КМ- Јули|Август 2021

Page 1

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

СРЕЌЕН ПАТ И УБАВ ОДМОР! Во претходните броеви ве потсетивме на обврските што треба да ги исполните пред тргнување на пат - комплетирање на документите за патување, информирање за состојбата на патиштата и слично, а најмногу внимание, секако, мора да ѝ посветите на проверката на возилото, како еден од предусловите безбедно да пристигнете до саканата дестинација. Но секогаш треба да имате предвид дека може да дојде до немили настани. Иако никој не ги посакува, сепак, дефектите на автомобилот се случуваат. Сепак, и во таков случај треба да ја задржите присебноста, правилно да го обележите возилото што е во дефект и смирено да ја чекате службата за помош на пат. За вас ќе претставува голема помош ако пред патувањето сте обезбедиле некој од членските пакети на АМСМ, Европа или Класик членство. Ако решите ова лето да го поминете авантуристички и да одите да кампувате со своја приколка, треба да знаете дека ви е потребна обука за категорија Б+Е. Оваа дозвола можете да ја добиете доколку поседувате возачка дозвола за управување моторно возило во категоријата Б. За да се обучите во оваа категорија, најдобро ќе ви помогне тимот на автошколата АМСМ Мобилити Плус (3181- 240). Најновиот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ во јули се објавува во електронска верзија. Но тоа не е пречка своето патување да го збогатите со нови податоци и совети и забавни теми. ! Следното, издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во септември 2021 на вашата домашна адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник +

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ 8

ПЕЖО СЕ ВРАЌА НА ТРКИТЕ НА

16

ИЗДРЖЛИВОСТ 10

ТРАДИЦИЈАТА Е ЗАЧУВАНА АВТО-МОТО

16

УРБАНА МОЛЊА ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

26

ЛЕТО, ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ПАТУВАЊА СТИЛ

28

МОХИТО - КУБАНСКО „ВОЛШЕПСТВО“

32

ПАТУВАЊЕ 32

МЕДИТЕРАНСКИОТ РАЈ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ НI-TECH

38

ДВЕ ВО ЕДНО - И АВТОМОБИЛ И АВИОН ИСТОРИЈА

40

30 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА

50

ЛЕГЕНДАРНАТА ТРКА 24 ЧАСА ЛЕМАН СПОРТ 44

НАЈАВА ЗА 24 - ЧАСОВНА БРКОТНИЦА

46

НОВА ИСТОРИЈА ИСПИШАНА СРЕДЕ ДРАМА

50

ФИНИШ ПОЛН СО ГРЕШКИ

57

ПОСЛАН ПАТОТ КОН ОСМАТА ТИТУЛА

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

СЛОВЕНИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА (преку Загреб ) Наплатни станици:

1€ Прешево

2 € Дољевац

800 РДС.Белград 370 РДС. Шид

17,3 € Загреб

1,1€ Обрежје

-

-

-

-

-

-

15 € СЛОВЕНИЈА (вињета- 7 ДЕНА) патарини: 48,50€

60 ден.Романовце

80 РДС. Прешево

210 дин. Дољевац

800 РДС.Белград

370 РДС. Шид

Jezevo: Toll: 1 41.00 HRK

Trakoscan: Toll: 48.00 HRK

15 € СЛОВЕНИЈА (вињета- 7 ДЕНА)

-

-

-

-

-

-

-

патарини: 54€

40 ден. 60 ден. Миладиновци Романовце оддалеченост: 964 km

СКОПЈЕ - МАРИБОР (преку Загреб ) Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 941 km

ГРЦИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - АТИНА (преку Гевгелија)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon / Malgara: Toll: 1.20 EUR / Kleidi Toll: 2.20 EUR / Leptokarya: Toll: 3.20 EUR / E75 Makrychori: Toll: 2.50 EUR / Moschochori: Toll: 4.00 EUR / Pelasgia: Toll: 3.50 EUR / Mavromantila: Toll: 1.90 EUR / Agia Triada: Toll: 1.75 EUR / Tragana: Toll: 3.85 EUR / Thiva: Toll: 3.85 EUR / Afidnes: Toll: 3.30 EUR / оддалеченост: патарини:36,25 € 709 km

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Гевгелија)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ 1.20 EUR Malgara / 2.40 EUR Polymylos / 2.40 EUR Malakasi / Pamvotida: Toll: 1.20 EUR / 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 529 km

патарини: 13,80 €

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Битола)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 2.10 EUR Malakasi / Pamvotida: 1.20 EUR/ 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 485 km

патарини: 8,40 €

СКОПЈЕ - СОЛУН

Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ оддалеченост: 243 km

6

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

патарини: 4,72 €


ОТА |

БУГАРИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - СОФИЈА

Наплатни станици: 40 ден. Миладиновци оддалеченост: 245km

8 € Бугарија патарини: 9,60 €

60 ден.Романовце

-

-

-

-

АЛБАНИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Богородица / Игуменица)

Наплатни станици: 40 ден.Петровец оддалеченост: 568 km

80 ден. Велес

60 ден. Градско

Malgara: Toll: 1.20 EUR

Polymylos: Toll: 2.40 EUR

-

-

-

-

Malakasi: Toll: 2.40 EUR патарини: 8,90 €

СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Струга - Елбасан - Фиер)

Наплатни станици: 40 ден. Глумово оддалеченост: 499 km

40 ден. Желино

30 ден. Тетово -

30 ден. Гостивар патарини: 1,60 €

-

СКОПЈЕ - ТИРАНА

Наплатни станици: Скопје оддалеченост: 335 km

Приштина

Призрен

Морина-Кукс

Тирана (Морина-Кукс- Тирана 5 €)

-

-

-

патарини: 5,00 €

СКОПЈЕ - ТИРАНА (преку Струга)

Наплатни станици: 40 ден. Глумово

40 ден. Желино

30 ден. Тетово

30 ден. Гостивар

5,5 € Суботица

оддалеченост: 291 km

-

-

-

патарини: 1,6 €

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

PEUGEOT 9X8 HYPERCAR

ПЕЖО СЕ ВРАЌА НА ТРКИТЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ

О

ткако во 2020 година Пежо најави враќање во трките од Светскиот шампионат на издржливост, екипата од конструктори дизајнери и техничари влегоа во работилницата да ја завршат работата, односно да направат возило со кое ќе учествуваат во претходно спомнатите трки. Класата „хиперкар“ е новина во трките на издржливост и токму поради оваа нова класа која сега е кралска, многу производители на автомобили најавија учество што е за поздравување затоа што шампионатот ќе биде исклучително занимлив. Пежо е еден од тие кои се враќаат на трките на издржливост, а меѓу нив е и легендарната 24 часа Леман, една од најпосакуваните трки во светот и да не заборавиме да спомнеме дека сонот на секој учесник е да ја покорат патеката Сарт чија должина изнесува точно 13 километри и 626 метри. Сите сакаат да победат на: ГП на Монако, 24 часа Леман, Индијанаполис и Релито Дакар. Тоа е таа голема четворка сонувана од сите натпреварувачи, посебно возачите. Хиперкар автомобилот од Пежо е сосема нов. Тој е продолжение на легендарните 905 и 908, победници на трката Леман во 1992 и 1993, односно во 2009 година и затоа болидот ја има „деветката“ во името, да послужи како продолжение на тркачките традиции. „Иксот“ го симболизира погонот на сите тркала и хибридната единица, додека „осумката“ е продолжение од сериските модели кои во моментов доминираат во туристичкото семејство на Пежо:

„208“, „308“, „508“, „2008“, „3008“ и „5008“. Обликот и аеродинамиката се развивани под директен надзор на Оливер Жансоние техничкиот директор на Пежо Спорт и Матијас Хосан водечкиот во одделот за дизајн. Автомобилот кој Пежо го подготвува за трките на издржливост во себе ќе носи 2,6 литарски мотор со шест цилиндри поставени во V под агол од 90 степени и со помош на двоен турбо компресор постигнува фантастични 680 КС кои се пренесуваат до сите тркала со помош на седумстепен секвенцијален менувач. Погонската единица е сместена над задната оска, а над предната ќе се вградува 200 kw електромотор генератор. Високоволтажната батеријата (900

GEELY VISION STARBURST

ЅВЕЗДЕН УДАР

П

ознатиот кинески производител на моторни возила и сопственик на повеќе нам познати марки (Волво, Полстар, Лотус) деновиве повторно е во офанзива, овој пат со концептот „вижн старбрст“. Веднаш по претставувањето на концептот, конкуренцијата се вознемири и како да се подзапраша што подготвува Гили со новиот концепт. Наспроти стравувањата на конкуренцијата, кинескиот производител ги консолидира своите редови и мисли на иднината и дизајнот на автомобилите кои допрва треба да бидат произведени. Неколку марки се во игра, а меѓу нив и новата Зикр, која во семејството ќе биде препознатлива исклучиво по електричните возила. Штом јатото брои многу марки, мора навреме да се мисли на дизајнот, а токму тоа го покажува концептот „гили вижн старбрст“ – поглед кон бесконечниот простор на вселената и во потрага по ѕвездена експлозија.

8

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

И покрај тоа што концептот заслужува да влезе во сериско производство, сепак ќе биде само примерок за развој на дизајнот на идните модели во поширокото семејство на Гили. •

волти) е осмислена и направена од Пежо Спорт, Тотал енерџис и Сафт. Болидот „9Х8“ е долг точно пет метри, широк 2.080 мм и висок само 1.180 мм, со меѓуоскино растојание од 3.045 мм. Колку е потрошувачката на гориво и какви забрзувања има, тоа се тајни на производителот кои никогаш нема да бидат обелоденети. Можеби ќе бидат спомнати некои бројки, но ни одблизу нема да бидат до вистинските. И за крај, Пежо ќе учествува со два болиди и ќе се обиде да извози најмногу километри за време од 24 часа. Годинава трката ќе се вози во втората половина од август. •


НОВОСТИ |

BMW 2 SERIES COUPE

НОВО КУПЕ ОД СЕРИЈАТА „ДВОЈКА“

Е

ве нè на уште една светска премиера овој пат на БМВ, во светот најпознат по своите лимузини со спортски дух и секако по купе изведбите. На ред беше моделот „2 купе“ по втор пат и веднаш да забележиме што видовме во првиот момент при средбата со најмалото купе во семејството – ја нема таа збунувачка (контроверзна) вертикално поставена маска присутна кај „тројката“. Тие два толку познати отвори на маската овој пат се, да речеме, во хоризонтала само што површински се поголеми отколку кај претходникот. Ако првата генерација изгледа малку ситнa, малa, новава е подолга за дури 105 мм, поширока за 65, додека висината изгубила 28 мм. Тоа е знак дека БМВ водел сметка за спортската нота која е сега уште поизразена со пониското тежиште, а поголемите траги на тркалата заедно со поголемото меѓуоскино растојание за 51 мм го прават автомобилот да добие дополнителна стабилност. Сега димензиите на новото купе се следниве, должина 4.573 мм, ширина 1.838 мм и висина 1.390 мм, а меѓуоскиното брои точно 2.741 мм, односно е зголемено за 51 мм. Само одделот за товар е останат ист како во досегашниот модел – 390 литри. Втората генерација од „бмв 2 купе“ во себе има неколку погонски единици и сите се со турбо компресор. Ќе почнеме од најмалата „220 и“ чија работна зафатнина на четирите цилиндри во линија е еднаква на 2,0 литри. 184 коњски сили што ги поседува моторот се пренесуваат

на задните тркала преку осумстепен автоматски менувач. Автомобилот со овој мотор забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,5 секунди, што е за 0,3 секунди поспоро од претходната генерација, но тоа се должи најверојатно на зголемената тежина за 120 кг, што е недозволиво кога е во прашање нова генерација. Сега купето тежи 1.490 кг. Овој подмодел ќе биде стандардно опремен со пакетот „м спорт“ каде составен дел е „м спорт“ суспензијата. Потоа на ред е „230 и“ и убедливиот „240 и икс драјв“, а нема да изостане ниту тој со 3,0 литарски мотор заедно со неговите 388 КС. За уметничкиот впечаток да биде што поубедлив во изведбата со ознаката „м“ БМВ ќе го вградува 3,0 литарскиот мотор со двоен турбо компресор со чија помош развива 510 КС (во м тројката и четворката), а

за „двојката купе“ можно е да биде малку олабавен на околу 420 КС. Но да не нагаѓаме и да видиме што БМВ официјално ќе претстави во периодот што доаѓа. Новиот модел има поголема торзиона цврстина и има идеален распоред на тежината напред назад во сооднос 50:50. Овие две нешта го прават возилото да биде пооштро во управувањето и да има подобрени возни својства. Од опрема има 12,3 инчна дигитална табла со инструменти и 10,25 инчен централно поставен екран осетлив на допир, потоа аудио уред од марката Харман Кардон со 16 звучници, стаклен покрив, тризонски клима уред и седишта прекриени со квалитетна кожа итн. Е сега некои нешта се сериски, а за некои треба да доплатите. Продажбата ќе започне некаде на есен. •

тастично занимливата историја на купето и сега се возобновува во облик кој воопшто не е во содејство со името. Дали автомобилот ќе биде задвижуван од мотор со внатрешно согорување или електромотор, тоа не е воопшто важно, туку бришењето

на многу успешниот купе модел „манта“, кој сега треба да биде заменет со поинаков дизајн. Засега е така, а што навистина ќе се случи, ќе треба да почекаме уште некоја година. •

OPEL MANTA

НАЈПОСАКУВАНО КУПЕ

С

ветот многу добро го памети моделот „манта“. Во ‘70 и ‘80 години од минатиот век беше еден од најпосакуваните модели и рака на срце, автомобилот имаше најубав дизајн и беше обожуван не само од младата туку од сите генерации на возачи. Немаше вљубеник во автомобилите, а да не посака во гаражата да го има овој модел на Опел. Некогашното опелово купе најверојатно повторно ќе се појави на средината од оваа декада, во 2025 година. Може да биде година порано или подоцна, но засега од Опел стигнуваат вести дека модел со име „манта“ повторно е во игра. Тоа значи дека новата „манта“ е во дизајнерскиот оддел, се прават скици, нацрти и што уште нè. Во сета оваа приказна има еден миг што е повеќе од битен, ако некогаш „манта“ беше синоним за спортско купе, наскоро тоа исто име ќе стои на „сув“ модел на електричен погон. Точно е тоа со „сув“ возилата, тие се најпосакувани во денешно време и таквите облици најбрзо и најмногу се продаваат, но зошто се брише фан-

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

L-AVENTADOR LP 780-4 ULTIMAE

НАЈМОЌНИОТ АВЕНТАДОР ЗАМИНУВА НА ЗАЛУЖЕН ОДМОР

Т

олку од авентадорот, најпрестижниот, најбрзиот, најлуксузниот и знаменосецот во семејството Ламборџини. Моделот „авентадор“ оди на заслужен одмор, а што ќе го замени тоа ќе дознаеме подоцна. Челниците на оваа надалеку позната работилница која произведува исклучиво спортски купе автомобили реши да го менува врвот, откако досегашниот служеше добри 10 години. „Ламборџини авентадор лп 780 – 4 ултима“, тоа е целосното име на најмоќниот авентадор досега и автомобилот кој го „тресеше“ не само туристичкиот туку и тркачкиот свет. Најновата изведба од неколкупати спомнуваниот модел има погон на сите тркала што значи силината од зачудувачките 780 КС се распределува на двете оски. За таа силина одговорен е класиката од атмосферски V12 мотор чија работна зафатнина на цилиндрите изнесува 6,5 литри. Моќен мотор, способен да го понесе автомобилот од 0 до 100 км/ч за само 2,8 секунди и да постигне крајна брзина од 355 км/ч. Така прави разбеснетиот бик во облик на автомобил именуван како „авентадор последна изведба“. Автомобилот тежи 1.550 килограми, односно 1,98 килограми на една коњска сила, сооднос

кој го прави овој автомобил најмоќен во класата на атмосферците (без хибриден погон). Малку е тажна сета оваа ситуација затоа што еден супериорен модел мора да згасне, мора да си оди од производните хали. Неговиот безвременски раскошен дизајн го гледаме за последен пат, а потоа ќе фаќа прашина во некој музеј или музејско депо и од време на време ќе биде шетан од изложба на изложба да видат

помладите генерации какви автомобили биле правени на почетокoт од XXI век. „Ламборџини авентадор лп 780 – 4 ултима“ ќе биде произведен во 600 примероци, од кои 350 во купе и 250 во родстер изведба. Цената на овој „авентадор“ не е соопштена, но таа во приказнава воопшто не е ни важна, а не е ни важна ни за идните сопственици, затоа што многу добро знаат што купуваат. •

на долгата традиција, оштри линии и караван изведба, а во поново време „сув“ изведба. Од светла до преден дел, задниот дел, профилот, секоја педа потсетува на Волво. Концептот е токму каков што треба да очекуваме од Волво, а кога вели дека најнапред ќе бидат целосно електрифицирани моделите „икс ц 40“, „икс ц 60“ и „икс ц 90“, всушност значи поддршка за традиција во која се содржани сите препознатливи нешта на Волво. Како однадвор така и во внатрешноста авто-

мобилот зрачи со едноставност и далеку од тоа дека е пренатрупан со сè и сешто. Напротив, колку помалку толку подобро, тоа е во битот на тамошната култура, а колку нештата се поедноставни толку се посовршени. Сега е јасно зошто најновото возило од Волво е скоро исто со тамошниот начин на живеење – каква внатрешност нуди Волво, такви се домовите на луѓето од каде потекнува марката. Ако минимализмот е главната порака од тој дел на светот, тоа не значи дека високата технологија треба да биде запоставена, напротив, таа е присутна скоро насекаде. Од сензори, камери и доусовршени активни и пасивни уреди за безбедност, разни дигитални и компјутеризирани направи кои преземаат улога на заштитници на патниците. И за крај, одделот за патниците, во него има сè што треба да има еден современ автомобил, дури и многу спомнуваните и посакуваните екрани осетливи на допир. На сето ова фали уште да биде сериски произведено и приказната ќе ја продолжиме, но засега толку поради тоа што концептот „волво ричарџ“ е само концепт и не знаеме кога и дали воопшто ќе биде сериски произведуван или дизајнерите и конструкторите го подготвуваат да послужи како основа за развој на електромобилите. •

VOLVO CONCEPT RECHARGE

ТРАДИЦИЈАТА Е ЗАЧУВАНА

Т

олку посакуваната електрична сегашност дури и за Волво е далечна иако неодамна претстави концепт електромобил именуван како „ричарџ“. Да, концепт, кој сè уште не е сериски електромобил. Некаде кон крајот на 2018 година Волво вети дека од неговите производни хали во 2020 година ќе излегуваат исклучиво електромобили. Тоа не се случи, но еве сега ја претскажува својата иднина преку концептот „речарџ“. Секако дека „волво концепт ричарџ“ е во манир

10

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

LEXUS NX

НОВ ЛУКСУЗ ВО „СУВ“ ИЗДАНИЕ

НА ПРВ ПОГЛЕД ПОРАДИ МАЛИТЕ ИЗМЕНИ ВО ДИЗАЈНОТ, НЕКОИ ЌЕ РЕЧАТ НОВИОТ „Н ИКС“ И НЕ ИЗГЛЕДА КАКО ДА Е НОВ, НО АКО ИМ КАЖЕМЕ ДЕКА ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СЕБЕ ИМА ДУРИ 95 ОТСТО НОВИ ДЕЛОВИ, ТОГАШ СИГУРНО ЌЕ ГО СМЕНАТ МИСЛЕЊЕТО.

П

о седум години „служба“ беше редно стариот сув модел „н икс“ да биде заменет со нов. Сето тоа е подготвено од страна на Лексус, луксузната дивизија, или ако сакате, премиум марката во сопственост на Тојота. Нема воопшто да му биде лесно на наследникот да го замени стариот модел, затоа што во рок од седум години само на континентов е продаден во над 170.000 примероци. Тоа е бројка која треба да биде надмината во наредните седум години, а што ќе се случува дотогаш, останува да помине времето и да видиме какви продажни резултати ќе постигне втората генерација. Кога ќе се појави нов модел, нова генерација, веднаш дизајнот е тема на разгледување. Ист е случајот и со новиот „лексус н икс“ – има многу нови нешта во дизајнот, но мора да биде нагласено следново, одговорните за новиот облик не оделе со внесување на радикални потези, туку направиле повеќе ситни измени, така што новиот дизајн не отскокнува од тој на претходниот модел. Сепак дизајнерите успеале сето тоа многу убаво да го спакуваат, така што сега новиот „н икс“ покрај вродената агрсивност доби нота на елеганција. Новиот „лексус н икс“ покрај новиот дизајн, има и нови димензии, односно „пораснал“ во сите правци. Подолг е и поширок за 20 мм и повисок за пет милиметри, но и меѓуоскиното е зголемено за 30 мм. Изменетите димензии заедно со наново уредената внатрешност го прават одделот за патници поудобен со повеќе простор на задните седишта. На прв поглед поради малите измени во дизајнот, некои ќе речат новиот „н икс“ и не изгледа како да е нов, но ако им кажеме дека оваа генерација во себе има дури 95 отсто нови делови, тогаш сигурно ќе го сменат мислењето. Во оваа генерација Лексус за првпат вградува „плаг ин“ хибридна погонска единица. Изведбата со оваа погонска единица носи ознака „450 х +“ и во себе има вкупно 306 КС и може да измине 63 км користејќи го само електричниот погон. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесеува точно 6,0 секунди, а просечната потрошувачка на гориво ќе биде под 3,0 литри. Вториот хибриден погон, обичниот, располага со дури 22 отсто повеќе силина од претходниот модел и е почист за цели 10 отсто. Тоа е изведбата „350 х“ кој покрај електромотрот има и 2,5 литарски реден четирицилиндричен мотор. Вкупната силина од 242 КС му дозволува да постигне 100 км/ч за време од 7,7 сек.

Потоа следат изведбите само со бензински мотори, „н икс 350“ со 2,4 литри и 278 КС и „н икс 250“ со 2,5 л со 199 КС. Сите изведби имаат погон на двете оски, а само изведбата „н икс 350 х“ ќе може да се купи со погон само на предната оска. Изведбите со погон на една или две оски, тоа производителот дополнително ќе го среди во зависност кој пазар какви барања има. Тоа значи, можни се измени во одделот за погон, односно прилагодување на производот за одделни пазари, секако ако тоа му одговара на производителот, на Лексус.

Премиум класата подразбира и премиум материјали, така што не е учтиво да поставите прашања за и околу опремата. Во „лексус н икс“ бирано е што ќе се вградува, а што не, или во превод најдоброто од најдоброто. И кожа, и најквалитетни дрвени елементи, и до перфекција изработени алуминиумски детали и што уште нè. Сето ова е во тесно заедништво со дигитално електронската опрема која го прави возилото да биде што е можно побезбедно во секаков режим на работа и возење и во секакви временски прилики и неприлики. •

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| НОВОСТИ

ЕУРОИМПЕКС

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА OPEL MOKKA ВО МАКЕДОНИЈА

В

о организација на генералниот увозник Еуроимпекс новинарите од нашата земја имаа можност во претпладневното дружење да се запознаат со новата Opel Mokka. „Помалку нормално. Повеќе Mokka“ е слоганот на најновата кампања на брендот Opel. Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи што ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на брендот. Имавме можност одблиску да се запознаеме со новата Opel Mokka и да посведочиме на драстичните промени што успешно ги вовел брендот во овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот, па сè до внатрешниот

12

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ентериер што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво - дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил. Секоја линија, од самоуверената силуета на SUV до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. Mokka има смел став, возилото се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил. Како и да гледате на неа, во Mokka ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот, па до извајаните задни фарови Eco-LED што хармонично го реплицираат препознатливиот визир. Mokka не личи на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индиви-

дуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата. Како и можноста моделот да се нарача со целосно електричен погон. „Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И оправдано го носи слоганот ‘Помалку нормално. Повеќе Mokka’. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен за да им се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека кај нив ќе предизвика емоции што дизајнерските експерти ги предвиделе при неговото креирање“ - изјави Кирил Воиновски, генерален директор во Еуроимпекс. •


НОВОСТИ |

AUDI

ПРИСТИГНА СПОРТСКИОТ И ЕЛЕГАНТЕН AUDI Q5 SPORTBACK

A

udi Q5 Sportback пристигна во нашите салони и зрачи со моќно присуство што е типично за моделите Q од Audi. Големи отвори за воздухот стојат на октагоналната единечна предна рамка. Предните фарови со нивната карактеристична дневна светлосна сигнализација се одликуваат со LED или опционална технологија Matrix LED. Континуираната, елегантно моќна линија на страниците ги нагласува тркалата, а со нив и погонот quattro на сите тркала. Страничните контури на вратите влеваат стабилност и робустност на новиот SUV. Кровната линија се протега ниско до крајот на возилото и многу рано почнува со наклонот, така што третиот страничен прозорец нагло се намалува кон крајот на задниот дел. Остро закосеното задно стакло и навидум високо поставениот заден браник му даваат на Q5 Sportback динамичен и моќен изглед. Audi ги нуди задните фарови со иновативна дигитална технологија OLED. Секоја светлосна LED-група вклучува три диоди што емитуваат светлина и зрачат во особено хомогена црвена боја. Секоја LED-група е поделена на шест сегменти што може да се контролираат поединечно. Клиентите можат да изберат од три задни светлосни потписи при нарачување

на своето возило, а секој вклучува динамично сценарио за осветлување во функцијата „Coming Home/Leaving Home“. Дополнителната спортска графика се прикажува кога е избран режимот „Dynamic“ во системот за избор на режим на возење. Ако друго возило се приближи на помалку од два метра до задниот дел на Q5 Sportback, сите сегменти OLED го зголемуваат осветлувањето, обезбедувајќи лесно забележување. Audi го нуди новиот купе SUV со пакетите за опрема Advanced или S-Line. Разликите се во решетката singleframe на предниот дел, страничните отвори за воздухот и особено задниот браник. Постојат 12 бои и различни елементи за додатоци што може да ги изберете, на пример, Black Пакет. Долгото меѓуоскино растојание од 2,82 метра обезбедува доволно простор во внатрешноста и багажен простор со волумен од 510 литри што се зголемува до 1.480 литри со преклопување на задните седишта. Со своите хоризонтални линии, ентериерот е елегантен и просторен. Внатрешните пакети на опрема „Design“ и „S-Line“ му даваат уште поелегантен или спортски изглед. Тие доаѓаат во широк избор на бои и материјали за тапацир, вклучително и врвна квалитетна кожа напа. Понудата започнува со

150 kW (204 КС) 2.0 TDI мотор, кој сега може да влече приколка со тежина до 2,4 тони. Кровни шини се опционално достапни, како и Hill Descent Control за дополнителна безбедност. Стандардната спортска суспензија нуди директен контакт со патот, а достапна е алтернативната адаптивна воздушна суспензија. За контролите, дисплеите и инфозабавата, Q5 Sportback ја презема третата генерација на MIB3. Дигиталниот Audi виртуелен кокпит Плус со 12,3-инчен дисплеј и главниот дисплеј, исто така, се главен дел од инструмент таблата. Мултифункционалниот волан Плус овозможува безбедно и едноставно ракување со најважните функции и дисплеи. MMI навигацијата Плус, зедно со инфозабавниот систем е поврзан со 10,1-инчен дисплеј на допир. Неговата гласовна контрола со природен говор го користи знаењето од интернет-поврзувањето и може да се активира со изговарање „Еј Audi“. Многу поставки за возилото може да се зачуваат во индивидуални профили на корисници и да се зачуваат на порталот на клиенти myAudi. Хардверски модули се достапни по избор, како што се телефонската кутија Audi или 3D Premium системот за озвучување Bang & Olufsen што го дополнуваат системот за инфозабава. •

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| НОВОСТИ

OPEL ASTRA

„ЅВЕЗДАТА“ ЌЕ ЗАСВЕТИ ПО ШЕСТИ ПАТ

П

ред три децении Опел на свет го донесе моделот „астра“, заменувајќи го надалеку познатиот модел „кадет“. Сè уште не е јасно зошто едно проверено име беше заменето со сосема непознато. Тогаш во 1991 година беше претставена првата „астра“, а годинава во октомври, ако сè биде како што треба, Опел на Салонот за автомобили во Франкфурт ќе ја претстави шестата генерација. Првите официјални фотографии беа претставени на 12 јули и веднаш се забележува оштрата динамика во дизајнот – „астрата“ сега изгледа поагресивно и потемелно од нејзините претходници. Најверојатно сето тоа се должи на обликот со ниска и тенка силуета. Новата комбилимузина со пет врати е долга 4.374 мм, односно за само 4,0 мм подолга од претходната петта генерација, но затоа меѓуоскиното е зголемено за 13 мм и сега изнесува 2.675 мм, а ширината располага со 1.860 мм, односно е зголемена за осетни 51 мм. Во овие димензии конструкторите заедно со обликувачите на возилото створиле оддел за товар со зафатнина од 422 литри. Силината од моторите ќе се пренесува на предната оска преку шестстепен обичен или осумстепен автоматски менувач. Оваа класа, односно сегменот „ц“ е од тие кои најмногу бараат, најспецифичен е и тука производителите најмногу се тепаат кој да биде

прв со продажбата. Конкуренцијата со децении наназад е преголема и да се опстане во оваа класа воопшто не е лесно. „Кадет“, односно наследникот „астра“ засега добро се справува со останатите, а челниците од Опел се надеваат дека шестата, најновата, генерација успешно ќе се спротивстави на конкуренцијата. „Опел астра“ има свои поклоници, но очекувањата на челниците се поголеми, се надеваат и на нови заинтересирани кои ќе одлучат нивниот следен автомобил да биде „астрата“.

За содржината на опремата не мора многу да се зборува. Во денешно време секој нов автомобил во себе содржи мал милион дигитално електронски ситници кои го подобруваат вкупниот впечаток за автомобилот, и над сè дел од нив играат главна улога во безбедноста. Производителот планира погонските единици да бидат и од тие обичните и од тие хибридните, но од 2028 година од фабриките на Опел ќе излегуваат само возила со погон на „струја“. •

PININFARINA TEOREMA CONCEPT

ЕЛЕКТРОМОБИЛ СО ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА

П

ининфарина повторно е во некакво движење со кое ги вознемирува производителите на автомобили откако изјави дека иднината ја гледа и во правец на создавање моторни возила, а не само во правец на обликување, дизајнирање. За досегашните автомобили на познатата дизајнерска куќа говорат многуте концепти прикажувани со децении на најголемите светски изложби. Неодамна по повод 90. годишнината од основањето на компанијата, вработените создадоа супер автомобил наречен „батиста“ по името на основачот на работилницата, Батиста Фарина наречен Пинин. Компанијата планира да произведува луксузни лимузини, но откако светот покажа глад кон „сув“ возилата, Пининфарина пројави интерес за тој вид возила и наскоро ќе видиме концепт, најверојатно го подготвуваат за претставување во септември за кога е закажан Салонот за автомобили во Франкфурт. Сериозноста на Пининфарина и производството автомобили е поткрепена со претставувањето на концептот „теорема“ на 14 овој месец. Тоа е лимузина во облик на спортски караван, а во светот на автомобилите најчесто овој облик го

14

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

именуваат како „шутинг брејк“. Со должина од 5,4 метри и 1,4 метри висина, концептот „теорема“ овозможува патниците да се чувствуваат како да се во дневна соба во која удобно можат да се сместат петмина возрасни. Четири седишта, по две на едната и другата страна, а малку понапред од нив во средина е возачкото. Луксузната лимузина е всушност електромобил со врвна технологија која овозможува самоуправување, а возачот за тоа време може да го заврти седиштето за 180 степени и да се види лице во лице со останатите четири патници. Концептот е развиван со помош на посебен компјутерски систем наречен виртуелна реалност преку која во ист миг може да се менува

обликот без многу напор со што се отвораат вратите кон побрзо создавање линии кои потоа можат во кус временски интервал да претрпат повеќе исправки. Ваквиот начин на создавање облици воопшто не бил присутен претходно, така што сега работата на дизајнерите е олеснета речиси до крајни граници. Платформата на која е правен концептот „теорема“ е во сопственост на компанијата Бентелер, истата која ќе ги создава платформите за сериските возила на Пининфарина. Дизајнерската куќа Пининфарина во моментов подготвува најмалку четири возила за сериско производство вклучувајќи и „сув“. •


НОВОСТИ |

BMW CE 04

ЕЛЕКТРИЧНИОТ СКУТЕР НА БМВ

П

окрај автомобилите, БМВ има и прва љубов а тоа се мотоциклите. Да така е, автомобилите се втора, а мотоциклите прва затоа што своето патешествие во светот на моторните возила БМВ го започна токму со мотоциклите. И сега како што времињата налагаат и како што технологијата оди напред, покрај автомобилите, производителите почнаа и во мотоциклите да вградуваат електричен погон. Минатата година БМВ претстави концепт „це 04“ со кој го наговести неговото влегување во целосна еклектрификација на мотоциклите. Една година потоа БМВ излезе со официјални фотографии и на јавноста и подари сериски модел со исто име како концептот, „це 04“. Дизајнот е речиси сосема ист, односно само окото на конструкторите ќе приметат разлика помеѓу обликот на концептот и серискиот примерок. Моторот е сместен во долниот дел од мотоциклот и располага со 42 КС и е способен мотоциклот од 0 до 50 км/ч да го понесе за зачудувачки кус период од само 2,6 секунди. Ова со забрзувањево е нешто како катапулт. Времето потребно да ја постигне брзината од 100 км/ч не ја следи линијата на тие 2,6 секунди. Вкупното време изнесува 9,2 секунди. Најверојатно истото е малку забавено од страна на производителот сè со цел за поголема безбедност, во спротивно „це 04“ ќе може комотно да се справува со автомобилите кои забрзуваат до

100 км/ч за не повеќе од 6,0 секунди. Малку чуден дизајн, но се согласуваме дека е единствен во светот на двете тркала. Батеријата со едно полнење трае 130 км, а за истата да се наполни до 100% потребно е време од 100 минути, но само ако употребите 6,9 kW кабел за полнење. Системот против блокирање на тркалата е сериски, додека „„абс про“ се добива со доплата. И „асц“ системот е сериски и оперира на ист начин како на мотоциклите со бензински мотор,

додека динамичниот систем за што подобар контакт на пневматикот со асфалтот (динамик тракшн контрол) се добива, исто така, со доплата. Овој систем ја контролира состојбата при забрзувањата додека мотоциклот е наведнат, односно во свиок. За зависниците од екрани осетливи на допир и мераклии на „таблети“, БМВ сериски вградил 10,25 инчен екран и сега желбата е задоволена. Екран голем колку тие во автомобилите. И сето ова ќе го добиете за скоро 11.000 евра. •

SEAT IBIZA

НОВО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА

К

ога зборуваме за марката Сеат слободно може да констатираме – моделот „ибица“ е најпродаваниот во семејството и воедно е столб на кој се потпира шпанскиот производител. Ваквите движења во Сеат датираат уште од пред 37 години кога во 1984 за првпат беше претставена „ибицата“. Можеби е малку чудно, но вистината е таа, постоењето на марката Сеат е во рацете на досега спомнуваниот модел или во бројки, за 37 години продадени се шест милиони примероци. Летово производителот одлучи да внесе освежување во петтата генерација, односно претстави редизајн на досегашната „ибица“ со цел да го продолжи за околу две до три години нејзиното постоење. Во обновената петта генерација погонските агрегати располагаат со силина во распон од 80 до 150 КС. Убедливиот бензински четирицилиндричен 1,5 литарски турбо мотор е надвор од игра, но затоа на сцена стапуваат трицилиндричните мотори еден без, а останатите со турбо компресор, исто така, бензински. Дигитална табла со инструменти, лед светла, најразновидни електронски помагала во служба на безбедноста, а кога веќе ја спомнавме

безбедноста тогаш треба на голема врата да најавиме дека најновиов модел доби пет ѕвезди за време на тестирањата во лабораторијата на Euro NCAP. И да не ги заборавиме андроид ауто, епл карплеј и мирорлинк кои влегуваат во сериската опрема, но ако сопственикот посака сателитска навигација, ќе мора да доплати исто како и за 18 инчните тркала. Дизајнот се потпира на веќе познатата сеатова линија која доминира во последнава деценија –

малку обли површини, но оштрите црти никако не се напуштаат, а токму тие ја даваат спортската нота и агресивноста. Севкупното планирање, дизајнирање и подготовка се одвивала во студиото лоцирано во Барселона. Моделот „ибица“ е икона на марката Сеат, а името го добила по надалеку познатиот остров Ибица и е втор во семејството со име од некој географски поим – прв е моделот „ронда“. •

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Opel Corsa GS-Line 1.2 100 КС

УРБАНА МОЛЊА ПОД НОВОТО ВОДСТВО ГЕРМАНСКАТА МАРКА OPEL ИЗГЛЕДА МНОГУ ЦВРСТО, ПАЛЕТАТА Е РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНА, ДОДАДЕНИ СЕ НЕКОИ НОВИ МОДЕЛИ, А ВО УРБАНИОТ СЕГМЕНТ Е МОДЕЛОТ CORSA, КОЈ СО ДЕЦЕНИИ Е ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО СЕГМЕНТОТ.

16

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

овата шеста генерација на германскиот супермини пристигнува со дизајн што вешто ги сплотува минатото и модерното во својот спортски и елегантен изглед. Corsa под привлечната надворешност пакува многу повеќе отколку што се очекува, поседува целосно нова моторизација, а имплементацијата на новоразвиените технологии го дополнува ефектот за напреден автомобил.

Н

имиџ, додека задниот дел ја дополнува мускулестата форма со интегрирање на спојлерот над задното стакло. Потезите што се влечени по надворешноста несомнено велат дека Corsa е карактеристичен Opel во кој може да се препознае ДНК на претходните генерации што јасно укажува дека ова е ново продолжение на малата молња што е подготвено да удира силно.

ПРЕПОЗНАТЛИВИ ЛИНИИ СО НОБ ОБЛИК На прв поглед веднаш е забележливо дека новата Corsa изгледа позрело, дизајнерите користеле помалку меки потези, а на нивно место настапуваат конкретни, германски линии, со што е постигнат посилен изглед што ги истакнува елеганцијата и динамиката преку напредниот дизајн. Софистицираноста се забележува штом ќе се погледне предниот дел, каде што обликот на маската, поставеноста на светлосните склопови и имплементацијата на магленките создаваат целосна хармонија. Кровната линија потсетува на автомобил купе што придонесува за подобрување на аеродинамиката, преку неа се прикажува спортскиот

МЕСТО НА НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА Кабината е место во кое се поминува најголемото време во автомобилот и затоа инженерскиот тим што работел на новата Corsa се обидел ова место да биде колку што е можно подобро изведено. Имено, имплементацијата на нови технолошки решенија и модерни опции е сеопфатно применета. Централната конзола е благо накосена кон возачот, а на неа главната улога ја игра 7- инчниот екран чувствителен на допир преку кој се командува со повеќето секундарни функции. Декоративните елементи и атрактивните шавови како и спојот на останатите детали ја прават кабината особено атрактивна.

Просторот кој е на располагање потврдува дека комодитетот е задржан на високо ниво, како на предниот дел, така и на задната клупа. Практичноста во мало пакување се заокружува со багажниот простор, неговата форма е правилна и лесно достапна, а располага со зафатнина што изнесува повеќе од 300 литри. Тоа со што може да се пофали оваа генерација се новите технологии и системи за помош што обично се среќаваат кај повисоките класи возила. Вистински белег се светлосните состави во LED-технологија што може да се надградат и со матрикс систем intelliux, што Opel првпат го нуди во сегментот. Покрај тоа, постојат голем број најсовремени системи за помош, како што се предупредување за судир со автоматско сопирање во итни случаи и детектирање на пешаците, како и адаптивна контрола на брзината, кај Corsa дебитантско претставување има и системот за одржување на возилото во коловозната лента, а овие асистенти се грижат времето поминато со Corsa да биде колку што е можно побезбедно и порелаксирано.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН, ТУРБОБЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.199 СМ3

МОЌНОСТ:

100 КС При 5.500 врт/мин.

МЕНУВАЧ:

6 СТЕПЕН МАНУЕЛЕН

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: БАРАБАНИ

ГУМИ:

НАПРЕД 195/65 R16, ПОЗАДИ 195/65 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.090 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.060X1.765 X1.433 ММ

СООДВЕТНА МЕРКА Новата генерација на Corsa е опремена со особено економични бензински и дизел-мотори. Кај бензинците главна улога игра 1,2-литарскиот агрегат со три цилиндри што доаѓа во три различни изведби со јачина од 75 КС, 100 КС и 130 КС. Дизелската верзија е со моќ од 100 КС што ги испорачува 1,5-литарскиот четирицилиндричен мотор опремен со турбополнач. Во оваа пригода се дружевме со верзијата 100 КС на бензинскиот агрегат што се покажа како повеќе од доволен за секојдневните потреби, дури на моменти знае да ја прикаже и својата пргава страна. Постигнувањата се во зоната од 9,9 секунди за забрзување до 100 км/ч, а максималната брзина што се испорачува изнесува максимални

18

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

188 км/час. Перформансите што се напишани на хартија изгледаат значително поуверливо во секојдневната употреба. Новата Corsa во овој облик успешно и многу агилно се справува со предизвиците во сообраќајот благодарејќи на карактерот што го поседува овој мал турбоагрегат со 205 Nm влечна сила. Како дополнување на податоците во прилог е и нејзината потрошувачка што во наши раце едвај надминуваше 6 литри на 100 километри, со што го заслужува епитетот на еден од најекономичните модели во класата. За да се постигнат овие карактеристики инженерите подготвиле добро пресметан и прецизен менувач со шест брзини, а наедно напорно работеле на намалување на тежината, па затоа во споредба со претходникот, новата Corsa е полесна

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

9.9 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5.2 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

98 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТ МОДЕЛОТ

16.990 €

за околу 10 проценти. Надворешниот изглед, кој е со динамични и спортски линии, го преточува тоа чувство и во возењето, кое со новата Corsa изгледа динамично, што е клучен фактор за повеќе забава. Тоа е постигнато со поставувањето на возачката позиција пониско, со што центарот на гравитација е понизок. Ваквото „сетирање“ овозможува вистинско уживање на патиштата што изобилуваат со свијоци, а во исто време создаваат чувство на комфор кога се вози на автопат. Директниот и прецизен управувач, како и изведбата на потпирањето го дополнуваат пријатното чувство што целосно ја комплетира сликата за еден исклучително управлив мал автомобил. • Данчо Здравковски


HR.NET како интегрирано решение овозможува да се соберат и поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување, селекција, воведување, развој, евалуација и промоција.

Автоматизација на административните процеси со вграден систем на нотификации

Единствено досие на вработениот и лесен пристап до потребните информации

Фокусирање на вистински предизвици како управување со таленти

Усогласеност со законска регулатива

Елиминација на повторувачки внес на податоци

Собирање и поврзување на податоците за целиот работен циклус на вработените на едно место

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| АМСМ

ПАТУВАЈТЕ Б

НАПРАВЕТЕ PCR ТЕСТ ПО ЕКСКЛУЗИВНА ЦЕНА ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ Како наши Класик и Европа Премиум членови можете да направите PCR тест по ексклузивна цена од 1.500ден за индивидуално тестирање во лабoраториите на „BIOTEK“. Ексклузивната цена можете да ја искористите на сите локации на „BIOTEK“ во Скопје: - само со покажување на валидна АМСМ членска картичка или - со приложување на ваучер, кој можете да го добиете во сектор АМСМ Членство, лоциран во АМСМ Скопје-Центар. PCR тестот по ексклузивна цена можете да го искористите до 31.08.2021 година, за вас и за членовите на вашето потесно семејство. За потребите на PCR тестот потребен е пасош. Повеќе информации на 02/3181-181.

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА КОВИД-19 МЕРКИТЕ НИЗ ЕВРОПА За да патувате безгрижно во услови на корона, потребно е да бидете добро информирани пред да тргнете на пат: дали вашата дестинација за одмор е достапна и отворена за туристи, кои документи се потребни за влез, дали и под кои услови е дозволен транзит низ земјите преку кои патувате, кои и какви мерки се во моментот на сила, како да се заштитите? Единствено на веб страницата на АМСМ (www.amsm.mk) на едно место можете да најдете информации за најновите Ковид-19 мерки на 33 европски дестинации кои се на сила во моментов. Ковид 19 водичот за патување низ Европа на АМСМ е креиран во соработка со другите европски клубови кои, исто така, се членки на FIA. Овие информации ќе ви помогнат да разберете што можете да очекувате од одморот во некоја од европските земји во услови на Ковид 19. Информациите се следат и се дополнуваат секојдневно.

20

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

БЕЗГРИЖНО!

ОСИГУРАЈТЕ ГО СВОЈОТ ДОМ И ОСТАНЕТЕ БЕЗГРИЖНИ Да бидете безгрижни додека патувате значи да сте сигурни дека вашиот дом е секогаш безбеден. Изберете домаќинско осигурување и осигурајте го вашиот дом од следните ризици: - Пожар - Провална кражба и разбојништво - Удар од гром - Кршење на прозорски стакла итн. - Луња и град Мобилити Брокер ги штити вашите интереси во осигурувањето и: - ве советува за избор за најдобра понуда за осигурување согласно вашите барања и потреби - ве застапува пред осигурителните компании и - посредува при наплата на отштетни побарувања. Услугите на Мобилити Брокер се бесплатни. Повеќе информации на 02/3181-405 или 02/5512-705.

ВОЗЕТЕ И ПЛАЌАЈТЕ НА 12 РАТИ Сите обуки во Авто Школа Мобилити Плус отсега можете да ги платите на 12 рати преку IUTE кредит и на тој начин да го планирате семејниот буџет, без обуката да ви претставува голем трошок. Пријавете се: - Обука за Б категорија со вклучена теоретска настава и практична обука: 1.940ден месечно на 12 рати; - Обука за А категорија со вклучена теоретска настава, практична обука и користење возило: 1.440ден месечно на 12 рати; - Обука за Ц категорија со вклучена практична обука: 1.950ден месечно на 12 рати. Повеќе информации на 02/3181-240.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АМСМ

• Ме интересира дали при технички преглед или регистрација на возилото се гледа бројот на моторот или се смета како потрошен материјал? Поздрав, Ристо АМСМ: При преглед на моторот и на погонските уреди се проверува дали моторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска се исправни и неоштетени, дали моторот е комплетен, дали при работа создава бучава поголема од дозволената и дали при работа ги задоволува пропишаните услови во однос на загадувањето на атмосферата. Исто така, се проверуваат силата на моторот во КW (КС), работната зафатнина на моторот во см³ и бројот на моторот што е запишан во сообраќајната дозвола. Значи, моторот може да се смени, но доколку е сменет, а има иста сила и работна зафатнина како претходниот во Станицата за технички преглед се внесува измената што потоа се запишува во сообраќајната дозвола. Но ако има промена во силата на моторот и на работната зафатнина, т.е. моторот не е ист или неговите особини не соодветствуваат на тие од претходниот мотор, тогаш измената мора да се констатира и да се направи атест. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашата е-адреса contact@ amsmstp.mk или во контакт центарот на АМСМ на следниов телефон +389 (0)2 3 181 181, а исто така, можете и да погледнете на нашата веб-страница: www.amsm.mk

• Ве молам за инфомација што е потребно за изгубена регистарска табличка за службено возило. Поздрав, Јасмина • Дали може да се земат пробни таблички за нерегистрирано возило? АМСМ: Пробни таблици можат да се издадат за возило во чија сообраќајна од страна на МВР е наведено дека регистарските таблички се одјавени од некое регистрационо подрачје, за ново возило купено од салон или за возило кое е увезено и почната е постапка за регистрација на возилото. За возило на кое е истечена регистрацијата не се издава пробни таблички, истото возило е подложно да ја отпочне постапката за регистрација на возило.

АМСМ: Треба да поседувате уплатници за загубената регистарска табличка и задолжително да приложите: - полномошно од компанијата за лицето кое ќе доаѓа во име на фирмата да врши промена со лична карта (полномошно се приложува без разлика дали ќе доаѓа лично управителот или, пак, некој вработен). - тековна состојба не постара од 6 месеци. - доколку се плаќаат вирманите електронски задолжителен е печат од банка на реализираните вирмани при заверка на сообраќајната дозвола на шалтерот на МВР.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

22

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗА ВАС КОИ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВАВТЕ ОТВАРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ,

ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО БИЛО КАДЕ ВО ЕВРОПА!

ПО ПУ С Т Акцијата трае до 31.08.2021

www.amsm.mk

02/3181-181

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АМСМ

CLASSIC

LIGHT

Услови за ДОБИВАЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Начин на КОРИСТЕЊЕ на вредносен ваучер „Зачлени пријател!“

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е: - Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат. -Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател може да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следниве услуги во системот на АМСМ: - Технички преглед на возило. - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта. - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија. - Обуки за сите категории во АМСМ АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ. - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили. - Услуги Помош на пат и шлепување. - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ.

Зачленувањето на вашите пријатели може да го направите во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес. Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

24

EUROPE PREMIUM

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ПРОГРАМА „ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДИ СО АМСМ“ Почитувани АМСМ членови,

Судејќи по бројот на ваши зачленети пријатели, сигурни сме дека веќе добро ја познавате програмата „Зачлени пријател!“, со која како АМСМ членови имате можност АМСМ членските пакети да ги препорачате на вашите пријатели, да ги зачлените и притоа да добиете привилегии и поволности за вас. Овојпат со цел да одговориме на вашите барања и да ви овозможиме да заштедите, воведовме вредносни ваучери кои ги добивате доколку зачлените ваш пријател. Вредноста на ваучерите се разликува и зависи од типот на членскиот пакет кој вашиот пријател го избрал.

ЗАЧЛЕНИ ПРИЈАТЕЛ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:

ДОБИВАТЕ ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД:

LIGHT Членство

100,00 ден.

CLASSIC Членство

250,00 ден.

EUROPE PREMIUM Членство

600,00 ден.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

ДОБРО ОДМОРЕНИ, НАСПАНИ И НАЈАДЕНИ, МАЛКУ ВОДА, НЕКОЛКУ КАПКИ СОК ОД ЛИМОН, УДОБНА ОБЛЕКА ВО СВЕТЛИ БОИ, ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ, КАПА И ПОДГОТВЕНИ СТЕ ДА Ѝ СЕ СПРОТИВСТАВИТЕ НА ЛЕТНАТА ГОРЕШТИНА

Л

етото е период кога сите се подготвуваат да заминат на одмор, на планина, море, езеро, да се посетат интересни места во други држави итн. Главна одлика на летото се високите температури и тие се нешто најнепосакуваното за секој што е во автомобил. Но и ова патување може да се претвори во уживање. Ако одлучите да патувате со автомобил, еве неколку совети што ќе ви бидат од голема корист. Прво што ви паѓа на памет кога треба да седнете во автомобил изложен на сонце е да го вклучите клима-уредот. Секако, со тоа ќе се подобри состојбата во делот за патници, но внимавајте со нагодувањето. Задолжително мора да се внимава на нагодувањето на температурата во автомобилот во однос на надворешната затоа што преголемата температурна

26

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЛЕТО, ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ПАТУВАЊА разлика при излегувањето од возилото кај чувствителните лица може да предизвика температурен шок и сериозни нарушувања во организмот. Оваа состојба може да се спореди со сончањето на плажа и влегувањето во вода. Поради тоа клима-уредот треба да се нагоди на околу +29 С степени. Најпрепорачливо е температурната разлика во возилото и надвор да не биде поголема од 8 С степени. На пример, ако надвор е + 38 С степени, климата да биде пуштена на + 30 С степени. Можно е да се случи ниската температура во автомобилот да предизвика и други проблеми - настинка, главоболка, појава на болки во дел од телото што најмногу бил изложен на студениот воздух и да дојде до здрвување. Особено треба да бидат внимателни лицата што имаат каков било проблем со бубрезите.

Како да се подготвите за патување? Прво и основно, добро одморете се, наспијте се и јадете пред да тргнете на патувањето. Задолжително понесете неколку шишиња со вода во кои може да ставите по неколку капки лимонов сок. Пожелно е при рака да има+те и обична прскалка што може да ви помогне да се разладите. Не заборавајте очила за сонце и капа. Облеката треба да биде во светла боја, комотна и изработена од природни материјали. Лекарите не препорачуваат на патувањето да се пијат газирани сокови и ладни чаеви затоа што тие дополнително предизвикуваат жед. Но во никој случај алкохол. Комбинацијата од летна горештина и алкохол создава многу проблеми. Добро е автомобилот да биде под сенка пред да тргнете. Кога ќе почувствува-


ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |

Ако со вас доаѓаат и домашните миленици, застанувајте почесто затоа што тие не можат да поднесат долги патувања и високи температури

те дека ви станува мачно да возите на жешкото сонце, побарајте место за одмор во сенка. Избегнувајте да возите во периодот од денот кога температурите се највисоки. Препорачливо е да не пиете вода од чешма во местото на престој за да избегнете стомачни проблеми. Не јадете кечап и мајонез, кои се најподложни на расипување, разни преработки, салами и слично, туку салати и малку тестенини. Спакувајте се навреме, два дена однапред за да не си создавате нервози. Не дозволувајте топлото време да ви го наруши расположението за време на патувањето и да ве направи нервозни. Применете ги советите и уживајте во патувањето. Почитувајте ја сигнализација и внимавајте на брзината. • Жарко Атанасоски

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| СТИЛ

Коктел

ОСВЕН ШТО Е НАЈПОЗНАТ МЕШАН ПИЈАЛАК (КОКТЕЛ) ЧИЈА ПРИКАЗНА ОД НЕГОВАТА ИСТОРИЈА, МИНАТО, Е ДОКУМЕНТИРАНА СО ФАКТИ, ЗА МОХИТОТО СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е И НАЦИОНАЛЕН КОКТЕЛ НА КУБА, ПА И ОМИЛЕН МЕШАН ПИЈАЛАК ВО ЛЕТО. ДРОБЕН МРАЗ ШТО ИЗЛАДУВА МЕШАВИНА ОД БЕЛ РУМ, СОК ОД ЛИМЕТА, ШЕЌЕРЕН ПРАВ, СОДАВОДА И СВЕЖИ ЛИВЧИЊА МЕНТА ВО СТАКЛЕНА ЧАША, ТАКА ОТПРИЛИКА ИЗГЛЕДА ОПИСОТ НА КОКТЕЛОТ ШТО ГО ВООДУШЕВИЛ И ЕРНЕСТ ХЕМИНГВЕЈ ВО ХАВАНСКИОТ БАР LA BODEGUITA DEL MEDIO, А ПОДОЦНА И МЕЃУНАРОДНАТА ЕЛИТА, ПРЕКУ ОСВОЈУВАЧКИОТ ПОХОД НА СВЕТСКИТЕ БАРОВИ.

Б

езмалку дваесет години мохитото владее сигурно со светската барска сцена. Овој кубански мешан пијалак (коктел) или, поточно, highball (како што бармените го класификуваат), е всушност, освежителна мешавина од бел рум, сок од лимета, шеќерен прав, сода-вода и свежи ливчиња мента чии силни ароми ги разблажува дробен мраз. Се вели дека и оние што не се баш

28

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

МОХИТО - КУБАНСКО „ВОЛШЕПСТВО“ склони кон пиење коктели тешко можат да й одолеат на маѓијата на мохитото чиј назив потекнува од африканскиот збор mojo што значи волшепство. Овој летен мешан пијалак што го евоцира, оживува времето на хедонизмот во предреволуционерна Хавана и нејзините барови, и ден-денес важи како фин, отмен пијалак, но неговото потекло ни оддалеку не е такво. Според една од бројните приказни, мохитото настанало кон крајот на шеснаесеттиот век, во текот на освојувачките патешествија на озлогласениот истражувач, сер Францис Дрејк (Francis Drake). По неуспешниот поход на Хавана поради болест на посадата, еден од неговите гусари, Ричард Дрејк (Richard Drake), измислил мешавина слична на сегашното мохито, од состојки што месното население ги консумирало како лек. Измешал aguardiente, т.е. нерафинирана верзија на рум (огнена вода во превод) со лимета, шеќер и ливчиња мента, свежи, а пијалакот го нарекол El Draque, по прекарот на неговиот заповедник. Пијалакот се нарекувал

и Draquecito (мал змеј), кој во седумнаесеттиот век бил популарен меѓу кубанската работничка класа. Според друга приказна, мохитото го измислиле африканските робови кои во Куба, во деветнаесеттиот век, работеле на плантажите на шеќерна трска од која правеле сок, т.н гварапо (истовремено е и суровина за правење рум). Кубанците нектарот го испивале како освежителен пијалак со мраз, а и денес може да се нарача во многу барови во Латинска Америка. Сепак, за еволуцијата во подготвувањето мохито, какво што го знаеме денес, заслужна е компанијата Bacardi, основана во средината на деветнаесеттиот век чиј нов производ тогаш, белиот рум со слаб интензитет, се покажал како многу подобра основа за популарната мешавина. За тоа сведочи и кубанскиот драматург и поет Федерико Вилош (Federico Viloch) кој во една од своите книги од 1940 година напишал дека El Draque станал мохито во мигот кога „огнената вода“ (aguardiente) се заменила со рум.


СТИЛ |

Првиот пишан рецепт за мохитото се појавил во 1931 год. во книгата Sloppy Joe’s Bar Cocktails Manual на истоимениот бар, и бил доста баран во текот на целото десетлетие. Тогаш популарни барови во Хавана биле Sloppy Joe’s Bar и El Floridita, надалеку прочуени по својот Daiquiri (коктел), вклучително и хотелот „Севилја“, кои почнале да служат и мохито. Познавачите на мешаните пијалаци знаат да кажат дека мохитото е „изданок“ на Daiquiri и Mint Julep поради главните состојки. За разлика од мохитото, Daiquiri не содржи сода-вода и свежи ливчиња мента, додека Mint Julep наместо рум содржи бурбон. Како-годе, врвот на својата популарност мохитото го достигнал во 1942 г., кога Ангел Мартинес (Angel Martinez) во Хавана отворил бар/ресторан, денес познат како La Bodeguita del Medio. Иако веќе се испивал наголемо, се смета дека на неговата слава најмногу й кумувал Ернест Хемингвеј (Ernest Hemingway), кој го открил и засакал токму таму. Сведоштвото за неговото воодушевување се чува и денес. Имено, на видливо место во барот се наоѓа урамена хартија на која големиот книжевник со своја рака напишал: „My mojito at La Bodeguita, my daiquiri at El Floridita“. Покрај Ернест Хемингвеј, гости на La Bodeguita del Medio биле и студенти, и артисти...целокупната елита. И ден-денес е популарен, има голема посетеност, а подготовката на мохитото е ритуализирана. Набргу и Кеј Вест (Флорида), оддалечен скоро деведесет километри од Куба, го „прегрнал“ мохитото благодарејќи на големиот книжевник. Таму се преселил на крајот на 1920-тите. Со текот на времето, мохитото си го нашол патот до Мајами, а почнал да се пие и во Њујорк, како и во Сан Франциско. Периодот на занемареност, кој траеше малку време, прекина во 1990-тите кога беше „откриен“ повторно, а голем придонес за

РЕЦЕПТ ЗА

• 2 мери бел рум • 2 мери свежо исцеден сок од лимета (по желба, сокот можете да го замените со половина лимета, исечена на четвртини) • 1 чајно лажиче шеќерен прав • 2 мери сода-вода (или минерална газирана вода) • свежи ливчиња мента • дробен мраз • толчник (muddler) • висока и тесна, Collins чаша Подготовка: 1. Ставете неколку (4 или повеќе, по желба) свежи ливчиња мента во чаша 2. Налејте свежо исцеден сок од лимета (или додајте половина лимета, исечена на четвртини), па ставете шеќерен прав 3. Лесно гмечете со толчникот за состојките да пуштат арома и да се измешаат 4. Чашата наполнете ја со дробен мраз, ставете 2 мери бел рум, па промешајте 5. Додајте 2 мери сода-вода или минерална газирана вода 6. Повторно измешајте, полека, и украсете со гранче мента и парче лимета

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


| СТИЛ

тоа имаше популарноста на Nuevo Latino кујната. Сепак, враќањето на врвот кога се мешаните пијалаци во прашање му го овозможи Пирс Броснан (Pierce Brosnan) како Џејмс Бонд, пиејќи го во филмот „Умри некој друг ден“. Тајниот агент 007 ја забетонира неговата водечка позиција, така што денес, деветнаесет години потоа, конечно го има статусот кој го заслужува, а неговото mojo неповратно ја „маѓепса“ новата генерација љубители на коктели. • Игор Ландсберг

Ернест Хемингвеј не е запаметен само како голем книжевник, туку и како голем хедонист кој, страсно заљубен во мешаните пијалаци, популаризирал голем број

Во 1942 година, на улицата Empedrado во Хавана, Куба, во куќа од деветнаесеттиот век, Ангел Мартинес отворил бар/ресторан Casa Martinez, кој осум години подоцна го „прекрстил“ во La Bodeguita del Medio (з.м. мал дуќан среде улица). Веднаш по неговото отворање, благодарение на дружељубивоста, неформалната атмосфера и боемскиот шарм, ги привлекол писателите, музичарите и новинарите кои таму пиеле мохито.

30

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

коктели. Додека во Montgomery, вид мартини, уживал на другиот крај на светот, во венецискиот Harry’s Bar, во Хавана (Куба) пиел Daiquiri, во барот El Floridita, а во барот La Bodeguita del Medio се родила неговата љубов кон мохитото што, благодарејќи му нему, ги освоил САД, а потоа и светот.

На пример, Ернест Хемингвеј, Пабло Неруда и Габриел Гарсија Маркес биле стални гости. Ѕидовите на барот се испишани од неговите посетители, но и украсени со фотографии на славни луѓе, кои исто така го посетиле, како на пример Нат Кинг Кол, Марлен Дитрих, Брижит Бардо, Софија Лорен, Спенсер Трејси, Ерол Флин. Овој живописен бар е незаобиколна знаменитост и туристичка атракција во стариот дел од Хавана, чија популарност ни денес не стивнува.


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„БРЕЗИТЕ ШТО ШУМЕА КРАЈ ТЕМЗА“ КАТЕРИНА СЕРАФИМОВСКА

Е

двард Лијам Адамски, 65-годишниот професор по книжевност со полско потекло, сместен во инвалидска количка, седејќи пред прозорецот во својата крајбрежна вила во Брајтон, Англија, им се навраќа на своите стари спомени. Дури четири децении наназад само за да ни ја раскаже приказната за младиот студент што една пролетна ноќ, во Лондон, имал среќа да ја запознае жената на својот живот - девојка од високата класа по име Емили Стоунбриџ. Двајцата млади писатели се впуштаат во бурна љубовна врска, исполнета со многу страст и поезија. Но тој сфаќа колку многу ја сакал Ема откако целосно ја изгубил, а таа отпатувала далеку, во Јужна Америка... Следува неговиот брак со нејзината родена сестра Беверли и нивната борба да добијат деца, но и сите други необични перипетии во неговиот живот, додека времето неповратно тече напред и ги носи водите на реката Темза, некаде далеку. Сепак, без оглед на потребите на своето семејство , неговата успешна кариера како професор на колеџот „Кингс“ во Лондон...тој никако не може да ги заборави посебните емоции што ги негувал исклучително кон Ема сè додека еден ден не открие дека има и возрасен биолошки син по име Рафаел Паз. •

„PLANET HER“ DOJA CAT

Н

а 25 јуни Amala Ratna Zandile Dlamini, позната како Doja Cat, дваесет и петгодишна aмериканска пејачка, раперка и кантавторка, која се занимава и со продукција, го издаде својот трет студиски албум насловен „Planet Her“, заедно со „Kemosabe Records“ и „RCA Records“. Нејзини гости се Young Thug, Ariana Grande, the Weeknd, JID и SZA. Во него доминира поп и аренби-музиката, вклучително и трапот (поджанр на хип-хопот). Насловот е даден по измислената планета на пејачката, каде што сите луѓе, без оглед на разликите (расни итн.), живеат во хармонија. Богатата визуелна имагинација е очигледна. Doja Cat вели дека овој албум е најубав досега, кога се во прашање визуелните сензации, акцентирајќи ја кохезијата бидејќи видеоспотовите се снимаат на различни локации на нејзината планета. Синглот „Kiss Me More“ (заедно со SZA) беше објавен на 9 април и се вброи меѓу првите пет на Billboard Hot 100 во САД, а голем успех постигна и во Канада, Велика Британија, Австралија. Потоа следуваше „Need to Know“, кој беше промовиран на 11 јуни, а „You Right“ со the Weeknd беше објавен на 25 јуни, заедно со албумот. Другите единаесет песни се: „Woman“, „Naked“, „Payday“ (со Young Thug), „Get Into It (Yuh)“, „I Don’t Do Drugs“ (со Ariana Grande), „Love to Dream“, „Been Like This“, „Options“ (со JID), „Ain’t Shit“, „Imagine“ и „Alone“. •

„JUNGLE CRUISE“ (КРСТОСУВАЊЕ НИЗ ЏУНГЛАТА)

И

ако премиерата ќе се одржи на 30 јули, критичарите веќе го гледаа и го препорачуваат за летово. Всушност, 158-минутниот американски филм е комбинација на фантастика и авантура, заснован врз приказната чии автори се Glenn Ficarra и John Requa, а атракцијата носи исто име како паркот на Walt Disney. Како сценарист е потпишан и Michael Green, покрај гореспоменатите двајца. Секако, продуцент е Walt Disney Pictures. Дејството е сместено на почетокот на дваесеттиот век. Капетанот, заповедникот на бродот, Frank Wolff (го игра Dwayne Johnson), ги води д-р Lily Houghton (Emily Blunt), која се занимава со научноистражувачка работа, а нејзиниот помлад брат McGregor (Jack Whitehall) е на крстосување низ џунглата, со цел да го најдат „дрвото на животот“ што има исцелителна моќ и може да се употребува и во актуелната современа медицина. Во текот на патувањето сите тројца се принудени да им се спротивстават на дивите животни, пеколните горештини, смртоносното опкружување и на конкурентската германска експедиција што е решена прва да го најде дрвото. Жанр: фантастичен, авантуристички филм Актери: Dwayne Johnson, Emily Blunt, Édgar Ramírez, Jack Whitehall, Jesse Plemons и Paul Giamatti Режија: Jaume Collet-Serra •

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ПАТУВАЊЕ

Убавините на црногорскиот брег

Будва

МЕДИТЕРАНСКИОТ РАЈ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ ПОСТОИ УБАВИНА ОД КОЈА ЧОВЕКОТ НЕ МОЖЕ НИКОГАШ ДА СЕ ЗАСИТИ ДОВОЛНО. ТАА Е ИСТА, А РАЗЛИЧНА. СЕКОЈПАТ БЛИСКА, А СЕПАК МИСТИЧНА И НЕДОСТИЖНА. РЕЛАКСИРА, ОДМОРА, МАМИ И ЗАВЕДУВА. ЧОВЕКОТ ПОСТОЈАНО ТРАГА ПО ТАКВА НЕДОПРЕНА ПРИРОДНА УБАВИНА. И АКО ИМА СРЕЌА СЕКОГАШ ПОВТОРНО И УПОРНО Й СЕ ВРАЌА. ПОСЕТЕТЕ ГО ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ОВАА УБАВИНА И ВО ЗАДОВОЛСТВАТА ШТО ГИ НУДИ...

32

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

Г

радовите на црногорското крајбрежје сигурно ќе ве пленат со својот шарм, разновидност и медитерански мириси. Секој град е приказна за себе, од Улцињ (порано било пиратско место, а денес е туристички рај), Бар (град полн со историски споменици, со нов модерен центар, пристаниште, марина, хотели), Будва (од Буљарица преку Петровац и Свети Стефан, па до Јаза, ја претставува туристичката метропола на Црна Гора), преку Тиват (прекрасен и мирен град), Котор (кој е под заштита на УНЕСКО како културно и уметничко богатство), па до Херцег Нови (неодолив туристички град полн со зеленило, цвеќиња, скали и прекрасни историски градби). Никаде како на црногорскиот брег нема да видите поубаво зајдисонце, експлозија на бои и емоции, контрасти на планини и море. Туристите се воодушевуваат и од традицио-

налната кујна. Уживаат во познатата његошка пршута со маслинки и сирење, рибен гулаш, школки во сос од домати, магдонос, лук и кромид, јагне приготвено во млеко, варени домати со сирење и свеж крем, сушено овчо месо, свежа и пушена пастрмка од Скадарско Езеро и разни морски јадења. Во секој град може да најдете ресторани со локална храна и специјалитети од риба, кафулиња со прекрасни тераси и одлични коктели, хотели со пријателски персонал и незаборавен поглед на море. Познати црногорски десерти се крофни со мед и суви смокви. Треба да се пробаат и локалните вина и пива, чиј добар квалитет й прилега на црногорската кујна. Дел од вината се домашен производ добиен од најубавото грозје.


ПАТУВАЊЕ |

Улцињ

УЛЦИЊ И БАР Улцињ, најјужниот град на црногорскиот брег, е целосно ориентиран кон туризам поради природните потенцијали. Големата плажа, најдолгата песочна плажа на Јадранското Море, се протега на 13 км, Ада Бојана - единствен речен остров со прекрасни песочни плажи, Валданос - уникатен залив со стари маслинови дрвја, реставрираниот стар град со многубројни интересни ресторани, кафулиња, галерии и хотели... и многу други атрактивни места го прават Улцињ уникатен и привлечен за голем број туристи. Улцињ е град што мора да го запознаете. Бар е модерен град што постојано се шири. Иако е пристаништен град, воодушевува со чистотата и уредените зелени површини. Во неговата околина има голем број туристички атракции. Стариот Бар, тврдината на Хај Нехај, чии урнатини датираат од 15 век и замокот на кралот Никола се историски и културни споменици на градот. Тука е и дрвото на маслинката старо повеќе од 2.000 години. Скадарското Езеро е еден од најголемите резервати за птици, тука има и голем број манастири и цркви за посетителите што сакаат ваков вид туризам. Уредените плажи и заливи, како Чањ, Добра Вода, ќе ве натераат повторно да дојдете во Бар.

БУДВА Метрополата на црногорскиот туризам располага со голем број прекрасни плажи и прекрасна архитектура. Будва, често опишувана како тивко и пријатно место, е стара околу 2.500 години. Веројатно таа е едно од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море. Покрај многуте археолошки докази, многубројните пишани сведоштва укажуваат дека постои од 5 век пр.н.е. Една легенда кажува дека била создадена од Феникиецот Кадм и неговата жена Хармонија кои тука нашле засолниште. Стариот град е најголема атракција во Будва. Тоа е пенинсула со прави улици и стари градби изградени од камени ѕидови и мали цркви, плоштади и куќи. На ова место се слуша ехото од минатото. Остатокот од градот е модерен. Во него може да најдете повеќе ресторани и кафулиња каде што може да уживате во убавата атмосфера. Во текот на летните месеци тука е лоциран градскиот театар каде што се одржуваат голем број локални и странски изведби. Голема вредност на Будва е нејзиното културно и историско наследство со многубројните споменици, ископини, тврдини, манастири, цркви. Црквата Св. Тројство е најголем фаворит, богата со обоени камења и атрактивни артефакти. Св. Јован е најголема црква во градот и

датира од 1828 година. Манастирот Подмаине се наоѓа на околу 2 км. Малиот храм на Пресвета Богородица е од 15 век, а црквата Св. Петка е изградена во 1747 година. Внатрешноста на црквата е украсена со фрески насликани од Рафаил Димитриевиќ. Ентериерот го краси вреден иконостас окован со сребро. Манастирот е центар на црковни и културни случувања, а во минатото бил збирно место на племето Маине. Тоа што ги носи луѓето да ја посетат Будва и нејзината околина е дар на природата, неповторливата убавина на сонцето, морето и низа од бисерни плажи во подножјето на големите планини. Плажата Могрен е заштитен знак на Будва. Оправдано го носи епитетот скапоцен камен на црногорското крајбрежје. Цел ден може да се помине на златниот песок, пиејќи ладно кафе, пливајќи во бистрата вода или нуркајќи кај гребенот. До неа се стигнува преку тесна камена пешачка патека над која се издигнуваат карпи. Името го добила по шпанскиот морепловец Могрини, кој по бродоломот спас нашол тука. Тој изградил црква и му ја посветил на заштитникот св. Антун. Поради природните убавини и спојот на море, песок, карпи и медитеранско зеленило, многу е атрактивна и по летната сезона за шетање и риболов. Црква Св. Тројство

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


| ПАТУВАЊЕ

Херцег Нови

Околу Будва има голем број мали села што вреди да се посетат. Се карактеризираат со фантастична архитектура, тесни улички богати со цвеќиња, убави цркви и неверојатен поглед на море. На Будванската ривиера се наоѓаат 35 најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св. Стефан…) НАЈУБАВИОТ ЈАДРАНСКИ БИСЕР Малиот рибарски остров, изграден во 15 век како засолниште на османлиските освојувачи, кој се користел како хотелски комплекс во 60-тите години, оправдано претставува најпозната црногорска туристичка атракција на Јадранот и денес е едно од најлуксузните летувалишта во Црна Гора и воопшто на Јадранското Море. Многу познати светски имиња од светот на филмот, музиката, дипломатијата, спортот и културата овде ги минуваат своите летни одмори. Во Свети Стефан се наоѓаат и три мали цркви: Црквата на Свети Стефан, на Александар Невски и најмалата што е посветена на Преображение. Во непосредна близина на Свети Стефан се наоѓа Милочер, некогашна летна резиденција на кралското семејство Караѓорѓевиќ. Прекрасната плажа и одличната услуга, хотелите и вилите, големиот број ретки растенија гарантираат прекрасен одмор во овој рај. Тука е и Петровац, кој може да се пофали

34

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

со најубавите плажи на Будванската ривиера, како што се Перазица До, Лучице, Света Недела и Буjaрица. Меѓу културно-историските споменици се мозаиците од третиот век и тврдината Кастело, изградена од Венецијанците во 16 век. ХЕРЦЕГ НОВИ Почнувајќи од познатото лековито место Игало, па сè до Мељине се протега прекрасната променада на Херцег Нови, во должина од 7 км, каде што се сместени голем број кафулиња и ресторани. Југословенскиот нобеловец Иво Андриќ го опишува Херцег Нови како град на вечно зеленило, сонце и променада. Со приближно 200 сончеви денови во годината, Херцег Нови е единствено место на Јадранот каде што сонцето најмалку ќе ви недостасува. Стариот град започнува од плоштадот Ѓурковиќ, исполнет со кафулиња и продавници, а преку скалите се пристигнува до главното обележје на градот, Саат Кулата, изградена во 1667 година од султанот Махмуд. Веднаш зад кулата, обиколена од прекрасните медитерански палми се наоѓа импозантната православна црква Св. Арханѓел Михаил изградена во римско-готски и ориентален стил. Тесните улици на стариот град водат до влезот на Морската тврдина, изградена меѓу XIV и XVII век. Повеќето хотели во Херцег Нови поседуваат приватни плажи. Препорачливо е да се посети и лековитата плажа што се наоѓа во Игало.

КОТОР И ТИВАТ На средина на прекрасниот црногорски залив Бока Которска се наоѓа Котор, градот на трговци и морепловци, познат по карактеристичната средновековна архитектура, како и голем број културни и историски споменици (оправдано е вклучен во светското природно и културно наследство на УНЕСКО). Катедралата Св. Трифун, споменик на римската култура, е еден од најпрепознатливите симболи на градот. Градските ѕидини, кои се протегаат во должина од 4 км, почнале да ги градат венецијанските владетели во 1420 година, а завршени се 400 години подоцна. Трите градски порти водат во стариот град на Котор, најстарата е онаа на југ што е изградена во XIII век. Главната градска порта, лоцирана на северниот дел, наречена Морска врата, е изградена во XVI век во ренесансен стил. Котор е познат по културните настани и фестивали што привлекуваат голем број посетители. За многумина Тиват е само транзитна точка бидејќи повеќето туристи пристигнуваат на тамошниот аеродром и оттука патуваат кон Херцег нови, Котор или Будва. Меѓутоа, неговата крајбрежна „променада“ со палми нуди единствено релаксирано туристичко доживување. Во средниот век Тиват бил локација каде што богатите староседелци на Котор ги граделе своите летни резиденции. Од Тиват најбрзо се доаѓа до најубавите плажи на Бока Которска: Жањице, Пржно и Лепетане. Долг е списокот на убавини што може да се видат на црногорскиот брег. Сигурно е дека овој медитерански рај нема да ве остави рамнодушни и оттаму ќе понесете прекрасни моменти за сеќавање. • Маргита Поповска


ЗАСЛУЖУВАШ ОДМОР

ПАТУВАЊЕ |

Мармарис (Анталија)

Покрива Covid-19 Попуст за PCR тест Брзо и онлајн

КУПИ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ УШТЕ ДЕНЕС! www.eurolink.com.mk Контакт центар 24/7 - 02/15888 07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


ГАСТРОНОМИЈА

ТОПЕНО СИРЕЊЕ Состојки

• Овчо сирење • Моцарела • Кашкавал • Пармезан • Магданос • Доматен сос • Лепче „Барбакан“

Подготовка:

Топено сирење или сирење во фурна е убав наш македонски специјалитет, кој со задоволство, често, го конзумираме. Подгответе ги состојките и распоредете ги во огноотпорен сад. Пред да го запечете сирењето посипете со рендан кашкавал, пармезан, доматен сос и печете сè додека не се стопи кашкавалот. Се послужува со вкусно, домашно лепче „Барбакан“. Се служи топло, веднаш. УЖИВАЈТЕ!

36

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| HI TECH

Електромоторна едрилица

ДВЕ ВО ЕДНО – И АВТОМОБИЛ И АВИОН ДАЛИ СВЕТОТ Е НА ПРАГ НА МАСОВНА УПОТРЕБА НА ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО ЛЕТАЛО ИЛИ СЕТО ТОА СÈ УШТЕ ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ САМО ВО НАУЧНОФАНТАСТИЧНИТЕ ФИЛМОВИ?

С

онот на цивилизацијата да лета постои отсекогаш. Со првиот лет од пред повеќе од еден век човештвото се „одлепи“ од копното и сè до денес тоа успешно го прави со мал процент на грешки. Човекот не се задоволил со тоа што направил летала наречени аероплани. Сега посакува копнените чуда на четири тркала да ги претвори во летала, но да може да ги користи како и претходно, за превоз, кога ќе биде на копно. Тоа звучи како „две во едно“, автомобил и летало. Ваков и сличен вид летала, односно совршени

38

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

летала возила гледаме само на филмското платно, но да не биде приказната само фантазија се погрижи компанијата Терафуџа, која со децении експериментира со „две во едно“. Оваа компанија сега ја споменуваме поради сертификатот за летање што го доби од ФАА (Американска федерална агенција за воздухопловство) во категоријата лесна спортска авијација. Тоа значи дека леталото автомобил од Терафуџа е прво одобрено во светот од ФАА. Интересот на другите автомобилски куќи се зголемува да создадат свое возило летало. Ретко некој производител нема ваква идеја и желба. Согледувајќи како стојат работите во светот со летањето на автомобилите, кинескиот гигант Гили ја купи компанијата Терафуџа пред повеќе од една година, така што сега леталото возило е во негова сопственост.

Патеката доволно долга за слетување и полетување веќе им претставува тешкотија на производителите на автомобили. Поголем дел од нив размислуваат полетувањето и слетувањето да биде вертикално, а тоа им е главна преокупација. Веќе не е во мода писта за слетување и полетување, туку вертикалното движење на леталото возило. Во меѓувреме уште една компанија експериментира со објект направен да биде и автомобил и аероплан. Тоа е компанијата Клеин Вижн во сопственост на иноваторот, изумителот, пилотот и конструкторот Стефан Клеин од Словачка. Тој со неговото летало „еркар“ досега има направено 141 полетување и слетување, а 142. лет е првиот што е направен од еден во друг град, односно полетал од аеродромот во Нитра и по 35-минутен лет безбедно слетал на аеродромот во Братислава. Леталото во-


HI TECH |

зило го управувал од Стефан Клеин и се движело со врзина од 170 км/ч на висина од 2.700 метри. Инаку леталото возило користи четирицилиндричен мотор од БМВ со работна зафатнина од 1,6 литри. Потоа на аеродромот во Братислава следувала „пауза“ од три минути леталото да се претвори во возило (автомобил) и да тргне по патот за назад. Сето ова се случувало на почетокот на пролетта, така што нема да биде чудно ако наскоро и „еркар“ добие сертификат. Компанијата Клеин Вижн експериментира со овој тип летала повеќе од три децении и има огромно искуство, а уште позначајно е тоа што еден човек го прави авионот и управува со него, така што го нема советодавниот разговор меѓу пилотот и конструкторот

што понекогаш создава мали недоразбирања што не одат во прилог на експериментирањето. Стефан Клеин најавува уште едно експериментално летало, но со мотор што располага со дури 300 КС и за него вели дека ќе лета со брзина над 300 км/ч и притоа ќе може да прелета околу 1.000 километри. И додека компанијата Клеин Вижн експериментира со класични летала возила на кои им е потребна писта, производителите на автомобили се мачат да создадат летало возило што ќе полетува и слетува вертикално, а потоа да се вози како автомобил. Во овој момент автомобилизмот е зафатен со електрификација на автомобилите и повеќе пари и умеење вложуваат во таа насока затоа што овој вид превозно средство е

многу покомплицирано за правење и не се знае кога ќе ја достигне исплатливоста. Има некои експерименти со летало возило и вертикално полетување и слетување, но засега нема ништо посериозно. Леталото возило на Стефан Клеин е 100 отсто автомобил, а чудото од Терафуџа повеќе личи на елегантно пополнет авион на четири тркала. Светот ја има и технологијата, ги има и конструкторите, но колку светот е подготвен да ги има тие летала возила. Дали светот е на праг од масовна употреба на возила летала или сето тоа и понатаму ќе го гледаме само во научнофантастичните филмови? • Жарко Атанасоски

142 лет на „клеин еркар“ траеше 35 минути со просечна брзина од 170 км/ч. Прв лет надвор од школскиот круг, од Нитра до Братислава, на 28 јуни 2021 год.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| ИСТОРИЈА

Мазда

БМВ 3200 цс 1962

30 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА ЛЕГЕНДАРНАТА ТРКА 24 ЧАСА ЛЕМАН ДА БИДЕШ ДОВОЛНО БРЗ НА ПРАВЦИТЕ, СТАБИЛЕН ВО СВИЈОЦИТЕ И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО ДА БИДЕ КОЛКУ ШТО Е МОЖНО ПОМАЛА. ТОКМУ ТАКОВ БОЛИД ПОСЕДУВАЛА МАЗДА, А ДРУГОТО ГО НАПРАВИЛЕ В. ВЕДЛЕР, Џ. ХЕРБЕРТ И Б. ГАШО

Г

одинава се навршуваат 30 години од победата на Мазда на легендарната трка 24 часа Леман. Ретко некој може да се пофали со триумф на најтешката трка на планетава. Да разгледаме дали победата на Мазда е среќа, знаење или, пак, и едно и друго. И други марки на автомобили победувале на оваа трка, но победата на Мазда има посебна тежина и тоа од неколку гледни точки. Мазда е првиот јапонски производител на автомобили што победил на трката на издржливост 24 часа Леман. Во маздиниот болид наместо класичен бил вграден познатиот, но непопуларен ротационен мотор, инаку дело на конструкторот Ванкел. Имено, никој не ја вбројувал Мазда во фаворитите, како Мерцедес, Јагуар и Порше, кои во тоа време биле најсериозни тимови за освојување прво место. Била исклучително неконкурентна и

40

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

за неа воопшто не се предвидувал никаков пласман, дури не ја ставале ни во групата што може да ја заврши трката или сметале дека нејзиниот тим има сосема мали изгледи да ги извози тие 24 часа. Накратко, тогашниот тркачки свет не гледал успех во јапонскиот тим. Само да се потсетиме на седмото место во 1987 и во 1989 година. Сепак, тоа е некаков напредок, успех за некој што е на малку повисоко скалило од почетникот во овој вид натпреварување. И додека Митсубиши, Субару и Тојота жареа и палеа на рели натпреварите ширум светот, Мазда макотрпно работеше на издржливоста на своите три болиди што ги подготвуваше за 59. издание на трката 24 часа Леман. Два нови болида со ванкел мотор именувани како „787 б“ и еден болид од претходната година со ознака „787“. Тоа беше нејзиниот тим во пошироко издание. Најдобро пласираниот болид на Мазда за време на тренинг-сесиите го има местото со број 19, потоа 23 и третиот болид на 30 место. Според пласманите, тешко некој да ја рангирал Мазда и меѓу првите десет, а да не зборуваме за подиумот. За време на подготовките на патеката Пол Рикар, болидот со број на шасија 002, кој го возеа Ведлер, Херберт и Гашо, покажал врвна издржливост и изненадувачки добри брзински резултати. Шефот на тимот Такахаши Охаши,

кого го сметале за конзервативен и за некој што применува класични тактики за време на трките, овој пат ги викнал тројцата возачи од болидот со број на шасија 002 и им дал нови инструкции како да возат. Им кажал да возат остро и брзо уште од првата секунда на трката и воопшто да не го менуваат темпото. Тројцата возачи биле многу изненадени од последните совети што им ги дал шефот, но тимската наредба морало да се послуша и „танцот“ со брзините можел да започне. Да потсетиме, екипажот бил составен од млади сили, ниеден од нив немал 30 години. „Брканицата“ почнала и споменатото трио во болидот со стартен број 55 тргнало како трката да ќе трае еден час, еден и пол, а не 24 часа. Имало наредба другите два болида да ја извозат трката и да постигнат колку што е можно подобри времиња, но без ризикување. Маздата со стартен број 55, со ванкел мотор без турбокомпресор, значи атмосферски, во шестиот час од трката се нашла на изненадувачки високото четврто место, веднаш зад тројната формација 1 – 2 – 3 на болидите од Саубер Мерцедес. Водечкото трио почнало да се распаѓа, еден по еден ги снемувало од патеката и така сè до наредниот ден на 23 јуни кога и последниот „саубер мерцедес“, водечкиот, го снемало од патеката поради мал инцидент и потоа следувал краток „од-


ИСТОРИЈА |

мор“ за него во боксот. Неколку минути по 13 часот болидот на тимот Маздаспид „го водел орото“. Ако дотогаш седеле на игли прашувајќи се до каде и до кога екипажот ќе издржи на второ место, состојбата нагло се сменила и добила четврта димензија. Тимот бил во целосна паника, во радост, во исчекување, во чудење и неверување. Тие не знаеле што им се случува, не биле ни свесни за тоа колку моќ и колку супериорни механички направи имаат во гаражата. И кога дошло време за одење во боксот, да се дополни гориво, да се направи брза проверка на болидот и да се замени возачот, Џони Херберт, кој дотогаш возел, го замолил тимскиот шеф да го остави да вози, да не го менува бидејќи е влезен во добар возачки ритам и бил расположен трката да ја доведе докрај. Шефот му поверувал и го оставил Херберт во болидот, а овој го довел болидот на целта и прославата можела да започне. Од возбуда, од преголема желба да се победи, од адреналинот во него, на целта не можел сам да излезе од болидот. Заморот го совладал по застанувањето под бело-црното шаховско знаме и морал да оди на краток „одмор“ во болница. Победничкиот екипаж славел на подиумот само со двајца возачи, Ведлер и Гашо, а третиот им се придружил откако бил пуштен по неколкудневното закрепнување во болница. Тука не е крајот на возбудата, на сето славење. И другите два болида ја завршиле трката и тоа на шестото и осмото, поточно кажано меѓу првите 10. Мазда со три болиди, од кои едниот е победник, учествувала на 59. издание на најлегендарната трка во светот, 24 часа Леман. Ова се нарекува фаза на делириум во тимот на Маздаспид. Безначајниот натпреварувач со инфериорни болиди, со толку непопуларниот и непосакуван ванкел мотор, сите без исклучок го ставале на опашката од трката. Но од целосно безнадежен тим во очите на тогашниот севкупен тркачки

Пехарот и болидот „маздаспид 787 б“

Најпознатата и најтешката трка на издржливост, 24 часа Леман, се вози на патеката Сарт во местото Леман. Полутркачката патека, половина затоа што дел од патеката е патот со кој се поврзани околните села, е долга 13.626 метри. Тие патишта секоја година се затвораат за време на трката и тоа се прави уште од 1923 година кога првпат била организирана 24-часовната трка на издржливост. Во класата производители најмногу пати победил Порше, дури 19 (во сите класи, не само во класата на прототипови), а меѓу возачите најтрофеен е Том Кристенсен со девет победи.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| ИСТОРИЈА

карван, тимот на Маздаспид се претворил во змеј со победа, со три болиди меѓу првите 10. Фаворизираните Јагуар, Мерцедес и Порше не можеле да си дојдат на себе. Сауберовите болиди биле врв на механиката и електрониката, но имале една мана, биле многу големи потрошувачи на гориво и тука губеле време поради почестите застанувања во боксот за дополнување гориво. Најдобрите познавачи на овој спорт прогнозирале битка помеѓу претходно споменатите, но ни на крајот на памет не им било да ја споменат Мазда како еден од фаворитите. Ја немало на ниеден список на можни натпреварувачи што ќе ја завршат трката. Не се знае што навистина се случувало во деновите пред трката, но можно е тимот на Маздаспид да служел за потсмев поради ванкел моторите. Но кога „787 б“ ја минал целта, конкуренцијата останала запрепастена и се прашувала каде погрешила. И за да биде победата запечатена како што треба, победничкиот „787 б – 55 - 002“ влегол на целта со два круга предност пред второпласираниот. Таа 1991 година била последна во која било дозволено да се вози со ванкел мотор, а од следната исклучително се употребувале класичните отомотори. Во историјата на трката 24 часа Леман не се случило да победи аутсајдер, и тоа без класичен мотор, туку со ванкел, без турбокомпресор и на вториот да му избега два круга. Победата во тимот на Мазда, кој носел име Маздаспид, не дошла тукутака, туку тоа бил успех од макотрпната работа на конструкторите што успеале да создадат прототип возило доволно брзо на правците, но и наедно поштедливо од другите на патеката. Едноставно кажано, тие две нешта и квалитетната изработка й ја донеле титулата на Мазда. Затоа оваа 30-годишнина заслужуваше да биде спомената. • Жарко Атанасоски

42

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕДНО МЕСТО ЗЕЛЕН КАРТОН МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ АМСМ ЧЛЕНСКИ КАРТИЧКИ

www.amsm.mk

43 02/3181-181

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


| СПОРТ

НАЈАВА ЗА 24 -ЧАСОВНА БРКОТНИЦА ТРКАЧКИОТ СВЕТ 89. ПАТ ЌЕ СЕ СОБЕРЕ ВО МЕСТОТО ЛЕМАН, ПОТОЧНО НА ПАТЕКАТА САРТ ЗА ДА ГИ ОДМЕРАТ СИЛИТЕ И ДА ГИ ВПРЕГНАТ ДО КРАЈНОСТ МНОГУТЕ КОЊСКИ СИЛИ ОД ПОГОНСКИТЕ АГРЕГАТИ. НАЈБРЗИТЕ, НАЈПОДГОТВЕНИТЕ И НАЈОРГАНИЗИРАНИТЕ ЌЕ ИМААТ НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ ДА ПРИСТИГНАТ ПРВИ НА ЦЕЛТА, А ДРУГИТЕ НЕКА РАЗМИСЛУВААТ КАДЕ ПОГРЕШИЛЕ.

Л

ето е и повторно сме пред вратите на најпознатата, најтешката и најисцрпувачката трка на планетава 24 часа Леман. Најпозната е затоа што се вози дури од 1923 година кога првпат производителите на автомобили по препорака на организаторите во местото Леман одлучиле да се натпреваруваат 24 часа без

44

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

прекин, со цел да видат кој од нив е најдобро подготвен и чиј болид може да се справи со деноноќието, односно чиј мотор е најиздржлив и кој тим ги има најдобрите возачи. Како што забележувате, нема дел каде што не се бара да си врвен. Најдобар мотор, најдобри возачи, најдобра аеродиманика, најдобра шасија, најдобра организација и што уште нè, ако некој сака да се впушти во авантурата наречена 24 часа Леман. Мора да бидете подготвени најдобро што можете. Да се оди до крајни граници, да се биде под постојан и голем притисок сите 24 часа и истовремено да останете најконцентрирани и најбрзи на патеката и на крајот сите други на патеката да ги победите, да бидете пред нив на целта. Леман е брканица од која може да се извади жива глава само ако возачот е максимум мотивиран, посветен и концентриран. Замислете

тркач што има девет титули, како Том Кристенсен, или класата конструктори (производители) каде што Порше убедливо води со 19 победи во сите класи, не само во најатрактивната чии болиди се најбрзи. Дел од патеката е посебно правен за трки, но дел е јавен пат по кој во останатиот дел од годината се движат возила. За време во деновите од подготовките, тренинзите и трките, јавниот дел од патеката е затворен. Вкупната должина на патеката по име Сарт изнесува 13.626 километри. Годинава организаторот верува во поголема гледаност на трката затоа што највисоката класа на болиди „лмп 1“ е тргната, а на нејзино место е формирана нова, наречена „леман хиперкар“, а од наредната 2022 година ќе биде воведена и „леман дајтона хиперкар“, така што учесниците ќе можат да учествуваат на трките од амери-


СПОРТ |

канската серија и тие оттаму да учествуваат во шампионатот на издржливост и нивното учество да се бодува. Подготовката на новата класа болиди во однос претходните (лмп 1) е многу поевтина и затоа штом класата беше најавена дека ќе ја замени „лмп 1“, многу производители најавија учество

и затоа гледачите оправдано очекуваат вистинска драма на патеката Сарт од 21 до 22 август за кога е закажана трката. Еден од тие што сакаат да бидат сопственици на тројната, а можеби подоцна и на четирикратната круна, е некогашната ѕвезда од Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, кој најави учество за оваа

година. Во негова сопственост се ГП на Монако и Индијанаполис 500. Најблиску до титулата беше во 2018 година кога го освои третото место во класата „лмп 2“, а годинава се надева на победа. Ако му се оствари сонот на Леман, можеби подоцна ќе го видиме и на релито Дакар. • Жарко Атанасоски

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

ВОЗИ И ПЛАЌАЈ НА 12 РАТИ! 07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

НОВА ИСТОРИЈА ИСПИШАНА СРЕДЕ ДРАМА

ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО ПРВА НА КОЈА БЕШЕ ИСПРОБАН НОВИОТ СИСТЕМ НА КВАЛИФИКАЦИИ И ВО КОЈА БЕШЕ ТЕСТИРАН ФОРМАТ ЗА ИДНИТЕ ГРАН ПРИ ВИКЕНДИ.

Н

овите квалификации всушност предвидуваат еден тренинг помалку во петок, по што се вози стандардна квалификациска сесија истиот ден, а во сабота (на местото на досегашните квалификации) се вози спринт трка од 100 километри, по што на неделното гран при возачите ќе стартуваат онака како што финиширале во неа. На Силверстоун, Формула 1 карванот пристигна по три победи во низа на Макс Ферстапен извојувани на трките за Големите награди на Франција, Австрија и Штаерска (последните две на истиот автодром), по што силно одекна веста дека Хамилтон ја освои класичната пол позиција за спринт трката, иако предноста беше само 75 илјадити делови од секундата. Во иста класа со нив беше и Валтери Ботас (+0,194), додека од четвртото до седмото место се најдоа возачи чии резултати беа „во иста десетинка“: Леклер, Перез, Норис и Рикиардо кои

46

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

заостануваа од 694 до 765 илјадитинки во однос на Хамилтон. Во првата десетка имаше место и за Џорџ Расел, Карлос Саинц и Себастијан Фетел. Спринт трката донесе возбуда на стартот кога Ферстапен го мина Хамилтон и ја презема првата пол позиција остварена во „квалификациска трка“, додека останатите ги задржаа своите позиции. Најголем напредок постигна Алонсо, кој се проби на петтото место по стартот од 11-та позиција, но подоцна беше престигнат од Норис и Рикиардо. - Среќен сум што завршив, но утре е нов ден за нова битка. Болидот на Ред Бул е силен во трка, едноставно почна да се одвојува и јас не можев да направам ништо. Нивниот мотор е унапреден оваа година, имаат одлични стартови, а ние како да имаме загубено дел од перформансите,- изјави Луис Хамилтон од Мерцедес. - Разликата од другите трки е голема, но убава. Преферирам да возам во вакви услови кои ме потсетуваат на деновите кога се долеваше гориво. Гумите имаат поинакви перформанси кога се свежи, се вози со малку гориво. Возевме 17 круга со „гас до

даска“, нешто на што не сме навикнати,објасни Шарл Леклер. - Болидот е многу „пожив“, за разлика кога е наполнет со гориво за долга трка, па е тежок и бавен на стартот. Тоа многу ми се допадна,- надополни Ферстапен. Поведени од ваквата увертира, сите очекуваа трка со нова и лесна победа на Ферстапен, но наместо тоа, се случи поинаков расплет. Хамилтон и Ферстапен имаа тежок дуел за водечката позиција во почетните фази од трката во Силверстон, па во првата половина од кругот се натпреваруваа тркало до тркало. Во свиокот „Копс“ се случи Хамилтон со предната лева гума да го допре Макс во задната десна, по што Ферстапен излета, бидејќи во моментот на допирот се најде од надворешна страна во мошне брз свиок. ФИА ГО ИСТРАЖИ ИНЦИДЕНТОТ И ОДЛУЧИ ДЕКА ЗА НЕГО Е ВИНОВЕН ХАМИЛТОН, ПА МУ ОДРЕДИ КАЗНА ОД 10 СЕКУНДИ

Во документот кој ги објаснува причините за санкцијата, стјуардите објаснија дека Хамилтон можел да стори повеќе за да го избегне инцидентот, бидејќи имал простор


СПОРТ |

од внатрешноста на свиокот Копс за да избегне контакт со болидот на Ферстапен. Во нивното соопштение се вели: - Стјуардите го прегледаа видеото и доказите од телеметријата. Болидите 33 (Ферстапен) и 44 (Хамилтон) влегоа во свиокот број 9 со болидот 33 во водство, а болидот 44 веднаш зад него и од внатрешната страна. Болидот 44 беше во линија и не ја достигна точката на вртење и имаше простор од внатрешноста. Кога болидот 33 сврте во свиокот, болидот 44 не го избегна контактот и левата предница од болидот 44 дојде во контакт со десниот заден дел од болидот 33. Се проценува дека вината е доминантно кај болидот 44.“ Тимскиот шеф на Ред Бул во својата поплака до директорот на трката Мајкл Маси изрази мислење дека внатрешниот дел на свиокот Копс не е простор за возење тркало до тркало. - Во тој свиок Луис никогаш не беше израмнет со Ферстапен. Секој возач што ја има возено оваа патека знае дека не треба да се пробива со тркалото од внатрешната страна на тој свиок. Ова е енормен инцидент. Макс го имаше овој свиок сто проценти и, според мене, целата вина е кај Хамилтон, кој немаше изградено еднаква позиција, - рече Хорнер, кој потоа и во изјавите за медиумите потегот на Луис го оцени како „очајнички“ и возачкиот стил на Хамилтон го оцени како „валкан“. Согласно правилата, Ред Бул не може да се жали на одлуката на стјуардите кои го казниле Хамилтон со само 10 секунди стоење во пит-стопот, па советникот за мотоспорт во компанијата Ред Бул, Хелмут Марко, во посебна изјава сугерираше дека ФИА за вакви опасни маневри треба да востанови дополнителни казни и дека Хамилтон треба да биде отстранет од најмалку една од преостанатите трки во календарот. Хамилтон успеа да се справи со казната од

10 секунди и на крајот ја освои победата на Британското гран при, со што повторно се враќа во битката за шампионската титула. По трката, Хамилтон јасно кажа дека чувствувал дека Ферстапен не му дал доволно простор во инцидентот. - Секако, јас секогаш се трудам да бидам одмерен во пристапот, особено кога се борам со Макс, - рече Хамилтон. - Знаете дека тој е многу агресивен. А денеска двајцата бевме еден до друг, а тој не ми остави простор. Ја немам видено снимката, но видов краток клип кога се вративме назад во гаражите. Кога ќе имам време, ќе се навратам на тој момент, но сега не мислам дека сум во позиција да се извинам за ништо. Ние бевме таму да се тркаме, - изјави Хамилтон. Тој продолжи со својата верзија на инцидентот и дури на крајот покажа интерес за ривалот. - Слушнав дека Макс е во болница за проверка и тоа навистина ме загрижува. Никој од нас не сака кој било друг да биде повреден и јас немав таква намера, па навистина се надевам дека тој ќе биде во ред. Ќе го контактирам директно за да видам дека е добро. Нашата борба продолжува, ќе имаме уште многу тешки трки во иднина и мора да научиме како да создадеме солидна рамнотежа. Не се согласувам со стјуардите, но иако е непријатна, ја прифаќам мојата казна и ќе продолжам со мојата работа. Не сум тука за да цимолам за тоа. Во ваквите ситуации луѓето секогаш имаат различни мислења и мене не ми е гајле за тоа. Од своја страна Макс Ферстапен, откако лекарите потврдија дека се чувствува добро по излетувањето во ѕидот, каде што удрил со 51 Г, беше мошне разочаран од целосниот расплет. - Казната што беше дадена не ни помага на никаков начин и не е доволна за опасниот потег што Луис го направи на патеката.

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

ВОЛФ ИНСИСТИРА НА ЧЕТИРИ ГРЕН СЛЕМ ТРКИ

Новиот формат на квалификациите ја разгоре расправата за добрите и лошите страни на ваквата идеја. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека ваквите гран при викенди треба да бидат наречени „грен слем трки“, а нивниот број да биде ограничен.

Од болницата гледав како прославува по трката и сметам дека тоа однесување е неспортско и без почит кон противникот, но продолжуваме понатаму, - напиша Ферстапен на Твитер. Моначанецот Шарл Леклер го презеде водството од спорниот инцидент, па се до два круга пред крајот. За време на трката тој пријави проблеми со сетирањето на моторот и беше мошне разочаран кога беше престигнат пред самиот крај.

48

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

- Мислам дека ова е забавно за луѓето на трибините. Стартот е секогаш интересен, Фернандо беше забавен денес, па генерално мислам дека е добар додаток. Не мислам дека треба да го имаме на секоја трка. Има премногу случајности, како што беше излетувањето на Перез, кој потоа треба да стартува последен, а тоа не е позиција за еден од фаворитите. Не сум фан на експериментите, не ги сакам обратните редоследи на стартот, но овде секој беше на своето место, немаше контроверзи. Можеби беше малку досадно на крајот. Размислувам за ова како „грен слем трка“, но само неколку кои ќе донесат повеќе забава во сабота. Трката во недела мора да остане со повеќе километри и со повеќе непознати параметри. Форматот може да претрпи промени. Мислам дека може да има пет трки годишно, но чинам дека четири е вистинската бројка,- изјави Волф.

- Тешко е да се ужива во овој подиум затоа што ова беше неверојатна трка, во која јас дадов двесте проценти од себе, но тоа на крајот не беше доволно. Му честитам на Луис за неверојатно завршената работа и беше убаво да се видат повторно толку многу навивачи на трибините. Ми беше забавно во болидот, но ми недостигаа перформанси на крајот од трката. Дефинитивно не очекувавме да се бориме за победа, но сметавме дека ќе бидеме конкурентни

откако завршија квалификациите. Се боревме за победа во трката, а тоа е секогаш посебно. „Медиум“ гумите нас не направија екстремно брзи, но со „тврдите“ ја немавме брзината што ја има Мерцедес. На табелата Ферстапен сега има само осум бода повеќе од Хамилтон, 185 наспроти 177. Следната трка се вози на 1 август во Будимпешта, а потоа ќе има 4 седмици летна пауза, по која ќе уследат трките во Спа и Монца. • Александар Табаковски


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ДАЛЕКУ ОД НОРМАЛАТА КОЛКУ И ДА СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ КРИЗАТА ШТО НИ ЈА ДОНЕСЕ ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19, ТАА Е СÈ УШТЕ ТОЛКУ МНОГУ ПРИСУТНА ОКОЛУ НАС И ГИ ДОПИРА ДУРИ И НАЈРЕЛАКСИРАНИТЕ СФЕРИ ОД НАШИОТ ИНТЕРЕС.

С

ведоци сме дека со една година задоцнување се одржа Европското фудбалско првенство, за Олимпијадата во Токио постојано се слушаат разни гласини кои предизвикуваат ефект на „топло-ладно“, додека календарите од сите првенства сè уште не се до крај дефинирани за 2021 година. Последната вест дојде од Австралија, при што оваа земја оцени дека е преголем ризик да ги отвори границите за луѓето кои доаѓаат за да направат шоу, како за жителите на оваа земја, така и за туристите. Откажани се во пакет и двете трки, како онаа во Мото ГП, така и таа од Формула 1. Најавено е дека по ова, Турција се враќа во календарот, иако пред само месец или два, тоа се чинеше премногу рискантно, па Истанбул беше заменет со дополнителна трка во Австрија (наречена ГН Штаерска).

Опасноста е сè уште тука и тоа го потврди извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, кој пред домашната гран при трка на неговиот тим доби позитивен тест и веднаш беше отстранет од падокот, иако Британците гордо промовираа дека нивната земја е една од најстабилните по вакцинацијата (и на тоа име ја добија организацијата на завршниот турнир на ЕП во фудбал на Вембли). Заради сето ова, чувствувам потреба да нагласам дека сè уште сме далеку од нормалата, и дека иако функционираме „во меур“ како што организациски тоа го ослови самата УЕФА, не треба да заборавиме дека всушност борбата не е завршена. Дополнително, би ја проширил и тезата за „нормалност“ во македонски услови: нашите најреномирани возачи немаат можност да се тркаат или да се натпреваруваат во Македонија и низ македонски шампионат, туку за секоја трка имињата како Иџе, Виктор и Рико патуваат по илјада до две илјади километри надвор од државава, справувајќи се со логистички предизвици - безмалку како да решаваат животни прашања. Нивните ривали можеби и самите не се свесни колку се во предност што имаат една или повеќе тркачки патеки во својата земја, што имаат можност да тестираат почесто и што не треба да

поминат огромни километражи за да дојдат и да учествуваат на една трка. За жал, вакви „тврдокорни“ борци ни недостигаат во другите спортови како брзинскиот мотоциклизам и мотокросот, а новите генерации има од кого да учат: тука се и Гоце Томовски и Христијан Илиоски. Капак на сè, едно приватно натпреварување како „Твинго Куп“ кое се обиде да ја раздвижи тркачката сцена кај нас и да организира трка во соседна Грција, не успеа да ја заврши својата мисија бидејќи преку ноќ се појавија политички пречки и „се повампирија“ националистичките и шовинистички механизими кои условуваат со работи кои се надвор од спортскиот домен. Затоа, да не се залажуваме. Ние никогаш не сме виделе нормално, освен можеби некаде во деведесеттите години, кога имаше македонски трки во сите спортови, со меѓународни гости. Борбата за опстанок нè дефинира и како индивидуалци, но и како заедница на организатори, тркачи, новинари. Целата друга реалност е еден голем стремеж, но вистинската – таканаречена „нова реалност“, всушност е - дека сè уште сме далеку од нормалата!

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Светско првенство во Формула E

ФИНИШ ПОЛН СО ГРЕШКИ ПО ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВНА ПАУЗА ОД ЕВРОПСКИТЕ ТРКИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА Е, НАТПРЕВАРУВАЊАТА ПРОДОЛЖИЈА СО ДВА ГРАН ПРИ ВИКЕНДА КОИ ИМАА ПО ДВЕ ТРКИ, ВО МЕКСИКО И СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ.

50

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

Д

осегашниот автодром „Ерманос Родригез“ кој освен за Формула 1, беше домаќин на мексиканското гран при и во Формула Е, бидејќи е преуреден да биде камп и болница за Ковид 19, овој пат му ја довери својата организациска улога на автодромот во градот Пуебла именуван според Мигуел Е. Абед. Во историјата на овој автодром било организирано светското првенство за туринг возила во период од 2005 до 2009 година. Организаторите направиле извесни промени на патеката во свиоците 3 и 6, со што се дистанцирале од старата рута и се прилагодиле на барањата што ги имаат електричните болиди. - Мексико Сити е познат по својата голема надморска височина, но сега одиме уште повисоко, на големо вулканско плато, и тоа се чувствува. Сите тука секојдневно ќе може да се соочат со реткиот воздух и недостатокот од кислород, што предизвикува замор. Патеката е интересна, а асфалтот е познат

по тоа дека има ниско ниво на контакт со пневматиците, - изјави поранешниот возач Тијаго Монтеиро, кој сега му е менаџер на Антонио Феликс да Коста. - Мислам дека најголем предизвик за возачот ќе биде тоа што мора да дише мудро, како и да се справува со заморот бидејќи ќе му биде потребна „чиста глава“. Од своја страна, дел од возачите изразија негодување што ќе возат на оваа патека обратно од движењето на стрелките од часовникот, а која што заедно со автодромот „Рикардо Тормо“ во Валенсија претставува перманентна тркачка патека во текот на целата година. - Сметам дека патеката е мошне екстремна според стандардите на Формула Е затоа што има долги летечки свиоци. Премногу малку време поминуваме на стартно целната рамнина и ќе биде голем предизвик да ги сочуваме пневматиците како во квалификациите, така и во трката. На оваа патека

има еден овален ѕид, но тој денеска веќе не е никаков уникат во трките, иако сметам дека тоа ќе биде тежок свиок, особено при крајот на трката кога гумите ќе бидат истрошени и прегреани, - изјави Александар Симс, кој што оваа година прејде од БМВ во Махиндра. Возачот на Порше, Паскал Верлајн, ја обезбеди својата втора пол позиција во кариерата, при што со време од 1,23.505 успеа да излезе пред Оливер Роуланд. За волја на вистината, меѓу возачите кои доминираа на првите тренинзи беа Оливер Роуланд од Нисан и Антонио Феликс да Коста, но Верлајн најпрво се позиционираше како најдобар во квалификациите со три десетинки предност пред Роуланд, а потоа и во втората сесија резервирана за најбрзите шест беше 58 илјадити делови од секундата побрз од Роуланд и 99 илјадитинки од Џејк Денис со БМВ Андрети. Германецот со извесна комоција ја започна трката и водеше во неа од

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

почетокот до самиот крај, додека Роуланд имаше лош старт и влезе во трката без радио комуникација со неговите инженери и не се снајде најдобро. Поранешниот шампион Лукас ди Граси на стартот го престигна Александар Симс за шестото место, а во продолжението, исто така, ги доби дуелите со Мич Еванс од Јагуар и Максимилијан Гинтер од БМВ. Бразилецот беше следен од тимскиот колега Рене Раст во болидот на Ауди и пред финишот двајцата успеаја да го минат Едоардо Мортара со Вентури. По трката уследи дисквалификација на победникот Верлајн, а заедно со него и неговиот тимски колега од Порше, Андре Лотерер, затоа што нивната екипа не соработувала со снабдувачите на пневматици Мишелин и не ги верификувала пневматиците што биле употребени во трката. - За жал, мала административна грешка нè чинеше дисквалификација на двата болида. Тоа е технички прекршок и не се однесува на мамење во трката. Правилата се правила, но за нас ова е премногу остро. Гумите се истите какви што ги користевме во квалификациите, - изјави Амиел Линдисеј, прв човек на тимот Порше. Заедно со нив беа елиминирани и двата возачи на Нисан, Оливер Роуланд и Себастијан Буеми, според истите параметри по кои беа елиминирани и првите двајца. Со поддршка на основачот на ова првенство, Алехандро Агаг, Порше вложи приговор за дисквалификацијата, но на крајот сепак ја повлече и ја призна грешката. - Јас ги сакам трките, особено ваквите вистински трки. Видов дека во трката доминираа Порше и Паскал и направија фантастично шоу. Не бев среќен кога разбрав дека тие не се победници. Мора да ги научиме лекциите, мора да учиме цело време. Ние сме тие што треба да им се извинат на гледачите, бидејќи тие едноставно не разбираат што се случува. Треба да ја научиме оваа

52

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

едноставна лекција. Некој треба да ги провери гумите пред да започне трката и тоа е тоа. Вчера после трката бев навистина лут и ми доаѓаше да убијам некого! За среќа, не го направив тоа, - изјави Агаг во пресрет на втората трка во Мексико. Оливер Роуланд, кој го имаше најбрзото време во слободните тренинзи пред првата трка, конечно во втората успеа да стигне до пол позицијата, оставајќи ги зад себе Верлајн од Порше и Мортара и Верње кои задоцнуваа по нешто повеќе од 3 десетинки. Но во трката ситуацијата беше поинаква.

Додека првите двајца уште рано ги истрошија своите адути, Едоардо Мортара имаше стратегија да се воздржи во првиот дел од трката, а потоа кон крајот да ги нападне Роуланд и Верлајн, да ги престигне и да ги задржи зад себе. На крајот Роуланд поради своја грешка го загуби и третото место и беше престигнат од Ник Касиди во болидот на Вирџин, но потоа уследи уште една правна драма. Верлајн доби временска казна по крајот на трката заради некоректно користење на дел од енергијата што му била на располагање и со таквиот расплет


СПОРТ |

се најде на четвртото место, односно тоа ги промовираше Касиди и Роуланд на второто и третото место. Со ваквиот расплет во резултатите по двете трки во Мексико, првите тројца на табелата останаа непроменети и водството и натаму беше во рацете на Сем Бирд пред Антонио Феликс да Коста и Робин Фријнс. Мортара се доближи на четвртата позиција во генералниот пласман бидејќи и двата дена беше на подиумот. Следуваа двете трки од гран при викендот на Њујорк, во коишто за разлика од Мексико, се беше решено на патеката. Во првата трка пол позицијата ја освои Ник Касиди од тимот на Вирџин со минимална предност пред Жан Ерик Верње од Течита и Алекс Лин од Махиндра. Касиди водеше во поголемиот дел од трката, но по извозени триесет од триесет и осум круга, дуелот со Верње резултираше со судир, по што двајцата беа престигнати од Максимилијан Гинтер. По трката, Касиди откри дека тој направил грешка и потрошил премногу енергија во првиот дел и дека имало голема веројатност да остане без енергија пред крајот на трката, поради што не бил фокусиран на победа во трката. - Ми делуваше како да играм шах без кралица. Тој секако ќе ме стигнеше по извесно време. Сепак, малку сум разочаран дека неговиот напад заврши со судир. На крајот сепак го почитувам него, бидејќи тој е двократен шампион и денеска требаше да победи, но самиот згреши, - изјави Ник Касиди. - Среќен сум што сум разочаран со второто место. Ова покажува дека денот не беше лош кога имаш добра стартна позиција. Престигнувањето тука не беше лесно, а јас имав повеќе енергија и кога видов дека тој станува бавен морав да нападнам. Нашите болиди се допреа и јас не можев да го ротирам мојот. Поради тоа загубив едно место, но како што кажав, добро е да се биде та-

жен кога си втор, - изјави Жан Ерик Верње. Втората трка низ улиците на Њујорк во квалификациите ги исфрли возачите на Јагуар како главни фаворити, при што Сем Бирд со време од 1:08.572 беше за 9 стотинки побрз од тимскиот колега Мич Еванс, додека само една илјадитинка зад него беше Ник Касиди. На овој начин Бирд си овозможи комфорна трка во којашто стигна до својата единаесетта победа во кариерата и на тој начин го престигна Робин Фријнс од Мерцедес во борбата за првото место на табелата. Бирд во првата трка имаше судар со Роуланд поради што освои само три поени, но со победата во втората покажа дека тимот на Јагуар бил добро подготвен за овој гран при викенд. Во борбата за второто место, Ник Касиди успеа да го испровоцира Еванс да му даде простор за престигнување, по

што тие двајца продолжија да се борат за втората позиција. Но пред самиот финиш, кога сите очекуваа еден-два победа на Јагуар, Еванс отиде прешироко во свиокот број шест и ја оштети задната суспензија на болидот, по што беше престигнат од Касиди и Антонио Феликс да Коста, кои со тоа се најдоа на второто и третото место од подиумот. Во генералниот пласман, Бирд сега има 81 поен, додека Фријнс и Да Коста имаат по 76, поради што од позадина своја шанса во финишот на сезоната гледаат и Едоардо Мортара со 72, Ник Касиди со 70 и Жан Ерик Верње со 68 поени. До крајот на сезоната има уште четири трки, на 24 и 25 јули низ улиците на Лондон и на 14 и 15 август на аеродромот Темпелхоф во Берлин. • Александар Табаковски

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

МАРКЕЗ ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ, ВИЊАЛЕС „Й УДРИ КЛОЦА“ НА ЈАМАХА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ТРКИ ПРЕД ЛЕТНАТА ПАУЗА ИМАШЕ БОГАТСТВО ОД НАСТАНИ, КАКО НА АСФАЛТОТ, ТАКА И ЗАД КУЛИСИТЕ.

И

ако сериозните повреди го оддалечија од настапи и нови победи, Марк Маркез докажа дека постои некаква специјална врска меѓу него и германската патека Заксенринг, каде што ја забележа својата 11. победа во низа. За него тоа беше прв триумф по трката за Големата награда на Валенсија во 2019 година, а оттогаш поминаа точно 581 ден. Тој се повреди лани на почетокот на сезоната во Херез, а предвременото враќање му предизвика уште поголем проблем и го принуди цела сезона да ја помине во аут. Конечно, возачот на Репсол Хонда покажа квалитети за успех и на крајот од денот со колегите й се радуваше на новата победа.

54

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

За да биде приказната поинтересна, во квалификациите стигна само до петтото место, а Жоан Зарко беше пред сите фаворити за победа во трката. Имено, оваа сезона Фабио Куартараро имеше пет пол-позиции во низа, но во Германија и таа беше прекината! Сепак, Куартараро заврши на трето место, зад Мигел Оливеира од КТМ и на тој начин ја зголеми предноста во однос на другите водечки на табелата, како Џек Милер и Франческо Бањаја. Во првата десетка се пласираа и Биндер, Бањаја, Милер, А. Еспаргаро, Зарко, Мир и П. Еспаргаро. - Оваа победа го надомести мачењето. Со ова не е готово сè, но по подолго време се гледа дека нештата се враќаат, дека е возможно, а тоа е дополнителна мотивација. И јас и Хонда имавме свои стравувања, но сега ова ни дава поттик. На следната трка во Холандија ќе се соочиме со реалноста, но верувам дека по

неа може да имаме добри трки - изјави победникот Маркез. Неговиот тимски колега Пол Еспаргаро, аплаудирајќи за успехот на Маркез, рече дека возел со свој сет ап и дека ова било големо освестување за него. - Марк покажа дека ова е победнички мотоцикл, а јас бев 14 секунди зад него. Мора да научам да го возам со исти штелувања како него, да сфатам што прави, а не да ја следам својата линија. Ова денес беше голема лекција и ми ги отвори очите - рече Еспаргаро. Сепак, следниот викенд во Асен не почна добро за Маркез. Беше катапултиран од мотоциклот за време на тренинзите и извесно време лежеше на патеката, но подоцна се потврди дека нема сериозни повреди. Малерите како да се пренесоа во неговиот тим, а Маверик Вињалес, кој на Заксенринг беше последен, само шест дена подоцна му ја украде пол-по-


СПОРТ |

Валентино Роси, Холандија 2021

зицијата на Фабио Куартараро, колегата од Јамаха, кој беше најбрз до главните квалификации. Фабио Квартараро имаше најдобар ритам и се чинеше дека ќе дојде до нова пол-позиција, но така не мислеше и Вињалес, кој една недела по шокот на Заксенринг ја покажа својата класа на една од омилените трки. Патеката Асен навистина му одговара на Вињалес, а тоа го покажа и на квалификациите на кои беше малку побрз од тимскиот колега од Јамаха кој освои второ место.

Сепак, во трката Французинот имаше извонреден старт и го помина тимскиот колега Маверик Вињалес кој, исто така, „пукаше“ на првото место. Франческо Бањаја, возачот на Дукати, се обиде да му парира на Куартараро, но и него го престигна без проблеми, а потоа до крајот не го испушти и со неколку секунди предност прв ја мина целта на Асен. Бањаја направи грешка и не заврши ни на пиедесталот на кој се качија Вињалес како вторпласиран и актуелниот првак Мир како трет.

Фабио Куартарато го престигнува Франческо Бањаја

Зарко, Оливеира и Бањаја завршија меѓу првите шест, а Марк Маркез се задоволи со седмото место што е одлично за него ако се земе предвид дека стартуваше дваесетти по страшното паѓање. Од осмо до десетто место завршија Алеиш Еспаргаро, Накагами и Пол Еспаргаро, а трката не ја завршија Џек Милер, Лекуона и Валентино Роси кој падна додека беше 17. на средина на трката. - Притисокот станува нешто нормално за мене. Сум го имал во текот на цела кариера, а сега е нешто на што сум навикнат. Франческо Бањаја пред Марк Маркез

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

Истовремено, одговорноста е голема. Со заземењето на местото на Валентино, сите очекуваа да имам одлични резултати и, еве ме, мислам дека вршам добра работа. Мислам дека и тимот е среќен, не само заради мене туку и поради моите механичари, начинот на кој работиме и атмосферата што ја создаваме. Едноставно, сè во тимот се одвива добро и тоа ми помага - рече Куартараро. Сезоната ќе продолжи со две трки во Австрија, а потоа ќе следи трката за Големата награда на Британија. Во меѓувреме, организаторите потврдија дека се откажува Големата награда на Австралија.

Маверик Виналез

• Алкесандар Табаковски

ВИЊАЛЕС ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ЈАМАХА Шпанскиот возач имаше катастрофален викенд во Германија кога заврши последен, но иако значително го поправи впечатокот и заврши на подиумот како второпласиран на Асен, официјално беше потврдено дека тој нема да го доработи договорот со Јамаха. Иако двете страни беа обврзани на договор до крајот на 2022 година, сепак ќе биде прекинат една година порано поради заемен договор. Јамаха со официјално соопштение потврди дека Шпанецот си заминува по завршувањето на оваа сезона, а возачот вети дека ќе даде максимум во преостанатите месеци. - Врската меѓу мене и Јамаха беше важна

56

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

за мојата кариера. Минавме тешки пет години, имаше убави и лоши моменти, а сега нашите патишта се разделуваат. Почитта преовладува на двете страни и затоа ќе дадам максимум за да ги оствариме најдобрите резултати до крајот на сезоната - порача Маверик. Според пишувањата на медиумите што редовно ги следат случувањата во мотоциклизмот, Вињалес има преддоговор со Априлија, а се отвора шанса неговото место да го заземе Валентино Роси, кој има големи дилеми дали ја продолжи кариерата по ужасните резултати во Петронас Јамаха. - Ситуацијата со Вињалес не влијае врз

мене. Тоа нема да ја смени мојата одлука, нема да влијае врз неа. Мојата одлука ќе биде донесена со оглед на резултатите. Реков дека најважни ќе бидат резултатите, а досега не сум задоволен од нив. Набрзо ќе мора да пресечам - изјави Роси. Од друга страна, пак, тимот на Валентино Роси, кој оваа година беше дел од сателитските екипи на Јамаха, идната година ќе соработува со Дукати.


СПОРТ |

| СПОРТ

WRC – Рели Сардинија и Рели Кенија

ПОСЛАН ПАТОТ КОН ОСМАТА ТИТУЛА СО ПОБЕДИТЕ НА РЕЛИЈАТА НА САРДИНИЈА И НА КЕНИЈА, СЕДУМКРАТНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН СЕБАСТИЈАН ОЖИЕ СОЗДАДЕ ГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО ОДНОС НА НАЈБЛИСКИОТ КОНКУРЕНТ И ТИМСКИ ДРУГАР ЕЛФИН ЕВАНС И ГО ПОСЛА ПАТОТ ШТО ВОДИ КОН ОСМАТА ТИТУЛА.

С

е чини дека со исполнување на првата половина од сезоната во Светскиот шампионат во рели прашањата кои се вртат околу освојувањето на титулата се стеснуваат. Себастијан Ожие на изминатите две релија: релито на Сардинија и релито на Кенија, стави до знаење дека оваа последна сезона од неговата кариера во WRC планира да ја заврши како шампион. Во само две релија успеа бодовно да се одлепи од најблискиот конкурент и тимски другар Елфин Еванс толку за да може да биде релаксиран во втората половина од сезоната. Секако во релито нештата се прилично непостојани, и не е пријатно да се предвидува, но ако се земат предвид

досегашните остварувања на Ожие тогаш може да се каже дека часовникот одбројува во негова полза. Нема двојби дека пред почетокот на релито на Сардинија тимот на Hyundai важеше за фаворит. Се чини дека ова рели им годи и на неговите возачи, и на автомобилот i20 WRC. Имено тие славеа четири пати во изминатите пет сезони. Тиери Нувил победуваше во 2016 и 2018 година, а Дани Сордо на изминатите две релија 2019 и 2020 година. Воедно тој тука ја оствари својата прва победа во Junior WRC во 2005 година. Оттука Сордо кому дефинитивно му лежи ова рели се подготвуваше за хет-трик. Меѓутоа годинава боговите на релито имаа поинакви планови за Сардинија. Тренингот мина во знак на Hyundai. Нувил и Танак беа најбрзи и му се радуваа на стартот бидејќи стартната позиција ќе им дозволи да имаат повеќе тракција во текот на првиот ден. Имено Водечките во шампионатот Ожие и Еванс стартуваат први и ќе ја имаат непријатната улога да го метат слободниот чакал кого го има во изобилие на патеките на Сардинија. Ова значеше дека и првиот ден ќе мине во знак на

Hyundai и токму тоа се случи. Танак брилираше на патеките. Победи на пет од осумте брзинци и создаде комфорна предност од 19,4 секунди во однос на тимскиот другар Сордо кој заврши втор. Нувил, пак, не беше задоволен од сетапот на автомобилот. Се бореше да најде вистински ритам и сето тоа го чинеше време. Заврши петти на крајот од денот заостанувајќи повеќе од 1 минута зад Танак. Меѓу возачите на Hyundai за место се изборија оние на Toyota. Oжие и Еванс ги освоија третото и четвртото место. И додека Ожие беше задоволен со измените на подвозјето после проблематичното рели на Португалија, Еванс се бореше за да фати ритам. Секако разликите во чувството зад волан дадоа и различни резултати. Ожие иако стартуваше прв успеа да се залепи до водечкиот Танак, но затоа Еванс заостана повеќе од минута. Танак на вториот ден од релито продолжи каде што застана претходно. Повторно беше недостижен. Успеа дури да го удвои водството после проблемите на Сордо на вториот брзинец од денот кога неговиот автомобил се наголта вода минувајќи низ воден премин во кого Шпанецот влета пребрзо. Меѓутоа на патот кон успехот

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

му се препречи камен на четвртиот брзински испит кој беше последен за Танак на ова рели. Слично заврши и во Португалија после убедливото водство. Лидерската позиција соодветно ја презеде Ожие и го заврши денот како победник откако остана без вистинска конкуренција. И Сордо му стави неочекуван крај на релито. На претпоследниот брзинец излета и се преврте препуштајќи му ја втората позиција на Еванс. После кошмарот на Hyundai јасно беше дека боговите на релито на Сардинија беа наклонети кон Toyota. До крајот на релито немаше изненадувања. Победи Ожие на рели на кое не очекуваше да победи, Еванс остана зад него, а трет заврши Нувил. Оттука акцијата ги однесе актерите од Светскиот шампионат во Африка на митското Сафари рели на Кенија. После 19 години пауза ова рели повторно стана дел од Светскиот шампионат и со збиднувањата увери дека местото му е токму тука. Последен пат рели-монструмите го реметеа мирот на жителите на саваната во 2002 година кога на релито славеше Колин Мекре со тимот на Ford. Но, денес после безмалку две децении ниту еден од возачите во шампионатот немаше претстава што треба да очекува на ова рели и како да се подготвува. Едноставно остана да се справат во од со епскиот карактер на ова рели сочинето од земјени патишта кои не простуваат грешка, и прекрасни пејсажи исполнети со егзотични животни. Всушност како никогаш досега за едно рели, годинава за релито на Кенија, важи старата изрека: Јунаците се препознаваат на мака. Ожие покажа дека е психолошки подготвен да го освои првото модерно Сафари рели. Беше најбрз на тренингот, а го освои и првиот специјален брзински испит на наменски направената патека покрај главниот град Најроби пред повеќе илјадната публика каква што возачите признаа никој досега не видел на едно рели. Но, почетокот на вистинскиот натпреварувачки дел во петок наутро покажа дека не постои вистинска подготовка за ова рели. Првиот дел

58

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

од денот мина во знакот на Нувил, откако не остана возач од водечките кој не претрпе дефект и едвај чекаше да дојде до првиот сервис. Дури и по 19 годишно отсуство патеките кои на простуваат грешка го покажаа својот суров карактер. Еванс, Сордо, Оливер Солберг, Лоренцо Бретели останаа крај патеките. Ожие откако откорна резервоар за масло со страв се довлечка до спасоносниот сервис губејќи многу време. Кале Рованпера беше единствениот што држеше чекор со Нувил, но призна дека е многу тешко со толку многу прашина во автомобилот што едвај се дише. Токму тој и му пресуди на последниот брзинец од денот кога влета во облак од прав, излета од патеката и заглави во песок. Така Такамото Катсута го наследи второто место, а трет заврши Танак. Ожие беше четврти, Гас Гринсмит и Адрјиан Формо од Ford беа петти и шести. Рованпера падна на седмата позиција. После масакарот на водечките возачи во текот на првиот ден, релито продолжи во сабота на малку помазни патеки. Но, штетата веќе беше направена. Нувил не ја испушти шансата да остане на лидерска позиција зголемувајќи го водството во однос на второпласираниот Катсута на безмалку една минута. Водството го зголеми кога пред крајот на денот обилен дожд ги поплави патеките, па многумина загубија многу време борејќи се со водената стихија. Јапонецот не сакаше да ризикува. Призна дека прави многу грешки и единствено се грижи да го сочува автомобилот. Ниту Танак не сакаше да ризикува. Истакна дека вози со 60 проценти од можностите и се грижи за автомобилот. Целта му е да го заврши релито. Токму нему му пресуди дождот. Мораше да застане заради расипан вентилатор во кабината и сам да го брише замагленото предно стакло. Тука загуби повеќе од две минути препуштајќи му ја третата позиција на Ожие кој имаше за цел да ја одржува позицијата и да ги чека грешките на оние пред него. Гринсмит и Формо со релативно стабилно возење ги задржаа позициите од претходниот ден.


СПОРТ |

Со релативно мирен пристап Нувил го започна неделното утро сонувајќи за победата која му беше на дофат. Сонот се распарчи заедно со задниот десен амортизер на неговиот i20 кој настрада при удар во камен пред крајот на првиот брзински испит од денот. Нувил успеа да го заврши брзинецот и да ја задржи лидерската позиција. Но, по проценка на техничарите беше принуден да се откаже од релито. Каква страшна драма за Белгиецот кој на трето рели по ред мораше да се откаже во моменти кога ја имаше победата в раце. Меѓутоа драмата не заврши тука. Ожие ја виде шансата и почна да го притиска Катсута кој го наследи водството од Нувил. Неискусниот Катсута немаше никакви шанси во битката со седумкратниот светски шампион. Губеше секунди од испит, во испит и на претпоследниот брзинец конечно го загуби водството. Во едно незамисливо финале Ожие стигна до победа на годинешното Сафари рели на Кенија. Катсута заврши втор, а Танак трет. Формо беше четврти, а

Гринсмит петти. Една тешка и крајно неочекувана 1-2 победа за тимот на Toyota кој заедно со останатите тимови беше сведок на еден настан каде човекот и машината беа тестирани до лимит. На еден ваков епски настан сепак екипажите на јапонскиот тим беа тие кои пијат шампањ на подиумот. Секако со признание до сите оние кои доживеаја неволја на патеките низ Кенија. Со победите на Сардинија и во Кенија, Ожие во генерален пласман му избега на Еванс за 34 бода. Има 133 наспроти 99 бодови. Третопласиран е Нувил со 77 бодови. Заедно со Ожие профитираше и тимот на Toyota кој со 273 бодови во генерален пласман води пред Hyundai кој има 214 бодови. Со олкава предност, и Ожие и Toyota, мора бидат задоволни од исходот во првата половина од сезоната. Следно на репертоар е релито на Естонија кое за првпат се возеше минатата година, а по него со нетрпение се очекува и релито на Белгија. • Љубомир Анастасовски

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


КУПУВАЈТЕ СО ПОПУСТ СО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА!

Освен бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ Членство ви нуди специјални попусти во над 250 АМСМ Партнер продажни места! Попустот можете да го користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Продавница „MASTERSPORT“

Од велосипеди, нови и поволни, преку фитнес и пинг-понг опрема до спортски реквизити, игри и флипери... Пријатно ќе се изненадите што сè ќе најдете во „MASTERSPORT“, каде добивате 10% попуст на целиот асортиман, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка. Локација: Спортски центар „Борис Трајковски“ - Скопје

Кафе ресторан „DOLCE LATERRAZZA“

Летото е време за сладолед, а најдобрите вкусови секогаш ќе ги најдете во „DOLCE LATERRAZZA“, кафе ресторан сместен во срцето на градот. Како АМСМ членови, сте секогаш добредојдени и добивате 20% попуст на сметката само со покажување на валидна членска картичка. Локација: Плоштад „Македонија“- Скопје

Паланчикара „NU HOUSE & FRIENDS“

Место добро познато за сите љубители на вкусни палачинки, подготвени со различни филови и додатоци во милиони различни вкусови. Изберете ги вашите палачинки во „NU HOUSE & FRIENDS“ и како наши членови добивате 15% попуст на сметката со покажување на валидна АМСМ членска картичка. Локација: „City Mall“- III кат - Скопје

Оптика „OTTICA ITALIANA“

Изберете по ваш вкус наочари и рамки за сонце или со диоптрија од најновитe колекции на познатите светски брендови: Carrera, Guess, Gucci, Gant…Покажате ја вашата АМСМ членска картичка и добивате 20% попуст на целиот асортиман во „OTTICA ITALIANA“ и значително заштедувате. Локација: ТЦ „Веро Центар“ - Скопје АМСМ Партнер попустите не можете да ги користите за производи и услуги кои се на акциска цена. Сите останати АМСМ Партнер продажни места, и детални информации за нив, можете да најдете во брошурата во прилог и на веб страницата на АМСМ.

www.amsm.mk 60

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

www.amsm.mk

02/3181-181 07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


Осигурајте го својот дом. ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО!

Полиси достапни од:

Подружница ТЦ Бисер 023181-402 62

07/08.2021 | www.amsmklubmobiliti.mk

02/5512-705

Центар

02/3181-405

www.mobilitybroker.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.