АМСМ Клуб Мобилити Октомври 2021

Page 1

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

ШТО ЌЕ НЀ ДВИЖИ ВО ИДНИНА?

Mоментната состојба со пандемијата на КОВИД-19 во цел свет и натаму нѐ принудува да ги одложиме плановите за патувања, особено кога станува збор за странство. Токму затоа ви препорачуваме да уживате во убавините на нашата држава, а наш предлог за следна дестинација што ќе ја посетите е манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“, бисерот на Осоговските Планини, каде што ќе се одморите и ќе уживате во мирот и спокојството на конаците сместени меѓу дабовата шума. Здравствената криза создаде многубројни проблеми во секоја област. Автомобилската индустрија се соочи со зголемување на цените, одложување на испораките и недостиг на човечки ресурси кај набавувачите, како и скратено работно време, а сето тоа остави значителни последици во неа. Нејзиниот понатамошен развој ќе зависи од многу фактори, како што се дигитализацијата и приспособувањето на промените и на трендовите, пред сѐ, на новите потреби на потрошувачите. Сето ова придонесе и да се намали бројот на производителите на автомобили што учествуваа на последната саемска манифестација што се одржа во Минхен. Можеше да се забележи дека половина од производителите не се претставија, но, сепак, имаше што да се види кај присутните учесници. За жал, автомобилот како превозно средство не беше во центарот на внимание. Електричните скутери, велосипедите, трамваите, самостојните системи за превоз на патници... го зазедоа поголемиот дел од сложената слика за модерната мобилност.

Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во ноември 2021 на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk.

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8

ГЛАВНИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

9

И РОЛС РОЈС ВГРАДУВА ЕЛЕКТРОМОТОРИ

12

АВТО-МОТО 12

СМЕЛ ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА

15

НАЈБРЗИОТ СЕРИСКИ BENTLEY СТАНА УШТЕ ПОБРЗ

20

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНИТЕ ВОЗИЛА СЕ ВО МОДА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

30

ЗИМСКА ПОДГОТОВКА НА АВТОМОБИЛОТ

38

СТИЛ 34

БРАНЧ - ДВЕ ВО ЕДНО, И ПОЈАДОК И РУЧЕК ПАТУВАЊЕ

38

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ НI-TECH

42

ЗА ТЕШКО ПРООДНИ ТЕРЕНИ

50

ИСТОРИЈА 44

АВАНГАРДАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР СПОРТ

48

ОРЕЛ ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ

50

ЗАПЛЕТОТ ТРАЕ, ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ

54

ЗАДОЦНЕТИ РЕПЛИКИ

58

СЛАВНА ПОБЕДА ВО ДОМОТ НА ...

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ И ДЕТСКИ СЕДИШТА ДРЖАВА

ДЕЦА

Албанија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.

Австрија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Специјални детски седишта или ремени за деца под 14 години или пониски од 1,50 м да се користат и на предните и на задните седишта. Деца под 14 години не смеат да патуваат во возила без соодветен безбедносен систем (ремен, детско седиште ).

Белорусија

Задолжителни на предните седишта на возилото.

Деца под 12 години не може да патуваат во предниот дел на возилото.

Белгија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 1,35 метри треба да користат детско седиште соодветнo според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе години, пониско од 1,35 метри мора да се вози на задно седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем. Деца помали од 3 години не смеат да се возат без детско седиште.

Бугарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Детското седиште мора да биде според правилото 44/03 на UNECE. Деца на возраст под 3 не смеат да се транспортираат во возила кои не се опремени со детски седишта. Деца на возраст од 3 или повеќе години, пониски од 150 см, можат да патуваат во возило без детски седишта, но тие мора да седат на задните седишта.

Хрватска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото, освен деца до 2 години ако се користи детско седиште свртено назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца од 2 до 5 години мора да бидат во соодветно детско седиште на задно седиште. Деца од 5 до 12 години мора да користат ремени за возрасни на задното седиште со додаток за прилагодување според нивната големин.

Кипар

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 5 години не е дозволено да патуваат на предното совозачко седиште. Деца од 5 до 10 години може да го користат совозачкото седиште ако е опремено со соодветен безбедносен уред (седиште).

Чешка

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м. мораат да користат безбедносен уред прилагоден на нивната големина кога патува и на предните и на задните седиште на возилото. Деца помеѓу 3 и 12 години мораат да се возат на задни седишта. Деца под 3 години не смеат да се возат без детско седиште.

Данска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и под 1,35 метри мора да бидат ставени во безбедносен уред (седиште) соодветни за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на предното седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира.

Естонија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Бебињата и малите деца мораат да патуваат во детско седиште (уред) соодветен за нивната големина.

Финска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца со висина под 1,35 метри мора да бидат сместени во одобрено детско седиште соодветно за нивната висина и тежина. Кога детското седиште не е на располагање, дете од 3 години или повеќе смее да патуваат на задното седиште на возилото со помош на ремен или друг безбедносен уред врзан со седиштето. Дете под 3 не може да патува во возило без детско седиште, освен во такси.

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

На деца на возраст под 10 не им е дозволено да патуваат на предните седишта на возилата, освен ако задни седишта не постојат, или задното седиште е веќе зафатено од страна на деца под 10, или нема ремени. Деца до 10 смеат да патуваат во одобрено детско седиште или безбедносен уред, прилагодени на нивната големина. Според францускиот закон, дете до 13 кг мора да се транспортира во детско седиште свртено кон назад (или да го носат во транспортна корпа за дете до 10 кг). Дете помеѓу 9 и 18 килограми мора да биде седнато во специјално седиште, и за дете од 15 кг до 10 години може да се користи безбедносен уред – додаток на ремен, или додатни ремени.

Германија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Дете до 12 години возраст и пониско од 1,50 м мора да биде во детско седиште или да користи безбедносен уред . Кога детското седиште не е достапно, дете од 3 години и повеќе мора да користи ремен или друг одобрен безбедносен систем на задните седишта на возила. Деца под 3 години не можат да бидат транспортирани во возило без детско седиште.

Грција

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат ставени во одобренo детско седиште соодветно за нивната тежина - стандард ЕСЕ R44/03 или понов. Деца на возраст помеѓу 3 и 11 години, пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветни детски седишта. Од 12 години, деца повисоки од 1,35 метри можат да ги користат ремените за возрасни.

Унгарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 1.50 м. мораат да користат безбедносен уред (седиште) соодветен на нивната тежина. Деца под 3 години дозволено е да патуваат на предните седишта доколку детското седиште е свртено кон назад и нема воздушно перниче или е деактивирано. Деца постари од 3 години и високи 1.35 или повеќе можат да патуваат на задното седиште користејќи ги безбедносните ремени.

Исланд

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мораат да бидат поставени во одобрени детски седишта соодветни на нивната големина. Деца над 3 години и под 1,50 метри мора да бидат седнати во детски седишта соодветни за нивната височина и тежина. Деца не смеат да патуаваат на предни седишта доколку не е деактивирана воздушната перница.

Ирска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години можат да патуваат на предно седиште доколку се седнати во детско седиште свртено кон назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца над 3 години, пониски од 1.50 м. и полесни од 36 кг. мораат да користат соодветен безбедносен уред (седиште).

Италија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 36 килограми и до 150 см, кои патуваат во италијански-регистрирани возила мора да бидат поставени во безбедносен систем прилагоден на нивната големина и тежина. Деца до 9 кг мора да бидат сместени во детски седишта свртени наназад. За странски регистрирани автомобили, се применуваат прописите што се во земјата на потекло.

Латвија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 1,50 м. мора да користат специјално седиште или лента за во скут (преку стомак) како додаток на ременот за возрасни.

Литванија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да се возат на предните седишта на автомобили, освен ако не користат безбедносен систем соодветен на нивната големина. Деца под 3 години патуваат на предно седиште сместени во соодветно детско седиште и доколку е свртено наназад воздушното перниче мора да е деактивирано.

Франција

6

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ДРЖАВА

ОТА |

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ

ДЕЦА

Луксембург

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мораат да бидат поставени во одобрено детско седиште (освен ако е во автобусот). Деца од 3 до 17 години, до 1.50 м мора да седат во соодветен безбедносен систем за врзување. Ако е нивната тежина над 36 килограми можат да ги користат сигурносените ремени или стомачни ремени на задните седишта.

Северна Македонија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

Малта

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мораaт да бидат сместени во соодветено детско седиште. Деца на возраст помеѓу 3 и 10, и до 1,50 м мора да бидат сместени во соодветен безбедносен систем за врзување, кога патуваат во предниот дел на автомобилот. На задните седишта, соодветен безбедносен систем за врзување треба да се користи ако е достапен, инаку треба да се користи ременот за возрасните. Деца на возраст помеѓу 11 и 14, високи 1,50 m или повеќе, можат да носат ремен за возрасни.

Молдавија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Црна Гора

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Холандија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца (лица под 18 години) пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветен безбедносен системот за врзување според нивната големина согласно стандардот ЕСЕ 44/03 или понов. Ова се однесува како за предниот така и за задниот дел на автомобилот. Деца под 3 не можат да се возат во автомобил без детско седиште.

Норвешка

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 135 см. Мораат да бидат сместени во соодветно седиште. Доколку е свртено кон назад воздушното перниче мора да е деактивирано. Се препорачува деца под 4 години да се сместат во седишта свртени кон назад или на задните седишта од возилото. Деца високи помеѓу 135 см. и 150 см. можат да користат ремени за возрасни со соодветни седишта (a booster seat ).

Полска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м. треба да се врзат со ремен соодветен на нивната големина или да седат во посебно седиштето со одобрени дизајн. Ако автомобилот е опремен со воздушни перничиња на предните седишта, забрането е да се постави дете на совозачкото седиште во детско седиште свртено кон назад.

Португалија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м, не им е дозволено да патуваат на предното седиште во автомобил, освен ако не користат посебен безбедносен систем (детско седиште) прилагоден на нивната големина или ако во автомобилот има само предни седишта.

Романија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Русија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Забрането е да се вози дете под 12 години на предното седиште на автомобилот, доколку не постои специјално безбедносно детско седиште.

Србија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 3 години мораат да бидат во детско седиште. Може да биде на предното седиште на автомобилот, свртено кон задниот дел на автомобилот - воздушното перниче мора да се деактивира. Деца од 3 до 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

Словачкa

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години (и лица пониски од 1,50 метри) не е дозволено да патуваат на предните седишта на возила. Детски седишта и безбедносни системи задолжителни за деца по 36 кг.

Словенија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години, пониски од 1,50 метри, во возила регистрирани во Словенија или во странство, мора да користат специјални ремени прилагодени на нивната големина или специјални детски седишта, како во предниот така и во задниот дел од возилото. Детскиот безбедносен систем мора да одговара на ECE стандард 44/03 или 44/04. Во возилата без задни или предни ремени, децата мора да користат задни седишта.Деца под 3 години не можат да патуваат во возила каде нема детско седиште.

Шпанија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години, пониски од 1,35 метри, ако патуваат на предното седиште, мораат да се сместат во безбедносен системот за врзување. Деца над 1,35 метри може да користат ремени за возрасни. Деца под 1,35 м, кои патуваат на задните седишта, исто така, мора да се сместат во безбедносни системи за врзување.

Швeдска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Задолжително е за деца пониски од 1,35 метри да бидат седнати во посебни детски седишта или на посебни седишта кои им овозможуваат да ги користитат нормалните ремени во автомобил. Ова се однесува и на предни и на задни седишта. Возачот мора да се осигури дека децата повисоки од 1,35 метри, но помлади од 15 години користат сигурносен ремен.

Швајцарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 12 години мора да биде во детски седишта кои се во согласност со стандардот ECE R44/03 или понов. Деца повисоки од 1,50 м мораат да користат ремени.

Турција

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години не смеат да патуваат во возило без детско седиште. Доколку патуваат на предно седиште во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да е деактивирано. Деца пониски од 150 см. и до 36 кг. Мораат да се возат на задно седиште во соодветен безбедносен систем. Деца повисоки од 150 см. можат да користат ремени за возрасни но на задното седиште.

Украина

Задолжително за возачот и патникот на предното седиште.

Деца помлади од 12 години и пониски од 1,45 мораат да користа безбедносни системи (детско седиште, ремени...).

Велика Британија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 годишна возраст кои патуваат во предните или задните седишта на возилото мора да се во одобрено (званично) детско седиште. Деца на возраст помеѓу 3 и 12 години или пониски од 1,35 м. кои патуваат на предното седиште на возилото мораат да седат во одобренo детско седиште или да носат ремен. Ако патуваат во задниот дел, мораат да седат во одобренo детско седиште или да носат ремен. 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

JEEP GRANDE CHEROKEE

ГЛАВНИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Н

е е потребно многу да објаснува кој е и што е „џип чироки“. Овој модел многу добро е познат насекаде во светот, така што повторно негово претставување би било само повторување и беспотребно губење време. Сега, во овој миг, најважно е појавувањето на петтата генерација од моделот „чироки, но во подизведбата „гранд чироки“, најголемиот во семејството. Поголем од него е само тој со ознака „л“ (лонг-долг), кој премиерно беше претставен на почетокот на годинава. Современ сув од висока класа, со дизајн речиси ист со тој со ознака „л“, а како не би бил кога се браќа близнаци само што едниот малку повеќе „пораснал“. Пакетите со сериска опрема се фантазија, има за сечиј вкус и за секаква намена, од луксузна внатрешност до употреблива за секојдневна употреба. Секој пакет нуди по некоја посебност, така што купувачите можат да бираат што им е потребно, а истото се однесува и за возните својства на возилото. Некој пакет нуди можности на теренот, а друг, пак, нуди луксуз. Пакетите се именувани како: „лареди“, „алтитјуд“, „лимитид“, „оуверленд“, „теилхок“, „самит“ и „самир ризрв“. И цената е променлива, и тоа за многу, од основната изведба до тие со луксузна опрема. За првпат Џип во „чироки“ вградува хибриден погон. Агрегатот е развиен од страна на Џип,

2,0 литарски, турбобензински со автоматски менувач. Вкупно на располагање се 375 КС и максимален вртежен момент од 637 Nm. Со тој мотор новиот „џип гранд чироки“ може да измине 708 km. Тука е и V8 „хеми“ со 357 КС и 529 Нм вртежен момент или помалиот 3,5 литарски со V6 мотор и 293 КС. Сите три мотори можат да влечат приколка, хибридниот мотор влече приколка со максимална тежина од 2.720 кг, V6 успева да влече крајни 2.812 кг, а V8 влече над три тони, поточно 3.265 кг.

Производителот нуди три пакети на системот 4х4,, „квадра трак I“, „квадра трак II“, „квадра драјв II“. И со воздушно обесените тркала системот „квадра лифт“ може да го подигне или спушти возилото според потребите, а системот за против пролизгување овозможува да изберете едно од петте различни возења: „автоматски“ „спорт“, карпи“, „снег“, „кал – песок“. Продажбата треба да започне догодина ова време. •

FARNOVA OTHELLO

ФАРНОВА И НЕJЗИНИОТ ОТЕЛО

О

д далечната Кина најавија, не супер, туку хипер брз автомобил и доколку плановите се остварат, тогаш Мате Римац ќе треба повторно да ги засука ракавите за враќање на рекордот во негови раце (читај „римац невера“). Кинескиот производител Фарнова деновиве го претстави прототипот „фарнова отело“ купе кое располага со 4.670 должински мм, широко е 2.010, а високо 1.145 мм, додека растојанието меѓу оските изнесува 2.670 мм. Сето тоа е добро, но Фарнова Аутомотив нема никакво искуство во конструирање хипер брзи автомобили, односно нема ни обичен автомобил направено, но затоа компанијата изработува врвни јахти. Сопственикот има желба да влезе и во автомобилската индустрија, затоа што има многу пари, а неговото име е Џуо Џелин. Новоформираната компанија Фарнова Аутомотив соработува со Кианту, производител кој веќе има супер автомобил „к 50“ и велат „отело“ ја користи истата шасија од спомнатиот супер автомобил. Во моментов ниту едниот ниту другиот не произведуваат автомобили, но желбата е голема и наскоро ќе градат заедничка фабрика во Чангде, провинција Хунан. Според Фарнова Аутомотив прототипот „отело“ тежок само 1.350 кг, поседува погонски агрегат (електромотори) способен да го понесе купето до максимални 420 км/ч, односно да забрза од 0 до

8

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

100 км/ч за 1,8 секунди или од 0 до 300 км/ч за 8,5 сек. Сето тоа е овозможено од 1.835 коњски сили и фантастичниот вртежен момент од преголеми 12.000 Нм. Со едно полнење на батеријата купето изминува околу 600 км. Ако се остварат овие бројки тогаш „римац невера“ паѓа на второто место, но да почекаме додека прототипот стаса до сериско производство и неговото ограничено производство од 200 примероци, по цена од скромни 288.000 долари за хипер автомобил.

Фарнова во моментов забрзано работи на лансирање мини автобус на електричен погон дизајниран од некогашен дизајнер во Ламборџини, чие сериско производство треба да започне наредната година истовремено со производството на хипер автомобилот, а за 2023 планира светска премиера на електрична лимузина, сув возило и кросовер. •


НОВОСТИ |

ROLLS ROYCE SPECTRE

И РОЛС РОЈС ВГРАДУВА ЕЛЕКТРОМОТОРИ

О

длуката за правење електричен модел, извршниот директор во компанијата Торстен Милер Отвос ја нарече втора најголема одлука од формирањето на компанијата во 1904 год. кога Ролс и Ројс се договориле заеднички да прават автомобил. Отсега Ролс Ројс нема да се бави со производство на лимузини со погонски единици со внатрешно согорување. Велат до 2030 год. сите нивни модели ќе бидат целосно електрифицирани. Првичните фотографии се малку повеќе маскирани, но барем се официјални. Обликот на возилото потсетува на неговите претходници, така што не очекувајте нешто многу да изменат во дизајнот. Електричната погонската единица е главна и сите очи се вперени во неа, а останатото е само следење на традицијата. „Спектар“, тоа е името на првиот Ролс Ројс на струја. Производителот сакаше само да го извести светот дека тргнува да произведува само електромобили. Ако сте приметиле, Ролс Ројс досега нема претставено хибриден модели и нема ни да претстави. Скоро најавениот електричен модел го именува како „спектар“ и можно е да ја носи истата шасија како „седумката“ од БМВ. За ова мислење од новинарите, засега одговорните од Ролс Ројс, а уште помалку од БМВ, нити потврдуваат нити

ја отфрлаат можноста за таква „рокада“, но затоа го нагласија долгиот период на тестирања на автомобилот. Сето тоа изразено во должинска мерка е еднакво на 2,5 милиони километри, а целта е до најситен детаљ лимузината да биде проверена и потврдена нејзината неуништливост и дури потоа да биде пуштена во продажба. Возењето ќе се одвива на секакви патишта ширум светот, а одговорните за тестирањето имаат задача да ја спроведат сета програма како возилото да е користено за време од 400 години. И потоа се прашуваме зошто

некои автомобили се толку многу скапи – најнапред тестирања и испитувања како автомобилот да бил возен 400 години, а дури потоа оди во продажба откако претходно ќе бидат отстранети сите „фалинки“. Како што изјавуваат од Ролс Ројс, првичното претставување на електричната лимузина пред светската јавност е закажано за крајот од 2023 год. и потоа веднаш ќе биде пуштена во продажба. •

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТЕ ВОЗАТ! ПРИЈАВИ СЕ ЗА ОБУКА ЗА Б КАТЕГОРИЈА!

02/3181-240

www.avtoskolamobiliti.mk 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

PORSCHE ROAD TOUR 2021

ВОЗАЧКА АВАНТУРА СО МОЌНИТЕ МОДЕЛИ НА PORSCHE НИЗ МАКЕДОНИЈА

КАКО ШТО НАЛАГА ТРАДИЦИЈАТА, ТАКА И ОВАА ГОДИНА, ПОВТОРНО ПОД ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ПРЕСТИЖНАТА PORSCHE ROAD TOUR АВАНТУРА. СОСТАВЕНА ОД СИТЕ МОДЕЛИ ВО ПОНУДАТА НА PORSCHE, ТУРАТА ЗАПОЧНА ВО PORSCHE ЦЕНТАРОТ ВО СКОПЈЕ И СЕ УПАТИ КОН ГЕВГЕЛИЈА, СО ПОПАТНИ ЗАСТАНУВАЊА ЗА ПРОМЕНИ НА ВОЗАЧИТЕ ДО КРАЈНАТА ДЕСТИНАЦИЈА КОЈА ОВАА ГОДИНА БЕШЕ ХОТЕЛОТ И КАЗИНО ФЛАМИНГО.

Г

рупата за време на настанот цело време беше составена од двајца сертифицирани инструктори од Porsche и организаторите од Порше Македонија кои секогаш беа достапни за дополнителни информации и инструкции околу возилата кои беа на располагање. Овој пат на „менито“ за гостите беа понудени 12 спортски возила во чиј состав се вбројуваа супер-спортските моделите 911 Turbo S, 911 4S, Cayman S, Boxter S, Macan Turbo, како и целосно електричните Taycan Turbo S и Taycan 4S, но и хибридите Panamera 4S E-hybrid, Panamera Turbo S E-hybrid, и големите спортски SUV - Cayenne Coupè GTS, Cayenne Coupè Turbo и Cayenne GTS. Настанот траеше во период од 4 дена, а гостите имаа исклучителна можност да ги почувствуваат вистинските перформанси на сите модели од понудата на Porsche. Во оваа уникатна прилика, 60-те учесници заедно со претставниците на автомобилските и забавните медиуми беа во можност да ги почуствуваат спортските перформанси, луксузот и комфорот во секојдневната употребливост на возилата од германскиот производител. Секако, супер ѕвезди на Porsche Road Tour 2021 беа новите целосно електрични модели на Porsche Taycan, во варијантите 4S и Turbo S, кои ги импресионираа возачите со електричните перформанси, начинот на возење и импресивниот досег на батеријата. Во оваа прилика, еден од деновите беше целосно посветен на дамите кои секако ја заслужуваат можноста да ги истакнат своите високи способности во возењето

10

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

на спортските автомобили на Porsche. Импресиите од четиридневниот настан во беспрекорна организација јасно го прикажува задоволството на возењето кое го нудат возилата на Porsche, а особено беа докажани кај новиот електричен модел Taycan, кој со попатно дополнување на електрична енергија на станиците за полнење „Porsche Destination Charging“ ја демонстрираше секојдневната употребливост и можноста да се поминат многу километри без компромиси.

• Данчо Здравковски


ПОМОШ НА ПАТ

30% ПОПУСТ НА ЗИМСКИ ГУМИ

Попустот важи само за АМСМ членови во периодот од 01.11-15.12.2021 година

02/3181-133

www.amsm.mk 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Opel Mokka Ultimate 1.2 130 HP AT8

СМЕЛ ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА МОДЕЛОТ OPEL MOKKA ВО СВОЕТО НАЈНОВО ИЗДАНИЕ СТАНУВА КОМПАКТЕН КРОСОВЕР КОЈ СЕГА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ВЛАДЕЕ НИЗ УРБАНИТЕ СРЕДИНИ СО ДИНАМИЧНИОТ СТИЛ, НАЈНОВИ ТЕХНОЛОШКИ СИСТЕМИ И НАПРЕДНА МОТОРИЗАЦИЈА.

12

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

С

ликата за тоа како треба да изгледа еден компактен автомобил полека но со сигурност сè повеќе избледува. Модерното живеење и поимање на трендовите ги брише одамна поставените стандарди и внесува нова доза на стилски решенија во урбаниот сегмент. За тоа се свесни сите автомобилски производители, па затоа индивидуално се обидуваат да понудат што подобра интерпретација на својата визија за урбан кросовер модел. Во овој новонастанат сегмент се приклучува и Opel кој ја подготви новата, втора по ред генерација на моделот Mokka што отсега настапува со драстично изменет имиџ и динамика во движењето.

надворешноста го истакнува новото „Vizor“ лице кое е целосно модерно, но сепак умно се повикува на моделите на Opel од минатото, што особено добро кореспондира со црниот покрив (кај тестираниот примерок) кој на Mokka и додава карактеристичен и оддалеку препознатлив изглед. Спортскиот и динамичен дизајн смело ја истакнува новата филозофија на компанијата што се стреми кон возбудлива иднина во која нема простор за традиционалните сфаќања. Слободно може да кажеме дека во моментов, Mokka е еден од најатрактивните автомобили во компактната кросовер класа.

ИЗРАЗЕН ДИНАМИЧЕН СТАЈЛИНГ При првата средба со новата генерација на Opel Mokka e забележливо дека станува збор за кросовер изведен со многу стилски елементи кои во себе ги носи новиот дизајнерски јазик на германската компанија. Меѓутоа гледано според димензиите, за разлика од претходната генерација сега е пократка за 12.5 см. Дизајнерскиот тим на

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВЛАДЕЕ СО КАБИНАТА Дека инженерите и дизајнерите во Opel работеле рака под рака, доста темелно и прогресивно ни покажува внатрешноста на новата Mokka. Потполно новото опкружување во внатрешноста делува доста поедноставено, модерено и минималистички,

што е во целост со новите трендови во индустријата кога станува збор за кабинското уредување. Пред возачот е поставена дигитална контролна табла што ја следи новата филозофија на Opel наречена „Pure Panel“ која дозволува неколку начини на персонализација што го подига искуството зад воланот на повисоко ниво. Целосното дигитално опкружување продолжува со мултимедијалниот систем сместен на 10 инчен екран кој покрај веќе стандардините функции е опремен со навигација како и поврзување со Apple Car Play и Android Auto оперативните системи. Добро е што командите за климатизација се одвоени од системот, со нив се управува преку физички прекинувачи што го поедноставува сетирањето на температурата во кабината. Новата Mokka е компактно возило, но во однос на сместувањето во внатрешноста делува доста конкурентно за оваа класа на возила, на предниот дел има доволно место и за лица со поголеми габарити, а две возрасни лица ќе патуваат без да се пожалат на достапниот

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН, ТУРБОБЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.199СМ3

МОЌНОСТ:

130 КС При 5.500врт/мин.

МЕНУВАЧ:

8 СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 215/55 R18, ПОЗАДИ 215/55 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.220 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4151 Х 1791 X 1531 ММ

простор за нозете и главата на задните седишта. Багажниот простор е добро организиран и има зафатнина од 350 литри. ПОВЕЌЕ ЗАБАВА ОД ВООБИЧАЕНО Погонската единица ни е добро позната и сме имале можност да ја испробаме во повеќе модели од групацијата, а кај овој мал автомобил одлично се совпаѓа со неговиот надворешен изглед и ја дополнува спортската страна на Mokka. Трицилиндричниот 1.2 литарски бензински турбо мотор создава 130 КС при 5.500 вр/мин. и поседува многу карактер. Како што можете да видите од техничките спецификации, својот максимален вртежен момент го произведува од навистина ниски 1.750 вртежи/минута. Инженерите одговорни за калибрирање на

14

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

осумстепениот автоматски менувач максимално ја искористиле таа карактеристика, дозволувајќи ви да влијаете на возните особини со промена на режимот на возење (Eco, Normal, Sport) во зависност од моменталните потреби. Доколку сакате да бидете максимално инволвирани во процесот, тука е и прекинувачот со ознака „М“ со кој се активира мануелната промена на брзини преку педалите поставени зад управувачот. Бројките велат дека за забрзување до 100 км/ч се потребни 9,2 секунди, додека стрелката на брзиномерот патува до максимални 200 км/ч. Во меѓувреме, потрошувачката на гориво во просек се движи во зоната од 7,5 до 8 литри на секои 100 километри. Благодарение на димензиите и високата позиција природна средина на Mokka е

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

9.2 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5,9 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

200 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

25.900 €

градското опкружување, во кое се снаоѓа „како риба во вода“. Шасијата ве охрабрува да уживате во возењето на овој автомобил, без оглед на каков пат се наоѓате. Подвозјето делува доста цврсто и самоуверено на патишта полни со свијоци, каде прецизно може да се постави во секој момент, од друга страна, својата култивираност ја покажува на долги рути на движење по автопат каде комфорот доаѓа до полн израз. Моделот Opel Mokka е еден од најатрактивните претставници во сегментот кој преку својот спортски стил го нагласува смелото чекорење на компанијата во иднината и како таа ќе изгледа за сите модели кои допрва ќе следат. • Данчо Здравковски


АВТО-МОТО |

Претставуваме BENTLEY CONTINENTAL GT SPEED

НАЈБРЗИОТ СЕРИСКИ BENTLEY СТАНА УШТЕ ПОБРЗ

СО НЕСПОРЕДЛИВА КОМБИНАЦИЈА ОД ПЕРФОРМАНСИ, ДИНАМИКА, КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕ И ЛУКСУЗ, BENTLEY CONTINENTAL GT SPEED ГО ПРЕТСТАВУВА САМИОТ ВРВ НА КОНЦЕПТОТ ЗА ГРАНТУРИСМО, НОСЕЈЌИ ГИ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗЕЊЕ И АГИЛНОСТА НА ПОВИСОКО НИВО.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Р

ачно изработен да перфекција, со нови и уникатни дизајнерски елементи, биковски моќен W12, и максимална брзина од 331 km/h новиот Continental GT Speed е најбрзиот сериски модел на Bentley на сите времиња. Ова се редови од претставувањето на претходната генерација на Bentley Continental GT Speed и секако во целост важат и за новиот модел. Со таа разлика што, сето ова, новакот го прави уште повештo. Изданок е од новата генерација на Bentley Continental GT, модел кој е олицетворение на луксуз споен со високи перформанси, и со 335 km/h максимална брзина го презема од претходникот епитетот: „Најбрзиот сериски Bentley на сите времиња”. Епитет кој се носи со гордост, уште повеќе ако се земе предвид тркачката историја на Bentley, кој како марка своето име го прослави токму на тркачките патеки и на трките на издржливост во 1920те години. Оттука почнува успешната приказна на единствената марка која има терк за совршено спојување на луксузот со високите перформанси. W12 – ЕКСКЛУЗИВА МЕЃУ МОТОРИТЕ Секако приказната за најбрзиот сериски Bentley на сите времиња почнува од моторот. Оваа масивна енергана со 12 цилиндри распоредени во форма на латиничната буква W, кои дишат преку вкупно 48 вентили со променлива фаза на отворање зависно од оптоварувањето, е способна да истурка бесни 659 КС при 6.000 min-1. Или 24 КС повеќе од претходното издание.Иако, зафатнината е за нијанса помала, односно од 5.998 кубни центиметри паднала на 5.950 „кубици”. Сето ова е плод на внимателно подобрување на моторот кој со специфичниот распоред на цилиндрите во три реда по четири претставува своевидна ексклузива. Полнењето се одвива преку два турбо полначи кои се виновни за масивниот вртежен момент од 900 Nm или 60 Nm повеќе од претходникот. Максималниот вртежен момент му стои на располагање на возачот меѓу 1.350 и 4.500 min1 и овозможува континуираност при повлекувањето.Така возачот не чувствува задршка дури и кога отсечно и

16

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

силно ќе притисне на педалот за гас. Оваа грандиозна моќ која се одлева од шест литарскиот W12 е способна да си поигрува со 2,5 тони тешкиот колос туркајќи го до максимална брзина од 335 km/h. Подеднакво импресивно е и забрзувањето кое од место до 100 km/h се случува во само 3,6 секунди. Иако штедењето е тешко да се поврзе со овој голтач на октани кому во реални услови му се потребни околу 20 литри на секои 100 km, сепак во Bentley се погрижиле да одат во чекор со екологијата. Во одредени услови при возење се гаснат половина од цилиндрите па така овој W12 вози како „шестак”, додека во град покрај системот Stop-Start моторот се гаси дури и пред автомобилот целосно да сопре.

ЧИСТОКРВЕН СПОРТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ Напредната шасија која почива на сосема нова технологија развиена токму за него му овозможува на Continental GT Speed да го искаже во целост својот спортски потенцијал. Управувањето на четири тркала во комбинација со динамичката контрола на потпирањето и електронскиот самозаклучувачки диференцијал му овозможуваат да достигне ниво на агилност како кај чистокрвен тркач. Клучната технологија на која се потпираат сите системи е динамичката контрола на потпирањето. Станува збор за воздушно потпирање со три комори и адаптибилни амортизери кои се врзани со 48 волтен активен систем на стабилизатори. Овој иновативен систем користи моќни електромотори кај стабилизаторите


АВТО-МОТО |

на предна и на задна оска. Наместени во најтврдиот сетап моторите испорачуваат 1.300 Nm и се активираат во 0,3 секунди, и делуваат како против тег на силите кои се јавуваат во свијок спречувајќи го навалувањето на каросеријата. Како дополна доаѓа управувањето на четири тркала. При мали брзини ги свртува задните тркала спротивно од предните што доведува до брза промена на правецот. Така значително се зголемува чувството на пргавост, а управувањето делува поостро, со помало свртување на волан. При високи брзини задните тркала се свртуваат во линија со предните со што се подобрува стабилноста. Најновата генерација на електронски самозаклучувачки диференцијал е вградена во задната оска на Continental GT Speed. Во комбинација со погонот на четири тркала со варијабилна распределба на вртежниот момент обезбедува високо ниво на тракција и ја подобрува динамиката, а посебно одзивот на автомобилот при фрлање во свијок, односно неговата желбата за остро менување на правецот. При нормално возење кон предната оска се испраќаат до 36% од вртежниот момент со цел да се обезбеди поголема стабилност во различни услови. Кога системот ќе почуствува дека автомобилот оди во надуправување испраќа до 400 Nm вртежен момент кон предната оска со цел да го избалансира и спречи ова, во редовен сообраќај опасно дејствие. Во спортски модус кон предната оска се испраќаат само 28% од вртежниот момент со цел да се задржи чувството на прилепување на предните тркала, а воедно да се дозволи подинамично чувство зад волан кое го дозволува погонот на задни тркала.

10 мегаџули енергија кои се претвораат во топлина. Затоа GT Speed носи вентилирачки дискови од карбон-силикон-карбид од 440 mm кои ги зафаќаат сопирачки клешти со 10 клипа напред, и 4 клипа назад. Колкава е нивната отпорност на прегревање говори тестот за 10 едно по друго силни сопирања од 130 km/h до застанување. После десетиот обид патот на сопирање се продолжил за само 1,1 m. Овие дискови воедно заштедуваат 33 kg тежина во однос на вообичаените и произведуваат многу малку прашина со што се зачувува чистиот лик на уникатните бандажи од 22 инчи наречени Speed. НАСТАП КОЈ ЈА ОТКРИВА НАМЕРАТА Мускулестото тело на Continental GT кај GT Speed е дополнително нагласено колку да се открие намерата што се сокрива под оваа скулптура на четири тркала, а без да се нарушат хармонијата и елеганцијата тесно врзани за настапот на Continental GT. Затоа GT Speed добива црна маска со која делува застрашувачки и црни лајсни под браникот и праговите, и околу автомобилот. Одзади го красат двојни издувни елипси наместо по една како кај обичниот GT.

Внатре останува благородното доживување кое го овозможува само рачно изработениот ентериер од врвни материјали. Continental GT Speed само ја потврдува експертизата на Bentley во создавање на едни од најблагородните ентериери во автомобилската индустрија. Рачно изработените материјали совршено се вклопуваат со уникатниот фурнир и ознаки достапни само за GT Speed. Секако можноста за персонализација останува. Спојот на рачно штавена кожа со алкантара со која е поставен и воланот, и фурнирот во Пијано црн финиш му дозволува на ентериерот да зрачи со спортски луксуз. Оставен е избор за 15 основни и 11 дополнителни бои на кожа, и уште 6 различни финиши на фурнир за арматурата во која совршено се вклопува уникатниот ротирачки екран на Bentley. Создавањето на еден инженерски супериорен модел е дел од традицијата на Bentley. Приказната за GT Speed влече корени од моделот Speed од 1923 година со кого Bentley стана поим за издржливост, долговечност, луксуз и спортски перформанси. • Љубомир Анастасовски

НАЈГОЛЕМИОТ СОПИРАЧКИ АПАРАТ НА СВЕТОТ Како столб на безбедноста стои најголемиот сопирачки апарат на светот кој некогаш бил вграден во еден сериски автомобил. Не препуштајќи ништо на случај во Bentley одлучиле Continental GT Speed сериски да го опремуваат со керамички дискови способни да издржат високи температури без да ги изгубат својствата и чувството на цврстина на педалот за гас бидејќи пресметале дека при сопирање од максимална брзина до целосно застанување се генерираат дури

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

Lamborghini Countach LPI Amborgh 800-4

ИКОНАТА НА СУПЕРАВТОМОБИЛ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА МОДЕРНАТА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА LAMBORGHINI COUNTACH, ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ НА ИДЕЈАТА ЗА СУПЕР СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ КОЈА КАКО ТАКВА ЈА ПРЕПОЗНАВАМЕ ДЕНЕС, ЈА СЛАВИ 50 ГОДИШНИНАТА ОТКАКО ОРИГИНАЛОТ ГО ВЧУДОНЕВИДИ СВЕТОТ ВО ДАЛЕЧНАТА 1971 ГОДИНА.

В

изионерски и футуристички, со лимитирана серија од 112 примероци, со модерна интерпретација на револуционерниот дизајн на оригиналот и наполнет со технологија од 21-от век доаѓа Lamborghini Countach LPI 800-4. Неговата намера не е да фрли сенка врз основоположникот на модерниот супер спортски автомобил. Напротив. Тој е тука да го слави неговото име и влијанието врз автомобилската историја како ниту еден автомобил досега. Токму заради неговото значење да се вратиме малку на историјата.

18

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Оригиналниот Countach се појави на светската сцена на салонот во Женева во далечната 1971 година. Го вчудоневиди светот со футуристички дизајн дело на легендарниот дизајнер Марчело Гандини. Неговите смели потези во тоа време ги прекршија сите дизајнерски правила надминувајќи ги ограничувањата на здравиот разум и создадоа икона која беше апсолутен автомобил на соништата за неколку генерации. Па дури и денес. Неговото влијание не беше ограничено само врз автомобилската индустрија туку и врз сите сфери на живеењето. Не е тајна дека красеше стотици милиони постери и плакати кои завршуваа на ѕидовите од собите на момчињата, па и на девојчињата. Врз него брзаа да се фотографираат најславните фотомодели. Беше мечта за младите поколенија дури и години по престанокот на производството во 1990 година. И денес многумина сметаат дека Countach е најголемото Lamborghini во историјата на марката. Името Countach, без оглед на традицијата на Lamborghini да ги именува своите модели по славни имиња на бикови докажани во корида, доаѓа од Пиемонтскиот дијалект и не постои во ниту еден речник, ниту, пак, во литературата. Се изговора „Кунташ” и буквално означува чума или зараза, но меѓу населението најчесто се користи да се изрази нешто величествено, естетски

возвишено. Гандини дури во едно скорешно интервју конечно откри како е дојдено до името Countach - Кунташ. „Во ателјето Bertone имаше еден мајстор којшто ги изработуваше бравите. Беше висок два метри, имаше гигантски раце и зборуваше само на пиемонтски дијалект и секој втор збор му беше „Кунташ!”. Една ноќ додека брзавме да го довршиме моделот, дофрлив на шега, а да му дадеме име Countach. И додека јас се шегував инженерот Боб Волс којшто работеше на механиката дигна глава и кажа: ‚на некој чуден начин имево функционира‘. Веднаш смисливме впечатлив фонт и името остана,” ја раскажува историјата Гандини. КРШИ ПРАВИЛА ИСТО КАКО ПРЕТХОДНИКОТ Модерниот Countach LPI 800-4 е визионерски автомобил исто како и оригиналот. Фрла поглед во иднината и ја претставува филозофијата на Lamborghini да ги поместува границите достигнувајќи ги неочекуваното и извонредното, и најважното, да се биде дел од соништата. Countach LPI 800-4 не е ретроспектива туку замисла како иконата од 1970-те и 1980-те би еволуирала во елитен супер спортски автомобил од оваа декада. Инспирацијата доаѓа како од првичната изведба на оригиналот LP 400, така


АВТО-МОТО |

и од подоцнежните модернизации LP 500 и јубилејната 5000 Quattrovalvole. Сепак, сè е прилагодено на современите барања за врвна аеродинамика. Нешто кое за волја на вистината оригиналот не го поседуваше бидејќи никогаш не влезе во воздушен тунел. Врската со оригиналот се гледа по тенката правоаголна маска, правоаголните светла, и шестоаголната тема на арките. Препознатливи се и шкргите на страничните отвори за воздух и темата на задникот во која се вооквирени светлата. А круна на задникот, како и кај оригиналот, се четирите издувни цевки кои штрчат од масивниот дифузор како топови спремни за канонада. Влегувањето во кабината е преку прославените врати-ножици кои се отвораат нагоре а ги воведе Countach и станаа препознатлив знак за секое Lamborghini V12. Нема двојби дека дури и од оддалеку оригиналот се препознава во линиите на Countach LPI 800-4 кој подеднакво ги крши правилата. ТЕХНОЛОШКО НАСЛЕДСТВО ЗА НОВА ЕРА Нема двојби дека технолошки Countach беше револуционерен како и во дизајнот. Прославениот V12 поставен централно и надолжно во просторна шасија од цевки со ладилници од страна како во Формула 1 и кабина сместена ниско напред покажа револуционерен пристап во конструкција на спортски автомобили. Терк кој се следи и денес заради добар баланс и врвни перформанси. Оваа визионерска филозофија се рефлектира и кај новиот Countach LPI 8004, кој ги користи во моментот најдобрите технологии на Lamborghini за да оствари перформанси кои се очекуваат од Countach во 21-от век. Шасијата монокок и каросеријата се комплетно изработени од карбонски влакна, а внатре е поставен биковски моќниот 6.5 литарски V12 спарен со благата-хибридна технологија на Lamborghini која е единствената што создава директна врска меѓу тркалата и електричниот мотор, и дозволува да се сочува чистото доживување на испораката на моќност на атмосферскиот V12. 48 волтниот електромотор поставен е директно на менувачот и обезбедува дополнителни 34 КС за моментален одзив и зголемени перформанси. Се напојува од суперкондензатор кој дава три пати по-

веќе моќност од литиум-јонска батерија со иста тежина. V12 е навиен на 780 КС при 8.500 min-1, а максимумот е ограничен на 8.700 min-1. Вртежниот момент од 720 Nm се остварува на 6.750 min-1, а се испраќа кон сите четири тркала преку седум степен менувач со две спојки и систем Haldex од четврта генерација. Сето ова е доволно за спринт од место до 100 km/h за 2,8 секунди, до 200 km/h за 8,6 секунди и максимум од 355 km/h. За обратен циклус се грижат карбон-керамички дискови од 400х38 mm напред со шест клипни клешти, и 380х38 mm со четири клипни клешти. Со нив на Countach LPI 800-4 од 100 km/h до целосно застанување му требаат едвај 30 метри. Нив ги сокриваат бандажи од лесен метал стилизирани како телефонски бројчаник од 1980-те од 20 инчи напред и 21 инч назад. Тие се обуени во новата генерација на гуми Pirelli P Zero Corsa со димензии 255/30 ZR20 напред и 355/25 ZR21 назад. Управувањето е на четири тркала со 3 различни каракте-

ристики на системот сервотроник и променлив сооднос кои се избираат и менуваат по желба на возачот. Ова парче автомобилска историја реинтерпретирана за иднината ќе биде произведена во ограничена серија од 112 примероци. Бројот одговара со кодното име на проектот „LP112” добиено во текот на развојот. Опциите во поглед на боите и внатрешното уредување остануваат многубројни, а од желбите на клиентот ќе зависи и цената. Експонатот прикажан на фотографиите е лакиран во боја Bianco Siderale со блага нијанса на бисерна сина боја. Истата со која бил лакиран и личниот Countach LP 400 S на Феручо Ламборгини и со внатрешност во црвена кожа. Сите оние што ќе сакаат да го поседуваат ова современо парче автомобилска историја ќе мораат да издвојат меѓу 2,5 и 3 милиони евра зависно од афинитетите. • Љубомир Анастасовски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АВТО-МОТО

Салон за автомобили МИНХЕН МОБИЛИТИ 2021

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНИТЕ ВОЗИЛА СЕ ВО МОДА МИНХЕН ЗА ПРВПАТ Е ОРГАНИЗАТОР НА ЕДНА СВЕТСКА АВТОМОБИЛСКА МАНИФЕСТАЦИЈА, НО НЕ ВО ДОБРО ВРЕМЕ. МНОГУ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ГО ОТКАЖАА СВОЕТО ПРИСУСТВО, А ОРГАНИЗАТОРОТ ПОКРАЈ АВТОМОБИЛИТЕ ИЗЛОЖУВАШЕ ТРОТИНЕТИ, ВЕЛОСИПЕДИ, СКУТЕРИ, МОТОЦИКЛИ И РАЗНИ ДРУГИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН, НО И ТРАМВАИ, ОДНОСНО СÈ ШТО Е НА ТРКАЛА.

20

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

К

ако и сите други индустрии така и автомобилската беше и е сè уште во некакви стеги поради случувањата со вирусот. Поради состојбата со светското лудило речиси две години нема вистинска саемска манифестација. Лошо е кога човек ќе се научи на убаво и кога тоа ќе го снема, потоа се друго му изгледа многу празно. Женевскиот саем за автомобили како еден од најдобрите на планетава, ако не и најдобар, две години по ред никаде го нема, а истото се случува и со манифестацијата во Париз, во Детроит и останатите во светот. Сепак има една реткост, а таа е нормализацијата на нештата околу саемските манифестации на Далечниот Исток. Таму како работите да се враќаат во колосек и изложбите на автомобили си течат во најдобар ред, но ќе видиме дали и до кога ќе биде така. Деценијата која е зад нас, но и на почетокот од оваа, на сцената доминираа електромобилите. Светот сè повеќе се врти кон електрификација на сите видови возила, не само на патничките и стопанските. Но очигледно е натпреварувањето на секој производител да направи што е можно повеќе електромобили, да постигне бројка и истовремено ја нагласува потребата од целосна електрификација на гамата. Од сета таа трка по

електрификацијата, изгледа како тоа да се прави на сила, како да мора што побрзо да се мине на електромотори и батерии. Саемската манифестација одржана во Минхен од 6 до 12 септември не донесе којзнае какви новости. Повеќе од половина производители не учествуваа на изложбата како на пример: Тојота, сите марки на Стелантис, потоа Ферари, Волво, Џенерал Моторс. Највпечатлив настап имаа домашните производители: Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген, тие ја држеа публиката на нозе заедно со скромното учество на Рено, Порше, Дачија, Хјундаи, Смарт и Купра, заедно со уште неколку кинески марки. Познато му било на организаторот дека годинава нема да присуствуваат поголем број марки и затоа манифестацијата ја прошири на сè што е на тркала, велосипеди, тротинети, разни превозни средства, дури и трамваи. Да, има од сè по нешто затоа што електрификацијата влезе во секоја пора од превозот: и велосипеди, и скутери, и мотоцикли и што уште нè, сè е погонувано од електромотори, а и леталата добија електромотори. Погледнете ја последната конференција за печат на Хонда која најавува освојување на воздушниот простор со разновидни летала, а меѓу нив и ракети и


АВТО-МОТО |

месечеви електромобили. Автомобилската индустрија некако се опоравува и застанува на нозе. Многу производители се жалеа на новонастанатата ситуација, но погледнете ја германската автомобилската индустрија, таа работи на случајот и не посветува многу внимание што се случува во светот. Таквиот начин на организирање на производството доведе до позитивни бројки и секако профит. По којзнае кој пат германската автомобилска индустрија покажа како треба да се работи. Рено ја прикажа електрифицираната изведба на моделот „меган“, Дачија беше мошне забележителна со моделот „џогер“, практично возило, наменско, рационално скроено по мерка на тие што имаат потреба од вакво со висока употреблива вредност. Микролин го претстави своето мало градско возило, да, погодувате, електрифицирано е, има многу сличности со малото возило од БМВ наречено „изета“. Покрај нив беше изложен и електричен концепт „и.д. 2“, идниот адут на Фолксваген. Велат ќе биде евтин и ќе чини околу 20.000 евра, но дизајнот не е од тие оригиналните, има многу примеси од „фиат 126 п“, од „фиат ритмо“ и примеси од дизајнот на „обновениот „фиат 126 п“ створен од едно полско студио. Малку чудна дизајнерска состојба за Фолксваген, несвојствена за еден од водечките во светската автомобилска индустрија. Квартетот Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген го имаше главниот збор на саемот во отсуство на поголем број производители, а две од шесте сали на минхенското изложбено здание, им беа отстапени на велосипедите – замислете две цели хали. Не е тоа тоа што светот го очекуваше од една манифестација која е една од петте најважни и најголеми во светот. Откажување во Женева, истото се случи и со Детроит кој сега е префрлен од јануари во јуни. Сега си го поставуваме прашањето дали саемските манифестации од овој тип се веќе минато? Кој е следниот чекор на автомобилската индустрија која до вчера не можеше да дише без големите саемски хали и рефлекторите, а денес работите добиваат друга димензија. Што ќе сторат производителите, дали ќе одат кон виртуелна светска премиера следена преку ултра современа технологија наречена холограм? Ако во овој светски метеж се изгуби саемската гужва, трчањето од една на друга

премиера за да не се пропушти нешто од тој своевиден гламур, тогаш ќе се изгуби и смислата за одржување саемски манифестации. Ваквите прогнози се оправдани затоа што на последните 10 или 15 големи големи автомобилски средби имаше уште поголеми откажување на присуството на многу производители. Следна манифестација треба да се одржи на крајот од октомври, поточно од 20 до 31 во земјата на изгрејсонцето, во нејзиниот главен град Токио. Ова е прво откажување

на манифестацијата во Токио и според зборовите на главниот во одделот за организација А. Тојода, изложбата ќе се одржи во 2022 или 2023 година. Иако ова е уште едно големо откажување, сепак организаторот не размислувал досега за виртуелна саемеска манифестација. Времето ќе покаже во кој правец ќе се движи големата саемска петорка, а заедно со неа и останатите изложби во светот. • Жарко Атанасоски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АМСМ

ИНФОРМИРАЈТЕ С НАПРАВЕТЕ БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО Една од низата поволности кои ги добивате како наши членови е и бесплатната зимска проверка на возило, која вклучува бесплатни сервисни услуги за подготовка на возилото за новата зимска сезона: •Проверка на антифриз во системот за ладење • Проверка на сопирачки и глицерин •Проверка на акумулатор •Проверка на предница и возна постројка • Проверка на амортизери •Проверка на осветлување Притоа, со специјалните попусти кои ги добивате како наши членови, имате можност дополнително да заштедите: - 30% попуст на нови гуми и вулканизерски услуги, во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) - До 10% попуст на резервни делови и - 20% попуст на работна рака. Бесплатната зимска проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) и во Велес, во периодот од 01.11-15.12.2021 година, само со претходно закажување. Закажете навреме бесплатна зимска проверка на возило и патувајте БЕЗГРИЖНО и оваа зима. èè 02/3181-181

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ НА ЗИМСКИ ГУМИ Покажете ја вашата членска картичка и не ја пропуштајте можноста да заштедите. Искористете го попустот од 30% за нови гуми и вулканизерски услуги кој го добивате како АМСМ членови за следниве услуги: • Монтажа и демонтажа на пневматици • Балансирање на пневматици • Промена на позиција на пневматици на возилото • Стругање на фелна • Лепење на надворешна тубалес гума со чеп/со лепенка печурка • Замена на тубалес вентил –гумен/гумен со украсна капа Попустот на вулканизерски услуги можете да го искористите само во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар). Акцијата трае од 01.11-15.12.2021 година, а можете да ја користите само со претходно закажување. 02/3181-181

22

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

СЕ И ЗАШТЕДЕТЕ! ОТСЕГА СО СВОЈА СТАНИЦА И ВО КИЧЕВО По превземањето на авто-мото друштвото „Контролори“-Кичево, од октомври, АМСМ со сопствена станица за технички преглед, покрај во Скопје и во Велес, е присутен и во Кичево. Во рамките на АМСМ-Кичево, достапни се следните услуги: • Технички преглед на возила • Осигурителни полиси од сите осигурителни компании • Членски картички за физички и правни лица • Меѓународни документи • 24/7 помош на пат и шлепување Гарантирајќи висок квалитет на услугите и професионалност во работењето, искрено се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите членови и корисници и во Кичево.

ПАТОТ Е-ВОЛУИРАШЕ, СПОДЕЛЕТЕ ГО БЕЗБЕДНО – КАМПАЊА НА FIA REGION I На 16 септември, АМСМ како дел од FIA Region I, промовираше кампања за безбедност на патиштата, посветена на личните уреди за мобилност (ПМД), одбележувајќи ја на тој начин Европската недела на мобилност (16-22 септември). Кампањата „Патот Е-волуираше, сподели го безбедно“ имаше цел да ја подигне свеста за различните групи на корисници на патот и да ја истакне важноста и нужноста за безбедно споделување на патиштата. Личните уреди за мобилност, меѓу кои електрични скутери, електрични велосипеди, тротинети и слични уреди за мобилност, се здобија со популарност во последниве години. Меѓутоа, учесниците во сообраќајот не се секогаш свесни за сообраќајните прописи или ризици што можат да доведат до небезбедни ситуации или сообраќајни незгоди. Безбедно споделување на патот подразбира почитување на сообраќајните прописи и свесност за различните корисници на патиштата. „Новите уреди за лична мобилност ја надополнуваат и збогатуваат понудата за транспорт, истовремено придонесуваат за поголема мултимодалност. Поголемата варијација во видовите на возила и уреди на патиштата, не треба да носи поголем ризик. Сите ние мора да се осигураме дека оваа поголема разновидност нема да ја намали безбедноста на патиштата. Ова нема да биде случај ако сите се залагаме и безбедно го споделуваме патот “ - изјави Лаурина Крид, генерален директор на FIA Region 1.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

АМСМ повторно дел од Виз Ер Скопски маратон

ПО ДЕЛАТА ОСТАНУВ

Александар Миновски

Ниту Ковид-19, ниту строгите протоколи не нè спречија и Ер Скопскиот маратон. Овогодишниот АМСМ тим броеш километри, и 2 учесници на полумара Учеството на Виз Ер Скопскиот маратон, вработените оддаваат чест, на својот трагично загинат колега Алекса страстен вљубеник во пл Сеќавањето на Александар, како колега и пријател, но како што само вистинскиот лидер може, и овој пат успе дека по делата останув 24

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ВАМЕ ЗАПАМЕТЕНИ

и оваа година, трета по ред, да бидеме дел од Виз ше 46 учесници од кои 44 учесници на трката на 5 атонската трка од 21 километар. е од АМСМ му го посветуваат, и на тој начин му андар Миновски, редовен учесник на маратонот и ланинарскиот спорт. и како некој кој постојано нè инспирира на начин еа да нè собере и сплоти, докажувајќи уште еднаш ваме запаметени. 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

• Ме интересира која е процедурата за регистрација на ново моторно возило (мотор) од 125сс купено во Македонија? АМСМ: За регистрација на ново моторно возило кое е во сопственост на физичко лице потребни се следниве документи: - фактура за возилото (од салонот) - царинска декларација (од салонот) - хомологација (од салонот) - лична карта на сопственикот на возилото Доколку сопственик на возилото е правно лице дополнително се потребни следниве документи: - решение од централен регистер со тековна состојба (не постаро од шест месеци од тековната година) оригинал и копија - полномошно од компанијата за лицето кое ќе доаѓа во име на фирмата да врши регистрација со лична карта (полномош-

• Дали мојот син може со 17 години да започне обука во вашата автошкола?

но се приложува без разлика дали ќе доаѓа лично управителот или, пак, некој вработен Возилото треба да се донесе на технички преглед за да се види дали документите соодвествуваат со фактичката состојба. Работно време на станицата за технички преглед: - од понеделник до петок од 07:00 до 19:00ч - сабота од 08:00 до 13:00

АМСМ: Целата постапка околу обуката во Aвто школа Мобилити може да започне со 17,5 години додека полагањето на испитите мора да биде на 18 години. За да започне кандидатот со обука на 17,5 години задолжително мора да има лична карта и согласност од двајцата родители заверена на нотар. • Со кои возила располага автошколата во АМСМ? Ме интересира дали има голф (бидејки нашето домашно возило е Golf 5? АМСМ: Во Авто школа Мобилити располагаме со Mazda 2, WW UP, Skoda Fabia (која е слична на Golf 5).

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

26

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

28

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

CLASSIC

EUROPE PREMIUM

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

ЗИМСКА ПОДГОТОВКА НА АВТОМОБИЛОТ ЕСЕНТА Е ПОСЕБНО ГОДИШНО ВРЕМЕ ВО КОЕ УСЛОВИТЕ НА ПАТОТ ПОРАДИ ДОЖД, МАГЛА, МРАЗ, ПА ДУРИ И СНЕГ ЗНААТ ДА СЕ МЕНУВААТ ОД ЧАС ВО ЧАС. ВО ТАКВИ ПРИЛИКИ, ТРЕБА КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ УПРАВУВА СО ВОЗИЛОТО, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ И ДА СЕ ПРИЛАГОДИ БРЗИНАТА КОН ДАДЕНИТЕ УСЛОВИ НА ПАТ ЗА БЕЗБЕДНО ДА СТИГНЕТЕ ДО САКАНАТА ДЕСТИНАЦИЈА.

К

олку и да не сакаме студениот период од годината е пред нас. Секоја година се подготвуваме да се одбраниме од ниските температури, но истата подготовка мора да биде направена и кај автомобилите. Време е за средување на основните нешта, а за деталите нека се погрижат сервисите. Додека временските услови дозволуваат најдобро ќе биде автомобилот да биде детално, целосно исчистен, однадвор и внатре. Откако ќе завршите со чистењето,

30

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

„завршниот удар“ направете го со некој шампон што во себе содржи квалитетен восок кој ќе служи како заштита. Потоа следи проверка на основните функции на автомобилот, сопирачките, уредот за управување, преглед на подвозјето, центрирање на тркалата, да се види во каква состојба е батеријата и тестирање на моторот. Додека е време подгответе ги зимските пневматици и нема воопшто да биде лошо ако ги проверите и синџирите, по можност добро е истите да научите да ги ставате и вадите. Додека температурите се умерени, добро е да повежбате „на суво“, ставање и вадење синџири. Подобро сега да научите, отколку во пола метар снег и на минусни температури. Батеријата, односно контактите зачистете ги, а потоа поминете ги малку со ситна шмиргла. Така исчистени испрскајте ги со контакт спреј или некое слично средство. Вратете ги клемите и внимавајте навртките да бидат добро стегнати, да не бидат лабави, но не и престегнати. Пневматиците кај автомобилите се исто што и обувките кај луѓето. Од 15 ноември задолжително е носење зимски пневматици или синџири, а најдобро е да ги имате и

двете. Би било полезно зимските пневматици, доколку ги имате, уште отсега да ги подготвите за ставање. Последно што треба да направите е прописно да ги напумпате пневматиците, како што напишал производителот. Најчесто производителот става лепенка на вратите на која се испишани вредностите како да бидат пневматиците напумпани кога автомобилот не е оптеретен и кога е оптеретен. Следете го упатството и сè ќе биде во ред.


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

Во деновите со ниски температури бравите можат да замрзнат. „Лек“ за оваа состојба е „вд 40“ во бравите и проблемот сте го решиле за цела зима. Нешто слично може да се случи со гумите на вратите, можат да замрзнат и да се залепат за металните површини. Ова најчесто се случува по миењето на автомобилот при ниски температури. Потребно е убаво да се исчистат гумите и површините каде допираат, а потоа само гумите да ги поминете со сунгерче натопено со малку глицерин, не глицерин за сопирачи, туку медицински глицерин, кој може да го набавите во сите аптеки. И за крај ви препорачуваме ветробранското стакло, но и сите други, да биде секогаш беспрекорно чисто, бидејќи видливоста е од пресудно значење за безбедно возење и патување. Се надеваме овие совети ќе ви бидат од голема помош при подготовката на автомобилот за зимскиов период и не заборавајте, не тргнувајте на пат ако не сте добро одморени, наспани и најадени. Не пијте ако имате намера, односно сте паланирале да возите. • Жарко Атанасоски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


ГАСТРОНОМИЈА

БАРБАКАН БУРГЕР Состојки • Бургер лепче • Домашно спремено бургер месо (чисто телешко) • Домат 10гр • Кромид 10гр • BBQ сос 15мл • Марула 1 лист • Јајце 1 ком. • Чедар кашкавал 20гр • Сланина 20гр • Кану компир 100гр • Црвен и жолт сос

Подготовка:

Плескавицата најпрвин се пече, но не премногу, да биде средно печена. Веднаш врз неа се става чедарот да се растопи, а во исто време сланината ја прпоржуваме и јајцето на око го ставаме да се испржи. Откако ја имаме оваа припрема започнуваме со склопување на бургерот. На долното лепче ставаме марула, кромид и домат, ја додаваме плескавицата со растопениот чедар па сланината, па јајцето и на крај преливаме со BBQ сосот. ВИ ПОСАКУВАМЕ ДОБАР АПЕТИТ!

32

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| СТИЛ

Кулинарство

КУЛИНАРИТЕ И ХЕДОНИСТИТЕ, ВООПШТО, СЕ ОБОЖАВАТЕЛИ НА ДОБРО ПРИГОТВЕНА И СЕРВИРАНА ХРАНА, ПА ЗАТОА И УЖИВААТ ВО БРАНЧОТ, КОЈ СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО ДВЕТЕ СВОЈСТВА, ОСОБИНИ, А СЕ ПОСЛУЖУВА МЕЃУ 11:00 И 14:00. ВСУШНОСТ, БРАНЧОТ Е ОБРОК ШТО НА СВОЕВИДЕН НАЧИН ГИ СОЕДИНУВА ПОЈАДОКОТ И РУЧЕКОТ, НАДОПОЛНЕТ СО ШАМПАЊ ИЛИ КОКТЕЛ.

П

оследните неколку години, бранчот е актуелен и тука. Обично се послужува во некои ресторани, хотели, но бројот е мал во споредба со угостителските објекти во земјите од соседството и на Запад, вклучително и САД и така натаму. Повеќе се зборува отколку што се практикува. Едноставно луѓето не се навикнати да јадат меѓу 11:00 и 14:00, без оглед на причината, понудата и слично. На пример, кога патуваат во странство, знаат да му се препуштат бидејќи голем број ресторани, хотели го имаат во менито т.е. утврдениот избор на јадењата кои се послужуваат за време на оброкот меѓу појадокот и ручекот, а претставуваат комбинација на едниот и другиот. Таму е задолжителен, дел од секојдневието и покрај тоа што бранчот се дефинира како вид оброк за викендите, сабота или недела, особено за последниот ден од седмицата бидејќи тогаш луѓето се послободни, опуштени, а бранчот е, всушност, измислен за уживање, без напнатост, брзање, што често се случува во делниците. Луѓето едноставно треба да уживаат во јадењето, да ги вклучат сетилата, да му се посветат целосно, мислите да им бидат

34

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

БРАНЧ - ДВЕ ВО ЕДНО, И ПОЈАДОК И РУЧЕК насочени кон храната, не кон работата, проблемите и слично, и да јадат во мир, спокојно, а не механички, без посветеност, за да се прејадат. Кога се работи за бранчот, интересно е да се напомене дека зборот, изразот, е туѓ, странски, транскрибиран (оригинално: brunch), кованица од зборовите breakfast (појадок) и lunch (ручек). Нема многу информации за неговото минато, историјата, но сепак, неоспорен факт е дека се појавил во Англија на крајот од деветнаесеттиот век, додека во САД почнал да се практикува во 1930-те. Во додатокот на Oxford English Dictionary од 1896 година, кој се чува и денес, има цитат од магазинот Punch каде што пишувало дека бранчот е измислен во Британија, 1895-та, и претставува неделен оброк, соодветен за луѓето кои лумпувале по кафеаните во сабота навечер. Автор на текстот е Guy Beringer, кој застанал во негова одбрана. Всушност, така е и насловен - Brunch: A Plea, објавен во Hunter’s Weekly. Новинарот предложил нов оброк, јадење што ќе се послужува околу пладне и ќе започне со чај или кафе, мармалад и друго, својствено за појадокот, а ќе продолжи со нешто потешко, кое заситува, како на пр. месо и така натаму, што вообичано се јаде попладне, за ручек. Притоа ќе нема потреба од рано станување во последниот ден

од седмицата, истакнувајќи дека бранчот ќе им го разубави животот на саботните лумпувачи, т.е. нивната среќа ќе биде поголема. Во текстот, исто така, пишува дека бранчот поттикнува на разговор, муабет, ја зголемува животната енергија, темпераментот, луѓето ги прави задоволни од себеси, од блиските, ги брише грижите и делничките „пајажини“. Некогаш бранчот му се припишува и на репортерот Frank Ward O’Malley, како негов пронаоѓач, кој пишувал во њујоршкиот таблоид The Sun од 1906 до 1919 година, поради навиката да јаде во средината на денот. Во 1998 година, пак, William Grimes во The New York Times напишал текст за бранчот, коментирајќи дека големата бизарност е добра, во смисла колку оброкот е побизарен, толку е подобар. РИТУАЛ ВО КОЈ УЖИВААТ СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Бранчот се послужува, односно практикува насекаде, низ целиот свет, но со различно име, од Кина, т.е. кинеските ресторани во разни земји (има два израза, еден е dim sum што се состои од разновидни полнети лепчиња, кнедли, солени, слатки јадења, варени на пареа, пржени, печени, кои се земаат во мали порции од количките што минуваат покрај гостите), преку Канада


(таму е прифатен англискиот збор brunch, но често се употребува и déjeuner buffet, а Квебечаните често го користат изразот déjeuner без придавката petit за појадок), до Италија (покрај brunch, Италијанците го употребуваат и неологизмот colanzo, кованица од colazione - појадок и pranzo - ручек, а ретко pranzolazione). Занимлив е и податокот дека Филипинците освен бранч, кој се служи дома, меѓу 09:00 и 12:00, практикуваат и merienda, оброк по ручекот, од 15:00 до 16:00, својствен за шпанскиот колонијализам. Најчесто бранчот се послужува во хотели, ресторани, па и во колеџи. Го има во менијата, но и шведската маса не е ретка кога се работи за служењето. Нивните посетители, ученици можат да изберат што сакаат, а оброкот вообичаено се состои од јајца, колбаси, сланина, шунка, овошје, палачинки, колачи, вафли, кои се, всушност, карактеристични за појадокот. И во армиите на САД, Канада и Британија се послужува бранчот за време на викендите, меѓу 09:00 и 13:00, во трпезариите каде што се појадува и руча бидејќи постојат и такви опции. Пред неколку години беше незамисливо да се јаде месо пред 13:00, особено во недела, кога семејството се собира на ручек. Но, денес е поинаку, барем кога се Западот и САД во прашање, како и другите земји на планетата. Последниот ден од седмицата е

резервиран за релаксација, па затоа, цели семејства одат во некој хотелски, индивидуален ресторан за да уживаат во бранчот, во јадењата кои се, всушност, комбинација на појадок и ручек. Притоа вообичаено се пијат алкохолни пијалаци, шампањ или коктел. Се разбира, бранчот е незаобиколен кога се слави нешто, како на пр. склучување брак, Нова година, Божиќ, Велигден, Денот на благодарноста, на вештерките, на вљубените, на мајката, на таткото и така натаму. Кај нас е поинаку, мал е бројот на ресторани што имаат бранч во менито, а хотелите, по-

СТИЛ |

себно странските, кои се дел од „синџирите“, го служат бидејќи тоа е задолжително во истите хотели надвор. Во Грција, Србија на пример, бранчот се послужува наголемо. Тамошните жители веќе го практикуваат, а и Македонците што патуваат за Солун, Белград и другите градови. Со цел да се зголеми понудата, готвачите смислуваат и нови јадења, кулинарски специјалитети, а често се инспирираат и од минатото, кога благородниците, припадниците на високиот, аристократски род, оделе на лов и појадувале на ловиштата, како пилешки џигерчиња, сланина, шунка... Низ историјата, оброкот меѓу појадокот и ручекот го популаризирало и пиењето алкохол. Некогаш и се претерувало, но сепак, бранчот претставувал инспирација за некои пијалаци, како на пр. коктелите Bloody Mary и Mimosa што настанале со мешање на сокови и алкохол, со цел да се прикрие фактот дека се пиеле жестоки пијалаци денски, кога не било прифатливо за општеството. Таа практика останала и денес, иако алкохолот за време на бранчот е застапен во мали количества. Повеќе се оди на варијантата што подразбира уживање во јадењата, дружба со најблиските, разговори, муабети со нив, опуштено, лабаво, ослободени од физичка или психичка напнатост, во добро расположение. За некои, бранчот е и своевиден ритуал, исто како и пиењето утринско кафе, чај во 17:00 во Англија и слично. • Игор Ландсберг

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

„ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА“ БАРАК ОБАМА

Ф

асцинантен, длабоко личен приказ на поновата историја од претседателот кој нè инспирираше да веруваме во моќта на демократијата. Во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари, Барак Обама ја раскажува приказната за неговата неверојатна одисеја од млад човек во потрага по својот идентитет до лидер на слободниот свет, опишувајќи зачудувачки интимни детали од неговото политичко образование и најзначајните моменти од неговиот историски прв претседателски мандат - период на драматична трансформација и превирања. Обама ги поведува читателите на интересно патување од неговите рани политички аспирации од клучната победа во Ајова, што ја демонстрираше моќта на изворниот активизам, до врнежливата ноќ на 4 ноември 2008 година, кога беше избран за 44. претседател на Соединетите Американски Држави, станувајќи првиот Афроамериканец на највисоката национална позиција. Оваа прекрасно напишана и моќна книга ги пренесува уверувањата на Барак Обама дека демократијата не е подарок „одозгора“, туку нешто базирано на емпатија и меѓусебното разбирање што треба да го градиме заедно, ден по ден. •

36

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

„HAPPIER THAN EVER“ BILLIE EILISH

В

ториот студиски албум на деветнаесетгодишната американска пејачка излезе на 30 јули годинава. Го реализираше „Interscope Records“, заедно со „Darkroom“. Автори на шеснаесетте песни се Billie Eilish и нејзиниот постар брат (24 год.), Finneas O’Connell, кој е и продуцент на „Happier Than Ever“. Редовно соработуваат од самиот почеток, во 2015 г., кога ја издаде песната „Ocean Eyes“. Како инспирација ја наведува саморефлексијата во времето на вирусната пандемија. Комбинација на поп и електропоп (забележително е и влијанието на џезот, се разбира), така, во кратки црти, критичарите ја опишуваат музиката на албумот, оддавајќи й признание, а во исто време ги пофалија остроумните текстови, вклучително и стилот. На промоцијата й претходеа пет синглови - „My Future“ (30 јули 2020 г.), „Therefore I Am“ (12 ноември 2020 год.), „Your Power“ (29 април 2021 г.), „Lost Cause“ (2 јуни 2021 год.) и „NDA“ (9 јули 2021 г.). Сите се вброија во топ 40 на американскиот Billboard Hot 100, додека насловната песна - Happier Than Ever беше промовирана во ист ден со албумот. Останатите десет песни се: „Getting Older“, „I Didn’t Change My Number“, „Billie Bossa Nova“, „Oxytocin“, „Goldwing“, „Halley’s Comet“, „Not My Responsibility“, „Overheated“, „Everybody Dies“ и „Male Fantasy“. •

„NO TIME TO DIE“ (НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ)

К

онечно, филмот „No Time to Die“ стана достапен за фановите на тајниот агент 007, по неговата светска премиера што се одржа на 28 септември во лондонскиот Royal Albert Hall, која, како што знаеме, се одложи минатата година поради заминувањето на Danny Boyle и пандемијата на КОВИД-19. Филмот е дваесет и петти во серијалот за Џејмс Бонд, фиктивниот британски MI6 (Secret Intelligence Service) агент. Сценариото е на Neal Purvis, Robert Wade, Cary Joji Fukunaga (истовремено е и режисер) и Phoebe Waller-Bridge. Главната улога ја игра Daniel Craig, по петти пат. Педесет и тригодишниот актер од Честер, Англија, изјави дека веќе нема да го игра Џејмс Бонд. Имено, тајниот агент 007 е регрутиран за да го спаси киднапираниот научник, влегувајќи му во трага на мистериозниот грабнувач, кој е вооружен до заби, со најнови технолошки средства за напад. „No Time to Die“ трае два часа и четириесет и три минути. • Жанр: акција/авантура Актери: Daniel Craig, Rami Malek, Lèa Seydoux, Lashana Lynch, Ben Whishaw, Naomie Harris, Jeffrey Wright, Christoph Waltz, Ralph Fiennes Режија: : Cary Joji Fukunaga


10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| ПАТУВАЊЕ

Викенд одмор

ПОТРЕБЕН ВИ Е ВИСТИНСКИ ОДМОР ОД ГРАДСКОТО СИВИЛО, ДАЛЕКУ ОД ВРЕВАТА И БУЧАВАТА...АКО ИМАТЕ ДЕНОВИ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР КОЛКУ ЗА ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД, ТОГАШ ВАШИОТ ИЗБОР НЕКА БИДЕ МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА КРИВА ПАЛАНКА. ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ДЕКА ВЕ ЧЕКА ВИСТИНСКИ ОДМОР ЗА ДУША И ТЕЛО КАДЕ ШТО ЌЕ УЖИВАТЕ.

ИСТОРИЈА НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ Овој манастирски комплекс, распослан на подножјето на Осоговските Планини, среде густа дабова шума, е еден од најмонументалните и најамбиенталните манастири што плени со својата долга десетвековна историја. Манастирот е изграден уште во 12 век на местото каде што се подвизувал (се упатувал на подвиг кон христијански живот) св. Јоаким Осоговски. Црквата посветена на светителот е изградена во 18 век и во неа почиваат чудотворните мошти на св. Јоаким.

38

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ Таа е изградена од најпознатиот градител на цркви на Балканот, Андреја Дамјанов, родум од велешкото село Папрадиште, од каде што потекнува и зографот на црквата, познатиот Димитрие Андонов Папрадишки. До неа се наоѓа малата, но значајна црква „Раѓањето на света Богородица“, за која се претпоставува дека датира од крајот на 11 век, а која повеќепати била уривана и обновувана низ вековите. И таа е живописана од Димитрие Андонов Папрадишки, а зачувани се и фрагменти од орнаментиката од најстариот живoпис. Оваа црква повторно е возобновена во 90-тите години од 20 век и е една од првите цркви во земјава што повторно е живописана во 1995 година со одобрение од митрополитот Кирил, а средствата се обезбедени од повеќе дарители. Во своето десетвековно постоење манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ никогаш не го нарушил светото духовно и културно живеење, а народот преку него ја градел својата вера и традиција, пренесувајќи го христијанскиот дух и во најтешките времиња сè до денес.

Манастирска слава е на 28 август, воскресение на Пресвета Богородица, кога во манастирскиот комплекс пристигнуваат гости од регионот и од цела земја. Исто така, малата црква „Рождество на св. Богородица“ го слави 21 септември. Значајно е да се спомене дека манастирот е место каде што се родила просветната деј-


ПАТУВАЊЕ |

ност, а во 19 век во него престојувал и творел и Јоаким Крчовски, првиот македонски книжевник и преродбеник. Посебноста на Осоговскиот манастир е во тоа што е единствен православен храм во кој може да се сретне турски заштитен знак, кој и денес стои веднаш до големата манастирска црква. Овој камен - симбол (столпче со турбан во средината) сведочи за посебниот третман што го имал манастирот за време на отоманското владеење на нашите простори и служел како заштита од уништување од тогашните турски власти и никој не смеел да посегне по светоста на манастирот. На влезот на големата манастирска црква има запис што сведочи дека манастирот бил ставен под заштита на султанот Хамид во 1884 година. Се смета дека и самиот ја доживеал немоќта на своите аскери пред чудотворната моќ на св. Јоаким Осоговски и потпишал „ираде“ за обновување на манастирот. МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ На 5 септември 1987 година се остварила идејата за ново содржинско осмислување и ревитализација на манастирските конаци преку основање на Ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“. Идејата и иницијативата за нејзино основање потекнала од познатиот академски сликар Петар Мазев, кои биле поддржани од неговите колеги Димитар Стојчевски, Никола Иванов-Балтон, Златко Стефанов и Јордан Михајловски, со поддршка на митрополитот полошко-кумановски господин Кирил. Како што за „АМСМ Клуб Мобилите“ информира Јордан Михајловски, во практика тоа значело отворање на портите на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ за уметноста и за неистражените форми на духот. - Почетокот беше означен како возобновување на десет века старата традиција во манастирот, како културен, едукативен и духовен центар, вели Михајловски. Ликовната колонија, која работи под покровителство на МПЦ, годинава се одржа по 35. пат од 8 до 14 септември, располага со две збирки од околу 500-600 дела, едната се наоѓа во Центарот за култура во Крива Паланка и содржи дела создадени од 1987 до 1998 година, втората е од 1998 година до денес и делата од оваа збирка се наоѓаат во манастирскиот комплекс „Св. Јоким Осоговски“, а има слики и во гостинските соби. Помал дел

од сликите се во Дељадровскиот манастир помеѓу Скопје и Куманово, каде што почива митрополитот Кирил. Во ликовната колонија досега учествуваа 500 ликовни творци од речиси сите континенти. -Создадени се прекрасни дела и повеќето од нив го носат печатот на овој исклучителен амбиент. Сите овие години колонијата го задржа основниот принцип да биде оаза на духот и на културата за слобода на творештвото затоа што се работи по слободен тематски принцип. Уметниците што доаѓаат го носат печатот од сопствените култури во своите земји, но тука се случува културна

конфронтација на меѓусебните влијанија, а во секој случај тоа е многу значајно за сликарството, потенцира Михајловски. Тој вели дека сè додека постои манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ завет за сегашните и за идните генерации е да опстанува и да работи и оваа значајна ликовна колонија. ОД ОСОГОВСКИОТ МАНАСТИР ДО КАЛИН КАМЕН По три часа пешачење од манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ или со автомобил за

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| ПАТУВАЊЕ

Калин камен со езерото

дваесеттина минути по асфалтен пат најпрво ќе стигнете до месноста Ловечка куќа, оддалечена 8 километри од манастирскиот комплекс. Тука се наоѓаат мали куќички за одмор, изградени во времето на социјализмот, за летување на работниците и чешма од која тече ладна планинска вода. Веднаш до нив има детски парк со различни реквизити, како и игралиште за кошарка. Над нив има буко-

40

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ва шума со раскошна убавина. Подолу од патот се изградени повеќе викенд-куќи. На местото за одмор има клупи со маси, а над игралиштето и дрвен видиковец каде што можете скриени во сенка да се одморите, да се напиете планинска вода и да уживате во глетката дишејќи чист планински воздух. По краткиот одмор кај Ловечка куќа продолжувате и по еден-два километра доаѓате до малото вештачко езерце во чија близина

е големата карпа што месното население ја нарекло Калин Камен. Токму оваа карпа е причината поради која многубројните туристи пешачат по три-четири часа, а последниве години повеќе посетители доаѓаат со автомобили бидејќи убавиот асфалтен пат води до езерцето. Веднаш до него е и Калин Камен на надморска височина од 1.870 метри и претставува еден од најубавите врвови на Осоговските Планини. Тука има преубави скијачки патеки. Според легендата од пред неколку века, во времето на Отоманската Империја во Кривопаланечкиот Регион живеела млада девојка што била најубава од сите девојки. Од нејзината убавина бил воодушевен турскиот ага, кој ја грабнал Калина и ја затворил во својот сарај. Таа не сакала да се потурчи и да му биде жена на агата, па една ноќ избегала од сарајот и се упатила кон каменот под Царев Врв. Патот го поминала за четири часа. Таа ноќ Калина се фрлила од карпата и во нејзина чест народот ја нарекол карпата Калин Камен. Подоцна оваа месност била населена од влашки семејства што се занимавале со сточарство и одгледувале илјадници грла овци, кози, говеда и коњи. Власите кои живееле на Калин Камен биле познати по квалитетот на овците и пастрмата. Секоја година на 28 август, на празникот на „Св. Јоаким Осоговски“, Власите му дарувале по 200 овци и јагниња на манастирот. Во 2009 година првпат се организираше ревијално рели Калин Камен по иницијатива на оф-роуд возачите, а во организација на Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Оф-роад Осогово“. Се одржува секоја година на 24 мај, Денот на сесловенските браќа св. Кирил и Методиј, но поради пандемијата со коронавирусот годинава се одржа во септември. Должината на патеката е 64 километри, а 80 отсто од неа се одвива по неасфалтиран пат. Висинската разлика помеѓу најниската и највисоката точка Царев Врв (2.085 метри надморска висчина ) е 1.500 метри. Патувањето трае околу 8 часа со паузи и притоа може да се доживеат сите четири годишни времиња, дожд, сонце, ветер, па и снежна покривка. Посетете го ова прекрасно место на македонските планини и исполнете се со убавина, мир и спокој. • Антоанела Димитриевска


ДОЧЕКАЈТЕ ЈА ЗИМАТА ПОДГОТВЕНИ! БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ

Акцијата можете да ја искористите од 01.11-15.12.2021 год, само со претходно закажување.

02/3181-181

www.amsm.mk 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| HI TECH

Теренско возило

Икс - 59 квест

ЗА ТЕШКО ПРООДНИ ТЕРЕНИ ДО ВЧЕРА ПРАВЕЛ ИСКЛУЧИВО СПОРТСКИ КУПЕ АВТОМОБИЛИ, А ДЕНЕС СУРОВО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО НАМЕНЕТО ЗА ВОЗЕЊЕ ВО НАЈТЕШКИ УСЛОВИ. КАКО ШТО ВЕЛИ КОНСТРУКТОРОТ, ВОЗИЛОТО Е ПРЕД СÈ НАМЕНЕТО ЗА ЕКСПЕДИЦИИТЕ И СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ.

Н

екогашниот конструктор во Ферари, Мекларен и Капаро решил нагло да ја смени средината и тоа од супер купе автомобили право во средина каде владеат теренските возила. Одлучил самиот да направи возило, но од сосема поинаков калибар од тие што до вчера ги правел. Бен Скот Џидс не само што отишол на сосема друга страна во автомобилската индустрија, туку успешно направил супериорно теренско возило. Неговото чудо на четири тркала го нарекол „феринг пионер“, класика од теренско или подобро да напишеме сурово теренско возило, затоа што е наменето за тешко проодни терени. Тоа е едната посебност со која се разликува од останатите од неговата категорија. Втората е неговата способност да измине дури 7.000 км од едно до друго пол-

42

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

нење на батеријата. За оваа бројка да мине во стварност му помага малиот трицилиндричен дизел агрегат со работна зафатнина од 0,8 литри - кога работи произведува електрична енергија и ја полни батеријата, а таа ги напојува двата снажни електромотори поставени, еден на предната и еден на задната оска. Третата посебност е неговата тежина, само 1.500 кг, а вкупната препорачана тежина која возилото може да ја понесе е три тони, односно уште дополнителни 1,5 тони товар. За постигнување на оваа бројка основна конструкција (шасија) не е изработена од челична легура како што најчесто бива, туку е користен алуминиум и јаглеродни влакна. И тука не е крајот на изненадувањата. Школката, односно каросеријата целосно е изработена од материјал сличен на тој од обувките за планинарење и пешачење, долготраен квалитетен материјал кој не пропушта вода. Материјалот покажувал подобри својства, далеку е поеластичен, има подобри изолациони својства, но и вибрациите се намалени речиси до крајни граници. Практично е невозможно на него да направите вдлабнатина, а ако се скине може брзо да се поправи на лице место или да се замени со ново парче. Оваа „операција е далеку поефтина и пое-

фикасна отколку да го носите возилото на исправање на лимаријата. Тука е најголемата заштеда во тежината и секако употребата на алуминиум и јаглеродни влакна. Сличен материјал користат и авионите од марката Мол за покривање на трупот (фуселажот) и е наречен „чеконит“, додека обвивката на крилата е направена од метал. Списокот на необичните нешта вградени во возилото не престанува со тоа посебно, непропустливо платно или „гумена“ материја која е слична со обувките за пешачење. На ред се батериите. Современите батерии покажуваат слабости на студено или многу топлото време и сè уште не можат да ги поднесат тие крајности. При такви временски услови батериите покажуваат слабост, односно брзо се празнат, а тоа не му е потребно на теренското возило „феринг пионир“ затоа што според кажувањата од конструкторот, тоа е наменето пред сè за спасувачки и истражувачки мисии. Таквата намена не трпи батерии кои не се стабилни при работата на високи и ниски температури. Затоа конструкторот наместо литиум кадмиумски, употребил литиум титанско оксидни батерии кои работат во екстремни временски услови исто како да се изложени на собна температура, стабилни се, односно не се празнат.


Неговите 22,5 инчни тркала се далеку најголемите во поширокото семејство на теренски возила и малку е невообичаено, но тешко проодливите терени полесно се минуваат со поголеми тркала отколку со помали. Поголемите пневматици во пречник можат да преминат преку нерамнините без пропаѓање во нив, а тие со мал пречник се подложни на пропаѓање и заглавување. Затоа се одбрани тркала со пречник од 22,5 инчи. Возилото е тешко 1,5 тони, но имајте ја во предви неговата должина од 5.526 мм, ширина 2.000 мм и висина точно 1.974 мм. Овде кај висината имаме една занимливост, а тоа е нејзиното подесување. Најдолната точка од возилото може да биде над подлогата најмногу на 800 мм, да 80 сантиметри. Во тој случај возилото ќе биде високо 1.974 мм плус 365 мм, а најниско може да биде ако возачот преку посебен уред го спушти на најниско можно ниво односно 1.974 минус 135 мм. Крајната брзина и не е толку битна за ваков вид возила, но еве ја како податок, 125 км/ч. Ако возилото се движи без дополнување со електрична енергија од страна на малиот дизел моор, тогаш ќе измине скромни 80 км, но ако дизел моторот е вклучен, тогаш возилото може да измине 7.000 километри, што е зачудувачки многу. Оваа технологија ја има и концептот на Ауди со кој производителот се подготвува за учество на релито Дакар наредната година. „Феринг пионер“ е возило за секакви услови и подлоги, а творецот Бен Скот пред сè го наменил за експедициите и за спасувачките

екипи. Ако планираното се исполни тогаш производството ќе започне во првата половина од 2022. Првичниот опис ветува многу, уште цената да е пристојна и изумителот ќе

мора да гради фабрика која дневно ќе произведува по 1.000 примероци на ден и ќе може да ги задоволи апетитите на купувачите. • Жарко Атанасовски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| ИСТОРИЈА

110 години ШЕВРОЛЕТ

АВАНГАРДАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР МНОГУ ПРЕВРТЛИВА ИСТОРИЈА, МНОГУ ПОБЕДИ НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ, МНОГУ ПОЧИТУВАНИ МОДЕЛИ КАКО „КОРВЕТА“, „КАМАРО“ И „СУБУРБАН“ ПОСЕБНО НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР, ЕЛЕГАНТНИ ЛИМУЗИНИ И КУПЕ ИЗВЕДБИ И ПРОДАЖБА НА СИТЕ КОНТИНЕНТИ. ТАКА СО НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ МАРКАТА ШЕВРОЛЕТ КОЈА ГОДИНАВА СЛАВИ 110 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ.

К

ога ќе се спомне името Шевролет прво што ни паѓа на ум е некоја голема лимузина. Не е тоа случај само со името Шевролет, туку генерално секогаш кога ќе се спомне име на некоја американска марка автомобили, лимузините се знак за распознавање и понекогаш купе, но со димензии на лимузина. Една од тие марки лоцирани преку „големата бара“, годинава слави 110 години од своето постоење. Малку се измешани работите за и околу тоа како е основана марката Шевролет. Историските податоци велат дека е основана за некогашниот основач на ГМ да откупи доволно акции од Генерал Моторс и повторно да биде управител со мнозинскиот пакет акции. Претходно тој основач бил отстранет од компанијата. Чудно но вистинито. Се воспоставува норма каде ништо друго не е битно туку само интересите. Најверојатно тоа е тоа во светот на капитализмот, интересите. Тоа е времето на почетокот од ХХ век, првата деценија. Од една

44

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

страна го имаме основачот на Генерал Моторс, Вилијам Дурант, кој во потрага по поголеми профити не добива кредит од банките и е принуден да ја напушти сопствената компанија, односно ГМ. Неговиот сон бил повторно да се врати во ГМ и повторно да го има управувачкиот пакет акции. Од друга страна ги имаме браќата Шевролет кои во Америка стигнуваат некаде на крајот од XIX и почетокот на ХХ век. Таму се инфицираат со вирусот наречен автомобили и трки, посебно и до крајност бил инфициран Луис Шевролет, голем љубител на направите на четири тркала и голем конструктор. Браќата Шевролет биле многу познати и успешни тркачи во тоа време, а возеле за Бјуик. Луис Шевролет имал возено една трка и за Фиат во која победил. Успесите на браќата не биле пропуштени од будното око на В. Дурант. Тој веќе имал визија и скроил план, а планот бил да ги спои неговата умешност за стопанисување и успехот на

Шевролет Корвета - 1957

браќата Шевролет, односно нивното име да биде искористено да бидат именувани автомобилите кои допрва ќе бидат произведени. Името Шевролет било многу познато не само во круговите од автомобилската индустрија, туку и надвор од неа благодарение на трките. Компанијата била создадена во 1911 година, а првиот автомобил излегол на крајот од 1912, но само како еден примерок колку да биде известена јавноста дека Шевролет допрва ќе биде претставен. Првичното изложување на автомобилот кој го носи името „серија ц класик„ се случило во 1913 на Салонот за автомобили во Њујорк. Новата класична лимузина според цената била во Вилијам Дурант и Луис Шевролет


ИСТОРИЈА |

тие при врвот. Ако се направи анализа, тогаш тој ист автомобил денес би чинел околу 50.000 долари. За тоа време цената на автомобилот била превисока, но работата тргнала. Браќата Луис и Артур Шевролет не се согласувале со идеите и начинот на работа на директорот Дурант и решаваат нивните акции да ги продадат токму на довчерашниот партнер. Марката веднаш станала синоним за квалитетен автомобил со многу новини од технолошкиот свет, но не биле заборавени компактните автомобили, тие семејните задвижувани од мотори со четири и шест цилиндри, како на пример „серија 490“ кој станал многу популарен меѓу купувачите. Годината 1916 е значајна по тоа што Шевролет оди по нагорна линија и веќе замислата и желбата на Вилијам Дуран се остварува, го има управувачкиот пакет и Генерал Моторс повторно е во негови раце официјално во 1917 год. Сега Шевролет веќе не е самостојна марка туку е во кругот на ГМ. Помалиот автомобил во семејството е отскочната даска на Шевролет која му донела голема заработка на В Дурант. Да не бил моделот „серија 490“ којзнае што ќе се случело и со Шевролет и со ГМ. Најмалиот во семејството го добива името „490“ затоа што се продавал по цена од 490 долари, за пет долари помалку од легендарниот „форд модел т“. Планот бил исполнет, но немирниот дух на В. Дурант вели да се оди понатаму. Во 1920 го напушта ГМ и оформува нова компанија за производство на автомобили и воедно е еден од поуспешните вложувачи во тргувањето со акции на Вол Стрит. Големата светска економска криза го фрла на колена познатиот стопанственик и во 1936 година губи сè. Бидејќи финансиски е „паднат“ принуден е да се врати на занаетот кој тој најмногу го сакал и се вработува во Шевролет како механичар. Главниот конкурент на Шевролет е Форд сè додека Крајслер не ја формирал марката Плимут. И сега наместо две на американскиот пазар опстојуваат три марки Шевролет, Плимут и Форд кои имаат репутација на производители на ефтини автомобили достапни за поширок круг купувачи. Всушност тоа е и филозофијата на Форд, секој да може да вози автомобил, неговиот код наречен „модел т“ не му дозволува на „синиот овал“ поинаку да размислува. Годината 1933 е значајна по појавувањето на „стандард сикс“, модел, лимузина со шестцилиндричен мотор која на Шевролет му донела голем профит и воедно е најевтиниот „шестак“ на домашниот пазар. Покрај овој модел, ку-

Првиот Шевролет - Classic SIX

пувачите покажале огромен интерес за „шевролет делулс“ и „шевролет флитлајн“. И тука некаде е толку почитуваниот „субурбан“ кој за првпат се појавува во 1935 година со три реда седишта. Тој модел се произведува до денешен ден и наскоро во 2025 година ќе слави 90 годишен јубилеј. Воедно треба да нагласиме дека „шевролет субурбан“ е најдолго произведуван модел во светот, еве веќе девет децении. Сето ова е периодот за време на светската економска криза и годините пред и по Втората светска војна. КОРВЕТА, ВИСТИНСКА ИКОНА ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА Откако светот здивнува од виорот на војната, индустријата полека застанува на нозе, а автомобилската индустрија не е исклучок од тогашните светски движења. Доброто работење на Шевролет доведува до идеја компанијата

да направи мал отворен автомобил, двосед. Во 1953 година се појавува „корвета“, луксузен автомобил, со V8 мотор наменет за престиж во тамошното општество кое и ден денеска се бори за престиж. Во првата година биле продадени 300 примероци од автомобилот со каросерија од фиберглас, но тоа и не е толку битно туку тоа што земјата се здобила со врвен спортски купе автомобил кој денес е вистинска икона. Догодина „шевролет корвета ќе слави 70 години од своето постоење. По овој врвен производ, компанијата й задава уште еден удар на конкуренцијата со новиот V8 мотор и неговата сега надалеку позната конструкција со мала глава. Овој производ му дава на Шевролет невообичаени спортски предности. Конструкцијата на моторот им дозволува на конструкторите да си поигруваат со силината, така што Шевролет со овој мотор е вистински господар на тркачките патеки и во-

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| ИСТОРИЈА

Шевролет Камаро - 1966

Шевролет Камаро - 2019

едно е најтрофејна марка на тамошниот пазар. И секако него го има во „корветата“, во сите тркачки автомобили со знакот на „шевролет“. Шевролет е авангардата на американскиот пазар. Од него потекнуваат многу техничко технолошки решенија, прв употребува електрични светла и генерално го електрифицира автомобилот, не мислиме на погонската единица, туку останатиот дел. Ако на младите конструктори тоа нешто им значи, ќе спомнеме уште еден податок, Шевролет во 1955 година го воведува независното обесување на предните тркала. Покрај „корветата“, Шевролет располага со уште еден спортски купе модел а тоа е „камаро“ за првпат претставен во 1967 година и веднаш станува хит меѓу поклониците на спортските автомобили. И ден денес овие два модели се произведуваат и сè уште предизви-

46

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

куваат големо внимание и многу се почитувани во светот. За тамошните прилики и културата на живеење, автомобилите ги поистоветуваат со членови од семејството, затоа не е ни чудо што оваа марка на автомобили се сретнува и во рекламните пораки како на пример оваа: „бејзбол, хот дог, пита со јаболко и Шевролет“. Популарноста на моделите на Шевролет е толку голема што речиси и да нема филм, а да не се појави автомобил со знакот на Шевролет автомобил филмски глумец. ШТО СЕ СЛУЧУВА ДЕНЕС СО ШЕВРОЛЕТ? На домашниот пазар Шевролет отсекогаш котирал високо, секогаш при врвот. Неговите модели како на пример „субурбан“, „корвета“ и „камаро“, тоа се „трите топки сладолед“ по кои лудуваат не само во Америка, туку и

пошироко. Дури и во Европа има се поголем број симпатизери на спомнатата тројка и на сличните на нив. Кога на тројкава ќе го додадеме супериорниот V8 мотор со мала глава тогаш добиваме неверојатен пакет. Било кое возило да го одберете од трите спомнати нема да згрешите. Иднината вели конструирајте електрични возила. Тоа е во ред, но колку тие возила реално ќе придонесат за чист воздух е малку дискутабилно, но светот тргнал таму каде застанал, а беше застанат на почетокот од ХХ век кога го напушти производството на електрични автомобили и премина на исклучиво автомобили со ото и дизел мотори. Најновото од Шевролет е моделот „болт“ кој се нуди во две изведби, како „болт ев“ и „болт еув“. Првата изведба е обично возило, а втората е изработена по „сув“ кројка и бидејќи е на електричен погон од „сув“ преименувано е во „еув“ (електрик јутилити викл). Разликата помеѓу „долт ев“ и „болт еув“ е очигледна, „сув-от“ има поинаков дизајн и воедно е поголем, подолг, повисок, поширок и со поголемо меѓуоскино растојание. За основниот модел плаќате само 31.000 долари. Кај нас во Македонија како и на континентов, Шевролет ја прекина продажбата поради неколку неповолни чинители кои влијаеле на севкупниот план за продажба, но во Русија и останатите држави од некогашниот СССР продажбата се одвива без проблем. Можно е враќање на пазарот откако ќе ја завладеат електромобилите. Денес Шевролет е присутен на сите континенти со годишна продажба од 4,1 милион возила (податок од 2018 година). Историјата вели првиот заштитен знак на Шевролет датира од 1911 година, но истиот извор вели дека и историјата на марката е мистерија. Првите возила носеле ракописен латиничен натпис „шевролет“. Тој ист натпис велат дека постои од 1911 година, а В. Дурант го воведува логото налик на крст. Овој заштитен знак е некаква изведба на крстот од швајцарското знаме, така раскажуваат, а приказната е таква каква што е затоа што браќата Шевролет се Швајцарци, но има и други приказни врзани за заштитниот знак. • Жарко Атанасоски


10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Портрет на Кристијан Мауер

ОРЕЛ ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ НЕПОВТОРЛИВИОТ КРИСТИЈАН „ШРИГЕЛ“ МАУРЕР ПО СЕДМИ ПАТ ТРИУМФИРАШЕ ВО НАЈПОЗНАТОТО И НАЈТЕШКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ, ШТО ГО ИЗДИГНУВА НА НИВО НА „ПОЛУБОЖЕСТВО“ МЕЃУ ЉУБИТЕЛИТЕ НА ЕКСТРЕМНИТЕ СПОРТОВИ, А ГО РАЗГОРУВА И ПРАШАЊЕТО: „ШТО ГО ПРАВИ ТОЛКУ ДОБАР“?

П

редизвикот наречен „Ред Бул Х-Алпс“ се одржува на две години и во 2021 година финишираше со слетување на сплав во Цел ам Зее во Австрија. Рутата која порано бараше од учесниците да стигнат од Салцбург до Монако се промени поради настанатата пандемија и затворањето на одредени граници, но немаше промени на врвот! Кристијан Маурер по седми пат беше најдобар и најбрз, па прв слета на целта. Според известувачите, на 160 километри до целта, предноста пред второпласираниот била точно 160 километри. Само на последниот ден, тој минал седум часа во лет над најголемите австриски врвови на Алпите, а дополнително имал и нецели три часа во планинарење. На овој начин тој ја потврди својата доминација, а за да биде впечатокот комплетен победи и на следното натпреварување во

48

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

италијанските Доломити. На возраст од 38 години, Мурер е веќе 14 години крунисан како најдобриот меѓу најдобрите. Сите се прашуваат зошто Шригел Маурер е толку добар во параглајдерство. Овој спорт (како и секој друг спорт) се потпира на природниот талент и напорниот тренинг, затоа што не постои универзитет што ќе ве научи на тие вештини. Шригел работел како помошник ѕидар при крајот од своите тинејџерски години, кога го открил параглајдерството. Веднаш се впуштил во интензивна романса со него и започнал да ги импресионира своите пријатели кои во тоа препознале природно чувство за летање и управување со сите операции коишто можат да настанат додека си високо во воздухот. Но сепак, она што најмногу му помогнало на Шригел е фактот дека израснал на Алпите во Швајцарија. Тој денеска е професионален тест

пилот со параглајдери и поминува во воздухот преку 300 часа во текот на една година. Сето тоа создало основа тој да биде успешен во овој спорт, но никако не смее да се потцени високото ниво на вештина што тој го постигнал водејќи се од својот спортски порив, желба за натпреварување и победа. Во текот на неговата параглајдерска кариера тој станал повеќекратен шампион на Швајцарија, а дополнително има освоено дузина силни интернационални натпреварувања во трките со параглајдерство. Аналитичарите кои го набљудувале неговото летање, покрај претходните три нешта (талент, тренинг и искуство) додале уште една карактеристика којашто го одвојува од мнозинството. Тоа го објаснуваат со тоа дека неговата линија на летање често е праволиниска и без многу вртења во топлите воздушни струи, што го прави неговиот лет исклучително брз. Сè се сведува на тоа како тој ја бира линијата на движење низ воздухот и дека на крајот тоа се покажува како мошне ефикасен начин којшто е наштелуван до најситни детали со долгогодишното летање. Дури и направиле споредби со тоа како летаат орлите за да се укаже дека тие ја заземаат најдобрата линија за максимално искористување на потисокот на воздухот. Оттука потекнува и неговиот прекар „Chrigel the Eagle“.


СПОРТ |

Уште една голема разлика меѓу швајцарскиот параглајдерист и другите вљубеници во овој екстремен спорт е тоа што од досега видените случаи изгледа како тој да може да слета на која било површина. Значи, тој едноставно може да се спушти покрај пат, или на мала чистинка во шума среде планина, а притоа сето тоа да изгледа како да паркира возило или како да слегува од автобус, затоа што успева да застане таму каде што сака да застане. Кога човек го има тој трик во шеширот, тогаш му се отвораат многу можности кои другите спортисти едноставно ги сметаат за невозможни. Последно нешто за што треба да му се оддаде почит на сензационалниот параглајдерист е тоа што тој го издигнал сето ова на високо професионално ниво. Зад него сега стои неговиот тим со кој тој тренира заедно со своите блиски помошници и пред големите натпреварувања прави детални подготовки со различни сценарија за различни временски услови. Затоа тој ќе оди и ќе лета со параглајдер дури и во денови кога другите ќе посакаат да останат во своите безбедни домови и со тоа ќе се мотивира да оди секогаш подалеку од другите. Тој и неговиот тим буквално живеат живот посветен на параглајдерството и секој ден им е исполнет според одредена програма. Искуствата покажале дека на едно од најголемите натпреварувања „Ред Бул Х - Алпс“ другите спортисти најпрвин планинарат, а потоа чекаат да започнат топлите воздушни струи. Наспроти ова, Шригел беше пионер со својата тактика да сврзе повеќе кратки летови во една голема дистанца, каде што во секој

ФОНДАЦИЈАТА ОВОЗМОЖУВА ДОМ И ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕРИ

Кристијан Маурер како и секој друг успешен човек се обидува да и помогне на заедницата од каде што потекнува. Тој е поврзан со локална добротворна организација во Швајцарија која обезбедува домови за напуштени млади луѓе „You Count“, а притоа им овозможува на оние кои сакаат

да летаат со параглајдер да го научат тоа во нивното училиште. Тој го огласи на аукција неговиот прибор за летање со кој настапи на последниот натпревар и побара почетна цена од 3.000 швајцарски франци во аукцијата, нагласувајќи дека сите пари ќе одат за фондацијата.

час од денот прави напредок. На крајот од натпреварувањето во 2021 година, тој победи со време од осум дена, шест часа и триесет минути имаше предност од 130 километри во однос на вториот пилот. Претходно, во 2015 година, според објавените резултати на истото натпреварување, тој имал просечна брзина од 31 километар на час, додека второпласираниот се движел со брзина од 28 километри на час. Сето ова покажува и докажува за каква уни-

катна личност станува збор. Неговиот талент е развиен до совршенство со секојдневните тренинзи, унапредување на вештините, стекнување на искуство и планирање на секој чекор во едно натпреварување. Затоа, тој е непобеден 14 години во низа и по седми пат го освои првото место на „Ред Бул Х – Алпс“. За да се победи против Шригел, се чини дека е потребно да се направи и вложи многу, а ретко кој е подготвен на тоа. • Александар Табаковски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ВО ФОРМУЛА 1 ИМАМЕ СЕЗОНА ВО КОЈА ДВЕ КОНКУРЕНТНИ СТРАНИ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА, НАИЗМЕНИЧНО СЕ МЕНУВААТ НА ВРВОТ, А НИТУ ЕДНА СТРАНА НЕ ПОПУШТА ПО ЛЕТНАТА ПАУЗА. ЗАМРСЕНАТА СИТУАЦИЈА ВЕРОЈАТНО ЌЕ ОСТАНЕ ДО САМИОТ ФИНИШ, ОТКАКО НА ЛЕГЕНДАРНАТА МОНЦА, ХАМИЛТОН И ФЕРСТАПЕН ПО ВТОР ПАТ ОВАА СЕЗОНА СЕ СУДРИЈА ПРИ МЕЃУСЕБЕН ДУЕЛ.

О

ктомври е месец во кој често сме ги имале светските шампиони во Формула 1, без оглед дали тука ќе говориме за минатото кога сезоните траеја 15-16 трки и вообичаено финишираа во овој дел од сезоната, или во поновата ера кога сезоната е продолжена на 20 и повеќе трки, но еден кандидат јасно се издвојува по летната пауза. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен остануваат „вклештени“ во дуел кој има претензии да трае до самиот крај на сезоната, бидејќи на двајцата им следуваат трки кои во минатото беа третирани дека повеќе одговараат на едниот или другиот. Така беше на претпоследната трка за Големата награда на Русија, кога Хамилтон ја потврди доминацијата на таа патека каде што Мерцедес не е поразен осум сезони по ред. Дополнително, тоа беше јубилејна – стота гран при победа за седумкратниот шампион.

50

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЗАПЛЕТОТ ТРАЕ, ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ Но, ако во Русија тимот на Ред Бул се одлучи да „искористи џокер“ и на трката која беше со најлоша прогноза за нив, истото се случи и во Турција со Мерцедес. Екипите имаат на располагање три погонски агрегати во текот на сезоната, па користење на четврти повлекува казна од 10 места на стартот. Логиката е дека ако веќе трката не може да се добие, да се одработи казната и да има „здрав“ мотор на располагање за финалниот дел од сезоната. Така, по трката во Русија, Хамилтон во Турција дојде како водечки во генералниот пласман, но со само два поени предност. Новиот мотор значеше старт од 11-то место и пробивање низ колоната, при што се стекна впечаток дека има намера да оди со еден пит стоп помалку од конкурентите. Во финишот, тоа доведе до драма која резултираше со негово влегување во бокс на само осум круга пред крајот, што не делуваше дека е добро обмислено, па и самиот возач беше критички настроен. - Кога гумите се излижани, едноставно не се знае уште колку ќе траат. Секогаш постои грижа за животниот век на гумата. Но, исто така, јас не бев доволно брз на крајот. Се мачев со слабиот контакт што гумите го даваа со асфалтот. Не бев сигурен зошто е тоа така. Не бев лошо пла-

сиран, само губев во перформансите во однос на оние зад мене. Гледајќи наназад, сметам дека требаше, или да останам до крајот, или да влезам во бокс многу порано. Кога одиш во бокс на осум круга до крајот, не можеш да ја надминеш фазата на ронење на гумата додека патеката се суши. Додека ја минав таа фаза мислам дека загубив четири позиции. Беше навистина фрустрирачки, но што е тука е. Се чувствував добро додека бев трет и се надевав дека можам да го задржам тоа место, што ќе беше одличен резултат кога стартуваш од единаесетта позиција. Во таа смисла, петтата позиција е полоша, но можеше да биде и многу полошо,- изјави Хамилтон веднаш по трката за „Скај Ф1“. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека нивниот стратег предвидел дека Хамилтон ќе биде стигнат од Перез и Леклер, поради што се одлучиле да го внесат во бокс за да се заштитат од можни последици поради преголемата истрошеност на пневматиците. - Ако не завршеше, немаше да освои ниту еден бод, а тоа ќе беше катастрофа. Очекувавме Перез и Леклер да го достигнат доколку не го повикавме во гаражата, така што таа стратегија немаше да даде подобар резултат. Одигравме конзерва-


СПОРТ |

тивно, но веројатно најдобро. Надежите ни беа дека тој ќе ги престигне другите, но сепак не требаше да се надеваме на тоа. За калкулациите на Мерцедес, поддршка даде и првиот човек на Пирели, Марио Изола, укажувајќи дека нивната инспекција го потврдила стравувањето на тимот за можно откажување. -Гледајќи ги гумите после трката, би рекол дека беше невозможно Хамилтон да заврши со нив, или можеби тие ќе беа на самиот лимит. Трошењето на гумата, особено на крајот од трката, доведе до тоа да остане само конструкцијата. Малку е опасно да се оди до таква крајна граница, но сосема разбирам дека во тркачки услови тие мораат да го максимизираат резултатот. Макс Ферстапен доби многу критики за ладнокрвниот однос, уште при судирот на Монца кога „не се ни завртел да види дали можеби Луис е повреден“, а по трката во Турција се трудеше да остави што е можно полабав впечаток. Тој на трката во Русија успеа од последното место да стигне до втората позиција, па фактот дека на оваа трка е пласиран пред Хамилтон му одеше во прилог, но не и тоа дека Ботас и Мерцедес беа недостижни во дуелот за првото место. - Ќе мора да анализираме зошто не бевме конкурентни на оваа трка, но мене ми личеше дека тие се малку подобрени. Иако имаме предност во поените, нема да биде лесно. Уште пред почетокот на викендот кажав дека ова е добра година за нас и немаше да биде крај на светот ако бидам прв или втор. Но, тука сум да го дадам најдоброто од себе. Ќе видиме како ќе помине трката во Тексас, ние нема да се предадеме и ќе се обидеме да дадеме сè од себе. Се надевам дека ќе биде доволно за титулата. Но и да не е, нема да спијам помалку,- изјави холандскиот пилот на Ред Бул, кој пред трката во Истанбул наполни 24 години. Ферстапен наметна и друга перспектива, иако гледачите уживаа во трката која имаше драматични моменти. - Денеска воопшто не беше лесно да се вози, патеката беше мошне лизгава. Моравме да бидеме внимателни со пневматиците во текот на целата трка и тоа не ни дозволи навистина да притискаме. Делуваше дека Валтери умее да се грижи

ИСТОРИСКА „ЕДЕН-ДВА“ ПОБЕДА ЗА МЕКЛАРЕН ВО МОНЦА

Иако Ферстапен и Хамилтон се ударната вест од секое гран при, особено кога се судрија на трката за Големата награда на Италија во Монца, сепак мора да се најде простор за да се одбележи победата на Мекларен. Фактот дека двајцата претенденти за титулата се судрија прави оваа победа да биде гледана со потценување, но всушност возачите на Мекларен целиот викенд имаа силни перформанси. Во 2021 година, чудно – но вистинито, ова е прва „еден-два“ победа за која било екипа! Имајќи предвид дека оваа година беше тестиран форматот со таканаречените „спринт квалификации“, односно дополнителна мини трка од 100 километри по трите квалификациски сесии, комплетниот впечаток е секако нарушен (најбрз беше Ботас, па беше „симнат“ за 10 позиции, па Ферстапен се најде на пол позиција за неделната трка). Но, од моментот кога де факто стартуваше Големата награда на Италија, во водство изби Даниеле Рикиардо од Мекларен, а инцидентот на Луис и Макс всушност му ја олесни работата само на Ландо Норис да

стигне до второто место. Бројките кажуваат дека Мекларен немаше победа во низа од 170 трки, или од Бразил 2012 година со Џенсон Батон. Тоа е најдолга пауза меѓу две победи за еден постоечки тим во Формула 1, додека во историјата котира на второ место, зад некогашниот француски тим Лижје, кој има победа во Канада 1981 година, па во Монако 1996 година. Дополнително, последната „еден-два“ победа на Мекларен била во Канада 2010 година, односно пред 220 гран при трки. Ова е 183 победа на Мекларен во историјата на спортот, при што на последните 78 користи мотор на Мерцедес. Рикиардо претходно имаше седум победи, но сите во болидот на Ред Бул (последната во Монако 2018 година). Неговиот триумф беше запечатен со возење најбрз круг во последниот круг од трката), иако претходно во кариерата долга 11 сезони, никогаш не бил на подиумот во Монца! Ландо Норис, никогаш претходно не бил дел од првите две места, но 4 пати бил третопласиран на подиумот.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

за гумите и воедно да биде побрз, но јас сум сепак среќен со второто место, бидејќи во вакви услови е лесно да се згреши и да паднеш назад. Најтешко беше да се остане буден. Цело време се грижевме за пневматиците и речиси никогаш не возевме до максимум. Ќе направевме неколку круга и потоа треба да одиш во бокс по нов сет на гуми. Победата на Ботас кој веќе е на излезната врата од Мерцедес (потпиша дека следната година ќе вози за Алфа Ромео), како и дуелот на Хамилтон со вториот пилот на Ред Бул, Серхио Перез, ставија акцент на значењето на останатите пилоти во расплетот за шампионскиот трон. Од 2017 година, кога Ботас се приклучи кон Мерцедес, Луис имаше цврст сојузник во тимот и освои четири титули во низа, па не е изненадување дека тој преферираше Финецот да остане во тимот, но Мерцедес реши да го замени и од 2022 година да го доведе Џорџ Расел. Поради таквиот сплет на околности, ова може да биде една од последните победи во кариерата на Ботас, при што тој на трката за голе-

52

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

мата награда на Турција славеше откако стартуваше на чело од колоната од пол позицијата. Иако патеката во најголем дел беше влажна, тој не дозволи неговата победа да биде доведена во прашање во ниту еден момент. Единствен момент во кој првото место беше на Шарл Леклер, се случи додека Финецот беше во бокс за првпат во трката, при што пилотот на Ферари имаше подолга делница со својот прв сет на интермедиа пневматици. - Од моја страна можам да кажам дека ова беше една од најдобрите победи што некогаш сум ги имал. Со исклучок на едно пролизгување, сето останато беше под целосна контрола. И пред трката кажав дека нашиот болид е добар во секакви услови, јас имав целосна доверба во него и навистина можев да го контролирам. Не беше лесно да се избере стратегија во вакви услови, особено да се донесе одлука кога да се застане, какви гуми да се монтираат и сè останато. Среќен сум дека конечно и јас имав еден викенд во кој што сè одеше како што треба,- изјави Ботас, чија последна победа беше онаа на руско-

то гран при минатата година, што прави една календарска година разлика меѓу двата триумфа. Серхио Перез, исто така, беше во фокусот на јавноста, бидејќи неговиот дуел со Хамилтон беше еден од најинтересните за време на турското гран при, а воедно и со големо значење за натамошната разврска. - Луис ме стигна во најлошиот можен момент бидејќи тогаш имав проблеми со пневматиците. Првата делница беше навистина тешка за мене, особено пред да влезам во бокс, а Луис беше навистина брз. Имав впечаток дека во тоа време тој беше најбрзиот болид на патеката, па беше навистина голем предизвик да го задржам зад мене. Имавме добар дуел, јас дури морав да ја избегнувам и онаа линија на влезот во боксот. На крајот тоа беше добар дуел, а јас успеав да останам пред него,- прокоментира Мексиканецот кој очигледно беше задоволен како му парирал на 36-годишниот ривал. Иако секогаш е тешко да се оцени која патека носи одредени придобивки на


СПОРТ |

одреден тим поради извесни специфични моменти, а на која дадениот тим успеал со своите надградби и тунирања да го подобри болидот, кај тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, нема таква дилема. - Мерцедес има постигнато значителен напредок во однос на брзината на правците, според она што можеме да го видиме на последните трки. Ако досега можевме да им се приближиме користејќи помали крила, сега тоа не е можно. Тоа го видовме на оваа патека, каде што Луис имаше значителна предност на правците иако користеше поголемо задно крило. Ние моравме да го максимизираме нашиот пакет, но ни останува изненадувањето

дека тие успеале да направат таков чекор со нивниот мотор,- оцени Хорнер. На хартија, следната рунда во Тексас прогнозерите ја сметаа за уште една трка на која Мерцедес би можел да има извесна предност, додека Мексико и Бразил се проценуваат како трки кои повеќе би требало да „му лежат“ на болидот на Ред Бул. Дури и прогнозите да се остварат, што никогаш не е едноставна работа во трките од Формула 1, до крајот има уште три гран при викенда на Блискиот Исток: за првпат ќе се вози во Катар и Саудиска Арабија, а финалето останува во Абу Даби на 12 декември. Иако ситуацијата на врвот се менува, пе-

дантните статистичари велат дека без оглед кој е во водство, разликата во последните 7 трки никогаш не била поголема од 8 бода. По трката во Турција, Ферстапен има 262,5 поени додека Хамилтон има шест помалку (256,5). Ботас, Норис и Перез се следни на листата со 177, 145 и 135 бода, респективно. Ситуацијата е изедначена и на табелата кај конструкторите, каде што Мерцедес води со 433,5 бода, Ред Бул има 397,5 бода, додека Мекларен и Ферари се во дуел за третото место, при што англискиот тим во моментов води со 240 наспорти 232,5 поени. • Александар Табаковски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

Светско првенство во Мото ГП

ФАБИО КУАРТАРАРО ИМА ОДЛИЧНА СЕЗОНА ПО ТРАНСФЕРОТ ВО ФАБРИЧКИОТ ТИМ НА ЈАМАХА, НО ИАКО НА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА СЕ ЧИНЕШЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОТЕШКА РАБОТА ВО БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА, НЕГОВИТЕ РИВАЛИ ГО „ПОДИГНАА ГАРДОТ“ ДУРИ ПРЕД КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА.

Ф

ранческо Бањаја и Марк Маркез успеаја да се наметнат во финишот на сезоната како победници во трките од светското првенство на Мото ГП и да го свртат вниманието кон себе, наместо кон претендентот за тронот, Фабио Куартараро. Осумкратниот светски првак Маркез е апсолутен крал на патеката Заксенринг во Германија каде оваа година славеше и 11-ти пат по ред, но слична врска има и со патеката во Тексас, на која оствари седма победа во Мото ГП. Шпанскиот возач беше пребрз за конкуренцијата и покрај тоа што стартуваше од третото место, па уште од воведот изби на врвот и доминатно и убедливо стигна до нова победа на својата втора омилена трка во Мото ГП календарот. Марк еуфорично славеше по извонредното возење, а победата ја посвети на трагично починатиот Ники Хејден кој беше миленик на сите мото фанови во Америка.

54

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЗАДОЦНЕТИ РЕПЛИКИ Маркез ги критикуваше нерамнините на асфалтот и посочи дека трката во Остин е најнебезбедна од сите што се користат во Мото ГП. – Ја сакам оваа патека многу, ми се допаѓа концептот, но состојбата на асфалтот е најлоша во целото првенство. Не е многу лагодно да се вози на оваа патека, не се работи за нерамнини, туку целата подлога се поместува. Секоја година е полошо, без-

бедноста за нас директните учесници се намалува, – изјави Маркез. Сепак, Фабио Куартараро заврши како втор и ја зголеми предноста во генералниот пласман, а подиумот го комплетираше Франческо Бањаја. Возачот на Дукати претходно славеше на две трки по ред, онаа во Арагон, а потоа и на трката за Големата награда на Сан Марино во Мизано.


СПОРТ |

ЖОЛТАТА АРМИЈА НА „ДОКТОРОТ“ РОСИ Во својата претпоследна трка на домашно тло, Валентино Роси не можеше да ги израдува италијанските тифози со добар резултат и освоени бодови на трката за Големата награда на Сан Марино, но тоа не ја поколеба илјадната публика да му даде поддршка и поздрав на својот миленик. Роси најави дека ги вози последните трки во својата блескава Мото ГП кариера, но во претпоследниот настап во Мизано мораше да се задоволи само со 17-то место.

И покрај лошиот резултат, не криеше дека е потресен од емоциите кои ги почувствувал во последниот круг и поздравот по крајот на трката. – Од една страна, сето ова што ми се случува е многу убаво, многу сум возбуден. Последниот круг беше фантастичен, да ја видам цела таа поддршка. Можам само да им се заблагодарам на моите тифози, ме следеа во текот на целата кариера, во тешките моменти ми беа огромна поддршка. Навистина сум трогнат и потресен,

но истворемено жалам што не можам да бидам поконкурентен во овие последни трки, – изјави Валентино, кој во Тексас призна дека заморот од тренинзите во петок и сабота прави да нема доволно сила за неделните трки. Организаторите најавија дополнителни 10.000 гледачи за втората трка во Мизано, која ќе биде проштална за деветкратниот светски првак на италијанско тло.

- Тој врши перфектна работа уште од Арагон, собра три пол позиции и две победи, мислам дека не можеше подобро. Но, и јас се чувствува добро. Во недела пред трката да стартува, се чувствува поголема нервоза, на пример така беше во Мизано. Но, тоа е нормално, се ближи крајот на сезоната и нервозата е поголема,- рече Куартараро, кој по заминувањето на Маверик Вињалес немаше тимски колега во Јамаха. Фабио Куартараро (претходно второпласиран и во Мизано) има 254 бода, а Франческо Бањаја е втор со 202, пред „тивкиот“ Жоан Мир со 175 бода, кој континуирано собира поени. Џек Милер и Јохан Зарко кои имаа одличен среден дел од сезоната, потфрлија во финишот и остануваат без шанса за титула со 149 односно 141 поен. До крајот на сезоната има уште три трки, и тоа повторно Мизано, но овој пат како Голема награда на Емилија Ромања, а потоа португалско-шпанска завршница во Алгарве и Валенсија, во средината на ноември. • Александар Табаковски

РЕКОРДЕН КАЛЕНДАР ЗА 2022 ГОДИНА Доколку се остварат предвидувањата, состојбата со Ковид-19 ќе биде под контрола и во 2022 година календарот ќе има 21 трка, од кои две се сосема нови: Индонезија и Финска. Додека трката во Индонезија беше дел од Мото ГП до 1997 година, сепак сега нема да се вози на автодромот Сентул, туку на сосема нова локација, на островот Ломбок. Новиот автодром се вика Мандалика и е изграден специјално за овие трки, но надвор од тркачките викенди ќе се користи како локален пат. Од друга страна, Финска беше најавена во календарот уште во 2018 година, но поради доцнење на изведбата и појавата на Ковид-19, инаугурацијата изостана сè до овие моменти кога се чини сè е подготвено за старт.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ ПОТВРДАТА ДЕКА ВАЛТЕРИ БОТАС ЗАМИНУВА ОД МЕРЦЕДЕС ВО АЛФА РОМЕО НА „МАЛА ВРАТА“ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ ГОЛЕМАТА ПРОМЕНА НА ВОЗАЧКАТА ДВОЈКА ВО ШАМПИОНСКИОТ ТИМ.

О

д крајот на минатата сезона, Ред Бул и Мерцедес се во континуиран дуел, кој покажува дека двете страни имаат капацитет да издржат во рингот со најтешкиот ривал. Нема сомнение дека Ред Бул и Хонда го подигнаа нивото потребно за атак на тронот. Такво нешто минативе години успеа да направи само Ферари, но нивниот најсериозен обид во 2019 година беше сосечен со одлуката на ФИА да не дозволи технички решенија кои ќе го „одржат“ нивниот мотор како легален. Кога војната се заострува, се внимава на секој детал, особено на зачувување на тимската хармонија. Оваа промена е многу поразлична од таа во 2016 година, кога Нико Розберг објави дека се повлекува по освоената шампионска титула. Тогаш Мерцедес едвај успеа да најде соодветен и колку толку „достапен“ возач што ветуваше дека ќе биде достојна замена. Овој пат, името на Џорџ Расел е во комбинација од 2020 година кога неочекувано доби шанса да го замени Луис Хамилтон кога овој беше позитивен на Ковид-19 и мораше да паузира. Испаѓа дека практично се чекаше да истече официјалниот договор на Ботас, откако Хамилтон потпиша нов двегодишен договор со „сребрените стрели“, кој му го гарантира седиштето во 2022 и 2023 година. Ботас и самиот призна

56

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

дека тој бил избор на Луис за тимски колега, но овој пат одлуката ја донел управниот одбор на германската фабрика. Пораката е повеќе од јасна: Германците имаа трпение цели пет години, но Ботас не успеа да го предизвика Хамилтон на начин како што тоа го правеше Розберг, со што му овозможи на Британецот да поставува ултиматими во преговорите за обновување на договорите. Џорџ Расел веќе три сезони се калеше во Вилијамс и добро го познава моторот на Мерцедес, како и сите патеки во календарот. Неговата глад за успеси е она во што Мерцедес верува, како и можноста да го ангажира на долг рок за да парира на младите ривали како Ферстапен, Леклер и Норис. Истовремено, Луис ќе добие сериозна конкуренција, па дури и ако не успее веднаш да биде подеднакво брз, Расел ќе има две години за да учи од најдобриот во моментов. Единствената непозната е она едно „а што ако“ кое потајно се наметнува, имајќи предвид дека Расел во единствената трка како возач на Мерцедес во Бахреин 2020 година, покажа дека може повеќе од Ботас, а со тоа и дека разликата меѓу него и Луис не е толку голема. Би рекол дека најголем демон за него е непостојаноста, бидејќи Хамилтон остава впечаток на неуморна машина која е подготвена за најтешкиот дуел на стартот на секоја трка, без оглед дали стартува последен или прв. Ако сака да биде конкурент за титулата, ќе мора да биде „поголем Германец“ од Розберг и неуморно да работи и во гаражата и на патеката за да го победи големиот шампион. Кога една екипа има двајца возачи кои се расположени за успеси, вообичаено следуваат проблеми и комплицирани тимски односи. Тоа не е адут кога се има

противник како Ферстапен и Ред Бул. Дополнително, новиот сет на правила што ќе бидат на сила во следните пет години, ќе донесе „нови ветришта“ и можно активирање на други екипи во борбата за врвот. Кога сето ова ќе се стави на кантар, комбинацијата Расел – Хамилтон изгледа како „невозможна мисија“. Од друга страна, Мерцедес се штити дека ќе има двајца амбициозни возачи и ќе собере повеќе поени во борбата за конструкторската титула која нив им е битна, а воедно и носи пари со распределбата на буџетот од „ТВ преносите“. Ситуации како оваа се нешто „веќе видено“ и нема да биде ништо ново – доволно е да се потсетиме на Прост и Сена, кога Бразилецот влезе во Мекларен како помлад возач и го „растури“ тогаш двократниот шампион. Хамилтон во високо конкурентна средина како во случајот со Алонсо во 2007 година покажа дека има желба за натпревар, но резултатот од таа сезона всушност ја потврди старата поговорка „кога двајцата се тепаат, третиот користи“, бидејќи титулата заврши во рацете на Кими Раиконен. Пишувајќи ги овие редови, се стеснувам да кажам дека всушност очекувам од Хамилтон „скапо да си ја продаде кожата“ бидејќи како и секој голем шампион, ќе биде исправен пред нов предизвик. Да се разбереме: не „типувам“ на него, но сигурен сум дека во оваа приказна, едноставно речено ќе има „висока температура“, па оној што нема да покаже дека е направен од шампионски материјал, едноставно „ќе се изгори“. Доколку и двајцата останат на висина на задачата, тоа може да донесе добивки кај трета страна. А тоа е сосема можно сценарио! •


СПОРТ |

WRC – Рели Грција и Рели Финска

СЛАВНА ПОБЕДА ВО ДОМОТ НА БОГОВИТЕ КАЛЕ РОВАНПЕРА, НАЈМЛАДИОТ ПОБЕДНИК НА ЕДНО РЕЛИ ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ, ЈА ОСВОИ ЈАВНОСТА СО УШТЕ ЕДНА ГЛАМУРОЗНА ПОБЕДА. БЛЕСКАШЕ НА РЕЛИТО АКРОПОЛИС НА ГРЦИЈА И ТОКМУ ВО ДОМОТ НА БОГОВИТЕ ИСПИША НОВА ИСТОРИЈА ВО СВЕТСКОТО РЕЛИ.

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

Р

елито Акрополис на Грција, со историска репутација како едно од најтешките релија во Светскиот шампионат, се врати на светската рели сцена по пауза од осум години. Ова „рели на боговите“, како што го нарекуваат љубителите на спортот, ја пишува историјата заедно со Светскиот шампионат во рели. Се вози од 1951 година и беше во календарот на првата сезона на WRC што се возеше во 1973 година. Релито Акрополис на Грција се возеше без паузи од 1951 година до 2013 година, кога последен славеше Јари-Мати Латвала, актуелниот шеф на тимот на Toyota. Тој ја освои победата возејќи VW Polo WRC. За љубителите на историјата, најмногу победи на Акрополис има легендата Колин Мекре. Тој е единствениот што петпати славел во домот на боговите. Зад него по три победи имаат величествени имиња од светот на релито: Валтер Рерл, Мики Бијазион, Карлос Сајнц и Себастијан Лоеб. Годинава честа да го освои ова „рели на боговите“ му припадна на Кале Рованпера, најмладиот победник на рели во Светскиот шампионат. Дваесетгодишниот Финец, кој славеше во Естонија, ја повтори својата надмоќност и во Грција. Водеше буквално од стартот до целта, не оставајќи им простор на конкурентите да го загрозат. Рованпера ја покажа својата кондиција за време на тренингот кога беше најбрз, иако по обилните

58

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

дождови патеките беа покриени со дебел слој кал што е неочекувано за релито на Грција. Тука се очекуваат груби суви патеки покриени со крупен чакал. Но по дождовите повеќе личат на оние од релито Велс што се вози во доцна есен, на крајот на сезоната. Рованпера тргна на патот кон победа. Првиот спектакуларен брзинец што се возеше на улиците на Атина пред многубројната публика во четврток навечер му дозволи на Ожие да го почне релито со предност помала од една секунда во однос на Рованпера. Налетот почна следниот, првиот, вистински натпреварувачки ден. Зафатен со метење на патеките Ожие не можеше да постигне многу оставајќи простор Рованпера да дојде на своето. Го почна релито на утринските брзинци и продолжи да напредува до крајот на денот. Иако беше прв, помалку од 4 секунди го делеа од второпласираниот Танак и третопласираниот Ожие. Другите заостануваа повеќе од 20 секунди и повеќе не беа закана за залетаниот Финец. Сордо, Формо и Гринсмит ги пополнија четвртото, петтото и шестото место. Трагичари на денот беа Еванс и Нувил. Еванс заради заглавениот менувач во брзина, а Нувил заради скршеното управување. Вистинскиот пресврт на настаните се случи во саботата наутро. Во само четири брзинци Рованпера успеа да ја

зголеми предноста во однос на Танак за 39,7 секунди. На третиот брзинец задникот од автомобилот му побегна во ендек, но Кале имаше среќа и се извлече без проблеми. Остатокот од денот продолжи повнимателно и попушти со силното темпо. Танак успеа да му земе 9 секунди, а Ожие остана на трето место со заостанување од 40,2 секунди. И најдолгиот ден од релито помина во знак на Рованпера кому му се насмевнуваше победата, иако сметаше дека нема место за олабавување бидејќи и малата грешка може скапо да се плати. Поредокот на Сордо, Формо и Гринсмит остана непроменет. Еванс со силни напори успеа да стигне до седмата позиција, иако од Кале го делеа речиси шест минути. За последниот ден од релито беа предвидени само три брзински испити. Рованпера победи на два од нив и стигна до победа. Дури успеа да ја зголеми предноста во однос на Танак за 42,1 секунди, а Ожие заостана повеќе од 1 минута. Се очекуваше шампионот да ги чува бодовите во трката за титула во својата последна сезона во WRC. Без оглед што има мало искуство со ваков тип терен, сепак, Рованпера покажа дека иако е млад, знае да се приспособи на условите и да ја задржи присебноста. Сордо го задржа четвртото место, а Гринсмит се искачи на петтото по казната од три минути што


СПОРТ |

му беше доделена на Формо за доцнење на стартот бидејќи не успеал да го стартува автомобилот. Така Формо падна на седмото место, а Еванс го замени на шестото и освои осум бода. Колку и да беше голема победата на Рованпера на Акрополис и колку и да беа големи очекувањата за победа на домашното рели на Финска, толку беше големо разочарувањето за младиот Финец кога излета од патот и се откажа пред очите на своите навивачи. Имено, Рованпера важеше за фаворит во Финска, а очекуваше со победа да го прослави својот 21. роденден но, за жал, не се случи тоа. Финска е најбрзото рели во шампионатот и се вози на мазните и брзи патеки што водат низ пространите фински шуми. Секако Финците важат за најголеми познавачи на овие патеки и долго беа неприкосновени освојувачи на ова рели. Но во последно време како победници се појавуваат и другите возачи во WRC. Годинава честа да го освои релито на Финска му припадна на Елфин Еванс, кому победата му дојде убаво по пехот на релито во Грција. Неочекувано, наместо среде лето, годинава релито на Финска се возеше наесен. Ова значеше дека вообичаено сувите патеки ќе бидат влажни, на места и калливи, а од гледиште на возачите тоа ги менува условите. Тука својата предност ја гледаше и Ожие кому првпат годинава возачката позиција не му е хендикеп. Условите му одговараа и на От Танак кој наедно беше најбрз на тестирањето. Тоа и се очекуваше за него со оглед на фактот дека славеше на последните две изданија на ова рели. Првиот ден помина во знакот на Танак и Крег Брин. Дуото на Hyundai се менуваше на лидерската позиција, а на крајот од денот Брин беше во водство. Одлична борба за Брин, кој возеше исклучително на последниот брзинец од денот каде што му го грабна водството на Танак. Овој брзинец, кој се возеше ноќе, е првиот ноќен испит на релито на Финска по 1994 година. Тука Брин покажа зрелост и веќе очекуваше целосна програма за следната година во тимот на M-Sport Ford. Во битката за превласт меѓу Танак и Брин се вмешаа и Еванс, како и победникот од 2017 година Есапека Лапи и Рованпера, кои се наредија зад водечкиот за помалку од 8 секунди. Нувил и Ожие веќе заостануваа повеќе од половина минута. Се очекуваше оваа жестока битка да продолжи и во текот на вториот ден од релито кога требаше да почне да се расплеткува клопчето околу крајниот исход. Вториот ден од релито Еванс стана јунак на денот. Откако исто како Брин покажа исклучителна возачка умешност на ноќниот испит претходниот ден и од петто скокна на трето место, Еванс брилираше во саботата. Од деветте брзинци победи на пет и успеа да избие во водство на крајот на денот. При освојувањето на брзинците се менуваше со Танак, кој доби четири, но на крајот, пред почеток на последниот ден од релито,

Елфин Еванс и Скот Мартин, победничкиот двоец , на рели Финска 2021

Кале Рованпера и Џони Халтунен, победничкиот двоец , на рели Грција 2021

Еванс направи предност од 9,1 секунди. Танак и Брин признаа дека не можат да сторат ништо во врска со брзината на Еванс. Изјавуваа дека возат на лимит, а сепак се далеку од брзината на Еванс. Рованпера успеа да го престигне Лапи, но на десеттиот испит изгуби контрола и удри во песочниот насип и со растурена предница на автомобилот го напушти релито. Сето ова му помогна на Ожие да стигне до петтото место. Тој, како и Нувил, се жалеше дека нема контрола над автомобилот при големи брзини.Еванс ја потврди својата надмоќност и на последниот натпреварувачки ден. Победи на три од четири брзинци и стигна до толку посакуваната победа. Така Велшанинот со својата втора победа годинава ја намали предноста на Ожие во генералниот пласман од 44 на 24 бода. Предност што условно е достижна со оглед на тоа дека до крајот на сезоната има уште две рели. Танак повторно не можеше да најде соодветен

одговор за брзината на Еванс и мораше да се задоволи со второ место. Брин ја задржа третата позиција, Есапека Лапи четвртата, а Ожие петтата. Шести и седми беа Гринсмит и Формо, со повеќе од пет минути заостанување зад Еванс. Со два асфалтни настана до крајот на сезоната Ожие ја задржува лидерската позиција во генералниот пласман. Меѓутоа, Еванс опасно се приближува, иако разликата од 24 бода во два настана е тешко достижна ако се земат предвид искуството и прибраноста на Ожие и, секако, предизвикот да ја освои својата последна сезона во WRC. Ваква слика се пресликува и меѓу производителите, со 439 бода Toyota убедливо води пред Hyundai со 378 бода. Разлика од 61 бод што е речиси невозможно достижна во само две рели. А сезоната ја затвораат релито на Шпанија и релито на Монца. • Љубомир Атанасовски

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


----

КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА!

Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во внимателно избрани места што се дел од АМСМ Партнер програмата! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Outdoor shop „SCOUT“

Јакни, флисови, елеци, панталони, високи обувки и сè што ви е потребно за совршено искуство во природа за време на есенската и зимска сезона, ќе најдете во специјализираната продавница „SCOUT“. Jack Wolfskin, Regatta, DARE2BE, Campagnolo или нешто друго - на вас останува да го изберете својот омилен бренд и да ја покажете вашата членска картичка со која добивате 10% попуст и веднаш заштедувате. Локација: ул.„Кирил и Методиј“ бр.20 - Скопје

Книжарница „АЛБИ“

Дури и ако ништо не ви е потребно, во книжарниците на „АЛБИ“ секогаш ќе најдете нешто без кое не можете, затоа што колекциите на Santoro London и модниот бренд Anekke се неодоливи, а изборот на детска литература е неограничен. Изберете сè што сакате и само покажете ја вашата членска картичка со која добивате 10% попуст и веднаш плаќате помалку. Локација: : ул. „Варшавска“ бр. 1/приземје и ул. „Даме Груев“ бр.1/001 приземје - Скопје

Продавница за спортска опрема и обувки „SPORT REALITY“

За било кој спорт, и од било кој спортски бренд, било да станува збор за спортска опрема или обувки, само посетете ги продавниците на „SPORT REALITY“ за да најдете сè што ви е потребно. А за да заштедитесамо покажете ја вашата АМСМ членска картичка и веднаш добивате 10% попуст. Локација: Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Кочани, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица

Студио за дизајн „ПИКСЕЛ ПРИНТ“

Кога барате уникатен подарок, персонализиран дизајн на маица или чаша, или можеби оригинален дизајн на тапети за вашиот eнтериер, препорачуваме прво да ги побарате во студиото за дизајн „ПИКСЕЛ ПРИНТ“, каде како наши членови добивате 10% попуст само со покажување на валидна АМСМ членска картичка. Локација: ул. „Пробиштипска“ бр. 16а - Скопје АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 60

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

Еден од најпосакуваните купе автомобили во светот, „ланча фулвија“, 1967 год.

www.amsm.mk 02/3181-108 10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


НЕ ЗАРАДИ ВАС, ЗАРАДИ НИВ! ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СИГУРНА ФИНАНСИСКА ИДНИНА.

Полиси достапни од:

Подружница ТЦ Бисер 62

10.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/5512-705

www.mobilitybroker.com.mk

Центар

02/3181-405


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.