АМСМ Клуб Мобилити - Мај 2024

Page 1

1 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | МАЈ 2024 БР. 102 www.amsmklubmobiliti.mk Тест на Jeep Avenger Alititude T3 100 KC ЕВРОПСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА Светско првенство во мотоциклизам ВИЊАЛЕС НАЈБРЗ ВО ТЕКСАШКАТА ПРЕСМЕТКА

Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

Безбедноста во сообраќајот, освен возачите, често ја

РЕДАКЦИЈА:

Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk ИЗДАВАЧКИ

(член)

ISSN 1857-6133

3 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СООБРАЌАЈНА КУЛТУРА, ДАЛИ ЈА ИМАМЕ?
доминантен
на
за овие несака-
ќе ги раздвижат сите учесници во патниот сообраќај.
загрозуваат и другите учесници - пешаците, велосипедистите
Да не ги
и возачите
делумно или воопшто не се оспособени за возење. Почетниците - возачи под влијание на нашата сообраќајна некултура, за жал, многу брзо забораваат на знаењето и на практиката како правилно да се однесуваат во сообраќајот, со кои се здобиле во автошколите. Општо немањето култура, во што спаѓа и сообраќајната, е лична состојба на секој поединец, а многу често токму тоа е причина за предизвиканите сообраќајни незгоди во кои страдаат недолжни лица, особено пешаците. Процесот на оспособување на учесникот во сообраќајот е сложен и релативно долготраен процес што, всушност, треба да трае непрекинато. Основната стратегија, чија цел е да се постигне повисоко ниво на безбедност на луѓето, ги опфаќа едукацијата, воспитувањето и оспособувањето на сите учесници за ефикасно учество во сообраќајот. Неопходно е да се прават максимални напори од сите надлежни субјекти, како образовно-воспитни, така и научноистражувачки институции, да го дадат својот максимум во однос на научните сознанија и да се преземат најоптимални, најефективни и превентивно репресивни мерки за колку што е можно да се минимизираат штетните последици. Можеби најмногу треба да се работи на зголемувањето на личната одговорност на секој учесник во патниот сообраќај. Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“. АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ
Неспорно е дека човекот е
фактор за предизвикување сообраќајни незгоди. Различни автори му припишуваат 63-98 отсто одговорност
човекот
ни случки. Топлите мајски денови
и мотоциклистите.
заборавиме
што
ДИЗАЈН: Мартина Поповска
ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр.
1000 Скопје Република
СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)
Јован
Миле Атанасов
Димитар Пендов Митко Смилков НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг ТИРАЖ: 10.000 примероци
Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716
ДАНОЧЕН БРОЈ:
51
Македонија
Сиљан Аврамовски (член) Калинка Танеска
Теговски (член)
(член)
ПЕЧАТИ:
ЕДИНСТВЕН
4030991238264
© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина. ВОВЕД Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јуни 2024 во електронска верзија на вашата е-адреса и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk
ПОМОШ НА ПАТ www.amsm.mk 02/3181-133 АМСМ СКОПЈЕ ЦЕНТАР АМСМ ВЕЛЕС АМСМ КИЧЕВО
5 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 8 38 48 9 34 32 20 24 26 24 26 42 8 9 44 34 СЕДУМ СЕДИШТА ВО НОВИОТ „Ц 3 ЕРКРОС“ НАЈНОВО ЛЕТАЛО НАРЕЧЕНО „ЛУФТ ПИНОЈ“ СРЕЌЕН ЈУБИЛЕЈ! ЕВРОПСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА ВОЗБУДЛИВИ ДУЕЛИ ВО КИНА, НО САМО ЗАД ФЕРСТАПЕН ПРЕКУ ДРАМА ДО ПОБЕДА ПНЕВМАТИЦИ И ЗОШТО НОВИ? ЗАСЕКОГАШ ВРЕЖАНА ВО СЕЌАВАЊЕТО И МОРИЊАТА ИМААТ СВОЈА ИКОНА

СКОПЈЕ -

Македонија - 100 денари

964

51,60 €

6 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА ПАТАРИНИ ВО ЕВРОПА
СЛОВЕНИЈА
ЉУБЉАНА
Србија
Хрватска
Словенија
патарини:
СКОПЈЕ
МАРИБОР Македонија
- 17 € Хрватска - 23,3 € Словенија вињета - 15 € (за 7 дена) Наплатни
оддалеченост:
km - - патарини: 57 € АЛБАНИЈА СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Богородица / Игуменица ) Петровец - 40 ден. Evzonon - 1,80 € Велес - 80 ден. Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден. Polymylos - 2,40 € Malakasi - 2,40 € Pamvotida - 1,20 € Tyria - 2,10 € Наплатни станици: оддалеченост: 585 km патарини: 16,70 € Malgara - 1,20 € Гевгелија - 100 ден. СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Струга - Елбасан - Фиер) Глумово - 40 ден. Желино - 40 ден Тетово - 30 ден. Гостивар - 30 ден. Наплатни станици: оддалеченост: 499 km - - патарини: 1,60 € СКОПЈЕ - ТИРАНА Скопје - Приштина - Призрен - Морина - Кукс –Тирана Албанија – 5 € оддалеченост: 335 km Наплатни станици: патарини: 5,00 € СКОПЈЕ - ТИРАНА (преку Струга) Глумово - 40 ден. Желино - 40 ден Тетово - 30 ден. Гостивар - 30 ден. Наплатни станици: оддалеченост: 291 km - - патарини: 1,6€
- 17 €
- 18 €
вињета - 15 € (за 7 дена) Наплатни станици: оддалеченост:
km - -
-
- 100 денари Србија
станици:
964

СКОПЈЕ - САРАЕВО (преку Крагуевац-Чачак-Ужице)

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 9,5 €

оддалеченост: 642 km патарини: 11 €

СКОПЈЕ - САРАЕВО (преку Србија-Хрватска)

Наплатни станици:

Македонија - 100 денари Србија - 17 €

оддалеченост: 812 km -

25 €

40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 80

Демир Капија / 100 ден. Гевгелија / 1.80 Evzonoi/ Malgara: Toll: 1.20 EUR /Kleidi Toll: 2.10 EUR/ Leptokarya: Toll: 3.10 EUR / E75 Makrychori: Toll: 2.50 EUR / Moschochori: Toll: 3.90 EUR / Pelasgia: Toll: 3.40 EUR / Mavromantila: Toll: 1.85 EUR / Agia Triada: Toll: 1.75 EUR / Tragana: Toll: 3.80 EUR / Thiva: Toll: 3.80 EUR / A dnes: Toll: 3.25 EUR / оддалеченост: 698 km

(преку Гевгелија)

оддалеченост: 529 km Наплатни

40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско

38,45 €

EUR Malgara / 2.40 EUR Polymylos / 2.40 EUR Malakasi / Pamvotida: Toll: 1.20 EUR / 2.10 EUR Tyria

7 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ОТА |
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Хрватска
БиХ
- 3 €
- 3,5 €
патарини:
ГРЦИЈА СКОПЈЕ
АТИНА
Гевгелија)
-
-
(преку
патарини:
СКОПЈЕ
ИГУМЕНИЦА
ден.
Наплатни станици:
-
/ 80 ден. Демир Капија / 100 ден. Гевгелија/ 1.80 Evzonon/
1.20
станици: патарини: 16,70 € СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Битола) Петровец
40 ден. Malakasi
€ Велес - 80 ден. Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден. Наплатни станици: оддалеченост: 485 km патарини: 8,40€ Pamvotida - 1,20€ Tyria - 2,1€ Гевгелија - 100 ден. СКОПЈЕ - СОЛУН (преку Гевгелија) Петровец - 40 ден. Evzonon - 1,80 € Велес - 80 ден. Градско - 60 ден. Демир Капија - 80 ден. Наплатни станици: оддалеченост: 237 km патарини: 8,3 € Ореокастро - 0,5 € Гевгелија - 100 ден.
-
- 2,10

CITROEN C3 AIRCROSS

8 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
СЕДУМ СЕДИШТА ВО НОВИОТ „Ц 3 ЕРКРОС“ Кога се во прашање малите комбилимузини, Стелантис врти нов лист. Класиката од дизајн веќе е напуштена, нема градски автомобили обликувани како некогаш, сега имаат нова шема. Сака народот да вози нешто кабасто, нешто во вид на теренско возило, иако истото е далеку од „џип“ (како што умее да каже). Отсега натаму „цитроен ц 3“ во класична изведба нема, неговото место сега дојде нешто како сув, кросовер, урбанкрузер и слично на нив - видете ги фотографиите. Но, Стелантис не застанува тука, туку оди чекор понапред и на основа од новиот „ц 3“ си направи нова изведба наречена „еркрос“, име кое веќе е познато кај Цитроен. Тоа значи дека втората генерација од „ц 3 еркрос“ сега има должина од 4,39 м, а новиот „ц 3“ е долг 4,15 м. Со тоа и меѓуоскиното растојание е подолго, а најзначајно од сето ова се седумте седишта. Токму така, во возило од 4,4 м („цитроен ц3 еркрос“) конструкторите вградиле седум седишта. Трет ред седишта во возило со 4,4 метри должина - такво нешто досега немало. Ќе „скубнат“ малку од товарниот простор и ете го третиот ред. Погонските единици, ќе ги има и во изобилство, бензинска, бензинска со умерена хибридна технологија и чисто електрична, а можно е и хибридна АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС | 02/3181-240 072/228-195 www.avtoskolamobiliti.mk ПРИЈАВИ СЕ СЕГА, ПЛАЌАЈ НА РАТИ! ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА
Тест на Jeep Avenger Alititude T3 100 KC ЕВРОПСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА КОМПАКТНИОТ AVENGER Е ПРВИОТ JEEP ШТО Е ДИЗАЈНИРАН ВО ИТАЛИЈА, А СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО ПОЛСКА, КОЈ ПАТЕМ Е ПОСТАВЕН НА ФРАНЦУСКА ПЛАТФОРМА. ТОЈ Е ЕДЕН ОД ПРВИТЕ КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ НА СИНЕРГИЈАТА ШТО ЈА СПРОВЕДУВА STELLANTIS ВО РАМКИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА. ПРИТОА, AVENGER ВООПШТО НЕ Е ДОСТАПЕН НА СЕВЕРНОАМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР, БИДЕЈЌИ НЕГОВАТА ПРИМАРНА ЦЕЛ СЕ ЕВРОПСКИТЕ КЛИЕНТИ. АВТО-МОТО |
10 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СТРАТЕШКА ФУНКЦИОНАЛНОСТ Со должина на надворешноста помала од 4,1 метри, сè вели дека внатрешните габарити не се силната страна на Avenger. Сепак, во пракса докажува дека на предниот дел комотно се сместуваат возрасни лица, додека на задните седишта двајца патници ќе седат релативно удобно. Сепак, комодитетот највеќе ќе им одговара на најмладите патници. Багажниот дел, пак, од друга страна е на врвот од категоријата. Со зафатнина од 380 литри во потполност ги исполнува потребите. Неговата позитивна страна доаѓа во чистата квадратна форма со должина од 1 метар, што е вистинска реткост во автомобил од оваа класа. Дека не се заборавени практичните места за одлагање, низ кабината стратешки се распоредени функционални оддели чија вкупна зафатнина изнесува 34 литри што, пак, е двојно повеќе од просекот во сегментот. Материјалите користени во изработка на кабината се од потврда компонента, во секој случај производителот ветува дека сè е изведено за долгорочна и безгрижна употреба. Видливоста од возачката позиција е одлична во сите правци, благодарение на повишената поставеност на седиштата, но и на вертикалните стаклени површини. Сите команди се на дофат и логички распоредени. Најважните информации се прикажуваат на екранот пред возачот кој е со димензии од 10,25 инчи. Истиот е изведен со јасни графички решенија и дозволува персонализиран изглед, додека во секое време на него можете да ги следите сите релевантни информации за возење. На највисоката точка во средината на кокпитот е поставен екранот на мултимедијата кој е со исти димензии, неговиот оперативен систем користи виџети и страници за командување со функциите што можете да ги прилагодите по ваш вкус. Тука е и веќе неизбежното поврзување и пресликување на паметните телефони кое во случајов се одвива без употреба на кабел. Контролите за климатизација се со физичките прекинувачи, што ги прави брзи и лесни за управување. Истите имаат уникатен изглед, поставени се под екранот во засебно дизајниран предел, за што сметаме дека е многу добро ергономско решение кое наидува на наше одобрение. РАЗУМЕН ИЗБОР Како што налагаат тековните трендови во индустријата, Jeep го опреми Avenger со неколку опции на двигатели. Електричната работна единица беше понудена како единствена на самиот старт, за потоа да и се приклучи класичниот турбо бензинец. Следна во понудата е додадена е-хибридната изведба, а наскоро се очекува да пристигне и плаг-ин верзијата (4ХЕ) која треба да му донесе на малиот „џип“ и | АВТО-МОТО ГОРД НА СВОЈАТА ПРИПАДНОСТ Употребата на препознатливи дизајнерски потези на брендот се забележливи насекаде низ возилото со што гордо ја покажува својата припадност. Трапезоидните лакови над тркалата и испакнатите линии над нив упатуваат на историските верзии на моделот Willys од 1941 година, додека „лебдечкиот“ C-столб воспоставува конекција со актуелната гама, следејќи го примерот на моделите Compass и Grand Cherokee. Секако, тука е и модерната интерпретација на класичната предна решетка за довод на ладен воздух со 7 отвори, своевиден заштитен знак на компанијата. Иако во реалност е потполно затворена, на нејзините краеви многу умешно се вкомпонирани предните светлосни групи со интегрирани дневни светла како „веѓи“. Умешноста на дизајнерскиот тим се гледа во користењето на компактните пропорции на каросеријата, каде што дизајнерите креирале смели и динамични линии кои на Avenger му додава на робусност. Пристапот не го изоставува ниту задниот дел каде светлосните групи се изведени со тродимензионален изглед чија поставеност делува како да излегуваат од аглите на каросеријата. Целата надворешност кај Avenger е исполнета со скриени детали кои го прават дизајнот многу „кул“ и авантуристички. На шофершајбната има дете кое преку телескоп гледа ѕвезди, додека на леснометалните тркала е втисната „решетката“ на Jeep. На внатрешната страна од вратата на багажникот повторно ја сретнуваме „решетката“ на Jeep скриена во близина на третото стоп светло, но далеку позабележителен е планинскиот венец на задниот прозорец, кој постојано го гледате во ретровизорот.
11 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО | МОТОР: ТРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ ЗАФАТНИНА: 1.199CM3 МОЌНОСТ: 100 КС при 5.500 врт/мин МЕНУВАЧ: 6 СТЕПЕН МАНУЕЛЕН МЕНУВАЧ ПОГОН: НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА: НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА СОПИРАЧКИ: НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ ГУМИ: НАПРЕД: 215/55R18, НАЗАД: 215/55R18 МАСА НА ВОЗИЛОТО: 1.179 КГ ДИМЕНЗИИ:
СЕКУНДИ ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 4,8/100 КМ
БРЗИНА: 184КМ/Ч ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 28.100 ЕВРА ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
на
Моделот со кој се дружевме претставува основа во моторизацијата, поседува „округли“ 100 КС при 5.500 врт/мин што се производ на 1.2 литарскиот трицилиндерски бензинец поткрепен со турбо полнач. Погонската единица ни е добро позната и сме имале можност да ја испробаме во повеќе возила од групацијата на која припаѓа и Jeep. Kaј овој мал автомобил одлично се совпаѓа со неговиот надворешен изглед и одлично кореспондира со неговата урбана страна. Агрегатот се наметнува како разумен избор кој со својата работа и перформанси нуди доволно моќ за кросовер фокусиран на комфор во градски услови. Негова главна одлика е мазното работење без разлика дали е на ниски или високи вртежи, вибрациите се речиси комплетно анулирани и секогаш е подготвен да повлече. Моторот работи во склоп со добро пресметаниот и прецизен менувач со шест брзини кој силата ја испраќа кон предната оска. Полн со карактер, овој мал турбо агрегат со 205 Nm влечна сила расположиви од ниски 1.750 врт/мин е максимално забавен во секојдневна употреба. Во целината одлично се вклопуваат и перформансите кои велат дека до 100 км/ч стигнува за 10,6 секунди, а максималната брзина на движење изнесува 184 км/ч. Економичноста е неговата јака страна, иако не ја постигнавме декларираната потрошувачка, Avenger просечно трошеше помалку од 7 литри на секои 100 изминати километри. Автомобилот со оваа моќност и основна суспензија поставен на тркала од 18 инчи делува доста рафинирано во возењето, еластично и забавно. Во свијоци е максимално сконцентриран, се држи смирено и реагира агилно. Долгите рути не се негово примарно опкружување, но истите не му претставуваат проблем, во тој случај може слободно да кажеме дека е едно од покомпонираните мали возила на кои комфорот не им е непознат кога се наоѓаат на отворен пат. Дека е дел од куќата чие реноме е изградено вон асфалтната подлога покажува оддалеченоста од подлогата која изнесува цели 20 сантиметри. Avenger засега доаѓа само со преден погон, но тој е потпомогнат со неколкуте модови на работа кои му овозможуваат и лесни излети понастрана од вообичаените градски рути. Моделот Avenger е првиот вистински мејнстрим компактен SUV на марката, модерено скроен и пред сè симпатичен, исклучително забавен за возење, со практична и удобна кабина испорачувајќи ја карактеристичната „Jeep“ атмосфера во најмалото пакување досега. • Данчо Здравковски
Д/Ш/В: 4.084/1.776/1.534ММ ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 10.6
МАКСИМАЛНА
погон
сите тркала.

www.amsm.mk

12 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ НОВА УСЛУГА ИЗДАВАЊЕ НА АТП СЕРТИФИКАТ Портфолиото на услуги на АМСМ Центар за возила го проширивме за уште една услуга наменета за транспортни компании, која се однесува на специјалните возила за превоз на смрзнати, длабоко смрзнати и не-смрзнати производи. При транспорт ваквите производи неопходно е да се чуваат на одредена температура и затоа се превезуваат со возила за кои има гаранција дека ќе ја одржат температурата на производите за целото времетраење на нивниот транспорт. Гаранција за тоа е поседување АТП Сертификат кој се издава со назнака FRA, FRB, FRC, во зависност од температурата на разладната комора на возилото. Периодичните испитувањата за реиздавање на АТП Сертификатот се вршат на секои 3 години. Повеќе информации на www.amsm.mk. СИТЕ АМСМ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДЕН ДОПИР ОД ВАС НОВА АМСМ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА СО ПОВЕЌЕ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ Од неодамна на Play Store и на App Store достапна е комплетно нова АМСМ мобилна апликација, збогатена со многу функционалности кои ќе ви помогнат при закажување и користење на АМСМ услугите и секако, при патување во земјава и надвор од неа. Дел од новините во АМСМ мобилната апликација кои сигурно ќе ви ги направат патувањата полесни, во земјата и надвор од неа, ви овозможуваат: - Да повикате помош на пат во случај на дефект и да го следите статусот на интервенцијата од отворена до извршена; - Да имате секогаш прегледен приказ на состојбата на патиштата со приказ на забрани за сообраќај, работа на пат, опасност, специјален режим на сообраќај и сл. со листа и на мапа обележани на соодветни делници; - Да учествувате во известувањето за состојбата на патиштата и да пријавите застој на пат; - Да ги добиете сите информации за патување во странство на едно место, како состојба на гранични премини, цени на гориво, патарини во странство и други информации поврзани со сообраќајните правила и прописи за повеќе од 30 европски земји (поважни телефони, употреба на детски седишта, задолжителна опрема и сл.) Во новата АМСМ мобилна апликација има и функционалности кои ќе ви помогнат за полесно закажување и користење на нашите услуги, кои ви овозможуваат: - Онлајн да закажете сервис за вашиот автомобил, велосипед или мобилен сервис за приватни или службени возила; - Онлајн да се пријавите или да пријавите друг и онлајн да платите за различни категории на обука во Авто Школа Мобилити Плус; - Онлајн да ја продолжите вашата АМСМ членска картичка, така што таа ќе ви биде испорачана бесплатно по пошта на ваша адреса. Покрај ова во АМСМ мобилната апликација достапни се информации и за сите други наши услуги, како технички преглед, осигурување, а-тест на возила и секако пристап до содржините на членското списание АМСМ Клуб Мобилити. Со следните верзии на АМСМ мобилната апликација, очекувајте уште неколку нови функционалности, дел од нив ексклузивно достапни само за активни АМСМ членови. Симнете ја АМСМ мобилната апликација за Android и iOS.
02/3181-108
13 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 www.amsm.mk ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОПЦИЈАТА ЗА СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО И СПОДЕЛЕТЕ ГИ УСЛУГИТЕ ОД ВАШАТА ЧЛЕНСКА CLASSIC ИЛИ EUROPE PREMIUM КАРТИЧКА СО НАЈБЛИСКИТЕ. Семејна дополнителна картичка можете да извадите во моментот на зачленување или подоцна се додека е активна вашата АМСМ членска картичка, по цена од 490 денари за АМСМ Classic и 890 денари за АМСМ Europe Premium дополнителна картичка. СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ОД СЕМЕЈСТВОTO ПАТУВА БЕЗГРИЖНО! СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

ЧЛЕН НА АМСМ, ИАКО НИКОГАШ

НЕ ИСКОРИСТИЛ НИКАКВА

УСЛУГА, НО ПРИВИЛЕГИЈА МУ СЕ

ПРИДОБИВКИТЕ НА ОВОЈ СИСТЕМ.

СЕКУЛОВСКИ ИМА БОГАТ РАБОТЕН

СТАЖ ОД 47 ГОДИНИ, ВО 1976

ГОДИНА СЕ ВРАБОТИЛ ВО ТОГАШЕН

ЗОИЛ (МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД), КАДЕ ШТО ОСТАНАЛ С È ДО

14 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ АМСМ Клуб Мобилити: Долги години сте член на АМСМ. Кажете ни нешто за тоа од кога почна и како се одвиваше Вашето дружење со АМСМ, како и на членовите на блиското семејство? Ристо С: Првите сеќавања за АМСМ ги поврзувам со почетокот на изградбата на зградата, во време кога мојот татко, Јосиф Секуловски, беше секретар. Многу млад, уште на 18-годишна возраст, односно од 1970 година, положив возачки испит и добив дозвола. Следната година го купив моето прво возило, ЗА РИСТО СЕКУЛОВСКИ Е КАРАКТЕРИСТИЧНО ШТО ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ Е ПОВРЗАН СО АМСМ, ПРЕД С È, КАКО СЕМЕЈНО НАСЛЕДСТВО ОД ТАТКО МУ, КОЈ БИЛ ПРВ СЕКРЕТАР НА АМСМ ВО ТОГАШНА
А КОЕ
И ВО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО. ТОЈ Е
ЈУГОСЛАВИЈА,
ПРОДОЛЖУВА
ВЕРЕН ДОЛГОГОДИШЕН
популарното „фиќо“. Оттогаш до денес сум член на АМСМ, со сопствено возило. Во оваа пригода би сакал особено да го истакнам податокот дека од моето прво членство до денес не сум искористил ниедна услуга од типот шлепување или помош на пат, а бидете сигурни дека ќе продолжам и понатаму да членувам токму поради мојата безбедност. Човек треба да инвестира во својата безбедност и притоа да не очекува нешто. Членовите на моето семејство, исто така, имаат членски картички. Мојата ќерка има златна картичка на АМСМ, а синот и снаата се долгогодишни членови. АМСМ Клуб Мобилити: Дали може да ја наведете причината што Ве мотивира да бидете наш член веќе неколку децении? Ристо С: Станува збор за поврзаноста на моето семејство и АМСМ. Имено, татко ми беше прв секретар на АМСМ во рамките на тогашна Југославија. Оттаму произлегоа и контактите со децата на луѓето од неговото опкружување. Беа тоа времиња на прекрасни дружења, често се среќававме во тогашното бифе во зградата на АМСМ, а од тие седенки произлегоа голем број идеи. Тоа беше екипата што го основа релито во Македонија. Меѓу нив би ги споменал Кочо Гаврил - Гашт, Андро Гигов, Бобан Николиќ, АМСМ ЧЛЕНСТВО Е ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ Интервју со Ристо Секуловски, долгогодишен член на АМСМ
ПЕНЗИОНИРАЊЕТО ПРЕД ТРИ ГОДИНИ. тогаш
АМСМ | Стефани Николај, д-р Пеце Коцо и други. Во тој период започна и развојот на многу служби во АМСМ што постојат и успешно функционираат и до ден-денес. Тогаш се формира и сервисот на АМСМ во кој работеа исклучителни професионалци механичари и автомеханичари, а во негов состав имаше и две перални. Уште оттогаш АМСМ успеа со својот сестран квалитет да избие на самиот врв, неговиот развој континуирано одеше по нагорен пат, а со текот на годините го одржува својот примат во дејноста што ја извршува и постојано ја надградува и проширува. АМСМ Клуб Мобилити: Според Вашето мислење, што е тоа што го прави АМСМ поинаков од другите? Ристо С: Уште од самиот почеток АМСМ создава своја лична карта и според своите многубројни генералии се разликува од другите. Секако, формата на АМСМ на почетокот, не може да се споредува со сегашната. На пример, придобивките што ги имаа
во
на АМСЈ, во Автомото сојузот на Македонија, во туринг службата, се издаваа ваучери во вредност од 500 швајцарски франци како гаранција за безбедно патување. Никој, ниту во тоа време ниту сега, не може да се пофали со таков вид услуги, како што АМСМ и АМСМ членство имаат во своето портфолио на услуги и дејности. Денес меѓу различните многубројни АМСМ членски пакети, во овој контекст, би споменал дека особено е значајно АМСМ Европа премиум членството. За успехот на една организација, исто така, значајна алка се вработените и токму тие се сегмент по кој АМСМ се разликува од другите. Сите вработени со кои сум имал можност да се сретнам покажуваат висок професионализам во својата работа, стручност, љубезност. Бидете сигурни дека ако ви е потребна помош тие секогаш ќе ви излезат во пресрет дури и за тоа што не спаѓа во нивниот домен на работа. Убеден сум дека возачите и сопствениците на автомобили, покрај привилегиите што ги добиваат, секогаш ќе бидат задоволни и од сите вработени во АМСМ системот. АМСМ Клуб Мобилити:: Што би им препорачале на Вашите пријатели што не се дел од нашето АМСМ членско семејство? Ристо С: Задолжително членство! На сите, доколку се во можност, би им препорачал да се зачленат во АМСМ членството за да ги користат погодностите, услугите, пакетите и акциите што АМСМ ги обезбедува за своите членови. Членството е исто како и полисата за осигурување. Членството е гаранција за безбедно возење, гаранција дека нема да останете сами на пат. Ставот „што добивам од членството“ треба да се надмине. Јасно е дека треба да инвестираме во својата безбедност во сообраќајот и тоа треба да ни биде императив. Тоа е солидарност. Да се вложи и да не се очекува нешто кога нема реална потреба. Може да бидете спокојни кога знаете дека во секој момент, 24 часа секој ден, некој се грижи за Вас и за Вашата безбедност во сообраќајот. АМСМ Клуб Мобилити: Ако направите ретроспектива на Вашето долгогодишно богато искуство како член на АМСМ, што би препорачале во однос на содржините на системот и на самото членство како новина што би придонела за неговиот развој? Ристо С: Размислувам за дополнителни услуги со кои би се зголемила безбедноста во сообраќајот. Сметам дека АМСМ мора да најде модуси на начини со кои ќе оствари поголема комуникација со полицијата и со други институции во самите градски средини, со посебен акцент на Скопје каде што фреквенцијата на сообраќај, особено на клучните места во градското јадро, не е соодветно регулиран. Секако доколку со својот домен на работа имате ингеренции да влијаете на тоа, но верувам дека соработката на сите нивоа може да придонесе за поголема безбедност и совесност на сите учесници во сообраќајот само од една причина - сите да бидеме сигурни и спокојни. • Маргита Поповска
возачите со бенефициите што ги даваше АМСМ. Тогаш,
рамките

НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР.

ИМИЊАТА КАКО ШТО СЕ BYD, GENESIS, ORA, VINFAST, LUCID И

NIO, СИТЕ СОЗДАВААТ РЕПУТАЦИЈА

16 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Toyota CHR создаде влијание кога првично се појави на пазарот во 2016 година со својот уникатен и фанки изглед, ревитализирајќи го доверливиот, но малку неинспиративен имиџ на Toyota. Овој модел од втората генерација е опремен со повеќе технологија и повеќе простор, но има повисока цена од неговиот претходник. NIO EL6 Euro NCAP ПОТРОШУВАЧИТЕ СÈ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ СО НОВИТЕ БРЕНДОВИ НА ВОЗИЛА ПОРАДИ ПОСТОЈАНИОТ ПРИЛИВ НА АВТОМОБИЛИ ОД КИНА И ОД ДРУГИ МЕСТА, КОИ САКААТ ДА ВЛЕЗАТ
ОБЈАВEНИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА ТРИ ВИСОКООЧЕКУВАНИ АВТОМОБИЛИ Е ден автомобил кој веќе станува популарен е EL6 на NIO. Ова возило е иновативен и врвен додаток на гамата електрични автомобили, при што NIO нуди технологија за замена на батерии за да се намали вознемиреноста кај потрошувачите поради опсегот. NIO веќе има широк асортиман на модели достапни во Скандинавија и Германија. ES8, ET7, ET5 и EL7 на NIO ја постигнаа посакуваната оцена со 5 ѕвезди на Euro NCAP. NIO EL6 не се разликува од своите браќа и сестри, постигнувајќи вкупен рејтинг од пет ѕвезди. Побезбедно возило не е само она што ја зема предвид заштитата на оние во автомобилот, туку и на оние надвор од него. Ранливите учесници во сообраќајот (ВРУ), како што се пешаците и велосипедистите, се сè поголем фокус на производителите на автомобили во обидот да го намалат бројот на фатални и штетни несреќи на патиштата во Европа. EL6, како и другите NIO возила, користи камера, радар и лидар за да ги почувствува оние околу него, за да избегне или ублажи несреќи. Ова е врвна, но сепак скапа технологија која сега се користи само во неколку возила. Системот за автоматско сопирање во итни случаи (AEB) на EL6 функционира ефикасно во однос на ранливите учесници во сообраќајот, како и на другите возила и има високи оценки на тестирањето во реакцијата на велосипедите, вклучително и „при отворање на врата“, состојба во која автомобилот ја блокира или предупредува да не се отвори вратата кога поминува велосипед. | АМСМ
ШТО НАИДУВА НА ОДЗИВ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ.

Сепак, нема сомнеж

пет
беше
ориги -
дека Тојота и понатаму дава приоритет на безбедноста, за што сведочи нејзиниот рејтинг со
ѕвездички Euro NCAP, кој го доби во 2017 година, кога
тестиран
итно
-
се покажа особено добро, заработувајќи врвни оценки на речиси секој тест. Системот за следење на возачот со стандардно приспособување е индиректен, потпирајќи се на влезовите на воланот и позицијата на лентата за откривање на индикатори за поспано возење. Пософистициран уред за директно следење на очите е достапен како опција, но не беше поставен на тест возилото на Euro NCAP. Следува Honda CR-V 2.0 Hybrid, со солидна оцена со 4 ѕвезди со основна опрема и 5 ѕвезди кога е опремена со опционалниот пакет Honda Sensing 360. Основниот автомобил има камера и еден радар; безбедносниот пакет вклучува странични радари за подобрување на перформансите на Системот за напредна возачка асистенција (ADAS) воопшто, како и во специфични сценарија за вртење. Опционалниот безбедносен пакет значително ги подобри перформансите на AEB, особено во однос на спречување судири со пешаци и возила. • Мирко Гигов
налниот автомобил. Во однос на технологијата, автономниот систем за
сопи
рање на Toyota C-HR
Honda CR-V
АМСМ |
Toyota C-HR
18 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН • Дали може да се регистрира возило со истечена лична карта, а со важечки пасош? Поздрав, Ариета АМСМ: Регистрација на возило може да се изврши само со валидна лична карта, пасошот е патна исправа. • Дали можам да ивадам зелен картон за возило над 66kw, само за еден месец и колку би ме чинело? Благодарам, Владо АМСМ: За возило со над 66kw може да се извади зелен картон и истиот чини 3.075,00ден. • Дали регистарските таблички без ознака МК (старите со три бројки) имаат обврска да залепат налепница НМК ? Поздрав, Сашо АМСМ: Согласно измената на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање во членот 1 и 2 се предвидува следново: (1) На сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, се става налепница со идентична димензија како вертикално поставената ознака „МК“, на која е испишана националната ознака „НМК“. (2) На сите регистарски таблички кои не ја содржат буквената ознака „МК“, во делот пред регистрационото подрачје се става налепницата на која е испишана националната ознака „НМК“. Регистарските таблички од став 1 на овој член и регистарските таблички кои не ја содржат буквената ознака „МК“ треба да се заменат со нови регистарски таблички кои ја содржат националната ознака „НМК“ или на истите да се стави налепницата од член 26-а од овој правилник, најдоцна до 12 февруари 2024 година. • Ме интересира дали е потребно возилото да биде на мое име за да извадам АМСМ членска картичка Благодарам, Соња АМСМ: АМСМ Членските пакети (Light, Classic и Europe Premium), наменети за физички лица, се однесуваат на одредено физичко лице кое што е активен АМСМ член и само како АМСМ член може да ги користи дадените услуги доколку му затребаат, независно во чие патничко моторно возило (свое или туѓо) да се наоѓа. Но возилото треба да биде со македонски регистарски ознаки, со маса помала од 3,5 тони и во сопственост на некое физичко лице, но не и правно лице. | АМСМ
20 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Два пати месечно проверувајте го притисокот во пневматиците Безбедност во сообраќај СОВЕСНИТЕ ВОЗАЧИ ВЕЛАТ „ДОБАР ПНЕВМАТИК ЧУВА ГЛАВА“. ЗАМИСЛЕТЕ МОМЕНТ КОГА НЕКОЈ ПНЕВМАТИК НАГЛО ПОПУШТА, А ПРИТОА ВОЗИЛОТО Е НА ПАТ И СЕ ДВИЖИ СО БРЗИНА ОД 70, 80, 90, 100... КМ/Ч. НАЈМАЛКУ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ Е ИЗВРТУВАЊЕ. ТАКВО НЕШТО НАЈЧЕСТО ИМ СЕ СЛУЧУВА НА СТАРИТЕ ПНЕВМАТИЦИ, А ВИЕ СИГУРНО НЕ САКАТЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ ТОА.
И ЗОШТО НОВИ? Полека настапува топлиот период од годината што поттикнува желба за посета на интересни дестинации и сè повеќе се насочуваме кон одмор, патување, забава. За сето тоа да помине без грижи и во најдобар ред треба да се обрне особено внимание на состојбата на возилото, во што спаѓаат и пневматиците. Ние постојано се трудиме да дадеме соодветни совети за пневматиците и за нивната правилна употреба. Секој предмет направен од гума има рок на траење. Гумата како материјал губи од својствата со текот на времето, станува покрута, побрзо се троши итн. Слично се случува и со пневматиците. Најдобри резултати покажуваат кога се нови и неизабени. Со текот на времето пневматиците се трошат и како одминуваат годините, така попушта материјалот од кој се направени. И кај каркасата (костурот на пневматикот направен од челични жици) поради замореност на материјалот се намалува квалитетот и на крајот пневматикот станува неупотреблив. Секое удирање во дупка на патот или тротоар (или нешто слично) се регистрира на пневматикот (каркасата) и од прекумерна употреба може да дојде до пукање и негово распарталување. Зошто да не се купуваат стари пневматици? На пример, пневматиците изгледаат добро, но не знаете колку километри изминале и што претрпеле (на пример) при четири или петгодишна употреба. Претходно кажавме, со текот на времето материјалот од кој се направени губи од своите својства, станува крут и побрзо се аби. | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ Таквите пневматици стануваат прикриени убијци, темпирана бомба што само што не пукнала. Со купувањето стари пневматици свесно ја нарушувате безбедноста во сообраќајот. Откако ќе купите нови пневматици, прво што треба да направите е правилно да ги напумпате како што пропишува производителот на возилото. Во упатството за употреба производителот има наведено колку треба да се напумпани пневматиците при обична употреба (со еден или двајца патници) и кога возилото е под оптоварување (четири патници плус багаж). Некои автомобили имаат плочка на која се наведени вредностите за тоа колку атмосфери треба да бидат напумпани пневматиците. Таа плочка најчесто се наоѓа на рамката на вратите или на рамката од школката на возилото. Зошто пневматиците треба правилно да бидат напумпани? Затоа што така се продолжува нивниот век на траење, автомобилот троши најмалку гориво, помалку се абат и автомобилот е најстабилен. Ако пневматиците не се напумпани како што треба, автомобилот е нестабилен, завлекува на една или на друга страна, троши повеќе гориво и абењето е засилено поради зголемено триење со подлогата. Не претерувајте со димензиите на пневматикот. Неговата ширина мора да биде во согласност со препораките од производителот. Пошироките пневматици го прават автомобилот понестабилен, односно подложен е на пролизгување затоа што пневматиците газат на асфалтот со поголема површина (имаат поголема нагазна површина), а со тоа вршат помал притисок на единица површина (асфалтот), исто така, има и поголема површина на триење што придонесува моторот повеќе да се напнува за да го совлада триењето и така троши повеќе гориво. Во случај кога автомобилот не се користи со денови, најдобро е пневматиците да се напумпаат повеќе бидејќи од стоење во место може да добијат деформации. На пример, ако е пропишано да бидат напумпани 2,2 бари, треба да се напумпаат околу 2,8 бари, да се покријат со картон, да бидат заштитени од директно изложување на сонце. Колку помалку возилото се качува на тротоари, толку вашите пневматици ќе бидат „повитални“. Секое удирање на пневматикот во работ од тротоарите може да предизвика искривување на каркасата (костурот на пневматикот). Потоа така оштетениот пневматик може со зголемување на брзината да дава знаци како тркалото да е небалансирано, а всушност е нарушен кружниот облик на каркасата). Задолжително двапати во месецот проверувајте го притисокот во нив, а иста проверка направете пред секое патување. Приспособете ја брзината според условите на патот, почитувајте ја патната сигнализација и патувајте безбедно. • Жарко Атанасоски
ПНЕВМАТИЦИ
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181 ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ

антифриз и линијата MC Care која има 28 различни средства

WorldSBK, World Endurance Championship, MXGP, DAKAR, 24h Le Mans,

22 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Со доаѓањето на пролетта се раѓаат нови планови за нови авантури, a една од најубавите авантури е возење мотоцикл покрај прекрасните пејзажи во природата. За сè ова да биде реалност треба да имаме подготвен мотоцикл, т.е. да се смени масло, глицерин, филтри, да се исчисти и подмачка синџирот и на крајот добро да се измие целиот мотор. Кога станува збор за грижа и нега за мотоциклот ние од MOTUL може да понудиме сè за Вашиот миленик. Најпознати сме по огромната гама на производи, со повеќе од 70 различни модели и градации на масла за мотор, повеќе од 10 модели масла за виљушки и амортизери, масла за пренос,
за нега на Вашиот миленик. Едно од најпознатите маслa е 300V Factory Line, кое се користи на професионалните натпревари со мотоцикл, т.е. ова масло се користи на мотоциклите што се натпреваруваат на MotoGP,
а Вие може да го купите и да го користите за Вашиот. MOTUL 300V Factory Line е моторно масло со високи перформанси дизајнирано за тркачки и спортски мотоцикли од висока класа. Формулирано е со напредна технологија Ester за да обезбеди исклучително подмачкување и заштита при екстремни услови. Во неговото име 300V означува дека е наменет за професионални тркачки тимови нудејќи максимална излезна моќност. Ознаката Factory Line ја нагласува неговата употреба во фабрички тркачки тимови. Севкупно MOTUL 300V Fatory Line е познато по својата способност да дава супериорни перформанси и заштита во тешки тркачки услови. MOTUL 300V Factory Line е пионер во синтетичките лубриканти, MOTUL ја разви гамата 300V базирана врз уникатна технологија ESTER Core 100 % Synthetic која дава незаменливо зголемување на моќноста, извонредно подмачкување и оптимална заштита. MOTUL 7100 4T е 100 % синтетичко премиум моторно масло дизајнирано за мотоцикли со високи перформанси. Формулирано е да ги задоволи барањата на современите четиритактни мотори, обезбедувајќи одлично подмачкување, чистота на моторот и севкупна заштита. Ознаката 4Т покажува дека е специјално дизајнирано за четиритактни мотори што најчесто се наоѓаат на мотоциклите. MOTUL 7100 4T е познато по својата супериорна термичка стабилност што помага да се спречи „расипување“ на маслото и обезбедува постојани перформанси, дури и при екстремни услови. Исто така, располага со напредни адитиви против абење на критичните компоненти на моторот, како што се клипот, цилиндарот и вентилите. Дополнително 7100 4Т е дизајнирано да го намали триењето, да ја подобри ефикасноста на горивото и да ги подобри вкупните перформанси на моторот. Неговата 100 % синтетичка формулација нуди одлични својства на проток обезбедувајќи брза циркулација на маслото и оптимално подмачкување на моторот на сите работни температури. Генерално, MOTUL 7100 4T е врвен избор за ентузијасти и возачи на мотоцикли што бараат највисоко ниво на перформанси и заштита за нивните мотори. MOTUL 7100 4T е најдобар достапен лубрикант за секојдневна употреба. MOTUL 5100 4T е познат по својата балансирана мешавина на синтетички и минерални базни масла, во комбинација со напредни адитиви. Оваа комбинација нуди одлични својства за подмачкување, чистота на моторот и севкупна заштита од абење. Една од клучните придобивки на MOTUL 5100 4T е неговата способност да обезбеди постојани перформанси во различни услови на возење, од градски патувања до патувања на долги релации. Нуди добра термичка стабилност обезбедувајќи сигурно подмачкување дури и при високи работни температури. Дополнително,
4T е дизајнирано да ги минимизира наслојките од моторот и формирањето тиња што придонесува за продолжен век на траење на моторот и намалени потреби на негово одржување. Генерално,
е доверлив избор на возачите на мотоцикли што бараат сигурно и економично моторно масло што обезбедува соодветна заштита и перформанси за нивните мотори.
MOTUL 5100
MOTUL 5100 4T
23 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk MOTUL 5000 4T е моторно масло дизајнирано за четиритактни мотоцикли. Формулирано е да нуди сигурни перформанси и заштита на моторите во различни услови на возење. Ознаката 4Т покажува дека е специјално дизајнирано за четиритактни мотори што најчесто се наоѓаат на мотоциклите. MOTUL 5000 4T обезбедува соодветно подмачкување и заштита на моторите, иако можеби нема да нуди исто
сепак дава суштински придобивки, како што се намалување на триењето, спречување на абењето и одржување на чистотата на моторот. MOTUL 5000 4T често се избира од возачи што имаат приоритет на достапноста и основната заштита на моторот. Иако можеби ги нема напредните адитиви и карактеристики на изведбата на синтетичките масла, сепак ги исполнува барањата на многу мотоцикли и може да обезбеди задоволителни перформанси за секојдневно возење. Генерално, MOTUL 5000 4T е соодветен избор за возачи што бараат моторно масло прифатливо за буџетот што нуди пристојна заштита за нивните мотори. MOTUL, исто така, нуди низа масла специјално дизајнирани за скутери, задоволувајќи ги уникатните барања на овие помали мотори и нивните работни услови. Еден од најпопуларните производи масло за скутери е MOTUL Scooter Expert. Ова масло е формулирано да обезбеди оптимално подмачкување и заштита на моторот на скутерот, обезбедувајќи непречени перформанси и долговечност. Како и кај секој лубрикант, од суштинско значење е да се избере вискозноста на маслото и спецификациите препорачани од производителот на скутерот за да се обезбеди правилно функционирање на моторот. Маслата за скутери на Motul често се достапни во различни вискозитет за да одговараат на различни типови мотори и работни услови. MOTUL MC Care е линија на производи за одржување и нега специјално дизајнирана за мотоцикли. Motul нуди различни производи MC Care за да им помогне на сопствениците на мотоцикли да ги задржат своите миленици во врвна состојба. Палетата MOTUL MC Care вклучува производи, како што се: - Чистачи на синџири: тие се формулирани за ефикасно чистење на синџирите за мотоцикли отстранувајќи ги нечистотијата и стариот лубрикант за синџир за да обезбеди непречено функционирање и да се продолжи животниот век на синџирот. - Лубриканти за синџири: MOTUL нуди низа подмачкувачи за синџири дизајнирани да обезбедат оптимално подмачкување и заштита на синџирите, намалувајќи ги триењето и абењето за подобри перформанси и долговечност. - Средства за чистење: Овие производи се дизајнирани за безбедно и ефикасно чистење на различни делови на мотоциклот, вклучително моторот, рамката, тркалата и каросеријата. - Други производи за одржување: палетата MOTUL MC Care вклучува и производи за чистење на сопирачки, масла за филтри за воздух, средства за одржување на кожата. Севкупно на производите на MOTUL MC Care им веруваат и ентузијастите и професионалците поради нивниот квалитет, ефикасност во одржувањето и грижата за мотоциклите, помагајќи да се обезбедат оптимални перформанси и долговечност на мотоциклот. • MOTUL 3000 4T е моторно масло специјално дизајнирано за четиритактни мотоцикли. Формулирано е да обезбеди основно, но сигурно подмачкување и заштита на моторите во различни услови на возење. Како минерално масло MOTUL 3000 4T нуди основни својства на подмачкување за намалување на триењето, спречување на абењето и одржување на чистотата на моторот. Погодно е за секојдневно патување и рекреативно возење, каде што екстремните барања за перформанси не се примарна грижа. Генерално, MOTUL 3000 4T е буџетска опција за сопствениците на мотоцикли што сакаат сигурно моторно масло што обезбедува основна заштита на нивните мотори.
ниво на перформанси или долговечност како синтетичките масла,

ЗАСЕКОГАШ

24 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ Работите кои треба да ги завршите до денот на венчавката и свадбата, прославата по повод склучувањето брак навистина се многу, тоа е факт. Особено ако сакате да биде онаков каков што сте го замислувале отсекогаш - перфектен, совршен. За секој случај, бидете подготвени на препреки што за време на подготовките ќе ви се чинат како нерешливи задачи, но не очајувајте бидејќи тоа е само привид. На денот буквално сè ќе биде супер, тогаш работите се доживуваат инаку, на друг начин - поубаво. Затоа, опуштете се. Но сепак за да си олесните, не се колебајте дали да вложите средства во ангажирање вистински професионалец кому организацијата му е занимање. Верувајте, повеќе се исплаќа. Можете да го ангажирате целосно, делумно или само да се консултирате со него. Започнете навреме, зошто да не и десет месеци порано, ако не сте врзани со тајминг. Организаторите велат дека тоа е идеално време за да немате главоболка. Списокот можеби е со голема должина, но штом ќе почнете да ги пречкртувате готовите работи, една по друга, ќе ви олесни. Патем не заборавајте да го приспособите на своите желби, дали сакате мала или голема свадба, на отворено или пак во ресторан. ВЕНЧАВКАТА И ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД СКЛУЧУВАЊЕТО БРАК ЗА МЛАДОЖЕНЕЦОТ И МЛАДОЖЕНКАТА СЕ НАЈВАЖНИТЕ, НАЈУБАВИТЕ МОМЕНТИ ОД НИВНИОТ ЖИВОТ НА КОИ ЌЕ СЕ СЕЌАВААТ ДО САМИОТ КРАЈ, БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ШТО ПОДГОТОВКИТЕ ЧЕСТО СЕ ИСПОЛНЕТИ СО СТРЕС. ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ПСИХОЛОШКИТЕ ПРИТИСОЦИ, НЕОПХОДНО Е ИСТИТЕ ДА СЕ НАПРАВАТ СО ВРЕМЕ, СОГЛАСНО ПЛАНОВИТЕ И СОВЕТИТЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ. Свадба СОГЛАСНО ТРАДИЦИЈАТА, ОБИЧАИТЕ Врз основа на приоритетите кои ќе се најдат во листата (пред сè ќе ја утврдите датата), извршете ја и распределбата на работите. Особено важно е поканите на гостите да им ги пратите навремено, да си планираат. Откако ќе ја закажете венчавката, склучувањето брак во матично (народски кажано) и во црква, ќе резервирате место за прославата, било ресторан, било ливада, покрај езеро..., каде што ќе распнете шатори, платна во вид на летни натстрешници..., направете го тоа веднаш. Доколку сакате лично да им ги дадете, на рака, од месец до месец и половина е идеално време пред свадбата, не помалку од три недели. Се разбира, една од постоечките можности е гостите да ги поканите и со помош на електронски комуникации, преку компјутерска мрежа, со напомена да го зачуваат датумот (save the date) - официјално, три месеци пред големиот ден. И ним им треба време да се подготват. Истовремено замолете ги да ја потврдат својата присутност. Штом знаете кои ви се приоритетните задачи, полесно ќе ги донесувате и другите, натамошни одлуки. Заедно, во секој случај. Не смеете да бидете себични, венчалниот фустан не може да е поважен од свадбениот костум, на пример. И обратно. Сè во рамките на испланираниот буџет. Согласно искуствата, секогаш се преминува. Не му дозволувајте секому да ви се меша во
ВРЕЖАНА ВО СЕЌАВАЊЕТО
25 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Доколку се одлучите за прослава во ресторан, изборот нека соодветствува на вашите критериуми, вклучувајќи го и вкусотентериерот е битен исто како и удобноста и понудата на јадења, пијалаци. Без исклучок на декорацијата. И музиката, се разбира. Доброто расположение во голема мера зависи од неа, суштински. Во исто време би требало да кореспондира и со стилот на свадбата и што е особено важно, да се поклопува со музиката која приватно ја слушате. И музичарите се одговорни за веселата атмосфера. Ако имаат големо искуство, нема причина за сомневање. ВО ТЕСНА КОРЕЛАЦИЈА СО ВИСТИНСКИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ Украсувањето препуштете им го на вистинските професионалци, не само дома туку и во ресторанот или пак во распнатите шатори, на отворено - доколку се одлучите за такво нешто. Во последно време е доста популарно, се практикува сè повеќе. Од сите страни се растегнуваат и платна во вид на летни натстрешници, а неретко се прославува и под ведро небо. Аранжманите на цвеќињата мораат да се вклопуваат во целината (пригодниот амбиент), да се усогласуваат со останатите декоративни предмети. Невестинскиот бидермаер, исто така. По ваша желба. Дозволете им токму ним да ја раскажат вашата љубовна приказна, но на свој начинединствен, уникатен. Свадбениот костум би требало да одговара во целост на венчалниот фустан (сосе аксесоарите, шминката и фризурата), да се сложуваат еден со друг за сликовито да се прикаже и меѓусебната поврзаност на младоженецот и младоженката и (на)дополнувањето меѓу себе. За овековечување на големиот ден, ангажирајте лице што се занимава по професија со фотографирање. По неколку години, па и децении, фотографиите ќе ве потсетат на него и на важните, главни моменти од венчавката и прославата по повод склучувањето брак - засекогаш врежани во сеќавањето. Нека ве следи во чекор, насекаде. И во матично и во црква. Постои можност административното лице што венчава, т.е. матичарот да дојде до местото на кое би сакале да го извршите чинот на стапување во брак (граѓански), пред своите блиски роднини, пријатели... Но, за секој случај, претходно распрашајте се за сите детали, па дури и за цената. Доколку сте проникнати со религија, набожни луѓе, не го изоставајте заветувањето на верност и љубов. Тоа е светорелигиозен обред на склучување брак, темелот и на семејството и на општеството. Кога е православието во прашање, има денови во кои свештениците не венчаат, согласно со црковните канони. Од таа причина, информирајте се подобро. Веднаш по чинот на стапување во брак (граѓански), вклучувајќи го и религиозниот обред на склучување брак и свадбените обичаи што генерално се дел од традицијата, следи прославата за која е потребно да бидете опуштени, максимално. Релаксираната атмосфера е предуслов за добро расположение. Стопроцентно препуштете ù се, окружени со најблиските, оние што ги сакате. Нема потреба да повикувате некого на свадба, чие присуство не ви значи ништо. Своите чувства, длабокото задоволство од семејната среќа, споделете ја само со луѓето кои отворено, искрено се радуваат заедно со вас - за вас. А, организацијата доверете им ја на тие што си ја знаат работата, вистинските професионалци. Во согласност со вашите желби, но и под ваша контрола. • Игор Ландсберг СТИЛ | подготовките, тоа е сепак ваш ден. Можете да ги вклучите само родителите и кумовите. Во спротивно, ако им допуштите, бидете флексибилни. На крајот на краиштата, вие го имате последниот збор. Гледајте да си ги поедноставите работите, а и прашање на договор е буквално сè. Оттаму и кога се работи за бурмите. Можат да ви ги купат и првите сведоци, т.е. кумовите. Во согласност со традицијата, обичаите.
26 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ Патување со брод (крстарење) И МОРИЊАТА ИМААТ СВОЈА ИКОНА Убавината на патувањето со брод е во погледот на воденото пространство, непрегледната ширина со кој се будите наутро, легнувате во доцните ноќи по вечерата и забавата во сите локали на кои им претходеше сончање, капење во базените, лизгање по тобоганите или прошетка низ градот во чие пристаниште се укотвил, заедно со останатото. И покрај тоа што со крстарењата се врзуваат голем број митови, како на пример дека се полни со пензионери кои не излегуваат од казина, дека се пие многу. Искуството на патниците ги негира, дефинитивно. Често се расправа и за сигурноста, безбедноста - непотребно. Патувањето со брод е сигурно исто колку и со авион, се вбројува меѓу побезбедните. Секако, претерани се и гласините дека во кабините може само да се преноќи, дека во случај да ви треба итна помош, никаде ја нема - препуштени сами на себе и така натаму. За среќа, доколку се одлучите за крстарење, претходно можете да се информирате во детали на интернет, во туристичките агенции, од познаниците кои ја искусиле неговата убава страна. Компаниите постојано се стремат кон подобрување, воведувајќи иновации, а луксузот им е заеднички именител. Royal Caribbean International (некогашната Royal Caribbean Cruise Line) веќе 58 години се истакнува и со новините, меѓу другото. НОВИОТ КРУЗЕР ШТО ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ И СО НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА, КОЈ ИСПЛОВИ НА 27 ЈАНУАРИ, НÈ ИНСПИРИРА ОВОЈ ПАТ ДА ВИ ПРЕДЛОЖИМЕ НЕШТО ДРУГО, ИНАКВО. БЕЗ ОГЛЕД НА ГЛАСИНИТЕ ШТО СЕ ШИРАТ ЗА КРСТАРЕЊАТА, ИСКУСТВОТО НА ПАТНИЦИТЕ СЕПАК Е ДИЈАМЕТРАЛНО РАЗЛИЧНО. МОЖЕБИ ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОНЕЧНО ДА СЕ УВЕРИТЕ ВО НИВНАТА АТРАКТИВНОСТ.

лемиот крузер на сите времиња, со 248.663 бруто-тонажа (307.895 нето). Името

Dueling Pianos, Lou’s Jazz

Blues, Rye & Bean, The Overlook, Music Hall

Playmakers Sports Bar & Arcade.

27 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ | Без оглед на тоа што е формирана во Норвешка, седиштето ù е во Мајами, на Флорида. Денес сопственичките права ги има Royal Caribbean Group откако во 1997-ма се здоби со нив. До пред 6 години контролираше само 19,2 проценти од светскиот пазар на крстарења, во моментов
испорачани.
пушти
-
му го даде Лионел Меси, аргентинскиот фудбалер„Икона на морињата“. Во споредба со „Титаник“, поголем е дури петпати. ИМПРЕСИВНО ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД Идејата е одамнешна. Компанијата и финскиот бродоградител Meyer Turku Oy во октомври 2016-та ја најавија реализацијата на проектот, заедно со уште еден. Градењето започна во јуни 2021ва. Пробното возење траеше 3 дена, од 19 до 22 јуни 2023 година. За да се доуреди, беа потребни 5 месеци. Royal Caribbean го презеде на 27 ноември, а точно 2 месеца потоа, крузерот исплови од пристаништето во Мајами. Се напојува со течен природен гас и покрај тоа што екологистите укажуваат на штетноста. Благодарејќи на 6-те мотори, движењето е можно и со користење друг вид гориво. Тимот кој работеше на изградбата го сочинуваа врвни архитекти, дизајнери, ентериеристи од Wilson Butler Architects, Skylab Architecture, CallisonRTKL и 3deluxe, кои воведоа и доста иновации, т.е. новини како што е архитектурното чудо The Pearl, носечката конструкција покриена со 3.600 кинетички (светкави) плочки. Со помош на неа, променадата е во правец на морето. Буквално сè (до ситници) е приспособено и на екипажот (2.350 на број) и на патниците (од 5.610 до 7.600, максимум), а во исто време се одликува со луксуз, раскош - извонредна убавина. Параметрите се импресивни, во секој поглед. Крузерот е долг 364,75 метри, со вкупно 20 палуби. Гигантски е и аквапаркот на кој има 6 тобогани. Се разбира, префиксот „нај“ е својствен за сите - најголем, највисоки во светот, без исклучок на водопадот (17 метри). Базените се различни по големина, има 7. За секој ден во неделата. Royal Bay сепак е највпечатлив, со повеќе од 40.000 галони вода. Сигурно ќе го паметите и времето поминато во Swim & Tonic каде што ќе можете да уживате во газираниот безалкохолен пијалак додека се разладувате во базенот. И барот Lime & Coconut ја нуди можноста да испиете понекоја чаша коктел во џакузито на конзолата, со поглед на морето. Зајдисонцето е поубаво со шампањ, во базенот на 8-миот кат. Изборот навистина е огромен (секогаш во друштво со диџеите), а толкав е и бројот на причините за иконичното значење на бродот. Нема место за досада бидејќи програмската шема е полна со изненадувања. (Под) водните акробации на изведувачите се восхитувачки, заедно со нуркачите кои се одговорни за забавата во Aqua Dome, вклучително и артистичките танци на лизгачите во Absolute Zero. Нема сомневање дека ќе ве воодушеват и глумците во големиот хит „Волшебникот од Оз“, а децата, пак, ќе се расположат со ликовите во класичната бајка Once Upon a Time: The King’s Royal Ball. Компанијата има своја продукција. Штом ќе падне мрак, крузерот не го осветлуваат само безброј ламби, светилки туку и можности. Барем така вели посадата. Дури повеќе од 15 локали се на располагање за ноќна забава, меѓу нив и со музика во живо, стендап-шоу... Нивните имиња -
‘n
и
кажуваат сè: каква музика се свири, намената и слично, исто како и на Point
и
Во гласините кои се врзуваат обично со крстарењата спаѓа и таа за оброците, дека намирниците, прехранбените производи не се свежи. Напротив, снабдувањето се обезбедува речиси секој ден, во местата (пристаништата) каде што бродот се закотвува. Вечерите се сервираат и внатре и надвор, на 20 различни начини - во согласност со видот на кујната. Има специјалитети на италијанската, американската, азиската..., но можете да бирате и меѓу вегетаријанска храна, јадења со месо, кавијар, морски плодови, риба. Следователно и рестораните се од различни категории, не само луксузни како дајнинг-румот на 3 ката, препознатлив по раскошниот лустер од фино брусено стакло и секако, по деликатесите на Royal Caribbean во комбинација на вкусовите од Џакарта до Џајпур, полжавите пржени во путер... Доколку треба да прославите нешто, екипажот ќе се погрижи за ВИП-третман во просторијата каде што е т.н. славеничка маса за 13-мина, неизоставно со поглед на море.
располага со 28 патнички бродови, уште 3 се чекаат да бидат
Во јануари (27-ми) го
најго
The Attic
& Feather, Spotlight Karaoke, Casino Royale

се дури и за брачни двојки со 6 деца. Покрај играчница, имаат и 3 бањи, кујна и трпезарија, кино. Можноста да се избира е отворена. Собите за четворица располагаат и со заоблени балкони на кои може и да се јаде вечера, за да не се пропушти заоѓањето

на сонцето. Удобноста е императив,

укотвува. Цените се варијабилни, минимумот е 1.775 долари за

Western Caribbean & Perfect Day со посета на Costa Maya во Мексико, Roatán во близина на Хондурас, Cozumel близу Мексико и

CocoCay на Бахамите; 1.819$ за Eastern Caribbean & Perfect Day со

посета на Philipsburg (St. Maarten), Charlotte Amelie (St. Thomas) и

CocoCay на Бахамите; 2.008$ за Eastern Caribbean & Perfect Day со

посета на Charlotte Amelie (St. Thomas), San Juan во Пуерто Рико

и CocoCay на Бахамите; 2.119$ за Eastern Caribbean & Perfect Day со посета на Basseterre (St. Kitts & Nevis), Charlotte Amelie (St. Thomas) и CocoCay на Бахамите; 2.159$ за Eastern Caribbean Cruise со посета на Philipsburg(St. Maarten), San Juan во Пуерто Рико и

Labadee на Хаити; 2.217$ за Eastern Caribbean & Perfect Day со по

на Puerto Plata во Доминиканска

Charlotte Amelie (St. Thomas), San Juan

28 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ ВО COCOCAY НА БАХАМИТЕ ЗА PERFECT DAY Сместувачките капацитети на крузерот ги задоволуваат буквално сите потреби на патниците, вклучувајќи ги и семејствата. Истанчениот вкус може да се види и во апартманите чиј ентериер се одликува со извонредна финост, а глетката само го засилува впечатокот за нив. Посадата дава целосна сигурност за мир и тишина, не занемарувајќи ги и инвалидните лица за кои се овозможени сите услови. Без оглед на тоа што просториите се споени, можат и да се одвојат како засебни. Наменети се и за четворица и за 6-мина, со балкон, бања и телевизиски приемник. Трикатните станови се резервирани за многудетни семејства. Приспособени
независно дали патувате во група со уште неколку луѓе или сам(а). Персоналот ќе направи сè за така и да се чувствувате - пријатно. За почеток е доволно да се замислите себеси како потонувате во сон додека очите повремено ги отворате бидејќи не сакате да испуштите од глетката ни една секунда. Во исто време ќе го решите и колебањето во врска со вашето следно патување. Сите аранжмани се седумдневни, колку што
и престојот
бродот
повремени излегувања
местата
трае
на
со
во
каде што се
-
во Пуерто Рико и CocoCay на Бахамите. Поаѓалиштето е во Мајами, на Флорида каде што впрочем и завршуваат патувањата, еднаш месечно. Со цел да уживате во турата која ќе ја одберете, макар и да се одлучите за сосема друга, изборот на крузерот направете го без да отстапите од своите принципи, нека биде по ваша мера. Истото важи и за собата, дури и да е мала. Комотноста е најважна. Понесете и топли алишта, на палубата навечер е ладно, а и патничките бродови се климатизирани, па знае да пристуди. Летната гардероба се подразбира. Кога е интернетот во прашање, за вајфај се плаќа дополнително. Конектирајте се на местата каде што крузерот се усидрува. Често користете ги бродските гласила, т.е. весници. Обично се ставаат на пултовите, а информациите ќе ви помогнат и за
Излетите се доплаќаат во повеќето случаи, со универзалната картичка,
пресметана во надоместокот за услугите, околу 10 долари на ден. Ако се решите да располагате и со готови пари, да оставате бакшиши - вообичаено се дава од 10 до 20$. Но, подобро чувајте ги за надвор. Во последно време, за крстарење се одлучуваат и цели семејства. Една од причините за тоа се поволностите што ги имаат децата до 18 години. Имено, за нив се плаќа мала сума пари - за престојот на пристаништата. Бебиња до 6 месеци, како и трудници по 24-тата недела од бременоста не се препорачува да патуваат. И на крајот, за морската болест на крузерите може да се каже дека е занемарлива - поради стабилизаторите, нишањето е сведено на минимум. За секој случај, понесете си таблети. Можете да чувствувате мачнотија и од страв да добиете морска болест. И изборот на турата направете го во согласност со вашите желби, мечти, соништа, фантазии. Според можностите... • Игор Ландсберг CocoCay на Бахамите CocoCay на Бахамите Внатре во Aqua Dome Внатре во Aqua Dome Базенот на 8-миот кат Дајнинг рум
сета
Република,
резервациите.
и за плаќање и за отворање врата и за идентификација. Кеш не ви треба, дури ни за бакшиш. Напојницата е
30 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Карбонара е класична римска порција паста. Оригиналниот рецепт е многу прост и сложен во исто време. :) Сварете ги шпагетите „al dente“ - тоа значи да бидат помалку варени од регуларно време за варење, односно да ги чувствувате како крцкаат под забите. Префрлете ги во тава во која сте ставиле 2 кутлачи вода од водата во која се варела пастата. Потоа додадете 2 жолчки од jajцe измешани со 40гр рендан Пармезан и малку црн бибер. Мешајте на средна температура додека не се згусне. Сервирајте како што е претставено на фотографијата. ГАСТРОНОМИЈА Подготовка: ШПАГЕТИ КАРБОНАРА

читаj, гледаj, слушаj...

„THE TORTURED POETS DEPARTMENT“ TAYLOR SWIFT

по него, иако во меѓувреме го објави и „1989 (Taylor’s Version)“, таа се фокусирала на концепциската замисла што за време на турнејата ја довела до крај. Го опиша како „лајф-лајн“, т.е. производ на императивно создавање музички творби. Промоцијата се одржа на 19 април. „The Tortured Poets Department“ го сними во соработка со Republic Records, американскиот рапер Post Malone и англискиот инди рок бенд Florence and the Machine. Албумот содржи 16 песни, а секоја едиција има и бонус: „Fortnight“ (заедно со Post Malone), „ The Tortured Poets Department“, „My Boy Only Breaks His Favorite Toys“, „Down Bad“, „So Long, London“, „But Daddy I Love Him“, „Fresh Out the Slammer“, „Florida!!!“ (со Florence and the Machine), „Guilty as Sin?“, „Who’s Afraid of Little Old Me?“, „I Can Fix Him (No Really I Can)“, „LOML (Love of My Life)“, „I Can Do It with a Broken Heart“, „The Smallest Man Who Ever Lived“, „The Alchemy“, „Clara Bow“ и бонус-песните „The Manuscript“, „The Bolter“, „The Albatross“, „The Black Dog

Timothée Chalamet, Zendaya, Rebecca Ferguson, Josh Brolin, Austin Butler, Florence Pugh, Dave Bautista, Christopher Walken, Léa Seydoux, Souheila Yacoub, Stellan Skarsgård, Charlotte Rampling, Javier Bardem

Denis Villeneuve

31 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk „DUNE:
TWO“ (ДИНА: ВТОР ДЕЛ) Продолжението на „Dune“ од 2021 година веќе се прикажува во кината ширум светот, но можете да го гледате и онлајн. Критиката му го припиша епитетот брилијантен, исто како и Стивен Спилберг кој е воодушевен од филмот и неговите визуелни ефекти, сензации. Режисерот ги потпишува и продукцијата и сценариото, инаку базирано на истоимената новела од 1965-та, чиј автор е Frank Herbert. Се зборува за Paul „Muad’Dib“ Atreides во текот на неговото соединување со Фременците на пустинската планета Arrakis за да војува со Harkonnen. Снимањето се одвиваше во Абу Даби, Будимпешта, Јордан, Италија во 2022-ра. Сакајќи да го достигне „Опенхајмер“, филмот беше објавен во IMAX формат со 15 перфорации од 70 мм во 12 места на светот, додека во 38 места се објави во стандарден формат со 5 перфорации од 70 мм. „Дина: Втор дел“ моментално е прв на листата по заработка, означена со 9 цифри. • Жанр: еп, научна фантастика Актери:
Режија:
PART
албум на 34-годишната кантавторка од Америка, снимен во студио.
Свифт
извести
неговото
на 4 февруари, кога
беше
од 2022-ра во рамките на 66-тото доделување. Веднаш
• „ТВОИТЕ ПЕТ СЛЕДНИ ПОТЕЗИ“ ПАТРИК БЕТ-ДЕЈВИД Успешните претприемачи и шаховските велемајстори
визија
ги
и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите. Ќе добиете: ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете. СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци. ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња. ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности. УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање стратешка предност. •
Ова е 11-ти
Тејлор
ја
јавноста за
издавање уште
ù
дадена „Греми“ наградата за „Midnights“
имаат
да
погледнат фигурите пред нив

ПОЗАЈМЕНО

32 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk Подводно летало РИБАТА МАНТА РАЈА ПОСЛУЖИ КАКО ИДЕЈНА НАСОКА ВО КОЈА ЌЕ СЕ ДВИЖИ РАЗВОЈОТ И ПРОИЗВОДСТВОТО НА ПОДВОДНИОТ ДРОН КОЈ ПРВЕНСТВЕНО ЌЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ВОЕНИ ЦЕЛИ, НО И ВО СЕКОЈДНЕВИЕТЕ.
ОД
СВЕТ | HI TECH Нова машинерија на повидок, но и не е толку нова, затоа што конкуренцијата веќе има направено прототипови, а според официјалните (и неофицијалните) извештаи најдалеку е отидена кинеската машинерија и инженерија и сè уште вложуваат многу на тоа поле. Во создавањето на ова пловило вклучени се многу сериозни играчи како на пример Нортроп Груман, производител на авиони. За каква направа зборуваме? Тоа е подводно летало. Беспилотно подводно летало во вид на манта раја(ража), риба со облик на видоизменет триаголник (или петоаголник, зависи кој како гледа на рибата). Како што велат од Нортроп Груман подводниот дрон е со „икс л“ големина, но не ги спомнуваат димензиите. Сепак може да насетиме дека дронот има распон помеѓу осум и девет метри, затоа што конструкторите велат дека „леталото“ има способност да ги имитира движењата на рибата манта ража. Ќе се применува како што спомнавме во посебни прилики и на места каде не може човекот да оперира. Подводното летало (пловило) има способност да се задржи во вода со денови, но и да се спушти на дното од морето и да хибернира и на тој начин да сочува енергија за натамошните мисии. При тоа притајување дронот преку посебен уред може да ги искористи движењата на морето (бранови и струи) за создавање електрична енергија која потоа ќе се складира. Искористување на подводните струења на водата за создавање електрична енергија, е најдоброто што го смислиле конструкторите или идејата ја позајмиле од комерцијалните летала. Кога снемува струја во авионите, тогаш мал пропелер излегува од телото (фуселажот) и со вртењето произведува електрична енергија. Нешто како најобично динамо на велосипед. Да го спомнеме следново, дронот не се движи исто како спомнатата риба, да мавта со крилата, туку плови со помош на мали елиси (електромотори), претпоставуваме дека се бесшумни. Подводниот дрон ќе се користи за превоз на најразлични материјални добра, но ќе носи и разновидни експлозивни направи, но и некој вид автоматско оружје. Покрај тоа ќе има и мноштво сензори и камери со кои ќе врши надгледување на сè и сешто што е под вода. Нема да биде чудно ако вградат и перископ со кој ќе набљудува и над вода. Погодувате, новата „машинерија“ е збир од повеќе досегашни направи, пловила, како на пример подморници и на нив сличните алатки со кои досега се истражувал и освојувал подводниот свет. Производителот го претстави прототипот „манта раја нордтроп груман“ на 8 април во неговата природна големина, значи 1 : 1, со тоа што нагласи дека исцрпувачките тестирања допрва започнуваат. За да стасаат до оваа фаза конструкторите работеле цели четири години, односно од 2020 год. Бојата на подводното пловило (летало) сигурно ќе биде иста како бојата на рибата манта ража, а може да вградат (залепат) филм од лед светилки кои ќе ја менуваат бојата на дронот во зависност од околината. Така прават животните, поим познат под името мимикрија, односно прикривање. Таквиот вид прикривање е од витално значење за една ваква беспилотна направа за да остане што подолго време оперативна и незабележлива. Производителот со право не даде подетални информации, туку само површни и оскудни, бидејќи во прашање е осетлива направа, нешто како подводен сателит за набљудување или како оружје против подморниците. Со оваа направа повторно се докажува дека природата создала најсоодветни облици за опстанок во животната средина и не случајно конструкторите ја одбрале ражата како идејно решение за нивниот подводно беспилотно пловило, летало или што и да е. • Жарко Атанасоски
ЖИВОТИНСКИОТ
33 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ИАКО МОДЕЛ НА ВАКОВ АВТОМОБИЛ С È УШТЕ СЕ СРЕЌАВА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА, СЕПАК Е РЕТКОСТ ДА СЕ ОТКРИЕ И НАЈДЕ ПРИМЕРОК ШТО ИЗГЛЕДА КАКО ШТОТУКУ ИЗЛЕЗЕН ОД ФАБРИЧКИТЕ ХАЛИ НА ТАС ВО САРАЕВО... Олдтајмер VW Golf diesel J-GL ТРИ ГЕНЕРАЦИИ НА ВОЗАЧИ, А ЕДЕН АВТОМОБИЛ… На еден паркинг во скопската населба Тафталиџе 2 видов одлично зачуван примерок на VW Golf diesel. Сопственикот на возилото со задоволството се согласи неговиот автомобил да биде тема во нашата рубрика олдтајмер. Историјата на ова возило започнува во 1995 година кога таткото на Дарко Малиновски добил информација дека во една скопска гаража има VW Golf diesel произведен во 1985 година со 1,6-дизелски агрегат, со 54 КС и потрошувачка од околу 6 литри на 100 километри, со поминати 10.000 км, а кој можел да го купи за тогашни 10.000 марки. Тоа е модел на VW Golf diesel J-GL произведен во фабриката ТАС во Сараево, модел во изведба на с-пакет што содржи дизел-мотор, предни магленки, серво сопирачки и заден бришач. Оваа серија автомобили се произведувала од средината на 1984 година до средината на 1985 година. Татко му го возел одреден период, а потоа голфот му го дал на својот татко, инаку дедо на Дарко, кој внимателно го чувал и одржувал. Дарко го добил голфот како наследство во 2016 година. Со автомобилот патувал насекаде, пред сè, на планински предели. Иако не е рафиниран како современите автомобили, како за автомобил од средината на 80-тите години во неговиот сегмент неговата практичност во просторот и одржувањето го прават одличен олдтајмер, иако нема клима и серво волан, сепак е пријатен и економичен за возење (бидејќи дополнително има вграден 5-брзински менувач). Како што вели Дарко, автомобилот секогаш привлекувал погледи, а често се случува да го бараат за да го купат. Дарко порачува дека старите автомобили што сè уште стојат во гаражи и дворови може со малку поголема грижа да се доведат во добра состојба и да бидат гордост за сопствениците, а македонскиот автомобилизам да стане уште побогат со примерок на возила од минатото. Овие автомобили се достојни за почит со нивната историска вредност и заслужуваат да се зачуваат. • Андријан Трипунов ИСТОРИЈА | За Дарко голфот претставува доказ дека со континуирано одржување автомобилите може да нè служат со декади
34 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА СРЕЌЕН
ДЕЛОВИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ВЕЛОСИПЕДИ ДО МОТОЦИКЛИ, МАЛИ СТОПАНСКИ ВОЗИЛА НА ТРИ ТРКАЛА, ПОТОА ПРВ АВТОМОБИЛ ВО 1974 ГОДИНА, ДЕНЕС Е ПЕТТА СВЕТСКА СИЛА. ИМАШЕ ДВА ФИНАНСИСКИ ПАДА, ВТОРИОТ БЕШЕ НАЈТЕЖОК. ТОГАШ ХЈУНДАИ ЈА ЗАКРЕПНА КИА И ДЕНЕС, СПОРЕД СПИСОКОТ НА ИБЕ (ИНТЕРНЕШНЛ БРЕНД ЕКВИТИ), СЕ
ВО НАЈДОБРИТЕ МАРКИ ВО
КИА
НА ВИСОКО ЧЕТВРТО МЕСТО, ЗАД ЛЕКСУС, ПОРШЕ И БМВ, А ПРЕД ТОЈОТА, АУДИ, МЕРЦЕДЕС, ВОЛВО, ФОЛКСВАГЕН, НИСАН, ХОНДА... 80 години КИА Историјата на четири тркала овој пат е од Далечниот Исток, поточно од Корејскиот Полуостров. Повод е тоа што Киа, најстариот производител на автомобили на полуостровот слави јубилеј, 80 години од основањето на компанијата. Сето тоа почнало на 9 јуни 1944 година. Младиот Ким Чеол - Хо, момче со ведар, немирен дух и верба во себе, заминал за Јапонија кога имал 18 години. Почнал да работи во челичарница, а по неколку години отворил своја работилница во Осака, каде што произведувал ситни делови за велосипеди. По две децении, во 1944 година, се вратил во родната земја и ја основал компанијата Квансунг Прециз Индастри. И во својата земја Ким Чеол - Хо произведувал делови за велосипеди. Во 1952 година од работилницата излегол првиот корејски велосипед. Велосипедите се произведувале под името Самчули, марка што и денес постои. Годишно се произведувале по околу 300.000 примероци - градски, планински, за натпреварувања, детски, но произведувал и велосипеди под марките: Апаланчија, Андре Ким, Чело, Кенија, Хонд, Некст, Леспо, Метро. Во 1987 година оваа компанија добила награда за врвен дострел во извозот на велосипеди и прилив од 10 милиони долари, а во 2007 год. првпат на домашниот пазар продала еден милион велосипеди. Таа година компанијата позната под името Квансунг Прециз Индастри го сменила името во КИА. Трите букви имаат свое значење - „ки“ е синоним за направено, потекнува од, израснато, изведено, „а“ е за Азија, односно Киа значи „направено во Азија“, „од Азија“, „израснато во Азија“ „има потекло од Азија“. За натамошниот развој на Киа клучна е 1957 година. Тогаш Ким Чеол - Хо одлучил да произведува мотоцикли со дозвола од Хонда. Тие мотоцикли го носат името „киа - хонда“. По пет години Киа го произведе малото лесно стопанско возило на три тркала, во договор со Мазда. Во 1974 година Киа отиде чекор напред и од халите излезе првиот автомобил наречен „бриса“ (1974 - 1982). И ова возило Киа го произведе по лиценца од Мазда. Всушност, моделот „323“ од Мазда, кој во тоа време се извезувал во САД, во Кореја е „бриса“. Основачот Ким Чеол - Хо починал во 1973 година и не дочекал да го види првиот модел на Киа со четири тркала. Покрај соработката со Мазда, Киа одлучила да влезе и во повисока класа со „фиат 132“ и „пежо 504“. Овие два автомобила се произведувале паралелно од 1979 до 1981 година. Во 1983 година тогашната Влада на Јужна Кореја ù наметнала на Киа да произведува лесни стопански возила наместо автомобили. Тој период траел три години, до 1986 година, а потоа Киа повторно им се вратила на автомобилите. И овој пат договорот повторно бил со Мазда - кога јапонската марка ќе направи редизајн на постојниот модел, претходниот ќе го произведува Киа, но за домашен пазар. За информација, речиси истовремено и Хјундаи имал сличен договор со Митсубиши. Тоа кажува дека и Киа и Хјундаи имале тесна соработка со јапонската индустрија на четири тркала, односно дел од корејската автомобилска индустрија
ЈУБИЛЕЈ! ОД
ВБРОЈУВА
СВЕТОТ НА АВТОМОБИЛИТЕ. ИМЕНО,
СЕ НАОЃА
35 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА | се темели врз јапонската. Од 1986 година Киа почнала да произведува мали градски автомобили за американскиот пазар, но под името на Форд, „фестива“ и „еспајр“, а надвор од тој пазар моделот „фестива“ го носи името „прајд“ („киа прајд“). Овој модел се продаваше и кај нас во 90-тите години од минатиот век. Киа го следела примерот на другите производители и тргнала да продава автомобили во САД. Во 1994 година моделот „сефија“, компактен седан, бил прв автомобил на Киа во САД. По една година Киа го претставила своето прво СУВ возило „спортаж“. Ова мало компактно СУВ возило е меѓу првите такви што се нашле на американскиот пазар. „Киа спортаж“ било возило што донело нешто ново на тамошниот пазарпомали димензии и далеку помала потрошувачка на гориво. Економската криза на азискиот континент не ја заобиколила Киа. Поради слабите продажни резултати, челниците прогласиле банкрот. Форд и Даеву први се јавиле да ја купат Киа, но таа не одговорила на нивните понуди. Киа се договорила со Хјундаи, кој во тоа време го купил управувачкиот пакет од 51 отсто. Денес Хјундаи има 33,7 отсто, но и покрај тоа Киа работи самостојно, иако користи основи (платформи) од Хјундаи за конструирање возила. Откако Хјундаи го купил управувачкиот пакет на Киа, веднаш започнал со преструктуирање на компанијата и сето свое знаење и технологија ги вложил во подобрување на квалитетот. Таквиот начин на работа придонел за брзо враќање на Киа не само на домашниот туку и на светскиот пазар. Во тоа време Киа го најмила дизајнерот Петер Шрејер, кој во 2007 година го одредил дизајнерскиот правец наречен „тигровиот нос“ така што Киа добила свој печат препознатлив само за неа. Дизајнерот П. Шрејер претходно работел и во Ауди и во Фолксваген, а денес покрај тоа што е главен дизајнер на Киа, тој е и копретседател на компанијата. Од компанија што произведувала делови за велосипеди, потоа и велосипеди, мотоцикли по лиценца од Хонда, но и автомобили по лиценца на Мазда, Фиат, Пежо и соработка со Форд, Киа, која го допрела дното во бизнисот, денес е светски играч. Според годишните извештаи на Џ. Д. Пауер, Генезис, Хјундаи и Киа неколку години се на врвот на листата на производители на автомобили што најмалку се расипуваат. Генезис е луксузна дивизија на групацијата Хјундаи, односно луксузна марка во семејството, создадена по примерот на Тојота со Лексус, Хонда со Акура и Нисан со Инфинити. Еден од најпосакуваните и најпродаваните модели на Киа е „спортаж“, потоа „сонет“, „соул“, „форте“, „телрајд“, а следуваат моделите „рио“, „стоник“ и другите. Со години „спортаж“ е најпродаван модел на Киа во светот. Во 2022 година продадени се 2,9 милиони возила од марката Киа, односно продажбата е зголемена за 4,6 отсто во однос на 2021 година, а се очекува годинава бројката да биде над 3,2 милиони примероци. Топ три најпродавани модели на Киа во светот се: „спортаж“ со 452.068 единици, „селтос“ е втор со 310.418 и „соренто“ трет со 222.570. Тука се и моделите „селтос“ и „сонет“ како најпродавани во првите месеци од оваа година. Како што се појавуваат новите модели или редизајнираните, така се менува списокот на најпродаваните модели, но, генерално, „спортаж“ е најпродаван. Продажбата во речиси 180 држави покажува дека Киа е играч од светска класа. Во светот на производителите на автомобили Јужна Кореја е петта, зад Јапонија, САД, Германија и Франција • Жарко Атанасоски „Киа сефија“- со овој автомобил Киа тргна на американскиот пазар Прва генерација „киа спортаж“ Електрична дивизија на Киа Најстарата (2006 г.) и најновата (2021 г.) генерација од моделот „соренто“ Прво моторно возило од Киа на четири тркала, модел „бриса“

СИМБОЛОТ

КЛУБОТ „БУБА КЛУБ МАКЕДОНИЈА“ Е ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ, КЛУБ ЗА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА, СИМПАТИЗЕРИ, ЉУБИТЕЛИ И СОПСТВЕНИЦИ НА ПОПУЛАРНАТА СТАРА ФОЛКСВАГЕН

36 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
НА ГЕНЕРАЦИИTE ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНOT
„БУБА“. КЛУБОТ БИЛ ФОРМИРАН ВО МАРТ 2010 ГОДИНА, ВО СКОПЈЕ. Клуб „Буба Клуб Македонија“ Со иницијатива на неколку члена клубот бил формиран во Македонија со цел да се обединат сите сопственици на возилата „буба“ во земјата за да ги прикажат неговите вредности. Клубот зад себе има богата историја, со учество на многу настани во Македонија, и низ Европа, но и многу настани организирани на домашен терен. На 20 април клубот ја прослави 14-годишнината на плоштадот Делфина во Влае. На овој собир се појавија повеќе од 60 возила и стотина учесници од разни клубови (ОТК „Пежо 404 Клуб“, „Gentleman's Crew Skopje“, „Kings of the street - Велес“, „Струмица Ретро Клуб“, „2CV Спачек Клуб Скопје“, „Олдтајмер Витези од Куманово“, „Љубители на Класик Мини“), како и неколку олдтајмер клубови од регионот: ОТК „Врање“, ОТК „Ниш“, ОТК „Врњачка бања“ од Србија, ОТК „Призрен“ од Косово и Ретро Албанија. Им го честитаме роденденот, и им посакуваме уште многу прослави во иднина. • Маргита Поповска
37 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk

ВОЗБУДЛИВИ

ДУЕЛИ ВО КИНА, НО САМО ЗАД

ФЕРСТАПЕН

38 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
ОТКАКО ВО ГОЛЕМ СТИЛ ЈА ОДНЕСЕ ПОБЕДАТА НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АВСТРАЛИЈА ВО МЕЛБУРН, ФЕРАРИ НА СЛЕДНАТА ТРКА ВО ЈАПОНИЈА СЕ ЕТАБЛИРАШЕ КАКО ВТОРА ЕКИПА ЗАД РЕД БУЛ, НО ВЕЌЕ НА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ ВО ШАНГАЈ КОНКУРЕНТИТЕ ИМ ЈА ОТЕЖНАА ЗАДАЧАТА И ГИ НАПРАВИЈА ДУЕЛИТЕ ЗА ПОНИСКИТЕ ПОЗИЦИИ ПОИНТЕРЕСНИ. Светско првенство во Формула 1 | СПОРТ Макс Ферстапен ги однесе победите во Јапонија, а потоа и во спринт трката во Кина, како и на главната трка во неделата. Со ова тој се врати на победничките патеки покажувајќи доминација слична на онаа од минатата година. Сепак, на спринт трката во саботата, Луис Хамилтон внесе драматика борејќи се со Ландо Норис за второто место, но откако возачот на Мекларен (кој ја имаше пол позицијата во спринтот) отиде прешироко, загуби неколку позиции, па Перез и дуото од Ферари се најдоа пред него. За разлика од ова, во квалификациите за главната трка Хамилтон направи грешка и испадна во првата сесија, па Ландо Норис и Фернандо Алонсо беа изненадувањата кои се најдоа веднаш зад Ферстапен и Перез. Сензационалниот победник од Мелбурн, Карлос Саинц по квалификациите се најде на седмото место, зад тимскиот колега Шарл Леклер. Останува забележано дека обајцата се тркаа меѓу себе, особено на почетокот од трката, кога Леклер безмалку го истурка Шпанецот во вториот свиок. На крајот, тие двајца повторно завршија еден зад друг, но две позиции погоре, како четврти и петти, при што Саинц изјави дека можеле и подобро доколку не си биле конкуренти еден на друг. - Ова беше луда трка. Она што се случи на стартот меѓу мене и Шарл нè чинеше обајцата по едно или две места, а тоа подоцна се рефлектираше и во трката. Потоа, се обидовме да го следиме Мерцедес, но кога тој застана (во боксот – з.а.), застанавме и ние, па прерано ги ставивме тврдите гуми. Мислам дека денес петтото место беше максимум што можевме да добиеме, - гласи мислењето на Саинц, кој дополни дека Ферари ќе направи истрага околу нивниот пад во перформансите, но сепак задоволен е што успеал да го задржи Расел зад себе. Од таборот на Мерцедес „се отворија“ дека сепак овој болид не е на нивото на славните претходници и дека наскоро ќе поработат на неговото унапредување. - Испробавме две сосема различни штелувања на болидот за
39 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | време на овој гран при викенд, но и во двата случаи стигнавме до слични времиња по круг. Потребно е да се поработи во фабриката, затоа што во Формула 1 колку повеќе имаш аеродинамични воздушен потисок, побрзо ќе возиш. Штелувањето е само цреша на врвот од тортата,- искрено објасни Џорџ Расел, апелирајќи до инженерите да продолжат со развојот. - Имам впечаток дека нашиот болид е тежок за штелување, но и за возење, па поради тоа имаме осцилации во перформансите. Имајќи предвид на кое ниво е возилото, а тоа е далеку од оптималното, па не беше можно да се вози на лимитот. За трката во Мајами ќе имаме нови делови, па ќе биде интересно да се види како тие ќе се покажат откако ќе ги ставиме на возилото,- најави тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Трката во Мајами е последна од воведната „прекуокеанска турнеја“ во календарот на Формула 1, по што карванот се сели низ Европа со трките во Имола и Монако. Ферстапен има 110 бода на првото место во генералниот пласман, додека тимскиот колега Перез е втор со 85 бода. Возачите на Ферари и Мекларен се во дуел за позициите зад нив, при што Леклер води со 76 бода, Саинц има 69 бода, Ландо Норис 58 бода, а Оскар Пјастри е шести со 38 бода. Пилотите на Мерцедес и Астон Мартин следуваат за комплетирање на првата десетка. • Александар Табаковски Акредитираните медиуми на трката во Кина пренесоа вест дека од идната сезона ќе биде унапреден системот на бодување во Формула 1, при што промени нема да има по прашање на водечките позиции. Тоа значи дека првите петмина и натаму ќе бидат наградувани согласно бодовната шема 25-18-15-12-10. Во моментов поени освојуваат 10 возачи, при што за пласманите од 6 до 10 место се употребува шемата 8-6-4-2-1, а според новиот предлог ќе се оди на 12 освојувачи на поени и шемата ќе се коригира во 8-6-5-4-3-2-1. Овој систем би требало да им помогне на екипите од втората половина на табелата бидејќи сега (по четири извозени трки) има три тима без бодови, а кога би се применувал новиот систем, би имало само една таква екипа. На овој начин, малите тимови ќе добијат поголемо внимание, а нивниот поредок ќе биде пресметуван врз база на поголема конзистентност во освојувањето поени, отколку еднократно изненадување. НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА БОДУВАЊЕ Оваа година на возачкиот пазар ќе има извесни поместувања откако беше најавено дека Луис Хамилтон се сели во Ферари од 2025 година, но Мерцедес сè уште нема најдено замена за него. Ветеранот Фернандо Алонсо потврди дека ќе ја продолжи верноста кон тимот Астон Мартин, со што се иззема себе си од натамошните шпекулации. Карлос Саинц е највисоко рејтингуваниот слободен возач во моментов, кој заминувајќи од Ферари има можност да разгледува повеќе понуди. Бидејќи се очекува од Ред Бул да замине и Серхио Перез, се појавија шпекулации дека Саинц би можел да се најде и во „старото јато“, но Д-р Хелмут Марко за австрискиот весник „Клајне Цајтунг“ изјавил дека тие не можат да му понудат услови како другите тимови. - Преговараме со него. Тој ја вози најдобрата сезона во Формула 1, но има мошне лукративна понуда од Ауди, што ние не можеме да ја достигнеме или натфрлиме,- гласи изјавата на Марко за австрискиот весник. Од друга страна, шпекулациите за Мерцедес укажуваат дека тие посакуваат докажано име како Макс Ферстапен, но заинтересирани се и за опции да му овозможат камбек на Себастијан Фетел, или пак да лансираат нов млад возач како Андреа Кими Антонели. АЛОНСО ПОТВРДЕН, САИНЦ ШПЕКУЛИРА
40 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ПОДОЦНА К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ Не е ништо ново да се слушнат препирки меѓу фанови за тоа кој е подобар, но сепак слободата на таквите споредби често оди во правец на исцртување паралели меѓу неспоредливи нешта. Но, по прашање на „најцрниот викенд“ ми се чини дека нема толку кавги, некако премолчиво сите се согласни дека погибијата на двајца возачи во еден викенд е нешто што навистина отскокнува. Во годините што уследија, на виделина се појавија многу нешта од кои може да се заклучи дека нештата можеле да имаат поинаков тек. За жал, цената на тие лекции беше платена со два човечки животи, оние на Роланд Раценбергер и Аиртон Сена. Носењето на правилата и справувањето со водењето на спортската правда е работа на ФИА, но често во таа работа се мешаат „политиканти“, чија кусогледост достигнува најдалеку до нивните непосредни интереси. Забраната на таканаречениот „систем за активна суспензија“ всушност направи брзите болиди да можат лесно да бидат „вон контрола“. Инцидентите покажаа дека тоа е навистина така, но на Формула 1 ù требаше далеку помасивен зафат за да ја подобри безбедноста и да покаже разбирање дека не треба да дојде до инцидент за да мора да има промени. Процесот кој уследи подразбираше промена на конфигурацијата на повеќе автодроми, каде што се направија измени и во деловите кои беа спорни по прашање на брзините, но и при изградбата на новите каде што едноставно веќе ретко има брзи свиоци како што тоа беше случај со Тамбурело во Имола, Бланшимон во Спа или Маготс во Силверстоун. Потоа, изградбата на болидите мораше да помине таканаречен „креш-тест“, а беа подигнати и стандардите за заштита на главата на возачот во случај на инцидент. Првенствено беа поставени странични бариери кои би спречиле нов инцидент од типот како што имаше Сена, кому „му се врати тркалото“ кое се откачи при ударот во бетонскиот ѕид, а исто така денес тркалата се обезбедени и со дополнителни мерки кои би спречило таква метаморфоза во „проектил“. Денес, таа филозофија се огледува и преку имплементирањето на ХАЛО, за што исто така беше нужно да се воочи како дополнителна потреба по смртта на младиот Сартиз. Триесет години подоцна Формула 1 не е истата и тоа е она што радува, ако се коментира безбедносната страна. Во меѓувреме, голем акцент се стави и на новите технологии кои се релевантни за авто-индустријата и за планетата Земја. Процесот продолжува без запирање и за очекување е во 2026 година да видиме синтетичко гориво кое нема да продуцира јаглерод диоксид. Некој можеби ќе се запраша „дали ваквото гориво е побезбедно од досегашното“ или „дали сега може да се случи некој болид да пламне како оној на Лауда во 1976 година“? Овој пат, верувам дека тие нешта ќе бидат адресирани пред да бидат направени промени во правилата. • АВТОМОБИЛИЗМОТ Е ОПАСЕН СПОРТ И ВО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА ПОВЕЌЕПАТИ СЕ СЛУЧИЛО ДА НАСТРАДААТ ГОЛЕМИ ИМИЊА, АСОВИ НА КОИ СВЕТОТ ИМ СЕ ОДУШЕВУВАЛ ЗА ХРАБРОСТА И ТАЛЕНТОТ, НО СЕПАК ХРОНИЧАРИТЕ КАКО „НАЈЦРН ВИКЕНД ВО ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1“ ГО СМЕТААТ ОНОЈ КОГА СЕ ВОЗЕШЕ ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САН МАРИНО ВО 1994 ГОДИНА.
41 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ. www.amsm.mk ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА! БАШ Е УТКА СО ДУПНАТА ГУМА

ПРЕВРТЛИВАТА

СРЕЌА

НА РОУЛАНД

И ПОРШЕ

ОЛИВЕР

42 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk
РОУЛАНД ВОЗИ ЗА НИСАН, НО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА НА ПРВИОТ ВОЗАЧ НА ПОРШЕ ЈА ДОБИ ПОБЕДАТА НА ПРВАТА ТРКА ВО МИЗАНО, ЗА ПОТОА НА ВТОРАТА ДА ИМА ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ И ДА МУ ЈА ПРЕПУШТИ ПОБЕДАТА НА ВТОРИОТ ВОЗАЧ НА ГЕРМАНСКИОТ ТИМ. Светско првенство во Формула Е | СПОРТ Првиот настан на овој автодром во Италија донесе очекувано хаотична трка, при што уште еднаш беше забележан феноменот дека некои возачи избегнуваат да бидат во водство, односно преферираат долгите правци да ги минуваат во заветрина трошејќи помалку енергија. Мич Еванс од Јагуар конечно потсети на победничките перформанси на овој тим кој доминираше минатата година, освојувајќи ја пол позицијата за првата трка во Мизано со време 1:17.068. Жан Ерик Верње кој доминираше на тренинзите се најде во првиот ред заедно со Еванс, што е втор ваков пласман за него оваа сезона. Расплетот покажа дека возачите бегаа од водечките позиции на стартот. Себастијан Буеми беше изненадувачки лидер на трката, откако стартуваше како осми, но изедначеноста беше лесно воочлива бидејќи повеќемина се сменија во водство. Ник Касиди имаше контакт со болидот на Жан Ерик Верње, но Французинот беше прогласен за виновен од стјуардите и му беа додадени пет секунди на крајот од неговата трка. Верње имаше слични проблеми и во дуелот со Паскал Верлен, но во овој случај тој немаше вина. На шест круга пред крајот Да Коста беше во водство пред Роуланд, Верње и Џејк Денис. Првите двајца се издвоија, додека Верње беше одбранбено настроен, чувајќи ја позицијата од шампионот во болидот на Андрети. Сепак, на крајот откако беше аплицирана казната од 5 секунди за Верње (поради контактот со Касиди), Џејк Денис го презеде неговото трето место во трката. Антонио Феликс Да Коста победи на првата од двете трки возени на патеката „Марко Симончели“ крај Римини, но откако пехарите беа поделени, неколку часа по свечената церемонија, стјуардите донесоа одлука за дисквалификација на возачот на Порше. За Португалецот ова беше прва победа оваа сезона и прва по пауза од една година, но неколку часа по крајот на натпреварот стјуардите одлучија да го дисквалификуваат поради технички неправилности. - Тоа е што е, но сепак претставува огромен удар за нашите надежи во првенството. Овие 25 поени ќе нè вратеа во игра, но сега нашиот живот ќе биде нешто покомплициран. Имаме пристап „трка по трка“ и позитивното нешто е она што го направивме на патеката, и сите го видоа. Тоа е победничко чувство, чувство на исполнетост кое ќе остане, рекол португалскиот возач за „ТНТ спорт“. Според новинарските написи во прашање е извесен дел што бил легален во претходната генерација на болиди, позната како „генерација 2“, но не се нашла на листата на дозволени решенија за новите болиди кои беа претставени минатата сезона. Германскиот тим најава жалба и има на располагање 96 часа по трката да вложи официјален протест на резултатите. Основата за
43 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | жалба Порше ја гледа во формулацијата на правилникот каде што имало известување само дека се додадени нови компоненти, но не и известување дека претходните се забранети. - Стекнавме впечаток дека не сите тимови се третирани еднакво. Тоа е наш личен впечаток, но со ФИА во едно светско првенство, ова мора да биде гарантирано во иднината за да можат сите тимови да бидат третирани еднакво. Мислам дека ова е голема загуба за нас, но исто така и за спортот, за Формула Е затоа што последиците се мошне остри. Јасно е дека овој дел е од старата генерација и дека не бил посочен како забранет. Ние не сме го виделе тоа, но сега мора да видиме што ќе правиме во следните 96 часа, рече Флоријан Модлингер, тимски шеф на Порше. Во овие околности второпласираниот Оливер Роуланд од Нисан беше промовиран како победник, додека актуелниот шампион Џејк Денис сега е втор. Стјуардите соопштија дека по проверката, нивните болиди биле во согласност со правилникот, конкретно мислејќи на спорниот дел, за кој Порше призна дека го користел во текот на целата ланска сезона, а бил инсталиран и на нивниот втор болид во ова првенство. Втората трка во Мисано се возеше следниот ден, а Џејк Хјуџ го подобри резултатот во квалификациите на 1:16.538 и ја освои пол позицијата пред Верње, кој повторно беше втор и во овие квалификации. Третопласиран беше Паскал Верлен од Порше. Верлен водеше до пет круга пред крајот, но Оливер Роуланд кој напредуваше до второто место тогаш направи маневар во свиокот број пет, за во последниот круг на истата позиција ривалот да го направи истиот потег и да се врати во водство. На тој начин Верлен го зачува водството до крајот и стигна до втора победа оваа сезона. Роуланд не само што го загуби првото место, туку подоцна беше престигнат од десетина ривали. По трката беше коментирано дека возачот на Нисан имал два проценти помалку енергија од своите ривали поради што морал буквално „да лази“ во финишот штедејќи енергија и на тој начин отвори пат за Ник Касиди од Јагуар да дојде до пласман на подиумот. - Го презедов водството со идеја да останам напред, но Роуланд ми правеше притисок и јас бев сигурен дека ако пробам да му парирам и да се бранам, ќе загубам премногу енергија. Затоа го пуштив да оди напред, а притоа имав информација од мојот тим дека имам дури и повеќе енергија отколку што ми беше потребна за финиш. Да бидам искрен, до последниот круг не бев сигурен дали тоа е точно. Тогаш Роуланд остана без енергија и ние повторно се вративме на лидерската позиција. Завршивме добра работа и се покажа вистинска одлуката да се верува во информациите на тимот, - изјави Верлен кој во саботната трка не освои поени бидејќи имаше непланирано застанување во боксот поради скршено предно крило. - Начинот на кој што работи бројачот на круговите, всушност наложува дека треба да мериме и еден нулти круг на почетокот. Заради некоја причина, кога ја поминав линијата бројачот „падна“ и мислам дека тоа беше надвор од предвиденото. Јас бев брз во свиоците, ги следев однапред зададените цели и ја реализирав стратегијата како што планиравме. Вакво нешто досега ни се нема случено, и ќе треба во иднина да внимаваме повеќе на оваа едноставна процедура. Освоивме убави поени досега во првенството, и она што доаѓа е добро. Ние сме аутсајдери и можеме да продолжиме да се забавуваме, да го одржуваме болидот на лимитот и да се обидеме да реализираме што е можно повеќе одлични трки. Но, за наша несреќа, со денови како денешниот не се освојуваат титули, сепак останува да сочекаме. Сè уште сме млад тим кој има многу за учење и грешки за исправање, но идејата е тој процес да заврши оваа година, за наредната година да не ги правиме истите грешки,- посочи возачот на Нисан, Оливер Роуланд. По гран при викендот во Мизано, односно седум извозени трки, Верлен и Денис се изедначени на врвот од табелата со по 89 бода. Оливер Роуланд има четири пласмани на подиумот и три финиша со 0 поени, односно е трет во генералниот поредок со 80 бода, а Ник Касиди држи чекор со него, исто така, бележејќи пласман меѓу тројцата најдобри во четири наврати, едно осмо место и две трки без финиш. Трката за големата награда на Монако ќе биде дел од календарот на Формула Е на 27 април, додека мај е резервиран за четири од последните осум трки, односно два гран при викенда во Берлин и Шангај со по две трки. • Александар Табаковски
44 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ МАВЕРИК ВИЊАЛЕС „ГО УКРАДЕ ШОУТО“ ОСВОЈУВАЈЌИ ДВЕ ПОБЕДИ ВО АМЕРИКАНСКОТО ГРАН ПРИ, ПОТОЧНО ДОМИНИРАЈЌИ ВО СПРИНТ ТРКАТА И ВО ГЛАВНАТА ТРКА ОД МОТО ГП, НО СЕНЗАЦИЈАТА БЕШЕ НАДОПОЛНЕТА СО БЛЕСОКОТ НА 19-ГОДИШНИОТ ПЕДРО АКОСТА ОД КТМ. Светско првенство во мотоциклизам
ВО ТЕКСАШКАТА ПРЕСМЕТКА Вињалес ја имаше потребната брзина за да биде конкурентен во текот на целиот гран при викенд во Тексас. Неговото присуство во врвот беше наметнато уште од официјалните тренинг сесии, преку освојување на пол позицијата во квалификациите и триумф во двете трки. Особено беше импресивно што во главната трка, поради контакт во првиот свиок, тој падна од пол позицијата на 11. место, за потоа да се врати на водечката позиција и да стигне до десеттата победа во кариерата, но прва со тимот Априлија. - Оваа победа со овој тим има поинаква вредност за мене, бидејќи кога им се приклучив тие беа меѓу 10. и 15. место. Сега се изградивме и сме навистина големи. Сепак потребно ни е уште време за да се подобриме и да бидеме поконстанти. Очекувам оваа година да покажеме многу поголем потенцијал. Треба да бидеме мудри и фокусирани на нашата работа, да собереме повеќе искуства, особено возејќи се на чело од колоната. Мораме да продолжиме на овој начин и да освојуваме победи во трките. Треба да бидеме среќни и горди на работата што ја завршивме. Беше тешко да се стигне од позадина дотука, но сега сме на врвот, - рече Вињалес, кој укажа дека конечно има на располагање машина која што му овозможува да биде конкурентен, а најголем напредок има во делот на сопирачките со што може да прави престигнувачки маневри. Но, она што даде материјал за уште повеќе написи од случувањата во Тексас е второто место на Педро Акоста, кој на претходната трка во Португалија се најде на подиумот како третопласиран, а сега дојде до второто место. Младиот Шпанец се најде во ситуација да води во трката на патеката крај Остин во Тексас, откако Вињалес го загуби водството. Потоа, уследи дуел со Марк Маркез кој го презема лидерското место во трката, но поискусниот шампион излета од патеката, за што изјави дека имал проблем со сопирачките. Акоста повторно водеше, но не премногу долго, бидејќи Вињалес се врати и изби напред по излетувањето на Маркез. - Никој на светов немаше да го стигне денеска. Требаше да ја видите неговата брзина. Кога видов колку е брз уште во спринт трката знаев дека е како од друг свет. Беше тешко но се обидов. Кога ме помина сакав да го блокирам, но тој возеше навистина добро. Денeс едноставно не беше мој ден, - скромно изјави 19-годишниот Акоста. Со пласманите на пиедесталот во Португалија и Тексас, Акоста стана најмладиот мотоциклист што стигнал до два подиума едноподруго во најсилната класа. Анализите покажуваат дека тој можел да се надева на висок пласман и во првата трка возена во Катар, но поради голема дегредација на пневматиците, како резултат на неговото агресивно возење, не успеал во таа мисија. Момчето со потекло од Мурсија по само три трки е поуспешно од двајцата возачи на фабричкиот тим КТМ, искусните Бред Биндер и Џек Милер, бидејќи во првите три настапи собра 54 бода. Тој се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман со 26 поени помалку од прво пласираниот Хорхе Мартин, но е пред бранителот на шампионскиот наслов од минатата година, Франческо Бањаја. Одговарајќи на новинарските прашања дали ќе атакува на шампионскиот трон, Шпанецот даде уште еден скромен одговор. - Треба да размислуваме за следната трка во Херес, а не за освојување на првенството. Луѓето наоколу зборуваат, само прават
ВИЊАЛЕС НАЈБРЗ
45 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk притисок. Ние сме во добра ситуација со моторот. Ќе уживаме во моментот и ќе ги држиме палците дека ќе бидеме во ситуација да се бориме за титулата. Сезоната е мошне долга, тоа сега не ни е приоритет, - рече Акоста. Во сенка на оваа вест беше лошиот викенд на Дукати, кој по подолго време немаше возач што се бореше за победа, без оглед дали вози за фабрички или сателитски тим. Актуелниот првак Франческо Бањаја се обиде да даде отпор во дуелите со Маркез, Акоста и Мартин, но ја заврши трката на 5. место, со задоцнување од седум секунди зад победникот. Наспроти недостатокот на перформанси за да се бори со ривалите, овој викенд тој беше побавен од тимскиот колега Енеа Бастијанини. СПОРТ | Во пресрет на четвртата трка оваа сезона, што треба да се вози на патеката Херез, најновата сезнација од светот на мотоциклизмот - Педро Акоста е на четвртото место во генералниот пласман, односно има 2 поени помалку од третиот Вињалес и 5 поени помалку од вториот Бастијанини. Ова испровоцира многу написи за неговата појава, а со свое мислење се јави и повеќекратниот шампион Марк Маркез. - Педро ме потсетува на некои големи имиња кои некогаш беа познати во Мото ГП: Валентино Роси, Дани Педроса, Хорхе Лоренцо и Кејси Стонер. Оние кои што веќе во својата прва или втора трка се борат за пол позиција, подиум или победа. Оваа година тој ќе освои пласмани на подиуми, но исто така и победи. И не гледам зошто не би се борел за светската титула, како што беше тоа случај и со другите. Мое лично мислење е дека Педро не ја растресе екипата КТМ. Тие знаеја точно што имаат и мислам дека го очекуваа. Барем јас го очекував. Кога ќе ги анализирате нештата, тој веќе го направи тоа во пониските класи, па природно е дека кога ќе дојде во Мото ГП ќе биде брз. Тоа е негов природен процес, - анализираше искусниот Маркез, кој има 16 бода помалку од сонародникот. МАРКЕЗ НАЈАВИ ДЕКА АКОСТА ИМА ШАМПИОНСКИ ПРОФИЛ Според новинарските написи, успехот на вториот возач на Дукати (кој го освои третото место во главната трка), се должи на користењето на мека задна гума, што не било случај со Бањаја. - Мојата трка започна добро, и некаде околу шестиот круг мислев дека имам шанса да се борам за победа или за пласман на пиедесталот. Но, тогаш започнаа вибрациите и имав потешкотија да се справам со ситуацијата. Мојата гума беше комплетно уништена од десната страна, па затоа имав проблем во свиоците во десно. Затоа од седмиот круг па натаму возев дефанзивно и се обидов да се снајдам. Треба да разбереме зошто дошло до оваа ситуација и да го решиме проблемот. Ситуацијата е слична како во 2022 година кога морав да ја започнам сезоната со дефанзивно возење. Целата моја доверба е во тимот дека ќе успее да го реши проблемот и повторно ќе се бориме за врвот, - објасни Бањаја. Дека Дукати не беше добро подготвен овој викенд, говори фактот дека во саботната спринт трка Бастијанини и Бањаја успеаја да стигнат само до шесто и осмо место, што се нивни најлоши пласмани оваа година. Сепак, неговите ривали веруваат дека тој е сè уште главниот фаворит во борбата за титулата. - Пеко е број еден, тој е фаворитот. Сите ривали се силни, тука се и Марк Маркез и Педро Акоста, кој што е навистина добар и конзистентен. Овој викенд Бастијанини беше навистина силен. Најважно е дека сме брзи на сите патеки и треба да се фокусираме тоа да остане така. Во овој момент не размислувам за титулата, но поените се тука поради таа причина. Среќен сум што имаме 80 бода, тоа е навистина многу. Потребно е да продолжиме на овој начин, бидејќи добро работиме, се фокусираме на себе и ги подобруваме резултатите од минатата сезона. Ова е патека што беше проблематична за мене во минатото и овој викенд освоивме многу поени. Секако дека е подобро да бидеш во водство отколку да си на 10. место, - изјави актуелниот лидер во поредокот, Хорхе Мартин. Мартин имаше поуспешен викенд, освојувајќи трето место во спринт трката и четврто место во главната трка, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на најблискиот ривал. Шпанецот има 80 бода, додека Енеа Бастијанини е втор со 59 бода, а во интервал од само десет бода надолу има уште четири возачи: Вињалес (56) , Акоста (54), Бањаја (50) и Биндер (49). Со враќањето на возачите во Европа, следат „класиците“ како Херез, Ле Ман, Каталуња и Муџело, пред новата трка во Казахстан да дебитира во средината на јуни • Александар Табаковски
46 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk ТОЈОТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ TOYOTA ЈА ЗАПОЧНА ОДБРАНАТА НА ПЕТТЕ ЕДНОПОДРУГО ТИТУЛИ ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ТРКИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ – WEC. СО ПОБЕДАТА ВО ИМОЛА ЈАПОНСКИОТ ТИМ ПОКАЖА ДЕКА ЗА ПОБЕДА НЕ Е ВАЖНА САМО БРЗИНА, ТУКУ И ТАКТИКА. WEC – 6 часа на Имола | СПОРТ Во една драматична завршница Toyota извојува голема победа на 6 часа на Имола возвраќајќи го ударот по апсолутната доминација на Porsche на првата трка од сезоната во Катар. Минатогодишниот шампион доби шанса и покажа дека нема лесно да се откаже од потерата по нова титула. Всушност влогот на Toyota е многу поголем. Јапонците не ја бранат само титулата од минатата сезона, туку нивната апсолутната доминација во Светскиот шампионат во трки на издржливост - WEC во последните пет сезони. Имено Toyota е на тронот од 2019 година и нема намера да се повлече. Иако годинава конкуренцијата е далеку поголема од претходните сезони и одбраната на титулата ќе биде значително потешка. Автодромот Имола годинава за првпат вдомува трка од WEC. Иако трките на издржливост не се непознаница за славната патека. Интернационална патека Енцо и Дино Ферари како што гласи нејзиното полно име беше домаќин на трките на издржливост од Европската серија на Ле Ман од 2013 до 2016 година. Потоа се врати во календарот во 2022 година, а ќе биде домаќин и годинава во јули. Најславна трка на издржливост која се возела на овој автодром е 1.000 km на Имола во далечната 1974 години, или точно пред 50 години. Интересно за Имола е што се вози спротивно од насоката на стрелките на часовникот. Таа е една од трите патеки во годинешниот календар со ваква насока. Другите две се: Интерлагос во Сао Паоло и COTA во Остин – Тексас. На оваа патека од стар ков со должина од 4,9 km тркачите од класата Hypercar достигнуваат максимална брзина во опсег од 312 km/h и дури во 50% од кругот возат под полн гас. Глетка која е реткост на модерните автодроми и која останува запаметена. Имола се смета и за домашна патека на Ferrari. Затоа на домашен терен истопорениот коњ покажа целосна доминација на квалификациите и во првата половина од трката. Но, обилниот дожд ги расипа плановите на великанот од Маранело. Овие шест часа на Имола беа класичен пример дека трките на издржливост не се добиваат само со брзина туку и со тактика: Добра проценка кога да се влезе во бокс, кога да се направат измените, дали да се наполни малку гориво за да се избие напред, кога да се нападне а кога да се чува позицијата, да се предвиди изборот на гуми итн. Тука Ferrari потфрли и ја загуби трката. На квалификациите дури три автомобили на Ferrari се најдоа на врвот. Беше јасно дека тркачите од Маранело се на добар пат да остварат целосна доминација на домашен терен. После сесијата Hyperpole број 50 Ferrari 499P на Ferrari AF Corse со Антонио Фуоко во кокпит зазеде полпозиција со време од 1:29.466. До него стартуваше број 83 Ferrari 499P на AF Corse со време од 1:29.885, а зад нив број 51 Ferrari 499P со време од 1:29.953 и број 6 Porsche 963 на Penske со време од 1:30.101. Интересно е што трите автомобили на Ferrari го свртеа кругот на Имола за време помало од 1:30.000 што е доказ за брзината на тркачите од Маранело. Од третиот ред стартуваа број 5 Porsche 963 на Penske и број 7 Toyota GR010 на Toyota Gazoo Racing. Полпозицијата во класата LMGT3 после сесијата Hyperpole ја освои победникот од трката во Катар број 92 Porsche 911 GT3 R на литванскиот тим Manthey Purerxcing со Александар Малихин зад волан. До него од втората позиција стартува број 27 Aston Martin Vantage AMR на тимот Heart of Racing со Ијан Џејмс зад волан, а од третата стартна позиција тргнува број 46 BMW M4 на тимот WRT со Ахмад Ал Харти. Ferrari ја поведе трката со комбинацијата 1-2-3. Полсетерот број 50 стартуваше со Никлас Нилсен зад волан кој по стартот успеа да се задржи на врвот. Меѓутоа зад него Антонио Џованаци со број 51
47 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ | успеа да го престигне Робер Кубица зад волан на број 83 во првите неколку свијоци по стартот. Сепак, првите три места останаа во посед на истопорениот коњ. Зад нив се случуваше вистинска битка меѓу Toyota и Porsche. Во костец беа фатени: број 6 Porsche Penske со Лоренс Вантор, број 7 Toyota Gazoo со Мајк Конвеј и број 5 Porsche Penske со Фредерик Маковијецки. Поредокот остана не сменет во текот на првиот час, односно сè до предвидените застанувања во бокс. Различната тактика на број 7 Toyota, на број 6 Porsche и на број 51 Ferrari со многу куси дополнувања на гориво го сменија распоредот на терен. Број 51 Ferrari со Џованаци успеа да избие на чело на поредокот, следен од број 6 Porsche со Вантор и број 7 Toyota со Конвеј. Четврти и петти беа број 83 Ferrari со Кубица и број 5 Porsche со Маковијецки. Од првото застанување во бокс најмногу загуби лидерот број 50 кој падна на шеста позиција. Битката за второ место во овој втор час од трката беше поголема од онаа за водечката позиција. Со постојани напади Конвеј се обидуваше да избие пред Вантор пред следните сопирања во бокс. Работите се сменија во понатамошниот дел од трката. Брзите застанувања во бокс и правилната тактика му помогнаа на број 7 Toyota да избие на чело на поредокот. Ferrari се најде во вториот ешалон, иако број 51 и број 50 возејќи повеќе кругови браник на браник ги одушевија Тифозите кои скандираа на трибините. На почеток од четвртиот час дожд се очекуваше во Имола. Брзата рекалкулација на тактиката и преоѓањето од слик на гуми за дожд им помогна на Toyota и на Porsche подоцна да го свртат текот на трката во своја полза. Ferrari тука калкулираше со слик гуми надевајќи се дека дождот ќе одмине и дека ќе биде во предност. Неговите тркачи и беа во предност откако лутите ривали застанаа да стават гуми за дожд. Поредокот 1-2-3 се задржа, број 7 Toyota, број 6 Porsche и број 8 Toyota останаа зад нив, но не за долго. Во последните два часа од трката дождот ја преплави патеката и Ferrari остана немоќен. Беше принуден да им ги отстапи највисоките три позиции на Toyota и на Porsche. Во домот на Ferrari победата отиде во рацете на Toyota. Број 7 Toyota GR010 Hybrid на Toyota Gazoo Racing со Мајк Конве, Камуи Кобајаши и Ник Де Вриј успеа да им одолее на нападите на број 6 Porsche 963 на Penske со Кевин Естре, Лоренс Вантор и Андре Лотерер и да победи. Третото место му припадна на вториот автомобил на Penske, Porsche 963 број 5 со Мет Кемпбел, Макл Кристенсен и Фредерик Маковијецки. Четврти заврши полсетерот број 50 на Ferrari, петти беше вториот автомобил на Toyota број 8, а шести број 20 на BMW M WRT. Победата во класата LM3GT отиде во рацете на BMW. Автомобилите на BMW WRT ги освоија и првото и второто место. Победник беше број 31 BMW M4 на тимот WRT со Дарен Леунг, Шон Гелаел и Аугусто Фарфус. Зад него се пласираше број 46 со Валентино Роси, Ахмад Ал Харти и Максим Мартин. Победникот од минатата трка број 92 Porsche 911 GT3 R на Manthey Purerxcing со Александар Малихин, Џоел Штурм и Клаус Бахлер заврши трет. После две трки во шампионатот во категоријата Hypercar води Porsche со вкупно освоени 57 бодови, додека второпласираната Toyota има 48 бода. Трет е Ferrari со 31 бод, а четврти BMW со само 17 бодови. Во категоријата LMGT3 води тимот на Manthey Purerxcing со Porsche 911 GT3 R со 54 бодови, втор е тимот WRT со BMW M4 со 37 бодови, а трет е тимот Heart of Racing со Aston Martin Vantage AMR, исто така, со 37 бодови но без победа. Следната трка е на 11 мај и нè носи во Белгија на уште една 6 часовен настан на легендарната патека Спа-Франкоршамп. • Љубомир Анастасовски
48 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
СЕ ЗАКИТИ СО ВТОРА
РЕЛИТО
ТИМ
БРОИ СТОПРОЦЕНТЕН УСПЕХ НА ОВА БАЛКАНСКО РЕЛИ. WRC – Рели Хрватска ПРЕКУ
ДО ПОБЕДА Звучи неверојатно, но хрватскиот ролеркостер од рели ù остана верен на својата исклучителна непредвидливост. По четврти пат во завршницата приреди драма како ниту еден друг настан во календарот на светското рели. Релито на Хрватска првпат се возеше во 2021 година. Тогаш во последните метри Елфин Еванс за влакно ја загуби водечката позиција препуштајќи му ја победата на Себастијан Ожие, која беше 51. за осумкратниот светски шампион. Во 2022 година победата отиде во раце на Кале Рованпера кој водеше низ текот на целото рели. Во завршницата заради бурата која се истури врз патеките за малку ќе загубеше од Танак кој го следеше во чекор и изби пред него на претпоследниот брзински испит. Сепак, во самата завршница Рованпера смогна сили и стигна до за него значајна победа бидејќи на првото рели на Хрватска излета во првите метри. Минатата 2023 година Еванс беше човекот кој победи на релито во Загорје. Откако адутите Ожие и Рованпера загубија драгоцено време менувајќи дупнати гуми Еванс ја презеде лидерската позиција. Тиери Нувил му ја украде накратко, но откако удри во бетонска бариера и се откажа на Еванс му преостана само да довози до целта. Ова кусо сиже за трите претходни настани во Хрватска ни предочува дека релито во Загорје не смее да се земе здраво за готово. Поразлично не беше ниту годинава. После неверојатно жестока борба меѓу Еванс и Нувил, каква одамна не е видена на светската рели сцена, победата отиде во раце на Ожие. Така осумкратниот светски шампион се закити со втора победа на релито на Хрватска, или 59 во кариерата. Поважно за Ожие е што на релито на Хрватска стигна до јубилејниот 100-ти подиум од 184. рели настани во WRC. Од него повеќе подиуми има само Себастијан Лоеб вкупно 120 со ист број на стартови. После паузата по релито на Монте Карло, Ожие во Хрватска покажа дека е сила на која треба да се смета. Иако вози скратена програма Французинот брзо влезе во ритам. Добрата форма ја покажа на пробите пред почетокот на релито. Беше најбрз оставајќи ги зад себе Еванс, Нувил и Танак. Меѓутоа перформансите на проба и борбата за секунди на брзинските испити не се еднаква материја. Релито на Хрватска стартуваше во петок наутро, а патеките ги однесоа екипажите во ридовите Западно од Загреб. Се очекуваше Ожие да преземе контрола, но тоа не се случи. Стартуваше шести и мораше да се бори со контаминираниот асфалт. Распосланата кал посебно во свијоците ја направи подлогата исклучително лизгава. Маргините за грешка
ОСУМКРАТНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ
ПОБЕДА НА
НА ХРВАТСКА. СО НЕА СТИГНА ДО ЈУБИЛЕЈНИОТ 100-ТИ ПОДИУМ ВО КАРИЕРАТА, A НЕГОВИОТ
TOYOTA
ДРАМА
49 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk врти на остар десен свијок и загуби 20 секунди. Со два испити до крајот на релито водството го презеде Ожие. Искусниот лисец не ја испушти оваа од бога дадена шанса и по втор пат победи на ова рели. Еванс со целосен автомобил успеа да го задржи второто место, додека Нувил со оштетен не можеше подалеку од третото. Формо на истиот испит го оштети управувањето и ја загуби позицијата, но победи на последниот испит Wolf Power и ги освои дополнителните 5 бода. Танак го задржа четвртото место, петтото го наследи Катсута, а шестото Микелсен. Благодарение на бодовите освоени на крајот од вториот ден на релито Нувил ја задржува водечката позиција во шампионатот за возачи. Со 86 бодови води пред Еванс кој има 80 бодови. Разликата е мала, но и сезоната е на почеток. На трето место во шампионатот е Формо со 59 бодови, додека Танак со 50 бодови е четврти. Меѓу производителите Toyota полека но сигурно ја зголемува предноста. Благодарение на 1-2 финишот на релито на Хрватска го зголеми водството за 7 бодови, и има 176 бодови наспроти 169 бодови на Hyundai. M-Sport Ford, пак, има само 96 бодови. Интересно е што Toyota има стопроцентен успех во Хрватска, или четири победи од четири настани. • Љубомир Анастасовски беа многу мали. Затоа битката се водеше меѓу првите стартни позиции, односно меѓу водечките во шампионатот Тиери Нувил и Елфин Еванс. Нивната борба буквално личеше на борба меѓу титани. Иако Нувил за влакно водеше во дел од денот дупната гума го забави доволно за Еванс да прејде во водство пред последниот испит од денот. Нувил се врати на последниот па така го завршија денот со еднаков резултат. Двајцата имаа исто време, резултат кој ретко се случува во рели. Третото место му припадна на Ожие. Тој заостануваше зад водечките 6,6 секунди и ја гледаше својата шанса во тек на следниот ден. От Танак место со ривалите се бореше со автомобилот. Пријави дека неговиот Hyundai i20 N делува нервозно и тешко се контролира. По големиот сервис се чинеше дека работите легнаа и тој успеа да го добие Ејдриен Формо за четвртото место. Шести заврши Такамото Катсута, а седми Андреас Микелсен кој од категоријата WRC2 премина во WRC во тимот на Hyundai. СПОРТ | Битката на титани продолжи и во сабота, на вториот ден од релито. Минувајќи низ многу превирања Нувил и Еванс постојано беа близу еден до друг менувајќи го водството во текот на денот. Белгиецот беше возачот кој победи на крајот на денот освојувајќи ги привремените 18 бодови. Еванс заостана само 4,9 секунди, а Ожие 11,6 секунди. Второто место на Еванс му донесе 15 бодови, а третото 13 бодови на Ожие. Епилогот е дека изборот на гуми кумуваше на исходот. Најавениот пороен дожд не падна. Возачите на Toyota одбраа по четири меки и две тврди гуми, додека Нувил се одлучи за поразновиден пакет од две меки, две тврди и две гуми за дожд. Се покажа дека неговиот избор е подобар во предоминантно сувите услови. Танак повторно заврши четврти, но загуби дополнително време откако удри во камен и го извитка задното тркало. Формо остана на петтото место, но добрите перформанси и победата на првиот испит од денот му помогнаа да се одлепи од шестопласираниот Катсута. Микелсен, пак, остана на седмата позиција. Никој не можеше да ги подготви екипажите за драмата која се случи во недела, на последниот ден од ова рели. Балканскиот настан и остана верен на неверојатната непредвидливост која го следи. Денот го отвори Такамото Катсута со победа на првиот испит, а веќе на следниот неприликите кои им се случија на Нувил и на Еванс беа еднакви на срцев удар за водечките возачи. После три дена борба рамо, до рамо и со само 2,6 секунди меѓу нив на кобниот брзински испит Нувил и Еванс целиот труд го фрлија во вода. Заради доцна прочитана забелешка Нувил влезе широко во еден лев свијок и удри во дрво сериозно оштетувајќи го задниот дел од автомобилот. Продолжи, но загуби 23,3 секунди. Еванс, пак, се изУспехот што Toyota го има во WRC на релито на Хрватска, Citroen го дели во категоријата WRC2. Како што Јапонците имаат совршен рекорд во највисоката категорија Французите имаат совршен рекорд во пониската. Голем успех и за бугарскиот возач Николај Грјазин кој после голема борба на последниот ден од релито успеа да го победи својот тимски другар Јохан Росел. Пристигнувањето на целта на двата екипажи му ја донесе оваа голема 1-2 победа на Citroen. Лутите ривали од Skoda, Финецот Сами Пајари и Британецот Гус Гринсмит после исцрпувачките три дена борба ги освоија третото и четвртото место.
– СОВРШЕН РЕКОРД
WRC2
50 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ ВО ВЕРО МАРКЕТИ ПОКРАЈ БЕНЗИНСКИТЕ СТАНИЦИ НА ЛУКОИЛ, ОТСЕГА АМСМ ЧЛЕНСКИТЕ КАРТИЧКИ СЕ ДОСТАПНИ И ВО СИТЕ ВЕРО МАРКЕТИ НИЗ ЗЕМЈАТА. Со цел АМСМ членските картички да ги направиме подостапни за сите физички лица, ја проширивме нашата продажна мрежа, па сега таа ги вклучува: - Сите ВЕРО маркети, вкупно 14 лоцирани во Скопје, Тетово, Битола и Куманово АМСМ картичките кои се достапни во ВЕРО маркетите потребно е да се активираат за да можете да ги користите членските услуги. Тие се вредносни Ваучери со активациски код. Активирањето на картичката може да се врши: електронски - на веб страната www.amsm.mk, во просториите на АМСМ или телефонски на 196 во АМСМ Контакт центарот кој е достапен 24/7. Електронска активација може да направите за неколку минути. Постапката е наведена на задната страна на картичката со следните чекори: Чекор 1: Изгребете го активацискиот код Чекор 2: Внесете ги вашите податоци на линкот: https:// amsm.mk/aktivacija-na-kartichka/, и Чекор 3: Патувајте безгрижно! По внесување на податоците ќе добиете е-пошта со потврда за извршената активација на картичката. Доколку ваква АМСМ членска картичка купувате за да ја подарите, тогаш активирањето треба да го направи оној на кој му ја подарувате картичката, внесувајќи ги неговите податоци. Секако продолжувањето на Вашата АМСМ членската картичка секогаш можете да го направите онлајн преку www.amsm.mk или директно во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево. | АМСМ
02/3181-108 БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ШЛЕПУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА И ВО ЕВРОПА И ВКЛУЧЕНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ www.amsm.mk
52 05.2024 | www.amsmklubmobiliti.mk www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 | 02/3181-402 *УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО. ПОЛИСИ ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ:
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.