AMSM KM Septemvri 2021

Page 1

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ДЕЦАТА, ПРИОРИТЕТ И ВО СООБРАЌАЈОТ!

На возраст кога ќе станат независни како пешаци, возачи на ролери, велосипеди, мопеди и санки, без придружба од возрасните, децата претставуваат најранливи учесници во сообраќајот. Колку и да се грижиме за нашите деца секојдневно грижејќи се што ќе јадат, облечат, каде ќе ги носиме на зимски или летен распуст и во кое училиште ќе се запишат, се чини дека грижата за нивното образование во областа на безбедност во сообраќајот е занемарена, особено во урбаните средини. Безброј пати сме ја слушнале познатата фраза на родителите кои ја упатуваат на своите деца-Внимавај на улица! Но што значи тоа навистина и како детето да се однесува како учесник во сообраќајот, но во исто време сообраќајот да не го гледа како непријател од кој треба да се плаши? И кога е вистинското време за едукација? Стекнувањето на знење и формирање на правилни ставови за безбедноста во сообраќајот во претшколската возраст претставува квалитетен основ за понатамошна надградба на деца и возрасни во оваа област. На овој начин се подобрува однесувањето на учесниците во сообраќајот, а со тоа и се маналува бројот на смртни случаи и повреди во сообраќајните незгоди. Праксата покажува и позитивно влијание на децата на однесувањето на родителите во сообраќајот во смисла на правилно превезување во возилата, употреба на детските седишта, правилно преминување на улиците и сл. Едукацијата на децата во областа на безбедност во сообраќајот е континуиран процес. Сите институции и организации потребно е да посветат особено внимание и грижа, но и свој допринос со што ќе влијаат во намалување и елиминирање на ризиците и опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на децата во сообраќајот. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во октомври 2021 на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 6

НОВИОТ ID.4 ДОСТАПЕН ЗА

9

МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ ОПЕЛ ВЛЕГУВА ВО МИКРО КЛАСАТА АВТО-МОТО 9

СЕМЕЕН КРСТОСУВАЧ ОД ПРВА КЛАСА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

21

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА СВЕТЛОСНИТЕ СИГНАЛНИ УРЕДИ.. СТИЛ

22

26

ПИКНИКОТ-ТОА Е ЦЕЛА ИСТОРИЈА, ЖИВА И ВОЗБУДЛИВА ПАТУВАЊЕ

26

АДРЕНАЛИНСКА АВАНТУРА И ОДЛИЧНА ЗАБАВА! НI-TECH

30

ХИПЕРСОНИЧНИ ПАТНИЧКИ АВИОНИ ИСТОРИЈА

31

ПОСЕБНА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД

39

СПОРТ 38

ТОЈОТА И ФЕРАРИ ЈА ПОТВРДИЈА СВОЈАТА НАДМОЌНОСТ

39

ИДНИНАТА Е ВО ТРКИТЕ СО ГП ВОЗИЛАТА

44

ШОК ВО УНГАРИЈА, КОЛАПС ВО БЕЛГИЈА

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

ЦЕНИ НА ГОРИВА ВО ЕВРОПА

6

ДРЖАВА

БЕЗОЛОВЕН 95

Албанија

145,00 ALL (1,17 EUR)

Австрија

1,33 EUR

1,50 EUR

1,25 EUR

Белгија

1,59 EUR

1,66 EUR

1,57 EUR

БИХ

2,24 BAM (1,15 EUR)

2,31 BAM (1,18 EUR)

2,17 BAM (1,11 EUR)

Бугарија

2,26 BGN (1,16 EUR)

2,\67 BGN (1,37 EUR)

2,26 BGN (1,16 EUR)

Чешка

33,57 CZK (1,31 EUR)

34,06 CZK (1,33 EUR)

31,38 CZK (1,23 EUR)

Црна Гора

1,38 EUR

1,39 EUR

1,20 EUR

Данска

12,09 DKK (1,63 EUR)

13,08 DKK (1,76 EUR)

10,19 DKK (1,37 EUR)

Естонија

1,46 EUR

1,51 EUR

1,21 EUR

Финска

1,69 EUR

1,77 EUR

1,49 EUR

Франција

1,59 EUR

1,66 EUR

1,45 EUR

Грција

1,68 EUR

1,86 EUR

1,40 EUR

Хрватска

10,75 HRK (1,43 EUR)

11,35 HRK (1,51 EUR)

10,18 HRK (1,36 EUR)

Ирска

1,53 EUR

Италија

1,69 EUR

2,54 EUR

1,55 EUR

Летонија

1,33 EUR

1,39 EUR

1,23 EUR

Литванија

1,30 EUR

1,43 EUR

1,19 EUR

Луксембург

1,35 EUR

1,44 EUR

1,22 EUR

Унгарија

446,60 HUF (1,27 EUR)

469,40 HUF (1,34 EUR)

446,20 HUF (1,27 EUR)

Северна Македонија

72,00 MKD (1,15 EUR)

74,00 MKD (1,18 EUR)

63,50 MKD (1.02 EUR)

Германија

1,61 EUR

1,91 EUR

1,38 EUR

Холандија

1,96 EUR

2,04 EUR

1,57 EUR

Норвешка

16,78 NOK (1,58 EUR)

17,44 NOK (1,65 EUR)

15,46 NOK (1,46 EUR)

Полска

5,71 PLN (1,24 EUR)

5,94 PLN (1,29 EUR)

5,43 PLN (1,18 EUR)

Португалија

1,75 EUR

1,79 EUR

1,53 EUR

Романија

5,18 RON (1,05 EUR)

6,21 RON (1,26 EUR)

5,15 RON (1,04 EUR)

Русија

50,13 RUB (0,58 EUR)

57,68 RUB (0,66 EUR)

49,99 RUB (0,58 EUR)

Словачка

1,42 EUR

1,56 EUR

1,26 EUR

Словенија

1,26 EUR

1,43 EUR

1,28 EUR

Шпанија

1,41 EUR

1,55 EUR

1,26 EUR

Србија

162,40 RSD (1,38 EUR)

172,90 RSD (1,47 EUR)

163,40 RSD (1,39 EUR)

Шведска

16,59 SEK (1,61 EUR)

17,39 SEK (1,68 EUR)

17,47 SEK (1,69 EUR)

Швајцарија

1,74 CHF (1,62 EUR)

1,74 CHF (1,62 EUR)

1,77 CHF (1,65 EUR)

Турција

7,76 TRY (0,78 EUR)

8,36 TRY (0,84 EUR)

7,29 TRY (0,73 EUR)

В. Британиja

1,35 GBP (1,57 EUR)

1,49 GBP (1,74 EUR)

1,37 GBP (1,60 EUR)

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ОЛОВЕН 98

ДИЗЕЛ 140,00 ALL (1,13 EUR)

1,42 EUR


НОВОСТИ |

VOLKSWAGEN

НОВИОТ ID.4 ДОСТАПЕН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ

У

рбано теренско возило со великодушен дизајнерски концепт, новиот ID.4 покажува колку привлечна може да биде електричната мобилност. Истакнат модерен и дистинктивен дизајн се главните обележја на надворешноста низ чиј облик се проткаени низа елементи и детали својствени за електричните модели на марката од Волфсбург. Со оглед на тоа дека станува збор за електричен автомобил, големо внимание ѝ е посветено на аеродинамиката. Предните LED - светла се дел од стандардната опрема и кај основната верзија, а кај опцијата со највисоко ниво на опременост достапни се интерактивните светла IQ.Light LED Matrix. Задниот дел го красат интензивните 3D-светла. Внатрешноста на новото ID.4 е толку интелигентно и великодушно опремена, што нуди импресивно чувство за простор. Тоа ќе го забележите уште при влегувањето: многу простор за нозете, варијабилна централна конзола и удобни седишта, опционално со електрично приспособување и мемориска функција. Со должина од 4.58 метри и MEB-архитектура, ID.4 овозможува максимален простор во корист на патниците. Просторноста во внатрешниот дел е на ниво на повисоките класи на SUV. Боите и материјалите се пријатни и создаваат чувство како да сте дома. Во зависност од позицијата на задните седишта, багажниот простор има капацитет од 543 литри до 1.575 литри кога се спуштени. Исто така, има и централен дисплеј на допир со големина од 12 инчи, како и мултифункционален волан со контроли на допир. Амбиенталното осветлување во бои по ваш избор ги нагласуваат ка-

рактеристиките Lounge. Заедно во комбинација со опционалниот панорамски сончев покрив, може да уживате во релаксирано патување. Моделот ID.4 е поставен на модуларната MEB платформа што германскиот производител ја користи за новите електрични автомобили и доаѓа во неколку верзии на батериско полнење и јачина на електромоторот. Батеријата има капацитет од 52, односно 77 kWh, со што се овозможува максимален опсег на движење од 345 километри за помалата моќност и до 520 километри радиус на движење за помоќната опција. Полнењето на батериите може да се одвива на брзи полначи со капацитет од 125 kW. Тука ќе напоменеме дека со помалата батерија

доаѓаат електромотори што поседуваат 150 КС или 170 КС, а со поголемата батериска опција е припоен електромотор со 204 КС. Без оглед на избраната верзија погонот е на задните тркала. Максималната брзина е електронски ограничена на 160 км/ч, а забрзувањето трае 9 секунди, односно 8,5 секунди. Од неодамна во понудата е вклучена и верзијата GTX што е опремена со погон на четири тркала, батерија од 77 kWh, помоќен електричен погон што развива 300 КС, забрзува до 100 км/ч за 6,2 секунди и има крајна брзина од 180 км/ч. Цените на нашиот пазар се движат од 41.602 евра за почетната изведба Pure и се искачува до 55.202 евра за најмоќниот модел GTX. •

OPEL ROCKS-E

ОПЕЛ ВЛЕГУВА ВО МИКРО КЛАСАТА

Д

о пред неколку години светот како да ги заборави малите автомобили, а тие од ниската класа почнаа „да растат“ и со димензиите да ја достигнуваат ниската средна класа. Таа состојба владееше и сè уште владее повеќе од една деценија и токму во тој период малите автомобили на некој начин беа запоставени. Единствениот производител кој не им заврте грб беше и остана Фиат, кој важи за еден од најдобрите мајстори на својот занает кога се во прашање малите автомобили. Опел се впушта во авантурата мал автомобил (2,41м должина, 1,39м ширина и 471кг тежина) и тоа на електричен погон именуван како „рокс е“. Да, добро прочитавте, авантура, затоа што ова е прв микро автомобил на Опел, нешто како од класата (сегментот) „а“, но нема да згрешиме ако кажеме дека е и под таа класа. Не ни е познато зошто Опел се одлучи на ваков потег, но градските автомобили отсекогаш биле и ќе бидат во мода, или подобро да кажеме дека веќе од поодамна минале во класиката која е вечна.

Кај Цитроен овој автомобил е наречен „ами“ (но воопшто не личи на тој „ами“ од пред половина век), додека опел одбра име „рокс е“. Ја користи истата основа (платформа) и во себе има 5,5 kWh батерија со која возилото може да измине 64 километри. Со тој мотор кој поседува осум коњски сили возилото постигнува крајни 38км/ч, што значи дека возилото е некоја замена за мотоцикл, а дека тоа е така докажуваат

неговите две седишта. Засега „опел рокс“ ќе се продава само на домашниот пазар и нема најави за извоз, но најинтересно е што 15 годишници и постари од нив, кои имаат уверение за управување со моторче чија погонска единица е со зафатнина до 50 ссм, ќе можат со истото уверение да го возат и „опел рокс е“. Дали такво нешто е можно и кај нас? •

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


8

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

Toyota Highlander Luxury 2.5 Hybrid

СЕМЕЕН КРСТОСУВАЧ ОД ПРВА КЛАСА ВО ПОСТОЈАНАТА ЕКСПАНЗИЈА НА SUV И „КРОСОВЕР“ ВОЗИЛА, МОДЕЛИТЕ ИМААТ ТЕШКА ЗАДАЧА ДА СЕ ИЗДВОЈАТ ВО ЖЕСТОКАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ЗАТОА СЕКОЈ ПРОИЗВОДИТЕЛ СЕ ОБИДУВА ДА ПОНУДИ АВТОМОБИЛ ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВА НЕШТО ПОСЕБНО ЗА ДА СЕ ИСТАКНЕ. TOYOTA ВО БОРБАТА ВЛЕГУВА СО HIGHLANDER КОЈ ШТО ГИ ИМА СИТЕ ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ КОИ ТРЕБА ДА МУ ДОНЕСАТ УСПЕХ И НА ЕВРОПСКО ТЛО.

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| АВТО-МОТО

М

10

оделот Highlander е автомобил што всушност се продава многу години, а сепак е потполно нова приказна во Европа. Пазарите во Северна Америка, Јапонија и Австралија ги имаат во понудата од претходните три генерации, од кои првата беше лансирана во 2000-та година. Растот на побарувачката на европските пазари на СУВ возила со 7 седишта ја убедија Toyota последната генерација да ја понудат на стариот континент, вклучително и на нашиот пазар, покажувајќи дека Highlander всушност станува вистински „светски автомобил“.

повеќе од забележително. Најсилниот впечаток го остава предниот дел, благодарение на тенките и остро изведени светлосни единици и масивната маска на ладилникот. Страничната силуета покажува силни, мускулести движења над тркалата, особено кога погледот се движи кон втората половина од возилото. За разлика од остатокот, обликот на задниот дел делува сосема смирено и донекаде класично, создавајќи соодветен баланс на целиот екстериер.

МОЌНО ПРИСУСТВО Оваа креација на Toyota се сместува во опсегот помеѓу RAV4 и Land Cruiser, а неговата големина и формат со 7 седишта го ставаат против слично ориентирани ривали од европско и корејско потекло во SUV сегментот. Затоа, креаторите од јапонската марка на моделот Highlander му подготвија остар надворешен изглед кој како појдовна точка го зема дизајнерскиот јазик од тековната генерацја на RAV4, што на некој начин се обидува да го направи покомпактен. Но сепак, неговите габарити создаваат моќно присуство на патот што е

ПРОСТРАНОСТ КОЈА ВООДУШЕВУВА Позитивниот впечаток кој го остава надворешноста на Highlander се преточува во внатрешниот дел. Секако, неговата кабина е она што е најважно за семејните купувачи. Стандардниот распоред со седум седишта и пространоста на кабината е делот кој воодушевува. Поставеноста и дарежливиот габарит на предните седишта ги прави долгите релации вистинско уживање. Седиштата од вториот ред се лизгаат напред и назад, а делот за потпирање може да се подесува под агол. Подот е скоро рамен, а контролата на климата на задните седишта е стандард-

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

на во целиот опсег. Последниот (трет) ред седишта може да прими и возрасни лица, но сепак најмладите патници ќе се чуствуваат најудобно на таа позиција. На крајот, стандардно доаѓа просторот за багаж, каде Highlander повторно импресионира, Toyota овој модел не го пласира како спортски теренец, наместо тоа ја истакнува неговата одлична практичност и конфигурабилност. Кога двата реда на задните седишта се спуштени добивате 1.909 литри товарен простор, 938 литри изнесува зафатнината кога се користат само два реда седишта, а дури и со сите три реда во функција можете да пренесете габарит од 305 литри, што е на ниво како кај некои хечбек модели. Во однос на квалитетот на материјалите и завршната обработка во Highlander забелешка може да најдат само најпребирливите. Единствената замерка оди на сметка на инфо-забавниот систем кој во 8 инчната верзија делува дека му недостасува модерна софтверска поддршка и бистрина на приказот.


АВТО-МОТО |

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

2.487СМ3

МОЌНОСТ:

190 КС При 6.000 врт/мин. (ел.мотор напред 182 КС+ел.мотор позади 55 КС) Вкупно 248 КС

МЕНУВАЧ:

E-CVT БЕЗСТЕПЕНА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ СО ДВОЈНИ НОСАЧИ

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 235/55 R20, ПОЗАДИ 235/55 R20

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

2.100 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.966X1.930X1.755 ММ

ХИБРИДОТ Е ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА Во Европа Highlander доаѓа со најновата итерација на докажаниот хибриден систем на Toyota кој користи ефикасен 2.5-литарски бензински мотор со природна аспирација што продуцира 190 КС и работи во тесна поврзаност со електричен мотор со 182 КС задолжен за погон на предните тркала и електрo мотор со моќност од 55 КС кој ги движи задните тркала. Вкупната моќност на хибридниот систем по сложена пресметка изнесува максимални 248 КС. Преносот е изведен преку електронски контролиран менувач со континуирана варијабилна трансмисија (CVT), додека силата се пренесува на сите тркала преку интелегентниот AWD-i систем што моментално ја менува испораката на вртежниот момент помеѓу

предните и задни тркала во зависност од условите. Како дополнување се и однапред сетираните режими за возење „Eco“, „Normal“ и „Sport“ кои ги менуваат карактеристиките на менувачот и работата на моторот, а тука е и копчето „EV“ кое има за цел за да ја максимизира употребата на батеријата и овозможи возење на пократки дистанци со нула емисија на штетни гасови. Делот од перформансите изгледаат вака: забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8,3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч. Отстапката од декларираната потрошувачка не е голема, за време на неколкудневното дружење трошевме 8,9 литри на секои 100 изминати километри, за што сметаме

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

8.3 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

65 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

180 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

53.991 €

дека е постигнување за респект, особено ако се земе тежината на возилото кое без патници тежи речиси 2,1 тони. Трендовите се менуваат, па така во последно време се повеќе возачи бараат алтернатива за дизелските возила при изборот на следен автомобил, Јапонската марка преку Highlander нуди совршено решение, како традиционален хибрид што е тивок, чист и ефикасен низ град, а исклучително комфорен кога со него се патува на подолги дистанци. Неговиот простран распоред со седум седишта и сериозно добро опремената кабина сигурно ќе наидат на одбрување кај големите семејства кои можат да си дозволат и малку луксуз, по се изгледа дека Toyota добро го темпираше воведувањето на Highlander во европската понуда. • Данчо Здравковски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


ГРИЖА КАКВА ШТО ЗАСЛУЖУВАТЕ!

Приватно здравствено осигурување за најдобри здравствени услуги

Полиси достапни од:

Подружница ТЦ Бисер

12

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/5512-705

www.mobilitybroker.com.mk

Центар

02/3181-405


АМСМ |

Интревју со Виктор Гавровски, секретар на АМД „Дичо Панов“

ВИЗИИТЕ ГО ЗАЦРТАА УСПЕШНИОТ ПАТ АКО НЕ МИСЛИТЕ 10 ГОДИНИ ОДНАПРЕД, ТОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА ДЕФИНИРАТЕ ВАШАТА ВИЗИЈА НИ ДА ГО ПЛАНИРАТЕ РАЗВОЈОТ. БРОЈОТ НА ВОЗИЛА СЕ ЗГОЛЕМУВА, СЕ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, СЕ ПОДИГНУВААТ СТАНДАРДИТЕ, СЕ ЗГОЛЕМУВА МОБИЛНОСТА, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО...

П

о повод јубилејот, 10 години од отварањето на новата станица за технички преглед, разговаравме со Виктор Гавровски, секретар на АМД „Дичо Панов‘‘ од Гевгелија. Тој зборуваше за развојниот пат и за идните планови на друштвото. Со реализирањето на визијата успешно му е обезбедена иднината на друштвото. Целта поставена со паролата: Проверете зошто сме најквалитетни и нудиме најмногу, полека, но сигурно се остварува. Клуб Мобилити: Патот до успехот не е воопшто лесен, но визијата што ја имавте и желбата да ја остварите, Ве водеше напред. Како би го претставиле развојниот пат на друштвото? В.Гавровски: Друштвото има богата историја уште од 50-тите години од минатиот век, но

ако зборуваме за развојниот пат, особено треба да се осврнеме на последните дваесетина години. Во тој период друштвото функционираше со голема задолженост, работеше во најмени простории. Оваа состојба беше неодржлива зашто беше спорен статусот на административниот дел, а заврши и договорот за деловниот простор каде што вршевме технички преглед. Мат-позиција. Моравме да обезбедиме сопствен простор за да се гарантира иднината на друштвото. Во таква ситуација не беше воопшто лесно практично да ја реализираме визијата. Прво ја обезбедивме потребната површина на периферијата на градот за да можеме да ги планираме и реализираме зацртаните содржини, како и изработка на проектна документација и обезбедување дозвола за градба. Но за вака планираниот објект од цврста градба, кој има посебна приказна (објект во облик на формула 1 што асоцира на нашата дејност), со површина од 810 м2 беа потребни значителни средства што друштвото ги немаше. Банките нè одбија зашто немаа гаранција, а не сакаа да инвестираат во објект за кој барачот на средства е здружение на граѓани. Но и покрај сè, со домаќинско работење успеавме да го изградиме објектот до фаза карабина до 2006 година. Од 2006 до 2010 година имавме многу тежок период на стагнација и состојби што моравме да ги надминеме. Во 2010 година интензивно продолживме со завршување на најнеоп-

ходните содржини за пуштање во работа на станицата за технички преглед. На 11.3.2011 година конечно успеавме да почнеме со работа во сопствен објект. Овој период беше многу тежок, но водени од визијата и од желбата успеавме на друштвото да му обезбедиме иднина. Новиот објект внесе сигурност, свежина и елан во работата, нови клиенти и зголемен обем на работа за повеќе од 150%. Довербата што ја стекнавме кај нашите корисници на услуги нè обврзува, но истовремено и нè мотивира да креираме нови политики во корист на нашите клиенти. Клуб Мобилити: Вашата станица за располага со добро обучен стручен кадар. Какава е структурата на вработените? Дали друштвото инвестира во нивното доусовршување? В.Гавровски: Да, ние сме една од ретките станици за технички преглед во внатрешноста што во континуитет инвестира во стручниот кадар. Пред 20 години немавме ниеден високообразовен, а сега во техничкиот дел станицата за технички преглед има петмина - машински, сообраќајни и електроинженери. Сметаме дека само на тој начин може да одговориме на потребите на моторизираните граѓани со стручност, знаење и посветеност во работата. Процесот на проверка на техничката исправност на возилото за нас не е само стандардна техничка операција, туку се трудиме да навлеземе во суштината на проблемот и да му укажеме на сопственикот

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АМСМ

Клуб Мобилити: Покрај техничкиот преглед, какви други услуги можете да им понудите на вашите корисници? Зошто Станицата за технички преглед Дичо Панов ја препорачувате како вистински избор за потенцијалните клиенти? В.Гавровски: Со неколку збора, верувам дека ние сме најкомплетни и нудиме широк спектар на услуги што го привлекуваат вниманието на клиентите. Кога почна развојниот пат на друштвото си поставивме цел со паролата: Проверете зошто сме најквалитетни и нудиме најмногу. Во тоа време бевме зад конкуренцијата, но паролата нè водеше напред и сакавме што побрзо да ја оправдаме оваа симболика, па формиравме една по една услуга - технички преглед, осигурување, меѓународни документи, членство во АМСМ, Цемт прегледи, потврди за техничко-експлоатациски услови, а-тестови, идентификации на возила, пробни таблички, бесплатни технички услуги, помош на пат, поштенски шалтер и слично. Токму ваквиот спектар на услуги нè прави комплетна станица и тоа е причина зошто нашиот обем на работа е во постојан пораст, граѓаните знаат да ги препознаат понудата и квалитетот.

Новиот автосервис

на возилото на соодветен начин. Во континуитет го доусовршуваме кадарот и тоа ни донесе дополнително овластување за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, а планираме да формираме и сопствена техничка служба. Клуб Мобилити: Последниве години друштвото презеде големи инвестиции. За што станува збор? В.Гавровски: Всушност, никогаш не застанавме со инвестициите и постојано сме во некаков инвестициски циклус. Откако ги завршивме најнеопходните содржини во техничкиот преглед, создадовме услови за работа и во административниот дел, со што добивме можности за нови служ-

14

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

би, дејности и друга логистика во функција на оперативниот дел. На почетокот на 2021 година, што се совпадна со јубилејот 10 години од пуштањето во работа на станицата за технички преглед, инвестиравме во сопствен автосервис со продажен салон на површина од 160 м2. Така формиравме целина - технички преглед, автосервис и продажен салон каде што нашите клиенти ќе ги остваруваат своите потреби во однос на процесот на регистрација, поправка на возилата и набавка на делови, автогалантерија и слично. Се надеваме дека наскоро ќе ги завршиме административни процедури и автосервисот и продажниот салон ќе бидат ставени во функција.

Клуб Мобилити: Каква е вашата соработка со АМСМ? В.Гавровски: Ние сме здружена членка на АМСМ и остваруваме заемна соработка. Тесно соработуваме особено во делот на промоцијата на членството во АМСМ и придобивките од него што во континуитет им ги презентираме на најразлични начини на клиентите. Сметам дека членството во АМСМ е извонреден производ, финансиски не го оптоварува буџетот, услугите и што ги овозможува придобивките од него се големи. Препорачувам членство во АМСМ да поседува секој сопственик на возило. Преку продажбата на членството во АМСМ соработуваме во делот на помош на пат што членовите на АМСМ, како и сопствениците на патнички моторни возила што вршат технички преглед во нашата станица ја бараат од нас во случај на дефект или сообраќајна незгода. Тука, во координација со АМСМ, на сите наши корисници, членови на АМСМ и кои технички преглед вршат во нашата станица, им нудиме една сигурност повеќе - услуга 24/7 за помош на пат, која секој наш клиент го прави посигурен и безгрижен кога тргнува на пат.


АМСМ |

Клуб Мобилити: Која е Вашата стратегиска определба за наредниот период, ако се има предвид дека сте компанија во експанзија? В.Гавровски: Ако не мислите 10 години однапред, тогаш не може ни да ја дефинирате визијата ни да го планирате развојот. Како резултат на долгогодишните анализи, на статистичките показатели, но и тенденциите во регионот што се однесуваат на нашата дејност, промените во законската регулатива и слично, неминовно го планираме идниот развој. Бројот на возила се зголемува, се менуваат навиките, се подигнуваат стандардите, се зголемува мобилноста, па мора да се следи тој чекор. Нашите капацитети сигурно ќе ги зголемиме во иднина, ќе дефинираме дали со нова станица за технички преглед или ќе го прошириме капацитетот на постојната, со што ќе се утврди и правецот на развој за наредниот период. Клуб Мобилити: Какви се перспективите и можностите за успешно функционирање на друштвото во наредниот период?

В.Гавровски: Ги имаме сите предуслови за успешно функционирање, сопствен објект со извонредни услови за работа, најсовремена опрема за технички преглед на возила, висококвалификуван стручен кадар, најдобра понуда на услуги во градот, градиме коректен однос со нашите корисници на услуга. Сето тоа се важни предуслови за успешно функ-

ционирање на субјект што нуди услуги на пазарот. Оттука перспективите и можностите за наредниот период се големи, а на нас останува да продолжиме по патот што го имаме зацртано и да се стремиме што поскоро да ги оствариме визиите на друштвото. • Маргита Поповска

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АМСМ

СЕКОГАШ ПОВ ЗАСЛУЖУВАТЕ НАЈДОБРА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Најдобрите здравствени услуги се ваше право бидејќи вашето здравје е секогаш најважно. Добра вест е што за ваква врвна здравствена заштита повеќе не мора да чекате, туку сега можете сами да си ја обезбедите за себе. Дополнителното здравствено осигурување е достапно за сите, со месечен надомест што нема да ги оптерети вашите приходи. Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци: - Здравствена заштита во приватни клиники; - Избор на лекар и на клиника; - Користење здравствени услуги без упат од матичен лекар; - Договарање термин што ви одговара; - Специјалистички прегледи; - Лекови на розов рецепт; - Хирушки зафати (операции); - Дијагностички анализи и лабараторски испитувања и - Дијагностика и лекување на малигни заболувања. Дополнително, а во зависност од вашите потреби, во приватното здравствено осигурување може да се вклучат и гинеколошки, стоматолошки и офталмолошки услуги. Приватното здравствено осигурување важи на територијата на нашата земја и во странство, а може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Повеќе информации на 02/3181-405.

ПРОФЕСИОНАЛЕН СЕРВИС ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО Од редовниот и квалитетен сервис на вашето возило зависи вашата и безбедност на вашето семејство во сообраќајот. АМСМ сервисот за автомобили ви овозможува комплетна и професионална грижа за вашето возило во текот на цела година. Високостручниот и професионален кадар, со долгогодишно искуство е гаранција за висок квалитет на сервисни услуги: • Компјутерска дијагностика на електронските уреди на возилото; • Редовни сервиси што вклучуваат промена на масло и филтер за масло, промена на филтер за гориво, филтер за воздух и сл.; • Дополнителни сервисни услуги, како контрола на палење, контрола на компресија, замена на бензинска пумпа, замена на пумпа за вода, замена на термостат и системи за ладење и греење, замена на ламела, куплунг, поправка на сопирачки итн. • Отстранување на различни случајни дефекти на сите брендови и модели на возила. Искористете ја предноста што сте наш член и заштедете со 20% попуст на компјутерска дијагностика и работна рака при сервисирање, како и до 10% попуст на резервни делови за вашето возило. Повеќе информации на 02/3181-133. 16

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ВЕЌЕ ЗА ВАС!

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА ВОЗБУДАТА НА ДВЕ ТРКАЛА Возењето мотоцикл е возбудливо, но само ако е безбедно. Нашите квалификувани инструктори ви овозможуваат квалитетна обука за управување со мотоцикл, што се спроведува со Kawasaki Z650. За пријава за категорија А , кандидатот мора да има 24 години, а потребни се: - Лична карта и - Лекарско уверение Обуката за категорија А вклучува: - Теоретска обука во времетраење од еден ден, доколку поседувате категорија Б или во времетраење од четири дена, доколку не поседувате категорија Б; - Практичната обука која вклучува 16 мото часа. За сè да биде уште полесно, не пропуштајте и искористете ги можностите за плаќање на рати: - со Diners картичка на 12 рати, - со платежни картички на Комерцијална и Стопанска банка на 6 рати, - со платежни картички на НЛБ Банка на 4 рати и - на 12 рати преку ИутеКредит. Повеќе информации на 02/3181-405.

www.avtoskolamobiliti.mk

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АМСМ

CLASSIC

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

18

EUROPE PREMIUM

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АМСМ

• Која е цената за обука за категорија Б и која е постапката да почнам со обуката? Поздрав, Борислав АМСМ: Обуката за категорија Б се состои од вадење на лекарско уверение, прва помош, теоретска настава (5 дена) и практична обука од 36 М/Ч. - Се вади лекарско уверение 1.200,00ден. Доколку не ја знаете крвната група таа се доплаќа 700ден.; - Се слуша теоретска настава 5 дена ( теоретската настава се одржува од понеделник до петок)-3.540,00ден. (слушањето на теоретската настава се одржува според одредени пропишани протоколи); - Се врши обука од 36 мото часа-16.300,00ден. (за обуката се договарате со инструkторот за термини според вашето слободно време); Плаќањето може да биде и на рати со кредитна картичка, или, пак, во готово (не мора цела сума наеднаш да се плати, туку како плаќате така ги користите услугите). На оваа сума се доплаќа полагањето на тестови, полигон и град во испитниот центар.(околу 7-8. 000 денари)

• Мојата возачка дозвола има важност уште две години, а јас имам информација дека меѓународните возачки дозволи важат три години. Бидејќи ќе патувам во странство, доколку дозволат условите, сакам да извадам меѓународна возачка дозвола, па ме интересира колку време ќе ми важи истата. Поздрав, Мартина АМСМ: Меѓународната возачка дозвола се издава со важност од три години, но ако вашата национална дозвола има важност помалку од три години, тогаш меѓународната возачка дозвола ќе важи до истекот на националната возачка дозвола.

• Дали можете да ни објасните како да ја промениме адресата на сообраќајната дозвола за мотоцикл, кој е на име на фирма (го сменивме седиштето на фирмата, а во сообраќајната сè уште е старата адреса). Ве молам за информација какви документи ни се потребни (уплатница, на која сметка и сл.) за да можеме да ја направиме оваа промена. Поздрав, Мирослав АМСМ: Потребни документи за промена на сопственост: •Барање за промена (ги издава референтот на шалтер на технички); •Тековна состојба ( не постара од 6 месеци); •Полномошно (заверено архивски деловнички); •Полиса за осигурување ; •Вирман од 200,00 денари за нова сообраќајна дозвола; •Вирман од 110,00 денари за административна такса;

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

20

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

Безбедност во сообраќајот

ИМА ЕДНО ПРАВИЛО ВО ВОЗЕЊЕТО ШТО СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ: ПРИ СЕКОЕ МЕНУВАЊЕ ПРАВЕЦ МОРА ДА СЕ ВКЛУЧИ ТРЕПКАЧ. ЗА ЖАЛ, ОВА РЕТКО СЕ СЛУЧУВА ВО СЕКОЈДНЕВЈЕТО. САМО 23 ОТСТО ОД ВОЗАЧИТЕ УМЕАТ ДА ГИ УПОТРЕБАТ ТРЕПКАЧИТЕ, А ДРУГИТЕ, ЗА ЖАЛ, НЕ ГО ПРАВАТ ТОА. ТИЕ НЕ СЕ УКРАС НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА, ТУКУ УРЕД ШТО ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ПРИ СЕКОЕ МЕНУВАЊЕ НА ПРАВЕЦОТ НА ДВИЖЕЊЕ.

П

ред повеќе од 130 години кога се појавија првите автомобили, сите производители ги зајмиле светлосните уреди од кочиите со коњска запрега за да бидат видени и да гледаат каде возат во вечерните часови. Покрај оваа светлосна групација којашто пред сè служела за означување на возилото, имало потреба и од некаков уред, инструмент или направа што ќе ги известува другите учесници во сообраќајот каде и кога ќе вртат возилата. Менувањето на правецот создавал проблеми при возењето затоа што другите учесници не знаеле што ќе прави автомобилот пред нив, односно во кој момент ќе го смени правецот на движење. Првите означувачи каде ќе врти возилото се појавиле во механичка творба и биле во вид на денешните палки од сообраќајната полиција на која пишува „стоп“, само што тие „палки“ во автомобилот биле многу помали и кружниот дел бил обоен во црвено, портокалово, жолто и слично. Кога возачот го менувал правецот на движење, притискал на посе-

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА СВЕТЛОСНИТЕ СИГНАЛНИ УРЕДИ-ТРЕПКАЧИ (МИГАЧИ) бен мал лост и „палката“ излегувала странично покажувајќи кога и каде ќе сврти од главната улица, пат итн. Кога вртеле лево, ја активирале левата палка, односно десната кога вртеле десно. Со текот на времето таа палка прераснала во светлосен сигнал што трепка, се палел и се гаснел, така што бил мошне забележлив од другите учесници во сообраќајот.

Без исклучок, насекаде има такви што не знаат да ги употребуваат трепкачите, но најмногу ги има меѓу мотоциклистите. Поразителни 94 отсто од нив не ги употребуваат трепкачите. Овој податок е добиен при повеќенеделно набљудување на мотоциклисти на булеварот „Партизански одреди“. Анализата е направен врз 1.278 мотоциклисти.

Оттогаш не се сменило трепкањето на сијаличката затоа што таа направа до денес совршено добро си ја извршува работата. Денес направата е позната под името трепкач (мигач). Ништо посебно од светлосна направа што е поврзана со автоматски

прекинувач на електричната енергија. Го вклучувате трепкачот (мигачот), а прекинувачот на електрична енергија наизменично се вклучува и се исклучува и сијаличката се пали и се гаси. Тоа е направата што ефикасно си ја извршува работата. Има и еден друг момент. Трепкачите, четири на број, по еден на секој агол од возилото, треба некој да ги вклучи зашто сами не се вклучуваат. Возите и сакате да завртите, но пред да завртите според правилата треба да им покажете на другите учесници во сообраќајот каде ќе вртите. Тоа покажување се врши со вклучување на трепкачот, но многумина не го применуваат тоа. Има едно правило во возењето што секој треба да го знае: при секое менување правец мора да се вклучи трепкач. За жал, ова ретко се случува во секојдневјето. Само 23 отсто од возачите умеат да ги употребат трепкачите, а другите не го прават тоа. Тие не се украс на моторните возила, туку уред што треба да се користи при секое менување на правецот на движење. Дали некогаш сте размислувале каков прекршок правите со тоа што не ги вклучувате трепкачите? При нашата анализа утврдивме дека не сите инструкторите во автошколите ги учат кандидатите да ги употребуваат трепкачите. Веројатно многу сообраќајни незгоди се предизвикани поради невклучени трепкачи. • Жарко Атанасоски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| СТИЛ

Гастрономија

И ВО РАНА ЕСЕН, БЕЗ ОГЛЕД НА ТЕМПЕРАТУРНИТЕ ПРОМЕНИ, РАЗЛИКИ, ПИКНИКОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ВОЗБУДЛИВО ДОЖИВУВАЊЕ, ПОТПОЛНО УЖИВАЊЕ НА СЛОБОДАТА. ИЗЛЕТОТ ВО ДРУШТВО СО ЕДЕН, ДВАЈЦА ИЛИ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ НА ОТВОРЕНО, КАДЕ ШТО ЈАДЕЊЕТО ЗАЗЕМА ВАЖНО МЕСТО, ИМА ДОЛГА ТРАДИЦИЈА, ДВА ВЕКА И НЕШТО!? ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЗА НЕГОВАТА ИСТОРИЈА, И УШТЕ ПОВЕЌЕ...

П

икникот е релативно стар изум во гастрономијата (кулинарството), од крајот на седумнаесеттиот век. Пронаоѓачи се Французите или, најточно, парижаните. На почетокот означувал гозба во затворен простор каде што секој гостин си носел јадење. Се претпоставува дека зборот е, всушност, спој, соединување на францускиот глагол piquer (боцка, избира) и nique, именка што значи мала количина. Имено, гозбите во минатото биле богати, големи, раскошни, резервирани за аристократијата. Така било сè до Француската револуција кога дел од господската класа избегал во Лондон, носејќи ја оваа гастрономска навика со себе. Во 1801 година, група богати франкофили во главниот град на Велика Британија основала здружение - Pic Nic Society, на чии збиралишта секој гостин бил должен да понесе нешто за јадење и шест шишиња вино. Откога ќе се најаделе, следувало коцкање, свирела музика, се изведувале аматерски претстави. Напоредно лондонската средна класа, под влијание на романтизмот, го преселила пикникот во природа. Така се престорил во случување на отворено, каде што гостите ги канел домаќинот, а вниманието било насочено кон природата, убавината на селскиот предел. Притоа исчезнале коцкањето, музиката и театарот. Всушност, романтичарите на-

22

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПИКНИКОT-ТОА Е ЦЕЛА ИСТОРИЈА,ЖИВА И ВОЗБУДЛИВА стојувале да го обноват човечкиот однос кон природата, доживувајќи ја како нешто чисто, нерасипано. Со неа биле духовно поврзани. Набргу пикникот на отворено, под ведро небо, се вратил во Франција (од Англија), видливо променет, а Французите почнале да го гледаат инаку, без одобрување. Романтичарите биле виновници за сè што се случувало. Истовремено растел и отпорот, спротивставувањето на идеализацијата на природата. Сепак, популарноста на пикникот започнала да расте дури на почетокот на дваесеттиот век. Тогаш излетот на отворено го надвладеал пикникот (сосе јадењето) во затворен простор. Во Англија, на пример, развојот на железничкиот и автомобилскиот транспорт, возењето со велосипед, како и забрзаните општествени промени, го направиле селото подостапно за граѓаните од кога било, додека зајакнатиот викторијански морал гарантирал дека безизлезноста на пикникот веќе не се доведувал во прашање. Својата врвна точка ја достигнала набргу кога почнале масовно да се произведуваат специјални корпи чија содржина била стандардизирана. Како-годе, пикникот станал народен обичај, општоприфатен начин на живот, кој претрпел многу измени поради опуштањето, олабавувањето на општествените норми, развојот на технологијата и глобализацијата. Денес е практика што ја прифаќаат многу земји ширум светот, а содржината на корпите за пикник е вистински, глобален колаж на вкусови.

Откако пикникот се преместил на отворено, тоа повлекло и креирање нови јадења, рецепти. Требало да се направи храна што ќе биде проста, едноставна за транспорт, која ќе трае долго и ќе биде лесна за консумирање. Готвачите почнале да ставаат месо (обично студено) во аспик - пивтија, солен желатин направен од супа, која се сипува во калап, а содржи парчиња месо, морски плодови, јајца, по избор. Сепак, едноставното во осумнаесеттиот век не значело исто како денес и ни малку

Меѓу популарните традиционални оброци во англиските корпи за пикник во осумнаесеттиот век се наоѓал и похуваниот ролат со јајца, Scotch egg - цело варено јајце обвиено со мелено месо, извалкано во трошки од леб (презла) и испржено во длабоко масло. Рецептот е к реиран пред да почне обедувањето на отворено, во природа, но брзо станал неодолив дел од таквото иск уство, кој и ден-денес го има во англиските корпи за пикник.


Le Déjeuner sur l’herbe

не било скромно. Според податоците, во книгите за домаќинките од тоа време имало рецепти, предлози за храна за пикник. Една од препораките за главно јадење била печено говедско месо (изладено), јагнешки ребра и плешка, печена кокошка, патка, препелица (потполошка), варена шунка, јазик, пита со телешко, гулаби, јастози, глава од теле. Меѓу популарните традиционални оброци во англиските корпи за пикник се наоѓал и похуваниот ролат со јајца, Scotch egg. Настанал во 1730 год. како ужина за трговските и другите патници, а поради обликот можел да се стави в џеб и да се консумира стоечки. Неговото потекло не е разјаснето докрај, но

Пикникот во Франција во втората половина од деветнаесеттиот век не се гледал како чиста, здрава навика, тук у како нешто декадентно, па и опасно. Доказ за тоа е и познатата слика (масло на платно) Le Déjeuner sur l’herbe (Појадок на трева, 1862-1863 г.) на Édouard Manet (Едуар Мане), каде што е прикажана гола жена, вклучително и оск удно облечена капачка на излет во зелена шума, во друштво со двајца потполно облечени мажи, која се смета за прва слика во модерната уметност.

ширум светот има традиционални јадења каде што се комбинираат месо и варено јајце. Се претпоставува дека рецептот бил инспириран од ќофтето (kofta), специјалитет на индиската кујна. Слични рецепти, а поинаку именувани постојат и во Индонезија, Полска, Бразил. Повод за пикник во Англија во осумнаесеттиот век биле и натпреварите во крикет и дербијата (коњски трки, наречени по нивниот основач, лорд Дерби), каде што се поминувал цел ден. За таа пригода биле измислени корпите што се продавале во специјализираните дуќани, полни со храна, однапред приготвена, и пијалаци, а долгите редици купувачи се формирале уште во че-

тири часот наутро. На пример, можела да се купи таканаречената дерби пикник корпа за дванаесет лица во која имало дванаесет шишиња шампањ, шест шишиња француско бело вино, шест шишиња германско бело вино, две шишиња ракија и шест шишиња газирана вода (seltzer), дванаесет јастози (по еден за секој излетник), пита со гулабово месо, вепрова глава, варена шунка, кифлички, сирења, путер замотан во листови од зелена салата за да биде свеж и праски. Во Скопје и околината, вклучително и цела Македонија, постојат многу локации што се погодни за пикник, од падините на Водно, преку градскиот парк, до Матка, покрај течението на Радика, планинските езера на Пелистер, вештачките езера ширум земјата, околината на Велес, Берово, Лазарополе итн...безброј места кои може да ги посетите, па дури и сега, во рана есен, без оглед на температурните промени, разлики. Не заборавајте да го понесете вашето омилено ќебе, корпа со разни видови јадења, пијалаци, некој детаљ заради атмосфера и... доброто расположение нема да изостане. • Игор Ландсберг

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ВОЗБУДАТА! ПРИЈАВИ СЕ ЗА ОБУКА ЗА А КАТЕГОРИЈА!

02/3181-240

www.avtoskolamobiliti.mk 09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


ГАСТРОНОМИЈА

ТУНА САЛАТА Состојки

• Туна • Јајца • Марула • Пченка • Домат • Краставица • Маслинки • Сол • Маслинов зејтин • Сок од лимун

Подготовка:

Вкусен оброк кој се спрема набрзина. Најпрвин, настрана марулата ја миеме, ја сечкаме или ја цепкаме. Маслинките, исто така, ги сечкаме на ситно, а доматот и краставицата на покрупни парчиња. Туната, која е веќе во парчиња, ја редиме во садот, ги додаваме претходно варените јајца, пченката, маслинките, краставицата, доматот и на крајот додаваме сок од цеден лимон и малку маслинов зејтин. Сето ова го наросуваме со сол по вкус и го посипуваме со сечкан магданос! ДОБАР АПЕТИТ!

24

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ДЕВЕТ СОВРШЕНИ ТУЃИНЦИ“ ЛИЈАН МОРИЈАРТИ

Д

али десет дена во здравствено одморалиште навистина може да ве сменат засекогаш? Овие девет совршени туѓинци наскоро ќе го откријат тоа...Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено здравствено одморалиште. Некои се тука за да ослабат, други за да си го рестартираат животот, а трети се тука од причини што не можат да си ги признаат ни самите на себе. Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, набрзо сфаќаат дека овие десет дена може да бидат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може да замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат. Летово, на 18 август, почна да се емитува истоимената серија со Никол Кидман во главната улога. Покрај неа, играат и Мелиса Мекарти, Мајкл Шенон, Боби Канавале, Лук Еванс, Реџина Хол и др. Сценариото го напишаа Дејвид Е. Кели, Џон Хенри Батерворт и Саманта Штраус. Двајцата се и главни извршни продуценти на серијата. Лијан Моријарти е австралиска писателка и авторка на седум романи - меѓународни бестселери, вклучително и на бестселерите на „Њујорк тајмс“: „Тајната на сопругот“, „Големи мали лаги“ и „Вистински лудо виновни“. Нејзините книги ги читаат над четиринаесет милиони читатели низ светот, вклучително и еден милион читатели во Австралија. •

„TEATRO D’IRA: VOL. I“ MÅNESKIN

Љ

убителите на рокенролот сигурно ќе уживаат слушајќи ја вокалната музика на годишниот победник на Eurovision Song Contest - италијанскиот бенд Måneskin, формиран во Рим, 2016-тата, од последниот албум насловен Teatro d’ira: Vol. I, издаден на 19 март. На албумот се наоѓа и песната „Zitti e buoni“ (промовирана на 3 март), која, всушност, победи на Sanremo Music Festival 2021, па замина да се натпреварува на Евровизија. Членовите на бендот, предводени од вокалистот Дамјано Давид, го привлекоа вниманието на пошироката јавност и со ектравагантноста, како во облекувањето, така и во однесувањето, каква што е, впрочем, и нивната вокална музика. Teatro d’ira: Vol. I веднаш по издавањето се најде на прво место на топ-листите во Италија, а FIMI (Federazione Industria Musicale Italiana) ги одреди како платински. По победата на Eurovision Song Contest 2021, албумот почна да се појавува на европските неделни топ-листи. Беше прв на литванските, финските и шведските топ-листи, вклучително и на UK Rock & Metal Albums Chart, а често се вбројуваше и меѓу петте најслушани албуми во Европа. И другите седум песни: „Coraline“, „Lividi sui gomiti“, „I Wanna Be Your Slave“ (промовирана на 16 јули), „In nome del padre“, „For Your Love“, „La paura del buio“ и „Vent’anni“ (издадена на 30 октомври 2020 год.) се оценети како добри од страна на музичките критичари. Нивни автори се четворицата членови на бендот. •

„THE LAST LETTER FROM YOUR LOVER“ (ПОСЛЕДНОТО ЉУБОВНО ПИСМО)

Б

ританската романтична драма, 120-минутна, премиерно беше прикажана летово (23 јули) на Netflix, во Скандинавија на 30 јули, благодарејќи на SVENSK, а во Британија на 6 август од страна на StudioCanal. Филмот стана голем хит. Секако, рецензиите на критичарите придонесоа за тоа. Автори на сценариото за The Last Letter from your Lover се Nick Payne и Esta Spalding, а романтичната драма се базира на истоимениот бестселер од Jojo Moyes. Книгата беше издадена во 2012 год. Филмот го режираше Американецот Augustine Frizzell, каде што се преплетуваат две приказни, едната во сегашноста, другата во минатото. Откога ќе ги најде мноштвото љубовни писма од 1965 г., младата новинарка ќе се обиде да ја реши енигмата поврзана со тајната љубов, и самата впуштајќи се во романса. Британците Felicity Jones (Ellie Haworth, журналистката што ги наоѓа писмата) и Callum Turner (Anthony O’Hare, новинарот кој е автор на приказната за Laurence Stirling во 1960-тите) ги играат главните улоги во The Last Letter from your Lover, вклучително и Англичанецот Joe Alwyn (Laurence, индустријалец), Британецот Nabhaan Rizwan (Rory McCallan, архивист) и Американката Shailene Woodley (Jennifer Stirling, сопруга на Laurence, инаку социјалистка). Жанр: романтична драма Актери: Felicity Jones, Callum Turner, Joe Alwyn, Nabhaan Rizwan, ShaileneWoodley Режија: Augustine Frizzell • 09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| ПАТУВАЊЕ

Рафтинг Тара

ЛЕТОТО НЕ Е РЕЗРЕВИРАНО САМО ЗА ПЛАЖИ И МОРСКИ БРАНОВИ. РЕКИТЕ ВО ЕВРОПА, И ПОШИРОКО НУДАТ И ДРУГИ НАЧИНИ ЗА ОДМОР И ЗАБАВА. НАШАТА ПРЕПОРАКА ЗА СЕПТЕМВРИ, А ЗОШТО ДА НЕ И ЗА ОКТОМВРИ, ДОКОЛКУ ВРЕМЕНСКИТЕ ПРИЛИКИ ГО ДОЗВОЛАТ ТОА, Е ДОБАР РАФТИНГ. ДЕНОВИТЕ СЕ УБАВИ И ТОПЛИ, СО ИДЕАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ, КАКО ПОРАЧАНИ, ЗА ДА СЕ УЖИВА ВО СИТЕ РЕЧНИ АКТИВНОСТИ.

Д

олга е листата на причини зошто треба барем еднаш во животот да го искусите и ова. Рафтинг е спорт, обично на река, во кој група луѓе (од четворица до десетмина) се спуштаат со гумен чамец по брзаците на реката, со цел да доживеат возбуда, авантура и дружење. Спаѓа во групата модерни екстремни спортови. Рафтинг (raft на англиски значи сплав) првенствено е форма на спортска рекреација. Рафтинг чамците („на дување“ или „сплавови“) се изработени од исклучително отпорна повеќеслојна гума и имаат неколку одделни воздушни комори. Нивната должина е од три до шест метри. Во повеќето случаи има и кормилар („прескокнувач“), кој седи на задниот дел и управува низ брзаците на реката. Рафтингот е забавен, но во исто време и екстремен спорт. Тоа значи одредена одговорност и правила што мора, без исклучок, да се почитуваат. Покрај стандардната и задолжителната опрема за рафтинг обезбедена од лиценциран професионален рафтер и

26

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

АДРЕНАЛИНСКА АВАНТУРА И ОДЛИЧНА ЗАБАВА! рафтинг клуб, постојат одредени универзални правила за рафтинг што мора да се следат постојано. Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава. За време на спуштањето се среќавате со луѓе од други чамци, од други кампови, цело време слушате многу шеги и добро расположение. Најважна „дисциплина“ покрај веслањето е прскањето, веслањето едноставно уживање!

Спуштањето по немирната река, која се карактеризира со неверојатни брзаци што создаваат исклучителен звук и боја на водата (така што не е чудо што се нарекуваат рафтинг од бела вода), е нешто што ако се искуси еднаш, секогаш се посакува да се повтори. Рафтингот е многу популарен во Европа поради возбудата и адреналинот што може да се доживеат само овде, фантастичните природни пејзажи, дивиот свет, дружењето и многу повеќе. Погледнете ги шестте места за рафтинг во Европа што се сметаат за најдобри.

РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН Европа, со многуте планински предели, постепено врежувани во текот на милиони години, стана соодветна географска област во која се формирани интересни водотеци, реки и места за престој во природа. Планинските масиви и силата на реките што создале свој пат низ нив, денес се сцена за една од најинтересните рекреации, рафтингот, кога станува збор за престојот во природа. Станува збор за рафтингот или како што се нарекува и рафтинг од бела вода.

Рафтингот е поделен на шест класи според тежината: Класа 1: Обично тоа е мирна река со бавен проток. Класа 2: Некои брзи или карпести, но сепак неопасни за рафтинг. Класа 3: Брзини, мали бранови, мали водопади, но без значителни опасности. Туристичкиот рафтинг обично спаѓа во оваа класа. Класа 4: Брзини, поголеми бранови, карпи, поголеми водопади или падови, потребна е концентрација и поголема брзина за реакција. Само за искусни рафтери. Класа 5: Брзини, големи бранови, карпи, опасни карпи, големи водопади или падови, потребно е исклучително прецизно и концентрирано управување. Класа за натпреварувачки рафтинг. Класа 6: Брзини, огромни бранови, големи и опасни карпи, многубројни замки и падови, потребна е мајсторска контрола на чамецот без право на грешка. Оваа класа е исклучително опасна по живот за рафтерите и често завршува со несреќи.


ПАТУВАЊЕ |

...............................

ТАРА, УБАВИЦАТА НА ДУРМИТОР На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара гордо ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора. Ова воопшто не изненадува ако се знае дека Кањонот на реката Тара е најдлабок и речиси најголем на сите континенти, освен во Северна Америка, каде што Големиот Кањон држи суверено прво место. Ова е само една од причините што потврдуваат дека реката Тара е совршено место за рафтинг. Нејзината должина е повеќе од 140 километри, погодна е за рафтинг по цела должина, иако вистинската забава почнува во последните 40 километри, на местото каде што реката Тара влегува во Босна и Херцеговина, и го завршува својот тек. Интересно е што реката Тара е заштитена благодарејќи на националниот парк Дурмитор. Сериозноста на реката Тара за рафтинг е од третиот до петтиот степен, во зависност од годишното време, а највисоко ниво на вода обично има во март, април и мај. Во зависност од делот на реката, рафтингот на Тара е погоден за сите нивоа на рафтинг искуство и таму секогаш има професионални, лиценцирани инструктори за рафтинг што може да дадат совети и да организираат незаборавна рафтинг турнеја. Дисциплината кањони е особено интересна кога станува збор за реката Тара, благодарејќи на многубројните кањони во областа, каде што можете да се спуштите, да пливате во освежителната вода, да откриете пештери и помали кањони. Дефинитивно некоја друга перспектива.

Познатиот камп Саставци, кој многу често е посетуван и од македонски туристи желни за адреналин, се наоѓа веднаш над местото каде што Тара и Пива ја формираат Дрина и е изграден на самата река. Постојаниот шум на реката е единственото нешто што се слуша кога сè е тивко во кампот. До местото каде што почнува слегувањето може да се стигне само со комбе или џип бидејќи кањонот е многу стрмен. Тара е транспарентно чиста и дното на реката е јасно видливо речиси по целиот тек. Реката е мирна во јули и не е опасна. Кој сака поголема доза на адреналин, оди на рафтинг во мај, кога реката има повисок водостој. Тогаш спуштањето е многу побрзо и поопасно е да се поминат брзаците. Ако имало снежна зима, рафтингот на Тара дефинитивно ќе биде подобар бидејќи нивото на водата на реката е повисоко. За оние што одат првпат, има многу повеќе возбуда во првиот дел од спуштањето додека не ја почувствуваат реката, а потоа има сè повеќе уживање. Температурата на водата е 13-14 степени и мора двапати да се размисли пред да се влезе во вода. Едно спуштање може да биде долго 16 километри и да трае околу 4 часа. За време на спуштањето се прават паузи за одмор за да се скокне од карпите. Меѓутоа, најсилен впечаток оставаат изворите и водопадите на притоката Тара. Таму температурата на водата е најниска, околу 7 степени. Потребна е храброст да се скокне под водопадите. РЕКА ЦОРУХ (ТУРЦИЈА) Турција е позната како одлична туристичка дестинација. Рафтингот е одличен начин Турција да се доживее на поинаков начин со сосема нова авантура.

Реката Корух извира од североисточните планински венци во Турција, тече низ област во која се спојуваат неколку различни планини, вклучително и планините Качкар и Понтус, минувајќи низ нивните клисури. Тие се блиску до границата со Грузија, па затоа се сметаат за речиси најисточната точка за рафтинг во Европа. Реката Корух е една од најбрзите реки во светот, особено во мај и јуни, кога нивото на водата значително се зголемува со топењето на снегот од околните планини, кога тежината на рафтинг на реката Корух достигнува петти степен (надвор од можниот шести степени). Тече низ многу градови, Бајбрут, Испир и Артвин, пред да се влее во Грузија каде што стигнува до Црно Море, јужно од градот Батуми. Покрај населените места, текот на реката минува низ планински венци и недопрена природа, што е вистински рај за очите на посетителите што сакаат да уживаат во глетката. Освен што се дом на диви животни - мечки, кози или диви свињи, овие области се богати и со археолошки локалитети, историски градби во фантастичните кањони и тврдини од византискиот период. Дефинитивно река наменета за оние со искуство во рафтинг. РЕКА НОЦЕ (ИТАЛИЈА) Реката Ноце во Вајтватер се наоѓа на сите топ листи кога станува збор за рафтинг во Европа. Својот тек го пробива низ алпските глечери, минува низ Долината на Сонцето на северот на Италија. Таа е една од најдобрите реки за рафтинг во Европа и најдобра во Италија. Во текот на летото има брзаци што создаваат тежина на рафтинг од четврти до петти степен тежина, особено во клисурата Мостицоло. Кањон Колорадо

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


Во последниве години рафтинг доживеа голема популарност нeсамо во Европа туку и во цел свет. Ова се најпознатите реки во светот на кои може да доживеет е незаборавно искуство, без оглед дали ве привлекуваат диви брзаци или едноставно сакате нова авантура... Река Колорадо, Гранд Кањон Колорадо Реката Колорадо, која минува 226 милји низ Колорадо, Јута и Аризона, е дестинација за рафтинг што мора да се види. Кога не се води борба со моќните брзаци, тивките делови овозможуваат уникатен поглед на кањонот. Патувањето нуди и многу авантури на копно со древни индиски урнатини, километри пешачки патеки и кампови лоцирани на прекрасните плажи. Река Замбези, Зимбабве Реката Замбези кај водопадите Викторија нуди авантура со адреналин за искусни рафтери. Речиси половина од брзаците покрај реката се оценети како четврта класа. Покрај значителните падови и огромните бранови, реката им нуди можност на рафтерите одблизу да ги видат крокодилите и нилските коњи. Река Отава, Канада Реката Отава, која ги дели Квебек и Онтарио, се смета за врвна дестинација за рафтерите од сите нивоа на знаење. Млаките и мирни води се совршени за почетниците авантуристи, а побрзите делови претставуваат предизвик и за најискусните возачи на бранови. Река Пакуаре, Костарика Реката Пакуаре во Костарика е опкружена со бујна тропска прашума. Реката има брзаци класифицирани во класите три и четири. За време на патувањето на Кариби, рафтерите ќе имаат можност да ја видат околината на јагуарите, мајмуните и егзотичните птици. Река Футалеуфу, Чиле Реката Футалеуфу има каскади надолу од езерото високо на Андите кое се храни со глечерите. Водата е доволно мирна во многу области за почетни рафтери. Сепак, искусните рафтери ќе се чувствуваат како дома во делови со груби брзаци и падови од IV класа. Областа има и постојани кампови околу реката во кои има кади, кревети и топли тушеви. Ако барате авантура надвор од водата, пробајте пешачење или јавање достапни во близина на реката.

28

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Река Лосос, Ајдахо Реката Лосос во Ајдахо овозможува едно од најкарактеристичните рафтинг искуства во Северна Америка. На реката има 10 брзаци и паѓа до 3.000 стапки. Се весла низ шума со волшебен амбиент. Тука рафтерите можат да видат лосос и мечки покрај брегот. Река Северен Џонстаун, Австралија Реката Северен Џонстаун во Квинсленд, Австралија, има брзаци од класите четири и пет што ја добиваат својата сила од обилните дождови во оваа област. Оваа река се пробива низ вулкански клисури и чисти дождовни шуми, достапни само со хеликоптер. Река Мегпај, Канада Рафтингот на реката Мегпај во Канада постепено по течението станува потежок. Првите брзаци, во близина на езерото Мегпај, се доволно добри за почетници. Брзината од класа пет на водопадите Магпај ќе бидат предизвик и за оние со поголемо искуство. Кампувањето покрај реката нуди спектакуларен поглед на северната светлина. Бел Нил, Уганда Белиот Нил, притока на Нил, се пробива низ Судан, Руанда, Танзанија и Уганда. Најдобро место за рафтинг има во близина на Јининџа, Уганда, каде што реката излегува од езерото Викторија. Кога реката се излева од мирно езеро, експлодира во брзаци од класи од два до пет.

РАЈНА (ШВАЈЦАРИЈА) Швајцарија е позната по многу нешта, пред сè по планините и по реките што течат низ земјата. Рајна е една од најпознатите реки во Европа. Извира во Швајцарија, тече кон север, преку Германија и Холандија и се влева во Северно Море. Покрај реката може да се видат многу замоци и утврдувања што датираат од времето на Римската Империја. Фасцинантните падини што ја опкружуваат Рајна се должат на свлечиштето на Флимс и им овозможуваат на посетителите да уживаат во пејзажите и во околината. Позната е по можностите за рафтинг, особено на текот од 20 километри низ Швајцарија, преку клисурата позната како Швајцарски Голем Кањон. Оваа едноставна река има нивоа на тежина за рафтинг од три до четири, што ја прави возбудлива за сите што сакаат да се здобијат со рафтинг искуство. РЕКА СЈОА (НОРВЕШКА) Реката Сјоа се смета за најдобра скандинавска река, протекува од езерото во планините Јотонхајмен, кои се дел од истоимениот национален парк. Реката Сјоа се карактеризира со брзаци од втор до петти степен на тежина, во зависност од висината на нивото на водата во реката. На нејзините брегови се организира кампување, но и други активности. Рафтингот на оваа река е особено интересен поради различните нивоа на тежина, односно соодветен е за оние со помало и за оние со поголемо искуство. РЕКА ЛУТШАЈН (ШВАЈЦАРИЈА) Реката Лучин во Швајцарија се наоѓа на оваа листа. Тече низ областа Бернес Оберленд во кантонот Берн. Својот успех го должи на убавината и на кратките брзаци. Брзината на реката Лутјн во Швајцарија тежи три, четири, а понекогаш и пет степени, што го прави погоден за различни фази на рафтинг искуство. Едно е сигурно - ќе биде незаборавно. Ова беа едни од најдобрите места за рафтинг во Европа, со посебен акцент на реката Тара како балкански претставник и причината зошто голем број посетители доаѓаат за да го почувствуваат адреналинскиот удар, доброто расположение и природната убавина. • Маргита Поповска


09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| HI TECH

Технологија

ХИПЕРСОНИЧНИ ПАТНИЧКИ АВИОНИ СПОРЕД НАЈАВИТЕ ПРВИТЕ ХИПЕРСОНИЧНИ АВИОНИ ЌЕ ГИ ВИДИМЕ ВО 2022 ГОДИНА. ТОА СЕ МНОГУ СМЕЛИ ИЗЈАВИ НА КОНСТРУКТОРИТЕ, НО ДА ВИДИМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЗА ТОЧНО ЕДНА ГОДИНА.

С

ветот денес е преоптоварен со мислите за побрзо летање и пренос на патници и материјални добра. Истата таа мисла ја имаат и армиските служби и за нив брзината е клучна при извршување на задачите. Да поедноставиме. И цивилното и военото воздухопловство имаат потреба од летала кои можат да постигнат хиперсонични брзини. Неколку месеци претходно, некаде на почетокот од пролета компанијата Хермеус постигна договор со НАСА за развој на хиперсонично летало кое подоцна ќе „порасне“ во големо стопанско летало. На средина од летово истата компанија доби 60 милиони долари од американските воздухопловни сили за тестирање и доусовршување на леталото и на погонскиот агрегат. Оскудните податоци објавени од компанијата се следниве. Нивното хиперсонично летало Квотерхорс ќе биде најбрзиот авион на светот кој ќе се движи со брзина од 5,0 маха, околу 6.100 км/ч и при тоа со едно полнење на резервоарите за гориво ќе може да прелета растојание од 7.400 километри. Погонскиот агрегат „ге ј 85“ го доработуваат и во

30

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

моментот експериментираат со додавање турбини. Квотерхорс лета како и секој друг авион од сегашноста, но штом се најде на висина од 8.000 метри тогаш на сцена стапуваат големите брзини. Леталото го совладува најголемиот дел од растојанието и кога треба да слета во посакуваното одредиште се однесува како и секое друго денешно патничко летало. Хиперсоничните летови ќе се одвиваат на висина од вселенската граница. Малата фабрика не дава други детали за нивното летало, но нагласува дека ќе бидат подготвени за точно една година од сега. Значи во 2022 година ќе полета првиот хиперсоничен авион кој воедно ќе биде и најбрзиот на планетава. На пример, „вирџин галактик“ леташе на работ од вселената со брзина од 3,0 маха, а Квотерхорс ќе лета со 5,0 маха, односно ќе биде побрз за седум пати од денешните патнички авиони. Хиперсоничните авиони не се никаква новина. Во 1961 година постигната е брзина од 6,0 маха со леталото „икс – 15“, а наскоро една приватна компанија подготвува летало кое ќе постигнува брзина 12 пати поголема од брзината на звукот - 12 маха. Подолу во текстот спомната е таа фирма. Според најголемите конструктори на денешницата има три услови кои треба да бидат задоволени за леталото да биде безбедно при извршување на летовите. Прв услов е справување со температурата која се развива при тие големи брзини како последица од триењето на леталото со воздухот. Втор услов е леталто да биде добро направено за

Икс - 59 квест

да може да биде управливо при брзини од 6.000 км/ч. И трет услов е општењето со контролата на летање, односно како авионот ќе воспостави говорна врска со останатиот свет кога се движи со толку голема брзина. Сите овие три чинители мора да бидат задоволени за авионот „квотерхорс“ безбедно да ги извршува своите летови. И тоа не е сè од хиперсоничните летала. Некогашни водечки конструктори во Вирџин Орбит, брачниот пар Ендрју и Сара Даглби, подготвува хиперсоничен авион за 12 патници (2 + 10, пилот копилот и десет патници). Според нивните најави малиот авион треба да лета со брзина од 12 маха (12 пати х брзината на звукот) на висина од 50.000 метри, односно 50 километри над нивото на морето од планетава. Нивната компанија Венус Аероспејс вели дека авионот ќе служи не само како приватно брзо летало, туку и за медицински и секакви други цели, но и за воени потреби, односно ќе има широка употреба и што е најважно нема јаглеродни оксиди при согорување на горивото. Вирџин Галактик видовме што умее и сега е време некој да го надмине. Дали Аерион, Спајк Аероспејс, УАС, Бум, Ексосоник, Хермеус или Венус, ќе биде првиот авион што ќе го надмине толку многу спомнуваниот Вирџин Галактик. Но едно е заедничко за сите нив, тие големи брзини ќе ги постигнуваат на висина од над осум, девет, односно 10.000 метри, под тие висини леталата ќе користат мотори, односно брзини како и секој денешен патнички авион. • Жарко Атанасоски


ИСТОРИЈА |

Ланча

Ненадмината елеганција – „ланча аурелија б 20 гт“ 1951 година.

ПОСЕБНА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД КЛАСА ЗА СЕБE, ПОИНАКВА ОД СИТЕ ДРУГИ, РЕДОК ПРИМЕРОК ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, НО, ЗА ЖАЛ, ВО ПОСЛЕДНИВЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ КАКО ДА ГО ГУБИ ЗДИВОТ И НЕМА СИЛА ДА СЕ ПРЕТСТАВИ ВО ПОЛН СЈАЈ КАКО НЕКОГАШ. ДАЛИ НОВОФОРМИРАНАТА КОМПАНИЈА СЕЛАНТИС ЌЕ УСПЕЕ ЈА ВРАТИ ЛАНЧА НА СТАРИТЕ ДОБРИ ПАТЕКИ?

С

ветски познатата марка Ланча годинава слави 115 години постоење. За неа велат дека има повеќе модели што оставиле белег во автомобилската индустрија во споредба со која било друга марка во светот. Автомобилите од марката Ланча не се правени во милионски број. Ланча не е марка со големи серии и затоа помладата популација не ја помни. Токму поради оваа одлика на Ланча, денешните љубители на автомобили нема да се согласат дека таа има најмногу модели што влегле во историјата и кои имаат нешто што немаат другите. Младиот Винченцо Ланча го сменил својот сигурен живот и влегол во класична авантура поради желбата за трки и страст да направи автомобил. Ја оставил удобноста и

тргнал на непознато патување. За среќа, ова патување дало резултати. Винченцо Ланча, немирен дух, млад човек што избрал да биде конструктор, пилот на тркачки автомобили, пробен возач и сè што е поврзано со автомобилите и трките, притоа оставајќи ја семејната добра работа. Сè почнало во работилницата на Џовани Чеирано, човек што делумно учествувал во основањето на Фиат. Чеирано поправал и правел велосипеди, конструирал разни машини за посебни намени, а за себе конструирал мал автомобил. Таму ги учел сите детали од механиката и го усовршувал своето знаење. Наместо да учи сметководство, избрал да учи за новосоздадената индустрија. Со поддршка од Џ. Чеирано, В. Ланча брзо напредувал и станал врвен познавач на механиката, моторите и автомобилите. Повозрасните врвни мајстори биле изненадени од неговиот осет за дијагностика, за отстранување дефект, за нагодување (штелување) на автомобили и нивно конструирање од нула. Во 1898 година официјално бил вработен во фирмата на Џовани Чеирано, која по извесно време ја купил Фиат. Така талентираниот В. Ланча му бил познат на Џовани Ањели, еден од основачите на Фиат, а малку подоцна и мнозински сопственик. Го вработил во новата фабрика како главен инспектор во производството. Таму ги сретнал браќата Батиста, но и Клаудио Фоголин со кого делел ист сон. Покрај големиот интерес за механиката,

младиот В. Ланча бил вљубен во брзините и трките. Неговите познавања на погонските единици и за другите делови од автомобилите му помогнале да биде еден од најдобрите дијагностичари. Не само што умеел да го открие и да го отстрани расипаниот дел, туку знаел и добро да го подготви моторот, да го среди подвозјето заедно со амортизерите и така комплетен да влезе во трка со најдобрите возачи од тоа време. Неговиот талент и осет за нагодување, за поправање и натпреварување бил откриен откако почнал да победува зад управувачот со возилата од марката Фиат, а со автомобилот што сам си го направил постигнал брзински рекорд. Винченцо Ланча

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ИСТОРИЈА

заменет со „ди ламбда“, но без некој поголем успех. Следувале моделите „артена“ и „астура“. „Астура“ забележал добри продажни резултати и тоа до крајот на 30-тите години.

Првиот автомобил на Винченцо Ланча, „алфа 12 хп“, 1907 год.

Сепак, успесите во трките не можеле да го смират. На 27 ноември 1906 година Винченцо Ланча и Клаудио Фоголин вложиле по 50.000 лири и основале фирма што ја нарекле „Ланчија и компанија Фабрика Аутомобили“. Му се остварил сонот да има своја работилница каде што ќе направи автомобил со кој ќе може да се натпреварува. Замислувал автомобилот да е лесен и брз и достапен за сите што сакаат да се натпреваруваат. Овој конструктор и сопственик на фабрика за автомобили е пионер во светот на автомобилската механика и неговите модели биле понапредни во поглед на техничко-технолошките решенија. ПРВИОТ „ТИПО 51“ Првиот автомобил излезен од новосоздадената фабрика бил наречен „типо 51“ или „12 хп“. Подоцна овој модел станал попознат како „алфа“. Редниот четирицилиндричен мотор со 2.544 кубни сантиметри работна зафатнина, развивал 28 КС при 1.800 врт/ мин. доволни за да постигне крајна брзина од 90 км/ч. „Ланча алфа“ многу брзо влегла во кругот на тркачките автомобили и со тоа марката Ланча станала препознатлива. Автомобилот се произведувал од 1907 до 1908 година. Имал посебен надворешен дизајн, а внатрешниот имал дотогаш невидени решенија со кои Ланча го ковала своето име како многу поинаква од другите во индустријата на четири тркала. Иако во тие времиња обичните автомобили, поевтините, поминувале многу подобро при продажбата, сепак В. Ланча одлучил да конструира луксузен модел со 7,8-литарски мотор и 12 цилиндри во V што развивал 150 КС. Автомобилот почнал

32

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

и завршил со производство во 1919 година со само три-четири произведени примероци. Во тоа време најпопуларен модел бил „три капа“ произведуван од 1922 до 1925 година. Винченцо Ланча постојано ги усовршувал своите автомобили и вградувал новитети. Неговиот V4 мотор со цилиндри под агол од 13 степени бил прогласен за најкомпактен, најмал. Истовремено на сцена стапил и моделот „ламбда“ произведуван од 1922 до 1932 година. Во тој временски период фабриката успеала да произведе девет генерации „ламбда“ или 13.000 примероци. Овој модел имал независно обесени тркала на предната оска – една од многуте иновации на В. Ланча. Супериорноста на „ланча ламбда“ била потврдена на трката Миле Миља во 1928 година. Во тоа време немало рамен на В. Ланча во конструирањето автомобили. Умеел сите позитивни нешта да ги зајми од другите производители, да ги доработи и усогласи и да ги вгради во еден автомобил и да функционираат како што треба. Моделот „ламбда“ е

УСПЕХ НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ Во тоа време се појавил малиот модел „априлиа“, кој бил „обвинуван“ поради потрошувачката на гориво, но бил неспоредливо најдобар за возење и бил обожаван од тогашниот автомобилски свет. За жал, големиот конструктор не дочекал да го види постигнувањето на „априлиа“. Починал во 1937 година. Потоа следувале четири воени години во кои сите фабрики морале да работат за воената машинерија. Во годините по Втората светска војна најголемо нешто во Ланча е доаѓањето на легендата Виторио Јано, конструктор од највисок ред кога се во прашање спортските, односно тркачките погонски единици. В. Јано е запомнет по своите мотори кога работеше за Алфа Ромео. Мајсторот подготвил нов шестцилиндричен V6 мотор со зафатнина од 1,75 литри што првпат е вграден во моделот „аурелија“. Тука почнува второто поглавје за автомобилите Ланча како едни од најстабилните, најпрецизните во управувањето, со најснажни сопирачки и секако со неспоредлив надворешен и внатрешен дизајн. Духот на В. Ланча бил присутен на секој дел автомобилот. Моделот „аурелија гт купе“ бил врв во тогашниот свет на брзините способен да постигне 211 - 212 км/ч. Миле Миља, Леман или Тарга Флорио, тркачката изведба била насекаде присутна со назнака за најдобро постигнати резултати. А разликата од тркачката до изведбата купена од салон е сосема мала, речиси никаква. Во тоа време „ланчиа аурелија“ победила на трката Тарга Панамерикана во формација 1 – 2 – 3, а една година претходно на истата трка Ланча го освоила четвртото место. Еден од најпосакуваните купе автомобили во светот, „ланча фулвија“, 1967 год.


ИСТОРИЈА |

„Ланча тема“ со V8 мотор зајмен од „ферари 308“, 1988 година

Џани Ланча бил воодушевен од тоа како оделе работите во фабриката, но и од успесите на тркачките патеки. Неговите апетити не застанале кај „обичните“ трки, сакал нешто повеќе - шампионатот во Формула 1. В. Јано подготвувал и мотор и шасија за болидот и сето тоа било готово во месеците пред да почне шампионатот во 1954 година. Ланча се задржала во најбрзиот циркус две сезони, како и 1955 година, но без поголеми успеси. V8 моторот на В. Јано со шасијата и сите технички решенија од гледна точка на технологијата биле совршено добри, но не и за трки. Болидот на Ланча постигнувал врвни времиња на патеките, но не бил подготвен да издржи цела трка. Најчесто болидите не ја завршувале трката поради дефекти. Овој малку непромислен потег Џани Ланча, син на основачот Винченцо, го чинела многу во наредниот период. Во 50-тите и во 60-тите години Ланча и натаму конструирала технички напредни автомобили, на пример: „апија“, „флавија“ и „фулвија“. Купето „фулвиа“ докажа дека е врвен автомобил како за трки, така и за рели натпревари. Тука се вклучил и Загато со изработката на телото на автомобилот и секако со обликот, дизајнот. Во 1969 година Фиат станал доминантен сопственик на сè што е Ланча. Производството продолжило и новите автомобили биле некој вид комбинација од технички решенија. Фиат го вадел најдоброто и го комбинирал со другите слични технички решенија и како резултат на тоа од халите излегувале солидни примероци на четири тркала. Најголема придобивка на Ланча, покрај решенијата за сериски автомобили, била соработката со Ферари. И Ланча и Ферари се наоѓале во

семејството Фиат, но секој работел за себе. Единствено умовите што целосно се посветени на автомобилите и на трките може да добијат идеја да создадат рели автомобил, наменет исклучително за натпреварите од СШР (Светски шампионат во рели). Во тоа се вклучиле најголемите тогашни имиња од автомобилскиот спорт, Џанпаоло Далара, човек што работел во Ламборџини, и Де Томасо со неговите шасии за потребите на тркачките едноседи, болидите. Веднаш до него бил Бертоне кој го осмислил дизајнот. Најпогоден и најпроверен мотор бил малиот V6 вградуван во „ферари дино“. За ова требало да се преговара лично со Комендаторе Енцо Ферари, а за да успеат преговорите, преговарачот Чезаре Фиорио, требало да биде добро запознаен со севкупната идеја. Преговорите завршиле како што посакувал Ч. Фиорио, а за другите работи биле вклучени: Марчело Гандини (дизајнер на „ламборџини каунтач“), Пјеруџо Гобато, Џовани Тонти, Серџо Камуфо, Клаудио Маџиоли, Џанпаоло Далара, Никола Матераци, Џјан Тонти, Мајк Паркис, Сандро Мунари, Ники Бјанчи, потоа возачите: Валдегард, Ален, Балестиери, Биче, Махе, Гарзолио, Торцелиус, Манини и Кивимаки. Сите учествувале во создавањето на „ланча стратос“. Прво излегување на „ланча стратос“ на натпревар направили другите да се почувствуваат крајно неконкурентни. Светот немал видено толку супериорен автомобил. Испитувањата покажале дека автомобилот е подготвен за постигнување врвни резултати. Првично победил на релито Фајрстоун, второ место на Тарга Флорио, а прва поголема позначајна победа била регистрирана на 23.9.1973 година на Тур де Франс Ауто.

Потоа на 1.10.1974 година на ред дошла хомологацијата од ФИА во дивизијата група 4. Претходно Ферари се согласил да бидат произведени 500 примероци од V6 мотор, а Ланча произвела исто толку примероци од моделот „стратос“. Во тоа време моделот „стратос“ освоил три титули во СШР, во 1974, 1975 и 1976 година, а потоа уште една во 1978 година. И по ерата на „стратос“ Ланча останала во СШР со моделот „рели 037“, а потоа и со моделот „делта“. Во 80-тите години Ланча тесно соработувала со СААБ, така што моделот „делта“ на некои пазари се продавал под името „сааб 600“. И знаменосецот во семејството „тема“ ја делел платформата и многу нешта со „сааб 9000“, „фиат крома“ и „алфа ромео 164“. Ако нештата одат според бројот на титули освоени во СШР, тогаш моделот „делта“ може да се прогласи за најуспешен на сите времиња. Рели автомобилот „делта“ бил носител на титулите од СШР во 1987, 1988, 1989, 1990, 1991 и 1992 година. Колку што Ланча имала надмоќност во релито ширум светот, толку нејзините сериски модели биле неуспешни во продажбата. Марка со толку големо реноме и докажана во светски рамки не успеа своите туристичките автомобили да ги продава како што соодветствува на резултатите постигнати во спортот. Немаше класа во која Ланча не беше присутна, дури и во ниската имаше свој претставник, еден од нив е прекрасниот модел „ипсилон 10“, чиј дизајн и денес е врвен и беспрекорно чист - единица мерка за перфекција на чист дизајн. Автомобилите од Ланча се карактеризираа со дополнителна опрема. Спомнатиот „ипсилон 10“ располагал со сериска опрема што ја немале автомобилите од погорните класи. Како што одминуваше времето, така гамата од возила се намалуваше во семејството Ланча и на крај дојдоа до тоа возилата на Крајслер да се продаваат на континентов со заштитниот знак на Ланча, а малиот „ипсилон“ некаде по светов се продаваше како „крајслер ипсилон“. Денес Ланча е во составот на Стелантис, компанија создадена од Фиат и Пежо СА. Одговорните се договорија да й дадат уште една шанса на Ланча да ја докаже својата способност за натамошно постоење, инаку ќе биде згасната. До врвот во Стелантис треба да достават детален план за развој во наредните пет години. Тажна слика за една марка како Ланча која годинава слави 115 години постоење. • Жарко Атанасоски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


34

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ИСТОРИЈА |

Олдтајмери

ХОБИ ИЛИ НАЧИН НА ЖИВЕЊЕ АВТОМОБИЛИТЕ И МОТОЦИКЛИТЕ МУ СЕ ХОБИ И ПАСИЈА УШТЕ ОД ДЕТЕ, А ОД 24-ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧНУВА ПРОФЕСИОНАЛНО ДА Е АНГАЖИРАН ВО АВТОМОБИЛСКАТА БРАНША. ЗА ОЛДТАЈМЕРИТЕ ВЕЛИ ДЕКА СЕ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ НА РЕТРО СТИЛ ВО НОВОТО ВРЕМЕ....

Љ

убовта кон автомобилите на Благоја Димитровски почнува уште од основно училиште со следење на популарните списанија за автомобилизам од поранешна Југославија. Во својата колекција поседува списанија од 60-тите години до денес што ги наследил од татко му Тодор. Како што вели Благоја, понекогаш ги разгледува популарните тестови од познатите тест-возачи-новинари од минатото и често се става во улога на тест-возач од тоа време. Работејќи во автомобилската индустрија и следејќи го развојот на технологиите за кои Благоја вели дека се револуционерни, истакнува дека е направена комплетна промена на возилата во однос на сè што сме навикнати досега, но се чувствува дека недостига аналогноста во возилата и адекватно аналогноста во самото возење. Поточно се мисли на: - отклучувањето на вратата со обичен механички клуч преку масивна квака, - стартување на моторот со повлекување

саух, но претходно притискање на педалот за гас, неколкупати последователно... стари добри времиња. Сето ова Благоја го претстави преку својот модел на FIAT 132 gls 1.800 cm3 107 КС од 1976 година. КАКО ЗАПОЧНА ЉУБОВТА КОН ОВОЈ МОДЕЛ НА АВТОМОБИЛ Причината поради која пишуваме за Благоја е неговата љубов кон стари возила. - Во далечните осумдесетти години на паркингот на Клинички центар на Водно, имаше паркиран FIAT 132 од трета генерација на кој й се восхитував секој ден. Звукот што го даваше моторот на возилото, неговиот изглед, стартноста која ја имаше при нагло стартување доведоа до тоа да се чувствувам како да се наоѓам зад воланот на ова возило... Татко ми, кој тогаш имаше Zastava 1300 (Miletrechento), рече дека тој автомобил не можеме да си го дозволиме зашто чини двапати повеќе од нашиот, вели Благоја.

на патот како удобен семеен автомобил со спортски перформанси, иако немал ни ABC-систем, ни клима-уред, ни централна брава, ни серво волан, всушност, ништо од опремата на денешните модерни автомобили... Како што истакна Благоја, автомобилот го вози кога времето е суво, а секогаш е паркиран во гаража. Се надева дека еден ден кога ќе му го предаде на својот осумгодишен син Марин и тој ќе продолжи со ист ентузијазам да го чува. На крајот Благоја на сите читатели на АМСМ Клуб Мобилити, кои се вљубеници во стари возила, им препорачува да го најдат возилото што го посакувале, да му посветат време, љубов, енергија, трпение и, секако, пари, а тоа сигурно ќе им го даде незаменливото чувство на радост во текот на возењето. • Андријан Трипунов

РЕСТАВРАЦИЈАТА НА ВОЗИЛОТО ТРАЕЛА ВОЗБУДЛИВИ ДВЕ ГОДИНИ Мајсторите, лимарите, бојаџиите и електричарите имале уметнички пристап кон реставрацијата на возилото, како и добрите механичари. FIAT 132, дело на инженерот Аурелио Лампреди, кој бил пред својата конкуренција, располагал со мотор од 1.800cm3 - модел со две брегасти оски, карбуратор со две грла, 5-степен рачен менувач, четири диск сопирачки итн. Ваквиот мотор, како и неговата суспензија му дозволувале да се однесува

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| Олдтајмери Ненадмината елеганција – „ланча аурелија б 20 гт“ 1951 година.

Авто и етномузејот Крклино кај Битола

АКО НЕКОГАШ ПАТУВАТЕ КОН БИТОЛА ИЛИ СЕ НАЈДЕТЕ ВО БЛИЗИНА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРИЛЕП-БИТОЛА-ОХРИД, ПОСЕТЕТЕ ГО И СЕЛОТО КРКЛИНО, КОЕ Е ОДДАЛЕЧЕНО 5 КМ ОД БИТОЛА. АКО, ПАК,РАЗМИСЛУВАТ КАДЕ ДА УЖИВАТЕ ЕДЕН-ДВА ДЕНА, НАШ ПРЕДЛОГ Е ДА СЕ УПАТИТЕ КОН АВТО И ЕТНОМУЗЕЈОТ КРКЛИНО ИЛИ ЗБИРКАТА НА РЕТКОСТИ „ФИЛИП“, ВО ЧИЈ СКЛОП, ВО СТИЛОТ НА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ ИМА И СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ. МУЗЕЈОТ Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА БОРИС И СРЕБРА ТАНЕВСКИ, А ВО РАБОТАТА НА МУЗЕЈОТ ПОМАГААТ И НИВНИТЕ ДЕЦА ГОРДАНА, МАРИЈА, КАТЕРИНА И ФИЛИП.

В

о 1971 година сопственикот, 67-годишниот Борис Таневски, го купил првиот мотоцикл, а потоа уште десетина...Збирката почнала да се збогатува и денес во неа има околу 2.500 најразлични експонати. Од збирката на музејот на Таневски реквизити зела и филмската екипа за снимање на култниот македонски филм „Третото полувреме“, а се користеле и за многу други играни и документарни филмови. КАКО ЗАПОЧНА ПРИКАЗНАТА НА МУЗЕЈОТ -Уште од дете многу ги сакав старите предмети. Во 1971 година купив еден мотоцикл и еден по еден собрав десетина. Подоцна купив и „симка“ од 1953 година за тогашни 500 германски марки, а дадов околу 9.500 за да се среди. Од стар направив нов автомо-

36

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

СТАРИНИ ШТО НÈ ПОТСЕТУВААТ НА МИНАТОТО бил, оживеав „мртовец“, а денес се гордеам со оваа убавица. Со парите со кои ја купив во 1995 година можеше да се купи мал стан, но мојата љубов кон автомобилот беше преголема, па го поправив и му го вратив првобитниот сјај и убавина, вели Борис. Сите стакла и шофершајбната биле искршени и не можело никаде да се најдат, па автомобилот го однел во „Сигурносно стакло“ во Прилеп и во фабриката направиле нови. Мајсторот Дончо Дрмановски-Дрмано ја поправил „симка“, потоа и шест-седум други автомобили. Во неговото село Белче кај Демир Хисар ја нашол првата „симка“. Таневски вели дека во неговата богата збирка има 35-36 мотоцикли, 12-13 автомобили, комбиња и авионски мотор. Со голема радост кажува дека наскоро ќе му се оствари дамнешната желба збирката да ја збогати и со авион од марката „Vijuga“ од полско производство. СÈ ПОЧНА СО МОТОЦИКЛИТЕ Во 1971 година имав голема желба да купам мотоцикл. Но за да го купам еден мотоцикл „томос“- четириоскин, морав да направам 30.000 тули. Кога почнав да работам, купив автомобил, па мотоциклот го запоставив, се сеќава Борис. Тој се потсетува дека во 1991 година купил мотоцикл „BMW“ од 250 кубици и го чувал во дуќанот каде што работел. Тука често доаѓале луѓе и му кажувале каде се продава мотоцикл. Така ги наоѓав мотоциклите. Купив 90 отсто од старите мотоцикли во Битола, појаснува Борис.

МУЗЕЈОТ Е ПОДЕЛЕН НА АВТОМУЗЕЈ И ЕТНОМУЗЕЈ

Автомузејот е поделен на два дела: мотоцикли и автомобили. Етнозбирката е поделена на неколку соби: градска, селска, еврејска и турска и антикварница во која има и дупликати предмети што некогаш би ги продал, појаснува Таневски. Музејот зафаќа површина од околу 2.500 квадратни метри, од кои 700 метри се покриен простор каде што се наоѓаат експонатите и ресторанот што е во завршна фаза.

Таневски има добиено и еден убав подарок од фамилијата Ставриќ од Скопје. -Едно утро на телефонот во дуќанот се јави госпоѓа Марина Ставриќ. Ми рече дека слушнала убави работи за мене и затоа сакала да ми подари еден мотоцикл. По неколку дена отидов во Скопје и се воодушевив од мотоциклот. Таа ми подари редок мотоцикл Eresu веспа од 1955 година од 150 кубици. Многу


сум й благодарен на фамилијата Ставриќ за овој подарок, вели со насмевка Борис Таневски. Во збирката има и BMW од 500 и од 600 кубици, а другите се по 250 кубици. Најстари мотоцикли му се „Saks“ и „Viktoria“ од 1937 година, а има и три примероци на Dekavinja, Eresu Max, Cindap. КАКО ГО КУПИ ПРВИОТ АВТОМОБИЛ Борис вели дека кога собрал десетина мотоцикли, добил желба да купи и автомобил. - Се распрашав и за неколку дена во селото Белче кај Демир Хисар го најдов автомобилот „симка“ од 1953 година, мојот најстар и најдраг автомобил, тоа ми еден вид трофеј. Бројот на автомобилите се зголемуваше и денес во збирката имам 13 автомобили и едно комбе „Reno Eshtafet“ од 1977 година. Во збирката автомобили има и „Portalnos“, два модела М-12 од 1964 година, „москвич“ од 1974 година, популарната „буба“ или „фолксваген“ од 1976 година, „крајслер“ од 1974 година, популарната „пегличка“ од 1980 година, „опел рекорд олимпија“ од 1955 година, „симка“ од 1953, „пежо 404“ од 1967, „фичо“ од 1967... ИДЕЈА ДА НАПРАВИ МУЗЕЈ Таневски раскажува дека никогаш во животот не помислувал дека ќе направи музеј. -Бидејќи собирав мотоцикли, автомобили и други стари предмети ме поканија во една битолска локална телевизија. По прикажувањето на емисијата, другарите, пријателите, граѓаните почнаа да ми велат дека сум направил музеј. Тогаш си реков зошто да не направам и музеј. Музејот работи 26-27 години, но го регистрирал во 2005 година како збирка на реткости „Филип“ село Крклино. Во етномузејот има четири, односно пет простории: градска соба со предмети од Илинденското востание и од времето на конзулите во Битола, а има и оргуље старо околу 220 години. Во селската соба има домашни предмети, покуќнина, алати, носии, предмети за обработување на земјата од далечното минато на нашите предци. Тука има и еврејска соба бидејќи до Втората светска војна во Битола имало многу Евреи, а предметите се собрани од поранешните еврејски куќи. Бидејќи во Битола со векови имало и Турци неодминлива е и турската соба, преполна со експонати

собирани од старите турски куќи. Во антикварница има повеќе од 50 стари телевизори, џубокс, слики и оружја од Првата и од Втората светска војна. Има и бебешка количка од четириесеттите години. Борис раскажува дека сè во врска со музејот го прави со голема љубов. Во музејот и во велосипедскиот дуќан со сервис му помагаат сопругата и децата. -Тоа ме исполнува и воопшто не е тешко. Дури и добивам кондиција за работа во дуќанот, вели Борис. Од 1971 до 1993 година Борис работел како стаклар во „Македонија стакло“. Неговата сопруга не била вработена и затоа во 1991 година й отворил дуќан за велосипеди. ПОСЕТИТЕЛИ ОД ЦЕЛ СВЕТ Музејот, освен од земјава, има посетители од цел свет. Тука биле кинескиот амбасадор, рускиот амбасадор, дури и еден шеик од Арапските Емирати, а во апартманите престојувале гости од цела Европа. Го посетиле и многу деца со семејствата или наставничките на училишни екскурзии, а во музејот биле снимани и многу детски емисии. Борис Таневски ги повика сите вљубеници во историјата, особено децата, да дојдат во село Крклино, Битолско, и од музејот да научат многу за нашето минато и животот на нашите предци. Порачува да научат секогаш да ги ценат старите предмети затоа што секој има своја приказна и историја. • Антоанела Димитриевска

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| СПОРТ

24 часа Леман 2021

ТОЈОТА И ФЕРАРИ ЈА ПОТВРДИЈА СВОЈАТА НАДМОЌНОСТ ГОДИНАШНАВА ТРКА НАД ТРКИТЕ 24 ЧАСА ЛЕМАН СЕ ОДРЖА СО ДЕСЕТКУВАНО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКАТА, НО И ТИЕ 50.000 БЕА УБЕДЛИВИ ВО ОДНОС НА МИНАТОГОДИШНОТО ИЗДАНИЕ КОГА ПУБЛИКА БЕА САМО СУДИИТЕ КРАЈ ПАТЕКАТА, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТИМОВИТЕ И НЕКОЈА ВОЗНЕМИРЕНА ПТИЦА.

И

најновото 89. издание од легендарната трка 24 часа Леман мина во голема надмоќност на јапонскиот производител Тојота, исто како и претходните три изданија. Ова е четврта титула за Тојота и тоа една по една. Класата на хиперкар автомобилите првпат беше воведена годинава како замена за „леман прототипови 1“. Со изменава во кралската класа, така да ја наречеме, организаторот и ФИА се надеваат дека во иднина ќе учествуваат повеќе марки во оваа папсувачка 24-часовна бркотница. Стартните броеви 7 и 8 потпишани од Тојота тргнаа како што се надеваа од првите редови, но уште во првиот свијок еден од болидите на Гликенхаус имаше судир со тојотиниот болид со стартен број 8 и потоа итно следуваше одење во боксот. Таму болидот беше дополнително ресетиран и потоа повторно се врати на патеката и за приближно еден час возење успеа да се врати на второто место, но ни одблиску не беше конкурентен на „братот“ со број 7 што беше

38

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

далеку напред на првото место возен од Камуи Кобајаши, Хозе Лопез и од Мајк Конвеј. На почетокот се поставуваа прашања дали Гликенхаус може да направи нешто посериозно или, пак, Алпина. Сè е можно во една трка како 24 часа Леман, не само од гледна точка на тешката задача да се заврши трката и наедно да се освои подиумот, туку и од гледна точка на тоа што болидите се сосема нови, не е веќе таа старата „лмп 1“, туку сега се хиперкар и тие треба да „легнат“ и дури потоа да постигнуваат врвни резултати без ниеден дефект. Двата болида имаа еден мал проблем најверојатно со дотокот на гориво во моторот, но тимот успеа да го отстрани дефектот и на целта беа во комбинација 1 – 2 (2 - Казуки Накаџима, Себастијан Буеми и Брендон Хартли). Битката за третото место се водеше помеѓу новодојдениот Гликенхаус и староновата Алпина, трка во која Алпина подобро се снајде. Занимливо е да се каже дека ова е прв настап на Алпина на трката 24 часа Леман и веднаш се најде на подиум. Вакви нешта претерано ретко се случуваат воопшто во светот на трките, а кога на патеката Сарт некој ќе влезе првпат и ќе освои подиум, заслужува големо внимание и почит. Овој пат драмата се одвиваше во класата „лмп 2“ каде што нововлезениот тим ВРТ покажа исклучителна подготвеност и умешност да ги одбијат сите напади од возилата на тимот Гликенхаус 007. Водеше болидот на ВРТ со стартен број 31 што го возеа Робин Фриџнс, Чарлс Мајлс и Фердинанд Хабсбург. На помалку од два часа до крајот на трката клупските колеги во болидот со

број 41 го презедоа водството и сигурно грабеа кон победа. Овој болид го возеа некогашниот возач во Формула 1, а потоа и рели возачот Полјакот Роберт Кубица, Јифеи Је и Луис Делетраз. И кога се чинеше дека тие ја имаат победата в џеб, нивниот болид откажа послушност и возачот Јифеи Је застана крај патеката на еден круг до крајот, едноставно возилото снема сила и тоа беше крај за тројката на чело со Кубица. Така победата им беше подарена на нивните клупски колеги со возилото со број 31. Првпат на трката 24 часа Леман и веднаш прво место - секоја чест. Во категоријата „лм гте про“ доминираа двата автомобила на Ферари. Беа на добар пат да постигнат 1 – 2 победа, но автомобилот со број 52 го следеа два поголеми проблема и мораше да се откаже од трката, но тој со број 51 од тимот на АФ Корсе, кој го возеа Алесандро Гуиди, Коме Ледогар и Џејмс Каладо, влезе прв на целта пред корветата со број 63. И во класата „лм гте ам“ победи тимот АФ Корсе. Автомобилот со стартен број 84, управуван од триото Алесио Ровера, Френсис Перодо и Никлас Нилсен, само ја потврди беспрекорната подготвеност на тимот. Така Ферари стекна две титули во две класи. Заинтересираноста на производителите за учество во трките на издржливост во овој момент е голема, што е голем плус, како за нив, така и за публиката, но и за спонзорите. Од 2023 година со свои болиди влегуваат: Ферари, Пежо, БМВ, Ауди, Порше, а неофицијално во преговори сами со себе се и: Форд, Пагани, Ламборџини и Хонда. Ќе видиме што ќе се случи. • Жарко Атанасоски


СПОРТ |

Интервју со Ристо Вуков – Рико

ИДНИНАТА Е ВО ТРКИТЕ СО ГТ ВОЗИЛАТА РИКО Е ВО ВТОРАТА СЕЗОНА ОД ПОРШЕ КАРЕРА КУП ИТАЛИЈА, А ВЕЌЕ СЕ ИЗВОЗЕНИ ТРКИТЕ ОД ПРВАТА ПОЛОВИНА НА СЕЗОНАТА. ДО КРАЈОТ ИМА УШТЕ ТРИ ГРАН ПРИ ВИКЕНДИ, А ВО СЕКОЈ ИМА ПО ДВЕ ТРКИ: 18 И 19 СЕПТЕМВРИ НА ВАЛЕЛУНГА, А ЗАВРШНИ СЕ ТРКИТЕ НА 2 И 3 ОКТОМВРИ НА ФРАНЧАКОРТА И 30 И 31 ОКТОМВРИ НА МОНЦА.

П

андемијата со Ковид-19 минатата година го сврте вниманието на луѓето кон сопственото здравје, како и кон здравјето на најблиските, па напорите на спортистите од Македонија да постигнат резултати на европски и светски план беа во втор план, иако публиката како никогаш досега доби шанса да поддржува повеќе македонски автомобилисти на меѓународната сцена. Ристо Вуков кој се етаблираше уште во раната младост како возач на картинг, веќе неколку сезони работеше на својата подготовка во светот на трките каде што доминираат возрасните. Српското првенство беше „отскочната даска“, но паралелно со тоа имаше разни тестирања на возила од ТЦР, како и учества во трки на издржливост. Одлуката за неговиот ангажман во Порше Карера Куп бил „готова работа“ уште на крајот од 2019 година, неколку месеци пред појавата на пандемијата, а потоа нештата излегоа од негова контрола.

Во ова интервју за „Клуб Мобилити“ тој ги открива причините зошто го избрал ова натпреварување и како планира да ја организира својата интернационална кариера. Клуб Мобилити: По неколку годишна пауза, повторно разговараме за твојата кариера во автомобилизмот и трките против возрасни противници, за разлика од картинг деновите кога возеше против други деца. Која е најголемата разлика што лично ја забележуваш? Ристо Вуков: Можеби како помлад не сум бил свесен за комплетната слика, но денеска најмногу забележувам разлики во сегментот на финансиите. Со картингот израснав и уживав во возењето и возбудата на трките, но сепак тоа ми се чинеше дека е еден нормален живот, каде што за викенд одиш на некоја картинг патека, возиш трка и се враќаш дома со пехарот. Колку повеќе одиш нагоре во кариерата, станува поскапо, а за нас често и недостижно скапо. За да се продолжи по патот што беше трасиран со картингот, требаше да се преселам во странство за да возам во некои од пониските категории на формули како Формула 4 или Формула 3, па дури потоа да имам право да сонувам за седиште во Формула 2 или Формула 1. Згора на тоа, седиштето во тие конструкции на возила е недостижно за македонските буџети, дури и некои возачи претходно од регионот се обидоа, но не успеаја. Тоа ме разочара бидејќи со резултатите кои ги имав, бев најдобар во Југоисточна Европа, но во тие трки не можеш да влезеш туку-така, како во картингот, беа потребни

огромни средства, па затоа своите интереси ги насочив кон другите видови на автомобилски натпреварувања. И тие се далеку поскапи и бараат големи вложувања за наши сфаќања, но сепак се достапни. Клуб Мобилити: Најголемиот број возачи од Македонија кои настапуваат во странство ги избраа првенствата на ТЦР, а ти се одлучи за Порше Карера Куп. Како дојде до таа одлука? Ристо Вуков: По крајот на кариерата со картингот и одлуката да се вклучам во трките со автомобили, решив да се тркам во Србија заради посилната конкуренција. По пет години таму, како шампион се повлеков од српското првенство, со титула во најсилната класа „југо хибрид“. Стара мудрост е дека треба да си заминеш кога си на врвот и јас ја испочитував. Бидејќи имаме славни имиња во ТЦР Европа, пред сè Душан Борковиќ, а секако и Игор Стефановски Иџе и Виктор Давидовски, овие трки се популарни на Балканот. Но, во исто време, поради мојата блискост со нив, ги знаев нивните искуства и можев да оформам свое мислење околу политиката на организаторите, околу правилата за подготовка на автомобилите кои на моменти доведуваат до нееднаквост меѓу возачите. Од друга страна, мојот поранешен тимски колега од српското првенство, Јован Лазаревиќ, имаше еден тест во 2018 година во Монца, каде што се возеше и ТЦР Европа, а потоа настапуваше и цела сезона во 2019 година со Порше Карера, па почнав да ја анализирам таа опција, се интересирав во целина за трките од ГТ класите. Главната разлика од ТЦР е

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


СПОРТ |

задниот погон, што мене ме асоцира со младоста и возењето во картинг шампионатите. Потоа следеа контактите во текот на 2019 година и наменските посети и запознавањата со тимот. Не сакам да го омаловажам ТЦР Европа со ништо, но по својата моќност, ГТ автомобилите се една скала над перформансите со ТЦР возилата, а дополнително бараат и врвна возачка техника. Сметав дека Порше ќе биде вистинското школо за мене, како би се адаптирал за она што сакам да го продолжам во иднина, бидејќи сите повисоки класи се со возила кои имаат заден погон. Клуб Мобилити: Како течеа нештата откако ја донесе одлуката да продолжиш во Порше Карера Куп Италија? Ристо Вуков: Околу изборот на шампионатот и тимот, совет добив од Борис Миљевиќ, поранешен возач и човек кој моментално соработува со повеќе тимови од италијанскиот и светскиот куп. Со него разговарав и за другите ГТ шампионати, а некаде на крајот на 2019 година ме запозна и со Џанлука Ди Лоренци, сопственикот на тимот за кој што возам денеска. Се сретнавме на последната трка од 2019 година, за првпат влегов во боксот, го почувствував мирисот на тркачката гаража, и стекнав мошне импресивно мислење за серијата, за натпреварувањето. Во моментот кога седнав во возилото, кога првпат го стартував моторот, во мене предизвика многу поразлични чувства. Едноставно, ме инспирираше и конкуренцијата, повеќето ривали се професионалци. Добив понуда најпрво да возам на трката во Абу Даби, каде што бев еден од возачите на „ЏДЛ рејсинг“ во таа 12-часовна трка и тоа беше голем тест за сите нас, и за мене како возач на ГТ автомобили, а и за нив, за да видат со каков калибар на возач треба да соработуваат. Јас бев задоволен од мојот настап, како тим имавме второ место во нашата класа, моите времиња по круг беа конзистентни, и сè на сè, искуствата беа позитивни. Во нашиот разговор на сите ни беше јасно дека разговараме за долгорочна соработка, но формално одлучивме да одиме година за година. Ултимативната цел е освојување на титулата, а тоа не е нешто што се прави преку ноќ. Првата сезона ни беше јасно на сите дека ќе биде година во која ќе се запознаеме најдобро и со возилото и со патеките, како и дека мора да сме меѓу првите десет за да создадеме основа за напредок.

40

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Клуб Мобилити: Но пласманот меѓу првите десет се случи веднаш, уште на првата трка? Ристо Вуков: Искрено, јас бев изненаден од првиот пласман во „топ 10“ и тоа ме охрабри бидејќи знам колку ми беше тешко на првиот настап во Муџело. Трема немав, ама од високите брзини и од силните гравитациски сили се чувствував како да имам „морска болест“. Потоа имаше различни подеми и падови, имаше моменти кога бев подобро пласиран, но имав големо задоцнување, а имаше и моменти кога доцнев само шест десетинки, а бев на 12 место. Сето тоа ми даде слика слика дека изедначеноста е голема, но тоа беше очекувано и беше стимул да се продолжи натаму. Тимскиот шеф Џанлука Ди Лоренцо ми упатуваше пораки „да се предадеме еден на друг“ со автомобилот. Апелираше дека брзините се големи, односно 90% од еден тркачки круг како да „лебдиме“, а во 10% сме на асфалтот. Најголем проблем имав со чувството на сопирачките, бидејќи тоа не е како во обичниот живот, туку со отсечен и силен удар по педалата! Тоа го компромитира влезот во свиокот, брзината низ свиокот, однесувањето на возилото. Не е едноставно!

Исто така, ми бараше да бидам поагресивен со воланот, да не стравувам дека ќе го изгубам возилото и така натаму. Тоа е она што сакам да го корегирам оваа година. Клуб Мобилити: Бројот на возачи лани поради пандемијата беше опаднат, но годинава има преку 30-35 учесници. На хартија, не звучи дека ќе биде полесно!? Ристо Вуков: Првиот впечаток ми е дека конкуренцијата е зголемена за 50%, што е навистина многу. Лани се натпреварувавме меѓу 22 и 25 возила, а за оваа сезона има пријавени 37 возачи. Од она што го знам, повеќето се подготвени да ја возат целата сезона, бидејќи лани поради пандемијата не учествувале, но има и многу нови таленти кои доаѓаат од светот на картингот каде што го достигнале врвот на свои 18 години и сега ги прават првите чекори во светот на тркачките автомобили токму преку оваа серија. Како фаворити се очекува да бидат актуелниот шампион Симоне Јакинта, заедно со ривалите Давид Фуманели и Џанмарко Карезмини. Од шампионатот на ТЦР Италија во Порше Карера Куп прејде и Алесандро Џиардели, за кого ривалите говорат дека „не излегува“ од


возилото и зимава имал преку десетина приватни тестови. Нема поента да се жалам, дојден сум да се натпреварувам, но сепак свесен сум против какви „ѕверки“ треба да се борам и дека треба да дадам максимум од себе! Клуб Мобилити: Се чувствуваш ли дека си на исто ниво со ривалите, како ги доживуваш резултите од првиот дел на сезоната? Ристо Вуков: Да бидам искрен, чувствувам дека имам свои приоритети и работев на нив. Оваа зима ја посветив на различен тип на тренинзи, како на физички план, така и на психички план, бидејќи сакав да бидам сигурен дека сум ја искористил секоја шанса за да се подобрам. Имав возења, односно тренинзи на симулатор, кои навистина ме истоштуваа, тоа беа исцрпувачки искуства, но работев на задржувањето на концентрација на подолг рок. Патеките веќе ги познавам добро, така што сега е време да се состави мозаикот, мислам дека треба малку повеќе да се опуштам во тие големи брзини од 270 или 280 километри на час. Лично, секогаш тргнувам од себе кога ја барам одговорноста за слабите резултати и сметам дека ми недостига уште малку жес-

тина, особено во квалификациите. Би рекол дека дека предноста на моите ривали е тоа што живеат таму, што се постојано во близина на повеќе патеки и можат да си дозволат приватни тестирања, додека јас патувам по 1.500 километри за да учествувам на трката. Од друга страна, во трка сум многу побрз, дури и да не се квалификувам во првата десетка, знам дека во трката ќе одам понапред. Но, има 5-6 возачи кои константно успеваат да бидат побрзи, да напредуваат повеќе од другите. На пример, после тренинзите, во квалификациите сите возиме времиња кои се подобри за половина секунда, но има и такви кои го симнуваат своето време за секунда и половина! Мислам дека тоа веќе не е до возачот, туку до некои инженерски сознанија околу штелувањето на возилото. Од друга страна, во мојот тим нема втор возач, немам конкуренција, немам со кого да се надополнувам, работам сам. Секоја ситница има влијание во вакви ситуации... Клуб Мобилити: Планот е да останеш и догодина во Порше Карера Куп Италија? Ристо Вуков: Со искуството стекнато кај возилата со заден погон мислам дека имам опции во иднина да размислувам за ГТ

трките, за светскиот Порше куп, па дури и за трките на издржливост кои имаат свое светско првенство, меѓу кои е и славната „24 часа Ле Ман“. Размислувам дека би било добро да останам во Италија следната сезона, бидејќи се менува автомобилот. Имено, ова е последна година на Порше Карера со старата генерација на ГТ3 автомобили, а во Светскиот куп веќе ја имаат на располагање новата верзија. Со други зборови, во 2022 година сите ќе почнеме „од нула“, ќе го учиме возилото, кое на пример нема анти-блок систем за сопирачките, а генерира посилен воздушен потисок и поради тоа е за нијанса побавно на правците, иако има преку 500 коњски сили. Во таква ситуација, не би го менувал првенството за некое каде што не ги знам патеките и тимот. Клуб Мобилити: Како си прифатен во нашата држава, како луѓето со кои комуницираш го прифаќаат тоа дека сакаш да бидеш професионален возач на трки? Како ти гледаш на својот имиџ, се трудиш ли да оставиш впечаток на „мачо“? Ристо Вуков: Искрено, тешко е секому да објасниш зошто и како си се нафатил баш за ова, не секој ја разбира таа желба за брзина и трка. Јас се пронаоѓам во таквиот стил на живот, но не и во „мачо“ стилот. Би рекол дека сум премногу нормален за такво нешто. Дома не сум некој Карапанџа, но знам да се снајдам. Кога не сум во автомобилот, сакам да возам симулатор „Асето Корса“, тоа на некој начин го разбирам како еден лесен тренинг, барем виртуелно сум во светот на трките. • Александар Табаковски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

РОСИ И РАИКОНЕН, СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ДВЕ ЛЕГЕНДИ ОД СВЕТОТ НА ТРКИТЕ, ВАЛЕНТИНО РОСИ И КИМИ РАИКОНЕН, ОБЈАВИЈА КРАЈ НА АКТИВНАТА КАРИЕРА И ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ТРКИТЕ НА КРАЈОТ ОД ОВАА СЕЗОНА. ИАКО ЕДНИОТ Е МОТОЦИКЛИСТ, А ДРУГИОТ АВТОМОБИЛИСТ, ИМААТ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ НЕШТА.

В

лезот во елитната категорија на мотоспортовите им се поклопи да биде во новиот милениум, откако претходно направија сензација во пониските класи. Од друга страна, имаа различен пат до славата, како и осцилации во текот на кариерата. Валентино Роси влезе во Мото ГП како возач на Хонда и со зачудувачка брзина доби услови што беа на рамниште на фабричкиот тим, иако ја стартуваше кариерата преку сателитската екипа. Она што најмногу го дефинираше како икона на овој спорт всушност е разидувањето со јапонскиот производител и трансферот во Јамаха од 2004 година, кога сите очекуваа дека неговата успешна приказна, којашто веќе тогаш вредеше неколку светски титули, ќе се распрсне како меур од сапуница. Сепак, титулата во 2004 со Јамаха и на најголемите скептици им докажа дека станува збор за специјален талент, којшто си го заслужи прекарот „Доктор“. Во неговата ера имаше многумина кои се обидуваа да стигнат до титулата, како Бјаџи, Гиберно, Педроса и други, но дури на Ники Хејден му појде од рака да ја прекине неговата доминација со освојување на титулата во 2006 година. Појавата на Кејси Стонер, исто така, е значаен момент, бидејќи успеа да го запре

42

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

походот на Роси со единствената титула на Дукати во 2007 година, што беа единствени „знаци на слабост“ на Италијанцот кој од 2001 до 2009 освои седум титули. Доаѓањето на Хорхе Лоренцо во тимот на Јамаха и силната конкуренција што за првпат ја доби во сопствениот тим направија Роси и Јамаха да се разделат во 2012 и тој се обиде да направи чудо со трансфер во Дукати, но не успеа да ја воскресне кариерата која почна да опаѓа по неговата единствена голема повреда што резултираше со скршеница по италијанското гран при 2010 година. Враќањето во Јамаха покажа дека Дукати го немал потребниот капацитет, но исто така, со појавата на Марк Маркез ниту Роси не успеа да се израдува на нова титула, иако дојде сериозно близу на крајот од 2015 година, но се случи познатиот скандал и туркањето со Маркез, па титулата заврши кај Лоренцо. На секоја трка имаше полни трибини со негови навивачи, кои доминираа во препознатливата жолта навивачка боја, како најбројни и најгласни од сите други, па неговото заминување ќе биде голем удар за шоуто, иако последните две сезони беше видливо дека не успева да се снајде најдобро со напливот на нови генерации на возачи. Кими Раиконен влезе во Формула 1 како возач на Заубер и имаше среќна ѕвезда која ја смени неговата улога од нископрофилна во ѕвездена по само една сезона, бидејќи сонародникот Мика Хакинен реши да се повлече во Формула 1 додека сè уште беше во топ тим, но едноставно ја загуби желбата за трки. Како наследник на Хакинен, Раиконен веднаш седна во врвен болид, но и покрај петте сезони минати со Мекларен Мерцедес, од 2001 до 2006, не успеа често да биде во конкуренција за титулата. Кога Михаел Шумахер за првпат се повлече од Формула 1 во 2006 година, Ферари му овоз-

можи уште еден бомбастичен трансфер, којшто тој успеа да го круниса со шампионска титула во 2007 година, со само еден бод предност пред двајцата ривали кои ги бранеа боите на неговиот претходен клуб Мекларен. До денес, судбината сакаше тој да остане последен возач што ја освоил титулата со Ферари, поради што неговото име често се спомнува. Но дека Формула 1 сепак е голем бизнис, Раиконен почувствува на својата кожа кога му се заблагодарија од италијанскиот тим за дотогашните успеси и го испратија на платено „мирување“ за да ослободат место за трансфер на Алонсо. Кими се забавуваше возејќи рели и НАСКАР, потоа формирајќи и своја екипа за мотокрос, а се врати во Формула 1 од 2012 година со Лотус Рено и успеа да направи чифт победи со тој тим, што повторно го вивна меѓу најдобрите возачи во шампионатот, иако го немаше континуитетот во претходно препознатливата убоитост. Сепак, доби втора шанса во Ферари како партнер на Себастијан Фетел, кога демонстрираше и нови квалитети како одличен тимски играч, но и незаборавни возачки постигнувања во веќе висока возраст. Неговите последни сезони во Формула 1 беа со тимот Заубер Алфа Ромео, каде што ја почна кариерата и сега ја заврши на не толку висока нога, но секогаш останувајќи максимално „кул“ и уживајќи во тоа што го прави. Две сосема спротивни индивидуи покажаа свој начин на постигнување на успех и справување со кризните ситуации, но секогаш уживаа во она што го правеа. На крајот, сите овие паралели и анализи се сведуваат на тоа дека возраста сепак игра голема улога во овој спорт, но дека патиштата како се стигнува до статус на легенда секогаш се индивидуални. •


СПОРТ |

Светско првенство во Мото ГП

ОТКАКО МИНАТАТА СЕЗОНА ПОРАДИ ОТСУСТВОТО НА МАРК МАРКЕЗ И НЕДОСТАТОКОТ НА РИВАЛИ ВО ДОБРА ФОРМА СЕ СЛУЧИ ДА ИМАМЕ НОВ ШАМПИОН ВО ЖОАН МИР, КОЈ ЕДВАЈ ПОБЕДИ НА ЕДНА ТРКА, ОВАА ГОДИНА „ТУРБУЛЕНЦИИТЕ“ ПОВТОРНО НОСАТ ЛУДИ ТРКИ И УШТЕ ПОНЕВОЗМОЖНИ РЕЗУЛТАТИ.

О

ткако летната пауза беше невообичаено уранета, продолжението на светското првенство во мотоциклизам донесе големи вести, настани кои не се случуваат секој ден. Меѓу нив секако спаѓа и повлекувањето на Валентино Роси од активното возење трки, но исто така, и раскинот на соработката меѓу Вињалес и Јамаха. Пред летната пауза беше договорено Вињалес да замине од екипата на крајот од годината, што е една година порано од претходно договореното, но откако карванот повторно тргна – дојде веста дека разделбата ќе се случи веднаш! Дополнително, првите две трки кои се возеа по летната пауза беа на ист автодром, Ред Бул Ринг, па во два викенда се одржаа Големата награда на Штаерска и Големата награда на Австрија. Дебитантот Хорхе Мартин со сателитскиот тим на Дукати беше ѕвездата на првата трка во Штаерска, освојувајќи пол позиција и победа, за следниот викенд повторно да изненади со уште една пол позиција, но тогаш заврши на третото место. Во првиот гран при викенд, зад него се најде актуелниот шампион Жоан Мир со Сузуки, додека Фабио Куартараро како единствен преостанат возач од Јамаха ја спаси честа со освојување на третото место пред Бред Биндер од КТМ. Сепак, на резултатите од

ЛУДО ЛЕТО вториот викенд „им кумуваше“ дождот, кој се засили во средината на трката, па возачите влегуваа во бокс за нови мотоцикли подготвени за тие услови. Куартараро заврши седми, па на врвот се случија промени: победи Биндер со КТМ, додека петнаесеттина секунди зад него беа Франческо Бањаја и Хорхе Мартин, обајцата на Дукати. - Ова беше првпат оваа година да помислам за титулата, сакам да бидам искрен. Преземав голем ризик и не сакав да излетам на глупав начин. За малку ќе паднев во првиот свиок кога падна Маркез, речиси го допрев. Во Австрија стигнав со 34 поени предност, а си заминувам со 47. Мислам дека ја искористивме ситуацијата, а не го очекувавме тоа. Сега нашите поени изгледаат уште поубаво, па сакам да остане на таков начин,рече Куартараро по трката. - Брзината беше тука, се боревме за победа на сувата патека и тоа е она што беше важно. Веќе следната трка во Велика Британија покажа дека навистина Куартараро ја вози сезоната на својот живот и може да сонува за шампионскиот трон. На Силверстоун тој го презема водството во 5. круг и го задржа до крајот. Тимскиот колега на Маркез, Пол Еспаргаро беше на пол позицијата, но Куартараро успеа да покаже подобра брзина во трка и да го помине, за да остане неприкосновен на чело до крајот на трката. Алекс Еспаргаро, исто така, го помина во трка својот брат Пол, и долго време беше на второ место, но во финишот Алекс Ринс со Сузуки успеа да го потисне на трето место. Марк Маркез и на оваа трка имаше пад, при што овој пат со себе го повлече и Хорхе Мартин, но ја презема одговорноста.

- Сакам да му се извинам на Мартин, судирот беше комплетно по моја вина. Бев премногу оптимист во тоа престигнување. Куартараро и Мартин одеа прешироко низ свиокот, и јас имав чувство дека Мартин е подалеку. Јас се подготвував да го фатам свиокот, но потоа се исправив, бидејќи немав време кога да уфрлам во втор степен на пренос. Потоа уфрлив во втора, но немав време за трета и така натаму, пресметката ми беше погрешна. Вината е комплетно моја. Им се извинувам на Мартин и на тимот Прамак Дукати,- рече Марк Маркез. Иако имаше повици за суспензија и казна на Маркез, комесарите на крајот од денот не донесоа никаква одлука во тој правец, што ја разви дебатата дали на големите шампиони им се прогледува „низ прсти“. Куартараро има 206 бода на врвот на табелата, додека ланскиот шампион Жоан Мир има мало водство пред Јохан Зарко на второто место (141:137). Франческо Бањаја е веднаш зад нив со 136 благодарение на подобрата конзистентност, додека неговиот тимски колега Џек Милер кој покажа повеќе осцилации, е петти со 118 бода. Во текот на септември има две трки предвидени со календарот, во Арагон (Шпанија) и Римини (Италија). На овие трки се очекува да бидат инаугурирани и Маверик Вињалес како возач на Априлија, како и Андреа Довициозо во Петронас Јамаха како тимски колега на Валентино Роси, бидејќи Франко Морбидели оди во фабричкиот тим на Јамаха. • Александар Табаковски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ПОСЛЕДНАТА ТРКА ПРЕД ЛЕТНАТА ПАУЗА ВО ФОРМУЛА 1 ВОЗЕНА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА УНГАРИЈА, ДОНЕСЕ НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА МОКРАТА И ЛИЗГАВА ПАТЕКА НА КОЈА СЕ СЛУЧИЈА НЕКОЛКУ ИНЦИДЕНТИ, НО ОНА ШТО СЛЕДУВАШЕ ВО БЕЛГИЈА БЕШЕ СО ДАЛЕКУ ПОПРОБЛЕМАТИЧНА ПРИРОДА.

Д

ождот отсекогаш бил добар „зачин“ за поинтересни трки во автомобилизмот, но како и во секој добар рецепт, магијата е најдобра кога дозирањето е соодветно на сите вкусови. Токму кога сезоната на Формула 1 стигна до својата средишница и најголем заплет, се случија две трки на кои дождот се појави – но, остави силен печат врз резултатите. На трката за Големата награда на Унгарија лизгавата подлога направи проблеми на стартот: Валтери Ботас направи погрешна процена кога да ги притисне сопирачките во првиот свиок од штотуку стартуваната трка и го удри болидот на Ландо Норис. Тоа предизвика верижен судир во кој беа инволвирани и двата болида на Ред Бул, со што возачот на Мерцедес беше изложен на столбот на срамот, бидејќи во распламтениот дуел за титулата, ваквиот расплет го погазува фер плеј односот. - Комплетно ги разбирам чувствата, но се што можам да направам е да ја прифатам одговорноста. Тоа беше мала грешка при сопирањето, но конечниот епилог е дека се исфрлени три болида, оној на Норис и двата од тимот на Ред Бул. Ова не е вистинскиот пат како треба работите да одат, но со дождот секогаш е зафркнато. Ботас на некој начин беше во сендвич и кога „се стиснаа“ едноставно ги притиснаа сопирачките малку подоцна. Мала грешка, но голем инци-

44

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ШОК ВО УНГАРИЈА, КОЛАПС ВО БЕЛГИЈА дент кој ги чини многу бодови и веројатно два пласмани на подиумот, за што искрено жалам,- рече Тото Волф, тимскиот шеф на Мерцедес. Медиумите шпекулираа дека Волф се обидел и лично да се извини кај тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, но според непотврдени неофицијални информации, тој не сакал да разговара и прашал кој ќе ја плати сметката, алудирајќи на големата штета што ја претрпеле. Рестартот на трката донесе уште почудни моменти. Кога болидите го завршија загревачкиот круг, на стартот Луис Хамилтон беше оставен сам да ги чека зелените светла, додека сите други поитаа во боксот бидејќи проценија дека патеката е сува и треба да ги сменат пневматиците. Кога Луис влезе во боксот, падна на 14 место. Тоа доведе до ситуација некои нови ликови да се борат за победата, при што треба да се напомене дека Ред Бул успеа да го доведе во извесен ред болидот на Ферстапен, кој стартуваше од боксот како последен и се бореше за да освои поени. Но, за жал, тој болид не беше на потребното ниво и таа борба му одеше мошне тешко. Себастијан Окон од тимот на Алпин се етаблираше како лидер во трката, а зад него се позиционираше Себастијан Фетел. Четирикратниот светски првак се обиде да го престигне младиот Французин, но откако не успеа во тоа мораше да ја промени својата тактика и да чека грешка, но и тоа не се случи. Во меѓувреме зад нив Луис Хамилтон успеа да престигне десетина ривали и да стигне

до водечката група, а најголеми проблеми имаше со Фернандо Алонсо, кој неколку круга одолеваше на нападите и со тоа му помогна на Окон да има помирна завршница и да стигне до првата победа, со двајцата големи шампиони како Фетел и Хамилтон заедно со него на подиумот. Следуваше уште една драма: по крајот на трката ФИА го проверува горивото на секој болид, а од екипата Астон Мартин не успеале да извадат потребната количина од еден литар од болидот на Фетел, туку само 0,3 литри. Уследи дисквалификација, по што тимот вложи официјална жалба на одлуката на стјуардите, па второстепената инстанца на ФИА го разгледуваше случајот и на крајот ја потврди казната. Во куси црти, екипата пресметала дека во болидот треба да има околи 1,5 литри гориво, но поради дефект на пумпата за гориво тоа не можело да биде испумпано. Дефектот бил потврден, но во исто време било востановено и протекување на горивото, поради што пресметката на Астон Мартин за количеството на горивото била проценета како погрешна. Со тоа Луис Хамилтон беше унапреден на второто место, па го презема водството во генералниот пласман. Карлос Саинц го доби пехарот за третото место, а сите возачи од првата десетка, исто така, беа унапредени за една позиција, па на крајот четврти беше Алонсо пред Гасли и Цунода, а возачите на Вилијамс, Латифи и Расел финишираа пред Макс Ферстапен. Последниот поен оди кај Кими Раиконен, кој во регуларното време на трката беше на 11 место.


СПОРТ |

РАИКОНЕН „СЕ ОДЈАВИ“: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ НЕШТА!

Финскиот автомобилист Кими Раиконен објави дека на крајот од сезоната ќе се повлече од Формула 1. Тој го собори рекордот на Рубенс Баричело според бројот на настапи во трките од светското првенство во Формула 1, иако во текот на кариерата направи прекин и се испробуваше во други дисциплини како рели и НАСКАР. – Тоа е тоа. Ова ќе биде моја последна сезона во Формула 1. Оваа одлука ја донесов последнава зима. Не беше лесно да се одлучам, но по оваа сезона е време за нови нешта! Иако сезоната сè

уште е во тек, сакам да му се заблагодарам на моето семејство, на сите мои екипи, на секој што беше инволвиран во мојата кариера и посебно на сите вас, одлични навивачи кои ме поддржувавте сето ова време. Формула 1 можеби ќе заврши за мене, но има многу други нешта во животот што сакам да ги искусам и уживам. Се гледаме наскоро кога сето ова ќе заврши. Искрено, Кими. – напиша Финецот на „Инстаграм“. Воедно, тој е последниот возач кој освоил шампионска титула со Ферари во 2007 година. Неговото

деби беше во 2000 година преку тимот Заубер, а сега во истата екипа ребрендирана во Заубер Алфа Ромео го дочека и пензионирањето. Метеорскиот прогрес на неговата кариера дојде во 2001 година како заменик за Мика Хакинен во Мекларен Мерцедес, кога неговиот сонародник реши порано да се повлече од трките. Потоа следеше трансферот во Ферари, освојувањето на титулата, 3-годишно отсуство, па враќање во Лотус Рено, Ферари и Алфа Ромео.

Вревата околу сите овие перипетии стивна за време на летната пауза, но се распламти повторно откако дождот направи нова драма во Белгија. Први на удар беа квалификациите во кои имаше излетувања и прекини, како и критики зошто било дозволено да се вози кога дождот се засилил. Тоа најмногу се виде при инцидентот на Ландо Норис во квалификациите, кога имаше реакции од дел од возачите, меѓу кои најгласен беше Фетел – дека не постоеле услови за возење. Сето тоа се рефлектираше следниот ден, кога дождот „удри јако“, па беше доведено во прашање стартот на трката. Организаторите неколку пати го поместуваа терминот за старт, но притиснати од обврските кон ТВ преносот дозволија да се извозат неколку круга зад возилото за безбедност, по што ја прекинаа трката. Сето тоа не изгледаше добро координирано и осмислено, поради што имаше многубројни критики за начинот на кој била третирана публиката. Дополнителна дискусија беше зачната кога беше соопштено дека ваквата трка сепак се признава како „стартувана и незавршена трка, во која не се извозеле 75% од предвидената должина“, па на возачите им се доделуваат 50% од износот на бодовите за соодветните позиции. Иако правилата тех-

нички тоа го дозволуваат, фактот што немаше слободно тркање и натпреварување барем за еден круг, фрла нова сенка врз регуларноста на ваквата одлука. Од Пирели ја појаснија поддршката за одлуката со тоа што иако нивните гуми се во состојба да се справат со водата, фактот дека тие ја исфрлаат водата од асфалтот не значи дека таа вода ќе ја снема. - Резултатот е прскање, млаз кој што ќе ја намали видливоста и ќе ја зголеми опасноста,- објасни Марио Изола. - Фановите останаа покрај патеката, сè уште имаа енергија, но беа ограбени за трка и треба да им бидат вратени парите. Двата круга беа сценарио за пари, сите ќе си ги добијат парите, па треба и фановите. Штета што не можевме да возиме утре. Парите повторно зборуваа! Мислам дека денешната одлука беше лоша за спортот. Потребата од два извозени круга беше единствената причина што ни дозволија да излеземе на патеката, – изјави Хамилтон. - Не постоеше начин за возење во понеделник. Листата со причини би била на многу страници, вклучувајќи ги тие на Формула 1, организаторите и клубовите, – реплицираше техничкиот директор на ФИА, Мајкл Маси, а поддршка му даде и Стефано До-

меникали, кој потврди дека имало волја за трка, но временските услови наместо да се подобрат, се влошиле. Макс Ферстапен кој ја имаше пол позицијата доби 12,5 бода за ваквата победа, Џорџ Расел 9 бода за второто место, а Луис Хамилтон со 7,5 бода е класифициран како трет. Рикардо, Фетел, Гасли, Окон, Леклер и Латифи, исто така, освоија поени за пласманот од 4 до 9 место, додека Карлос Саинц за десеттото место доби само половина поен. На табелата за возачите дуелот на Хамилтон и Ферстапен повторно е во голема мерка изедначен, односно Британецот води со 202,5 бода, три повеќе од возачот на Ред Бул. Ландо Норис е трет со 113, а Валтери Ботас има 108, пред Карлос Саинц со 104 бода. Подеднакво „густо“ е и во пласманот на конструкторите: Мерцедес е лидер со 310,5 бода, додека Ред Бул има 303,5. За третото место се борат Мекларен со 169 и Ферари со 165,5 бода. Во текот на септември планирани се трките во Холандија, Италија и Русија, по што наново е закажана трката за Големата награда на Турција, која претходно отпадна од календарот, но сега влегува на местото на јапонското гран при. • Александар Табаковски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Светско првенство во Формула E

СЕДМАТА СЕЗОНА (2020/21) НА ФОРМУЛА Е Е ВОЕДНО ПРВА ШТО СЕ ВОЗИ КАКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ПОД ЗАКРИЛА НА ФИА, А ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ГРАН ПРИ ВИКЕНДА БЕШЕ РЕШЕНО И ПРАШАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН. ТИМОТ НА МЕРЦЕДЕС ЗА ПРВПАТ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ПРВЕНСТВОТО ВО СЕЗОНАТА 2019/20, А ВЕЌЕ ВО ВТОРАТА ОСВОИ ДВОЈНА КРУНА: СВЕТСКА ТИТУЛА И ВО ПОЕДИНЕЧНА И ВО ТИМСКА КОНКУРЕНЦИЈА.

П

оследните четири трки од светското првенство на Формула Е беа пресудни за прогласување на новиот шампион за оваа сезона. Организаторите предвидоа две трки во Лондон и две трки во Берлин за финишот, каде што возачите потенцијално на дофат имаа сто бода, како награда за победа во четирите трки. Викендот во Лондон имаше одлична најава со резултатите на многу кандидати за шампионската титула во слободните тренинзи, но кога дојде ред за квалификациите, најдобрите шест времиња беа постигнати

46

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

МЕРЦЕДЕС ДОЈДЕ, ВИДЕ И ПОБЕДИ токму од возачите кои се аутсајдери. Андре Лотерер и Алекс Лин единствени извозеа времиња под 1 минута и 24 секунди. Сепак, во дополнителната сесија за шестмината најдобри, сите возачи го симнаа својот резултат под таа граница, но Алекс Лин заблеска со време од 1:23.245 за да ја освои супер пол позицијата пред Џејк Денис и Себастијан Буеми. Сепак, во трката Лин направи ситни грешки, при што Џејк Денис од тимот на БМВ Андрети успеа да ги казни со доволно енергија за напад во финишот. Возачот на Мерцедес, Ник Де Врис со сличен маневар стигна до второто место, па Алекс Лин мораше да се задоволи со третото место. Интересно, во трката најбрзиот круг го имаше Мич Еванс од Јагуар, којшто беше една секунда побрз од супер пол позицијата, а де факто 18 возачи од вкупно 22 успеаја во трка да бидат побрзи од најдоброто време на Алекс Лин претходниот ден. Втората трка во Лондон повторно проду-

цираше извонреден резултат во квалификациите на Алекс Лин, кој имаше време 1:20.319, што беше само две илјадитинки побрзо од она на Мич Еванс, но овој пат заедно со нив во борбата за супер пол позицијата на многу поизрамнето ниво отидоа и останатите четири возачи, меѓу кои двајцата пилоти на Мерцедес, Ван Дорн и Де Врис, како и Максимилијан Гинтер од БМВ Андрети, и Оливер Роланд од ДАМС. Ваквиот распоред беше најава дека сите екипи веќе го постигнале максимумот во барањето на идеалниот „сет-ап“, па така времето на супер пол позицијата падна за само две десетинки, при што Стофел Вандорн извозе еден круг за 1:20.181, за Роланд и Лин да бидат зад него со резултат во иста десетинка. Овојпат Алекс Лин успеа да го склопи мозаикот за да стигне до победа пред Ник Де Врис и Мич Еванс. Најголем „губитник“ во трката беше Лукас ди Граси од Ауди, кој беше казнет со возење низ боксот, но откако тимот не го информираше за


СПОРТ |

тоа, тој заврши втор, па дозна дека ќе биде избришан од резултатите, додека екипата заработи казна од 50.000 евра. - Ова прашање ме измачуваше неколку години. За мојата кариера во Формула Е навистина може да се рече дека е интересна. Но, дел од мене ќе беше среќен со каква било победа, само да се каже дека и тоа е сторено, за да можам да си речам сам на себе дека знам да возам во оваа категорија. Отсекогаш чувствував дека можам да извозам добро еден круг, но не можев да склопам добра трка. Сега сум океј, сега знам дека сум добар возач на Формула Е. Тешко е да се изберат зборови по четиригодишно мечтаење за победа,- објасни Алекс Лин. На крилата на резултатот од вечерните трки во Лондон, каде што два пати беше второпласиран, Ник Де Врис од осмото место во генералниот пласман влезе во последниот Гран при викенд како водечки на табелата со 95 бода, пред Робин Фријнс со 89, Сем Бирд со 81, Џејк Денис со 81 и Антонио Феликс Да Коста со 80 бода. Во квалификациите на трката во Берлин, од нив меѓу првите шест успеа да се најде само Антонио Феликс Да Коста, што потсети на минатогодишната разврска во шампионатот. Во борбата за супер пол позицијата најбрз беше Жан Ерик Верње со време 1:06.227, а неговиот тимски колега и актуелен бранител на титулата Антонио Феликс Да Коста беше нецела десетинка побавен и се најде на второто место. Како трет се пласираше Бразилецот Лукас Ди Граси од Ауди, пред двајцата возачи на екипата Вентури, Едоардо Мортара и Норман Нато. Од екипата „ДС Течита“ најавија дека ќе има тимски наредби во корист на возачот со шанса за титула, но кога таа наредба беше издадена во трката, се покажа дека е во незгоден момент, па водечкиот Верње загуби четири позиции. За малерот да биде поголем, Да Коста потоа имаше проблем кој го опиша како „лош менаџмент со енергијата и огромно трошење на гумите“ и беше престигнат, по што падна повторно зад Верње. Така, наместо пресврт во генералниот пласман, победата му припадна на Лукас Ди Граси, кој на финишот стигна со само една десетинка предност од Едоардо Мортара. Верње и Да Коста завршија на шестото и седмото место. - Кога ја добивме наредбата, тоа навистина ја зафркна неговата трка. Мене не ми

ВОЛФ БИ МОЖЕЛ ДА ГИ ПРЕКОМАНДУВА ВОЗАЧИТЕ ВО ФОРМУЛА 1

Возачите на тимот Мерцедес во Формула Е, Стофел Вандорн и Ник Де Врис, би можеле да направат трансфер во Формула 1, бидејќи ги поседуваат неопходните квалитети, посочи тимскиот шеф на Ф1 екипата на Мерцедес, Тото Волф. Тој беше присутен на трката во Лондон и беше сведок на фантастичните перформанси на двајцата возачи, каде што Де Врис се искачи од 9 до 2 место, а Вандорн од 14 до 7 место. - Обајцата ги имаат талентот и работните навики, како и интелигенцијата потребна влијаеше, но тој тогаш загуби две места од возачите на Ауди. Во право е што се буни. Нашиот болид е многу остар кон пневматиците, особено кон задните, поради што се обидуваме да се приспособиме, да го адаптираме нашиот возачки стил. Но, трендот е забележлив и кај двата болида,- рече Антонио Феликс да Коста. Во неделната втора трка, возачите на „ДС Течита“ не успеаја да ги повторат квалификациските перформанси од претходниот ден и возеа речиси една секунда послабо, со што отпаднаа и од борбата за титулата. Стофел Вандорн со резултат 1:06.678 ја предводеше шесторката во која се најдоа уште Роланд, Нато, Симс, Бломквист и Еванс, по што во последната сесија меѓусебе го решаваа прашањето на супер пол позицијата. Вандорн, иако беше една десетинка побавен од самиот себе, повторно имаше најдобар резултат, пред Роланд и Еванс. Ник Де Врис во последната трка влезе како тринаесетти, а сите негови конкуренти во борбата за титулата беа зад него на стартот. Трката беше одбележана со голем судир на

за Формула 1. Обајцата ги имаат освоено најважните титули за влез во Формула 1, денеска првенство на Формула 2, а претходно првенство на ГП2. Навистина сум среќен што ги имаме во Формула Е како наши возачи и не би посакал да ги смениме. Но нема да им застанам на патот ако тие добијат можност да возат во Формула 1. Шпекулациите велат дека Ник Де Врис би можел да го добие седиштето на Џорџ Расел во Вилијамс, бидејќи се предвидува дека овој ќе премине во Ф1 тимот на Мерцедес. стартот поради проблем со стартувањето на Мич Еванс. На крајот победи Норман Нато, пред Оливер Роланд и Стофел Вандорн, додека од кандидатите за титулата, Сем Бирд успеа да стигне само до седмото место, но бидејќи Ник Де Врис беше осми на крајот, автоматски ја освои и титулата. Џејк Денис кој, исто така, имаше шанса да го загрози Де Врис имаше дефект и откажување во рестартот на трката, во моментот додека беше осми, односно виртуелно изедначен со Холанѓанецот, но мораше да се повлече. Иако ја заокружуваат сезоната со две шампионски титули, од Мерцедес соопштија дека ќе се фокусираат на Формула 1, а нивниот тим во Формула Е ќе учествува уште една сезона, по што се прават напори да остане во првенството, но со друга сопственичка структура. Своето повлекување претходно го најавија и БМВ и Ауди, но од друга страна Јагуар и Махиндра веќе ги продолжија договорите, а тимот Андрети најави дека ќе продолжи и без учеството на нивниот досегашен партнер БМВ. • Александар Табаковски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

WRC – Рели Естонија и Рели Белгија

ПО ИЗВОЗЕНИ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ШАМПИОНАТОТ, ИЛИ ОСУМ НАСТАНИ ОД ВКУПНО ДВАНАЕСЕТ КОЛКУ ШТО ЈА СОЧИНУВААТ ГОДИНЕШНАТА СЕЗОНА, БОРБАТА МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ТИМОВИ TOYOTA И HYUNDAI СЕ РАЗГОРУВА, ВОЗБУДАТА РАСТЕ, А ИСХОДОТ СЕ ЧИНИ НЕИЗВЕСЕН.

Д

ва исклучително брзи настани ја заокружија втората третина од годинешниот шампионат во рели. Релито на Естонија кое се вози на мазна земјена подлога и многу наликува на легендарното рели на Финска и релито на Белгија кое се вози на асфалт. И двата настани годинава имаа подеднакво голема важност. Релито на Естонија затоа што го донесе најмладиот победник во историјата на спортот Кале Рованпера, а релито на Белгија затоа што конечно после сите пехови на виделина, ја донесе брзината на Hyundai и способноста на i20 WRC да победува. Со победата на релито на Естонија Кале Рованпера наново ја испиша историјата на Светскиот шампионат во рели. Со своите 20 години стана најмладиот возач кој победил на рели од Светскиот шампионат. Младиот Финец го сруши рекордот на својот сонародник и сега шеф на тимот на Toyota Јари-Мати

48

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

БОРБАТА СЕ РАЗГОРУВА Латвала кој во 2008 година на возраст од 22 години стана најмладиот победник и сè досега го поседуваше рекордот. Победата на Рованпера во Естонија е во толку поголема што не дозволи никој да му се доближи, или да го загрози во текот на релито. Се чинеше како да лебди, а не да вози по патеките. Безгрешно напредуваше од километар, во километар и полека ја зголемуваше предноста за на крај да го победи лутиот конкурент од Hyundai Крег Брин со 59,9 секунди предност. Својата намера да владее со ова рели Кале ја покажа уште на тренингот кога покажа најдобро време. Голем притисок очекуваше од От Танак и Крег Брин, но по раното откажување на домашниот миленик Танак остана да се брани само од Брин. Ирецот кој лани заврши втор возеше на ниво и се покажа како достоен противник. На крајот од првиот ден Рованпера и Брин ги делеа само 8,5 секунди. Остатокот од потерата која ја предводеше Нувил на трето, Ожие на четврто, Еванс на петто и Тему Сунинен од Ford на шесто место веќе заостануваше една, па и повеќе од една минута. Рованпера повторно беше јунак на денот. Иако Танак му се врати на релито и победи на шест од вкупно девет брзинци колку да покаже што ќе се случеше во колку не излеташе од патеката претходниот ден, Рованпера повторно нижеше добри времиња. Возеше изедначено со Танак и ретко заостануваше повеќе од неколку секунди. Така успеа да му побегне на Брин создавајќи значителна предност од 50,7 секунди на крајот од денот. Оваа предност значеше

дека може да размислува за поконтролиран пристап на последниот ден од релито и без да прифати поголеми ризици да го заврши настанот во своја полза. Кај остатокот од поредокот немаше промени во однос на првиот ден. Рованпера попушти со педалот за гас на последниот ден од релито. Борбата за освојување на брзинци им ја препушти на Танак и на Нувил. Возеше контролирано иако сепак беше брз. Го заврши релито со 59,9 секунди предност во однос на Брин. Ирецот во вистински спортски дух ја призна надмоќта на Рованпера: „Кале заврши одлична работа на ова рели и затоа му симнувам капа”. Нувил го пополни третото место на пиедесталот. Ожие заврши четврти, Еванс петти, а Сунинен шести. Караванот на светското рели брзите земјени патеки на Естонија ги замени со непредвидливиот асфалт на релито на Белгија. Очекувањата дека домашниот херој Тиери Нувил ќе владе на тесните асфалтни патеки кои го испреплетуваат земјоделскиот регион на Белгија, Западна Фландрија, се исполнија во целост. После низа пехови во првиот дел од сезоната Нувил конечно стигна до првата победа годинава. И како што Рованпера владееше во Естонија, Нувил владееше во Белгија. Неговото познавање на патеките испресечени со тесни крстосници, порабени со длабоки канали за дренажа и начичкани со бандери се покажа клучно за освојување на ова рели. Го освои релито во 2018 година, а го освои и сега. Дека ќе вози во лига сам за себе покажа уште на почетокот иако наиде на голема конкуренција од тим-


СПОРТ |

скиот другар Брин кој, исто така, е познавач на овие патеки и победи на ова рели во 2019 година. Голем конкурент се покажа и Танак кому му пресуди непознавањето на патеките и промашувањето на неколку крстосници. Сепак триото на Hyundai славеше на крајот од првиот ден. Брин заостануваше зад Нувил само 7,6 секунди, додека Танак 31,2 секунди. Веднаш зад него со тесен резултат беше наредено триото на Toyota: Рованпера, Еванс и Ожие. Асфалтот прекриен со кал од бројните трактори заради врнежливото време се покажа исклучително лизгав и проблематичен за водечкиот во шампионатот Ожие. Тој според правилата стартуваше прв и мораше да ја мете калта жалејќи се притоа дека досега во неговата кариера не наишол на олку лоши услови. А не беше задоволен ниту со сетапот на својот автомобил. Голема несреќа за Адриен Фурмо кој удри во брег крај патот и превртувајќи се неколку пати заврши во бандера. И тој, и совозачот Рено Жамул се извлекоа неповредени. Големата борба меѓу Нувил и Брин продолжи и низ вториот ден од релито. Несреќниот Танак изгуби многу време уште на првиот брзинец од денот кога застана да смени дупната гума и излезе од игра. Тимските другари се бореа цврсто, но на крајот од денот Нувил успеа да ја зголеми предноста на 10,1 секунда во однос на Брин. Се измеша и триото на Toyota. Еванс успеа да го престигне Рованпера, додека Ожие остана зад нив. Сепак, заради несреќата на Танак, Еванс ја доби третата позиција, Рованпера четвртата, а Ожие петата. Катсута кој првиот ден заврши седми доживеа страшна несреќа кога влета во канал кој го исфрли во воздух и правејќи пируета удри во бандера. Исто како и екипажот на Ford од првиот ден, Катсута и совозачот Китон Вилијамс се извлекоа без повреди. Танак со заостанување од близу 4 минути го заврши денот шести. Не сакајќи да ја ризикуваат 1-2 победата на својот тим Нувил и Брин сопреа со жестокиот дуел на последниот ден од релито. Возеа контролирано и го донесоа успехот како што доликува. Со тоа му помогнаа на Hyundai да се доближи на 41 бод во однос на водечкиот тим на Toyota. „Знаев дека нема потреба да возам побрзо, можев доколку имаше потреба. Сепак, пехот во Кенија на чекор од победата сè уште е свеж и се плашев од ваков исход,” изјави Нувил на крајот од релито. И додека тимот на Hyundai ги следеше правилата, тимот на Toyota водеше жестока борба за третото место. Сепак, на крајот од релито Рованпера беше тој која ја доби оваа интерна битка. Заврши трет оставајќи го Еванс да се задоволи со четвртата позиција, а Ожие со петтата. Танак остана шести.

Иако Нувил го доби епитетот крал на релито Ипрес на Белгија, сепак таа почесна титула му припаѓа на еден друг возач, Фреди Лоа. Познавачите на релито сигурно се сеќаваат на овој исклучителен возач кому лошиот избор на тимови му го попречи подемот на светската рели сцена. Сепак, Лоа е човекот кој 11 пати славеше на релито Ипрес на Белгија и со право ја носи почесната титулата „Крал на Ипрес”. На четири релија до крајот на сезоната Ожие останува во водство со 162 бода, но Еванс и Нувил ја стопија

предноста на 38 бода дефицит и со по 124 освоени поени го делат второто место. Трет е Рованпера со 99 бодови. Toyota со 348 бодови сè уште води меѓу производителите, но Hyundai освои доволно во изминатите две релија и со 307 бодови ја намали разликата. Доволно за да размислува за напад на титулата. Следно е релито Акрополис на Грција кое после отсуство од осум години се враќа на Светската рели сцена. • Љубомир Анастасовски

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА!

Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во над 250 АМСМ Партнер продажни места! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Автоделови „MEGA AUTO PARTS“

Кога ви е потребен резервен дел за вашиот автомобил, било од германски или западноевропски производители, побарајте го во продавниците на „MEGA AUTO PARTS“, а ние се погриживме да добиете 10% попуст. Само покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка и заштедете. Локација: Куманово, Тетово, Охрид, Струга, Кичево и Скопје (Чаир, Тафталиџе, Ченто, Кисела Вода)

Спортска опрема и обувки „SPORT M“

За мажите, жените и другите помали членови на семејството. За кошарка, трчање, фудбал и сите други спортски активности. Од патики, преку тренерки до комплетна спортска опрема. Најдобрите спортски брендови се во продавниците на „SPORT M“, а вие, како наши членови имате посебен третман и добивате 10% попуст на целиот асортиман. Локација: Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Струмица, Велес и Кавадарци

Продавница за накит „OXETTE “

Квалитетните парчиња накит се безвремени, а не постои подабар избор на ексклузивен накит и часовници од оној во „OXETTE“. Бидејќи сте наши членови, секогаш може да си го дозволите најдоброто и притоа да платите помалку. Покажете ја вашата картичка, искористете го попустот од 10% и веднаш заштедувате. Локација: Сити Мол, ГТЦ, ТЦ Рамстор - Скопје

Фото студио „ПРОФОТО ЗДРАВКО“

Постојат моменти што треба да останат забележани засекогаш. За сите ваши специјални пригодиизберете професионални услуги во „ПРОФОТО ЗДРАВКО“. Само покажате ја вашата АМСМ членска картичка, и добивате 20% попуст и значително заштедувате. Локација: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 3-1/1 - Скопје

АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 50

09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

www.amsm.mk

02/3181-181 09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕДНО МЕСТО ЗЕЛЕН КАРТОН МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

www.amsm.mk 52 09.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/3181-181


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.