е настан кој му лежи на светскиот шампион и тој не трошеше време да покаже зошто ја носи титулата. Постигна најдобро време на првиот брзински испит со кого беше отворено релито на Шведска во четврток навечер и го поведе релито заедно со своите тимски другари Такамото Катсута и Елфин Еванс. Првиот испит ниту оддалеку не беше најава за она што ги очекува екипажите на непредвидливите со снег набиени патеки во петок наутро кога стартуваше вистинскиот предизвик од релито на Шведска. Снегот кој постојано паѓаше можеби создаде зимска идила, но им ја отежнуваше задачата на екипажите, посебно на оние што стартуваа во првиот ешалон. Меѓутоа Кале стартуваше седми, се снајде одлично и го продолжи својот напад. Го освои првиот испит од денот. На вториот загуби за малку од Есапека Лапи и беше самокритичен опишувајќи го своето возење како „катастрофа”, а на третиот едвај стигна до целта откако го оштети задниот дел од својот GR Yaris. Во слична позиција се најде и От Танак. Лапи го искористи отсуството на Рованпера и прејде во напад, иако пред себе го имаше Катсута кој достојно ги бранеше боите на Toyota. Сепак, на крај

57 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

на денот Лапи успеа да го поведе релито со мали 3,2 секунди предност пред Јапонецот. Изненадувачки третото место го освои Оливер Солберг од класата WRC2. Ова беше неверојатен успех за Швеѓанецот и неговата Škoda Fabia Rally2 со погон на предна оска кој успеа да го мине Ејдриен Формо и неговата Ford Puma Rally1. Нувил и Еванс имаа навистина лош ден. Покрај фактот што стартуваа први и мораа да ги метат патеките пред конкурентите се сретнаа и со технички проблеми. Нувил имаше проблем со пумпата за гориво, задоцни на старт и заработи казна од 40 секунди кој дополнително го фрли назад во поредокот. Заврши единаесетти. Еванс, пак, се мачеше со замаглено предно стакло за кое никако не можеше да најде решение, сепак успеа да се одржи на петтата позиција. Каскајќи со оштетен автомобил Рованпера едвај успеа да го заврши денот и беше пласиран дури на педесеттата позиција. Пред него на четириесет и деветтата беше Танак.

WRC2 – СОЛБЕРГ ВО ЛИГА САМ ЗА СЕБЕ

Оливер Солберг, 22. годишниот син на Петер Солберг светскиот шампион во рели од 2003 година, доминираше во категорија WRC2 на своето домашно рели. Младиот Швеѓанец водеше наизуст од почеток до крај. Дури се вмеша и меѓу екипажите од WRC. Неговата Škoda Fabia Rally2 се чинеше побрза од хибридните рели монструми од врвната класа Rally1 и затоа во петокот се искачи на третото место во генерален пласман. Сепак, на крај од релито на Шведска беше петти во генерален пласман и прв во својата категорија, скоро минута и половина пред Финецот Сами Пајари и Естонецот Георг Линамае. Лутиот конкурент на Солберг и шампион од минатата сезона Андреас Микелсен годинава веќе вози за тимот на Hyundai во WRC.

После френетичниот црн петок работите се искристализираа во сабота утро. Катсута кој заостануваше зад Лапи 3,2 секунди ја намали разликата на 0,9 секунди на првиот испит од денот и на тој начин ја најави својата намера за напад. Но, оваа епизода траеше кратко. Веќе на вториот испит од денот Катсута се најде во небрано. Од големата желба да стигне до својата прва победа во WRC излета од пат и заринка во снег. Без оглед на напорите не успеаја заедно со совозачот Арон Џонстон да го ископаат автомобилот од снег. Со сериозна предност од минута и половина пред сега второпласираниот Формо и останатите ривали на Лапи му остана само да вози мудро до крајот од денот. Финецот тактизираше оставајќи ги сега препородените Рованпера, Танак, Еванс и Нувил да се менуваат во освојувањето на брзинските испити. Од нив најмногу извлекоа Еванс кој заврши трет и Нувил кој заврши четврти. Солбер денот го заврши на петтата позиција и секако продолжи да води во категоријата WRC2. Лапи со победата дојде до првите 18 бода годинава, Еванс освои 15, а Нувил 13 бода.

Мудрото и тактичко возење на Есапека Лапи продолжи и низ трите испити во недела. Тој не форсираше ниту на последниот испит Wolf Power на кого можеше да освои дополнителни 5 бода. Се одлучи само да стигне до целта, затоа денот го заврши на седмата позиција и освои 1 бод, односно вкупно 19 бода за себе и за својот тим. Кале Рованпера беше тој што триумфираше на испитот Wolf Power со што ги заработи своите први бодови во годинешната сезона. Еванс го задржа второто место до крајот од релито, но беше најдобар во недела. Затоа на претходните 13 забележа уште 7 бода од неделата плус 4 од Wolf Power. Нувил, пак, го загуби третото место од Формо и заврши четврти. Петтото му остана на Оливер Солберг.

Ова е втора победа на рели од Светскиот шампионат во кариерата на Есапека Лапи. Првата се случи пред шест години, шест месеци и 19 дена на релито на Финска во 2017 година. Финецот го собори рекордот за најдолг период меѓу две победи во WRC кој претходно траеше пет години и 359 дена, а заедно го држеа Индиецот Шехар Мехта и Французинот Жан-Лук Терие.

После две релија од отворањето на сезоната Нувил води во шампионатот за возачи со 48 освоени бода. Еванс е втор со 45 бода, а трет е Формо со 29 бода. Меѓу производителите ситуацијата е изедначена. Без оглед на победите на корејскиот тим, и Hyundai, и Toyota имаат по 87 бодови. Тимот на M-Sport Ford, пак, може да се пофали со скромни 47 бодови. Љубомир Анастасовски

58 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

ПЕРФЕКТНИОТ ПЕКО ВО

НОВАШАМПИОНСКА

МИСИЈА

СОБОРУВАЈЌИ ГИ РЕКОРДИТЕ НА ЗИМСКИТЕ ТЕСТИРАЊА, ФРАНЧЕСКО „ПЕКО“ БАЊАЈА СЕ ЕТАБЛИРАШЕ КАКО НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА.

Одличните

КАЛЕНДАР ЗА 2024

10.03 ГН Катар, Лосаил

24.03 ГН АлгарвеПортугалија,

14.04 ГН Америка, Остин

резултати во претсезонските тестирања го устоличија актуелниот двократен светски првак Пеко Бањаја како најголем

фаворит за нова титула. Дополнително, откако стана шампион во дуелот со Фабио Куартараро во 2022 година, тој доби двегодишен

договор (до крајот на 2024), а на стартот на оваа сезона Дукати објави дека Бањаја останува со тимот од Борго Панигале до 2026 година.

- Пеко е перфектен возач за Дукати. Тој ги претставува нашите вредности во најдобро светло: стил, елеганција и перформанси. Не само што е брз, туку е и посветен и тврдокорен, а отскокнува по својата елеганција и образование. Среќен сум што го обновивме договорот и сигурен сум дека „дукатистите“ низ светот ќе ја пречекаат оваа вест со голем ентузијазам,- порача првиот човек на холдингот Дукати, Клаудио Доменикали. Бањаја е роден во Торино во 1997 година и со наполнети 26 години веќе два пати стана светски првак. Ако во 2022 го сопре тогаш актуелниот шампион Куартараро со Јамаха, тогаш во 2023 година неговиот најголем предизвик дојде од Хорхе Мартин и Марко Бецеки, кои возеа во сателитските екипи на Дукати. Оваа година тие двајца остануваат негови главни ривали на хартија, но не може да се прескокнат фактите дека тимскиот колега Ениа Бастијанини кој лани се повреди на првата трка и пропушти голем дел од сезоната, сега се враќа во седиштето и мора да ја оправда довербата на фабричкиот тим. Дополнително, шесткратниот првак Марк Маркез ја напушти Хонда за да се префрли во сателитскиот тим Гресини Дукати. Иако првично се очекува најголеми конкуренти да бидат претходно споменатите возачи кои ќе имаат мотор од Дукати, не смеат да се исклучат ниту останатите тимови кои исто така очекуваат напредок. Хонда и Јамаха лани беа во сенка на КТМ, па мора да направат многу повеќе за да се вратат на врвот.

28.04 ГН Шпанија, Херез

12.05 ГН Франција, Ле Ман

26.05 ГН БарселонаКаталонија,

02.06 ГН Италија, Муџело

16.06 ГН Казахстан, Сокол

30.06 ГН Холандија, Асен

07.07 ГН ЗаксенрингГерманија,

04.08 ГН СилвертоунБританија,

18.08 ГН Австрија, Шпилберг

01.09 ГН Арагон, Арагон

08.09 ГН Сан МизаноМарино,

22.09 ГН Индија, Буд

29.09 ГН

06.10 ГН Јапонија, Мотеги

20.10 ГН Австралија, Филип Ајленд

27.10 ГН Тајланд, Чанг

03.11 ГН Малезија, Сепанг

17.11 ГН Валенсија, Рикардо Тормо

- Франческо е како робот. Мислам дека сме многу слични, потребно е да се увери дека се оди перфектно за да се чувствува силен, а тогаш е непобедлив. Овие две титули направија да верува во себе, а веќе пет години е со истиот мотор. Последниве две сезони тој го развиваше моторот и Дукати ги адресираше неговите забелешки,оцени во својата аналиа поранешниот шампион Хорхе Лоренцо.

- Хорхе Мартин ќе освојува пол позиции и ќе стартува прв во трките, а не смее да се потцени ниту Марк Маркез, бидејќи тој е како булдог, ќе се бори да биде на врвот. Бастијанини ќе биде силен со новиот мотор, но Пеко ќе биде фаворит.

Во календарот за разлика од лани откажана е трката во Аргентина (беше планирана за 7 април), а вметната е новата трка во Казахстан. Исто така, повторно ќе се вози Големата награда на Арагон, четврта што се организира на шпанска територија. Вкупно ќе се возат 20 трки, но останува на сила одлуката во поранешниот термин за квалификации да се возат спринт трки. • Александар Табаковски

59 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |
МандаликаИндонезија,

ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ

СЕМЕЈНОТО ЧЛЕНСТВО ВИ ОВОЗМОЖУВА УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ДА ГИ СПОДЕЛИТЕ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА ВАШЕТО ПОТЕСНО СЕМЕЈСТВО И НА ТОЈ НАЧИН ЗНАЧИТЕЛНО ДА ЗАШТЕДИТЕ.

Членските услуги, особено оние за помош на пат и шлепување, покрај за себе лично, сега со опцијата за семејно членство, може да ги користат и вашите најблиски, што е особено практично ако има повеќе возачи во вашето семејство.

ШТО ДОБИВАТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОПЦИЈАТА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО?

• Плаќате помалку. Наместо различни членски картички за различни возачи во едно семејство, сега имате можност да извадите една членска картичка и на неа да додадете повеќе корисници. Бидејќи годишниот надомест за семејно членство е неколкупати помал од цената на АМСМ членската картичка, на овој начин заштедувате.

• Користите максимален број на интервенции за помош на пат и шлепување. Со оглед на тоа дека во членскиот пакет се вклучени повеќе интервенции, веројатноста дека ќе ги искористите сите е поголема со додавање на членови од вашето семејство како корисници.

• Секој од семејство може да штеди! за семејно членство, сите корисници на вашата членска кар тичка добиваат пристап до попусти во повеќе од 250 внима телно избрани АМСМ Партнер продажни места во земјава. На овој начин создавате добри навики во семејството и сите заедно штедите.

Семејна членска картичка можете да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во тек на траење на вашата АМСМ членска картичка.

Дополнителна Classic семејна членска картичка чини само 490,00ден, а дополнителна семејна Europe Premium членска картичка чини 890,00ден.

Повеќе информации 02/3181-108.

60 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ

СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОTO ПАТУВА БЕЗГРИЖНО!

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО И СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ.

Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic и 890 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка.

02/3181-108

www.amsm.mk

61 03.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД Скопје- Центар | Скопје-Чаир | Велес | Кичево 02/3181-181 www.amsm.mk Пат увајте БЕЗГРИЖНО! |
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.