АМСМ Клуб Мобилити - Мај 2023

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | МАЈ 2023 БР. 98 www.amsmklubmobiliti.mk Светско првенство во Формула 1 Мунволкер НАЈБРЗИТЕ „ЧЕВЛИ НА ТРКАЛА“ НА СВЕТОТ ПРЕСВРТ ВО БАКУ

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-181

Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:

Маргита Поповска

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН:

Мартина Поповска

РЕДАКЦИЈА:

ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје

Република Македонија

Тел: 02/ 3181-351

Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:

проф. д-р Спасе Јовковски (претседател)

проф. д-р Иво Дукоски (член)

Калинка Танеска (член)

Јован Теговски (член)

Миле Атанасов (член)

Димитар Пендов

Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ:

Жарко Атанасоски

Љубомир Анастасовски

Данчо Здравковски

Андријан Трипунов

Александар Табаковски

Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци

ПЕЧАТИ:

Печатница „Серафимовски“ - Скопје

БАНКА:

Комерцијална Банка А.Д. Скопје

ЖИРО-СМЕТКА:

300000000915716

ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

ISSN 1857-6133

НАПРАВЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР! Развојот на патната инфраструктура во Република Северна Македонија и примената на најсовремена технологија при опремувањето на автомобилите бара промена на потребите и интересите на сопствениците на возилата и возачите, а со самото тоа и на членовите на АМСМ. Појавата на конкуренција на пазарот за давање услуги на моторизираните граѓани наметна задача пред АМСМ за создавање нови членски пакети и да ги зголемува содржините на веќе постојните, кои секако се клучни за вашата и за безбедноста на вашето семејство во сообраќајот. Затоа со изборот на вистинскиот членски пакет што најмногу ви одговара, вие сте безбедни и притоа заштедувате. Еден од дефинирачките фактори за безбедноста на автомобилот е тој да биде опремен според временските услови во сезоната. Стабилноста во возењето директно зависи од добрата влечна сила. И покрај добрите перформанси на зимските гуми, тие создаваат опасност во сообраќајот во остатокот од годината бидејќи ги губат својствата кога степените се зголемуваат. Тоа важи и за летните гуми - нивниот материјал и дизајн не ги задоволуваат барањата при ниски температури и услови на површината на патот во зима. Но веднаш се прашуваме кој е вистинскиот избор на гуми, во случајот летни, за нашиот автомобил. Купувањето летни гуми може да биде вистински предизвик бидејќи има широк спектар на брендови, модели и големини за избор. За да ви заштедиме време што инаку би требало да го потрошите за споредување на карактеристиките на различни брендови ви препорачуваме внимателно да ги прочитате препораките од јубилејното тестирањата на летни гуми на австрискиот клуб OAMTC. Следниот број на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јуни во електронска верзија, на вашата меил адреса и на веб страницата www.amsmklubmobiliti.mk Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

3 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВОВЕД

ДОКУМЕНТИ

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД www.amsm.mk Меѓународна возачка дозвола ∙ Одобрение за управување со туѓо моторно возило Патничко осигурување ∙ Зелен картон ∙ АМСМ членски картички 02/3181-181
МЕЃУНАРОДНИ
ИЗВАДЕТЕ

ОБЛИК КРУНАТА, СИМБОЛ НА ВЛАДЕТЕЛСКАТА МОЌ, НО И НА ВИСОКОТО ДОСТОИНСТВО

ГРАДОТ ЧИЈА МИСТЕРИОЗНОСТ ВАРИРА ЗАВИСНО ОД МЕСТОТО, ПЕРИОДОТ ОД ДЕНОТ И СВЕТЛИНАТА

5 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Н ОВОСТИ АВТО-МОТО ТЕСТОВИ И СОВЕТИ СТИЛ ПАТУВАЊЕ HI-TECH ИСТОРИЈА СПОРТ 7 7 40 46 8 14 34 32 20 24 26 24 26 48 7 14 34 40 КОНЕЧНО НЕШТО НОВО ОД ЛАНЧА НАЈБРЗИТЕ
НА ТРКАЛА“ НА
АЛФИНАТА ДЕТЕЛИНА СО ЧЕТИРИ ЛИСТА НОВ, ЕЛЕКТРИФИЦИРАН СВЕТ РАБОТНА МАШИНА РИНС ЈА ВОСКРЕСНА ХОНДА ШЕСТИ РАЗЛИЧЕН ПОБЕДНИК ВО ОСУМ ТРКИ 50 НИЈАНСИ НА ЦРНО ВОЗИЛО ЗА ЗАБАВА
„ЧЕВЛИ
СВЕТОТ
ВО КУПЕ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕВРОПА

МАКЕДОНИЈА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото

не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди, на начин

кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со

моторното возило.

Мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на

управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа

која овозможува нивно користење без употреба на раце.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Броеви за итни случаи: Пожарникарска бригада - 193

Полиција - 192

Прва помош - 194

Помош на пат (од Македонија) - 196

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.

РОМАНИЈА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Романија е забранета употребата на мобилен телефон (казна 65-80 евра), HANDS FREE дозволено.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 112

Амбуланта 112

Пожарна 112 АЦР (туринг инфо) +40 21 211 04 10 или 211 43 66 АЦР (аларм центар) +40 21 222 2222

со мобилен: 0745 382 715 0722 382 715

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено ниво на алкохол : 0%

УНГАРИЈА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење е забранета употребата на мобилен телефон (казна 15.000 до 30.000 ХУФ), HANDS FREE дозволено.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 107/112

Амбуланта 104/112

Пожарна 105/112 МАК (помош на пат) 188 или +36 1 345 1755

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено ниво на алкохол : 0%

СЛОВЕНИЈА

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Словенија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE, казна 120 евра..

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 113 или 112

Амбуланта 112

Пожарна 112

АМСЗ (инфо центар) + 386 1 530 53 00

АМСЗ (алармен центар) + 386 1 530 53 53

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05% (казна 600-1.200 евра); за професионални возачи, нови возачи (до 2 години искуство)

и лица до 21 година - 0%.

6 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ОТА

PU+RA HPE КОНЕЧНО НЕШТО НОВО ОД ЛАНЧА

116 години старата италијанска марка денес не е ни на стаклени нозе, туку ја нема никаде. На кое ниво е сега марката која царуваше во Светскиот шампионат во рели, која беше препознатлива по специфичниот луксуз, како на пример некогаш престижниот градски модел „ипсилон 10“. Сигурно се сеќавате на него. Ланча во неколку класи имаше модел со таков луксуз, но попатно некаде се изгуби и сега ја нема во продажба. Слушнавме дека постоела само на домашниот пазар и тоа единствено во изданието „ипсилон“.

Сепак, за Ланча април беше успешен, го претстави концептот „пу + ра хпе“, класична комби лимузина, но со ултра современ дизајн. Ова е само концепт, а никако чекор до сериски автомобил. Малку е чудно што Ланча претставува концепт лимузина со пет врати, а за 2024 година најавува доаѓање на нов „ипсилон“. Како што тргнале работите ни тие самите не знаат што прават, но да видиме што ќе се случи следната година, дали новиот „ипсилон“ воопшто ќе биде претставен.

Стелантис, сегашниот сопственик на Ланча й даде еден вид ултиматум во наредните три години да направи план за развој и ако планот помине на „испит“, Ланча ќе опстане, во спротивно марката ќе биде згасната.

Творците на „пу + ра хпе“ велат дека тоа е врвна лимузина со радиус на движење од солидни 700 км, батеријата се полни до 80 % за одлични 10 минути. Сега за сега толку од Ланча, да видиме што ќе се случи на крајот од оваа и почетокот на наредната година, односно дали и на кој датум ќе се појави новиот „ипсилон“. •

Претходно

го најавивме неговото доаѓање, а сега го претставуваме, односно сега во април за првпат беше изложен на Салонот за автомобили во Шангај, еден од петте најголеми и најзначајни во светот. Зборуваме за Смарт и неговиот најнов модел „3“ кој не е обичен автомобил туку спорт јутилити купе (сук) и конструкторите се гордеат со тоа.

Нов надворешен и внатрешен дизајн со простор за четири возрасни лица. Иако е конструиран на основа од платформата што ја користи помалиот, моделот „1“, сепак располага со следниве димензии: 4.220 мм должина, 1.800 мм ширина и 1.600 мм висина, што го прави досега најголемиот во семејството и има за 35 мм поголемо меѓуоскино.

Производителот даде штури податоци за новиот модел, изведбата со погон на две тркала ќе располага со преголеми 268 КС, а „брабусот“ 422 КС и погон на сите тркала. Сега на ред е континенталната премиера на ИАА во Минхен, што ќе се одржи од 5 до 10 септември, а продажбата ќе започне на почетокот од 2024 година. •

7 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
SMART #3 ВОЗИЛО ЗА ЗАБАВА ВО КУПЕ ОБЛИК
LANCIA
НОВОСТИ |

Ford Mustang Mach-E AWD Extended Range

НОВ, ЕЛЕКТРИФИЦИРАН СВЕТ

НОВИОТ MUSTANG MACH-E Е АВТОМОБИЛ КОЈ ВЛЕГУВА ПОД КОЖА КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНУВАТЕ СО НЕГО. ОДЛИЧНИОТ ИЗГЛЕД ВО КОМБИНАЦИЈА СО ИЗНЕНАДУВАЧКИ ДОБРОТО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО И ПРЕЦИЗНИОТ ОПСЕГ ВО РЕАЛНОСТА ОБЕЗБЕДУВААТ МНОГУ ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ. СВЕТОТ СЕ МЕНУВА, А СО НЕГО МОРА И ЛEГЕНДАТА, ПО СÈ ИЗГЛЕДА ДЕКА ПАТОТ ШТО ГО ТРАСИРА MACH-E, ВЕТУВА ВОЗБУДЛИВА ИДНИНА ЗА MUSTANG.

8 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО

Е

лектричните возила земаат сè поголем замав, а по она што може да го видиме, тие се тука за да останат. Овие случувања ги натераа производителите да бидат поинвентивни, да пронаоѓаат некои нови решенија, создаваат нови класи на возила, но и да се навратат на имињата од нивното славно минато. Прва компанија која се одважи да го искористи називот што е еден од најзначајните за марката е токму Ford, употребувајќи го можеби најславното име во својата историја, Mustang. Времињата навистина се менуваат и името Mustang сега е прикачено на електрично возило!

МАГНЕТ ЗА ПОГЛЕДИ Одговорните во компанијата сметаат дека ако нешто е на доволна високо ниво да ги одведе во новиот правец и да ја исполни задачата на театрален начин, тоа со сигурност е Mustang. Најпрво, мора да се признае дека Ford во целост е на висина на задачата кога зборуваме за естетиката на Mustang Mach-E. Купувачите сакаат нивниот миленик да се издвојува од останатите, а Mustang Mach-E го прави тоа на извонредно добар начин. Новиот Mustang Mach-E во целост црпи инспирација од легендарниот модел, а тоа е највеќе забележливо на предната и задната страна од автомобилот. Фронталниот дел има доста агресивен пристап кој потсетува на „muscle car“ автомобил што е постигнато со долгиот поклопец и „лутите“ LED светлосни склопови. Слично е и одзади, каде се користени стилски задни светла познати од минатото. Одговорните за изгледот на екстериерот употребиле мала дизајнерска итрина, Mustang Mach E совршено одговара на времето и простор во коe живее, тој не е конвенционален SUV. Напротив, кокетира со стиловите кои се атрактивни во моментов, создавајќи уникатна

творба која е нешто помеѓу SUV/Crossover/Fastback, едноставно кажано, магнет за погледи без разлика каде и да се појави.

ВО ДУХОТ НА НОВОТО ВРЕМЕ

Дизајнерите на Ford естетски можеби го поврзаа купето и овој нов електричен SUV однадвор, но Mach E внатре е целосно современ и оригинален. Штом ќе влезете во кабината, ќе наидете на добро уреден и прецизно склопен ентериер. Ништо во кабината не потсетува на моделите кои марката ги има во понудата. Сè е креирано во стилот на новото време. Огромниот централен екран доминира со кабината. Неговата вертикална поставеност и димензија од 15,5 инчи командуваат со речиси сè, а има и големо физичко копче за подесување на звукот. Можеби на почеток системот се чини дека е малку препотентен, но како и со сè што е ново, за кратко се навикнувате на неговата функционалност. Доколку сте љубител на сопствена забава секогаш можете безжично да го поврзете својот паметен уред преку Android Auto и Apple. Вториот екран во кабината е наменет за возачот, тој има вертикална поставеност и димензија од 10,2 инчи, поставен е зад управувачот кој ги прикажува клучните информации. Кога станува збор за комфорот, предните седишта се изразено удобни и поседуваат добра странична поддршка но, сепак, задниот дел е местото каде што Mach-E навистина импресионира. Обично слегувачката линија на покривот би го компромитирала простор на задната клупа, па затоа инженерите на марката играле паметно и задните седишта ги поставиле доволно ниско за да им овозможат и на лица со висина од 190 см. да седнат удобно во задниот дел. Складирањето и транспортот на багажот е организиран доста паметно. Имено, во стандардниот багажник има место за 402 литри, што не ни малку ни многу, а доколку ги соборите задните седишта тогаш добивате 1.420 литри транспортен простор, но на предниот дел каде што обично се наоѓа агрегатот, се крие уште еден багажник со капацитет од речиси 120 литри, тој има и еден иновативен елемент, а тоа е отвор за испуштање на течност, па така слободно можете да го наполните со мраз и да ги ладите омилените пијалаци.

9 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

ИНСТАНТНА МОЌ

Погонската единица на Mustang Mach-E во случајот на нашиот тест автомобил вклучува пар електрични мотори, на секоја оска по еден, со вкупно 258 kW или 351 КС и влечна сила од 580 Nm. Енергијата доаѓа од пакетот батерии составен од 376 литиум-јонски ќелии. Ford очигледно е крајно конзервативен во поглед на батеријата, иако истата има вкупен капацитет од 98,7 kWh, а употреблив е капацитет од 88 kWh, Ford остава 10 kWh како залиха. Системот овозможува брзо полнење до 150 kW за што му се потребни 45 минути како би ја дополнил батеријата од 10% до 80%, на стандарден полнач од 11 kW за целосно полнење на батеријата ќе треба да почекате повеќе од 8 часа. Слободно може да кажеме дека Mustang Mach E е изненадувачки забавен автомобил. Иако поседува AWD, агрегатот со поголема сила е инсталиран позади, што значи дека моќта е главно насочена на задниот дел. Поради тоа наглото притискање на педалот за забрзување го прави „разигран“ и многу забавен, што носи насмевка на секој што ќе седне зад управувачот.

Во поглед на перформансите, 2.2 тона тешкиот автомобил забрзува до 100 км/ч за само 5,8 секунди, додека дигиталниот мерач на брзина вели дека 180 км/ч е максималното ограничување. Декларираните 540 ки-

ТЕХНИЧКИ

МОТОР: ДВА ЕЛ.МОТОРИ

МОЌНОСТ ЕЛ

АГРЕГАТИ:

ЗАФАТНИНА НА

БАТЕРИЈА:

351 КС (258 KW)

ПРИ 0.0 ВРТ/МИН

БРУТО:98,7 kWh

ДОСТАПНО:88 kWh

МЕНУВАЧ: ДИРЕКТЕН МЕНУВАЧ

ПОГОН: НА СИТЕ 4 ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА

ТРКАЛА:

СОПИРАЧКИ:

ГУМИ:

МАСА НА

НАПРЕД: MCPHERSON

НАЗАД: MULTILINK

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ

НАЗАД: ДИСКОВИ

НАПРЕД 225/55 R19, ПОЗАДИ 225/55 R19

ВОЗИЛОТО: 2.182 КГ

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.713Х1.881Х1.624 ММ

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: 5.8 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: 18.8 KWH/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА: 180 КМ/Ч ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: 89.000 ЕВРА

лометри со полна батерија се измерени во идеални услови, во реалност опсегот на движење најмногу зависи од „тежината“ на десното стапало. Во нашиот случај просечно трошевме 20,6 kW на 100 километри, што значи дека дистанца од 440-450 километри со едно полнење не претставуваат никаков проблем. Mustang Mach-E нуди три начини на возење: Engage, Whisper и Untamed. Секој мод има задача да го прилагоди управувањето, одговорот на педалот за забрзувањето, забавувањето, контролата на стабилноста и ефикасноста на батерискиот систем. Ако некогаш сте возеле електричен автомобил, знаете какво e задоволството кога ел. мотор го испорачува вртежниот момент инстантно. На тесни, кривулести планински патишта, Mustang Mach-E се покажа дека е повеќе крстосувач, на кој природно му одговараат долги рути и поблаги свиоци како би го искажал својот талент во комфорен стил. Компанијата Ford со моделот Mustang Mach-E прави одлична работа внесувајќи го „брендот“ Mustang во овој нов, електрифициран свет. Носталгичарите ќе останат загрижени, но работите се менуваат со исклучително брзо темпо, а Mustang Mach-E во голема мера ја претставува иднината, не само на компанијата туку и на целата авто индустрија, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не. • Данчо Здравковски

10 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
КАРАКТЕРИСТИКИ
НА ВОЗИЛОТО

15.05. - 30.06.2023

*Акцијата важи за АМСМ членови, а можете да ја користите во сервисот за автомобили во АМСМ Центар-Скопје, во Велес и во Кичево, само со претходно закажување.

Закажување: 02/3181-181 www.amsm.mk

ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО
БЕСПЛАТНА

Авто Шангај во полн сјај

НОВИТЕ

ВЕТРИШТА НОСАТ

НОВИ ВРЕМИЊА

ЦЕНТАРОТ НА АВТОМОБИЛСКАТА

ИНДУСТРИЈА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО

АЗИЈА, ПОТОЧНО ВО КИНА. СЕГА ТОЈ „ЦЕНТАР“ КАЖУВА И ГО ДИКТИРА ТЕМПОТО ВО КОЈ ПРАВЕЦ ЌЕ ОДИ РАЗВОЈОТ НА ИНДУСТРИЈАТА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА, А ШАНГАЈ ВИ ЈА ПРИКАЖУВА СО 100 ПРЕМИЕРИ И 1.000 ИЗЛОЖУВАЧИ.

до вчера американскиот автомобилски пазар беше светски најголемиот и најпривлечниот за производителите, денес најголем и најмоќен, но и најпривлечен е кинескиот. Новите ветришта носат нови времиња, сакале да признаеме или не, Кинезите денес се светска велесила број 1 во автомобилската индустрија. Во Кина се произведуваат најмногу автомобили, но и најмногу се продаваат, а најинтересно е што производството и продажбата на електромобилите е во рацете на најмногубројната нација во светот и тоа со преголеми 75 отсто. И Тојота, и Форд, и ЏМ, а ако сакате и сите заедно да се здружат, не можат да се спротивстават на кинескиот електромобилски тајфун. Таму во мода се електромобилите и никој не произведува автомобили со погонски единици што чадат. Довчерашните најмоќни производители денес се соочуваат со сосема друга состојба, затоа што денес некој друг диригира во која насока ќе се движи развојот на автомобилската индустрија. Една од тие насоки оди во снижување на цените на автомобилите, во спротивно ќе настрадаат од кинескиот тајфун кој сега зема сила и сè уште не ја достигнал својата вистинска разорна моќ.

Според најновите случувања кинескиот производител на електромобили Липмотор најдоцна до 2033 год. ќе лансира сув со теренски способности за помалку од 7.000 евра, способен да извози 400 км. Сега за тие пари купувате скап електричен велосипед, а Липмотор вели за тие пари по 10 год. ќе добиете теренско возило. Ова не го кажува некој новинар или аналитичар, туку главниот шеф Џу Џангмин и воедно претставува отворена закана на кинеската машинерија врз остатокот од светот. Токму оваа марка отсуствуваше од изложбата, најверојатно нема ништо ново да прикаже. Пред неколку недели компанијата БЈД (Билд Јуар Дримс) го претстави 3,8 м модел „сигул“ кој ќе се продава за околу 10.000 евра. Тамошните најголеми производители како Чери, Гили, БИД, НИО и сличните на нив сакаат да ги зацврстат своите позиции на домашниот пазар до максимални граници, а потоа да тргнат во освојување на светот. Тие можат тоа да го направат затоа што имаат моќна основа за конструирање автомобили од секоја класа и згора на тоа кај нив се произведуваат една третина од вкупното производство на батерии во светот. Штом зборуваме за батериите мора да го спомнеме и најголемиот производител во светот, тоа е компанијата КАТЛ од Кина. Од оваа компанија Форд ќе купи дозвола за да произведува исти такви батерии, најверојатно немаат ниту една компанија која располага со доволно знаење и технологија. Бројките кажуваат сè, минатата година во Кина се продадени 27.000.000 автомобили, а американскиот пазар успеа да купи двојно помалку, 13.000.000, додека светската продажба бележи бројка од скоро 73 милиони автомобили. Салонот за автомобили во Женева четири години по ред не се одржува, а како што одат работите и догодина нема да се одржи. Таа изложба беше светски „крем де ла

12 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Ако
| АВТО-МОТО

крем“, најдобриот меѓу најдобрите - велат ќе се селел некаде на Арабскиот Полуостров, а Салонот за автомобили во Шангај го покажува сиот свој раскош - 100 премиери и 1.000 изложувачи од целиот свет. Континентов не е веќе еден од поважните за автомобилската индустрија, сега Азија е главна, а остатокот игра само епизодна улога. Дали од мака, љубомора или и од едно и од друго Тесла не учествува, можеби му е „криво“ што забрзано ја губи битката на светскиот и кинескиот пазар поради навлегувањето на кинеските електрични автомобили.

Остатокот од светот многу помалку автомобили продаваат на кинескиот пазар затоа што во Кина доминираат домашните автомобили, а Кинезите си го почитуваат својот производ, а не туѓиот. И додека ние го пишуваме текстов, таму некаде на Далечниот Исток посетителите на изложбата во Шангај уживаат шетајќи од штанд на штанд.

Ова е списокот на дел од учесниците на изложбата во Шангај - Аеолус, Аион (хипер гт и хипер сср), Ауди, БМВ („и икс 1“, „и 7“), Бјуик, БЈД (фригејт 07), Кадилак (лирик), Чанган (бен бен), Чери („панда мини“, „боји“), Денза (д 9), Донгфенг (еПи), Диди, Гац, Гили (08)Хифи („икс“, „ипсилон“, „зет“), Хонда, Хонгки, („х 6“), Хјундаи, ИМ („лс 7“), ИАТ („т - мад“), Џетур, КИА, Ламборџини (ревуелто), Лексус, Ли Ауто („л 8“), Линколн, Линк & Ко („д некст деј концепт“), Лотус („елетре“), Масерати, МГ („7“), Мерцедес („мајбах е ку с“), Мини, НЕВ („феифан“), Нета (модел 3 с), НИО, Нисан, ОРА („фанки кет“), Омода, Пежо (инсепшн концепт), Полстар (4), Порше, Роеве, Шенлан („с 7“), Смарт, Танк 500 сув, Тојота, Венусија, Фолксваген (ид 7), Веј ланшан, Вулинг, Икспенг (г 6), Јангванг („у 9“, „у 8“, „ипсилон 7“, „х 9“), Зекр (модел икс) итн. И кинески компании откажаа учество на изложбата, како на пример Џиду Ауто, иако имаа што да покажат, новиот модел „робо 1“, состојба и тактика сосема спротивна од Липмотор. Кому како му одговара, така си прави, зарем не!? И овој пат како и многу години наназад, електромобилите се главни на кинеските изложби. Ист е случајот и со оваа во Шангај што се одржа од 18 до 27 април. Да не заборавиме, Кина е најголемиот производител на електромобили и најмал производител во светот на возила со погон на дизел и ото мотори.

• Жарко Атанасовски

АВТО-МОТО |

Претставуваме CHEVROLET SILVERADO HD ZR2

РАБОТНА

МАШИНА

ПО АМЕРИКАНСКИ ТЕРК

УЛТИМАТИВНИОТ ПАКЕТ ZR2 НА CHEVROLET ЧИЈА ОСНОВА Е ПОДОБРУВАЊЕ

НА ТЕРЕНСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПРВПАТ ГО НАОЃА СВОЕТО МЕСТО ВО ЛИНИЈАТА НА ПИКАПИ SILVERADO HEAVYDUTY СОЗДАДЕНИ ДА ИЗДРЖАТ СЕРИОЗНИ

НАПРЕГАЊА ПРИ РАБОТА.

Перцепцијата

за работни машини од другата страна на Атлантскиот океан, поточно во Соединетите американски држави е сосема поинаква отколку за остатокот од светот, вклучувајќи не и нас. Сигурно овие колоси од пикапи би изгледале чудно и неприродно на нашите улици. Замислете го ова чудо подолго од 6 метри и пошироко и повисоко од 2 метри како се обидува да маневрира и паркира, или пак, како се протнува низ тесен шумски пат. Но, тоа не значи дека не вреди да дознаеме нешто повеќе за нив. Таму во САД каде сè е поголемо и барањата се поинакви сето ова има смисла. Затоа секоја сериозна марка на автомобили има свој претставник во овој сегмент, а некои од нив како што е Chevrolet и долга традиција во создавање на вакви машини. Врв на понудата е токму неговиот пикап Silverado во изведба Heavy-Duty способен да носи 2.000 кг. во товарниот простор и да влече приколка од над 9.000 кг. Бројки вредни за респект. Интересно е што на овој ултимативен работник Chevrolet одлучи да му ја додаде изведбата ZR2.

СЛАВНАТА ОЗНАКА ПОВТОРНО ВО ИГРА Познавачите сигурно ќе се сетат на ознаката ZR2 која ја носеше втората генерација на теренецот Blazer од средината на 1990-те години со која Chevrolet направи обид да се протне на европскиот пазар, а многу мал број примероци кои можат да се избројат на прсти од дланка се појавија и кај нас. Ознаката ZR2 ги красеше изведбите со подобрена теренска проодност. Тоа се однесуваше на повисоко растојание од подлога, амортизери донесени од светот на мотоспортот способни да издржат големи напрегања, заклучување на диференцијали, огромни гуми и секако соодветна визуелна поткрепа. Колку да се забележи разликата. Оваа ознака секако го направи Chevrolet препознатлив, посебно на домашниот пазар и му донесе углед за каков ривалите сонуваа. Без оглед на славата што линијата ZR2 ја донесе таа беше укината во 2005 година. Сепак, во Chevrolet го увидоа недостатокот и повторно ја враќаат на голема врата. А за првпат и во гамата на ултимативниот работник Silverado HD која тргнува во акција наесен.

ДВА КОЛОСИ ОД МОТОРИ

За серијата ZR2 на Silverado HD се предвидени два колоси од мотори. И двата мотори имаат конфигурација V8 и зафатнина од 6.6 литри. Првиот е атмосферски бензинец во изведба FlexFuel со директно вшприцување на горивото. Заради изведбата FlexFuel способен е да согорува или бензин, или етанол Е85. Потсетува на бруталните „маслкар”, но заради потребата да влече место да гужва асфалт при старт стокмен е да ослободува 401 КС при 5.200 min-1 и вртежен момент од 629 Nm при 4.000 min-1. Кај него перформансите се небитни, а очигледно и потрошувачката бидејќи од Chevrolet не ги наведуваат. Затоа способен е да носи товар од 1.541 кг и да влече приколка од 8.210 кг.

14 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АВТО-МОТО
И ZR2 BISON

Втората опција е турбо дизел од фамилијата Duramax. Докажан во најсурови услови на користење ослободува сериозни 470 КС при 2.800 min-1 и камионски вртежен момент од 1.322 Nm при 1.600 min-1. Заради поголемата тежина носи товар од 1.448 кг и влече приколка од 8.391 кг. Можеби неговите обични браќа можат да носат и да влечат повеќе, но ZR2 сето ова го прави во екстремно тешки услови на терен, или возејќи низ пустина.

МОЌТА НА БИЗОНОТ

Во соработка со производителот на дополнителна опрема, делови и додатоци за теренски возила фирмата American Expedition Vehicles – АEV, Chevrolet одлучи да го понуди ултимативниот теренски пакет Silverado HD ZR2 Bison. Со него Chevrolet го нуди најдобриот „офроуд” пакет за своите најтврдокорни клиенти. Така Silverado HD ZR2 Bison го красат специјални бандаж на AEV од 18 инчи во лак црна боја, уникатен заден и преден браник од челик со точки за врзување. Воедно предниот браник има фабричка подготовка за поставување електрична макара. Кај изведбата Bison значително е подобрена и заштитата на шасијата до механички оштетувања. Покрај масивните заштитни плочи за менувачот и моторот поставени се такви кои ги штитат и летвата од управувањето, задниот лонец од издувот и диференцијалот. Моделите Bision го носат препознатливото лого на каросеријата, но и на потпирачите за глава на седиштата претворајќи го во уникатен теренски заводник.

ТЕХНИКА КОЈА НЕ ПОЗНАВА ПРЕЧКИ Масивната моќност се пренесува кон сите четири тркала преку проверениот десет степен автоматски менувач на специјалистот Allison, најголемиот производител на светот на автоматски менувачи за средни и тешки комерцијални возила, чија традиција е подолга од 100 години. Редукторот помага кога е потребно да се ползи преку карпи, да се вози по полно оптоварување низ песок, кал, или на голема стрмнина, или пак, да се откорне дрво. А задниот заклучувачки диференцијал му помага на Silverado HD ZR2 да повлече дури и во безнадежни ситуации. Ова е основата за извонредните теренски карактеристики на овој колос.

Но, во Chevrolet не застанале тука. Тие го сакале најдоброто за својот јунак. Спортскиот оддел коj има големо искуство во пустински трки ги испорачува водилките на предната оска кои го зголемуваат одот на потпирањето и дозволуваат поголема артикулација на терен. Задната крута оска стои на двофазни полуелиптични лисести пружини кои, исто така, дозволуваат поголема артикулација. Амортизерите DSSV кои ги испорачува специјалистот Multimatic само ја дополнуваат добрата механичка потпора. Докажани директно во трка и префрлени во ZR2 ја подобруваат неговата возна динамика, ја зголемуваат прецизноста на управувањето, комфорот на пат и сигурноста на терен. Со нив Silverado HD ZR2 стои 38 mm повисоко во однос на обичниот Silverado HD 4WD. Има и дополнителна масивна заштита за менувачот, моторот и дел од подвозјето со што влева дополнителна доверба при атак на сериозен терен. Вака поткован овој ZR2 со леснотија ги напаѓа пустинските дини, шумските патеки, па дури и камените предели. Воедно нуди извонредна контрола за што гарантираат и гумите на Goodyear, Wrangler Territory MT со дијаметар од 35 инчи или 90 сантиметри поставени на бандажи од лесен метал со димензии 18х9 SivlСинчи.

Во внатрешноста, без оглед на намената, американската традиција не исчезнала. Кожа на седиштата и на тапацирот од кабината. Богато уредување со стандарден информациски екран од 13,4 инчи и контроли од клима уредот и други комфорни функции свртени кон возачот. Паметната теренска технологија вклучува Head-Up дисплеј од 15 инчи на кого се прикажуваат информациите за наклонетоста на возилото, како и приказот од системот HD Surround Vison чии камери ја скенираат околината околу возилото. Вака подготвен ултимативниот работник на Chevrolet стартува со продажби наесен годинава. Се очекува цена од 80.000 долари, додека врвната изведба Bison би чинела околу 8.000 повеќе. • Љубомир Анастасовски

15 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk АВТО-МОТО |

БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ

Секоја сезона бара соодветна подготовка на возилото, a летната подготовка е важна, со оглед на летните патувања кои претстојат.

Како наши членови во периодот од 15.05 - 30.06.2023 година, имате можност да направите бесплатна летна проверка на возило, која вклучува: - Бесплатни сервисни услуги, како проверка на ниво на масло во мотор, контрола на антифриз, кочиона течност, течност за серво управувач, состојба на акумулатор и визуелна проверка на состојбата на моторот, проверка на предни и задни кочиони облоги, состојба на предни и задни сврзни елементи на потпирањето, на елементите од системот за управување, елементите од погонскиот систем и елементите за потпирање на моторот;

- 30% попуст на вулканизерски услуги и

- 15-20% попуст на работна рака.

Акцијата можете да ја користите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување.

Закажување: 02/3181-181

Ако вашата АМСМ членска картичка наскоро истекува, советуваме да ја обновите со АМСМ Европа Премиум. Како наши Европа Премиум членови, не само што добивате бесплатна помош на пат во земјава и каде било надвор од неа, туку добивате и бесплатно патничко осигурување. Патничкото осигурување кое го добивате со Европа Премиум членската картичка се однесува само на носителот на членската картичка, индивидуално. Вклучува покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција.

Патничкото осигурување кое го добивате бесплатно со Европа Премиум членската картичка е без франшиза.

За изработка на полисата за здравствено патничко осигурување потребен е валиден пасош. Полисата ќе ви биде доставена следниот ден електронски на вашата мејл адреса.

Во случај да станете АМСМ Европа Премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани од АМСМ Секторот Членство за изработка на здравствено патничкото осигурување.

02/3181-108

16 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | АМСМ БЕСПЛАТНО
ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА
ПАТНИЧКО
ПРИВИЛЕГИИ РЕЗЕРВИРАНИ
САМО ЗА АМСМ ЧЛЕНОВИ

Промотивен настан АМСМ домаќин на регионалната средба 2023 на

вработени од контакт-центри

МЕЃУКЛУПСКАТА СОРАБОТКА

НÈ РАЗЛИКУВА ОД ОСТАНАТИТЕ

Во периодот од 24 до 25 април под покровителство на

АМСМ беше одржана годинашната средба на вработени од

контакт-центрите од сите клубови од регионот. На средбата присуствуваа 15 вработени на различни позиции во контакт-центрите на АМСМ, АМСС (Србија), БИХАМК (Босна и Херцеговина), АМСЦГ (Црна Гора), АМЗС (Словенија) и ХАК (Хрватска).

Со цел презентација на процесот на работа, во рамките на

средбата беше организирана и посета на Контакт-центарот

на АМСМ.

ПРВОМАЈСКА СКАРА СО АМСМ И ЛУКОИЛ

На 1-ви мај на бензинската станица на ЛУКОИЛ на улица „Првомајска“, во првомајско расположение беше одржана промоција на АМСМ членските картички. Следејќи го

традиционалниот начин на прославување на овој празник кај нас, настанот беше збогатен со првомајска скара, за која беа задолжени Jojo's BBQ.

Регионалната средба се одржува секоја година со цел

размена на искуства и знаења во делот на активностите

на контакт-центрите и нивната соработка, која како дел од

меѓуклупската соработка е особена важна и нè разликува од

сите останати.

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

Целта на промоцијата беше корисниците на ЛУКОИЛ да се запознаат со соработката меѓу АМСМ и ЛУКОИЛ, како резултат

Пријавете се за обука за „А“ категорија. Плаќајте на рати.

АМСМ |
02/3181-240 www.amsm.mk
ПРОЛЕТТА ПО
МОТОЦИКЛИТЕ СЕ ПОЗНАВА!

• Сакам да му подарам на мојот пријател АМСМ членска картичка како изненадување. Која е процедурата? Може ли сето тоа да се заврши без негово присуство. Поздрав, Радмила

АМСМ: Се разбира дека можете да подари-

те членска картичка на пријател. Потребно

е само да ни ги дадете личните податоци на

пријателот и ние ќе ја изготвиме картичката

веднаш. Картичката е спакувана во плико и е навистина убав подарок. •

• Јас сум ваш член и сакам да ја користам АМСМ Партнер програмата која се добива со членската картичка. Ме интересира

колку пати во годината имам право на попусти.

Благодарам, Јаков

АМСМ: Во рамките на АМСМ Партнер програмата, попустите можете да ги користите во неограничена количина, колку пати сакате во текот на членскиот период. •

• Дали странски државјанин (од Хрватска, со постојано место на живеење во Загреб), може да ги користи услугите во вашата

автошкола и потоа да полага и да добие возачка дозвола?

Благодарам, Игор

АМСМ: Странски државјанин може да користи услуги од авто школата доколку има регулирано престој во МВР (не пократок од 6 месеци) и поседува важечка лична карта.

Доколку сака да полага и возачки испит, ќе му биде потребна и нострификација на документ за завршено образование. •

• Колку дена пред истекот на регистрацијата можам да направам технички преглед на возилото?

АМСМ: Технички преглед на возило може да се изврши 30 дена пред истекот на регистрацијата. •

18 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk *СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
| АМСМ
www.amsm.mk 02/3181-133 Редовен сервис на возило • Замена и балансирање на пневматици • Компјутерска дијагностика • Проверка и дополнување на системот за ладење со фреон (клима уред) • Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки и дискови по оска) • Проверка на осветлување • Останати помали интервенции • Водење сервисна историја ЗАШТЕДЕТЕ
ЗАКАЖЕТЕ СЕРВИС
СЛУЖБЕНИ
НА ВАША ЛОКАЦИЈА! ПОМОШ НА ПАТ
ВРЕМЕ И ПАРИ,
НА
ВОЗИЛА

50 НИЈАНСИ НА ЦРНО

ТЕСТОВИТЕ ЗА ПНЕВМАТИЦИ НА ÖAMTC ПОМАГААТ ДА СЕ ОДВОЈАТ ДОБРИТЕ ОД ЛОШИТЕ ГУМИ ВЕЌЕ 50 ГОДИНИ. ЗА ГОДИШНИНАТА: 50 ЛЕТНИ ГУМИ СО ГОЛЕМИНА 205/55/R16.

ОД ГИНТЕР РАУЕКЕР И ШТЕФАН КЕРБЛ

СИТЕ ГУМИ СЕ кружни и црни и не се разликуваат премногу помеѓу себе. Тоа навистина беше конвенционалната мудрост до пред околу 50 години. Со цел да се спротивстави на ова и, пред сè, да покаже дека зимските гуми придонесуваат и носат вистинска добивка во безбедноста за врема на студената зимска сезона, ÖAMTC го изврши својот прв тест на гуми во 1973 година

– притоа користејќи зимски гуми.

По 50 години, тестовите односно тестирањата на летните и зимските гуми на ÖAMTC и неговите европски партнерски клубови

се меѓу едни од најпрепознатливите тестови од организациите

за заштита на потрошувачите. Сегашните резултати, исто така, ни покажуваат дека сè уште постои многу голем и широк опсег

од добрите гуми до многу лошите гуми што, пак, во екстремни

случаи - како што е, на пример, итно сопирање - претставуваат голем и реален безбедносен ризик.

Педесет модели на гуми со големина 205/55 R16 ќе се натпреваруваат на тестот по повод прославата на јубилејната годишнина. Ова е најпопуларната големина на гуми за компактната и пониската средна класа автомобили.

„Онлајн тргувањето, односно тргувањето преку интернет не запре ниту кај автомобилските гуми. Иако сите тестирани модели ќе ги нема кај дилерите на гуми, секоја гума е достапна за нарачка преку соодветните онлајн платформи, изјави Стефан Кребл, експерт за гуми на ÖAMTC.

Десет модели на гуми од 50 тестирани постигнуваат добар вкупен рејтинг. Ова може да се постигне само со добро избрани и балансирани модели на гуми што добиваат добра оцена и во однос на безбедноста при возење и во однос на еколошката рамнотежа. Од вкупно 50 модели на гуми, 21 модел се оценети како „задоволителни“ и затоа секогаш може да бидат наш добар избор.

Моделите на гуми што на тестирањето се оценети како незадоволителни и се со „недоволно“ освоени бодови се особено ризични. Овие модели на гуми постојано даваат многу слаби перформанси на влажни коловози – а ова доведува до нарушување, односно девалвација на целокупниот рејтинг на гумите. Моделот на гуми Falcon покажува најдобри резултати и перформанси на суви патишта. Нуди многу добар фидбек на воланот, гумите се апсолутно стабилни на дадениот лимит и нудат кратко растојание за сопирање при брзина од 100 km/h.

Од другата страна, односно спротивната, според резултатите добиени на тестирањето се моделите на гуми Radar и Premiorri. И двата модела на гуми не даваат добро чувство на воланот, реагираат на командите на воланот со задоцнување и имаат тенденција на силно пренасочување во случај на ненадејни маневри за избегнување. Покрај тоа, Premiorri има најдолго растојание за сопирање при брзина од 100 km/h. На влажен коловоз резултатите, односно разликите помеѓу најдобрите и најлошите модели на гуми добиени на тестот се уште поголеми и подраматични. Тука моделот на гума Continental Premium Contact 6 ја доби најдобрата оцена на тестот. Со Continental гумата тест-автомобилот може да се вози многу безбедно на влажни патишта и има многу добар потисок со асфалтот, со тоа што во делот на аквапланинг сè уште има простор за подобрување.

Според резултатите добиени на тестирањето на влажни патишта, последни се моделите на гуми Rotalla, Berlin Tires, Lassa, Evergreen, Riken, Double coin и Premiorri. Перформансите на сите седум модели на гуми беа оценети како „недоволни“ за влажни коловози.

Големи разлики има и во еколошкиот биланс кој е застапен со вкупно 30 проценти во вкупниот резултат на тестот.

20 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Овде фокусот првенствено беше насочен на километражата, абењето на гумите, тежината на гумите и потрошувачката на гориво, но исто така голема улога имаат и нивото на бучава на гумата и нејзината одржливост.

Еден модел на гума може да го постави стандардотMichelin ePrimacy. На околу 71.500 километри тој модел на

гума не само што го нуди највисокиот предвиден опсег туку и го поставува рекордот на терен, со ниска абразија од 38,8 милиграми на километар. Во исто време, со околу осум килограми, таа е релативно лесна гума што има големо влијание и за постигнување на мала потрошувачка на гориво.

Од друга страна, тука се моделите на гуми Zeetex и Avon. Додека Zeetex испорачува најниска предвидена километража на тестот од само 23.100 километри, Avon има најголема абразија со 126 милиграми на километар. Моделот на гуми Avon

предизвикува речиси четирипати поголемо абење на гумите

од најдобриот во тој дел Michelin ePrimacy, под исти услови на возење.

Тежината на гумите, исто така, е интересна: има најмалку 2,3 килограми разлика помеѓу најлесните гуми на тестот, моделите

на гуми Firestone и Tomket, секоја со 7,6 килограми и моделот на

гуми Premiorri со 9,9 килограми. Така, за цел комплет гуми тоа е повеќе од девет килограми. Од гледна точка на употребата на материјали, тука има простор за подобрување.

Тежината на гумата се рефлектира и врз ефикасноста: масата на гумата мора секогаш да се забрзува при забрзување, а тоа негативно влијае врз потрошувачката на гориво.

Двапати два, односно по два модела на гуми од Continental и Michelin се претставени на тестот. Во секој од двата случаја класичен премиум производ: во Continental Premium Contact 6 и во Michelin Primacy 4+. Од друга страна, пак, тука се Continental Ultra Contact, кој особено се фокусира на поголема километража и помал отпор при тркалање, и Michelin ePrimacy, кој е специјално рекламиран како еколошки летен пневматик и дизајниран е со цел да има голема одржливост и економичност.

постигнува добра вкупна оцена, моделот на гуми Michelin ePrimacy мора да биде задоволен со добиената вкупна оцена „доволно“.

Неговите послаби перформанси на влажно влијаат врз севкупниот рејтинг. Continental не го разви UltraContact толку екстремно во насока на еколошката рамнотежа, но и овде има компромиси, особено во добиените перформанси на влажно.

Со најдобрите гуми тест-автомобилот застана по 34,4 метри. Оној со најлошите гуми сè уште вози со застрашувачки 52 км/ч и застанува дури по речиси 60 метри. Заклучокот од годинашниот тест на гуми е јасен: добиените резултати, особено на влажни патишта, покажуваат дека сè уште има огромни разлики во критериумите поврзани со безбедноста, кои стануваат видливи само преку компаративни тестови на разните модели на гуми. Оттука и апелот на ÖAMTC, од експертот за гуми Kerbl. „Не може да има никакви компромиси кога станува збор за безбедноста. Можеби тоа е чиста случајност, но најевтината гума на тестот со нејзините многу лоши перформанси на влажни патишта завршува на крајот од табелата со резултати.“

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТАБЕЛАТА Дополнително, можеби и треба да ја толкувате табелата со резултати според вашиот профил на возење: ако секогаш зависите од вашиот автомобил и поминувате многу километри годишно, моделот на гума по ваш избор треба да биде оценет како „добар“ и во однос на возењето и во однос на безбедноста и еколошката рамнотежа. Ако поминувате само неколку километри, тоа не мора да биде моделот на гумата со најдобра километра-

Растојание на сопирање на влажен асфалт од 80 km/h до мирување

Continental Premium Contact 6

DoubleCoin DC99

Еден тест-критериум:

Справување на граница на суви коловози.

Двата модела на гуми значително се разликуваат од класичните производи во однос на еколошките критериуми, што е видливо и од оцените во еколошкиот биланс. И двете се многу поеколошки од класичните летни гуми. Michelin ePrimacy беше единствена гума на тестот што доби многу добра оцена за еколошката рамнотежа.

Сепак, и двата модела на гуми имаат недостатоци во однос на безбедноста при возење, во споредба со класиците на нивната марка – во Michelin има дури и големи и значајни недостатоци. Додека моделот на гуми Continental Ultra Contact сè уште

жа, за што би биле потребни десет или повеќе години. Ако им придавате големо значење на добрите перформанси на гумите во поглед на возните карактеристики, соодветните модели на гуми лесно се препознаваат. Дури и ако фокусот е на еколошките и економските критериуми, соодветните модели на гуми лесно се пронаоѓаат во табелата поради новата шема на рангирање и рејтинг.

Сепак, препораката на експертот за гуми очигледно е да не се игнорира критериумот на безбедноста при возење. Дел од гумите што се наведени тука, исто така, резултираат со одредени и значителни загуби.

21 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
0m 10m 20m 30m 40m 50m 60m

БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ И ЕКОЛОШКА РАМНОТЕЖАНОВАТА ШЕМА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

За да ја одбележат својата 50-годишнина, ÖAMTC и неговите европски партнерски клубови воведуваат нова процена од два столба.

Првиот столб каде што сега вкупниот рејтинг е 70 проценти врз основа на безбедноста при возење и вториот столб (нов) каде што 30

проценти се врз основа на процената на еколошката рамнотежа.

Безбедноста при возење се состои од критериуми што веќе се познати, како што се однесувањето при возење на суви и влажни патишта: како што се однесувањето при возење на граница на суви или влажни коловози, растојанието за сопирање на суви и влажни

патишта, аквапланинг, но и удобност при возење. Еколошка рамнотежа. Од една страна, овде се вклучени познати критериуми, како што се предвидената километража, потрошувачката на гориво или развојот на бучавата.

Тест на летни гуми 2023 - Димензии 205/55 R16

Критериумите, како што се абразијата или тежината на гумата, како и одржливоста се нови: производните капацитети и нивните сертификати, но и самата гума играат огромна улога.

Дали се работи за нова или преобработена гума или има остатоци од производството на гумата што неконтролирано и непотребно се испуштаат во околината во текот на првите неколку километри! Дополнително, како дел од тестот, се врши и анализа на загадувачите на сите 50 модели на гуми и се бараат канцерогени нитрозамини и полициклични ароматични јаглеводороди (PAH). Добра вестНитрозамини не беа пронајдени во ниеден модел на гуми и не се откриени никакви абнормалности кај ниеден модел на гуми. Најважен критериум во еколошкиот биланс е километражата. Има огромна разлика дали се предвидува гумата да издржи 71.500 километри (најдобар модел на тест) или само 23.100 километри (најлош модел на тест) - од најлошиот модел на гуми потребни се

22 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ТЕСТОВИ И СОВЕТИ Евалуација на критериуми Goodyear Eficient Grip Performance 2 Continental Premium Contact 6 Michelin Primacy 4 + Bridgestone Turanza Т005 Nokian tyres Wetproof Falken ZIEX ZE 310 Ecorun Continental ultra contact Kumho Ecsta HS 52 Hankook Ventus Prime 4 Nexen N Fera primus Kenda Kenetica Pro KR 210 Kleber Dynaxer HP4 Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук B/A/69 C/A/71 C/A/69 B/A/71 C/A/68 C/A/67 B/A/69 C/A/71 C/A/69 D/A/71 C/B/69 C/A/68 Безбедност при возење 70% 2.1 1.8 2.3 2.2 2.0 2.1 2.6 2.3 2.4 2.3 2.4 2.8 суво 40% 2.2 1.8 2.4 2.0 1.8 1.6 2.4 2.4 2.4 2.3 2.2 2.6 влажност 60% 2.0 1.8 2.2 2.3 2.2 2.4 2.6 2.3 2.4 2.3 2.5 2.8 оценка за еколошка рамнотежа 30% 1.7 2.6 1.6 2.4 2.9 2.7 1.7 2.7 2.7 3.1 3.0 2.1 Километража 40% 0.6 1.6 0.6 2.5 2.9 2.4 1.0 2.2 2.3 3.1 3.0 1.8 абразија на гумата 20% 1.9 2.2 1.6 2.3 2.9 2.4 1.6 2.5 2.1 2.8 2.8 2.0 ефикасност 20% 2.1 2.6 2.4 1.5 2.2 2.7 2.0 2.7 2.7 2.2 2.4 2.3 бучава 10% 2.7 3.2 2.8 3.4 2.9 3.0 2.8 3.0 2.9 2.6 3.0 2.4 одржливост 10% 3.4 3.2 3.0 3.1 3.5 4.1 3.2 3.9 3.1 3.5 4.2 3.0 Вкупен резултат 100% 2.0 2.0 2.1 2.3 2.3 2.3 2.3 2.4 2.5 2.5 2.6 2.6 Препорака на ÖAMTC **** **** **** **** **** **** **** **** **** **** *** *** Евалуација на критериуми Norauto Prevensys 4 Apolo Alnac 4G General Tire Altimax One S Giti Gitu Synergy H2 Petlas Imperium
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук C/A/71 C/C/70 C/B/71 C/A/71 C/B/71 C/A/71 D/C/71 D/A/70 D/B/71 rund-erneuert C/B/69 A/B/69 Безбедност при возење 70% 3.2 3.0 3.5 3.4 3.5 3.4 3.6 3.6 2.7 3.8 3.8 3.9 суво 40% 3.2 2.9 3.2 2.1 3.5 3.4 3.1 3.6 2.5 3.8 3.3 2.8 влажност 60% 2.3 3.0 3.5 3.4 3.2 2.0 3.6 2.4 2.7 3.5 3.8 3.9 оценка за еколошка рамнотежа 30% 3.0 3.5 2.4 2.8 2.8 3.1 2.6 3.3 3.7 2.8 3.3 1.3 Километража 40% 2.9 3.5 2.4 2.6 1.8 3.1 2.6 3.3 3.7 2.8 3.3 0.6 абразија на гумата 20% 3.0 2.8 2.4 2.5 2.3 3.0 2.3 3.1 2.9 2.5 2.4 1.0 ефикасност 20% 2.4 2.2 2.0 2.5 2.8 2.5 2.4 3.1 2.4 2.1 1.6 1.5 бучава 10% 2.3 2.7 2.7 3.2 3.0 3.0 2.4 2.4 3.4 3.4 3.1 2.6 одржливост 10% 3.1 4.0 3.1 4.1 4.2 3.2 4.2 3.9 4.2 3.0 4.3 2.6 Вкупен резултат 100% 3.1 3.2 3.2 3.2 3.3 3.3 3.6 3.6 3.7 3.8 3.8 3.9 Препорака на ÖAMTC *** *** *** *** *** *** ** ** ** ** ** **
PT515 Uniroyal Rain Sport 5 Hifly HF 201 Cooper Zeon CS8 Westlake Z-107 King Meller Sport 1 Tomket Sport Michelin ePrimacy

три сета гуми за да се постигне километражата на најдобрата гума.

Критериум за абење на пневматиците: Ова се евидентира

во текот на тестот за километража. Губењето на тежината на секоја

гума се мери во дефинирани интервали со помош на прецизна вага.

Резултатот покажува колку милиграми абење на гумите може да

се очекуваат по километар и гума. И тука разликите се огромни:

тие се движат од 34,8 до 126 милиграми/километар за најлошиот

модел на гума - 3,6 пати повеќе од најдобрата гума. Кога станува збор за потрошувачката, соодветните вредности не се толку далеку.

Сепак, разликата од 0,4 литри/100 km, што се наоѓа помеѓу најдобрите и најлошите гуми во оваа категорија, собира значителни суми

во текот на траењето на една гума - или дури и животниот век на автомобилот, што значи повеќе емисии на CO2, од една страна, а од друга страна полнењето на гориво ќе предизвика дополнително

празнење на вашиот паричник.

23 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Fulda Eco Control HP 2 Toyo tires proxes comfort Debica presto HP 2 Dunlop Sport blue response Pirelli Cintuarato P7 C2 Sava Intensa HP 2 Semperit Speed Life 3 Firestone Roadhawk BF Goodrich Advantage GT Radial FE 2 Esa + Tecar Spirit Pro Barum Bravuris 5 HM Viking Protech Newgen C/B/70 C/A/70 D/B/70 B/A/68 C/A/69 C/B/70 C/B/71 C/A/70 C/A/70 C/A/69 C/A/71 C/B/71 C/B/71 2.8 2.7 2.8 2.6 2.7 2.8 2.8 2.8 2.9 2.9 3.4 3.2 3.4 2.5 2.5 2.8 2.3 2.2 2.7 2.8 2.2 2.1 2.1 3.4 3.1 3.0 2.8 2.7 2.8 2.6 2.7 2.8 2.2 2.8 2.9 2.9 2.1 3.2 3.4 2.2 2.5 2.3 2.8 2.6 2.6 2.6 2.7 2.8 3.0 2.3 2.9 2.5 1.8 2.3 2.0 2.8 2.5 2.6 2.5 2.7 2.8 3.0 2.0 2.9 2.5 2.2 2.4 2.3 2.5 2.6 2.6 2.5 2.1 2.2 2.6 2.3 2.6 2.5 1.9 2.2 2.2 1.7 2.3 1.9 2.3 1.9 2.3 2.4 2.1 1.9 2.1 2.8 2.5 2.8 3.2 2.7 3.1 2.7 3.0 3.1 3.0 2.8 3.0 2.7 3.3 4.1 3.3 3.3 3.0 3.3 3.2 3.1 3.0 4.1 3.2 3.2 3.2 2.6 2.6 2.7 2.7 2.7 2.7 2.7 2.8 2.9 2.9 3.1 3.1 3.1 *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** Laufen S Fit EQ+ Delinter DH 2 Zeetex ZT 1000 Avon ZV 7 Radar RPX 800 Minerva F209 Rotalla RH 01 Berlin Tires Summer UHP 1 G2 Lassa driveways Evergreen EH 226 Riken Road Performance Double Coin DC 99 Premiorri Solazo C/B/71 B/B/71 E/C/71 D/A/70 C/A/71 C/B/70 C/B/69 D/B/71 B/B/71 D/C/68 C/C/71 C/C/70 D/B/70 2.9 4.0 3.8 3.9 4.1 4.5 4.7 5.3 5.3 5.4 5.4 5.5 5.5 2.7 4.0 3.8 3.9 4.1 3.7 3.5 3.4 4.0 3.6 3.8 2.9 4.1 2.9 3.0 3.1 2.6 3.1 4.5 4.7 5.3 5.3 5.4 5.4 5.5 5.5 3.9 3.7 4.1 4.1 3.7 3.0 3.2 3.1 3.1 2.7 3.1 1.7 3.2 3.9 3.7 4.1 4.0 3.7 3.0 3.2 3.1 3.1 2.5 3.1 0.6 2.8 3.1 3.1 3.6 4.1 3.2 2.3 2.3 2.5 2.4 2.3 2.1 1.4 2.3 2.1 2.2 2.3 2.8 2.5 2.1 2.1 2.6 2.4 2.7 2.0 2.4 3.2 2.6 2.1 2.1 3.7 2.5 2.9 2.6 3.1 3.1 2.4 3.0 2.7 3.9 3.1 4.2 4.5 3.4 4.2 4.2 4.5 4.2 3.7 4.5 3.0 4.5 4.0 3.9 4.0 4.1 4.1 4.1 4.5 4.7 5.3 5.3 5.4 5.4 5.5 5.5 ** ** ** ** ** ** * * * * * * * = извонредни = препорачливи = условно препорачливи = непрепорачливи = многу препорачливи Препорака на ÖAMTC ***** **** *** ** * 0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5 Граници на оценката ***** ** * **** *** ТЕСТОВИ И СОВЕТИ |
Тест за аквапланинг: кога гумата губи контакт со земјата. Преземено од ÖAMTC

Неговото височество, кралот Чарлс Трети

КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС ТРЕТИ ЗА КРАЛ НА 6 МАЈ ЌЕ БИДЕ ПРОСЛЕДЕНО СО ГОЛЕМИ СВЕЧЕНОСТИ. КАКО ШТО НАЈАВУВА ПИАР-СЛУЖБАТА НА БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА, ПОКРАЈ ИНВЕСТИТУРАТА ЗА КОЈА, НЕМА СОМНЕВАЊЕ, ИНТЕРЕСОТ Е НАЈГОЛЕМ, ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА И СВЕЧЕН РУЧЕК, А ЌЕ ИМА И ЗАБАВА ШТО ЌЕ ТРАЕ НЕКОЛКУ ДЕНА...

По смртта на кралицата Елизабета Втора (8 септември 2022ра), согласно процедурата (установениот, примен редослед на дејствата) - престолот го наследи Чарлс Трети, кој стана новиот, едновремено и најстар монарх во историјата на Британија. Седумдесет и четиригодишниот престолонаследник ќе го крунисаат за крал на 6 мај, заедно со неговата сопруга Камила, еден до друг, со највисоки државни почести. Секако, протоколот е востановен уште пред неколку месеци, за истиот на денот на крунисувањето само да се испочитува. Бидејќи паѓа во сабота, викендот ќе биде исполнет со разноразни хепенинзи, а кодно име му е „Операција златна кугла“.

Согласно правилата на церемонијалот, ќе започне со инвеститурата, свеченото поставување на тронот или ставањето круна на главата како симбол на владетелската моќ, но и на високото достоинство, со што и официјално ќе почне владеењето на Чарлс Трети со Британија - Обединетото Кралство. Тој инаку е роден во Бакингемската палата (14 ноември 1948-ма), кога на престолот се наоѓаше дедо му Џорџ Шести. На негова тригодишна возраст (во 1952-ра), мајка му стана кралица. Неговото полно име всушност е Чарлс Филип Артур Џорџ. Кога имаше 21 година, ја доби титулата принцот од Велс. Денес таа ја носи син му Вилијам, додека Хари ја има титулата војводата од Сасекс. Обајцата се родени во бракот со принцезата Дијана. Неколку години по разводот и трагичната смрт, во 2005-та се ожени за Камила со која беше во љубовна врска и претходно, во младоста.

ИНВЕСТИТУРАТА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОВЕЌЕВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА, НО И СО СЕГАШНОСТА, ИДНИНАТА... Крунисувањето е закажано за 11 часот, во Вестминстерската опатија. Дотаму кралот и неговата сопруга ќе пристигнат од Бакингемската палата со златната кочија направена за дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, по повод шеесетгодишнината од нејзиното владеење, во 2012-та. Последен пат е употребена лани, во јуни, за платинестиот јубилеј на кралицата. Обично се користи за специјални пригоди. Така е од 1760-та, кога за потребите

24 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СТИЛ
КРУНАТА, СИМБОЛ НА
ВЛАДЕТЕЛСКАТА МОЌ, НО И НА ВИСОКОТО
ДОСТОИНСТВО

на Џорџ Трети се нарачала и првата воопшто, да се направи за тој да се вози до парламентот, на неговото отворање во 1762-ра. Позлатената круна на покривот е дабова, од HMS Victory. А интарзијата внатре, пак, е инспирирана од Британија и нејзината историја, знаменитостите... Кочијата ќе ја влечат 6 виндзорски греј-коњи, додека процесијата ќе минува низ неколку поважни улици на Лондон. Армијата исто така ќе биде дел од поворката, вклучително и кралската гарда. Богослужбата во рамките на крунисувањето, бидејќи се смета и за црковен обред, ќе ја води надбискупот од Кантербери. Свеченото одбележување ќе биде пропратно, забавата и слично. Повеќевековната традиција во голема мера ќе се задржи, со мали измени, согласно времето во кое живееме и погледот на иднината, кон неа. И раскошот ќе биде составен дел на инвеститурата која последните 900 години се одржува во Вестминстерската опатија. Литургијата

речиси секогаш ја служи првиот бискуп во Кантербери, од 1066-та.

Откако ќе се изврши помазанието, кое јавноста нема да го види на телевизија во целост, ќе следи благословувањето и ставањето кру-

на на главата со што ќе се устоличи официјално. Во свечениот акт ќе биде вклучен и деветгодишниот Џорџ (првото чедо на Вилијам) кој, заедно со уште неколку деца, ќе ја носи одората.

Регалиите, пак, меѓу нив и жезлите и куглата, й припаѓаат на ројалистичката колекција изложена во лондонската кула. Цело време ќе свири грчка ортодоксна (православна) музика во чест на татко му, војводата од Единбург. Химната на крунисувањето ја напиша лордот Ендру Лојд-Вебер, по избор на монархот, а ќе ја изведува осумчлен хор - „Вознесение“. Останатите изведувачи кои ќе учествуваат во инвеститурата се членови на пејачкиот колектив на опатијата, вклучително и на кралскиот оркестар, меѓу другите.

ЦЕЛА БРИТАНИЈА ВО ЗНАКОТ НА КРУНИСУВАЊЕТО, ПРОСЛЕДЕНО И СО ЗАБАВА

За разлика од инвеститурата на Елизабета Втора за кралица, кога на церемонијата присуствуваа повеќе од 8.000 гости, покани за крунисувањето на Чарлс Трети се испратени само на 2.000 луѓе. Изборот се сведе на минимум, тесен круг на пријатели, соработници... Сепак, во организацијата на прославата се ангажирани вкупно 1.250 волонтери. Со цел да ја гледаат што повеќе Британци, но и пошироката (светската) јавност, „Би-би-си“ ќе врши телевизиски пренос. Огромен број екрани ќе бидат поставени во населените места ширум Британија за жителите да можат да го следат оттаму. Во Лондон, граѓаните ќе се збираат во „Хајд парк“, „Грин парк“ и „Сент Џејмс“, каде што ќе се пренесува директно и неделниот концерт во Виндзор. Информативно, устоличувањето на кралицата Елизабета Втора го следеа 27.000,000 Британци на телевизија, 11.000,000 на радио. Маршрутата на враќањето од Вестминстерската опатија ќе биде поголема, поширока. Цело време кралот ќе ја носи круната (Едвардовата), изработена од злато, украсена со повеќе од 400 скапоцени камења: гранати, рубини, сафири... За време на церемонијата, ќе смени неколку одори. По пристигнувањето во Бакингемската палата, новоустоличениот крал, кралицата и членовите на нивното семејство ќе ја поздрават британската нација од балконот со што и официјално ќе заврши крунисувањето. Патем, Вилијам ќе се здобие со други, нови титули, формализирајќи ја и веќе постојната - принцот од Велс.

Утредента, во недела, ќе се приреди ручек за обичните луѓе, соседите и слично, проследен со забава. Ќе се раздава киш со боранија, естрагон, сирење и спанаќ, инспириран од француската кујна, по избор на кралот и кралицата. И британскиот премиер ќе организира ручек на Даунинг стрит, за државната заедница и пошироко. Исто ќе биде и во населените места, гозбите ќе ги приредуваат локалните власти, но и самото население, индивидуално - во кругот на семејството, пријателите... Занаетчиите ги покажаа своите вештини во изработката на сувенири по повод крунисувањето, дуќаните веќе се полни со нив. Цела Британија ќе биде во негов знак, така и ќе пулсира. И неколкучасовниот концерт ќе придонесе за доброто расположение. Андреа Бочели, Кети Пери, Лајонел Ричи, „Тејк дет“ и Фреја Ридингс, заедно со останатите перформери, актери..., ќе бидат всушност ѕвездите на „Осветлувањето на нацијата“, како што е насловен концертот. Нема да изостануваат ни дисплеи ни дронови ни ласери. Прославата ќе продолжи и наредниот ден, во понеделник. • Игор Ландсберг

25 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
СТИЛ |

| ПАТУВАЊЕ

Порто

ГРАДОТ ЧИЈА МИСТЕРИОЗНОСТ

ПОРТО ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈВПЕЧАТЛИВИТЕ ГРАДОВИ ВО

ЈУГОЗАПАДНА ЕВРОПА, ЗАЕДНО

СО ПОРТУГАЛСКАТА МЕТРОПОЛА

- ЛИСАБОН, НЕ САМО ПОРАДИ

НЕГОВАТА КОЛОРИТНОСТ ТУКУ И

МИСТЕРИОЗНОСТА КОЈА ГО ОБВИВА И СЕ МЕНУВА ВО ЗАВИСНОСТ ОД

МЕСТОТО, ПЕРИОДОТ ОД ДЕНОТ И СВЕТЛИНАТА. ИСТОИМЕНОТО

ЦРНО ВИНО Е ПРИЧИНА ПЛУС

ДА СЕ ПОСЕТИ, НЕРАЗДЕЛНА ОД ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНОТО.

Генерално

таква е констатацијата на посетителите кои секогаш му се враќаат одново, по првата направена посета. Едноставно примамува со таинственоста во поглед на историјата, односно минатото, па и сегашноста, начинот на живеење што го негуваат граѓаните од искони, стилот како нивен заштитен знак. Секако и со оптимистичкото сфаќање и расположение кога е во прашање иднината и покрај тоа што безнадежноста се опејува, т.е. изразува со песна, како на пример во фадото.

Меланхолијата е карактеристика на старите, одамнешни времиња кога сиромаштијата се намножувала без мерка. Но, сеќавањата не се поматуваат, напротив - нè потсетуваат на неубавите работи за да го согледаме животот и поинаку, на друг начин. Така повеќе ќе го цениме, посебно можностите кои ни ги пружа. Една од нив секако е и посетата, престојот во Порто - вториот по големина португалски град, после Лисабон, оддалечен 317 километри (со кола се стигнува за 3 часа и 15тина минути, а има и железничка линија - картата за превоз чини 10тина евра). И обата се привлечни, секој на свој начин, со своја приказна. Градот чија колоритност влијае, исто така, на привлечноста се наоѓа на северот на Португалија, во регијата позната како Норте, додека метрополата е во јужниот дел. Боите на Порто донекаде ги претставува и особините на неговите жители, со доминантна великодушност, а опуштеноста е само своевиден одраз, рефлексија на сфаќањето за животот. АВТЕНТИЧНИ СВЕДОШТВА ЗА КУЛТУРАТА НА НАРОДОТ, КОЈА ЕДНОСТАВНО ИМПРЕСИОНИРА Убавината на градот е и во неговото богатство, метафорично. Реката Дуро и целокупното наследство, културната баштина на двете страни, со мостовите, знаменитостите, повеќето украсени со препознатливите керамички плочки во португалски стил, балконите насадени со цвеќиња, улиците полни со дуќани, каде што може да се направи многу добар шопинг, се дел од него. И уште повеќе, како центарот на Порто чие минато, историја доминира со настаните, процесите..., на страната Гаја на која се наоѓаат и надалеку прочуените винарници (винарски визби), класифицирани како светско наследство. Благодарејќи на брдовитото опкружување каде што

26 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВАРИРА
ЗАВИСНО ОД МЕСТОТО, ПЕРИОДОТ ОД ДЕНОТ И СВЕТЛИНАТА

се одгледуваат виновите лози, квалитетот на црното вино е доста висок. Поднебјето всушност е виновникот - климата, составот на почвата и влагата од реката која се вбројува меѓу поголемите на Пиринејскиот Полуостров, наместа обрабена со карпи. Можеби не излегува на море, но близината е непосредна. Оддалеченоста на градот и устието на Дуро изнесува не повеќе од 5 километри.

Автентичноста секако дека е другото име на убавината која зрачи од Порто. Неговите градби се сведоштва за културата на народот, вистинито. Не случајно и градот пред неколку години беше прогласен за најфотографиран, чии снимки се споделуваа најмногу на инстаграм. По враќањето на нормалниот живот, после ковидот, Порто е еден од најбараните дестинации за пролет, заедно со Лисабон. Бедекерите сигурно ќе ви помогнат да го доживеете онака како што го воспримаат неговите жители.

За појдовна точка се смета станицата Св. Бенто чии ѕидови на холот се обложени со плочки, сликите изобилуваат со најразлични мотиви од минатото и важат за вистински ремек-дела. Однапред е истоимената катедрала со прекрасен поглед на реката, каскадните куќи, брегот на спротивната страна. По скалите удолу, средновековните улички се спуштаат кон Хибеира, кејот на Дуро. Неговото иконично значење во голема мера се врзува и со живописноста и со прогласувањето за светско наследство во 1996-та, од страна на УНЕСКО. Питорескното средиште (историско) на градот и свежината од реката се толку хармонизирани што чувството навистина е пријатно за време на прошетката, седењето на некоја тераса од кафулињата со поглед на мостот чија големина зашеметува. Имено, Дом Луис Први е дизајниран од ученик на Густав Ајфел, кој во 1886-та, кога се завршил, ја понел титулата најдолг железен лак во светот. Долниот дел е пешачки, а горниот го врзува Порто со градот Вила Нова де Гаја, оддалечен 8,8 километри.

е само еден од неколкуте (поточно 6) мостови на Дуро по која може и да се крстари. Повеќето се гледаат од Хибеира. Оттаму и визуалот, погледот на камбанариите е восхитувачки, по што патот ќе ве одведе до црквата Св. Франциско за да ја видите позлатената внатрешност. Близу се и другите храмови чија надворешност обично е покриена со препознатливите керамички плочки во португалски стил, претставувајќи своевиден мурал. Исклучителни се и црквите посветени на Кармо и Кармолитас, Св. Илдефонсо, а истото важи и за останатите споменици. И некогашната берзанска палата (Паласио да Болса) вреди да се погледа.+ Од кејот се тргнува со трамвај за устието на реката, познато како Фос. Населението оди за да се изнадише морски воздух. Кај станицата започнува Авенида (авенија) да Боависта, а во близина е и Сехалвис (музејот на современата уметност), дело на познатиот архитект Алваро Сиза Виеира, инаку добитник на Прицкеровата награда, во чии рамки е паркот - нешто посебно.

27 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ПАТУВАЊЕ |
Препознатливите керамички плочки во португалски стил Појдовната точка, станицата Св. Бенто Тој

ИСТОИМЕНОТО ЦРНО ВИНО КАКО ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ГАСТРОНОМСКАТА Кога е архитектурата во прашање, меѓу импозантните градби се вбројува и Каза да Музика со богат репертоар на културни (музички) настани. Се наоѓа на Хотунда (кружен тек) да Боависта, каде што може и одлично да се пазари. Освен што се истакнува со уметничкото движење арт нуво и 100-годишното постоење, Авенида дос Алиадос е добро позната и по шопингот, дуќаните и градското собрание, канцеларијата за туризам и поштата, кои се сместени на крајот. Се разбира, купувањето може да продолжи на улицата Св. Катарина. Во меѓувреме, туристичките водичи препорачуваат да се посетат и градините на Кристал Палас од каде што погледот е широк (панорамен) и музејот Соарис дос Хеис и кулата на свештениците - Клеригус. Ако времето ви дозволува, видете ја и градината Кордоариа. Се издвојува со изобилството скулптури, а и опкружувањето е богато: цркви, паметници...

Кога и да е, домот на доенчињата и старите куќи во Мирагаја секогаш се занимливи за туристите, поради графитите, вклучително и т.н. париска галерија и соседните улици, близу до кулата на клирот, и улицата Мигел Бомбарда, идеално место за љубителите на контемпорарниот дизајн, и градскиот парк и секако, фестивалот на Иванден (авторизиран превод) кој годинава ќе се одржи на 23 јуни (утредента е регатата). Газењето на оган е избор на храбрите, смелите, мадлестите луѓе - непобедливите, како израз на несовладливоста. Впрочем, Инвикта е прекарот на Порто, добиен уште во времето на граѓанската војна во 19 век. И покрај едногодишната опсада, непријателот не успеал да го освои.

Градот е инаков, дење и ноќе. Атмосферата генерално. Всушност, контрастираат меѓу себе. Како било, совршено се преплетуваат. Без исклучок, па дури и кога во прашање е Ливрариа Лело чиј покривен витраж на кој е напишан и монограмот или мотото на книжарницата - Декус ин Лаборе (добрината во работењето) влијае врз амбиенталниот колорит, светлоста... Иако постои веќе 117 години, од 1906-та, и ден-денес важи за една од најубавите на светот, а дрвените басамаци се меѓу најфотографираните.

Нема потреба од брзање, Порто секогаш ќе ве пречека срдечно. Жителите имаат голема широчина, такво им е и срцето, но и душата. Многумина се враќаат пак, повторно да го воспримат, (до)истражат..., да ја почувствуваат неговата мистериозност која варира според местото, периодот од денот и светлината - полека, со лезет. Како што живее и населението, впрочем.

И покрај тоа што Хибеира е позната и по кафулињата во голем број, терасите кои претставуваат и своевиден меркез, собиралиште на боемите, луѓето што живеат неконвенционално и хедонистите, но и на случајните минувачи, туристите на кои им е потребен оддив, сепак центарот, средиштето на кулинарството, гастрономијата е отспротива, во јужниот дел на Порто - Гаја, каде што се винарниците. Дотаму се стигнува пеш, по Дом Луис Први. Башка и погледот е неверојатен. Се знае - готварството е врвно, без сомневање. Во комбинација на истоименото црно вино, неколкуте видови, нема промашување. Било што да изберете, португалската кујна ќе ве придобие на прва. Се заснова на риба и месо: чинија школки, сендвич, гулаш... Франсезињата (леб со шунка, стек или друго парче месо, колбаси, прелиен со топено сирење и густ, зачинет, лут сос - каша од пиво и домати, обично се служи со помфрит) дефинитивно е сендвич број еден, додека во менијата се застапени уште неколку видови, потоа супи (т.н. зелена е одлична), риби подготвени на различни начини (меѓу нив и колачите со бакалар), десерти (неколкуте видови т.н. манастирски слатки се извонредни)... Со чаша порто, две. Црното вино е најизвезувано, секаде во светот. И фадо, за комплетен впечаток.

28 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ПАТУВАЊЕ
• Игор Ландсберг
Ливрариа
Градините на Кристал Палас
Лело

02/3181-108

ВЕЛО ЧЛЕНСКАТА КАРТИЧКА ВКЛУЧУВА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ И ПРЕНОС НА ВЕЛОСИПЕД, КАКО И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ И ПОПУСТИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ. www.amsm.mk

29 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВЕЛОСИПЕД ДА СЕ БУТКА!
БАШ Е УТКА
СО ДУПНАТА ГУМА

Подготовка:

Претходно испеченото прасечко месо расцепкајте го на конци со помош на виљушка. Потоа загрејте го во тавче со малку барбикју сос (сос за скара).

Тортиљата премачкајте ја со барбикју сос и крем сирење. Додадете тенко исечкани кисели краставички и црвен кромид. На крај по желба додадете рендана моцарела и преклопете ја тортиљата на половина. Додатно испечете ја од двете страни и исечете ја на парчиња по желба.

Како прилог јас додадов рендана зелка измешана со малку вода од кисели краставички, малку павлака, малку мајонез и тенко исечкан црвен кромид. На крај промешајте ги зеленчуците со павлаката и мајонезот и направете крем салата.

Ова е одлична комбинација. Ова јадење е класичен „street food”. Уживајте!

30 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk ГАСТРОНОМИЈА
ТОРТИЉА СО СВИНСКО

38-годишната

слушаj...

Maria do Carmo Carvalho

Американската

Според Гинисовата

книга на рекорди, „Резерва“ на денот на нејзиното излегување во печат станала најбрзо продаваната книга од областа на нефикцијата на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од книжевните критичари. Тие ја пофалија отвореноста на Хари. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и на македонски. Во книгата, принцот Хари открива детали од неговото детство и длабокиот ефект од смртта на неговата мајка Дијана, принцезата од Велс, од неговите проблематични тинејџерски години и последователното распоредување во Авганистан со британската армија. Пишува за односот со неговиот брат, принцот Вилијам и со неговиот татко, кралот Чарлс Трети, како и за бракот на татко му со Камила Паркер Боулс, но

и за неговото додворување и бракот со американската актерка Меган Маркл, сè до повлекувањето на двојката од нивните кралски улоги.

Во „Резерва“, Хари за првпат ја раскажува неговата приказна со сурова и непоколеблива искреност. Оваа исклучителна книга ни дава увид во откровенијата, самоиспитувањето и тешко стекнатата мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата. •

Rebelo de Andrade, позната како Carminho, важи за една од најпознатите фадо-пејачки во Португалија (одвреме-навреме изведува и џез-музика), заедно со Mariza (првата дама на фадото), која во 2009-та, кога се појави на сцената со албумот Fado, ги воодушеви музичките критичари со зрелоста на нејзиниот глас и покрај тоа што беше доста млада, имаше само 25 години. Суштината на фадото е меланхолијата, односно тажното расположение и секако, резигнацијата - препуштањето, предавањето на судбината.

Во март го промовираше својот шести студиски албум со едноставен наслов Portuguesa (се мисли на нешто типично португалско), која самата го продуцираше. На него има 14 песни, а некои од нив се нејзини, комплетно авторски. Другите се изворни. Рецензентите во голема мера укажуваат на воведната „O quarto“ (fado Pagem) како врвна, не потценувајќи ги останатите чија изведба сигурно ќе ве наежи: „As flores“ (fado Flores), „As fontes“ (fado Sophia), „Praias desertas, „Marcha de Alcântara de 1969“, „Fado é amor“, „Palma“, „Simplesmente ser“, „É preciso saber porque se é triste“ (fado Soneto), „Sentas-te a meu lado“, „Ficar“, „Pedra solta“, „Levo o meu barco no mar“ и „Meu amor marinheiro“. Може да се купи онлајн, како цеде и винил. •

драма чија светска премиера се одржа на 18 март, додека во кината почна да се прикажува на 5 април, веќе ги освои критичарите со режијата на Ben Affleck, сценариото на Alex Convery и секако, актерската екипа што ја предводи Matt Damon. Главниот актер и режисерот, кој исто така глуми во филмот, едновремено се и продуценти кои заедно ја основаа продуцентската куќа Artists Equity. Драмата е биографска, од светот на спортот. Имено, филмот се темели на вистинити настани врзани со потеклото на „Ер Џордан“, кошаркарската линија патики од марката „Најк“ и перипетиите на вработениот во мултинационалната корпорација за време на неговите обиди да потпише договор за соработка со новиот играч, почетникот Мајкл Џордан. Дејството се одвива во 1984-та, кога „Најк“ се соочуваше со големо паѓање на продажбата на спортските обувки, па изнаоѓаше начини за нејзино зголемување, меѓу нив и соработката со 21-годишниот кошаркар. •

Жанр: драма (биографија)

Актери: Matt Damon, Ben Affleck, Jason Bateman, Marlon Wayans, Chris Messina, Chris Tucker, Viola Davis

Режија: Ben Affleck

31 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk „РЕЗЕРВА“ ПРИНЦ
ХАРИ „PORTUGUESA“ CARMINHO „AIR“ (ЕР)
читаj, гледаj,

Мунволкер

МНОШТВО СЕНЗОРИ, ДВЕ ПАМЕТНИ ЦЕНТРАЛИ, ДВАПАТИ ПО ОСУМ ТРКАЛА ВГРАДЕНИ ВО НЕКАКВИ САНДАЛИ, СО КОИ, КАКО ШТО ВЕЛАТ, МОЖЕ ДА ОДИТЕ СО БРЗИНА ОД НАД 10 КМ/Ч. ЧУДНО, НО ВИСТИНИТО. ШИФТ РОБОТИКС СТОИ ЗАД ИЗУМОТ НА ТРКАЛА ЗАЕДНО СО ПРВООДГОВОРНИОТ ВО КОМПАНИЈАТА ШУНЏИ ЖАНГ, ИЗУМИТЕЛ НА ЧУДНИТЕ ОБУВКИ.

ќе се спомене името на градот Питсбург, веднаш се потсетуваме на филмот „Рибата што го спаси Питсбург“ и секако на познатиот хокеарски клуб „Питсбург Пингвинс“ и неговата ѕвезда Вејн Грецки. Не сме тука да зборуваме за хокејот и „рибата“ што го спасила Питсбург, туку за една друга занимливост што малку потсетува на обувките за хокеј.

Во Питсбург е седиштето на компанијата Шифт Роботикс, производител на чудните патики што требаше да бидат пуштени во продажба во март, но одложена е за летоска. „Чевлите“ (патики, наречете ги како сакате) имаат тркала наместо класична гумена нагазна површина. Најдобро е да се опишат, именуваат, како додаток за обувки. Кога имате потреба, ги навлекувате исто како некогашните ролшуи. Чудните обувки наречени „мунволкерс“, имаат по осум тркала придвижувани од електромотор со силина од 300 вати, а тука е и неизбежната батерија. Полнењето на батеријата трае 90 минути преку обичен „усб ц“ приклучок, а потоа на располагање имате околу 10 км шетање. Сега се прашувате какво е тоа шетање. Со тркалата шетањето е побрзо за 2,5 пати, односно може да се движите со брзина од 11 км/ч.

32 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
НАЈБРЗИТЕ
„ЧЕВЛИ НА ТРКАЛА“
| HI TECH Кога
НА СВЕТОТ

Сопственикот на компанијата Шунџи Жанг вели дека не е потребно претходно навикнување при носењето на обувките „мунволкер“ затоа што се исти како сите други обувки. Сензорите го контролираат вртењето на тркалата и со која брзина тие ќе се вртат. Покрај сензорите има по една паметна централа и тие соработуваат една со друга, ја следат брзината со која ги правите чекорите и така се приспособуваат.

Колку побрзо одите, толку побрзо се вртат тркалата, но ако забавите и тркалата забавуваат благодарение на сензорите и двете паметни централи. Кога се качувате или симнувате по скали, со едноставно движење на стапалото ги заклучувате тркалата и тие не се вртат. Нема наведнување, притискање посебно копче со кое се заклучуваат тркалата, сè е едноставно, така што не се потребни никакви упатства за употреба. Единствено е потребно упатство за одржување на посебните патики. Сиот тој „ум“ е сместен во сензорите и во двете паметни централи. Материјалите од кои се направени се лесни и наедно многу квалитетни, така што вкупната тежина изнесува точно 1.905 грама. Квалитетот е нагласен и со тоа што обувките „мунволкер“ може да се движат по секаква подлога, дури и таму каде што има нерамнини.

Изумот на Шунџи Жанг најмногу потсетува на сандали, но со тркала и не ги собувате обувките, туку заедно со нив ги навлекувате „мунволкерките“. Кој било од семејството може да ги носи, се приспособуваат на сечија нога.

Сепак, имаат една мана, а тоа е цената. Како што вели производителот, цената на „мунволкерките“

изнесува точно 1.400 долари. За тие пари може да изберете велосипед каков што сакате, потоа електричен велосипед, но и мопед, скутер. Како што напоменавме, продажбата ќе започне ова лето, а тие што сакаат да бидат меѓу првите сопственици ќе треба да остават капар од 50 долари.

• Жарко Атанасоски

HI TECH |

100 години Алфа Ромео

ДЕТЕЛИНА

СО ЧЕТИРИ ЛИСТА

ДЕТЕЛИНАТА

СО ЧЕТИРИ ЛИСТА НОСИ СРЕЌА, ТАКА ВЕЛИ ЦЕЛИОТ СВЕТ. ТОКМУ ТАКВА ДЕТЕЛИНА 100 ГОДИНИ ЈА ИМА НА ТРКАЧКИТЕ АВТОМОБИЛИ ОД МАРКАТА АЛФА РОМЕО.

ОД ТЕКСТОТ ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА АЛФИНАТА „КВАДРИФОЉО“

(ДЕТЕЛИНА СО ЧЕТИРИ ЛИСТА)

Годинава

Алфа Ромео слави 100 години од првото појавување на детелината со четири листа нацртана на еден од нејзините болиди што ја има само на некои модели. Еве ја приказната за детелината и главните ликови во неа.

Првиот е Уго Сивоки, кого од младост го интересирале трките со велосипеди, односно тргнал по стапките на постариот брат Алфредо. Многу успешно се снашол со чудото на две тркала, при што постигнал неколку победи. Страста кон брзината останала и кога двете тркала биле заменети со четири. Веднаш по Првата светска војна работел за КМА (Конструциони Меканиче Национали), мала фабрика лоцирана во Милано, која произведувала автомобили под името КМА. Во исто време Енцо Ферари доаѓал во Милано по работа, носел стари лесни товарни возила што потоа биле преработувани во роудстери. Некои преработки биле правени во КМА, каде што Енцо Ферари го запознал Уго Сивоки. Тогаш финансиската состојба на Ферари воопшто не била добра и во прво време Уго Сивоки му помогнал, а потоа го викнал да работи во КМА. Додека заедно работеле во КМА, имале можност да разменат мислења за автомобилите и трките. Уго Сивоки важел за добар возач, но никако не станувал член на добар тим.

Во тие години Енцо Ферари успеал да влезе во тимот на Алфа Ромео како пробен возач, а малку подоцна го повлекол и Уго Сивоки, така што и двајцата повторно биле во ист тим, но овој пат тркачки. Таму Сивоки покажал што умее зад управувачот на болидите, но никако не победувал. Иако бил најбрз, секогаш се случувало нешто и останувал без

34 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
АЛФИНАТА

тоа толку посакувано прво место. Поради тоа, во кругот на тимовите и меѓу колегите бил познат како „вечно вториот“. На 15 април 1923 година суеверниот Сивоки се подготвувал со своите колеги за стартот на 14. издание од надалеку познатата и престижна трка Тарга Флорио, која се возела низ тесните патишта на Сицилија и важела за една од најтешките поради многубројните свијоци, нагорнините и удолнините. Оваа трка всушност била трка на издржливост и во годината служела како еден вид подготовка за 24-часовната трка Леман и Миле Миља. Уго Сивоки ги направил сите подготовки на својот болид „алфа ромео рл корса“, а тоа го направиле и останатите колеги во тимот, вкупно четворица: Антонио Аскари (негов син е Алберто Аскари, двоен шампион во Формула 1 во 1952 и 1953 година), Џулио Масети и Енцо Ферари.

СО ДЕТЕЛИНАТА ДО ПРВАТА И НАЈГОЛЕМА ПОБЕДА Откако сè било подготвено за трката, Сивоки зел две кантички со боја, едната со бела, а другата со зелена боја. На предниот дел од својот болид, со белата боја нацртал четириаголник, а во средината детелина со четири листа за да му донесе среќа. Трката траела малку повеќе од седум часа (431 км), а прв на целта пристигнал Уго Сивоки. Неговиот тимски колега Алберто Аскари убедливо водел пред останатите возачи, но буквално пред целта излетал од патеката. Механичарите му помогнале да се врати на патеката и да ја мине целната линија, но судиите на трката го вратиле Аскари назад затоа што ја минал целната линија заедно со механичарите качени на неговиот болид. Затоа Аскари морал да се врати на местото каде што излетал од патеката и повторно да ги извози тие 300-400 метри до целта.

Додека Аскари го правел тоа, Уго Сивоки веќе ја минал целта со околу три минути предност пред Аскари и со тоа ја остварил својата прва и најголема победа, но не само за себе, туку и за Алфа Ромео. На 15 април 1923 година првпат болид од оваа марка победил на меѓународна трка и тоа Тарга Флорио, една од најважните во календарот. Подоцна Алфа Ромео собрал уште девет победи на Тарга Флорио. Тој ден тимот славел победа 1 - 2, а за славењето да биде поубедливо, на четвртото место се пласирал Џ. Масети. Иако бројот 13 го носи епитетот малерозен, тој стартен број го имал победничкиот болид што го возел Уго Сивоки.

Во тоа време болидот „алфа ромео рл корса“ важел за технолошко ремек-дело, а творец бил познатиот конструктор Џузепе Мероси. Тешко дека некој можел да му се спротивстави на Алфа Ромео со толку надмоќен болид и со тогашната најдобра петорка од возачи: Аскари, Масети, Ферари, Кампари и Сивоки. По неколку месеци, поточно на крајот на септември била закажана трката за ГН на Италија што се возела во Монца. Возачите ги тестирале болидите, а меѓу нив и У. Сивоки. На една од квалификациските сесии, тој излетал од патеката и веќе никогаш не се вратил. Трагичниот настан официјално го потврдил главниот конструктор и шеф на тимот Џузепе Мероси, кој дал изјава пред насобраните новинари. Тогаш најавил повлекување на тимот Алфа Ромео од трката, а потоа си дал неотповиклива оставка. На тој кобен ден детелината со четирите листа не била исцртана на болидот на Сивоки. Велат дека немал време да го стори тоа за време на тестирањата и квалификациите, односно дека цртањето на детелината го оставил за денот кога ќе се вози трката.

35 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
Уго Сивоки ИСТОРИЈА |
Легендарниот болид со „квадрифољо“ во друштво на јубилејните „џулија“ и „стелвио“
Џ. Кампари, А. Аскари, У. Сивоки и Е. Ферари

На следната трка четворицата возачи (Аскари, Масети, Ферари и Кампари) ја нацртале детелината на бела основа, но не како четириаголник, туку триаголник што го симболизирал отсуството

на нивниот тимски колега. Кога Уго Сивоки ја нацртал детелината, ја ставил во основа од четириаголник, четирите страни всушност биле по една за секој од колегите зад управувачите на болидите, односно по еден агол за секој возач. Детелината ја нацртал за да им носи среќа на сите во тимот, а не само нему.

Повеќето марки ја користеле црвената боја за своите болиди и бидејќи биле речиси исти по дизајн, публиката тешко можела да ги разликува, но веднаш ја забележувала детелината на бела основа и знаела дека тоа е еден од болидите на Алфа Ромео.

Има уште едно нешто посебно за болидот на У. Сивоки, а тоа е неговиот стартен број. На тој трагичен ден болидот го имал стартниот број 17. Оттогаш ниеден италијански тркач не го ставил тој број на своето возило. Така е до денес, односно за пилотите од Апенините бројот 17 не постои веќе еден век.

Како што претходно спомнавме, детелината со четири листа станува нераздвоен дел од тркачките возила на Алфа Ромео. Сепак, челниците одлучиле да ја стават детелината и на сериските автомобили, тие со најсилни мотори, со најмногу коњски сили. Првпат детелината со четири листа во триаголник е ставена на сериски автомобил во 1964 година на моделот „џулија ти супер“, а веднаш потоа „среќата“ била ставена и на „џулија спринт гт велоче“ и „џулија 1750 гт велоче“. Алфа Ромео умее да ја стави детелината и во најопремените изведби, но тогаш е „квадрифољо оро“ (златна детелина со четири листа), со тоа што белата заднина останува иста, но триаголникот и детелината се нацртани со златна боја.

Не постои марка на Земјината топка чие име тежи толку многу како тоа на Алфа Ромео. Пребогатата тркачка историја е таа што

тежи и има посебен белег во автомобилската историја. И покрај

тоа што Алфа Ромео не е глобален играч од рангот на Тојота, Киа Мерцедес или БМВ, не произведува најмногу автомобили и не ни блиску до првите 10 најпродавани, сепак во неа има нешто толку многу специфично што го немаат останатите. Таа „магија“ обоена во црвено има 10 победи на трката Тарга Флорио, 11 на Миле Миља, има четири победи на најпознатата трка во светот 24 часа

Леман и уште стотина други во другите класи. Да не ја заборавиме надмоќта на Алфа Ромео во трките за туристички автомобили. Во домашното првенство за туристички автомобили во 1992 година победи убедливо и нејзина следна цел за наредната година беше ДТМ. Тогаш во 1993 година моделот „155 V6 2.5 ти дтм“ беше гостин во ДТМ (Дојче Туренваген Меистершафт) и пред очите на домашната публика ја порази целата германска автомобилска индустрија победувајќи на 12 од 20 трки, а зад управувачите на трите „155“ беа Никола Ларини, Алесандро Нанини (брат на пејачката Џана Нанини со која легендата Тоше Проески испеа дует) и Кристијан Данер. Титулата отиде во рацете на Никола Ларини со 11 победи од вкупно 20 трки, што е апсолутен рекорд во ДТМ, а по него беа Роналд Еш и Бернд Шнајдер, двајцата од тимот на АМГ - Мерцедес. И да напоменеме, таа година Н. Ларини успеа трипати да победи на легендарната патека Нирбургринг (мит Нордшлеифе). Тоа беше прво учество на Алфа Ромео на ДТМ и победи на вкупно 13 трки, 11 на Н. Ларини и две на А. Нанини.

А кога е во прашање Формула 1, Алфа Ромео има пет титули. Првата е извојувана со болидот „п 2“ управуван од Брили Пери во тогашниот светски шампионат наречен Ауто Рејсинг. Во тој шампионат Алфа Ромео освои дополнителни две титули, а потоа уште две во современата Формула 1. Првиот шампионат во современата Формула 1 е одржан во 1950 година. Тогаш се возеле 11 трки и на сите победил Алфа Ромео со болидот „типо 158“ што го возел Џузепе Нино Фарина. И наредната сезона минала во знакот на Алфа Ромео, но овој пат со легендарниот возач Хуан Мануел Фанџо со болидот „типо 159 алфета“. И, секако, сите тркачки возила биле обоени во црвено, со бел триаголник со детелина со четири листа во средина. Дека токму таа детелина носи среќа потврдил тимот на Алфа Ромео во Формула 1.

Минатата година за време на британското Гран при, кинескиот возач Жоу Гуани имаше тешко излетување. Неговиот болид заврши зад безбедносниот појас од пневматици, странично паднат во тесниот простор помеѓу високата жичена ограда и оградата што дели појасот од пневматици. Можеби таа детелина не придонела многу во последниве неколку децении да донесе среќа за освојување повеќе први места, но затоа кинескиот пилот имал преголема среќа затоа што минал без гребаница, а глетката на неговиот болид била страшна.+

По повод 100-годишнината од појавувањето на детелината со четири листа, Алфа Ромео подготви посебни изданија од моделите „џулија“ и „стелвио“ - V6 мотор 2,9 литри со двоен турбополнач способен да „извади“ 520 КС. Ќе бидат изработени само по 100 примероци и веќе се распродадени. • Жарко Атанасоски

36 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | ИСТОРИЈА
Алфа ромео 155 V6 2,5 ти дтм“ носител на ДТМ титула во 1993 година, возач Никола Ларини

Олдтајмери

ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО КОЛЕКЦИОНЕРСТВО НА СТАРИ АВТОМОБИЛИ ИАКО ПОВЕЌЕ ДИОНИС ПАШЛАКОВ ПОВЕЌЕ НЕ Е МЕЃУ НАС, НАВИСТИНА Е ГЕСТ КОЈ ЗАСЛУЖУВА ПОЧИТУВАЊЕ И НЕОПИШАНА ЉУБОВ КОН СТАРИТЕ И РЕТКИ АВТОМОБИЛИ...

Иако Дионис Пашлаков повеќе не е меѓу нас, сепак музејот за стари автомобили „ОЛДИОНИС“ сè уште интензивно прибира колекции на вистински раритети од автомобилската индустрија. Сево ова е овозможено од двата негови сина, како и неговиот внук, кои грижливо и несебично ја продолжуваат традицијата во колекционерството на старите возила.

AUSTIN 1800 кај нас заборавена и ретка марка на автомобили, веќе некое време се наоѓа во музејот ОЛДИОНИС, а целата приказна како дошло возилото тука е многу интересна. Сè започнало од една обична посета на сопругата на Британскиот амбасадор во нашата земја, Рејчел Головеј, која беше вчудовидена од самата глетка во музејот, како и приказната за самиот Дионис и неговата пасија кон олдтајмерите. По некое време, самата Рејчел ја сподели приказната со својот сопруг и заедно се решаваат да го остават во благодет нивниот AUSTIN1800 во музејот ОЛДИОНИС, сè со цел да се зголеми бројот на возила во музејот и да го остават во сигурни раце нивниот довчерашен сопатник и миленик.

Инаку се работи за возило марка AUSTIN 1800, кој е произведен во далечната 1974 година во Англија. Силата на моторот е 60.5kw 81hp со тежина од 1.155кg придвижуван од бензински мотор од 1.799cm3 кој забрзува од 0-100км за цели 18.3 секунди со волан од десна страна...Навистина можеби и единствен примерок кај нас на ваков модел на автомобил... И за крај само можеме да им посакаме уште многу успешни збиднувања на семејството Пашлакови, Димитар, Кико, како и нивниот внук, кои навистина ја продолжуваат традицијата на својот татко Дионис Пашлаков, како и блага препорака на сите љубители на стари возила да го посетат музејот ОЛДИОНИС... • Жарко Атанасоски

37 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ТРАДИЦИЈАТА
ПРОДОЛЖУВА
ИСТОРИЈА |

100 години 24 часа Леман

100 ГОДИНИ

24 ЧАСА ЛЕМАН

ЛЕГЕНДАРНАТА ТРКА НА ИЗДРЖЛИВОСТ 24 ЧАСА ЛЕМАН ГОДИНАВА СЛАВИ 100- ГОДИШНИНА ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА ПРВАТА СРЕДБА ВО 1923 ГОДИНА. ОВА Е НАЈСТАРА ТРКА ШТО С È УШТЕ СЕ ВОЗИ И ДЕЛ Е ОД ТАКАНАРЕЧЕНАТА „ТРОЈНА КРУНА“.

Патека

Сарт, дел посебна патека, дел асфалт за секојдневна употреба, локација Леман, трка што трае 24 часа. Ова се најосновните податоци

за најпознатата и најлегендарната трка во светот. Има многу познати трки со долга историја, но ниедна не може да се спореди со неа. Уште многу одамна група луѓе, големи приврзаници на автомобилскиот спорт, решиле да организираат трка што ќе се вози 24 часа и тоа со еден автомобил. Сакале да видат трка што ќе се вози цел ден и цела ноќ. Тоа се случило во 1923 година, но на првата официјална й претходела една, да ја наречеме генерална проба. На патот покрај реката Сарт и малото место Леман била организирана трка за која биле пријавени 34 автомобили, траела 12 часа, а тркачите успеале да комплетираат 12 круга или вкупно 1.240 км. Оваа трка се возела на 26 и 27 јуни во 1906 година, а потоа следувала пауза од 17 години кога автомобилите повторно „загрмеле“ околу гратчето Леман. Идејата постоела, но коцките никако не се составувале. Кога на чело на државниот Автомобилски клуб дошол Жорж Дуран идејата полека созревала. На 26 март 1923 година на стартот се појавиле 33 автомобили. Денес е вистински напор да се извозат 24 часа, а не пред 100 години. Трката не била поврзана со поминати кругови, туку победник бил тој што прв стигнувал на целта по истекот на 24 часа. На оваа воведна трка се случило чудо, од 33 возачи само двајца не ја завршиле трката, а другите минале под тркачкото знаме, шаховското.

Андре Лагаш и Рене Леонард победиле на првата трка на издржливост наречена 24 часа Леман со болидот од марката Шенар Валке модел „тип у 3 15 КС спорт“, мотор 3,0 литри, 100 КС и крајна брзина од над 150 км/ч. Оттогаш секоја година се одржувала трката, со исклучок на 1936 година кога била откажана поради големиот штрајк на работниците. Второто одложување се случило за време на Втората светска војна и по неа, односно осум години, од 1940 до 1948. И последното „откажување“ беше во 2019 година поради коронавирусот, односно трката беше одложена и се возеше во септември без публика. Оваа година е јубилејна, 100 години од одржувањето на првата трка 24 часа Леман, односно средбата се закажува по 91. пат. Трката 24 часа Леман, Индијанаполис 500 и Монако ГП се сметаат за нај, „Тројна круна“. Досега само на еден возач, Грем Хил, му успеало да победи на сите три трки. Една трка им недостасува на четворица, А. Ј. Фојт, Брус Мекларен, Јохен Ринт и од неодамна Фернандо Алонсо кому му недостасува победа на Индијанаполис 500. Возач со најмногу титули на Леман е Том Кристенсен, вкупно девет од 14 учества и тој никогаш не завршил трка подолу од петто место. Тоа го прави да биде Мистер Леман, како што е Сефан Петерхансел Мистер Дакар со дури 14 титули, а Мистер Монако (или Гроф Монте Карло) е легендарниот возач во Формула 1, Аиртон Сена со шест победи, од кои пет едноподруго. Најбрз бил и сè уште е болидот на Пежо со максимални 407,5 км/ч постигнати на правецот Мулзејн, а најбрз круг на патеката Сарт има извозено Камуи Кобајаши за време од 3 мин. и 14 сек и 791 илј., во 2017 година со болидот на Тојота, модел „тс 050 хибрид“. Најуспешен тим е Јоест Рејсинг со 13 победи, а производител што најмногу пати победил е Порше, дури 19 пати. На патеката ќе се соочат старите добри познајници: Пежо, Ферари, Тојота и Порше, заедно со релативно новите Гликенхаус, Венвал и Кадилак, сите од категоријата хиперкар, со вкупно 16 болиди. Годинава најголемо изненадување е учеството на Жак Вилнев, шампион од Формула 1 во 1997 година и син на легендата во Формула 1 Жил Вилнев. Тој ќе вози за тимот на Флојд Венвал Рејсинг. Трката почнува во сабота 10 јуни во 15 часот, а завршува на 11 јуни во 15 часот. Победник ќе биде тој што прв ќе мине низ целната линија на патеката долга 13,6 км по извозени 24 часа. • Жарко Атанасоски

38 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
39 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk

Светско првенство во Мото ГП

ОТКАКО НА ТРКАТА ВО АРГЕНТИНА МЛАДИОТ МАРКО БЕЗЕКИ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ СО ПОБЕДНИЧКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ, НА СЛЕДНОТО ГРАН ПРИ ВО САД ИСТОТО ГО НАПРАВИ АЛЕКС РИНС.

Факт е дека Ринс не успеа да му се приближи, но постојано беше во негова заветрина и тој притисок не вроди плод во саботната спринт трка, бидејќи на крајот Бањаја победи со предност поголема од две секунди, додека со слични интервали меѓи себе беа и возачите зад нив – Хорхе Мартин, Алекс Еспаргаро, Бред Биндер, Марко Безеки, Лука Марини и Мигуел Оливеира, при што последната четворка „начичкана“ во интервал од две секунди.

Со други зборови, само Ринс беше возач на Хонда меѓу водечките, наспроти отсуството на Марк Маркез и Жоан Мир кој беше на 12 место. Веќе следниот ден, тој се искачи на највисоката скала од победничкиот пиедестал, откако Бањаја не ја заврши трката.

Спринт

трката како вовед во гран при викендот на САД покажа дека Алекс Ринс ќе има викенд за паметење, бидејќи тој беше единствен што му се закани на освојувачот на пол позицијата, Франческо „Пеко“

Бањаја. Ринс од стартот почна да прави притисок, но имаше преоптимистички маневар во свиокот број 12, по што Бањаја можеше да здивне и да почне да вози соло трка.

- Горд сум, завршивме одлична работа во текот на целиот викенд. Ова е моја трета трка со Хонда и среќен сум бидејќи штотуку ја креирам мојата основа, а сè оди добро. Овој викенд направивме чекор напред, исто како и во Аргентина. Тоа значи дека одиме чекор по чекор, но не беше лесно бидејќи Пеко Бањаја имаше добар ритам. Се обидував да го намалам заостанувањето во првиот и вториот сектор, преземав ризик, а потоа тој излета. Морав да останам фокусиран бидејќи се најдов на чело и се охрабрив во смисла „уау, ајде да го направиме ова“. Успеавме, ова е јубилеен стоти подиум за тимот на ЛЦР Хонда, а тимот навистина го заслужи. Јас сум новодојденец тука, а ме пречекаа со раширени раце. Мораме да продолжиме во следните трки со истиот менталитет, да останеме со нозете на земја и да почнеме од нула, бидејќи за мене сè е ново со Хонда,- изјави Ринс по славењето во Тексас.

40 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
РИНС ЈА ВОСКРЕСНА
ХОНДА
| СПОРТ

Слично како што Безеки остана блиску до врвот по сензационалната победа во Аргентина, така и Ринс успеа да се задржи меѓу најдобрите на следната трка во Херез, но сепак трката за Големата награда на Шпанија беше доминирана од Бањаја. По двете „нули“ и двата пада на трките во Аргентина и Америка, Пеко одново стигна до триумф на гран при трката во Херез, откако претходно во спринт трката беше втор. Актуелниот светски шампион дојде до 23-та победа во својата кариера, добивајќи го возбудливиот дуел кое го имаше со Бред Биндер на патеката во Шпанија (кој триумфираше во спринт трката). Возачот на Дукати за влакно беше подобар од претставникот на КТМ, а трет на пиедесталот заврши Џек Милер, кој исто така ги брани боите на КТМ од оваа сезона, а лани му беше тимски колега на Бањаја. Биндер водеше во трката, но Бањаја го дочека својот момент, го мина ривалот на три круга пред крајот, а потоа шампионски го одбрани првото место.

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

ОТКАЖАНА ТРКАТА ВО КАЗАХСТАН

Календарот на Мото ГП броеше 21 трка, но организаторите

соопштија дека се откажува планираната Голема награда на

Казахстан, која требаше да се случи на почетокот од јули. Со

тоа ќе се добие поголема летна пауза, бидејќи возачите ќе

добијат одмор веќе по трката во Холандија, а ќе се вратат на патеките од август, кога е планирана трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун.

- Ова беше трка како што доликува на „број 1“ и среќен сум што можам да одговорам на овој начин по она што се случи во Америка. Гледано како цел викенд, ова е најдобриот. Блиску е до она што го имавме во Силверстоун минатата година. Но, сепак, тука дуелот беше пожесток. Уживав во трката, уживав во целиот викенд бидејќи тој може да ни помогне дополнително да созрееме како тим. Петочните тренинзи беа тешки, но тимот успеа да сработи и да ми овозможи подобро чувство. Ги побарав коректните нешта, инженерите добро го одработија тоа и денеска со тој мал чекор напред успеав да стигнам до победата. Не беше лесно, КТМ беше неверојатен, но се обидов да останам прецизен, да возам перфектно, без стрес за задната гума. Да се победи тука секогаш е нешто специјално, навистина сум среќен,- изјави актуелниот светски првак.

- Ова беше трка како што доликува на „број 1“ и среќен сум што можам да одговорам на овој начин по она што се случи во Америка. Гледано како цел викенд, ова е најдобриот. Блиску е до она што го имавме во Силверстоун минатата година. Но, сепак, тука дуелот беше пожесток. Уживав во трката, уживав во целиот викенд бидејќи тој може да ни помогне дополнително да созрееме како тим. Петочните тренинзи беа тешки, но тимот успеа да сработи и да ми овозможи подобро чувство. Ги побарав коректните нешта, инженерите добро го одработија тоа и денеска со тој мал чекор напред успеав да стигнам до победата. Не беше лесно, КТМ беше невројатен, но се обидов да останам прецизен, да возам перфектно, без стрес за задната гума. Да се победи тука секогаш е нешто специјално, навистина сум среќен,- изјави актуелниот светски првак. • Александар Табаковски

41 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |
Алекс Ринс - Тексас 2023 Алекс Сринс ја воскресна Хонда - Тексас 2023

Светско првенство во Формула 1

ПРЕСВРТ ВО БАКУ

СЕРХИО ПЕРЕЗ ГО ИСКОРИСТИ

КАПАЦИТЕТОТ НА БОЛИДОТ ПОДГОТВЕН

ОД ТИМОТ ЗА ДА ЗАБЕЛЕЖИ ДВЕ

ПОБЕДИ ВО СПРИНТ-ТРКАТА И ГРАН

ПРИ ТРКАТА ВО АЗЕРБЕЈЏАН, СО ШТО СЕ ЕТАБЛИРАШЕ КАКО КОНКУРЕНТ ВО БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА.

Доминацијата

на Макс Ферстапен е делумно запрена, бидејќи неговиот тимски колега од Ред Бул, Серхио Перез, успеа да врзе две победи и да му се доближи во генералниот пласман на само шест бода, со што ја направи интересна борбата за титулата во возачка конкуренција. Мексиканецот и во минатото има изградено имиџ на возач што одлично се снаоѓа на уличните трки, па така минатата сезона, исто така, победи во Баку, но и на трката во Монте Карло. Бидејќи на овој гран при викенд беа возени и „спринт-трка“ од 100 километри и „гран при трка“ која е 300 километри, Перез очигледно имаше своја стратегија и на крајот успеа да ја реализира.

- Меѓу нив двајца има шест поени разлика, а досега се извозени четири трки, значи и двајцата се конкурентни. И двајцата сакаат да победат, и тоа е она поради кое што се вработени од страна на тимот. На крајот се сведува на тоа што ќе направат на патеката. На денешната трка беа слободни да се тркаат, како и на сите трки оваа сезона. Тоа ќе остане така сè додека нема тимски интереси, како што е, на пример борба со некој друг тим, што е поголем интерес отколку возачкиот интерес. Но, во моментот тие се слободни да се тркаат. Утрото пред трката ги потсетив дека од наша страна се слободни да се тркаат, но дека не сакаме реприза на она што се случи во 2018 година кога имаше инцидент. Мислам дека се предизвикуваа еден со друг колку што тоа беше возможно, но денеска имаше јасна разлика што ги делеше двајцата. Чеко дефинитивно го заслужува својот прекар „Крал на уличните патеки“, но имаше и среќа со аплицирањето на безбедносното возило. Направи разлика од четири, ја контролираше трката и ја искористи шансата да ја конвертира во победа. Тој го имаше Ферстапен зад себе и знаеше дека нема да биде лесно, но сепак успеа да направи разлика и ги заслужува сите пофалби, извози одлична трка,- рече тимскиот шеф, Кристијан Хорнер. Имајќи предвид дека другите возачи оваа година ниту ја имаат почувствувано сласта на победата, ниту имале шанси да се изборат за неа, ваквиот резултат ги прави возачите на Ред Бул главни фаворити за титулата во поединечна конкуренција.

42 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | +СПОРТ
Леклер пред Алонсо - Баку 2023

- Во моментов и двајцата се конкуренти за титулата. Постои мала разлика меѓу нив и остатокот од учесниците, но до крајот има 19 трки и уште пет спринт трки. Тоа значи дека ни престои многу работа, трки што ќе се возат на различни типови на патеки, значи и нивните разлики ќе одат горе и долу. Клучен фактор ќе биде издржливоста на болидот и ние во моментот сме фокусирани на градење континуитет со двајцата возачи. Кога ќе се вратиме во Европа, сигурен сум дека ќе има значителни надградби на болидите, додека ние имаме редуциран капацитет за развој оваа година, па затоа и нашиот фокус ќе биде да се обидеме да направиме разлика, - додава Хорнер. Од почетокот на сезоната како единствени кои покажуваат перформанси за борба со „таборот на биковите“, се наметнуваат возачите на Ферари, но црвените болиди најдобрите моменти ги имаат во квалификациите, додека во трките најчесто не успеваат да ја покажат истата брзина. - Мора да се грижиме за пневматиците бидејќи нашиот болид во спротивно ќе ги уништи и нема да може да ги вратиме во живот. Тоа има огромно влијание врз нашите перформанси. Сметам дека од гледна точка на менаџментот на гумите завршивме перфектна работа, но сè уште не сме доволно брзи. Дали заостануваме во првиот дел од трката или на крајот, нештата може да се сменат, но во моментот едноставно немаме доволно перформанси за тоа, - изјави третопласираниот Леклер, кој во спринт трката го освои второто место.

Излегувањето на возилото за безбедност секогаш е момент кој може да влијае на стратегијата околу пневматиците, но во исто време и на намалување на разликите меѓу одредени возачи во колоната. Поради тоа, неколкумина од нив се најдоа „залепени“ еден зад друг, при што се покажа дека одлуката за скратување на ДРС зоната влијаела на намалувањето на бројот на престигнувања.

- Ферари е само малку побрз од нас на правците. Дополнително тие беа брзи кога го користеа и задното ДРС крило и јас морав само да го следам Саинц низ средниот сектор. Тоа не беше лесно, но давав сè од себе. Возачот секогаш сака да има поголема моќност на моторот, но мислам дека имаше влијание и тоа што ДРС зоната беше покуса. Не знам зошто го направија тоа, затоа што во минатото тоа овозможуваше добри трки. Сега, додека го вклучиш задното крило, веќе е доцна, - објасни Луис Хамилтон, а со ваквата констатација беше согласен и победникот Перез. Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, испрати порака до челниците на Формула 1 дека треба да се анализира примерот од Баку за да не се случуваат „досадни трки“. - Денешната трка не беше трилер. Едноставно немаше престигнувања, дури и кога имаше големи разлики во ритамот. Не беше добра забава. Мора да го анализираме викендот кога имаме спринт формат, и што можеме да добиеме од тоа, но на крајот се сведува на тркачки натпревар. Потребни се дуели и во спринт трката видовме еден таков меѓу Расел и Ферстапен, но во главната трка немаше ниту еден. Дури и кога ќе се доближиш на две десеттини, беше тешко да се престигне, речиси невозможно, освен ако тој возач не направи грешка. Мора навистина да го разгледаме ова и да се потрудиме да избегнеме досадни трки во иднина, - порача Волф.

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер, во својата анализа укажа дека она што било видено во Баку, може да е под влијание и на стратешките надмудрувања околу изборот и спроведувањето на стратегиите. - Ако се гледа само последната етапа од трката, не сум сигурен дали Ред Бул планираше две застанувања бидејќи тие притискаа пеколно од почеток до крај. Но кога ние одлучивме дека ќе одиме со едно застанување и моравме да ги чуваме гумите во првиот дел, знаевме дека ќе имаме предност на крајот. Генерално, тие беа побрзи од нас, и ние не треба да се разочаруваме. За да разбереме дали разликата е од механичка или аеродинамична природа, тоа е посебна приказна. Во овој момент ние имаме проблем со конзистентноста и тоа е вистината овој викенд. Но како во еден круг, така и во текот на трката болидот беше мошне поконзистентен овој викенд и сметам дека одиме во вистинска насока - вели Французинот.

Формула 1 „се сели“ во Мајами, пред да го стартува европскиот дел од сезоната во средината на мај со трките во Имола и Монте Карло. Ферстапен со 93 поени е лидер на табелата пред Перез со 87, по што следуваат Алонсо со 60 и Хамилтон со 48 поени. Ред Бул со 180 бода по четири трки веќе има значителна предност бидејќи Астон Мартин има 87, Мерцедес 76, а Ферари поради неконзистентноста во пласманите, само 62 бода. • Александар Табаковски

43 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk Старт - Баку 2023
СПОРТ |
Перез
пред Леклер - Баку 2023 Хамилтон пред Расел - Баку 2023
Перез
- подиум Баку 2023

К олумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ТРКАЧКА

ИНДУСТРИЈА

трките се спорт што привлекува внимание поради својата атрактивност и гледливост, но исто како и секој друг спорт, претставува основа за бизнис. Највидлив сегмент е можеби маркетингот, бидејќи рекламите на возилата се препознатлив детаљ и се неопходни за еден учесник да може да ги поднесе трошоците за натпреварување. Меѓутоа, буквално од продажбата на паркинг места, вода, сокчиња и сендвичи, па сè до овозможување на сместување за гостите кои се дојдени заради трките, се смета како услуга од која може да се заработи. Најчесто кога сакаме да зборуваме за ваквите теми, ги цитираме сознанијата од медиумите за светските првенства како Формула 1 или Мото ГП, но јас лично бев фрапиран од сознанијата (во најголем дел добиени преку социјалните мрежи) колку посетители имаше во Хрватска за нивното рели кое од скоро се бодува и за светскиот шампионат. Само од нашава земја имаше барем десетина возила со сериозни луѓе, љубители на мотоспортот, кои отпатувале речиси 1.000 километри за да го почестат своите сетила со сензации од местото на настанот. Но, тоа е од гледна точка на организаторите. Индустријата е многу пошироко разбрана, па во таа гранка спаѓаат и разните школи, и за тркачки возачи, но и за тркачки инженери. Организацијата на настани е круната, која има пошироко влијание за една заедница.

Авто-мото

И додека талентите за спорт работат на тоа да ги развиваат своите вештини и на тој начин евентуално да стигнат до заработка, оние кои имаат само резон за бизнис се обидуваат до парите да стигнат со тоа што ќе се вклучат во таа индустрија и ќе најдат начин да си обезбедат дел од колачот. Притоа, оние кои ја разбираат економијата на ниво на наука, ќе ги употребат и сознанијата што може да им „ги отворат очите“ за деловни активности. Пребарувајќи на Интернет, имав можност да „налетам“ на истражување за НАСКАР, кое нуди демографски податоци како основа за перцепција на бизнисот. Така, може да се сретнат податоци дека еден од тројца возрасни го следат овој спорт, ги има од повеќе возрасни групи, но најмногу од онаа која ги опфаќа луѓето од 18 до 34 години. Американците востановиле дека оваа публика има најголем просечен приход по домаќинство, поголем и од другите (можеби популарни) спортови. Дополнително, 40% од публиката се жени, а 20% припадници на разни малцински групи што живеат во САД.

Претпоставувам дека е слично во секој спорт, па еве дури и шахот ако го земеме за пример, и таму еден играч мора да посетува турнири, притоа да патува, да се сместува и храни, да користи алатки за свое унапредување од типот на компјутерски програми, да се консултира со различни тренери, да бара спаринг партнери и клубови за своја надградба, да се бори за извесни норми и да плаќа во федерацијата за нивна верификација, итн.

Верувам дека постои сличност и во параметрите, но и во пазарната логика, поради што тркачката индустрија може да има свое место и во македонската економија. Бизнисот е оној што ги задвижува нештата, што може да ги отвори вратите за развој на спортот. Во таа насока, обидите на поединци, од картинг центар до тркачки тим, ќе останат само обиди додека нема поцелосна стратегија и подобра организација, како што доликува на една индустрија, преку стопанските комори и сличните бизнис заедници. За почеток, убаво би било некој да стави прст на чело и да ги собере заинтересираните страни на едно место, а потоа и да се зацртаат цели за иднината. •

45 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk | СПОРТ
ДА СЕ ВИДИ И СЛУШНЕ ОДБЛИЗУ ТРКАЧКА МАШИНА Е СЕКОГАШ ПОСЕБНО ЧУВСТВО, ТЕШКО СЕ ОПИШУВА СО ЗБОРОВИ, А НАЈЧЕСТО И РАЗЛИЧНИ ЛУЃЕ ПОИНАКУ ГО ОПИШУВААТ, НО ГЕНЕРАЛНО СЕ СОГЛАСНИ ОКОЛУ ТОА ДЕКА „ГИ ВАДИ ОД НОРМАЛА“.

Светско првенство во Формула Е

ШЕСТИ

РАЗЛИЧЕН

ПОБЕДНИК

ВО ОСУМ ТРКИ

СЕЗОНАТА НА ФОРМУЛА Е СТИГНА ДО СВОЈАТА СРЕДИШНИЦА, ОДНОСНО

СЕ ИЗВОЗЕА 8 ОД

ПРЕДВИДЕНИТЕ 16 ТРКИ, А ТОКМУ НА ПОСЛЕДНАТА

ГО ДОБИВМЕ И ШЕСТИОТ ВОЗАЧ КОЈ СЕЗОНАВА СТИГНА ДО ТРИУМФ.

Но, спротивно од тоа, заплетот продолжи со нов триумф на Еванс во првото возење, успевајќи во првата трка, на само четири круга пред крајот, да го престигне искусниот Себастиен Буеми (кој стартуваше од пол позицијата) и да направи сензација откако во трката појде од деветто место. Дополнително, приказната за Буеми се влоши откако беше престигнат и од вториот болид на Јагуар управуван од Сем Бирд, за во последниот свиок да ја изгуби и третата позиција по контактот со Максимилијан Гунтер на последниот свиок.

- Знаев дека ако стартуваш меѓу првите десет сè уште имаш добра шанса за висок пласман, бидејќи тоа сме го виделе на неколкуте претходни трки. Очекував дека ќе има хаос, но ова беше уште поекстремно. Требаше да се навигира престигнувајќи побавни возила, луѓе што беа понапред, а беа побавни. Исто така, требаше да се внимава на создавањето колона, имаше возачи што се обидуваа да престигнат иако не го мислеа тоа навистина, или можеби не го сакаа, а и ние самите го правевме истото. Беше навистина во крајност,- објасни возачот на Јагуар. Победата на Еванс на првата трка во Берлин беше втора во низа за возачот на Јагуар по онаа остварена во Сао Паоло претходниот месец. Со тоа тој изби на четвртото место во генералниот пласман, само триесет поени зад лидерот Паскал Верлен, кој успеа на домашната трка за неговиот Порше тим да стигне до шестата позиција откако имаше проблематични квалификации.

Менувањето

на континенти во светот на трките често значи и добар менаџмент на ресурсите, но и на луѓето, бидејќи вообичаено при вакви „трансфери“ се таргетираат извесни надградби и унапредувања на болидите. Така, по едномесечната пауза од трката во Бразил, каде што минатогодишниот вице-шампион Мич Еванс „се врати во живот“ со победа, на двете трки во Германија се очекуваше да се разгори борбата и фаворитите конечно „да се пресметаат“ меѓусебно, по што би имало и појасна слика на табелата по прашање на шансите за освојување на титулата.

- Нашата цел мора да биде да се подобриме во квалификациите, затоа што брзината во трка ни дава надеж, но кога ќе стартувате од петнаесетто или деветнаесетто место, тоа не е доволно добро. Во последните неколку круга нешто се случи и јас не сум сигурен дали имав погрешна информација, но морав да вклучам „атак мод“ мошне доцна во трката,рече Верлен.

Победникот на првата трка оваа сезона и возач што прв го поведе шампионатот, Џејк Денис, уште еднаш имаше лоша среќа, па во првата трка не освои поени бидејќи имаше проблеми со сопирачките, при што се судри со Антонио Феликс да Коста.

46 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| СПОРТ

Квалификациите за втората трка донесоа изненадување бидејќи се возеа по дождливо време, па така Роберт Фријнс и Нико Мулер, обајцата од тимот Абт Махиндра, го запоседнаа првиот ред со најбрзи времиња

иако во текот на сезоната немаат освоени ниту бод. Но, ова чудо не траеше долго, бидејќи временските услови се сменија „по старо“, а со тоа ја снема и „магијата“.

Ник Касиди во ист стил како и Еванс, до победата стигна со старт од осмо место, бидејќи неговото најдобро време од четвртфиналните квалификациски елиминации беше суспендирано со одлука на стјуардите поради неправилно аплицирање на енергијата. Тој се најде во водство веќе во шестиот свиок од првиот круг и остана на таа позиција до крајот. На

овој начин, возач од Нов Зеланд по трет пат во низа се најде на првото место, откако претходно двете победи во Бразил и Германија му припаднаа на сонародникот Еванс.

- Долго време сметав дека прерано го презедов водството во трката и планирав да забавам и да го препуштам, а за такво нешто зборувавме и преку радио врската, но на крајот ни се остварија плановите, рече победникот на втората трка Ник Касиди, кој сега е на само четири поени зад Паскал Верлен.

Џејк Еванс со болидот на Андрети успеа да ја прекине „црната серија“ и во втората трка на патеката лоцирана на берлинскиот аеродром „Темпелхоф“ успеа да стигне до второто место, пред Жан Ерик Верње. - На крајот на краиштата, среќен сум поради тоа што го гледам црно-белото знаме, го немав видено од јануари. Мене, искрено, тоа ми беше олеснување. По вчерашниот судир со Антонио Феликс да Коста, сите во тимот беа разочарани поради лошиот пласман, па ова навистина ни требаше. Ни требаше и за титулата, не само за мене, туку и во конкуренција на конструктори, па беше одлично да ги видам сите насмеани. За нас тоа беше како победа, по сите малери што ги имавме на последниве трки. Тој ја потврди верзијата на Касиди дека никој друг од возачите не го посакувал водството во трката.

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

ПРОМЕНА ВО

СПОРТСКИТЕ ПРАВИЛА ЗА 2024

Според предложените измени на правилата, во иднина на трките од Формула Е ќе биде воведен задолжителен питстоп, при кој што ќе добијат полнење од четири киловат часови енергија за време од 30 секунди преку 600-киловатен „бустер“. Концептот претходно се разгледуваше за имплементација со воведување на третата генерација болиди, односно за оваа година, но сега е потврдено дека нема да се брза со неговото воведување.

- Мислам дека ќе чекаме до следната година и ќе го направиме овој потег на вистински начин,- изјави во Берлин извршниот директор на Формула Е, Џејми Ригл.

Во друг медиумски настап на коосновачот на ова натпреварување, Алберто Лонго, се открива дека има тешкотии со спроведувањето на концептот.

- Ние би сакале да го имаме ова уште сезонава, но не мислам дека во моментот е тотално изводливо. Тоа ќе има големо влијание на спортскиот формат и да се направи само на последните три или четири трки можеби нема да биде вистинска одлука, дури и ако имаме капацитет да го направиме. Технологијата е тука, работи, и во моментот многумина од ланецот на набавка имаат различни проблеми и тоа е главна причина зошто не сме во можност да го лансираме оваа година. Но ако тоа не се случи, тогаш ќе го имаме во првата трка од идната сезона, што е сосема валидно. Воедно ќе направиме и промена во спортскиот формат, а тоа е нешто кон што се стремиме од година во година, бидејќи сакаме да се подобриме.

- Навистина кога Ник изби на чело, на сите им олесна. Ритамот што го имаше беше доволно солиден да не предизвика ефект меѓу возачите зад него од брзо до бавно. Мислам дека никој од нас немаше ефикасност за да го направи тоа што тој го направи и поради тоа не го престигнавме. На осум круга пред крајот веќе стратешките цели ни беа превисоки и беа мали шансите да преземеме таков чекор. Ќе беше преголем ризик, особено во мојата ситуација по четири, пет незавршени трки во низа. Со точно 100 поени освоени во 7 од 8 трки, Паскал Верлен е водечки на табелата, без притоа да има освоени поени за пол позиција или за најбрз круг. Половина од тој износ се неговите две победи во Саудиска Арабија на почетокот од сезоната, а сега Ник Касиди му е најблизок ривал со 96 бода, но веднаш зад нив е опасната тројка: Верње со 81 бода, Денис со 80 (едно прво и три втори места, плус четири трки без поени) и Мич Еванс со 76 бода, од кои 62 му се во последните три трки. Трката во Монте Карло е следна во календарот, закажана за 6 мај, но со ваквата изедначеност би можело да се претпостави дека дури и двете трки во Џакарта и онаа во Портланд, нема да значат дефинитивна распределба на трофеите. Тоа е така затоа што во јули ќе бидеме сведоци на два гран при викенда со по две трки, во Рим и Лондон, а на кои се знае дека веќе со сигурност ќе има и тимска политика со давање поддршка на еден од возачите, доколку дојде до такви ситуации. Александар Табаковски

47 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

WRC – Рели Хрватска

ТРАГИЧНАТА СМРТ НА КРЕГ БРИН ЈА ПРЕКРИ СО ТАГА ДРАМАТА КОЈА СЕ ОДИГРА НА ГОДИНЕШНОТО РЕЛИ НА ХРВАТСКА КОЕ СЛУЧАЈНО, ИЛИ НЕ, ПРИДОНЕСЕ ВЕЛИЧЕСТВЕНО ДА СЕ ИСПРАТИ ЕДНА ИСКЛУЧИТЕЛНА ЛИЧНОСТ, ГОЛЕМ ВОЗАЧ И УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ И ТИМСКИ ДРУГАР.

Немил

настан му претходеше на стартот на годинешното рели на Хрватска. Никој ниту на сон не можеше да помисли дека во деновите пред почеток на четвртото рели од сезоната, кое воедно е првиот вистински асфалтен настан годинава, ќе се случи голема трагедија која ќе го погоди светот на релито. Загина Крег Брин, кого учесниците во Светскиот шампионат во рели ќе го паметат како страстен рели возач, голем другар и исклучителна личност. Човек кој својата страст кон релито ја предаваше несебично како на својот тим, така и на своите ривали поттикнувајќи ги да ги поместуваат границите на своите можности. Крег Брин загина на 13 април, четврток, за време на тест сесија пред почетокот на релито на Хрватска. Несреќата се случила кога при лизгави услови на патот рели автомобилот на Крег Брин и совозачот Џејмс Фултон се лизнал од асфалтот при релативно мала брзина и удрил во дрвена ограда. Столб од оградата продрел во кабината низ стаклото на вратата на возачот. Според официјалниот извештај медицинската екипа која веднаш пристигнала на местото на несреќата заклучила дека смртта настапила веднаш.

Оддавајќи му почит на ведриот Ирец кој со својата отвореност и смисла за хумор внесуваше свежина во кампот на Светскиот шампионат, тимот на Hyundai одлучи да стартува на релито само со два автомобили кои беа посебно обоени во боите на знамето на Ирска. Од почит кон Брин, но

и кон тимот на Hyundai, и тимовите на Toyota и на M-Sport Ford, одлучија на релито да настапат со по два екипажи кои ќе можат да освојуваат бодови за шампионатот на производители.

Ролеркостерот на Загорје како и на претходните две релија на Хрватска приреди вистинска драма. Едноставно третото по ред рели на Хрватска остана достојно на својот крајно непредвидлив карактер кој се повтори и годинава, и кој можеби на најдобар можен начин му оддаде почит на Крег Брин и на неговата подеднакво дива и непредвидлива природа. Победата, после низа од изненадувања отиде во рацете на Елфин Еванс. Велшанецот и неговиот совозач Скот Мартин, блиски со Брин, ја немаа вкусено сласта на победата од релито на Финска во 2021 година. Но, среќата им се насмеа и тие на најдобар можен начин го испратија својот драг пријател.

Иако предвидувањата пред стартот на релито беа наклонети кон претходните два победници на релито на Хрватска, Ожие и Рованпера, кои важеа за фаворити, сепак, како и изминатите години збиднувањата се свртеа не глава. И тоа уште на почеток.

Релито стартуваше во петок, после успешниот тренинг од претходниот ден на кој Рованпера покажа дека е значително побрз од останатите и дека е на добар пат да го повтори успехот од лани. Но, непредвидливоста на релито зазема сосема поинаков тек. Прв на стартот Ожие ја иско-

48 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
ВО ЧЕСТ НА
ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ КРЕГ БРИН
| СПОРТ

ристи предноста на чистите асфалтни патеки, но не за долго. Иако победи на првиот брзински испит, на вториот удри во дупка и дупна гума. Загуби многу време менувајќи и падна на осмо место. Исто му се случи на Рованпера. И тој дупна гума на истата дупка и по замената падна на петнаесеттото место. Нувил ја искористи ситуацијата и го поведе релито. Воопшто не беше задоволен од сетапот на шасијата. Се жалеше дека при

високи брзини неговиот i20 N е нестабилен и дека се бори да го контролира. Сепак, успеа да истрае и да го заврши денот како победник. Дури

и во вакви услови тој го надвози Еванс кој заврши втор. Но, Велшанецот

како да имаше скриен адут и го преполови водството на Нувил до крајот

на денот. Трет беше Танак кој направи лош избор на гуми. Избра гуми за

дожд додека условите на патот останаа суви. Епилог: загуба на драгоце-

ни секунди. Веднаш зад него како четврти заврши Есапека Лапи, додека Ожие заврши петти и патем доби казна од една минута бидејќи не ги врзал безбедносните појаси по менувањето на гумата. Ништо не можеше да го подготви Нувил за она што му се случи во сабота на вториот ден од релито. Стартуваше извонредно и во само два испити успеа да ја зголеми разликата во однос на Еванс од 5,7 сек. на 10,8 сек.. И тогаш несреќата удри. На третиот испит од денот загуби контрола и удри во бетонска бариера по што мораше да се откаже. Така Еванс прејде во водство и заврши како победник на крајот од денот. Танак ја задржа втората позиција. Му се отвори шанса да напаѓа, но технички проблеми го одвратија од намерата да го загрози Еванс. Лапи остана сигурен на третата позиција без оглед што загуби неколку секунди на тринаесеттиот испит од релито. Четвртото, петтото и шестото место ги подели триото на Toyota: Ожие, Рованпера и Катсута. Вториот возач на M-Sport Ford, Пјер-Луи Лубет беше седми.

Очекувано без да влегува во ризик Еванс ја доведе својата Toyota Yaris до целта и после повеќе од 18 месеци ја почувствува сласта на победата. Тој и совозачот Скот Мартин, кој го придружуваше Брин пред да седне во седиштето на Toyota, му ја посветија оваа победа на Ирецот. Танак не успеа да го стигне Велшанецот и мораше да се задоволи со второто место, додека Лапи остана на третото. До крајот на релито Рованпера го престигна Ожие и заврши четврти. Ожие беше петти, а Катсута шести. Лубет остана на седмото место, додека осми беше најбрзиот од категоријата WRC2 Јохан Росел со Citroen.

WRC2 – ЕФИКАСНОСТ ОД 100 ПРОЦЕНТИ

ПРВА ПОБЕДА НА ПРВО РЕЛИ

Французинот Јохан Росел кој годинава за првпат учествува во

категоријата WRC2 успеа да постигне ефикасност од 100 проценти. Младиот Росел победи на релито на Монте Карло и сега на релито на Хрватска. Тој го поведе релито од сам старт и не го испушти водството ниту, пак, дозволи некој да му се приближи сè до минување низ целта. Неговиот лут ривал на ова рели беше Николас Гријазин зад волан на Skoda Fabia RS, но тој не успеа да ја стопи големата предност на Росел кој буквално безгрешно ги мина трите натпреварувачки дена. Третото

место го освои Емил Линдолм кој без оглед на проблеми со

менувачот во текот на првиот натпреварувачки ден успеа да

се задржи на добра позиција.

После четири релија силите во шампионатот за возачи се прилично изедначени. Ожие и Еванс ја делат водечката позиција со по 69 бода. Второпласиран е Рованпера со 68 бода, а трет е Танак со 65 бода. Нувил, пак, е на петтото место со 58 бода. Меѓу производителите води Toyota со 161 бод. Зад неа е Hyundai со 132 бода, а трет е M-Sport Ford со 108 бодови. Следно е релито на Португалија кое се вози од 11 до 14 мај.

• Љубомир Анастасовски

49 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk СПОРТ |

СЕМЕЈНО ЧЛЕНСТВО- ЕДНА КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

Доколку во семејството имате повеќе возачи, тогаш искористете ја опцијата за семејно членство и споделете ги услугите

за помош на пат и шлепување во случај на дефект. Ако сè

уште не сте го направиле тоа, сега, пред сезоната на летни

патувања, е вистинскиот момент да ги додадете најблиските

како корисници на вашата членска картичка и да бидете сигурни дека ќе патуваат БЕЗГРИЖНО!

Зошто семејно членство?

• Заштедувате, бидејќи наместо повеќе членски картички во

едно семејство, сега имате можност за една членска картичка со

повеќе корисници.

• Максимално ги искористувате бројот на интервенции за помош на пат и шлепување. Со оглед на тоа дека во членскиот пакет се вклучени повеќе интервенции, веројатноста дека ќе ги искористите е поголема со додавање на членови од вашето семејство

како корисници.

• Сите членови на семејството штедат! Со опцијата за семејно

членство, на своите најблиски им овозможувате пристап до попусти во повеќе од 250 внимателно избрани АМСМ Партнер продажни места во земјава и во над 25.000 продавници и туристички атракции кои се дел од Show your Card! програмата само во Европа.

Семејна членска картичка можете да извадите во моментот на зачленување, но и подоцна, во тек на траење на вашата АМСМ членска картичка.

Дополнителна Classic семејна членска картичка чини 390,00ден, а дополнителна семејна Europe Premium членска картичка чини 690,00ден.

Семејна членска картичка можете да извадите и онлајн на www.amsm.mk.

Споделете ги услугите и патувајте БЕЗГРИЖНО!

Повеќе информации 02/3181-108.

50 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk
| АМСМ

СПОДЕЛИ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ

СО НАЈБЛИСКИТЕ!

КАРТИЧКА, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

ЕДНА
www.amsm.mk 02/3181-108 СЕМЕЈНO ЧЛЕНСТВО
52 05.2023 | www.amsmklubmobiliti.mk www.mobilitybroker.com.mk 02/3181-405 | 02/5512-705 Полиси достапни од: ЗА СИГУРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО, НАПРАВЕТЕ ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ! Професии и дејности: сметководители, нотари, адвокати, извршители, ревизори
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.