Клуб Мобилити - Јуни 2022

Page 1

ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ | ЈУНИ 2022 БР. 94

www.amsmklubmobiliti.mk

15 ГОДИНИ АМСМ ЧЛЕНСКО СПИСАНИЕ 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ВОВЕД

ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ!

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ Членско списание ИЗДАВАЧ: АВТО-МОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Маргита Поповска ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Мартина Поповска РЕДАКЦИЈА: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) проф. д-р Иво Дукоски (член) Калинка Танеска (член) Јован Теговски (член) Миле Атанасов (член) Димитар Пендов Митко Смилков

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Андријан Трипунов Александар Табаковски Игор Ландсберг

ТИРАЖ: 10.000 примероци ПЕЧАТИ: Печатница „Серафимовски“ - Скопје БАНКА: Комерцијална Банка А.Д. Скопје ЖИРО-СМЕТКА: 300000000915716 ЕДИНСТВЕН ДАНОЧЕН БРОЈ: 4030991238264

Петнаесетгодишнината од првиот број на „Клуб Mобилити“ претставува значаен јубилеј на списанието што континуирано разгледува теми од различни области, советува и информира, забавува и предупредува, расте и се развива. Прелистувајќи ги страниците на првите броеви, потоа на следните, најновите, може да се забележи дека секое интервју, тема, информација или занимливост од светот на автомобилизмот, автомото спортот, безбедноста на патиштата, опфаќаат широка читателска публика. Во нашето списание има рубрики, во кои се опфатени новините во сообраќајната инфраструктура, измените на законските прописи или состојбата и проодноста на патиштата во Македонија и во другите држави како потсетник за возачите и за моторизираните туристи-наши членови, со единствена цел патувањето да им биде побезбедно и попријатно. Со пишаниот збор се обидувавме да влијаеме едукативно, особено кај помладите возачи и да придонесеме во подигнувањето на сообраќајната култура на нашите патишта. Да се создадат, обмислат, креираат и организираат 150 броја на едно списание е навистина обемна и тешка работа, но претставува вистинско задоволство и чест да се биде негов главен и одговорен уредник. Редакцијата на „АМСМ Клуб Мобилити“, со своите внатрешни и надворешни соработници, ја создаваше неговата душа, неговиот начин на комуникација со членовите. Упорната и квалитетна работа на редакцијата се отсликуваат во „АМСМ Клуб Мобилити“ со секое ново издание. Нашите членови имаат привилегија да добиваат по четири бесплатни печатени примероци, како и шест изданија во електронска форма. За тоа колку едно списание е успешно најмногу говори тиражот од 15.000 примероци, што за медиум од ваков вид е многу значајно. Плановите и целите за иднина се секогаш големи, има уште многу да се направи, но тоа ќе биде предизвик за идно време. За нас ќе биде најважно и во претстојните години да ја оствариме основната цел на „АМСМ Клуб Мобилити“, со збогатени содржиниа да го задржиме вниманието на нашите членови, да бидеме доследен репрезент на сите случувања во сферата на сообраќајот, но и да добиеме нови читатели, а со тоа и нови членови на АМСМ. Се надевам дека ќе имаме можност заедно да сведочиме на многу годишнини и јубилеи на „АМСМ Клуб Мобилити“. Следното издание на „АМСМ Клуб Мобилити“ очекувајте го во јули 2022 година, во електронска верзија на вашата меил адреса и на нашата веб-страница www.amsmklubmobiliti.mk

ISSN 1857-6133

© Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

Маргита ПОПОВСКА главен и одговорен уредник

Почитувани членови на АМСМ, Ве повикуваме на нашата е-маил адреса redakcija@amsm.com.mk да ни ги испратите своите е-маил адреси за да можеме да ви го доставиме интернет-изданието на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

3


ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА

КАЛИБРАЦИЈА НА АНАЛОГНИ И ДИГИТАЛНИ ТАХОГРАФИ СКОПЈЕ (ЧАИР), ВЕЛЕС

02/2631-181 4

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


НОВОСТИ 7 ОБНОВУВАЊЕ НА СЕДМАТА ГЕНЕРАЦИЈА 8 ВО ДРУШТВО НА ЕЛЕКТРИЧНАТА И PLUG-IN ХИБРИДНА ГАМА ...

HI-TECH 31 ПОДВОДНОТО ПЛОВИЛО, ЛЕТНИОТ ОДМОР И ВИЕ

22 СТИЛ 22 5 ДЕЦЕНИИ ОД ЛАНСИРАЊЕ НА ПОЛО - МАИЦА

8

31

АВТО-МОТО

ИСТОРИЈА

12 КОНСТАНТНА ЕВОЛУЦИЈА

32 ЕДИНСТВЕН, НЕПОВТОРЛИВ И НЕПРИКОСНОВЕН

24 ПАТУВАЊЕ

12

24 СПА-ЦЕНТАР НА ОТВОРЕНО И БОНУС ПОГЛЕД НА ПОЛНОЌНОТО СОНЦЕ

ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

СПОРТ

20 БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ДВЕ ИЛИ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

32

38 ТРИ ПАТИ МАКС, ЕДНАШ СЕРХИО

48

48 ПРВ ХЕТ-ТРИК ЗА НОВАТА РЕЛИ СУПЕР ЅВЕЗДА

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

5


| ОТА

ГРЦИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - АТИНА (преку Гевгелија) Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon / Malgara: Toll: 1.20 EUR / Kleidi Toll: 2.20 EUR / Leptokarya: Toll: 3.20 EUR / E75 Makrychori: Toll: 2.50 EUR / Moschochori: Toll: 4.00 EUR / Pelasgia: Toll: 3.50 EUR / Mavromantila: Toll: 1.90 EUR / Agia Triada: Toll: 1.75 EUR / Tragana: Toll: 3.85 EUR / Thiva: Toll: 3.85 EUR / Afidnes: Toll: 3.30 EUR / оддалеченост: 709 km патарини:36,05 €

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Гевгелија) Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ 1.20 EUR Malgara / 2.40 EUR Polymylos / 2.40 EUR Malakasi / Pamvotida: Toll: 1.20 EUR / 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 529 km

патарини: 13,80 €

СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА (преку Битола) Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 2.10 EUR Malakasi / Pamvotida: 1.20 EUR/ 2.10 EUR Tyria оддалеченост: 485 km

патарини: 8,40 €

СКОПЈЕ - СОЛУН Наплатни станици: 40 ден.Петровец / 80 ден.Велес / 60 ден. Градско / 1.80 Evzonon/ оддалеченост: 243 km

патарини: 4,72 €

АЛБАНИЈА Цени на патарина: СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Богородица / Игуменица) Наплатни станици: 40 ден.Петровец оддалеченост: 568 km

80 ден. Велес

60 ден. Градско

Malgara: Toll: 1.20 EUR

Polymylos: Toll: 2.40 EUR

-

-

-

-

Malakasi: Toll: 2.40 EUR патарини: 8,90 €

СКОПЈЕ - САРАНДА (преку Струга - Елбасан - Фиер) Наплатни станици: 40 ден. Глумово оддалеченост: 499 km

40 ден. Желино

30 ден. Тетово -

30 ден. Гостивар патарини: 1,60 €

-

СКОПЈЕ - ТИРАНА Наплатни станици: Скопје оддалеченост: 335 km

Приштина

Призрен

Морина-Кукс

Тирана (Морина-Кукс- Тирана 5 €)

-

-

-

патарини: 5,00 €

СКОПЈЕ - ТИРАНА (преку Струга) Наплатни станици:

6

40 ден. Глумово

40 ден. Желино

30 ден. Тетово

30 ден. Гостивар

5,5 € Суботица

оддалеченост: 291 km

-

-

-

патарини: 1,6 €

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


НОВОСТИ |

BMW 3

ОБНОВУВАЊЕ НА СЕДМАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Н

ештата во автомобилската индустрија се одвиваат на следниов начин, кога еден модел ќе наполни четири години, оди на редизајн со цел продажбата да не потклекне, односно моделот да биде обновен за да може да се справи со конкуренцијата. Поминаа скоро четири години и популарната „тројка“, седмата генерација, стаса за разубавување. БМВ со должна почит й посветува големо внимание затоа што тројката не е обичен член во семејството туку е многу повеќе. Да не заборавиме, претходник на тројката е легендарниот модел „2002“ од каде конструкторите извлекоа мотор и го сместија во болидот на Бребем, а потоа Нелсон Пике освои шампионска титула во формула 1 во времето на првата турбо ера. И не е само овој чинител битен за БМВ, туку паралелно со него има уште еден, а тоа е продажбата. „Тројката“ во семејството БМВ е рекордер по број на продадени единици. Од своето прво појавување во 1975 година до денес продадени се над 4,5 милиони примероци, а наскоро бројката ќе се зголеми за уште половина милион затоа што минатата година беа продадени 490.969 „тројки“ (и купе изведбата, „четворки“. БМВ 2021 година ја заврши со вкупно 2.213.795 продадени примероци, а тројката учествува со фантастични 25 отсто, кои неретко се и над 30 отсто. „Тројката“ е обожуван и најпосакуван модел од семејството БМВ. Обновената „тројка“ ја нема оспоруваната вертикална маска. Сега светлата се поистенчени и севкупно маската и сè околу неа изгледа како што треба. Обликот нема да го коментираме, туку ќе одиме кај погонските единици- бензински и дизел мотори со 48 V умерена хибридна технологија, но има и хибриден бензинско електрична погонска единица, а недостасува целосно електрифицирана. За неа ќе почекаме уште три години заедно со радикално новата основа (платформа). Силината од моторите е во распон од 150 до 387 КС во моделот со ознака „м 340 и“. Погонот на четири тркала ќе биде понуден како опција, а изведбите „318 и“ и „318 д“ се изоставени за некои пазари. Четири или шест

цилиндри, со погон на задните тркала или на сите тркала, со умерен хибриден погон или со целосен? Сето тоа може да се бира, но не и менувачот. Тој за сите е автоматски од типот „стептроник“ со осум степени. Цената за основниот модел се движи од 40.000 до 45.000 евра. •

АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС

СОВРЕМЕНИ ВОЗИЛА. ПРОФЕСИОНАЛНИ ИНСТРУКТОРИ. НАЈДОБРИ УСЛОВИ ЗА ОБУКА. А И А1 КАТЕГОРИЈА Б И БЕ КАТЕГОРИЈА Ц КАТЕГОРИЈА

02/3181-240 | www.avtoskolamobiliti.mk

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

7


| НОВОСТИ

ЕУРОИМПЕКС

ВО ДРУШТВО НА ЕЛЕКТРИЧНАТА И PLUG-IN ХИБРИДНА ГАМА НА PEUGEOT И OPEL

ВО ПРИРОДЕН АМБИЕНТ, ГЕНЕРАЛНИОТ УВОЗНИК ЗА PEUGEOT И OPEL ЗА МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, КОСОВО И АЛБАНИЈА, КОМПАНИЈАТА ЕУРОИМПЕКС ЗАЕДНО СО ДИЛЕРСКАТА МРЕЖА ОД ДВАТА БРЕНДА, ОРГАНИЗИРАШЕ ДРУЖЕЊЕ СО 100% ЕЛЕКТРИЧНА И PLUG-IN ХИБРИДНА ГАМА НА PEUGEOT И OPEL.

Д

руштвото составено од 10 електрични и plug-in хибридни возила, во исто време и на исто место, дава акцент на широчината и изборот кој го нудат гамите на двата бренда. Добро е позната стратегијата на компанијата „Стелантис“ која се покажува како високо-успешна меѓу автомобилските гиганти. Кај брендовите Peugeot и Opel, електричните модели се одликуваат со батерии кои имаат импресивна автономија. Кај овие два бренда, клиентите имаат привилегија да го изберат моделот кој го посакуваат, а потоа да го изберат и погонувањето за моделот кој го сакаат. Па така на пример, кај Peugeot 2008 или кај Оpel Mokka, потенцијалните клиенти може да изберат помеѓу бензин, дизел или електричен погон. Модуларните платформи го нудат луксузот кој клиентите го посакуваат т.е. тие овозможуваат возилото да биде електрично или plug-in хибрид, а притоа да се добие внатрешен и капацитет на багажниот простор ист по големина како и кај моделот погонуван од мотор со внатрешно согорување. Кога станува збор за хибридната технологија, брендовите Peugeot и Opel во своето портфолио не понудуваат Mild Hybrid (MHEV) или Hybrid (HEV). Двата бренда целат високо и во однос на хибридната технологија се нуди Plug-in хибрид, кој е врвот на хибридното стебло понудувајќи батерија со најголем капацитет.

Иднината е електрична, а ние се дружевме со следниве 10 модели: Peugeot e-208, e-2008, новиот Peugeot 308 PHEV, 3008 PHEV, 508 PSE PHEV, Peugeot e-Rifter, Opel Corsa-e, новата Opel Astra PHEV, Opel Mokka-e, новиот Opel Grandland PHEV и Opel Combo-e. На истиот настан, ексклузивно и пред-премиерно за македонскиот пазар, беше изложена и новата Opel Astra со 1.6 Plug-in хибриден мотор и 180 коњски сили во својата премиерна „Kult“ жолта боја, како и долгоочекуваниот спортски Peugeot PSE со 1.6 Plug-in хибриден мотор и 360 КС кој се истакна со својот моќен стил во новата „Selenium Grey“ боја и динамични детали во зелена „Kryptonite“ боја. „Електричните погони целосно ќе ги потиснат моторите на внатрешно согорување и во блиска иднина ќе станат главен двигател на транспортните средства. Ние, Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа, веќе активно работиме во насока на имплементирање на промените и иднината секако ја дочекуваме подготвени. Работиме во насока на 100%-на експертиза и професионалност и се гордееме со нашата богата понуда на електрични и plug-in хибридни возила.“ – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс. Електрифицираните модели се достапни за нарачка, а повеќе информации околу моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Peugeot и Opel и низ овластената дилерска мрежа... •

8

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


ПОМОШ НА ПАТ

ВРТИ БЕЗГРИЖНО!

СЕРВИС ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО АМСМ СКОПЈЕ-ЦЕНТАР Со АМСМ ВЕЛО членската картичка добивате 20% попуст на сервис на велосипед.

02/3181-133

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

9


| АМСМ

Интервју со семејството Петрушевски

ПОСВЕТЕНОСТА НА РАБОТАТА И ДИСЦИПЛИНАТА СЕ КЛУЧ НА УСПЕХОТ

Т

рите генерации на семејството Петрушевски (Тихомир Петрушевски, Марјан Петрушевски и Тихомир Тихо Петрушевски) вработени во АМСМ се одлична причина со нив да се разговара за нивното видување на растот и развојот на компанијата што сесрдно им возвраќа за нивниот беспрекорен ангажман и вложувањето во работата. Клуб М: Тихомир, што те поттикна да донесеш одлука и твојот син работниот век да го почне во АМСМ? Тихомир: Пресудно да побарам од раководниот кадар и мојот син да се вработи во АМСМ е многу едноставна причина. На сите ни е познато дека станува збор за фирма што има изградено високо реноме според квалитетот, во која владее ред и работна дисциплина, платите редовно се исплатуваа, а тоа не беше случај со другите фирми. Сите наведени

10

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

КОГА ТИХОМИР ПЕТРУШЕВСКИ СЕ ВРАБОТИЛ ВО КОМПАНИЈАТА АМСМ ВО 70-ТИТЕ ГОДИНИ ОД МИНАТИОТ ВЕК, ВЕРОЈАТНО НЕ ПРЕТПОСТАВУВАЛ ДЕКА РЕЧИСИ ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ НА ИСТО РАБОТНО МЕСТО ЌЕ СЕ ВРАБОТИ И НЕГОВИОТ СИН, А УШТЕ ПОМАЛКУ ДЕКА И НЕГОВИОТ ВНУК ЌЕ ЈА ЗАЗЕМЕ ПОЗИЦИЈАТА КОНТРОЛОР ВО СТАНИЦАТА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ВО СКОПЈЕ ЦЕНТАР.

придобивки за функционирањето на фирмата придонесоа да посакам и мојот син да се вработи во АМСМ. Имено, кога човек ќе биде ревносен и дисциплиниран на работа, таков ќе биде и во животот. Клуб М: Какво е чувството да се работи во иста компанија со својот родител? Марјан: Сите работиме одговорно како што би работеле и на друго место. Но во овој случај мора да постои дополнителна посветеност на работата затоа што се наоѓаме во компанија во која член на едно семејство, татко и дедо, го поминал целиот свој работен век како вреден и почитуван работник и благодарение на него тука се вработени неговиот син и внук. За успехот и кредибилитетот што го има нашата фирма во општеството е излишно да се зборува. Гордоста и честа што


АМСМ |

имам таков родител, кој бил почитуван и ценет и придонел за развој на фирмата дополнително нè обврзуваат и мене и мојот син, неговиот внук Тихомир, да го продолжиме неговото дело. Клуб М: Ако се вратиме во минатото, дали повторно би избрале да се вработите во АМСМ? Што велат Вашите најблиски, другите членови на семејството, за тригенерациската посветеност на АМСМ? Тихомир: Секако, повторно би го направил тоа без размислување. Како што слушам од моите, но и од другите фирмата продолжува со својата успешна работа, а најбитно е тоа дека степенот на работна дисциплина и посветеност на работата е подигнат на највисоко можно ниво. Неколкупати ја посетив фирмата, но не како контролор. Имав можност на самото место да го согледам тоа и атмосферата во АМСМ во секој аспект ми предизвика особено задоволство затоа што и јас сум бил дел од тимот што го создававме денешниот АМСМ. Што се однесува на тригенерациска посветеност на Петрушевски на АМСМ, верувајте дека секогаш има позитивни коментари бидејќи ние како семејство сме редок случај барем во нашето опкружување. Секако тоа го поздравуваат и го почитуваат. Клуб М: Што најмногу ти се допаѓа во работата во АМСМ? Тихо: Работата е интересна, може да се каже дека има истражувачки карактер, секојдневно се среќаваш со иновации, преку нив учиш, а со тоа го унапредуваш знаењето, што секако не е за потценување. Мора да истакнам дека благодарение на заедничката и тимската работа на сите колеги и на постојаната координација со претпоставените нема проблем што не сме го решиле. Тоа го забележуваат и нашите клиенти за што зборува и големиот интерес кај граѓаните своите возила да ги регистрираат кај нас, во АМСМ. Марјан: Посветеноста на работата кај вработениот не останува незабележана од раководителот на фирмата. За волја на вистината, за ваквата атмосфера во фирмата добар дел од заслугата му припаѓа на менаџерскиот тим на чело со Димитар Миновски. Клуб М: Како изгледа еден работен ден во иста компанија на тројца, односно двајца членови на исто семејство? Дали заеднички ги решавате проблемите доколку се појават на работното место, дали се консултирате меѓу себе за да се најде најдобро решение? Марјан: Секако. Секоја работна комуникација е строго професионална, но сепак мислам дека нашата одговорност е дури и зголемена затоа што сме свесни дека работата мора да се изврши поуспешно и поквалитетно, клиентите да си заминат задоволни, до крајни можности да се избегнуваат евентуални непријатни ситуации. Тихо: Работите ги решаваме тимски, односно заедно со сите колеги, при што задолжително се почитува мислењето на секој, без оглед на возраста и работното искуство. Клуб М: Дали и најмладиот член од семејството Петрушевски може да каже дека со вработувањето во АМСМ го направи вистинскиот избор за својата иднина? Тихо: Да, токму тоа. Иако работата е напорна, сепак сметам дека е прилично интересна. На крајот на работниот ден чувствувам исполнетост

Од лево кон десно: Маријан Петрушевски, Тихомир Петрушевски, Тихомир Петрушевски (Тихо)

и задоволство бидејќи оваа работа има истражувачки карактер, особено ако се има предвид дека живееме во време кога толку многу се вложува во осовременувањето на моторните возила. Инаку љубовта кон оваа фирма ја наследив прво од дедо ми Тихомир, секогаш со задоволство зборуваше за својата работа, сето тоа продолжи и со татко ми Марјан, па конечно кога станав член на оваа елитна компанија и сам добив можност да се уверам дека сè тоа е вистина. Никогаш не сум се покајал што се вработив во АМСМ, напротив ми претставува чест и задоволство што сум еден од вработените во оваа компанија. • Маргита Поповска

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

11


| АВТО-МОТО

Škoda Fabia 1.0 MPI 80 Style

КОНСТАНТНА ЕВОЛУЦИЈА СО ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА МОДЕЛОТ FABIA ВО 1999 КОМПАНИЈАТА ŠKODA ОТВОРИ НОВА СТРАНИЦА ВО ГРАДЕЊЕТО НА КОМПАКТНИ ХЕЧБЕК МОДЕЛИ, А БРОЈКАТА ОД 4,5 МИЛИОНИ КУПУВАЧИ Е ВИСТИНСКИ ПОКАЗАТЕЛ ЗА ПОСТИГНАТИОТ УСПЕХ. ПОРАДИ ТОА И ПРИ ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ЧЕСИТЕ НЕ ЈА МЕНУВАА ДРАСТИЧНО СВОЈАТА СТРАТЕГИЈА НА КОНСТАНТНА ЕВОЛУЦИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ НА АВТОМОБИЛ ШТО Е ПРАКТИЧЕН И ЛЕСЕН ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.

12

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО |

М

оделот Fabia во новата генерација носи многу повеќе од било кој друг конкурент во сегментот, полн со квалитетни решенија, секогаш притаен играч кој доаѓа од позадина, ненаметливо ги освојува симпатиите на публиката сè со цел да го добие одамна заслуженото место во класата. ПРЕПОЗНАТЛИВИ ЛИНИИ СО НОВА ФОРМА Екстериерот на новата Fabia доаѓа во ново обликувана и софистицирана форма, а голем дел од надворешноста е дизајниран да го оптимизира струењето на воздухот. Предниот дел на новата Fabia изгледа малку позатегнат и поспортски, стандардните LED предни светлосни групи се тесни и се протегаат сè до решетката на ладилникот. На долниот дел од браникот е поставен доводот на воздух со решетки кои по потреба се отвораат или затвораат во зависност кога на моторот му треба ладење, што ја подобрува аеродинамиката и ја намалува потрошувачката на гориво. Слично на поголемите модели на Škoda, на профилот од каросеријата се истакнуваат остри набори и прецизно повлечени линии. Спојлерот над задното стакло е уште еден клучен елемент кој дополнително ја зголемуваат аеродинамиката. На вратата од багажниот простор логото на марката го отстапува местото за името на моделот што е гордо испишано на средината по цела должина. Елемент што најмногу привлекува внимание секако се прекрасно дизајнираните задни светла кои црпат инспирација од потполно електричниот модел Enyaq и одлично легнуваат во севкупниот дизајн кај новата Fabia. Изгледот на надворешноста се потпира на постоечките постулати, со современ еволутивен „апдејт“ на дизајнот и задржување на компаниската филозофија. ПРАКТИЧНО ОРГАНИЗИРАНА КАБИНА Дополнителната севкупна должина на каросеријата се манифестира на најдобар можен начин во кабината на Fabia. На предните седишта комодитетот е можеби најдобар во касата, идеалната возачка позиција лесно се пронаоѓа, а видливоста е на завидно ниво благодарение на големите стаклени површини. Просторот на задниот дел е местото каде што највеќе профитира новата Fabia. Патниците имат многу повеќе место за колена отколку што е вообичаено за автомобил со оваа големина, што дури може да им парира на некои од развиканите мејнстрим хечбек модели од сегментот погоре. Дека инженерите извеле велемајсторски потези се отсликува и на багажниот простор кој има зафатнина од 380 литри, тој не е само меѓу најдобрите во сегментот, туку е со просечни габарити како возилата од една класа погоре. Користените материјали се одликуват со особен квалитет, а за подигање на атмосферата дел од нив се изведени во црн високо сјаен финиш, додека делот што се протега по средината на централната конзола е направен од мешавина на текстил и гума кој на допир наликува на „џинс“, навистина интересен детаљ. Дигитализацијата не го одминува ниту најмалиот претставник на чешката марка, па така пред возачот на местото на аналогните инструменти е поставен дисплеј задолжен за приказот на примарните параметри. Инфозабавниот дел е контролиран преку екранот со големина од 8 инчи кој воедно може да се поврзе со системите на модерните паметни телефони. Командите за управување со автоматската климатизацијата се физички одвоени, но за да се одбере брзината на дување потребно е дополнително притискање на копче за префрлање на инфозабавниот екран од каде ќе се одбере посакуваниот степен.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

13


| АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО МОТОР:

ТРИЦИЛИНДРИЧЕН ДИЗЕЛ

ЗАФАТНИНА:

999СМ3

МОЌНОСТ:

Максимална моќ: 59kW/80КС

МЕНУВАЧ:

5-СТЕПЕНА МАНУЕЛНА ТРАНСМИСИЈА

ПОГОН:

НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА

ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА:

НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: ТОРЗИОНА ОСКА

СОПИРАЧКИ:

НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: БАРАБАНИ

ГУМИ:

НАПРЕД 195/55 R16 ПОЗАДИ 195/55 R16

МАСА НА ВОЗИЛОТО:

1.146 КГ.

ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: 4.109/1.780/1.459ММ

ОДЛИЧЕН ВО ГРАД, СТАЛОЖЕН НА ПАТ Во новата иретација моделот се нуди исклучиво со бензински двигатели од две работни зафатнини со распон на сила од 65 КС до максимални 150 КС. Тестираниот примерок беше опремен со бензинскиот 1.0-литарски MPI мотор со 80 КС кој претставува типичен трицилиндричен агрегат што и покрај недостатокот на турбополнач е способен лесно да ја задвижи каросеријата тешка 1.1 тон, иако поседува само 93 Нм влечна сила која е на располагање во целост при 3.700 врт/мин. Автомобилот е одличен за возење низ град и извршување на секојдневните обврски, од друга страна на отворен пат лесно ја одржува зададената брзина патувајќи со мирно и сталожено темпо. Во делот на перформансите, малата моторна опција го носи автомобилот од место на мирување до 100 км/ч за 15,5 секунди, а максималната брзина која ја постигнува

14

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч:

15.5 СЕКУНДИ

ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА:

5,1 ЛИТ/100 КМ

МАКСИМАЛНА БРЗИНА:

179 КМ/Ч

ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ:

18.460 ЕВРА

е еднаква на 179 км/ч. Во полза на тестираниот примерок бенефитот оди на страна на потрошувачката, која за време на нашето дружење не се искачи над 6 литри на секои 100 километри. Возењето е удобно и е помеко сетирано што во комбинација со 16-инчните алуминиумски тркала на нашиот тест автомобил, обезбедува релаксирано возење. Под кожата на новата генерација на Fabia има значителни промени, сега ја користи платформата од која веќе неколку години бележат придобивки сестринските модели од групацијата. Новото издание на Škoda Fabia за многумина ги надминува стандардите во сегментот, созреа во многу попривлечен и далеку попрактичен автомобил кој со понудата на просторот во кабина и вонсериската големина на багажникот креира чувство на автомобил од една класа погоре. • Данчо Здравковски


ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

ИЗВАДЕТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ САМО ВО АМСМ СКОПЈЕ - ЦЕНТАР

www.amsm.mk

02/3181-181

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

15


| АМСМ

АМСМ ЗА ВОЗАЧИ, НО И ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ НОВООТВОРЕН СЕРВИС ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО АМСМ СКОПЈЕ-ЦЕНТАР Со цел да одговориме на барањата на различните и алтернативните начини на превоз, со посебен акцент на велосипедите како особено популарен начин на градски транспорт, од јуни во рамките на АМСМ Скопје-Центар функционира новоотворениот сервис за велосипеди. Сервисот за велосипеди располага со квалификувани и искусни вработени, а во него можете да ги користите следниве сервисни услуги за сите видови и брендови на велосипеди: • Комплетен сервис • Основен сервис • Замена на стем • Замена на волан • Замена на вилушка • Замена на касета/запчаник • Замена на кочница со штелување • Замена на менувач со штелување • Поправка на предна осовина • Поправка на задна осовина

• Поправка/промена на средна осовина • Замена на погон • Замена на течност во кочница • Центрирање тркало • Плетење тркало • Подесување брзини • Подесување кочници • Замена на ланец

Сервисот за велосипеди работи од 08:00-21:00ч од понеделник до петок и од 09:00-15:00ч во сабота.

ПОДАРЕТЕ ОБУКА ЗА„Б“ КАТЕГОРИЈА Обуката за Б категорија е подарок на кој искрено ќе му се израдува секој иден возач. Кандидатите за обука за „Б“ категорија пријавени до 30.06.2022 година, добиваат: - гратис лекарско уверение и - бесплатно користење на возило за прв практичен дел. Обуката за Б категорија нема да биде финансиско оптеретување на семејниот буџет со можноста за плаќање на рати без камата: - Со Дајнерс картичка на 12 рати; - Со платежните картички на Комерцијална Банка на 6 рати; - Со платежните картички на Стопанска Банка на 6 рати; - Со платежните картички на НЛБ Банка на 4 рати; или - Со Iute Credit на 12 рати. Повеќе информации: 02/3181-240

16

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


АМСМ |

Глобален план на ООН

ДЕКАДА НА АКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2021-2030 ВО ПЕРИОДОТ ОД 17 ДО 23 МАЈ 2022 ГОДИНА, СО ПОДДРШКА ОД ФОНДАЦИЈАТА НА ФИА, СИТЕ ПОГОЛЕМИ КЛУБОВИ-ЧЛЕНКИ НА ФИА ЈА ПРОМОВИРАА ВТОРАТА ДЕКАДА НА АКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА 2021-2030 ГОДИНА, ПОВИКУВАЈЌИ ГИ СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ И ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ СВОЈАТА УЛОГА ВО НАСОКА НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЖРТВИ НА ПАТИШТАТА ЗА 50 % ВО СЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА.

С

ообраќајните судири, глобално, секоја година се причина за приближно 1,3 милиони смртни случаи што можело да се спречат и за околу 50 милиони повреди, а со тоа тие се главен убиец на деца и на млади лица во целиот свет. Како што сега се поставени работите, се проценува дека судирите ќе бидат причина за идни 13 милиони жртви и 500 милиони повредени во следната деценија и ќе го попречуваат развојот, особено на државите со низок и со среден стандард на живеење. Овие бројки се неприфатливи и во апсолутни и во релативни цифри, а сепак останаа непроменети изминативе 20 години и покрај напорниот труд што го вложуваат Обединетите нации и другите тела, надлежни за безбедност на патиштата. Препознавајќи ја важноста на проблемот и потребата за дејствување, владите од цел свет едногласно, преку Резолуцијата на Генералното собрание на ОН бр. 74/299, ја прогласија Втората декада на Акцијата за безбедност на патиштата 2021-2030 година, чија јасна цел е да се намали бројот на смртни случаи и повреди на патиштата за најмалку 50 % во овој период. Со отпочнувањето на Втората декада на Акцијата за безбедност на патиштата, владите и глобалните фактори мораа да избираат меѓу „да продолжат да работат како досега“ – со надеж дека тоа ќе биде доволно за да се намали значително бројот на смртни случаи – или да дејствуваат храбро и решително, користејќи ги алатките и знаењето што го добивме од Декадата за акција за да го смениме курсот.

Глобалниот план за Втората декада на Акцијата за безбедност на патиштата 2021-2030 година го одбива вообичаеното работење како досега и ги повикува владите и другите фактори да тргнат по нови патеки каде што приоритет ќе му се даде и ќе се имплементира пристапот на Безбеден систем, кој ќе ја постави безбедноста на патиштата како клучен двигател за одржлив развој. Исто така, тој повикува и на дејства со кои светот ќе ја постигне целта од 50 % намалување на бројот на смртни случаи и сериозни повреди во патниот сообраќај до 2030 година. Глобалниот план, преведен на македонски, како и мерките што тој ги предвидува може да ги најдете на нашата веб-страница. АМСМ, како единствена мобилити членка на ФИА (Светска автомобилска федерација) од земјава, е одговорна за локалната реализација на сите глобални кампањи иницирани од ФИА. • Благица Станојевиќ - Блажевски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

17


| АМСМ

Пред една недела извадив онлајн АМСМ Класик членство, но во меѓувреме прочитав дека сте вовеле и Вело членство за велосипедисти. Ме интересира дали Класик членството ги содржи услугите од Вело членството или ќе мора да извадам дополнително Вело членство? Кои се условите? Поздрав, Слободан АМСМ: Препознавајќи ги потребите на нашите членови и следејќи ги светските трендови во делот на мобилноста, воведовме нов АМСМ членски пакет Вело наменет само за велосипедисти. Помош на пат за дупната гума или за скинат синџир, замена на скршен педал и пренос на велосипед се само дел од услугите што ги овозможивме за Вас како велосипедист. Овие услуги не се вклучени во ниеден друг членски пакет и за да ги користите ќе треба да купите АМСМ Вело членство што чини 600,00 денари. Зачленувањето може да го направите во нашите простории или онлајн преку нашата веб-страница.

• Дали имате информации за нови протоколи за патување во Португалија? Благодарам, Антоанета АМСМ: Иако рестриктивните мерки за патување речиси секаде се укинати и сите европски земји се отворени за наши граѓани, сè уште постојат протоколи за влез кои се разликуваат зависно од земјата во која патувате. На веб страницата на АМСМ (www.amsm. mk) на едно место можете да најдете информации за протоколите за влез во 33 европски дестинации што ќе ви ја олеснат подготовката за патување. Ковид 19 водичот за патување низ Европа на АМСМ е креиран во соработка со другите европски клубови што, исто така, се членки на FIA. Овие информации ќе Ви помогнат да дознаете што може да очекувате при влез во некоја од европските земји.

•Ме интересира дали во вашата автошкола може да се полага за А категорија и колку би чинела обуката? Поздрав, Даниел АМСМ: Во Авто школа Мобилити Плус може да се оспособите за категорија А. Цената на обуката изнесува 12.800,оо денари (16 мото часа).

*СИТЕ НАВЕДЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ВАЖАТ ЗА ПОВИК ОД ФИКСЕН И ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

18

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

19


| ТЕСТОВИ И СОВЕТИ

Безбедност во сообраќајот

БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ДВЕ ИЛИ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

Брзото возење, возењето под дејство на алкохол и невнимателното возење може скапо да ве чини.

ТЕХНИЧКИ ИСПРАВНО ВОЗИЛО, ПОЧИТУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА И НЕ КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ ДОКОЛКУ СЕ ВОЗИ, СЕ „ПРАВИЛА“ ВРЗАНИ ЗА ПОИМОТ ДИСЦИПЛИНА И ВАЖАТ ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ. култура е важен елемент на безбедноста во Свилаообраќајната сообраќајот, тоа значи познавање на сообраќајните праи прописи, поседување вештини за управување со во-

зилото и задолжително нивно почитување и применување. Всушност тоа е начин на однесување во сообраќајот, начин на движење со кој се заштитуваат интересите на сите учесници во сообраќајот, односно негово непречено и безбедно одвивање. Кај нас сообраќајната култура е на многу ниско ниво. Тоа особено се забележува во односот возачи на автомобили и возачи на мотоцикли, возачи и пешаци, возачи и велосипедисти. Во текот на летниот период по градските улици особен проблем предизвикува однесувањето на одредени мотоциклисти што се однесуваат како „господари на патиштата“. Причините и пропустите за несоодветно однесување во текот на возењето

20

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

што доведува до несакани и немили случувања треба прво да се бараат кај себе, а не кај другите. Неопходно е да ја почитуваат законската одредба за ограничување на брзината, односно да не возат побрзо од 50 км/ч во населените места и да се придржуваат до предвидената брзина на отворен пат. Безбедно возење значи да се користи технички исправно возило, односно да има и прописно напумпани пневматици што не се истрошени и не се оштетени, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да не консумираат алкохол доколку возат. Сите мора да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот. Дисциплина, култура и етика, па возење и движење. • Жарко Атанасовски


читаj, гледаj, слушаj...

„TOP GUN: MAVERICK“ (ТОП ГАН: МАВЕРИК)

„HARRY’S HOUSE“ HARRY STYLES 20-ти минатиот месец, англискиот канНдискиатавтор Harry Styles го издаде третиот стуалбум - „Harry’s House“, во соработка „СЕ ВИКАМ ЦРВЕНА“ ОРХАН ПАМУК роман од најпознатиот соИвикамсторискиот времен турски писател Орхан Памук, „Се црвена“, неодамна излезе од печат

на македонски јазик, со ново руво. Истовремено суптилна мистерија, заводлива љубовна приказна и медитација на природата на сликарството, романот „Се викам црвена“ магично нè носи во XVI век, директно во јадрото на религиските и политички интриги на Отоманската Империја. Самиот поделен помеѓу двете традиции, Орхан Памук уште еднаш ја демонстрира својата калеидоскопска визија, во која вешто се сoставени Истокот и Западот, единката и општеството, религијата и уметноста. Султанот издал наредба да се создаде книга што ќе ја прослави неговата империја. Собрани се најспособните и најталентираните минијатуристи кои ќе ја украсат книгата на дотогаш невиден начин. Но, проектот мора да остане во тајност, бидејќи илуминациите треба да бидат изработени во европски стил, а исламот е многу строг кон фигуративната уметност. Паниката избива во прв план откако еден од минијатуристите е пронајден мртов: сликарската контроверзија многу лесно може да се претвори во религиски и во политички скандал со незамисливи последици. •

со Columbia и Erskine (Records), а критиките се позитивни, како секогаш. Во интервју за Apple Music говори меѓу другото и за инспирацијата кога е насловот во прашање. Имено, албумот на јапонскиот музичар Haruomi Hosono - Hosono House од 1970-те го инспирирал англискиот кантавтор да го наслови така, слушајќи го. Му претходеа два сингла - „As It Was“ (1 април) и „Late Night Talking“ (20 мај). Без оглед на доцнежната промоција, „Late Night Talking“ е прв, напишан на денот кога Styles, бендот и продуцентот влегле првпат во студиото Shangri-La во Малибу да снимаат. Трејлерот за „Harry’s House“ од четириесетина секунди на 23 март го најавил всушност неговото излегување. Во него, Harry стапнува на театарскиот подиум, се насмевнува и, додека во неговата близина се издига „куќата“, во позадина свират синтисајзери. Останатите единаесет песни се: „Music for a Sushi Restaurant“, „Grapejuice“, „Daylight“, „Little Freak“, „Matilda“, „Cinema“, „Daydreaming“, „Keep Driving“, „Satellite“, „Boyfriends“ и „Love of My Life“. На Metacritic, агрегаторот за критики, албумот се здоби со универзално признание - оценка 82 од 100, врз основа на 21 критика. •

на Top Gun: Maverick се одржа Под ремиерата на 28 април, во рамките на CinemaCon, а 27-ми почна да се прикажува и во аме-

риканските киносали. Се разбира, може да се гледа и на интернет. И снимањето на филмот и неговата прва изведба се одложуваше неколкупати заради вирусната пандемија, од 12 јули 2019 година. Всушност, продолжението на Top Gun беше планирано уште во 2010-та, но поради самоубиството на Tony Scott во 2012-та, се помести за неколку години. Во 2017 година Paramount Pictures го ангажира Joseph Kosinski за да ја филмува приказната на Peter Craig и Justin Marks и снимањето започна во првата половина од 2018-та. Критиките се позитивни, а многумина ја истакнуваат неговата супериорност во однос на оригиналот. По триесет и шестгодишно пилотирање, кариерата на Маверик продолжува како инструктор на ексадрили во американската воена морнарица. • Жанр: акциска драма Актери: Tom Cruise, Miles Teller, Jennifer Connelly, Jon Hamm, Glen Powell, Lewis Pullman, Ed Harris, Val Kilmer Режија: Joseph Kosinski.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

21


| СТИЛ

Мода

5 ДЕЦЕНИИ ОД ЛАНСИРАЊЕ НА КУЛТНАТА

ПОЛО - МАИЦА

АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА ЧИЈА СЕСТРАНА МОДА ВЕЌЕ 55 ГОДИНИ Е АЛФА И ОМЕГА ВО СВЕТОТ, ЗА НЕЈЗИНИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ СЕ ИСПРОБА И ВО ЕНТЕРИЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ И ВО РЕСТОРАНСКАТА ДЕЈНОСТ, УГОСТИТЕЛСТВОТО И НАПРАВИ БУМ. СЕКАКО, ЛУКСУЗОТ БЕШЕ НЕЈЗИН ПОЈДОВЕН КРИТЕРИУМ, А ДЕНЕС Е НАМЕНЕТ ЗА СИТЕ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПОВЕЌЕТО РАЗЛИЧНИ БРЕНДОВИ. ГОДИНАВА Е ЈУБИЛЕЈНА - ПЕТ ДЕЦЕНИИ ОД ЛАНСИРАЊЕТО НА КУЛТНАТА ПОЛО МАИЧКА, НЕЈЗИНИОТ ЗАШТИТЕН СИМБОЛ, ЗНАК.

Н

ејзин основач е Ралф Лорен, 83-годишниот дизајнер кој е активен и денес. Компанијата ја отворил во 1967 година, на 28 години. По пет години ја лансирал култната поло маичка и веднаш го привлекол вниманието на помодарите, без оглед на примената - играчите на поло да се чувствуваат пријатно и комотно. Годишнината се одбележува како што му прилега на исконското парче облека - објавување книга за него. „Ralph Lauren Polo Shirt“ може да се нарача и онлајн (чини 36,95 долари), а приказната е раскажана на 496 страници. Во текот на изминатите пет децении, поло маичката е стилизирана повеќепати, согласно марката - од амблемите до нејзините мотиви, а може да се дизајнира и по желба на купувачите. Ја носат буквално сите, од познати актери до музичари, спортисти. Омилена им е на членовите на кралските семејства, но и на обичните луѓе. Последниве години се фаворизира мечето како заштитен симбол, знак на Purple Label (еден од брендовите за мажи). Поло маичката е дел од гардеробата и на олимпијците од Америка и на учесниците во US Open Tennis Championships, на Вимблдон. Палетата на боите е многу богата. И цената е стандардна, непроменета со децении околу 100 долари. Во лето е хит. Но има и поло блузи со долги ракави, за постудено време. Ја носат мажи, жени, деца, бебиња (боди).

22

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Ралф Лорен е дизајнер, основач на компанијата, мултимилијардер (неговото богатство вреди 7 милијарди американски долари), познат филантроп и колекционер на ретки автомобили, повеќето изложени во музеи. Од управничката позиција во корпорацијата се повлекол во септември 2015 година, но и денес е активен како претседател на Извршниот одбор и главен креативен директор. Без оглед на родното место (њујоршки Бронкс), потеклото на Лорен е белоруско. Имено, неговите родители биле еврејски имигранти. Се школувал на Менхетн, а студиите по бизнис на CUNY Baruch College ги напуштил по две години за да служи војска. Првото работно место, асистент на продажба во стоковната куќа Brooks Brothers, му овозможило да се вработи како продавач на вратоврски во Rivetz of Boston, а потоа преминал во Beau Brummell, чие мото The Original Gentleman of Style се употребува и денес. Притоа се договорил со мануфактурниот сопственик за линија со негов потпис, а набрза се осамостоил, т.е. отворил своја продавница за вратоврски. Другото е резултат на перманентното надградување, проследено со успех. Сè досега. И машките и женските и детските и бебешките колекции се разновидни, поделени на неколку марки, брендови: Polo Ralph Lauren, RLX,


Double RL, Pink Pony, Golf, Purple Label за мажи, Collection и Lauren за жени. Обично асоцираат на живи бои, лежерност... иако елеганцијата (отменоста, префинетоста) е нивното друго име. Освен неконвенционална, облеката има и официјална примеса, инспирирана од пригодата. Се разбира, големиот квалитет е пресуден за компанијата, чие мануфактурно производство е раширено и во Италија. Неоспорно, таква е и трговската мрежа, односно продавниците на Ralph Lauren ги има насекаде, низ целиот свет. И купувачите, приврзаниците на модата, вклучително и трендовите што траат долго. Нејзините дизајнери, предводени од Ралф Лорен, й пркосат на конзервативноста, ги спојуваат нештата со придавката „неспоиво“, како боите, така и шарите. Софистицираноста е одлика на Polo Ralph Lauren. Од спортската, облеката за поло и казуалната, инспирирана од тибетската игра, па до аксесоарите, модните додатоци без кои не може да се замислат колекцијата и нејзините потколекции. RLX и Golf се типични за спортист(к)и. Првата се карактеризира со високотехнолошки материјали, отпорни на вода, ниски температури, а втората е наменета за играчите на голф, наспроти Double RL - инспири-

рана од вестерн-филмовите, каубоите и начинот, стилот на живеење, облекување. Џинсови, комбинезони... кожени аксесоари: додатоци, прибори - стилот е шармерски, согласно американизмот. Pink Pony, колекцијата од 2000 година, се дополнува редовно, секоја година, сезона. Канцерот и борбата против него е мотив за нејзината кампања. Се донираат 25 % од парите, односно продажбата, со цел да се овозможи терапија, третман за сите, квалитетно и неселективно.

Светот на Purple Label е машки. Негова одлика е рафинираноста. Колекцијата има пет линии - формална (папилотки, смокинзи, чевли, џебни шамичиња...), „спа“ (џогинг панталони, еспадрили, дуксери...), „ресорт/ ривиера“ (сезонска, т.е. летна), безвремена и „аксесоари“ (џебни шамичиња, чевли, часовници, торби, ранци, очила за сонце, вратоврски, колани - луксузни). „Виолетовата етикета“ е стожерна колекција, синоним на класиката. Со парфемот - истоимениот, но и другите, како Polo Blue, Ralph’s Club, Polo, Polo Red, Polo Black, Polo Ralph Lauren, Polo Earth и Ralph Lauren Collection. Collection и Lauren се женски, во исто време и сезонски. Колекциите за лето ги карактеризираат луксуз и едноставност, а потколекциите воопшто не прават отстапки, не й се спротивставуваат на безвременоста во полза на трендот. Пригодната облека е свечена, вклучително и секојдневната, чиј раскош е повеќе од забележлив. И романтиката. Деликатните, фини текстури на белите тантели со пругавите, бело-сини панталони, сакоа... фустаните од американа, во сина или боја на морето, небото... фармерките со крпарии... се идеални за летната безгрижност. Неизоставно, аксесоари, костими за јавање и за бањање и, секако, парфеми, Romance, Woman, Ralph, Polo Earth, шафран, портокалов цвет, магнолија, лимета, крин, жалфија, амбер од Ralph Lauren Collection. И ентериерното уредување и рестораните на Ralph Lauren се фасцинантни. Колонијалниот, но и модернистичкиот стил е доминантен, често и комбиниран. Лукузот се гледа во секој предмет. Bugatti 57SC Atlantic Coupe во минијатура, дел од неговата колекција ретки автомобили, меѓу нив и Ferrari 250 GTO и Mercedes-Benz Gullwing Coupe и 1955 Jaguar XKD, ги украсуваат не само канцелариите на богатите бизнисмени, туку и нивните домови. Квалитетот е висок, гарантиран. Како и деликатесите во чикашкиот, парискиот, њујоршкиот, миланскиот ресторан, еден или повеќе, уредени во стилот на компанијата, без исклучок на подвижните кафетерии во Њујорк, на отворено. И нивните кафиња. • Игор Ландсберг

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

23


| ПАТУВАЊЕ

Скај Лагуна (Sky Lagoon)

СПА-ЦЕНТАР НА ОТВОРЕНО И БОНУС ПОГЛЕД НА ПОЛНОЌНОТО СОНЦЕ КАПЕЊЕТО ВО ТЕРМАЛНИТЕ ВОДИ НА ИСЛАНД Е СВОЕВИДЕН РИТУАЛ - ЛЕКУВА И РЕЛАКСИРА. ТОА Е ЗАДОВОЛСТВО ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ, А ДЕНЕС НЕГОВИТЕ ПРИДОБИВКИ ГИ КОРИСТАТ И УЖИВААТ ВО НИВ СÈ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ЛУЃЕ. ЗАРАДИ МЕСТОПОЛОЖБАТА, SKY LAGOON Е ТОЛКУ ПОСЕТЕНА ШТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА, ПА И СЕГА, ВО ЛЕТО. А, УБАВИНАТА Е ДРУГА ПРИКАЗНА, ОД КОЈА СЕ ЗАМАТУВА ПОГЛЕДОТ, ЧЕСТО И ОД ПОЛНОЌНОТО СОНЦЕ.

24

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

П

оларната светлина, т.е. aurora borealis, е феномен карактеристичен за нордиските земји во лето. Ги привлекува туристите од земјите во близина и од подалеку. Жителите на Исланд постојано наоѓаат нови места од чиј поглед се чувствуваат пријатно, исполнето. Sky Lagoon се наоѓа во близина на исландската метропола Рејкјавик, т.е. на пристаништето Карснес, Копавогур, на периферијата. Оддалечен е шест километри од плоштадот Хлемур. Жителите на главниот град се таму за петнаесетина минути. ДОЖИВУВАЊЕ ШТО ДОЛГО СЕ РАСКАЖУВА

Арктичкото лето, како што се нарекува, е доживување за кое долго се раскажува. Исланѓаните, традиционално, го слават полноќното сонце, неговото доаѓање меѓу 14 и 28 јуни, со забава, музика и со својот фолклор. Во традицијата се полага и љубов, но и внимание. За летниот солстициум (краткодневица) во Sky Lagoon е ограничен бројот на посетители за да се избегне метеж. Секако, се наплатуваат ексклузивноста и глетката „од милион долари“ на северната повратна точка и на Атлантикот. Перспективата е поразлична од лагуните. Sky Lagoon е специфична поради висината. Оттаму се гледа местото каде што се соединуваат океанот и небото, илуминациски осветлено благодарение на полноќното сонце. Арктичкото лето има посебна убавина. Од водата, природно топла (38-40 степени Целзиусови), се крева пареа, а ритуалот на пливање, капење во термалната вода, се состои од седум чекори.


ПАТУВАЊЕ |

Придобивките од термалните води се многубројни. Топлината доаѓа од спојувањето под земјата на двете тектонски плочи - северноамериканската и евроазиската. Sky Lagoon се препорачува од многу причини. Минералите во водата придонесуваат за делотворноста, влијаат врз кожата, дури и ја подмладуваат, но лекуваат и кожни заболувања. Имено, минералите ги отстрануваат отровите од телото, вршат детоксикација, ги прочистуваат дишните патишта и го олеснуваат дишењето при белодробна конгестија. Термалната вода ги блокира рецепторите на болката и таа исчезнува. Меѓу многубројните придобивки се истакнуваат и пливањето што релаксира и се зголемува енергијата. Исланѓаните веруваат дека релаксацијата произлегува од регенерацијата. Го намалува стресот, предизвикува чувство на спокојство и мир. Комбинацијата од топлина и нурнување во ладна вода е препорачлива за пријатно спиење. Нема сомнение, жителите на Исланд внимаваат на здравјето, затоа што превентивата е исклучително значајна. Нурнувањето (имерзијата) во Sky Lagoon е дел од традицијата и се поврзува со релаксацијата и вдишувањето на свежиот океански воздух, лебдењето на површината и погледот на планината Кејлир и ритмичното бранување на океанот. Всушност, прв чекор е одењето, патот од соблекувалната до работ на бесконечноста. Вториот е понирањето во базен со ладна вода или надвор. Наводно тоа е викиншки изум. Не само што го зајакнува имунитетот туку и го забавува протокот на крв и ја оптегнува кожата. Научниците докажале дека и среќата има допирна точка со него. Препорачливи се десет секунди, максимум триесет. Третиот чекор е финска бања или сауна, од пет до десет минути, со цел да се отворат порите, да се изврши детоксикација и да се исчисти кожата. Четвртиот чекор е поврзан со

ладниот воздух, маглата чија придобивка е голема. Имено, станува збор за одвоена просторија каде што се будат сетилата, се подмладува кожата и се врши подготовка за петтиот чекор. Благодарение на пилингот со морска сол и кружното движење, ексфолијацијата ја светнува кожата. Парната соба е шестиот чекор, а има јасна функција - порите на кожата повторно да се отворат и таа е клучна во третманот. Истовремено се прочистуваат синусите, белите дробови, дишењето станува длабоко и лесно. Чувството е одлично. Последниот седми чекор е туширање за да се отстрани вишокот морска сол, а враќањето во термалната вода е како препородување. Уживањето во моментот е бесценето, како и во резултатите од неколкучасовното возбудливо доживување. УЖИВАЊЕТО НЕМА ЦЕНА Цените на пасовите се различни според тоа дали ритуалот е за еден, т.е. двајца. Има и групни пасови. За индивидуална посета пасот чини 6.990 круни (3.145 денари без ритуалот) или 9.990 круни (4.495 денари со ритуалот) или 13.990 круни (6.295 денари со ритуал, сопствена кабина и лосион). Пас за двајца е 23.990 круни (10.795 денари), во што се вклучени ритуалот, две кабини, два лосиона, пијалак (домашно вино или нешто друго на точење) и два оброка во Smakk барот. На поединците им се служи вино или пиво (исландско), со доплата, a Lagoon барот се наоѓа близу пештерата. Smakk барот е полуксузен, а такви се и јадењата. Деликатесните јадења се инспирирани од традицијата на готвење во Исланд, со модерна примеса. И служењето е такво. Несомнено, искуството е вредно за посета во Sky Lagoon, целосно. Така и впечатокот е комплетен. А, полноќното сонце е, всушност, неговата круна.

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

25


| ПАТУВАЊЕ

Што би рекле Исланѓаните - бонус. Времетраењето е ограничено на еден и пол-два часа. Деца помали од дванаесет години не можат да влезат, а до четиринаесет со придружба на повозрасни, над осумнаесет години. Во рамките на лагуната има и продавница за козметички средства. Како и сè друго во Исланд, резервациите се прават онлајн. Инспирацијата, вдахновението за Sky Lagoon, т.е. нејзин дизајн се оставината, историјата, минатото и традицијата на земјата. Очигледно се внимавало на секој детаљ. Куќите на доселениците се покриени со мочурлива трева што е одличен изолатор од студ за да се преживеат долгите, сурови зими. Таканаречениот klömbruhleðsla (тревен ѕид) е изработен од турфандата на мочуриштето што претставува своевиден градежен материјал, вклучително и капалиштето (длабоко сто и дваесет сантиметри), направено по теркот на Snorralaug во Рејкхолт (Западен Исланд), еден од четирите природни базени каде што нурнувале и Викинзите. Водата е ладна, а темелот е изработен од сечени камења. Несомнено, вреди да се посети Sky Lagoon. Полноќното сонце е неговата круна. • Игор Ландсберг

26

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

27


| АМСМ

Интервју со Филип Поповски

КРЕАТИВНОСТА НЕМА ГРАНИЦИ ФИЛИП ПОПОВСКИ, ВО ЈАВНОСТА ПОЗНАТ ПО СВОЕТО КУЛИНАРСКО ШОУ „ГОТВИМЕ СО ФИЧО“, ЗА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ ЗБОРУВА ЗА СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА. ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ ГИ УЧЕЛ ОСНОВИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И СЕ НАДГРАДУВАЛ ВО ОБЛАСТА НА ГАСТРОНОМИЈА. РАЗВИЛ СВОЕ ГЛЕДИШТЕ ЗА БИЗНИСОТ, КРЕИРАЊЕТО СТИЛ И ГРАДЕЊЕТО ИМИЏ КАКО ГОТВАЧ. ПОКРАЈ ЕМИСИИТЕ ШТО ГИ СНИМА ВОДИ И РЕСТОРАН ВО КОЈ КВАЛИТЕТНАТА ХРАНА Е ЗАШТИТЕН ЗНАК, ШТО Е РЕЗУЛТАТ НА ПОСТОЈАНОТО НАДГРАДУВАЊЕ, ИСКУСТВОТО, ЗНАЕЊЕТО И РАЗВИЕНОТО ЧУВСТВО ЗА УБАВО.

Клуб М: Високо образование завршивте на Правниот факултет во Скопје и магистриравтe на тема „Авторско право и интелектуална сопственост“ на Универзитет во Стразбур. Тоа нема никаква допирна точка со кулинарството. Како се одлучивте токму ова да стане Ваша животна определба? Филип: Во ниеден момент не жалам што завршив Правен факултет. Често велам дека секој треба да заврши каков било факултет. Високото образование ќе ве научи да учите и ќе ве оформи како карактер, ќе го збогатите речникот, ќе научите како да се обратите писмено или усно. Секој од нас има некаков сон, сите сонуваме за нешто, меѓутоа често нè сопира околината. Тука на сцена настапува „мајндсетот“. Едноставно, кога посакувате нешто треба да работите на тој „проект“. Колку и да беше чудно и колку и да имав таканаречени сопирачки, јас одлучив да зачекорам во кулинарството и да се обидам да си го остварам сонот. Многу ми беше тешко, се соочив со голем број сопки и осудувања...

28

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

а денес од тие луѓе добивам само пофални зборови. Кога ќе успеете, сите ќе се согласат со вашиот успех, меѓутоа по патот ќе имате многу искушенија и блокади. Бев многу млад и немав поддршка да завршам соодветно образование за кулинарство, па морав тоа да го сторам сам – ова е најтешкиот пат! Купив еден куп книги и почнав да учам... Клуб М: Дали се сеќавате на првиот рецепт што го подготвивте? Како мајстор во кујната дали имате омилен рецепт и што преферирате најмногу во готвењето, односно кој правец во гастрономија го избирате како фаворит? Филип: Па, не можам да речам дека имам омилен рецепт. Многу рецепти ми се омилени, односно сакам да експериментирам. Сакам да креирам. Ретко следам рецепти. Не постојат рецепти. Всушност, рецептот е само насока, идеја. А креативноста нема граници. Играјте си, нека ви биде интересно! Најмногу ми лежи медитеранската кујна, ја обожавам!


АМСМ |

Клуб М: Постои мислење дека подготвувањето на слатките јадења е понапорно од солените. Тука нема многу импровизација и мора да се внимава на рецептот. Дали за Вас е предизвик подготвувањето слатки? Филип: Еден вистински шеф мора да ги познава сите станици во кујната. Факт е дека вистинскиот шеф мора да знае да се „справи“ и со слаткарството. Иако многупати сум споменал дека слаткарството е врв на гастрономијата. Не го разбирам целосно, меѓутоа секој ден учам нешто. Во слаткарството постојат правила што не може да ги избегнете... Чоколада и вода не се меша! Секогаш се радувам кога ќе ми успее рецепт за десерт... Клуб М: Прочитав една ваша интересна изјава во која, меѓу другото, велите: „Јас не се занимавам со угостителство, јас живеам со угостителството...“ Дали денес е тешко да се живее од угостителство? Филип: Не ми е тешко бидејќи не го доживувам како работа. Убаво сум рекол, јас живеам со угостителството. За мене и за моето семејство секој оброк е ритуал. Ние секогаш готвиме и живееме со квалитетни состојки, не нè мрзи да зготвиме. Мојата сопруга секојдневно ми ги следи рецептите и готви перфектно! Често се консултирам со неа. И многу ми помага. Кај нас дома кујната е храм! Ги имам буквално сите алатки што постојат и пробувам сè да направам. Секојдневно готвиме и снимаме рецепти бидејќи верувам дека зад нас ќе остане само тоа што сме го создале во вид ноти, текст или видеозапис. Сè друго ќе излити. Секојдневно создаваме спомени. И, да, живеам многу добро од угостителството. Клуб М: По што се издвојувате од другите млади готвачи? Филип: Не знам! Вие подобро ќе кажете! Јас велам дека сите сме исти, само се издвојуваат тие што си ја сакаат работата и имаат креативност и оние што работат за плата. Да не бидам погрешно сфатен... Па и јас работам за пари, меѓутоа не ми се водилка. Кога работите за пари и ги бркате парите, никогаш не се доволно, напротив секогаш ќе ви бидат малку. Кога работите за пари имате очекувања, а кога имате очекувања следуваат разочарувања. Не сакам да се разочарувам и затоа

работам најдобро и не работам за никој друг освен за себе. Оваа работа е неблагодарна, најдобри сте колку последната чинија... затоа секој ден треба да бидете врвни! Сите ќе ги запомнат грешките и ќе ги заборават успесите... за жал, така е. Клуб М: Странската кујна сè повеќе навлегува на нашата трпеза. Дали користите нешто од тие рецепти во своето готвење? Филип: Во тоа нема ништо лошо, сакам фузии. Треба да експериментираме. Експериментите се тие што го движат светот, замислете што би се случувало кога човештвото не би експериментирало! Тоа би било катастрофално за развојот. Не ми пречи што се мешаат кујните. Напротив, мислам дека треба да се искористи тоа и да се работи на рецептите/записите. Клуб М: Дали сте имале можност да работите со некои врвни имиња во кулинарството и што научивте од нив? Филип: Таква можност имав кога реализирав дел од практичната работа. Светските имиња нема да ви покажат како да испржите јајца. Тие се мотиватори, креатори, визионери. Од нив научив дека сонот е многу битен. Спомените, љубовта, музиката... Сето она што ни буди некаква емоција треба да биде споено со кулинарството. Треба да создаваме спомени. Само така може да бидете најдобри. Клуб М: Создадовте свое име во оваа област. Дали сметате дека стекнатото знаење за кујната и љубовта кон готвењето треба да им се пренесуваат на помладите преку организирање школа, предавања, семинари... Што би им советувале на младите готвачи, почетници? Филип: Во моментов не можам да ги советувам затоа што отидоа во Хрватска! Моите совети најчесто се сфаќаат како демагогија. Меѓутоа, јас знам дека не е така и тие што ме познаваат знаат дека не е така. Моите совети звучат чудно, меѓутоа секогаш се успешни. Не можам никому да му дадам насила. Тој што слуша, ќе слушне... Кој ќе послуша, ќе проба, а кој ќе проба, ќе научи. Клуб М: АМСМ членската картичка е дел од Вашиот животен стил. Ви се случило да имате некоја специфична ситуација на пат, кога не би знаеле што да направите ако ја немавте нашата картичка? Филип: Досега лично не сум ја искористил и се надевам дека ќе остане така, меѓутоа никогаш нема да си го дозволам луксузот да ја немам! Еднаш е доволно да ја имате за да ја видите придобивката. Тоа е најевтината услуга на светот! Покриени сте на пат за само 4 денари дневно... Смешно! Клуб М: Јасно е дека од Вас можеме секогаш да очекуваме нешто ново. Што е следно? Филип: Работам на неколку големи проекти што не би ги открил. Навистина се големи и често ме оставаат без спиење, меѓутоа ќе дадам сè од себе за да ја ставам Македонија на светските карти на гастрономијата! Не знам кога, но знам дека еден ден ќе се случи тоа! Тешко е да си креативен, напорно е, исцрпува... Ќе биде... Први ќе слушнете! • Маргита Поповска

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

29


ГАСТРОНОМИЈА

Свинско каре со пире тартуф Подготовка: Свинското каре го отворате како книга и го печете на скара често превртувајќи го. Откако ќе оцените дека е добро испечено (да биде бело во внатрешноста) го задушувате со малку путер (го затворате со сад). Пирето го правите класично со компир и додавате една лажица пате од тартуф или т.н. тартуфата. *Доколку имате свеж тартуф изрендајте го одозгора. Исечете го месото и сервирајте го скалесто врз пирето. Совет: пирето од компир згответе го со млеко и путер - ќе биде многу повкусно. Сервирајте со микротревки. Јас користев микрорукола. ДОБАР АПЕТИТ!

30

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk


HI TECH |

Висока технологија

ПОДВОДНОТО ПЛОВИЛО, ЛЕТНИОТ ОДМОР И ВИЕ НУРКАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ЕДНОСТАВНО И ЗАБАВНО АКО ПОСЕДУВАТЕ СООДВЕТНА НАПРАВА ШТО ЌЕ ВИ ГО ОЛЕСНИ ДВИЖЕЊЕТО ПОД ВОДА. ТАКОВ ПРОИЗВОД ВЕЌЕ ПОСТОИ НА ПАЗАРОТ И Е МНОГУ ПРАКТИЧЕН, ГО СОБИРА ВО РАНЕЦ ИЛИ ВО ТОРБА ЗА НА ПЛАЖА. САМО ТРЕБА ДА РЕШИТЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ДРУЖИТЕ СО МОРСКИТЕ ЅВЕЗДИ, ВИЛИНИТЕ КОЊЧИЊА, РАЗНОБОЈНИТЕ РИБИ И КОРАЛИ.

Т

оплиот период од годината предизвикува повесело расположение, а нештата добиваат поубава и поинаква димензија. Тогаш се прават планови за тековната година, но најмногу умот е насочен кон летните одмори. Ако се одлучите за одмор покрај вода, тогаш забавата може да биде уште поинтересна доколку сте љубител на истражување на подводниот свет. Тој воден дел, всушност, претставува посебна планета што премногу се разликува од делот во кој живееме, односно воздушниот дел. Таа разлика вреди да се почувствува, да се види и доживее. Токму за љубопитните, за оние со истражувачка душа, кинеската компанија Вајду нуди „играчка“ на електричен погон со која сите нуркачи можат да си го олеснат движењето под вода, независно дали се почетници или, пак, добро обучени подводни крстосувачи, па дури и професионалците ќе ја вклучат направата во класата корисни алатки. Таа „играчка“ е наречена „субнадо“ и тоа е мал млазен мотор направен во вид на цилиндар долг 38 см, со пречник од само 6 см, а во делот каде што се наоѓа пропелерот пречникот изнесува 7 см. Играчката слободно може да се нарече подводен скутер, иако не е тоа според обликот и начинот на возење. Производот „субнадо“ е направен од алуминиум и тежи 1,4 килограми, најлесен и најмал од сите подводни превозни средства. „Субнадо“ се зацврстува на рака, а се управува преку еден посебен прстен. Творците на „субнадо“ велат дека не е потребна никаква посебна обука, односно треба само да се следат

инструкциите од упатството, но сето тоа да се прави дисциплинирано и за половина час се станува капетан на подводниот скутер, кормилар. „Субнадо“ постигнува брзина од околу 5 км/ч или 1,4 метри во секунда и со едно полнење на батерија може да нуркате 55 минути. Полнењето на батеријата 98 Wh трае 75 минути. Крајната брзина е релативна работа, тука голема улога игра тежината на лицето што управува. Електромоторот 500 W има потисок од 6,5 килограми, односно може да понесе лице со тежина од 65 кг со брзина не поголема од 1,4 м/с. Кормиларот нуркач може да избира со која брзина сака да се движи со помош на тристепениот „менувач“. Подводното пловило „субнадо“ ја врши својата работа до длабочина од 60 метри, а потоа притисокот си го прави своето. Мора да ја споменеме употребливоста на батеријата. Преку неа може да го наполните вашиот телефон, да го осветлите местото каде што кампирате и за многу други нешта каде што е потребно не многу големо количество електрична енергија. Цена? Денес интернетот многу ги поедноставни работите така што може дури и директно да разговарате со производителот. Ви дадовме идеја како да го збогатите со нови доживувања летниот одмор покрај вода. Колку за промена, производот „субнадо“ може да ви помогне да откриете многу непознати за подводниот свет и неговите неповторливи бои. • Жарко Атанасоски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

31


| ИСТОРИЈА

Ферари и неговите 75 години

ЕДИНСТВЕН, НЕПОВТОРЛИВ И НЕПРИКОСНОВЕН КАДЕ И ДА СЕ ПОЈАВАТ СЕКАДЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ, А ЗА ТОА ПРИДОНЕСУВААТ НИВНОТО ИМЕ И ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ЦРВНА БОЈА. ГОДИНАВА „ЦРВЕНИЛОТО“ ОД МАЛОТО ГРАТЧЕ МАРАНЕЛО СЛАВИ 75 ГОДИНИ ОД ПОЈАВУВАЊЕТО НА ПРВИОТ МОДЕЛ СО ИМЕ ФЕРАРИ.

32

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

о било која смисла да биде спомнато името Ферари веднаш Вседишта не потсетува на мали брзи црвени купе автомобили со две

Скоро на сите ни е јасно каква величина е Ферари во светот на автомобилити, најпосакуваната и најпознатата марка на автомобили на планетава која годинава слави 75 години постоење. Ферари се појави во годините по Првата светска војна кога Енцо Ферари влегол во тркачкиот свет. На почетокот како механичар, потоа тест возач и накрај како натпреварувач. Страста кон трките и болидите, но и спортските туристички автомобили го водела низ целиот живот. Во 1929 година го основал својот тркачки тим Скудерија Ферари. Години пред тоа возел за Алфа Ромео, а подоцна ја прифатил понудата да го води тимот. По некое време Алфа Ромео излегол од трките, но Енцо ја зел неговата тркачка екипа и ја вклучил во својот тим Скудерија Ферари. На предниот дел на болидите, на капакот од моторот го ставил својот заштитен знак, вознемиреното црно коњче во штит со жолта основа, а во горниот дел италијанското знаме. Заштитниот знак има врска со Франческо Барака, син на грофот и грофицата Барака, пилот во Првата светска војна, кој не успеал да се врати од една воена задача. Црното коњче од семејниот грб го нацртал на својот авион. Приказната продолжува со Енцо Ферари кога на една трка во публиката било и семејството Барака. Мајката на загинатиот пилот го замолила Ферари да го стави црното коњче на болидот за да му донесе среќа. Енцо со сета почит кон мајката, го ставил коњчето на болидот и оттогаш тоа вознемирено црно коњче е негов заштитен знак. И навистина му носи среќа, повеќе од седум децении е на врвот од светот.


ИСТОРИЈА |

Ф 1 болидот на Ферари од 1989 год.

ФЕРАРИ ВО ФОРМУЛА 1

„Ферари дино 246 гт“ од 1969 год.

Енцо Ферари

„Ферари 125 с“ 1947 год.

Легендарниот модел „ф 40“ од 1987 год.

Првиот автомобил со името Ферари, кој се правел две години, излегол од фабриката во Маранело во 1947 година. На 11 март Енцо го возел првиот автомобил „ферари 125 ц“ во околината на Модена. Потоа учествувал на трките со два примерока од моделот „125 ц“ што ги возеле Франко Кортезе и Нино Фарина. Успесите дошле по неколку извозени трки. Со тие болиди Енцо Ферари станал дел од првата трка и сезона во современата Формула 1. Тоа се случило во 1950 година и оттогаш Ферари учествува во најбрзиот циркус на планетава. Ниеден тим нема стаж во Формула 1 колку Ферари. Првата победа ја освоил Хозе Гонзалез во 1951 година, а во 1952 година Ферари станал шампион во Формула 1. Учествувал во сите првенства на Формула 1, извозел најмногу трки, освоил најмногу бодови и титули, како во класата возачи, така и во класата конструктори. Од Хозе Гонзалез до Кими Раиконен, минале многу славни имиња што оставиле печат во историјата на Ферари и воопшто на автомобилскиот свет. И не само тие, туку секој што работел за Ферари, многу допринел за големите успеси на марката Преубавите купе автомобили биле дело на дизајнерската куќа Пининфарина, а идејата таа да ги создава облините на автомобилите Ферари потекнала од Серџо Пининфарина, син на Батиста Пининфарина, основач на компанијата. Соработката меѓу нив траeла до пред околу две децении кога Ферари го отворил своето дизајнерско студио Центро Стиле Ферари. Секој автомобил излезен од фабриката во Маранело е приказна за себе. За најпребирливите купувачи Ферари има посебен оддел наречен „спешл проџект“ каде што се прават уникати, а при изработката директно учествува купувачот. Цената е врвна тајна, никој не знае колку Ферари ги наплатува ваквите услуги кога нарачателот седи на иста маса со дизајнерите и конструкторие и им кажува каков автомобил сака да има со знакот на Ферари.– Црвената боја на Ферари е наследена од Алфа Ромео. Енцо ги зема алфините болиди и на нив го става заштитниот знак на својот тркачки тим Скудерија Ферари. Откако бил направен првиот автомобил со името Ферари, го бојосале со црвена боја. Денес Ферари работи самојстојно, но има блиски врски со Фиат, кој некогаш бил сопственик на дури 88 отсто од акциите. • Жарко Атанасоски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

33


ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРЕКУ МОБИЛИТИ БРОКЕР Е ПАМЕТЕН ИЗБОР?

СИТЕ ОСИГУРУВАЊА НА ЕДНО МЕСТО

ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОНУДА ОД СИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА

БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОТШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА

УСЛУГИТЕ НА МОБИЛИТИ БРОКЕР СЕ БЕСПЛАТНИ И НЕ ВЛИЈААТ НА ЦЕНАТА НА ВАШЕТО ОСИГУРУВАЊЕ. 02/3181-405 | 02/5512-705 34

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.mobilitybroker.com.mk


ОЛДТАЈМЕРИ |

Разговор со Зоран чапов - Чапо

БЕЗВРЕМЕНА ПРИВЛЕЧНОСТ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СÈ ПОВЕЌЕ ИМ СЕ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ НА СТАРИТЕ ВОЗИЛА, СЕ ОРГАНИЗИРААТ СОБИРИ, ИЗЛОЖБИ И НАСТАНИ, А ПОСЕБНО Е ЗНАЧАЈНО ШТО АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ИМ ОВОЗМОЖУВА НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СТАРИ ВОЗИЛА ДА ГИ ПРИКАЖАТ СВОИТЕ ВРЕДНИ КЛАСИЦИ.

Љубовта кон овој модел не стивнувала низ годините и Зоран решил да најде ваков модел на VW t2 и целосно да го реставрира. Успеал да најде таков модел произведен во 1967 година. Возилото има мотор VW 1,6 cm3 и околу 50 КС и четири добош сопирачки. Комбето е целосно реставрирано, однатре и однадвор, нова метализирана боја, како и надворешни огледала во ретро стил. Често пријателите му велеле на Зоран да се откаже од реставрацијата. Но Зоран не се откажал од намерата и успеал комбето да го доведе во беспрекорна состојба, а вели дека ова возило е дел од неговиот живот...

Е

рата на хипиците, миротворците и на љубителите на слободниот камперски туризам е обележана со свои карактеристики, облека, начин на однесување, превозни средства, кои го обележаа тоа далечно време. На изложбите на стари возила во нашата земја видов модел што ми го привлече вниманието. По неколку обиди стапив во контакт со сопственикот на комбето и тој ми раскажа приказната за неговото возило. Сопственик на овој убав VW Tupe 2 комби од 1967 година е Зоран Чапов-Чапо. Тој вели дека го купил и го реставрирал ова VW комбе што го привлекувало од рана младост. Неговото семејство немало возило, а љубовта кон VW комбето е исполнета со сентименталност. Имено, неговиот чичко доаѓал од тогашна Западна Германија со модел на VW t2 и тоа било вистинска атракција. Се сеќава како со другарите од населбата се возеле во комбето што им било вистинско доживување.

Исто така, истакна дека навистина му е мило што во последно време и кај нас им се обрнува внимание на старите возила, се организираат собири, изложби и настани, а посебно му е драго што АМСМ Клуб Мобилити им овозможува на сопствениците на стари возила да ги прикажат своите вредни класици. Зоран Чапов поседува уште неколку примероци на стари возила, но прва и вистинска љубов му е моделот VW T2, кој ќе го чува и негува за идните генерации во неговото семејство...

• Андријан Трипунов

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

35


| СПОРТ

Светско првенство во Формула E

ЧЕТИРИ КАНДИДАТИ, ЧЕТИРИ ПРИКАЗНИ СО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ДЕВЕТ ТРКИ, СИТУАЦИЈАТА НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ФОРМУЛА Е Е КРАЈНО НЕИЗВЕСНА.

С

тофел Вандорн, Жан Ерик Верње, Едоардо Мортара и Мич Еванс се издвоија како главни претенденти за тронот во кампањата за шампионската титула во 2022 година во светското првенство со болиди на погон од електрична енергија. Откако направи еден круг низ Европа, оваа тркачка серија повторно се сврти кон интерконтиненталните локации како Индонезија и Мароко, а до крајот на сезоната во план се и трките во Њујорк, Лондон и Сеул. Токму Индонезија беше последна од оние кои се комплетираа, а во која славеше Мич Еванс со Јагуар, откако во драматичниот фото финиш со него низ целта минаа Верње и Мортара. Патеката во Џакарта беше наменски направена за оваа трка, користејќи веќе изградени патишта околу еден комерцијален центар, но со реасфалтирање кое привлече внимание и донесе комплименти за организаторот. Тоа се должи на фактот дека вообичано градскиот асфалт нуди лош контакт на пневматиците, па дијаметралната спротивност ги пленеше возачите. - Сосема е поразлично од она на што сме навиканти. Асфалтот секогаш е предмет на дискусија, а овој прави сосема поинаква интеракција со гумите. Со жештините кои ги видовме денеска, станува уште позафркнато за да се извлечат максимум перформанси. Организаторите завршиле одлична работа, асфалтот не се распаѓаше како што имаме видено на други патеки. Патеката беше во одлична

36

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

форма од почеток до крај, беше забавно и поразлично, а тоа е она што прави да биде возбудливо,- рече Стофел Вандорн. Дополнително, огромниот број на публика укажа дека Индонезија заслужува ваков спектакл и дека возачите сакаат да се вратат во Џакарта. - Настанот беше одличен, возбудата која ја демонстрираше публиката, исто како и љубезноста со која не пречекаа, беше супер. Се надевам дека идната година ќе се вратиме тука, можеби и со трка во вечерни услови за да биде малку поладно,- изјави Ник Де Врис, укажувајќи дека трката на 33 степени Целзиусови и при 70% влажност на воздухот била исклучително напорна. Токму жештината направи најдобрите времиња да бидат видени порано, па така времето на Верње од вторите тренинзи од 1:07,594 за круг не беше повторено, па во сите квалификациски сесии, вклучувајќи ги и директните дуели за првите места, се возеше половина секунда побавно! Сепак, Верње остана доследен и ги доби сите директни дуели, вклучувајќи го и полуфиналето со Мич Еванс, а во финалниот директен дуел се сретна со тимскиот колега Антонио Феликс да Коста кој беше побрз од Мортара. Наспроти очекувањата дека Верње и Коста ќе донесат лесна „едендва“ победа за тимот Течита, тоа не се случи поради добриот старт на Еванс, кој се вметна меѓу нив, а потоа Коста имаше и мало излетување со што ги остави Верње и Еванс да се борат за првото место. Двајцата возачи се менуваа на врвот благодарение на различните стратегии да ја користат енергијата, за на крајот да бидат достигнати од Мортара. Финишот донесе драма со три болиди еден зад друг на целната линија, но Еванс беше тој што прослави победа „низ иглени уши“.


СПОРТ |

- Неверојатно е чувството да се освои третата победа оваа сезона. Денеска имавме тешка физичка трка, бидејќи температурата и влажноста беа мошне високи. Сепак, успеавме да избереме вистинска стратегија за најголемиот дел од трката. Балансот на возилото беше одличен, но во последните пет круга почнаа проблемите со гумите. Во тие моменти морав да се бранам од Верње и Мортара, па благодарен сум на тимот што ми овозможи неверојатна трка. Со нетрпение ја очекувам следната во Маракеш,- гласи изјавата на победникот. Стофел Вандорн заврши петти, зад Коста, жалејќи за пропуштената шанса да се најде на подиумот како што претходно му успеа на претходните две трки во Берлин, а пред тоа и победата во Монако. Тој е водечки во генералниот пласман со 121 поен. Жан Ерик Верње е единствениот во првата четворка што нема победа, но редовно собира поени со високи пласмани и со 116 е веднаш зад него, додека Едоардо Мортара има 114 благодарение на двете победи, но има и две незавршени трки. Уште поголем е контрастот кај Еванс на четвртото место со 109 бода, кој има три победи а, исто така, две незавршени трки и две трки со пласман на 10 место кое носи само еден поен. Седмиот месец од годината ќе биде клучен за шампионската титула бидејќи во него се планирани пет трки (една во Маракеш, по две во Њујорк и Лондон), а финалето треба да биде во Сеул со две трки на 13 и 14 август. • Александар Табаковски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

37


| СПОРТ

Светско првенство во Формула 1

ТРИ ПАТИ МАКС, ЕДНАШ СЕРХИО РЕД БУЛ Е НОЌЕН КОШМАР ЗА ФЕРАРИ, ОТКАКО УСПЕА ДА ВРЗЕ ЧЕТИРИ ПОБЕДИ ВО НИЗА И ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ ДВЕТЕ ПРВИ МЕСТА НА ТАБЕЛИТЕ КАЈ ВОЗАЧИТЕ И КОНСТРУКТОРИТЕ.

О

ткако славеше во Имола и Мајами, Макс Ферстапен ја продолжи серијата со нова победа во Барселона, и тоа во најболното сценарио што можеше да биде замислено од страна на неговиот ривал во шампионатот – Шарл Леклер, кој мораше да се откаже од трката поради дефект додека водеше во неа. Ваквиот расплет донесе до изедначување на позициите на табелата, за потоа „октанскиот циркус“ да стигне во престолнината на рулетот, Монте Карло. Иако по традиција на тесната патека не можат да се очекуваат престигнувања, а Шарл Леклер ја имаше пол позицијата, сепак, за возбудата се погрижија променливите временски услови. Стартот беше поместуван во неколку наврати, за трката да започне по еден час од предвиденото и да се одвива зад возилото за безбедност. Кога конечно се чинеше дека трката доби своја физиономија со сите возачи на гуми за силен дожд, Леклер водеше со пет секунди по 15 круга, а патеката почна да се суши, па Перез и Ред Бул преземаа ризик да стават интермедија пневматици, додека Ферари имаше збунувачка конверзација дали да сочека уште и да одат на варијанта со гуми за суво.

38

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Перформансите на Перез наскоро се покажаа доволно убедливи дека неговиот избор е вистински, па правејќи седум секунди предност во еден круг тој успеа да го преземе водството. Со натамошното сушење на асфалтот беше за очекување дека набрзо ќе има уште еден пит стоп, во кој Ферари уште еднаш направи „виц“ повикувајќи го Леклер кога влезот во бокс беше забранет. По ставањето на гуми за суво, токму пред да се случи инцидент на патеката во кој беше „преполовен“ болидот на Мик Шумахер, редоследот беше Перез, Саинц, Ферстапен и Леклер. Откако беше истакнато црвено знаме за прекин, возачите влегоа во бокс и можеа да сметаат на мирен финиш поради временските услови кои се нормализираа. - Понекогаш се случуваат грешки, но генерално овој пат имаше премногу грешки. Како и претходните години, оваа трка покажува колку е тешка, па се навикнувам да си одам дома разочаран, но ние не можеме да правиме така, особено поради моментот во кој се наоѓаме. За несреќа, сè беше против нас! Тоа е животот и ќе мора да се вратиме посилни,- изјави Леклер. Продолжението на трката беше оптоварено со временски лимит, бидејќи едно гран при не смее да трае повеќе од два часа поради ТВ преносите. На тој начин, наместо предвидените 78 се извозеа вкупно 64. Иако првата четворка беше хомогена по структурата, немаше обиди за престигнување и промена на позициите. Перез прв ја мина целта и со тоа стигна до трета победа во кариерата. Иако Мексиканецот го доби трофејот на победничкиот пиедестал, беше лиферувана информација дека Ферари бара појаснување за прекршоците кои возачите на Ред Бул ги направиле при излегување од боксот со нагазување на линијата. Овој пат стјуардите се определија да не изречат казни, иако во минатото имало таква пракса.


СПОРТ |

Во суштина, дури и најблагата казна да беше аплицирана, од типот додавање на пет секунди на конечното време, Перез ќе ја загубеше победата бидејќи возачите беа еден зад друг во финишот. - Сигурен сум дека ситуациите како оваа ќе нè направат посилни. Дополнително, станавме свесни дека да се биде конкурентен е една работа, а да се победи е дополнителна задача. Едноставно, тоа е на друго ниво по тежина. Сметам дека одиме напред како тим, учиме и веројатно ќе ни треба малку повеќе време. Секако дека е разочарување кога го имате најбрзиот болид, ја освојувате пол позицијата, а не победувате во трката. Она што се случи во Шпанија беше комплетно поинакво искуство, бидејќи имавме проблеми со издржливоста додека бевме водечки во трката. Во овој случај имаше околности кои го направија нашиот живот покомплициран. Но ние не се покажавме најдобро со проценката и носењето на одлуките, па затоа ова е разочарување на крајот од денот,- рече од своја страна Матија Биното, тимски шеф на Ферари. Победата на Перез беше воедно и доказ дека Ред Бул во овој дел на сезоната не применува тимски наредби и не го форсира Ферстапен, за што претходно имаше предупредувачка изјава од Перез. Првиот човек на англискиот тим, Кристијан Хорнер, повикувајќи се на добрите стратешки одлуки на инженерите во Ред Бул, го пофали Перез дека отсекогаш во кариерата добро се снаоѓал во вакви услови и на вакви патеки. - За нас не е важно кој возач ќе биде светски шампион. Се разбира, титулата во конкуренција на конструктори е со огромно значење. Двајцата возачи имаат иста шанса. Сезоната е долга, навистина долга, и ќе има успони и падови. Добро е да се знае дека обајцата се на врвот. Чеко е во најдобрата форма на својата кариера, завршува одлична работа. И тоа не е само еднаш, го видовме тоа кога ја освои пол позицијата во Саудиска Арабија. За нас е фантастично што тој е во таа форма и потребна ни е соработка меѓу нив. Ферари има побрзо возило, особено во квалификациите. Во трките има многу непознати, но тие се сериозни ривали. Мора да работиме тимски за да успееме да имаме двајца наши возачи пред нивните,- елаборираше Хорнер. Иако сите медиуми му отстапија место на победникот за негова изјава, многу поголема тежина имаат зборовите на неговиот тимски колега Макс Ферстапен кој, исто така, го потенцираше тимското заедништво.

- Навистина работиме добро како тим и не гледам зошто тоа би требало да се промени. Секогаш се обидуваме да го оптимизираме возилото и да работиме за тимот, а тоа значи да прифатиме кога некој ќе заврши подобра работа. Сметам дека на тој начин покажуваме почит еден кон друг. На крај треба да победи подобриот, нели? Ние сме тука да го дадеме најдоброто од себе на патеката, но во ист момент да се почитуваме и да освоиме што е можно повеќе поени за тимот,- додаде Ферстапен. На крајот од гран при викендот беше соопштено дека Перез ќе добие и продолжување на договорот со Ред Бул, што додава тежина на целиот настан. Во продолжение на првенството следуваат трките во Азербејџан и Канада (двете во јуни), по што ќе има уште четири гран при викенди пред летната пауза. Ферстапен е водечки на табелата со 125 бода, Леклер има 116, но Перез му се доближи на 110. Џорџ Расел со 84 и Карлос Саинц со 83 се веднаш зад нив. Ред Бул има 235 бода, а Ферари со 199 сега е на второто место, пред Мерцедес со 134 и Мекларен со 59 поени. • Александар Табаковски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

39


| СПОРТ

Колумна своерачно

АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ

ЖРТВА НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ ФОРМУЛА 1 СЕ ОРГАНИЗИРА ОД 1950 ГОДИНА, НО ПРОЦУТОТ НА БИЗНИСОТ ВО ПОЗАДИНА ЗАПОЧНА ВО РАНИТЕ ОСУМДЕСЕТТИ И НИКАКО НЕ ЗАПИРА – БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДОБРОТО ШОУ. ормула 1 е предводник и трендсетер Фсе случува за брзинските спортови, па она што во неа, често се прелева во

другите помали авто-мото серии. Кога Формула 1 ја воведе летната пауза, тоа се покажа како широко прифатена иницијатива на пониско ниво, но и во ривалските серии како Мото ГП. Авто мото спортот генерално тежнее да ја избегне зимата, но одамна оние со поголем талент за организација и логистика, се потсетиле дека ова годишно доба не настапува на сите точки од планетата во ист момент. Познати се примерите со одржувањето на Ф1 трки во јануари на локации како Аргентина и Бразил, но всушност првиот преседан започнал во 1962 година кога сезоната завршила во Јужна Африка, а трката се одржала на 29 декември како последна во сезоната. Оттогаш наваму историјата памети разни „керефеки“ и гимнастики со календарот, кој во периодот од 1950 до 1959 година имал во просек 7 до 10 трки, за до крајот на 20 век (пред воведување на летната пауза) да стигне со 16-19 трки. Летната пауза дојде како еден вид признавање на потребата за семејно време на вработените кои токму во летните месеци беа растргнати на два фронта: од една страна да се унапредуваат перформансите на постојниот болид, а од друга страна да се подготвува болидот за идната сезона. За да можат да продолжат да го прошируваат календарот со трки, органи-

40

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

заторите ги забранија тестирањата во текот на сезоната. Поради пандемијата од Ковид -19 минатите две сезони се сведоа на големо мнозинство европски трки во земјите каде што беше возможно да се патува, но сезонава беа планирани рекордни 23 трки и повторно пат околу светот како логистички предизвик. Откажувањето на трката во Русија и подоцнежната одлука да нема друга трка што ќе ја замени, сепак ќе го одложат „поставувањето“ на новиот рекорд. Прашањето е само дали е тоа максимумот или не чека нешто друго во иднина? Моето лично мислење е дека календарот ќе продолжи да еволуира, на ваков или онаков начин. Имено, експериментите со две трки во гран при викенд земаа сè поголем замав и се чини дека нема враќање од тој пат. Исто така, како и во секој друг спорт, мора да се даде пауза во меѓу сезоната: фудбалот традиционално завршува во мај, но најчесто најдобрите имаат репрезентативни обврски и во јуни, за потоа да ја започнат новата сезона некаде во август. „Пандемиските трки“ беа пример дека на Блискиот Исток може да се организираат гран при викенди и во декември, па очекувам дека ќе се прават обиди да се искористи барем првата половина од овој месец за финиш на сезоната, по што би следеле Божиќните празници и меѓу сезонската пауза. Ако се гледа од последниве години, кога „Либерти

медија“ ја презема Формула 1, првите претсезонски тестирања се на крајот од февруари, со уште еден тест пред почетокот на сезоната во Бахреин. Тоа навестува старт на сезоната најдоцна до 15 март и крај најдоцна до 15 декември. Ако се навратиме на фактот дека на крајот од минатиот век имаше 16-17 трки по сезона (без летна пауза), а сезоната завршуваше во средината на октомври, тогаш мора да се признае дека предвидувањето за 23 трки по сезона е можно кога сезоната би траела до првата половина на декември. Претпоставувам дека на ФИА не и менува ништо, имаме пример дека рели сезоната традиционално почнува во јануари. Главниот збор сепак очекувам да го имаат телевизиите бидејќи тие се основата за бизнисот со ТВ права, а со тоа и влијаат на бројот на трки. Во нивниот бизнис, важна е гледаноста и рејтинзите наспроти конкуренцијата. Моменталната поставеност на спортот, со неколку возачи кои имаат шанси за високи пласмани и продуцираат добро шоу, води кон проширување на бизнисот и „цедење до капка“ на секоја можност за профит... •


ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ 02/3181-108

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

41


| СПОРТ

Светско првенство во Мото ГП

КУАРТАРАРО ДОБИ НЕОЧЕКУВАН ПОДАРОК АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН Е ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА ПО ДЕВЕТ ТРКИ, НО НЕГОВИОТ ГЛАВЕН РИВАЛ ВО ОВАА КАМПАЊА „ГО ПОЧЕСТИ“ ТОЧНО ДЕВЕТ БОДА, ПРАВЕЈЌИ НЕСЕКОЈДНЕВНА ГРЕШКА ВО ПРЕТПОСЛЕДНИОТ КРУГ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА ТРКАТА Е ЗАВРШЕНА.

42

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

С

тарото правило дека човекот со најмногу поени на крајот на годината ќе стане шампион им е добро познато на сите во врвниот мотоспорт, но вообичаено тоа се наметнува дури на крајот на сезоната кога има мал број трки, а со тоа и мали можности да се надополнат разликите. Иако ја започна сезоната со многу проблеми и ниски пласмани, возачот на Јамаха, Фабио Куартараро од доаѓањето на карванот во Европа има многу подобра сезона. Во првите четири „прекуокеански“ трки на стартот од сезоната само еднаш беше втор, додека во следните пет има две победи и две втори места со што се етаблираше како лидер. „Најлошо“ помина на домашната трка во Ле Ман, каде што беше четврти зад Енеа Бастианини, Џек Милер и Алеш Еспаргаро, но неговите ривали ја немаа неговата конзистентност. Имено, по француското гран при се одржа трката во Муџело, на која славеше Франечско Бањаја, изразит фаворит во претсезонскиот период, но споредбено гледано, тој имаше две победи (Шпанија и Италија), но исто така, и две незавршени трки (Ле Ман и Барселона). Речиси идентично како него, Енеа Бастианини успеа „од никаде“ да стигне до три победи во оваа сезона, но токму поради не завршувањето на другите трки, тие двајца оваа сезона никогаш не биле заедно на пиедесталот, иако имаат пет победи во девет трки. Ваквиот вовед беше нужен за да се објасни дека најголеми шанси за светската круна добија Куартараро и Алеш Еспаргаро како најредовни освојувачи на поени и подиуми. Во пресрет на последната трка на патеката „Каталуња“ во Барселона, предноста на Французинот беше 122:114, односно само осум бода! Бастианини и Бањаја со 94 односно 81 поен, чекаа шанса од позадина, но трката доби поинаков тек. Еспаргаро ја имаше пол позицијата, додека Бањаја како второпласиран беше инволвиран во инцидентот што се случи зад него, кога Таки Накагами и Алекс Ринс се судрија и паднаа, по што го „соборија“ и возачот на Дукати.


СПОРТ |

- Не сум бесен, туку само разочаран. Се радувам дека Таки е во ред, судирот беше тежок. Не се лутам на стјуардите што не го казнија бидејќи тој секогаш прави вакви работи. Како професионален возач тој не може да очекува дека од 12 место ќе престигне десетмина во првиот свиок од трката. Едноставно, ја прејде линијата кај многу возачи, а ако не ме удреше мене ќе завршеше во песокот. Затоа не можам да разберам што се обидуваше да направи. Кога ќе се врати, а се надевам дека тоа ќе биде наскоро, ќе му го поставам тоа прашање,- изјави Бањаја. Најприсебен во оваа ситуација беше Куартараро кој од третото место изби на лидерската позиција и не ја отстапи никому до крајот на трката. Еспаргаро во текот на трката имаше две промени на втората позиција со Хорхе Мартин, но на крајот наместо да освои 20 бода како второпласиран, направи ретко виден кикс почнувајќи да ја отпоздравува публиката сметајќи дека трката завршила, кога имаше уште еден круг за возење. Така, падна на шесто место, а успеа да се врати и да престигне еден возач за на крајот да биде петти со 11 поени, девет помалку од она што навистина го заслужи. Неговата грешка ја казнија Хорхе Мартин и Јохан Зарко, обајцата возачи на Прамак Дукати, додека Жоан Мир со Сузуки беше четврти. - „Извинете“ е единственото нешто што можам да го кажам, ова е грешка што е недопустлива во оваа категорија. Вината е комплетно моја, таблата од моите механичари беше во близина на првиот свиок и немав можност да и обрнам внимание бидејќи го имав Мартин зад мене. Погледнав на официјалниот семафор на патеката и таму видов „L1“ и извозев уште еден круг. Заборавив дека тука во Барселона за последен круг пишуваат „L0“, па едноставно не притиснав гас кога излегов на правецот.

КУАРТАРАРO ОСТАНУВА ВО ЈАМАХА

Слабиот старт на сезоната донесе многу шпекулации за иднината на актуелниот светски првак Фабио Куартараро кој го замени легендарниот Валентино Роси како предводник на Јамаха. Сепак, на почетокот од гран при викендот во Каталуња беше објавено дека тој ќе остане уште две сезони во тимот со кој го постигна најголемиот успех во кариерата. - Во минатото, да се напредува во Мото ГП со Јамаха, најпрвин како нивен возач во сателитски тим, а потоа и во фабричкиот, не беше воопшто тешка одлука. Јамаха веруваше во мене од самиот почеток, а тоа е нешто што не смеам да го заборавам. Сепак, новиот договор беше голема одлука. Сега сум на одлична точка во мојата кариера и морав да си дадам време за да бидам сигурен во одлуката. Верувам во проектот на Јамаха и чувствувам дека тимот е навистина мотивиран, - соопшти францускиот мотоциклист.

Знам дека ја немавме брзината на Фабио за победа во трката, но сакам да го победам во трката за титулата. Не смеам да правам вакви грешки како денес, бидејќи изгубив девет поени. Навистина жалам, - објасни Еспаргаро. Сега на табелата Куартараро има 147 бода како првопласиран, додека Еспаргаро останува на второто место со 125. Бастианини (кој сам излета) и Бањаја останаа на истите поени (94:81), па ќе мора да си ја побараат шансата во следните трки. Самиот Бањаја даде оптимистичка најава дека лани влегол во последните пет трки со 80 поени дефицит, а сега има 66 поени меѓу него и Куартараро, како и повеќе трки. До почетокот на летната пауза следуваат трките во Германија и Холандија, по што трките ќе продолжат дури во август со британското и австриското гран при. • Александар Табаковски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

43


| СПОРТ

Инетрвју со Даворин Штетнер

ИМАМ СОПСТВЕНО МЕРИЛО ЗА УСПЕХ ПРВИОТ ЧОВЕК НА ХРВАТСКИОТ АВТО СПОРТ ИМА ИНТЕРЕСНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА, А ВО НЕА ПОСЛЕДНО ПОГЛАВЈЕ Е СПРАВУВАЊЕТО СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ КОИ ГИ ИМА ВО СОЈУЗОТ ШТО ГО ПРЕДВОДИ.

44

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Ј

авноста за Даворин Штетнер дозна преку неговите авантуристички патувања во Африка, но оттогаш до денес поминаа повеќе од 15 години. Во меѓувреме, тој изгради репутација на успешен менаџер, а еден од тие бизниси беше и телевизискиот проект со преземање на телевизиските права за Формула 1 за Хрватска. Со широк список на контакти од деловниот свет, се вклучи во управувањето со ХАКС (Хрватски авто и картинг сојуз), за што деталите ги открива во интервјуто за Клуб Мобилити. Клуб М: Почитуван г-дин Штетнер, би сакал да го започнам ова интервју онаму каде што го завршив моето последно интервју со поранешиот прв човек на хрватскиот автомобилизам, Зринко Грегурек. Тој пред десетина години изјави дека во регионот можеме да добиеме организација на настан од светски калибар само ако сме сплотени заедно. Оттогаш измина една деценија, а Хрватска ја доби организацијата на трката од светското рели првенство. Дали со тоа ова поглавје е затворено или на него може да се гледа како „нов почеток“? ШТЕТНЕР: Мојот личен став е дека самостојно сме многу мали, а заедно можеме да направиме многу повеќе. Во Централната европска зона учествувам од своето влегување во Управниот одбор на Хрватскиот автомобилски и картинг сојуз во 2011 година. Ме интересираше меѓународната соработка, а особено бенефитите кои ги дава фактот дека сите бевме во состав на поранешната држава. Тоа се сепак работи кои поврзуваат, па можам да кажам дека ХАКС одлично соработува со сите земји и сојузи во поширокиот регион. Регионот обезбедува база за љубителите на спортот. Во поширокиот регион сме повеќе од 30 ми-


СПОРТ |

лиони, што е битно за најголемите светски настани. Австрија и Унгарија немаат Формула 1 без причина, затоа е битен тој наш појас, од каде што доаѓа интересот, односно фановите на мотоспортот. Со доаѓање на местото претседател ја истакнував политиката на поврзување, така што една од моите основни цели беше да се засили заедничката соработка. Ме радува дека на рели трката во Хрватска имаше и многу луѓе од Македонија, а македонските возачи доаѓаат на трките кај нас и во регионот. Ќе се трудам да ја унапредиме нашата соработка. Клуб М: Хрватска е единствената земја од поранешна Југославија која има тркачка патека изградена уште во минатото, познатиот „Гробник“ крај Ријека. Некогаш таму се возеше светско првенство во мотоциклизам. Во меѓувреме, постоеше идеја за нов автодром крај Загреб подготвен од Херман Тилке, но не се случи. На Балканот, од „Гробник“ и „Хунгароринг“ па се до Истанбул не постои друга тркачка патека, па се наметнува прашањето: како да се развива овој спорт ако не постојат ресурси за тоа? ШТЕТНЕР: Имате право, тркачките патеки се многу скапи инвестиции во кои практично мораат да учествуваат самите влади. Имаше многу идеи, а и сега постојат некои кои се надевам дека ќе доживеат реализација. За жал, секогаш се проблем парите, и тука запнува работата во најголем дел од случаите. Ме радуваат инвестициите во Гробник. Претседателот на управата Роберт Живковиќ од неодамна е член на нашиот Управен одбор, па имаме одлична соработка. Се снаоѓаме на различни начини. Еве, пред две години, искористивме шанса што мојата телевизија ГП1 го пренесува купот ЕСЕТ, па со агилниот директор Деан Грбац успеавме да го договориме Првенството на Хрватска на кружни патеки, кое се вози на Хунгароринг, Грбоник, Словакиа Ринг, Брно... Имаме преноси во живо од секоја трка, обезбедивме бесплатен превоз на сите тркачки автомобили од страна на Нева логистика... Се направи многу и тоа сега дава резултати. Ако ги занемариме куповите, во две години Хрватска можеби е и најбројна во ЦЕЗ по број и квалитет на автомобили. Неодамна на Хунгароринг имавме седум ТЦР возила под хрватско знаме.

Клуб М: Преземањето на хрватската авто спорт федерација уследи откако претходно јавноста ве запозна како авантурист, бизнисмен, па дури и советник на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ. Како ја доживувате оваа улога, дали повеќе сте насочени менаџерски, донаторски или можеби само како уште една почесна титула? ШТЕТНЕР: Ова дојде спонтано. Сојузот имаше проблеми и реков дека или ќе се тргнам од местото член на Управен одбор или јас ќе го преземам сојузот и ќе го направам според својата визија. Оваа функција, како и секоја друга која сум ја презел, е сè, само не почесна. Работам секојдневно на многубројни области од интерес за сојузот. Ги посетив речиси сите трки во нашиот календар (а само минатата година имаше над 70). Сакам да комуницирам со организаторите, со нашите членови, со спортистите. Клуб М: Дали веќе постои нешто што го имате постигнато со оваа федерација и со што би можеле да се гордеете? Ако не, кои се плановите и визиите за унапредување на авто мото спортот во Хрватска, но и во регионот? ШТЕТНЕР: Пред сè, горд сум што со својот тим од над 500.000 евра долгови во 2019 година кога првпат бев избран за претседател, за помалку од три години дојдов до под 100.000 евра. Нема силен сојуз без чист и ликвиден сојуз. Мојата цел е ХАКС да биде без ниедно евро долг према никого, и на добар пат сме тоа да го постигнеме за година дена. Минатата година имавме 72 трки во дури 11 дисциплини. Трката ВРЦ, НАСКАР... Спортскиот дел е најактивен досега, од нашата 116 годишна историја. Им давам целосна поддршка на претседателите на Одборот за автоспорт и картинг, Серден и Мославац. Битно е тимски добро да се сложуваме. Тогаш сè оди полесно, со стручни и вредни луѓе. Почнав и со освежување на сојузот со нови кадри, тоа и го ветив кога бев избран пред година дена. Еве, пред неполн месец именувавме и нови заменици на претседателот - двајца млад, врвни спортисти, но и претприемачите Игор Томљановиќ и Вјекослав Чичак. Ќе дојдат и уште неколку нови луѓе. Нема застанување, ниту спиење. Договорени се и се реализираат соработки со Спортски новости, со останати

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

45


| СПОРТ

определува за федерации и поединци, а можат да се „наплатат“ кај фирмите кои преку тоа добиваат ослободување од данокот на добивка. Дали го имате анализирано овој систем и дали го имате споредено со она што во моментов постои во Хрватска и претставува финансиска стимулација за врвните спортисти, меѓу кои и автомобилистите? ШТЕТНЕР: Не сум запознаен со тоа, но тоа е потег во вистинска насока! Всушност, Италија има најмногу луѓе во мотоспортот бидејќи имаат и признавање на вложувањето во мотоспорт. Ние го немаме тоа, а тоа е клучно за развој и напредок. На пример, во Хрватска имаме можност компаниите да донираат до 2% од својот приход. Зошто да се ограничуваат? Ако некој сака да донира 10%, зошто да го лимитираме?

Даворин Штетнер со новиот претседател на FIA Мохамед бин Суајем

медиуми, но тука уште не сум задоволен, затоа што можеме и мораме да правиме повеќе. На првите во историјата ФИА мотоспортски игри, хрватската репрезентација освои шесто место од 29 земји! Има уште доста работи, но ова се најбитните. Воспоставив некое свое мерило за успех на сојузот, па ја гледам финансиската состојба, бројот на трки во дисциплини, и вкупниот број на лиценци на сојузите. Сите три категории остваруваат одличен успех, и јас сум задоволен. Клуб М: За Вас се пишуваше како авантурист пред да влетате во проектот со откупување на правата за Формула 1 во Хрватска, за што подоцна имате изјавено дека било „луд потег“, но и дека Ви го отворил патот за интернационален бизнис. Можете ли да споделите повеќе детали за таа приказна? ШТЕТНЕР: Јас сум вечен авантурист! Се случи ситуација кон крајот на 2010 година да влезам во преговори со Ф1 околу медиумските права за Хрватска. Конкуренти ми беа ХТВ и Арена спорт. И се случи чудо, кога момче од 29 години, со помалку од 5.000 евра во џеб успее да стане најмладиот сопственик на Ф1 правата во светот. За тоа се зборува и денес, но кога имате визија - битна беше и упорноста и фокусираноста. Од тој проект денес израсна мојот ГП1 (поранешен Креатор ТВ) преку кој и вашето население може да ги следи врвните македонски возачи, на пример, во „Твинго куп“. Клуб М: Во Македонија пред неколку години беше воведена поддршка од страна на државата за стимулирање на врвните спортисти преку таканаречени ваучери, кои државата ги

46

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Клуб М: Кои ликови од авто мото сцената се Ваши фаворити? Имавте ли некој возач за кого навивавте како малечок или, пак, го поддржувате и ден денес? ШТЕТНЕР: Апсолутно секогаш навивам за мојот пријател Ландо Норис, возачот на Мекларен во Формула 1. Драг ми е и Макс Ферстапен, а секогаш навивам и го следам нашиот Мартин Кодриќ, кој остварува врвни настапи во ГТ сериите. Секогаш навивам и за хрватските возачи, каде и да се натпреваруваат! Во минатото, симпатични ми беа Аиртон Сена и Дејмон Хил. Клуб М: Во едно Ваше интервју прочитав изјава дека „неуспехот е составен дел од успехот“. Можете ли да ми одговорите кој Ваш личен неуспех Ви е најдраг и зошто? ШТЕТНЕР: Апсолутно ја живеам таа своја изјава. Секој од нас многу често доживува неуспеси, но тие се главно скриени од очите на јавноста. Не е убаво да се доживее неуспех, разочарување, но ако од тоа научиме нешто, следниот проект ќе биде поуспешен баш заради тоа искуство. Ниту еден мој неуспех не ми е мил, бидејќи секој од нив ме чинел пари, нерви и време, но затоа денес сум тука каде што сум, и го ценам тоа, но се трудам да не ми се случи пак! Најдобрата лекција која сум ја научил од тие неуспеси е да ги слушам советите: еднаш поради сопствена тврдоглавост загубив многу пари заради курсни разлики, односно поради падот на вредноста на доларот, а бев советуван поинаку. Клуб М: Во Вашата биографија се вели дека сте поминале низ преку 80 земји, почнувајќи од Буркина Фасо и други земји од Африка. По кој принцип одлучувате денес каде да патувате и што да посетите? ШТЕТНЕР: Така е, денес тој список е подолг. Патувањата ме изградија и поминав многу ситуации опасни по живот, особено во Африка и Јужна Америка. Сепак денес моите патувања се врзани воглавно за мотоспортот. Еве, денес се вратив од Ред Бул Ринг, минатиот викенд бев гостин на организаторите на 24 часа Нирбургринг, следниот викенд имам нови патувања... Клуб М: Што знаете за Македонија, за нејзиното минато и сегашност? Дали досега Ве привлекувала да ја истражите? ШТЕТНЕР: Премалку. Апсолутно премалку со оглед на тоа колку пријатели имам таму. Една од работите кои ќе ги поправам многу брзо е што ќе ја посетам по првпат и убаво ќе ја истражам. • Александар Табаковски


СПОДЕЛЕТЕ ГИ ПОВОЛНОСТИТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ! ЕДНА КАРТИЧКА, ИСТИ УСЛУГИ, ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ!

02/3181-108

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

47


| СПОРТ

ПРВ ХЕТ-ТРИК ЗА НОВАТА РЕЛИ СУПЕР ЅВЕЗДА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА РОВАНПЕРА НА РЕЛИТО НА ПОРТУГАЛИЈА И ПРВ ХЕТ-ТРИК ЗА НЕГО ВО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА КАРИЕРА ВО СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РЕЛИ. СО ТРИ ПОБЕДИ ЕДНА ПО ДРУГО МЛАДИОТ ФИНЕЦ НАЈАВУВА ВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА.

С

лавното рели на Португалија годинава е првото рели кое се вози на песок и чакал, или првото вистинско рели, како што милуваат љубителите да ги нарекуваат релијата кои се возат на ваква нестабилна подлога. Воедно, годинава релито на Португалија беше домаќин на првиот од низата настани кои се организираат во чест на прославата на 50 годишнината на Светскиот рели шампионат. Првата сезона на Светското рели се возеше во далечната 1973 година, а годинава се слави јубилејот. Релито на Португалија кое е 619 по ред настан во историјата на шампионатот беше најголемиот собир на возачки шампиони и нивните совозачи кои оставиле печат во текот на полувековната историја на Светското рели. Возачки легенди како: Валтер Рерл, Ари Ватанен, Мишел Мутон, Мики Биасион, Дидие Ориол, Карлос Сајнц, Петер Солбер, Маркус Гронхолм... И секако совозачки легенди: Роберт Рид совозач на починатиот Ричард Барнс, Дерек Рингер совозач на трагично загинатиот Колин Мекре, Луис Моја совозач на Сајнц, Фабрициа Понс совозач на Мутон, Кристијан Гаистдорфер совозач на Рерл, Тициано Сивиеро совозач на Биасион, Тимо Раутиаинен совозач на Гронхолм... Во таа чест дури 30 класични рели автомобили како: Audi Sport Quattro, Lancia Delta S4, Lancia 037, Fiat 131, Opel Ascona, Renault 5 Maxi Turbo, Talbot Sunbeam, Toyota Corolla WRC, Ford Focus WRC парадираа низ дел од брзинските испити, а меѓу нив и победникот на првото рели на Монте Карло, Alpine A110. Стартот на релито на Португалија со нетрпение се очекуваше, меѓудруго, бидејќи на него, по втор пат годинава, продолжи битката меѓу најус-

48

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

пешните возачи во историјата на релито Себастијан Лоеб и Себастијан Ожие. Супер ѕвездите на релито доминираа на релито на Монте Карло каде Лоеб извојуваше победа и со своите 47 години стана најстариот победник на едно рели. Меѓутоа неговата стартна позиција, стартува четврти, претставува хендикеп на лизгавата песоклива подлога. Ожие тука има предност посебно ако се земе предвид дека ја брка својата рекордна шеста победа во Португалија. Без оглед на предвидувањата и желбите на овие возачки легенди младиот Рованпера беше човекот кој ги сврте работите на глава и победи во Португалија освојувајќи ја при тоа својата трета победа едно по друго во годинешниот шампионат, но и во својата куса возачка историја во рамки на Светскиот рели шампионат. Се чини дека релито на Португалија даде потврден одговор на прашањето: Дали Кале Рованпера е комплетен возач способен подеднакво лесно да победува, и на песок и чакал? Но, да видиме како младиот Финец стигна до петтата победа во својата куса кариера во WRC. Релито стартуваше во четврток навечер на улиците на градот Коимбра каде Тиери Нувил успеа да постигне најдобро време и да поведе. Но, овој прв брзински испит беше повеќе шоу. Утрото од вториот ден на релито во жешки и правливи услови беше фуриозно отворање на првиот настан кој се вози на чакал годинава. Благодарение на добрата стартна позиција Еванс веднаш поведе. По само два испити во петок наутро се впиша како ран лидер. За жал задоволството беше кусо. Веќе не тре-


СПОРТ |

тиот испит од денот Лоеб успеа да оствари брилијантно време и да го надвози својот британски ривал. Но, тоа не траеше долго. После големиот сервис на почетокот од четвртиот испит Лоеб излизга со својата Ford Puma удирајќи ја во ѕид. Ударот го откорна задното десно тркало кое означи крај на релито за најуспешниот возач во историјата на ова натпреварување. Лоеб беше првата голема жртва на бруталните услови кои владееја на патеките. Втора беше Ожие. Тој на два пати дупна гума и повеќе немаше резерва со која би продолжил и беше приморан да застане крај пат на шестиот испит. Така неславно заврши битката на двата големи ривали. Еванс покрај добрата стартна позиција возеше паметно во текот на целиот ден и тоа му ја донесе лидерската позиција на крајот од денот. Победи на четири од вкупно осум брзински испити и призна дека можел да вози за нијанса побрзо, но според него, на ова рели, со вакви брутални услови токму таа нијанса е разликата дали ќе продолжиш, или ќе го уништиш автомобилот. Денот беше успешен и за младиот Рованпера иако стартуваше прв и се соочуваше со, според него, најлошите услови што досега ги доживеал. „На моменти во кабина имаше толку прашина што едвај гледавме,” изјави Рованпера. Сепак, мајсторијата мора да му се призне бидејќи и во вакви услови победи на два испити пласирајќи се на 13,6 секунди зад Еванс. Трет денот го заврши дебитантот во сезоната Дани Сордо кој беше најуспешен од четворката на Hyundai. Бруталните услови ги чекаа екипажите и во текот на третиот ден. Лошо беше посебно на крајот од денот кога заради истрошени гуми оние од врвот им ги препуштија добрите времиња на останатите натпреварувачи. Сепак, јунак на денот беше Кале Рованпера. Загуби време во однос на Еванс на трите утрински испити и пред големиот сервис од денот заостануваше 18,4 секунди. Но, потоа развојот на настаните се сврте во негова полза. Победи на четвртиот и петтиот испит од денот намалувајќи ја предноста на Еванс на 9,9 секунди. Потоа следеше второто минување преку најдолгиот испит на релито наречен Амаранте, и тоа во неочекувани услови на дожд. Најбрз на испитот беше Нувил. Буквално леташе

преку патеката и го доби Рованпера со 16,9 секунди. Овие дождливи услови му одговараа и Рованпера, додека Еванс потфрли. Заврши 30,8 секунди зад Нувил, и 13,9 зад Рованпера. Така му ја препушти лидерската позиција на младиот Финец на еден испит пред крајот на денот. На последниот испит од денот Рованпера уште за малку ја зголеми предноста во однос на Еванс. Втор јунак на денот беше Такамото Катсута кој го доби Сордо овозможувајќи и на Toyota да се закити со 1-2-3 победа на крајот од денот. Пет брзински испити од последниот ден на релито на Португалија го делеа Рованпера од својата трета победа годинава. Пет испити од кои Финецот освои три добивајќи го својот тимски другар Еванс со предност од 15,2 секунди на крајот од денот. Така Кале стигна до првиот хет-трик во неговата кариера во WRC. Победата изгледаше невозможна на почетокот на релито, во услови кога буквално мораше да ја мете патеката заради првата стартна позиција. Но, упорноста и истрајноста дадоа резултат. Згора победи и на последниот ТВ-испит кој му донесе дополнителни 5 бода. Еванс мораше да се задоволи со второто место, додека Сордо на последниот испит го доби Катсута за 2,1 секунди и заврши трет. Нувил и Танак ги поделија петтото и шестото место, а возачите на M-Sport Ford, Брин, Лубет и Формо се наредија на следните три позиции. Победата во Португалија му дозволи на Рованпера да ја зголеми предноста во шампионатот за возачи на 46 бода во однос на Нувил. Во само четири настани Финецот освои 106 бода, додека Нувил има 60 бодови. Трет е Катсута со вкупно 38 бода, а следат Танак со 37, Еванс со 36 и Брин со 34 бодови. Toyota ја зацврсти својата позиција меѓу производителите. После релито на Португалија има 175 бодови пред Hyundai со 116 бодови и M-Sport Ford со 94 бодови. Четври со 42 бода е вториот тим на Toyota: Toyota Gazoo Racing WRT Next Generation за кого вози само Такамото Катсута. Следно е релито на Сардинија кое стартува на 2 јуни и со високите температури, грубите патеки и многубројни водни премини ќе претставува вистински предизвик за хибридните рели монструми. • Љубомир Анастасовски

05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

49


| АМСМ

БОНУС ПРОГРАМА ЗА ЧЛЕНОВИ

ПОПУСТ ПРИ ОБНОВА НА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА

Постојат АМСМ членови кои ретко кога ги користат услугите за бесплатна помош на пат и шлепување, а сепак остануваат наши членови со години. Тоа сте вие, кои знаете дека АМСМ членската картичка се обновува за секој случај, и кои вистински ја препознавате вредноста на сите останати услуги кои ви овозможуваат заштеда на различни начини во текот на целата година. Токму за вас, нашите најлојални АМСМ членови е наменета БОНУС програмата. БОНУС програмата ви овозможува попуст при секоја обнова на вашата АМСМ членска картичка, под следните услови: - Обновата на членската картичка да биде во период од најмногу 30 дена од датумот истек на претходната членска картичка; и - Да немате искористено услуга помош на пат и шлепување во претходниот членски период. Доколку ги исполнувате претходните услови, добивате попуст на редовната цена при обнова на вашата АМСМ членска картичка, кој е поголем со секоја следна обнова на членската картичка: - 10% попуст за обнова втора година по ред - 15% попуст за обнова трета година по ред - 20% попуст за обнова четврта година по ред - 25% попуст за обнова петта година по ред и - 30% попуст за обнова повеќе од 5 години во континуитет.

50

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

Попустот кој го добивате со БОНУС програмата, можете да го искористите само при обнова на вашата АМСМ членска картичка во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), во Велес и во Кичево, како и во сите авто-мото друштва во земјава.


СО СЕКОЈА СЛЕДНА ОБНОВА НА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА,

ДОБИВАШ ПОПУСТ.

СО БОНУС ПРОГРАМАТА СЕКОГАШ ДОБИВАШ!

БОНУС програмата ви овозможува скалест попуст при секоја следна обнова на вашата АМСМ членска картичка, под одредени услови.

02/3181-108

www.amsm.mk 05.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

51


БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО EUROPE PREMIUM ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Покритие од 20 дена со важност од 365 дена на територијата на Европа

02/3181-108 52

06.2022 | www.amsmklubmobiliti.mk

www.amsm.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.