AMSM KM Maj 2021

Page 1

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

ЗОШТО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗЛИЛА СЕ ИДНИНАТА?

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Гоце Велески РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

Зошто електричните возила се иднината што ќе смени сè? Од електрични камиони и автомобили до велосипеди и скутери, овие возила се тивки, еколошки и многу евтини (по изминат километар). Електричните велосипеди и скутери го олеснуваат превозот во многу градови и неверојатно е колку брзо се зголемува нивниот број . Tоа ќе ги смени градовите што ги познаваме, така што ќе се намалат сообраќајниот хаос и загадувањето. На пример, дали знаете дека патувањето со автомобил е најлошо за природата и за нашата околина? Автомобилите во кои обично има само еден патник се изложени на сообраќаен хаос, чекање на семафори, барање паркинг. Од друга страна, пак, електричните скутери ги елиминираат овие проблеми. И кога на тоа ќе го додадеме и самостојното возење, може само да ги замислиме електричните возила на иднината. Сѐ повеќе експерти веруваат дека фосилните горива се минато. Резервите се намалуваат, а загадувањето што го создаваат е застрашувачко и доведува до глобално затоплување, но и до здравствени проблеми на луѓето во градовите. Ако сакаме да го запреме уништувањето на природата, промените се неопходни. Добра вест е тоа што можете да ја видите светлината на крајот од тунелот, а тоа се електричните возила. Во контекст на ова, многу европски земји веќе поминаа долг пат. На пример, во Велика Британија има околу 210.000 електрични автомобили. Само до пред пет години имаше помалку од 5.000. Британската Влада го изложи својот план да го зголеми бројот на електрични возила на британските патишта на 30 милиони во наредните 20 години. Исто така, Велика Британија објави планови да се забрани продажба на автомобили што работат на фосилни горива, а до 2040 година таа треба да бидат зелена држава. Некои градови веќе одредија датум за ослободување од фосилните горива. Париз има цел да стане чист град без емисии на јаглерод диоксид до 2050 година, а без бензински и дизел-мотори до 2030 година. Не е случајно тоа што Париз истовремено е светски главен град на електрични скутери, со околу 40.000 возила. И ќе има многу повеќе во наредните години. Електричните возила го менуваат светот во кој живееме и нашите животи. Добро е што и кај нас постои желба што поскоро да се вклучиме во овој светски тренд на зачувување на природата и на здравјето и постепено да преземаме мерки во оваа насока. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ списание очекувајте го ви јуни 2021 година, во електронска верзија на вашата меил адреса и на веб страницата на АМСМ www.amsmklubmobiliti.mk

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕДНО МЕСТО ЗЕЛЕН КАРТОН МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

4 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk www.amsm.mk

02/3181-181


НОВОСТИ 7

ПОСЛЕДНИОТ МОХИКАНЕЦ

8

ПОВТОРНО ПОБЕДИЈА НАЈДОБРИТЕ

9

ИТАЛИЈАНСКО ЈАПОНСКА СОРАБОТКА

10

АВТО-МОТО 10

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УСПЕШНАТА СОРАБОТКА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

18

МОТОЦИКЛИСТИТЕ И ПРИМЕРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ СТИЛ

22

ЗА ОТМЕНИТЕ ДАМИ СО „ЕТИКЕТА“

26

ПАТУВАЊЕ 26

ВИЗУЕЛНО ПАТУВАЊЕ НИЗ СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НI-TECH

30

ГОРИВНИ ЌЕЛИИ НА ДВЕ ТРКАЛА ИСТОРИЈА

32

ВРВОТ НА ДИЗАЈНОТ ВО СВЕТОТ

36

ЕДНО ФИЌО, ЕДНА МЛАДОСТ СПОРТ

38

ФЕРСТЕПЕН ЈУРИША САМ ПРОТИВ СИТЕ

42

ВАЛЕНСИЈА ГИ ДЕТЕКТИРАШЕ СЛАБИТЕ ТОЧКИ

45

МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ЕЧЕШЕ ...ЗА ШАМПИОНОТ ЕРХАН ОД РЕСЕН

48

45

ВИСТИНСКИ „РЕЛИ-КОСТЕР“ ВО ЗАГОРЈЕ

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


OTA

МАКЕДОНИЈА Цени на патарина: Категорија на моторни возила I A Категорија

I B Категорија

II Категорија

III Категорија

IV Категорија

Моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала)

Возила со две осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри

Возила со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри,возила со две осовини висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри или пониска од 1,8 метри и возила со приколка со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри

Возила со три осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри и возила со две осовини и висина кај предната осовина иста или повисока од 1,8 метри

Возила со четири или повеќе осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри

Висина на возилото кај предната осовина, се мери вертикално од коловозот до највисоката точка на возилото, над предната осовина.

Висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) во денари на делниците на кои се наплаќа патарина изнесува: Патни делници Скопје - Петровец и обратно (Петровец) Петровец - Велес и обратно (Сопот и Отовица) Велес - Градско и обратно (Стоби) Скопје - Миладиновци и обратно (Миладиновци) Куманово - Миладиновци и обратно (Романовци) Скопје - Тетово и обратно (Глумово и Желино) Тетово - Гостивар и обратно (Тетово) Тетово - Гостивар и обратно (Гостивар)

I A Категорија

I B Категорија

II Категорија

III Категорија

IV Категорија

20,00 МКД 50,00 МКД 40,00 МКД 20,00 МКД 40,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД 20,00 МКД

40,00 МКД 80,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 30,00 МКД

50,00 МКД 120,00 МКД 100,00 МКД 60,00 МКД 80,00 МКД 60,00 МКД 40,00 МКД 40,00 МКД

100,00 МКД 220,00 МКД 180,00 МКД 100,00 МКД 150,00 МКД 110,00 МКД 80,00 МКД 80,00 МКД

150,00 МКД 330,00 МКД 260,00 МКД 150,00 МКД 220,00 МКД 160,00 МКД 110,00 МКД 110,00 МКД

Висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) во денари на делниците на кои се наплаќа патарина изнесува: Патни делници Градско - Демир Капија и обратно (Демир Капија) Демир Капија - Гевгелија и обратно (Гевгелија) Штип - Свети Николе и обратно (Кадрифаково) Свети Николе - Миладиновци и обратно (Преод) клучка Миравци - клучка Демир Капија (Миравци) клучка Миравци - клучка Гевгелија (Миравци) клучка Смоквица - клучка Гевгелија (Смоквица) клучка Смоквица - клучка Демир Капија (Смоквица)

I A Категорија

I B Категорија

II Категорија

III Категорија

IV Категорија

50,00 МКД 60,00 МКД 30,00 МКД 40,00 МКД 30,00 МКД 30,00 МКД 20,00 МКД 40,00 МКД

80,00 МКД 100,00 МКД 50,00 МКД 70,00 МКД 60,00 МКД 50,00 МКД 30,00 МКД 70,00 МКД

130,00 МКД 160,00 МКД 80,00 МКД 100,00 МКД 90,00 МКД 70,00 МКД 50,00 МКД 110,00 МКД

230,00 МКД 290,00 МКД 150,00 МКД 180,00 МКД 160,00 МКД 130,00 МКД 90,00 МКД 200,00 МКД

340,00 МКД 430,00 МКД 220,00 МКД 270,00 МКД 240,00 МКД 190,00 МКД 140,00 МКД 290,00 МКД

МАКЕДОНИЈА Работа на пат: ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци - Свети Николе - Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 година сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

6

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

LOTUS EMIRA

ПОСЛЕДНИОТ МОХИКАНЕЦ

Е

лис“, „ексиж“, „евора“, „евија“, и сега на крај „емира“. Тоа се лотусовите имиња на малите двоседи во неговото мало семејство. Така и треба да биде бидејќи Лотус е специјализиран за конструирање исклучиво спортски купе автомобили. Кај него нема каравани, комбиња и слични нешта, исклучиво двоседи во спортско пакување. Сегашнава состојба е многу занимлива затоа што моделот кој допрва треба да биде претставен е последниот што во себе ќе има мотор со внатрешно согорување, а потоа автомобили исклучиво на струја. Во меѓувреме може некој хибрид да залета, но засега Лотус е категоричен и вели ќе конструира купе автомобили задвижувани од електромотори. Моделот „емира“ најверојатно ќе има во себе V6 мотор со турбо компресор и зафатнина околу 3,0 литри, ќе биде правен на лесна алуминиумска шасија наречена елементал и според сегашните најави на одговорните, Лотус ќе тргне во офанзива затоа што тимот е подготвен годишно да произведува 5.000 и повеќе илјади примероци,

од досегашните околу 1.500. Во натамошниот план се спомнуваат продажни бројки поголеми од тие на Ферари, дека тоа е така потврдува и сопственикот Гили, кинески автомобилски гигант, кој дополнително ќе вложи во иднината на оваа марка. За планот да успее и семејството

да биде побогато со модели, наскоро, некаде во втората половина од годинава ќе бидеме сведоци и на првиот лотусов модел за забава, односно „сув“ возило. •

SKODA FABIA

ПРИСТИГНА ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Д

еновиве беше претставена четвртата генерација од моделот „фабија“. Направена е на сосема нова платформа која истровремено ја користат новото „фолксваген поло“ и „ауди а1“. Новата платформа покрај другото носи и нови димензии – сега „фабијата“ е подолга за дури 11 сантиметри, но затоа покривот е понизок за седум милиметри. Поширока е за 48 мм и со поголемо меѓуоскино растојание за 94 мм така што сега изнесува 2.564 мм. Одделот за багаж е зголемен за 50 литри и сега има вкупно 380, а со соборена задна клупа просторот добива дури 1.190 литри. Внатрешноста е „накитена“ како и кај останатите од поширокото семејство, со дигитални табли плус централен екран осетлив на допир, а за по-

веќе сантиметри во дијагонала ќе доплатите, а за „епл“ и „андроид“ компатибилноста и да

не зборуваме. Нема прес материјал, а да не се спомнат тие две нешта кои станаа нераздвоен дел од автомобилите, а како што приметувате ист е случајот и со Шкода. Новата „фабија“ е спакувана во три пакети на опрема, „амбишн“, „стајл“ и „монте карло“, а погонските единици сите се бензински, дизели нема. Три цилиндри се со зафатнина од еден литар, со („тси“) и без турбо компресор. Од тие со турбо компресор има две изведби со 95 и 110 КС и може да се комбинираат со седумстепениот „дсг“ автоматски менувач. Моторите без турбо компресор („мпи“) како гориво користат метан и располагаат со 65 и 80 КС. Тие што сакаат повеќе коњски сили, Шкода го препорачува моделот со 1,5 литарски турбо мотор и солидни 150 КС. Светската премиера е одржана на 4 мај во Прага со помош на дигитално интернетската технологија и тоа во предворјето на ДОКС центарот за современа уметност. Озборувањата велат цената за основниот модел ќе биде над 12.500 евра. • 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


НОВОСТИ

АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ ЗА 2021

ПОВТОРНО ПОБЕДИЈА НАЈДОБРИТЕ

ГОДИНАВА БЕА ДОДЕЛЕНИ ПЕТ ТИТУЛИ, ОДНОСНО ЕДНА ПЛУС ЧЕТИРИ, А СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ЕДНА ПЛУС ПЕТ – ЖИРИТО ЌЕ ДОДАДЕ УШТЕ ЕДНА, ЌЕ ПРОГЛАСУВА ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ВО СВЕТОТ.

З

а Автомобил на годината во светот за 2021 е прогласен „фолксваген ид. 4“, вториот целосно електрифициран автомобил во групацијата ВАГ, по моделот „ид. 3“. Гласањето и прогласувањето се одржа на 20 април, а за сето тоа беа задолжени 93 новинари од 28 држави. При формирањето на жирито и правилата за избор на „Најдобар автомобил на годината во светот“ договорено е членовите на жирито да бидат од земјите производители на автомобили. „Фолксваген ид. 4“ во завршниот дел од гласањето беше заедно во трка за наградата со у ште два автомобила, „тојота гр јарис“ и„хонда е“. Покрај главната награда, жирито доделува уште четири други признанија: за најдобар дизајн, за најдобар градски автомобил, најдобар луксузен автомобил и најдобар спортски автомобил. На годинашните средби жирито се договори од наредната 2022 година да воведе уште едно признание - најдобар електричен автомобил. Автомобилот што се закити со титулата „Најдобар дизајн во 2021“ е „ленд ровер дефендер“, оставајќи ги зад него „мазда м икс 30“ и „хонда е“. Бидејќи оваа титула е специфична и сосема поинаква од сите други, жирито реши да ја доделува совет на дизајнери. За таа цел беа повикани петмина, односно седуммина што го создаваат обликот на автомобилите: Герно Брехт, Јан Калум, Герт Хилдебранд, Патрик ле Кемент, Том Матано, Виктор Насиф и Широ Накамура. Не може и без типично градско возило. Затоа жирито доделува признание за „Градски автомобил на годината во светот“, а годинава тоа оди кај „хонда е“. Во конкуренција за оваа награда беа уште два јапонски автомобила,„хонда џез“ и„тојота гр јарис“. Титулата „Спортски автомобил на годината“ за 2021 година му припадна на „порше 911 турбо“. Од трите автомобили во конкуренција, „тојота гр јарис“, „ауди рс ку 8“ и „порше 911 турбо“, жирото избра титулата да ја понесе легендарниот поршеов модел. Во групата каде што царува луксузот жирито одлучи да победи „мерцедес с класа“, а „ленд ровер дефендер“ и„волво полстер 2“ изгубија. Ова беше 17. избор. Новинарите првпат избираа автомобил на годината во светот во 2004 година, кога жирито официјално започна со работа. Изборот за 2022 година почнува летово, на 17 август, за кога е закажан првиот собир на новинари (жири). •

8

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ

SUZUKI MISANO

ИТАЛИЈАНСКО ЈАПОНСКА СОРАБОТКА

П

о којзнае кој пат, држава Италија, место на случување Модена, а таму има што да се види – Аутомобили Естрема, нова работилница и тоа не било каква туку од тие што создаваат екстремно брзи автомобили, што и самото име го потврдува. Тоа во превод значи повторно супер спортски купе автомобили. Основач на компанијата е Џанфранко Пицуто некогашен акционер и застапник на автомобилите Фискер за континентов. Ултра супер автомобил со ултра супер силина, ни повеќе ни помалку туку 2.040 на број излезени од четири електромотори по еден за секое тркало. Кој е тој што ќе скроти 2.040 коњски сили, тој што умее да управува ултра супер брзи автомoбили или тој што има пари? Проблематикава не ни е позната и нема да ни биде, но затоа знаеме за тежината на автомобилот која заедно со батериите изнесува 1.504 килограми. Името на автомобилот? „Естрема фулминеа“. А зборот фулминеа од италијански преведено на македонски означува брз како молња. А дали знаете зошто е тоа така? Затоа што ова чудо на тркала постигнува 320 км/ч за помалку од 10 секунди. Еве ја конкуренцијата на Римац и ќе биде занимливо да видиме како хрватската работил-

ница ќе се снајде со соседот од Модена. Светската премиера се одржa на 13 мај во Торино и тоа на место кое прилега за такво нешто, Торинскиот музеј за автомобили.

Според Аутомобили Естрема првиот примерок ќе стигне до купувачот во втората половина од 2023 година. •

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

КОЈА КАТЕГОРИЈА ВАМ ВИ Е ПОТРЕБНА? А И А1 КАТЕГОРИЈА Б И БЕ КАТЕГОРИЈА Ц КАТЕГОРИЈА

www.avtoskolamobiliti.mk

02/3181-240 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


AВТО-МОТО

Тест: Peugeot 3008 Active Pack 1.5 Blue Hdi

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА ФРАНЦУСКАТА МАРКА Е ВО ПОЛН ЗАЛЕТ НА ПОВЕЌЕ ФРОНТОВИ, А РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ВИДЛИВИ ПО БРОЈОТ НА МОДЕЛИ ВО ГАМАТА, ДЕЛ ОД НИВ СЕ ОБНОВЕНИ, А ПОГОЛЕМ ДЕЛ СЕ ЦЕЛОСНО НОВИ ИЗВЕДБИ. ЗАМИСЛАТА НА PEUGEOT Е ДА СОЗДАДЕ ШТО Е МОЖНО ПОШИРОКА ПАЛЕТА ВО КОЈА КЛИЕНТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГО ПРОНАЈДАТ ИДЕАЛНОТО ВОЗИЛО ЗА СЕБЕ, А ЕДЕН ОД НИВ Е И НЕОДАМНА ОСВЕЖЕНИОТ 3008.

К

ога за првпат е претставен на авто салонот во Париз 2016 година, моделот 3008 донесе потполно нов тип на перцепција за тоа како изгледаат новите модели на марката. По исклучително добриот пазарен успех во Peugeot одлучија дека 4 години подоцна е вистинското време за „фејслифт“ и ревидирање на агрегатската понуда. НАВРЕМЕНО ЗАТЕГАЊЕ НА БОРИТЕ Обновената изведба дизајнерски гледано има многу посмел настап отколку основата на која се базира, воедно запазена е новата корпоративна филозофија, па така употребени се нови потези како би се на-

10

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

гласил карактерот на возилото. Промените на екстериерот се најзабележливи на предниот дел. Особено маркантно и впечатлив делува новиот изглед на светлосните склопови кои се многу интелигентно интегрирани во предната решетка без рамка, најавувајќи ги естетските кодови на иднината. Не помалку атрактивен е и задниот дел каде доработениот изглед на светлосната структура во облик на лавовски канџи изведени во LED технологија, покриени со транспарентно придушено стакло дава

јасна динамична слика за моделот. Страничната силуета останува непроменета, а на неа се истакнуваат мускулестите црти над тркала и хромираната линија на долниот дел од браникот која со себе ја носи елегантната нота кај 3008. КОМФОРНО И КВАЛИТЕТНО ОПКРУЖУВАЊЕ За внатрешноста кај 3008 едноставно може да се каже дека е вистински погодок, за тоа е задолжен i-Cockpit-от врз кој се темелат ентериерите на новите

модели на марката, тој се смета за еден од најнапредните и најергономските во сегментот. Пред возачот е поставен 12,3 инчен екран во 3D изведба кој овозможува целосна персонализација, управувачот е позициониран ниско и поседува речиси четвртаст облик. Бројот на физички копчиња е сведен на минимум, во замена понудени се „шорткат“ прекинувачи преку кои се доаѓа до посакуваните функции за брз пристап кон командите на 8 инчениот екран. Оние кои првпат се среќаваат со вакво

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

1..499 СМ3

МОЌНОСТ:

130 КС при 3.750 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

6-СТЕПЕН МАНУЕЛЕН

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ, MCPHERSON НАЗАД: ПОЛУЗАВИСНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД215/65 R17, ОДЗАДИ 215/65 R17

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.430 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.447 X 1.841 X 1.624 ММ

решение на почетокот може да бидат збунети, но во суштина сè е едноставно за управување по кратко привикнување. Внатрешноста е изведена со високо квалитетни материјали и на патниците им овозможува одлично чувство на удобност и комфор. Како бонус доаѓа капацитетот на багажниот простор кој поседува зафатнина од 520 литри, а доколку се собори задната клупа неговиот капацитет се зголемува 1.482 литри. СВЕЖА АГРЕГАТСКА ПОНУДА Имавме прилика да се дружиме со модел под чиј поклопец се наоѓа 1.5 литарскиот дизел аграгат со 130 КС и 300 Нм влечна 12

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

сила која е на располагање од ниски 1.750 врт/мин. За трансмисија е задолжен 6 степен мануелен менувач кој се одликува со одлично пресметан пренос и оди рака под рака со исклучително флексибилниот мотор кој во реалност може да одржува високо темпо и воедно без проблем да се носи со целосно оптоварено возило. Забрзувањето до 100 км/ч трае 10.8 секунди, додека стрелката на брзиномерот се искачува до максимални 192 км/ч. Понудената динамика изненадува во секој поглед, агилноста на подвозјето влева доверба како во секојдневната употреба по градските гужви така и на отворен пат. За време на тестот во просек трошевме

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

10,8 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

4.2 Л/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

192 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

28.633 €

6,3 литри на 100 километри, што за возило со вакви пропорции и тежина од речиси 1.5 тони е одличен успех. Вреди да се напомене дека со освежувањето на стандардните бензински и дизел агрегати на понудата кај 3008 се приклучија и две плаг-ин хибридни верзии од кои помоќната нуди и погон на сите тркала. Пошироката палета на двигатели, како и добро урамнотежените пакети на опременост, дополнети со еден од најмаркантните дизајни во категоријата прават освежениот 3008 да биде сериозно моќен избор за секој што е во процес за набавка на ново SUV возило. • Данчо Здравковски


05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


АМСМ

КОВИД -19 ВОДИЧ ЗА ПАТУВАЊЕ НИЗ ЕВРОПА Патување во услови на корона: дали вашата дестинација за одмор е достапна и отворена за туристи, кои и какви мерки се во сила во моментот, како да се заштитите? Единствено на веб-страницата на АМСМ (www.amsm.mk) на едно место може да најдете информации за Ковид -19 мерките на 21 европска дестинација што моментов се во сила, вклучително и мерките во нашата земја. Ковид-19 водичот за патување низ Европа на АМСМ е креиран во соработка со другите европски клубови што, исто така, се членки на FIA. Овие информации ќе ви помогнат да разберете што можете да очекувате од одморот во некоја од европските земји во услови на Ковид-19. Информациите се следат и се дополнуваат секојдневно. Патувајте БЕЗГРИЖНО!

ПОПУСТ НА ЕВРОПА ПРЕМИУМ КАРТИЧКАТА

ПО

ПУ

СТ

Европа Премиум членската картичка, која сега е достапна со 30% попуст, наменета е за оние што со нетрпение го очекуваа отворањето на границите. Искористете го попустот, веднаш заштедете 810 денари и бидете сигурни дека каков дефект и да ви се случи на пат каде било во Европа, во кое било време, имате кому да се јавите 24/7. Покрај услугите за помош на пат и шлепување во нашата земја, како АМСМ Европа Премиум член добивате и услуги во Европа: • Бесплатна помош на пат или шлепување во случај на дефект во висина до 200€ • Бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода во висина до 400€ • Покривање на патните трошоци за членот или хотелско сместување и бесплатно користење на рент-а-кар возило во висина до 200€ Попустот важи од 01.06 до 31.08.2021 година, а можете да го искористите и при купување на картичката online. 02/3181-108 14

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


АМСМ

ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ 24/7 НА ЕДНО МЕСТО При подготовка за летни патувања, не заборавајте да ги подготвите и сите документи што се потребни за патување со автомобил надвор од државата. Сите потребни меѓународни документи, како зелен картон, меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило или патничко осигурување ви се достапни на едно место, во било кое време од денот и неделата, 24/7 во АМСМ Центар-Скопје. Освен 2 фотографии (45мм x 35 мм) што, исто така, можете да ги направите во АМСМ Центар, за да извадите меѓународна возачка дозвола, неопходно е и: • Лично присуство со документ за идентификација (лична карта или пасош) и национална возачка дозвола, • Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од МВР во АМСМ секој работен ден од 07:00-19:00 ч и сабота од 08:00-14:00 ч) 02/3181-108

www.amsm.mk

МАКЕДОНСКИ START-UP КОМПАНИИ ВО ВТОРИОТ КРУГ НА FIA REGION I START-UP ПРЕДИЗВИКОТ Во конкуренција на 43 start-up компании од повеќе држави, две македонски компании, „Bransys“ и „Drive Drive Car“ ја поминаа првата фаза на селекција и добија можност да одат понатаму во предзвикот. Како компанија веруваме дека нашата држава располага со сериозен потенцијал во секоја област, а резултатите од FIA Region I Start-up предизвикот го потврдуваат тоа. Во февруари АМСМ како единствена мобилити членка на FIA од земјава, го промовираше FIA Region I Start-up предизвикот и во соработка со Бизнис Акцелераторот УКИМ направи напори да ја мобилизира start-up заедницата од земјава, и да земе активно учество во предизвикот.

02/3181-108

www.amsm.mk 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


АМСМ

•Во јуни ќе имам гости од Србија и сакам да им го дадам моето возило на користење. Дали треба некоја потврда да извадам од АМСМ, или тие можат да го користат возилото со нивната возачка дозвола? АМСМ: Вашите гости прво треба да направат пријава во полициска станица каде престојуваат, и врз основа на тоа ќе им се издаде Потврда од полициска станица за престој. Со оваа потврда, АМСМ издава Одобрение за управување на туѓо моторно возило. •Ме интересира која е процедурата за вадење на нови таблички, бидејќи едната ми е изгубена? АМСМ: Се изготвува Барање за промена на регистарска ознака, а потоа на шалтерот на МВР се пополнува Изјава за изгубени регистарски таблички и со целокупната документација се издаваат регистарски таблички и сообраќајна дозвола.

•Станав ваш АМСМ Член и сакам да ја користам вашата АМС Партнер програма, па би сакала да знам колку пати во текот на годината имам право на попустите на вашите партнери? АМСМ: Попустите во рамките на Партнер програмата можете да ги користите во неограничена количина, колку пати сакате во текот на членскиот период. • Дали можам да извршам регистрација на возилото во Охрид и покрај тоа што поседувам скопски тавлички? АМСМ: Во Охрид можете да извршите само технички преглед. Со документацијата за извршен технички преглед во Скопје правите доплата на јавните давачки и, бидејки имате скопски регистарски таблички, заверка на регистрација во сообраќајната дозвола се врши исклучиво во Скопје на шалтер на МВР.

• Членството ми истекува кон крајот на Јуни, но јас во тој период нема да бидам во Скопје. Дали може мојата сопруга, без мое присуство, да ми извади ново членство, бидејќи не сакам да имам прекин? АМСМ: За да се извади членство во просториите на АМСМ, потребно е лично присуство. Меѓутоа, можете да си го обновите вашето членство преку нашата веб страна www. amsm.mk во делот ON-LINE Членство, во било кое време и од било каде.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

16

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЗА НАС Семос е една од водечките Македонски ИТ компании во областите на проектирање, изработка, имплементација и одржување на комплексни информатички решенија со 35 годишна традиција. Преку Пре повеќегодишното искуство како и со внимателното осознавање на потребите на нашите клиенти се стекнавме со специфични знаења за деловното окружување и бизнис процесите со кои тие се соочуваат и тоа за возврат му овозможува на нашиот тим да испорачува врвни решенија за нивните потреби.

НАШИОТ ТИМ Нашиот мешовит тим од искусни IT и деловни експерти, остручени за мултифункционална, мултинационална и мултикултурна околина успеа да обезбеди највисоко ниво на производите и сервисите кои ги нудиме како според меѓународните стандарди така и согласно македонските законски регулативи.

НАШИТЕ РЕШЕНИЈА Софтверските и инфраструктурните решенија на Семос се одликуваат со ергономски дизајн, иновативност, извонредна функционалност, робусност, висока достапност и безбедност. Експертизата вградена во нашите решенија резултира со единствено искуство на задоволни клиенти, доверба и долгогодишни партнерства.

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


TЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

МОТОЦИКЛИСТИТЕ И ПРИМЕРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ МОТОЦИКЛИТЕ СЕ ВЕЧНА ТЕМА КОГА ЌЕ СЕ СТОПЛИ ВРЕМЕТО. ЗА ЛИЦАТА СО СЛОБОДЕН, АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ ВОЗИЛОТО НА ДВЕ ТРКАЛА Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР, НО ЗА НИВ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДИСЦИПЛИНАТА.

Н

екои премногу ги сакаат, други не можат да ги поднесат, а оние што еднаш ќе почнат да возат мотоцикл, едноставно засекогаш се приврзуваат кон металниот убавец на тркала. Како и за секое превозно средство, така и за ова не е доволна само умешност за возење, туку добар мотоциклист е тој што располага со неопходна дисциплина. Колку и да се мотоциклистите слободоумни и диви, тие мора да имаат високо ниво на дисциплина за да се одржи безбедноста. Да почнеме со опремата. Заштитниот шлем е задолжителен. Тој може да го заштити возачот од инсекти, прав и друг материјал. Исто така, шлемот го заштитува мотоциклистот при незгода. Шлемот е број еден опрема за безбедноста на возачот и на совозачот. Потоа е заштитната облека. Препорачливо е да се носат панталони или комбинезон и јакна наменети за мотоциклистите. Тие заштитуваат од студ и од дожд, но и од повреди. И облеката е уште еден елемент на безбедноста. Мотоциклот мора редовно да се сервисира. Синџирот мора да се одржува беспре-

18

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

корно чист, пневматиците да бидат прописно напумпани, никако да не се вози со стари и изабени затоа што тие се клучни за безбедноста. Доколку се придржувате кон овие правила, ако умеете да возите мотоцикл, задолжително мора да ги почитувате и сообраќајните правила, сигнализацијата и, секако, секогаш да ја приспособувате брзината на условите на патот и да бидете внимателни и да возите безбедно. Возењето треба да биде задоволство, а не преземање непотребен ризик. Исто така, мотоциклистите мора да се придржуваат кон сообраќајната култура, да не возат на пешачки зони, да не се тркаат по градските

улици, да не вртат на полни линии, да внимаваат, да не создаваат бучава. Уживајте и возете во природа. Секој ученик во сообраќајот мора да покаже сообраќајна култура и да ги почитува прописите. Невниманието и недисциплината скапо чинат, а сметката за тоа ја плаќаат токму возачите, за жал, дури и со животот. Секоја почит за мотоциклистите што се пример како треба да се вози. Учете од нив. Не предизвикувајте проблеми и не преземајте ризик што ќе го доведе во опасност вашиот и животот на другите учесници во сообраќајот. • Жарко Атанасоски


ПЛАТИ ПОЛИСА ОНЛАЈН insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Пожар и некои други опасности

Патничко осигурување

Каско-осигурување на моторни возила

Провална кражба и разбојништво

Домаќинство

Машини, инсталации и апарати | www.amsmklubmobiliti.mk ...и сите останати 05.2021 видови осигурување 19


АМСМ

CLASSIC

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

20

EUROPE PREMIUM

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ

ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| СТИЛ

Едукација

ЗА ОТМЕНИТЕ ДАМИ СО „ЕТИКЕТА“ ТАКА ГИ НАРЕКУВААТ ДЕВОЈКИТЕ (ПА И ОМАЖЕНИТЕ), КОИ СЕ ОБРАЗОВАЛЕ ВО НАЈДОБРИТЕ ШКОЛИ, ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ ПРИВАТНИ, КАДЕ ШТО СЕ ИЗУЧУВААТ НАВИДУМ СТАРОМОДНИ ВЕШТИНИ, ЗНАЕЊА, ОД ПРАВИЛНО ОБЛЕКУВАЊЕ И АРАНЖИРАЊЕ НА ЦВЕЌЕ, ПРЕКУ ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНО И ЈАДЕЊЕ ОСТРИГИ, ДО ПРАВИЛЕН ИЗГОВОР НА ТРГОВСКИТЕ КУЌИ, КОИ, НА ЕДЕН ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, ИМ ПОМОГНАЛЕ ДА СОЗДАДАТ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ. И ДЕНЕС, КОГА ПРЕОВЛАДУВА НЕЧИСТОТИЈАТА И ПРИМИТИВИЗМОТ, ВО БУКВАЛНА СМИСЛА НА ЗБОРОТ, ИНТЕРЕСОТ ЗА ТАКВА ДОПОЛНИТЕЛНА И НЕФОРМАЛНА ЕДУКАЦИЈА РАСТЕ, ШТО Е ПОЗИТИВНО.

П

орано, членовите на високото општество, вклучително и скромните фамилии, кои се стремеле кон подобар живот за нивните деца, ќерките ги запишувале во т.н. finishing school, каде што се изучувале разноразни вештини, знаења, со кои се среќавале во животот - правила на убаво однесување, поставување на трпезата (на пример, за свечена вечера), шиење на рака, на машина, но и конверзација, правилно држење, свирење клавир (пијано) или сликање, во зависност од афинитетот. Посетата на една таква школа претставувало завршен дел од целокупната наобразба на девојките, чиј следен чекор бил мажењето, и тоа за припадници на високиот, аристократски род (благородници) што, како слободни, незафатени сопруги, требале да се занимаваат со прием на гости, аранжирање цвеќе и слични „префинети“ занимации, а никако со, да речеме, предавање физика, проектирање мостови или управување со банка. Меѓу популарните одредишта била космополитска Швајцарија, каде што девојките можеле да го изучуваат францускиот јазик и да спортуваат на

22

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

свеж планински воздух. Така на пример, леди Дијана пред да стане принцеза го посетувала Institut Alpin Videmanette во Rougemont, во швајцарскиот кантон Vaud. Тоа било идеално место за скијање и за изучување кулинарски вештини, шиење и слично. Таму се усовршувала дадилката на Вилијам и Хари, како и Tamara Mellon, иако не потекнува од благодорничко семејство. Нејзиниот татко бил каскадер, дублер на филмската ѕвезда Рок Хадсон, кој сакал неговата ќерка да влезе во високото општество. Тоа и го сторила, но не со мажачка, туку на поинаков начин, со деловната способност што ја покажала како соосновач и креативна директорка на „Jimmy Choo“. Camilla Rosemary Shand, подоцна Parker Bowles, го посетувала Mon Fertile, исто така, во Швајцарија, во учебната 1963/64 година, каде што, заедно со уште четириесетина девојки, изучувала француски јазик, шиење, чукање на машина за пишување и етикета (етикеција). Наоружана со разноразни вештини, знаења стекнати таму, се вработила како секретарка во Лондон со скратено работно време, а останатиот дел од денот го поминувала забавувајќи се во висо-

кото општество, на бал, матине, лов, јавање, поло, каде што судбински го запознала принцот Чарлс. Кога се венчале, многу години потоа, таквата наобразба й помогнала да се снајде полесно во улогата на војвотката од Cornwall. Но, времињата се смениле, борбата за рамноправност меѓу половите отворила нови патишта и кариери, па така, школите во кои се учело како да се извезе монограм на шамиче, како да се јаде портокал со виљушка и нож итн., веќе не побудувале интерес. Institut Alpin Videmanette не работи од 1991 год., а затворен е и Mon Fertile. Денес е поинаку. Без оглед на нечистотијата и примитивизмот, кои преовладуваат во буквална смисла на зборот, интересот за таква дополнителна и неформална едукација расте, што е позитивно. Една од школите која сè уште работи во Швајцарија е Institut Villa Pierrefeu во Montreux, на Женевското Езеро, каде што „ученичките“ не се само Европејки, туку и Азијки, Африканки, Латиноамериканки, па и жителки на Блискиот Исток. Освен девојки, кои се подготвуваат за мажење, школата ја посетуваат и бизнисменки чија цел не е склопување брак, туку


СТИЛ |

склучување деловни договори, како и жени од 20 до 50 г., што се омажени, а кои сакаат да им помогнат на своите сопрузи во кариерата преку вештините стекнати таму. „Не ги учиме да бидат добри сопруги, туку да знаат учтиво и смислено да комуницираат, било со мажот, било со децата, било со клиентите“, вели директорката Viviane Neri, која е и авторка на неколку учебници за школата, како на пример книги за меѓународна етикеција, готвачи, прирачник за водење домаќинство, едновремено истакнувајќи ја важноста на курсевите што ги организира Institut Villa Pierrefeu, од еднодневни, преку шестнеделни, до годишни. Цената на шестнеделниот курс изнесува 30.000 франкови (31.000 долари, 27.000 евра). Додека европските школи се малку старомодни, изгледаат како да заостанале во минатото, азиските се одличен избор за новите кинески богаташки на пример, кои не сакаат да изгледаат како неизделкани скороевци што не знаат да се снајдат на „теренот“, во новонастанатата ситуација, со новостекнатото богатство. Една од нив е Institute Sarita во Пекинг. Најпознатата кинеска школа за усовршување нуди два вида курсеви, за девојки над 16 години и за жени што се во брак. На курсот за „дебитантки“, кој трае десет дена, се изучуваат обичаите во разни делови на светот, и народни и кога е деловноста во

прашање, правилата на облекување и однесување на маса за јадење, потоа историјата, психологијата и, неизоставно, аранжирањето цвеќе. Омажените, пак, учат како да бидат домаќинки на место, вклучително и вештината на дегустација на вино, толкување на говорот на телото и правилата на протоколот (во дипломатијата). И едните и другите ги разработуваат сите можни ситуации во комуникацијата, од размена на визит-карти, преку давање соодветен подарок, до јадење остриги. Внимание се обрнува и на правилниот изговор на трговските куќи. Нејзина сопственичка е Sara Jane Ho од Хонгконг, која дипломирала на Georgetown University, Harvard Business School и на Institut Villa Pierrefeu. Цените на курсевите се движат околу 15.000 долари (по курс), што е скапо, имајќи го предвид фактот што се изучува аранжирање цвеќе и лупење портокал, но сопственичката не мисли така. Напротив, смета дека секој треба да изучува етикета, без оглед на статусот бидејќи, како што вели: „Тоа ни овозможува да бидеме подобра верзија од себе“. Оттаму и оправданието за високата цена. Очигледно така мислат и повеќето Кинезинки затоа што сите места се пополнуваат во рок од еден ден. Современ пристап, исто така, има и раководителката на Minding Manners International во Лондон, каде

што можете да научите како да се „извлечете“ кога ќе заборавите нечие име („Драго ми е што ве гледам, можете ли да ме потсетите како се викате?“), како да го претставите гостинот на пријателите (во зависност од статусот, возраста), како да се ракувате (стегнете со рака во знак на срдечен поздрав, благодарност и сл., ни пресилно ни преслабо). Еднонеделен курс чини околу 1.500 долари, а широкиот спектар на можности кои ги нуди меѓу другото ќе ве научат и како да се однесувате на забава, кога ќе дојдете - штом влезете во просторијата, застанете десно, во рок од пет до десет секунди пронајдете ги домаќините и пристапете им, како да ја поставите трпезата за шест лица итн. Tamiko Zablith, која и самата се школувала за етикеција и протокол во Брисел, Вашингтон, Женева и во Париз, смета дека угладеноста (убавото воспитување) ни помага да се претставиме себеси во најдобро светло. Таа е наполно согласна и со мислењето на курсистките дека совладувањето на старомодните (но само навидум) правила, прописи во сите области на општествениот живот им дава чувство на самодоверба и сигурност. А дека етикетата не е мртва, туку само се смени, покажуваат и бројните веб-страници, каде што се пишува за правилата на однесување во „модерните“ активности, како на пример јадење во канцеларија, зборување на мобилен телефон, објавување „статус“ на Фејсбук, пишување текстови на блог, возење со подземна железница, вежбање во фитнес-центар, вежбање јога, каде што првото правило гласи: „Мојата простирка не е продолжеток на твојата“. Една од нив е и американската www.finaltouchschool.com, која нуди онлајн-курсеви чија цел е совладување на етикецијата, што, пак, дава сигурност и самодоверба во текот на деловните вечери во кои често тешко се снаоѓаме. Нејзината основачка Deborah King е авторка на повеќе книги за етикета, а на блогот советува и како да постапиме во ситуации за кои не ги знаеме прописите. Со надоместок, се разбира. • Игор Ландсберг

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


ГАСТРОНОМИЈА

ТАЉАТЕЛИ СО МИСИРКИН СТЕК Состојки

Таљатели Мисиркин стек Тиквица Свинска пршута Шери домат Маслинов зејтин Сол Бибер Лук Бело вино

Подготовка:

Во тава, на маслинов зејтин, најпрвин се запржува мисиркиното месо, тиквичката, и свинската пршута. Потоа, се додава шери доматот, сол, бибер лук. На крај се додава белото вино и хоплата и добро се промешува. Сето ова се додава во претходно сварените таљатели и се наросува со ситно сецкан магданос. ДОБАР АПЕТИТ!

24

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ДАМСКИ ГАМБИТ“ ВОЛТЕР ТЕВИСТ

К

нигата на Волтер Тевис е објавена во 1983 година, а во 2020 година стриминг-сервисот Netflix промовираше серија со ист назив што постигна огромна популарност. Сега романот доби и македонско издание. Главен лик е шаховскиот вундеркинд Бет Хармон, а се преплетуваат сериозни теми: посвојување, феминизам, шах, зависност од дрога и алкохолизам. Иако имало многу шпекулации за ликот на Хармон, авторот посочил дека ликот не е базиран врз некоја конкретна личност. Шаховските сцени ги засновал врз своето искуство како играч и врз опсежните студии на играта. Наедно тука се преплетуваат стиловите на игра на велемајсторите Боби Фишер, Борис Спаски и Анатолиј Карпов. Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава сè додека не ја одигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, така нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попривлечна. •

C

„CHEMTRAILS OVER THE COUNTRY CLUB“ LANA DEL REY

hemtrails over the Country Club“ е седмиот студиски албум на триесет и петгодишната американска кантавторка Lana Del Rey, кој излезе на 19 март годинава, како своевидно продолжение на шестиот студиски албум од 2019 година - „Norman Fucking Rockwell!“. Задолжени за негова реализација се Interscope Records и Polidor Records. Првичен наслов му е „White Hot Forever“, а заедно го продуцираа кантавторката и Jack Antonoff, вклучително и Rick Nowels, со кого Lana Del Rey соработуваше и претходно. Албумот се занимава со секогаш актуелните теми, на пример, ескапизмот (бегство од реалноста, од животот), љубовта, кршењето на срцето и носталгијата, истовремено опфаќајќи ги вообичаените референции на т.н. американа и разочарувачките емоции. „Chemtrails over the Country Club“ се здоби со високи признанија од музичките критичари, а котира високо и на топ-листите во Америка и во Велика Британија. На албумот му претходеа сингловите „Let Me Love You like a Woman“ (16 октомври 2020 година) и „Chemtrails over the Country Club“ (11 јануари 2021 година), додека „White Dress“ и „Tulsa Jesus Freak“ имаа посебна промоција една недела по излегувањето на албумот. Другите седум песни се: „Wild at Heart“, „Dark but Just a Game“, „Not All Who Wander Are Lost“, „Yosemite“, „Breaking Up Slowly“ (со Nikki Lane), „Dance Till We Die“ и „ For Free“ (песната на Joni Mitchell од 70тите години ја пее со Zella Day и Weyes Blood). •

„MALCOLM & MARIE“ (МАЛКОМ И МАРИ)

M

alcolm & Marie“ е сто и шестминутна американска црно-бела романтична драма, чија премиера, во согласност со протоколот за заштита поради пандемијата, се одржа на 5 февруари годинава во Соединетите Американски Држави, а дистрибуцијата ја врши Netflix. Филмот го „напиша“, режира и го продуцира Sam Levinson, главните улоги ги играат John David Washington и Zendaya, кои се потпишуваат и како продуценти. Филмот говори за писателот-режисер и неговата девојка, чија врска е тестирана вечерта кога се одржала премиерата на неговиот последен филм, спознавајќи ја вистината за секој од нив посебно. Пред да почне да се прикажува (официјално) на Netflix, „Malcolm & Marie“ имаше ограничено прикажување на 29 јануари, кога го видоа критичарите, чии мислења се поделени - позитивни за актерите, хемијата меѓу нив и режијата, а негативни за сценариото. За својата улога Zendaya беше номинирана за најдобра актерка на дваесет и шестите Critics’ Choice Movie Awards, кои се одржаа на 7 март. Филмот победи на SBIFF (Santa Barbara International Film Festival) на 3 февруари, понесувајќи ја т.н. виртуозна награда. • Жанр: драма Актери: : Carey Mulligan, Ralph Fiennes, Lily James, Johnny Flynn, Ben Chaplin, Ken Stott, Archie Barnes, Monica Dolan Режија: Simon Stone

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| ПАТУВАЊЕ

Музеи во Европа

ВИЗУЕЛНО ПАТУВАЊЕ НИЗ СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО СРЕДБИТЕ СО НЕПОЗНАТИ МЕСТА И ГРАДОВИ СЕКОГАШ СЕ ВОЗБУДЛИВИ. ГРАДОВИТЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ, СЕ ДОЖИВУВААТ, СЕ ЧУВСТВУВААТ УШТЕ ПРИ ПРВАТА СРЕДБА. НО ОНА ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВИДИМЕ, А ГО ЧУВСТВУВАМЕ, Е НИВНОТО ДУХОВНО БОГАТСТВО. УБАВИНИТЕ СМЕСТЕНИ ВО НИВНИТЕ МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ, ИЗЛОЖБЕНИ САЛИ ЗБОРУВААТ МНОГУ ЗА ГРАДОВИТЕ, НО И ЗА НАРОДОТ И ЗА ДРЖАВАТА. И ДВЕТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ И ДВЕТЕ ДОЖИВУВАЊА СЕ МНОГУ МОЌНИ. МОЖАТ ДА СЕ ДОЖИВЕАТ СО НЕПРИЈАТНОСТ ИЛИ СО ПОЧИТ.

В

елат дека „патувањето е единственото нешто на кое ги трошите парите, а тоа ве збогатува“. Ако на патувањата одвоиме време да посетиме и некој музеј, тогаш ќе бидеме збогатени со нови знаења, инспирација и визуелно задоволство, можеби дури и со поинаков поглед на светот и на животот. Во Европа има многу атракции и музеи што вреди да се видат и да се доживеат. Ова се некои од музеите што не треба да ги заобиколите ако се најдете во еден од овие градови. ЛУВР - ПАРИЗ Според многумина, Лувр е најдобриот музеј во светот, еден од првите асоцијации за Париз во чиј центар се наоѓа. Оваа грандиозна културна

26

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

институција првпат е отворена за јавност во 1793 година, а годишно ја посетуваат повеќе од осум милиони луѓе. На површина од 60.600 квадратни метри се наоѓаат околу 35.000 предмети од праисторијата до денес. Најпрепознатливи симболи на Лувр се стаклената пирамида, која служи како главен влез, и познатата „Насмевка на Мона Лиза“, насликана од Леонардо да Винчи. Во Лувр, меѓу другото, може да се видат и голем број експонати од Египет, како што се големата сфинга, фараонските саркофази и статуите на разни божества. Тука се сместени и артефакти од античкиот период на Грција, Рим, на Блискиот и Далечниот Исток... но најголем број луѓе го посетуваат музејот за да ја видат во живо насмевката на Мона Лиза на Да Винчи. Секако, не треба да

се пропуштат и делата на Рафаело, Микеланџело, Тицијан, Џото... Сликата „Слободата го води народот“ од Ежен Делакроа, која претставува драматичен приказ на Француската револуција, го привлекува вниманието на секој посетител. ОРСЕЈ - ПАРИЗ Во главниот град на Франција се наоѓа уште еден музеј што е вклучен во листата на најубави. Оваа оаза на убавина е некогашна железничка станица, украсена е со најпознатите импресионистички слики и со голем позлатен часовник што е само потсетување дека времето и натаму тече, додека им се восхитувате на делата на Клод Моне, Ван Гог, Едвард Мане, Реноар, Сезан и многу други познати ненадминати сликари.

Лувр


ПАТУВАЊЕ

ПРАДО - МАДРИД Музејот Прадо во Шпанија е рангиран меѓу првите десет музеи во светот и претставува задолжителна станица за сите посетители во Мадрид. Годишно го посетуваат околу три милиони туристи бидејќи една од големите предности на овој музеј е тоа што експонатите може да се фотографираат. Прадо може да се пофали со една од најсеопфатните збирки на европското сликарство, почнувајќи со делата на шпанските уметници од дванаесеттиот век. На едно место може да се видат познати дела на уметници како Веласкез, Ел Греко, Гоја, Пикасо, фратар Анџелико, Ботичели, Тинторето, Басана... Покрај сликарските ремек-дела, Прадо има богата колекција на грчки и римски скулптури, цртежи, монети...

УФИЦИ - ФИРЕНЦА Музејот-галерија Уфици во Фиренца бил изграден во 1581 година за познатото семејство Медичи и работел како административен центар на градот. Уметниците, како Да Винчи и Микеланџело, й се восхитувале на убавината на овој објект долго време пред да стане музеј во 1765 година. Во овој музеј може да се видат делата на Џото, Ботичели, Да Винчи, Рафаело, Микеланџело, Караваџо, Рембрант, Козимо, Дирер... „Раѓање на Венера“ и „Алегорија на пролетта“ се сликите на Ботичели што никого нема да го остават рамнодушен. Всушност, најбогатата колекција на италијанското ренесансно сликарство во светот е сместено во оваа преубава градба. На покривот на музејот може да се ужива во прекрасната панорамата на романтичниот град Фиренца. НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА – ЛОНДОН На познатиот плоштад Трафалгар се наоѓа една од ретките ризници на уметноста каде што влезот е бесплатен. Тука се сместени повеќе од 2.000 слики на уметници, меѓу кои Џото, Тицијан, Да Винчи, Веласкез, Реноар, Рубенс, а вниманието на посетителите го привлекува „Портретот на Џовани со жената“ од Јан ван Ејк. ТЕЈТ ГАЛЕРИЈА - ЛОНДОН Во богатата културна понуда на Лондон дефинитивно се издвојува и Тејт галерија (ново име на Тејт Британија) што се наоѓа на местото каде што некогаш бил затворот Милбенк. Главната поставка на овој музеј, кој годишно го посетуваат околу еден и пол милиони посетители, вклучува уметнички дела од богатата британска историја, така што можете да го видите творештвото на

Хогарт, Блејк, Тарнер, Рејнолдс, Росети... Посебна атракција за туристите е тоа што од Тејт галерија може со брод да се превезете до Тејт модерн - музеј на современа уметност, најпознат и најпосетуван музеј на современа уметност на Европа, каде што се сместени делата на Матис (Анри Матис), Пикасо, Рот и Ворхол. Колекцијата вклучува дела што се создадени од 1900 година до денес и ги опфаќа правците, како што кубизам, футуризам, хиперреализам и поп-арт. БОДЕ МУЗЕЈ - БЕРЛИН Боде музеј во Берлин спаѓа во групата музеи на т.н. остров на музеи во германскиот град. Зградата на музејот е завршена во 1904 година и првично бил наречен Кајзер Фридрих музеј по кралот Фридрих III, а потоа бил преименуван во чест на првиот кустос на музејот, Вилхелм фон Боде. Музејот бил реставриран меѓу 1997 и 2006 година, а сега во него се наоѓаат колекции на скулптури, дела од византиската уметност, парички, медалјони... Поставката на скулптури содржи предмети од коптските племиња, Византија, Равена, средниот век... РАЈКС МУЗЕЈ - АМСТЕРДАМ Рајкс музеј во Амстердам, основан во 1800 година, содржи значајни дела на холандските мајстори на сликарството и прекрасна колекција од азиската уметност. Годишно, во просек, има повеќе од еден милион посетители. Покрај големиот број уметнички дела, во музејот има голема библиотека преполна со дела што се занимаваат со историјата на Холандија. Збирката на слики во музејот ги вклучува делата на Ван Рајсдел, Халс, Вермер, Стена, Рембрант...

Музеј Прадо

УМЕТНИЧКО-ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ (KUNSTHISTORISHES) - ВИЕНА Во овој музеј се чува уметничката колекција на кралското семејство Хабсбург од времето на ренесансното сликарство. Покрај мајсторските дела на Питер Бројгел, Рембрант, Рубенс и Тицијан, во овој музеј може да се види ремек-делото на палеолитската уметност – „Вилендорфската Венера“, старо повеќе од 20.000 години. За да ја видите најпознатата слики на австрискиот сликар Густав Климт, „Бакнеж“, ќе мора да одите до музејот Белведере во истоимениот дворец во Виена. 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk 27 Национална Галерија


| ПАТУВАЊЕ ПАТУВАЊЕ

Ермитаж

ЕРМИТАЖ – САНКТ ПЕТЕРБУРГ Во Санкт Петербург задолжително треба да се посетат музејот Ермитаж и дворецот Петергоф на Петар Први, кој е оддалечен десетина километри од градот. Огромната збирка во музејот Ермитаж е изложена во шест згради, а главна е зимскиот дворец. Тука се изложени делата на Микеланџело, Леонардо да Винчи, Рубенс, Рембрант, Ван Гог, Пикасо. Музејот е основан од познатата руска царица Катерина Велика во 1764 година. Овој импозантен музеј има најголема збирка на слики во светот - три милиони експонати (само мал дел на располагање на јавноста). Се вели дека ако само по една минута се гледа секој експонат во музејот, ќе бидат потребни околу 11 години за да се види целата колекција! Ермитаж има импозантна колекција на италијански ренесансни сликари, фламански барокни сликари, импресионисти и постимпресионисти, како и колекција од ориенталната уметност. Дворецот на Петар Први е уникатно доживување за туристите од целиот свет. На ова место можете да дознаете поединости од животот на Петар Први и да ги разгледате подароците од англискиот,францускиотиоддругитедворциодтоавреме. МУЗЕИТЕ НА ВАТИКАН Најмалата држава во светот има еден од најдобрите музеи во светот, каде што се наоѓа цела соба насликана од Рафаело (Raffaello Sanzio), на Систинската капела таванот е насликан од Микеланџело, има слики од Караваџо, Тицијан, Да Винчи и многу други уметнички ремек-дела. • Маргита Поповска 28

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Прошетајте низ европските и светските музеи од удобноста на вашиот дом! Во самоизолација или во карантин обично размислуваме за набавките, а она што доаѓа потоа е исполнување на времето со различни содржини додека сме во затворено. Ова обично значи Нетфликс и многу време поминато на интернет. Сепак, една од позитивните работи (ако можеме да ја наречеме така) што ги донесе оваа пандемија е можноста за запознавање на светското културно наследство. Google Arts & Culture ви нуди различни „патувања“, од Националниот музеј на Кореја во Сеул до музејот „J.еј Пол Гети“ во Лос Анџелес. Можете да го „патувате“ светот, да шетате низ светски познати дестинации користејќи ја оваа технологија развиена за Street View на „Гугл мапс“. Музеите што не нудат виртуелна тура обезбедуваат фотографии од нивните најпознати уметнички дела. Голем број музеи се затворени поради пандемијата на коронавирусот, но нивните изложби на интернет бележат наплив на посетители. Тоа се Британски музеј, Лондон; Гугенхајм, Њујорк; Национална галерија, Вашингтон; Музеј Орсе, Париз; Национален музеј на модерна и современа уметност, Сеул; Пергамон музеj, Берлин; Ријкс музеј, Амстердам; Ван Гог музеj, Амстердам; Уфичи галерија, Фиренца; Национален антрополошки музеј, Мексико... По пример на светски познатите музеи, неколку македонски музеи споделија 3Д виртуелна прошетка низ своите простори: Музеј на Република Северна Македонија, Младински културен центар, Музеј на современа уметност, Археолошки музеј на Република Северна Македонија и други.


05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


|HI TECH

Технологија

ГОРИВНИ ЌЕЛИИ НA ДВЕ ТРКАЛА АКО СИТЕ РАБОТИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ СПОРЕД ПЛАНОТ, НАСКОРО ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА МОТОЦИКЛ ПРИДВИЖУВАН ОД „СТРУЈА“ ПРОИЗВЕДЕНА ОД ВОДОРОД СО ПОМОШ НА ГОРИВНИ ЌЕЛИИ, А ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ЗА 10.700 ДОЛАРИ. ДИЗАЈНОТ Е ПОСЕБЕН ИЛИ НЕШТО КАКО ЛАМБОРЏИНИ НА ДВЕ ТРКАЛА.

В

рвните научни кругови што се занимаваат со проблематиката на зелените горива велат дека е подобро моторните возила да добијат систем за добивање електрична енергија преку водородот како гориво. Всушност, горивни ќелии преку кои водородот ќе биде претворен во електрична енергија и на тој начин ќе се придвижува возилото. Секако идејата за водородот има противници, но многу поголем е бројот на тие што му даваат предност. И производителите почнуваат да ја унапредуваат технологијата на горивните ќелии и еден по еден сè почесто ја вградуваат. Овој пат технологијата е вградена во мотоцикл што со својот дизајн заслужува внимание. Зборуваме за компанијата Сегвеј која

30

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

пред повеќе од две децении беше позната по своето чудно возило на две тркала, управувано преку одржување рамнотежа, нешто слично како велосипедот, само што нема педали, а има тркала што не се поставени едно зад друго, туку едно до друго. Поради исклучително интересните решенија во 2015 година компанијата ја купи кинеската компанија Најнбот, позната по дигитализирани направи што работат преку посебни команди, нешто слично на роботите. Кинеската компанија се впушти во проект наречен електрифициран мотоцикл, но не со батерии, туку со горивни ќелии. Засега планот им се остварува и работите се одвиваат во вистинска насока, барем такви известувања пристигнуваат од

производителот. Всушност, мотоциклот е втора генерација од концептот наречен „апекс Х2“ претставен во 2019 година. Новиот концепт е негово продолжение, но во краткиот извештај производителот вели дека нивниот производ ќе влезе во продажба во 2023 година по цена од 10.500 долари. Водородот е сместен во посебни резервоари под висок притисок што може да бидат лесно заменети, потрошениот се вади и се става полн, а според конструкторите со еден грам течен водород мотоциклот ќе минува еден километар. Сепак, Сегвеј не наведува со која брзина ќе се движи мотоциклот при потрошувачката од еден грам на еден километар. Не се споменуваат ни материјалите од кои е направен


HI TECH |

мотоциклот, а уште помалку кажуваат каков рам користи концептот. Ништо не наведуваат, освен што ја објавија цената, годината кога ќе почнат со продажбата и мал дел од брзинските способности – од 0 до 100 км/ч за 4 секунди и 150 км/ч крајна брзина. Сето тоа го постигнуваат 80 коњски сили произведени од електромотор. Од сликите се забележуваат еднокраките виљушки и на предното и на задното тркало. Дизајнот е најзабележлив, современ, со остри линии како да е„ламборџини каунтач“. Ова е смел потег на Најнроб заедно со Сегвеј, компанија што никогаш досега не произвела

сериски мотоцикл, а сега го најавува „апекс Х2“ и тоа со супер современа и пред сè со чиста, зелена, еколошка технологија. Апекс е името на мотоциклот, а „Х2“ е водородот на кој му недостасува едно „О“ за да биде „H2O“, односно водената пареа што ќе ја испушта мотоциклот за време на возењето. Мошне интересен производ со цена што не е многу висока, односно доволно ниска за производот да добие масовно производство. Не знаеме што ќе се случи до 2023 година, но се надеваме и на цела палета модели на две тркала. Ако „сегвеј апекс х2“ е врв во понудата, тогаш производителот мора да

понуди и мотоцикли со помала силина, некој вид скутер или изведба со наполу помала силина и со сличен остар дизајн како на фотографиите. Можно е при конструирањето на мотоциклот да се користи тридимензионален сечач за производство на некои делови. Тие направи брзо и со ласерска прецизност ги обликуваат деловите, така што производот ќе добие квалитет. Ако е така, тогаш сериското производство може веднаш да почне. • Жарко Атанасоски

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ИСТОРИЈА

110 години Бертоне

БМВ 3200 цс 1962

ВРВОТ НА ДИЗАЈНОТ ВО СВЕТОТ

΄ ИМЕ ШТО И НАТАМУ ОПСТАНУВА КАКО БЕРТОНЕДИЗАЈН, А НЕ БЕРТОНЕ. ГОЛЕМОТО ИМЕ НЕ Е ВЕЌЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО, ТУКУ НЕКАДЕ НА ДРУГО МЕСТО И СО ДРУГИ ЛУЃЕ. ТОА Е ИМЕ ШТО СОЗДАДЕ ЛЕГЕНДАРНИ ОБЛИЦИ, А ДЕНЕС Е УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ ШТО САКА ДА НАВЛЕЗЕ ВО ТАЈНИТЕ НА ДИЗАЈНОТ.

И

ако Бертониевата 110-годишнина се прославува во 2022 година, сепак со оправдана причина ќе ја раскажеме неговата приказна. Бертоне е една од неколкуте најпознати дизајнерски куќи во светот. Споменувањето на ова име асоцира на врвот на дизајнот во светот. Но веќе со години е во длабока криза и исчезнува. Имено, италијанската Влада, односно судот, ја стави на продажба архивата на компанијата, но, според италијанските закони, не смее да биде изнесена од државата затоа што се смета за културно историско наследство. Мора да биде сместена во соодветни простории, да се прикажува, изложува или да биде поставена во музеј. Некогаш главна во светот, денес е само пепел и прав. Тие што сакаат да имаат дел од историјата на Бертоне, може да се распрашаат за продажбата на архивата. Во ноември 1912 година Џовани Бертоне, кој во Торино бил познат како еден од најквалитетните производители на кочии, ја создал компанијата Каросерија Бертоне. Во текот на Првата светска војна тој морал да ја затвори работилницата и повторно ја отворил по нејзиното завршување. Тогаш веќе имал 20 вработени. Работата одела во нагорна линија бидејќи Каросерија Бертоне била синоним за

32

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

квалитет. Таквиот начин на работа не останал незабележан. Џовани Бертоне веќе имал склучено повеќе договори за соработка и производство на автомобили што во тоа време биле вистинска реткост во Торино. Покрај договорите со помалите компани, Џовани успеал да се договори и со тогашните најголеми, Фиат и Ланча. Винченцо Ланча прв ги насетил квалитетните производи. Затоа му предложил да прави автомобили во мала серија, ексклузивитети на веќе постојните основи, шасии. Ретко некој бил подготвен да прифати вакви потфати, но Бертоне била една од малкуте компании што можела целосно да ја реализира поставената задача. Отворил нов поголем производствен погон и работата забрзано се одвивала. „Торпедо“ бил направен врз основа од „СПА 23 с“, а веднаш потоа „фиат 501 спорт силуро корса“. Фиатовиот модел наедно е прв спортски автомобил произведен од Бертоне, кој во наредните години служел како пример за квалитетен автомобил. Соработувал со речиси сите тогашни производители, а биле присутни и ексклузивитети како луксузната лимузина „фиат 505“ и „итала 51 с“ од 1924 година, но и „ансалдо 6 бс“ и „ланча ламбда серија VIII“ од 1928 година.

Во текот на светската економска криза од ХХ век пропаднале многу производители на шасии и каросерии, но добрата организација и квалитетот помогнале Бертоне да опстане. Во тие години на сцена стапил неговиот 19-годишниот син Џузепе Бертоне, нарекуван Нучо, прекар што го следел цел живот. Татко и син Џовани и Џузепе Нучо Бертоне


ИСТОРИЈА |

ФИАТ 2800 кабрио

Тогаш Бертоне го претставил „фиат 527 с ардита 2500“, модел по многу нешта поинаков од другите, со дотогаш невидени дизајнерски решенија. Ништо поразлични не биле ни „фиат 1500 аеродинамика“, а ни „ланча априлија кабриолет“, секој модел имал нешто специфично во обликот создаден според строгите правила на аеродинамиката. Токму тие посебности го издвојувале Бертоне од другите производители на каросерии. Приказната за големиот мајстор на убавиот облик нè води до Втората светска војна кога многу производители го пренасочиле производството од цивилно за воени потреби. Бертоне произведувал амбулантни возила врз основа од „ланча артена“. Но дури и во воени услови, во Каросерија Бертоне се произведувале луксузната „ланча априлија“ и тогашната најелегантна лимузина „фиат 2800 кабриолет“ направена во еден примерок, а нарачани од тркачот и автомобилскиот новинар Џовани Лурани Кернуски. По војната од работилницата излегле „ланча априлија кабриолет“ и „фиат 1100 стангуелини“, тркачки автомобил со дотогаш невидени конструкторски решенија што подоцна ги прифатиле и другите производители. При создавањето на

автомобилот од голема помош биле советите од тркачот Виторио Сангуелини. Работиницата на чело со Нучо Бенетон станувала сè попозната во автомобилските кругови. Затоа во 50-тите години од минатиот век дошла нарачка од МГ и Бристол Кар Лимитед. Во тоа време во компанијата работел талентираниот дизајнер Франко Скалионе, создавачот на прототипот „алфа ромео џулиета спринт“, првпат прикажан во 1954 година на Салонот за автомбили во Торино. Овој автомобил бил нарачан директно од Алфа Ромео, а успешниот дизајнер го прифатил предизвикот. Веднаш по завршувањето на саемот Бертоне добил неколку стотици нарачки. Од планираните 1.000 договорени примероци со Алфа Ромео, производството било продолжено 11 години и биле произведени над 40.000 примероци. И за овој модел одговорен бил младиот Франко Скалионе. Бертоне и Алфа Ромео ги создале концептите „3“, „5“ и „7“ со име БАТ (Берлинета Аеродинамика Текника), подоцна

и „9“ и „11“. Тогашниот свет бил опседнат со аеродинамичните облици, а за тоа говори и примерот со „абарт 750 рекорд“ направен на шасија од „фиат 600“. Аеродинамичките решенија биле тестирани на тркачката патеката во Монца, а резултатот од тие испитувања бил уривање на 10 светски рекорди, меѓу кои и 4.000 километри постојано возење со просечна брзина од 156,36 км/ч. На крајот од петтата деценија Бертоне бил презафатен со спортските автомобили, во 1957 година во производство влегол „нсу спорт принц“, а потоа дошле тие од највисоката категорија на спортски купе автомобили „алфа ромео спринт специјал“, „астон мартин дб 2/4“ и „масерати 3500 гт“. И во 60-тите години ситуацијата не била сменета – новата „работилница“ со 550 вработени работела со полна пареа. „Алфа ромео 2600 спринт“ во купе и кабриолет изведба, потоа следувале два примерока од „ферари 250 гт“, едниот наречен „вакс“ според желбата на нарачателот, а другиот примерок Нучо Бертоне го направил за себе. Периодот на супер спортски автомобили се заокружил со „астон мартин дб 4 гт џет“ и „масерати 5000 гт“. Симка 1000 купе, бмв 3200 цс, „аса 1000“ модел попознат како „ферарина“ (мал ферари) затоа што идејата и сe друго му припаѓала на Енцо Ферари. Публиката очекувала сериско производство, но тоа не се случило. Потоа се споменуваат „исо риволта гт 300 и 340“ и „исо грифо“, „алфа ромео кангуро“, „алфа ромео џулија гт“. Производството на „фиат 850 спајдер“ ја однело компанијата до уште еден голем успех. Од 1965 до 1972 година биле произведени 140.000 примероци. Тогаш на сцена стапил Феручо Ламборџини и неговиот договор за соработка со компанијата на Нучо Бертоне. Ова заедништво на компаниите оставило неизбришливи траги врз автомоилската историја. Од таа соработка произлегле едни од најубавите дизајнерски решенија: „мјура“, „марзал“ и „еспада“. Паралелно биле создадени „алфа ромео монтреал“ и „фиат дино купе“ за кој велат дека е вториот мал Ферари.

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| ИСТОРИЈА

Шестата деценија била затворена со „алфа ромео карабо“, концепт создаден на шасија од „алра фомео 33“. БЕРТОНЕ ЈА ДИКТИРА СВЕТСКАТА МОДА НА АВТОМОБИЛИ Ламборџиниевите модели „харама“ и „урако“ ја отвориле седмата деценија од минатиот век, со прототипот „стратос зеро“. Тој бил прикажан во 1970 година во Торино и со него како да се сакало да се диктира светската автомобилска мода. И додека светот ги сумирал резултатите од обликот на „стратос зеро“, Бертоне повторно нападнал со „ланча стратос страдале“, автомбил главно конструиран за трки, со кој сопствениците постигнувале врвни резултати во светските шампионати во рели. Втората година од оваа деценија била обележана со загубата на основачот Џовани Бертоне, а во негова чест се појавиле два извонредни модела „масерати камшин“ и „фиат х 1/9“. И кога светот мислел дека видел сè што може од дизајнот, Бертоне во Женева го претставил моделот „каунтач“ во сопственост на Ламборџини. Кога автомобилот бил откриен, присутните во Женева виделе неповторлив дизајн со испрекршени остри линии и облик како вселенско летало. Зад ова чудо бил потпишан Марчело Гандини, тогашен главен во дизајнерскиот оддел во Бертоне. Мора да споменеме што се случувало во одделот каде што почнувало создавањето на автомобилите. Франко Скаџионе, Џорџето Џуџаро и Марчело Гандини се едни од најголемите дизајнерски имиња во светот и сите работеле во студиото на Бертоне. Нучо Бертоне имал совршено изострен осет за откривање таленти. Кога Марчело Гандини се јавил на конкурсот во компанијата Бертоне, главен на дизајнерската канцеларија бил Џорџето Џуџаро кому не му се допаднале решенијата на Гандини. На негов совет, Бертоне не го вработил Гандини, односно Џуџаро му кажал: „Овој кандидат не смее да биде вработен во Бертоне“. Сепак, откако Џуџаро си заминал од Бертоне, сопственикот Нучо веднаш го пови34

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

кал Гандини да работи во компанијата. „Ферари дино 308 гт 4“ (1973) , „ауди 50“ (1974), „иноченти мини 90“ (1974), „фиат 131 абарт рели“ (1975), „алфа ромео навахо“ (1976) „волво 262 ц“ (1977) се автомобилите со кои компанијата ја заокружила седмата деценија, а осмата ја отворила со „бертоне ритмо кабрио“ и „бертоне икс 1/9“. Следувало дизајнирање и производство на „цитрон б икс“ и „волво 780“. Волво било купе лимузина со две врати, целосно создадена од мајсторот Нучо Бертоне. Опеловиот „астра кабрио“ прва генерација, а потоа и новите изведби од моделот „астра“, купето и кабриолетот. По нив следувале „цитроен икс м“, лимузина со карактеристичен купе облик и едно од највпечатливите возила направени од Бертоне, теренското возило „фриклајмбер“. Со тоа завршила осмата деценија. Фиат повторно отишол кај Бертоне и тој ја подготвил првата генерација од моделот „пунто“ во кабриолет изведба. Ова се случувало во деветтата деценија од минатиот век. Премногу напредниот концепт „блиц баркета“ е агресивно купе со електричен агрегат, тубуларна шасија, композитни материјали и карбонска школка. Овој примерок на четири тркала е напреден и за денешно време, а не за 1992 година кога првпат се појавил во Торино. Бертоне е еден од првите што сериозно експериментирале со електричните погони. Неговиот проект „зер“ (Зеро Емишн Рекорд) претставува возило на иднината, наследник на некогаш семоќниот светски рекордер „абарт 750“. Со коефициент на отпорот од само Сх 0,11, возилото во 60 минути возење успева да помине 199,822 километри, уривајќи ја бариерата од 300 км/ч и наедно поставувајќи нов светски брзински рекорд за електрични возила. Притоа возилото постигнало максимална брзина од 303,977 км/ч. Ова се случило во 1994 година. Денес многу производители на автомобили се фалат со брзина од 300 км/ч, а Бертоне со тогашните технолошки достигнувања поставил нов светски рекорд. Ако светот го следеше Нучо Бертоне, мајсто-

рот над мајсторите, досега електричните возила ќе владееја со асфалтот. Сега речиси сите производители на автомобили работат на електрификација, но со слабо искористување на сончевата енергија. Малку се работи на горивните ќелии и добивањето електрична енергија од водород, а светските умови велат дека водородот и горивните ќелии се иднината на електрифицираните возила. „Бертоне каризма“ врз основа од Порше, концептот „кајак“ бил направен врз основа од „ланча к“, а купето „слалом“ ја користело основата од „опел калибра“. Деветтата деценија била затворена со теренското возило „ендуро 4х4“, односно претставува „сув“ возило со преправање на „фиат брава“. Добар „сув“ потег на Бертоне, но без завршница. Една од последните неостварени желби на Џузепе Нучо Бертоне била компанијата да прослави стоти роденден, аманет од татко му Џовани. Церемонијата по повод стогодишнината од формирањето на компанијата минала како што прилега, но севкупната ситуација не била добра. По смртта на Џ. Н. Бертоне во 1997 година, компанијата ја презела неговата жена Лили. Таа, како што велат некои од добрите познавачи, не била способна да ја води големата компанија и често правела погрешни потези. Во 2014 година компанијата прогласила банкрот. Неколку компании сакале да ја купат познатата дизајнерска куќа, но семејството, посебно сопругата на Н. Бертоне, велела „подобро фирмата да пропадне отколку да оди во туѓи раце“. Острото реагирање на семејството за менување на сопственоста е оправдано зашто основачите и првите сопственици на компаниите се многу врзани за тоа што го создавале. Но тоа бил единствен излез за опстанок. Малку е нејасно пропаѓањето на Каросерија Бертоне. Ако добро се разгледаат изјавите на тогашните одговорни, може да се забележи дека било можно да се спаси, но... И судот дополнително ги казнил жената и ќерките на Н. Бертоне со милионски суми евра, поради расипништво и неправилно работење со компанијата. Името Бертоне од 2016 година е во сопственост на фирмата АККА Технолоџис и тоа е последно што се знае за некогашната дизајнерска куќа Бертоне. Сега се распродава нејзината архива, а претходно биле продадени сите возила во сопственост на компанијата, повеќето уникати. • Жарко Атанасоски


ИСТОРИЈА |

ЧЛЕНСТВО

П

www.amsm.mk

У ОП

СТ

Акцијата трае од 01.06-31.08.2021

02/3181-181 35

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


| ИСТОРИЈА

Велчо Петровски Папал

ЕДНО ФИЌО, ЕДНА МЛАДОСТ РЕДАКЦИЈАТА НА НАШЕТО СПИСАНИЕ САКАШЕ ДА ГИ ПОТСЕТИ СВОИТЕ ЧИТАТЕЛИ НА ЛУЃЕТО ШТО ПРЕД ОКОЛУ ПОЛОВИНА ВЕК БИЛЕ ДЕЛ ОД ТРКИТЕ СО ВОЗИЛА, НА КОИ ПРАВЕЛЕ ИЗМЕНИ ЗА ДА ЛИЧАТ НА СПОРТСКИ, А КОИ ВО ТОА ВРЕМЕ ПОЧНАЛЕ ДА СЕ ОДРЖУВААТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА.

Е

ден од нив е Велчо Петровски – Папал, голем љубител на автомобили и меѓу првите натпреварувачи на брзинските трки. Веќе три децении е сопственик на компанијата Папал Дизајн од Битола. Папал со носталгија се сеќава на неговата Opel Olympia 1952, автомобил што останал запомнет како дел од театарската претстава „Викенд на мртовци“, но пред 25 години изгорел и денес овој олдтајмер се наоѓа на отпадот во Битола. Денес, на 69-годишна возраст, сè уште повремено ги следи брзинските трки. Својот

36

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

прв автомобил, „застава 750“, меѓу народот познат како „фиќо“, го купил во 1973 година. Се сеќава дека веднаш почнал да го менува неговиот изглед, ги извадил предниот и задниот браник, а ауспухот го заменил со лонец со издувни цевки. Тогашните возачи на рели ја спуштале каросеријата. На своето поставил ролбар од едно скопско „фиќо“, а потоа воланот го заменил со волан „Abarth“ купен од Италија. Иста така, ставил и италијански амортизери „Koni“. За подобрувањето на неговото „фиќо се грижеле другарите Драган Николов-

ски-Ашлата и Љубчо Илиевски-Коцкарот. Така автомобилот добил предни седишта од автобус, тапетирани со црн скај, без задни седишта за да личи на двосед. Во тоа време во Битола Здружението на возачи организирало авторели трки и се возеле до Охрид, до Прилеп, до Градско и на други релации. На тие натпревари секогаш освојувал едно од првите три места, а наградите биле симболични. Во 1974 година почнале да се одржуваат брзинските трки во организација на Авто мото сојуз на Македонија, кои се возеле на


ИСТОРИЈА |

Велчо Петровски Папал (десно)

Галичица, Крушево и Водно. Учествувал на овие трки и возел во класата 750, но конкуренцијата била многу силна бидејќи скопските натпреварувачи имале многу добро опремени возила. На тие натпревари осво-

ил од трето до петто место. Во тој период преку АМСМ и Здружението на возачи на Македонија се организирале авторели. На трката во 1976 година бил првак во категоријата и првак во сите кате-

гории. Доделувањето на пехарите се одржало на езерото Младост во Велес. Папал вели дека му претставувало исклучителна чест што ги добил тие пехари. Во летото 1973 година отишол во Бугарија, а кога Бугарите го виделе неговото вака „дотерано“ „фиќо“, кое повеќе личело на спортско возило, љубопитно го разгледувале. Со ова „фиќо“ ги поминал мостовите на Будимпешта, неколкупати го однело до Истанбул, а најголемата турнеја била до Краков, Полска. Нереализирана желба му останало со „фиќото“ да отпатува во Советскиот Сојуз. До 1983 година се занимавал со „фиќото“, а потоа во наредните десет години останало паркирано во неговиот двор. Сè што беше добро им дал на љубителите на овој автомобил, а каросеријата завршила на битолскиот отпад. Велчо Петровски – Папал уште еднаш се потсети на натпреварувачките денови и на своето видоизменето „фиќо“ со кое во младоста уживал во натпреварувачкиот адреналин. • Маргита Поповска

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ФЕРСТЕПЕН ЈУРИША САМ ПРОТИВ СИТЕ ИАКО Е НЕОСПОРНО ДЕКА НА СТАРТОТ ОД СЕЗОНАТА МАКС ФЕРСТАПЕН ИМА МНОГУ ПОУБОИТ НАСТАП ВО ФОРМУЛА 1 ОТКОЛКУ ДОСЕГА, ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ТРКИ НАПРАВИЈА ДА ИЗГЛЕДА ДЕКА ТОЈ СЕ БОРИ СО ПОВЕЌЕ ПРОТИВНИЦИ ОДЕДНАШ, А НЕ „САМО“ СО НАЈУСПЕШНИОТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА, ЛУИС ХАМИЛТОН.

В

о фудбалот вообичаено велат дека некои репрезентации имаат славни поединци, додека кај другите тајната на успехот е во тимската игра, без никој да се наметнува како ѕвезда. Овој пример делува како соодветен, бидејќи очигледно станува дека успехот на Мерцедес не е само во Хамилтон, туку и во инженерите кои ја подготвуваат стратегијата, тимскиот колега кој освојува пол позиции и котира високо на патеката, па дури и во подоброто снаоѓање со официјалните лица кои ги имплементираат правилата на ФИА.

38

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Токму на последниве две трки видовме консолидирање на перформансите на „сребрените стрели“, згора на тоа две пол позиции за Мерцедес, првата за Ботас во Португалија, а втората за Хамилтон во Шпанија. И во двете трки Ферстапен за ривали ги имаше двајцата возачи на Мерцедес, додека Серхио Перез не играше значајна улога во нив. Во Португалија, Ферстапен успеа да го престигне Хамилтон, но не и да остане во водство. Нивниот болид покажа дека на таа патека „јаде гума“, повеќе од конкурентскиот. Во вториот дел од трката намерно предизвика дуел со Ботас, влегувајќи прв во боксот, по што Финецот ја следеше неговата стратегија, па Макс му се доближи и го престигна. За негова жал, му беше поништено

времето за најбрз круг поради непочитување на границите на патеката, со што го загуби дополнителниот бод. Техничкиот делегат на ФИА, Мајкл Маси, кој го наследи легендарниот Чарли Вајтинг како прв оперативец на федерацијата за време на гран при викендите, веднаш по трката изјави дека избришале многу времиња од многу возачи и дека покажеле конзистентност во спроведувањето на политиката за почитување на границите на патеката. Сепак, статистиката вели дека Ферстапен е единствениот возач на кој му е избришано времето на свиокот бр.14, додека на сите други возачи доделените казни им се за прекршување на лимитот на свиоците бр.1 и бр.4.


СПОРТ |

Работата е уште повеќе закомплицирана со примерот дека Ландо Норис бил со сите четири тркала надвор од патеката при рестартот на трката во свиокот број 4, по што вториот возач на Ред Бул, Перез вели дека не се ни обидел да се брани очекувајќи казна од ФИА која никогаш не стигнала. – Загубивме и победа, и пол позиција и најбрз круг заради правилата за лимит на патеката. Нешто мора да се промени, или направете граница со тротоарите, или ставете песок. Казната ќе биде автоматска, - рече советникот за моторспорт во компанијата Ред Бул, Д-р Хелмут Марко, упатувајќи остра критика до ФИА. – Би рекол дека премногу се контроверзни казните за напуштањето на патеката. Знам дека сакаат да ги направат патеките побезбедни со безбедни зони за излетување, но тоа е тешко да се контролира и да се разбере, зошто е казниво или не. Кога ќе дојде моментот за одлука, тоа е најтешкиот момент. Воопшто не им завидувам на стјуардите кои мораат да се справуваат со ова, - изјави поранешниот Ф1 возач, Хуан Пабло Монтоја. – Навраќајќи се назад кон трката за Големата награда на Португалија, мора да кажам дека освоеното второ место беше апсолутниот максимум за нас после неколку незгодни дена. Оваа сезона ќе биде долга и ќе гледаме на неа викенд по викенд. Но, пред сè, ќе продолжиме да се бориме до крај, – изјави директно засегнатиот, Макс Ферстапен. Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, го освои четвртото место, додека зад нив со многу промени во позициите конечниот редослед го формираа Норис, Леклер, Окон, Алонсо, Рикиардо и Гасли. Веќе на следното гран при во Шпанија, Ферстапен доживеа ново разочарување. И овој пат тој успеа да излезе на стартот пред Хамилтон (кој ја оствари рекордната стота пол позиција во кариерата), водеше 60 круга, и на крајот беше престигнат бидејќи Мерцедес ја смени стратегијата во текот на трката. Ред Бул се одлучи за ризична стратегија со едно влегување во бокс, додека Хамилтон на 23 круга пред крајот, ги стави најмеките гуми и успеа да надокнади многу висока негатива во однос на Холанѓанецот, кој на крајот немаше никакви сили да се брани. Хамилтон имаше заостанување од 23 секунди, кои ги надомести за 17 круга, однос-

но на шест круга пред крајот едноставно го мина својот главен ривал за титулата. Во очајничките обиди да имаат барем најбрзо време, Ферстапен влезе по вторпат во боксот откако беше престигнат, што му донесе утеха со најбрзо време и еден дополнителен бод. – Можевме да видиме дека престигнувањето доаѓа од некаде. Тие веќе беа побрзи и имаа многу поголема брзина со средно меките гуми. Не можевме да направиме многу. Кога повторно застанаа и влегоа во боксот по нови гуми, веќе знаев дека е готово, знаев дека ќе загубиме. Веќе беше тешко со средно меки гуми, Луис ми се приближуваше, па на крајот бев како лесна мета за него. Пробав сè што можев, направив сè што можев. Ова покажува дека сè уште не сме таму каде сакаме да бидеме. Треба да работиме напорно, во овој момент сме побавни од нив, – порача исфрустрираниот Макс. Валтери Ботас одново се задоволи со третото место, а мала сензација приреди Леклер од Ферари со четвртото место, по што во првите 10 се најдоа Перез, Рикиардо, Саинц, Норис, Окон и Гасли. Иако е трет на табелата, Ботас е под константна критика од медиумите кои ја протежираат идејата неговото седиште да биде дадено на Џорџ Расел. – Ваквите информации не ми пречат бидејќи знам дека нема да бидам заменет среде сезона. Ние како тим не правиме такви потези, имам договор за оваа сезона, а сите знаеме дека има само еден тим кој прави такви работи, – изјавил Ботас алудирајќи на Ред Бул. Хамилтон е прв на табелата со 94 поени, при што Ферстапен со 80 бода е единствениот во непосредна близина. Ботас со 47 бода има тесна предност во однос на Леклер со 41, Норис со 40 и Перез со 32 бода. Следува мошне интензивен период од два месеца, од 23 мај до 1 август се предвидени седум трки до летната пауза. Прва е онаа низ улиците на Монте Карло, по што во јуни има три трки: Азербејџан, Турција и Франција, како и три во јули: Австрија, Велика Британија и Унгарија. Најголем дел од тимовите потоа започнуваат со подготовки на болидите за следната сезона, поради што се очекува „копјата да се кршат“ токму во овој период од годината. • Александар Табаковски

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| СПОРТ

ФЕРСТАПЕН КОНТРА БОГОВИТЕ НА ТРКИТЕ Поранешниот возач на Вилијамс, Мекларен и Ред Бул, а денешен ТВ коментатор, Дејвид Култхард, е убеден дека Ред Бул и Макс Ферстапен се одлично подготвени во оваа сезона да ја прекинат доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон. Шкотланѓанецот кој во Формула 1 кариерата возеше за Вилијамс, Мекларен и Ред Бул смета дека Хамилтон може само среќно да ја продолжи серијата. – Ред Бул и Ферстапен се подготвени, се работи за тим кој веќе неколку сезони има брз болид. Иако е многу млад, Ферстапен делува искусно, ужива во притисокот и сезонава е подготвен да стане светски шампион. Единствено што може да го спречи се Боговите на тркањето, односно некоја несреќа или голем технички проблем кој би се провлекувал. Не треба да се заборави дека Хамилтон секогаш наоѓа дополнителна мотивација кога е притиснат до ѕид, а тоа е добро и за него, но и за целата Формула 1, – истакнал Култхард.

НОВ ДОГОВОР МЕЃУ ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС? Луис Хамилтон не планира да се повлече од Формула 1, туку напротив сака да го официјализира продолжувањето на договорот со Мерцедес многу порано. Британецот не сака да се повтори последната ситуација, кога преговорите се одвиваа за време на зимската пауза меѓу двете сезони, по што на крајот и двете страни се пожалија дека лошо ја темпирале оваа акција. – Не сакаме да се најдеме во позиција како што бевме во јануари и февруари. Си ја уништив цела зима, а не верувам дека таквата ситуација му одговараше и на Тото Волф, кој не можеше да биде релаксиран во таа кратка пауза која ја имаме. Имаме уште 19 трки, но би било убаво да имаме појасна слика пред паузата, за тоа навистина да биде еден мини одмор за сите, – изјавил Хамилтон. Паузата на која алудира возачот на Мерцедес ќе започне по трката во Унгарија закажана за 1. август и белгиското гран-при кое ќе се вози на крајот на тој месец.

ВОВЕД ВО ГРЕН СЛЕМ ТРКАЧКИ ВИКЕНДИ Поранешниот технички директор на Бенетон, Ферари и Мерцедес, Рос Браун, сега е во улога на извршен директор на спортот (на местото на Берни Еклстоун) и ги објасни штотуку воведените правила за таканречените „спринт трки“ и „спринт квалификации“. Англичанецот за официјалниот веб сајт на првенството даде изјава во која вели дека ваквиот формат нема да биде добар на секоја трка, а тоа тврдење го илустрира со пример за Монако, патека што е позната дека нема место за престигнување. – Ваквите „Грен слем“ трки треба да бидат расфрлани низ сезоната, а не да бидат на секој настан. Сепак, тоа дополнително треба да се одлучи, а јас сум за лимитиран број на трки,- вели Браун. Според предвиденото, наместо три тренинг сесии во петок и сабота од по 90 минути, се предвидува еден тренинг во петок од 60 минути, по кој би следувала квалификациска сесија каква што сега ја знаеме, со три сесии и испаѓање на најбавните. Овие квалификации го даваат стартниот поредок во саботната трка, која е крстена како „Спринт квалификации“ за неделното гран при, па така - во неа нема да има победници на таа мини трка од 100 километри, туку освојувачи на бодови за првите три места, по принципот „3-2-1“. – Предизвик е да се најде вистинскиот баланс со што би имале интересен петок и сабота, но без да и одземеме нешто на главната трка во недела. Секој им различен поглед како треба да биде, но во исто време тоа мора да биде и решение кое нема да се одрази на економската и логистичката страна. Тимовите го сакаат ова, возачите се отворени, а нам толку ни треба. Ќе можеме да направиме евалуација и да одлучиме за иднината. Ако ова не функционира, ќе се откажеме и ќе се замислиме повторно,- заврши Браун. Претходно во ерата на Берни Еклстоун како промотер на Формула 1, беше направен експеримент со двојно бодување на одредени трки, но потоа беше укинато, иако имаше поголема неизвесност до крајот на сезоната.

40

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

НЕ ПОСТОИ ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА ПЕНЗИЈА ИАКО СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО ВРВНИТЕ КАТЕГОРИИ НА АВТО МОТО СПОРТОВИТЕ Е СИМНАТА, ВО ИСТ МОМЕНТ МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ДОКАЖАНИТЕ ВЕТЕРАНИ НЕ МОЖАТ ТОЛКУ ЛЕСНО ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СВОИТЕ СОНИШТА.

О

ваа зима за првпат се пренесоа шпекулациите околу можно повлекување на Луис Хамилтон од Формула 1. Тоа беше зачинето со приказната околу немањето добар термин за преговори, бидејќи сезоната во 2020 година, де факто, започна да се реализира во јули, и со мошне набиен ритам трките се спроведуваа до декември. Во исто време, мотоциклистот Марк Маркез поради повреда ја преседе целата сезона во домашна рехабилитација, наспроти ривалот Валентино Роси, кој со четириесет и една година возраст се уште е дел од светското првенство во Мото ГП. Иако Роси се префрли во сателитскиот тим на Јамаха, ослободувајќи место за Фабио Квартараро во фабричкиот тим, на хартија Јамаха е должна да му обезбедува машина еднаква на онаа што ја имаат пилотите во официјалниот тим. Дека Роси е легенда на спротот и сè уште најуспешниот тркач во кралската класа гледано од почетокот на 2000 година, може да се каже дека во моментот ужива комфорна позиција во преговорите за неговото повлекување. Сега кога стануваат се погласни шпекулациите за неговиот официјален крај на возачката

кариера, тој веќе работи со сопствен тим во пониските категории и не престанува да биде медиумска атракција, која многу е повеќе од маскота и сè уште има огромен број навивачи. Гледано низ призма на бројките, неговиот старт во 2021 година не е ни одблиску задоволителен, но во исто време се чини и дека тоа не е примарен интерес на Јамаха, којашто ги има Маверик Вињалес и Фабио Квартараро како „први виолини“. Секако дека развојот на моторот и искуството на „докторот“ Валентино се значајна обврска за инженерите на Јамаха, но на сите им е јасно дека не станува збор за борба за титула, односно за ситуација во којашто се вложуваат сите сили со цел да се извади дополнителна десетинка во времето за еден круг. Споредено со ситуацијата на Хамилтон во Формула 1, може да се каже дека Луис стигна до истото ниво што Роси го постигна во Мото ГП како деветкратен светски шампион (од кои седум титули се во најсилната класа), но во исто време тоа стана и негово бреме. Како што и самиот Луис призна при обновувањето на последниот договор, многу повеќе време и енергија трошел на договарањето на ангажмани надвор од спортот, бидејќи сака да ја искористи својата позиција и да биде поборник за човекови права и борец против расизмот. Факт е дека тој има 36 години и се доближува кон горната граница што досега важела за Ф1 пилотите. Михаел Шумахер се повлече на 37 години, но потоа направи враќање со Мерцедес во период кога имаше од 40 до 42 години. Идната година Формула 1 ќе имплементира нови правила, а со тоа и да влијае врз актуелниот распоред на силите,

поради што голем број возачи и екипи воопшто не ја ни перцепираат оваа сезона од натпреварувачки агол. Мерцедес според медиумските шпекулации ги има обезбедено услугите на Џорџ Расел, и ќе мора да пресече меѓу досегашните двајца возачи Хамилтон и Ботас. Колку и да изгледа чудно, концептот со двајца силни возачи ретко дава добри резултати во Формула 1, па доколку Расел навистина биде унапреден, само е прашање на ден кога Луис ќе почувствува дека е загрозен и дека треба да размислува за повлекување. Имајќи предвид дека Фернандо Алонсо на свои четириесет години се врати во Формула 1 за да може идната година да биде лидер на новиот тим на Рено (Алпин), Хамилтон сигурно би требало да има уште некоја година за себе. Од друга страна, Мерцедес нема друг млад возач на својот радар како што Ред Бул го има Ферстапен, а Ферари - Леклер, па се чини дека врската со Луис има добри шанси да потрае. За илустрација, Хонда која цело време во Мото ГП се потпираше на Марк Маркез и неговите титули во серија, по минатогодишната негова повреда никако не може да фати чекор со ривалите. Дукати и Јамаха, во моментов се чини имаат и подобри мотоцикли, но и ги ангажираат најдобрите млади возачи. Хонда мора да донесе нов „убиец“ во своите редови или ќе се соочи со ситуација во која уште една година сите надежи ќе ги стави врз Маркез, а доколку тоа потфрли, тоа ќе придонесе само за побрз крај на нивната врска. Се чини дека во следниве две сезони ќе имаме многу што да видиме и научиме по прашањето кога е вистинско време да се пензионира легенда на еден спорт. • 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| СПОРТ

Светско првенство во Формула E

ВАЛЕНСИЈА ГИ ДЕТЕКТИРАШЕ СЛАБИТЕ ТОЧКИ ИАКО СЕ ОРГАНИЗИРА ПО СЕДМИ ПАТ, ПРВЕНСТВОТО ВО ФОРМУЛА Е ОВАА ГОДИНА ВО ДВА НАВРАТА ПОКАЖА ДЕКА ИМА ПРОСТОР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ. ПРВОБИТНО ТОА БЕШЕ ВО СЛУЧАИТЕ КОГА ИМАШЕ ИЗЛЕТУВАЊА ПОРАДИ ОТКАЖУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА СОПИРАЧКИ, А СЕГА СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ТРКАТА ВО ВАЛЕНСИЈА ВО ПРЕДЕН ПЛАН БЕШЕ СИСТЕМОТ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА.

Г

ран при викендот во Валенсија започна со негодување на дел од најискусните возачи околу изборот на оваа патека при вклучувањето во првенството за 2021 година. Искусните возачи како Лукас ди Граси и Жан Ерик Верње посочија дека болидите кои ги имаат на располагање, едноставно не се направени за трка на ваква патека. - Ова е добра патека, но апсолутно не е за Формула Е. Имаме проблеми да се тркаме низ градовите поради пандемијата, па треба да се сметаме за среќни што воопшто имаме каде да се тркаме. Но, мене ми е

42

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

сосем јасно дека не сакам повторно да возиме тука. Не поради тоа што не ја сакам патеката, туку поради тоа што не е добра за Формула Е, - изјави возачот на ДС Текита, Жан Ерик Верње. Дури и организаторите направија исчекор да го поддржат ова натпреварување со тоа што на возачите им дозволија по шест сета на пневматици наместо по четири колку што предвидуваат правилата. Исто така, поради суштествено спротивен концепт на овој автодром со досегашните патеки, кои немаа заштитни зони за излетување и каде

што се возеше меѓу „ѕидови“, ФИА мораше да ги предупреди возачите за почитување на правилата по прашање на границите на патеката, односно дека возачите не смеат со сите четири тркала во ниту еден момент да се најдат надвор од тркачкиот асфалт. Во текот на 2021 година Формула Е треба да има трка уште на автодромот Пуебла во Мексико, бидејќи Формула 1 патеката е претворена во Ковид болница. Тренинзите донесоа изненадувачки најбрзо време од возачот на БМВ Андрети, Максимилијан Гинтер, кој во првиот тренинг се


СПОРТ |

најде зад Антонио Феликс Да Коста, но во вториот тренинг го презеде приматот. Гинтер и Да Коста се најдоа меѓу шесте најбрзи во квалификациите, но во последната сесија што носи три поени за таканаречената супер пол позиција, возачот на Мерцедес, Стофел Вандорн го имаше најбрзото време од 1:26.494. Зад него беа Да Коста, Де Вријс и Гинтер. Сепак стјуардите решија да му ја одземат пол позицијата на Вандорн, бидејќи неговите пневматици не биле соодветно идентифицирани со тие што биле пријавени за настап. Португалецот Да Коста водеше од почетокот на трката што беше обележана од неочекуваниот дожд, а притоа возилото за безбедност четири пати се појавуваше на патеката поради различни инциденти. Сето тоа направи да има луда завршница во која половина од учесниците не стигнаа до целта бидејќи им недостигаше енергија. Додека едни ги обвинуваа тимовите за погрешни калкулации, тие во своја одбрана дадоа објаснување дека при секоја активација на возилото за безбедност има загуба на енергија, што не е предвидено од ФИА. Инцидентите беа предизвикани поради излетувања на возачите, но Антонио Феликс Да Коста постојано беше на врвот и незагрозен од останатите, своевремено создавајќи предност и од 4 секунди во однос на Холанѓанецот Де Вријс. Тој на оваа трка ја одработи казната за старт пет места подолу, поради инцидент предизвикан на трката во Рим, но на крајот сепак се радуваше на победа во Валенсија, при што само уште 11 болиди имаа енергија да стигнат до целта. Втор беше Нико Милер, а трет Стофел Вандорн. Следниот ден започна со „еден два“ резултат за тимот на Порше во слободните тренинзи, а нивните добри перформанси беа потврдени и со второто место на Андре Лотерер во квалификациите, само една десетинка зад Џејк Денис, кој слично како тимскиот колега Гинтер, го доведе тимот БМВ Андрети до најдобрите стартни позиции на патеката која постојано се сушеше и стануваше се побрза. Џејк Денис имаше најбрзи времиња и во борбата за супер пол позицијата, повторно пред Андре Лотерер. По 30 круга во втората трка, првите тројца завршија онака како што стартуваа, со што Денис направи викенд за паметење со прва пол позиција и прва победа во својата дебитантска сезона. 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| СПОРТ

- Сите возачи се шокирани дека имав водство од првиот до последниот круг. Никој не мислеше дека тоа е можно. Тука се натпреваруваш со ривали како Да Коста, Верње, Роланд, и да ги победиш сите нив, тоа е навистина голем поттик за самодоверба,- рече младиот Денис. Веднаш по трките во Валенсија, беше организирана и трката низ улиците на Монте Карло. Сем Бирд и Мич Еванс од Јагуар имаа рана доминација во тренинзите, а нивните времиња остварени на вториот слободен тренинг беа побрзи и од оние што подоцна беа поставени во квалификациите и во борбата за супер пол позицијата. Но, и тука судбината вмеша прсти, па Бирд имаше проблеми во контакт со Де Вријс, и двајцата се најдоа на опашката од колоната. Антонио Феликс да Коста со минимална предност од

12 илјадитинки се најде на првото стартно место, а во интервал од 12 до 59 илјадитинки зад него се најдоа Робин Фријнс, Мич Еванс и Жан Ерик Верње. Првите двајца имаа дуел за победа во првата половина од трката, но потоа Еванс се вклучи и го презема водството. Сепак, излегувањето на возилото за безбедност не му одеше во прилог бидејќи имаше помалку енергија од ривалите, па во рестартот беше престигнат од Феликс да Коста, што де факто беше и последен круг во трката. На средина од сезоната, по седум извозени трки, Холанѓаните Фријнс и Де Вријс водат на табелата со 62 односно 57 бода, додека Мич Еванс и Антонио Феликс да Коста се зад нив со 54 и 52. Во оваа зона каде што со една победа може да се направи пресврт се и Сем Бирд со 49 бода, Стофел Вандорн со 48 и Жан

Ерик Верње со 46 поени. Согласно календарот што ФИА и Формула Е го финализираа во пресрет на трката во Валенсија, до крајот се предвидени уште четири гран при викенди, почнувајќи од во Мексико во јуни, за сезоната да заврши со трки низ улиците на Њујорк, Лондон и Берлин. Секој од овие гран при викенди ќе има по две трки и со тоа сезоната ќе брои вкупно петнаесет трки. На овој начин, де факто, е откажана трката во Мароко што беше предвидена за крајот на мај, како и онаа во Чиле за почетокот на јуни. Исто така, претходно откажаната трка во Сеул што беше најавена за можна реорганизација кон крајот на сезоната со овој план ќе мора да чека до следната сезона. • Александар Табаковски

ТОД ГИ ПОВИКА МЕДИУМИТЕ ДА ЈА ПОДДРЖАТ ФОРМУЛА Е Претседателот на ФИА, Жан Тод, има симпатии кон проектот Формула Е, кој по шест години во развој, оваа година за првпат е признаен како светско првенство.

- Јасно е, Формула Е се развива многу добро. Но потребно е да се направи поголем притисок, односно потребно е подобро покривање од медиумите. Потребен ни е интересот и на медиумите и на навивачите, тоа е она што мора да го изградиме. Сакаме да ја промовираме мобилноста на електричните автомобили во градовите, и притоа Формула Е е одличен начин тоа да се направи. Ги имаме сите состојки за да имаме силно првенство и тоа мора да биде добро изрекламирано. Огорчен сум кога ќе видам специјализиран магазин којшто не посветува доволно простор за овие трки. Тие заслужуваат многу повеќе, - изјави Тод откако минатиот месец присуствуваше на трката што се возеше низ улиците на Рим.

44

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Интервју Ерхан Јајовски

МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ЕЧЕШЕ НА СПА ФРАНКОРШАМП ЗА ШАМПИОНОТ ЕРХАН ОД РЕСЕН СВЕТОТ НА ТРКИТЕ ИМ Е ИНТЕРЕСЕН НА МЛАДИТЕ КОИ ЈА САКААТ ВОЗБУДАТА, БРЗИНАТА И НАТПРЕВАРУВАЊЕТО. СЕПАК, МАЛ БРОЈ НА ЛУЃЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА, БИДЕЈЌИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ТОА СЕ МНОГУ ГОЛЕМИ, А ВО ПОВИСОКИТЕ КАТЕГОРИИ СЕ МЕРАТ И СО МИЛИОНИ ЕВРА. УТЕХА СЕ ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ Е-СПОРТОВИ, ИЛИ ВИРТУЕЛНИ ТРКИ, НО ВО НИВ КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ИЛЈАДА ПАТИ ПОГОЛЕМА. НО, ТОА НЕ ГО СПРЕЧИ РЕСЕНЧАНЕЦОТ ЕРХАН ЈАЈОВСКИ ДА СТИГНЕ ДО КРЕМОТ НА „СИМ РЕЈСИНГОТ“ И ДА ПОКАЖЕ ВОЗАЧКИ КВАЛИТЕТИ КОИ МОЖАТ ДА МУ ДОНЕСАТ И СЕДИШТЕ ВО ВИСТИНСКИ БОЛИД! Клуб Мобилити: Раскажи ни како се вплетка во виртуелните „сим трки“? Јајовски: Почетоците ми се некаде уште од раните години, кога бев дете 9-10 години. Уште тогаш бев голем фан на мотоспортот, омилена тркачка серија ми беше Формула 1 и играв доста игри поврзани со тоа. Ама сè тоа беше само забава и како хоби, ништо сериозно, сè до крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, кога што имав првиот настан на професионално е-спорт ниво. Во тоа време не бев дел од професионален е-спорт тим, па заедно со други индивидуалци кои ги запознав на платформата „rFactor 2“, формиравме наш тим, „Team

Vires“. Тоа ни помогна да се квалификуваме за тимските турнири, кои што се организирани од професионалните организации кои го промовираат е-спортот. Клуб Мобилити: Значи по нешто повеќе од 10 години искуство со разните игри, се вклучи во е-спорт турнирите на меѓународно ниво? Јајовски: Турнирот беше организиран од „ESL“, еден од најголемите организатори на е-спорт турнири, поточно „ESL“ од Шпанија. Тоа беше турнир на кој требаше да се вози во различни автомобилски тркачки категории, од ФИА ГТ3 до симулации на трки со едно-

седи. Финалето се одржуваше во зградата на MSi (Motor & Sport institute of Spain). Јас станав најдобар возач во регуларниот дел од сезоната со најмногу победи и пол позиции, а во финалето како тим завршивме на четврто место. Тоа за мене беше незадоволително, земајќи го предвид нашиот перформанс од регуларниот дел. Влегов мотивирано во втората сезона на натпреварувањето, по што повторно станав најуспешен возач во регуларниот дел од сезоната, но екипно пак завршивме на 4-то место во финалето. Овој пат финалето се одржуваше во Малага, за време на „Gamepolis“, тоа е како фестивал за видео игри. 05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Клуб Мобилити: Тие два настани ти ги отворија вратите и за други турнири, на кои подоцна се прослави? Јајовски: Во јули 2019 година имав прилика да учествувам во натпреварување што се одржуваше за време на трката „24 часа на Спа Франкоршамп“, за автомобили со ГТ3 хомологација. Тоа беше во организација на самата промотерска куќа што ја организираше вистинската трка, а нè додаде и нас со „сим трка“. На неа возев индивидуално (спринт трка од еден час), и го освоив првото место. Успехот беше дотолку поголем, бидејќи таа виртуелна трка беше организирана за аматери, за луѓе од дома и за професионалци по покана. Во полуфиналето, јас бев меѓу најдобрите 4 од оние кои се пријавија од дома, по што влегов во финалната трка против сите други победници од другите категории, вклучувајќи ги и оние од „про“-категоријата. За учество на таа трка не собраа сите во Белгија, и веднаш по крајот на истата се качив и на победничкиот пиедестал каде што беше интонирана химната на Македонија, што беше специјален момент за мене! Клуб Мобилити: Твојот индивидуален успех ти отвори пат и во едно американско реално шоу!? Јајовски: После овие натпреварувања, кон крајот на септември 2019 година, преку платформата „rFactor 2“ успеав да се квалификувам за натпреварувањето „World's Fastest Gamer 2“, кое беше комплетно снимено и емитувано како своевидно реално шоу. Квалификациите ги возев од мојот дом во 46

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Ресен, со што влегов во финалето како еден од двајцата најдобри. Останатите осум беа директно поканети од организаторот. Како на сон, добив по пошта билети за авион до Лас Вагас, и таму целата приказна започна со снимање на еден локален автодром, на кој што имавме можност да возиме со вистински спортски егзотични автомобили како што се Ферари 488, Порше 911 ГТ2, Ламборгини Хуракан. Потоа заминавме за Калифорнија, каде што ги запознавме и возилата со кои се натпреварувавме во реални околности на тркачка патека. Тоа беа куп возила, кастомизирани за оваа пригода. Организаторите имаа замислено сите да бидат со идентични перформанси, а за мене тоа беше првото вистинско искуство на вистинска тркачка патека. Имавме шанса да возиме на три автодроми: приватниот комплекс Термал Клаб, потоа старата патека Вилоу Спрингс, и за крај на легендарната калифорниска патека Лагуна Сека, кај нас позната од Мото ГП шампионатите. Поделени бевме на 2 тима, „портокалови“ и „сини“, а после секое еднодневно натпреварување, тие со најбавнито време отпаѓаа, по еден од секој тим. Од петмината во мојот тим „портокалови“ - првиот испадна по натпреварувањето на Термал Клаб, вториот на Вилоу Спрингс, а јас по голема борба, во драматична завршница имав само една десетинка послабо време од ривалите, по што бев елиминиран на Лагуна Сека, и не останав да возам во финалето меѓу четирите најдобри. Тоа ми беше најдрагото натпреварување во кое што сум учествувал. Го има целиот серијал за гледање на платформата „Amazon Prime“, но, достапен е само за гледачи во Америка. Целиот настан заврши со заедничко возење на рели возило на овална неасфалтирана патека, со возило кое имаше моќност од 800 коњски сили! Клуб Мобилити: Во твојата биографија имаш прокнижено и соработка со Ф1 тимот Мекларен? Јајовски: После „World's Fastest Gamer 2“, имаше натпреварување организирано од Мекларен кое беше насловено како „McLaren Shadow Project“, на кое, исто така, успеав да се квалификувам. Процесот на квалификувања во овие натпреварувања варира. Некои се по пат на постигнување најбрз круг во одреден временски период, на пример


СПОРТ |

една седмица. Така поставената платформа им овозможува на заинтересираните од цел свет да се испробаат и да успеат да направат напредок по извесен период на тренинг. На крајот, најдобрите 20 времиња се квалификуваа за учество во финалната трка за оние кои што се квалификувале преку платформата „rFactor 2“. Само победникот од таа финална трка се квалификуваше за учество во проектот на Мекларен, но имаше уште четири други возачи кои избориле место преку други платформи. Јас победив на нашата трка и влегов меѓу петтемина избрани. Таму се натреварувавме во четири различни виртуелни трки, потоа и физички вежби, и на крајот имавме возење на автодром , и тоа на оној познат од култната емисија „Top Gear“, поранешниот воен аеродром Дансфолд во Велика Британија. Тоа возење беше изведено со супер-автомобилот на Мекларен 570S GT4. Го освоив второто место, и тоа за првпат се изненадив, бидејќи ме победија во виртуелните трки, а јас „им ја скршив кичмата“ со возењето во реалноста. Сето ова се случуваше во ноември 2019 година, па верувам дека бев добро подготвен поради претходното учество на настанот во САД. Клуб Мобилити: Сега си член во тим што е формиран од францускиот пилот Роман Грожан? Јајовски: Во почетокот на септември 2019 бевме контактирани од страна на „Triple A“ http://3a-sports.com/index.php, агенција која менаџира возачи во светот на мотоспортот, и кои беа заинтересирани да влезат во водите на сим рејсингот и еспортот, па така го потпишав првиот професионален договор со нив. За нив возевме околу 6 месеци, па во април 2020-та не известија дека Роман е заинтересиран за формирање на тркачки тим за „сим рејсинг“, што ќе биде менаџиран од страна на Triple A. И така, подобрите возачи од „Triple A“ потпишавме нови договори со „R8G Esports“. Пандемиската 2020 година ми беше најуспешна како тркачка сезона досега, успеав да освојам речиси сè што можеше, организирано од страна на симулацијата на која што јас возам, „rFactor 2“. Ги освоив двата ГТ шампионата и плус победив на настанот организиран од БМВ каде што возевме виртуелни трки со нивниот модел М2 CS Racing Cup.

Поради короната се откажаа многу од вистински настани, па со тоа „сим трките“ добија огромен подем, преку ноќ се зголеми популарноста. Веднаш после влегувањето во тимот на Грожан, го имав и првиот настан за нив во официјалната трка „24 часа Ле Ман – виртуал“. Во таа трка организаторите пропишаа правило најмалку двајца вистински возачи да бидат дел од еден тим, па меѓу учесниците се најдоа Фернандо Алонсо, Џенсон Батон, Макс Ферстапен, Шарл Леклер, Антонио Џовинаци, Рубенс Баричело и други. Јас бев во тим со Даниел Жункадела и Матијас Бехе, а со мене беше и уште еден сим-возач, Ристо Капет. На крајот, освоивме пласман на подиум во ГТЕ класата како третопласирани од 25 екипи. Клуб Мобилити: Во моментов си актуелен по настапите во виртуелните трките на Формула Е, каде што стартуваше со две победи во две трки. Што понатаму? Јајовски: И за ова натпреварување имаше квалификации по пат на извозен најбрз круг, каде што најдобрите 3 времиња ќе влезат во шампионатот, јас завршив на второ место и така успеав да се квалификувам. Инаку, во трките учествуваат вкупно 24 возачи, кои освен нас тројца другите беа поканети. Ние добивме покана за еден возач од тимот, но дека сме повеќе души, сите ги возевме

квалификации за да пробаме да имаме што повеќе возачи и ете јас успеав. Симулацијата предвидуваше шампионат кој се состои од 6 рунди, јас победив на првите две, па потоа уште една победа во претпослендата, петта рунда. Во финалето се доделуваа двојни износи на поените, па мојот ривал со победа во него успеа да ми ја земе титулата и главната награда. Клуб Мобилити: Дали ова значи дека сега имаш кариера како професионален возач? Јајовски: Може да се рече дека тоа е кариера на професионален е-спорт возач, но реалноста е дека тука конкуренцијата е многу силна. Секој ден се појавуваат нови таленти од сите страни на светот и морам напорно да тренирам и да се усовршувам, ако сакам да останам во оваа конкуренција. Посакувам да сум дел од тркачката елита на виртуелните трки и да имам шанса да учествувам на што е можно повеќе натпреварувања и да се обидам да победам во нив. Целта ми е да стигнам да се натпреварувам во живо, ако добијам шанса, но знаеме како е да се заплива во водите на авто-мото спортот, треба тешки финансии. • Александар Табаковски

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


AВТО-МОТО

WRC – Рели Хрватска

ВИСТИНСКИ „РЕЛИ-КОСТЕР“ ВО ЗАГОРЈЕ СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ ЈА ДОБИ БИТКАТА ЗА ХРВАТСКОТО ЗАГОРЈЕ ВО РЕЛИ ДРАМА ОД КОЈА ПАЃАА ВИЛИЦИ, И КОЈА ЗАВРШИ СО ТРЕТИОТ НАЈТЕСЕН РАЗУЛТАТ ВО 49. ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ.

К

онечно! Светската рели сцена осамна на балканот во облик на релито на Хрватска која стана 34-та држава домаќин на настан од Светскиот шампионат. Третото рели во годинашниот календар кое воедно е и прв целосно асфалтен настан од август 2019 година кога се возеше релито на Германија приреди ретко видена драма. Асфалтните патеки кои вијугаат низ Хрватското Загорје исполнети со мазни и на места груби делници прекриени со влажни потези претставуваа вистински предизвик за екипажите. Најмногу заради правилниот избор на гуми кои годинава ги снабдева Pirelli и беа непознаница за екипажите. Со оглед на кусото време за тестирање и временските прилики во текот на зимата беше вистински предизвик дали да се одберат тврди или меки гуми, или комбинација од нив во палетата на Pirelli P Zero. Всушност релито на Хрватска покажа дека токму гумите се пресудниот фактор да се добие овој асфалтен настан. Mудриот одбир на тимот на Toyota им го донесе и големиот успех. Од друга страна, пак, експериментирањето не му донесе слава на Hyundai, а неговите автомобили се бореа за тракција. Релито започна со сериозното излетување на најмладиот лидер во историјата на шампионатот за возачи Кале Рованпера. Само 5,4 километри во првиот брзинец Рованпера влета пребрзо во свијок. Автомобилот лизна со предницата и се најде во ендек. Среќа Рованпера, и совозачот Јоне Халтунен се извлекоа без повреди. Правилниот избор на гуми помогнаа на Нувил да создаде голема предност во првиот дел од денот. Победи на три од вкупно четири брзинци што беше доволно за да го заврши денот на првата позиција. Зад него заврши Ожие кој беше најбрз на три брзинци од попладневната рута. Сепак, Ожие не успеа да му се доближи на Нувил, но затоа го престигна тимскиот другар Еванс. Во меѓувреме Ожие ја освои и својата јубилејна 600-та победа на брзинец од светскиот шампионат. Еванс кој зад волан на Toyota Yaris WRC првпат вози на асфалтно рели го заврши денот

48

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

на третата позиција. Танак заради лошиот избор на гуми со бореше за тракција во текот на целиот ден и заврши четврти. Петти беше Крег Брин, третиот возач на Hyundai. Вистинско изненадување беше дебитантот во WRC Адријан Формо кој оствари неколку импресивни времиња зад волан на M-Sport Ford Fiesta WRC и го заврши денот на шестата позиција. Нувил беше трагичарот на вториот ден од релито. Лошиот избор на гуми го фрли од лидер на третата позиција на крајот од денот. Работите тргнаа наопаку кога пред старт на втората етапа избра тврди гуми за напред, и меки за назад. Со меки гуми одзади неговиот i20 WRC го лизгаше задникот губејќи многу време буквално со секој одвозен свијок. На крајот од денот Нувил падна на третата позиција, а неговите 7,7 секунди предност во однос на Ожие се претворија во 10,4 секунди дефицит. Чуден беше изборот на Нувил, буквално како да го става на коцка исходот на релито. А токму тоа и се случи. Ожие беше јунак на денот. Одбирот на тврди гуми и напред, и назад се покажа исправен. Впрочем овој избор го направија и повеќето возачи. Ожие прелета преку осумте брзински испити, победи на три и го поведе релито.. Еванс беше веднаш зад него. И иако му дишеше во врат на тимскиот другар не успеа да биде побрз од него. Заврши втор крадејќи му ја позицијата на Нувил. Четврти заврши От Танак кој избра ист пакет гуми како и Нувил. Тој не загуби многу време, но сепак не беше воодушевен од изборот. Позиција нанапред скокна и Формо. Тој продолжи со добрите времиња во текот на денот, а постигна и второ најдобро време на првиот брзинец од денот. Во последениот, драматичен, ден од релито Ожие стигна до втората победа годинава. Иако за него ова беше ден што треба да го заборави Французинот на крај славеше во голем стил. Дури не можеше да поверува на сопствените очи како успеа да биде прв. Денот му почна со судар во редовен сообраќај на патната делница која води до првиот брзинец


АВТО-МОТО

од денот. Во сударот беше оштетена аеро-динамиката на автомобилот суштинска за врвни перформансите, а Ожие се здоби со повреда на грбот. Сепак, истраја. Првите два брзинци од денот ги доби Еванс и прејде во водство. Се чинеше дека Еванс е на праг да го добие релито. Но, тоа за жал не му успеа. Драмата доживеа неочекуван расплет во финишот на последниот ТВ брзинец. Иако времињата покажуваа дека Ожие му се доближува на Еванс, Велшанинот сè уште имаше предност и водство за победа. Меѓутоа буквално во последните метри на релито се излизга преку еден потег прекриен со трева и загуби драгоцени секунди. Тие всушност му ја донесоа 51-та победата на Ожие. Нувил беше премногу далеку за да го искористи пехот на Еванс и мораше да се задоволи со третото место. Танак заврши четврти, а Формо петти. Со победата во Хрватска, Ожие се враќа на врвот на табелата во шампионатот за возачи со 61 бод. Нувил е втор со 53, а Еванс трети со 51 бод. Четврти е Танак со 40 бода, додека најмладиот лидер во историјата на релито Кале Рованпера останува со своите 39 бода кои не се доволни за повеќе од петто место. Големиот успех на Ожие и Еванс и донесе нови бодови на Toyota која останува да биде лидер меѓу производителите со 138 бода. Hyundai има 111 бода и е втор, а трет е M-Sport Ford со 42 бода. Следно е исконското рели на Португалија кое на крајот на мај и се враќа на светската рели сцена.

• Љубомир Анастасовски

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА! Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во повеќе од 250 АМСМ Партнер продажни места! Попустот може да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

30% попуст

на дополнителна опрема

Авто-салон „FORD“

Малите детали му даваат дополнителна функционалност на автомобилот и тоа го прави секојдневјето полесно. Искористете го попустот од 30 % во „FORD“ и опремете го вашиот автомобил по ваша желба. Попустот важи само на дополнителната опрема и може да се користи само со покажување на валидна АМСМ членска картичка. Локација: бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 - Скопје

Outdoor shop „SCOUT“

Кога ви е потребна каква било outdoor опрема, прво ја барате во „SCOUT“. Целиот асортиман во „SCOUT“, од јакни и обувки, преку ранци и торби до кампинг и алпинистичка опрема од најдобрите светски брендови, сега ви е достапен со 10 % попуст. Само изберете и покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка за да заштедите. Локација: ул. „Кирил и Методиј“ бр.20 - Скопје

20% попуст на полирање

10% попуст

на целиот асортиман

Авто-салон „AUTOTO“

Ако ви пречат гребаниците на автомобилот и сакате вашиот миленик да сјае, посетете го автосалонот „AUTOTO“, каде што како наши членови добивате 20 % попуст за полирање и веднаш заштедувате со покажување на вашата валидна АМСМ членска картичка Локација: бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 - Скопје

Фитнес центар „ПАРК“

Добра вест е што фитнес салите повторно работат, а уште подобра вест е што како наши членови добивате 10 % попуст на фитнес услугите во еден од најдобрите фитнес центри во градот, „ПАРК“. Покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка, заштедете и вратете се во кондиција. Попустот не важи на персонални тренинзи и утринска месечна карта. Локација: ул. „1732“ бр. 4 - Скопје

10% попуст на фитнес услуги

АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 50

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


МОБИЛИТИ БРОКЕР ВО Т.Ц „БИСЕР“

БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ НАПЛАТА НА ОТШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА ПОЛИСИ ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ

www.mobilitybroker.com.mk 52

05.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/5512-705


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.