АМСМ Клуб Мобилити - Март 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | МАРТ 2023 БР. 65 www.amsmklubmobiliti.mk Ford Kuga ST-Line M6 1.5 Ecoboost НЕСКРИЕНО ДИНАМИЧЕН 75 години Порше МАРКА ШТО СЕ ИЗДВОЈУВА ОД ДРУГИТЕ Светско првенство во Формула 1 АСТОН МАРТИН СО НОВА УЛОГА...
2 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание

ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51

1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

проф. д-р Иво Дукоски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски

Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

ISSN 1857-6133

УЖИВАЈТЕ ВО НАЈУБАВИОТ МЕСЕЦ ВО ГОДИНАТА!

Со почетокот на пролетта и пријатните денови се зголемува бројот на учесници во сообраќајот, односно во градските средини сѐ поприсутни се велосипедистите, мотоциклистите, велосипедите со помошен мотор и мопедите. Но без оглед на повисоките пролетни температури, скијачката сезона и натаму продолжува, па слободните денови, особено викендите што се нетрпение ги очекуваме, може да ги искористите за да уживате во убавините на овој спорт. А ризикот од повреди е голем, особено ако навреме не сте набавиле скијачки шлем. Но внимавајте при изборот на скијачки шлемови, не може да ги избирате според боја или форма што можеби не е соодветна за вас, односно тоа мора да го направите врз основа на нивните добри перформанси (стр 30).

Како поинаку да го одбележиме месецот на жената, освен вам - на нашите сегашни и идни членови од понежниот пол - да ви подариме нешто посебно. Тоа е АМСМ Членство, подарок што ќе ви овозможи поголема независност во сообраќајот, особено во безбедноста и грижата за вашиот автомобил. Со неверојатен попуст, само во март, може да станете сопственик на АМСМ членски пакет Класик или Европа Премиум и да уживате во услугите и во погодностите што ги добивате со нив. И овој мартовски број на „Клуб Мобилити“ е посветено на случувањата во автомобилизмот и новините во автомобилската индустрија, како и на настаните во автомото спортот. Во светот на Формула Е почетокот на сезоната покажа дека возачите на Порше и Андрети (кои користат технологија на Порше) се наметнаа како главни фаворити, а последните две трки во Индија и во Јужна Африка донесоа сензации од поранешните шампиони Жан Ерик Верње и Антонио Феликс да Коста. Триумфот на Танак на релито во Шведска го извади тимот на M-Sport Ford од длабок сон и му ја донесе првата победа по повеќе од една година. Естонецот покажа дека не е попусто што му се врати на својот стар тим. Според реакциите по првото гран при, во годинашната приказна на Формула 1 ќе има новитети, како што е вклучувањето на Астон Мартин во борбата за подиумот...

Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во април на вашата меил адреса и на нашата веб страница www.amsmklubmobiliti.mk

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД

ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

ВОНРЕДНА И ПЕРИОДИЧНА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ТАКСАМЕТРИ

АМСМ Скопје -Чаир

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ ЗА МОНТАЖА НА: • ТАКСАМЕТРИ • РАДИОСТАНИЦИ • РЕКЛАМНИ ТАБЛИ

072/376-559

www.amsm.mk

СИЛИ

САМО РЕДИЗАЈН ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

БРОШОТ ПАК Е ВО МОДА, СЕ ВРАТИ НА ГОЛЕМА ВРАТА

ИЗМИНУВА 1.600 КМ

СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ

НЕСКРИЕНО ДИНАМИЧЕН

ЗА БУДЕЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ВОЗАЧОТ

КОЛЕПКАТА НА РЕНЕСАНСАТА, ПРЕПЛЕТЕНА СО ХЕДОНИЗМОТ

МАРКА ШТО СЕ ИЗДВОЈУВА ОД ДРУГИТЕ

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

ЗОШТО - БЕЗБЕДНО!

3 ДОБРИ ПРИЧИНИ ЗА ПОВЕЌЕ ЖЕНИ - ВОЗАЧИ НА УЛИЦИТЕ

ЈУЖЕН ВЕТЕР

АСТОН МАРТИН СО НОВА

УЛОГА, ФЕРСТАПЕН ЗАПОЧНА ШАМПИОНСКИ

5 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО
СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 8 10 48 52 18 25 44 42 30 31 34 36 34 36 48 9 22 44 52 СО ЗАЕДНИЧКИ

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

ДРЖАВА

Северна Македонија

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина

поголема од 50 км на час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со

поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина

поголема од:

- 130 км на час на автопат;

- 110 км на час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и

- 90 км на час на други патишта.

На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина

поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.

Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 км на час.

Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 км на час. На автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се

движат со брзина од најмалку 60 км на час.

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од

50 км на час.

Бугарија

На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. (На означени места и 140 Км/ч).

На останати патишта ограничувањето е 90 км на час.

За моторцикл ограничувањата се 50 км на час во населени места.

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час.

На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час.

Грција

Словенија

Турција

На останати патишта ограничувањето е од 90 до110 км на час.

За моторцикл ограничувањата се 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

Во населени места за сите возила ограничувањето е 50 км на час.

На автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл е 130 км на час.

На останати патишта од 90 до110 км на час.

За возила со приколка до 7,5 тони на автопат и на останати патишта ограничување на

80 км на час.

Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.

Во населени места а сите возила ограничувањето е 50 км на час.

Надвор од населени места за автомобили на автопат е 120 км на час.

На останати патишта е 90 км на час.

За автомобили со приколка на автопат до 110 км на час. На останати патишта 80 км на час.

Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.

6 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА

ДРЖАВА Хрватска

Црна Гора

Албанија

Босна и Херцеговина

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и за мотоцикл од 50 км

на час.

На автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл е 130 км на час.

На останати патишта ограниченоста е од 90 до 110 км на час.

Во населени места за сите возила има ограничување на брзината од 50 км на час.

Надвор од населени места, за автомобили, мотоцикли, на брзи патишта 100 км на час.

На останати патишта 80 км на час

Автомобили со приколка на сите патишта 80 км на час.

Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час.

На автопат ограничувањето е 110 км на час.

На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.

Во населени места има ограничување на брзината од 50 км/ч.

На патишта надвор од населени места максимална дозволена брзина е 80 км на час.

На автопат максимална дозволена брзина е 100/130 км на час.

ОТА |

TOYOTA&SUZUKI&DAIHATSU

СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ

Излегуваат

на мегдан преголемата Тојота, малиот и лут Даихатсу, и секогаш

упорниот Сузуки но не во битка еден против друг, туку да ги здружат силите

и така заеднички да направат мал спортски автомобил од рангот на нивниот

сосед Мазда со успешниот „м икс 5“.

Даихатсу порано го имаше двоседот наречен „капучино“ и не беше мал, туку многу мал (микро), а Тојота го имаше моделот „мр 2“. Сузуки уште во 1995 година го имаше моделот „икс - 90“, првото „сув“ купе двосед правено на основа од „витарата“. Ова здружување значи помалку трошоци за развој и поголема заработка. Тојота влегува со платформа, Сузуки со мотор - 1,0 л со три цилиндри и силина од 120 до 150 КС, а експертот за мали автомобили Даихатсу влегува со своето децениско искуство стекнато при создавање исклучиво мали автомобили. И секако умерената хибридна технологија нема да биде испуштена, а подоцна можно е целосно електрифицирање. Пред скоро една година Тојота претстави концепт што го носеше името од серискиот во пензија „мр 2“, дали е тоа тој модел?

За овој потфат на трите споменати производители веќе е пишувано на крајот од 2021 година, а потоа лани летото. Сега повторно се актуализира темата, но податоците од пред две години со сегашниве се слични, нема ништо ново. Чудно е што светов три пати пишува за една иста работа во период од две години. Како што велат, малото спортско купе ќе започне со продажба во 2025. Ќе има централно сместен мотор, погон на задните тркала и тарга изведба, а тежината ќе биде во духот на спортските автомобили, само 1.000 кг, како што е редот, зарем не!? И цената е спомената, над 20.000 долари, но под 25.000. Уште цели две години нè делат од 2025, а потоа ќе видиме што ова трио ќе претстави. •

и натаму изненадува со дизајнот, но дали во позитивна или негативна насока, тоа ви го оставаме вам, самите да изберете. Чудниот дизајн започна со Бен Кингзли. Тоа продолжува и новите модели од БМВ ќе носат сè поголеми и поголеми „бубрези“. Обновувањето на серијата „икс 5“, а покрај неа и серијата „икс шестката“ донесе некои козметички измени кои треба уште две години да го задржат возилото на светскиот пазар. Малку измени во маската, затегнување на предните светла, некој раб повеќе на задниот дел и надворешните измени се завршени. Одделот за патниците е повеќе преуреден отколку надворешноста - се одело во насока да му дадат повеќе простор на луксузот, а тука се и неизбежните поголеми екрани осетливи на допир. Сето тоа така спакувано заедно со освежените погонски единици, ќе се произведува како и досега во САД во градот Спартанбург.

Групата од погонски агрегати со 3,0 литарскиот со шест цилиндри е во линија со двоен турбо компресор со 380 КС. Овој мотор доби умерена хибридна 48 волтна технологија, а таа иста технологија ја има и во 4,0 литарскиот V8 кој располага со 530 КС. Изведбата со приклучок, „икс драјв 45 е“, наречена „пхев“ располага со дури 590 КС создадени од моторот со шест цилиндри и електромоторот. „Икс драјв 50 е“ доби батерија со капацитет од 25,7 kWh и со неа возилото може да измине околу 100 км. БМВ не ги заборави љубителите на дизел агрегатите како што е случај со некои производители. Тој мотор со 298 КС е вграден во „икс 5 икс драјв 30 д“ и „икс 6 икс драјв 30 д“. •

8 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
BMW X5& BMW X6 ДОТЕРУВАЊЕ
ЗА „ИКС ПЕТКАТА“ И „ИКС ШЕСТКАТА“
БМВ

БУГАТИ И НЕГОВАТА ПЕРЈАНИЦА „МИСТРАЛ“

Штомќе се спомне името Бугати веднаш ви станува јасно какви автомобили

се „кријат“ зад тоа име. Минатата година беше најавен, а во оваа работилницата почнува со производство на само 99 примероци. Од официјални извори е потврдено, сите примероци се распродадени. Цената е релативна работа за ваков вид автомобили. Според спецификацијата од производителот, еден примерок е проценет на 5,0 милиони евра, а идните сопственици сигурно сакаат нешто поинакво, а за сето тоа да се добие треба и да се доплати.

Зад таа цена стои „бугати в16 мистрал“, отворено купе, правено на основа од моделот „чирон“, а инспирација e црпена од концептот „веирон барчета“ претставен во 2008 год. Сè што се вградува мора да биде најдоброто за да биде купето најбрзо. Мотор e со 16 цилиндри поставени во двојно W, чија работна зафатнина изнесува цели 8,0 литри. На ова се додадени четири турбо компресори со чија помош се добиени неверојатно голема силина и вртежен момент - 1.578 и 1.600 Нм.

Отворниот „веирон“ води потекло од концептот „веирон барчета“ со кој Бугати дебитираше во јавноста во 2008 год. Крајната брзина е двојно помала од таа на патничките авиони, а изнесува точно 420 км/ч.

И додека крајната брзина беше официјално потврдена од производителот, сепак светот остана со „празни раце“ во однос на податокот за забрзувањето од 0 до 100 км/ч. Конструкторите сè уште не се изјаснија, барем не официјално, за колку секунди „бугати веирон W16 мистрал“ постигнува 100 км/ч. Би требало да е под 3,0 секунди. Автомобил од овој ков на себе има само: тело од јаглеродни влакна (карбон фибер), потоа магнезиум, титаниум, алуминиум, некоја легура на која не и се знае името туку се чува во строга тајност и толку. И уште нешто, сите овие материјали се едни од најлесните на планетава. Дали тие пет милиони евра се многу или малку, веќе и не е важно, сите се распродадени, а производството само што не започнало. •

MINI COOPER SE CABRIOLET

е, годинава Мини слави 30 години од првиот кабриолет. По тој повод производителот реши да излезе во пресрет на јубилејот со посебна кабриолет серија која ќе биде наменета само за 999 купувачи - „мини купер с е кабрио“. Дали примероците ќе одат „под рака“ или прв дојден прв услужен, тоа не знаеме, но затоа цената ни е позната, само 61.000 евра. Да, толку чини секој од тие 999 примероци, едни и единствени во светот. Сепак не се работи за обичен автомобил туку јубилеен, но за приказната да биде целосна и во тек со денешните збиднувања, погонот е препуштен на електромотор. Батеријата со капацитет од 32,7 kWh гарантира само околу 200 изминати километри, но не и повеќе. Kрајната брзина што ја постигнува возилото e 182 км/ч, а од 0 до 100 км/ч потребни му се 8,2 секунди, време кое воопшто не е за потценување.

Цената нe малку „соленa“ само поради електричниот погон, туку има внатрешност преслечена во првокласна кожа, потоа 17 инчни тркала посебно дизајнирани за јубилејниот „мини купер с е кабрио“, аудио уред од марката Харман Кардон, саморегулирање на светлината од светлата, посебно на средните (соборените) светла кои по потреба автоматски преминуваат во долги, навигација, греење на седишта и управувач, помош при паркирање итн. Накусо тоа би било сè за и околу јубилејниот електричен примерок „купер с е кабрио“ на производителот Мини. Страстните љубители на овој автомобил сега имаат вистинска можност да приберат примерок кој со себе носи дел од историјата и традицијата. Најверојатно поради овие две нешта автомобилот има „фантастична “ цена, но и погонот и тоа што е кабриолет и секако опремата, сите тие се напластуваат и ја градат претходно напишаната петцифрена бројка. •

9 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk НОВОСТИ |
BUGATTI W16 MISTRAL
30. РОДЕНДЕН ЗА „МИНИ КАБРИОЛЕТ“
Така

VW MAY ELECTRIC ДОАЃА ЕЛЕКТРИЧНИОТ„ГОЛФ“

Навестуваа

запирање на производството на најпродаваниот модел бидејќи

има ото и дизел мотори, а кога беа прашани зошто името на моделот мора да биде згаснато, велеа, „сега е време за електрични возила“, со нови возила, следи и ново име. Тоа со електрификацијата се оствари, од 2035 год. натаму ото и дизел моторите нема да се произведуваат и продаваат на континентов. Но

зошто тоа второто сè уште е во игра? Изјавија дека името „голф“ ќе го снемало од личната карта на Фолксваген. Да укинеш име од модел кој бил единица

мерка за добра продажба, тоа е исто како да ја сечеш гранката на која седиш. Сепак можно е името „голф“ да биде испишано на моделот кој допрва треба да се појави. Дизајнерите се во завршна фаза со концептот и напролет треба да биде прикажан.

Концептот е правен на новата платформа, видоизменета „меб“ која сега носи име „меб +“. Концептот е помал од класичниот „голф“, но е малку поголем од „поло“. Некои ова возило веќе го именуваа како „ид. 2“, но повеќето го замислуваат со името „голф“. Сепак на добро одат работите штом легендарното

име нема да биде згаснато.

Сериското производство е закажано за 2025 год. во Марторел, Шпанија, а цената треба да биде околу 21.000 евра, бројка која донекаде е примамлива, но како што се одвиваат работите на светската сцена, поскапувањето ќе биде неизбежно поради економската криза на планетава. Тој ист концепт, односно сериски модел кој во моментов е најмал електричен во групацијата Фолксва-

ген, ќе биде дополнително произведуван со знакот на: Шкода, Сеат, Купра, а можеби и Ауди ќе го позајми. Најнапред е планирана изведбата со еден електромотор и погон на предната оска, а потоа ќе следи(?) и погонот на сите тркала и секако ќе остават место за ознаката „гти“ - без неа „голфот“ не може да дише. •

MAZDA2

САМО РЕДИЗАЈН ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

точно 20 години откако се појави најмалиот модел на Мазда со името „2“. И наместо јубилејот да биде крунисан со нов модел, нова „двојка“, производителот се одлучи за редизајн, повеќе електроника, неколку нови бои, два посебни пакети, „хомура“ и „хомура ака“, со повеќе опрема и толку. Редизајнот донесе поголема сличност со дизајнот на „тројката“ и „шестката“, така што сега препознатливоста на основната дизајн линија на Мазда е далеку поголема. Постигнаа соединување на изгледот меѓу сегментите, но ќе повториме, тоа се само шминкања, а не нов модел. Вредно за спомнување е подобрената изолација од бучава во одделот за патниците. Тие што ќе се возат ќе уживаат и нема да имаат никаков проблем со загадувањето од бучава.

Погонските единици се бензински и потекнуваат од доработен и обновен 1,5 литарски со четири цилиндри во линија, атмосферски што значи дека во него нема турбо компресор и велат дека е еден од најтивките и во класата. Изведбите од моторот располагаат со силина од 70 и 90 КС, а изведбите со умерена технологија имаат 90 и 115 КС. Силината се пренесува на предната оска преку обичен менувач, а само изведбата со 90 КС и бензински мотор има автоматски менувач. За цената и останатите детали ќе треба да се јавите кај увозникот. •

10 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
Минаа

VW-ID.3

невообичаено, чудно што еден модел е отповикан за редизајн по само две и пол години од светската премиера. Дали електричните автомобили и натаму ќе бидат обновувани кога ќе им текне на одговорните или ќе ја почитуваат традицијата од околу четири години продажба? Зборуваме за Фолксваген и неговиот електричен кросовер (или што и да е) „ид 3“ кој според официјалната статистика досега е продаден во 600.000 примероци. Обновувањето на дизајнот е приметлив, посебно предниот дел со поголемите и пооштри отвори за воздух, но и страничните линии и сето тоа допринесува за нагласување на агресивноста. На тој начин „ид. 3“ добил малку спортска нота, што не беше случај со првата генерација. Материјалите сега се поквалитетни и дури 70 отсто од нив имаат потекло од обновени отпадни материјали. Сето

тоа е во ред, но да обновуваш дизајн по само две и пол години постоење, мал-

ку е чудно. Брзото менување на дизајнот отсекогаш беше одлика најмногу на јапонските, но и на корејските производители. Измените кои се направени во обновениот „ид. 3“ потекнуваат од коментарите и советите на досегашните сопственици, така се фали производителот. Да не го испуштиме 12 инчниот екран осетлив на допир, спомнат како едно од главните обновувања заедно со програмите задолжени за правилно работење на возиото. Моделот „ид. 3“ и натаму ќе се прави на основа од платформата МЕБ, потоа погонската единица е истата со 205 КС , со трите батерии, 45, 58 и 77 kWh. Подоцна можно е вградување на уште еден електромотор со што возилото ќе добие погон на сите тркала. Производството е планирано да се одвива во Цвикау и Дрезден, а продажбата ќе започне некаде на лето или рана есен. •

Допрваќе ја видиме големата кинеска лавина во светската автомобилска

индустрија. Потврда за тоа е гигантот Гили кој на крајот од минатиот месец претстави нова марка нарекувајќи ја Галакси. На премиерата Гили претстави два модели со името Галакси, една лимузина со име „л 7“ со префинета линија и ниска силуета и еден класичен сув со име „лајт“ со средна големина. Притоа одговорните од Гили нагласија дека отсега натаму во период од две години марката Галакси ќе има седум модели. Нова марка која штотуку се појави за две години има седумчлено семејство, четири со хибриден погон и три со електричен.

Хибридите ќе ја користат платформата ЦМА позната од „волво икс ц 40“ и „линк & цо 01“, додека за платформата на целосно електричните модели Гили не се изјасни, но затоа кажа дека ќе користат нови батерии, поиздашни (поиздржливиза 20 отсто) и со заштита од прегревање и со дополнителна заштита

при судири. Возилата од марката Галакси ќе користат свој оперативен систем наречен „галакси н - ос“ преку кој ќе се надгледува работата на автомобилот и воедно преку него ќе оди поврзувањето со сопствениот сателит што во моментов се наоѓа во земјината орбита. Моделите најнапред ќе се продаваат на домашниот пазар, но не е исклучена можноста да излезат и надвор. Сепак за тие нешта Гили соопшти дека детални информации за продажбата ќе следат во вториот квартал од годинава. Многу нешта се случуваат во автомобилската индустрија во државата со најмногу жители, и не само тоа туку високата технологија е се поприсутна. Досега ниту еден производител не се пофалил со надгледување на возилата преку сопствен сателит и свој оперативен систем, но затоа Гили веќе го има сателитот и сега се чека на сериското производство на двата прикажани концепти. Лавината допрва ќе следи и од Гили и од останатите кинески производители. •

11 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
РЕДИЗАЈН ЗА „ИД“
GEELY GALAXY L7&LIGHT –ГИГАНТОТ ГИЛИ И НЕГОВАТА
„ГАЛАКСИЈА“
Малку
НОВОСТИ |

„ЕСПАС“ ШЕСТА КЛАПА

еспас, еден од првите примероци на европски еднопросторни возила. Предводникот на сите еднопросторни возила беше „крајслер војаџер“ возило кое го отсликуваше начинот на живеење во Америка. „Рено еспас“ доживеа пет генерации“ но сега работите се превртеа и одат во насока на сув возилата, така и шестата генерација „рено еспас“ ќе има исто име, но никогаш нема да биде еднопросторно туку двопросторно возило. Нова мода во автомобилската индустрија која не стивнува веќе 20 години и што е најважно зема уште поголем замав.

Сув возилото „рено еспас“ е со должина малку над 4,7 метри, односно негова конкуренција ќе бидат: „хјундаи санта фе“, „нисак икс треил“, „сеат тарако“, „фолксваген тигуан“ и останатите од класата. Овие сув возила се со должина

од 4,65 до 4,8 метри, неколку сантиметри плус или минус. Тоа значи дека каросеријата може да поднесе дури и три редови седишта и со тоа да понесе седум вкупно патници. Таков ќе биде новиот „еспас“, седмосед, а ќе дели иста платформа со моделот „аустрал“ наречена „цмф - цд“. И да не заборавиме да спомнеме, новиот „рено еспас“ ќе биде најголем во семејството („колеос“ 4,67 м, „аркана“ 4,57 м и „аустрал“ 4,51 м).

Можно е светската премиера да ја подготвуваат сега напролет или за септември кога е закажан Салонот за автомобили во Минхен. Да нема забуна, некогаш саемот се одржуваше само во Франкфурт, а од пред некоја година шета од град во град. Велат ќе биде напролет, да видиме што ќе се случи. •

Ова е текст за првиот авганистански автомобил и тоа не било каков туку од класата на супер автомобили. Не само автомобилскиот туку и останатиот свет зборува и пишува за чудото на четири тркала кое доаѓа од земјата каде бесне виорот на војната. Чудно му беше на светов што од таква држава изникна прубаво купе, исто како што се тие од Ферари, Ламборџини, Бугати и останатите.

Реза Ахмади, тоа е името на човекот одговорен за спортското купе „ентоп блек свон“(„црниот лебед“), заедно со уште тројца страствени љубители на автомобилите. За време на претставувањето на супер автомобилот, тој скромно има изјавено дека немале намера да се натпреваруваат со големите имиња од светот на спортските автомобили, но нагласува дека и во Авганистан можат да направат автомобил, класично спортско купе со најсовремен дизајн. Ниту еден од главните немал никакво искуство во правење моторни возила. Единствено што имале тоа била страста кон автомобилите која ги водела напред. Претходно искуство имале со обработка на метали и пластика, а имале и по некоја машина. Останатото, како алат и други машини требале да ги купат. Сето ова се случувало некаде пред околу четири и пол години. Четворицата сонувачи напорно работеле, а резултатот не изостанал. Направиле вистинско чудо во кое вложиле скоро пет непроспиени години и откако не нашле сериозен човек кој ќе вложи во нивната замисла, морале од свој џеб да издвојат околу 50.000 долари. Автомобилот е целосно рачно изработен во нивната работилница на периферијата од главниот град Кабул. Единствено што позајмиле е 1,8 литарскиот мотор од Тојота заедно со менувачот, поточно од моделот „корола“ произведена во 2000 год. Ова е велат само прототип, а серискиот ќе носи мотор од канадската компанија Мултиматик, специјалист за погонски агрегати. •

12 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | НОВОСТИ
ENTOP BLACK
SWAN АВГАНИСТАНСКИОТ ЦРН ЛЕБЕД Рено
13 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

ПРИСТИГНА НОВИОТ ФАСТБЕК

КРОСОВЕР

CITROEN ИМА НОВ АДУТ ВО МОДЕЛСКАТА ГАМА, А ТОА Е НЕСЕКОЈДНЕВНИОТ И АВАНГАРДЕН, СЕМЕЕН, ФАСТБЕК КРОСОВЕР C4 X.

Само

неколку месеци по глобална премиера, новиот Citroen C4 X сега пристигна и на македонскиот пазар. Замислен како нова алтернатива на пазарот и автомобил кој треба да „чекори меѓу сегментите“ и да ги замени SUV моделите кои бележат огромна популарност на Стариот континент, новиот фастбек кросовер на француската марка сега е достапен за македонските купувачи, особено оние кои сакаат да комбинираат меѓу класичен седан и SUV.

C4 X е подолга верзија на C4 кој дебитираше во 2020 година, а го следи дизајнот на предниот дел, додека движејќи се кон задниот дел, забележлива е нагласената опаѓачка линија на покривот, а тоа со

себе носи и редизајнирана задница. На задниот дел се истакнуваат пар стилски LED задни светла, уникатна задна врата со интегриран спојлер и поконвенционално задно ветробранско стакло. Стилот на кросовер е задржан, со зголемено растојание од подлогата и пластични обвивки околу каросеријата. Подолгиот заден дел резултира со поголем багажник, кој е со капацитет од 510 литри што е за 130 литри повеќе од стандардниот C4. Во внатрешноста, контролната табла кај C4 X е заедничка со C4, вклучувајќи го тука 10-инчниот централен екран на допир и препознатливата дигитална инструмент табла. Сепак, моделите се опремени со новиот MyCitroën Drive Plus што премиерно беше претставен во поголемиот C5 X, со нов интерфејс, подобро препознавање на гласот, повеќе функции за поврзување и безжични over-the-air надградби. Безбедносната опрема располага со 20 системи за помош вклучувајќи го и полуавтономниот Highway Driver Assist од Ниво 2. Моделот Citroen C4 X во Македонија се нуди во повеќе верзии, основната моторна изведба опремена со 1,2-литарскиот турбобензинец со 100 КС и мануелен менувач во почетното Feel ниво чини 22.390

евра. Верзијата со 130 КС, турбобензинец, е достапен од второто ниво на опрема, а се комбинира со автоматски менувач и доаѓа по цена од 27.690 евра, додека верзијата со турбодизелската опција почнува од 29.490 евра. Највисоко во понудата се наоѓа целосно електричниот ë-C4 X кој е достапен за 43.490 евра • Данчо Здравковски

14 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Citroen C4 X
| НОВОСТИ
15 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СО ВЕЛО ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА! БЕСПЛАТЕН ОСНОВЕН СЕРВИС НА ВЕЛОСИПЕД ПРОВЕРКА И ШТЕЛУВАЊЕ НА КОЧНИЦИ И БРЗИНИ – ПРОВЕРКА НА ГАРНИТУРА, ПРЕДНА, СРЕДНА И ЗАДНА ОСОВИНА – ЦЕНТРИРАЊЕ НА ТРКАЛА СЕРВИСОТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ Е ЛОЦИРАН ВО РАМКИТЕ НА АМСМ-ЦЕНТАР. АКЦИЈАТА ТРАЕ ДО 31.03.2023ГОД. | ЗАКАЖУВАЊЕ: 02/3181181 www.amsm.mk

Автомобил на годината во светот за 2023 НА КОГО ЌЕ МУ ПРИПАДНЕ ТИТУЛАТА СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА, ЌЕ ДОЗНАЕМЕ НА 5 АПРИЛ. СЕТО ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА АВТОМОБИЛСКАТА ИЗЛОЖБА ШТО СЕКОЈА ГОДИНА СЕ ОДРЖУВА ВО ЊУЈОРК НА ПОЧЕТОКОТ ОД ПРОЛЕТТА. На

ПОБЕДНИКОТ

почетокот од текстов да потсетиме кои автомобили можат да учествуваат и да бидат бирани за престижната титула. Моделот

мора да биде нов, да е произведен во најмалку 10 примероци годишно и да е застапен за продажба барем на два големи пазари во светот како што се: кинескиот, индискиот, европскиот, јапонскиот, корејскиот, американскиот и латино американскиот, а тие пазари да бидат на најмалку два континенти и тоа во периодот од 1 јануари 2022 год. до 30 март 2023 год.

Од сите кандидирани автомобили жирито составено од 100 новинари од 32

држави ги избра финалистите и ги подели во шест категории: 1. автомобил на годината според брзинските способности, 2. градски автомобил на годината, 3. електричен автомобил на годината, 4. дизајн на годината, 5. луксузен автомобил на годината, 6. автомобил на годината во светот. Во продолжение на текстот следи списокот на финалистите распределени во шестте групи за титулата Автомобил на годината во светот за 2023, а тоа се: „алфа ромео тонале“, „бмв 2 купе“, „бмв икс 1 / и икс 1“, „хонда хр - в / зр - в“, хјундаи јоник 6“, „киа ниро“, „мазда ц икс 60“, „мерцедес ц класа“, „нисан арија“ и „нисан з“.

Во класата на Светски електричен автомобил финалисти се: „бмв и 7“, „џенезис гв 60“, „хјундаи јоник 6“, „киа ниро ев“ и „луцид ер“. Следнава група автомобили се финалисти за титулата луксузен автомобил на годината: „бмв 7 / и 7“, „џенезис г 90“, „ренџ ровер“, „ренџ ровер спорт“ и „луцид ер“.

Списокот од финалисти во категоријата светски автомобил според брзинските способности го сочинуваат следниве модели: „бмв м 4 цсл“, „киа ев 6 гт“, „нисан з“, „порше 911 рс гт 3“ и „тојота гр корола“.

Малку е чудно што светот има кандидирано само три автомобили за наградата градски автомобил на годината во светот: „цитрон ц 3“, „ора фанки кет“ и „фолксваген таиго“. Дали на светот му е преку глава од типично градски автомобили и се оддал на поголеми автомобили и луксуз?

Жирито одбра пет модели за наградата Светски дизајн на годината: „кадилак лирик“, „хјундаи јоник 6“, „ренџ ровер“, „луцид ер“ и „нисан з“. Сега треба само да почекаме до 5 април и да ги соопштиме победниците по категории и победникот што ќе ја понесе титулата Автомобил на годината во светот за 2023. Минатогодишен крунисан крал во автомобилската индустрија беше „хјундаи јоник 5“. Покрај автомобилите жирито ќе избира и лице на годината од автомобилската индустрија, а финалисти се: Ванг Чуанфу претседавач и претседател на компанијата БИД од Кина. Др. Стела Кларке инженер истражувач и иноватор од БМВ. Санг Јуп Ли главен заменик претседател и главен на дизајнерскиот оддел во Хјундаи и Џенезис. Петер Раулинсон, главен извршен директор и главен директор за технологија во Луцид Моторс и Наојуки Сакамото главен инженер за ГР Корола и Газоо Рејсинг Компани од Тојота.

• Жарко Атанасоски

16 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СЕ БЛИЖИ
| НОВОСТИ
ДАТУМОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ
НА

Ford Kuga ST-Line M6 1.5 Ecoboost

СО ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА

НА KUGA, FORD ПОВЕЌЕ

НЕ САКА ОВОЈ МОДЕЛ

ДА ГО ПРЕТСТАВУВА

КАКО АВАНТУРИСТИЧКО

ВОЗИЛО ЗА СИТЕ ТЕРЕНИ.

СЕПАК, НОВАТА ВЕРЗИЈА ЈА

КОРИСТИ ИСТАТА ВИСОКА

ГРАДБА НА КАРОСЕРИЈАТА

ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ

МАКСИМАЛЕН ПРОСТОР

И ФУНКЦИОНАЛНОСТ ВО КАБИНАТА, НО БИДЕЈЌИ

KUGA ПОВЕЌЕ НЕ МОРА ДА ФУНКЦИОНИРА ВОН, ТУКУ НА АСФАЛТНИ

ПАТИШТА, МАРКАТА УСПЕА ЦЕЛОСНО ДА СЕ ФОКУСИРА НА ВТОРОТО, А ТОА ОДИ ВО КОРИСТ НА

ВОЗНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ И ДИНАМИКАТА КОИ

НЕСКРИЕНО ЈА ПОКАЖУВА ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА.

18 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
НЕСКРИЕНО ДИНАМИЧЕН

Лансиран во 2008 година моделот Kuga беше првиот SUV на марката во Европа кој многу брзо стана популарен кај купувачите што беа во потрага по нешто ново како замена за традиционалните седан и каравански изведби. Од почетокот на производството Ford има продадено повеќе од 1 милион модели на Kuga на стариот континент што воедно го прави да биде еден од омилените нови семејни автомобили.

СПОРТСКА НОТА

Претходните две генерации на Kuga дизајнерски не отскокнуваа во ниту еден елемент, што не е случај со оваа трета генерација. Од компанијата вложија повеќе труд со цел да го вметнат моделот во кругот кој моментално го отсликува изгледот на моделите од гамата. На прв поглед, Kuga еволуира кон нова и поелегантна естетика. Типичните детали за брендот, како што е хексагоналната решетка на ладилникот е секако повторно присутна. Сега овој SUV доаѓа со изглед кој е со далеку поспортски пропорции успешно избегнувајќи ги замките при обликувањето кои често знаат да претставуваат вистински проблем. Ако на сето тоа се додаде и ST-Line пакетот кој носи изменети преден и заден браник со поагресивен облик и одличната метализирана нијанса на црвена боја се создава стилизиран и уникатен спортски комплет кој привлекува внимание гледано од сите агли.

КОМФОР ПРЕД СÈ

Стилот во уредување на внатрешноста на Kuga е многу сличен со другите модели на Ford, но со акцент на висината за максимизирање на просторот, а Kuga во ова издание секако нуди многу простор. Напред се забележува високата положба на седење, дури и со поставување на седиштето во најниската положба. Ова му дава на возачот одлично чувство за контрола над автомобилот и секако добар поглед на сообраќајот. Просторот во задниот дел е натпросечен и во него може слободно да се сместат три лица. Од друга страна, пак, габаритот на багажниот простор изнесува 435 литри во стандардната конфигурација, што е просечна големина за класата, додека со соборување на задната клупа зафатнината се зголемува на 1.534 литри со што, пак, е овозможен транспорт на кабасти предмети. Опремата е модерна и комплетна, но не прогресивна. Ова, исто така, покажува дека Kuga е наменета за семејството, а не за љубителите на новите и сè уште недокажани технологии кои сакаат да ги импресионираат своите пријатели. Од друга страна, тоа не значи дека Kuga е едноставна, бидејќи овој SUV со средна големина поседува речиси сè што е во моментов актуелно на таа тема. Повеќето секундарни функции се управуваат преку централниот дисплеј, додека голем плус доделуваме на одвоениот системот за контрола на климата кој има свои физички команди. Системот за аудио, комуникација и навигација на Ford наречен „Sync“ постојано се развива и надградува, затоа има смногу повеќе функции, додека работењето станува поедноставно и пологично. Ако сепак преферирате изворот на вашата забава во возењето да доаѓа од сопствениот паметен телефон можете тоа да да го направите преку поврзувањата со Apple CarPlay или Android Auto.

19 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

ЕНЕРГИЧЕН РИТАМ

Во конфигурацијата ST-Line моделот Kuga што е погонуван од „EcoBoost“ агрегат секогаш има погон на предните тркала. Бензинскиот мотор од 1,5 литри во тест автомобилот е изведен од исклучително успешниот трицилиндричен 1,0 литарски двигател кој Ford го користи во компактните модели со години. Основниот дизајн е изменет така што зафатнината сега изнесува 1.497 кубни сантиметри и се користи најчесто за напојување на поголемите модели на марката. Во сите случаи оваа работна единица е неверојатно силна и се одликува со исклучително мазен работен ритам. Во исто време, изворот на енергија ја врши својата работа толку тивко што постои ризик од незабележано забрзување, за што секако се задолжени 150 КС и влечната сила од 240 Нм која е достапна од ниски 1.600 врт/мин. Во целиот процес активна улога игра и шестстепениот мануелен менувач чии главни особини се прецизниот трансфер, брзото и лесно работење. Затоа за забрзување до 100 км/ч се потребни нешто помалку од 10 секунди, а во полн набој може да стигне

МОТОР: TРИЦИЛИНДРИЧЕН ТУРБОБЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА: 1497 СМ3

МОЌНОСТ НА

БЕНЗИНСКИ

АГРЕГАТ: 150 КС

При 6.000 врт/мин.

МЕНУВАЧ: 6 СТЕПЕН МАНУЕЛЕН МЕНУВАЧ

ПОГОН: НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА

ТРКАЛА:

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: MCPHERSON

НАЗАД:ТОРЗИОНА ОСКА

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ: НАПРЕД 225/60 R18, ПОЗАДИ 225/60 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО: 1.489 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4629Х1883Х1666 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 9.7 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 5.8 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 195 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 35.800 ЕВРА

до речиси максимални 200 км/ч. Постигнувањата позитивно се отсликуваат и на потрошувачката, за време на неколкудневното дружење во просек ни беа потребни помалку од 8 литри на секои 100 изминати километри, податок што ја прави Kuga еден од поекономичните претставници во класата. На пат, Kuga го користи максимумот од својата шасија, oва е SUV со јасно изразен динамичен карактер. На кривулестите патишта директното и прецизно управување создава максимално чувство на доверба. Присутна е минимална тенденција на намалување поради повисокото тежиште на автомобилот, но не како кај одредени конкурентски модели. Компанијата Ford направи јасен избор и тргнува во нов правец со третата генерација на Kuga. Претходно таа се обидуваше да кокетира со теренските возила и патнички автомобил. Отсега кога се зборува за Kuga се мисли на изобилиство на просторот и висок квалитет во возењето на асфалт. • Данчо Здравковски

20 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 ПОЛИСИ ДОСТАПНИ ОД: НАЈДОБРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ВАС И ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО!

| АВТО-МОТО

Претставуваме Aston Martin DBS 770 Ultimate

ЗБОГУМ ЗА БЕСНАТА МАЧКА

СО ЖЕСТОК КАРАКТЕР

ЛИМИТИРАНАТА ПРОДУКЦИЈА НА УЛТИМАТИВНАТА ИЗВЕДБА 770 ULTIMATE НА СЕРИЈАТА DBS НА ASTON MARTIN, ГО ОДБЕЛЕЖУВА КРАЈОТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН МОДЕЛ СО БЛАГОРОДЕН СТИЛ СПОЕН СО ЖЕСТОКИ ПЕРФОРМАНСИ.

Б ританскиот производител на автомобилска ексклузива

Aston Martin одлучи дека е време да се стави крај на производството на актуелната генерација на својата врвна серија позната под ознаката DBS. Актуелната серија која ја носи иконската ознака DBS и се смета за знаменосец на марката, од претставувањето во 2018 година досега, даде низа изведби кои ќе останат длабоко врежани во историјата на марката. Ова

посебно се однесува на изведбите:

- DBS Superleggera OHMSS , со која се прославија 50 години од појавувањето на филмот за Џејмс Бонд – On Her Majesty`s Secret Service. Автомобилот беше произведен во лимитирана серија

од 50 примероци секој со цената од 300 илјади британски фунти.

- DBS GT Zagato, кој се појави на прославата од 60 годишнината на соработката меѓу Aston Martin и престижната италијанска дизајнерска и каросериска работилница Zagato. Овој модел

беше во понуда како пакет со модерната реинкарнација

на моделот од почетокот на 1960-те години DB4 GT Zagato произведен по најнови стандарди, но со оригиналните алати. Пакетот од двата модели чинеше 6 милиони фунти, а во понуда беа само 19 пакети.

- DBS Superleggera 007 , произведен во чест на 25-от филм за тајниот агент Џејмс Бонд, со наслов „Не е време за умирање”. Продукцијата лимитирана на само 25 примероци брзо ги најде своите купувачи подготвени да издвојат 280 илјади фунти за оваа ексклузива.

- DBS 770 Ultimate, е последната специјална изведба која воедно е и предмет на овој текст. Таа со нејзините 770 КС е најмоќниот сериски модел во историјата на Aston Martin и воедно најмоќната изведба на серијата DBS. Ќе биде произведена во 499 примероци од кои 300 купеа и 199 кабриолети.

ОПЕАНАТА МОЌ НА КОЛОСАЛНИОТ V12

Како што навестува името DBS 770 Ultimate е ултимативната, односно најмоќната и најексклузивната изведба на серијата DBS со која во Aston Martin сакаат да ги надминат сите досегашни изведби. За таа

цел се направени обемни дизајнерски и инженерски измени кои го оправдуваат називот Ultimate, а сè со цел тој да остане запаметен во историјата на марката како врвен колекционерски експонат.

Затоа инженерите се погрижиле под хауба да ја пикнат лутата изведба на колосалниот 5,2 литарски V12 со четири брегасти оски во глава, агол меѓу цилиндрите од 60° и два турбо полначи. Благодарение на 7% поголемиот притисок што го испорачуваат двата турбо полначи и модификациите направени на вшмукувачкиот тракт и на палењето опеаниот V12 е способен да испорача бесни 770 КС при 6.500 min-1 и мрсен вртежен момент од 900 Nm кои стојат на располагање меѓу 1.800 и 5.000 min-1. Финото дотерување на кривите на моќноста и на вртежниот момент му обезбедуваат на возачот чувство на неисцрпни перформанси преку моменталниот одзив, силните забрзувања и неповторливиот звук на овој V12. Без оглед на тежината од 1.845 kg моќните 770 КС обезбедуваат спринт од место до 100 km/h за 3,4 сек., до 160 km/h за 6,4 сек. и максимална брзина од 340 km/h. Вртежниот момент се испраќа кон задните тркала преку автоматскиот менувач на ZF со осум степени на пренос и диференцијал со ограничено пролизгување. Сето ова е поставено на задната оска по принцип „трансаксл” што обезбедува безмалку совршен тежински распоред меѓу оските од 51:49 од сто за врвна возна динамика.

23 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

УЛТИМАТИВНО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ Зборот ултимативно неминовно се врзува и со возачкото доживување на оваа ретка ѕверка. Адаптабилното потпирање кое дополнително е калибрирано за да ги задоволи потребите на овој престижен тркач овозможува да се постигне директна врска меѓу возачот и автомобилот без притоа да се наруши комфорот. Кон ова се надополнуваат и засилувањата кои се направени на предната и задната оска кои обезбедуваат поголема крутост на шасијата за 25% во однос на обичниот DBS. Така DBS 770 Ultimate му овозможува на возачот директно да го почувствува контактот на тркалата со подлогата. Посебно на предната оска каде повратните информации дозволуваат прецизно водење дури и во најострите свијоци каде лесно се губи чувството за контакт

меѓу тркалата и подлогата.

Онаму каде што ќе се претера на помош доаѓа моќниот сопирачки апарат. Него го сочинуваат карбон-керамички дискови од 410х38 mm напред кои ги зафаќаат фиксни 6 клипни сопирачки клешти, и 360х32 mm назад со 4 клипни сопирачки клешти. Тие се сокриваат зад посебно дизајнираните леснометални бандажи од 21 инч обуени во гуми Pirelli P-Zero со димензии 265/35R21 напред и 305/30R21 назад создадени специјално за потребите на DBS 770 Ultimate.

ДРАМАТИЧЕН НАСТАП

Покрај механиката DBS 770 Ultimate ја покажува својата уникатност и преку драматичниот настап остварен низ низа од дизајнерски елементи. Највпечатлив детаљ е автентичниот отвор во хаубата во облик на потковица низ кого се одведува врелината која ја создава жешката енергана. Секако неодминлив детаљ е и предниот сплитер кој ги интегрира дополнителните странични отвори за довод на воздух. Мускулестиот настап го продолжуваат страничните аеродинамични додатоци на праговите кои водат до драматичниот задник во кого е вметнат уникатен дифузор. Покрај тоа што го одржува аеродинамичниот баланс меѓу предната и задната оска, дифузорот ги вдомува и двата пара масивни издувни цевки кои делуваат застрашувачки.

Внатрешноста е олицетворение на спортска благородност опточена со квалитетни материјали. Кому стандардното уредување во комбинација со кожа, карбон-фибер и четкан алуминиум не му е доволно на сцена стапува ексклузивната дивизија Q на Aston Martin подготвена да ги оствари и неочекуваните желби. Секако сето ова си има и соодветна цена која за жал нема да ја дознаеме бидејќи целокупната продукција од 499 примероци е однапред распродадена, уште пред моделот да и биде претставен на светската јавност. Првите примероци ќе им бидат испорачани на ретките среќници дури во третиот квартал од годината. • Љубомир Анастасовски

24 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО
25 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Претставуваме DONKERVOORT F22 СОЗДАВАЊЕТО НА ИСКРЕНО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ КОЕ СО СЕКОЈ МЕТАР МИНАТ ЗАД ВОЛАН ПОСТОЈАНО ЈА РАЗГОРУВА ВРСКАТА МЕЃУ ВОЗАЧОТ И АВТОМОБИЛОТ Е СТРАСТ КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ПОНУДИ САМО DONKERVOORT F22. ЗА БУДЕЊЕ
ВО ВОЗАЧОТ АВТО-МОТО |
НА ДЕТЕТО

Воденаод идејата да создава автомобили кои го менуваат животот на луѓето преку врвно сетилно возачко доживување, холандската одгледувачница на змееви Donkervoort претставува реткост во денешната глобална трка насочена кон масовност. Точно, името е ретко, можеби и непознато за оние кои помалку се зафатени од грозницата наречена октанска зависност но, иако ретко, тоа блеска како фино избрусен дијамант во сегментот на суперспортските автомобили. Единствената филозофија да го сервисира и дава поддршка на секој еден примерок кој некогаш излегол од неговата мануфактура, која за волја на вистината, повеќе личи на создавање филигран, е уште една посебност на Donkervoort што, исто така, се вбројува во реткост.

Создавањето на искрено возачко доживување кое со секој метар минат зад волан постојано ја разгорува врската меѓу возачот и автомобилот е страст која пред 45 години со својот прв модел ја зачна Jооп Донкерворт. Страст која ја продолжува неговиот син Денис од кого произлегува новиот Donkervoort F22. Модел создаден од бел лист хартија кој нема ниту една конструкциски допирна точка со својот претходник D8 GTO. Но, затоа не напуштајќи ги гените на семејното стебло претставува ултимативна возачки ориентирана машина.

ТАЈНАТА НА ЛЕСНИНАТА

Според Donkervoort тајната на успехот се сокрива во леснината. Колку помала тежина се носи, толку помала тежина е потребно да се сопре, да се сврти, да се забрза. Инерциските сили полесно се контролираат и доживувањето зад волан се чувствува поинтимно, посетилно. Згора потребно е и помалку гориво за сето тоа да се случи. И ете! Опусот нa филозофијата за леснина е Donkervoort F22 набиен со 500 КС способни буквално да си поигруваат со тежина од само 750 килограми. Или, 1,5 килограми на 1 КС. Сооднос кој повеќе задира во сферата на мотоциклите отколку меѓу автомобилите. Но, тоа е Donkervoort.

F22 е изграден околу ултра-цврста хибридна шасија која вклучува спој на челични цевки со делови од Ex-Core карбон-фибер сендвич систем. Иновативниот процес наречен Ex-Core е дело на Donkervoort кој покрај за себе, прави делови и за во Формула 1 и за други производители на спортски автомобили. А го користат и производителите на тркачките прекуокеански јахти. Хибридната шасија на F22 иако полесна има торзиска цврстина од 40.000 Nm врз степен или два пати повеќе од D8 GTO, што ја подобрува пасивната безбедност и прецизноста на подвозјето дури и при најголеми напрегања. И, ако D8 GTO важи за првиот автомобил кој ја минал границата на странично забрзување во свијок од 2G, F22 лесно успева да достигне 2,15G што само по себе говори за способноста на овој супер спортист долг 4.039 mm, широк 1.912 mm и висок 1.105 mm.

СПРЕМЕН ЗА ПАТ И ЗА ПИСТА Истражувањето на крајните граници на F22, иако предизвик, се одвива прилично лесно благодарение на активното подвозје кое покрај цврстата шасија е вториот виновник за неверојатното држење на пат. Активното подвозје e новина која за прв пат наоѓа примена во еден Donkervoort и дозволува лесно префрлање меѓу сетапот за на пат и сетапот за на тркачка патека. Така F22 лесно минува од смирена и комфорна нота при возењето во тркачка солидност која ги исполнува и најфренетичните барања на возачот со едноставно вртење на копче во кокпитот. Дури има опција да ја менува висината од подлогата, односно ја спушта шасијата за 35 mm што е нужно за на писта. Нешто кое во минатото, дури и кај D8 GTO, се правеше рачно.

Сопирачките доаѓаат од специјалистот AP Racing и штедат 10 kg во однос на оние кои ги носи D8 GTO. Ги сочинуваат жлебени вентилирачки дискови поставени врз алуминиумска главчина, а ги зафаќаат фиксни четири клипни сопирачки клешти. Предните мерат 330х25 mm, а задните 297х20 mm. Сопирачкиот систем нема серво асистенција за подиректно чувство при сопирањето. Рачната сопирачка на F22 е хидраулична, а неа ја испорачува Brembo.

Сето ова е сокриено зад бандажи од 18 инчи напред и 19 инчи назад. Тие се нудат во три опции. Стандардни од лесен метал кои тежат 12 kg по бандаж, потоа ковани кои тежат 8 kg и од карбон-фибер кои тежат 5,4 kg по бандаж. Обуени се во гуми на Nankang AR-1 со димензии 235/40 напред и 275/35 назад. Гумите се специјално развиени за F22 со што Donkervoort и Nankang ја продолжуваат успешната соработка која започна уште со развојот на претходникот D8 GTO.

26 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АВТО-МОТО

НА ТОН ТЕЖИНА 666 КС

Токму така вели математиката кога 500 КС ќе бидат впрегнати за да си поигруваат со тежината од 750 kg на F22. Под долгата хауба се сокрива извонредниот 2,5 литарски петцилиндарец со турбо натполнење

кој доаѓа од ергелата на Audi Sport. Меѓутоа моторот е дополнително доработен од инженерите на Donkervoort за да ги испорача зацрта-

ните 500 КС кои се ослободуваат при 6.360 min-1 и 640 Nm при 5.150 min-1. Многу повеќе се работело на испораката на вртежниот момент

од ниски вртежи за да може моторот да се спари со пет степен рачен менувач, но и на смалување на потрошувачката која достигнува просек од 7,1 l/100 km, што е реткост меѓу суперспортските автомобили. Катапултирањето од место до 100 km/h се случува во 2,5 секунди, а до 200 km/h во 7,5 секунди. Додека максимумот се достигнува кога брзиномерот ќе покаже 290 km/h.

Изборот на пет степен рачен менувач е направен заради значително покусото куќиште на менувачот. Оние со шест, или седум степени не би дозволиле моторот да биде поставен многу поназад, буквално централно во шасијата. Принцип кој значително влијае на возната динамика. Менувачот е на TKX со краток од на рачката, рамно префрлање и систем за изедначување на вртежите. Вртежниот момент се испраќа кон задните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување

Torsen и систем за контрола на тракција со повеќе опции кои се избираат зависно од условите на возење, или расположението на возачот.

НАСТАП КОЈ ПЛЕНИ Испресечен со остри линии, долга хауба, коси светла, кусо отсечен задник и врати кои се отвораат како крилја на пеперутка, Donkervoort F22 делува како вонземјанин кој воопшто не се обидува да се претопи меѓу земјаните. Оваа посебност му дозволува да биде ексклузива дури и ако не се споменат бројките. Кровот е тарга составен од два дела. По еден капак над возачот и совозачот кои кога се извадени се сместуваат во посебно скроен дел во багажникот. Дополнително само преку притискање на копче може да се отстранат и централниот носач и предното стакло за директен контакт со ветрот.

Кабината е значително поголема од онаа кај претходниците и нуди комфорен престој дури и за повисоки возачи, а сѐ со цел да се задоволат глобалните аспирации на Donkervoort со F22. Лакираниот карбон-фибер во кабината јасно говори од што е направен F22, а дополнително делови од арматурата и централниот гребен се преслечени со кожа. Седиштата, исто така, се од карбон-фибер. Дело се на Recaro, а со нив доаѓа патентираниот систем на врзување на појасот во шест точки кој подеднакво е хомологиран да се употребува во редовен сообраќај, но и на тркачка патека. Првичниот план на Donkervoort производството да биде лимитирано на само 50 примероци мораше да биде напуштен, бидејќи целата серија беше распродадена само со покажување на скиците. Затоа беше донесена одлука да се произведат дополнителни 25 примероци. Цената почнува од 250.000 европски банкноти и расте со исполнувањето на желбите на клиентот. Па кој сака да се тргне на страна од вообичаената слика на супер спортист и се смета способен да ги истражува границите кои ги дозволува Donkervoort F22 нека повели.

27 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
АВТО-МОТО |

АМСМ членската картичка е најдобар подарок за оние кои ја ценат независноста.

Искористете го попустот од 30% на Classic и Europe Premium членската картичка, за да (си) подарите 24/7 помош и поддршка во случај на дефект во земјава или во странство, како и многу други поволности и попусти во текот на целата година.

Акцијата важи само за дами, во периодот од 01 до 31.03.2023 година во АМСМ Скопје, Велес, Кичево и во сите авто-мото друштва низ Македонија.

Попустот за дами можете да го искористите и при зачленување или подарување на АМСМ членска картичка онлајн преку www.amsm.mk, со внесување на промо код: mart2023.

02/3181-108

Сезоната на велосипеди ја прогласуваме за отворена. Станете ВЕЛО член и добивате бесплатен основен сервис на вашиот велосипед, кој вклучува:

- Проверка и штелување на кочници и брзини

- Проверка на гарнитура, предна, средна и задна осовина

- Центрирање на тркала

ВЕЛО членската картичка е наменета за физички лица и ги вклучува следните услуги:

• Бесплатен мобилен сервис и помош на пат во случај на дефект до 21 часот

• Бесплатен пренос на велосипед 24/7

• Преземање на велосипед и пренос до одредена локација на територија на Р.С.Македонија по повластена членска цена

• Поволности при сервисирање на велосипед во АМСМ

• АМСМ Партнер програма за попусти

• Членско списание Клуб Мобилити (електронско издание)

Услугите за бесплатен мобилен сервис, помош на пат и пренос на велосипед се достапни

за користење до 20км на градско подрачје, во двата правци, со повикување на 196. АМСМ ВЕЛО членската картичка чини 600 денари, а можете да ја извадите онлајн на www.amsm.mk

Акцијата важи од 01.03-31.03.2023 година. Бесплатниот сервис можете да го користите

во АМСМ сервисот за велосипеди лоциран во рамките на АМСМ-Центар, само со претходно закажување.

02/3181-108

28 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ СТАНЕТЕ ВЕЛО ЧЛЕН И ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТЕН СЕРВИС НА ВЕЛОСИПЕД ИСКОРИСТЕТЕ ПОПУСТ И ПОДАРЕТЕ (СИ)
КАРТИЧКА
ЧЛЕНСКА
ДОЧЕКАЈТЕ ЈА

ПРОЛЕТТА ПОДГОТВЕНИ!

АПЛИЦИРАЈТЕ НА FIA REGION I START-UP ПРЕДИЗВИКОТ

И ПОВРЗЕТЕ СЕ СО МОБИЛИТИ КЛУБОВИТЕ

ФИА Регион I го лансира третото издание на ФИА Старт-ап предизвикот, со цел да ги

поврзе старт-ап бизнисите што имаат иновативни решенија во сферата на мобилноста, со мрежата на ФИА Регион I (Европа, Блиски Исток и Африка). ФИА Регион I се состои од 100 мобилити клубови со повеќе од 36 милиони членови.

Годинашното издание има четири категории: aвтомобили, мобилност, помош и безбедност на патиштата. Поканети се старт-ап компании со иновативни идеи за услуги поврзани со автомобили, услуги во сферата на мобилноста или пошироки услуги за помош – како што се домаќинствата, здравјето, начинот на живот или личната асистенција – да одговорат на предизвикот. Решенијата што ќе ги задоволуваат секојдневните потреби на членовите се секогаш добредојдени. Старт-ап предизвикот на ФИА е одлична можност за старт-ап бизнисите да ја зголемат видливоста и евентуално да најдат квалификувани партнери за тестирање и лансирање на нивните идеи.

АМСМ како единствена мобилити членка на FIA (Светската автомобилистичка федерација) од земјава, овозможува пристап до овој предизвик и за домашните start-up компании.

Повеќе информации за предизвикот, условите и роковите за аплицирање, можете да најдете на www.amsm.mk.

29
АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС 11: 11 a.m. 100% Изберете
категорија.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПЛАТЕТЕ ОНЛАЈН!

• Ме интересира каде можам да најдам ценовник за регистрација на

возила?

Благодарам, Зоран.

АМСМ: Ценовникот на едно правно лице е деловна тајна и не е дозволено да се дава на увид. Доколку се јавите во нашите станици за технички преглед (Центар и Чаир)

можеме само да ви пресметаме цена за

одредено возило за кое се интересирате по

поединечни ставки за да имате претстава

што сè плаќате при една регистрација.

• Ми треба информација за регистарски таблички на постаро

возило, поточно податоци за сопственикот на тоа возило.

Дали АМСМ располага со овие информации?

Однапред благодарам, Христо

АМСМ: За возило олдтајмер информација

ќе добиете во Министерството за внатрешни работи во Македонска телевизија, во Одделот за сообраќај.

• Дали во АМСМ постои служба која издава електронски тахограф?

АМСМ: АМСМ Услуги – Центар за Возила е овластено акредитирано тело за вршење калибрација на Аналогни и Дигитални тахографи и истата можете да ја извршите секој работен ден од 08:00 до 16:00, а за вградување и инсталирање на тахографи не сме овластени.

Доколку имате други дополнителни прашања можете да не контактирате секој работен ден на тел. 02/ 2600 035 или во просториите на АМСМ – Центар за Возила.

• Може ли да се земат пробни таблици за нерегистрирана кола и колку пари чинат?

АМСМ: Пробни таблици можат да се издадат за возило во чија сообраќајна од страна на МВР е наведено дека регистарските таблички се одјавени од некое регистрационо подрачје, за ново возило купено од салон или за возило кое е увезено и почната е постапка за регистрација на возилото.

30 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ

Безбедност во сообраќајот

3 ДОБРИ

ПРИЧИНИ

ЗА ПОВЕЌЕ

ЖЕНИ-ВОЗАЧИ

ОД ПРВАТА ЖЕНА-ВОЗАЧ, МИЛИЦА Х. ЃЕОРГИЕВА

ОД БИТОЛА, КОЈА СВОЈАТА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗЕМЈОДЕЛСКА МАШИНА ЈА

ДОБИЛА ВО ДАЛЕЧНАТА 1945 ГОДИНА, ПОМИНАТИ СЕ СКОРО ОСУМ ДЕЦЕНИИ. ДЕНЕС НА ПАТИШТАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА ИМА ПОВЕЌЕ ОД 220.000

ЖЕНИ – ВОЗАЧИ.

1. Возење во пијана состојба. Веројатноста да возат во пијана состојба е за 4 пати поголема кај мажите на возраст од 24-35 години отколку кај жените. За разлика од мажите, ретко може да се сретне жена која би ги потценила последиците од возење во пијана состојба.

Десетици

километри дневно секоја од нив поминува со автомобил во градски сообраќај, а дел од нив се чувствуваат самоуверено без размислување да тргнат со автомобил и на патување надвор земјата. И не сите од нив возат мала, градска „количка“. Производителите на автомобили веќе поодамна се свесни дека дури 80% од одлуките за купување на автомобил се под влијание на жените.

Жената се уште има многу за што да се бори, особено во нашето општество, каде различни форми на стереотипи се уште постојат. Со надеж дека ќе помогнеме во отфрлање на некои дискриминаторски форми, кои се однесуваат на тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи, издвојуваме неколку добри причини за повеќе жени-возачи на патиштата:

2. Надминување на дозволената брзина. 30% од мажите и само 9% од жените возачи ја надминуваат максималната дозволена брзина. Ова е од причина што за мажите е покарактеристично да манифестираат ризично однесување во повеќе аспекти од нивниот живот, па и во ситуации кога се зад воланот.

3. Носење безбедносен појас. Жените за 18% повеќе користат безбедносни појаси отколку мажите, и покрај фактот што 25-50% од фаталните последици се кај патници и возачи кои не носеле безбедносни појаси.

И покрај статистиките и бројните студии, да останете безбедни на патиштата, без разлика на полот, е најважно.

Во знак на поголема независност на жените-возачи на патиштата, искористете го попустот од 30% за дами и подарете (си) АМСМ картичка за бесплатна помош на пат во случај на дефект во земјава и странство. • Благица С. Блажевски

31 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
НА
УЛИЦИТЕ

Безбедност во сообраќајот

ПЕШАЧКИ ПРЕМИН, ТРЕПКАЧИ И

ЦРВЕН СЕМАФОР

БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Е НЕШТО ЗА ШТО РЕЧИСИ

СЕКОЈДНЕВНО СЕ ЗБОРУВА, НО РЕТКО НЕКОЈ ЈА ПОЧИТУВА И Й ПОСВЕТУВА ДОВОЛНО ВНИМАНИЕ. НЕМА КОНКРЕТЕН

ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВО НЕСЕРИОЗНО И НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ?

Секој

се нашол во ситуација да стои на пешачки премин и возилата да не застанат, дури и да забрзаат и возачите да притиснат на свирката, и со ваквото однесување да ја покажуват својата сила и моќ. Кога вртат или преминуваат на другата лента од коловозот се случува да не ги вклучуваат трепкачите, битен елемент за нормално одвивање на сообраќајот.

Секојдневно сме сведоци на случки кога не се користат трепкачите, па само може да се нагодува во која насока ќе се движи автомобилот, дали возилото ќе врти лево или десно и со тоа да ги извести другите учесници во сообраќајот. Конструкторите ги направиле тие уреди (трепкачите) за да има ред во сообраќајот. Всушност, со тие уреди конструкторите ја зголемиле безбедноста.

Поради невклучувањето на трепкачите се случиле помалку или повеќе немили сцени. Дали причина за тоа е незнаењето, немарноста или недговорноста? На ова треба да одговорат токму тие што седнуваат во возилото и возат. Дали е премногу комплицирано да се вклучи или исклучи трепкачот? Едно мрдање со прстите и трепкачот се вклучува или се исклучен.

Некои возачи велат дека гледаат одзади и ако има возила, го вклучуваат трепкачот, а ако нема не го вклучуваат. Тоа е најчестиот одговор кога ќе ги прашате зошто менуваат правец без да вклучат трепкач. Без

оглед дали има или нема возило зад вас или пред вас, вклучувањето

на трепкачите е задолжително. Тоа треба да биде биде навика и да се доведе до фаза на рефлексна постапка.

Нешто слично се случува и на пешачките премини. Дури и во близина на пешачкиот премин не се намалува брзината. Голем е бројот на возачите

што застанувањето на пешачки премин го сметаат за непотребна рабо-

та. Подобро е пешаците да почекаат затоа што тоа е многу побезбедно отколку да влегуваат во ризик што може многу скапо да ги чини. А треба само возачот да го запре возилото пред пешачкиот премин и потоа да го продолжи патот, без да се однесува непристојно.

Внимавајте кога преминувате кај раскрсниците. Кога се гасне зелениот дел на семафорот, од 100 возила, 98 брзаат да поминат на портокалов и црвен знак. Овие возачи се најголеми предизвикувачи на сообраќајните незгоди. За жал, наместо семафорот и раскрсницата да бидат свето место за учесниците во сообраќајот, тие се претворени во место за трагедии. Живееме во време кога владее целосен хаос во сообраќајот, па затоа добро отворете „четири“ очи. • Жарко Атанасоски

32 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Сè за сегашните модели: факти, мерења и резултати.

ЗОШТО – БЕЗБЕДНО!

Во тестот: СКИЈАЧКИ ШЛЕМОВИ за возрасни и млади – безбедни на патеките.

Alpina Albona, 99,95 Евра - Задоволително

Annon Greta 3, 90,- Евра - Задоволително

Atomic Revent, 89,99 Евра - Задоволително

Black Crevise Kitzbühel, 99,95 Евра - Задоволително

Decathlon Wed’ze H-FS 300, 44,99 Евра - Задоволително

Head Compact Skihelm, 90, Евра - Задоволително

Salomon Husk JR, 80, Евра - Задоволително

Scott Track Helm, 99,95 Евра - Добро

Sweet Protection Blaster II Helmet, 99,95 Евра - Добро

Uvex Legend 2.0, 99,95 Евра - Задоволително

ДОБАР

шлем НИКОГАШ не бил поважен отколку во оваа моментална ситуација односно скијачка сезона: На почетокот на сезоната недостигаше снег, а потоа со снегот дојдоа и гужвите на падините – при што

ризикот од повреди е поголем од било кога.

Ако сè уште немате набавено скијачки шлем, треба да го погледнете податоците од тековните тестови за скијачки шлемови. Десет скијачки шлемови наменети за возрасни и млади, чија што цена е под 100 евра, беа тестирани на полето на безбедност, ракување, удобност и штетни материи. Забележително е следново: Скијачките шлемови не можат да добијат поени на основа на нивната боја, туку само врз основа на нивните добри резултати. Ниту еден скијачки шлем, не ја доби „најлошата“ оцена (незадоволително) и најчесто дадена оценка е задоволителна.

,, Сите модели обезбедуваат задоволителна заштита од удар со шлемот, два од нив беа убедливи во целиот пакет на тестирање и добија повеќе поени по категории, додека, пак, другите ја добија оцената задоволително,, , објаснува техничарот на ÖAMTC Стефан Кербл.

Победник на тестот со добиена најдобра оцена е моделот на Scott Track Helm (08), кој „е доста убедлив кога станува збор за заштита од студ, бучавата од околината, заштита од ветар и, исто така, нуди втора најдобра заштита од несреќи на терен“, вели Кербл. Проследен со Sweet Protection (09), ,, кој, пак, има свои предности во удобноста и ракувањето и има резултати во однос на заштитата во ситуации кога доаѓа до стружење. Мала и не толку добра страна овде е тоa што пластичното прилагодување на ременот за брадата се скрши, со што се спречи постигнување на уште подобар вкупен резултат“ .

Според Кербл, неправилното закопчување може да го предизвика ова кршење и да ја ограничи идеалната употреба на шлемот. Сето тоа „Не е релевантно за безбедноста“. Оттука следува и советот: внимателно проверете ја лентата за закопчување кога купувате скијачки шлем. Притоа, Head Compact (06) скијачкиот шлем се издвојува од осумте шлемови оценети како задоволителни во однос на безбедноста. Шлемот има најдобар резултат во заштитата од несреќи, но неговите резултати слабеат кога станува збор за ракувањето со него.

СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ - од техничарот на ÖAMTC: Првин пробајте го! „Секоја глава има своја индивидуална форма. Ракувањето со шлемот, исто така, мора да биде удобно. На овој начин, може да се проверат опциите за вклопување и прилагодување на шлемот и да се избегне лошиот избор и купување. Ако веќе имате купено ски-очила, кога купувате скијачки шлем треба да ги понесете со себе, вели Кербл“, за да тестирате дали шлемот и очилата се компатибилни.

Последната препорака на експертот: „Дури и најлошиот шлем на тестот може да спаси животи во итен случај. Затоа, секогаш кога скијате, скијајте со правилно поставен и правилно наместен скијачки шлем!,,

Преземено од ÖAMTC

33 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
АВТО + ТЕСТ

НЕОСПОРЕН ФАКТ Е ДЕКА ТЕНДЕНЦИИТЕ ВО МОДАТА ЧЕСТО СЕ ГРАНИЧАТ СО НЕВКУС, Т.Е. КИЧ, НО ИМА РАБОТИ КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОТФРЛАТ ЗАСЕКОГАШ, ПА ОДНОВО СЕ ВРАЌААТ И ТОА НА ГОЛЕМА ВРАТА, КАКО БРОШОТ НА ПРИМЕР. И ПРОЛЕТВА И НАЛЕТО ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМ ХИТ, НАКИТ БЕЗ КОЈ НЕМА ДА СЕ МОЖЕ.

Неговото

актуализирање всушност започна во текот на зимата, како неизбежен детаљ одозгора, на капутот, шалот, капата чија големина воопшто не е занемарлива - напротив, во мода се кабасти, крупни. Трендот продолжува и оваа пролет, но и претстојното лето, ако се има предвид накитот кој го препорачуваат светски познатите модни куќи, нивните и самостојните дизајнери, вклучително и стилистите. Брошот е апсолутен победник чиј триумфализам кога е модата во прашање за тековната и сезоните што следуваат не е ни малку спорен. Занимлив е фактот дека накитот кој е наменет за жените, но го носат и мажите во одредени пригоди - модернистите пред сè, помодарите, отсекогаш се соочувал со неправедно занемарување, запоставување во тенденциите на модата и покрај тоа што важи за класика, но не и кога се работи за поединците кои држат до себе, внимаваат на својот изглед, како на пример жените членови на кралските семејства, политичарките и другите, сите оние што на стилот гледаат со инакви очи, поаѓајќи од свеста за пораката која ја испраќа во поширока смисла. Нема сомневање дека од памтивека успевал да им одолее на предизвиците во врска со модните трендови, кога почнал за првпат и да се носи - во бронзената доба.

МИНАТОТО СЕКОГАШ Е ИНСПИРАТИВНО, А ПОСЕБНО АНТИКАТА На почетокот го нарекувале фибула - името наводно било староевропско, врзано за археологијата, кое се употребувало до средниот век, од времето на бронзата кога е всушност и направен, т.е. измислен. Легурата на бакарот, железото и цинкот се покажала како најсоодветна за нејзината изработка поради свитливоста, но и адекватната тежина, можноста да се комбинира со останатите материјали што биле на дофат. Келтите на пример за украсување го користеле емајлот (црвен пред сè), коралот и секако, додатоците од него. Се разбира дека намената била двојна - практична, со цел да се спојат одвоените делови од гардеробата, обично во пределот на градите и разубавување, дотерување. Британија е првата земја каде што фибулата служела и за накитување, не само на жените туку и на мажите. Најчесто се леела во едно парче, имала вообичаена форма - полукружна, плочеста и во облик на машна. До ренесансата, епохата на преродбата во Европа, изработката на фибулата не се разликувала многу и во периодот на миграциите и кога се Англосаксонците во прашање и Скандинавците, па и кога се работи за естетиката, била горедолу иста - се одликувала со студенило. Топлината во обете е присутна од 14 век, иако се навестила

34 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
Мода
БРОШОТ ПАК Е ВО МОДА, СЕ ВРАТИ
НА ГОЛЕМА ВРАТА

уште во доцниот среден век, благодарејќи на златото, жолтата боја и полудрагите, скапоцените камења во бојата на крвта, неретко во комбинација на плавата. Оттогаш се и тридимензионалните брошови чија уметничка вредност е исклучителна, посебно ценета. И ден-денес важат за антика, од кои се инспирираат и сегашните, дизајнерите на модерното време.

Современоста започнува со преродбата, како што инаку се вика ренесансата. Во однос на брошовите, за потребите на аристократите, благородниците за кои се врзувал раскошот, луксузот, нивното елаборирање го опфаќало и облагородувањето со аметисти, бисери, дијаманти, рубини, смарагди, топази не само поради живите бои туку и заради нивната заштитничка моќ, наводно - од уроци. Верските, односно религиските мотиви преовладувале, но подоцна, кога Англија ја владееле четирите кралеви со исто име - Џорџ, фигурите се менувале, надвладувале животинските, портретите и слично. Неокласицизмот ги донел фигурите, шарите инспирирани од Грција и Римската Империја. Секое време оставило трага на изработката, естетиката во брошевите, меѓу нив и викторијанското, едвардијанското.

Во меѓувреме е забележливо и влијанието на уметничкото движење арт нуво, чија впечатливост е сеприсутна (брошовите елаборирани во Америка, Белгија, Германија, Франција се вистински ремек-дела), потоа и на стилот познат како арт деко.

ГОДИНАВА КРУПНИТЕ БРОШЕВИ БЛЕСТАТ ВО СИОТ СЈАЈ Враќањето на истите, преку вдахновението, па и новините во изработката (најмногу се цени рачната, што е разбирливо), вклучувајќи го и севкупниот концепт, заедно со материјалите кои се употребуваат, ги карактеризираат брошовите на модните куќи, нивните и самостојните дизајнери, веќе најавени за пролетва и летото што ни претстои. Разноликоста е во повеќе конотации. Освен што се прават од дрво, кожа, метал (можат да бидат и филигрански - од метални жици), срма..., украсени со полудраги, скапоцени камења, кристали, мониста, пердуви..., често се поставува и прашањето за нивната големина која, пак, во најголема мера е врзана и за вкусот. Како правило, без оглед на тоа што не е строго определено, помалите се покласични, постарински, потрадиционални, додека поголемите се помодерни, потрендовски, а годинава блестат во сиот сјај. Нема дилема, во текот на оваа зима, која си оди полека, се носат одозгора, на капутите, шаловите, капите, но со затоплувањето на времето се дислоцираат на блузите, кошулите, кусите палта... Мотивот соодветствува на годишното време, сè што асоцира на

него - цветови, школки, морски раци, коњчиња, бродови... Стилизирањето кога е брошот во прашање, во комбинирањето со облеката е особено важно. Факт е дека овој накит сигурно ќе го облагороди секое, па и најдосадното парче, претворајќи го во омилено. Стилистите се согласни дека брошот не е резервиран само за возрасните жени, туку и младите треба да го носат, а најновите модели сведочат за тоа. Се закачува и на марама при што може да се носи како ѓердан и на чанта, па дури и на обувки. Еднобојното сако и брошот во боја со која ќе му контрира на палтото, заедно се полн погодок. Истото важи секако и за монохроматскиот фустан, особено ако е црн - за некоја свеченост. Доколку имате два идентични, можете да ги ставите и на чевлите, нема да погрешите. Ни ако со нив, може и само еден, ја украсите косата.

Мажите, исто така, не се заобиколени во врска со брошовите, нивната понуда, избор. Поинакви се, повеќе личат на игли со мали украси, од крстови до царски круни со синџирчиња и претставуваат своевидно надополнување на елеганцијата или нејзино истакнување. • Игор Ландсберг

35 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

Тоскана

ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ РЕГИИ ВО ИТАЛИЈА, ТОСКАНА СО ДЕЦЕНИИ Е МЕЃУ ПРЕПОРАКИТЕ НА ТУРОПЕРАТОРИТЕ ЗА НЕЈЗИНА ПОСЕТА, КОГАШ-ТОГАШ. А ПРИЧИНИТЕ СЕ МНОГУ, ТАА Е ЛУЛКАТА НА ПРЕРОДБАТА, ПОВТОРНИОТ ПРОЦУТ, КАДЕ ШТО УМЕТНОСТА ЈА ИМА ВО ИЗОБИЛСТВО, БУКВАЛНО НА СЕКОЕ МЕСТО, ПОВРЗАНА СО ХЕДОНИЗМОТ КАКО НАЧИН, СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ, ВО КОЈ ВИНОТО МУ Е СВОЕВИДЕН БЕЛЕГ. И УШТЕ ПОВЕЌЕ.

Нема сомневање дека Тоскана секогаш е преубава, во кое било годишно време, но и тур-операторите и Тосканците за нејзина посета ќе ви ги препорачаат месеците што ни претстојат, без оглед на шпицот - особено во шестиот, кога се парадите, фестивалите по повод 2 Јуни - Денот на Републиката. Но тогаш италијанската регија е и најскапа. Сепак, уживањето нема цена, како што се вели. А може и да има, но неколкудневниот престој во Тоскана вреди многу повеќе, заради незаборавните спомени, сеќавањата на неа...

НАЈГОЛЕМО „СКЛАДИШТЕ“ ЗА УМЕТНОСТА Регионот на чија вкупна површина од 22.985 квадратни километри живеат нешто повеќе од 3,7 милиони луѓе, поделена на 10 провинции, важи како најголемо „складиште“ за уметноста - вајарството, сликарството, фрескоживописот..., уште од времето на Етрурците, Римјаните и секако, ренесансата која неминовно се поврзува со преродбата кога е културата во прашање, општеството и нејзиното влијание на средновековна Европа. Микеланџело, Да Винчи, Ботичели се само некои од мајсторите што придонесле за повторниот процут, каде што е неговата колепка - во Фиренца, главниот град на Тоскана. Визионерството на врвните уметници чии ремек-дела ги разубавуваат и црквите и музеите од светски размери е неприкосновено, целосно зачувано и заштитено. Доволен е само еден поглед за морници да ве залазат по телата.

Впечатокот е дека уметноста во овој италијански регион е нераскинливо врзана за хедонизмот, својствен не само за Тосканците туку и за Италијанците воопшто, според кој сетилното уживање е

36 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
КОЛЕПКАТА НА
РЕНЕСАНСАТА, ПРЕПЛЕТЕНА СО ХЕДОНИЗМОТ

најголемото добро, идеалот на човекот и целта на неговото постоење. Неговите приврзаници, следбеници го делат мислењето дека Тоскана е лулката и на „слаткиот живот“ (итал. долче вита).

кои сведочат и археолошките локалитети. Буквално секоја ѕидина, остатоците од неа - без разлика дали се работи за дворец, палата, седиште на бискуп (катедрала), т.е. главна црква, е сведоштво за културата на народот, и материјалната и духовната, неговата вера, религија. Градовите можат да се обиколат и со веспа, земајќи ја под наем, во организација на тур-операторите.

ВОЛШЕБЕН КРАЈОЛИК КАКО ОД ФАНТАЗИЈА Сликите на тосканските градови, села, куќи од камен, лозови насади, винарници се потврда за него и желбата да се отпатува, макар и на кратко време - да се посетат рестораните, да се вкусат деликатесните јадења и надалеку прочуените вина, да се прошета низ планинскиот крај, пеш по патеките, а може и на велосипед (има многу велосипедски тури, организирани), да се ужива во погледот на морето од летниковците..., сето тоа надополнето со приказните за Данте Алигиери, Галилео Галилеј, Џакомо Пучини. Секако дека вниманието го предизвикуваат и преданијата не само за Римјаните туку и за нивните претходници - Етрурците, па дури и за жителите на палеолитот (најраниот период од камената доба) за

Крајоликот е волшебен, за момент се чини дека е проникнат со фантазија, како и фотографиите на изгрејсонцето, залезот. Нема сомневање дека оттаму произлегува и возвишениот однос кон него - романтиката, нивната неразделност. Гастрономијата, кулинарството се наоѓа на исто рамниште со винарството, заедно се ненадминливи, во комбинација на селскиот, битовиот амбиент. Од селата, местата кои задолжително треба да се посетат се издвојуваат Волтера, Кортона, Монталчино, Монтериџони, Монтепулчано, Питилјано, Пјенца, Сан Квирико Дорча, Сан Џимињано каде што локалните готвачи ќе ви подготват или „бистека ала фјорентина“ или „кростини тоскани“ или „панцанела“ или „пекорино тоскана“ или „потато тортели“ или „талјателе ал тартуфо“ или „торта ди чечи“ или „фаџоли кон салсича“..., со чаша-две вино, кјанти на пример. Истите јадења можете да ги порачате и во градските кафеани, меѓу другото. Менијата се богати, а прехранбените продукти секогаш свежи - газдите, сопствениците на локалите практикуваат да ги набавуваат од месното население, околните села каде што се произведуваат, одгледуваат бидејќи тосканската кујна се темели исклучиво на нејзиното поднебје. Свинското месо, лебот и доматите секогаш се присутни на трпезите.

СЕКОЈ ГРАД СО СВОЈА ПРИКАЗНА Неколкуте градови во оваа регија на Италија, од кои зрачи убавина што ги прави толку атрактивни за посета, престојот во нив, се присутни во сите бедекери (туристички водичи) на Тоскана, само прашање на време е дали ќе ги видите повеќето, чиј избор зависи и од операторите, доколку патувате организирано. Во спротивно, имате неколку алтернативи. Секако дека Фиренца е прва на листата. Впрочем, таа е родното место на ренесансата, но и на Данте Алигиери, Џовани Бокачо (гр. Черталдо), Филипо Брунелески, Микеланџело во периодот на средновековјето.

37 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
Арецо Фиренца - Галерија Уфици Фиренца (Стариот мост)

Денес градот плени со културните, историските знаменитости, случувањата поврзани со нив: фирентинската катедрала - главната црква Санта Марија дел Фјоре во готски стил, базиликата Санта Марија Новела, крстилницата - баптистичката Сан Џовани, Стариот мост (Понте Векјо), Градското собрание (Палацо Векјо, едно од најимпресивните во светот поради масивноста, во романски стил), уметничката галерија Уфици чија збирка едноставно воодушевува, плоштадот Микеланџело, господарскиот (Пјаца дела Сињорија). Подолго време, неколку столетија, Прато важел за влијателен град, истовремено и како еден од најголемите производители на текстил во Италија. Денес е туристичка дестинација која навистина

има што да понуди. Освен катедралата и дворецот, интересен за туристите секако е и Музејот на текстилот и Музејот на современата уметност и базиликата Санта Марија деле Карчери.

За љубителите на необичните доживувања, авантурите, во градот е направена одлична мрежа од велосипедски патеки кои минат низ прекрасниот крајолик.

И привлечноста на Пиза е несомнена, распослана на морското источно крајбрежје. Во светот е позната по Кривата кула во склопот на катедралата, каде што има и крстилница. Освен музеите кои секако дека треба да се видат, препораките се однесуваат и на прошетките по кејот на реката Арно, низ ботаничките градини. Таму е роден и Галилео Галилеј.

Многумина го заобиколуваат за време на посетата, престојот во Тоскана. И покрај тоа што е мал, градот Лука е значаен во овој регион уште од епохата што ги опфаќа средните векови, како и ренесансата. Се наоѓа во непосредна близина на Пиза и воодушевува со својата архитектура. Една од знаменитости по која е познат се ѕидините што служеле за утврдување на градот, но достојна за посета е и катедралата која се истакнува со нејзината велелепност, заедно со црковното ѕвоно и саат-кулата и Гвиниџи (висока 45 м, на чиј врв растат дабови). Лука е родниот град на Џакомо Пучини. Во брдовитиот предел на реката Арно се наоѓа и градот Арецо, чиј горен дел е средновековен - типичен, а долниот се одликува со модерност, каде што е индустријата, трговијата. Секако, попривлечен за туристите е стариот, благодарејќи на неколкуте цркви: катедралата во готски стил, романската Санта Марија дела Пјеве, базиликата Сан Франческо, потоа куќата во која се родил Петрарка, истоимениот театар. Оттаму е и Гвидо Дарецо и Пјетро Аретино. Ако ве заинтригира, пакувајте ги полека куферите, но направете малку место за спомените - од Тоскана се незаборавни.

• Игор Ландсберг

38 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
Прато Лука Тоскана Тоскана Тоскана
39 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 www.amsm.mk ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ! СПОДЕЛЕТЕ ГИ ЧЛЕНСКИТЕ УСЛУГИ СО НАЈБЛИСКИТЕ. СЕМЕЈНO
ЧЛЕНСТВО

Подготовка:

Азиско пилешко е едноставен рецепт кој секој може лесно да го приготви.

Го пржите пилешкото инер филе на кокосово масло. Потоа го вадите од тавата и го оставате настрана. Додека „чека“ пилешкото во истата тава додавате уште малку кокосово масло и ставате да се пржи пиперка, морков и кромид исечени на тенки лентички (julienne), потоа додавате ситно исечкано чешне лук.

СÈ заедно се динстува додека не омекне (доколку треба додавате малку вода за да го помогне процесот на динстување). Потоа, го додавате пилешкото заедно со 40гр сечкани кикирики, сÈ заедно промешувате и

додавате околу 50гр слатко лут сос. Промешувате и сервирате. Декорацијата е по ваша желба, јас направив потпечена половина од лимон и додадов дехидрирани резанки од чили пиперка.

Уживајте.

40 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА
АЗИСКО
ПИЛЕШКО

Според критиката, оваа книга ќе го промени начинот на кој го гледате вашиот живот. Дали некогаш сте се прашале „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“.

Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“. Кога ги преиспитуваме нашите

емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе - и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време

е да почнеме да си поставуваме поинакво прашање.

Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна

и длабока промена, прашувајќи „Што е со тебе?“ или „Што ти се случило?“.

Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја ранливоста што доаѓа поради соочувањето со траумите од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за подобро да ги разберат и надминат ефектите од нашето минато.

Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап

кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина - отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин. •

гледаj, слушаj...

„YOUR MOTHER SHOULD KNOW“ BRAD MEHLDAU PLAYS THE BEATLES

џез-пијанист, композитор и аранжер - педесет и двогодишниот Brad Mehldau на 10-ти минатиот месец, за љубителите на џезот и музиката на „Битлси“ го издаде соло-албумот во живо, инспириран од големите хитови на англиската рок-група која беше алфа и омега на музичката сцена од 1960-та до 1970-та. Единаесетте нумери на „Your Mother Should Know“, меѓу нив и девет од Џон Ленон и Пол Макартни, една од Џорџ Харисон и една од Дејвид Боуви - на крајот, чија поврзаност не е нималку случајна, повеќе од емотивна е, како што вели џезистот кој често ја изведува музиката на „Битлси“ во таков аранжман - џез, сигурно ќе го привлечат и вашето внимание, пред сè поради самата преработка и секако, изведбата која е оценета како врвна од страна на музичките критичари. Се разбира, и покрај тоа што ги има преработено буквално сите нејзини, па и другите песни на членовите од групата, на албумот се присутни: „I Am the Walrus“, „Your Mother Should Know“, „I Saw Her Standing There“, „For No One“, „Baby’s in Black“, „She Said She Said“, „Here, There and Everywhere“, „If I Needed Someone“, „Maxwell’s Silver Hammer“, „Golden Slumbers“, завршувајќи со „Life on Mars?“ на англискиот кантавтор, која беше своевидна пародија на „My Way“ од Френк Синатра - песната е од 1971-ва. Инаку, соло-албумот се снимаше во Париската филхармонија во септември 2020-та. Brad Mehldau на промоцијата изјави дека универзалноста на „Битлсите“ воопшто не е спорна - напротив, преминувајќи ја и културната и границата на генерацискиот јаз. Секако дека големиот број на млади слушатели го докажуваат тоа. •

Американскиот

Австралискиот

филм е биографски, се работи за авантуристичка драма која веќе се емитува во киносалите ширум светот, почнувајќи од 3 февруари, а достапен е и на интернет. Ја режираше Sarah Spillane

која, исто така, е и сценаристка заедно со Cathy Randall и Rebecca Banner, базирана на вистинит настан кога шеснаесетгодишната Австралијка Џесика Вотсон пред повеќе од десет години ја обиколила Земјината топка

по морски пат, за 210 дена - со едрилица. Се разбира, со друг пловен објект, на извесно растојание од неа, ја следеше екипата во чиј состав беше и нејзиното семејство: родителите, братот, двете сестри и секако, тренерот. Патувањето беше исполнето со многу авантури, перипетии кои и денес й се инспирација за пишување книги. Досега има објавено две и покрај тоа што пати од дислексија. Во текот на „одисејата“, цело време комуницираше со членовите на екипата со помош на телефон, но и без оглед на тоа, се соочуваше со сериозни тешкотии: депресија, осаменост..., а „Розовата леди“ (едрилицата) неколку пати им одолеа на силните бури (еднаш пропадна 4,5 метри под површината на водата, кога се активира и светилникот за нејзино лоцирање - семејството стравуваше дека Џесика се удавила), само благодарејќи на разумните решенија кои брзо ги донесуваше младата едриличарка што се здоби и со орден на Австралија, па дури и со титулата - млада Австралијанка на годината (2011-та). Појдовната точка беше Сиднеј, а таму и заврши обиколката низ светот. •

Жанр: авантуристичка драма, биографија

Актери: Teagan Croft, Clifford Vivian Devon Curtis Anna, Hélène Paquin

Режија: Sarah Spillane

41 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk „ШТО ТИ СЕ СЛУЧИЛО“ ОПРА ВИНФРИ И БРУС Д. ПЕРИ
„TRUE SPIRIT“
(ВИСТИНСКИ ДУХ)
читаj,

Висока

технологија - LAUNCH EDITION APTERA

КОМПАНИЈАТА АПТЕРА СЕ ФАЛИ СО СВОЕТО ВОЗИЛО

НА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА, ВЕЛИ МОЖЕ ДА ИЗМИНЕ

1.600 КМ СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА. ПРЕД 100 ГОД. ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ЕЛЕКТРОМОБИЛИ БЕЈЛИ ЗАЕДНО СО ТОМАС А. ЕДИСОН ПОДГОТВИЛЕ ДВЕ ЕЛЕКТРИЧНИ

ВОЗИЛА ЗА РЕЛИ СО РУТА ДОЛГА 1.600 КМ. И ДВАТА АВТОМОБИЛИ СТАСАЛЕ НА ЦЕЛТА. СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ

ИЗМИНАЛЕ 1.600 КМ. САМО

ШТО ТОА СЕ СЛУЧИЛО ПРЕД

ТОЧНО 113 ГОДИНИ.

Електромобилите

во ова столетие земаа и сè уште земаат и приредуваат голем замав. Не е сè до тоа што не чадат, туку се пропратени со голема рекламна кампања, такво нешто во светот на рекламирањето досега не е видено. Електромобилите биле чисти, еколошки... да, но не е токму така како што се кажува. Колку еден таков автомобил предизвикува загадување додека се направи, каде ќе се складираат старите истрошени батерии, внатре има тешки метали, што со нив? Можеби спасот е во водородот, само што тој склоп треба да се доусоврши, да се издигне на повисоко и поедноставно ниво. Не дека водородниот погон со горивните ќелии не е добар. Сончевата енергија и фотоволтаиците - што со нив? Треба да се пронајдат и произведат поиздашни фотоволтаици, да бидат поефикасни во прибирањето сончева светлина и нејзино преработување во електрична енергија. На светот сега му се потребни тие сончеви панели со фотоволтаици, но кои произведуваат пет до шест пати повеќе електрична енергија од сегашниве. Тој миг со доусовршувањето на сончевите панели и нивната способност за производство на електрична енергија е клучен. Се прашувате зошто е клучен? Електричната енергија која ја имате во вашите домови некаде се произведува, но не со помош на сонцето, туку хидроцентрали, термоцентрали, нуклеарки итн. Која повеќе, која помалку, си го носат тоа заедничкото, загадувањето. Е да, но автомобил кој има свои фотоволтаици (сончеви панели) и самостојно се снабдува со електрична енергија не загадува или загадувањето е занемарливо мало. Компанијата Аптера, лоцирана во Сан Диего, Калифорнија, неколку години наназад подготвува автомобил на сончева енергија со сопствени

42 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ИЗМИНУВА 1.600 КМ
СО ЕДНО
| HI TECH
ПОЛНЕЊЕ

панели поставени на горната стана од возилото. На крајот од месец јануари компанијата најави сериско производство на автомобилот со име Аптера, а моделот е „лонч едишн“. Сè е подготвено за сериско производство, а компанијата веќе има околу 40.000 нарачки. Автомобилот е правен од лесни материјали. На пример, со 60 kWh батерија возилото тежи 816 кг, додека коефициентот на отпор на воздухот изнесува само 0,13. За возилото да има што помала допирна површина на асфалтот, возилото има три тркала. Четирите тркала придонесуваат за повеќе триење со подлогата отколку три тркала и тоа троши повеќе струја. Затоа „аптера солар кар“ има три тркала. Возилото го задвижуваат три електромотори со силина од 50 kW по еден на секое тркало, но има изведба и со два електромотори, еден на предната оска и еден на задното тркало. Погодувате тое е основниот модел во понудата, а најскапиот што ќе се продава по цена од 45.000 долари, така вели производителот, таа изведба ќе изминува по 1.600 км со едно полнење на батеријата. Возилото е двосед со следниве димензии: 4.496 mm х 2.225 mm х 1.422 mm и растојание меѓу оските од 2.743 mm. Од 0 до 100 км/ч потребни му се пет секунди, а постигнува максимални 163 км/ч. Композитните материјали се дело на производителот Ц.П.Ц Груп, а колку за информација компанијата ги снабдува со истите материјали и големите: Ферари, Ламборџини, Мекларен, Масерати и БМВ. Во речиси идеални услови сончевите панели обезбедуваат електрична енергија за изминување околу 60 км. Така вели производителот и ред

е да му веруваме. Штом е тоа така, тогаш сопствениците ретко кога ќе ја приклучат батеријата да се полни. Батеријата се полни преку сончевите панели преку цел ден, независно дали возилото стои или се движи. Еден час полнење на батеријата на мрежа од 110 волти е еднаква на 21 км, додека еден час полнење на 220 - 240 волтна мрежа тое е еднакво на околу 45 км. Во зависност од батеријата возилото може да измине од 400 км до крајни 1.600 км со 100 kWh батерија. Основната изведба, таа што може да измине 400 км во моментов чини 26.000 долари или 45.000 долари за таа што изминува 1.600 км. Последниве бројки го матат умот, а еве и зошто. Во 1910 година Томас Алва Едисон заедно со компанијата Бејли, производител на електрични автомобили, учествуваат на рели натпревар во кој и двата автомобили од марката Бејли го завршуваат релито. И сега да нагласиме, рутата била долга 1.600 км. Значи пред 113 години два автомобили изминале 1.600 км со едно полнење на батеријата и развивале брзина од околу 40 км/ч.

А што е со „аптера солар кар“? Продажбата треба да започне во втората половина од годината. Најнапред фабриката ќе произведува по 5.000 примероци годишно, а веднаш потоа двојно повеќе. Целта е да се произведуваат по 20.000 примероци годишно и до крајот на 2028 година да бидат вкупно осум фабрики низ целиот свет.

• Жарко Атанасоски

43 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk HI TECH |
Aptera Launch Edition

75 години Порше

НА МАРКАТА ПОРШЕ НЕ Й Е ПОТРЕБНО ПОСЕБНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ, ОД НАЈМАЛИТЕ ДО НАЈВОЗРАСНИТЕ ДОБРО ГО ЗНААТ ОВА ИМЕ. ГОДИНАВА КОМПАНИЈАТА СЛАВИ 75 ГОДИНИ.

По претставувањето на моделот „356“ работите тргнале по нагорна линија и се остварил сонот на Ф. Буци Порше. Отсекогаш го интересирале исклучиво тркачките и спортските автомобили. Татко му сонувал да направи квалитетен и употреблив автомобил наменет за поширок круг купувачи („фолксваген кифер“, 1938), но сон на неговиот син биле тркачките автомобили. Кога Ф. Порше го видел моделот „356“, на синот му рекол: „И јас ќе направев токму ваков автомобил.“ Откако заедно го оствариле својот сон, таткото и синот тргнале во нов поход во кој ги правеле изведбите од моделот „356“ („356 а“, „356 кабриолет“, „356 спајдер“, „550“ итн.). Иако семејството Порше се надевало, сепак, не очекувало таков успех на моделот „356“ и неговите изведби, односно малото купе постигнало одлични продажни резултати и тоа веднаш по претставувањето. Да потсетиме, „порше 356“ е еден од првите извезени германски производи, секако, преку Големата Бара, каде што автомобилите биле и сè уште се многу почитувани и наедно има многу купувачи. Биле направени околу 73.000 примероци, а половината од нив сè уште Фердинанд Порше - основачот на компанијата

Историјата на четири тркала запишала дека на 8 јули 1948 година од работилницата Порше, лоцирана во Гминд (Австрија), излегол првиот автомобил со името Порше, односно „порше 356“. Овој автомобил е дело на Фердинанд Александер Буци Порше и конструкторот Едвин Коменда. Првиот е син на Фердинанд Порше, основачот на компанијата, човекот што во 1898 година го направил првиот автомобил на електричен погон („егер лохнер ц 2 фитон“ или „лохнер п 1“), потоа првиот хибриден електричен и првиот со погон на сите тркала, секое тркало по еден електромотор.

44 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА |
МАРКА ШТО
СЕ ИЗДВОЈУВА
ОД ДРУГИТЕ
Порше 901 купе, 1963
година.

постојат. Моделот „356“ бил направен врз основа од „фолксваген кифер“ (буачката, 1938 година) и „тип 64“ (порше) од 1939 година. Во 1951 година „порше 356“ учествувал на трката 24 часа Леман и победил во класата

до 1,1 литар, а севкупно бил дваесетти. Во тој период почнал да се создава заштитниот знак. Благодарение на еден американски продавач на луксузни автомобили, главно од континентот, бил создаден заштитниот знак на Порше. На негова иницијатива и совет, Ф. Буци Порше почнал да

ниот боксер мотор и неговиот звук и, секако, според „сè назад“ и мотор и погон. Не само што автомобилите на Порше се исклучително спортски, туку носат и една посебност, практичноста. Производителот изјавил дека тоа е луксузен автомобил, кој е наменет за секојдневна употреба, а не само за посебни пригоди. Моделот „911“ станал многу позастапен на асфалтот од сите други спортски автомобили со исклучок на „форд мустанг“. Најомилен дел на Ф. Буци Порше биле трките, а моделот „911“ веднаш покажал „заби“, како и „356“. Од трка во трка станувал сè поконкурентен, а врвните резултати и првите места станале дел од неговото тркачко секојдневје. Неговата популарност нашла место и на филмското платно и честo се појавува во сцените. За да ги зацврсти доминацијата и славата, Порше организирал трки само со „911“, наречени Порше куп. Така се прави во светот на автомобилската индустрија, поточно во тркачките оддели. Во тие трки автомобилите ги покажуваат и најмалите слабости, а конструкторите, заедно со механичарите и возачите, ги откриваат слабостите и потоа ги отстрануваат. На таков начин ги подобруваат особините на туристичките автомобили, односно искуствата од трките ги пренесуваат на сериските автомобили.

МОДЕЛИ НАМЕНЕТИ ЗА ТРКИ

размислува на таа тема. Само името не било доволно туку бил потребен и знак со кој марката би се издвојувала од другите производители. Американскиот продавач на автомобилите на Порше му нагласил на Ф. Б. Порше дека сите други марки имаат заштитен знак, така што и Порше морал што поскоро да го создаде. Размислувањата оделе дотаму што бил организиран и јавен повик за избор на најдобар заштитен знак, а првоизбраниот труд би бил награден со 1.000 марки. Конкурсот не донел ништо ново бидејќи ниеден знак не им оставил впечаток на таткото и синот Порше. Бидејќи производството и главнината од 1950 година биле лоцирани во Штутгард, односно Цуфенхаузен, семејството Порше решило заштитниот знак да биде комбинација од грбот на покраината Виртемберг и грбот на Штутгард, со тоа што на врвот на грбот би имало лента на која би било напишано името Порше. Во средишниот дел на жолта основа би било нацртано вознемирено коњче, многу слично на тоа на Ферари. Уште од дамнешни времиња Штутгард бил познат по одгледувањето коњи, имало многу ергели, па затоа на неговиот грб бил нацртан коњ. Според историските записи, конструкторот Франц Ксавер Рејмспис прв го дизајнирал логото, а потоа било доработено и претставено во 1952 година на автомобилите наменети за САД. Тој бил творец и на логото на Фолксваген во 1936 година.

Следниот модел од Порше бил „550“ (1953 година), кабриолет со тркачки својства, а во 1957 година со исти карактеристики се појавил и моделот „718“. Во 1963 година се појавил „карера гтс“, во фабриката попознат како „904 купе“. Таа година се појавил и моделот „911“, најнапред како „901 концепт“ што првпат бил претставен на Салонот за автомобили во Франкфурт, кој подоцна станал жива легенда во автомобилската индустрија. Како што забележувате, бројките од Порше со „0“ во средината постоеле на почетокот, а потоа ги снемало. Пежо ги заштитил трицифрените броеви со „0“ во средина. Затоа Порше морал да ја изостави „нулата“ и наместо „901“ (концепт), моделот го преименувал во „911“. Финансиската состојба на Порше била сосема солидна благодарение на моделот „356“ и неговите изведби, но со појавувањето на „911“ Порше се устоличил во светот како врвен производител на спортски автомобили. И како што напишавме претходно, моделот „911“ станал легенда не само со својот препознатлив дизајн туку и со брзината, карактеристич-

Покрај сериските автомобили и нивните тркачки изведби, Порше произведувал и посебни модели исклучиво наменети за трки, како што е,

на пример, „917“, со кој победил на трката 24 часа Леман во 1970 и 1971 година. Славата и лавровите венци останале, но продажбата на „911“

почнала да се намалува, а моделот „914“ бил неубедлив. Во Порше работите не оделе како што треба и на чело бил поставен Ернст Фуаман, кој сакал да го конструира наследникот на „911“. Бил главен од 1972 до 1980 година и во тој период направил значајни чекори. Ги лансирал моделите „924“ и „928“ со мотор сместен напред, не боксер, туку реден со четири цилиндри за „924“ и V8 за моделот „928“. Е. Фуаман бил познат и по внесувањето на турбополначот во моторите. Во негово време сите споменати модели имале турбоизведба. За него велат дека го спасил Порше од целосно пропаѓање со моделите „924“ и „928“. „Порше 928“ е носител на титулата Автомобил на годината за 1978 година. Порше опстанал во времето на овој челник, а во 1981 година на негово место дошол Петер Шутц. Тој не им бил многу наклонет на купеата со преден мотор, а во компанијата влегол заедно со моделот „944“ (моторот напред), продолжение на моделот „924“. И покрај симпатиите кон „911“, сепак изработил концепт („тип 989“) со мотор сместен напред и со четири врати. Лимузината многу потсетувала на класиката „911“ само што имала четири врати, четири седишта и подолга каросерија. Потоа дошол Хајнц Браницки, по него Арно Бон, а двајцата биле на чело на Порше по две години. И натаму Порше се наоѓал во тешка финансиска состојба. Во 1993 година за главен на Порше бил назначен инженерот Венделин

45 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ИСТОРИЈА |
Фердинанд Александер Буци Порше - скици од 901 i модел на годината Порше 911 купе, 1964 година.

Видекинг, човек од автомобилскиот свет, донесен во канцеларија од производна хала. Сите биле изненадени од одлуката на првите директори во компанијата. Тој бил сосема непознат за пошироката јавност, но бил дете на Порше, а не некој од фирми што немале никаква допирна точка со автомобилите. На 39 години В. Видекинг станал главен во Порше. Веднаш ги сменил сите одговорни во компанијата. Прво од раководните места ги отстранил економистите и маркетинг менаџерите и ги заменил со стручни машински инженери што ја познавале основата на автомобилите. Потоа избрал неколкумина и со нив отишол во Јапонија за да научат како се прават автомобили со најмалку грешки или без ниеден недостаток. Со молив и тетратка отишле да запишуваат како работат јапонските колеги, но не во фабрики каде што се прават по 1520 илјади автомобили годишно, туку во оние во кои се произведуваат милиони автомобили годишно. Не им било јасно како јапонските производители ги изработувале автомобилите толку прецизно и без никакви грешки. Тоа се финесите што Венделин Видекинг сакал да ги внесе во производството на Порше, како и во севкупната организација на работата. Оттаму се вратил со нови идеи и сите ги внел во секојдневниот живот на компанијата. Неговото назначување за главен веднаш резултирало со забележливи резултати.

Компанијата полека закрепнувала, а производството и продажбата се зголемувале. Буквално сè било сменето во компанијата. Сите внесени новости придонеле за благодатот во фабриката. Венделин Видекинг успеал да го спаси Порше од пропаѓање и од компанија што бележела загуби прераснала во моќен светски играч. За време на финансискиот зенит В. Видекинг посакал да го купи Фолксваген. Сепак, тоа не се случило затоа што бил наклеветен дека прави финансиски малверзации заедно со одговорниот за финансии и книговодство. Овој мрачен период за најспособниот шеф В. Видекинг траел долго, но правдата сепак излегла на виделина. Судот ги отфрлил сите обвиненија против него и тој добил паричен надоместок од над 48 милиони евра. Набљудувајќи ја работата на В. Видекинг, врвните светски економисти и финансиери имале обичај да кажат: „Од салон во пропаѓање, денес Порше е претворен во најсовремена машина за правење пари.“ Во негово време бил лансиран моделот „бокстер“ (1996) што денес, заедно со наследникот „кајман / бокстер“, во вкупната продажба учествува со дури 40 отсто и наедно претставува најдобро продаван модел што носи најмногу пари. Во негово време бил лансиран и „каен“ (2002), првиот „сув“ од Порше, но и „панамера“ (2009), првата лимузина. Така завршува приказната за најуспешниот директор во историјата на Порше. По него имало тројца шефови, но ниеден од нив

не бил ни блиску до Видекинг.

Во светот на автомобилскиот спорт Порше е еден од оние на врвот, има најмногу победи како производител на легендарната трка 24 часа Леман, дури 19, а седум од нив се едноподруго, од 1981 до 1987 година. И на

релито Париз - Дакар, денес само Дакар, Порше има две победи, во 1984 година со моделот „953“ и со „959“ во 1986 година, од кои втората е 1 - 2. Денес Порше е насочен кон електричните модели и затоа забрзано се подготвува за електрификацијата што кај него била започната уште од 1898 година кога Фердинанд Порше го конструирал возилото „егер

лохнер ц 2 фитон“ погонувано од електромотор со силина од скоро 5,0 КС и максимална брзина од околу 30-35 км/ч. Тоа се случило пред точно 125 години, а денес негов наследник е моделот „тајкан“. Тоа се 75 години од првиот автомобил со името Порше и 125 години од појавувањето на првиот автомобил (електромобил) на Фердинанд Порше.

Денес Порше е под групацијата Фолксваген заедно со Ауди, Сеат, Купра, Шкода, Ламборџини, Бентли и Дукати, но сите се во сопственост на фирмата Порше Холдинг.

• Жарко Атанасоски

46 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
365 Спидстер и Тајкан Порше Каен Порше 911 на 24ч. Леман 2022
ЧЛЕНСТВО

Светско првенство Формула Е

ЈУЖЕН ВЕТЕР

ОТКАКО ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА ПОКАЖА ДЕКА

ВОЗАЧИТЕ НА ПОРШЕ И АНДРЕТИ (КОИ КОРИСТАТ

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОРШЕ)

СЕ НАМЕТНАА КАКО

ГЛАВНИ ФАВОРИТИ, ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ

ТРКИ ВО ИНДИЈА

И ЈУЖНА АФРИКА

ДОНЕСОА СЕНЗАЦИИ

ОД ПОРАНЕШНИТЕ

ШАМПИОНИ ЖАН ЕРИК

ВЕРЊЕ И АНТОНИО

ФЕЛИКС ДА КОСТА.

волја на вистината, на трката во Индија доминантни перформанси покажа Ник Касиди, чиј што тим користи машинерија од Јагуар, додека возачите на фабричкиот тим на оваа марка не успеаја да го постигнат истото. Сепак, победата на Верње со стариот покровител „ДС автомобили“, но со нов тим (Пенске), остави простор за големи очекувања. Французинот почувствува дека треба да ги „приземји“ таквите очекувања, па еднаш по самата трка, а потоа и во пресрет на Јужна Африка, укажуваше дека се далеку од посакуваното ниво.

- Мора да бидеме повнимателни, бидејќи сè уште не сме стигнале до целта. Ја видовме трката: ние победивме, но не бевме најбрзи,- рече Верње, кој претходно славеше за последен пат во Рим 2021 година. - Ова е добро за моралот на секој во тимот, бидејќи во првите три трки освоивме премалку поени, а вложивме многу труд. Сепак, имаме уште многу нешта за подобрување, да ги сфатиме нештата, како би можеле да постигнеме уште вакви резултати. Секако дека имаме подобрување во однос на првите две трки, тоа се гледа, но не смееме да помислиме дека сме готови,

48 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
За

мораме да продолжиме да притискаме,- гласеше првиот коментар на Французинот, кој алудираше на тоа дека двајцата возачи на Јагуар се судрија меѓусебно, а Порше го уништи возилото на Верлен по инцидентот

во тренинзите.

Касиди на крајот од трката имаше повеќе енергија, но не успеа да го престигне Верње, кој прикажа одлични одбранбени способности. На стартот

од викендот во Јужна Африка, Французинот посочи дека ниту имале перформанси, ниту брзина потребна за победа во трка.

- Тоа беше тешка победа и сè уште мислам дека ја немавме вистинската

брзина за победа. Имаме направено чекор напред, како од првите две трки до Индија, така и од Индија досега. Но, за да дојдеме тука и да кажеме дека сме во ситуација да одиме на победа, сметам дека е комплетно

нереално,- повтори Верње.

Но, како што одминуваше викендот, стануваше јасно дека ДС Пенске не треба да се исклучат од калкулациите, бидејќи Верње повторно се наметна, иако негов клупски колега е минатогодишниот шампион, белгискиот

возач Стофел Вандорн.

Во квалификациите, Саша Фенестраз од Нисан и Максимилијан Гунтер

од Масерати го украдоа шоуто, елиминирајќи ги Ник Касиди (Енвизион) и Рене Раст (Мекларен). Квалификациите донесоа уште еден куриозитет, кој што се однесува на најголемата просечна брзина со која што е извозен кругот кој му ја донесе пол позицијата на Саша Фенестраз од Нисан, а изнесуваше 154.987 километри на час. Јасно е дека ова во голема мера се должи и на новата „генерација 3“ болиди кои се користат од оваа сезона. Трката беше сосема поинаква, бидејќи Порше го искористи вториот „џокер“. Антонио Феликс да Коста им се врати на победите триумфирајќи на петтата трка од светското првенство на Формула Е, со која ова натпреварување ја прошири организацијата со настан во Јужна Африка. Португалецот по зимскиот трансфер во екипата на Порше стигна до првата победа со новиот тим и тоа откако во трката на два пати го престигна Верње, кој до лани беше негов тимски колега. Ова е продолжение на добрите пласмани за Антонио Феликс да Коста откако на претходната трка, што се возеше во Хидерабад, Индија, го освои третото место зад Верне и Касиди.

Да Коста стартуваше од единаесеттото место и со континуиран напредок во првите 20 круга успеа да стигне до третото место. Кога имаше развиени жолти знамиња во дваесет и првиот круг, првата четворка беше „набиена“ во интервал помал од 2 секунди.

Португалецот успеа да се избори за позиција да го нападне Ник Касиди за првото место и со добро изработен престигнувачки маневар од надворешна страна успеа да го преземе водството откако возеше паралелно со лидерот до следниот свиок во кој што излезе напред.

Во следните пет круга гледачите можеа да видат вистинска тркачка драма каде што Да Коста прво почна да создава предност, па направи грешка со што му го препушти првото место на Верње, за на крај да успее повторно да го престигне поранешниот колега кој, исто така, е во подем по освојувањето на победата на претходната трка во Индија.

49 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

- Првпат по долго време едноставно немам што да кажам! Имав голем притисок, но ја користам можноста да им заблагодарам на оние кои „заглавија“ со мене и ми помогнаа да стигнам тука. Ова беше вистинско патешествие, чувството е убаво. Знаев дека ова ќе биде стратешки дуел, имав вакви трки и порано, каде што го предавав водството во трката на други и планирав потези кон крајот на трката, затоа што калкулирањето со енергијата има голем удел, а кога возиш зад некого имаш мала предност. Затоа јас сакав да бидам зад Верње во извесен број на кругови, за да можам да стигнам до таа енергетска предност и да ја искористам. Кога оставаш нешто за подоцна, тоа секогаш е ризик, а Верње воопшто не е лесен за да го престигнеш. За момент мислев дека зафркнав во свиокот број девет, но на крајот добро е што се тркав со него на ден како денешниот, - рече победникот. - Навистина сум среќен за Феликс, тој извози фантастична трка, и имаше мошне добар престигнувачки потег. Среќен сум со мојата трка, второто место ми носи нови поени, а тоа е добро во првенството. Овој пат му честитам, затоа што успеа да ја искористи предноста, но се разбира дека сум и малку фрустриран! Беше многу изедначено, но денеска имав некои свои причини. Подобро беше да сум второпласиран отколку да имаме судир, а јас да бидам во средина. Мислам дека на крајот од првенството ќе бидам среќен со оваа трка, - изјави Жан Ерик Верње.

- Ритамот и брзината во трката се сведуваат на тоа колку енергија ти е преостаната. Мора да бидеме среќни со денешниот резултат бидејќи третото место во Формула Е значи дека си имал добар ден. Имавме силно издание и ќе си одам дома со насмевка. Дел од мене ќе жали зошто не победивме во оваа трка, но имавме неколку проблеми со кои што се соочивме, а особено нè погодија развеаните жолти знамиња. Тоа беше среќна околност што ја смени енергијата во трката, но таков е спортот и мора да се помириме со тоа, - објасни од своја страна Ник Касиди.

По пет извозени трки, Верлен е на врвот од генералниот пласман со 80 бода, пред Џејк Денис со 62. Тројката што се наметна во последните две трки ги зазема следните три позиции, при што Верње има 50, Да Коста 46, а Касиди 43 поени. Следната, шеста трка, од светското првенство во Формула Е, ќе се вози во бразилскиот град Сао Паоло што е уште една новост за овој шампионат, како што беше и трката во Јужна Африка. • Александар Таба ковски

50 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ
51 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ www.amsm.mk

Светско првенство во Формула 1

СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ОД ФОРМУЛА 1 ВО БАХРЕИН

ИЗМАМИ РЕАКЦИИ ДЕКА „С È Е ИСТО КАКО ЛАНИ“, НО СУДЕЈЌИ

СПОРЕД РЕАКЦИИТЕ ПО ПРВОТО

ГРАН ПРИ, ВО ОВОГОДИНЕШНАТА

ПРИКАЗНА ЌЕ ИМА НОВИТЕТИ

КАКО ШТО Е ВКЛУЧУВАЊЕТО НА АСТОН МАРТИН ВО БОРБАТА ЗА ПОДИУМОТ.

- Тоа беше многу, многу добра прва делница. Оттука натаму, само ми остана да се грижам за гумите и да не дозволам изненадување во подоцнежниот дел,- рече возачот на Ред Бул кој не беше загрозен од никого во борбата за првото место.

Според аналитичарите, болидот на Ред Бул се покажал супериорен при забрзувањето на излез од бавните и средно бавните свиоци, а воедно возилото на овој тим се покажало како најнежно при чувањето на свежината на пневматиците на оваа патека која што е позната како озлогласено абразивна.

Фернандо

Алонсо покажа дека зелениот болид на Астон Мартин има капацитет за изненадување освојувајќи го првото место на тренинзите, но сепак кога дојдоа квалификациите и трката, распоредот на силите укажа дека Ред Бул и Ферари сè уште се предводници на „чопорот“. Ако во квалификациите постоеше некаква неизвесност, во трката Ред Бул се издвои веднаш по стартот.

Истото го потенцираше и победникот Макс Ферстапен во првата изјава

по трката, посочувајќи дека силната прва фаза од трката му овозможила

да направи значителна разлика.

Ферари го имаше Шарл Леклер веднаш зад водечкото дуо, но тој се откажа поради дефект на моторот. Во секој случај, неговите перформанси укажаа дека Ферари не е доволно брз во трка. Говорејќи веднаш по откажувањето од трката во Бахреин, возачот даде своја проценка на ситуацијата.

- Ние многу работевме преку зимата, но очигледно дека е потребно да продолжиме бидејќи на оваа прва трка се покажаа и првите проблеми со издржливоста. Ние задоцнуваме околу една секунда (по круг – з.а.), поради што не сум сосема самоуверен. Се чини дека Ред Бул имаат пронајдено нешто многу добро за нивната брзина во трката. Во смисла на брзината на квалификациите, тие беа мошне слични со нас, но во трка разликата беше преголема. Поради тоа мораме да продолжиме да истражуваме и, исто така, да ја подобриме издржливоста,- изјави Леклер.

52 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
АСТОН МАРТИН
СО НОВА УЛОГА, ФЕРСТЕПЕН
ЗАПОЧНА
ШАМПИОНСКИ

Ова ја иницираше расправата за тоа дали концептот на болидот е доволно добар, имајќи предвид дека во случајот на Астон Мартин станува збор за нов и различен концепт, што беше потврдено од Фернандо Алонсо. Но, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребна промена во пристапот кон изработката на болидот, тимскиот шеф на Ферари засега одби да го прогласи нивниот концепт како недоволно конкурентен. - Комплетно сум убеден во ова! Досега не сум видел ситуација еден болид да биде на исто ниво со друг во квалификациите, а потоа да заостанува зад него во трката. Тоа значи дека е прашање околу штелувањето и изборот на одредени компоненти на возилото. Значи, не мораме да одиме во насока на тоа дека треба да се менува концептот. Да сумирам, мислам дека ја имаме потребната брзина во квалификациите, или барем ја имавме тука, во Бахреин. Мораме да бидеме реални и да имаме јасна слика на ситуацијата, а во моментот издржливоста не е на нивото што ни е потребно. Доколку сакаме да победуваме во трките, мора да имаме чисто досие и да ги подобриме некои мали детали овде и онде,рече Фредерик Васер, тимски шеф на Ферари.

Наспроти ова, Алонсо „ја опеваше“ посветеноста на тимот на Астон Мартин и неговиот предводник, Лоренс Строл, како екипа што била посветена на барањето начин да се подобри и успеала донекаде во својата мисија. - Постојат неколку подрачја на болидот каде што мораме да се подобриме, но не сакам да зборувам за тоа во јавност. Мислам дека најважно е

тоа што Астон Мартин има ново возило, нов проект и ова е само почеток. Ова не е финалното издание на болидот, туку прва верзија на концептот што беше сменет за време на зимската пауза. Колку што можам да видам, некои од другите тимови ја задржале истата филозофија на концептот од минатата година. Мислам дека Ред Бул и Ферари се меѓу нив, и дека со фино тјунирање на нештата доаѓаат до перфекција на добрата база што ја имаат. Во нашиот случај е поразлично, бидејќи сменивме 95 проценти од болидот. Имаме многу повеќе што да научиме и многу повеќе што да очекуваме од него. Имам комплетна доверба во нашиот тим, очигледно тие знаат што прават. Па да се надеваме дека многу скоро ќе се подобриме,- рече од својата страна поранешниот шампион, Алонсо.

Дека постои „нешто“ што Ред Бул го има, а веројатно Астон Мартин го осознал, зборуваше и четвртопласираниот Карлос Саинц, кој во трката беше престигнат од Алонсо. Освен тоа што рече дека е загрижен по прашање на брзината што ја покажал болидот на Астон Мартин, даде и свое видување за причината во различните перформанси меѓу Ферари и Ред Бул.

- Се надевам дека кога ќе отидеме на други патеки, каде што задните гуми помалку ќе прегреваат, ние ќе бидеме во позиција подобро да се држиме. Јасно е дека болидите на Ред Бул и Астон Мартин имаат нешто поради што нивните пневматици деградираат помалку. Ако погледнете меѓу нас и Мерцедес, нивото на деградација на гумите е исто, додека кај другите два тима, поради некоја причина, тоа не е така. Тоа е нешто што мораме да продолжиме да го истражуваме, анализираме и да видиме што можеме да направиме по тоа прашање,- искрено прокоментира Шпанецот. Иако минатата година тимот Мерцедес се доближи до водечката група и успеа да фати чекор во перформансите, па дури и да прослави победа на Расел во Бразил, стартот на оваа сезона покажа дека не го унапредиле болидот во добра насока. Хамилтон „по куса постапка“ расчисти дека од овој болид не може да се очекува нешто повеќе...

53 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
Карлос Саинц - Бахреин 2023
Верстапен пред Ферари - Бахреин 2023

- Дали сум загрижен? Мислам дека тоа не е вистинскиот збор. Во моментот немам што да кажам и не сакам да кажам премногу. Мора да продолжиме да работиме. Знаеме дека не сме таму каде што сакаме да бидеме и знаеме дека ова не е вистинското возило. Но ,мора да се потрудам да останам позитивен, со главата горе и да продолжам да правам

притисок врз момците, да се обидам да бидам зрак на позитивност за

нив и да ги освојам најдобрите поени што можам. Генерално ситуацијата е иста како и лани, и кога работевме на стратегијата за трката им кажав на инженерите дека гумите нема да издржат толку колку што тие очекуваа. Бев во право и тоа значи дека имаме многу работа, дека мора да најдеме начин да ја зголемиме потисната сила од аеродинамиката бидејќи тоа ни недостига. Штом ќе дојдеме во ситуација да имаме повеќе оптоварување на задниот, но и на предниот дел, ќе станеме побрзи,рече седумкратниот шампион од Мерцедес.

- Тие можеби нема да бидат на пол позиција цело време бидејќи знаеме дека Ферари е мошне конкурентен во квалификациите. Но кога е во прашање брзината во трка, Ред Бул е во мошне силна позиција. Очекувам да победат во секоја трка оваа сезона. Тоа е мојата прогноза. Кога ги гледам нивните перформанси не можам да видам дека ниеден друг е во ситуација да ги предизвика. Дури викендов тие делуваа за нијанса послаби отколку што беа на тестирањата. Но бидејќи никој не им прави притисок, можат да прават што сакаат,- додаде неговиот тимски колега, Џорџ Расел по освојување на седмото место.

Следните трки ќе покажат дали овој распоред на силите е вистинската слика, или можеби има други кои ќе успеат да го „стегнат“ својот пакет. Најголеми разочарувања веројатно се екипите на Алпин Рено и Мекларен, кои исто така, имаа по едно откажување на болидот, при што Ландо Норис од Мекларен заврши последен со два круга задоцнување. За разлика од ова, Ботас со Алфа Ромео беше осми, Гасли со Алпине освои два бода како деветти, а Александар Албон со Вилијамс се најде на десеттото место.

Бидејќи кинескиот возач Жу Гуанју во претпоследниот 56 круг го извози најбрзиот круг во трката, а не беше пласиран меѓу првите десет, не доби бод за овој подвиг, или подобро речено го спречи Гасли да добие бод бидејќи тој го имаше најдобриот резултат до тој момент.

Во Саудиска Арабија станува збор за улична трка покрај крајбрежјето на Џеда и во теорија болидите со поголема крајна брзина, како оној на Ферари, би требало да добијат подобри перформанси. Иако Ред Бул во текот на минатата сезона беше особено добар по прашањето на крајната брзина, се чини дека новото издание на трката во Џеда ќе покаже кој го има приматот по овој параметар.

Подиум Бахреин 2023 - Алонсо, Верстапен и Перез

- Патеката во Саудиска Арабија има сосема поинаква природа од оваа во Бахреин. Мислам дека тука нашиот болид беше особено добар во смисла на малата деградација на пневматиците. Тоа би значело дека во трка на следното гран при во Џеда сите ќе бидеме многу изнедначени,- најави Ферстапен кој поведе во првенството со 25 бода. Трката во Џеда се вози на 19 март, додека потоа следи добро познатата патека „Алберт Парк“ во Австралија на 2 април. • Александар Таба ковски

| СПОРТ

К олумна своерачно АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ГЕНЕРАЦИЈА 2023

ПОСЛЕДНИ ДОБРИ ПРИМЕРИ ЗА МЛАДИ ВОЗАЧИ КОИ ГИ ОПРАВДАЛЕ ОЧЕКУВАЊАТА СЕ СЛУЧАИТЕ СО ШАРЛ ЛЕКЛЕР, ЏОРЏ РАСЕЛ И ЛАНДО НОРИС.

неколку сезони во Формула 1 немаме видено сериозен напредок на возачите кои добиле шанса како дебитанти да бидат дел од најбрзиот циркус на светот, но нивната кариера не се одвивала на посакуваниот начин. Веројатно последни добри примери за млади возачи кои ги оправдале очекувањата се случаите со Шарл Леклер, Џорџ Расел и Ландо Норис. Сите тројца споменати дојдоа од Формула 2 и постепено успеваа да ја оправдаат

довербата и да бидат унапредувани: Леклер преку седиштето

на Алфа Ромео стигна до Ферари, додека Расел преку Вилијамс

дојде до Мерцедес, а Норис се покажа како доволно добар ривал за искусниот Даниел Рикиардо и покрај големата разлика во искуството, па оваа 2023 година стана лидер на тимот и сега тој има дебитант крај себе. Горната анализа дава за право да заклучиме дека од 2018-та година немало други дебитанти што успеале толку добро да се вклопат во светското првенство на Формула 1, а за потсетување продефилираа имиња како Сергеј Сироткин, Александар Албон, Николас Латифи, Мик Шумахер, Никита Мазепин, Јуки Цунода и Жу Гуанју.

Очекувањата за 2023 се големи, пред сè затоа што случајот на Оскар Пјастри ја разбранува јавноста минатото лето, кога тој одби да потпише договор со Алпин и потоа беше промовиран како возач на Мекларен. Подемот на Пјастри е сличен на оној на Леклер и Расел, затоа што во две години стана шампион на Формула 3, а потоа и на Формула 2, но за разлика од нив има уште една титула освоена во 2019 година со Формула Рено. Но тој не е единствениот дебитант што високо котира бидејќи второто седиште во Алфа Таури му беше дадено на Холанѓанецот Ник де Врис. Ник де Врис кон своето име веќе на двапати има додадено шампионски наслов, еднаш во Формула 2, а еднаш во Формула Е со тимот на Мерцедес.

За контраст, негов тимски колега беше белгиецот Стофел Вандордн, кој ги има истите успеси, со единствена разлика што после титулата во Ф2 имаше неколку сезони со апатичниот болид на Мекларен како тимски колега на Алонсо, по што отиде во Формула Е за таму да ја освои шампионската титула во 2022 година.

Де Врис минатата година технички ја доби својата прва шанса кога на италијанското гран при седна во болидот на Вилијамс како замена за Алекс Албон и во првиот настап успеа да освои поени и да биде за цел круг подобар од тимскиот колега Николас Латифи. Најмалку се очекува од Логан Сарџент во Вилијамс, кој минатата година беше четврти во Формула 2, но единствен од таа генерација доби шанса во Ф1. Во негова корист се фактите дека тој е Американец, беше дел од академијата на млади возачи спонзорирани од Вилијамс, како и дека има подиум на ноторно тешката трка во Макао, што се смета за еден од бисерите во пониските категории на формули, а која на пример му недостасува и на еден голем шампион како Луис Хамилтон.

Имајќи предвид дека Хаас оваа сезона го врати во тимот ветеранот Нико Хулкенберг, а минатата година по избивањето на војната во Украина го заменија Мазепин со Кевин Магнусен, може да се теоретизира за прашањето колку се корисни младите возачи за жестоката конкуренција што владее на највисокото ниво во Формула 1. Знаеме дека оваа година Мик Шумахер ќе биде тест возач на Мерцедес, иако можеби примерот на Ник де Врис покажува дека во собирањето искуство преку другите сродни тркачки серии има надеж за возачки развој.

Истовремено, ако знаеме дека на повеќе возачи од Ф1 им се ближи крајот на кариерата, а во тој „кош“ се големи шампиони како Алонсо и Хамилтон, додека други го живеат својот „втор живот“ во елитата како Перез, Магнусен и Хулкенберг, можеме да очекуваме во следните две години да се ослободат некои навистина „жешки седишта“. Во таа ситуација, шанса ќе добијат оние што најмногу ќе покажат во овој период. Со оглед на тоа дека Сироткин, Мазепин и Латифи се надвор од Ф1 (делумно и Мик Шумахер), јасно е дека токму генерацијата од 2023 ќе биде на пол позиција да ги освои тие конкурентни седишта во следните неколку години, а со тоа и да се етаблира меѓу идните „императори“ на овој спорт. •

55 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
Веќе
ВЕРОЈАТНО
СПОРТ |

Промоција - Ристо Вуков

РИКО ОДИ НА СВЕТСКО

СО НОВ ТИМ!

ОФИЦИЈАЛНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПРЕТСЕЗОНСКИ СОБИР НА ПАТЕКАТА ИМОЛА, БЛИЗУ БОЛОЊА. ТАМУ НА 4 И 5 АПРИЛ ВОЗАЧИТЕ ЌЕ ТЕСТИРААТ

СО НОВИТЕ ТИМОВИ, А „OMBRA RACING“ ЌЕ БИДЕ ПРИСУТНА СО ТРОЈЦА

ВОЗАЧИ. ПРВАТА ТРКА ВО НОВАТА

СЕЗОНА Е НА ИСТАТА ПАТЕКА, КОГА

ЌЕ СЕ ВОЗИ ГРАН ПРИ ВИКЕНДОТ ЗА

ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЕМИЛИЈА

РОМАЊА, НА 20 И 21 МАЈ.

Македонскиот

возач Ристо Вуков уште кон крајот на минатата сезона ги најави своите планови за продолжување на кариерата во повисоката категорија на ГТ трки, која е насловена како Порше Суперкуп, и воедно е највисока куп-категорија од првенствата кои се организираат.

Вуков минативе три сезони беше дел од „GDL Racing“, а од оваа година се префрлува во „Ombra Racing“. Со овој потег тој ги отвори вратите за големите надежи, бидејќи токму со овој тим минатата година Џанмарко Кварезмини ја освои шампионската титула во Порше Карера Куп Италија, односно италијанското издание на овие куп-трки, кое беше едно од најбројните со преку 30 возачи. Токму Карезмини сега ќе биде негов ривал и обајцата заедно ќе настапуваат во светската едиција, која се вози како пред-трка на спектаклот наречен гран при викенд на Формула 1. Италијанскиот тим издаде официјално соопштение за соработката, наведувајќи дека Вуков може да биде горд на постигнатото за овие три години и дека неговата кариера ќе кулминира, откако покажал голема посветеност и добар потенцијал. - Му посакуваме „добредојде“ на Ристо со голем ентузијазам. Тој е возач што покажа добар потенцијал во Карера Куп и сигурен сум дека со поддршката и искуството на „Омбра“, ќе биде во можност да се изгради уште повеќе. Веќе имавме шанса да ја почувствуваме величествената страст со која тој е следен во неговата земја, а инволвирањето на една ваква земја во развој од Европа е голем плус за поддршката на овој Суперкуп проект,- вели Давид Мацолени, тимски менаџер на италијанската екипа. Од своја страна Вуков е убеден дека го очекуваат подобри денови, иако оди во друштво на многу докажани победници, бидејќи само од италијанската серија таму ќе има уште неколку возачи кои победувале на трки во ова натпреварување (Симоне Јакинта, Џанмарко Кварезмини, Џорџо Амати), а дополнително потврден е и Хорхе Лоренцо, поранешниот мотоциклистички ас, кому ова ќе му биде втора сезона во Порше Суперкуп.

- Во меѓусезоната имав една тест сесија во која го видов потенцијалот на новиот тим, по што успеав да направам и евалуација на тоа колку подобар автомобил за возење ќе имам подготвен од нивна страна. Потоа, во Македонија успеав да направам промоција на возилото, како за покровителите, така и за навивачите кои дојдоа да го видат, чујат и почувствуваат ова возило кое е едно од најпрестижните во светски рамки. Дополнително, направивме и мало шоу со возење по скопските сообраќајници, но се надевам дека во некоја следна можност ќе имаме и патека каде што ќе можеме да организираме вакви настани. Од моја страна, убеден сум дека ќе имам многу подобри услови од лани, но во исто време сум сигурен дека ако минатата година зборувавме за тоа колку е големa изедначеноста и дека има по десетина возачи во иста секунда, оваа година ќе видиме ситуации кога повеќе возачи ќе бидат во иста десеттинка. Тоа се куп трките, тоа е главната карактеристика на ваквите натпреварувања со идентични автомобили. Од малечок сонував за Формула 1, а сега ќе бидам на само чекор до пилотите од светското првенство и тоа ќе биде уште поголем поттик за мене да го дадам својот максиум,- изјави популарниот „Рико“ за „АМСМ Клуб Мобилити“. Официјалното тестирање за новата сезона ќе започне со претсезонски собир на патеката Имола, близу Болоња. Таму на 4 и 5 април возачите ќе тестираат со новите тимови, а „Ombra Racing“ ќе биде присутна со тројца возачи. Првата трка во новата сезона е на истата патека, кога ќе се вози гран при викендот за Големата награда на Емилија Ромања, на 20 и 21 мај.

- За разлика од Карера Куп, каде што се возеа две трки, а во втората стартните позиции зависеа од пласманот на првата, сега ќе имаме само една трка. Пласманот од квалификациите ќе биде единствениот валиден за креирање на стартната листа и мислам дека на тој начин ќе нема калкулации и ќе можам смирено да се сконцентрирам на својата работа. Посакувам да имам достоинствен настап и со гордост да го развеам македонското знаме во првата можност, - заврши Вуков.

Во 2023 година календарот ќе брои 8 трки, од кои само Имола и Монца се познати за Вуков, додека другите шест, вклучувајќи ја и трката низ улиците на Монте Карло, ќе бидат предизвик што македонскиот возач

ќе треба да го совлада.

• Александар Таба ковски

56 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

ЗНАЧАЈНА

ПОБЕДА ЗА ВРАЌАЊЕ

ВО ИГРА

ТРИУМФОТ НА ТАНАК НА РЕЛИТО ВО ШВЕДСКА ГО ИЗВАДИ ТИМОТ НА M-SPORT

FORD ОД ДЛАБОК СОН И МУ ЈА ДОНЕСЕ ПРВАТА ПОБЕДА ПОСЛЕ

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА.

ВОЕДНО, ЕСТОНЕЦОТ ПОКАЖА ДЕКА НЕЗАЛУДНО МУ СЕ ВРАТИ

НА СВОЈОТ СТАР ТИМ.

От Танак и тимот на M-Sport Ford имаат многу причини да ја слават победата на релито на Шведска која дојде како порачана за да го подигне моралот и на тимот, и на Танак. Реалноста е дека M-Sport Ford е мал тим кој на светската рели сцена се бори против големите производители како Toyota и Hyundai. Факт е и дека на тимот му недостасуваше возач од прва лига каков што е Танак и се чини дека после само две релија старото партнерство има надеж за успех.

Танак возеше за M-Sport меѓу 2011 и 2017 година пред да замине во Toyota со која ја освои возачката круна, а потоа во Hyundai каде буквално се измачуваше. Како ништо да не му одеше од рака освојувајќи само пет победи во три долги сезони. Враќањето во M-Sport како да внесе зрак нов живот и кај Танак, но и кај тимот. Победата во Шведска е прва за M-Sport после онаа во Монте Карло од лани, од која минаа точно 385 дена, а за Танак прва после онаа на релито на Белгија од август минатата сезона. И тимот, и Танак се согласуваат дека им претстои уште многу работа за да се дотера автомобилот според високите стандарди на Естонецот. Тој низ целото рели повторуваше дека не е среќен како го чувствува автомобилот, но ако успева да победи на ваков начин се поставува прашањето што ќе биде со конкурентите кога ќе се ослободи целосниот потенцијал на неговата Ford Puma Rally1?

Релито на Шведска е едно од најстарите во Светскиот шампионат и единствено кое целосно се вози на смрзнати и со снег прекриени патеки со температури кои се спуштаат и до -10°С. И покрај тоа што се вози на снег и мраз тоа е едно од најбрзите релија во шампионатот. Звучи пара-

57 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
WRC – Рели Монте Карло
СПОРТ |

доксално, но пример е просечната брзина од сериозни 121,52 km/h на минатогодишниот победник Кале Рованпера, а максималните брзини на правците одат и до 200 km/h. Ова пред сè се должи на тесните гуми со крампони кои зафаќаат во мразот и снегот, и нудат подеднакво ниво на тракција како и гумите наменети за асфалт. А тука се и високите брегови на кои возачите буквално ги потпираат автомобилите низ свијоци што личи како да возат по шини. Релито го отвори атрактивниот брзински испит кој се возеше под крилја на ноќта во четврток навечер на дофат од градот домаќин Умреа. Илјадници фанови се собраа да ги бодрат екипажите кои со своите рели монструми опремени со дополнителни светла сечеа низ мракот. Рованпера беше најбрз на овој испит и го поведе релито пред вистинските збиднувања на патеките кои ги чекаа екипажите следниот ден. Танак со 1,6 сек. му дишеше во врат на Кале, а трет беше Еванс. Во петок наутро се отвори вистинскиот предизвик на ова снежно рели. Водечката позиција во шампионатот не му одеше во прилог на Рованпера. Тој буквално ја трасираше патеката низ мекиот снег, а гумите на неговата Toyota Yaris се мачеа гребејќи во обид да стигнат до цврста подлога. Метејќи низ снегот Рованпера им отвори пат на ривалите кои знаеја да ја искористат предноста, посебно Крег Брин кој стартуваше далеку поназад. Очекувано неговите перформанси изостануваа. Затоа Танак после само три брзинци го поведе релито, иако не победи на ниту еден од нив. Сепак, константните перформанси го искачија на врвот. Но, во остатокот од денот ја загуби предноста во однос на Крег Брин. Ирецот

WRC2 – ПРВ ТРИУМФ НА СОЛБЕРГ

Младиот Оливер Солбер кој годинава се врати во категоријата WRC2 победи на релито на Шведска. Прва победа за него во оваа категорија. Оваа победа за него е уште позначајна бидејќи ја освои пред домашната публика. Одличниот настап во текот на трите натпреварувачки дена зад волан на Skoda Fabia RS Rally2 на крајот од релито му обезбеди предност од 42,3 сек. во однос на второпласираниот Оле Кристијан Веиби. Норвежанецот Веиби со VW Polo GTi R5 не можеше да најде соодветен одговор за возењето на Солберг и втора година по ред го завршува ова рели на второ место. Третата позиција ја освои Сами Пајари зад волан на Skoda Fabia RS Rally2 идентична на онаа на Солберг, а подготвена од германскиот тим Toksport.

58 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ

се покажа како вистинско изненадување откако се врати во тимот на Hyundai. Победи на три испити и успеа да го заврши денот како водечки со 2,6 сек. пред Танак и 11,2 сек. пред тимскиот другар Есапека Лапи кој годинава е клучен снежен играч на корејскиот тим. Четвртата, петтата, и шестата позиција ги поделија Еванс, Рованпера и Нувил. Борбата меѓу Брин и Танак се засили во саботното утро кога низ утринските три испити тие си разменија времиња кои ги доведоа на истите позиции од претходниот ден. Меѓутоа утринскиот круг од испити беше вовед во драмата што ќе се случува во остатокот од денот. Попладневниот круг испити кој стандардно почнува после големиот сервис на возилата каде се вршат прегледи и поправки на возилата, и се вршат фини дотерувања на сетапот, му одеше во прилог на Танак. Во само два испити тој ја стопи предноста на Брин на 0,5 сек., а веќе на претпоследниот брзинец од денот под крилјата на ноќта потпирајќи се на своето искуство прејде во водство. Иако не го освои последниот испит од денот сепак имаше доволно брзина за да го поведе релито со 8,6 сек. пред Брин на крајот од денот. Танак сето ова го направи со скоро уништени гуми, од кои една комплетно ги загуби крампоните. Сепак, на крајот од денот слична судбина делеа скоро сите возачи од врвот. Брин едноставно не можеше да се носи со брзината на Естонецот делумно и заради проблеми со хибридниот погон на неговиот i20 N. Излетувањето на Лапи го промовираше Нувил во третопласиран но, исто така, му отвори пат на Рованпера да се бори за подиум бидејќи заостануваше само 3,8 сек. зад Белгиецот.

Останаа само три брзински испити од последниот ден кои воедно беа одлучувачки за исходот на ова рели. Со нови гуми поставени на нивните рели монструми секој од водечките возачи во неделата наутро можеше да понесе доволно брзина и да направи некаква разлика во пласманот. Танак целеше да ја задржи предноста, а Брин да го надомести загубеното. Сепак, Танак беше тој кому планот му успеа и се закити со првата победа во новиот тим. Брин делумно го спречија и тимските наредби. Имено многу поважна за тимот на Hyundai беше борбата за бодови на Нувил во шампионатот за возачи. Затоа Брин кој вози делумна програма доби наредба да задоцни една минута со пријавување на последниот испит и со тоа да добие казна од 10 сек.. Така Нувил требаше да избие пред него и да го освои второто место. Меѓутоа планот не успеа заради лошите перформанси на Нувил на последниот испит. Брин сепак релито го заврши втор со 1,3 сек. пред Нувил кој остана на третото место. Четврти заврши Рованпера, петти Еванс, шести Лубет и седми Есапека Лапи кој воедно го освои последниот ТВ брзински испит и се закити со дополнителни 5 бодови. Осмото, деветтото и десеттото место ги поделија возачите од групата WRC2 Оливер Солберг, Оле Кристијан Веиби и Сами Паjари. После две релија од сезоната Танак со победата во Шведска се искачи на врвот во шампионатот за возачи и со 41 бод води пред Рованпера кој на своето конто има забележано 38 бода. Трет е Нувил со 32 бода. Меѓу производителите Toyota успеа да го задржи водството и со 80 бода води пред Hyundai кој има 66 бодови и кој има 66 бодови и M-Sport со 51 бод. Следно на програмата е релито на Мексико кое се вози на средината на месец март. • Љубомир Анастасовски

59 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СПОРТ |

ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА

ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА И ЗАШТЕДЕТЕ

Покрај бесплатна помош на пат и шлепување, АМСМ членската картичка ви овозможува специјални попусти во внимателно

избрани АМСМ Партнер продажни места! Попустите можете да ги користите неограничен број пати во текот на годината, само со покажување на валидна АМСМ членска картичка.

Накит и часовници „OXÉTTE“

Нешто убаво за себе или подарок за друг, модерно парче накит или рачен часовник, прво побарајте

во најновите колекции во продавниците на „Oxètte“, каде како наши членови добивате 10% попуст на

целиот асортиман.

Локација: City Mall, ГТЦ и ТЦ „Рамстор“ – Скопје

Грижата за другите започнува со грижа за себе. Размазете се со третманите за лице и тело во реномираното студио за убавина „ФИГУРЕЛА“ и дочекајте го летото подготвени. Како наши членови добивате 10% попуст со покажување на валидна АМСМ членска картичка и веднаш заштедувате. Локација: бул. „Илинден“ бр.107

Очна оптика „ВИЗУС“

Најдобрите брендови на машки, женски и детски очила на едно место. Направете го вашиот избор од

најновите модели на диоптриски или очила за сонце во „ВИЗУС“, покажете ја вашата АМСМ членска

картичка и како наши членови веднаш добивате од 10-30% попуст. Локација: ул. „Македонија“- Скопје

За да останете запаметени, подарете цвеќе кога тоа од вас најмалку се очекува. Посетете ја цвеќарницата „ГРАЦИЈА“ која ќе се погрижи да го добиете најдоброто, покажете ја вашата АМСМ членска картичка за 10% попуст и заштедете.

Локација: ул. „Народен Фронт“ бр.19а, ТЦ Беверли Хилс - Скопје

60 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ
Студио „ФИГУРЕЛА“
Цвеќара „ГРАЦИЈА“
61 03.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk 02/3181-108 БИДИ СЕКОГАШ БЕЗБЕДНА! АКЦИЈАТА ВАЖИ САМО ЗА ДАМИ И ТРАЕ ДО 31.03.2023 ГОД. www.amsm.mk
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181
МЕЃУНАРОДНИ
ИЗВАДЕТЕ
ДОКУМЕНТИ
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.