Клуб Мобилити - Јуни 2021

Page 1

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

БЕЗГРИЖНО ЛЕТО СО АМСМ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Почна фудбалската магија. Триесет дена стотици милиони фанови со нетрпение ќе ги чекаат натпреварите на своите миленици, мал број во живо, а другите пред телевизиските екрани. По долг период на затвореност ова е можност конечно да се излезе надвор од границите и да се навива за топката што ќе влезе во голот. Веројатно здравствените услови се сменија и со целосно почитување на мерките може да се замине на некоја дестинација. Но без оглед дали патувате сами или во друштво, во регионот или во Европа, за да си го олесните патувањето и вашиот пат да биде посигурен, ви препорачуваме да станете наш АМСМ член со купување на Европа Премиум членството што ќе го добиете со 30% попуст. Притоа, не заборавајте дека пред секое патување надвор од државата, треба да имате патничко осигурување, особено со полисата што ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19. Високите температури се добредојдени ако сте крај вода или на планина, но сигурно не и кога поминувате подолго време во автомобил. Долгото патување предизвикува замор и вознемиреност, а тие не соодветствуваат на управувањето со возилото. Идеално време за тргнување на пат е рано наутро, добро наспани, со торби сместени во багажникот еден ден порано. Препорачливо е во текот на патувањето, на два часа возење, да правите кратки паузи, а доколку почувствувате замор препуштете му го воланот на сопатникот. На паузите прошетајте и раздвижете се со малку вежбање. Дремката не може да ја совладате со кафе или енергетски пијалак. Најдобро решение е да заспиете, дури и кратко, на некој од попатните паркинзи. Познати совети кон кои треба да се придржувате за да ви биде патувањето пријатно и безбедно. Задолжително погрижете се и за вашиот автомобил. Искористете ја членската картичка и пред да тргнете на пат направете превентивен технички преглед на возилото, кој е бесплатен за АМСМ членовите. Доколку има некаков дефект на вашето возило, најсигурно е да го посетите нашиот АМСМ сервис. Овој месец списанието Клуб Мобилити го прославува четиринаесеттиот роденден со многу интересни информации, совети, теми од разни области, четива со кои ќе уживате во слободното време. „Клуб Мобилити“ ќе ви биде вистински сопатник во ова долго и топло лето. Уживајте и забавувајте се! Посетете ја и нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk во која секојдневно се пласираат интересни содржини. Следното, издание, двоброј, на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јули 2021 на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8

ТРКАЧКА БАЈАДЕРА

9

УМЕТНОСТА ОТСЕКОГАШ БИЛА СКАПА

10

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА

12

НАЈПОСАКУВАНИТЕ 12

АВТО-МОТО ЕЛЕКТРИФИЦИРАН ПАТ ВО ИДНИНАТА

16

СЕГАШНОСТА ЈА ПРЕСРЕТНУВА ИДНИНАТА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

30

НЕ ВОЗЕТЕ ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ СТИЛ

32

ПАРФЕМ ЗАСЕГА И ЗАСЕКОГАШ

34

ПАТУВАЊЕ 34

ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ ПРОТКАЕНИ НИЗ ТУРСКАТА ТУРИСТИЧКА ДУША НI-TECH

40

ТРАГАЧ ПО СОНЦЕТО ИСТОРИЈА

42

СВОЕВИДЕН СИМБОЛ ЗА КВАЛИТЕТ СПОРТ

46

52

ЕНДУРО ТРКИТЕ СЕ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МОТОЦИКЛИСТИ

42

ТРКИТЕ МУ ОВОЗМОЖИЈА КАРИЕРА ЗА ПАМТЕЊЕ

50

ФАБИО КУАРТАРАРО Е НОВАТА ИКОНА НА ЈАМАХА

52

СТАМПЕДО НА „БИКОВИТЕ“ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

56

СЛАДОК Е ВКУСОТ НА ПОБЕДАТА 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

СРБИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - НИШ

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 204 km

5,5 € Ниш патарини: 7 €

60 ден.Романовце

-

-

-

-

СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 437 km

60 ден.Романовце

5,5 € Ниш -

8 € Белград патарини: 15 €

-

2,5 € Нови Сад патарини: 19,50 €

-

СКОПЈЕ - НОВИ САД

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 526 km

60 ден.Романовце

5,5 € Ниш

8 € Белград

-

-

-

СКОПЈЕ - СУБОТИЦА

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци

60 ден.Романовце

5,5 € Ниш

8 € Белград

5,5 € Суботица

оддалеченост: 526 km

-

-

-

-

ХРВАТСКА Цени на патарина: СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 825 km

60 ден.Романовце

1€ Прешево

2 € Дољевац

7 € Белград

3,5 € Шид

-

-

-

-

-

17,30 € Загреб патарини: 32,50 €

СКОПЈЕ - СПЛИТ Наплатни станици:

6

40 ден. Миладиновци

60 ден. Романовце

1€ Прешево

2 € Дољевац

800 РДС.Белград 370 РДС. Шид

Jezevo: Toll: 128.00 HRK

Bosiljevo: Toll: 30.00 HRK

Dugopolje: Toll: 151.00 HRK

оддалеченост: 1231 km

-

-

-

-

-

-

патарини: 55,30 €

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

-


ОТА |

ЦРНА ГОРА Цени на патарина: СКОПЈЕ - БУДВА Наплатни станици:

Скопје - Приштина - Пеќ - премин Кула - Рожај - Беране - Мојковац - Подгорица - Цетиње - Будва. оддалеченост: 449km

патарини: нема

СКОПЈЕ - БУДВА

Наплатни станици: Скопје - Приштина - Призрен - Кукс - Скадар - Бар - Будва. оддалеченост: 449km

патарини: нема

ГРЦИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - АТИНА (преку Гевгелија)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon / Malgara: Toll: 1.20 EUR / Kleidi Toll: 2.20 EUR / Leptokarya: Toll: 3.20 EUR / E75 Makrychori: Toll: 2.50 EUR / Moschochori: Toll: 4.00 EUR / Pelasgia: Toll: 3.50 EUR / Mavromantila: Toll: 1.90 EUR / Agia Triada: Toll: 1.75 EUR / Tragana: Toll: 3.85 EUR / Thiva: Toll: 3.85 EUR / Afidnes: Toll: 3.30 EUR / оддалеченост: патарини:362,05 € 709 km

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Гевгелија)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ 1.20 EUR Malgara / 2.40 EUR Polymylos / 2.40 EUR Malakasi / Pamvotida: Toll: 1.20 EUR / 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 529 km

патарини: 13,80 €

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Битола)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 2.10 EUR Malakasi / Pamvotida: 1.20 EUR/ 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 485 km

патарини: 8,40 €

СКОПЈЕ - СОЛУН

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ оддалеченост: 243 km

патарини: 4,72 €

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

BMW M4 GT3

ТРКАЧКА БАЈАДЕРА

К

ога проверувавме што е најново кај БМВ, имаше што да видиме. Спортската работилница на овој познат производител подготвила вистинско чудо на четири тркала. Автомобилот „бмв м4 гт3“ почнале да го развиваат во 2019 и, истиот е претставен во дворот на работилницата, или подобро да напишеме лабораторијата. Емотивен ден и миг за одделението Моторспорт затоа што возилото за првпат официјално го здогледува светлото на денот, а првото претставување во неговата природна средина ќе ја има на 26 јуни на патеката Нирбургринг каде ќе се вози трка на издржливост во времетраење од 24 часови. Според изјавите на конструкторскиот тим, „бмв м4 гт 3“ за разлика од својот претходник „бмв м6 гт 3“, е порационален затоа што не бара зачестени проверки и дополнителни поправки и не е потребно приклучување на лап топ за да бидат извршени разните подесувања. Внатрешноста е правена за поширок круг возачи, односно не само за суровите професионалци туку и за аматерите со длабок џеб и спортски дух. Тие што имаат желба да бидат дел од трките, можат да го купат ова чудо на четири тркала по цена од 415.000 евра, со назнака дека

возилото ќе го добијат во втората половина од наредната година. БМВ покрај 14.000 пробни километри, до крајот на годината ќе направи и дополнителни 20.000, за возилото да биде што подобро подготвено за следната сезона во која има намера да учествува на сите трки. За горенаведената сума пари, купувачот добива расен тркачки автомобил со

мотор од 3,0 литри зафатнина распоредена во шест цилиндри поставени во линија. Со двоен турбо компресор моторот постигнува 590 КС кои се пренесуваат на задната оска преку шестстепен секвенцијален менувач на задната оска. Тие што имаат намера да „требуваат“ примерок од новото чедо на БМВ да се обратат директно во одделот Моторспорт. •

CARROZZERIA TOURING SUPERLEGGERA

СУПЕРЛЕЏЕРА И ФЕРАРИ ВО ЕДНО

Р

етки се приликите кога некој производител на автомобили го дава своето чедо на доработка. Но, постојат и работилници кои вршат доработка на веќе познати марки автомобили и на местото на заштитниот знак од претходниот производител тие го ставаат своето. Каросерија Туринг Суперлеџера е една од тие работилници, а нејзина најнова творба е „туринг суперлеџера аресе рх 59“. На прв поглед возилото е егзотика, врв од спортско купе, но ретко кој ќе примети дека зад името и зад измените во каросеријата се „крие“ автомобил со потекло од Маранело, односно „ферари ф 8 трибуто“. Ако некој посакува таков автомобил од Каросерија Туринг Суперлеџера, но се пожали дека не може да набави „ферари ф 8 трибуто“, може да биде спокен, затоа што одговорните од работилницата која прави доработки ќе го набави ферарито без никаков проблем. Претходно именуваната работилница нагласува дека ќе бидат произведени само 18 примероци, најверојатно да се зачува ексклузивноста. Во тој пакет од преработување и доработување има: V8 мотор со зафатнина од 3,9 литри со алуминиумски блок и глава. Со помош на двоен турбо компресор, агрегатот постигнува солидни 710 КС кои се пренесуваат на задната оска преку седумстепен менувач со двојна спојка. Од 0 до 100 к/ч забрзува за 3,1 секунда и постигнува крајна брзина од 340 км/ч. Каросериските измени се најголеми и најприметливи,

8

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

затоа на почетокот спомнавме дека ретко кој ќе примети дека „туринг суперлеџера аресе рх 95“ е всушност „ферари ф 8 трибуто“, а најголемата разлика се вратите кои во преработката се отвораат како гулабови крила. Времетраењето на доработката е изразено во месеци со точна бројка од шест, што значи дека кога е во прашање егзотиката и истоимените материјали, тогаш работата оди споро, но сепак сигурно. На крајот од работата следат строги проверки за квалитетот, возните својства и брзинските способности на автомобилот, а дури потоа следи продажбата, односно плаќањето.

Цена? Ако „ферари ф 8 трибуто“ го купуваат за 230.000 евра, „туринг суперлеџера аресе рх 95“ чини (околу) двојно повеќе. И работилниците Мансори и Новотек правеа свои изведби на тема „ферари ф 8 трибуто“, но ниту една од нив не прават свои каросерии, туку мало шминкање на аеродинамиката, малку околу моторот и толку. Така стојат работите кога некој прави рачни преправки во ограничен број за да биде зачувана реткоста на моделот. Сето тоа покажува колку е почитувана рачната изработка која е изразена преку цената. •


НОВОСТИ |

ALPINE A 110S

УМЕТНОСТА ОТСЕКОГАШ БИЛА СКАПА

Г

одинашнава трка за Големата Награда на Монако од Шампионатот во Формула 1, што се вози по улиците на Монте Карло не беше средиште само на болидите и најбрзите пилоти на денешницава, туку и на уметноста. Покрај болидите од тимот Алпина, беше изложена уште една „алпина“, не од тие тркачките, туку од туристичките – „алпина а 110 с“. Некој ќе рече ништо спектакуларно или посебно, но тие што имаа прилика да го видат единствениот примерок во боксот на Алпина, имаа што да видат – автомобилот целосно беше „прекриен“ со нешто префинето, а главен виновник за тоа е познатиот уметник Фелипе Пантоне. Три примероци од „алпина а 110 с“ ќе бидат обоени од овој уметник, а потенцијалните купувачи ќе имаат прилика да бидат сопственици на еден од нив доколку се брзи во одликата да купат еден примерок. Само три на планетава и толку. Токму поради тоа цената на уметничките купе автомобили е двојно повисока отколку да си нарачате еден во традиционалната сина метализирана боја. Соодносот е 75.000 долари наспроти 152.000 долари. Тие што сакаат уметност ќе платат затоа што уметноста била скапа, така велат големите познавачи на овој „спорт“.

Автомобилот не претрпел никакви измени во однос на моторот, или, пак, некој друг дел. Погонската единица е таа истата, турбо V6 со 292 КС средишно поставена со истите брзински

способности, но затоа школката на себе има уметност и таа треба многу високо да биде платена. •

Според сегашните најави сув моделот на Смарт ќе има во себе најнова технологија и препознатлива линија за која одговорност сноси Мерцедес. Не се сомневаме, сето тоа ќе биде убаво спакувано, но уште сега се прашуваме колкава ќе биде цената за тоа пакување? Можеби како ќе одминува времето, така про-

изводителот ќе објавува по некоја особина од сув возилото. Треба да спомнеме дека „сув“ возилото ќе биде некој вид продолжение на моделот „форфор“ (за четворица) и секако во поинакво издание. •

SMART SUV

ПРИСТИГНА ПРВИОТ „СУВ“

П

алетата од модели во семејството Смарт од време на време се зголемува. Тоа е добро како за производителот така и за потенцијалните купувачи. Најновото од Смарт кое допрва треба да се појави на крајот од летото е модел кој користи основа од кинескиот автомобилски гигант Гили, односно неговата платформа „сеа“. Се здружуваат гигантите да си помогнат еден со друг за производот да им биде што поевтин при производството, а профитот што поголем. Денешното време ќе биде запаметено во автомобилската индустрија како ера на „сув“ возилата. И сега погодувате, Смарт ги врши последните подготовки пред големото првично претставување на новиот модел чија каросерија е во сув изведба. Токму така, возилото ќе користи само електричен погон, но засега речиси ништо не е обелоденето, сем неколкуте цртежи и фотографии со детали од возилото. Не се спомнуваат ниту димензиите, ниту брзинските способности, а уште помалку се спомнуваат податоците за силината на електричниот погон и капацитетот на батериите. Велат се ќе биде познато некаде пред претставувањето на возилото во септември. •

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

ЗЛАТНО ТРКАЛО 2021

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈПОСАКУВАНИТЕ

во Националниот Избор за П2021обедниците Најпосакуван Автомобил, Златно Тркало ги добија своите златни статуетки на на-

стан кој беше организиран согласно сите мерки и препораки за спречување на ширењето на коронавирусот. На овој настан присуствуваа ограничен број на гости, претставници на автомобилската индустрија во нашата земја. Изборот и гласањето за второто по ред издание на Златно Тркало заврши пред повеќе од два месеци. По ова беа прогласени победниците во четири различни категории, а лауреатите ги добија своите награди. Настанот, во организација на Авто Плус, Carclub, Cars by Vik и RPM, го водеше најпопуларниот актер во нашата земја, Сашко Коцев. На настанот говореше и главниот уредник на Авто Плус, Виктор Кошевалиски, кој е главен иницијатор на овој избор и настан. Испратен беше апел за промоција на новите и еколошки возила кај нас, добивањето неопходна поддршка – субвенции од државата впрочем како и секаде во светот, со цел за подобра животна средина и поголема безбедност во сообраќајот. Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застап-

ници на брендовите кои победија на второто поред издание на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија. Гласањето се одвиваше од 1 до 14 март и се избираше меѓу 12 автомобили во четири различни категории. Пласирани беа повеќе од 70 објави (текст, видеа, емисии, тестови, вести…) и имаше над 250 објави на социјалните мрежи. Сето ова произведе повеќе од 1,5 милиони импресии и овеќе од 100.000 прегледи на сите објави. На крајот, беа собрани 15.500 уникатни гласови кои беа поделени во четири категории од кои произлегоа победниците.

Во категоријата Најпосакуван Градски автомобил триумфираше Peugeot 2008 со 36 проценти од вкупно 3.950 гласови. За Најпосакуван Семеен автомобил е избран Škoda Octavia со 54 проценти од вкупно 3.620 гласови. Категоријата Најпосакуван Електрифициран автомобил собра 3.500 гласови, а триумфираше Peugeot e-208 со 46 проценти од гласовите. На крајот, Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја замина кај Škoda Octavia со 22% од вкупно 4.260 гласови. •

ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА СЕ ИДНИНАТА НА МОБИЛНОСТА

П

орше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење. Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320kW, 3 полначи со моќност од 11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата. Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути. „Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” – изјави д-р Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија. Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди модели-

10

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

те Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3. Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, ŠKODA Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата. Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа ин-

сталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Bushi, TCC Grand Plaza и Panoramika, но и низ неколку градови низ државата: хотел „Unique“ во Охрид, хотел „Moderna“ во Демир Капија и „Casino Hotel Flamingo“ во Гевгелија, каде клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила. Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина. •


06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Тест: Volvo XC40 T5 Recharge Inscription

ЕЛЕКТРИФИЦИРАН ПАТ ВО ИДНИНАТА ПРИКЛУЧНАТА ХИБРИДНА ТЕХНОЛОГИЈА ПРВИЧНО БЕШЕ РЕЗЕРВИРАНА ЗА ПОГОЛЕМИТЕ МОДЕЛИ НА VOLVO И ОТСУСТВУВАШЕ ОД НАЈПОПУЛАРНАТА ПОНУДА НА МАРКАТА, НАЈМАЛИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ГАМАТА НА SUV ВОЗИЛА. СЕТО ТОА СЕ СМЕНИ СО XC40 T5, ПРВИОТ PLUGIN-ХИБРИДЕН VOLVO ШТО ГО КОРИСТИ ИМЕТО RECHARGE, КОЈ СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ОСТАНАТИТЕ МОДЕЛИ ВО КОМПЛЕТНАТА ТРАНЗИЦИЈА НА БРЕНДОТ КОН ПОТПОЛНА ЕЛЕКТРИЧНА ИДНИНА.

12

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

Ш

ведската марка веќе одамна објави за тоа како планира да ја гради својата стратегија во иднина. На водечките лица во компанијата им е јасно дека моментален премин кон градење на целосно електрични возила е практично невозможна мисија. Затоа во период од неколку години марката ги опреми сите модели во гамата со приклучна технологија (plug-in) подготвувајќи ги за следната фаза која треба да настапи за неколку години од кога Volvo ќе започне да ги менува постоечките модели со нови, целосно електрични изведби. ЦВРСТ ДИЗАЈНЕРСКИ ИЗРАЗ XC40, на прв поглед, остава впечаток на доста смирен и монолитен изглед, извајан совршено без претерани дизајнерски излети кои треба дополнително да нагласат одредени потези. Со предниот дел доминираат светлосните склопови во облик на „Чеканот на Тор“ поставени на самите краеви од предницата движејќи се до хоризонтално поставената маска со конвексен пресек, создавајќи прецизен облик кој во исто време е спортски и елегантен. Профилот делува цврсто, пред сè поради користените линии и движењето на покривот кон задниот дел што завршува во спојлер. За дополнување на впечатокот тука се испапчувањата над тркалата кои ja нагласуваат динамичната карактерна линија. Задниот дел на секој Volvo SUV е изведен на препознатлив и традиционален начин, светлосни групи се вертикално поставени кои во случајов се трендовски инкорпорирани во обликот на каросеријата со што ја

прават целосна сликата за вистински претставник на марката. СКАНДИНАВСКА СМИРЕНОСТ Внатрешноста на XC40 е исто толку удобна и пространа како и сите модерни претставници на марката. Иако XC40 не е со најголеми габарити во класата, одлично се снаоѓа во комбинирање на модерен изглед со комфорно внатрешно пакување, притоа создавајќи одлична рамнотежа помеѓу патникот и просторот за багаж, така што ниту едно лице во кабината нема да се почуствува запоставено. Од таа причина целиот преден дел во кабината на XC40 создава чувство многу слично како кај другите SUV возила на Volvo. Инструментите и целиот преден панел се поставени малку поисправено и делува доста елегантно, скандинавски дизајнирано, со повертикално чувство отколку што е норма за неговите ривали. Голем дел од овој впечаток е создаден од вертикално подредените отвори за воздух и екранот за инфо забавниот систем со неговото портрет ориентирање. Инаку, речиси сите функции на автомобилот се контролираат преку екранот на допир. Како и кај повеќето нови автомобили управувањето е полесно отколку што очекувате. Под него се поставени неколку копчиња за клучните функции како што е јачината на звукот или изборот за режими на работа. Актуелната генерација е веќе неколку години на пазарот, но внатрешноста на XC40 сè уште се чувствува свежо и изгледа прилично добро за разлика од некои негови ривали. 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБО БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.477 СМ3

МОЌНОСТ:

180 КС при 5.800 врт/мин. + ел. мотор 82 КС Вкупно 262 КС

МЕНУВАЧ:

СЕДУМСТЕПЕНА АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: MULTILINK

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 235/50 R19, ПОЗАДИ 235/50 R19

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.812 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.425X1.863 X1.652 ММ

МОЌЕН, НО И ЕКОНОМИЧЕН ДУЕТ Намалената потрошувачка на гориво, ниските емисии на штетни гасови и можноста да се патува целосно движени од електрична енергија се клучните точки на plug-in хибридите, па затоа е добра вест што најмалото Volvo испорачува во сите горенаведени полиња. Volvo XC40 Т5 Recharge комбинира 1,5-литарски три-цилиндричен турбобензински мотор и електромотор кој силата ја црпи од батерија со капацитет од 10,7kWh, а моќта ја пренесува кон предните тркала преку седумстепен автоматски менувач. Бензинецот испорачува 180 КС, а електромотор учествува со 82 КС за вкупна излезна моќ од 262 КС. Постојат четири режими на возење за максимално искористување на погонскиот систем во зависност

14

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

од условите на патот и потребите на возачот. Во секојдневна употреба најдобро е да се остави во хибриден режим, што впрочем се вклучува автоматски при стартување на самото возило. Избраниот мод на работа ќе одлучи кој е вистинскиот извор на енергија во вистинско време, со непречена транзиција помеѓу електро погон и моторот на внатрешно согорување. Доколку се одлучите за Volvo XC40 T5 Recharge, a вашите дневни патувања се вклопуваат во опсегот до 40 км може да слободно да се движите без да користите капка фосилно гориво, под услов батеријата да е полна до 100%. Инаку, кога не сте во „електро мод“ просечната потрошувачка во ниту еден момент не премина 6 литри на секои 100 киломе-

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

7.3 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

2.4 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

180 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

53.350 €

три, што секако е податок кој треба да се забележи со оглед на димензиите и тежината на возилото од преку 1.8 тони. За забрзување до 100 км/ч потребно му е 7.3 секунди, а максималната брзина според најновите стандарди на марката е електронски ограничена на 180 км/ч. Електрифицираниот XC40 претставува вистинско „лајф стајл“ возило за секој што воедно преферира модерен и несекојдневен дизајн со скандинавски призвук кој се издвојува од останатите претставници во класата, моќна работна единица која освен што може да понуди доста забава зад управувачот, секогаш е подготвена да ја покаже својата еколошка страна грижејќи се максимално за животната средина. • Данчо Здравковски


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕДНО МЕСТО ЗЕЛЕН КАРТОН МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

www.amsm.mk

15 02/3181-181

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


| АВТО-МОТО

Претставуваме AUDI RS e-tron GT

СЕГАШНОСТА ЈА ПРЕСРЕТНУВА ИДНИНАТА НАПРЕДОКОТ НИЗ ТЕХНИКА НА AUDI ОТИДЕ ТОЛКУ ДАЛЕКУ ШТО НИ ЈА ДОНЕСЕ ИДНИНАТА НА ПРАГ СО RS E-TRON GT. ЕЛЕКТРОМОБИЛ КОЈ ЈА РЕИНТЕРПРЕТИРА КЛАСИЧНАТА ИДЕЈА ЗА ГРАНТУРИСМО, ВОЗБУДУВА СО ТЕХНОЛОГИЈАТА И БУДИ ЕМОЦИИ СО ДИЗАЈНОТ.

Ј

асно е дека иднината им припаѓа на електромобилите и дека тие никнуваат насекаде како печурки после дожд. Масовноста ја започна Tesla, а набрзо ја следеа и другите производители. Ниту Audi не е поразличен како дел од групацијата која веќе на улица има прилична бројка на модели што возат на струја. Познавачите на автомобилските збиднувања би помислиле дека RS e-tron GT не е ништо повеќе отколку еден препакуван Porsche Taycan. Тоа е очекувано бидејќи и двата автомобили се поставени на истата платфрома со кодна ознака Ј1, имаат ист систем со напон од 800 V, имаат иста батерија со капацитет од 93 kWh, иста адаптибилна суспензија, два мотори, двостепен менувач, слични перформанси... Но, иако е така, Audi RS e-tron GT сето тоа го прави малку поинаку и, нуди поинаква претстава вредна за да ја реинтерпретира класичната идеја за еден грантурисмо во вистински смисол. Тоа го прави посебен и вреден за да го добие епитетот електромобил од иднината.

16

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЕМОЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ Нема двојби, RS e-tron GT бутка од нога и комплетно освојува со дизајнот. Еден е од најубавите автомобили кои се појавиле во последниве години. Виткото тело доаѓа од избалансираните пропорции: голема ширина, низок заоблен кров кој се спушта како капка вода, големо меѓуоскино растојание, широка трага и куси превиси. Како вистински грантурисмо RS e-tron GT делува како да „бришка“ дури и кога стои. Посебно кога се гледа одзади каде екстремно нагласените вдлабнатини од набабрените страници раширени како раменици на бодибилдер преоѓаат во тридимензионална светлосна група и се спуштаат кон браникот украсен со масивен дифузор. Како скулптура извајана од рацете на умешен вајар RS e-tron GT делува како да е создаван одзади, кон напред. Линиите течно минуваат преку страниците спојуваќи го мускулестиот задник со лутата предница украсена со остри форми на отворите за воздух и огромни шкрги зад тркалата. Сето ова резултира со неверојатно

низок коефициент на отпор на воздухот од 0,24. АМБИЕНТ ШТО ОСВОЈУВА Под идејата за класичен грантурисмо е создаден и амбиентот во внатрешноста. Се седи ниско во спортска позиција со испружени нозе. Масивната централна конзола ги одвојува возачот и совозачот, а арматура е свртена кон возачот со што се евоцира духот на класичниот GT. Кабината делува благородно направена со чувство за финеси како кај највреден накит. Седиштата се спортски и се нагодуваат во 14 позиции. Место инструменти возачот гледа во масивен екран, а уште еден има и на средина од арматурата за мултимедијалниот систем. И двата се со извонредна графика и резолуција, а навигацијата има тридимензионален приказ. Кога сме тука да напоменеме дека RS e-tron GT има постојана интернет конекција, на глас чита вести и временска прогноза, а ушите ги милува звукот од системот на аудио специјалистот Bang&Olufsen. Воедно RS e-tron GT никогаш не спие.


АВТО-МОТО |

Будното око на камерите забележуваат сè околу себе дури и кога е паркиран. Па доколку во темница некој не го забележи и се доближи до него ги активира светилките колку да го извести другиот возач: - Внимавај, тука сум! МОЌЕН, БРЗ И ИЗДРЖЛИВ Audi RS e-tron GT го задвижуваат два електромотори по еден за секоја оска, од кои задниот е спарен со двостепен менувач кој помага при наглите забрзувања кога префрла во покусиот прв преносен однос. Моќноста од 598 КС и максималниот вртежен момент од мрсни 830 Nm му овозможуваат да достигне вртоглави перформанси. Дозволува дури и катапултирачки стартови во модусот Launch control кога моќноста во период од 2,5 секунди расте на 646 КС. Тогаш RS e-tron GT од место лови темпо 100 во само 3,3 секунди. Максимумот е ограничен на 250 km/h со цел да се штитат батериите. Кога сме кај нив, тие работат со напон од 800 V, што е два пати повеќе од вообичаениот стандард на денешните електромобили на пример Tesla. Капацитетот е точно 93,4 kWh што е доволно, зависно од стилот на возење за автономија до 488 киломе-

три. Воедно RS e-tron GT во само 5 минути полнење на соодветна станица акумулира енергија доволна да се минат 100 километри. Важен е и термалниот менаџмент кој ги чува батериите од прегревање без оглед што прави возачот со автомобилот. Имено RS e-tron GT дозволува катапултирачки старт со Launch control колку што сакате пати, односно додека не се испразни батеријата. Колку за пример, Tesla дозволува само два бесни старта и потоа ја намалува моќноста и испораката на енергија за да ги сочува батериите од прегревање. ВОЗИ КАКО ПО ШИНИ RS e-tron GT воопшто не е лесен автомобил. На вага мери 2.347 килограми. Да нема двојби: шасијата е лесна, каросеријата е од алуминиум, но системите тежат, батериите пред сè, масивниот систем за ладење и одличната звучна изолација која меѓу другото вклучува и трислојни стакла. Но, без оглед на притисокот врз подлогата RS e-tron GT вози меко како поставен на мачкини шепи, а лови свијоци како искусен Гепард. Сето ова се должи на адаптибилното воздушно потпирање со три-коморна технологија, управувањето на четири тркала и активниот самоза-

клучувачки диференцијал на задната оска кои се под команда на централно управуваната и интегрирана контрола на шасијата. Таа ги анализира и синхронизира сите системи во реално време. Затоа RS e-tron GT може да се вози релаксирано на долги рути и воедно да понуди екстремна динамика кога возачот е расположен за беснеење. За стабилноста при високи брзини допринесува и активната аеродинамика која покрај сокриениот спојлер одзади кој се отвора во две фази има и подвижни панели во подот кои дополнително го лепат RS e-tron GT за подлогата. Во критични ситуации на помош доаѓаат моќните сопирачки апарати со дијаметар од 410 mm преслечени со волфрамов карбид кој ги подобрува перформансите на шестклипните сопирачки клешти. Како опција се карбон-керамички дискови од дури 420 mm. Не само што вози како грантурисмо, RS e-tron GT и звучи подеднакво. Покрај дизајнот и технологијата и акустиката е ремек дело. Покрај вообичаеното зуење на електромобил RS e-tron GT може да звучи како полнокрвен спортист. Две контролни единици управуваат со два посебни звучници, еден надвор и еден внатре. Возачот одбира кога сака да ужива во полниот спортски звук кој се развива прогресивно со притискање на педалот за гас. Производството на RS e-tron GT се одвива во фабриката на Audi во Некарсулум на истата линија каде се произведува и спортистот R8. Таму работат најискусните работници на Audi со титула врвен мајстор. Тие рачно и во поединечни процеси со помош на роботи го создаваат ова автомобилско ремек дело. Нормално на едно вака скроено парче автомобил од најфин ков му одговара соодветна цена. Таа во Германија стартува од 138.200 европски банкноти. • Љубомир Анастасовски

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

Претставуваме BRABUS 800 ADVENTURE XLP

УЛТИМАТИВНА ИГРАЧКА ЗА НАЈСМЕЛИ АВАНТУРИСТИ КОЛОСАЛЕН ПИКАП СО ПЕРФОРМАНСИ НА СУПЕРСПОРТИСТ ДОАЃА ОД ОДГЛЕДУВАЧНИЦАТА НА ЗМЕЕВИ НА BRABUS И НУДИ УЛТИМАТИВНИ ТЕРЕНСКИ СПОСОБНОСТИ СПРЕМНИ ДА ГИ ПРЕДИЗВИКААТ И НАЈСМЕЛИТЕ АВАНТУРИСТИ.

К

ога доаѓа од Brabus тогаш мора да е ексклузива. Правило од кое не се бега. Но, за волја на вистината, оваа ексклузива не е само уште една обична доработка на дрските уметници од Ботроп со истенчен вкус за тјунинг, туку нешто сосема поинакво. Колосален пикап со перформанси на суперспортски автомобил, секако поставен на основата на бездруго бесниот сериски теренец Mercedes-AMG G 63. Дека станува збор за нешто сосема поинакво, покрај масивната моќност од

18

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

800 КС, говорат и максималните теренски способности добиени од порталните оски, огромната артикулација на оските, класичните заклучувачки диференцијали и благородно дотераниот ентериер изработен до перфекција. Едноставно ниту најмалите детали не останале превидени при создавањето на ултимативниот пикап подготвен за најголеми предизвици. На овие страници веќе пишувавме за Brabus 700 Widestar, но оваа нова играчка која доаѓа од Ботроп го подига скалилото на уште повисоко ниво предизвикувајќи ги и најсмелите авантуристи да се запатат во непознатото. СУПЕРТЕРЕНЕЦ ПРЕТВОРЕН ВО ПИКАП Дизајнерите и инженерите на Brabus го претвориле теренецот на Mercedes-AMG во пикап со високи перформанси и со извонредни теренски способности. Благодарение на новоконструираното подвозје со портални оски добиен е клиренс од 49 cm што е доволно да се надминат и нај-

тешките препреки на непристапен терен. Подигнат високо над земја пикапот делува како колос спремен да прегази. Задржана е патничката кабина која изобилува со комфор, а зад неа поставен е товарен простор. Задниот модул на кого стои товарниот простор е скроен од челик додека страниците се изработени од карбон. Челичната рамка која е продолжение на шасијата ја задржува торзиската цврстина и е солидна потпора за потпирањето на задната оска. За да се сочува кабината, а за да се добие издашен товарен простор зголемено е меѓуоскиното растојание за 50 cm. Така вкупната должина на Brabus 800 Adventure XLR нараснала на 5,31 m што е 68,9 cm повеќе од серискиот MercedesAMG G 63. Кога на должината ќе се додадат, и поголемата ширина за 11,6 cm заради преадаптираните додатоци од верзијата Widestar, и поголемата висина за триесетина сантиметри тогаш не е чудо што 800 Adventure XLR делува како вистински колос расположен да гази.


АВТО-МОТО |

ГРУБА УБАВИНА За исполнување на робусниот настап 800 Adventure XLR добил соодветна дизајнерска поткрепа. Хаубата ја краси нагласена купола од карбон со отвор за довод на воздух. Со неа колосалниот пикап делува уште позастрашувачки. Масивниот браник делува агресивно заради огромните отвори за воздух во чии рамки се вкомпонирани светлечки диоди. Цврстата конструкција носи електрична макара способна да влече 4.500 kg. Браникот продолжува во силно испапчени арки над тркалата. Тие се преадаптирани од изведбата Widestar и на задната страна завршуваат со огромни отвори за одвод на врелиот воздух од сопирачките. Праговите се подеднакво широки за да го олеснат пристапот до кабината и се осветлени од светлечки диоди поставени во подножјето на арките. Под нив се сокриваат масивните издувни цевки кои испуштат застрашувачки татнеж. По должина на кровот е поставен багажник чиј дефлектор носи четири рефлектори, а има осветлување и одзади. Товарниот простор е украсен со двоен ролбар кој го олеснува прицврстувањето на товарот. НЕЗАПИРЛИВ НА ТЕРЕН За да добијат спектакуларен лик на тврдокорен теренец, но и максимална способност за совладување на терен инженерите на Brabus од бел лист конструирале сосема нови портални оски. Тие го зголемуваат клиренсот и дозволуваат максимална артикулација на оските. Софистицираната геометрија на оските е добиена од комплетно изменетите водилки и стабилизатори во различни должини изработени на машини CNC само за 800 Adventure XLR. Секој агол носи опружна нога контролирана од системот Dynamic Select кој овозможува менување на параметрите на потпирањето, на моторот, и на управувањето. А преку него се кон-

тролира и висината на возилото. На овој начин без оглед на сложеноста на теренот гумите на Pirelli, Scorpion ATR со димензии 325/55 R22 секогаш се во контакт со подлогата што дозволува извлекување и во навидум безизлезни ситуации. Кога и тоа не е доволно на сцена стапуваат трите заклучувачки диференцијали. Тогаш 800 Adventure XLR е навистина незапирлив и способен да ползи по карпи.

алуминиум. Секое парче се изработува индивидуално според барањето на клиентот во фабричката работилница на Brabus. Затоа и цената е адекватна на желбите. Основната изведба Brabus 700 Adventure XLR чини 389.831 евра. Цената за 800 Adventure XLR од оваа прва серија почнува од 542.000 евра, додека моделот на фотографиите се продава за почетна цена од 588.960 европски банкноти. • Љубомир Анастасовски

БИКОВСКИ МОЌЕН V8 Под хауба е сокриен биковски моќниот 4.0 литарски V8 би-турбо од G 63 AMG чиј вртежен момент кон тркалата се испраќа преку деветстепениот автоматик со можност за рачно менување на степените преку палки зад волан. За потребите на масивниот 800 Adventure XLR во Brabus направиле опсежни модификации на моторот. Сериските турбо полначи се заменети со нови високоперформансни турбини кои го зголемуваат притисокот на 1,6 бари. Направено е и ремапирање на вшприцувањето, сменето е палењето и поставена е нова контролна единица за моторот. Така се извлечени масивни 800 КС при 6600 min-1 и мрсен вртежен момент од 1000 Nm при 3600 min-1. Овие вредности се доволни за Brabus 800 Adventure XLR да катапултира од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди и да достигне максимални електронски ограничени 210 km/h. Ограничувањето на брзината е направено за да се сочуваат гумите од прекумерно трошење. Дека во Brabus многу внимание се посветува на внатрешноста докажува и 800 Adventure XLR со својот благороден ентериер. Луксузот и индивидуализмот се неодвоиви сметаат од Ботроп. Кожниот ентериер на првичната лимитирана серија на 800 Adventure XLR наречена „First Edition” e изработен во кафена боја со нијанса на подгорен даб, а останатите детали се машински обработени од полн

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АВТО-МОТО

Rimac Nevera

БУРА НА ТРКАЛА ХРВАТСКИОТ МАЈСТОР НАД МАЈСТОРИТЕ СЕ ЧИНИ ВООПШТО НЕ МИРУВА И ПОВТОРНО ЈА ИЗНЕНАДУВА СВЕТСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА. СЕРИСКИОТ АВТОМОБИЛ ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПРВИЧНО ПРЕТСТАВЕН МИНАТАТА ГОДИНА НА САЛОНОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ЖЕНЕВА, ДЕНОВИВЕ ДОЖИВЕА ПРЕТСТАВУВАЊЕ ПРЕД СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ. ДОЦНЕЊЕТО Е ОД ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ БИДЕЈЌИ ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ОТКАЖА СОБИРОТ ПОРАДИ ВЕЌЕ ПОЗНАТАТА СИТУАЦИЈА ВО СВЕТОТ.

Ш

то всушност подготви работилницата Римац? „Невера“, тоа е името на серискиот автомобил кој ќе биде произведен само во 150 примероци. Ништо необично зарем не!? Но што ако ви кажеме дека „римац невера“ е хипер електромобил кому му требаат само 9,3 секунди до 300 км/ч, тогаш ви станува

20

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

јасно зошто купе автомобилот ќе биде произведен во само 150 примероци. За новиот модел сопственикот и конструкторот Мате Римац подготвил и нова производна лента. Како што вели сопственикот, на секои пет недели ќе излегува по еден автомобил. Секој примерок пред да го напушти дворот на работилницата, ќе биде потпишан лично од конструкторот, односно сопстевникот М. Римац и сето тоа ќе чини два милиони евра – скромна сума за тие што умеат да му кажат на М. Римац кои измени да ги направи и да си доплатат за желбите. Ова хипер купе е задвижувано од четири електромотори, на секое тркало по еден и наместо за стабилноста и пролизгувањето да биде вграден класичниот уред што го поседуваат сите други моторни возила, „римац невера“ има сосема поинаков уред, а е наречен „р – автв 2“ (римац ол вил торк векторинг). Тоа „два“ кажува дека уредот е од втората генерација, а работи на следниов начин. Супер компјутерот заедно со цел куп од сензори, осум камери, жироскопи но и со свои алгоритми пресметува како возилото би се однесувало на патот и според тоа го подесува секое тркало, односно секој пневматик ја допира подлогата најдобро што може во даден миг,

односно до крајни граници го подесува вртежниот момент. Таа „операција“ се одвива 100 пати во една секунда, така што овој систем е понапреден од класиката „абс + есп“. Секое тркало си има свој оптимален вртежен момент и тоа допринесува за врвната стабилност на автомобилот – како тркалата да се магнети, а асфалтот железо. Кога на ова ја додаваме и конструкцијата која е како во болидите од формула 1 (монокок), тоа потсетува на врвна безбедност. Бидејќи автомобилот престанува да забрзува на високи 412 км/ч, конструкторот повеќе посветил внимание на аеродинамиката, во спротивно автомобилот нема да се однесува како што треба при големи брзини. Затоа сите аеродинамични крилца и спојлери си фаќаат свој агол, односно некои од нив се подвижни и се приспособуваат според моменталните услови, но оставена е можност возачот сето тоа да го подесува, се разбира доколку има познавања од аеродинамиката, барем малку од малку. Невера е името, звучи необично и сега сигурно се прашувате што значи. Во летните месеци на хрвтското крајбрежје понекогаш оденадеш се појавува силна бура проследена со јак ветар и грмотевици. Таквиот вид невреме кое


АВТО-МОТО |

се појавува многу брзо и без некои уочливи наговестувања, народот го нарекува невера. Мате Римац го позајмил името на летното невреме за својот нов модел, кој всушност е продолжение од концептот „римац ц 2“. Невремево на тркала има ни повеќе ни помалку туку точно 1914 КС и 2360 Нм максимален вртежен момент, затоа забрзувањето од 0 д 100 км/ч изнесува само 1,85 секунди. Мајсторот над мајсторите по трет пат им зема мерка на сите во автомобилската индустрија, од најмалите до најголемите кои тежат со по неколку десетици и повеќе милијарди долари. • Жарко Атанасоски

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АМСМ

Streets for Life

www.amsm.mk

unroadsafetyweek.org

Глобална недела на ООН за безбедност на патиштата

„УЛИЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ – КАМПАЊА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА

ВО ПЕРИОДОТ ОД 17 ДО 23 МАЈ, ЗАЕДНО СО СИТЕ ПОГОЛЕМИ КЛУБОВИЧЛЕНКИ НА FIA, ЈА ОДБЕЛЕЖАВМЕ ШЕСТАТА ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ООН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА, КОЈА ОВАА ГОДИНА и БЕШЕ ПОСВЕТЕНА НА НУЖНОСТА ОД ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 30 КМ/Ч НА УЛИЦИТЕ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ.

Н

а секои 24 секунди по едно лице го губи животот на патиштата. Според СЗО, брзината е еден од клучните фактори за сообраќајни незгоди и го зголемува ризикот од нив, а влијае и врз сериозноста на повредите предизвикани од брзото возење. Улиците на кои се вози со мала брзина спасуваат животи и тие се срцето на секоја заедница. Ограничувањето на брзината на 30 км/ч помага во создавањето улици полни со живот, зелени, улици што се за игра, улици за живеење. Во фокусот на годинашната кампања беше потребата од воведување максимална брзина од

22

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

30 км/ч во почувствителните градски подрачја, каде што пешаците, велосипедистите и децата се дел од животот на улиците. Поради тоа неопходно и итно е ограничување на брзината на овие улици. Преку кампањата на социјалните медиуми и соработката со влијателни млади луѓе ја пренесовме пораката за потребата од создавање улици за живеење и ги повикавме институциите да дејствуваат и да создадат улици каде што се вози со мала брзина таму каде што е можно. Кампањата беше реализирана во соработка со FIA и FIA Foundation. • Благица Станојевиќ Блажевска


06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

БЕЗГРИЖНИ СО САМ

НАПРАВЕТЕ ПРЕВЕНТИВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД Технички исправното возило е предуслов за безгрижни и безбедни патувања, каде и да одите. Искористете ја привилегијата на вашата членска картичка и пред патување задолжително направете превентивен технички преглед на вашето возило, кој е бесплатен за АМСМ членовите.

ПОДГОТВЕТЕ ГИ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ Ако ова лето патувате надвор од земјава, тогаш задолжително проверете ја важноста на меѓународните документи што ви се неопходни за излез од државата (зелен картон, овластување за управување со туѓо моторно возило, меѓународна возачка дозвола или патничко осигурување) и обновете ги навреме. Сите меѓународни документи, се достапни 24/7 во АМСМ Скопје-Центар со исклучок на меѓународнатата возачка дозвола, за која е потребна потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, што се издава во работното време на МВР. На нашата веб страница – www.amsm.mk се наведени документите што ви се потребни за да добиете меѓународна возачка доззвола.

ПО

ПУ

СТ

СТАНЕТЕ ЕВРОПА ПРЕМИУМ ЧЛЕН И ЗАШТЕДЕТЕ Искористете го попустот, веднаш заштедете 810 денари и бидете сигурни дека каков дефект и да ви се случи на пат било каде во Европа, во било кое време, имате кому да му се јавите 24/7. Покрај услугите за помош на пат и шлепување во нашата земја, како наш Европа Премиум член добивате и услуги во Европа: • Бесплатна помош на пат или шлепување во случај на дефект во висина до 200€ • Бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода во висина до 400€ • Покривање на патни трошоци за членот, или хотелско сместување и бесплатно користење на рентакар возило во висина до 200€ Акцијата трае до 31.08.2021 година, а можете да го искористите и при online купување на картичката тука. 02/3181-108

24

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


АМСМ |

МО НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ

ИЗВАДЕТЕ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ Ве потсетуваме задолжително да направите патничко осигурување пред секое патување надвор од државата. Притоа информирајте се која полиса ги покрива неопходните трошоци за лекување од Ковид-19. Исто така, препорачуваме да изберете полиса за патничко осигурување без франшиза, со опција „една полиса за повеќе патувања“. Секако не заборавајте во вашето патничко осигурување да вклучите покритија согласно вашите потреби и целите на вашето патување (спортска незгода, осигурување на багаж итн).

ПОВИКАЈТЕ ПОМОШ НА ПАТ ОД ЗЕМЈАВА ИЛИ ОД СТРАНСТВО Ви посакуваме среќен пат, и ве потсетуваме дека во случај на дефект во земјава или каде било во Европа, на располагање сме ви 24/7 на следните телефонски броеви: • Повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) за помош на пат и шлепување во земјава • Повикајте + 389 2 3181 196 за помош на пат и шлепување во странство. Услугата помош на пат и шлепување е бесплатна за сите АМСМ членови.

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА И ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Пред тргнување на пат задолжително информирајте се за состојбата на патиштата и на граничните премини во нашата земја на телефонскиот број 02/15 5555 или погледнете ја нашата веб страница –www.amsm.mk, каде што на едно место покрај најновите информации за состојбата на магистралните и регионалните патишта и граничните премини од страна на нашата државата, ќе ги најдете сите потребни информации за патување во странство, вклучително и актуелните Ковид-19 мерки кои се во сила во повеќе од 33 европски земји.

02/3181-108

www.amsm.mk

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

• Која е цената на меѓународна возачка дозвола и на одобрение за управување со туѓо моторно возило (за физичко лице) и за колку би биле готови од моментот на поднесување на документите. Колку време е нивната важност, една година или пократко? Благодарам, Анѓелина АМСМ: Цената за меѓународна возачка дозвола е 950,00 денари, а цената на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство е 600,00 денари. Документите се изработуваат веднаш на шалтерите во АМСМ. Полномоштвото може да се издаде и за пократок период од една година на барање на сопственикот или корисникот на возилото.

• Каде може да се точи компресиран природен гас (ЦНГ или метан) за автомобили во Македонија? Поздрав, Мирослав АМСМ: Во Македонија пумпи за ЦНГ, односно метан има на пумпите на Макпетрол, три пумпи во Скопје и една во Куманово. За подетални информации погледнете на сајтот на Макпетрол каде што детално е објаснето за овој дел.

• Сакам да ставам фолии на моето возило (Голф). До колку проценти имам право да ги ставам фолиите во колата напред и назад? Каде може во Скопје да направам атест на фолиите? АМСМ: На моторно возило може да бидат вградени фолии, со тоа што е дефинирана минималната пропустливост на светлина која мора да биде задоволена за да се направи атест на споменатата преправка. За предното ветробранско стакло минимална пропустливост на светлина изнесува 75%, за предните странични стакла изнесува минимум 70%. За останатите бочни стакла и заден ветробран, пропустливоста може да биде помала-до 0%, со тоа што возилото мора да биде опремено со два надворешни ретровизори. За да дојдете на атест, потребно е да донесете упат од МВР за атест на преправено возило на кое се вградени фолии. Атест можете да извршите и во просториите на АМД Гостивар, каде наша екипа оди секој работен петок. Доколку имате други дополнителни прашања можете да не контактирате секој работен ден на тел. 02/ 2631 181 или во просториите на АМСМ – Центар за возила.

• Која е цената на зелените картони и за кој период? АМСМ: Зелениот картон е поврзан за регистрацијата на возилото, поточно за полисата за автоодговорност, а важи додека е возилото регистрирано. До кога е возилото регистрирано до тогаш важи зелениот картон. Цената на зелен картон по категорија е следна: Патнички возила до 66KW - 3.690,00 ден. за цела година (за еден месец - 1.850,00 ден.) над 66KW - 5.536,00 ден за цела година (за еден месец - 3.075,00 ден.) Товарни возила 17.222,00 ден.-годишен зелен картон приколка - 5.536,00 ден. мотоцикл - 1.850,00 ден. годишен зелен картон комбинирани моторни возила 9.656,00 ден. годишен зелен картон.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

26

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗА ВАС КОИ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВАВТЕ ОТВАРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ,

ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО БИЛО КАДЕ ВО ЕВРОПА!

ПО ПУ С Т Акцијата трае до 31.08.2021

www.amsm.mk

02/3181-181

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

CLASSIC

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

28

EUROPE PREMIUM

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

ЗАБОРАВЕТЕ ГО НОЌНОТО ВОЗЕЊЕ ЗАТОА ШТО ТОА ПРЕТСТАВУВА РИЗИЧЕН ПОТЕГ И КРИЕ МНОГУ ОПАСНОСТИ. ПАТУВАЈТЕ ДЕЊЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ВОЗЕЊЕТО.

Н

оќното возење не претставува никаков проблем на кратка релација од неколку километри. Непријатните мигови се јавуваат на подолги релации. Пред сè, автомобилот мора да биде во беспрекорна возна состојба, светлосните групации чисти и исправни, како и стаклата затоа што ако се валкани ја расфрлаат светлината насекаде (дисперзија на светлината). Прв проблем со кој ќе се соочите при возење навечер е светлината на автомобилите од спротивната страна. Ист ефект има и од автомобилите одзади – заслепувањето доаѓа преку ретровизорите. Нема спас од заслепувањето. Неопходно е ретровизорите да бидат поставени под соодветен агол за да се избегнува директна светлина во очите. Но заслепувањето што доаѓа од спротивната насока не може да се избегне. Сите учесници

30

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

НЕ ВОЗЕТЕ ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ во сообраќајот мора да се однесуваат коректно и да покажат сообраќајна култура, односно предните светла да бидат правилно нагодени и снопот светлина да паѓа на 70-80 метри пред автомобилот. Следниот проблем е несигурноста, чувството на непознат терен и слично. При

ноќно возење човечкото око поинаку ги забележува предметите. Околината што е позната дење не се совпаѓа со тоа што окото го забележува при ноќно возење. Во темнината предметите и сè друго добива поинаков облик и изгледа како да е поблиску. Оваа појава им е добро


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

позната на пилотите. Често се случува возачите неколку секунди да имаат чувство како да се изгубени и дека возат на непозната територија, а всушност тоа им е добро познат предел. Тоа предизвикува несигурност и мал страв. Науката вели дека човекот се чувствува непријатно во текот на ноќта бидејќи не може лесно да се снајде во темнина. Третиот проблем, навидум безопасен, е најопасен. Дремка, дремење, познато како „заспа на волан“. Дремката се јавува како при ноќно, така и при возење дење. Ако возачот не е доволно одморен и чувствува замор, треба веднаш да застане

покрај патот, да отспие и потоа да го продолжи патувањето. Заради безбедност се препорачува да се застане во населено место или на бензинска станица. Биогеографијата е наука што проучува дел од овој проблем и може да даде одговор на „современиот феномен“ да се биде активен во ноќта. Човекот со милиони години станувал со првите сончеви зраци, а легнувал кога го снемувало денот и настапувала ноќта. Сето тоа е всадено во неговата ДНК. Со појавата на вештачката светлина човекот стана „ноќна птица“ – ја претвори ноќта во ден. Оние што сакаат да возат во ноќните

часови треба да направат посебни подготовки. Такви подготовки на издржливост прават возачите на болидите во шампионатите каде што трките траат по 24 часа. Но тоа е тежок и суров професионализам. Со потпишаните договори се обврзуваат на голем број услови, на пример, во наредните шест месеци мора да легнуваат во 21 часот и да стануваат во 7 часот или да легнуваат во 7 часот и да стануваат во доцните попладневни часови. Пилотите што возат навечер имаат посебни подготовки што траат со месеци со цел да им се смени биоритамот и да бидат беспрекорно подготвени за возење со максимални брзини во текот на ноќта. Сите учесници во сообраќајот треба добро да се одморат и да се наспијат и дури тогаш да тргнат на пат. Не применувајте ноќно возење затоа што е преполно со опасности. Ризик се презема само во исклучителни случаи. Патувањето е најбезбедно кога возачите не влегуваат во ризични ситуации. Човекот не е ноќно суштество и треба да се однесува во согласност со природата. Ако мора да возите ноќе, слушајте динамична музика и не брзајте. • Жарко Атанасоски

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| СТИЛ

Сто години CHANEL N°5

ПАРФЕМ ЗАСЕГА И ЗАСЕКОГАШ ГОДИНАВА ФРАНЦУСКАТА МОДНА КУЌА CHANEL ЈА ОДБЕЛЕЖУВА СТОГОДИШНИНАТА ОД ЛАНСИРАЊЕТО НА ПАРФЕМОТ N°5, ПОД СЛОГАНОТ „МИРИС ЗА СЕГА И ЗАСЕКОГАШ“. ДИЗАЈНЕРКАТА GABRIELLE BONHEUR „COCO“ И „НОСОТ“ ERNEST BEAUX ВО 1921 ГОД. НАПРАВИЈА РЕМЕК-ДЕЛО ЗА КОЕ И ДЕН-ДЕНЕСКА СЕ ЗБОРУВА СО ПИЕТЕТ И ВОСХИТ, А ГО КОРИСТАТ МНОГУ ЖЕНИ. ВИРУСНАТА ПАНДЕМИЈА Е ПРИЧИНА ЗА ПРОСЛАВА БЕЗ ГОЛЕМА ПОМПА, НО СО УБАВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ. ИДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ СЕ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА ДИЈАМАНТСКИОТ ЃЕРДАН ЧИЈ ДИЗАЈН Е ИНСПИРИРАН ОД ШИШЕНЦЕТО НА ПАРФЕМОТ СО ИКОНИЧНО ЗНАЧЕЊЕ.

Д

алечната 1954 година, кога ја прашале што носи на себе во кревет, Marilyn Monroe одговорила: „Само пет капки парфем Chanel N°5 и тоа е тоа“. Шеесет и седум години потоа, кога се одбележува стогодишнината од неговото лансирање, секои триесет секунди се продава едно шишенце парфем Chanel N°5, за кој се вели дека е класика, легендарен мирис, а одозгора уште и заводлив.

32

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Пред неговото појавување во јавноста, жените мирисале на цветна градина, носеле парфеми што гушеле во буквалната смисла на зборот. Всушност, таквите тешки мириси биле карактеристични за жените од најдолните класи, проститутките. Угледните жени носеле парфеми што мирисале на одделни цветови, додека куртизаните, блудниците мирисале на мошус, јасмин, за да го привлечат вниманието на мажите. Така Французинката Gabrielle Bonheur „Coco“ Chanel сфатила дека условите се идеални за промени, најприкладни за да осмисли нешто ново - парфем кој ќе биде модерен, во најмала рака ќе значи ослободување и, секако, ќе мириса на жена, не само на ружа. Францускиот хемичар и мајстор за парфеми, родум од Русија - Ernest Beaux не се двоумел ни малку кога дизајнерката му понудила соработка, ја прифатил со задоволство и веднаш се фатил за работа, да креира парфем според нејзините инструкции. Коко инсистирала да биде нешто сосема ново, дотогаш невидено и, се разбира, интензивно. Ернест, пак, инспириран од чистотата на руските пејзажи, нивната свежина, во текот на зимата, користел нероли, мајска роза, јасмин од Грас, сандал, бурбон ветивер, ванила за да направи основа, темел, подлога што ја измешал со алдехиди за да ја добие поса-

куваната зимска свежина и заводливост. Намерно го спојувала навидум неспојливото бидејќи дизајнерката сакала да направи револуција, создавајќи парфем што ќе го доведе во прашање статусот, положбата на жените во општеството и ќе укаже на парадоксите. Et voilà! (з.м. И ете...) Очигледно дека спојот на чистотата и сексапилот е можен кога се работи за Chanel N°5, како што е можна и комбинацијата на осумдесетина „состојки“ што е своевиден преседан дотогаш. Многумина не можеле да го опишат со зборови, а Коко го претставила како „букет од апстрактни цветови“. Мирисот е варијабилен, постојано се менува бидејќи нема доминантна нота, единствена, но затоа, пак, може да се пофали дека има моќ, способност за различност, поинаку мириса на секоја жена, што говори за нејзината единственост. Coco направила исчекор и во амбалажата - обична бела етикета на класично шишенце со едноставни, прави линии. Капачето, исечено како дијамант, е инспирирано од геометриската форма на Vendŏme, субпрефектурата што ја гледала од балконот на нејзината соба во парискиот хотел Ritz. Изминатите години се направени суптилни промени, но сепак е сочувано традиционалното запечатување на шишенцата со дворедна бисерно-памучна нишка


СТИЛ |

и восок. Така парфемот може да го отвори само жената за која е наменет. Chanel N°5 се смета за еден од најпознатите во историјата на парфемите, иако мнозина се прашуваат зошто баш N°5. Имено, пет бил омилен број на Коко, во текот на нејзиното растење, детството, имал посебна симболика. Според раскажувањето, додека живеела во сиропиталиште, секојпат кога одела до блиската катедрала, на молитва, морала да помине низ пет различни патеки, а мирисот на некоја ружа што наводно имала само пет латици многу й пречел. За неа бројот пет бил обвиен, исполнет со мистика. Во 1921 год., можеби и порано, откако му ја кажала идејата за нов, своеобразен парфем и му понудила соработка, Ernest й овозможил да одбере меѓу десетте примероци што ги тестирал претходно, маркирани со броеви, од еден до десет. Не се двоумела ни малку, веднаш го избрала петтото шишенце. Причината била едноставна. „Како што секоја година ја претставувам колекцијата на петтиот ден од петтиот месец, така и парфемот ќе го носи името N°5. Мислам дека тоа ќе ми донесе среќа“, му рекла на „носот“, притоа не знаејќи колку има право. На 5 мај истата година, од ателјето на 31 Rue Cambon во Париз се ширел провокативен, сензуален мирис... Поканетите

гости си заминале дома со подарок - шишенце Chanel N°5. „Како да добивме на лотарија...“, своевремено кажала една од пријателките на Коко. Успехот бил неизбежен, но дизајнерката се стремела кон светска популарност, сакала парфемот да се продава и во Америка. На крајот на 1924 г. и Њујорк го „запознал“ Chanel N°5. Промоцијата не била помпезна, рекламата се состоела од кратко известување дека парфемот може да се купи во некои стоковни куќи. Без оглед на тоа, еуфоријата што ја предизвикал Chanel N°5 кај Американките била огромна. Во Европа и натаму важел како феномен - мирислив. Веднаш по завршувањето на Втората светска војна се решила на чекор напред, да ја зголеми неговата промоција така што на секој американски војник, затечен во Париз, ќе му даде парфем на дар за неговата девојка, сопруга. И ден-денеска се паметат долгите редици пред бутикот. Во 1950-тите Chanel N°5 се претворил во мит, благодарејќи на Мерилин Монро и нејзината бомбастична изјава. Следната деценија станал симбол на женственоста, се продавал под слоганот „секоја жива жена го сака Chanel N°5“. Но, на крајот на 1960-тите дошло до неочекуван пресврт, неговата популарност била сериозно загрозена поради

големата комерцијализација, масовното користење. Почнале да го доживуваат како застарен. Од тие причини „окото“ на француската модна куќа, како што го нарекуваа Jacques Helleu, ја ангажираше Catherine Deneuve што беше умен потег (маркетиншки) бидејќи 1970-тите важеа како златни години на кинематографија. Парфемот стана омилен меѓу филмските артистки, нивен „интимен пријател“. Оттогаш речиси не постои дива што не го рекламирала, од Carole Bouquet, преку Nicole Kidman (за хонорар од 3,7 милиони долари) и Audrey Tautou, до Lily-Rose Depp (ќерка на Vanessa Paradis и Johnny Depp). Денес Marion Cotillard е заштитно лице на Chanel N°5. Како-годе, приказната за неговиот „живот“ е обвиен со многу контроверзии, мистерии, впрочем како и животот на Gabrielle Bonheur „Coco“, нејзините потези. Но, рака на срце, никој не може да й ги оспори талентот, работата. Факт е дека сé што креирала било врвно, легендарно, безвремено. Од денешен аспект, парфемот има речиси митска аура. Секоја жена со Chanel N°5 добива и доза на раскош, гламур, по кои чезнее. Доволни се само пет капки... онаму каде што пулсира нејзиното срце, каде што сака да ја бакнуваат, на вратот, деколтето, на зглобовите. Така е сто години, без престан, јубилеј достоен за почит, пофалба. Иако вирусната пандемија ги скратува можностите за прослава, како што доликува - помпезно, француската модна куќа ја одбележува годишнината од лансирањето на парфемот со истоимената колекција High Jewelry, крунисана со ѓердан, „опточен“ со седумстотини дијаманти од мал формат и еден голем, беспрекорен, со 55.55 карати, а чиј дизајн е инспириран од шишенцето на Chanel N°5 со иконично значење. • Игор Ландсберг

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| ПАТУВАЊЕ

Турција

ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ ПРОТКАЕНИ НИЗ ТУРСКАТА ТУРИСТИЧКА ДУША СО ДОАЃАЊЕТО НА ЛЕТОТО СЕ БУДИ НЕОДОЛИВА ЖЕЛБА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НОВИ ДАЛЕЧНИ МЕСТА И ЗА СРЕДБА СО РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ И ТРАДИЦИИ. ЕДНА ТАКВА ДЕСТИНАЦИЈА Е ТУРЦИЈА, ПОЗНАТА ПО ПРЕКРАСНИТЕ ДОЛГИ ПЛАЖИ, ЧИСТОТО И ТОПЛО МОРЕ, АНТИЧКИТЕ СПОМЕНИЦИ И ВКУСНАТА ТРАДИЦИОНАЛНА ХРАНА. ОДЛИЧЕН ИЗБОР ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА УЖИВААТ ВО ЛУКСУЗ, НО И ЗА ОНИЕ ШТО САКААТ АКТИВЕН ОДМОР.

34

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

П

остојат многу причини да ја изберете Турција за да се одморите и да се забавувате. Прекрасна земја на гостопримливи луѓе, полна со контрасти: тука Истокот и Западот се преплеле и создале заедништво, традиционална и модерна, земја со богата историја, совршена за одмор, забава и шопинг. Нејзината територија зафаќа и од двата континента, Европа и Азија, а песочните плажи, долги над 8.000 километри, ги заплискуваат водите на Егејското, Средоземното и на Црното Море. ТИРКИЗНИОТ БРЕГ ВЕ ПОВИКУВАНА УЖИВАЊЕ Југозападниот брег на Турција е познат како тиркизен брег или турска ривиера поради археолошките и природните убавини. Од седумте светски чуда на стариот свет, две се наоѓаат на тиркизниот брег - Храмот на Артемида во Ефес и Мавзолејот во Халикарнас. Комбинацијата од медитеранската клима, топлото и кристално чистото море, плажите, планинските масиви, археолош-

ките локалитети и уникатната природа, го прави брегот совршен избор за летен одмор. Тука се наоѓаат најпопуларните одморалишта - Анталија, Аланија, Кемер, Бодрум, Кушадаси, Сиде, Мармарис, Патара итн. Анталија е место каде што морето, сонцето, историјата и природата создале совршена хармонија. Главен турски град на меѓународниот туризам, секако, е Анталија! Туристите што доаѓаат од цел свет најчесто со воодушевување зборуваат за тамошното зајдисонцето. Тука се наоѓаат планината Тахтали (2.365 м), повеќе од четири илјади антички градови, азурно сино море со бисерни плажи и пристаништа, многу музеи, модерни зданија, голем број ресторани, безброј чаршии, љубезност, насмевка и врвна услуга на сите страни... Топлиот воздух помешан со опојните мириси на зачините и на турскиот чај задолжително потсетуваат дека сте во лулката на грчката, римската, византиската и османлиската култура и архитектура.


ПАТУВАЊЕ |

Каде и да погледнете, ви станува јасно зошто Аталос, античкиот крал на Пергам, кога пристигнал на оваа локација по неколку децении лутање и освојување, помислил дека се наоѓа на место што најмногу потсетува на рајот и поради тоа го основал градот на кој му дал своето име. Неколку века подоцна таму живееле пирати, потоа се населиле разни племиња, Грци, Римјани, а на крајот дошле Османлиите, кои му дале источен белег. Убавините на турскиот брег, особено туристичкиот рај во Анталија, безброј пати е опишуван, а милиони задоволни посетители повторно се враќаат за да уживаат во него... Годишно во Анталија има околу 300 сончеви денови и карактеристично блага клима. Архитектонските зданија во Анталија се неверојатни. Денес се јасно видливи трагите од многу цивилизации за кои Анталија била попатна станица. Тие оставиле свој белег на денешниот изглед на градот, кој претставува неверојатната фузија на архаични и модерни градби во урбан стил што не ги нарушуваат убави-

Келичи (Анталија)

ната и општиот впечаток од севкупното доживување на градот. Калеичи (Анталија) е сместен покрај медитеранскиот брег во јужниот дел. Благодарејќи на многубројните историски споменици, близината на морето и добро воспоставената туристичка инфраструктура, областа се здоби со неверојатна популарност меѓу турските гости. Само пред неколку децении регионот Калеичи

не предизвикуваше интерес кај патниците, но властите во Анталија извршија реставраторски работи на територијата и Стариот град се здоби со нов живот. Денес, Калеичи зафаќа површина од повеќе од 35 хектари и вклучува четири области. Сега се вика Стариот град Анталија, а повеќето стари градби се зачувани речиси во оригинална форма. Пред неколку години се изврши големо реновирање во

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ПАТУВАЊЕ

Келичи (Анталија)

Калеичи, беа отворени кафулиња, ресторани и минијатурни хотели. Така, Стариот град стана популарен туристички центар, каде што не само што можете да ја допрете историјата на различни цивилизации туку и добро да се забавувате во локалните кафулиња. Во стариот дел на Анталија има тесни кривулести улици со стари куќи потпрени на ѕидовите на античката тврдина, а кога ќе зачекорите во новиот дел од градот се чувствувате како да сте поминале илјада година долг пат, опкружен со најсовремени хотели, дискотеки и други атрактивни локалитети наменети за најквалитетна забава. Во Калеичи има голем број културно-историски споменици. Археолошкиот музеј во Анталија е еден од најбогатите во светот и во него се наоѓаат најдобро зачуваните примероци на антички статуи и мозаици. При прошетката низ градот ќе наидете на портата на Адријан или Укапилар, каде што, според легендата, кралицата на Шеба поминала на пат кон Соломон. Тука е и минарето Кешик или скршеното минаре, потоа џамијата на Аладин, која е позната по невообичаено изграденото минаре Jивли, кое датира од 13 век и е симбол на градот. Античкиот град Перж

36

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

го одзема здивот. Опколен е со sидови во кои живееле околу 14.000 жители. Пространи улици, аквадукт, гладијаторска арена и огромен стадион. Во големиот број ресторани се нуди квалитетна храна што изобилува со типично домашни и јадења поврзани со регионот. Кога се зборува за овој дел од Турција не треба да се заборават прекрасните песочни плажи, во чија близина се и водопадите што личат на пенливо млеко. Во Анталија може одблизу да се погледне турската култура и историското минато, затоа што градот се грижи за зачувување

на археолошките наоѓалишта, на џамиите, црквите, медресите и амамите, кои го издржале тестот на времето. Сигурно нема да ви биде здодевно покрај големиот број турски бањи и третманите во нив, продавниците за сувенири, бучните улици и баровите преполни со еуфорични туристи. Tуристичките одморалишта Белек на исток и Кемер на запад, како и остатокот од регионот Анталија, со импресивната планина Турус во заднина, ги хранат сите сетила. Белек се наоѓа на 30 километри од Анталија. Тоа е модерно, ново, скапо и луксузно одморалиште, новото заштитно лице на турскиот туризам и омилено место на љубителите на луксузот и спортот. Најдобрите школи за голф, како и терени се наоѓаат токму тука. Изграден е околу неколку терени за голф, располага со голем број луксузни хотелски комплекси што се протегаат на 16 километри долгата песочна плажа. Ако за летување посакувате на врвна хотелска услуга (базени, бањи и фитнес центри), тогаш Белек е вистински избор.

Дуден водопади


ПАТУВАЊЕ |

Мармарис (Анталија)

Гастрономската понуда е приказна сама по себе, а ќебапот е неизбежен во понудата на секој ресторан и задолжително треба да се проба специјалитетот на оригиналните креатори. Во близина на Белек се наоѓаат античките градови Перга и Аспендос, а меѓу природните атракции што вреди да се спомене е водопадот Манавгат. Кемер е сместен меѓу тиркизните води на Средоземното Море и прекрасната планина Таурус, на прекрасна локација. Идилична дестинација е Сиде, со долги пространи плажи и антички урнатини. Неодминлива е и Аланија, град што израснал околу утврдено пристаниште и замок, од каде што лесно и брзо може да се дојде до римските урнатини на Сиде и славните водопади Манавгат. УЗИВАЊЕ ЗА СИТЕ СЕТИЛА Мармарис и местата околу него се познати како турска монденска ривиера. Станува збор за дестинација каде што летниот одмор најчесто го користат луѓето од високото општество. Овој регион, како и останатиот дел од земјата, изобилува со историски локалитети. Мармарис и неговиот сосед Ичмелер имаат богата

понуда на модерни хотели. На марината во Мармарис може да се најдат продавници на Поло, Ралф Лорен, Келвин Клајн и многу други светски брендови. Овој крај локалното население го нарекува Беверли Хилс. Исто така, тука има и продавници со традиционални турски производи. Ако сте љубител на добрата храна, тогаш бидете сигурни дека тука можете да ја вкусите! Вечерта можете да ја поминете во некој сендвич-бар или во ресторан со локална храна или да изберете некој интернационален ресторани што нуди гурмански специјалитети. Меѓу интересните места за посета е замокот што се надвиснува на карпите над градот и гледа кон морето или шарениот покриен пазар во центарот на градот. Може да го посетите и паркот посветен на таткото на нацијата, Ќемал Ататурк. Бодрум се наоѓа јужно од Мармарис. Овој град, покрај илјадниците туристи, го посетуваат и голем број писатели и уметници што го ценат поради специфичната архитектура, односно куќите изградени покрај падината на планината што личат на кули. Дополнителни причини да се посети Бодрум се нуркачите што ги вадат морските сунѓери и рибарите.

Тука може многу лесно да се организира престојот и да се најми соба, апартман или куќа. Нема да ве остават рамнодушни малите бели куќи со многу цвеќиња на терасите што му даваат карактеристичен изглед на градот. Бодрум е место што може да се пофали и со историско минато затоа што на неговата територија егзистирале неколку различни цивилизации и култури. Тврдината на Халикарнас е одлично зачувана и во неа е сместен археолошки музеј. Во Бодрум живеел и античкиот крал Мавзолеј, познат по тоа што си изградил голема гробница. По неговото име денес се нарекуваат големите гробници. Местото како да е создадено за млади бидејќи во сезоната градот е многу бучен и преполн со туристи. Но во околината на градот, на оддалеченост од неколку километри, има многу помали места со хотели од две до пет ѕвезди, иако услугата и гостопримството секаде се исти. Турција ќе ви овозможи незаборавен одмор. На располагање имате дестинации што ќе ви ја исполнат секоја желба и сигурно уште додека сте таму ќе посакувате повторно да се вратите. • Mаргита Поповска

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


ГАСТРОНОМИЈА

ВЕГЕТАРИЈАНСКО РИЖОТО Состојки

• Модар домат 20 гр •Тиквица 20 гр •Брокула 20 гр •Морков 20 гр • Кромид 20 гр. •Пиперка 20 гр. •Ориз • Сол • Маслиново масло

Подготовка:

Најпрвин, во загреана тава на маслиново масло, целиот зеленчук се пропржува. Потоа го додаваме оризот кој, исто така, неколку минути се пропржува. Во него се додава лук и бело вино, за да се деглазира зеленчукот, и претходно подготвениот бујон. На крај, подготвеното вегетаријанско рижото се декорира со пармезан и со власец. ДОБАР АПЕТИТ!

38

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„ПАРИСКАТА БИБЛИОТЕКА“ ЏЕНЕТ СКЕСЛИН ЧАРЛС

П

ариската библиотека“ е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Се работи за дело посветено на љубовта, пријателството, семејството и моќта на книжевноста, кое ги испитува последиците на нашите избори и односи што нè одредуваат. Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ù е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ù оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ù одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ù го сменат животот. •

„SURROUNDED BY TIME“ TOM JONES

И

ако Велшанецот наполни 81 година (7 јуни), очигледно дека е неуморен кога станува збор за неговата работа - пеењето. На 23 април го издаде својот четириесет и прв студиски албум (во форма на ЦД, 12-инчен црн винил и касета), благодарејќи на EMI Records, одговорен за меѓународна промоција и нејзино дистрибуирање, и на S-Curve Records што ја покрива територијата на САД. Го продуцираше Ethan Thomas Robert Johns. Ова е нивна четврта соработка, започнувајќи од 2009 год. Критиките се воглавном позитивни, со пофалби за вокалот, без оглед на возраста, и за изборот на песни. Највисоко се котира на топ-листите во Британија каде што истовремено е прогласен и за најстар маж чиј албум освоил прво место кога било, а се вбројува и меѓу дваесет и петте најдобри во пет други земји. Како што е вообичаено, и нему му претходеа неколку синглови: „Talking Reality Television Blues“ (15 јануари), „No Hole in My Head“ (27 јануари), „One More Cup of Coffee“ (18 март) и „Pop Star“ (9 април). Останатите песни се: „ I Won’t Crumble with You If You Fall“, „The Windmills of Your Mind“, „I Won’t Lie“, „This Is the Sea“, „Samson and Delilah“, „Ol’ Mother Earth“, „I’m Growing Old“ и „Lazarus Man“. Јапонската едиција има бонус - „It’s Not Unusual“. Албумот може да се купи во е-продавница, како на пример Амазон, и чини 11,99 долари. •

„JUDAS AND THE BLACK MESSIAH“ (ЈУДА И ЦРНИОТ МЕСИЈА)

Ј

udas and the Black Messiah“ е американска биографска, историска драма чија премиера се одржа на 1 февруари, во рамките на 2021 Sundace Film Festival, а Warner Bros Pictures во САД ја промовира на 12 февруари, истовремено во кината и дигитално, на HBO Max. Филмот е, всушност, приказна за издајството, предавството на Fred Hampton (неговиот лик го игра Британецот Daniel Kaluuya), водачот на политичката странка, т.е. партијата Black Panther во Илиноис на крајот на 1960-тите, од страна на William O’Neal (неговиот лик го игра Американецот Lakeith Stanfield). Имено, тој веднаш по договорот со ФБИ ќе се инфилтрира во политичката странка, која дејствува во Илиноис, за да ги собере потребните информации за нејзиниот водач. Критичарите ја пофалија режијата на Shaka King, глумата на Kaluuya и на Stanfield и темата што се обработува во драмата. Шесте номинации за Оскар на 93-rd Academy Awards, вклучително и неколкуте награди (78-th Golden Globe Awards, 26th Critics’ Choice Awards, 27th Annual Screen Actors Guild Award и 74-th British Academy Film Awards), се уште една потврда за нејзиниот квалитет и, секако, дополнителна причина да се гледа. Жанр: биографска, историска драма Глумци: Daniel Kaluuya, Lakeith Stanfield, Jesse Plemons, Dominique Fishback, Ashton Sanders, Darrell Britt-Gibson, Lil Rel Howery, Algee Smith, Dominique Thorne, Martin Sheen Режија: Shaka King • 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| HI TECH

Електромоторна едрилица

ТРАГАЧ ПО СОНЦЕТО ШТО Е „САНСИКЕР ДУО“, АВИОН ИЛИ ЕЛЕКТРОМОТОРНА ЕДРИЛИЦА? ШТО И ДА Е СЕПАК Е НАЈНАПРЕДНОТО ЛЕТАЛО ШТО ДОСЕГА Е ПРЕТСТАВЕНО ПРЕД СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ. НЕГОВАТА БАТЕРИЈА СЕ ПОЛНИ ПРЕКУ 1.510 СОЛАРНИ ЌЕЛИИ И НЕ Е ПОТРЕБНО ДА ЈА ПРИКЛУЧУВАТЕ ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА, СОНЦЕТО ЗАЕДНО СО СОНЧЕВИТЕ ЌЕЛИИ СЕ ГРИЖАТ ДА БИДЕ ПОСТОЈАНО ПОЛНА И СЕТО ТОА БЕСПЛАТНО.

Н

иту една саемска манифестација посветена на автомобилите не може да поминe без да биде претставено некое возило погонувано од електромотори. Штом електромоторите се во игра, тука во истата игра е и електричната енергија. Решил светот да мине од течни фосилни (или вештачки) горива на електрична енергија иако електромобилите уште

40

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

пред повеќе од еден век го имаа преплавено светов. Требаше да мине еден век за човештвото да се свести и повторно да почне со производство на електромобили. Не ни е целта да расправаме за електромобилите, за нив и за критиките кон нив ќе пишуваме друг пат, но затоа текстов го посветуваме на тие исти електромотори, но не за асфалтните, туку за тие што се некаде во воздухот. И додека сегашниов свет е презафатен кон автомобилите и нивниот електричен погон, еден мал дел од светот оди чекор понапред и веќе со децении експериментира со електрични летала. За жал светот не ги гледа работите така како што треба, односно во полза на човештвото, туку профитот му е на прво место. Токму од оваа причина големите компании кои се бават со производство на летала (авиони) многу доцнат зад далеку помалите компании и поединци кои со голема љубов и жар работат на идејата да створат летало на електричен погон. Според досегашните сознанија најдалеку во експерименти-

Лет од Торино до Корзика и назад

рањето и остварувањето на желбата отишла микро или подобро да кажеме нано компанијата Солар Флајт на чело со Ерик Рејмонд и неговата сопруга Ирена Рејмонд. Рајмонд уште во 80-тите години од минатиот век експериментирал со летало задвижувано со помош на електромотор напојуван преку силата на пилотот, односно системот со педали (велосипед), а потоа експериментира со летало кое директно црпи електрична енергија преку сончевите ќелии. Третиот чекор е направен во 1986 год. кога на такво слично летало е додадена мала батерија. Најголемиот напредок од негова страна е направен во 1990 година кога го претставува неговото прво летало на сончева енергија и батерија сместена во телото (фуселажот). Едноседот „сансикер I“ и денес претставува техничко технолошки врв од летало. И покрај тоа што брачната двојка Рејмонд постигнала огромен успех, тие не застанале со иновациите и работењето, туку отишле многу понапред. Во 2013 год. на самеската манифестација


HI TECH |

посветена на леталата во Фридрихсхафен, Германија, го претставуваат најновото летало на електричен погон, со енергија добиена директно од сончевите ќелии. Леталото кое е именувано како „сансикер дуо (II)“ („трагач по сонцето“ на македонски) всушност е продолжение на „сансикер I“. Засега ова летало е најнапредното, најбрзото и единственото кое е конструирано со две седишта едно до друго, а не едно зад друго (тандем), затоа во името е додаден зборот „дуо“. Горната површина од леталото, крилата и хоризонталниот стабилизатор, е прекриена со 1.510 сончеви ќелии преку кои сончевата светлина се претвора во електрична енергија и со неа се снабдува електромоторот сместен во вертикалниот стабилизатор. Моторот нарочно е ставен позади за што подобра избалансираност на тежината но најмногу поради задоволување на строгите правила на аеродинамика. Предниот дел заедно со крилата и телото се „чисти, празни“, односно на нив нема ниту еден елемент кој би го попречувал движење на воздухот околу леталото. Неговиот скелет е направен од алуминуим и титаниум додека останатите делови, трупот, крилата и стабилизаторот се изработени од композитни материјали. Електромоторот поседува силина од 5 kW или 6,8 коњски сили, односно од сончевиот систем добива толку енергија и со неа постигнува силина од 6,8 КС, но кога моторот е напојуван од батеријата тогаш добива силина од 20,4 до максимални 34 коњски сили. Леталото со распон на крилата од 22 метри всушност е еден вид едрилица. Откако ќе постигне доволна висина, пилотот може да го исклучи моторот и од тој момент леталото слободно плови низ воздухот, се однесува како едрилица. Неговата конструкција е таква и затоа слободно можеме да напишеме дека е едрилица со електромотор кој сончевата

светлина ја користи како гориво со помош на сончевите ќелии. Како што наведува производителот леталото може да се задржи во воздух над 12 часови, што е повеќе од доволно за да стасате било каде. Сега се прашувате со која брзина се движи леталото. При експерименталните летови „сансикер дуо“ никогаш не постигнал поголема брзина од 161 км/ч. Ако авионот лета со брзина од 70 отсто од крајните брзински можности, тогаш лет од Скопје до Охрид или Дојран би траел околу час и половина, со брзина од 110 до 115 км/ч. Колку за пример ќе наведеме дека ова е единственото летало на електричен погон кое ги прелетало Алпите не еднаш туку многу пати, така што сега добивате поцелосна слика за неговите висински летачки способности. Моторната едрилицата „сансикер дуо“ досега се има искачено до неверојатни 4.545 м, но конструкторот уверува дека може да постигне уште поголема висина. Тежината на празното летало изнесува 280 (290 кг), а крајната полетна тежина

изнесува 470 кг, односно при полетување може да понесе 170 (180) килограми. И ако ви е премногу жешко во кабината, конструкторот го решил проблемот – отворил големи прозорци од двете страни, кои можат да се отворат за време на летање. Оваа особина е премногу ретка во воздухопловството, така што за „сансикер дуо“ тоа е голема предност. Иако се направени многу експериментални летови, од кои повеќето траеле со часови, сепак „сансикер дуо“ сè уште е во експериментална фаза. Засега нема никакви најави од страна на производителот за сериско производство, но неговата намера е да го внесе леталото во сериско производство. Нема најави кога точно или отприлика ќе се случи тоа, но ако има некакви вести од компанијата Солар Флајт веднаш ќе ве информираме. А што е со големите производители на авиони? И тие вршат некакви експерименти, но не можат да се пофалат дека отишле подалеку од Солар Флајт. • Жарко Атанасоски

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| ИСТОРИЈА

105 години БМВ

БМВ 3200 цс 1962

СВОЕВИДЕН СИМБОЛ ЗА КВАЛИТЕТ

НЕКОЈ СЕ ИЗГРАДИЛ ВРЗ СПОРТСКИТЕ СПОСОБНОСТИ, ДРУГ ВРЗ ЕЛЕГАНЦИЈАТА, НЕКОЈ ГО НАГЛАСИЛ КВАЛИТЕТОТ, ДРУГ ЗА ОСНОВА ГО ЗЕЛ ЛУКСУЗОТ, А ИЗГЛЕДА ВО БМВ ИМА ОД СЕТО ТОА И ТАКА Е ЗАПОМНЕТ НЕ САМО ДОМА ТУКУ И ВО СВЕТОТ.

В

о светот на автомобилите има производител познат по квалитетот и по луксузот. Произведува автомобили од премиум класа, едно скалило погоре со сè, секако, и со цената. Во производители на такви автомобили спаѓаат: Акура, Алфа Ромео, Ауди, БМВ, Генезис, Инфинити, Лексус, Мерцедес - Бенц, Волво. Некогаш во ова друштво беше и Сааб, но, за жал, оваа марка пропадна. Во поново време, поради достапноста на високата технологија, се појавија неколку марки што според понуденото се вбројуваат во премиум класата, на пример, Фискер. Работилницата Бајерише Моторен Верке (Bayerische Motoren Werke) или скратено БМВ е создадена пред 105 години. Најнапред тоа била компанија за производство на авионски мотори, а потоа на мотоцикли

42

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

и автомобили. БМВ потекнува од три компании. Рап Моторенверке (Rapp-Motorenwerke) била создадена на периферијата на Минхен во 1913 година од Карл Фридрих Рап. Во 1916 година компанијата имала финансиски проблеми, иако продажните резултати биле повеќе од добри. Сепак, Карл Ф. Рап дал оставка од челната позиција во компанијата, а испразнетото место го презеле Франц Јозеф Поп, конструкторот Макс Фриц и стопанственикот Камило Кастиљиони, човекот што вложил пари. Таа година новоформираната компанија Густав Флугмашинефабрик (Gustav-Flugmaschinenfabrik), основана од Густав Ото, почнала да произведува мали авиони. По кратките разговори челниците на двете компании решиле да се соединат во една. Тоа се случило во март 1916 година и Бајерише Флугцојгверке (Bayerische Flugzeugwerke AG) е формирана од соединувањето на Рап Моторенверке (RappMotorenwerke) и Густав Флугмашинефабрик (Gustav-Flugmaschinenfabrik). Веднаш потоа главните во Бајерише Флугцојгверке решиле компанијата да ја именуваат како Бајерише Моторен Верке (Bayerische Motoren Werke),

односно БМВ. За БМВ е многу битна 1916 година и се смета за година на раѓање на компанијата. Следната година компанијата го изработила и заштитниот знак што со минимални измени останал речиси ист до денес. Многумина мислат дека знакот, всушност, е авионска елиса во фаза на вртење, но од БМВ велат дека бело-сините полиња што се наоѓаат во круг во средишниот дел го претставуваат знамето на Баварија. Во тоа време компанијата произведувала авионски мотори и била успешна поради побарувања на тогашната војска во текот на Првата светска војна. На крајот на војната фабриката го претставила доработениот авионски мотор „тип III а“ што претставувал механичко чудо. Откако моторот бил вграден во двокрилец, постигнал рекорд во класата искачувајќи се на висина од 5.400 метри. Тоа се случило во 1918 година. Според Версајскиот мировен договор, поразените држави не смееле да произведуваат какви било моторни возила, летала, разни машини и други алати за потребите на индустријата. Така и на БМВ му било забрането да


ИСТОРИЈА |

произведува авионски мотори. Поради тоа, компанијата решила да развие мал мотор, со цел да го постави на некој вид велосипед, но со поиздржлива рамка и тркала. Всушност, БМВ почнал забрзано да работи на развој на мотоцикл, а погонскиот агрегат бил во боксер концепција со зафатнина од 484 ccm. „БМВ р 32“ првпат се појавил во 1923 година на саемската манифестација во Берлин. Оваа направа на две тркала му ја донела на БМВ првата слава не само во матичната земја туку и во светот. Практично светот првпат слушнал за БМВ со претставувањето на „р 32“. Тогашниот свет бил изненаден од мотоциклот на БМВ и успехот бил неизбежен. Паралелно со развојот на мотоциклот, БМВ размислувал и за конструирање автомобил. Тимот од стручни лица веќе бил составен и на средина на 20тите години од минатиот век БМВ направил прототип автомобил, на чело со конструкторите Макс Фриц и Готхилф Дирвахтер. И покрај сè, прототипот никогаш не влегол во сериско производство. За таа цел одговорниот во компанијата одлучил да ја купи фирмата Фахрцојгфабрик (Fahrzeugfabrik) (Аутомобилверк - Automobilwerk) Ајзенах (Дикси Аутомобил Верке АГ - Dixi Automobil Werke AG), сопственост на Готар Вагонфабрик (Gothaer Waggonfabrik). Фабриката што БМВ ја купил го произведувала моделот „дикси 3/15“, односно „остин 7“ по лиценца. Тоа се случило во 1928 година и првпат од фабричката хала излегол автомобил „бмв 3/15“. Бидејќи лиценцата наскоро истекувала, БМВ се насочил кон изработка на целосно сопствен автомобил. Компанијата се потпрела на Јозеф Ганц, а под негово водство во 1932 година БМВ создал свој автомобил „бмв ам 1“ (аутомобилконстркцион минхен 1 - automobilkonstruktion münchen 1), мало возило со мотор сместен над предната оска, со погон на задната. Во 30-тите години од минатиот век БМВ го претставил моделот „303“ на кој првпат била

забележана препознатливата маска со двата издолжени кругови (елипси) еден до друг и првиот шестцилиндричен мотор во линија. Овој модел, односно моторот и шасијата биле основа за развој на следните модели. Во 1936 година бил претставен „бмв 328 бреша гранд при купе“, замена за „315/1“ и „319/1“. За тоа време автомобилот имал врвни технички решенија што придонеле моторот да добие дури 80 КС. Првото појавување било во Нирбургринг и веднаш победил со Ернст Хене зад управувачот. Исто како со мотоциклот „р 23“, така и со „328“ БМВ постигнал успеси уште при претставувањето, а неговите 100 победи во само една година, 1937, доволно кажуваат каков производител е БМВ. Неговата последна победа била во 1940 година на легендарната трка Миле Миља, кога возел баронот Фриц Хушке фон Канстен. Потоа избила Втората светска војна и сите фабрики морало да й бидат ставени на располагање на нацистичка Германија. И БМВ работел за потребите на војската, најмногу со авионските мотори наменети за „луфтвафе“, но конструирал и мотоцикли, без и со приколка. Повоениот период го обележал и првиот велосипед на БМВ. Поради разурнатите производни капацитети, кои неколку пати биле бомбардирани од сојузничките сили, произведувал кујнски елементи, подоцна и велосипеди, а имал забрана за производство на поголеми средства и моторни возила. Откако САД издале дозвола за производство на мотоцикли во 1947 година, БМВ забрзано почнал да работи на оспособување на една лента и во 1948 почнал го произведувал моделот „р 24“. Во 1951 година БМВ им се посветил на возилата на четири тркала. Откако добил дозвола за конструирање автомобили, веднаш бил претставен прототипот „331“, направен врз основа на моделот „327“, кој бил помал, како градско возило. Директорот Ханс Гревинг не

Луксузната лимузина „501“ од 1952 година со V8 мотор

Отворениот автомобил „бмв 507“ од 1955 година

Пресвртницата во компанијата е најавена со моделот „1500“ и со „1600“ Моделот „2002“ од 1968 година

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| ИСТОРИЈА

Пресвртницата во компанијата е најавена со моделот „1500“ и со „1600“

Пресвртницата во компанијата е најавена со моделот „1500“ и со „1600“

Секогаш привлечниот „кец“ - „бмв м 1“ од 1979 година

„БМВ з 8“ од 2001 година

По повод 100-годишнината, „бмв вижн некст 100 концепт“

44

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

се согласувал со тогашниот став на конструкторите. Според неговото мислење, БМВ требало да произведува луксузни автомобили како пред војната. Гревинг, по професија банкар, ја препознал неподготвеноста на БМВ да произведува автомобили во голем број затоа што не располагал со такви производни капацитети. Затоа им порачал на конструкторите да се насочат кон големи луксузни автомобили. Така наскоро бил претставен моделот „501“, а веднаш по него и „502“ со V8 мотор. Ако луксузот подразбира големи автомобили, исто така, и малите може да се луксузни, особено оние со снажни погонски единици, без покрив, исклучително со две седишта. Тоа се роудстерите, а токму со таков автомобил, „507 роудстер“, во 1955 година БМВ се претставил пред светската јавност во хотелот Валдорф-Асторија во Њујорк. Таа година БМВ претставил уште еден автомобил, класична лимузина со четири врати и четири седишта, моделот „503“ што премиерно бил прикажан на Салонот за автомобили во Франкфурт. БМВ држел чекор со другите производители на слични автомобили, но сепак главниот приход на компанијата доаѓал од мотоциклите и благодарејќи на нив можел да си дозволи да развива луксузни автомобили. Но продажбата на луксузни автомобили се намалувала. Од 1956 до март 1959 година биле произведени 412 примероци од моделот „503“ и 253 примероци од моделот „507“. Овие финансиски резултати ја довеле компанијата речиси до колапс. Компаниите Американ Моторс и Рутс Груп се обиделе да го купат БМВ, а во 1959 година тогашниот челник Ханс Феит предложил Дајмлер-Бенц да го купи БМВ. Акционерите на БМВ не дозволиле да се реализира тоа. Се правеле напори да се направи нешто со Исо Риволта и неговиот модел „изета“. Со лиценца го произведувале малиот автомобил, продажбата била добра, но заработката многу мала.

Следувал моделот „700“, мал автомобил со боксер мотор зајмен од мотоциклот „р 67“. Покрај малата лимузина, БМВ претставил и купе изведба, но и модел за трки со ознаката „рс“. Дизајнер на овие автомобили од лесна категорија бил Џовани Мичелоти. Продажбата тргнала по нагорна линија, но дури во 1961 година со моделот „1500“ БМВ застанал на цврсти нозе. Тоа е почетокот на познатата линија што опстанува до денес преку моделите „1600“ и „1800“, а потоа и легендарниот „2002“ што во 1976 година добил наследник во „серијата 3“. Финансиската сигурност се темелела врз таа компактна класа по која БМВ бил препознатлив и преку која постојано се вршел притисок врз другите производители да го следат со техничко-технолошките иновации. Колку оваа класа е важна за БМВ говори и податокот дека во 1963 година првпат по војната акционерите добиле пари за својот влог. Затоа и денес БМВ ја негува „тројката“ како ниеден друг модел и постојано вложува во неа за да биде секогаш на врвот. Со текот на годините БМВ претставувал сè поголеми автомобили од класата на новата „шестка“ - „2500“, „2800“, „американ баварија“ и купе моделите „2.5 цс“ и „2800 цс“. Во 1972 година ова резултирало со појавувањето на „серијата 5“, еден од најдобрите модели во средната премиум класа, дизајнирана од Бертоне. Пет години подоцна дошла „седумката“, класична лимузина од високата класа. Така БМВ ја комплетирал својата гама, повремено вклучувајќи ја и „шестката“. Денес БМВ произведува и „сув“ модели, а купе изведбите добиле парен број - „четворката“ е замена за „тројката купе“, а „шестката“ е гранд купе врз основа од моделот „5“. Исто така и производите на две тркала со знакот на БМВ се своевиден симбол за квалитет и се вистински конкурент на доминантните јапонски производители на мотоцикли. •

Жарко Атанасоски


ПЛАТИ ПОЛИСА ОНЛАЈН insumak.mk

Несреќен случај (незгода)

Пожар и некои други опасности

Патничко осигурување

Каско-осигурување на моторни возила

Провална кражба и разбојништво

Домаќинство

Машини, инсталации и апарати

...и сите останати видови осигурување 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk 45


| СПОРТ

ЕНДУРО ТРКИТЕ СÈ ПОПРИВЛЕЧНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МОТОЦИКЛИСТИ

Ендуро шампионат 2021

Драган Ванов

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОТО КЛУБОТ „МОТО ВЕЛЕС“, ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МОТОЦИКЛИСТИЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ОПШТИНА ВЕЛЕС, НА ЕНДУРО ПАТЕКАТА ВИСОКО НАД ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА 29 МАЈ СЕ ОДРЖА ПРВАТА ТРКА ОД ДРЖАВНИОТ ЕНДУРО ШАМПИОНАТ ЗА 2021 ГОДИНА.

Г

одинава ендуро патеката над езерото Младост беше многу напорна и со тешки препреки, на нерамен земјен терен, но сепак искусните и почетниците ендуро возачи, вкупно 40 од земјава, ја извозеа за околу 3,5 часа. За разлика од лани, годинава имаше плус еден круг, односно четири круга, секој по 25 километри, со пет теста. Гости на трката надвор од конкуренција беа ендуро шампионите на Косово.

46

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ДРАГАН ВАНОВ ОД МК „МОТО ВЕЛЕС“ ПОВТОРНО ПРВ Велешанецот Драган Ванов од Мото клубот „Мото Велес“ освои прво место и златен пехар на првата ендуро трка од државниот Ендуро шампионат за 2021 година на ендуро патеката над езерото Младост. Четирикратниот шампион во ендуро трипати едноподруго и освојувач на три златни шлемови за „АМСМ Клуб Мобилити“ изјави дека трката била многу тешка и напорна, но дека е многу среќен што во мошне силна конкуренција имал најдобро време, со кое го освоил првото место во најтешката класа Е 1 до 250 кубици. - Очекувам и годинава да го освојам Шампионатот во ендуро што ќе ми овозможи да настапам на меѓународни ендуро трки бидејќи тука веќе немам конкуренција, најави Ванов. Тој оцени дека годинава првата трка била долга и тешка, но сепак со голем напор и концентрација успеал да ги совлада сите препреки и да биде најбрз на петте теста на трката. Втор во класата Е1 беше Михаил Бајовски од МК „Хамачи Екстрим“, а трет велешанецот Виктор Караколев, кој се натпреварува за скопскиот клуб „Ендуро тим“. Осумнаесетгодишниот Дамјан Митев од МК

„Storm Rajders“ од Куманово првпат учествуваше на ендуро трката со својот Kawasaki KXF 250. Заедно со уште тројца колеги од неговиот клуб се натпреваруваше во класата Е1. - Патеката беше тешка, напорна, но одлично трасирана и со многу препреки што успеав да ги совладам и многу сум среќен што стигнав на целта, рече Дамјан. Во класата Е 2 прво место и златен пехар освои Марко Златановски од МК „Ендуро тим“ од Скопје, втор беше неговиот клупски колега Андреј Милковски, а трет Синиша Николоски од МК „Мото Велес“. Во класата Е 3 прв беше Куштрим Прекороѓа од МК „Ендуро Тим“, втор неговиот клупски колега Петрит Лушаку и трет Ангелче Стојковски од овој клуб. ТЕШКИОТ ТЕРЕН Е ПРЕДИЗВИК ЗА ВОЗАЧИТЕ Баже Шишковски, член на Мото клубот „ENFORSES“ од Скопје се натпреваруваше со својот Kawasaki 450 кубици во класата Е 2 на патеката што секоја година се менува. - Патеката беше напорна и со многу изненадувања, но тоа е целта на ендуро - да се снајдеме на непознат терен: камења, река, лизгави површини, големи угорнини за искачување. Но на ендуро возачите голем


СПОРТ |

Прогласување на победници

Прогласување на победници Виктор Караколев

предизвик им е различниот терен, поквалитетно да го искачуваат секој нареден круг, да постигнат подобро време и подобри перформанси и секогаш се трудат да дојдат до подобри резултати, нагласи 31-годишниот ендуро возач Шишковски. Тој појаснува дека ова е трка за издржливост и мотоциклистот и мотоциклот мора да бидат во спрега затоа што не се во прашање само неговата јачина и квалитет. - Во трка од 100 километри имаше 20 километри планински предел, со секакви природни препреки. Времето нè послужи, беше сончево и добро за возење, со сува подлога, иако на повеќе места имаше и вода и други лизгави препреки, појасни Шишевски. Тој вели дека натпреварувачите очекувале дека ќе биде полесно, но организаторот направил некои специфични тестови, а учесниците, сепак, успеале да ги совладаат. - Целта на тестовите е максимум да го исцрпат возачот. Има и тестови со камења, песок и долг спуст, потоа повторно нов спуст каде што треба брзо да реагираш и да се снајдеш. Ако возачот се лизне, треба да се снајде да се задржи на мотоциклот и да продолжи со возење. Имаше и два вида препреки од гуми, прво легнати во должи-

на од 10 метри, потоа исправени гуми, па беше потребна голема умешност да се совладаат, вели Шишковски. ВАЖЕН Е ПЛАСМАНОТ, НО НАЈВАЖНО Е ТРКАТА ДА СЕ ЗАВРШИ БЕЗ ПОВРЕДИ Последниве години во земјава е зголемен интересот за ендуро и постојано се зголемува бројот на возачи, оцени Шишковски. Тоа го потврдуваат и другите возачи што секоја година на ендуро патеката над езерото Младост се сè побројни, а секогаш има и почетници и искусни. Баже Шишковски појаснува дека во ендуро учествува од 2009 година и дека за секој возач е доживување да биде дел од ваков спортски настан. - Предизвик е учеството и дружбата на натпреварувањето, да се измерат силите меѓу ендуро возачите, а на публиката да й се прикажат стекнатите вештини. Секако и наградата е мотив плус за учество и можност за натамошен пласман во друштвото на најдобрите и за учество на меѓународни ендуро трки во посилна конкуренција, вели Шишковски. Тој потенцира дека за да се биде ендуро возач е потребна желба, потоа посветеност, но и финансиски средства.

- Кај нас, за жал, државата не го финансира овој спорт, а многу е популарен во светот. Целото финансирање е на товар на возачот. Се надеваме дека наскоро и државата ќе се вклучи во финансирањето, а ќе има и повеќе спонзори, истакна Шишковски. Тој појаснува дека во земјава сите ендуро возачи се аматери и овие трките се хоби, со кое далеку од градското секојдневје може да се соочат со непознатото, да освојуваат непознати предели со многу препреки и стрмни планински височини. За да се биде професионалец во ендуро потребни се многу финансии и повеќе спонзори, што би им овозможило на возачите да се концентрираат на трките и да напредуваат во кариерата. Велешанецот Виктор Караколев, кој сега се натпреварува за скопскиот „Enduro team“ на оваа трка го освои третото место во класата Е1. Поради повреди и други причини првпат се натпреварува по пауза од две години. - Третпат учествувам во оваа трка и освоеното трето место му го посветувам на мојот прерано починат татко Александар Караколев, кој долги години беше мотоциклист и се натпреваруваше, а беше и меѓу организаторите на оваа трка, појасни Виктор. ЕНДУРО ТРКАТА НАД МЛАДОСТ ДА СТАНЕ МЕЃУНАРОДНА Организаторот Сашко Ванов од МК „Мото Велес“, еден од првите ендуро возачи во земјава, по чии стапки оди синот Драган Ванов, уште од 2010 година со големи напори успешно ја организира ендуро трката над езерото Младост и покрај финансиските пречки. Тој се надева дека идната година состојбата со Ковид-19 ќе се стабилизира и конечно оваа трка ќе стане меѓународна и во сите класи, со многу поголем број учесници од повеќе земји. • Антоанела Димитриевска

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Портрет МАКС МОЗЛИ

ТРКИТЕ МУ ОВОЗМОЖИЈА КАРИЕРА ЗА ПАМЕТЕЊЕ СЕКОЈ ЛИДЕР ОСТАВА ПЕЧАТ НА ВРЕМЕТО ВО КОЕ ШТО РАБОТЕЛ, А КАРИЕРАТА НА МОЗЛИ ЗАПОЧНА СО ТРАГИЧНАТА СМРТ НА АИРТОН СЕНА И РОЛАНД РАЦЕНБЕРГЕР, ПО ШТО ТОЈ ЈА ПРЕДВОДЕШЕ КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

М

акс Руфус Мозли поради своето семејно потекло бил „исклучен“ од сите визии за создавање кариера бидејќи сплетот на околности сакал да се роди во предвечерјето на Втората светска војна (1940 година), а токму неговиот татко Освалд да биде британскиот сојузник на Адолф Хитлер, како претседател на Британската унија на фашисти. Неговите родители биле венчани во работната соба на Јозеф Гебелс, а фирерот Хитлер им подарил врамена фотографија од себеси. Поради ваквото „педигре“, Мозли не можел да се надева на успех во службеничката кариера, иако за неговото детство се вели

48

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

дека го поминал во Франција и често бил отсутен од родната Англија. Од друга страна, иако неговите родители биле во затвор, откако биле ослободени нивниот имот им бил вратен, па Мозли имал финансии за удобен живот кој вклучувал и приватна јахта и посета на некои други владетели кои биле пријатели со неговото семејство, како на пример генералот Франциско Франко во Шпанија. За неговото образование се сретнуваат факти дека на 21 година ја добил првата диплома по физика (во 1961), а потоа студирал право, при што дипломирал на заштита на патенти и заштита на трговски имиња (во

1964). Во меѓувреме имал и воена обука, но за таканаречената „територијална армија“ што всушност била сметана за пара-војска. Во 1962 година бил уапсен бидејќи го бранел татко му од напади, при што учествувал во тепачка. Иако често бил опишуван како нападен, никој не можел да ја спори неговата природна интелигенција, како и стручност во областите од негов интерес. Трките му го дале предизвикот за да се истакне и напредува, иако во брак стапил уште на 19-годишна возраст. Првите победи како возач ги направил во средината на шеесеттите, по што го формирал и својот прв тим. Како возач,


СПОРТ |

бил приустен во Хокенхајм 1968 година, на трка од Формула 2, каде што загинал најголемиот британски ас, Џим Кларк. Веќе следната 1969 година заедно со уште тројца други партнери, го основаат тимот Марч Инженеринг, со кој во 1970 година почнуваат да редат успеси во Формула 1, но Мозли става крај на својата кариера како возач. Подоцна во 1977 го продава и својот удел во тимот. Во меѓувреме станува пријател со Берни Еклстоун кој, исто така, во средината на седумдесеттите купува тим во Формула 1 (Бребем), по што како сопственици на мали приватни тимови се судираат со ФИА во расправата за поделба на парите од ТВ правата. Еклстоун и Мозли стануваат предводници на движењето обединето под името ФОКА (Асоцијација на конструктори во Формула 1). Мозли станува правен советник на ФОКА откако го напушта тимот, па така добива шанса во оваа „политичко-бизнис сага“ да блеска во преговорите, а тој и Еклстоун да бидат основоположници на таканаречениот договор „Конкорд“, со кој за првпат се регулирале правата и обврските на учесниците и организаторот. Оваа шема базирана на договорот „Конкорд“ кој е именуван според плоштадот во Париз каде што била канцеларијата на ФИА, всушност трае и денеска. Таквиот успех му дал крилја да се кандидира и за местото Претседател на ФИА во 1991 година, сметајќи дека претходниот лидер на организацијата премногу хаотично ја водел истата. Покажувајќи дополнителни дипломатски вештини, успеал во своите намери и обезбедил доволно сојузници за неговиот избор. Берни Еклстоун во тоа време веќе бил потпретседател на ФИА за економски прашања како дел од претходниот договор и „двојката“ продолжила заедно да работи, доминирајќи на сцената. Во кариерата на Мозли како претседател на

ФИА ќе останат запишани неколку потези, како што е продавањата на ТВ правата за период од 100 години на Еклстоун, по што овој ќе ја продаде својата компанија преку акции на разни инвеститори. Потоа, континуираната борба за безбедност и менување на патеките каде што загинале голем број возачи, носејќи го Хелмут Тилке како архитект на сите нови патеки кои се трудат да овозможат максимална безбедност. Паралелно со тоа, голем број на одлуки за заштита на возачите се инспирирани од инцидентите на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер во 1994 година. Исто така, во сферата на патничките автомобили го воведува „Euro NCAP“ тестот во кој им доделува по 5 ѕвездички на најбезбедните автомобили. Кон крајот на својата кариера во ФИА, беше осудуван за блискост со Ферари и Жан Тод, но токму на Французинот кој го напушти тимот од Маранело, Мозли му го препушти владеењето со ФИА, оставајќи му мнозинство гласови како поддршка. Во аманетот за негов избор, Мозли имаше напишано дека тој ќе ја чува федерацијата да не биде преземена од големите корпорации кои сакаат да ја контролираат и да ја загрозат нејзината независна улога. Профилот на Мозли е надополнет со уште еден квалитет на бестрашен соперник, кој дури и кога беше уловен од папараци во афера со проститутки, успешно тужеше за повредената приватност. Во 2008 година, на истек од својот мандат, тој беше во Скопје, каде што во организација на АМСМ се случи гала-вечерта и доделувањето награди на спортистите од ЦЕЗ зоната на ФИА. • Александар Табаковски

ДА БЕА СООБРАЌАЈНИТЕ ЖРТВИ ЗАГИНАТИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД... При посетата на Скопје, Мозли имаше интервју за повеќе македонски медиуми. Иако е тешко да се избере една реплика, сепак постои една мошне важна илустрација која ни укажува колку ФИА има направено за безбедноста на патиштата денеска. – Вие сте еден од основачите на EURO NCAP институцијата, која ја објавува безбедноста на новите возила, но од позиција на ФИА водите и кампањи за побезбедни патишта и автомобили кои помалку ја загадуваат животната околина... – Кога го основавме EURO NCAP ги тестиравме речиси сите автомобили на пазарот и резултатите беа околу две ѕвездички. Ретко кој имаше три ѕвездички. Но, додека ние се стремевме да се воспостави стандард, сите производители почнаа да произведуваат возила со четири или пет ѕвездички, што е над стандардот. Сега, во проширената ЕУ, страдаат 50 илјади луѓе годишно. Замислете да има терористичка организација која годишно убива 50 илјади луѓе. Целиот свет ќе се преврти. А за сообраќајот велат дека тоа е дел од животот. Но, не е. Тоа може да се спречи. За тоа треба решителност и акција, но можно е драматично да се намалат овие бројки на жртви. Забележано е дека на еден ист пат ако се преземат одредени мерки, фаталностите можат да исчезнат иако луѓето и претходно и сега возат по истиот пат. Ние сметаме дека е дел од нашата работа да се залагаме за тоа.

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

ФАБИО КУАРТАРАРО Е НОВАТА ИКОНА НА ЈАМАХА СО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ВАЛЕНТИНО РОСИ ОД ФАБРИЧКИОТ ТИМ, ЈАМАХА ПОД СВОЈА ЗАКРИЛА ГО СТАВИ ФАБИО КУАРТАРАРО, КОЈ СЕ ПОКАЖУВА КАКО ОДЛИЧЕН ВОЗАЧ ВО ОФИЦИЈАЛНИОТ ТИМ, ИАКО МАВЕРИК ВИЊАЛЕС ИМА НЕКОЛКУ ПАТИ ПОДОЛГ СТАЖ ОД НЕГОВИОТ.

Ф

ранцузинот кој го има стартниот број 20 на својот мотоцикл е единствен кој во континуитет ги спречува возачите на Дукати да доминираат во првенството. Куартараро беше главна ѕвезда на домашната трка, но тоа што беше недопирлив на италијанското гран при во Муџело, не му ја возврати радоста. Имено, тој таа победа со голема жал и со солзи во очите му ја посвети на младиот Џејсон Дупаскје. Младиот Швајцарец кој се натпреваруваше во најниската класа Мото 3 им подлегна на повредите откако ден претходно судбината му изрежира ужасен пад на квалификациите, па поради трагичната вест, резултатот од трката за Големата

50

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

награда во Италија остана во втор план. Фабио Куартараро беше навистина емотивен и пред и по крајот на трката, а додека даваше изјава како победник на трката, откри дека во секој круг кога го минувал свиокот 9, во мислите му бил Џејсон кој животот го загуби токму на тој дел од патеката. Возачот на Јамаха извозе беспрекорно спектакуларно и стигна до својата трета победа од стартот на сезоната, па сега дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман, каде полека се издвојува како прв фаворит за титулата во „кралската класа“. Втор заврши Португалецот Оливеира кој фантастично напредуваше во текот на трката, додека на подиумот уште се најде Жоан Мир, бранител на титулата од 2020 година. Жоан Зарко беше четврти откако во финишот беше престигнат од Оливеира, Мир и Ринс, но притоа овој последниот падна и не ја заврши трката. Биндер, Ми-

лер, Еспаргаро и Вињалес беа распоредени од петтото до осмото место, а Петручи и Валентино Роси ги комплетираа првите десет места. Трката не ја заврши Марк Маркез кој и дефинитивно има големи проблеми по враќањето на патеката, а овој пат падна во вториот круг. На следната трка возена за Големата награда на Каталонија, Куартараро беше во позиција да се бори за место на пиедесталот, но се случи мошне редок и бизарен момент, поради кој тој беше казнет. Имено, лидерот во генералниот пласман на три круга пред крајот го откопча комбинезонот и го исфрли штитникот за гради, возејќи полуразголен во тие три круга, иако редовно постигнуваше и брзини од 300 километри на час. Французинот беше минат од сонародникот Жоан Зарко кој финишираше втор, а пласманот на Куартараро остана мистерија. Првично, поради казната од три секунди која ја доби, тој го загуби третото место и


беше класифициран како четврти – зад ривалот Џек Милер од Дукати. Подоцна беше појаснето дека таа казна е поради излегување од патеката, а му беа доделени уште три секунди за исфрлањето на штитникот среде трка, па беше класифициран како шести, пропуштајќи ги пред себе Мир и Вињалес. Победник на трката во Каталонија беше фантастичниот Мигел Оливеира кој претходно веќе имаше еден триумф на трката во Португалија. Нов разочарувачки викенд имаа Марк Маркез и Валентино Роси, бидејќи и двајцата не ја завршија трката и со пад на асфалтот останаа без пласман и без бодови. - Пробав да победам, но не се оптовару-

вав со тоа. Свесен сум за потенцијалот на Дукати, но како нешто да ни недостигаше. Мислам дека ако трката траеше еден круг повеќе ќе го престигнев Оливеира, но предвидени беа 24 рунди,- изјави Зарко, кој вози за сателитскиот тим „Прамак Дукати“. Со ваквиот епилог, Квартараро сега има предност како лидер во генералниот пласман, со 14 поени преднос во однос на Зарко. На 20 и 27 јуни се возат трките во Германија и Холандија, по што следи цел месец пауза. Шампионатот се рестартира во август со две трки едно по друго во Австрија, на 8 август и 15 август. • Александар Табаковски

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

02/3181-240 www.avtoskolamobiliti.mk 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

СТАМПЕДО НА „БИКОВИТЕ“ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ МАКС ФЕРСТАПЕН СЛАВЕШЕ ПОБЕДА НА ЛЕГЕНДАРНАТА ТРКА НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ НА МОНТЕ КАРЛО ВО МОНАКО, НО НЕГОВИОТ ТИМСКИ КОЛЕГА СЕРХИО ПЕРЕЗ ПО МНОГУ ПЕРИПЕТИИ ГО ДОВЕЗЕ БОЛИДОТ НА РЕД БУЛ ДО ПРВОТО МЕСТО И НА ТРКАТА НИЗ УЛИЦИТЕ НА БАКУ.

И

двата викенда започнаа со големо изненадува и пол позиција на Шарл Леклер од Ферари, кој во досегашниот дел од сезоната играше споредна улога. Сепак, напредокот на Ферари беше видлив и кај двата болида, со што станува јасно дека наскоро и „гордото коњче“ од Маранело ќе се вмеша во борбата за победи на патеката. Во Монако, Леклер го оштети болидот по постигнувањето на најбрзото време и не можеше да стартува, па Макс Ферстапен извлече максимум од ситуацијата и де

52

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

факто се најде на пол-позиција која што ја конвертираше во прва победа на трката за Големата награда на Монако. Негов противник во првиот дел од трката беше Валтери Ботас, но тој имаше малерозно застанување во боксот, по кое се откажа. Победничкиот пиедестал го комплетираа Карлос Саинц од Ферари и Ландо Норис од тимот на Мекларен. Ова е втора победа за Ферсатпен во актуелната сезона. Актуелниот шампион Луис Хамилтон кој стигна до три победи на претходните четири трки мораше да се задоволи само со

седмата позиција, која беше условена и од резултатот во квалификациите, со што Ред Бул во Монте Карло успеа да ја преземе првата позиција не само кај возачите, туку и во табелата кај конструкторите. – Реков уште од самиот старт, ќе ни биде многу тешко. Ви потенцирав уште првиот ден, тие имаат шампионски болид оваа сезона и ќе биде многу тешко да ги победиме. Сериозен сум околу тоа и навистина го мислам тоа што го велам. Победивме на трки на кои не требаше да победиме и тоа е добро, така беше особено во Бахре-


СПОРТ |

ин. Има долг пат пред сите, но едно е јасно. Не смееме да си дозволиме уште еден ваков ужасен викенд. Среќен сум што завршив. Секој бод ќе биде важен, но ваков лош викенд не смее да се повтори. Лошо е што и следната трка во Баку се вози на улична патека, ни беше тешко во Монако да ги загрееме гумите, ќе видиме дали ќе се подобриме во Баку, – изјави Хамилтон. Зад водечката тројка завршија Перез, Фетел, Гасли, Хамилтон, Строл, Окон и Џовинаци, со што Италијанецот го освои и првиот поен за Алфа Ромео оваа сезона. Дека среќата сè уште не им го свртела лицето на Мерцедес, се покажа уште пред почетокот на викеднот во Баку. Авионот на Ботас доцнеше над пет часа, па тој официјалната прес конференција ја одработи преку интернет. Сличен викенд имаше и Леклер, кој дојде до нова пол позиција, но не успеа да и се израдува на победата бидејќи непосредно по стартот беше престигнат од Хамилтон. Во продолжението, возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез направија предност со побрзите влегувања во боксот, па овој двоец во финишот имаше предност во однос на ривалот од Мерцедес. Серијата инциденти во финишот ја започна Ленс Строл, кој заврши во заштитната ограда поради пукнат пневматик, а истото му се случи и на Ферстапен на пет кругови до крајот, што беше голем шок за тимот на Ред Бул и за Холанѓанецот кој не го криеше разочарувањето на и покрај патеката. Трката беше прекината на три круга до крајот, а по рестартот Перез тргна лошо, Хамилтон ќе го престигнеше, но поради проблеми со сопирачките, не го фати првиот свијок и прокоцка многу поени, вклучувајќи го и преземањето на водството во генералниот пласман. Перез ја задржа првата позиција за прва победа како возач на Ред Бул, а трката во Азербејџан донесе многу радост и за Себастијан Фетел кој со второто место првпат се најде на подиумот како возач на Астон Мартин. Победничкиот пиедестал беше комплетиран со Пјер Гасли од Алфа

Таури. Бодови освоија уште и Леклер, Норис, Алонсо, Цунода, Саинц, Рикиардо и Раиконен, додека Хамилтон ја заврши трката на претпоследното 15. место. Во генералниот поредок, Макс Ферстапен ја задржа малата предност во однос на Луис Хамилтон во генералниот пласман и по трката во Азербејџан, па сега води со 105 бода, а возачот на Мерцедес има101 поен, по што следуваат Перез со 69 и Норис со 66 поени. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, призна дека е лут и разочаран затоа што целиот тим потфрлил и останал без важни поени, посебно откако Макс Ферстапен не ја заврши трката. – Мора да ја вратиме нашата најдобра „игра“ во шампионатот, нашиот болид не беше во Баку цел викенд. Не смееме да правиме грешки, а тоа не беше така последните две трки. Не е само проблемот на Хамилтон кој фрустрира, туку целосните перформанси, не успеавме да ги исполниме очекувањата. Не смееме да продолжиме да губиме поени како овде и во Монако, тоа е неприфатливо за сите во тимот, – изјавил Волф. Хамилтон во дел од своите интервјуа по трката нагласи дека е многу разочаран што го изневерил тимот, но посочи и дека болидот на Ред Бул е подобар од оној на Мерцедес во овој момент, со што побара реакција од одговорните луѓе во тимот. Сепак, оваа негова изјава изнуди одоговор од страна на возачот на Ред Бул, кој вели дека тој би бил две десетинки побрз од својот ривал за титулата доколку го има болидот на Мерцедес. – И јас ќе ја дадев истата изјава ако бев на негово место. Ако јас бев во неговиот болид, ќе бев две десетинки побрз од него. Не ми е грижа за неговите изјави, – порача Ферстапен за „Моторспорт“. • Александар Табаковски

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


МАЗЕПИН ЌЕ БИДЕ УПАТЕН НА СЛУЖЕЊЕ ВОЕН РОК?

ОТКАЖАНА ТРКАТА ВО СИНГАПУР Раководството на Формула 1 денеска потврди дека е постигнат договор со организаторите на трката во Сингапур дека не постојат услови за нејзино одржување во актуелната сезона. Ф1 викендот во Сингапур беше планиран за периодот меѓу 1 и 3 октомври, но строгите правила за пристигнување на странски државјани поради пандемијата не даваат простор за вака сериозна организација со голем број учесници. Одговорните ќе бараат опција за замена на трката со друга, па се споменува Турција, земја на која и беше доделена трка по откажувањето на Канада, но кратко потоа и таа беше откажана поради фактот што земјата се најде на црвената листа за патувања на Велика Британија. Формула 1 наводно им понудила на организаторите на американското гран-при во Остин да учествуваат со две трки, нешто што сигурно најмногу ќе и одговара на компанијата „Либерти Груп“, која е сопственик на Ф1 првенството. Според добро упатените, во моментов неизвесно е и одржувањето на трките во Бразил, Мексико, Јапонија и Австралија.

54

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Никита Мазепин имаше кошмарно деби во Формула 1 и во неколку наврати излета со болидот на Хаас, кој ги носи руските бои. Сепак, иако се најде во елитното друштво од 20 возачи на светот, Мазепин има проблеми со отслужување на воениот рок, кој е задолжителен за сите жители на Русија. – Никита сезонава треба да вози 23 трки, а тие му велат мора да и се придружиш на армијата и да одиш во тренинг камп. Државата воопшто не им посветува внимание на врвните спортисти, – изјавил Дмитри Мазепин, татко на Ф1 возачот. Од друга страна, тој влезе и во конфликт со тимскиот колега Мик Шумахер. Трката во Баку им донесе 13 и 14 место, што не најдобро за нив оваа сезона, но сепак Германецот упати критика до тимскиот колега дека во ситуација кога почувствувал дека има брзина на правецот со која може да го престигне својот тимски колега, Мазепин со неочекувана промена на правецот го натерал Мик да се доближи блиску до заштитната ограда. – Ваквите „сецкања“ на Мазепин кога некој го престигнува се недозволени. Зборуваме за големи брзини и ова може да загрози нечиј живот, – изјавил за германските медиуми поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер, кој истовремено е и чичко на Мик. Шумахер веднаш реагираше и со гестикулации, но и со порака до својот инженер, а дека ситуацијата не била едноставна за Хас говори и фактот што тимскиот шеф Гинтер Штајнер морал да разговара со своите возачи. Во моментите на престигнувањето, брзината на движење на болидите на Хас била околу 300 км/ч, што доволно објаснува каква опасност претставувал потегот на Мазепин. – Очигледно е дека имаше ситуација на правецот, но сега се е расчистено, возачите го решија недоразбирањето, – изјавил Штајнер со дипломатски речник.


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

„ФИРМА КРСТИЌ“ КАКО ШТО ТОА СВОЕВРЕМЕНО БЕШЕ ЕКРАНИЗИРАНО НИЗ ФИЛМОТ „КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ“, ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ Е НЕПРИКОСНОВЕНА, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ САКАТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ ВО АВТОБУС КАДЕ ШТО ЌЕ МОРАТЕ ДА ПЛАТИТЕ БИЛЕТ СПОРЕД ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ВИ ЈА ОДРЕДИ КОНДУКТЕРОТ, ИЛИ ЌЕ МОРА ДА ПЛАТИТЕ ПАТАРИНА АКО САКАТЕ ДА ПОМИНЕТЕ ПРЕКУ ПРИВАТНО ЗЕМЈИШТЕ. è помалку натпреварувања се возат Сотвораат „под закрила“ на ФИА, а сè повеќе се нови приватни тркачки серии.

Приватната иницијатива и слободниот пазар се основните начела на системот во кој живееме, со што инвестициите во спортот доаѓаат повеќе како бизнис идеи отколку за развивање на самиот спорт. Така на пример, откако ФИА престана да го организира своето првенство за туринг возила за Европа во 2017 година (додека таму настапуваше Игор Стефановски Иџе), не постои таканаречено „Европско првенство“ кое е санкционирано од ФИА. На светско ниво, ФИА постигна согласност ТЦР хо-

мологацијата да биде основа за нивниот правилник за светско првенство, за што федерацијата постигна договор со носителот на идејата Марчело Лоти. Од друга страна, сериите како ТЦР Европа не се санкционирани од ФИА, ниту, пак, државните првенства како ТЦР Италија или ТЦР Германија. Со ова се дава голема власт на локалните организатори, а тоа во пракса видовме дека значи незадоволство од правдата која се дели. Возилото на Игор Стефановски беше во два наврати оштетено во трките на ТЦР Италија, при што на стартот од сезоната во трката на Монца беше удрен одзади од чешкиот возач Душан Курил (втора трка од првиот гран при викенд). Возилото беше сериозно оштетено и беа променeти моторот и менувачот, двете најскапи компоненти. Иако Стефановски во тој инцидент не беше осуден за предизвикување на судар (а и немаше таква можност, бидејќи беше удрен од зади), имаше опција да биде казнет само другиот возач, но тоа не се случи. На следниот гран при викенд, во првата од двете трки, Стефановски се врати во автомобилот и се квалификуваше пред шампионот и победник на првите две трки Салваторе Тавано. Но, повторно беше елиминиран поради судар со Дамјано Редуци. Ударот беше страничен, но силен, по што се постави прашањето каде ли ќе завршеше Редуци да не беше туку возилото на Стефановски за тој да може да се подзапре? Според изјавите дадени од Стефановски преку социјалните мрежи, тој разговарал со директорот на трката, но не увидел дека имаат идентични погледи

на нештата. Според мене, тоа е главната разлика меѓу приватна серија и серија која што е администрирана од ФИА: идентични правила за сите без простор за сопствено убедување. Според моето сеќавање, слично помина Стефановски и во настапот на ТЦР Европа во 2018 година, а неговиот тогашен инженер Мирослав Растовиќ обвинуваше дека тоа повеќе не е спорт во кој победува најбрзиот, туку повеќе наликува на „креш-рели“. Оттука, не ме изненадува уште и на македонскиот пилот да му извадат „прекар“ дека тој е оној што ја мати водата, иако најчесто е оштетен од таквите игри. Неговите резултати се постојано меѓу првите пет или десет, а тоа јасно го позиционира во борба за бодови, пред конкуренцијата која што отскокнува со подобар буџет. А во трките, не победува најбрзиот, туку оној кој има буџет да ги „закрпи“ раните и да го подготви возилото за следната трка, бидејќи ако седи со скрстени раце, ќе ги изгуби бодовите што би можел да ги освои возејќи. Приватно првенство и приватни правила не се нешто за што треба да се мечтае, но правдата не треба да биде попречена. За жал, тоа се случува, и оние на кои им смета македонски возач да ги „пегла“ на нивен терен, пред нивната публика и нивните спознори, за жал посегнуваат по такви неспортски потези. Искрено се надевам дека или самите носители на лиценцата за ТЦР ќе се свестат дека тоа не е во ред, или Стефановски ќе смогне сили да се натпреварува во друго првенство кое ќе има многу пофер судење од ова видено во Италија.

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

WRC – Рели Португалија

СЛАДОК Е ВКУСОТ НА ПОБЕДАТА ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА ЕЛФИН ЕВАНС НА РЕЛИТО ВО ПОРТУГАЛИЈА, ОТКАКО ГО ФРЛИ ЗАД СЕБЕ РАЗОЧАРУВАЊЕТО НА ПРЕТХОДНОТО РЕЛИ НА ХРВАТСКА КАДЕ ЗАГУБИ ОД СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ ЗА ДЕЛОВИ ОД СЕКУНДАТА.

П

осле паузата минатата година заради пандемијата Ковид-19 легендарното рели на Португалија повторно стапи на сцена и како досега низ годините повторно го залужи епитетот за еден од највозбудливите настани во светското рели. Настан кого седумкратниот светски шампион Себастијан Ожие сакаше да го добие по рекорден шести пат пред да се повлече од релито и да го надмине легендарниот Финец Марку Ален со кого сега го дели успехот од пет победи во Потугалија. Ова исконско рели воедно има сентиментална вредност за Ожие бидејќи токму во Португалија пред 11 години

56

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

тој ја забележа својата прва победа во WRC. Сепак, желбите и реалноста најчесто се разидуваат како што Ожие беше горчливо потсетен на годинешниот настан од тимскиот другар Елфин Еванс. Велшанинот кому на минатото рели победата му избега за делови од секундата беше решен да го победи Ожие. И успеа. Ја освои четвртата победа во кариерата и му се доближи на Ожие на само два бода во генерален пласман. Но, патот до победата беше трнлив. Посебно во битката со возачите на Hyundai кои покажаа дека нивните i20 WRC се исклучително брзи на

чакал. Тоа го увидоа и Ожие, и Еванс. Тие едногласно признаа дека нивните автомобили не се најбрзите на настанот. Доказ се освоениот број брзински испити од 13 спрема 7 за Hyundai. Затоа од својот тим Toyota Gazoo Racing побараа да извлечат подобри перформанси од Yaris WRC за претстојното рели на Сардинија. Дека сериозно атакува на победа Еванс покажа пред стартот на релито. Беше најбрз за време тестот иако петмина беа наредени во време од една секунда. Обилните дождови пред почетокот на релито оставија доста влага врз чакалот и земјата под него така што и во Португалија


СПОРТ |

изборот на гуми се чинеше пресуден врз исходот. Првиот ден од релито сепак мина во знак на тимот на Hyundai. Дани Сордо, От Танак и Тиери Нувил беа тројката која постави пеколно темпо кое останатите не можеа да го следат. Сордо иако настапи со нов совозач, Борја Розада, успеа да ги смете конкурентите во првиот круг брзинци и остана на врвот сè до претпоследниот брзинец од денот. Тогаш на еден свијок му изгасна моторот и загуби драгоцени секунди препуштајќи му го водството на крајот од денот на тимскиот другар От Танак кој профитираше од несреќата на тимските другари. Нувил, пак, на истиот брзинец излета во ендек, го скрши потпирањето на задното десно тркало по што мораше да се откаже. Еванс не можеше да ја најде вистинската комбинација. Иако најбрз на тестот на релито се мачеше со изборот на гуми и балансот на автомобилот. „Тврдите гуми немаат тракција, а меките пливаат премногу правејќи го автомобилот нестабилен,” се жалеше Еванс. Во текот на денот не можеше подобро од четвртото место, а беше најдобар од останатите. Сепак, проблемите на Сордо и Нувил му дозволија да заврши втор. Сордо беше трет, Катсута четври, а Ожие петти. Вториот ден од релито повторно течеше во знакот на Hyundai, но не заврши со него. Танак продолжи со пеколното темпо. Доминираше утрото освојувајќи ги сите брзинци и зголемувајќи ја предноста пред Еванс. Сепак, згреши кога го оштети потпирањето на претпоследниот брзинец од денот и беше приморан да се откаже на 4 km од целта. Така предноста ја искористи Еванс и стана лидер на релито на крајот од денот. Интересно е што третопласираниот Сордо сè уште беше многу брз и буквално ја стопи предноста на Еванс. Велшанинот беше шокиран од брзината на Сордо. Буквално не можеше да верува од каде доаѓа брзината на Hyundai. Но, за жал грешките го десеткуваа корејскиот тим на средина од релито.

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

Сепак, релијата и шампионатот не се добиваат само со брзина, туку и со постојаност. Сордо го заврши денот на втората позиција силно притискајќи го Еванс пред стартот на последниот ден. Голема битка се водеше за четвртата, односно за третата позиција по откажувањето на Танак. Главни ривали беа шампионот Ожие и тимскиот другар Такамото Катсута. Ги делеа делови од секунда, но на крајот од денот Ожие беше побрз за само 1,5 секунди. Петти заврши новакот Ејдриен Формо со својата Fiesta WRC. Неговиот налет силно го почувствува тимскиот другар Гас Гринсмит кој сепак има поголемо искуство во тимот на M-Sport Ford. Еванс беше одлучен да не дозволи изненадувања на последниот ден од релито. Затоа возеше како попарен на првиот брзинец од денот успевајќи да му земе безмалку 10 секунди на Сордо зголемувајќи ја предноста на 20,3 сек. со уште четири останати брзинци до крајот на релито. Еванс го контролираше остатокот од денот без да форсира, но сепак бележеше добри времиња и победи на уште два брзиници за конечна победа и предност од 28,3 секунди пред Сордо. Ожие ја задржа третатат позиција, а Катсута

58

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

четвртата. Возачите на M-Sport Ford, Гринсмит и Формо кои во текот на целиот настан имаа проблеми со електронската контрола на педалот за гас ги сменија позиициите на крајот од релито. Гринсмит заврши петти, а Формо шести. На крајот од релито Ожие призна дека немал доволно брзна за подобар резултат. Шампионот заради првата стартна позиција ја имаше таа несреќа да го мете слободниот чакал од патеките мачејќи се за тракција и не успеа да го најде вистинскиот ритам. Така се сруши надежта да стане новиот рекордер со шест освоени победи на релито во Португалија. Затоа, пак, останува на лидерската позиција во шампионатот за возачи и со 79 бода води пред Еванс кој има 77. Трет е Нувил со 57 бодови, четври е Танак со 45 бодови, а петти Рованпера со 41 бод. Меѓу производителите Toyota го зголеми водството пред Hyundai. Јапонскиот тим има 183 бодови, додека корејскиот 146 бодови. M-Sport Ford има само 64 бода. Следно е релито на Сардинија кое повторно ќе ги стави пред тежок испит екипажите и тимовите од Светскиот шампионат. ЉубомирАтанасовски


06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА!

Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во над 250 АМСМ Партнер продажни места! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Специјализирана продавница „NOMAD“

За нашите членови секогаш го бираме најдоброто, а кога станува збор за велосипедизам, специјализираната продавница „NOMAD“е едно од местата кои со сигурност ги препорачуваме. Сега со покажување на вашата валидна АМСМ членска картичка добивате 10% попуст на целиот асортиман, вклучувајќи велосипеди, опрема, облека и обувки... Локација: ул.„Кирил и Методиј“ бр.20-Скопје

Специјализирана продавница „MEDICUS HELP“

Кога е здравјето во прашање, не се прави компромис, па затоа за било какви ортопедски помагала и спортска и фитнес опрема, секогаш се избира „MEDICUS HELP“. Изберете го најдоброто за вашето здравје, покажете ја вашата валидна АМСМ членска картичка и заштедете 10% попуст на целиот асортиман. Локација: Скопје, Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Куманово

Продажен салон „АГРОТЕХНА“

Од Мах велосипеди, преку апарати за домаќинство, дом и градина, до бела техника, системи за ладење, аудио и компјутерска опрема... Во салоните на „АГРОТЕХНА“ секогаш ќе најдете сè што ви е потребно, а ако ја покажете вашата членска картичка добивате и 6% попуст на целиот асортиман и значително заштедувате. Локација: во сите продажни места во Скопје

Авто-салон „HYUNDAI“

Малите детали го прават автомобилот по ваша мерка. Сè што сe подразбира под дополнителна опрема, како кровни носачи, бандаши и сл. од програмата на „FORD“и „HYUNDAI“ сега ви се достапни со 30% попуст со покажување на вашата АМСМ членска картичка. Локација: бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 - Скопје АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места и детални информации за нив можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 60

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

www.amsm.mk

02/3181-181 06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


62

06.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.