АМСМ Клуб Мобилити - Март 2022

Page 1

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје

МАРТ, МЕСЕЦ НА ЖЕНАТА ВО АМСМ!

Како поинаку да го одбележиме месецот на жената, освен Вам - на нашите сегашни и идни членови од понежниот пол - да Ви подариме нешто посебно. Тоа е АМСМ Членство, подарок што ќе ви овозможи поголема независност во сообраќајот, особено во безбедноста и грижата за Вашиот автомобил. Со неверојатен попуст, само во март, можете да станете сопственик на АМСМ членски пакет Класик или Европа Премиум и да уживате во услугите и во поволностите што ги добивате со нив. И овој мартовски број на „Клуб Мобилити“ е посветено на случувањата во автомобилизмот и новините во автомобилската индустрија, како и на настаните во автомото спортот. Нисан, искуството стекнато низ годините го преточи во новата генерација на Qashqai која претставува нова интерпретација на комфор, возна динамика и практичност спакувани во модерно стилизиран пакет полн со напредни технолошки решенија. Започна и трката за престижното признание Светски автомобил за 2022 година. Кој ќе се качи на тронот ќе дознаеме на 13 април кога ќе се прогласи победникот и ќе му биде врачена наградата на производителот. Новата сезона од мотоциклистичкиот мондијал стартува на 6 март во Катар, со традиционалната трка под рефлектори, а планирани се уште 20 гран при викенди во текот на сезоната што треба да трае до 6 ноември, кога е традиционалното „спуштање на завесата“ во Валенсија. Следното издание на „АМСМ Клуб мобилити“ очекувајте го во април 2022 година, во електронска верзија на вашата е-адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264 ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

АТЕСТ НА СИТЕ ВИДОВИ ПРЕПРАВКИ НА ВОЗИЛА

ФОЛИИ ТНГ КУКА

02/2631-181 4

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


НОВОСТИ 8

ДОАЃА НАЈДОБРИОТ ВО КЛАСАТА

9

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

16

НА КИА АВТО-МОТО 12

ИСКУСТВО СТЕКНАТО НИЗ ГОДИНИТЕ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

30

УЖИВАЈТЕ СО УБАВЕЦОТ НА ДВЕ ТРКАЛА СТИЛ

32

42

ЛУКСУЗ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ШИНИ ПАТУВАЊЕ

36

КАДЕ ШТО ЗАБАВАТА Е СПОРТ, А СПОРТОТ ЗАБАВА НI-TECH

40

ЕКСКУРЗИЈА ИЛИ ТОЈОТА СЕ СЕЛИ ОД ПЛАНЕТАВА? ИСТОРИЈА

42

ЕГЗОТИЧНА ЕКСТРАВАГАНЦИЈА

50

СПОРТ 46

ЉУБОВТА КОН ТРКИТЕ МЕ НОСИ КОН ВРВОТ

48

ПОРШЕ СО ПРВА „ПОБЕДА НА СТРУЈА“

50

ПОТЕШКИ И ПОБАВНИ, НО РАМНОПРАВНИ

57

ГОЛЕМИОТ КАЛЕ ЈА ОСВОИ ШВЕДСКА

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ И ДЕТСКИ СЕДИШТА ДРЖАВА

6

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ

ДЕЦА

Албанија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.

Австрија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Специјални детски седишта или ремени за деца под 14 години или пониски од 1,50 м да се користат и на предните и на задните седишта. Деца под 14 години не смеат да патуваат во возила без соодветен безбедносен систем (ремен, детско седиште ).

Белорусија

Задолжителни на предните седишта на возилото.

Деца под 12 години не може да патуваат во предниот дел на возилото.

Белгија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 1,35 метри треба да користат детско седиште соодветен според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе, пониско од 1,35 метри мора да се вози на задно седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем.Деца помали од 3 години не смеат да се возат без детско седиште.

Бугарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Детското седиште мора да биде според правилото 44/03 на UNECE. Деца на возраст под 3 не смеат да се транспортира во возила кои не се опремени со детски седишта. Деца на возраст од 3 или повеќе, пониски од 150 см, можат да патуваат во возило без детски седишта, но тие мора да седат на задните седишта.

Хрватска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото, освен деца до 2 години ако се користи детско седиште свртено назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца од 2 до 5 години мора да бидат во соодветно детско седиште на задно седиште.Деца од 5 до 12 години мора да користат ремени за возрасни на задното седиште со додаток за прилагодување според нивната големин.

Кипар

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 5 години не е дозволено да патуваат на предното совозачко седиште. Деца од 5 до 10 години може да го користат совозачкото седиште ако е опремено со соодветен безбедносен уред (седиште).

Чешка

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м. мораат да користат безбедносен уред прилагодени на нивната големина кога патува ина предните и на задните седиште на возилото.Деца помеѓу 3 и 12 години мораат да се возат на задни седишта. Деца под 3 години не смеат да се возат без детско седиште.

Данска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и под 1,35 метри мора да бидат ставени во безбедносен уред (седиште) соодветни за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на предното седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира.

Естонија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Бебињата и малите деца мораат да патуваат во детско седиште (уред) соодветен за нивната големина.

Финска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца со висина под 1,35 метри мора да бидат сместени во одобрено детско седиште соодветно за нивната висина и тежина. Кога детското седиште не е на располагање, дете од 3 години или повеќе смее да патуваат на задното седиште на возилото со помош на ремен или други безбедносни уред врзан со седиштето. Дете под 3 не може да патува во возило без детско седиште , освен во такси.

Франција

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

На деца на возраст под 10 не им е дозволено да патуваат на предните седишта на возилата, освен ако задни седишта не постојат, или задното седиште е веќе зафатено од страна на деца под 10, или нема ремени. Деца до 10 смеат да патуваат во одобрено детско седиште или безбедносен уред, прилагодени на нивната големина. Според францускиот закон, дете до 13 кг мора да се транспортира во детско седиште свртено кон назад (или да го носат во транспортна корпа за дете до 10 кг). Дете помеѓу 9 и 18 килограми мора да биде седнато во специјално седиште, и дете од 15 кг до 10 години може да се користи безбедносен уред – додаток на ремен , или додатни ремени.

Германија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Дете до 12 години возраст и пониско од 1,50 м мора да биде во детско седиште или да користи безбедносен уред . Кога детското седиште не е достапно, дете од 3 години и повеќе мора да користи ремен или други одобрени безбедносен систем на задните седишта на возила. Деца под 3 години не можат да бидат транспортирани во возило без детско седиште.

Грција

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен.

Деца под 3 години мора да бидат ставени во одобрен детско седиште соодветно за нивната тежина - стандард ЕСЕ R44/03 или понов. Деца на возраст помеѓу 3 и 11 години, пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветни детски седишта. Од 12 години, деца повисоки од 1,35 метри можат да ги користат ремените за возрасни.

Унгарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 1.50 м. мораат да користат безбедносен уред (седиште) соодветен на нивната тежина. Деца под 3 години дозволено е да патуваат на предните седишта доколку детското седиште е свртено кон назад и нема воздушно перниче или е деактивирано. Деца постари од 3 години и високи 1.35 или повеќе можат да патуваат на задното седиште користејќи ги безбедносните ремени.

Исланд

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мораат да биде поставен во одобрен детски седишта соодветни на нивната големина. Деца над 3 години и под 1,50 метри мора да бидат седнати во детски седишта соодветни за нивната височина и тежина. Деца не смеат да патуаваат на предни седишта доколку не е деактивирана воздушната перница.

Ирска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години можат да патуваат на предно седиште доколку се седнати во детско седиште свртено кон назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца над 3 години, пониски од 1.50 м. и полесни од 36 кг. мораат да користат соодветен безбедносен уред (седиште).

Италија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 36 килограми и до 150 см, кои патуваат во италијански-регистрирани возила мора да биде поставен во безбедносен систем прилагодени на нивната големина и тежина. Деца до 9 кг мора да бидат сместени во детски седишта свртени наназад. За странски регистрирани автомобили, се применуваат прописите што се во земјата на потекло.

Латвија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 1,50 м. мора да користат специјално седиште или лента за во скут (преку стомак) како додаток на ременот за возрасни.

Литванија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да се возат на предните седишта на автомобили, освен ако не користат безбедносен систем соодветен на нивната големина. Деца под 3 години патуваат на предно седиште сместени во соодветно детско седиште и доколку е свртено наназад воздушното перниче мора да е деактивирано.

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ОТА |

ДРЖАВА

УПОТРЕБА НА РЕМЕНИ

ДЕЦА

Луксембург

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години мора да биде поставен во одобрено детско седиште (освен ако се во автобусот). Деца од 3 до 17 години, до 1.50 м мора да седат во соодветен безбедносен систем за врзување. Ако е нивната тежина над 36 килограми можат да ги користат сигурносените ремени или стомачни ремени на задните седишта.

Северна Македонија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

Малта

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години морает да бидат сместени во соодветено детско седиште. Деца на возраст помеѓу 3 и 10, и до 1,50 м мора да бидат сместени во соодветен безбедносен систем за врзување, кога патуваат во предниот дел на автомобилот. На задните седишта, соодветен безбедносен систем за врзување треба да се користи ако е достапен, инаку треба да се користи ременот за возрасните. Деца на возраст помеѓу 11 и 14, високи 1,50 m или повеќе, можат да носат ремен за возрасни.

Молдавија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Црна Гора

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Холандија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца (лица под 18 години) пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветен безбедносен системот за врзување според нивната големина согласно стандардот ЕСЕ 44/03 или понов.Ова се однесува како за предниот така и за задниот дел на автомобилот. Деца под 3 не можат да се возат во автомобил без детско седиште.

Норвешка

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца пониски од 135 см. Мораат да бидат сместени во соодветно седиште. Доколку е свртено кон назад воздушното перниче мора да е деактивирано. Се препорачува деца под 4 години да се сместат во седишта свртени кон назад или на задните седишта од возилото. Деца високи помеѓу 135 см. и 150 см. можат да користат ремени за возрасни со соодветни седишта (a booster seat).

Полска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м. треба да се врзат со ремен соодветен на нивната големина или да седат во посебно седиштето со одобрени дизајн. Ако автомобилот е опремен со воздушни перничиња на предните седишта, забрането е да се постави дете на совозачкото седиште во детско седиште свртено кон назад.

Португалија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години и пониски од 1,50 м, не им е дозволено да патуваат на предното седиште во автомобил, освен ако не користат посебен безбедносен систем (детско седиште) прилагоден на нивната големина или ако во автомобилот има само предни седишта.

Романија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото.

Русија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Забрането е да се вози дете под 12 години на предното седиште на автомобилот, доколку не постои специјално безбедносно детско седиште.

Србија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 3 години мораат да бидат во детско седиште. Може да биде на предното седиште на автомобилот, свртено кон задниот дел на автомобилот - воздушното перниче мора да се деактивира. Деца од 3 до 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото.

Словачкa

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години (и лица пониски од 1,50 метри) не е дозволено да патуваат на предните седишта на возила. Детски седишта и безбедносни системи задолжителни за деца по 36 кг.

Словенија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години, пониски од 1,50 метри, во возила регистрирани во Словенија или во странство, мора да користат специјални ремени прилагодени на нивната големина или специјални детски седишта, како во предниот така и во задниот дел од возилото. Детскиот безбедносен систем мора да одговара на ECE стандард 44/03 или 44/04. Во возилата без задни или предни ремени, децата мора да користат задни седишта.Деца под 3 години не можат да патуваат во возила каде нема детско седиште.

Шпанија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 12 години, пониски од 1,35 метри, ако патуваат на предното седиште, мораат да се сместат во безбедносен системот за врзување. Деца над 1,35 метри може да користат ремени за возрасни. Деца под 1,35 м, кои патуваат на задните седишта, исто така, мора да се сместат во безбедносни системи за врзување.

Швeдска

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Задолжително е за деца пониски од 1,35 метри да бидат седнати во посебни детски седишта или на посебни седишта кои им овозможуваат да ги користитат нормалните ремени во автомобил. Ова се однесува и на предни и на задни седишта. Возачот мора да се осигури дека децата повисоки од 1,35 метри, но помлади од 15 години користат сигурносен ремен.

Швајцарија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца до 12 години мора да биде во детски седишта кои се во согласност со стандардот ECE R44/03 или понов. Деца повисоки од 1,50 м мораат да користат ремени.

Турција

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 години не смеат да патуваат во возило без детско седиште.Доколку патуваат на предно седиште во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да е деактивирано. Деца пониски од 150 см. и до 36 кг. Мораат да се возат на задно седиште во соодветен безбедносен систем. Деца повисоки од 150 см. можат да користат ремени за возрасни но на задното седиште.

Украина

Задолжително за возачот и патникот на предното седиште.

Деца помлади од 12 години и пониски од 1,45 мораат да користа безбедносни системи (детско седиште, ремени...).

Велика Британија

Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен.

Деца под 3 годишна возраст кои патуваат во предните или задните седишта на возилото мора да се во одобрено (званично) детско седиште. Деца на возраст помеѓу 3 и 12 години или пониски од 1,35 м. кои патуваат на предното седиште на возилото мораат да седат во одобрен детско седиште или да носат ремен. Ако патуваат во задниот дел, мораат да седат во одобрен детско седиште или да носат ремен. 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

ALFA ROMEO TONALE

ДОАЃА НАЈДОБРИОТ ВО КЛАСАТА

П

о неколкуте одложувања на светската премиера, конечно на почетокот на февруари Алфа Ромео го претстави моделот „тонале“. Долго очекуваниот модел е втор „сув“ во семејството, но затоа е прв електрифициран во истото семејство. Најприметлив е дизајнот, посебно напред каде доминираат светлата 3 + 3, позајмени најмногу од легендарната „алфа ромео с з (р з) загато“ дело на Роберт Опрон и Антонио Кастељана, а помалку од концептот „протео“ дело на Валтер да Силва, додека брановидната линија (дизајн) е позајмена од легендарната, или како што некои велат најубавата „алфа ромео 33 страдале“. Помал е од „стелвиото“ и затоа го кажуваат како директен конкурент во компактната „сув“ класа: „ауди ку 3“, „бмв икс 1“, „мерцедес гла“ и „волво икс ц 40“. Димензиите на моделот „тонале“ се следниве: 4.530 mm должина, 1.600 mm висина и 1.840 mm ширина, со меѓуоскино растојание од 2.636 mm. Погонските агрегати, хибриден и „плаг ин“ хибриден, поседуваат солидни силини - првиот 160 КС извадени од четири цилиндричен 1,5 литарски мотор со променлива геометрија на турбото. Истиот мотор го има во понудата и со 130 КС. Сите мотори поседуваат автоматски менувачи, а овој спомнатиов користи седумстепен. Погонот за првпат е виден во „џип компас 4 икс е“, но со за нијанса помала силина. Штета, Алфа Ромео без обичен менувач, малку чудно, зарем не!? Врв во понудата од хибридни мотори е 1,3 литарски „мулти ер“ турбо кој е одговорен за предната оска, а за задната одговорноста ја има електромотор со 15,5kWh батерија. Вкупната силина на двете погонски единици изнесува 275 КС доволни возилото да забрза од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди. Во зависност од пазарите Алфа Ромео ќе вградува уште два мотори, за американскиот пазар 2,0 литарски турбо со 256 КС со погон на сите тркала и 1,6 литарски дизел со 128 КС за европскиот пазар со погон на предна оска. Моделите снабдени со двата снажни мотори имаат погон на сите тркала, додека на останатите преносот е на предната оска. Основата на која е поставен новиот „сув“ од Алфа Ромео е таа со преден погон. Зошто токму оваа основа (шасија)? Затоа што има повеќе место за патниците од задната клупа и повеќе зафатнина во одделот за товар, односно поголема удобност. Затоа конструкторите не ја искористиле основата од моделот „џулија“, но ако ја позајмиле, тогаш моделот „тонале“ ќе бил далеку пред својата конкуренција во однос на стабилноста и тоа како шасијата се справува со сите предизвици. Да потсетиме, „алфа ромео џулија“ има шасија која претставува вистински дијамант во севкупната автомобилска индустрија - ниту една друга основа (шасија) не може да се мери со неа. Ако била вградена основата од моделот „џулија“, тогаш ќе имало помалку простор за патниците од задната клупа, помалку простор во одделот за товар и многу спортски чинители кои ќе дадат контра ефект во однос на удобноста.

8

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Цената официјално сè уште не е објавена, но за основниот модел ќе треба да одвоите околу 28.000 евра, а за хибридниот со 272 КС и погон на сите тркала гласините велат 45.000 евра. Колку се овие гласини вистинити ќе дознаеме наскоро. Компактната премиум „сув“ класа доби уште еден претставник кој има силни адути во ракавот и сега конкуренцијата ќе треба да се подзамисли што ќе прави и како ќе одговори. Производителот Алфа Ромео отсекогаш правел поместувања на пазарот, а конкуренцијата морала да прави прегрупирање на редовите за справување со „црвената фурија“. Токму тој сегмент од автомобилската индустрија е најбрзорастечки и обожуван од купувачите, а

Алфа Ромео таму се спушти со „тонале“. Да видиме до каде ќе стаса. Првите примероци на континентов треба да влезат во продажните салони напролет, а за останатите делови од светот на почетокот од есента, со тоа што американските љубители на Алфа Ромео ќе треба да почекаат до почетокот од наредната 2023. Името „тонале“ има повеќе значења, од боење во тонови или музицирање со тонирање на композицијата, но најверојатно името е позајмено од планинскиот превој Тонале кој се наоѓа на надморска висина од 1.883 метри во италијанскиот дел од Алпите и ги поврзува Трентино со Ломбардија - Пасо дел Тонале. •


НОВОСТИ |

KIA MOTORS МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА KIA SPORTAGE

Ч

етвртата генерација на популарниот кросовер на корејската марка Kia, моделот Sportage, ја доживеа својата премиера на македонскиот пазар. Во салонот на Kia Motors Македонија, официјално беше претставена новата генерација на Kia Sportage која сега е достапна и за македонските купувачи. Новата генерација на популарниот кросовер пристигнува со драстично променет дизајн, а тука се и новите мотори и менувачи, како и најмодерните технологии на корејската марка. Она по што се одликува новата генерација на Sportage е драстично променетиот изглед во однос на претходникот. Инстантно впечатлива е модерната интерпретација на Tiger Nose решетката на ладилникот која е опкружена од карактеристичните LED дневни светла. Новитет е тоа што новиот Sportage за првпат ќе се нуди и со црн покрив, а купувачите ќе можат да избираат помеѓу 17, 18 или 19-инчни тркала во шест различни дизајни, бои и финиши. Ентериерот е, исто така, драстично променет во однос на претходно. Пред возачот се наоѓа 12,3-инчниот дигитален инструмент кластер, а до него со подеднакво иста големина се наоѓа и новиот заоблен екран за инфозабавниот систем. Во Sportage патниците на задната клупа добиваат 996 милиметри простор за нозете и 998 милиметри простор за главата. На располагање е и багажен простор со 591 литар, а задната клупа е деллива со 40:20:40 размер и со поклопување на истата капацитетот се зголемува на 1.780 литри. Македонските купувачи ќе можат да избираат од цел опсег на погонски опции. Компанијата Kia во Sportage го користи 1,6-литарскиот четирицилиндричен бензински мотор кој на стартот доаѓа со

две верзии на моќност од 150 или 180 КС. Од друга страна, 1,6-литарскиот дизел е достапен со 115 или 136 КС и добива SCR технологија за активна контрола на емисиите. Сите моторни варијанти се достапни со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка или шестстепен мануелец. Исто така, сите модели се опремени и со Start/Stop технологија како стандарден дел од опремата. Во Македонија, купувачите ќе можат да бираат меѓу неколку нивоа на опременост, а тоа се Reference 1, Reference 2, Reference 3 и GT-Line кои

се прилагодени според потребите на купувачите. Како што е и вообичаено при претставување на нова генерација на некој од моделите на Kia на македонскиот пазар, така и во овој случај, новиот Sportage на почетокот ќе се нуди во едно посебно издание. Станува збор за First Edition акциската понуда. Имено, цените за Kia Sportage First Edition, кој пристигнува со богата опрема, стартуваат од 24.900 евра со T-GDI бензинскиот мотор со моќност 150 КС во комбинација со мануелен менувач. •

DELOREAN DMC-12

ВРАЌАЊЕ ВО СЕГАШНОСТА

Т

екстов го посветуваме на еден од најдобрите автомобили на планетава. Сите велат купето „делореан дмц - 12“ стана прочуено во светот откако влезе во филмската индустрија со подвижните слики наречени „Враќање во иднината“. Изговоров важи за тие кои воопшто не ги познаваат, односно не пројавуваат никаков интерес за автомобилите. За останатите купето „делореан дмц - 12“ и без главната улога во филмот беше и остана легендарен автомобил. Сепак точно е тоа дека масовноста во препознавањето ја постигна со прикажување на претходно спомнатиот филм. Компанијата е основана во 1975 година од страна на Џон Делореан под името Делореан Мотор Компани скратено ДМК која опстојува до 26 октомври 1982 и толку. Првото купе излегува од фабричката хала во 1981 год. Сепак љубителите на автомобили го имаат запаметено купето по крилните врати, чистата линија, поточно по речиси геометрискиот облик и по предните правоаголни двојни светла. Од вкупно произведени скоро 9.000 примероци од кои во возна состојба се околу 6.500. Во денешно време компанија од Тексас ги купи

праватa и компанијата Делореан Мотор Компани и одлучи да го возобнови производството на популарното купе и тоа со помош на Италдизајн, дизајнерска куќа основана во 1968 год од Џорџето Џуџаро и Алдо Мантовани. Првиот е творец на првото купе „делоран“, изворното. Сè изгледа толку убаво за да биде вистинито, но Тексашаните продолжуваат со работата. Пред еден важен фудбалски натпревар прикажаа куса најава во која автомобилот како да извира од темнината, му се оцртуваат линиите, но највпечатлив е моментот кога вратите се отвораат како птичји крила. Велат светската премиера ја подготвуваат за големиот настан на калифорниското крајбрежје во

местото Пебл Бич каде секоја година во август се одржува манифестација посветена на автомобилите позната под името Конкорс де Елеганс. Денот на првичното претставување е 21 август. Сега засега познати се неколку работи - автомобилот ќе има електричен погон што е повеќе од разбирливо така да биде затоа што светот очекува нешто поинакво од останатите автомобили затоа што „делореан“ се враќа од иднината. Ќе бидат произведувани по околу 50 примероци годишно, а тие што посакуваат да бидат сопственици ќе мора да платат 100.000 долари. Интересно е што автомобилот ќе се произведува шест години. Си го поставуваме прашањето, што потоа(?). Најверојатно таа „шестка“ ги симболизира годините на постоење на фирмата Делореан Мотор Компани, 1975 е формирана, а првото купе „делореан“, е излезено од халите во 1981. Досега беше „враќање во иднината“, а од 21 август ќе биде враќање во сегашноста и уште нешто, светот премногу е заинтересиран за обликот - сака да знае барем малку од тоа што припрема Италдизајн. •

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| НОВОСТИ

ЖЕНСКИ ИЗБОР НА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ ЗА 2022

ЖЕНИТЕ ГО ИЗБИРААТ НАЈДОБРОТО

С

ветот познава повеќе избори на кој се бира автомобил на годината, но најзначајни се континенталните избори и светскиот избор. Сега мора да признаеме дека во структурите на организациите на сите избори има далеку помалку дами, а речиси над 90 отсто се мажи. Пред нешто повеќе од две децении женскиот свет се организираше и регистрираше избор на автомобил на годината, но со нагласување дека тој избор го водат исклучиво дамите и не само што го водат туку тие имаат и свое жири кое ги бира автомобилите во шест категории. Понежниот пол не успеа сите овие децении да се наметне во „машикот свет“ и како што може да се насети, нив им „пукна филмот“ и решија да имаат свој избор наречен „Жените бираат автомобил на годината во светот“ или „Женси избор на автомобил на годината во светот“. Жирито е составено од 56 членки од 40 држави распространети на пет континенти. Веќе 20 години ова жири бира Женски автомобил на годината во светот, а бирањето оди според однапред утврдените правила, односно право на учество имаат сите нови автомобили што се појавиле во тековната година. На пример, автомобили кои имаат право да бидат кандидирани за титулата се тие кои за првпат се појавиле на пазарот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2021 год. Кога ќе биде избран, автомобилот ја добива титулата „Женски Автомобил на Годината во Светот за 2022“. Покрај спомнатото признание, главното, постојат уште шест признанија кои се доделуваат во посебни категории. Следи нивниот опис, „Градски

автомобил“, „Семејно сув возило“, „Семеен автомобил“, „Големо сув возило“, „Спортски автомобил“ и „4 х 4“. Резултатите од финалниот список заедно со победниците во шесте категории веќе е објавен, но во првите три денови од март, жирито ќе се собере да гласа за носителот на титулата „Женски автомобил на годината во светот“ за 2022, а крајниот исход поточно свеченото прогласување ќе се одржи на Денот на жената, 8 март. •

Победници по категории за 2022 година Градски автомобил - Пежо 308 Семеен „сув“ - КИА спортаж Голем автомобил - Форд мустанг мах - е Голем „сув“ - БМВ и икс Спортски автомобил - Ауди е - трон гт 4 х 4 - Џип вгранглер 4 хе

MARUTI SUZUKI BALENO

НОВИОТ „БАЛЕНО“ ПОВЕЌЕ НОВ ОТКОЛКУ ОБНОВЕН

Н

овиот „марути сузуки балено“ минатиот месец имаше своја светска премиера. Не Сузуки, туку испоставата во Индија, Марути, го лансираше новиот модел, односно како што велат од фабриката ова е редизајн, обновување на моделот. Обновување, но сè е сменето. Не знае човек како да го окарактеризира потегот на производителот, затоа што многу нешта се сменети. Ова е речиси сосема нов модел, а не редизајн на постоечката генерација. Новиот „балено“ во секој поглед е поинаков од досегашната генерација и по опрема и по изглед како надворешен така и внатрешен, по димензии и по што уште не. Неговите димензии се следниве, должина 3.990 (3.971) мм, ширина 1.745, (1.682) и 1.500 (1.469) мм висина со меѓуоскино растојание од 2.520 (2.469) мм, а во заградите се димензиите на досегашниот модел. Како што приметувате обновениот „балено има поголемо растојание меѓу оските за цели пет сантиметри што е за пофалба. Новата внатрешност, од седишта, од табла со инструменти, од управувачко тркало, од материјалите, сè е ново. Надворешниот дизајн, исто така, претрпел многу измени, а купувачите ќе имаат

10

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

прилика да бираат и повеќе бои, но и опрема. Според димензиите моделот „балено“ спаѓа во сегментот „б“, односно ниската средна класа. Според тоа „марути сузуки балено“ ќе биде конкурент на сите автомобили од класата, на пример: „пежо 208“, „тојота јарис“, „рено клио“, „олеп корса“, „фолксваген поло“ итн. На почетокот ќе се вградува четири цилиндричен

линиски 1,2 литарски турбо мотор со 90 КС и вграден стартер генератор (умерен хибрид), а подоцна ќе се вградуваат и други мотори во зависност од Сузуки и пазарите каде се продава моделот „балено“, односно во зависност од побарувачката и исплатливоста на истата. На почетокот моделот ќе се продава во Индија и околината, затоа што е наменет за тој пазар, а останатиот свет ќе почека. •


НОВОСТИ |

KINCSEM HYPER GT

УНГАРСКА „РАПСОДИЈА“

В

о време на нестабилни состојби на светско ниво луксузот најдобро и најбрзо се продава. Кога автомобилската индустрија беше погодена од големиот пад токму на крајот од минатиот век, поточно во неговата последна деценија, Ферари, Ламборџини Масерати, Бентли, Ролс Ројс, Порше и останатите од класата, бележеа зачудувачки високи продажни резултати. Супер брзи и супер луксузни автомобили рушат рекорди. Овие компании никогаш во своето постоње не направиле толку многу профит како во последниве две и пол децении. Интересно е тоа што гладот за оваа класа автомобили не стивнува и не само што не стивнува туку од месец во месец се појавуваат сосема нови и нови производители. Еден од нив е Кинсем кој за 2025 најавува претставување на хипер купето „хипер гт“, а една година подоцна истиот производител ќе претстави и луксузно сув возило. Новата компанија е формирана од супер стопанственикот Унгарец Тибор Бак. Името на неговата компанија и воедно името на автомобилот е Кинсем. Тоа е името на расното тркачко грло од Унгарија кое било присутно на трките ширум континентов и од 54 учества на трките победува на сите 54. Тоа е апсолутен рекорд ненадминат до денешен ден. Затоа Тибор Бак уште отсега зацртал дека „кинсем хипер гт“ ќе биде произведено само во 54 примероци, по повод 54 победи на коњот.

Хипер купето беше најавено минатата година и според планот требаше да носи во себе V12 мотор, но производителот сега размислува за електричен погон во комбинација со мотор на водород кој ќе служи како дополнувач со што ќе се зголеми бројот на километрите кои автомобилот ќе може да ги измине. Оваа технологија сега е подостапна од кога и да било досега откако Кинсем одлучи тесно да соработува со компаниите Рикардо и Плазма Кинетикс кои се врвни во својата област на делување. Овој дополнувач на електрична енергија кој работи на водород, не е како досегашните мотори кои користат водород како гориво, туку сета работа се одвива на мошне специфичен начин. На пример, ќе спомнеме само една од тие специфики - водородот се чува во резервоар под атмосферски притисок, а не под притисок од дури

200 атмосфери како што е случајот со досегашните мотори кои користат горивни ќелии преку кои водородот минува и при електролизата ослободува електрична енергија. Овој нов начин на складирање и користење на водородот ќе го објасниме во едно од наредните броеви. За конструирање на купет кое црпи инспирација од концептот „јагуар ц - икс 75“, дело на Јан Калум. Спомнатиот дизајнер е повикан од ново основаната компанија да биде дел од вработените кои ќе го создаваат хипер купето. Велат засега се одело според планот, а штом е така треба само да ја дочекаме 2025 и 2016 година и да видиме каков автомобил и каков „сув“ ќе ни претстави унгарскиот стопанственик. •

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Nissan Qashqai N-Connecta 1.3DiG-T 158 CVT 4WD

ИСКУСТВО СТЕКНАТО НИЗ ГОДИНИТЕ ПОКРАЈ ВЕЌЕ ЕТАБЛИРАНОТО ИМЕ ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА QASHQAI ПРЕТСТАВУВА НОВА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА КОМФОР, ВОЗНА ДИНАМИКА И ПРАКТИЧНОСТ СПАКУВАНИ ВО МОДЕРНО СТИЛИЗИРАН ПАКЕТ ПОЛН СО НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА.

12

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

М

оделот што денес гордо стои пред нас е во суштина возилото кое пред 16-на години ја популаризираше и лансираше неверојатната побарувачка за SUV моделите, која во втората деценија од 21 век сè уште нема намера да попушти. Напротив, статистиката покажува дека наскоро SUV и Crossover верзиите комплетно ќе завладеат со автомобилскиот свет. Затоа, Nissan на својата третата генерација на Qashqai ги искористи сите вештини и сето знаење собрано низ годините за повторно да ги помести границите и постави нови стандарди со кои на сега веќе многубројните конкуренти ќе им ја отежни работата.

ЕЛЕГАНТНО-АТЛЕТСКИ ПРОПОРЦИИ За новата генерација Nissan подготви комплетно нова, атлетска става и мускулести пропорции на бестселерот Qashqai. Пропорциите се нагласени со истакнатата линија што се протега долж целото возило. Новата генерација е со зголемени габарити во однос на својот претходник, со тоа што должината е поголема за 32 милиметри, повисок е за 15 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Со својот одважен и храбар став, привлечен дизајн и истакнатите остро поставени LED светлосни групи, заедно со компактната каросерија, Qashqai одново се реосмислува

себе си, како своевидна дизајнерска еволуција со што и понатаму е подготвен да го води сегментот кој секојдневно се надополнува со нови конкуренти. ОРИЕНТИРАНА КОН ВОЗАЧОТ За новата генерација Nissan подготви комплетно нова, атлетска става и мускулести пропорции на бестселерот Qashqai. Пропорциите се нагласени со истакнатата линија што се протега долж целото возило. Новата генерација е со зголемени габарити во однос на својот претходник, со тоа што должината е поголема за 32 милиметри, повисок е за 15 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Со својот одважен и храбар став, привлечен дизајн и истакнатите остро поставени LED светлосни групи, заедно со компактната каросерија, Qashqai одново се реосмислува себе си, како своевидна дизајнерска еволуција со што и понатаму е подготвен да го води сегментот кој секојдневно се надополнува со нови конкуренти. ПАМЕТНО СКРОЕН Во поглед на комфорот речиси и да нема место за приговор. Богато опремената N-Connecta изведба нуди вистинско задоволство за секој патник. Предните седишта се доста широки и одлично позиционирани за удобен пристап во кабината. Задната клупа сега има околу пет сантиметри повеќе простор за нозете повеќе во однос на претходно со што дополнително се зголемува комодитетот на патниците во задниот дел од кабината. Како дополнување за зголемено чувство на простра-

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНЕЦ

ЗАФАТНИНА:

1.332 СМ3

МОЌНОСТ:

Максимална моќ: 116kW/158КС

МЕНУВАЧ:

CVT- АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ MULTILINK

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ

ГУМИ:

НАПРЕД 235/55 R18, ПОЗАДИ 235/55 R18

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.577 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.425/1.848/1.625ММ

ност и поголем волумен на внатрешноста е задолжен и панорамскиот стаклен покрив кој се протега низ целата кабината, исполнувајќи ја со дневна светлина што е особено добредојдено во тмурни зимски денови. Багажникот според производителот има волумен од речиси 500 литри и е на две нивоа, а со преклопување на задните седишта неговиот капацитет изнесува 1.593 литри. Накратко, кабинскиот дел на Qashqai е доста паметно скроен, нудејќи премиум искуство кое го носи овој кросовер во самиот врв на сегментот. МОТОРНА КОМБИНАЦИЈА ЗА НОВОТО ВРЕМЕ Јапонците одлучија дека за новото време е потребна и нова моторизација, затоа од понатамошна употреба се комплетно исфрлени дизелските агрегати, а на нив-

14

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

но место е сместен бензинецот во блага хибридна форма во две варијации на моќност. Тестираниот примерок го движеше помоќната изведба на 1,3-литарскиот турбо бензинец кој располага со 158 КС при 5.500 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 270 Нм расположиви помеѓу 1.800 и 3.750 вртежи во минута. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 9.9 секунди, а максималната брзина изнесува 198 км/ч. Во неколкудневното дружење забележавме просечна потрошувачка 8,5 литри на секои 100 изминати километри. За преносот е задолжена безстепената CVT менувачка кутија за која освен пофални зборови немаме што друго да кажеме. Станува збор за најновиот механички склоп на компанијата и врв на моментално достапната технологијата која што ги анулира речиси сите претходни недоста-

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

9.9 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

7.0 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

208 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

24.100 ЕВРА

тоци на овој тип менувачи. Во целината е вклучен и 4WD погон на сите тркала кој е подржан со клиренсот од 180 мм, што на моделот Qashqai му овозможува совладување поголем број препреки како на асфалтен пат, така и надвор. Секако, сето тоа е помогнато преку електронски мапираните режими за работа на моторот и менувачот. Потпирањето е сетирано со нагласена спортска нота, а благодарение на новата CMF-C платформа Qashqai покажува голема стабилност и чувство на контрола во свиоците, како и севкупна одлична возна динамика. Податок што вреди да се напомене е високото ниво на звучна изолација која е задолжена за подигање на комфорот во автомобилот што го претвора во идеален придружник за поминување долги дистанци. • Данчо Здравковски


СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО

СПОДЕЛЕТЕ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ! ЕДНА КАРТИЧКА, ИСТИ УСЛУГИ, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

02/3181-181

www.amsm.mk 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АВТО-МОТО

Претставуваме MASERATI MC20

ТРИЗАБЕЦОТ НА НЕПТУН ПОВТОРНО БЛЕСКА

БИЛЕТОТ НА MASERATI ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПРВА ЛИГА МОЖЕБИ НЕМА ЗВУЧНО ИМЕ, НО СЕКАКО ИМА ЗВУЧНА СОДРЖИНА СО КОЈА СТАРТУВА НОВА ЕРА ЗА МАРКАТА. СО УНИКАТНИОТ СТИЛ И ВРВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА MC20 E ПРВ ОД ОВАА ВРСТА НА РАСНИ ГРЛА И СО НЕГО MASERATI ЈА ПИШУВА НОВАТА ИСТОРИЈА НА МАРКАТА.

16

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

П

осле многу премрежиња кои ја зафатија славната италијанска марка, Maserati успеа да истрае и да им се врати на корените. Славниот тризабец на Нептун кој ги краси овие ремек дела на четири тркала конечно се врати во историското седиште на марката, Модена. Таму инженерите на Maserati во новиот развоен центар наречен: Maserati Inovation Lab го креираа MC20. Автомобил создаден да зашемети. Нов Maserati способен да дивее на патека, и воедно да биде поим за елеганција во движење, со извонредна возна динамика и висока доза на комфор. За да биде врската со потеклото на марката поцврста, Maserati ја возобнови историската фабрика Вијале Чиро Меноти и во неа рачно почна да го склопува MC20, првиот модел со кого се пишува новата ера на марката. ВИРТУЕЛЕН РАЗВОЈ Во Maserati се горди дека 97% од развојот на МС20 е направен виртуелно. Системот кој е оригинално развиен од Maserati и го носи името „Virtual Vehicle Dynamics Development” се потпира на сложен математички модел во кого се вметнуваат сите параметри што може да се замислат за да се добие т.н. виртуелен автомобил. Ваквиот начин драстично го скусува времето за развој и ги крати трошоците. На пример, велат во Maserati, може да се добијат параметри за три различни типови на амортизер и да се одбере кој е најсоодветен во многу кус временски период. Секако на крај вистинскиот избор се прави после реалните тестови на затворена патека и на планинските патишта кои вртат низ Апенини чии врвови се издигаат токму над Модена. МОТОР СО ПАТЕНТИРАНА ТЕХНОЛОГИЈА Виртуелниот развој бил клучен и при развој на новиот мотор Nettuno кој сам по себе претставува техничка револуција, и за секој случај е заштитен од Maserati низ низа интернационални патенти. Нема двојби дека моторот е создаден од чиста страст за постигнување на техничко совршенство. Ваквата страст за создавање доаѓа кога после дваесет години отсуство марката конечно се враќа во својот дом и добива слобода да развие нов високотехнолошки мотор со врвни перформанси. Душа на овој 3.0 литарски V6 со агол меѓу цилиндрите од 90° е иновативниот систем на согорување со пред-комора и две свеќички. Технологијата доаѓа од светот на Формула 1 и за првпат се

вградува во мотор од сериско производство. Пред-комората е мал тесен цилиндар со повеќе отвори на дното поставен на врвот од главниот цилиндар. При процесот на вшмукување тој се полни со смеша од воздух и гориво заедно со цилиндарот. Кога свеќичката во пред-комората ќе го запали ова мало количество на смеша експлозијата под висок притисок излегува низ отворите и ја пали смешата во главниот цилиндар во повеќе точки одеднаш. Овој процес создава многу ефикасно палење и согорување, во неверојатно кус временски интервал, кое е за 30% побрзо отколку класичното палење со свеќичка. Кога нема потреба од високи перформанси тогаш наместо од пред-комората смешата се пали класично со втората свеќичка поставена странично во главниот цилиндар. Кон оваа технологија се приклучува и двојниот систем за вшприцување: директен кој работи со притисок од 350 бари, и индиректен со притисок од 6 бари. Потпомогнат со два турбо полначи кои пумпаат со 2 бари овој 3.0 V6 испорачува 630 КС при 7.500 min-1 и максимален вртежен момент од 730 Nm меѓу 3.000 и 5.500 min-1. Максималниот број на вртежи е ограничен на 8.000, а специфичната моќност изнесува 210 КС на еден литар зафатнина. ПЕРФОРМАНСИ ЗА ПОЧИТ Спарен со осум степен менувач со две спојки и диференцијал со ограничено пролизгување Nettuno е спремен да го катапултира МС20 од место до 100 km/h за 2,88 s, а до 200 km/h за 8,8 s, и да достигне максимална брзина од преку 326 km/h. Но, не е сè во брзината, има нешто и во забавувањето. Способноста да сопре во место од 100 km/h за помалку од 33 m говори дека масивните карбон-керамички апарати се на висина на задачата. Отпорни на прегревање, што е исклучително важно за на писта, предните вентилирачки и бушени дискови од 390х46 mm ги зафаќаат фиксни шест клипни клешти, додека задните од 360х28 mm ги зафаќаат четири клипни пливачки клешти. Контролата ја обезбедуваат т.н. виртуелна управувачка оска со двојни напречни водилки и напред, и назад, што е реткост дури и во оваа класа. Ваквиот тип на оска обезбедува во секое време, без оглед на страничното напрегање тркалото да стои релативно вертикално во однос на подлогата со што се постигнува максимална тракција. Кога на ова ќе се додаде и адаптибилната суспензија со активни амортизери и пет модуси на работа WET, GT, SPORT и

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АВТО-МОТО

CORSA, тогаш јасно е зошто МС20 се врзува со висока возна динамика. Важна улога имаат и специјално развиените гуми на Bridgestone. Нивната Potenza Sport со асиметрички дизајн и димензии 245/35 ZR 20 напред и 305/30 ZR 20 назад ја подобрува стабилноста во свијоци и ја зголемува осетливоста на управувањето создавајќи чувство дека МС20 го менува правецот во миг кога возачот ќе помисли. ИТАЛИЈАНСКА УБАВИНА Maserati МС20 не е создаден да плени само со технологијата туку и со убавината. Италијанците, мајстори на занаетот кога е во прашање дизајнот, успеале девизата: формата ја следи функцијата, да ја претворат во: функцијата ја следи формата. Елегантен и спортски МС20 го

краси неповторлив стил во кого е вметната врвна аеродинамика. Автомобилот е поделен на два дела. Стилски горен дел каде сè и е подредено на естетиката и аеродинамичните секции се слеани во линиите на каросеријата за да се постигне висока ефикасност без да се наруши елегантната линија на МС20. Дури и елегантниот спојлер слеан во задниот дел на каросеријата не ја нарушува неговата убавина. Од друга страна во долниот дел на автомобилот обоен во црно и во карбон-фибер се случува техниката. Подот е комплетно затворен и е плод на комплексни аеродинамични анализи за да се постигне аеродинамична ефикасност од една страна и голема стабилност од друга страна. Затоа МС20 е способен да надмине максимална брзина од 326 km/h и да остане силно залепен за асфалтот без оглед на условите.

Комплетно изработен од карбон-фибер МС20 е изграден околу монокок кој од напред е предвиден да носи три изведби. Постоечкото купе, кабриолет кој треба да се појави наскоро и целосно електрична верзија. Монококот ја формира кабината која ја краси спортска елеганција. Внатре доминира минимализам и сè е рационално. Има два екрани од 10 инчи еден пред возачот и еден поставен централно преку кого се управува со функциите. Централниот гребен е едноставен без многу орнаменти. Вртливо копче за селекторот на модусите за возење, две копчиња за менувачот, две за стаклата, едно вртливо за гласот на аудио и безжичен полнач на мобилен. Внатрешноста е поставена со комбинација на кожа, алкантара и детали од карбон-фибер кои се изведени така да наликуваат на ткаенина. МС20 е и практичен. Има ден багажник напред од 47 литри и еден одзади од 101 литар. Нема двојби дека Maserati со МС20 наново ја пишува својата 107 годишна историја. Токму тоа и беше визијата на славната италијанска одгледувачница на расни тркачки грла при создавање на новиот знаменосец кој дефинитивно е прв од ваква врста. Со МС20 Maserati се поставува на позиција кон која од секогаш се стремел, да создава спортски автомобили кои комбинираат луксуз и перформанси носејќи го притоа уникатниот стил на марката. • Љубомир Анастасовски

18

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

DS E TENSE PERFORMANCE PROTOTYPE

ДС ПРЕД СИТЕ

Ч

удо се случува во Цитроен односно во неговата луксузна дивизија ДС. Откако марката беше лансирана во 2014 година, прво и основно беше да се нагласи раскошот од некогаш славниот модел „дс“ и сето тоа да биде со доза на луксуз како врв во понудата, а следно беше електрификацијата. Одговорните тргнаа да го остваруваат планираното и добрите резултати не изостанаа. Откако ФИА ја воведе и „формула е“, ДС беше една од првите марки кои влегоа во натпреварувањето. Таму конструкторите од ДС покажаа што умеат - две титули една по друга, тимски титули и титули за возачите. И сега си го поставуваме прашањето, до каде има намера да оди ДС? Како што тргнале работите ДС тргнал кон врвот. Автомобилскиот спорт е освоен, сега напаѓа со сериските автомобили. Искуствата стекнати во трките од електричната формула ДС ги собира на едно место во прототипот „е тенс перформанс“. Сето научено за време на трките е вткаено во прототипот и затоа го нарекуваат лабораторија на четири тркала, а внатре „врие“ од врвна и најнова технологија. Прототипот „дс е тенс перформанс“ е направен по теркот на електричната формула: погонот на сите тркала, сопирачките, системот за регенерирање, дури и монококот изработен од јаглеродни влакна е позајмен и е вграден во семејната лимузина, односно спомнатиот прототип, потоа обесувањето на тркалата и нивната геометрија е наследена од електричната формула. Затоа слободно ќе кажеме, „дс е тенс

перформанс“ е прототип кој најмногу потсетува на семејна купе лимузина, но со технологија наследена од електричната формула, поточно прототипот е претворен во друмска формула во кожа од сериски автомобил. Нешто слично како прикаската со волкот во јагнешка кожа. Токму заради посебно обесените тркала и нивната дотерана геометрија прототипот е врвно стабилно возило кое покажало исклучителни способности во однесувањето на асфалтот при ненадејни состојби. Батеријата е една од неколкуте витални во автомобилот и како по некое непишано правило ја сместуваат во долниот централен дел. Така се сместува батеријата затоа што ниското тежиште и идеалната распределба на тежината се клучни за стабилноста на секое возило. Истата филозофија со батеријата е применета и во електричната формула. Погонот на сите тркала е овозможен од два електромотори, и тие се позајмени од формулата. Распределбата на силината е 250 kW на предната и 350 kW на задната оска или вкупно 805hp и максимален вртежен момент од дури 8.000 Nm измерен на тркалата. Системот за регенерација располага со капацитет од фантастични 600 kW. Практично ако сопирачките ги сметаме за систем неопходен при исклучителни состојби, тогаш системот за регенерација се користи само за вообичаените сопирања кои се од голема полезност за возилото - собира енергија и ја складира во батеријата. „ДС е тенс перформанс прототип“ е автомобил кој ќе послужи за развој на идните туристички возила од истоимената марка, но нема да биде чудно ако токму овој прототип влезе во сериско производство. И за крај, шампионите од електричната формула Жан Ерк Верг и Антонио Феликс да Коста, ќе го тестираат возилото пред истото да влезе во зоната на тестирање на тркачките патеки, а потоа и на обичниот асфалт. Откако ќе бидат завршени тие тестирања, производителот ќе ги објави деталните технички особини, а дотогаш заедно ќе ги следиме настаните со ознака ДС. •

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| НОВОСТИ

АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2022

СВЕТОТ ГО ИЗБИРА НАЈДОБРОТО

Ж

ирито составено од специјализирани новинари чие поле на делување се исклучиво автомобилите, го објави скусениот список на кандидати кои остануваат во игра за престижното признание Светски Автомобил на годината за 2022. Спомнатото жири е составено од дури 102 новинари од 33 држави и нивна задача е од сите пријавени автомобили да изберат полу финалисти, односно да го изгласаат покусиот список на кандидати. Тоа го сторија на почетокот од месец февруари, а сега се чека 15 март, денот кога од полу финалистите треба да ги одберат трите финалисти. Потоа карванот се сели преку „големата вода“ во Њујорк каде за време на годишната салонска изложба на автомобили, жирито на 13 април ќе го прогласи победникот и ќе му биде врачена наградата на производителот. Покрај наградата Светски автомобил на годината, жирито ќе додели уште неколку награди, Луксузен автомобил во светот, Спортски автомобил во светот, Градски автомобил во светот, Автомобил со најдобар дизајн во светот и Електричен автомобил во светот. Ништо друго не ни преостанува туку да ги дочекаме 15 март, а потоа и 13 април на Салонот за автомобили во Њујорк. За крај на текстов, ги објавуваме списоците на кандидатите. Ова е списокот од 10 автомобили кои ќе се борат за титулата Светски автомобил на годината за 2022 година. Првично овој список беше составен од 28 автомобили, но по првото гласање на жирито беа одбрани следниве 10. „ауди ку 4 е трон“, „купра форментор“, „форд мустанг мах - е“, „генезис г 70“, „хонда сивик“, „хјундаи јоник 5“, „хјундаи туксон“, „киа ев 6“, „лексус н икс“ и „тојта гр 86“ / „субару брз“. Градски автомобил на годината во светот: „дачија сандеро“, „опел мока“, „рено кигер“, „тојота јарис крос“ и „фолксваген таигун“. Електричен автомобил на годината во светот: „ауди ку 4 е трон“, „бмв и икс“, „форд мустанг мах - е“- „хјундаи јоник 5“ и „мерцедес - бенц е ку с“. Луксузен автомобил на годината во светот: „ауди ку 5 спортбек“, „бмв и икс“, „генезис гв 70“, „мерцедес - бенц е ку с“, „волво ц 40 речарџ“

Спортски автомобил на годината во светот: „ауди е трон гт“, „бмв м3 / м4, „порше 911 гт 3“, „тојота гр 86“/ „субару брз“ и „фолксваген голф гти/р. Сите автомобили од претходните категории учествуваат во шестата категорија, односно за шестата награда која е поврзана со обликувањето на автомобилите - Светски дизајн на годината за 2022. Фотографиите се од минатогодишните

20

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

победници. За Автомобил на годината во светот е прогласен „фолксваген ид 4“, за Светски дизајн на годината е прогласен „ленд ровер дефендер“, „Луксузен автомобил во светот за 2021 титулата ја има „мерцедес - бенц с класа“, додека признанието за Спортски автомобил во светот му припадна на „порше 911 турбо“ и Градски автомобил на годината е „хонда е“ . • Данчо Здравковски


ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СИГУРЕН ДОМ

Полиси достапни од:

02/3181-402 | 02/3181-405

www.mobilitybroker.com.mk 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| АВТО-МОТО

Претставуваме ASTON MARTIN V12 SPEEDSTER

МОЌЕН БЕСНОТИЛАК СОЗДАДЕН СО МНОГУ ЉУБОВ ЕКСКЛУЗИВНИОТ V12 SPEEDSTER ГО СЛАВИ БОГАТОТО ТРКАЧКО НАСЛЕДСТВО НА ASTON MARTIN И ПРЕКУ МОДЕРЕН ДИЗАЈН МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ВОЗВИШЕНИОТ ТРКАЧ DBR1 КОЈ ПАЛЕШЕ И ЖАРЕШЕ НА ПАТЕКИТЕ ВО 1950-ТЕ ГОДИНИ ПОБЕДУВАЈЌИ НА ТРКИ КАКО 24 ЧАСА ЛЕМАН.

22

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

ограничените серии на модели како One-77 од 2009 година изработен во 77 примероци, тркачот Vulcan од 2015 година изработен во 24 примероци, па дури и уникатот Cygnet V8 за кого клиентот направил договор со Aston Martin дека неговиот Cygnet ќе биде единствен на светот и сигурно тоа дебело го платил. Откривањето на креативната слободата на одделот Q е само најава за што може да се очекува од најновиот проект кој несомнено плени со својата појава.

В

печатлив излет во непознатото на Q дивизијата на Aston Martin, и несомнено одважен потег при создавање на единствениот V12 Speedster. Полното име на овој специјален оддел „Q by Aston Martin” потекнува од митот за најпознатиот таен агент на светот Џејмс Бонд 007, за кого мистериозниот оддел наречен Q прави неверојатни технички измислици кои му помагаат да се справи

со најлутиот противник и да се извлече од најопасните ситуации. Истата задача ја има и Q дивизијата во Aston Martin од чија гаража излегува и беснотилакот V12 Speedster чие производство ќе биде ограничено на само 88 примероци. Како сервис за персонализација, создавање и исполнување на уникатни желби на клиентите на Q му е дозволена апсолутна слобода во изразувањето. Од Q излегоа

ПО СТАПКИТЕ НА СЛАВНИОТ DBR1 Инспирацијата при создавањето на V12 Speedster несомнено влече корени од славниот спортист DBR1 од 1950-те години, но и од концептот СС100 Speedster од 2013 година. DBR1 е најуспешниот тркач на Aston Martin и модел кој успеал да ја прослави марката на светската мотоспорт сцена. Во 1959 година победил на 24 часа Леман, 1.000 km Нирбургринг и на Турист Трофи, најстарата трка на светот која континуирано се одржува од 1905 година, и воедно истата година го освоил Светскиот шампионат за спортски автомобили. DBR1 беше инспирација и за концептот СС100 Speedster кого Aston Martin го претстави за прославата на 100 годишнината на марката, го произведе во два примерока и го продаде на двајца лојални клиенти чии имиња се тајна. Така при создавањето на V12 Speedster дизајнерите имале јасна визија каков ефект сакаат да постигнат. Дизајнот на V12 Speedster го слави богатото и неповторливо наследство на Aston Martin. Создаден е да биде уште икона во богатата историја на марката. Изложбен експонат кој вози во реалноста. Иако сосема различен од актуелната понуда на марката V12 Speedster од далеку се препознава како Aston Martin. Тука нема двојби. Муцка која со препознатливиот за марката масивен отвор за довод на воздух и намрштените светла личи како да е подготвена да проголта. Нужниот отвор во хаубата за да се смести масивниот мотор подеднакво придонесува за застрашувачкиот лик на спидстерот. Со мускулести испапчувања над тркалата и тенок струк како на боди билдер. Со впечатлив задник со вкомпонирани спојлер и дифузор, и со светлосна лента по урнек на Vantage, V12 Speedster делува како да е извајан од талентиран скулптор. Острите засеци на отворите за проток на воздух само ја дополнуваат агресивната нота на овој гол

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| АВТО-МОТО

на цврстина на отвореното тело на спидстерот во Aston Martin направиле комбинација од структурата на шасиите на познатите модели Vanquish и DBS Superleggera. Каросеријата од друга страна е целосно направена од карбон-фибер со цел да се намали тежината. Но, и за да се постигне посакуваниот ефект на дизајнерските детали кои го прават овој автомобил толку посебен. Иако без кабина и луксузни додатоци овој отворен беснотилак на четири тркала сепак на вага покажува завидни 1.765 kg. Тежина која го носи подалеку од групата лесни модели. Но, не може да се биде лесен со должина од 4.525 mm и ширина од 1.990 mm, и кога под хауба е набиен масивен V12 од 5,2 литри. Сепак специфичната моќност од 396 КС на 1 тон тежина не е за потценување.

спортист. Токму така гол! Кабината е сосем отворена, ако може да се нарече кабина кадата во која се поставени седиштата и арматурата. Едвај видливи се и двата дефлектори за насочување на воздухот, а штрчат само грбите над седиштата кои имаат двојна намена. Го кријат заштитничкиот ролбар и под проѕирните капаци ги чуваат кацигите без кои возењето во V12 Speedster не би било пријатно. Секако тука е и неизбежниот `рбет кој физички ги одвојува возачот и совозачот. СТИЛИЗИРАН КАКО ВИСОКА МОДА Одвоен со т.н. `рбет просторот во кој се сместени возачот и совозачот повеќе наликува на одделни ќелии, но само гледано однадвор. Под оптичката илузија на `рбет просторот е единствен. Уредувањето на ентериерот стилски се граничи со примена на висока мода. Материјалите се благородни, а некои и уникатни

24

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

како на пример гума добиена со 3D печатење. Специјалистите на Q комбинирале модерни и традиционални материјали. На структурниот карбон-фибер од кого се направени и тркачките кади даден му е сатенски финиш, а врз него како контраст се поставени класични ремени од дебела високо-квалитетна кожа која се користи за изработка на седла. Од неа е изработена и торбичката пред совозачот која ја заменува вообичаената фиока, а може и да се понесе. Деталите од полиран хром и алуминиум совршено се вклопуваат во вкусно дотераниот ентериер кој плени со прецизноста на рачната изработка и буди единствено емоционално доживување додека се престојува во него. АЛУМИНИУМ И КАРБОН-ФИБЕР V12 Speedster почива на познатата алуминиумска шасија на Aston Martin составена со лепење на панелите и профилите. За да се добие

РАСКОШНА МОЌ Напред-централно во шасијата е поставен познатиот 5,2 литарски твин-турбо V12 на Aston Martin комплетно изработен од лесна легура, со четири брегасти вратила кои управуваат со вкупно 48 вентили. Заради подобра тежинска распределба масивниот V12 е сместен зад предната оска кон центарот на шасијата. Навиен е да испорачува 700 КС при 6.500 min-1 и вртежен момент од 753 Nm при 3.000 min1. Вртежниот момент се испраќа кон задните тркала преку осум степен автоматски менувач на ZF поставен на задна оска по принцип „трансексл” и диференцијал со ограничено пролизгување. Вака подготвен V12 Speedster од место лови 100 km/h за 3,4 s и стигнува до ограничена максимална брзина од 300 km/h. Покрај раскошната моќ и перформанси овој V12 плени и со неповторливата звучна кулиса која излегува од масивните издувни цевки од не`рѓосувачки челик. За возната динамика се задолжени двојните напречни водилки напред и мулти-линк задната оска кои се потпираат на адаптибилни амортизери со три модуси на работа Sport, Sport+ и Track. Сопирачките апарати се од карбон-керамика и се сокриваат зад кованите бандажи од лесна легура од 21 инчи и прицврстени со централна завртка. Ова внимателно и со многу љубов скроено парче автомобил ќе има прилика да мами насмевка на само 88 сопственици во цел свет. Лимитот на производството е уште еден доказ за ексклузивноста на V12 Speedster за кого во Aston Martin, ниту помалку, ниту повеќе, бараат баснословни 765.000 британски фунти. • Љубомир Анастасовски


НОВОСТИ |

ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР

НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА LEXUS NX СО МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА

НАБРЗО ПО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА, НОВИОТ, ЛУКСУЗНИОТ КРОСОВЕР LEXUS NX ВО СВОЈАТА ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ОТСЕГА Е ДОСТАПЕН И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ. ВО ПОНУДАТА СЕ ДВЕ ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ, Т.Н КЛАСИЧЕН ХИБРИД ОПРЕМЕН СО „SELFCHARGINGHYBRID“ ТЕХНОЛОГИЈА И ВО „PLUG-IN“ ХИБРИДНА ИЗВЕДБА НА СИСТЕМОТ.

оделот Lexus NX сега пристигнува со сосеМ ма нов дизајн и целосно нова предница на која се истакнува ревидираната решетка, благодарение на која автомобилот добива нов и свеж изглед. Променет е и остатокот на каросеријата, па така на задниот дел се истакнуваат LED светлата кои се протегаат низ целата должина на задницата. Ентериерот има целосно нов изглед и материјали со далеку повисок квалитет од претходно и модерен дизајн. Зад управувачот се наоѓа 7-инчниот дигитален инструмент кластер, а до него е поставен 9,8-инчниот екран на допир кој функционира со најновата генерација на инфозабавниот систем Lexus Link Connect. Во понудата е и поголемиот 14-инчен екран на допир. Димензиите на кросоверот се минимално променети, па така ширината и должината е зголемена за два сантиметри, односно сега Lexus NX е 4.660 милиметри долг и 1.865 милиметри широк, додека висината изнесува 1.650 милиметри. Меѓуоскиното растојание е зголемено на 2.690 милиметри, а поголемите димензии се благодарение на модуларната GA-K (TNGA) платформа.

ОТСЕГА И СО „PLUG IN“ ИЗВЕДБА Купувачите кај нас можат да изберат една од двете понудени хибридни опции. Основата во понудата е моделот NX 350h погонуван од 2,5-литарскиот атмосферски мотор и електромотор, а за трансмисијата е задолжен електромеханичкиот варијатор. Стандардно кај овој модел погонот е на сите четири тркала, а неговата моќноста изнесува максимални 244 КС. На врвот во понудата е NX 450h+ кој е првиот plug-in хибриден модел на Lexus. Вкупната системска моќ на оваа варијанта изнесува 306 КС. Во чисто електричен режим на работа Lexus NX може да помине преку 90 километри во градски услови, додека на отворен пат може да се движи само на електро погон до максимали 135 километри на час. Сето ова е возможно благодарение на дарежливиот ба-

териски систем кој располага со капацитет од 18.1 kWh. Системот на пренос на силата на сите четири тркала е перманентен и покрај тоа што ниту една верзија на поседува диференцијал, што значи дека кај овие хибриди задниот

електромотор се вклучува при секое поаѓање. Цените на македонскиот пазар стартуваат од 49.990 евра за „класичниот“ хибриден модел NX 350h, односно 69.990 евра за „plug-in“ хибридната верзија NX 450h+. • Данчо Здравковски

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| АМСМ

ПРОЛЕТТА ЈА ЗАПОЧНУВАМЕ СО ПОПУСТИ ПОДАРЕТЕ (СИ) АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА СО 30% ПОПУСТ За негување на духот на независноста на жените, и оваа година го одбележуваме март-месецот на жената со специјален попуст, ексклузивно достапен само за припадничките на понежниот пол: - заштедете 400ден на АМСМ Класик членската картичка со вклучени услуги за помош на пат и шлепување на територијата на нашата земја, и - заштедете 900ден на АМСМ Европа Премиум членската картичка, со услуги за помош на пат и шлепување во земјава и каде било во Европа. Попустот важи само за индивидуална членска картичка, без можност за семејно членство. Акцијата трае од 01-31.3.2022 година, а можете да ја искористите во АМСМ Скопје (Центар и Чаир), Велес, Кичево и во сите авто-мото друштва низ Македонија. Попустот можете да го искористите и онлајн со внесување на промо кодот: amsm03. Повеќе информации: 02/3181-108

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОПУСТОТ НА ЛЕТНИ ГУМИ Обврската за зимски пневматици и опрема во автомобилите завршува на 15 март, па време е да ја проверите состојбата во која се наоѓаат вашите летни пневматици. Притоа не заборавајте дека дотраените гуми значително ја загрозуваат вашата безбедност во сообраќајот. Во случај на потреба од нови пневматици, ве потсетуваме да го искористите попустот од 30% при набавка на сезонски пневматици од АМСМ сервисот за автомобили, кој го добивате ексклузивно како наши членови. Повеќе информации: 02/3181-133.

26

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

ЧЛЕНСТВО

www.amsm.mk

02/3181-181 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


АМСМ |

• Дали во АМСМ центар може да се извади зелен картон за време на неработните денови, во викенд? Благодарам Милица АМСМ: Дежурната служба на АМСМ (15-555) за меѓународни документи работи 24 часа, секој ден од годината. Исто така, зелен картон и патничко осигурување ќе можете да извадите и во деновите од викендот. • Сакам да купам осигурителна полиса со регистрација на возилото во вашата станица за технички преглед, а не во Осигурителна компанија. Ме интересира која е разликата и дали имам некоја дополнителна бенефиција? Благодарам, Светлана АМСМ: Со купувањето на кој бил тип осигурување преку осигурителното брокерско друштво „Мобилити брокер”, не само што купувате осигурување од компанија по Ваш избор, туку бесплатно добивате консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето. „Мобилити брокер” Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби. Се разбира, услугите на брокерот се бесплатни, а Вие ја плаќате само цената на осигурителната полиса.

• Моментално не сум во Македонија, а имам потреба од својот автомобил (кој е во моја сопственост) во странство. Дали постои можност да ги скенирам моите документи и мојот потпис и да ви ги пратам за да се извади документот за управување со туѓо моторно возило. Колата би била управувана од мојот татко кој би ги доставил сите останати документи. АМСМ: Бидејки возилото е во ваша сопственост, за издавање на документ за управување на туѓо моторно возило во странство со кое го ополномоштувате вашиот татко за да го донесе возилото кај вас, задолжително е ваше присуство. Единствен документ кој е признат за издавање на овој меѓународен документ без ваше присуство е нотарско заверено полномошно во кое е нагласено дека давате дозвола на вашиот татко да го управува

возилото надвор од Р. Македонија. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот e-mail contact@amsmstp. mk или во контакт центарот на АМСМ на следниот телефон +389 (0)2 3 181-181 а ,исто така, можете да ја посетите нашата web страна www.amsmstp.mk.

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

28

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧЛЕНСТВО

ЗАЧЛЕНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТЕДЕТЕ! Вредносниот ваучер може да го искористите на сите локации на АМСМ во Скопје и Велес, за попуст на следниве услуги: - Технички преглед на возило - Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта - АМСМ членство - Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија - Обуки за сите категории во АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС - Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА - Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили - Услуги Помош на пат и шлепување - Горива на АМСМ ПЕТРОЛ

02/3181-108

www.amsm.mk 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


TEСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќај

МНОГУ ВАЖЕН СЕГМЕНТ КОЈ МНОГУМИНА ГО ЗАБОРАВААТ ИЛИ НЕ СЕ ДОВОЛНО ИНФОРМИРАНИ ЗА НЕГО Е ПРОВЕРКАТА НА МОТОЦИКЛОТ ДАЛИ Е ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА, ПО НЕКОЛКУМЕСЕЧНАТА ПАУЗА. СЕКАКО, МНОГУ ВАЖНО Е ДА СЕ ИЗБЕРЕ И СООДВЕТНА ОПРЕМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОЦИКЛОТ, ЗАВИСНО ОД НАЧИНОТ И МЕСТОТО КАДЕ ШТО ПРЕТЕЖНО ГО УПОТРЕБУВАМЕ. со нетрпение ја очекуваат Птотролетта сите, а особено љубителите на свена две тркала. Тогаш се вадат од

гаражите сите мотоцикли и скутери и се ужива во убавото време и во релаксираноста бидејќи мотоциклите се спас од сообраќајниот метеж и од потрагата по слободно паркинг место, што ни одзема и по неколку часови од денот. При подготовката на мотоциклот за сезоната, главен акцент се става на основната проверка на системите за сопирање и состојбата на пневматиците на мотоциклот. Важно е споменатите елементи да бидат во исправна состојба и да бидеме

30

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

УЖИВАЈТЕ СО УБАВЕЦОТ НА ДВЕ ТРКАЛА сигурни во нивното функционирање пред да излеземе во сообраќајот. Исто така, треба да направиме проверка и на комплетното функционирање на електричните уреди на мотоциклот. Сопствениците коишто ги конзервирале своите мотоцикли онака како што е наведено во упатството за употреба треба да ја направат потребната процедура за ги вратат во форма за нормална употреба на самиот мотоцикл. Важно е да се провери и состојбата на ланецот. Ако е потребно, прво да се прочисти правилно, а потоа да се подмачка со соодветно средство за да бидеме сигурни во неговото правилно и долготрајно функционирање. По направените проверки на исправноста и функционирањето на споменатите контролирани точки на мотоциклот, следното важно нешто што треба да се направи пред да се вклучиме во сообраќајот е изборот на соодветна опрема со која ќе бидеме сигурни дека нашето учество во сообаќајот е безбедно и дека сме доволно добро заштитени како една од оние групи-учесници во сообраќајот што повеќе се изложени на опасности. Кога говориме за заштитната опрема за управување на мотоцикл или скутер, прв

и главен елемент за безбедноста (воедно и законска обврска) на секој мотоциклист-учесник во сообраќајот е носењето заштитен шлем. Многумина имаат навика да управуваат мотоцикл без заштитен шлем. Важно е да се знае дека освен удобноста, заштитата од ветар и од удар при паѓање, заштитниот шлем денеска ви нуди можност да стане дел од вашата индивидуалност и имиџ, бидејќи на пазарот има широка понуда на модели. Секако, може да биде и дополнителен елемент, усогласен со дизајнот на вашиот мотоцикл или скутер. Основни нешта што се неопходно да ги знаеме при купувањето на заштитен шлем се следните: - да бидеме сигурни дека шлемот е атестиран и дека има некоја од хомологациите (E, FIA или BS); - изборот да го направиме според видот на мотоциклот или скутерот и местото каде што управуваме со него (отворен, затворен или комбиниран). За управување мотоцикл на автопат најдобро е да се употребува затворен (full face) шлем, а за управување во населено место, каде што брзините се помали, можеме да употребуваме отворен или комбиниран (затворен кој се отвора);


TEСТОВИ И СОВЕТИ

- ременот на шлемот секогаш да ни биде закопчан затоа што може да дојде до повреда доколку користиме незакопчан шлем. Неговата функционалност не е целосна ако не го употребуваме правилно; - доколку шлемот не е нов, треба да бидеме сигурни дека е правилно чуван и дека немало претходни удари со кои структурата на материјалот би се оштетила; Останати елементи за кои е препорачливо да се употребуваат се следните: - Заштитни ракавици кои треба да бидат избрани правилно, во зависност од тоа дали имаме потреба од летни или од зимски и дали ќе ги употребуваме во населено место или на автопат. Важно е да се води сметка и за квалитетот на материјалот од кој се изработени, односно да бидеме сигурни дека освен стил, ќе ни обезбедат и доволно комфор и заштита; - Заштитна јакна за која треба да се направи соодветен избор според класата и начинот на употреба на мотоциклот. Важно е при изборот на јакната да се одбере соодветната големина за да се чувствуваме комфорно додека ја носиме; - Обувки за управување со мотоцикл -

елемент кој многумина не го сметаат за неопходен, но е важен дел од мотоциклистичката опрема. Освен комфорот и стилот што ни го даваат, тие многу придонесуваат за безбедноста, доколку се избрани соодветно; - Комбинезон за дожд - навистина евтин дел од опремата на мотоциклистите, но многу важен доколку сте на подолго патување каде што временските услови може да ве изненадат.

Се надеваме дека успеавме да ви ги доближиме елементите и нивната важност за правилното користење мотоцикл во претстојната сезона, а со самото тоа да ви овозможиме навистина да уживате во мотоциклите и во предностите што ви ги нудат во однос на останатите превозни средства

• Маргита Поповска

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| СТИЛ

Royal Scotsman

И ВИРУСНАТА, ОДНОСНО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 И ОРУЖЕНИТЕ КОНФЛИКТИ НÈ НАУЧИЈА ДА ГЛЕДАМЕ ПОИНАКУ НА ЖИВОТОТ, ДА ГИ ОДВОИМЕ БИТНИТЕ ОД НЕБИТНИТЕ, ВАЖНИТЕ ОД НЕВАЖНИТЕ РАБОТИ, ДА УЖИВАМЕ ВО НЕШТАТА КОИ НÈ ПРАВАТ СРЕЌНИ, А ЕДНОВРЕМЕНО ГИ БУДАТ ЕМОЦИИТЕ, БЛАГОРОДНИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ПРИЈАТНИ ЧУВСТВА. БРЕМЕТО Е НАШАТА РЕАЛНОСТ, ФАКТИЧНА СОСТОЈБА. И ПОКРАЈ ТОА, НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ СЕ ПОКОРИМЕ НА ПЕСИМИСТИЧКИТЕ ВИЗИИ, ТУКУ ДА ГЛЕДАМЕ ОПТИМИСТИЧКИ, ПА И КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ОЧЕКУВАЊАТА. МОЖЕМЕ И ДА СОНУВАМЕ, ФАНТАЗИРАМЕ ДО НЕКОИ ДРУГИ, ПОДОБРИ ВРЕМИЊА, КОГА ЌЕ СИ ДОЗВОЛИМЕ И ПАТУВАЊЕ СО ЛУКСУЗНИОТ ROYAL SCOTSMAN БЕЗ ДА НÈ ГРИЗЕ СОВЕСТА. И ОВОЈ, КАКО И ОСТАНАТИТЕ ВОЗОВИ НА BELMOND, ГО КАРАКТЕРИЗИРА НЕ САМО „ЦАРСКА“, ТУКУ И МОЌ ДА НÈ ИМПРЕСИОНИРА СО НЕГОВАТА „ДУША“.

32

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЛУКСУЗ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ШИНИ О

свен за British Pullman, Venice SimplonOrient-Express и другите возови на Belmond, интересот за Royal Scotsman е, исто така, голем а негови патници се луѓе што ја обожаваат Шкотска, т.е. нејзините планински врвови, езерата со ефект на огледало, па и долините каде што се дворците или аристократските, богаташки резиденции. Но, патувањата им овозможуваат на гостите да се запознаат и со традициите, обичаите на Шкотите, односно Шкотланѓаните, и со легендите, митовите, а содржините или активностите од нивните програми се различни, усoгласени со маршрутите, од посетите на шкотските мануфактури каде што се произведува виски, но и дегустираат, вклучително и на дуќаните за производите на дестилационите процеси, т.е. дестилатите, надалеку прочуени, до прошетките во шумите и пукањата во глинените или керамичките гулаби. Секако, дел од времето е резервиран и за престој во самиот воз чија восхитувачка убавина произлегува од неговата оригиналност и ексклузивноста, се разбира додека лета со брзина што е пропишана и својствена за возови чија придавка е луксузни. А, вечерите на свеќи ја дополнуваат, не-

заобиколно и т.н. кејли (cèlidih, забава со пеење, свирење, танцување и раскажување приказни). Возот е пуштен во 1985-тата, значи дека 37 години функционира одлично. Патниците до 1990тата престојувале во старите вагони, но славата не била ни малку поматена бидејќи архаичноста била доста ценета. Всушност, првите години се здобил со најголема популарност. Belmond ги заменил со Pullman коли (железнички), а реновирањето е всушност дело на James Park Associates, кое и денес е исто, непроменето. Изворот на вдахновението инаку е таканареченaта ера, односно периодот на Едвард (1901-1910 година) или поточно ентериерите на тогашните камени градби, пред сè замоците, но стилизирани. Лакираните дрвени панели, но и мебелот преслечен со платна во топли бои, му даваат посебен шарм, вклучително и парните тушеви кои придонесуваат и за негова, т.е. комфорност на приватните кабини. Royal Scotsman е крстен во 2007-та и оттогаш се воведуваат иновации, новини како неодамнешниот Bamford Haybarn Spa. Имено, цел вагон е претворен во спа-центар кој е прв, единствен во светот. И таканаречената кола опсервер е многу посетена. Оттаму


СТИЛ |

се гледа сè, погледот е спектакуларен, додека се ужива во некој пијалак, седнати на тросед или фотелја, но секогаш полна е и верандата. Колата опсервер е местото и каде што се прават вечерните забави. Приватните кабини се акомодирани, потсетуваат на дворците, а удобноста им е другото име. Првото е луксузот или раскошот сеедно. Шкотските платна се доминантни, особено тартанот чиј квалитет е висок, наизглед и убав. Ѕидовите наместа се украсени со рачно изработени слики. Еднокреветни, двокреветни, „близначки“ поврзани меѓусебно за двајца и апартмани, со неколку простории за семејство, изборот навистина е голем. За леглата, нивната угодност не може да се има сомнеж. И покрај тоа што се отмени, префинети, собите располагаат и со тавански вентилатор, и со греење кое може да се подесува, и со плакар, и со држач на облека, и со мијалник, веце и туш, и со бели крпи што се променуваат секојдневно, и со фен, и со перници од пена и антиалергичен јорган, и со ватирана покривка за креветот, и со ѕвонец за повик на сервисот чии поволности се пресметани во цените, кои се различни согласно турите и деновите, односно времетраењето на патувањата. Цените варираат од 4.000 фунти (294.698 денари), 4.800, 5.500, 6.650, 7.000, 9.500 до 12.500 фунти (9.209,312 денари), од два, три, четири, пет до седум дена. Инаку, без оглед на вирусната пандемија (чии протоколи се задолжителни) и оружените конфликти, резервациите се направени, пребукирано е сè, до крајот на август. Притоа се посетуваат интересни места, градови, села.., дури може и да се плива во езерата, чистотата на планинските езера го нуди тоа. Целата содржина е осмислена убаво, за деновите на гостите да бидат исполнети максимално, а истовремено да се има време и за оддишка, во приватните кабини, додека пири ветрот заради отворените прозорци. Неоспорно уживање, идеално време за сонување и покрај грубата реалност. Па и во Bamford Haybarn Spa. Освен ручекот на отворено, како дел од програмскиот концепт чии активности (веслање на брза вода, играње голф, дегустирање на виски, планетно истражување со астроном) знаат да бидат и напорни, да уморат, и оброците (утрински, пладневни, вечерни, па и меѓу) во ресторанскиот вагон се, исто така, искуствени, со придавката уникатни. Ресторанот инаку е обложен со махагон, а јадењата се приготвуваат со прехранбени, шкотски производи. Се послужуваат и вина и ликери и вискија од слад. Јадењата се кулинарски ремек-дела, од пердувест или

крупен дивеч и морски плодови до чаден лосос. Екстраваганцијата е присутна и во деликатесните салати од гулаби, халибути (ретки видови риби)... Десертите, пак, воодушевуваат и со изгледот, а вкусноста е несомнена. Впрочем, не може да биде инаква бидејќи подготовката е следена од шефот Марк Тамбурини со мишелин ѕвезда, но и тој е вклучен максимално бидејќи рецептите се всушност негови. За сезонските овошја и зеленчуци да бидат свежи, набавката се врши секој ден. Локалните пазарџии се и доставувачи на попатните станици. Нема промашување никаде, во секој поглед. И навечер,

откога ќе заврши оброкот. Забавата е типична шкотска, со гајда. Шкотланѓанецот е, исто така, облечен традиционално, а здолништето му е амблемно. Присутен е постојано, ги дочекува гостите, патниците, но и се испраќа со нив. И да, вискито е задолжително и на доаѓање и кога си заминуваат. Се чува професионално и се точи од буре. Вообичаените здравици се однесуваат на патувањето, на стекнатите пријателства, со желба да го повторат и, пак да се видат.

• Игор Ландсберг

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


ГАСТРОНОМИЈА

ГОТВИМЕ СО ФИЛИП ПОПОВСКИ

ФИЧО

Њоки Карбонара Состојки и сос: • Пакетче ноќи Сос: • 2 јајца • Пармезан-50 гр. • Сланина-50 гр. • Бибер

Подготовка:

Овие њоки се продаваат веќе спремни и направени, па така за нив не ви е потребен рецепт. Спремните њоки се готват навистина брзо. Ставете ги во солена вода што врие и варете ги додека не почнат да испливуваат на површината. Потоа извадете ги и префрлете ги во сосот кој го спремате. За карбонара сосот ќе ви бидат потребни 2 жолчки од јајце, измешајте ги со ситно рендан пармезан (околу 50гр.) и оставете ги на страна. *Оригиналниот рецепт се прави со Пекорино сирење, доколку најдете употребете Пекорино. Во тавче ставете да се пропржи околу 50гр. ситно сецкана сланина, најдобро е ако најдете „Гуанчале” (тоа се димени свински образи). Потоа додадете ги сварените њоки и малку од водата во која се варела пастата. Изгасете го оганот, додадете ја смесата од сирење и жолчки и мешајте енергично додека не добиете кремав сос. Оваа паста се сервира со свежо мелен бибер и малку рендан Пармезан или Пекорино. *Бидете внимателни во моментот кога ја додавате смесата од јајца. Доколку тавата е премногу жешка постои опасност јајцата да се претворат во омлет, токму затоа велам енергично да се меша. Само напред драги мои, експериментирајте во кујната и повторувајте ги рецептите додека не ги усовршите. Повторувањето е мајка на знаењето.

34

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ |

„KEYS“ ALICIA KEYS

„ХАМНЕТ“ МЕГИ О’ФЕРЕЛ

Д

вајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи. Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома. Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре. Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња. Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“. •

А

мериканската кантавторка Alicia Keys неодамна, на 10 декември 2021 година го издаде осмиот студиски албум, во соработка со RCA Records. Таа е и продуцентка во исто време. „Keys“ е, всушност, двоен лонг-плеј. Во едниот се застапени Originals, кои важат за традиционални, мелодични, а во другиот се Unlocked, чии трансформативни ефекти се очигледни во забрзувањето на ритмите, за кои е заслужен Mike Will Made It. Но, има песни што се и независни, т.е. ги има во едното, а ги нема во другото цеде и обратно. На промоцијата й претходеа два сингла - „Lala“ (со Swae Lee - Unlocked) на 9 септември, како и Best of Me (Originals и Unlocked) на 28 октомври, лани. Останатите тринаесет Originals мелодии се: „Plentiful“ (со Pusha T), „Skydive“, „Dead End Road“, „Is It Insane“, „Billions“, „Love When You Call My Name“, „Only You“, „Daffodils“, „Old Memories“, „Nat King Cole“, „Paper Flowers“ (со Brandi Marie Carlile), „Like Water“ и „Keys“, а меѓу останатите Unlocked песни се вбројува и „Come For Me“ (со Khalid Donnel Robinson и Lucky Daye). Во преработката на „Nat King Cole“ е вклучен Lil Wayne. Критиките за албумот се различни, што е вообичаено. Сепак, ќе се согласиме со „The Times“ кој напиша дека „Keys“ нè потсетува колку необична, интересна уметница е Alicia. Таа инаку го опиша Originals како нејзина класична страна, додека Unlocked како инакво звучно искуство, во целост. •

„THE KING’S MAN“ (ЧОВЕКОТ НА КРАЛОТ)

О

ткако двапати беше одложена премиерата од причина што вирусната пандемија не олабави, конечно на 23 февруари се одржа во Лондон, а кината почнаа филмот да го прикажуваат на 4 март. Авантуристичкиот акционен филм „The Batman“ инаку е американски, а главната личност е истоимениот суперхерој - прекарот на Брус Вејн, богатиот индустријалец кој е всушност „измислица“ на DC Comics. Тој е и продуцент, односно неговиот сестрински DC Films, заедно со 6th & Idaho и Dylan Clark Productions, а дистрибутер е Warner Bros. Pictures. Филмот инаку значи рестартирање на Бетмен франшизата. Режисерот Matt Reeves го напиша и сценариото, а му помогна Peter Craig. Временски, дејството се одвива во втората година од борбата против криминалот. Бетмен ги открива корупциските скандали во Готам Сити, бркајќи го Ридлер - серискиот убиец чија цел е всушност елитата во градот. Инаку, DC Extended Universe во 2013-тата го избра Бен Афлек за тој да ја раскаже детективската приказна, но режисерот ја преработи, а притоа се инспирираше од филмовите во 1970тите и „Year One“ (1987) и „Ego“ (2000). • Жанр: авантура, акција Актери: : Robert Pattinson, Zoë Kravitz, Paul Dano, Jeffrey Wright, John Turturro, Peter Sarsgaard, Andy Serkis и Colin Farrell Режија: Matt Reeves

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| ПАТУВАЊЕ

Вaл Дизер

КАДЕ ШТО ЗАБАВАТА Е СПОРТ, А СПОРТОТ ЗАБАВА СКИЈАЧКИОТ СПОРТ ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ, ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА УЖИВАТЕ ВО СЛОБОДАТА НА ПОИНАКОВ НАЧИН. СПУШТАЊЕТО ПО ПАДИНИТЕ НА ВАЛ ДИЗЕР (VAL D’ISÈRE) Е ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК И ЗА ПОЧЕТНИЦИТЕ И ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ, БИДЕЈЌИ ПАТЕКИТЕ МАЃЕПСУВААТ СО СВОЈАТА СТРМНИНА, КОИ НАМЕСТА СЕ ПРИСПОСОБЕНИ ДУРИ И ЗА ДЕЦАТА. СЕЛОТО Е НЕШТО ПОСЕБНО. СНЕЖНАТА БЕЛИНА И ЧИСТОТА ЈА ДОПОЛНУВААТ ПРИЈАТНАТА ГЛЕТКА, ОД СИТЕ СТРАНИ, ПОРАДИ ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ПОСЕТИ. ЧУВСТВОТО НА РАДОСТ И ЗАДОВОЛСТВО Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО ШТО НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ НИКОЈ.

36

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ПАТУВАЊЕ |

З

имската сезона е во тек. Отворањето на спортските патеки беше свечено на 27 ноември, а ќе трае до 1 мај. Вал Дизер е веќе полно со туристи, кои уживаат во скијањето, во санкањето, во лизгањето, во играњето поло на снег и покрај драстичното намалување на бројот заради ковид-19. Сепак, не изостанува понудата, која е голема, можностите се неограничени, што гарантира убав помин. Главната причина да се оди таму е скијачкиот спорт, но и големата дина-

мичност со која се карактеризира престојот на отворено, исполнет со забава до доцна навечер. Всушност, ноќното скијање е вистинско уживање. Замислете спуст на патека осветлена со рефлектори, чија брзина дава чувство на слобода и безгрижност, како да летате. Не е ни чудо што скијачките патеки се полни во секое време кога нивниот број изнесува сто педесет и осум, чија вкупна должина е сто и педесет километри, распространети на површина од триста километри.

Патеката за крос-контри е долга педесет и два километри, има дваесет зелени, шеесет сини, триесет и пет црвени и шеснаесет црни. Таквата поделба значи безбедност на скијачите, независно од знаењето и искуството, бидејќи стрмнините и кривините секогаш носат ризици. Вал Дизер е, всушност, комуна што спаѓа во департманот Савој на југоисточниот дел од Франција, оддалечен само пет километри од италијанската граница. Се наоѓа на Алпите,

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| ПАТУВАЊЕ

вклучувајќи го истоименото село лоцирано на 1.850 метри надморска височина. Од аеродромот во Шамбери се стигнува за два часа, од Лион за два и пол часа, од Женева за три часа, што е олеснувачка околност. Највисоката точка на спортските патеки е на висина од 3.456 метри, само двесте метри под врвот на планината, каде што има и два глечера, а најниската точка се наоѓа на 1.550 метри надморска височина. Деведесет и четирите ултрамодерни ски-лифта им помагаат на скијачите да се качат побрзо на стартниот дел од патеката за спуст, по нивен избор. Годинава работат седумдесет и осум. Таму се и неколкуте бачила, секогаш полни со луѓе, кои, освен чај, пијат и греано вино, а може и да се касне нешто, уживајќи во благодатта на сонцето. Малкумина знаат дека Жан Клод Кили, уште како дете, научил да скија на падини на Вал Дизер. Неслучајно местото предвидено за скијачки спорт го носи неговото име, т.е. презиме. Небото е лимит во буквална смисла. Професионалците си дозволуваат разни лудории, како на пример скокање на патеките од хеликоптер и спуштање по нив, со скии. Се игра и поло на снег. Натпреварите се и пријателски и првенствени натпревари, на облог. Кога се зборува за Вал Дизер се мисли и на забава и на спорт. Всушност, забавата таму е спорт, и обратно - спортот е забава. Во нормални услови, без вирусна пандемија, врие од туристи што сакаат да ги спојат двете задоволства, да им се препуштат целосно, без воздржување.

38

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Доброто расположение се чувствува секаде, на секој чекор. Селото е од памтивек. Месното население, околу илјада и осумстотини на број, вели дека постои од 13 век, но често го споменува и 17 век. Оттогаш е и црквата како негово обележје, културно-историска знаменитост што вреди да се посети, дури и да се присуствува на миса. Архитектурата не им потклекна на модерните, современите текови. Кога се гради, се внимава на изгледот, да се запази автентичноста, вклучувајќи ги и еколошките норми. Употребата на дрво и на камен е неизбежна. Големите прозорци на куќите, ноќевалиштата и хотелите се направени за да се ужива во погледот, и дење и ноќе, кога месечината ја осветлува планинската верига, а светилките го романтизираат средиштето на Вал Дизер, каде што има временско ограничување на сообраќајот, за прошетка. Таму се и многубројните дуќани за скијачка опрема и за сувенири, како и рестораните во кои се послужуваат исклучиво специјалитети на француската кујна, со валдизерски колбаси, топено сирење, шунка и, се разбира, десертот - савојската торта. Луксузот е, исто така, неминовен кога е во прашање Вал Дизер. Хотелот „Ле шардон“ се вбројува меѓу поексклузивните, чија топлина на стилот е просто неодолива. Човек не знае што да избере попрвин, дали лежење во када со жешка вода и пиење шампањ надвор, на снег, или покрај оган, во друштво. Може и наизменично, секогаш во двојка. Луксузен е и хотелот „Марко Поло“ чиј ресторан, кој

има и винарска визба, заедно со фоајето што служи и како бифе, го нарекуваат сетилен свет, центар на хедонизмот. Доволен е само еден краток престој и ќе доживеете повторно раѓање. Ако не годинава, можеби следната, кога се очекува и стабилизирање на ситуацијата. Ковид-19 никому не му оди во прилог. • Игор Ландсберг


03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| HI TECH

Toyota Lunar Crusier

ЕКСКУРЗИЈА, ИЛИ ТОЈОТА СЕ СЕЛИ ОД ПЛАНЕТАВА? НА ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВОЗИЛА НА ПЛАНЕТАВА ИМ СТАНУВА ТЕСНО. НЕ ДЕКА Е НАВИСТИНА ТАКА, НО СЕГА МЕЃУСЕБНАТА ТРКА ЈА ПРЕНЕСУВААТ НАЈНАПРЕД НА МЕСЕЧИНАТА КОЈА ЌЕ ПОСЛУЖИ КАКО ПОЛИГОН ЗА РАЗВОЈ, А ПОТОА ВО ВСЕЛЕНАТА. ЗА НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ ЛУЃЕТО ЌЕ ПОЧНАТ ДА ОДАТ МНОГУ ПОЧЕСТО ВО ВСЕЛЕНАТА, А ЗА ТАА НАМЕНА ЌЕ ИМ БИДАТ ПОТРЕБНИ ВОЗИЛА. ТОЈОТА СЕ ПОДГОТВУВА ТОКМУ ЗА ТОЈ ПОТЕГ, РАЗВОЈ НА МЕСЕЧЕВИ, А ПОТОА И НА ВСЕЛЕНСКИ ВОЗИЛА, НО НЕ САМО ТОА, ЌЕ РАЗВИВА И МНОГУ ДРУГИ ПРОПРАТНИ НЕШТА.

40

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

П

роизводителот на автомобили спомнат во текстов е најпознат на планетава Земја, но и покрај тоа сепак одлучи да оди чекор подалеку. Најверојатно тука на Тојота й станува премногу тесно и сега има потреба од повеќе простор. Тој простор, заедно со ЈАКСА односно Јапонската агенција за вселенски истражувања, го бара некаде на друго место, односно најнапред на месечината. И уште отсега најавуваат кога ќе завршат испитувањата на месечината, а потоа Тојота оди во друг правец, ќе го освојува Марс. Ако Тојота е една од компаниите која најдобро котира со продажбата на планетава, зошто истото да не го направи некаде на друго место. Операциите најнапред ќе ги започне со научно истражувачка работа, каде возилото ќе покаже колку е добро, односно колку е лошо направено и што на него мора да биде отстрането, а што наново вградено, што мора да биде совршено и што може да биде подобрено. Тука на планетава таквата задача за развој ја имаше автомобилскиот спорт. Таму посебно подготвените автомобили добиваа екстремно тешки задачи, а за конструкторите и возилата, трките и брзинските натпревари беа еден вид тест.

Тој ист тест сега ќе биде правен на месечината најдоцна до 2040 година за кога е закажано испраќањето на човечки екипаж на месечината од страна на Јапонците. Како што официјално потврдуваат од Тојота месечевото возило треба да биде за првпат претставено на крајот од оваа деценија и да биде испитувано на секакви терени на планетава, да бидат отстранети фалинките, а потоа го праќаат на месечината. Таму во тоа возило кое ќе користи водород како погонско гориво, ќе живеат и работат две лица во времетраење од две недели, а возилото со резервите од водород за тоа време ќе може да измине 10.000 километри. „Тојота лунар крузер“ ќе биде нешто како туристичко возило за научни истражувања. Екипажот составен од две лица не само што ќе патува по месечината, туку воедно ќе живее и работи во тоа возило и ќе ја извршуваат основната задача, научно истражувачката мисија. Откако ќе биде завршена мисијата на месечината, Тојота заедно со ЈАКСА се селат на Марс каде ќе ја продолжат мисијата и најверојатно тогаш возилото ќе биде именувано како „тојота марс крузер“, претпоставуваме, затоа што овдешното е наречено „тојота


HI TECH |

ленд крузер“, а тоа за месечината „тојота лунар крузер“. Според Такао Сато, првиот човек на оваа мисија и одговорен за проектот Лунар Крузер, вели дека одењето на месечината ќе придонесе за побрза и побезбедна примена на технологиите во секојдневието. Конструкторите го одбрале погонот на водород (горивни ќелии) затоа што во сегашно време е најдобриот, а при согорување се јавува само водена пареа. Колку за потсетување моделот на Тојота, „мираи“, користи ист таков погон на водород. На возилото се наоѓа и панел со фотоволтаични ќелии за дополнување на

батеријата со електрична енергија. Тој панел може да го менува аголот на поставеност во однос на сончевата светлина, односно светлината секогаш да паѓа под прав агол (90 степени). Искористувањето на сончевата светлина е најголемо кога зраците паѓаат под прав агол на панелите. Возилото ќе биде направено на основа од теренските возила само што подвозјето ќе биде уште поспецифично со оски кои многу повеќе ќе ги прилагодуваат тркалата за што подобро совладување на тешко пристапните терени. Засега од фотографиите познато е дека напред има две, а назад една оска

на кои се поставени тркала најверојатно со димензија од над 30 инчи. Возилото не само што ќе мора да совладува далеку потешки терени од овие на планетава, туку мора да одолее и на притисоците кои владеат на месечината - возило мора да биде под притисок, во спротивно сè што има во него ќе се разлета на сите страни - законот на вакуум просторот. Тоа со притисокот е исто како во авионите, за да може да летаат на висини над 7.000 метри, кабинскиот дел мора да биде под притисок. Пред Тојота се издигнува вистински бедем од научни непознати кои мора да бидат решени на најдобар можен начин затоа што месечевата околина не простува, таа е 1.000 пати посурова од оваа на земјава. Ова се само цртежи, а што навистина Тојота ќе направи допрва ќе видиме кон крајот на деценијава. За неколку децении луѓето ќе почнат да одат многу почесто во вселената, а за таа намена ќе им бидат потребни возила. Тојота се подготвува токму за тој потег, развој на месечеви, а потоа и вселенски возила, но не само тоа, ќе развива и многу други пропратни нешта. Тојота не е единствената јапонска автомобилска компанија која заврте друг лист и тргна во освојување на вселената. Сличен чекор прави и Хонда која паралелно со месечевите возила развива и ракетна технологија. За овој потег на Хонда пишувавме минатата година во истава рубрика. • Жарко Атанасовски

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| ИСТОРИЈА

Волво, 95 години

ЕГЗОТИЧНА ЕКСТРАВАГАНЦИЈА МОЖЕБИ НЕГОВАТА РАБОТИЛНИЦА Е НАЈМАЛА МЕЃУ ОНИЕ ШТО ПРОИЗВЕДУВААТ ЛУКСУЗНИ СПОРТСКИ КУПЕ АВТОМОБИЛИ, НО ОТТАМУ ИЗЛЕГУВААТ НАЈДОБРИТЕ ЗАШТО ВО НИВ Е ВГРАДЕНА НАЈНОВАТА ТЕХНОЛОГИЈА.

Г

одинава малата компанија позната како Пагани слави јубилеј - 30 години од формирањето. Животот на сопственикот Хорацио Пагани е поврзан со автомобилите уште од неговата најрана возраст кога сам ги правел од глина и дрво, а во средношколските денови сам си направил мотоцикл. Сонот, љубовта и страста кон автомобилите го терале да оди напред и го создал тркачкото возило од класата Формула 2. На 23-годишна возраст Хорацио конструирал многу успешен болид од класата Формула 3. Неговата работа била забележана од Рено и го именувале за главен во тркачкиот оддел, каде што ги подготвувал болидите за трка. Всушност, Хорацио бил најмен од Рено за да ја води работата во Формула 3. Неговиот тогашен ментор Оресте Берта, познат шеф во тркачките тимови, го запознал Хорацио со неговиот идол Хуан Мануел Фанџо - големиот шампион од Формула 1. Фанџо му станал ментор на сонародникот Пагани и му го препорачал во Ферари, но од

42

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Маранело не одговориле. Потоа Фанџо го препорачал во Ламборџини и оттаму го повикале на разговор. Фанџо го мотивирал Пагани да оди во Италија, во „долината на супер автомобилите“ каде што царувале: Ферари, Ламборџини, Масерати, Далара, Дукати и пред многу години Чизета Автомобили СПА. Ламборџини го вработил и во работилницата на Феручо останал шест години. Прво работел на основните делови од автомобилите, а потоа бил назначен за одговорен во одделот за композитни материјали. Во тој период Пагани бил дел од тимовите што работеле на првото супер теренско возило „лм 002“, потоа на моделите „јалпа“, „каунтач еволуционе“, „п 149“, „л 30“ и „диабло аниверсари“. Бидејќи бил голем поборник на употребата на карбонски делови и панели, им предложил на челниците да купат машина за правење композитни материјали. Но одговорот бил: „Ако Ферари нема таква машина, тогаш не треба

Фиат 500 од 1957 год.

ни ние да ја имаме.“ Провоциран од кусогледоста на челниците, Пагани зел кредит и купил машина за правење композитни материјали. Го напуштил Ламборџини и во 1991 година ја отворил фирмата Модена Дизајн со седиште во малото место Сан Цесарио сул Панаро близу Модена. Подоцна работилницата прераснала во лабораторија за производство на егзотични автомобили - Пагани Автомобили СПА. Во Модена Дизајн почнал да прави композити за речиси сите болиди од Формула 1, вклучително и за Ферари. Произведувал различни композитни материјали за познати производители на автомобили. Во 1999 година на Салонот за автомобили во Женева Пагани го претставил пред светската јавност својот автомобил. Својот автомобил од соништата Пагани прво го нарекол „ц 8“, а потоа го избрал името „фанџо“ по Х. М. Фанџо. Во времето кога Хорацио макотрпно работел на својот автомобил, Фанџо побарал од свои-


ИСТОРИЈА |

те пријатели во Мерцедес да прават мотори за Пагани, конкретно V12, кој се изработува целосно рачно од еден мајстор и строго по нарачка. Мерцедес се согласил. Во 1995 година Пагани го изгубил својот идол, пријател и ментор Фанџо. Хорацио, од почит кон семејството на Фанџо, не го ставил неговото име на автомобилот во развој, туку го нарекол „зонда“ по името на ветрот зонда што дува на планинскиот масив Анди во Јужна Америка. Пагани имал што да му покаже на светот во врвната луксузна класа, во супер спортските купе автомобили, класа каде што царуваат многу добро познатите Масерати, Ламборџини, Ферари, Корвета, Порше, Лотус, Бентли... Но Хорацио направил посовршен спортски автомобил од другите. Автомобилите Пагани може да се објаснат со зборовите егзотична екстраваганција. За Пагани се вели дека е перфекционист поврзан со науката, но и со уметноста. Овој дизајнер, конструктор, сопственик, прв одговорен во компанијата и мајстор над мајсторите за композитни материјали многумина го нарекуваат последниот уметник меѓу производителите на автомобили. Неговите автомобили се повеќе од машина на четири тркала, тоа е најдоброто и најквалитетното, со издржливост, цврстина и еластичност, високолегирани челици и разни легури, врв во технологијата. Леталата на НАСА, сите видови болиди, дури и скијачките обувки на скијачот Алберто Томба содржат композитен материјал потпишан од Пагани. За дизајнот на својот прв автомобил Хорацио рекол дека во неговите главни линии, од една страна, гледал девојка што лежи и се сонча на песочна плажа, а од друга страна, борбените авиони и обликот на прототипите од трката 24 часа Леман. Овие три нешта ги вметнал во моделот „зонда“. Моделот „зонда“ официјално се произведувал до 2019 година. Произведени се вкупно 140 примероци во три изведби, купе, роудстер и барчета. Формулата за главниот и единствен материјал од кој се произведувале шасијата и школката ја знае само Пагани. Практично нема две исти „зонди, односно биле произведени во најмногу два примерока. Некои примероци чинеле и по 6,5 милиони долари. „Обичната зонда“ се продавала за околу 2,3 милиони долари. За некој јубилеј биле произведени три примероци од овој модел, а еден чинел 16 милиони долари. Моделот „зонда“ има централно сместен 12- цилиндричен атмосферски мотор „мерцедес амг“ со работна зафатнина од 6,0 до 7,3 литри и силина од

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| ИСТОРИЈА

најмногу 750 КС. Автомобилот има должина 4.395 мм, ширина 2.055 мм и висина 1.151 мм, тежи најмалку 1.210 кг или најмногу 1.280 кг, во зависност од изведбата. Моделот „зонда“ се уште може да се нарача. И наследникот моделот „уаира“ сè уште се произведува во неколку изведби. Името Уаира потекнува од стариот народ Куечуа, кој живее по должина на планинскиот масив Анди, a Уаира e бог на ветрот во неговата митологија. Во чест на италијанската воена авијација Пагани изработил ограничена серија од три примероци наречена „триколори“, а секој чинел по 6,75 милиони долари. Серијата „имола“ е произведена во пет примероци и секој чинел 5,4 милиони долари. За парите се добива V12 мотор со 6,0 литри зафатнина, двоен турбокомпресор, 827 КС, седумстепен автоматизиран менувач „икс трак“ со тројна спојка. Моделот има електромеханички диференцијал поврзан со централна единица што истовремено ја надгледува работата на моторот и аеродинамиката. Монококот е изработен од повеќе видови карбонски влакна (композитен материјал) проткаени со титаниум и чини околу 500.000 долари, односно 10 пати повеќе од материјалот што се вградува во болидите од Формула 1 и во спејс шатл. „Пагани уаира р“ располага со 850 КС и чини 2,6 милиони евра, а за овие пари може да се купи по едно: Ферари, Ламборџини, Масерати, Порше, Бентли... До денес се произведени 296 примероци од моделот „уаира“. Сè уште се произведува изведбата „р“ од моделот. Најново од Пагани е проектот „ц 10“, купе што треба да го замени моделот „уаира“. • Жарко Атанасовски

44

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

Горан Јовановски

Фиат 500 од 1957 год.

ЉУБОВТА КОН ТРКИТЕ МЕ НОСИ КОН ВРВОТ МАКЕДОНЕЦОТ ГОРАН ЈОВАНОВСКИ E ПРВОРАНГИРАН ВО КЛАСАТА Е-1 ЗА 2021 ГОДИНА НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА СРБИЈА ВО КРУЖНИ АВТОТРКИ. ГОДИНАВА, ОСВЕН ЗА ОТВОРЕНОТО СРПСКО ПРВЕНСТВО ВО КРУЖНИ АВТОТРКИ, ЈОВАНОВСКИ СЕ ПОДГОТВУВА И ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО. ПРВПАТ СЕ ПОДГОТВУВА ДА УЧЕСТВУВА И НА КРУЖНИ АВТОТРКИ ВО ИСТОЧНОЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ. ВО ДОСЕГАШНАТА КАРИЕРА ИМА ОСВОЕНО 16 ПЕХАРИ И ТРИ МЕДАЛИ.

46

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Н

а Отвореното првенство на Србија велешанецот Горан Јовановски доби златен медал за најдобар во кружни автотрки за 2021 година во класата Е-1 од 1.400 до 1.600 кубици. Во 2021 година Јовановски учествуваше на пет од осум трки на Отвореното првенство на Србија и освои две први и три втори места, а во генералниот пласман со 80 бода го освои првото место и беше прогласен за најдобар меѓу десет натпреварувачи во класа Е-1. Јовановски се натпреварува со „цитроен саксо“ со работна зафатнина од 1.600 см3 со 215 КС со вистински тркачки делови од 750 килограми. Веќе една година е член на автокартинг клубот „Перформанс“ од Скопје.

ПРЕДИЗВИК САМ ДА ИЗРАБОТИ ВОЗИЛО Јовановски вели дека занаетот го наследил од татко му, но сакал да научи повеќе за тркачките возила, па и да се трка со нив. Желба му било да создаде конкурентно возило, подготвено за предизвиците во трките. - Отсекогаш сакав да поседувам тркачко возило. Настојував да се усовршам во мојата струка, во автомеханичарската работа, да се надградам во нешто што како автомајстор не го знаеше ни татко ми Димитар-Мите. Имав замисла да ја

претставувам нашата држава како автомобилист со автомобил што сам ќе го изработам. Две години го правев возилото, беа потребни многу средства, но го изработував со љубов и мерак и затоа постигнав такви резултати, потенцира Горан. Неговото тркачко возило „цитроен саксо“ е едно од најубавите во Македонија, со најдобри перформанси, најдобри делови и со најнова технологија за комуникација и уреди. Во 2018 година учествувал на првата трка „Скопски круг“ во неговата автокариера. Организаторите му дозволиле да вози со лиценца што не била соодветна за кружни трки и освоил четврто место. Претходно возел автослалом и две години бил шампион. Тоа му било стартна позиција што морал да ја помине за да може да влезе во дисциплината кружни автотрки. Возел и неколку ридски автотрки, а учествувал и на првата ваква трка во Кочани на Пониква, каде што освоил трето место. Тоа било трка за Централноевропската зона на ридски трки. Во 2018 година во автослалом освоил шампионска титула со оригинално возило и прв пехар. Во 2019 година настапил со оригинално возило и со тркачко возило и освоил шампионска титула.


СПОРТ |

Со оригиналното возило освоил вицешампионско место. За неговото учество во Отвореното српско првенство Јовановски раскажува дека сам се пријавил и отишол во Србија за да учествува. - Во Србија отидов пред сè за да го пробам возилото и да го научам. Многу ми се допадна патеката, софистицирана и модерна, по сите европски и светски стандарди и безбедна. Потоа Федерацијата за автомобилизам од Србија ми прати покана да учествувам на Отворениот српски шампионат во кружни автотрки и имав успешна сезона, вели Горан. Во земјава во неговата класа има двајца конкуренти, во послабата класа има тројца и во повисоката класа има двајца колеги што се натпреваруваат. ПОДГОТОВКИ ЗА 2022 ГОДИНА Јовановски се подготвува и годинава да учествува на Отворениот српски шампионат, како и на трките што се предвидени за Централноевропската зона, кои спаѓаат во FIA - главен организатор за овие трки. - Станува збор за сериозни трки, голема конкуренција и значителни средства што се потребни за учество. Во Централноевропската зона учествуваат натпреварувачи од Словачка, Словенија, Полска, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и други земји. Првата трка е од 8 до 10 април на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија, а втората на 5 јуни на патеката „Редборинг“ во Австрија.

МАКЕДОНИЈА НЕМА КРУЖНА ПАТЕКА ЗА АВТОМОТО ТРКИ - Младите во земјава покажуваат сè поголем интерес за кружните автотрки. Најчесто сакаат да им се надгради возилото за да добијат повеќе перформанси, односно да извадат максимум од него. Во работилницата правам и тунирање на возилата, читиринг... Во Македонија нема кружна патека што ќе се користи и за автотрки и за мототрки, а која ќе може да ја користи и секој возач што сака да вози брзо. Со тоа ќе се придонесе да има помалку сообраќајни незгоди на македонските патишта и улици, а наедно и поголема безбедност, порачува македонскиот автошампион Горан Јовановски.

Станува збор за многу тешка патека. Ќе биде добро ако за учество на оваа трка ми помогнат државата, односно Федерацијата за автомобилизам, како и спонзори, потенцира Јовановски. Животна желба на Јовановски е да го освои шампионатот во Централноевропската зона. Веќе започнал со подготовките на возилото за настапот во оваа сезона. - Планирам за две-три недели да го пробам возилото и да тренирам на патеката Серез во Грција, една од најубавите балкански патеки. На оваа патека ќе се одржи македонскиот шампионат во автотрки, вели Јовановски. • Антоанела Димитриевска

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

Светско првенство во Формула Е

ПОРШЕ СО ПРВА „ПОБЕДА НА СТРУЈА“

ВО СВОЈАТА ПОСЛЕДНА ГОДИНА ОД ПОГЛАВЈЕТО ПОЗНАТО КАКО „ГЕНЕРАЦИЈА 2“, ФОРМУЛА Е ВЛЕГУВА СО ДУЗИНА НОВИ РЕДЕФИНИРАЊА НА ПРАВИЛАТА, ЗА КОИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ БИДАТ ДОБРИ „МИРУДИИ“ ЗА ЦЕЛОТО ШОУ.

И

ако подоцна од вообичаеното, осмата сезона од светското првенство на Формула Е стартуваше на крајот од јануари со двете трки во Саудиска Арабија и уште една која што се одржа во Мексико две седмици подоцна. Освен што максималниот капацитет на енергија беше зголемен за 10 проценти од 200 на 220 киловати, беше испробан и новиот квалификациски систем - откако претходниот беше критикуван дека намерно ги оштетува водечките возачи во генералниот пласман со лимитирањето секогаш да возат први во квалификациите на таканаречената „нечиста“ патека. Со овие промени најпрвин беа скратени тренинг сесиите од 45 на 30 минути, а потоа беше дозволено на гран при викендите со една трка да има лимит од четири сета пневматици, а на оние со по две трки, од шест сета пневматици. Новиот систем предвидува сите дваесет и два болида да учествуваат во првиот дел од квалификациите, кога возачите се поделени во две групи по единаесет. Критериум за таа поделба

48

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

повторно ќе биде пласманот на табелата. Двете групи ќе имаат по десет минути отворена патека за да постават конкурентно време, а најбрзите четири од секоја продолжуваат во втората фаза каде што на принцип на директни дуели ќе го формираат конечниот стартен поредок. Според организаторите, ваквиот квалификациски формат бил одобрен од ФИА како „максимизирање на возбудата за навивачите и воедно да го охрабри издвојувањето на најдобрите возачи“. Во однос на стариот систем, тоа значи дека нема да има четири различни групи, па оние последните да бидат во некоја рака фаворизирани. Дополнителното мешање на најдобрите од двете групи, треба да е моментот кој ќе обезбеди оној што е навистина најбрз да прогрeсира понатаму во рамноправни околности. Сепак, останаа неслушнати повиците од поранешниот двократен шампион во Формула Е, Жан Ерик Верње, кој имаше што да каже на тема фер-плеј. - Нашето првенство е мошне професионално. Сепак, начинот на кој што се тркаме во моментот вклучува и меѓусебни удари на возачите, бидејќи возилата во моментот тоа добро го поднесуваат. Но за мене тоа е неприфатливо и сметам дека ФИА треба да преземе нешто. Трката како што беше онаа во Лондон е комплетно неприфатлива, - рече возачот на ДС Течита, евоцирајќи спомени за елиминацијата на неговиот клупски колега при судирот со Лотерер во Британија. - Децата кои што ги гледаат трките на Формула Е мислат дека ова е како картинг трка меѓу пријатели. Тоа не смее да биде така. Тоа е лошо за шоуто и апелирам ФИА што побрзо да направи нешто. Треба повеќе да контролираат. Во картинг, ако

некого удриш ќе те дисквалификуваат, не им е битно зошто тоа се случило. Зошто да не го направиме истото и ние во Формула Е? Стартот на шоуто во Дирија му донесе пол позиција на Стофел Вандорн од Мерцедес, кој што влезе во историјата како прв возач што триумфирал со новиот квалификациски систем. Во финалниот дуел тој се соочи со Џејк Денис од тимот Андрети, но ривалот му ја олесни работата со мало пролизгување во свиокот број 6, кое што му ја додели најдобрата стартна позиција на белгискиот возач. Но во трката, тимскиот колега на Вандорн и минатогодишен шампион Ник де Врис успеа да се врати во игра и да избие на првото место за конечна „еден/два“ победа на Мерцедес. Де Врис имаше добар старт и успеа да го престигне второпласираниот Денис, но по првото излегување на возилото за безбедност на патеката водечкиот Вандорн имаше мала грешка при активација на дополнителната енергија, по што неговиот колега го презеде водството, а со тоа воедно и победата во трката. На крајот Денис се најде на третото место, иако во текот на трката беше престигнат од Лотерер, но тој не стигна до целта. - Едноставно ја утнав активацијата и загубив некаде секунда и половина до две, за ништо. Самиот сум виновен за тоа, сè друго одеше добро. Требаше само да ги следиме процедурите и да ги постигнуваме целите што си ги зададовме. Но, всушност јас му ја препуштив победата на Ник, останавме заедно и финиширавме со „1-2“ победа. Разочаран сум за грешката, но сепак ова беше позитивен ден за нас и можеме да бидеме задоволни од стартот на сезоната. Својата добра форма Де Врис ја покажа и во


СПОРТ |

квалификациите за втората трка во Дирија, каде што во финалето го победи Едоардо Мортара од тимот на Вентури, и тоа со предност од само пет илјадити делови од секундата. Овој пат Денис и Вандорн потфрлија со пласман на осмо, односно дванаесто место, па така Робин Фријенс зад воланот на Вирџин се најде на третата позиција. Де Врис имаше комотно водство на почетокот, но кон средината од трката кога Лукас Ди Граси му се приближи и се обиде да го престигне, дојдоа до контакт во два наврати, при што Бразилецот отиде напред, па потоа и Мортара го нападна возачот на Мерцедес, кој тактизираше со употребата на енергијата. Во финишот Мортара го престигна Ди Граси и поита кон победата, додека Де Врис продолжи да тоне и на крајот заврши како десетти. Во самиот финиш Робин Фријенс успеа да го достигне Ди Граси и да му го преземе второто место, додека Лотерер стигна до четврта позиција. - Не бевме доволно брзи. Можеби предоцна ја активиравме дополнителната енергија, но едноставно немавме ритам. На крајот имав и контакт со Верње, при што загубив четири или пет позиции. Грешката е наша и верувам дека едноставно не бевме доволно брзи, - објасни Ник Де Врис. Интерконтиненталниот трансфер во Мексико не донесе огромно поместување во распоредот на силите, но изненадувања сепак имаше. Мортара беше пред праг на нова пол позиција, но грешката во последниот свиок од финалниот дуел го промовираше Паскал Верлајн како освојувач на првото место во квалификациите, при што и неговиот тимски колега Андре Лотерер го надополни успехот со пласман на трето место, пред Верње, да Коста и де Врис. Сепак, стартот на трката повторно го врати Мортара во игра, па тој изби на чело, додека неговите ривали штедеа енергија. Дури и Верње успеа да ги престигне и да дојде до второто место, пред Порше да им дозволи на своите возачи да ја употребат целата енергија што ја имаат на располагање. Таквата стратегија вроди плод, па Верлајн и Лотерер дојдоа до „еден-два“ победа, која воедно е прв триумф на Порше во Формула Е. По голема борба со Мортара, Верње успеа да го освои третото место. - Мојата грешка во квалификациите ме постави во позиција да бидам зад Паскал. Од почетокот имавме јасна тимска стратегија да се фокусираме на трката и да не се тркаме меѓу себе. Идниот пат ќе се потрудам јас да бидам напред. Честитки за Паскал, лани една победа му беше „украдена“ и сега ја заслужи назад. Ова е величенствен успех

ШАРЛ ПИК СЕ ВРАЌA КАКО СОПСТВЕНИК НА ТИМ Поранешниот возач во Формула 1, Шарл Пик, во 2015 година се повлече од трките откако не успеа да ја развие својата кариера по настапите за Марусија и Кетерхем. Во средината на февруари, тој објави дека ќе ја преземе француската екипа ДАМС, која се натпреварува во Формула 2 и Формула Е и го опслужува тимот Нисан. Екипата ДАМС беше сопственост на основачот Жан Пол Дрио, кој починал во 2019 година, по што го наследиле синовите Грегори и Оливие. Според првичните сознанија, тимот не бил на продажба, но Пик се обврзал да ги задржи сите вработени и да ја продолжи визијата за создавање конкурентен француски тркачки тим. Шарл Пик потекнува од богато семејство кое претходно го спонзорирало тимот ДАМС кога таму возеле Ерик Бернард и Оливие Пани, а дури и братот на Шарл, со оваа екипа се натпреварувал во Формула Рено.

за тимот, вложивме многу напор за да ги надминеме тие успони и падови од претходната тешка сезона. Мислам дека конечно почнавме да ги „склопуваме“ нештата,- изјави Андре Лотерер, објаснувајќи го приодот на Порше во оваа трка. Верлејн ја потврди оваа страна на приказната и се согласи дека тимот направил одлични калкулации. - Кога го поминав Мортара за првото место, добив задача да забрзам и да го подигнам темпото.

На крајот се виде дека пресметките биле точни и дека ривалите беа зад нас само една или две секунди. Се фокусиравме на ефикасноста и на енергија за 40 круга во трката (напомена: по правило должината на трката е 45 минути, по што се вози последен круг). Не сакавме да го забавиме темпото и да пробаме сценарио со 39 круга, се држевме до оригиналниот план и бевме „на сигурно“. Не дојдовме во опасност и покажавме дека можеме да победиме и со трка од 40 круга,- рече победникот Верлејн. Ваквата стратегија беше оценета како победничка од ривалот Едоардо Мортара, кој укажа дека неговиот тим доцна реагирал и во текот на трката ја приспособиле енергијата за додатниот круг, додека Порше тоа го направил на почетокот. - Очекувавме дека е можно да се возат 40 круга, но доцна почнавме со спроведувањето на стратегијата. Тие започнаа порано и поради тоа имашее големи разлики. Ни беше тешко бидејќи ја немавме вистинската стратегија од почеток. Потрошивме многу енергија и бевме ранливи на крајот. Поради нападите на конкурентите на крајот мојата потрошувачка беше преголема, па се најдов на петто место. Не е крај на светот, но ќе мора да направиме подобар пристап за следните трки,- заклучи возачот на Вентури. Следни трки од календарот на Формула Е се двата спектакли низ улиците на вечниот град, Рим, на почетокот од април, по што ќе се продолжи на други локации низ Европа, како што е легендарното Монако.

• Александар Табаковски

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ПОТЕШКИ И ПОБАВНИ, НО РАМНОПРАВНИ

ЖЕЛБИТЕ НА ГЛЕДАЧИТЕ ПРЕТОЧЕНИ ВО НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ФИА МОЖАТ ДА СЕ ИЗГЛАГОЛАТ КАКО „ПОИЗЕДНАЧЕНИ ТРКИ СО ПОВЕЌЕ БОЛИДИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ПОБЕДА, ОДНОСНО СИТУАЦИИ ВО КОИ МНОГУМИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРЕСТИГНУВААТ ЛЕСНО И ДА СОЗДАДАТ ДОБРО ШОУ“. ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПОСАКУВАНОТО?

50

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

рекројувањето на болидите во ФорПза 2021 мула 1 првенствено беше планирано година, но по одложувањето на

стартот на сезоната во 2020 година поради пандемијата од Ковид-19, инженерите добија дополнителна година за доработка на своите идеи. Конечно, на крајот на февруари, првата тренинг сесија во Барселона им овозможи на пилотите во Формула 1 да ги тестираат новите конструкции и да ги почувствуваат главните разлики. Комплицираните аеродинамички решенија беа исфрлени со новите идеи за правилата, кои според многумина беа напишани така што не оставаа простор за двојни толкување или „наоѓање дупка“ во регулативата. Без странични крила, едноставно предно крило, спуштено задно крило, болидите наликуваат на своите претходници од пред 40 години. Од друга страна, има и нови пневматици кои од досегашните бандажи со 13 инчи ќе свртат нов лист во историјата и ќе се преориентираат на 18 инчи, како порелевантна технологија на современите конструкции. Првиот тест во Барселона донесе неколку позитивни најави дека поизедначени трки со поголем број возачи во потера за победата е возможна мисија, но на крајот од денот – првите места и најбрзите времиња им припаднаа на досегашните владетели: Мерцедес и Ред Бул. Сепак, подлабоката анализа укажува дека има простор за оптимизам. Најбрзото време е поставено со најмеките гуми, а дел од возачите не успеаја да дојдат до моментот да „тренираат квалификации“. Поголемиот дел беа фокусирани на поминување што е можно повеќе километри, акумулирање на податоци за однесувањето на болидите, со цел на следните тестирања и трки да имаат сознанија за

нивно подобро штелување. Така на пример, и најдоброто време постигнато од Ферари е со тврди гуми, а разликата до она најбрзото е половина секунда. Имајќи предвид дека сепак е ова само прво возење, треба да се антиципира дека промени и изненадувања се можни, но првите впечатоци на возачите се генерално добри за очекувањата на публиката. Но, една од првите посочени карактеристики на новите конструкции е – тежината. Со новите правила, минималната тежина е определена на 795 килограми, а во 2008 година (пред воведувањето на КЕРС и акумулаторите за дополнителната енергија), таа изнесуваше 200 килограми помалку! - Болидите се секогаш забавни, но ги паметам деновите кога тие беа значително полесни. Мислам дека тоа е единствената маана – тежината. Се чувствува како да се претешки,- рече Себастијан Фетел, поранешен четирикратен шампион. - Со исклучок на тежината, зимските тестирања беа уживанција. Болидот е комплетно нов, па мора да го приспособиш својот возачки стил, беше интересно да се испробаат различни нешта, - изјави Шарл Леклер, кој беше одушевен од новиот болид на Ферари. - Мислам дека со волку тешки болиди, како и со помал воздушен потисок поради новите правила, очекував многу полош болид, или барем потежок за возење. Но, засега се чувствува мошне добро балансиран,- открива Даниел Рикиардо за болидот на Мекларен. Од гледна точка на перформансите, се очекува да нема проблеми во смисла на тоа дека болидите ќе станат побавни и неинтересни. Напротив, со новата аеродинамика на брзите делници болидите се како „залепени“ за асфалтот и тоа ветува

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


| СПОРТ

дека нема да има загуба во брзината. - Во смисла на перформансите, не сме далеку од лани. Ако се има предвид развојот што ќе уследи по стартот на сезоната, мислам дека ќе дојдеме до слични перформанси, - гласи мислењето на Пјер Гасли. - Мислам дека сите се побрзи од она што очекуваа да бидат, можеби и четири секунди по круг. Перформансите при високите брзини се слични со оние што ги имавме лани,- посочи Џорџ Расел.

52

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

- При големи брзини чувството е убаво. Залепен си за земја и возилото продуцира повеќе воздушен потисок, мошне поконзистентно. Затоа е и убаво за возење,дополнува Карлос Саинц. Она што беше инспирација за промените – да нема турбулентен воздух зад болидите, со цел оние што се побрзи да можат полесно да направат престигнувачки маневар, се чини дека е постигнато, при што возачите дадоа мошне описни импресии. - Следев некои болиди и ми се чини дека

има подобрување. Вообичано се чувствуваше како загуба на воздушниот потисок, па одеднаш имаш подуправливост или огромна преуправливост. Не очекувам дека е можно сосема да се искорени, пред сè поради брзините што ги имаме во Формула 1, но делува како да е под контрола, - кажа светскиот првак Макс Ферстапен. - Би рекол дека при заостанување од три до една секунда, сега е полесно да следиш некого. Кога си на една секунда до половина секунда заостанување, чувството е исто како претходно. Но, кога ќе падне под половина секунда, тогаш е многу подобро отколку лани,- мошне искрено признава Шарл Леклер. - Јас забележав дека следењето е подобрено, но истовремено ефектот на возење во заветрина, исто така, исчезна заедно со турбулентниот воздух. Се најдов зад Ландо Норис на оддалеченост од една или две должини на болидот, но потоа на правците не можев да му се доближам,- загрижено елаборираше Расел за своето искуство. Последната изјава укажува дека на возачите и инженерите ќе им треба уште многу време за да направат конструкции што ќе извлечат максимум во рамки на новите правила, а притоа да немаат проблеми со возните својства. Меѓу потенцијлните проблеми за кои се говори по тестот во Бахреин е таканаречното „потскокнување“ на болидите, па голем број на медиуми пренесоа сознанија дека тоа може да биде проблем што потенцијално ќе влијае на одредени перформанси. Имено, првата солуција со подигање на висината е возможна само доколку проблемот биде ефикасно решен во кус рок, бидејќи секоја друга опција повлекува пообемни зафати, како на пример промена на подот на болидот. Затоа, следниот тест во Бахреин, кој ќе биде одржан во сосема поинакви временски околности, ќе се смета и за многу поверодостоен и релевантен, бидејќи сега инженерите имаа само еден поглед на нештата. Со втора патека и поинакви временски околности, некои компоненти (како на пример пневматиците) ќе работат мошне поразлично, па ќе се има појасен став за одредени појави, но и за севкупниот распоред на силите. • Александар Табаковски


Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

РАСПЛЕТ ПРЕД НОВ ЗАПЛЕТ ПО НЕКОЛКУМЕСЕЧНА НЕИЗВЕСНОСТ СВЕТСКАТА АВТОМОБИЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ПО ЖАЛБИТЕ НА МЕРЦЕДЕС ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ВО ФОРМУЛА 1, ВОЗЕНА ВО АБУ ДАБИ, ШТО ПАК ВЛИЈАЕШЕ НА КОНЕЧНИОТ ИСХОД ВО БОРБАТА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА. противно од очекувањата, комиСпретседател сијата на ФИА заедно со новиот Мохамед Бен Сулајем

одлучи да преземе мерки и да направи ревизија на судиската хиерархија, каде што досега неприкосновен беше директорот на трката Мајкл Маси. Маси на оваа позиција беше именуван пред две години, кога ненадејно почина дотогашниот легендарен делегат на ФИА, Чарли Вајтинг. Може да се каже дека на неговата работа досега никој немал забелешки, но тензичното финале се покажа како премногу голем зафат за судење од страна на едно лице, па така ФИА најавува дека со ревизијата ќе имплементира ново судиско тело кое што ќе биде составено од повеќе членови (два ротирачки стјуарди и еден перманентен советник). Како дополнување на оваа „структурна промена“, за нивно олеснето носење на одлуки ќе биде направена таканаречена виртуелна контролна соба, која што ќе биде надвор од автодромот. Ова на некој начин ќе биде дополнителна судиска соба, која што повлекува паралела со имплементирањето на ВАР технологијата што се користи во фудбалот. На овој начин но-

виот директор на трката ќе има простор за дополнително разгледување на одредени случаи и за доделување на соодветни казни. Мое лично мислење, кое што беше кажано и во претходната колумна по прашање на рестартот на трката во Абу Даби е дека најдобро ќе беше ситуацијата да биде исправена со истакнување на црвено знаме и прекин на трката, што ќе донесеше најфер ситуација во рестартот. Надоврзувајќи се на воведувањето на новата контролна соба, заклучокот е дека таа „ќе треба да му купи време“ на директорот на трката, односно да му овозможи да донесе одлука за нешто што поминало - иако трката е сè уште во тек. Тоа става тежиште на носење на одлуки во од, наместо при прекин на трката, и тоа е ризикот што го оптоварува овој нов систем, иако тимовите генерално се среќни со ваквото реструктуирање и воведувањето на дополнителни ресурси за поправедни одлуки. Истовремено, од страна на ФИА е дадена иницијатива и за промена на регулативата за прекин на трките при невозможни временски околности. Се заговара опција да не бидат доде-

лени бодови доколку во трката нема два круга во кои што лидерот на трката возел слободно, без присуство на безбедносно возило на патеката. Дополнително, понудени се и различни опциии за доделување на поени за ситуации кога трката би била прекината пред истекот на 25 проценти, 50 проценти и 75 проценти. Досега постоеја само два модела: половина поени за прекин пред 75% од трката, и комплет бодови доколку изминале 75% од трката, така што може да се поздрави ваквата иницијатива како тежнеење кон посовршен модел. До стартот на сезоната можно е да има уште неколку „жешки“ одлуки, пред сè околу организацијата на трката во Русија, а се шпекулира и со безбедноста во Саудиска Арабија каде што имаше проблеми при организацијата на релито „Дакар“. Во новосоздадените услови ќе биде од исклучителна важност да се донесат вистински одлуки, кои натаму можат да имаат големо влијание врз спортот. •

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

53


| СПОРТ

Светско првенство во МОТО ГП

Франческо Бањаја

ТЕСТИРАЊАТА ГИ ПЕПЛОСАА НАДЕЖИТЕ НА ЈАМАХА ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА СЕ ОДРЖАА ДВЕ ТЕСТИРАЊА, НО СПОРЕД НАПИСИТЕ НА МЕДИУМИТЕ – ГЛАВНИ ВЕСТИ БЕА СЛУЧУВАЊАТА НАДВОР ОД ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ.

54

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


СПОРТ |

овата сезона од мотоциклистичкиот Нсо традиционалната мондијал стартува на 6 март во Катар, трка под рефлекто-

ри, а планирани се уште 20 гран при викенди во текот на сезоната што треба да трае до 6 ноември, кога треба да се вози трката во Валенсија. Во пресрет на трките беа одржани две тест сесии на почетокот од февруари, и тоа двете на Далечниот Исток: во Малезија и Индонезија, на патеките кои во текот на годината ќе бидат домаќини на гран при викенди.

По првиот тест во Малезија, медиумите во суперлативи пишуваа за шансите на Сузуки, кој промовираше нов мотор, за кој се верува дека ќе има поголема крајна брзина и ќе биде помоќен за престигнувачки маневри, што досега било нивна слаба страна. Наспроти тоа, актуелниот првак Фабио Куартараро беше цитиран дека не е најзадоволен од перформансите на Јамаха. - Не сум среќен споредено со тоа што очекував, но среќен сум со себе и како возев на овој тест. Има успони и падови, но не

треба да се фокусираме на тоа што сум очекувал. Имам таков мотор како што ми дале и ќе уживам да дадам максимум од себе,- рече Французинот. Спротивно од него, вице шампионот Франческо Бањаја имаше свој личен рекорд со новиот мотор на Дукати. - За време на тестирањата направивме напредок со моторот, еден чекор на првиот ден, а потоа и на вториот. Кога пробав да го нападнам времето, не направив ништо посебно, а резултатот беше мој личен рекорд на оваа патека. Доколку имаше трка денеска, ние ќе бевме во конкуренција за челните позиции,- изјави ланскиот победник на четири трки, кој потпиша нов двегодишен договор (за 2023 и 2024) со италијанскиот тим, со кој се шпекулира дека неговата плата е удвоена од 800 на 1,5 милиони евра за година. Уште еден тим за кој се зборува со комплименти за развојот во 2022 година е Априлија. Тие лани тестираа со Довициозо, но откако тој им се врати на трките со Јамаха, за новата сезона се ангажирани Маверик Вињалес и Алеш Еспаргаро и на првиот ден во Сепанг имаа „еден-два“ пласман, додека на вториот ден беа само 26 стотинки од првото место. Голема мистерија ќе бидат перформансите на Хонда која, исто така, направи промена на својот мотоцикл, пред сè менувајќи го балансот кон задниот дел, за разлика од претходно. Според оцените, тоа ќе биде спротивно од желбите на Марк Маркез, но на радост на Пол Еспаргаро кој имаше најбрзо време на тестот во Индонезија, на патеката Мандалика. Промената на конструкторската филозофија треба да резултира со производ кој ќе биде полесен за возење, за разлика од претходно кога само Маркез успеваше да извади максимум од стариот концепт. Кога станува збор за „трансферите“, освен Вињалес во Априлија, сите други имиња се на своите места од минатата сезона. Тоа става акцент на пазарот на возачи за 2023 година и веќе се во оптек аферите дека Куартараро како незадоволен од Јамаха ќе бара нов ангажман. Сузуки се споменува како негова можна дестинација, но таму раководната палка ја презема досегашниот прв човек на Хонда, Ливио Зупо. По заминувањето на Давиде Бривио во Формула 1, Сузуки беше во потрага

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

55


| СПОРТ

„ДОКТОРОТ“ ЗАМИНА, ПОГЛЕДИТЕ СЕ ВПЕРЕНИ КОН БРАТ МУ

Франческо Бањаја

По 26 сезони во светското мотоциклистичко првенство, минатата година Валентино Роси го објави своето повлекување од Мото ГП. Деветкратниот првак веќе подолго време работеше со младите возачи и помогна во развојот на неколку нови ѕвезди, како Франческо Бањаја, но од лани во најсилната конкренција својата кариера ја стартуваше неговиот помлад полубрат (по мајка), Лука Марини, кој беше светски вице првак во 2020 година, во класата Мото 2. Во дебитантската сезона, тој освои 41 поен во „кралската класа“, при што само два пати се најде меѓу првите десет, па оваа сезона се очекува да покаже многу повеќе и да излезе од сенката на големиот брат. Фабриката Дукати која ги обезбедува мотоциклите за тимот „ВР46“ објави дека Марини ќе има идентична спецификација како и возачите во нивниот официјален тим. За време на тестирањата во Индонезија тој имаше блескави моменти и на почетокот беше најбрзиот возач со Дукати.

Маверик Вињалес

Лука Марини

Фабио Куартараро

по лидер на својот проект (во меѓувреме имаше седумчлено раководно тело), па првично почнаа да циркулираат гласини за враќање на Бривио, но откако тој беше потврден дека останува во Рено (Алпин), јапонскиот тим го именуваше Ливио Зупо за менаџер на тимот. Италијанецот претходно беше и во Дукати каде му ја донесе на тимот единствената шампион-

56

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ска титула со Кејси Стонер во 2007 година, по што премина во Хонда во 2010 година, за во 2011 година да му се приклучи Стонер и да освојат нова титула, по што започна ерата со Марк Маркез. Катар е само почетна точка на календарот, но всушност претставува серија од четири интерконтинентални трки (заедно со Индонезија, Аргентина и САД), пред

мотоциклистите да дојдат на европски терен, каде ќе останат од 24 април до 18 септември. Потоа следат уште четири интерконтинентални трки (Јапонија, Тајланд, Австралија, Малезија), по што е традиционалното „спуштање на завесата“ во Валенсија. • Александар Табаковски


СПОРТ |

WRC – Рели Монте Карло

ГОЛЕМИОТ КАЛЕ ЈА ОСВОИ ШВЕДСКА ТОЧНО 21 ГОДИНА ОТКАКО НЕГОВИОТ ТАТКО ХАРИ ТРИУМФИРАШЕ НА РЕЛИТО ВО ШВЕДСКА, НЕГОВА ЕДИНСТВЕНА ПОБЕДА ВО КАРИЕРАТА, МЛАДАТА НАДЕЖ НА TOYOTA КАЛЕ РОВАНПЕРА ВО СТИЛ НА ГОЛЕМ ШАМПИОН ГИ ОСВОИ СНЕЖНИТЕ НОРДИСКИ ШУМИ.

П

осле една година отсуство заради пандемијата релито на Шведска се враќа на сцена. Организаторите имаа доволно време да планираат сериозно тежок снежен настан каков што се памети од времето пред глобалното затоплување да ги вмеша прстите во структурата на релито. За да ја остварат целта организаторите одлучиле да заминат 600 километри на Север од Стокхолм, блиску Арктичкиот круг, во регионот

наречен Фастерботен кој е послан со непрегледно пространство од смрзнати шуми. Со температури кои дење паѓаат под 20 степени целзиусови под нулата градот Умеа кој е центар на регионот е совршен за да биде домаќин на еден зимски настан од ваков вид. Зимското рели бара уникатен пристап при подготвување на патеките. Тие се пробиваат низ дебел намет од снег. Целта е да се создадат

снежни брегови врз кои возачите ги потпираат автомобилите за полесно водење низ свијок. Подлогата треба да е дебел слој мраз во кој загризуваат шилците од тенките гуми и остваруваат неверојатен контакт со подлогата. Така се ловат високи брзини што само по себе звучи парадоксално, но факт е дека релито на Шведска е еден од најбрзите настани во шампионатот. Традиционално нордиските возачи се тие

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

57


| СПОРТ

кои доминирале на ова рели, но во последните години со мешање на подлогата заради повисоките температури сè повеќе возачи ја научија тајната и почнаа да го добиваат шведското рели. Сепак, Нордијците очекуваат дека поместувањето далеку на Север повторно на сцена ќе ја врати нивната доминација, што се потврди и годинава со победата на младиот Финец Кале Рованпера. Важно за екипажите годинава е тоа што со менување на регионот не можеа да се потпрат на забелешките за брзинските испити од претходните години. Едноставно мораа да почнат од бел лист хартија, да создадат нови забелешки и според нив да скројат нова стратегија за напад. Иако замрзнатите патеки околу Умеа им се познати на натпреварувачите од шведскиот шампионат, тие се комплетна новина за ѕвездите од WRC кои за волја на вистината за првпат се натпреваруваат на снежно рели со новата генерација на хибридни рели автомобили. Не можеше точно да се оцени распоредот на силите пред стартот на релито. Релито на Монте Карло покажа дека пакетот на M-Sport Ford

58

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

функционира со оглед дека Puma Rally 1 го доби настанот. Без оглед што го нема Лоеб, Крег Брин покажа дека има доволно капацитет да го води британскиот тим, а како поддршка остануваат Гас Гринсмит и Ејдриен Формо. Тешкотиите кои го пресретнаа тимот на Hyundai на отворањето на сезоната е подобро да се заборават според лидерот на тимот Тиери Нувил. Тој најдобро мина во Монте Карло иако едвај успеа да го доведе својот i20 N Rally 1 до целта. И От Танак и Оливие Солберг за кого ова е домашен настан очекуваат многу повеќе од ова рели. Тимот на Toyota предводен од Елфин Еванс кој победи на ова рели пред две години се чини најсоодветно опремен за напад. GR Yaris Rally1 покажа дека е олицетворение на издржливоста на Toyota и дека во рацете на Кале Рованпера е сериозен претендент за големи достигнувања. Во тимот после три години отсуство за ова рели се враќа Есапека Лапи од кого се очекува солиден резултат на снег, како и од поддршката Такамото Катсута. Како за асфалтот на Монте Карло, така и за снегот во Шведска на тестирањето тимовите почнуваа

од нула кога е во прашање сетапот на новите автомобили. Повеќето возачи признаа дека било невообичаено на почеток, но соработката меѓу тимските другари и техничарите го насочија напредокот во вистински правец. Ова посебно важеше за младиот Рованпера кој последователно нижеше добри времиња низ снежните шуми. Иако заради резултатот од Монте Карло стартуваше прв, што претставува хендикеп на ова рели, сепак покажа извонреден резултат и со тоа најави дека атакува на победа. Танак на тестот заврши втор, трет беше Нувил, а четврти Катсута. Брин и Гринсмит беа петти и шести. Релито на Шведска стартуваше во четврток навечер со церемонијален старт во Умеа, а првите натпреварувачки километри екипажите ги направија во петок наутро. Дури петмина возачи се сменија на лидерската позиција во текот на првиот ден од релито. Танак започна со најдобро време, но лошата среќа брзо го стигна Естонецот. Веќе на вториот брзинец го оштети браникот кој целосно отпадна со што се наруши аеродинамиката на автомобилот која е пресудна на брзите снежни патеки. Дополнителен удар


СПОРТ |

во брег на петтиот брзинец активираше предупредувачки аларм на хибридниот систем по што за Танак релито заврши. Резултатите беа тесни во текот на целиот ден меѓу најдобрите возачи. Сепак, на крајот од денот Нувил беше возачот кој славеше. Интересно, после петтиот брзинец Белгиецот беше петти, но со темнината дојдоа и перформансите. Брилираше на двата последни брзинци од денот и го поведе релито. Рованпера заврши втор со 4,3 s зад Нувил. Бидејќи стартуваше прв очекуваше почисти патеки и беше изненаден од остатоци на снежни блокови во краевите. Сепак, успеа хендикепот да го претвори во предност и да просперира. Еванс иако беше во водство поголемиот дел од денот се мачеше со управливоста на својот автомобил. На крајот од денот истрошените гуми му пресудија и мораше да се задоволи со третото место. Есапека Лапи го комплетираше триото на Toyota пласирајќи се четврти. Петти заврши Солбер, шести Катсута, а возачите на Ford Формо и Гринсмит беа седми и осми. Брин како и Танак се откажа откако излета од патеката. Првиот сет од брзински испити во сабота наутро минаа во знакот на Toyota. Една мала грешка по која излета на првиот брзинец од денот смени

нешто во сетапот на автомобилот на Нувил и тој повеќе не се чувствуваше комотно да форсира. Призна дека „тојотите” биле неверојатно брзи ова утро, и дека, и да не се случел пехот тешко ќе било да се држи чекор со нив. Рованпера едвај го дочека стартот на првиот брзинец од денот. Поштеден од метењето на патеката можеше да вози во полн налет. Иако брзинецот го освои Еванс, Кале имаше доволно добро време за да поведе. Призна дека овој технички брзинец бил вистински предизвик и дека направил многу глупави грешки, но за среќа не загубиле многу време. Во текот на денот освои три од вкупно шест испити и го заврши денот на првата позиција. Никој од конкурентите, па дури и тимските другари, не му беа рамни. Иако тој скромно велеше дека воопшто не чувствува потреба да форсира за да остане на врвот. Најлутиот конкурент на Рованпера беше тимскиот другар Еванс. Велшанинот победи на два брзинци и денот го заврши втор со дефицит од 8,3 s во однос на Рованпера. После проблемите на Нувил утринскиот круг од три брзинци заврши во знакот на Toyota. Лапи беше возачот кој се искачи на третата позиција. Меѓутоа после пладневниот сервис Нувил се врати во форма и да крајот од денот го раздели јапонското трио.

Го престигна Лапи и му го зеде третото место. Така Есапека мораше да се задоволи со четвртата позиција, додека Катсута беше петти. Дури четири возачи на Toyota се најдоа меѓу првите петмина на крајот од денот. Шести заврши Солберг, а седми Гринсмит. На последниот брзинец од денот Еванс направи грешка која го чинеше многу. Тој излета од патеката пред самиот финиш и го заврши брзинецот на споредниот пат кој возеше паралелно со него. По разгледувањето на пријавата и сведочењето на Еванс му беше доделена временска казна од 10 s со која се продлабочи разликата меѓу него и Рованпера. Во недела на последниот и најкус ден од релито се возеа четири брзински испити. Рованпера беше на висина на задачата на првиот. Иако не форсираше сепак времињата на минување покажуваа дека е исклучително брз. Победи на него и потоа немаше потреба да се докажува. Но, токму на тој брзинец Еванс кој веќе заостануваше 18,3 s почувствува дека тука ќе се кршат копјата. Возеше на нож во обид да го надомести загубеното време. Не беше внимателен, удри во снежен брег и го оштети автомобилот по што мораше да се откаже. Нувил го заврши релито на второто место, а Лапи на третото. Катсута ја пополни празнината во тимот на Toyota завршувајќи четврти. Гринсмит остана зад него на петтото место, а Солберг на шестото. Победата на релито на Шведска е трета во кусата кариера на Рованпера во Светскиот шампионат во рели. Минатата година која беше прва сезона со целосна програма за него тој победи на релито на Естонија, и на исцрпувачкото рели Акрополис на Грција. Победата во Шведска беше изедначување на успехот со неговиот татко Хари. Рованпера постариот во својата 13 годишна кариера во WRC успеа да освои една победа и таа во Шведска во моментите кога Кале имал едвај четири месеци. 21 година подоцна подмладокот носи двојна радост во домот на семејството Рованпера правејќи го Хари исклучително горд на успехот на својот син. Четвртото место во Монте Карло и победата во Шведска се доволни за Рованпера да поведе во шампионатот за возачи со 46 бода пред второпласираниот Нувил со 32 бода. Што се однесува, пак, на шампионатот за производители освоените бодови на Есапека Лапи ја промовираа Toyota во ран лидер со 83 бода пред 59 бода на M-Sport Ford и 47 бода на Hyundai. После пролетната пауза следното рели се вози на асфалтот во Хрватска кон крајот на април.

• Љубомир Атанасовски

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

59


| АМСМ

БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ЕВРОПА ПРЕМИУМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА АКО ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА НАСКОРО ИСТЕКУВА, СОВЕТУВАМЕ ДА ЈА ОБНОВИТЕ СО АМСМ ЕВРОПА ПРЕМИУМ. КАКО НАШИ ЕВРОПА ПРЕМИУМ ЧЛЕНОВИ, НЕ САМО ШТО ДОБИВАТЕ БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ВО ЗЕМЈАВА И КАДЕ БИЛО НАДВОР ОД НЕА, ТУКУ ОТСЕГА ДОБИВАТЕ И БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ. Со цел да ви обезбедиме безгрижно патување, особено надвор од државата, Европа Премиум членскиот пакет го збогативме со нова услуга, бесплатно патничко осигурување. Патничкото осигурување, кое како Европа Премиум членови го добивате бесплатно се однесува само на носителот на членската картичка, индивидуално. Вклучува покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција, а ви обезбедува здравствена помош и осигурување за случаи кои се настанати во странство и се поврзани со патување во странство.

60

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

При обнова или издавање на Европа Премиум членската картичка, потребно е валиден пасош за изработка на полисата за здравствено патничко осигурување. Полисата ќе ви биде доставена следниот ден електронски на вашата мејл адреса. Во случај да станете АМСМ Европа Премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани од АМСМ Секторот Членство за изработка на здравствено патничкото осигурување. Патничкото осигурување кое го добивате бесплатно со Европа Премиум членската картичка е без франшиза и не вклучува покритие од Ковид-19. •


БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Покритие од 20 дена со важност од 365 дена на територијата на Европа

02/3181-181

www.amsm.mk 03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

61


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

КВАЛИТЕТНИОТ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД СПАСУВА ЖИВОТ!

02/3181-181 62

03.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.